БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
Quality Management
СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642
bsi.
ISO 9001
Quality Management
goodini
192
2 - 2014
FS 549642
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 187
www.mchamber.mk
10.7.2014
Предлози на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија
ДОПОЛНИТЕЛНО ПОДОБРУВАЊЕ НА БИЗНИС-КЛИМАТА ВО ХОТЕЛИЕРСТВОТО
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
С ЛЕ ДНИОТ БРОЈ НА „БИЗНИС ИНФО“ ЌЕ ИЗЛЕ ЗЕ НА 28 АВГ УС Т 2014 ГОДИНА
четврток, 10 јули 2014, Бр. 187
БИЗНИС ИНФО
3
ПОДВЛЕЧЕНО
„НЕ ОЧЕКУВАМ ПОСЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ ВО СНАБДУВАЊЕТО СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА“ Околу 30% од вкупната потрошувачка во Македонија се увезува и тука мислам дека има склучено долгорочни договори и не очекувам посериозни проблеми во снабдувањето со електрична енергија оваа зима. На Балканот има неколку клучни извори кои се најголеми извозници на електрична енергија, Бугарија е една од нив, којашто извезува околу 1000 мегавати, колку што се нашите потреби. Но, Бугарија е отворена на пазарот, па затоа останатиот дел го набавуваме од Унгарија, исто така голем и сериозен извор на струја. Унгарската берза на струја е главна берза во регионов и сите ние сме ориентирани на неа. Во листата на нашите увозници на струја ни влегуваат и Романија и Босна и Херцеговина. Најголеми потрошувачи во регионот се Романија, која во 2012 година потроши 54.427 гигават-часови струја, по што следат Грција, Унгарија и Србија. Романија е лидер и во производството на електрична енергија и лани произведе 54.320 гигаватчасови електрична енергија. Потоа следат Грција, Бугарија и Србија. Споредбено со регионот индустриските потрошувачи, односно компаниите во Македонија лани плаќале по 0,118 евра по киловат-час. Според анализите споредено со регионот, во Македонија цената на струјата е за 55% поевтина од европските, а во Србија за 47%, но ако се споредат цените според куповната моќ, Србите, сепак имаат поевтина цена во однос на нас. (Д-р Кочо Анѓушев, главен извршен директор на EDS за „Бизнис Инфо“)
ЕЛЕКТРОНСКА ЦАРИНСКА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СИТЕ ЦАРИНСКИ ПОСТАПКИ Интегрирана тарифна околинa e збир на компјутерски системи што служат за размена на тарифни информации меѓу Европската комисија и земјите-членки. Системот во нашата земја ќе опфаќа: ТАРИМ (национална имплементација на ТАРИК - Тарифф Интегре Цоммунаутаире), кој е од голема важност за доследна и униформирана примена на точни царински стапки и други економски мерки; систем за управување со квотите на ЕУ за преференцијални царински стапки при увоз, кој се базира на принципот прв дојден, прв корисник”; систем за надзор на увозот и извозот и поддршка на воведувањето на трговски мерки; систем за управување и објавување на задолжителни тарифни информации (ЗТИ); систем кој овозможува лесно препознавање на хемикалии дефинирани според Европскиот попис на хемиски супстанции и систем за управување со примероци, кој ја одржува базата на примероци од царински печати, пломби и документи потребни за време на царинските процедури. Освен Интегрираната тарифна околина, Царинската управа во моментов работи на имплементирање на системи компатибилни со оние на ЕУ во областите на обработка на царинските декларации и акцизните документи (СОЦДАД), кој ќе ги поврзе сите други системи во една интегрална целина и ќе се воведе електронска царинска декларација за сите царински постапки и електронско поднесување и обработка на акцизни документи. Интегрален дел од овој систем се увозниот и извозниот контролен систем и системот за контрола на движење на акцизни стоки. Неодамна на национално ниво го ставивме во функција Новиот компјутеризиран транзитен систем, кој очекуваме на меѓународно ниво да биде ставен во функција во јуни 2015 година, што ќе овозможи единствен транзитен документ со земјите-членки на ЕУ и на ЕФТА. Со овие системи Царинската управа и Република Македонија ќе бидат максимално можно подготвени за функционирање во рамките на Европската унија. Овие проекти се финансирани од страна на ЕУ и Владата на Македонија, а во нивната реализација активно се вклучени вработените на Царинската управа. (Наташа Радеска - Крстевска, директор на Царинска Управа на Република Македонија во „Вечер“)
БИЗНИС ИНФО
4
четврток, 10 јули 2014, Бр. 187
ПОДВЛЕЧЕНО
СТАПКАТА НА СИРОМАШТИЈА И ЏИНИ КОЕФИЦИЕНТОТ Стапката на сиромаштија и Џини коефициентот се дел од индикаторите кои се продуцираат врз основа на податоците од истражувањето за приходи и услови за живеење (познато како EU-SILC), истражување кое Државниот завод за статистика го воведе во 2010 година и е целосно хармонизирано со европските стандарди, односно се спроведува според ЕУ препораките и ЕУ регулативата. Ова истражување е особено важен извор на податоци за материјалната обесправеност и социјалната исклученост на населението од кои произлегуваат важни индикатори за насочување на социјалните но и економските политики во земјата. Стапката на сиромаштија која според англиската терминологија гласи at-risk-of-poverty-rate, претставува процент на лица со еквивалентен расположлив приход под прагот на сиромаштија, а прагот е еквивалент на 60 проценти од медијалниот национален еквивалентен приход на лицата кои живеат во домаќинствата. Покрај стапката на сиромаштија од истражувањето за приходи и услови за живеење се продуцираат и повеќе други индикатори за животниот стандард на населението. Џини коефициентот пак претставува мерка за нееднаквоста на распределбата на приходите или тој е мерка за нееднаквоста на распределбата на богатството и се движи од 0 до 1. Вредноста на коефициентот поблиску до 0 укажува на порамномерна распределба на приходите или богатството, а висока вредност односно вредност поблиска до 1 укажува на поголема нееднаквост. Доколку на пример вредноста е еднаква на 1 во тој случај едно лице го поседува целиот приход, а сите други немаат приходи. Според податоците на Државниот завод за статистика во 2011 година стапката на сиромаштија изнесува 27.1 додека Џини коефициентот е 0.392. Во светски рамки, Џини коефициентот се движи од 0,232 во Данска до 0,707 во Намибија. Во Бугарија на пример Џини коефициентот е 0.336, во Хрватска 0.305, а во ЕУ (28) изнесува 0.306. (Благица Новковска, директор на Заводот за статистика во „Фактор“)
ЖИВОТНОТО ОСИГУРУВАЊЕ Е СО ГОЛЕМ ПОТЕНЦИЈАЛ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Она што го гледам во животното осигурување е пред се еден голем потенцијал во Република Македонија, затоа што животното осигурување на овој пазар е сеуште во еден почетен развој. Секако дека најголем предизвик со задоволството што го имам што се приклучив кон Виена иншуренс груп и Виена лајф осигурување во Република Македонија, е прво едукација на пазарот, односно доближување на продуктот животно осигурување и производите кои ги нуди нашата компанија до граѓаните на Македонија и едукација кои се бенефитите од таква една долгорочна, но сепак сигурна инвестиција во сопствена безбедна иднина. (Ѓорѓе Војновиќ, претседтел на Управниот одбор на „Винер лајф“ во „Лидер“)
четврток, 10 јули 2014, Бр. 187
БИЗНИС ИНФО
ИНИЦИЈАТИВИ
Скенирај и дознај повеќе
5
M
C
N IA
Што претставува сертификатот Excellent SME?
A
Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O
Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.
Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.
Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје
T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
E
S
E
БИЗНИС ИНФО
6
четврток, 10 јули 2014, Бр. 187
АКТУЕЛНО
ОБЕЗБЕДЕНИ ПОВОЛНИ УСЛОВИ ЗА ВИСИНАТА НА ПЛАЌАЊЕ НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА ФОНОГРАМИ И ИЗВЕДБИ
Здружението на угостителството и туризмот и Македонската музичка индустрија (ММИ) потпишаа Општ договор
Здружението за угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија и Македонската музичка индустрија (ММИ) потпишаа Општ договор за обебзедување поволни услови за висината на плаќање на надоместокот за фонограми и изведби, за 2013 година и за 2014 година до стапување на сила на новиот Предлог-правилник. Општиот договор го потпишаа потпретседателот на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија Соња Бибановска, директор во„Македонијатурист“ АД – Скопје, и Бодан Арсовски, претседател на ММИ. На редовната прес-конференцијата во Стопанската комора на Македонија (7.7.2014 година) свое обраќање по основ на потпишувањето на Општиот договор имаа потпретседателот на Здружението, Соња Бибановска, која потенцираше дека овој општ договор е од исклучителна важност за хотелите и рестораните - членки на Здружението на угостителството и туризмот при Комората, бидејќи со него се обезбедуваат исклучитечлно поволни услови и суми за плаќање на обврската за фонограми и изведби, наспроти првично предложениот правилник кој значеше големо оптоварување за хотелиерите и рестораните. Бодан Арсовски, како претседател на ММИ, истакна дека по две години преговори со Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, постигнат е договор за плаќање повластена цена кон ММИ. Соработката со Здружението на угостителството и туризмот при Комората е дотолку позначајна, бидејќи на предлог на Здружението и интензивните преговори изминатите две години, ММИ во новиот правилник ги вгради сите забелешки на ова Здружение. Она што треба да се потенцира е фактот дека Општиот договор што денес се потпиша меѓу Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија и ММИ ќе важи исклучиво за фирмите-членки на Здружението, односно на Комората. На денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија, новинарите беа информирани и за официјалните податоци од Државниот завод за статистика, според кои во првите 4 месеци од годината, вкупниот број на туристи во Македонија изнесувал 138.882 лица, што е за 3,5% поголем број на туристи споредено со истиот период лани. Од нив, 56.291 лице се домашни туристи, а 82.591 лице се странци, или 59,5% од вкупниот број евидентирани туристи за периодот јануари - април. Бројот на домашни туристи во периодот јануари - април годинава споредено со истиот период од 2013 година е за 8,4% поголем, а обемот на странски гости е речиси идентичен како и лани. Евидентиран е пораст од само 0,3%. Во првите четири месеци од годинава, во Македонија бројот на ноќевања е поголем за 2,2%, споредено со истиот период лани. Домашните туристи оствариле за 3,4% повеќе ноќевања споредено со периодот јануари - април 2013 година, а кај странците е евидентирано за
Број на туристи Јануари - април 2013 година Домашни туристи
Јануари - април 2014 година
51.915
Странски туристи Вкупно Извор: Државен завод за статистика
56.291
Јануари - април 2014 / јануари - април 2013 год. 108,4
82.323
82.591
100,3
134.238
138.882
103,5
Број на ноќевања Јануари - април 2013 година Домашни Странски Вкупно Извор: Државен завод за статистика
51.915
Јануари - април 2014 година 56.291
Јануари - април 2014 / јануари - април 2013 год. 108,4
82.323
82.591
100,3
134.238
138.882
103,5
четврток, 10 јули 2014, Бр. 187
БИЗНИС ИНФО
7
АКТУЕЛНО 1,2% зголемување на ноќевањата во истиот период. Согласно статистичките податоци, од вкупниот број туристи евидентирани во Македонија од јануари до април годинава, 39.861 или 28,7% престојувале во Скопје. Од нив, доминантно, дури 84,8% биле странци. Во категоријата други туристички места (вклучително и познатите македонските туристички дестинации Охрид, Маврово и сл.) евидентирани се вкупно 33.268 туристи или скоро 24%, од кои 19.884 лица се странци. Бројот на странските туристи во Македонија изминативе осум години, зголемен е повеќе од двојно. Вкупниот број на туристи пак забележува раст од близу 40%. Согласно податоците од Народната банка на Република Македонија, девизниот прилив за 2013 година изнесува 136 милиони САД долари. Според податоците за инвестициски вложувања, минатата 2013 година во туризмот се вложиле 2,1 проценти од вкупните инвестиции во земјава. Проекциите за годинава се трендот на пораст да продолжи. Како резултат на субвенциите од државата од 2010 година наваму се вратија 2005 2013 2013 / 2005 и туристите од соседните земји, па бројот на туристи од соседна Бугарија споредено со 2010 година е зголемен за 34,8 отсто, од Грција за 72 отсто, а од Турција дури за Домашни 312.490 302.114 96,68 239 отсто. Од европските земји има постојан пораст на бројот туристи од Холандија, Странски 197.216 399.680 202,66 Финска и Полска. Учеството на туризмот во БДП во 2012 и во 2013 година е 1,4%. Согласно Вкупно 509.706 701.794 137.69 државната Стратегија за развој на туризмот до 2020 година проекциите се приходите Извор: Државен завод за статистика од туризмот да постигнат 5% од вкупниот БДП. Ваквите податоци во голем дел се резултат на серија стимулативни мерки и субвенционирање на дејноста туризам од страна на Владатана РМ. Од 2010 година наваму, Владата почна со субвенционирање на туроператорите кои ќе донесат странски гости од веќе познатите европски и светски дестинации, како и од регионот кои и во минатото ја имале Македонија како атрактивна туристичка дестинација. За таа цел се субвенционираат туроператори што носат странски туристи од земјите од Бенелукс, Финска, Норвешка, Данска, Шведска, Русија, Украина, Обединетите Арапски Емирати и Јапонија, Кина и Индија. Од 2015 година се најавува субвенционирање и на туроператори кои ќе носат туристи и од Казахстан, Азербејџан, Катар, Германија, САД и Англија. - Друга стимулативна мерка која ги мотивира туристите да дојдат во Македонија е и одлуката за субвенционирање на авионските летови на ниско буџетните компании, со кои Македонија со директни конекции се поврза со поголемите градови во Европа и светот, што подолго време претставуваше горчлив проблем за регрутирање туристи од големите градови низ светот, - истакна на денешната прес-конференција потпретседателот на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија Соња Бибановска. Што се однесува до системските мерки преземени од страна на Владата, во насока на зголемување на бројот на странски туристи и поттикнување на туристичката дејност како важна стопанска гранка со значаен финансиски бенефит во македонската економија, од воведувањето на истите статистиката евидентира позитивни ефекти. За таа цел, Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија ја поздравува одлуката за поттикнување и стимулирање на одредени сегменти од туристичката дејност, преку субвенционирање на туроператори кои носат странски гости, како и субвенционирање на ниско буџетните авиокомпании, како и серија други мерки кои се во насока на поттикнување на туризмот. Истовремено, Здружението посочува дека се` уште има простор за продлабочување и унапредување на јавно-приватниот дијалог во насока на изнаоѓање решенија кои ќе обезбедат уште поповолен туристички ефект и како крајна цел, резултатите да бидат уште подобри. За таа цел, како сегменти во кои има простор за подобрување на условите, Здружението ги посочува поттикнувањето и стимулирањето на хотелиерите и угостителите. Поаѓајќи од горенаведените состојби во дејноста туризам и угостителство, како и дел од веќе преземени мерки од страна на Владата на Република Македонија, Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија укажува на потребата за продлабочување на јавно-приватниот дијалог во насока на дополнително подобрување на бизнис-климата во хотелиерството и во угостителската дејност: • намалување на ДДВ од 18 % на 5% за храната во ресторанските услуги по примерот на намалување на ДДВ од 18 % на 5% за хотелите; • враќање на стимулацијата, која се исплаќала во минатото, а со која согласно зголемувањето на девизниот прилив во вкупниот приход се намалува % на даночно зафаќање; • информација за наменско користење на туристичката такса која се наплаќа на ниво на општина, а која 30% од вредноста треба да остане во општината каде се евидентирани туристите со цел промоција и поддршка на хотелиерите и угостителите во конкретна општина; • нереално високиот процент на заработка на одделни туроператори од странските гости, во услови кога се бара минимални цени од хотелите за нивно сместување. Хотелиерите и угостителите во рамките на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија се на став дека во иднина претставувањето на туристичката понуда на земјата преку моделот на саемски манифестации, треба да биде во насока на обезбедување странски гости и од други светски дестинации и во поголем обем. За таа цел, листата на саеми кои Владата преку Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот има намера да ги поддржи за следната 2015 година треба да биде добро осмислена, а предлог-саемите да се разговараат и дебатираат во присуство на туристичките работници, кои согласно искуството од секојдневната комуникација и работа во туристичката дејност, знаат што можат да им понудат на странските гости. Даниела Михајловска Василевска
БИЗНИС ИНФО
8
четврток, 10 јули 2014, Бр. 187
ПОСЕТИ
БИЗНИС-ЗАЕДНИЦИТЕ ТРЕБА ПОИНТЕНЗИВНО ДА СЕ СРЕЌАВААТ И ДА СОРАБОТУВААТ
Н.Е.Тересита Капоте Камачо, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Куба за Република Македонија во проштална посета во Стопанската комора на Македонија
Н.Е. Тересита Капоте Камачо, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Куба за Република Македонија, со седиште во Софија беше во проштална посета во Стопанската комора на Македонија (8.7.2014 година). Гостинката ја прими и со неа водеше разговори Софче Јовановска, директор на Дирекцијата за регионални комори и меѓународна соработка. Покрај информациите за состојбата со економијата на Куба, Тересита Капоте Камачо инфомираше за измените во Законот за привлекување на странски инвеститори што неодамна беше донесен во Куба. Националното собрание неодамна усвои Закон со кој економијата на комунистичката земја треба да стане поатрактивна за итно привлекување на неопходниот капитал од странство. Законот меѓу другото предвидува и даночни олеснувања. Економскиот раст на оваа земја минатата година изнесувал 2,7 проценти што е помалку од планираниот, и е слаб за земјите во развој, но на Куба и` се потребни директни странски инвестиции во вредност од две до двеиппол милијарди САД долари годишно. Според новиот Закон, данокот на профит се намалува за половина и ќе изнесува 15 проценти, а во првите осум години работење компаниите се ослободуваат од плаќање данок. Исклучок се фирмите кои експлоатираат суровини - никел и фосилно гориво. Тие би морале да плаќаат данок по стапка и до 50 проценти. Многу странци кои соработуваат со Куба би биле исклучени од плаќање данок на личен приход. Стопроцентни странски инвестиции ќе бидат дозволени во сите области, освен во здравството, образованието и во одбраната, што за Куба е голема новост. -Размената меѓу Македонија и Куба а на многу ниско ниво и се мери со десетина илјади САД долар. Тоа е причина повеќе за интензивирање на соработката меѓу двете земји, најпрво во размена на информации во двете насоки, за да можат компаниите да се информираат за потенцијалите на земјите, - истакна Софче Јовановска. Тересита Капоте Камачо ја покани Комората со бизнис-делегација да учествува на најголемиот саем во Куба, кој се одржува секоја година во месец декември, на којшто македонските компании би имале можност да се сретнат со 400 кубански фирми, со цел воспоставување нови деловни односи. (С.Ј.)
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 јули 2014, Бр. 187
9
ПОСЕТИ
ГЕОГРАФСКИ ПОКАЗАТЕЛИ
Република Куба
ПОВРШИНА
110,860 km2
СТАТИСТИЧКИ
НЕЗАВИСНОСТ
10 октомври 1868 година од Шпанија
БДП КУПОВНА МОЌ
$121 billion (2012 est.)
БДП СТАПКА НА ПОРАСТ
3.1% (2012 est.)
ЛОКАЦИЈА
Карипско море
БДП ПО ЖИТЕЛ
$10,200 (2010 est.)
ГЛАВЕН ГРАД
Хавана 2.116 милиони (2011)
БДП ПО СЕКТОРИ
Популација
11,167,325 (2012)
РЕЛИГИИ
Римокатоличката 85%, Протестанти, Јеховините сведоци, евреи
земјоделството: 3,8% индустријата: 22,3% Услуги: 73,9% (2013)
РАБОТНО СПОСОБНО НАСЕЛЕНИЕ
5,2 милијони
ЗАНИМАЊЕ НА РАБОТНО СПОСОБНО НАСЕЛЕНИЕ
земјоделството: 19,7% индустријата: 17,1% Услуги: 63,2% (2011)
НЕВРАБОТЕНОСТ
4.3% (2013)
ПОЛИТИЧКО УРЕДУВАЊЕ
Еднопартиски систем
ОФИЦИЈАЛЕН ЈАЗИК
Шпански
КЛИМА
Тропска (сува сезона од ноември до април) (дождовна од мај до октомври)
ВАЛУТА
Кубански песос (CUP
Екомомијата на Куба во голем дел е планирана економија. Најголемиот дел од производството и претпријатијата се во сопственост на државата и најголем број на вработените лица се вработени од страна на државата. Сепак Кубанската економија низ годините се менува. Од вкупниот број на вработени лица во 1981 година 91 % припаѓале во јавниот сектор додека пак 9 % во приватниот, за веќе 19 години подоцна во 2000 година статистиката да покаже опаѓачки тренд на јавниот сектор и растечки на приватниот, 76 % јавен наспроти 23 % јавен сектор. Капиталните инвестиции се ограничени и за нивна реализација се бара одобрување од страна на властите. Висината на цените и количеството на стоки кој што се произведуваат се дирекно назначени од страна на владата. Република Куба е богата со природни ресурси, од кој најзастапени се : кобалт, никел, железна руда, бакар, манган, сол, дрво, силициум диоксид, нафта и нафтени деривати. Во минатото целиот остров бил прекриен со шума се додека не било решено од властите да се ослободи простор за насади на шеќерни трски. Островот е се уште богат со кедар (Cedrela odorata), махагони (Swietenia mahagoni) и други ценети дрва. Подготвил: Огнен Гаревски
СТАПКА НА ИНФЛАЦИЈА ИЗВОЗ
$6.252 милијарди (2013)
ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ
нафта, никел, медицински производи, шеќер, тутун, риба, лимони, кафе
ИЗВОЗНИ ПАРТНЕРИ
Канада 17,7%, Кина 16,9%, Венецуела 12,5%, Холандија 9%, Шпанија 5,9% (2012)
УВОЗ
$13.6 милијарди (2013)
УВОЗНИ ПРОИЗВОДИ
Вецуела 38,3%, Кина 10,8%, Шпанија 8,9%, Бразил 5,2%, САД 4,3% (2012)
ЈАВНИ ФИНАНСИИ ЈАВЕН ДОЛГ
$19.4 милијарди
ПРИХОДИ
$35,1 милијарди
РАСХОДИ
$36,7 милијарди
БИЗНИС ИНФО
10
четврток, 10 јули 2014, Бр. 187
БАРАЊА
ПОБАРАНО ДОПРЕЦИЗИРАЊЕ НА ОДРЕДЕНИ ОДРЕДБИ
Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Прилеп расправаше за обврските и примената на Законот за финасиска дисциплина кои сите компании од 1 ви мај 2014 година веќе се обврзани да го применуваат. Доц.д-р по правни науки, Костадин Дуковски, внатрешен ревизор и лиценциран вештак, ги презентираше главните постулати на законот и одговараше на прашања од интерес на компаниите и јавните претпријатија кои, пак, заедно со државата, законот ќе почнат да го применуваат од почетокот на 2016 година. Симон Наумоски, претседател на Регионалната комора со седиште во Прилеп, истакна дека законот за финансиска дисциплина е донесен по барање на бизнис - заедницата во транспарентна постапка со цел да се подобри ликвидноста на стопанството во земјава, вклучувајки ја и држават и нејзините институции. Законот за финансиска дисциплина, како што беше истакнато од Костадин Дуковски воспоставува обрска за компаниите меѓусебните плаќања да ги извршуваат во рок од 60 дена, кој по исклучок може да изнесува најмногу до 120 дена. Во случај кога рокот за плаќање не е утврден или кога договорите содржат ништовна одредба во однос на рокот за плаќање согласно одредбите на овој Закон, плаќањата треба да се извршат во рок од 30 дена. Освен што се дисциплинираат компаниите, со овој Закон се воспоставува обврска и за субјектите од јавниот сектор плаќањата кон приватните субјекти да ги извршуваат во рок од 60 дена. За дел од нив - Фонд за здравствено осигурување, за корисниците на средства од него, за јавните здравствени установи, јавните претпријатија и трговските друштвата основани од државата, општините или градот Скопје, Законот е со одложена примена од 01.01.2016 година.
Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Прилеп расправаше за примена на Законот за финасиска дисциплина
Законот за финансиската дисциплина соодветствува на европската регулатива и ја потенцира одговорноста на сите субјекти за редовно и навремено измирување на паричните обврски. Со тоа се очекува дека ќе помогне навреме да се вршат плаќањата и да се подобри ликвидноста на компаниите и остварувањата на нивните развојни планови. На таков начин ќе се се постигне финансиска дисциплина на пазарот и ќе се спречи процесот на создавање постојано нови должници. Од страна на членките на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Прилеп беа истакнати одредени дилеми околу примената на законот. Пред се, беше посочено изречувањето на казнените мерки доколку исплата по однос на фактура не се реализираат навремено. Ирена Јакимоска, потпретседател на Регионалната комора со седиште во Прилеп, истакна дека треба да се побара од УЈП да има на почетокот корективни и советодавни мерки, а потоа да се пристапи кон казнените мерки утврдени со Законот. Побарана е можност да се осигура исплатата на фактурата во случај на доцнење а не само изречување на казнена мерка која треба да ја плати должникот без гаранција за исплата на побараувањата.
Градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески истакна дека од аспект на примена на законот од страна на локалната самоуправа ќе има проблем во запазување на роковите. Пред се, заради фактот што данокот на имот граѓаните го плаќаат во текот на целата година , со што неизвесно е дали буџетот на општините ќе може навремено да ги исполнува своите обврски утврдени со Законот за финасиска дисциплина. Побарано е подобрување и усогласување на Законот за имот со овој закон. Градежниот сектор, како што истакна Ѓорѓи Китаноски управител на „Крин“ АД, исто така, се соочува со недореченостите во законот истакнувајки дека градежниот сектор ќе има проблеми поврзани со рокови, пред се поврзани со Законот за градба. На состанокот беше заклучено дека треба да претрпи измени Законот за градба, а за таа цел беше побарано да се покани министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, на средба во комората. Тогаш подетално би биле презентирани потребите од измени во овој закон. На оваа седница беа кооптирани двајца нови членови во Управниот одбор – Сашо Самарџиоски, генерален директор на АД „Пивара“ Прилеп и Ѓорѓи Китаноски, управител на „Крин КГ“. Поради заминување во пензија на до неодамна генералниот директор на Комерцијална Банка - Прилеп беше прифатена и замена со новоименуваниот Марија Спасиќ . Јадранка Аризанковска
четврток, 10 јули 2014, Бр. 187
БИЗНИС ИНФО
11
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
КОЧО АНЃУШЕВ НАЈМЕНАЏЕР, А „ФЕРОИНВЕСТ“ НАЈКОМПАНИЈА ВО ЈУГОИСТОЧПНА ЕВРОПА
Признанија
Кочо Анѓушев и компанијата „Фероинвест“ се избрани за најменаџер и најкомпанија на годината од Југоисточна Европа. На традиционалниот 30-ти избор што се одржа на 3 јули во Сараево организиран од страна на Агенцијата за избор на најдобар менаџер и компанија за Југоисточна и Средна Европа, македонската компанија „Фероинвест“ е прогласена за супер бизнис шампион. Анѓушев беше избран за најдобар менаџер со уште 20-тина истакнати бизнисмени од регионот. -Овој тип на награди покажуваат дека јас и компаниите во склоп на Групацијата „Фероинвест“ одат во вистински правец во својот развој. За една деценија успеавме да се позициниораме на пазарот во Македонија, но и пошироко како компанија што зад себе има големо портфолио на клиенти и нуди висок степен на квалитет на своите производи и услуги. Македонската групација„Фероинвест“ е позиционирана како силна компанија во регионот и тоа е уште еден показател дека македонските компании со себе имаат висок степен на квалитет и професионалност, - изјави Кочо Анѓушев. Во склоп на Фероинвест групација се компаниите Брако, ЕДС, Аквават, Mали хидроелектрани, Еnergy Maintenance Solutions. Брако е една од најголемите извозно ориентирани компании во Македонија и лидер во производство на жичани производи. ЕДС е македонска компанија што се понуди вистински избор на либерализираниот пазар на струја, каде има најголема балансна група и за свои клиенти ги има најдобрите македонски компании. Малите хидроелектрани со своите 19 – ти проекти коишто за првпат беа изведени од страна на групацијата „Фероинвест“ ја проставуваат компанијата како лидер за производство на енергија од обновливи извори. За потребите на дизјанирање и комплетно изведување на малите хидроелектрани е поставена компанијата Аквават, а компанијата Еnergy Maintenance Solutions е задолжена за одржување на хидроелектраните. „Фероинвест“ со своите компании и околу 600 вработени е најбрзо растечка групација во Македонија. (ЕЛ)
ВО СИСТЕМОТ ЗА ОТПРАШУВАЊЕ ВЛОЖЕНИ НАД 10 МИЛОНИ ЕВРА
„Макстил“ во предвидениот рок ќе ги исполни барањата за А интегрирана еколошка дозвола
Активностите за поставување на системот за отпрашување во „Макстил“ АД Скопје се одвиваат со предвидената динамика. До 31 октомври ќе заврши поставувањето на новата опрема, а потоа ќе следи поврзувањето со постојната, период кога компанијата нема да работи. Ова го истакна генерланиот директор на „Макстил“ АД Скопје, Иван Бановски при посета на локацијата каде се извршуваат градежните работи на системот за отпрашување. - За две до три недели градежно-бетoнските работи на филтерската постројка треба да бидат целосно завршени, а потоа „Бетон“ да започне со работата во внатрешниот дел на погонот. Паралелено во погоните на „Факом“ активно се работи на префабрикацијата и изработката на деловите од опремата, на конструктивните елементи и цeвководите за гасовите, додека италијанската СТГ (STG), која е носител и главен проектант на постројката, веќе ги има порачано деловите кои се нивна обврска да ги набават и кон крајот на месецов треба да почнат да пристигнуваат во погонот, појасни Бановски. Тој нагласи дека сите активности се спроведуваат според предвидената динамика и додаде дека се обидуваат и предвреме да се реализира планот. - Според предвиденото, сите активности за монтирањето на опремата треба да завршат до 1 ноември, а потоа ќе следат активностите на конекција и сетирање на новата опрема со деловите од постоечката поради што Макстил ќе мора да ги запре сите свои производни активности. На крајот ќе следат ладните и топлите проби по што следниот старт на погонот Челичарница при крајот на годинава ќе биде со емисија на гасови во воздухот кои ќе ги исполнуваат најстрогите европски норми, рече Бановски. Дотогаш, исто како и во изминатите две до три години, потенцира, Макстил работи со 30-тина отсто од своите капацитети за да го намали загадувањето на воздухот. - Во останатите 13 до 14 часа во денот ние ја превенираме постоечката опрема и ја држиме во најдобра можна кондиција. Може да кажеме дека во моментов е најмало загадувањето од постоењето на оваа Челичарница, рече Бановски. Одговарајќи на прашање, Бановски рече дека на гледа причина Макстил веднаш да се затвори, бидејќи, како што потенцира, во периодот од декември 2013 година до јануари годинава кога Скопје го достигна максималното загадување Макстил воопшто не работеше. Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски истакна дека Министерството до утре ќе ги има сите податоци за загадувањето што го врши Макстил од мобилните апарати за мерење на загадувањето. - Редовно го следиме загадувањето дури сега имаме и ноќни надзори за мерење на амбинеталниот воздух и на испусните загадувачки гасови од погонот. Сепак овие посети не се доволни и треба да се работи во насока на појачување на инспекторатот со луѓе и опрема. Малку сме загрижени за роковите. Верувам дека во наредниот период Макстил ќе ги забрза работите за да ги исполни обврските, рече Темелковски. Доколку Макстил загадува повеќе од дозволеното, нагласи, предвидени се мерки како казни и затворање на објектот. Кристијан Узунов, претставникот на граѓаните од наслебата Железара, рече дека резултатите од загадувањето ги знаат сите, но никој не презема ништо. - За нас се небитни паричните казни со кои и досега биле казнувани загадувачите. Банално е да дозволуваш некој да работи и да ги труе граѓаните, а за тоа да изрекуваш казни. Единствена казна е да се затворат објектите на загадувачите се додека не ги исполнат еколошките стандарди. Доколку тоа не го направат нека ја дислоцираат фабриката на оддалеченост од 50 километри од населено место или нека ја затворат, рече Узунов. Тој истакна дека граѓаните на Железара ќе вршат притисок се додека Макстил и сите други загадувачи во Скопје не работата по еколошките стандарди што ги пропишува Европската унија. Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска портенцира дека единствено решение е Макстил веднаш да престане со работа. - Сите рокови што беа дадени до сега се пробиени и нема веќе време за чекање и дозволување да се труе Скопје и скопјани. Затворањето на Макстил е единствено фер и чесно решение и од тоа не треба да се отстапи. Токму затоа на менаџментот на Макстил му предложив веднаш да се затворат капацитетите се до исполнувањето на предвидените услови и да не поштедат од загадувањето. Нивна е грешката што не почнале навреме со прилагодувањето. Затоа треба да продолжиме со притисокот и да бараме веднаш да престанат со работа, рече Поповска. Поставувањето на системот за отпрашување „Макстил“ АД Скопје ќе го чини од 10 до 10,5 милони евра. Крајниот рок за воспоставување на системот е 31 октомври 2014 година, откако добија пролонгирање од 6 месеци. (МИА)
12
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 јули 2014, Бр. 187
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
ВО СИСТЕМОТ ЗА ОТПРАШУВАЊЕ ВЛОЖЕНИ НАД 10 МИЛОНИ ЕВРА
„Макстил“ во предвидениот рок ќе ги исполни барањата за А интегрирана еколошка дозвола
Активностите за поставување на системот за отпрашување во „Макстил“ АД Скопје се одвиваат со предвидената динамика. До 31 октомври ќе заврши поставувањето на новата опрема, а потоа ќе следи поврзувањето со постојната, период кога компанијата нема да работи. Ова го истакна генерланиот директор на „Макстил“ АД Скопје, Иван Бановски при посета на локацијата каде се извршуваат градежните работи на системот за отпрашување. - За две до три недели градежнобетoнските работи на филтерската постројка треба да бидат целосно завршени, а потоа „Бетон“ да започне со работата во внатрешниот дел на погонот. Паралелено во погоните на „Факом“ активно се работи на префабрикацијата и изработката на деловите од опремата, на конструктивните елементи и цeвководите за гасовите, додека италијанската СТГ (STG), која е носител и главен проектант на постројката, веќе ги има порачано деловите кои се нивна обврска да ги набават и кон крајот на месецов треба да почнат да пристигнуваат во погонот, појасни Бановски. Тој нагласи дека сите активности се спроведуваат според предвидената динамика и додаде дека се обидуваат и предвреме да се реализира планот. - Според предвиденото, сите активности за монтирањето на опремата треба да завршат до 1 ноември, а потоа ќе следат активностите на конекција и сетирање на новата опрема со деловите од постоечката поради што Макстил ќе мора да ги запре сите свои производни активности. На крајот ќе следат ладните и топлите проби по што следниот старт на погонот Челичарница при крајот на годинава ќе биде со емисија на гасови во воздухот кои ќе ги исполнуваат најстрогите европски норми, рече Бановски. Дотогаш, исто како и во изминатите две до три години, потенцира, Макстил работи со 30-тина отсто од своите капацитети за да го намали загадувањето на воздухот. - Во останатите 13 до 14 часа во денот ние ја превенираме постоечката опрема и ја држиме во најдобра можна кондиција. Може да кажеме дека во моментов е најмало загадувањето од постоењето на оваа Челичарница, рече Бановски. Одговарајќи на прашање, Бановски рече дека на гледа причина Макстил веднаш да се затвори, бидејќи, како што потенцира, во периодот од декември 2013 година до јануари годинава кога Скопје го достигна максималното загадување Макстил воопшто не работеше. Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски истакна дека Министерството до утре ќе ги има сите податоци за загадувањето што го врши Макстил од мобилните апарати за мерење на загадувањето. - Редовно го следиме загадувањето дури сега имаме и ноќни надзори за мерење на амбинеталниот воздух и на испусните загадувачки гасови од погонот. Сепак овие посети не се доволни и треба да се работи во насока на појачување на инспекторатот со луѓе и опрема. Малку сме загрижени за роковите. Верувам дека во наредниот период Макстил ќе ги забрза работите за да ги исполни обврските, рече Темелковски. Доколку Макстил загадува повеќе од дозволеното, нагласи, предвидени се мерки како казни и затворање на објектот. Кристијан Узунов, претставникот на граѓаните од наслебата Железара, рече дека резултатите од загадувањето ги знаат сите, но никој не презема ништо. - За нас се небитни паричните казни со кои и досега биле казнувани загадувачите. Банално е да дозволуваш некој да работи и да ги труе граѓаните, а за тоа да изрекуваш казни. Единствена казна е да се затворат објектите на загадувачите се додека не ги исполнат еколошките стандарди. Доколку тоа не го направат нека ја дислоцираат фабриката на оддалеченост од 50 километри од населено место или нека ја затворат, рече Узунов. Тој истакна дека граѓаните на Железара ќе вршат притисок се додека Макстил и сите други загадувачи во Скопје не работата по еколошките стандарди што ги пропишува Европската унија. Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска портенцира дека единствено решение е Макстил веднаш да престане со работа. - Сите рокови што беа дадени до сега се пробиени и нема веќе време за чекање и дозволување да се труе Скопје и скопјани. Затворањето на Макстил е единствено фер и чесно решение и од тоа не треба да се отстапи. Токму затоа на менаџментот на Макстил му предложив веднаш да се затворат капацитетите се до исполнувањето на предвидените услови и да не поштедат од загадувањето. Нивна е грешката што не почнале навреме со прилагодувањето. Затоа треба да продолжиме со притисокот и да бараме веднаш да престанат со работа, рече Поповска. Поставувањето на системот за отпрашување „Макстил“ АД Скопје ќе го чини од 10 до 10,5 милони евра. Крајниот рок за воспоставување на системот е 31 октомври 2014 година, откако добија пролонгирање од 6 месеци. (МИА)
четврток, 10 јули 2014, Бр. 187
БИЗНИС ИНФО
13
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
ЃОРЃЕ ВОЈНОВИЌ – НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВНИОТ ОДБОР
Винер Лајф осигурување
Тимот на Винер Лајф Осигурување доби нов Претседател на Управен одбор. Ѓорѓе Војновиќ стапи на новата функција од први јули оваа година. Од осигурителната компанија најавуваа дека новиот член ќе биде значајно засилување на управувачката структура. -Збогатувањeто на тимот со искусни кадри носи нови перспективи за компанијата којашто покажува раст на своето портфолио изминативе години. Зад себе имаме осигурителна групација – ВИГ којашто има речиси 190 годишно искуство. Искуството, традицијата и знаењето носат сами по себе резултати. Но кога тоа ќе го искомбинирате со одлични менаџери секој очекува нешто повеќе,- изјави Светла Несторова член на Надзорен одбор на Винер Лајф осигирување. Војновиќ доаѓа во Винер Лајф Македонија со богато искуство од осигурителниот бизнис, од позицијата главен извршен директор на Триглав осигурување АД Скопје. Својата кариера во финансиски институции ја започна во Хипо Алпе Адриа Лизинг каде што 5 години беше член на управниот одбор. -Винер Лајф е компанија со голема перспектива, одлична екипа, со млади и едуцирани кадри кои имаат голем потенцијал. Земајќи го предвид фактот дека на македонскиот пазар е присутна пократко време во споредба со доминантните компании во животно осигурување кои имаат остварено значителен пазарен удел и за тоа кратко време постигнала големи резултати, не се сомневам во понатамошниот успех. Верувам дека со заеднички сили и вложување на многу труд на пазарот на кој што секогаш на прво место е клиентот, полека но сигурно ќе го заземеме местото на врвот, како што и залужува ВИГ,- изјави Ѓорѓе Војновиќ, Претседател на Управен одбор на Винер Лајф осигурување. Винер животно осигурување е основана од Виена Иншуренс Груп (ВИГ) во 2010 година. Kако дел од моќната осигурителна групација, Винер Лајф имплементира прецизни деловни принципи, што станува главно обележје на компанијата и се одрази со брзо позиционирање на македонскиот осигурителен пазар. За кратко време се поголем број клиенти се решаваат да ги искористат привилегиите и бенефитите од осигурителни програми на Винер животно осигурување. ВИГ (Виена Иншуранс Груп) е една од најголемите интернационални осигурителни групации во Централна и Источна Европа. Групацијата со седиште во Виена, има 190 години искуство во осигурителниот бизнис и раководи со околу 50 осигурителни компании во 25 земји, со приближно 23 000 вработени. (Винер Лајф осигурување)
ЗГОЛЕМЕН ДОЛГОРОЧНИОТ КРЕДИТЕН РЕЈТИНГ ОД ББ+ НА БББ-
ПроКредит Банка АД Скопје
Меѓународната рејтинг агенција “Fitch Ratings” во 2014 година, го зголеми долгорочниот кредитен рејтинг на ПроКредит Банка АД Скопје од “ББ+” на ’’ БББ-‘’. Зголемувањето на оценката на долгорочниот рејтинг на ПроКредит Банка АД Скопје е резултат на зголемениот рејтинг на матичната компанија ПроКредит Холдинг со седиште во Франкфурт Германија, која е доминантниот сопственик на ПроКредит Банка АД Скопје. Поддршката од акционерите во значајна мерка има влијание преку заедничкото присуство на брендот, интеграцијата на банката во рамки на групацијата, и навременото обезбедување на потребен капитал и висока ликвидност кои придонесуваат за позитивните резултати на банката во Македонија. Од 2005 година, aгенцијата Fitch Ratings редовно го оценува кредитниот рејтинг на Банката каде постојано се забележува пораст на оценките за различни параметри. (ПроКредит Банка)
ОТВОРЕН ПАТОТ ЗА ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ НА СОСЕДНИТЕ ПАЗАРИ Компанијата за преработка на маслодајни семиња „Благој Ѓорев” од Велес доби Халал сертификат од Исламската верска заедница. Документот потврдува дека процесот на производство, како и самите состојки што се користат се во согласност со муслиманските принципи. Компанијата е меѓу 14-те фирми во Македонија која поседува ваков сертификат. - Овој сертификат е уште една потврда дека произведуваме здрава и безбедна храна, која ги исполнува и потребите на муслиманската заедница. Со овој чин искрено се надеваме дека ќе го интензивираме извозот на соседните пазари во Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора каде и досега бевме присутни со добро познатото масло за јадење „Кристал“, повеќе видови на маргарини, како и други производи од нашиот широк асортиман. („Благој Ѓорев”)
„Благој Ѓорев“ од Велес со Халал сертификат
БИЗНИС ИНФО
14
четврток, 10 јули 2014, Бр. 187
СВЕТСКИ ПЕЧАТ
КАПИТАЛИЗМОТ Е ВИНОВЕН? Францускиот економист Томас Пикети истражи многу историски податоци. Неговиот заклучок е дека: во економиите кои бавно растат, постоечкото богатство се таложи со поголема брзина отколку што растат платите. Со тоа расте и разликата меѓу богатите, и не само сиромашните, туку и припадниците на средната класа. За тоа е виновен, така тврди Пикети, капитализмот. ПОГРЕШНА ПРЕРАСПРЕДЕЛБА
Книгата на францускиот економист Томас Пикети крена голема прашина. Тој тврди дека во време на криза се зголемува јазот меѓу богатите и сиромашните и бара правилна прераспределба. Многумина се против тоа.
На многумина сопствениот автомобил не би им бил потребен. Штедење, зголемување на приходот и плус за животната средина. Но што се случи? Загрозените таксисти излегоа на улица и демонстрираа против оваа апликација. И на многу граѓани и припадници на средната класа оваа иновација им е трн во око и масовно ги поддржуваат таксистите. „Граѓаните ги поддржуваат таксистите и со тоа праќаат јасен сигнал дека не сакаат реформа на постоечкиот систем туку заштита на стариот, веќе постоечки систем.“
Едмунд Фелпс Томас Пикети “ Меѓутоа , како што тврди нобеловецот Едмунд Фелпс, станува збр за заблуда. Да се обвинува капитализмот за вакви појави е едноставно погрешно, тврди овој професор по економија на Универзитетот Колумбија во Њујорк. „Во економските сили на Запад секогаш поголемиот дел од стопанството ќе се наоѓа во приватни раце. Тоа можете, што се однесува до мене да го наречете како што сакате, па и капитализам“, вели овој 80-годишен економист во разговорот за ДВ. Но системот е рамка во која делуваат многу поединци. „Тажно е дека некои сега мислат дека разликата во богатството е добра можност да се поделат парите на оние кои имаат сиромашни примања“, вели Фелпс. Тој смета дека тоа порано или подоцна ќе доведе до исчезнување на средната класа. „Не можете да земате секогаш само од најбогатите, во еден момент тоа ќе ја погоди и средната класа“, смета овој нобеловец. ПОГРЕШЕН СИГНАЛ И покрај тоа Фелпс е свесен дека приходите, односно реалните плати и богатството нееднакво се развиваа во последните години. И тоа на штета и на средната класа. Но тој на тоа гледа како на дел од историски циклус. „Во 19. век економијата во Велика Британија и во САД растеше молскавично, подоцна и во Франција и во Германија. Тогаш и платите растеа со молскавична брзина, богатството помалку. Денес е обратно, вели Фелпс, и тоа го објаснува со намаленото производство. Но и покрај тоа отпорот на масите против многу појави кои би ја зголемиле продуктивноста, а со тоа и заработувачката, е голем. Како пример Фелпс ја наведува апликацијата „Убер” со помош на која секој возач може да го понуди својот автомобил за превоз.
ОПАСНО НЕПРИЈАТЕЛСТВО НАСПРОТИ ИНОВАЦИИ „Интересна, предизвикувачка и исплатлива работа е можна само ако фирмите се решат на нешто ново, кога поттикнуваат иноваци или самите ги донесуваат на пазарот“, смета Фелпс. Стариот систем кога-тогаш нема да биде во состојба да произведе каков било економски раст. Но широките народни маси не ги прифаќаат секогаш новостите и како последица на тоа доаѓа до парализа и стагнација, смета Фелпс. Во сите индустриски сили производството расте толку бавно „да му падне тешко на човек“. „Тоа е погубно за младите кои порано или подоцна ќе почнат да му вртат грб на пазарот на труд, а овој процес ја парализира и средната класа“, песимистичен е Фелпс и заклучува дека подобрување нема да има сѐ додека целокупното општество гледа скептичо на иновациите.
(Дојче Веле)
четврток, 10 јули 2014, Бр. 187
БИЗНИС ИНФО
15
СВЕТСКИ ПЕЧАТ
КИНА КРЕИРА НОВИ ПАТИШТА НА СВИЛАТА
*Се` повеќе наметнувајќи го своето економско и воено влијание во Азија, Кина презема инвестиции и дава меѓународна помош и во Африка.
Кинески официјални лица последниве месеци промовираат воспоставување на два нови таканаречени Патишта на свилата – едниот е по земја, а другиот по море – за кои властите се надеваат дека натамошно економски ќе ја обединат Кина со други делови на светот. Порано летово Кина беше домаќин на форум наречен Silk Road Economic Belt Media Cooperation во Пекинг, за кој државните медиуми кажаа дека е со намера да го „оживее Патот на свилата со охрабрување на меѓурегионален развој“. Оригиналниот пат на свилата бил серија од стари трговски рути кои ги поврзувале големите економии на Азија со трговски партнери во Европа и на Медитеранот. Алис Екман е истражувачка со експертиза за Кина во Францускиот институт за меѓународни односи. „Гледаме инсистирање на концептот на поморски Пат на свилата што може да значи развој на специфична стратегија или фокус на изградба на нова оска што може да биде водач на регионална политика“, вели таа. Таа додава дека стратегијата не е нова, но дека Кина го крена воспоставувањето на економските појаси на Патот на свилата на ниво на приоритет. Таа мисли дека оваа тема е релевантна бидејќи самиот регион себе си официјално се претставува како приоритет, дури повеќе од времето на поранешниот кинески лидер Ху Џинтао. Старите трговски рути Кина сега ги претставува како нов бренд за поттикнување на трговските врски и инфраструктурата низ регионот. Како што е замислен од кинеските официјални лица, новиот Пат на свилата по копно ќе минува низ Централна Азија до северен Иран и преку Ирак, Сирија и Турција, завршувајќи во Европа. Поморскиот Пат на свилата ќе оди низ Теснецот Малака до Индија, Кенија и потоа на север околу Рогот на Африка преку Медитеранот пред да се соедини со копнениот Пат на свилата во Венеција. Античките лидери на Кина презеле многу чекори за заштита на нивните трговски рути и да обезбедат трговијата да се одвива мазно, и набљудувачите велат дека новите рути не се разликуваат во тоа. Екман вели дека Кина се` повеќе се наметнува себе си по должина на тие рути преку агресивни потези, како територијални конфликти во Јужното Кинеско Море, и меки потези, како зголеменна помош за земјите во Африка. Стивен Саби од Програмата за развој на ОН вели дека кинеската меѓународна помош се` повеќе се занимава со проблеми на локално ниво преку обезбедување на можности за вработување наместо само храна или подобрување на инфраструктурата. „Мислам дека видовме многу влади кои постепено велат - работите што за нас ги направивте беа навистина корисни. Поставувајќи центри за обука во земјоделието донесувајќи лекари, градејќи владини згради итн., а сега најверојатно и нешта кои ќе имаат директно влијание на намалување на стапката на сиромаштија. Значи прашањето е – не дали Кина тоа ќе го прави, туку како“, вели Саби. Кина исто така прави договори за слободна трговија и промовира поголема употреба на нивната валута во некои држави по должина на рутите. Зголемените врски меѓу Кина и тие држави не само што ќе ја засилат трговијата туку ќе ја зголемат и кинеската енергетска безбедност. Некои аналитичари предупредуваат дека новото „брендирање“ на Кина на овие нови меѓународни трговски рути не сигнализира на кохерентна национална стратегија. Бери Саутман е професор на Универзитетот за наука и технологија на Хонг Конг. „Мислам дека има повеќе стратегии, а не една стратегија. Во Кина многу луѓе предлагаат стратегии, но централната влада нема усвоено една“. Саутман вели дека некои од тие политики се базирани на контрадикторни идеи изнесени од официјални лица , бизнисмени и академици во Кина, за тоа како Кина најдобро би се ангажирала со сотатокот на светот.
(ВОА)
БИЗНИС ИНФО
16
четврток, 10 јули 2014, Бр. 187
СВЕТСКИ ПЕЧАТ
КОЛКУ Е СТАБИЛНО КИНЕСКОТО СТОПАНСТВО?
Посетата на канцеларката Меркел на Кина покажа дека германските компании имаат доверба во кинескиот стопански развој. Но колку навистина е стабилна кинеската економија? Загрижува состојбата на пазарот на недвижности
Голем број високи облакодери, секој има 20 ката. Кој сака да знае зошто Кина троши 60 проценти од светското производство на бетон и вградува 60 проценти од вкупно сите произведени лифтови, одговорот може да го најде во предградието на градот Хангжу на истокот на земјата. Тука се наоѓаат стотици нови згради. Но кога ќе се погледне подобро, во очи паѓаат празните прозорци, исто како и деловните простори. Во зградите недостасуваат станари. „Поголемиот број од становите ги имаат купено луѓе од околните градови за да вложат пари. Тие не живеат тука. И не ги изнајмуваат, бидејќи становите се’ уште не се завршени. Тука нема ни внатрешни врати, ни бањи“, објаснува посредничката за продажба на недвижности Ху Меијун. Вели дека се населени само 30 проценти од новите станови. ЦЕНИТЕ ПОЧНУВААТ ДА ПАЃААТ Становите кај Кинезите се омилена инвестиција. Тоа не е чудно, бидејќи со години цените на недвижностите постојано растеа, по 20 проценти годишно. Секако поради оваа побарувачка постојано се градеа нови згради. Денес е јасно: во многу градови при тоа е занемарена вистинската потреба за станбени и деловни простори. Во 2013. година во Хангжу е продадено градежно земјиште со вкупна вредност од 16 милијарди евра. „Тоа е нов рекорд“, вели стручњакот за недвижности Динг Јианганг и додава: „Тука повеќе од 10 големи градежни проекти ќе ги загубат вложените пари. Пазарот за недвижности во Хангжу има сериозни проблеми.“ Вложувачите станаа повнимателни и помалку купуваат. Цените почнуваат да паѓаат. Според податоците од 100 кинески града, во 71 град становите се поефтини. Стручњаците предвидуваат дека овој тренд ќе продолжи и ќе доведе до корекција на постоечката нереална состојба. Единствено се’ уште не е можно да се предвиди колку ќе паднат цените. Големите метрополи како Пекинг, Шангај или Шенжен нема да ги погоди овој тренд бидејќи тука станови се’ уште се бараат, вели претседателот на Европската трговска комора во Кина Јерг Вутке. ЕДНОСТАВЕН РЕЦЕПТ Мислењето на стручњаците се разликува кога станува збор како ќе се одрази оваа криза на пазарот за недвижности на кинеската економија. Многу работи се ризични. Трговијата со недвижности сочинува околу една петина од кинескиот бруто општествен производ. Голем дел од градежните проекти се финансирани со кредити од нерегуларни банки, кои парите ги позајмуваат и на оние за кои не е сигурно дека ќе можат да ги вратат. Ако таквите „банки во сенка“ не успеат да ги наплатат своите побарувања, тоа сериозно ќе го разниша овој нерегулиран банкарски сектор. А кризата сигурно ќе се пренесе и на државните банки. Кинеската влада би можела да ја спречи оваа криза со подобро регулирање на „сивиот“ банкарски пазар, но тогаш ќе пресушат и кредитите, што пак негативно ќе се одрази на економскиот раст. Стручњаците велат дека рецептот е едноставен. За да се спречи кризата, мора да се намали градењето на нови станбени и деловни простори. Но локалните управи, кои во голем дел се финансираат од таквите проекти, и натаму продаваат градежни земјишта. И ризикот расте. На крајот би можела да избие економска криза. Секако, во случај на криза на пазарот за недвижности тоа никој не го смета за економски колапс на Кина. Но официјалната цел, економски раст од 7,5 проценти, во тој случај ни одблизу нема да се оствари.
(Дојче Веле)
четврток, 10 јули 2014, Бр. 187
БИЗНИС ИНФО
17
СВЕТСКИ ПЕЧАТ
КУПУВАЊЕ БЕЗ ПАКУВАЊЕ
*Потребен е нов пристап кон купувањето - велат приврзаниците на „купување неспакувано“. Тоа веќе одлично функционира во Италија.
Точено вино и масло и само онолку тестенини, колку навистина се потребни. Во супермаркетот Ефекорта во Милано сите прехранбени производи се нудат на мерење. Сопственикот Ренато Плати сака не само да го намали отпадот од пакувањата, туку пред сѐ да се спротивстави на расфрлањето на прехранбени производи: „Наша цел е луѓето да купуваат само толку, колку што им е навистина потребно. Сакаме да го одбегнеме вишокот. Сѐ што се купува овде, треба и да се консумира, а не да заврши на отпад.“ Тоа функционира вака: муштеријата носи празни садови во супермаркет. Тие се мерат на влезот, се етикетираат и потоа се полнат по желба. Така секој плаќа онолку, колку навистина му е потребно и си заминува без да направи отпад. „Овде пазарам, оти морам да купам само онолку колку навистина ми е потребно. Оние огромни пакувања само ми го затрупуваат шпајзот дома. Го купувам она што ми треба“, раскажува една купувачка. Но, ни овој супермаркет не може целосно без пакувања - првенствено за прехранбени производи, кои брзо се расипуваат. Млечни производи, сокови и сосови се нудат во пакувања за повеќекратна употреба, на пример стаклени садови. И во Германија почнува да се размислува поинаку. На почетокот на годинава во Кил беше отворен првиот супермаркет без пакувања. Мари Делапјер, раководител на продавницата „Неспакувано“, продава околу 250 производи од регионот: „Одекот е многу добар. Луѓето се воодушевени, дури и ми се заблагодарија што сега има вакво нешто.“ Дали се тоа супермаркетите на иднината? Кристијан Бетхер од германското Здружение на трговијата со прехранбени производи се сомнева: „Мислам дека за потрошувачите е важно да добијат производи кои се подготвени за готвење и за консумирање. Луѓето ќе мора да се откажат од ова, ако им се нуди избор на производи, претежно ограничен на моно-производи, за кои степенот или обемот на подготовка повторно се преместува во домашната кујна. Затоа сметам дека денес грото од потрошувачите тешко ќе можат да го постигнат тоа“. Сара Волф и Милена Глимбовски имаат поинакво искуство. На еден таканаречен краудфандинг проект тие за кратко време добија околу 100.000 евра за својот проект „Оригинално неспакувано“. Под тој бренд летово треба да биде отворен првиот супермаркет за неспакувани производи во Берлин. „Мислам дека е време за нов пристап кон купувањето. Во последните години толку многу нешта преобмисливме и пронајдовме одржливи, нови зелени алтернативи, но не и за она што секојдневно го правиме, имено за купувањето прехранбени производи. Тука се, се разбира, биопроизводите, но и со отпадот и пакувањата може да се направи поинаку“, вели Сара Волф. Милена Глимбовски додава: „Наша цел е купувањето на неспакувани производи да не остане локален феномен овде во Берлин, туку се разбира сакаме многу луѓе да ни се придружат и да отворат сопствени продавници во цела Германија, а ние можеме да им дадеме поддршка“. Сара Волф и Милена Глимбовски веќе се во контакт со заинтересирани од други градови. Долгорочната цел е: поприродни задоволства, наместо ридишта од пакувања. (Дојче веле)
БИЗНИС ИНФО
18
четврток, 10 јули 2014, Бр. 187
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА” 11 јули 2014 година, 10:00 - 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Семинар -Конкретни појаснувања за неговата примена од страна на Министерството за финансии и ЕУ директивите-
Предавачи: 1. Јане Севдински, Сектор за финансиски систем, Министерство за финансии; 2. Доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгите „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија“ и „Ерозија на јавните финансии“. ПРОГРАМА: Примена на Законот за финансиска дисциплина • Навремено исполнување на паричните обврски: - Носители на финансиска дисциплина; - Работна и дистерсна репрограма на побарувањата; - Реструктуирање на побарувањата и работењето; - Закрепнување на должниците; - Регулаторска преферирана терминологија резервациски третман на различни типови на финансиски обврски. • Јурисдикцијата на финансиската дисциплина: - Деловни трансакции; - Eкономските оператори; - Jавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор; • Поимите што се употребуваат во законите: - Деловна трансакција; - Субјекти од јавен сектор; - Економски оператори од приватниот сектор; - Парична обврска; - Фактура; - Задоцнето плаќање; - Законска казнена камата; - Надоместок за доцнење во исполнувањето на паричната обврска;
- Одговорно лице во субјект од јавниот сектор; - Одговорно лице во економски оператор од приватниот сектор. • Рокот за исполнување на паричните обврски: - Kога должникот ја примил фактурата; - Kога доверителот ја исполнил својата обврска; - Истекот на рокот за преглед и потврдување на стоките и услугите. • Правото на надоместок за доцнењето: - Паричните обврски кои не се исполнети во роковите; - Право на каматата; - Делумно ги намирил паричните обврски. • Надзор над спроведувањето: - Финансиската инспекција во јавниот сектор. * Пријавување до 8 јули 2014година. * За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел:++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса:beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел:++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса:anita@mchamber.mk
четврток, 10 јули 2014, Бр. 187
БИЗНИС ИНФО
19
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Oд 11 до 14 септември 2014 година Меѓународен саем за информатичко –комуникациски технологии во Република Турција
“CEBIT EURASIA” ВО ИСТАНБУЛ
“CeBIT Еуразија” претставува најважен саем на ИКТ секторот во цела Евроазија и форма на меѓународен центар за поголемиот број на ИКТ пазари на Турција, Југоисточна Европа, Средниот Исток и регионот на Црно Море.Со ова е создаден најголем пазар со тесно поврзаните сектори ИКТ, радиодифзија и сателитска комуникација. На “CeBIT Еуразија” учествуваат излагачи и посетители, кои се активни во следниве области: • Светот на бизнисот (телекомуникаци, комуникациски и интернет услуги, автоматизација на канцеларија, картичка технологија, системски софтвер/ услуги); • Потрошувачка електроника (комуникациска технологија, РФИД-технологија, мобилни картички системи, GPS и навигација, управување со сообраќајоот); Webcity / Е-здравје; дигитален живот (мобилни комуникациски и HD-светот). • телевизија, радиодифузија и сателитски комуникациски услуги и опрема (видео, аудио и осветлување, кабли, радио комуникациски системи, комуникациски услуги). Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија во соработка со Саемот од Истанбул, посредува во обезбедување хотелско сместување и авионски резервации. Посетителот ги покрива патните трошоци, трошоците за сместување, влезници за саемот, како и организационите трошоци кон Комората за учество како посетител (2.950,00 денари со вклучен ДДВ по лице за членки на Комората, а 5.900,00 денари со вклучен ДДВ по лице за не-членки на Комората). Во организација на ЕЕН мрежата, можете да се пријавите и на Б2Б бизнис средби кои се бесплатни. Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 15.7.2014 година. Контакт: Лазо Ангелевски laze@mchamber.mk Здружение на информатичко-комуникациски технологии СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
БИЗНИС ИНФО
20
четврток, 10 јули 2014, Бр. 187
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Повик за учество на „Marketplace Austria“ на 15.10.2014 година
БИЗНИС-СРЕДБИ СО АВСТРИСКИ ФИРМИ - ПРОИЗВОДИТЕЛИ
Стопанската комора на Австрија организира деловни средби на австриски фирми - производители на прехранбени производи со интернационални увозници на прехранбени производи. „Marketplace Austria“ е настан со најголема посетеност на компании од цела Европа и истиот ќе се одржи на 15.10.2014 година во Стопанската комора на Австрија во Виена. Ве покануваме на овој настан, со цел да остварите контакти со австриски производители. Во прилог е линкот од веб-страната, каде што можете да се регистрирате за учество, да ги видите пријавените фирми и да ја видите програмата за настанот. http://www.b2match.eu/food2014 Доколку сакате да учествувате на овие средби, треба задолжително да се регистрирате на следнава веб-страна: http:// www.b2match.eu/food2014 . Видео од настанот „Marketplace Austria“ што беше одржан во 2013 година во Виена можете да видите на: http://wko. tv/play.aspx?c=3181 . Искористете ја оваа можност и посетете го овој настан, којшто ќе се одржи неколку дена пред големиот саем за прехранбени производи SIAL на 19.10.2014 година во Париз.
Пријавување до 4.8.2014 година.
Tрошоците за престој се бесплатни (две ноќевања со појадок во хотел со 4 ѕвезди и една вечера), додека превозот Скопје – Виена - Скопје е на ваш товар. Бројот на места е ограничен. За сите дополнителни информации Ви стоиме на располагање. Контакти: Амбасада на Австрија во Скопје Трговско одделение при Австриската Амбасада во Скопје Максим Горки број 1 T +389 2 310 92 32 F +389 2 313 19 68 skopje@advantageaustria.org www.advantageaustria.org/mk Стопанска комора на Македонија Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Osnovana 1922
Founded 1922
БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија
Уписите се во тек!
22
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 јули 2014, Бр. 187
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„AUTOMECHANIKA FRANKFURT 2014“ „Automechanika Frankfurt 2014“ е еден од најпознатите и најголеми меѓунардони настани од областа на автомобилството, автомобилските делови, услуги, сервисни станици, автомобилски резервни делови, додатоци и автомобилска електроника и др.. Компаниите од Република Македонија преку учество на Саемот ќе имаат можност да обезбедат поголем извоз и соработка со деловни партнери од Европа и пошироко. Организаторот, на македонските компании им нуди можност за: • учество како излагачи на штанд од минимум 9 м2, по цена од 2800 евра (со вклучен ДДВ) во зависност од местоположбата и отвореноста на штандот. Во цената е вклучено и објавување на податоците за фирмата во каталог на изложувачи, прикажување на веб-страната на Саемот, прикажување на посебен деловен портал, вклучување во Компас системот кој овозможува побрзо пронаоѓање на фирмата, како и претставување во АПП-каталогот за мобилни телефони кој го користат голем број посетители на Саемот (во прилог: предлог-брошура); • учество како посетители на Саемот, за што организаторот нуди: • влезници за Саемот по цена од 26 евра за ден или 47 евра за сите денови, доколку се обезбеди преку организаторот. Цената е 30% пониска од цената на билетите на самиот Саем; • можност за директни контакти со фирми (деловни средби), со посредство на организаторот. Посетителот ги покрива патните трошоци, трошоците за сместување, како и организационите трошоци кон Комората за учество како посетител, (2.950,00 денари со вклучен ДДВ по лице за членки на Комората, а 5.900,00 денари со вклучен ДДВ по лице за не-членки на Комората). Стопанската комора на Македонија во соработка со Саемот од Франкфурт, посредува во обезбедување хотелско сместување и авионски резервации. На Саемот, којшто го посетуваат повеќе од 150.000 лица од над 120 земји, ќе бидат изложени разни видови производи од автомобилската индустрија.
Саем за автомобилската индустрија во Германија * Од 16 до 20 септември 2014 година во Франкфурт Делови и компоненти: Погонски механизам, шасијата, стандардни делови, внатрешни работи, алтернатива на оригиналната опрема на возни единици, галантерија за полнење, регенерирање, реставрирани и обновени делови за автомобили и комерцијални возила, делови и услуги за возила, возила за гроздобер, институции од индустријата и издавачи. Електроника и системи: Електроника на моторот, осветлување на возилото, електричен систем, системи за помош на возачот, безбедност на возилото, удобност на електроника, институции од индустријата и издавачи. Додатоци и подесување: Општи додатоци за моторни возила, подесување, системи на перформанси, подобрување на дизајн, имиџ, специјални возила, опрема и модификации, алтернативни единици за возење, гуми, системи за контрола на притисокот, приколки за автомобили и мали реклами, резервни и помошни делови за приколки, институции од индустријата и издавачи. Поправка и одржување: Гаражна опрема и алат, репарирање и поправки, заштита на бојата од корозија, возила за лесна и тешка категорија, комунални возила, нови возила, приколки, влечна служба, возила за брза помош, мобилни услуги, возила за отстранување на отпад, опрема за посредничка агенција, основна обука и обука пред користење, реставрација и одржување на автомобили за гроздобер, институции од индустријата и издавачи. ИТ и управување: Посреднички агенции за планирање и градежништво, финансии, концепт на франшиза, патентно барање за управување и контрола, дилер на системи за управување, маркетинг агенции, интернет сервис провајдери, кластерски иницијативи, концепт на мобилност, институции од индустријата и издавачи. Сервис и миење на автомобили: полнење гориво, перење и одржување, масла и мазива, инфраструктура за патарини, институции од индустријата и издавачи.
Пријавување до 15.7.2014 година. Контакт: Војкан Николовски Тел: ++ 389 2 3244068 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vojkan@mchamber.mk
четврток, 10 јули 2014, Бр. 187
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„CONSTRUCT HOME 2014“ ВО КИШИЊЕВ Изложбената програма на Саемот вклучува: Опрема за уредување на домот: • санитарна опрема; • системи за греење, котли и грејачи на вода; • системи за водоснабдување и санитарни системи; • клима; • систем „паметен дом”; • автоматски системи за контрола. Удобност: • проекти на индивидуално домување; • внатрешен и надворешен дизајн; • завршни материјали: керамички плочки, подни облоги, бои и лакови, ролетни; • осветлување: светилки, рефлектори; • опрема за бањи; • декоративен текстил; • тенди; • шахти и додатоци; • елементи за внатрешни работи; • дрвени куќи (фински и канадски); • сауни, базени и додатоци; • печки и скари за во градина; • просторно планирање и пејзажно уредување Безбедност: • брави и додатоци; • прозорци, врати, гаражни врати, раздели индустриски врати, ролери, ролетни; • автоматски и далечински контролирани врати; • комуникациски технологии; • скали и огради; • огноотпорни материјали; • осигурување. Ефикасност: • финансиски услуги, кредити; • системи за прочистување на водата; • обновливи извори на енергија; • технологии и материјали за ниска потрошувачка на енергија; • обложувања, заштитни материјали; • прекривки, материјали за хидро и топлинска изолација.
Контакт: Марија Петроска Тел: ++ 389 2 3244017 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija@mchamber.mk
Од 17 до 21 септември 2014 година, Меѓународен саем за архитектонски дизајн, градежни материјали, технологии и опрема за модерни домови во Молдавија
Во соработка со организаторот „IEC MOLDEXPO“, Стопанската комора на Македонија може да организира претставување на Вашата компанија како изложувач на Саемот. Саемот на учесниците како изложувачи им ги нуди следните услови: • надоместок за котизација - 130 евра (вклучува натпис во официјалниот каталог на Саемот - до 300 карактери, црнобело лого на компанијата), основни податоци на компанијата на интернет-порталот www.allexpo.md, рекламна кампања на Саемот и друго; • опремен затворен простор (стандардна кабина) - 120 евра/за метар квадратен; (стандард OCTANORM кабина (9 квадратни метри) вклучува: изложбен простор, монтажа / демонтажа на кабина, табла со натпис, 1 закачалка, 1 приклучок, 1 маса, 2 столици, 1 корпа за отпадоци, 1 светлосно тело на секои 4 квадратни метри, подна покривка, чистење, целокупно осветлување и општа безбедност на павилјонот; • неопремен затворен простор по 110 евра / за метар квадратен (вклучува: изложбен простор, подна покривка, целокупно осветлување, чистење и општа безбедност на павилјонот); • отворен изложбен простор - 50 евра / за метар квадратен (вклучува: изложбен простор, табла со натпис, чистење и ноќно обезбедување). За учесниците и за посетителите на Саемот, Стопанската комора на Македонија во соработка со организаторот може да обезбеди и хотелско сместување, согласно понудата во прилог на оваа покана. Заинтересираните учесници и посетители самостојно го организираат патувањето до Кишињев. Посетителот и учесникот ги покрива и административните трошоци кон организаторот - Комората (1.500 денари за членки по лице, а 3.000 денари за нечленки на Комората по лице).
Пријавување до 20.8.2014 година. Повеќе информации за оваа позната саемска манифестација може да се најдат на следниов веб-порталот: http://en.construct-home.moldexpo.md/
Контакт: Татјана Штерјова Тел: ++ 389 2 3244065 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: tatjana@mchamber.mk
24
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 јули 2014, Бр. 187
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„EURASIA PACKAGING 2014 ISTANBUL“ и „ISTANBUL FOOD-TECH 2014“ Во делот на машини за пакување посетителите ќе можат да видат: системи за автоматизација, баркодови машини, компресори, транспортни ленти и системи, машини за пополнување, флексо машини за печатење, машини за пакување храна, машини за печатење, инџект системи, ласерски систем за сечење, регулатори апарати, машини за режење, вакуум пумпи и др. Во делот на пакување на производи се очекува да се понудат: алумински плочи, ремени, касети, индустриски миксери, индустриски роботи, картони, хемикалии за пакување, пластични филмови, фолии, пластични суровини, мастила за печатење, смоли, текстилни производи, метални суровини и др. Во делот на системи за пакување ќе има: тесни кутии, алуминиум пакување, капсули, картони за пакување, каси, флексибилни пакувања, стаклени пакувања, херметичко пакување, тегли, етикети, метално пакување, цврсти пластични амбалажи, резервоари, дрвени пакувања и др. На саемските манифестации ќе се понудат и консултатски услуги, лаборатории, системски софтвер и софтвер апликации и др. Во делот на технологија на храна посетителите ќе можат да се запознаат со: технологија за пијалоци, технологија за преработка на овошје, филтрација, цевки, пумпи, вентили, машини за кафе и чај, автомати за пијалоци, машини за мраз, технологија за млеко и млечни производи, опрема за молзење, опрема за собирање на млеко, пастеризација на млеко, системи за ладење на млеко, резервоари за млеко и др. Во делот на технологија за месо ќе има: производи од риба, месо и живина, машини и системи за кланица, сечење и опрема за замрзнато месо, машини за обработка на месо, машини за мелење на месо, преси, колички и др. Во делот на технологија за кондиторски производи и пекара: рерни за печење, помошма опрема, ладење, вентилација, системи за ладење, фрижидери за длабоко замрзнување, прехрамбени адитиви, ароми, зачини, засладувачи, витамини и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемските манифестации од 18-20.9.2014, со автобуски превоз. Посетителите може превозот да го организираат во сопствена режија (авион или возило).
Од 18 до 20 септември 2014 година два меѓународни саеми во Р. Турција
Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно, како и трансфери од хотел до саем) и бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон : - саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз – се плаќа само 45 евра); - како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Напомена: Под наведените услови саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Не е дозволена посета на малолетни деца и лица што не се вработени во Компанијата. Пријавување до 1-ви септември 2014 година. За повеќе информации за EURASIA PACKAGING 2014 ISTANBUL -посетете ја веб страната http://www.packagingfair.com/ или контактирајте не. Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 zorica@mchamber.mk
Васко Ристовски Тел: ++ 389 2 3244014 Факс:++ 389 2 3244088 vasko@mchamber.mk
четврток, 10 јули 2014, Бр. 187
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„MARMOMACC 2014“ ВО ВЕРОНА
Од 24 до 27 септември 2014 година, Меѓународен саем за мермер, машини за обработка на камен во градежништво, дизајн и технологија во Италија
Marmomacc 2014 нуди комбинација на саемско изложување и професионални посети на саемот, контакти и пристап на странски пазари, посетеност од страна на бројни и квалификувани делегации на меѓународни купувачи, презентација на студии, истражувања, конвенции и деловни иницијативи кои го анализираат пазарот на мермер, што го прави Marmomacc најважниот настан во 2014 година посветен на компаниите од мермерниот сектор. Marmomacc се организира на изложбен простор од 73.889 м2, на кој во минатата година учествуваа 1.425 изложувачи од целиот свет, и повеќе од 56.000 посетители од 143 земји од светот. Саем за мермер – изложбена програма: • Машини и технологии за мермер и гранит • Продажбата на мермер технологии и машини • Изнајмување на мермер Машини за обработка на природен камен за обработка на потрошен материјал • Производители на мермерни материјали • Продажбата на мермер, природен камен и агломерација • Недвижен имот компании • истражувачки институти и универзитети се вклучени во мермер сектор • Професионалци , консултанти, дизајнери и даватели на услуги За посетителите на Саемот, Стопанската комора на Македонија во соработка со организаторот обезбедува: • Хотелско сместување за едно лице од компанија во хотел**** во еднокреветна соба со пристигнување на 23.09.2014 година и одјавување на 26.09.2014 година. (доколку повеќе лица од иста компанија се заинтересирани за учество на саемот, вториот учесник сам ги доплаќа трошоците за сместување и храна) • Ручек и вечера во деновите на престој; • Свечена вечера за сите делегации на саемот; • ВИП влезници за саемската манифестација и можност за користење на ВИП просториите на саемот; • Трансфер од хотелот до саемот; Во рамките на саемот, посетителите можат да закажат и директни деловни средби со претставниците на компании-излагачи на саемот (12-15 B2B состаноци), кои може да се закажат директно на страницата на саемот – www.marmomacc.com (службениот јазик на состаноците ќе биде англиски).
Контакт: Марија Петроска Тел: ++ 389 2 3244017 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija@mchamber.mk
Трошоците за пат ги покриваат посетителите самостојно. Патувањето учесниците можат да го организираат самостојно ( сопственост превоз или можност за авионски превоз Скопје-Рим-Верона преку Alitalia). Доколку постои заинтересираност од учесниците, Стопанската комора на Македонија може да организира автобуски превоз Скопје-Верона-Скопје (цената на превозот ќе зависи од бројот на пријавените учесници – истите би изнесувале приближно 10.500 денари ако се пријават минимум 15 учесници, или 9.000 денари ако се пријават најмалку 30 учесници). Посетителот ги покрива и административните трошоци кон организаторот - Комората (1.500 денари за членки по лице, а 3.000 денари за нечленки на Комората по лице). Пријавување до 17.07.2014 година. Повеќе информации за оваа позната богата саемска манифестација може да се најдат на следниов веб-портал: http://www.marmomacc.com/en Доколку сте заинтересирани за учество на оваа саемска манифестација, Ве молиме пополнете го Пријавниот лист за посета на Саемот, кој е даден во прилог, и истовремено пополнете ја електронската пријава на следниот линк http://hub.veronafiere.it/en/ buyersClub/registrazione/faircode/MDM14/ (при пополнувањето на пријавата, Ве молиме внимавајте на посочените датуми за пријавување и одјавување од хотелот – IN:23.09.2014, OUT: 26.09.2014). Напомена: за посета на саемот можат да се пријават само компании чија дејност е поврзана со програмата на саемот, при што Вашата електронска пријава ќе треба да биде дополнително одобрена од страна на организаторот на саемот.
Контакт: Татјана Штерјова Тел: ++ 389 2 3244065 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: tatjana@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
26
четврток, 10 јули 2014, Бр. 187
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„МЕДИКА 2014“ ВО ДИЗЕЛДОРФ
Од 12 до 14 ноември 2014 година Меѓународен саем за медицина во Германија
Во 2013 година овој саем имаше над 4600 учесници од кои 3600 од 66 земји. Во рамките на глобалниот настан број 1 во секторот на медицина, се организира бесплатен меѓународен брокерски, посреднички настан за сите субјекти што имаат интерес за средби за соработка со другите учесници на саемот. Цел на настанот е да им се помогне на претпријатијата, унуверзитетите и истражувачките институции во пронаоѓањето на партнери во Европа за развој на продукти и услуги и лиценцни договори, заеднички вложувања и на други форми на соработка. Меѓународниот брокерски настан од областа на здравството има 15 годишна традиција. Во 2013 година имаше 240 учесници од 25 земји и се одржаа повеќе од 800 состаноци. Зошто да се учествува? • Да го употребите настанот за иницијатива за нов бизнис • Да се сретните со понудувачи на иновативна технологија од Европа и пошироко • Да воспоставите контакт со потенцијални партнери за идна соработка Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија во соработка со Саемот од Диселдорф, посредува во обезбедување хотелско сместување и авионски резервации . Посетителот ги покрива патните трошоци, трошоците за сместување, влезници за саемот, како и организационите трошоци кон Комората за учество како посетител (2.950,00 денари со вклучен ДДВ по лице за членки на Комората, а 5.900,00 денари со вклучен ДДВ по лице за не-членки на Комората).
Пријавување до 20. август 2014 година. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО „PLAST EURASIA ISTANBUL 2014“
2014
Од 4-ти до 6-ти декември 2014 година, Меѓународен Саем за пластика во Република Турција
4 - 6.12.2014
Станува збор за еден од поголемите специјализирани Саемот може да го посетат само двaјца меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на кои посетители од една кoмпанија. ќе учествуваат реномирани странски и турски компании од индустријата на пластика. Обезбедени се: Стопанската комора на Македонија, во соработка со - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок „Адонис – Tüyap“, Ве поканува да ја посетите оваа саемска (во реномиран хотел со 4 или 5 звезди) манифестација. - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно, како и трансфери од хотел до саем) и На саемот посетителите ќе можат да видат: - бесплатни влезници за Саемот. -Машини за пластика,пластични фолии, жици, Посетителот ги покрива патните и гуми, пластични профили, гранулатор, машини за флексо административните трошоци кон печатење - саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со -Хемикалии и суровини за пластика, боја, ПВЦ автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз се плаќа додатоци, гума, полимери, ПВЦ соединенија, мастила за само 45 евра); печатење, полиетилен, пигменти, растворувачи - како и организационите трошоци кон Комората -Редуктори, роботски системи, магнет, четка машина (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за за производство нечленки на Комората). -Топлина и контрола на опрема, отпорници, сензори, индикатори, полимер, прецизни скали, статична опрема Пријавување до 25.11.2014 година. -Хидраулика и пневматика, хидраулични цилиндри, пумпи, рециклирање, машини за дробење на пластика, За повеќе информации за PLAST EURASIA ISTANBUL неподвижни системи, софтвер, миксер, кодирање и 2014 посетете ја веб страната http://www.plasteurasia.com брендирање или контактирајте не`. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 4-6.12.2014 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија (авион или возило).
Контакт: Зорица Мешкова Тел: + 389 2 3244019 Факс:+ 389 2 3244088 E-адреса: zorica@mchamber.mk
28
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 јули 2014, Бр. 187
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА
Компанија од Грција заинтересирана е да пласира разни Романска компанија бара дистрибутер во Република Mакедонија за женска, машка и детска облека и готови пакувани салати во Република Македонија. работна облека наменета за авијацијата, воената и Валидност дo: 28.7.2014 година преработувачката индустрија. Компанија од Унгарија заитересирана е да стапи во Валидност дo: 29.7.2014 година соработка со македонските винарници за пласман на Компанија од Словачка бара дистрибутер во Република буриња за вино. Македонија за пласман на бои за премачкување на дрво Валидност дo: 28.7.2014 година и заштитни бои за челични производи. Компанија од Хрватска заинтересирана е за партнер Валидност дo: 29.7.2014 година во Република Македонија во текстилната индустрија за Компанија од Грција бара дистрибутер во Република производство на долна облека. Македонија за пласман на медицинска, офталмолошка Валидност дo: 25.7.2014 година и ортопедска опрема. Компанија од Србија бара соработка со производители Валидност дo: 29.7.2014 година на зеленчук и овошје во Република Македонија за извоз Компанија од Грција бара дистрибутер во Република во Србија. Македонија за плaсман на бодликава жица. Валидност дo: 28.7.2014 година Валидност дo: 29.7.2014 година Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Компанија од Грција бара дистрибутер за пласман на Македонија за пласман на машини за заварување. потопни пумпи и мотори во Република Македонија. Валидност дo: 28.7.2014 година Валидност дo: 29.7.2014 година
четврток, 10 јули 2014, Бр. 187
БИЗНИС ИНФО
29
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Грција бара соработка со архитекти, градежни и инженерски фирми кои би биле заинтересирани за проектирање и поставување на тавански прозорци, ѕидни прегради и системи за сенка во Република Македонија. Валидност дo: 30.7.2014 година
Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на брановидни цевки и кондензатори. Валидност дo: 2.8.2014 година
Грчка компанија бара соработка со компании во Република Македонија во областа на заштеда на енергија Компанија од Грција заинтересирана е за пласман на преку соларни системи, воспоставување на системи за ладење, греење и осветлување во домаќинстата, дрвени врати во Република Македонија. комерцијалните и индустриските објекти. Валидност дo: 30.7.2014 година Валидност дo: 2.8.2014 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на силиконски лепаци. Македонија за пласман на хигиенски хартиени Валидност дo: 30.7.2014 година материјали за медицински потреби. Компанија од Литванија бара соработка со македонски Валидност дo: 2.8.2014 година компании во областа на машинската индустрија со понуда на плазма машини, стругови, машини за сечење, Компанија од Унгарија бара дистрибутер во Република заварување, виткање, мелници и други машински Македонија за пласман на опрема и кабини за патнички и товарни возила, автобуси и трактори, резервни делови фабрикувани работи. за земјоделски машини и компоненти. Валидност дo: 30.7.2014 година Валидност дo: 2.8.2014 година Компанија од Хрватска бара соработка со македонски компании во областа на ладење, климатизација Контакт: и вентилација, нуди системи за разладување во Мирјана Коцева прехранбената индустрија. Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 Валидност дo: 30.7.2014 година mirjana@mchamber.mk
www.mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088