Skip to main content

Бизнис ИНФО број 234, 10.09.2015

Page 1

БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642

bsi.

ISO 9001

Quality Management

years 5

192

FS 549642

2 - 201

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 234

www.mchamber.mk

10.9.2015

Во насока на поефикасно исполнување на обврските од должничко-доверителските односи

ИНИЦИЈАТИВА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

Semejna kompanija

ЕЗБЕД ОБ У

�

B

C

UR

O

НИКО

�

SE

WUDQVSRUW FRPSDQ\

Б

ЊЕ ВА

�

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

БИЗНИС ИНФО

3

АКТУЕЛНО

ИНИЦИЈАТИВА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ

Во насока на поефикасно исполнување на обврските од должничкодоверителските односи

Ефикасното функционирање на системот на заштита на правата има големи импликации во работењето на деловните субјекти, при што можноста деловните субјекти да добијат брза наплата на своите побарувања директно влијае на ликвидноста на деловните субјекти, а со тоа и на резултатите на нивното работење. Во практиката повеќе компании како доверители се доведени во состојба да не можат да ги наплатат своите побарувања спрема Република Македонија и нејзините органи, единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија, поради околноста што покрај предметите и правата, како неопходни за вршење на дејноста на овие субјекти се определуваат и паричните средства на нивните сметки кај сите носители на платниот промет, и истите се изземаат од извршување. При тоа, тие парични средства се определуваат во износ кој го надминува вкупниот максимален износ на средства кои субјектот вообичаено ги има на својата сметка како расположливи средства, со што практично се оневозможуваат фирмите во постапка на присилно извршување да ги наплатат побарувањата кои ги имаат кон овие субјекти од јавниот сектор. Ваквата примена на одредбите од Законот за извршување (член 211) јa доведува до прашање еднаквоста на субјектите во правниот промет, што во крајна линија, го попречува нормалното функционирање на правниот поредок, а истовремено и директно влијае на ликвидноста на приватниот сектор. Имено, иако целта на оваа одредба е да се заштити навременото и целосно извршување на задачите на Република Македонија и нејзините органи, единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија, што секако го поддржува и деловната заедница во Република Македонија во целост, начинот на кој се применува оваа одредба доведува до настанување на ризик од неликвидност за доверителите – правни лица, кои стапуваат во правни односи со Република Македонија и нејзините органи, единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија.


4

БИЗНИС ИНФО

четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

АКТУЕЛНО

Во таквите ситуации, доверителите, кои покрај ненаплатеното побарување, се изложуваат и на дополнителни трошоци во постапката која претходи на донесувањето на извршната исправа и во самата постапка на извршување, не можат да ги намират своите побарувања спрема овие субјекти, а од друга страна, доколку спрема нив се спроведува присилно извршување, тоа може да биде спроведено врз сите нивни предмети и права вклучувајќи ги и сите расположливи средства на неговите сметки кај носителите на платен промет каде што тој има сметки. На овој начин, приватните деловни субјекти и субјектите од јавниот сектор се ставени во нерамноправна положба, а со тоа се загрозува и ликвидноста на деловниот сектор, од причина што извршување спрема деловен субјект од приватниот сектор може да се спроведе над целиот негов имот, а тој субјект не е во можност да ги наплати своите побарувања по присилен пат спрема субјектите од јавниот сектор. М-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор во Стопанската комора на Македонија, истакна дека предложените решенија не се во насока на критика на законот и на институциите кои го применуваат, туку предлагање на конкретни решенија за проблемите поврзани со примената на законите во практиката, а во функција на создавање на ефикасна, применлива регулатива, во која ќе бидат почитувани начелата на еднаквост и рамноправност на сите субјекти пред законот. Поради наведеното, Стопанската комора на Македонија ќе предложи со решенијата во Законот за извршување да се надмине нееднаквоста со која се соочуваат доверителите односно приватните субјекти, наспроти субјектите на јавното право, и да се обезбеди подобрување на ликвидноста на деловниот сектор, и на тој начин да се придонесе за поефикасно функционирање на правниот систем во Република Македонија, на начин што во членот 211 да се додаде нов став 3 кој ќе гласи: „(3) За предмети и права во смисла на ставот 1 од овој член не се сметаат паричните средства кои се наоѓаат на сметка кај носител на платен промет, и врз нив може да се спроведува извршување без никакво ограничување.“


четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

БИЗНИС ИНФО

5

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

ЗАВОДОТ ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА „РЕТО НАДЕЖ“ ДОБИ ЕДНОГОДИШНА ДОНАЦИЈА

Во склоп на кампањата „Храна подарена од срце“ на „Жито Лукс“

„Жито Лукс“ во склоп на кампањата „Храна подарена од срце“ повторно ќе ја искаже својата општествено одговорна мисија. Преку донирање на основниот прехранбен продукт, компанијата уште еднаш ќе ги задоволи потребите во заводот за рехабилитација „Рето Надеж“, поддршката што се одвива во континуитет неколку години. Донацијата што ќе се реализира со достава на неделните потреби од леб за штитениците на Заводот, ќе трае во текот на цела година. Компанијата „Жито Лукс“ ја има создадено кампањата „Храна подарена од срце“ со цел да им помогне на повеќе институции за згрижување на социјално ранливите категории. -Ние како компанија секогаш се трудиме да помогнеме каде помошта е потребна. Оваа кампања е создадена токму за тоа, постојано да биде од корист за институциите и установите кои ги згрижуваат најранливите групи на граѓани, а Заводот „Рето Надеж“ е само една од повеќето детектирани. Организирањето на ваквите донаторски акции се начин како директно можеме да помогнеме и да ги подобриме условите во тие средини, - изјави Лидија Трајковска Ристовска – маркетинг менаџер во „Жито Лукс“ АД Скопје Кампањата„Храна подарена од срце“ преку своите активности и донации создава можност за полесно функционирање на институциите кои компанијата самоиницијативно ги одбира со цел да им помогне и ги задоволни нивните основни прехранбени потреби. Ваквите кампањи и хуманитарни акции се дел од работењето на „Жито Лукс“, компанија која преку своето залагање за подобрување на квалитетот на животот на социјално загрозените категории покажува пример којшто останатите компании треба да го следат, помагајќи во подигнувањето на јавната свест за подобра животната средина. („Жито Лукс“)


БИЗНИС ИНФО

6

четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

„Телеком“ ги обедини „Т-Мобиле“ и „Т-Хоме“

ЦЕЛОТО ПОРТФОЛИО НА УСЛУГИ ПОД ЕДЕН БРЕНД ВО КОРИСТ НА ЗАДОВОЛСТВОТО НА КОРИСНИЦИТЕ

Брендовите „Т-Мобиле“ и „Т-Хоме“ згаснуваат. Од 3.9.2015 година целото портфолио ќе се нуди преку единствениот бренд „Телеком“. Фиксната, мобилната телефонија, интернетот и телевизијата ќе бидат за корисниците достапни на едно место, а информациите преку единствена веб страница и единствен контакт центар. Ова го објави главниот извршен директор на „Македонски телеком“, Андреас Маиерхофер на пресконференција во „Дојче телеком“ во Берлин. - „Македонски телеком“ ги згаснува двата продуктни бренда „Т-Хоме“ и „Т-Мобиле“ и воведува еден бренд – „Телеком“, под чија капа компанијата ќе продолжи да го нуди целото свое портфолио на услуги наменети за приватни и деловни корисници. Целта е поедноставување на процесите, во насока на зголемување на задоволството на корисникот, како клучен фокус на „Македонски телеком“, изјави Маиерхофер и додаде дека спојувањето е телекомуникациски тренд во светот. Истакнувајќи дека досега нивните инвестиции во телекомуникацискиот сектор во Македонија изнесуваат околу 730 милиони евра, рече дека ќе продолжат и понатаму да бидат двигател на промените на пазарот, а истовремено и поддржувач на македонската економија и општество. Спојувањето во еден бренд, според Маиерхофер, нема да влијае на намалување на бројот на вработени, кој сега изнесува 1.386. - Немаме никакви планови за отпуштање. Но, секоја компанија треба да направи реструктуирање без разлика на спојувањето, рече главниот извршен директор на „Македонски телеком“. Очекува поголема понуда на услуги за фер цени за корисниците, по спојувањето на двата мобилни оператори Вип и Оне. Според него, нивното спојување ќе придонесе кон поголема конкуренција и сите треба да бидат насочени кон поголем квалитет на услугите. - Корисниците не треба да очекуваат зголемување на цените. Она што треба да го направиме е да понудиме повеќе услуги за кои корисниците ќе платат фер цена и да се насочиме кон поголем квалитет на услугите, рече Маиерхофер. Телеком спојувањето ќе го одбележи на 19 септември на плоштадот во Скопје.(МИА)


четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

БИЗНИС ИНФО

7

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРАТА

ФОТОГРАФИИ И ИНФОРМАЦИИ ЗА УМЕТНОСТА НА СОЗДАВАЊЕТО ВРВНО ВИНО НА ОВИЕ ПРОСТОРИ

Во функција на одбележување на 130 – годишната традиција во производство на вино „Tиквеш“ го отвори првиот дигитален музеј во Mакедонија

Во функција на одбележување на 130 – годишната традиција во производство на вино, ВВ „Тиквеш“ го стартуваше првиот дигитален музеј посветен на уметноста на создавањето врвно вино во Македонија. Дигиталниот музеј на „Тиквеш“ госочинуваат фотографии и информации кои сведочат за големиот број значајни настани, луѓе, предмети и опрема за производство и консумација на вино, како и етикети, шишиња и примероци од вина кои се врежани во исклучително богатата историја на винарницата со најдолга традиција во Македонија и регионот. Првиот дигитален музеј на виното во Македонија е поставен на интернет платформата Tumblr (Тамблр) која на посетителите им овозможува да објават и свои авторски фотографии од артефакти и настани кои на различен начин се поврзани со историјата на „Тиквеш“. - Идејата за овој прв виртуелен музеј во земјава се роди спонтано, а е резултат на нераскинливата врска што ја има „Тиквеш“со долгата традиција на производство на вино во Македонија. Големото значење на „Тиквеш“ за развојот на домашната винска индустрија беше доволен мотив и предизвик за нас да ја започнеме оваа колекција на фотографии и информации што сведочат за уметноста на создавањето врвно вино на овие простори. Верувам дека голем број вљубеници во уметноста на правење и уживање во врвното вино, ќе ја збогатат колекцијата со тоа што ќе достават и свои фотографии кои сведочат за историјата на „Тиквеш“ и неговите вина, затоа што тие се составен дел од нашите животни радости, - вели Елена Младеновска Јеленковиќ, маркетинг менаџер на ВВ „Тиквеш“.


БИЗНИС ИНФО

8

четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА За корисниците на кредитните картички на American Express

ТВОЈ БОНУС ПРОГРАМА НА АЛФА БАНКА

Tвој Бонус програмата на Алфа Банка, претставува програма за поврат на средства преку наградување со бонус на Вашата сметка, секогаш кога ги користите кредитните картички на American Express. Програмата Твој Бонус ги нуди следните предности: • до 15% бонус на Вашата сметка во зависност од трговецот или продажното место; • без минимален износ за пазарување; • без лимит на бонус што може да ги добиете. Бонусот се уплатува на Вашата American Express картичка во рок од 48 часа по извршувањето на трансакцијата и се впишува во Вашиот месечен извештај. Погледнете ја листата на трговци и бонусот кој го добивате при секое купување. Твој Бонус програмата е валидна само за American Express кредитните картички издадени од Алфа Банка АД Скопје. Алфа Банка АД Скопје летово започна промоција со компанијата ОКТА која е еден од главните трговци во програмата Твој Бонус. Програмата Твој Бонус е наменета за корисниците на картичките American Express Green, American Express Gold и American Express Enter и овозможува 7% бонус на бензиските станици на ОКТА. Покрај 2,5% редовен бонус, оваа програма ексклузивно Ви нуди 4,5% дополнителен бонус. На овој начин, со плаќање со American Express картичките добивате вкупен бонус од 7%. Месечниот максимален износ за кој може да се добие дополнителен бонус за точење гориво, изнесува 4.000 МКД. Дополнителниот бонус се пресметува на цената на горивото што е важечка во моментот на полнење. Редовниот бонус од 2,5% не е ограничен со бројот и износот на трансакциите. Бонусот ќе им биде на располагање на корисниците на картичките American Express на почетокот на секој нареден месец. (АЛФА БАНКА)

Стопанска банка АД Скопје ќе донира средства за Град Скопје

ИЗГРАДБА НА ИНТЕРАКТИВНА, ЕДУКАТИВНА И УРБАНА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА

Стопанска банка АД Скопје во своите заложби како општествено одговорна компанија ќе донира за жителите на Град Скопје интерактивна, едукативна и урбана велосипедска патека / полигон која децата ќе може бесплатно да ја користат да научат правилно да возат велосипед, тротинет, ролерки, скироли, меѓутоа и како правилно и безбедно да учествуваат во сообраќајот/. Со едно вакво катче посветено на едукација за чист транспорт вложуваме за почист и поорганизиран град. Избраното идејно решение ќе биде изведено во Парк Македонија на бул. Теодосиј Гологанов спроти Веро2 најдоцна до октомври 2015 година. За реализација на донацијата Банката ја повикува јавноста да се приклучи на Ревијална трка #ВозиПравоВозиЗдраво и заедно да ги промовираме сите форми на чист транспорт! Ревијалната трка ќе започне во недела, на 13.09.2015 од 18 часот пред i-bank store филијалата а целта ќе биде на влезот во Градскиот парк каде Банката ќе организира и голема забава со многу музички и забавни содржини но и награди и изненадувања за посетителите.Подетално на www.stb.com.mk


БИЗНИС ИНФО

Обука на градежните работници за енергетска ефикасност BUILD UP Skills BEET - Builders’ Energy Efficiency Training

четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

9

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРАТА

Во рамките на ЕУ-иницијативата BUILD UP Skills (http://www.buildupskills.eu), која има за цел подобрување на квалификациите и вештините на европските градежни работници за постигнување на зголемена енергетска ефикасност на објекти, во Македонија во тек е реализација и имплементација на втората фаза на проектот „BUILD UP Skills – Builders’ Energy Efficiency Training (BEET)”. Иницијативата е фокусирана на континуирано неформално образование за различни занимања вклучени за изградбата на објекти. Целта на Проектот е реализација на тренинг-програми за развој и унапредување на вештини на работниците од градежниот сектор за постигнување на зголемена енергетска ефикасност во објекти, за 5 (пет) занимања кои во Патоказот (http://www.buildupskills.mk/images/Publikacii/Roadmap/EN_Roadmap_BUS-MK.pdf ) се дефинирани како приоритетни. Како дел од проектните активности, Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност(BUILD UP Skills – BEET)”, организира

ПРЕПОЗНАВАЊЕ (ВЕРИФИКАЦИЈА) на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност на градежните работници и објавува

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

на кандидати за препознавање на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност за следните занимања: фасадери, кровопокривачи, столари, инсталатери на греење, ладење и вентилација и инсталатери на електрични инсталации I.Предмет на повикот Предмет на повикот е пријавување на кандидати кои поседуваат знаења и вештини стекнати со неформални обуки и/или работно искуство во градежни претпријатија. Во рамките на повикот ќе бидат препознаени знаења и вештини за следните занимања на градежни работници: 1. фасадери со вештини за енергетска ефикасност на згради; 2. кровопокривачи со вештини за енергетска ефикасност на згради; 3. столари со вештини за енергетска ефикасност на згради; 4. инсталатери за греење, ладење и вентилација со вештини за енергетска ефикасност и 5. инсталатери на енергетски ефикасни електрични инсталации.

IV.Резултати/придобивки од обуките 1.Вид на сертификат Со успешно завршување на постапката на препознавање на вештините, кандидатите ќе се стекнат со Сертификат за поседување на знаења и вештини за енергетска ефикасност, кој се однесува на определеното занимање. 2.Важност на сертификатите: • сертификатите ќе ги издава Сертификационото тело во рамките на Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност (BUILD UP Skills – BEET)”; • сертификатите ќе имаат важност во рамки на самиот Проект во Македонија, Хрватска и Словенија, како земји-учеснички во иста работна група од BUILD UP Skills иницијативата; • дополнително, сертификатите ќе бидат препорачани од страна на Проектот за отпочнување на процедура за нивна верификација од Центарот за образование на возрасните. 3.Стекнати компетенции Сертифицираните работници, по добивањето сертификат, ќе можат да аплицираат на тендери каде се барат работници со вештини за ЕЕ. V.Постапка на пријавување 1. Пријавувањето на кандидатите се врши електронски на еден од следните начини: • Доставување на документите во електронска форма на е-маил адреса: • За фасадери, е-маил: fasaderi@beet.mk, Контакт лица: Ивона Каранфиловска, тел: 02/3244-084, Симона Ристоска, тел: 02/3244-067 • За кровопокривачи, е-маил: е-маил: krov@beet.mk, Контакт адреса: ЦеПроСАРД, ул.Орце Николов 172, Скопје,тел: 02/3061-391 • За столари, е-маил: stolari@beet.mk, Контакт адреса: Факултет за бизнис економија, бул. 3та Македонска бригада 66А/1кат, Скопје Контакт лице: Слаѓана Стојановска, тел:02/2402-161, Љупчо Вангелски, тел: 02/2402-170 • За инсталатери за греење и климатизација, е-маил: hvac@beet.mk, Контакт лице: Даниела Тошевска, тел: 02/3216-903 • За инсталатери на енергетски ефикасни електрични инсталации, е-маил: elektro@beet.mk Контакт лице: Лихнида Стојановска-Георгиевска, тел 02/3099-174

Напомена: • Доставување на документи до сертифицираните тренери и акредитирани за одредени • Еден кандидат може да се пријави за препознавање на знаењата и вештини за ЕЕ за региони во Република Македонија, или едно или повеќе занимања од горе наведените. • Доставување на документите во печатена форма во Стопанската комора на Македонија, • Одборот за сертификација при Проектот Build Up Skillls BEET одлучува за издавањето на ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје. сертификат за поседување на знаења и вештини за ЕЕ. Постапката на препознавање целосно е финансирана од Проектот BUILD UP Skills – 2. Потребна документација: BEET. • пополнет ПРИЈАВЕН ЛИСТ; • копија од диплома за завршено образование; II.Услови за пријавување • сертификати од обуки во неформалното образование (институции и приватни 1.Кандидатите треба да имаат завршено: установи што организираат обуки за ЕЕ); •основно или средно образование, или • доказ за работно искуство во струката. Како доказ за работно искуство може •постсредно образование, т.е. мајсторски испит со V-Б степен на квалификации или да се приложи заверена референтна листа, потврда од работодавач за ангажманот на •четиригодишно средно техничко образование со IV степен на квалификации или кандитатот со податоци за работната позиција и времетраењето. •тригодишно средно стручно образование со III степен на квалификации. 2.Работно искуство: • најмалку 5 (пет) години во струката односно занимањето за кое се бара сертификат, од кои • најмалку 2 (две) години во спроведување на мерки за енергетска ефикасност. III.Процес на препознавање на вештините Секој кандидат поднесува апликација за препознавање на претходното знаење и вештини за енергетска ефикасност, заедно со докази за работно искуство и стекнати квалификации. Поднесените апликации ги разгледува и оценува испитна комисија, составена од сертифицирани тренери (обучени во рамки на проектот). Во рамките на процесот на препознавање, доколку поднесените докази за компетентност се недовоолни, кандидатите може да бидат повикани на интервју и/или проверка на знаењата и вештините.

Партнери на Проектот:

3. Повикот за пријавување е отворен до 30 октомври 2015 година. За повеќе информации обратете се во Стопанската комора на Македонија, ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје.

Контакт лица: Ивона Каранфиловска Телефон: +389 2 324 4084 Е-адреса:: ivona@mchamber.mk Симона Ристоска Телефон: +389 2 3244 067 Е-адреса: simona@mchamber.mk


10

БИЗНИС ИНФО

четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Поен за поборниците на европската антикризна политика, на чело со германскиот канцелар Ангела Меркел

„ШПАНИЈА ЌЕ БИДЕ ПРЕДВОДНИК“

*Шпанскиот премиер Рахој при посетата на Германија се пофали со високата стапка на стопански пораст. Но, неговата земја и натаму страда од висока невработеност, а наесен му претстојат и избори.

Поборниците на европската антикризна политика, на чело со германскиот канцелар Ангела Меркел, со примерот на Шпанија имаат добри аргументи за спротивставување на критичарите. Клучните економски податоци во четвртата по големина економија во еврозоната покажуваат нагорен тренд, во некои делови дури и навистина силен. Премиерот Мариано Рахој предвидува дека стопанскиот пораст годинава ќе изнесува 3,3 проценти: „Шпанија ќе биде предводник меѓу европските земји“, пишува тој за весникот „Ханделсблат“. Но, небработеноста останува вознемирувачки висока, а освен тоа несигурност внесуваат и претстојните регионални и национални парламентарни избори. Непредвидливости во политичката сфера Во самата Шпанија, а и во странство, прогнозите за стопанскиот пораст навистина беа кригирани нагоре, но „сите под претпоставка дека ќе изостанат неповолни околности - интерно и екстерно“, како што забележа германската Агенција за инвестиции ГТАИ. Непредвидливостите доаѓаат првенствено од внатрешно-политичкиот развој. Кон крајот на септември ќе се одржат регионалните избори во Каталонија, чија влада се стреми кон отцепување од Шпанија и се надева дека на изборите ќе добие мандат за тоа. Кон крајот на годината претстојат и општите избори во земјата - а тука, првенствено


четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

БИЗНИС ИНФО

11

СВЕТСКИ ПЕЧАТ противниците на штедењето, за протестната партија Подемос ги врзуваат шпекулациите за пресврт. Но, според најновите анкети, изгледите за тоа не се толку поволни, колку што беа пред неколку месеци. Но, ова може брзо да се промени. Во Грција видовме како една радикална промена може целосно да го сврти поволниот стопански тренд. Доколку победи Рахој, кој со својата конзервативна „Народна партија“ владее од 2011 година со апсолутно мнозинство, би требало се’ да остане по старо. „Стабилност, готовност за реформи, ригорозност, свест за одговорноста и штедливост“ - тоа го наведува Рахој како суштински елементи на една политика, која во неговата земја, како и во цела вропа може и натаму да гарантира благосостојба. Ни Меркел и германскиот министер за финансии Шојбле не би го кажале тоа поинаку. Подемос и и други критички настроени сили во шпанската политика, пак, сакаат да го запрат тој курс на штедење. Повод за надеж Во моментов изгледа како на Шпанија да и’ успеа впечатливиот пресврт од „европски болен“ да стане актуелен поттикнувач на порастот. А до пред само неколку години земјата уште беше на дното. Во 2012 мораше да побара помош од Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ), за разнишаните банки да не го повлечат во амбис целото стопанство. Мариано Рахој и Ангела Меркел во Берлин, 01.09.2015 Во меѓувреме земјата повторно има многу ветувачки перспективи за стопански пораст, повисок и од Германија, која до 2018 година не ќе може да прикаже предвидлив портаст од околу три проценти. Шпанија во моментов постигнува највисок пораст од почетокот на светската финансиска криза пред осум години. Бруто домашниот производ (БДП) од април до јуни годинава порасна за 1,0 процент во однос на претходниот квартал - повеќе од двојно повисоко од германскиот пораст. За тоа придонесоа како приватната потрошувачка, исто така и инвестициие и извозот. Поволно и за германскиот извоз Од ваквиот тренд профитира и германскиот извоз во Шпанија: во првата половина од годинава тој е зголемен за повеќе од 11 проценти - наспроти 6 проценти во целата ЕУ - и достигна вредност од 19,5 милијарди евра. Шансите за продолжение на нагорниот тренд не се лоши. Една од причините е туристичкиот бум: во јули бројката на посетители порасна за 6,3 проценти во споредба со лани и достигна рекордна вредност од 8,8 милиони туристи. Туризмот сочинува околу 11 проценти од БДП и очигледно придонесува за заздравувањето на целата шпанска економија. Но, има и потемни страни, на пример невработеноста. Стапката изнесува 22,5 проценти. И покрај трендот за намалување, таа и натаму е двојно повисока од просекот во целата еврозона. Се’ уште има далеку над пет милиони невработени луѓе во Шпанија. Рахој укажува дека лани и годинава се создадени преку еден милион работни места, но со тоа ни оддалеку не е компензирана загубата на речиси 3,5 милиони работни места во годините пред тоа.(ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)


БИЗНИС ИНФО

12

четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Нови производи и технологии

ЕКОАСФАЛТ - УЛИЦИ НАПРАВЕНИ ОД СМЕТ

*Улици од смет - тоа не звучи многу примамливо. Но, Рим акцент става токму врз тоа: комуналните претпријатија, кои не знаат што да прават со сметот, патентираа постапка со која од него може да се произведе асфалт. Сметот е голем проблем на Италија. Само во главниот град Рим годишно се собира речиси два милиона тони смет. Со оглед на таквата состојба, патентот за преработка на сметот во еколошки асфалт дојде како нарачан. „Идејата за еко-асфалтот се состои во тоа, сметот да се претвори во употреблив продукт“, вели Алесандро Филипи. Тој е шеф на претпријатието АМА, кое го собира сметот во Рим и го поседува патентот за негова преработка. „Ние успеавме целосно да го примениме и она од сметот, што до денес не беше употребливо, неизбежно завршуваше на депонија и ја загадуваше природната околина. Така, ова е еколошка придобивка“, нагласува Филипи. Се разбира дека тој веќе и поради функцијата мора да агитира за така добиениот асфалт, оти на повидок е нов извор на приходи. Но, основната идеја е навистина уверлива: депониите ќе се растоварат и истовремено се штедат суровинските резерви каде што се прави асфалт од смет, не мора да тој да се произведува од камења и битумен кој содржи нафта. С а м о т о производство на екоасфалтот е релативно просто. Појдовен материјал е несортираниот остаток од сметот. Во специјална постројка тој се разретчува и од него останува и еден органски дел. Таа материја потоа со една чисто механичка постапка се меша со други градежни материјали, на пример со пепел. „Тој процес внимателно се набљудува и се контролира и целосно е исклучено настанување на штетни или опасни материи притоа“, нагласува Алесандро Филипи. И градот Рим полага надежи во еко-асфалтот, оти досега само околу половина од сметот се двои и рециклира. Со новиот метод би можело околу една шестина од вкупниот смет да се претвори во асфалт. Тоа би биле околу 300 000 тони годишно. Италија не е единствена земја која сака сметот да го употреби за изградба на патишта и која експериментира со тоа. Естела Марино, во градската управа одговорна за еколшки прашања, вели дека римскиот патент е особено едноставен и конкурентен во споредба со сличните: „Се надевам дека ние со тоа ќе можеме да ја докажеме нашата иновативна сила. Токму кај еколошката техника досега уште сме честопати на опашката, но со ова добро ќе стоиме во споредба со другите градови и земји“. Рим се надева дека наредната година ќе може да го пласира на пазарот еко-асфалтот. Суровина за него, како што веќе рековме, има повеќе од доволно.(ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Osnovana 1922

Founded 1922

БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија

Уписите се во тек!


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL

ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL

ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач


четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

БИЗНИС ИНФО

15

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-

Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!

Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот. Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој метод на обука, која вклучува микс од техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависност од Вашата потреба. Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и светски компании. Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас. Предавач: Љупчо Георгиев, директор на „Густав Кезер Тренинг Интернационал Македонија“, лиценциран тренер со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи.

Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија.

Уписите за обуката се во тек.

Сите учесниците добиваат: • материјали за работа • мемориски картици • ЦД и дополнителна литература • консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6 месеци • интернационално признат Сертификат од Густав Кезер Тренинг Интернационал и Сертификат од Бизнис Центар за Тренинг и Обука • контролен ден

За подетални информации контактирајте со нас: Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk


16

БИЗНИС ИНФО

четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Kомплетна обука согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија

„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“ Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со менаџментот и организацијата на човечките ресурси во компаниите. Истата содржи 80 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Програмата започнува со општ вовед во менаџментот на човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти на струката потребни за стекнување менаџерски вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за Програмата „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ кој е признат од Министерството за образование и наука. ТРЕНЕРИ: Доц. д-р Љупчо Ефтимов Доцент на Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на прв и втор циклус студии одржува настава по предметите Менаџмент на човечки ресурси, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на перформанси. Од 2013 година ја извршува функцијата раководител на студиската програма од втор циклус студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси. Член е на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Член е на Комитетот за човечки ресурси при Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Р. Македонија. Член е на Техничкиот комитетот за менаџмент на човечки ресурси при Институтот за стандардизација на Р. Македонија. М-р Драгана Томиќ Пилиповиќ Професионален консултант, основач и претседател на Центарот за општествено одговорно претприемништво (ЦООП) - Белград, а во текот на својата кариера работела на следните позиции: - заменик-претседател на Секторот за човечки ресурси и обучувач во AIESEC, Економски факултет – Белград; - консултант во областа на тренинг и менаџмент на човечки ресурси во „Срма Консалтинг“ – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во Ерсте Банка – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во „ФармаСвисс“ ДОО - Белград. Д-р Зоран Михајлоски Во текот на својата богата кариера д-р Зоран Михајлоски бил судија во Апелациониот суд во Скопје, во специјализираниот оддел за работни спорови од 2002 година, претседател на специјализираниот оддел за работни спорови на Апелациониот суд - Скопје, едукатор во Правната школа на постојни судии од Европската унија во Барселона, Шпанија, од областа на

националните работни законодавства, постојан предавач на постдипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и вонреден професор на Факултетот за правни науки при Универзитетот „Американ Колеџ“ - Скопје. Автор на повеќе научни и стручни трудови од областа на трудовото и деловното право.

Дополнителни информации: • Предавањата се распоредени во 10 тренинг дена (вкупно 80 школски часа) и се одржуваат два до три пати неделно. • Обуката започнува во периодот април – мај 2015 година. • Број на учесници во група: 10 – 20 учесници. • Во зависност од тематската целина предавањата се одржуваат на македонски или на српски јазик. • Сите учесници добиваат потврда за присуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија. • Услов за да се стекне Сертификатот за „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит. Котизација за учество: - 27.900 денари за 1 учесник; - 10% попуст за втор учесник од иста компанија и - 15% попуст за трет и секој следен учесник од иста компанија, невработени лица и студенти. Учесниците добиваат: - Материјали; - Освежување и - Сертификат.

Контакт: Симона Ристоска +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk


четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

БИЗНИС ИНФО

17

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Трилатерален бизнис форум помеѓу македонски, турски и сенегалски компании во рамки на партнерскиот проект на Стопанската комора на Македонија и ДЕИК, Македонско-турскиот деловен совет

„МОЖНОСТ ЗА ПРОБИВАЊЕ НА НОВИ ПАЗАРИ - СЕНЕГАЛ“ Развивањето на партнерските односи на Република Турција со земјите од Африка започна во 2008 година, кога Турција ја промовираше иницијативата на Турскоафриканското партнерство - соработка на економски, политички, културен, образовен, здравствен и на воен план. Во 2003 година, Република Турција имаше 13 амбасади на африканскиот континент, а денес бројот е зголемен на 34 амбасади. Билатералната трговска размена достигна вредност од 23 милијарди САД $ во 2013 година, а проектирано е трговска размена да се зголеми на 50 милијарди САД $ до 2018 година. Турските инвестиции во субсахарска Африка изнесуваат 2,6 милијарди САД $.

15 септември 2015 година Унија на стопански комори на Турција – ТОББ Истанбул, Р. Турција

Најголеми индустрии на Сенегал се во делот на преработка на риба, рударство-фосфати, производството на вештачки ѓубрива, рафинирање на нафта, градежни материјали, како и бродоизградба. Истовремено Сенегал е и голем произведувач на земјоделски култури, како што се: кикирики, шеќерна трска, памук, боранија, индустриски домат, шери домати, лубеница и манго. Главни извозни производи на Сенегал се: риба, памук, масло од кикирики, злато, нафта, мазут, цемент, фосфорна киселина, челик и железо; додека оваа држава најмногу увезува ориз, производи од млеко, пченица, шеќер, масло од соја, фармацевтски производи, челик и железо, јаглен, автомобили и автомобилски делови и тешки машинерии. Бизнбис-форумот ќе се одржи на 15 септември 2015 година (вторник), со почеток во 09:00 часот, во хотел Istanbul Wyndham. По завршувањето на официјалниот дел предвидено е да се одржат билатералните средби мегу македонските, сенегалските и турските компании присутни во следниве области:

Турско-сенегалскиот деловен совет при ДЕИК е основан во 2015 година со цел унапредување на бизнис односите меѓу двете земји. Мисија на советот е да организира серија на активности како што се бизнисфоруми, посети на бизнис делегации, B2B средби и семинари со цел подобрување на економските односи помеѓу двете земји. Неговата главна цел е турските и сенегалските бизниси со заедничка соработка да создадат нови стабилни партнерства и можности за бизнис. Денес Сенегал е еден од најважните трговски партнери на Турција со големи трговски достигнувања, особено во последната деценија кога обемот на трговската размена е зголемeн петкратно достигнувајќи 125.000.000 $ во 2013 година од само 19.400.000 $ во 2002 година.

1. Земјоделие и прехранбена индустрија (мелничкопреработувачка, конзервна, производство на тестенини, производство на храна за живина); 2. Материјали за пакување во прехранбена индустрија; 3. Транспорт и логистика; 4. Метална и електро индустрија. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

18

четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Дводневен семинар

„ШТО СЕ МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАТЕ ОД ИЗМЕНИТЕ И ПРЕМИНУВАЊЕТО ВО СТАНДАРДИТЕ ISO 9001:2015 И ISO 14001:2015?” 16-17 септември 2015 година, 9:00-15:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

ПРОГРАМА Прв ден (16 септември 2015 година) ISO 9001:2015 •

Структура и терминологија; • Нов ISO концепт-прилог SL; • Главни измени-комплетен споредбен преглед (барање по барање) ISO 9001:2008 и ISO 9001:2015 и причини за промена на истиот; • Најзначајни измени- детално за секоја промена и начин на нивно решавање кој може да се


четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ примени во пракса: - Организационен контекст; - Заинтересирани страни; - Документирани информации; - Управување со процесите; - Ризици; - Аутсорсинг процеси и снабдување.

2 ден (17 септември 2015 година) ISO 14001:2015 • Структура и терминологија; • Нов ISO концепт-прилог SL; • Главни измени-комплетен споредбен преглед (барање по барање) ISO 9001:2008 и ISO 9001:2015 и причини за промена на истиот; • Целта и намената на новото издание на стандардот за управување со квалитет; • Преглед на барањата на ISO 14001:2015; • Описна ревизија на стандардот заснован на драфт верзијата на стандардот ISO 14001:2015; • Анализа на ризиците-барања од населението.

Предавач:

Игор Чика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за системи за управување со квалитет. Начин на работа - PowerPoint презентација, студија на случај, работилница со вежби и охрабрување на учесниците за интерактивност и поставување прашања. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


20

БИЗНИС ИНФО

четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 16 до 19.9.2015 година Меѓународен конгрес во комплексот „Св. Констатин и Елена“ во Варна, Р. Бугарија „

МАШИНИ, ТЕХНОЛОГИИ, МАТЕРИЈАЛИ – ИНОВАЦИИ ОД НАУКАТА ЗА ИНДУСТРИЈАТА“ Претставници на науката од повеќе земји ќе ги презнетираат резултатите од своите истражувања пред колегите од индустријата, а истите ќе бидат објавени во Интернационалното научно – техничко списание „Машини, технологии и материјали“. Здружението на металурзи на Македонија во соработка со Здружението на металургија за претставниците на заинтересираните компании обезбеди учество на Конгресот без плаќање котизација. Презентер на конгресот од Р. Македонија ќе биде проф.д-р Свето Цветковски, кој воедно е и модератор на првиот ден на Конгресот. Цената за сметување е 35 Евра за еднокревента односно 45 евра во двокреветна соба. Подетални информации и пријавување до: Здружение на металурзи на Македонија, проф Д-р Свето Цветковски, тел. 072/ 694 125, e-mail: sveto@tmf. ukim.edu.mk Аплицирај електронски / on-line Контакт: Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: zorica@mchamber.mk Контакт: Војкан Николовски Тел: ++ 389 2 3244068 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vojkan@mchamber.mk


четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар: „ОБВРСКИТЕ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ВО ПРЕВЕНЦИЈА И СПРАВУВАЊЕ СО ПРОФЕСИОНАЛНИ БОЛЕСТИ И ПОВРЕДИ ПРИ РАБОТА“ -Здравјето на работниците како составен дел од Законот за безбедност и здравје при работа-

ПРОГРАМА • Koja e главната цел на медицинските прегледи? • Начини да се утврдат оштетувањата на здравјето? • Идентификување на професионални болести во релација со националната легислатива ? • Да се идентификуваат болестите во врска со работата ! • Начини за откривање – детектирање на повредите при работа; • Како инспекторите ги контролираат спроведените мерки потребни за одржување и зајакнување на здравјето од Законот за БЗР? • Што подразбира донесувањето на мерки за здравје при работа, дали е тоа посебен акт – пропишан, дали е доволно да има доказ за обучено лице за прва помош, договор со здравствена установа и сандаче за прва помош? • Што се случува со претходните прегледи, дали работникот сам ги извршува на свој финансиски трошок или работодавачот по примање на работа ги надоместува трошоците или тој ги врши по селекција кој ќе биде примен на оглас за работно место? • Кој ја води евиденцијата и извештаите за повреди, несреќи и професионални болести и болести поврзани со работата? • Постапка за пријавување на повреда при работа? • По враќање на работникот на работно место, по подолго отсуство -боледување, на кој вид прегледи се праќа, ако насочените се дефинирани за прегледи на работно место со зголемен ризик? • Кои се мерките за прва помош кои треба да се донесат? • Што треба да содржи сандачето за прва помош? • Дали работодавачот треба да обезбеди лекарски прегледи на практиканти и студенти на практична настава или волонтери вработени на одреден временски период во компаниите? • Кои се казните и санкциите за неспроведување на делот здравје од Законот за безбедност и здравје при работа и за работодавачот и за вработените?

17 септември 2015 година 10:00- 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

Предавачи: - Слаѓана Андоновска, раководител на секторот за БЗР во Државен инспекторат за труд. - Д-р Сашо Столески од Институтот за медицина на трудот на РМ, Колаборативен центар на СЗО. - Д- р Драган Мијаковски од Институтот за медицина на трудот на РМ, Колаборативен центар на СЗО.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручек и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


22

БИЗНИС ИНФО

четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бесплатна презентација, 22.9.2015 година, Стопанска комора на Македонија, (сала 4 на 5-ти кат)

„TХK”- ЈАПОНСКА КОМПАНИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО И ПРОДАЖБА НА МАШИНИ ЗА ПОВЕЌЕ ИНДУСТРИИ Стопанската комора на Македонија како ваш бизнис-партнер, ве поканува на бесплатна презентација на јапоската компанија „THK CO., LTD.”, која се занимава со производство и продажба на делови за одредени видови на машини за патниот и железничкиот сообраќај, автомобилската и машинската индустрија, медицинските помагала и роботиката. „TХK” е основана во 1971 година во Токио, Јапонија. Во текот на 44-годишното постоење, има отворено 18 претставништва во различни земји на 3 континенти во светот, со изградени фабрики во: Јапонија, Америка (САД и Мексико), Азија (Кина, Кореја, Тајланд, Виетнам и Малезија) и Европа (Франција и Ирска). „TХK” користи оригинална технологија и иновативни идеи во процесот на производство на машини, со континуирано истражување и развој на истите. Корпоративната филозофија на јапонската „TХK” е: обезбедување иновативни производи во светот и генерирање на нови трендови со цел да се придонесе кон создавање на побогато општество и напредок на сите засегнати страни. Развојот на бизнис-можностите се во делот на: • технологии и уреди за сеизмичка изолација; • инвалидски колички со електрична дигалка; • електронски уреди за автомобилската индустрија; • универзален дизајн на кујни; • ротирачки автомобил за играње на игри; • систем за јавен транспорт со лизгачки механизам; • национална астрономска опсерваторија на Јапонија и др.


четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Покрај тоа, „TХK” работи на проширување на производи и бизнис-уреди, со цел раст на пазарот во иднина. Побарувачката за машини во овие региони особено во Кина постојано расте, поради намалувањето на CO2 кое е од суштинско значење за заштита на глобалната животна средина, а со тоа во голема мера ќе се зголеми и побарувачката на производите на „ТХК“. Со глобализацијата и развојот на нови пазари,„ТХК“ бара натамошно зголемување на профитабилноста и се стреми кон зголемена корпоративна вредност. „ТХК“ нуди ексклузивна можност за компаниите од Македонија од следниве области: - производители на индустриски машини; - производители на медицински уреди; - производители во областа на воздухопловството; - производители на автомобилски делови; - производителите на железници; - производители на роботи; - производители на храна, фармацевтски производи, електронски апарати; - проектантски бироа, архитекти, професори за сеизмичка технологија; - дистрибутери и др. Аплицирај електронски / on-line: http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1848&bet=8 Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

24

четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 23 до 27 септември 2015 година Национален есенски саем за земјоделство и прехранбена индустрија во Унгарија

„OMЕK 2015“ ВО БУДИМПЕШТА

Стопанската комора на Македонија организира посета на саемската манифестација во соработка со Амбасадата на Унгарија во Република Македонија и Унгарската национална трговска куќа. „OMЕK“ е национален саем со 77-годишна традиција. Главната цел на најголемиот земјоделски и прехранбен саем во Унгарија е да ги презентира начините на модерно, ефикасно и еколошко земјоделство и да ги информира потрошувачите за унгарските производи кои гарантираат висок квалитет и безбедност на храната. Во рамките на овој настан ќе бидат организирани квизови, интерактивни атракции, пропратени со традиционална храна, пијалаци и фолк елементи. На овој настан ќе бидат присутни водечките производители на земјоделски производи од Унгарија и од други европски земји. - Котизацијата за посета на настанот изнесува 2.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании-членки и 4.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании нечленки на Стопанската комора на Македонија. - За втор посетител од иста фирма се доплаќа 1.990 денари, со вклучен ДДВ за фирми-членки и 2.990 денари со вклучен ДДВ за фирми нечленки. Трошоците за патување и сместување за време на саемот ги сносат самите компании.

Пријавување до 14.9.2015 година (понеделник).

Сите дополнителни информации може да ги најдете на линкот: http://omek.gotohungary.com/ Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„КОМПЛЕКСНА ПРОДАЖБА – МАПА ДО УСПЕХОТ“ (Complex Sales ROADMAP to Success) Содржина на обуката: - Избор на тековни можности за продажба со цел учење и примена на концептите - Идентификување на „Мапата на продажба“ - Развивање на индивидуални вредности со цел клиентот да ги препознае - Препознавање на клучните играчи во рамките на организацијата и нивната улога во донесувањето на одлуката за склучување на договорот - Воспоставување комуникација и ниво на доверба - Развивање на компетативна стратегија - Развивање на акциски план за елиминирање на слабостите и поттикнување на предностите - Стекнување доверба и посветеност од клиентот - Менаџирање на времето со цел постигнување на цели на краток, среден и долг рок Предности од работилницата - Склучување на попрофитабилни договори и продажби со фокусирање на специфичните барања и вредности на клиентот - Оптимизирано користење на ресурсите со фокусирање на вистинските клиенти - Подобрен рејтинг - Попрецизни предвидувања - Пократок продажен циклус - Помалку напор при продажба - Подобра тимска продажба - Поголема лојалност на клиентите - Размислување надвор од кутијата Предавач: Љупчо Георгиев, единствен лиценциран тренер на „Густав Кезер Тренинг Интернационал” во Македонија со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи. Gustav Käser Training International е компанија основана во Цирих, Швајцарија во 1963 година. Денес претставува компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се

Дводневна обука во соработка со Густав Кезер Тренинг Интернационал 24-25 септември 2015 година 14:00- 18:00 часот Стопанска комора на Македонија сала 1 на V кат.

потврдува повеќе од 50 години. Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz се само дел од компаниите кои ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас. Учесниците на дводневната обука ќе се стекнат со меѓународно признат сертификат од Густав Кезер Тренинг Интернационал. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

* работен материјал и Мапа на можности; * ручeк и освежување.

Пријавување до 21.09.2015 година. Работна група: 10 – 15 учесници Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

26

четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бизнис-средби на 25 09. 2015 година

„ЖЕНИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ” ВО БЕЛГРАД

Enterprise Europe Network Македонија, Здружението на информатичко-комуникациски технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да воспоставите контакти со нови деловни партнери Овој брокерски настан е организиран од Enterprise Europe Network, со главен фокус на жените-претприемачи и ќе се одржи во рамките на Втората меѓународна конференција „Жените претприемачи на новото време: нови можности за регионална економска преродба“, која ќе се одржи од 24-25 септември 2015. Сектори: · трговија,земјоделство и производство на храна; · информациски и комуникациски технологии; · текстил; · образование и консултантски услуги и др. Втората меѓународна конференција „Жените-претприемачи на новото време: нови можности за регионална економска преродба“ има за цел да ги промовира најдобрите практики за застапување на женското претприемништво, а воедно на жените претприемачи да им обезбеди можност за бизнис-вмрежување врз основа на методологијата на Enterprise Europe Network (ЕЕН). На Конференцијата примарни теми ќе бидат политиката на застапување и развој на бизнисот меѓу жените-претприемачи, со цел да се подобри поддршката на женитепретприемачи во регионот, како и развивање на нови деловни врски меѓу жени-сопственички на разни бизниси. Како дел од програмата на Конференцијата, овој брокерски настан и бизнис-средбите се идеален настан за да се остварат контакти и да се подготват идните бизниси. Настанот ќе им овозможи на учесниците од различни сектори да реализираат состаноци со деловни партнери, на претходно закажани состаноци, како и можност за презентација на сопствени компании. Поединечните билатерални средби ќе бидат резервирани однапред и ќе бидат претходно средени и помагани од страна на персоналот на Enterprise EuropeNetwork. Искористете ја оваа единствена можност за малите и средни претпријатија и претприемачи во ЕУ да најдете потенцијални бизнис-партнери во Југоисточна Европа! Учеството е бесплатно, а ќе има и други погодности за учесниците. Времетраењето на секој состанок е 20 минути. Можни се максимум 6 деловни средби. За да се регистрирате за деловните средби или да добиете дополнителни информации, посетете ја следната веб-страна: http://www.b2match.eu/ Регистрацијата е до 15 септември 2015 година. Селекцијата за деловните средби ќе се врши од 16-24 септември 2015 година. Билатералните средби ќе се реализираат на 25 септември 2015 година. Место на одржување: Трговска и индустриска комора на Србија, Белград, со почеток во 10:00 часот. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„ДУНАВСКИ РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС-ФОРУМ“ ВО ВИЕНА

На 1 и 2 октомври 2015 година во Република Австрија

Главната тема на Бизнис-форумот, петти по ред, е „Формирање синџири за снабдувачи за транспорт и логистика во Дунавскиот регион“. Посетителите ќе имаат можност да се сретнат со над 500 претставници на компании, со повеќе од 50 говорници од 15 различни земји, каде ќе се организираат повеќе од 20 тркалезни маси за решавање на прашања и предизвици на повеќеполарен свет, поврзуваајќи го Дунавскиот регионот на регионално и на глобално ниво со целиот свет, од следниве области: • Формирање синџири за снабдувачи; • Транспорт и логистика; • Информирање за статусот на стратегијата на Дунавскиот регион на макро и на регионално ниво во однос на приоритетните области на „Глобална поврзување, мобилност и мултимодалност”; • ЕУ-грантови и субвенции; • Најнови информации за регионот; • Деловни средби. На Бизнис-форумот ќе имате можност да се запознаете со вашите потенцијални партнери од индустријата, транспорт, логистика, од академски и владини институции, компании и стеикхолдери преку индивидуални деловни средби. Исто така, ќе имате можност да научите како да добиете пристап до Иницијативата за инвестиции од Европската унија (Juncker Investment Initiative), како и да учествувате на повеќе од 20 тркалезни маси. Учесниците ќе имаат одлична можност да се поврзат и да споделат искуства со еминентни личности од клучните носители на одлуки во земјите од Дунавскиот регион: Германија, Австрија, Словачка, Унгарија, Србија, Романија, Хрватска, Бугарија, Молдавија, Украина, Чешка, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, но исто така и од Кина, Тајланд, Виетнам, Индија, Обединетите Арапски Емирати, Турција, Русија, Грција, Северна Африка, како Тунис, Мароко, Алжир, Јужна Америка. Настанот е финансиран преку go-international, иницијатива на Сојузното министерство за наука на Австрија, истражување и економија и Австриската стопанската комора. Ве молиме, Вашиот интерес за учество на овој форум да го наведете во online формата на следниов линк: http://danuberegionbusinessforum.com/ , за да одредите со кои од наведените компании-учесници на Форумот би сакале да остварите бизнис-средби. Учеството на форумот е органичено, затоа пријавете се веднаш. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

28

четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 7 октомври 2015 година Стопанска комора на Австрија, Виена

Бизнис-средба со австриски фирми - производители на прехранбени производи и интернационални трговци на големо и мало

„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ ВО ВИЕНА

Стопанската комора на Македонија заедно со Трговското одделение при Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија и Стопанската комора на Австрија, организираат учество на бизнис-делегација од Македонија на деловни средби со австриски фирми - производители и интернационални трговци на храна и пијалaци. „MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ е настан со најголема посетеност и 10-годишна традиција, на којшто присуствуваат компании од целиот свет. Настанот ќе се одржи на 7.10.2015 година (среда), во Стопанската комора на Австрија во Виена. Ве покануваме на овој настан, со цел да реализирате соработка со австриските производители и со останатите учесници на деловните средби. „MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ нуди ексклузивна можност за компаниите од Македонија и од светот да ја зголемат својата мрежа на контакти, да пробаат нови производи, да запознаат нови добавувачи, да разменат нови идеи и да остварат соработка со врвни компании и експерти за производство и трговија на големо и мало со храна и пијалаци од целиот свет. Учеството на 675 компании и нивото на организација на настанот можете да ги видите на краткото видео во прилог: http://youtu.be/zhnJ2PKFJMw . Сите заинтересирани за учество на овој настан треба да го пополнат Пријавниот лист и да се регистираат на следниот линк: https://www.b2match.eu/food2015 . Искористете ја оваа можност и посетете го овој настан, кој ќе се одржи неколку дена пред најголемиот саем за прехранбени продукти ANUGA (10-14 Октомври 2015) во Келн. Пријавниот лист да се достави до лицата за контакт, најдоцна до 30.6.2015 година. За компаниите кои ќе се пријават за учество на деловните средби обезбедени се: - бесплатни две ноќевања со појадок, во хотел со 4 ѕвезди; Трошоците за превозот Скопје - Виена - Скопје го сносат самите компании. Бројот на места е ограничен. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

БИЗНИС-СРЕДБИ НА САЕМОТ „АНУГА“ ВО КЕЛН

На 13 и 14 октомври 2015 година во СР Германија

Бизнис-средбите на „Ануга 2015“ се уникатна платформа за споделување на иновативни технологии, иницира прекугранична соработка и нови деловни партнери. Учесниците може да побараат претходно договорени состаноци еден-на-еден, според нивните интереси за соработка. На овој начин, можете да направите подобра организација на вашето време на Саемот „Ануга“. Бизнис-средбите ќе се одвиваат во уникатен амбиент во германското Сојузно министерство за храна и земјоделство. „Ануга“ не е само најголемиот саем за храна и пијалаци во светот; тоа е, исто така, секторски најважниот саем за нови пазари и целни групи. Главни теми: „Ануга“ ги поздравува претставници од сите сектори на трговијата и производството на храна и прехранбената индустрија https://www.b2match.eu/anuga2015

Како тоа функционира? 1.Регистрирајте се и објавете го вашиот профил за соработка. 2.Разгледајте ја листата на учесниците и одберете за кои компании сте заинтересирани. 3.Една недела пред настанот ќе го добиете вашиот личен распоред за бизнис-средби.

Зошто да учествувате? • Можете да ги одберете потенцијалните деловни партнери - и ќе се организираат состаноци за вас! • Можете да го изберете вашиот состанок пред да тргнете на пат

Вашиот избор се базира на прецизен профил на компанијата. • Имате поддршка пред, за време и по настанот, на пример, од помош да се формулира профилот, до информативна соработка или поддршка на вашиот состанок. Учеството на средбите е бесплатно. Влезницата за Саемот не е вклучена. Ве молиме да ја купите вашата влезница преку саемскиот веб-сајт: http:// www.anuga.com/anuga/for-visitors/Admission-ticket/index.php. Рокови: - 20 септември 2015 година - регистрација и поднесување на профили за соработка; - 5 октомври 2015 година - електронски избор на бизнис-состаноци; - 9 октомври 2015 година - финална испорака на распоредот на состаноци; - 13 и 14 октомври 2015 година - билатерални средби. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

Бизнис-средби на 15 и 16 октомври 2015 година во Република Турција

„MATCH4IN

Четвртото издание на „Match4Industry“ за бизнис-поврзување ќе се организира на 15 и 16 октомври 2015 година и ќе се одржи во TOSB - Индустрискиот парк за автомобилски добавувачи во Кочаели, Република Турција. „Match4Industry“ настанот ќе биде организиран од страна на ABİGEM Исток Мармара и Комората за индустрија на Кочаели, во тесна соработка со Enterprise Europe Network - Луксембург, Стопанската комора на Големото Војводство Луксембург и многу други организации за професионална поддршка на бизнисот од Европа, Турција и пошироко. „Match4Industry“ е дел од “Бизнис на лице место”, уникатен концепт на бизнис-настани кои се организираат во посебна индустриска зона. Овој концепт е предвиден од страна на организаторите со цел олеснување на успешните преговори со истакнување на предноста на инфраструктурата и деловните активности во индустриската зона. Ова обезбедува цел спектар на услуги за развој на бизнисот со додадена вредност, со цел да се задоволат потребите за глобализација на компаниите. Покрај наведените билатерални средби што ќе се организираат во индустрискиот парк, предвидени се посети на компании, што ќе им бидат понудени на учесниците како изборна програма. Ова ќе помогне за оценување на бизнис-климата во регионот и за финализирање на преговорите. На настанот ќе бидат застапени следните сектори: § автомобилска индустрија; § метална и машинска индустрија; § пластика и гума; § хемиска индустрија (автомобилски бои и лакови); § градежништво и градежни материјали; § енергија; § животна средина; § електроника; § информатички и комуникациски технологии; § женско претприемништво и др. Котизација: 80 евра по учесник.


БИЗНИС ИНФО

NDUSTRY“ ВО КОЧАЕЛИ Партиципацијата вклучува: - организирани деловни состаноци; - помош пред, за време и по настанот; - локален трансфер; - превод – од англиски на турски, од турски на англиски јазик; - ручеци, освежување и вечера за добредојде. Трошоците за сместување (2 ноќевања во хотел со 5 ѕвезди) ќе бидат финансирани од Министерството за економија на Република Турција. Краен рок за пријавување: 30 септември 2015 година.

Подетални информации можат да се добијат на вебстраната: www.een-matchmaking.com/m4i2015 Контакт: Лазо Ангелевски Тел: (02) 3244090 laze@mchamber.mk


32

БИЗНИС ИНФО

четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 19 до 22.10.2015 година во Техеран

“ХАЛАЛ ИРАН 2015“

“Халал Иран 2015“ е единствениот и најголем саем за халал каде што ќе бидат присутни претприемачи од халал индустрија и бизниси кои се заинтересирани за инвестирање во една од најбрзо растечките глобални индустрии. На овогодинешниот саем компаниите ќе имаат можност да стапат во контакт со компании, кои се дел од Халал индустрија од над 30 земји, вклучувајќи ја и Холандија, Турција, Германија, Малезија, Белгија, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Франција, Египет, Мароко, Пакистан, Данска, Гана, Тунис, Ирак, Алжир, Индонезија, Русија и др. Присутните компнаии ќе имаат можност да се сретнат со бројни производители на халал продукти и да стапат во директен контакт со истите преку биллатерални средби, панел дискусии и трибин со цел размена на информации и искуства, склучување стратешки партнерства и отварање на пазарот за пласман на нивните продукти и услуги. За подетални информации Ве молиме посетете го следниов линк: http://www.halalexpo.ir/en/ Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Едукација: АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ ВО СОРАБОТКА СО ГУСТАВ КЕЗЕР ТРЕНИНГ ИНТЕРНАЦИОНАЛ - ВТОРА ГЕНЕРАЦИЈА – Стопанска комора на Македонија Ве поканува да бидете дел од втората генерација на Академијата за продажни вештини во соработка со Густав Кезер Тренинг Интернационал! Методологијата по која се реализира Академијата за продажни вештини е усовршувана во текот на 50 години постоење на Густав Кезер Тренинг Интернационал и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10.000 европски и светски компании. Програмата опфаќа комбинација на три клучни аспекти: техника, став и влијание, кои овозможуваат да се постигнат натпросечни резултати во комуникацијата со останатите. Вистинскиот пристап кон работата и обврските, со влијанието кое како поединци го остваруваме за нашето опкружување, е онаа компонента која ги издвојува успешните луѓе од останатите и истите се спремни да ја насочат својата компанија во правец кој ќе и донесе најдобри резултати.

Што содржи тренингот? - Важноста на пристапот; - Поттикнувачи на објективно и успешно ориентираното дејствување; - Преговарање, способноста за убедување на другите; - Комуникациски техники; - Конфликтите како можност; - Ефикасно управување со времето и - Предуслови за свесен однос спрема времето.

*Првата средба на групата ќе се одржи на 20.10.2015 година, пријавете се што побрзо!

Академијата за продажни вештини содржи 5 тренинг дена распоредени во временски период од три до четири месеци (помеѓу секој тренинг ден постои пауза од три недели) и контролен ден кој се одржува по два месеци од последниот тренинг ден. Паузите помеѓу деновите на обуката се планирани со цел учесниците на своето работно место да го имплементираат наученото и во тој временски период да ги користат услугите на консултантот. Со наредниот тренинг ден од обуката се засилуваат ставовите во врска со предавањата, се вршат модификации на наученото согласно реалните услови на работа на учесниците, а во континуитет се следат фактичките постигнувања и се мери резултатот на учиноците пред и потоа. Академијата започнува во октомври 2015 година. Точните датуми на одржување на тренинг деновите се определуваат заедно со учесниците и тренерот на првата средба која ќе се одржи на 20.10.2015 година. Коментари од учесниците на првата Академија за продажни вештини: „Многу сум позитивно изненадена од содржините и активностите на Академијата. Од сите досегашни обуки добиени од различни институции, оваа обука веќе ја спроведувам во пракса со одлични перформанси и резултати.“ - Христина Чочкова, АДРИАМЕД „Академијата ги надмина моите очекувања. Се што беше презентирано беше со добра основа, реално отсликување на секојдневите потешкотии предизвикани од неправилно поставени продажни вештини, за на крај да се заврши со поука како сето тоа да се исправи и подобри во иднина.“- Соња Николовска, Макпетрол АД „Прекрасни, спремни презентации од страна на тренерот, многу добра организација, позитивна енергија.“ – Викторија Смичковска, Транслог ДООЕЛ Аплицирај електронски / on-line Контакт: Симона Ристоска Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: simona@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО

четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 21 и 22 октомври во Гетеборг

КОМПАНИСКА МИСИЈА - ИКТ КОМПАНИИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА НА СРЕДБИ СО ИКТ КОМПАНИИ ОД ШВЕДСКА

Enterprise Europe Network Македонија и Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија се ко-организатор на компаниската мисија во Шведска, која ќе се фокусира на соработката помеѓу ИКТ компаниите од Југоисточна Европа и од Шведска. Во западниот дел од Шведска постои силен ИКТ сектор, со компании што се занимаваат првенствено на вградени системи, електроника, инфраструктура / облак, визуелизација, игри и мобилна технологија/. Организатори на настанот се Бизнис округот Гетеборг, во соработка со Инвест Македонија, Амбасадата на Република Бугарија и Српско-шведскиот бизнис совет. Во текот на оваа мисија, Enterprise Europe Network ќе организира средби за компаниите кои учествуваат. Ова ќе биде коорганизирана од ЕЕН партнери од Шведска, Македонија, Бугарија и Србија. Целта на мисијата е да се промовира соработка и партнерство меѓу компаниите кои учествуваат. Настанот ќе се фокусира на следните партнерства: - Трансфер на технологија - Партнерства во проекти - Подизведување / аутсорсинг - Дистрибуција и - Истражување

Бизнис средбите ќе се одржат на 21 октомври, 2015 година, од 13,00-16,00 часот, во Бизнис центар во Гетеборг. Учеството е бесплатно На 22 октомври ќе се одржи Семинар – Софвер ден за ИКТ соработка на компаниите од Југоисточна Европа со ИКТ компаниите од Шведска. На бизнис средбите и на семинарот ќе можете да се запознаете со нови партнери и да се информирате за најновите случувања во ИКТ секторите во Шведска, Бугарија, Србија и Македонија. Компании од ИКТ секторите од овие земји ќе уќествуваат на средбите и на семинарот. Искористете ја можноста за да ја проширите Вашата меѓународна мрежа, да истажите нови идеи, развивајте ги економските и проектните потенцијали преку учеството на овие средби и на семинарот http://softwareday.lindholmen.se/en . Контакт Лазо Ангелевски laze@mchamber.mk


четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

БИЗНИС ИНФО

Скенирај и дознај повеќе

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

M

C

N IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

A

Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E

S

E


БИЗНИС ИНФО

36

четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 21 октомври 2015 година бизнис-средби во Романија

РЕГИОНАЛНИОТ САЕМ ЗА ИНОВАЦИИ ВО АРАД

Регионалниот саем за иновации што ќе се одржи на 21 октомври 2015 година, во Арад, Романија, има за цел промовирање на иновативни технологии и решенија, реализирање бизниссредби со истражувачи-професионалци, размена на искуства и можна соработка со компании од Романија и од цела Европа. https://www.b2match.eu/innomatch2015. Бизнис-средбите ќе обезбедат за да воспоставите прекугранична соработка во областа на ИКТ, автомобилската индустрија, трговијата и земјоделскиот сектор, кои ќе ви дадат лесен пристап до компании, корпорации, истражувачи и иноватори. Исто така, ќе бидете во можност да го посетите Регионалниот саем на иновации и да присуствувате на Регионалниот натпревар за награди за инвативност. Учеството е бесплатно. Фокус: • се изложуваат иновации за екосистеми на меѓународно ниво; • бизнис-средби меѓу романски и европски иноватори од областа на ИКТ, земјоделството и автомобилската индустрија ; • меѓународна соработка и вмрежување, со 30 минутни деловни средби; • промовирање на истражување и развој на понуди за компании. Билатерални средби: • дали сте во потрага по нови клиенти, партнери или пронаоѓачи за вашата компанија? • дали сте во потрага по нови потенцијални партнери за развој на бизнисот и истражувачки проекти? • или можеби само сакате да ја зајакнете својата иновативност? • деловните средби се идеална можност за нови деловни контакти. Главни теми: • Информациски и комуникациски технологии • Софтверски апликации, производи и услуги, софтверски инженеринг, интероперабилност, ИТ-безбедност, вградени системи, интернет на нештата (IoT), мобилност, консултантски услуги, аутсорсинг, услуги, ИТ-апликации за процесите на производство, енергетска ефикасност, бизнис-перформанси, транспорт и логистика; финансиски услуги, телекомуникации, трговија на мало, здравството и телемедицина, и др. • Автомобилска индустрија

•

• •

Методи на производство, производи и компоненти, материјали, суровини и полуготови производи, дизајн и развој, „зелени“ возила, одржливи згради, машини и електротехника, индустриска автоматизација и софтвер, контрола и мерење, индустриска електроника, електрична мобилност и опрема, роботиката, организации и услуги. Производство и трговија со храна Иновативни решенија за подобрување на перформансите во земјоделството, генетиката и помош за размножување и поддршка (култури и добиток), раси, семиња, заштита, технологии, жетва, природни екстракти, биопроизводи, технологии за прехранбената индустрија, одржлива преработка на храна, исхраната и здравјето, прехранбени производи и гастрономија.

* На барање на компаниите, може да се договорат билатерални средби и во другите сектори, со претходна најава, најдоцна 4 недели пред настанот. Зошто да учествувате? • Да ги покажете своите најповолни проекти, производи или know-how; • да воспоставите прекугранични контакти и соработка; • да реализирате бизнис-средби со потенцијални бизниспартнери на претходно закажани состаноци; • да најдете нови комерцијални, технолошки, истражувачки партнери; • да се запознаете со играчите за нови истражувања и развој; • да добиете информации за нови истражувања и бизнистрендови; • да ги презентирате вашите нови проекти. Како тоа функционира? • Да се регистрирате и да ги објавите своите желби за соработка; • потоа, да ги видите учесниците и да ги посочите компаниите за кои сте заинтересирани и • една недела пред настанот ќе го добиете вашиот распоред за бизнис-средби. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„КОН ОДРЖЛИВ ТРАНСПОРТ 2015“

Конференција На 22 и 23 октомври 2015 година, во хотел „Мона“, на Златибор во Република Србија

Конференцијата ја организираат Стопанската комора на Македонија во соработка со Intico doo. и Агенцијата TransportLog од Република Србија. Oваа година се очекува присуство на повеќе од 200 учесници од регионот. Темите опфатени на овогодинешната конференција се: • Примената на информатичките системи во транспортот и логистиката; • Трендови во развојот на патниот транспорт; • Организирање на работното време на возачите; • Дистрибуција на стоки; • Релокација на транспортните и логистички процеси во бизнис-системите (аутсорсинг во дистрибуција на стоки; аутсорсинг активности за возни патркови); • Процесот на јавни набавки во транспортот и логистика; набавки и аутсорсинг; • Управување со возен парк; • Управување со трошоците во превозот; • Тркалезна маса: Решавање на постојните проблеми во транспортот, логистиката и возните паркови.

Пријавување до 13.10.2015 година .

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


38

БИЗНИС ИНФО

четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 3 до 6 ноември 2015 година Меѓународен саем за зелени технологии во Италија

„ЕКОМОНДО 2015“ ВО РИМИНИ

Стопанската комора на Македонија во соработка со „МЖ - Матјаж Жигон“, претставништво за саеми и консалтинг услуги и воедно главен претставник и организатор на „Riminifiera“ - Саемот во Римини за Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и Косово ве покануваат на бесплатни деловни средби и посета на Саемот. „Eкомондо“ е Меѓународен саем којшто претставува репер во областа на најпознатите ефективни технолошки решенија за правилно управување и валоризација на отпад во сите негови форми, како и заштеда на вода, ефикасна употреба на ресурси и суровини и секундарни суровини, како и заштеда на енергија и ефикасност. „Екомондо“ е саем посветен на заштита на животната средина и создавање платформа која е посветена на Медитеранот и главните европски и меѓународни стратегии за еколошки иновации и конверзија на отпад во вреден ресурс. Оваа година се организираат деловни средби и посета на Саемот за ограничен број претставници на компании од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија. Целта на оваа посета е интензивирање на деловни контакти со компании кои ќе бидат во улога на изложувачи во Римини. Предвидени се средби преку организирани состаноци, кои самите компании ќе имаат можност да ги закажат со користење на интернет-платформи. Секој член на делегацијата ќе има состаноци (10 средби) на местото каде што ќе бидат изложувачите. Средбите ќе мора да се закажат пред почетокот на Саемот, во периодот од 13 - 29.10 2015 година. Со цел унапредување на работењето на македонските компании, Стопанската комора на Македонија обезбедува: - бесплатно сместување во Римини за максимум 3 ноќевања во удобен хотел со 4 * во еднокреветна соба (хотел бар и телефон – дополнително се наплаќаат); - трансфер од и до аеродром; - дневен трансфер од и до Саемот; - саемска влезница; - можност за употреба на деловните простории на Саемот; - ручек на Саемот. Ве молиме, да го пополните образецот што на англиски јазик може да го превземете од веб порталот на Стопанската комора на Mакедонија: www.mchamber.mk Овие услови се однесуваат за еден претставник од секоја компанија со можност за доплата за хотелско сместување за


четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

БИЗНИС ИНФО

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ придружба од 30 € од вечер, во истата двокреветна соба (податоците за придружбата внесете ги во пријавата). Ве молиме, во пријавата да ги внесете и IN и OUT датумите и да го обележите денот кој би сакале да се користи како ден за состаноците закажани преку интернет-платформата. Препорачливо е сите состаноци да ги закажете ден по пристигнувањето во Римини. Со цел добра и успешна соработка, Ве молиме, пријавувањето да се изврши што е можно побрзо, најдоцна до 20.8.2015 година, со целосно пополнување на апликацијата во прилог! *Важно: -Патните трошоци се на товар на компаниите, односно тие сами си организираат превоз. -Официјален јазик на бизниссредбите е англиски. -Апликацијата мора целосно да биде пополнета. -Апликациите мора да бидат пополнети и доставени до организаторот најдоцна до 20.8.2015 година. -Доплата за хотелско сместување за придружба од 30 € од вечер во истата двокреветна соба. -Котизацијата за организирање на настанот према Стопанската комора на Македонија изнесува 2.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании-членки и 4.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании нечленки на Стопанската комора на Македонија. -За втор учесник по фирма се доплаќа 1.990 денари, со вклучен ДДВ за фирми- членки и 2.990 денари со вклучен ДДВ за фирми нечленки. Сите детали во врска со Саемот, ќе им бидат доставени на учесниците по селективниот избор што ќе се изврши според строги критериуми поставени од страна на организаторот, на e-адресата што ќе ја наведат во пријавата. Пријавување до 20.8.2015 година. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


40

БИЗНИС ИНФО

четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 10 ноември 2015 година во Братислава, Република Словачка

„ САЕМ ЗА ДИРЕКТНИ БИЗНИС СРЕДБИ 2015“

(“Slovak matchmaking fair 2015”) Од 2007 година, Саемот за директни бизнис средби се организира еднаш годишно помеѓу словачки и странски компании, во организација на Словачката агенција за инвестиции и трговски развој под покровителство на Министерството за економија на Република Словачка. Овој настан на компаниите им нуди единствена можност за еден ден и на едно место да најдат нови бизнис партнери од Словачка и од странство. Оваа година настанот ќе биде со фокус на Азија и азискиот регион Централна Азија (Казахстан) и Кина. Саемот за директни бизнис средби 2015 е најголемиот Б2Б настан кој го организира Словачката агенција за инвестиции и трговски развој и им нуди единствена можност и на малите и средни претпријатија да најдат потенцијални бизнис партнери во странство и да навлезат во глобалниот пазар. Котизацијата за учество на овогодинешниот “Саем за директини бизнис средби 2015“ е 80 € за еден учесник од компанија. За секој нареден учесник од компанија се доплаќа дополнителнo 50 €.

- Пријавниот лист мора целосно да биде пополнет на англиски јазик и доставени до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 16.10.2015 година. - По доставување на пријавниот лист организаторот ќе изготви личен профил на Вашата компанија преку кој ќе можете да ги закажувате своите Б2Б средби по електронски пат, во периодот од 26.10.2015 до 02.11.2015. - Краен рок за уплата на котизацијата за настанот е 29 октомври 2015. Доколку некоја од компаниите го пријави своето учество на саемот а не ја изврши уплатата до 29 октомври 2015, на истата нема да и биде дозволено присуство на Б2Б средбите. - Котизацијата за организирање на настанот према Стопанската комора на Македонија изнесува 2.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании-членки и 4.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании нечленки на Стопанската комора на Македонија. - За втор учесник по фирма се доплаќа 1.990 денари, со вклучен ДДВ за фирми- членки и 2.990 денари со вклучен ДДВ за фирми нечленки.

Во котизацијата е вклучено: - Учество на Б2Б средби со компании од Ваш интерес - Објава на компанијата учесник во овогодинешниот “Каталог на учесници“ - Чаша вино за добредојде - Учество во паралени настани - Освежување за време на паузите

Сите детали во врска со електронското закажување на Б2Б средбите , ќе им бидат доставени на учесниците на e-адресата што ќе ја наведат во пријавата веднаш по нивната регистрација од страна на организаторот.

*Напомена: - Патните трошоци се на товар на компаниите, односно тие сами си организираат превоз. - Официјален јазик на бизнис-средбите е англиски.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

БИЗНИС ИНФО

41

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

“9-ТИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА МЕЛНИЧКО -ПРЕРАБОТУВАЧКА И ПЕКАРСКА ИНДУСТРИЈА“ (IBEX)

Од 6.12.2015 - 09.12.2015 година во Техеран, Иран

Посетата на IBEX, се организира во соработка со Амбасадата на Исламската република Иран вo Скопје. Интернационалниот саем за мелничко - преработувачката и пекарската индустрија (IBEX) се смета за еден од најголемите и најважните настани во Иран. Со оглед на фактот дека Иран има повеќе од 77.000.000 население и по глава на жител на годишно ниво се трошат околу 165 килограми леб и пекарски продукти, иранската влада има за цел во наредните години значително да го подобри квалитетот на домашната пекарска индустрија. IBEX 2015 има за цел да ги претстави можностите за инвестирање во овој мултимилионски бизнис и да создаде платформа за интеракција и соработка помеѓу пертставниците на компаниите во мелничко- преработувачката и пекарската индустрија и да им обезбеди максимален капацитет за производство на домашните компании. Саемот ќе трае 4 дена, во периодот од 6 до 9 декември 2015 година во просториите на техеранскиот Интернационален саем и е организиран од страна на компанијата ИТГ – лидер во организација на саемски манифестации. За подетални информации Ве молиме посетете го следниов линк: http://ibex.ir/en/ Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


42

БИЗНИС ИНФО

четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 26 и 27 февруари 2016 година Меѓународна конференција и саем во Србија

,,НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“ ВО БЕЛГРАД

На настанот „Новите технологии во образованието“ во 2015 година имаше повеќе од 2500 учесници кои имаа можност да слушнат повеќе од 100 говори од 50 предавачи од целиот свет. Исто така, се организираше и Саем со 40 излагачи каде се презентираа најновите технолошки решенија во образованието. Компаниите од ИКТ-секторот, издавачите, училиштата, универзитетите и другите образовни институции ја презентираа нивната компјутерска и аудиовизуелна опрема, мобилните уреди, софтвери, апликации, дигиталните учебници и другите производи што можат да придонесат за зголемување на квалитетот на образованието.

„Новите технологии во образованието 2016“ - Над 20 земји ќе пратат свои високи претставници од министерствата за образование. - Над 50 излагачи во 2016 година, и над 20 компании од Велика Британија. - Над 150 предавања и работилници. - 71% од излагачите потврдија продажни договори од настанот во 2015 година. - 79% од излагачите потврдија дека имаат воспоставено партнерства на настанот во 2015 година.

Над 4000 гости од 30 земји се очекуваат во 2016 година.

Конференцијата и саемот „Новите технологии во образованието 2016“ се отворени за компаниите од регионот кои обезбедуваат иновативно образование ИКТ-производи, услуги и решенија. Тие ќе имаат можност да ги покажат своите производи, да се создадат можности за партнерство со купувачите и со учесниците и да бидат во тек со новите случувања во областа на образованието и технологиите кои се внесуваат во образовниот систем во земјите во регионот. Во 2016 година веќе има потврда дека над 20 компании од Велика Британија ќе присуствуваат на овој настан и ќе ги презентираат нивните ИКТ-решенија и производи за образованието. Исто така, ќе присуствуваат високи претставници од министерствата за образование од: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово, Турција, Азербејџан, Казахстан, Русија, Израел, Украина, Молдавија, Грузија, Узбекистан , Словенија, Унгарија, Хрватска, Бугарија и Романија. Ова ќе биде можност за компаниите и за образовните институции за воспоставување партнерства и споделување идеи за иднината на образованието. Настанот се организира во соработка со Стопанската комора на Србија, Британската амбасада и други институции и организации.

Пријавување до 17 ноември 2015 година.

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ


44

БИЗНИС ИНФО

четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА може да се користи во индустриска контрола, автомобили, медицински и телекомуникациска индустрија TR00000036878 Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на трајно жаречки печки SI00000037344 Компанија од Словенија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на фибер-цемент плочи за кровови и фасади PL00000040670 Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на мебел од дрво наменет за уредување на градини и паркови BG00000040669 Компанија од Бугарија бара соработка со македонски производители на козметички препарати за пласман на амбалажа за пакување на истите по нарачка за формата и грамажата IT00000039224 Компанија од Италија заинтересирана е за CN00000040667 Компанија од Кина бара дистрибутер во соработка во областа на соларна енергија Република Македонија за пласман на тонери за принтери од марките Canon,Epson,Lexmark,Sams PT00000040666 Компанија од Португалија заинтересирана ung,Xerox,Brother,Kyocera,Dell и Panasonic е да пласира темно чоколадо во Република BG00000040497 Македонија Компанија од Бугарија бара дистрибутер за пласман на градежни материјали во Република CN00000036635 Компанија од Кина бара дистрибутер во Македонијa Република Македонија за пласман на различни видови на кабли, како што се видео надзор кабли, HDMI кабли, SATA кабли, телекомуникациски кабли, мрежни кабли, фибер-оптички кабли, мултимедија кабли, ЛЦД кабли , како и конектори за електронски уреди. Производи се во согласност со RoHS директива и ул-листата, која

BG00000040675 Компанија од Бугарија заинтересирана е за соработка со компании од Република Македонија кои би сакале да користат шпедитерски услуги а во соработка со својот ексклузивен партнер во Иран и Блискиот Исток ги нуди следниве услуги: •Претовар (од/до вагони и камиони) и


четврток, 10 септември 2015, Бр. 234

БИЗНИС ИНФО

45

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА консолидација во Бугарија (во сопствени терминали со достапна специјализирана опрема) за каков било вид товар од/до Иран и транзитни дејности, преку Иран, до Ерменија, Азербејџан, Таџикистан, Узбекистан, Туркменистан, Киргистан, Казахстан, Пакистан, Авганистан и Ирак; •Банкарска гаранција за транзитни активности преку Иран; •Царинско посредување за сите царински испостави во Иран - пристаништа, копнени канцеларии и гранични премини; •Ракување со и складирање на стока во Иран. TR00000035497 Турска компанија бара ексклузивен застапник во Република Македонија за пласман на метални и пластични патенти или текстилни фабрики за нивна употреба при производство на облека PL00000035484 Полска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пумпи и компресори

www.mchamber.mk

AT00000039586 Компанија од Австрија бара соработка со македонски компании во областа на собирање, транспортирање, селектирање и складирање на комунален и индустриски отпад. GR00000037676 Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Mакедонија за пласман на прехранбени производи, кафе,шеќер,дехидрирано овошје и лешници, зрнести производи како и конзервирана храна, планираат да основаат компанија во РМ за трговија со истите производи како и извоз на македонски производи во Грција

Контакт:

Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Бизнис ИНФО број 234, 10.09.2015 by Economic Chamber of Macedonia - Issuu