БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
Quality Management
СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642
bsi.
ISO 9001
Quality Management
goodini
192
FS 549642
2 - 2014
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
Број 204
www.mchamber.mk
18.12.2014
ЗАЈАКНАТА МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПРИ КРАЈОТ НА ОВАА ГОДИНА
Македонско-турски бизнис-форум со Унијата на индустријалци и бизнисмени од Дошемеалти - DÖSİAD на Анталија
На Конференцијата на тема: „Одржлив развој, туризам, претприемништво и балканска соработка“ што се одржа во Република Грција
Делегација од Полска во Стопанската комора на Македонија
ЗАЕДНО СО ТУРСКИТЕ КОМПАНИИ ПРОБИВ НА ПАЗАРИТЕ ВО СЕВЕРНА АФРИКА И НА БЛИСКИОТ ИСТОК
ПОТПИШАНА ТРИЛАТЕРАЛНА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ КОМОРИТЕ НА ЛЕРИН, БИТОЛА И НА АЛБАНИЈА
ЛОЦИРАНИ МОЖНОСТИТЕ ЗА ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ЕКОНОМСКИТЕ ВРСКИ
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
четврток, 18 декември 2014, Бр. 204
ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
Semejna kompanija
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
четврток, 18 декември 2014, Бр. 204
БИЗНИС ИНФО
3
ПОДВЛЕЧЕНО
СОВРЕМЕНО, А НЕ ЗЕМЈОДЕЛСТВО СО МАГАРЕ, КОЊ И КОПАЧ Субвенциите кои достигнаа 130 милиони евра дадоа ефект. Последните години бележиме континуиран раст. Во 2013 година првпат го поминавме прагот од половина милијарда евра. Земјоделството во БДП учествува со 13 проценти што укажува дека овој сектор е сериозен чинител во вкупното македонско производство. Во аграрот се вработени приближно 17 отсто од населението. И младите ќе сакаат да се занимаваат со земјоделство, секторот ќе стане атрактивен доколку е современ, модернизиран, опремен со најнова механизација. Идејата е луѓето со завршен земјоделски факултет да не бараат работа во администрација, туку на струката за која учеле и да го применат она што го знаат. Само годинава преку Платежната агенција се вложени околу три милиони евра за механизација. Со програмата 50:50 според која производителите обезбедуваат половина сума или уште дополнителни три милиони евра, во Македонија ќе влезат нови земјоделски машини. Мора да ги подобриме и условите за живеење во руралните средини, да бидат исти како во град за да ги задржиме младите. Останува да се работи уште многу за производството да биде што поголемо. Не земјоделство со магаре, коњ и копач, туку современо – тоа е нашата визија. Виното, тутунот, грозјето, праските, пиепрот и доматот се уште се најбарани но на традиционалните пазари, главно во регионот, во соседството, најмногу во Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Косово,… Надвор, најдобри резултати имаме во Германија. Може секако да се спомне и Русија иако е оргомен и релативно нов пазар за нас. За да ја постигнеме бараната количина, работиме на здружувањето, на формирањето земјоделски задруги. За македонските производи, особено виното и тутунот, се заинтересирани и на кинескиот пазар. Во овој правец, финансираме промоција и учество на саеми како оние во Шангај и Хонг Конг. Организираме и самески манифестации во Русија, Германија,… Се додека не го промовираме производите, тешко ќе оди побарувачата особено зашто конкуренцијата е огромна. (Михаил Цветков, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на Република Македонија за МИА)
ИСКОРИСТУВАЊЕ НА СРЕДСТВАТА НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ВО РАЗВОЈНИ ЦЕЛИ Според нашите истражувања, износот на средства кои иселениците ги праќаат (или носат) во земјава е најмалку 4 отсто од БДП. Тоа се средства што се повисоки од износот на странските директни инвестиции. Очигледно, тоа е голем потенцијал за раст на економијата. Сепак, најголем дел од тие средства се користат за потрошувачка на домаќинствата, за задоволување на нивните егзистенцијални потреби, односно за намалување на сиромаштијата. Според нашето истражување, 40 отсто од средствата се користат за потрошувачка, по 11 отсто за образование и здравство, 10 отсто за фамилијарни настани и потреби итн. Само 11 отсто се користат „продуктивно“, за започнување сопствен бизнис и за земјоделска активност. Како да се искористат подобро овие средства во развојни цели? Предлогот е државата да биде кофинансиер (со неповратни средства) во бизниси кои ќе бидат започнати од средства од иселениците, да се ослободат тие бизниси од давачки за увозот на опрема и репроматеријали, да се ослободат од плаќање придонеси младите лица кои ќе започнат бизнис од трансферите од дијаспората, за период од 2 години (како и за секое вработување во нивните бизниси, до 5 лица) итн. (Никица Мојсоска-Блажески, декан на Факултетот за деловна економија и организациски науки при универзитетот „Американ колеџ“ во „Утрински весник“)
4
БИЗНИС ИНФО
четврток, 18 декември 2014, Бр. 204
ПОДВЛЕЧЕНО
ЕКСКЛУЗИВНОСТ, ЛУКСУЗ И РАЧНА ИЗРАБОТКА Одбравме специфичен мебел што воопшто не е застапен во Македонија. Единствено во нашиот салон мебелот може да се најде на лагер, за да може да се види во живо, бидејќи поголемиот дел од парчињата се прават по нарачка. Таргет ни е одредена група на луѓе кои имаат префинет и поистенчен вкус, кои сакаат специфичен мебел, уникатен и кој не се повторува. Кај овој мебел, во принцип, никогаш не се повторува истото парче. Нема сериско производство, па и да има исто парче, тоа ќе биде изработено во друга боја, со друг штоф. Со овие уникатни парчиња мебел може да се даде личен печат, која нема да биде копија, туку луѓето имаат можност да дојде до израз нивниот вкус. Мебелот потекнува од Италија, од два региона – Падова и Фиренца. Мебелот што се изработува од Падова е со попристапни цени за наш стандард, додека од Фиренца потекнуваат поексклузивните брендови. Има голем број фирми во Италија и поентата беше да се работи со нешто што ќе се одвојува на пазарот и мислам дека дури сега овој мебел го наоѓа своето вистинско место. Досега луѓето повеќе се запознаваа, бидејќи порано во салоните имаше само модерен мебел, а само мал дел фирми нудеа класичен мебел и тој беше класичен со одредена боја на дрво, едноставни штофови, а овој мебел што го нудиме ние е микс од класично и модерно. Кога едноставен модел на столица ќе се финишира со некоја атрактивна боја или впечатлив штоф, се добива сосема поинаков ефект во просторот. На овој начин се создава еклектичен стил, па така просторот повеќе не е униформиран, туку овој мебел доаѓа како украс на самиот крај. Не мора да има многу мебел, туку доволни се и две парчиња и луѓето во својот дом ќе добијат многу интересен ефект, од кој се гледа дека се потрудиле да се одвојува нивниот простор. (Камелија Пачемска, сопственичка на салонот за мебел Ambienti da Meli во „Бизнис Инфо“)
ВЕРИФИКАЦИИ
Прогласени новите супербрендови на Македонија
ШАНСА КОМПАНИИТЕ ДА ОСВОЈАТ НОВИ ПОТРОШУВАЧИ Адора Инженеринг, Акцент Компјутери, Авицена Лабараторија, Backstage, DHL, Eлена Лука, Еуро фарм, Еуроимпекс, Еуролинк, Хот-Хот, Идеа Плус, Коузон, Кристал, Монтенегро, Плива, Пропионт, Ре Медика, Секјуриком, Семос, Скопски Саем, Солета, Витаминка, Теа Модерна, Театар Комедија, Телекабел, Трансмет, Универзитет за туризам и менаџмент, Влатко Стефановски, Здравје Радово, Жито Лукс се „супербрендовите“ на Македонија за 2013/14 година. Покрај стручното жири, во изборот на најдобрите учествуваа преку 8.000 потрошувачи. Пресудни беа квалитетот, сигурноста, препознатливоста и емотивната приврзаност. - Најдобрите пазарни марки во Македонија повторно се крунисани со глобалната награда Супербрендс. Супербрендс знакот не е само декорација на производот, туку официјално признание на пазарната марка и шанса компаниите да освојат нови потрошувачи, како и да ја задржат лојалноста кај постоечките. Тоа во прв ред е признание за минатиот труд, но претставува голема одговорност за идниот раст и развој, изјави Зоран Саздовски, директор на Супербрендс за Адриатик регионот на доделувањето на признанијата. Пазарните марки кои го добија престижното Супербренд признание оваа година, како што беше посочено, уште еднаш докажаа дека квалитетот, препознатливоста, долговечноста и емоционалната поврзаност со потрошувачите ја надоградува вредноста на брендовите, гарантира опстанок и конкурентност на домашниот и странскиот пазар. На доделувањето на признанијата присуствуваа преку 150 гости од бизнисот, маркетингот, медиумите и естрадата меѓу кои и легендарниот актер, режисер, музичар и продуцент Раде Шербеџија, како и претставници на организацијата Супербрендс. Манифестацијата беше збогатена и со претставување на најновото издание на Супербренд публикацијата преку која првпат се обединуваат Супербрендовите од Адриатик регионот. Супербренд публикацијата нуди увид во начинот на кој настанале брендовите. Третиот по ред избор на македонски супербрендови почна со селекцијата на стручното жири во почетокот на 2013 година кога повеќе од 1.000 домашни и меѓународни брендови во 27 категории беа на списокот финалисти, изготвен во соработка со водечките маркетинг и агенции за испитување на пазарот. Меѓународната организацијата Супербренд е единствен глобален и независен авторитет во сферата на брендингот. Присутна е во преку 90 земји ширум светот и има за цел да ги идентификува водечките брендови на секој поединечен пазар, како и да ја промовира дисциплината на брендингот. Организацијата моментално соработува со повеќе од 15.000 пазарни марки од различни области. Реномираните светски брендови како што се: Coca-Cola, DHL, Google, IBM, McDonald’s, Microsoft, Wrigley и многу други, активно го употребаваа стекнатиот статус и знак во своите промотивни активности ширум светот.(МИА)
четврток, 18 декември 2014, Бр. 204
БИЗНИС ИНФО
5
ПОДВЛЕЧЕНО
Скенирај и дознај повеќе
M
C
N IA
Што претставува сертификатот Excellent SME?
A
Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O
Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.
Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.
Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје
T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
E
S
E
6
БИЗНИС ИНФО
четврток, 18 декември 2014, Бр. 204
СОРАБОТКА Македонско-турски бизнис-форум со Унијата на индустријалци и бизнисмени од Дошемеалти - DÖSİAD на Анталија
ЗАЕДНО СО ТУРСКИТЕ КОМПАНИИ ПРОБИВ НА ПАЗАРИТЕ ВО СЕВЕРНА АФРИКА И НА БЛИСКИОТ ИСТОК
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Унијата на индустријалци и бизнисмени од Дошемеалти - DÖSİAD на Анталија, организираше Македонско-турски бизнис-форум (11.12.2014 година). На Бизнис-форумот присуствуваа 30 компании од Република Турција и претставници на 15 компании од земјава. -Република Турција е наш долгогодишен пријател и стратешки партнер, а оваа посета, како и останатите посети на турските бизнисмени во Република Македонија, е позитивен одговор на интересот за соработка од двете страни. Не` радува фактот што Владата на Република Турција и турските бизнисмени имаат стратешки интерес за интензивирање на трговската соработка со Македонија и Балканот, како во делот на инвестициите, така и во делот на туристичката промоција на Република Македонија и ние како бизнис-заедница го поддржуваме тоа, со цел истите да се интензивираат и да резултираат со конкретни бизнис-договори од двете страни. Податокот дека во 2014 година се реализирани пет бизнис-форуми со компании од Република Тирција, само го потврдува интересот за соработка што постои кај бизнис-заедниците од двете земји, – подвлече м-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија. Вкупната трговска размена меѓу двете земји во првите десет месеци од тековната 2014 година изнесува 363,8 милиони САД $, што претставува раст од 18,6% споредено со истиот период минатата 2013 година. Извозот изнесува 55 милиони САД $, што претставува намалување од 4%, додека увозното салдо изнесува 308,4 милиони САД $, или зголемување од 23,8% во споредба со истиот период минатата година. Во размената во првите десет месеци од тековната 2014 година остварен е трговски дефицит од 253 милиони САД $ на страната на Република Македонија. Во овој период Турција е осми трговски партнер на Македонија. Во изминатата деценија од Република Турција во Република Македонија се реализирани инвестиции во износ од 140 милиони евра. -Македонското стопанство е заинтересирано со турските компании заеднички да влезат на пазарите во ЕУ, Северна Африка и на Блискиот Исток, за што треба компаниите добро да се договорат и да се подготват со помош на коморите и асоцијациите на двете земји, за што постојат реални предуслови. Во текот на јануари
четврток, 18 декември 2014, Бр. 204
БИЗНИС ИНФО
7
СОРАБОТКА
2015 година ќе биде организиран голем настан во Стопанската комора на Македонија токму за таа цел. Во Македонија постојат големи можности за инвестирање во повеќе сегменти и тоа во инфраструктурата, особено патната и железничката, во земјоделството, текстилната и автомобилската индустрија и во туризмот. Република Македонија располага со образована, лесно приспособлива работна сила, - додаде м-р Јелисавета Георгиева. Ѓултекин Генчер, претседател на Управниот одбор на Унијата на индустријалци и бизнисмени од Дешемеалти, пред присутните бизнисмени спомена дека оваа област има 3 милиони жители и во неа се развиени туризмот, индустријата и земјоделството, а во последно време во подем е машинската индустрија. -Извозот од неа годинава ја надмина бројката од 1,5 милијарди САД долари. Извезуваме во 70 земји во светот. Може да се истакне дека во овој дел е и Анталија која секоја година ја посетуваат 13 милиони туристи. Затоа, во делегацијата се и деловни луѓе кои имаат синџир од хотели. Посебно сакаме да ја развиваме соработката со земјите од соседството и непосредното соседство и затоа сме во посета на Република Македонија. Нашите компании инвестираат, но не е битно каде се инвестира, туку да се соработува и да се создава профит, - додаде Ѓултекин Генчер. Наташа Струмениковска, од Агенцијата за привлекување странски инвестиции и промоција на извоз на РМ, пред присутните ги презентираше можностите на македонското стопанство и условите за инвестирање во земјава. Во стопанската делегација од Турција беа присутни деловни луѓе од областа на металната индустрија, кожа и текстил (репроматеријали - суровини), производство и преработка на мермер, градежништво и градежни материјали, дизајн, уредување и модерна архитектура, автомобилската индустрија (резервни делови), земјоделството - прехрана (овошје, зеленчук, јаткасти производи, морски плодови), соработка со агенции за недвижности, индустриски машини и опрема, транспорт и логистика, накит (злато и други благородни метали), консалтинг услуги, медицина, трговија, туризам и друго. Регионот на Дошемеалти е познат по производство и преработка на руди и мермер, репроматеријали за градежништво, производство на хемиски материјали, текстил, а особено се познати по Дошемеалти - номадските теписи, производство на хемиски супстанци за базени и бањи, метална индустријата и др. По завршувањето на Македонско-турскиот бизнисфорум се одржаа и бројни билатерални средби. Саво Пејчиновски
БИЗНИС ИНФО
8
четврток, 18 декември 2014, Бр. 204
ДОСИЕ Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Република Турција во периодот јануари - октомври 2014 година (во САД $)
Вкупна размена 363.823.613,00
Извоз 55.359.068,00
Увоз 308.464.545,00
Салдо -253.105.477,00
во периодот јануари - октомври 2013 година
Вкупна размена 306.832.752,00
Извоз 57.814.079,00
Увоз 249.018.673,00
(во САД $)
Салдо -191.204.594,00
Вкупната трговска размена во првите десет месеци од тековната 2014 година изнесува 363,8 милиони САД $, што претставува раст од 18,6% споредено со истиот период минатата 2013 година. Извозот изнесува 55 милиони САД $, што претставува намалување од 4%, додека увозното салдо изнесува 308,4 милиони САД $, или зголемување од 23,8% во споредба со истиот период минатата година. Во вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија со Република Турција во првите десет месеци од тековната 2014 година остварен е трговски дефицит од 253 милиони САД $. Во првите десет месеци од 2014 година, Турција е осми трговски партнер на Македонија. Застапеност на производи во размената во првите десет месеци од 2014 година меѓу Република Македонија и Република Турција Во поглед на застапеноста на производите во размената, во првите десет месеци од 2014 година, во структурата на извозот најмногу се застапени: • плоснато-валани производи од железо или нелегиран челик – 17 милиони САД$; • други ткаенини од памук до 85 % - 6,3 милиони САД$; • огноотпорни тули, блокови, плочки, керамички производи – 5,2 милиони САД$; • ткаенини од сечени синтетички влакна со други влакна – 4,7 милиони САД$; • рафиниран бакар – 4,1 милиони САД$; • табли, плочи – 3,1 милиони САД$; • сурови кожи, овчи и јагнешки од волна – 2,7 милиони САД$; • неткаен текстил, импрегниран, пресвлечен -1,6 милиони САД. Во поглед на застапеноста на производите во размената, во првите десет месеци од 2014 година, во структурата на увозот најмногу се застапени: • нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали и преработки – 12 милиони САД$; • плоснато-валани производи од железо или нелегиран челик – 8,7 милиони САД$; • предиво од памук (освен конец за шиење), со 85% или повеќе памук по маса, не за продажба на мало – 7,2 милиони САД$; • други плетени или хеклани материјали - 6,2 милиони САД$; • руди на никел и концентрати – 5,6 милиони САД$; • санитарни крпи и тампони, салфетки и пелени за бебиња и сл - 5,3 милиони САД$; • плетени или хеклани ткаенини со ширина поголема од 30цм – 4,1 милиони САД$; • Жици од рафиниран бакар – 3,4 милиони САД$; • плочи влакнатици со средна густина (МДФ) - 3 милиони САД$; • глазирани керамички плочки за поплочување или обложување - 3,1 милиони САД$.
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL
ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL
ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:
Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач
БИЗНИС ИНФО
10
четврток, 18 декември 2014, Бр. 204
ПОСЕТИ Полска делегација во Стопанската комора на Македонија
ЛОЦИРАНИ МОЖНОСТИТЕ ЗА ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА
Претставници на Амбасадата на Република Полска, предводени од господинот Марек Сушовиејко, прв секретар на Амбасадата на Република Полска во Загреб, Р. Хрватска, од секторот за промоција на трговијата и инвестициите, госпоѓа Маја Вуксановиќ, менаџер за промоција во секторот за промоција на трговијата и инвестициите при Амбасадата на Република Полска, госпоѓата Марта Прзениосто, заменик-шеф на Мисијата на Амбасадата на Република Полска во Р. Македонија и господинот Коста Костовски, почесен конзул на Република Полска во Охрид, Р. Македонија, остварија работна средба со претставници на Стопанската комора на Македонија, предводени од извршниот директор на Комората, м-р Јелисавета Георгиева (16.12.2014 година). На работната средба се дискутираше за можностите за инвестирање на полските компании во Република Македонија, како држава која нуди поволни услови за влез на нови инвестиции. Од страна на господинот Сушовиејко беше посочено дека Република Полска има увидено дека Р. Македонија е поволна бизнис-дестинација и дека токму преку Стопанската комора на Македонија има можност за директно поврзување на можните идни инвеститори, односно соработници со партнери од домашниот пазар. Од страна на м-р Георгиева беа посочени сите услуги што ги нуди Стопанската комора на Македонија, кои можат да придонесат за поголемо интензивирање на соработката меѓу овие две држави и нивните бизнис-заедници. Како што посочи и госпоѓата Марта Прзениосто, заменикшеф на Мисијата на Амбасадата на Република Полска, со потпишување меморандум за разбирање оваа соработка може да се продлабочи во иднина и да доведе до многу позитивни примери на партнерства меѓу македонски и полски компании. Господинот Костовски посочи дека Стопанската комора на Македонија е институција која ги обединува компаниите во Р. Македонија и е во функција на исполнување на нивните барања и токму затоа е местото на коешто бизнисите од различни држави можат да се сретнат и да ги обединат своите интереси. На работната средба се заклучи дека е потребно да се интензивира соработката, за што и двете страни се подготвени да преземат активности за исполнување на оваа цел. М-р Снежана Камиловска
четврток, 18 декември 2014, Бр. 204
БИЗНИС ИНФО
11
ДОСИЕ
НАДВОРЕШНО-ТРГОВСКА РАЗМЕНА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА ПОЛСКА Трговска соработка меѓу Р. Македонија и Р. Полска во периодот јануари - октомври 2014 година Вкупна размена 102.180.519,00
Извоз 16.737.759,00
Увоз 85.442.760,00
Трговска соработка меѓу Р. Македонија и Р. Полска во периодот јануари - октомври 2013 година Вкупна размена 101.420.490,00
Извоз 15.061.718,00
Увоз 86.358.772,00
Во САД $
Салдо -68.705.001,00
Во САД $
Салдо -71.297.054,00
Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Полска во периодот од јануари до октомври 2014 година изнесува 102,1 милиони САД долари, што претставува раст од 0,75% во однос на истиот период од претходната година. Извозот e 16,7 милиони САД долари и е зголемен за 11,13%, а увозот од 85,4 милион САД долари бележи пад од 1,06%. Остварен е негативен трговски биланс од 68,7 милиони САД долари. Во овој период од 2014 година, Република Полска е 24-ти трговски партнер на Република Македонија. Во структурата на македонскиот извоз во Полска во периодот јануари-октомври од 2014 година, најмногу се застапени: • зелка и сличен зеленчук, свеж или разладен – 2,5 милиони САД $, • машки панталони, работни комбинезони, шорцеви и доколенки – 1,67 милиони САД $, • производи од алуминиум - 1,67 милиони САД $, • делови и прибор за моторни возила од групите 722, 781, 782, 783 – 1,5 милиони САД $, • делови на шински и трамвајски локомотиви и шински возила - 1,15 милиони САД $, • феросилициум - 1,03 милиони САД $ и • голем број на производи од различен асортиман под 1 милион САД $. Во увозното салдо најголемо учество имаат: • останати производи за исхрана - 6,5 милиони САД$ ; • месо, говедско, со коски, свежо или разладено – 5,6 милиони САД $, • исецкана живина и отпадоци, замрзната - 3,98 милиони САД $, • санитарни крпи и тампони, салфетки и пелени за бебиња и сл. санитарни предмети од хартија - 2,8 милиони САД $, • лекови, н.н, кои се подготвени во измерени дози - 2 милиони САД $, • производи за разубавување и шминкање, заштита од сонце - 1,8 милиони САД $, • плочи влакнатици од дрво - 1,5 милиони САД $, • нови надворешни гуми за патнички автомобили - 1,48 милиони САД $, • останати прехранбени производи, кои содржат какао - 1,45 милиони САД $ и • поголем обем на разновидни производи од и под 1 милион САД $.
БИЗНИС ИНФО
12
четврток, 18 декември 2014, Бр. 204
СОСЕДИ На Конференцијата на тема „Одржлив развој, туризам, претприемништво и балканска соработка“ што се одржа во Република Грција
ПОТПИШАНА ТРИЛАТЕРАЛНА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ КОМОРИТЕ НА ЛЕРИН, БИТОЛА И НА АЛБАНИЈА
На 12 и 13 декември 2014 година во Лерин, Република Грција, Регионалната комора со седиште во Битола учествуваше на конференција на тема „Одржлив развој, туризам, претприемништво и балканска соработка“. Конференцијата беше во организација на подрачната единица на леринскиот регион, во соработка со Комората од Лерин и општините на Лерин, Аминдео и Преспа од Република Грција. Како претставници од македонска страна, од Регионалната комора со седиште во Битола на дводневните активности учествуваа членови на Управниот одбор на Регионалната комора, предводена од претседателот Мирко Велковски. Цели на конференцијата беа: • унапредување на компаративните предности и потенцијалите за развој во пограничниот регион; • потребните интервенции за развој (јавни и приватни) за прекугранична соработка во текот на наредниот програмски период; • унапредување на локалната бизнис-динамика на компаниите и нивните способности за натамошен развој. На конференцијата беа поканети претставници од пограничниот бизнис-сектор и други стопанственици, локални и провинциски власти, академската заедница, стопански комори од Република Грција, Албанија и Македонија и други јавни агенции. Мирко Велковски во своето поздравно обраќање пред присутните гости на конференцијата истакна дека овој настан во голема мера ќе придонесе за подобрување на локалните погранични бизнисресурси, трансфер на знаење и искуства, приближување и охрабрување на компаниите од соседните земји да инвестираат во бизнис-проекти, промовирање и развој на туризмот и етно-културата, како и заеднички интер-балкански и европски проекти интересни и корисни за развојот на меѓуграничната соработка. Тој истакна дека и Пелагонискиот плански регион има значаен удел во создавањето поволна деловна клима придонесувајќи за зголемување на домашните и странските инвестиции во нашата земја
четврток, 18 декември 2014, Бр. 204
БИЗНИС ИНФО
13
СОСЕДИ и ги претстави поволните условите за економски и стопански развој, како што се секторите на агробизнисот и преработка на храна, градежништво, производството на облека, текстил, тутун, како и туризмот. Како дел од активностите на конференцијата, на 13 декември 2014 година во Лерин, регионалните комори на Битола и Лерин и Унијата на стопански комори на Албанија потпишаа трилатерална Декларација за соработка. Во рамките на овој документ претставени се заедничките залагања на трите комори во меѓуграничниот регион со цел да се постави основа за натамошна соработка во следните области: • воспоставување мрежа во пограничната област, со цел да се поддржи локалното претприемништво, давајќи им посебно внимание на малите и средни претпријатија; • трансфер на искуство, знаење и know-how за клучните аспекти на бизнисот; • организација и учество во заеднички промоции и изложбени активности, со цел да се промовира екстровертноста на компаниите; • спроведување активности за ширење, во врска со иновативни концепти и најдобрите практики на локалниот пограничен бизнис сектор; • учество во соодветни програми финансирани од страна на ЕУ и / или државните фондови; • имплементација на заеднички курсеви за обука, со цел да се задоволат секојдневните потреби на компаниите за обука во меѓуграничната област; • обезбедување висок квалитет на консултантски услуги за бизнис-секторот и др. Како тело кое ќе координира со имплементацијата на активностите за остварување на овие цели предвидено е формирање на тричлен управен комитет во кој секоја од коморите-потписнички ќе делегира по еден свој претставник. Потпис на декларацијата ставија претседателот на Комората од Лерин од Република Грција, Савас Сапалидис, претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велговски и претседателот на Унијата на стопански комори на Албанија, Илир Зила. Притоа, тројцата претседатели едногласно ги потврдија приоритетите за добра соработка и развој на регионалната економија, кои пред се` се базираат на развојот на инфраструктурата и врските меѓу трите земји за што полесен и подобар проток на луѓе, производи, знаење и идеи за заеднички просперитет. М-р Никола Димковски
БИЗНИС ИНФО
14
четврток, 18 декември 2014, Бр. 204
ЕКОЛОГИЈА Од 1 јануари 2015 година започнуваат законските обврски за постапување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема
ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ, ТРГОВЦИТЕ И ГРАЃАНИТЕ ЗАЕДНИЧКИ ВО ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Од 1 јануари 2015 година започнуваат законските обврски на учесниците во процесот на постапување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, - беше истакнато на редовната прес конференција во Стопанската комора на Македонија (15.12.2014 година). На прес-конференцијата зборуваа Ана Мазневска Каранфилова, раководител на Секторот за отпад при Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање, Владо Момировски, претседател на Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори при Стопанската комора на Македонија и Марјанчо Дамески, извршен директор на „Нула отпад“. Станува збор за вид на опасен отпад, па доследното имплементирање на регулативата од страна правните и физичките лица кои произведуваат и пуштаат на пазарот во земјата електрична и електронска опрема и кои постапуваат со отпадната електрична и електронска опрема, е од особено значење за заштитата на животната средина. Членките на Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори досега преземаа активности за соодветно учество во процесот на собирање, третман, преработка и отстранување на електричен и електронски отпад, а со цел нивно успешно вклучување во пазарот на повторна употреба и рециклирање на овој вид опасен отпад. Законот се однесува на 10 видови на производи кои припаѓаат во категоријата на електричната и електронска опрема (големи домашни апарати, мали домашни апарати, опрема за информатичка технологија и телекомуникација, опрема за широка потрошувачка и забавна електроника, опрема за осветлување, електричен и електронски алат, електрични и електронски играчки и опрема за забава и спорт, медицински апарати - со исклучок на всадени и инфицирани производи, инструменти за следење и контрола и автомати). Успешната примена на Законот треба да придонесе за намалување до најмало можно ниво на негативното влијание на овој вид отпад врз животната средина и врз човековото здравје, - истакна Ана Мазневска Каранфилова, раководител на Секторот за отпад при Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање. Законот има за цел да придонесе за унапредување на стандардите за заштита на животната средина од страна на производителите, трговците и крајните корисници, особено при третманот, преработката и отстранувањето на отпадната електрична и електронска опрема и постигнување на високо ниво на повторна употреба. Електричниот и електронски отпад е вид на отпад за којшто е донесен посебен Закон, кој предвидува, покрај самостојно постапување и формирање на колективни постапувачи со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема. Засега делува еден лиценциран колективен постапувач со овој вид на отпадна опрема. Стопанската комора на Македонија во соработка со надлежното Министерство, имајќи ги предвид значењето на правилното постапување со овој вид на опасен отпад, како и потребата од намалување, до најголема можна мерка, на штетното влијание врз животната средина во неколку наврати ја актуелизираше оваа проблематика, укажувајќи на сите аспекти кои се однесуваат на стопанските субјекти и другите заинтересирани страни со цел исполнување на националните цели - собирање на 0,5 кг електричен и електронски отпад по жител.
Зорица Мешкова
четврток, 18 декември 2014, Бр. 204
БИЗНИС ИНФО
15
ЕКОЛОГИЈА
МОНИТОРИНГ НА ЕМИСИИ НА ЗАГАДУВАЧКИ СУПСТАНЦИ ВО АТМОСФЕРАТА ОД СЕКТОРОТ ИНДУСТРИЈА
Презентирано софтверското решение „ЕМИ“
На работилница одржана во Стопанската комора Македонија, а организирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), пред повеќе од 30 претставници од секторот индустрија за прв пат се презентираше софтверското решение „ЕМИ“ (Emissions Monitoring in Industry EMI) - за мониторинг на емисии на загадувачки супстанци во атмосферата од секторот индустрија (11.12.2014 година). Од страна на организаторите се дава следното соопштение до засегнатите страни: Со помош на овој софтвер ќе се овозможи секторот индустрија по поедноставен електронски пат да известува кон Министерството за животна средина и просторно планирање и истиот претставува иновативна алатка со која се покажуваат континуираните заложби на Министерството во однос на справувањето со климатските промени. Исто така, „ЕМИ“ ќе го олесни и известувањето кон Конвенцијата на ОН за климатски промени, Конвенцијата за загадување на воздухот на ЕУ за големи далечини и кон други меѓународни конвенции. Софтверот е подготвен во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации, а за негово спроведување активна поддршка даде и Стопанската комора на Македонија. Претставниците од засегнатите страни од секторот индустрија имаа можност да се запознаат со сите поволности што произлегуваат од користење на овој софтвер и по одржаната обука ќе бидат во можност да го имплементираат во своите компании, со цел подобро, побрзо и поточно известување и мониторинг на емисиите на загадувачки супстанци во атмосферата. „ЕМИ“ е ефикасна алатка на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) за подобрување на процесот на собирање и проверка на податоците за емисиите на стакленички гасови и загадувањето на воздухот. Базата на податоци создадени со помош на оваа алатка може да се користи од страна на експерти од Министерството за идните истражувања и за планирање и управување со прашања поврзани со климатските промени. Исто така, ова софтверско решение, ќе ги подобри познавањата на инсталациите во однос на значењето и начинот на пресметување на емисиите на стакленички гасови. Софтверското решение, финализирано во рамките на Проектот „Прв двегодишен ревидиран извештај за климатски промени“, предизвика интерес кај претставниците на индустријата, кои дадоа свои првични видувања и конкретни предлози за практична примена на оваа корисна алатка. Комуникацијата на индустријата со изготвувачите на софтверот ќе продолжи во следните два месеца, при што од страна на индустриските капацитети ќе бидат направени првите согледувања од пробната примена. Зорица Мешкова
БИЗНИС ИНФО
16
четврток, 18 декември 2014, Бр. 204
ТРИБИНА Македонската енергетска асоцијација (МЕА) во соработка со Проектот на УСАИД за индустриски менаџмент реализираа тркалезна маса за управување со електрична енергија
ДЕСЕТ КОМПАНИИ (ЌЕ) ГИ УЖИВААТ ПРИДОБИВКИТЕ ОД ЗАШТЕДИТЕ И ЗГОЛЕМЕНАТА КОНКУРЕНТНОСТ
Македонската енергетска асоцијација (МЕА) во соработка со Проектот на УСАИД за индустриски менаџмент реализираа тркалезна маса на тема: „Зголемување на конкурентноста преку континуирано подобрување на употребата на енергија со користење на системи за мониторинг/управување со потрошувачка на енергија во индустриски компании“ (16.12.2014 година). Енергетската ефикасност во индустријата е една од најкорисните и најисплатливи мерки за зголемување на конкурентноста на производите, како и намалување на загадувањето на животната средина. Македонската индустрија во изминатите години спроведе мерки за заштеда на енергија преку поефикасно управување со енергијата, но и покрај тоа се` уште постои простор за зголемување на енергетската ефикасност. Имплементирањето на стандарди и мерките за квалитетно управување со енергијата и намалување на потрошувачката на истата директно влијае врз намалувањето на трошоците на работењето, помала цена на производите, а со тоа и поголема конкурентност на пазарот. Проектот за индустриски менаџмент се реализира од јануари 2013 година и ќе трае 3 години. Во досегашниот период се вклучени 10 македонски фирми кои добија неповратни средства, односно УСАИД донираше 50% од вкупните трошоци, но не повеќе од 20.000 американски долари по компанија. Планирано е да се вклучат вкупно 17 македонски компании. На тркалезната маса се претставија три македонски фирми - „Алкалоид“, „Кнауф Радика“ и „HI TECH Corporation“. Тие учествувале во проектот и ги почувствувале придобивките од имплементацијата на системи за мониторинг/ управување со потрошувачката на енергија. Перо Авакумовски
четврток, 18 декември 2014, Бр. 204
БИЗНИС ИНФО
17
БАРАЊA
СО ЗАКОН ДА СЕ ДЕФИНИРА ОДГОВОРНОСТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ТЕХНИЧКИ НЕИСПРАВНИ ЛИФТОВИ
Групација за домување со станбен и деловен простор
Групацијата за домување со станбен и деловен простор, на состанокот одржан во Стопанската комора на Македонија, заклучи да поднесе иницијатива за измена на Законот за техничка инспекција, со цел да се дефинира чија е одговорноста во случај кога во употреба функционираат технички неисправни лифтови во станбените згради, а при тоа за истиот има извештај дека е технички неисправен (11.12.2014 година). Ваквата одлука доаѓа по неколку одржани состаноци самостојно, како и од реализирани средби со Регулаторната комисија за домување, со претставници на Техничката инспекција, инспектори надлежни за дејноста и други инволвирани државни институции во оваа област. Лиценцираните управители за домување, проблемот со одговорноста за лифтови го иницираа како резултат на фактот што тие како управители со влезовите согласно Законот за домување само ги вршат обврските во име на станарите, но сопственоста на заедничките простории во влезот, вклучително и лифтот е сопственост на самите станари. По тој основ, управителите немаат право во име на станарите да го исклучуваат лифтот. Ваквата констатација произлегува и од Регулаторната комисија за домување, која по реализиран состанок со Групацијата за домување со станбен и деловен простор при Стопанската комора на Македонија, со писмен допис го известила Техничкиот инспекторат дека согласно Законот, лиценцираните управители не подлежат на одговорност. На состанокот беа потенцирани и уште неколку други проблеми со кои се соочуваат лиценцираните управители во текот на своето работење, како што се користење и заштита на средствата од резервниот фонд, дорегулирање на Законот за домување како матичен закон итн. Присутните на состанокот беа информирани и за можноста за остварување соработка со Кредитното биро на Македонија, во насока на поттикнување на свеста на физичките лица и правните субјекти, кои не си ги плаќаат редовно своите обврски. Даниела Михајловска Василевска
18
БИЗНИС ИНФО
четврток, 18 декември 2014, Бр. 204
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Форум со работодавачите во Регионалната комора со седиште во Кичево
ПРЕЗЕНТИРАНИ АКТИВНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Во Регионалната комора со седиште во Кичево се одржа Форум со работодавачите на којшто присуствуваа дваесетина фирми од кичевскиот регион (15.12.2014 година). На Форумот беа презентирани активните програми и мерки кои се достапни на работодавачите од страна на Агенцијата за вработување на РМ, односно Центарот за вработување во Кичево, како и кои услови треба да ги исполнуваат фирмите за да станат корисници на програмите. Воедно, беа претставени и мерките кои ги преземаат единиците на локалната самоуправа, односно Општина Кичево, со цел поддршка и субвенционирање на новите вработувања, презентирани од страна на раководителот на Секторот за локален економски развој. Исто така, на Форумот присуствуваа и претставници од Министерството за труд и социјална политика, Националниот совет за претприемништво и конкурентност, со кои се отвори дискусија за искуствата од досегашната примена и се идентификуваа проблемите на бизнис-заедницата. Притоа, се утврдија насоки за јакнење на соработката во планирање и имплементирање на политиките за вработување на локално ниво, со можност на адаптирање на евидентираните проблеми во руралните подрачја. Во рамките на Форумот со работодавачите во Регионалната комора со седиште во Кичево се одржаа и инфо-средби со млади невработени лица до 29 години, со цел поблиска средба и мотивирање за започнување сопствен бизнис. Дијана Лазороска Јованоска
Во Охрид одржана презентација за коморските активности во Универзитетот за информатички науки и технологија „Св. Апостол Павле“ На 15.12.2014 година во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологија „Св. Апостол Павле“ во Охрид, беше одржана презентација за активностите на Стопанската комора на Македонија организирани на национално и на регионално ниво, преку Регионалната комора со седиште во Охрид. Наставниот кадар и студентите беа запознати со идните коморски активности кои ќе се одржат во наредниот период се` со цел поголема информираност на
ПОТТИК ЗА ПОГОЛЕМА СОРАБОТКА МЕЃУ БИЗНИС И НАУЧНАТА ЗАЕДНИЦА
четврток, 18 декември 2014, Бр. 204
БИЗНИС ИНФО
19
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ пошироката научна заедница. На средбата беа идентификувани потенцијалните можности за соработка меѓу Стопанската комора на Македонија и Универзитетот со цел интензивирање на заедничките активности во иднина. Од особен интерес е соработката во повеќе национални проекти и соработката во определени програми финансирани од Европската унија. Во иднина, праксата на континуирани средби меѓу научната заедница, студентите и бизнисот од регионот ќе се одвива се` почесто, со цел потесна соработка меѓу засегнатите страни. Стопанската комора на Македонија останува во континуитет да биде поддршка и организатор на заедничките средби. Борис Тримчев
ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ СРЕДСТВА ПРЕДИЗВИК И ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ОД ОХРИДСКИОТ РЕГИОН Со цел поттикнување на иновативноста и конкурентноста на македонските компании за активно аплицирање за искористување на средствата од европските фондови, претставници од Стопанската комора на Македонија во Регионалната комора со седиште во Охрид одржаа еднодневна обука наменета за малите и средни претпријатија. Петнаесеттина претставници на македонските компании, локалната самоуправа и од факултетите беа подготвувани за аплицирање на европските фондови „Хоризонт 2014-2020“ и „Косме 2014-2020“, на обуката што се одржа на 16.12.2014 година. Со оглед на моменталната состојба и слабата искористеност на европските пари од страна на приватниот сектор, на обуката учесниците беа подетално запознаени со постојните програми и можности за аплицирање на компаниите во рамките на ЕУ-програмите „Хоризонт 2014-2020“ и „Косме 2014-2020“, наменети за малите и средните компании во наредните 7 години од страна на Јадранка Аризанковска, сертифициран проектен менаџер и консултант од Стопанската комора на Македонија. МСПинструментот, кој има три фази на аплицирање и тоа за истражување, производство и комeрцијализација, е огромна можност за компаниите сами да аплицираат во сите три фази, независно од редоследот на фазите. Исто така, компаниите беа детално запознаени и со европските процедури и финансиски инструменти и за можностите за финансирање на проекти и од други меѓународни извори во Република Македонија. Ирена Мојсовска
Еднодневна обука во Охрид за подготовка на македонските компании за аплицирање на новите европски програми „Хоризонт и Косме 2014-2020“
20
БИЗНИС ИНФО
ЈУБИЛЕИ Институтот за тутун од Прилеп одбележа значаен јубилеј – девет децении постоење
четврток, 18 декември 2014, Бр. 204
ВГРАДЕН ВО РАЗВОЈОТ НА ТУТУНСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО ЗЕМЈАВА
*По повод 90 години постоење на Институтот за тутун од Прилеп, Благодарница за Стопнаската комора на Македонија за долгогодишната успешна и плодна соработка На свеченоста, одржана на 17.12.2014 година во хотелот „Кристал Палас“, по повод 90 години постоење на Институтот за тутун од Прилеп, доделена е Благодарница на Стопанската комора на Македонија за долгогодишната успешна и плодна соработка. Благодарницата пред големиот аудиториум ја врачи директорката на Институтот за тутун, проф. д-рГордана Мицеска. Научниот институтот за тутун од Прилеп (НИТП) е единствената институција од таков вид во нашата држава, чија основна задача е унапредување на производството, обработката, преработката и економиката на тутунот. Институтот годинава слави 90 години од своето постоење. Неговите почетоци датираат од 24.12.1924 година, кога академик Рудолф Горник ја основал централната Опитна станица за проучување на тутунот. Подоцна, со Одлука на Управата на државни монополи на Кралството СХС од 1936 година, станицата прераснува во Институт за тутун, а врз основа на Законот за организирање на научните работници, во 1960 година се запишува во Регистарот за научни установи. Од 1979 година Научниот институт за тутун е член на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, а со донесувањето на Законот за научна дејност во 1996 година, НИТП станува јавна научна установа. НИТП врши научноистражувачка, едукативна, апликативна, издавачка, производна и други дејности од областа на производството на тутун. Научноистражувачката дејност на Институтот е фокусирана во повеќе насоки, од кои најзначајни се креирањето на нови и одржување и подобрување на веќе признатите сорти тутун, оптимизирање на агротехничките мерки, проучување на болестите, штетниците и плевелите на тутунот, одредување на хемискиот состав на тутунот и тутунските преработки и сл. НИТП остварува соработка со фирмите кои се занимаваат со производство и обработка на тутун и со конкретни активности учествува во решавањето на проблемите во тутунопроизводството. Во зависност од потребите на тутунските претпријатија, Институтот врши производство, контрола и дистрибуција на семенскиот материјал, агрохемиски анализи на почвата и на растителниот материјал, издава сертификати за автентичноста на квалитетот на тутунот во лист, на режаниот тутун наменет за извоз и сл. НИТП располага со 4 акредитирани лаборатории, и тоа: Лабораторија за испитување на поважните агрохемиски параметри, за испитување на хемискиот состав на тутунот и тутунскиот чад, Лабораторија за испитување на физичките, водно-физичките и другите технолошки својства на тутунот, како и акредитирана Лабораторија за контрола на квалитетот на семе од земјоделски растенија. Согласно Законот за високо образование, во НИТП е формиран Научен совет кој воедно е орган на управување на образовната дејност на Институтот. Советот го сочинуваат 15 членови, од кои 13 се доктори на наука. Како резултат на научноистражувачката и апликативната работа, научните и стручните работници од Институтот досега објавиле повеќе од 2000 научни и стручни трудови. Како дел од Универзитетот „Св. Климент Охридски“, Научниот институт врши високообразовна дејност од втор циклус на студии, односно постдипломски студии преку кои кандидатите се стекнуваат со комбинација од теоретско, практично и стручно познавање на избраната област. Едногодишните и двегодишните студиски програми по производство, обработка и преработка на тутунот се акредитирани од Одборот за акредитација на Република Македонија. НИТП има склучено договори за научно-стручна соработка со повеќе домашни и странски институции, меѓу кои и со Земјоделскиот факултет, Институтот за проучување на лековити растенија и Технолошкиот факултет од Србија, Институтот за тутун и тутунски преработки од Пловдив, Бугарија, како и со Ветеринарниот факултет од Битола. Научниот институт за тутун е член на Меѓународната организација за научни истражувања од областа на тутунот CORESTA. Во рамките на НИТП, од 1973 година работи и Музејот за тутун, кој претставува вистинска ризница на вредни и скапоцени предмети. Како според бројот на експонатите, така и според нивното значење, Музејот за тутун во Прилеп е втор по големина тутунски музеј во светот. Од тематски аспект, Музејот го покрива тутунот и сето она каде тутунот е мотив и инспирација: од уметнички дела, до макети, постери поврзани со тутунот, каширани фотографии на кои е документирано производството и манипулацијата на тутунот во Македонија, како во
четврток, 18 декември 2014, Бр. 204
БИЗНИС ИНФО
21
СВЕТСКИ ПЕЧАТ минатото, така и сега. Музејот располага со голем број експонати: лулиња, чибуци, табакери и бурмутници, а истовремено и со уметничка збирка на ликовни и скулптурни дела и две макети на стари куќи. Во моментов Музејот брои околу 4.500 експонати и секоја година збирката се збогатува со нови примероци. Експонатите се откупени од разни институции и поединци од Европа, Азија и Африка, а дел се подарени. Од тие причини, Музејот е интернационален, скап, осмислен, со богата документаристичка основа и привлечен за туристите. Ристо Најдоски
БЛАГОДАРНИЦА ЗА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
Една деценија на Македонско-словенечкиот бизнис-клуб
Македонско-словенечкиот бизнис-клуб со пригодна свеченост во скопскиот хотел „Стоун Бриџ“ на 16.12.2014 година го прослави значајниот јубилеј – една деценија од постоењето. На свеченоста, покрај членките на Клубот, присуствуваа и претставници на институции, на деловните заедници од земјава и пријатели на Клубот.
Приказната за институцинално делување на Клубот започнува во 2004 година. Десетина компании кои остваруваа бизнис-релации меѓу двете држави го формираа Македонско-словенечкиот бизнис-клуб. Набрзо нивната бројка достигна преку 110 членки – компании и поединци, а неговото делување значајно влијаеше на развојот на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Словенија. Македонско-словенечкиот бизнис-клуб e место на квалитетни информации за подобрување на бизнисот на членките, а во изминатиот период беа организирани бројни дебатни средби и тркалезни маси, промоции и стручни предавања. За одбележување е Проектот на Клубот „Бизнис-денови низ Македонија“, започнат есента во 2008 година. Досега членките се претставиле во Скопје и во општините Битола, Струмица, Маврово, Гевгелија, Гостивар, Куманово, Струмица, Охрид, Струга, Кавадарци и во Штип. При овие посети беше промовирано стопанството на двете држави на еден поинаков начин, поблизок до самите граѓани, но и до стопанствениците. Тоа беа еднодневни мини-саеми каде што компаниите-членки на Клубот се претставуваа со своите производи, услуги и новитети, на штандови поставени на ударни локации во посетените градови. На тие бизнис-дружења беше промовиран Клубот и неговите активности пред локалната бизнис-заедница. На прославата на десетгодишнината на Македонско-словенечкиот бизнис-клуб беа доделени и благодарници на членки кои имале придонес во неговиот развој. Благодарница доби и Стопанската комора на Македонија за соработката што е остварена со Македонско-словенечкиот бизнис-клуб. (С.П.)
БИЗНИС ИНФО
22
четврток, 18 декември 2014, Бр. 204
СВЕТСКИ ПЕЧАТ Пад на рубљата
РУСИЈА ПРИТИСНАТА ДО ЅИД?
*Руската Централна банка се обидува да стори сѐ за да ја запре девалвацијата на рубљата. Но, досегашните мерки не помогнаа. Дали се заканува запаѓање во длабока економска криза? Руската Централна банка ноќта кон вторникот (16.12.2014) повторно се обиде да го сопре падот на рубљата. Банката драстично ја подигна основната каматна стапка од 10,5 на 17 проценти. На тој начин треба да се ограничи „значителното намалување на вредноста“ на оваа валута, појасни Централната банка. Елвира Набиулина, шефицата на Централната банка вчера за телевизијата „Расија 24“ изјави дека била подготвена за координирана акција со Кремљ. Централната банка уште изминатата недела правеше обиди да го спречи обезвреднувањето на рубљата преземајќи мерки за стабилизација со намалување на понудата на резерви на берзата како и со мало покачување на каматите. Меѓутоа тоа не помогна, мерките не донесоа промени, напротив за првпат мораа да се платат 80 рубљи за еден долар и 100 рубљи за едно евро. Од почетокот на годината валутата загуби речиси 60 проценти од својата вредност. Причините за падот на вредноста се пред сe постојаното паѓање на цената на нафтата како и санкциите на Западот против Русија поради конфликтот во Украина. Со паѓањето на валутата значително се покачија цените за руските потрошувачи. Сеќавање на кризната 1998 година Според новинската агенција Ројтерс, аналитичарите говореле за паника. „Кружат гласини дека земјата би можела да западне во околности како во кризната 1998 година“, вели Алена Афанасјева од Форекс клубот во Москва. Во 1998 година масовното одлевање на капиталот предизвика длабока економска криза и домашната валута започна да опаѓа. Земјата на крајот мораше да биде стабилизирана со кредити во милијарди од ММФ и Светска банка. „Русија нема да се скрши“, вели експертот за источна Европа Ханс-Хенинг Шредер од Слободниот универзитет во Берлин за ДВ. Земјата има значителни проблеми и тие во наредните години ќе ги чувствува најголемиот дел од населението, ја опишува експертот актуелната ситуација. Но, тој не гледа причина за тоа да се укинат западните санкции без руското раководство да направи компромиси и јасно да покаже дека е подготвено да учествува во европскиот мировен поредок. Фолкер Хелмајер, главен аналитичар на Ландесбанк од Бремен се уште позитивно ја оценува економската положба на Русија и покрај драматичната девалвација на рубљата и смета дека е „н споредлива“ со кризното сценарио од пред повеќе од 15 години. „Русија има трети по големина девизни резерви во светот, имено 420 милијарди американски долари“, нагласува аналитичарот во разговор со ДВ. САД има 120, додека еврозоната 220 милијарди. „Освен тоа Русија има буџетски суфицит од плус 1,5 проценти во тековната година. Во Германија сме на нула, додека САД има минус од 5,5 проценти од стопанскиот учинок“. Згора на тоа Русија со државно задолжување од само 13 проценти споредбено стои добро. „Ние овде во Германија имаме квота на задолжување од 77 проценти, САД од 108 проценти од економскиот учинок“, вели аналитичарот. Санкциите делуваат психолошки Во однос на фундаменталнити податоци Русија стои прилично добро. Нема причина за паника? Експертот за источна Европа укажува на динамиката која се развиваше во последните месеци. „Натамошното зајакнување на санкциите во јули навистина имаше поголемо влијание, од очекуваното“, вели Шредер. Притисокот требаше да биде извршен врз одредени банки, но психолошки се прошири врз целокупното руско стопанство. Инвеститорите изостанаа, парите истекуваат. „Прашањето е дали со оглед на растечките проблеми ќе се придвижи политичкото раководство и сега можеби ќе биде подготвено за стапи во разговор со ЕУ за ситуацијата во источна Украина“. Шопинг како реакција Делови од руското општество реагираат посебно на девалвацијата на рубљата - тие западнаа во шопинг-занос. Многумина Руси во моментов ги посетуваат супермаркетите за електро-производи, продавниците за мебел и авто-салоните каде сакаат да ги вложат своите заштеди пред натамошно да експлодираат цените и рубљата да загуби уште повеќе од својата вредност. Имено Русите имамат искуство во менувачкиот курс и инфлационите механизми. Во изминатите 25 години тие веќе преживеаја повеќе тешки кризи на нивната валута и гледаа како им се губат нивните заштеди. „По оваа точка Русија се разликува од индустриските земји, каде луѓето почнуваат да штедат кога почнува криза“, вели економскиот експерт Игор Николајев. „Кај нас тоа доаѓа со силната девалвација на парите, луѓето трошат повеќе што ја релаксира ситуацијата за одредено време“, дополнува аналитичарот на претпријатието за советување ФБК. (Дојче Веле)
четврток, 18 декември 2014, Бр. 204
БИЗНИС ИНФО
23
СВЕТСКИ ПЕЧАТ
ПРОКЛЕТСТВОТО И БЛАГОСЛОВОТ НА НИСКАТА ЦЕНА НА НАФТАТА
Сите се прашуваат уште колку ќе паѓа цената на „црното злато“, а никој не го знае одговорот.
*Падот на цената на нафтата добива драматични димензии. За многу земји производители на нафта тоа е вистински проблем, додека за земји како Германија е рамно на конјунктурна програма, оценува Хенрик Беме. Старите правила на игра веќе не важат, барем не за цената на нафтата. Само до пред неколку години доволна беше експлозија на некој нафтовод во Нигерија за цената на „црното злато“ да скокне нагоре. Ако згора на тоа имаше и други кризни жаришта, аугурите (име на свештеници во римската религија кои имале задача да ја протолкуваат волјата на боговите врз основа на летот и однесувањето на птиците. н.з.) веднаш прогнозираа цена која веќе не паѓаше под 150 долари за барел, а брзо стигнуваше близу границата од 200 долари за барел. Во 2008 година за еден барел се плаќаа околу 100 долари за барел. Во оваа 2014 година кризи има доволно. Цената на нафтата всушност досега мораше да го пробие плафонот, дотолку повеќе што кризни жаришта се токму земји производители на нафта, како Русија, Либија и Ирак. Но тоа не се случува. Напротив, од јуни наваму линијата на графиконот оди од лево горе кон десно долу. И, сите се прашуваат: уште колку ќе паѓа цената на нафтата? Никој не го знае одговорот. Се разбира, земјите кои мора да купуваат нафта, како Германија, се на добитничката страна. За тоа годишно се трошат по 90 милијарди долари. Но годинава не е така. Слабото евро спречува поголеми заштеди, затоа што нафтата мора да се плаќа во долари. Истовремено, меѓутоа, актуелниот курс на размена им помага на германските и европските извозници да прават добри зделки. Сето тоа дава една убава конјунктурна програма, меѓу другото и затоа што луѓето парите, што инаку ги даваат за бензин и за масло за греење, ги трошат за други работи. Кај земјите производители на нафта сликата е сосема поинаква. Во Русија алармот одамна е вклучен, иако Кремљ се однесува како да ја има ситуацијата под контрола. Падот на цената на нафтата во комбинација со санкциите од ЕУ создава опасен коктел за владетелите во Москва. Таков е случајот и со Венецуела. Онаму каде бензинот се продава речиси за бадијала, каде државниот буџет речиси исклучиво се потпира на приходите од нафтениот бизнис, ниските цени се како фитил на буре со барут. За претседателот Мадуро воздухот станува се‘ поредок. Се разбира, тука се веднаш теориите на заговор, како таа на иранскиот претседател Рохани. Тој смета дека станува збор за политички заговор на одредени земји против интересите на исламскиот свет. Други пак сметаат дека се работи за американска нафтена војна против Русија, за да биде казнет Путин. Трети под сомневање ги ставаат Саудијците, кои наводно сакаат да ја уништат фрекинг-конкуренцијата од САД. Сето тоа е лук и вода. Зашто, нафтениот пазар за такво нешто е едноставно преголем и има премногу играчи. Работата е многу поедноставна. Откако САД се нов играч на пазарот, кој за разлика од досега кога само увезуваше огромни количества нафта, сега и самиот произведува нафта со фрекинг, црното злато на пазарот го има премногу. А побарувачката е во опаѓање. Најверојатно наскоро некој од играчите на овој пазар ќе крене раце, затоа Хенрик Беме што гигантските инвестиции веќе нема да се исплатат од извесна цена на нафатата надолу. Тоа може исто толку многу да ги погоди Американците, колку и Канаѓаните, кои со своите проекти со маслен песок веќе доживуваат неуспех. Можно е и да дојде до политички немири, на пример во Венецуела, кога цената на бензинот таму од смешните два цента за литар ќе мора да се зголеми на пет центи. Порано, кога уште важеа старите правила на игра, во ваква ситуација се состануваше нафтениот картел ОПЕК, носеше заклучоци за намалување на производството на нафта и така се запираше падот на цената. Само што САД, па ни Русија, не седат на масата за договор. А дури и членките на ОПЕК не се држат до договорените количества нафта. Затоа и последната средба на ОПЕК, на крајот на ноември, беше фарса. Ништо поинаку нема да биде ниту во јуни 2015., ако дотогаш воопшто постои оваа институција која не служи за ништо. Во моментов, меѓутоа, потрошувачите треба да и‘ бидат благодарни на ОПЕК поради нејзината неспособност за дејствување. Ваква конјунктурна програма ќе можеше да донесе ретко која влада во светот. 500 милијарди долари поголема куповна моќ за светот. Божик може да дојде! (Дојче Веле)
БИЗНИС ИНФО ДОСТИГНУВАЊА
ХАЛКБАНК АД Скопје нуди поволни стапки за штедење во Евра Сакате да обезбедите безбедна и сигурна финансиска иднина? - Време е да направите вистински потег. - ХАЛКБАНК Ви нуди можност за орочување на слободните парични средства каде Вашиот влог ќе расте сигурно и стабилно. - Штедете во евра со исклучително поволни каматни стапки. Искористете го нашиот депозитен калкулатор: http://halkbank.mk/depoziten-kalkulator-nov.nspx
За подетални информации посетете ја нашата Веб страна, контактирајте нé на е-маил или телефонски на 02/3287-532.
Со почит,
Ваша ХАЛКБАНК АД Скопје
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
РЕГИОНАЛНИ СВЕТСКИ КОМОРИ ПЕЧАТ
BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Osnovana 1922
Founded 1922
БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија
Уписите се во тек!
26
БИЗНИС ИНФО
четврток, 18 декември 2014, Бр. 204
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-
Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот.
Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој метод на обука, која вклучува микс од техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде ДодАЛИ ОБУКИТЕ достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависност Вашата потреба. КОИ СТЕ ГИ П
МЕРЕЊЕ НА РЕЗУЛТАТОТ ПРЕ
Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа Д со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и АЛИ САКАТЕ ДА ИМАТЕ КОН светски компании. РЕАЛНА ПОТРЕБА НА ВАШЕТО
Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, ДАЛИ ПРОГРАМАТА КОЈА СЕ Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени РЕЗУЛТАТИ И КАЈ УЧЕСНИЦИТ тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании ПРИДОНЕСЕ И ЗА ВАШИОТ РА и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат се следат и кај нас. за Дозволете дадапридонесеме Лиценциран Густав Кезер тренер на програмата е Љупчо Георгиев со 18-годишно искуство во областа на продажбата и врвниот менаџмент.
АКАДЕМИЈА ЗА П
Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија . Уписите за обуката во октомври 2014 година се во тек.
ЦЕНАТА ОД 23 600 ДЕНАРИ ВКЛУЧУВА: • 5 тренинг дена; • материјали за работа, мемориски картици, ЦД и дополнителна литература; • консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6-8 месеци; • интернационален светски признат Сертификат; • допонителен , 1 контролен ден. За подетални информации контактирајте со нас: Борис Тримчев Тел: 072 20 70 91 Е-маил: boris@mchamber.mk Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk
-SALES
Кр дол вра доп пр Ов ком пр учи
Најуспешните компании ширум свет
четврток, 18 декември 2014, Бр. 204
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ – ОБУКА СО СТУДИСКО ПАТУВАЊЕ ВО ВИЕНА
Од 4-ти до 6-ти декември 2014 година, Меѓународен Саем за пластика во Република Турција
Во соработка со WIFI Институтот при Сојузот За повеќе информации слободно контактирајте на кВо соработка со WIFI Институтот при Сојузот не: на комори на Австрија, Стопанската комора на Македонија преку својот Бизнис центар за тренинг и Симона Ристоска Борис Тримчев обука организира тренинг програма на тема: 02 32 44 067 072 207 091 simona@mchamber.mk boris@mchamber.mk
“Жени претприемачи” Програмата се состои од два дела, односно од теоретска обука со предавач од WIFI Институтот која се одржува во Скопје, а вториот дел е студиско патување во Сојузот на комори во Виена.
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Osnovana 1922
Искористете ја можноста за интернационален know - how трансфер и учете од најдобрите во Европа! Станува субвенционирана достапна цена.
збор програма
за по
Програмата трае 9 дена, од кои 6 тренинг дена во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје и 3 дена во Виена, Австрија и B2B средби. Средбите се организираат во зависност од Вашиот интерес и индустријата во која дејствувате. Престојот, семинарите и посетите се во организација на WIFI AUSTRIA. Сместувањето е во хотел, по двајца учесници во двокреветна соба. Уписите се во тек! Посетата во Виена, Австрија ќе се одржи по завршување на обуката и полагање на тестот.
Founded 1922
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
ТРЕНИНГ-ПРОГРАМА НА ТЕМА: „ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ“
WIFI AUSTRIA ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР
УСПЕХ СО WIFI Институтот за промоција на економскиот развој (The Institute for Economic Promotion – Wirtschaftsförderungsinstitute/WIFI) во рамките на Сојузот на комори на Австрија (Austrian Economic Chambers) е партнер на австрискиот бизнис на полето на едукација и развој на човечките ресурси, со регионална организација во сите девет области на Австрија и 80 претставништва ширум светот. Секоја година, 300.000 учесници посетуваат некој од понудените курсеви и семинари кои се повеќе од 25.000, на коишто предаваат 12.000 тренери ангажирани од WIFI, a избрани директно од бизнис-заедницата.
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР Тимот на WIFI задолжен за интернационален know-how трансфер обезбедува семинари и менаџмент курсеви ширум светот кои нудат дополнителна предност на тој начин што на учесниците кои успешно ќе ги завршат овие курсеви им овозможуваат директен контакт со австриски компании, со цел да имаат активна улога во економскиот развој на целните земји додека истовремено имаат активна улога и во отворањето на вратите за австрискиот бизнис.
28
БИЗНИС ИНФО
четврток, 18 декември 2014, Бр. 204
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
На 22.12.2014 година, од 9:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
Семинар: „УПРАВУВАЊЕ СО КОЛАТЕРАЛИТЕ ВО КОНТЕКСТ НА ВКУПНОТО УПРАВУВАЊЕСО КРЕДИТНИОТ РИЗИК“
ПРОГРАМА: Вовед во управување со колатерали: – Дефиниција и намена на колатералите; вредностите на различните групи на колатерали - типови на недвижен имот и имот, колкаво е нивото на колатерализација на неколатеризираните пласмани? – Дефиниција на “collateral risk-a”. Вреднување на колатерали – од (надворешна) проценка до ефективни вредности на колатерали: – Контрола на методологијата на надворешните проценителивоспоставување на минимален критериум за прифатливост од страна на надворешните проценки за комерцијалната банка; – Вредностите на различните групи на колатерали - типови на недвижен имот и имот, колкаво е нивото на колатерализација на неколатеризираните пласмани? – Состав на корективните фактори (“haircut-ови”) - влијание на специфичните локалните регулативи; – Пресметка на интерното барање за минимална колатерализација врз основа на проценка на кредитниот ризик. Рангирање на квалитетот на колатералот: – Фактори кои влијаат на кавлитетот на колатералот; – Искуства од „индустријата”. Влијание на колатералите на квалитетот на кредитното портфолио: – Влијание на наплатата - ликвидација на колатералите (влијание на најопортунистичките моменти на почетоците, трошокот и времето потребно за ликвидација, ликвидација на колатералите и претстечајно порамнување); – Влијание на регулаторната прифатливост на колатералите на вреднување на активата и адекватноста на капиталот; – Реструктурирање на билансот на успех. Оптимизација на колатералите како не-до-крајотстандардизирана функција: – Сценарио и отпорност (вредност на колатералите) на стрес; – Што е оптимален”colateral mix”? Оптимална структура на реконструкција на побарувањата: – Потенцијални примарни и секундарни извори за наплата; – Од контрола на планот за работењето до активната асистенција при изработка на план за наредниот период; – Воспоставување на ефективен надзор за наменско трошење на средства.
Функција на управување со колатерали: – Каталог на колатерали – задолжителни елементи; – Стандардизација collateral worflow евиденција и ажурирање на податоци, барања и задолженија, интеракција со рејтингот внатре во процесот на кредитните одобрувања, известување и други; – Одговорностите и главните функции за управување со колатерали. ПРЕДАВАЧ: Стјепан Аниќ од Република Хрватска, реномиран регионален стручњак од областа на управувањето со ризици во финансиски институции и предавач со долгогодишно искуство во земјата и во странство. Во Erste & Steiermärkische банка работел како проект-менаџер на Базел II и како директор на Дирекцијата за квантитативни истражувања. Во Кредитна банка - Загреб ја извршувал функцијата член на управа надлежна за управување со ризици и контролни функции на банката, а моментално во Централна банка - Загреб ја извршува функцијата прокурист и е извршен советник на управата надлежна за управување со ризици и контролни функции. Работен јазик на семинарот: хрватски. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
четврток, 18 декември 2014, Бр. 204
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Семинар: „ПОСТАПКА ЗА ПРИСИЛНО ИЗВРШУВАЊЕ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ” -Законска рамка и практични примери од спроведување на извршување-
23 декември 2014 година 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
ПРОГРАМА: 1.Основни одредби -Основа на извршување и започнување на извршување; -Надлежност и обем на извршување; -Извршна исправа, подобност, средства и предмети на извршување. 2.Поднесување барање за извршување -Премин на побарување; -Повлекување на барање за извршување; -Одбивање на барање за извршување; -Прекин на извршување. 3.Извршни дејствија -Обврска за соработка со извршителите; -Изземање на извршител; -Одговорност за штета; -Достава на писмена 4.Приговор против неправилности во извршувањето -Постапка и правни последици по приговор против неправилности во извршувањето; -Одлагање и запирање на извршување. Предавач: Златко Пејовски, извршител од Скопје, именуван за извршител за подрачјето на Основен суд Скопје 1 - Скопје и Основен суд Скопје 2 - Скопје, поранешен адвокат, со свое учество како потпретседател на Комората на извршители на РМ во работни групи и комисии во рамките на Комората и на бројни домашни семинари, како и претставник на Комората на извршители на РМ на конференциии и седници на Советот на Меѓународната унија на судски извршители. 1.Извршување заради наплата на парично побарување -Изземање и ограничување; -Истоветност на доверителска позиција на правни лица со физичките лица како доверители; -Специфичности во праксата на извршувањето со правни лица во улога на доверители. 2.Извршување врз подвижни предмети - Попис и процена; - Начин на продажба и намирување. 3.Извршување врз парично побарување на должник -Изземање; -Забрана на побарување врз парични средства на физичко лице; -Извршување врз плата и други парични примања.
-Извршување врз сметка во банка на правно лице; -Застанување со извршување. Предавач: Гордан Станковиќ, член на Управниот одбор на Комората на извршители на РМ, поранешен претседател на Комората на извршители на РМ, именуван за извршител за подрачјето на Основен суд Скопје 1 - Скопје и Основен суд Скопје 2 - Скопје, со претходно долгогодишно искуство во должничко-доверителски односи како адвокат и свое учество како член на Комисијата за надзор над имплементирање на Законот за парничната постапка во рамките на Министерството за правда на РМ; член на Испитна комисија за испит за стечаен управник, член на Комисијата за изработка на предлог-подзаконските акти на Законот за извршување во 2006 година во рамките на Министерството за правда на РМ, член на Комисијата за изработка на предлог-измени на Законот за извршување во 2013 година во рамките на Министерството за правда на РМ.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 4.Осврт кон посебни одредби за извршување врз имот E-адреса: anita@mchamber.mk на правни лица за наплата на парично побарување -Изземање и ограничување;
БИЗНИС ИНФО
30
четврток, 18 декември 2014, Бр. 204
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 24 декември 2014 година 10:00 – 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1на 5-ти кат
Семинар: ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ВО РУДНИЦИТЕ
(„Службен весник на РМ“, бр. 158/14 од 30.10.2014 година)
- Насоки за процена на професионалниот ризик во рударството, мерки и нормативи за безбедност и здравје при работаВо Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа („Сл. весник на РМ“, бр. 158/14 од 30.10.2014 година), во член 9, по глава IV, се додава нова глава IV-а и два нови члена 42-а и 42-б. Рударството иако е предизвик истовремено е ризична професија. Рударството се` уште се смета за една од најопасните професии, но подобрувањето на технологијата, поригорозните безбедносни стандарди и владината регулатива драматично го намалиле бројот на загинати и повредени во рудниците последниот век. Наспроти севкупниот напредок што е постигнат во подобрувањето на условите за работа и на работната средина, како и вложувањата на сите оние кои се одговорни за безбедноста на работата и професионалното здравје, работното место и понатаму претставува сериозен ризик за здравјето на професионално експонираните работници. Оттука, безбедноста и здравјето на работниците претставува не само законска обврска, туку и суштинска потреба за подобрување на продуктивноста и економскиот прогрес на секоја земја. Условите на работното место треба да бидат во согласност со општо прифатените стандарди за безбедност и здравје на работа што се утврдени во националното законодавство. Од друга страна, произлегуваат низа прашања за работодавачите по однос на имплементирање на новите законски измени и дополнувања. Со цел унапредување на безбедноста и здравјето при работа и подетално информирање, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира еднодневен семинар за измените и дополнувањата на Законот за БЗР за сите рудници од Р. Македонија. ПРОГРАМА: • Измени и дополнувања на Законот за безбедност и здравје при работа од „Службен весник на РМ“, бр. 158/14 од 30.10.2014 година • Мерки и нормативи за безбедност и здравје при работа;
• Насоки за процена на професионалниот ризик во рударството; • Добра пракса. На семинарот за донесените промени и дополнувања ќе говорат претставници од: - Државниот инспекторат за техничка инспекција; - Државниот инспекторат за труд и - професор од УГД „Гоце Делчев“ - Штип – насока Рударство.
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
четврток, 18 декември 2014, Бр. 204
БИЗНИС ИНФО
31
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Да се биде најголемата кондиторска индустрија во Македонија, најголем увозник и најголем извозник на кондиторски производи претставува врвно достигнување на една компанија, меѓутоа претставува и огромен придонес во економијата на државата. Оваа година Swisslion слави 16 годишнина од своето постоење во Репубилка Македонија и резулатите кои ги има постигнато се навистина импресивни. Swisslion со своите поврзани друштва во Македонија вработува над 600 вработени во Скопје и во Ресен, произведува над 9,000 тони готов производ од кои 70% се наменети за извоз и има годишен промет од околу 60 милиони евра. Причините за овој успех треба да се гледаат од повеќе аспетки, а претставуваат експанзиона инвестицинона политика, пазарна ориентација, модерна производна технологија и опрема, прaтење на модерните текови на организација и производство и секако макотрпна работа и посеветеност на сите вработени. Swisslion не застанува во својата мисија, а тоа е постојана иновација и проширување на асортиманот. Фактот, дека конкуренцијата постојано се труди да не следи и копира како во асортиманот така и во дизајнот (изгледот) на нашите производи, е неоспорен и видлив на полица, меѓутоа високиот квалитетот на нашите производи и нивната достапност за потрошувачите секогаш ни даваат значителна предност. Докажавме дека конкуренцијата неможе да не следи токму поради фактот што фабриките на Swisslion се опремени со најсовремена и потполно автоматизирана опрема со огромни капацитети, а организацијата на централизирани набавки овозможува достапност до суровини со врвен квалитет, а пристапна цена. Токму од тој аспект, а како поддршка на зголеменото производство и продажба инвестиравме и во проширување на возниот парк како во Македонија, така и на ниво на целата групација Swisslion. Инвестициите на Swisslion и надвор од Македонија продожуваат со незапирливо темпо. Фабриката на Swisslion во Требиње, Босна и Херцеговина веќе достигна импресивни бројки во произведените количини готови производи, а го изгради и новиот погон кој се очекува да почне со работа наредната година. Токму од оваа фабрика доаѓаат и новите чоколада под брендот LOVE YOU, кои имаат неодолив вкус кој предизвикува љубов уште од првиот залак. Нови погони се изградени и на други локации во Босна и Херцегиовна, а во 2014 година се монтирани две нови линии во Србија и во Босна и Херцеговина чии производи веќе се пристигнати и на македонскиот пазар. Swisslion останува да биде водечка кондитроска индустрија во Македонија и најавува нови инвестиции и нови производи кои веруваме ќе се на општо задоволство за нашите ценети потрошувачи и ќе ги задоволат сите вкусови. Производите на Swisslion го затоплуваат срцето, ги предивикуваат сетилата, го исполнуваат духот и го максимизираат задоволството. УЖИВАЈТЕ СО ПРОИЗВОДИТЕ НА СВИССЛИОН!
32
БИЗНИС ИНФО
четврток, 18 декември 2014, Бр. 204
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА
Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на материјали за покрив и панел плочи. Валидност дo 15.02.2015 година.
Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на амбалажа за пакување од пластика. Валидност дo 16.02.2015 година.
Компанија од Бугарија заинтертесирана е да соработува со македонски компании за заедничка активност во областа на инженеринг, инсталација и сервис на системи за климатизација, греење, вентилација и енергетска ефикасност. Валидност дo 15.02.2015 година.
Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на неонки за осветлување. Валидност дo 17.02.2015 година.
Компанија од Романија бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на трапезоиден Продажба на градежен плац во Преспа - Сирхан до лим, челик, заварени мрежи во панели; езерото, на главниот регионален пат за Oтешево и поцинкувани заварени мрежи за огради. Галичица. Парцелата е 7700 м2, може за хотел, бензинска, Валидност дo 17.02.2015 година. рибник и за друга слична намена. Тоа е чист плац, без објекти со комплетна документација. Цена: 13 евра/м2. Компанија од Полска бара дистрибутер Валидност дo 16.4.2015 година. во Република Македонија за пласман на фотоволтаични системи за загревање. Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Валидност дo 17.02.2015 година. Mакедонија за пласман на женски, машки и детски крзнени обувки. Компанија од Полска бара дистрибутер во Валидност дo 16.02.2015 година. Република Македонија за пласман на врати и прозорци од дрво и ПВЦ. Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Валидност дo 17.02.2015 година. Македонија за пласман на цигли. Валидност дo 16.02.2015 година.
четврток, 18 декември 2014, Бр. 204
БИЗНИС ИНФО
33
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Естонија заинтересирана е да Компанија од Кина бара дистрибутери во Република пласира опрема за топлење и ладење во Македонија за пласман на машини за ласерско сечење на метали. Република Македонија. Валидност дo 19.02.2015 година. Валидност дo 17.02.2015 година. Компанија од Италија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на комплетни решенија за контрола на пристап, на системи за автоматизација. Валидност дo 18.02.2015 година.
Компанија од Шри Ланка бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на козметика од билки. Валидност дo 19.02.2015 година.
Компанија од Шри Ланка бара дистрибутери во Компанија од Полска бара соработка со Република Македонија за пласман на електрични стоматолошки ординации во Република Mакедонија модуларни панели, куќишта и полици. Валидност дo 19.02.2015 година. за пласман на стоматолошки инструменти. Валидност дo 18.02.2015 година. Компанија од Литванија бара дистрибутери во Компанија од Шпанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на предиво од Република Македонија за пласман на стоматолошки лен. потрошни материјали како амалгам, композити, Валидност дo 19.02.2015 година. легури и силикони. Валидност дo 18.02.2015 година. Компанија од Полска бара соработка во областа на металната индустрија во Република Македонија за плaсман на машини за обработка на метал. Валидност дo 18.02.2015 година.
www.mchamber.mk
Контакт:
Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088