Skip to main content

Бизнис ИНФО број 223, 14.05.2015

Page 1

БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642

bsi.

ISO 9001

Quality Management

years 5

192

FS 549642

2 - 201

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Број 223

www.mchamber.mk

Стопанска делегација од Црна Гора СОРАБОТКА ВО ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР И ВО ОБЛАСТА НА СОЛАРНАТА ЕНЕРГИЈА Бизнис-делегација од Италија СО СЕКТОРСКИ БИЗНИСПАРТНЕРСТВА НА ТРЕТИ ПАЗАРИ Словенечкиот амбасадор во Регионалната комора со седиште во Охрид НИЗ РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА ДО НОВИ ПАРТНЕРИ Кавадарци - Прилеп СООБРАЌАЈНАТА ИНФРАСТРУКТУРА И ГАСИФИКАЦИЈАТА КЛУЧНИ ЗА РАЗВОЈОТ НА РЕГИОНИТЕ

ДЕЛОВНИ КОНТАКТИ

14.5.2015


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

Semejna kompanija

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

БИЗНИС ИНФО

3

ПОКРОВИТЕЛИ

Македонската берза за хартии од вредност додели награди за најтранспарентно котирано друштво

КРИСТАЛНО ЅВОНО ЗА „АЛКАЛОИД”, КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА И НЛБ „ТУТУНСКА БАНКА“ Во рамките на Конференцијата на македонскиот пазар на хартии од вредност, што се одржа на 7 мај 2015 година во Скопје, Македонската берза по осми пат ја додели наградата „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентно котирано акционерско друштво. И оваа година беа доделени награди на три друштва кои од вкупно котираните 115 акционерски друштва на Македонска берза АД - Скопје беа оценети како најтранспарентни во 2014 година. Првото место го освои „Алкалоид“, второто Комерцијална банка и третото место НЛБ Тутунска банка. Наградата се доделува по осми пат и таа се однесува за најтранспарентно котирано акционерско друштво. Според нив, специјална изборна комисија го извршила изборот за најтранспарентни котирани друштва, односно бројот на објавени известувања преку СЕИ-Нет и нивниот квалитет, како и квалитетот на објавениот годишен извештај за работењето на друштвото, но и квалитетот на интернет-страницата на друштвото.(С.П.)

ЕВН Македонија сo директна поддршка на македонската литература и творештво

ПРОМОВИРАНО ТРЕТОТО ИЗДАНИЕ „ЗБИРКА РАСКАЗИ“ ОД ПРОЕКТОТ „СОЗДАДИ КНИГА“

ЕВН Македонија го промовираше третото издание на збирка раскази дел од проектот „Создади книга“. Во новото издание се објавени дела на авторите Сефер Селими, Ѓоко Здравески, Иван Шопов и Ѓорѓи Крстевски. - Проектот ја создаде веќе третата книга „Збирка раскази“ потпишана од неколку автори кои досега немале можност да ги објават. Досега во рамки на проектот се објавени три „Збирки раскази“ со 12 македонски автори, од кои дел се познати на читателите, а дел го доживеаја своето првенче, изјави Ленче Карпузовска од ЕВН Македонија. Таа додаде дека проектот е добро оценет од македонската читателска публика и оти тоа е поттик да продолжат и понатаму. Најави дека во наредниот период ќе продолжат со поддршка на македонските автори да ги објават своите дела, но оти ќе се фокусираат и на промоција на читањето како навика за најмладите за тоа да прерасне во навика. Според Карпузовска, проектот „Создади книга“ е директна поддршка на македонската литература и творештво. ЕВН Македонија со своите корисници ја реализира таа цел така што корисниците со барање за електронска фактура се заштедува принтање на сметката, а заштедената хартија се пренаменува за страница


4

БИЗНИС ИНФО

четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

ПОКРОВИТЕЛИ од книга. Од почетокот на реализација на проектот, 10.000 корисници побарале доставување електронска фактура, што според Карпузовска е незначителен број во однос на вкупниот број корисници, но е голем придонес за македонската литература. Ги повика сите корисници кои не поднеле барање за електронска фактура тоа да го сторат и да помогнат во издавање нови книги. Барање за електронска фактура може да поднесат и на штандот на ИК „Табернакул“ во рамки на Саемот на книга при што ќе добијат и издание од „Книга раскази“. Авторите во новото издание изразија задоволство што се дел од проектот. Сефер Селиу изрази надеж дека оваа „Збирка раскази“ ќе служи за поттикнување на читателската навика, особено кај младите. - Задоволство ми е што сум дел од проектот што има за цел да ја прошири книгата до што повеќе читатели. Секој проект од ваков вид треба да се поддржи, изјави Ивано Шопов. Ѓоко Здравевски изразувајќи благодарност рече дека немал дилема да се вклучи во проектот, додека Ѓорѓи Крстевски очекува читателите да уживаат бидејќи смета дека ова е добро издание. (МИА)

ПИ „Витаминка“ го освојува кинескиот пазар

ПРИЛЕПСКИТЕ БРЕНДОВИ НА САЕМОТ „СИАЛ“ ВО ШАНГАЈ Компанијата за кондитирски производи „Витаминка“ ги претстави своите производи на Меѓународен трговски саем за прехранбени производи СИАЛ што се одржува во кинеската административна и економска престолнина. Компанијата соопшти дека влегувањето на кинескиот пазар е од исклучително значење за глобално ширење на нивните брендови. - Во овој светски економски центар присутни се врвните брендови од целиот свет и ако тука успеете, тоа значи дека навистина имате целосно изграден производ, со квалитет, препознатливост и идентитет. Затоа, значењето на овој успех, односно да бидете забележан и баран во толкаво окружување е навистина големо и единствено може да се измери со големината на оваа земја, се вели во соопштението. (ПИ „Витамника“)


четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

БИЗНИС ИНФО

5

ПОКРОВИТЕЛИ ПОДВЛЕЧЕНО

„ОКТА“ - општествено одговорна компанија

ДОНИРАНА ПРОТИВПОЖАРНА ОПРЕМА ЗА ОПШТИНА ИЛИНДЕН Општина Илинден доби противпожарна опрема од компанијата „ОКТА“ која што ќе ја користи Доброволното противпожарно друштво на Општината. Донацијата се состои од противпожарно возило и друга дополнителна опрема (пумпи, ПП-скала, црева, разни типови на млазници, разделници, собирници и др.). - Долгогодишната соработката со Општината е важен дел од општествено одговорнoто делување на „ОКТА“. Со оваа донација ќе и` овозможиме на Општината да биде подготвена самостојно да интервенира во случај на потреба. Сигурни сме дека нашата поддршка ќе продолжи и понатаму во остварување на заеднички проекти, - изјави Јанис Геруланос, главен извршен директор на „ОКТА“. Покрај донираната опрема, противпожарната единицата од Секторот за здравје, безбедност и животна средина на „ОКТА“ ќе ги обучи припадниците на противпожарното друштво за соодветно ракување со опремата. - Донираната противпожарна опрема ќе ни овозможи поголема контрола и мобилност при услови на природни непогоди и други несреќи. Оваа донација е од големо значење бидејќи имаме истовремено и опрема и обука што ќе ни го олесни практичното користење на донацијата. На овој начин заштедуваме и значителни финансиски средства. Големо е нашето задоволство што ја продолжуваме успешната соработка со компанијата „ОКТА“ во која гледаме свој партнер и пријател на долги релации, изјави Жика Стојановски, градоначалник на Општина Илинден. Противпожарната опрема треба да помогне во одржувањето и зголемувањето на ефикасноста во случаи со справување со пожар, појава на елементарни или природни непогоди, како и други несреќи. („OKTA“)


6

БИЗНИС ИНФО

четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

ПОДВЛЕЧЕНО

КАПИТАЛОТ Е КАКО ЗАЈАК – НА ПРВИОТ ШУМ ВО ГРМУШКАТА ЌЕ ИЗБЕГА Во последните неколку дена се случува една од најголемите политички кризи во земјава после конфликтот од 2001 година и сите овие настани сериозно се одразуваат врз бизнисот, изјави генералниот директор на Прилепска пиварница. Токму кога помисливме дека светската економска криза е минато и очекувавме дека како компании ќе работиме подобро, се соочуваме со нов ризик од политичка природа на кој што мора да се адаптираме. Политичката стабилност е клучен фактор кога некоја компанија одлучува дали ќе инвестира во една земја или сепак, ќе одбере друга дестинација. Овие настани без сомнение ќе остават негативни последици врз привлекувањето на странски инвестиции бидејќи капиталот е како зајак – на првиот шум во грмушката ќе избега. Се надевам дека ќе се најде начин актуелната политичка криза што побрзо да се разреши во интерес на сите компании но и граѓани на Македонија. (Сашо Самарџиоски, генерален директор на Прилепска пиварница во „Капитал“)

НОВИ СТАНДАРДИ ВО ШОПИНГОТ Капитол Мол да биде место за целото семејство, за забава и опуштање, и нормално за квалитетен шопинг. Се трудиме да обезбедиме квалитетни содржини, што ќе ги задоволат потребите на сите наши посетители, од најмладите, до најстарите, и во таа насока се сите наши активности. Професионалниот пристап ни налага да се трудиме да ги препознаваме вкусовите и потребите на нашите посетители, а нивното задоволство за нас е клучен елемент во градењето на меѓусебната доверба. Нашето најблиско опкружување е полно со семејни луѓе, со ограничено слободно време, кои сакаат да поминат квалитетно време со своите најблиски и токму затоа нашиот фокус се содржините за деца и млади, како квалитет што постојано го развиваме. Фитнес центарот, центарот за куглање, игротека и неколкуте кафулиња и ресторани се дел од содржините кои имаат голем капацитет за развивање и добивање на популарност меѓу младите и оние кои се чувствуваат млади. Се трудиме да бидеме креативни, различни од другите трговски центри, што големиот број на посетители ни потврдува дека сме на добар пат. Секако треба да внесуваме новини, нови брендови и содржина за да ги задоволиме потребите кои постојано се менуваат. Во основа сакаме да изградиме долгорочен и двонасочен однос со нашите посетители, од кој сите ќе излеземе задоволни. (Оливера Дебарлиева, маркетинг менаџер во „Капитол Мол“ за „Фактор“)


четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

БИЗНИС ИНФО

7

ПОДВЛЕЧЕНО СОРАБОТКА

РАЗГОВОРИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ВО ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР И ВО ОБЛАСТА НА СОЛАРНАТА ЕНЕРГИЈА

Стопанска делегација од Црна Гора, која присуствуваше на отворањето на Одделението за економски прашања и туризам при Амбасадата на Црна Гора во Македонија, на средба со македонски стопанственици

Стопанска делегација на Црна Гора, која присуствуваше на отворањето на Одделението за економски прашања и туризам при Амбасадата на Црна Гора во Македонија, реализираше работна средба со македонски стопанственици (7.5.2015 година). Средбата ја отвори оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија, м-р Елена Милевска Штрбевска, која истакна дека стопанската соработка меѓу двете земји е на завидно ниво, но се` уште има простор за нејзино зголемување. Татјана Перовиќ Митрова, шеф на Одделението за економски прашања и туризам при Амбасадата на Р. Црна Гора во Р. Македонија, истакна дека се надева на што поскоро воведување авионска линија Скопје – Подгорица со која би се забрзало темпото на развој на стопанската соработка. Црногорските претставници најмногу се интересираа за градежниот сектор заради експанзијата на градежништвото во Црна Гора. Тие истакнаа дека имаат потреба од градежни материјали и стручна работна сила, за што Македонија може да им излезе во пресрет, бидејќи се потпишани соодветни меѓудржавни документи. Стопанствениците од двете држави разменија информации за своите компании и ги изнесоа потребите за заедничка соработка при реализација на објекти од ниско и високоградба, посебно во Црна Гора, а исто така се заложија да продолжи досегашната соработка меѓу компаниите, но и да се воспостават


БИЗНИС ИНФО

8

четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

СОРАБОТКА

нови контакти. На средбата, на која присуствуваа претставниците на компании од градежниот сектор и од областа на соларната енергија, беа презентирани саемските манифестации што во Црна Гора се организираат од оваа област, а македонските компании беа повикани да земат активно учество на нив, што е шанса да се остварат бизнис-партнерства. Вкупната трговска размена меѓу Република Македонија и Република Црна Гора во првите два месеца од тековната 2015 година изнесува 3 милиони САД $, што претставува намалување од 10,78 % споредено со истиот период минатата 2014 година. Извозот изнесува 2,8 милиони САД $, што претставува намалување од 8,45 %, додека увозното салдо изнесува 249 илјади САД $, или намалување од 31,05 % во споредба со истиот период минатата година. Во вкупната надворешно-трговска размена на двете земји во првите два месеца од тековната 2015 година остварен е трговски суфицит од 2,6 милиони САД $. Aнализата на вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Црна Гора за 2014 година, покажува дека вкупната трговска размена бележи пораст од 11,43 % во однос на 2013 година. Притоа, вкупниот увоз бележи раст од 25,67 % во однос на 2013 година, додека извозот е зголемен за 9,92 % во однос на 2013 година. Перо Авакумовски Марија Петроска


четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

БИЗНИС ИНФО

9

ПОДВЛЕЧЕНО СОРАБОТКА

СО СЕКТОРСКИ БИЗНИС-ПАРТНЕРСТВА НА ТРЕТИ ПАЗАРИ

Бизнис-делегација од Италија во посета на Стопанската комора на Македонија

Италијанска делегација составена од осум италијански бизнисмени, предводени од Филипо Кандела, заменикшеф на Мисијата на Италија во Република Македонија, престојуваше во Стопанската комора на Македонија (12.5.2015 година). Делегацијата беше составена од претставници на италијански компании од различни области заинтересирани за соработка и учество на тендери за јавни работи, проекти од областа на јавни услуги и транспорт, електроника и информатика, дистрибуција на гориво и на главните марки на пневматици во Италија и од областа на обновливи енергетски извори и градежни работи. - Италија е земја со која традиционално имаме одлични односи и на политичко, културно и на економско ниво и имаме голем потенцијал за деловна соработка. Притоа, не постојат пречки на патот за поинтензивна соработка на сите нивоа, за отворен дијалог, како и волја за реализација на договореното. Во Македонија постојат големи можности за инвестирање во повеќе сегменти и тоа во инфраструктурата, особено патната и железничката, во земјоделството, текстилната и автомобилската индустрија. Република Македонија располага со образована, лесно приспособлива работна сила, - истакна Наташа Димеска Стојаноска, директор на Дирекцијата на регионални комори и меѓународна соработка при Стопанската комора на Македонија. Таа потенцираше дека размената на искуства и информации меѓу македонската и италијанската бизнис-заедница е клучен фактор за продлабочување на веќе одлично поставената економска соработка меѓу двете земји, а како доказ на тоа ги посочи досега организираните заеднички настани. - Во правец на зголемување на размената и во иднина Стопанската комора на Македонија, во соработка со Амбасадата на Република Италија во РМ, ќе се стреми кон организирање на што поголем број заеднички настани и активности. Посебно ќе се обрне внимание на секторското поврзување меѓу компаниите на двете земја и на воспоставување нови партнерства, во правец на заеднички настап на трети пазарим, - додаде Наташа Димеска Стојаноска. Во Стопанската комора на Македонија тоа го гледаат како една од можностите да се намали негативниот трговски биланс што земјава го има во размената со Република Италија и кој минатата година изнесуваше 151,8 милиони САД $. Филипо Кандела потенцираше дека место за развој и експанзија на стопанската соработка меѓу Македонија и Италија има и како предности ги спомена близината на двете земји, добрата инфраструктурна поврзаност, дистрибуцијата и логистиката, како и културните сличности. Снежана Камиловска ја презентираше работата на Советот на странски инвеститори, формиран во 2006 година


БИЗНИС ИНФО

10

четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

СОРАБОТКА како посебно тело во рамките на Стопанската комора на Македонија, кој брои вкупно 112 компании со странски капитал во Република Македонија. Од членките, 5 се водат како странски директни италијански инвестиции. На барање на италијанските бизнисмени, таа ги претстави и најчестите облици на отворање на компанија во Македонија и ги информираше за сите законски рамки кои ги засегаат странските компании при инвестирање во Република Македонија. На состанокот присуствувше и Игор Велески, државен советник во Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот кој во кратки црти ја презентираше инветиционата клима во Македонија и областите во коишто странските компании имаат можност да инвестираат. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Италија за првите два месеца во 2015 година изнесува 75,4 милиони САД долари, што претставува пад од 23,84 % споредено со истиот период од 2014 година. Извозот e 30,4 милиони САД долари, што претставува пад од 34,12 % споредено со истиот период минатата година. Увозното салдо е 45 милиони САД долари, што претставува пад од 14,88 % споредено со 2014 година. Во овој период од годината од Република Македонија најмногу се извезувало: • феросилициум - 4,8 милиони САД $; • фероникел - 3,5 милиони САД $; • плоснато-валани производи од железо или нелегиран челик - 3,4 милиони САД $; • обувки, со ѓон од природна кожа - 3,4 милиони САД $; • обувки со лице од природна или вештачка кожа - 1,9 милиони САД $; • влошки за обувки и слични производи; гамашни (доколенки) и слични производи и нивни делови - 1,7 милиони САД $. Во увозното салдо најголемо учество имаат: • нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и преработки - 2,8 милиони САД $; • апарати за предавање или прием на глас, слики или други податоци, вклучувајќи апарати за комуникација во жичана или безжична мрежа - 2,7 милиони САД $; • кожа понатаму обработена после штавење или крастинг, вклучувајќи пергаментно обработена кожа - 1,7 милиони САД $; • други ткаенини од памук до 85% памук ,маса поголема од 200г/м2 боени - 945,0 илјади САД $. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Италија, пак, за 2014 година изнесувала 756,5 милиони САД долари, што бил регистриран раст од 7,49 % споредено со истиот период од 2013 година. Извозот изнесувал 302 милиона САД долари, со пораст од 9,79 % споредено со претходната година. Увозното салдо изнесувало 454 милиони САД долари, и тоа е поголемо за 6 % споредено со 2013 година. Италија е петти најголем трговски партнер на Р. Македонија. Сања Николова Саво Пејчиновски


четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

БИЗНИС ИНФО

11

СОРАБОТКА

РАЗМЕНЕТИ ИСКУСТВА МЕЃУ БИЗНИСМЕНИТЕ ОД РЕГИОНОТ И СЛОВЕНЕЧКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА Регионалната комора со седиште во Охрид на 8.5.2015 година во седиштето на компанијата „ЛТХ Леарница“ во Охрид ја одржа втората седница на која присуствуваше и амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Н.Е. Бранко Раковец. Централна тема на седницата беше зголемување на регионалната конкурентност, согласно прогласувањето на 2015 година како година на конкурентност од страна на Стопанската комора на Македонија. Седницата беше збогатена со присуството на делегација од Словенија, предводена од амбасадорот Раковец, на која присутните можеа да ги детектираат потенцијалите за соработка меѓу компаниите од двете земји. На седницата беа дискутирани потенцијалите за натамошен развој на економската соработка меѓу Македонија и Словенија. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Словенија во периодот јануари-февруари 2015 година достигна вредност од 23,4 милиони САД$, што претставува пад од 16,5 % во однос на истиот период од претходната година. Во вкупната надворешно-трговска размена, Република Словенија е 14-ти трговски партнер на Република Македонија во посочениот период. Како дел од дневниот ред на седницата беше одржана презентација на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија. Основна предност на арбитражната постапка е неутралноста која истата ја нуди. Арбитражата не е државен орган, односно тоа е самостојно приватно тело кое странките ги поставува на исто рамниште во секој еден спор. Присутните на седницата подетално беа запознаени и со формалностите околу арбитражната постапка. На крајот на седницата, управителот на „ЛТХ Леарница“, Роберт Водушек презентираше дел од производствениот погон на индустрискиот капацитет во Охрид. Тој пред присутните ја претстави производната линија и информираше околу техничките детали во производството. Борис Тримчев

Словенечкиот амбасадор гостин на седницата на Регионалната комора со седиште во Охрид


12

БИЗНИС ИНФО

четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

РЕГИОНИ Деловна средба на компании од регионалните комори со седиште во Кавадарци и во Прилеп

СООБРАЌАЈНАТА ИНФРАСТРУКТУРА И ГАСИФИКАЦИЈАТА КЛУЧНИ ЗА РАЗВОЈОТ НА РЕГИОНИТЕ

Регионалната комора со седиште во Кавадарци и Регионалната комора со седиште во Прилеп при Стопанската комора на Македонија, на 12.5.2015 година, реализираа заедничка деловна средба на компании од двата региона. На деловната средба присуствуваа градоначалникот на Општина Кавадарци Александар Панов, градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески, извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, м-р Јелисавета Георгиева, претседателот на Регионалната комора со седиште во Кавадарци Митко Јанчев и Симон Наумоски, претседател на Регионалната комора со седиште во Прилеп. Преку дваесетина претставници на компаниите од прехранбената индустрија, дрвната индустрија, земјоделието, металургијата и од други дејности беа присутни во деловната сала на компанијата „Кожувчанка“. Посетата на компании од Прилеп е одговор на интересот за соработка што го иницираат бизнисмените од двете страни. Претседателот на Регионалната комора со седиште во Кавадарци, Митко Јанчев, најпрво ги поздрави присутните гости и се заблагодари за заемната иницијатива за одржување на настанот. Пред присутните компании тој ја нагласи и ја потенцираше можноста за воспоставување поинтензивна деловна соработка по одржувањето на вакви средби кои се во интерес на компаниите. Исто така, ваквата иницијатива ја поддржа и господинот Симон Наумоски, кој истакна дека скоро 100% од стопанствениците во тој регион се членки на Регионалната комора со седиште во Прилеп. Компаниите секогаш дискутираат и донесуваат предлози кои се доставуваат до стручните служби во Стопанската комора на Македонија и министерствата за имплементирање и усвојување на голем дел од нив. Тој упати голема благодарност и до градоначалникот на општината кој секогаш ги поддржува, а ги сподели бенефитите и искуствата од здружувањето во Регионалната комора како најдобар метод за решавање на проблемите. Надоврзувајќи се на инфраструктурното поврзување на овие две општини, тој посочи дека патиштата се крвотокот и не смеат да бидат запоставени, иако во голема мера во овој дел од државата се во лоша состојба. Ефектите од инфраструктурното поврзување брзо би се покажале. Незадоволството од патната инфраструктура го посочија и градоначалниците, но исто така дадоа позитивна поддршка на идејата за гасовод која е во план и треба да се реализира во наредниот период.


четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

БИЗНИС ИНФО

13

РЕГИОНИ Градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески, потенцираше колку е голема поврзаноста во економијата, спортот, културата, образованието и одличната соработка меѓу општините Прилеп и Кавадарци. Како голем проблем го наведе итното поврзување и реконструкција на патот Кавадарци-Градско-Прилеп за побрз и поефикасен проток на стоки. Тој нагласи дека со новите странски инвестиции, постои и потребата за стручни кадри кои се надополнуваат од Општина Кавадарци. Господинот Ристески ја изнесе и идејата за формирање Економски совет, што е реализирано во нивната општина. Всушност, Економскиот совет претставува место на коешто можат да се добијат конкретни одговори и да се реализираат различни проекти. Идејата за одржување на оваа деловна средба беше поддржана и од градоначалниците на општините Росоман и Неготино кои накратко ги поздравија претставниците на бизнис-секторот. Тие во целост го поддржуваат проектот за гасовод кој во голема мера ќе го намали увозот и потрошувачката на струја. Свое излагање имаше и извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, м-р Јелисавета Георгиева, која во целост ги поддржа ставовите и излагањата на говорниците и накратко ги презентираше активностите предвидени за наредниот период што ќе ги преземе Стопанската комора на Македонија во интерес на компаниите. На деловната средба компаниите се претставија и разменија искуства, а се реализира и првото поврзување за соработка меѓу една кавадаречка и една прилепска компанија. По завршувањето на деловната средба, сите присутни се упатија кон разгледување на Винарницата „Тиквеш“. Александра Велкова


БИЗНИС ИНФО

14

четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

РЕГИОНИ

Регионални комори со седиште во Прилеп и во Битола

АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ФОРМИРАЊЕТО НА ИНТЕГРИРАНАТА МРЕЖА ЗА РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

Врз основа на потпишаните меморандуми за соработка на регионалните комори со седиште во Прилеп и во Битола, со градоначалниците од двата региона, како и со Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, на 7.5.2015 година во хотелот„Милениум“ во Битола, се одржа работен состанок за формирање работно тело за Проектот: Интегрираната мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион. Како што е познато, Проектот: Интегрираната мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион (ИМРР), претставува платформа која ги вклучува јавниот, приватниот и невладиниот сектор во заедничка акција за севкупен развој во Пелагонискиот регион, технички и финансиски помогнат од страна на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Директни учесници и корисници на Проектот се трговските друштва (економски оператори од Пелагонискиот регион), Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, регионалните комори со седиште во Прилеп и во Битола, занаетчиските комори од регионот, НВО од регионот, општините и нивните администрации, како и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола. Во наредниов период се планирани активности за формирање на постојано Работно тело - Интегрирана мрежа за регионален развој на Пелагонискиот регион како форма на меѓуопштинска соработка, отворање на канцеларија во Прилеп, подготовка на програма и акционен план за работа и спроведување кампања за поголема вклученост на бизнис-заедницата од регионот во активностите на ИМРР со цел обезбедување на одржливост на формираната мрежа. На состанокот беше формирано работното тело кое брои 21 член, меѓу кои се претставниците на Регионалната комора со седите во Прилеп - Ристо Најдоски и на Регионалната комора со седите во Битола - Никола Димкоски. Ристо Најдоски


четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

БИЗНИС ИНФО

15

РЕГИОНИ

ЕЛАБОРИРАНИ ФОРМАЛНОСТИТЕ ОКОЛУ ДОГОВОРИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И СУДСКАТА ПРАКСА

Во Охрид одржан семинар на тема: Закон за работни односи - отказ на договор за вработување, законски акти и судска пракса

Регионалната комора со седиште во Охрид на 8.5.2015 година организираше еднодневен семинар на тема: Закон за работни односи - отказ на договор за вработување, законски акти и судска пракса. Предавач на семинарот беше Петкана Јадровска, судија по трудово право со долгогодишно искуство при Апелациониот суд - Битола. Имајќи за цел правилно запознавање со нормативите и правните процедури, како и примери од судската пракса, компаниите од Охридскиот регион имаа можност да се информираат за деталите од Законот за работни односи кои им се од значење во секојдневното работење. Во текот на предавањето беа појаснети детали поврзани со договорите за вработување, формалните процедури при казна и отказ на договорот за вработување, како и за судската пракса од оваа област. Од особен интерес за присутните беа формалностите околу договорот за вработување, приговорите на одлуката за откажување на договорот за вработување без или со отказен рок, како и информирање и консултирање при колективни отпуштања од деловни причини. Наведените прашања беа детално образложени од судијата Јадровска, која своето искуство го сподели со присутните на семинарот. Во следниот период Регионалната комора со седиште во Охрид ќе организира и дополнителни советувања и семинари во Охрид и во Струга (подетални информации на веб-страната на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber. mk). Борис Тримчев


БИЗНИС ИНФО

16

четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

УСОГЛАСУВАЊА Од 1 јуни 2015 година во Република Македонија стапува на сила новиот систем на одбележување и обврската за регистрација при ставање во промет на хемикалиите

КОМПАНИИТЕ БАРААТ РАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА РЕГИСТРАЦИОНАТА ТАКСА

Од 1 јуни 2015 година во Република Македонија стапува на сила новиот систем на одбележување на хемикалиите кои во делокругот на работење на малопродажните објекти се препознатливи како хемија за домаќинствата, во која спаѓаат предметите за општа употреба, детергентите, омекнувачите, избелувачите, производите или артиклите кои содржат хемикалии, средства за одржување хигиена и средствата за дезинфекција, беше истакнато на прес-конференцијата на тема: Обврските на маркетите согласно Законот за хемикалии и влегувањето во сила на CLP/GHS регулативата, одржана на 11 мај 2015 година во Стопанската комора на Македонија. Покрај тоа, пласирањето на горенаведените производи треба да биде застапувано од правни лица коишто поседуваат сертификат, решение за вршење дејност промет со хемикалии, истакна Зоран Костовски, претседател на Здружението на хемиската индустрија при Комората. За детергентите, омекнувачите, избелувачите, средствата за дезинфекција, покрај решението за вршење дејност промет со хемикалии, правното лице треба да поседува и сертификат, решение за ставање во промет на биоцидни производи или решение за ставање во промет на детергенти, издадени од Агенцијата за лекови (Министерство за здравство). Овие обврски се определени во Законот за хемикалии и подзаконските акти, усогласени со европската регулатива и системот со хемикалиите. Во националното законодавство од делот на хемикалиите над 90% е транспонирано европското законодавство во овој сектор. Обврските кои треба да се исполнат при ставањето на хемикалиите во промет и потребната документација согласно Законот за хемикалии („Службен весник на РМ“, бр. 145/10, 53/11, 164/13) и согласно CLP/GHS регулативите во неколку наврати се презентирани пред бизнис-секторот во рамките на коморските активности и од страна на раководителот на Секторот за хемикалии во рамките на Агенцијата за лекови, м-р Лидија Савиќ. Со оглед дека станува збор за опфат на голем број фирми, во делот на регистрацијата на прометот со хемикалии и на магацините, како и големиот број производи за кои е потребна регистрација при нивно ставање во промет, а во услови кога пропишаната висина на таксата се движи од двестотини до илјада евра во денарска противвредност одделно по производ, Здружението на хемиската индустрија во соработка со Здружението на трговијата ќе иницира рационализација на трошоците, односно нивно сведување на износи прифатливи за стопанските субјекти. Во однос на стапувањето на сила на новите ознаки за опасни хемикалии, дадена е можноста до 1 јули 2016 година да може да се ставаат во промет производите на залиха кои ја носат ознаката за опасни хемикалии согласно старата класификација на хемикалиите. Останува потребата од интензивирање на активностите за примена на регулативите, со што ќе се обезбеди сигурноста при ставање во промет на хемикалиите, како мерка за безбедност на здравјето на граѓаните и на животната средина. Лазо Ангелески Зорица Мешкова


четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

БИЗНИС ИНФО

17

ПРОЕКТИ

ПОЧИТУВАЊЕ И ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА ЗА ИЗОЛАЦИЈА НА КРОВОВИ

Завршена практичната обука на фасадери и кровопокривачи со вештини за енергетска ефикасност во фабриката „Кнауф Изолација“ во Сурдулица, Република Србија

Стопанската комора на Македонија, како координатор на Проектот БЕЕТ -„Обука за градежни работници за енергетска ефикасност”, во соработка со „Кнауф“ од Скопје и од Сурдулица, во Република Србија ја организираа еднодневната практична обука за фасадери и кровопокривачи со вештини за енергетска ефикасност, со нагласена изведба на изолација на кровови и прозорци. Обуката беше извршена во фабриката „Кнауф Изолација“, во Сурдулица, Србија (8.5.2015 година). На самото место беа презентирани и изведени неколку вида на градби. Првата презентација се однесуваше на кровопокривање со нагласена изолација на камена волна од минерали со појаснување на видот и редоследот на местење на материјалите. На оваа изведба беа нагласени правилата на изведба на кровови од страна на изведувачите на „Кнауф“, на кои треба инвеститорите, архитектите и градежните работници да ги почитуваат и да ги применуваат со цел да создадат добра и беспрекорна топлотна и звучна изолација на кровот, без да прават намалување или замена на редоследот на материјалите при градба на кровови. Од 2007 година е започната новата производна линија на камена минерална волна во „Кнауф Изолација“ во Сурдулица, со инвестиција од 17.000.000 евра за комплетна реконструкција на фабриката, инкорпорирање на технологија up-to-date за производство на волна, зголемување на капацитетот на фабриката од 20.000 до 44.000 тони годишно камена минерална волна и инкорпорирање на модерни еколошки отпадни води и пречистителни станици на гас. Втората презентација се однесуваше на изведба на фасада на внатрешен ѕид со топлотна и звучна изолација, при што повторно беа нагласени правилата кои треба инвеститорите, архитектите и градежните работници да ги почитуваат и да ги применуваат со цел да создадат одлична изолација на внатрешниот простор. На следната презентација беше изведена монтажа и демонтажа на „Велух“ прозорци за кров, за кои се дава 10-годишна гаранција. Истите ги има во различна големина на профили со цени од 300 евра до 2000 евра во зависност од големината, формата и материјалот. Овие практични презентации на изведби на фасади и кровови е со цел да се приближат техниките и материјалите на тренерите на фасади и кровопокривачи во процесот на препознавање на вештини и градежни материјали, со цел по завршувањето на обуките да ги применуваат и да ги презентираат пред потенцијалните архитекти, инженери, инвеститори, изведувачи и градежни работници. По завршувањето на презентациите, на кои учествуваа преку 37 претставници од Македонија беше направена кратка обиколка на фабриката со цел да се види процесот на создавање и добивање на камена минерална волна. Денес, „Кнауф Изолација“ од Сурдулица е една од најуспешните компании во јужниот дел на Србија. Групата кандидати ја сочинуваа претставници од градежни компании и тоа од: „Бетон“ - Скопје, „Бетон“ - Штип, „Адора Инженеринг“, „Жикол“, „City Build“, „Простор-проект“, „Виа Инженеринг“, Комерцијална банка АД - Скопје, „Бортас“, „Радо Инженеринг“, „Дебој Инженеринг“, „Матески“, „Скопски пазар“, „Еко Делта“, „Градба инженеринг 2002“, „Линк солушнс“, „Манасков“, „Ди Вентура“, „Еуропроект“, „Мобил-Ел“, „Делтапроект“, „Архинова“, „Анри Дизајн“, „Стил Боби“, „Атеље Век“, „Идеа-Консалтинг“, Студио „Хаџиевии“, „Сковин“, „Ди-Ма Инженеринг“, „Етасун енерги“, „Контролекс Системи“, „Еркоминженеринг“, „Титан Градба“, како и претставници од јавниот сектор: Општина Карпош, Општина Чаир, Општина Гази Баба, Агенцијата за вработување, Советот за јавни набавки на РМ, локалната самоуправа, Неготино и ССОУ „Коле Неделковски”. Со успешно завршување на обуките (теоретски, практичен и писмен дел) кандидатите ќе се стекнат со сертификат за тренер, за обука на работници за вештини за енергетска ефикасност на згради на фасадери и кровопокривачи. Ирена Мојсовска


БИЗНИС ИНФО

18

четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА „Македонски Телеком“ и „Т-Мобиле“ во првото тримесечје од годинава

ЗАДРЖАНА ЛИДЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА НА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИОТ ПАЗАР

„Македонски Телеком“ и „Т-Мобиле“ и во првите три месеци од годинава ја задржаа водечката позиција на пазарот, покажуваат неревидираните консолидирани финансиски резултати. Во овој период продолжи и трендот на пораст на приходите во интернет и IPTV-сегментот, а се намалуваат приходите од говорните услуги. Приходите од продажба на ниво на Групација во првото тримесечје изнесуваат 2.473 милиони денари, што претставува намалување од 6,7 отсто во споредба со истиот период лани. Оперативните трошоци на крајот од првото тримесечје од 2015 година се намалија за 4,2 отсто во споредба со истиот период од претходната година. Вкупните капитални инвестиции изнесуваат 112 милиони денари. Вкупната нето-добивка на крајот од првото тримесечје од 2015 година изнесува 303 милиони денари. На крајот од првото тримесечје, „Македонски Телеком“ остана на лидерската позиција, со 63 отсто пазарно учество во сегментот на фиксна телефонија и удел од 50 отсто во делот на широкопојасниот интернет. „Македонски Телеком“ покажа добри резултати со дигиталната телевизија. Бројот на корисници постојано се зголемува, што резултираше со база од 99 илјади корисници на IPTV на крајот од првото тримесечје од 2015 година или зголемување од 9,3 отсто во споредба со истиот период од 2014 година. Со тоа „Македонски Телеком“ ја задржа водечка позиција на пазарот достигнувајќи 23,2 осто од вкупниот тв пазар, според интерните проценки. Во мобилната телефонија, приходите од говорни мобилни услуги на крајот од првото тримесечје од 2015 година се намалија за 11,8 отсто во споредба со истиот период од претходната година, како резултат на намалувањето на тарифите, зголемената конкуренција и намалениот сообраќај од терминирање во мрежа. Трендот на зголемено користење на мобилните услуги продолжи како за говорните, така и за податочните услуги кои се вообичаено опфатени во пакетите. Следствено, како одраз на намалувањето на тарифите и конкуренцијата, просечниот приход по корисник е намален за 8 отсто во споредба со истиот период од 2014 година. Приходите од неговорни услуги се зголемија за 8,6 отсто во споредба со истиот период од 2014 година, како резултат на зголемените приходи од мобилен Интернет и поголем податочен сообраќај и зголеменото користење на податочни тарифни модели. „Т-Мобиле Македонија“ има водечка позиција на пазарот со удел од 46 отсто, согласно интерна проценка. Базата на претплатници на крајот од првото тримесечје од 2015 година изнесува 1.189 илјади претплатници и остана стабилна во однос на истиот период од минатата година кога изнесуваше 1.194 илјади претплатници.

„Микросам“ од Прилеп го одбележа значајниот јубилеј 25 години од основањето

ПРОДАДЕНИ ОКОЛУ 2000 МАШИНИ ОД ВИСОКА ТЕХНОЛОГИЈА ВО 40 ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ

Прилепската компанија „Микросам“ на 5.5.2015 година во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп одбележа 25 години постоење. Преку филмувана приказна беа прикажани почетоците и развојот на „Микросам“ како компанија која произведува машини со


четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

БИЗНИС ИНФО

19

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА висока технологија за потребите на авионската и вселенската индустрија кои во последно време наоѓаат примена и во повеќето сфери на современото живеење. Според сопственикот Благоја Самакоски, „Микросам“ од консултантска канцеларија израснала во компанија со 150 вработени која се носи со најдобрите производители на машини за композитни материјали во светот. - Во првите 20 технологии што ќе го управуваат светот во 21. век се технологиите што денеска ги поседува „Микросам“. Тоа се технологиите на контролата на движењето и технологиите на композитните материјали. Со тоа „Микросам“ направи стратегиски потег кога се определи во ова подрачје. Во иднина овие технологии ќе ги надградиме со влегувањето во подрачјето во таканаречената адитивна технологија со тридимензионално пeчатење на метали и со технологија за управување на производството на композити за повеќе роботи што досега не е решено како проблем, а сметаме дека тоа ќе го направиме во наредните пет години, - рече Самакоски. Главниот менаџер Самуил Самак нагласува дека „Микросам“ со машините е присутен секаде во светот. - Досега „Микросам“ има продадено околу 2000 машини од висока технологија во 40 земји во светот. Присутен е во Европа, Русија, Јапонија и во САД и во речиси сите развиени држави имаме продадено една или две машини. Приоритет е да станеме врвни во технологиите кои ги планираме и целта ни е да го тргнеме сомнежот од купувачите и прашањето „Зошто од Микросам?“, туку во иднина да се прашуваат зошто одредената машина не е од „Микросам“, - вели Самак. Според него, иако засега „Микросам“ во оваа врвна технологија е единствен во Македонија, сепак државата има потенцијал. - Македонија го има тој потенцијал, но треба време да се развие, - рече Самак. Еден од соработниците, генералниот менаџер на руската компанија „Авангард“ Константин Горелев, смета дека не само што соработуваат со „Микросам“ поради врвната технологија, туку и поради идеологијата што ја негува македонската компанија. - „Микросам“ е националното богатство на Македонија. За нас апсолутно е интересен технолошкиот и техничкиот напредок на „Микросам“, но за нас посебно е важна таа идеологија што ја промовира во светот, - изјави Горелев. За прилепскиот градоначалник Марјан Ристески многу е важно постоењето на „Микросам“ за развојот на високата технологија кај нас и за Македонија. - „Микросам“ има многу значаен јубилеј не само за компанијата, туку и за афирмацијата на Прилеп и на Македонија како светска сила во таа висока технологија, особено што сопственикот Благоја Самак нагласува дека не може да се менува седиштето на компанијата од она што е сега во Прилеп, - рече Ристески. „Микросам“ е една од трите компании во светот со најсовремени и автоматизирани решенија на композитните материјали и роботиката. Во 2007 година основаше Академија која нуди бесплатни курсеви за дообука и преквалификување на кадри во областа на програмирањето, машинството, електрониката и автоматиката. Во 2009 година го основа и првиот приватен институт во Европа за техничките науки со високообразовна и научно-истражувачка дејност со една од најсовремените лаборатории во светот. (МИА)

ПРОДОЛЖУВА КАМПАЊАТА „САДИМЕ ЗДРАВИ НАВИКИ“

Компанијата „Вивакс“ и најмладите

Преку едукација и забава, компанијата „Вивакс“, изминатите неколку недели ја потенцираше важноста за здравјето и концептот на здрава исхрана кај најмладите. Реализирајќи ја кампањата „Садиме здрави навики“, заедно со над 2000 деца од неколку скопски градинки, менаџментот на компанијата засади овошни дрвца во неколку дворови од образовните установи, а ваквата традиција ќе продолжи и во периодот што следува. Компанијата „Вивакс“, најголемиот производител на природни овошни сокови, нектари и пијалаци под брендот Вива, во своето 20 годишно работење, покрај вложувањета во развојот на компанијата и производствените капацитети, континуирано ја покажува и својата општествено одговорна страна и ја продолжува низата на активности од хуманитарен и од едукативен карактер. Сто проценти кај ВИВА значи: сто проценти овошје, сто проценти квалитет, сто проценти природно. („Вивакс“)


БИЗНИС ИНФО

20

четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Погледи и мислења

ЗЕВРОЗОНАТА Е ВО ГОЛЕМА НЕВОЛЈА

*Мервин Кинг беше гувернер на „Банк оф Ингланд“ од 2003 до 2013 година, пред, за време и по глобалната финансиска криза. Тој гледа четири опции за решавање на проблемите во еврозоната-и сите четири се непријатни Мервин Кинг конечно доби шанса да стори нешто што не беше возможно за време на десетгодишното раководење со Британската централна банка: да зборува отворено. „Стратегијата на еврозоната да ги лекува последиците наместо да се занимава со причините“, оцени Кинг, говорејќи пред Американската академија во Берлин. Во таа стратегија, спасувачките политички се преземаат во лет за да и‘ се помогне на некоја земјачленка која е во најголем ризик во моментот, но притоа „еврозоната не ги решава основните проблеми“. Лабавата монетарна политика, преку ниските камати и квантитативното олеснување, овозможува привремена поддршка, но не може да ги реши европските структурни економски проблеми. Притоа, држењето на ниски каматни стапки предизвикува нови, дополнителни проблеми. Регионална неизбалансираност Основната причина за слабиот глобален раст, според Кинг, е во големата регионална нерамнотежа меѓу потрошувачката и заштедата во последниот четврт век и повеќе. Некои земји, како Кина и Германија, штедеа премногу, а трошеа премалку, други позајмуваа премногу, а трошеа повеќе одошто произведуваа. Оваа нерамнотежа е неодржлива на долг рок, вели Кинг и објаснува како е дојдено до тоа. Во некои земји како Кина, Германија и Холандија, економијата произведува повеќе одошто троши. Тоа се манифестира како масивен вишок во извозот во однос на увозот. Во финансиска смисла, кинескиот, германскиот и холандскиот суфицит, во комбинација со високите заштеди и релативно ниската домашна потрошувачка, доведе до огромен извоз на заштедите од тие земји на глобалниот пазар на капитал. Тоа траеше со години. Последичниот наплив на глобално пристапен финансиски капитал предизвика пад во реалните каматни стапки, што пак потоа имаше огромни импликации, објаснува Кинг. Ниските каматни стапки доведоа до зголемување на побарувачката за банкарски долгови, и охрабри презадолжување и преголема потрошувачка. Исто така доведе и до зголемување на цените на недвижности, како куќите: колку пониска каматата, толку поголема е номиналната цена која купувачот е подготвен да ја плати за куќата, притоа одржувајќи ја висината на месечната рата на отплата ниска. Растечките цени на имотот, од друга страна, генерираа уште поголема побарувачка за долг, во автоматска спирала. Кога кризата од 2008 година ги натера луѓето да сфатат дека нивните имоти се преценети, регионалните балони на недвижности пукнаа, и цените на имотите нагло паднаа, оставајќи милиони луѓе со голем долг. Позајмувањето и потрошувачката опаднаа, а работните места исчезнаа. Флексибилен девизен курс Кинг заговара флексибилен девизен курс, и како начин за автоматско компензирање на разликите во продуктивноста меѓу земјите, но и за спречување на таложењето на трговската нерамнотежа. Одлуката на Кина да усвои фиксен курс кон американскиот долар доведе до нејзиниот огромен трговски суфицит. Слично, и големиот суфицит на извозните економии како Германија и Холандија делумно се темелат на нивното членство во еврозоната. Доколку ги задржеа нивните национални валути, цената во долари на германските и холандските производи на глобалниот пазар речиси со сигурност ќе беше повисока. Усвојувањето на единствена валута во еврозоната со целосно различни национални економии, без заеднички плати, цени, инвестиции или координација во банкарската политика, доведе до разлики во конкурентноста и до резултирачката депресија во земјите од периферијата. Нема лесен излез Како да се решат проблемите во еврозоната? Кинг нотира четири опции, ниту една од нив, лесна: 1. Континуирана висока невработеност во периферните држави додека платите и цените не паднат доволно за повторно да обезбедат конкурентност во рамките на еврозоната. Тоа би можело да значи натамошен пад на просечните плати до 20 проценти во тие земји. За жал, високата невработеност значи и ниска домашна побарувачка, што пак е на штета на опоравувањето. 2. Период на висока инфлација во Германија, со истовремена воздржаност на периферијата во однос на платите и цените. 3. Висок волумен на фискални трансфери од северот кон југот, што пак би значело откажување од нивниот економски суверенитет. 4. Растурање на еврозоната- комплицирано и тешко. Доколку анализите на Кинг се точни, формирањето на заедничката валута пред изградбата на ефективна политичка и економска унија беше голема грешка, а досега, еврозоната не успеа добро да се справи со последиците од таа грешка.(ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)


четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

БИЗНИС ИНФО

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Скенирај и дознај повеќе

21

M

C

N IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

A

Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E

S

E


БИЗНИС ИНФО

22

четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!

АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-

Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот. Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој метод на обука, која вклучува микс од техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависност од Вашата потреба. Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и светски компании. Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас. Предавач: Љупчо Георгиев, директор на „Густав Кезер Тренинг Интернационал Македонија“, лиценциран тренер со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи.

Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија.

Уписите за обуката се во тек.

Сите учесниците добиваат: • материјали за работа • мемориски картици • ЦД и дополнителна литература • консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6 месеци • интернационално признат Сертификат од Густав Кезер Тренинг Интернационал и Сертификат од Бизнис Центар за Тренинг и Обука • контролен ден

За подетални информации контактирајте со нас: Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ – ОБУКА СО СТУДИСКО ПАТУВАЊЕ ВО ВИЕНА Во соработка со WIFI Институтот при Сојузот на кВо соработка со WIFI Институтот при Сојузот на комори на Австрија, Стопанската комора на Македонија преку својот Бизнис центар за тренинг и обука организира тренинг програма на тема:

За повеќе информации слободно контактирајте не: Симона Ристоска 02 32 44 067 simona@mchamber.mk

Борис Тримчев 072 207 091 boris@mchamber.mk

“Жени претприемачи” Програмата се состои од два дела, односно од теоретска обука со предавач од WIFI Институтот која се одржува во Скопје, а вториот дел е студиско патување во Сојузот на комори во Виена.

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Osnovana 1922

Искористете ја можноста за интернационален know - how трансфер и учете од најдобрите во Европа! Станува субвенционирана достапна цена.

збор програма

за по

Програмата трае 9 дена, од кои 6 тренинг дена во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје и 3 дена во Виена, Австрија и B2B средби. Средбите се организираат во зависност од Вашиот интерес и индустријата во која дејствувате. Престојот, семинарите и посетите се во организација на WIFI AUSTRIA. Сместувањето е во хотел, по двајца учесници во двокреветна соба. Уписите се во тек! Посетата во Виена, Австрија ќе се одржи по завршување на обуката и полагање на тестот.

Founded 1922

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

ТРЕНИНГ-ПРОГРАМА НА ТЕМА: „ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ“

WIFI AUSTRIA ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР

УСПЕХ СО WIFI Институтот за промоција на економскиот развој (The Institute for Economic Promotion – Wirtschaftsförderungsinstitute/WIFI) во рамките на Сојузот на комори на Австрија (Austrian Economic Chambers) е партнер на австрискиот бизнис на полето на едукација и развој на човечките ресурси, со регионална организација во сите девет области на Австрија и 80 претставништва ширум светот. Секоја година, 300.000 учесници посетуваат некој од понудените курсеви и семинари кои се повеќе од 25.000, на коишто предаваат 12.000 тренери ангажирани од WIFI, a избрани директно од бизнис-заедницата.

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР Тимот на WIFI задолжен за интернационален know-how трансфер обезбедува семинари и менаџмент курсеви ширум светот кои нудат дополнителна предност на тој начин што на учесниците кои успешно ќе ги завршат овие курсеви им овозможуваат директен контакт со австриски компании, со цел да имаат активна улога во економскиот развој на целните земји додека истовремено имаат активна улога и во отворањето на вратите за австрискиот бизнис.


24

БИЗНИС ИНФО

четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Kомплетна обука согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија

„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“ Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со менаџментот и организацијата на човечките ресурси во компаниите. Истата содржи 80 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Програмата започнува со општ вовед во менаџментот на човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти на струката потребни за стекнување менаџерски вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за Програмата „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ кој е признат од Министерството за образование и наука. ТРЕНЕРИ: Доц. д-р Љупчо Ефтимов Доцент на Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на прв и втор циклус студии одржува настава по предметите Менаџмент на човечки ресурси, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на перформанси. Од 2013 година ја извршува функцијата раководител на студиската програма од втор циклус студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси. Член е на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Член е на Комитетот за човечки ресурси при Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Р. Македонија. Член е на Техничкиот комитетот за менаџмент на човечки ресурси при Институтот за стандардизација на Р. Македонија. М-р Драгана Томиќ Пилиповиќ Професионален консултант, основач и претседател на Центарот за општествено одговорно претприемништво (ЦООП) - Белград, а во текот на својата кариера работела на следните позиции: - заменик-претседател на Секторот за човечки ресурси и обучувач во AIESEC, Економски факултет – Белград; - консултант во областа на тренинг и менаџмент на човечки ресурси во „Срма Консалтинг“ – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во Ерсте Банка – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во „ФармаСвисс“ ДОО - Белград. Д-р Зоран Михајлоски Во текот на својата богата кариера д-р Зоран Михајлоски бил судија во Апелациониот суд во Скопје, во специјализираниот оддел за работни спорови од 2002 година, претседател на специјализираниот оддел за работни спорови на Апелациониот суд - Скопје, едукатор во Правната школа на постојни судии од Европската унија во Барселона, Шпанија, од областа на

националните работни законодавства, постојан предавач на постдипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и вонреден професор на Факултетот за правни науки при Универзитетот „Американ Колеџ“ - Скопје. Автор на повеќе научни и стручни трудови од областа на трудовото и деловното право.

Дополнителни информации: • Предавањата се распоредени во 10 тренинг дена (вкупно 80 школски часа) и се одржуваат два до три пати неделно. • Обуката започнува во периодот април – мај 2015 година. • Број на учесници во група: 10 – 20 учесници. • Во зависност од тематската целина предавањата се одржуваат на македонски или на српски јазик. • Сите учесници добиваат потврда за присуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија. • Услов за да се стекне Сертификатот за „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит. Котизација за учество: - 27.900 денари за 1 учесник; - 10% попуст за втор учесник од иста компанија и - 15% попуст за трет и секој следен учесник од иста компанија, невработени лица и студенти. Учесниците добиваат: - Материјали; - Освежување и - Сертификат.

Контакт: Симона Ристоска +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk


четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар: ,,ПОСТАПКА ЗА ИЗДАВАЊЕ ДОЗВОЛА ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА И ДОЗВОЛА ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ РУДАРСКИ РАБОТИ СПОРЕД ДОПОЛНИТЕЛЕН РУДАРСКИ ПРОЕКТ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ И ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ ЗА НАПЛАТА НА КОНЦЕСИСКИ НАДОМЕСТОЦИ“ ПРОГРАМА I. ПОСТАПКА ЗА ИЗДАВАЊЕ ДОЗВОЛА ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА • Рокови за поднесување барање за издавање дозвола за експлоатација; • Потребна документација за издавање дозвола за експлоатација и • Најчести проблеми со кои се соочуваат концесионерите при комплетирањето на документацијата за издавање дозвола за експлоатација.

• • •

19.5.2015 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Видови на концесиски надоместоци; Рокови за наплата на концесиските надоместоци и Тарифник за утврдување на висината на надоместоците за издавање дозволи и концесии за вршење детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минерални суровини.

IV. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ ВО ПОСТАПКИТЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ ДОЗВОЛА ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА И ДОЗВОЛА ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ РУДАРСКИ РАБОТИ СПОРЕД ДОПОЛНИТЕЛЕН РУДАРСКИ ПРОЕКТ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ V. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ ПРИ НАПЛАТА НА КОНЦЕСИСКИ НАДОМЕСТОЦИ Предавачи: - м-р Eјуп Љативи, раководител на Секторот за минерални суровини при Министерството за економија и - м-р Александра Митровска, советник во Секторот за минерални суровини при Министерството за економија во Владата на РМ. Аплицирај електронски / on-line

II. ПОСТАПКА ЗА ИЗДАВАЊЕ ДОЗВОЛА ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ РУДАРСКИ РАБОТИ СПОРЕД ДОПОЛНИТЕЛЕН РУДАРСКИ ПРОЕКТ • Рокови за поднесување барање за издавање дозвола за експлоатација; • Потребна документација за издавање дозвола за експлоатација и • Најчести проблеми со кои се соочуваат концесионерите при комплетирањето на документацијата за издавање дозвола за експлоатација. III. ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ ЗА НАПЛАТА НА КОНЦЕСИСКИ НАДОМЕСТОЦИ

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

26

четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 21-22 мај 2015 година 9:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Семинар: „ОРГАНИЗАЦИЈА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДСТВОТО”

ПРОГРАМА Прв ден (21 мај 2015 година) Производствена ефикасност • Што е тоа ефикасност? • Како да се измери и унапреди ефикасноста? • Six Sigma – поим, основа и алати; • Седум (7) алати на менаџментот за истражување на причините за појава на грешки; • Статистички алати за истражување на причините за појава на грешки; • Дефиниција на „додадени вредности“; • Вежба 1: Како да се измери сигма ниво на поединечни процеси во производството; • Вежба 2: Подготовка на дијаграм; • Вежба 3:Пресметка на стабилноста на процесот – SPC-дијаграм. Ефикасност (продуктивност) на производството • Што е ефикасност? • Како се мери ефикасноста? • Што се растурање на ресурсите - WASTE? • LEAN-методологија - поим и основи; • LEAN-метрика - алати во LEAN-методологија; • Pull-ефект во LEAN; • Flow - воспоставување континуиран тек на производство; • Вежба 4: Изработка на VALUE STREM MAPPING – тековна мапа на вредности. Втор ден (22 мај 2015 година) Оптимизација на работните места • 5 S Методологија - средување работни места; • Организација на работните места - ергономија на работното место и • Poka Yoke-решенија; • Организација на работните места - визуелно управување со работното место; • Вежба 5: Изработка на „шпагети“-дијаграм процес во производството; • Систем на постојани подобрувања; • KAIZEN-филозофија - поим и основа; • KAIZEN-вредности и принципи; • GEMBA-модел; • Идентификација и праќање предлог за подобрување; • Изградба на тимска синергија; • Дефинирање на корпоративна култура; • Изградба на KAIZEN-култура. Вклучување и мотивирање на вработените • Дефинирање на потребните вештини и способности за работните места;

• AIP - анализа на индивидуалните потенцијали; • Групи за унапредување на потенцијалите; • Оценување и самооценување на вработените; • Матрица за следење на компетентноста на вработените; • Вежба 6: Изработка на матрица на знаење, вештини и способности за раководител на производството. Предавач: Слободан Аќимовиќ, директор и водечки консултант во компанијата „TQM Konsalting“ од Нови Сад. Петнаесетгодишно искуство на позиции директор во различни области („Mitros Music“ - Белград (увоз, дистрибуција и продажба на музички инструменти и опрема), „ABC Proizvod“ - Ужице (производство на котли за централно греење), „Mobes Quality“ - Нови Сад (консултантска куќа); Lead auditor за ISO 9001, ISO 27001, проектменаџер по PMI-методологија, SIX SIGMA BLACK BELT консултант, Yamaha Corporate Philosophy – „KANDO” Misija (Како да се креира и континуирано да се одржува „KANDO”? (најдлабок облик на задоволство на купувачите), преку примена на моделот Yamahova 21-вредност). Како директор на компанијата „TQM Konsalting” од Нови Сад, од 2010 година раководи со тим на консултанти за имплементација на системи на менаџмент во организации во Србија, Црна Гора и БиХ. • Траење на обуката и начин на работа - Обуката трае два дена од 9:00 – 16:00 часот. - PowerPoint презентација, студија на случај, работилница со вежби и охрабрување на учесниците за конверзација и поставување прашања. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL

ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL

ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач


28

БИЗНИС ИНФО

четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 22.05.2015 година, од 10:00-15:00 часот, во хотел „Милениум“ во Битола, семинарска сала.

Семинар: „ЗАКОН ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ - ОТКАЗ НА ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, ЗАКОНСКИ АКТИ И СУДСКА ПРАКСА”

Содржина на семинарот: 1. Закон за работни односи - Договор за вработување; - Договори за вработување на определено и неопределено време; - Начини на престанување на договорите за вработување; - Престанување на важност на договорите за вработување на определено време; - Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работодавачот; -Причина и обврска за докажување. 2. Формални процедури при казна и отказ на договор за вработување - Форма и содржина на отказот; - Основни причини за отказ - Откажување на договорот за вработување од лични причини на работникот - Откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните оврски со отказен рок - Откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните оврски без отказен рок - Парична казна 3. Приговори на одлуките за отказ и судска пракса - Приговори на одлуката за откажување на договорот за вработување без отказен рок или отстранување од кај работодавачот; - Приговори на одлуката за откажување на договорот за

вработување со отказен рок; - Застареност; - Информирање и консултирање на работниците; - Информирање и консултирање при колективни отпуштања од деловни причини; - Права и обврски во случај на отпуштање од деловни причини; - Испратнина - Понуда на нов променет договор пред отказ Предавач: - Судија Петкана Јадровска, судија по трудово право со долгогодишно искуство при Апелационен суд Битола; Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Контакт: М-р Никола Димковски Регионална Комора Битола Тел: 047 225-088 Моб: 070 997-084 E-адреса: regiobt@mchamber.mk


четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бизнис-конференција „ДЕЛОВНО РАБОТЕЊЕ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН 2015“

22 мај 2015 година, Линчопинг, Шведска

- Инвестиции, добавување и трговија -

Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Република Македонија и Кралството Шведска, Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Република Македонија во Кралството Шведска и Министерството за надворешни работи на Македонија има чест да ве покани да присуствувате на Бизнис-конференцијата на тема: „Деловно работење во земјите од Западен Балкан 2015“ - Инвестиции, добавување и трговија, што ќе се одржи на 22 мај 2015 година во Линчопинг, Шведска. Главна цел на Конференцијата ќе биде претставување на потенцијалите за инвестирање во Република Македонија и поврзување на македонските компании како добавувачи за шведските бизниси во регионот на југоисточна Шведска. Бизнис-делегацијата на Република Македонија ќе биде предводена од високи државни претставници - министерот за инвестиции, господинот Павлески, директорот на Агенцијата за странски инвестиции, господинот Шекеровски, како и високи претставници на Стопанската комора на Македонија. Покрај Македонија, на Конференцијата ќе учествуваат и претставници на Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

30

четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 22 мај 2015 година 10:00- 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат

Eднодневна работилница: „НАЈНОВИ ИЗМЕНИ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ“

Во изминатиов период се воведоа неколку суштински мерки кои значително влијаат врз процесот на јавни набавки. Честите промени на прописите за јавни набавки бараат од лицата што работат во оваа област дополнителни напори и обука за да бидат во тек со настаните. Дел од најновите измени кои се однесуваат на постапката за преговарање, повторна интервенција во делот на непредвидените работи, како и дополнителните работи или услугите кои не се вклучени во основниот договор, доуредување кај изјавата за независна понуда, издавање на негативна референца во случај кога понудувачот не ги достави или документите за лична состојба се невалидни или соодветни. Одредени новини во законот се однесуваат на допрецизирање на одредбите кои се однесуваат на советот за јавни набавки и барањата за добивање на согласност (содржина на барањето, број на негативни барања односно ограничување во бројот на поднесените барања за согласност најмногу три односно два пати кај барање за прибирање на понуди итн.). Воведена е законска обрска за спроведување на постапките за јавни набавки целосно по електронски пат и тоа во најмалку 30% од бројот на објавени огласи од 1 јануари 2016 годиа, најмалку 50% од 1 јануари 2017 година и 100% од бројот на објавени огласи од 1 јануари 2018 година. Од тука, акцент ќе се стави на електронското спроведување на постапките и што е потребно економските оператори да знаат и како да се подготват за потпишување и поднесување на понудите по електронски пат. На работилницата ќе се споделат и повеќе практични совети за квалитетна подготовка на понудите, на што да се внимава при имплементација на новите законски обврски, како и ќе се презентираат досегашните искуства со негативните референци и можноста за дополнување на документацијата при евалуација на понудите. Во исто време, Стопанската Комора на Македонија со задоволство Ве известува дека од печат излезе најновото III издание на водичот „Примена на Законот за јавните набавки во пракса“ на авторите Александар Аргировски, Рита Глигоријевска, Маре Богева Мицовска и Марија Јованоска. Содржина на актуелни теми: - Новите согласности кои ги издава Советот за јавни набавки; - Што е ново кај дополнителните и непредвидените

работи? - Начинот на проверка на негативните референци од обврските на комисиите за јавни набавки; - Дополнување на некомплетна документација во понудите, можност или обврска соред новите измени? - Поддршка од друг субјект; - Ограничувања кај рамковните спогодби; - Измени кај изјавата за независна понуда; - Измени кај обврската за согласност во делот на техничките спецификации и условите за способност; - Правила при набавка на софтверски решенија и лекови; - Кои се вашите права во постапката? - Други прашања од интерес на учесниците. ПРОГРАМА: - Новини во прописите; - Насоки за подготовка на понудите според последните измени; - Достапност на податоци и информации преку ЕСЈН; - Електронски систем за јавни набавки и е-аукции; - Жалбена постапка. Обучувачите се експерти од Бирото за јавни набавки. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - примерок од најновото III издание на водичот „Примена на Законот за јавните набавки во пракса“. - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Сите заинтересирани учесници за овој семинар можат да се пријават најдоцна до 18 мај 2015 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар: ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ЗАКОН ЗА ДРЖАВЕН ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ П Р О Г Р А М А: 1. Закон за инспекциски надзор • Општи одредби; • И н с п е к ц и с к и служби; • Статус на инспекторите; • Права и должности и овластувања на инспекторите; • Права и должности и обврски на субјектите на надзорот; • Посебни дејствија во инспекциската постапка; • Постапка за вршење на инспекциски надзор; • Односи на инспекциски служби и надлежни органи; • Заедничко вршење на инспекциски надзор; • Прекршочни одредби; • Други прашања кои се однесуваат на инспекциски надзор. 2. Закон за Државен пазарен инспекторат • Општи одредби; • Надлежност ДПИ; • Организација на ДПИ; • Постапките на инспекциски надзор; • Соработка; • Прекршочни одредби; • Други прашања кои се однесуваат инспекцискиот надзор.

на

Предавач: Соња Солевска, дипломиран правник, раководител во Државниот пазарен инспекторат - Скопје. Работно искуство 22 години како државен пазарен инспектор.

27 мај 2015 година 10:00-10:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: • работен материјал; • ручeк и освежување; • сертификат за присуство на семинарот. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


32

БИЗНИС ИНФО

четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 29 мај 2015 година Меѓународен саем за франшиза, финансиски и консултантски услуги – FEC и деловни средби во Република Хрватска

„FRANCHISING EXHIBITION CROATIA“ ВО ОПАТИЈА

Меѓународниот саем за франшиза, финансиски и консултантски услуги - FEC (Franchising Exhibition Croatia - http://fec.hgk.hr)и деловните средби се организираат од страна на Стопанската комора на Хрватска и Enterprise Europe Network Croatia, a ќе се одржат на 28-29 мај 2015 година во Опатија, Хрватска. Во рамките на Саемот ќе се организираат брокерки средби. Главна цел на брокерскиот настан ќе биде успешно да се олеснат бизнисите со франшиза, како и провајдерите на финансиските и консултантски услуги да ги претстават своите потенцијали за франшиза и претприемништво. Тоа ќе биде единствена можност: - да се поврзат бизнисите за франшиза од различни земји; - да се поддржат компаниите за да откријат нови производи и услуги; - да ги проучат новите деловни можности и потенцијали преку пронаоѓање нови партнери за идна деловна соработка. Коорганизатор е Унијата на регионалните стопански, индустриски и аграрни комори на Венето, Италија. Краен рок за регистрација е 18 мај 2015 година. Аплицирај електронски / on-line: http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1736&bet=17 Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Дводневна обука: ПОДГОТОВКА НА КОМПАНИИТЕ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ЕВРОПСКИТЕ ПРОГРАМИ „ХОРИЗОНТ 2020“ И „КОСМЕ 2014-2020“ Европската комисија за следниот седумгодишен период (2014-2020 година), креираше грантови во рамките на ЕУ-програмите„КОСМЕ“ и„ХОРИЗОНТ 2020“ за подигање на конкурентноста и иновативноста на компаниите зацртани во Европската стратегија 2020.

Стопанската комора на Македонија од досегашното искуство во работењето на европските програми, утврди дека овие фондови се главната алатка со којашто ЕУ ги поддржува економскиот развој, социјалната кохезија и развојот на демократските вредности во земјите-членки на ЕУ и земјитекандидати за членство. Со овие програми се поддржуваат истражувањето и иновациите, со цел поголема конкурентност и креирање нови работни места. Република Македонија е дел од земјите кои имаат целосен пристап до наведените програми. Програмата „Хоризонт“ поддржува финансирање на проекти за истражување и иновации, мобилност на истражувачи, трансфер на нови технологии, стекнување на нови знаења и експертиза, како и кофинансирање на одредени активности поврзани со развој на нови производи и воведување нови технолошки процеси. Од особен интерес за компаниите е новиот Инструмент за МСП како дел од Програмата „Хоризонт 2020“, кој е наменет исклучиво

На 3 и 4 јуни 2015 година од 10:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

за мали и средни компании. Програмата „Косме“ има за цел да ја поттикне конкурентноста на компаниите преку обезбедување подобар пристап до финансии, бизнис-услуги за поддршка и промовирање на претприемништвото за мали и средни претпријатија, како и пристап до постојни и потенцијални претприемачи и бизнисорганизации за поддршка и развој на бизнисите. Со цел поттикнување на иновативноста и конкурентноста на македонските компании за активно аплицирање и искористување на средствата од европските фондови со акцент на Инструментот за МСП, Стопанската комора на Македонија овозможува детална и сеопфатна дводневна обука - интензивен тренинг со теоретски и практични знаења кои се применливи во малите и средни претпријатија, невладиниот сектор, организациите, универзитетите, тренинг-центрите, консултантските организации. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

34

четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 4 до 6 јуни 2015 година, ќе се одржи најголемиот Саем за текстил во Албанија и деловни средби

„SE TEXTILE, FASHION & FAÇON EXPO“ ВО ТИРАНА

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот преку својот економски промотор за Албанија и Косово, организира посета на овој саем. Се работи за саемска манифестација наменета за компании кои работат во текстилната индустрија на која ќе се презентираат: • ткаенини од волна, памук, свила; • кожа; • текстилни машини и опрема (машини за шиење и одржување); • работна облека; • воени униформи; • машка, женска и детска конфекција; • додатоци за облека и др. Во рамките на саемската манифестација ќе се овозможи промоција на нашите на компании пред сите релевантни комори и здруженија во Албанија, а ќе бидат организирани и деловни средби со компании-учеснички на Саемот. Трошоците за патување и сместување се на товар на самите компании. Пријавување до 5 мај 2015 година. Подетални информации можат да се добијат на: http://www.expodatabase.com/tradeshow/southeast-europe-textile-fashion-faon-expo-67944.html. Аплицирај електронски / on-line http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1737&bet=3 Контакт: Сашо Деспотоски Тел: ++ 389 2 3244089 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: saso@mchamber.mk


четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„IRAN SEE EXPO 2015“ ВО ТЕХЕРАН

Oд 6 до 9 јуни 2015 година во Иран

Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Исламската Република на Иран во Скопје Ве информира дека во периодот од 6 до 9 јуни 2015 година ќе се одржи Третата меѓународна поморска изложба во Техеран, Иран. Изложбата се организира со поддршка на иранските пристаништа и поморски организации, како и со Организацијата на исламската бродска асоцијација (OISA) и Организацијата за исламска соработка (OIC). На овој професионален настан на интернационално ниво ќе бидат презентирани најновите светски достигнувања во поморската индустрија, креирање и промоција на соодветни можности за поголема соработка со морската елита, оптимално користење на расположливите морски капацитети во муслиманските земји и научни истражувања во делот на поморската индустрија. На изложбата ќе бидат претставени: достигнувањата во транспортот и индустријата за бродоградба, офшор-компании во индустријата за нафта и гас, морски и пристанишни услуги, океанографија, туризам, рибарство, институции за осигурување и кредитирање, универзитети и големи центри за наука, истражување и технологија, здруженија и асоцијации кои имаат различни работилници за обука и др. Посетителите на „IRAN SEE EXPO 2015“ ќе имаат можност да добијат нова идеја за проширување на својот бизнис, да се поврзат со нови клиенти и деловни партнери, да ги надградат стекнатите вештини, знаења и совети за поголема ефективност во работењето, да се поврзат со мрежа на клучни добавувачи на локално и на глобално ниво и др. За подетални информации посетете ја веб-страната: www.iranseaexpo.com/en Стопанската комора на Македонија нуди дополнителна логистичка поддршка на сите заинтересирани компании кои сакаат да го посетат овој настан.

Контакт: Ивона Каранфиловска Телефон: +389 2 324 4084 Е-адреса: Ivona@mchamber.mk


36

БИЗНИС ИНФО

четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Конференција и деловни средби на 10 и 11 јуни 2015 година во Виена, Република Австрија

„ПАМЕТНО ГРАДЕЊЕ НА ПАМЕТНИ ГРАДОВИ“

Стопанската комора на Македонија заедно со Трговското одделение при Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија, организираат учество на бизнис-делегација од Македонија на Конференцијата и на деловните средби што ќе се одржа на 10 и 11 јуни 2015 година во Виена, Република Австрија, на тема: „Паметно градење на паметни градови “. Притоа, бизнисмените ќе имаат можност да се сретнат со 97 претставници на компании, владини институции, консалтингкомпании, асоцијации, универзитети, истражувачки институции, од следниве области: • инженеринг и планирање, архитектура и градежни услуги; • изградба / секундарни договори за работа; • градежни материјали / компоненти и склопови; • обновливи извори на енергија, климатизација и технологии за градење; • бизнис-агенции, кластери и асоцијации, креатори на јавна политика за планирање на нов и стар простор во градовите и сл. Учесниците ќе имаат одлична можност да се поврзат и да споделат искуства со еминентни личности од клучните носители на одлуки од над 15 земји, со над 100 учесници од: Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Германија, Грција, Унгарија, Норвешка, Полска, Португалија, Србија, Швајцарија и Турција. Самиот настан ќе биде проследен со организирани: • поединечни деловни средби и • ексклузивни посети во најиновативните австриски компании. Конференцијата и деловните средби се наменети пред се` за компаниите со цел тие да се запознаат со најновите австриски KnowHow технологии на веќе изградени згради, нивно реновирање и повторна употреба; нуди можности за проширување на својата меѓународна мрежа и наоѓање на нови деловни партнери; стекнување со знаења за нови пазари; презентирање, дискутирање и развивање нови проекти; како и иницирање на прекугранични контакти. Ве молиме, Вашиот интерес за учество на Конференцијата да го наведете во Пријавниот лист и да се регистрирате на следниов линк: www.b2match.eu/buildingsmart2015 . За првите 5 компании кои ќе се пријават за учество на Конференцијата, ќе бидат обезбедени две бесплатни ноќевања во хотел, од 9-11 јуни 2015 година или 10-12 јуни 2015 година. Пријавување до 28.5.2015 година. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ


38

БИЗНИС ИНФО

четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 10 до 12 јуни 2015 година 9-ти Светски коморски конгрес во комплексот - Лингото, во Торино, Република Италија

“КОМОРИТЕ ЗА ГЛОБАЛЕН НАПРЕДОК НА БИЗНИСОТ”

Светскиот коморски конгрес е организиран од страна на ICC World Chambers Federation (Светската федерација на комори).

Светскиот коморски конгрес се одржува на секои две години во различни земји. Тоа е единствен меѓународен форум за коморски и бизнис-лидери, место каде што се нуди можност да се споделат најдобрите практични искуства, место за размена на идеи, развивање на мрежи, да се воспостават контакти во интерес на најновите бизнис-прашања кои влијаат на заедниците од каде се доаѓа, како и да се добијат информации за нови иновации од коморите од целиот свет. Коморите во своите држави работат на корените на претприемничкиот развој, имајќи предвид дека компаниите се подготвени да се искачат на врвот преземајќи нови и смели бизнис-потфати за своите членки. Приматот го имаат малите и средни компании (МСП) кои се најбројни и се креатори на економското богатство и развојот на сите економии. Но тука се и големите компании кои се носечки за развојот за едно стопанство и истите се пример за малите и средни компании. Коморите играат клучна улога во олеснувањето на локалниот развој на бизнисот и идентификацијата на трговијата, инвестициите и деловните можности. Коморите им помагаат на своите членки да ја подобрат конкурентноста и да успеат во своите активности, значително придонесувајќи кон економскиот прогрес на една земја. Конгресот не е само монолог - еднонасочна комуникација, туку станува збор за интерактивна акција на делување. Во осум работилници за обука, експертите ќе им дадат практични совети на сите учесници, кои ќе им овозможат на коморите и бизнис-заедниците да ги подобрат и да ги унапредат своите услуги, како и да се стекнат со поголемо професионално и лично искуство по нивното враќање дома. Стопанската комора на Македонија заедно со компаниичленки ќе земе учество на овој конгрес, отворајќи одлична можност за проширување на деловните контакти, унапредување и стекнување на нови знаења, размена на искуства, можности за посета на древни остатоци од цивилицации, и секако дружење

и забава со останатите претставници кои ќе учествуваат од коморите од светот. 9. Светски коморски конгрес ќе се одржи во Линготокомплексот во Торино, кој претставува одличен пример за индустриски обновен објект пренаменет за други потреби. Всушност овој објект претходно бил првата фабрика за производство на автомобили „Фиат“ од познатиот архитект Рензо Пиано (Renzo Piano). Денес, тој е огромен комплекс, во кој се наоѓа и Центарот за конвенција, изложбен центар, каде што има хотели со 4 и 5 ѕвезди, 5500 м2 покриен паркинг-простор, масивен 8 галериски трговски центар со 90 продавници и 25 барови, ресторани, мултиплекс-кино со 11 театри, ексклузивни Bolla-сали за состаноци, со аеродром за хеликоптери (кој се наоѓа на покривот на Лингото-комплексот), уметничка галерија и еден ресторан кој се наоѓа на поранешната тестпатека на автомобилскиот бренд „Фиат“. Сите овие објекти меѓу себе се поврзани, нудат голема флексибилност и можат да се приспособат за различни типови на настани. Лингото конгресниот центар е голем, модерен објект, наменски изграден за конвенции со пространи изложбени сали и угостителски објекти и пет сали во непосредна близина. Регистрација - котизација Сите делегати ќе имаат можност да учествуваат на сите сесии и работилници во текот на 3 дена на 9. Светски коморски конгрес, а постои и можност да изберат учество на само еден или на два дена по свој избор, со цел да се приклучат на активностите на Конгресот кои се од значење за делегатот.

Пријавување до 20 мај 2015 година. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: natasa@mchamber.mk


четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

БИЗНИС ИНФО

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„VINEXPO INTERNATIONAL“ ВО БОРДО

Меѓународен саем за вино и деловни средби на 16 и 17 јуни 2015 година во Франција

Саемот „Vinexpo International“ и деловните средби Ви овозможуваат да учествувате на најпознатиот светски настан за вино, со повеќе од 2400 излагачи и 48.000 професионални посетители, да ја проширите својата меѓународна мрежа и да ги идентификувате новите партнери, преку претходно одбраните потенцијални партнери. Саемот „Vinexpo International“ и деловните средби се брокерски настан за светски познатите вина и алкохолни пијалаци. Настанот нуди: За компаниите – проактивно учество на „Vinexpo“, каталог за купувачите и организиран тајминг за настанот и состаноците во ЕЕН мрежата, како и сите предности на matchmaking настанот – бесплатно! За купувачите – бесплатна, професионално организирана агенда за да се сретнете со претходно избраните мали и средни претпријатија, дегустација и откривање на прекрасни вина и алкохолни пијалаци, како и временски ограничени, организирани деловни средби. За дегустацијата е обезбедена сала од 300 м2 со 45 маси и професионална услуга. Зошто треба да учествувате? - Присуство на светски познатата изложба со повеќе од 2400 излагачи и 48.000 професионални посетители. - Активно учество на изложбата. - Проширување на својата меѓународна мрежа и идентификување нови партнери. - Организирани 30-минутни деловни средби со одбрани партнери. - Тоа е бесплатно! Регистрирајте се на www.b2match.eu/vinexpo2015

Аплицирај електронски / on-line: http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1734&bet=17 Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


40

БИЗНИС ИНФО

четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„ПАТОТ НА СВИЛАТА“ Од 23 до 26 јули 2015 година во ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА Ксинџијанг - Урумки, во НР Кина ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА И „УРУМКИ“ - ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА УГОСТИТЕЛСТВО И КЕТЕРИНГ (За компаниите – членки на Стопанската комора на македонија обезбедени се бесплатно сметување, изложбен штанд, влезници и трансфер) Стопанската комора на Македонија во соработка со Ксинџијанг Меѓународниот саем и центар за конвенции организира учество на македонски компании на Вториот интернационален саем за прехранбена индустрија „Патот на свилата“ и „Урумки“ - Интернационалниот саем за угостителство и кетеринг. Двата настана ќе се одржат периодот од 23-26 јули 2015 година. Целта на организирањето на овие интернационални саеми е да се промовира соработка и да се работи на развојот на прехранбената индустрија меѓу сите области по должината на „Патот на свилата“ и Централна Азија, Западна Азија, земјите од АСЕАН и ЕУ. Воедно, целта е да се создадат „пет центри“ на економскиот појас на „Патот на свилата“, со цел да се промовира градот Урумки и да се интензивира економската соработка меѓу домашните и странските компании од прехранбената индустрија. „Патот на свилата“ - Интернационалниот саем за храна што се одржа во 2014 година и 4. Кинески саем за ХАЛАЛ храна и култура (SRIF), успешно беа одржани во „географскиот центар на азискиот континент“ - Урумки. Првиот SRIF-Саем бил организиран на површина од 40.000,00 м² со 1.200,00 интернационални стандардни штандови со повеќе од 780 учесници, од кои 153 странски компании од повеќе од 27 земји и региони од светот. Бројот на посетители достигнал 200.000,00 а вкупниот профит изнесувал 1.445 билиони јуани. Оваа година Саемот ќе се одржи на површина од 70.000,00 м² со 2.400,00 стандардни штандови и повеќе од 1.500,00 компании-учеснички, од коишто 30% се странски излагачи. Саемот ќе трае од 23-26 јули 2015 година, со следниот распоред за излагачи: • сместување: 21-22 јули 2015 година; • изложување: 23-26 јули, 2015 година; • ден за трговци: 23 јули 2015 година • отворен ден: 24-26 јули 2015 година • пакување: 26 јули 2015 година (после 17:30 часот). На Саемот ќе се најдат излагачи од повеќе различни сектори: • прехранбена индустрија: здрава храна, угостителство, кетеринг и сродни индустрии, домашен и странски


четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

БИЗНИС ИНФО

41

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ • • • •

прехранбен сектор, франшизи; машини и опрема за прехранбената индустрија: машини за преработка и пакување во прехранбената индустрија, опрема за печење, кујнски прибор и опрема, земјоделски објекти, инсталација на ладилници и комори, опрема за пијалаци; некласифицирана храна: специјални шумски и овошни продукти, органска храна и пијалаци, суровини и ароми, жито, масло, зеленчук, морски плодови, локални продукти, чаеви и млечни продукти; хотелиерство: познати ресторани и хотели, украсување за свечености; синџир на претпријатија: синџир на компании од прехранбената индустрија, продавници и супермаркети и др.

Посетителите и излагачите на Саемот ќе имаат можност да бидат дел од три одделни секторски манифестации од прехранбената индустрија: 1. Интернационален саем за прехранбена индустрија (на 12.000,00 м²); 2. Саем за домашна прехранбена индустрија (на 24.000,00 м²) и 3. Саем за гурманска храна и култура (на 30.000,00 м²). За време на Саемот ќе бидат организирани и два бизнисфорума: Интернационален форум за прехранбената индустрија и промоција на инвестициите 2015“ и „Патот на свилата“ -„Урумки“ Форум за храна и култура, како и деловни средби за бизнисмени од повеќе различни сектори од прехранбената индустрија. Посетителите и излагачите за време на Саемот ќе имаат можност да присуствуваат на голем број дополнителни настани и активности организирани од страна на SRIF, како што се: „Кралот на храната“- интернационален настан од областа на гастрономијата, натпревари и доделување награди, Шангајско Гинисово шоу со јаболко, „Вкуси го Ксинџијанг“, промоција на туризмот и др. За компании членки на Стопанкста комора на Македонија , обезбедени се : • бесплатно сместување во Урумки за време на саемската манифестација (5 ноќевања); • бесплатни влезници за саемската манифестација; • бесплатни трансфер (од-до аеродром и саемот) и • бесплатен штанд за претставници на интернационални компании - површина од 9 м² Напомена: Доколку се пријават повеќе од 20 македонски учесници, постои можност за добивање бесплатен Национален павилјон - простор за изложување од 270 м² , односно простор за 30 засебни штанда. Посетителот ги покрива патните и организационите трошоци кон Комората (за членки на Комората 6.000 денари по лице, а за нечленки 9.000 денари по лице). Пријавување до 25.5.2015 година. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


42

БИЗНИС ИНФО

четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Грција бара дистрибутер за пласман на метални конструкции и уреди за греење во Република Македонија. Валидност дo 4.7.2015 годинa. Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на вештачки ѓубрива. Валидност дo 4.7.2015 годинa. Компанија од Грција бара дистрибутер за пласман на фармацевтски производи, козметика и додатоци во исхраната во Република Македонија. Валидност дo 4.7.2015 годинa. Италијанска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на заштитни сообраќајни бариери за патишта, мостови и надвозници. Валидност дo 4.7.2015 годинa. Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на дефибрилатори наменети за амбуланти и болници. Валидност дo 5.7.2015 годинa.

Турска компанија заинтересирана е да соработува со туристички агенции во Република Македонија Компанија од Бугарија нуди диспензери за топла за хотелско сместување во Турција. и студена вода. Валидност дo 3.7.2015 годинa. Валидност дo 5.7.2015 годинa. Компанија од Литванија бара дистрибутер во Хрватска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на метални Република Македонија за пласман на хирушки производи од челик што не рѓосува. лупи и стерилни неврохируршки вати. Валидност дo 3.6.2015 годинa. Валидност дo 5.7.2015 годинa. Компанија од Литванија бара партнери за Германска компанија бара дистрибутер во соработка во Република Македонија во областа Република Македонија за пласман на скенери на производство на топловалани лимови. за формати до DIN A2, површински (надземни), Валидност дo 3.7.2015 годинa. скенери за книги во формат DIN A1, скенер со голем формат за документи со 36-48 инчи широк и ОЕМ-решенија за големи производители. Валидност дo 5.7.2015 годинa.


четврток, 14 мај 2015, Бр. 223

БИЗНИС ИНФО

43

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Израел заинтересирана е да пронајде партнери за соработка во Република Македонија, за сушен зеленчук и зачини. Валидност дo 5.7.2015 годинa.

Компанија од Литванија нуди контролни системи во болници за пренос на медицински гас под притисок од изворот на гас, со можност за затворање на одредени точки за регулација на притисокот. Компанија од Кина бара дистрибутер во Валидност дo 6.7.2015 годинa. Република Македонија за пласман на инвертори за заварување и опрема. Чешка компанија бара дистрибутер во Република Валидност дo 6.7.2015 годинa. Македонија за пласман на храна за добиток и домашни миленичиња. Компанија од Романија бара дистрибутер Валидност дo 6.7.2015 годинa. во Република Македонија за пласман на хомогенизиранa храна, препарати и диететска Компанија од Турција бара дистрибутер за храна. пласман на приклучни земјоделски машини во Валидност дo 6.7.2015 годинa. Република Македонија. Валидност дo 3.7.2015 годинa. Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на чевли, кожни додатоци, чанти, паричници, ремени и др. Валидност дo 6.7.2015 годинa. Компанија од Турција бара соработка со македонски компании кои би можеле да пласираат битуменски водоотпорни мембрани. Валидност дo 6.7.2015 годинa.

www.mchamber.mk

Контакт:

Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Бизнис ИНФО број 223, 14.05.2015 by Economic Chamber of Macedonia - Issuu