Skip to main content

Бизнис ИНФО број 199, 13.11.2014

Page 1

БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642

bsi.

ISO 9001

Quality Management

goodini

192

2 - 2014

FS 549642

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Број 199

www.mchamber.mk

13.11.2014

Одржано Генерално собрание на Асоцијацијата на балкански комори (АБК) во Атина

СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ВО 2015 ГОДИНА ЌЕ ПРЕТСЕДАВА СО БАЛКАНСКИТЕ КОМОРИ-ЧЛЕНКИ НА АБК По потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Стопанската комора на Македонија и Фудбалската федерација на Македонија

OДИГРАН ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР МЕЃУ СТОПАНСТВЕНИЦИ ВО НАСОКА НА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

Semejna kompanija

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО

ПОСТОЈАНО ПРЕЗЕМАМЕ МЕРКИ ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ И ЗАБРЗУВАЊЕ НА ТРГОВИЈАТА Царинската управа постојано презема мерки за олеснување и забрзување на трговијата, од кои бизнис заедницата би требало да биде задоволна. Овозможени се и се спроведуваат сите поедноставени царински постапки (локално царинење, овластен примач, овластен испраќач и др.) кои овозможуваат царинската постапка да се спроведе во просториите на фирмата со минимално учество на царината. Исто така, овозможено е и спроведување на увозно и извозно царинење на гранични премини, единствено поднесување на документи, воведени се и се користат голем број електронски системи како ЕКСИМ (EXIM), националната транзитна апликација и слично. Царинската управа постојано, во соработка со бизнис заедницата применува мерки во насока на забрзување и олеснување на трговијата. Во овој контекст, би го споменала и неодамна реализираниот проект Интегрирана тарифна околина, еден од најзначајните проекти на Царинска управа со кој веќе имплементиравме компјутерски системи што служат за размена на информации поврзани со т.н. тарифна околина помеѓу Европската комисија и земјите-членки. Со овој систем се приближуваме до Заедничкиот европски пазар и до Царинската унија на Европска унија. Дел од системот ќе користиме најпрво на национално ниво, а другиот дел ќе биде ставен во функција со нашето членство во Европската унија. Примената на овие системи не само што на персоналот на Царината и економските оператори ќе им овозможи да работат полесно и побрзо, туку исто така ќе им помогне да работат на поефикасен и поштедлив начин. Крајната цел е со поголемата стручност да нудиме и поквалитетна услуга. Царината настојува да биде најдобар сервис за граѓаните и стопанството, а за тоа да се постигне мора континуирано да се работи на унапредување на административниот капацитет, како и на унапредување на човечките ресурси. (Наташа Радеска-Крстевска, директор на Царинската управа на РМ во „Вечер“)

МАКЕДОНИЈА ДОЖИВУВА ИНВЕСТИЦИСКИ БУМ ВО ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА Во овој момент имаме активни проекти, во износ од 55 километри само за градба на магистрални и регионални патишта. Активни ни се оној магистрален пат, брза магистрала што треба да го поврзе Велес со Штип, тоа е делот од Велес до Кадрифаково во должина од 24 километри, меѓутоа тука се и делниците Опае- Белановце- Станчиќ, делот кај Сончев град во близина на Скопје, тука е и делот на рехабилитација и санирање на свлечиштето кај Маврово, така да таа инвестиција е некаде околу 30 милиони евра, која што е активна. Исто така се работи и на санација на свлечишта, каде што имавме сериозни проблеми. Завршени се двете свлечишта кај Ботун, таа инвестиција е преку 50 милиони денари. Во овој момент во завршна фаза е кај детското одморалиште на Пелистер, каде имаше барање од граѓаните дека тој дел е критичен, таму сме во завршна фаза. Во Кратово веќе го завршивме проблемот со свлечиштето, но работиме и на дополнителни седум проектирања за санација на свлечишта кои се финансирани во делот на проектирање од страна на Светска Банка и очекуваме штом ќе бидат завршени како проекти во 2015 година да изнајдеме финансиска конструкција и за реализација на истите, тука се и санација на мостови кои што со години не беа санирани, говорам за сериозни санации каде што мостот се отвора комплетно до носивата конструкција и се санира конструкцијата со инектирање на бетон, претходно поставување на арматура и потоа сите други фази кои следуваат. Го завршивме мостот Гемиџии, во овој момент во завршна фаза е мостот пред Дебар Мелничкиот мост, каде што се работи сега на дополнителни активности од типот осветлување на истиот, комуналните делови итн. Активни се и многу други, на пример мостот кај Злеово во општина Радовиш е во сериозни градежни активности, каде што очекуваме во почетокот на 2015 година да се заврши. Во моментов се изработуваат и дополнителни проекти за изградба, реконструкција или рехабилитација на магистрални и регионални патишта, кои дел ќе бидат финансирани од Европската банка за обнова и развој, останатиот дел од Светска банка. (Љупчо Георгиевски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта во „Курир“)


БИЗНИС ИНФО

4

АКТУЕЛНО Одржано Генерално собрание на Асоцијацијата на балкански комори (АБК) во Атина

четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

СТОПАНСКАТА КОМОТРА НА МАКЕДОНИЈА ВО 2015 ГОДИНА ЌЕ ПРЕТСЕДАВА СО БАЛКАНСКИТЕ КОМОРИЧЛЕНКИ НА АБК

Стопанската комора на Македонија во 2015 година во рамките на својата прослава по повод Денот на Комората - 18 Февруари, ќе го одржи следното генерално собрание со Асоцијацијата на балканските комори. Првото собрание за 2015 година ќе се одржи на 18 февруари, заедно со одбележувањето на Денот на Комората, додека второто генерално собрание на АБК ќе се одржи кон крајот на 2015 година. На одржувањето на првото генерално собрание во февруари, на 17 февруари 2015 година, на генералното собрание ќе му претходи и одржување на голема конференција за јавните набавки, на која ќе учествуваат сите претседатели на коморите-членки на АБК, а со поддршка на АВК ЦЕФТА-Проектот, потпомогнат од Унијата на трговско-индустриските комори на Германија. Инаку, на 8 ноември 2014 година во Атина се одржа Генерално собрание на АБК каде што Унијата на трговско-индустриските комори на Грција и` го предаде претседателството на Стопанската комора на Македонија за 2015 година. На Генералното собрание на АБК во Атина, на коешто учествуваа сите претседатели од коморите-членки на АБК, се разговараше за повеќе теми, меѓу кои за можностите за развојот на Балканот каде се потенцираше дека тоа е можно и преку користење на ЕУ-структурните фондови, чии средства треба да бидат наменети за компаниите од баланските земји кои меѓусебно треба да се поврзуваат и заеднички да настапуваат. Претседателите на коморите-членки на АБК на Генералното собрание разговараа за можноста за олеснување на протокот на стоки и услуги долж коридорите 8 и 10 и во таа насока беа усвоени и повеќе заклучоци и мерки. НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА АБК БЕШЕ УСВОЕН ЗАКЛУЧОК ДА СЕ ФОРМИРА КОНЗОРЦИУМ СО СЕДИШТЕ ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА кој ќе делува како меѓународно тело, составено од претставници на министерствата за транспорт, царинските управи и стопанските комори. ЗАКЛУЧОЦИТЕ ОД СОБРАНИЕТО НА АБК СИТЕ КОМОРИ-ЧЛЕНКИ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА ОД БАЛКАНСКИТЕ КОМОРИ ОД ЗЕМЈИТЕ КОИ СЕ ДЕЛ ОД КОРИДОРИТЕ 8 И 10 ЌЕ ГИ ДОСТАВАТ ДО СВОИТЕ НАДЛЕЖНИ ИНСТИТУЦИИ И ЗАЕДНИЧКИ ЌЕ ДЕЛУВААТ ВО СОЗДАВАЊЕ НА ПОБРЗ ПРОТОК НА СТОКИ И УСЛУГИ ДОЛЖ КОРИДОРИТЕ 8 И 10 И СО ТОА ЌЕ ДЕЛУВААТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА БИЗНИС-КЛИМАТА На Генералното собрание на АБК, на 7 ноемви 2014 година во Атина му претходеше еднодневен собир на коморите и други институции од земјите-членки на ЦЕФТА и земјите-членки на Медитеранската транснационална програма МЕД, на којшто се говореше за можноста за заедничко учество на земјите од Западен Балкан во ЕУ-проектите. Асоцијацијата на балканските комори (АБК) е основана во 1994 година во Романија, со цел за создавање интеграција и развој на стопанската соработка во регионот. Членки на АБК покрај Стопанската комора на Македонија се и Стопанската комора на Албанија, Стопанската комора на Бугарија, Надворешно-трговската комора на БиХ, Стопанската комора на Црна Гора, Унијата на трговскоиндустриските комори на Грција, Стопанската комора на Кипар, Стопанската комора на Романија, Стопанската комора на Србија и Унијата на трговски комори и стоковни берзи на Турција.


четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

БИЗНИС ИНФО

5

ПОДВЛЕЧЕНО

Скенирај и дознај повеќе

M

C

N IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

A

Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E

S

E


6

БИЗНИС ИНФО

четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

СОРАБОТКА Прехранбената индустрија и туризмот-шанса за зголемување на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Италија

ЗА ЕСЕНВА НАЈАВЕНИ ТРИ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ НА ИТАЛИЈАНСКИ КОМПАНИИ

Италијанските компании се повеќе покажуваат интерес за инвестирање во Македонија.Пред се, тие ги лоцираат можностите за вложување во земјоделството, енергетиката - обновливи и алтернативни извори, градежништвото, заштита на животната средина, информатичките технологии и во инфраструктурата во земјата. Ова беше истакнато на прес конференција на тема „Прехранбената индустрија и туризмотшанса за зголемување на економската соработка меѓу Македонија и Италија“, на која зборува НЕ Ернесто Масимисимо Белели амбасадорот на Република Италија во Република Македонија и Наташа Димеска Стојаноска, директор на Дирекцијата за регионални комори и меѓународна соработка во Стопанската комора на Македонија. - Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Италија за периодот од деветте месеци во 2014 година изнесува 584 милиони САД долари, што претставува раст од 13 % споредено со истиот период од 2013 година. Извозот e 250 милиони САД долари при што претставува раст од 22,4 % споредено со истиот период минатата година. Увозното салдо е 334,5 милиони САД долари, што претставува раст од 6,87 % споредено со 2013 година. Остварен е негативен трговски биланс од 84,6 милиони САД долари. Италија е петти најголем трговски партнер на Р. Македонија во овој период од годината и на исто ниво од 2013 година. Најголемите инвестиции се направени во текот на 2013 година во износ од 67,20 милиони евра или во проценти 1,96 % од вкупните странски инвестици во Р.Македонија. Најголем интерес покажан од страна на италијанските компании за инвестирање во нашата земја се во делот на енергетиката – мали хидро централи, обновливи и алтернативни извори на енергија, земјоделството, прехрамбениот сектор, заштита на животната средина и особено во инфраструктурата – нагласи Наташа Димеска Стојаноска. Ернесто Масимисимо, оцени дека можностите за економската соработка меѓу двете земји се движи околу 1,5 милијарди долари, бројка која покажува дека сериозно треба да се работи за да се достигне. Во правец на зголемувањето на размената тој ја најави посетата на италијански компании од областа на прехрамбениот сектор.


четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

БИЗНИС ИНФО

7

СОРАБОТКА Се повеќе италијански компании отвараат канцаларии во земјава што докажува дека нивниот интерес за Македонија расте. Не смее да се одбегне и фактот што многу италијански фирми работат овде иако нивната домицилна компанија е во друга земја, а тоа значи дека размената е всушност на повисоко ниво од онаа што се преставува. Италијанското стопанство се базира на мали и средни компании, како и македонското, што значи дека можност за соработка пос тои.Италијанската влада ќе ги подржи тие настојувања, а се очекува наскоро да отвори и кредитна линија токму за финансирање на меѓусебни бизниси со македонски компании, поаѓајќи од фактот што во Македонија не постојат италијански банки кои би го помогнале цел процес , а домашните банки не се сакаат да ги финансираат поради тоа што капиталот им се наога во странство – подвлече НЕ Ернесто Масимисимо. Според Наташа Димеска Стојаноска недовршениот „Коридор 8“ , како и лошата инфраструктура во земјава воопшто, е една од главните пречки за малкуте италијански инвестиции во Македонија. Сепак, Италијанците во последниот период покажуваат интерес за инвестирање во Македонија. Како предност на земјава ја споменуваат напредната претприемничка култура. Позитивен е примерот на соработка на Стопанската комора на Македонија и Унијата на комори од Венето во Италија на заеднички меѓународен проект, од кој произлезе средбата на високо ниво во Прилеп помеѓу претставниците на Институтот за тутун од Неапол, кои разменија искуства со своите колеги од Прилепскиот институт, за можностите од тутунот да се произведува биодизел гориво. Ваквата иницијатива е одговор на Рамковната конвенција на Светската здравствена организација за супституција на тутунот со други култури, а можностите за пренамена на тутунот се огромни со силна покрепа на европски финансиски фондови за таа намена. Од оваа средба произлегува и можноста за продолжена зедничка соработка на идни меѓународни проекти - додаде директорот Наташа Димеска Стојаноска. Амбасадорот на Италија во Република Македонија за есенва најави три нови инвестиции кои ќе бидат од областа на земјоделството и ИТ секторот .Истовремено тој ги повика македонските компании да учествуваат на ЕХПО 2015 што ќе се одржи следната година во Милано и на оваа изложба ќе учествуваат претставници на 150 земји од светот. Прес конференцијата се заврши со јавен повик до македонските компании да заземат учество на настанот кој што ќе се одржи на 13.11.2014 година со дегустацијата на италијански прехранбени производи и вина, во организација на ИЧЕ- Оддел за промоција на економската соработка при Амбасадата на Италија и Стопанската комора на Македонија. Настанот ќе се одржи во Скопје, во Порта Македонија, со почеток во 15.00 часот, со тоа што терминот од 15.00-17.00 часот е резервиран за средби на увозници и дистрибутери на храна, а од 17.00-19.00 е предвиден за фирми од секторот ХО.РЕ.КА (хотели, ресторани, кетеринг). На дегустацијата ќе се претстават 12 компании со своите производи кои досега не биле увезувани на македонскиот пазар. Наташа Стојаноска


8

БИЗНИС ИНФО

четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

ПОСЕТИ

Mакедонско-грчки бизнисфорум во Битола

ВО ПРЕДЕН ПЛАН РАЗВОЈОТ НА ПРЕКУГРАНИЧНАТА СОРАБОТКА

Во организација на Регионалната комора со седиште во Битола и со поддршка на Канцеларијата за конзуларни работи на Република Грција во Битола, на 11 ноември 2014 година во Битола се одржа Mакедонскогрчки бизнис - форум. На форумот учествуваа компании од Пелагонискиот регион и гости-компании од коморите на Лерин, Кожани и Кукуш. Настанот е дел од активностите на Регионалната комора со седиште во Битола за унапредување и подобрување на добрососедската економска соработка во пограничниот регион меѓу Република Македонија и Република Грција. Конференцијата ја отвори претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски, кој го истакна своето задоволство што по подолго планирање оваа средба се оствари токму во градот на конзулите. Тој ги поздрави гостите од Република Грција - претседателот на Комората од Лерин, господинот Савас Сапалидис, господинот Василиос Диамантис, претседател и директор на Пристаништето во Игуменица, а особено се заблагодари на Конзулот на Република Грција во Битола, госпоѓата Елени Порихи и економскиот советник при Канцеларијата за врски на Република Грција во Скопје, госпоѓата Олга Мезириду Фавуа за нивниот ангажман и одлична соработка. Мирко Велковски пред присутните стотина грчки и домашни компании зборуваше за актуелната трговска соработка меѓу Република Македонија и Република Грција. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Грција за деветте месеци од 2014 година достигнала вредност од 695 милиони САД $, што претставува раст од 4,82% во однос на истиот период од претходната година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 179 милиони САД $ или раст од 9,43%, додека увозното салдо изнесува 515 милиони САД $ или зголемување од 3,3% споредбено со истиот период од 2013 година. Во вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија со Република Грција за периодот јануари - септември 2014 година, остварен е трговски дефицит од 336 милиони САД $. Во периодот јануари - септември 2014 година, Грција е трет партнер во надворешно-трговската размена на Р. Македонија, зад СР Германија и Велика Британија. Како коорганизатор од грчка страна на аудиториумот им се обрати конзулот на Република Грција во Битола, Елени Порихи, која е на таа функција повеќе од една година. Таа истакна дека со особено задоволство ја прифати иницијативата на Регионалната комора со седиште во Битола и напорите што се прават за што подобра деловна комуникација меѓу компаниите и коморите од пограничниот регион. Таа спомена дека ќе се поддржуваат сите активности коишто би следеле во иднина. На грчките компании


четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

БИЗНИС ИНФО

9

ПОСЕТИ им посочи дека е вистински момент да најдат свои соработници во Пелагонискиот регион и со тоа да се зацврсти и така добрата соработка меѓу двете земји на економско поле. Во име на Канцеларијата за врски на Република Грција во Скопје излагање имаше и ѓоспоѓа Олга Мезириду Фавуа, економски советник при Канцеларијата. Таа истакна дека Република Грција во Република Македонија досега инвестирала една милијарда евра. Најмногу во телекомуникациите, енергетиката, прехранбените производи и во градежништвото, со тенденција во наредните години оваа бројка да се зголеми. Според неа токму овој вид на собири ќе овозможи таа соработка да се продлабочи. Претставникот на една од грчките инвестиции во Република Македонија, директорот на Алфа Банк, господинот Димитроис Папајоану, пред присутните ги соопшти искуствата од работата во земјава, како и бенефитите кои може да го имаат компаниите од подобрата соработка меѓу двете стопанства. Претседателот на Комората од Лерин, Савас Сапалидис, во име на сите компании од Грција, се осврна на големата блискост што стопанствениците од двата региона ја чувствуваат и дека тоа треба да се преточи во што подлабока економска соработка. Тој ја потенцираше потребата и за добра соработка со Регионалната комора со седиште во Битола и Пелагонискиот регион во целина. За таа цел упати и покана до претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола и компаниите-членки за присуство на планирана конференција за унапредување на трговијата во Лерин, на 12 и 13 декември 2014 година. Воедно предложи и потпишување на Меморандум за соработка меѓу двете комори, како дел од активностите на споменатата конференција. Пред присутните деловни луѓе презентација имаа претседателот на Пристаништето во Игуменица, Василиос Диамантис и директорот за развој, Константинос Гриниас. Тие ги соопштија можностите што ги нуди Пристаништето во Игуменица, особено поврзано со директната комуникација преку автопатот Виа Игнација. Новото Пристаниште во Игуменица својата инаугурација ја имаше во 2003 година. Со реализираните зафати од Фаза 1 и 2 тоа пристаниште го зголеми својот капацитет за патнички и товарен сообраќај на 12 пристанишни докови. Во моментот е во тек изведба на Фаза 3 од планираната реконструкција со која уште дополнително ќе се зголеми капацитетот на Пристаништето во однос на стоковното складирање и работење. Во моментот Пристаништето Игуменица е дел од европската ТЕН-Т Кор мрежа и е еден од примарните комуникациски јазли во неа. Пристаништето ги опфаќа рутите во Средоземно и Јадранско Море кон Европа, со планови во иднина таа покриеност да се прошири и кон Сирија, Израел и Египет. Од страна на стопанството на Пелагонискиот регион, Никола Димковски, самостоен советник при Регионалната комора со седиште во Битола ги презентираше стопанските можности на Пелагонискиот регион. Тој на грчките стопанственици им спомена дека Пелагонискиот плански регион е најголемиот во Република Македонија со 4.717 км2 површина, со вкупно население од околу 240 илјади жители и околу 8300 активни компании. Околу 97% од компаниите му припаѓаат на секторот на мали и средни претпријатија, а 21 компанија се водат како големо претпријатие. Од вкупниот број на компании 43% се во трговија, 14% во градежништво и 14% во индустрија и поголем број на помала процентна зафатеност во останати гранки. Пелагонискиот регион е најголем производител на електрична енергија во државата, како и најголем производител на прехранбени производи. Во однос на обртот на средства на домашната трговија во 2013 година таа изнесуваше повеќе од 150 милиони евра. По завршувањето на бизнис-форумот беа одржани и билатерални средби меѓу компаниите. М-р Никола Димковски


10

БИЗНИС ИНФО

четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

ФОКУСИРАНО

Зајакнување на соработката меѓу Стопанската комора на Македонија и Фудбалската федерација на Македонија

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ВО НАСОКА НА УНАПРЕДУВАЊЕ НА КОРПОРАТИВНАТА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

Зајакнување на соработката меѓу Стопанската комора на Македонија и Фудбалската федерација на Македонија преку потпишување Меморандум за соработка во насока на унапредување на корпоративната општествена одговорност Стопанската комора на Македонија ја зајакнува соработката со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со цел унапредување на корпоративната општествена одговорност во Р. Македонија. „Унапредувањето на стопанството треба да се гледа повеќенасочно и еден од начините за исполнување на оваа определба е и преку ширење на општествената корпоративна одговорност, што пред се` претставува форма на корпоративно саморегулирање интегриранo во бизнис-модел. Целта е да се прифати одговорноста за активностите на бизнисот и да се поттикне на позитивно влијание преку активности во животната средина, со потрошувачите, вработените, заедниците и сите други членови на јавната сфера. Тргнувајќи од овие определби, Стопанската комора на Македонија цени дека е повеќе од потребно да се прикаже одржливиот одговорен бизнис кои нашите компании-членки го практикуваат и за кои сметаме дека во иднина само може да ги продлабочат активностите во своето работење во овој сегмент,“ - изјави извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, м-р Јелисавета Георгиева. Соработката меѓу Стопанската комора на Македонија и ФФМ ќе се одвива преку активностите кои ќе придонесат за остварување на целите дефинирани во Програмата за развој на спортот во Република Македонија за периодот 2013-2017 година, а особено: - презентирање на бројните примери на вклученост на бизнис-секторот во спортот и спортските активности, преку разни активности на нашите членки во насока на повеќекарактерно подигнување на квалитетот на севкупното живеење, како предуслов за достигнување придобивки одразени низ параметри од кои произлегуваат атрибути за постоење здрава нација; - креирање стабилен систем за поддршка и развој на оваа дејност со цел да се обезбедат одржливи извори за негово финансирање низ поттикнување на стопанските субјекти истиот да го поддржуваат, односно кон воспоставување платформа за остварување на идејата за унапредување на атрибутите кои водат кон зајакнување на националните вредности одразени преку спортот. Генералниот секретар на ФФМ, господинот Филип Поповски, нагласи дека ФФМ има привилегија, одговорност и можност да го управува фудбалот во Македонија во сите негови аспекти. „Преземајќи ја улогата, а со тоа и одговорноста да се биде во фудбалот, ние мора да се адаптираме на околностите кои


четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

БИЗНИС ИНФО

11

ФОКУСИРАНО

постојано се менуваат и се развиваат. Ние мора да се соочиме со сите нови предизвици кои ги носи фудбалот во светот. Мора да поставуваме нови цели кои ќе не` водат до успех, на фер-начин и со вистински вредности. Секоја година, ќе се трудиме да бидеме и спортски и организаторски и административни победници. Нашата мисија е да и` служиме и да ја водиме Фудбалската федерација на Македонија кон остварување резултати и со успешно водство да градиме интегритет, со цел во целост да ја сочуваме фудбалската игра. Да ја заштитиме и да се грижиме за фудбалската иднина, преку јакнење на победничкиот менталитет и преку овозможен пристап на сите кои сакаат да бидат дел од фудбалот во Македонија. Наша мисија е да соработуваме со локалните и со регионалните организации и здруженија, клубови, лиги, гледачи, навивачи и со останати страни кои ја водат играта и го забрзуваат растот, развојот и континуитетот на македонскиот фудбал“, - изјави господинот Поповски. На самата прес-конференција се потпиша и Меморандум за соработка меѓу двете институции, кој претставува официјализирање и почеток на заедничките активности кои во наредниот период ќе се спроведат со цел остварување на националниот интерес низ развој на спортот како општо препознатлива вредност преку која, покрај останатите придобивки, се претставува и се афирмира Република Македонија во меѓународни рамки и се јакне националната свест. Исто така, беше промовирана и брошура која претставува заедничка активност на двете институции со која токму фудбалот се става напред, со цел да се настапува обединето во радоста што ја носи токму овој спорт. На прес-конференцијата се најави и првата заедничка активност која Стопанската комора на Македонија ќе ја има со ФФМ и тоа организирање фудбалски натпревар меѓу претставници од Стопанската комора на Македонија и Советот на странски инвеститори, на 12.11.2014 година, на терените на ФФМ, со почеток од 12:00 часот. На овој натпревар свое учество ќе земат претставници на компаниитечленки на Комората, но и претставници на ФФМ. Снежана Камиловска


БИЗНИС ИНФО

12

четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

ФОКУСИРАНО

На терените на Тренинг Центарот на Куќата на фудбалот

OДИГРАН ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР МЕЃУ СТОПАНСТВЕНИЦИ ВО НАСОКА НА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ

Воспоставената соработка меѓу Стопанската комора на Македонија и Фудбалската федерација на Македонија се преточи и на фудбалскиот терен. Имено, на терените на Тренинг Центарот на Куќата на фудбалот истрчаа двете екипи составени од претставници на компании-членки на Стопанската комора на Македонија и на Советот на странски инвеститори. Како селектори на двата тима на овој неформален фудбалски натпревар се јавија претседателите на Комората и Советот, Бранко Азески и Јуан Педро Jименез Наварро. За екипата на Советот на странски инвеститори играа: Јуан Педро Јименез Наварро (АрчелорМитал); Игор Гиевски (ЕВН); Алпер Ерсој Тунга (ТАВ); Есфер Али (Џевахир Холдинг); Тони Стојановски (Стопанска банка); Ило Ристовски (Сава Осигурување); Тоше Коцевски (Пикон); Ристо Јаневски (ОКТА); Александар Недев(Џонсон Мети); Виктор Герасимовски (Џонсон Мети) и Влатко Стојановски. Капитен на екипата на Советот на странски инвеститори беше поранешниот репрезентативец Илија Најдоски. За екипата на Стопанската комора на Македонија играа: Игор Стојановиќ (Шпаркасе Банка Македонија); Благој Христов (Телеком); Александар Цуцковски (Кадино индустри груп); Михајло Брова Зиков (Комерцијална банка); Николче Петкоски (Еуростандард банка); Кочо Анѓушев (ЕФТ); Горан Манев (ОРКА Холдинг); Арслан Хајредини (Империал Тобако); Митко Митевски и Сашо Деспотоски од Стопанската комора на Македонија.


четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

БИЗНИС ИНФО

13

ФОКУСИРАНО Капитен на екипата на Стопанската комора на Македонија беше Илчо Ѓорѓиоски, прв човек на Фудбалската федерација на Македонија. Доктор на натпреварот беше д-р Андреја Арсовски, од ПЗУ „РеМедика“. Судии на натпреварот беа: Ирена Јакимовска (Комфи Ангел) и Соња Бибановска (Македонија Турист). Гости во публиката беа: Есер Џевахир (Џевахир Холдинг); Димитриос Папаиоанноу (Алфа Банка); Дарко Дораковски (Џонсон Мети); Милена Перчинкова (Алфа Банка); Вернер Хенгст (ЕВН) и други. Во опуштена атмосфера „фудбалерите” од двата табора со своето учество покажаа дека се подготвени и понатаму да ја поттикнуваат општествената одговорност на бизнис-заедницата во насока на ширење на позитивно влијание преку активности за развој на секоја компанија и заедницата во целина. Македонските компании се општествено одговорни и во последните 10-тина години има позитивни примери, но може да се направи повеќе во оваа насока, а токму овој настан му дава дополнителен импулс на целиот процес. Бодрени од навивачките групи составени од македонски стопанственици, натпреварот во рамките на фер-плеј играта заврши со нерешен резултат. Ова е прв настан по потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Стопанската комора на Македонија и Фудбалската федерација на Македонија, кој претставува официјализирање и почеток на заедничките активности кои во наредниот период ќе се спроведат со цел остварување на националниот интерес низ развој на спортот како општо препознатлива вредност преку која, покрај останатите придобивки, се претставува и се афирмира Република Македонија во меѓународни рамки и се јакне националната свест. Натпреварот заврши со нерешен резултат 5:5. Влатко Стојановски


14

БИЗНИС ИНФО

четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ Претставници на Здружението на трговијата и Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија на средба со украинска компанија

НАЈАВЕНА ИЗГРАДБА И ОТВОРАЊЕ ЖИВИНАРСКИ ФАРМИ И КЛАНИЦА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ПИЛЕШКО МЕСО ВО ЗЕМЈАВА

Здружението на трговијата и Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија при Стопанската комора на Македонија, на барање на претставниците од Амбасадата на Украина, организираа работен состанок на кој учество земаа најголемите преработувачи на месо и преработки од месо, како и најголемите маркети во Република Македонија со потенцијален инвеститор од Украина. Тема на состанокот е пласман на пилешко месо, кое би го произведувал инвеститорот од Украина, кој најави отворање на неколку живинарски фарми на територијата на Република Македонија. На работната средба, што се одржа на 11.11.2014 година во Стопанската комора на Македонија, членките на двете здруженија ја изразија спремноста за соработка и најавија дека ќе ги понудат своите продажни капацитети за пласман да домашното производство на пилешко месо. Украинската компанија најави изградба и отворање живинарска фарма и кланица за производство на пилешко месо во Република Македонија. За таа цел посака да се сретне со потенцијалните клиенти, малопродажните синџири, дистрибутери на месо и производители кои користат пилешко месо, со дизајнери, по можност оние кои имаат искуство во проектирање живинарски фарми и кланици, и со градежни изведувачи, кои имаат искуство во градење на живинарски фарми, или барем слични објекти, како и со претпријатија за сточна храна. Украинската компанија „СЕМИНОГА“ е еден од најголемите производители на пилешко месо како суровина за месната индустрија во Украина. Поседува 4 фарми, своја кланица, производство на добиточна храна и околу 10.000 ха со житарки. Намерата на оваа компанија е да отпочне со производство на пилешко месо за потребите на македонскиот пазар, и тоа 7.500 до 8.000 тони годишно. Домашните компании ја поздравија ваквата иницијатива и воедно изразија спремност да соработуваат со украинската компанија. Секако, притоа тие укажаа на околностите под кои моментално работи домашната индустрија, набавката на пилешко месо како репроматеријал, актуелните царини, ограничувања, но и можностите за добра соработка доколку се оствари ваквата инвестиција. Воедно, до страна на домашните преработувачи беше покрената иницијатива за извоз на готови производи од месната индустрија на украинскиот пазар, за што подоцна ќе се разговара. Беше договорено да се интензивираат контактите, соодветно со динамиката на реализацијата на најавената инвестиција. Здружението на трговијата и понатаму ќе продолжи со воспоставување контакти на своите членки со потенцијални странски партнери, со цел нивно вклучување со заемната соработка. Лазо Ангелевски Васко Ристовски


четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

БИЗНИС ИНФО

15

КОМОРСКИ СВЕТСКИ АКТИВНОСТИ ПЕЧАТ

ДОПОЛНУВАЊЕ НА РЕГУЛАТИВАТА ВО ПРАВЕЦ НА КВАЛИТЕТНА ГРАДБА СО ОГНООТПОРНИ МАТЕРИЈАЛИ

Здружението на металургијата со барање

Актуелни состојби во индустријата на огноотпорни материјали беше основната тема на расправа на седницата Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија, одржана на 11.11.2014 година. Градбата со огноотпорни материјали, која во најголем дел е присутна во металуршкиот сектор, е специјализиран вид на градба, како од аспект на материјалите кои се употребуваат, уште повеќе и од аспект на стручната изведба на градбата. Недоволната регулатива во оваа дејност негативно се одразува врз компаниите од дејноста на огноотпорните материјали од аспект на нелојалната конкуренција. За таа цел, Здружението на металургијата ќе покрене иницијатива за изменување и дополнување на законската и подзаконска регулатива со која ќе се побара овластувањата А и Б од членот 32 од Законот за градба за изработка на проектна документација како одговорен проектант, ревизија на проектна документација и надзор над изведување на градби да се додаде и технолошко-металуршката струка. Ова е од причина што станува збор за строго специјализирана градба за која се потребни посебни овластувања. Огноотпорните материјали се присутни во градбите во голем број индустриски сектори, а во металургијата огноотпорството е петта, односно шеста ставка во цената на чинење. Оттука и големото значење за квалитетна градба со огноотпорни материјали со што се заштитуваат самите компании кои ја користат оваа услуга. Здружението ќе даде поддршка и на барањето на големите металуршки компании за користење на петрол коксот како енергент во нивните производни процеси. Станува збор за еколошки сосема безбеден енергенс чиешто користење ќе им овозможи на компаниите рационализирање на трошоците во услови на се` уште присутната економска криза и неповолни движења на цените на металите, во насока на рационализирање на трошоците на работење. Зорица Мешкова


16

БИЗНИС ИНФО

четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

СПЕКТАР Одржан 5. Косовски форум за имотни прашања на кој учествуваше и Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија

ПРЕНЕСЕНИ ИСКУСТВАТА ОД СОРАБОТКАТА СО АГЕНЦИЈАТА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Со цел хармонизација на косовското законодавство со европските стандарди во делот на имотно-правните прашања се одржа 5. Косовски форум (5th Kosovo Property Forum) во Приштина, Р. Косово, на 6.11.2014 година, на којшто се дискутираше за косовскиот пазар на хипотеки и имотно-правни прашања. На Форумот поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), учествуваше и Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, со своите претставници Иван Стојановиќ и Владимир Симоновски од Шпаркасе Банка Македонија АД – Скопје, кои дадоа осврт врз придобивките од развиениот систем на соработка меѓу учесниците во врска со имотноправни прашања. Претставниците на Централната банка на Косово и Државниот катастар на Косово се единствени во ставот дека е потребно сите засегнати страни да бидат вклучени целосно во процесот на развивање на имотното право во државата, а на тој пат искуството на македонското законодавство може да придонесе за подобар и побрз развој. Учесниците од приватниот сектор во Р. Косово кои се дел од самиот систем во имотното право, Косовската асоцијација на банкарство, Косовската асоцијација на осигурителни компании и Косовската асоцијација на геодези потпишаа меморандуми за соработка со цел унапредување на односите. Со цел споделување искуства од досегашното работење, свое учество на овој форум зема и Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија која преку заменик-директорот, господинот Јакуп Фетаи, даде осврт на досегашното работење на македонскиот катастар, реформите кои се спроведени со цел за негово унапредување и очекувањата во иднина. Целта на Косовскиот форум за имотни прашања е да се создаде еден целосен круг на засегнати страни кои заеднички ќе делуваат за развој на имотното право во Р. Косово преку преземање на позитивни искуства од државите во регионот. М-р Снежана Камиловска


четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

БИЗНИС ИНФО

17

СВЕТСКИ СПЕКТАР ПЕЧАТ

РАСПРАВА ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА

Семинар во Регионалната комора со седиште во Битола

Во организација на Стопанската комора на Македонија Регионална комора со седиште во Битола, на 6.11.2014 година во Битола се одржа еднодневен семинар за практичната примена на Законот за финансиска дисциплина. Овој семинар е дел од серијата планирани обуки што Стопанската комора на Македонија им ги обезбедува на компаниите од битолскиот регион. Предавач на семинарот беше доц. д-р Костадин Дуковски, кој е претседател на Советот за едукација и развој на човечки ресурси при Стопанската комора на Македонија. Како учесници во семинарот беа присутни 10-тина раководители на финансиско-сметководствени сектори во компании, вработени во компании задолжени за финансиско работење и други заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на советувањето. Тие имаа можност да дадат свое видување при имплементација и примена на Законот за финансиска дисциплина и да добијат конкретни одговори и појаснувања од страна на предавачот. М-р Никола Димковски

ЗА СОРАБОТКАТА БЛАГОДАРНИЦА И ЗА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Свеченост по повод патрониот празник и јубилејот – 70 -годишнината од формирањето на СГГУ „Здравко Цветковски“ Скопје

Првото македонско средно техничко училиште СГГУ „Здравко Цветковски“ - Скопје, на 5.11.14 година, со одлично организиран настан го прослави патрониот празник и големиот јубилеј – 70 години од формирањето на училиштето. Свечената прослава се одржа во Младинскиот културен центар, во присуство на претставници од Град Скопје, бројни гости од образовниот сектор, Министерството за образование и наука, факултетите, средните училишта, како и претставници од стопанството меѓу кои и Стопанската комора на Македонија. Директорката Драгица Костадиновска додели благодарници во знак на долгогодишна успешна соработка, разбирање и доверба на најблиските соработници кои во годините наназад го поддржале развојот на училиштето и воедно креирањето на квалитетни кадри. Благодарници беа доделени на Град Скопје, Градежниот институт на Македонија, Агенцијата за катастар на недвижности, „Кнауф“, како и на Стопанската комора на Македонија. Во изминатите години Комората заедно со својот Бизнис центар за тренинг и обука соработуваше со СГУУ „Здравко Цветковски“ – Скопје во повеќе активности, но особено во делот на образование на возрасни како начин на креирање квалитетни кадри за потребите на стопанството. По повод свечената прослава, учениците на средното училиште организираа претстава и на креативен начин ја презентираа историјата на училиштето од основањето во 1945 година, проблемите за обезбедување простор, па до последиците од земјотресот во 1963 година кога училиштето било разрушено и напорите за негово повторно воздигнување и надградување во она што претставува денес. Присутните имаа можност да погледнат и видеопрезентација составена од интервјуа со познати македонски личности кои биле ученици во СГГУ „Здравко Цветковски“ - Скопје и нивните спомени поврзани со школските денови. По повод седумдесетгодишнината од постоењето на СГГУ „Здравко Цветковски“ беше изработена и монографија која ја опфаќа богатата историја на училиштето и којашто им беше поделена на присутните. Симона Ристоска


БИЗНИС ИНФО

18

четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Состојби

ЗАГУБЕНА ДЕЦЕНИЈА ЗА ЕВРОЗОНАТА

*Еврокризата е подзапрена, но не и решена. Политиката нема ни храброст, ниту фантазија за да ги искорени проблемите.

Еврокризата е прашање на перспектива. Ролф Штраух од менаџмент бордот на Европскиот фонд за спас (ЕСМ) оценува дека политиката и Европската централна банка докажале дека можат да дејствуваат кога е тоа неопходно. Еврозоната сега ја има оставено зад себе рецесијата, земјите во криза го зголемија извозот и го намалија буџетскиот дефицит, изјави Штраух на 14-тата Траклезна маса за финансиските пазари која се одржа во Франкфурт на Мајна (10.11). Улрих Катер, шеф економ во ДекаБанк и домаќин на тркалезната маса, смета дека монетарната унија е среде загубена деценија. Економското постигнување на еврозоната од 2008 до 2014 година се зголемува за 0,1 процент годишно. Сеништето дефлација добива контури. Еврозоната се приближува се‘ повеќе до јапонските состојби, заклучува Катер. „Проблемите кои доведоа до еврокриза, на пример високото задолжување во сите национални економии, се‘ уште не се решени“, изјави Катер за ДВ. Земјите во криза, како Грција, Ирска, Шпанија и Португалија добија на конкурентност, вели Јирген Матес од Институтот на германската економија во Келн (ИВ). Тие дури, како што потврди ОЕЦД, се меѓу индустриските земји кои имаат спроведено најмногу реформи. Но, сепак, сето тоа не се случи затоа што земјите тоа самите го сакаа. Реформите беа дел од договорот за да се добијат итни кредити од ЕСМ. Менаџерот од ЕСМ Ролф Штраух информира дека треба да се доделат уште 450 милијарди евра. Тоа е повеќе од доволно за да и‘ се помогне на една земја како Кипар, но износот е премал ако со нејзе треба да им се помогне на големи земји како Франција или Италија. Франција предизвикува најмногу грижи А токму овие две големи земји во моментов предизвикуваат најголема загриженост. Италија се стабилизираше на ниско ниво, но падот на Франција се забрзува. „Франција, според мене, е најпроблематична. Во изминатиот период од 10-15 години не е направено речиси ништо, не се примени пораките на глобализацијата“, подвлекува директорот на ИВ, Михаел Хитер. Фактите зборуваат за себе. „Таму нема среден слој. Земјата има индустриски удел од максимално 11 проценти, значи само половина од индустрискиот удел во Германија. Нема забележителна извозна позиција“, вели Хитер во интервју за ДВ. „Ако хартиите имаат висока вредност, тогаш тие ќе се продадат на пазарот. Ако се тоа хартии кои немаат добар квалитет, ЕЦБ ќе се претвори во ’Бед бенк’, а тоа не е нејзина задача.“

Михаел Хитер, директор на ИВ

Улрих Катер, ДекаБанк


четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

БИЗНИС ИНФО

19

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Европска „Бед бенк“ „Бед бенк“ на европско ниво за Улрих Катер не е толку лоша идеја. Во книговодството на европските банки и натаму има уште високи суми од гнили кредити. Тоа го покажа стрес-тестот на ЕЦБ кој беше спроведен неодамна. Кога една земја не е во состојба самата да го санира финансискиот сектор, една европска „Бед бенк“ би можела да помогне. „Тоа делумно беше направено во случајот со шпанские банки, кога ЕСМ презеде слична функција“, потсетува Катер. Тој додава дека се пожелни и заеднички инвестициони проекти за да се поттикне интеграцијата на монетарната унија. Но во моментов политиката не покажува амбиции во таа насока. „Можеби ќе бидат преземени порешителни чекори во случај на заострување на кризата“, заклучува Катер.(Дојче Веле)

„КЛИМАТСКО“ ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО ПЕКИНГ

Екологија

*САД и Кина неочекувано договорија амбициозни цели за заштита на климата. Претседателите Обама и Ши одлуката ја објавија по билатералните разговори во Пекинг. Двете земји се најголеми емитувачи на штетни гасови. Според Обама, станува збор за „историска спогодба“ и важен момент во американско-кинеските односи: „Договорот покажува што се‘ е можно кога заеднички соработуваме во врска со ургентен глобален предизвик“. САД сакаат својата емисија на издувни гасови до 2025 да ја редуцираат за 2628 проценти во споредба со 2005 година. До крајот на 2015 година во Париз на конференција на ОН за климата треба да биде постигнат нов договор за ограничување на затоплувањето на Земјата за периодот по 2020 година. Кина првпат наведе датум Кинескиот претседател Ши Џинпинг не се обврза на конкретни цели, но сепак најави ограничување на испуштањето јаглероден диоксид до 2030 година, а можеби и порано. Ова е првпат Кина да спомене дури и неодреден датум. Освен тоа, Кина планира до 2030 година да го зголеми уделот на нефосилни горива во вкупната потрошувачка на 20 проценти. Според кинески владини претставници, уделот на обновливи енергии во 2013 година изнесувал околу десет проценти. Најновата најава од Кина претставува пресврт во нејзиниот став кон еколошките прашања. Земјата е одговорна за 30 проценти од светската емисија на јаглероден диоксид, а сега гради и нови термоцентрали. Но, под впечатокот на последиците по животот и квалитетот, како и високото оптоварување со смог во Пекинг, кинеското раководство сепак е принудено да најде решенија против загадувањето на животната средина. 28-те членки на ЕУ на самитот во октомври од своја страна се договорија да го намалат испуштањето штетни гасови до 2030 година „најмалку“ за 40 проценти. „Голем чекор“ или „нереален план“? Екологистите регаираа задоволно на најавата од Пекинг, нарекувајќи ја историско свртување. Поранешниот американски потпретседател и поборник за климата, Ал Гор, изјави дека најавите се „голем чекор нанапред во глобалните напори за решение во климатската криза“. Иако, потребно е уште многу повеќе, вклучувајќи и договор на сите држави. Новиот прв човек на републиканците во американскиот Сенат, Мич Мекконел, ги критикуваше американските цели меѓутоа како „нереален план“, со кој Обама ќе го оптовари својот наследник. Освен тоа, тврди тој, плановите се поврзани со губење работни места и американското стопанство нема да ги издржи „идеолошките“ планови на американскиот претседател. При стапувањето на функцијата во 2009 година, Обама вети дека САД под негово водство ќе преземат водечка улога против затоплувањето на Земјата. Но, законот за емисијата на гасови во 2010 година пропадна - американскиот Конгрес не го усвои.(Дојче Веле)


БИЗНИС ИНФО Да се биде најголемата кондиторска индустрија во Македонија, најголем увозник и најголем извозник на кондиторски производи претставува врвно достигнување на една компанија, меѓутоа претставува и огромен придонес во економијата на државата. Оваа година Swisslion слави 16 годишнина од своето постоење во Репубилка Македонија и резулатите кои ги има постигнато се навистина импресивни. Swisslion со своите поврзани друштва во Македонија вработува над 600 вработени во Скопје и во Ресен, произведува над 9,000 тони готов производ од кои 70% се наменети за извоз и има годишен промет од околу 60 милиони евра. Причините за овој успех треба да се гледаат од повеќе аспетки, а претставуваат експанзиона инвестицинона политика, пазарна ориентација, модерна производна технологија и опрема, прaтење на модерните текови на организација и производство и секако макотрпна работа и посеветеност на сите вработени. Swisslion не застанува во својата мисија, а тоа е постојана иновација и проширување на асортиманот. Фактот, дека конкуренцијата постојано се труди да не следи и копира како во асортиманот така и во дизајнот (изгледот) на нашите производи, е неоспорен и видлив на полица, меѓутоа високиот квалитетот на нашите производи и нивната достапност за потрошувачите секогаш ни даваат значителна предност. Докажавме дека конкуренцијата неможе да не следи токму поради фактот што фабриките на Swisslion се опремени со најсовремена и потполно автоматизирана опрема со огромни капацитети, а организацијата на централизирани набавки овозможува достапност до суровини со врвен квалитет, а пристапна цена. Токму од тој аспект, а како поддршка на зголеменото производство и продажба инвестиравме и во проширување на возниот парк како во Македонија, така и на ниво на целата групација Swisslion. Инвестициите на Swisslion и надвор од Македонија продожуваат со незапирливо темпо. Фабриката на Swisslion во Требиње, Босна и Херцеговина веќе достигна импресивни бројки во произведените количини готови производи, а го изгради и новиот погон кој се очекува да почне со работа наредната година. Токму од оваа фабрика доаѓаат и новите чоколада под брендот LOVE YOU, кои имаат неодолив вкус кој предизвикува љубов уште од првиот залак. Нови погони се изградени и на други локации во Босна и Херцегиовна, а во 2014 година се монтирани две нови линии во Србија и во Босна и Херцеговина чии производи веќе се пристигнати и на македонскиот пазар. Swisslion останува да биде водечка кондитроска индустрија во Македонија и најавува нови инвестиции и нови производи кои веруваме ќе се на општо задоволство за нашите ценети потрошувачи и ќе ги задоволат сите вкусови. Производите на Swisslion го затоплуваат срцето, ги предивикуваат сетилата, го исполнуваат духот и го максимизираат задоволството. УЖИВАЈТЕ СО ПРОИЗВОДИТЕ НА СВИССЛИОН!


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИСВЕТСКИ НА КОМОРАТА ПЕЧАТ

BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Osnovana 1922

Founded 1922

БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија

Уписите се во тек!


22

БИЗНИС ИНФО

четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!

АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-

Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот.

Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој метод на обука, која вклучува микс од техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде  ДодАЛИ ОБУКИТЕ достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависност Вашата потреба. КОИ СТЕ ГИ П

МЕРЕЊЕ НА РЕЗУЛТАТОТ ПРЕ

Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа  Д со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и АЛИ САКАТЕ ДА ИМАТЕ КОН светски компании. РЕАЛНА ПОТРЕБА НА ВАШЕТО

Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, ДАЛИ ПРОГРАМАТА КОЈА СЕ Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33  земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени РЕЗУЛТАТИ И КАЈ УЧЕСНИЦИТ тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании ПРИДОНЕСЕ И ЗА ВАШИОТ РА и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат се следат и кај нас. за Дозволете дадапридонесеме Лиценциран Густав Кезер тренер на програмата е Љупчо Георгиев со 18-годишно искуство во областа на продажбата и врвниот менаџмент.

АКАДЕМИЈА ЗА П

Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија . Уписите за обуката во октомври 2014 година се во тек.

ЦЕНАТА ОД 23 600 ДЕНАРИ ВКЛУЧУВА: • 5 тренинг дена; • материјали за работа, мемориски картици, ЦД и дополнителна литература; • консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6-8 месеци; • интернационален светски признат Сертификат; • допонителен , 1 контролен ден. За подетални информации контактирајте со нас: Борис Тримчев Тел: 072 20 70 91 Е-маил: boris@mchamber.mk Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk

-SALES

Кр дол вра доп пр Ов ком пр учи

Најуспешните компании ширум свет


четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ – ОБУКА СО СТУДИСКО ПАТУВАЊЕ ВО ВИЕНА

Од 4-ти до 6-ти декември 2014 година, Меѓународен Саем за пластика во Република Турција

Во соработка со WIFI Институтот при Сојузот За повеќе информации слободно контактирајте на кВо соработка со WIFI Институтот при Сојузот не: на комори на Австрија, Стопанската комора на Македонија преку својот Бизнис центар за тренинг и Симона Ристоска Борис Тримчев обука организира тренинг програма на тема: 02 32 44 067 072 207 091 simona@mchamber.mk boris@mchamber.mk

“Жени претприемачи” Програмата се состои од два дела, односно од теоретска обука со предавач од WIFI Институтот која се одржува во Скопје, а вториот дел е студиско патување во Сојузот на комори во Виена.

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Osnovana 1922

Искористете ја можноста за интернационален know - how трансфер и учете од најдобрите во Европа! Станува субвенционирана достапна цена.

збор програма

за по

Програмата трае 9 дена, од кои 6 тренинг дена во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје и 3 дена во Виена, Австрија и B2B средби. Средбите се организираат во зависност од Вашиот интерес и индустријата во која дејствувате. Престојот, семинарите и посетите се во организација на WIFI AUSTRIA. Сместувањето е во хотел, по двајца учесници во двокреветна соба. Уписите се во тек! Посетата во Виена, Австрија ќе се одржи во периодот декември 2014 – јануари 2015 година, по завршување на обуката и полагање на тестот.

Founded 1922

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

ТРЕНИНГ-ПРОГРАМА НА ТЕМА: „ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ“

WIFI AUSTRIA ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР

УСПЕХ СО WIFI Институтот за промоција на економскиот развој (The Institute for Economic Promotion – Wirtschaftsförderungsinstitute/WIFI) во рамките на Сојузот на комори на Австрија (Austrian Economic Chambers) е партнер на австрискиот бизнис на полето на едукација и развој на човечките ресурси, со регионална организација во сите девет области на Австрија и 80 претставништва ширум светот. Секоја година, 300.000 учесници посетуваат некој од понудените курсеви и семинари кои се повеќе од 25.000, на коишто предаваат 12.000 тренери ангажирани од WIFI, a избрани директно од бизнис-заедницата.

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР Тимот на WIFI задолжен за интернационален know-how трансфер обезбедува семинари и менаџмент курсеви ширум светот кои нудат дополнителна предност на тој начин што на учесниците кои успешно ќе ги завршат овие курсеви им овозможуваат директен контакт со австриски компании, со цел да имаат активна улога во економскиот развој на целните земји додека истовремено имаат активна улога и во отворањето на вратите за австрискиот бизнис.


24

БИЗНИС ИНФО

четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„МОЖНОСТИ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ, ОСИГУРУВАЊЕ И ФАКТОРИНГ“ и Презентација на Фондот за иновации и технолошки развој „МОЖНОСТИТЕ ЗА ФИНАСИРАЊЕ НА ПОДИСТРУМЕНТИТЕ (кофинансирани грантови и условени заеми ) НА ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ“

На 17 Ноември 2014 година (понеделник), со почеток во 11: 00 часот, во хотел „Милениум“ во Битола.

Стопанската комора на Македонија – Регионална комора со седиште во Битола во соработка со МБПР и Фондот за иновации и технолошки развој, Ве покануваат на презентацијата каде што бизнис-секторот ќе има можност да се запознае и да се информира за кредитните линии, нивните поволности, начините за аплицирање и сл. Воедно, ќе се презентира и начинот како да се намали ризикот од ненаплатата преку употреба на осигурување на побарувањата. Детално ќе бидат објаснети: • се` поатрактивниот производ факторинг особено од аспект на неговата употреба како инструмент за задоволување на краткорочните ликвидносни потреби на компаниите; • кредитната линија која е со 3% фиксна годишна камата која МБПР ја спроведува директно и е наменета за примарни земјоделски производители, преработувачи (млинови, млекарници, кланици, за конзервната индустрија...) и извозници на земјоделски производи и • кредитната линија за поддршка на мали и средни компании, каде што е зголемен максималниот рок на отплата од 0 (нула) на 11 години (оваа кредитна линија се работи преку 11 деловни банки). Презентацијата на тема „Можностите за финансирање на подинструментите на Фондот за иновации и технолошки развој“ ќе ја извршат стручни лица од фондот, вклучувајќи ги: 1. Целите и активностите на Фондот за иновации и технолошки развој - ФИТР; Инструментите на ФИТР за доделување кофинансирани грантови и условени заеми: основни карактеристики, услови за пријавување, критериуми за доделување финансиска помош и сл.; • Кофинансирани грантови за start-ap и spin-of трговски друштва и иновации; • Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации; • Кофинансирани грантови за трансфер на технологии; • Техничка помош преку деловно-технолошки акцелератори.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Никола Димковски Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: regiobt@ic.mchamber.org.mk


четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар: „ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА”

Конкретни појаснувања за неговата примена

17.11.2014 година, Од 10 до 16 часот, Сала за состаноци на Регионална комора Кичево

Предавач: Доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгата „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија“; автор на книгата „Ерозија на јавните финансии“. Котизација за учество на семинарот за 1 лице изнесува 2.490.00 денари со вклучен ддв за фирми членки на комората, и 3.540.00 денари за фирми нечленки на комората. За секој нареден втори и трет учесник од компанија се одобрува дополнителен попуст од 10 %. * За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ладен оброк и освежување; сертификат за присуство на семинарот. Контакт: Дијана Лазороска Тел: ++ 389 45 257 067 Факс:++ 389 45 257 067 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: dijana@mchamber.mk


26

БИЗНИС ИНФО

четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 18.11.2014 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Семинар: „ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА И ЗАКОН ЗА ЗАДОЛЖНИЦА”

- Практичнатa примена на Законот за задолжница, улогата на поврзаните институции во постапката и промените кои стапуваат на сила од 01.01.2015 година - Закон за финансиска дисциплина, валута во фактура изречита согласност, практична примена и надзорот при вршење на инспекциската контрола од страна на Управата за јавни приходи ПРОГРАМА ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА I. НАВРЕМЕНО ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИ ОБВРСКИ 1. Вовед; 2. Општи одредби; 3. Носители на финансиска дисциплина. II. НАЧЕЛА НА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА 1. Деловни трансакции; 2. Eкономски оператори; 3. Jавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор. III. ПОИМИ ШТО СЕ УПОТРЕБУВААТ ВО ОВОЈ ЗАКОН 1. Деловна трансакција; 2. Субјекти од јавен сектор; 3. Економски оператори од приватниот сектор; 4. Парична обврска; 5. Фактура; 6. Задоцнето плаќање; 7. Законска казнена камата; 8. Надоместок за доцнење во исполнувањето на паричната обврска; 9. Одговорно лице во субјект од јавниот сектор; 10. Одговорно лице во економски оператор од приватниот сектор. IV. РОК ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ 1. Kога должникот ја примил фактурата; 2. Kога доверителот ја исполнил својата обврска; 3. Истекот на рокот за преглед и потврдување на стоките и услугите. V. ПРАВО НА НАДОМЕСТОК ЗА ДОЦНЕЊЕТО 1. Парични обврски кои не се исполнети во роковите; 2. Право на камата; 3. Делумно намирени парични обврски. VI. НАДЗОР НАД СПРОВЕДУВАЊЕТО И УПРАВНИОТ СУД ВО ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА 1. Финансиската инспекција во јавниот сектор; 2. Управата за јавни приходи; 3. Улогата на нотарот во постапката; 4. Извршна постапка. ВТОР ДЕЛ ЗАКОН ЗА ЗАДОЛЖНИЦА VII. ЗАДОЛЖНИЦАТА И НАПЛАТАТА ВРЗ ОСНОВА НА ЗАДОЛЖНИЦА 1. Вовед; 2. Општи одредби; 3. Задолжницата како исправа. VIII. НОСИТЕЛИТЕ НА ПЛАТНИОТ ПРОМЕТ 1. Правни лица; 2. Должник;

3. Блокирани сметки. IX. ПОИМИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЗАДОЛЖНИЦА 1. Издавање на задолжница; 2. Елементи на содржината на задолжницата; 3. Должничко доверителски односи меѓу правните лица; 4. Трговскиот регистар кај Централниот регистар. X. НОТАРСКА ЗАВЕРКА НА ЗАДОЛЖНИЦАТА 1. Kога се смета задолжницата за издадена; 2. Систем за водење на Регистарот; 3. Кога е евидентиран должникот? XI. КЛИРИНШКАТА КУЌА ВО ПОСТАПКА 1. Трансакциска сметка; 2. Формата и содржината на задолжницата ги пропишува министерот за финансии; 3. Навремено подмирување на паричните обврски. XII. ВО ЗАДОЛЖНИЦАТА ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЕ ВНЕСУВА: 1. Основ за издавање; 2. Износ на побарување; 3. Каматна стапка; 4. Краен рок. XIII. НАПЛАТА НА ОБВРСКИ ПО ДАТУМ НА ДОСТАСУВАЊЕ 1. Присилно извршување на задолжницата; 2. Откажување од права од задолжница; 3. Стечај и ликвидација над должник; 4. Дисциплинска одговорност. XIV. КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ XV. ЗАКЛУЧОЦИ Предавачи: 1. Јане Севдински, Сектор за финансиски систем, Министерство за финансии; 2. доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгите „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија” и „Ерозија на јавните финансии и перење пари“. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар: ДИЗАЈН НА ПРОИЗВОДИ ОД ЗДРАВА И ОРГАНСКА ХРАНА (АМБАЛАЖА, ЕТИКЕТА, БРЕНД)

21.11.2014 година, Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат, од 09:00-16:00 часот

Како до лидери на здравата и органска храна во регионот и пошироко? Со квалитетни и врвно дизајнирани производи! Храната, особено традиционалната и органски произведена, пред сè е важно културно обележје на нашата држава. Производството на здрава и органска храна во Р. Македонија забрзано се зголемува, а со тоа претставува и конкурентна предност на нацијата – имајќи го во себе економскиот и културен потенцијал за создавање на препознатлив македонски бренд. Освен квалитетот на самата храна, она што е од клучна важност за успехот на производите дома, а особено на странските пазари, е и самиот дизајн на производот. На производителите, според анализата и укажувањата им е потребна стручна и финансиска помош за дизајнот на брендот и пакувањето на производите. Анализите на регионалните и светски трендови покажуваат голема посветеност на самиот дизајн, софистицираност, естетски квалитет кој треба да му парира на самиот квалитетен здрав и органски производ, и секако повисоката цена која овие производи ја имаат на пазарот. Само со врвен дизајн можеме да им парираме на Европа и Светот!

Местата се ограничени! Сите учесници на семинарот ќе добијат работен материјал и сертификат за учество.

Еднодневниот семинар ќе се состои од 2 дела: 1. Амбалажа за прехрамбени производи (развој, материјали, регулативи, трендови, case studies) 2. Визуелен идентитет, етикета и бренд за производи од здрава и органска храна

Партнер за работилницата: Европски универзитет – Р. Македонија

Предавачи: 1. м-р Рената Томерлин, директор на оддел за Развој на амбалажа, Подравка, д.д. Р. Хрватска 2. м-р Гордана Вренцоска, дизајнер и професор на Европски универзитет - Скопје, Р. Македонија МОЖНОСТ ЗА НОВ ДИЗАЈН! За време на семинарот ќе бидат одбрани 5 производители, за кои на посебна работилница со млади дизајнери ќе им бидат разработени креативни предлози за дизајн или редизајн решенија за нивните производи (логоа, етикети, амбалажа). Решенијата ќе бидат отстапени на понатамошно користење без парична надокнада.

Цена за учество (за членки на Комората): 1.500 денари Цена за учество (за нечленки на Комората): 2.500 денари Јазик на семинарот: македонски и хрватски Носител на проектот: Македонски совет за дизајн, Здружение за развој и промоција на дизајнот Партнери на проектот: Стопанска комора на Македонија - Здружение за земјоделство и прехрамбена индустрија Институт за амбалажа и печатење Загреб Натура, Макпрогрес д.о.о - Виница Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија преку активностите за развој на Креативните индустрии

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Васко Ристовски Тел: ++ 389 2 3244014 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vasko@mchamber.mk


28

БИЗНИС ИНФО

четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

24.11.2014 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Семинар: ЗАКОН ЗА ВОДИТЕ, ЕКОЛОШКОСОЦИЈАЛЕН И ЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТ НАЧЕЛО „ЗАГАДУВАЧОТ ПЛАЌА“; НАЧЕЛО „НАДОМЕСТ НА ТРОШОЦИ“, КОРИСТЕЊЕ НА ВОДИТЕ, ВОДНО ПРАВО, КОНЦЕСИЈА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВОДИТЕ

ПРОГРАМА I. Закон за водите 1. Вовед; 2. Општи одредби; 3. Примена на Законот; 4. Делокруг и основни дефиниции. II. Начела за одржливо управување со водите 1. Еколошко-социјален и економски концепт; 2. Начело на претпазливост; 3. Начело на превенција; 4. Начело на минимизирање на употребата на ресурсите; 5. Начело на интегрираност; 6. Начело „загадувачот плаќа”; 7. Начело „надомест на трошоци”; 8. Начело на спречување на загадувањето на местото на настанување на загадувањето; 9. Начело на временска перспектива; 10. Начело на учество на јавноста и пристап до информации; 11. Начело на учество на заинтересираните страни; 12. Начело на универзалност на водостопанските услуги. III. Управување со водите по подрачја на речни сливови 1. Надлежност; 2. Управување со водите по меѓународни подрачја на речни сливови; 3. Меѓународни речни сливови; 4. Негативни влијанија од соседните земји. IV. Користење на водите 1. Општи одредби за користење на водите; 2. Режим на водите; 3. Користење на водите; 4. Обврски при користење на водите; 5. Општо користење на водите; 6. Овластување за сопственикот на земјиштето или за носителот на друго стварно право; 7. Времено црпење на води заради одводнување на земјиште. V. Концесија за користење на водите 1. Дејности за кои се доделува концесија за користење на води; 2. Постапка за доделување концесија; 3. Доделување концесија по пат на јавен конкурс и исклучоци; 4. Доделување концесија за вода по барање. VI. Цели на животната средина за водите 1. Цели на животната средина за површински води; 2. Комбиниран пристап за контрола на точкасти и дифузни извори на загадување; 3. Цели на животната средина за подземни води; 4. Цели за квалитетот на водите; 5. Класификација на водите и категоризација на водни тела; 6. Отстапување од целите на животната средина. VII. Заштитни зони 1. Определување на заштитните зони;

2. Водни тела од кои се зафаќа вода наменета за консумирање од страна на човекот; 3. Граници на заштитните зони за водите наменети за консумирање од страна на човекот. VIII. Крајбрежни земјишта 1. Заштита на крајбрежните земјишта; 2. Контрола на емисии и на загадувањето; 3. Опасни материи и супстанции; 4. Објекти и постројки кои работат со опасни материи и супстанции; 5. Испуштања на отпадни води. IX. Заштита и подобрување на режимот на водите со вадење на песок, камен и чакал од коритата и бреговите на површинските водни тела 1. Заштита и подобрување на режимот на водите со вадење на песок, камен и чакал од коритата и бреговите на површинските водни тела; 2. Потребна документација за издавање дозвола за вадење песок, чакал и камен; 3. Постапка за издавање дозвола за вадење песок, чакал и камен заради подобрување на режимот на водите; 4. Обврски на носителот на дозволата; 5. Постапување со извадениот материјал. X. Надзор над спроведувањето на Законот 1. Надлежност за вршење надзор над спроведувањето на Законот; 2. Инспекциски надзор, надлежност за вршење инспекциски надзор; 3. Државен инспектор за животна средина; - Делокруг на Државниот инспектор за животна средина. XI. Заклучоци Предавач: 1. Лидија Зафировска, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, главен инспектор за заштита на води при Државниот инспекторат за животна средина. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Пријавување до 21.11.2014 година. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

MINING TURKEY 2014 И RUBBER 2014 ВО ИСТАНБУЛ Специјализирани меѓународни саемски манифестации, на кои ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании. Посетителите на овие саемски манифестации ќе се сретнат со водечки компании во секторот, со професионалци од секторот на минерални истражувања, производство, нови технологии и услуги. Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Адонис – Tüyap“, ве поканува да ги посетите саемските манифестации од 27 до 29.11.2014 година во Истанбул, Турција. Во делот на рударство посетителите ќе видат: • Топографска мерна опрема, геофизичка опрема, опрема за ископување и геолошко истражување, сателитски комуникации и далечински систем за контрола, машини за дупчење, опрема за детонација, транспортни машини, мерење за гас и сигурносни системи, системи за хемиски анализа, логички услуги и др. Во делот на гума ќе има: • Гумени дијафрагми, гумени црева, гумени плочи, гумен печат, стиропор, сунѓери, мелници, внатрешни миксер, тунели за топол воздух, реометар, тензометар, вискозометар, акцелератор, активатор, бои, инхибатор, метални оксиди, пластификатор, природни гуми и латекс и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемските манифестации од 27 до 29.11.2014 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија (авион или возило). Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Не е дозволена посета на малолетни деца и лица што не се вработени во компанијата. Обезбедени се: • бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел)

Од 27 до 29 ноември 2014 година Mеѓународен саем за рударство, рударски машини и градежни возила и саем за гуми во Република Турција

•

локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно, како и трансфери од хотел до саем) и • бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон: • саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз • (а доколку е со сопствен превоз – се плаќа само 45 евра од лице); • како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). За повеќе информации за саемите „MINING TURKEY 2014“ и “RUBBER 2014” посетете ја веб страната http://www.miningturkeyfair.com/ и http://www.rubberistanbul.com/ или контактирајте не.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Марија Петроска Тел: ++ 389 2 3244017 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija@mchamber.mk Контакт: Татјана Штерјова Тел: ++ 389 2 3244065 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: tatjana@mchamber.mk


30

БИЗНИС ИНФО

четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Обука за подготовка и аплицирање на 28 ноември 2014 година, од 10.30-17:00 часот. Европски проекти и запознавање со во просториите на Регионалната комора Прилеп новите Европски програми 2014-2020 достапни за компаниите “ХОРИЗОНТ 2020 И КОСМЕ И МОЖНОСТИТЕ ЗА УЧЕСТВО И ПОДГОТОВКА НА ЕВРОПСКИ ФИНАНСИРАНИ ПРОЕКТИ’’ Пријавување до 25 ноември 2014 година. Котизација за учество на семинарот за 1 лице изнесува 2.490.00 денари со вклучен ддв за фирми членки на комората, и 3.540.00 денари за фирми нечленки на комората. За секој нареден втори и трет учесник од компанија се одобрува дополнителен попуст од 10 %. Напомена: Со извршена регистрација и уплата до 25.11.2014, се зема во предвид апликацијата како валидна за учество на семинарот

Контакт: Ристо Најдоски Тел: ++ 389 48 415536 Факс:++ 389 48 415536 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: regiopr@mchamber.mk


четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ПРВ МАКЕДОНСКО-КОСОВСКИ САЕМ ВО ПРИШТИНА

На 4 и 5 декември 2014 година во Косово

Стопанската комора на Македонија во соработка со Стопанската комора на Косово, организира Прв Македонско-косовски саем. Се работи за саемска манифестација на производи за широка потрошувачка од македонски и косовски компании, што ќе се одржи од 4 до 5 декември 2014 година, во Приштина, Косово, во новоизградената хала за саемски манифестации, која се простира на 6.000 м2. Целта на оваа саемска манифестација е да се поттикне, да се унапреди и да се прошири меѓународната трговска размена, како и да се продлабочи соработката меѓу компаниите од Р. Македонија и Косово. Воедно, овој настан ќе биде проследен со организирани деловни средби и со отворени трибини со претставници од институции од двете земји кои се од значење за креирањето на политиките и условите за меѓународна трговска размена (царинските управи, управите за јавни приходи, фитосанитарните инспекциски служби и агенциите за храна и ветеринарство). Во структурата на Саемот планирано е да доминираат изложбени штандови на индустриите од областа на производство и преработка на храна, производители и дистрибутери на машини од агросекторот и прехранбената индустрија, транспортери во прехранбената индустрија, текстилната, електрометалната, дрвната, градежната, хемиската индустрија, како и индустријата за пластика и пластични маси. Македонските компании кои сакаат да настапат како излагачи на оваа саемска манифестација, како и да остварат директни деловни средби со потенцијални партнери од Косово, својот интерес можат да го пријават најдоцна до 31.10.2014 година. После пријавувањето ќе бидете информирани за сите подетални активности за настанот. Стопанската комора на Македонија обезбедува бесплатен превоз за пријавените компании.

Контакт: Ванчо Спасески Тел: 02/ 03244 095 Е-адреса: vanco@mchamber.mk


32

БИЗНИС ИНФО

четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 4-ти до 6-ти декември 2014 година, Меѓународен Саем за пластика во Република Турција

„PLAST EURASIA ISTANBUL 2014“ 2014

4 - 6.12.2014

Станува збор за еден од поголемите специјализирани Саемот може да го посетат само двaјца меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на кои посетители од една кoмпанија. ќе учествуваат реномирани странски и турски компании од индустријата на пластика. Обезбедени се: Стопанската комора на Македонија, во соработка со - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок „Адонис – Tüyap“, Ве поканува да ја посетите оваа саемска (во реномиран хотел со 4 или 5 звезди) манифестација. - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно, како и трансфери од хотел до саем) и На саемот посетителите ќе можат да видат: - бесплатни влезници за Саемот. -Машини за пластика,пластични фолии, жици, Посетителот ги покрива патните и гуми, пластични профили, гранулатор, машини за флексо административните трошоци кон печатење - саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со -Хемикалии и суровини за пластика, боја, ПВЦ автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз се плаќа додатоци, гума, полимери, ПВЦ соединенија, мастила за само 45 евра); печатење, полиетилен, пигменти, растворувачи - како и организационите трошоци кон Комората -Редуктори, роботски системи, магнет, четка машина (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за за производство нечленки на Комората). -Топлина и контрола на опрема, отпорници, сензори, индикатори, полимер, прецизни скали, статична опрема Пријавување до 25.11.2014 година. -Хидраулика и пневматика, хидраулични цилиндри, пумпи, рециклирање, машини за дробење на пластика, За повеќе информации за PLAST EURASIA ISTANBUL неподвижни системи, софтвер, миксер, кодирање и 2014 посетете ја веб страната http://www.plasteurasia.com брендирање или контактирајте не`. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 4-6.12.2014 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија (авион или возило).

Контакт: Зорица Мешкова Тел: + 389 2 3244019 Факс:+ 389 2 3244088 E-адреса: zorica@mchamber.mk


четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„BURSA METAL PROCESSING TECHNOLOGIES FAIR“ Eден од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на кои ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании. Посетителите на овие саемски манифестации ќе се сретнат со водечки компании во секторот, со професионалци и инвеститори од металниот, електро, иновативниот и комуникацискиот сектор. Во рамките на „BURSA METAL PROCESSING TECHNOLOGIES FAIR“ посетителите ќе можат да видат: • преси, електромотори, индустриски печки, безбедносни системи, хидраулични и пневматски системи, машини и нивни резервни делови, компресори, хемикалии, индустриски роботи и др. Во рамките на „BELEX 2013“ посетителите ќе можат да видат: • производство на електрична енергија, генератори, алтернатори, акумулатори, трансформатори, регулатори, електромотори и резервни делови за струја, стартери, проводници, изолатори, кабли (енергетски, телефонски), дистрибуција на електрична енергија, електрична инсталација, индикатори, осветлување, светилки, громобранска заштита, помошна опрема, конектори, системи за пожарни аларми. Во делот на „BURSA SHEET METAL PROCESSING“ посетителите ќе можат да видат: • лим, цевки, профили, флексибилен лим, заварување, рачни алати, безбедност при работа и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемските манифестации од 4 до 7.12.2014 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија (авион или возило). Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Не е дозволена посета на малолетни деца и лица што не се вработени во Компанијата. Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 часот; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно, како и трансфери од хотел до саем) и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон - саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз – се плаќа само 45 евра); - како и организационите трошоци кон Комората (2.950

Oд 4 до 7.12.2014 година Меѓународен саем за обработка на метал и заварување во Бурса, Република Турција

денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората).

Пријавување најдоцна до 20.11.2014 година. За повеќе информации за Саемот за метал „BURSA METAL PROCESSING TECHNOLOGIES FAIR“ посетете ја веб-страната: www.bursametalprocessing.com или контактирајте не`.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Војкан Николовски Тел: ++ 389 2 3244068 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vojkan@mchamber.mk Контакт: Снежана Камиловска Тел: ++ 389 2 3244061 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: snezana@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО

четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Компанија од Германија заинтересирани се за соработка во областа на софтверски решенија наменети за болници и медицински установи во Република Македонија. Валидност дo 2.01.2015 година.

Компанија од Германија заинтересирана е за соработка во областа на купување и продажба на разни видови компир, имаат регистрирано 80сорти на компир. Валидност дo 7.01.2015 година.

Компанија од Кина бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на мрежни материјали за тенди и настрешници, мрежи против инсекти, привремени огради, покривен материјал за оранжерии, ветробрани, покривен материјал за камиони и простирки за контрола на ерозија кои се користат во земјоделството, цвеќарството и хортикултурата. Валидност дo 3.01.2015 година.

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пакуван ајдамер и сирење во к утии. Валидност дo 8.01.2015 година.

Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на акумулатори за разни возила. Валидност дo 3.01.2015 година.

Компанија од Бугарија заинтересирана е да пласира во Република Македонија специјално дизајнирани радијатори за загревање на простории. Валидност дo 8.01.2015 година.

Компанија од Литванија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на постелнина, синтетички и волнени ќебиња. Компанија од Романија бара дистрибутер во Република Валидност дo 8.01.2015 година. Македонија за пласман на градинарски машини, електрични косилки за трева, коси за трева на бензин, грeбла и др. Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Валидност дo 3.01.2015 година. Македонија за пласман на средства за чистење со машинска опрема, а истовремено се заинтересирани да најдат и Компанија од Италија бара да соработува со хотели, простор за отворање продавница за да ги продаваат ресторани, сауни и базени во Република Македонија за средствата. пласман на мебел од пластика како што се столици и маси. Валидност дo 8.01.2015 година. Валидност дo 7.01.2015 година.


четврток, 13 ноември 2014, Бр. 199

БИЗНИС ИНФО

35

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Пакистан заинтересирана е да пласира во Република Македонија брашно, шеќер, брашно од пченица, трици од пченица, слама од пченица и басмати ориз (со долго и тенко зрно). Валидност дo 11.01.2015 година.

понуда на услуги за јавно приватни градежни проекти. Овозможуваат пристап до тендери и други приватни градежни проекти во арапските земји Катар, Мароко, Северен Ирак. Валидност дo 11.01.2015 година.

Компанија од Хрватска заинтересирана е да набавува печена и замрзната пиперка од Република Македонија, нивната потрошувачка е околу 10 тона годишно. Валидност дo 11.01.2015 година.

Компанија од Грција бара соработка со хотели, ресторани во Република Македонија кои би биле заинтересирани да користат мебел штоф и завеси. Валидност дo 2.01.2015 година.

Компанија од Грција заинтересирана е за соработка со македонски производители на јаболка и сливи за нивен пласман на арапскиот пазар. Валидност дo 11.01.2015 година.

Компанија од Хрватска бара соработка со македонски компании кои се занимаваат со меѓународен транспорт на стоки за изнајмување транспортни возила од голем волумен за возење на балирана слама на долги релации од Хрватска за Австрија, Швајцарија и Германија. Возилата треба да бидат Компанија од Грција бара соработка со компании со волумен 110-120 м/23 или 72 м х2,5 м х3 м +8,3 мх2,5х 3м. во Република Македонија со понуда на контакти со Валидност дo 14.01.2015 година. шпедитерски компании кои имаат интерес за изнаоѓање карго во меѓународната трговија. Прават маркетинг студии за клиенти со цел промоција на нивните производи за пласман на арапскиот пазар. Контакт: Валидност дo 11.01.2015 година. Компанија од Грција бара соработка со компании во Република Македонија во областа на градежништвото со

www.mchamber.mk

Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Бизнис ИНФО број 199, 13.11.2014 by Economic Chamber of Macedonia - Issuu