Skip to main content

Бизнис ИНФО, број 259

Page 1

bsi.

БИЗНИС ИНФО

ISO 900

Quali Mana

bsi. НА МАКЕДОНИ СТОПАНСКА КОМОРА СТОПАНСКА КОМОРА

FS 549

Osnovana 1922

ISO 9001

goodini

Quality Management

192

2 - 2016

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈА FS 549642

БИЗНИС ИНФО Founded 1922

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Број 259

www.mchamber.mk

17.3.2016

Значајна улогата на Коморскиот инвестициски форум во исполнување на планот на „Берлинскиот процес“

КОМОРИТЕ ПРЕДВОДНИЦИ НА НОВАТА ЕРА НА СОРАБОТКА И ПОСТИГНУВАЊЕ ПОДОБРА ДЕЛОВНА КЛИМА ВО РЕГИОНОТ


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

четврток, 17 март 2016, Бр. 259

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

ЕЗБЕД ОБ У

B

SE

C

UR

O

НИКО

Б

ЊЕ ВА

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


четврток, 17 март 2016, Бр. 259

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО

ПРОЕКТИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ДАВААТ РЕЗУЛТАТИ За период од речиси една година, поточно од 27.04.2015 година досега, преку овој проект се вработени 14.800 лица. Во изминатите две години преку проектите „Македонија вработува“ и „Вработување на млади лица до 29 години“ се креирани повеќе од 22.000 работни места. Во наредниот период од 2016 година се очекуваат нови инвестиции од страна на странски компании и отворање нови работни места. Исто така, и постојните компании што работат во зоните најавуваат проширување на своите капацитети, што значи и нови вработувања. На веб-страницата на Агенцијата за вработување постојано се ажурираат податоците за објавените слободни работни места. Во моментот се објавени речиси 7.000 слободни работни места и таа бројка постојано се менува. Најголемиот број од слободните работни места се објавени за подрачјето на град Скопје, 56 проценти од објавените слободни работни места, но исто така значителен број слободни работни места се објавени и во останатите центри за вработување - Битола, Виница, Куманово, Охрид, Тетово, Струмица. (Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување за „Телеграф“)


БИЗНИС ИНФО

4

четврток, 17 март 2016, Бр. 259

ПОДВЛЕЧЕНО

ТУРИЗМОТ ШАНСА ДА ПОЧУВСТВУВА АВТЕНТИЧНОСТА НА ГРАДОТ Струга има висок туристички потенцијал, секоја година има сè повеќе гости, но секако дека бројката може да се зголеми. За тоа ќе помогне поддршката од државните и општинските органи преку подобрување на инфраструктурата, потоа и рекламирањето на нашиот град како една автентична македонска дестинација, а секако е битен и нашиот удел, односно ние како угостители треба да го прифатиме предизвикот секогаш да му бидеме на услуга на гостинот. Тоа значи дека гостинот мора да биде на прво место, и во никој случај да не се дозволи тој да излезе незадоволен од ресторанот, бидејќи неговото задоволство е гаранција дека тој повторно ќе дојде во Струга. Всушност, тоа е целта која секој угостителски работник треба да ја има како основна филозофија. Мораме да бидеме истрајни во тоа посетителот или туристот во кој било град или туристичка дестинација да го задржи во себе чувството кое го доживеал. Нудењето квалитетна услуга и креативно мени не значи само задоволување на најосновните потреби на гостинот, туку давање шанса тој да ја почувствува автентичноста на градот. Најголема антиреклама на која било туристичка дестинација е кога гостинот ќе си замине со чувството дека многу платил, а речиси ништо не добил. Во тој случај незадоволството ќе се одрази на повеќе нивоа, не само врз конкретниот ресторан, туку и врз самата туристичка дестинација. Затоа градот Струга треба да внимава и да тежнее да биде сè подобар и подобар. (Валентина Мустафа, сопственик на струшкиот ресторан „Аквариус“ за „Полна чаша“)


четврток, 17 март 2016, Бр. 259

БИЗНИС ИНФО

5

ПОДВЛЕЧЕНО

ИДЕИ ИМА , НЕДОСТАСУВААТ ЛУЃЕ ШТО ЌЕ ГИ ИМПЛЕМЕНТИРААТ Не постои недостаток од идеи, туку од луѓе што ќе ги имплементираат тие идеи. Најуспешни претприемачи се оние кои имаат способност да ја имплементираат својата идеја во најбрз можен рок. Стартапите имаат идеи, не ги познаваат нивните клиенти, не знаат дали би го купиле тоа што го нудат и дали воопшто го сакаат тој производ или услуга. Мора прво да дознаат кој би имал корист од нивната идеја и кој ќе плати за неа…Стравот дека некој ќе им ја украде идејата е неоснован. Треба да стравуваат од неможноста истата да ја имплементираат. Сепак ретко се случува нешто да е сосема ново, најголем број од идеите, дури 97%, се веќе реализирани. Затоа наместо стартапите да се грижат како да ја заштитат својата идеја, треба да размислуваат колку брзо можат да ја остварат. Луѓето треба да разберат дека она што е потребно е преземањето на акција, идејата и не е толку важна. Во најголем број случаи проблем е егото на претприемачот и неможноста да одговорат на предизвикот. Лично јас ги оценувам претприемачите според начинот на којшто ја движат својата компанија напред низ времето. (Мајк Дакер, бизнис консултант, советник за програмата SECO Entrepreneurship Program на Владата на Швајцарија во „Бизнис Ин фо“)


6

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 март 2016, Бр. 259

АКТУЕЛНО Значајна улогата на Коморскиот инвестициски форум во исполнување на планот на „Берлинскиот процес“

КОМОРИТЕ ПРЕДВОДНИЦИ НА НОВАТА ЕРА НА СОРАБОТКА И ПОСТИГНУВАЊЕ ПОДОБРА ДЕЛОВНА КЛИМА ВО РЕГИОНОТ Со имплементацијата на заклучоците од „Берлинскиот процес“, преку јакнењето на регионалната соработка, претседателите на коморите од Западен Балкан, на 27 август 2015 година, во Виена, за време на одржувањето на Виенскиот самит, потпишаа Спогодба за формирање Коморски инвестициски форум (КИФ), со што се потенцираше намерата за активно вклучување на националните стопански комори во реализацијата на конкретните цели од овој процес.

Основачи на Коморскиот инвестициски форум се: Унијата на стопански комори на Албанија, Надворешно-трговската комора на БиХ, Стопанската комора на Србија, Стопанската комора на Косово, Стопанската комора на Црна Гора, Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Хрватска и Стопанската комора на Словенија.


четврток, 17 март 2016, Бр. 259

БИЗНИС ИНФО

7

ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО Коморскиот инвестициски форум е инструментот кој може да ја поттикне економската соработка и да биде кохезионен фактор на политичкото функционирање на Западен Балкан. Во реализацијата на неговите активности учествуваат искусни професионалци. Постои јасно дефиниран акционен план и добро организирана структура, којашто може до крај да оди во исполнување на целите. Ова беше истакнато на редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија на тема: „ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ЗЕМЈИТЕ-ЧЛЕНКИ НА КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ ВО ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПЛАНОТ НА „БЕРЛИНСКИОТ ПРОЦЕС“ ЗАПОСТИГНУВАЊЕ ПОДОБРА ДЕЛОВНА КЛИМА ВО РЕГИОНОТ – ЕКОНОМСКАТА СИТУАЦИЈА И ПОТЕНЦИЈАЛИТЕ“ (14.3.2016 година). Иницијативата за формирање на КИФ е поддржана и од меѓународните организации во чии агенди е и поддршката и развојот на Западен Балкан, и тоа: Светска банката, EBRD, UNDP, IFC, GIZ, а КИФ ги презентираше своите планирани активности на средбите кои се одржаа во Будва во октомври 2015 година, со цел дел од проектите на КИФ да бидат финансирани со средства со кои располагаат овие организации. Бидејќи економијата е таа која прави мостови на поврзување помеѓу државите, формирањето на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) е почеток на нова ера во соработката на регионот. Затоа се повикуваат сите медиуми во регионот да ги поддржат неговите активности. Нема веќе национални економии, има само конкурентни и неконкурентни економии засновани на регионално поврзување. Европската унија до 2020 година за таа цел ќе издвои 82 милијарди САД долари и таа е последната шанса, Балканот да оствари некаков приклучок кон развиените земји и затоа е потребна акција! Факт е, дека повеќе од 25 години на овие простори не беше сфатена главната порака од ЕУ, дека мора да се соработува регионално. Напротив, државите од Западен Балкан бегаат од таа иницијатива, бидејќи во таквиот вид на соработка ја препознаваат идејата за обновување на поранешната држава, иако се свесни дека ЕУ е настаната како резултат на принципиелна регионална соработка. Историски гледано, секогаш економијата е таа која прва гради мостови на поврзување меѓу земјите. Ако се погледне деценија наназад, слободно од оваа дистанца, со сигурност може да се истакне дека од 2000 година наваму Западен Балкан доживува економски трансформации. Навистина, потребно е уште многу да се направи, но нема сомнеж дека сите земји засега се насочени кон заедничка европска иднина, а не како што беше, причина за делби, во минатото. За ова сведочат и реформите кои се спроведуваат во земјите на Западен Балкан, иако постојат ризици и неизвесности, но сепак има голем напредок во однос на изминатите години, а на тоа наведува и фактот дека постои и поволен економски амбиент.


БИЗНИС ИНФО

8

четврток, 17 март 2016, Бр. 259

АКТУЕЛНО

Затоа и со толку голем оптимизам и надеж се гледа во активностите на КИФ, односно формирањето на КИФ е почеток на нова ера во соработката во регионот, којшто има за цел да изгради цврсти темели за идна соработка во наредните 10 години.

Што го отсликува регионот на Западен Балкан? 1. Регионалната соработка е важна за напредок и развој на сите земји од регионот на Западен Балкан. 2. На регионот на Западен Балкан му се потребни структурни реформи, борба против корупцијата и надминување на уште многу други предизвици, со коишто се соочуваат сите земји од регионот. Важно е регионот на Западен Балкан да се преобрази од простор од кој се заминува во простор на кој се останува. 3. Регионот на Западен Балкан има 3 милијарди евра во меѓусебни инвестиции, што е уште еден доказ дека бизнисот е многу понапред во регионалната соработка отколку политиката. 4. Пазарите на земјите од Југоисточна Европа, заедно зафаќаат само 6,5% од пазарот во Европа и затоа мора да се работи на интернационализација на работењето и на заеднички настап.


четврток, 17 март 2016, Бр. 259

БИЗНИС ИНФО

9

ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО 5. Излезот мора да се бара во драстично зголемена економска интеграција на регионот. Во таква ситуација, надеж даваат „акциите“ како што е „Берлинскиот процес“, иницијатива од германската канцеларка Ангела Меркел. Единствено таквите зафати отвораат економски перспективи за регионот. Токму затоа, коморите на земјите од регионот во Коморскиот инвестициски форум гледаат идеална платформа за соработка, со цел да ги поврзат економиите, и така да се обезбеди спроведување на стратешки инфраструктурни проекти, проекти во коишто мора да се вклучат членките, стопанствениците, со цел да им се овозможи значително побрз економски развој, и на крајот да се реализираат стратешките интереси на земјите од регионот и на ЕУ. Свесни за проблемите, токму стопанските комори отсекогаш беа тие коишто, кога можеби политиката и немаше слух за стопанството, ги отвораа вратите и се залагаа за слобода на движење на луѓе и стоки. Земјите од соседството, историски, географски и економски се нашите значајни пазари на коишто се` уште сакаме и треба да бидеме присутни. Хрватска и Словенија се членки на ЕУ, но и земји кои се економски тесно поврзани со соседните земји од Југоисточна Европа. Европската перспектива на сите овие земји е јасна, но да се биде дел од единствениот европски пазар е привилегија која треба да се искористи. Заедничка цел на КИФ е зголемување на конкурентноста на малите и средни претпријатија, создавање на подобра бизнис-клима, намалување на стапката на невработеност во земјите на КИФ, создавање на зона на економска стабилност и намалување на стапката на емиграција на младите од земјите на КИФ. Западен Балкан остварува 75% од својата трговска размена со Европската унија. Иако Европската унија е најзначаен трговски партнер на Балканот, сепак трговската размена на Западен Балкан во 2014 година е само 1,1% од вкупната трговска размена на ЕУ. Но и размената помеѓу земјите од Западен Балкан во 2015 година е намалена за 16,5% во однос на 2014 година.

Коморскиот инвестициски форум (КИФ) - еконоска ситуација и потенцијали Се работи за 8 земји од регионот кои само по себе претставуваат хомогена целина, се разликуваат по територија, број на жители, според економските активности и макроекономските показатели. Меѓутоа овие земји-членки на КИФ делат и неколку сличности, односно предизвици кои мораат да ги надминат, како што се: надворешно-трговскиот дефицит, зависноста од увозот, висока стапка на невработеност, неусогласеноста помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на труд и недоволни извори за финансирање.


БИЗНИС ИНФО

10

четврток, 17 март 2016, Бр. 259

АКТУЕЛНО

Слика бр. 1 - Територија на земјите-членки на КИФ Земјите на КИФ зафаќаат 6,6% од површината на Европска унија. Земјите-членки на КИФ се наоѓаат меѓу Јадранското Море и Дунав. Се работи за пазар од 25 милиони жители.

Слика бр. 2 - Население на земјите-членки на КИФ

Слика бр. 3 - Приказ на БДП и БДП по жител во земјите на КИФ Ако се споредат податоците за БДП од 2014 година, се забележува дека прва e Хрватска со 57,2 милијарди САД$, а потоа следува Словенија со 49,4 милијарди САД$, а Македонија има 11,3 милијарди САД$, или 5 пати помалку од Хрватска, и спаѓа во групата на земји кои


четврток, 17 март 2016, Бр. 259

БИЗНИС ИНФО

11

ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО покажуваат помала моќ на своите економии. Слични податоци се прелеваат и на страната на БДП по жител, каде податоците покажуваат дека бројките се движат од 29.658 САД$ во Словенија, па се` до 9.281 САД$ во Косово, а Македонија со 13.349 САД$.

Слика бр. 4 - БДП по глава на жител за 2014 година, во однос на просекот во ЕУ28 Ако се спореди БДП по глава на жител за 2014 година, во однос на просекот во ЕУ28, Македонија има 37% од европскиот просек, што е и за очекување како земја која се` уште не е членка на ЕУ, а на прво место е Словенија со скоро 83% до европскиот просек. Споредувајќи ги зeмјите на КИФ според порастот на БДП, се гледа дека Македонија со 3,5% пораст на БДП остварила најголем раст во однос на зeмјите од КИФ, а Словенија како членка на ЕУ има значително поголем пораст на БДП во износ од 3,0%, во однос на просекот на ЕУ28 кој е 1,3% за 2014 година. Гледано во целина, КИФ-регионот во однос на последните 10 години, има постојан раст на БДП освен кај Србија, и мала стагнација кај Хрватска.

Слика бр. 5 - Извоз на стоки и услуги изразени преку % од БДП


БИЗНИС ИНФО

12

четврток, 17 март 2016, Бр. 259

АКТУЕЛНО Анализата на податоците за извозот на стоки и услуги изразени преку % од БДП за 2014 година, покажуваат дека Словенија е далеку понапред во однос на останатите земји од КИФрегионот, со 79% од БДП, што е далеку поголем и од просекот на ЕУ28 кој изнесува само 43% од БДП. Македонија со 47,9% од БДП е на второ место и е поголем од Хрватска и Србија, но и од просекот во зeмјите-членки на ЕУ28.

Слика бр. 6 - Стапка на годишна инфлација и пораст на индустриското производство За да се добие комплетна слика за регионот важно е да се анализира и порастот на индустриското производство. Додека Црна Гора, Србија и Косово бележат голем пад на индустриското производство изразено со негативни бројки, Македонија е на прво место со 4,8%, и далеку повисоко од европскиот просек во ЕУ28 кој изнесува 1,1%. Податоците за годишна инфлација парираат и со претходно изнесените податоци за пораст на индустриското производство и Македонија бележи само -0,2% инфлација.

Слика бр. 7 - Странски директни инвестиции во периодот 2007-2014 година


четврток, 17 март 2016, Бр. 259

БИЗНИС ИНФО

13

ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО Странските директни инвестиции во периодот 2007-2014 година најголем раст имаат во Хрватска, со земја со најголеми странски директни инвестиции од 22 милијарди САД $, а по неа следи Србија со 17,56 милијарди САД$, а Македонија со скромни 3,29 милијарди САД$ е на последното место во КИФ-регионот. Исто така, ако се споредат податоците и според странски директни инвестиции по глава на жител, Македонија со 1.590 САД$ е на претпоследно место пред Босна и Херцеговина.

Слика бр. 8 - Стапка на невработеност, и стапка на невработеност на младите во КИФ-регионот Нешто што е заеднички предизвик за сите земји од регионот е големата стапка на невработеност, а посебно невработеноста на младите во КИФ-регионот, проблем со кој се соочуваат сите земји, освен Словенија. Словенија како членка на ЕУ најдобро стои со сaмо 9,7% невработеност што е скоро колку и eвропскиот просек за ЕУ28 кој изнесува 9,0%. Додека Косово и Македонија се со најголема стапка на невработеност, која е 4 односно 3 пати поголeма од ЕУ28 просекот. Загрижувачки се бројките кои ја покажуваат стапката на невработеност на младите, каде што половина од невработените во Македонија се млади луѓе. Ваков проблем имаат и Босна и Херцеговина и Косово со поголема стапка на невработени млади луѓе во однос и на Македонија.

Слика бр. 9 - Просечна бруто-плата во земјите од КИФ-регионот


БИЗНИС ИНФО

14

четврток, 17 март 2016, Бр. 259

АКТУЕЛНО Неизоставно е да се спореди и цената на работна сила во земјите од КИФ-регионот, каде Словенија како земја-членка на ЕУ во 2014 има 1.540 евра просечна месечна плата, а третина од тој износ е просечната месечна плата во Македонија, или само 508 евра во бруто износ. Во сите земји од регионот важно е да се нагласи дека цената на трудот е се` уште конкурентна во однос на цената на трудот во однос на останатите земји во ЕУ во сите сектори.

Слика бр. 10 – Бизнис-опкружување во земјите на КИФ Во односна оценката на бизнис-климата во зeмјите од КИФ-регионот, споредувани се податоци во однос на три извори на податоци: Doing Business 2016 (World Bank), Global Competitiveness Report 2015-2016 и Global Innovation Index 2015.

Слика бр. 11 - Оценка за бизнис-климата според податоците на Doing Business 2016 (Светска банка) Според прикажаните податоци на првите места, како земји со најповолна бизнисклима се Македонија, Словенија и Хрватска. Според податоците на Doing Business (World Bank), кои ги споредуваат условите за работа на МСП во 11 области, и рангираат 189 земји од целиот свет, Македонија е на високо 12-то место, Словенија како земја-членка на ЕУ на


четврток, 17 март 2016, Бр. 259

БИЗНИС ИНФО

15

ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО 28-мо место и Хрватска на 40-то место, следи Црна Гора на 46-то место, Србија на 59-то место, а Албанија дури на 97-мо место.

Слика бр. 12 - Најпроблематични фактори за бизнис-климата во овие држави според Global Competitiveness Report 2015-2016 Според податоците што ги објавува Global Competitiveness Report 2015-2016, и ако се погледаат првите 5 најпроблематични фактори за бизнис-климата во овие држави, може да се заклучи дека во Македонија која се рангира на 60-то место од вкупно 140 држави, најголем проблем се посочува дека се: пристапот до финансии, сиромашната работна етика на работната сила, нееднаквата образована работна сила, сложеноста на даночната регулатива, неефикасната државна администрација.

Слика бр. 13 - Странски директни инвестиции меѓу земјите на КИФ Ваквите проблеми ги чувствуваат и стопанствениците кои се заинтересирани да инвестираат како странски инвеститори во останатите земји од регионот на КИФ. Ако се споредат економските релации помеѓу КИФ-земјите, и ако се споредат кумулативните податоци, многу повеќе се вложува во Македонија отколку Македонија да се јавува како инвеститор во останатите КИФ-земји, што не е случај, на пример, со Словенија, која повеќе се јавува како инвеститор во останатите КИФ-земји, отколку што има странски инвестиции од останатите земји од КИФ-регионот.


БИЗНИС ИНФО

16

четврток, 17 март 2016, Бр. 259

АКТУЕЛНО

Слика бр. 14 - Трговската размена на Македонија со зeмјите од КИФ во 2015 година И покрај сите разлики кои постојат во земјите од КИФ-регионот, стопанствениците од Македонија се заинтересирани за соработка со стопанствениците од останатите земји од КИФ-регионот. Но ако се спореди во проценти каква е трговската размена со зeмјите од КИФ во 2015 година, ќе се види дека Македонија најголема трговска размена има со Хрватска дури 49,4%, со Србија 25,4 %, а најмалку со Црна Гора само 1,2% од вкупната размена со КИФ-земјите.

Слика бр. 15 - Трговска размена остварена во рамките на КИФ-земјите Меѓутоа, ако се спореди која земја колку од својата трговска размена ја остварува со КИФземјите, ќе се види дека Црна Гора дури 43% од својата трговска размена во 2014 година ја има со земјите од КИФ-регионот, додека Македонија со 15% од вкупната трговска размена е ориентирана спрема земјите од КИФ-регионот. Сето ова ни укажува дека земјите од КИФ-регионот се значаен пазар, како географски така и според интересите за тргување, и тенденција на сите земји е и понатаму да бидат присутни на овој регион, но и за подобрување на надворешно-трговските односи кои досега постојат. Може да се заклучи дека се работи за 8 земји од регионот кои само по себе претставуваат хомогена целина, се разликуваат по територија, број на жители, според економските активности и


четврток, 17 март 2016, Бр. 259

БИЗНИС ИНФО

17

ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО другите макроекономски показатели. Меѓутоа, се работи за заедница на земји, односно регион кој претставува 6,58% од вкупната површина од Европската унија, единствени според својата геостратешка положба во однос на ЕУ и подрачје кое се` уште е недоволно искористен потенцијал. Станува збор за земји кои се меѓусебно ориентирани на своите меѓусебни пазари, но и кон европскиот пазар и имаат европска перспектива во иднина. Земјите-членки на КИФ делат и неколку сличности, односно предизвици кои мораат да ги надминат, како што се: надворешно-трговскиот дефицит, зависноста од увоз, висока стапка на невработеност, неусогласеност помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на труд и недоволни извори за финансирање. Она што е најважно за сите земји од КИФ-регионот е дека имаат заедничка цел , а тоа е приближување кон предизвиците и стандардите на Европската унија, економска стабилност и просперитет, јакнење на конкурентноста во регионот, поттикнувајќи ги сите можности кои им се на располагање. Токму поради овие причини спремни се да изнаоѓаат нови облици на соработка, да прифатат нови иницијативи и предизвици кои им ги наметуваат состојбите во сите овие земји. Токму стопанските комори од овие земји преку Коморскиот инвестициски форум, како иницијатива која треба да им донесе нови перспективи на земјите од КИФ-регионот, спремни се да ги остварат заедничкитe цели како што се: обезбедување економска стабилност и просперитет на земјите, унапредување на конкурентноста на МСП, подобрување на деловната и инвестициска клима, зголемување на стапката на вработеност, зголемување на извозот и да се инвестира во едукација и доживотно учење. За да се постигнат сите овие цели неопходно е што поефикасно вклучување на бизнисзаедницата во реализација на тековните и идните проекти кои се важни за развој и економски просперитет на земјите од КИФ-регионот. Бидејќи економијата е таа која прави мостови на поврзување помеѓу државите, формирањето на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) е почеток на нова ера во соработката на регионот. Согласно целите на „Берлинскиот процес“, за прв пат ЕУ препозна партнери во регионот на Балканот каде со директна техничка и финансиска поддршка на проекти предложени од коморите, ќе обезбеди средства за реализација на значајни проекти кои се дел од Акциониот план на Коморскиот инвестициски форум. Целта на Коморскиот инвестициски форум и на целиот „Берлински процес“ е соседството на Европската унија да се претвори во зона на стабилност, безбедност и економски просперитет, со цел на земјите од соседството да им се даде европска иднина. Коморскиот инвестициски форум е инструмент кој може да ја поттикне економската соработка и да биде кохезионен фактор на политичкото функционирање на Западен Балкан. Затоа и со толку голем оптимизам и надеж се гледа на активностите на КИФ. Формирањето на КИФ е почеток на нова ера во соработката во регионот, којшто има за цел да изгради цврсти темели за идна соработка во наредните 10 години. Софче Јовановска


БИЗНИС ИНФО

18

четврток, 17 март 2016, Бр. 259

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Регионалните комори со седиште во Битола и во Кичево организираа деловни средби меѓу компаниите од двата региона

ЗАЕДНИЧКИ ВО ПОГОЛЕМО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА СРЕДСТВА ОД ЕВРОПСКИТЕ ФОНДОВИ Регионалните комори со седиште во Битола и во Кичево организираа деловни средби меѓу компаниите од двата региона со цел зголемување на меѓусебната соработка. Деловната средба се одржа на 10.3.2016 година во Битола и на неа присуствуваа 30-тина компании од бизнис

секторот од двата региона, кои ги вклучуваат општините Битола, Кичево, Ресен, Македонски Брод, Демир Хисар, Новаци, Пласница и Могила. Поздравни обраќања пред присутните имаа Мирко Велковски и Игор Соколески , претседатели на регионалните комори со седиште во Битола и во Кичево и м-р Снежана Камиловска Трповска, директор на Дирекцијата на регионални комори и меѓународна соработка


четврток, 17 март 2016, Бр. 259

БИЗНИС ИНФО

19

РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ при Стопанската комора на Македонија. -Оживување на економијата во внатрешноста на државата е главниот мотив на Стопанската комора на Македонија за организирање средби помеѓу стопанствениците од различни регионални комори, - истакна Снежана Камиловска Трповска. - Ваквиот вид на меѓурегионална соработка ќе продолжи и ќе се интензивира во иднина.

- Почестите средби на компаниите-членки на регионалните комори од Битола и од Кичево се можност за поблиско запознавање на менаџерите, воспоставување личен контакт кој го намалува ризикот од избор на лош партнер за соработка, поголема доверба за започнување соработка и решавање на заедничките проблеми, - посочи Игор Соколески. Во своето обраќање, Мирко Велковски истакна дека досегашните средби резултирале со интензивирање на соработката во градежништвото, графичката индустрија, проектирањето и инженерингот и потенцијал за зголемување на трговската размена. Исто така, регионалните комори, освен интензивирање на меѓусебната соработка со цел освојување на нови пазари, имаат намера да ги поддржат компаниите и во искористување на средства од програмите на Европската унија, како и заеднички настап на саеми во опкружувањето и настапи на трети пазари. Во дискусијата се истакна потребата од подобрување и реновирање на патната инфраструктура која ги поврзува регионите на Битола и Кичево, особено во услови кога стопанските субјекти од регионот пројавуваат иницијативи за соработка и имајќи го предвид фактот дека добрата патна инфраструктура е предуслов за развој на стопанството воопшто. М-р Никола Димковски, самостоен советник при Регионалната комора со седиште во Битола ги запозна присутните со детални информации за економските карактеристики на битолскиот регион. По презентацијата, следеше и претставување на компаниите кои ги истакнаа своите интереси за соработка. М-р Никола Димковски


БИЗНИС ИНФО

20

четврток, 17 март 2016, Бр. 259

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Презентација пред компаниите од регионалните комори со седиште во Велес, Штип, Прилеп и во Битола

УПРАВУВАЊЕТО СО ЗАГУБА НА ВОДА ВО ВОДОВОДНИОТ СИСТЕМ ВО КОМПАНИИТЕ Во насока на запознавање на компаниите со можноста од заштеда на вода, компанијата „Аквасеив“ ДОО – Скопје, одржа презентации на можностите на заштеда на водните ресурси на комерцијални и индустриски објекти, jавни институции, општини и комунални претпријатија,

како и индивидуални лица (во случај на добивање високи месечни сметки за вода, а под сомнение дека се резултат на нереално пресметана потрошувачка или можност за дефект на водоводната инсталација) во организација на Стопанската комора на Македонија и регионалните комори со седиште во Штип, Велес, Прилеп и во Битола. Беше презентиран и моделот како преку дополнителна анализа на потрошувачката на вода се утврдуваат местата на нерационално


четврток, 17 март 2016, Бр. 259

БИЗНИС ИНФО

21

РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ користење на водата и се предлагаат мерки за нејзино намалување преку инсталирање и користење на уреди за заштеда на вода. Сопственикот на фирмата, Бојан Ристовски, инаку член на Меѓународната асоцијација за вода и консултант на повеќе проекти финансирани од Светската банка, Германската техничка

соработка (GIZ), Европската унија и др., во областа на управувањето со водните ресурси, со над 20 години искуство во дејноста, во рамките на презентациите објасни што се` вклучва експертизата на компанијата, како и што се` може да се научи преку реализирање обука на соодветниот технички кадар во компаниите и институциите, потрошувачи на вода. Организирањето на презентации од ваков тип, преку кои компаниите на регионално ниво имаат можност да добијат иформации и предлог-решенија како да се олесни системот на работа во одредени сегменти, е само уште еден во низата успешни примери дека Стопанската комора на Македонија е местото каде бизнис-секторот со меѓусебно поврзување и размена на исуство и знаење може да го подобри и да воведе новини во своето работење. (Д.М.В.)


БИЗНИС ИНФО

22

четврток, 17 март 2016, Бр. 259

ПОКРОВИТЕЛИ Навидум едноставната приказна што започна во Прилеп и прерасна во гигантско постигнување во кондиторската индустрија во регионот

60 ГОДИНИ „ВИТАМИНКА“ 60 ГОДИНИ СЕЌАВАЊА Компанијата што го создаде најголемиот свет на вкусови и што е дел од животите на неколку генерации, навршува 60 години работа, производство и создавање на спомени и бесценети моменти. 60 години „Витаминка“ е дел од нас, од нашите сеќавања. Кога ќе се навратиме назад може да се потсетиме на моменти што се посебни за секој од нас, дали се радуваме на својот прв дом, на моментите поминати со родителите, на нашите детски лудории, на секој наш роденден. Сите овие моменти поминати со саканите даваат белег на нашиот живот. Многупати овие убави спомени ги превидуваме и забораваме да уживаме во моментите кои не се враќаат, туку треба да се сеќаваме на нив. „Витаминка“ го обележува 60 годишното постоење со потсетување на сите нас на тие важни моменти. Да не заборавиме на убавината на дружењето, на моментите кои сакаме да ги поминеме сами, на родителската грижа, на нашите прослави. Исто како и секој од нас, така и компанијата има свои моменти на радости. Навидум едноставната приказна што започна пред 60 години во Прилеп прерасна во гигант во кондиторската индустрија во регионот. „Витаминка“, македонски бренд по потекло, стана регионален бренд зад кој стојат голем број на производи. Пред 60 години никој не ни помислувал дека малиот производител на црвен пипер некој ден ќе биде ова што е денес - една од најсилните македонски компании. Стоби Флипс, Цевитана, Атлантис и многу други брендови се дел од една македонска визија што стана реалност. Успех каде е отсликано она што „Витаминка“ претставува денес во деловниот свет, компанија со извонредно голем распон на производи, што создала и секојдневно изградува неколку цврсти брендови, македонски производител што е познат и присутен во 30-тина странски пазари и деловен субјект што од година во година бележи раст и позитивни резултати. Покрај позитивниот импакт во националната економија, не помалку важно е значењето на „Витаминка“ во унапредувањето на локалната економија преку огромниот број вработени и дополнителниот синџир на соработници. Ништо не е случајно, па ниту успехот на „Витаминка“ зад кој стојат 6 децении, многу генерации, многу приказни што се раскажуваат и допрва ќе се раскажуваат. Во меѓувреме, секој од нас гледајќи го видеото за 60 години „Витаминка“ ќе се потсети на некои спомени, но и на самото растење на компанијата низ децениите. Видеото 60 години „Витаминка“ е достапно на линкот: https://www.youtube.com/watch?v=7KTnmT-4T18


БИЗНИС ИНФО

Бизнис центар за тренинг и оБука Bussines center for traning and education bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА FS 549642

Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922

Бизнис акаДеМиЈа за контроЛинг МенаЏер настаВна ПрограМа од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија

Уписите се во тек!


24

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 март 2016, Бр. 259

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

24.3.2016 година (четврток) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Семинар: „ПРИХОДИТЕ СОГЛАСНО МЕЃУНАРОДНИТЕ СТАНДАРДИ ЗА ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ МСФИ И МСФИ ЗА МСЕ“

ПРВ ДЕЛ - Глобализацијата како светски процес; - Потребата од хармонизација и стандардизација на финансиското известување; - Поим и развој; - Конвергенција на Меѓународните стандарди и даночното право во Р. Македонија; - Рамка за подготвување и презентирање на финансиските извештаи; - Рамка на меѓународни стандарди за финанасиско известување МСФИ; - Меѓународни стандарди за финансиско известување за мали и средни ентитети МСФИ за МСЕ. ВТОР ДЕЛ - Поим и значење на финансиските извештаи; - Цел на финансиското известување; - Корисници на финансиските извештаи; - Основни претпоставки и квалитативни карактеристики при изготвувањето на финансиските извештаи базирани на Меѓународните стандарди за финансиско известување МСФИ и Меѓународните стандарди за финансиско известување за мали и средни ентитети МСФИ за МСЕ.

согласно Меѓународните стандарди за финансиско известување МСФИ; - Меѓународен сметководствен стандард 18 Приходи; - Постојан комитет за толкување на ПТК 31 Приходиразменските трансакции кои вклучуваат услуги за рекламирање; - Меѓународните стандарди за финансиско известување за мали и средни ентитети МСФИ за МСЕ Оддел 23 Приходи; - Меѓународните стандарди за финансиско известување за мали и средни ентитети МСФИ за МСЕ во однос со Меѓународни стандарди за финансиско известување МСФИ од аспект на конверегенција на меѓународните стандарди за финансиско известување со националната регулатива на Република Македонија; - Закон за трговски друштва; - Закон за данок на додадена вредност; - Закон за данок на добивка.

Предавачи: M-р Симонида Георгиевска, косопственик и раководител на секторот за финансиски и сметководствени работи во друштвото за даночен консалтинг „КАУНТ“ ДООЕЛ – Скопје.

- Дефинирање, признавање и мерење на приходите

M-р Билјана Патлиџанковска, раководител на секторот за организациски работи во „КАУНТ“ ДООЕЛ – Скопје.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

ТРЕТ ДЕЛ


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија. • Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка. • Се добива сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници. За повеќе информации: М-р Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk

Симона Ристоска Тел. +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач


26

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 март 2016, Бр. 259

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 27 до 31 март 2016 година

БАЛКАНСКИ ФОРУМ ДОХА - ДУБАИ - АБУ ДАБИ

Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Република Македонија, Катар и Обединетите Арапски Емирати, Стопанската комора на Македонија, во соработка со „MyLeisureAdvisor“ Ltd, организира посета на претстојниот „Балкански Форум – Доха – Дубаи – Абу Даби 2016“. Овогодинешниот Форум претставува повеќедневен настан за претставување на понудата на производи на компании од балканските земји, како и запознавање со културата, бизнисклимата и правната регулатива во овие земји пред пошироката јавност во Катар и во Обединетите Арапски Емирати. Форумот претставува можност за поврзување на компаниите од балканските земји со компании од горенаведените земји за започнување на меѓусебна соработка. Настанот ќе се одржи во Доха, Катар, и во емиратските градови Дубаи и Абу Даби, во периодот од 27 - 31 март 2016 година, со следниот распоред: • Доха 27 - 28 март 2016 година; • Дубаи 29 - 30 март 2016 година; • Абу Даби 31 март 2016 година. Оваа година на Форумот се очекуваат повеќе од 150 учесници од Катар и од Обединетите Арапски Емирати и повеќе од 70 учесници од Македонија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина од следните дејности: • градежништво и проектирање (нискоградба и високоградба); • информатичка технологија (производство на компјутерски софтвер и високотехнолошки производи); • медицина (производство на фармацевтски

МАРТ

производи и медицинска опрема); • прехранбена индустрија (производство на раноградинарски производи, овошје, зеленчук, сувомесни и кондиторски производи); • енергетика; • туризам; • металургија и рударство. Сите пријавени за учество на Форумот сами ги подмируваат трошоците за: o повратна авионска карта; o визи за Катар и за Обединетите Арапски Емирати; o хотелско сместување за шест ноќевања со вклучен појадок; o локален превоз; o деловни ручеци и o деловни средби со компании. Цената на целосниот аранжман изнесува 2.175,00 САД долари (фиксна цена без разлика на можни дополнителни варијабилни трошоци). Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО


28

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 март 2016, Бр. 259

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 29 март 2016 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Семинар: „МУСКУЛНОСКЕЛЕТНИ ЗАБОЛУВАЊА И РАБОТА“

МАРТ

(ризик фактори на работното место)

ПРОГРАМА: I дел - ВОВЕД •Дефиниција: Што се мускулноскелетни заболувања (МСЗ); •Димензии на проблемот на МСЗ - медицински, организациони социоекономски; •Епидемиолошки карактеристики на МСЗ; •Законски аспекти на МСЗ – професионални болести, болести во врска со работата, повреди при работа, легислативни и регулаторни акти во врска со МСЗ. II дел – Причини за појава на МСЗ •Ризик фактори и работно место; •Главни модулатори на ризици: интензитет, фреквенција, должина на траење; •Работа, работно место, работни активности и професионален ризик; •Ергономски аспекти на работното место; •Неповолна, принудна положба; •Статичка мускулна работа (сила, напор, мускулноскелетно оптоварување); •Монотони, повторувани движења; •Физички фактори: механички притисок, вибрации, студ; •Организациони фактори: работно оптоварување, распоред на работата, технолошки промени, социјална средина; •Психолошки социјални фактори; •Проценка на ризик на работното место и појава на МСЗ (практични примери). III дел - Медицински аспекти на МСЗ •Како се јавуваат МСЗ? (прекумерна употреба, постепен развој, превентабилност, мултипли фактори); •Први симптоми на МСЗ - рани индикатори; •Прашалник за симптомите на мускулноскелетните заболувања поврзани со работата; •Најчестите клинички форми и засегнати структури (тендинитис, тендосиновитис, бурситис, карпал тунел синдром); •Клинички ентитети: горни екстремитети, долни екстремитети, рбетен столб (вратен, торакален и лумбален сегмент); •Дијагностика на МСЗ: анамнеза, работна анамнеза, физикален преглед, лабораториски тестови, imaging методи (Рентген , СТ, MRI, скен, ултразвук), специфични тестови за детекција на нервно или мускулно оштетување (ЕМГ, елекродијагностичка функционална проценка - Electro diagnostic Functional Assessment – EFA, атроцентеза, атроскопија и др.); •Приказ на случаи од пракса со дискусија. IV дел- Терапија, рехабилитација и оценка на работната способност на МСЗ Менаџмент на МСЗ (симтоматска и каузална терапија): медикаментозна терапија, хируршка терапија;

•Физикална и професионална рехабилитација; •Оценка на работната способност кај заболените со МСЗ; •Приказ на случај со дискусија. V дел - Како да се открие и превенира проблемот на МСЗ? •Двоен мониторинг: здравствен мониторинг и мониторинг на ризик фактори; •Како да се реши проблемот на МСЗ со сеопфатен пристап превентивна програма (мерки и нивоа на акција): - техничка контрола, административна контрола, лични заштитни средства, здравствена контрола; •Ергономски интервенции (технички, организациони/ административни, бихејвиорални/персонални); •Дисеминација на информации за проблемот на МСЗ и тренинг (работници, работодавачи, стручни лица); •Мониторинг: евалуација на ефикасноста на акцијата. МЕТОДИ НА УЧЕЊЕ: Интерактивни предавања, вежби/работилници, групна и индивидуална работа презентација на случај од соодветниот проблем, computer- based cases и симулации базирани врз: •Конкретно искуство - активно вклучување, идентификација на проблем, дискусија и истражување на real life ситуации; •Опсервирање - набљудување на проблемот од различни аспекти, дискутирање за проблемот и развој на стратегии за решавање; •Концептуализација - друг начин на гледање (гледање на работите како примена на усвоените приниципи на други слични ситуации); •Активно експериментирање - тестирање на наученото во пракса, hands-on решавање на проблемот, имплементација на идеи. Овој семинар според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истиот. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 март 2016, Бр. 259

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ МАРТ

Семинар : „ ВЕШТИНИ ЗА ВОДЕЊЕ УСПЕШНА НАБАВКА ВО ВАШАТА КОМПАНИЈА“

На 30 март 2016 година, 9:00-16:00 часот во Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ПРОГРАМА •Поим и значење на набавките; •Цели и задачи на набавките; •Организација во службата за набавка; •Внатрешна организација за набавки; •Односот на набавките со другите функции; •Работна политика за набавките; •Планирање на набавките; •Стручни кадри за набавка; •Методи и канали за набавка; •Евиденција на набавките; •Анализа на набавките; •Електронска резервна аукција. Предавач: Игор Чика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Траење на обуката и начин на работа - Обуката трае еден ден, од 9:00 – 16:00 часот. - PowerPoint презентација, студија на случај, работилница. - Работен јазик на обуката: српски. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

30

четврток, 17 март 2016, Бр. 259

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 5 до 7 април 2016 година, во Софија, Р. Бугарија

Саем и конференција: ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Стопанската комора на Македонија во соработка со Саемот „Виа Експо“ од Софија, организираат посета на претстојниот Саем и конференција на тема: Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во Југоисточна Европа, што ќе се одржи во периодот од 5 до 7 април 2016 година во Софија, Р. Бугарија. МАНИФЕСТАЦИЈАТА Е СОСТАВЕНА ОД ДВА ДЕЛА: 1. САЕМСКА ИЗЛОЖБА – “Waste management and recycling exhibition” Датум: 5-7 април 2016 година Фреквенција: Годишен настан Издание: 12-то. Организатор: „Виа Експо“ Место на настанот: Софија, „Интер Експо Центар“ Работно време за посетители: 5-6 април 2016 г. од 10:00 до 18:00 часот; 7 април 2016 г. од 10:00 до 17:00 часот. Како и секоја, така и оваа година саемската манифестација има за цел да претстави голем број нови технолошки достигнувања од областа на енергетиката и обновливите извори на енергија со што воедно претставува и почетна точка за лансирање на иновативни производи. Саемот го поттикнува развојот на енергетскиот сектор и иницира се` повеќе да се користат системски решенија за заштеда на енергијата во Југоисточна Европа. Саемот и оваа година ќе ги претстави најновитте решенија во делот на изолационите системи, уреди за складирање енергија, системи за заштеда на енергија, опрема за греење и ладење, системи за производство на обновлива енергија, комбинирано производство и други иновативни и ефикасни решенија. 2. БИЗНИС-ФОРУМИ 2.1. Бизнис-форум „Управување со отпад и рециклирање” 2.2. Бизнис-форум „ Паметни градови“ За подетални информации во врска со настанот, Ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk . Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 17 март 2016, Бр. 259

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

7 април 2016 година, Софија, Република Бугарија

БИЗНИС-СРЕДБИ „INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2016“

Enterprise Europe Network Македонија, Здружението на информатичкокомуникациски технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да воспоставите контакти со нови деловни партнери

конференции за учесниците. Информациите во врска со претходните изданија на изложбата се на располагање на горенаведените веб-сајтови. Целна група се претставници на светски компании кои работат во секторите за автоматизација, роботика, машиноградба, металургија, леење и алати, електротехника, индустриска електроника, компоненти, мерење, телекомуникации, услуги и др. Консултантски компании и посредници, без техничка експертиза во соодветните сектори не се целна Ве информираме дека Enterprise Europe Network во соработка со Интер Експо Центар ги повикува група на овој настан. заинтересираните индустриски компании да учествуваат на годишниот брокерски настан, со однапред договорени Предности за претставници на компании: • директни средби со нови партнери и клиенти, со можност деловни средби, „INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2016“ на 7 април однапред да се организираат деловни состаноци; 2016 година (четврток), од 10: 30-18: 00, во Софија, Република • можност за влез на нови пазари и претставување на сектори и земји; Бугарија. Деловните состаноци ќе се одржуваат за време • стекнување на нови прекугранични контакти; на меѓународните изложби „MachTech & Innotech 2016“ и • промовирање на технологии и знаења; • дознајте ги најновите трендови во машинската и „Булконтрола 2016“. Саемот „MachTech & Innotech“ (http://machtech. електроиндустријата; bg/en ), што ќе се одржи од 5-8 април 2016 година, е • контакти меѓу изложувачите и посетителите на саемот; најголемиот меѓународен саем на машини, технологии и • стручна помош и совети од страна на персоналот на координаторот пред, за време и по настанот. индустриска опрема. Целни сектори: - „MachTech“: машини за сечење метал, опрема за Учеството на овие деловни средби е бесплатно. Работен заварување, пумпи, компресори, хидраулични машини и јазик: англиски. алатки, пневматски машини и алатки, ласерска опрема; - „Innotech“: индустриска автоматизација и софтвер, За регистрација можете да ја посетите веб-страницата: системи за автоматизација, контрола и мерење, опрема, http://www.b2match.eu/imm2016 индустриска електроника, опрема, роботика. Целни сектори на „Булконтрола“ (http://bulcon- Аплицирај електронски / on-line trola.com/en/bulcontrola), што ќе се одржи од 5-8 април 2016 година, се: контролни и мерни уреди, аналитичка Контакт: Лазе Ангелевски и лабораториска опрема, софтвер, електроиндустрија и Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 индустриски електрична опрема, системи за мониторинг, Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk заштита на животната средина. Оваа година се дава можност за учество во различни придружни настани, како работилници и


32

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 март 2016, Бр. 259

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 11 до 17 април 2016 година Меѓународен саем за градежни машини, машини за градежни материјали, рударски машини, градежни возила и алати во СР Германија

„БАУМА 2016“ ВО МИНХЕН

Посетата ја организира Стопанската комора на Македонија, во соработка со Германската стопанска комора во Македонија. Овој стручен саем се одржува еднаш на 3 години. Сите подбранши, сите лидери на пазарите, сите важни иновации и најактуелни информации можете да ги најдете на едно место. Водечкиот светски саем „БАУМА“ е водечка платформа во глобални рамки за експерти од оваа индустрија. Тука се сретнуваат клучните играчи на меѓународно ниво. На оваа манифестација во 2013 година беа надминати сите очекувања и досегашни резултати: - 575.000м2 изложбена површина; - 3.421 изложувач од 57 земји во светот; - 535.0 65 посетители од преку 200 земји во светот; - 125.850 стручни посетители од областа на рударството; - 1.475 новинари и претставници на разни медиуми. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk Контакт: Марија Петроска Тел: ++ 389 2 3244017 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija@mchamber.mk


четврток, 17 март 2016, Бр. 259

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИТЕ И ТЕХНИКИТЕ ЗА ПРОЦЕНКА И ЕЛИМИНИРАЊЕ НА РИЗИКОТ ВО КОМПАНИЈАТА ПРЕКУ ОСНОВНИОТ СТАНДАРД ЗА МЕНАЏМЕНТ НА РИЗИК ISO/IEC 31010:2009“ Организираност на советувањето: Ова дводневно советување е организирано по принцип на тренинг-обука, каде учесниците низ предавања и практични вежби ќе стекнат нови и ќе ги унапредат постојните знаења за управување со ризиците од аспект на примена на стандардите кои се занимаваат со управување на ризиците ISO 31000 и ISO/IEC 31010. По завршување на тренингот ќе се стекнат со сертификат на научени вештини и знаења од „TQM Konsalting” ДОО во Нови Сад.

Теми кои ќе се обработуваат на советувањето:

ВОВЕД ВО МЕНАЏМЕНТОТ СО РИЗИК - Целта и користа од управувањето со ризикот; - Преглед на термини и дефиниции; - Преглед на рамката за управување со ризикот; - Преглед на процесот за управување со ризикот; - Идентификација на ризикот; - Анализа на ризикот: контролна процена, анализа на последиците, веројатноста на анализата и веројатноста на проценката, прелиминарна анализа, неизвесност и осетливост; - Евалуација на ризикот; - Пратење и преглед на проценка на ризикот; - Преглед на техниката за процена на ризикот. ISO/IEC 31010:2009 – МЕНАЏМЕНТ СО РИЗИК – ТЕХНИКИ ЗА ОЦЕНКА НА РИЗИКОТ - Техники за идентификација на ризикот- BUSINES IMPACT ANALISIS – BIA; - Техники за анализа на ризикот: Последици, веројатност и степен на ризикот; - Техники за процена на ризикот; - Како да се одбере вистинска техника за оценка на ризикот?

Предавач: Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. АРАНЖМАН: - Цена за сместување во двокреветна соба по учесник изнесува 105 евра. - Цена за сместување во еднокреветна соба по учесник изнесува 146 евра. (* Плаќањето е по добиена про-фактура од Хотел„Парк“ – Белград на ваша електронска пошта)

Советување 14-16.4.2016 година Хотел „Парк” - Белград www.hotelparkbeograd.rs

Превоз: - Цената за организиран превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје - Белград - Скопје по учесник изнесува 2.650,00 денари. (тргнување на 14 април 2016 година, во 6:00 часот и враќање на 16 април 2016 година во попладневните часови). Котизација за совеувањето: - Котизацијата за дводневното советување изнесува 4.500 денари + 18% ДДВ (5.310 денари); • Секој трет и нареден учесник добива 20% попуст на котизацијата. Во цената на сместувањето е вклучено: - 2 ноќевања со појадок во Хотелот „Парк“ www.hotelparkbeograd.rs; - организација на советувањето; - 1 коктел за добредојде; - 1 ручек; - кафе и освежување за време на паузите. Во цената на аранжманот не е вклучено: • патничко осигурување и индивидуални факултативни трошоци. Последен рок за пријавување: 7 март 2016 година. Минимален број за реализирање на ова советување е 15 учесници. За сите учесници на советувањето ќе биде обезбедено: - работен материјал; - сертификат за сертификат на научени вештини и знаења од “TQM Konsalting” ДОО во Нови Сад. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 март 2016, Бр. 259

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„GO - INTERNATIONAL“ – ТРЕНИНГ ЗА ВАШАТА ЛИДЕРСКА ИДНИНА Стопанската комора на Македонија во соработка со Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора – WIFI, лидер во образование и обука, кој овозможува пренос на know-how и ангажира странски експерти со долгогодишно искуство во светот бизнисот, Ви нуди можност да бидете дел од тренинг-програмата „GO - INTERNATIONAL“ - ТРЕНИНГ ЗА ВАШАТА ЛИДЕРСКА ИДНИНА, во која се применува ЛЕНА - модел на учење. Оваа обука се спроведува согласно меѓународно призната методологија којашто ја користат голем број врвни компании. За време на тренингот ќе бидат разработени следниве модули: Корпоративни финансии и финансиско известување; Управување со резултати во меѓународните активности и Менаџмент на човечки ресурси и мотивационо лидерство. Што е WIFI International? WIFI Институтот за економска промоција е партнер на австрискиот бизнис на полето на едукација и развој на човечки ресурси, со фокус на стручно образование и обука за мали и средни претпријатија. Водени од мотото на „доживотно учење“ целта на WIFI е да им овозможи на индивидуите кои се ориентирани кон успех и подобри перформанси, можности за одржливо и глобално знаење кое е потребно за да се исполнат идните општествени и економски предизвици. За да ја оствари оваа цел, WIFI одржува постојана размена на искуства со претприемачи, сопственици и менаџери за човечки ресурси. Врз основа на оваа врска и информациите кои ги добиваат од експертите како и врз основа на состојбите на пазарот на трудот, WIFI континуирано развива иновативни едукативни продукти кои се конзитентни со барањата на стопанството. Интернационален know-how трансфер Тимот на WIFI задолжен за интернационален know-how трансфер обезбедува семинари и менаџмент курсеви ширум светот кои нудат дополнителна предност на начин кој на учесниците кои што успешно ќе ги завршат овие курсеви им овозможуваат директен контакт со австриски компании, со цел да имаат активна улога во економскиот развој на целните земји додека истовремено имаат активна улога во отворањето на вратите кон австрискиот бизнис.


четврток, 17 март 2016, Бр. 259

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Поради интернационалниот фокус и директните контакти, праксата покажува дека австриските компании биле во можност да склучат договори за набавка со странски добавувачи вредни 138.000.000 САД долари на три години, благодарение на активностите на WIFI. Што го издвојува WIFI од другите тренинг-програми? Тренерите Ангажирани од WIFI се избрани по препорака од бизнис-заедницата. Тие гарантираат пренос на практични know-how техники, високи способности за предавање и теоретски заснована ексертиза и на тој начин осигуруваат дека знаењето стекнато преку курсевите на WIFI може да биде применето директно во соодветната професија. Обука се состои од три дела: 1. теоретски предавања; 2. практични примери; 3. дискусија - feedback, прашања и дијалози. Методологија на работа Со цел постигнување максимални резултати во текот на тренинг-програмата, методологијата се заснова на следните елементи: • индивидуален пристап во текот на обуката, развивање на упатства и насоки за потребите на секој учесник индивидуално; • фокус на практичниот аспект во текот на обуката; • дискусии и анализи на специфични студии на случај за време на работилниците; • обуката ја спроведуваат високо квалификувани и искусни тренери од интернационалната мрежа на WIFI; • посебно внимание се обрнува на изборот на преведувачи за симултан превод кои ќе мора да бидат високо квалификувани согласно стандардите на WIFI со цел најдобро можно пренесување на знаењето; • обуките се наменети за сите претпријатија. Детална програма за тренингот Модул 1: Корпоративни финансии (14-16 април 2016 година и финансиско известување * Содржина на модулот: * Ризици во финансирање на извозот и меѓународни договори; * Управување со ризик и методи за плаќање; * Транспортни документи, сертификати; * Меѓународни финансиски инструменти

Максимилијан Фоедингер)

Модул 2: Управување со резултати (5-7 мај 2016 година Маргит Венделбергер) во меѓународните активности * Содржина на модулот:


36

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 март 2016, Бр. 259

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ * - Европски пазар; * - Маркетинг стратегии за меѓународни пазари; * - Управување со ризик; * - Анализа на резултати; * - Управување со резултати. Модул 3: Менаџмент на човечки ресурси и мотивационо лидерство (9-11 јуни 2016 година Александра Веселиновиќ) * Содржина на модулот: * - Системи за управување со човечки ресурси; * - Видови на човечки ресурси; * - Управување со работа во тимови; * - Мотивација; * - Компанија, лидери, вработени. * Деталната агенда и содржината на секој од модулите можете да ја погледнете во прилог на овој документ. Времетраење на обуките Програмата се состои од 9 дена (3 поединечни модули, секој во времетраење од 3 дена) по коишто следува тестирање. Учесниците кои успешно го поминале тестот и кои оствариле 75% редовност на предавањата, можат да учествуваат на деловните средби организирани од Австриската федерална комора во Виена и да се стекнат со меѓународно признат сертификат. Сертификатите и дипломите кои ги добиваат учесниците се признати од бизнис-заедницата. WIFI Институтот е сертифициран по ISO стандардите и континуирано применува проверка на квалитет. * Напомена: Потребен број на учесници за реализација на обуките: 15 – 20 лица. Обуката нема да се реализира доколку не е формирана група од минимум 15 учесници. ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА: • Тренинг-курсот е дел од WIFI IKT е специјално дизајнирана програма за специфичните потреби, предизвици и можности со кои се соочуваат целните групи. • Овој курс на учесниците им обезбедува стекнување на финансиски и бизнис-основи коишто секој менаџер треба да ги поседува за да може да опстои во конкурентска средина и да стекне профит од својот бизнис. • Програмата нуди надградување на личните вештини, но и вештини потребни за водење бизнис и потребниот know-how за основање и развој на сопствениот бизнис со високо ниво на квалитет.


четврток, 17 март 2016, Бр. 259

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ • Учесниците учат: - како да се справат со пречките и предизвиците кои произлегуваат од недостаток на време, пари, искуство и други ресурси; - како да ги откријат начинот на размислување, визијата, вештините и стратегиите потребни за успех; - како да профитираат на пазарот; - како да размислуваат различно и стратегиски ориентирано со цел да го развијат бизнисот; - како да работат и да имплементираат иновативни стратегии; - како на најефективен начин да ги користат стратегиските партнерства со цел да се обезбедат повеќе можности и да се зголемат шансите за успех. • Учесниците можат да се вмрежат со претприемачи и менаџери од австриски компании. • Учесниците добиваат искуство од странски експерти. Котизацијата за сите WIFI обуки изнесува 54.900 денари + ДДВ и истата вклучува: * обука за конкретна програма во времетраење од 9 дена (3 модули x 3 дена) и тридневен престој во Виена, Австрија; * хотелско сместување во двокреветни соби во Виена; * превоз аеродром – хотел – аеродром; * преведувач за време на престојот во Виена и за време на целата обука; * работни материјали; * организација и присуство на Бизнис форум и индивидуални термини за учесниците; * организирана свечена вечера во Виена и доделување на WIFI сертификати. *Во котизацијата не е вклучен превозот Скопје – Виена – Скопје.

Краен рок за пријавување: 24.3.2016 година. Напомена: Ве молиме, да се има предвид дека согласно Меморандумот за соработка со WIFI International, Стопанската комора на Македонија не е во можност да прими пријави по истекот на крајниот рок. Истиот рок се однесува и на уплатите за котизација за обуката. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел:++ 389 2 3244084 E-адреса:ivona@mchamber.mk Контакт: Симона Ристоска Тел:++ 389 2 3244067 E-адреса:simona@mchamber.mk


38

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 март 2016, Бр. 259

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 18 до 21 април 2016 година купувачка мисија и посета на Меѓународен конгрес и саем за паметните мрежи и за градовите во Република Турција

„ICSG ISTANBUL 2016“ ВО ИСТАНБУЛ

Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на саемската манифестација „ICSG Istanbul 2016 “. Оваа манифестација е посветена на иновациите во полето на паметното организирање на дистрибуцијата на електрчна енергија, гас и вода. На овогодишниот саем се очекуваат повеќе од 5000 посетители кои ќе можат да посетат повеќе од 150 штандови од 39 земји од светот. На овогодинешното издание на „ICSG Istanbul 2016“ ќе бидат претставени следниве сектори: • паметна дистрибуција на електрична енергија; • паметна дистрибуција на гас; • паметна дистрибуција на вода; • паметен начин на градење на градови и технологии за постигнување на тоа. Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници на гореспоменатите производи на база на однапред договорени средби (matchmaking).


четврток, 17 март 2016, Бр. 259

БИЗНИС ИНФО

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Во купувачките делегации можат да земат учество само компании кои се заинтересирани за увоз од Турција и кои претходно не учествувале во ваква мисија организирана од страна на Амбасадата на Турција. Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија најдоцна до 3.4.2016 година. За повеќе информации околу настанот посетете ја официјална веб- страна на саемот: http://www.icsgistanbul.com/en/ Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

40

четврток, 17 март 2016, Бр. 259

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 25 до 28 април 2016 година во Шпанија

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ ВО БАРСЕЛОНА

Стопанската комора на Македонија, во соработка со„Alimentaria Exhibitions Slu“ - Барселона, ве покануваат да бидете дел од оваа саемска манифестација што ќе се одржи во просториите на „Gran Vía“ изложбениот салон во Барселона. Веќе четири децении овој саем придонесува за мотивирање на најголемите промени во индустријата на храна, како и на прехранбените навики. Од 1976 година светската прехранбена индустрија го избира „Алиментариа“ како настан на кој ќе ги презентираат своите бројни креации, откритија и иновации во сите сфери и аспекти на производството (процесите, аблажата, материјалите, состојките и одржувањето), како и дистрибуцијата, логистиката и технологијата во индустријата коишто со тек на време станаа значаен дел од „Алиментариа“. Целта е да се излезе во пресрет на секојдневните потреби на потрошувачите и нивните нови купувачки навики. Денес „Алиментариа“ е посветена на промоција на прехранбената индустрија и зголемување на нејзиното севкупно интернационално присуство, што воедно го направи и еден од главните светски саеми и лидер во оваа индустрија. Оваа година предвидено е Саемот да го посетат повеќе од 140.000 професионалци од дадените области, од кои 42.000 доаѓаат од повеќе од 143 земји од светот. Водечките оперативци во интернационалните сиџири на прехранбената индустрија ќе ја посетат „Алиментариа“ со цел да пронајдат нови иновативни решенија за производство на храна и пијалаци со врвен квалитет. Саемот „Алиментариа“ можат да го посетат, но и да земат учество на истиот: увозници; дистрибутери; агенции за купување; угостители; кетеринг услуги; трговци на големо; трговци на мало; менаџери и генерални директори на угостителски објекти, произведувачи на храна; комерцијални директори и директори на продажба; раководители на маркетинг; готвачи; сомелиери; професионални носители на одлуки во прехранбената индустрија. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 17 март 2016, Бр. 259

БИЗНИС ИНФО

41

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„THE FUTURE OF BUILDING“– (ИДНИНАТА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР)

Конференција и меѓународни деловни средби во Австрија http://www.b2match.eu/building2016 18-19 април 2016 година, во Виена

Стопанската комора на Македонија во организација на Стопанската комора на Австрија преку ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на оваа Конференција. На овој дводневен настан главен акцент ќе се даде на европските можности на градба и влијанието на енергетската ефикасност врз градбите од следните сектори: • инженерство и планирање - архитектура и градежни услуги; • градежништво -договори за подизведувачка работа; • градежни материјали - видови; • обновливи енергии - технологии за градење и клима уреди; • бизнис-агенции (кластери и асоцијации), агенции за планирање на нов/стар простор. Конференцијата и деловните средби ќе обезбедат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка со можност да се дознае повеќе за најновите трендови на иновативни решенија за градење објекти од високоградба, за континуиран и одржлив процес на реновирање на старите објекти и изградба на висококвалитетни згради со цел да се најдат нови деловни партнери за соработка како добавувачи, изведувачи, дистрибутери и слично. Учеството на Конференцијата и деловните средби е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: http://www.b2match.eu/building2016.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


42

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 март 2016, Бр. 259

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 2 до 5 мај 2016 година купувачка мисија и посета на Меѓународниот саем за санитарија, водовод, греење, ладење и климатизација во репоублика Турција

„ISK-SODEX 2016“ ВО ИСТАНБУЛ

Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на саемската манифестација „ISK-SODEX 2016“. Станува збор за еден од најважните настани во секторот, кој е значаен за сите професионалци кои сакаат да останат во чекор со најновите случувања и иновации. На него ќе се појават повеќе од 1300 изложувачи, кои ќе ги посетат повеќе од 80.000 посетители од 126 земји од светот. На овогодинешното издание на „ISK – SODEX 2016“ ќе бидат претставени следниве сектори: • греење; • ладење; • климатирирање и вентилација; • конструкторство; • енергетика; • прочистување на вода; • инсталација на пумпи; • соларна енергија; • производство на механизација и друго. Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници на гореспоменатите производи на база на однапред договорени средби (matchmaking). Во купувачките делегации можат да земат учество само компании кои се заинтересирани за увоз од Турција и кои претходно не учествувале во ваква мисија организирана од страна на Амбасадата на Турција. Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 17.4.2016 година. За повеќе информации околу настанот посетете ја официјалната веб-страна на Саемот: http://www.sodex.com.tr/ Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 17 март 2016, Бр. 259

БИЗНИС ИНФО

43

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

САЕМ НА ЕКОЛОГИЈАТА ВО БУДВА

Од 11 до 15 мај 2016 година во Р. Црна Гора

Учеството на саемот Стопанската комора на Македонија го организиеа во соработка со Јадрански сеам – Будва. Саемот, покрај останатото, има за цел дополнително да ja унапреди и поттикне соработката помеѓу граѓанскиот сектор, владините институции и бизнис-секторот во областа на екологијата. На манисфестацијата ќе бидат организирани различни тематски настани од бизнискарактер, кои примарно ќе бидат наменети да излезат во прилог на барањата и потребите на посетителите и учесниците на Саемот. Саемот за екологија е наменет пред се` за: • производителите и давачите на услуги од областа на заштитата на животната средина; • одржливиот развој на животната средина; • енергетската ефикасност; • обновливи извори на енергија; • рециклажа; • нови технологии околу планирање и изградба на објекти; • мониторинг на системи и друго. За сите заинтересирани компнании коишто ќе се пријават за учество како излагазчи на оваа саемска манифестација, Стопанската комора на Македонија им овозможува заеднички попуст од 30 %.

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

44

четврток, 17 март 2016, Бр. 259

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 20 до 22 мај 2016 година во НР Кина

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ТУРИЗАМ 2016 – BITE ВО ПЕКИНГ

Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, да им овозможи на излагачите промоција на своите услуги, да ги зајакнат своите брендови, како и да ја подобрат својата меѓусебна соработка со професионалци од истата дејност. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми. Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 81 држава и 27 локални провинции, а се очекуваат и над 120.000 посетители од целиот свет. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 март 2016, Бр. 259

45

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

БИЗНИС-СРЕДБИ „AgroB2B@NSFair“ НА САЕМОТ ВО НОВИ САД

Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери

Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија организираат учество на Бизнис-средбите „AgroB2B” во Нови Сад, Република Србија, на 16.5.2016 година. Овие средби ќе се организираат за време на одржувањето на Меѓународниот саем за земјоделие во Нови Сад. Главна целна група се производителите и трговците на мало со храна и пијалаци, но сепак настанот е отворен и за сродните сектори, како што се: земјоделски машини, вештачки ѓубрива и пестициди, пакување, земјоделството како извор на обновлива енергија, опрема за производство и преработка на храна, применета наука и истражување, итн. „AgroB2B@NSFair“ jа охрабрува деловната соработка, изразена преку поголем обем на трговија на прехранбени производи во странство, со поврзување на производството, инвестициите и заедничкиот настап на трети пазари, како и соработката во размената на знаењето и технологиите и особено во подобрувањето на конкурентноста преку заедничко учество во националните и европските програми и фондови. Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е водечки саем на агробизнисот во Југоисточна Европа. Во 2016 година, земја-партнет е Холандија. Учеството на настанот е бесплатно, но потребно е да обезбедите билет за влез на Саемот, како и да си ги покриете трошоците трошоците за превоз и сместување во Нови Сад. Пријавата и барањето за учество на меѓународните бизнис-состаноци „AgroB2B@NSFair“ можете да го направите преку линкот http://agrob2b.talkb2b.net Контакт: Лазо Ангелевски Тел: (02) 3244090 Факс: (02) 3244088 Е-адреса: laze@mchamber.mk


46

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 март 2016, Бр. 259

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 8 до 10 јуни 2016 година, Саем за текстил и мода во Р. Албанија

„TEXTILE, FASHION AND FAÇON SHOW“ ВО ТИРАНА

Учеството на саемот, што ќе се одржи во Конгресната палата, го организира Стопанската комора на Македонија во соработка со „Klik Ekspo Group. Покрај изложбениот дел ќе бидат организирани и: деловни средби; ревија (претставување модели); посета на институции и конференции, на коишто ќе се дискутира за развојот на текстилната индустрија со претставници од албанските институции, како што се Албанската агенција за инвестиции и равој и Стопанската комора на Албанија. Ќе бидат организирани и посети на албанските производствени капацитети, како и модни ревии на кои ќе бидат прикажани сите производи од Саемот. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 18.4.2016 година (понеделник). Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 17 март 2016, Бр. 259

БИЗНИС ИНФО

47

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

VII МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕТАЛУРГИЈАТА, МАТЕРИЈАЛИТЕ И ЗАШТИТАТА - ММЕ

Од 9 до 12.6.2016 година во Охрид, Република Македонија

Организатори се Здружението на металурзите и Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, со поддршка од Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија. Конгресот е поддржан од владини институции и од македонската индустрија. Претседателот на Организациониот комитет, проф. д-р Свето Цветковски ги повикува авторите од универзитети, истражувачки центри, институти, како и претставници на индустријата да ги пријават своите студии за широкиот спектар на разни теми.

Теми: • Физичка и механичка металургија (PMM); • Екстр активна металургија (ЕМ); • Пластична деформација и обработка на метали (PDMP); • Заварување (W); • Леење на метали (КО); • Electrometallurgy (Е); • Корозија и заштита на метали (CPM); • Процес инженерство и менаџмент (PEM); • Nanomaterial и Нанотехнологија (НН); • Нови и напредни материјали (ДНЗ); • Заштита на животната средина (ЕП); • Минимизирање на отпадот и рециклирање (WMR); • Огноотпорни материјали (РМ); • Образование (EDU).

Котизацијата за конгресот изнесува 100 евра по учесник. Во цената е вклучено: - коктел за добредојде;- претставување документи; - работни материјали и - свечена вечера. Дополнителни информации: cmum16@tmf.ukim.edu.mk www.tmf.ukim.edu.mk/cmum16

Контакт: Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: zorica@mchamber.mk


48

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 март 2016, Бр. 259

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 22 до 24 април 2016 година во Сиан, НР Кина

САЕМ ЗА БИЗНИС И РЕКРЕАТИВЕН ТУРИЗАМ 2016 (CXSRITE)

Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година има чест да ве покани да земете учество или да го посетите 3. Интернационален саем за бизнис и рекреативен туризам 2016 (CXSRITE), што ќе се одржи во Сиан, Народна Република Кина. Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, а воедно и да ги промовира некогаш актуелните програми и пакети за патувања по Патот на свилата. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми. Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 30 држави, а се очекуваат и над 50.000 посетители од целиот свет. Саемот е наменет за сите компании што се занимаваат со туристичко-угостителска дејност. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество или за посета на Саемот најдоцна до 1.4.2016 година (петок). Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 17 март 2016, Бр. 259

БИЗНИС ИНФО

49

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„КИНА – ЦИЕ“ - САЕМ ЗА ИНВЕСТИЦИИ И ТРГОВИЈА НА ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА

Од 9 до 12 јуни 2016 година во провинција Жеџијанг, Нингбо, НР Кина

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Меѓународниот изложбен центар „НИНГБО“, ве покануваат да земете учество на овогодинешниот„Кина - ЦИЕ“ - Саем за инвестиции и трговија на Централна и Источна Европа. Настанот ќе се одржува во Меѓународниот изложбен центар „Нингбо“, во провинцијата Жеџијанг, НР Кина. „Кина - ЦИЕ“ - Саем за инвестиции и трговија на Централна и Источна Европа е првиот сеопфатен тематски настан што ќе се занимава исклучиво со инвестиции и трговска размена меѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа. Главни организатори на настанот се Министерството за трговија на НР Кина и Владата на провинцијата Жеџијанг, а како коорганизатори се надлежните служби и бироа во рамките на Министерството за трговија, Владата на Нингбо и Министерството за трговија на провинцијата Жеџијанг. Со тема „Промовирање на соработката и заеднички развој”, ЦИЕ Експо оваа година ги постави своите активности во четири групи: • Инвестициски симпозиум во којшто се вклучени владини и коморски претставници; • Саем на којшто ќе бидат претставени повеќе од 3.000 најразлични производи за широка потрошувачка, на површина од над 5.000 м2; • Конференции и форуми - соработка помеѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа; 2. Форум на тема: Меѓуопштинска соработка - Кина и земјите од Централна и Источна Европа; Соработка во едукативниот систем и др.; • Културна размена - промоција на туристичката соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа; 3. Светска изложба на фотографии - Како Кина го гледа светот; јазични работилници и др. Како и претходните, така и оваа година, со цел зајакнување на одличната партнерска релација со Саемот „НИНГБО“, Стопанската комора на Македонија обезбедува дополнителни поволности и бенефиции за сите заинтересирани посетители и излагачи на претстојниот настан. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


50

БИЗНИС ИНФО

четврток, 17 март 2016, Бр. 259

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА со географско потекло, бара компанија од Македонија за пласман на своите производи. Валидност до 20.5.2016 година. Германска компанија производиетел на издувни системи за патнички и товарни возила за разни познати бредови на возила, бара компанија од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. Валидност до 20.5.2016 година. Полска компанија производител на издувни системи за патнички и товарни возила, бара компанија од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. Валидност до 20.5.2016 година. Компанија од Полска специјализирана за производство на издувни системи за патнички и товарни возила на познати брендови, бара компанија од Р. Македонија за соработка и пласман на своите проиузводи. Валидност до 20.5.2016 година.

Компанија од Бугарија која поседува големи лозови насади, каде произведуваат разни сорти грозје од кои изработуваат разни квалитени вина, барка компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите Компанија од Полска производител на производи. издувни системи за рзни типови возила, Валидност до 20.5.2016 година. специјализирани за производство на спортски системи, бара компанија од Р. Компанија од Унгарија која поседува Македонија за соработка и пласман на плантажи со висококвалитетни сорти своите производи. грозје, од кои произведува познати вина Валидност до 20.5.2016 година.


четврток, 17 март 2016, Бр. 259

БИЗНИС ИНФО

51

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Холандска компанија, една од водечките компании за производство на алти и делови за вградување во производи во Европа, низ континурано контролирани процеси, што резултира со сигурен и постојан квалитет на производите, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 16.5.2016 година. Холандска компанија производител на алати, сечила, заинтересирана за соработка со компании од Р. Македоија, но исклучиво само за конкретни нарачки и цврсти договори. Валидност до 29.4.2016 година.

www.mchamber.mk

Компанија од Холандија која се занима со инженеринг и призводство на алати и разни делови за алати и за полупроизводи, користејќи повеќе видови технологии, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 16.5.2016 година. Контакт: Ванчо Спасески Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-095 Факс: +389 2 3244-088 vanco@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook