БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
Quality Management
СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642
bsi.
ISO 9001
Quality Management
years 5
192
FS 549642
2 - 201
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 247
www.mchamber.mk
Совет на странски инвеститори
МАКЕДОНИЈА НА СОЛИДНА ПАТЕКА НА РАСТ
10.12.2015
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
WUDQVSRUW FRPSDQ\
WUDQVSRUW FRPSDQ\
WUDQVSRUW FRPSDQ\
ЕЗБЕД ОБ У
�
B
SE
C
UR
O
НИКО
� Б
ЊЕ ВА
�
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
БИЗНИС ИНФО
3
ПОДВЛЕЧЕНО
СТОПАНСКИТЕ ЗОНИ ВО ПРИЛЕП ЌЕ ОТВОРАТ НАЈМАЛКУ 2.000 РАБОТНИ МЕСТА Со одлична динамика се гради зоната „Прилеп 1“, каде што претходно продадовме околу 20 локации на потенцијални домашни инвеститори, од кои шест до седум се во тек на изградба, а очекуваме во наредниот период да започне изградба и на другите. Општината досега инвестираше повеќе стотици илјади евра во опремување на зоната со канализација, водовод, патишта, електрична енергија. Се надеваме дека за една година оваа зона ќе започне комплетно да функционира. Капацитетите се планирани за 2.000 вработувања. Зоната „Прилеп 2“ е веќе подготвена за продажба на 15-ина локации наменети за мали и средни претпријатија, чии капацитети ќе бидат за 1.000 нови вработувања. Конкурентноста за привлекување странски инвестиции се зголеми со неколку милиони евра инвестиции во комплетна инфраструктура на ТИРЗ во месноста Алинци, каде што во тек е изградба на мултинационалната компанија „Гентерм“ во која има 500 вработени, а крајниот ефект ќе биде над 2.000 вработувања. Влегувањето на оваа компанија ќе предизвика влез и на други мултинационални компании, а веќе имаме најава за една до две нови инвестиции токму во таа зона. (Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп во „Утрински весник“)
НАЈВАЖНА ЦЕЛ Е ДА ОСТАНЕМЕ БРОЈ ЕДЕН НА АВТОМОБИЛСКИОТ ПАЗАР Јас имам една единствена цел која ја делам со мојот тим – да ја одржам оваа компанија на врвот на автомобилскиот пазар во Македонија. За да ја постигнам таа цел си поставувам милион и една задача. Прво, мошне ми е важно секаде каде што се наоѓам јас, да бидам совршен претставник на мојата компанија; потоа да имам одличен тим на вработени кои водени од единствената цел, да функционираат како еден кога се работи за постигнување на врвно задоволство на клиентите; да ги одберам вистинските луѓе кои ќе бидат дел од тој тим; да ја одржам работната атмосфера постојано пријатна и удобна; да бидам рамо до рамо со моите вработени во секој процес од работата; да осигурам постојан фидбек и жива комуникација; добро да организирам, добро да ги испланирам активностите за во иднина, да внимавам на нивно исполнување и кога ќе бидам сведок на добро завршена работа да честитам и заблагодарам на секој еден вработен за нивната посветеност. Мој мотив се нивните задоволни лица, бидејќи во ова сивило да имаш стотина задоволни вработени воопшто не е мала работа. (Д-р Златко Муцунски, генерален менаџер на Порше Македонија во „Капитал“)
БИЗНИС ИНФО
4
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
ПОДВЛЕЧЕНО
СО СВОЈАТА ЕКИПА ПОСТОЈАНО НА ОБЈЕКТ Кога јас почнував со градежниот бизнис, сите знаеја дека заедно со својата екипа сум постојано на објект, во куси панталони и патики, па мои колеги, сопственици на тогаш веќе етаблирани фирми, ми велеа, Ванчо, не ти личи тебе вака, ти си човек со референци во ова општество. После 14 години, сами може да заклучите кој опстана во градежниот бизнис и високоградбата и на која позиција е на пазарот на недвижности во Македонија, со колку и какви дела зад себе и каква репутација, имиџ и авторитет има изградено како на национално, така и на меѓународно ниво. Значи, мојот принцип да бидам присутен физички колку што можам повеќе во сите фази од процесот на градење се покажа дека дава резултати. Не дека јас не им верувам на своите инженери и мајстори, напротив, тие се извонредни професионалци, туку едноставно поспокоен сум ако со свои очи видам дека сè е направено како што сме се договориле. Токму заради преголемата одговорност што ја имаме пред своите купувачи, но и пред целото општество. Сè уште имам доволно енергија во себе, и додека можам да го издржам тоа темпо, јас така ќе работам. За некого можеби тоа не е правилно, но јас така знам и умеам, што во досегашната практика, започнати и реализирани проекти, се покажа како успешно. (Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, основач и генерален менаџер на „Адора инженеринг“ во „Капитал“ )
ЗНАЕЊЕТО Е ПОВРЕДНО ОД ПАРИТЕ, НО Е ПООСТРО ОД САБЈАТА Денес кога технолошките промени се одвиваат со многу брзо темпо и кога зборуваме за економија на знаење, континуираното учење во текот на целиот живот станува неопходност не само за поединците што сакаат да бидат конкурентни на пазарот на труд, туку и за претпријатијата што се стремат кон развој. И тука се поставува прашањето: Дали е подобро да се инвестира во вработените и притоа да се соочиме со ризик тие да заминат во друга компанија или, пак, воопшто да не се инвестира во нив со што се соочуваме со друг ризик да останат во компанијата. И како што вели една грузиска поговорка: Знаењето е повредно од парите, но е поостро од сабјата. Ова поттикнува на размислување и се поставува прашањето што е најправилно да се одлучи. „Бучен Козјак“ е компанија што постојано се развива и, покрај набавката на современа опрема, континуирано вложува и во човечкиот потенцијал. Во современото работење не е тешко да ја набавиме опремата што ја посакуваме, но тоа не е исто и со вработените што ни се потребни. За мене како генерална менаџерка на компанијата од најголемо значење се вработените. Јас и моите колеги секојдневно дискутираме и ги решаваме предизвиците со кои се соочуваме, сите заедно работиме и се трудиме да креираме колку што е можно повеќе задоволни потрошувачи. Од таа причина во нашето работење е присутна едукацијата, односно спроведуваме посети на обуки од различни сфери. Се трудиме во континуитет да се реализираат и интерни обуки во рамките на компанијата, а тие, исто така, придонесуваат за потсетување на постојното знаење и вештини, но истовремено и за воведување нови пристапи и техники во работењето. (Анита Спасовска, генерална менаџерка на „Бучен Козјак“ за „Марили“)
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
БИЗНИС ИНФО
5
ПОДВЛЕЧЕНО
Скенирај и дознај повеќе
M
C
N IA
Што претставува сертификатот Excellent SME?
A
Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O
Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.
Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.
Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје
T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
E
S
E
БИЗНИС ИНФО
6
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
АКТУЕЛНО Пред Советот на странски инвеститори беа презентирани последните извештаи за економскиот напредок на Македонија од страна на странските институции во земјава
МАКЕДОНИЈА НА СОЛИДНА ПАТЕКА НА РАСТ
Пред членовите на Советот на странски инвеститори беа презентирани последните извештаи за економскиот напредок на Македонија од страна на странските институции во земјава (9.12.2015 година). На седницата на Управниот одбор на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија беше усвоена Одлуката за основање Асоцијација на автомобилската индустрија. Имајќи предвид дека меѓу странските инвестиции присутни во земјава доминираат компании од индустијата за производство на автомобилски делови, потребата за ваква асоцијација е повеќе од очигледна. Основни цели и задачи кои ќе бидат опфатени со работењето на Асоцијацијата се: унапредување на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста; усогласување на пројавените спротивности и различни интереси во рамките на дејноста; усвојување заклучоци и предлагање мерки што се од заеднички интерес на членовите, а кои не се во спротивност со позитивните законски прописи и добрите деловни обичаи; разгледување предлози на закони и други прописи; давање мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и покренување иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите. Покрај странските компании, во Асоцијацијата е предвидена можност за членство и на домашни компании кои работат во оваа индустрија, како и надворешни членови кои ќе придонесат за нејзин успешен развој и функционирање. Пред присутните на седницата на Управениот одбор во проширен состав беа презентирани последните извештаи за напредокот на Македонија, со посебен осврт на економијата, од страна на господин Јаромир Левичек од Делегацијата на Европската унија, господин Патрик Житон од Меѓународниот монетарен фонд и господин Бојан Шимбов од Светската банка. Претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора, Штефан Петер за медиумите изјави дека на македонската економија и оди мошне добро, подобро отколку на која било друга земја во Југоисточна Европа, но сепак потребни се подобрувања во неколку сектори. Не би требало да се заборави дека се уште има глобална финансиска криза која што трае веќе околу 10 години. Според Штефан Петер наивно е да се верува дека политичката криза не влијае на економијата, но инвеститорите што носат одлуки дали да инвестираат во Македонија, освен политичката ситуација, ги разгледуваат и сите други аспекти на бизнис
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
БИЗНИС ИНФО
7
АКТУЕЛНО
климата. Претставникот на ММФ во Македонија, Патрик Житон, изјави дека проценките на ММФ се дека македонската економија следната година ќе продолжи да расте. -Поради домашната политичка криза, но и поради грчката криза, малку ги ревидиравме кон понегативни нашите проценки. Сепак, споредено со останатите земји во регионот, ја гледаме Македонија на солидна патека на раст. Најголемите ризици за регионот произлегуваат од забавувањето на економскиот раст во земјите во развој, особено во Кина. Бегалската криза, исто така, ќе има сериозно влијание на економијата, - истакна Житон. Оценката на Светска банка е позитивна за македонската економија, но како што рече нејзиниот претставник, Бојан Шимбов, иако растот на економијата од 3,2 отсто е солиден во однос на регионот, земјава мора да ја промени состојбата со невработеноста каде што стои најлошо во регионот и да го намали задолжувањето, кое и натаму е проблематично. Во однос на економските политики на Македонија, ММФ смета дека властите мора да донесат среднорочна фискална рамка што подразбира и создавање на простор во трошењето на народните пари од буџетот. Влатко Стојановски
8
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
ФОКУСИРАНО
Обука на компании од Регионалната комора со седиште во Скопје за ENTERPRISE EUROPE NETWORK
СО ЕВРОПСКАТА МРЕЖА ЗА БИЗНИС- МОЖНОСТИ ДО ДЕЛОВНИ ПАРТНЕРСТВА
Во Стопанската комора на Македонија се одржа обука на заинтересираните компании од Регионалната комора со седиште во Скопје за ENTERPRISE EUROPE NETWORK - Европската мрежа за бизнис-можности (3.12.2015 година). Со оваа обука на компаниите, запознавајќи ги со Европската мрежа за бизнис- можностите, со нејзината структура, организација и субјектите кои се вклучени во неа, им се овозможува да ги откријат и можностите што таа ги нуди на секој корисник. Enterprise Europe Network е мрежа на бизнис-можности која има за цел да ги понуди сите облици на деловна поддршка на малите и средни претпријатија на нивниот пат кон европските пазари. Во прв ред, тоа се однесува на услуги за сеопфатно информирање со широк спектар на прашања, можностите на единствениот европски пазар од една стана, но и надминување на пречките со кои се среќаваат македонските претприемачи, понатаму организација на едукативни и информативни настани, изнаоѓање бизнис-партнери во Европската унија, регионот и пошироко, стручни совети за достапните извори на финансирање и друго. Мрежата почна со работа во јануари 2008 година и денес истата обединува организации за поддршка на работењето на претпријатија од 45 различни земји. Тие се поврзани преку моќни бази на податоци и добро ја познаваат Европа. Со повеќе од 570 организации-членки, услугите на ЕЕН се достапни до 25 милиони компании од ЕУ и од други земји што учествуваат во мрежата. Компаниите кои ќе покажат интерес ќе можат да се вклучат во Мрежата и со тоа ќе можат да ги користат бенефитите од оваа Европска бизнис-мрежа, која покрај компании од Европа, вклучува компании и од други континенти. Ванчо Спасески
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
БИЗНИС ИНФО
9
ФОКУСИРАНО ПОДВЛЕЧЕНО
ПРАВО ЗА ИЗДАВАЊЕ ПРЕПОРАКИ ЗА ДАВАЊЕ ЛИЦЕНЦИ НА ФИРМИ
Групација за безбедност и здравје при работа со барање
Членките на Групацијата за безбедност и здравје при работа расправајќи за практичната примена на Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот за стручните бодови и за актуелните прописи од областа на безбедност и здравје при работа, на седницата одржана на 4.12.2015 година во Стопанската комора на Македонија констатираа дека фирмите од оваа дејност се соочуваат со сериозни проблеми во своето работење. Како приоритетни прашања се посочија бодувањата на стручните лица кои се бодираат според овој Правилник за активно или пасивно усовршување во земјата и во странство, објавување на стручни или научни трудови и слично. Претставниците истакнаа дека на фирмите од оваа дејност им е потребен обучен и стручен кадар. Во расправата повторно се актуелизираа одредбите на Правилникот за висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа, при што се истакна дека со истиот се утврдуваат минималните и максималните цени за извршување на стручните работи за безбедност при работа, кои не кореспондираат со трошоците кои ги имаат фирмите за извршување на својата дејност. Во Правилникот не се опфатени дел на работи кои се извршуваат при вршењето на мерењата за имплементирањето за безбедност и здравје при работа. Исто така, се истакна дека со овој Правилник се опфатени и државни организации и институции кои се лиценцирани за вршење на оваа дејнос, кои се сериозни конкуренти на другите лиценцирани компании. Беше нагласено дека со примената на овој правилник забележани се и некои неправилности при објавувањето на тендери за имплементирање на овие стандарди во определени компании и установи со цени кои се под минимумот од утвредните со важечкиот Правилник. За надминување на ваквите состојби Групацијата за безбедност и здравје при работаќе побара од надлежните државни институции да добие право за давање препораки за давање лиценци на фирми од дејноста за безбедност и здравје при работа. Војкан Николовски
10
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Претставници од Регионалната комора со седиште во Прилеп и градоначалникот во посета на конфекцијата „Најстекстил“
НА КОНФЕКЦИИТЕ ИМ НЕДОСТАСУВААТ ОБУЧЕНИ РАБОТНИЦИ
Врз основа на Меморандумот за долгорочна соработка меѓу Регионалната комора со седиште во Прилеп и градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески, продолжува активноста за заеднички работни посети на компаниите од Прилеп. На 4.12.2015 година беше остварена работна посета на конфекцијата „Најс-текстил“ од Прилеп, која е во сопственост на Константинос Ленгерас од Република Грција. Компанијата моментално вработува 280 работници, во најголем дел женска популација. Конфекцијата „Најс-текстил“ произведува претежно женска лесна конфекција и трикотажа наменета за германскиот пазар. За време на работната посета извршивме обиколка на производните погони и се запознавме со идните активности на компанијата која најави проширување на производните капацитети и зголемување на бројот на вработени за повеќе од 200 работници. Од страна на сопственикот Константинос Ленгерас, кој е жител на Прилеп и менаџерката Славица Алексоска, беше укажано дека главен проблем е недостаток на обучени работници и намалениот интерес за работа во конфекциите. Посетата на оваа конфекција беше искористена за презентација на работата и услугите што ги даваат Стопанската комора на Македонија и Регионалната комора со седиште во Прилеп, со цел оваа компанија да стане членка на најстарата и најборјната деловна асоцијација во земава. Конфекцијата „Најстекстил“ е опшествено одговорна компанија, која учествува на сите донаторски конференции и донира средства за хуманитарни потреби и за инфраструктурни објекти во општината. Ристо Најдоски
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
БИЗНИС ИНФО
11
РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ
ПРЕД КОМПАНИИТЕ СПЕЦИФИЧНИТЕ АСПЕКТИ НА МЕЃУНАРОДНИТЕ ТРГОВСКИ ДОКУМЕНТИ
Регионалната комора со седиште во Битола одржа еднодневен семинар
Во организација на Стопанската комора на Македонија, Регионалната комора со седиште во Битола, на 3 декември 2015 година во Битола се одржа еднодневен семинар на тема: „Сертификати за потекло и други меѓународни трговски документи што ги издава Стопанската комора на Македонија“, како дел од работилниците кои се одржуваат низ неколку региони во Македонија. Целта на овој семинар беше запознавање на компаниите со новитетите, услугите, можностите и привилегиите што ги добиваат членовите на Стопанската комора на Македонија, преку презентирање на услугите и документите што се издаваат за потребите на работењето на компаниите, а кои меѓународните трговски документи се исти со видот и процедурите во сите земји од ЕУ и пошироко, што е мошне значајно за помош во нивното приближување и соработката со земјите од ЕУ и светот, како и промовирање и проширување на нивните можности. Беа опфатени сите специфични аспекти поврзани со меѓународните трговски документи што ги издава Стопанската комора на Македонија, особено за сертификатите за потекло со преференцијален и сертификатите за потекло со непреференцијален третман на стоките, АТАкарнетите, сертификатите за слободна продажба, потврдите за ексклузивитет и други потврди и заверки што ги врши Стопанската комора на Македонија. Особен интерес присутните компании пројавија за сертификатите за потекло на стоките со преференцијален третман и за сертификатите за потекло со непреференцијален третман на стоките, поради нивната вредност за корисниците во меѓународната трговија кои се дел од комплетната документација, неопходна за заокружување на секоја интернационална трговска зделка. Компаниите ја препознаа вредноста и на документот за привремен извоз, т.е. АТА-карнетите, кои се издаваат според Меѓународната конвенција за привремен увоз. Корисноста на овој документ, кој е резултат на соработката на Светската царинска организација и светската бизнис-заедница, е видлив за националните економии, компаниите и за царинските организации. АТА-карнетите се соодветно дизајнирани, едноставни за употреба и прифатливи за корисниците. На семинарот учествуваа повеќе компании од битолско-преспанскиот регион од земјоделскиот и од прехранбениот сектор коишто се поголеми извозници. Стопанската комора на Македонија се приспособува на барањата на македонските компании во нивните настојувања за интернационализација на бизнисот, преку обезбедување на соодветна логистика со достапни документи, совети, информации и тренинзи за достигнување на квалитетно ниво на конкурентност на светските пазари. Поради пројавениот интерес за поставената тема на семинарот, ќе се продолжи и во другите градови во Република Македонија, со презентирање на меѓународните трговски документи што ги издава Стопанската комора на Македонија. Лазо Ангелевски М-р Никола Димковски
12
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Бизнис-секторот од регионот на Штип беше запознаен со сертификатите за потекло и други меѓународни трговски документи што ги издава Стопанската комора на Македонија
ДЕТАЛНО ЗА ЛОГИСТИКАТА ШТО СЕ НУДИ НА ИЗВОЗНИТЕ КОМПАНИИ
На 2 декември 2015 година, во просториите на компаниjата „Албатрос“ во Штип се одржа еднодневен семинар на тема:„Сертификати за потекло и други меѓународни трговски документи што ги издава Стопанската комора на Македонија“. Во рамките на семинарот беа опфатени сите специфични аспекти поврзани со меѓународните трговски документи што ги издава Стопанската комора на Македонија, особено за сертификатите за потекло со преференцијален и сертификатите за потекло со непреференцијален третман на стоките, АТАкарнетите, сертификатите за слободна продажба, потврдите за ексклузивитет и други потврди и заверки што ги врши Стопанската комора на Македонија. Воедно, беа претставени и активностите на Стопанската комора на Македонија во меѓународни проекти што значајно им помагаат на македонските претпријатија за поттикнување на извозот, посебно за работата на Enterprise Europe network. Исклучителен интерес компаниите пројавија за сертификатите за потекло на стоките со преференцијален третман и за сертификатите за потекло со непреференцијален третман на стоките, поради нивната вредност за корисниците во меѓународната трговија. Тие се неминовен дел од комплетната документација, неопходна за заокружување на секоја интернационална трговска зделка. Компаниите ја препознаа вредноста и на документот за привремен извоз, т.е. АТА-карнетите, кои се издаваат според Меѓународната конвенција за привремен увоз. Корисноста на овој документ, кој е резултат на соработката на Светската царинска организација и светската бизнис-заедница, е видлив за националните економии, компаниите и за царинските организации. АТА-карнетите се соодветно дизајнирани, едноставни за употреба и прифатливи за корисниците. На семинарот учествуваа повеќе компании од штипскиот регион, и освен од текстилната гранка, имаше голем број учесници од прехранбената индустрија коишто се големи извозници. Стопанската комора на Македонија се приспособува на барањата на македонските компании во нивните настојувања за интернационализација на бизнисот, преку обезбедување на соодветна логистика со достапни документи, совети, информации и тренинзи за достигнување на квалитетно ниво на конкурентност на светските пазари. Поради пројавениот интерес за поставената тема на семинарот, ќе се продолжи и во другите градови во Република Македонија, со презентирање на меѓународните трговски документи што ги издава Стопанската комора на Македонија. Целта е запознавање на компаниите со новитетите, услугите, можностите и привилегиите што ги добиваат членовите на Стопанската комора на Македонија, преку презентирање на услугите и документите кои можат да се извадат за потребите на работењето на компаниите, а кои меѓународни трговски документи се исти со видот и процедурите во сите земји од ЕУ и пошироко, што е мошне значајно за помош во нивното приближување и соработката со земјите од ЕУ и светот, како и промовирање на нивните можности. Лазо Ангелевски, Моника Стоичева
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
БИЗНИС ИНФО
13
ПОДВЛЕЧЕНО БАНКАРСТВО
„НАЈДОБРА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2015 ГОДИНА“
НЛБ Тутунска банка според угледниот финансиски магазин „The Banker“
На 2 декември во Лондон, НЛБ Тутунска банка е прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2015 година од страна на угледниот финансиски магазин „The Banker“ На свечената церемонија којашто се одржа на 2 декември во Лондон, каде присуствуваа надобрите банки од над 152 земји во светот, угледниот финансиски магазин „The Banker“ ги додели глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарството во 2015 година. За најдобра банка во Македонија за 2015 година е прогласена НЛБ Тутунска банка. Ова е осми пат како НЛБ Тутунска банка ја добива оваа престижна награда, со што Банката стана најнаградувана банка од Република Македонија. Наградата за најдобрите банки се базира на особениот успех во надминувањето на сите поставени предизвици, и согласно тоа постигнатите извонредни финансиски резултати. НЛБ Тутунска банка во 2014 година оствари добивка од 11 мил. ЕУР, а за привите десет месеци од 2015 година добивката изнесува 14,6 мил. Еур, што ја прави оваа Банка една од најпрофитабилните компании во земјата. Банката покажа исклучително висока стабилност во услови на зголемени ризици што се должи на долгогодишната стратегија на реален раст, современите системи на управување и професионална услуга која овозможува создавање долгорочна деловна соработка со клиентите. Оваа година, Банката прослави 30 години јубилеј од основањето, период во кој Банката во континуитет растеше и остваруваше позитивни финансиски резултати. Во 2016 година, НЛБ Тутунска банка планира нов инвестициски циклус со кој ќе го поддржи станбеното кредитирање на домаќинствата и проектите на микро, малите и средни претпријатија од сите стопански дејности. Дополнително, Банката планира нови инвестиции за проширување на деловната мрежа и за надградба на електронските сервиси и софтвери, што ќе им овозможи на клиентите брз, ефтин и едноставен пристап до услугите на Банката.( НЛБ Тутунска банка)
14
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
БАНКАРСТВО
Стопанска банка АД Битола со престижна награда од „Global Banking Finance“
НАЈДОБРА КОМЕРЦИЈАЛНА И БАНКА СО НАЈДОБРО БАНКАРСКО ИНОВАТИВНО РАБОТЕЊЕ СО ФИЗИЧКИ ЛИЦА
Меѓународниот магазин “International Banker“ ja избра Стопанска банка Битола за најдобра комерцијална банка за 2015 година и банка со најдобро банкарско иновативно работење со физички лица во 2015 година. “International Banker“ е еден од водечките светски извори на авторитативна анализа на меѓународниот финансиски и банкарски сектор. Истиот успешно ја реализира својата цел да биде главен извор на информации за клучните фактори на одлучување во финансиското работење. Станува збор за меѓународно признаена публикација, чиј углед се базира на објективност, влијание, интегритет и точност во информирањето. Стопанска банка АД Битола е оценета како еден од лидерите во банкарскиот сектор на Република Македонија, со значителен пораст на бројот на клиенти и зголемена рамка на кредитни и платежни активности. Забележан е порастот на мрежата на експозитури на Банката, за цели 26,6 %, и континуирано зголемување на бројот на вработени. Помеѓу критериумите за доделување на овие награди на Стопанска банка АД Битола, се вбројува успехот на Банката во делот на работа со физичките лица. Вкупната вредност на кредити за население се зголемила за 50% во текот на 2014 година. Голем удел во овој импресивен пораст има континуираната понуда на Банката на нови производи и услуги, кои се приспособени на потребите на клиентите. Годината е оценета како исклучително успешна и за корпоративниот сектор на Банката. Забележен е пораст на корпоративното портфолио за 10,26 % и пораст на депозитите за 39,18 %. Со добивањето на престижните награди за 2015 година, од страна на магазините International Banker и Global Banking Finance, успешната приказна на Стопанска Банка а.д. Битола добива меѓународна верификација. Признанијата пристигнуваат и дома, во Република Македонија. Стопанска Банка а.д Битола континуирано добива нови клиенти кои ја препознаваат како стабилна финансиска институција. За потсетување, оваа година, Стопанска Банка а.д. Битола, беше наградена и од светски познатиот финансиски магазин Global Banking Finance. Доделена е престижната награда за најдобра банка за работа со физички лица во Република Македонија за 2015 година. Воедно, тимот на Global Banking Finance го избра извршниот директор на Стопанска банка а.д. Битола за најдобар главен извршен менаџер во банкарскиот сектор за 2015 година во Република Македонија. Наградата ја доби како резултат на анализата на поднесените номинации, при што прецизно се мери успехот на менаџерот преку постигнатите резултати на банката во банкарскиот сектор. (Стопанска Банка АД Битола)
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
БИЗНИС ИНФО
15
ЧЛЕНКИ НА ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРАТА
РАЗВОЈ БАЗИРАН НА КОНТИНУИРАНИ ИНВЕСТИЦИИ И МОДЕРНИЗАЦИЈА
Шест децении на Цементарница „УСЈЕ“ АД – Скопје
Со врвен квалитетен производ, најнова технологија, посветена работа и развој на проекти од интерес на животната средина и заедницата, Цементарница „УСЈЕ“ АД - Скопје одбележува 60 години од своето делување на македонскиот пазар. Шестдецениското работење на „УСЈЕ“ е проследено со процес на континуирани инвестиции и модернизација, преку кој компанијата успева да одговори на потребите на македонската економија и општеството. Само во последната деценија компанијата вложи 80 милиони евра во воведување нови технологии и модернизација, со што значително се подобри квалитетот на производите и се подигнаа стандардите за безбедност и здравје при работа. Од овие средства скоро 36 милиони евра се инвестирани во проекти поврзани со заштита на животната средина, односно поголема компатибилност на работењето на компанијата со потребите на заедницата. За своите заложби за придонес кон животната средина, „УСЈЕ“ годинава ја доби највисоката национална награда за општествена одговорност за проектот „Намалување на емисиите во воздухот“. Ова беше второ највисоко признание за „УСЈЕ“ во истата област. За своите заложби „УСЈЕ“ беше наградуван во изминатите години за проекти и од областа на унапредување на пазарот и од областа однос со вработените. - „УСЈЕ“ е нераскинлив дел од македонското општество, бидејќи нашиот цемент е вграден во секој јавен и приватен објект во Македонија. Заедно со нашиот развој, растеше и се развиваше и македонската економија. Наша цел е и во иднина да бидеме двигатели на просперитетот во нашето општество, - истакна Борис Хрисафов, главен извршен диектор на Цементарница „УСЈЕ“ АД - Скопје. Шестдецениското постоење „УСЈЕ“ го одбележа со гала-концерт „Класика версус класика“. На свеченоста беа доделени и специјални признанија за долгогодишна соработка и особен придонес во развојот на градежната индустрија на компаниите „Бетон“, „Гранит“, „Карпош“, „Адора“ и „Актор“. Специјално признание добија и Општината Кисела Вода со која „УСЈЕ“ има континуирана соработка на проекти од интерес на заедницата, а награда доби и Заводот за испитување на материјалите – ЗИМ, кој игра значајна улога во процесот на создавање цемент со врвен квалитет по највисоките светски стандарди. Долгогодишниот директор на „УСЈЕ“, кој даде особен придонес во равојот на компанијата и обезбедувањето на стратешки партнер, Ристо Гушков, исто така доби специјално признание. За тридецениската соработка и пласман на производите на „УСЈЕ“ на пазарот во Косово, специјално признание доби и Изахир Трони. Во годината кога„УСЈЕ“ прославува 60 години од своето работење, беше одржана и техничка конференција„Влијанието на градежните материјали врз квалитетот на градбата“, на која учествуваа врвни домашни и странски експерти. Истовремено, по повод 60-годишниот јубилеј, „УСЈЕ“ потпиша Договор за партнерство и поддршка со Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Проектот на студентите ќе им овозможи да работат на скулптури од бетон во духот на урбаната и современа уметност, кои откако ќе бидат готови ќе бидат јавно изложени. Со цел да се поттикне уметничкиот израз и да бидат отворени нови можности и простор за креативна работа на младите уметници, „УСЈЕ“ обезбеди цемент, други потребни материјали, машини и алатки што се користат во работата на Катедрата за вајарство при ФЛУ. (Цементарница „УСЈЕ“)
БИЗНИС ИНФО
16
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
Филип Морис ТКП ќе финансира 5 најдобри бизнис-идеи од Пелагонискиот регион
ПРИДОНЕС ЗА ЕКОНОМСКИОТ И СОЦИЈАЛНИОТ РАЗВОЈ НА РЕГИОНОТ
Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп ќе финансира пет најдобри бизнис идеи во Пелагонискиот регион. Заедно со CEED Македонија ја спроведува програмата „Моја идеја, мој бизнис“. На Економскиот факулт во Прилеп почна процесот на евалуација за избраните 40 идеи од 70-те пријавени во програмата. - Многу ми е мило што оваа програма во Пелагонискиот регион е препознаена како програма која може да придонесе за економски и социјален развој на овој регион. Филип Морис ТКП на петте најдобри бизнис идеи ќе им додели грантови до 2.000 долари за отворање мали бизниси или за развивање на постојните. Дополнителен дел од програмата е доделување стипендија од 500 долари за најдобрите решенија кои би ги понудиле студентите од овој регион. За студентите во овој момент конкурсот е отворен. Тие пари ќе може да ги искористат за комплетирање на своето образование и за доусовршување, - вели Анита Блажевска, менаџер за корпоративни прашања при Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп. Според Весна Кардалевска од CEED Македонија, раковорител на проектот „Моја идеја, мој бизнис“ , има многу интересни бизнис идеи и тие сега ги претставуваат пред комисија која ги оценува. - Проектот во Пелагонискиот регион годинава се имплементира како пилот проект. Обуките траеја два месеца и денеска завршуваат. Учесниците ги претставуваат своите бизнис идеи пред комисија која ќе ги оценува и петмина од нив ќе добијат грантови до 2000 долари за започнување или развивање на своите бизнис-идеи. Обуката ја завршија 40 учесници од кои 22-ца се одлучија да аплицираат и од нив ќе се изберат петте најдобри бизнис-идеи. Целта ни е да ги поттикнеме младите од пелагонискиот регион да останат овде, да се стекнат со практични знаења за претприемништво, да ги реализираат своите бизнис идеи, да отворат свој бизнис и индиректно да го поттикнат развојот на регионот и да го направат подобро место за живеење. Има интересни, различни идеи, од земјоделството, сервисни услуги, дел од производството, - објаснува Кардалевска. Меѓу 40 -те учесници е и Јасмина Антиќ-Атанасовски од Битола која има отворено Центар за ран детски развој, прв во регионот и очекува да го развие бизнис. - Ова е прва ваква установа во Пелагонискиот регион за ран детски равој, целосно приватна, а е четврта во Македонија. Работиме со деца од 3 до 5 години, работиме два и пол месеца. Работиме со 20 дечиња, имаме воспитувачи-негуватели и ова ми е остварување на сонот. Од овој проект очекувам поддршка за промовирање едукативни работилници во Битола, потребни за децата од претшколска возраст. Да го донесеме НТЦ системот на учење ( Никола Тесла центар) што ќе им помогне понатаму на дечињата во образованието, вели Антиќ Атанасовска.
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
БИЗНИС ИНФО
17
ЧЛЕНКИ НА ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРАТА Иван Литовски, пак, сака да ја реализира и да ја прошири бизнис идејата за снимање и монтирање свадбени веселби за повеќе земји. - Го поднесовме бизнис планот, ги изработивме проекциите. Мојата идеја е за монтирање свадбени веселби. Во светот многу луѓе ги снимаат, но немаат ниту време, ниту опрема да ги монтираат. Монтираме свадби за земји со повисок животен стандард од Македонија. Моментално соработуваме со видеопродукции од Кипар и Америка. Со овој бизнис се занимавам пет години, но со ваквиот тип услуги за монтажа работам една година и затоа ми треба поддршка, - вели Литовски. Кон средината на јануари програмата „Моја идеја, мој бизнис“ ќе ги прогласи најдобрите пет идеи кои ќе добијат грантови до 2.000 долари.(МИА)
ДОНАЦИЈА НА ЛЕБ ЗА БЕЗДОМНИЦИТЕ
„Жито Лукс“ ја поддржа иницијативата #ретвитниоброк
„Жито Лукс“ со своја донација се вклучи и ја поддржа кампањата иницирана од Твитер заедницата во Македонија, #ретвитниоброк. Викендов, најголемиот производител на леб во Македонија стана партнер на кампањата преку донација на леб за сите бездомници кои во саботата се пријавија на пунктот зад Спомен куќата на Мајка Тереза во центарот на Скопје. Кампањата #ретвитниоброк преку социјалната мрежа Твитер ги организира граѓаните за донации и подготвување оброци за бездомниците. Оваа донација е дел од кампањата на компанијата, насловена „Храна подарена од срце“ која се одвива во континуитет при што избираат различни институции и установи каде што потребата од помош и донација е најактуелна и најпотребна. Оваа акција е само една од големиот број на активности кои ги организира Жито Лукс, со цел подобрување на квалитетот на животот на социјално ранливите категории. Преку спроведувањето на кампањите, компанијата истовремено и придонесува кон подигнување на јавната свест за потребата од вклучување на граѓаните, деловните субјекти и организациите во општествено хумани активности.(МИА)
БИЗНИС ИНФО
18
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
ПРЕНЕСЕНО Интервју на Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на ВВ „Тивеш“ за „Утрински весник“
„ТИКВЕШ“, БИП И „БАДЕЛ“ ЌЕ БИДАТ СВЕТСКИ ИГРАЧ
Овие три големи компании можат да бидат најмоќниот кластер на производители на алкохолни пијалаци во регионот и да прераснат во светски играч, вели бизнисменот Светозар Јаневски * Господине Јаневски, пред 12 години, по излегувањето од „Пивара“, потенциравте дека развојот на „Тиквеш“ ќе има приоритет, и така и беше. Годинава компанијата слави 130 години постоење, градење бизнис и традиција. Вината на „Тиквеш“ последните години се бренд број еден во земјава, на Балканот, каде се’ на друго место во светот? Кога ја донесувавме одлуката за инвестирање во „Тиквеш“, во 2003 година, имаше многу скептици кои не веруваа во нашите сериозни намери, ниту во потенцијалот на винарницата. Задоволен сум што постојат и такви како што е вашиот медиум што ги паметат моите ветувања дека ќе вложиме во развојот на „Тиквеш“ и во производството на вина кои ќе бидат препознатливи по својот уникатен карактер и врвен квалитет, не само во нашата земја и регионот, туку и во целиот свет. Еве сме, дванаесет години подоцна, во годината кога заеднички ја славиме 130- годишнината од почетокот на организираното производство на вино во Македонија, кој нераскинливо е поврзан со „Тиквеш“, во која со чисто срце можеме да констатираме дека го исполнивме тоа што го ветивме и, можеби, уште повеќе. Досега инвестиравме повеќе од 30 милиони евра во сите сегменти од производството во „Тиквеш“, а инвестицискиот циклус продолжува и понатаму. Она што е, исто така, многу значајно е дека го сменивме начинот на работа. Наместо на квантитет, се концентриравме на квалитетот и на тоа како да го постигнеме, подигнеме и задржиме на највисоко ниво. Успесите на нашите вина потврдуваат дека сме успеале во тоа. „Бела вода“, „Барово“ и „вранец - спешл селекшн“ освоија највисоки оценки од најпознатиот светски вински критичар Роберт Паркер, нешто што останатите вина од регионот се’ уште го сонуваат. Тоа беше пресвртница,
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
БИЗНИС ИНФО
19
ПРЕНЕСЕНО која ни го отвори американскиот пазар, но и многу други пазари, како што е кинескиот. Останатите наши вина освојуваат годишно и до 50 медали и највисоки признанија на најпознатите светски вински натпревари. Навлеговме и во луксузниот сегмент, почнувајќи една сосема нова приказна со „домен лепово“, каде што очекуваме уште повисоки резултати. Во една реченица, го трасиравме патот кој ќе го однесе „Тиквеш“ во светската винска елита, онаму каде што и припаѓа. * Во последно време се’ повеќе се зборува за ширење на бизнисот во регионот. Што ќе значи преземањето на БИП и „Бадел“, дали е на повидок создавање голем балкански гигант? Проектите како што се БИП и „Бадел“ се дел од нашата долгорочна визија за развој на индустријата на пијалаци во регионот на поранешна Југославија. Политичките проблеми во овој регион од 90-тите години на минатиот век, неоправдано нарушија некои економски текови кои беа силни и имаа огромен потенцијал за развој. Јас сум цврсто убеден дека се’ уште постојат огромни можности во секторот на индустријата на пијалаци во регионот, од кои сите ќе имаат придобивки, вклучувајќи ја и домашната економија. БИП и „Бадел“ се дел од таа визија. Заедно со „Тиквеш“, каде што продолжуваме со интензивните инвестиции и развој, овие три големи компании можат да бидат најмоќниот кластер на производители на алкохолни пијалаци во регионот и да прераснат во светски играч. Јас мислам дека оваа визија заслужува шанса да биде реализирана и ќе се обидам да го направам тоа. * Дали БИП, „Бадел“ и „Тиквеш“ ќе функционираат одделно или се можни и заеднички производи? Тоа е дел од стратегијата, која допрва ќе се разработува во детали, но можам да кажам дека ништо не е исклучено доколку пазарот покаже потреба од такви производи. * Дали на производството на вино гледате како на страст или само како бизнис. Толкав труд вложувате, а Македонците не можат да се научат да пијат вино? За мене производството на вино е повеќе страст и посветеност отколку бизнис. При вложувањата се раководам првенствено од идејата дека работите во винарството во земјава треба да се менуваат на подобро. Целта е да се создаде врвен производ по кој Македонија ќе биде препознаена во светот. Ако Македонија порано беше позната по производството на тутун, сметам дека тоа сега и во иднина треба да биде виното. Тоа е производот кој ќе не’ однесе во светот. Сепак за тоа треба да се обезбедат соодветни услови за да може нашето вино да биде поконкурентно на светските пазари. Инаку, што се однесува до нивото на консумација на вино во Македонија, тоа е исклучително ниско, најниско во целиот регион. Од алкохолните пијалаци, овде се пие најмногу ракија и тоа онаа што се прави во домашни услови. Дури, за жал, на некој начин се стимулира таквото производство, преку организирање манифестации од типот на „Ракијада“, што сметам дека нанесува штета за организираното производство, но и на државата. Верувам дека мотивите за ова се од социјална природа, но поддршката на ваквото производство, без плаќање даноци и акцизи е незамисливо во светот. Доколку се контролира ова „сиво“ производство, може да се очекуваат зголемени приходи во државната каса, по основ на акциза и даноци. Ако сакаме светот да не’ прифати како винска земја, тогаш мора сите ние многу повеќе да работиме на развојот на винската култура. „Тиквеш“ вложува големи средства и енергија на развојот на винската култура, но неопходно е сите фактори да работат во вистинската насока. * Какво вино им носите на Вашите пријатели во странство, а со кое вино наздравувате дома? Не смеам да кажам колку многу вино носам кога одам на пат. Се шегувам, се разбира. На моите пријатели во странство најчесто им носам „бела вода“ и „барово“, а во последно време и „гранд куве“, „пино ноар“ и „шардоне“ од Лепово. А дома најчесто наздравувам со свежи вина. Јас не сум љубител на стари, архивски, тешки вина. Старите вина имаат своја убавина, но до определен степен, од нив може да испиете чаша-две и толку, ако се испие малку повеќе, тогаш имате проблем, „тешка“ глава, мамурлак. Со пријателите најчесто пиеме свежи вина, на пример од 2014 година, а црвените вина можат да бидат постари две-три години.
20
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
ПРЕНЕСЕНО
* Господине Јаневски, го изгубивте прекарот Свето Пивара, дали малку Ви недостасува тој статус? За времето кое го поминав во„Пивара Скопје“ ме врзуваат многу убави спомени, големи професионални достигнувања и успеси, па и лични моменти, пријателства и доживувања кои вечно ќе бидат дел од мене. Но, јас свесно донесов одлука да отворам ново поглавје кое се вика „Тиквеш“ и кое со сите параметри, развојни планови и предизвици зазема голем дел од мојот професионален живот. * Како ја оценувате економската состојба во земјава. Колку политичката криза годинава ја разниша економијата? Не ја следам толку економската состојба во земјава бидејќи може да се каже дека веќе не живеам само овде, односно дека сум постојано на пат. Еве пред неколку дена се вратив по еден месец поминат во странство. Во целиов овој период може да ми се соберат само десетина дена во земјава. Тука доаѓам да ги видам моите вработени. Што, како работат, да им дадам совет, да им помогнам, како да излезат од овие простори, да продаваат надвор, да одиме во регионот, во светот. Добрите резултати на компанијата се одраз на вработените. Наша заедничка цел е да создадеме најдобри вина и да ги продадеме. Затоа бележиме добри резултати. Покрај во извозот кој секоја година се зголемува, „Тиквеш“ бележи раст и на домашниот пазар поради тоа што љубителите на виното го препознаваат нашиот квалитет. * Додека чекате на аеродром читате весници, за да видите што се случува кај нас, во регионот? Она што го гледам насекаде е дека во целиот регион постојат емоции. А кога се во прашање емоциите, не би сакал премногу да навлегувам, бидејќи и според експертите за човечката психа, преголемите емоции можат да создадат фрустрации. Мојот совет би бил, наместо со емоции, проблемите да се решаваат прагматично и со факти. Целта е подобрување на економијата, преку инвестиции и отворање нови работни места, со што ќе се создадат нови перспективи за младите и дополнително ќе се мотивираат да останат овде. А тоа може да се постигне ако сите земји од регионот почнат вистински да соработуваат меѓу себе, а не да се затвораат во сопствените енклави. Целиот наш регион може да понуди многу, но потребни се храбри луѓе
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
БИЗНИС ИНФО
21
ПОДВЛЕЧЕНО ПРЕНЕСЕНО кои ќе ги согледаат можностите, ќе креираат поголема доверба и сите заеднички ќе не’ поврзат. Потребна е поголема отвореност на лидерите, која ќе води кон просперитет, бидејќи затвореноста носи ниско ниво на развој. * Секогаш сте биле блиску до политичарите, сте имале и понуди да влезете директно во политиката. Но, колку што ми е познато, Вие во почетокот на деведесеттите ја поддржавте либералната идеја, потоа бевте советник во кабинетот на поранешниот премиер Владо Бучковски и на тоа остана Вашиот ангажман ... Јас не сум политичар. Јас работам со луѓето на конкретен начин, знам што е бело, што е црно. Никогаш ниту сум мислел, ниту сум имал желба да се занимавам со политика. Лично, блиски ми се теориите на либерализмот, но мојот ангажман отсекогаш сум го замислувал единствено како помош во форма на совети, поради искуството и мрежата од контакти што ја имам во бизнисот и така да помогнам за развојот на економијата и за намалување на невработеноста. * Каде се спојуваат, а каде се раздвојуваат политиката и економијата? За жал, во целиот наш регион, политиката и економија се измешани. Особено тоа е видливо за време на избори, кога бизнисот станува „топовско месо“ за политиката, што е многу проблематично. Бизнисмените поединечно се многу слаби и затоа не можат да се одбранат од можните политички влијанија. Во такви услови нема шанса за развој, додека не дојде нова генерација која ќе размислува поинаку и ќе има иста цел – инвестирање, креирање нови работни и нормално редовно плаќање даноци. Погубен е пристапот на младите претприемачи кои сметаат дека би можеле да успеат само ако се поврзани со политиката. Тоа е можеби полесниот пат, но таквиот пристап не носи долгорочен успех и не е добар за развојот на претприемаштвото во земјата. Политиката треба само да креира поволен економски амбиент. Кога така би се поставиле работите, би се избегнале многу проблеми околу мешањето на политиката во економијата, а развојот би бил подинамичен. * Сепак, бизнисот и политиката отсекогаш се испреплетувале... Каква е кохабитацијата меѓу бизнисот и политиката во Македонија, во смисла на идеи? Во Македонија мора да се најде начин, луѓе и идеи кои ќе ја повлечат земјата напред. Не мислам на кохабитација меѓу бизнис-елитата и политиката. Зборувам за кохабитација на идеите. Тоа значи дека некој треба да ги обедини интелектуалното ниво на нацијата и идеите. Велат земјите кои не ги поминале периодите на хуманизам и ренесанса не можат да влезат во демократија. Сиромашна земја не може да развие ефикасни демократски и пазарни механизми. Нема пример на земја на која и’ успеало тоа. Затоа, секогаш мора да постои некој што обединува, некој кој размислува глобално. Кој ќе биде тоа, не знам, но нам ни недостасува обединување. Треба да си подадеме рака. * Колку партиите му се наметнуваат на бизнисот? Мене најчесто не можат да ме најдат, постојано сум на пат. Шегата настрана, односите меѓу политиката и бизнисот се многу измешани. На пример, уште е свеж примерот од времето кога бев советник во Владата на Владо Бучковски, а негов министер во тоа време незаконски го блокираше „Тиквеш“. Иако „Тиквеш“ беше во право, блокадата ја чинеше компанијата три пати повеќе отколку што требаше, што нанесе штета и долгорочни последици. Понекогаш политиката не дозволува правдата и вистината да излезат на виделина. Да, ќе речете – па секој прави грешки, но најчесто кога се прават вакви грешки, страдаат луѓето и браншата. Границата меѓу мотивација и манипулација понекогаш е многу тенка. Кога ќе ја видиме, можеби веќе ќе биде доцна. („Утрински весник“)
БИЗНИС ИНФО
22
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
СВЕТСКИ ПЕЧАТ
Путин и Турција
КОГА БОГ ГО ОДЗЕМА РАЗУМОТ
Алах можеби и го одзел разумот на турската влада, но кој му го одзел разумот на рускиот претседател Путин? Анализата покажува дека тензиите ќе имаат тешки последици по двете земји Доколку не беше доволно што го обвини семејството на турскиот претседател дека е директно инволвирано во финансирање на тероризмот преку продажба на нафтата на „Исламската држава“, рускиот претседател го продолжи вербалниот напад со тврдење дека турскиот државен колективно го загубило разумотверојатно преку божествена интервенција. „Веројатно Алах одлучил да ја казни владејачката структура во Турција, одземајќи им го разумот“, рече Путин. На неодамнешната прес-конференција Путин дополни и дека реакцијата не Русија нема да запре само на трговски санкции. Путин тврдеше дека нема проблем со турскиот народ, туку само оние од врвот кои ја „предале“ Русија. Но акциите на Русија против Турција сe повеќе делуваат лично. Повеќе од 70 илјади Турци во моментов работат во Москва, многу од нив со семејствата, што го искачува бројот на Турците во Русија на околу 200 илјади. Според „Москва Тајмс“ локален весник на англиски јазик, некои семејства пријавиле дека ги посетила полицијата дома и им се заканувала. Други велат дека децата им биле застрашувани на училиште. На некои кои се враќале во земјата во посета на семејствата им била одбиена визата. Тоа е многу лично. Санкциите на турското овошје, зеленчук и пилешки производи кои стапуваат во сила од 1 јануари исто така ќе ги погодат семејствата и малите бизниси, а откажувањето на чартер патувањата за Турција исто така ќе земе данок. Но, иронично, тоа ќе ги погоди и Русите. Околу 20 проценти од руското овошје и зеленчук доаѓа од Турција, а рускиот министер за економски развој Алексеј Уљукајев предупреди дека може да се јави недостаток додека владата да обезбеди нови понудувачи во кус рок. Кога на тоа ќе се додадат недостатоците кои веќе постојат поради санкциите кои Русија ги стави на увозот на храна од Европа, може да се очекува состојбата на рафтовите во супермаркетите да изгледа многу лошо. Двонасочна улица Трговијата притоа е двонасочна. Турција увезува 55 проценти од својот гас од Русија, и 30 проценти од својата нафта од Русија. Доколку одлучи да најде нов снабдувач, тоа ќе ја чини Русија многу. Во 2014 година, Турција извезла во Русија добра во вредност од 5,9 милијарди долари, а увезла од Русија- 25,2 милијарди
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
БИЗНИС ИНФО
23
СВЕТСКИ ПОДВЛЕЧЕНО ПЕЧАТ долари. Доколку Турција се одлучи на реципроцитет, тоа може скапо да ја чини руската економија. Русите веќе сега плаќаат повеќе за храната. Многумина останаа без работа, а други се соочени со намалување на платите. Состојбата е толку лоша што повторно се појави системот на преживување во советски стил- размена, но со модерен твист. Според приказна објавена на руската телевизија, се јавуваат интернет страници на кои луѓето разменуваат книги, електрични помагала Од времето кога беа сојузници, Реџеп Ердоган и Владимир Путин или облека за храна. Една таква страница во градот Омск во Сибир, има повеќе од 58 илјади следбеници. Тогаш кому му беше потребен ваков одговор? Според некои аналитичари, причините за судирот се далеку подлабоки од смртта на пилотот или поддршката за сирискиот претседател, Башар Ал Асад. (Не)прифатливи сценарија Некои велат дека Русија на овој начин се обидува да ја дискредитира Турција како членка на НАТО и да ја прикаже како недоверлив партнер на Западот. Други велат дека Турција се обидува да ја прошири својата улога на Блискиот Исток и да ја ограничи Русија поради нејзината поддршка за Курдите. Курдите се расфрлани низ делови од Турција, Ирак, Иран и Сирија и посакуваат да се обединат. Се зборува за курдски коридор во Сирија кој на Турција би можел да и делува како формирање на Курдистан. Тоа би можело да ја загрози сувереноста на Турција и да резултира со губење на дел од територијата. Тоа не е прифатливо сценарио за Турција. Која и да е причината, во моментов, не може да се очекува извинување од Турција, а Путин не е расположен да отстапи. Доколку тоа не се промени, најдоброто сценарио е дека односите ќе останат заладени, ако не и замрзнати. Најлошото сценарио е да дојде до реципрочни санкции кои потоа можат да ескалираат и во нешто полошо- и тогаш нема да има победници. Дури и да прифатиме дека Алах и го Се прават залихи додека се уште има што да се купи. одзел разумот на Турција, Господ веројатно истото го сторил и со руското раководство- затоа што ништо од она што го прави е рационално или пропорционално, а најмалку е во правец на изградба на заеднички фронт за борба против „Исламската држава“. (ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
24
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
СВЕТСКИ ПЕЧАТ
Висок ризик на компјутеризација во текот на следните две децении
РОБОТИТЕ ЗАГРОЗУВААТ СЕ’ ПОВЕЌЕ РАБОТНИ МЕСТА
Социјалните работници, медицинските сестри, терапевтите и психолозите се меѓу професиите што најверојатно нема да бидат преземени од компјутерите, како и помошта и грижата за другите луѓе, односно таму каде што емпатијата е многу важен дел од работата Околу 35 отсто од тековните работни места во Велика Британија се изложени на висок ризик на компјутеризација во текот на следните 20 години, се наведува во една студија која беше изработена од истражувачите на Универзитетот во Оксфорд и компанијата „Дилојт“. Што ги прави работните места подложни на автоматизација? Како што констатира Би-Би-Си во текст кој се базира на ова истражување, одредени аспекти на работните места можат поедноставно да се автоматизираат од другите. На интернет-страницата на британскиот сервис, има и интерактивна мапа каде што може да се вметне работното место во полето за пребарување и да се дознае веројатноста колку таа професија може да биде автоматизирана во текот на следните две децении. Социјалните работници, медицинските сестри, терапевтите и психолозите се меѓу професиите кои најверојатно нема да бидат преземени од компјутерите, како и помошта и грижата за другите луѓе, односно таму каде што емпатијата е многу важен дел од работата. Работните места кои од вработените бараат да размислуваат „од нога“ и да излезат со креативни и оригинални идеи, како на пример, уметниците, дизајнерите и инженерите, исто така имаат значајна предност во однос на автоматизацијата. Дополнително, занимањата кои вклучуваат задачи што бараат висок степен на социјална интелигенција и преговарачки вештини, како менаџерските позиции, се значително помалку изложени на ризик од машините, се наведува во студијата. Спротивно на тоа, иако одредени работни места во продажбата, како телемаркетингот или банкарските службеници може да вклучуваат интерактивни задачи, не мора да значи дека треба да поседуваат висок степен на социјална интелигенција, оставајќи ги да бидат изложени на автоматизација. Како што напредните индустриски роботи се’ повеќе се здобиваат со подобрени сетила и способност
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
БИЗНИС ИНФО
25
СВЕТСКИ ПОДВЛЕЧЕНО ПЕЧАТ да извршуваат покоординирани движења со прстите и со рацете за да манипулираат со предметите или да ги собираат, тие ќе бидат во можност да изведуваат и поширок спектар на покомплексни мануелни задачи, објави Би-Би-Си. Сепак, ракувањето во неструктурирани работни средини - како на пример задачи кои мора да се извршат при чистење на куќа – се’ уште се надвор од опсегот на автоматизацијата во блиска иднина. Софистицираните алгоритми се предизвик за голем број канцелариски и административни работи, особено во правните и финансиските услуги. Машините веќе почнуваат да преземаат одреден број работни задачи кои сега се извршуваат од страна на правни професионалци, како на пример скенирањето илјадници документи за да им помогнат во предистражната постапка. Истражувањето под наслов „Иднината на вработувањето: Како се подложни работните места на автоматизација“, беше спроведено од Универзитетот во Оксфорд, при што процените за тоа како одделни професии се подложни на автоматизација се темелат на девет клучни вештини кои се неопходни да се изврши некоја задача - социјалната перцептивност, преговарањето, убедувањето, помош и грижа за другите, оригиналноста, ликовната уметност, издржливост на прстите, мануелна умешност и потребата да се работи во тесна работна средина. Во улога на келнери, спортисти, танчари... Светската конференција за роботи во Пекинг привлече голем број луѓе кои сакаа да ги видат или да ги покажат своите или на кинески луѓе-машини „џикирен“. Земјата се’ уште треба да помине долг пат за да фати приклучок со Јапонија, меѓу другите, но врз основа на прикажаното на конференцијата, прашање е на време кога роботите ќе готват вечера и ќе чистат. Кина веќе е најголем светски пазар за индустриски роботи, според Меѓународната федерација за роботика. Но многу аналитичари на конференцијата изјавија дека иднината е во „услужните роботи“, кои помагаат во домот или во канцеларијата. Роботите-келнери веќе се популарни во некои ресторани и туристички дестинации во Кина. Во светот во кој се намалува стапката на новородени, роботите би можеле се’ повеќе да се грижат за младите и старите, како и за компаниите. Но, и покрај брзиот развој, Кина се’ уште заостанува зад азиските гиганти во роботиката, Кореја и Јапонија. Конференцијата, исто така, беше домаќин на разговори за можностите и опасностите на вештачката интелигенција. Експертот за роботика Тошио Фукуда од Универзитетот Нагоја, се насмеал кога го прашале за можноста роботите еден ден да станат наши господари. „Можеби за 30 или 40 години“, рече тој. „Но, јас не сум загрижен. Јас нема да бидам жив“. (Би-Би-Си)
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL
ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL
ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:
Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-
Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!
Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот. Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој метод на обука, која вклучува микс од техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависност од Вашата потреба. Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и светски компании. Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас. Предавач: Љупчо Георгиев, директор на „Густав Кезер Тренинг Интернационал Македонија“, лиценциран тренер со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи.
Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија.
Уписите за обуката се во тек.
Сите учесниците добиваат: • материјали за работа • мемориски картици • ЦД и дополнителна литература • консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6 месеци • интернационално признат Сертификат од Густав Кезер Тренинг Интернационал и Сертификат од Бизнис Центар за Тренинг и Обука • контролен ден
За подетални информации контактирајте со нас: Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk
28
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Kомплетна обука согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија
„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“ Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со менаџментот и организацијата на човечките ресурси во компаниите. Истата содржи 80 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Програмата започнува со општ вовед во менаџментот на човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти на струката потребни за стекнување менаџерски вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за Програмата „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ кој е признат од Министерството за образование и наука. ТРЕНЕРИ: Доц. д-р Љупчо Ефтимов Доцент на Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на прв и втор циклус студии одржува настава по предметите Менаџмент на човечки ресурси, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на перформанси. Од 2013 година ја извршува функцијата раководител на студиската програма од втор циклус студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси. Член е на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Член е на Комитетот за човечки ресурси при Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Р. Македонија. Член е на Техничкиот комитетот за менаџмент на човечки ресурси при Институтот за стандардизација на Р. Македонија. М-р Драгана Томиќ Пилиповиќ Професионален консултант, основач и претседател на Центарот за општествено одговорно претприемништво (ЦООП) - Белград, а во текот на својата кариера работела на следните позиции: - заменик-претседател на Секторот за човечки ресурси и обучувач во AIESEC, Економски факултет – Белград; - консултант во областа на тренинг и менаџмент на човечки ресурси во „Срма Консалтинг“ – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во Ерсте Банка – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во „ФармаСвисс“ ДОО - Белград. Д-р Зоран Михајлоски Во текот на својата богата кариера д-р Зоран Михајлоски бил судија во Апелациониот суд во Скопје, во специјализираниот оддел за работни спорови од 2002 година, претседател на специјализираниот оддел за работни спорови на Апелациониот суд - Скопје, едукатор во Правната школа на постојни судии од Европската унија во Барселона, Шпанија, од областа на
националните работни законодавства, постојан предавач на постдипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и вонреден професор на Факултетот за правни науки при Универзитетот „Американ Колеџ“ - Скопје. Автор на повеќе научни и стручни трудови од областа на трудовото и деловното право.
Дополнителни информации: • Предавањата се распоредени во 10 тренинг дена (вкупно 80 школски часа) и се одржуваат два до три пати неделно. • Обуката започнува во периодот април – мај 2015 година. • Број на учесници во група: 10 – 20 учесници. • Во зависност од тематската целина предавањата се одржуваат на македонски или на српски јазик. • Сите учесници добиваат потврда за присуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија. • Услов за да се стекне Сертификатот за „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит. Котизација за учество: - 27.900 денари за 1 учесник; - 10% попуст за втор учесник од иста компанија и - 15% попуст за трет и секој следен учесник од иста компанија, невработени лица и студенти. Учесниците добиваат: - Материјали; - Освежување и - Сертификат.
Контакт: Симона Ристоска +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Дводневен семинар: „МОДЕЛИ НА ЗАРАБОТКА И МЕТОДИ ЗА ПРОЦЕНКА НА РЕЗУЛТАТОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ“
14 - 15.12.2015 година (понеделник - вторник) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5ти кат
Програма (прв ден): - основи на фиксни и варијабилни модели на заработка; - практична анализа на моделите на заработка; - користа од воведувањето системи за мерење на работниот учинок; - поврзување на системи на заработка и структури за исплата; - модели за мерење на учинок и процес на воведување на системот. Програма (втор ден): - анализа на прашалници; - анализа на модели на системи за мерење на учинок на вработените; - исплатливост на воведување систем за мерење на учинок; - методи на критични случувања; - Check листи; - дефинирање на клучните индикатори за успех; - развој на компетенции. Предавач: Иван Марковиќ, сениор партнер во „iConsult“ – Белград и „Zaposlenje Org“ – Белград, раководител на тимот за изработка на системи за мерење на учинок на вработените. Работен јазик на семинарот: српски. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Работна група: минимум 7 – максимум 20 учесници Аплицирај електронски / on-line Контакт: Симона Ристоска Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: simona@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
БИЗНИС ИНФО
31
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Семинар: РАБОТНИ ОДНОСИ
„Постапка при откажување на работен однос, постапка во спорови од областа на Законот за заштита од вознемирување на работно место, право на надомест на штета поради повреда на работа, надомест на штета при незаконито откажување на работен однос“
15.12.2015 година 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
ПРОГРАМА: - Постапка при откажување на работен однос; - Постапка во спорови од областа на Законот за заштита од вознемирување на работно место; - Право на надомест на штета поради повреда на работа; - Надомест на штета при незаконито откажување на работен однос. ПРЕДАВАЧИ: - Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II – Скопје и - доц. д-р Лазар Јовевски, Катедра за трудово и социјално право - Правен факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје. Аплицирај електронски / online Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber. mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
32
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
16 декември 2015 година 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4 кат
Семинар: „УРЕДУВАЊЕ НА СТОПАНСКИТЕ ДОГОВОРИ СО МЕЃУНАРОДЕН ЕЛЕМЕНТ И ПРАВНА ЗАШТИТА ВО СЛУЧАЈ НА НИВНО НЕПОЧИТУВАЊЕ“
Програма - Правните рамки на меѓународното стопанско право; - Основни начела на меѓународната трговија; - Тековен развој на процесот на унификацијата (воедначувањето) на меѓународното стопанско право; - Минимум елементи и фази при склучувањето на меѓународните трговски договори; - Разработка на видовите меѓународни стопански договори; - Средства за обезбедување на меѓународните стопански договори; - Начини на решавање на споровите произлезени од непочитувањето на склучените меѓународни стопански договори: * судски и * вонсудски - Предности на арбитражата како начин на решавање на споровите * специфичности на постапката пред Постојаниот избран суд -Арбитража.
Прашањата за арбитражата како начин на решавање на споровите ќе бидат презентирани од проф. д-р Арсен Јаневски, Претседател на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручек и освежување; - сертификат за присуство на семинарот.
Овој семинар е наменет за: управителите, правните служби во кои работат правните лица, адвокатите, како и за сите оние кои склучуваат меѓународни стопански Аплицирај електронски / on-line договори и имаат потреба од проширување на своите знаења од предметната тема за разработка. Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Предавачи: Факс:++ 389 2 3244088 - м-р Тања Петковска, адвокат од областа на Контакт Центар : (02) 15015 граѓанските и стопанските спорови, застапувач E-адреса: anita@mchamber.mk на компаниите при склучување на меѓународни договори, а има магистрирано на темата: Меѓународно Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова право и меѓународна политика, со специјалност Тел: ++ 389 2 3244074 Меѓународно право и Факс:++ 389 2 3244088 - Слаѓана Серафимова, адвокат од областа на Контакт Центар : (02) 15015 граѓанските и стопанските спорови и застапувач на E-адреса: beti@mchamber.mk компании при склучување меѓународни договори.
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
БИЗНИС ИНФО
33
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
УНГАРСКО-МАКЕДОНСКИ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ
На 16 и 17декември 2015 година во Будимпешта
Стопанската комора на Македонија во соработка со Стопанската комора на Унгарија и Министерството за надворешни работи на Унгарија, Ве покануваат да земете учество на Унгарско-македонски економски форум и билатерални средби, што ќе се одржат во Будимпешта, Р. Унгарија, во периодот од 16 -17 декември 2015 година. Билатералните средби ќе се одржат како дел од програмата на 3. Унгарскомакедонски економски мешовит комитет, кој оваа година за главна цел има да ги покрие мултисекторските релации помеѓу Македонија и Унгарија со акцент на: • управувањето со води и отпад; • енергетиката; • градежништвото; • транспортот; • туризмот; • заштитата на животната средина; • земјоделството; • прехранбената индустрија; • осветлувањето и др. Целта на билатералните средби, што ќе се одржат на 16 декември 2015 година, е да се сретнат компании од горенаведените сектори и да разменат искуства од досегашната работа во дадените индустрии, како и да остварат директно поврзување, продлабочување и интензивирање на соработката. Сите заинтересирани компании од горенаведените индустрии, своето учество на билатералните средби, како и интересот за посета на одредени унгарски компании (според дејноста или назив на компанијата) можат да го искажат со пополнување на пријавниот лист, најдоцна до 4 декември 2015 година (петок). Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
34
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
17 декември 2015 година 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1, на 5-ти кат
Семинар: БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО ПРИ РАБОТА
„Имплеменација на системот за менаџмент со безбедноста и здравјето при работа на ниво на претпријатие во Република Македонија“
Македонското здружение за заштита при работа, овластена институција од Министерството за труд и социјална политика за спроведување на обуки за стручно усовршување на стручните лице за безбедност при работа, заедно со Стопанската комора на Македонија организира семинар на кој ќе се опфатат следните прашања:
при работа и - Даниела Индова, дипл. инж. по заштита при работа, стручно лице за безбедност при работа. • Консултирање, информирање, вклучување во планирањето и донесувањето на мерки за безбедност и здравје при работа; • Принципи на превенција.
Прв дел: Презентер: доцент д-р Синиша Цветковиќ • Концептот на системот за менаџмент со безбедноста и здравјето при работа на ниво на претпријатие; • Поттикнувачи и бариери за имплементација на системот за менаџмент на безбедност и здравје при работа во претпријатијата во Република Македонија; • Причини за одржување на безбедноста и здравјето во претпријатијата; • Главни тешкотии при одржување на За сите учесници на семинарот ќе биде безбедноста и здравјето во обезбедено: претпријатијата. - работен материјал; - ручек и освежување; Втор дел: - сертификат за присуство на семинарот. Презентер: м-р Надица Фотев • Планирањето на безбедноста и здравјето како Аплицирај електронски / on-line дел од бизнис-планот на претпријатијата; • Посветеност на менаџментот кон безбедноста Контакт: Симона Ристоска и здравјето; Тел: ++ 389 2 3244067 • Организирање и функционирање на системот Факс:++ 389 2 3244088 за безбедност и здравје при работа; Контакт Центар : (02) 15015 • Придобивки за деловниот субјект од добро E-адреса: simona@mchamber.mk воведениот систем за безбедност и здравје при работа. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Презентери: Факс:++ 389 2 3244088 - Снежана Јанкова Петковска, дипл. инж. по Контакт Центар : (02) 15015 заштита при работа, стручно лице за безбедност E-адреса: beti@mchamber.mk
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
БИЗНИС ИНФО
35
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Дводневна обука „ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, ONSAS 18000:2007”
Прв ден (21 декември 2015 година, понеделник) Концепт на интерни проверки - Толкување на барањата на стандардите ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, ONSAS 18000:2007; - Структура на стандардите и на документацијата - Барања за документацијата, организациски подесувања и барања во врска со реализацијата на процесот - Разбирање на улогата и целта на интерните проверки Систем на менаџмент на квалитет - Барања на системот поврзани со процесот на континуирано унапредување
Процес на проверка - Општи принципи на процесот на проверка - Планирање интерни проверки и погодни интервали за нивно спроведување Барања за проверувачите - Барања на стандардот ISO 19011 - Карактеристики на проверувачот (стручни компетенции и профил на личност) - Техники на проверка Подготовка за интерна проверка - Надлежност на тимот - Програма за интерна проверка Втор ден (22 декември 2015 година, вторник) Развој на чек-листи за проверка - Што се проверува? - Општи и посебни чек – листи Неусогласеност и забелешки - Ефективен начин на запишување на забелешките во текот на процесот на проверката Проверка на лице место - Собирање докази - Правила на комуникација; - Правила за бележење на заклучоците од проверката - Тактики на субјектот на ревизија
21-22 декември 2015 година 9:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
Запишување на заклучоците од проверката и известување - Утврдување на заклучоците од проверката - Содржина на извештајот - Финален состанок Превентивни и корективни мерки - Дефинирање на причинителите - Разлика меѓу корективни и превентивни мерки - Надзор над спроверувањето и проверка над корективните мерки Тест интерна проверка – Процес на спроведување на интерна проверка Предавач: Игор Чика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. • Траење на обуката и начин на работа - Обуката трае два дена од 9:00 – 15:30 часот. - PowerPoint презентација, студија на случај, работилница со вежби и охрабрување на учесниците за конверзација и поставување прашања. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
36
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 13 до 16 јануари 2016 година во Анталија, Република Турција
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ХОТЕЛСКА ОПРЕМА И УГОСТИТЕЛСТВО
*Стопанската комора на Македонија, во соработка • бесплатно сместување во хотел со 3* или 4* (зависно со „Експо центар“ - Анталија, ве покануваат од расположливите капацитети на хотелите во да бидете дел од саемската манифестација по Анталија); исклучителнои повластени услови! • специјални цени за компании коишто сакаат да земат учество на Саемот како излагачи; Интернационалниот саем за хотелска опрема и • за сите заинтересирани компании коишто сакаат угостителство „Aнфас“ претставува место коешто да земат учество на Саемот, задолжително е им овозможува на сите хотелиери и угостители да пополнувањето на пријавниот лист; се здобијат со нови иновативни идејни решенија за • Саемот можат да го посетат само двајца учесници од одржување на конкурентноста и подобрување на една компанија. постојните капацитети според најновите трендови во индустријата. Овој саем на годишно ниво го Стопанската комора на Македонија ги поканува сите посетуваат преку 33.811 посетители од цела Европа, заинтересирани компании да се пријават за учество при што имаат можност да стапат во директен на Саемот со пополнување на пријавниот лист контакт со повеќе од 400 излагачи и претставници најдоцна до 30.12.2015 година (среда). на реномирани производители на хотелска опрема и опрема за угостителство. Овогодинешниот 27. Интернационален саем за хотелска опрема и угостителство има за цел на едно место да ги собере сите: - производители на кујни и опрема за кујни; - производители на машини за перење; - производители на текстилна опрема за хотелиерство; - производители на мебел; - опрема за чистење; - униформи за персонал; - компјутерски системи; - апарати за безбедност при работа; - материјали за базени, бањи и спа-центри. Стопанската комора на Македонија на компаниите им овозможува: • бесплатни влезници за Саемот; • бесплатни трансфери од аеродром до хотел и обратно; • бесплатни трансфери од хотел до саем и обратно;
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
БИЗНИС ИНФО
37
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
,,НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“ ВО БЕЛГРАД
На 26 и 27 февруари 2016 година Меѓународна конференција и саем во Србија
На настанот„Новите технологии во образованието“ во 2015 година имаше повеќе од 2500 учесници кои имаа можност да слушнат повеќе од 100 говори од 50 предавачи од целиот свет. Исто така, се организираше и Саем со 40 излагачи каде се презентираа најновите технолошки решенија во образованието. Компаниите од ИКТ-секторот, издавачите, училиштата, универзитетите и другите образовни институции ја презентираа нивната компјутерска и аудио-визуелна опрема, мобилните уреди, софтвери, апликации, дигиталните учебници и другите производи што можат да придонесат за зголемување на квалитетот на образованието.
„Новите технологии во образованието 2016“ - Над 20 земји ќе пратат свои високи претставници од министерствата за образование. - Над 50 излагачи во 2016 година, и над 20 компании од Велика Британија. - Над 150 предавања и работилници. - 71% од излагачите потврдија продажни договори од настанот во 2015 година. - 79% од излагачите потврдија дека имаат воспоставено партнерства на настанот во 2015 година.
Над 4000 гости од 30 земји се очекуваат во 2016 година.
Конференцијата и саемот „Новите технологии во образованието 2016“ се отворени за компаниите од регионот кои обезбедуваат иновативно образование ИКТ-производи, услуги и решенија. Тие ќе имаат можност да ги покажат своите производи, да се создадат можности за партнерство со купувачите и со учесниците и да бидат во тек со новите случувања во областа на образованието и технологиите кои се внесуваат во образовниот систем во земјите во регионот. Во 2016 година веќе има потврда дека над 20 компании од Велика Британија ќе присуствуваат на овој настан и ќе ги презентираат нивните ИКТ-решенија и производи за образованието. Исто така, ќе присуствуваат високи претставници од министерствата за образование од: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово, Турција, Азербејџан, Казахстан, Русија, Израел, Украина, Молдавија, Грузија, Узбекистан , Словенија, Унгарија, Хрватска, Бугарија и Романија. Ова ќе биде можност за компаниите и за образовните институции за воспоставување партнерства и споделување идеи за иднината на образованието. Настанот се организира во соработка со Стопанската комора на Србија, Британската амбасада и други институции и организации. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ ИНФОИ ОБУКА САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Osnovana 1922
Founded 1922
БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија
Уписите се во тек!
БИЗНИС ИНФО
Обука на градежните работници за енергетска ефикасност BUILD UP Skills BEET - Builders’ Energy Efficiency Training
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
39
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Во рамките на ЕУ-иницијативата BUILD UP Skills (http://www.buildupskills.eu), која има за цел подобрување на квалификациите и вештините на европските градежни работници за постигнување на зголемена енергетска ефикасност на објекти, во Македонија во тек е реализација и имплементација на втората фаза на проектот „BUILD UP Skills – Builders’ Energy Efficiency Training (BEET)”. Иницијативата е фокусирана на континуирано неформално образование за различни занимања вклучени за изградбата на објекти. Целта на Проектот е реализација на тренинг-програми за развој и унапредување на вештини на работниците од градежниот сектор за постигнување на зголемена енергетска ефикасност во објекти, за 5 (пет) занимања кои во Патоказот (http://www.buildupskills.mk/images/Publikacii/Roadmap/EN_Roadmap_BUS-MK.pdf ) се дефинирани како приоритетни. Како дел од проектните активности, Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност(BUILD UP Skills – BEET)”, организира
ПРЕПОЗНАВАЊЕ (ВЕРИФИКАЦИЈА) на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност на градежните работници и објавува
ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
на кандидати за препознавање на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност за следните занимања: фасадери, кровопокривачи, столари, инсталатери на греење, ладење и вентилација и инсталатери на електрични инсталации I.Предмет на повикот Предмет на повикот е пријавување на кандидати кои поседуваат знаења и вештини стекнати со неформални обуки и/или работно искуство во градежни претпријатија. Во рамките на повикот ќе бидат препознаени знаења и вештини за следните занимања на градежни работници: 1. фасадери со вештини за енергетска ефикасност на згради; 2. кровопокривачи со вештини за енергетска ефикасност на згради; 3. столари со вештини за енергетска ефикасност на згради; 4. инсталатери за греење, ладење и вентилација со вештини за енергетска ефикасност и 5. инсталатери на енергетски ефикасни електрични инсталации.
IV.Резултати/придобивки од обуките 1.Вид на сертификат Со успешно завршување на постапката на препознавање на вештините, кандидатите ќе се стекнат со Сертификат за поседување на знаења и вештини за енергетска ефикасност, кој се однесува на определеното занимање. 2.Важност на сертификатите: • сертификатите ќе ги издава Сертификационото тело во рамките на Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност (BUILD UP Skills – BEET)”; • сертификатите ќе имаат важност во рамки на самиот Проект во Македонија, Хрватска и Словенија, како земји-учеснички во иста работна група од BUILD UP Skills иницијативата; • дополнително, сертификатите ќе бидат препорачани од страна на Проектот за отпочнување на процедура за нивна верификација од Центарот за образование на возрасните. 3.Стекнати компетенции Сертифицираните работници, по добивањето сертификат, ќе можат да аплицираат на тендери каде се барат работници со вештини за ЕЕ. V.Постапка на пријавување 1. Пријавувањето на кандидатите се врши електронски на еден од следните начини: • Доставување на документите во електронска форма на е-маил адреса: • За фасадери, е-маил: fasaderi@beet.mk, Контакт лица: Ивона Каранфиловска, тел: 02/3244-084, Симона Ристоска, тел: 02/3244-067 • За кровопокривачи, е-маил: е-маил: krov@beet.mk, Контакт адреса: ЦеПроСАРД, ул.Орце Николов 172, Скопје,тел: 02/3061-391 • За столари, е-маил: stolari@beet.mk, Контакт адреса: Факултет за бизнис економија, бул. 3та Македонска бригада 66А/1кат, Скопје Контакт лице: Слаѓана Стојановска, тел:02/2402-161, Љупчо Вангелски, тел: 02/2402-170 • За инсталатери за греење и климатизација, е-маил: hvac@beet.mk, Контакт лице: Даниела Тошевска, тел: 02/3216-903 • За инсталатери на енергетски ефикасни електрични инсталации, е-маил: elektro@beet.mk Контакт лице: Лихнида Стојановска-Георгиевска, тел 02/3099-174
Напомена: • Доставување на документи до сертифицираните тренери и акредитирани за одредени • Еден кандидат може да се пријави за препознавање на знаењата и вештини за ЕЕ за региони во Република Македонија, или едно или повеќе занимања од горе наведените. • Доставување на документите во печатена форма во Стопанската комора на Македонија, • Одборот за сертификација при Проектот Build Up Skillls BEET одлучува за издавањето на ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје. сертификат за поседување на знаења и вештини за ЕЕ. Постапката на препознавање целосно е финансирана од Проектот BUILD UP Skills – 2. Потребна документација: BEET. • пополнет ПРИЈАВЕН ЛИСТ; • копија од диплома за завршено образование; II.Услови за пријавување • сертификати од обуки во неформалното образование (институции и приватни 1.Кандидатите треба да имаат завршено: установи што организираат обуки за ЕЕ); •основно или средно образование, или • доказ за работно искуство во струката. Како доказ за работно искуство може •постсредно образование, т.е. мајсторски испит со V-Б степен на квалификации или да се приложи заверена референтна листа, потврда од работодавач за ангажманот на •четиригодишно средно техничко образование со IV степен на квалификации или кандитатот со податоци за работната позиција и времетраењето. •тригодишно средно стручно образование со III степен на квалификации. 2.Работно искуство: • најмалку 5 (пет) години во струката односно занимањето за кое се бара сертификат, од кои • најмалку 2 (две) години во спроведување на мерки за енергетска ефикасност. III.Процес на препознавање на вештините Секој кандидат поднесува апликација за препознавање на претходното знаење и вештини за енергетска ефикасност, заедно со докази за работно искуство и стекнати квалификации. Поднесените апликации ги разгледува и оценува испитна комисија, составена од сертифицирани тренери (обучени во рамки на проектот). Во рамките на процесот на препознавање, доколку поднесените докази за компетентност се недовоолни, кандидатите може да бидат повикани на интервју и/или проверка на знаењата и вештините.
Партнери на Проектот:
3. Повикот за пријавување е отворен до 30 октомври 2015 година. За повеќе информации обратете се во Стопанската комора на Македонија, ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје.
Контакт лица: Ивона Каранфиловска Телефон: +389 2 324 4084 Е-адреса:: ivona@mchamber.mk Симона Ристоска Телефон: +389 2 3244 067 Е-адреса: simona@mchamber.mk
40
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Кина бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на опрема за бањи. Валидност до 31.12.2015 година. Компанија од Германија нуди меѓународна активна шпедиција со голем возен парк и складишен капацитет во Германија и Европа, наменети за индустријата за челик, добавувачите од автомобилската индустрија, изведба на штандови, фармацијата и хемиската индустрија, индустријата за хартија и др. од Република Македонија Валидност до 31.12.2015 година. Компанија од Австрија заинтересирана е да соработува во областа на соларната енергија со понуда на соларни инвертори во Република Македонија. Валидност до 31.12.2015 година. Компанија од Унгарија бара соработка во Република Македонија во областа на далечинско управување на улично осветлување кое обезбедува контрола и олеснување во процесот на имплементирање на вакви системи. Валидност до 31.12.2015 година. Компанија од Германија нуди сеопфатни и индивидуални логистички концепти за снабдување, складирање и дистрибуција на производи од Република Македонија. Валидност до 31.12.2015 година. Компанија од Кина бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на графитни ротори. Валидност до 31.12.2015 година. Компанија од Литванија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на стаклени шишиња во разни форми. Валидност до 31.12.2015 година.
Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на чевли. Валидност до 31.12.2015 година. Компанија од Австрија заинтересирана е за соработка со дистрибутери и крајни корисници во Република Македонија на нивните производи и мерни инструменти за мерење на притисок, проток, доток, темпераура на вода за пиење и отпадни води (WCS Water Contol Systems). Фирмата ги нуди и нивните услуги и KnowHow од областа на вода за пиење и отпадни води, како на пример: чистење на водоводни цевки со воздушно-водно чистење, чистење и регенерација на бунари (Air Jetting), детекција на истекување на вода. Валидност до 31.12.2015 година.
четврток, 10 декември 2015, Бр. 247
БИЗНИС ИНФО
41
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на електрични машински алатки за градежништво и опрема за транспорт. Валидност до 31.12.2015 година.
за детски паркови, пластични контејнери и останато. Валидност до 31.12.2015 година.
Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на средства Компанија од Украина бара дистрибутер во за одржување на хигиена и козметички Република Македонија за пласман на органски препарати. сокови. Валидност до 31.12.2015 година Валидност до 31.12.2015 година. Компанија од Египет бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на зачини и семиња. Валидност до 31.12.2015 година. Компанија од Хрватска бара соработка со македонски компании кои се занимаваат со производство на ламинирани полиестерски панели, пластични чамци, пластични тобогани
www.mchamber.mk
Контакт: Ванчо Спасески Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-095 Факс: +389 2 3244-088 vanco@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088