Skip to main content

Бизнис ИНФО број 228, 18.06.2015

Page 1

БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642

bsi.

ISO 9001

Quality Management

years 5

192

FS 549642

2 - 201

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Број 228

www.mchamber.mk

Порака од Торино

КОМОРИТЕ ВО ФУНКЦИЈА НА ГЛОБАЛНИОТ НАПРЕДОК НА БИЗНИСОТ

18.6.2015


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

четврток, 18 јуни 2015, Бр. 228

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

Semejna kompanija

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


четврток, 18 јуни 2015, Бр. 228

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО

ПОЛИТИКАТА ДА НЕ СЕ МЕША ВО БИЗНИСОТ Ургентно во моментов е да се утврди соодветна стратегија политиката никако да не се меша во бизнисот. Без разлика колку ќе трае кризата, дали ќе има брзи избори или не, мора да се создаде стратегија за нормално функционирање. Дури и краткорочно владата да објави на пример дека ќе ревидира буџетски трошења и слично. Да се види дали има доволно пари, извори на финансии. Опозицијата пак, треба тоа да го поддржи или да каже што недостига, за краткорочно да може да се функционира. Ова мора да се направи. Ако има избори во 2017 година, до тогаш ли ќе бидеме заложници на ваква недефинирана позиција? Нема логика. Последна работа што треба да се направи е бизнисот да биде колатерална штета, а после да биде пирова победа. Тоа и‘ се случи на Грција, ПАСОК доби власт па се откажа, бидејќи не можеше да води економија зашто нема бизнис. Затоа и двајцата, Груевски и Заев, треба да се подзамислат на тоа дека економијата ќе биде жртва на оваа состојба. Без двоење, двајцата треба да направат, без разлика колку ќе трае ова, економската состојба да не трпи. Па дури и во војна се прави план за функционирање на државата во услови на воена криза. Но сега, за среќа, ова не е таква ситуација. (Антони Пешев, претседавач на Стопанската комора на Македонија за „Дојче Веле“)

БЕРЗАТА СЕ СООЧУВА СО НОВА РЕАЛНОСТ! Постои едно разбирање во нашата јавност дека тргувањето на берзата не се раздвижува поради тоа што овие инструменти што сега се тргуваат на неа се квантитативно недоволни. Тоа е само делумно точно. Имено, сите статистики покажуваат дека, освен на најголемите берзи, на повеќето други има релативно висока концентрација на прометот, како и кај нас, во одреден број акции. Така на пример, ако концентрацијата на берзанскиот промет на Македонската берза во 10-те најликвидни акции од МБИ 10 последниве години изнесува помеѓу 60 и 80% од вкупниот промет, само на 5-те најликвидни акции на берзата во Будимпешта отпаѓа повеќе од 90% од прометот, во Љубљана тој показател изнесува 78%, во Букурешт 74%, во Даблин околу 80%, Рига 85%, Талин околу 90%, Атина 65%, Никозија над 70%. Од овие компаративни податоци произлегува дека основниот проблем на нашиот пазар што последниве


4

БИЗНИС ИНФО

четврток, 18 јуни 2015, Бр. 228

ПОДВЛЕЧЕНО години се манифестира преку нискиот промет и незадоволителна ценовна перформанса не произлегува примарно од малиот број акции кои се тргуваат, туку од нивниот квалитет и/или од ориентираноста на емитентите да привлечат т.е. креираат поголема побарувачка. Со други зборови, на македонскиот пазар на хартии од вредност му се потребни десетина квалитетни акции, но со нив и домашните и странските инвеститори треба да тргуваат многу повеќе. Секако, за оптималната композиција на оваа пожелна кошничка на акции од аспект на тоа колку тоа треба да бидат некои од моментално котираните акции, а колку тоа би биле некои компании кои сега не се на Берзата, може да се дискутира. Од друга страна, освен со акции на берзата има потенцијал да се тргува и со други финансиски инструменти, пред се со должнички хартии од вредност, а можеби и со структурни производи. Побарувачка за вакви инструменти докажано има, проблем е што никако некој емитент да се одважи и да започне ваков проект. Како илустрација, во последно време заинтересираноста на инвеститорите за обврзници е многу голема. Очигледно институционалните инвеститори, а и некои други, со нетрпение ги чекаат овие хартии од вредност, што е поврзано со општиот пад на каматните стапки, недостатокот на долгорочни финансиски инструменти итн. Ова особено се покажа по неодамнешното котирање на последната емисија на државните обврзници за денационализација. Токму овие трендови покажуваат дека е добар момент некој конечно да издаде корпоративна или прва општинска обврзница. (Иван Штериев, директор на Македонската берза на хартии од вредност во „Фактор“)

ИНТЕРЕНТ ПАЗАРОТ НА ИГРИ НА СРЕЌА ВЕЌЕ ПОЧНУВА ДА СЕ РЕГУЛИРА Интерент пазарот на игри на среќа веќе почнува да се регулира во рамките на Европска унија, поточно во Европската асоцијација на организатори на ваков вид игри на среќа. Според насоките на Европската асоцијација, организаторите треба да се задржат во рамките на своите држави, доколку има регулатива на домашниот пазар да се задржат на тие регулативи. Кај нас од минатата година, тој пазар е регулиран така што првите две години ексклузивното право за организирање на ваков вид игри на среќа го има Државна видеолотарија на РМ, компанија која ја формира државата заедно со странскиот партнер, а по истекот на тие две години, пазарот ќе биде отворен, но тоа отворен не значи дека странските провајдери ќе може да зрачат овде и да организираат ваков вид игри на среќа туку да се лиценцираат, да добијат одредени лиценци преку кои практично ќе се донесат поголеми придобивки за играчите, повеќе отколку за државата. Лиценцата која ја има Државна видеолотарија на РМ во таа насока е екслузивност на оваа фирма, а би требало времено да трае две години. Целта е да се осознае овој бизнис и врз база на тие сознанија, потоа да се направат позитивни и навремени мерки за регулација на пазарот. Не само од аспект на прибирање на средства за државата во форма на даноци или одредени лиценци, туку и заради тоа што еве сега на пример, во моментов вие се регистрирате на некој надворешен сајт, па доколку парите ви бидат земени, како ќе се заштитите? Каква е сигурноста на играчите дека парите кои ќе ги уплатат за обложување ќе ги добијат – значи нема никаква регулатива. Доколку по тие две години странските сајтови и интеренет обложувалници бидат регистрирани во нашата држава, а се појави било какво незадоволство или нерегуларности од нашите играчи, тоа да може да се регулира според нашите закони. Тие сајтови сега практично работат на црно во Македонија. Голем дел од тие страни веќе не примаат играчи од Македонија да вршат уплата кај нив, не заради тоа што ги следат нашите законски регулативи, туку затоа што ги следат насоките на Европската асоцијација. Практично сите сериозни сајтови веќе не дозволуваат не само за Македонија, туку и за сите странски државјани каде што не се регулирани, во смисла на дозволи, одредени лиценци … (Дане Кузмановски извршен директор на Државна Видеолотарија на Република Македонија)


четврток, 18 јуни 2015, Бр. 228

БИЗНИС ИНФО

5

ПОДВЛЕЧЕНО

Скенирај и дознај повеќе

M

C

N IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

A

Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E

S

E


6

БИЗНИС ИНФО

четврток, 18 јуни 2015, Бр. 228

АКТУЕЛНО Стопанската комора на Македонија учествуваше на 9. Светски коморски конгрес кој се одржа од 10 до 12 јуни 2015 година во Торино

КОМОРИТЕ ВО ФУНКЦИЈА НА ГЛОБАЛНИОТ НАПРЕДОК НА БИЗНИСОТ

Стопанската комора на Македонија со своја делегација, предводена од потпретседателот на Комората, м-р Јелисавета Георгиева, учествуваше -- на 9-тиот Светски коморски конгрес, кој се одржа од 10 до 12 јуни 2015 година во Торино, Република Италија. Конгресот, кој го организираше Светската федерација на комори (ICC World Chambers), всушност, е најголемиот собир на деловни луѓе во светот, а годинава на него учествуваа над 900 претставници од стопански комори од целиот свет, големи компании, мали и средни компании, претставници од влади на различни земји, претставници од невладини организации, организации и здруженија за трговска промоција, граѓански општества, медиуми, бироа за туристичка конвенција, мрежата на меѓународниот кривичен суд, студенти, млади претприемачи и други. Светскиот коморски конгрес се одржува на секои две години во различни региони од светот. Истиот е единствен меѓународен форум за коморски и бизнис-лидери, место каде се нуди можност да се споделат најдобрите практични искуства, место за размена на идеи, развивање на мрежи, да се воспостават контакти во интерес на најновите бизнис-прашања кои влијаат на заедниците од каде се доаѓа, како и да се добијат инфромации за новите области на иновација од коморите од целиот свет. Деветтиот Светски коморски конгрес се одржа во Лингото комплексот во Торино, кој претставува одличен пример за индустриски обновен објект пренаменет за повеќе потреби, со повеќе објекти. Овој голем настан се одвиваше во текот на 3 работни денови, на кој учесниците партиципираа во 20 работилници, 3 пленарни сесии, 4 сесии за натрпревар, за време на коишто над 100 експертиговорници им даваа практични совети на сите учесници, кои ќе им овозможат на коморите и бизнис-заедниците да ги подобрат и да ги унапредат своите услуги, како и да се стекнат со поголемо професионално и лично искуство по нивното враќање дома. На свеченото отворање на Конгресот со поздравни говори се обратија Пјеро Фасино, градоначалник наТорино, Харолд Mк Гроу, претседател на Меѓународната трговска комора (ICC) со седиште во Париз, Петар Mикох, претседател на Словачката комора за трговија и индустрија и Винченцо Илоте, претседател на Комората за трговија, индустрија и ракотворби во Торино. Панелисти беа истакнати бизнисмени од повеќе земји-учесници на Конгресот, како и претседатели или учесници од коморите од целиот свет. На 9. Светски коморски конгрес беа изнесени теми поврзани со глобалната трговија во 21. век, храната, водата, енергијата и природните ресурси, глобалната мобилност, претприемништво за млади, финансирање на компаниите, доверба во владите и др. На темите со свои излагања настапија и Јонов Фредерик Ага, заменик-генерален директор


четврток, 18 јуни 2015, Бр. 228

БИЗНИС ИНФО

7

ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО на Светската трговска организација, Aранча Гонзалес, извршен директор на Меѓународниот трговски центар; Гиан Mариа Грос - Пјетро, претседател на Управниот одбор на банката „Интеса Сан Паоло“; ЛВ Јианжонг, претседател на Одборот при „Танг Вест“; Марош Шефчовиќ, заменик-претседател на Европската комисија за енергетика и Вилијам Лејси Свинг, генерален директор на Меѓународната организација за миграција. Особено конструктивно излагање за влијанието на глобалниот бизнис даде Рифат Хисарџиклиоглу, претседател на Б20 Турција - WCC Советодавниот форум, кој е воедно и претседател на Унијата на комори и стоковни берзи на Турција (TOBB) и заменик-претседателот на Eurochambеrs, кој ја образложи важноста на овој советодавен орган. Имено, според него, Бизнис 20 (B20) е важен механизам за бизнисот преку кој може да се артикулираат приоритетите и видно да се придонесе во градењето на одржлив економски раст на подолг рок, потенцирајќи дека неминовна е улогата и на малите и средни претпријатија (МСП) во економскиот раст и создавањето на нови работни места кои мора да бидат земени предвид во процесот и да се интегрираат во работата на Г-20. Турција ќе биде домаќин на Групата на 20 најразвиени земји (Г-20), што е главен форум во чии рамки се дискутира за меѓународната економска соработка на нејзините членки и се носат одлуки во таа област. Хисарџиклиоглу гласно упати порака дека бизнисот, од сите големини, мора да се обедини за да овозможи свој придонес во изготвувањето на реални политики, а од водачите на земјите од Г-20, ќе се бара максимална посветеност за спроведување на дадените деловни препораки и истите да бидат земени предвид. Во делот за темата за глобалните синџири на вредности беше потврдено дека истите се веќе доминантна карактеристика на глобалната економија денес, што придонесува природата на трговијата да се менува се` повеќе. Светската трговија, како што беше оценето, ја следи меѓународна глобализација на производството поттикната од страна на технолошкиот напредок, трошоците, како и пристапот до странските пазари и ресурси. Брзите промени во информатичката и комуникациската технологија (ИКТ) им помага на компаниите полесно да се движат преку границите и да настапуваат во глобалната економија. Споменат беше податокот дека локалните мали и средни претпријатија (МСП) учествуваат со околу 40 до 50 % во глобалниот синџир на додадена вредност на извозот. Од особена важност за земјите во развој е учеството, не само на големите фирми, туку и на малите и средни претпријатија во глобалните синџири на додадени вредности, што претставува околу 80% до 90% од вкупната работа на домашниот пазар. Менувањето на светската трговија ќе влијае на тоа колку успешно ќе работат бизнисите и компаниите во глобалните синџири на вредности. Светскиот коморски конгрес во Торино се обиде да даде одговор на прашањето како можат бизнисите и владите и нејзините институции постојано да работат заедно за да претставуваат потпора на трговијата и инвестициите и на најефикасен


8

БИЗНИС ИНФО

четврток, 18 јуни 2015, Бр. 228

АКТУЕЛНО начин да придонесат во економскиот раст и создавањето работни места во 21. век, што е еден од најгорливите светски проблеми. Што се однесува до коморите, посебно беше истакнато дека креирањето на здрава претприемничка средина и зголемувањето на економскиот развој и на трговијата, е во центарот на нивната мисија. Повеќе од 400 години, стопанските комори имале важна улога во обликувањето на претприемничкиот систем преку иницијативи за застапување на политики за воспоставување нови, но и развој на постојни процедури во економијата. Имајќи ја предвид суштинската улога на предводници на националните и локалните дебати за економската политика, стопанските комори, ги зајакнуваат способностите на нивните членови со воведување на нови и силни политики и процедури кои генерираат економски раст. Проектите кои припаѓаат на оваа категорија треба да вклучуваат законодавни активности, како што е поддршката, лобирањето, едукацијата на јавноста, градењето на капацитети, градењето на односите, соработката или граѓанскиот развој на лидерството. Покрај пленарните сесии, на Конгресот во Торино се одржаа и низа исклучително корисни работилници. Посебно се расправаше во правец на изнаоѓање што поразлични и помногубројни начини на финансисрање на малите и средни претпријатија. Деловните луѓе можеа да расправаат и да ги пренесат искуствата од функционирањето на Е-комори, функционирањето на институционалното решавање на споровите, бизнисвмрежувањата, интеракцијата со владините политики, општествената одговорност на компаниите и начините на нејзиното реализирање, иднината на сертификатите за потекло и слично. Се разбира, не беше пропуштена и можноста да се расправа и за коморското членство. Притоа, беше напоменато дека леснотијата на поврзување дадена од страна на технологијата и ИТ-алатките може да ги доведат во прашање потребните и постоењето на коморите. Но, коморите сепак имаат витална улога во овозможувањето на поединци да се поврзат едни со други и да им овозможат пристап до информации, но како организации што работат на база на членство, тие мора да истражуваат нови правци за поврзување како би останале релевантен извор за нивните членки. Најважно е, како што беше истакнато, да се оцени како членството во коморите да се приспособи на новите модели на управување и работење во насока на задоволување на потребите на членките и како тоа понатаму да се развива. За ефективно да им служат на членките и да напредуваат во работата, коморите мора да размислуваат


четврток, 18 јуни 2015, Бр. 228

БИЗНИС ИНФО

9

ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО за иднината на нивните структури. Светскиот коморски конгресот им обезбеди на делегатите, бизнисделегациите и излагачите богата бизниспрограма насочена кон размена на најдобрите практики, согледување на развојот на нови бизнис-можности и шанса за партнерства заради меѓународна деловна соработка. Стопанската комора на Македонија и нејзината делегација имаа бројни средби со значајни претставници на коморските системи од целиот свет, како и бројни билатерални деловни средби со другите учесници. На оваа манифестација успешно се претставија со свои штандови, на вкупен изложбен простор од 2.500 метри квадратни, изложувачи од целиот свет кои препознаа идеална можност за унапредување на своето работење и воедно и ги презентираа своите активности и услуги, како и можностите за бизнис во нивните региони. Воедно, во рамките на 9. Конгрес беа организирани и бизнис-средби меѓу сите учесници. Притоа, беше отворена можноста за поврзување на компанија - лидер во одделна индустрија, член, комора, од една страна со претставници на компании, комори, асоцијации од друга страна, од која било земја. Бизнис-заедницата е свесна за неизбежното глобално економско движење, кое започна години наназад пред актуелната економска криза. Економиите од целиот свет станаа повеќе заштитнички настроени, обидувајќи се да ги зајакнат нивните локални економии. Сепак, меѓународните пазари се од суштинско значење за економскиот раст. Потрошувачите сакаат производи од други делови на светот, а конкуренцијата ги држи цените стабилни и вмрежувањето е значајно во целиот овоj процес. 9. Светски коморски конгрес ги здружи економиите од 125 земји на едно место, со порака за поддршка на економскиот раст преку константен развој. Делегацијата на Стопанската комора на Македонија оствари бројни средби со претседатели и други претставници од стопанските комори-учесници на Конгресот, како и деловни средби со претставници од меѓународни институции и компании. На 10. Светски коморски конгрес, кој ќе се одржи во 2017 година, домаќин ќе биде Сиднеј, Австралија. Наташа Стојаноска


10

БИЗНИС ИНФО

четврток, 18 јуни 2015, Бр. 228

ПРЕДЛОЗИ

Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија и ХОТАМ со заеднички барања

ДОПРЕЦИЗИРАЊЕ НА ПРОПИСИТЕ ЗА СЕЗОНСКО ВРАБОТУВАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ НА НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА

Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, преку Регионалната комора со седиште во Охрид, а во соработка со Хотелската асоцијација на Македонија – ХОТАМ, одржаа заеднички состанок. На состанокот, што се одржа во Охрид, се разгледаа повеќе точки, кои угостителите, а и воопшто туристичките работници ги посочуваат како проблеми со кои се среќаваат во секојдневното работење. Вработувањето сезонски работници, субвенционирањето на девизниот прилив од туризмот и угостителството и нелојалната конкуренција од „Човек-агенциите“, кои на пазарот излегуваат со сомнителни понуди, ниски цени и неквалитетни услуги, беа темите дефинирани за состанокот. Во делот на примена на Законот за сезонски работници, забелешките на угостителите се дека тој треба да претрпи измени, во делот на вработените во хотелско-угостителските објекти кои работат во одредени сезони од годината, бидејќи во тој период вработените се максимално ангажирани, а по завршување на сезоната останува недефинирано како може да им се надоместат прекувремено одработените саати. За таа цел, на состанокот беше констатирано дека ќе треба да се види искуството од земјите, пред се`, во регионот како е решено ова прашање и согласно македонските услови да се направат соодветни измени на Законот, за што Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија и ХОТАМ ќе достават конкретен предлог до надлежните владини институции. Во таа насока беше разговарано дека за вработените во угостителството и туризмот неминовно е да се направат корекции и на Законот за хонорарно вработени лица, за што исто така е потребна дополнителна анализа. По основ на прашањето за субвенционирањето на девизниот прилив од туризмот и угостителството, беше посочено дека оваа стимулативна мерка била применета во изминатиот период, но за истата повторно да биде


четврток, 18 јуни 2015, Бр. 228

БИЗНИС ИНФО

11

ПОДВЛЕЧЕНО ПРЕДЛОЗИ активирана во следниот период првично ќе биде направена детална анализа пред да се даде конкретен предлог како истата да гласи. Угостителите, хотелиерите и воопшто туристичките работници забележуваат и на нелојална конкуренција од „Човек-агенциите“, кои на пазарот излегуваат со сомнителни понуди, ниски цени и неквалитетни услуги, што, како што рекоа на состанокот, во овој период од годината е посебно изразено во Охридскострушкиот регион. На состанокот беа присутни и претставниците од Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид, кои констатираа дека е добро што на ваков начин се разговара за сите овие проблеми и дека се подготвени како да помогнат во решавање на проблемите кои ги посочуваат учесниците во дејноста туризам и угостителство, со напомена дека сите предлози и иницијативи што стигнуваат до нив треба да бидат во писмена форма, со цел да има следственост при решавање на истите. Учесниците на состанокот посочија дека дел од нив имаат информација дека се подготвува туристичка инспекција, што ќе значи контрола и поголем ред во работата во оваа дејност, но при тоа забележаа дека е неопходно во следниот период да се контактираат и останатите инспекциски служби со цел решавање на нелојалната конкуренција на пазарот, која допира и други сегменти од работењето. Даниела Михајловска Василевска


12

БИЗНИС ИНФО

четврток, 18 јуни 2015, Бр. 228

ПРЕДЛОЗИ Разгледана Нацртнационалната стратегија за развој на информатичкокомуникациските технологии во Република Македонија за 2016 и 2017 година

ПОВИСОКИ ЗНАЕЊА ЗА ПОГОЛЕМА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ

Здружението на информатичко-комуникациските технологии, на својата редовна седница одржана на 11.6.2015 година, го разгледа текстот на Нацрт-националната стратегија за развој на информатичко-комуникациските технологии во Република Македонија, за периодот 2016-2017 година. Целта на оваа национална краткорочна стратегијата за ИКТ-секторот е постигнување подобра глобална конкурентност на земјата. Ова може да се направи преку промоција на економијата базирана на знаење, искористувајќи го огромниот потенцијал за извоз на ИКТ-индустријата, а со тоа да се оствари значаен скок во економијата, за доброто на сите граѓани и на општеството во целина. Националната краткорочна ИКТстратегија го покрива периодот до 2017 година и претставува прв чекор кон создавање долгорочна стратегија. Ова треба да биде добра основа за Националната стратегија за ИКТ (до 2020 година), која ќе и` помогне на Република Македонија во унапредувањето на развојот на информатичкото општество и да се создаде економија базирана на знаење. Националната краткорочна стратегијата за ИКТ-секторот ги презентира потребните упатства, инструменти и мерки за успехот, за да се зголеми придонесот на ИКТиндустријата во насока на одржлив економски развој и поддршка за создавање работни места во рамките на ИКТ и другите индустрии, со фокусирање на овие 4 (четири) области: обезбедување поддршка на бизнисот за ИКТ-компании; создавање на информатичко општество; промовирање на јавно-приватниот дијалог (PPD) и подобрување на формалното и неформалното образование, вклучувајќи го доживотното учење. Стратегијата ќе се спроведува на таков начин што постојните проекти и иницијативи (кои се во согласност со целите на оваа стратегија) мора да бидат признаени и поддржани. Ќе бидат отворени и нови проекти и иницијативи, според оваа стратегија. Во рамките на оперативниот план, мерките кои се дефинирани во документот на стратегијата ќе се операционализираат во индивидуални задачи. Секоја задача се состои од неколку активности кои треба да се спроведат за да се постигнат резултатите од соодветната задача. Мерките, задачите и активностите се подредени во една логичка низа која ги зема предвид меѓузависноста помеѓу нив и обезбедува синергија на ефекти, како и ефикасно спроведување на стратегијата. Оваа програма за работа ќе се развива кога ќе бидат вклучени сите засегнати страни и кога ќе бидат обезбедени: генерален план на проектот, како и листа на мерки со задачи и активности, кои ќе бидат опишани во детали. Оперативниот план ќе биде во фази, со проектни задачи, операционализирани и во одделни работни пакети и активности. Во рамките на оперативниот план, показателите ќе се дефинираат за секоја задача. Ова ќе го олеснува поблиску следењето на резултатите постигнати во текот на спроведувањето на ИТ-стратегијата и резултатите. Така, оперативниот план ќе послужи како патоказ за целиот процес на имплементација на стратегијата и ќе ги содржи следните структурни елементи: одговорности и задачи, приоритет, буџет, очекувани резултати, показатели на резултати, испораки, тајминг, коментари, организациска структура и процеси. Лазо Ангелевски


четврток, 18 јуни 2015, Бр. 228

БИЗНИС ИНФО

13

ПОДВЛЕЧЕНО ПРЕДЛОЗИ

ПОД ЛУПА ПОДЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА

Собранието на Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори

На седницата на Собранието на Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори, одржана на 17.6.2015 година во Стопанската комора на Македонија, беше разгледан Предлог-правилникот за видовите на отпад, условите за извоз, увоз и транзит на отпад, методите за надзор над извозот, увозот и транзитот на отпадот, како и формата и содржината на образецот на дозволата за извоз, увоз и транзит на отпад. Раководителот на секторот за отпад при Управата за животна средина, Ана М. Каранфиловска ги презентираше новините во регулативата која се однесува на поделбата на видовите отпад во склад со Европската директива на т.н. „зелена листа“ отпад од т.н. „жолта листа“ опасен отпад - отпад дефиниран од Базелската конвенција којшто согласно новините во регулативата треба да ја следи оваа конвенција. За извозот на отпад од т.н. „зелена листа“ во иднина нема да биде потребна дозвола за извоз, туку само известување до Министерството за животна средина и просторно планирање. Во дискусијата беа дадени начелни забелешки со кои правилникот би ја реализирал својата цел, а тоа е да се олесни процедурата за увоз, извоз и транзит на отпад. Конкретните забелешки на членките на Асоцијацијата и другите заинтересирани ќе бидат предмет на разгледување и усогласување на состанок што ќе се одржи за 15 дена, во рамките на Асоцијацијата. Овој важен и обемен подзаконски документ од денес е ставен на јавна расправа и е поставен на сајтот на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk, a заинтересираните стопански субјекти можат да го добијат и во Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори при Стопанската комора на Македонија. Членките на Асоцијацијата разговараа и за актуелни прашања од работењето, како што е проблемот со примена на персоналниот данок од доход при исплата на откупот. Имено, со воведување на персоналниот данок на доход се создаде поголем ред во дејноста на управувањето со неопасен отпад, а истото беше заложба и предлог на Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори. Но во примената на овој закон членките на Асоцијацијата се соочија со сериозни проблеми кои беа презентирани пред претставниците на Управата за јавни приходи. Беа дадени конкретни примери за се` уште присутни нелегитимни појави, за чие надминување Асоцијацијата ќе даде предлог-иницијатива до Министерството за финансии и до Управата за јавни приходи за трајно решение, кое засега се гледа во зголемување на персоналниот данок од доход при откуп на секундарни отпадни суровини. Прашањето со роковите за добивање дозволи за увоз и извоз на неопасен отпад, кое беше актуелизирано и на средба на министерот за животна средина со претставници на Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори се` уште не е надминато. Се` уште се пробиваат законските рокови за добивање на дозволите и покрај уредно поднесените барања и документација. Се очекува новиот правилник да го надмине ова прашање. За допрецизирање на текстот на правилникот членките на Асоцијацијата беа повикани во најкус можен рок да ги достават своите забелешки во насока на успешна практична примена на истиот и олеснување на постапките и процедурите во извозот, увозот и транзитот на неопасниот отпад. Зорица Мешкова


БИЗНИС ИНФО

14

четврток, 18 јуни 2015, Бр. 228

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Активностите во „Макстил“ АД Скопје за добивање на еколошката дозвола се завршени

ВЛОЖУВАЊЕ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЧИСТА ЖИВОТНА ОКОЛИНА

Компанијата „Макстил“ соопшти дека се завршени сите активности кои произлегуваат од еколошката дозвола добиена од Министерството за животна средина и просторно планирање. Од компанијата информираат дека се завршени останатите четири обврски од оперативниот план, односно инсталирање на постројка за прифаќање на секун-дарните емисии од електролачната печка, казанската печка и системот за додато-ци, спроведување континуиран мониторинг на сите емисиски точки, изградба на складиште за филтерска прашина и наоѓање решение за нејзино рециклирање и складирање на троската и техничко решение за нејзино рециклирање. - Во духот на преземената обврска за континуирано навремено известување на јавноста, сакаме да информираме дека „Макстил“ ги заокружи сите активности од оперативниот план, со напомена дека мерната станица за амбиентален воздух е набавена, но сe уште не е поставена поради административни проблеми, велат од „Макстил“. Вредноста на целокупниот план на активности за приспособување кон законските одредби изнесува 22 милиони евра, од кои за четирите последни инвестиции се одвоени 12 милиони евра. - Битно е да се нагласи дека овој систем претставува исклучително важно и тех-нички комплексно решение и не станува збор само за поставување „обични фил-три“ на оџаците во Челичарницата, како што одвреме-навреме се шпекулираше во јавноста, истакнуваат од компанијата додавајќи дека носител на проектот била италијанската фирма СТГ (Текоаер). (МИА)

Стопанска банка АД - Скопје во Прилеп отвори нов деловен простор

ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ И НАЈСОВРЕМЕНИ ФИЛИЈАЛИ НА БАНКАТА ВО МАКЕДОНИЈА

На 16.6.2015 година во присуство на голем број стопанственици и гости, Стопанска банка АД Скопје, во Прилеп отвори нов најсовремен деловен простор, еден од најубавите деловни простори во Македонија. Во присуство на генералниот директор и претседател на Управниот одбор, Диомидис Николетопулос, генералниот директор за управување со ризици м-р Тони Стојановски, генералниот директор за корпоративно банкарство м-р Теодолус Скордис, генерален директор за банкарство на мало Милица Чапаровска –


четврток, 18 јуни 2015, Бр. 228

БИЗНИС ИНФО

15

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Јовановска, градоначалникот Марјан Ристески и голем број угледни стопанственици, гости и медиуми, поздравен говор одржаа регионалниот директор на Стопанска банка АД - Скопје, Стевчо Димески, член на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Прилеп и директорката на филијалата во Прилеп, Катерина Небрежанец. Стопанска банка АД - Скопје поради големиот број коминтенти од регионот реши да го прошири деловниот простор и ги обедини досегашните две експозитури во една деловна просторија за која може да се каже дека е една од најголемите и најсовремени филијали на Банката во Македонија. Завршната церемонија на пуштањето на новиот деловен простор на Банката заврши со несекојдневен огномет што ја збогати празничната атмосфера на градот Прилеп, во кој моментално се одржува и јубилејниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој оваа година прославува 50 години од постоењето. Ристо Најдоски

„ВИТАМИНКА ОПЕН“ ВО ЗАПРЕШИЌ СО 40 НАТПРЕВАРУВАЧИ

ПИ „Витаминка“ од Прилеп беше спонзор на голф турнир во Република Хрватска

Македонската компанија „Витаминка“ беше спонзор на голф турнирот „ВИТАМИНКА OPEN” во Запрешиќ, Република Хрватска. На овој турнир учествуваа околу 40 натпреварувачи, а покрај големиот број посетители, имаше и претставници на фирми од Хрватска кои активно соработуваат со „Витаминка“. Овој настан е уште една потврда за развиената општествена одговорност на компанијата „Витаминка“ која секогаш бара начини да спонзорира и поддржи најразлични културни, спортски и граѓански манифестации и иницијативи како во Македонија,така и надвор од неа.(Витаминка)


16

БИЗНИС ИНФО

четврток, 18 јуни 2015, Бр. 228

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

„Кожувчанка“ и „Жито Маркети“ во заедничка хуманитарна мисија

КАМПАЊА ЗА НОВИ АПАРАТИ НА КЛИНИКАТА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО

Синџирот на супермаркети „Жито Маркети“ и компанијата за вода „Кожувчанка“ ќе спроведат донаторска кампања за нови апарати на Клиниката за гинекологија и акушерство - Скопје. Кампањата ќе се одвива под името „Со мал дел до голема цел“, во периодот од 15 јуни до 15 август во сите општини каде „Жито Маркети“ има свој продажен објект. - Оваа кампања е доказ дека нашата идеја за подобрување на општото добро на граѓаните се проширува. Овој пат заедно со „Кожувчанка“ решивме да придонесеме за Клиниката за гинекологија и акушерство и заедно со нашите потрошувачи да продолжиме да придонесуваме за подобар и поквалитетен живот за сите граѓани, - истакна Стојанче Тодороски, маркетинг директор на „Жито Маркети“. Граѓаните ќе добијат можност да ја искажат својата хуманост со поддршка на кампањата. Нивното директно учество е овозможено со купување на „Кожувчанка“ во кој било „Жито Маркети“, со што ќе се издвојуваат средства за фондот за донација. Овие средства понатаму ќе се искористат за нови апарати за Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. - „Кожувчанка“ постојано бара начини како да им помогне на најранливите категории од нашето окружување. Токму поради тоа се одлучивме на ваков тип на соработка со „Жито Маркети“ што исто така е општествено одговорна компанија која се грижи и се залага за истите хумани цели како и ние, - изјави Ратко Мицев, маркетинг менаџер на „Кожувчанка“. Ваков пример на соработка помеѓу компании е доказ дека нивната грижа за граѓаните е значително важна за подобрување на општеството. - Ја поздравуваме оваа хуманитарна акција на „Жито Маркети“ и на „Кожувчанка“. Посебно не` радува што компаниите самоиницијативно бараат начини како да ги подобрат условите во јавните установи. Им благодариме што овој пат одбраа тоа да биде нашата клиника, - изјави примариус д-р Драган Тантуровски, од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Ова не е прва донација и кампања од ваков тип и за„Жито Маркети“ и за„Кожувчанка“. И двете компании општествената одговорност и грижата за заедницата ја имаат како приоритет во своето работење и ќе продолжат да придонесуваат за подобрување на условите во различни општествени сегменти. („Кожувчанка“ и „Жито Маркети“)


четврток, 18 јуни 2015, Бр. 228

БИЗНИС ИНФО

17

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

ИНФОРМИРАЊЕ И ЕДУЦИРАЊЕ НА НАЈМАЛИТЕ ЗА ЗДРАВИТЕ НАВИКИ

Карванот Вива и Златно Славејче развеселија повеќе од 6000 деца

Со многу забава, игри и песни, карванот на Вива и хорот на Златно Славејче го заокружи своето прво успешно патување низ Македонија.Карванот започна во Македонска Каменица и Делчево, а патувањето продолжи во Охрид, Струга, Кичево, Струмица, Радовиш и Крива Паланка. Веселиот, распеан карван поминувајќи низ седум градови од Македонија, понуди освежување со многу детски ноти и вкусни витамински Вива сокчиња. Повеќе од 6000 деца присуствуваа на овој музички краван и секое од нив беше освежено со Вива сокче полно со витамини. Со овој караван Вива и Златните Славејчиња им го разубавија секојдневието на децата од градовите во Македонија и им овозможија да се радуваат на убавата детска мелодија. Воедно, со делењето на витаминските сокчиња претставниците на Вива ги информираа и едуцираа најмалите за здравите навики. Уживајќи во вкусовите на здравите и природни освежителни сокчиња, посетителите заедно со хорот на Златно Славејче ги пееја добро познатите детски хитови од најголемиот и најпознат детски музички фестивал, меѓу кои и химната за Вива. Атмосферата беше комплетна со водителот Влатко Илиевски кој ги забавуваше децата со интерактивни игри и мини натпревари и од град во град стануваше сè повесело и повозбудливо. Присутните деца беа анимирани со разни активности и во текот на настаните со голема радост очекуваа што следно ќе се случи.(Вива)

СЕКОГАШ НА ПРВО МЕСТО Е КЛИЕНТОТ

„Евроинс Осигурување“ ќе ја зацврстува својата позицијана пазарот

Менаџерскиот тим на „Евроинс Осигурување“ доби засилување со новиот член, г-ѓа Ралица Губерова, назначена на позицијата извршен директор, која ќе ја извршува заедно со постојниот извршен директор, Јанко Николов. Со доаѓањето на Губерова во менаџерскиот тим, ќе се додаде нов квалитет, ќе се покаже поголема проактивност, како и зацврстување на позицијата на осигурителниот пазар во Македонија. Менаџерскиот тим Губерова и Николов, ќе претендира кон внесување на нови стандарди во работењето, проширување на деловните потенцијали, како и зголемување на портфолиото на осигурителните производи и пакети на компанијата. - „Евроинс Осигурување“ е компанија што детерминирано оди напред во зацврстување на својата позиција на пазарот, модерна и динамична, која го држи чекорот во осигурителната дејност врз принципите на реалност, но и флексибилност кон условите на пазарот и потребите на своите клиенти. Со доаѓањето на Ралица во менаџерскиот тим отвораме нова страница во работењето на компанијата, а тоа значи поголема транспарентност, зголемување на понудата и адаптирање на потребите на осигуреникот во Македонија, - изјави Јанко Николов, извршен директор на „Евроинс Осигурување“. Госпоѓата Губерова е веќе 4 години во тимот на „Евроинс Осигурување“ на позицијата финансиски директор. Претходно доаѓа од меѓународна компанија од доменот на даночниот консалтинг, финансиски услуги и ревизија. Ралица поседува и EMBA (Executive Master of Business Administration) диплома од Cortugli business школата во Хрватска.


18

БИЗНИС ИНФО

четврток, 18 јуни 2015, Бр. 228

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА - Досегашното искуство како и заедничките ставови и визии за развој на компанијатa, ќе придонесат за позитивен раст и ширење на активностите и квалитетната осигурителна понуда. Одиме чекор по чекор, а резултатите треба да бидат квалитетна осигурителна понуда, адаптирана за условите на пазарот. „Евроинс“, како дел од „Еврохолд“ Групата, има сериозна парспектива, одличен тим и потенцијал, што ме уверува дека заеднички и со вложување на многу труд на пазарот на којшто секогаш на прво место е клиентот, полека но сигурно ќе ја заземеме позицијата на квалитетниот избор за осигурување на граѓаните и на бизниссекторот, - изјави г-ѓа Ралица Губерова, извршен директор на „Евроинс Осигурување“. „Евроинс Осигурување“ е компанија со над 150 вработени и 43 експозитури во Скопје и сите останати градови во Македонија. Од 2008 година стана дел од „Еврохолд“ - Бугарија – водечка бугарска компанија со деловни активности претежно во Југоисточна Европа, фокусирана во обезбедување на небанкарски финансиски услуги и управување со средства. „Евроинс Осигурување“ АД - Скопје е четвртата осигурителнa компанија основана на територијата на Република Македонија во 1995 година. Во 2008 година компанијата „Евроинс Иншуранс Груп“ (EIG) Софија, од Република Бугарија (членка на Холдинг компанијата „Еврохолд“ - Бугарија АД), преку купување на мнозинскиот пакет на акции, стана мнозински акционер во „Макошпед Осигурување“ АД – Скопје, со над 90% во основниот капитал на друштвото. По ова, следуваше и ребрендирање на компанијата, внесувајќи го високо реномираниот бренд – „Евроинс Осигурување“ АД – Скопје. Со тоа, компанијата премина на повисоко оперативно ниво во осигурителниот бизнис во регионот. („Евроинс Осигурување“)

Германската ПроКредит Банка прослави 12 години успешно работење во Македонија

СЕКОГАШ НА УСЛУГА НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ БИЗНИСИ

На 10.6.2015 година ПроКредит Банка им подари на граѓаните спектакуларно доживување - небо од бои и ноти и многу позитивна енергија. Настанот беше организиран по повод 12-годишното успешно работење на германската ПроКредит Банка во Македонија. Дождот кој врнеше постојано до самиот почеток на настанот не ја спречи позитивната енергија. Во Градскиот парк во Скопје дојдоа многу родители и деца, клиенти и долгогодишни партнери на ПроКредит Банка, бројни граѓани. Присутните уживаа во несекојдневното дружење во природа - со мирисот на липи и трева, со добра музика и многу позитивна енергија. Настанот започна со едукативни игри и креативни работилници за најмладите. Вечерта граѓаните имаа можност да уживаат во едночасовен концерт на камерниот оркестар предводен од Емин Џијан, чија музика беше изведена за прв пат со цел подарокот од ПроКредит Банка за граѓаните да биде уникатно доживување. Како завршница небото над Скопје го обои спектакуларен музички огномет, кој за прв пат се изведе во Македонија и беше незаборавно доживување за граѓаните. -Овој ден го посветуваме на позитивната енергија, бидејќи тоа е движечка сила на секој од нас. Дванаесет годишното успешно работење на ПроКредит во Македонија сакаме да го прославиме на еден поинаков начин - со уникатен настан на отворено, настан кој е подарок за сите граѓани. Она што ви го подаруваме вечерва е токму во духот на ПроКредит - позитивна енергија, уникатност и ентузијазам во се` што работиме, - порачаа од ПроКредит Банка на настанот. Пред 12 години германската ПроКредит започна со работа во Македонија како специјализирана банка за финансиски услуги за мали и средни претпријатија. ПроКредит Банка веќе 12 години е енергична и прогресивна банка на бизнисите и граѓаните. (ПроКредит Банка)


четврток, 18 јуни 2015, Бр. 228

БИЗНИС ИНФО

19

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL

ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL

ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач


БИЗНИС ИНФО

20

четврток, 18 јуни 2015, Бр. 228

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!

АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-

Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот. Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој метод на обука, која вклучува микс од техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависност од Вашата потреба. Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и светски компании. Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас. Предавач: Љупчо Георгиев, директор на „Густав Кезер Тренинг Интернационал Македонија“, лиценциран тренер со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи.

Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија.

Уписите за обуката се во тек.

Сите учесниците добиваат: • материјали за работа • мемориски картици • ЦД и дополнителна литература • консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6 месеци • интернационално признат Сертификат од Густав Кезер Тренинг Интернационал и Сертификат од Бизнис Центар за Тренинг и Обука • контролен ден

За подетални информации контактирајте со нас: Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

четврток, 18 јуни 2015, Бр. 228

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ – ОБУКА СО СТУДИСКО ПАТУВАЊЕ ВО ВИЕНА Во соработка со WIFI Институтот при Сојузот на кВо соработка со WIFI Институтот при Сојузот на комори на Австрија, Стопанската комора на Македонија преку својот Бизнис центар за тренинг и обука организира тренинг програма на тема:

За повеќе информации слободно контактирајте не: Симона Ристоска 02 32 44 067 simona@mchamber.mk

Борис Тримчев 072 207 091 boris@mchamber.mk

“Жени претприемачи” Програмата се состои од два дела, односно од теоретска обука со предавач од WIFI Институтот која се одржува во Скопје, а вториот дел е студиско патување во Сојузот на комори во Виена.

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Osnovana 1922

Искористете ја можноста за интернационален know - how трансфер и учете од најдобрите во Европа! Станува субвенционирана достапна цена.

збор програма

за по

Програмата трае 9 дена, од кои 6 тренинг дена во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје и 3 дена во Виена, Австрија и B2B средби. Средбите се организираат во зависност од Вашиот интерес и индустријата во која дејствувате. Престојот, семинарите и посетите се во организација на WIFI AUSTRIA. Сместувањето е во хотел, по двајца учесници во двокреветна соба. Уписите се во тек! Посетата во Виена, Австрија ќе се одржи по завршување на обуката и полагање на тестот.

Founded 1922

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

ТРЕНИНГ-ПРОГРАМА НА ТЕМА: „ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ“

WIFI AUSTRIA ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР

УСПЕХ СО WIFI Институтот за промоција на економскиот развој (The Institute for Economic Promotion – Wirtschaftsförderungsinstitute/WIFI) во рамките на Сојузот на комори на Австрија (Austrian Economic Chambers) е партнер на австрискиот бизнис на полето на едукација и развој на човечките ресурси, со регионална организација во сите девет области на Австрија и 80 претставништва ширум светот. Секоја година, 300.000 учесници посетуваат некој од понудените курсеви и семинари кои се повеќе од 25.000, на коишто предаваат 12.000 тренери ангажирани од WIFI, a избрани директно од бизнис-заедницата.

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР Тимот на WIFI задолжен за интернационален know-how трансфер обезбедува семинари и менаџмент курсеви ширум светот кои нудат дополнителна предност на тој начин што на учесниците кои успешно ќе ги завршат овие курсеви им овозможуваат директен контакт со австриски компании, со цел да имаат активна улога во економскиот развој на целните земји додека истовремено имаат активна улога и во отворањето на вратите за австрискиот бизнис.


22

БИЗНИС ИНФО

четврток, 18 јуни 2015, Бр. 228

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Kомплетна обука согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија

„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“ Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со менаџментот и организацијата на човечките ресурси во компаниите. Истата содржи 80 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Програмата започнува со општ вовед во менаџментот на човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти на струката потребни за стекнување менаџерски вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за Програмата „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ кој е признат од Министерството за образование и наука. ТРЕНЕРИ: Доц. д-р Љупчо Ефтимов Доцент на Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на прв и втор циклус студии одржува настава по предметите Менаџмент на човечки ресурси, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на перформанси. Од 2013 година ја извршува функцијата раководител на студиската програма од втор циклус студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси. Член е на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Член е на Комитетот за човечки ресурси при Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Р. Македонија. Член е на Техничкиот комитетот за менаџмент на човечки ресурси при Институтот за стандардизација на Р. Македонија. М-р Драгана Томиќ Пилиповиќ Професионален консултант, основач и претседател на Центарот за општествено одговорно претприемништво (ЦООП) - Белград, а во текот на својата кариера работела на следните позиции: - заменик-претседател на Секторот за човечки ресурси и обучувач во AIESEC, Економски факултет – Белград; - консултант во областа на тренинг и менаџмент на човечки ресурси во „Срма Консалтинг“ – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во Ерсте Банка – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во „ФармаСвисс“ ДОО - Белград. Д-р Зоран Михајлоски Во текот на својата богата кариера д-р Зоран Михајлоски бил судија во Апелациониот суд во Скопје, во специјализираниот оддел за работни спорови од 2002 година, претседател на специјализираниот оддел за работни спорови на Апелациониот суд - Скопје, едукатор во Правната школа на постојни судии од Европската унија во Барселона, Шпанија, од областа на

националните работни законодавства, постојан предавач на постдипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и вонреден професор на Факултетот за правни науки при Универзитетот „Американ Колеџ“ - Скопје. Автор на повеќе научни и стручни трудови од областа на трудовото и деловното право.

Дополнителни информации: • Предавањата се распоредени во 10 тренинг дена (вкупно 80 школски часа) и се одржуваат два до три пати неделно. • Обуката започнува во периодот април – мај 2015 година. • Број на учесници во група: 10 – 20 учесници. • Во зависност од тематската целина предавањата се одржуваат на македонски или на српски јазик. • Сите учесници добиваат потврда за присуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија. • Услов за да се стекне Сертификатот за „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит. Котизација за учество: - 27.900 денари за 1 учесник; - 10% попуст за втор учесник од иста компанија и - 15% попуст за трет и секој следен учесник од иста компанија, невработени лица и студенти. Учесниците добиваат: - Материјали; - Освежување и - Сертификат.

Контакт: Симона Ристоска +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

четврток, 18 јуни 2015, Бр. 228

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар: „УПРАВУВАЊЕ СО

ЗАЛИХИТЕ - ОПТИМИЗАЦИЈА НА ЗАЛИХИТЕ“

22-23 јуни 2015 година 9:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ПРОГРАМА: 22 јуни 2015 година 1. ПОИМ ЗА ЗАЛИХИ 1.1. Улога и функција залихите; 1.2. Водење на залихите трговски компании; 1.3. Водење на залихите производни компании; 1.3. Класификација залихите на производи.

на во во на

2. ТРОШОЦИ ЗА ДРЖЕЊЕ НА ЗАЛИХИ 2.1. Трошоци на залихите во трговски компании; 2.2. Трошоци на залихите во производни компании. 3. УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЛИХИТЕ 3.1. Процес на управување со залихите; 3.2. Политика на управување со залихите; 3.3. Системи на управување со залихите. 23 јуни 2015 година 4. МОДЕЛИ НА УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЛИХИТЕ 4.1. Модел на економични количини за нарачка; 4.2. Just in time модел (JIT); 4.3. MRP модел; 4.4. Планирање и контрола на залихите на основните пазарни услови за дистрибуција (DRP); 4.5. ABC Класификација; 4.6. Метод на најповолен момент на нарачка; 4.7. Метод на сигнални залихи.

Предавачи: *Игор Чика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. *Слободан Аќимовиќ, директор и водечки консултант во компанијата „TQM Konsalting“ од Нови Сад. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 5. ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СИСТЕМОТ ЗА Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЛИХИТЕ E-адреса: anita@mchamber.mk 6. МЕРИЛА ЗА ЕФИКАСНОСТ НА МЕНАЏИРАЊЕТО НА ЗАЛИХИТЕ


24

БИЗНИС ИНФО

четврток, 18 јуни 2015, Бр. 228

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 24 и 25 јуни 2015 год , од 10:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

Дводневна обука: ПОДГОТОВКА НА КОМПАНИИТЕ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ЕВРОПСКИТЕ ПРОГРАМИ „ХОРИЗОНТ 2020“ И „КОСМЕ 2014-2020“

Европската комисија за следниот седумгодишен период (2014-2020 година), креираше грантови во рамките на ЕУ-програмите„КОСМЕ“ и„ХОРИЗОНТ 2020“ за подигање на конкурентноста и иновативноста на компаниите зацртани во Европската стратегија 2020.

Стопанската комора на Македонија од досегашното искуство во работењето на европските програми, утврди дека овие фондови се главната алатка со којашто ЕУ ги поддржува економскиот развој, социјалната кохезија и развојот на демократските вредности во земјите-членки на ЕУ и земјитекандидати за членство. Со овие програми се поддржуваат истражувањето и иновациите, со цел поголема конкурентност и креирање нови работни места. Република Македонија е дел од земјите кои имаат целосен пристап до наведените програми. Програмата „Хоризонт“ поддржува финансирање на проекти за истражување и иновации, мобилност на истражувачи, трансфер на нови технологии, стекнување на нови знаења и експертиза, како и кофинансирање на одредени активности поврзани со развој на нови производи и воведување нови технолошки процеси. Од особен интерес за компаниите е новиот Инструмент за МСП како дел од Програмата „Хоризонт 2020“, кој е наменет исклучиво

за мали и средни компании. Програмата „Косме“ има за цел да ја поттикне конкурентноста на компаниите преку обезбедување подобар пристап до финансии, бизнис-услуги за поддршка и промовирање на претприемништвото за мали и средни претпријатија, како и пристап до постојни и потенцијални претприемачи и бизнисорганизации за поддршка и развој на бизнисите. Со цел поттикнување на иновативноста и конкурентноста на македонските компании за активно аплицирање и искористување на средствата од европските фондови со акцент на Инструментот за МСП, Стопанската комора на Македонија овозможува детална и сеопфатна дводневна обука - интензивен тренинг со теоретски и практични знаења кои се применливи во малите и средни претпријатија, невладиниот сектор, организациите, универзитетите, тренинг-центрите, консултантските организации. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


четврток, 18 јуни 2015, Бр. 228

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Oбука: „МЕНАЏИРАЊЕ НА ФИНАНСИИ, КОНТРОЛА НА ТРОШОЦИ И УПРАВУВАЊЕ СО ДОБАВУВАЧИТЕ ВО ФУНКЦИЈА НА ТРОШОЦИТЕ“ THE RELATIONSHIP CENTRIC METHODOLOGY

25.06.2015 година, од 10 до 16 часот, во Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

од Скопје, каде работи веќе седма година. Во своето повеќегодишно искуство, консултантот има добиено - Презентација и примена на модели на финансиска повеќе сертификати од областа на ISO стандардите, прогноза и финансиско планирање, анализа на од областа на спојувања и аквизиции на компнаии, финансискиот ризик, анализа на финансиските менаџирање на финансии и капитални инвестиции, текови, изработка на cash flow анализа и управување систем на продажба, преговарачки и продажни техники, административен и финансиски менаџмент. со cash flow; - Изработка на оперативни планови за намалување на трошоците, презентација и применана cost-cutting идеи; - модели за управување со трошоци и залихи, анализа, вреднување и реконструкција на обврските; - Изработка на оперативни планови (дневни, неделни и месечни) за управување со финансиите - Планирање на финансиски алатки во функција на продажба, финализација на процесот на управување со финансиите, преку потврда на резултатите и давање конкретни совети; - Управување со добавувачи со цел наламување на трошоците. Аплицирај електронски / on-line Предавачи: *Михаил Китановски е дипломиран електро Контакт: Анита Митревска инжињер на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Тел: ++ 389 2 3244057 Скопје. Предавачот има завршено последипломски Факс:++ 389 2 3244088 студии на Institute for Sociological, Political and Ju- Контакт Центар : (02) 15015 ridical Research, а воедно се има здобиено со повеќе E-адреса: anita@mchamber.mk дипломи и сертификати од областа на менаџментот, менаџмент на човечки ресурси, ISO 9001, ISO 14001, Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова ISO 17000, ISO 27001, процесен менаџмент, маркетинг, Тел: ++ 389 2 3244074 менаџирање на финансии, систем на продажба и Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 продажни техники. *Јасмина Илиевска е моментално вработена како E-адреса: beti@mchamber.mk Консалтинг Менаџер во компанијата Д2ЕМ Консалтинг


26

БИЗНИС ИНФО

четврток, 18 јуни 2015, Бр. 228

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

2 јули 2015 година 10:00- 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

Обука: „ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ – ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ“

Успешно учество на постапките за доделување на договори кои се водат по електронски пат (пребарување огласи, преземање тендерска документација, поднесување понуди) и учество на електронски аукции

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. - примерок од најновото III издание на водичот ПРОГРАМА „Примена на Законот за јавните набавки во пракса“ за • Детално опишување на е-набавките и алатките учесниците кои ќе го нарачаат. што ги нуди ЕСЈН; • Креирање на кориснички профили и претставување и уредување на функционалноста на профилот на економскиот оператор; • Пребарување на објавени тендери и договори; • Поднесување на понудите преку системот; • Учество на е-аукции; • Претставување на случаи на „добра пракса” при спроведувањето на е-набавките и е-аукциите; • Интерактивни вежби! Секој од учесниците индивидуално ќе поднесе понуда и ќе учествува на електронска Аплицирај електронски / on-line аукција. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Обучувачи Тел: ++ 389 2 3244074 Обучувачите се експерти за јавни набавки и е-набавки Факс:++ 389 2 3244088 од Бирото за јавни набавки (Сектор за управување со Контакт Центар : (02) 15015 ЕСЈН) кои учествувале во развојот на е-набавките во E-адреса: beti@mchamber.mk РМ. Контакт: Анита Митревска Со оглед на видот на обуката – практични и Тел: ++ 389 2 3244057 интерактивни вежби и поминување на тест-сценарија, Факс:++ 389 2 3244088 учесниците е потребно да понесат преносен Контакт Центар : (02) 15015 компјутер (лап-топ). E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Osnovana 1922

Founded 1922

БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија

Уписите се во тек!


28

БИЗНИС ИНФО

четврток, 18 јуни 2015, Бр. 228

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 1 и 2 октомври 2015 година во Република Австрија

„ДУНАВСКИ РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС-ФОРУМ“ ВО ВИЕНА

Главната тема на Бизнис-форумот, петти по ред, е „Формирање синџири за снабдувачи за транспорт и логистика во Дунавскиот регион“. Посетителите ќе имаат можност да се сретнат со над 500 претставници на компании, со повеќе од 50 говорници од 15 различни земји, каде ќе се организираат повеќе од 20 тркалезни маси за решавање на прашања и предизвици на повеќеполарен свет, поврзуваајќи го Дунавскиот регионот на регионално и на глобално ниво со целиот свет, од следниве области: • Формирање синџири за снабдувачи; • Транспорт и логистика; • Информирање за статусот на стратегијата на Дунавскиот регион на макро и на регионално ниво во однос на приоритетните области на „Глобална поврзување, мобилност и мултимодалност”; • ЕУ-грантови и субвенции; • Најнови информации за регионот; • Деловни средби. На Бизнис-форумот ќе имате можност да се запознаете со вашите потенцијални партнери од индустријата, транспорт, логистика, од академски и владини институции, компании и стеикхолдери преку индивидуални деловни средби. Исто така, ќе имате можност да научите како да добиете пристап до Иницијативата за инвестиции од Европската унија (Juncker Investment Initiative), како и да учествувате на повеќе од 20 тркалезни маси. Учесниците ќе имаат одлична можност да се поврзат и да споделат искуства со еминентни личности од клучните носители на одлуки во земјите од Дунавскиот регион: Германија, Австрија, Словачка, Унгарија, Србија, Романија, Хрватска, Бугарија, Молдавија, Украина, Чешка, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, но исто така и од Кина, Тајланд, Виетнам, Индија, Обединетите Арапски Емирати, Турција, Русија, Грција, Северна Африка, како Тунис, Мароко, Алжир, Јужна Америка. Настанот е финансиран преку go-international, иницијатива на Сојузното министерство за наука на Австрија, истражување и економија и Австриската стопанската комора. Ве молиме, Вашиот интерес за учество на овој форум да го наведете во online формата на следниов линк: http://danuberegionbusinessforum.com/ , за да одредите со кои од наведените компании-учесници на Форумот би сакале да остварите бизнис-средби. Учеството на форумот е органичено, затоа пријавете се веднаш. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


четврток, 18 јуни 2015, Бр. 228

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бизнис-средба со австриски фирми - производители на прехранбени производи и интернационални трговци на големо и мало

„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ ВО ВИЕНА

На 7 октомври 2015 година Стопанска комора на Австрија, Виена

Стопанската комора на Македонија заедно со Трговското одделение при Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија и Стопанската комора на Австрија, организираат учество на бизнис-делегација од Македонија на деловни средби со австриски фирми - производители и интернационални трговци на храна и пијалaци. „MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ е настан со најголема посетеност и 10-годишна традиција, на којшто присуствуваат компании од целиот свет. Настанот ќе се одржи на 7.10.2015 година (среда), во Стопанската комора на Австрија во Виена. Ве покануваме на овој настан, со цел да реализирате соработка со австриските производители и со останатите учесници на деловните средби. „MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ нуди ексклузивна можност за компаниите од Македонија и од светот да ја зголемат својата мрежа на контакти, да пробаат нови производи, да запознаат нови добавувачи, да разменат нови идеи и да остварат соработка со врвни компании и експерти за производство и трговија на големо и мало со храна и пијалаци од целиот свет. Учеството на 675 компании и нивото на организација на настанот можете да ги видите на краткото видео во прилог: http://youtu.be/zhnJ2PKFJMw . Сите заинтересирани за учество на овој настан треба да го пополнат Пријавниот лист и да се регистираат на следниот линк: https://www.b2match.eu/food2015 . Искористете ја оваа можност и посетете го овој настан, кој ќе се одржи неколку дена пред најголемиот саем за прехранбени продукти ANUGA (10-14 Октомври 2015) во Келн. Пријавниот лист да се достави до лицата за контакт, најдоцна до 30.6.2015 година. За компаниите кои ќе се пријават за учество на деловните средби обезбедени се: - бесплатни две ноќевања со појадок, во хотел со 4 ѕвезди; Трошоците за превозот Скопје - Виена - Скопје го сносат самите компании. Бројот на места е ограничен. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


30

БИЗНИС ИНФО

четврток, 18 јуни 2015, Бр. 228

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА наменети за уредување на кујни и бањи. Валидност дo 10.8.2015 годинa. Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на специјална опрема за сигнализација на патишта и тунели. Валидност дo 11.8.2015 годинa. Компанија од Турција бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на медицински помагала и опрема, како и директна продажба на истите во болници, клинички центри, амбуланти итн. Валидност дo 11.8.2015 годинa. Компанија од Литванија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на опрема за бањи. Валидност дo 11.8.2015 годинa. Компанија од Литванија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на канцелариски материјали. Валидност дo 11.8.2015 годинa. Компанија од Пакистан заинтересирана е да Компанја од Кина бара дистрибутер за пласман пласира инструменти за хирушки, ветеринарни на лесни градежни машини во Република и стоматолошки интервенции во Република Македонија. Македонија. Валидност дo 12.8.2015 годинa. Валидност дo 9.7.2015 годинa. Компанија од Босна и Херцеговина заинтересирана е за соработка со леaрници во Република Македонија. Валидност дo 9.7.2015 годинa.

Компанија од Литванија заинтересирана е за пласман на рачно изработен мебел од дрво во Република Македонија. Валидност дo 12.8.2015 годинa.

Компанија од Германија бара дистрибутер за пласман на монтажни тенди и сали во Република Македонија. Валидност дo 10.7.2015 годинa.

Компанија од Литванија заинтересирана е да пласира сушено и замрзнато овошје во Република Македонија. Валидност дo 12.8.2015 годинa.

Компанија од Турција бара дистрибутер во Компанија од Германија заинтересирана е Република Македонија за пласман на производи да пласира адитиви за храна во Република за домаќинство од хромирани материјали Македонија. Валидност дo 12.7.2015 годинa.


четврток, 18 јуни 2015, Бр. 228

БИЗНИС ИНФО

31

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Турција бара соработка со компании во Република Македонија во областа каде е потребна монтажа и снабдување со полиетилен, полипропилен, ПВЦ плочи, цевки и дополнителни материјали (суплементи) против киселини и хемикалии. Валидност дo 12.7.2015 годинa.

Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на козметички препарати и еко детергенти наменети за деца и бебиња. Валидност дo 13.7.2015 годинa.

Компанија од Хрватска заинтересирана е да пласира филтерски единици за индустрија, Компанија од Литванија заинтересирана е за центрифугални вентилатори и вентилација во пласман на земјоделски машини во Република Република Македонија. Македонија. Валидност дo 16.8.2015 годинa. Валидност дo 13.7.2015 годинa. Компанија од Чешка бара дистрибутер во Компанија од Франција заинтересирана е за Република Македонија за пласман на поштенски соработка со фабрики во Република Македонија вреќи, платнени кеси за ситни пари и шатори за кои би шиеле капчиња. Тие нудат материјали за војска. нивно производство, како и машини за шиење Валидност дo 16.8.2015 годинa. доколку им се потребни на фабриките. Валидност дo 13.8.2015 годинa. Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на картонска амблажа, пластична амбалажа и разни фолии за пакување на храна. Валидност дo 13.7.2015 годинa.

www.mchamber.mk

Контакт:

Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Бизнис ИНФО број 228, 18.06.2015 by Economic Chamber of Macedonia - Issuu