Issuu on Google+

СТОПАНСКА БИЗНИС ИНФО

КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 133

www.mchamber.mk

25.04.2013

Генерално собрание на Асоцијацијата на балкански комори во Будва, Република Црна Горат

ДОБРАТА ТРАНСПОРТНА ИНФРАСТРУКТУРА ОСНОВА ЗА ЕКОНОМСКО ПОВРЗУВАЊЕ НА РЕГИОНОТ


БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители

СИЛВЕР Покровители

СТАНДАРД Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK


четврток, 25 април 2013, Бр. 133

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО

ДОВОЛНО ПРОСТОР ВО ИДНИТЕ БУЏЕТИ ЗА ПРОДУКТИВНИ КАПИТАЛНИ ТРОШОЦИ Можноста со помош на експанзивната фискална политика да се забрза растот (фискален мултипликатор), зависи од повеќе нешта, како што се изборот (природата) на мерките (на пример, зголемување на трошоците за инфраструктура наспроти трошоци на плати и пензии или намалување на даноци) како и од тоа, колку од зголемените расходи се потпираат на домашното производство наспроти увозот. Исто така, владините трошења не можат целосно да го заменат недостигот на активност кај приватниот сектор. Дополнително, слабиот раст во Европа која е клучен пазар за македонскиот извоз, игра важна улога во објаснувањето зошто е слаб економскиот раст во Македонија. Вистинското прашање, гледајќи напред, е дали постои патоказ за нивото на кое треба да се задржи висината на долгот додека расходите да се преориентираат кон приоритети како што се патишта, железница, енергетски капацитети, односно продуктивни трошоци што ќе го забрзаат економскиот раст. Гледано од наш агол, постои потреба да се состави еден таков план кој што ќе одрази уверување дека има доволно простор во идните буџети за продуктивни капитални трошоци, како и мерки што ќе помогнат да се зајакнат вештините на невработените кои бараат работа, а во исто време долгот да остане на одржливо ниво. (Ивана Владкова Холар, шефица на мисијата на ММФ во Македонија)

ВРАТАТА НА ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ ДА СЕ ДРЖИ ШИРУМ ОТВОРЕНА Едно од најгорливите прашања во македонската економија, но и пошироко, е неусогласеноста на банкарскиот и корпоративниот сектор околу доволноста или недоволноста на кредитните текови. Одговорот на ова прашање не е црно-бел и за него може многу да се дискутира и да му се пристапува од ралични аспекти. Од друга страна, економската историја не учи дека алокацијата на ресурсите во една национална економија може да ја прават единствено државата, банките или пазарот на капитал. Живееме во општествено-економски систем во кој ова не би требало да биде функција на државата, а, очигледно, поради низа причини од кои добар дел се вон банкарскиот сектор, банкарската интермедијација моментално не е оптимална. Во ваков амбиент низ берзанска призма се поставува прашањето зошто компаниите се уште не се обидуваат да приберат финансиски средства преку берзата, односно зошто се такви состојбите на т.н. примарен пазар на капитал. Некои инвестиции можат да бидат соодветно финансирани единствено со акционерски капитал или преку т.н. еквити фондови. Затоа унапредувањето на сегментот на финансискиот сектор кој нуди капитал што е подготвен да прифати поголеми ризици е многу важен приоритет. Од непроценливо значење е вратата на пазарот на капитал да се држи ширум отворена за компаниите што ќе се осмелат да тропнат на неа. Добрите претприемачки идеи се потенцијалот на националната економија и истите не треба да се отфрлаат поради тековната инфериорност на пазарот на капитал. Од своја страна, системските мерки насочени кон потикнување на понатамошниот развој на секундарниот пазар на хартии од вредност можат да бидат на страната на понудата или на страната на побарувачката. Актуелната задолжителна котација е една од мерките на страната на понудата. Интересно е што многу помалку се коментираше мерката што се донесе паралелно со мерката за задолжителна котација, која е фокусирана на побарувачката, а тоа е укинувањето на оданочувањето на капиталните добивки во наредните три години. Како и да е, факт е дека многу работи треба симултано да се случат, да настане една позитивна комбинација од фактори што во дадени временски периоди придонесува берзанските движења да се карактеризираат со голем промет и пораст на цените. Секако, некогаш, како што се уверивме во претходните години, има и обратни процеси. Оттука, на заживувањето на пазарот не може да се влијае само со една мерка. Мора да се случи комбинација од повеќе позитивни фактори. Заживувањето на берзата, поради нераскинливата врска помеѓу секундарниот и примарниот пазар на капитал, веднаш правопропорционално ќе ги подобри условите за прибирање на средства од страна на компаниите од небанкарски извори. (Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза)

МАКЕДОНИЈА Е ЗЕМЈА СО ГОЛЕМ ПОТЕНЦИЈАЛ ВО ОСИГУРИТЕЛНИОТ БИЗНИС! Македонскиот пазар се развива и како таков во иднина има добри можности за стопански пораст и развој на осигурителниот пазар, а исто така и останатите пазари на кои сме присутни. Добар показател на потенцијалот на пазарот е густината на премиите на жител. Просечната премија во Словенија е околу илјада евра, во Европа две илјади, во Чешка 598 евра, во Хрватска 279 евра, Во Црна Гора 104 евра, во Србија 77 евра, БиХ 68 евра, а во Македонија пак 53 евра. Македонскиот пазар е перспективен, но проблемот е во финансиската и економската криза. Истото важи и за Хрватска, Србија, Бања Лука, Црна Гора и БиХ. На наведените пазари во прв ред се склучуваат имотни осигурувања, додека животните осигурувања остануваат голем предизвик. Секако здравствената и пензиската реформа за државите во регионот се нужни и всушност ќе биде тешко да се избегнат. И поради тоа, како водечка осигурителна група на пазарите на југоситочна Европа, проценуваме дека животните, здравствените и пензиските осигурувања имаат голем потенцијал и веројатно порастот на групата, односно премиите ќе биде најинтензивен токму кај овие видови осигурувања. Во Македонија водиме на пазарот и затоа очекуваме дека во иднина ќе можеме уште поуспешно да ги развиваме услугите и продуктите за нашите осигуреници. (Матјаж Раковец, Претседател на Управниот Одбор на „Заваровалница Триглав“ од Словенија)

НАЈДОБАР БАЛАНС ПОМЕЃУ КВАЛИТЕТОТ И ЦЕНАТА Нашата визија е едноставна. Сакаме да обезбедиме „best value for money services“ т.е. најдобар баланс помеѓу квалитетот и цената. Не тврдиме дека сме најубави, најдобри и најбрзи, не симнуваме ѕвезди од небото ниту ветуваме невозможни работи. Нудиме поширок асортиман на услуги.. Нудиме добра екипа и одлично поставени процеси и организација. Ние не сакаме само да се натпреваруваме на постојниот пазар, туку и да го зголемуваме. Покрај државната Македонска Пошта не има неколку приватни поштенски оператори кои доставуваме пратки на национално ниво (низ целата земја). Да, ние сме конкуренти, но истовремено и колеги од иста бранша. Никако не сме непријатели. Напротив. Се слушаме и се среќаваме. Секако, тоа не значи дека не се трудиме (и со цена и со квалитет) да бидеме подобри едни од други. Опасна е таа борба. Секојдневна, но и интересна. Имав среќа да отворам фирма во област во која повеќето (ако не и сите) сопственици на фирми се исклучителни и посветени професионалци. Поинаку и неможе да се опстои во логистиката. Напорна е ова работа. Буквално 24/7. Мора да ја сакаш за да ја работиш. Во спротивно нема да издржиш. (Харалампие Георгиев, сопственик на „Моја Пошта“)


БИЗНИС ИНФО

4

ФОКУСИРАНО

РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА И ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ПАРТНЕРСТВА

четврток, 25 април 2013, Бр. 133

Бизнис-делегација на Стопанската комора на Македонија од 22 до 25 април 2013 година учествува на 8. Светски конгрес на коморите во Доха, Катар

На Блискиот Исток за првпат се одржува Конгрес на коморите од целиот свет. Коморските лидери и претставници на компаниите од повеќе од 120 земји дискутираат за најразлични прашања на повеќе пленарни сесии и работилници, за развивање и зајакнување на партнерствата, размена и споделување на најдобрите практики. Настанот се одржува под покровителство на емирот Неговото Височество Шеикот Хамад бин Калифа Ал-Тани. Домаќин на Конгресот е Комората за трговија и индустрија на Катар. На отворањето присуствуваа нивните екселенции шеици и министри, како и членовите на дипломатскиот кор акредитирани во Катар и гости од коморите од целиот свет и бизнис-лидери. Претседателот на Меѓународната трговска комора (ICC) Жерард Вормс, на отворањето на 8. Светски конгрес на коморите, повика на зближување и обединување на бизнис-заедницата од целиот свет, со цел да се направи поголем притисок врз владите за да се носат позитивни одлуки во текот на оваа година, а особено за време на министерскиот состанок на Светската трговска организација, што ќе се одржи во декември во Бали, Индонезија, како и на Самитот на Г20 во септември оваа година. Говорејќи на отворањето на 8-миот Светски коморски конгрес, Вормс посочи дека со спроведувањето на договорите за олеснување на трговијата ќе се создадат повеќе од 120 милиони работни места во светот и ќе се намалат за половина трошоците поврзани со логистиката и бирократијата. Тој додаде дека глобалната трговија не е во добра состојба во моментов, со оглед на тоа што има пад од 3 отсто, што претставува основен проблем со кој се соочуваат голем број земји во светот. Македонската делегација оствари повеќе средби со повеќе коморски и бизнис-делегации, со цел интензивирање на соработката, размена на искуства и реализација на заеднички проекти во иднина. За време на тридневната манифестација, на 18 практични работилници ќе бидат презентирани иновации и нови услуги, со цел да се зголеми експертизата и како да се подобри работењето на коморите. На конгресот оваа година присуствуваат рекорден број од над 2000 делегати. Конгресот обезбедува единствена можност за интеракција меѓу делегатите од повеќе од 100 земји. Софче Јовановска


четврток, 25 април 2013, Бр. 133

Генерално собрание на Асоцијацијата на балкански комори во Будва, Република Црна Гора

БИЗНИС ИНФО

5

АКТУЕЛНО

ДОБРАТА ТРАНСПОРТНА ИНФРАСТРУКТУРА ОСНОВА ЗА ЕКОНОМСКО ПОВРЗУВАЊЕ НА РЕГИОНОТ

Балканските комори, препознавајќи го трендот на стрaтешкото свртување кон не-европските пазари, треба заеднички да настапуваат во странство, беше оценето на Генералното собрание на Асоцијацијата на балкански комори (АБК), што беше одржано на 17 април 2013 година во Будва, Република Црна Гора. Во работниот дел, на Генералното собрание се дискутираше за значењето на транспортната инфраструктура, што е од исклучителна важност за економскиот развој на регионот, како и можноста за заеднички настап на АБК-коморите на бизнис-форумите и саемите. Беше констатирано дека неадекватната сообраќајна поврзаност е пречка за создавање квалитетна деловна соработка, меѓу другото, преземена од АБК-земјите. Токму затоа, според учесниците, потребно е да се покрене иницијатива пред владите од земјите-членки на АБК, како и пред ЕУ-институциите во настојувањето да се отстранат бариерите. Претседавачот на АБК, претседателот на Стопанската комора на Црна Гора, Велимир Мијушковиќ рече дека е неопходно дополнително да се вложат напори, со што би се создале стратешки партнерства меѓу АБК-членките со цел заеднички настап не само на регионалните пазари, туку и пошироко. Исто така, беше нагласена потребата од подобрувања на патната инфраструктура. -Наша обврска е да се обидеме на компаниите да им понудиме фер услови за создавање на идни позиции во регионот и во ЕУ и да се потрудиме да се вклучиме во претстојната имплементација на Стратегијата за поврзување на Европа 2020 (20142020), што е еден од механизмите да се зголеми степенот на инвестиции во сообраќајната инфраструктура во Европа, - подвлече Мијушковиќ. Министерот за сообраќај во Владата на Република Црна Гора, Иван Брајовиќ, верува дека Генералното собрание на АБК ќе придонесе за унапредување на соработката, ако се има предвид дека заеднички интерес е подобрување на состојбата во секторот сообраќај. - Владата на Црна Гора вложи значителни средства во подобрувањето на сообраќајната инфраструктура, имајќи предвид од колкава важност е тоа за нас. Еден од најзначајните проекти на Владата на Црна Гора е изградбата на автопатот Бар


6

БИЗНИС ИНФО

четврток, 25 април 2013, Бр. 133

Заклучоци на Генералното собрание на АБК УНАПРЕДУВА РАБОТАТА НА КОМОРИТЕ И ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МЕЃУКОМОРСКАТА СОРАБОТКА

– Болјаре, што нуди можност за развој, особено во делот на туризмот, - рече Брајовиќ. Министерот ја нагласи важноста на Јадранско-јонскиот автопат, кој минува низ седум држави, меѓу кои и Црна Гора. Оваа инвестиција, според Брајовиќ, чини околу 920 милиони евра. -Треба да се вложат дополнителни напори со што АБК-државите би биле подобро поврзани во авиосообраќај, а би било добро и да се изработи заедничка студија за подобрување на целокупната сообраќајна достапност во регионот, - изјави Брајовиќ. Потпретседателот на Комората на Црна Гора, господинот Иван Савељиќ, оцени дека позитивните ефекти од отворањето на границите не можат да бидат реализирани без синхронизиран развоен сообраќај, унапредување и усогласување на сообраќајната инфраструктура и услугите. - Балканот не може целосно економски да се интегрира во Европа ако претходно сам не се интегрира. За да може конечно да ја капитализираме оваа геостратешка положба, време е да направиме организациско финансиски план за да го реализираме она што сме го замислиле, - порача Савељиќ. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески предложи обединување на економиите од регионот, со цел да биде поуспешно заедничкото учество на трети пазари. - Македонија може да понуди информација и логистика во врска со претстојниот саем во Либија, што ќе се одржи од 19 до 23 мај 2013 година, за сите заинтересирани АБК-земји, - рече Азески. Љубица Нури, виш советник на УО при Стопанската комора на Македонија, предложи на регионално ниво да бидат изработени мастер-планови. - На регионално ниво немаме мастер-план поврзан со развојот на сообраќајот, тоа мораме да го дефинираме како најреален приоритет, меѓу кои е и развојот на железничката инфраструктура. Ако регионално не се реорганизираме и натаму ќе бидеме во загуба, што негативно ќе се рефлектира на нашата конкурентност. Според Љубица Нури, владите од регионот треба

• Да се унапредува работата на коморите-членки на АБК и нивните јавни функции, со стручно оспособување, водење работен регистар, унапредување на надворешно-трговското работење и промоција на извозот, основање на претпријатија, надзор на пазарот со цел да се обезбедат фер услови и арбитража. • Јакнење на постојните структури на АБКсекретаријатот и да се предложат механизми за централизација на неговите активности. • Јакнење на сообраќајната поврзаност меѓу земјитечленки на АБК, со што би се остварувала регионална соработка во рамките на реалните потреби и потенцијалите на членките. • Да се поттикнуваат, привлекуваат и да се промовираат инвестиции од областа на сообраќајната инфраструктура во регионот, во рамките на Стратегијата за поврзување на Европа 2020. • Да се поттикнуваат владите на државите-членки на АБК да обезбедат правна рамка за воспоставување сообраќајни врски и на мултилатерална основа да одредат заеднички приоритети од областа на сообраќајот и транспортот. • Да се зајакне меѓукоморската соработка со цел заеднички настап на саемите и деловните форуми во регионот и на трети пазари. • Да се поттикнува создавање на стратешки партнерства меѓу претпријатијата-членки со цел настап на регионалните пазари, но и пошироко. • Поттикнување на владите-членки на АБК да го намалат нивото на „сивата“ економија со отстранување на факторите како што се неприспособеноста на даночните системи, неефикасноста на државните органи и неконзистентноста и нестабилноста на законската регулатива. • Јакнење на улогата на коморите во преговарачките процеси со ЕУ во земјите од АБК, кои се во претпристапна фаза според црногорскиот модел. • АБК- порталот да се воспостави на нова основа, според потребите на компаниите од регионот за настап на трети пазари. Координацијата на овие активности ќе ги извршува претседавачот на АБК, Црна Гора.


четврток, 25 април 2013, Бр. 133

БИЗНИС ИНФО

7

да разговараат околу заедничка сообраќајна политика, со оглед дека од 31 проект на ЕУ, 18 се однесуваат на развојот на железницата. Потпретседателот на Внатрешно-трговската комора на БиХ, Немања Васиќ, истакна дека прашањето за патната инфраструктура е од исклучителна важност за неговата земја. - Лесно се согласивме околу развојот на сообраќајот во Босна и Херцеговина, бидејќи тоа прашање е поважно дури и од политиката, додаде Васиќ. Цветан Симеонов, првиот човек на Комората на Бугарија, оцени дека темите на кои се дебатира се одлично избрани. -Жал ми е што немаме подобри сообраќајни врски. Би требало да се обратиме до владите и тие да размислат за овој проблем, оцени Симонов, кој токму поради лошата сообраќајна поврзаност од Бугарија до Црна Гора патувал 11 часа!? Жељко Сертиќ, новоизбраниот претседател на Стопанската комора на Србија, порача дека балканските земји треба да заборават на минатото и на бурниот период низ кој минале и да се фокусираат на иднината. - Не е важно дали ЕУ финансиски, логистички или морално ќе ни помогне. Првенствено што треба да направиме е тоа и самите ние да се промениме. За земјите од регионот вратата на Србија секогаш ќе биде отворена, без разлика низ што се` поминавме. Да не работиме исклучиво за сопствени интереси, туку да работиме на целокупниот развој на Балканот, – порача Сертиќ. Илир Жила, претседател на Стопанската комора на Албанија, подвлече дека земјите од регионот треба да го мотивираат Брисел да вложи пари за патната инфраструктура на Балканот. -Вложивме значителни финансиски средства за унапредување на сообраќајната инфраструктура во Албанија и со тоа создадовме услови за значително подобрување на економската позиција на земјата, - рече Жила. Според претседавачот на АБК, Мијушковиќ, всушност, Албанија е најдобар пример во регионот по прашањето околу сообраќајната поврзаност. Од Стопанската комора на Турција беше оценето дека треба да се размислува околу формирање на регионален логистички центар, кој би придонел за побрзо и полесно реализирање на овие проекти. Едуарт Шварц, експерт на партнерскиот проект ДИХК-ЦЕФТА, ги презентираше активностите на ЦЕФТА-ДИХК-проектот, а Вили Галебова од Бугарија го презентираше Вториот меѓународен фестивал и натпреварувачката изложба на вино“.


БИЗНИС ИНФО

8

СОРАБОТКА

РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И БЕЛГИСКИ КОМПАНИИ

на Белгија и Стопанската комора на Македонија. Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми на отворањето истакна дека семинарот е плод на досегашната билатерална соработка меѓу двете земји. - Овој семинар, не само што ќе овозможи размена на искуство, туку очекувам да придонесе и за подигнување на свеста кај комуналните претпријатија кои делуваат во овој сектор и кај останатите претставници од бизнис заедницата, рече Адеми. Белгиската амбасадорка во Македонија, Аник Ван Калстер посочи дека регионот Валонија успешно го свртела фокусот од сите поранешни

четврток, 25 април 2013, Бр. 133

Семинар за стратешки избор и имплементација на политики во областа на цврстиот отпад, загадување на почвата и водостопанството по примерот на регионот Валонија

Размена на искуствата во делот на управувањето со отпадот и водите на македонски и белгиски компании беше цел семинарот „Стратешки избор и имплементација на политики во областа на цврстиот отпад, загадување на почвата и водостопанство: примерот на регионот Валонија во Белгија“, што се одржа во Стопанска комора на Македонија (22.4.2013 година). Семинарот беше во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ, Агенцијата за трговија и инвестиции од Валонија (AWEX) при Владата


четврток, 25април 2013, Бр. 133

БИЗНИС ИНФО

9

Аник Ван Калстер, амбасадор на кралството Белгија во Република Македонија, со седиште во Софија и Филип Суинен, директор на Агенцијата за трговија и инестиции од Валонија во Комората ПРЕНОС НА ЕКОЛОШКИТЕ ПОЛИТИКИ ВО МАКЕДОНСКАТА СРЕДИНА По повод одржувањето на семинарот: „Стратешки избор и имплементација на политики во областа на цврстиот отпад, загадување на почвата и водостопанството: примерот на регионот Валонија во Белгија“, во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ, Агенцијата за трговија и инвестиции од Валонија (AWEX) при Владата на Белгија и Стопанската комора на Македонија, во Комората беа примени нејзината екселенција Аник Ван Калстер, амбасадор на Кралството Белгија во Република Македонија, со седиште во Софија и Филип Суинен, директор на Агенцијата за трговија и инестиции од Валонија. Гостите од Белгија се заблагодарија на Kомората за логистичката поддршка во организирање на овој настан, како и за сета поддршка во настаните организирани од Амбасадата и AWEX во 2008, 2009 и 2011 година. Раководењето со цврстиот отпад, загадувањето на почвата и управувањето со водите се значајни теми не само како дел од пристапниот процес кон ЕУ, туку и од аспект на климатските промени, вработувањата, инвестициите и јакнењето на конкурентноста на економијата. Тоа позитивно влијае и на развојот на туризмот, транспортот, земјоделството и енергетиката, - истакна Филип Суинен. Многу е важно во овие сектори да се постигне обединување на ресурсите од сите видови и да се здружат активностите во рамките на регионите. Во Валонија приоритети се управувањето со водите и отпадот, рециклажата, управувањето со шумите и обновливите енергии - биомаса. На овие теми се основани 6 кластери во кои членуваат многубројни мали и средни компании, истражувачки центри и универзитети. Задачата на кластерите е преку развојни проекти да се зголемува конкурентноста на компаниите. Тоа е искуство, што и преку овој семинар и билатерални средби би сакале да го пренесеме од Валонија, - истакна Филип Суинен, директор на Агенцијата за трговија и инестиции од Валонија.

индустррии кон воспоставувaње поуспешна и посеопфатна економија и оти се подготвени да ги споделат своите искуства со македонските компании. - Регионот Валонија може да ви помогне како се создаваат зелени, односно еколошки работни места, нагласи Калстер. Пред присутните се обрати и Филипе Суинен, претседател на валонската Агенција за инвестиции, додека претставници на Министерствоto за животна средина и просторно планирање ја претставија македонската законска легислатива.


10

БИЗНИС ИНФО

четврток, 25 април 2013, Бр. 133

ПОКРОВИТЕЛИ НА КОМОРАТА

ЧЛЕНКА НА ГОЛЕМОТО СЕМЕЈСТВО НА ЕВРОПСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА - CLECAT

Бизнис-средба меѓу компании од Македонија и Турција

Групацијата на меѓународни шпедитери и логистички оператори (MIFA), која е конституирана на 10 февруари 1993 година, како организациона форма во рамките на Здружението на сообраќајот при Стопанската комора на Македонија, ги обединува шпедитерите и логистистичките оператори кои овозможуваат копнен, авионски, поморски и комбиниран транспорт, како и царинење и логистички услуги во Македонија. Во текот на своето 20-годишно постоење, MIFA целосно се посвети на промовирање и заштита на интересите и благосостојбата на сите ангажирани во шпедитерската и логистичката индустрија, како и кон подобрување на соработката со царинските и инспекциските органи, - истакна Ѓино Шкријељ, претседател на Групацијата на меѓународни шпедитери и логистички оператори при Стопанската комора на Македонија на редовната прес-конференција (22.4.2013 година). Соработката со Царинската управа на РМ главно се одвива во рамките на Советодавното тело, а преку ова тело од март 2013 година претставници од MIFA се номинирани како членови на Комисијата која се грижи за функционирање на EXIM-системот (Едношалтерски систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти). Меѓународната препознатливост на MIFA започна со асоцијативно членство во најголемата светска невладина организација од областа на транспортот - FIATA од 1996 година, преку активно учество на сите досега одржани балкански конгреси на шпедитерите. По одбележувањето на своето дведецениско постоење, MIFA стана асоцијативна членка на Европската асоцијација за шпедиција, транспорт, логистика и царински услуги - CLECAT, официјално во март 2013 година, со што се проширија нејзините можности за меѓународна препознатливост и активност во наведените дејности (шпедиција, транспорт, логистика и царински услуги). CLECAT е асоцијација основана во 1958 година во Антверп, Белгија, која ги претставува интересите на повеќе од 19.000 компании кои вработуваат повеќе од 1 милион лица во логистиката, шпедицијата и царинските услуги. Мултинационалните, средни и мали шпедитери и царински посредници се членки, со што оваа организација важи за најрепрезентативните од ваков вид во Европа, па оттаму уште поголемо е значењето што Р. Македонија, која се` уште не е членка на Европската унија, ќе биде вклучена во нејзините активности преку MIFA, која заедно со Асоцијацијата на шпедитери и логистички провајдери од Турција се единствените асоцијативни членки кои не се од земји-членки на Унијата, - посочи Стојче Василев, заменик-претседател на Групацијата на меѓународни шпедитери и логистички оператори. Шпедитерите и царинските посредници, членови на оваа европска асоцијација царинат околу 95% од сите стоки во Европа и го држат патниот транспорт на стоки со 65%, товарот кој се транспортира по воздушен пат со 95% и 65% од карго превозот со брод. Основната цел на оваа европска асоцијација е да ја зајакне и да ги подобри застапеноста на царинските услуги и транспортно-логистичкиот сектор во Европа, како и да ги штити интересите на своите членки кога регулативите на ЕУ се ревидираат или се предлагаат нови со намера да се обезбеди единствена и едноставна работна средина, во која стоките ќе може да се движат слободно и безбедно, во насока на олеснување на меѓународната трговија. CLECAT одржува редовен дијалог и е постојано консултиран од страна на Европската комисија и другите институции во заедницата, како што се Европскиот парламент и Советот за транспортна политика, логистика и царински прашања, а активни се и во бројни меѓународни владини и невладини организации, вклучувајќи ги ОЕЦД, UNECE, Меѓународниот форум за транспорт, СТО и Светската царинска организација. Информациите кои произлегуваат од овие институции, можноста да се следи легислативата на ЕУ, процесот на носење одлуки и лобирање во ЕК во делот на царинската легислатива, даноци и акцизи ќе биде од корист за членките на MIFA, - подвлече Василев. Во тој правец, до Групацијата е пристигната информација за новиот модернизиран царински закон на Унијата, кој наместо од јуни ќе има одложена примена од 1 ноември 2013 година, поради усогласување и примена на целосна електронска размена на податоци меѓу бизнис-заедницата, шпедитерите и царинските управи во земјите од Унијата. Во рамките на Асоцијацијата функционираат 6 работни тела и тоа за логистика во патниот и железничкиот транспорт, поморска и воздухопловна логистика, транспорт и менаџирање со синџирите за снабдување и последната во која MIFA ќе биде активна е телото за царина и индиректно оданочување. Билјана Пеева Ѓуриќ


четврток, 25 април 2013, Бр. 133

БИЗНИС ИНФО

Порака на министерот за животна средина и просторно планирање во Владата на РМ, Абдилаќим Адеми од прес-конференцијата во Стопанската комора на Македонија“

11

МЕРКИ

БИОРАЗГРАДЛИВИ ЌЕСИ НА ПАЗАРОТ СПОРЕД СТАНДАРДОТ МКС 1009

На прес-конференцијата, одржана во Стопанската комора на Македонија, министерот за животна средина и просторно планирање во Владата на РМ, Абдилаќим Адеми, ја информираше јавноста за задолжителната употреба на биоразградливите ќеси (19.4.2013 година). Министерството за животна средина и просторно планирање континуирано последните неколку години преземаше мерки со цел да се спречи, односно да се намали прекумерната употреба на пластичните ќеси заради нивното штетно влијание и оптоварување врз животната средина, што е предизвикано од долгогодишниот период на нивното разградување, - истакна министерот Адеми. Како последна мерка во таа насока донесен е Правилникот за стандардите за биоразградливост кои треба да ги исполнуваат ќесите за транспорт на стоки, начинот на пуштање и употреба на биоразградливите ќеси за транспорт на стоки на пазар, кој е објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр.19/2013. Правилникот пропишува дека ќесите за транспорт на стоки кои се пуштаат и се употребуваат на пазар, треба да бидат биоразградливи, односно да го исполнат стандардот МКС 1009 - Методи за оцена на оксобиоразградливост на пластика и фитотоксичноста на остатокот во контролирани лабораториски услови, или други соодветни меѓународно признати стандарди кои се објавени на нашата веб-страна. Со влегувањето во сила на овој правилник во Република Македонија може да се пуштаат во употреба само биоразградливите ќеси произведени на соодветно пропишаните стандарди за биоразградливост. За непочитување на овие одредби предвидена е глоба во износ од 3.000 евра во денарска противвредност, како за производителот, така и за трговецот. Министерот Адеми информираше дека во однос на наплатата на ќесите од страна на поедини трговци, истата не произлегува од законските обврски, туку од личниот став на самите трговци. Иако ова е прашање во доменот на трговците, присутни се оправдани реакции од потрошувачите дека не е во ред кесите со лого на трговците со кое се рекламираат да се наплатуваат. На крајот од своето излагање, тој го изрази уверувањето дека задолжителното користење на биоразградливите ќеси ќе придонесе за заштита на животната средина во Македонија. Од страна на Стопанската комора на Македонија беше истакнато дека членките на Групацијата за производство и преработка на пластични маси активно учествуваа во донесувањето на регулативите, вклучително и стандардот за биоразградливост. Членките на Групацијата се подготвени и го применуваат старндардот за биоразградливост во производтвото на пластични ќеси. Зорица Мешкова


БИЗНИС ИНФО

12

ИСКУСТВА

ПРЕДУСЛОВ ЗА ДОБРО УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ

четврток, 25 април 2013, Бр. 133

Презентација на тема „Правата на осигурителните комерцијални превземања и прекуграничното осигурување “

Стопанската комора на Македонија, на 23.4.2013 година, организираше презентација на тема: „Правата на осигурителните комерцијални превземања и прекуграничното осигурување“, со цел да им ја доближи оваа проблематика на сите заинтересирани учесници и да им го презентира значењето на овие институти. Ова предавање го отвори проф. д-р Глигор Бишев, кој укажа на тоа дека ако сакаат компаниите да управуваат подобро со ризиците потребно е да се направи договор за осигурување кој ќе обезбеди заштита на компанијата. Свое видување на темата даде проф. д-р Јоанис Рокас, партнер во Адвокатското друштво „Рокас“. Проф. д-р Рокас е еминентен и докажан професионалец во областа на правото кој своето образование го стекнал на Правниот факултет во Атина, каде што дипломирал во 1968 година, а докторирал на Универзитетот во Берлин во 1975 година. Тој е воедно и професор по трговско право на Атинскиот факултет за економија и бизнис. Тој се осврна на правата на осигурителните комерцијални преземања со детална анализа на законската рамка во делот на осигурување. Даде анализа за тоа како треба да се вршат големите комерцијални осигурувања и како компаниите треба да се заштитат при склучување на договор за осигурување. Во делот на услуги за прекугранично осигурување и нивната неопходност за воспоставување, како и за регулаторни и корпоративни формации во осигурувањето предаваше Алкистис Христофилу, која е дел од тимот на Адвокатското друштво „Рокас“. Таа своето образование го стекнала на Правниот факултет во Атина во 1984 година, а магистрирала на Лондонската школа за економски и политички науки во 1986 година. Алкистис Христофилу ја објасни разликата на правилата на пазарот на ЕУ наспроти оние надвор од границите на ЕУ. Укажа на значењето од постоење на слободна зона која нема да има географски граници. Како пример го посочи интернетот кој најдобро може да ја интерпретира оваа слободна зона, односно во секој дел од светот може да се дистрибуира одредено добро. На оваа презентација присуствуваа компании од осигурителниот сектор, осигурително-брокерски друштва, како и компании од останатите дејности за кои оваа тема претставува можност за усовршување на работењето на самите компании. Снежана Камиловска

БАРАЊА

ОТСТРАНУВАЊЕ НА „СИВАТА“ ЕКОНОМИЈА ОКОЛУ ПАЗАРИТЕ, ПА КОНТРОЛА НА ТЕЗГИТЕ

Групација на пазари при Стопанската комора на Македонија

Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија одржа состанок (24.4.2013 година) на којшто беше разгледана последната акција на пазарната инспекција која преку контроли на тезгите на зелените пазари прави увид за потеклото на текстилот што се продава на тезгите. За таа цел, на состанокот беше присутен и в.д. директорот на Државниот пазарен инспекторат Виктор Дерменџиев, кој објасни дека контролата на пазарите е како резултат на заклучок на Владата, според кој, меѓу другото, треба да се исконтролира на кој начин продавачите на тезга го набавиле текстилот што го продаваат на пазарите. Организаторите на пазари и Комората на закупци на тезги како претставници на закупците на тезги го информираа Дерменџиев дека целосно се согласуваат оти треба да се работи согласно законот и ја поздравуваат одлуката за регулирање на проблемот со „сивата“ економија. Но, истовремено, порачаа дека контролите на пазарите и увид во документацијата треба да се бара дури откако ќе се направи контрола на кој начин продаваат дивите продавачи надвор од кругот на зелените пазари. Закупците на тезги посочија дека некои од продавачите на тезги добиле казни и записници дека немаат регулиран правен статус ниту фискални сметки, што е спротивно на владината одлука со која се одложува фискализацијата на зелените


четврток, 25 април 2013, Бр. 133

БИЗНИС ИНФО

13

пазари се` до влезот на Македонија во Европската унија. Како резултат на расправата беше донесен заклучок дека мора да постои норматива по која ќе работат пазарите. Сега зелените пазари се соочуваат со амбиент во кој нема законско решение, фискализација, оданочување, има присуство на диви тезгаџии, деталните урбанистички планови исто така не се докрај дефинирани, сопственоста на земјиштето не е секаде средена... И сето ова се случува во време кога прометот на пазарите опаѓа, а ликвидноста е се` помала. За таа цел, организаторите на пазари бараат надлежните државни органи активно да се вклучат во решавањето на овие проблеми. Даниела Михајловска Василевска

Групација на климатизација, греење, ладење и проветрување

МЕРКИ

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА РЕШЕНИЈА И ОПРЕМА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Во организација на Групацијата на климатизација, греење, ладење и проветрување при Стопанската комора на Македонија, на 19.4.2013 година се одржа презентација на тема: Имплементација на iso 50001:2011 стандардот во машинските инсталации на КГЛП-системите. Пред претставници на проектните бироа, изведувачки фирми, како и на стручната и научната јавност од областа на КГЛП-инсталациите, фирмите „Белимо“ од Австрија, „Енергија“ од Македонија и проектантското биро „Мартик“, презентираа решенија и опрема за енергетска ефикасност во КГЛП-системите. На оваа презентација беа презентирани најновите достигнувања во оваа област, производи кои се употребуваат во инсталациите и ја зголемуваат енергетската ефикасност. Од страна на „Тимел“- проектот, беше презентиран проектот којшто тие го имплементираат во Македонија, а тоа е Проектот за индустриски менаџмент, во кој е опфатена енергетската ефикасност. Проектното биро „Мартик“ се претстави со изработени проекти во кои се применети најсовремени уреди со кои се зголемува енергетската ефикасност. Фирмата „Енергија“ се претстави со A2W/A - топлински пумпи кои за ист комфор користат помалку енергија. Energy Valve е производ на „Белимо“ од Австрија, којшто ја зголемува енергетската ефикасност преку регулирање на протокот, а Belimo RingBus System е производ којшто ја зголемува сигурноста на вработените ��ри пожар. Заедничка оценка од презентацијата е дека поголемата примена на овој вид на современи производи во КГЛП-инсталациите може во голема мера да ја зголеми енергетската ефикасност. Перо Авакумовски

Македонски компании на „Баума 2013“ во Минхен, СР Германија

ПОСЕТИ

ДОГОВОРИ ЗА ОСОВРЕМЕНУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНАТА ОПЕРАТИВА ВО ЗЕМЈАВА

Во организација на Стопанската комора на Македонија, од 15 до 18 април 2013 година, македонски градежни компании го посетија 30.Меѓународен саем за машини и опрема за градежништво и рударство - „Баума 2013“. На површина од 555.000 м² изложбен простор со 3.256 изложувачи и со преку 500.000 посетители, „Баума“ го вбројуваат во еден од најголемите и можеби и еден од најимпресивните саеми во светот. „Баума“ несомнено претставува лидер на саемите, како по бројот на излагачи од цел свет, така и по бројот на посетители. Групата од Македонија беше поздравена од Марита Дотер, менаџер на Саемот, и од Урсула Дона, сервис-менаџер за пречекување на делегациите, при што беа презентирани основните податоци за „Баума“. Компаниите од Македонија остварија средби со голем број деловни партнери со кои соработуваат, и тоа производители на машини за градежништвото и за рударството, како и производители на опрема, при што меѓусебно разменија информации. Добиени се податоци за машините и опремата, за капацитетот, при што имаше конкретни договори, кои би требало да се реализираат во скоро време. Општата оценка на сите учесници беше дека овој саем претставува можност за директно запознавање со производите на компаниите, но и можност за заедничка натамошна соработка. Марија Петроска


БИЗНИС ИНФО

14

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ПРЕЗЕНТИРАНИ УСЛУГИТЕ НА МАКЕДОНСКА БАНКА ЗА ПОДРШКА НА РАЗВОЈОТ

четврток, 25 април 2013, Бр. 133

Регионална комора со седиште во Гостивар

На 18.04.2013 година, на состанокот во Регионалната комора со седиште во Гостивар, со кој раководеше претседателот Ремзи Абдулаи, беа презентирани кредитните линии кои ги сервисира Македонска банка за подршка на развојот и услугите за осигурување на извозот и наплата на побарувањата. Презентациите ги извршија Александар Станојковски и Дарко Стефановски, раководители во банката. На презентацијата учествуваа претставници на 24 фирми. Претставниците на фирмите позитивно се изјаснија за оваа презентација што им ја организира Стопанската комора на Македонија и активно учествуваа со конкретни прашања за сите аспекти на услугите на банката, а претставниците на банката даваа образложенија и одговори на сите поставени прашања.. М-р Ацо Спасовски

ПРЕЗЕНТИРАНИ ПРИДОБИВКИТЕ ОД КОРИСТЕЊЕТО НА Е- СМЕТКОВОДСТВО

Регионална комора со седиште во Кичево

На 18.04.2013 година во хотел„Кичево“- АД Тајмиште, во организација на Регионалната комора со седиште Кичево се одржа презентација на тема Е-сметководство во Македонија на бизнис секторот во регионот. На презентацијата присуствуваше претседателот на регионалната комора Кичево,Игор Соколески, претставници од Даталаб Мк Скопје и Телеком. Презентацијата е извршија од страна на директорот на Даталаб Мк , Сашо Јовановски при што беа изнесени придобивките, ефиксаноста и достапноста на податоците и информаците со користење на е-сметководството. Присутните претставници од компаните и сметководствените бироа чии број беше 30, покажаа голем интерес при што се отвори дискусија, исто така присутните изразија благодарност до Регионалната комора Кичево за организираната презентација и иницијатива за повторна соработка. Дијана Лазороска

„ПОДДРШКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА (КЗК) ЗА КОНТРОЛА НА ДРЖАВНАТА ПОМОШ“

Регионална комора со седиште во Прилеп

На 24.4.2013 година, во организација на Регионалната комора со седиште во Прилеп и Комисијата за заштита на конкуренцијата за контрола на државната помош се одржа работилница на тема: „Поддршка на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) за контрола на државната помош“. Воведно излагање имаше Јован Тодоров од Комисијата за заштита на конкуренцијата. На работилницата предавања одржаа експертите од Велика Британија и Република Чешка, со цел да ја приближат проблематиката на контрола на државната помош на сите учесници даватели и приматели на истата на следниве теми: - Што претставува државната помош? - Законодавството за државната помош во РМ и ЕУ; - Како да се биде во согласност со правилата за државна помош? - Улогата на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Ристо Најдоски


четврток, 25 април 2013, Бр. 133

Прогласени најдобрите општествено одговорни компании за 2012 годинa

БИЗНИС ИНФО

15

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

АКТИВНОСТИ ШТО НОСАТ ДОЛГОРОЧЕН УСПЕХ ВО БИЗНИСОТ

Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија по шести пат ги доделија националните награди за најдобри општествено одговорни практики за 2012 година. Наградите се доделуваат на големи, мали и средни претпријатија кои аплицираат со свои проекти во пет категории. Во категоријата однос кон вработените за најуспешна компанија годинава е прогласена Македонски телеком и Т-Мобиле, а во категоријата„етичко управување“ компанијата „Раде Кончар“. Наградата во категоријата „односи на пазарот“ ја добија „Цементарница УСЈЕ“ и „КБ Прво пензиско друштво“, додека во категоријата „животна средина“ за најуспешни се прогласени „Македонијатурист“ и „Раде Кончар - сервис“. Во категоријата „вложување во заедницата“ наградата ја добија „КАДИС“ Скопје и Млекарница Битола. Првпат годинава националната награда за општествена одговорност е дел од иницијативата поддржана од Европската комисија за европски систем на наградување на ООП. Како резултат на тоа „Млекарница Битола“ и „Раде Кончар сервис“ ќе се претстават со своите проекти пред европската публика на 25 јуни во Брисел. Според државниот секретар за економија Анче Трифунов, големиот интерес на компаниите годинава е доказ дека наградата ја постигнува целта - да се прошири кругот на деловни субјекти кои настојуваат да работат одговорно кон животната средина и социјалното опкружување. - За среќа компаниите многу брзо сфатија дека ООП не значи трошок, туку зголемување на додадената вредност на нивните производи и услуги, подобрување на угледот и имиџот на претпријатијата, подобрување на односите со добавувачите, потрошувачите и потенцијалните инвеститори, висока мотивираност и лојалност на вработените и долгорочен успех во бизнисот, истакна Трифунов. Претседателот на Координативното тело за ООП, Александар Николов оцени дека покрај зголемувањето на бројот на апликанти, од година во година се подобрува и квалитетот на проектите со кои конкурираат компаниите. - Секоја година добиваме се пософистицирани апликации што опишуваат практики кои остануваат постепено долгорочни пристапи кон општествената одговорност и практики што значат градење со граѓанскиот и јавниот сектор со цел заштита на животната средина и обезбедување на подобри услови за живот, рече Николов. Директорот на „Раде Кончар“ Ацо Антевски смета дека се исплати вложувњето во општествената одговорност. - Моментално со едно вакво вложување излеговме и на светскиот пазар, односно во Шведска и на скандинавските земји. Значи ако имате оштествено економски инвестирања, оправдано имате и профит, вели Антевски. Конкурсот за годинашните награди траеше од 18 јануари до 11 март годинава. За наградите конкурираа најголем број компании досега, односно 43 со вкупно 66 проекти. Една третина од компаниите аплицираа за првпат. Најголем број апликации имаше за категориите „животна средина“ и „вложување во заедницата“.

„Ренова“ и „Електрометал“ од Тетово реализираат инвестиција вредна 40 милиони евра во Тетово

НОВИ СТОТИЦИ ВРАБОТУВАЊА Домашните компании „Ренова“ и „Електрометал“ од Тетово реализираат инвестиција вредна 40 милиони евра во Тетово, која ќе отвори нови стотици вработувања. Станува збор за повеќенаменски комплекс кој содржи неколку станбени објекти, трговски центар од 12.000 метри квадратни, луксузен хотел со 5 ѕвезди на 12 ката, панорамски ресторан на најгорниот кат од хотелот и 400 паркинг места, на вкупна изградена површина од 60 000 метри квадратни. Официјалното отварање е предвидено во октомври годинава. Инвеститорите најавуваат дека ќе бидат присутни повеќе интернационални и домашни брендови


16

БИЗНИС ИНФО

четврток, 25 април 2013, Бр. 133

Пет иновативни идеи откупени од Македонски телеком во рамки на конкурсот „Партнер за иновации“

ЧЕТИРИ ВЛЕЗЕНИ ВО КОНКУРЕНЦИЈА НА ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ ГРУПАЦИЈАТА

Македонски телеком ги објави петте избрани идеи на конкурсот „Партнер за иновации“. Наградата за овие проекти кои ќе се реализираат оваа година е во вредност од 100.000 евра. Четири идеи од Македонија се кфалификуваа на кокурсот за партнерство за иновации „Телеком предизвик“ за награда од 500.000 евра во рамките на Дојче телеком групацијата на ниво на цел свет. Проектите што ги избра „Македонски телеком“ се: „T-Care“ - виртуелна средина за односи со корисници и промоција од далечина, базирана на вештачка интелигенција, од Анис Сефиданоски, „МаркетКонект“, нова македонска веб платформа која ги проширува можностите за онлајн трговија преку директно поврзување на компаниите со потрошувачите на повеќе пазари во регионот, РЗ Инфомеиа ДОО, Скопје, „Smart Wine“, Интегрирано целосно M2M cloud решение за интелигентно следење на земјоделските параметри со користење на безжична сензорска мрежа - Институт за телекомуникации Факултет за електротехника и информациски технологии Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, „CollaboDox“ - Систем за соработка со “Microsoft Word” документи помеѓу различни платформи - CREATIONPAL ДОО, Скопје и „Cloud Message“-систем за Augmented Reality базиран на мобилна телефонија за споделување на пораки и рекламирање, Intelligent Network Македонски телеком ги објави петте избрани идеи на конкурсот „Партнер за иновации“. Наградата за овие проекти кои ќе се реализираат оваа година е во вредност од 100.000 евра. Четири идеи од Македонија се кфалификуваа на кокурсот за партнерство за иновации „Телеком предизвик“ за награда од 500.000 евра во рамките на Дојче телеком групацијата на ниво на цел свет. Проектите што ги избра „Македонски телеком“ се: „T-Care“ - виртуелна средина за односи со корисници и промоција од далечина, базирана на вештачка интелигенција, од Анис Сефиданоски, „МаркетКонект“, нова македонска веб платформа која ги проширува можностите за онлајн трговија преку директно поврзување на компаниите со потрошувачите на повеќе пазари во регионот, РЗ Инфомеиа ДОО, Скопје, „Smart Wine“, Интегрирано целосно M2M cloud решение за интелигентно следење на земјоделските параметри со користење на безжична сензорска мрежа - Институт за телекомуникации Факултет за електротехника и информациски технологии Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, „CollaboDox“ - Систем за соработка со “Microsoft Word” документи помеѓу различни платформи - CREATIONPAL ДОО, Скопје и „Cloud Message“систем за Augmented Reality базиран на мобилна телефонија за споделување на пораки и рекламирање, Intelligent Network Solutions, ДОО, Скопје. - На овој натпревар за иновативност се пријавија 78 фирми, за нови идеи и за нешто што ќе го одбележи времето што доаѓа. Избравме пет фирми, идеи и имаме фонд од 100.000 евра што сметаме дека ќе биде добар поттик и една финансиска помош за фирмите своите иновативни идеи да ги преточат во стварност, изјави главниот извршен директор на „Т-Мобиле Македонија“ Жарко Луковски. Новиот главен извршен директор на „Македонски телеком АД Скопје“ Тиво Куш, кој стапи на функцијата на 8-ми овој месец, истакна дека иновациите се клучот за успех и одржливост на пазарот, а стратегијата на Телеком групацијата не е само да развива и да нуди сопствени иновации, туку исто така успешно да ги интегрира иновациите од надворешните партнери. -Убеден сум дека заедно можеме да ги понудиме најдобри иновативни комуникациски решенија за поврзан живот и работа, изјави Куш. На конкурсот што „Дојче телеком“ го објави во март 2013 за партнерство за иновации „Телеком предизвик“ на ниво на групацијата низ целиот свет пријавени се 444 проекти од 45 земји. Од Македонија се пристигнати 38 предлози од кои четири се влезени во финале

ИЗИИС прогласен за Институт на УНЕСКО

ЕДИНСТВЕНАТА И ПРВА ИНСТИТУЦИЈА НА УНЕСКО ОД МАКЕДОНИЈА Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) е прогласен за институт на УНЕСКО. Одлуката е донесена на седница на Извршниот одбор на УНЕСКО што се одржа во Париз. ИЗИИС информира дека со прогласување за институт на УНЕСКО ќе го промени своето име, односно оти во иднина ќе се вика Меѓународен институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, ИЗИИС Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. На инсистирање на Институтот, покрај новото име ќе стои и кратенката ИЗИИС по која тој е препознатлив во светот. Во иднина, како што информира ИЗИИС, во своите меморандуми покрај неговото лого и логото на Универзитетот, ќе го користи и логото на УНЕСКО. - Со прогласувањето за Институт на УНЕСКО, ИЗИИС е единствената и прва институција на УНЕСКО од Македонија. ИЗИИС ќе биде и единствениот Институт на УНЕСКО кој ќе работи во областа на земјотресното инженерство, сеизмологијата и намалувањето на ризиците од катастрофалните земјотреси. Приемот како Институт на УНЕСКО е несомнен успех за ИЗИИС, за Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и за Владата на Р. Македонија, се вели во соопштението.


четврток, 25април 2013, Бр. 133

БИЗНИС ИНФО

17

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Oд 8 до 11 мај 2013 година во Република Турција

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МОДА И ТЕКСТИЛ ВО ИСТАНБУЛ *Стопанската комора на Македонија ве води на Конференцијата по исклучително поволни услови Станува збор за едни од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто Станува збор за една од поголемите специјализирани меѓународни конференции од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании. Водечките компании во секторот ќе споделат и ќе разменат искуства со професионалци производители и инвеститори од овие дејности. Стопанската комора на Македонија, во соработка со Амбсадата на Република Турција во Република Македонија – Трговското советништво, ве поканува да земете учество на Конференцијата, како и на организираните Б2Б деловни средби меѓу компании за текстил, дизајн и висока мода. Конференција за мода и текстил во Истанбул, шеста по ред, официјално ќе ја отвори премиерот на Република Турцвија, господинот Реџеп Таип Ердоган, на 8 мај 2013 година, а ќе се одржи од 9 – 10 мај 2013 гоидна, во хотелот „Шангри-ла Босфор“. Конференцијата за мода и текстил зазема значајно место во промоцијата на овој сектор, и ќе биде домаќин на многу ценети гости од Турција и од странство. Нејзината цел е активност со која на учесниците ќе им овозможи соработка и размена на идеи за: - модата, брендот, дизајнот, додатоци и трговија на големо и мало; - „Мода и трендови” - посебна сесија, на којашто ќе дискутираат Carola Seybold, кој е ЕМЕА-регионален директор на PANTONE, што се користи од страна на милиони компании во светот и која ги одредува трендовските бои на денот и Catriona MacNab, кој е кративен директор на светски познатиот WGSN, компанија која ги одредува претстојните трендови во модата. Високи менаџери на две значајни британски компании ќе бидат присутни за време на сесијата за добавувачи за оваа година, што е неопходен дел на Конференцијата. - Презентација на Меѓународниот совет за памук од страна на програмскиот директор за Турција, Марша Пауел, која ќе ги покрие впечатливите и up-to-date информации за тоа како производите од памук се користат во Турција и во светот и како памукот ќе привлече големо внимание во наредните години. - Друга сесија што е од особен интерес се однесува на: извозот, трговијата на мало, трговијата на големо, креирање на брендови, дизајн, пакување, транспорт и др. Саемот може да го посети само 1 (еден) учесник од компанија, за втор, трет пријавен учесник се доплаќа симболичен износ. Обезбедени се: - бесплатно сместување, 3 (три) ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4* или 5* ) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно) и - бесплатни влезници за Саемот и - организирани Б2Б средби со компании од горе наведените дејности. Посетителот ги покрива патните трошоци, како и организационите трошоци кон Комората (4.000 денари за членки по лице, а 8.000 денари по лице за нечленки на Комората). Пријавување најдоцна до 26 април 2013 година. За повеќе информации за ARUSDER 2013, посетете ја веб-страната http://www.tgsdconf2012.com/en/ или контактирајте не`. Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: natasa@mchamber.mk E-адреса: natasa@mchamber.mk


18

БИЗНИС ИНФО

четврток, 25 април 2013, Бр. 133

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 15 до 17 мај 2013 во Босна и Херцеговина прв Саем за Халал индустрија

SAHAF ВО САРАЕВО

SAHAF - Сараево е прв Халал саем и форум и е единствен настан кој ги обединува сите претставници на Халал индустрија од Југоисточна Европа, како и претставниците на водечката глобална халал индустрија и мултинационални компании.Саемската манифестација ќе се одржи во Центар “Скендерија” – Сараевскиот Саем кој на годишно ниво е посетен од над 150.000 посетители и преку 1500 излагачи на 20 организирани саемски манифестации. Интерес за излагање на оваа саемска манифестација досега покажале голем број на компании од земјите во нашиот регион, како и компании од Германија, Австрија, Турција, Малезија, Индонезија и други земји од Блискиот Исток кои поседуваат халал сертификат за производи и услуги . SAHAF е првиот специјализиран халал саем во Југоисточна Европа, кој обезбедува увид во трендовите на развојот на халал индустријата. На пазарот веќе постојат значителен број на компании кои го имплементирале халал сертификатот и нивните производи успешно се пласираат не само на локално и регионално ниво, туку и на халал пазарите во светот. SAHAF ќе им овозможи на халал производителите и даватели на услуги да ја покажат својата понуда за локалните купувачи и потенцијални купувачи и дистрибутери од странските земји. Посетителот ги покрива трошоците за пат и трошоците за сместување во износ од 125 евра по лице кои вклучуваат: - повратен автобуски превоз Скопје - Сараево - Скопје; - сместување во хотел со 3 ѕвезди на база 2 ноќевања со појадок за двокреветна соба, а резервација на еднокреветна соба е 139 евра. Оваа цена важи за група од минимум 18 патници. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 25.4.2013 година. За повеќе информации за саемската манифестација SAHAF 2013, посетете ja веб-странata www.sahaf.ba или контактирајте не`. Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: natasa@mchamber.mk


четврток, 25 април 2013, Бр. 133

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 15-18 мај 2013 година Mеѓународен саем за градежништво, енергија и рудници, техника, мебел и недвижен имот во Косово

„EXPOKOS 2013“ ВО ПРИШТИНА

Стопанската комора на Македонија и Саемот во Приштина како долгогодишни партнери организираат заедничка посета „EXPOKOS 2013“. На оваа саемска манифестација ќе имате можност да видите понуда во делот на: Градежништво: градежни материјали, градење на системи и опрема, суровини, готови згради, помошна опрема за индустријата, изолација, греење и санитарна технологија, електрична инсталација, керамика, врати и прозорци, обработка на метали, куќа и декорација на згради, изградба на патишта, стакло, фасади, стаклени градежни материјали, кровна конструкција, осветлување на улици и паркови, лифтови за внатрешни работи, природен камен, материјали од нерѓосувачки челик, рециклирање итн. Енергија и рудници: електроиндустрија, алтернативна енергија од ветер, вода, сончева енергија, гас, јаглен, нафта и гориво, бензински станици и бази, министерства и институции за енергетиката, рударството и минерали, машини за рударство, машини за минерални суровини, машини за дупчење на метан, мерна опрема за минерали, транспортни машини, алатки за работа и безбедносна опрема за рударство и др. Техника: технологија, павилјон за оджливост и проверка на квалитет, мерни инструменти, аналитички апарат, автоматика и роботика, хидраулична опрема, металургијата, леење, опрема за метали и неметали, хемиска индустрија, телекомуникации и опрема, транспорт и опрема за транспорт и др. Мебел: машини за дрво, цврсти преработки на дрво, мебел за домаќинства и канцелариски мебел, кујни, мебел за бања, паркет, дрвени подови, куќи од дрво, дрвени украси и др. Недвижен имот: архитекти, банки, комерцијален имот на компании, домашни инспекциски служби, инженери, осигурителни компании и инвеститори, инвестиции и финансиски планери, внатрешни и надворешни ревизори. Според видот и типот на излагачите, оваа меѓународна изложба е место каде што може да се создаде огромна и ефикасна соработка меѓу пазарите во Европа, Азија и во земјите од Блискиот Исток. На Саемот ќе учествуваат ексклузивни, меѓународни трговски брендови и познати реномирани компании, кои ќе се претстават со своите најдобри производи, технолошко-урбанистички развојни решенија, дизајни, опрема и услуги. Очекуван број на изложувачи во 2013 година е повеќе од 400 компании од 20 земји. Национални павилјони од: Албанија, Словенија, Хрватска, Белгија, Македонија, Чешка, Унгарија, Романија , Турција и др. Обезбедени се бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари за нечленки на Комората по лице). Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 1.5.2013 година. Kонтакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: natasa@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

20

четврток, 25април 2013, Бр. 133

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар

“ЗАКОН НА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР“ И „ЗАКОН ЗА ДРЖАВЕН ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ„ 14 мај 2013 година 9:30-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

Поради големиот интерес пројавен од страна на Бизнис Заедницата, а имајќи го во предвид значењeто и важноста при вршењето на инспекцискиот надзор од страна на Државниот пазарен инспекторат, Стопанската kомора на Македонија на 14 мај 2013 година (вторник) во 10 часот во сала 1 на V кат ќе ,организира еднодневен семинар на тема:“Закон на инспекциски надзор“ и „Закон за Државен пазарен инспекторат„ Целтта на овој семинар е да се запознаат заинтересираните страни со: права и должности на инспекторите, права и должности на субјектите на надзорот, постапката за вршење на инспекциски надзор. Учесниците на советувањето ќе имаат можности да ги продлабочат своите знаења и да ги споделат искуствата поврзани со најзначајни прашања кои ќе бидат третирани на советувањето и пред се практични искуства во примена на работењето на Државните пазарни испектори. Целна група: лица вработени во секторите за општи и правни работи, финансии, продажба, манаџери, адвокати, како и лица кои со секојдневното работење имаат допирни точки со предметната материја.

П Р О Г Р А М А: 1 Закон за инспекциски надзор Права и должности на инспекторите, .Права и должности на субјектите на надзорот, .Постапка за вршење на инспекциски надзор. .Други прашања кои се однесуваат на инспекциски надзор. 2 Закон за Државен пазарен инспекторат Надлежност ДПИ Постапките на инспекциски надзор. Други прашања кои се однесуваат на инспекцискиот надзор. Предавач: Соња Солевска, дипломиран правник, Државен пазарен инспектор во Министерството за Економија –Сектор за инспекциски надзор одделение за инспекциски надзор –Скопје. Работно искуство 20 години како државен пазарен инспектор. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: работен материјал; ручeк и освежување; сертификат за присуство на семинарот. Рок за пријавување: 10 мај 2013 година Контакт:

Елизабета А.Ефтимова тел: 02 32 44 074 факс: 02 32 44 088 e-mail:beti@mchamber.mk

Анита Митревска тел: 02 32 44 057 факс: 02 32 44 088 e-mail:anita.mitrevska@mchamber


четврток, 25 април 2013, Бр. 133

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Советување

ПРОБЛЕМАТИКА НА КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ „Колективни договори, утврдени права на работниците со колективен договор и со закон, плата, додатоци на плата, надоместок на плата, работно време, прекувремена работа, менаџерски договор, разлики меѓу менаџерски договор и договор за вработување, посебна заштита на определени категории работници, измени на чл. 102 од ЗРО, откажување на договор за вработување, отстранување од работа, отказ од деловни причини, понуда на нов променет договор за вработување, видови дискриминација, товар на докажување во постапки за мобинг и заштита на работодавачите “ 16-18 мај 2013 година (четвртоксабота) Хотел “Athos Palace ****”, Калитеа, Халкидики, Грција http://www. athospalace.com Стопанската комора на Македонија од 16 до 18 мај 2013 година во хотелот „Athos Palace“ ****, во Калитеа, Халкидики, Грција http://www.athospalace. com, организира советување на тема: „Колективни договори, утврдени права на работниците со колективен договор и со закон, плата, додатоци на плата, надоместок на плата, работно време, прекувремена работа, менаџерски договор, разлики меѓу менаџерски договор и договор за вработување, посебна заштита на определени категории работници, измени на чл. 102 од ЗРО, откажување на договор за вработување, отстранување од работа, отказ од деловни причини, понуда на нов променет договор за вработување, видови дискриминација, товар на докажување во постапки за мобинг и заштита на работодавачите“. Пријавување до 8 мај 2013 година. Контакт: Елизабета А.Ефтимова тел: 02 32 44 074 факс: 02 32 44 088 beti@mchamber.mk

М-р Анита Митревска тел: 02 32 44 057 факс: 02 32 44 088 anita.mitrevska@mchamber.mk


22

БИЗНИС ИНФО

четврток, 25април 2013, Бр. 133

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Ве покануваме од 19 до 23 мај 2013 година со Стопанската Комора на Македонија да ја посетите една од најпрестижните саемски манифестации во Либија и во овој регион

САЕМ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО ВО ТРИПОЛИ

* Ви обезбедивме повластени услови за посета и билатерални средби со локални компании во соработка со либиската комора!

Стопанската комора на Македонија и ATEX - Меѓународниот саем во Триполи, Либија, организираат заедничка посета на саемската манифестација за градежништво и инфраструктура, што ќе се одржи во периодот од 19 -23 мај 2013 година во Триполи, Либија. Саемот за инфраструктура во Либија е рангиран како најдобар глобален градежно-инфраструктурен трговски настан во Либија, со околу 700 компании изложувачи, од кои 400 се странски, а 300 компании се локални. Настанот е наменет за постојано подобрување и надградување на инфраструктурата, транспортот, градежништвото, обновливите извори на енергијата, системите за одвод и довод, како и трговскиот сектор на Либија, заедно со другите критични зони на националната економија кои претставуваат предизвик за многу балкански и европски земји за соработка. Настанот нуди доволно простор за претставување на извозниците од секторот на инфраструктурата со цел да се оствари заедничка соработка во профитабилно заедничко вложување со странски компании. Трансферот на технологии е едно од клучните прашања и интереси, маркетиншките стратешки искуства и алатки, додека обуката и развојот за персонал од овие индустрии претставува основа на оваа манифестација. Според видот и типот на излагачите, оваа меѓународна изложба е место каде што може да се создаде огромна и ефикасна соработка меѓу пазарите во Европа, Азија и во земјите од Блискиот Исток во следниве области: • климатизација и ладење; • бања и санитарна опрема; • градење и изградба; • алатки за изградба и апликации; • врати и прозорци; • инженеринг и консалтинг; • подни и ѕидни облоги; • материјали за изолација; • лифтови и механички системи; • машини и тешка опрема; • бои и пасти; • електрични системи; • системи за вода и канализација. На Саемот ќе учествуваат ексклузивни, меѓународни трговски брендови и познати реномирани компании, кои ќе се претстават со своите најдобри производи, технолошко-урбанистички развојни инфраструктурни решенија, дизајн, опрема и услуги од наведените сектори. Обезбедени се: - бесплатни влезници за саемската манифестација за пријавените посетители преку Комората; - Обезбедени се Б2Б средби во либиската комора со либиски компании. Посетителот ги покрива трошоците за пат и за хотелско сместување. Цена по лице: 995 евра / 61.690 мкд , во која се вклучени: - хотелско сместување во хотел со 4* на база 4 ноќевања со појадок (од 19 до 23.5.2013 година) во двокреветна/трокреветна соба; - авиобилет: SKOPJE – ISTANBUL 19 MAY 2013 BR. LET TK 1004 09.05 - 11.35 ISTANBUL - TRIPOLI 19 MAY 2013 BR. LET TK 637 16.30 - 18.25 TRIPOLI - ISTANBUL 23 MAY 2013 BR. LE TK 636 10.20 - 14.10 ISTANBUL - SKOPJE 23 MAY 2013 BR. LET TK 1005 19.10 - 19.40 ( плус доплата за аеродромските такси од 157 евра / 9.734,00 мкд); - трансфер од аеродром до хотел и обратно; - трансфер секој ден од хотел до саем и обратно; - хотелско сместување во хотел со 4*, во еднокреветна соба на база 4 ноќевања со појадок ( од 19 -23.5.2013 година е 1278 евра / 79.236 мкд). Оваа цена е за група од минимум 10 патници. Исто така, се плаќаат и административни трошоци кон организаторот – Комората (2.950 денари по лице - за членки на Комората, а 5.900 денари по лице - за нечленки на Комората). Напомена: Доколку групата е помала од 10 патници, тогаш дадените цени на аранжманот ќе се зголемат за 20-30 % во зависност од конечната бројка на пријавени. Пријавување до 30.4.2013 година. Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: natasa@mchamber.mk


четврток, 25 април 2013, Бр. 133

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 18 до 24 мај 2013 година во Република Србија

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ И БРОКЕРСКИ НАСТАН ВО НОВИ САД Новосадскиот саем, Стопанската комора на Војводина, Enterprise Europe Network - Србија и Стопанската комора на Србија ве покануваат да бидете дел од најголемиот брокерски настап во област на земјоделството, што ќе биде во рамките на Саемот за земјоделие, што ќе се одржи во Нови Сад, Република Србија. На меѓународната манифестација за земјоделие поканети се да земат учество сите оние кои се занимаваат со: • производство на големи машини за механизација во земјоделството; • мали машини за механизација; • машини и опрема за прехранбената индустрија; • механизација и опрема за индустијата за преработка на храна. Присутните ќе имаат и одлична можност да се запознаат со најновите производи како лабораториски препарати и опрема за заштита на растенијата и семенските култури. ЗА САЕМОТ Со присуство на претставници од повеќе од 50 земји, овој меѓународен саем претставува еден од водечките меѓународни саеми во областа на земјоделието, не само во Србија, туку и во цела Европа. Главни области на кои ќе се базира овој настан ќе бидат целосниот спектар на продукти и технологии поврзани производство и трговија на земјоделски култури. “80 Agricultural Fair Novi Sad“ е место каде што се сретнуваат производители и трговци од целиот свет, се создаваат нови партнерства и се споделуваат последните технолошки достигнувања. Покрај тоа, оваа манифестација на учесниците ќе им овозможи да се создадат нови бизнис-контакти и потпишување на нови договори. Неколку причини зошто не треба да ја испуштите можноста да бидете дел од оваа манифестација: • водечка манифестација во Србија во областа на земјоделието; • универзална B2B платформа – Можност лично да остварите контакт со сопственици и менаџери на ресторани, хотели, дистрибутери и потрошувачи на производи; • место каде што се дисткутираат и решаваат актуелните индустриски проблеми; • место каде што се дискутираат најновите технолошки достигнувања; • можност за евалуација и истражување на земјоделските култури; • илјадници производи кои покриваат сите потреби на индустријата; • професионална национална и интернационална промоција на активностите. Главни области: • земјоделски машини и опрема; • хемиски производи за земјоделството; • пакување; • обновливите извори на енергија; • обработка и стакленичка опрема; • применета наука и истражување. ЗА БРОКЕРСКИОТ НАСТАН Брокерскиот настан претставува највисока форма на Б2Б вмрежувањето кој стана составен дел на скоро сите меѓународни конференции. Тоа претставува најбрзиот и најефикасниот начин за претставување на вашиот бизнис пред потенцијалните партнери и пазари. На овој брокерси настан обезбедува дополнителна поддршка за компаниите да најдат странски партнер за време на Саемот. На учесниците им се дава можност да го одберат својот потенцијален партнер согласно нивните потреби и информациите дадени за партнерот кој го бараат, како и за типот на соработка за која се заинтересирани. Од сето ова се прави листа на состаноци што се одржуваат на определено место и во точно определено време. Секој учесник добива листа специјално изготвена за него најдоцна еден ден пред почетокот на состаноците. Главни предности: • совршена атмосфера за меѓународен развој на бизнисот; • помош при планирање на вашите состаноци; • портал за балканските региони и индустрии. Зошто треба да бидете дел од овој настан? • Настанот Ви дава висок степен на публицитет. • Можност да го пронајдете Вашиот иден партнер, можност за поединечни средби. • Вашиот партнер за состанок можете да го определите од дома. • Организаторот нуд поддршка пред, по настанот и за време на настанот за креирање информациски профил за соработка. Пријавување до 10 мај 2013 година. Контакт лице : Огнен Гаревски Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: ognen@mchamber.mk


24

БИЗНИС ИНФО

четврток,25 април 2013, Бр. 133

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 17 до 22 мај 2013 година Стопанската комора на Македонија ве поканува на две саемски манифестации во Република Турција

PRINTTEK И IPT ISTANBUL 2013

Printtek 2013 е еден од најквалитетните настани за печатарската индустрија која им обезбедува ефикасна и специјализирана маркетинг платформа на изложувачите во халите наменети за групи производи кои им нудат на посетителите цела палета на продукти и иновации под еден покрив. Во делот на Саемот за печатење посетителите ќе видат: - боја за печатење, дигитален фото апарат, скенери, монитори, принтери, ласерски системи, мултимедијален софтвер, кодирање на софтвер, печатење и систем за печатење, машини за печатење, сублимација, тонер за печатење, синтетички филм и матрица; - машини за пакување, печатарски машини, фолија за машини за печатење, ламинатори, дигитални печатарски машини, електронски печатарски машини, термо трансфер принтер, опрема за ладење, опрема за тестирање, машини за лепење, обврзувачки машини, бар код системи, преработка на хартија, мастила, дигитални мастила, мастила за тампон печатење, хемикалии, лепила, фотографски материјали, печатење на хартија, картони за книга, весник и списанија; -етикети, алтернативни материјали, складирање и логистика, автоматски системи и роботи, клима уреди и влажност на системи, регулатор, генератор, печатени апликации, декоративно осветлување; -канцелариски материјал, компјутери, печатач, скенер маси и др.

Во делот на ИПТ посетителите ќе видат:

- хартија, картон, машини за обработка на картон, машини за производство на хартиени вреќи, фолдинг машини, машини за апликации, помошни материјали, балирање и преси, дизајн, автоматизација, софтвери и др. Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија.

Обезбедени се: - бесплатно сместување во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди, две ноќевања со појадок; - трансфер од хотелот до Саемот; - влезници за Саемот.

Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки, а 5.900.00 денари за нечленки на Комората). Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 20.4.2013 година. За повеќе информации за PRINTTEK 2013 и IPT ISTANBUL 2013, посетете ги веб-страните www.printtekfair.com , www.iptistanbul.com или контактирајте не`. Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Ванчо Спасевски Тел: ++ 389 2 3244064 Тел: ++ 389 2 3244095 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: vanco@mchamber.mk E-адреса: natasa@mchamber.mk


четврток, 25 април 2013, Бр. 133

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 21 до 24 мај 2013 година во Измир, Турција ќе с�� одржи годишна конференција на ИНСМЕ и средба на тема

“ВЛАДЕЕЊЕТО НА ИНОВАЦИИТЕ – ГРАДЕЊЕ НА ИНОВАТИНИ ЕКО-СИСТЕМИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА” Целта на оваа меѓународна манифестација е промовирање и интернационализација на националните иновативни системи.

На оваа годишна конференција ќе се најдат: - членови на асоцијацијаците ИНСМЕ и ИЗКА и партнери од целиот свет; - министерства, владини тела од цел свет кои се занимаваат со проблематиката на малите и средните претрпијатија, претприемништвото, иновативност и политики на конкурентност; - меѓународни финансиски институции, владини организации, таргетирани мали и средни претрпијатија; - меѓународни невладини организации и здруженија кои ќе ги споделуваат нивните мисии и визии; - индивидувални посредници; - организации за деловна поддршка; - центри за иновации и трансфер на технологии; - индивидуални експерти, научници, истражувачи, иноватори и практичари од секоја област. Пријавување до 5 мај 2013 година. Контакт лицa: Огнен Гаревски Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: ognen@mchamber.mk

Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

26

четврток,25 април 2013, Бр. 133

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 21 до 24 мај 2013 година посета на Саемот за греење, вентилација, климатизација и санитарија

SODEX ANKARA 2013, HVAC ВО ТУРЦИЈА *Посета на Саемот со Стопанската комора на Македонија по исклучително поволни услови Станува збор за едни од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, каде ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании. Водечките компании во секторот ќе се сретнат професионалци и инвеститори од овие дејности во Анкара. Стопанската комора на Македонија, во соработка Амбасадата на Република Турција во Република Македонија – Трговското советништво, ве поканува на организирани Б2Б деловни средби и посета на саемската манифестација. На Саемот посетителите ќе може да го видат следното: - системи за греење и опрема (разни видови грејни тела), котли, внатрешни болјери и котли, сидни котли и болјери, алтернативна и обновлива енергија, котли за жешка вода, системи и компоненти за ладење, електрични грејачи, разладни кули, течни кола на разладните ситеми, системи и опрема за вентилација и климатизација, климатик единици, противпожарни инсталациони компоненти, филтри за воздух, воздушни канали, топлински пумпи, ТНГ и ЛНГ системи, опрема за бањи, санитарни производи и опрема, WC-опрема, додатоци и опрема за бањи, опрема за базени, опрема за сауни, солариум, радијатори, цевки, вентили, бустери, инсталација од арматура, мерни уреди и индикатори, канистри за вода, фитинзи, прочистување на вода, пречистителни системи и опрема, скалдирање и чување во магацини, славини со инфрацрвена зона, апарати и системи за одводнување, улични/градски системи за одводнување, системи за реупотреба на дождовницата и потрошната вода, цевководни фитинзи за водоснабдување во згради и имоти,фитинзи за греење и филтри за вода за пиење, фитинзи за гас, сервисирање, совети, механичка инсталација, дизајн и апликација и многу други иновативни процеси на едно место. Саемот може да го посети само 1 (еден) учесник од компанија, за втор, трет пријавен учесник се доплаќа симболичен износ. Обезбедени се: - бесплатно сместување, 3 (три) ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4* или 5* ) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно); - бесплатни влезници за Саемот и - организирани Б2Б средби со компании од горе наведените дејности. Посетителот ги покрива патните трошоци, како и организационите трошоци кон Комората (4.000 денари за членки по лице, а 8.000 денари по лице за нечленки на Комората). Пријавување до 30 април 2013 година. За повеќе информации за SODEX ANKARA 2013, посетете ја веб-страната: http://www.hmsf.com/ankarasodex/eng/index.asp, или контактирајте не`. Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: natasa@mchamber.mk


четврток, 25 април 2013, Бр. 133

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 21 до 23 мај 2013 година бизнис форум во Пекинг, Кина

“2013 ASIA-EU MATCHMAKING EVENT BEIJING”

Стопанската комора на Македонија во соработка со ЕЕН Мрежата за мали и средни претпријатија (ЕЕN Enterprise Europe Network), ве покануваат да учествувате на Меѓународниот брокерски настан што ќе се одржи од 21-23 мај 2013 година во Пекинг, Народна Република Кина. Организатори на настанот се Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија во соработка со ЕЕН за централна Кина, а коорганизатор е Европскиот институт (EЕН Шведска), Оддел за наука и технологии.

Главни области на овој настан: - електронски информации и комуникации; - модерно инженерство и производство; - нови материјали, нови извори на енергија; - модерно земјоделство и зелена технологија; - биоинженерство и фармација.

Контакт лице Огнен Гаревски Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: ognen@mchamber.mk Подетални информации:може да видите : www.b2bmatchmakingbeijing2013.com


БИЗНИС ИНФО

28

четврток,25 април 2013, Бр. 133

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 29 до 31 мај 2013 година во Софија, Република Бугарија

BULCONTROLA & WATER SOFIA Стопанската комора на Македонија во соработка со Саемот Интер Експо Центар, со Бугарското здружение за вода (BWA) и Агенцијата WASSER BERLIN, организираат седма година по ред посета на настанот WATER SOFIA, специјализирана изложба што ќе се одржи во периодот од 29-31 мај 2013 година во Софија, Р. Бугарија. На оваа саемска манифестација во ист период ќе се претстават 2 изложби: 1. BULCONTROLA – контрола и мерни уреди, лабораториска опрема; 2. WATER SOFIA – набавка на вода, обработка и пречистување на вода и отпадни води, контрола на загадувањето и тек на подземните води и заштита на животната средина, опрема за контрола за спречување на поплави и подземни води, опрема и технологија за одржување и чистење на базени, канализација, технологија за производство, полнење во шишиња и дистрибуција на вода за пиење. На специјализираната изложба WATER SOFIA ќе има колективно претставување на повеќе компании од Австрија и од Чешка како изложувачи, што преминува и во една традиционална активност од година во година на овој настан со тенденција за зголемување. Во 2012 година настаните уживаа голема посетеност од посетители од централна и Југоисточна Европа, како и од Блискиот Исток, Индија и Кина. Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Обезбедени се: - бесплатни влезници за Саемот; - бесплатни каталози со комплетно портфолио на изложувачите; - Б2Б средби со изложувачите на барање на компанија која ќе се пријави за посета на саемската манифестација; - работен состанок со Асоцијацијата за вода и нивните партнери; -пречек од страна на менаџментот на организаторите на саемската манифестација. Посетителот ги покрива патните тошоци во износ од 145 евра / 8990.00 денари зе сместување во двокреветна соба по лице, додека за сместување во еднокреветна соба цената изнесува 198 евра / 12.276.00 денари. Во истите е вклучено: - 2 ноќевања со појадок во хотел со 4*; - автобуски превоз; - трансфери од хотел до саем и обратно. Доколку посетителот користи сопствен превоз, цената се намалува за 1.850 денари. Напомена: Понудата важи за група од минимум 18 патници. Доколку групата е помала од 18 патници, цената за превозот повлекува зголемување од 20-30 % во зависност од бројот на патниците. Исто така, посетителот ги покрива и административните трошоци кон организаторот – Комората (2.950 денари по лице - за членки на Комората, а 5.900 денари по лице - за нечленки на Комората) Пријавување до 30.4.2013 година. За повеќе информации посетете го сајтот: http://iec.bg/en/events Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: natasa@mchamber.mk


четврток, 25 април 2013, Бр. 133

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Стопанската комора на Македонија од 29 до 31 мај 2013 година ве носи на три саемски манифестации од областа на текстилот во Република Турција

INTERNATIONAL İSTANBUL YARN FAIR 2013, ITM TEXPO EURASIA 2013 И HIGHTEX 2013.

Посета по исклучително поволни услови на: * Меѓународен саем за памук, волна, синтетика, природни влакна -10th INTERNATIONAL İSTANBUL YARN FAIR 2013, * Меѓународен Саем за текстил, ткаење,предење, плетење, везење, машини за трикотажа, индустриски машини и хемикалии - ITM TEXPO EURASIA 2013 и * Саем за Технички текстил - HIGHTEX 2013. Станува збор за едни од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании.Водечките компании во секторот ќе се сретнат професионалци и инвеститори на текстилниот сектор во Tüyap – Истанбул. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 29 до 31 мај 2013 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија.

Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4* или 5* ) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно) и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон - ��аемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), - како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: natasa@mchamber.mk


30

БИЗНИС ИНФО

четврток,25 април 2013, Бр. 133

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 4 до 7 јуни 2013 година Меѓународен саем за сточарство, добиток, млеко и млечни производи и опрема во Турција

ANIMALIA 2013 ВО ИСТАНБУЛ

Станува збор за едни од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании. Стопанската комора на Македонија, во соработка со Амбсадата на Република Турција во Република Македонија – Трговското советништво, ве поканува на организирани Б2Б деловни средби и посета на саемската манифестација. На Саемот ќе може да се видат: - Млечни и сточарски интегрирани објекти; - Опрема за производство и дистрибуција на стока и добиток; - Суровини и фабрики за сточна храна; - Додатоци за храна за добиток; - Системи за хранење и наводнување; - Ветеринарна медицина, биолошки производи , лаборатории и иструменти; - Производители на храна и семе за стока и добиток; - Лабораториски и дијагностички уреди; - Компании за изградба и инфраструктура за сточарство; - Прехранбената индустрија и комплементарни производи дистрибутери; - Компании за хигиена и санитарии; - Генетика и најнови технологии; - Млеко и млечни производи.

На саемската манифестација ќе се одржуваат и неколку панели, работни сесии и презентации на брендирани компании од овие дејности за разменена на искуства и пренесување на знаење стекнато од работењето. Саемот може да го посети само 1 (еден) учесник од компанија, за втор, трет пријавен се доплаќа симболичен износ. Обезбедени се: - бесплатно сместување, 3 (три) ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4* или 5* ) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно) и - бесплатни влезници за Саемот и - организирани Б2Б средби со компании од горе наведените дејности. Посетителот ги покрива патните трошоци, како и организационите трошоци кон Комората (4.000 денари за членки по лице, а 8.000 денари по лице за нечленки на Комората). Пријавување до 22 мај 2013 година. За повеќе информации за ANIMALIA и SEAEXPO 2013, посетете ја веб-страната http://www.animaliaistanbul.com/en/index.html или контактирајте не`.

Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: natasa@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

четврток, 25 април 2013, Бр. 133

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 18 и 19 јуни 2013 година во Ница, Франција

ПАМЕТЕН И ОДРЖЛИВ ГРАД Б2Б бизнис-средби

Здружението на информатичко-комуникациските технологии и Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија ве покануваат да учествувате на Меѓународните Б2Б средби – Паметен и одржлив град, што ќе се одржат од 18-19 јуни 2013 година во Ница, Франција, во рамките на Конгресот за иновативен град. Вториот Конгрес за иновативен град ќе се фокусира на трансформацијата на градовите, за да станат паметни и одржливи, преку урбана интеграција на технологиите и услугите. Целта на овој настан и на Б2Б средбите е да ги собере заедно на едно место приватните и јавните играчи, во насока да создадат нови услуги и нови нови технички и комуникативни решенија. Учесници: технолошки и производствени провајдери, инвеститори, промотори, архитекти, равојни агенции, институции за планирање и урбанизам, јавни услужни служби, општински асоцијации, јавни и мешани стопански компании, кластери и федерации, организации за истражување и развој, академии, технички центри... Овие технички и комуникациски сектори вклучуваат: - телекомуникации и информатичка технологија; - енергетска ефикасност и управување; - животна средина (вода и ѓубре); - транспорт и мобилност; - здравство; - изградба и реновирање на згради; - сигурност и безбедност.

Учеството на Б2Б средбите е бесплатно.

Контакт:

Лазо Ангелевски Тел: (02) 3244090 laze@mchamber.mk

Софче Јовановска Тел: (02) 3244060 sofce@mchamber.m


БИЗНИС ИНФО

32

четврток,25 април 2013, Бр. 133

ПОВИК

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ги повикува домашните компании

МОЖНОСТ ЗА ПЛАСМАН НА СТОКА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА PAN AM 2015 ИГРИТЕ Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИРМ) соопштува дека преку економскиот промотер во Канада и е доставена информација за одржување на Pan Am 2015 игрите, каде што македонските компании можат да се пријавуваат за набавка на стоки и услиги потребни за самото одржување на игрите во Торонто. Оние производи и услуги за кои ќе бидат потребни поголеми количини ќе се распишат меѓународни тендери за набавки. Сите заинтересирани компании членки кои би сакале да добавуваат свои производи или услуги за организаторите на овој настан можат да најдат подетални информации на следниов линк http://www.toronto2015.org/lang/ en/gallery/news/buying-the-games-goods-and-services.html, или може да се обратат директно до економскиот промотер за Канада, Ирена Ѓоргиевска irena.georgievska@investinmacedonia.com

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088 ic@mchamber.mk


четврток, 25 април 2013, Бр. 133

БИЗНИС ИНФО

33

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Компанија од Белгија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на куки за приколки за сите видови возила. Валидност дo: 5.6.2013 година Компанија од Турција бара соработка со македонски компании кои произведуваат тапациран мебел за пласман на мебел штоф. Валидност дo: 5.6.2013 година Компанија од Турција бара соработка со супермаркети во Република Македонија за пласман на локум. Валидност дo: 5.6.2013 година Компанија од Италија бара дистрибутер за пласман на вино во Република Македонија. Валидност дo: 5.6.2013 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на четки за

бојадисување. Реномирана компанија од Р. Македонија продава комплет фабрика со автоматска линија за производство на чист природен течен јаглен двеоксид, квалитет наменет и за производство на Coca-Cola, Pepsi Cola, со капацитет од cca 1.000 kg / h готов производ, со машина за полнење на течен јаглен двеоксид во боци од 2,5 – 50 литри, со две статични цистерни и една најмодерна цистерна за превоз на течниот гас до купувачите, со два извора (бунара) на вода и со сопствена концесија за земјиштето. Цена по договор. Локацијата на објектот е во околината на Битола, до границата со Грција. Валидност дo: 5.10.2013 година Компанија од Република Македонија нуди на продажба имот во Кавадарци кој е лоциран на ул. Нов Белград 11 и е евидентиран во имотен лист број 3251 со вкупна земјишна

површина од 20.964 м2 и 13.849 м2, изградена површина. Зградите се користени за складирање и обработка на тутун повеќе десетици години, а земјиштето е лоцирано во урбанизирана околина. Имотот е поврзан со главниот влез со пат до главниот булевар во градот. Околу имотот нема други индустриски објекти. Сите згради имаат потребна инфраструктура, вода, канализација и се поврзани меѓусебно со асфалтни патишта. Постои делумна инсталација за хидрантски систем за ПП заштита со подземен резервоар за вода, со зафатнина од 60м3. Сите објекти имаат три силни аргументи за инвестирање во нив: – имотот е во урбанизираниот дел на Кавадарци; – поголем број на објекти (1,2,3,4), со вкупно околу 10.000 м2, може да бидат преуредени во станбен или деловен простор; – близина до главниот автопат E75


34

БИЗНИС ИНФО

четврток,25 април 2013, Бр. 133

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА (15км). Валидност дo: 22.12.2013 година Компанија од Шведска бара партнери за соработка од Република Македонија за пласман на земјоделски трактори и приклучни машини. Валидност дo: 8.6.2013 година Компанија од Голема Британија бара партнери за соработка кои користат машини за сечење метал во Република Македонија. Валидност дo: 8.6.2013 година Компанија од Украина бара соработка со конзервната индустрија во Република Македонија за пласман на тегли и шишиња. Валидност дo: 8.6.2013 година

Компанија од Кина бара соработка со македонски компании кои се заинтересирани да купат мали ветерни турбини од 500W до 20kw, моно-кристални соларни панели, соларни системи за следење, контролор, инвертор и мобилни полначи. Валидност дo: 9.6.2013 година Компанија од Турција бара соработка со македонски компании во областа на соларната енергија за пласман на соларни панели и опрема. Валидност дo: 9.6.2013 година

Компанија од Турција заинтересирана е за соработка со компании во Република Mакедонија кои би биле застапници за пласман на тоалетна хартија, марамчиња, медицинска Компанија од Турција бара хартија и хигиенска хартија за дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини чистење. Валидност дo: 9.6.2013 година за производство на чоколади. Валидност дo: 8.6.2013 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Компанија од Литванија бара Македонија за пласман на соработка со производители компресори. на млеко, јогурт, вода и овошни сокови за плсман на ПЕТ амбалажа Валидност дo: 10.6.2013 година во Република Македонија. Компанија од Бугарија бара Валидност дo: 9.8.2013 година соработка со производители на месо и месни производи во Компанија од Турција Република Македонија за пласман заинтереисара е да соработува во Бугаријa. со медицински установи во Република Македонија за пласман Валидност дo: 10.7.2013 година на стерилизатори и друга Компанија од Турција бара болничка опрема. дистрибутер во Република Валидност дo: 9.7.2013 година Македонија за пласман на батерии

за лавабоа за купатило. Валидност дo: 10.7.2013 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на прашкасти производи, пудинзи, креми за колачи и пакувани зачини. Валидност дo: 11.6.2013 година Компанија од Индија бара соработка со дистрибутери во Република Македонија за пласман на суровини од ботанички билки кои се користат за медицински и козметички цели. Валидност дo: 11.6.2013 година Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на гумени чизми. Валидност дo: 11.6.2013 година

Контакт: Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО КОМОРА СТОПАНСКА

НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK


Бизнис Инфо