Page 1

БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

СТОПАНСКА КОМОРА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈА Founded 1922 Quality Management

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi. FS 549642

ISO 9001

Quality Management

goodini

192

2 - 2014

FS 549642

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 175

www.mchamber.mk

17.4.2014

Македонските текстилни компании бараат поддршка од страна на државата

СУБВЕНЦИИ ПРИ НАБАВКА НА НОВА АВТОМАТИЗИРАНА ОПРЕМА ЗА ПРОИЗВОДСТВО

Средба на Делегација од Нингбо, Народна Република Кина, со претставници на компании од земјава

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МАКЕДОНСКИТЕ КОМОРИ


2

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 април 2014, Бр. 175

ПОДВЛЕЧЕНО

ПОЗИТИВНИТЕ ЕФЕКТИ ОД ГОЛЕМИТЕ ИНВЕСТИЦИИ НА ГЕРМАНСКИТЕ ФИРМИ Нашата заедничка трговска размена изнесува повеќе од 1,6 милијарди евра годишно, при што македонското стопанство постигнува голем суфицит. Тука доаѓаат до израз позитивните ефекти од големите инвестиции кои ги спровеле неколку германски фирми во изминатите години. Но, не сите германски фирми работат толку без проблеми како големите инвеститори. Постојат многубројни проблематични поединечни случаи, со чиешто брзо решавање би можеле уште повеќе да ја подобриме економската соработка. (Н.Е. Гудрун Штајнакер, амбасадор на СР Германија во Република Македонија за „Фактор“)

ЖЕНИТЕ ТРЕБА ДА ПРЕГОВАРААТ ЗА ПОГОЛЕМА ПЛАТА Јас мислам дека ние се уште живееме во општество во кое мажите се доминантни, таков е случајот во Македонија, но тоа е исто и во Холандија и во други земји. Мислам дека има неколку добри работи кои се случуваат во развојот на Македонија, а се однесуваат на еднаквоста, но сепак мислам дека е потребно време за да почне повеќе да се цени квалитетот на жените како бизнисменки. А тоа не доволно се почитуваат ниту во Македонија, ниту во Холандија. Јас сум бизнис жена, но многу мажи мислат дека сум секретарката на некој маж кој се занимава со бизнис. Но јас не сум тоа, јас сум бизнис жена, и ние мора да најдеме начин да бидеме повеќе ценети, а и воедно да имаме добри примери бидејќи тие покажуваат дека една жена може да има висока позиција, може да биде добар претприемач и да биде добра мајка во исто време. Тоа се типични области каде што веќе многу, многу години жените работат. Во овие сектори за водење грижа, во тоа сме многу добри. Многу сме добри во создавање на вредности за општеството, исто така и во претприемништвото. Гледаме многу жени претприемачи во образованието, здравството, но и во социјалното претприемништво. Мислам дека тоа кај жените е и по малку биолошко, тоа се нештата што навистина ги сакаме, а за мажите на пример се забележува дека поактивни се во градежништвото или индустријата, тоа се гранки кои повеќе се поврзуваат со мажите. Мислам дека тоа е веќе со десетици години така, и сметам дека тоа не може лесно да се смени. Во Холандија многу проекти се спроведуваат за да се вклучат жените во техничките индустрии. Можеби тогаш кога луѓето ќе го видат тоа, тоа ќе им биде пример и можеби младите девојки би можеле да изберат да бидат инженери, на пример. (Јозет Тајхузен, претставник на жените од Холандија во Собранието на Обединетите Нации за „Радио Слободна Европа“)


четврток, 17 април 2014, Бр. 175

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО

МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ ВО СВЕТСКАТА АРКА НА ВКУСОВИ НА ИНТЕРНЕТ-КАТАЛОГ Kога станува збор за македонските номинации, во постапка за заштита веќе се влезени македонската пчела и нејзиниот мед произведен во улиште без хемија, слаткото од диви смокви, млечните производи од мавровско-реканскиот крај, буковскиот пипер од Битолско и други. Два од проектите за зачувување, кои според „Слоу фуд“ на светско ниво се нарекуваат президиуми, се веќе готови, а другите два се во тек. Тиквешани се надеваат дека и тиквешките атрактивни вкусови, кои ќе бидат номинирани, ќе имаат среќа да бидат и зачувани од заборав. Во президиумите активно се вклучуваат малите производители кои користат традиционални техники за производство на автентични производи, кои веќе се дел од арката на вкусови. На тој начин би се постигнала нивна економска одржливост. Меѓу повеќето од 1.600 номинирани производи на светско ниво се и планинскиот чај од Галичица, колешинските кикиритки, медот од македонската пчела, мариовското биено сирење, кашкавалот од Бистра, неготинската наутлија, струмичкиот сусам, струмичкиот собра-грав, циронките од Стење, мариовската буша, беровскиот оцет од киселици. Се работи за меѓународен проект во рамките на организацијата „Слоу фуд“, а парите за активностите се обезбедени од Европската Унија. (Емилија Неделковска, координатор за Македонија на „Слоу Фуд“ за „Дневник“)

ОД СЕМИНАРСКА ЗАДАЧА ДО БИЗНИС Идејата за Domino the Effect се роди кога станав член на академијата Summer Work and Travel Alumni. Задачата на Академијата беше да се оформи бизнис идеја и да се обработува низ текот на семинарите. За таа цел се консултирав со својот ментор во кариерниот процес – Илија Каров, без чија помош идејата немаше да излезе на површина. Дадените совети ме насочија да размислувам кон тоа мојот стартап да биде поврзан со тоа што учам, поради тоа што маркетингот ми претставува појака страна со која можам да доминирам за иновативност на пазарот. Идејата се роди така што почнав да размислувам дека луѓето се помалку имаат време за гледање телевизија или пак читање весници, но она што секогаш мора да го практикуваме со цел да опстанеме е да се исхрануваме. Зошто тогаш да не ги користиме материјалите за достава на храна како промотивни материјали преку кои клиенти ќе можат ефективно да се рекламираат? Пред да започнеме со првите брендирани кутии, заинтересираноста не беше на високо ниво поради тоа што луѓето едноставно не беа запознаени за што се работи. Откако луѓето имаа можност да видат дека новиот промотивен концепт понуден на пазарот функционира, заинтересираноста постојано се зголемуваше. Македонскиот пазар до сега немал можност да види ваков концепт на маркетинг, кој им овозможува на претпријатијата нов и ефективен начин на испраќање на пораките до домовите на своите таргет групи. Кај луѓето побуди интерес тоа што на кутиите за пица има комбинација од логоа на компании кои за цел имаат да ја зголемат свеста за својот бренд, но исто така поставени се и купони преку кои клиентите имаат можност за директна продажба, а пак таргетот со порачување на една пица може да добие попусти низ разни места во градот. (Маја Илиевска, извршен директор и сопственик на Domino the Effect во „Бизнис Инфо)


4

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 април 2014, Бр. 175

СОРАБОТКА Делегација од Нингбо, Народна Република Кина во Министерството за надворешни работи на Македонија, оствари средба со претставници на македонските компании

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МАКЕДОНСКИТЕ КОМОРИ

Согласно заклучоците донесени на Букурешката конвенција меѓу Народна Република Кина и 16 земји од Централна и Источна Европа, во ноември 2013 година, на која е одлучено 2014 година да биде година за промоција на инвестиции и бизнис меѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа, висока кинеска делегација од Нингбо, Народна Република Кина, во Министерството за надворешни работи на Македонија, оствари работна средба со претставници на македонските компании (14.4.2014 година). Настанот го отвори Ненад Kолев, директор на Директоратот за економска дипломатија при Министерството за надворешни работи на Република Македонија, кој во своето поздравно обраќање не заборави да ја потенцира успешната дипломатска соработка на Република Македонија со Народна Република Кина. Во рамките на средбата, беа претставени можностите за бизниссоработка со Народна Република Кина, планот за инвестиции на Народна Република Кина во Република Македонија, како и придобивките од учеството на еден од најголемите и најпрофесионалните саеми за стоки за широка потрошувачка „CICGF - China International Consumer Goods Fair“, што ќе се одржи во рамките на Министерската конференција за трговија и инвестиции меѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа (од 8 до 11 јуни 2014 година во Нингбо), каде ќе имаат можност да се престават извозни компании, со цел да обезбедат соработка за пласман на нивните прозиводи во НР Кина. Во интерес на зголемување на соработката меѓу македонските компании и компаниите од НР Кина, беше потпишан и Меморандум за соработка. Од македонска страна во име на трите стопански комори (Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанската комора на Северозападна Македонија) Меморандумот го потпиша Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, а од кинеската страна Зао Дафанг, генерален секретар на Советот за меѓународна промоција на трговијата - Потсоветот на Нингбо, НР Кина. - Заложба на Стопанската комора на Македонија е да им помогне на македонските компании да ги зголемат своите можности за извоз, а со отворањето на нови пазари да се овозможи воспоставување директни и непосредни контакти, каква што е и оваа можност, за учесто на Меѓународниот саем за широка потрошувачка „CICGF – 2014“, што ќе се одржи во Нингбо, НР Кина, - истакна Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија. - Всушност, саемските манифестации се секогаш корисна алатка за согледување на потенцијалите за настап на одредени пазари, можност за развивање нови деловни партнерства и зголемување на извозните активности на македонските компании. За таа цел, презентацијата на кинескиот Меѓународен саем за широка потрошувачка ќе им даде на македонските компании преглед на можностите, условите и бенефитите од посета или настап на него, со што се отвора вратата за промовирање на македонското стопанство


четврток, 17 април 2014, Бр. 175

БИЗНИС ИНФО

5

ПОСЕТИ не само во провинцијата Нингбо, туку и пошироко на пазарите на НР Кина. Су Женг од Советот за промоција на трговијата на НР Кина - Потсовет на Нингбо, ги запозна македонските компаниии со придобивките од изложување на македонските производи на овој меѓународен настан. Тој исто така потенцира дека за 10 македонски компании, кои ќе се пријават до 22 април 2014 година. ќе бидат обезбедени бесплатни штандови од 9 м2. Амбасадата на НР Кина во Република Македонија ќе обезбеди целосна логистичка поддршка за настап на компаниите од Македонија на саемот во Нингбо, како и за воспоставување на контакти со потенцијални кинески партнери, преку заедничката соработка со коморите. Кога станува збор за економската соработка и нивото на размена меѓу двете земји, мора да се истакне дека е неопходно зголемување на македонскиот извоз, со цел намалување на трговскиот дефицит на македонска страна. Податоците за надворешно-трговската размена на Република Македонија со НР Кина во 2013 година не одат во оваа насока. Вкупната трговска размена на Република Македонија со НР Кина во 2013 година достигна вредност од 483,7 милиони САД $, што претставува пад од 9,4 % во однос на претходната година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 103,8 милиони САД $ или пад од 34,6 %, додека увозното салдо изнесува 379,5 милиони САД $ или зголемување од 1,2% споредбено со 2012 година. Евидентиран е негативен биланс на страна на Република Македонија во трговската размена од 275,6 милиони САД $. Во вкупната надворешно-трговска размена, НР Кина е седми трговски партнер на Република Македонија во 2013 година. Во поглед на застапеноста на производите во размената, во 2013 година, во структурата на извозот се застапени мал број производи и тоа: фероникел, вино, мермер и останато со помала вредност. Во увозното салдо, најголемо учество имаат: полиетилен терафталат, ткаенини други плетени или хеклани материјали, како и друг широк асортиман на производи. Огнен Гаревски

Делегација од кинескиот град Дејанг во посета на Регионалната комора со седиште во Прилеп

МОЖНОСТ ОД КИНЕСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ТИРЗ „АЛИНЦИ“

Делегација од збратимениот кинески град Дејанг на 9.4.2014 година ја посети Регионалната комора со седиште во Прилеп. Таа беше примена од страна на потпретседателот, Ирена Јакимоска и извршниот директор Ристо Најдоски. Гостите од Дејанг поопширно беа запознати со организационата поставеност на Стопанската комора на Македонија и активностите на Регионалната комора со седиште во Прилеп. Исто така, беше извршена презентација за економските потенцијали и природни ресурси на регионот, како и за условите за инвестирање во ТИРЗ „Алинци“ во околината на Прилеп. Ова е втора посета на Регионалната комора од страна на делегации од градот Дејанг кој се наоѓа во кинеската провинција Сичуан, која е во јужноцентралниот дел на Кина и има околу 4 милиони жители. Дејанг е богат и развиен индустриски град, каде што имаат седишта индустриски капацитети, како и некои од најголемите компании во Кина. Целта на посетата беше да се интензивира соработаката меѓу двата збратимени града кои промовираат заедничко искрено пријателство и размена на искуства во повеќе области. Гостите од Кина ги посетија производствените капацитети на компаниите „Микросам“ и „Витаминка“, од каде понесоа импресивни впечатоци, пред се` од производните програми, технолошките капацитети и квалитетните човечки ресурси. Кинеските претставници изразија интерес за посета и запознавање со културно-историските локалитети и обележја, како и запознавање со туристичките капацитети и можностите на регионот за евентуална туристичка размена. При посетата на Општина Прилеп, градоначалникот Марјан Ристески и претставниците од локалната самоуправа истакнаа дека на гостите од Дејанг ќе им ги понудат сите можности за културнотуристичка размена која, секако, ќе иницира и економско-стопанска соработка. Во разговорите беше истакнато дека се очекува наскоро да има почести размени меѓу двата збратимени града. Ристо Најдоски


БИЗНИС ИНФО

6

четврток, 17 април 2014, Бр. 175

СОРАБОТКА Тркалезна маса во организација на Владата на Република Македонија, Националниот совет за претприемништво и конкурентност и Стопанската комора на Македонија

ИНВЕСТИЦИИ ВО ВЕШТИНИ И ЗНАЕЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ ПРИДОНЕСАТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА

На 11.4.2014 година, во организација на Владата на Република Македонија, Националниот совет за претприемништво и конкурентност и Стопанската комора на Македонија, се одржа тркалезна маса на тема: Конкурентноста на претпријатијата во Македонија и предлози за подобрување на конкурентноста на македонското стопанство. Членките на Стопанската комора на Македонија кои присуствуваа на овој настан имаа можност да ја проследат презентацијата на изготвената првична верзија на Студијата за конкурентност на македонските претпријатија, со цел да ги изнесат своите ставови во врска со добиените резултати, како и да предложат свои предлог-решенија за унапредување на условите за подобрување на конкурентноста на македонското стопанство. При презентирањето на Студијата, беше изнесено дека станува збор за резултати добиени од избор на репрезентативен примерок, при што биле опфатени 330 компании од Република Македонија, кои работат најмалку 5 години од своето основање, од кои 75 % се извозни. Притоа, околу 70 % од компаниите биле производни компании, а останатите 30 % од услужниот сектор. Во однос на големината, во истражувањето биле опфатени околу 7 % големи компании, 26 % средни и останатите биле мали и микро компании. Врз основа на добиените одговори од врвниот менаџмент на опфатените компании со истражувањето, констатирано е дека за конкурентската предност на своите производи или услуги во однос на производите или услугите на нивните конкуренти ги сметаат цената на нивните производи или услуги, како и фактот дека нивните производи или услуги нудат поголема вредност за парите. Од резултатите на Студијата произлегуваат и податоците дека 60 % од менаџерите на компаниите идниот раст го гледаат во пробив на нови пазари, околу 40 % од нив сметаат дека тоа е резултат на развој на нови производи. Еден од заклучоците од дискусијата на тркалезната маса беше и потребата за инвестиции во вештини и знаење на вработените, заради подобрување на конкурентноста, при што од страна на бизнис-секторот беа изнесени и проблемите со кои тие се соочуваат во овој дел, како на пример: нестручноста и неквалификуваноста на кадарот, пред се` поради фактот што после завршувањето на формалното образование, потребна е практична работа од најмалку 2 години, за да може еден работник да одговори на потребите на компаниите. Исто така, беше изнесен и предлогот што се состои во ослободување од даночни оптоварувања на трошоците за обуки на вработените, како едно мало поттикнување за вложување на компаниите во развој на човечките ресурси, бидејќи тоа на долг рок во голема мера може да придонесе за подобрување на конкурентноста на македонските компании. На крајот на презентацијата, беа презентирани и Предлог-мерките за поттикнување на конкурентноста на македонските компании, кои биле наведени од анкетираните компании во истражувањето на терен, кое ги дало следните резултати: најголем процент од менаџерите на опфатените компании сметаат дека државата и другите институции можат да помогнат во зголемување на конкурентноста преку обезбедување поволни кредити наменети за развој на нов производ и за извоз, а како значајни предлог-мерки исто така се и организираната посета на меѓународни саеми, поддршка на заеднички проекти за извоз со други компании, обезбедување консултантски услуги, како и организација на бизнис-форуми. М-р Елена Милевска Штрбевска


четврток, 17 април 2014, Бр. 175

БИЗНИС ИНФО

7

СОРАБОТКА

ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ ДВЕТЕ ИНСТИТУЦИИ

Претставници на Европската банка за поддршка и развој на работна средба во Стопанската комора на Македонија

Госпоѓа Анча Јонеску, виш банкар во Европската банка за поддршка и развој и господин Владо Бојаџиевски, главен банкар во Европската банка за поддршка и развој во Р. Македонија, се сретнаа на работен состанок со претседавачот на Собранието на Стопанската комора на Македонија, господин Антони Пешев, извршниот директор на Стопанската комора на Македонија и секретар на Здружението на банкарството, м-р Јелисавета Георгиева (10.4.2014 година). Главна тема на состанокот беше продлабочување на соработката меѓу двете институции, како и промоција и запознавање со новите производи на Европската банка за поддршка и развој (ЕБПР). Госпоѓа Анча Јонеску посебно нагласи дека ЕБПР има за цел да биде партнер на компаниите кои имаат потреба од зголемување на капиталот, преку неколку можности за соработка кои беа предмет на состанокот. Госпоѓа Јонеску исто така истакна дека ЕБПР е поддржувач на странските директни инвестиции и верува дека тие ќе придонесат кон намалување на невработеноста и ќе отворат нови пазари за нашите компании. Господинот Антони Пешев ја поздрави иницијативата и поддршката што ја нуди оваа банка на компаниите, притоа нагласувајќи дека е многу важно за компаниите што ЕБПР се јавува како партнер и притоа не е потребен колатерал за добивање на средствата. М-р Јелисавета Георгиева ја нагласи можноста Европската банка за поддршка и развој преку свои делегирани претставници активно да се вклучи и во Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија. Од 1994 година, па се` досега, Европската банка за поддршка и развој има инвестирано околу 1 милијарда евра, со активно портфолио во моментов од 100 милиони евра, од кои 60% во автомобилската индустрија. Јасмина Апостолоска

Постојан избран суд - Арбитража Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија e постојана арбитражна институција основана согласно со Законот за стопанските комори и Статутот на Стопанската комора на Македонија. Арбитражата при Стопанската комора на Македонија е надлежна за решавање спорови за права со кои странките можат слободно да располагаат и за кои со закон не е пропишана исклучива надлежност на судовите на Република Македонија, доколку странките ја договорат нејзината надлежност. Контакт: М-р Татјана Штерјова; тел: +389 (02) 32 44 065; e-mail: tatjana@mchamber.mk

bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА FS 549642

Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922


БИЗНИС ИНФО

8

четврток, 17 април 2014, Бр. 175

АКТУЕЛНО Заради зајакнување на конкурентноста на македонските текстилни компании потребна е поддршка и од страна на државата

СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ ПРИ НАБАВКА НА НОВА АВТОМАТИЗИРАНА ОПРЕМА НАМЕНЕТА ЗА ПРОИЗВОДСТВО

Текстилната индустрија во Република Македонија е од особено значење, како по бројот на вработените, така и според извозот. Во овој сектор особено дојдоа до израз претприемничките иницијативи, кои создаваат солидна материјална основа. Кај нас во текстилната индустрија преовладува „ЛОН“-работењето, кое се сведува главно на шиење како еден од најнедоходовните видови на соработка со странските партнери. Во вкупниот извоз „ЛОН“-работењето учествува со околу 93 %, а на класичното производство на извоз отпаѓаат 7 %. Оваа гранка вработува околу 40-42 илјади работници кои се околу 10-12% од вкупниот број вработени и околу 40% од вработените во преработувачката индустрија, а додека во вкупниот извоз на земјата во 2013 година учествува со 16,4 %. Според последните статистички податоци, текстилната индустрија во Македонија во 2013 година во однос на 2012 година забележа позитивен раст кој во одделот Производство на текстил изнесува 79,8 %, а во одделот Производство на облека раст од 13,7 %. Ова беше истакнато на редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија на тема: „Aктуелни состојби во текстилната индустрија и проекции за наредниот период“. За состојбите во оваа индустриска гранка зборуваше Ангел Димитров, претседател на Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата при Стопанската комора на Македонија. Извозот на текстилни производи во 2013 година достигна 701 милион САД долари, од кои 77,6 милиони САД долари отпаѓаат на текстилни ткаенини, а 624 милиони САД долари на готови текстилни производи, додека увозот изнесува 554 милиони САД долари, а најголеми партнери се компании од западноевропските земји. Првите два месеца од 2014 година во однос на 2013 година исто така покажуваат зголемување од 16,3 % кај текстилните ткаенини, односно 7,9 % кај готовите производи. Ваквиот раст најмногу се должи, според Ангел Димитров, на два фактора и тоа: • повисоките фази на обработка и доработка на производите каде веќе дел од производствените операции се вршат во земјава (печатење, везење, пакување); • заживувањето на економијата во Европската унија што доведе до продолжување на договорите и задржување на најзначајните партнери од западноевропските земји. Со цел да се овозможи поголема конкурентност, македонските текстилни компании бараат од страна на државата да се обезбедат финансиски средства за субвенционирање при набавка на нова автоматизирана опрема наменета за производство. Имено, Република Македонија во однос на земјите во окружувањето има помала продуктивност што се должи, меѓу другото, и на недоволната автоматизација на производниот процес, која ќе предизвика миграција на странските клиенти во соседните земји кои се` повеќе ја зајакнуваат својата конкурентноста. На пример, Бугарија, со високата автоматизација во производните капацитети, реализирана со поддршка на нивата Влада и со поддршка на ЕУ-фондовите, е поконкурентна во однос на Македонија. Со цел да бидеме конкурентни во однос на окружувањето, македонската текстилна индустрија мора да добие поддршка од државата во смисла на поволни кредитни линии, субвенции, користење на гарантни фондови итн., со што ќе се овозможат вложувања во автоматизација на производните процеси. Со тоа ќе се подобри квалитетот и ќе се обезбеди поголема продуктивност од страна на текстилните компании. Исто така, се бара да се намалат царинските давачки за увоз на репроматеријали од земјите надвор од ЕУ, кои сега се 10 % или пак да се изедначат со стапките на ЕУ за увоз на репроматеријали на 7,5 %, со што би се зголемила конкурентноста на македонските производи во Унијата. Неопходно е да се обезбеди државна поддршка за да се изврши пренамена од „ЛОН”-производство во класично производство, односно формирање на сопствен бренд кој ќе биде наменет за извоз, што беше една од основните цели на Стратегијата за развој на текстилната индустрија. Самиот факт дека странските купувачи ќе инсистираат на еден ваков пресврт укажува на важноста на овие промени, а текстилниот сектор мора да се приспособи на барањата на пазарот и поради тоа е потребна поддршка од Владата, со што ќе се овозможи премин од „ЛОН“ кон чист извоз, во прво време на сопствен производ со туѓа марка, а потоа да се премине и на производство на производ под сопствен брен. Сашо Деспотоски


четврток, 17 април 2014, Бр. 175

БИЗНИС ИНФО

9

СОРАБОТКА

РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ИНФРАСТРУКТУРНИТЕ ПРОЕКТИ ЌЕ ЈА ПОТТИКНАТ РАЗМЕНАТА

Годишно собрание на Македонско-бугарската стопанска комора

Македонско-бугарската стопанска комора (МБСК) одржa Годишно собрание во Скопје (16.4.2014 година). На Собранието присуствуваа амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија, Иван Петков, и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. Од Годишното собрание беше порачано бизнисзаедниците од двете земји повеќе да ја развиваат економската соработка и да се занимаваат со Коридорот 8 и да се свртат кон иднината - остварување трговска размена од една милијарда евра, креирање заеднички производ и освојување на трети пазари. - Република Македонија има стратешки интерес за поинтензивно развивање на стопанската и трговската соработка со Република Бугарија. И во време на економска криза, таа соработка треба да се засилува и да се продлабочува. Во моментов во земјава има добра инвестициона клима, исто како и во Бугарија, но без финализација на Коридорот 8, ќе останеме со традиционално слабата транспортна инфраструктура, на која и` недостигаат критични поврзувања на главните железнички линии на Македонија и Бугарија. Во Република Бугарија, со рехабилитација и електрификација на железничката траса од македонската граница до Варна во должина од 758 км, постигнати се забележителни промени во унапредувањето на бугарската железничка мрежа долж овој коридор. Но сепак, надградувањето на автопатот со по две коловозни ленти во секој правец на Коридорот 8, во делот што ги поврзува Скопје и Софија кон Бугарија, ќе биде напредок во поврзувањето на двете економии, – истакна Бранко Азески, обраќајќи се на присутните. Според Азески, треба да се покренуваат многу повеќе иницијативи за заеднички инфраструктурни проекти кои се од битно значење за развојот на економиите на двете држави и тоа треба што поскоро да се предложи, да се поттикне, поддржи и да се спроведе со цел изградбата на Коридорот 8 да стане предност, а не пречка за комуникација меѓу двете земји. - И денес постои недостиг на иницијативност, што треба да се надмине со конкретни активности, кои ние, коморите, треба да ги предложиме и да помогнеме тие да се имплементираат, – додаде Азески. Осврнувајќи се на планираните коморски активности, претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора, Зоре Темелковски, нагласи дека приоритети остануваат, покрај транспортот, и обезбедувањето услови за заедничка енергетска политика особено околу стратегиските одлуки за гасоводот, формирањето заеднички инвестициски фонд за кредитирање на извозно ориентираните компании, како и иницирањето интензивни деловни комуникации преку организирање бизнис-форуми во Штип и во Софија. Темелковски оцени дека се` побројни се македонските фирми кои отвораат производни капацитети во Бугарија, но се` уште нема доволно активности за привлекување инвеститори и капитал од Бугарија. - Двете бизнис-заедници не ги користат шансите што ги има Бугарија како членка на ЕУ. Мораме од нашиот источен сосед да направиме вистински лобист не само за евроинтеграциите, туку и за достапност на големите фондовски потенцијали за кредитирање и искористеност на средства од Европската комисија, - рече претседателот на МБСК. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Бугарија во 2013 година достигна вредност од 690,7 милиони САД $. Во 2013 година извозот достигна раст од 12,2 % (во однос на претходната година) и изнесува 325 милиони САД долари, за разлика од увозното салдо коешто изнесува 365,6 милиони САД долари каде има намалување од 11 %, во однос на 2012 година. Трговскиот дефицит изнесува - 40,6 милиони САД долари. Република Бугарија е шести трговски партнер на Република Македонија во 2013 година. Сања Николова


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

   

  

  

rɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤʖʗʝʠʖʠʒʥʜʑʤʑʣʗʠʖʓʚʓʑʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠʠʡʢʗʞʗʟʚʡʢʠʣʤʠʢʚʚʓʠʢʑʞʜʚʤʗʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑʜʠʞʠʢʑʟʑɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ rɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑʟʑʣʤʑʓʑʣʗʠʖʓʚʓʑʓʠʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚʜʠʞʡʑʟʚʚʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤʠʖʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑʣʤʢʥʜʑ tʇʛʚʤʗʞʘʖʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨʥʦʞʝʣʖʨʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. rɱʒʥʜʑʤʑʤʢʑʗʠʜʠʝʥʤʢʚʞʗʣʗʨʚ ʠʖʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠʡʗʤʠʜ rɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑʚʡʢʑʜʣʑʤʑʣʗʠʖʓʚʓʑʑʤʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢʣʠʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ rɳʑʒʠʤʑʓʠʔʢʥʡʚʠʖʖʠʞʑʜʣʚʞʥʞʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑʡʠʓʗʽʗʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯʢɣʠʢʚʣɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ  ɯʠʒ  CPSJT!NDIBNCFSNL

ɴʚʞʠʟʑɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ  TJNPOB!NDIBNCFSNL

ɴʤʠʡʑʟʣʜʑʜʠʞʠʢʑʟʑɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝtɧʚʞʚʤʢʚʗɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ   ʦʑʜʣ  

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач


четврток, 17 април 2014, Бр. 175

БИЗНИС ИНФО

11

ТРИБИНА

МЛАДИТЕ ПОВЕЌЕ ОД КОГА БИЛО ИМААТ ПРОСТОР ЗА КРЕАТИВНО И ПРЕТПРИЕМНИЧКО РАЗМИСЛУВАЊЕ

Конференција „Професијата како личен идентитет“ во интернационалното училиште „НОВА“, во организација на Ротари Клуб Скопје - Камен мост

На 12.4.2014 година се одржа Втората Ротари конференција:„Професијата како личен идентитет“ во интернационалното училиште„НОВА“, во организација на Ротари Клуб Скопје - Камен мост. На Конференцијата претставници од реалниот сектор, искусни менаџери и бизнисмени со долгогодишно искуство, преку своите сликовити и мотивирачки говори ги поттикнаа младите средношколци да размислуваат за професијата кон која би сакале да се насочат. Првиот говорник, Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, им се обрати на младите споделувајќи го со нив своето долгогодишно искуство најпрво од бизнис-секторот, на менаџерски позиции, а потоа и од функцијата која ја извршува денес. Бранко Азески ја нагласи упорноста како клучна карактеристика на секој успешен човек, како и важноста од согледувањето на факторите од нашето опкружување и како тие влијаат врз изборот на професија кај младите луѓе денес. Секојдневно комуницирам со претставници од реалниот сектор, успешни менаџери кои ги развиваат своите компании на пазарот во денешни услови, како и претприемачи кои ги реализираат своите идеи и се секогаш чекор понапред од другите. Она што е очигледно е дека иако искуството и стекнатото знаење се пресудни за носење правилни одлуки и постигнување успех, за напредок и развој е клучна само упорноста којашто кај успешните луѓе е присутна без разлика на годините и работното искуство зад нив, – подвлече Бранко Азески. – За која било одговорна позиција потребна е напорна работа и постојано надградување. Без разлика на професијата која ќе ја изберете, треба да бидете подготвени на постојано учење бидејќи тоа е единствениот начин вашата кариера да се движи постојано во нагорна линија. Покрај мудрото бирање на вашата професионална ориентација на тој начин што ќе ги земете предвид сите фактори од вашето окружување, реалната состојба во земјата и побарувачката на пазарот на трудот за определени занимања, најважниот момент кој не смеете да го занемарите е вашата страст и желба за определена работа. Претседателот на Стопанската комора на Македонија зборуваше и за фактите поврзани со пазарот на трудот кои директно ги засегаат младите: - според последниот преглед на Агенцијата за вработување на Република Македонија од 28.02.2014 година, бројката на вкупно невработени лица на ниво на државата, на возраст од 20 до 29 години изнесува 25.855 лица; - дополнително, бројката на невработени лица со високо образование изнесува 16.736 лица; - според анализите на Министерството за труд и социјална политика, од вкупниот број вработени во државата само 419.627 се наоѓаат на позиции или извршуваат функции кои одговараат на нивниот степен на образование и стекнати вештини и квалификации. - Што значи ова за вас? Дека денес повеќе од кога било имате простор за креативно и претприемничко размислување. Луѓето кои успеваат во овој свет се оние кои ги бараат своите можности, а ако не ги пронајдат, самите ги создаваат, - им порача Азески на младите. Стопанската комора на Македонија е неверојатно динамично место за работа, кое покрај бројните контакти кои ги овозможува со компаниите и институциите, мора да биде и општествено одговорна организација свесна за своето влијание врз разни случувања. Од тие причини, Комората става акцент на соработката со млади луѓе, студенти, идните бизнисмени и претприемачи во Македонија. Бидејќи стоиме зад мислата дека доживотното учење е вистинскиот пат за успех на професионален пат, посветени сме на едукација и обука на млади луѓе кои кај нас доаѓаат од најдобрите образовни институции во државата. Искористете ги сите можности за лично и професионално надградување и успехот нема да изостане. Со свои мотивирачки говори настапија и Александра Дилевска од маркетинг агенцијата „Публицис“, воедно и претседател на Ротари Клуб Скопје, како и д-р Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка. Младите, поттикнати од говорите што ги слушнаа, ја искористија можноста да ги прашаат говорниците за тоа како се справиле со различни предизвици во нивната младост и како тоа им помогнало да успеат понатаму во нивните кариери. Работејќи во групи зависно од нивните интереси за различни професии, младите соработуваа директно со останатите говорници кои одвоија дел од своето време за да пренесат знаење и искуство. Како изгледаше целиот настан можете да погледнете на линкот: http://www.youtube.com/watch?v=_fHL7r2tgIA Симона Ристоска


БИЗНИС ИНФО

12

четврток, 17 април 2014, Бр. 175

РАЗВОЈ Во Индустриската зона „Прилеп 1“

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ ПОГОН ЗА КОЛАЧИ НА ПРЕХРАНБЕНАТА ИНДУСТРИЈА „ДОНИА“

После комплетното поставување на инфраструктурата во Индустриската зона „Прилеп 1“, беше овозможено сопствениците на прехранбената индустрија „Дониа“ на 10.4.2014 година да започнат со градежните активности за изградба на новиот производствен погон, што ќе се простира на површина од 2000 м2. За оваа инвестиција се издвоени средства во висина од 500.000 евра само за градежниот дел. Менаџерскиот тим на оваа реномирана прехранбена индустрија најавува амбициозен раст на производството и освојување на нови пазари. Новиот простор и современата технологија ќе придонесат да се остварат предизвиците, а производствениот процес се очекува да започне кон крајот на летото годинава. Најавени се и нови 50 вработувања со кои оваа кондиторска индустрија го потенцира Легенда: Сопственичката Неда Попсвојот успешен економски раст во регионот. Димитриоска во присуство на голем број Прехранбената индустрија „Дониа“, како гости го поставува камен-темелникот долгогодишна членка на Стопанската комора на Македонија, со својот раст и успешен подем е потврда за позитивните стопанско-економски текови во регионот. Регионалната комора со седиште во Прилеп даде голем придонес за отпочнување со изградбата на Индустриската зона „Прилеп 1“ каде се продадоа 21 локација за изградба на нови производствени капацитети од лесната и незагадувачка индустрија. Ристо Најдоски


четврток, 17 април 2014, Бр. 175

БИЗНИС ИНФО

13

МАНИФЕСТАЦИИ

МАКЕДОНСКИТЕ УЧЕНИЦИ ОД „ВАНЧО ПИТОШЕСКИ“ ОД ОХРИД ОСВОИЈА ТРЕТО МЕСТО

Меѓународeн гастрономски натпревар „Бисер на морето“ во Супетар, Република Хрватска

Гастрономскиот фестивал „Бисер на морето 2014“, кој традиционално се одржува веќе 9 години во Република Хрватска, петта година по ред на островот Брач, почна со натпреварувањето во готвење меѓу учениците од средните училишта. Во натпреварувањето учествуваа 9 натпреварувачи од средните угостителски училишта од Македонија, Црна Гора, Словенија, Хрватска и од Украина. На првиот официјален ден, кој започна на 9.4.2014 година, паралелно со натпреварувањата на учениците се одржаа и повеќе презентации, работилници, подготовка на разни видови јадења и дегустација. Како една од атракциите во рамките на првиот натпреварувачки ден беше реализиран и натпревар со седум учесници под мотото: „Мојот татко прави најдобри палачинки, но јас сум Шеф”. Фестивалот има меѓународен карактер. Годинава е под покровителство на Претседателот на Република Хрватска, Министерството за туризам, Министерството за регионален развој и фондови од Европската унија, Стопанската комора на Хрватска, Туристичката агенција на Сплитско-далматинската жупанија и градот Сплит. Учениците од Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ од Охрид, кои заминаа на натпреварувањето преку Стопанската комора на Македонија, во натпреварувањето во главно јадење, со специјалитетот : „Сина риба“, освоија трето место. „Бисер на морето“ претставува една од најзначајните гастрономски манифестации на Медитеранот. Во текот на пет дена се одржуваат: меѓународен натпревар на професионални готвачи и ученици-готвачи од високообразовните школи, средните угостителски училишта, хотели и ресторани, гастро-изложба на најдобрите хрватски ресторани, изложба на хрватските и странски производители на храна, работилници и предавања за гастрономијата. На 10.4.2014 година, во рамките на Фестивалот ќе се одржи Македонска вечер, на која учесниците од хотелот „Александар Палас“ од Скопје ќе ги презентираат специјалитетите на македонската кујна. Слободан Вучков


14

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 април 2014, Бр. 175

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА На булеварот „Борис Трајковски“ на просторот на некогашните магацини на „Жито лукс“

ОТВОРЕН ДЕСЕТТИОТ СУПЕРМАРКЕТ „ВЕРО“

Super za cel grad

На булеварот „Борис Трајковски“ на просторот на некогашните магацини на„Жито лукс“ деновиве е отворен нов супермаркет „Веро“. Десеттиот маркет на „Веро“ се наоѓа во непосредна близина на општинските бараки на Кисела Вода, а се протега на површина од околу 1.500 квадрати и располага со 7 каси, складишен дел од 700 квадрати и подземен паркинг за 40 автомобили. -Долго време чувствувавме потреба да отвориме супермаркет во овој дел од градот. Отворањето на 10. супермаркет ’Веро’ за нас претставува голем успех и доказ дека работите одат по нагорна линија. Успеавме да создадеме лојални потрошувачи и да воспоставиме со нив искрени релации, што е главниот клуч на позитивниот развој кој го бележиме. Со ова уште еднаш на нашите ценети купувачи, посебно од овој дел од Скопје ќе можеме да им понудиме услуги и квалитет по стандардите на ’Веро’“, рече на отворањето Костас Теодосијадис, генерален менаџер на „Веро“. Инаку, првиот супермаркет „Веро“ беше отворен во Скопје пред 17 години. Во тимот на „Веро“ има над 900 вработени.

НЛБ Тутунска банка ја заврши 2013 година со остварена нето добивка од 10,2 милиони евра.

ДОБИВКАТА ЌЕ СЕ РЕИНВЕСТИРА ВО РЕЗЕРВИТЕ НА БАНКАТА ЗАРАДИ ПОНАТАМОШЕН РАСТ НА КРЕДИТНИТЕ АКТИВНОСТИ

НЛБ Тутунска банка ја заврши 2013 година со остварена нето добивка од 10,2 милиони евра. Банката информира дека повратот на капиталот е 11,2 проценти, билансната актива 972 милиони евра, додека нивото на нефункционални пласмани е 7,8 проценти. На Собранието на акционерите, четврта година по ред, било одлучено остварената добивка да се реинвестира во резервите на банката со што, како што наведува во соопштението, ќе се овозможи понатамошен раст на кредитните активности, високата ликвидност и високата адекватност на капиталот од 15,5 проценти. Вкупните кредити на крајот на 2013 година изнесувале 615 милиони евра, од кои 291 милиони евра се пласирани кај стопанството, а 314 милиони евра се пласирани кај населението. За следната година планирано е зголемување на постојното кредитно портфолио, со посебен акцент на кредитирање на микро, малите и средни претпријатија и населението. (НЛБ Тутунска банка)


четврток, 17 април 2014, Бр. 175

БИЗНИС ИНФО

15

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

ЗА ПРЕЗЕМЕНИТЕ 25 МИЛИОНИ КИЛОГРАМИ ГРОЗЈЕ ИСПЛАТЕНИ 360 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

ВВ „Тиквеш“ целосно им го исплати грозјето на лозарите

Пред истекот на законскиот рок, еден од најголемите откупувачи на грозје во земјава - винарската визба „Тиквеш“ - ја заврши исплатата на целокупното откупено грозје од последната берба. За преземените 25 милиони килограми грозје од бербата во 2013-та година на лозарите им се исплатени 360 милиони денари. Водејќи се од својата политика за стимулирање на квалитетот, ВВ „Тиквеш“ и оваа година исплати дополнителни бонуси за откупеното грозје со екстра врвен квалитет во вредност од 27 милиони денари. -Бидејќи грозјето е есенцијалната состојка на врвното вино што го произведуваме, ние во „Тиквеш“ со огромно внимание и почит се однесуваме кон него и кон лозарите, со кои градиме долгорочни односи на партнерска основа. Таквата наша определба значи дека ние внимаваме на сите аспекти во нашиот однос кон лозарите, вклучувајќи ја навремената исплата на откупеното грозје која се одвива во рамки на склучените договори и законски рокови, како и дополнителните бонуси за грозјето со екстра квалитет во форма на премија која годинава достигна и до 40% од основната цена, - изјави Игор Илиевски, генерален директор на винарската визба „Тиквеш“. Големата откупена количина, високата просечна цена од 14,4 денари за килограм грозје, дополнителниот бонус што единствено „Тиквеш“ го плаќа како награда за највисок квалитет, како и редовната исплата на откупеното грозје, се одличен показател за определбата на најнаградуваната винарска визба во регионот да гради долгорочен партнерски однос со лозарите кој овозможува одржливо снабдување со висококвалитетно грозје неопходно за производство на врвни македонски вина. Добрата соработка со лозарите, во насока на унапредување и одржување на високиот квалитет и заштитата на лозовите насади, е долгорочна цел на ВВ „Тиквеш“ која со несмален интензитет ќе продолжи и во иднина. ( Соопштение на ВВ „Тиквеш“)

„ТИКВЕШ“ СО ЗЛАТО ЗА СПЕЦИЈАЛНАТА ЖОЛТА РАКИЈА VS

На „Винарија 2014“ што се одржа во Пловдив, Бугарија

Природната жолта лозова ракија со ознаката VS (Very Special – ислучително специjална) на винарската визба „Тиквеш“ е наградена со златен медал за висок квалитет од жирито на интернационалниот натпревар на вина и жестоки пијалаци „Винарија 2014“ што се одржа во Пловдив, Бугарија. Златниот медал за жолтата VS ракија на „Тиквеш“ му е доделен во категоријата гроздови ракии стари над 3 години, во конкуренција на 400 брендови од 51 производители од бројни земји. Жолтата ракија со ознака VS по многу нејзини карактеристики е уникатен жесток пијалак кој се произведува на природен начин, од висококвалитетен гроздов дестилат стареен во дабови буриња повеќе од 5 години. За разлика од останатите традиционални ракии присутни на македонскиот пазар, кои се со јачина околу 40%, кај VS таа изнесува 45%. - Ова е голема чест и признание за овој наш уникатен бренд и тоа од меѓународен натпревар на кој учествуваме првпат. Оваа специјална жолта ракија е совршена комбинација од најдобрата македонска традиција, огромното знаење и искуство на „Тиквеш“ и современите светски трендови и вкусови, што придонесува таа да биде ставена во иста категорија како некои француски коњаци, италијанската грапа или англиското бренди“, изјави Елена Младеновска Јеленковиќ, маркетинг менаџер на „Тиквеш“ (“Tиквеш“)

ВО СОРАБОТКА СО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА НА РАЗЛИЧНИ ЛОКАЦИИ ДА ИМА БАРЕМ ПО ЕДЕН КОНТЕЈНЕР

Компанијата „Пакомак“ донираше 30 контејнери за пластика во Штип

Компанијата „Пакомак“ донираше 30 контејнери за пластика во општина Штип.Во изминатиот период Пакомак донирал 40 пластични контејнери за селективно одложување на отпад во Штип. Директорот на „Пакомак“, Филип Ивановски најави дека компанијата ќе продолжи со инвестиции во комуналната инфраструктура во сите градови низ државата. - Наша цел е во соработка со локалната самоуправа, да се смени сликата за селектирање на отпадот и на различни локации да има барем по еден контејнер за амбалажен отпад, пред се ПЕТ, хартија и лименки, како и да се обезбедат специјализирани возила кои ќе ги опслужуваат. Амбалажниот отпад учествува со 70 отсто во волуменот на вкупниот отпад кој го фрлаат граѓаните, вели Иванов. Преку системот на „Пакомак“ поминува околу 40.000 тони амбалажен отпад годишно, од кој дел се рециклира, во земјава или во странство, а дел трајно се одложува.(МИА)


БИЗНИС ИНФО

16

четврток, 17 април 2014, Бр. 175

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Намалувањето на зависноста на Европа од рускиот гас е можно

ПОТРЕБНИ СЕ ВРЕМЕ, ПАРИ И ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА

Кога Владимир Путин го поткупуваше Виктор Јануковиќ, тогашен претседател на Украина, да го одбие трговскиот договор со Европската унија еден од засладувачите беше евтиниот гас. Обилните количини на руски гас кои Украина ги троши секоја година - таа е неумерен потрошувач на енергија - имаа цена од 268.5 САД долари по илјада кубни метри, што за 2013 година изнесува вкупно 28 милијарди кубни метри, што изнесува 7.5 милијарди САД долари. Од февруарската револуција која го симна од власт Јануковиќ, гасот стана казна, а не решение. Алексеј Милер, главен извршен директор на рускиот гигант, „Газпром“, вели дека дел од гасот за Украина се зголемува за 44%, на 385.5 САД долари по илјада кубни метри. Украина веќе му должи на „Газпром“ 1.7 милијарди САД долари, според Милер. Ако Украина продолжи да не ги плаќа своите сметки – а без надворешна помош, не може – „Газпром“ може да ја прекине испораката. Таков спор не треба, во принцип, да има каков било ефект на гасот кој тече низ Украина до други земји понатаму на запад. Но, ако „Газпром“ го намали протокот на гас во кој и да било случај, или ако „Газпром“ ги затвори гасоводите кои минуваат низ Украина целосно, снабдувањето на Европа ќе биде погодено. Европа добива 24% гас од Русија, и половина од тоа годишно - поминува низ Украина. Несогласувањата меѓу Москва и Киев доведоа до затворање на гасоводите во рок од две недели во јануари 2009 година, што доведе до запрепастување.

Долгови и раздолжувања Во краток временски период (недели, или неколку месеци) такво прекинување ќе има помало штетно влијание сега отколку тогаш. Но на среднорочен период (неколку месеци или неколку години) Европа ќе остане многу ранлива на руската контрола за снабдување со гас. Оваа ранливост е една од причините зошто господинот Путин смета дека Европа нема да дејствува решително против него во случајот со припојувањето на Крим, или кое било натамошно територијално пустошење кое можеби тој го има на ум. Европските земји не зависат од рускиот гас во текот на летните месеци (иако ги полнат своите резервни складишта со гас во летниот период). И благата зима само што измина, значи дека резервоарите се необично полни. Ричард Малинсон од „Енергетски Аспект“, консултантска куќа, вели дека земјите на ЕУ имаат резерви од 36 милијарди кубни метри залихи, околу 15 милијарди кубни метри повеќе од ова време минатата година. Тие може да складираат два пати по толку, вкупниот скалдиштен капацитет на ЕУ е 75 милијарди кубни метри. Некои европски земји имаат голем капацитет за складирање: Латвија има за околу една година. Други пак (Молдавија, Македонија) воопшто немаат. Така, начини мора да се најдат за да се однесе гас од местата каде што е складиран до луѓето на кои им е потребен. Европската гасоводна мрежа не е особено подготвена за ова. Националните компании за гас долго време не сакаа да ги поминат прекуграничните интерконектори; слободен проток на гас значи повеќе избор за клиентите и оттука пониски цени. Но притисокот од ЕУ - особено во форма на „трет енергетски пакет“, на либерализации – и зголемена загриженост, од 2009 година, околу ризиците за потпирање на рускиот гас, значат дека повеќе интерконектори сега се изградени, заедно со пумпите кои може да го пренасочат протокот во транзитните гасоводи. Полска е поврзана со Чешка Република преку мал Stork гасовод од 2011 година; работите на поголемо поврзување ќе започнат пред 2017 година. Словачка штотуку го отвори гасоводот кон Унгарија. Германија може сега да испрати гас до Италија, исто како кон Полска и Чешка. Работата може да започне на интерконектор од Полска до Литванија во 2018 година; до тогаш обилните резерви на Латвија ќе обезбедат некакво осигурување од силно наоружување. Бугарија исто така има посебен проблем. Го добива најголемиот дел од својот гас од рускиот гасовод кој минува преку Украина и има ограничен капацитет за складирање (за помалку од два месеца). Бугарија брза да изгради интерконектори до Србија и до планираниот терминал за течен природен гас во Грција. Дури и добрите интерконекции се само решение се` додека има резерви на гас за да се полнат интерконекторите. Ако гасот престане да тече низ Украина, каде може да се набави откако ќе се потрошат залихите? Едниот одговор е, изненадувачки, Русија. Ако Русија ги затвори гасоводите преку Украина со начелна цел да и` наштети на Украина, веројатно ќе продолжи да испорачува гас преку други канали. Еден од нив, новиот (Nord Stream) Нордиски тек гасовод на Балтичкото Море, беше до некоја мера и изграден земајќи го ова предвид, беше дизајниран да носи гас од Русија директно во Германија. Сега интерконекторите дозволуваат гасот да тече на југ и исток надвор од Германија, иако, Нордискиот тек може да биде многу корисен - пред се` поради тоа што, во моментот, се искористени само околу 30 милијарди кубни метри од неговиот годишен капацитет од 55 милијарди кубни метри.


четврток, 17 април 2014, Бр. 175

БИЗНИС ИНФО

17

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Помошта е веднаш зад аголот Наоѓањето на многу повеќе од заменскиот гас, сепак, ќе биде тешко. Можеби 10 милијарди кубни метри може да дојде од Норвешка. Акциите во Статоил, државната енергетска компанија на Норвешка, се зголемија за 7% од револуцијата во Украина, - забележува Џон Олаисен, аналитичар во АБГ Сундал Колиер, норвешка банка. Но обемот на натамошното производство во рамките на ЕУ е ограничено. Во Холандија, јавноста бара земјата да вади помалку гас, не повеќе, поради загриженоста од емисии на јаглерод и низата мали земјотреси кои се поврзуваат со искористувањето на гигантското наоѓалиште Гронинген. Британските наоѓалишта на гас исто така се искористуваат. Што со гасот од подалечни полиња? Европа има капацитет да увезе многу повеќе ТНГ, во 2013 година увозот на ТНГ е 45.7милијарди кубни метри, што е многу помалку од достигнатиот врв во 2011 година од 86.5 милијарди кубни метри. Проблемот овде е нееластичното снабдување. Земјите кои извезуваат ТНГ не можат едноставно да ги разрешуваат работите; централите за преработка на гасот чинат милијарди долари, па тие веќе имаат тенденција да работат со полн капацитет. Исто така постои опција за генерирање на електрична енергија од јаглен наместо од гас. Но ударот - на ефектот од револуцијата на американскиот гас од шкрилци е тоа што сега таа извезува евтин јаглен во ЕУ (ова е во некој дел причина поради која е намален увозот на ТНГ). Европа веќе ги користи најголемиот дел од своите централи кои работат на јаглен со целосен капацитет. Можеби има некој недостаток. Но најчесто тоа се станици кои согоруваат како гориво нафта, но нема голем обем на неупотребен генериран капацитет. Додадете го сето ова заедно и ќе добиете околу 50 милијарди кубни метри. Тоа значи дека Европа се` уште ќе се соочува со недостаток од 30 милијарди кубни метри гас ако снабдувањето преку Украина се прекине целосно – само за помалку од половина од годишната потрошувачка на гас на Германија. Наместо да се соочат со економската болка која ќе ја наметне недостатокот на 30 милијарди кубни метри гас, водачите на Европа ќе се фокусираат на тоа да и` помогнат на Украина да го плати својот долг. Ова е една од причините зошто цените на гасот, кој е предмет на трговија, едвај се променија од почетокот на кризата. на земјата ќе биде високо на агендата за реформи (Украина се` уште нема метри на местата каде што гасоводот влегува во Русија, ставајќи ги под знак прашалник сите дискусии за количината и за цените). Намалувањето на субвенциите за енергија кои доведоа до тоа Украинците да согоруваат гас безмерно, сигурно ќе се бараат за возврат за пари од ММФ. Украина во моментот произведува 20 милијарди кубни метри гас, а доколку беа поефикасни во користењето како што се некои земји, тие количини би биле помалку или повеќе доволни за нив. Европа исто така ќе побара да се намали потпирањето на Русија во долг рок - предизвик кој прави да е се` потешко, имајќи го предвид фактот дека тековните трендови налагаат побарувачката на гас да се зголемува во следните декади. Според одредени анализи увозот ќе расте од 327 милијарди кубни метри како што е денес, на 413 милијарди кубни метри во 2020 година. Исто така, ќе се разгледаат и новите планови за гасоводот. Непосредната жртва веројатно ќе биде рускиот гасовод „Јужен тек. Рускиот гас низ „Јужен тек“ ги фаворизира не-руските шеми како што е Транс-Адриатик Цевовод, поради комплетирањето за 2018 година, кој ќе и` донесе на Европа 10-20 милијарди кубни метри гас годишно од Кавказ преку Турција. Олеснување на санкциите кон Иран може да донесат повеќе гас од таму по истиот пат. Иако правењето на вистински раздор во потпирањето на Европа на рускиот гас ќе има потреба од политичка волја, пари и најдобар дел од деценијата, само ќе се придвижува во таа насока и ќе се промени балансот на моќта, бидејќи ќе сигнализира фундаментална вистина: на крајот, Кремљ има потреба од своите европски клиенти најмалку исто онолку колку што и тие имаат потреба од увозот на Русија.

Одмаздници Извозот на нафта и гас изнесува околу 70 % од годишниот извоз на Русија од 515 милијарди САД долари, и 52 % од федералниот буџет, според Администрацијата за енергетски информации на Америка. Улогата на Европа како најголем пазар за гас на Русија веќе дава одредена сила, како што може да се види во начинот на којшто службените лица за конкурентност од ЕУ постапуваат на некои од праксите на „Газпром“. Ова им дава на Европа и на Америка значително израмнување, ако се одлучат да го искористат. „Роснефт“, најголемата компанија за нафта во Русија, ќе биде многу оштетена ако се симне од листите на берзите во Лондон и во Њујорк. Финансиските санкции може исто така да и` отежнат на Русија при продажбата на нафта на трети страни. Санкциите го погодија Иран не со прекинот на довод на нафта до клиентите, туку со прекинот на прием на плаќања (иако Русија би било потешко да се изолира). Теоретски, извозот на гас од Русија во Европа е оружје кое нишани во друг правец. Ако Русија понатаму притиска во Украина, или сака да ги проба своите шанси во Молдавија, Грузија или во балтичките држави, и Европа преземе силни дејства како одговор, може да дојде до целосен прекин на извозот, со што многу ќе се оштети ЕУ. Но и непосредна, постојана и целосна победа исто така ќе ја осуди Русија како извозник на гас. Кина е загрижена од зависноста од Русија како снабдувач. Дури и со 475 милијарди резерви во странски валути, Кремљ не може да продолжи да ја води трошната и неконкурентна економија на Русија без нејзините најзначајни приходи од извоз. Шокот од анексирањето на Крим треба да ја забрза Европа во донесувањето на одлуки за складирање, интерконекција, диверзификација, либерализација, производство на гас од шкрилци и ефикасност. И иако носителите на одлуки можеби го презираат господинот Путин, приватно тие ќе признаат дека можеби тој со правењето на ова им прави услуга. Тие веќе знаеја што треба да прават. Но тие не сакаат да го направат тоа. (Економист)


БИЗНИС ИНФО БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION Скенирај и дознај повеќе

bsi.

ISO 9001

Quality Management

 FS 549642

Osnovana 1922

      Founded 1922

БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ Н А С ТА В Н A П Р О Г РА М A од вкупно 190 часа

Дали размислувате за кариера во областа на менаџмент на човечки ресурси? Мудра одлука! Професионалците за човечки ресурси не само што придонесуваат за развојот на бизнисот преку стратешко управување со човечкиот капитал, туку и самата професија станува популарен избор поради можноста да се изгради вистинска кариера.

Уписите се во тек!

Учесниците на оваа Бизнис академија ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин.


четврток, 17 април 2014, Бр. 175

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

БЕСПЛАТНА ОБУКА ВОВЕДУВАЊЕ НА СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈАТА ВО МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА

ОД АПРИЛ ДО ЈУНИ 2014 ГОДИНА

Центарот за климатски промени, во рамките на својот проект „Подобрување на енергетскиот менаџмент во македонската индустрија“, организира тридневна бесплатна обука за компаниите од македонската индустрија. Обуката има за цел да ги унапреди капацитетите на вработените задолжени за управувањето со енергијата и производствениот процес, да ги подобри енергетските и еколошките перформанси на компаниите и да обезбеди техничка помош за имплементација на внатрешен систем за управување со енергијата. Обуката ќе се реализира во период од 3 месеци, од април до јуни 2014 година, при што секој месец ќе се одржува по еден тематски семинар за компаниите кои ќе бидат одбрани да учествуваат. Воедно обуката ќе биде реализирана со директна комуникација на релевантните претставници од компаниите учеснички, преку работни задачи и посети на компаниите и презентација на најдобрите практики и достапни технологии за заштеда на енергија. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ОБУКАТА: Компаниите кои сакаат да учествуваат во обуката потребно е да ги исполнуваат следниве услови: • Да обезбедат писмено одобрение од менаџментот дека се согласуваат да учествуваат во обуката; • Да го пополнат прашалникот за управување со енергија; • Да назначат вработени кои имаат соодветно техничко образование и соодветна позиција во компанијата; • Да назначат едно контакт лице; • Да имаат значителна потрошувачка на енергија и потенцијал за заштеда на енергија. РЕЗУЛТАТИ ОД ОБУКАТА: Компаниите кои ќе учествуваат во обуката ќе обезбедат: • Подигнати капацитети на оние вработени кои ќе ја посетуваат обуката, со цел подобро управување со енергетски ресурси; • Чекори за воведување на систем за управување со енергијата; • Подобрени енергетско-еколошки перформанси во компанијата; • Прелиминарна енергетска проверка; • Краток извештај за енергетската состојба во компанијата. РОК ЗАПРИЈАВУВАЊЕ И НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ: Сите заинтересирани компании потребно е да го испратат пополнетиот прашалник за енергија, заедно со писмото за намера потпишано од управителот на следнатае-маил адреса: centarzaklimatskipromeni@yahoo.com, најдоцна до: 10 април 2014 година. За повеќе информации контактирајте не на: +389 2 5208 330 или +389 78344 905 НАПОМЕНА: Учеството во обуката е бесплатно и секоја компанија може да пријави најмногу два учесника. Компанијата потребно е да обезбеди само патни трошоци за своите вработени, додека сите останати трошоци ќе бидат покриени од страна н апроектот, финансиран од Норвешката Амбасада во Белград.

Контакт лице : Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: zorica@mchamber.mk

Контакт лице : Перо Авакумовски Тел: ++ 389 2 3244048 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: pero@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

20

четврток, 17 април 2014, Бр. 175

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 23-24 април 2014 година (среда-четврток) 9:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Дводневна обука МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ – ОПТИМИЗАЦИЈА НА ПРОЦЕСОТ НА РАБОТАТА ВО МАГАЦИН

Програма Прв ден

Втор ден

Организација на магацинскиот простор Примена на современи технологии во магацин • Поим магацин • Примена на RF системот • Зони во магацинот • Електронско работење и негово влијание врз текот на документацијата (состојба на • Избор на три типа магацин (регално, полично, блок и сл.) стоката, инвенторинг) • Анализа во изборот на места за скалдирање – ABC анализа • Клучни показатели за успешноста на работата во скалдиштата • Адресирање стока во магацин (зони, подзони) Задоволството на клиентите • Организација на внатрешен транспорт • Текот на нарачка и испорака Процеси во магацин • Комерцијални пакувања или поединечна испорака • Магацинско работење (складирање) – документација • Амбалажа за пакувањето • Планирање на работната сила – шеф на магацин, магационери, работници во • Начин на обележување на транспортната кутија која треба да се испорача магацин • Рекламација од страна на клиентите - реагирање на рекламација Управување со амбалажниот отпад • Законска регулатива • Опасен амабалажен отпад • Текот на отпадот Предавач: Игор Чика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Поседува петнаесетгодишно искуство со кое се стекнува на работното место директор на логистика во различни области (Застава – Сомбор - автомобилска индустрија, GENEL- бренд HOUSEL и застапник за бела техника од брендовите Elektrolox, Zannusi, Indesit за Србија, STAV- овластен дистрибутер на SAMSUNG за Србија и Црна Гора). Ги организирал и управувал со логистичките центри задолжени за дистрибуција на стока од висок квалитет и за истакнати производители во Србија и Црна гора - Elektrolox, Zannusi, Indesit, SAMSUNG.Организирал после продажна поддршка за брендовите Elektrolox, Zannusi, Indesit, SAMSUNG во Србија и Црна Гора. Во периодот од 2012-2013 година е ангажиран од страна на UNIDO (United Nations industrial developmend organization) како национален експерт за логистика и обука во Проектот за елиминирање на CFC гасови. Како извршен директор на компанијата “TQM Konsalting” ДОО во Нови Сад од 2010 година раководи со тим на консултанти во имплементација на менаџерските системи во организациите во Србија, Црна Гора, БиХ. Траење на обуката и начин на работа: - Обуката трае два дена од 9:00 – 16:00 часот. - PowerPoint презентација, студија на случај, работилница Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


четврток, 17 април 2014, Бр. 175

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Cеминар: „ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА“

24.4.2014 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

- обврски за засегнатите страни, согледувања и препораки пред негово влегување во сила од 1 мај 2014„Примена и имплементација на Законот за задолжница“ ПРОГРАМА Закон за финансиска дисциплина и Закон за задолжница I. Навременото исполнување на парични обврски 1. Вовед 2. Општи одредби 3. Носители на финансиска дисциплина

IV. Рокот за исполнување на паричните обврски 1. Kога должникот ја примил фактурата 2. Kога доверителот ја исполнил својата обврска 3. Истекот на рокот за преглед и потврдување на стоките и услугите

II. Јурисдикцијата на финансиска дисциплина 1. Деловни трансакции 2. Eкономските оператори 3. Jавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор

V. Правото на надоместок за доцнењето 1. Паричните обврски кои не се исполнети во роковите 2. Право на каматата 3. Делумно намирени парични обврски

III. Поимите што се употребуваат во овој закон 1. Деловна трансакција 2. Субјекти од јавен сектор 3. Економски оператори од приватниот сектор 4. Парична обврска 5. Фактура 6. Задоцнето плаќање 7. Законска казнена камата 8. Надоместок за доцнење во исполнувањето на паричната обврска 9. Одговорно лице во субјект од јавниот сектор 10. Одговорно лице во економски оператор од приватниот сектор

VI. Надзор над спроведувањето 1. Финансиската инспекција во јавниот сектор VII. Закон за задолжница 1. Издавање на задолжница 2. Наплата на обврски по датум на достасување 3. Присилно извршување на задолжницата 4. Откажување од права од задолжница 5. Стечај и ликвидација над должник VIII. Заклучоци

Предавачи: 1. доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, - лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгите „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија” и „Ерозија на јавните финансии“; 2. Звонко Кочовски, овластен ревизор, овластен проценител, овластен судски вештак, експерт за сметководство, ревизија, даночен консалтинг, длабински анализи, проценки на друштва, експерт за ревизија на проекти финансирани од странски донации.

Пријавување до 22.4.2014 година. Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

22

четврток, 17 април 2014, Бр. 175

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 24 до 27.4.2014 година Меѓународен саем за конфекциски машини, машини за везење и нивни додатоци во Република Турција

„CLOTHING MACHINERY 2014“ ВО ИСТАНБУЛ

Станува збор за една од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании. Водечки компании во текстилниот сектор ќе се сретнат со професионалци и инвеститори во „Tüyap“ – Истанбул. На Саемот посетителите ќе можат да видат: ткаенини, машини за шиење, машини за кроење, машини за пеглање, ласерски машини за сечење, машини за везење, дигитални печатарски машини, машини за чистење, контрола на квалитет, машини за мерење, етикети, предива и сл. Стопанската комора на Македонија во соработка со „Адонис – Tüyap“ ве кани да го посетите Саемот од 24 - 26 април 2014 година, со автобуски или авионски превоз и алтернативно во сопствена режија. Рокот за пријавување е 14 април 2014 година. За таа цел обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4* или 5*) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно) и - бесплатни влезници за Саемот. Саемот може да го посетат само двајца посетители од една компанија. Не е дозволена посета на малолетни деца и лица што не се вработени во компанијата. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон: - саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра); - како и организациските трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). За повеќе информации за „CLOTHING MACHINERY 2014“ посетете ја веб-страната http://www.clothingmachineryfair.com/

Контакт лице : Даниела Михајловска Василевска Тел: ++ 389 2 3244021 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: daniela@mchamber.mk

Контакт лице : Сашо Деспотоски Тел: ++ 389 2 3244089 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: saso@mchamber.mk


четврток, 17 април 2014, Бр. 175

БИЗНИС ИНФО

Скенирај и дознај повеќе

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

M

C

N IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

A

Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E

S

E


БИЗНИС ИНФО

24

четврток, 17 април 2014, Бр. 175

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 25.4.2014 година 09:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Семинар: РАБОТНИ ОДНОСИ

Објавување на слободни работни места, права и обврски кои произлегуваат од работен однос, откажување на договор за вработување и влијанието на измените во чл. 94 од ЗРО при откажување на договорот за вработување од причини на вина од страна на работникот и од лични причини на страна на работникот, право на надомест на штета по правосилна судска пресуда за враќање на работник на работа

ПРОГРАМА: - Објавување на слободни работни места - Содржина на договор за вработување, ништовни одредби во договорот за вработување - Откажување на договор за вработување и влијанието на измените во чл. 94 од ЗРО при откажување на договорот за вработување од причини на вина од страна на работникот и од лични причини од страна на работникот - Право на надомест на штета по правосилна судска пресуда за враќање на работник на работа Предавачи: - Бојана Велковска, судија на Основен суд Скопје II – Скопје и - Хилда Мешкова, судија на Основен суд Скопје II - Скопје Пријавување до 22.4.2014 година. Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


четврток, 17 април 2014, Бр. 175

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 28.4.2014 година Семинар: ,,ЗАКОН ЗА 10:00-16:00 часот на Македонија, СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ, Стопанскасалакомора 4 на 5-ти кат ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ” ПРОГРАМА I. ЗАКОН ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ 1. ВОВЕД 2. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ 3. Право на осигурување II. ДРУШТВО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ 1. Друштво за осигурување 2. Акционери на друштво за осигурување 3. Акционерски капитал 4. Учество и квалификувано учество 5. Поврзани лица 6. Индиректно стекнување III. КВАЛИФИКУВАНО УЧЕСТВО 1. Согласност за стекнување на квалификувано учество 2. Донесување решение за давање согласност за стекнување на квалификувано учество 3. Санкции поради незаконитости 4. Повлекување согласност за стекнување квалификувано учество 5. Ограничување на права од акции IV. ОРГАН НА УПРАВУВАЊЕ И НАДЗОРЕН ОРГАН НА ДРУШТВОТО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ 1. Орган на управување и надзорен орган на друштвото за осигурување 2. Услови за вршење на функција член на органот на управување во друштвото за осигурување 3. Согласност за вршење на функцијата член на орган на управување 4. Одговорности на членовите на органот на управување на друштвото за осигурување 5. Повлекување на согласност за вршење на функцијата член на орган на управување V. НАДЗОРЕН ОРГАН НА ДРУШТВОТО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ 1. Членови на надзорен орган на друштвото за осигурување 2. Надлежности на надзорниот орган во друштвото за осигурување 3. Одговорности на членовите на надзорниот орган во друштво за осигурување VI. ОСНОВАЊЕ И РАБОТЕЊЕ НА ДРУШТВОТО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ 1. Дозволи во врска со вршење на работи на осигурување 2. Дозвола за вршење на работи на осигурување VII. УСЛОВИ НА ПОЛИСИ И ИЗВЕСТУВАЊА НА ОСИГУРЕНИЦИТЕ 1. Договори за осигурување и општи услови на полиси 2. Известување на осигурениците при склучување договори за осигурување 3. Известување на осигурениците во тек на периодот на важење на договорот за осигурување VIII. Заклучоци Предавач: 1. Анета Најдановска, експерт за платен промет и кредитни односи со странство, експерт за финансии, сметководство и буџетско финансирање, стручен соработник во Бирото за судски вештачења, застапник во осигурувањето овластен од Агенцијата за супервизиа на осигурувањето. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Пријавување до 24.4.2014 година. Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

26

четврток, 17 април 2014, Бр. 175

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар: „НОВИ ПРОПИСИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ” -Уредба и упатство за канцелариско и архивско работење-

29 април 2014 година 9:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Поради големиот интерес пројавен во врска со Законот за архивски материјал, Стопанската комора на Македонија организира семинар на тема: „Нови прописи кои произлегуваат од Законот за архивски материјал”. Новиот Закон за архивски материјал е резултат на согледувањата за современите потреби од посоодветно нормативно регулирање на материјата во врска канцелариското работење, заштитата, чувањето, користењето и обработката на архивскиот материјал. Врз основа на Законот за архивски материјал произлегува и обврска за донесување на нова Уредба за архивско и канцелариско работење со која се доуредуваат прашањата кои се пропишани со Законот за архивски материјал. Воедно, ќе се презентираат и Предлог-упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење; Правилникот за кадровски, технички и просторни услови за работа на документарните центри и Упатството за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење. Предавачи: М-р Љупчо Фармакоски, дипломирал на Правниот факултет„Јустинијан Први“ во Скопје, а магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања на отсекот: Менаџмент на човечки ресурси. Д-р Иван Алексов, раководител на сектор во Државниот архив на Република Македонија. Истакнат стручњак од областа на канцелариското и архивското работење. Поседува повеќе домашни и меѓународни сертификати од областа на канцелариското и архивското работење. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: • работен материјал; • ручeк и освежување; • сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 23 април 2014 година

Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


четврток, 17 април 2014, Бр. 175

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 8-10 мај 2014 година (четврток-сабота) Советување Хотел „Парк” - Белград www.hotelparkbeograd.rs „АНАЛИЗА И УПРАВУВАЊЕ СО ПЛАСМАНИ И РАНИ ЗНАЦИ НА ПРЕВЕНЦИЈА ОД СОЗДАВАЊЕ НА ЛОШИ ПЛАСМАНИ“ Советувањето го организира Стопанската комора на Македонија, во соработка со Академијата за банкарство и финансии, едукација и консалтинг од Белград. За време на семинарот, учесниците ќе имаат можност да осознаат и да научат: • критериуми за идентификација на рани сигнали за предупредување; • модели за креирање на стратегија за наплата на пласманите со идентификувани нивоа на ризик; • техники на проценка на кредитната способност на компанијата; • следење на реализацијата од стратегијата за управување со потенцијално ризичните пласмани; • влијанието на потенцијално проблематичните пласмани во финансиските извештаи на доверителите. Содржина: • Оцена на кредитната способност - мислење за кредитен ризик • Оцена на бонитет и елементи на трансакција • Важноста на наплатата на побарувањата • Сеопфатен пристап во наплатата на побарувањата • Квалитативни и квантитативни знаци на предупредување • Анализа на рејтингот и неговото значење за потенцијалните проблеми во сервисирање на обврските на клиентите кон банката • Третирање на клиентите после идентификација на сигналите за предупредување Предавач: Уна Вукоје, магистер по банкарски и финансиски менаџмент. Нејзина стручна област е проценка на кредитниот ризик на стопанските субјекти и развој на методологија за проценка на кредитниот ризик. Од 2007 година работи во Комерцијална банка АД - Белград, како директор на Секторот за анализи на кредитниот ризик на правните лица. Петгодишното академско работно искуство го стекнува како асистент на предметите по Банкарство и Меѓународни финанасии, за редовни студенти, english devision за вработени и студенти на Алфа универзитет. Ангажирана е како интерен предавач за банкарска група, а често е домаќин на меѓународни обуки и состаноци во доменот на креирање работна стратегија на компаниите и нивна анализа, проценка и управување со кредитен ризик и др.

АРАНЖМАН Цена на аранжманот во двокреветна соба по лице изнесува 9.900 денари. За аранжман во еднокреветна соба се доплатува 2.000 денари и изнесува 11.900 денари по лице. Котизација за дводневниот семинар изнесува 8.900 + ДДВ (10.502 денари) •

• • • • •

Во цената на аранжманот вклучено е: превоз со високотуристички минибус на наведената релација Скопје – Белград - Скопје (тргнување на 8 мај 2014 година во 6:00 часот и враќање на 10 мај во попладневните часови); 2 ноќевања со појадок во хотел „Парк“ www.hotelparkbeograd.rs; организација на патувањето; 1 коктел за добредојде; 1 ручек; кафе и освежување за време на паузите.

Во цената на аранжманот не е вклучено: патничко осигурување и индивидуални факултативни трошоци. Минимален број за реализирање на ова советување е 15 учесници. Работен јазик се семинарот е српскиот јазик. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: работен материјал; ручeк и освежување; сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 30 април 2014 година Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

28

четврток, 17 април 2014, Бр. 175

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 20 и 21 мај 2014 година во Република Франција

МЕДИЦИНА - СРЕБРЕНА ЕКОНОМИЈА ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ВО ПАРИЗ

Здружението на трговијата и Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија Ве информираат дека во рамките на Саемот „Салони за здравје”, што се одржува на 20 и 21 мај 2014 година во Париз, се организира претходно договарање деловни средби (30 минути секој состанок). Теми на средбите ќе бидат здравството, телемедицината, опремата за болници и домови за стари и инвалидизирани лица. Ова вмрежување на настанот има за цел учество на широк спектар на компании, универзитети и истражувачи од Европа заинтересирани за споделување на нови проектни идеи и наоѓање партнери за соработка. Зошто да учествувате? • Искористете го настанот за да иницирате нови бизниси! • Запознајте провајдери на иновативни технологии од Франција и од други земји! • Бидете во контакт со потенцијални партнери за идна соработка! • Воспоставете контакти за долгорочни деловни односи! Целна група: компании, универзитети, истражувачки институти и други организации од здравствениот сектор во потрага за комерцијални, технолошки или истражувачки партнери. Главни теми: • домови за стари и инвалидизирани лица; • Е-здравство; • телемедицина; • опрема за болници. Како да учествувате? Регистрирајте се и обезбедете го Вашиот профил опишувајќи една понуда или барање. Сите профили на учесниците ќе бидат објавени на веб-сајт. Учесниците ќе можат да ги разгледаат онлајн профилите и состаноците со организациите за кои се заинтересирани. Една недела пред настанот, секој учесник ќе добие распоред на индивидуалните средби. Котизација: такса од 100 евра ќе се наплаќа на секоја регистрирана организација. Ко нтакт: Лазо Ангелевски Тел: (02) 32 44 090 E-адреса: laze@mchamber.mk


четврток, 17 април 2014, Бр. 175

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

БЕСПЛАТНИ ИТ-СРЕДБИ И КОНФЕРЕНЦИЈА „ДУНАВ ИТ 2014“ НОВИ САД

Nа 29 и 30 мај 2014 година во Република Србија

Здружението на информатичко-комуникациските технологии и Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија Ве информираат дека на 29 и 30 мај 2014 година во Нови Сад, Република Србија, ќе се одржат Конференција „Дунав ИТ 2014“ и деловни средби, на кои ќе се истражуваат различни теми поврзани со Интернет за сите нешта. Учесниците на Конференцијата ќе учат од квалитетни експерти за нивните искувства и ќе имаат можност за поврзување со говорниците и учесниците во текот на поединечните презентации, панел-дискусиите, неформалните сесии, деловите средби и на многу неформални средби. „Дунав ИТ 2014“ е идеален за секој заинтересиран за напредните информациони технологии и high- tech иновации: основачи и потенцијални инвеститори на high- tech старт-ап фирми, менаџери и вработени во етаблирани ИТ-компании, како и на инженеринг и бизнис-студенти. Службен јазик на конференцијата е англиски, а регистрацијата оваа година е бесплатна. Контакт: Enterprise Europe Network Здружение на информатичко-комуникациските технологии Лазо Ангелевски Тел: (02) 3244090 E-адреса: laze@mchamber.mk


30

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 април 2014, Бр. 175

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Компанија од Германија нуди практична помош за македонските компании, кои се заинтересирани за водење бизнис во Западна Африка и преку заедничка соработка со Комората како партнери, може да им се помогне за промовирање на македонските производи и услуги во Западна Африка. Валидност дo: 24.6.2014 година Компанија од Германија заинтересирана е за соработка со градежни компании во Република Македонија во областа на соларна технологија, фотоволтаични системи и нивно вградување во текот на изградба и техничка инсталација. Валидност дo: 25.4.2014 година Македонска компанија бара дистрибутери во Европската унија за пласман на диететска програма – диететски производи со матичен млеч, прополис, антиоксиданси, минерали, витамнини, лековити билки и лесно сварлива и богата храна – растителни ркулци. Валидност дo: 25.10.2014 година Компанија од Грција бара партнери за соработка

во Република Македонија за давање на услуги во областа на: • животна средина и студии - бизнис лиценци; • хемиска анализа; • консултант - менаџмент компании - ISO сертификати; • изработка на веб дизајн - креирање на корпоративен идентитет; • информатичка технологија (градежништво и продажба на софтвер за бизнис); • апликации на дигитална картографија и географски информациони системи (ГИС). Валидност дo: 25.4.2014 година Компанија од Белгија заинтересирана е да пласира радари за раскрсници во Република Македонија. Валидност дo: 25.5.2014 година Компанија од Германија бараат дистрибутер во Република Македонија за пласман на материјали за микроелектронски компоненти и полупроводнички делови. Валидност дo: 25.4.2014 година Компанија од Кина бара дистрибутер за пласман на


четврток, 17 април 2014, Бр. 175

БИЗНИС ИНФО

31

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА сигурносни алармни системи за заштита од пожар во - технологија за заштита на животната средина (BIOРепублика Македонија. COS пречистителни станици за вода); Валидност дo: 25.4.2014 година - технологија за компримиран воздух; - вакуум технологија- технологија за процесни Компанија од Австрија бара соработка со гасови; македонски компании во областа на собирање, - погонска техника; транспортирање, селектирање и складирање на - технологија за ладење; комунален и индустриски отпад. - технологија за пренос. Валидност дo: 26.5.2014 година Валидност дo: 26.5.06.2014 година Компанија од Пакистан заинтересирана е за соработка со текстилни фабрики во Република Македонија кои имаат да понудат користени машини за производство на текстил, за откуп на истите. Валидност дo: 26.7.2014 година Компанија од Турција заинтересиранa е за соработка со македонски увозници на акрилни плочи за изработка на кујнски елементи. Валидност дo: 26.5.2014 година Компанија од Австрија нуди разни решенија за сите процесни фази и системи. Своите услуги ги заснова на висококвалитетни производи и услуги во долунаведените апликациони техники и групи на производи:

Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на мебел штоф. Од неодaмна го има добиено правото за застапување на француската компанија „Пјер Карден“ за материјали за каучи и декоративни перници за повеќе земји, вклучувајчи ја и Рeпублика Македонија. Валидност дo: 27.5.2014 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на производи од биопластика. Валидност дo: 27.5.2014 година Контакт:

Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk

www.mchamber.mk


СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

32

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

четврток, 17 април 2014, Бр. 175

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


четврток, 17 април 2014, Бр. 175

БИЗНИС ИНФО БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION

Скенирај и дознај повеќе

bsi.

ISO 9001

Quality Management

 FS 549642

Osnovana 1922

      Founded 1922

Дали размислувате за кариера во областа на менаџмент на човечки ресурси? Мудра одлука! Професионалците за човечки ресурси не само што придонесуваат за развојот на бизнисот преку стратешко управување со човечкиот капитал, туку и самата професија станува популарен избор поради можноста да се изгради вистинска кариера. Учесниците на оваа Бизнис академија ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин.

Уписите се во тек!

БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ Н А С ТА В Н A П Р О Г РА М A од вкупно 190 часа

1. Стратегиски менаџмент на човечки ресурси

2. Организациски дизајн или ре-дизајн од аспект на МЧР

Со завршувањето на овој модул, учесниците ќе можат: да го разберат значењето и неопходноста на стратегискиот менаџмент во работење на денешните современи компании; да ја поврзат функцијата на менаџмент на човечки ресурси со стратегиските цели на организацијата; да ги определат главните стратегиски улоги на менаџментот на човечките ресурси; да изберат модел за стратегиски менаџмент на човечки ресурси соодветен за нивната организација; адекватно да го имплементираат избраниот модел на стратегиски менаџмент на човечки ресурси; да осигураат дека нивните вработени ги знаат стратегиските цели на организацијата и нивната улога во остварувањето на истите; да заслужат подеднаква почит како и другите организациски оддели и да се наметнат како главен бизнис партнер на стратегискиот менаџмент во нивната организација.

Со завршувањето на овој модул, учесниците ќе можат активно да придонесат во процесите на организацискиот дизајн или ре-дизајн, односно ќе имаат јасна слика за тоа како работите во нивните организации треба да бидат структурирани за да функционираат во насока на остварување на стратегиските цели. Преку успешно применување на критичка анализа на работата за дизајнирање на работните места и улоги на вработените, учесниците после успешното завршување на овој модул треба да можат да одговорат на следните прашања: Кои се адекватни методи за анализа на работата во нивната организација? Како да се групираат работните активности? Какви линии и методи на комуникација треба да се воспостават? Како да им се помогне на вработените да ја сфатат нивната улога и улогата на колегите во остварувањето на организациските цели? Како да се


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088

Бизнис ИНФО, број 175, 17.4.2014  

17.4.2014

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you