БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
Quality Management
СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642
bsi.
ISO 9001
Quality Management
years 5
192
FS 549642
2 - 201
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 250
www.mchamber.mk
14.01.2016
Намалување на потрошувачката и трошоците за енергија значајно за македонските компании
ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ЗА ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ И ПРОФИТАБИЛНОСТ
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
четврток, 14 јануари 2016, Бр. 250
ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
WUDQVSRUW FRPSDQ\
WUDQVSRUW FRPSDQ\
WUDQVSRUW FRPSDQ\
ЕЗБЕД ОБ У
�
B
SE
C
UR
O
НИКО
� Б
ЊЕ ВА
�
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
четврток, 14 јануари 2016, Бр. 250
БИЗНИС ИНФО
3
ПОДВЛЕЧЕНО
РАЗРЕШУВАЊЕТО НА ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА МОЖЕ ДА ГО ВРАТИ ОПТИМИЗМОТ Суштински гледано влијанието на кризата врз економијата е поголемо отколку што тоа изгледа на прв поглед. Модерната макроекономска наука тоа го објаснува со значењето на очекувањата за состојбите во економијата. Во време на криза расте неизвесноста кај економските субјекти, расте песимизмот, малаксува т.н. животна енергија (Кејнз), луѓето не инвестираат, домаќинствата ја намалуваат потрошувачката. Тоа значи дека страдаат двата клучни макроекономски сектора - секторот на претпријатијата и секторот на домаќинствата, кои имаат силно влијание врз динамиката на пораст на бруто-домашниот производ, т.е. кои предизвикуваат економски кризи. И највиталните економии, порано или подоцна, ќе „капитулираат“ пред ваквиот тек на настаните. Да потсетам дека не случајно, при секоја криза во современите пазарни економии, аналитичарите и креаторите на политиките постојано ги следат индикаторите за довербата во економијата (на бизнис-секторот и на домаќинствата). Тие, за време на криза се влошуваат и ја одложуваат самата криза. Обратно, ако се вратиме сега на случајот на Македонија, тоа значи дека разрешувањето на политичката криза може да го врати оптимизмот кај економските субјекти (кај граѓаните и бизнисот) и циклусот, со тек на време, да влезе во својата нагорна фаза. (Академик Таки Фити, претседател на МАНУ во „Утрински весник“)
ЗА ЕКОНОМСКАТА КЛИМА СЕКОГАШ Е ЛОШО КОГА ИМА ПОЛИТИЧКИ ПРЕВИРАЊА Кога давате прогнози најчесто тие се темелат врз основа на претходните години и движењата на пазарот во тој период. Може да се каже дека во моментов е тешко да се даде проценка за развојот на индустријата, но за „Витаминка“ со сигурност може да прогнозирам дека ќе се движиме кон подобри резултати од оние постигнати во 2015 година. Влегуваме во процес на реализација на крупни инвестиции во делот на производството и се надеваме дека новите инвестиции ќе донесат нови можности. За економската клима секогаш е лошо кога има политички превирања. Секогаш кога има политичка нестабилност има и нестабилност во економијата. Треба да се има предвид дека од големо значење е и нашата интеграција во европската унија каде се јасни законските регулативи што треба да се следат. Од друга страна, проблем за македонските производители е што треба да се најде начин да се заштитиме од странските производи. Во исто време имаме големи проблеми на регионалните пазари каде се штитат домашните производи на сметка на македонските. Нема некој баланс во односите, а тоа е на наша штета. (Сашо Наумовски, генерален директор на „Витаминка“ во „Капитал“)
БИЗНИС ИНФО
4
четврток, 14 јануари 2016, Бр. 250
ПОДВЛЕЧЕНО
НЕМА КРИЗА ЗА УСПЕШНИТЕ И ХРАБРИТЕ! Во металната индустрија односно, во Брако Велес очекуваме да го завршиме новиот проект за нова современа производна хала со површина од 5100 метри квадратни со вредност 4,2 милиони евра во која ќе бидат инсталирани најнови машини за CNC обработка како и ласерска единица за сечење на челик и роботизиранизаварувачки места. Во овој погон, кој ќе се изгради на местото на три стари хали, ќе се произведува широк дијапазон на производи, камионски шасии, куќишта за турбини за мали хидроелектрани, опрема за виљушкари, дел од медицинските помагала. Веќе сме во преговори со две нови компании за проширување на производството во две нови полиња. Накратко, и следната година очекуваме пораст на приходите од најмалку 10%. Во делот на обновливите извори на енергија ќе започнеме со нови 5 проекти кои ќе се завршат во 2016 и 2017 година. Со воведувањето на полиетиленски и челични цевки во градбата на електраните од македонско производство и воедно со производство на електромашинската опрема во Фероинвест Македонија, над 70 отсто од вредноста на инвестицијата во 24-те мали хидроелектрани ќе остане во Македонија. Ова го ценам како посебно важно за Македонската индустрија како индиректно позитивно влијание од градењето на хидроелектраните. Во делот на снабдување со електрична енергија очекувам ЕДС и понатаму да биде најголем снабдувач во Македонија и една од најголемите компании од оваа област во целиот регион. Ја користам приликата да ги информирам сите компании што трошат повеќе од 1000 MWh годишни, дека од 1ви јули 2016 година се на слободен пазар и дека можат да очекуваат од ЕДС пониски цени кои досега од тие кои сега ги плаќаат. Воедно, во Србија ЕДС ќе има неколкукратно поголема балансна група во споредба со 2015 година, односно ќе има баласна група исто голема колку и во Македонија во малопродажба која е составена од реномирани компании како што се Apatinskapivara, Michelin, Ballpack и слично. (Д-р Кочо Анѓушев, главен извршен директор на „Феро Инвест“ во „Фактор“)
ВРЕМЕ Е ЗА НОВИ МОДЕРНИ ХОТЕЛИ Треба да го имаме податокот дека 80% од ноќевањата што се прават во земјава се реализираат во Охрид и Струга, а во 2014 година Скопје беше поатрактивно за странските туристи. Ние како ХОТАМ согледуваме дека имаме повеќе барања да се градат нови капацитети, но треба да се направи план каде тие ке бидат лоцирани. Реално сегашните сместувачки капацитети се многу мали за регион од 86 километри, односно толку е долг брегот од Радожда до Свет Наум. Во моментов во Охрид имаме 5.000 хотелски легла, а 17.000 се пријавени во приватното сместување. Ако овие бројки се зголемат за 50% на двете основи каде ќе бидеме по 20 години. Но треба да се има предвид дека приватниот туризам не носи многу, точно е дека
четврток, 14 јануари 2016, Бр. 250
БИЗНИС ИНФО
5
ПОДВЛЕЧЕНО некои луѓе живеат од тоа, но приходот и за државата е поголем од хотелите и затоа треба да се градат хотели од 3,4 и 5 ѕвезди. Од туристите што доаѓаат кај нас најбарани се стандардните хотелски капацитети со 4 ѕвезди, а во моментов со 5 ѕвезди имаме само два хотела и тоа „Изгрев“ и „Инекс Горица“. -За да има повеќе хотели од 5 ѕвезди треба заеднички да се направи проект од двете општини, Струга и Охрид, а тоа да биде под контрола на Министерството за транспорт и врски. Така ќе може да се знае колку хотели се потребни и од која категорија, но и каде треба да се градат шопинг центри, киносали и други современи содржини што ги бараат модерните гости. Во 2015 годинава се направи првиот воден парк во “Изгрев“ и тој беше преполн со гости од сите возрасти што покажува дека тоа е потребно за туризмот. Но, треба да се следи што се прави во земјите од регионот како што се Турција, Бугарија. Тие во последните 20 години изградија многу, а ние за жал останавме со истите хотели. Нови градби нема, дел од хотелите се одморалишта кои се реновирани и адаптирани за хотелски услуги. Според мене, време е за нови објекти со капацитет од 150 до 200 соби. (Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ во „Вечер“)
РЕФОРМИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ОДРЖЛИВОСТ НА ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ Стабилноста на пензиските друштва произлегува од законските барања што треба да ги задоволат при нивното основање и функционирање, пред се за нивото на капитал, посебните критериуми за основачите, барањата за стручен и професионал кадар и адекватност на техничките капацитети, високиот степен на контрола на нивното работење од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување (МАПАС) и, секако, од постигнатите резултати и стекнатото искуство во изминатите години. Влошувањето на соодносот меѓу бројот на вработените (осигурениците) и пензионерите е еден од директните фактори од кои зависи стабилноста и финансиската кондиција на Фондот на ПИОМ. Актуелниот сооднос на бројот на вработените и пензионерите е околу 1,8 со тенденција да се подобрува на краток рок, пред се заради поинтензивните мерки за нови вработувања, но по 2020 година се очекува континуиран тренд на намалување на овој сооднос, со што се доведува во прашање одржливоста на системот на меѓугенерациска солидарност. Реформите на пензиските
БИЗНИС ИНФО
6
четврток, 14 јануари 2016, Бр. 250
ПОДВЛЕЧЕНО системите (различни модели се применети во одделни земји), имаат за цел да обезбедат одржливост на пензискиот систем на долг рок. Од аспект на вториот столб стабилноста на пензиските фондови зависи од континуирани, долгорочни и стабилни уплати на придонеси, како и од успешноста во сигурно инвестирање на средствата на членовите на пензиските фондови. Приносот од инвестициите на овие средства на долг рок ќе значи постигнување на крајната цел - стабилна и сигурна пензија. (Петер Велкаврх, заменик-претседател на Управниот одбор на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје во „Вечер“)
КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ ЌÈ СТАНУВА СЕ ПОУСПЕШНА ПРИКАЗНА Осигуритлениот пазар во Македонија е сеуште неискористен потенцијал. Иако податоците од Агенција за супервизија, заклучно со вториот квартал во 2015, покажуваат пораст од 7,11% споредбено со истиот период во 2014 година, сепак сме далеку од европската осигурителна слика каде осигурителниот сектор е најголемиот институционален инвеститор, со околу 9,900 био ЕУР инвестирани средства. Ова е импозантен податок, ако се земе предвид дека тоа е скоро 63% од ГДП-то на цела Европска Унија. Од бројките кај нас, интересен е податокот дека расте и бројот на нови осигуреници и тоа годинава 7,15%, во споредба со ланскиот период. Ова покажува дека од година во година, има се поголем интерес за осигурувањето како неопходна ставка од секојдневието. Осигурувањето прераснува во потреба, што е добро. Претходно беше само наметната обврска, пример, најчести полиси беа оние кои се однесуваа на задолжителната автоодговорност, или на осигрувања на станови кои се под хипотека. Од годинава, 35% имаме пораст кај имотното. Сменет е трендот. Од обврска, одиме кон потреба. Во рамки на бројките и трендот, тука сме и ние како Кроација. Имено, дел од нашите предизвици за 2015 и 2016 се поголемата едукација на клиентите, постоечки и идни. Да го приближиме осигурувањето, да креираме производи за нив, производи кои не го оптеретуваат семејниот буџет а кои во исто време им гарантираат се што претставува брендот – сигурност. Годинава што измина ја завршуваме во рамки на планот, но далеку е од она што вистински можеме и ќе го постигнеме во наредниот период. За жал, поради околностите 2015 беше своевидна катарза од претходните години, каде имавме доста за внатрешно средување, екипирање со нови и квалитетни членови, обука на продажната мрежа, воведување на нови производи, корекци на постоечките. Се на се, правевме своевидно внатрешно уредување. Горд сум што со мојот тим, бев на чело на овие промени, кои во наредниот период ќе ја постават Кроација на местото кое го заслужува. Тие беа предивизците за 2015, а за 2016 ви ветувам дека ќе зборуваме за поголеми концепти и новини. Сите компании поминуваат низ ваков процес и тоа е убавината и суштината. Промената. (Гоце Вангеловски, директор на Кроација Осигурување Неживот во „Фактор“)
четврток, 14 јануари 2016, Бр. 250
БИЗНИС ИНФО
7
ПОДВЛЕЧЕНО
Скенирај и дознај повеќе
M
C
N IA
Што претставува сертификатот Excellent SME?
A
Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O
Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.
Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата. Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје
T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
E
S
E
8
БИЗНИС ИНФО
четврток, 14 јануари 2016, Бр. 250
АКТУЕЛНО Зголемување на конкурентноста и профитабилноста на компаниите преку намалување на потрошувачката и трошоците за енергија
УНАПРЕДУВАЊЕТО И ИНВЕСТИРАЊЕТО ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ Е ОД СУШТИНСКО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЗЕМЈАВА
Енергетската ефикасност во индустријата придонесува за економски развој и позитивно влијае врз животната средина. Истовремено, реализирањето на енергетски ефикасни мерки доведува до намалување на потрошувачката на енергија, енергетската интензивност на индустријата и до зголемување на конкурентноста на индустриските компании. Зголемувањето на енергетската ефикасност во потрошувачката на енергија со цел да се намалат трошоците за енергија, станува императив во работењето на индустриските компании. Денес, во научната и стручната бранша од енергетската сфера, се` повеќе преовладува мислењето дека развојот, производството и примената на технологии и опрема со помала потрошувачка на енергија се само еден дел од приодот кон подобрување на енергетската потрошувачка во индустријата. Искуството покажува дека поголема енергетска ефикасност во индустријата се постигнува преку промени во начинот на управување со енергија во погоните отколку преку внесување на нови технологии. Како земја чијшто економски развој се темели на развојот на енергетиката и намалувањето на зависноста од увозот на електрична енергија и други енергенси за домашни потреби, унапредувањето и инвестирањето во енергетската ефикасност е од суштинско значење за Република Македонија. Агенцијата за меѓународен развој на САД – УСАИД, како дел од стратегијата на својата мисија за економски развој во Република Македонија, ја започна четвртата година од реализацијата на Проектот за индустриски менаџмент. Целта на Ппроектот е да се зголеми конкурентноста на индустриските компании преку намалување на потрошувачката и трошоците за енергија како дел од вкупните производни трошоци, при што доаѓа до намалување на емисиите на стакленички гасови на долгорочна основа. Конкретно, Проектот во основа се однесува на воведување на енергетски менаџмент во индустриските компании во земјава, преку систематска и континуирана посветеност во изнаоѓање решенија за заштеда на енергија и намалување на трошоците за неа, врз основа на принципите и начелата на меѓународниот стандард за систем за управување со енергија ISO 50001:2011. Драган Блажев, директор на Проектот на УСАИД за индустриски менаџмент, на редовната прес
четврток, 14 јануари 2016, Бр. 250
БИЗНИС ИНФО
9
ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО
- конференција во Стопанската комора на Македонија на тема „Зголемување на конкурентноста и профитабилноста на компаниите преку намалување на потрошувачката и трошоците за енергија“, истакна дека со финансиска поддршка од УСАИД во изминатите две години се воведоа системи за мониторинг и управување со потрошувачка на енергија во 17 индустриски пилот-компании од приватниот сектор од различни индустриски гранки. Системите се имплементирани во компании од прехранбената и индустријата за пијалаци, индустријата за градежни материјали, фармацевтската индустрија, екстракција и процесирање на мермер, производство на хартија и печатење, електроника, производство на индустриски гасови и дрвна индустрија. Воедно, компаниите добиваат техничка поддршка во изборот на можни мерки за подобрување на енергетската ефикасност во нивните производни погони. За таа цел, изработени се анализи, инвестициски студии и проектна документација за промена на погонско гориво, искористување на отпадна топлина, управување со врвно оптоварување, термичка изолација на зграда, избор на опрема и систем за греење, вентилација и ладење за пилот-компаниите. Компаниите користат и експертска помош во обезбедување средства од финансиски институции за инвестирање во избраните мерки за подобрување на енергетската ефикасност. Реализацијата на Проектот дава мотив индустриските компании во нашата земја да се заложат за намалување на потрошувачката на енергија, што за нив значи намалување на трошоците на работењето, зголемување на профитот, помала цена на производите и поголема конкурентност на пазарот. Кон систематскиот и одговорен приод кон управувањето со енергија се насочени главните проектни напори и активности за подобрување на енергетската ефикасност во Република Македонија. Перо Авакумовски
БИЗНИС ИНФО
10
четврток, 14 јануари 2016, Бр. 250
АКТИВНОСТИ Управен одбор на Регионалната комора со седиште во Прилеп
ПОДДРШКА ЗА ПЛАНИРАНИТЕ АКТИВНОСТИ ВО 2016 ГОДИНА
На 25.12.2195 година се одржа 25-та седница на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Прилеп, во проширен состав, на која присуствуваше и Марјан Ристески, градоначалник на Општина Прилеп. Претседателот на Регионалната комора седиште во Прилеп Симон Наумоски претседаваше со седницата и имаше воведно излагање. После усвојувањето на заклучоците од претходната 24-та седница на Управниот одбор, опширно излагање по Предлог-програмата за работа на Регионалната комора со седиште во Прилеп имаше Ристо Најдоски. Како што е познато, Регионалната комора со седиште во Прилеп, како посебен облик на територијално организирање во рамките на Стопанската комора на Македонија со своите планирани активности за 2016 година ги остварува задачите на Стопанската комора на Македонија за општините Прилеп, Крушево, Кривогаштани и Долнени. Во своето излагање Ристо Најдоски ги презентираше програмските определби на Регионалната комора со седиште во Прилеп за 2016 година, соработката на бизнис-заедницата од регионот со единиците на локалната самоуправа, како и регионална соработка во рамките на Пелагонискиот плански регион. Членовите на Управниот одбор поопширно беа запознати со планираните оперативни активности на Регионалната комора, со посебен нагласок за реализација на планираните меѓународни активности, работни средби во Канада, Шведска и збратимените градови на градот Прилеп. Исто така, во текот на 2016 година се планирани голем број едукативни настани за потребите на стопанството од регионот од областа на надворешното-трговското работење, царинската регулатива, арбитражата, трудовото право, заштитата на животната средина, заштедата на енергија, користење на обновливи извори на енергија и користење на средства од ЕУ-програмите. Од страна на членовите на Управниот одбор едногласно беше прифатена предложената програма за работа на Регионалната комора со седиште во Прилеп за 2016 година, со напомена да се дополни програмата со предлозите кои произлегоа од опширната дискусија за изградба и поврзување на регионот со гасовод, изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп, отворање на нови детски градинки во Прилеп и санирање на градската болница во Прилеп. За резултатите од работењето на компаниите од регионот во деловната 2015 година беше констатирано дека се задоволителни во услови на општа економска криза, со напомена дека за „Прилепска пиварница“ оваа година била најуспешна од денот на незиното постоење. Ристо Најдоски
четврток, 14 јануари 2016, Бр. 250
БИЗНИС ИНФО
11
ПОДВЛЕЧЕНО АКТИВНОСТИ
СТОПАНСТВОТО ОД РЕГИОНОТ СО ДОБРИ РЕЗУЛТАТИ ГОДИНАВА
Седница на Економскиот совет на Прилеп
На 23 декември 2015 година се одржа седница на Економскиот совет на Прилеп. На седницата како член на Економскиот совет и претставник на Стопанската комора на Македонија - Регионална комора со седиште во Прилеп, учествуваше и Ристо Најдоски. Седницата ја отвори претседателот на Економскиот совет, градоначалникот Марјан Ристески, кој имаше воведно излагање по дневниот ред, а се разгледуваа резултатите и реализираните проекти на Општина Прилеп во 2015 година, како и планираните проекти и активности на Општина Прилеп за наредната 2016 година. На седницата се разговараше и за состојбите во прилепското стопанство, при што се констатира дека и покрај сложените услови за стопанисување во 2015 година, постигнати се добри резултати, особено во прехранбената и текстилната индустрија. Носечки компании во прехранбената индустрија се „Витаминка“, „Прилепска пиварница“, „Дониа“, „Марфил“, Млекарницата „Мики“ и други, додека во текстилната индустрија голем напредок покажа компанијата „Комфи Ангел“ со 1200 вработени, како и конфекциите „Васидора“, „Кули“, „Моника“, „Мартекс“, „Тритекс“, „Хатра“, „Најс текстил“ и др. Посебно треба да се истакне работењето на компанијата „Микросам“ која вработува 150 работници, од кои 60% се високостручни кадри. Во производите на „Микросам“ вградена е голема иновативност, како и врвни научни достигнувања од областа на роботиката. Ристо Најдоски
БИЗНИС ИНФО
12
четврток, 14 јануари 2016, Бр. 250
АКТИВНОСТИ
Посета на компанијата „Ламинати ком“ од Прилеп
ЦЕЛОТО ПРОИЗВОДСТВО ЗА ИЗВОЗ
Врз основа на Спогодбата за долгорочна соработка меѓу Регионалната комора со седиште во Прилеп и градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески, продолжува активноста за заеднички работни посети на компаниите од Прилеп. На 22.12.2015 година беше направена работна посета на компанијата „Ламинати ком“ од Прилеп, која моментално вработува 60 работници претежно од техничката струка. Компанијата „Ламинати ком“ е приватна компанија која произведува, преработува и продава технички електроизолациони композитни материјали и врши продажба на високонапонска заштитна опрема. „Ламинати ком“ произведува и продава технички ламинати - термопласти на база фенолни и епоксидни смоли комбинирани со хартиени, памучни, стаклени ткаенини и карбонски влакна. Од полиамиди, полиетилени, полиуретани и полиестери се произведуваат плочи, цевки и разни резервни делови кои се обработуваат на специјални ЦНЦ-машини. Од наведените материјали се произведуваат делови за електроенергетски постројки за потребите на хемиската и металната индустрија, како и за термо и хидроцентралите. Голема предност на производите на компанијата „Ламинати ком“ е вградениот квалитет, кратките рокови за испорака и поволните продажни цени. Важно е да се истакне дека 95% од нивното производство се пласира на странските пазари. Ристо Најдоски
БИЗНИСБИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ ИНФО И ОБУКА ПОДВЛЕЧЕНО АКТИВНОСТИ
BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Osnovana 1922
Founded 1922
БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија
Уписите се во тек!
БИЗНИС ИНФО
14
четврток, 14 јануари 2016, Бр. 250
ПРЕНЕСЕНО Одржана седница на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Кичево
ФОРМИРАНА ГРУПАЦИЈА НА СМЕТКОВОДИТЕЛИ
„Веќе е редуцирано производството, што засега не резултираше со отпуштање на работниците, но стопанствениците се многу загрижени за натамошното опстојување“, вели Билјана Пеева-Ѓуриќ, директорка на Дирекцијата на здруженија според дејности при Стопанската комора на Македонија Покрај падот на цената на енергенсите, во последно време е забележлив и падот на цените на металите. Како овие трендови во светот се одразуваат врз македонските производители на основни метали кои се стожерот на македонската индустрија? Имајќи ги предвид улогата и економското влијание кое индустријата за основни метали го генерира во рамките на националната економија, не само преку нејзиното директно влијание, туку уште повеќе и преку мултипликативните ефекти, анализирано во коморската студија „Економска импакт-анализа и студија за развојните потенцијали на индустријата на основни метали во РМ“, сигурно е дека актуелните состојби ќе имаат негативно влијание не само врз металуршкиот сектор, туку и врз поврзаните индустрии и вкупните макроекономски движења во државата, пред се’ на бруто-домашниот производ, фискалните приходи, извозот и вработеноста. Генерално земено, за да се очекува значителен напредок и повисок економски раст, потребна е развиена базна индустрија. За секоја економија од клучно значење се степенот на развој и учеството на индустријата во нејзината структура. Токму затоа, Стопанската комора на Македонија, ценејќи го значењето на целата индустрија, особено на индустријата на основни метали, со големо внимание ги следи состојбите и развојните перспективи на македонската индустрија, особено во актуелните, се’ уште неповолни состојби и случувања на глобален план. Затоа е потребно посебно внимание при носење на мерките на економската политика, тргнувајќи од фактот дека индустријата на основни метали преку своето директно учество и уште повеќе преку индиректно учество во креирањето на БДП е главниот столб и носечки сектор на македонската економија. Дали покрај цената на производите и други фактори влијаат врз (не)конкурентноста на нашите фирми? Во актуелниот период најсилна рефлексија врз металуршкото производство и извозот имаат светската економска криза и намалувањето на растот на кинеската економија, што предизвика драстичен пад на цените на металите. Дополнително на глобалните економски прилики има и други неповолни мерки на домашен план кои влијаат врз условите на стопансисување за металуршкиот сектор. Имено, наспроти намалувањето на берзанската цена на електричната енергија ефектите се непроменети поради високите трошоци на пренос на електрична енергија, како и поради обврската за купување на т.н. „зелена енергија“. Имаме и редок пример на обврска за плаќање акциза за користење на петрол коксот, како енергенс кој според сите укажувања е енергетски поефикасен и еколошки помалку проблематичен, а на ова се надоврзуваат и прашањата поврзани со цената на железничката возарина која е на повисоко ниво наспроти цената
четврток, 14 јануари 2016, Бр. 250
БИЗНИС ИНФО
15
ПОДВЛЕЧЕНО ПРЕНЕСЕНО на камионскиот превоз по тон производ која е намалена за над 30 отсто, како и прашањата за еколошкото усогласување. Сето ова ги зголемува трошоците на производство и ја намалува конкурентноста на производите на странските пазари. Како пример, може да се посочи податокот дека македонските металуршки капацитети ја плаќаат електричната енергија во износ од 50 евра по МВч, наспроти 38 евра по МВч во Косово и само 20 евра по МВч во Франција. Неодамна во Стопанската комора компаниите од металниот комплекс повикаа на донесување државна стратегија, односно донесување политики кои ќе ја придвижат оваа стопанска гранка. Што конкретно се предлага? Претставниците на металуршкиот сектор, во повеќе наврати во текот на оваа година, ја потенцираа потребата од преземање конкретни мерки кои ќе условат натамошен развој на индустријата на основни метали. Во таа насока би требало да се работи на носење правилна развојна стратегија за подобрување на состојбите во македонската индустрија, односно да се отворат разговори со надлежните институции за иднината на оваа базична индустриска дејност и да се преземат системски мерки кои би овозможиле услови за развој на индустријата на основни метали. Овие мерки преку отворен јавно-приватен дијалог треба да бидат насочени кон елиминирање на пречките со кои се соочуваат компаниите настанати и поради глобалните пазарни прилики, а и поради одредените системски мерки на домашен план. Тука, пред се’, се мисли на прашањата за намалување на високите трошковни инпути, односно трошоците на енергенсите, користењето на железничкиот наспроти патниот превоз на производите, како и ограничениот пристап до финансиските пазари. Какво е влијанието на индустријата на основни метали врз севкупната економија во земјава, учеството во БДП, вработеноста, врзувањето на други дејности...? Влијанието на индустријата на основни метали врз севкупната економија најексплицитно е демонстрирано во коморската Студија за развојните потенцијали на индустријата на основни метали во РМ. Многу прецизно е прикажан генерирачкиот потенцијал на оваа индустрија, кој се рефлектира преку поврзаните индустрии и мултипликативните ефекти кои ги има во националната економија во целина, како и преку влијанието врз макроекономските перформанси на земјата. Само за илустрација неколку показатели: директно учество во БДП од 5,73 отсто и релативно учество во БДП од 33,53 проценти во 2007 година (ја земаме како година со најдобри производни перформанси за металуршкиот сектор), учество во националниот извоз од 31,5 отсто во истата година и вработување на над 6.500 вработени. Покрај директните, особено се значајни индиректните, мултипликативни ефекти: металургијата иницира дополнителни 20.000 работни места во секторите поврзани со работата на оваа индустрија (добавувачи, транспортни услуги и сл.), со што директното учество во БДП се зголемува за дополнителни 18,3 проценти. На што се должи падот на учеството на оваа индустрија во домашното производство во последниве неколку години? Падот на вкупното учество на оваа индустрија најмногу е поврзан со состојбите на глобален план, а како последица на континуираното опаѓање на цените на металите во изминатите неколку години. Како резултат на тоа, но и поради други недостатоци од системски карактер, сега се соочуваме со состојби во металуршките капацитети каде што имаме значително редуцирање или преполовување на производството, во оние капацитети каде што тоа не е можно согласно со природата на работата, работењето е со однапред пресметана загуба, а имаме и состојби во одредени капацитети каде што е можно запирање на производството по целата производна линија. Какви се очекувањата за наредната година, дали се заканува прекин на производството и какви би биле последиците врз стопанството во целина? На последната седница на Здружението на металургија при Стопанската комора на Македонија, металуршките компании моменталните состојби со производството и извозот на металуршките производи од своите производни програми ги оценија како алармантни, притоа најавувајќи дека и прогнозите за 2016 година не даваат оптимизам за подобрување на состојбите, што ќе влијае и врз вкупните макроекономски движења. Веќе има редуцирање на производството, што засега не резултираше со отпуштање на работниците, но тоа понатаму ќе води и до намален извоз и затоа стопанствениците со голема загриженост гледаат на нивното натамошно опстојување во услови кога наспроти исклучително неповолните состојби на светскиот пазар, фиксните трошоци на работење поради специфичните системски решенија се и натаму исклучително високи, со нагласено влијание врз конкурентската положба на пазарите на земјите во потесното и поширокото опкружување. Во таа насока, од исклучителна важност е во насока на продолжување на јавно-приватниот дијалог да се помогне и да се дефинираат заеднички мерки со надлежните институции од интервентен карактер за ублажување на последиците во индустријата на основни метали. („Утрински весник“)
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL
ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL
ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:
Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач
четврток, 14 јануари 2016, Бр. 250
БИЗНИС ИНФО
17
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-
Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!
Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот. Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој метод на обука, која вклучува микс од техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависност од Вашата потреба. Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и светски компании. Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас. Предавач: Љупчо Георгиев, директор на „Густав Кезер Тренинг Интернационал Македонија“, лиценциран тренер со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи.
Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија.
Уписите за обуката се во тек.
Сите учесниците добиваат: • материјали за работа • мемориски картици • ЦД и дополнителна литература • консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6 месеци • интернационално признат Сертификат од Густав Кезер Тренинг Интернационал и Сертификат од Бизнис Центар за Тренинг и Обука • контролен ден
За подетални информации контактирајте со нас: Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk
18
БИЗНИС ИНФО
четврток, 14 јануари 2016, Бр. 250
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Kомплетна обука согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија
„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“ Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со менаџментот и организацијата на човечките ресурси во компаниите. Истата содржи 80 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Програмата започнува со општ вовед во менаџментот на човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти на струката потребни за стекнување менаџерски вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за Програмата „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ кој е признат од Министерството за образование и наука. ТРЕНЕРИ: Доц. д-р Љупчо Ефтимов Доцент на Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на прв и втор циклус студии одржува настава по предметите Менаџмент на човечки ресурси, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на перформанси. Од 2013 година ја извршува функцијата раководител на студиската програма од втор циклус студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси. Член е на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Член е на Комитетот за човечки ресурси при Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Р. Македонија. Член е на Техничкиот комитетот за менаџмент на човечки ресурси при Институтот за стандардизација на Р. Македонија. М-р Драгана Томиќ Пилиповиќ Професионален консултант, основач и претседател на Центарот за општествено одговорно претприемништво (ЦООП) - Белград, а во текот на својата кариера работела на следните позиции: - заменик-претседател на Секторот за човечки ресурси и обучувач во AIESEC, Економски факултет – Белград; - консултант во областа на тренинг и менаџмент на човечки ресурси во „Срма Консалтинг“ – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во Ерсте Банка – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во „ФармаСвисс“ ДОО - Белград. Д-р Зоран Михајлоски Во текот на својата богата кариера д-р Зоран Михајлоски бил судија во Апелациониот суд во Скопје, во специјализираниот оддел за работни спорови од 2002 година, претседател на специјализираниот оддел за работни спорови на Апелациониот суд - Скопје, едукатор во Правната школа на постојни судии од Европската унија во Барселона, Шпанија, од областа на
националните работни законодавства, постојан предавач на постдипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и вонреден професор на Факултетот за правни науки при Универзитетот „Американ Колеџ“ - Скопје. Автор на повеќе научни и стручни трудови од областа на трудовото и деловното право.
Дополнителни информации: • Предавањата се распоредени во 10 тренинг дена (вкупно 80 школски часа) и се одржуваат два до три пати неделно. • Обуката започнува во периодот април – мај 2015 година. • Број на учесници во група: 10 – 20 учесници. • Во зависност од тематската целина предавањата се одржуваат на македонски или на српски јазик. • Сите учесници добиваат потврда за присуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија. • Услов за да се стекне Сертификатот за „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит. Котизација за учество: - 27.900 денари за 1 учесник; - 10% попуст за втор учесник од иста компанија и - 15% попуст за трет и секој следен учесник од иста компанија, невработени лица и студенти. Учесниците добиваат: - Материјали; - Освежување и - Сертификат.
Контакт: Симона Ристоска +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk
четврток, 14 јануари 2016, Бр. 250
БИЗНИС ИНФО
19
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Семинар ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА
Најновите измени во прекршочна постапка согласно Законот за прекршоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/15 ) и Законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовинскиплаќања („Службен весник на Република Македонија“, бр. 31/01,129/15,154/15) Во новиот Закон за прекршоци се предвидени новини во забрзани постапки за порамнување и забрзани постапки за спогодување, нови правила за одмерување на глобата на правно лице, одговорно лице во правното лице и трговец поединец, како и постапка по жалба против одлуките на прекршочните органи. Во програмата на семинарот ќе бидат опфатени надлежноста и процесните правила по кои постапува Управата за јавни приходи и прекршочните комисии на Управата и надлежноста на новата Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекциски надзор и прекршочна постапка. Имајќи ја предвид загарантираната судска заштита во прекршочните постапки ќе се дискутира за обврските на даночните обврзници и повредите во постапките пред органите за кои судот внимава по службена должност и во тој контекст на крајот од семинарот ќе се разработат одредбите од прекршочна постапка согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања. Целта на семинарот е да се дискутира за новините и досегашното искуство во прекршочните постапки се` со цел даночните обврзници да бидат подобро запознаени и информирани за правата и обврските во забрзаните постапки и прекршочните постапки при контрола спроведена од страна на Управата за јавни приходи. Програма на семинарот: - Најновите измени на Законот за прекршоци; - Закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања; - Прекршок и прекршочна одговорност; - Прекршочна одговорност за правни лица и трговец поединец; - Одмерување на глоба за правно лице и трговец поединец; - Посебни прекршочни мерки; - Постапки за порамнување и спогодување; - Прекршочна постапка пред прекршочен орган; - Постапка по жалба против одлуките на прекршочните органи; - Судска заштита; - Право на поведување на управен спор;
26.01.2016 година 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
- Повреди на постапка за кои Судот внимава по службена должност; - Правни лекови - редовни и вонредни; - Обврски на даночните обврзници за фискален систем на опрема и регистрирање на прометот согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања; - Надлежност на Управата за јавни приходи за вршење на инспекциски надзор; - Водење на прекршочна постапка пред Комисијата за прекршоци; - Одмерување на глоба за правното лице, одговорното лице и трговец поединец. Предавачи: - м-р Едита Насковска, судија во Управен суд Скопје; - Орце Пејков, раководител на Одделение на Управата за јавни приходи - Регионална дирекција Скопје и - Дајана Таневска, заменик-претседател на Комисијата за прекршоци на Управата за јавни приходи - Регионална дирекција Битола. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручек и освежување и - сертификат за присуство на семинарот.
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
четврток, 14 јануари 2016, Бр. 250
БИЗНИС ИНФО
21
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Еднодневна обука „МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ“ ПРОГРАМА Организација на магацинскиот простор: • Поим магацин; • Зони во магацинот; • Избор на тип на магацин; • Анализа во изборот на места за скалдирање – ABC-анализа; • Адресирање стока во магацин (зони, подзони); • Организација на внатрешен транспорт. Процеси во магацин • Магацинско работење (складирање) – документација; • Планирање на работната сила – шеф на магацин, магационери, работници во магацин. Примена на современи технологии во магацин: • Примена на RF-системот; • Електронското работење и неговото влијание врз текот на документацијата (состојба на стоката, инвентаризација); • Клучни показатели за успешноста на работата во скалдиштата. Задоволството на клиентите: • Тек на нарачка и испорака; • Комерцијални пакувања или поединечна испорака; • Амбалажа за пакувањето; • Начин на обележување на транспортната кутија која треба да се испорача; • Рекламација од страна на клиентите - реагирање на рекламација. Управување со амбалажниот отпад: • Опасен амабалажен отпад; • Текот на отпадот.
26 јануари 2016 година 9:00-16:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
Предавач: Игор Чика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Траење на обуката и начин на работа - Обуката трае еден ден, од 9:00 - 16:30 часот. - PowerPoint презентација, студија на случај, работилница.
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
22
БИЗНИС ИНФО
четврток, 14 јануари 2016, Бр. 250
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 10 до 13 февруари 2016 година во Република Турција
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ ВО АНТАЛИЈА
Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Експо центар“ - Анталија, ве покануваат да земете учество на оваа исклучително значајна саемска манифестација која се одржува во просториите на „Експо центарот“ во Анталија. 23. Интернационален саем за храна и пијалаци е најголемиот меѓународен настан што ќе се одржува во Турција, на којшто минатата година учествуваа повеќе од 400 излагачи од повеќе од 12 земји ширум светот, а го посетија повеќе од 47.400 посетители од 49 земји од регионот и пошироко. Турција претставува атрактивен пазар со големи можности особено во прехранбениот сектор. Вкупниот износ на храна што се консумира во рок од една година во повеќе од 1200 туристички капацитети низ цела Турција, е над 1 милион тони, додека износот на конзумирани пијалаци е над 600 илјади тони. Низ туристичките капацитети во рок од една година, во Турција се конзумираат преку 58 илјади тони црвено месо и околу 40 илјади тони бело месо. Со цел да се развие и да се продлабочи контактот и да се отворат нови можности за соработка помеѓу турски компании и компании од светот, овогодинешниот 23.
хотелиерството; • готвачи и бармени - угостителски работници; менаџери на синџири на маркети; • менаџери на ресторани, ресторани за брза храна, барови и кафулиња; • трговци со храна на големо; • инспектори за храна, пијалаци, козметика; • менаџери на хемиски и индустриски компании; • менаџери на тендерски комисии за набавки во приватниот и јавниот сектор; • директори на болнички кантини; • раководители на јавни организации и институции; • раководители во државни и приватни образовни структури и хостели; • команданти на воени објекти и раководители на одделенија за набавки; • директори и менаџери на фабрики за пакување на храна; • производители на зеленчук, овошје и стакленички производи.
Стопанската комора на Македонија на компаниите им овозможува: • бесплатни влезници за Саемот; Интернационален саем за храна и пијалаци има за цел • бесплатни трансфери од аеродром до хотел и обратно; на едно место да собере: • бесплатни трансфери од хотел до саем и обратно; • производители на житни култури, зачини и масла; • бесплатно сместување во хотел со 3* или 4* (зависно од • производители на месо и месни производи; расположливите капацитети на хотелите во Анталија); • печива; • специјални цени за компании коишто сакаат да земат • адитиви; учество на Саемот како излагачи; • кондиторска индустрија; • за сите заинтересирани компании коишто сакаат да земат • млеко и млечни производи; учество на Саемот, задолжително е пополнувањето на • чај, кафе и опрема; пријавниот лист; • трговија на големо- дистрибуција на храна и пијалаци; • Саемот можат да го посетат само двајца учесници од една • опрема за ладење, ладилници за превоз на производи; компанија. • замрзната и конзервирана храна; • свежи земјоделски производи и опрема; Аплицирај електронски / on-line • лаборатории за испитување на храна; • конзервирана храна; Контакт: Сања Николова • медиуми и др. Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 Саемот е отворен за: E-адреса: sanja@mchamber.mk • директори, менаџери во угостителството и
четврток, 14 јануари 2016, Бр. 250
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„INFACOMA 2016“ И „AQUATHERM 2016“ ВО СОЛУН
Oд 11 до 14 февруари 2016 година Меѓународни саеми во Република Грција
Стопанската комора на Македонија во соработка со „HELEXPO“ и Канцеларијата за економски и трговски врски на Република Грција во Република Македонија ве покануваат да бидете дел од „Infacoma 2016“ (33. Интернационален саем за градежни материјали за изолација, врати и прозорци, пред-фабрикувани конструкции и технологии и санитарна опрема) и „Aquatherm 2016“ (1. Интенационален саем за греење, вентилација, климатизација, снабдување со вода, санитарии, еколошки технологии и обновливи извори на енергија). Саемските манифестации ќе се одржат во периодот од 11 до 14 февруари 2016 година во Солун, Р. Грција. Саемот „Infacoma“ како секоја, така и оваа година, како водечки саем во градежниот сектор, има за цел да ги промовира новите технологии, апликации и материјали, кои се однесуваат на надградба на објекти, заштеда на енергија и модерна архитектура. Во рамките на „Infacoma“ оваа година за прв пат ќе се одржи и Саемот „Aquatherm“, наменет за сите компании коишто се занимаваат со инстлирање и одржување на системи за греење, вентилација, климатизација, еколошки технологии и обновливи извори на енергија. Саемот се организира секоја година од 2004 година во повеќе од 13 градови, во 12 зејми ширум светот, а од 2016 година за прв пат ќе се организира и во Солун. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
24
БИЗНИС ИНФО
четврток, 14 јануари 2016, Бр. 250
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
На 26 и 27 февруари 2016 година Меѓународна конференција и саем во Србија
,,НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“ ВО БЕЛГРАД
На настанот„Новите технологии во образованието“ во 2015 година имаше повеќе од 2500 учесници кои имаа можност да слушнат повеќе од 100 говори од 50 предавачи од целиот свет. Исто така, се организираше и Саем со 40 излагачи каде се презентираа најновите технолошки решенија во образованието. Компаниите од ИКТ-секторот, издавачите, училиштата, универзитетите и другите образовни институции ја презентираа нивната компјутерска и аудио-визуелна опрема, мобилните уреди, софтвери, апликации, дигиталните учебници и другите производи што можат да придонесат за зголемување на квалитетот на образованието.
„Новите технологии во образованието 2016“ - Над 20 земји ќе пратат свои високи претставници од министерствата за образование. - Над 50 излагачи во 2016 година, и над 20 компании од Велика Британија. - Над 150 предавања и работилници. - 71% од излагачите потврдија продажни договори од настанот во 2015 година. - 79% од излагачите потврдија дека имаат воспоставено партнерства на настанот во 2015 година.
Над 4000 гости од 30 земји се очекуваат во 2016 година.
Конференцијата и саемот „Новите технологии во образованието 2016“ се отворени за компаниите од регионот кои обезбедуваат иновативно образование ИКТ-производи, услуги и решенија. Тие ќе имаат можност да ги покажат своите производи, да се создадат можности за партнерство со купувачите и со учесниците и да бидат во тек со новите случувања во областа на образованието и технологиите кои се внесуваат во образовниот систем во земјите во регионот. Во 2016 година веќе има потврда дека над 20 компании од Велика Британија ќе присуствуваат на овој настан и ќе ги презентираат нивните ИКТ-решенија и производи за образованието. Исто така, ќе присуствуваат високи претставници од министерствата за образование од: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово, Турција, Азербејџан, Казахстан, Русија, Израел, Украина, Молдавија, Грузија, Узбекистан , Словенија, Унгарија, Хрватска, Бугарија и Романија. Ова ќе биде можност за компаниите и за образовните институции за воспоставување партнерства и споделување идеи за иднината на образованието. Настанот се организира во соработка со Стопанската комора на Србија, Британската амбасада и други институции и организации. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
четврток, 14 јануари 2016, Бр. 250
БИЗНИС ИНФО
Скенирај и дознај повеќе
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
M
C
N IA
Што претставува сертификатот Excellent SME?
A
Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O
Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.
Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.
Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје
T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
E
S
E
26
БИЗНИС ИНФО
четврток, 14 јануари 2016, Бр. 250
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Србија бара соработка со трговци во Република Македонија за пласман на атомизери, рото-фрези и апарати и компоненти за хидраулика и пневматика за земјоделски машини. Валидност до 30.01.2016 година. Компанија од Литванија бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на предиво од лен. Валидност до 30.01.2016 година. Компанија од Бугарија бара пласман во Република Македонија на мерни системи за сите делови на водениот циклус материјали за водовод и резервни делови за нив, електромагнетни дебитомери, водомери, уреди за мониторинг на молк-системи, апарати за откривање на протекување, изградба на системи за далечинско известување, проверка и калибрација на сите видови дебитомери, водомери од DN 15 mm до DN200 mm. Валидност до 30.01.2016 година. Компанија од Турција бара дистрибутер од Република Македонија за пласман на акцесори од ПВЦ и легура од цинк (шарки, конектори, клипови и др.). Валидност до 30.01.2016 година.
Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на вештачки ѓубрива. Валидност до 30.01.2016 година. Компанија од Италија нудат машини за свиткување на лим и разни преси во Република Македонија. Валидност до 30.01.2016 година. Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на бадеми. Валидност до 30.01.2016 година.
Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на изолационо стакло. Валидност до 30.01.2016 година. Компанија од Литванија заинтересирана е за соработка во областа пречистување на отпадни води и резервоари со понуда на разни биолошки постројки, филтри за масло и маснотии, станици за пумпање и резервоари отпорни на хемикалии за домаќинства, населени места и големи индустриски претпријатија во Република Македонија. Валидност до 30.01.2016 година.
Компанија од Унгарија заинтересирана е за пласман Компанија од Италија заинтересирана е да пласира на котли за загревање кои користат биогас како на македонскиот пазар полуготови производи алтернативно гориво. во прав со различни вкусови за подготовка на Валидност до 30.01.2016 година. сладолед. Валидност до 30.01.2016 година.
четврток, 14 јануари 2016, Бр. 250
БИЗНИС ИНФО
27
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Германија нуди опрема за греење и со најдобро аеродинамични карактеристики во нивна инсталација на македонски компании. Република Македонија. Валидност до 30.01.2016 година. Валидност до 30.01.2016 година. Компанија од Полска заинтересирана е за пласман Компанија од Литванија заинтересирана е да на биопроизводи во Република Македонија. пласира автоматски машини за производство на Валидност до 30.01.2016 година. леб во Република Македонија. Валидност до 30.01.2016 година. Компанија од Франција заинтересирана е да пласира Компанија од Италија заинтересирана е да пласира користени машини за пакување на прехранбени тестенини на македонскиот пазар. производи во Република Македонија. Валидност до 30.01.2016 година. Валидност до 30.01.2016 година. Компанија од Кина заинтересирана е да пласира во Република Македонија челична мрежа и железни огради. Валидност до 30.01.2016 година. Компанија од Шпанија нуди широк спектар на производи за снимање, уредување и дифузија на воздух, различни модели специјално дизајнирани
www.mchamber.mk
Контакт: Ванчо Спасески Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-095 Факс: +389 2 3244-088 vanco@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088