bsi.
БИЗНИС ИНФО
ISO 900
Quali Mana
bsi. НА МАКЕДОНИ СТОПАНСКА КОМОРА СТОПАНСКА КОМОРА
FS 549
Osnovana 1922
ISO 9001
Quality Management
goodini
192
2 - 2016
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈА FS 549642
БИЗНИС ИНФО Founded 1922
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
Број 258
www.mchamber.mk
10.3.2016
Самит на претприемачи од Средна и Југоисточна Европа „300 Најдобри“ во Дубровник, Република Хрватска
БРАНКО АЗЕСКИ ЛАУРЕАТ НА ПОСЕБНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ПРИДОНЕС ВО РАЗВОЈОТ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО
Најголемите Најголемите индустриски индустриски капацитети капацитети од металургијата во земјава работат со преполовен земјава работат со преполовен капацитет, капацитет, аа нема нема најави најави за за подобрување на состојбата подобрување на состојбата
ДРЖАВАТА ТРЕБА ДА ДЕФИНИРА МЕРКИ ОД ИНТЕРВЕНТЕН КАРАКТЕР ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
WUDQVSRUW FRPSDQ\
WUDQVSRUW FRPSDQ\
WUDQVSRUW FRPSDQ\
ЕЗБЕД ОБ У
�
B
SE
C
UR
O
НИКО
� Б
ЊЕ ВА
�
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
БИЗНИС ИНФО
3
ПОДВЛЕЧЕНО Самит на претприемачи од Средна и Југоисточна Европа „300 Најдобри“ во Дубровник, Република Хрватска
БРАНКО АЗЕСКИ ЛАУРЕАТ НА ПОСЕБНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ПРИДОНЕС ВО РАЗВОЈОТ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО
Од 4 – 6 март 2016 година, во Дубровник, Република Хрватска, се одржа Самитот на претприемачи од Средна и Југоисточна Европа, на којшто над 300 учесници од 13 земји ги изнесоа своите ставови и размислувања за претприемништвото во Европа. Претприемачите од Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Норвешка, Германија, Словенија, Србија и Швајцарија, во Хотелот „Шератон“ во Дубровник, како главен фокус го апострофираа спојот на развојот и стекнатите искуства. Самитот беше организиран со цел да се истакне важноста на претприемништвото, односно да се истакне колку се заслужни претприемачите за целокупниот економски и општествен развој, за што треба да им се даде што поголема поддршка. На Самитот беа наградени оние кои неуморно, визионерски создаваат нова вредност, го трасираат патот за развој и напредок на целокупното општество, како што истакна Винко М. Ќуро, претседател на Меѓународниот економски форум, организатор на Самитот. Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески доби посебно ПРИЗНАНИЕ ЗА ПРИДОНЕС ВО РАЗВОЈОТ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО ВО СРЕДНА И ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА. Годинава, за првпат на Самитот официјално беше констотуиран КЛУБ НА ЛАУРЕАТИ, а како прв претседател на овој клуб беше избран господинот Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на Винарската визба „Тиквеш“ од Кавадарци, кој е лауреат на Наградата за животно дело. Станка Дамјановска
БИЗНИС ИНФО
4
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
ТРИБИНА
КОПАОНИК БИЗНИС ФОРУМ 2016 во Република Србија
ЗАПАДЕН БАЛКАН ДА СЕ ПРЕТВОРИ ВО РЕГИОН ВО КОЈ МЛАДИТЕ ОСТАНУВААТ
Регионалната соработка е важна за напредок и развој на сите земји од регионот на Западен Балкан. Но, воедно, ова подрачје само како регион може да бидат конкурентно во привлекување странски инвестиции, - оценка е на панел-дискусијата на тема: „Регионалната соработка и унапредување на конкурентноста“, што се одржа на Копаник бизнис форумот 2016 во Република Србија. Претседателите на коморите од регионот уште еднаш потврдија дека на регионот на Западен Балкан му се потребни структурни реформи, борба против корупцијата и надминување на уште многу други предизвици, со коишто се соочуваат сите земји од регионот. Важно е регионот на Западен Балкан да се преобрази од простор од кој се заминува во простор на кој се останува. Коморите како претставници на бизнис-заедниците од регионот, поддржани од „Берлинскиот процес“ на германската канцеларка Ангела Меркел, започнаа со реализација на многу регионални заеднички проекти, со цел регионот на Западен Балкан преку заедничка соработка да биде уште поуспешен во развојот на економијата. Регионот на Западен Балкан има 3 милијарди евра во меѓусебни инвестиции, што е уште еден доказ дека бизнисот е многу понапред во регионалната соработка отколку политиката. На неодамнешната конференција на ЕБРД во Лондон европскиот бизнис покажа дека се` помалку е заинтересиран за поединечен пристап кон економиите во регионот на Западен Балкан. Напротив, тој е заинтересирани за регионот како заеднички инфраструктурен, економски и кадровски потенцијал.
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
БИЗНИС ИНФО
5
ПОДВЛЕЧЕНО Од страна на Горан Свилановиќ во име на Советот за регионална соработка во Југоисточна Европа, беа презентирани и прелиминарните резултати од истражувањето коешто го има спроведено во соработка со компанијата GfK. Тоа истражување се однесува на испитување на јавното мислење на граѓаните и посебно бизнис- заедницата за економските услови на стопанисување. Истражувањето е спореведено во ноември 2015 година. Меѓу испитаниците се 7000 граѓани и 1400 бизнисмени, а целосните официјални резултати ќе бидат објавени во мај 2016 година. Според ова истражување, бизнис-заедницата е многу пооптимистичка отколку граѓаните во однос на оценката за актуелната ситуација и очекувањата во блиска иднина. Благиот оптимизам кај бизнисзаедницата е уште еден доказ којшто охрабрува и ја перципира важноста од регионалната соработка меѓу сите земји на Западен Балкан. Но, истражувањето истовремено покажува дека кај бизинис-заедницата е присутен благ евроскептицизам, но тоа се должи на стравот од промени, а не заради односот кон Европската унија. Пред присутните на панел-дискусијата беше презентирана и Стратегијата до 2020 година на Советот за регионална соработка. Таа предвидува развој во три сегменти: мобилност (регионално признавање на професионалните дипломи и квалификации), регионална поврзаност (поттикнување на поврзаност преку економски коридори, интероперабилност на ИКТ-услугите и намалување на трошоците за комуникации во регионот) и поттикнување на конкурентноста (преку инвестициска интеграција на регионот и јакнење на индустриската база). Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески укажа на неопходноста од регионална соработка, токму во некои сектори од економијата каде воопшто не е отпочната. - Зборуваме за регионална економска соработка, а уште немаме редовни авионски линии Скопје - Подгорица, Скопје - Сараево, Скопје - Софија, Скопје - Тирана, - истакна Азески. - Зборуваме дека сме како регион „буре барут“, но некои велат дека не сме „буре барут“, туку дека имаме многу пиромани околу нас. Оваа теза не` оптоварува веќе три децении, а за тоа време странските инвеститори кои работат во регионот на Западен Балкан заработуваат пет пати повеќе отколку во нивните сопствени земји. Имајќи ги предвид потенцијалот и големината на земјите од Западен Балкан, мора една од нив да стане лидер на Балканот и да ја повлече економијата на регионот напред. Секоја поединечна економија на овие простори има создадено нерамнотежа, која е неодржива на подолг рок, а тоа се гледа не само во односот на приватниот и јавниот сектор, туку и кај потрошувачката и инвестициите. Регионот на Западен Балкан, кој се стреми кон членство во Европската унија, во последните 20 години се промени. Но, од друга страна и Европската унија не е истата од времето кога траеше процесот на придружување на претходните групи земји кои станаа членки на ЕУ. А, регионот, според зборовите на Азески, е специфичен и уникатен во своите процеси на придружување и токму ова треба да биде императив коморите да го поведат напред тој процес преку регионално поврзување поддржано од бизнис-заедницата. Софче Јовановска
6
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
АКТУЕЛНО Најголемите индустриски капацитети од металургијата во земјава работат со преполовен капацитет, а нема најави за подобрување на состојбата
ДРЖАВАТА ТРЕБА ДА ДЕФИНИРА МЕРКИ ОД ИНТЕРВЕНТЕН КАРАКТЕР ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ
Во работењето на Здружението на металургија при Стопанската комора на Македонија се позастапено е користењето на научни истражувања, кои се во функција на унапредување на индустријата на основни метали како и во функција на силна аргументација на барањата кои Здружението ги испорачува до надлежните институции. Ова го истакна д -р Митко Кочовски, претседател на Здружението на металургија во своето обараќање на редовната прес - конференција во Стопанската комора на Македонија на тема: „Поврзување на науката и бизнисот во функција на натамошен развој на индустријата на основни метали“ (7.3.2016 година). Во таа насока е и претстојниот меѓународен Конгрес на металургијата, материјалите и заштитата на животната средина – ММЕ кој по седми поат се одржува во Охрид, во периодот од 9 до 12 јуни годинава. За целите и очекувањата од оваа значајна научна меѓународна манифестација говореше претседателот на организациониот комитет, проф. д-р Свето Цветковски, претседател на Здружението на металурзите на Македонија. Оргазнизатор, покрај Здружението на металурзи на Македонија е и Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, со поддршка и од Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија. И годинава, истакна проф Цветковски, се очекува учество на еминенатни авторите од универзитети, истражувачки центри, институти од Регионот и пошироко.Се очекуваат и стручњаци од Финска, Австрија, Германија и други земји, кои ќе разменат мислења за научните достигнувања во секторот металургија и нив ќе ги презентираат пред петставници на индустријата. Планирани се презнетации на трудови на голем број теми како што се: Физичка и механичка металургија, Екстрактивна металургија, Леење на метали, Корозија и заштита на метали, Заварување, Нови и напредни материјали, Заштита на животната средина и други. За време на Конгресот се планира одржување на тркалезна маса за актуелните состојби во метралургијата во Регионот, од која се очекува да понуди решенија за справување со влошените глобални состојби во овој сектор. За состојбите во металургијата во Република Македонија говореше д-р Митко
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
БИЗНИС ИНФО
7
ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО
Кочовски. Според неговите зборови драматично се влошените состојбите од крајот на 2015 година, првенствено заради глобалните пазарни (не)прилики, но и заради одредените системски недоследности во рамките на националната економија, а тие продолжија и во почетокот на 2016 година. Најголемите индустриски капацитети работат со преполовен капацитет.На пример, во „Фени индустри“, како најголем производител на основни метали и воедно најголем нето-извозник во државата, производството е сведено на 50 отсто поради намалената берзанската цена на никелот, „Југохром фероалоис“ производството го започна од 1-ви март и тоа со две од седумте печки, односно со 30% од расположивиот капацитет. Во „Бучим“ во во последниот квартал од минатата година, поради неможност за редуцирање на производството поради природата на работата, работеа со однапред пресметана загуба. Во „Макстил“ веќе трета година по ред се работи со преполовен капацитет во Валавницата и уште пониско производство на сопствен челичен полуфабрикат во Челичарницата. Во „Арцелор-Митал“ состојбите се помалку драматични, но со сериозни укажувања за нивно очекувано влошување во наредниот период. Намалено производство, што е присутно и во другите земји од регионот, бележат и леарниците. Во 2015 година кај вадењето руди од метал производството бележи опаѓање, индекс 98,9, додека физичкиот обем на производството кај основните метали е зголемено во однос на претходната година за 6,3%. Индексот на производство на основни метали во 2014 година изнесуваше 101,4. Во 2015 година извозот на основни метали изнесуваше 590,7 милиони САД долари (во 2014 година извозот изнесуваше 894,6 милиони САД долари) и по минатогодишниот раст, бележи опаѓање од речиси 30% што се должи на влошувањето
БИЗНИС ИНФО
8
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
АКТУЕЛНО По предупредувањата од Здружението на металургијата за драматичните состојби во производството на основни метали во земјава
ВЛАДАТА ЌЕ НАПРАВИ МАКСИМУМ ЗА ДА МУ ПОМОГНЕ НА СЕКТОРОТ! На средбата со новинарите на 7.3.2016 година во Стопанската комора на Македонија, претседателот на Здружението на металургијата, д-р Митко Кочовски ги оцени состојбите во производството на основни метали како драматични, при што потенцираше дека секое натамошно влошување реално може да има сериозни последици не само врз компаниите од секторот, туку и врз макроекономските показатели во државата.
Во услови кога нема оптимистички најави за подобрување на состојбите на глобален план, претставниците на бизнис-секторот бараат од надлежните институции преземање мерки со кои би се намалиле фиксните трошоци на работењето и би се овозможило опстојување на стопанските субјекти од секторот. На ова барање на Здружението на металургијата, стигна позитивна реакција од министерот за економија, Беким Незири. Тој на конференцијата за занаетчиство, на 8 март 2016 година, истакнал дека „Владата активно ги следи трендовите во металургијата и ќе направи максимум за да му помогне на секторот“. Според МИА, министерот Незири најавил средби со претставниците од челичната индустрија. кои на пресконференцијата во Стопанската комора на Македонија ги изнесоа проблемите со кои се соочуваат и побараа поддршка од државата. - Ќе имаме состаноци со претставниците од металургискиот сектор и ќе направиме максимум за да им помогнеме во рамките на законите и на можностите на државниот буџет, - истакнал Незири. Според министерот, проблемите во металургијата се од глобален карактер и не се случуваат само кај нас, туку секаде во светот. Македонија, додал тој, е мала држава за да креира политика во овој сегмент. По падот на цените во сите металургиски гранки во светски рамки, состојбата се одрази и во земјава.
на економските состојби на глобален план. Заедно со вадењето на руди на метал, вкупниот извоз во 2015 година изнесува 721,6 милиони американски долари. Учеството на овој сектор во вкупниот национален извоз во 2015 година е намалено и изнесува 16%, наспроти досегашните 25%, покажуваат податоци за движењето на производството и извозозт во секторот металургија во 2015 година. Заради редуцирањето на производството во металуршките капацитети засега нема отпуштање на работниците, но стопанствениците со голема сериозност го поставуваат прашањето на нивното натамошно опстојување во услови кога наспроти исклучително неповолните состојби на светскиот пазар, фиксните трошоци на работење заради специфичните системски решенија се и натаму исклучително високи, со нагласено влијание врз конкурентската положба на пазарите на земјите во потесното и поширокото опкружувањето. Исто така,
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
БИЗНИС ИНФО
9
ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО нема оптимистички најави за надминување на неповолните состојби на глобален план до крајот на оваа година. Во тој контекст, Здружението на металургија посебно ги нагласува следните влијателни трошковни инпути: - Наспроти намалувањето на берзанската цена на електричната енергија (иако и таква таа е неспоредливо повисока од онаа која ја плаќаат конкурентските металуршки производители), ефектите се непроменети поради високите трошоци на пренос на електрична енергија во државата, како и поради обврската за купување на т.н „зелена енергија“ произведена од домашни производители од обновливи извори (споредбените анализи покажуваат дека македонските металуршки капацитети ја плаќаат електричната енергија 50 евра по MWh, наспроти 38 евра по MWh во Косово и само 20 евра по MWh во Франција, додека пак пресметките на компаниите покажуваат дека трошокот за т.н. „зелена енергија“ во просек достигаат по 35 евра по тон/производ); - Во нашата држава имаме единствен пример на обврска за плаќање акциза за користење на петрол коксот, како енергенс кој според сите укажувања е енергетски поефикасен и еколошки помалку проблематичен; - Се` уште не се решени прашањата поврзани со цената на железничката возарина која се одржува на неспоредливо повисоко ниво, во ситуација кога цената на камионскиот превоз по тон производ е намалена за преку 30% (крајно е нелогична ситуацијата камионскиот транспорт да чини 4 евра по тон помалку во однос на железничкиот); - Наметнатите регулативи за еколошко усогласување на металуршките капацитети ангажираа големи износи на средства во услови на криза, иако реално постоеше можност за пролонгирање на одредени рокови условени со интегрираните еколошки дозволи. Имајќи ги предвид улогата и економскиот импакт што индустријата за основни метали го генерира во рамките на националната економија како нејзино директно влијание и уште повеќе преку мултипликативните ефекти, јасно е дека актуелните состојби ќе имаат силно негативно влијание не само врз металуршкиот сектор, туку и врз поврзаните индустрии и вкупните макроекономски движења во државата: БДП, фискалните приходи, извозот, вработеноста. Во вакви неповолни движења во светски размери, владите на земјите производители на челик прават сериозни анализи и носат мерки за опстојување на секторот, истакна д-р Кочовски. Во таа насока петставниците на металуршкиот сектор бараат Владата на Република Македонија да даде свое видување на идниот индустриски развој на државата со посебен осврт на оваа базична индустриска дејност и во таа насока да преземе системски мерки кои би овозможиле рамноправни услови за развој на индустријата на основни метали и како приоритет, дефинирање на мерки од интервентен карактер за ублажување на последиците од актулените проблеми. Зорица Мешкова
10
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
ЕДУКАЦИЈА Клубот на менаџери– претриемачи продолжува со редовни активности со едукативниот настан „Комуникациски и продажни вештини“
УНИКАТНАТА МЕТОДОЛОГИЈА ИМ ОВОЗМОЖУВА НА ЧЛЕНОВИТЕ ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА КОРИСНИ ТЕХНИКИ
Клубот на менаџери–претприемачи продолжува со редовните активностите во рамките на годишната програма, преку организирање на едукативни настани,
вмрежувања и промоции за своите членки. На 04.03.2016 година во бутик – салата на Клубот, се одржа настан на тема: „Комуникациски и продажни вештини“ во соработка со Љупчо Георгиев, директор на „Густав Кезер Тренинг Интернационал“ во Македонија. Учесниците, преку релаксираната едукативна програма, имаа можност да се запознаат со методологијата на која се базираат Густав Кезер тренинзите и која е призната и применета во светски рамки. Тренерот Љупчо Георгиев на уникатен начин преку практични примери и интерактивни вежби ги поттикна присутните активно
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
БИЗНИС ИНФО
11
ПОДВЛЕЧЕНО ЕДУКАЦИЈА да учествуваат во тренингот, поттикнувајќи размена на свежи идеи и високо ниво на комуникација. Станува збор за методологија која претставува можност за комплетно, лично надградување преку менување на начинот на размислување и начинот на кој се влијае врз другите додека истовремено нуди корисни техники за примена на стекнатите вештини во пракса, особено во делот на продажбата што во крајна линија е од особена корист за компаниите. Оваа методологија ќе биде применета во рамките на модулот „Комуникациски и продажни вештини“ кој членовите на Клубот ќе можат да го следат во текот на годината. Учесници на едукативното вмрежување беа претставници од 20-тина мали и средни компании, кои покрај едукативниот дел имаа можност да споделат промотивни активности од работата на своите компании, да споделат некои од нив наградни изненадувања за останатите членови и да разменат меѓу себе информации за идните активности кои ќе се реализираат во рамките на Клубот со детална предвидена агенда до крајот на годината. Клубот на менаџери–претприемачи претставува мрежа на мали и средни претпријатија, во кој членуваат претставници од менаџерскиот тим на компаниите, кои ги користат бројните поволности во рамките на Клубот во делот на: пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, учество на едукативни настани со врвни предавачи од земјата и од странство и експерти од компаниите, користење на арбитражата за решавање на стопанските спорови и брза наплата на ненаплатените побарувања, давање правна поддршка и консултантски услуги, давање стручни анализи од реномирани домашни и меѓународни центри за истражување и сл. Покрај мали и средни претпријатија, во Клубот членуваат и големи компании со цел поттикнување на размена на контакти, информации и искуство, а особено во насока на отворање можности за деловна соработка. Симона Ристоска
12
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
ЕДУКАЦИЈА Центарот за едукација при Стопанската комора на Македонија организираше интерна обука за вработените на „Раде Кончар ТЕП“ од Скопје
ПРАВИЛНО ПРЕПОЗНАВАЊЕ, ЧИТАЊЕ И ТОЛКУВАЊЕ НА ЕЛЕМЕНТИТЕ НА ТЕХНИЧКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Со новата Програма на активности за 2016 година, Центарот за едукација при Стопанската комора на Македонија ја нуди можноста сите отворени обуки, курсеви и модули да ги приспособи на потребите на клиентот во in-house (затворени, интерни обуки) се` со цел учесниците од иста компанија да добијат знаење и информации кои ќе бидат соодветни на нивната дејност и работење.
На барање на компанијата „Раде Кончар ТЕП“ од Скопје, беше организирана интерна обука во нивната компанија на тема: „Елементи на техничка документација, нивно правилно препознавање, читање и толкување“.
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
БИЗНИС ИНФО
13
ПОДВЛЕЧЕНО ЕДУКАЦИЈА Целта на обуката беше личен напредок на кандидатите и деловен развој на компанијата преку специјално изготвена програма за обука за вработените. Вработените на обуката имаа можност на наједноставен теоретски и практичен начин да се запознаат со елементите и алатките на техничкото цртање и документацијата, како и со вештините за нивно правилно препознавање, читање и толкување.
Обуката се реализираше пет дена и еден ден тестирање, во периодот од 17 февруари до 2 март 2016 година. Предавањата беа реализирани со теоретски и практичен дел, каде учесниците самостојно решаваа практични задачи под директен надзор и помош на професорот. После реализираната обука имаше тестирање каде учесниците ги покажаа стекнатите вештини и тоа за самостојно изработување на технички цртежи со елементи на проекции, пресеци, котирања и воедно се стекнаа со можност на лесен начин да ја препознаваат и да ја читаат севкупната техничка документација. Предавач на обуката беше доц. д-р Иле Мирчески, доктор на технички науки од областа на машинското инженерство, во научната област конструирање, од Машинскиот факултет во Скопје. Елизабета Андриевска Ефтимова
БИЗНИС ИНФО
14
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
МОЖНОСТИ
Здружението за градежништво, индустрија на градежни материјали и неметалите расправаше за реализација на зацртаните активности
ГОДИНАВА СО ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА
Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите на 9.3.2016 година одржа седница на која беше презентиран Државниот завод за статистика, а во другиот дел од седницата се расправаше за активностите во 2015 година, како и програмските насоки во 2016 година. На почетокот на седницата, беше направена презентација на Државниот завод за статистика, за која зборуваше Дејан Станков, заменик-директор. Целта на овие презентации е зајакнување на свесноста за важноста од производството и употребата на официјални статистички податоци, а воедно и популаризација на статистиката. Во исто време, Заводот е отворен за конструктивна дебата со сите корисници на податоци, со цел подобрување на квалитетот на работењето и задоволување на зголемените потреби за висококвалитетни информации.
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
БИЗНИС ИНФО
15
ПОДВЛЕЧЕНО МОЖНОСТИ Статистиката е неопходна за развојот, имплементацијата, мониторирањето и евалуацијата на политиките на национално ниво. Во европски контекст, градежните статистики се развиени, продуцирани и дисеминирани врз основа на унифицирани стандарди и хармонизирани методи, при што националните статистички заводи, вклучувајќи го и Државниот завод за статистика на Република Македонија, прибираат и продуцираат хармонизирани податоци кои се доставуваат до Евростат со цел објавување на податоци на ниво на Европската унија. Освен тоа, Државниот завод за статистика е основен носител и координатор на статистичкиот систем на земјата, тој е одговорна институција за меѓународната соработка во областа на статистиката, како и за дефинирање на статистичките методологии и стандарди и за обезбедување заштита на индивидуалните податоци што се прибираат од индивидуални лица и од правни субјекти. Во натамошната презентација од страна на Наташа Ценова, беше истакнато дека градежништвото е многу важна стопанска гранка, која има значајна улога во македонската економија. Државниот завод за статистика спроведува месечни, квартални, полугодишни и годишни истражувања со кои се следат градежните активности во државата, како и во странство. Базата на овие податоци претставува значаен потенцијал и има за цел да ги прикаже податоците за промените во градежништвото. Со редовните статистички истражувања се следи тековната градежна активност по вредност, обем и количини. Истражувањата се прават месечно, тримесечно, полугодишно и годишно: податоците се однесуваат за домашниот пазар и за странство. Од страна на Драган Неделчин, беше промовиран веб-порталот и користењето на податоците, како преку соопштенија, така и преку МакСтат базата на податоци. Во обемната дискусија и поставените прашања, господинот Станков нагласи дека статистичките податоци се реални и ја отсликуваат состојбата во гранките, врз кои се прават и стручни анализи од страна на експерти. Тој нагласи дека податоците се точни онолку колку и самите компании ги даваат како податоци, со што се сложија и присутните на седницата. За активностите во 2015 година, Марија Петроска од Стопанската комора на Македонија, ги истакна реализираните активности на Здружението, меѓу кои: потпишана е Спогодба за соработка на здруженијата за градежништво од коморите од поранешните Ју-републики; доставено е Барање до Владата на РМ за пролонгирање на примената на повластената стапка за ДДВ од 5% кај становите, што беше прифатено со важност до декември 2018 година; беше организиран семинар за Законот за градежни
16
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
ФОКУСИРАНО производи, со цел да се осознае до каде се сознанијата за самиот Закон, но и потребата од донесување на дополнителните подзаконски акти и нивна имплементација, како и други законски иницијативи, кои се дел од доставените барања од Стопанската комора на Македонија во 2015/2016 година. Посебно внимание се посвети на предложените Предлог-програмски активности за 2016 година на Здружението, од причина што се опфатени повеќе теми по кои треба да се расправа заедно со министерствата за транспорт и врски и економија и со други надлежни институции. Во расправата се предложи да се разговара со Комората на овластени инженери и овластени архитекти за документот кој е подготвен од нивна страна, а се однесува на цените на проектирањето. Во расправата се предложија и многу други активности кои треба да се реализираат во тековната година, така што Програмата е усвоена со дополнувањата и предлозите што ќе ги достават фирмите во најкраток можен рок.
Марија Петроска
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
БИЗНИС ИНФО
17
ПОДВЛЕЧЕНО АКТИВНОСТИ
Групацијата за климатизација, греење, ладење и проветрување
КАТАРИНА МАНЧЕВА ОД „ТОПЛИФИКАЦИЈА ИНЖИНЕРИНГ“ ИЗБРАНА ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ
На 4.03.2016 година беше одржа седница на Групацијата за климатизација, греење, ладење и проветрување (КГЛП) во рамките на Македонската енергетска асоцијација - МЕА. Во Групацијата членуваат фирми кои се занимаваат со климатизација, греење, ладење и проветрување, односно проектирање, изведба, ревизија, надзор и давање на интелектуални услуги од оваа област. На седницата беше водена расправа за надминување на проблемите при работењето, а беа формулирани и мислења, сугестии и решенија за одредени законски прописи во правец на унапредување и развој на дејноста. На седницата беа усвоени и Правила за организација и начин на работа на Групацијата за КГЛП, а истовремено беше направен и избор на ново раководство. За претседател на Групацијата за климатизација, греење, ладење и проветрување беше избрана Катарина Манчева од фирмата „Топлификација инжинеринг“. Присутните разговараа опширно за проблемите со кои се среќават фирмите од оваа област , како и за понатамошните активности на Групацијата. Перо Авакумовски
18
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
АКТИВНОСТИ
Здружението на угостителството и туризмот со став
ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА УГОСТИТЕЛСКАТА ДЕЈНОСТ НЕПРИФАТЛИВИ ЗА БИЗНИС-СЕКТОРОТ
Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, Асоцијацијата на хотели, ресторани, кафетерии и автокампови и Стопанската комора за туризам на Македонија, на заеднички состанок разговараа за најновите измени и дополнувања на Законот за угостителска дејност, донесени по скратена постапка, кои се веќе објавени во „Службен весник на РМ“ и со примена од први март годинава. Измените и дополнувањата предвидуваат: Нова категоризација на сите угостителски објекти за сместување (хотел, мотел, пансион, туристички апартман, планинарски и ловни домови), во рок од една година од влегување во сила на Законот, што значи заклучно со февруари 2017 година сите угостителски објекти за сместување треба да бидат повторно категоризирани, со нови цени за категоризираните објекти, со воведување надоместок од 100 евра за една ѕвезда до 500 евра за пет ѕвезди и плус
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
БИЗНИС ИНФО
19
ПОДВЛЕЧЕНО АКТИВНОСТИ трошоците за комисијата која ќе врши категоризација, нова комисија за категоризација на угостителските објекти за сместување, од постојните 5 на 13 члена, во која ќе членуваат исклучиво претставници на владини институции. Целта на заеднички организираниот состанок од трите бизнис-асоцијации за туризам и угостителство, беше преку отворена дискусија да се слушнат размислувањата на бизнис-секторот за тоа како измените предвидени во Законот за угостителска дејност (имајќи предвид дека истиот е донесен по скратена постапка и без при тоа да биде консултирана бизнис-заедницата) ќе се одразат на работата на хотелите од аспект на дополнителни трошоци и постојната организациска поставеност, имајќи го предвид фактот дека во рок од една година ќе треба да се изврши комплетно нова категоризација во сите угостителски објекти за сместување. По исцрпната и обемна дискусија од учесниците на состанокот на кој присуствуваа и претставници од Министерството за економија како надлежно за дејноста туризам и од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, беше заклучено дека забелешките сублимирано ќе бидат доставени до ресорното министерство и ќе се побара средба директно со министерот за економија. Даниела Михајловска Василевска
20
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА ВВ „Тивеш“ од Кавадарци со значајни признанија за своите вина на еден од најпрестижните светски натпревари за вино
ТРИ ЗЛАТНИ И ДВЕ СРЕБРЕНИ МЕДАЛИ НА „МUNDUS VINI“ ВО ГЕРМАНИЈА
Вината на винарската визба „Тиквеш“ освоија три златни и две сребрени медали на еден од најпрестижните светски натпревари за вино. Златни медали освоија Домен Лепово Шардоне 2015, Домен Лепово Гранд Куве 2013 и Каберне Франк Special Selection 2015, додека Темјаника Special Selection 2015 и Александрија Куве розе 2015 добија сребрени медали на големиот интернационален вински натпревар „Мундус Вини“ (The Grand International Wine Award – MUNDUS VINI), кој по 18-ти пат се одржува во Германија. Годинава, меѓународното жири составено од 160 судии-дегустатори од 36 земји имаше навистина тешка задача да ги избере најдобрите вина. Имено, конкуренцијата ја сочинуваа над 5.000 квалитетни вина кои потекнуваат од 149 вински региони ширум светот.
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
БИЗНИС ИНФО
21
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРАТА - Големиот број и значајни медали освоени во ваква конкуренција нѐ прави исклучително задоволни затоа што покажува дека квалитетот на нашите вина е на светско ниво. Ваквите достигнувања секако ќе придонесат за креирањето на посакуваната репутација за врвните вина на „Тиквеш“ на најзначајните светски вински пазари, како и за целата македонска винска индустрија, што секако е една од нашите стратешки цели, - изјави генералниот директор на ВВ „Тиквеш“, Игор Илиевски. Две од наградените вина кои освоија златни медали се произведени во винарницата „Домен Лепово“ каде целокупниот процес на производство се одвива на самиот посед каде се лоцирани лозјата, во идеални услови и според најдобрите практики на француската винска школа, при што резултатот се исклучително моќни, екскузивни вина со извонреден квалитет, кој сега добива и меѓународна верификација. Третото вино кое се закити со злато, Каберне Франк Special Selection 2015 е новитет во портфорлиото на ВВ „Тиквеш“ и се очекува да се појави на пазарот кон крајот на пролетта. Натпреварот„Мундус Вини“ се одржува под патронат и правила на Меѓународната организација за вино (OIV) и Mеѓународната унија на енолози (UIOE). (ВВ „Тиквеш“)
22
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
Програма за практикантство на ОКТА
ЧЕТВОРИЦА СТУДЕНТИ ГОДИНАВА СТАНАА ДЕЛ ОД ТИМОТ НА КОМПАНИЈАТА
Преку Програмата за практиканти во ОКТА четворица студенти годинава станаа дел од тимот на компанијата. Од големиот број пријавени студенти беа избрани најдобрите кои беа ангажирани во тримесечна пракса во компанијата, а на оние кои покажаа исклучителни вештини и желба за натамошен професионален развој им беше продолжен договорот, по што беа задржани во компанијата. Во април започнува нов циклус на оваа континуирана програма на ОКТА, на кој може да аплицираат студенти кои се последна година од додипломски студии, како и на магистерски студии од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Економскиот, Правниот, Градежниот, Технолошко-металуршкиот факултет, Факултетот за Електротехника и Информациски технологии и Природно-математичкиот факултет, како и студентите на приватниот универзитет „Американ Колеџ”. - Програмата која активно ја спроведуваме и развиваме во ОКТА претставува одлична можност за студентите да се стекнат со нови професионални вештини и знаења. Како една од најголемите компании во земјава, сметаме дека преку организирање на вакви општествено одговорни иницијативи им помагаме на студентите да се подготват за предизвиците кои ги очекуваат по завршување на академското образование, - изјави Марија Ставрева, менаџер за корпоративна општествена одговорност и комуникации на компанијата. Студентите преку програмата влегуваат во оперативните процеси на компанијата на одредено работно место. За секој од нив има назначено ментор од ОКТА, кој преку делегирање на работни задачи и одговорности го воведува и насочува практикантот во деловните активности на компанијата. Како и во претходните циклуси, ОКТА им обезбедува превоз, оброци и дополнителни парични средства на сите практиканти кои учествуваат во програмата. - Отсекогаш сонував да работам во голема компанија. Кога се пријавив за програмата идеја ми беше да се стекнам со искуство кое ќе ми овозможи практично да го применам моето академското знаење, да научам да се справувам со секојдневните работни задачи и обврски, - изјави Жаклина Кузманова, една од вработените практиканти. (OKTA)
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
БИЗНИС ИНФО
23
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРАТА
БАНКА КОЈА ПОСТОЈАНО РАСТЕ ПРЕКУ ИНОВАТИВНОС И ДОСТАПНОСТ ДО КЛИЕНТИТЕ
Халкбанк беше присутна на Саемот на градежништво и ги запозна присутните со своите кредитни и депозитни производи
Халкбанк АД им се заблагодарува на сите посетители кои дојдоа да не посетат на Саемот за градежништво кој беше одржан од 1 до 5-ти март 2016 во „Метрополис арената“, со цел запознавање со атрактивните услови на нашите кредитни и депозитни производи. Разгледувајќи ја богатата и разновидна понуда на станови, посетителите имаа можност веднаш да добијат и соодветно решение и финансиска понуда од страна на претставниците на Халкбанк кои покрај на штандот на Банката, беа присутни и на штандовите на градежните компании ГолденАрт, Трим&Лум, Дабар, ЗСФ и Фабрика Карпош Скопје. Сопствен дом е желба на секоја личност. Халкбанк АД Скопје преку соодветни финансиски решенија ја направи вашата желба полесно остварлива. Со цел воспоставување на трајни релации со клиентите, креираше станбен кредит чии што услови се наменети за остварување на Вашите желби. Халкбанк АД Скопје во изминатата година се покажа како банка која постојано расте и ја зацврстува својата позиција на пазарот, преку иновативност и достапност до клиентите, континуирано проширувајќи ја својата мрежа на филијали и збогатувајќи ја палетата на производи кои ги задоволуваат потребите на сите граѓани. Сите вие кои не успеавте да не посетите, а сепак би биле заинтересирани за нашите производи и услуги, ве покануваме да не посетите во нашите филијали и подетално да се запознаете со условите и предностите кои ги нуди Халкбанк.(Халкбанк)
24
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
Охридска банка Сосиете Женерал воведе нови производи
РАСТЕЧКА КАМАТНА СТАПКА НА ПРОГРЕС ДЕПОЗИТИТЕ
Охридска банка Сосиете Женерал воведе нови производи во рамки на палетата Прогрес депозити со фиксни каматни стапки со кои се овозможува растечка каматна стапка по периоди. Тоа, според банката, е можност за дополнителни вложувања и гарантирани каматни стапки. Отсега, за денарскиот и девизниот депозит Прогрес достапна е целосна понуда со рок на орочување на 12, 24 и на 36 месеци, поделен на 4 (за 12 и 24 месеци) или 6 периоди (за 36 месеци), при што секој нареден период носи повисока камата. Каматните стапки се фиксни и не се менуваат за периодот на орочување. Оваа понуд на клиентите им нуди бројни поволности: растечка каматна стапка – каматната стапка се зголемува во секој нареден период, гарантирани и непроменливи каматни стапки за целиот период на орочување, како и можности за орочување депозити во денари и во евра и за избор на различен рок на депозитот. Дополнителна предност за корисник е можноста за дополнително вложување износи на основниот влог и на тој начин, користење на растечката камата за секој вложен износ на Депозит прогрес. (Охридска банка Сосиете Женерал)
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
БИЗНИС ИНФО
25
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
ЗА ДВА МЕСЕЦА ПРОИЗВЕДЕНИ НАД 51 МИЛИОН КИЛОВАТ ЧАСОВИ СТРУЈА
ХЕЦ „Шпилје“ продолжува со производство кое е континуитет на ланските рекорди
Хидроцентралата „Шпилје“ кај Дебар, продолжува со позитивното производство, кое е континуитет на ланското рекордно производство на електрична енергија. Во првите два месеца од оваа календарска година, ХЕЦ Шпилје испорача над 51 милион киловат часови електрична енергија што претставува 19 отсто од вкупно планираното производство за годинава. Како резултат на поволната хидрологија, во акумулцијата „Дебарско Езеро“ има резерва на вода за производство на 32 милиони киловат часови. Моментно дотекот на вода од реките Радика и Црн Дрим, во акумулацијата „Дебарско Езеро“ изнесува 62 метри кубни во секунда. Како резултат на поволната хидрологија на дебарското сливно подрачје и навреме извршените ремонти и ревизии на електомашинската опрема, во „Шпилје“ лани беа произведени 314 милиони киловат часови електрична енергија.(ЕЛЕМ)
26
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
ПРЕНЕСЕНО Интервjу на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија за „Утрински весник’“
КОНЕЧНО БИЗНИСОТ ВО ФОКУСОТ НА „БЕРЛИНСКИОТ ПРОЦЕС“
„Нема веќе национални економии, има само конкурентни и неконкурентни економии засновани на регионално поврзување“, вели Бранко Азески, претседател на Асоцијацијата на балканските комори и член на УО на Коморскиот инвестициски форум во рамките на „Берлинскиот процес“ *Земјите од регионот во последниве 25 години како се’ уште да се соочуваат со истите економски проблеми. Ваша оцена, каква е состојбата во регионот? Целиот регион на Балканот го потресуваат исклучителна сериозна бегалска и економска криза. Паѓа економската активност помеѓу балканските земји и Европската унија. Западен Балкан остварува 75 отсто од својата трговска размена со Европската унија. Иако ЕУ е најзначаен трговски партнер на Балканот, сепак трговската размена на Западен Балкан во 2014 година е само 1,1 отсто од вкупната трговска размена на ЕУ. Но и размената помеѓу земјите од Западен Балкан во 2015 година е опадната за
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
БИЗНИС ИНФО
27
ПРЕНЕСЕНО 16,5 отсто во однос на 2014 година. Нешто што е заеднички предизвик за сите земји од регионот е големата стапка на невработеност, а посебно невработеноста на младите во КИФ регионот, проблем со кој се соочуваат сите земји во регионот освен Словенија. Стапката на невработеноста на популацијата меѓу 18 и 64 години во просек е 22 отсто, од кои 42 отсто се млади луѓе. Конкурентноста на регионот останува на ниско ниво, според „Глобал компетитивис репорт 2015-2016“, Македонија е на 60. место, Црна Гора на 70. место, Србија на 94. место и Босна и Херцеговина на 111. место. Регионот е во „замката“ на двојниот дефицит - 7 отсто на тековната сметка и 4 отсто на буџетската. Комбинирано со растечките надворешни и јавни долгови, јасно е дека нема сили за значајно забрзување на економскиот раст преку големи развојни проекти, и е ранлив на екстремните шокови. *Дали Берлинскиот процес може да значи излез од ова тапкање во место со години, и кои земји влегуваат во Коморскиот инвестициски форум? Излезот мора да се бара во драстично зголемена економска интеграција на регионот. Во таква ситуација, надеж даваат „акциите“ како што е „Берлинскиот процес“, иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел. Единствено таквите зафати отвораат економски перспективи за регионот. Токму затоа, коморите на земјите од регионот, на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Хрватска, Македонија, Србија и Словенија, се обединија во рамките на „Берлинскиот процес“ и се основа Коморски инвестициски форум (КИФ), поддржан од структурите на ЕУ (кадровски и финансиски). Одлуката за неговото формирање е донесена на 27 август 2015 година на Самитот во Виена, а опфаќа 26 заеднички проекти финансирани од Европската унија. Бидејќи економијата е таа која прави мостови на поврзување помеѓу државите, сметам дека формирањето на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) е почеток на нова ера во соработката на регионот. Затоа ги повикувам сите медиуми во регионот да ги поддржат неговите активности. *Што всушност претставува овој Коморски инвестициски форум, што ги поврзува земјите членки, но и кои се предизвиците? Се работи за 8 земји од регионот кои само по себе претставуваат хомогена целина, се разликуваат по територија, број на жители, според економските активности и макроекономските показатели. Меѓутоа овие земји-членки на КИФ делат и неколку
БИЗНИС ИНФО
28
ПРЕНЕСЕНО сличности, односно предизвици кои мораат да ги надминат, како што се, надворешнотрговскиот дефицит, зависноста од увозот, висока стапка на невработеност, неусогласеноста помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на труд и недоволни извори за финансирање. Земјите на КИФ зафаќаат 6,6 отсто од површината на ЕУ. Подрачјето на распространетост на земјите-членки на КИФ се наоѓа меѓу Јадранско Море и Дунав. Се работи за пазар од 25 милиони жители. *На конференцијата во Виена се разговараше и за конкретни проекти, коисе тие и со каква динамика ќе се реализираат? За да се остварување на целта на КИФ, ќе се реализираат проекти за кои ЕУ веќе има обезбедено финансиски средства, кака што се: • Изградба на „Дигитална платформа на коморите“, која што ќе ги обедини сите информации и коморски услуги; • „Старт-ап КИФ“со цел финансирање на старт-ап компании и проекти за мали и средни претпријатија во земјите • Формирање на КИФ иновациска и РиД платформа, која ќе послужи за поврзување на науката и стопанството; • Формирање на Конзорциум за настап на големите извозни пазари и заеднички настап на тендери; • Формирање на заеднички туристички производ од регионот; • Формирање на заеднички Регионален едукативен центар; Заедничко имплементирање на процесот на дуално образование, со што во земјите на КИФ би се решил проблемот на неусогласеноста на образованието со пазарот на труд (Во земјите каде има што воведено дуално образование, стапката на невработеност е помала од 10 отсто). *Кои проекти се веќе започнати? Регионален Центар за развој на претприемачките способности за земјите од Југоисточна Европа (СЕЕЦЕЛ), центар формиран на барање на 8 земји од Југоисточна Европа-Алабнија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција) е успешна приказна за реализација на регионална иницијатива со помош на Европската унија. СЕЕЦЕЛ е проект чиј коосновач е Стопанската комора на Хрватска, а
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
БИЗНИС ИНФО
29
ПРЕНЕСЕНО како партнер во изградбата на заедничка платформа за активно претприемништво и развој на човечките ресурси, го препознаа и останатите стопански комори. Овој проект претставува пример на реализиран европски проект за соработка во соседството на ЕУ, додека Европската комисија го препозна како пример за најдобра пракса за стратешка соработка во земјите од Југоисточна Европа, и тоа во областа на учењето за претприемништвото како клучна компетентност. За таа цел КИФ има потпишано Договор за соработка и учество во заедничките проекти со Регионалниот центар за развој на претприемачките способности за земјите од Југоисточна Европа. ЕУ инвестираше 30 милиони евра во изградба на Центарот за обука на претприемништво во регионот (СЕЕЦЕЛ), кој ќе биде отворен во ноември 2016 година во Загреб. *Како земјите од Балканот ќе конкурираат, кој ќе ја прави селекцијата, и најважно од се како ќе финансираат и имплементираат проектите? Согласно целите на „Берлинскиот процес“, за прв пат ЕУ препозна партнери во регионот на Балканот каде со директна техничка и финансиска поддршка на проекти предложени од коморите, ќе обезбеди средства за реализација на значајни проекти кои се дел од акциониот план на Коморскиот инвестициски форум. За дел од иницираните проекти ќе се користат постојните регионални фондови, како што се Јадранскојонски, Балканмед, Централно европска иницијатива, КОСМЕ и ХОРИЗОН 2020, со цел имплементирање на европските политики. Но истовремено за дел од проектите се почнати директни преговори за техничка и финансиска поддршка на регионот, кои во иднина треба да бидат договорени и почнати со реализација, или преку пилот-проекти или реализација на директни проекти. Со имплементација на ваквите проекти треба да се постигне целта на иницијативата на КИФ и исполнување на планот на „Берлинскиот процес“ за постигнување на подобра деловна клима во регионот. Со ова ќе им се помогне на компаниите од регионот постепено да се доближат до стандардите на ЕУ, кои ги очекуваат во иднина. (Утрински весник)
Утрински весник
30
БИЗНИС ИНФО
четврток, 17 декември 2015, Бр. 248
СВЕТСКИ ПЕЧАТ
ГРАНИЧНИТЕ КОНТРОЛИ СКАПО ЈА ЧИНАТ ЕУ
Германскиот сојуз на индустриски и трговски комори ДИХК проценува дека „новиот Шенген“ само нивната земја ќе ја *Колкави се економските штети од повторното чини преку 10 милијарди воведување гранични контроли во рамки на ЕУ? Околу тоа се полемизира жестоко, а проценките се евра далеку едни од други.
Околу 400 милиони граѓани од 26 европски земји кои се дел од Шенгенскиот простор досега можеа да ги минуваат границите без да бидат контролирани. Но, поради бегалската криза, голем број земји повторно воведоа гранични контроли. Германија тоа го стори во ноември и засега контролите важат до мај. Дека овие контроли предизвикуваат економски штети е неспорно. Колоните на границите водат до доцнења во транспортот на стока, фирмите мора да држат повеќе стока во магацините, оние што патуваат до работното место мора да патуваат подолго, а туристите се премислуваат дали да тргнат на пат, зашто еднодневните тури во соседната земја можеби веќе не се исплаќаат. Голема разлика Проценките за висината на штетите меѓутоа се многу различни - некогаш се зборува за штети од 10 милијарди евра, некогаш за 235 милијарди евра. Европската Комисија во петокот (04.03) предупреди дека е можно да настанат „значајни економски трошоци“ во висина од 5 до 18 милијарди евра годишно. Притоа, предвид се земени трговијата со стока, транспортот на лица кои патуваат до работното место и туризмот. Германскиот сојуз на индустриски и трговски комори ДИХК трошоците кои произлегуваат од колоните, времето на чекање, дополнителната бирократија и зголемените издатоци за складирање на стока ги проценува значително повисоко. Само за германското стопанство трошоците би можеле брзо да станат „10 милијарди евра годишно“, проценува ДИХК. Штети од милијарди евра Уште повисоки трошоци предвидува истражувањето кое на крајот на февруари го претстави фондацијата Бертелсман. Штетите само за германската економија, според оваа студија, во наредните 10 години би изнесувале по околу 23,5 милијарди евра годишно.
четврток, 17 декември 2015, Бр. 248
БИЗНИС ИНФО
31
СВЕТСКИ ПОДВЛЕЧЕНО ПЕЧАТ Притоа треба да се потенцира дека студијата ја има предвид само трговијата. За целата ЕУ (без Луксембург, Малта, Кипар и Хрватска) авторите сметаат со штети по брутодомашниот производ до 143 милијарди евра годишно. Тие притоа поаѓаат од тоа дека цените на увозот во целиот Шенгенски простор поради контролите ќе се зголемат до 3 проценти. И во студијата направена од францускиот Институтот за стратешки истражувања се проценува дека цените на увозот ќе се зголемат до 3 проценти. Долгорочно, трговијата меѓу земјите од Шенгенскиот простор би можела да се намали за повеќе од 10 проценти. Економското постигнување во ЕУ би било пониско за 0,8%, што е отприлика - 110 милијарди евра. Ако земеме предвид... Секоја статистичка проценка во голема мерка зависи од појдовната основа. Тоа различните истражувања ги прави тешко споредливи едно со друго. Пример од студијата на фондацијата Бертелсман: статистичарите поаѓаат од тоа дека „контроли на внатрешните рганици на ЕУ ќе има“, иако во моментов се дискутира пред сѐ за контроли на Балканската рута. Статистичарите потоа преку својот софтвер проверуваат различни сценарија, како што е на пример зголемувањето на ценитена увозот за 3%, за да симулираат економски последици. И тогаш се користат економски модели кои се точни само под определени теоретски предуслови. Студијата на Бертелсман содржи само седум извори од литературата, од кои пет се поврзани со економски истражувања. Најстарото е од 1988 година, а три други се од 90-тите години, што значи од време кога ЕУ беше значително помала и кога еврото не постоеше. Само една студија е од 2016 година, и таа е од францускиот Институт за стратешки истражувања, кој во своите заклучоци доаѓа до сосема други бројки. Ризик Заклучок: сѐ уште не се знае ништо прецизно. Веројатно и затоа истражувањето на францускиот Институт за стратешки истражувања завршува со општо предупредување дека граничните контроли се „ризик за иднината на европскиот проект“. Претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер тоа го формулираше уште појасно: „Кој ќе го убие Шенген, ќе го закопа внатрешниот пазар.“(ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
БИЗНИС ИНФО
32
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 15 март 2016 година (вторник), со почеток во 9:00 часот во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
Семинар : „НОВ ЦАРИНСКИ ЗАКОН НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА“
Семинарот се организира согласно усвоената Програма на Партнерскиот проект ЦЕФТА-ДИХК. Царинскиот закон е дел од европската политика за модернизација на царинското работење којшто ќе се применува како нова регулаторна рамка на правила и процедури за царинско администрирање во цела Европска унија, а е усвоен на 9 октомври 2013 година во Регулативата (ЕУ) бр 952/2013 на Европскиот парламент и на Европскиот совет. Суштинските одредби од овој Царински закон што ќе стапат на сила на 1 мај 2016 година, во прв ред ќе се насочени кон: - усогласување на царинските прописи и процедури; - поголема правна сигурност и еднаквост на деловните субјекти; - зголемена транспарентност и поедноставување на царинските правила и процедури; - поефикасни царински трансакции во согласност со денешните потреби на бизнис-заедницата; - зголемено користење на електронски техники за обработка на податоци и електронски царински системи. Предавач на семинарот е господин Франк Гроскопф, царински екперт и консултант од Германија, кој на македонските компании ќе им ги претстави можностите и предизвиците при имплементација на одредбите на новиот Царински закон во ЕУ, а пред се`: - Измени и нови одредби (практични последици); - Овластен економски оператор (ОЕО); - Закон за царински долг; - Нови посебни постапки наспрема царински постапки со економски ефект; - Промени во Законот за царинска вредност; - Потекло на стока и преференцијални промени; - Задолжителни тарифни информации; - Привремено чување и гаранција; - Централизирано царинење - кога и како е можно? - Царински статус, ставање во царинска постапка, верификација, трансфер и обновување на стоки; - Рокови за имплементација, влегување во сила и обврзувачки одреби на новите правила; - Следни чекори, временска рамка, преодни аранжмани; - Совети за внатрешната имплементација на новите прописи. Сите учесници кои навреме ќе го пријават своето учество ќе добијат и соодветен работен материјал. Семинарот ќе се одвива на германски јазик, но за цело времетраење на истиот обезбеден е симултан превод на македонски јазик. Контакт: Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: ++ 389 2 3244034 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: biljana@mchamber.mk
Контакт: Влатко Стојановски Тел: ++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL
ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL
ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:
Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач
34
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Утрехт, Холандија, од 15-18 март 2016 година.
БИЗНИС-СРЕДБИ НА САЕМОТ ЗА ЕВРОПСКО ДОГОВАРАЊЕ И ИНЖЕНЕРСТВО „ESEF“
Enterprise Europe Network Македонија, Здружението на информатичкокомуникациски технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да воспоставите контакти со нови деловни партнери Ве информираме дека од 15 до 18 март 2016 година се организираат нови бизниссредби на Саемот „Јаарбеус“ во Утрехт, Холандија. „ESEF“ е најголемиот и најважниот саем во Бенелукс во областа на снабдувањето, склучувањето договори и инженерство. Еднаш на секои две години, производителите на оригинална опрема (ОЕМ), програмерите и купувачите го посетуваат Саемот „ESEF“ за да најдат инспирација во најновите случувања, да остварат нови деловни контакти, размена на знаења и да инвестираат. Повеќе информации за „ESEF“ се достапни на www.esef.nl. За време на одржувањето на „ESEF“ можат да се реализираат: • деловни состаноци; • областа за деловни состаноци се наоѓа во центарот на Саем; • широка меѓународна мрежа на партнери и помош на компаниите пред настанот; • стручна помош на самото место за време на настанот. Подетални информации за настанот може да се најдат на веб-страната: www.een-matchmaking.com/esef2016. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
36
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
На 17 март 2016 година во Стопанска комора на Македонија Во 10:00 часот, сала 4 на 5-ти кат
ДЕЛОВНИ СРЕДБИ НА МАКЕДОНСКИ И ШПАНСКИ КОМПАНИИ
Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка помеѓу Република Македонија и Кралството Шпанија, Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Република Бугарија организираат деловни средби на македонски и шпански компании. Билатералните средби ќе се одржат во рамките на трговската мисија на амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Бугарија. Трговската мисија ќе се реализира во Република Македонија. Како дел од делегацијата на трговската мисија ќе бидат присутни и еминентни шпански бизнисмени од различни области со коишто македонските компаниии ќе имаат можност да оставарат директни бизнис средби. Учество на настанот можат да пријават компании од областа на: • фармацевтската индустрија; • кондисторската индустрија; • градежништвото (градежни материјали, адитиви, изолациони системи); • електрометалната индустрија (генератори, филтри за базени, осветлување, електрани); • агро индустријата (сточна храна, адитиви во агроиндустријата) и др. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
БИЗНИС ИНФО
37
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 17 до 20 март 2016 година во Република Хрватска
МЕДИТЕРАНСКИ САЕМ ЗА ЗДРАВА ХРАНА, ЛЕКОВИТИ БИЛКИ И ЗЕЛЕНИ КУЛТУРИ Хотел „Тирена“, Бабин Кук - Дубровник
Посетата ја организира Стопанската комора на Република Македонија во соработка со„Дубровник Сан“. Медитерански саем за здрава храна, лековити билки и зелени култури се одржува по 13 пат и е една од позначајните саемски манифестации во Република Хрватска од областа на екологијата, традиционалното земјоделство и останатите земјоделски произвиди. Минатата година на Саемот учествувале 300 излагачи, а Саемот го посетиле преку 30.000 посетители. Оваа година саемската манифестација е ориентирана кон проширување на асортиманот на нови еколошки производи (хибриди, електрични возила, еко-мебел и гардероба), организирање денови на медот, како и подигање на квалитетот на еколошките и традиционално одгледуваните производи. Како и претходните, така и оваа година во рамките на саемската манифестација ќе бидат организирани и низа едукативни тркалезни маси и работилници, предавања и презентации со атрактивни културно-забавни гастроносмки содржини. Со цел да се развие и да се продлабочи контактот и да се отворат нови можности за соработка помеѓу хрватските компании и компаниите од светот, овогодинешниот 13. Медитерански саем за здрава храна, лековити билки и зелени култури има за цел на едно место да ги собере сите: • производители на житни култури, зачини и масла; • чај, кафе и опрема; • млеко и млечни производи; • замрзната и конзервирана храна; • свежи земјоделски производи и опрема; • лаборатории за испитување на храна; • производители на вино и алкохолни пијалаци; • производители на мед; • претставници на кондиторската индустрија и др.
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
38
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„GO - INTERNATIONAL“ – ТРЕНИНГ ЗА ВАШАТА ЛИДЕРСКА ИДНИНА Стопанската комора на Македонија во соработка со Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора – WIFI, лидер во образование и обука, кој овозможува пренос на know-how и ангажира странски експерти со долгогодишно искуство во светот бизнисот, Ви нуди можност да бидете дел од тренинг-програмата „GO - INTERNATIONAL“ - ТРЕНИНГ ЗА ВАШАТА ЛИДЕРСКА ИДНИНА, во која се применува ЛЕНА - модел на учење. Оваа обука се спроведува согласно меѓународно призната методологија којашто ја користат голем број врвни компании. За време на тренингот ќе бидат разработени следниве модули: Корпоративни финансии и финансиско известување; Управување со резултати во меѓународните активности и Менаџмент на човечки ресурси и мотивационо лидерство. Што е WIFI International? WIFI Институтот за економска промоција е партнер на австрискиот бизнис на полето на едукација и развој на човечки ресурси, со фокус на стручно образование и обука за мали и средни претпријатија. Водени од мотото на „доживотно учење“ целта на WIFI е да им овозможи на индивидуите кои се ориентирани кон успех и подобри перформанси, можности за одржливо и глобално знаење кое е потребно за да се исполнат идните општествени и економски предизвици. За да ја оствари оваа цел, WIFI одржува постојана размена на искуства со претприемачи, сопственици и менаџери за човечки ресурси. Врз основа на оваа врска и информациите кои ги добиваат од експертите како и врз основа на состојбите на пазарот на трудот, WIFI континуирано развива иновативни едукативни продукти кои се конзитентни со барањата на стопанството. Интернационален know-how трансфер Тимот на WIFI задолжен за интернационален know-how трансфер обезбедува семинари и менаџмент курсеви ширум светот кои нудат дополнителна предност на начин кој на учесниците кои што успешно ќе ги завршат овие курсеви им овозможуваат директен контакт со австриски компании, со цел да имаат активна улога во економскиот развој на целните земји додека истовремено имаат активна улога во отворањето на вратите кон австрискиот бизнис.
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
БИЗНИС ИНФО
39
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Поради интернационалниот фокус и директните контакти, праксата покажува дека австриските компании биле во можност да склучат договори за набавка со странски добавувачи вредни 138.000.000 САД долари на три години, благодарение на активностите на WIFI. Што го издвојува WIFI од другите тренинг-програми? Тренерите Ангажирани од WIFI се избрани по препорака од бизнис-заедницата. Тие гарантираат пренос на практични know-how техники, високи способности за предавање и теоретски заснована ексертиза и на тој начин осигуруваат дека знаењето стекнато преку курсевите на WIFI може да биде применето директно во соодветната професија. Обука се состои од три дела: 1. теоретски предавања; 2. практични примери; 3. дискусија - feedback, прашања и дијалози. Методологија на работа Со цел постигнување максимални резултати во текот на тренинг-програмата, методологијата се заснова на следните елементи: • индивидуален пристап во текот на обуката, развивање на упатства и насоки за потребите на секој учесник индивидуално; • фокус на практичниот аспект во текот на обуката; • дискусии и анализи на специфични студии на случај за време на работилниците; • обуката ја спроведуваат високо квалификувани и искусни тренери од интернационалната мрежа на WIFI; • посебно внимание се обрнува на изборот на преведувачи за симултан превод кои ќе мора да бидат високо квалификувани согласно стандардите на WIFI со цел најдобро можно пренесување на знаењето; • обуките се наменети за сите претпријатија. Детална програма за тренингот Модул 1: Корпоративни финансии (14-16 април 2016 година и финансиско известување * Содржина на модулот: * Ризици во финансирање на извозот и меѓународни договори; * Управување со ризик и методи за плаќање; * Транспортни документи, сертификати; * Меѓународни финансиски инструменти
Максимилијан Фоедингер)
Модул 2: Управување со резултати (5-7 мај 2016 година Маргит Венделбергер) во меѓународните активности * Содржина на модулот:
40
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ * - Европски пазар; * - Маркетинг стратегии за меѓународни пазари; * - Управување со ризик; * - Анализа на резултати; * - Управување со резултати. Модул 3: Менаџмент на човечки ресурси и мотивационо лидерство (9-11 јуни 2016 година Александра Веселиновиќ) * Содржина на модулот: * - Системи за управување со човечки ресурси; * - Видови на човечки ресурси; * - Управување со работа во тимови; * - Мотивација; * - Компанија, лидери, вработени. * Деталната агенда и содржината на секој од модулите можете да ја погледнете во прилог на овој документ. Времетраење на обуките Програмата се состои од 9 дена (3 поединечни модули, секој во времетраење од 3 дена) по коишто следува тестирање. Учесниците кои успешно го поминале тестот и кои оствариле 75% редовност на предавањата, можат да учествуваат на деловните средби организирани од Австриската федерална комора во Виена и да се стекнат со меѓународно признат сертификат. Сертификатите и дипломите кои ги добиваат учесниците се признати од бизнис-заедницата. WIFI Институтот е сертифициран по ISO стандардите и континуирано применува проверка на квалитет. * Напомена: Потребен број на учесници за реализација на обуките: 15 – 20 лица. Обуката нема да се реализира доколку не е формирана група од минимум 15 учесници. ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА: • Тренинг-курсот е дел од WIFI IKT е специјално дизајнирана програма за специфичните потреби, предизвици и можности со кои се соочуваат целните групи. • Овој курс на учесниците им обезбедува стекнување на финансиски и бизнис-основи коишто секој менаџер треба да ги поседува за да може да опстои во конкурентска средина и да стекне профит од својот бизнис. • Програмата нуди надградување на личните вештини, но и вештини потребни за водење бизнис и потребниот know-how за основање и развој на сопствениот бизнис со високо ниво на квалитет.
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
БИЗНИС ИНФО
41
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ • Учесниците учат: - како да се справат со пречките и предизвиците кои произлегуваат од недостаток на време, пари, искуство и други ресурси; - како да ги откријат начинот на размислување, визијата, вештините и стратегиите потребни за успех; - како да профитираат на пазарот; - како да размислуваат различно и стратегиски ориентирано со цел да го развијат бизнисот; - како да работат и да имплементираат иновативни стратегии; - како на најефективен начин да ги користат стратегиските партнерства со цел да се обезбедат повеќе можности и да се зголемат шансите за успех. • Учесниците можат да се вмрежат со претприемачи и менаџери од австриски компании. • Учесниците добиваат искуство од странски експерти. Котизацијата за сите WIFI обуки изнесува 54.900 денари + ДДВ и истата вклучува: * обука за конкретна програма во времетраење од 9 дена (3 модули x 3 дена) и тридневен престој во Виена, Австрија; * хотелско сместување во двокреветни соби во Виена; * превоз аеродром – хотел – аеродром; * преведувач за време на престојот во Виена и за време на целата обука; * работни материјали; * организација и присуство на Бизнис форум и индивидуални термини за учесниците; * организирана свечена вечера во Виена и доделување на WIFI сертификати. *Во котизацијата не е вклучен превозот Скопје – Виена – Скопје.
Краен рок за пријавување: 24.3.2016 година. Напомена: Ве молиме, да се има предвид дека согласно Меморандумот за соработка со WIFI International, Стопанската комора на Македонија не е во можност да прими пријави по истекот на крајниот рок. Истиот рок се однесува и на уплатите за котизација за обуката. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел:++ 389 2 3244084 E-адреса:ivona@mchamber.mk Контакт: Симона Ристоска Тел:++ 389 2 3244067 E-адреса:simona@mchamber.mk
42
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 27 до 31 март 2016 година
БАЛКАНСКИ ФОРУМ ДОХА - ДУБАИ - АБУ ДАБИ
Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Република Македонија, Катар и Обединетите Арапски Емирати, Стопанската комора на Македонија, во соработка со „MyLeisureAdvisor“ Ltd, организира посета на претстојниот „Балкански Форум – Доха – Дубаи – Абу Даби 2016“. Овогодинешниот Форум претставува повеќедневен настан за претставување на понудата на производи на компании од балканските земји, како и запознавање со културата, бизнисклимата и правната регулатива во овие земји пред пошироката јавност во Катар и во Обединетите Арапски Емирати. Форумот претставува можност за поврзување на компаниите од балканските земји со компании од горенаведените земји за започнување на меѓусебна соработка. Настанот ќе се одржи во Доха, Катар, и во емиратските градови Дубаи и Абу Даби, во периодот од 27 - 31 март 2016 година, со следниот распоред: • Доха 27 - 28 март 2016 година; • Дубаи 29 - 30 март 2016 година; • Абу Даби 31 март 2016 година. Оваа година на Форумот се очекуваат повеќе од 150 учесници од Катар и од Обединетите Арапски Емирати и повеќе од 70 учесници од Македонија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина од следните дејности: • градежништво и проектирање (нискоградба и високоградба); • информатичка технологија (производство на компјутерски софтвер и високотехнолошки производи); • медицина (производство на фармацевтски
производи и медицинска опрема); • прехранбена индустрија (производство на раноградинарски производи, овошје, зеленчук, сувомесни и кондиторски производи); • енергетика; • туризам; • металургија и рударство. Сите пријавени за учество на Форумот сами ги подмируваат трошоците за: o повратна авионска карта; o визи за Катар и за Обединетите Арапски Емирати; o хотелско сместување за шест ноќевања со вклучен појадок; o локален превоз; o деловни ручеци и o деловни средби со компании. Цената на целосниот аранжман изнесува 2.175,00 САД долари (фиксна цена без разлика на можни дополнителни варијабилни трошоци). Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
БИЗНИС ИНФО
43
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Семинар : „ ВЕШТИНИ ЗА ВОДЕЊЕ УСПЕШНА НАБАВКА ВО ВАШАТА КОМПАНИЈА“
На 30 март 2016 година, 9:00-16:00 часот во Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ПРОГРАМА •Поим и значење на набавките; •Цели и задачи на набавките; •Организација во службата за набавка; •Внатрешна организација за набавки; •Односот на набавките со другите функции; •Работна политика за набавките; •Планирање на набавките; •Стручни кадри за набавка; •Методи и канали за набавка; •Евиденција на набавките; •Анализа на набавките; •Електронска резервна аукција. Предавач: Игор Чика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Траење на обуката и начин на работа - Обуката трае еден ден, од 9:00 – 16:00 часот. - PowerPoint презентација, студија на случај, работилница. - Работен јазик на обуката: српски. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
44
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 1 до 3 април 2016 година во Република Хрватска
МЕЃУНАРОДЕН ПРОЛЕТЕН САЕМ ВО БЈЕЛОВАР
Стопанската комора на Македонија, во соработка со„Bjelovarski Sajam“ ве покануваат да бидете дел од 19. Меѓународен пролетен саем, што ќе се одржи во Бјеловар, Р. Хрватска. Целта на саемот е да биде единствениот стручен собир кој на едно место ќе ги собере сите приватни сопственици на шуми, шумарски фирми, добавувачи на технологија, креатори на политика, како би ги дискутирале клучните проблеми и би дале клучни насоки за напредок на приватното шумарство. Во склоп на саемот ќе се организира и Втор собир на млади земјоделци на кој ќе учествуваат претставници од Министерството за земјоделство на Република Хрватска и фирми како што се Подравка и Агрокоп. Стопанската Комора на Македонија на учесниците им овозможува презентирање на бесплатен штанд. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
БИЗНИС ИНФО
45
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Саем и конференција: ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
Од 5 до 7 април 2016 година, во Софија, Р. Бугарија
Стопанската комора на Македонија во соработка со Саемот „Виа Експо“ од Софија, организираат посета на претстојниот Саем и конференција на тема: Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во Југоисточна Европа, што ќе се одржи во периодот од 5 до 7 април 2016 година во Софија, Р. Бугарија. МАНИФЕСТАЦИЈАТА Е СОСТАВЕНА ОД ДВА ДЕЛА: 1. САЕМСКА ИЗЛОЖБА – “Waste management and recycling exhibition” Датум: 5-7 април 2016 година Фреквенција: Годишен настан Издание: 12-то. Организатор: „Виа Експо“ Место на настанот: Софија, „Интер Експо Центар“ Работно време за посетители: 5-6 април 2016 г. од 10:00 до 18:00 часот; 7 април 2016 г. од 10:00 до 17:00 часот. Како и секоја, така и оваа година саемската манифестација има за цел да претстави голем број нови технолошки достигнувања од областа на енергетиката и обновливите извори на енергија со што воедно претставува и почетна точка за лансирање на иновативни производи. Саемот го поттикнува развојот на енергетскиот сектор и иницира се` повеќе да се користат системски решенија за заштеда на енергијата во Југоисточна Европа. Саемот и оваа година ќе ги претстави најновитте решенија во делот на изолационите системи, уреди за складирање енергија, системи за заштеда на енергија, опрема за греење и ладење, системи за производство на обновлива енергија, комбинирано производство и други иновативни и ефикасни решенија. 2. БИЗНИС-ФОРУМИ 2.1. Бизнис-форум „Управување со отпад и рециклирање” 2.2. Бизнис-форум „ Паметни градови“ За подетални информации во врска со настанот, Ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk . Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
46
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
7 април 2016 година, Софија, Република Бугарија
БИЗНИС-СРЕДБИ „INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2016“
Enterprise Europe Network Македонија, Здружението на информатичкокомуникациски технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да воспоставите контакти со нови деловни партнери
конференции за учесниците. Информациите во врска со претходните изданија на изложбата се на располагање на горенаведените веб-сајтови. Целна група се претставници на светски компании кои работат во секторите за автоматизација, роботика, машиноградба, металургија, леење и алати, електротехника, индустриска електроника, компоненти, мерење, телекомуникации, услуги и др. Консултантски компании и посредници, без техничка експертиза во соодветните сектори не се целна Ве информираме дека Enterprise Europe Network во соработка со Интер Експо Центар ги повикува група на овој настан. заинтересираните индустриски компании да учествуваат на годишниот брокерски настан, со однапред договорени Предности за претставници на компании: • директни средби со нови партнери и клиенти, со можност деловни средби, „INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2016“ на 7 април однапред да се организираат деловни состаноци; 2016 година (четврток), од 10: 30-18: 00, во Софија, Република • можност за влез на нови пазари и претставување на сектори и земји; Бугарија. Деловните состаноци ќе се одржуваат за време • стекнување на нови прекугранични контакти; на меѓународните изложби „MachTech & Innotech 2016“ и • промовирање на технологии и знаења; • дознајте ги најновите трендови во машинската и „Булконтрола 2016“. Саемот „MachTech & Innotech“ (http://machtech.bg/ електроиндустријата; en ), што ќе се одржи од 5-8 април 2016 година, е најголемиот • контакти меѓу изложувачите и посетителите на саемот; меѓународен саем на машини, технологии и индустриска • стручна помош и совети од страна на персоналот на координаторот пред, за време и по настанот. опрема. Целни сектори: - „MachTech“: машини за сечење метал, опрема за Учеството на овие деловни средби е бесплатно. Работен заварување, пумпи, компресори, хидраулични машини и јазик: англиски. алатки, пневматски машини и алатки, ласерска опрема; - „Innotech“: индустриска автоматизација и софтвер, системи За регистрација можете да ја посетите вебза автоматизација, контрола и мерење, опрема, индустриска страницата: http://www.b2match.eu/imm2016 електроника, опрема, роботика. Целни сектори на „Булконтрола“ (http://bulcontrola.com/en/bulcontrola), што ќе се одржи од 5-8 април Аплицирај електронски / on-line 2016 година, се: контролни и мерни уреди, аналитичка и лабораториска опрема, софтвер, електроиндустрија и Контакт: Лазе Ангелевски индустриски електрична опрема, системи за мониторинг, Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 заштита на животната средина. Оваа година се дава можност за учество во E-адреса: laze@mchamber.mk различни придружни настани, како работилници и
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
БИЗНИС ИНФО
47
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИТЕ И ТЕХНИКИТЕ ЗА ПРОЦЕНКА И ЕЛИМИНИРАЊЕ НА РИЗИКОТ ВО КОМПАНИЈАТА ПРЕКУ ОСНОВНИОТ СТАНДАРД ЗА МЕНАЏМЕНТ НА РИЗИК ISO/IEC 31010:2009“ Организираност на советувањето: Ова дводневно советување е организирано по принцип на тренинг-обука, каде учесниците низ предавања и практични вежби ќе стекнат нови и ќе ги унапредат постојните знаења за управување со ризиците од аспект на примена на стандардите кои се занимаваат со управување на ризиците ISO 31000 и ISO/IEC 31010. По завршување на тренингот ќе се стекнат со сертификат на научени вештини и знаења од „TQM Konsalting” ДОО во Нови Сад.
Теми кои ќе се обработуваат на советувањето:
ВОВЕД ВО МЕНАЏМЕНТОТ СО РИЗИК - Целта и користа од управувањето со ризикот; - Преглед на термини и дефиниции; - Преглед на рамката за управување со ризикот; - Преглед на процесот за управување со ризикот; - Идентификација на ризикот; - Анализа на ризикот: контролна процена, анализа на последиците, веројатноста на анализата и веројатноста на проценката, прелиминарна анализа, неизвесност и осетливост; - Евалуација на ризикот; - Пратење и преглед на проценка на ризикот; - Преглед на техниката за процена на ризикот. ISO/IEC 31010:2009 – МЕНАЏМЕНТ СО РИЗИК – ТЕХНИКИ ЗА ОЦЕНКА НА РИЗИКОТ - Техники за идентификација на ризикот- BUSINES IMPACT ANALISIS – BIA; - Техники за анализа на ризикот: Последици, веројатност и степен на ризикот; - Техники за процена на ризикот; - Како да се одбере вистинска техника за оценка на ризикот?
Предавач: Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. АРАНЖМАН: - Цена за сместување во двокреветна соба по учесник изнесува 105 евра. - Цена за сместување во еднокреветна соба по учесник изнесува 146 евра. (* Плаќањето е по добиена про-фактура од Хотел „Парк“ – Белград на ваша електронска пошта)
Советување 14-16.4.2016 година Хотел „Парк” - Белград /www.hotelparkbeograd.rs
Превоз: - Цената за организиран превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје - Белград - Скопје по учесник изнесува 2.650,00 денари. (тргнување на 14 април 2016 година, во 6:00 часот и враќање на 16 април 2016 година во попладневните часови). Котизација за совеувањето: - Котизацијата за дводневното советување изнесува 4.500 денари + 18% ДДВ (5.310 денари); • Секој трет и нареден учесник добива 20% попуст на котизацијата. Во цената на сместувањето е вклучено: - 2 ноќевања со појадок во Хотелот „Парк“ www.hotelparkbeograd. rs; - организација на советувањето; - 1 коктел за добредојде; - 1 ручек; - кафе и освежување за време на паузите. Во цената на аранжманот не е вклучено: • патничко осигурување и индивидуални факултативни трошоци. Последен рок за пријавување: 7 март 2016 година. Минимален број за реализирање на ова советување е 15 учесници. За сите учесници на советувањето ќе биде обезбедено: - работен материјал; - сертификат за сертификат на научени вештини и знаења од “TQM Konsalting” ДОО во Нови Сад. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
48
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 20 до 22 мај 2016 година во НР Кина
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ТУРИЗАМ 2016 – BITE ВО ПЕКИНГ
Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, да им овозможи на излагачите промоција на своите услуги, да ги зајакнат своите брендови, како и да ја подобрат својата меѓусебна соработка со професионалци од истата дејност. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми. Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 81 држава и 27 локални провинции, а се очекуваат и над 120.000 посетители од целиот свет. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
БИЗНИС ИНФО
49
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„КИНА – ЦИЕ“ - САЕМ ЗА ИНВЕСТИЦИИ И ТРГОВИЈА НА ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА
Од 9 до 12 јуни 2016 година во провинција Жеџијанг, Нингбо, НР Кина
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Меѓународниот изложбен центар „НИНГБО“, ве покануваат да земете учество на овогодинешниот„Кина - ЦИЕ“ - Саем за инвестиции и трговија на Централна и Источна Европа. Настанот ќе се одржува во Меѓународниот изложбен центар „Нингбо“, во провинцијата Жеџијанг, НР Кина. „Кина - ЦИЕ“ - Саем за инвестиции и трговија на Централна и Источна Европа е првиот сеопфатен тематски настан што ќе се занимава исклучиво со инвестиции и трговска размена меѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа. Главни организатори на настанот се Министерството за трговија на НР Кина и Владата на провинцијата Жеџијанг, а како коорганизатори се надлежните служби и бироа во рамките на Министерството за трговија, Владата на Нингбо и Министерството за трговија на провинцијата Жеџијанг. Со тема „Промовирање на соработката и заеднички развој”, ЦИЕ Експо оваа година ги постави своите активности во четири групи: • Инвестициски симпозиум во којшто се вклучени владини и коморски претставници; • Саем на којшто ќе бидат претставени повеќе од 3.000 најразлични производи за широка потрошувачка, на површина од над 5.000 м2; • Конференции и форуми - соработка помеѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа; 2. Форум на тема: Меѓуопштинска соработка - Кина и земјите од Централна и Источна Европа; Соработка во едукативниот систем и др.; • Културна размена - промоција на туристичката соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа; 3. Светска изложба на фотографии - Како Кина го гледа светот; јазични работилници и др. Како и претходните, така и оваа година, со цел зајакнување на одличната партнерска релација со Саемот „НИНГБО“, Стопанската комора на Македонија обезбедува дополнителни поволности и бенефиции за сите заинтересирани посетители и излагачи на претстојниот настан. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
50
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 11 до 17 април 2016 година Меѓународен саем за градежни машини, машини за градежни материјали, рударски машини, градежни возила и алати во СР Германија
„БАУМА 2016“ ВО МИНХЕН
Посетата ја организира Стопанската комора на Македонија, во соработка со Германската стопанска комора во Македонија. Овој стручен саем се одржува еднаш на 3 години. Сите подбранши, сите лидери на пазарите, сите важни иновации и најактуелни информации можете да ги најдете на едно место. Водечкиот светски саем „БАУМА“ е водечка платформа во глобални рамки за експерти од оваа индустрија. Тука се сретнуваат клучните играчи на меѓународно ниво. На оваа манифестација во 2013 година беа надминати сите очекувања и досегашни резултати: - 575.000м2 изложбена површина; - 3.421 изложувач од 57 земји во светот; - 535.0 65 посетители од преку 200 земји во светот; - 125.850 стручни посетители од областа на рударството; - 1.475 новинари и претставници на разни медиуми. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk Контакт: Марија Петроска Тел: ++ 389 2 3244017 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija@mchamber.mk
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
БИЗНИС ИНФО
51
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„THE FUTURE OF BUILDING“– (ИДНИНАТА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР)
Конференција и меѓународни деловни средби во Австрија http://www.b2match.eu/building2016 18-19 април 2016 година, во Виена
Стопанската комора на Македонија во организација на Стопанската комора на Австрија преку ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на оваа Конференција. На овој дводневен настан главен акцент ќе се даде на европските можности на градба и влијанието на енергетската ефикасност врз градбите од следните сектори: • инженерство и планирање - архитектура и градежни услуги; • градежништво -договори за подизведувачка работа; • градежни материјали - видови; • обновливи енергии - технологии за градење и клима уреди; • бизнис-агенции (кластери и асоцијации), агенции за планирање на нов/стар простор. Конференцијата и деловните средби ќе обезбедат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка со можност да се дознае повеќе за најновите трендови на иновативни решенија за градење објекти од високоградба, за континуиран и одржлив процес на реновирање на старите објекти и изградба на висококвалитетни згради со цел да се најдат нови деловни партнери за соработка како добавувачи, изведувачи, дистрибутери и слично. Учеството на Конференцијата и деловните средби е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: http://www.b2match.eu/building2016.
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
52
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 22 до 24 април 2016 година во Сиан, НР Кина
САЕМ ЗА БИЗНИС И РЕКРЕАТИВЕН ТУРИЗАМ 2016 (CXSRITE)
Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година има чест да ве покани да земете учество или да го посетите 3. Интернационален саем за бизнис и рекреативен туризам 2016 (CXSRITE), што ќе се одржи во Сиан, Народна Република Кина. Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, а воедно и да ги промовира некогаш актуелните програми и пакети за патувања по Патот на свилата. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми. Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 30 држави, а се очекуваат и над 50.000 посетители од целиот свет. Саемот е наменет за сите компании што се занимаваат со туристичко-угостителска дејност. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество или за посета на Саемот најдоцна до 1.4.2016 година (петок). Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
53
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
БИЗНИС-СРЕДБИ „AgroB2B@NSFair“ НА САЕМОТ ВО НОВИ САД
Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери
Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија организираат учество на Бизнис-средбите „AgroB2B” во Нови Сад, Република Србија, на 16.5.2016 година. Овие средби ќе се организираат за време на одржувањето на Меѓународниот саем за земјоделие во Нови Сад. Главна целна група се производителите и трговците на мало со храна и пијалаци, но сепак настанот е отворен и за сродните сектори, како што се: земјоделски машини, вештачки ѓубрива и пестициди, пакување, земјоделството како извор на обновлива енергија, опрема за производство и преработка на храна, применета наука и истражување, итн. „AgroB2B@NSFair“ jа охрабрува деловната соработка, изразена преку поголем обем на трговија на прехранбени производи во странство, со поврзување на производството, инвестициите и заедничкиот настап на трети пазари, како и соработката во размената на знаењето и технологиите и особено во подобрувањето на конкурентноста преку заедничко учество во националните и европските програми и фондови. Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е водечки саем на агробизнисот во Југоисточна Европа. Во 2016 година, земја-партнет е Холандија. Учеството на настанот е бесплатно, но потребно е да обезбедите билет за влез на Саемот, како и да си ги покриете трошоците трошоците за превоз и сместување во Нови Сад. Пријавата и барањето за учество на меѓународните бизнис-состаноци „AgroB2B@NSFair“ можете да го направите преку линкот http://agrob2b.talkb2b.net Контакт: Лазо Ангелевски Тел: (02) 3244090 Факс: (02) 3244088 Е-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
54
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 9 до 12.6.2016 година во Охрид, Република Македонија
VII МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕТАЛУРГИЈАТА, МАТЕРИЈАЛИТЕ И ЗАШТИТАТА - ММЕ
Организатори се Здружението на металурзите и Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, со поддршка од Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија. Конгресот е поддржан од владини институции и од македонската индустрија. Претседателот на Организациониот комитет, проф. д-р Свето Цветковски ги повикува авторите од универзитети, истражувачки центри, институти, како и претставници на индустријата да ги пријават своите студии за широкиот спектар на разни теми.
Теми: • Физичка и механичка металургија (PMM); • Екстр активна металургија (ЕМ); • Пластична деформација и обработка на метали (PDMP); • Заварување (W); • Леење на метали (КО); • Electrometallurgy (Е); • Корозија и заштита на метали (CPM); • Процес инженерство и менаџмент (PEM); • Nanomaterial и Нанотехнологија (НН); • Нови и напредни материјали (ДНЗ); • Заштита на животната средина (ЕП); • Минимизирање на отпадот и рециклирање (WMR); • Огноотпорни материјали (РМ); • Образование (EDU).
Котизацијата за конгресот изнесува 100 евра по учесник. Во цената е вклучено: - коктел за добредојде;- претставување документи; - работни материјали и - свечена вечера. Дополнителни информации: cmum16@tmf.ukim.edu.mk www.tmf.ukim.edu.mk/cmum16
Контакт: Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: zorica@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Osnovana 1922
Founded 1922
БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија
Уписите се во тек!
56
БИЗНИС ИНФО
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА вина на македонскиот пазар. Валидност до 6.5.2016 година. Производители на вина со географско потекло од Унгарија, со специфични карактеристики за тоа поднебје, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. Валидност до 6.5.2016 година. Компанија од Бугарија со традиција од деведест години во производството на алкохолни пијалаци, ракија и вина, бара компании од Р. Македопнија за соработка. Валидност до 6.5.2016 година. Компанија од Македонија нуди за продажба градежно земјиште. Земјиштето се наоѓа на Водно во близина на Турската Амбасада и комплексот Соравија Ресорт. Земјиштето има површина од 7540 м2 и е за градба со намена класa В4 (државни институции). Една од водечките задруги во Нова Загора, Валидност до 6.5.2016 година. Р. Бугарија, производител на триесетина десертни и вински сортни лози и грозје, Група компани кои се трет по големина произведува и саден материјал, лози, репка, малопродажен синџир во Литванија, сончоглед, пченка, луцерка, овошни култури, поседуваат продавници со огромна палета на бара компании за соработка од Р. Македонија. производи, а работат и во областа на логистика, Валидност до 6.5.2016 година. меѓународна шпедиција, недвижности за изнајмување и други области. Бараат компании Производител на ексклузивни вина од за соработка од Р. Македонија. автохтони сорти винова лоза од Унгарија, бара Валидност до 6.5.2016 година. пратнери за соработка и пласман на своите
четврток, 10 март 2016, Бр. 258
БИЗНИС ИНФО
57
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА
Компанија од Литванија која поседува синџир на маркети, со широка палета на квалитетни производи, стока за широка потрошувачка и се наоѓа на 8-мо место од педесетте најголеми и најуспешни компании, бара компании за соработка од Р. Македонија. Валидност до 6.5.2016 година. Компанија од Литванија производител на природни здрави пијалаци, кои не содржат конзерванси, вештачки бои, вештачки вкус и немаат маснотии од Алое Вера, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 6.5.2016 година.
www.mchamber.mk
Компанија од Литванија која се занимава со дистрибуција и посредување во трговија, нуди целосен пакет на услуги, од логистика, дистрибуција, маркетинг, рекламни мерки за да се обезбеди успешно воведување на нов бренд на пазарот. Компанијата бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 6.5.2016 година.
Контакт: Ванчо Спасески Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-095 Факс: +389 2 3244-088 vanco@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088