Skip to main content

Бизнис ИНФО број 183, 12.6.2014

Page 1

БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642

bsi.

ISO 9001

Quality Management

goodini

192

2 - 2014

FS 549642

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 183

www.mchamber.mk

12.6.2014

Стопанската комора на Македонија и Фондот за иновации со поддршка за иновативните компании

ПРЕКУ ЖЕЛБА, ИДЕЈА, МОТИВАЦИЈА И ИНСПИРАЦИЈА ДО НОВА ИНОВАЦИЈА


СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


четврток, 12 јуни 2014, Бр. 183

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО

СТАВРЕСКИ: ПОДГОТВЕНИ СМЕ НА СИТЕ СЦЕНАРИЈА ОКОЛУ ЈУЖЕН ТЕК „Јужен тек“ е еден сложен проект кој е подложен на геополитички игри и тука ние не можеме да влијаеме. Останува да чекаме да се расчисти ситуацијата меѓу Европа и Русија, и меѓу сите инволвирани држави. Во меѓувреме ние сме подготвени, ако се најде разврска на тој проблем во геостратешки размери, тогаш Македонија ќе биде подготвена да ја започне реализацијата и да го изградиме кракот што ќе не` поврзе со „Јужен тек“. За мала земја како Македонија е битно да се биде подготвен на сите други алтернативни сценарија. Ние мора да сме адаптивни за новонастанатата ситуација околу „Јужен тек“. Подготвеноста на малите земји е во тоа да си спремен да најдеш и други решенија секаде каде што има шанса, така што ќе ја гледаме можноста и во другите транспортни коридори на гас во регионот, да се приклучиме, ако не може да се реализира „Јужен тек“ во предвидената динамика да имаме и друго алтернативно решение. Но, остануваме и натаму посветени, ако се ослободи можноста за реализација на „Јужен тек“, ние ќе го направиме она што зависи од нас. Зоран Ставрески, потпретседател на Владата и министер за финансии на РМ (ТВ МТВ)

СТРАНСКИТЕ БАНКИ ПОВЛЕКУВААТ ПАРИ ОД МАКЕДОНИЈА? Шпаркасе Македонија во моментот има повлечено од фирматамајка во Австрија кредитни линии во износ од 40 до 50 милиони евра. Имаме и расположива кредитна линија за станбени кредити во неограничен износ. Ограничувањето е само колку може да одобриме, бидејќи во Република Македонија не можете да најдете депозит со фиксна каматна стапка за да се одобри кредит со фиксна каматна стапка и истиот во целост се финансира со средства од Шпаркасе банка. Д-р Глигор Бишев, претседател на УО на Шпаркасе банка (Радио Слободна Европа)

Одлевањето на пари од домашните банките во стрaнство засега не е на загрижувачко ниво. Иако се работи за странски банки, за странски капитал, јас мислам дека според Законот за банкарско тргување и работење таа сума е лимитирана и не се работи за загрижувачки проценти во смисла на земање на парите. Сепак тие се водат според македонските закони и тоа одлевање од Македонија е на стабилно ниво. Висар Едеми, економски аналитичар (Радио Слободна Европа)


4

БИЗНИС ИНФО

четврток, 12 јуни 2014, Бр. 183

ПОДВЛЕЧЕНО

ЕКОНОМСКА ПРОГРАМА НА НОВАТА МАКЕДОНСКА ВЛАДА Првпат препознав една пореалистична економска програма за разлика од сите претходни програми на Владата предводена од премиерот Никола Груевски, во смисла на остварливи цели и резултати особено во делот на отворање на нови работни места што е и главниот фокус на програмата на новата Влада, во делот на економскиот раст на државата кој е неопходен. Очекувам парите да се насочат исклучиво во подобрување на патната и железничката иннфраструктура, енергетиката, инфоматиката. Но исто така се надевам дека Владата ќе престане со непродуктивните трошења на буџетските средства. Марјан Петрески универзитетски професор Американ колеџ (Тв 24 Вести)

ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА НА ПОШТЕНСКИОТ ПАЗАР Глобален тренд на поштенскиот пазар е опаѓање на обемот на класичната поштенска комуникација за сметка на растечкиот обем на достава на пакети. Таквиот тренд е резултат на енормниот пораст на електронската трговија и тоа и во бизнис-секторот, т.е. тргувањето меѓу компании, но и на драстичниот пораст на он-лајн нарачките на индивидуалните корисници на стоки за лична потрошувачка. Поштенската комуникација во класичен облик како средство за размена на информации се` помалку ќе се користи и во иднина, така што иднината на поштенските пазари најверојатно лежи во доставата на пакети и во услуги кои поштите ќе ги нудат како интегрирани во рамките на поширок спектар на современи платежни и комуникациски услуги кои ќе влезат во портфолиото на современите поштенски оператори, кои променувајќи ја својата организациска форма и структура ќе ја променат и структурата и формата на поштенските услуги, како одговор на предизвиците на современите начини на комуникација. Влатко Атанасовски, директор на Агенцијата за пошти (МИА)

СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА Главните поволности што се пресудни во одлуката да се инвестира во Македонија се поволната и стабилна бизнис-клима поддржана со ниски трошоци за водење бизнис, како и активната промоција и квалитетот на ценовно-конкурентната работна сила. Дополнително и Арапската пролет и состојбите во Украина ги намалуваат можностите за нови трошковно конкуренти дестинации, но истовремено дестинации каде што има соодветна работна сила и тука се` повеќе ние влегуваме во игра, а важно е што од процесот на привлекување странски инвестиции од 7 години сега конечно се гледаат резултатите. Виктор Мизо, директор на ТИРЗ


четврток, 12 јуни 2014, Бр. 183

БИЗНИС ИНФО

5

ПОДВЛЕЧЕНО

ИЗВРШИТЕЛИТЕ НАПЛАТИЛЕ ДОЛГОВИ ОД 78,9 МИЛИОНИ ЕВРА Извршителите лани од граѓаните и фирмите присилно наплатиле сума од 127.780.882 милиони евра, што е најмногу во нивното осумгодишно постоење, иако примиле помал број предмети. Претседателот на Комората на извршители на Македонија Гордан Станковиќ, кој ги брои последните денови од својот мандат, вели дека имаат валкана служба, зашто тие се на крајот на синџирот, па сите се жалат на нив и ги напаѓаат, иако во вкупната сума на долгот, нивниот дел е често помал отколку на адвокатите. - Јас не можам точно да кажам колкав процент од населението должи, бидејќи бројот на предметите во канцелариите на извршителите минатата година беше над 100.000, а таа бројка не може да даде одговор на ова прашање. Постојат поголем број предмети против едно лице, особено од телекомуникациските и комуналните компании, за струја, за вода и слично. Ние не го знаеме вкупниот број на физички лица за кои има предмети, туку бројот на предмети против правни и против физички лица, при што доминантни се против физички лица. Но, можам да ви дадам еден податок: просечната задолженост на македонскиот граѓанин, колку што знам, е околу 2.000 евра. Таа задолженост во Хрватска е три до четири пати повисока. Ова значи дека населението во Македонија или има навика да ги исполнува обврските или нема така раширена навика на задолжување како во другите земји. Гордан Станковиќ, претседател на Комората на извршители на Македонија (Вечер)

КАКО БАНКИТЕ ГИ УТВРДУВААТ КАМАТНИТЕ СТАПКИ НА КРЕДИТИТЕ? Банките заработуваат преку обезбедување на пласмани на финансиските средства добиени од разни кредитни линии. Нето каматната маргина (нкм), која повеќето банки ја објавуваат во своите квартални извештаи претставува разликата помеѓу она што банката го заработува на кредитите, наспроти она што банката го плаќа како камата на депозитите. Определувањето на каматните стапки е комплициран процес со оглед на бројната низа на кредитни производи кои тие ги нудат. Банките генерално имаат слобода за утврдување на каматните стапки. Меѓутоа треба да се земе во предвид конкуренција на финансискиот пазар-нивото на пазарот за бројни каматни стапки како и задолжителната резерва утврдена од страна на НБРМ. Задоложителната резерва е стандарден инструмент на монетарната политика, кој ги обврзува банките да издвојуваат парични средства на своите сметки кај централната банка. Износот на задолжителната резерва го одредува централната банка како процент од вкупниот износ на депозитите и другите обврски на банките. Задолжителната резерва претставува законска обврска на банките која тие не можат да ја избегнат. Билјана Настоска, Стопанска Банка Битола (Фактор)


6

ПОСЕТИ Скенирај и дознај повеќе

БИЗНИС ИНФО БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

четврток, 12 јуни 2014, Бр. 183

BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Osnovana 1922

Founded 1922

БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ Н А С ТА В Н A П Р О Г РА М A од вкупно 190 часа

Дали размислувате за кариера во областа на менаџмент на човечки ресурси? Мудра одлука! Професионалците за човечки ресурси не само што придонесуваат за развојот на бизнисот преку стратешко управување со човечкиот капитал, туку и самата професија станува популарен избор поради можноста да се изгради вистинска кариера.

Уписите се во тек!

Учесниците на оваа Бизнис академија ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин.


четврток, 12 јуни 2014, Бр. 183

БИЗНИС ИНФО

7

ФОКУСИРАНО Критериумите кои треба да ги исполнат компаниите за да обезбедат финансиска поддршка се: степен на иновативност (нова индустрија, радикално ново решение подобро решение од постојните), потенцијал на настап на пазарот (локално или глобално) и квалитет на проектот (кадар/ресурси, активности, буџет).

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНОВАТИВНИТЕ КОМПАНИИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА И КВАЛИТЕТОТ НА ПРОИЗВОДИТЕ И УСЛУГИТЕ

Во организација на Стопанската комора на Македонија, во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, беа презентирани можностите за финансирање на македонските компании преку инструментите на Фондот (10.6.2014 година). Оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија, м-р Елена Милевска Штрбевска истакна дека Комората од неодамна има воспоставено соработка со Фондот за иновации и технолошки развој. Преку Регионалната комора со седиште во Охрид веќе се одржа презентација на финансиските грантови што ги доделува Фондот за микро, мали и средни компании, а планирано е ваквата практика да продолжи на регионално ниво заради помасовна промоција и поддршка на иновативни и креативни проекти од кои бенефит ќе има целото општество. Во таа насока, Стопанската комора на Македонија со ваквите активности и настани и во иднина ќе посветува сериозно внимание за развојот на иновациите во Република Македонија, преку промоција и поддршка на иновативни проекти кои ќе обезбедат зголемување на конкурентноста и квалитетот на производите, а крајна цел на целиот тој процес е развој на општеството. Јасмина Поповска, директорка на Фондот за иновации и технолошки развој, истакна дека целта на настанот е промоција на финансиски инструменти наменети за поддршка на иновациската дејност и приближување на условите за финансирање до потенцијалните корисници, како и поттикнување на иновативни проекти од страна на бизнис-заедницата. Фондот за иновации и технолoшки развој којшто е основан минатата година од страна на Владата на Република Македонија има за цел промовирање и поттикнување на иновациската дејност, подобрување на пристапот до финансиски услуги за иновации, развивање на инфраструктура за иновации и технолошки развој и развој на партнерства меѓу универзитетите, истражувачките центри и приватниот сектор во Република Македонија. Фондот ги поттикнува иновациите и нивното вклучување во главните текови во приватниот сектор (комерцијализација), за да изгради конкурентна економија основана на знаење, а напоредно со Закон за иновациска дејност, ќе се воспостави и правна рамка за финансирање на иновативни проекти и реализација на креативни решенија, а ќе се олесни и процесот на патентирање. Како што истакна Поповска, преку Фондот за иновации и технолошки развој ќе се обезбедат средства за поттикнување на иновативноста кај компаниите преку 5 финансиски инструменти, и тоа: 1. Кофинансирани грантови за start-up, спин-оф компании и иновации; 2. Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации; 3. Кофинансирани грантови за трансфер на технологии; 4. Техничка помош преку деловно-технолошки акцелератори и 5. Техничка помош за компании. Фондот за оваа година има годишен буџет од 2.300.000 евра кои ќе бидат алоцирани преку 2 повика за аплицирање на проекти, на база на кофинансирање, а неповратните средства се движат од 30.000 евра за стар-ап и спин оф компании до 500.000 евра за деловно-технолошки акцелератори. На повиците од страна на Фондот можат да се јават исклучиво македонски компании од сите стопански сектори, а добиениот грант ги покрива трошоците за бруто плати, канцелариски и ситен инвентар, опрема, ревизија, патентирање и друго.


8

БИЗНИС ИНФО

четврток, 12 јуни 2014, Бр. 183

ФОКУСИРАНО

Критериумите кои треба да ги исполнат компаниите за да обезбедат финансиска поддршка се: степен на иновативност (нова индустрија, радикално ново решение подобро решение од постојните), потенцијал на настап на пазарот (локално или глобално) и квалитет на проектот (кадар/ресурси, активности, буџет). Транспарентноста на процесот на евалуација е на високо ниво со оглед на тоа што Комисијата за одобрување на инвестиции е составена од 5 меѓународни експерти од областа на инвестиции и иновации. Со оглед на интерактивниот карактер на настанот, присутните компании преку поставените прашања поблиску се запознаа со начините за аплицирање и условите за добивање финансиски средства од страна на Фондот за иновации и технолошки развој. Влатко Стојановски


четврток, 12 јуни 2014, Бр. 183

БИЗНИС ИНФО

9

ФОКУСИРАНО

ДОЛГИТЕ ПРОЦЕДУРИ И АДМИНИСТРАТИВНИТЕ БАРИЕРИ ПРЕЧКА ЗА ПОИНТЕНЗИВНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР

Иницијативите кои произлегуваат од форумите придонесуваат за подобрување на законската и регулаторната рамка за инвестирање во оваа област, а воедно помагаат за решавање на проблемите со кои се соочуваат инвеститорите

Проектот на УСАИД за инвестиции во чиста енергија, во соработка со Групацијата на обновливи извори на енергија во рамките на Македонската енергетска асоцијација при Стопанската комора на Македонија и Балканската програма за обновлива енергија на Меѓународната финансиска корпорација, го одржа Третиот форум на чинители и засегнати страни во областа на обновливите извори на енергија (ОИЕ). Клучни говорници и презентери на Третиот форум беа д-р Кочо Анѓушев, претседател на Групацијата на производители на енергија од обновливи извори при Стопанската комора на Македонија, Александар Дуковски, директор на Агенцијата за енергетика, Александар Дединец, истражувач-асистент при МАНУ, Дарко Јаневски, специјалист за обновливи извори на енергија на Проектот на УСАИД за инвестиции во чиста енергија и Ник Питсас, правен експерт на Проектот на ЕУ за зајакнување на административните капацитети на Министерството за економија – Сектор за енергетика и Агенцијата за енергетика. Темите за дискусија на Третиот форум се однесуваа на: предлозите за поедноставување на постапките за инвестирање во ОИЕ со акцент на прописите поврзани со планирањето и управувањето со земјиштата, предлозите за целосно усогласување на Законот за енергетика со Директивата на ЕУ за ОИЕ, како и можните сценарија за развој на енергетскиот сектор со акцент на ОИЕ. Првиот форум беше одржан во ноември минатата година, а вториот форум се одржа во февруари годинава. Форумите претставуваат нов механизам за дијалог во областа на обновливи извори на енергија чија главна цел е да се овозможи на едно место да се соберат сите чинители и засегнати страни во оваа област, вклучително лица кои работат на развој на проекти, инвеститори, локални организации, претставници од релевантни министерства, агенции, академски институции, невладиниот сектор и меѓународни донатори. Иницијативите кои произлегуваат од форумите придонесуваат за подобрување на законската и регулаторната рамка за инвестирање во оваа област, а воедно помагаат за решавање на проблемите со кои се соочуваат инвеститорите. Инвеститорите во областа на обновливите извори на енергија најчесто се жалат на бавното издавање лиценци и долгата процедура за трансформација на земјиштето во која се вклучени општинските и државните институции, - беше посочено на денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија, организирана пред Третиот форум на чинителите и засегнатите страни во областа на обновливите извори на енергија. Перо Авакумовски


10

БИЗНИС ИНФО

четврток, 12 јуни 2014, Бр. 183

ФОКУСИРАНО Најчестите бариери со кои инвеститорите се сретнуваат е бавното издавање лиценци и долгата процедура при трансформација на земјиште, при добивање градежна дозвола

„ТРЕТ ФОРУМ НА ЧИНИТЕЛИ И ЗАСЕГНАТИ СТРАНИ ЗА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА“

Групацијата на обновливи извори на енергија при Стопанската комора на Македонија, на прес-конференцијата што се одржа на 9.6.2014 година, соопшти дека надлежните институции во соработка со компаниите работат на законските и подзаконските акти кои треба да овозможат здрава околина каде што ќе може да се развиваат обновливите избори на енергија. Александар Дуковски, директор на Агенцијата за енергетика, оцени дека инвеститорите знаат како да дојдат и до технологија и до финансирање. Но она што е потребно Македонија да направи е да им и овозможи на заинтересираните компании да можат тоа да го реализираат. - Најчестите бариери со кои инвеститорите се сретнуваат е бавното издавање лиценци и долгата процедура при трансформација на земјиште, при добивање градежна дозвола, коишто не зависат само од институциите кои ги издаваат тие дозволи туку и од самата процедура и легислативата која сега ја имаме, - изјави на Самир Латиф директор на Проектот на УСАИД. На прес-конференцијата беше оценето дека треба да се работи на подобрување на комуникацијата меѓу институциите и инвеститорите. Речиси 15 закони се разгледани, сега се работи на нивна измена, а во финална фаза е промената на Законот за обновливи енергии. - Мрежните правила беа променети и тие сметам дека се соодветни да одговорат на барањата на инвеститорите. Што се однесува на тарифите, тие ќе бидат донесени доста брзо. Во овој момент се валидни тарифите кои се на сила, - изјави Дуковски. Групацијата на обновливи извори на енергија во рамките на Македонската енергетска асоцијација при Стопанската комора на Македонија е партнер во Проектот на УСАИД за инвестиции во чиста енергија, имплементиран од „Винрок“ и Балканската програма за обновлива енергија на Меѓународната финансиска корпорација. - Главна цел е да се овозможи на едно место да се соберат сите чинители и засегнати страни во оваа област, вклучително лицата кои што работат на развој на проекти, инвеститори, локални организации, претставници од релевантни министерства, агенции, академски институции, невладиниот сектор и меѓународните донатори. Како резултат од овие средби меѓу другото се генерираат и нови иницијативи и предлози за законски решенија, - изјави Перо Авакумовски од Стопанската комора на Македонија. Инаку, состојбата во секторот за електрична енергија во Република Македонија е следнава: - вкупниот инсталиран капацитет на постројките за производство на електрична енергија во Република Македонија изнесува 1.953,23 MW. На обновливите изворири отпаѓа следниов дел: мали хидроелектроцентрали 45,8 MW, односно 2,34% од вкупниот инсталиран капацитет, а инсталираниот капацитет на фотонапонски електроцентрали изнесува 7,23 MW, односно 0,37% од вкупниот инсталиран капацитет. Вкупната потрошувачка на електрична енергија во Република Македонија изнесува 6.989.289.006 kWh, а учеството на обновливите извори во таа потрошувачка е: - малите хидроелектроцентрали со 2,57% и - фотонапонските електроцентрали со 0,11%. Перо Авакумовски


четврток, 12 јуни 2014, Бр. 183

БИЗНИС ИНФО

11

УСОГЛАСУВАЊА

МАКЕДОНСКАТА ТРАНСПОРТНА АСОЦИЈАЦИЈА ВО РАСПРАВА ЗА СОСТОЈБИТЕ СО ПРОТОКОТ НА СТОКИТЕ ПО КОРИДОРИТЕ 8 И 10

Има голем број отворени прашања и проблеми од административнотехнички и законодавно-правен аспект кои негативно влијаат врз интензитетот на соработката меѓу земјите низ кои поминуваат двата коридора

Македонската транспортна асоцијација – МТА при Стопанската комора на Македонија, тргнувајќи од важноста и значењето на коридорите 8 и 10 за македонското стопанство и нејзиното сообраќајно поврзување со потесното и поширокото меѓународно опкружување, на својата редовна седница одржана на 4 јуни 2014 година, расправаше за актуелните состојби со протокот на стоките низ овие коридори и за можните насоки за надминување на присутните бариери и проблемите кои ја ограничуваат и кочат меѓународната стоковна размена. Како вовед во расправата, од страна на Билјана Пеева Ѓуриќ беа презентирани следните основни фактори кои влијаат врз интензитетот на проодноста на стоки и патници низ целата траса на коридорите 8 и 10 и тоа: • степенот на развиеност на патната инфраструктура; • степенот на развиеност на граничните премини и нивната техничка опременост; • воспоставениот режим на сообраќај меѓу земјите од регионот, од аспект на употребата на дозволите и другите прекугранични документи; • висината на патните такси и давачки; • времетраењето и брзината на спроведувањето на царинските процедури; • бројни дозволи кои се бараат за стоки во транзит преку подрачјето на Република Македонија, а кои претставуваат кочница за конкурентноста на македонската логистика во регионов и се директна причина за пренасочување на транзитот од Македонија преку Бугарија и со ангажирање на бугарски превозници; • степенот на техничката опременост на царинските служби; • субјективниот фактор во однесувањето на овластените царински и инспекциски службеници по постапката на царинење; • системот на комуникации и степенот на соработката на полето на меѓусебната информираност меѓу државите и др.; • недоволната меѓусебна соработка, комуникација и техничка поврзаност меѓу надлежните државни органи, соодветните институции, инспекциските служби и други инволвирани страни во увозно-извозните процедури; • нецелосно усогласена правна легислатива со прописите на ЕУ и сл. Користејќи го материјалот „Основни согледувања за состојбата со протокот на стоки низ коридорите 8 и 10“ како основа во расправата, присутните го нагласија присуството на голем број отворени прашања и проблеми од административно-технички и законодавно-правен аспект кои негативно влијаат врз интензитетот на соработката меѓу земјите низ кои поминуваат двата коридора, потенцирајќи дека крајно се созреани потребите за што поитно делување на носителите на економската политика од овие земји во насока на подобрување на состојбите на овој план, односно за подобрување на фреквентноста на стоковната размена меѓу нив и за подобрување на конкурентноста на компаниите на меѓународниот пазар на стоки и услуги. Тргнувајќи од обемот на стоковните текови што во актуелниот момент се реализираат преку двата коридора, предност во значењето за македонското стопанство се дава на Коридорот 10, посебно истакнувајќи го значењето на Пристаништето Солун, како главна дестинација кон која и од која гравитираат стоковните пратки, а од тој аспект беше согледана и состојбата и можностите на„Македонски железници“ во насока да одговорат на потребите на стопанството за побрза проодност на стоките од и до ова пристаниште, како главна врата за пошироко меѓународно сообраќајно поврзување на македонското стопанство. Во функција на подобрување на ефикасноста и проодноста на железницата на релација Скопје-Велес, за во перспектива, беше нагласена потребата од страна на присутните членови на МТА за


12

БИЗНИС ИНФО

четврток, 12 јуни 2014, Бр. 183

УСОГЛАСУВАЊА

зголемување на капацитетот на оваа делница со изградба на двоколосечна пруга. Во обидот што поконкретно да се лоцираат проблемите коишто го забавуваат протокот на стоките преку коридорите 8 и 10, беше потенцирано дека тие се со широк спектар, од кои дел се од локален карактер (главно инфраструктурни проблеми), а дел се од постоење на голем број административни проблеми во спроведувањето на царинските процедури (постоење на бројни нетарифни бариери, незадоволително функционирање на одредени царински системи, пред се` EXIM-системот и сл.), со посебен акцент и на недостатоците во инспекциските процедури, во кои значаен дел се дејствија од формален карактер, што само го забавуваат протокот на стоките. Општа беше оценката дека поради намалениот обем на услуги преку железницата, како последица на рецесивните состојби на меѓународно ниво предизвикани од економската криза, не се чувствува притисокот што железницата би го имала за забрзување на протокот на стоките, како и за подобрување на квалитетот на превозот. Реално е да се очекува дека до таков притисок ќе дојде веднаш штом поинтензивно ќе заживее стопанската активност, а за таква прилика банките се подготвени за соодветна поддршка, чија реализација ќе зависи, пред се’, од финансиската моќ на железницата и на државата. Во насока на поширока вклученост на засегнатите земји лоцирани на коридорите 8 и 10, беше поздравена и поддржана иницијативата да се формира Конзорциум како меѓународно оперативно тело кое ќе ја следи состојбата со протокот на стоките низ овие коридори, пред се’, од аспект на присуството на проблемите коишто негативно влијаат на функционалноста на истите, со цел до надлежните органи и институции во своите држави да предлага мерки за нивно соодветно надминување, како и за заеднички настап пред одредени меѓународни институции за барање соодветна помош за подобрување на состојбите. За што поефикасно делување на Конзорциумот, МТА изрази целосна подготвеност да даде свој соодветен придонес. Билјана Пеева-Ѓуриќ


четврток, 12 јуни 2014, Бр. 183

БИЗНИС ИНФО

ВИСОКОТО НИВО НА СИВАТА ЕКОНОМИЈА ГО ПОПРЕЧУВААТ ПРОЦЕСОТ НА ПРИКЛУЧУВАЊЕ КОН ЕВРОПСКИТЕ ЕКОНОМИИ

13

ДЕБАТА Во 2011 година, „сивата“ економија или неформалната економија во РМ изнесува 15,2% од бруто домашниот производ. Според некои други мерења на меѓународни организации таа изнесува некаде околу една третина од БДП

Скриената економија постои во сите држави - не само во транзициските и земјите во развој, туку и кај членки на ЕУ и ОЕЦД. Иако има различни ефекти во различни земји, вообичаено укажува на постоење сегашни или идни проблеми во јавно-приватната интеракција на економијата, како што се недостиг од соодветна контрола, преголема регулација, недоволна прифатеност на формалните правила, појава на нови форми на бизнис... Ова беше наведено на Конференцијата „Справување со скриената економија - зајакнување на јавно-приватниот дијалог“, во организација на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Скопје и Центарот за изучување на демократијата (ЦИД) од Софија (5.6.2014 година). Притоа, беше истакнато дека со поддршка на EIDHR-програмата на Европската комисија, започнаа иницијатива за набљудување и за анализирање на скриената економија во Македонија, како и за развивање активности за ублажување на нејзините негативни последици. Целта на ЦИД и на ЦИКП е да воведат механизми засновани на докази, а наменети за набљудување и подигнување на свеста за справување со скриената економија во Македонија, врз основа на над десетгодишното искуство што ЦИД го има стекнато во набљудувањето и во справувањето со скриената економија во Бугарија. Јеромир Левичек, раководител на Одделот за оперативни работи во Делегацијата на ЕУ во Скопје, наведе дека според некои проценки големината на скриената економија на Балканот е над 30% и дека високите нивоа на неформалност го попречуваат процесот на приклучување кон европските економии. ЕК во својот Извештај за напредокот на Македонија забележа дека „сивата“ економија останува да биде предизвик и оти е постигнат ограничен напредок во делот со справување со неформалниот сектор. - Свесни сме дека претставниците на јавната власт имаат волја да се справат со ова прашање, - истакна Левичек. Претставникот на Стопанската комора на Македонија, меѓу другото, наведе дека според податоците на Државниот завод за статистика од последните истражувања во 2011 година, „сивата“ економија или неформалната економија во РМ изнесува 15,2% од бруто домашниот производ. Според некои други мерења на меѓународни организации таа изнесува некаде околу една третина од БДП. Но, без разлика на се` уште неусогласените методологии за нејзино мерење, општ заклучок е дека таа е присутна во нашата земја и со своите негативни ефекти предизвикува директна штета на јавните финансии преку прибирање на намалени приходи, проблеми во планирањето на макроекономските индикатори и во подготовка на развојните стратегии, проблеми во конципирањето на мерките на економската политика, намалување на конкурентската позиција на стопанството што работи регуларно и толерирање на нелојалната конкуренција и прометот на стоки со сомнителен квалитет и сигурност по здравјето на населението и квалитетот на животната средина. Поради тоа, потребна е интегрирана стратегија која ќе ги донесе фирмите и поединците кои ја применуваат скриената екомонија во формалните и регуларни канали на стопански активности. Љупка Илиевска-Самарџиска


БИЗНИС ИНФО ПОСЕТИ

Компаниите од двете земји треба да ги користат сите можности кои се во насока на зголемување на трговската размена, притоа имајќи ги предвид бенефитите кои ги овозможува ЦЕФТАдоговорот

MАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ОД ПРЕХРАНБЕНАТА ИНДУСТРИЈА НА „ПАТУВАЧКИОТ САЕМ“ ВО ВАЛОНА, AЛБАНИЈА - ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА СОРАБОТКАТА СО ЦЕЛ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА

Во организација на Министерството за економија на Р. Албанија, а под покровителство на претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама, во Валона се одржа првиот дел од манифестацијата „Патувачки саем“, на којшто учествуваа компании од прехранбената индустрија (6 и 7 јуни 2014 година). Манифестацијата се состоеше од два дела и тоа саемско претставување на компаниите и конференциски дел на кој беа претставени економските потенцијали за соработка, а домаќин на отворањето на саемската манифестација во Валона, беше Амбасадата на Р. Македонија во Албанија. - Компаниите од двете земји треба да ги користат сите можности кои се во насока на зголемување на трговската размена, притоа имајќи ги предвид бенефитите кои ги овозможува ЦЕФТА-договорот, како и билатералната правна рамка која го овозможува тоа, како Договорот за избегнување на двојното оданочување по основ на данок на доход и данок на капитал, Законот за поттикнување и заемна заштита на инвестициите, како и Договорот за соработка во областа на туризмот, - истакна заменик-министерката за економски развој, трговија и претприемништво на Република Албанија, г-ѓа Брунилда Паскали. - Кога станува збор за туризмот значајно е тоа што постои интерес и од двете страни што се потвдува и со фактот дека македонските граѓани за туристички посети и активности во 2013 година потрошиле околу 500 милиони евра кај соседните земји, од кои дури 30 отсто ги потрошиле во Албанија. Покрај туризмот, потенцијали за соработка постојат и во делот на земјоделието, инфраструктурата, трговијата, за што во изминатиот период беа вложени значителни напори за раздвижување на соработката и подигнување на обемот на размената што резултираше и со раст од 5% во 2013 година, - потенцираше амбасадорот на Р. Македонија во Р. Албанија, Карајанов. Врзано за размената, бројките за првите 3 месеци од тековната 2014 година се пооптимистички имајќи предвид дека вкупната трговска размена од 23,3 милиони САД$, има раст од 37,7% споредено со истиот период минатата година, посебно потенцирајќи го значителното зголемување на извозот од 31,6%, но наспроти тоа и зголемувањето на увозот од Албанија од 49%. Имајќи ги предвид географската близина како и потенцијалите на двете стопанства, според Стопанската комора на Македонија, бројките сами по себе не се импресивни, но фактот дека во овие глобално тешки времиња, кога размената ни опаѓа бројките укажуваат дека двете стопанства се на извесен начин стабилни и дека ги сервисираат условите за раст. Ако се појде од делот на земјоделството и прехранбената индустрија, Р. Македонија бележи суфицит во размената, притоа извезувајќи најмногу вода и пијалаци, живи животни, овошје и зеленчук, тутун и цигари, како и кондиторски производи. Можност за зголемување на трговската размена во овој сектор реално постои и тоа во двете насоки, но за таа цел потребно е повеќе напор да се вложи во елиминирање на нетарифните бариери и непотребните технички бариери во трговијата, олеснување на трговијата со вклучување на транспарентни алатки и поедноставување на трговските процедури. - Во однос на транспортот на стоки мора да се истакне важноста на Пристаништето во Драч кое според оддалеченоста од дистрибутивните центри во Република Македонија (на само три часа возење од Ќафасан), е второ најблиско пристаниште за превоз на македонска стока, поради што анализата за неговата корисност од страна на македонските компании заслужува посебно внимание. Секако, за поздравување е податокот дека изминатиот период во развојот на ова пристаниште албанската Влада почна доста да инвестира, врз основа на проекти од Светската банка и од неколку крупни меѓународни финансиски институции. Во прилог на ова одат и напорите на албанските власти да се овозможи поевтин и побрз проток на стока, но се` уште има некои „ситници“ на кои треба да се поработи, посебно кога станува збор за спроведување на царинските формалности. Но за да биде Пристаништето во Драч во поголема мера користено, треба да се чека на моментот на изградба на железничката пруга Кичево - Лин, со што ќе се овозможи поевтин превоз на стоките кои одат за Драч, бидејќи сегашните податоци покажуваат дека поевтината поморска возарина кон Драч се топи со поскапите транспортни цени на камионите, - подвлече Билјана Пеева-Ѓуриќ. Благодарение на добрата соработка меѓу стопанските комори на Македонија и на Албанија, на компаниите од двете земји ќе им се овозможи да бидат навремено информирани за економските случувања и со почести средби да остваруваат поинтензивна економска соработка. Покрај компаниите од Р. Македонија („Здравје“ Радово, „Витаминка“, „Европа“, „Везе Шари“, Млекарница „Хит 73“, „Виа Пром“, „Агриа“, „Агроплод Свислион“, „Полог фрут“, „Гаши Комерц“), на оваа манифестација учество земаа и компании од Косово, Албанија, Италија и Грција. „Патувачкиот саем“ до крајот на годината ќе продолжи да се одржува во градовите Ѓирокастро, Скадар, Берат, Корча и во Тирана. Билјана Пеева- Ѓуриќ


БИЗНИС ИНФО ПОСЕТИ

93% од производството се заснова на ПРЕТСТАВНИЦИ НА СВЕТСКА „ЛОН“-производство и дека учеството на иновациите во оваа дејност се БАНКА НА РАБОТНИ СРЕДБИ многу мали бидејќи се работи за трудоинтензивна гранка и се темели на ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА користење на работната сила. НА МАКЕДОНИЈА - ПОБАРАНО КРЕДИТИРАЊЕ И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ГРАНТОВИ ЗА КОНКРЕТНИ ПРОЕКТИ СО КОИ СЕ ИНОВИРА ПРОИЗВОДСТВОТО Претставници на Светска банка остварија работни средби во Стопанската комора на Македонија на теми поврзани со развојот на македонската економија (4 и 5 јуни 2014 година). Разговорите беа во рамките на реализацијата на Проектот на Светска банка во Макединија за човечки ресурси и иновации и подготовка на новата Стратегија за партнерство на Групацијата Светска банка и Македонија 2015-2018 година. Рави Гупта и Гордана Поповиќ Фриедман остварија работна средба со претседателите на Здружението на металната и електроиндустријата и на Здружението на текстилната идустрија, Аце Антевски и Ангел Димитров. Тема на состанокот беше финансирање на воведување нови иновации и развој на човечки ресурси, Проект кој се спроведува во Македонија од страна на Светска банка. Од страна на Ангел Димитров беа изнесени подетални податоци за текстилната гранка во Македонија. Потенциран беше фактот дека 93% од производството се заснова на „ЛОН“производство и дека учеството на иновациите во оваа дејност се многу мали бидејќи се работи за трудоинтензивна гранка и се темели на користење на работната сила. Сите други пропратни работи, како кроење, моделирање, истражување на пазарот и маркетингот се прават од страна на странскиот партнер. Пречка за поголеми иновации во оваа дејност се првенствено обртните средства кои недостасуваат, а недоволни се и инвестициите во маркетингот, кој секогаш го врши странкиот партнер. Единствени иновации во оваа дејност има во техничкиот начин на производство, малите доградувања на објектите, како и во набавката на помошните материјали, додека други иновации и не постојат. Она на што инсистираат од Светската банка е потребата од програми за развој на претпријатијата со кои би се поттикнале иновациите и работните вештини на вработените во компаниите, во правец на зголемување на продуктивноста во работењето. Потребно е и формирање на Центар во кој би се собрале позитивните искуства од добрите светски текстилни компании и истите би се презентирале и потоа би се применувале и во земјава. Аце Антевски ги изнесе актуелните состојби во металната и во електроиндустријата и проблемите со кои се соочуваа овие индустрии. Акцентирани се проблемите со високата амортизираност на машинскиот парк со оглед на фактот дека повеќе од 20 години изостануваат позначајни инвестиции. Споменато беше немањето донации и субвенции за овие индустрии, неможноста за користење поволни кредити, мал пазар за пласман на готовите производи, недостаток на квалитетен образован стручен кадар... Антевски истакна дека овие индустрии се двигател на целата индустрија во земјата. За производство потребни се машини и линии со висока вредност, а за нивна набака потребно е кредитирање со поволни камати и подолг грејс период. Од Светската банка беше побарано кредитирање и обезбедување грантови за конкретни проекти. Посебно да се стимулира воведување на иновации, како за обновување на машинскиот парк, така и за усовршување на постојното производство со воведување нови производи и нивно промовирање во регионот и пошироко. На посебен состанок , во рамките на подготовката на Стратегијата за партнерство на Групацијата Светска банка и Македонија 2015-2018 година, беа истакнати приоритетите на приватниот сектор во делот на развој на македонската економија. Од страна на претставникот на Светска банка беше истакнато дека и темата на европската интеграција ќе биде проткаена во сите активности на оваа банкарска институција во Македонија. На ниво на проекти, Банката ќе го координира дизајнирањето и спроведувањето на проектите со ЕУ за да ја максимизира синергијата и да ги користи можностите за градење капацитети на операциите финансирани од Банката за поддршка на способноста на Македонија за поефикасно користење на ИПА-фондовите. Конечно, Банката ќе истражува можности за заеднички проекти со ЕУ и со други развојни партнери за да се минимизираат трансакциските трошоци и да се зголеми влијанието на заедничките ресурси достапни за Македонија за инклузивен и одржлив развој на земјата. Јадранка Аразанковска


БИЗНИС ИНФО

16

четврток, 12 јуни 2014, Бр. 183

УСОГЛАСУВАЊА Членките изразија посебен интерес за податоците за трговската рамена според земјите на увоз и извоз и според тарифните броеви на производите Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија, на 5 јуни 2014 година пред своите членки ги презентираше податоците за трговската размена на Република Македонија со земјите од светот. Презентацијата ги опфати податоците за периодот од 2013 година и првите три месеци од 2014 година. Притоа, беа анализирани податоците за трговската рамена според: земјите на увоз и извоз; земјите и производите на увоз и извоз; тарифните броеви на производите и според земјите на извоз и увоз; регионите на извоз и увоз (Европска унија, балкански земји и др.); учество на одделни производи во структурата на извозот и увозот; како и други конкретни податоци на барање на членките. Членките изразија посебен интерес за податоците за трговската рамена според земјите на увоз и извоз и според тарифните броеви на производите. Податоците за трговската размена на Република Македонија со земјите од светот беа прикажани во евра, американски долари и во килограми. Исто така, беше искажан конкретен интерес за одделни групи на производи, како градежни материјали, групи на земјоделски производи, нафта и нафтени деривати, лекови, козметика, товарни возила и други специфични производи. Конкретните податоци што ги добија присутните ќе бидат корисни при донесувањето на натамошните бизнис-одлуки и дефинирањето на стратегиите во работењето на компаниитечленки на Здружението на трговијата. Во дискусијата беа поставени и прашањата за потребните трговски документи за непречено одвивање на трговската размена со странство. На барање на членките, беа презентирани трговските документи што ги издава Стопанската комора на Македонија, за извоз - сертификатите за потекло, за привремен извоз – АТА-катнетите, потоа посебно интересни за трговците – потврдите за ексклузивитет, потврдите за слободна продажба и заверките на трговските документи, фактури, договори, тендерска документација и други. Лазо Ангелевски

ЗДРУЖЕНИЕ НА ТРГОВИЈАТА ПРЕЗЕНТИРАНИ ПОДАТОЦИТЕТЕ ЗА ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА НА ЗЕМЈАВА СО СТРАНСТВО


четврток, 12 јуни 2014, Бр. 183

БИЗНИС ИНФО

17

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

ВИНА НА СТОБИ СЕ ЗАКИТИЈА СО НАГРАДИ ВО СОФИЈА

„Сирах 2011“ доби злато, а „Вранец Веритас 2011“ и „Шардоне Барику 2012“ се здоби со сребро

Виното „Сирах 2011“ на винаријата Стоби доби злато, а „Вранец Веритас 2011“ и „Шардоне барику 2012“ од истата винарија сребро на Меѓународниот Балкански вински натпревар кој се одржа во Софија. - Наградите од вакви натпревари се подеднакво важни како и претставувањето на саеми, ако таму ја добивате потврдата од директните консументи овде квалитетот на вината е оценуван од вински експерти и сомелиери со светско реноме што ја потврдува тежината и важноста на награда. Сето тоа прави Стоби вината да бидат барани на европските пазари, препознатливи и ценети што е огромна придобивка и за нас како винарија, а и за Македонија како вински регион, вели Дане Јованов, директор на Винарија Стоби. Вината на Стоби се натпреваруваа во конкуренција од над 300 вина од сите балкански држави. Оценувачи на квалитетот на вината беа познати сомелиери и вински експерти од светски ранг како Каролин Гилби, Род Смит и Константинос Лазаракис. (винарија Стоби)

СО „Т-МОБИЛЕ“ МОБИЛНИОТ МОЖЕ ДА БИДЕ ПАРИЧНИК

Со „MobiPay“ може безготовински да се плаќа во такси, ресторани, кафулиња, продавници и во голем број на други продажни места во Македонија

Корисниците на „Т-Мобиле Македонија“ од овој месец можат да го користат мобилниот телефон како паричник и преку нивната постпејд-сметка. Со новата услуга на компанијата, наречена „Мобипеј“, може безготовински да се плаќа во такси, ресторани, кафулиња, продавници и во голем број други продажни места во Македонија, а мрежата постојано се проширува. Раководството на „Т-Мобиле“ на пресконференција информира дека услугата е достапна преку сите модели на мобилни телефони, без дополнителни трошоци, како и дека користи врвна заштитна технологија за сигурно и безбедно купување. „„Мобипеј” е модерен и едноставен, брз и сигурен начин на плаќање. Мобилниот телефон веќе не служи само за разговор, туку станува мултифункционална алатка, се’ во едно, што го прави животот поедноставен, а во крајна линија, тоа е и целта на модерните технологии. Со „Мобипеј” мобилниот телефон добива уште една улога, станува виртуелен паричник, достапен за сите наши корисници, преку сите модели на мобилни телефони. Со „Мобипеј’”корисниците добиваат можност повеќе без никаков надомест“, рече Жарко Луковски, главен извршен директор на „Т-Мобиле Македонија“. Сумата за направената трансакција се додава на телефонската сметка, а месечниот лимит се одредува во зависност од кредитниот рејтинг на корисникот. Во зависност од потребите, корисниците можат да изберат „Мобипеј изи“, до 300 денари по трансакција, или „Мобипеј стандард“, до 1.000 денари по трансакција. Отсега корисниците ќе можат да користат мобилно плаќање преку постпејд-сметката до 6.000 денари, без да одат во банка.


18

БИЗНИС ИНФО

четврток, 12 јуни 2014, Бр. 183

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Новиот истанбулски аеродром ќе чини 10,25 милијарди евра, а ќе биде изграден на простор од 76,5 милиони метри квадратни.

ТУРЦИЈА ПОЧНА СО ГРАДЕЊЕТО НА МЕГА-АЕРОДРОМОТ

Во Истанбул е поставен камен - темелникот за аеродромот кој ќе биде еден од најголемите во светот, со капацитет од 150 милиони патници годишно. Проектот му „лежи на срце“ на премиерот Ердоган. Реџеп Таип Ердоган на свечената церемонија во Истанбул еуфорично рече: „Не градиме само аеродром, туку споменик на победата“. Новиот истанбулски аеродром ќе чини 10,25 милијарди евра, а ќе биде изграден на простор од 76,5 милиони метри квадратни. „Ќе се состои од шест писти, со капацитет за 500 авиони. Со 150 милиони патници годишно ќе биде најпрометниот аеродром во светот“, најави Ердоган. Аеродромот во Истанбул треба да му биде конкуренција пред се‘ на аеродромот во Дубаи, кој беше отворен во октомври и има капацитет за 160 милиони патници годишно. Првата етапа од изградбата во Истанбул ќе биде завршена до октомври 2017 година. Тендерот за изградба на колосалниот аеродром го доби турскиот конзорциум Лимак-Колин-Ченгиз-Мапа-Калјон, а изградбата ќе биде спроведена по моделот изградиуправувај-предај на државата. Групата даде најголема понуда од 22,15 милијарди евра без ДДВ, и по изградбата со аеродромот ќе управува 25 години, по што ќе мине во сопственост на државата. Изградбата на аеродромот треба во целост да биде завршена до крајот на 2018 година. (Дојче веле)

Со 28 земји членки кои не се обединети околу воведувањето санкции против Русија, блокирањето на Јужниот тек е едно од малкуте оружја што ги поседува Брисел против Москва

ДАЛИ ЌОРСОКАКОТ МЕЃУ РУСИЈА И ЕУ ВИСИ НАД БУГАРИЈА?

Загриженоста на малата партија на Tурците во Бугарија можеби на светот му изгледа неповрзано со геополитичката конфронтација меѓу Кремљ и Западот. Но, врз слабиот грб на оваа партија, како што наведува Фајненшал тајмс, можеби лежи судбината на клучниот гасовод Јужен тек, проект за кои многумина веруваат дека дополнително ќе ја цементира европската зависност на руски гас. Планираниот гасовод треба да носи гас на рускиот монопол Газпром преку Црно Mоре и Бугарија до Австрија, заменувајќи ја сегашната гасоводна мрежа преку Украина. Изградбата требаше да почне овој месец, но Европската комисија покрена таканаречена прекршочна постапка против Софија, аргументирајќи дека со овој гасовод се кршат законите за конкурентност на Европската унија. Со 28 земји членки кои не се обединети околу воведувањето санкции против Русија, блокирањето на Јужниот тек е едно од малкуте


четврток, 12 јуни 2014, Бр. 183

БИЗНИС ИНФО

19

СВЕТСКИ ПЕЧАТ оружја што ги поседува Брисел против Москва. Но, тука, како што наведува Фајненшал тајмс, работите се балканизираа. Бугарските социјалисти, кои се сметаат за едни од најголемите партнери на Русија во Европската унија, му се спротивставија на Брисел, бранејќи се дека градењето на Јужен тек е дел од нивниот мандат и оти тоа ќе креира многу нови работни места. Од друга страна, Љутви Места, лидер на Движењето за права и слободи, партија врз која се држи сегашната коалициска влада во Бугарија, вели дека нема смисла да се води битка со Европската унија и побара предвремени избори. Социјалистите, кои и онака се многу непопуларни во домашната јавност, веќе се соочија со масовни протести минатата година, но и со голем пораз на изборите за Европскиот парламент минатиот месец. Опонентите на владата велат дека случајот со Јужен тек е многу поматен од што се тврди во јавноста. Европската унија сега стана љубопитна да види како воопшто биле постигнати договорите меѓу руските и бугарските компании. Руската градежна компанија Стројтрансгаз, е во сопственост на Генадиј Тимченко кој е на американската листа на санкционирани руски бизнисмени. Опозицијата исто така се прашува дали цените платени на градежните фирми не биле напумпани и дали давачките за транзитот на гас биле со реална комерцијална стапка. Сцената во Бугарија е поставена за политичка битка. Ако бугарските социјалисти паднат кон крајот на годинава на предвремени избори, Русија ќе се соочи со многу поголеми проблеми во градењето на Јужен тек од сегашните. (Фајненшал тајмс)

НАЈПЛАТЕНАТА ЖЕНА ДИРЕКТОР ВО СВЕТОТ, Е РОДЕНА КАКО МАЖ Најплатената женадиректор во светот е родена како маж, пишува New York Times во студија за платите на директорите. Станува збор за Мартина Ротбалд, родена како Мартин Ротбалд, основачка и директор на United Therapeutics. По основањето на Sirius Satellite Radio, Мартин извршила промена на полот. Потоа во 1996 ја основа United Therapeutics каде што заработи само 38 милиони долари минатата годинна. Втора на листата на најплатени директори е Marissa Mayer од Yahoo, со заработка од 25 милиони долари минантата година. (Њујорк тајмс)

Која е наплатената жена директор во светот?


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

20

четврток, 12 јуни 2014, Бр. 183

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

СПЕКТАР

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL

ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL

ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач


четврток, 12 јуни 2014, Бр. 183

БИЗНИС ИНФО

21

ОД МОЈ АГОЛ

Скенирај и дознај повеќе

M

C

N IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

A

Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E

S

E


22

БИЗНИС ИНФО

четврток, 12 јуни 2014, Бр. 183

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

МАКЕДОНСКО-ТУРСКИ БИЗНИСФОРУМ СО АСОЦИЈАЦИЈАТА НА НЕЗАВИСНИ ИНДУСТРИЈАЛЦИ И БИЗНИСМЕНИ (MUSIAD) 13 јуни 2014 година, 11:15 часот, Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат.

Делегација на деловни луѓе од петнаесетина турски компании од Асоцијацијата на независни индустријалци и бизнисмени (MUSIAD) од Република Турција, на 13 јуни 2014 година ќе ја посетат Република Македонија. Нивната цел е да воспостават деловни контакти со македонски компании од различни стопански дејности. Во рамките на нивната посета, Стопанската комора на Македонија организира Македонско-турски бизнис-форум, со цел воспоставување билатерални деловни средби со македонски компании, кои би се јавиле како нивни потенцијални деловни партнери. По завршување на официјалниот дел на Бизнис-форумот, планирани се билатерални разговори меѓу компаниите од повеќе стопански сектори: градежништво и градежни материјали, текстил, млеко и прехрана, туризам, трговија и

Од 13 до 16 јуни Ве покануваме на најголемиот Саем за текстил и мода во Република Грција

друго. Македонско-турскиот бизнис-форум и деловните средби ќе се одржат на 13 јуни 2014 година (петок), со почеток во 11:15 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат. Ве молиме, да го потврдите Вашето присуство кај лицата наведени во пријавниот лист и да одредите со кои турски компании би сакале да стапите во контакт. Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk

„FEMMINA - FASHION TRADE SHOW“ ВО АТИНА

Посетата ја организира Стопанската комора на Македонија во соработка со компанијата „Fashion News SA“ од Грција. „FEMMINA - FASHION TRADE SHOW“ е саемска манифестација наменета за компании кои работат во текстилната индустрија и модата (трговците на мало, продавници, бутици, синџири и слично), на која се презентираат: • бренд производители; • модни дизајнери; • висока мода; • увозници и дистрибутери на женска облека; • колекции за млади; • долна облека; • секојдневна облека; • додатоци за облека; • накит; • опрема за продавници и др. „FEMMINA - FASHION TRADE SHOW“ се организира истовремено со Саемот за чевли во Грција (Hellenic Shoe Fair), на кој ќе бидат презентирани различни видови обувки, а ќе се одржат и модни презентации за начините на комбинирање на различни елементи и стилови, согласно потребите на современиот пазар. Организаторот на манифестацијата, компанијата „Fashion News SA„ е подружница на „ROTA SA Group“ - најголема компанија за организирање саеми во Грција.

Пoдетални информации за Саемот на: www.femmina.gr/en .

За посета на Саемот организирани се: - 2 ноќевања во хотел со 5*; - автобуски превоз; - локален транфер и - бесплатни влезници за Саемот.

Пакет-аранжманот по лице 9.000,00 денари (со вклучен ДДВ).

Контакт: Сашо Деспотоски Тел: ++ 389 2 3244089 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: saso@mchamber.mk

Контакт: Даниела Михајловска Тел: ++ 389 2 3244021 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: daniela@mchamber.mk

изнесува


четврток, 12 јуни 2014, Бр. 183

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар: „МОЌТА И ВЛИЈАНИЕТО НА УБЕДУВАЊЕТО, НАПРЕДНИ КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ” Стопанската комора на Македонија на 18 јуни 2014 година организира еднодневен семинар на тема: „Моќта и влијанието на убедувањето, напредни комуникациски вештини”. Предавач е госпоѓа Нела Јолеска, експерт за мерење и развој на емоционална интелигенција и извршен директор на EQ Excellence, сертифициран и овластен балкански партнер на интернационалната институција Six Seconds. Развивањето на концептуалната рамка за разбирање на моќта и влијанието, ќе ви отвори една потполно нова можност за развој на вашата кариера. Вештините што ќе ги осознаете на овој семинар ќе ви овозможат со малку зборови и во кратки црти да ги претставите поголемите проблеми, како и да стекнете моќ на управување со емоциите кои се причина и последица при конфликтни ситуации. Со практикување дијагностички вештини ќе може да ги мапирате туѓите однесувања, ќе ги разберете нивните перспективи, а тоа ќе биде клучот при манифестирање на моќ на вашата убедливост, можност да ги спроведете вашето влијание и акции. Овој семинар е специјално дизајниран за менаџери на кои им е потребно да ги прифатат своите темели за моќ и стил на влијание, како и развој на стратегии за нивен развој. Преку 70% практични вежби учесниците ќе почнат за развиваат репертоар на влијателни тактики кои ќе им помогнат да бидат ефективни при разни ситуации и за развој на сопствена стратегија за градење и потврдување на моќта и влијанието, етички и одговорно. Целта на семинарот е бизнисмените да се стекнат со напредни вештини во комуникацијата за спроведување силни стратегии и способност да предизвикуваат постојана промена во туѓите однесувања. За да ги разберат човечките однесувања и нивните мотиви, (не)рационални потреби, потребно е да развијат сопствен стил на влијание и убедување.

18 јуни 2014 година, 10:00 – 16:00 часот Стопанска Комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

другите, предвидување на нивното однесување и успешно справување со емотивниот набој во кризни/конфликтни ситуации. Предавач: Нела Јолеска, извршен директор и косопственик на EQ EXCELLENCE, специјализиран тренер и консултант за имплементирање на емоционална интелигенција во бизнисот и образованието, консултант за претприемништво, активен промотор за развој на претприемништвото и автентичното лидерство со помош на емоционалната интелигенција. Развива организациски и тимски перформанси за искористување на капацитетите, менаџирање на таленти со иновативни програми, научно потврдени проценки и ефективни консалтинг процеси кои ги зголемуваат внатрешните потпори и капацитети. Со седиште во Македонија, EQ EXCELLENCE, сертифициран и овластен партнер на Six Seconds ги услужува клиентите од целиот регион. Воедно, госпоѓа Јолеска е основач на Центарот за развој на емоционална интелигенција, косопственик на СТИПИКО, претприемач во мрежата на менторирани жени од ЕУ-Комисијата “New MENTOR”.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 ПРОГРАМА Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 МОДУЛ 1: Моќ и влијание во интерперсоналните односи: Како да E-адреса: anita@mchamber.mk влијаеме врз другите? МОДУЛ 2: Моќ и влијание во организациите: Како да ги управувате компаниските политики? МОДУЛ 3: Моќ и влијание во општеството: Предизвици и трансформација на Вашето опкружување

Целна група: Сите менаџери, лидери на тимови, супервизори кои посредуваат во групни процеси и чии одговорности бараат развој на стратегии со комуникациски вештини, разбирање на манифестирањето моќ и влијание од


24

БИЗНИС ИНФО

четврток, 12 јуни 2014, Бр. 183

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар: „МЕНАЏМЕНТ НА ПЕРФОРМАНСИ (PERFORMANCE MANAGEMENT) И ВЛИЈАНИЕТО НА ЗАРАБОТКАТА ВРЗ РЕЗУЛТАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ“

19 - 20.6.2014 година, 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

По успешниот семинар на тема: „Модели на заработка и методи за проценка на резултатот на вработените“ Ви нудиме можност за обука на актуелна тема поврзана со менаџментот на перформансите и влијанието на заработката врз резултатите на вработените. Учесниците ќе се стекнат со јасен преглед на улогата на менаџментот на перформансите во работењето на компанијата и начините на негово користење. Цел на семинарот: Претставување начини за управување со перформанси, процеси кои се важни за перформансите и врските меѓу различни процеси и активности; практичен преглед на употребата на заработката како една од алатките за мотивација и управување со перформансите на вработените, како и позитивните и негативните ефекти до кои водат различните модели; работа со студија на случај која ја прикажува корисноста од менаџментот на перформансите во една компанија. Методологија на работа: Интерактивна обука - спој од предавања, анализи на модели, дискусии и практична работа. Се поттикнува разговор и поставување прашања од страна на учесниците за време на семинарот. Што добиваат учесниците: Низ практични модели и пренесување на искуства стекнати во регионот и пошироко, учесниците ќе можат да се запознаат со можноста за управување со перформанси во зависност од целите на компанијата; употреба на студии на случај кои користат реални податоци; примери во Excel за влијанието на заработките и објаснување на ефектите од нив. Програма (прв ден): • Составни делови на менаџментот на перформансите; • Позицијата на мерењето на учинок во менаџментот на перформансите; • Поврзаноста на менаџментот на перформансите со другите процеси: • заработка на вработените; • наградување; • утврдување на компетенции; • обука на вработените; • контрола на квалитет; • останати процеси и • инструменти на проценка; • Студија на случај: Анализа на ефектите од воведувањето на менаџмент на перформанси во една компанија. Програма (втор ден): • Влијанието на заработката на однесувањето на вработените, опсег и опасности; • Анализа на методи на класификација (фиксна заработка); • Примери на методи на варијабилна заработка: • Хибриден модел на заработка; • Метод на фиксни проценти;

• • • •

Метод на варијабилни проценти; Споредба на модели; Анализа на влијанието на ефектите во: администрација, продажба, производство, стручни занимања; Анализа на вкупното влијание на заработката врз мотивираниот вработен.

Предавач: Иван Марковиќ, Сениор партнер во „Zaposlenje Org“ од Белград и координатор на тимот за изработка на системи за мерење на учинок на вработените. Сертифициран предавач, специјализиран за менторски обуки. Преку соработката со голем број компании има искуство поврзано со проблемите кои можат да се сретнат во процесите поврзани со изработка, водење и спроведување на системи за мерење на учинок кај вработените, а веќе година дена работи и на слични предизвици и проблеми кои можат да се сретнат во државниот сектор. Иван Марковиќ има богато искуство и како предавач во изминатите 8 години, со одржани повеќе од 300 обуки и семинари. Работен јазик на семинарот: српски. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 16 јуни 2014 година.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Симона Ристоска Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: simona@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


четврток, 12 јуни 2014, Бр. 183

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 20.6.2014 година, 9:00-16:00 часот Семинар со врвни експерти за Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат заштита од сајбер криминалот во финансиските и во резидентните компании

„КОРПОРАТИВНА БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА ВО ПРАВНИОТ СЕКТОР ОД ЗАКАНИТЕ ВО САЈБЕР ПРОСТОРОТ’’

Обуката ќе овозможи учесниците да се запознаат и делумно да се стекнат со потребните вештини со практична примена на стекнатите знаења од оваа обука. За да се постигне ова, во текот на обуката покрај интерактивни предавања, учесниците ќе бидат во улога (role play), по сценарио кое ќе биде зададено во склад со предавањата. За да го постигне ова, обуката ќе биде дизајнирана преку три предавања и едно сценарио. ПРОГРАМА: Првото предавање под наслов: „Улогата на корпоративната безбедност во заштита од сајбер криминал“ ќе има за цел да ја постави платфромата за целосната расправа на обуката. Во овој дел од обуката покрај останатото, ќе стане збор и за: • суштината на корпоративната безбедност и нејзината правна заснованост; • митовите и фактите за корпоративната бебедност во склад со правната регулатива; • корпоративната бебзедност како дел од кризниот менаџмент на современите компании и современите трендови на виртуелниот „сајбер свет“; • правните аспекти на справување со сајбер заканите и • како и на каков начин корпоративната безбедност се става во функција на осигурување на капиталот. Второто предавање ќе биде посветено на: „Сајбер просторот како закана врз финансиската инфраструктура“. Во текот на овој дел од обуката ќе бидат обработени следните прашања: • Современи предизвици и ризици од „сајбер светот“ релевантни за електронското банкарство; • Употреба на новите технологии во мобилното банкарство: предности и недостатоци во осигурување на трансакциите и капиталот и • Безбедносни закани по новите технологии искористени во мобилното банкарство. Третото предавање треба да укаже на тоа како и на каков начин може да се утврдат одредени типологии на перење на пари со што компаниите би избегнале опасност да бидат вовлечени во нечесни и криминални дејствија преку сајбер просторот. Четвртото предавање ќе даде осврт на тоа колку и кои видови електронски криминал се застапени во македонскиот сајбер простор.

Предавачи : 1. д-р Методи Хаџи-Јанев, вонреден професор, е професор на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, и визитинг професор на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методи“ во Скопје. 2. д-р Митко Богданоски, доцент, професор на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, и визитинг професор на неколку други универзитети во Р. Македонија. 3. доц. д-р Ивица Симоновски, советник за следење на сомнителни трансакции -Управа за финансиско разузнавање (Министерство за финансии); 4. претставник од Министерството за внатрешни работи од Одделението за истраги за компјутерски криминал.

Пријавување до 16.6.2014 година. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


26

БИЗНИС ИНФО

четврток, 12 јуни 2014, Бр. 183

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар: „ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА”-КОНКРЕТНИ ПОЈАСНУВАЊА ЗА НЕГОВАТА ПРИМЕНА ОД СТРАНА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ20.6.2014 година, 10:00 - 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Стопанската комора на Македонија, на 28 мај 2014 година, организира еднодневен семинар на тема: „Закон за финансиска дисциплина”-конкретни појаснувања за неговата примена од страна на Министерството за финансии Целта на овој семинар е на сите правни субјекти во платниот промет да им овозможи теоретски и практични знаења од областа на мониторинг на заостанатиот дел од задоцнети платежни системи, врз основа на идентификација на оние работни проблеми кои се критични за натамошно функционирање на компанијата – комитент, кое потоа ќе им овозможи олеснето подмирување на финансиските обврски кон правните субјекти преку анализа на сите достапни информации, како и знаења поврзани со моменталното спроведување на реструктурирањето на финансиското работење со должниците. Учесниците на семинарот ќе имаат можност да дадат свое видување при имплементација и примена на Законот за финансиска дисциплина и да добијат конкретни одговори и појаснувања од страна на Министерството за финансии. Целна група: Интересна група за семинарот се директорите/раководителите на финансиско-сметководствените сектори во компаниите, вработените во компаниите задолжени за финансиско работење и други заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на советувањето. Предавачи: 1. Јане Севдински, Сектор за финансиски систем, Министерство за финансии; 2. доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгата „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија“; автор на книгата „Ерозија на јавните финансии“. ПРОГРАМА: Примена на Законот за финансиска дисциплина: Навремено исполнување на паричните обврски: • Носители на финансиска дисциплина; • Работна и дистерсна репрограма на побарувањата; • Реструктуирање на побарувањата и работењето; • Закрепнување на должниците; • Регулаторска преферирана терминологија - резервациски третман на различни типови на финансиски обврски. Јурисдикцијата на финансиската дисциплина: • Деловни трансакции; • Eкономските оператори; • Jавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор;

Поимите што се употребуваат во законите: • Деловна трансакција; • Субјекти од јавен сектор; • Економски оператори од приватниот сектор; • Парична обврска; • Фактура; • Задоцнето плаќање; • Законска казнена камата; • Надоместок за доцнење во исполнувањето на паричната обврска; • Одговорно лице во субјект од јавниот сектор; • Одговорно лице во економски оператор од приватниот сектор. Рокот за исполнување на паричните обврски: • Kога должникот ја примил фактурата; • Kога доверителот ја исполнил својата обврска; • Истекот на рокот за преглед и потврдување на стоките и услугите. Правото на надоместок за доцнењето: • Паричните обврски кои не се исполнети во роковите; • Право на каматата; • Делумно ги намирил паричните обврски. Надзор над спроведувањето: • Финансиската инспекција во јавниот сектор.

Рок за пријавување: 16 јуни 2014 година. Аплицирај електронски / on-line За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: • работен материјал; • ручeк и освежување; • сертификат за присуство на семинарот.

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт центар: (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


четврток, 12 јуни 2014, Бр. 183

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар: КАЗНИ И ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА „Глоби за правните и одговорните лица во правните лица согласно Законот за работни односи (ЗРО), Законот за безбедност и здравје при работа (ЗБЗР) и Законот за инспекција на трудот (ЗИТ), основани причини за поведување на прекршочна постапка, надлежни за водење на прекршочна постапка и исход од прекршочна постапка, работа со скратено работно време во посебни услови и посебни случаи, сезонска работа,посебни договори за вработување со деловни лица и куќни помошнички, услови за склучување договор за варботување и начин на престанување, дисциплинска постапка согласно закон, постапка пред отказ на договорот за вработување поради вина на работникот“ Предавачи: • Миле Стојановски, државен советник во Министерството за труд и социјална политика и • Злате Стојановски, раководител на Одделение за работни односи при Државниот инспекторат за труд.

24.6.2014 година, 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Пријавување до 20.06.2014 година. Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт центар: (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

28

четврток, 12 јуни 2014, Бр. 183

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

25.6.2014 година, 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Семинар: „УТВРДУВАЊЕ И НАПЛАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ДАНОЦИ, ТАКСИ И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ”

ПРОГРАМА I. ЈАВНИ ПРИХОДИ • Jавни приходи под јурисдикција на единиците на локалната самоуправа, нивна основна функција и облици; • Структура на приходите и нивна класификација; • Законски и подзаконски основи за прибирање на приходите во единиците на локалната самоуправа (ЕЛС).

Предавач: Александар Георгиевски, магистер по економски науки. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Пријавување до 23.6.2014 година. Аплицирај електронски / on-line

II. ФИСКАЛНИТЕ ПРИХОДИ КАКО ОСНОВЕН ИЗВОР НА ПРИХОДИ ВО ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА Контакт: Анита Митревска • Локални даноци; Тел: ++ 389 2 3244057 • Локални такси; Факс:++ 389 2 3244088 • Локални надоместоци; Контакт Центар : (02) 15015 • Приходи од сопственост; E-адреса: anita@mchamber.mk • Приходи од персонален данок на доход и ДДВ. III. ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ • Данок на имот; • Данок на наследство и подарок; • Данок на промет на недвижности. IV. УТВРДУВАЊЕ ПАЗАРНА ВРЕДНОСТ НА НЕДВИЖЕН ИМОТ • Примена на Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижен имот; • Новини во Законот за данок на имот, Законот за процена, Законот за градежно земјиште. V. УТВРДУВАЊЕ И НАПЛАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ДАНОЦИ, ТАКСИ И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ • Основни принципи во постапката на утврдување на даноци, такси и други надоместоци; • Редовна наплата на даноците, таксите и другите надоместоци; • Присилна наплата на даноци, такси и други надоместоци.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


четврток, 12 јуни 2014, Бр. 183

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар: „ПРАВАТА 27.6.2014 година, 10:00-16:00 часот на Македонија, НА ДАНОЧНИОТ ОБВРЗНИК, ПОИМ Стопанскасалакомора 1 на 5-ти кат И СОДРЖИНА НА ДАНОЧНО-ПРАВЕН ОДНОС ПРИ ВРШЕЊЕ НА КОНТРОЛА, ДАНОЧЕН НАДЗОР, ДАНОЧНИОТ ПРЕКРШОК ВО УПРАВНАТА ПОСТАПКА И ОДМЕРУВАЊЕ НА ДАНОЧЕН ПРЕКРШОК” ПРОГРАМА I. ЗАКОН ЗА ДАНОЧНА ПОСТАПКА • Начела на даночната постапка; • Начело на утврдување на фактичка состојба; • Поим и содржина на даночно-правен однос; • Управата за јавни приходи во даночната постапка; • Општи одредби за застапување; • Обврска за исполнување на даночен долг; • Настанување и престанок на даночен долг. II. ДАНОЧНА ПОСТАПКА, ДАНОЧЕН ДОЛГ • Општо за даночната постапка; • Утврдување на данок; • Присилна наплата; • Даночен акт и даночен управен акт; • Форма и содржина на даночни акти и даночни управни акти; • Доставување на даночен управен акт; • Деловни книги и евиденции; • Обврски за водење на деловни книги и евиденции; • Општи начела за водење на сметководство и евиденции; • Книжења и други евидентирања; • Учество на даночните обврзници во утврдување на фактичката состојба; • Утврдување на факти; • Финансиско-сметководствена форензичка анализа; • Утврдување на данок; • Надворешна контрола; • Начела на надворешната контрола; • Обврски за соработка на даночниот обврзник; • Завршен разговор; • Записник од извршена надворешна контрола; • Реализација, доспеаност и плаќање на данок; • Постапка по жалба; • Право на поднесување на жалба; • Надлежен орган за одлучување по жалба; • Управен спор; • Прекршочен орган и начин на работа на прекршочниот орган; • Прекршочни одредби.

III. ЗАКОН ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИ ПЛАЌАЊА • Регистрирање на готовински плаќања; • Даночни обврзници кои вршат промет на добра и промет на услуги. IV. ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА • Даночна прекршочна постапка; • Процесна постака; • Управна постапка пред Управниот суд. Предавач: м-р Едита Наскова, судија во Управен суд на Република Македонија. Интересна група за семинарот се директорите/раководителите на финансиско-сметководствените сектори во компаниите, вработените во компаниите задолжени за финансиско работење и други заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на советувањето. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Пријавање до 25.6.2014 година. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


30

БИЗНИС ИНФО

четврток, 12 јуни 2014, Бр. 183

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Компанија од Босна и Херцеговина бара градежни компании од Република Македонија да учестуваат во изградба на болница во Либија, но под услов да имаат банкарска гаранција. Валидност дo: 4.9.2014 година

конструкции на далноводи и телекомуникациски столбови во Република Македонија. Валидност дo: 4.8.2014 година

Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на електронска комуникациска опрема, електроника во Компанија од Чешка областа на телекомуникациите, заинтересирана е да пласира специјализирана електроника во Република Македонија за осветлување во индустријата дизел манипулатор наменет за и автомобилски резервни рударство. Валидност дo: 4.8.2014 година делови. Валидност дo: 4.8.2014 година Компанија од Полска заинтересирана е да пласира Компанија од Турција бара дистрибутер во Република структурни елементи Македонија за пласман на за железнички возила, машини за пакување со земјоделски машини и затегнување. конструкции на мостови, покриви за стадиони, спортски Валидност дo: 4.8.2014 година сали и аеродроми, како и

Чешка компанија е заинтересирана да пласира во Република Македонија уреди за локализација и систем за следење и откривање каде живеат лица во урбана средина. Валидност дo: 7.8.2014 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на материјали за пакување кои се користат за пакување на храна, средства за чистење и хигиена, агрохемиски препарати, медицински и фармацевтски препарати и за пакување подароци. Валидност дo: 7.8.2014 година Компанија од Грција бара соработка со компании во Република Македонија кои произведуваат бојлери и


четврток, 12 јуни 2014, Бр. 183

БИЗНИС ИНФО

31

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА материјали - суровини за нивна изработка, метални и лимени делови. Валидност дo: 7.8.2014 година Компанија од Полска бара соработка со компании од прехранбената, фармацевтската и хемиската индустрија во Република Македонија за пласман на пластична амбалажа за пакување производи. Валидност дo: 7.8.2014 година

Компанија од Литванија нуди контролни системи во болници за пренос на медицински гас под притисок од изворот на гас, со можност за затворање на одредени точки за регулација на притисокот. Валидност дo: 8.8.2014 година

Компанија од Грција заинтересирана е да соработува со компании во Република Македонија кои се занимаваат со монтирање на лифтови и елеватори. Валидност дo: 9.8.2014 година

Компанија од Франција бара соработка во областа на Компанија од Франција бара соларна енергија со понуда соработка во областа на на фотоволтаични панели соларна енергија. Валидност дo: 8.8.2014 година и системи во Република Македонија. Валидност дo: 9.8.2014 година Компанија од Литванија бара Компанија од Италија бара дистрибутер за пласман на дистрибутер во Република импрегнирани производи даски Македонија за пласман на за изградба, фасади, тераси и пакувана органска храна, подови произведени од бор, богата со растителни влакна, смрека и ариш во Република витамини и минерали. Валидност дo: 7.8.2014 година Македонија. Валидност дo: 8.8.2014 година Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Контакт: Македонија за пласман на Мирјана Коцева фотоволтаични панели. Тел: (02) 3244-035 Валидност дo: 8.8.2014 година Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk

www.mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Бизнис ИНФО број 183, 12.6.2014 by Economic Chamber of Macedonia - Issuu