Skip to main content

Бизнис ИНО, број 219, 16.4.2015

Page 1

БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642

bsi.

ISO 9001

Quality Management

years 5

192

FS 549642

2 - 201

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Број 219

www.mchamber.mk

Промовиран бизнис-директориумот на Советот на странски инвеститори

БАЗА НА ПОДАТОЦИ ШТО НУДИ ШАНСА ЗА ДЕЛОВЕН КОНТАКТ

16.04.2015


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

четврток, 16 април 2015, Бр. 219

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

Semejna kompanija

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


четврток, 16 април 2015, Бр. 219

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО

ПОЛОВИНА ОД АДМИНИСТРАТИВНИТЕ МЕНАЏЕРИ НА СРЕДНО НИВО СЕ ЖЕНИ Горд сум што половина од административните менаџери на средно ниво се жени. Во техничкиот дел, бројките не се толку добри, но тоа е секако и прашање на понудата на пазарот. Сепак, имаме и две менаџерки во нашите децентрализирани технички оддели. За мене не е прашање дали е маж или жена. Менаџерската работа е соодветна и за двата пола. Цел ни е да ги ангажираме најдобро обучените, најдобро образованите, лица со најдобри способности за врвните позиции. Со тоа сосема е логично дека жените се дел од оваа целна група. Стереотипите ги ограничуваат луѓето. Жените како и мажите можат да бидат цврсти, слаби, чувствителни, брутални… Тоа е прашање на карактерот, на личните способности, како и на посветеноста на една личност да се реализира на професионален план, а не на полот. Не ги ангажираме жените поради тоа што се жени, туку поради тоа што сите тие покажале дека се најдобри менаџери за одредени специфични барања. (Штефан Петер, Претседател на управниот одбор на ЕВН Македонија во „Капитал“)

СЕ ОБИДУВАМЕ ДА СЕ СОЗДАДЕ “WIN-WIN” ТИМ Советот на странски инвестиции беше и е одлична прилика за мене, затоа што ми дозволи да разберам што се тоа грижи, чувства и ситуации на странските инвеститори во Македонија. Бев избран пред две години, а како главна задача која ја имав беше пишувањето на транспарентен начин за грижите и потребите на странските компании. Поведени од оваа цел објавивме нешто кое ние го нарекуваме “Бела книга”, која потоа ја презентиравме на сите инвеститори и сопственици на акции, “Белата книга” ја презентиравме и на Владатa, Стопанската комора и на сите партнери кои се засегнати со оваа проблематика, а крајната цел на оваа активност всушност беше барањето до законодавството за предлози за решавање на наведените проблеми. Сега веќе ја подобруваме нашата соработка со владата и се обидуваме да се создаде “win-win” тим, не да работиме против владата. Ако ние победуваме, они победуваат и обратно, на овој начин взаемно би соработувале по ефикасно и поуспешно, а од сето тоа ќе има корист и напредок целата државата. (Хуан Педро Хименез Наварро, извршен директор на „АрцеролМиттал“ и претседател на Советот на странски инвеститори во „Економски лидер“)


БИЗНИС ИНФО

4

четврток, 16 април 2015, Бр. 219

ПОДВЛЕЧЕНО

МНОГУ РАБОТИМЕ НА ПРОМОЦИЈА НА БРЕНДОВИТЕ

Нашиот успех се должи на добрата организациона структура која што ја имаме, планското работење, одличната координација со сите сектори и деловни единици, тимското работење, мотивираноста на колегите, како и флексибилноста и точноста во извршувањето на работните задачи. Кога секој во својата бранша би бил целосно посветен и доколку со љубов доаѓа на работа, тогаш и успехот ќе биде голем. Многу е битно, работата која ја работите да Ве исполнува и со радост да одите на работното место секој ден. Кај нас многу се внимава на мотивираноста и наградувањето на вработените. Затоа се организираат многу неформални дружења, заеднички прослави, патувања, наградите за најдобрите. Успехот на кондиторската индустрија се должи претежно во ориентацијата на индустријата кон извозните пазари. Правиме производи кои се уникатни, иновативни и квалитетни а сето тоа со оригинален дизајн на пакување. Правиме конкурентна предност со стратегијата да кога се цените во прашање е дека секогаш ќе сме први таму кадешто ќе се цени висок квалитет за прифатлива цена. Развивме продажна мрежа со широка застапеност и дистрибуција. Многу работиме на последниот елемент – промоцијата на брендовите. (Маја Цветанова, маркетинг менаџер во „Макпрогрес“ од Виница во „Капитал“)


четврток, 16 април 2015, Бр. 219

БИЗНИС ИНФО

5

ПОДВЛЕЧЕНО

НАЈГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК ОДРЖУВАЊЕТО НА КВАЛИТЕТОТ НА НАСТАВНИОТ ПРОЦЕС

Како жена во светот на бизнисот, можам да истакнам дека настојувам работните обврски да бидат навремено завршени, што поефикасно и поефективно. Американ колеџ за мене претставува едно големо семејство, кое што лојално и професионално функционира и бележи успеси во своето работење. Интересен факт е тоа што 60% од вработените на Американ колеџ се припаднички на женскиот пол, додека 70% од нив се наоѓаат на највисоките одговорни позиции. Овие факти докажуваат дека жените, подеднакво како и припадниците на посилниот пол, ги поседуваат потребните знаења и менаџерски способности за имплементирање на бизнис стратегијата, финансиите, маркетингот и правните работи во компанијата. Поради тоа, би сакала да потенцирам дека фактот што сум жена ми помага во секојдневното раководење со деловните активности и менаџирањето на Американ колеџ. Најголем предизвик ми претставува одржување на квалитетот на наставниот процес преку ангажирање на административен и академски кадар, кој што ќе го овозможи најдоброто за студентите. Воедно, предизвик е да се задржи домашната и меѓународната акредитација на Американ колеџ. Особено сум горда на фактот што Американ колеџ е првиот универзитет во Република Македонија, кој што започна со процесот на обезбедување на практична работа за студентите во компаниите кои се членки на нашиот Деловен совет. Ова тело го сочинуваат над 150 македонски компании, кои што им овозможуваат на студентите да го применат теоретското знаење стекнато за време на предавањата во пракса. (Венера Крлиу-Ханџиски, главен оперативен директор на Американ колеџ Скопје во „Капитал“)


БИЗНИС ИНФО

6

четврток, 16 април 2015, Бр. 219

СОРАБОТКА

ЗАСИЛУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА МЕЃУ РЕГИОНИТЕ И СЕКТОРИТЕ ОД ДВЕТЕ ДРЖАВИ

Делегација од Унгарија во Стопанската комора на Македонија

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија, Гуала Будаи со негови соработници беше во работна посета на Стопанската комора на Македонија (15.4.2015 година). Во негова придружба беа д-р Јозеф Бенце, амбасадор на Унгарија во Република Македонија, заедно со Ервин Сзел, економски советник во Амбасадата. Со менаџментот на Стопанската комора на Македонија, кој го предводеше потпретседателката, м-р Јелисавета Георгиева, гостите разговараа за развојот и за проширување на меѓусебната економска соработка. M-р Јелисавета Георгиева истакна дека Стопанската комора на Македонија има воспоставено одлична соработка со Амбасадата на Република Унгарија во Република Македонија. Од почетокот на оваа година одржани се повеќе средби со амбасадорот и со високи претставници од Унгарија, како на пример, со државниот секретар за земјоделие на Унгарија и денешнава, со државниот секретар за надворешни работи и трговија на Унгарија. Стопанската комора на Македонија со Амбасадата на Унгарија во Македонија се договорија да се направи оперативен план за работа до крајот на годинава со акцент за преземање активности од двете страни за секторски поврзувања на фирмите од Република Македонија и Унгарија, особено во делот на земјоделието, но и во сите области каде што има интерес за соработка. Договорени се потпишувања на меморандуми за соработка меѓу регионалните комори од Унгарија и регионалните комори при Стопанската комора на Македонија со цел размена на искуства меѓу регионите, секторско поврзување и учество во заеднички проекти на ЕУ од страна на македонските и унгарските фирми со поддршка на коморите. Државниот секретар Гуала Будаи спомена дека политичките односи се извонредни, но дека има голем потенцијал за подобрување на економската соработка, посебно издвојувајќи го земјоделскиот сектор. Гостинот ја истакна Аграрната комора на Унгарија која има 350.000 членки и која ги обединува не само производителите, туку и преработувачите, како и компаниите кои соработуваат со нив. Оваа комора, според него, би можела да даде клучна поддршка за подобрување на комуникацијата меѓу бизнис-секторите. Од тие причини, на денешната средба е договорено односите со оваа комора да се подигнат на повисоко институционално ниво.


четврток, 16 април 2015, Бр. 219

БИЗНИС ИНФО

7

ПОДВЛЕЧЕНО СОРАБОТКА - Особено е значајно да се интензивираат односите меѓу малите и средни претпријатија од двете земји, посебно на заеднички проекти. Владата на Унгарија има обезбедено фонд во висина од 140 милиони евра наменет за финансиска поддршка на меѓусебната соработка на малите и средни претпријатија. И во Стопанската комора на Унгарија постои сектор за Западен Балкан, кој има задача да ја поттикнува соработката со регионот. Сите тие можности компаниите од двете земји треба да ги искористат, - додаде Гуала Будаи. Во разговорите во Комората тој напомена дека во септември годинава ќе се одржи голем саем за прехрана во Унгарија, во чии рамки ќе биде одржан и бизнис-форум за соработка во областа на земјоделството меѓу Југоисточна Европа и Кина. Неговата покана на овој саем да учествува и бизнис-делегација од Македонија е со задоволство прифатена од домаќините, бидејќи е оценета како можност да се официјализираат институционалните односи меѓу деловните асоцијации и да се договори заеднички настап на трети пазари. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Унгарија во јануари и февруари 2015 година достигна вредност од 12 милиони САД $. Размената расте со 5,3% во однос на истиот период од 2014 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 2,7 милиони САД $, односно бележи значителен пораст од 152,6%, додека увозното салдо изнесува 9,2 милиони САД $ или намалување од 10,4% споредбено со истиот период во 2014 година. Трговскиот дефицит изнесува 6,4 милиони САД $ во јануари-февруари 2015 година. Во вкупната надворешно-трговска размена, Република Унгарија е 24-ти трговски партнер на Република Македонија во овој период. Во структурата на извозот најзастапени се: • нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали освен сурови и преработки н.н, со содржина од 70% на нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали, ако овие масла се основните состојки - 763,4 илјади САД $; • други електрични спроводници, за напон што не надминува 1000 В - 667 илјади САД $; • делови на седишта - 471,7 илјади САД $; • кајсии, цреши, праски, приготвени, конзервирани - 127,3 илјади САД $; • пекарски производи - 116,7 илјади САД $. Република Македонија од Унгарија најмногу увезува: • нафтен кокс - 1,3 милиони САД $; • менувачи - 750 илјади САД $; • пченица друга и наполица, во зрно - 737,5 илјади САД $; • други електрични спроводници, за напон што не надминува 1000 В - 553 милјади САД $; • месо свинско замрзнато - 419,3 илјади САД $; • поливинил хлорид, неизмешан со други материи - 382,4 милиони САД $. За одбележување е дека вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Унгарија во 2014 година достигна вредност од 102,3 милиони САД $, и оствари пораст од 60,9 % во однос на 2013 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 17,8 милиони САД $, односно значителен раст од 115,8%, додека увозното салдо изнесува 84,5 милиони САД $ или зголемување од 52,7% споредбено со 2013 година. Во вкупната надворешно-трговска размена, Република Унгарија е 27-ми трговски партнер на Република Македонија во овој период. Саво Пејчиновски


8

БИЗНИС ИНФО

четврток, 16 април 2015, Бр. 219

ПРОЕКТИ

Промовиран бизнисдиректориумот на Советот на странски инвеститори

ШАНСА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ДА ГИ ПЛАСИРААТ СВОИТЕ ПРОИЗВОДИ И ДА ДОЈДАТ ДО НОВИ ТЕХНОЛОГИИ, ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ

Една од целите на Советот на странски инвеститори е подобрување на општиот амбиент во Република Македонија во контекст на инвестиции и бизнис и тргнувајќи од оваа цел, Советот се залага за постојано унапредување на македонската економија и пронаоѓање на најразлични форми на соработка кои ќе придонесат кон исполнување на оваа цел. Ова беше истакнато на прес- конференцијата (14.4.2015 година) на Советот на странски инвеститопри при Стопанската комора на Македонија. Преку спроведените анкети и истражувања на Советот во изминатиот период се увиде дека е потребно да се спроведат активности за воспоставување на се` поголема соработка на домашните со странските инвеститори. Имено, во текот на 2014 година во соработка со Владата на Република Македонија и други бизнис-асоцијации се спроведоа низа мерки за исполнување на оваа идеја, но се увиде дека крајниот резултат не беше во целост исполнет и дека е потребно уште повеќе да се работи на ова поле за да се добие очекуваниот резултат. - Сметаме дека домашните инвеститори во Македонија имаат капацитет, знаења и исполнуваат критериуми за да бидат релевантен партнер на странските инвеститори, а воедно со тоа да бидат конкуренција и на меѓународни компании од конкретните дејности. Токму ова се утврди и на ланските организирани средби меѓу домашните и странските инвеститори, каде се даде можноста да се слушнат потребите и барањата на странските компании, како и да се презентираат можностите и понудите на домашните компании. Придобивките од таквите партнерства се за двете страни: странските компании треба повеќе да ги користат домашните со што би добиле поевтини производи и репроматеријали и други услуги од македонските компании, наместо истите да ги увезуваат. Со тоа ќе имаат помали производствени, транспортни и други трошоци, со што ќе заштедат на време и капитал. Истовремено, значајна придобивка од ваквата синергија е размена на технологија, знаења и вештини, со што ќе се отворат нови работни места, а домашните фирми ќе се интегрираат во странските глобални економии, истакна господинот Хуан Педро Хименез Наварро, претседател на Советот на странски инвеститори. Токму од овие средби произлезе оваа активност на Советот на странски инвеститори за создавање на еден вид на формат на понуда-побарувачка преку кој странските инвеститори во еден синтетизиран документ ќе можат да ги видат сите заинтересирани домашни компании за соработка и нивните карактеристики. Имено, овој промотивен бизнис-директориум е наменет пред се` за членките на Советот на странски инвеститори, но и за


четврток, 16 април 2015, Бр. 219

БИЗНИС ИНФО

9

СОРАБОТКА сите сегашни и потенцијални компании со странски капитал во земјава. Бизнис-директориумот претставува интегрирана база на податоци на македонските претпријатија, со можност за преглед на податоци за одделни компании или селектирана група на компании, групирани по одредени критериуми (дејност, големина, број на вработени, остварена добивка и друго). Преку овој проект на Советот на странски инвеститори, странските компании во земјава ќе имаат директен пристап до сите релевантни податоци на потенцијалните домашни партнери коишто на брз поедноставен начин можат да воспостават соработка со македонските компании кои ги задоволуваат нивните стандарди. Господинот Наварро посочи дека има многу примери за добра соработка на странски инвеститори со домашни компании и тоа како во технололошко индустриско развојните зони така и надвор од нив. Имено, има компании кои имаат повеќе од 300 домашни соработници. Оваа соработка е од различен карактер, односно се користат македонски добавувачи и од услужната и од производната дејност. Таков пример е токму „АрчелорМитал“, компанијата чиј претставник е претседателот на Советот на странски инвеститори. Ова е доказ дека капацитетот кај македонските компании постои, само е потребно поттикнување на соработката преку соодветен канал за отпочнување на истата. Цениме дека оваа активност е само почеток и краен очекуван резултат од зголемената соработка меѓу странските и домашните компании е постигнување на интегрирана економија, односно интегриран инвестициски систем. Како дел од натамошните активности по ова прашање е создавање на поголема институционална соработка со сите оние кои се директно поврзани со странските инвеститори. Потребна е поголема отвореност на овие институции и затоа во наредниот период ќе се активираме кон формирање на заедничко тело кое ќе има за цел да ги обедини барањата на странските инвеститори со цел формирање на интегриран пазар. Повеќе за самиот бизнис-директориум може да добиете на: http://www.fic.mk/cd/default.html Снежана Камиловска


10

БИЗНИС ИНФО

четврток, 16 април 2015, Бр. 219

РЕЛАЦИИ Децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија и Република Македонија – во функција на унапредување и на економскиот развој

МОЖНОСТИ ВО ОБЛАСТА НА ФАРМАЦЕВТСКАТА И АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА И ВО ПРЕХРАНБЕНИОТ СЕКТОР

Децентрализираната соработка меѓу Регионот Долна Нормандија од Франција и Република Македонија е иновативна соработка започната во 2005 година, единствена соработка од ваков вид каде што еден француски регион соработува со држава. Јубилејот 10 години од соработката беше одбележан во Каен, каде што во рамките на дводневната програма (8-9 април 2015 година) претставниците од двете земји имаа можност да ги презентираат и да ги пренесат искуствата од воспоставените партнерства, како и да учествуваат на три тематски работилници врзани за предизвиците на институционалната соработка и надминување на бариерите за територијален развој, можноста за учество во програми, воспоставување стратешки партнерства (Еразмус и млади), како и вклучување во соработката во делот на надворешната трговија и туризмот. Основа на Проектот е регионален развој кој ќе се спроведува преку локалната власт имајќи ги како институционални партнери Регионалниот совет на Долна Нормандија и Министерството за локална самоуправа на Македонија. Преку поврзување на локалните единици од двете територии се разменуваат искуства од областа на децентрализацијата и се поддржува европската интеграција на Република Македонија. Со потпишување на Договорот за соработка во 2012 година меѓу Регионот Долна Нормандија и Министерството за локална самоуправа на Република Македонија се интензивираше институционалниот развој. Целта на оваа соработка е зајакнување на политиката за рамномерен регионален развој со поддршка на локалната власт, идентификувајќи ги националните и регионалните приоритети по пат на пренесување и размена на вештини и ресурси. Од 2010 година, како дел од институционалната компонента, е и соработката меѓу општините и градовите од Долна Нормандија и Македонија. Денес, 14 локални единици од двете територии соработуваат со силно учество на човечки ресурси, особено со создавањето на работни позиции посветени на соработката и финансиите, од кои произлегуваат конкретни резултати кои ги поттикнуваат и ги спојуваат нивните жители. Програмата го поддржува развојот на децентрализираните политики кои се сметаат за приоритетни и иновативни: поддршка на дигиталниот развој на двете територии, стратегии за млади и мобилност, вреднување на културното наследство,


четврток, 16 април 2015, Бр. 219

БИЗНИС ИНФО

11

РЕЛАЦИИ вмрежување на актерите од областа на културата и туризмот, обука за развојот на земјоделството и производството на храна, според европските стандарди, како и промовирање на човековите права и универзитетски размени. Постојат 7 области на соработка и активности, дефинирани според европските приоритети и насоки кои се базираат врз размена, обуки: - нови технологии: обуки за целата јавност на двете територии, семинари за употреба на дигиталните технологии, подигање на свеста за заштитата на личните податоци; - стратегии за млади: развој на локалните младински политики, промоција на европското граѓанство, размена на млади; - попис на културно наследство: споделување на искуства, обуки за методологија на попишување, вреднување на културното наследство; - културни политики: проценување на териториите, создавање мрежа на чинители од областа на културата, размена на добри практики, обука за проекти од областа на културата и трансверзални програми; - туризам: проценка на туристичката понуда и потенцијал, креирање на конкретни локални стратегии, - развој на земјоделството: усовршување на процесот на производство на храна, зајакнување на стручните тела, вмрежување и обука според европски стандарди и - човекови права: обуки, студентски размени, компаративна анализа на законодавството. Искуството здобиено во првите шест години, овозможи да се направи попрецизна анализа на територијалните и регионалните потреби, кои се основа за тригодишна програма за периодот 2013-2016 година. Соработката меѓу Долна Нормандија и Македонија е веќе препознатлива по професионалните капацитети и формирањето на мрежите кои таа ги поттикнува и ги спроведува. Проектот 2013-2016 има цел да вклучи различни структури, како локални единици, државни институции, граѓански асоцијации, приватни претпријатија во процесот на децентрализација. Врз база на приоритетните политики и институционална соработка треба да се дадат конкретни предлози, во согласност со различните нивоа на имплементација. Тие треба да ги исполнуваат целите на Република Македонија, на Регионот Долна Нормандија, Република Франција и Европската унија. Во рамките на работилницата за економска соработка, претставниците од Стопанската комора на Македонија и од Кабинетот на министерот за привлекување на странски инвестиции во Р. Македонија, ги презентираа економските потенцијали на Македонија, поаѓајќи од тековната стопанска состојба преку проценка на актуелната бизнис-клима, можностите за инвестирање во земјата, досегашната економска соработка со Франција, како и утврдување на потенцијалите за унапредување на истата. Констатирано е дека соработката не е на завидно ниво и во согласност со потенцијалите, а најмногу со регионот се работело на проекти од областа на туризмот, но постојат и други полиња на кои може да се развива соработката и тоа во земјоделскиот сектор, ИТ-индустријата, како и при заедничко вклучување во проекти на ЕУ, односно програмите „Хоризонт“ и „Косме“. Во текот на втората половина на месец јуни оваа година, во рамки на филмскиот фестивал кој ќе се организира во Скопје, се планира вклучување и на стопанска делегација, односно посета на неколку компании од Нормандија за согледување на условите за соработка. При посетата на Меѓународната стопанска комора на Нормандија заедно со Амбасадата на Република Франција во Македонија, дефинирана е можност за соработка на компаниите од областа на фармацевтската и автомобилската индустрија, како и од прехранбениот сектор. Со оглед дека во моментов се врши спојување на регионите Долна и Горна Нормандија, може да се отворат значително повеќе можности за соработка бидејќи во Горна Нормандија има големи корпорации и компании за разлика од Долна Нормандија каде компаниите се претежно мали и средни, а со тоа и можностите се повеќе ограничувачки. Од страна на Меѓународната стопанска комора на Нормандија ќе се разгледа можноста годишниот информативен ден кој се организира во периодот ноември - декември, да биде посветен на Македонија и на нејзино промовирање пред француските компании, за да може да отпочне развој на идна економска соработка во трите наведени сектори. Биљана Пеева Ѓуриќ


БИЗНИС ИНФО

12

четврток, 16 април 2015, Бр. 219

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Одржан форум со работодавачи во општина Кавадарци

НОВИТЕ МЕРКИ ЌЕ ПРИДОНЕСАТ ЗА ПОВЕЌЕ ВРАБОТУВАЊА

На 9 aприл 2015 година во организација на Регионалната комора со седиште во Кавадарци се одржа форум со работодавачи.Целта беше да се презентираат Активните програми/мерки за вработување пред работодавачите. Воедно, беше одржана дискусија за искуствата од досегашната примена на мерките и идентификување на проблемите и потребите на бизнис-заедницата во насока на јакнење на соработката во планирање и имплементирање на политиките за вработување на локално ниво. Пред присутните се обратија претставници од Министерството за труд и социјална политика, АВРМ и градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.Тој наведе дека оваа општина е пример со најмал број на невработени лица според бројот на жители. Како заслуга ги истакна мерките на Владата, со кои се намалуваат трошоците на работодавачите, а воедно и се олеснува начинот на вработување. Раководителот на Единицата за локален економски развој, Тодор Ефремов посочи статистика од 2009 година до 2015 година во која е евидентно намалувањето на неврабоитеноста.Тоа се должи на новите инвестиции и обновување на веќе постоечките, како и на мерки кои поттикнуваат нови вработувања и го стимулираат развојот на малите и средни компании. На форумот беше извршена презентација од страна на Агенцијата за вработување со која беа конкретно објаснети новите мерки кои се во правец на поддршка на бизнис - секторот, вработувањето на младите лица и на корисниците на социјална парична помош. Свои искуства презентираа и работодавачи кои ги користеле активните мерки кои ги превзема Владата. Александра Велкова

ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Охридска банка

ПРОМОТИВНИ КАМАТНИ СТАПКИ СО КРЕДИТНО ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ

Кредитите со животно осигурување наменети за населението до 3 јули годинава е со намалени каматни стапки во Охридска банка. Станува збор за нови станбени кредити, кеш експрес кредит и компакт кредит за рефинансирање. Како новина се нуди основен пакет на осигурување со кој за 0,44 проценти осигурителна премија се покрива ризикот од смрт како резултат на несреќа. (МИА)


БИЗНИС ИНФО


БИЗНИС ИНФО Скенирај и дознај повеќе

M

C

N IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

A

Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E

S

E


четврток, 16 април 2015, Бр. 219

БИЗНИС ИНФО

15

ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Годишно Собрание на Македонски Tелеком

РАСПРЕДЕЛБА НА 2,26 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ ДИВИДЕНДА ЗА МИНАТАТА ГОДИНА

Собранието на Македонски Телеком АД - Скопје на својата годишна седница, одржана на ден 15.04.2015 година ги усвои Годишната сметка, консолидираната Годишна сметка, ревидираните Финансиски извештаи, ревидираните консолидирани Финансиски извештаи и Годишниот извештај за работењето на Друштвото за 2014 година. Собранието на седницата усвои Oдлука за распоредување на нето добивката, остварена по Финансиските извештаи на Друштвото за 2014 година, подготвени во согласност со општо прифатените сметководствени принципи во Република Македонија, во износ од 2.262.857.170,00 денари за исплата на бруто дивиденда. Собранието на седницата ја усвои и Oдлуката за исплата на дивиденда за 2014 година во вкупен бруто износ од 2.262.857.170,00 денари, односно бруто износ од 26,23 денари по акција (заокружено на две децимали). Македонски Телеком од бруто износот на дивиденда, каде што е применливо, при исплатата ќе ги задржи и уплати сите даноци, согласно важечката даночна регулатива во Република Македонија на датумот на исплата. Право на дивиденда за 2014 година имаат сите акционери кои ќе бидат евидентирани во Книгата на акционери на Македонски Телеком АД - Скопје на ден 04.05.2015 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2014 година е 28.04.2015 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2014 година е 29.04.2015 година. Исплатата на дивидендата за 2014 година ќе се изврши во периодот помеѓу 18.05.2015 и 29.05.2015 година. Македонски Телеком АД - Скопје ќе ги информира акционерите во врска со деталите поврзани со исплатата на дивиденда, со соодветно известување во најмалку еден дневен весник кој излегува на целата територија на Република Македонија, на интернет страницата на Македонската берза на хартии од вредност, како и на официјалната интернет страница на Друштвото. На седницата, Собранието одобри склучување на Рамковен договор за заем помеѓу Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија со максимален износ од 615 милиони денари со девизна клаузула по комерцијални услови, со рок на враќање најдоцна до 31.12.2015 година. Собранието го одобри и работењето на членовите на Одборот на директори на Македонски Телеком за 2014 година, a го усвои и Годишниот извештај за работењето на Секторот за интерна ревизија на Друштвото за 2014 година. На денешната седница Собранието ги избра Панче Кралев, Небојша Стајковиќ и Мелинда Модок за неизвршни членови на Одборот на директори на Македонски Телеком, додека Петер Жом е избран за независен неизвршен член на Одборот на директори, сите со мандат почнувајќи од 15.04.2015 година. Собранието на седницата ја констатираше оставката на Томас Панханс, од позицијата неизвршен член на Одборот на директори на Македонски Телеком, со важност почнувајќи од 15.04.2015 година. (Македонски Телеком АД- Скопје)


БИЗНИС ИНФО

16

четврток, 16 април 2015, Бр. 219

ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Нов супермаркет на Скопски пазар

„ПОВЕЛЕТЕ КОМШИЈА!“ ВО КАРПОШ 3

Со добро познатиот слоган „Повелете комшија!“, Скопски пазар отвори нов супермаркет од ланецот СП маркети во општина Карпош.Маркетот се наоѓа на булевар Партизански одреди бр.106, во близина на трговскиот центар Лептокарија. Новиот СП маркет се простира на површина од 600 метри квадратни, располага со 5 каси и обезбеди вработување за 20 лица. Во својата понуда СП маркет Лептокарија располага со богат асортиман на производи за широка потрошувачка, свежо овошје и зеленчук, вкусни готови јадења од менито на Топлотека: салати, тестенини, месо, риба, домашни традиционални јадења и специјалитети од кујната на Ресторан 14, како и тазе печено пиле, свежо печен багет, леб и бели печива, и слаткарски производи. Новиот СП маркет ќе работи од 07 до 22 часот (од понеделник до сабота) и од 07 до 20 часот во недела. -Се надеваме дека новиот СП маркет ќе одговори на секојдневните потреби на граѓаните, пред се преку понудата на готови топли јадења, тазе печен леб и багет, се со цел да ги задоволат нивните барања за свежа, квалитетна и разноврсна храна по најдобри цени,- изјавија од одделот за маркетинг на компанијата. (Скопски пазар)

Eко кампања на „Техномаркет“ и „Нула Отпад“ за замена на неисправни за нови апарати

„СТАРО ДОНЕСИ, НОВО ОДНЕСИ“

Од 15-ти април до 15ти мај, 2015 година, за секој предаден стар и нефункционален електронски и електричен апарат од домаќинството, во салоните на Техномаркет, ќе се добива вредносен ваучер кој што ќе може да се искористи за купување на нов производ. „Старо донеси, ново однеси“ гласи мотото на новата едномесечна кампања на Техномаркет и Нула Отпад. преку која што ќе се даваат вредносни ваучери за старите, нефункционални електронски и електрични апарати од домаќинствата. Кампањата е во согласност со Законот за управување со електрична и електронска опрема според кој електричниот и електронскиот отпад треба да се складира на соодветни места. Во спротивно, Законот предвидува казни од 60 евра за фрлање електронски отпад на несоодветно место. -Со оваа кампања сакаме да дадеме придонес во зачувување на животната средина, овозможувајќи им на граѓаните да се ослободат од својот стар електричен и електронски отпад. За таа цел започнуваме со едномесечна кампања во која бесплатно ќе вршиме преземање на старите уреди а истовремено и ќе подаруваме вредносни ваучери кои ќе може да се искористат во нашите салони. Како компанија чија примарна дејност е продажба на електрична и електронска опрема, свесни сме колку штета овој отпад може да предизвика и затоа отсекогаш сме


четврток, 16 април 2015, Бр. 219

БИЗНИС ИНФО

17

ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА биле одговорни во тој аспект, а кон нашата кампања се приклучија и познатите светски брендови Philips, Panasonic, Rowenta, Moulinex, Krups, Tefal, Bosch, Electrolux, NEO, Hansa со тоа што на купувачите им нудат производи со супер еко цена. Се надеваме дека и граѓаните ќе нè поддржат во мисијата и ќе ја покажат својата грижа за животната средина, - изјави Александар Медарски, раководител на малопродажба во Техномаркет. Еко кампањата „Старо донеси, ново однеси“ е прва соработка помеѓу најголемиот ланец на продавници за бела техника, апарати за домаќинство и IT производи и друштвото за управување со електронски отпад, отпадни батерии и акумулатори. Заедничката цел е помагање и информирање на граѓаните за законските процедури и правила. -Како Друштво за управување со отпадна електронска и електрична опрема и отпадни батерии и акумулатори, сакаме да го изразиме нашето задоволство и да ја потврдиме нашата подготвеност за учество во Акцијата за собирање на ОЕЕО „Старо донеси, ново однеси“. Особено нè радува ваквиот тип на директна деловна соработка со Техномаркет и спроведување на планирани активности со што го градиме системот на општествено одговорни компании и поединци со посебен осврт кон заштитата на животната средина. Нашата заедничка цел е да ги стимулираме позитивните вредности и да ги развиваме капацитетите за справување со опасниот отпад од современото технолошко општество. Нула Отпад останува отворен за секаков тип на соработки што имаат позитивно влијание врз пошироката заедница, - изјави Марјанчо Дамески, управител на Нула Отпад. Акцијата за предавање на електронскиот и електричен отпад ќе се одвива од 15ти април до 15ти мај, а собраниот износ од добиените ваучери ќе може да се искористи за купување на нов производ од продажните салони на Техномаркет во текот на следните 30 дена, од подигнување на ваучерот. Сите заинтересирани граѓани што сакаат да го остават својот електронски и електричен отпад и да добијат вредносни ваучери за купување нов, ќе можат тоа да го направат уште од денеска со вртење на телефонскиот број 072 272-150, или пак со пополнување на апликацијата што се наоѓа на веб страницата на Техномаркет или во кој било продажен салон на компанијата, со помош на вработените. Вредноста на ваучерите за предадените апарати е направена во согласност со ценовникот кој ќе биде објавен на веб - страницата на Техномаркет, www.technomarket.com.mk („Техномаркет“ и „Нула Отпад“)


БИЗНИС ИНФО

18

четврток, 16 април 2015, Бр. 219

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Иако се вртат милијарди

РЕСТОРАНИТЕ ЗА БРЗА ХРАНА ВО КРИЗА

*Мекдоналдс, Кентаки фрајд чикен, Бургер Кинг, Тако бел и Вендис. Пет познати американски ресторани за брза храна се наоѓаат пред ист предизвик: нова конкуренција и засилување на свеста за здравата храна.

Брзата храна во САД беше и останува бизнис во кој се вртат милијарди. Американците годишно на хамбургери, помфрит и слично трошат и повеќе од 100 милијарди долари. Кон брзата храна луѓето не се привлечени само од познатите, големи ланци на ресторани. Доколку се распрашате по улиците на Њујорк, ќе слушнете исти имиња.„Мене ми е најдраг Чипотле“, вели 19-годишната Таниша.„Имам впечаток дека таму храната е поздрава“. И 18-годишните Џада и Нули се одушевени со храната во тој мексикански ресторан за брза храна. Нивната пријателка, Тија, пак најмногу го сака новакот меѓу понудувачите на хамбургери. „Јас сум за Шејк Шак! Нивниот помфрит е навистина многу вкусен“. Сите четири девојки во едно сепак се согласуваат: не го сакаат Мекдоналдс. Пад на прометот Се чини дека сѐ повеќе Американци го губат апетитот кога станува збор за Биг Мек, Чикен мекнагетс и слично. Во јануари годинава Мекдоналдс објави дека петта година по ред има намален промет. Навистина, во последниот квартал од 2014 година фирмата оствари промет од околу 6,6 милијарди долари, но во споредба со минатата година, тоа беше седум проценти помалку. Во целата година


четврток, 16 април 2015, Бр. 219

БИЗНИС ИНФО

19

СВЕТСКИ ПЕЧАТ прометот се намали за два проценти и изнесуваше 27,4 милијарди долари. Неговите конкуренти Вендис и Бургер Кинг се држат релативно добро. Тие во 2014 година имаа раст на прометот од околу два проценти. Но, и тие мораа да се борат против намалувањето на продажбата делејќи бонови за попуст, ставајќи во понуда нови производи и продавајќи некои филијали. Успешната приказна на американските ланци на брза исхрана со децении не запираше. Браќата Ричард „Дик“ и Морис „Мек“ Мекдоналд кон крајот на 1920-те години се преселија од провинцискиот Њу Хемпшир во Калифорнија за да си ја пробаат среќата. Во 1948 година браќата поседуваа успешен ресторан за брза храна за возачи. Храната се порачуваше и се преземаше без излегување од автомобилот. Тој концепт толку му се допадна на Реј Кроц па од браќата ги откупи правата и тој револуционерен „фаст фуд“ концепт го прошири низ цела Америка. Пред точно 60 години, на 15 април 1955 година, Кроц во Дес Плејн, предградие на Чикаго, ја отвори првата филијала на корпорацијата Мекдоналдс. Во текот на следните децении се појавија и „Кентаки фрајд чикен“, „Бургер Кинг“, „Тако бел“ и „Вендис“. Американскиот писател Ерил Шлосер во 2001. во книгата „Нација на брза храна“ наведе истражување според кое 96 отсто од американските ученици знаат за маскотата на Мекдоналдс, кловнот Роналд Мекдоналд. Попознат е само Дедо Мраз. Денес, некогашните револуционери на брзата храна тапкаат во место. Мекдоналдс, навистина, со околу 36 илјади филијали во светот и натаму е неспорен број 1, но популарноста му бледнее. Муштериите си заминуваат и тоа кај помалите понудувачи за кои се смета дека нудат подобар квалитет на храната. Па така, Шејк Шак се рекламира со месо без хормони и состојки од органско производство. Оваа компанија стартуваше во 2000. година во Њујорк а денес има филијали низ целиот свет. „Нема сомнение дека постои тренд на здрава храна“, вели Мерион Нестл, експертка за здрава храна на Њујоршкиот универзитет. Младите генерации сакаат да знаат што има во храната и од каде доаѓа.

Мекдоналдс во криза на идентитетот Мекдоналдс и не котира така лошо кога ќе се спореди калоричноста и количеството на маст во храната. Неговиот Биг Мек има вкупно околу 870 калории, а кај Шејк Шак за истото ќе добиете 960 калории. Особено е калорична храната во Чипотле, на пример, но купувачите истата ја сметаат за далеку поздрава. „Да Чипотле е висококалоричен“, потврдува Џо Бастијани, сопственик на неколку американски ресторани со ѕвездички. „Меѓутоа, се работи пред сѐ за квалитетот на храната, отколку за калориите“. Не смее да се заборави, вели Бастијани, дека секој вид на храна има свои купувачи. Не им е и на сите важна само органската храна и одржливоста. Мекдоналдс е критикуван и од друга страна, на пример, дека неговите работници се слабо платени. Кога се говори за слаби плати, тогаш се мисли на трговскиот ланец Волмарт и рестораните за брза храна. Мекдоналдс неодамна попушти под притисокот и најави дека ќе ги зголеми платите и ќе им исплати бонус на работниците во 1.500 американски филијали. Дали Мекдоналдс се обидува да го поправи својот имиџ? Експертите сметаат дека и кон тоа мора да се пристапи долгорочно и со одлучен концепт за да се зацврсти уверувањето во главите на купувачите. Ванеса Вонг за новинската агенција Блумберг често известува за прехранбената индустрија. „Мекдоналдс е сеприсутен. Тоа е една од најголемите предноста на ова претпријатие“, вели таа. Но токму таа сеприсутност е она што ги прави тешки промените. (ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)


20

БИЗНИС ИНФО

четврток, 16 април 2015, Бр. 219

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Нови производи и технологии

РОБОТОТ НА ЧОВЕКОТ МУ Е „КОЛЕГА“

* Иднината на индустријата е дигитална. Паметните роботи сѐ повеќе се вклучуваат во производниот процес. Како функционира вмрежената продукција може да се види на саемот во Хановер. Секоја година во април во Хановер се говори за „фабрика на иднината“. Тогаш се одржува саемот во Хановер, најголемиот во индустриската бранша. Годинава тоа не е поинаку: дојдоа 6.500 излагачи од 70 земји. Ги покажуваат

најмодерните технологии за ефективно производство. Здодевно, би помислил некој. Но не е така. Затоа што денешното производство треба да пружи што подобар квалитет за прифатливи цени. А тоа е модерно производство кое станува се‘ поинтелигентно, се‘ повмрежено, накусо - попаметно. Роботот и човекот еден до друг Состојките за тоа можат да се видат во Хановер, како што вели шефот на саемот Јохен Коклер. На пример, целосно вмрежени производни машини. „Тоа значи дека производот сам си го бара патот до производството. Така, секој производ е индивидуален“. Втората голема тема е дека роботот му станува „колега“ на човекот. „Роботот излегува од својата заштитна ограда и соработува со човекот во тимот, му ја одзема тешката и монотона работа“, вели Кокле. Третата голема тема е енергетската техника. Тука се работи за интелигентни мрежи со цел електричната енергија да стигне до фабриката. Сето тоа се подразбира под поимот „индустрија 4.0“. Тој поим беше употребен уште на Саемот во Хановер пред четири години, но мнозинството сметаше дека е измислица на маркетиншките стратези. Сега тоа од темел се промени, бидејќи во меѓувреме темата доби политичка димензија. Доколку Германија сака да го задржи едно од водечките места меѓу индустриските нации, тогаш токму индустрија 4.0 мора да биде задача на целото општество, постојано нагласува сојузната канцеларка.


четврток, 16 април 2015, Бр. 219

БИЗНИС ИНФО

21

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Робот за готвење

Поглед во иднината Шефот на Саемот, Коклер се радува на тоа. „Темата индустрија 4.0 за Саемот во Хановер е нешто како подарок, бидејќи таа ги обединува сите теми кои досега ги имавме тука“. Коклер се радува на големиот интерес од странство. Од Кина, Северна Америка и земјата партнер на годинешниот саем - Индија, во Хановер дојдоа бројни носители на одлуки. „Тие сакаат да видат каде се наоѓаме. Како можат да инвестираат? А тоа е одлично за Саемот во Хановер“. Кај индустријата 4.0 едни говорат за револуција, други за еволуција. Вака или онака, се работи за една нова ера. По пронаоѓањето на парната машина, воведувањето на масовното производство и подоцна автоматизацијата на производството, сега следува четвртиот степен: вмрежено производство или „интернет нешта“. Машините комуницираат со производот и обратно. Претседателот на Сојузот на електротехничките и електронската индустрија Клаус Мителбах на нештата гледа прагматично. „Во тие нешта ние во Германија сме силни, тука имаме компании кои се водечки во светот. Кај интернетот не сме толку силни“. Но сега, тие две нешта се спојуваат. „Со тоа почнува нова игра, а со неа и нова шанса. Електроиндустријата сака тоа да го искористи заедно со партнерските бранши, пред сѐ со машиноградбата. (ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)


БИЗНИС ИНФО

22

четврток, 16 април 2015, Бр. 219

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!

АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-

Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот. Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој метод на обука, која вклучува микс од техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависност од Вашата потреба. Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и светски компании. Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас. Предавач: Љупчо Георгиев, директор на „Густав Кезер Тренинг Интернационал Македонија“, лиценциран тренер со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи.

Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија.

Уписите за обуката се во тек.

Сите учесниците добиваат: • материјали за работа • мемориски картици • ЦД и дополнителна литература • консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6 месеци • интернационално признат Сертификат од Густав Кезер Тренинг Интернационал и Сертификат од Бизнис Центар за Тренинг и Обука • контролен ден

За подетални информации контактирајте со нас: Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

четврток, 16 април 2015, Бр. 219

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ – ОБУКА СО СТУДИСКО ПАТУВАЊЕ ВО ВИЕНА Во соработка со WIFI Институтот при Сојузот на кВо соработка со WIFI Институтот при Сојузот на комори на Австрија, Стопанската комора на Македонија преку својот Бизнис центар за тренинг и обука организира тренинг програма на тема:

За повеќе информации слободно контактирајте не: Симона Ристоска 02 32 44 067 simona@mchamber.mk

Борис Тримчев 072 207 091 boris@mchamber.mk

“Жени претприемачи” Програмата се состои од два дела, односно од теоретска обука со предавач од WIFI Институтот која се одржува во Скопје, а вториот дел е студиско патување во Сојузот на комори во Виена.

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Osnovana 1922

Искористете ја можноста за интернационален know - how трансфер и учете од најдобрите во Европа! Станува субвенционирана достапна цена.

збор програма

за по

Програмата трае 9 дена, од кои 6 тренинг дена во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје и 3 дена во Виена, Австрија и B2B средби. Средбите се организираат во зависност од Вашиот интерес и индустријата во која дејствувате. Престојот, семинарите и посетите се во организација на WIFI AUSTRIA. Сместувањето е во хотел, по двајца учесници во двокреветна соба. Уписите се во тек! Посетата во Виена, Австрија ќе се одржи по завршување на обуката и полагање на тестот.

Founded 1922

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

ТРЕНИНГ-ПРОГРАМА НА ТЕМА: „ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ“

WIFI AUSTRIA ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР

УСПЕХ СО WIFI Институтот за промоција на економскиот развој (The Institute for Economic Promotion – Wirtschaftsförderungsinstitute/WIFI) во рамките на Сојузот на комори на Австрија (Austrian Economic Chambers) е партнер на австрискиот бизнис на полето на едукација и развој на човечките ресурси, со регионална организација во сите девет области на Австрија и 80 претставништва ширум светот. Секоја година, 300.000 учесници посетуваат некој од понудените курсеви и семинари кои се повеќе од 25.000, на коишто предаваат 12.000 тренери ангажирани од WIFI, a избрани директно од бизнис-заедницата.

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР Тимот на WIFI задолжен за интернационален know-how трансфер обезбедува семинари и менаџмент курсеви ширум светот кои нудат дополнителна предност на тој начин што на учесниците кои успешно ќе ги завршат овие курсеви им овозможуваат директен контакт со австриски компании, со цел да имаат активна улога во економскиот развој на целните земји додека истовремено имаат активна улога и во отворањето на вратите за австрискиот бизнис.


24

БИЗНИС ИНФО

четврток, 16 април 2015, Бр. 219

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Kомплетна обука согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија

„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“

Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со менаџментот и организацијата на човечките ресурси во компаниите. Истата содржи 80 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа.

Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Програмата започнува со општ вовед во менаџментот на човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти на струката потребни за стекнување менаџерски вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за Програмата „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ кој е признат од Министерството за образование и наука. ТРЕНЕРИ: Доц. д-р Љупчо Ефтимов Доцент на Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на прв и втор циклус студии одржува настава по предметите Менаџмент на човечки ресурси, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на перформанси. Од 2013 година ја извршува функцијата раководител на студиската програма од втор циклус студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси. Член е на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Член е на Комитетот за човечки ресурси при Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Р. Македонија. Член е на Техничкиот комитетот за менаџмент на човечки ресурси при Институтот за стандардизација на Р. Македонија. М-р Драгана Томиќ Пилиповиќ Професионален консултант, основач и претседател на Центарот за општествено одговорно претприемништво (ЦООП) - Белград, а во текот на својата кариера работела на следните позиции: - заменик-претседател на Секторот за човечки ресурси и обучувач во AIESEC, Економски факултет – Белград; - консултант во областа на тренинг и менаџмент на човечки ресурси во „Срма Консалтинг“ – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во Ерсте Банка – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во „ФармаСвисс“ ДОО - Белград. Д-р Зоран Михајлоски Во текот на својата богата кариера д-р Зоран Михајлоски бил судија во Апелациониот суд во Скопје, во специјализираниот оддел за работни спорови од 2002 година, претседател на специјализираниот оддел за работни спорови на Апелациониот суд - Скопје, едукатор во Правната школа на постојни судии од Европската унија во Барселона, Шпанија, од областа на

националните работни законодавства, постојан предавач на постдипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и вонреден професор на Факултетот за правни науки при Универзитетот „Американ Колеџ“ - Скопје. Автор на повеќе научни и стручни трудови од областа на трудовото и деловното право.

Дополнителни информации: • Предавањата се распоредени во 10 тренинг дена (вкупно 80 школски часа) и се одржуваат два до три пати неделно. • Обуката започнува во периодот април – мај 2015 година. • Број на учесници во група: 10 – 20 учесници. • Во зависност од тематската целина предавањата се одржуваат на македонски или на српски јазик. • Сите учесници добиваат потврда за присуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија. • Услов за да се стекне Сертификатот за „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит. Котизација за учество: - 27.900 денари за 1 учесник; - 10% попуст за втор учесник од иста компанија и - 15% попуст за трет и секој следен учесник од иста компанија, невработени лица и студенти. Учесниците добиваат: - Материјали; - Освежување и - Сертификат.

Краен рок за пријавување: 31 март 2015 година. Контакт: Симона Ристоска +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk


четврток, 16 април 2015, Бр. 219

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ ТРЕНИНГ-КОНФЕРЕНЦИЈА: „ИНОВАТИВНА КОМПАНИЈА

– КАКО ДА ЈА ИСКОРИСТИТЕ КРЕАТИВНОСТА НА ВРАБОТЕНИТЕ И КЛИЕНТИТЕ“

22 април 2015 година, Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Стопанската Комора на Македонија, во соработка со Datastation- Белгија и Vision Consulting- Скопје, Ве покануваат на меѓународната тренинг-конференција „Иновативна компанија - како да ја искористите креативноста на вработените и клиентите“. Целта на оваа тренинг-конференција е да се потенцира значењето на иновациите за растот и развојот на сите приватни компании, нивната конкурентност , независно од нивната големина и дејноста која ја извршуваат. За успешно и профитабилно работење на долг рок, неопходно е постојано да се размислува за изнаоѓање нови целни групи потрошувачи, освојување нови пазари, воведување нови производи/услуги, иновативни начини на нивна промоција и сл. На оваа меѓународна тренинг-конференција свои излагања ќе имаат високи претставници од владиниот Фонд за иновации и технолошки развој, од EBRD, како и од компаниите Datastation, Vision Consulting и ЕВН. Тренинг-конференцијата на пристутните ќе им овозможи да се запознаат со нови методи и техники кои се применливи во практичното работење и на подолг рок се во насока на остварување на позитивни резултати. Фокусот ќе биде ставен: • Како да се искористи креативноста на вработените за подобрување на иновативноста на компанијата? • Како повратните информации од клиентите да придонесат за развој на нови иновативни производи/услуги? • Како да се креира идеа менаџмент систем за структурирано генерирање, собирање и евалуација на нови идеи добиени од вработените и клиентите? • Како да се максимизираат ефектите од имплементација на идеа менаџмент системот со помош на информациската технологија? Тренинг конференцијата е намената за топ и средниот менаџмент , особено од секторите маркетинг, производство и човечки ресурси. Тренинг-конференцијата ќе биде поделена во два дела. Прв дел: панел дискусија за важноста на иновациите, креативноста на вработените и собирањето повратни информации од клиентите, како и презентација на една студија на случај за веќе успешно имплементиран идеа менаџмент систем во Република Македонија Втор дел: практичен тренинг за неколку применливи алатки за развој на креативноста, како и за употреба на софтверско решение за еден ваков систем. Тренинг-конференцијата „Иновативна компанија - како да ја искористите креативноста на вработените и клиентите“ ќе се одржи на 22 април 2015 година (среда), со почеток во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на V кат. НАПОМЕНА: Учеството на оваа тренинг-конференција е без котизација и можат да се пријат максум 3 вработени од една компанија. Ве молиме, Вашиот интерес за деловни средби со компаниите да го најавите најдоцна до 20 април 2015 година. Контакт : Сања Николова Тел: 02 3244091 Факс: 02 3244088 sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

26

четврток, 16 април 2015, Бр. 219

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар: „БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ, НАЈНОВИ ИЗМЕНИ

НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕСМЕТКА НА ХОНОРАРИ И НАДОМЕСТОЦИ НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА ПО ДОГОВОРИ И ПЛАТЕН ПРОМЕТ СО СТРАНСТВО“ На 23.04.2015 година 10:00-15:00 часот Семинарот ќе се одржи во „Центро-бизнис 92“ Кочански пат бб Виница

На 28.04.2015 година 10:00-16:00 часот хотел „Милениум“ во Битола, семинарска сала

Содржина на семинарот: 1. Благајничко работење - Подигање на пари во готово и уплата на деловната жиро-сметка; - Евиденција на уплати и исплати во пари во готово; - Благајничко работење со девизи за службени патувања во странство; - Благајничко работење во трговија на мало; - Благајничко работење со кредитни картички; - Интерни акти; - Правилник за благајничко работење; - Одлука за благајнички максимум; - Одлука за службено патување во странство. 2. Најнови измени на Законот за Пресметка на хонорари и надоместоци на физички лица по договори (Службен весник на РМ бр.48/2015) - Пресметка на авторски хонорар, договор на дело и други договори; - Месечен извештај за договорите за дело, авторските договори и други договори - Образец МИ-Д/ИН. 3. Платен промет со странство - Општи поими, карактеристики, односи; - Основни податоци за SWIFT и негова финкционалност; - Законската регулатива за девизните плаќања и наплати согласно Законот за девизно работење; - Инструменти за платен промет со странство. Предавачи: - Бранка Макаревска, консултант и експерт од областа на даноците; - доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгите „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија” и „Ерозија на јавните финансии и перење пари“. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Аплицирај електронски / on-line: http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1730&bet=1 Контакт: www.mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL

ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL

ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач


БИЗНИС ИНФО

28

четврток, 16 април 2015, Бр. 219

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 22 и 23 април 2015 година Mеѓународен саем и конференција за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност во Р. Србија

„RENEXPO® WESTERN BALKANS“ ВО БЕЛГРАД Стопанската комора на Македонија во соработка со REECO SRB од Нови Сад, организира посета на настанот. Експерти за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност од цела Европа се сретнуваат во Белград на 22 и 23 април 2015 година на најголемата енергетска платформа во регионот каде се отвораат можности за нова соработка. Во рамките на Investors-Business-Lounge, ќе се претстават повеќе од 200 проекти. Теми на годинешниов Саем и конференција се: • Биомаса - Српско-германско партнерство за биоенергија; • Развојни проекти за логистички центри за биомаса; • Горење на слама (работилница); • Енергија од водата - достапни проекти; • Фотонапонски панели - на кровови и на земја - достапни проекти; • Енергија на ветерот - достапни проекти; • Геотермална енергија - достапни проекти; • Енергетска ефикаснот (во згради, улично осветлување - проекти); • Македонија ги претставува обновливите извори на енергија; • Иновации; • Esco Corner и др. Во овие два дена се очекуваат околу 3000 посетители, 80 домашни и странски излагачи и 300 учесници на работилниците. За повеќе информации посетете го сајтот:http://renexpo-belgrade.com/start Аплицирај електронски / on-line http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1694&bet=3 Контакт: Перо Авакумовски Тел: ++ 389 2 3244048 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: pero@mchamber.mk


четврток, 16 април 2015, Бр. 219

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Меѓународни деловни средби и софтвер денови во Виена, Австрија

ИДНИНАТА НА ДИГИТАЛНИОТ БИЗНИС

Здружението на информатичко комуникациските технологии и Enterprise Europe Network Македонија Ве покануваат да учествувате на Меѓународните деловни средби и софтвер денови, што ќе се одржат во рамките на настанот „Иднината на дигиталниот бизнис“, на 27 и 28 април 2015 година во Виена, Австрија. На 27 април 2015 година ќе се одржат: - утринска сесија за трендовите, безбедноста и мобилните уреди, како и за глобалната перспектива за најновите технологии и трендови во дигиталниот бизнис и - билатерални средби, од 14:00 до 18:00 часот, за да најдете меѓународни партнери за соработка, за истражување, технологија и бизнис-проекти. На 28 април 2015 година – Селтик Плус настан за телекомуникации и за Smart поврзаниот свет. Ќе се презентираат резултатите од проектот, а ќе се реализира и изложба на идеи за 2015 година за повиците за проекти. Настанот е бесплатен и е наменет за компании и институции кои бараат бизнис-контакти. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk Аплицирај електронски / on-line: http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1712&bet=17


30

БИЗНИС ИНФО

четврток, 16 април 2015, Бр. 219

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

МАКЕДОНСКО-АВСТРИСКИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ

На 28 април 2015 година (вторник), со почеток во 12:30 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат.

Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение на Амбасадата на Австрија во Република Македонија организираат Македонскоавстриски деловни средби и презентација на австриски компании од различни сектори: • • • • • • • •

производство и продажба на индустриски штекери, дозни и приклучоци; производство на турбини, нивно проектирање и монтажа за мали хидроелектрани; производство и продажба на расветни тела; производство и целосни системски решенија за прочистителни станици за вода; производство и продажба на ин-витро дијагностички производи, тестови за детекција на антитела за ХИВ 1&2, сифилис, маларија, денга IgG, нетолерантност на глутен, тестови за плодност и бременост кај жените; производство и продажба на кондиторски производи; производство и продажба на сувомеснати производи; производство и продажба на преработен и конзервиран зеленчук.

Ве покануваме да земете учество на презентацијата на австриските компании и на деловните средби, на коишто ќе можете да воспоставите директни контакти, размена на искуства и натамошна бизнис-комуникација.

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


четврток, 16 април 2015, Бр. 219

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Обука На 28 април 2015 година, Од 9:00-16:00 часот, во Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат .

„УПРАВУВАЊЕ СО КУПУВАЧИТЕ, ДОБАВУВАЧИТЕ И ЗАЛИХИТЕ”

Секоја компанија за своите финансиски потреби треба да спроведе каква било деловна активност. Управувањето со финансиските потреби значи управување со купувачите, добавувачите и залихите. Неопходните средства осцилираат зависно од влијанието на сезоната, дејноста и производниот асортиман. Со одредувањето на правата структура на изворите на финансирање на овие потреби во Вашето работење можете да создадете дополнителна корист, додека погрешниот избор може да го загрози Вашето деловното работење. Важноста на вистинскиот избор дополнително доаѓа до израз во услови на финансиска криза кога и просторот за грешка е минимален. Учесниците ќе научат како да ја оценат моменталната политика на управување со залихите, побарувањата и добавувачите на една компанија, како да ги детектираат позитивните и негативните аспекти на таа политика и конечно на кој начин можат да ги унапредат ликвидноста на компанијата и преговарачката позиција со главните партнери (купувачи, добавувачи, банки). Оптимизацијата на изворите на финансирање на обртните средства е директно зависна од бизнисстратегијата на компанијата. Учесниците на обуката ќе научат како финансирањето на обртните средства да го усогласат со оперативниот циклус и како да прав начин да ги согледаат трошоците и придобивките од различните можности на финансирање и дури после тоа да донесат одлука. Учесниците исто така ќе научат како оперативните цели и потреби да ги усогласат со стратегијата и согласно на тоа да донесат краткорочни одлуки како на страна на набавката, така и на страната на продажбата. Предавачи: 1. Дејан Ќирковиќ, финансиски консултант 2. Небојша Поповиќ, финансиски консултант Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


32

БИЗНИС ИНФО

четврток, 16 април 2015, Бр. 219

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„AGROB2B@NSFAIR“ НА САЕМОТ ВО НОВИ САД

Бизнис-средби на 11.5.2015 година во Република Србија

Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија организираат учество на Меѓународните бизнис-средби „AgroB2B” во Нови Сад, Република Србија, на 11.5.2015 година. Овие средби ќе се одржат за време на одржувањето на Новосадскиот меѓународен саем за земјоделие. Главни теми на средбите ќе бидат: - трговијата и производството на храна и пијалаци; - земјоделска механизација и опрема; - хемиски производи за аграрот; - пакување; - обновлива енергија; - опрема за градинарство, како и - применетата наука и истражувањето во аграрот. Зошто да учествувате? Меѓународниот брокерски настан обезбедува дополнителна поддршка со цел компаниите да можат да најдат меѓународни партнери на Саемот. Учесниците имаат можност да ги најдат нивните потенцијални партнери според нивните потреби и интереси. Листата на учесниците е достапна пред почетокот на Саемот.

Учеството на Бизнис-средбите „AgroB2B@NSFair” е бесплатно, а влезницата чини 5 евра. Аплицирај електронски / on-line: http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1735&bet=17 Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


четврток, 16 април 2015, Бр. 219

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„FRANCHISING EXHIBITION CROATIA“ ВО ОПАТИЈА

На 29 мај 2015 година Меѓународен саем за франшиза, финансиски и консултантски услуги – FEC и деловни средби во Република Хрватска

Меѓународниот саем за франшиза, финансиски и консултантски услуги - FEC (Franchising Exhibition Croatia - http://fec.hgk.hr)и деловните средби се организираат од страна на Стопанската комора на Хрватска и Enterprise Europe Network Croatia, a ќе се одржат на 28-29 мај 2015 година во Опатија, Хрватска. Во рамките на Саемот ќе се организираат брокерки средби. Главна цел на брокерскиот настан ќе биде успешно да се олеснат бизнисите со франшиза, како и провајдерите на финансиските и консултантски услуги да ги претстават своите потенцијали за франшиза и претприемништво. Тоа ќе биде единствена можност: - да се поврзат бизнисите за франшиза од различни земји; - да се поддржат компаниите за да откријат нови производи и услуги; - да ги проучат новите деловни можности и потенцијали преку пронаоѓање нови партнери за идна деловна соработка. Коорганизатор е Унијата на регионалните стопански, индустриски и аграрни комори на Венето, Италија. Краен рок за регистрација е 18 мај 2015 година. Аплицирај електронски / on-line: http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1736&bet=17 Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО

четврток, 16 април 2015, Бр. 219

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„VINEXPO INTERNATIONAL“ ВО БОРДО

Меѓународен саем за вино и деловни средби на 16 и 17 јуни 2015 година во Франција

Саемот „Vinexpo International“ и деловните средби Ви овозможуваат да учествувате на најпознатиот светски настан за вино, со повеќе од 2400 излагачи и 48.000 професионални посетители, да ја проширите својата меѓународна мрежа и да ги идентификувате новите партнери, преку претходно одбраните потенцијални партнери. Саемот „Vinexpo International“ и деловните средби се брокерски настан за светски познатите вина и алкохолни пијалаци. Настанот нуди: За компаниите – проактивно учество на „Vinexpo“, каталог за купувачите и организиран тајминг за настанот и состаноците во ЕЕН мрежата, како и сите предности на matchmaking настанот – бесплатно! За купувачите – бесплатна, професионално организирана агенда за да се сретнете со претходно избраните мали и средни претпријатија, дегустација и откривање на прекрасни вина и алкохолни пијалаци, како и временски ограничени, организирани деловни средби. За дегустацијата е обезбедена сала од 300 м2 со 45 маси и професионална услуга. Зошто треба да учествувате? - Присуство на светски познатата изложба со повеќе од 2400 излагачи и 48.000 професионални посетители. - Активно учество на изложбата. - Проширување на својата меѓународна мрежа и идентификување нови партнери. - Организирани 30-минутни деловни средби со одбрани партнери. - Тоа е бесплатно! Регистрирајте се на www.b2match.eu/vinexpo2015

Аплицирај електронски / on-line: http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1734&bet=17 Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


четврток, 16 април 2015, Бр. 219

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„IRAN SEE EXPO 2015“ ВО ТЕХЕРАН

Oд 6 до 9 јуни 2015 година во Иран

Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Исламската Република на Иран во Скопје Ве информира дека во периодот од 6 до 9 јуни 2015 година ќе се одржи Третата меѓународна поморска изложба во Техеран, Иран. Изложбата се организира со поддршка на иранските пристаништа и поморски организации, како и со Организацијата на исламската бродска асоцијација (OISA) и Организацијата за исламска соработка (OIC). На овој професионален настан на интернационално ниво ќе бидат презентирани најновите светски достигнувања во поморската индустрија, креирање и промоција на соодветни можности за поголема соработка со морската елита, оптимално користење на расположливите морски капацитети во муслиманските земји и научни истражувања во делот на поморската индустрија. На изложбата ќе бидат претставени: достигнувањата во транспортот и индустријата за бродоградба, офшор-компании во индустријата за нафта и гас, морски и пристанишни услуги, океанографија, туризам, рибарство, институции за осигурување и кредитирање, универзитети и големи центри за наука, истражување и технологија, здруженија и асоцијации кои имаат различни работилници за обука и др. Посетителите на „IRAN SEE EXPO 2015“ ќе имаат можност да добијат нова идеја за проширување на својот бизнис, да се поврзат со нови клиенти и деловни партнери, да ги надградат стекнатите вештини, знаења и совети за поголема ефективност во работењето, да се поврзат со мрежа на клучни добавувачи на локално и на глобално ниво и др. За подетални информации посетете ја веб-страната: www.iranseaexpo.com/en Стопанската комора на Македонија нуди дополнителна логистичка поддршка на сите заинтересирани компании кои сакаат да го посетат овој настан.

Контакт: Ивона Каранфиловска Телефон: +389 2 324 4084 Е-адреса: Ivona@mchamber.mk


36

БИЗНИС ИНФО

четврток, 16 април 2015, Бр. 219

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА сигурносни врати во Република Македонија. Валидност дo 24.5.2015 годинa. Компанија од Словачка бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на огноотпорни садови и алуминиумски прав. Валидност дo 24.5.2015 годинa. Австриска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на системи за подигање товар како што се синџири, рачни електронски дигалки, производи од полиестер, траки и јажиња за подигање, врзување и прицврстување товар. Сопственото производство на трговската марка HFS-Austria со водечките производители од оваа област го докажуваат квалитетот на нивните производи. За време на изградбата на стадионот во Клагенфурт успешно беа користени HFS системите за подигање. Валидност дo 26.5.2015 годинa. Компанија од Индија бара дистрибутер за пласман на болнички кревети, опрема за трансфузија, ортопедски помагала, опрема за лаборатории и друга медицинска опрема. Валидност дo 26.5.2015 годинa. Компанија од Турција бара пласман на ЛЕД технологии за обновлива енергија за улично осветлување во Република Македонија. Валидност дo 23.5.2015 годинa. Компанија од Естонија бара соработка со државни институции, транспортни и такси компании во Република Македонија за примена на софтверско решение/систем за набљудување на дивижењето и потрошувачка на гориво на службените возила. Валидност дo 23.5.2015 годинa. Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на земјоделска механизација, алатки и средства за заштита на растенија. Валидност дo 24.5.2015 годинa. Компанија од Германија бара соработка со фирми во областа на земјоделието во Република Македонија за пласман на машини за жетва. Валидност дo 24.5.2015 годинa. Компанија од Грција бара соработка со производители на кујнски дрвени елементи, гардеробери, внатрешни и

Компанија од Република Македонија продава објект кој е лоциран на главната авто-магистрала Скопје – Куманово, во населба Илинден, адреса: ул. 36, бр.20, патот за с. Ајватовци. Во непосредна близина на објектот се слободната индустриска зона Бунарџик – Скопје, Аеродромот „Александар Велики“, деловни објекти од разни дејности од производство и трговија, а во најава е и отворање на други деловни и станбени објекти. Плацот е со површина од 3369 м2. Објектот е со поврсина од 1867 м2. Паркинг простор1675 м2. Зелен појас 750 м2. Основа на објектот 945 м2. Продажен салон 374 м2. Магацин 394м2 со висина до 10 м. Канцеларија за продажно одделение 26,80 м2, висина 4 м. Канцеларија за магацин 21,90 м2,висина 4 м. Топлинска потстаница 13,80 м2. Север соба 3 м2. Помошна просторија 9 м2. Холови 65,90 м2. Тоалет машки 3,10 м2. Тоалет женски 3,10 м2.


четврток, 16 април 2015, Бр. 219

БИЗНИС ИНФО

37

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Скали 10,50 м2. Галерија 94,70 м2. 1.Спрат – административен простор - 442,1 м2, висина 4 м. 2.Спрат – Сала за презентација + апартман 297,27 м2. 3. Тераса 97,50 м2. Објектот може да има повеќе намени: трговија (автосалон, салон за мебел, прехрана, маркет за бела техника, или која и да било малопродажна дејност), административни дејности и сл. Објектот е со сите технички стандарди, дозволи за градба, технички прием, ПП заштита, видео надзор, сигурносна ограда. Валидност дo 9.7.2015 годинa. Компанија од Бугарија бара соработка со градежни компании во Република Македонија за пласман на стиропор и бетонски елементи. Валидност дo 9.5.2015 годинa. Компанија од Бугарија бара соработка со компании во Република Македонија во областа на прехранбената, млечната и индустријата на вино за пласман на садови од инокс. Валидност дo 9.5.2015 годинa. Компанија од Словенија бара дистрибутер на системи за греење на индустриски објекти, куќи и станови со цврсти и течни горива во Република Македонија. Валидност дo 9.5.2015 годинa.

www.mchamber.mk

Компанија од Кина бара соработка со македонски компании кои се заинтересирани да купат мали ветерни турбини од 500 W до 20 kw, моно-кристални соларни панели, соларни систем за следење, контролор, инвертор и полначи за мобилни телефони. Валидност дo 12.5.2015 годинa. Компанија од Германија бара партнери за соработка во Република Македонија во областа на соларна енергија. Валидност дo 12.5.2015 годинa. Компанија од Белгија бара пласман на специфични делови со висок квалитет за сите видови машини, како и турбини од чилик за хидроцентрали во Република Македонија. Валидност дo 12.5.2015 годинa. Компанија од Словенија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на фотоволтаични модули. Валидност дo 12.5.2015 годинa. Компанија од Бугарија нуди канцелариски мебел за пласман во Република Македонија. Валидност дo 12.5.2015 годинa.

Контакт:

Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook