Issuu on Google+

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БИЗНИС ИНФО

четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

1

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

www.mchamber.mk Број 85 од 16.02.2012

контакт call центар (02) 15015

www.mchamber.mk

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, порачува во интервјуто за неделникот „Капитал“

САМО ИНВЕСТИЦИИТЕ И ИЗВОЗОТ МОЖЕ ДА ЈА НАМАЛАТ НЕВРАБОТЕНОСТА Во млекопроизводството неопходни конкретни мерки и активности насочени кон поддршка на пазарните производители

ОКРУПНУВАЊЕ НА ФАРМИТЕ ЗА РЕНТАБИЛНО ПРОИЗВОДСТВО

ВВ „Тиквеш“ се закити со грст медали на саем во Израел

„МУСКАТ ОТТОНЕЛ“ СО ЗЛАТО, А „АЛЕКСАНДРИЈА КУВЕ“ БЕЛО И „ВРАНЕЦ СПЕЦИЈАЛ СЕЛЕКШН“ СО СРЕБРО


БИЗНИС ИНФО

2

ПОДВЛЕЧЕНО ДА ПРОИЗВЕДУВАМЕ КАКО МАКЕДОНЦИ, ДА ПИЕМЕ КАКО СЛОВЕНЦИ Податоците велат дека Македонија годишно произведува околу 100–120 милиони литри вино, а околу 80 проценти од произведените количества отпаѓаат на извозот. Сепак, од винарниците велат дека иако ние сакаме да се декларираме како винска земја, доколку ја погледнеме статистиката за потрошувачка на вино по жител, ќе видиме дека бројките се поразителни - во Македонија годишно се пијат само 7 литри по жител! Словенија, која по површини на лозови насади, производство на вино и население е слична со Македонија, има потрошувачка од околу 50 литри по жител, што значи практично дека Словенците целокупното годишно производство самите го пијат. - Причини за оваа состојба има повеќе,

а една од нив е тоа што вината што се продаваат од македонските винарници се преценети, односно се со нереално висока цена. Во моментов имаме 100 проценти искористеност на винарницата, 2011 година беше наша трета берба и сега за сега капацитетите ги искористуваме мошне добро, иако ситуацијата на светскиот пазар не е баш розова. Но ние за кратко време се етаблиравме како винарница за која допрва треба да се слуша. За ова време колку што сме присутни на пазарот, година и пол, од белите сорти носечки се „‘ркацители“, „шардоне“ и „мускат“, додека од црвените најпродавани се „мерло“ и „вранец веритас“ и секако најдоброто вино „аминта“, кое е купажно вино од „мерло“, „каберне“ и „Вранец“. Од почетокот на појавувањето на нашите вина на пазарот до денес бележиме константен пораст на продажбата и досега нашите вина се извезени во

четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

Србија, Словенија, Бугарија, Чешка, Русија, Холандија, Германија, Босна, Албанија и Косово – вели Дане НАСКОРО ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА ХРВАТСКАТА Јованов, директор на винарницата „Стоби“. ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ Е НОВИОТ НАЧИН НА РЕКЛАМИРАЊЕ! Според најновите истражувања, купувачите ги рангираат највисоко производите и брендовите што се поврзани со општествено добри цели, без разлика дали се работи за општественоодговорна пракса во доменот на едукација, сиромаштија и војни, филантропија, економски развој или човечки права. Помеѓу два производа со иста цена и квалитет, купувачите во скоро 100% од случаите го одбираат производот кој нуди општествен бенефит. Активноста добива уштепоголемо значење, кога го инволвира и самиот купувач во делувањето, односно кога хуманоста е врзана со продажбата: “Со секој купен производ, со секој пратен СМС, со секој лајк - донирате,” се креира игра во која купувачот е тој што донира преку акција - купување. На овој начин се постигнува повеќекратен ефект: се одвојува дел од профитот за хумана цел - се позиционира компанијата како општествено одговорна, се комуницира активноста и се информира публиката - се гради брендот, се зголемува продажбата преку хуманата продажна акција и најважно од се е дека се инволвира купувачот, односно се поместува од пасивната позиција во активен учесник во добра цел. Купувачите се благодарни дека им е дадена можност да придонесат кон добра цел. Ова креира трајни и тешко раскинливо релации, создава одличен имиџ и база на лојални купувачи. (Љупка Наумовска, основач на каркетинг и ПРагенцијата „Баз Комуникејшн“)

“Концептот за помош не може да биде ист за сите индустриски гранки. Ние ќе преговараме за нашиот бизнис со нашите најважни пазари во рамките на ЦЕФТА, и притоа ќе инсистираме на поддршка на технолошкиот развој и на други сегменти од работењето. Треба што поитно да се реши проблемот со нелојалната конкуренција, бидејќи антидампинг-процесите се премногу бавни. Прехранбената индустрија треба да се штити и со механизми за заштита на квалитетот и притоа да се решат проблемите во системот на плаќање. Сите сме свесни дека проблемите од минатото не може да се решат веднаш. Доверителите ќе треба дел од

побарувањата да ги претворат во сопственички удели во компании кои имаат добра перспектива”, - изјавил претседателот на Стопанската комора на Хрватска, Надан Видошевиќ, додавајќи дека ХБОР во уште поголема мера мора да стане главен оперативец во подигање на конкурентноста на прехранбената, но и на другите индустрии. Невен Вранковиќ од Групацијата „Атлантик“ изјавил дека повеќето компании се способни да го организираат своето производство надвор од Хрватска, доколку условите за бизнис се влошат значително, со влегувањето на Хрватска во ЕУ. Сепак, недвосмислена е желбата на сопствениците и на менаџментот тоа да не се случи. Затоа е потребно концесиите во работењето со земјите од ЦЕФТА да се задржат и после влезот на Хрватска во ЕУ, - смета Вранковиќ.

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнер за 2012 година

Покровители

на


четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕНЕСЕНО

Интервју на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија за неделникот „Капитал“

САМО ИНВЕСТИЦИИТЕ И ИЗВОЗОТ МОЖАТ ДА ЈА НАМАЛАТ НЕВРАБОТЕНОСТА

Гасификацијата, развојот на железничката инфраструктура и окрупнувањето на земјоделските поседи се трите најважни проекти за развојот на Македонија

Стопанската комора на Македонија месецов прославува 90 години од основањето. Ако треба да издвоите неколку работи кои се најголемо достигнување и успех на оваа комора, кои би биле тие? Како прво, тоа се долготрајноста и континуитетот. Комората опстојува 90 години и континуирано ја одржува долгата коморска традиција на македонскиот простор и покрај промените во општествено-политичкото и економското уредување. Опстана во период на две војни, опстана во рамките на три држави, на три различни општествено-политички и економски системи.

Опстана и покрај неколку економски кризи, ембарга и политичка нестабилност и продолжува да биде креативен поттикнувач на владините политики во функција на нашата основна цел - унапредување и промоција на македонското стопанство. Потоа, најголем успех е довербата на најголемите и на најуспешните

компании, кои се членки на Стопанската комора на Македонија. Ние и во услови на коморски плурализам и доброволно членство сме најбројната со членство и најдобро организираната бизнисасоцијација, на која и` искажуваат доверба најголемите и најпрофитабилните, како и речиси сите странски компании кои работат во Македонија (Окта, ЕВН, Фени, Телеком, Саса, Бучим, Пивара Скопје, Цементарница Усје, Сокотаб, Стопанска банка итн.). Голем успех со којшто се гордееме е и квалитетот на услугите кои ги нудиме. Со својата традиција долга 90 години на коморско дејствување во овој регион ние сме сигурен извор на информации за сите македонски компании и за нивните странски партнери. Нудиме низа услуги, од обезбедување информации за компаниите, за прописите и законите, па до деловна едукација и усовршување, унапредување на квалитетот, арбитража, регионално организирање и меѓукоморска соработка. На чело на Комората сте веќе неколку години. Колку успеавте да ги наметнете интересите и предлозите на компаниите-членки на носителите на економски политики? Најодговорно тврдам дека носителите на економската политика во детали ја знаат состојбата во бизниссекторот. Коморите, бизнис-здруженијата и директно компаниите се во секојдневна комуникација со носителите на економската политика. Сите ние заедно во изминатите години сме поднеле илјадници предлози и иницијативи, сме имале стотици консултативни средби и сме усогласиле огромен број предлози. Но, дали тие сите се во согласност со вкупните нивни политики е друго прашање. На тоа одговор даваат избирачите, со фактот што носителите на економската политика својот севкупен легимитет го добиваат од избирачите, а не од реалниот сектор.

Македонската економија веќе 20 години има многу ниски стапки на раст, кои не може да ја аспсорбираат големата невработеност. Комората минатата година поттикна дебата за нов економски модел за поголем економски раст, во кој главни носители ќе бидат инвестициите, извозот и инфраструктурата. Кои се клучните

промени кои треба да се направат во политиките ако сакаме овие три сегменти да почнат забрзано да се развиваат? Почитувајќи го постигнатото на сите досегашни влади и институции, минатата година го отворивме прашањето за промена на економскиот модел на развој, промена која значи премин од модел чиј пораст на БДП се базира на порастот на потрошувачката, кон модел на БДП чиј раст ��е се базира на порастот на производството и извозот. Главен предуслов за да се реализира тоа е заокружувањето на темелните принципи на пазарната економија, пред се` преку обезбедувањето загарантирана приватна сопственост, соодветен однос меѓу капиталот и трудот и ефикасна законска регулатива, судство и заштита на сопственоста и договорите. Само по исполнувањето на овој приоритет ќе можеме да очекуваме позитивни ефекти од мерките за поттикнување на производството и извозот, за подобрување на деловниот амбиент и мерките за управување со агрегатната потрошувачка, ефекти кои ќе ја условат суштинската промена на економскиот модел.

Реалноста е таа - без инвестиции во производството, без пораст на извозот, без модерна инфраструктура за полесен пристап до странските пазари, за мала и отворена економија како нашава, нема развој кој ќе ја апсорбира високата невработеност. За ефикасно да се реализира тоа неопходен е континуиран, секојдневен јавно-приватен дијалог. Неодамна изјавивте дека на Македонија и` треба реиндустријализација. Што мислите за ова и како може да се случи истата? Потребата од реиндустријализација самата по себе не


4

ПРЕНЕСЕНО

БИЗНИС ИНФО

е дискутабилна, но целите, содржината, а посебно начинот на реструктурирање се отворени прашања. Тоа го потврдувам со следните факти извлечени од официјалните статистички податоци. Индустриското производство во 1999 година е преполовено, а во 2008 година, кога беше една од најдобрите во делот на економските активности, беше 61,6% од тоа што го имавме во 1990 година, пред нашето осамостојување. Во 2009 и 2010 година физичкиот обем на индустриското производство е само 53% или 47% пониско од истото во 1990 година. Од вкупно 75.497 активни деловни субјекти, само 15,2% се од производните дејности (земјоделство 3.038 или само 4%; рударството и вадење камен 164 или 0,2%, преработувачката индустрија 8.263 или 11% и во градежништвото 4.368 субјекти или 5,8%). Сите останати активни деловни субјекти се во трговијата,

субјекти во земјата. И на крајот, од новосоздадените претпријатија во периодот од 2008 до 2010 година одделно по години само 10%13% се во преработувачката индустрија, во градежништвото 5%-6%, додека во трговијата 38% во 2008 и 2009 година и 30% во 2010 година. Според тоа, очигледно е дека порастот на БДП во последните, како и во претходните години се остварува надвор од секторот на индустријата, и тоа пред се` во доменот на услугите, кои не сме во состојба да ги понудиме на странскиот пазар и да обезбедиме пораст на извозот. Општо земено, структурните промени кон разнообразноста и активностите со поголема додадена вредност остануваат ограничени, средните претпријатија се соочуваат со тешкотии во пристапот до капитал

услугите и другите дејности. Од вкупно 75.497 активни деловни субјекти во 2010 година (по изземањето на 10.000 активни деловни субјекти со нула вработени), само 1.173 или 1,79% се со над 20 вработени (во земјоделството само 70, во рударството 23, во преработувачката индустрија 887 и во градежништвото 193 активни деловни субјекти). Понатаму, од вкупно 435.524 вработени кај деловни субјекти во 2010 година, околу 25% се вработени во производните дејности (земјоделството 13.000, рударството 3.700, преработувачката индустрија 102.474) и 5% во градежништвото, 22.850 лица. Значи, на производните дејности со извозен потенцијал отпаѓаат само 30% од вкупниот број вработени кај деловните

и пазари, а со тоа македонските претпријатија заостануваат во процеот на реструктурирање и губат во одржувањето на конкурентноста. Затоа, отворените прашања за реиндустријализација бараат одговор, а ги отворивме со предлозите за поттикнување на производството и извозот, односно новиот економски модел за развој, при што повикавме на општествен консензус за сите важни прашања во насока на обезбедување забрзан, стабилен и долгорочен економски раст во нашата земја. Според Вас, кои индустрии имаат најголем потенцијал да го повлечат економскиот раст на земјата? Постојните извозни индустрии

четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

и оние кои ќе знаат максимално да ги искористат компаративните предности на овој регион имаат најголем потенцијал. Но, тоа не значи дека другите немаат или дека компаративната предност сама по себе е доволна. Според визијата на Индустриската политика на Македонија 2009-2020, до 2020 година ќе се развие динамичен микс од одржливи и автентични индустрии, како органско вино и храна, екочелик, информатичкокомуникациска технологија (ИКТ), специјализирани електронски делови, производство на обновлива енергија, креативни индустрии, медицинска опрема и услуги, автентичен туризам и други индустрии. Исто така, со проактивна индустриска политика ќе се поттикне ориентацијата на македонската индустрија кон создавање производи и услуги со повисока додадена вредност базирани на знаење, иновации и соработка. Со сета почит кон наведените определби, но за забрзан економски раст ни требаат конкурентни производи, што е проблем и во актуелните извозни индустрии. Кога имаш големи разлики меѓу цените на суровините и на излезните производи, на микроплан единственото решение е да се редуцира производството и од извозната да се помине на увозната страна. Чести се појавите увезениот готов производ да е поевтин од суровината за производство на истиот производ кај нас (виното, млекото, брашното, рафинираното масло, одделни градежни материјали, мебел во дрвната индустрија итн.). Во моментов само 5% од активните компании во земјава извезуваат производи и услуги и тоа во услови кога настапуваме на заеднички, односно целосно либерализиран ЦЕФТА-пазар и целосно либерализиран пазар со земјитечленки на ЕУ од почетокот на 2011 година, по десетгодишниот асоцијативен период. Значи, пазар на кој секој производ од која било индустрија може да најде место. Имаме конкурентни производи, но во обем за тој пазар немаме. Затоа, потребна е итна реиндустријализација, изградба на нови фабрики и инфраструктура, како клучен услов за забрзан економски раст и пораст на извозот. Компаниите, водени од профитот, ќе работат на искористување на внатрешните можности за остварување на оваа цел, ќе ги користат компаративните предности, но на макроплан, согласно националните интереси, државата треба да се вклучи во делот на развојот на инфраструктурата и засилената


четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

поддршка на извозните активности, по примерот на конкурентите од земјите со кои настапуваме на глобалниот пазар. Ако треба да издвоите три проекти што се најзначајни за Македонија, кои би биле тие? Гасификацијата, развојот на железничката инфраструктура и окрупнувањето на земјоделските поседи. Изградбата на гасоводниот систем во Република Македонија и модернизацијата на патната мрежа и на железничката инфраструктура е императив за развој на приватниот производен и извозен сектор, од аспект на конкурентноста преку цената на поевтин енергенс и пристапот до големите пазари. Со владината потпрограма се опфатени активности за изработка на проектната документација на нашиот гасоводен систем, за што годинава се предвидени буџетски средства во износ од 390,6 милиони денари. По завршувањето на изработката на проектната документација се планира изградба на национален гасоводен систем во Македонија. Но, овој проект е содржан како приоритет во сите досегашни владини развојни програми и програми за јавни инвестиции. Затоа, барањето на стопанствениците е да се стави крај на неговото пролонгирање. Во земјоделството окрупнувањето на земјоделскиот посед е прв од приоритетите за зголемување на продуктивноста, односно на конкурентноста на земјоделскиот сектор. Просечната површина на користеното земјоделско земјиште по стопанство во Македонија изнесува 1,47 хектари, па каде е неговата конкурентност наспроти 20 хектари во Европската унија, односно 22 хектари во ЕУ-15, во Србија пет хектари и во Хрватска шест хектари просечна површина по стопанство. Многу прогнози велат дека оваа 2012 година ќе биде една од најтешките години на економски план. Кои се очекувањата на бизнисмените, кои ќе бидат најголемите предизвици со коишто ќе се соочуваат компаниите и македонската економија? Очекувањата се реални - не очекуваат ни катастрофа, ни економски чуда. Совршено им е јасно дека треба да се работи во услови на криза и за тоа се подготвени. Ако државата им помогне во вакви услови, на што се надеваат сите, тоа за нив ќе биде силен поттик за да ги совладаат предизвиците. Намалувањето на нарачките, порастот на влезните трошоци и неликвидноста, како во 2011 година, и годинава ќе бидат најголемите

БИЗНИС ИНФО предизвици за македонските компании. Компаниите се жалат дека токму неликвидноста ќе им биде најголем проблем годинава. Кои се главните проблеми поради кои неликвидноста сега толку сериозно ги погодува компаниите? Неликвидноста отсекогаш била сериозен проблем во македонската економија поради напластените и нерешените проблеми изминатите 20 години. Неефикасното судство, лабавата законска регулатива, стравот од социјални тензии, финансиската криза, рестриктивната монетарна политика и отежнатото сервисирање на долговите се главните проблеми ��а моменталната состојба со неликвидноста. Сепак, неликвидноста посебно се изостри во периодот на глобалната економска криза, 2009 и 2010 година, со намалената побарувачка од странство, која го прекина синџирот на премостување на истата до одредено ниво и префрлање на проблемот со истата во наредната година. Тоа се рефлектира во, како никогаш досега, неподносливото изострување на неликвидноста и внатрешната задолженост во македонската економија. Финансиските извештаи по завршните сметки за 2010 година (кај репрезентативен примерок од 50 големи и средни претпријатија од преработувачката индустрија) покажуваат дека 2011 година ја започнале со структура на вкупните тековни средства од кои 58% отпаѓаат на краткорочните побарувања (52% на побарувања од купувачи и 6% на останати краткорочни побарувања), 35% на залихите и само 1,5% на паричните средства, што ја потврдува неликвидноста како проблем во тековното работење. Вкупно тековните обврски претставуваат 67% од вкупно тековните средства. Во структурата на вкупно тековните обврски 68% се обврски кон доставувачите, 15% обврски по краткорочни кредити и остатокот по останати краткорочни обврски. Притоа, побарувањата од купувачите се 25% повисоки од обврските кон доставувачите, што ја потврдува високата внатрешна задолженост. Неликвидноста продолжи да се изострува и во текот на 2011 година. Според податоците од деветмесечните извештаи за билансот на успех по природа на трошоците, кај 30 фирми од преработувачката индустрија (репрезентативен модел на фирми од прехранбената индустрија, текстилната индустрија и од металургијата) укажуваат дека оперативните приходи за деветте месеци во 2011 година забележале пораст од 1,6%; оперативните расходи пораст од 3,2%; оперативната добивка е намалена за 70% во однос на истиот период

5

ПРЕНЕСЕНО претходната 2010 година, што укажува на драстично намалената профитабилност, пред се поради високиот пораст на цените на суровините и на репроматеријалите. Имено, расходите за потрошениот материјал, ситниот инвентар и услугите се зголемиле за 47%. Од друга страна, продажбата на стоки на домашниот пазар е повисока за 2,4%, а на странскиот пазар намалена за 0,3%. Во градежништвото, покрај позитивните резултати во оперативното работење согласно високиот пораст на вредноста на извршените градежни работи, значаен проблем во градежништвото се ненаплатените побарувања за истите. Согласно наведеното, намалената побарувачка од странство, неликвидноста и високата внатрешна задолженост, како и сивата економија, која ја ограничува продажбата од легалната економија на домашниот пазар, се главните проблеми на македонското стопанство.

Имате ли, како комора, некои предлог-мерки како може да се намали и да се ублажи овој проблем? Што може и што треба да направат компаниите, а што Владата за да се спречи овој ликвидносен проблем? Со цел подобрување на финансиската дисциплина и ликвидноста во 2010 година, побаравме преземање на Директивата на Парламентот и Советот на ЕУ од 2000 година за спречување на доцнењето во плаќањето на сите комерцијални трансакции. Ова барање делумно ќе се реализира со проектот


6

ПРЕНЕСЕНО задолжница, како нов инструмент за обезбедување и наплата на меѓусебните побарувања на фирмите и подобрување. Но, цениме дека тоа не е доволно. Во услови на намалена побарувачка од странство, а ограничена побарувачка на домашниот пазар, се случува продавачите на стока или услуга да не се осмелуваат да прашаат кога ќе му се плати за да не го изгуби купувачот, кога нема на кого друг да понуди. Затоа, предлагаме согласно наведената регулатива да се донесе закон со којшто ќе се утврдат роковите за исполнување на паричните обврски, кои ќе се однесуваат и за договорите меѓу приватните и јавните правни лица, како и правните последици од неисполнување на истите. Потоа, предлагаме пребивање на даночните обврски по основ на ДДВ при увоз на опрема за инвестициските активности со даночните побарувања УСПЕХОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Е УСПЕХ И НА КОМПАНИИТЕ Што сметате за Ваш најголем успех на оваа функција? За поединечен успех на една личност овде не може да стане збор. Успехот, ако воопшто постои, е на самите компании и на менаџментот на Стопанската комора на Македонија. Ние последните седум години работиме во услови на коморски плурализам и доброволно членство. Ако во такви услови 70% од приходите се остварени на комерцијална основа, а само 30% од членарина и ако буквално сите успешни македонски компании се наши членки на доброволна основа, тогаш е многу појасна позицијата на Комората во нашето бизнис-опкружување. Во 2011 година во Комората се одржани 40 редовни прес-конференции, 96 состаноци на здруженијата, 35 состаноци на регионално ниво, 23 меѓународни настани, 46 бизнис-форуми, 35 форуми во странство, 47 семинари, издадени се 44 електронски изданија на Бизнис инфо. Во просек, дневно Комората лично ја посетуваат 143 претставници на нашите членки, што, ќе признаете, е импресивна бројка. И уште нешто - ние сме единствена мала комора во Европа која во последните неколку години ја посетиле буквално сите најголеми коморски лидери во Европа, вклучувајќи го и претседателот на *ЕУРОЦХАМБЕРС, кој деновиве е наш гостин. Како водечка стопанска институција во коморското организирање и дејствување во Македонија, Стопанската комора на Македонија и понатаму ќе ги артикулира и ќе ги штити интересите на своето членство преку институционалната соработка со државните институции, ќе го промовира и ќе го поврзува македонското стопанство со стопанствата во странство, ќе го поттикнува претприемништвото, странските инвестиции, стандардите, квалитетот и ќе настојува да ги прошири своите услуги за своите членки.

БИЗНИС ИНФО

четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

КОМПАНИИТЕ ЗАЕДНО СЕ ПОСИЛНИ Главното мото на Стопанската комора е „Членството е моќ“, зашто некоја компанија би била помоќна ако е членка на Стопанската комора на Македонија? Најважна за бизнисот е информацијата. Најбрзата размена на информации е во мрежата, а најдобра бизнис-мрежа кај нас е Стопанската комора на Македонија, членка на сите меѓународни бизнис-мрежи. Значи, нашите членки ги имаат најдобрите информации, а со тоа и предност во бизнис-арената. Членството е моќ, затоа што не само малите компании, туку и најголемите имаат потреба од организирано дејствување. Поединечно сме слаби, па дури и најголемите компании меѓу нашето членство се посилни кога се заедно. Кога сме сите заедно, тогаш полесно ги решаваме реалните проблеми, полесно се поврзуваме со другите кои имаат слични проблеми во другите земји и средини преку соработката на коморите од земјите на ЦЕФТА и ЕУ, поцелосно и поуспешно се претставуваме во странство и како поединци и како македонска економија.

по основ на ДДВ, со што ќе се даде значаен придонес во премостувањето на финансиските проблеми во тековното работење, посебно во кризни услови на стопанисување. Доколку иницираниот предлог за пребивање не се реализира, и покрај расположливите технички предуслови да се унифицира постапката меѓу Управата и Царината, кризните состојби ќе наметнат неминовна потреба од воведување нов модел на наплата на ДДВ, кој ќе ги елиминира проблемите при повратот на ДДВ. Се` поголем е бројот на фирми кои имаат проблеми со отплаќањето на кредитите кон банките, кои пак, во ова време на криза отворено зборуваат дека не сакаат да ризикуваат и да кредитираат фирми кои имаат проблеми со ликвидноста. Како гледате на односот и на работењето на банките во контекст на економијата? Чисто економски. Впрочем, и банките се приватни компании како и најголем дел од компаниите во реалниот сектор, а не социјални институции. Бизнисот е арена на којашто опстојуваат најспособните. Сепак, едно е јасно - ако пропаднат компаниите, ќе пропаднат и банките. Имате ли, како комора, некои предлози како да се олесни пристапот на компаниите до повеќе и поповолни кредити, бидејќи е јасно дека без банкарска поддршка не можеме да очекуваме поголеми домашни инвестиции? Неможноста да обезбедат доволно колатерал според барањата на банките како обезбедување во одобрувањето кредити, покрај другото, е клучниот проблем во пристапот до кредитите на комерцијалните банки. За надминување на овој проблем, односно за подобрување на квалитетот на изложеноста на малите и на средните

претпријатија кон комерцијалните банки, за да се обезбеди дополнителен колатерал, предлагаме формирање на гарантен фонд во рамките на Македонската банка за поддршка на развојот, МБПР, врз основа на Законот за контрола на државна помош, кој ќе издава гаранција за недостиг од колатерал. Впрочем, искуствата на земјите од регионот се пример како го олеснуваат пристапот до финасии на компаниите во различни сегменти од нивниот развој. Една од главните активности на Словенечкиот фонд за претпријатија *(Тхе Словене Ентерприсе Фунд -СЕФ), Националниот гарантен фонд *(НГФ) во Бугарија, Националниот гарантен фонд за мали и средни претпријатија и Гарантниот фонд за рурален развој во Романија, Државниот фонд во Србија, Агенцијата за мало стопанство *ХАМАГ и Гарантниот фонд за земјоделство (посебна програма за гаранции во земјоделството) во Хрватска е издавањето гаранции кои ќе им овозможат полесен пристап до кредити во отсуство на друг колатерал. Неопходно е нивното решение да се примени и во нашата земја, како за домашното кредитирање, исто и за повлекување средства од ЕУ-фондовите по за нас достапните програми, посебно од ИПАРД-програмата. Што се однесува до пристапот до поволни кредити, што е еден од условите за успешно водење на бизнисот, реалните можности н$ насочуваат само кон Македонската банка за поддршка на развојот. Владата на Македонија, според Програмата за работа, во периодот од 2012-2015 година за претпријатијата во Македонија ќе обезбеди кредитна линија од Европската инвестициска банка, во вкупен износ од 150 милиони евра, по повластена каматна стапка од 5,5% годишно, а веќе се обезбедени за користење 50 милиони евра. Биљана Здравковска-Стојчевска


четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

Во млекопроизводството неопходни конкретни мерки и активности насочени кон поддршка на пазарните производители ОКРУПНУВАЊЕ НА ФАРМИТЕ ЗА РЕНТАБИЛНО ПРОИЗВОДСТВО Со цел забрзување на процесите на окрупнување на фармерите, пораст на продуктивноста и конкурентноста нa млекопроизводството, Групацијата за производство и преработка на млеко при Стопанската комора на Македонија, предлага системската поддршка годинава да биде наменета исклучиво за пазарен производител. Ова го истакна извршниот директор, м-р Јелисавета Георгиева, на редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија на тема: „За млекопроизводството – стратегии имаме, недостасуваат конкретни мерки и активности“. Притоа, Групацијата за производство и преработка на млеко го предлага и следново: 1. Да се зголеми системската поддршка кај директните плаќања за обележани грла говеда, односно за обележани грла на крави и стелни јуници, да нема редуцирање на поддршката во однос на бројот на обележани грла, односно за истата критериум да биде само минимум

БИЗНИС ИНФО 5 грла (кај нас се субвенционира по 2700 денари по грло до 50 грла, ако голема фарма има 200 грла значи се субвенционираат само 50, останатите не се субвенционираат, додека во ЕУ се субвенционираат над 50 грла, а малите фарми до 50 грла не се субвенционираат). - Да се преиспита можноста субвенцијата да се добива доколку продуктивноста по грло изнесува минимум 3000 литри млеко годишно, со цел поттикнување на продуктивноста по грло. 2. Кај финансиската поддршка за произведено и продадено кравјо млеко, висината на директните плаќања да биде според класи, односно највисок износ на поддршка да се исплаќа за екстра класа сурово млеко, и следователно пониска 20% за прва класа, и 20% пониска за втора во однос на прва класа сурово млеко, со што би се поттикнала ориентацијата на фармерот кон производство на поквалитетно сурово млеко. Исто така, беше истакната и потребата од окрупнување на фармерите што произлегува од големиот број ситни фарми. Производството на млеко во Република Македонија се карактеризира со голем број мали фарми – традиционални фармери (75% од вкупниот број) кои имаат нископродуктивни 1 – 3 крави со ниско годишно производство

7

АКТУЕЛНО на млеко од 2-3 илјади литри по крава. Многу е мал бројот на големи специјализирани фарми со повеќе од 20 крави (околу 3% од вкупниот број) со висока продуктивност и годишно производство на млеко околу 5 илјади литри по крава. Само 1% од фармите имаат повеќе од 50 грла и треба да бидат носители на производството на квалитетен генетски материјал за преостанатите фарми (репродуктивни центри). Производството на млеко се карактеризира главно преку ниската продуктивност и неповолен микробиолошки и хемиски квалитет на суровото млеко. На ова се надоврзува и недооформениот систем за одбележување кое го усложнува следењето и спречувањето на болестите кај домашните животни, што, секако во голем степен влијае врз квалитетот и безбедноста на млекото. Во сферата на примарното производство и понатаму основен проблем е обезбедувањето на евтина добиточна храна, посовремени услови на одгледување, подобрување на расниот состав на добитокот. Впрочем, и во Програмата на Владата на РМ е предвидено во 2012 година земјоделството да добие 130 милиони евра, со што ќе се обезбеди финансиска поддршка за воведување на пазарни стандарди за класификација на квалитетот на производите и мерки за воведување на повисоки пазарни стандарди кои се бараат од странските


БИЗНИС ИНФО

8

АКТУЕЛНО трговци. Поддршка ќе се даде преку кофинансирање на трошоците и повисоки субвенции за 20% (февруари 2012-2015 година), а воспоставен е и Агро-советот како постојан форум на дијалог меѓу јавниот и приватниот сектор за политиките наменети за земјоделците и преработувачите. Земјоделските субвенции годинава се зголемени за 12 отсто и изнесуваат 113 милиони евра АКЦЕНТ НА СТОЧАРСТВОТО ГРАДИНАРСТВОТО

И

Владата на Република Македонија ја донесе годинашната Програма за финансиска поддршка на земјоделството вредна 6,23 милјарди денари или 113 милиони евра. Како што соопшти на пресконференција вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, направени се измени во дизајнирањето на субвенциите кои се поголеми од лани за 12 отсто, при што поголем акцент е ставен на сточарството и градинарството. Програмата содржи вкупно 37 мерки, но секаде се следи

стратегискиот правец, да им се посочи на земјоделците кон кои култури повеќе да се фокусираат. Од проектираните средства, 3,49 милијарди денари се за растително производство, 2,3 милијарди се наменети за сточарството, а 130 милиони денари се за органско производство. - Освен покачување на средствата, додадени се и нови мерки, во сточарството дополнително субвенционирање за задржување женски грла со цел зголемување на основните стада, а во градинарството првпат се прави категоризација по одделни култури врз основа на четири критериуми, цената на семенскиот материјал, технолошката интензивност, трудоинтензивноста и учеството на производот во извозот, истакнал Пешевски, а го цитира МИА. Категоризации има и во преработувачката индустрија, како и во овоштарството, првпат се воведуваат субвенции за предадено овошје во индустриските капацитети и производство на јагоди во затворен простор, а се зголемува поддршката во делот производството и употребата на сертифицираното семе и саден материјал, како и во производството на сточна храна и пченка.

четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

Како дополнителните мерки, за развој на земјоделството, се планирани 35 милиони денари за помош за премии за осигурување, три милиони денари за заштита на земјоделско земјиште, уште толку помош на одредени категории

носители на земјоделско земјиште, осум милиони денари за помош во сточарскиот сектор, и 16 милиони денари за воведување повисоки стандарди за квалитет. Следната програма за финансиска поддршка на земјоделството ќе биде тригодишна. Нејзината прва драфт верзија, најавил вицепремиерот Пешевски, се очекува да биде изготвена до почетокот на мај и да се донесе најдоцна до септември или октомври 2012 година.


четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

БИЗНИС ИНФО

9

ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО

Целосно ќе се исплати втората фаза од кредитната линија во вредност од 50 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) до 24 овој месец

така, се добива полиса, рекол Идризи и додал дека МБПР само во делот на осигурување има раст од 450 проценти.

ПАРИ ЗА 200 ПРОЕКТИ СО КОИ ЌЕ СЕ ОТВОРАТ 1.200 РАБОТНИ МЕСТА

ПроКредит Банка Македонија „ФИЧ“ ГО ПОТВРДИ КРЕДИТНИОТ РЕЈТИНГ ББ+

Во декември 2011 година се исплатени 23,3 милиони евра од првата транша од втората фаза од кредитната линија во вредност од 50 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ). Втората транша од 26,7 милиони евра 100-процентно ќе се исплати до 24-ти овој месец. Ова го најави министерот за економија Ваљон Сарачини по средба со првиот оперативен директор на МБПР, Кенан Идризи и со раководителот за кредитирање во банката, Александар Станојковски во неговиот кабинет. Целта на нивната средба, како што посочил, била да го известат за спроведувањето на втората фаза од кредитната линија во вредност од 50 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ). - Од првата транша дури 73 отсто, односно 16,8 милиони евра се за инвестициски проекти, додека останатите 27 отсто или 6,5 милони евра се за трајни обртни средства со рок на отплата од три години. Одобрените средства се за скоро 200 проекти од кои според анализите на МБПР ќе се отворат околу 1.200 нови работни места. Најголем дел од проектите се во областа на производството и трговијата, потоа следи транспортот и услугите и на крај образованието, рекол Сарачини, а го цитира МИА. Тој нагласи дека Министерството за финансии во соработка со МБПР е во преговори со ЕИБ во наредните месеци да се одобри и третата фаза од 100 милиони евра и оти се надева дека динамиката од втората фаза ќе продолжи и кога ќе бидат одобрени 100-те милиони евра. Според него, добро е што имало голем интерес и одѕив кај компаните за кредитната линија на ЕИБ, бидејќи условот за одобрување на кредитната линија бил најмалку 70 отсто од средствата да бидат искорист��ни. - Кај нас веќе 100 отсто од средствата се искористени, подвлекол Сарачини. На средбата станало збор и за зајакнување на активностите на МБПР во однос на промовирање на нивните производи со цел бизнис заедницата да биде во тек со се што нуди МБПР, како и за финансиската помош што банката им ја дава на извозно ориентираните компании и кредитните линии наменети за нив, извозниот факторинг, осигурувањето на кредитите за извоз на производи, како и

другите кредити. Александар Станојковски појасни дека условите за кредитирање во втората фаза одеа во насока на продолжување на рокот за отплата и оти оценката на прооектите покрај во деловната банка каде што се аплицира за кредитот се врши и во МБПР и во ЕИБ, а потоа се оди на исплата. Може да се аплицира во 11 деловни банки. - Во првата фаза рокот на отплата за мали и средни компании беше до пет години, сега е до осум години со вклучен грејс период од две години. Во втората фаза има три кредитни линии - за поддршка на мали и средни претпријатија со рок на отплата до осум години со вклучен грејс период од две години, ако е само за поддршка на трајни обртни средства рокот на отплата е до три години со вклучен грејс период од шест месеци, ако се работи за приоритетни проекти на компании кои се со повеќе од 250 вработени рокот на отплата е до осум години со вклучен грејс период од две години, посочил Станојковски. Во делот на извозот веќе се нуди кредитна линија која што може да се реализира преку деловните банки или директно преку МБПР. - Каматната стапка е иста 6 проценти фиксна со тоа што доколку се оди преку банките учеснички износот е до 2 милони евра, а, пак, доколку се оди директно преку МБПР износот е милион евра. Веќе е поддржана првата компанија директно преку МБПР, рекол Станојковски. Првиот оперативен директор на МБПР Идризи истакнал дека иако било планирано да се исплатат 70 отсто од средствата од кредитната линија од 50 милиони евра до 24 февруари 2012 година ќе бидат исплатени 100 отсто. Од апликантите, како што истакнал, немало ниту еден процент одбиени бидејќи деловните банки добро ги имале селектирано клиентите и условите што треба да ги исполнат. - Во јануари годинава почнавме директно да исплаќаме за факторинг и веќе имаме најмалку десетина компании што го користат факторингот. Имаме и друг производ што го воведовме пред три години - извозно осигурување кое нуди многу предности, а воведовме и домашно осигурување на побарувања со кое, исто

Меѓународната рејтинг агенција „Фич” го потврди кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка Македонија со оценка ‘ББ+’. - Во 2012, како година со големи предизвици за сигурноста и стабилноста на финансиските институции ПроКредит Банка е прва банка во Македонија, на која „Фич“ и` додели кредитен рејтинг уште во 2005 година и оттогаш е единствена банка во Македонија со кредитен рејтинг. Во 2012 година рејтингот со оценка ББ+ е воедно кредитниот рејтинг на Македонија, кој има влијание врз рејтингот на финансиска институција од Македонија, се наведува во соопштението од Банката. Индивидуалниот рејтинг на ПроКредит Банка, како што се наведува во соопштението, е резултат на позитивните бизнис-резултати на банката меѓу кои квалитетот на кредитното портфолио и релативно нискиот степен на кредити во доцнење споредено со нивото на банкарскиот сектор, солидната капитална адекватност, високиот степен на ликвидност и диверзифицираната депозитна база. Дополнително за ваквиот рејтинг значајна е и поддршката од акционерите, пред се` ПроКредит Холдинг - доминантниот сопственик на ПроКредит Македонија, со седиште во Фракфурт Германија.


10

ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО - Да се има добар рејтинг е важна карактеристика за работењето на една институција. Потврдата на рејтингот ја рефлектира стабилноста и сигурноста на ПроКредит Банка, што е од особено значење за клиентите, штедачите и кредитобарателите. Во голема мера е резултат на одговорното работење на банката, кредитната технологија и експертизата за проценка на ризикот уште во неговата рана фаза. Одржувањето на овој рејтинг е добар сигнал за позитивната перспектива во работењето на банката, вели Јованка Јолеска Поповска, генерален директор на ПроКредит Банка Македонија, а ја цитира МИА. „Фич” е глобална рејтинг агенција, која спроведува независни оценки на кредитниот рејтинг според меѓународни споредливи стандарди. Кредитниот рејтинг претставува унифицирана меѓународна мерка која дава севкупна оценка на сигурноста и стабилноста на финансисиката институција во даденото макроекономско опкружување.

БИЗНИС ИНФО ОБУКИ Семинар во Стопанската комора на Македонија ПРАВИЛНО ТОЛКУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ

Во Стопанската комора на Македонија на 13 и 14.02.2012 година се одржа дводневен семинар на тема: „Финансиски извештаи, нивното „правилно“ толкување, финансиско планирање, методи за вреднување на инвестиции и проекти, вреднување на сопствениот капитал и компанијата“. Целта на овој семинар беше да се даде одговор на прашањата за тоа како да се испланира работењето на компанијата за новата работна година, а согласно извештаите и оценките на резулататите од работењето во годината која изминала, односно да се даде одговор на прашањата дали проектите кои се реализирале носат заработувачка, колкав е профитот од нивното спроведување и дали истиот е исплатлив? Притоа, детално беше објаснето Шпаркасе доделува стипендии за што претставува временска димензија на најдобрите од Југоистокот парите и вреднување на инвестициите НАЈДОБРИТЕ ОДАТ НА УСОВРШУВАЊЕ ВО (Нето сегашна вредност; Интерна стапка АВСТРИЈА на рентабилност и Праг на рентабилноста); елементи, функција и анализа на Австриската групација Штаермеркише шпаркасе во соработка со Универзитетот во Грац ја иницира Програмата „Најдобрите од Југоистокот” за доделување едногодишни стипендии за усовршување и стажирање на студенти и дипломирани лица од областа на економијата, од Словенија, Хрватска, Б и Х, Србија, Црна Гора и Македонија. Целта на оваа програма е да се унапреди образованието, меѓународно искуство и пред се` влезот во професионалниот свет на студентите и дипломираните кадри. Најдобрите кандидати избрани од секоја од земјите учествуваат на финалниот избор во Грац. Во зависност од исполнувањето на критериумите се избираат 10 добитници на стипендии за обука или стажирање во траење од 1 година во Грац, Австрија. Рокот за доставување на апликациите е до 9 март 2012 година, додека најдобрите тројца кандидати од Македонија ќе бидат познати на крајот од април. - Креиравме механизам што треба да ги афирмира младите талентирани личности и да им помогне да добијат јавно признание за својата работа, - изјави Срѓан Крстиќ, претседателот на УО на Шпаркасе банка.

четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

финансиските извештаи (хоризонтална и вертикална анализа, анализа на финансиски показатели на ликвидност; задолженост; користење на средствата и на профитабилноста); вреднување на сопствениот капитал и вреднување на компании (Долгорочно финансиско планирање, анализа на трошоци на финансирање)како и анализа и решавање на практични примери со заемно учество на предавачите и учесниците на семинарот. Сето ова беше презентирано од страна на стручни лица во областа на економијата и финансиското работење со долгогодишно искуство во оваа област

: професорот д-р Панче Јовановски, и асистентите м-р Славко Гавриловски и м-р Васко Богдановски. Учесниците на семинарот, претставници од македонските компании, добија соодветен сертификат. А. Митревска


четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

Владата на Република Македонија проглaси електроенергетска кризна состојба, но го смирува бизнис-секторот и домаќинствата ДОДЕКА ИМА МОЖНОСТИ ЗА ШТЕДЕЊЕ НЕМА ДА ИМА РЕСТРИКЦИИ И ПОВИСОКА ЦЕНА

БИЗНИС ИНФО Пешевски и Сарачини апелираа до граѓаните да ги преземат сите мерки за намалување на потрошувачката на електричната енергија. - Нема простор за паника и загриженост за сериозно нарушување на електроенергетскиот систем, но сите граѓани, домаќинствата и компаниите

Стопанска комора на Македонија Владата прогласи електроенергетска кризна состојба во државата, со препораки за штедење, но засега нема рестрикции и најава за зголемување на цената на струјата, објавија на прес-конференција вицепремиерот за економски прашања и министерот за економија, Владимир Пешевски и Ваљон Сараќини со раководството на ЕЛЕМ и МЕПСО (13.2.2012 година). Одлуката за кризната состојба е заради појава на сериозно нарушување на функционирањето на електроенергетскиот систем и неможноста за негова функционална одржливост, недостаток на електрична енергија во системот проследен со неможност за увоз, екстремно ниски коти на акумулациите заради континуирано неповолните хидромеоролошки услови, како и екстремно зголемување на потрошувачката на електричната енергија поради ниските температури во континуитет, ја појаснил Пешевски Oдлуката што ја донесе Владата на седницата на 12.02.2012 година вечерта, кога воедно одлучи до 29 февруари 2012 година да го ограничи извозот на струја произведена во државава. Според Пешевски, какао што пренесува МИА, сигурно ќе се настојува домаќинствата да бидат заштитени и кај нив нема да се дозволат рестрикции. Предупреди дека може да се случи да има големи испади на електроенергетските водови за чие санирање ќе треба време, но како што истакнал, тоа не треба да се сфати како рестрикција.

ПОСКАПАТА СТРУЈА ЌЕ ГИ ПОКАЧИ ТРОШОЦИТЕ НА ПРОИЗВОДСТВОТО! Влошените временски услови (студеното време, проследено со ниски температури и зголемените врнежи од снег кои го отежнуваат сообраќајот), се одразуваат и на работата на македонските компании. Владата од своја страна презема мерки со кои ќе се обиде да ги амортизира штетите, односно да ги обезбеди зголемените потреби од електрична енергија. Oбјавена e Одлуката на Владата на РМ за времено запирање на извоз на електрична енергија произведена од домашни субјекти, со траење до 29 февруари 2012 година. Недостиг од електрична енергија, во регионот и пошироко во Европа, како и мерките кои ги презедоа соседните земји за забрана на извоз на струја, услови драстично зголемување на цената на електричната енергија од увоз. Ова најмногу го чувствуваат големите, квалификувани потрошувачи на електрична енергија, кои според информациите од компаниите-членки на Стопанската комора на Македонија, во последниве денови набавуваат струја по цена повисока за над 30 проценти. Ваквата состојба, велат во компаниите, наведува на фактот дека поскапата струја ќе ги зголеми производните трошоци. Менаџерите на големите индустриски капацитети укажуваат дека веќе е присутно одложување на дел од производствените процеси, односно сведување на технолошки минимум на дел од производните линии, се` до надминување на проблемот со недостиг од електрична енергија. Оптимистичките прогнози на дел од компаниите се дека оваа состојба со цената на струјата би се надминала со подобрување на временските прилики.

11

ФОКУСИРАНО треба да имаат одговорност, - укажал Пешевски. Дополнителните мерки за штедење што ги утврдила Владата, информира Сараќини, опфаќаат исклучување на сите светлечки реклами, сведување на минимум на осветлувањето на улиците, плоштадите и другите објекти, како и забрана за употреба на струја за дополнително загревање. Според генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, има сериозен недостиг на електрична енергија, но се` додека има можност за штедење нема зголемување на цената на струјата. Во случај на потреба ќе биде ангажирана и ТЕЦ „Неготино“. Со нејзин целосен ангажман нема да има проблеми во снабдувањето на тарифните потрошувачи.

Врвни признанија за вината на ВВ „Тиквеш“ на саем во Израел „МУСКАТ ОТТОНЕЛ“ СО ЗЛАТО, А „АЛЕКСАНДРИЈА КУВЕ“ БЕЛО И „ВРАНЕЦ СПЕЦИЈАЛ СЕЛЕКШН“ СО СРЕБРО Виното „Мускат Оттонел“ на винарската визба „Тиквеш“ на саемот „Теравино“ во Израел доби златен медал, а вината „Александриа Куве“ бело и „Вранец Специјал Селекшн“ од бербата 2010 година добија сребрен медал. Признанијата вината на ВВ „Тиквеш“ ги добија во конкуренција на вина од над 30 земји во светот, кои беа

оценувани од меѓународно стручно жири. - Последните награди што ги добија нашите вина се уште една потврда за ефектите од нашите напори и инвестиции во создавањето вина со врвен квалитет. Вината на ВВ „Тиквеш“ се конкурентни, а нивниот квалитет е веќе јасно препознаен и на домашниот, но и на странските пазари. Оваа награда ни отвора нови можности за поинтензивен пласман на пазарите во странство, на што сме целосно посветени, вели Игор Илиевски, генерален директор на ВВ „Тиквеш“, а го цитира МИА. Саемот „Терравино“, што се одржува во Израел од 2006-та година, е под


12

ФОКУСИРАНО покровителство на престижниот француски Институт за вино ОИВ со седиште во Париз. Вината ги оценува стручно жири, составено од меѓународни експерти, предводени од професорот Раул Кастелани. Неодамна црвеното вино „Бела Вода“ – 2010 беше оценето со високи 94 поени од страна на светски познатиот вински критичар Роберт Паркер, по што се отвори можност за извоз на вината на ВВ „Тиквеш“ на американскиот пазар и нивен пласман во категоријата на врвни вина. Виното „Бела Вода“ - 2010 е единственото вино од регионот кое има добиено високи 94 поени од Паркер. Избрани за наградата „Најдобар промотор на Македонија” преку социјалната мрежа „Фејсбук“ МЕЃУ ЛАУРЕАТИТЕ И СИМОН ТРПЧЕСКИ Симон Трпчески во категоријата уметност и наука, Љупчо Јузмески во категоријата туризам, извоз и претприемништво, Македонската кошаркарска репрезентација во категоријата дипломатија од добра волја и Александар Богатинов кој освои најголем број гласови од јавното гласање, се лауреатите за наградата „Најдобар промотор на Македонија” во 2011 година. Ова е резултатот од четиримесечното гласање на социјалната мрежа „Фејсбук“ и од гласањето на жирито. Наградите ќе бидат доделени на 14 март годинава.

Годинава кога се прославуваат две децении од осамостојувањето на Република Македонија, жирито реши да даде три еднакви награди за животно дело, на Вирџинија Еванс, Градимир Панков и Симон Трпчески за своите многугодишни, врвни достигнувања и дејност. Додатни награди, признаени од организаторите, им се доделени на Никола Маџиров екстра статутарна Награда доделена од „Нова Македонија“, Македонската кошаркарска репрезентација - екстра статутарна Награда доделена од Канал 5 Телевизија, Симон Трпчески - екстра статутарна Награда доделена од „Капитал Медиа Груп“, Игор Киров - екстра статутарна

БИЗНИС ИНФО Награда доделена од проектот „Маcedonia loves you“, Лутс Домел - екстра статутарна Награда доделена од кампањата „Маcedonia 20” . На сите учесници во изборот ќе им се доделат соодветно медали, дипломи за благодарност и почесни признанија за се` што имаат направено за Македонија. Наградата за 2011 година е организирана вторпат во рамките на проектот „Маcedonia loves you“. Нова Македонија, Капитал Медиа Груп и Канал 5 Телевизија се медиумски партнери и воедно коорганизатори на изборот. Медиумска поддршка „Наградата“ доби и од Македонската информативна агенција - МИА, МРТ и магазинот на дијаспората UMD VOICE. Проектот е отворен и за други заинтересирани медиумски партнери. Изборот е јавен и се организира секоја втора година. Од јули 2010 година до почетоков на февруари 11.543 лица од Австралија ја посетиле Македонија СЕ ИНТЕНЗИВИРААТ ВРСКИТЕ ВО ТУРИЗМОТ Портпаролот на австралиското Министерство за имиграција објави дека од јули 2010 до февруари 2012 година, 11.453 лица од Австралија ја посетиле Република Македонија, како туристи, а според другите објавени податоци, во изминатиот период 256 луѓе од Македонија се иселиле во Австралија. Министерството за имиграција објави дека минатата година 120 македонски студенти добиле студентска виза за продолжување на своите студии во Австралија и 1.621 македонски државјани ја посетиле Австралија како туристи или за службени потреби. Почесниот конзул на Република Македонија Зоран Ќосески подвлекува дека ова е добар почеток за развој на туризмот меѓу Австралија и Македонија. Како што објавува МИА, конзулот Ќосески се сретнал и со секретарот на австралиското Министесрство за имиграција Мартин Боњлес, како и со директорот на ова министерство Пета Дунн, при што ги запознал со културниот развој на македонската заедница во Австралија, како и за нејзините напори за зачувување на јазичниот и културниот идентитет во рамките на мултикултурна Австралија. Побарал владина поддршка за проектите на културен план на македонската заедница.

четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

Угостителските објекти од утре ќе работат еден час повеќе НАМЕСТО ДО 12 НА ПОЛНОЌ ДО 1 ЧАСОТ ПО ПОЛНОЌ Угостителските објекти од 15.февруари 2012 година согласно Законот за угостителска дејност ќе работат еден час повеќе, односно наместо до 12 на полноќ до 1 часот по полноќ.

Сите угостителски објекти за исхрана со вакво работно време ќе бидат до 31 август кога се скратува работното време за еден час. Од Државниот пазарен инспекторат најавуваат засилени контроли за почитување на работното време и за Законот за заштита од пушењето. Трговската размена на земјава со Германија лани ја достигна сумата од 1,34 милијарди евра МАКЕДОНИЈА СО РЕКОРДЕН ИЗВОЗ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ПЕТ ГОДИНИ Стопанската соработка меѓу Германија и Македонија во 2011 година беше повеќе од успешна. Трговската размена достигна 1,34 милиони евра. Германија реализираше 870,48 милиони евра увоз од Македонија, а извезе стока и услуги во вредност од 474,44 милиони евра, соопшти Унијата на германски комори за индустрија и трговија во Македонија. Според најновите податоци од Сојузното министерство за економија и технологија, Македонија лани постигна најголем извоз во споредба со изминатите пет години. Директорот на Германската стопанска комора во Македонија Михаел Шмит посочува дека Германија традиционалено е еден од најголемите трговски партнери на Македонија. - Изминатата година се случија значајни инвестиции во автомобилската индустрија, но се зајакна и соработката во текстилна индустрија, за која германскиот пазар е најзначаен во однос на извозот. Сите овие фактори претставуваат позитивен биланс на македонскиот извоз кон Германија. Особено радува фактот дека и оваа година почна со нови германски ивенстиции во Македонија кои во идните


четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

години ќе донесат нови работни места и позитвно ќе влијаат на македонскиот извоз, вели Шмит, а пренесува МИА. Минатата година Германија извезе во Европа производи и услуги во вредност од 627 милијарди евра, а оствари 572,6 милијарди евра увоз, што е 13,8 отсто повеќе во споредба со 2010 година.

Предвидени 2,5 милиони евра за кредитирање на невработените за отпочнување бизнис ЗА СЕКОЕ ОТВОРЕНО РАБОТНО МЕСТО ПО 3.000 ЕВРА Невработените лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис тоа можат да го сторат преку проектот за самовработување со кредитирање, за што ќе можат да аплицираат од 11 овој месец до 2 март 2012 година, во работните клубови на 30те центри за вработување во Македонија. За реализација на проектот што го спроведува Владата преку Агенцијата за вработување, предвидени се околу 2,5 милиони евра, кои ќе бидат наменети за околу 500 бизниси.

- За дејности од помал обем за секое новоотворено работно место предвидени се по 3.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 3 работни места, односно 9.000 евра. За дејности со поголем обем за кредитобарателот 5.000 евра, за најмногу 5 вработени по 3000 евра. Грејс период за враќање на средствата од кредитот е една година, а каматната стапка од 1 отсто на годишно ниво, истакнал на прес-конференција министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, а пренесува МИА. Невработените кои сакаат да аплицираат за добивање ваков кредит треба да дадат гаранција за поврат на средствата со хипотека во однос 1:1, најмалку еден кредитоспособен жирант или рачен залог во однос 1:2 на одобрениот кредит. Исто така, предвидено е сопствено учество на кредитобарателите во висина од 25 проценти од кредитот во вид на опрема, предмети или пари. Дополнителни стимулативни средства во висина од 1.000 евра се предвидени доколку се вработи лице кое е невработено по однос на стечај, ликвидација или технолошки вишок. Министерот за труд и социјална

БИЗНИС ИНФО политика појаснил оти овој проект почнал да се спроведува во 2008 година, со кој на невработените им се дава можност за почеток на бизнис. Во рамки на проектот досега се поддржани 3.653 кредитобаратели, за вработување за 4.257 лица, а одобрена исплата на кредитни средства во износ од околу 12 милиони евра. Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски додал дека досегашните анализи покажале оти околу 80 проценти од започнатите бизниси се` уште функционираат. Оглас на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ПОД ЗАКУП 95,9 ХЕКТАРИ ДРЖАВНО ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО БОГДАНЦИ Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави оглас за давање под закуп 95,9 хекатри државно земјоделско земјиште во Богданци. Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Физичките лица, соопштуваат од МЗШВ, треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и да се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. На огласот можат да аплицираат и трговци поединци, но услов е ним земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност. Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавниот оглас доколку имаат регистрирано подружници во Република Македонија. Лицата кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина за претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост немаат право да учествуваат на огласот, исто како и правните лица за кои е отворена стечајна постапка.

Законска можност да аплицираат за овој оглас немаат ниту непрофитните организации. Заинтересираните физички и правни лица со апликацијата, должни се да достават и понуда за износот на годишната закупнина. Понудите по овој јавен оглас заинтерсираните треба да го достават

13

ФОКУСИРАНО до МЗШВ во рок од 20 дена од денот на објавувањето на истиот. Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето со овој оглас, за подигање на маслинарници е за период до 50 години, а за подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години. За спортско-рекреативни активности и за рурален туризам, огласените површини ќе се даваат под закуп до 30 години, за рибници до 20 години. Петнаесет години, согласно критериумите во огласот, е предвидено да изнесува времетраењето на закупот на државното земјоделско земјиште за одгледување на други земјоделски култури и за ливади. Заинтересираните субјекти увид во податоците за секоја површина од земјоделското земјиште кое се нуди со овој оглас можат да извршат на огласна табла во подрачната единица во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Гевгелија, која е надлежна за огласената површина. Образецот за учество на јавниот оглас заинтерсираните субјекти може да го подигнат во подрачните единици на Министерството. Повеќе информации може да се добијат на телефонот на МЗШВ 02 313 44 77 или на веб страницата www.mzsv.gov. mk. Индустриската зона „Жабени“ крај Битола ПРОДАДЕНИ 16 ПАРЦЕЛИ, ГРАДБАТА НА ФАБРИКИТЕ ПОЧНУВА НАПРОЛЕТ Во индустриската зона „Жабени“ на спроведеното јавно електронско наддавање, продадени се 16 парцели чии сопственици се три компании од Австралија, една германско-грчка, а останатите се инвеститори од Македонија. Од нив, 15 парцели ќе бидат наменети за објекти од индустријата, а една е за комерцијални цели. - Продадено е земјиште со површина од 9,2 хектари кое заедно со претходната продажба значи дека во индустриската зона „Жабени“ досега се продадени околу 34 хектари или над 60 отсто од предвидените површини за изградба на фабрики и други стопански објекти, соопштил Владимир Талески, градоначелник на општина Битола, а пренесува МИА. Во индустриската зона „Жабени“ свој бизнис ќе може да почнат 24 инвеститори кои изградбата на објектите ќе ја почнат напролет според критериумите на општина Битола за да ги искористат и поволностите предвидени со условите за продажба на парцели во таа зона, посочил битолскиот градоначалник.


14

СТАТИСТИКА Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар НА МЕСЕЧНО НИВО РАСТ ОД 0,1 ОТСТО Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.1 % на месечно ниво и за 5.1% на годишно ниво. Во јануари 2012, во споредба со декември 2011, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 0.6%.

БИЗНИС ИНФО претставува зголемување за 122.0% . Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 248.5%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 5.7%. Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај индустриските, градинарските и фуражните растенија, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото, млечните производи и рибата, додека кај житата, овошјето, грозјето и добитокот се забележува намалување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи.

четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

МЕЃУНАРОДНА СТАТИСТИКА Евростат ги рангира нај(не)задолжените земји во ЕУ ЕСТОНИЈА, БУГАРИЈА И ЛУКСЕMБУРГ НАЈЛЕСНО ДИШАТ Естонија, Бугарија и Луксембург се меѓу најнезадолжените држави од ЕУ во однос на БДП, додека Грција, Италија, Португалија и Ирска се меѓу најзадолжените, објави Евростат.

Туризам БРОЈОТ НА СТРАНСКИ ТУРИСТИ ЛАНИ ПОРАСНАЛ ЗА ЧЕТВРТИНА

Во јануари 2012, во споредба со јануари 2011, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 11.2%, во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 6.1%, во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.6%, во групата Капитални производи за 0.5% и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0.4%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2011 година изнесува 32 867, а бројот на ноќевањата изнесува 62 948. Бројот на туристите во декември 2011 година, во однос на декември 2010 година, е намален за 4.4%, а бројот на ноќевањата е намален за 2.0%. Бројот на домашните туристи во декември 2011 година, во однос на декември 2010 година, е намален за 16.5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 10.4%.

Откуп и продажба на земјоделски производи ПАЗАРНИТЕ ВИШОЦИ ВО ДЕКЕМВРИ 1,6 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во декември 2011 година изнесува 1 599 883 илјади денари што во споредба со декември 2010 година

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2011 година, во однос на декември 2010 година, е намален за 12.3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 10.4%. Во периодот јануари-декември 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10.5% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.4%, а кај с��ранските има зголемување за 25.1%.

Најголем однос на долгот спрема БДП во крајот на третото тримесечjе е регистриран во Грција (159,1 отсто), Италија (119,6 отсто), Португалија (110,1 отсто) и Ирска (104,9 оотсто), а најнизок во Естонија (6,1 отсто), Бугарија (15 отсто) и Луксембург (18,5 оотсто), објавено е на сајтот на Евростат. Во апсолутен износ, а не како процент во однос на БДП, државниот долг во еврозоната е 8,191 трилиони евра. Бројот на невработени во Грција надмина еден милион СЕКОЈ ПЕТТИ РАБОТОСПОСОБЕН НА УЛИЦА Бројот на официјално регистрирани невработени лица во Грција ја надмина бројката од еден милион, покажуваат објавените податоци на Грчката агенција за статистика (Елстат). Според податоците на Елстат, на крајот на ноември минатата година во Грција имало 1,029 милиони невработени лица, што претставува 20,9 отсто од вкупното работоспособно население во државата.


четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

Во октомври 2011 година бројот на невработени во Грција беше за 126.062 помал, при што стапката на невработеност изнесуваше 18,2 отсто, додека во ноември 2010 година во земјата имаше 692.577 невработени лица, односно 13,9 проценти од работоспособното население. Грчката Влада за 2012 година предвидува стапката на невработеност да изнесува 17,1 отсто. Податоците на Елстат покажуваат дека речиси половина од Грците на возраст од 24 до 48 години се без работа. Според грчките синдикати, причина за ваквата состојба со невработеноста се мерките за штедење што ги спроведува грчката Влада под притисок на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд. Странските инвестиции во Романија намалени за 13,6 проценти СТРАНСКИТЕ АМБАСАДИ ГО ВПЕРУВААТ ПРСТОТ КОН ПРАВОСУДСТВОТО Директните странски инвестиции во Романија во 2011 година се намалени за 13,6 проценти во однос на 2010-та, поради забавувањето на растот на светската економија, соопшти Националната банка на Романија (БНР). - Вредноста на директните инвестиции во Романија изнесуваше 1,92 милијарди евра, што е пад од 13,6 проценти во однос на претходната година, се наведува во соопштението на Банката. Според портпаролот на БНР Мугур Стет, падот во најголема мера се должи на глобалните економски тешкотии. Неколку странски амбасадори во Букурешт, во изминатите месеци укажаа на потребата за унапредување на работата на правосудниот систем со цел привлекување на странски инвеститори.

БИЗНИС ИНФО - Во однос на економијата, 2012 годна ќе биде тешка година, изјави романскиот министер за правда на почетокот на годината. Тој истакна дека инвестициите се потребни, но за да се привлечат неопходно е судството да биде храмонизирано, а судските процеси да бидат извршувани во разумен рок. Европската унија врши контрола над Романија во однос на ефикасноста во борбата против корупцијата во земјата. Романија оствари економски раст во 2011 година по две години рецесија. Намалено индустриското производство во еврозоната во декември УШТЕ ЕДЕН ПОКАЗАТЕЛ ДЕКА ЕВРОЗОНАТА ВЛЕГУВА ВО РЕЦЕСИЈА Индустриското производство во 17-члената еврозона во декември се намали за 1,1 отсто, се наведува во официјални податоци што според аналитичари е уште еден показател дека таа монетарна унија навлегува во рецесија.

Евростат соопшти дека во декември индустриското производство во зоната на еврото се намалило за 1,1 отсто по стагнација во ноември, додека аналитичари прогнозираа пад од 1,2 отсто. Податоци за ЕУ покажуваат дека индустриското производство истовремено

15

СТАТИСТИКА се намалило за 0,6 отсто по стагнација во ноември. Стапката на невработеност во декември во развиените земји НА ИСТО НИВО СО НОЕМВРИ Стапката на невработеност во развиените земји лани во декември остана непроменета во однос на претходниот месец, на 8,2 проценти, соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Во земјите-членки на Организацијата во декември имало околу 44,6 милиони невработени, што е за еден милион помалку во однос на декември 2010 година, но за 13,5 милиони повеќе споредено со истиот месец во 2007 година. Невработеноста во земјите од еврозоната во декември, исто така, останала непроменета во однос на претходниот месец, на 10,4 проценти, што значи дека и натаму останува на рекордно ниво од почетокот на глобалната финансиска криза во 2008 година. Најголема невработеност меѓу овие земји е регистрирана во Шпанија, која се соочува со стапка од 22,0 проценти. По неа, следат Португалија со 13,6 проценти и Словачка со 13,4 проценти невработеност. Во Германија во последниот месец од минатата година е забележано незначително намалување на невработеноста од 0,1 процентни поени на 5,5 отсто. Податоците за невработеноста во јануари укажуваат на продолжување на трендот од 2011 година во северноамериканските земји, соопшти ОЕЦД. Во САД веќе петти месец по ред е забележан пад на невработеноста на 8,3 проценти, додека во Канада стапката на невработеност продолжува да се зголемува и во првиот месец од годината достигна 7,6 проценти.


16

ЕВРОПСКА УНИЈА ЕУ подготвува санкции против Шпанија поради дефицитот ДОЦНЕЊЕ ВО СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРОГИТЕ МЕРКИ НА ШТЕДЕЊЕ Европската унија веројатно до мај ќе преземе мерки против новата Влада на Шпанија поради доцнење во спроведувањето на строги мерки на штедење пред регионалните избори идниот месец. Иако конечната одлука за тоа се` уште не е донесена, Европската комисија смета дека новата шпанска Влада го преценила показателот на дефицитот во 2011 година, за да може цифарата за оваа година да изгледа помала. Шпанија, освен тоа, недоволно брзо го решава проблемот на влошување на јавни финансии кои се очекуваат во 2012 година, загрозувајќи го со тоа економскиот раст во долгорочна перспектива, укажаа сите тројца високи претставници на ЕУ.

На прашањето дали еврокомесарот на ЕУ за економски и монетарни прашања Оли Рен ќе преземе мерки и ќе предложи 27 министри за финансии да воведат санкции против Мадрид, еден од претставниците одговори оти „тоа е многу веројатно“. - Тоа не е она што го сакаме, но ако постои нарушување, а тоа е речиси неизбежно, тогаш ќе мораме тоа да го сториме, рече тој претставник, кој побара анонимност. Франција оствари рекорден извоз на вино и жестоки пијалaци ЕВРОПА ОСТАНУВА ГЛАВНИОТ ПАЗАР Франција во 2011 година оствари рекорден извоз на вино и жестоки пијалaци, откако вредноста на извозот достигна над 10 милијарди евра, што претставува годишен раст од 10,5 проценти, соопшти француската Федерација на извозници на вино и жестоки пијалaци. Благодарение на суфицитот од 8,6 милијарди евра, виното и жестоките пијалоци имаат најголем придонес во францускиот трговски биланс, веднаш по аеронаутичката индустрија, соопшти Федерацијата. Претседателот на Федерацијата Луј Фабрис Латур изјави дека вредносниот

БИЗНИС ИНФО раст на извозот во голема мера е резултат на растот на цените за 10,5 проценти, отколку во зголемувањето на обемот на извозот од 2,5 проценти.

Извозниот пазар продолжи да расте и во 2011 година оствари профит поголем од една милијарда евра. Европа остана главниот пазар за француското вино и жестоки пијалaци, со вредносен извоз од 4,1 милијарди евра, што е раст од три проценти во 2011 година. Во Азија се извезени жестоки пијалaци во вредност од 2,5 милијарди евра, што е раст од 29 проценти, додека на американскиот континент се извезени пијалaци во вредност од 2,1 милијарда евра што е раст од девет проценти. Нови прописи на ЕУ за пазарот на финансиски деривати ЗАВРШУВА ЕРАТА НА СИВИ И НЕТРАНСПАРЕНТНИ СПОГОДБИ Официјални претставници на Европската унија и Европскиот парламент постигнаа спогодба за реформите за прописите за 700 билиони евра вредниот пазар на финансиски деривати, што ќе ја олесни контролата на еден од најнетранспарентните финансиски сектори. Новиот финансиски режим, кој би можел да почне да се применува до крајот на 2012 година, ќе го преуреди пазарот, кој беше во експанзија во текот на децениите пред економската криза и кој е обвинет за нејзиното продлабочување поради прикривањето на ризиците од регулаторите. Во рамки на новите прописи на ЕУ, банките, хеџ фондовите и другите купувачи и продавачи на деривати ќе бидат поттикнувани да се тргнат од нерегулираниот пазар на хартии од вредност, со кои не се тргува на официјалните берзи, а кои учествуваат со речиси 95 проценти од вкупната трговија со финансиски деривати. - Ерата на нетранспарентни и сиви спогодби е завршена, изјави Мишел Барние, еврокомесар за внатрешен пазар, кој е задолжен за пишување на овие долги прописи за реформи на финансискиот сектор. Во минатото беше вообичаено

четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

спогодбите, вредни повеќе милиони евра да не се објавуваат јавно и со деталите да бидат информирани само страните кои го постигнуваат договорот. Тоа ќе биде променето во рамки на новите прописи, со кои ќе се стандардизира најголемиот дел од трговијата со деривати, која ќе се одвива на отворените пазари и склучувањето на тие спогодби ќе биде одобрувано од еден центар, што ќе го олесни нивното надгледување. Главна цел на новите прописи е сите спогодби да бидат регистрирани, без разлика дали се постигнати на берзата или надвор од неа. Европските потрошувачи остануваат песисмистички настроени ГЕРМАНЦИ��Е СО НАЈВЕДРИ ЕКОНОМСКИ ОЧЕКУВАЊА Потрошувачите во повеќето европски земји и натаму стравуваат за економската ситуација, што значи дека многу од нив ги ограничуваат своите трошоци, покажа новото истражување за последното тримесечје од 2011 година, цитирано од сајтот „Ворк“. Анкетата е на нирнбершкиот институт за пазарни истражувања Ге еф Ка (GFK), што опфати 40.000 лица во 12 земји, кои вкупно претставуваат речиси 80 проценти од населението на ЕУ. Индексот на економски очекувања на институтот се намалил во речиси сите земји.

Најдобри се резултатите во Германија (-0,3 поени), а по неа се редат Шпанија (-3,6 поени) и Бугарија (-25,5 поени). Во соопштението на „Ге еф Ка“ се посочува дека потрошувачите во Бугарија не веруваат дека бугарската економија може да се дистанцира од тоа што се случува во Европа и затоа очекуваат економскиот раст да продолжи да паѓа во текот на следните месеци. Економските очекувања во земјата во моментот се на најниското ниво од мај 2009 година,забележува институтот. Најниски податоци за економските очекувања се забележени во Чешка (-63


четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

поени), Грција (-58,6 поени) и Португалија (-54,7 поени). -Новите спасувачки пакети, несигурноста за тоа што ќе се случи во Грција, Италија и Франција и перспективите за послаб економски развој во текот на 2012 година ги засилуваат стравувањата меѓу европските потрошувачи, посочува уште „Ге еф Ка“. Германците се најоптимистички настроени за своите плати, а показателот достигна 34 поени. Анкетираните Германци на тоа се поттикнати од продолжувањето на растот на економијата и покрај европската должничка криза. Шпанија е на второ место со -8,6 поена, а Австрија е на трето место со 19,7 поени. Грција е со најниски очекувања за платите ( -65 поени), следена од Италија (60,7 поени) и Франција (-60,4 поени). Индексот, што ја мерел „желбата да се купува“ достигнал највисока вредност во Австрија (35,6 поени), а по неа се неди Германија (27,4 поени), која досега секогаш беше на прво место во оваа категорија од септември 2008 година, посочува сајтот. Најмалку желба за купување има во Велика Британија (-54,8 поени), следат Португалија (-44,1 поени) и Франција (-29,8 поени).

БИЗНИС ИНФО да го направат тоа. Бројот на несилки сега опадна до 25 проценти, смета потпретседателот на чешкото Здружението за трговија и туризам, Мартин Дитмар. Според Дитмар, тоа резултираше и со зголемување на цената на јајцата за најмалку една третина. Должничката криза во еврозоната ќе трае цела 2012 година ИНВЕСТИТОРИТЕ СО ПОДЕЛЕНИ МИСЛЕЊА Должничката криза во еврозоната ќе трае во текот на целата тековна година, објавено е денеска во Брисел врз основа на анализите на инвеститорите специјализирани за пазарот на обврзници. Должничката криза ќе продолжи во оваа година, без значителни промени, сметаат 48 отсто анкетирани учесници на агенцијата за оценка на кредитниот рејтинг „Фич“. - Четвртина од инвеститорите се песимистични и сметаат дека ситуацијата ќе се влоши, додека останатата четвртина мислат дека ситуацијата ќе се подобри, а кризата ќе се реши, изјави извршната директорка на агенцијата „Фич кредит маркетинг“ Моника Инсол.

Чешка се соочува со недостиг од јајца заради препораките на ЕУ за зголемување на кафезите на несилките ВИСОКИТЕ ТРОШОЦИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА ГО ПРАВАТ ПРОИЗВОДСТВОТО НЕРЕНТАБИЛНО Во чешките супермаркети, посебно во оние на британскиот синџир „Теско“ во Прага, полиците каде што стојат јајцата се празни, јави дописникот на МИА од чешката метропола. Ниските температури предизвикаа пониска продуктивност на кокошките-несилки и тоа е причината за ограниченото количество на јајца, изјави портпаролката на „Теско„ во Чешка, Ева Карасова за порталот „Иднес.цз“. Според експертите пак, зад недостигот на јајца се крие подлабока причина. Тие сметаат дека зад тоа стои препораката на Европската унија за зголемување на кафезите во кои се чуваат кокошките-несилки. Според европската регулатива, производителите на јајца требаше до почетокот на годинава да ги зголемат кафезите на несилките кои се одгледуваат на фарми во внатрешни услови. - Проблемот е во високите трошоци за реконструкција и секако терминот од 01.01.2012 година, за кој фармерите имаа време, но немаа средства

Само околу два отсто од анкетираните веруваат дека кризата ќе заврши оваа година. Иако во декември потегот на Европската централна банка, која стави на располагање стотина милијарди евра заем на рок од три години, ја врати довербата на инвеститорите во кредибилитетот на деловните банки во еврозоната, голем број инвеститори се сомневаат дека тоа ќе има позитивно влијание врз регулирање на долговите во монетарната унија. ЕК сака да го намали бројот на вработени НА УДАР ЕВРОПСКИТЕ АГЕНЦИИ ВО ЦЕЛА ЕУ Европската комисија сака да го намали персоналот во агенциите што ЕУ ги има формирано во изминатите години, иако ваквите обиди на Брисел наидуваат на отпор од државите во кои работат овие институции. - Би сакал владите, кои бараат намалување на европската администрација

17

ЕВРОПСКА УНИЈА во Брисел, да покажат исти ставови и во однос на агенциите, истакна анонимен висок службеник на Еврокомисијата. Според него, најавеното петпроцентно намалување на вработените во европските институции во Брисел треба да се примени и за европските агенции во 17-те земји-членки на ЕУ. Иако, во принцип се согласуваат со промените, европските земји одбиваат да се намали бројот на службеници во европските агенции на нивна територија. Брисел со невозможна мисија ОБИД ДА СЕ СПАСИ РАТИФИКУВАЊЕТО НА АЦТА Меѓународниот договор за заштита на сопственоста на интернет (АЦТА) не претсатвува кривична мерка против приватни лица за незаконско симнување на информација од интернет, соопшти Европската комисија во обид да го спаси ратификувањето на Договорот од страна на земјите-членки на Европската унија и од Европскиот парламент. Кон крајот на месецов еврокомесарот за трговија Карел де Гухт пред Европарламентот ќе има излагање во одбрана на Договор за заштита на сопственоста на интернет. - Договорот во сегашната форма мислам дека не е посебно добар, истакна претседателот на ЕП, Мaртин Шулц. Договорот се однесува на заштита на сопственоста, чија цел, меѓу другото, е да ја заштити интелектуалната сопственост на интернет, потпишан на 26 јануари 2012 година во Токио. АЦТА е потпишан и од Европската комисија во име на Европската унија и 22 нејзини членки. Целта на Договорот меѓу ЕУ, САД, Јапонија, Канада, Ноз Зелнад, Австралија, Сингапур, Јужна Кoреја, Мароко,

Мексико и Швајцарија е и борба против фалсификувањето на секаков вид стоки до незаконско симнување на содржини од интернет. Противниците на АЦТА оценуваат дека со договорот се кршат слободите и правата на граѓаните на информации и содржините на интернет.


БИЗНИС ИНФО

18

СВЕТ Подготвен и доставен Проектот „Транс МАГРЕБ коридор“ за поврзување на земјите од Агадирската спогодба ВО ФУНКЦИЈА НА ПОДОБРУВАЊЕ НА ТРГОВИЈАТА ВО ЦЕЛИОТ МЕДИТЕРАН Секретаријатот на Медитеранската унија до своите членки достави проект за изградба на автопат „Транс - МАГРЕБ коридор“, со цел поголема интеграција меѓу земјите од Агадирската спогодба (слободна трговија меѓу Мароко, Тунис, Египет и Јордан), но и на другите земји од Медитеранот. Со него ќе се обезбеди олеснување на транспортот и поголема безбедност и проток на стоки и луѓе.

Проектот треба да ги пополни делници од „Транс - МАГРЕБ коридорот“ меѓу Оуџа (Мароко) и зпадната граница на Алжир (22 км), која ќе чини 70 милиони евра, како и меѓу Рас Џедир (Тунис) и источната граница на Алжир (80 км), во вредност од 600 милиони евра. На тој начин, постојните национални автопатни мрежи на Мароко, Алжир и Тунис ќе го дооформат „Транс - МАГРЕБ коридорот“ од Агадир во Мароко до Рас Џедир на границата меѓу Тунис и Либија и со побезбедно и побрзо поврзување ќе се овозможи поевтин и поефикасен проток на стоки и луѓе, што секако ќе влијае врз развој на бизнисот.

прикривање на данок. Во соопштението на американското Министерство за финансии, исто така, се нагласува дека американската Даночна управа ќе објави список со правила, кои инвеститорите ќе мораат да ги почитуваат при пријавувањето на приходите кои се наоѓаат на банкарските сметки во странство. Со овие прописи се применува законот кој во 2010 година го усвои американскиот Конгрес со намера да ја спречи праксата даночните обврзници да користат сметки во странство за да го избегнат плаќањето на данокот во САД. Силниот франк и` нанесува штета на швајцарската економија ИЗВОЗНИЦИТЕ ПОД НАЈГОЛЕМ ПРИТИСОК Силниот швајцарски франк ги турка некои од индустриските сектори на Швајцарија во рецесија, покажуват штотуку објавените резултати од истражување на Швајцарскиот економски инстититут од Цирих, со кое биле опфатени 7.000 компании во земјата. Инстититут посочува дека јакиот франк посебно ги погодува секторите кои во голема мерка се потпираат на извоз, но и хотелите и компаниите за кетеринг, кои најверојатно ќе бидат принудени да отпуштаат работници во наредните месеци.

Љ.Н. Договор меѓу САД и европските земји БОРБА ПРОТИВ МЕЃУНАРОДНО ПРИКРИВАЊЕ ДАНОК Владата на САД соопшти д��ка потпишала договори со властите на Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија за интензивирање на напорите во борбата против меѓународното

Резултатите од истражувањето покажуваат дека напорите на Националната банка на Швајцарија (СНБ) за намалување на вредноста на франкот во однос на еврото не го ублажиле притисокот со кои се соочуваат извозно ориентираните швајцарски компании. СНБ во септември минатата година ја одреди вредноста на минималниот курс на еврото на ниво од 1.20 франци, но компаниите и синдикатите во Швјацрија бараат нејзино ново зголемување. Но, и покрај ваквите показатели, швајцарската економија и натаму е во подобра состојба во однос на стопанствата на многу нејзини европски соседи.

четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

Обама го претстави предлог-буџетот за фискалната 2013 година БУЏЕТСКИОТ ДЕФИЦИТ, СЕПАК, ОСТАНУВА ВИСОК Американскиот претседател Барак Обама го објави планот за буџетот од 3,8 билиони долари за фискалната 2013 година, кој веднаш наиде на жестока критика од опозициските републиканци поради изоставување на намалувањето на дефицитот. Предлогот-буџетот на Обама за 2013 година, кој е предаден во Конгресот предвидува над 800 милијарди долари за отвороње нови работни места и инфраструктурни инвестиции и бара воведување данок на богатите од најмалку 30 проценти. Демократот Обама во рамките на буџетскиот план, кој за него претставува најдобраможност да ги увери американските гласачи дека заслужува втор претседателски мандат на изборите на 6 ноември, намени десетина милијарди долари за изградба на патишта, железнички пруги и училишта, со истовремено продолжување на даночните олеснувања поради поттикнување на вработувањата. Буџетскиот дефицит сепак оваа и идната година ќе остане висок, пред да почнат да се намалуваат и новите буџетски позајмувања, кои во следната деценија ќе го зголемат националниот долг за над шест билиони долари. Буџетскиот дефицит во фискалната 2012 година е проектиран на 1,33 билиони долари или 8,5 проценти од бруто домашниот производ и на 901 милијарда долари во 2013 година или 5,5 проценти од БДП. Со буџетот за 2013 година, која започнува на 1 октомври годинава, е предвидено стапката на невработеност во САД до 2017 година да остане над шест проценти, иако оваа прогноза е завршена уште во ноември, пред намалување на стапката на невработеност со што би можела да се покаже како премногу песимистичка.

Економскиот раст, според проекцијата, ќе се зголеми од 2,7 проценти во 2012 година на три проценти во 2013 година и на четири проценти во 2014 година.


четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

„Јужен поток“ би можел да биде сведен на една линија МАРШРУТИТЕ ЗАВИСАТ ОД ДОГОВОРОТ СО УКРАИНА Доколку руската компанија „Газпром“ успее да добие на управување дел од украинскиот систем за транспорт на придоден гас, тогаш проектот за изградба на гасоводот „Јужен поток“ може да биде сведен само на една линија, а ако не успее да се договори со Украина тогаш ќе бидат изградени четири линии, објави рускиот весник „Известија“. Весникот се повикува на средбата на раководството на „Газпром“ со претсатвниците на инвестициските банки и компании на собирот „Ден

БИЗНИС ИНФО на инвеститорите“, што беше одржан во петокот во „Газпром“ при што беа разгледувани и маршрутите за испорака на руски гас во Европа. Извршниот директор на „Газпром експорт“ Александар Медведев изјави оти проектот „Јужен поток“ во секој случај ќе биде реализиран, дури и ако „Газпром“ добие на управување дел од украинскиот

19

СВЕТ систем за транспорт на гас, само се` уште не е јасно колку линии ќе бидат изградени - една или четири. Весникот потсетува дека конзорциумот за управување на украинскиот систем за транспорт на гас „Газпром“ и европските вложувачи можат да добијат по 33 отсто удел, а Украина 34 проценти. Извршниот директор на „Газпром“ Алексеј Милер кон крајот на декември во разговорот со рускиот премиер Владимир Путин изјави дека украинската страна ја проценува вредноста на својот гаснотранспортен систем на 20 милијарди САД долари, плус попуст во цената на гасот.


20

КОРПОРАЦИИ „Горење“ ќе гради уште една фабрика во Ваљево ИНВЕСТИЦИЈА ОД 20 МИЛИОНИ ЕВРА Словенечката компанија Горење ќе изгради уште една фабрика во Ваљево во која ќе инвестира дополнителни 20 милиони евра и ќе вработи 400 нови работници.

БИЗНИС ИНФО Мобилити, која е специјализирана за производството на мобилни телефони и аксесоари. Гугл смета на 17.000-те телекомуникациски патенти на Моторола како на сериозно оружје во битката со Епл, Мајкрософт и другите конкуренти за повеќе контрола на пазарот за смартфони, таблети и други мобилни апарати, посочуваат американските медиуми. „Епл“ е највредната компанија во светот ЗА ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА ЦЕНАТА НАДМИНА 50О ДОЛАРИ

Меморандум за изградба на фабриката беше потпишан од страна на потпретседателката на Владата на Србија и претставници од Горење. Во сите четири фабрики во Србија, Горење ќе има повеќе од 1.500 работници, а вкупните вложувања во таа држава се повеќе од 70 милиони евра.

Цената на акциите на американскиот производител на популарни телефони, таблети и сметачи „Епл“ за прв пат во историјата ја надмина границата од 500 долари и сега е најскапата фирма во светот. Акциите на „Епл“ во понеделникот се засилија за 1,5 отсто на 500,60 долари. Актуелниот раст на акциите на оваа фирма почна пред две недели кога резултатите од работењето во првото тримесечје од финансиската 2011/2012 година позитивно го изненадија пазарот, пренесуваат американските медиуми.

Владата на САД го одобри спојувањето БЛАГОСЛОВЕН „БРАКОТ“ МЕЃУ „ГУГЛ“ И „МОТОРОЛА“ Владата на САД ја одобри зделката вредна 12,5 милијарди долари за спојување на корпорацијата Гугл и компанијата Моторола. Информацијата беше соопштена само неколку часа откако Европската унија, исто така, даде согласност, пренесоа американските медиуми. Гугл се уште има потреба од одобрението на зделката од страна на Кина, Тајван и Израел. Министерството за правда на САД заклучи дека спојувањето нема да доведе до значително намалување на конкуренцијата или сериозно да ја измени сегашната динамика на пазарот.

Пред ова, антимонополскиот регулаторен орган на ЕУ, исто така, даде зелено светло Гугл да ја купи Моторола

Податоците за тримесечниот период од октомври до декември 2011 година „Епл“ ги објави на 24 јанаури. Чистиот профит на компанијата е зголемен за 118 отсто на годишно ниво, на 13,06 милијарди долари, а прометот е поголем за 73 отсто и достигна 46,3 милијарди долари. „Епл“ од минатата лето постојано се менува на тронот на највредни светски фирми со нафтениот концерн „Ексон мобајл“. По последниот раст на акциите, берзанска вредност на „Епл“ изнесува 400 милијарди долари. Само како споредба, берзанската вредност на „Мајкрософт“ изнесува 258 милијарди долари, на Гугл 199 милијарди долари.

четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

„Рено“ развива евтино возило од 3.000 евра ИЗРАБОТАКА ПО СИСТЕМОТ ТРОШОЦИ“

„НИСКИ

Францускиот производител на автомобили „Рено“ најави дека специјално за пазарите во раст ќе развива евтино возило, чија цена би се движела околу три илјади евра, објави Интернет порталот „Инаутоњуз“. Официјални претставници на компанијата најавија претходно дека „Рено“ подготвил план, според кој на пазарите би се натпреварувал со германските автомобилски компании во сите сегменти, оставајќи ги евтините верзии на автомобили на романската филијала „Дачија“. Компанијата сепак не даде детали за развојот на новиот модел, кој ќе се изработува по системот „ниски трошоци“, ниту пак соопшти кога таквото возило ќе се појави на пазарот. Претседателот на „Рено“ Карлос Гон изјави дека компанијата ќе изработува нови евтини модели за пазарите во раст чија цена ќе биде три илјади евра. Гон таа изјава ја даде минатата недела на отворањето на новата фабрика во Мароко. Францускиот „Трибин“ објави дека Гон разговарал зад затворени врати за лансирање на новиот евтин автомобил, но Управата на „Рено“ тоа се уште не го потврдила официјално. Идниот автомобил би требало да се понуди на пазарите во раст како што се Индија, Јужна Америка, Африка. Новиот ефтин модел кој ќе го носи логото на „Рено“ нема да се појави на пазарите пред 2016 година, проценуваат аналитичарите. „Интел“ спогодбено ги заврши судските процеси СПОГОДБА „ТЕШКА“ 6,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Американскиот информатички гигант „Интел“ склучи договор со американското правосудство, со кој се завршуваат судските процеси против него поради нелојалната конкуренција. „Интел“ е обвинет за склучување договори со „Дел“, „Хјулит Пакард“ и „Сони“ околу нивното ексклузивно снабдување со


четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

БИЗНИС ИНФО

електронски делови, со што ја загрозил конкуренцијата како што е АМД. Компанијата меѓутоа на крајот официјално не е прогласена за виновна. Раководството на „Интел“ потпиша спогодба со њујоршкото државно Обвинителство, согласно која во замена за прекин на процесот ќе мора да плати 6,5 милиони долари на име трошоци за судските процеси, кои ги покрена обвинителот. „Гугл“ ќе се занимава со производство на аудио системи НА��КОРО КУЌЕН „СИСТЕМ ЗА РАЗОНОДА“ Водечкиот светски Интернет пребарувач „Гугл“ наскоро ќе го претстави куќниот „систем за разонода“, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори блиски на „Гугл“. Првата верзија на куќниот „Систем за разонода“ ќе служи за слушање музика, иако подоцна моделите можеби ќе можат да емитуваат видео и „други форми на дигитална соддржина“. Јадрото на тој систем ќе биде апарат направен врз база на оперативниот систем Андроид, а со него ќе се управува со помош на смартфони и таблети. Проектот е во фаза на разработка веќе неколку години.

„Гугл“ во јануари почна со тестирање на прототипот, што ќе трае до јули. Моментално најпознатиот музички проект на „Гугл“ е сервисот „Гугл мјузик“ кој е достапен само на територијата на САД. „Шкода Ауто“ во јануари СО НАЈГОЛЕМ ПРОМЕТ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 117 ГОДИНИ Во јануари годинава најголемата чешка автомобилска индустрија „Шкода Ауто“ продадла 75.400 возила, со што остварила најголем промет од 1895 година. Јануарскиот промет, како што јави дописникот на МИА од Прага, е за 10,2 проценти поголем од оној остварен во истиот месец 2011 година.

21

КОРПОРАЦИИ марки и иновации, укажа компанијата. „Пепси“ додаде дека истовремено ќе вложи 500 до 600 милиони долари во рекламирање и маркетинг ширум светот, со посебен осврт на пазарот на Северна Америка. „Алкател“ СТРОГИ МЕРКИ НА ШТЕДЕЊЕ

Голем пораст на продажба, фабриката остварила пред се во западна, средна и источна Европа. На Запад, прометот е зголемен за 21 процент, каде особено се продавале моделите „Јети“, „Октавија“ и „Румстер“. Додека во Швајцарија продажбата пораснала за дури 46,2 проценти. На азискиот пазар продажбата имала помали промени и тоа во Кина забележала зголемување од само еден процент. „Пепси“ ЗА РЕКЛАМА ГОДИНАВА ЌЕ СЕ ПОТРОШАТ 500 ДО 600 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Комапнијата „Пепси“ соопшти дека ќе укине околу 8.700 работни места ширум светот за да заштеди и на инвеститорите да им овозможи поголема добивка. Отказите се дел од новата тригодишна програма за поттикнување на продуктивноста, од која се очекуваат, преку намалување на трошоците, на компанијата да и донесат 1,5 милијарди долари, пренесоа агенциите. -Програмата вклучува намалување на работните места за околу 8.600 работници во 30 земји, што е околку три отсто од глобалната работна сила во компанијата, наведе „Пепси“. -Програмата за поттикнување на продуктивноста ќе ја зацврсти конкурентноста на компанијата и ќе ни овозможи извор за финансирање на идните иницијативи во врска со производните

Еден од најголемите светски производители на телекомуникациска опрема, француската компанија „АлкателЛуцент“ планира да затвори околу 1.800 работни места во Европа, отпуштајќи или преселувајќи работници во други региони, изјави претставникот на европскиот синдикат на компанијата Филип Сен Обен. Во Италија ќе бидат ликвидирани 500 работни места, што претставува околу 20 проценти од персоналот, во Белгија ќе бидат отпуштени 10 проценти од вработените, а во Франција пет проценти од вкупно 9.000 работници. - Наша задача е да продолжиме со намалување на фиксните и повремените трошоци и за таа цел преземаме многубројни мерки, изјави секретарот на „Алкател“ Симон Пултер. Пултер сепак одби да ги коментира информациите за затворање на работни места. Според податоците на њујоршката агенција за економски информации „Блумберг“ пред седиштето на „Алкател“ се предвидени протести на вработените поради незадоволството од замрзнувањето на платите. „Леново“ заработи рекордни 192 милиони долари НАЈБРЗ РАСТ МЕЃУ ЧЕТРИТЕ ВОДЕЧКИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ПЕРСОНАЛНИ КОМЈУТЕРИ Компанијата „Леново“ соопшти дека во текот на третиот фискален квартал, заклучно со 31 декември забележала раст на заработувачката од 59 проценти на годишно ниво, односно рекордни 192 милиони долари, пред оданочувањето. Во соопштението се наведува дека ова е 11 квартал по ред како компанијата забележува побрз раст од останатите компании во секторот, а деветти по ред најбрз раст меѓу четирите водечки произведувачи на персонални компјутери. Во текот на третиот квартал „Леново“ забележа најголем светски пазарен удел од 14 отсто и најголем пазарен удел во Кина од 53,3 отсто, што претставува раст од 3,7 и 3,1 проценти во однос на истиот период минатата година. Бруто профитот на компанијата


22

КОРПОРАЦИИ

БИЗНИС ИНФО

во третиот квартал забележа раст од 47 проценти на годишно ниво, што изнесува 954 милиони долари, со бруто маржа од 11,4 отсто. Примарниот профит во третиот квартал изнесуваше 193 милиони долари, додека профитот на акционерите забележа раст од 54 проценти на годишни ниво, на 153 милиони долари.

Креди Свис, во четвртиот квартал од 2010 година имаше профит од 841 милион франци. Бреди Дуган, извршен директор на банката вели дека за кварталните загуби се виновни пазарните услови и агресивното намалување на издатоците како и неопходноста за задоволување на нови барања за зголемување на нивото на капитал.

„Ролс-Ројс“ ЗГОЛЕМЕН ГОДИШНИОТ ПРОФИТ ЗА РЕКОРДНИ 57 ОТСТО

Профитот на „Дајмлер“ се зголемил 39 отсто во последното тримесечје ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ПОЗИЦИИТЕ 10 НОВИ МОДЕЛИ ДО 2015 ГОДИНА

Британската компанија „РолсРојс“, големиот производител на авионски мотори, денеска објави пораст на нето профитот за 57 отсто во минатата година, односно 850 милиони фунти (1,01 милијарда евра).

Во 2010 година заработката на компанијата била 539 милиони фунти, по исплатата на данокот, а бројот на нарачките се зголемил за пет проценти, на досега незабележани 62,2 милијарди фунти. „Ролс-Ројс“ исклучително добро работеше во 2011 година, за на крајот на годината да забележи рекорден број набавки, што придонесе за раст на приходите и профитот, изјави извршниот директор на компанијата од Лондон, Џон Риштон. „Креди Свис“ ЗАГУБИ ВО ЧЕТВРТИОТ КВАРТАЛ Швајцарската банкарска групација Креди Свис соопшти денеска дека во четвртиот квартал од минатата година имале нето загуби, први од 2008 година. Тоа е последица од продолжувањето од намалување на изложеноста во потенцијално ризичното инвестицико банкарство во време кога економијата во еврозоната се соочува со проблеми поврзани со должничката криза. Нето загубите на таа втора по големина швајцарска банка биле 637 милиони швајцарски франци (698 милиони долари) што е поголемо од 431 милиони франци колку што очекуваа аналитичари.

Германскиот конгломерат „Дајмлер“, матична компанија на „Мерцедес-Бенц“, гигантски произведувач на автомобили и камиони, објави 39процентен раст на профитот во четвртото тримесечје минатата година, благодарение на големата побарувачка за унапредена Мкласа на спортско-теренски возила. Заработката на „Дајмлер“, пред подмирувањето на каматите и даноците, се зголеми на 2,18 милијарди евра во однос на 1,56 милијарди евра во претходната година. „Дајмлер“, кој исто така е најголемиот произведувач на тешки камиони на светот, процени дека оперативниот профит за 2012, кои ќе бидат во распон остварен минатата година. „Дајмлер“ вети дека ќе го преземе лидерството во производството на луксузни автомобили од БМВ, откако минатата година падна на трето место зад филијалата на „Фолксваген“, „Ауди“. За да ги надмине ривалите, „Мерцедес“ планира да изработи десет нови модели до 2015 година. РЕ60 на индиската компанија „Бајај авто“ НАЈЕВТИН АВТОМОБИЛ ВО СВЕТОТ Титулата најевтин автомобил во светот ја понесе моделот РЕ60 на индиската компанија „Бајај авто“, со цена од 1.645 евра, а беше претставен на саемот на автомобили во Њу Делхи. Досегашниот рекорд го држеше марката „нано“ на компанијата „Тата авто“, со цена од 2.151 евра. Малото градско возило РЕ60 се склопува врз основа на платформата на таканаречената моторна рикша- мопед со три тркала, што е многу раширен во Индија. Фактот дека РЕ60 има четири тркала и четири седишта на неговите конструктори им обезбеди право својот изум да го сместат меѓу патничките автомобили, пренесоа агенциите. Лесното градско возило (тежи

четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

само 400 килограми) наречено РЕ60, според бројката 60 што ја означува емисијата на јаглерод диоксид од 60 грама на изминат километар, го придвижува безнински мотор од само 200 кубика и 20 коњски сили. Максималната брзина што може да ја развие е 70 километри на час, но неговите конструктори напоменуваат дека е тоа можно само со празен багажник и без патници. Економичноста на РЕ60, исто така, е впечатлива со оглед на фактот дека на 100 километри троши едвај три литри бензин. Профитот на норвешката „Статоил“ двојно поголем минатата година ПОСКАПУВАЊЕТО НА НАФТАТА ЈА ПОЛНИ КАСАТА Норвешката нафтена компанија „Статоил“ соопшти дека во 2011 година остварила двојно поголем нето профит отколку претходната година во износ од 10,8 милијарди евра, благодарејќи на поскапувањето на овој енергенс и одржување на нивото на производството. Во соопштението се наведува дека само во последниот квартал лани нето профитот на „Статоил“ се зголемил на 25,5 милијарди круни од 9,5 милијарди круни од истиот период претходната година, главно благодарејќи на добивката од продажбата на акциите во мрежата на гасоводот „Гаслед“. Истовремено приходите на „Статоил“, најголемата северноевропска компанија според пазарната вредност, се зголемиле во 2011 година за 22,5 отсто на 84,5 милијарди евра. „Амазон“ забележа раст на приходите „ШАРП“ СО ПАД НА ПРОФИТОТ ОД 86 ОТСТО Компанијата за електронска трговија „Амазон“ во 2011 година забележа приход од 48,08 милијарди долари, што претставува раст од 37 отсто во однос на 2010 година. Прометот на таа компанија во четвртото тримесечие достигна 17,43 милијарди долари, што е раст од 35 отсто за една година. Компанијата „Шарп“, пак објави дека во последните девет месеци забележала пад на оперативниот профит за 86 отсто. Тој произведувач на електронски апарати соопшти и дека ќе го намали производството на големите екрани и дека би можела ослободувањето на капацитетите да го искористи за изработка на екрани со помала големина.


четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

БИЗНИС ИНФО

Барак Обама порачува ЕВРОПА ТРЕБА ЦЕЛОСНО ДА СЕ ПОСВЕТИ НА ДОЛЖНИЧКАТА КРИЗА Американскиот претседател Барак Обама истакна дека Европа не смее да не отстапи во период кога нејзините лидер се борат против должничката криза, која, како што самиот призна, би можела да го отежне и заздравувањето на американската економија.

Во интервју за италијанскиот весник „Ла стампа“, во пресрет на средбата со италијанскиот премиер Марио Монти, Обама рече дека САД се подготвени да го одработат „својот дел“, но дека најголем дел од товарот мора да го понесе Европа. - Неопходно е владите на сите европски земји да покажат апсолутна посветеност на иднината на европските економски интеграции, додаде Обама. Средбата на лидерите на двете земји ќе се одржи денеска во Белата куќа и на неа ќе се разговара за италијанската и европската економија. Марио Драги, претседател на Европската централна банка (ЕЦБ) УМЕРЕНИ ЗНАЦИ НА СТАБИЛИЗАЦИЈА НА ЕВРОЗОНАТА Умерени знаци на стабилизација се забележуваат минатиот месец во економиите на еврозоната, но неизвесноста и понатаму е голема, изјави претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги, откако банката и понатаму ја задржа рекордно ниската каматна стапка од еден отсто. Расположливите

индикатори покажуваат умерени знаци на стабилизација на економската активност на почетокот од новата година, истакна Драги. Тој додаде дека и понатаму постојат значителни ризици кои им се закануваат на економијата поради должничката криза која ги зафатила поголемиот дел од периферните земји на еврозоната. Одредени анкети од почетокот на 2012 година влеваат надеж дека најлошиот дел на должничката криза поминал и дека економијата на еврозоната заздравува.

23

ПОГЛЕДИ И МИСЛЕЊА Според мене ММФ е во право кога вели дека Европа треба да го заврши својот дел од работата и да изгради достојна заштита (од финансиската криза), рече италијанскиот премиер. -Но, ако треба да му дадам совет на ММФ, тоа е дека тој треба да покаже поголемо разбирање за ситуацијата, во која стриктното придржување кон принципите може да му попречи на прагматичното решение на проблемите, додаде тој. Владимир Путин, премиер Руската федерација ОЛИГАРСИТЕ ДА ПЛАТАТ НЕЧЕСНИТЕ ПРИВАТИЗАЦИИ

на ЗА

Рускиот премиер Владимир Путин, кој ќе се кандидира на претседателските избори во март, предложи олигарсите да платат за нечесните приватизации во 90-тите години од минатиот век.

Марио Монти, премиер на Италија НЕМАМЕ ПОТРЕБА ОД ФИНАНСИСКА ПОМОШ Италијанскиот премиер Марио Монти на неодамнешната економска конференција во Вашингтон, изјави дека Италија нема потреба од финансиска помош. Италија нема потреба од финансиска помош, туку од подобро управување, рече Монти на конференцијата во Институтот за економски истражувања „Питерсон“.

-Меѓународниот монетерен фонд игра многу суштествена и конструктивна улога во еврозоната.

- Треба да ја затвориме таа страница. Можни се неколку варијанти, тоа треба да се разгледа со јавноста и со експертите, за да може јавноста да ги прифати таквите предлози и да се стави крај на проблемите од 90-тите години, изјави Путин на Конгресот на бизнисмени Еден од неговите предлози е олигарсите еднократно да платат за нечесните приватизации. По распадот на Советскиот сојуз многу претпријатија беа дадени на продажба под спорни услови. Став на чешкиот премиер Петр Нечас


24

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Со ACTA нашата интернетска комуникација ќе биде следена СТРАНИЦИТЕ ЌЕ СЕ ЗАТВАРАНИ БЕЗ ДОКАЖУВАЊЕ! *Владата најави дека ќе покрене јавна расправа за контроверзниот меѓународен договор за заштита на интелектуалната сопственост ACTA *„Многу работи се шпекулираат наоколу и на повеќето луѓе кои на некој начин ја водат оваа игра, тоа не им одговара“ *„Ако АKТА стапи vo сила, нашата интернетска комуникација ќе биде надгледувана“

Владата на Република Хрватска најави дека ќе покрене јавна расправа за контроверзниот меѓународен договор за заштита на интелектуалната сопственост АСТА (An�-Counterfei�ng Trade Agreement) и ќе одлучи дали ќе го прифати. Се работи за далекусежен договор чија цел е усогласување на меѓународните стандарди за заштита на авторските права во музичката, филмската, фармацевстката, модната индустрија и низа други кои често се жртви на кражба на интелектуална сопственост. Според ACTA, понудувачите на интернетските услуги ќе мора да ги надгледуваат сите активности на своите корисници, за да најдат можни кршења на авторските права. Сопствениците на заштитните знаци и властите би добиле големо овластување во текот на истражувањата на потенцијални сомнителни лица, вклучувајќи го и нарушувањето на приватноста. Освен интернетот договорот многу го ограничува делувањето и на други подрачја кои вклучуваат патенти, како што е производството на генерички лекови. Договорот треба да се потпише до 31 март 2013 година. Противниците на ACTA сметаат дека договорот ќе овозможи блокирање на содржини на интернет, без оглед на тоа дали се пиратски или не, со што ќе ги загрози основните човекови слободи и права. „Многу работи се шпекулираат наоколу и на повеќето луѓе кои на некој начин ја водат оваа игра, тоа не им одговара“ Консултантот за компјутерска безбедност Ивица Остојиќ изјави за ХТВ дека интернетот е нецензуриран медиум. „Многу работи се шпекулираат наоколу и на повеќето луѓе кои на некој начин ја водат оваа игра, тоа не им одговара“, рече тој. „Тоа не е цензура само во смисла на несоодветни содржини, туку цензура во смисла на цензурирање на вести кои не се пожелни да се слушнат во пошироката заедница“, рече тој и додаде: „Ова е само почеток, реално може да се очекува дека сајбер војната почнува да се прелева во реалниот живот“. „Ако АKТА стапи во сила, нашата интернетска комуникација ќе биде

БИЗНИС ИНФО надгледувана“ Комуникацискиот советник и блогер Марко Ракар објасни дека се работи за два закона и еден меѓудржавен договор. „СОПА и ПИПА се закони кои се предложени во американскиот Сенат и Конгресот и тие се спречени, додека ACTA е меѓудржавен договор кој е потпишан во Токио пред неколку месеци и се работи за договор за кој се преговара во релативна тајност од 2008 година. Двата закона и ACTA како една од целите имаат сузбивање на интернетското пиратство, т.е. се заедно под изговор за заштита на интелектуалната сопственост“, рече тој. На прашањето кои се тие кои ги заговараат наведените закони и ACTA, Ракар одговори дека тоа се сите тие кои се оштетени на интернет. Тоа многу се однесува на музичките и филмските компании кои сакаат да ги заштитат своите филмови и музиката. Сите тие механизми предвидуваат проактивно надгледување на однесувањата на корисниците. Тоа значи, дека ако тој договор стапи на сила, нашата интернетска комуникација ќе биде надгледувана од страна на некои сервери, автомати итн. и во случај ако го прекршиме или ако сме размениле некоја содржина која немаме право да ја размениме, тогаш нашиот интернет сервис провајдер е должен таа работа да ја пријави

понатаму. Вториот проблем е ако наидеме на некоја страница која ги крши авторските права, властите имаат право таа страница да ја затворат без судско докажување. (index.hr)

Изумирање на држава на благосостојба ПРЕОД НА ДРУГ ИНТЕЛЕКТУАЛЕН И МОРАЛЕН ПРОСТОР

Работодавачите почнаа да звучат како расипана грамофонска плоча. Мора да се менува Законот за труд! Мора да се менува... Мора да се... Не е важно за што станува збор и дали некој нешто ги прашува. Тие секогаш имаат иста тема и ист одговор. Како да се надмине кризата, а да се олеснат отказите на

четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

работниците? Како да се подобри рејтингот на земјата, а да се олесни... Како да се спречи растот на невработеноста, така да се.... Тоа последното се чини како своевиден оксиморон. Ќе има помалку невработени ако работниците побрзо се испраќаат на берзата?! Но, тие имаат подготвен одговор. Ако полесно даваме откази, полесно и ќе вработуваме. Секогаш верниот дел од економската струка за тоа подготвено даде и теоретско објаснување под името – флексекјурити. Значи, флексибилна сигурност. Единствено работниците никако не сфаќаат како тоа сигурноста на нивното вработување и приходите може да се растегнува како гума, а сите нивни трошоци да се цврсти и непроменливи. На пример, зарем истовремено ��о флексибилното вработување нели би требало да стане флексибилна и отплатата на кредитите во банките, па на работникот кој би ја изгубил работата да престане обврската за отплаќање се додека повторно не се вработи? Ако системот на флексекјурити ја зголемува вработеноста, како што се тврди, тогаш тој би морал во иста мера флексибилно да ја зголеми сигурноста при отплатата на кредитите во банките. Но, тие тоа поради нешто не го разбираат, туку се држат до хипотеките како пијани за плот. Некои бездомници кои се смрзнуваа последниве денови, па и буквално смрзнаа ширум Европа, се директни жртви на тоа банкарско заостанување зад економските новитети. Невработеноста постојано расте Работодавачите сепак треба да ги разбереме. Нивната логика е цврста, а аргументите силни: „Ако знаете дека следниот месец нема да има доволно работа, тогаш треба да се ослободите од вишокот вработени, како и што би го направиле обратното, ако се зголеми обемот на работа, побрзо и полесно ќе вработувате“, објаснува за „Јутарњи лист“ директорот на Липик глас, Данијел Задјеловиќ. Ако нема доволно работа, тој нема да купува ни нови машини ни суровини. Зошто за работниците да важат некои други правила? Маркс во „Капитал“ вели дека таквиот однос кон работникот „не зависи од волјата на некои капиталисти“. „Слободната конкуренција прави, внатрешните закони на капиталистичкото производство да вредат за некој капиталист како надворешен, принуден закон. (...) Поради тоа капиталот е безобзирен“, објаснува тој. Се сомневаме дека господин Задјеловиќ претпоставил дека Карл Маркс ќе го брани неговото сурово изедначување на живи луѓе и нивните семејства со репроматеријалот и останатите трошоци на работењето. Притоа не се работи само за тоа дека во кризата ригидниот Закон за работа ги тера директорите во стечај, па „на крај нема работа за никого“, како што вели еден автор. Масата невработени, чиј број постојано расте, значи уште нешто. Дека понудата на пазарот на трудот значително е поголема од побарувачката. Кога е така, цените мора да паѓаат. Тоа не се однесува само на платите, туку и на условите на работењето и вработувањето. Затоа работодавачите лесно се снајдоа, па вработуваат работници само на определено време. А и работното време стана многу растеглив поим. Се работи колку што бара директорот. И тоа не само во Хрватска и во другите транзициски


четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

земји. Стогодишното подобрување на условите за работа и скусувањето на работното време, што се сметаше за цивилизациско достигнување и резултатот на стогодишната синдикална борба, целосно е запрено. Сега реката тече во спротивен правец. Всушност, со работното време и другите права на работниците се случува она исто што се случи со распределбата на доходот. Во време на забрзан технолошки развој, се создаваат се поголеми богатства со се помалку жива работа. Но, тоа не доведе до намалување на сиромаштијата ни до скусување на работното време. Сосем спротивно, со масовната распределба во корист на капиталот богатството се концентрираше во рацете на малкумина, додека истовремено експоненцијално расте бројот на сиромашните. И тоа дури и во најбогатите земји во светот. Во Америка секој трет жител, што значи околу 100 милиони луѓе, живеат со приходи кои статистички се сметаат под или околу границата на сиромаштија. Истовремено, наместо работното време да се скуси, тоа се продолжува, а и во пензија одат се подоцна. Растечката невработеност е логична и законска последица. Кризата не доведе до 24 милиони невработени, колку што ги има сега во земјите на Европската унија. Тоа што ја создаде невработеноста, ја предизвика кризата. Грабањето на профитот излезе од секаква контрола, како во финансиите, така и во општествените односи. Капиталот надвор од контрола Зошто се случи тоа? Не е тешко да се согледа дека промените коинцидираат со падот на Берлинскиот ѕид, поточно со пропаста на советскиот блок. Контролата на однесувањето на капиталот за прв пат е воспоставена во Америка во време на Рузвелтовиот Њу диал, со кој тој се бореше против големата криза во 30-тите години од минатиот век. Истовремено, во голем дел во Европа кризата овозможи воспоставување на десничарски, па и фашистички диктатури. Колку и да беа страшни, и тие беа некој облик на контрола на капиталот. По светската војна, таа контрола се одржуваше благодарение на комунистичката опасност. Притоа, помалку беше важно, што всушност се работеше за државен капитализам, кој од комунистичката идеја го задржа само егалитаризмот, но егалитаризам во сиромаштијата. Меѓутоа и тоа даваше сила на синдикатите во западните земји и влијаеше на капиталистичкиот свет да го почитува социјалниот дијалог и да ги чува своите основни демократски принципи. Со исчезнувањето на заканата, сето тоа се наруши. Победникот во Студената војна стекна право на кражба, која за разлика од средновековната, не беше ограничена на три дена. Тоа во добар дел го предодреди развојот во делот на поранешните комунистички, а сега транзициски земји. Но, кражбата, прво срамежливо а потоа се побезобзирно, почна и на сопствениот терен. Лишен од рузвелтовските ограничувања, капитализмот, како што би рекол стариот Винстон Черчил, повторно ја најде својата душа. Повторувањето на длабоката економска криза стана само прашање на време, а набрзо мораше да следи и општествена криза.

БИЗНИС ИНФО „Ние имаме општество во кое концентрацијата на богатството се заканува на нашата демократија да биде тоа само по име“, напиша овие денови еден угледен американски автор. Меѓутоа, тоа не е само закана за иднината. Веднаш по падот на Берлинскиот ѕид, почна премин во друг и поинаков интелектуален и морален простор. Тоа овозможи и најстарите демократии да станат цинични кон своите основни принципи. Се се купува, а Џорџ В. Буш стана американски претседател по еклатантната изборна измама. Неизбежност од револуција Меѓутоа, сето тоа не е доволно состојбата да почне сериозно да се менува. Сосем спротивното. Силните напори за спас на еврото всушност се насочени на спасување на пленот стекнат последните децении. Не се откажуваат од ништо. Ни од продолжувањето на работното време, ни од намалувањето на работничките права, ни од меѓународната измама која кај нас се вика втор пензиски столб, ни од зголемувањето на бројот на годините потребни за пензија, и секако ни од еден цент стекнат „со деривати и нови финансиски производи“. Единствениот вистински глас се слуша од улиците, од Њујорк до Љубљана и Марибор. Некои ја спомнуваат и можноста за револуција, поради кое ќе завршиме со еден цитат: „Привилегираните луѓе секогаш попрво би ризикувале целосно да пропаднат, отколку да се откажат макар и од најмал дел на материјалната страна на својата привилегирана позиција. Нема сомневање дека една од причините за тоа е духовната кусогледост, која често ја нарекуваме глупост, но не е само тоа посреди. Повластените сметаат дека нивните привилегии, колку тоа на другите да им изгледа апсурдно, всушност се нивно темелно, свето, возвишено право, дадено од Бога. Чувствителноста на сиромашните кон неправдите кои ги погодуваат е незначителна во споредба со чувствителноста на богатите на ‘неправдата’ која некој ќе им ја нанесе, или ќе се обиде да им ја нанесе. Кога реформите спроведени од врвот стануваат неостварливи, револуцијата спроведена од дното станува неизбежна“. Спротивно на тоа што може да се помисли, тоа не го напишал ни Маркс ни некој од неговите следбеници, туку еден од најголемите економисти на 20 век, Американецот Џон Кенет Гелбрајт. (novoss�.com)

„Валет“ на Гугл просто ги мами џепџиите КОЛКУ СЕ СИГУРНИ МОБИЛНИТЕ ПАРИЧНИЦИ? Истражувачите за безбедност во технологите открија барем два начина како безбедноста на Гугл валет може да биде пробиена, со што на некој кој ќе пронајде изгубен телефон му се дозволува пристап до парите на сопственикот. Едниот е да се работи само во сменетите подесувања од податоците во самиот телефон, а другиот преку телефони на кои има апликации за пристап до податоци. Ова откритие може да биде лошата вест за

25

СВЕТСКИ ПЕЧАТ корисниците кои си ги изгубиле телефоните - иако не може да биде полошо од тоа да се изгуби самиот паричник. Вестите за двете промашувања во безбедноста беше објавено на Гугл. Валет, со кое им се овозможува на сопствениците на смартфони да плаќаат при купувања преку телефонот, предизвика извесна загриженост за се почестите мобилни плаќања. Пробивачите работат во сменетите подесувања на самите податоци во телефонот, а други работат на кој било смартфон кој има

Гугл валет апликација. Се што е потребно е некој само неколку минути да го држи смартфонот на жртвата. Експертите за безбедност се поделени околу обемот на заканата од овие напади насочени кон кориснциите на андроид смартфони. „Изгледа дека бројот на мобилни паричници ќе расте брзо како платформа за плаќања“, рече Андреј Тихонов, главен за трехнологии во МобилпејЈу-Ес-Еј за Текњуз ворлд. Валет на Гугл „ќе биде примарна цел за напади“, заради брзиот раст на платформата. Сепак, бројот на корисници на Гугл валет е низок. Стив Кирш, ЦЕО и основач на ОнеАјДи потеницра: „Има повеќе шанси да ви го украдат вашиот паричник заедно со кредитните картички“. Овие пробивања на безбедноста се само „ии-ар навреди“. Гугл не одговори на барањето да ни даде коментар за оваа приказна. Пробивања на изменетите подесувања на Г-валет Пробивањата кои беа истражувани во променетите подесувања кај смартфоните беа откриени неделава од Џошуа Рубин од Звело. Првенствено, тој откри дека е лесно да се кракува пин-бројот со употреба на „напади со брутална сила“. Ова се состои од систематско проверување на сите можни комбинации на броевите во пинот. Пиновите имаат само четири цифри, па затоа е потребно да се пресметаат максимум 10,000 СХА256 комбинации, кои Рубин ги опиша како тривијален проблем. СХА256 е верзија на безбедносен комбинациски алогоритам кој користи 256-битни зборови за енкрипција на податоците. Гугл валет дава можност само за пет погрешни внесувања на пинот, но нападите на „брутална сила“ го открива пинот без да направи дури и еден погрешен обид, со што целосно се поништува безбедноста. Овие напади „се лесни како да симинувате игра или порно клип на вашата


26

СВЕТСКИ ПЕЧАТ направа“, вели независниот консултант за безбедност Ренди Абрамс за Текњуз ворлд. Рубин го пријави овој проблем кај Гугл, од каде го потврдија и сега работат на негово решавање. Сепак, лекот, за кој можеби ќе треба да се отстрани пинот од смартфоните и да се смести во посебен НФЦ чип во направата, може да доведе само до префлање на одговорностите. Наместо Гугл да биде одговорен за да го чува пинот безбеден, тогаш банките ќе бидат одговорни за таа улога. Од Звело велат дека ова ќе ги изложи корисниците на непоправлив ризик.

Банките „никогаш нема да ја прифатат одговорноста за безбедноста, освен ако за тоа не бидат приморани со закон“, коментира Абрамс. Злото кое го прави менувањето на подесувањата Технички поткованите корисници на смартфони понекогаш ги менуваат подесувањата (или „рутирање“) на нивите смартфони затоа што тоа им озвоможува да ги менуваат или да ги преместат системските апликации и подесувања, и кои, помеѓу другите нешта, да можат да користат специјални апликации за кои е потребно дозвола од администраторно ниво. „Шансите за напаѓање на направа со сменети подесувања се разбирливо високи, посебно кај андроид заедницата, а тоа ги привлекува слободноумните, технолошки поткованите корисници“, смета Тихонов од МобилпејЈуЕсЕј. Опасноста од „рутирањето“ е тоа дека „тоа создава безбедносни дупки кои не се секогаш следени од напаѓачите врз безбедноста, затоа што тие ги следат стандардните конфигурации“, рече Мајл Морган, искусен аналитичар во Еј-Би рисрч. Никогаш не му верувајте на странец Друга повредливост на безбедноста, која е многу полесно да се истражи, беше отркиена во минатиот декември, кога беше опишана на форумот за XDA програмери, од некој со прекар „Еванџелион01“. Не е јасно зошто оваа информација порано не беше проширена, но изгледа дека истата информација беше пак постирана во четвртокот на форумот „Смартфон чемп“. За овој метод, се што е потребно е крадецот да оди во фолдерот за подесувања на апликациите во смарфонот и да ги исчисти податоците за Гугл валет. Ова му овозможува на крадецот да си постави свој пин број и да

БИЗНИС ИНФО пристапи кон припејд картичката на корисникот во Гугл валет. Ова функционира на направи чиј екран не се заклучува со код, вели Еванџелион01. Сепак, „корисниците побрзо ќе откријат дека им го нема телефонот отколку хакерот да може да влезе во податоците со безбедносна чувствителност“, вели Тихонов. Безбедносни опции за Г-валет Можно е да се создадат безбедни е-валети, така што пин кодот нема да биде кракуван, коментира Кирш од ОнеАјДи. Производителите на смартфони можат да ги заклучат направите за да го спречат рутирањето, предлага Тихонов. Сепак, „овие мерки можат да одврати некои корисници и да се откажат од андроид направите“. За вториот вид на напад, за кој не е потребнна „рутирана“ направа, „употребата на двоен фактор за автентификација кога направата е вратена на фабричките подеувања“, може да биде решение, рече Тихонов. Гугл треба да им дозволи на корисниците да ги заклучуваат индивидуалните апликации со код, или со препознавање на ликот на лицето, за да спречи ваков напад од втор вид, предлага Еванџелион01. Компаниите кои нудат можност за мобилен валет, треба да размислат за внесување на различни безбедносни стандарди, препорачани од Американскиот национален институт за стандарди (АНСИ), како и „пракса за безбедносно кодирање задолжителна од многу присилни политики за контрола на кодови“, предлага Тихонов. (Текњуз ворлд)

Една година од денес КОЈ ОДБРА ДА ОДИ ПО ПАТОТ, А КОЈ ИЗБЕГА

Една година од денес, веќе ќе ги заборавиме деталите од минатите неколку дена, но ќе имаме јасна слика од сето она што остана зад нас. Новиот договор за заем не присилува да избереме помеѓу кошмарот на банкротот и болниот пат на жестоко штедење, патот на немаштијата, зависноста и разочарувањето, но со надеж дека можеби ќе застанеме на свои нозе. Иако изборот изгледа едноставен, резулатите се толку неизвесни што дебатата околу новиот меморандум се изгуби во конфузијата на спротивставени мислења. Па така го гледаме само жртвувањето кое се бара од нас, а не и понудените можности. Денес сфаќаме дека првиот меморандум беше промашен, а барањата од него сурови и погрешни. Само малкумина се сеќаваат дека пред две години, новата влада на Пасок - во паника заради недостиг на пари и без разбирање на ситуацијата - прифати да спроведе

четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

политика во која не веруваше. Во меѓувреме, опозициските партии беа скоро безгласни во нивното одбивање на оваа политика, исто како и другите партии и медиумите. Кој ги забележа деталите од меморандумот кои не се однесуваа само на потребата за штедење, туку и за структурни реформи и развој? Со еден милиони невработени, со сите големи индикатори кои укажуваат на длабока рецесија, ги гледаме само недостатоците од меморандумот, а не и последиците и поделбата кои доведоа до ова што се случува денес.

Има се уште многу пречки во новиот договор за заем и за намалување на долгот главно тука е загриженоста на нашите партии и кредиторите, бесот на народот од кого се бараат нови жртвувања, како и на тешкотијата која многу политичари и други учесници во јавниот живот ја имаат во прифаќањето на фактот дека нивните кариери ќе бидат жртвувани за целите на непопуларната полиика. За една година ќе можеме да ја оцениме улогата одиграна од протагонистите во јавниот живот: Лукас Пападемос, кој се најде себеси како посредува помеѓу тврдоглавите челници на трите партии кои ја подржуваат владата и нашите нестрпливи и често арогантни кредитори; на меланхолијата на Пасок наречена Јоргос Папандреу, кој гледа како неговата политичка династија тоне под тежината на минатите две години и се труди да остане на политичката сцена; на Андонис Самарас, лидерот на Нова демократија, кој ја смени тактиката, но се преправа дека не ја сменил, додека истовремено инсистира на предвремени избори; Јоргос Караџаферис од екстремно десната Лаос, со неговиот кловновски опортунизам и апсолутното одбивање на левите партии; и на граѓаните кои го носат товарот на сите политики, без разлика дали се исправни или погрешни. Деновите пред нас ќе бидат тешки и сите ќе бидеме судени за нашите постапки. Да ги запомниме последните неколку дена, кога во иднина ќе бидеме повикани да објасниме кој одбра да оди патот, а кој одбра да бега. (Катимерини – Атина)


четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

БИЗНИС ИНФО

27

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ

Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија преземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија

Назив на Проектот

MK-Скопје: Tечни горива

Референца

ECZ73665 – земји-кандидати

Финансиска референца.

2012/S 26-042544

Вид на набавка Испорака Финансиер

Европска комисија

Земја

Македонија

Објавено на

8.02.2012 година

Краен рок за апликација

7 .3. 2012 година

Сектори

Енергетика

Опис на Проектот

Набавка на нафта за греење Oil EL-1, набавка на дисел - Eurodisel BS (DE 5), набавка на Eurosuper - BS-95

Контакти ЈП Македонијапат - Скопје Даме Груев бр.14 1000 Скопје Република Македонија Telephone: +389 23111843 +389 23111843 E-mail: dijanaorovcanec@gmail.com Fax: +389 23138736 h�p://www.makedonijapat.com.mk

Назив на Проектот

MK-Скопје: Медицинска опрема, фармација и средства за лична заштита

Референца

ECZ73666 – земји-кандидати

Финансиска референца

2012/S 26-042543

Назив на Проектот

AL-Тирана: Развој и спроведување на дигитална библиотека за основно и средно образование

Референца

EIBZ73663

Финансиска референца

2012/S 26-041043

Вид на набавка Услуги Финансиер

ЕИБ

Земја

Албанија

Објавено на

8.02.2012 година

Краен рок за апликација

27.3. 2012 година

Сектори

Образование

Опис на Проектот

Развој и спроведување на дигитална библиотека за основно и средно образование

Контакт Ministry of Educa�on and Science, Educa�on Excellence and Equity Program, Contact Person: Mrs. Dafina Cenaj. Address: Rr. e Durresit, No. 23, Tirana, Albania. Tel.: +355 42225457 E-mail: dcenaj@mash.gov.al

Назив на Проектот

Клучка Фиер Влора одржлив транспорт

Референца

EBRDZ73717

Финансиска референца

Procurement ref: 33980

Вид на набавка

Услуги

Вид на набавка Испорака

Финансиер

ЕБРД

Финансиер

Европска комисија

Земја

Албанија

Земја

Македонија

Објавено на

10.02.2012 година

Објавено на

8.02.2012 година

1 .3. 2012 година

Краен рок за апликација

Отворен

Краен рок за апликација Сектори

Транспорт Урбан развој

Сектори

Здравство

Опис на Проектот

Јавна набавка на инсулин за 2012 година

Опис на Проектот

Изградба на клучка на делницата Фиер - Влора

Контакт

Министерство за здравство 50 дивизија бр.6 1000 Скопје Република Македонија Telephone: +389 23112500 +389 23112500 E-mail: metodi. micev@gmail.com Fax: +389 23113014 www.moh.gov.mk

Финансиер

ЕБРД

Земја

Albania, Bosnia and Herzegovina, Croa�a, Kosovo, Macedonia, Montenegro, Serbia

Објавено на

10.02.2012 година

Краен рок за апликација

5.3.2012 година

Сектори

Економски развој Финансии - банкарство Урбан развој

Опис на Проектот

ЕБРД и KfW воспоставуваат Фонд за развој на општинска инфраструктура за финансирање на проекти во мали општини

Контакт h�p://www.ebrd.com/pages/workingwithus/procurement/no�ces/csu/contact_sheet.doc

Назив на Проектот

MK-Скопје: Спортска опрема

Референца

ECZ73736 - земји-кандидати

Финансиска референца

2012/S 28-045732

Вид на набавка Изведбени работи Финансиер

Европска комисија

Земја

Македонија

Објавено на

10.02.2012 година

Краен рок за апликација

9.3. 2012 година

Сектори

Градежништво - инженеринг Општествени услуги

Опис на Проектот

Изградба на аквапарк

Контакт Борис Трајковски ДООЕЛ Булевар 8 септември 1000 Скопје Република Македонија

Контакт h�p://www.ebrd.com/pages/workingwithus/pro- СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА curement/no�ces/csu/contact_sheet.doc

www.mchamber.mk

Назив на Проектот

Регионален: Фонд за развој на општинска инфраструктура

Референца

EBRDZ73710

Финансиска референца

Procurement ref: 35514

Вид на набавка Услуги

Контакт М-р Ацо Спасовски тел. 3244044 факс.3244088 aco@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

28

четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Oд 18 до 25 февруари Меѓународен саем за јахти, системи и опрема за наутика во Република Турција “TUYAP ISTANBUL BOAT SHOW“ ВО ИСТАНБУЛ Организирана посета на Саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување. Во периодот од 18 до 25 февруари 2012 година, во Истанбул, Република Турција ќе се одржи 12. Меѓународен саем за јахти, системи и опрема за наутика “TUYAP ISTANBUL BOAT SHOW”. Станува збор за еден од најголемите меѓународни саеми од оваа област, на којшто свое учество ќе земат реномирани компании од поголем број земји. На овогодинешното издание ќе бидат претставени најновите модели и иновации на: едрилици, јахти, моторни чамци, чамци на надувување, спортски чамци, сидра, синџири за сидра, пумпи, кранови, гасна турбина, дискови, алтернативни горива, пловни дискови, парни машини, резервни делови, системи за горива, како и друга опрема. Во делот на пропратните

сектори ќе има излагачи од: мебел (ентериер), градежни материјали, опрема за навигација, расвета, заштитна опрема, електроника и електрични уреди и друго. Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „АДОНИС ГРУП“ организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 18-20 февруари 2012 година. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, влезници за саемот, трансфер од хотел до саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци (со сопствен превоз 45 евра административни трошоци), како и организационите трошоци кон Комората. Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании

да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 10 февруари 2012 година. Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk На 21 февруари 2012 година eднодневен семинар “ХАРМОНИЗИРАН СИСТЕМ ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА СТОКИТЕ И ИЗМЕНИТЕ ШТО СТАПИЈА НА СИЛА ОД 1 ЈАНУАРИ 2012 ГОДИНА” 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат Во насока на детално запознавање со Хармонизираниот систем за распоредување на стоките и најновите измени, Стопанската комора на Македонија на 21 февруари 2012 година организира еднодневен семинар на тема: “Хармонизиран систем за распоредување на стоките и измените што стапија на сила од 1 јануари 2012 година” Цели: • да се објаснат Основните правила за примена на Хармонизираниот систем во поглед на распоредување на сложени производи и сетови и подобрување на вештините за распоредување на стоките; • да се разберат целосно основните за распоредување на стоките во ХС и • да се разбере методологијата на ХС и да се добие подобар преглед на измените на ХС 2012 што стапија во сила на 1 јануари 2012 година. Профил на учесници: семинарот е наменет за увозници, извозници, производители и други професионалци што се занимаваат со увоз и/или извоз, царински застапници, шпедитери, транспортери, консултанти и правни советници. Предуслови за максимална корист од оваа обука: • основно познавање на Хармонизираниот систем; • познавање/искуство од меѓународната трговија. За време на обуката, учесниците: • ќе ги истражуваат областите на основните правила за распоредување на стоките во поглед на распоредување на производи, сложени производи и сетови и

ќе ги подобрат вештините за тарифирање и распоредување на стоката; • целосно ќе ги разберат правилата за распоредување во ХС, најновите измени на ХС што се применуваат од 1 јануари 2012 година; • ќе ги истражуваат помошните алатки за правилно и полесно распоредување на стоката со помош на интернет и електронските бази за распоредување. Обуката ќе содржи презентации, интерактивни дискусии и практични студии на случај. Предавач: м-р Златко Ветеровски, Царинска управа на Република Македонија. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 20 февруари 2012 година. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk Контакт: Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: lence@mchamber.mk

На 23 февруари 2012 година, во Грција ЦРНОМОРСКИ БИЗНИС-ФОРУМ ВО СОЛУН Стопанската комора на Македонија, во соработка со Канцеларијата за врски за Република Грција во Македонија, ве покануваат на Црноморскиот бизнис-форум на тема: “Зголемување на трговскиот обем и на инвестициите за постигнување на поголем раст”, што ќе се одржи на 23 февруари 2012 година (четврток), во хотелот „Холидеј Ин“ во Солун, Грција. Организатори на Црноморскиот бизнис-форум се Грчката федерација на претприемништво (СЕВ), Федерацијата на индустрии од Северна Грција (ФИНГ), грчката Меѓународна бизнис-организација (СЕВЕ) во соработка со УНДП-програмата за трговија на земјите од Црноморскиот регион и Програмата за промоција на инвестициите (УНДП/BSTIP), со поддршка на Сојузот на Црното Море и Касписката конфедерација на претприемништво (UBCCE). Целта на Форумот е да се обезбеди практична платформа за претпријатијата од регионот за да се


четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

вклучат во билатералните разговори и деловни состаноци (Б2Б) за евентуална нова меѓусебна соработка, партнерство и договори. Учесници на Црноморскиот

бизнис-форум ќе бидат: а) грчки компании кои произведуваат: храна и пијалаци, пакување, пластика, стакло, хемикалии, козметика, лекови, хигиенски производи и градежни материјали; б) компании од Албанија, Македонија, Бугарија, Романија, Србија, Русија, Украина, Азербејџан, Грузија и Ерменија, кои се увозници на големо, дистрибутери на горенаведените производи. Се очекува присуство на повеќе до 100 грчки компании и над 50-тина странски компании. За секоја компанија организаторите ќе подготват специфичен план на договорени состаноци (Б2Б), врз основа на профилот, интересот и барањата на компанијата. Работните сесии на Форумот ќе дадат можност за нови услуги и механизми со цел да се олеснат интернационализацијата, можноста за финансирање, да се воведат нови трендови и перспективи на пазарите. За успешна реализација на форумот, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес за соработка со грчките компании, преку пополнување на Пријавниот лист, што може да се превземе од веб порталот на Комората: www.mchamber.mk Ве молиме, Вашиот интерес да го најавите во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 13.02.2012 година. Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk На 24 февруари 2012 година

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА САЕМОТ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И РУДАРСТВО, ТЕХНИКА И ДРВНА ИНДУСТРИЈА „ЕКСПОКОС 2012“ (11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат) Промоција на Меѓународниот саем за градежништво, енергетика и рудударство, техника и дрвна индустрија „ЕКСПОКОС 2012“ со повластени услови за учество на македонските компании Со цел поблиско запознавање со овогодинешнита саемска манифестација ,„ЕКСПОКОС“, од страна на претставници на водечката саемска куќа „ЦЕО“ од Приштина, Косово, на 24 февруари 2012 година, во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија ќе се одржи бесплатна презентација пред заинтересираните македонски компании. Тоа е едно од најважните економски случувања од областа на

вечера на сите излагачи, доделување сертификати на излагачите, а ќе се организираат и бизнис-средби, кои ќе создадат поволни услови за поттикнување на комерцијални ефекти. Стопанската комора на Македонија ќе организира посета на заинтересираните компании на Саемот, но ќе биде и логистичка поддршка на заинтересираните за учество на Саемот како излагачи. Целта на презентацијата е заинтересираните македонски компании да се запознаат со условите, можностите и бенефитите од настапот на Меѓународниот саем за градежништво,енергетика и рударство,техника и дрвна индустрија „ЕКСПОКОС 2012“, како и за воспоставување нови деловни контакти и нивна афирмација на меѓународниот пазар. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да присуствуваат на бесплатната презентацијата, што ќе се одржи на 24 февруари 2012 година, со почеток во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат. Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk

градежништвото, енергетиката и дрвната индустрија во регионот. На површина од 20.000 метри квадратни ќе учествуваат компании од над 20 земји, меѓу кои Хрватска, Словенија, Македонија, Германија, Босна и Херцеговина, Албанија и др. ,„ЕКСПОКОС 2012“ ќе ги собере на едно место водечките локални и светски производители на: градежни материјали, градежни системи и опрема, градежни полуфабрикати, хемиски помагала за индустрија, керамика, врати и прозорци, изолација, греење и санитарна технологија, електрична инсталација, обработка на метални декорации, метална и неметална опрема, обработка на масивно дрво, домашен и канцелариски мебел, бела техника, санитарен мебел, паркет и дрвени подови, куќи од дрво, декорации од дрво, патишта, индустрија на електрична енергија ,алтернативни извори на енергија, како што се вода, ветер, сонце, гас, јаглен, масла, мерни инструменти и опрема, автоматика и роботика, хемиска и пластична индустрија, телекомуникации, транспортна опрема и др. Воедно, во рамките на Саемот, ќе се одржат и прес-конференции, заедничка

На 24 февруари 2012 година во Белград, Србија МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС-СРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ 2012 Европскиот информативен и иновативен центар и Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија организираат учество на меѓународните бизнис-средби од областа на туризмот, што ќе се одржат во рамките ма МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ ЗА ТУРИЗАМ 2012, во Белград, Србија, на 24.02.2012 година од 10:00 до 18:00 часот.

Цел на овие средби е поврзување и воспоставување деловна соработка меѓу компаниите од областа на туризмот. Ова е единствена прилика потполно бесплатно


30

БИЗНИС ИНФО

четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ да воспоставите контакти и деловни врски со странски тур-оператори, туристички агенции, туристички организации, хотели, ресторани, хостели, ски-центри, бањи и слични субјекти. Деловните средби Ви нудат можност да остварите директни контакти со потенцијалните партнери, да ги сознаете новостите и трендовите во туризмот, да ја промовирате својата дејност и да размените искувства. На деловните средби во 2011 година учествуваа 115 компании од областа на туризмот од 9 земји. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk

На 29 февруари 2012 година oбука за ЦИП - Интелигентна eнергија на тема: “ИЕЕ И МОЖНОСТИТЕ ЗА УЧЕСТВО ВО МЕЃУНАРОДНО ФИНАНСИРАНИ ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА АЛТЕРНАТИВНИТЕ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА” од 10.00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 53 на IV кат Потпрограмата Интелигентна енергија е програма во рамките на ЦИП - програмата за конкурентност и иновативност за финансирање проекти и активности коишто ќе поттикнуваат енергетска ефикасност, употреба на нови и обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност на протокот на стоки.

ЦИП- Интелигентна енергија ќе се одржи на 29 февруари 2012 година (среда), со почеток во 10:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 53 на IV кат. Содржина на обуката: • запознавање со Програмата; • кој е подобен да учествува ? • начин на подготовка на ИЕЕ-2; • како се бараат партнери ? • начин на апликација; • ИЕЕ за 2012 година, цели, рокови, приоритетни теми; • колкави финансиски средства се во игра? • примери на успешни проекти од ИЕЕ (Интелигентна енергија за Европа) за периодот 2007-2010. Тренер: Јадранка Аризанковска, сертифициран менаџмент консултант. Заинтересираните лица за учество во работилниците можат да се пријават најдоцна до 28 февруари 2012 година. Сите учесници ќе добијат соодветен работен материјал и на крајот на работилницата ќе се стекнат со сертификат како потврда за учество на работилницата. Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk Контакт: Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: lence@mchamber.mk На 1 и 2 март 2012 година во Белград, Република Србија „ЕКО ЕКСПО 2012“

Со цел поттикнување на компаниите за подготвување и аплицирање со свои проекти на отворениот повик (27 јануари - 8 мај 2012 година), Стопанската комора на Македонија организира обука за ЦИП-Интелигентна енергија. Обуката за

екологија и заштита на животната средина „ЕКО ЕКСПО 2012“ е на едно место да се соберат сите оние кои се истакнале со постигнати резултати, а и оние кои сакаат да се афирмираат во оваа област, поаѓајќи од тоа дека размената на знаења и искуства е најбрз пат до она за кое сите тежнееме, а тоа е да се заштити и сочува животната средина. Манифестацијата претставува прв Балкански самит на екологијата и заштитата на животната средина, обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност.

*Посета и учество на Меѓународниот саем за екологија и заштита на животната средина и екоконференција Стопанската комора на Македонија организира посета и учество на македонски компании на заеднички штанд со специјален попуст и со организиран превоз и сместување. Меѓународниот саем за екологија и заштита на животната средина „ЕКО ЕКСПО 2012“ ќе се одржи од 1 – 2 март 2012 година во „БЕЛЕКСПОЦЕНТАР“, во Белград, Србија, и е замислен како најпрестижен саем од тој тип во регионот, кој на едно место ќе ги собере излагачите од Србија, регионот и од светот пошироко. Целта на Меѓународниот саем за

Истовремено, во рамките на саемската манифестација, на 23 март 2012 година ќе се одржат и Меѓународна конференција за екологија, енергетска ефикасност и обновливи извори, како и билатерални средби меѓу учесниците на настанот. Цената за учество на Конференцијата е 250 евра (+ 18%ДДВ). Стопанската комора на Македонија организира посета и учество на македонски компании на заеднички штанд од 55 м2, од 29 февруари до 2 март 2012 година. Цената на закупениот заеднички простор со вкалкулиран специјален попуст изнесува 1.500 евра (+18%ДДВ), што ќе се подели наизменично на сите пријавени излагачи. Во зависност од бројот на пријавени компании, ќе биде организиран групен превоз и хотелско сместување Трошоците за превоз и сместување се на товар на учесникот. Сите заинтересирани компании своето учество на Меѓународниот саем во Белград, можат да го пријават најдоцна до 13.02.2012 година. Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk


четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 1 до 3 март 2012 година, во Истанбул, Турција МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ПРОЗОРЦИ, ВРАТИ И СТАКЛО *Организирана посета на саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување. Во периодот од 1до 4 март 2011 година, во Истанбул, Република Турција се организираат три меѓународни саемски манифестации: - ISTANBUL WINDOW 2011 – 13. Меѓународен саем за прозорци, профили, технологија за производство и машини, опрема, суровини и помошни средства; - ISTANBUL DOOR EXPO 2011 – 4. Меѓународен саем за врати, блендирани врати, панел, системи и помошни средства за врати и - ISTANBUL GLASS EXPO 2011 Саем за производи од стакло, технологија и машини за стакло, помошни производи и хемикалии.

Станува збор за меѓународни саемски манифестации на кои свое учество земаат реномирани компании од повеќе земји од светот. Во делот за прозорци ќе земат учество: компании за преработка на ПВЦ профили, алумински профили, дрвени профили, за дополнителни профили, механизми за прозорци, ПВЦ столарски механизми, механизми за алумински прозорци, рачки за прозорци, обработка на прозорци, машини и додатна опрема, суровини за прозорци, компјутерски програми поврзани со производство и останато. Во делот на стакло ќе бидат изложени: производство на секаков вид стакло и стакленици, машини за обработка, машини за сечење и машини за пакување на стакло, изолационен материјал за стакло, брусење на стакло, резервни делови, компјутерски програми поврзани за продажба на стакло, хемикалии за стакло и останато. Во делот на врати ќе биде застапено: производство на секаков вид врати, додатоци за врати, рачки за врати, рамки, технологија на врати, електро системи за врати, врати за градини, системи и механизми за блендирана врата и друго.

Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „АДОНИС ГРУП“ организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 1 - 3 март 2012 година. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, влезница за саемот, трансфер од хотелот до саемот. Сместувањето е во реномирани хотели со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административни трошоци за саемскиот организатор Адонис во износ од 125 евра по лице, со автобус (доколку е со сопствен превоз, само 45 евра административни трошоци). Уплатените средства до „ Адонис“ и Стопанската комора на Македонија не се рефундираат, доколку учесниците одлучат да го откажат патувањето после истекот на рокот за пријавување. Посетата е ограничена на максимум 2 претставници од една компанија. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 15 февруари 2012 година. Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт : Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk Од 1 до 3 март 2012 година, во Осиек, Хрватска МЕЃУНАРОДНИОТ ОСИЕЧКИ ПРОЛЕТЕН САЕМ 2012 *Стопанската комора на Македонија за македонските компании организира посета на саемската манифестација со организиран превоз и сместување Во периодот од 2 до 4 март 2012 година, во Осиек, Република Хрватска, ќе се одржи 19. Осиечки пролетен саем 2012, наменет пред се` за промоција и претставување на земјоделското производство, услугите, новите технологии за унапредување на аграрниот сектор, руралниот развој, а воедно и на регионалниот развој на земјите од

Југоисточна Европа. Осиечкиот саем претставува централна саемска манифестација во Хрватска во делот на аграрниот сектор на кој свое учество ќе земат реномирани домашни и странски компании од следниве сектори: • семенски материјали и расади; зеленчук и овошје; индустриски култури; хортикултура; шумарство; бои и лакови; опрема и машини за земјоделството; сточарство; хемиски и заштитни средства; прехранбени производи; транспорт и

логистика; амбалажа и друго. Стопанската комора на Македонија организира посета на заинтересирани македонски компании на оваа значајна саемска манифестација, со организиран превоз и сместување од 1 до 3 март 2012 година, во зависност од бројот на пријавени фирми. Трошоците за превоз и сместување се на товар на учесникот. Оваа саемска манифестација претставува одлична можност македонските компании да воспостават контакти и да ги унапредат деловните односи со хрватските партнери и потенцијални инвеститори, во време пред зачленување на Хрватска во Европската унија. Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk


32

БИЗНИС ИНФО

четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 5 март 2012 година, во Битола eднодневен семинар: “УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКИ ПОСТАПКИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И Е-АУКЦИИ” (Хотел „Милениум“ – Битола, од 11:00 – 16:00 часот) Семинар за успешно учество на постапките за доделување на договори кои се водат по електронски пат (пребарување на огласи, преземање тендерска документација, поднесување понуди, дигитално потпишување), и учество на електронски аукции. Поттикнати од фактот што на голем број компании-понудувачи не им се познати последните измени и дополнувања на Законот за јавни набавки („Службен весник на РМ“ бр. 185 од 2011 година) и најновите текови во врска со спроведувањето на јавните набавки по електронски пат и задолжителното користење на електронските аукции – 100% во 2012 година, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар кој ќе придонесе за запознавање и оспособување на учесниците за користење на Електронскиот систем за јавни набавки и учество на е-аукции. Предавачи: м-р Маре Богева

Мицовска, директор и м-р Марија Јованоска, раководител на сектор во Бирото за јавни набавки. Програма на семинарот: � Закон за изменување и дополнување на ЗЈН („Сл. весник на РМ“бр.185/11); � Портал за мали јавни набавки (задолжително објавување на малите јавни набавки); � Воведување на технички дијалог со деловната заедница; � Негативни референци; � Квалификациски системи; � Користење на ЕСЈН и е-аукции; � Креирање на кориснички профили и претставување на функционалностите на профилот на економскиот оператор; � Пребарување на објавени тендери и договори; � Задолжителни 100% е-аукции; � Дигитално потпишување на понудите; � Поднесување на понудите преку системот;

� Учество на е-аукции каде критериум за доделување на договорот е најниска цена и економски најповолна понуда. Семинарот е наменет за сите деловни субјекти (економски оператори), кои учествуваат во постапките за јавни набавки, а особено за: � лицата кои електронски ги поднесуваат понудите и учествуваат на еаукции и � менаџментот кој одлучува за содржината на понудите. На семинарот ќе бидат разработени теми поврзани со електронските јавни набавки, како што се: � како да креирате кориснички профил; � основни функционалности на вашиот кориснички профил на системот; � како да комуницирате со договорниот орган преку ЕСЈН; � како најбрзо да добиете информација за новообјавените тендери; � како да учествувате во постапка која се спроведува по електронски пат; � што е електронска аукција и како да учествувате на неа? Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 2 март 2012 година. Учесниците е потребно да донесат свој лаптоп, затоа што обуката ќе биде интерактивна со практични вежби и примери на тестниот електронски систем за јавни набавки. Групата ќе биде ограничена на 20 учесници. Сите учесници ќе добијат соодветен работен материјал и на крајот од обуката ќе се стекнат со сертификат како потврда за учество на истата Контакт: Ристо Најдоски Тел: 048 415536 Факс:048 415536 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: regiopr@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: be�@mchamber.mk На 6 март 2012 година, Скопје МАКЕДОНСКО-АНГЛИСКИ БИЗНИС ФОРУМ “THE UK AND MACEDONIAN BUSINESS TO BUSINESS (B2B) EVENT” Британската Амбасада во Скопје во соработка со коморите, спроведуваат проект за вмрежување меѓу британски и македонски компании. Проектот се спроведува како продолжение на претходниот Проект “UK Chamber to MK Chamber event”, каде што

се оствари институционална соработка помеѓу 9-те стопански комори од Велика Британија и македонските стопански комори.

Учеството на настанот е бесплатно и целта на овој настан е да се унапредат бизнис-поврзувањата меѓу британски и македонски компании, кои ќе бидат идентификувани од страна на британските и македонските стопански комори. За таа цел, Ве покануваме за учество во проектот на 6 март 2012 година, преку номинирање на претставници од вашите компании, кои сметате дека одговараат на профилот на пријавените британски компании, со што ќе се овозможи успешно вмрежување. Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk На 9 март 2012 година на „ГАСТ“ во Сплит, Хрватска МЕЃУНАРОДНИ СРЕДБИ ЗА ТУРИЗАМ Стопанската комора на Македонија, со поддршка на Enterprise Europe Network организира 5. Меѓународни бизнис-средби “Tourism@GAST 2012”, што ќе се одржат на 9.3.2012 година (петок), со почеток во 9:30 часот, во рамките на Меѓународниот саем „ГАСТ“, што ќе се одржи од 7 до 11 март 2012 година во Сплит, Република Хрватска. Мултилатералните бизниссредби „Tourism@GAST 2012“ се продолжение на истоимените бизниссредби во рамките на Саемот „ГАСТ“, со учество на повеќе од стотина учесници. Саемот „ГАСТ“ е клучно место за средби и на бројни производители и трговци од секторот за храна, пијалаци, хотелска и угостителска опрема. Ова е единствена прилика за средби со меѓународни компании од регионот и пошироко, на претходно договорени индивидуални состаноци, според Вашиот избор, и тоа во следните сектори:


четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

* тур-оператори и туристички агенции; * хотели, мотели и кампови; * здравствен и wellness-туризам; * селски, еко и активен туризам; * промет (автобуски, железнички и воздушен); * осигурување и финансии; * туристички инвестиции; * угостителство, храна и пијалаци; * гастрономска понуда и побарувачка; * интернет-туризам и др. Учеството на средбите е бесплатно, а контакт-лицата од мрежата на Enterprise Europe Network Ви стојат на располагање во процесот на пријавување и во текот на состаноците. И оваа година се очекуваат партнери од Германија, БиХ, Србија, Црна Гора, Словенија, Македонија, Италија, Унгарија и од други земји. Здружение на угостителството и туризмот Лазо Ангелевски Стопанска комора на Македонија Ph: ++ 389 2 3244090 mob. ++ 389 70 387745 Fax: ++ 389 2 3244026 E-mail: laze@mchamber.mk Меѓународен саем за компјут��ри од 6 до 10 март во Германија CEBIT FUTURE MATCH 2012 ВО ХАНОВЕР На саемска површина од околу 450 000 м² и со над 700 000 посетители CeBIT е најголем саем за компјутери во

светот. Во рамките на Саемот што се одржува во Хановер, Германија, од 6-10 март 2012 година, Enterprise Europe Network ќе организира 14-ти меѓународни бизнис-средби. Од 1999 година Future Match е можност за излагачите и посетителите на Саемот да најдат партнери за соработка, за развој на производите, истражување, заеднички вложувања, производство, маркетинг и лиценцни договори. Компаниите, универзитетите и истражувачките институти од ИКТ-секторот се исто така поканети за учество на Саемот. На www.futurematch.cebit. de можете да се регистрирате и да воспоставите контакти со CeBIT 2012. Здружение на информацискокомуникациски технологии Лазо Ангелевски Стопанска комора на Македонија Ph: ++ 389 2 3244090 mob. ++ 389 70 387745 Fax: ++ 389 2 3244026 E-mail: laze@mchamber.mk Web: www.mchamber.mk Март 2012 година, во Стопанската комора на Македонија МАКЕДОНСКО-ЧЕШКИ БИЗНИС-СРЕДБИ Стопанската комора на Македонија заедно со Чешката стопанска комора, Ве покануваат на Македонскочешки бизнис-средби. Македонско-чешките бизниссредби ќе се одржат во март 2012 година (дополнително ќе бидете известени за датумот и часот на одржување), во Стопанската комора на Македонија. Бизнис-средбите претставуваат можност за спојување на македонските и чешките компании, продлабочување на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Чешка, како и развивање на деловните односи меѓу компаниите од двете земји. Околу 10-тина чешки компании се заинтересирани да остварат средба со македонски компании во делот на индустријата за енергетика (разладни кули, мали хидроелектрани), потенцијални градежни компании за соработка, системи за контрола на пристапот – агенции за безбедност, дистрибутери на системи за контрола на пристапот, сигурносни кутии за безбедност во банки, агенции за безбедост, сегашни и потенцијални извозници и инвеститори во Македонија, со клиенти за договори за јавно-приватно партнерство (локална самоуправа), партнери за трговски бизнис со фотоволтаични технологии, партнери

за joint-venture проекти во фотоволтаични бизниси, сопственици на земјиште погодно за градење на фотоволтаични постројки и партнери од секторот за обновлива енергија – фокусирани на фотоволтаични постројки. За успешна реализација на бизниссредбите, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес за соработка со британските компании. Ве молиме, Вашиот интерес да го најавите во Стопанската комора на Македонија. Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk

Од 16 до 19 март Меѓународен саем во Република Албанија “HORECA ALBANIA EXPO 2012” (ХОтели, РЕсторани, КЕтеринг) Стопанската комора на Македонија, организира посета и учество на македонски компании на заеднички штанд со организиран превоз и сместување. Во организација на грчкиот саемски промотор „Експолајн“, за првпат во Албанија ќе се одржи специјализираната саемска манифестација „ХОРЕКА Албанија Експо 2012“. Хорека-секторот, кој го опфаќа прехранбениот и услужните сектори (хотели, ресторани, кетеринг) ќе биде претставен на овој специјализиран саем во Албанија како земја со динамичен развој и посебно со растечки тренд во оваа специјализирана стопанска гранка. На овој Меѓународен саем се очекува да се претстават излагачи од


34

БИЗНИС ИНФО

четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Албанија, но и од земјите од регионот во следниве профилирани сектори:

Од 14 до 16 март 2012 година Меѓународен саем за керамика, бањи, кујни во Турција “UNICERA 2012” ВО ИСТАНБУЛ *Организирана посета на саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување.

прехранбена индустрија со сите потсектори, професионална опрема за угостителство, прибор за готвење и додатоци, машини за перење и миење садови, специјализиран внатрешен и надворешен декор, текстил за домаќинство, теписи, ѕидни облоги, козметика, бањи, опрема за климатизација (ладење, греење), соларни системи, третман на вода, опрема за базени, врати и прозорци, архитектонски решенија, информацискии и комуникациски системи, хотелска и ресторанска компјутеризација, безбедносни системи, опрема за спорт и рекреација и др. Саемот е од отворен карактер на кој се очекуваат професионални посетители и тоа: хотели, спа-центри, кафе-барови, ресторани и брза храна, пекарници, пабови и ноќни клубови, болници, големи трговски синџири, дизајнери, архитекти итн. Стопанската комора на Македонија, организира посета и учество на македонски компании на заеднички штанд со организиран превоз и сместување од 15 до 20 март 2012 година. Цената за изложбениот простор со стандардна опрема е 126 евра/м2 (плус ДДВ) . Трошоците за превоз и сместување се на товар на учесникот. Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk

Во периодот од 14 до 18 март 2012 година, во Истанбул, Република Турција ќе се одржи 24. Меѓународен саем за керамика, бањи и кујни “UNICERA 2012”. Истовремено ќе се одржат неколку саемски манифестации и тоа: Меѓународен саем за осветлување, мебел и декорација -DEKOREKS и Меѓународен саем за кујни, бањи, мебел и вградени апарати - KITCHEN WORLD. Станува збор за еден од најголемите меѓународни саеми од областа на опрема за бањи, керамика и кујнски сетови, на кои свое учество ќе земат реномирани компании од поголем број земји.

и декорација, услуги, внатрешна архитектура, дизајн компании и компании за уредување. Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „АДОНИС ГРУП“ организира посета со групен автобуски превоз на македонски компании на саемската манифестација од 14-16 март 2012 година. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, влезница за саемот, трансфер од хотел до саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 звезди. Посетителот ги покрива патните и административни трошоци за саемскиот организатор „Адонис“ во износ од 125 евра по лице, со автобус (доколку е со сопствен превоз 45 евра административни трошоци), како и организационите трошоци кон Комората. Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 15 февруари 2012 година. Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk

На овогодинешното издание на “UNICERA” ќе бидат претставени најновите модели и иновации на: керамика, мермер, гранит, мозаик, санитарни производи, бањи, џакузи, туш-кабини, керамички хемикалии, лепила, вградени плакари, лустери, светла, рефлектори, подни светилки, декоративно осветлување, индустриско осветлување, декоративен мебел, спални соби, детски соби, трапезарии, канцеларии,маси, столчиња, клупи, мебел за градини, огледала, слики, рамки, камини, антиквитети, декоративно стакло, керамика, порцелан, метал, завеси, ролетни, декоративни предмети, декоративни зидови, тапети, гипсани калапи, паркет, теписи , украсни подни облоги, аудио визуелни системи, системи за безбедност, генератори,фитнес опрема, декоративни скали, прекривки, декоративни сепаратори, панели, зимски градини, базени, сауни, архитектура

Од 23 до 25 март 2012 година Меѓународен саем и конференција за градежништво во Албанија “CONSTRUCTION EXPO 2012” ВО ТИРАНА Стопанската комора на Македонија организира посета и учество на македонски компании на заеднички штанд со специјален попуст и со организиран превоз и сместување. Во периодот од 23 до 25 март 2012 година, во Тирана, Република Албанија ќе се одржи 12. Меѓународен саем за градежништво “CONSTRUCTION EXPO 2012’’ . Во организација на грчкиот саемски промотор Њу Џенезис, за првпат во Албанија ќе се одржи специјализираната саемска манифестација “CONSTRUCTION EXPO 2012’’, која претходно се одржуваше


четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

во Грција и на Кипар.

Станува збор за најголемиот меѓународен саем за градежништво во Албанија, на кој свое учество ќе земат реномирани домашни и странски компании од следниве сектори: • градежни материјали; • цивилно инженерство; • високо и нискоградба; • челични конструкции; • излациони материјали; • бои и лакови; • алуминиумски системи; • уреди за климатизација; • мебел за кујни; • енергетски и соларни системи. Истовремено, во рамките на саемската манифестација, на 23 март 2012 година ќе се одржи Меѓународна конференција за градежништво, енергетика и инфраструктура. Стопанската комора на Македонија, организира посета и учество на македонски компании на заеднички штанд од 100 м2, со организиран превоз и сместување од 15 до 20 март 2012 година. За македонските компании обезбеден е специјален попуст од 40% од регуларната цена за саемски настап (160 евра задолжително осигурување и 78 е��ра - квадратен метар со вкалкулиран попуст). Стопанската комора на Македонија организира посета и учество на македонски компании на заеднички штанд со организиран превоз и сместување од 22 до 26 март 2012 година. Трошоците за превоз и сместување се на товар на учесникот. Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk

Од 28 март до 1 април 2012 година 7. Меѓународeн гастрономски фестивал во Република Хрватска „БИСЕР НА МОРЕТО 2012“ ВО СУПЕТАР НА БРАЧ Меѓународниот гастрономски натпревар „Бисер на морето“ ќе се одржи од 28 март до 1 април 2012 година, во хотелот „Кактус“ во Супетар на островот Брач во Република Хрватска. Организатор на седмата по ред традиционална манифестација и овојпат е Сојузот на готвачи од Медитеранот и европските региони со седиште во Сплит. „Бисер на морето“ претставува една од најзначајните гастрономски манифестации на Медитеранот. Во пет дена ќе се одржат: меѓународното натпреварување на професионални готвачи и ученици-готвачи од средните угостителски училишта, гастро-изложба на најдобрите хрватски ресторани, изложба на хрватските и странски производители на храна, работилници и предавања за гастрономијата. На оваа манифестација досега имаат учествувано повеќе од 300 готвачи од деветнаесет земји и тоа: Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија, Австрија, Италија, Швајцарија, Словенија, Чешка, Полска, Романија, Турција, Украина, Латвија, Молодавија, Албанија, Саудиска Арабија и Русија. Стопанската комора на Македонија и годинава организира учество на оваа манифестација за сите заинтересирани готвачи-натпреварувачи, ученици-готвачи и македонските компании кои би ги презентирале своите производи на заеднички бесплатен штанд. Учеството на македонските претставници е одлична можност за презентирање на македонската кујна, но истовремено и за претставување на производите на познати македонски компании на хрватскиот пазар. За сите натпреварувачи, учениците, менторите, членовите на жири-комисијата како и медиумска екипа е обезбедено бесплатно сместување. Сите заинтересирани компании кои сакаат да земат учество на оваа гастрономска манифестација, своето учество треба да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 1 март 2012 година. Повеќе информации и пријавниот лист се објавени на вебпорталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk Контакт: Венера Андриевска тел: 3244 037; факс:3244 088 venera@mchamber.mk

Од 28 до 30 март 2012 година, во Софија, Бугарија МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ, ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, РЕЦИКЛИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД Во периодот од 28 до 30 март 2012 година, во Софија, Република Бугарија, ќе се одржи специјализирана Конференција и Меѓународен саем за енергетска ефикасност, обновливи извори, рециклирање и управување со отпад. Станува збор за најголем настан оваа година во Југоисточна Европа од оваа област, на којшто ќе учествуваат повеќе од 200 реномирани излагачи од над 16 земји од Европа и светот, кои ќе ги претстават најновите достигнувања и иновации од енергетска ефикасност, обновливи извори, рециклирање и управување со отпад и екологија. Истовремено ќе бидат одржани и повеќе специјализирани конференции, панел-сесии и билатерални средби со учество на врвни експерти и реномирани предавачи од неколку земји и тоа за: управување со отпадни води, рециклирање, енергетска ефикасност, биоенергија и друго. Меѓународниот саем ќе се одржи од 28-30 март 2012 година во изложбениот и конгресен центар во Софија, Бугарија. Сите регистрирани компании ќе можат да учествуваат на посочените конференции и панел-сесии, како и да остварат билатерални средби со другите учесници. Регистрацијата за учество се врши електронски, на порталот на саемскиот организатор: www.eco.viaexpo.com . Стопанската комора на Македонија организира посета на Меѓународниот саем (со бесплатен влез) и учество на конференциите за заинтересираните македонските компании со организиран автобуски превоз и хотелско сместување. Трошоците за превоз и сместување се на товар на учесникот. Стопанската комора на Македонија ги повикува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на Саемот најдоцна до 10 февруари 2011 година. Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

36

четврток, 16 февруари 2012, Бр. 85

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Бугарија заинтересирана е за соработка во Република Македонија со компании во областа на испраќање и прием на пратки. Валидност до: 06.10.2012 година Компанија од Белгија бара дистрибутер во Република Македонија за пласмaн на машини за монтирање и демонтирање на гуми за сите видови автомобили, автобуси и земјоделски машини. Валидност до: 6.7.2012 година Компанија од Пакистан бара да преземе фабрика за производство на чевли во Република Македонија, нуди „ЛОН“доработка со капацитет на производство од 2000-3000 пара чевли на ден. Валидност до: 6.12.2012 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на бојлери, сончеви колектори, резервоари за топла вода и радијатор. Уредите се со оперативен концепт за економско и еколошко греење. Валидност до: 6.10.2012 година Компанија од Англија бара соработка со трговци на големо во Република Македонија за пласман на видеоигри. Валидност до: 6.4.2012 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на гусени печки на дрва. Валидност до: 6.7.2012 година Компанија од Тајван бара застапник или дистрибутер за пласман на велосипеди и резервни делови за истите во Република Македонија. Валидност до: 7.6.2012 година Македонска компанија издава простор од 3000 m2 наменет за инвестирање за каква било намена во Крива Паланка. Просторот е делив и се наоѓа во централното градско подрачје. Има свој паркиг, вода и струја. Валидност до: 8.02.2013 година Македонска компанија бара соработка во областа на обновлива енергија, располага со сопствено земјиште и простор на кој може да се инсталираат фотоволтаични модули за производство на електрична енергија. Просторот е на површина од 8000 m2 и има своја трафостаница со моќност од 1200KW. Валидност до: 8.02.2013 година

Македонска компанија издава фабрика за производство на чевли комплет опремена за „ЛОН“-производство, што е лоцирана во близина на централното градско подрачје (во Индустриската зона), на ул. Маршал Тито бр.7 во Крива Паланка. Опремена е со видео надзор, портирница, паркинг за непречен влез и излез на тешки товарни возила до 70 тона. Фабриката е обезбедена со струја и вода, а целиот објект е со површина 2000m2, со можност за проширување. Валидност до: 8.02.2013 година Компанија од Бугарија бара дистрибутер за пласман на амбалажа од брановиден картон и хартија за брановиден картон во Република Македонија. Валидност до: 9.5.2012 година Компанија од Ерменија бара дистрибутер за пласман на производи од свежа и замрзната риба, производи од сушена и солена риба, пушени филети од риба во Република Македонија. Валидност до: 9.7.2012 година Компанија од Ерменија заинтересирана е да пласира стерилни течни лекови во Република Македонија. Валидност до: 9.6.2012 година Компанија од Албанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на дрвена граѓа, индустриски производи, паркети и аксесори за мебел. Валидност до: 9.5.2012 година Компанија од Бугарија бара дистрибутер за пласман на свежо и смрзнато пилешко месо. Валидност до: 10.6.2012 година Компанија од Чешка заинтересирана е за соработка со македонски партнери за трговски бизнис со фотоволтаични технологии, за joint-venture проекти во фотоволтаични бизниси, сопственици на земјиште погодно за градење на фотоволтаични постројки, партнери од секторот за обновлива енергија – фокусирани на фотоволтаични постројки. Валидност до: 1.9.2012 година Компанија од Чешка заинтересирана е за соработка со компании од Република Македонија во областа на системи за контрола на пристапот – агенции за безбедност, дистрибутери на системи за контрола на пристапот, како и пласман на сигурносни кутии за безбедност во

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

Македонска пошта, во банки, агенции за безбедост. Валидност до: 1.6.2012 година Компанија од Чешка бара соработка со компании во Република Македонија во областа на проектирање, изградба и ремонт на сите видови разладни кули, како и други активности во проектирање и изградба на индустриски згради, монолитни бетонски конструкции, ремонт и изградба на цистерни за вода, постројки за обработка на вода и мали хидроелектрани. Валидност до: 1.4.2012 година Компанија од Грција бара дистрибутер за пласман на свадбени аксесори и декорации во Република Македонија. Валидност до: 2.6.2012 година Чешка компанија заинтересирана е да пласира регални системи во Република Македонија кои имаат примена во сите подрачја на индустријата, на пр. големи складови - магацини, јавна администрација, банки, мали бизниси и др. Валидност до: 2.6.2012 година Компанија од Англија бара соработка со трговци на го��емо во Република Македонија за пласман на видеоигри. Валидност до: 6.4.2012 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на бојлери, сончеви колектори, резервоари за топла вода и радијатори. Уредите се со оперативен концепт за економско и еколошко греење. Валидност до: 6.10.2012 година Компанија од Бугарија заинтересирана е за соработка во Република Македонија со компании во областа на испраќање и прием на пратки. Валидност до: 6.10.2012 година

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб портал www.mchamber.mk Контакт: Мирјана Коцева Е-адреса: Mirjana@mchamber.mk Тел:3244-035; Факс: 3244-088 тел: : (02) 3244036 savo@mchamber.mk


Бизнис ИНФО број 86 од 16.02.2012 г.