Skip to main content

Бизнис ИНФО број 210, 12.02.2015

Page 1

БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642

bsi.

ISO 9001

Quality Management

goodini

192

FS 549642

2 - 2014

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Број 210

www.mchamber.mk

12.02.2015

МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ СЕ ВКЛУЧУВААТ ВО ЕДИНСТВЕНИОТ И СВЕТСКИ ВАЛИДЕН СИСТЕМ НА ЗАШТИТА

Од 1 јули 2015 година ќе се применува новиот систем за одбележување на хемикалиите


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

Semejna kompanija

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО

НА БЕРЗАТА И ЛАНИ МОЖЕШЕ ДА СЕ ЗАРАБОТИ Статистички гледано 2014 беше многу подобра во однос на 2013, а би дополнил и од 2012, како на ниво на вкупен промет, така и во тргувањето во „бест“ системот. Само кратко, вкупниот промет по сите основи е зголемен за значајни 169 проценти што се должи, меѓу другото, на големата јавна понуда на „Арчелор Митал“. Зголемувањето е значајно и кај блок-трансакциите, за околу 90 отсто, но и тука треба да се имаат предвид малкуте блок-трансакции во 2013. Најсуштествениот елемент е да се следи тргувањето во „бест“ системот, посебно со акциите, бидејќи примарно на Македонската берза се тргува со акции. И тука порастот е значајни 42 проценти. Прометот во „бест“ системот со акции беше речиси 2 милијарди денари, а во 2013 околу 1,4 милијарди, значи порастот е вкупно околу 600 милиони денари. Тој пораст се должи пред се’ на значајно зголемување на прометот кај неколку главни хартии што се тргуваат во „бест“ системот, а тоа според процентуалното учество во 2014 година се Комерцијална банка, Алкалоид, Макпетрол, Македонски телеком и Гранит. Тие пет хартии во апсолутна вредност имаат зголемување на прометот за 652 милиони денари, значи тој промет е фактички дуплиран. Овие пет хартии од вредност учествуваат со 67 отсто во прометот во „бест“ системот. Комерцијална банка со 30 отсто, Алкалоид со 17, Макпетрол со осум, Македонски телеком со 6,4, а Гранит со 4,9 отсто. Така што, тоа е една од највпечатливите карактеристики во тргувањето на Берзата во 2014. Пазарната капитализација на крајот на годината изнесуваше 101 милијарда денари, тоа е околу 1,6 милијарди евра или околу 20 отсто од БДП. Инаку, во текот на годината вкупно се истргувани 211 хартии од вредност, со просечен дневен промет во „бест“ системот од околу 165 илјади евра. Сите статистики покажуваат дека, освен на најголемите берзи, на повеќето други има релативно висока концентрација на прометот, како и кај нас, на одреден број хартии од вредност. Така, за да кажеме дали движењата на берзата се одраз на општите макроекономски движења во економијата, мора да се направи анализа колку главните акции на берзата се репрезентативен одраз на тоа што се случува во целата економија. Кај нас на Берзата неколку сегменти воопшто не се застапени, а последните години се значајни учесници во БДП, како странските директни инвестиции. Второ, со битни делови од енергетскиот сектор, па и со други извозно ориентирани компании, не се тргува на берзата. Од друга страна, кај најтргуваните акции кај нас или оние што го сочинуваат берзанскиот индекс, инвеститорите внимателно ги следат финансиските резултати, дали се дели дивиденда итн., така што вложувањата се базираат примарно на тоа што се случува во компаниите, а тоа е производ и на случувањата на макроекономски план. Понатаму, во светот, а и кај нас се покажува дека кога берзанското тргување е во некоја попасивна фаза, а ние сме во таква фаза веќе извесно време, добрите макроекономски показатели не се толку голем дополнителен лост за интензивирање на тргувањето. Кога берзанската конјуктура е во експанзија, бидејќи постои поголем оптимизам, тогаш инвеститорите многу полесно ги вградуваат добрите макроекономски показатели во цените, со што дополнително го зголемуваат оптимизмот на пазарот и ценовните нивоа. (Иван Штериев, главен извршен директор на Македонската берза во „Утрински весник)

ПРОДАЖБАТА ЗАВИСИ И ОД ИЗГЛЕДОТ НА РАФТОВИТЕ И ИЗЛОЗИТЕ Рафтот или пак излогот во продажното место се издвојува како важен медиум од причина што истиот претставува иницијална точка на котакт помеѓу производот и потрошувачот. Факт е дека околу 70% од потрошувачите одлуката за купување ја прават во моментот на пазарење најчесто пред рафтот. Во овој контекст изложеноста или поставеноста на производот на рафтот има водечки ефект врз одлуката на потрошувачот дали да го купи производот или не. Во продажните места каде што потрошувачите сами се послужуваат, а таквите продажни места денес се најчести, единсвен продавач е рафтот, па затоа организацијата на рафтот и поставеноста на производите дирекно влијаат на потрошувачката односно на профитот. Од друга страна пак истите овие фактори дирекно влијаат врз задоволството на потрошувачот, на куповната одлука и наcome back стратегијата. Не би сакала да бидам категорична и да кажам дека рекламите по ТВ или печатените медиуми немаат никаков придонес врз куповната одлука на потрошувачот. Но стојам зад фактот дека рафтот се издвојува како најважен медиум што значи дека информацијатаза одреден производ без разлика дали е тоа нов производ, намалена цена или слично може да ја добиеме од ТВ или печатени медиуми и истите да ни го привлечат вниманието или пак зголемат интересот, но тие во целост нема да не убедат да го купиме производот. Местото на продажба односно рафтот е тивок продавач кој ја одигрува последната улога бидејќи потрошувачот одлуката дали да го стави производот во својата кошница ја прави токму пред рафтот. (Билјана Костов Жежовска, сопственик на компанија „МаркетO Солушнс“, специјализирана за уредување на излозите и рафотвите во продавниците за „Фактор“)


БИЗНИС ИНФО

4

четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

АКТУЕЛНО Од 1 јули 2015 година ќе се применува новиот систем за одбележување на хемикалиите

МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ СЕ ВКЛУЧУВААТ ВО ЕДИНСТВЕНИОТ И СВЕТСКИ ВАЛИДЕН СИСТЕМ НА ЗАШТИТА Досегашниот систем на одбележување на хемикалиите (тнр. Портокалов) завршува на 1 јули 2015 година, по што ќе се применува новиот, единствен и валиден на светско ниво, систем за одбележување на хемикалиите, беше кажано на денешната средба со новинарите во Стопанската комора на Македонија. Новиот систам за одбележување на опасните хемикалии ќе ги надмине досега присутните разлики во означувањето со што, секако, ќе се обезбеди намалување на ризикот со нивното управување, - истакна м-р Лидија Савиќ, раководителот на Секторот за хемикалии при Агенцијата за лекови. Со оглед дека станува збор за комплексен систем, при којшто се врши промена на основната хемиска супстанца која се користи во производни процеси, односно замена на токсични хемикалии со помалку токсични, истото ќе бара и дополнителни инвестиции кај индустријата. Поради тоа, беше даден период на приспособување од 6 години, - истакна Лидија Савиќ. Но, доследната и успешна примена на овие регулативи од страна на производителите, увозниците, корисниците и дистрибутерите кои доставуваат супстанции или смеси класифицирани како опасни според нивните особини, е неопходна за намалување на ризикот од нивна употреба врз животната средина и врз здравјето на луѓето. Комплексноста на целиот систем за менаџирање со хемикалиите налага подолг транзиционен период за негова примена. Првиот систем за контрола на хемикалиите – REACH-регулативата во светот и во Европа е донесен во 2006 година, а по две години следува системот на класификација, пакување и означување на сите хемикалии, при што нивната целосна примена се очекува да заврши во 2018 година. Во националното законодавство транспонирани се преку 90% од овие регулативи, а целосната примена е планирано да заврши до 2020 година. Зорица Мешкова

САМО ЗАЛИХИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ДОИСКОРИСТАТ - Хемикалиите со старите ознаки кои се во залиха, ќе може да се доискористат, но се што ќе биде увезено или произведено по 1 јули 2015 година, мора да биде со новите ознаки, вели Лидија Савиќ од Агенцијата за лекови. Штетните хемикалии се присутни во речиси сите стопански сфери, градежништвото, текстилната индустрија, козметиката, детските играчки,.... Системот за нивно управување кај нас е воведен во 2009 година и свеста кај бизнисот е релативно висока. Како што нагласи Савиќ, помалку запознаени се можеби малите претпријатија, но и тие, преку најразлични обуки, се подготвуваат за претстојната обврска. - Македонија е генерално увозно зависна од производите кои содржат штетни хемикалии, но добар дел и тука се произведуваат. Поентата од системот за управување е веќе доловена. Останува да се имплементира во целост за што се еднакво одговорни и компаниите и законодавците, посочи Савиќ. Анализите покажуваат дека исфрлањето на штетните хемикалии од производството ќе значи комплетна промена на некои производни процеси што за фирмите ќе претставува дополнителен трошок.


четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

БИЗНИС ИНФО

5

ПОДВЛЕЧЕНО

Скенирај и дознај повеќе

M

C

N IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

A

Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E

S

E


6

БИЗНИС ИНФО

четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

ФОКУСИРАНО Делегација од Стопанската комора на Македонија на работни средби со Хрватската Стопанска комора

ЗАЕДНИЧКА ЦЕЛ Е УНАПРЕДУВАЊЕ НА ДЕЛОВНАТА СОРАБОТКА МЕЃУ СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ

На 9 и 10 февруари 2015 година делегација од Стопанската комора на Македонија, предводена од претседателот на Комората, г-дин Бранко Азески, оствари средби со претседателот на Хрватската стопанска комора, г-дин Лука Буриловиќ, како и со претседателите на Регионалните комори на Ријека и на Пула. На средбите се разгледуваше можонста за унапредување на деловната соработка помеѓу стопанските комори, пред се, и поради фактот што Хрватска, како што нагласи претседателот Азески, е еден од најзначајните трговски партнери на Република Македонија од регионот. Претседателите на стопанските комори на Македонија и на Хрватска изразија волја да ги задржат традиционално добрите партнерски односи меѓу коморите и да ја унапредат взаемната меѓукоморска комуникација на сите нивоа. Во текот на 2015 година, согласно утврдените заклучоци од средбата, ќе се организираат секторски деловни средби и бизнис-форуми меѓу македонските и хрватските компании, особено од секторите во кои постои најголема потреба и интерес за соработка: металната и електро-индустријата, металургијата, прехранбената индустрија и винскиот сектор. Во таа насока делегацијата од Стопанската комора на Македонија беше составена од претставници токму од наведените сектори. Се разгледа и можноста за размена на стручни лица од двете комори, како модел на поврзување и подобрување на соработката во наредниот период. Делегацијата на Стопанската комора на Македонија беше во посета и на Регионалната комора со седиште во Ријека, каде беше остварена средба со г-дин Видоје Вујиќ, претседател на Регионалната комора со седиште во Ријека и г-ѓа Јасна Јаклин Мајетиќ, претседател на Регионалната комора со седиште во Пула. На средбата се истакна потребата од поинтензивна соработка меѓу коморите на регионално ниво, посебно во делот на заеднички проектни активности, како и размена на искуства заради унапредување на едукативните активности кои ги спроведуваат Коморите за своите членки. Исто така, Коморите во наредниот период ќе ја интензивираат соработката во делот на анимирање на членките за учество на саемските манифестации од соодветните региони, кои се во организација или ко-организација на коморите на Ријека и Пула, како и во делот взаемно информирање за учество на разни видови настани (конференции, тркалезни маси) од регионален и меѓународен карактер, на значајни теми кои се од интерес за стопанството. Голем дел од македонските компании имаат соработка со компании од Приморско-горанската и Истарската жупанија, но постои


четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

БИЗНИС ИНФО

7

ФОКУСИРАНО простор за проширување на соработката – истакна претседателот Азески. Отварање на редовна авионска линија Скопје – Ријека би била од интерес за економиите на двете земји, изјави Видоје Вујиќ, претседател на РК Ријека. За време на деловната посета, беа посетени поголемите островски винарии на островот Крк, како пример за успешни компании од регионот на Ријека, при што делегацијата од Македонија имаше можност да види успешен пример за организирање и работа на земјоделска задруга во винската индустрија. Исто така, делегацијата ја посети Кончар ДОО – метални конструкции, како најголема успешна извозно-ориентирана компанија од Загреб.

РАСПРАВА ПО ОДРЕДЕНИ ЗАКОНСКИ ПРОПИСИ

Регионална комора со седиште во Скопје

Регионалната комора со седиште во Скопје, на седницата одржана на 11.02.2015 година го разгледа пакетот на предложени измени и дополнувања на законите со кои се уредуваат задолжителното социјално осигурување и здравственото осигурување, за кои е предложено донесување во скратена постапка (Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Предлогот на Законот за изменување на Законот за работните односи, Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и Предлогот на Законот за изменување на Законот за здравственото осигурување). Се утврди дека предвидениот законски режим за пресметка и уплата на придонесите остварени по основ на договор за дело, авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршена работа за лице кое остварува приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, уредени со наведените законски прописи, и повеќе од еден месец од започнувањето на нивната примена предизвикува правна несигурност и проблеми во остварувањето на секојдневното работење на деловниот сектор. За таа цел, Регионалната комора со седиште во Скопје, на денешната седница донесе заклучок да се поднесе иницијатива до надлежните државни органи, со која се укажува дека примената на овие норми предизвикува потешкотии за деловните субјекти во исполнувањето на обврските согласно наведените законски прописи. Со иницијативата ќе се укаже на потребата да се прецизира механизмот со кој се уредува обврската за плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и здравствено осигурување, поради што е потребно да и се остави на бизнисзаедницата доволно време активно, со свои предлози и сугестии да се вклучи во креирањето на овој механизам, кој ќе покаже ефикасност и функционалност во практиката. Со поднесената иницијатива ќе се побара да биде спроведена сериозна реформа на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, согласно модерните стандарди на живеење, како и да биде спроведена сериозна реформа на Фондот за здравствено осигурување, при што потребно е да се донесе минимален пакет на уплата и користење на услуги, како и да се предвиди систем на скалести уплати и права кои произлегуваат од истите, согласно висината на уплатата на месечно ниво.


8

БИЗНИС ИНФО

четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

ЗДРУЖЕНИЈА Здружението на комуналните дејности бара да се одложи примената на Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за јавни службеници во јавните комунални претпријатија

ПОМЕСТУВАЊЕ НА СТАРТОТ ЗА ЕДНА ГОДИНА ЗА ДА СЕ СРЕДАТ НЕДОРАЗБИРАЊАТА

Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија, на денешната седница дискутираше за проблемите во имплементацијата на Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за јавни службеници, чија примена почнува на 13.02.2015 година. Претставниците на компаниите од комуналниот сектор, како и од водостопанските претпријатија алармираат дека иако за два дена почнува примената на овие закони, тие не можат да постапат по законите поради неколку проблеми. Овие закони се спорни поради тоа што многу доцна после најавениот рок се објавени каталогот за работни места и подзаконските акти, а за поголемиот дел на вработените во јавните комунални претпријатија нема валоризација на работните места. Новиот Закон за плати се` уште не е стапен на сила. За водостопанските претпријатија проблем е што нивно матично министерство под кое функционираат е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а таму не се предвидени со категоризацијата на работни места. Како дополнителен проблем на состанокот беше посочено дека јавните комунални претпријатија се регистрирани од општините и се финансираат од цените на услугите што ги нудат, односно не се финансираат од страна на државата. Оттука, според нив нелогично е да бидат третирани во ист кош со сите вработени во државните установи. Инаку, на состанокот беа присутни и претставници на Министерството за информатичко општество и администрација, кои на присутните претставници од комуналните и водостопанските фирми им посочија дека Законот нема да се одложи, дека тие ќе мора да го приспособат своето работење на двата нови закона, а за делот на валоризација на работите места ги упатија да ги договараат со министерствата за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство. Сепак, тие оставија простор дека во следниот период ќе има можност за организирање работилници и семинари, во насока на допрецизирање на недореченостите и нејаснотиите, а оставена е можност и за корекции во каталогот на работни места, во од, како ќе бидат пријавувани одредени проблеми. Сепак, на крајот на состанокот беше донесен Заклучок, Здружението на комуналните дејности официјално да побара одложена примена на Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за јавни службеници во комуналните претпријатија за една година. За јавните водостопански претпријатија, пак се заклучи да се побара под итно заеднички состанок со претставници од Министерството информатичко општество и администрација и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со цел да се предочи на ситуацијата во која се наоѓаат овие јавни претпријатија. Даниела Михајловска Василевска


четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

БИЗНИС ИНФО

9

ЗДРУЖЕНИЈА

ЗАЛОЖБИ ЗА КВАЛИТЕТНА ГРАДБА И ПОГОЛЕМА КОНТРОЛА НА УВЕЗЕНИТЕ ПРОИЗВОДИ

Здружение на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите

Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите, на седницата одржана на 10.02.2015 година, расправаше за движењата и состојбите во градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите во изминатата 2014 година и видувања за 2015 година. Притоа, беше истакнато дека, според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на компаниите од градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите бележи континуиран пораст. Kомпаниите од градежништвото учествуваат со 6%, или вкупно компаниите од градежништвото и производството на градежни материјали и неметалите, како и проектирањето и испитувањето на материјалите учествуваат

околу 9,0% во вкупно активните комапнии на ниво на земјата. Учеството на вработените од градежништвото во вкупно вработените на ниво на земјата изнесува 7,4%, а со индустријата на градежни материјали и неметалите учеството изнесува 8,4%. Кај градежништвото во последните години има зголемување на бројот на вработени и ако се спореди 2014 година со 2013 година зголемувањето изнесува околу 7,3%. Вредноста на извршените градежни работи во Република Македонија во периодот јануари - ноември 2014 година изнесува 20 227 616 илјади денари, што е за 7,3% помалку во споредба со истиот период од претходната година. Извршените ефективни часови во периодот јануари - ноември 2014 година се зголемени за 10,2% во споредба со истиот период од претходната година. Станбената изградба бележи континуиран пораст и во последните две-три години, просечно се градат по околу 6.500 стана. За 2014 година издадени се одобренија за градење на 5.618 станови што говори како податок дека интересот за градење на станови и понатаму продолжува. Покрај новоизградените станови во наредниот период посебно внимание ќе се посвети и на реновирање на станбените згради и куќи, со цел подобрување на енергетската ефикасност кај становите.


10

БИЗНИС ИНФО

четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

ЗДРУЖЕНИЈА

Индустриското производство кај вадење на други руди и камен за цела 2014 година бележи зголемување од 8,4%, а кај производство на други неметални минерални производи има зголемување од 5,8%. Вадење на други руди и камен и производство на други неметални минерални производи, во структурата на индустриското производство учествува со 7,5%, со бројот на компании со околу 0,6% и со околу 1,0% во вкупно вработените на ниво на земјата. Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари-декември 2014 година изнесува 4.933.845 илјади САД долари, а на увозот 7.276.729 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извозот е 67,8%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2014 година изнесува 2.342.884 илјади САД долари. Најзастапени производи во извоз се мермерни блокови и мермерни плочи, гипс и производи од гипс, портланд цемент, огноотпорни тули и огноотпорни малтери, керамиди, доломит и бентонит. Најзастапени производи во увозот се гасена и негасена вар, портланд цемент, мермер, огноотпорни тули и малтери, керамички тули, керамиди, неглазирани и глазирани керамички плочки, волна од згура и друго. Во обемната дискусија беа потенцирани повеќе прашања и проблеми со кои се соочуваат компаниите, а посебно беше нагласена меѓусебната неусогласеност на повеќе законски прописи, кои директно влијаат во тековното работење на компаниите, потоа недоволната контрола на увезените производи наменети и за градежништвото. Заради покренати повеќе иницијативи за кои треба да се информираат и надлежните институции, заклучено е да се расправа на одделни теми како што се Законот за ДДВ – да не се менува стапката кај становите, да се види дали може да се намали стапката кај дел од услугите, потоа расправа со предлози да се надмине неусогласеноста на некои закони и нивно преиспитување и друго. Посебно беше истакната и примената на одредба од Законот за минерални суровини, каде од 1 јануари 2015 година се задолжуваат фирмите концесионери електронски да ги пријавуваат сите товарени минерални суровини кои излегуваат од рудникот во УЈП, а од страна на државата не се донесени соодветни подзаконски акти, а, сепак глобите за непочитување на оваа одредба се доста високи. Градежниците се залагаат да се врати институцијата – конкурс во архитектурата, со што уште повеќе ќе се зајакне натпреварот на идеи и ќе се добиваат квалитетни и современи архитектонски решенија. Марија Петроска


четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

БИЗНИС ИНФО

11

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

ПРЕДЛОЗИ bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL

ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL

ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач


БИЗНИС ИНФО

12

четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

ЗДРУЖЕНИЈА

Металната и електроиндустријата со добри резултати

ИЗВОЗОТ ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕН И ПРЕМИНА НАД 1 МИЛИЈАРДА АМЕРИКАНСКИ ДОЛАРИ

Металната и електроиндустријата во изминатиот период продолжија со позитивни трендови во делот на производството и размената со странство, беше истакнато на седницата на Здружението одржана на 6.02.2015 година. Индустриските гранки од овој комплес го зголемија учеството во БДП на 4,9%, во структурата на физичкиот обем на индустриското производство на ниво на индустијата и рударството овие гранки учествуваат со 10,9%, во вкупниот извоз на земјата со 22,54% и во вкупниот број на вработени со околу 2,2 %. Над 80% од производството се пласира во земјите на ЕУ, поранешните ЈУ-републики, Југоисточна Европа, САД и во други земји, а останатиот дел на домашниот пазар. За 12 месеци од 2014 година во однос на истиот период од 2013 година во сите гранки од овој комплекс забележано е зголемување на производството и извозот. За 11-те месеци од 2014 година остварен е извоз во вредност од 1.023.893.263 САД долари, што претставува зголемување од 100 % во однос на 2013 година. Зголемувањето на извозот се должи на активностите на компаниите кои стопанисуваат во слободните индустриски зони, пред се` од областа на производство на електрична опрема, производство на машини и уреди и производство на моторни возила. Расправајќи за програмските активности на Здружението во 2015 година, се констатира дека истото треба да се вклучи во целокупните активности на Комората во насока да се зголеми конкурентноста на македонските компании, а со тоа и конкурентноста на македонската национална економија. Треба итно да се зајакне основата на индустријата со цел да се овозможи одржлив раст на вкупната економија, создавање повисоки вредности на економските активности и решавање на општествените предизвици со кои се соочува. Во расправата посебно беше потенцирана потребата да се изготви национална стратегија за развој по разни видови на бранши, да се обезбеди еднаква системска поддршка (даночни олеснувања, царински олеснувања, помош со покривање на дел од оправданите трошоци за отворање нови работни места и за усовршување на вработените, поврзани со вложувањето) за домашните и за странските инвестиции, изменување и дополнување на Законот за приватизација на градежно земјиште во делот на комунални трошоци и др. Војкан Николовски


четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

БИЗНИС ИНФО

13

ЗДРУЖЕНИЈА

НЕОПХОДНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО МОДЕРНИЗАЦИЈА НА КАПАЦИТЕТИТЕ И ПРОМОВИРАЊЕ НА СОПСТВЕНИ ПРОИЗВОДИ

Здружение на текстилната индустрија и конфекцијата

Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата при Стопанската комора на Македонија, на состанокот одржан на 5.02.2012 година, расправаше за тековните состојби и движења на текстилната индустрија, на кој беше истакнато значењето на оваа дејност за целокупното стопанство на земјава. На состанокот беше подвлечено дека производството на текстилни производи во последните 10-тина години, во однос на 2005 година, бележи негативна тенденција, како кај производството на текстилни ткаенини, така и кај производството на облека. Според податоците за индустриското производство за единаесет месеци од 2014 година споредено со истиот период од 2013 година, кај производството на текстилни ткаенини има зголемување на производството за 8,2%, а додека кај производството на облека има зголемување од 4,8%. В к у п н и о т вредносен извоз на текстилната индустија од година во година се зголемува, од 357 милиони САД долари во 2000 година, достигна 766 милиони САД долари во 2008 година, во 2010 година извозот изнесува приближно 620 милиони САД долари, a во 2011 година извозот изнесува 720 милиони САД долари, со што учеството на извозот од текстилната индустрија во вкупниот извоз опаѓа од 30,9% во 1998 година на 17% во 2011 година. Во првите 11 месеци од 2014 година извозот изнесува 687,2 милиони САД долари и учествува со 15,1% од вкупниот извоз на државата. Исто така, увозот на текстилни производи во последните 10 години нагло се зголемува. Во 2007 и 2008 година, увозот на текстилни предива и ткаенини е значително зголемен. Во 2013 година увозот изнесува 553,4 милиони САД долари, а во единаесетте месеци од 2014 година 551,4 милиони САД долари, за увоз на репроматеријали кои се доработуваат во земјава и потоа се извезуваат како облека. Еден од клучните фактори за развојот на текстилната индустрија поради нејзиниот трудоинтензивен карактер претставуваат и човечките ресурси и нивните квалитативни карактеристики. Економската криза која ја зафати оваа дејност, резултира со намалување на вработените за 5.370 лица во 2010 година во споредба со 2007 година, во 2012 година има 36.072 вработени, а додека во 2013 година има само 35.348 вработени во текстилната индустрија и доколку продолжат негативните тековни состојби, голема е веројатноста дека ќе се зголемува невработеноста. Во тој контекст, како клучни проблеми кои ја оптоваруваат текстилната индустрија се следните: 1. Неопходно е намалување на царинските давачки за увоз на репроматеријали од земјите надвор од ЕУ, кои сега се 10% или пак да се изедначат со стапките на ЕУ за увоз на репроматеријали на 7,5%, со што би се зголемила конкурентноста на македонските производи во Унијата. 2. Повисоки инвестиции во модернизација на производните капацитети и промовирање на сопствени производи. Деловното окружување за финансирање обезбедува мал избор на инструменти, со релативно скапи извори на користење што се тешко достапни за повеќето текстилни фирми, така што голем број од нив сопствениот развој и тековното работење го финансираат од други извори, сопствени или туѓи, а пред се` преку „ЛОН“-аранжманите. Затоа е потребно полесен пристап до поволни финансиски извори на средства, за кои се бара субвенционирање на каматите по кредитите, како би можело дел од „ЛОН“-производството да се пренамени во класично производство наменето за извоз. 3. Намалување, односно растоварување на високите фискални, парафискални и социјални давачки при исплатата на платите кои неосновано се пресметуваат според просечната плата на ниво на државата, а не според исплатената плата.


14

БИЗНИС ИНФО

четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

ЗДРУЖЕНИЈА 4. Преземање сериозни мерки за спречување на „сивата“ економија и нелојалната конкуренција од увозот на стоки без царина за домашниот пазар по дампинг цени, шверцот на текстилни производи и нивна продажба на зелените пазари од нерегистрирани субјекти, како и подоследна примена на прописите за поседување атести и исполнување на други критерими што ги применува Европската унија во врска со квалитетот на стоките за увоз. 5. Промена во начинот на постапување со отпад настанат од царинска постапка со економски ефект. Намалување на вредноста на споредно добиените производи (отпад), настанати во царинска постапка со економски ефект, по која истите ќе се пуштат во слободен промет. Со оглед на тоа што споредно добиените производи (отпадот) ги немаат истите карактеристики и намена како увезениот материјал и главно добиените производи, се предлага во сите ситуации кога имателите на одобренија сакаат да ја применат царинската постапка - пуштање на стока во слободен промет за овој вид на производи, утврдувањето на царински долг (пресметка на царински давачки) да се врши по вредност која ќе биде во намален износ во однос на вредноста на увезениот материјал. Сашо Деспотоски

РЕДЕФИНИРАЊЕ НА ИНДУСТРИСКАТА ПОЛИТИКА СО ГЛАВЕН АКЦЕНТ НА МЕТАЛУРГИЈАТА

Здружение на металургијата

За секторот на црната и обоена металургија потребно е да се изработи стратешки документ којшто на подолг рок ќе ги дефинира насоките на развојот на оваа носечка гранка на македонската економија, беше констатирано на седницата на Здружението на металургијата, што се одржа во Стопанската комора на Македонија (5.02.2015 година). Металуршкиот сектор не би можел да забележи квалитетен развој без соодветна улога и поддршка од страна на државата и во таа насока Здружението ќе иницира изготвување на ваков стратешки документ во кој би се опфатиле црната и обоената металургија, како и индустријата со повисоки фази на доработки, односно повисока додадена вредност. Во минатата година, согласно определбата за проблемски, тематски приод во третирање на состојбите и отворените прашања во металуршкиот секторот, Здружението реализираше значителен број активности поврзани со еколошките и енергетските прашања, проблеми во одделни сегменти како лерството, компаниите од областа на градбата со огноотпорни материјали, регионални средби на актуелни теми и сл. Но значителен дел од покренатите иницијативи за отворени прашања остануваат и натаму актуелни, како што се стандардот за мазутот, воведената акциза за користење на нафтениот кокс, концесискиот надоместок, коишто трошковно ги оптоваруваат компаниите, кои во најголем дел, поради се` уште присутните движења на глобален план и ниските берзански цени на металите, во голем дел работат на границата на ретабилност. Здружението има интерес и ќе даде конкретни предлози за редефинирање на индустриската политика во државата, со цел металургијата, како главен дел во структурата на индустриското производство, да го добие соодветното место. Зорица Мешкова


четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

БИЗНИС ИНФО

15

ЕДУКАЦИЈА

КОРИСНИ ТЕХНИКИ ЗА ПРИМЕНА НА СТЕКНАТИТЕ ВЕШТИНИ ВО ПРАКСА

Воведен тренинг ден во рамките на Академијата за продажни вештини

На 4.02.2015 година во Стопанската комора на Македонија се одржа воведниот тренинг ден во рамките на Академијата за продажни вештини во соработка со „Густав Кезер Тренинг Интернешенл“ и Бизнис центарот за тренинг и обука. Учесниците имаа можност да се запознаат со методологијата на која се базираат „Густав Кезер“-тренинзите и која е призната и применета во светски рамки. Тренерот Љупчо Георгиев на уникатен начин преку практични примери и интерактивни вежби ги поттикна учесниците активно да учествуваат во тренингот, поттикнувајќи размена на свежи идеи и високо ниво на комуникација. Академијата претставува можност за комплетно, лично надградување на учесниците преку менување на начинот на размислување и начинот на кој се влијае врз другите, додека истовремено нуди корисни техники за примена на стекнатите вештини во пракса, особено во делот на продажбата што во крајна линија е од особена корист за компаниите. Промената на ставот и начинот на однесување бара време, па од таа причина Академијата е организирана во интервали. Академијата за продажни вештини содржи 5 тренинг дена распоредени во временски период од три до четири месеци (меѓу секој тренинг ден постои пауза од три недели) и контролен ден кој се одржува по два месеца од последниот тренинг ден. Паузите меѓу деновите на обуката се планирани со цел учесниците на своето работно место да го имплементираат наученото и во тој временски период да ги користат услугите на консултантот. Со наредниот тренинг ден од обуката се засилуваат ставовите во врска со предавањата, се вршат модификации на наученото согласно реалните услови на работа на учесниците, а во континуитет се следат фактичките постигнувања и се мери резултатот на учиноците пред и потоа. „Густав Кезер Тренинг Интернешенл“ е компанија основана во Цирих, Швајцарија, во 1963 година. Денес оваа компанија има претставништва во 33 земји, организира тренинзи на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 тренери. Академијата ја реализира лиценциран тренер, а учесниците по завршувањето на истата добиваат меѓународно признат сертификат. Симона Ристоска


16

БИЗНИС ИНФО

четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

ЕДУКАЦИЈА

МОЖНОСТИ ЗА ПРАКТИЧНА РАБОТА, ТРАНСФЕР НА ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ И ПРИМЕНА НА ИНОВАТИВНИ ТЕХНОЛОГИИ

Во Регионалната комора со седиште во Велес беше презентирана Програмата „Еразмус плус“

Околу 25 учесници од компании-членки на Регионалната комора со седиште во Велес и средните и основни училишта од градот учествуваа на Инфо денот како дел од новиот циклус на промотивни активности за Програмата „Еразмус плус“ (10.2.2015 година). Инфо денот беше во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Регионалната комора со седиште во Велес, а ја отвори Мери Кирова, потпретседател на Регионалната комора со седиште во Велес. - Ова е можност компаниитеодВелесдааплицираат за Програмата „Еразмус плус“, во делот на практична работа, трансфер на знаења и вештини, како и имплементација на иновативни технологии, - истакна Трајче Трајков, претседател на Регионалната комора со седиште во Велес. Презентери на настанот беа м-р Никола Јаулески и м-р Лулеса Илјази, претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, кои ја претставија Програмата на Европската комисија во делот на образованието, обуката и младите, „Еразмус плус 2014-2020“, како и иницијативите на ЕУ, „Еуропас“ и „Евридика“. Сите присутни беа охрабрени да земат директно учество во трите клучни акции наменети за учењето преку индивидуална мобилност, соработка за иновација и размена на добри практики, како и поддршка на реформата на политиките кои ги покриваат сите типови на активности. Токму програмите се со цел учесниците да се стекнат со искуства од своите колеги од цела Европа. Како Програма, „Еразмус плус“ им нуди на заинтересираните да партиципираат во друга програмска држава за учење, стажирање, предавања, воедно и да обучуваат или развиваат професионални вештини и компетенции, но и да развиваат билатерални и мултилатерални партнерства, зависно од секторот. Вкупниот буџет за „Еразмус плус“ изнесува 14,7 милијарди евра, зголемувајќи го претходно постојниот буџет за сите програми за 40% и нуди зголемени можности за учење во странство за ученици и наставен кадар. Овие проекти ќе обезбедат обука за приближно 4 милиони лица и 125.000 организации. Ирена Жарова


четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

БИЗНИС ИНФО

17

ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

ИНОВАЦИИ, НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ХИБРИДНИ СОРТИ ЈА ОТВOРААТ ВРАТАТА НА ЕВРОПСКИТЕ ПАЗАРИ

ПроКредит најави видно олеснување на пристапот до финансирање за агробизнисите

Четиринаесетте наградени агро-бизниси од ПроКредит Банка, присуствуваа на најголемиот Саем за земјоделие и храна во Европа, „Fruit Logistika“ во Берлин. Во рамки на посетата тие имаа можност да се запознаат со најновите технологии и иновации во земјоделието и да оставарат бизнис-контакти за соработка, имајќи пристап до шест илјади бизниси од целиот свет кои работат во тој сегмент. За наградените агро-бизниси ПроКредит организираше и деловна средба со петнаесет купувачи на земјоделски и прехранбени производи од Германија, заитересирани за откуп од земјите во регионот. Македонските агро-бизнисмени беа едногласни во ставот дека инвестирањето во технологија, иновации и нови хибридни сорти се вратата за успех на европските пазари. Германија ја гледаат како пазар со голем потенцијал за македонските производи, од кој особен интерес постои за јаболки, грозје, лубеница, краставица, пипрка, домат. „Од Саемот добив корисни сознанија што му треба на европскиот пазар. Ова е предизвик да се пробиваме за подобар пласман и да се вратиме со визија за инвистициите кои се потребни за да конкурираме таму“, - изјави Бубе Трајковски, од Клечовце, избран од ПроКредит Банка за најпроактивен агро-бизнис во категорија на житни култури. Европските пракси покажуваат дека формите за заштита на земјоделскиот род од природни непогоди со какви штотуку се среќаваме се одамна надминати со инвестиции во системи за управување со наводнувањето, заштитни механизми и системи за анализа на почвата. Европското земјоделство бара константно добар производ и загарантирана количина на договорените пласмани. „ПроКредит заедно со најпроактивните агро-бизниси кои ги наградивме беше присутна на Саемот во Берлин. Ние сме специјализирана Банка и ваквите настани се клучни за да ги следиме, стимулираме и финансиски да ги поддржиме бизнисите во инвестиции од европски калибар за унапредување на работата“, -’ изјави Стевче Кузмановски, директор на Секторот за мали и средни претпријатија во ПроКредит Банка. Од Банката најавуваат видно олеснување на пристапот до финансирање со поголеми износи. ПроКредит ќе кредитира преку Земјоделскиот гарантен фонд и активно поддржува здружување на земјоделците преку кредитирање на земјоделски кооперативи. ПроКредит Банка верува дека преку ваквите форми за вмрежување на македонските агро-бизниси даваат дополнителен придонес за поттикнување и поддршка на развојот на агро-бизнисот како една од најпотенцијалните гранки во македонската економија. (ПроКредит Банка)

РУДНИКОТ ЌЕ РАБОТИ 23 ГОДИНИ

Геолошкиот завод на Република Македонија проценува дека во Иловица има околу 70 тони злато и 410 илјади тони бакар

Геолошкиот завод на Република Македонија ја заврши ревизијата на елаборатот од извршените геолошки истражувања за проектот за изградба на рудник за бакар и злато кај Иловица и Штука во општина Босилово. Согласно законската обврска, со ревизијата се потврдуваат рудните резерви што претходно беа утврдени. Според геолошките истражувања, во наоѓалиштето за бакар и злато Иловица, утврдени се 237 милиони тони ресурси и резерви од 225 милиони тони руда во кои, според проценките, има околу 70 тони злато и 410 илјади тони бакар. Од овие количини, истражувањата потврдуваат искористувања од 86,5 отсто за златото и 84 отсто за бакарот. Површинскиот коп кај Иловица и Штука се предвидува да има експлоатација од 10 милиони тони руда годишно. Просечното годишно производство е проектирано на 95 илјади унци злато и 16 илјади тони бакар. Според количините на руда што ги поседува, рудникот се предвидува да работи околу 23 години. Со ревизијата заврши фазата на деталните геолошки истражувања и се исполнија сите услови за продолжување со развојот на проектот, согласно регулативите. Неодамна, преку непосредна приватна продажба, Европската банка за обнова и развој стана сопственик на 19,99 отсто во Еуромакс Рисорсис, заради инвестициски цели. Согласно плановите, рудникот за бакар и злато кај Иловица и Штука треба да стартува со работа во 2017 година. Вкупната инвестиција за развој и изградба на рудникот ќе изнесува околу 500 милиони американски долари, а предвидено е да се вработат околу 400 лица.(МИА)


БИЗНИС ИНФО

18

четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Иднината поважна од пријателствата

СРБИЈА И’ СВРТИ ГРБ НА РУСИЈА, ЕНЕРГЕТИКАТА ЈА ВРТИ КОН САД

Гасот во Србија од САД би доаѓал компресиран преку Хрватска, односно кога ќе се реализира терминал во Крк Откако Русија се откажа од проектот „Јужен поток“, Србија се врти кон американските врски за снабдување со гас. За ова разговарале премиерот Александар Вучиќ со потпретседателот на САД, Џозеф Бајден и со помошник-државниот секретар Викторија Нуланд, минатиот викенд во Минхен. Изворот на „Блиц“ од Владата на Србија открива дека „состојбите имаат максимално забрзување“. „Со Американците разговарите добиваат на брзина. Србија треба да се приклучи кон сите можни извори на гас“, изјавил изворот на „Блиц“. Гасот во Србија може да стигне преку Хрватска, односно преку Крк, кога ќе се реализира изградбата на терминалот за течен природен гас, преку кој ќе дојдат катарски, алжирски и американски танкери. Од Америка гасот би доаѓал компресиран, а со тоа ќе биде и поскап. Тој потоа би бил испорачуван во Унгарија и во земјите на Балканот. Оваа опција неодамна ја навести и амбасадорот на САД во Хрватска, Кенет Херберт, порачувајќи дека Америка смета дека Србија ќе се вклучи во проектот - гасовод преку Крк. Втората опција е гасот да стигнува преку грчко-бугарската

МАКЕДОНИЈА ПЛАЌА НАЈСКАП ГАС Белорусија - 166 Молдавија - 368 Холандија - 371 Германија- 379 Финска - 385 Унгарија - 391 Франција - 394 Австрија - 397 Турција - 407 Словачка - 429 Италија - 440 Швајцарија- 442 Србија - 457 Украина - 485 Словенија - 486 Бугарија – 501 Полска - 526 Македонија - 564 (цените се во долари за 1.000 кубни метара гас од Русија во 2013 години)

ПРОПАЃАЊЕТО НА „ЈУЖЕН ПОТОК“ ГИ ЗАТЕКНА СИТЕ Во ноември минатата година Владимир Путин објави дека Русија се откажува од проектот „Јужен поток“. Брисел цело време инсистираше дека рускиот проект мора да се придружува на европските закони, односно дека не може компанијата да има монопол, да биде и снабдувач и дистрибутер на гас. Оваа вест ги затекна српските власти, бидејќи Путин само еден месец претходно беше во Белград, но не ги извести за пропаѓањето на „Јужен поток“. Опозицијата во Србија особено ја критикува продажбата на НИС по драматично ниска цена, а Владата се уште не ја покренала темата за компензација поради отстапувањето на Москва од договорот.

интерконекција, а третата е Трансатлансткиот гасовод. Српските власти велат дека се отворени кон сите енергетски предизвици. „Важно за нас ќе биде да се поврземе со соседните земји, особено со Бугарија. Нема дилема дека во се’ ќе учествуваме“, велат од Српската влада. На средбата во Минхен Бајден порачал дека САД заедно со Европа се заинтересирани за соработка на полето на енергетиката. Вучиќ со Нуланд разговарал за енергетско поврзување и можностите на Србија за снабдување со гас. Претседателот пак, Томислав Николиќ ќе разговара со амбасадорот на Руската федерација во Србија. Свртувањето кон Американците и ЕУ за снабдување со гас може да остави тешки последици врз односите на Србија со Русија, но тоа властите не ги загрижува.


четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

БИЗНИС ИНФО

19

СВЕТСКИ ПЕЧАТ „Зошто Русија да се лути кога сама се откажа од проектот „Јужен поток“. пишува „Блиц“. Одлуката на Србија не би требало да ги налути Русите, смета Сергеј Гризунов, професор на Московскиот универзитет. „Русија е во многу тешка економска состојба и не е баш посакуван бизнис партнер“, вели Гризунов за „Блиц“. И аналитичарите сметаат дека откако пропадна проектот „Јужен поток“ нормално е сите земји да бараат алтернативи. (Блиц)

„БЕРЛИН ЕЛЕКТРИЗИРА, АМА ПО МАЛКУ“

Главниот град на СР Германија сака да стане предводник во користењето на возилата на електричен погон

* Берлин сака да стане предводник во користењето на возилата на електричен погон. Но, засега тие планови се недостижни, пред се’ поради недоволната инфраструктура. „Берлин електризира“ - барем така тврдат градските власти во најновата брошура, која ја најавува преобразбата на Берлин во светска метропола на еколошкиот транспорт до 2020. „Всушност, Берлин како растечка метропола би можел да одигра главна улога во воведувањето на електричните возила“, вели берлинската министерка за транспорт, Корнелија Изер. Малку електрични возила Но, се’ уште по улиците на Берлин и Германија, се возат занемарлив број на автомобили на електричен погон. Во средината на оваа година, во Берлин беа регистрирани само 1.350 возила на електричен погон, од тие, само стотина во возниот парк во градот. Вкупно во градот се регистрирани 1,3 милиони возила. И покрај овие мали бројки, Берлин е, барем што се однесува на Германија, далеку пред останатите градови. Претприемачот Кнут Хештфишер би требало да работи на зајакнување на мрежата за полнење на електронските автомобили, но, засега од градот нема „јасни сигнали“. „Сѐ почна многу бомбастично пред две години, но, на тоа и остана“, вели Хештфишер. Единствено нешто кое засега не недостасува се експериментални проекти: 30 веќе започнаа, се подготвуваат уште 50. Електричната мобилност се’ уште непозната

Министерката за екологија барбара Хендрикс со електроавтомобил На прво место на главните задачи на електроиницијативата е да се електрифицираат сите возила во градскиот сообраќај, како и кај компаниите кои, поради логични причини зависат од сообраќајот. Се размислува и за воведување на бесплатно паркирање за автомобилите на електричен погон. Во поглед на инфраструктурата, постигнат е еден мал успех. Разни понудувачи на електрична енергија се договорија за еден вид „електро роаминг“, каде корисниците би можеле во иднина да плаќаат со единствена картичка. Во центарот на Берлин постои и од градот финансирана канцеларија, каде граѓаните можат на лице место да испробаат како е да се вози на пример, мопед на електричен погон. Уличните светилки - полначи Но, додека медиумската презентација „Берлин, град на електричен погон“ уште и успева, компаниите кои би требало да учествуваат во проектот прилично доцнат со барањата за субвенции. Претприемачот Хештфишер вината ја фрла на градските власти кои, како што вели, поставуваат „високи бирократски препреки“ што предизвикува одложување на изградбата на инфраструктурата. Целта по која веќе оваа година околу градот требаше да бидат поставени 1.600 станици со полначи, нема да биде остварена ниту до крајот на 2015. Притоа, една идеја која беше понудена од компанијата „Ubitricity“, би можела да го реши градот од скапата изградба на инфраструктурата. Оваа компанија дошла до идеја како да ги прилагоди постоечките столбови за јавно осветлување на полнењето на автомобилите. На тој начин, со малку инвестиција градот би добил 227.000 станици за полнење на електричните автомобили. Но, на градските власти оваа идеја им се чини премногу смела, бидејќи досега не е испитана во јавната употреба. Многу критичари предлагаат дека, со тоа, градот сложно би требало да го промени „Берлин електризира“ во „Берлин електризира, по малку“. (ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)


20

БИЗНИС ИНФО

четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!

АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY ДАЛИ ОБУКИТЕ КОИ СТЕ ГИ П

МЕРЕЊЕ НА РЕЗУЛТАТОТ Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена ПРЕ потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот. ДАЛИ САКАТЕ ДА ИМАТЕ КОН

Вод АШЕТО Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој методРЕАЛНА на обука, ПОТРЕБА која вклучуваНА микс техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде ДАЛИпотреба. ПРОГРАМАТА КОЈА СЕ достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависностод Вашата

РЕЗУЛТАТИ И КАЈ УЧЕСНИЦИТ Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена ПРИДОНЕСЕ И ЗА ВАШИОТ РА и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и Дозволете да придонесеме за светски компании.

Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас.

АКАДЕМИЈА ЗА П

-SALES

Предавач: Љупчо Георгиев, директор на „Густав Кезер Тренинг Интернационал Македонија“, лиценциран тренер со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од Кр 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи. Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија. Уписите за обуката се во тек.

дол вра доп пре Ов ком про учи

Сите учесниците добиваат: • материјали за работа • мемориски картици • ЦД и дополнителна литература • консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6 месеци Најуспешните компании ширум свет • интернационално признат Сертификат од Густав Кезер Тренинг Интернационал и Сертификат од Бизнис Центар за на обука, која вклучува микс од Тренинг и Обука • контролен ден продажба. Презентација од л За подетални информации контактирајте со нас: Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk

консултант кој ќе биде достапе насочува во реални услови во за


четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ – ОБУКА СО СТУДИСКО ПАТУВАЊЕ ВО ВИЕНА Во соработка со WIFI Институтот при Сојузот За повеќе информации слободно контактирајте на кВо соработка со WIFI Институтот при Сојузот не: на комори на Австрија, Стопанската комора на Македонија преку својот Бизнис центар за тренинг и Симона Ристоска Борис Тримчев обука организира тренинг програма на тема: 02 32 44 067 072 207 091 simona@mchamber.mk boris@mchamber.mk

“Жени претприемачи” Програмата се состои од два дела, односно од теоретска обука со предавач од WIFI Институтот која се одржува во Скопје, а вториот дел е студиско патување во Сојузот на комори во Виена.

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Osnovana 1922

Искористете ја можноста за интернационален know - how трансфер и учете од најдобрите во Европа! Станува субвенционирана достапна цена.

збор програма

за по

Програмата трае 9 дена, од кои 6 тренинг дена во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје и 3 дена во Виена, Австрија и B2B средби. Средбите се организираат во зависност од Вашиот интерес и индустријата во која дејствувате. Престојот, семинарите и посетите се во организација на WIFI AUSTRIA. Сместувањето е во хотел, по двајца учесници во двокреветна соба. Уписите се во тек! Посетата во Виена, Австрија ќе се одржи по завршување на обуката и полагање на тестот.

Founded 1922

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

ТРЕНИНГ-ПРОГРАМА НА ТЕМА: „ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ“

WIFI AUSTRIA ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР

УСПЕХ СО WIFI Институтот за промоција на економскиот развој (The Institute for Economic Promotion – Wirtschaftsförderungsinstitute/WIFI) во рамките на Сојузот на комори на Австрија (Austrian Economic Chambers) е партнер на австрискиот бизнис на полето на едукација и развој на човечките ресурси, со регионална организација во сите девет области на Австрија и 80 претставништва ширум светот. Секоја година, 300.000 учесници посетуваат некој од понудените курсеви и семинари кои се повеќе од 25.000, на коишто предаваат 12.000 тренери ангажирани од WIFI, a избрани директно од бизнис-заедницата.

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР Тимот на WIFI задолжен за интернационален know-how трансфер обезбедува семинари и менаџмент курсеви ширум светот кои нудат дополнителна предност на тој начин што на учесниците кои успешно ќе ги завршат овие курсеви им овозможуваат директен контакт со австриски компании, со цел да имаат активна улога во економскиот развој на целните земји додека истовремено имаат активна улога и во отворањето на вратите за австрискиот бизнис.


22

БИЗНИС ИНФО

четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 17 февруари 2015 година, хотел „Холидеј ин“ - Скопје, од 9:30 до 16.00 часот

Регионална конференција: „ПРОГРЕСИВНО И ЕФИКАСНО ОТВОРАЊЕ НА ПАЗАРОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ НА ЗЕМЈИТЕ-ПОТПИСНИЧКИ НА ЦЕФТА-ДОГОВОРОТ“

Централно-европскиот договор за слободна трговија – ЦЕФТА, покрај остварувањето на основната цел – либерализација на трговијата со стоки и создавање единствена зона за економска соработка, создаде можност и за соработка во областа на јавните набавки.

•

Согласно член 35 (Анекс еден) од ЦЕФТА-Договорот, „секоја земјапотписничка на Договорот, најдоцна до 1 мај 2010 година, требаше да обезбеди прогресивно и ефикасно отворање на пазарот на јавни набавки во согласност со сите релевантни закони, прописи, процедури и практики, со цел стоката, услугите и понудувачите од другите страни да имаат обезбеден третман, којшто не е помалку поволен од третманот што го имаат домашните проиводи, услуги и понудувачи”.

•

Но што можеме да констатираме во 2015 година? До каде е исполнувањето на обврските од ЦЕФТА-Договорот за третманот на јавните набавки? На тоа прашање ќе дебатираат претставниците на коморите од земјите-членки на ЦЕФТА, потпомогнати од Проектот ЦЕФТА-ДИХК.

•

•

обезбедување лојална конкуренција во јавните набавки и спречување на дискриминацијата кај економските оператори; капацитетите на регулаторните и контролните органи во областа на јавните набавки и нивната ефикасност во обезбедување на правната сигурност; соработката на коморите со другите засегнати страни во спроведувањето на системот на јавните набавки во практиката. Стопанските комори, согласно својата законска и статутарна надлежност, се заинтересирани да ја следат состојбата во спроведувањето на регулативата за јавните набавки од аспект на интересите на своите членки. Во таа функција, коморите се јавуваат како засегната страна, бидејќи треба да им помогнат на своите членки системот на јавните набавки да биде поефикасен.

Контакт: Влатко Стојановски, vlatko@mchamber.mk, тел. (02) 3244 004 Даниела Михајловска Василевска, daniela@mchamber.mk, тел. (02) 3244 021.

Од страна на претставниците на коморите од регионот, Унијата на германските трговско-индустриски комори ( ДИХК), претставнците на ЕУ-делегацијата во Македонија, јавните претпријатија, институциите, општините и економските оператори ќе презентираат и ќе дебатираат за: CEFTA DIHK • системот на интегритет на Central European Free Trade Agreement јавните набавки од аспект Регионална конференција на воспоставена правна и институционална рамка за „ПРОГРЕСИВНО И ЕФИКАСНО ОТВОРАЊЕ НА јавните набавки; ПАЗАРОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ НА ЗЕМЈИТЕ• усогласеноста на ПОТПИСНИЧКИ НА ЦЕФТА-ДОГОВОРОТ“ националните законодавства 17 февруари, 2015 година, Скопје со стандардите на ЕУ и како Република Македонија истото се спроведува во практиката; • о б е з б е д у в а њ е транспарентност на постапките во јавните набавки и намалување на корупцијата;

Joint Partnership Project CEFTA-DIHK bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

BMZ

Federal Ministry for Economic Cooperation and Development

sequa

Regional conference

PROGRESSIVE AND EFFECTIVE OPENING OF THE CEFTA PUBLIC PROCUREMENT MARKET 17 February 2015, Skopje Republic of Macedonia


четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„93 ГОДИНИ СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА“

На 18 февруари 2015 година Хотел “Холидеј ин” во Скопје, 12:00 часот

Стопанската комора на Македонија, на 18 февруари 2015 година - Годината на конкурентноста, ќе ја прослави 93-годишнината од своето основање, со свеченo одбележување на овој значаен јубилеј за коморското организирање во Република Македонија. Во одбележувањето на јубилејот ќе земат учество видни гости, претставници на државни органи, институции, дипломатскиот кор во Република Македонија, претставници на меѓународни институции, здруженија и партнери, гости, пријатели и поддржувачи на Стопанската комора на Македонија.

93 godini

192

5

2 - 201 Стопанската комора на Македонија е водечка бизнис-асоцијација во Република Македонија, членка на бројни меѓународни организации и институции, соосновач на мешовити комори, деловни совети, што придонесува за што поуспешно претставување и застапување на интересите на своите членки во земјата и во странство. Воспоставувањето меѓународни контакти, учество на бројни меѓународни бизнис-форуми, саемски, едукативни, промотивни и друг вид манифестации, е во функција на поддршка на унапредувањето на деловните активности на членките на Комората.

Стопанската комора на Македонија секогаш им помага на стопанствениците и на бизнисот во земјата. Таа е горда затоа што е најстара и највлијателна деловна асоцијација во Македонија. И во услови на воспоставениот плурализам на коморското организирање на овие простори, таа го задржа приматот на Комора – лидер со 93-годишно искуство. По тој повод, Стопанската комора на Македонија, ќе додели награди на успешни стопанственици и компании од земјата. Ве покануваме, со Вашето присуство да ја збогатите оваа значајна манифестација. Ве молиме, да го потврдите Вашето присуство контакт: Снежана Камиловска, телефон (02) 32 44 061, е-адреса: snezana@mchamber.mk) и Симона Ристоска, телефон (02) 3244 067, е-адреса: simona@mchamber.mk).


24

БИЗНИС ИНФО

четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

19 февруари 2015 година (четврток) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Семинар: „НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗАБРАНА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ВРШЕЊЕ НА НЕРЕГИСТРИРАНА ДЕЈНОСТ („Службен весник на РМ“, бр. 199/14 од 30.12.2014 година)

и ПРЕДЛОГ-ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОН ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ“

Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со Законот за забрана за спречување и вршење на нерегистрирана дејност кој за прв пат се носи во Република Македонија и кој е заснован на многу нови аспекти за вршење на одредени дејности кои досега не беа опфатени и соддветно третирани со постојните материјални закони кои ја уредуваат ова област. Исто така, на овој семинар ќе бидат соодветно презентирани и сите последни измени и дополнувања на Законот за работни односи со кои одредени права од работен однос се дополнуваат, а одредени правни институти и за прв пат се инкорпорираат во Законот и претставуваат сосема нова правна категотија во трудовата сфера на националното законодавство. ПРОГРАМА: Новиот Закон за забрана за спречување и вршење на нерегистрирана дејност со кој е дефинирано: - што е регистрирана дејност; - што е нерегистрирана дејност; - кои дејности се забранети со Законот; - на кого се забранува вршење на неригистрирана дејност; - регистрирање на нерегистрираната дејност; -третман на помагањето и соучесништво при вршење на нерегистрирана дејност; - услови за вршење на огласување; - управни мерки на надлежните државни органи; - пломбирање на простории, простор во кој се врши нерегистрирана дејност; - одземање предмети во врска со нерегистрирана дејност; - надлежни државни органи за постапување по Законот; - санкции за вршење на нерегистрирана дејност, избегнување на поднесување прекршочно барање; - жалба на решение на државен орган. Предлог-измени и дополнување на Законот за работни односи со кои се дополнуваат и се менуваат правните институти: - јавен оглас;

- престанокот на важноста на договорот за вработување врз основа на судска пресуда; - утврдување на просекот на прекувремените часови како прекувремена работа на неделно ниво; - поделбата на платениот годишен одмор во повеќе делови; - престанок на договорот за вработување на определено време за време на отсуство поради бременост, раѓање и родителство; - дополнителна надлежност на други државни органи за утврдување повреда на Законот за работни односи; - преземање управни мерки на надлежните државни органи; - забрана за работа и пломбирање на работните простории и простор; - откуп на забраната за работа во законска постапка; - поведување прекршочни постапки во случај на ангажирано лице без договор за вработување и социјално осигурување. Предавачи: - Миле Стојановски, државен советник во Министерството за труд и социјална политика и - Злате Стојановски, раководител на сектор во Државниот инспекторат за труд.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар: „НАЈНОВИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОН ЗА ВОДИТЕ”

(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 87/08, 6/09, 161/09, 83/10, 51/11 ,44/12, 23/13, 163/13, 180/14) -Предмет на уредување, правен режим на водите, водно право, концесија за користење на водите, основни плански документи, контрола на емисии и на загадувањето, мониторинг на водите, надзор над спроведувањето на Законот, инспекциски надзор, прекршочни санкции за правните лицаПРОГРАМА ЗАКОН ЗА ВОДИТЕ I. Предлог-измени на Законот за води - Oпшти одредби; - Kористење на водите; - Планирање; - Заштита на водите; - Заштита од штетно дејство на водите; - Мониторинг на водите; - Систем на информирање; - Водостопански објекти и услуги; - Вонредна состојба и отстапувања; - Материјална основа и финансирање на управувањето и развојот на водите; - Организација во управувањето со водите. II. Критериуми и регулатива во врска со остварувањето на водното право - Законска регулатива; - Критериуми; - Подзаконски акти, обрасци на барања за користење на водите. III. Online апликација - Потреба од формирање на информативен систем и идни перспективи IV. Инспекцискиот надзор во функција на спроведување на одредбите од Законот за водите -

ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ Прекршочни санкции за правните лица; Прекршочни санкции за физички лица; Прекршочни санкции за службените лица; Постапка за порамнување и посредување; Водење на прекршочна постапка.

Предавачи: - доц. д-р Билјана Пулеска, главен правен експерт во подготовка на Законот за водите, искуство во транспонирање на ЕУ-Директивите во

20.02.2015 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

делот на водите во Република Македонија; - Љупка Димоска Зајков, заменик-раководител на сектор за води во Управта за животна средина и просторно планирање при МЖСПП, со 15-годишно работно искуство во областа. Активно вклучена во транспонирање и имплементација на ЕУ-барањата во делот на водите во Република Македонија. Координатор на повеќе меѓународни проекти кои се имплементираат во рамките на Националната програма за апроксимација на aquius. - Лидија Зафировска, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, главен инспектор за заштита на води при Државниот инспекторат за животна средина. - доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгите „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија” и „Ерозија на јавните финансии“. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


26

БИЗНИС ИНФО

четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 23.02.2015 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Семинар: ,,ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ И ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР КАЈ ИСТРАЖУВАЊЕТО И ЕКСПЛОАТАЦИЈАTA НА МИНЕРАЛНИТЕ СУРОВИНИ”

I. ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ - Општи одредби и дефиниции; - Предмет и цел. II. ГЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА - Геолошки истражувања; - Научни геолошки истражувања; - Проспекциски геолошки истражувања; - Договор за концесија за проспекциски геолошки истражувања; - Обврски на имателот на концесијата за проспекциски геолошки истражувања; - Едностран раскин на договорот за концесија за проспекциски геолошки истражувања; - Сопственост на резултати од проспекциски геолошки истражувања. III. ОСНОВНИ ГЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА - Цел на основни геолошки истражувања; - Детални геолошки истражувања; - Концесија за детални геолошки истражувања; - Простор за вршење на детални геолошки истражувања; - Период на важност на концесијата за детални геолошки истражувања; - Иницијатива за доделување концесија за детални геолошки истражувања; - Постапка за доделување концесија за вршење детални геолошки истражувања; - Одлука за започнување постапка за доделување концесија за детални геолошки истражувања; - Содржина на одлука за доделување концесија за детални геолошки истражувања; - Договор за концесија за детални геолошки истражувања; - Постапка за доделување концесија за вршење детални геолошки истражувања по истекот на рокот од договорот за концесија; - Обврски на имателот на концесијата за вршење на детални геолошки истражувања; - Проширување на концесија за вршење детални геолошки истражувања; - Одлука за проширување концесија за вршење детални геолошки истражувања; - Обврски на имателот на концесијата за вршење детални геолошки истражувања при проширување на концесијата; - Едностран раскин на договорот за концесија за вршење детални геолошки истражувања; - Престанок на важење на концесијата за вршење детални геолошки истражувања; - Сопственост на резултати од детални геолошки истражувања. IV. ДОЗВОЛА ЗА ДЕТАЛНИ ГЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА - Постапка за издавање дозвола за вршење на детални геолошки истражувања; - Содржина на дозволата за вршење детални геолошки истражувања; - Обврски на имателот на дозволата за вршење детални геолошки истражувања; - Одземање дозвола за вршење детални геолошки истражувања; - Постапка за намалување на концесија за експлоатација. V. ИЗРАБОТКА НА ГЕОЛОШКА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ИЗВЕДУВАЊЕ И НАДЗОР НА ГЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА - Геолошка документација за вршење основни геолошки истражувања; - Геолошка документација за вршење детални геолошки истражувања; - Субјекти за изработка геолошка документација, изведување и надзор на геолошки истражувања. VI. ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ - КОНЦЕСИЈА ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ - Предмет на доделување концесија; - Простор за експлоатација на минерални суровини; - Период на важност на концесијата; - Начини за доделување концесија; - Доделување концесија за експлоатација на минерални суровини за потребите за изградба на државни патишта; - Доделување концесија за екплоатација по пат на јавен повик; - Доделување концесија за експлоатација на минерални суровини по барање од заинтересирано лице;

- Доделување концесија за експлоатација на песок и чакал кои не се наоѓаат на коритата и бреговите на површинските водни тела (водотеци, езера и акумулации) и собирен кварц; - Концесија за експлоатација на друг вид минерални суровини на ист простор и ограничувања за доделување концесија за експлоатација; - Одлука за доделување концесија за експлоатација; - Договор за концесија за експлоатација на минерални суровини; - Пренос на концесија за експлоатација; - Согласност во случај на статусни измени; - Согласност за пренос на удели или акции. VII. ДОЗВОЛА ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ - Рок за поднесување барање за издавање дозвола за експлоатација и рок за започнување со експлоатација; - Барање за издавање дозвола за експлоатација; - Одбивање на барањето за издавање дозвола за експлоатација; - Содржина на дозволата за експлоатација на минерални суровини - Дозвола за изведување рударски работи според дополнителен рударски проект; - Престанок на важење на дозволата за изведување дополнителни рударски работи. VIII. СТРУЧНА ПОДГОТОВКА И РУДАРСКИ РАБОТИ - Рударски проекти IX. БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА - Безбедност и здравје при вршење геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини X. НАДЗОР - Надзор над спроведувањето; - Инспекцискиот надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон го врши Државниот инспекторат за техничка инспекција преку државни геолошки инспектори, државни рударски инспектори и државни инспектори за електрика во рударството и други инспекциски органи согласно со овластувањата утврдени со овој или со друг закон; - Надлежност и овластување; - Државен геолошки инспектор; - Државен рударски инспектор; - Државен инспектор за електрика во рударството; - Државен инспектор за животна средина; - Констатации и наоди. XI. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ Предавачи: - Eјуп Љативи, раководител на Сектор за минерални суровини- Министерство за економија - Александра Митровска, советник во одделение за минерални суровини - доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгите „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија“ и „Ерозија на јавните финансии“. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Подготовка на компаниите за аплицирање за европските програми

„ХОРИЗОНТ 2020“ и „КОСМЕ 2014-2020“ Европската комисија за следниот седумгодишен период (20142020 година), креираше грантови во рамките на ЕУ-програмите „КОСМЕ“ и „ХОРИЗОНТ 2020“ за подигање на конкурентноста и иновативноста на компаниите зацртани во Европската стратегија 2020. Стопанската комора на Македонија од досегашното искуство во работењето на европските програми, утврди дека овие фондови се главната алатка со којашто ЕУ ги поддржува економскиот развој, социјалната кохезија и развојот на демократските вредности во земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати за членство. Со овие програми се поддржуваат истражувањето и иновациите, со цел поголема конкурентност и креирање нови работни места. Република Македонија е дел од земјите кои имаат целосен пристап до наведените програми. Програмата „Хоризонт“ поддржува финансирање на проекти за истражување и иновации, мобилност на истражувачи, трансфер на нови технологии, стекнување на нови знаења и експертиза, како и кофинансирање на одредени активности поврзани со развој на нови производи и воведување нови технолошки процеси. Од особен интерес за компаниите е новиот Инструмент за МСП како дел од Програмата „Хоризонт 2020“, кој е наменет исклучиво за мали и средни компании. Програмата „Косме“ има за цел да ја поттикне конкурентноста на компаниите преку обезбедување подобар пристап до финансии, бизнис-услуги за поддршка и промовирање на претприемништвото за мали и средни претпријатија, како и пристап до постојни и потенцијални претприемачи и бизнис-организации за поддршка и развој на бизнисите. Со цел поттикнување на иновативноста и конкурентноста на македонските компании за активно аплицирање и искористување на средствата од европските фондови со акцент на Инструментот за МСП, Стопанската комора на Македонија овозможува детална и сеопфатна дводневна обука - интензивен тренинг со теоретски и практични знаења кои се применливи во малите и средни претпријатија, невладиниот сектор, организациите, универзитетите, тренингцентрите, консултантските организации.

26 и 27 февруари 2015 година (четврток и петок) од 10:00-16:00 часот во Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

Дводневната обука ќе се реализира на 26 и 27 февруари 2015 година (четврток и петок), од 10:00-16:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на V кат. Сите заинтересирани за учество на обуката, можат да се пријават најдоцна до 24.02.2015 година, со целосна претходна уплата на сумата. Котизацијата за учество на обуката за 1 лице изнесува 4.990 денари + ДДВ, а за секој нареден втор учесник од компанијачленка на Комората се одобрува дополнителен попуст од 50 %. Напомена: Со извршена регистрација и уплата до 24.02.2015 година, апликацијата се зема предвид како валидна за учество на дводневната обука.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

28

четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 26.2.2015 до 1.3.2015 година Меѓународен саем во Република Грција

„DETROP 2015“ ВО СОЛУН

Организирана посета за македонските компании на 26 и 28.2.2015 година со обезбеден бесплатен превоз и бесплатни влезници за Саемот! Саемската манифестација „DETROP 2015“ на „Хелекспо“ во Солун се одржува од 26.2.2015 до 1.3. 2015 година. Стопанската комора на Македонија во соработка со Туристичката агенција „Арботравел“ и „Хелекспо“ - Солун, организираат посета на „DETROP 2015“ - Саем за храна и пијалаци, наменет за прехранбената индустрија, супермаркети, деликатесни продавници, ресторани, хотели, мотели, таверни, кафе-барови и останати угостителски објекти. Меѓународниот саем за храна и пијалаци „DETROP” искористувајќи ја својата динамика и 22-годишна експертиза во областа, од година во година се развива во насока на давање се` поголема понуда на своите посетители и излагачи. “Detrop Boutique Show” има за цел да им понуди на посетителите ексклузивен приказ на уникатени грчки и медитерански производи произведени во Грција, како и на автентични домашни производи, со практична примена во готварството. Настанот со својата понуда на одредени селектирани производи е насочен кон збогатување на познавањето на грчката и меѓународната гастрономија и угостителство. Оттука произлегува и основната тема на настанот којашто е комбинација на квалитет на традиционалните, од една страна и современите начини на подготовка и презентација на храната, од друга страна. Саемот ќе биде проследен со презентации и семинари за молекуларна гастрономија од истакнати готвачи од различни сектори, кои ќе покажат како секојдневно употребуваните суровини може да бидат трансформирани создавајќи исклучителни гурмански специјалитети, овозможувајќи им на излагачите и посетителите да разменат искуства и да бидат дел од овој деловен настан. Излагачите и посетителите на Саемот ќе имаат можност да воспостават бизнис-контакти со претставници од бизнис-секторот од Грција и од целиот Балкан, при што размената на искуства ќе им овозможи полесен начин на влез на нови пазари. Обезбедени се: - бесплатен превоз и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива административните трошоци кон организаторот - Комората (890,00 денари за членки по фирма, а 1.290 денари за нечленки на Комората по фирма). Напомена: Посетата на саемот ќе се реализира на два датума: -26 февруари 2015 година и на -28 февруари 2015 година. Ве молиме, во пријавниот лист го наведете датумот за којшто сте заинтересирани за посета на Саемот). За посета на Саемот можат да се пријават најмногу две лица од иста компанија кои не се во сродство. Ве молиме со пријавниот лист да ни доставите и скенирана копија од Вашите визит карта и пасош, како би можеле навремено да Ви обезбедиме посета на Саемот.

Задолжително пополнување на формулари/анкетни листови при посета на Саемот. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ванчо Спасески Тел: ++ 389 2 3244095 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vanco@mchamber.mk

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар: АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

27.02.2015 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

„УПАТСТВОТО ЗА НАЧИНОТ И ТЕХНИКАТА НА ПОСТАПУВАЊЕ СО АРХИВСКИОТ И ДОКУМЕНТАРНИОТ МАТЕРИЈАЛ ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО И АРХИВСКОТО РАБОТЕЊЕ - ОСНОВА ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ И УРЕДБАТА ЗА КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 99/14 од 2.7.2014 година)

ПРОГРАМА Закон за архивски материјал 1. Вовед; 2. Општи одредби; 3. Предмет, цел и содржина на Законот за архивски материјал, електронски архивски и документарен материјал; 4. Јавен архивски и документарен материјал; 5. Приватен архивски и документарен материјал; 6. Надзор; 7. Прекршочни одредби. Уредба за канцелариско и архивско работење 1. Предмет, цел и содржина на Предлог-уредбата за канцелариско и архивско работење: • Цели и принципи на канцелариското и архивското работење; • Канцелариско работење; • Архивско работење; • Електронско канцелариско и архивско работење; 2. Чување и заштита на конвенционален и неконвенционален архивски и документарен материјал. - Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа на документарните центри и - Упатството за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење; - Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење: • Општи одредби; • Канцелариско работење; • Архивско работење; • Чување и заштита на архивскиот и документарен материјал. - Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење: • План на архивски знаци; • Листа на архивски материјал;

• Листа на документарен материјал со рокови за негово чување. Предавачи: 1. Ацо Ангеловски, 20 години вршител на инспекциски надзор во делот на ахивското работење, Сектор за инспекциски надзор и заштита на архивската граѓа кај имателите – Одделение за вршење надзор и контрола кај имателите; 2. м-р Валентина Тодоровска, долгогодишно работно искуство во делот на архивирањето и архивското работење, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

30

четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 12 до 14 март 2015 година

БИЗНИС-ДЕЛЕГАЦИЈА ПРЕДВОДЕНА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА КРАН МОНТАНА ФОРУМОТ, ВО МАРОКО

Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија ве информира дека делегација од Република Македонија, предводена од претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, ќе учествува на Кран Монтана Форумот, што ќе се одржи во Дакла, Мароко, во периодот од 12 до 14 март 2015 година. Кран Монтана Форумот ќе биде посветен пред се` на деловната соработка, со посебен фокус на Африка, со посебен осврт на: - природните ресурси; - енергетиката и обновливите извори на енергија; - земјоделството и прехранбените производи; - туризмот; - поморскиот транспорт, инфраструктура и др. Контакт: Блага Марковска Директорат за економска дипломатија Министерство за надворешни работи на Република Македонија Филип Втори 7, 1000 Скопје Тел: (02) 3110 333 Факс: (02) 3115 790 Мобилен: 078 45 80 45 Е-адреса: blaga.markovska@mfa.gov.mk Веб-странa: www.mfa.gov.mk Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ВО СОФИЈА

На 12 и 13 март 2015 година во Република Бугарија

Здружението на информатичко-комуникациските технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија, во соработка со Enterprise Europe Network, информираат дека ќе се одржат два годишни брокерски настана со претходно аранжирани деловни состаноци на 12 и 13 март 2015 година, во Интер Експро центар во Софија, Бугарија. 1. INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2015 ќе се одржи на 12 март 2015 година (четврток), од 10:30 - 18:00 часот. За регистрација, посетете ја веб-страната на овој деловен настан: http://www.b2match.eu/imm2015.

Целна група за овој настан се: претставници на компании од целиот свет кои работат во следниве сектори: автоматизација, роботика, електроника и електротехника, индустриска електроника, компоненти, мерење, телекомуникации, услуги, мехатроника, машиноградба; металургија, леење и алатки. 2. GO GREEN TO ENVIRONMENT 2015 ќе се одржи на 13 март 2015 година (петок), од 10:30 - 18:00 часот. За информации и регистрација, посетете ја веб-страната на овој настан: https://www.b2match.eu/g2e2015 .

Целна група за овој настан се: претставници на компании од целиот свет кои работат во следниве области: енергетска ефикасност; интелигентни згради, паметни градови и ИКТ, еколошки технологии и обновливи извори; управување со отпад, рециклирање, животна средина; третман на вода, воздух и вода за водоснабдување ефикасни технологии; системи за одведување на отпадните води и опрема за контрола и одржување на водните ресурси, женско претприемништво, услуги и др. Учеството на овие деловни средби е бесплатно. Работен јазик е англиски. На учесниците кои ќе добијат листа на закажани состаноци и не ги посетуваат ќе им се наплаќа надоместок од 100 евра без ДДВ. Меѓународните деловни средби ќе се одржат во рамките на специјализирани меѓународни изложби во периодот од 11-13 март 2015 година.

Краен рок за пријавување е 20 февруари 2015 година. Доколку ќе се пријават повеќе македонски компании, Стопанската комора на Македонија ќе организира заеднички превоз и ќе обезбеди резервации за соодветно хотелско сместување. За таа цел, Ве молиме, за намерата за учество на деловните средби, да не` информирате најдоцна до 20 февруари 2015 година.

Контакт: Лазо Ангелевски laze@mchamber.mk Тел. 32 44 090


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Osnovana 1922

Founded 1922

БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија

Уписите се во тек!


БИЗНИС ИНФО САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ


34

БИЗНИС ИНФО

четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Компанија од Романија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на специјални Q цевки за спроведување термичка топлина, со висока ефикасност на спроводливост. Валидност дo 16.3.2015 година.

Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на дискови за кочници, наменети за автомобили, камиони и автобуси. Валидност дo 17.4.2015 година.

Компанија од Италија заинтересирана е за соработка со Компанија од Чешка бара дистрибутер во Република текстилни фабрики во Република Mакедонија за пласман на Македонија за пласман на компост за печурки и вештачки машини. ѓубрива. Валидност дo 16.4.2015 година. Валидност дo 17.4.2015 година. Компанија од Кина заинтересирана е да пласира во Република Македонија прашкасти метали (производите се со основа на железо, бакар, алуминиум и нерѓосувачки челик) и фрикциони материјали кои се употребуваат во автомобилската индустрија, индустријата за производство на мотоцикли, уреди во домаќинството, текстилната индустрија, за печатење и пакување. Валидност дo 16.4.2015 година.

Полска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за обработка на метали. Валидност дo 20.4.2015 година. Компанија од Италија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на специјални машини за производство на четки за чистење. Валидност дo 20.4.2015 година.

Компанија од Турција бара соработка со кланици за живина во Компанија од Италија заинтересирана е за извоз на производи Република Македонија за пласман на опрема. од линијата на производи „Тутишеф“ во Република Македонија. Валидност дo 16.4.2015 година. Производите „Тутишеф“ се продаваат како пакет од производи (тестенини, сосови, маслиново масло, сол и дополнителни Компанија од Полска заинтересирана е за соработка со состојки) во кој се состојат сите производи потребни да се производители на чевли во Република Македонија за пласман приготви даден рецепт. Во секој пакет има и рецепт кој детално на кожа. ја објаснува подготовката на оброкот. Валидност дo 17.3.2015 година. Валидност дo 20.4.2015 година.


четврток, 12 февруари 2015, Бр. 210

БИЗНИС ИНФО

35

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на комори за тестирање во посебни услови на високи темератури, посебни гасови, висок притисок. Валидност дo 20.4.2015 година.

Компанија од Австрија заинтересирана е за соработка во Република Македонија во областа на инсталирање механичка и електрична опрема за пумпни станици и хидроцентрали. Валидност дo 21.4.2015 година.

Компанија од Австрија заинтересирана е да соработува во областа на соларната енергија со понуда на соларни инвертори во Република Македонија. Валидност дo 21.4.2015 година.

Компанија од Австрија бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на панели за комплетно и целосно обложување на тунели. Валидност дo 22.4.2015 година.

Компанија од Германија нуди индустриско-специфични Компанија од Австрија бара партнер-дистрибутер во софтверски решенија за компании во Република Македонија. Република Македонија за пласман на сообраќајни знаци и Валидност дo 21.4.2015 година. сигнализација, комплетна сообраќајна техника, системи за означување објекти и техники за рекламирање, системи за Компанија од Австрија бара дистрибутер во Република заштита од бучава и метални регали. Македонија за пласман на системи за следење на пратки и Валидност дo 22.4.2015 година. производи. Валидност дo 21.4.2015 година. Компанија од Австрија бара партнери за соработка во Република Македонија за испорака на опрема, системи и услуги кои ја подобруваат сигурноста и ефикасноста во железничкиот и патниот сообраќај, а нуди и безбедносни системи во согласност со ERTMS / ETCS. Валидност дo 21.4.2015 година.

www.mchamber.mk

Контакт:

Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Бизнис ИНФО број 210, 12.02.2015 by Economic Chamber of Macedonia - Issuu