Skip to main content

Бизнис ИНФО број 235, 17.09.2015

Page 1

БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642

bsi.

ISO 9001

Quality Management

years 5

192

FS 549642

2 - 201

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 235

www.mchamber.mk

17.9.2015

Повик за пријавување на кандидати во процесот на препознавање на претходни знаења и вештини стекнати со неформални обуки или работно искуство

СЛЕДИ СЕРТИФИЦИРАЊЕ НА РАБОТНИЦИ ЗА ЗГОЛЕМЕНА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА ОБЈЕКТИТЕ


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

Semejna kompanija

ЕЗБЕД ОБ У

�

B

C

UR

O

НИКО

�

SE

WUDQVSRUW FRPSDQ\

Б

ЊЕ ВА

�

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

БИЗНИС ИНФО

3

КОРПОРАТИВЕН СЕКТОР

НОВА НИСКО НАПОНСКА МРЕЖА ЗА ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА И НОВАТА НАСЕЛБА ВО МАРИНО

ЕВН Македонија ја модернизира дистрибутивната мрежа во општина Илинден

ЕВН Македонија стартуваше со реализација на проектот за изградба на нова и реконструкција на постоечката дистрибутивната електрична мрежа во oпштина Илинден. До крајот на годината и идната година ќе се гради нова ниско напонска мрежа за индустриската зона и новата населба во Марино. Исто така ќе се гради и нова мрежа, а и ќе се реконструираат постојните врски во стопанскиот комплекс Илинден. Во целост ќе се реконструира и 10 kV далекувод во областа Јака каде што ќе се изградат и нови дистрибутивни трафостаници за потребите на над 550 корисници кои во иднина треба да се приклучат на дистрибутивната мрежа. -За една успешна инвестиција не се пресудни само финансиите, туку прецизно исцртана енергетска инфраструктура во деталните урбанистички планови на општините. Затоа без проблеми и со брза динамика ЕВН ги реализира проектите во oпштина Илинден, - изјави Игор Гиевски, член на УО на ЕВН Македонија.- Со досега реализираните и новите проекти ќе се подобри квалитетот на напојувањето односно напонските прилики во индустриските зони, а ќе се подобри и квалитетот на снабдувањето со електрична енергија на сите постоечки корисници во Општина Илинден. -Одличната соработка со ЕВН овозможи да изготвиме прецизни урбанистички планови и да се проектира енергетска инфраструктура која во иднина ќе овозможи развој на општината, - рече градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски. - Проширувањето и подобрувањето на дистрибутивната мрежа ќе продолжи и во наредните години со што ќе продолжиме да создаваме услови за општина Илинден да прерасне во урбана и конкурентна општина во регионот и пошироко, со создадени услови за одржлив економски развој, подобрени услови за стопанисување, како и квалитетен живот на населението. ЕВН Македонија го реконструираше и среднонапонскиот извод на потегот село Бучинци кон село Грушино, каде што целосно се реконструирани 5 дистрибутивни трафостаници 10/0,4 kV. Во реонот на Миладиновци поставени се нови бетонски столбови и нова изолирана мрежа во должина од 1 километар. Целосно е реконстуиран далноводот кој проаѓа низ новата населба Јака во должина од 1000 метри. Во завршна фаза е поставувањето на нов среднонапонски извод од ТС Бунарџик до локалната индустриска зона Марино-Кадино во должина од 3300 метри кабелска мрежа. Новиот извод целосно ќе изврши подобрување на напонските прилики во овој реон и ќе овозможи квалитетно и сигурно снабдување на потрошувачите во овој реон и на индустриските комплекси кои се во изградба. Во целиот проект за изградба на нова и реконструкција на старата дистрибутивна мрежа во општина Илинден, ЕВН Македонија ќе вложи околу 500.000 евра. (ЕВН Македонија)


БИЗНИС ИНФО

4

четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

КОРПОРАТИВЕН СЕКТОР Енергетските компании ЕЛЕМ, ЕВН Македонија и МЕПСО доделија стипендии на нови 14 најдобри студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје (ФЕИТ)

ОД ЗАВРШЕНА ПРВА ГОДИНА СЕ РЕГРУТИРААТ НАЈДОБРИТЕ ИНЖЕНЕРИ

Енергетските компании ЕЛЕМ, ЕВН Македонија и МЕПСО на 14.9.2015 им доделија стипендии на нови 14 најдобри студенти со завршена прва година на електроенергетски насоки на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје (ФЕИТ). Државните ЕЛЕМ и МЕПСО ќе стипендираат по пет студенти, а ЕВН Македонија четири. - Ова е петата генерација студенти на ФЕИТ која добива стипендија од енергетските компании. Првата генерација која беше стипендирана веќе е дел од кадарот на компаниите. Тоа покажува дека проектот е успешен за факултетот, бидејќи се подобрува конкуренцијата и квалитетот на студирање, но и за енергетските компании кои ги добиваат најдобрите студенти, а се надевам во иднина и најдобрите инженери, што можат да ги профилираат со изборните предмети и менторите кои им ги доделуваат, - рече деканот на ФЕИТ, проф. д-р Миле Станковски пред додделувањето на стипендиите. Тој посочи дека се надева оти соработката со енергетските компании че продолжи континуирано. Помошник директорот за производство на АД ЕЛЕМ, Антонио Ивановски истакна дека во изминатите тригодини стипендирале 14 студенти на ФЕИТ и додаде дека и во иднина ќе продолжат со поддршката на најуспешните студенти. -Годинава во компанијата ги очекуваме првите дипломирани студенти стипендирани преку овој проект. Ваквите студнти ги гледаме как потенцијални идни колеги и менаџери кои во иднина ќе придонесат за унпредување на енергетиката во Македонија, - рече Ивановски. Менаџерот за човечки ресусрси во ЕВН Македонија, Анета Петковска Русомановски рече дека очекуваат нивните стипендирани студенти од ФЕИТ за неколку години да прераснат во стручни кадри кои ќе ја водат компанијата. Додаде дека првата генерација стипендирани студенти веќе е дел од ЕВН Македонија. - Со доделувањето на стипендиите за студентите од енергетските насоки на ФЕИТ придонесовме да има за три до четири пати повеќе студенти на овие насоки,- рече Петковска Русомановски и додаде дека и во иднина ќе продолжат со стипендирањето на најуспешните студенти и организирањето практиканска работа за нив во ЕВН Македонија. Шефот на Кабинет на МЕПСО, Иван Коробар прецизира дека секоја година се зголемува бројот на успешни студенти на ФЕИТ на енергетските насоки, поради што е многу тешко да се изберат најдобрите. Тој нагласи дека годинава МЕПСО стипендира повеќе студенти од лани. Се надева дека праксата за стипендирање на студенти ќе прерасне во традиција, бидејќи дава одлични резултати. Покрај традиционално доделените стипендии, на денешната церемонија беа доделени и награди и пофалници за најдобрите 60 студенти на ФЕИТ кои учебната 2013/14 година ја завршиле со успех 9 и над 9.(МИА)


четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

БИЗНИС ИНФО

5

КОРПОРАТИВЕН СЕКТОР

СОВРЕМЕН БЕБИТЕРМ ЗА ПРЕДВРЕМЕНО РОДЕНИ И БЕБИЊА СО КОМПЛИКАЦИИ

Нова донација од OKTA на Одделот за Интензивна нега на Клиниката за детски болести

Современ бебитерм што овозможува рамномерно распределување на температурата на бебињата кои се предвремено родени и со компликации доби Интензивното одделение на Клиниката за детски болести Скопје, како дел од кампањата „Шанса за живот“, иницирана од компанијата ОКТА. Ова е трета по ред донација, резултат од националната кампања која активно ја спроведува компанијата ОКТА веќе втора година, а ја подржаа голем број на јавни личности, граѓани и компании. Клиниката за детски болести за првпат добива ваков апарат што е од исклучително значење за нормален развој на бебињата. Апаратот е наменет за создавање на средина со оптимална топлина, потребна за предвремено родените бебиња и со тоа ги заштитува од несакани ситуации предизвикани од несоодветна температура при трансферот од инкубатор во нормална средина. -Ова е еден од клучните апарати потребни за интензивното одделение што ќе овозможи да создадеме совршена средина за новороденчиња. Досега компанијата ОКТА со кампањата „Шанса за живот“ ни помогна при набавка на нова и сервисирање на постоечката опрема. Иницијативата поттикната од оваа компанија покажа дека деловните субјекти може да направат многу во обединување на граѓаните под една заедничка цел. Како резултат на повикот упатен од компанијата и од нас, се подигна свеста за важноста од доброто функционирање на нашето одделение и овозможување на што подобра нега на предвремено и новороденчињата родени со компликации. Многу сме среќни што Владата најави одвојување на средства за целосно реновирање и опремување на одделот, што покажува дека оваа кампања ја подигна свесноста за проблемот“, изјави д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиника за детски болести, Скопје. Покрај оваа донација како дел од кампањата „Шанса за живот“, ОКТА веќе донираше нов инкубатор, пулсоскиметри и аспиратори, а беа сервисирани и три постоечки инкубатори. -Ни претставува огромно задоволство како компанија кога гледаме дека нашата заложба и труд имаат позитивен ефект. Несомнено е дека оваа кампања предизвика огромен интерес во јавноста и обедини многу граѓани, компании и организации со една иста цел. Неизмерно сме благодарни на сите кои ја препознаа потребата и активно се вклучија со донација и поддршка. Заедно успеавме значајно да придонесеме за овој оддел, а со ист ентузијазам ќе продолжиме и понатака, - изјави Марија Ставрева, менаџер за комуникации и општествена одговорност во ОКТА. Секој кој сака да помогне за целите на кампањата може да го направи тоа преку вртење на донаторските телефонски броеви 070/075/077 14 33 33, преку набавка на гориво од бензинските пумпи на ОКТА од чија продажба се одвојува процент за кампањата, како и можноста за директни донации преку наменски отворената сметка за кампањата 200002709659393, во Стопанска банка. (ОКТА)


БИЗНИС ИНФО

6

четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

КОРПОРАТИВЕН СЕКТОР

ПроКредит Банка, првата банка во Македонија која работи 24/7

ДНЕВЕН ПАЗАР МОЖЕ ДА СЕ УПЛАЌА ПО РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА БАНКАТА - НАВЕЧЕР, ЗА ВИКЕНДИ И ПРАЗНИЦИ

ПроКредит Банка е првата банка во Македонија која работи 24 часа, 7 дена во неделата. Банката вовдеде нов западновропски концепт на работење - Зона 24/7 која е составен дел од секоја филијала на банката. Секоја Зона 24/7 располага со модерна технологија по најновите стандарди во банкарството. На различните автомати и депозитни сефови клиентите можат самостојно да ги вршат банкарските операции во било кое време. Секоја услуга се извршува за максимум 2 минути. Во Зоните претпријатијата и нивните сметководители може да го уплаќаат својот дневен пазар по работното време на банката-навечер, за викенди и празници. Уплатените средства се достапни веднаш за понатамошни плаќања. Дополнително достапни се сите видови електронски плаќања, менувачко работење преку системот на електронско банкарство, а достапна е и можност за печатење на тековните изводи. Физичките лица можат да уплатата и подигнат денари од својата транскациска сметка, да вложат или извадат готовина од својата штедна сметка. Придружено со електронското банкарство граѓаните може да работат комплетно независно - да платат комуналии, да заменат девизи, да управуваат со салдата на штедните и трансакциските сметки. -Како германска банка сакаме да донесеме германски квалитети во банкарството во Македонија-модерна технологија, брзина, функционалност за клиентите. Свесни сме дека за многу прогресивни бизнисмени и професионалци времето е највредниот атрибут. Сметаме дека траснакциските услуги треба да бидат максимално брзи и достапни во секое време. Банката треба да се прилагоди на динамиката на клиентот, а не клиентот на редиците во банката . Затоа со новиот концепт на Зона 24/7 за речиси сите трансакции сме достапни 24/7. Ова остава повеќе расположливо време за разговор со клиентот и квалитетна советродавна услуга.- изјави Емилија Спировска, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка. ПроКредит започна со воведувањето на Зоните 24/7 во рамки на својата мрежа на експозитури од ноември минатата година. До сега имплементирани се Зони на 20 локации во Македонија. До крајот на годината Зоните кои се составен дел од сите експозитури на ПроКредит Банка во Македонија, ќе располагаат со дополнителни машини и функционалности. Станува збор за нов концепт во банкарството кој ПроКредит како меѓународна германска групација го веведе уште во 11 земји од Југоисточна Европа каде работи.На овој линк може да ги погледнете сите можности кои ги нуди Зона 24/7. (ПроКредит Банка)


четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

БИЗНИС ИНФО

7

ПОДВЛЕЧЕНО МОЖНОСТИ

СЕРТИФИЦИРАЊЕ НА ВЕШТИНИТЕ НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТНИЦИ ЗА ЗГОЛЕМЕНА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА ОБЈЕКТИТЕ

Објавен повик за пријавување на кандидати во процесот на препознавање на претходни знаења и вештини стекнати со неформални обуки или работно искуство

Во рамките на втората фаза на европската иницијатива BUILD UP Skills (градење на капацитетите на градежните компании за примена на енергетската ефикасност во градби) (http://www.buildupskills.eu), која има за цел подобрување на квалификациите и вештините за зголемена енергетска ефикасност на градежните работници, во Македонија, во тек е реализација и имплементација на клучната фаза на проектот и тоа препознавање (верификација) на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност на градежните работници. Во таа насока објавен е повик за пријавување на кандидати за препознавање на претходно знaење и вештини за енергетската ефикасност за следните занимања: фасадери, кровопокривачи, столари, инсталатери на греење, ладење и вентилација и инсталатери на електрични инсталации. Пријавувањето на кандидати кои поседуваат знаења и вештини стекнати со неформални обуки и/или работно искуство во градежни компании ќе трае до крај на октомври 2015 година и ги поттикнуваме градежните компании да ги пријават своите работници кои веке имаат стекнато искуство и образование, истите да се стекнат со Сертификати за поседување на знаења и вештини за енергетска ефикасност кои ке потврди дека се обучени да ги применуваат принципите на енергетска ефикасност во градби. Ова беше порачано од редовната прес - конференција во Стопанската комора на Македонија на тема: „Унапредување на вештините на градежните работници за зголемена енергетска ефикасност на објектите – започнат процесот на препознавање на претходни знаења и вештини стекнати со неформални обуки или работно искуство во рамки на проектот Build up skills “.На прес конференцијата на темата зборуваа: Јадранка Аризанковска, од Стопанска комора на Македонија, Лихнида Стојановска- Георгиевска од Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ, Ристо Иванов од Здружението на бизнис-консултанти „Креација“ и Линдита Казими од ЈУ Центарот за образование за возрасни. Во рамките на ЕУ, Европската Комисија го промовираше процесот на Препознавање на претходно стекнатото знаење и вештини, поставувајќи ги процедурите на препознавање во Европската агенда за модернизација на образованието. Еден кандидат може да се пријави за препознавање на знаењата и вештините за ЕЕ за едно или повеќе занимања од горе наведените.


8

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

МОЖНОСТИ Кандидатите треба да имаат завршено: основно или средно образование, или постсредно образование, т.е. мајсторски испит со V-Б степен на квалификации или четиригодишно средно техничко образование со IV степен на квалификации или тригодишно средно стручно образование со III степен на квалификации да имаат најмалку 5 (пет) години во струката односно занимањето за кое се бара сертификат, од кои најмалку 2 (две) години во спроведување на мерки за енергетска ефикасност. Сертификатите ќе ги издава Сертификационото тело во рамките на Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност (BUILD UP Skills – BEET)”; и сертификатите ќе имаат важност во рамки на самиот Проект во Македонија, Хрватска и Словенија, како земји-учеснички во иста работна група од BUILD UP Skills иницијативата. Дополнително, сертификатите ќе бидат препорачани од страна на Проектот за отпочнување на процедура за нивна верификација од Центарот за образование на возрасните. Сертифицираните работници, по добивањето сертификат, ќе можат да аплицираат на тендери каде се бараат работници со вештини за ЕЕ. Пријавувањето на кандидатите се врши електронски или преку веб страната на проектот www.beet. mk, со лична достава до Стопанската комора на Македонија или доставување на документи до партнерските оргтанизации на проектот или веке сертифицираните тренери и акредитирани за одредени региони во Република Македонија. Потребната документација која градежните работници треба да ја достават се состои од • пополнет ПРИЈАВЕН ЛИСТ; • копија од диплома за завршено образование; • сертификати од обуки во неформалното образование (институции и приватни установи што организираат обуки за ЕЕ); • доказ за работно искуство во струката. Како доказ за работно искуство може да се приложи заверена референтна листа, потврда од работодавач за ангажманот на кандитатот со податоци за работната позиција и времетраењето. За таа цел на 21 август беше објавен повик за градежните работници во весникот Нова Македонија, кој е објавен и на официјалната интернет страна на проектот www.beet.mk и на страната на Стопанска комора на Македонија www.mchamber.mk. Во изминатиот период беа обучени 200 тренери - обучувачи кои понатаму ќе ги обучуваат градежните работници во Македонија, така до крајот на 2015 година ќе се реализираат 5 вида на обуки за енергетска ефикасност во градежните работници во Македонија. Во Европа процесот на препознавање на претходно стекнатото знаење е процес веќе застапен и втемелен во процесот на Доживотно учење и вреднување на резултатите од учењето, кое може да биде стекнато со сите три облици на образование: формално, неформално и информално образование. Европската Комисија го промовираше процесот на Препознавање на претходно стекнатото знаење и вештини, поставувајќи ги процедурите на препознавање во Европската агенда за модернизација на


четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

БИЗНИС ИНФО

9

ПОДВЛЕЧЕНО МОЖНОСТИ образованието, и во рамки на проектот Обука на градежните работници за енергетска ефикасност со процесот на препознавање на претходното знаење им се дава мошност на работниците кои имаат стекнати искуства, вештини и знаења, но немаат сертификат за да го докажат своето знаење, да се здобијат со сертификат со што би се зголемила нивната конкуренстост на пазарот на труд. Со процесот на препознавање на претходно стекнато знаење во рамки на проектот ќе бидат опфатени 1000 градежни работници од Република Македонија. Предмет на препознавање ќе бидат искуствата, знаењата и вештините кои се во насока на утврдување на стручните квалификации на кандидатот, за едно од петте занимања, за кои веќе проектиниот тим ги разви или надгради постоечките стандарди на занимање и ги утврдени потребните стручни компетенции за: • Фасадери со вештини за енергетска ефикасност на згради • Кровопокривачи со вештини за енергетска ефиксаност на згради • Столари со вештини за енергетска ефикасност на згради • Инсталатери за греење и климатизација со вештини за енергетска ефиксост на згради • Инсталатери на енергетски ефикасни електрични инсталации. Сертификатите со кои ќе се стекнат градежните работници ќе бидат со иста важност како и сертификатите издадени после посетување на соодветна обука. Она што е значајно да се напомене е дека сертификатите освен во Македонија, ќе имаат важност и во Хрватска, Словенија и Грција во рамки на BUILD UP Skills иницијативата. За спроведување на процесот на препознавање ќе биде одговорно Сертификационо тело во рамките на проектот. Конзорциумот одговорен за имплементација на овој проект во Република Македонија е составен од: Стопанската комора на Македонија, како координатор на Проектот, Факултетот за електротехника и информациски технологии, ЈУ Центарот за образование за возрасни, Здружението на бизнис-консултанти „Креација“, Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД (Здружение на граѓани) и Факултетот за бизнис-економија од Скопје. Центарот за образование на возрасните како дел од проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност“ е одговорен за процесот на мониторирање во текот на реализација на обуките кои ќе ги вршат останатите партнери од проектот за петте вида на обуки за енергетска ефикасност во градежниот сектор во Македонија, со цел истите да влезат како верифицирани програми во рамки на обуките за неформално образование. Јадранка Аризанковска Партнери на Проектот:


БИЗНИС ИНФО

Обука на градежните работници за енергетска ефикасност BUILD UP Skills BEET - Builders’ Energy Efficiency Training Во рамките на ЕУ-иницијативата BUILD UP Skills (http://www.buildupskills.eu), која има за цел подобрување на квалификациите и вештините на европските градежни работници за постигнување на зголемена енергетска ефикасност на објекти, во Македонија во тек е реализација и имплементација на втората фаза на проектот „BUILD UP Skills – Builders’ Energy Efficiency Training (BEET)”. Иницијативата е фокусирана на континуирано неформално образование за различни занимања вклучени за изградбата на објекти. Целта на Проектот е реализација на тренинг-програми за развој и унапредување на вештини на работниците од градежниот сектор за постигнување на зголемена енергетска ефикасност во објекти, за 5 (пет) занимања кои во Патоказот (http://www.buildupskills.mk/images/Publikacii/Roadmap/EN_Roadmap_BUS-MK.pdf ) се дефинирани како приоритетни. Како дел од проектните активности, Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност(BUILD UP Skills – BEET)”, организира

ПРЕПОЗНАВАЊЕ (ВЕРИФИКАЦИЈА) на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност на градежните работници и објавува

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

на кандидати за препознавање на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност за следните занимања: фасадери, кровопокривачи, столари, инсталатери на греење, ладење и вентилација и инсталатери на електрични инсталации I.Предмет на повикот Предмет на повикот е пријавување на кандидати кои поседуваат знаења и вештини стекнати со неформални обуки и/или работно искуство во градежни претпријатија. Во рамките на повикот ќе бидат препознаени знаења и вештини за следните занимања на градежни работници: 1. фасадери со вештини за енергетска ефикасност на згради; 2. кровопокривачи со вештини за енергетска ефикасност на згради; 3. столари со вештини за енергетска ефикасност на згради; 4. инсталатери за греење, ладење и вентилација со вештини за енергетска ефикасност и 5. инсталатери на енергетски ефикасни електрични инсталации.

IV.Резултати/придобивки од обуките 1.Вид на сертификат Со успешно завршување на постапката на препознавање на вештините, кандидатите ќе се стекнат со Сертификат за поседување на знаења и вештини за енергетска ефикасност, кој се однесува на определеното занимање. 2.Важност на сертификатите: • сертификатите ќе ги издава Сертификационото тело во рамките на Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност (BUILD UP Skills – BEET)”; • сертификатите ќе имаат важност во рамки на самиот Проект во Македонија, Хрватска и Словенија, како земји-учеснички во иста работна група од BUILD UP Skills иницијативата; • дополнително, сертификатите ќе бидат препорачани од страна на Проектот за отпочнување на процедура за нивна верификација од Центарот за образование на возрасните. 3.Стекнати компетенции Сертифицираните работници, по добивањето сертификат, ќе можат да аплицираат на тендери каде се барат работници со вештини за ЕЕ. V.Постапка на пријавување 1. Пријавувањето на кандидатите се врши електронски на еден од следните начини: • Доставување на документите во електронска форма на е-маил адреса: • За фасадери, е-маил: fasaderi@beet.mk, Контакт лица: Ивона Каранфиловска, тел: 02/3244-084, Симона Ристоска, тел: 02/3244-067 • За кровопокривачи, е-маил: е-маил: krov@beet.mk, Контакт адреса: ЦеПроСАРД, ул.Орце Николов 172, Скопје,тел: 02/3061-391 • За столари, е-маил: stolari@beet.mk, Контакт адреса: Факултет за бизнис економија, бул. 3та Македонска бригада 66А/1кат, Скопје Контакт лице: Слаѓана Стојановска, тел:02/2402-161, Љупчо Вангелски, тел: 02/2402-170 • За инсталатери за греење и климатизација, е-маил: hvac@beet.mk, Контакт лице: Даниела Тошевска, тел: 02/3216-903 • За инсталатери на енергетски ефикасни електрични инсталации, е-маил: elektro@beet.mk Контакт лице: Лихнида Стојановска-Георгиевска, тел 02/3099-174

Напомена: • Доставување на документи до сертифицираните тренери и акредитирани за одредени • Еден кандидат може да се пријави за препознавање на знаењата и вештини за ЕЕ за региони во Република Македонија, или едно или повеќе занимања од горе наведените. • Доставување на документите во печатена форма во Стопанската комора на Македонија, • Одборот за сертификација при Проектот Build Up Skillls BEET одлучува за издавањето на ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје. сертификат за поседување на знаења и вештини за ЕЕ. Постапката на препознавање целосно е финансирана од Проектот BUILD UP Skills – 2. Потребна документација: BEET. • пополнет ПРИЈАВЕН ЛИСТ; • копија од диплома за завршено образование; II.Услови за пријавување • сертификати од обуки во неформалното образование (институции и приватни 1.Кандидатите треба да имаат завршено: установи што организираат обуки за ЕЕ); •основно или средно образование, или • доказ за работно искуство во струката. Како доказ за работно искуство може •постсредно образование, т.е. мајсторски испит со V-Б степен на квалификации или да се приложи заверена референтна листа, потврда од работодавач за ангажманот на •четиригодишно средно техничко образование со IV степен на квалификации или кандитатот со податоци за работната позиција и времетраењето. •тригодишно средно стручно образование со III степен на квалификации. 2.Работно искуство: • најмалку 5 (пет) години во струката односно занимањето за кое се бара сертификат, од кои • најмалку 2 (две) години во спроведување на мерки за енергетска ефикасност. III.Процес на препознавање на вештините Секој кандидат поднесува апликација за препознавање на претходното знаење и вештини за енергетска ефикасност, заедно со докази за работно искуство и стекнати квалификации. Поднесените апликации ги разгледува и оценува испитна комисија, составена од сертифицирани тренери (обучени во рамки на проектот). Во рамките на процесот на препознавање, доколку поднесените докази за компетентност се недовоолни, кандидатите може да бидат повикани на интервју и/или проверка на знаењата и вештините.

Партнери на Проектот:

3. Повикот за пријавување е отворен до 30 октомври 2015 година. За повеќе информации обратете се во Стопанската комора на Македонија, ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје.

Контакт лица: Ивона Каранфиловска Телефон: +389 2 324 4084 Е-адреса:: ivona@mchamber.mk Симона Ристоска Телефон: +389 2 3244 067 Е-адреса: simona@mchamber.mk


четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

БИЗНИС ИНФО

11

ОБРАЗОВАНИЕ ПОДВЛЕЧЕНО

НЕОПХОДНО Е СОЗДАВАЊЕ НА КАДАР КОЈ ЌЕ БИДЕ КОНКУРЕНТЕН НА ПАЗАРОТ И ЌЕ ГИ ЗАДОВОЛИ ПОТРЕБИТЕ НА КОМПАНИИТЕ

Свечено започна новата академска година на Економскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“

На свечен начин на 15.9.2015 година во присуство на деканот на Економскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, проф. д-р Љубомир Дракулевски, претставници од бизнис заедницата, бројни професори, студенти и идни академски граѓани беше означен почетокот на новата академска година. На свеченоста присуствуваше и пред студентите се обрати и м-р Јелисавета Геопргиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија. -Со посебна чест и задоволство, во мое лично име и во името на Стопанската комора на Македонија и во името на Одборот за доверба на Економскиот факултет со јавноста каде членувам, на студентите им го честитам свеченото отпочнување на учебната година и првиот академски час. Следејќи ги европските тенденции, секако и кај нас целта е да се подобри конкурентноста на компаниите, да се поддигне иновативноста и пред се да се зголемат капацитетите за создавање на производи со додадена вредност кои од своја страна ќе ги зголемат извозните капацитети на македонските компании. За да се постигне конкурентноста на македонската економија заснована на знаење и иновации неопходна е и квалитетна работна сила која може да одговори на новите трендови во индустријата, а тука ја гледаме потребата од развивање на понатамошната соработка со научно-образовните институции и Владините институции кои со бизнис- заедницата го претставуваат неопходниот триаголник во овој процес. Според Георгиева, од посебен интерес за компаниите, и за домашните и за странските, претставува квалитетот на расположивата работна сила усогласена со потребите и квалификациите на пазарот на трудот. За странските инвеститори кои одлучуваат дали да инвестираат во една земја или не, покрај другите фактори од особена важност е расположивоста на веќе обучен и образован кадар кој ќе одовара на нивните потреби. Стопанската комора на Македонија во соработка со домашните и странски државни и приватни и


12

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

ОБРАЗОВАНИЕ

институции во континуитет работи и учествува во процесот на подигнување на капацитетите на компаниите преку организирање на најразлични едукативни настани, програми и проекти. Покрај учеството на Комората во неколку европски проекти во кои се анализираат потребите од обуки на вработените во компаниите во најразлични сектори, од особен интерес е соработката која се развива со Универзитетите, се со цел да учествуваме во создавање на кадар кој ќе биде конкурентен на пазарот и ќе ги задоволи потребите на компаниите од нови работници. -Тоа што Стопанската комора на Македонија го иницира, на дело и го спроведува е токму со Економскиот факултет, овозможувајќи им на студентите да се стекнат со практично искуство за време на нивното студирање. Такво одвивање на пракса има и во компаниите кои се отворени во секое време за студентите со цел потоа дипломците своето знаење да го аплицираат во фирмите и да бидат спремни за нивните идни предизвици и достигнувања. Комората Ви стои на располагање за пракса во нашата институција, но и за влез во македонските фирми кој ќе го остварите само со знаење и постојана едукација. После завршувањето на факултетот фирмите чекаат квалитетен кадар да биде дел од нивнито тим и тој кадар утре да ја креира и да создава подобра околина за делување, но и подобра фирма. Но, секако дека не чекаат само фирмите кои веќе постојат на пазарот. Секако дека и Вие сами ќе имате можност да бидете креатори на нови фирми кои ќе го најдат местото на домашниот и странскиот пазар преку фер конкуренција. – им порача на студентите м-р Јелисавета Георгиева. Сите Вие идни дипломци, додаде таа, реално можете да придонесете за развој на македонските компании наметнувајќи нови стандарди на современо функционирање на компаниите, воведувајќи нови производи и услуги, освојувајќи нови пазари, а со тоа ќе учествувате во придонесот за придвижување на целокупното стопанство на земјата. -Капацитетот на Економскиот факултет преку многуте департменти ви нуди истражување, иновации и знаењето, односно трите основни алатки и инструменти кои имаат моќ да ја обноват економијата. На вам ви се пружа можноста да ги искористете овие алатки и подоцна да ги спроведете на дело. – додаде м-р Јелисавета Георгиева, поздравувајќи ги новите академски граѓани со мислата на Аристотел: „Едукацијата е најдобрата провизија за староста“ (Education is the best provision for old age). Најдобриот начин да ја предвидите Вашата иднина е да бидете креатори на истата.


четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

БИЗНИС ИНФО

13

ИНИЦИЈАТИВИ ПОДВЛЕЧЕНО

БАРАЊЕ ЗА КОНЕЧНО СПРАВУВАЊЕ СО НЕЛЕГАЛНИТЕ УЛИЧНИ ТРГОВЦИ ОКОЛУ ПАЗАРИТЕ

Групацијата на пазари го разгледуваше Предлогзаконот за трговија на зелени пазари кој треба да влезе во владина процедура

Групацијата на пазари, во рамки на Здружението на комунални дејности при Стопанската комора на Македонија, на седницата одржана на 14.9.2015 година констатираше дека Предлог законот за трговија на зелени пазари, кој треба да влезе во Владина процедура, е во согласност со нивните досегашни барања. Сепак, на состанокот беше предочено дека е потребно да се интервенира во допрецизирање на неколку члена, како и да се реагира во казнените одредби кои се многу високи. За организаторите на пазари, законското решение ќе биде само уште една потврда за нивното легално работење, но се алармира на решавање на проблемот со дивите продавачи на просторот околу зелените пазари. Тие освен што претставуваат нелегална трговија, се и нелојална конкуренција на тезгаџиите во пазарите, кои редовно ги плаќаат давачките, а се доведува под знак прашање и квалитетот на производите и нивното потеклото, бидејќи тие се без гаранција. Посебен закон за трговија на зелените пазари се подготвува веќе неколку години и неговото усвојување треба да донесе низа бенефити во оваа област. Даниела Михајловска Василевска


14

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

ИНИЦИЈАТИВИ

Членките на Македонската асоцијација на рударството – МАР наскоро ќе потпишат Меморандум за соработка со Бугарската комора на рударство и геологија

СЕКТОРСКО ЗАЈАКНУВАЊЕ НА НАУЧНАТА, ДЕЛОВНАТА И ПРАКТИЧНАТА РАЗМЕНА

Македонската асоцијација на рударството – МАР на седницата одржана на 10.09.2015 година ја поддржа иницијативата за потпишување на Меморандум за соработка помеѓу MАР и Бугарската комора на рударство и геологија. Господинот Николајчо Николов, претседател на МАР, во своето излагање истакна дека, иницијативата за потпишување на Меморандумот е покрената од бугарска страна, кои имаат потпишано спогодби со повеќе земји, меѓу кои сметаат да воспостават соработка и со МАР. Оваа иницијатива беше истакната на средбата во Софија, што делегацијата од МАР ја оствари на 18 август - Денот на рударите во Бугарија. Целта на потпишувањето на Меморандумот е да се нагласи важноста на двете организации, одржливиот развој на овој сектор на глобално, европско и регионално ниво со цел напредок и развој на државите и народите и зачувување на природата, да ја препознае потребата за постојана размена на знаења, достигнувања и идеи, да покаже желба да се зајакне научната, деловната и практичната размена. Текстот на Меморандумот беше усвоен на состанокот и се предложи потпишувањето да биде во Стопанска комора на Македонија, а терминот на потпишување дополнително ќе се одреди во


четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

БИЗНИС ИНФО

15

ИНИЦИЈАТИВИ ПОДВЛЕЧЕНО

договор со претставниците на Бугарската комора на рударство и геологија. На седницата беше разговарано и за состојбата во рударскиот сектор, при што беше нагласено дека металичните минерални суровини, се соочуваат со проблемот на падот на цената на берзата на металите, што е најголем досега по 2008 година, при што во рудниците се преземаат мерки за задржување на вработените и одржување на тековното производство. Неметалните минерални сурови, кои се експлоатираат во нашата земја, се истакна како и многу пати досега, дека се доделени голем број на концесии на мало подрачје, пример во Гостивар има 18 концесии за каменоломи, при што се јавува меѓусебна нелојална конкуренција. Во делот на мермерите, посебно во преработката се затвараат фирми, заради намален обем на работа. Како посебен проблем се потенцира користењето на несоодветен материјал за градежништвото, најчесто за производството на бетони и малтери и се заклучи да се одржи заеднички состанок со претставниците на Здружението на градежништвото во Комората, во присуство и на претставници на министерството за економија и транспорт и врски, ИСРМ, Институт за акредитација на РМ и лабораториите. Во обемната дискусија се покренаа повеќе прашања, меѓу кои и да се побара од Комитетот за минерални суровини при Владата на РМ да постои и член од рударскиот сектор, потоа да се иницира бенифицираниот стаж на рударите во подземна и надземна екслоатација на минералните суровини. Марија Петроска


16

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Ирски синџир на продавници за евтина облека „Прајмарк“ се подготвува да ја освои Америка

КОНКУРЕНЦИЈАТА ТРЕБА ДА СЕ ПЛАШИ

*„Прајмарк“ создаде еден нов вид на „брза“ мода, која ги поттикнува потрошувачите да купуваат купишта облека што ја фрлаат по неколку носења и се враќаат во продавницата да купат нова. Сторија на лондонски „Економист“ Вработените се наредени во просторот меѓу штандовите облека и ракоплескаат. Сините балони се нишаат, како и тие да се во исчекување. Во тој миг, се отвораат вратите, а низ нив се втурнуваат десетици жени. Во рацете ги стиснале торбите за купување и се спремни за поход по богатство: фустани, џемпери, чевли... Видеоснимката од отворањето на продавницата во Франција содржи токму ваква сцена, типична за „Прајмарк“. Во фирмата, таквото однесување го нарекува „приманија“. Ирскиот малопродажник на облека, во сопственост на „Асосиејтед Бритиш Фудс“, во моментов продава повеќе облека од кој било друг малопродажник во Британија. Во 2006 година „Прајмарк“ ја отвори својата прва продавница во Шпанија. Оттогаш маршира со сигурен чекор низ континентот, а досега отворил продавници во Холандија, Португалија, Германија, Белгија, Австрија и Франција. Во периодот меѓу 2009 и 2014 година, продажбата порасна за 150%, а „Прајмарк“ стана нова светска сила во глобалната трговија со облека. Сега „Прајмарк“ се подготвува за својата најхрабра инвазија. На 10-ти септември ја отвора првата продавница во Америка, најголемиот пазар за облека во светот. „Прајмарк“ прво ќе влезе во Бостон, а оттаму ќе продолжи кон североисток, во уште седум градови. Победата не е гарантирана. Се чини дека „Прајмарк“ е најуспешниот бренд за кој Американците досега не слушнале ништо, а ќе биде потребно време да се промени тоа. Во секој случај, АБФ, фирма што меѓу другото продава и шеќер, чај и „Овалтин“, има зошто да биде оптимист. За голем дел од потрошувачите, понудата на „Прајмарк“ е неодолива: модерна облека по неверојатно ниски цени. Тоа создаде еден нов вид на „брза“ мода, која ги поттикнува потрошувачите да купуваат купишта облека што ја фрлаат по неколку носења и се враќаат во продавницата да купат нова. Успехот на „Прајмарк“ се случува во период кога неколку познати продавници за облека се соочуваат со тешкотии. Познатите американски марки „Џеј Кру“ и „Аберкромби и Фич“ се меѓу нив. „Геп“, фирма која важеше за водач на пазарот за облека, се наоѓа во доста незавидна положба. Со својот конвенционален стил и честите распродажби, синџирот на продавници на брендот „Геп“ доживеа пад на продажбата од 8 отсто во последнава деценија, според информациите на „Евромонитор“, фирма за податоци. Тоа се случило во време на стабилен раст на пазарот за облека. Во јуни претставници на „Геп“ изјавија дека ќе затворат една четвртина од продавниците во Северна Америка. И покрај тоа што неколку синџири на продавници за облека се соочија со тешкотии, други успеаја да го цементираат успехот со помош на низа стратегии. Две американски продавници за облека, „Ти Џеј Макс“ и „Рос“ продаваат дизајнерска облека на попуст, вообичаено парчиња од некоја претходна сезона. Две европски продавници,„Ејч ен Ем“ и„Зара“, продаваат модерна облека под свој сопствен бренд и постојано ја обновуваат понудата. „Зара“ и понатаму е водечкиот иноватор во „брза мода“: секоја година на пазарот носи повеќе од 18000 дизајни, а ги произведува во просечен рок од три недели. „Геп“ се обидува да ги стигне. Синџирот на донекаде поевтина облека „Олд Нејви“, на чие чело е ветеран од „Ејч ен Ем“, е релативно динамичен на пазарот. На пример, „Олд Нејви“ ги користи истите материјали за неколку стилови од едно парче облека. Потоа анализира кој стил се продава најмногу и согласно тоа го приспособува производството. Арт Пек, извршниот директор на „Геп“, сега ја користи стратегијата на „Олд Нејви“ како урнек за синџирите облека „Геп“ и „Банана


четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

БИЗНИС ИНФО

17

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Репаблик“, дел од групацијата „Геп“. Првите резултати се очекуваат следната година. Дотогаш, „Прајмарк“ ќе прерасне во уште поголема закана, и тоа не само за „Геп“. Морин Хинтон, консултант за малопродажба од фирмата„Конлумино“, смета дека„Прајмарк“ ја има добитната комбинација: интересна облека, примамливи продавници и најважното - невидено ниски цени. Според „Санфорд Си Бернштајн“, фирма што врши истражувања на пазарот, просечната цена на парче облека од женската колекција на „Ејч ен Ем“ во Британија од почетокот на годината до 10-ти мај била 10,69 фунти. Во „Прајмарк“ просечната продажна цена била 3,87 фунти. За новите и амбициозни фирми од модната индустрија, како што е и „Асос“, која врши продажба преку интернет, таквото работење е тешка мисија. Потребата да се одржат цените на најниско ниво и да се биде конкурентен доведе до тоа „Асос“ да издаде низа предупредувања за профитот. На 2-ри септември основачот и извршниот директор на оваа британска фирма, Ник Робертсон, си поднесе оставка. Според Џон Бејсон, финансискиот директор на АБФ, „Прајмарк“ успева да пласира облека по ниски цени поради својата мудра логистика, скромниот буџет за маркетинг и општата одмереност. Фирмата успева да функционира со минијатурни маргини, а парите ги заработува од обемот. Филозофијата на „Прајмарк“ е дека побарувачката на облека расте обратнопропорционално од нејзината цена: колку е пониска цената, толку повеќе облека купуваат потрошувачите. Исто така, „Прајмарк“ добива поени од „ефектот на Инстаграм“, каде современите млади потрошувачи прикачуваат фотографии од своите најнови модни комбинации и ги споделуваат на друштвените медиуми. „Во„Прајмарк“ потрошувачите се однесуваат поинаку во споредба со многу други продавници“, вели Џејми Бериман од „Санфорд Си Бернштајн“. „Слично како да купувате во „Костко“, продавница која продава кикиритки во кофи, каде размислувате за производите квантитативно”. Според „Санфорд Си Бернштајн“, просечната продажба по метар квадратен на „Ејч ен Ем“ во Британија изнесува облека во вредност од 3400 фунти. „Прајмарк“, пак, продава облека во вредност од 5300 фунти. За ваквиот модел има неколку закани. „Прајмарк“ можеби ќе се соочи со фактот дека навлегувањето на американскиот пазар не е едноставно за странски продавници, како што се виде и од примерот на „Теско“. Може да се појават неочекувани разлики меѓу двата пазари кои навидум се толку слични. На пример, „Таргет“, некогашен успешен американски малопродажник на облека и други добра, неодамна мораше да се повлече од пазарот во Канада откако увиде дека неговата „формула за успех“ не беше толку успешна северно од границата. И покрај тоа, неверојатно ниските цени на „Прајмарк“ можеби ќе бидат исто толку привлечни во САД како и во други земји. Истите американски купувачи што купуваа во „Форевер 21“, уште една продавница за модерна облека по пристапни цени, може да почнат да купуваат во „Прајмарк“. Почетната споредба на производите што „Прајмарк“ ќе ги продава во Америка покажа дека тие се во просек 22 отсто поевтини од слични производи во „Форевер 21“. Уште еден потенцијален проблем е тоа што„Прајмарк“ не продава облека преку интернет. Трошоците за електронска трговија се превисоки во споредба со ниските цени. Ако потрошувачите во Америка и на глобално ниво почнат да купуваат облека главно преку друштвените мрежи и слични услуги, „Прајмарк“ може да заостане. Постојат и други прашања кои може да се проблем за „Прајмарк“, но и за другите слични продавници. Поборниците за заштита на животната средина се против културата на облека „за една употреба“. Во 2013 година, Американците фрлија вкупно 11,1 тони облека и обувки. Тоа е 4,4% од вкупниот смет на земјата, двојно повеќе од 1990 година. Покрај тоа, условите во кои се произведува евтината облека се уште едно спорно прашање. Во 2013 година повеќе од 1100 луѓе загинаа кога се сруши фабрика во Бангладеш. Меѓу жртвите имаше и работници кои шиеја облека за „Прајмарк“. Фирмата исплати 14 милиони долари на семејствата на жртвите. „Прајмарк“ е меѓу фирмите кои потпишаа договор за подобрување на безбедноста во фабриките за текстил. Сепак, за жал најголем дел од потрошувачите брзо ја заборавија трагедијата. Во 2014 година, една година по несреќата, продажбата на „Прајмарк“ се зголеми за повеќе од 20 отсто. Овој раст нема да престане лесно.(„Економист“) Превод: Елена Волкановска


18

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Ќе направат ли Американците пресврт во каматите?

ПОДОБРО „НАОРУЖАНИ“ ЗА ИДНИ КРИЗИ

*Американската централна банка ФЕД со години ја држи основната камата на ниско ниво поради економската криза. Во среда би можела да заврши ерата на лабава монетарна политика. Финансиските пазари се во напнато исчекување. Од моментот кога финансиската криза доживеа кулминација, односно од крајот на 2008 година, Американската централна банка, Федерални резерви (ФЕД), ја држи каматната стапка на историски ниско ниво, меѓу нула и 0,25 проценти. Во овие седум години светот се промени. Но, дали на чуварите на треозорот во Вашингтон тоа им е доволно за да покренат пресврт во каматите? Шефицата на ФЕД Џенет Јелен веќе одамна ги подготвува финансиските пазари за подигање на каматните стапки уште во текот на оваа година. Но, дали „годинава“ значи навистина во септември, како што има гласини, или сепак ќе се чека крајот на годината? Економска поткрепа преку монетарна политика За разлика од Европската централна банка, ФЕД нема задача само да ги држи стабилни цените и валутата, туку и да го помага и поттикнува и стопанството. Важен параметар притоа е ситуацијата на пазарот на работна сила, кој во САД последните месеци се покажа вистински робустен. Во одделни бранши расте побарувачката на работна сила, иако не континуирано, платите се зголемуваат, иако не многу, невработеноста во август изнесуваше 5,1 процентнајниска квота од април 2008 година, значи, пред вистинскиот замав на финансиската криза. Шефицата на ФЕД Џенет Јелен Ниту порастот на американската економија не е лош. Годинава се очекува стопански развој од 3,2 проценти, поголем отколку прогнозите на почетокот на годината. Значи, знаците не се лоши, но дали се доволно добри? „Главната грижа не ја предизвикува актуелната ситиација на домашната американска економија, за која знаеме дека е во добра кондиција. Многу позагрижени сме од евентуален бран проблеми од Кина и состојбата на пазарите на акции“, вели Харм Бандхолц, главен економист во банката УниКредит.


четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

БИЗНИС ИНФО

19

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Главоболката Кина Економијата во Кина веќе не расте толку силно како порано, а лошите конјуктурни резултати носат стравувања од крај на златните времиња, иако раководството во Пекинг се труди да шири оптимизам. Еден од симптомите е автомобилскиот пазар, најголем во светот: во 2015 година првпат по речиси две децении, е можно намалување на прометот. Кинеското сопнување предизвикува брчки од загриженост во Вашингтон и Њујорк, како и воопшто во светските економски метрополи. Иако, уделот на извозот во брутодомашниот производ на САД е помал од 20 проценти. Две третини од економскиот пораст се во корелација со внатрешната потрошувачка, а податоците за потрошувачката во Америка не се лоши. Значи, сепак е време за промени на каматата? Влијанието на евтините пари Историски ниските каматни стапки требаше повторно да ја откочат конјуктурата по големата криза во 2008 година, обезбедувајќи евтини пари за инвестициите и поволни кредити за потрошувачите. Многу голем дел од евтините пари потече во пазарите со акции, во целиот свет берзанските барометри достигнаа нови рекордни вредности. Но, овој ефект е веќе истрошен. Од пред извесно време владее „статус кво“ на Вол Стрит. Водечкиот индекс Даун Џонс веќе девет месеци варира меѓу 17500 и 18000 поени. Наспроти тоа, поради ниските каматни стапки страдаат штедачите и осигурителните компании, проблемот е посебно голем за пензиските фондови и за пензионерите. ФЕД преку промена на каматната стапка може да предизвика подобрување на овој план. Освен тоа, така го зголемува и својот маневарски простор за монетарната политика, што не е лош мотив со цел да се биде подобро „наоружан“ за идни кризи. Штедачите страдаат поради ниските камати Земјите во засилен развој загрижени, Европа во исчекување Меѓутоа, во земјите во засилен економски развој и во неразвиените држави владее голем страв од повисоки американски каматни стапки. Тие минатите години профитираа од парите кои кај нив ги вложија големите инвеститори во потрагата по добра заработувачка. Но, многумина инвеститори брзо ќе ги повлечат своите пари уште на самата помисла за скор каматен пресврт во САД. Курсевите на пазарите на акции се во опаѓање уште од април, конјуктурата слабее. Земјите како Бразил или Турција всушност би требало да преземат контрамерки. Но, за да не загубат уште повеќе капитал, тие се принудени да ги држат високо своите сопствени основни каматни стапки, што дополнително и‘ штети на домашната економија. Европската централна банка, ЕЦБ, напротив, најави продолжување на својата лабава монетарна политика. Една од причините е прениската инфлација. ЕЦБ за годинава очекува пораст од само 0,1 процент во еврозоната, многу далеку од двата проценти кои се дефинираат како стабилност на цените. Значи, водечката каматна стапка на ЕЦБ и натаму ќе остане околу нулата. Ако пораснат каматните стапки во САД, еврото уште повеќе ќе загуби на вредност во однос на доларот. Тоа им одговара на европските извозници, првенствено на германските. „Несомнено, тоа би бил специјален конјуктурен пакет“, смета Карстен Брцески, економист во банката ИНГ-Диба. (ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL

ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL

ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач


четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-

Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!

Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот. Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој метод на обука, која вклучува микс од техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависност од Вашата потреба. Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и светски компании. Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас. Предавач: Љупчо Георгиев, директор на „Густав Кезер Тренинг Интернационал Македонија“, лиценциран тренер со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи.

Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија.

Уписите за обуката се во тек.

Сите учесниците добиваат: • материјали за работа • мемориски картици • ЦД и дополнителна литература • консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6 месеци • интернационално признат Сертификат од Густав Кезер Тренинг Интернационал и Сертификат од Бизнис Центар за Тренинг и Обука • контролен ден

За подетални информации контактирајте со нас: Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk


22

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Kомплетна обука согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија

„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“ Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со менаџментот и организацијата на човечките ресурси во компаниите. Истата содржи 80 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Програмата започнува со општ вовед во менаџментот на човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти на струката потребни за стекнување менаџерски вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за Програмата „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ кој е признат од Министерството за образование и наука. ТРЕНЕРИ: Доц. д-р Љупчо Ефтимов Доцент на Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на прв и втор циклус студии одржува настава по предметите Менаџмент на човечки ресурси, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на перформанси. Од 2013 година ја извршува функцијата раководител на студиската програма од втор циклус студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси. Член е на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Член е на Комитетот за човечки ресурси при Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Р. Македонија. Член е на Техничкиот комитетот за менаџмент на човечки ресурси при Институтот за стандардизација на Р. Македонија. М-р Драгана Томиќ Пилиповиќ Професионален консултант, основач и претседател на Центарот за општествено одговорно претприемништво (ЦООП) - Белград, а во текот на својата кариера работела на следните позиции: - заменик-претседател на Секторот за човечки ресурси и обучувач во AIESEC, Економски факултет – Белград; - консултант во областа на тренинг и менаџмент на човечки ресурси во „Срма Консалтинг“ – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во Ерсте Банка – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во „ФармаСвисс“ ДОО - Белград. Д-р Зоран Михајлоски Во текот на својата богата кариера д-р Зоран Михајлоски бил судија во Апелациониот суд во Скопје, во специјализираниот оддел за работни спорови од 2002 година, претседател на специјализираниот оддел за работни спорови на Апелациониот суд - Скопје, едукатор во Правната школа на постојни судии од Европската унија во Барселона, Шпанија, од областа на

националните работни законодавства, постојан предавач на постдипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и вонреден професор на Факултетот за правни науки при Универзитетот „Американ Колеџ“ - Скопје. Автор на повеќе научни и стручни трудови од областа на трудовото и деловното право.

Дополнителни информации: • Предавањата се распоредени во 10 тренинг дена (вкупно 80 школски часа) и се одржуваат два до три пати неделно. • Обуката започнува во периодот април – мај 2015 година. • Број на учесници во група: 10 – 20 учесници. • Во зависност од тематската целина предавањата се одржуваат на македонски или на српски јазик. • Сите учесници добиваат потврда за присуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија. • Услов за да се стекне Сертификатот за „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит. Котизација за учество: - 27.900 денари за 1 учесник; - 10% попуст за втор учесник од иста компанија и - 15% попуст за трет и секој следен учесник од иста компанија, невработени лица и студенти. Учесниците добиваат: - Материјали; - Освежување и - Сертификат.

Контакт: Симона Ристоска +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Osnovana 1922

Founded 1922

БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија

Уписите се во тек!


24

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бесплатна презентација, 22.9.2015 година, Стопанска комора на Македонија, (сала 4 на 5-ти кат)

„TХK”- ЈАПОНСКА КОМПАНИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО И ПРОДАЖБА НА МАШИНИ ЗА ПОВЕЌЕ ИНДУСТРИИ Стопанската комора на Македонија како ваш бизнис-партнер, ве поканува на бесплатна презентација на јапоската компанија „THK CO., LTD.”, која се занимава со производство и продажба на делови за одредени видови на машини за патниот и железничкиот сообраќај, автомобилската и машинската индустрија, медицинските помагала и роботиката. „TХK” е основана во 1971 година во Токио, Јапонија. Во текот на 44-годишното постоење, има отворено 18 претставништва во различни земји на 3 континенти во светот, со изградени фабрики во: Јапонија, Америка (САД и Мексико), Азија (Кина, Кореја, Тајланд, Виетнам и Малезија) и Европа (Франција и Ирска). „TХK” користи оригинална технологија и иновативни идеи во процесот на производство на машини, со континуирано истражување и развој на истите. Корпоративната филозофија на јапонската „TХK” е: обезбедување иновативни производи во светот и генерирање на нови трендови со цел да се придонесе кон создавање на побогато општество и напредок на сите засегнати страни. Развојот на бизнис-можностите се во делот на: • технологии и уреди за сеизмичка изолација; • инвалидски колички со електрична дигалка; • електронски уреди за автомобилската индустрија; • универзален дизајн на кујни; • ротирачки автомобил за играње на игри; • систем за јавен транспорт со лизгачки механизам; • национална астрономска опсерваторија на Јапонија и др.


четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Покрај тоа, „TХK” работи на проширување на производи и бизнис-уреди, со цел раст на пазарот во иднина. Побарувачката за машини во овие региони особено во Кина постојано расте, поради намалувањето на CO2 кое е од суштинско значење за заштита на глобалната животна средина, а со тоа во голема мера ќе се зголеми и побарувачката на производите на „ТХК“. Со глобализацијата и развојот на нови пазари,„ТХК“ бара натамошно зголемување на профитабилноста и се стреми кон зголемена корпоративна вредност. „ТХК“ нуди ексклузивна можност за компаниите од Македонија од следниве области: - производители на индустриски машини; - производители на медицински уреди; - производители во областа на воздухопловството; - производители на автомобилски делови; - производителите на железници; - производители на роботи; - производители на храна, фармацевтски производи, електронски апарати; - проектантски бироа, архитекти, професори за сеизмичка технологија; - дистрибутери и др. Аплицирај електронски / on-line: http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1848&bet=8 Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

26

четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 23 до 27 септември 2015 година Национален есенски саем за земјоделство и прехранбена индустрија во Унгарија

„OMЕK 2015“ ВО БУДИМПЕШТА

Стопанската комора на Македонија организира посета на саемската манифестација во соработка со Амбасадата на Унгарија во Република Македонија и Унгарската национална трговска куќа. „OMЕK“ е национален саем со 77-годишна традиција. Главната цел на најголемиот земјоделски и прехранбен саем во Унгарија е да ги презентира начините на модерно, ефикасно и еколошко земјоделство и да ги информира потрошувачите за унгарските производи кои гарантираат висок квалитет и безбедност на храната. Во рамките на овој настан ќе бидат организирани квизови, интерактивни атракции, пропратени со традиционална храна, пијалаци и фолк елементи. На овој настан ќе бидат присутни водечките производители на земјоделски производи од Унгарија и од други европски земји. - Котизацијата за посета на настанот изнесува 2.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании-членки и 4.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании нечленки на Стопанската комора на Македонија. - За втор посетител од иста фирма се доплаќа 1.990 денари, со вклучен ДДВ за фирми-членки и 2.990 денари со вклучен ДДВ за фирми нечленки. Трошоците за патување и сместување за време на саемот ги сносат самите компании.

Пријавување до 14.9.2015 година (понеделник).

Сите дополнителни информации може да ги најдете на линкот: http://omek.gotohungary.com/ Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„КОМПЛЕКСНА ПРОДАЖБА – МАПА ДО УСПЕХОТ“ (Complex Sales ROADMAP to Success) Содржина на обуката: - Избор на тековни можности за продажба со цел учење и примена на концептите - Идентификување на „Мапата на продажба“ - Развивање на индивидуални вредности со цел клиентот да ги препознае - Препознавање на клучните играчи во рамките на организацијата и нивната улога во донесувањето на одлуката за склучување на договорот - Воспоставување комуникација и ниво на доверба - Развивање на компетативна стратегија - Развивање на акциски план за елиминирање на слабостите и поттикнување на предностите - Стекнување доверба и посветеност од клиентот - Менаџирање на времето со цел постигнување на цели на краток, среден и долг рок Предности од работилницата - Склучување на попрофитабилни договори и продажби со фокусирање на специфичните барања и вредности на клиентот - Оптимизирано користење на ресурсите со фокусирање на вистинските клиенти - Подобрен рејтинг - Попрецизни предвидувања - Пократок продажен циклус - Помалку напор при продажба - Подобра тимска продажба - Поголема лојалност на клиентите - Размислување надвор од кутијата Предавач: Љупчо Георгиев, единствен лиценциран тренер на „Густав Кезер Тренинг Интернационал” во Македонија со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи. Gustav Käser Training International е компанија основана во Цирих, Швајцарија во 1963 година. Денес претставува компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се

Дводневна обука во соработка со Густав Кезер Тренинг Интернационал 24-25 септември 2015 година 14:00- 18:00 часот Стопанска комора на Македонија сала 1 на V кат.

потврдува повеќе од 50 години. Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz се само дел од компаниите кои ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас. Учесниците на дводневната обука ќе се стекнат со меѓународно признат сертификат од Густав Кезер Тренинг Интернационал. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

* работен материјал и Мапа на можности; * ручeк и освежување.

Пријавување до 21.09.2015 година. Работна група: 10 – 15 учесници Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

28

четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бизнис-средби на 25 09. 2015 година

„ЖЕНИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ” ВО БЕЛГРАД

Enterprise Europe Network Македонија, Здружението на информатичко-комуникациски технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да воспоставите контакти со нови деловни партнери Овој брокерски настан е организиран од Enterprise Europe Network, со главен фокус на жените-претприемачи и ќе се одржи во рамките на Втората меѓународна конференција „Жените претприемачи на новото време: нови можности за регионална економска преродба“, која ќе се одржи од 24-25 септември 2015. Сектори: · трговија,земјоделство и производство на храна; · информациски и комуникациски технологии; · текстил; · образование и консултантски услуги и др. Втората меѓународна конференција „Жените-претприемачи на новото време: нови можности за регионална економска преродба“ има за цел да ги промовира најдобрите практики за застапување на женското претприемништво, а воедно на жените претприемачи да им обезбеди можност за бизнис-вмрежување врз основа на методологијата на Enterprise Europe Network (ЕЕН). На Конференцијата примарни теми ќе бидат политиката на застапување и развој на бизнисот меѓу жените-претприемачи, со цел да се подобри поддршката на женитепретприемачи во регионот, како и развивање на нови деловни врски меѓу жени-сопственички на разни бизниси. Како дел од програмата на Конференцијата, овој брокерски настан и бизнис-средбите се идеален настан за да се остварат контакти и да се подготват идните бизниси. Настанот ќе им овозможи на учесниците од различни сектори да реализираат состаноци со деловни партнери, на претходно закажани состаноци, како и можност за презентација на сопствени компании. Поединечните билатерални средби ќе бидат резервирани однапред и ќе бидат претходно средени и помагани од страна на персоналот на Enterprise EuropeNetwork. Искористете ја оваа единствена можност за малите и средни претпријатија и претприемачи во ЕУ да најдете потенцијални бизнис-партнери во Југоисточна Европа! Учеството е бесплатно, а ќе има и други погодности за учесниците. Времетраењето на секој состанок е 20 минути. Можни се максимум 6 деловни средби. За да се регистрирате за деловните средби или да добиете дополнителни информации, посетете ја следната веб-страна: http://www.b2match.eu/ Регистрацијата е до 15 септември 2015 година. Селекцијата за деловните средби ќе се врши од 16-24 септември 2015 година. Билатералните средби ќе се реализираат на 25 септември 2015 година. Место на одржување: Трговска и индустриска комора на Србија, Белград, со почеток во 10:00 часот. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар: „МЕНАЏИРАЊЕ СО ОДРЖУВАЊЕ НА ТЕХНИЧКИ РЕСУРСИ’’

29.09.2015 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Програма: Расположливост на ресурсите за работа (во зависност од следниве фактори) • Надлежност (квалитетот на ресурсите во експлоатацијата); • Погодноста за одржување и • Логистичката поддршка на одржувањето. Стратегии на класично одржување (предности и недостатоци) • Корективно (реактивно) одржување; • Одржување според времето на работата; • Одржување според состојбата и • Ризици во одржувањето. Методи на проактивно одржување Повратни информации неисправностите • Видови информации и • Анализа на информации.

за

Продуктивност, аутсорсинг бенчмаркинг во одржувањето

и

Проценка на способноста на прозиводниот процес - квалитет “шест сигма” Одржување и замена на машинските елементи (лежишта, затинки, запчести, верижни и ремени преносници) Предавачи: *Проф. д-р Тодор Давчев, редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје. *Доц. д-р Иле Мирчески, дипл.маш.инж., доктор по технички науки во областа на машинското инжинерство на Машинскиот факултет во Скопје, во научната областа конструирање. Сите учесници на семинарот ќе добијат: - соодветен работен материјал; - сертификат за учество и - книга „Менаџирање со одржувањето на техничките системи“ од проф.д-р Тодор Давчев. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

30

четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

30.9.2015 година (среда) 8:30 – 14:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат

Семинар: „УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО БАРАЊАТА ВО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“

ПРОГРАМА 1. Концепт за управување со ризик; 2. Принципи на управување со ризикот; 3. Основни правила и начела во изработката на документот; 4. Фази во процесот на управување со ризици: 4.1. Прва фаза - Воспоставување рамка (контекст); 4.2. Втора фаза - Идентификација на ризиците; 4.3. Трета фаза - Анализа (проценка) на ризикот; 4.4. Четврта фаза - Евалуација на ризиците (оценување / индексирање); 4.4.1. Интегрирање и приоритет на ризиците; 4.5. Петта фаза - Третман на ризикот и заканата; 5. Регистар на ризик; 6. Основни правила и начела за изработка на компаниски риск регистер; 7. Анализа на примери од пракса во компаниите; 7.1. Процена на актуелни и проблематични категории ризици во компаниите во Република Македонија; 7.2. Проценување на елементарниот ризик во компаниите и во ЕЛС. Предавачи 1. Д-р Зоран Доревски, консултант за безбедност; 2. м-р Влатко Јовановски, раководител на Сектор за меѓународна соработка во ДСЗ. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар: „НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ и практични примери на член 32а(reverse charge) и подзаконските акти кои произлегуваат од законот’’

30.09.2015 година 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

ПРОГРАМА 1. Пренесување на даночна обврска кај прометите поврзани со градење и со употребен материјал и употребен материјал кој не може повторно да се користи во иста состојба; 2. ДДВ ослободување за проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови; 3. Оданочување со ДДВ во постапки на присилно извршување и присилна наплата; 4. Нов даночен третман на прометот во/од слободни зони. Предавачи: - Русе Коцевски, сектор за даночна и царинска политика при Министерството за финансии на Р.Македонија; - Мимоза Трајаноска, сектор за услуги кон даночни обврзници и даноци при Управата за јавни приходи на Р.Македонија; - Анета Чупеска, даночен советник во Сектор за услуги кон даночни обврзници и даноци при Управата за јавни приходи на Р.Македонија и - доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгите „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија” и „Ерозија на јавните финансии и перење пари“. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


32

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 1 и 2 октомври 2015 година во Република Австрија

„ДУНАВСКИ РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС-ФОРУМ“ ВО ВИЕНА

Главната тема на Бизнис-форумот, петти по ред, е „Формирање синџири за снабдувачи за транспорт и логистика во Дунавскиот регион“. Посетителите ќе имаат можност да се сретнат со над 500 претставници на компании, со повеќе од 50 говорници од 15 различни земји, каде ќе се организираат повеќе од 20 тркалезни маси за решавање на прашања и предизвици на повеќеполарен свет, поврзуваајќи го Дунавскиот регионот на регионално и на глобално ниво со целиот свет, од следниве области: • Формирање синџири за снабдувачи; • Транспорт и логистика; • Информирање за статусот на стратегијата на Дунавскиот регион на макро и на регионално ниво во однос на приоритетните области на „Глобална поврзување, мобилност и мултимодалност”; • ЕУ-грантови и субвенции; • Најнови информации за регионот; • Деловни средби. На Бизнис-форумот ќе имате можност да се запознаете со вашите потенцијални партнери од индустријата, транспорт, логистика, од академски и владини институции, компании и стеикхолдери преку индивидуални деловни средби. Исто така, ќе имате можност да научите како да добиете пристап до Иницијативата за инвестиции од Европската унија (Juncker Investment Initiative), како и да учествувате на повеќе од 20 тркалезни маси. Учесниците ќе имаат одлична можност да се поврзат и да споделат искуства со еминентни личности од клучните носители на одлуки во земјите од Дунавскиот регион: Германија, Австрија, Словачка, Унгарија, Србија, Романија, Хрватска, Бугарија, Молдавија, Украина, Чешка, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, но исто така и од Кина, Тајланд, Виетнам, Индија, Обединетите Арапски Емирати, Турција, Русија, Грција, Северна Африка, како Тунис, Мароко, Алжир, Јужна Америка. Настанот е финансиран преку go-international, иницијатива на Сојузното министерство за наука на Австрија, истражување и економија и Австриската стопанската комора. Ве молиме, Вашиот интерес за учество на овој форум да го наведете во online формата на следниов линк: http://danuberegionbusinessforum.com/ , за да одредите со кои од наведените компании-учесници на Форумот би сакале да остварите бизнис-средби. Учеството на форумот е органичено, затоа пријавете се веднаш. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар: НОВИОТ ЗАКОН ЗА ОПШТА УПРАВНА ПОСТАПКА („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/2015 година)

1. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

- Рок за постапување по жалбата; - Достава на решението по жалба; - Повторување на постапката – причини; - Барање и рок за повторување на постапката; - Правни последици од повторувањето на постапката; - Менување и поништување на управен акт во врска со управен спор; - Управен приговор; - Постапка по управен приговор против реални акти и нивно пропуштање; - Постапка по управен приговор во случај на обезбедување јавни услуги од општ интерес.

2. НАДЛЕЖНОСТ - Стварна надлежност; - Месна надлежност; - Ограничување на месната надлежност; - Задолжителност на правилата за надлежност; - Судир на надлежности. 3. ОВЛАСТЕНО СЛУЖБЕНО ЛИЦЕ 4. СТРАНКА И НЕЈЗИНО ЗАСТАПУВАЊЕ - Законски застапник и провремен застапник; - Полномошник, заеднички претставник полномошник.

6.10.2015 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

заеднички

16. ВОНРЕДНИ СЛУЧАИ НА УКИНУВАЊЕ И ПОНИШТУВАЊЕ НА УПРАВНИ АКТИ

5. КОМУНИКАЦИЈА ПОМЕЃУ ЈАВНИТЕ ОРГАНИ И СТРАНКИТЕ

17. ИЗВРШУВАЊЕ - Извршување на управни акти, извршеник, време на извршувањето, видови на извршување, надлежност за спроведување на извршувањето, постапка за извршување, извршување преку други лица, извршување преку парични казни, извршување по пат на непосредна принуда, итно извршување, запирање и одлагање на извршувањето, надоместок.

и

6. РОКОВИ И ВРАЌАЊЕ ВО ПОРАНЕШНА СОСТОЈБА 7. ТЕК НА ПОСТАПКАТА 8. УТВРДУВАЊЕ НА ФАКТИТЕ И ДОКАЖУВАЊЕ - Изведување докази по службена должност; - Постапка за изведување на доказите по службена должност. 9. ТРОШОЦИ НА ПОСТАПКАТА - Распределба на трошоците. 10. ИЗВЕСТУВАЊЕ И ДОСТАВА 11. УПРАВНИ ДЕЈСТВИЈА 12. УПРАВЕН ДОГОВОР 13. ДРУГИ УПРАВНИ ДЕЈСТВИЈА 14. ПРАВНИ ЛЕКОВИ 15. ЖАЛБА - Содржина и форма на жалбата; - Рок за изјавување жалба и откажување од жалбата; - Предавање на жалбата, одложно дејство на жалбата ; - Работа на второстепениот орган по жалба; - Работа на првостепениот орган по целосно или делумно уважена жалба; - Жалба во случај на молчење на управата;

Предавачи: - м-р Едита Наскова, судија во Управен суд на Република Македонија и - доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

34

четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 7 октомври 2015 година Стопанска комора на Австрија, Виена

Бизнис-средба со австриски фирми - производители на прехранбени производи и интернационални трговци на големо и мало

„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ ВО ВИЕНА

Стопанската комора на Македонија заедно со Трговското одделение при Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија и Стопанската комора на Австрија, организираат учество на бизнис-делегација од Македонија на деловни средби со австриски фирми - производители и интернационални трговци на храна и пијалaци. „MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ е настан со најголема посетеност и 10-годишна традиција, на којшто присуствуваат компании од целиот свет. Настанот ќе се одржи на 7.10.2015 година (среда), во Стопанската комора на Австрија во Виена. Ве покануваме на овој настан, со цел да реализирате соработка со австриските производители и со останатите учесници на деловните средби. „MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ нуди ексклузивна можност за компаниите од Македонија и од светот да ја зголемат својата мрежа на контакти, да пробаат нови производи, да запознаат нови добавувачи, да разменат нови идеи и да остварат соработка со врвни компании и експерти за производство и трговија на големо и мало со храна и пијалаци од целиот свет. Учеството на 675 компании и нивото на организација на настанот можете да ги видите на краткото видео во прилог: http://youtu.be/zhnJ2PKFJMw . Сите заинтересирани за учество на овој настан треба да го пополнат Пријавниот лист и да се регистираат на следниот линк: https://www.b2match.eu/food2015 . Искористете ја оваа можност и посетете го овој настан, кој ќе се одржи неколку дена пред најголемиот саем за прехранбени продукти ANUGA (10-14 Октомври 2015) во Келн. Пријавниот лист да се достави до лицата за контакт, најдоцна до 30.6.2015 година. За компаниите кои ќе се пријават за учество на деловните средби обезбедени се: - бесплатни две ноќевања со појадок, во хотел со 4 ѕвезди; Трошоците за превозот Скопје - Виена - Скопје го сносат самите компании. Бројот на места е ограничен. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

INTERMOB 2015 ВО ИСТАНБУЛ

Од 8 до 11.10.2015 година Меѓународен саем за мебел и технологии за обработка на дрво во Турција

Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за економија на Република Турција, организира посета на INTERMOB 2015 18th International Furniture Side Industry, Accessories, Forestry Products and Wood Technology Fair во Истанбул, Турција. Станува збор за еден од поголемите меѓународни саемски манифестации од овој тип на специјализирани дејности на којашто ќе земат учество голем број на реномирани компании од преку 40 земји од средна Азија, од Балканот, Блискиот Исток и од Северна Африка. Саемот се организира во рамките на купувачките мисии, во кои можат да учествуваат фирми заинтересирани за увоз на производи од Турција, под услов во изминатиот период да не учествувале на ваков настан. Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници и потенцијални партнери на голем број разновидни производи. За компаниите посетители на овој Саем обезбедени се: • бесплатно хотелско сместување, за еден претставник од компанија; • бесплатен трансфер од аеродром до хотел и обратно; • бесплатен локален трансфер; • организирани деловни средби и посета на компании, потенцијални партнери и • бесплатни влезници за Саемот. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите, кои може да се превземат од веб сајтот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk до наведениот рок во нив.. За повеќе информации: http://www.intermobistanbul.com/en/index.php. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Миле Стојчевски Тел: ++ 389 2 3244039 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mile@mchamber.mk


36

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 9 октомври 2015 година трет биснис- форум на босанскохрецеговската дијаспора во Република Српска

„BHDIAFOR 2015“ ВО БАЊА ЛУКА

Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Амбасадата на Босна и Херцеговина во Скопје ве покануваат на овој бизнис форум. Целта на овогодинешниот форум е : 1. Да се стимулираат инвестициите во БиХ од страна на дијаспората; 2. Да се поттикне бизнис соработката помеѓу домашните и странските компании и компаниите чиишто сопственици и вработени се дел од БиХ дијаспората; Покрај домашните компании на форумот ќе да се опфатат и компаниите од регионот за поинтензивна соработка и можност за заеднички настап на странски пазари. Оваа година учеството на форумот е бесплатно но селективно и со ограничен број на учесници, што значи дека по on-line пријавувањето на компаниите на следниот link: https://docs.google.com/forms/d/1-BlV252i_ YFgbn8nzSvEA1jXtDHEjRthapVImehcXrA/viewform?c=0&w=1, нашиот партнер и организатор на настанот ќе направи селекција на компаниите учеснички на форумот и ќе ги извести по пат на e-mail. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

БИЗНИС-СРЕДБИ НА САЕМОТ „АНУГА“ ВО КЕЛН

На 13 и 14 октомври 2015 година во СР Германија

Бизнис-средбите на „Ануга 2015“ се уникатна платформа за споделување на иновативни технологии, иницира прекугранична соработка и нови деловни партнери. Учесниците може да побараат претходно договорени состаноци еден-на-еден, според нивните интереси за соработка. На овој начин, можете да направите подобра организација на вашето време на Саемот „Ануга“. Бизнис-средбите ќе се одвиваат во уникатен амбиент во германското Сојузно министерство за храна и земјоделство. „Ануга“ не е само најголемиот саем за храна и пијалаци во светот; тоа е, исто така, секторски најважниот саем за нови пазари и целни групи. Главни теми: „Ануга“ ги поздравува претставници од сите сектори на трговијата и производството на храна и прехранбената индустрија https://www.b2match.eu/anuga2015

Како тоа функционира? 1.Регистрирајте се и објавете го вашиот профил за соработка. 2.Разгледајте ја листата на учесниците и одберете за кои компании сте заинтересирани. 3.Една недела пред настанот ќе го добиете вашиот личен распоред за бизнис-средби.

Зошто да учествувате? • Можете да ги одберете потенцијалните деловни партнери - и ќе се организираат состаноци за вас! • Можете да го изберете вашиот состанок пред да тргнете на пат

Вашиот избор се базира на прецизен профил на компанијата. • Имате поддршка пред, за време и по настанот, на пример, од помош да се формулира профилот, до информативна соработка или поддршка на вашиот состанок. Учеството на средбите е бесплатно. Влезницата за Саемот не е вклучена. Ве молиме да ја купите вашата влезница преку саемскиот веб-сајт: http:// www.anuga.com/anuga/for-visitors/Admission-ticket/index.php. Рокови: - 20 септември 2015 година - регистрација и поднесување на профили за соработка; - 5 октомври 2015 година - електронски избор на бизнис-состаноци; - 9 октомври 2015 година - финална испорака на распоредот на состаноци; - 13 и 14 октомври 2015 година - билатерални средби. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


38

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 14 и 15.10.2015 во Република Турција

ISTANBUL FASHION CONFERENCE & IAF WORLD FASHION CONGRESS

Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за економија на Република Турција, организира посета на 8. Istanbul Fashion Conference & 31.IAF World Fashion Congress во Истанбул, Турција. Саемската манифестација е организирана од страна на IAF - International Apparel Federation, каде претставниците ќе може да ги споделат искуствата со најголемите светски брендови. Станува збор за еден од поголемите меѓународни саемски манифестации од овој тип на специјализирани дејности на којашто ќе земат учество голем број на реномирани компании од преку 40 земји од средна Азија, од Балканот, Блискиот Исток, од Северна Африка. Саемот се организира во рамките на купувачките мисии, во кои можат да учествуваат фирми заинтересирани за увоз на производи од Турција, под услов во изминатиот период да не учествувале на ваков настан. Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници и потенцијални партнери на голем број разновидни производи. За компаниите посетители на овој Саем обезбедени се: • бесплатно хотелско сместување, за еден претставник од компанија; • бесплатен трансфер од аеродром до хотел и обратно; • бесплатен локален трансфер; • организирани деловни средби и посета на компании, потенцијални партнери и • бесплатни влезници за Саемот. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 29.9.2015 година. За повеќе информации: http://www.istanbulmodakonferansi.com/en/. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сашо Деспотоски Тел: ++ 389 2 3244089 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: saso@mchamber.mk


четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

БИЗНИС ИНФО

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

БИЗНИС-СРЕДБИ НА САЕМОТ „АНУГА“ ВО КЕЛН

На 13 и 14 октомври 2015 година во СР Германија

Бизнис-средбите на „Ануга 2015“ се уникатна платформа за споделување на иновативни технологии, иницира прекугранична соработка и нови деловни партнери. Учесниците може да побараат претходно договорени состаноци еден-на-еден, според нивните интереси за соработка. На овој начин, можете да направите подобра организација на вашето време на Саемот „Ануга“. Бизнис-средбите ќе се одвиваат во уникатен амбиент во германското Сојузно министерство за храна и земјоделство. „Ануга“ не е само најголемиот саем за храна и пијалаци во светот; тоа е, исто така, секторски најважниот саем за нови пазари и целни групи. Главни теми: „Ануга“ ги поздравува претставници од сите сектори на трговијата и производството на храна и прехранбената индустрија https://www.b2match.eu/anuga2015

Како тоа функционира? 1.Регистрирајте се и објавете го вашиот профил за соработка. 2.Разгледајте ја листата на учесниците и одберете за кои компании сте заинтересирани. 3.Една недела пред настанот ќе го добиете вашиот личен распоред за бизнис-средби.

Зошто да учествувате? • Можете да ги одберете потенцијалните деловни партнери - и ќе се организираат состаноци за вас! • Можете да го изберете вашиот состанок пред да тргнете на пат

Вашиот избор се базира на прецизен профил на компанијата. • Имате поддршка пред, за време и по настанот, на пример, од помош да се формулира профилот, до информативна соработка или поддршка на вашиот состанок. Учеството на средбите е бесплатно. Влезницата за Саемот не е вклучена. Ве молиме да ја купите вашата влезница преку саемскиот веб-сајт: http:// www.anuga.com/anuga/for-visitors/Admission-ticket/index.php. Рокови: - 20 септември 2015 година - регистрација и поднесување на профили за соработка; - 5 октомври 2015 година - електронски избор на бизнис-состаноци; - 9 октомври 2015 година - финална испорака на распоредот на состаноци; - 13 и 14 октомври 2015 година - билатерални средби. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

Бизнис-средби на 15 и 16 октомври 2015 година во Република Турција

„MATCH4IN

Четвртото издание на „Match4Industry“ за бизнис-поврзување ќе се организира на 15 и 16 октомври 2015 година и ќе се одржи во TOSB - Индустрискиот парк за автомобилски добавувачи во Кочаели, Република Турција. „Match4Industry“ настанот ќе биде организиран од страна на ABİGEM Исток Мармара и Комората за индустрија на Кочаели, во тесна соработка со Enterprise Europe Network - Луксембург, Стопанската комора на Големото Војводство Луксембург и многу други организации за професионална поддршка на бизнисот од Европа, Турција и пошироко. „Match4Industry“ е дел од “Бизнис на лице место”, уникатен концепт на бизнис-настани кои се организираат во посебна индустриска зона. Овој концепт е предвиден од страна на организаторите со цел олеснување на успешните преговори со истакнување на предноста на инфраструктурата и деловните активности во индустриската зона. Ова обезбедува цел спектар на услуги за развој на бизнисот со додадена вредност, со цел да се задоволат потребите за глобализација на компаниите. Покрај наведените билатерални средби што ќе се организираат во индустрискиот парк, предвидени се посети на компании, што ќе им бидат понудени на учесниците како изборна програма. Ова ќе помогне за оценување на бизнис-климата во регионот и за финализирање на преговорите. На настанот ќе бидат застапени следните сектори: § автомобилска индустрија; § метална и машинска индустрија; § пластика и гума; § хемиска индустрија (автомобилски бои и лакови); § градежништво и градежни материјали; § енергија; § животна средина; § електроника; § информатички и комуникациски технологии; § женско претприемништво и др. Котизација: 80 евра по учесник.


БИЗНИС ИНФО

NDUSTRY“ ВО КОЧАЕЛИ Партиципацијата вклучува: - организирани деловни состаноци; - помош пред, за време и по настанот; - локален трансфер; - превод – од англиски на турски, од турски на англиски јазик; - ручеци, освежување и вечера за добредојде. Трошоците за сместување (2 ноќевања во хотел со 5 ѕвезди) ќе бидат финансирани од Министерството за економија на Република Турција. Краен рок за пријавување: 30 септември 2015 година.

Подетални информации можат да се добијат на вебстраната: www.een-matchmaking.com/m4i2015 Контакт: Лазо Ангелевски Тел: (02) 3244090 laze@mchamber.mk


42

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 19 до 22.10.2015 година во Техеран

“ХАЛАЛ ИРАН 2015“

“Халал Иран 2015“ е единствениот и најголем саем за халал каде што ќе бидат присутни претприемачи од халал индустрија и бизниси кои се заинтересирани за инвестирање во една од најбрзо растечките глобални индустрии. На овогодинешниот саем компаниите ќе имаат можност да стапат во контакт со компании, кои се дел од Халал индустрија од над 30 земји, вклучувајќи ја и Холандија, Турција, Германија, Малезија, Белгија, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Франција, Египет, Мароко, Пакистан, Данска, Гана, Тунис, Ирак, Алжир, Индонезија, Русија и др. Присутните компнаии ќе имаат можност да се сретнат со бројни производители на халал продукти и да стапат во директен контакт со истите преку биллатерални средби, панел дискусии и трибин со цел размена на информации и искуства, склучување стратешки партнерства и отварање на пазарот за пласман на нивните продукти и услуги. За подетални информации Ве молиме посетете го следниов линк: http://www.halalexpo.ir/en/ Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

БИЗНИС ИНФО

43

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Едукација: АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ ВО СОРАБОТКА СО ГУСТАВ КЕЗЕР ТРЕНИНГ ИНТЕРНАЦИОНАЛ - ВТОРА ГЕНЕРАЦИЈА – Стопанска комора на Македонија Ве поканува да бидете дел од втората генерација на Академијата за продажни вештини во соработка со Густав Кезер Тренинг Интернационал! Методологијата по која се реализира Академијата за продажни вештини е усовршувана во текот на 50 години постоење на Густав Кезер Тренинг Интернационал и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10.000 европски и светски компании. Програмата опфаќа комбинација на три клучни аспекти: техника, став и влијание, кои овозможуваат да се постигнат натпросечни резултати во комуникацијата со останатите. Вистинскиот пристап кон работата и обврските, со влијанието кое како поединци го остваруваме за нашето опкружување, е онаа компонента која ги издвојува успешните луѓе од останатите и истите се спремни да ја насочат својата компанија во правец кој ќе и донесе најдобри резултати.

Што содржи тренингот? - Важноста на пристапот; - Поттикнувачи на објективно и успешно ориентираното дејствување; - Преговарање, способноста за убедување на другите; - Комуникациски техники; - Конфликтите како можност; - Ефикасно управување со времето и - Предуслови за свесен однос спрема времето.

*Првата средба на групата ќе се одржи на 20.10.2015 година, пријавете се што побрзо!

Академијата за продажни вештини содржи 5 тренинг дена распоредени во временски период од три до четири месеци (помеѓу секој тренинг ден постои пауза од три недели) и контролен ден кој се одржува по два месеци од последниот тренинг ден. Паузите помеѓу деновите на обуката се планирани со цел учесниците на своето работно место да го имплементираат наученото и во тој временски период да ги користат услугите на консултантот. Со наредниот тренинг ден од обуката се засилуваат ставовите во врска со предавањата, се вршат модификации на наученото согласно реалните услови на работа на учесниците, а во континуитет се следат фактичките постигнувања и се мери резултатот на учиноците пред и потоа. Академијата започнува во октомври 2015 година. Точните датуми на одржување на тренинг деновите се определуваат заедно со учесниците и тренерот на првата средба која ќе се одржи на 20.10.2015 година. Коментари од учесниците на првата Академија за продажни вештини: „Многу сум позитивно изненадена од содржините и активностите на Академијата. Од сите досегашни обуки добиени од различни институции, оваа обука веќе ја спроведувам во пракса со одлични перформанси и резултати.“ - Христина Чочкова, АДРИАМЕД „Академијата ги надмина моите очекувања. Се што беше презентирано беше со добра основа, реално отсликување на секојдневите потешкотии предизвикани од неправилно поставени продажни вештини, за на крај да се заврши со поука како сето тоа да се исправи и подобри во иднина.“- Соња Николовска, Макпетрол АД „Прекрасни, спремни презентации од страна на тренерот, многу добра организација, позитивна енергија.“ – Викторија Смичковска, Транслог ДООЕЛ Аплицирај електронски / on-line Контакт: Симона Ристоска Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: simona@mchamber.mk


44

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 21 и 22 октомври во Гетеборг

КОМПАНИСКА МИСИЈА - ИКТ КОМПАНИИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА НА СРЕДБИ СО ИКТ КОМПАНИИ ОД ШВЕДСКА

Enterprise Europe Network Македонија и Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија се ко-организатор на компаниската мисија во Шведска, која ќе се фокусира на соработката помеѓу ИКТ компаниите од Југоисточна Европа и од Шведска. Во западниот дел од Шведска постои силен ИКТ сектор, со компании што се занимаваат првенствено на вградени системи, електроника, инфраструктура / облак, визуелизација, игри и мобилна технологија/. Организатори на настанот се Бизнис округот Гетеборг, во соработка со Инвест Македонија, Амбасадата на Република Бугарија и Српско-шведскиот бизнис совет. Во текот на оваа мисија, Enterprise Europe Network ќе организира средби за компаниите кои учествуваат. Ова ќе биде коорганизирана од ЕЕН партнери од Шведска, Македонија, Бугарија и Србија. Целта на мисијата е да се промовира соработка и партнерство меѓу компаниите кои учествуваат. Настанот ќе се фокусира на следните партнерства: - Трансфер на технологија - Партнерства во проекти - Подизведување / аутсорсинг - Дистрибуција и - Истражување

Бизнис средбите ќе се одржат на 21 октомври, 2015 година, од 13,00-16,00 часот, во Бизнис центар во Гетеборг. Учеството е бесплатно На 22 октомври ќе се одржи Семинар – Софвер ден за ИКТ соработка на компаниите од Југоисточна Европа со ИКТ компаниите од Шведска. На бизнис средбите и на семинарот ќе можете да се запознаете со нови партнери и да се информирате за најновите случувања во ИКТ секторите во Шведска, Бугарија, Србија и Македонија. Компании од ИКТ секторите од овие земји ќе уќествуваат на средбите и на семинарот. Искористете ја можноста за да ја проширите Вашата меѓународна мрежа, да истажите нови идеи, развивајте ги економските и проектните потенцијали преку учеството на овие средби и на семинарот http://softwareday.lindholmen.se/en . Контакт Лазо Ангелевски laze@mchamber.mk


четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

БИЗНИС ИНФО

Скенирај и дознај повеќе

45

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

M

C

N IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

A

Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E

S

E


БИЗНИС ИНФО

46

четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 21 октомври 2015 година бизнис-средби во Романија

РЕГИОНАЛНИОТ САЕМ ЗА ИНОВАЦИИ ВО АРАД

Регионалниот саем за иновации што ќе се одржи на 21 октомври 2015 година, во Арад, Романија, има за цел промовирање на иновативни технологии и решенија, реализирање бизниссредби со истражувачи-професионалци, размена на искуства и можна соработка со компании од Романија и од цела Европа. https://www.b2match.eu/innomatch2015. Бизнис-средбите ќе обезбедат за да воспоставите прекугранична соработка во областа на ИКТ, автомобилската индустрија, трговијата и земјоделскиот сектор, кои ќе ви дадат лесен пристап до компании, корпорации, истражувачи и иноватори. Исто така, ќе бидете во можност да го посетите Регионалниот саем на иновации и да присуствувате на Регионалниот натпревар за награди за инвативност. Учеството е бесплатно. Фокус: • се изложуваат иновации за екосистеми на меѓународно ниво; • бизнис-средби меѓу романски и европски иноватори од областа на ИКТ, земјоделството и автомобилската индустрија ; • меѓународна соработка и вмрежување, со 30 минутни деловни средби; • промовирање на истражување и развој на понуди за компании. Билатерални средби: • дали сте во потрага по нови клиенти, партнери или пронаоѓачи за вашата компанија? • дали сте во потрага по нови потенцијални партнери за развој на бизнисот и истражувачки проекти? • или можеби само сакате да ја зајакнете својата иновативност? • деловните средби се идеална можност за нови деловни контакти. Главни теми: • Информациски и комуникациски технологии • Софтверски апликации, производи и услуги, софтверски инженеринг, интероперабилност, ИТ-безбедност, вградени системи, интернет на нештата (IoT), мобилност, консултантски услуги, аутсорсинг, услуги, ИТ-апликации за процесите на производство, енергетска ефикасност, бизнис-перформанси, транспорт и логистика; финансиски услуги, телекомуникации, трговија на мало, здравството и телемедицина, и др. • Автомобилска индустрија

•

• •

Методи на производство, производи и компоненти, материјали, суровини и полуготови производи, дизајн и развој, „зелени“ возила, одржливи згради, машини и електротехника, индустриска автоматизација и софтвер, контрола и мерење, индустриска електроника, електрична мобилност и опрема, роботиката, организации и услуги. Производство и трговија со храна Иновативни решенија за подобрување на перформансите во земјоделството, генетиката и помош за размножување и поддршка (култури и добиток), раси, семиња, заштита, технологии, жетва, природни екстракти, биопроизводи, технологии за прехранбената индустрија, одржлива преработка на храна, исхраната и здравјето, прехранбени производи и гастрономија.

* На барање на компаниите, може да се договорат билатерални средби и во другите сектори, со претходна најава, најдоцна 4 недели пред настанот. Зошто да учествувате? • Да ги покажете своите најповолни проекти, производи или know-how; • да воспоставите прекугранични контакти и соработка; • да реализирате бизнис-средби со потенцијални бизниспартнери на претходно закажани состаноци; • да најдете нови комерцијални, технолошки, истражувачки партнери; • да се запознаете со играчите за нови истражувања и развој; • да добиете информации за нови истражувања и бизнистрендови; • да ги презентирате вашите нови проекти. Како тоа функционира? • Да се регистрирате и да ги објавите своите желби за соработка; • потоа, да ги видите учесниците и да ги посочите компаниите за кои сте заинтересирани и • една недела пред настанот ќе го добиете вашиот распоред за бизнис-средби. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

БИЗНИС ИНФО

47

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„КОН ОДРЖЛИВ ТРАНСПОРТ 2015“

Конференција На 22 и 23 октомври 2015 година, во хотел „Мона“, на Златибор во Република Србија

Конференцијата ја организираат Стопанската комора на Македонија во соработка со Intico doo. и Агенцијата TransportLog од Република Србија. Oваа година се очекува присуство на повеќе од 200 учесници од регионот. Темите опфатени на овогодинешната конференција се: • Примената на информатичките системи во транспортот и логистиката; • Трендови во развојот на патниот транспорт; • Организирање на работното време на возачите; • Дистрибуција на стоки; • Релокација на транспортните и логистички процеси во бизнис-системите (аутсорсинг во дистрибуција на стоки; аутсорсинг активности за возни патркови); • Процесот на јавни набавки во транспортот и логистика; набавки и аутсорсинг; • Управување со возен парк; • Управување со трошоците во превозот; • Тркалезна маса: Решавање на постојните проблеми во транспортот, логистиката и возните паркови.

Пријавување до 13.10.2015 година .

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


48

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 3 до 6 ноември 2015 година Меѓународен саем за зелени технологии во Италија

„ЕКОМОНДО 2015“ ВО РИМИНИ

Стопанската комора на Македонија во соработка со „МЖ - Матјаж Жигон“, претставништво за саеми и консалтинг услуги и воедно главен претставник и организатор на „Riminifiera“ - Саемот во Римини за Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и Косово ве покануваат на бесплатни деловни средби и посета на Саемот. „Eкомондо“ е Меѓународен саем којшто претставува репер во областа на најпознатите ефективни технолошки решенија за правилно управување и валоризација на отпад во сите негови форми, како и заштеда на вода, ефикасна употреба на ресурси и суровини и секундарни суровини, како и заштеда на енергија и ефикасност. „Екомондо“ е саем посветен на заштита на животната средина и создавање платформа која е посветена на Медитеранот и главните европски и меѓународни стратегии за еколошки иновации и конверзија на отпад во вреден ресурс. Оваа година се организираат деловни средби и посета на Саемот за ограничен број претставници на компании од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија. Целта на оваа посета е интензивирање на деловни контакти со компании кои ќе бидат во улога на изложувачи во Римини. Предвидени се средби преку организирани состаноци, кои самите компании ќе имаат можност да ги закажат со користење на интернет-платформи. Секој член на делегацијата ќе има состаноци (10 средби) на местото каде што ќе бидат изложувачите. Средбите ќе мора да се закажат пред почетокот на Саемот, во периодот од 13 - 29.10 2015 година. Со цел унапредување на работењето на македонските компании, Стопанската комора на Македонија обезбедува: - бесплатно сместување во Римини за максимум 3 ноќевања во удобен хотел со 4 * во еднокреветна соба (хотел бар и телефон – дополнително се наплаќаат); - трансфер од и до аеродром; - дневен трансфер од и до Саемот; - саемска влезница; - можност за употреба на деловните простории на Саемот; - ручек на Саемот. Ве молиме, да го пополните образецот што на англиски јазик може да го превземете од веб порталот на Стопанската комора на Mакедонија: www.mchamber.mk Овие услови се однесуваат за еден претставник од секоја компанија со можност за доплата за хотелско сместување за


четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

БИЗНИС ИНФО

49

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ придружба од 30 € од вечер, во истата двокреветна соба (податоците за придружбата внесете ги во пријавата). Ве молиме, во пријавата да ги внесете и IN и OUT датумите и да го обележите денот кој би сакале да се користи како ден за состаноците закажани преку интернет-платформата. Препорачливо е сите состаноци да ги закажете ден по пристигнувањето во Римини. Со цел добра и успешна соработка, Ве молиме, пријавувањето да се изврши што е можно побрзо, најдоцна до 20.8.2015 година, со целосно пополнување на апликацијата во прилог! *Важно: -Патните трошоци се на товар на компаниите, односно тие сами си организираат превоз. -Официјален јазик на бизниссредбите е англиски. -Апликацијата мора целосно да биде пополнета. -Апликациите мора да бидат пополнети и доставени до организаторот најдоцна до 20.8.2015 година. -Доплата за хотелско сместување за придружба од 30 € од вечер во истата двокреветна соба. -Котизацијата за организирање на настанот према Стопанската комора на Македонија изнесува 2.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании-членки и 4.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании нечленки на Стопанската комора на Македонија. -За втор учесник по фирма се доплаќа 1.990 денари, со вклучен ДДВ за фирми- членки и 2.990 денари со вклучен ДДВ за фирми нечленки. Сите детали во врска со Саемот, ќе им бидат доставени на учесниците по селективниот избор што ќе се изврши според строги критериуми поставени од страна на организаторот, на e-адресата што ќе ја наведат во пријавата. Пријавување до 20.8.2015 година. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


50

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 10 ноември 2015 година во Братислава, Република Словачка

„ САЕМ ЗА ДИРЕКТНИ БИЗНИС СРЕДБИ 2015“

(“Slovak matchmaking fair 2015”) Од 2007 година, Саемот за директни бизнис средби се организира еднаш годишно помеѓу словачки и странски компании, во организација на Словачката агенција за инвестиции и трговски развој под покровителство на Министерството за економија на Република Словачка. Овој настан на компаниите им нуди единствена можност за еден ден и на едно место да најдат нови бизнис партнери од Словачка и од странство. Оваа година настанот ќе биде со фокус на Азија и азискиот регион Централна Азија (Казахстан) и Кина. Саемот за директни бизнис средби 2015 е најголемиот Б2Б настан кој го организира Словачката агенција за инвестиции и трговски развој и им нуди единствена можност и на малите и средни претпријатија да најдат потенцијални бизнис партнери во странство и да навлезат во глобалниот пазар. Котизацијата за учество на овогодинешниот “Саем за директини бизнис средби 2015“ е 80 € за еден учесник од компанија. За секој нареден учесник од компанија се доплаќа дополнителнo 50 €.

- Пријавниот лист мора целосно да биде пополнет на англиски јазик и доставени до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 16.10.2015 година. - По доставување на пријавниот лист организаторот ќе изготви личен профил на Вашата компанија преку кој ќе можете да ги закажувате своите Б2Б средби по електронски пат, во периодот од 26.10.2015 до 02.11.2015. - Краен рок за уплата на котизацијата за настанот е 29 октомври 2015. Доколку некоја од компаниите го пријави своето учество на саемот а не ја изврши уплатата до 29 октомври 2015, на истата нема да и биде дозволено присуство на Б2Б средбите. - Котизацијата за организирање на настанот према Стопанската комора на Македонија изнесува 2.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании-членки и 4.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании нечленки на Стопанската комора на Македонија. - За втор учесник по фирма се доплаќа 1.990 денари, со вклучен ДДВ за фирми- членки и 2.990 денари со вклучен ДДВ за фирми нечленки.

Во котизацијата е вклучено: - Учество на Б2Б средби со компании од Ваш интерес - Објава на компанијата учесник во овогодинешниот “Каталог на учесници“ - Чаша вино за добредојде - Учество во паралени настани - Освежување за време на паузите

Сите детали во врска со електронското закажување на Б2Б средбите , ќе им бидат доставени на учесниците на e-адресата што ќе ја наведат во пријавата веднаш по нивната регистрација од страна на организаторот.

*Напомена: - Патните трошоци се на товар на компаниите, односно тие сами си организираат превоз. - Официјален јазик на бизнис-средбите е англиски.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

БИЗНИС ИНФО

51

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

“9-ТИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА МЕЛНИЧКО -ПРЕРАБОТУВАЧКА И ПЕКАРСКА ИНДУСТРИЈА“ (IBEX)

Од 6.12.2015 - 09.12.2015 година во Техеран, Иран

Посетата на IBEX, се организира во соработка со Амбасадата на Исламската република Иран вo Скопје. Интернационалниот саем за мелничко - преработувачката и пекарската индустрија (IBEX) се смета за еден од најголемите и најважните настани во Иран. Со оглед на фактот дека Иран има повеќе од 77.000.000 население и по глава на жител на годишно ниво се трошат околу 165 килограми леб и пекарски продукти, иранската влада има за цел во наредните години значително да го подобри квалитетот на домашната пекарска индустрија. IBEX 2015 има за цел да ги претстави можностите за инвестирање во овој мултимилионски бизнис и да создаде платформа за интеракција и соработка помеѓу пертставниците на компаниите во мелничко- преработувачката и пекарската индустрија и да им обезбеди максимален капацитет за производство на домашните компании. Саемот ќе трае 4 дена, во периодот од 6 до 9 декември 2015 година во просториите на техеранскиот Интернационален саем и е организиран од страна на компанијата ИТГ – лидер во организација на саемски манифестации. За подетални информации Ве молиме посетете го следниов линк: http://ibex.ir/en/ Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


52

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 26 и 27 февруари 2016 година Меѓународна конференција и саем во Србија

,,НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“ ВО БЕЛГРАД

На настанот „Новите технологии во образованието“ во 2015 година имаше повеќе од 2500 учесници кои имаа можност да слушнат повеќе од 100 говори од 50 предавачи од целиот свет. Исто така, се организираше и Саем со 40 излагачи каде се презентираа најновите технолошки решенија во образованието. Компаниите од ИКТ-секторот, издавачите, училиштата, универзитетите и другите образовни институции ја презентираа нивната компјутерска и аудиовизуелна опрема, мобилните уреди, софтвери, апликации, дигиталните учебници и другите производи што можат да придонесат за зголемување на квалитетот на образованието.

„Новите технологии во образованието 2016“ - Над 20 земји ќе пратат свои високи претставници од министерствата за образование. - Над 50 излагачи во 2016 година, и над 20 компании од Велика Британија. - Над 150 предавања и работилници. - 71% од излагачите потврдија продажни договори од настанот во 2015 година. - 79% од излагачите потврдија дека имаат воспоставено партнерства на настанот во 2015 година.

Над 4000 гости од 30 земји се очекуваат во 2016 година.

Конференцијата и саемот „Новите технологии во образованието 2016“ се отворени за компаниите од регионот кои обезбедуваат иновативно образование ИКТ-производи, услуги и решенија. Тие ќе имаат можност да ги покажат своите производи, да се создадат можности за партнерство со купувачите и со учесниците и да бидат во тек со новите случувања во областа на образованието и технологиите кои се внесуваат во образовниот систем во земјите во регионот. Во 2016 година веќе има потврда дека над 20 компании од Велика Британија ќе присуствуваат на овој настан и ќе ги презентираат нивните ИКТ-решенија и производи за образованието. Исто така, ќе присуствуваат високи претставници од министерствата за образование од: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово, Турција, Азербејџан, Казахстан, Русија, Израел, Украина, Молдавија, Грузија, Узбекистан , Словенија, Унгарија, Хрватска, Бугарија и Романија. Ова ќе биде можност за компаниите и за образовните институции за воспоставување партнерства и споделување идеи за иднината на образованието. Настанот се организира во соработка со Стопанската комора на Србија, Британската амбасада и други институции и организации.

Пријавување до 17 ноември 2015 година.

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ


54

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Италија заинтересирана е да пласира картонска амбалажа за пакување на овошје и зеленчук. Валидност дo 08.10.2015 годинa Компанија од Литванија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на култиватори за обработка на земјодеско земјиште. Валидност дo 08.10.2015 годинa Компанија од Хрватска заинтересирана е да соработува со градежни компании во Република Македонија за пласман на хидратизирана вар и камени гранулати. Валидност дo 08.10.2015 годинa Компанија од Италија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на земјоделска механизација. Валидност дo 09.10.2015 годинa

Компанија од Италија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на земјоделски прецизни пневматски дупчалки зa потреби од сеење, на зеленчук со микроскопски семиња и растенија како пченка, репка, памук и сончоглед. Валидност дo 26.11.2015 годинa

Компанија од Австрија бара дистрибутери за пласман на CЕ-сертифицирани ин-витродијагностички производи за домашна и професионална употреба, кои се користат при откривање и дијагностицирање на критични болести, алергии и проблеми со плодноста. Нивнита палета на производи опфаќа брзи тестови за детекција на антитела на: ХИВ 1 & 2, Сифилис, Маларија PV & PF,Денга IgG H.pylori, нетолерантност на глутен, како и високо чувствителни тестови за бременост и тест за плодноста кај жените. Валидност дo 09.10.2015 годинa

Компанија од Бугарија бара пласман на Турска компанија бара соработка со македонски хидраулични и пневматски цилиндри и делови за компании за пласман на метални делови што се нив кои се користат во сите видови на машини во користат во индустријата за кожа, чевли, торби, земјоделството,комунални машини, електрични дигалки и камиони за градење патишта , преси и особено во текстилната индустрија. други машини и опрема. Валидност дo 08.10.2015 годинa Валидност дo 09.10.2015 годинa Компанија од Германија заинтересирана е да пласира електронски и електромеханички Компанија од Литванија заинтересирана е да пласира машини за влечење и товарање компоненти во Република Македонија. при пренос на дрвени трупци во Република Валидност дo 08.10.2015 годинa Македонија. Валидност дo 09.10.2015 годинa


четврток, 17 септември 2015, Бр. 235

БИЗНИС ИНФО

55

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на конзервирано месо, паштети и готови оброци со месо. Валидност дo 09.10.2015 годинa

Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на ножици за стрижење на добиток и сатари за колење на добиток. Валидност дo 10.10.2015 годинa

Компанија од Германија нуди уреди за користење на соларна енергија, келии, модули и инвертори Компанија од Естонија заинтересирана е да нарача изработка на кошули во соработка со Валидност дo 10.10.2015 годинa текстилните фабрики во Република Македонија. Чешка компанија нуди ортопедски импланти Валидност дo 11.10.2015 годинa и инструменти за ортопедски хирургија и Компанија од Полска бара дистрибутер за пласман трауматологија во Република Македонија. на светлечки системи за улично осветлување во Валидност дo 10.10.2015 годинa Република Македонија. Компанија од Грција бара да соработува со Валидност дo 11.10.2015 годинa производители на кеси за отпад во Република Македонија за откуп на истите. Валидност дo 10.10.2015 годинa Компанија од Грција бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на хемиски адитиви за пречистување вода и базени. Валидност дo 10.10.2015 годинa

www.mchamber.mk

Контакт:

Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Бизнис ИНФО број 235, 17.09.2015 by Economic Chamber of Macedonia - Issuu