СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БИЗНИС ИНФО
четврток, 09 декември 2010
1
Членка на: Број 33 од 09.12.2010
контакт call центар (02) 15015
www.mchamber.mk
Македонија досега не заштитила ниту еден производ, или трговска марка
ПРОПИСИТЕ ДОНЕСЕНИ, НА РАФТОВИТЕ „СКРСТЕНИ РАЦЕ“ Менаџерите со констатација
КОМПАНИИТЕ СЕ МЕНУВААТ, ДРЖАВАТА СО ГОДИНИ ИСТА!
Како кризните кредити полесно и поефикасно да стигнат до стопанството?
БАНКИТЕ БАРААТ ИЗДРЖАНИ ПРОЕКТИ, БИЗНИСОТ ПОДОЛГИ РОКОВИ НА ОТПЛАТА
БИЗНИС ИНФО
2
Издвоено
КОМПАНИИТЕ СЕ МЕНУВААТ, ДРЖАВАТА СО ГОДИНИ ИСТА! Во време на криза не може да се прават некои глобални предвидувања и мора работењето дневно да се следи и адаптира на условите на пазарот. Од 2008 година, кога се случи кризата, правиме дневни реструктурирања во работењето на „Тиквеш„. Посебно што „Тиквеш„ е компанија која има широко портфолио, а таквите компании мора постојано да бидат будни и да го следат портфолиото и како тоа се однесува на пазарот, да ги менуваат работите кои не функционираат и да промовираат нови производи. На пример, во септември и октомври 2008 година очекувавме дека заради кризата ќе изгубиме еден дел од потрошувачите или дека ќе се намали делот на потрошувачи од погорната категорија кои купуваат скапи вина. Заради таквите проценки, кои се покажаа како точни, на пазарот понудивме нови производи кои се наоѓаат меѓу економскиот и високиот ценовен сегмент на вина. Тоа го направивме со цел оние потрошувачи чии приходи паднале во време на кризата да не бидат повредени дека сега треба да паднат во долниот слој на потрошувачи, туку да добијат производи кои ќе бидат достојни на таа категорија потрошувачи. Промените кои се случуваат на пазарот бараат постојана дневна ангажираност, не само гледање глобално на стратегијата, туку дневно фокусирање на работењето на компанијата. Во Македонија бизнисот не е навикнат на стабилни времиња, па мислам дека во такви стабилни услови за
водење бизнис ќе ни бидат потребни многу поголеми промени. Иако во 2008 година во „Тиквеш„ беше променет целиот концепт на работење, ние и ден денес постојано анализираме и се трудиме да го менуваме сето тоа што не е добро и што не функционира. За жал, таквиот принцип не се практикува и на ниво на државата, односно оние работи кои не функционираат не се менуваат со години, иако се покажа дека не функционираат. Очекувам „Тиквеш„ да биде најдобар регионален играч, затоа што има далеку подобри перформанси во работењето од која било друга компанија од винарската индустрија. Но, сметам дека плафонот на „Тиквеш„ не е регионот, туку дека „Тиквеш„ може да биде еден од значајните играчи во винската индустрија во Европа и светот. На среднорочен план ги гледам „Тиквеш„ и македонските винарници како сериозни играчи на регионалните и европските пазари. Мислам дека нема да помине многу време за да бидеме прифатени и признаени како земја производител на квалитетно вино. Овој регион уште од времето на Римската Империја е познат по производството на вино. Во старите записи стои дека Римјаните тргувале од два региона - од Тиквешкиот регион со виното „краточија„ и од Далматинскиот регион. Кога е во прашање иднината на „Тиквеш„, предизвиците се многу големи. Има голема приказна и соништа во виното. Виното не е само обичен производ. Тоа е многу, многу повеќе. (Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на Винарската визба „Тиквеш“ од Кавадарци)
Покровители
четврток, 09 декември 2010
СЕКОЈА ВЛАСТ СО СВОИ ФИРМИ Зошто велам корупција во приватниот сектор или јавните набавки? Поради тоа што односот на јавниот со приватниот сектор во најголем случај се јавува токму по пат на јавните набавки! Таа нишка на приватниот со јавниот сектој која е постојана од осамостојувањето па досега, придонесува за корупцијата по пат на јавните набавки, значи со тендерските постапки. Се појавува често момент на корупција и тоа во сите сегмени на јавните набавки, од тендерската документација, спроведување на набавките, реализација на договорите итн. И ако се изврши анализа од 1990та година па наваму, ќе видите дека како се менуваат властите, така се менуваат и фирмите што работат за интересите на јавниот сектор, буквално ќе видите дека едни исти фирми се појавуваат, да речеме во градежниот сектор, во другите сектори, постојано едни исти фирми се јавуваат, додека е една гарнитуа на власт, а кога доаѓа друга гарнитура се менуваат и гарнитурите на фирми. И ова само по себе говори дека итно нешто како систем ќе мора да сториме за да ја спречиме корупцијата. (Иљми Селмани, претседател на Државната антикорупциска комисија)
БИЗНИС ИНФО
четврток, 09 декември 2010
3
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Македонија досега не заштитила ниту еден производ, односно трговска марка
ПРОПИСИТЕ ДОНЕСЕНИ, НА РАФТОВИТЕ „СКРСТЕНИ РАЦЕ“ Пишува: Стојмирка Тасевска
1. Сертификат за заштитено потекло на производот (Protected Designa�on of Origin – PDO), кој производ е заштитен по основ на описот на прехранбениот производ, кој сертификат се потврддува со приложениот жиг на етикетите на производите, даден од ЕУ;
Кога еден производ од една земја, како трговска марка е препознатлив надвор од националните граници, може да се најде во конкуренција со производи кои се претставуваат дека се тој оригинален производ, земајќи го неговото име, односно 2. Сертификат за заштита по основ на претставувајќи се дека е „оригиналната географско потекло (Protected Geographical Indiтрговска мрака“ од тој производ. Затоа, во ca�on – PGI), кој бара географска поврзаност на ЕУ уште во 1992 година, воведени се правила, со кои се производство. заштитува оригиналот на трговската марка на земјоделско –прехранбените производи (Регулатива на Советот (ЕЕЗ) бр. 3. Сертификат за заштита на производи , по 2081/92 од 14 јули 1992 година за заштита на географски основ на начинот на производство- произведени ознаки и ознаките на потекло за земјоделски и прехранбени по традиционални услови (Tradi�onal Specialпроизводи; Регулативата на Советот (ЕЕЗ) бр. 2082/92 од 14 ity Guaranteed – TSG), се заштитува по основ на јули 1992 година за сертификати за специфичен карактер начинот на производство, кој има традиционален на земјоделски производи и прехранбени производи). карактер или значење на производството. Наведените регулативи даваат можност за Овие заштитни знаци се користат за сите регистрирање на трговските марки во ЕУ, согласно главните прехранбени производи, освен за виното, чија заштита е специфичности на производот, со што се обезбедува заштита обезбедена со посебна регулатива која се однесува само на истите, преку добиените жигови за PDO, PGI и TSG. за виното и алкохолните пијалоци Значи со регистрацијата на трговската марка за заштита на производот во ЕУ, согласно регулативата на ЕУ, тој производ добива ВИНО Согласно Регулативата на Советот (ЕС) бр. 479/2008 за заедничко организирање на пазарот на вино, и амандманите на Регулативите (ЕС) бр. 1493/1999, (ЕС) бр. 1782/2003, (ЕС) бр. 1290/2005, (ЕС) бр. 3/2008 и укинување на Регулативите бр. 2392/1986 и (ЕС) бр. 1493/1999 и виното може да се заштити по оригинални и по географски индикации. ГЛАВА IV Ознаки за потекло и географски називи Дел 1 (Дефиниции) ... Член 34 (Дефиниции) 1. За целите на оваа Регулатива се применуваат следните дефиниции: (а) „ознака за потекло„ означува име на еден регион, конкретно место, или во исклучителни случаи, држава која се користи за опис на производот од член 33(1) што е во согласност со следните барања: (i) квалитетот и карактеристиките на виното се во суштина и исклучително должни на одредената географска средина, со своите природни и човечки фактори; (ii) грозјето од кое тоа е произведено виното доаѓа исклучиво од оваа географска област; (iii) неговото производство се одвива во оваа географска област; (iv) тоа е добиено од видови на лоза кои припаѓаат на Vi�s vinifera; (б) „ географска ознака„ значи индикација што се однесува на регионот, специфично место или, во исклучителни случаи, држава која се користи за опис на производот од член 33(1) што е во согласност со следните барања: (i) тоа да поседува конкретен квалитет, репутација или други карактеристики кои се атрибути на тоа географско потекло; (ii) најмалку 85% од грозјето кое го користи во своето производство да доаѓа исклучиво од оваа географска област; (iii) производството на виното да се одвива во оваа географска област;
4
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
БИЗНИС ИНФО
четврток, 09 декември 2010
(iv) виното да се добива од видови на лоза кои припаѓаат на Vi�s vinifera или на вкрстување на видовите на Vi�s vinifera и други видови од родот на Vi�s. 2. Некои традиционално користени имиња ќе претставуваат ознака за потекло, кадешто тие: (а) го назначуваат виното; (б) се однесуваат на георгафскиот назив; (в) ги исполнуваат условите наведени во став 1 (а) (i) до (iv); (г) се подложни на постапка на доделување заштита на ознаки за потекло и географски ознаки пропишани во оваа глава. 3. Ознаките за потекло и географските ознаки, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на географски области во трети земји, ќе бидат прифатливи за заштита во Заедницата, во согласност со правилата утврдени во оваа глава. Според листата заштитени трпезни вина со географски индикации, (во прилог), Грција има заштитено 109 производи на трпезно вино според регионалното потекло, меѓу кои е и „Вино од регионот Македониа“ Листа на имињата на географските единици помали од земја-членка како што е наведено во член 51 (1) од Регулативата (ЕЗ) бр. 1493/1999 (трпезни вина со географска ознака) (Објавена во согласност со член 28 (а) од Регулативата (ЕЗ) бр. 753/2002) - (2009 / C 187/02) (Оваа листа ја одразува состојбата на 31 јули 2009 година. Таа ја откажува и заменува листата објавена во Службениот весник на Европската унија C 67 од 12 март 2008 година, стр.9) Трпезно вино со географска ознака
Закон на земјата членка
Службен весник на земјата членка
Μακεδονικός Τοπικός Οίνος Еквивалентен термин: Регионално вино од Македониа-Македоникос
340576 /1.9.1989 380238/31.7.2000
649 /В/ 15.9.1989 1012/В/ 10.8.2000
МАКЕДОНИЈА БЕЗ ЗАШТИТА Македонија, досега не заштитила ниту еден производ. Прописите за овие активности се донесени, но се’ уште не е започната нивната имплементација. Дотогаш производите ќе се извезуваат без овие обележја и постои реална опасност она што го сметаме за македонски производ да го сретнеме на рафтовите на продавниците како заштитен производ на некоја друга земја Заштитните жигови ќе значат дека производите се квалитетни и стандардизирани, за што сега немаат потврда. „Во мерките за квалитет спаѓа и заштитата на индустриското право, која во себе ги вклучува меѓународните заштитни жигови или марки за производи кои се со додадена вредност, како што се: производите со географско потекло на пример малешевското сирење, заштита на потеклото како нација - македонски ајвар и заштита на традиционалните специјалитети - биено сирење. Кај нас се вели дека имаме многу производи, препознатливи за нас и за нашето поднебје, но тие не се меѓународно заштитени“. Прописите за заштитен жиг се донесени од страна на Министерството за економија и според нив постапува Заводот за индустриска сопственост, каде што спаѓаат марките на прехранбено земјоделски производи, коишто сака да ги заштити нашата земја. Кај виното, согласно Законот за вино, истакнувањето на географско потекло на етикетата е обврска, но ако не е заштитено меѓународно, тоа не важи. Ајварот, јагнешкото месо и сирењето коишто имаат извозен потенцијал, се’ уште не се меѓународно заштитени или регистрирани. Тоа е процес кој долго трае, но се базира на пропис. Со прописот се поставуваат стандардите за тој производ, кои треба да бидат почитувани за да биде меѓународно заштитен. Без стандарди, тоа ќе биде нестандардизиран производ што не може да влезе во таа категорија и автоматски нема да биде прифатен. Со регистрацијата, обврска е и формирање контролни тела, кои ќе вршат контрола, научни тела кои ќе го проверуваат тоа и на крај државни тела кои треба да го регистрираат и да му дадат поддршка на целиот процес на заштита. (Советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија)
четврток, 09 декември 2010
БИЗНИС ИНФО
„Како средствата од МБПР полесно и поефикасно да стигнат до стопанството“
5
ТРИБИНИ
ИСКОРИСТЕНИ ДВЕ ТРЕТИНИ ОД „КРИЗНИОТ КРЕДИТ“, НАЈАВЕНО ЦЕНТРАЛИЗИРАЊЕ НА ОДОБРУВАЊЕТО Kредитната линија на Европската инвестициска банка што се реализира преку Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР). во висина од 100 милиони евра , беше презентирана на денешната трибина што се одржа на Скопскиот саем во рамки на „ФИНЕКСПО 2010“. На неа претставници од банките, реалниот сектор и од МБПР дебатираа како средствата полесно да стигнат до стопанството .Беа изнесени податоци дека во рамки на кредитната линија повлечени се пет транши во вредност од 42 милиони евра, а на 6-ти овој месец се очекува да биде повлечена и шесттата транша во висина од 18,7 милиони евра со што вкупната искористеност на средствата ќе биде 62 милиони евра. Поддржани се 270 проекти, а просечната вредност по проект изнесува 228 илјади евра. Најголем дел од повлечените средства се наменети за обрт, а 72 проценти за инвестиции. Банките изразија подготвеност да поддржат економски оправдани проекти и сметаат дека во дадениот момент условите за искористување на средствата од оваа кредитна линија се поволни и треба да се искористат. Според нив, она за што би можело да се размисли во иднина е да се зголеми рокот на отплата за одредени проекти. - Доколку станува збор за инвестирање во опрема можеби пет години за отплата се разумни, но кога имате некои подолгорочни инвестиции или инвестиции во градежни објекти тогаш петте години се навистина кратки, истакна Гоце Вангеловски од Стопанска банка. Стопанствениците, пак, забележуваат дека е потребна поголема информираност за искористување на кредитната линија и да се размисли државата да има национална банка која би била надлежна за овие средства. Во врска со ова раководителот на Секторот за кредитирање и гаранции во МБПР, Александар Станојковски, најави дека најверојатно во првата половина на идната година строго одредени програми ќе влезат во директна поддршка од страна на МБПР Едно истражување спроведено во Македонија покажува дека 70 отсто од малите и средните компании немаат бизнис планови и не планираат да ги направат, а причината за тоа, според Стефан Томовски од Друштвото за истражување, е што компаниите немаат стручен кадар кој би можел да го изработи планот со кој тие би аплицирале за користење на средствата од кредитната линија. Јадранка Аризанковска
Состојбите во осигурителниот пазар во Македонија, со посебен осврт врз перспективите на животното осигурување
ГОЛЕМИ МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ
Во рамките на „Финекспо 2010“ на Скопски саем се одржа посебна трибина за состојбите во осигурителниот пазар во Македонија, со посебен осврт врз перспективите на животното осигурување (2.12.2010 година). Како што беше истакнато од м-р Трајче Латиновски, претседател на Здружението на осигурувањето при Стопанската комора на Македонија, д-р Климе Поповски претседател на Агенцијата за супервизија на осигурувањето и од претставниците на осигурителните компании, животното осигурување во нашата држава има перспективи за натамошен успешен развој. Моментално 2 компании вршат животно осигурување, а уште 2 компании се во фаза на лиценцирање. Овој вид на осигурување според податоците за 2009 година учествува со 4,8% од вкупната премија на осигурителниот пазар во Македонија. За трите квартали на оваа година порастот на полисираната премија изнесува 18% со овој вид на осигурување. Во нашата држава овој вид на премија на животното осигурување по жител изнесува 2,5 евра, додека во соседните земји 12-15 евра, а во земјите од Европската унија многу повеќе - од 300 до преку 1.500 евра. Сето тоа покажува дека растот на овој вид на осигурување може да има големи бенефити за државата, но и за самите компании и за фирмите од реалниот сектор. Учесниците на трибината посебно истакнаа дека треба државата преку мерките на економската политика да го стимулира неговиот развој посебно со одредени даночни олеснувања во делот на персоналниот данок на доход и данокот на добивка.
6
ЕНЕРГЕТИКА
БИЗНИС ИНФО
четврток, 09 декември 2010
Македонската енергетска асоцијација расправаше за Предлог-енергетскиот биланс на Република Македонија за 2011 година
ПО ПОДОЛГ ПЕРИОД ЗНАЧАЈНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЕНЕРГИЈА
Министерот за економија во Владата на РМ, д-р Фатмир Бесими, во своето воведно обраќање по повод расправата по Предлог-енергетскиот биланс на Република Македонија за 2011 година, најправо ја изрази својата благодарност кон членките на Македонската енергетска асоцијација за придонесот, преку организираните стручни расправи, во донесувањето по сите важни законски регулативи и стратешки документи од енергетскиот сектор во државата. На денешната седница, традиционално, претставниците на енергетските компании, големите потрошувачи, научната јавност и организациите и институции го разгледаа енергетскиот биланс за 2011, пред неговото усвојување од страна на Владата на РМ. Од следната година, покрај овој документ ќе се носи и друг значаен документ, петгодишен биланс каде што ќе се направат петгодишни проекции за енегретскиот систем на РМ и истиот ќе биде индикатор за остварувањето на енергетската стратегија на државата. Предлог-енергетскиот биланс во однос на проекциите ги користи и е услогласен со проекциите за пораст на бруто домашниот производ за 3,5% и пораст на индустриското производство за 5,6%, на кои се додаваат и информациите од компаниите за планираните случувања во енергетсиот сектор и во индустријата на РМ. Енергетскиот биланс за 2011 година е различен од претходните. Особено е значајно почнувањето со работа на две комбинирани постројки за производство на електрична енергија, „Те-То“ и „Когел“. Со тоа, за прв пат после подолг период ќе дојде до позначајно зголемување на домашното производство на електрична енергија, што е во насока на остварување на стратешките определби за намалување на енергетската увозна зависност. Со тоа се очекува вкупното производство на електрична енергија во 2011 година во однос на претходната година да се зголеми за 19%. Позитивна е и најавата за зголемени потреби од електрична енергија за наредната година и тоа за 17%. Ова се должи на зголемени потреби од електрична енергија од страна на трите големи потрошувачи: „Фени индустри“, „Југохром Фероалоис“ и „Скопски легури“. Проекциите на потребите од сурова нафта за преработка се зголемени за 22%, а на нафтени деривати за 2%. Проекциите покажуваат дека најголемо зголемување се очекува кај потребите од природен гас, токму поради работата на двата капацитета за призводство на електрична енергија од гас. Во однос на обезбедувањето на вкупните потреби од енергија во РМ во 2011 година планирано е 55% да се обезбеди од домашни извори, 45% од увоз. Проценките покажуваат дека увозот на енергија во 2011 година би чинел 630 милиони евра. Покрај искажувањата за планираните количини за производство и за потребите од енергија во Предлог-енергетскиот биланс на РМ за наредната година, во расправата беа иницирани неколку суштетсвени прашања, кои ќе бидат предмет на расправа на наредни седници на Македонската енергетска асоцијација. Беше иницирана потребата цените за дистрибуција на енергенсите да се пресметуваат врз основа на договорените е на врз основа на планираните количини, за што МЕА ќе побара од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија да ја преиспита постојната методологија за нивно пресметување. Во функција на заштита од нелојална конкуренција, во делот на нафтените деривати, Македонската енергетска асоцијација ќе побара квалитетна регулатива (Правилник за квалитет на течни горива и Правилник за емисија на штетни гасови) во која ќе се транспонираат европските стандарди и директиви, но исто така ќе биде усогласена и со реалните состојби во производниот сектор. Од големо значење е на имплементаторите на овие регулативи да им се даде преоден период, во кој тие ќе можат да ги направат потребните усогласувања, сврзани со поголеми инвестициони зафати. Присутните стопанственици и претставниците на научната јавност предложениот документ го оценија како квалитетен, изработен на високо стручно ниво. Зорица Мешкова
Пуштени првите пет мали хидроцентрали во регионот на Охрид и Струга
ЈАВНО�ПРИВАТНОТО ПАРТНЕРСТВО ПОЧНА ДА „ДАВА“ СТРУЈА
Со пуштање во употреба на малата хидроелектрична централа „Белица 1“ денеска во струшкото село Вишни беше заокружен проектот за изградба на пет мали хидроелектрани во регионот на Охрид и Струга по пат на јавно-приватно партнерство меѓу меѓуопштинското Јавно претпријатие „Проаква“ и домашниот инвеститор – компанијата „Фероинвест“, – објавува МИА. За изградбата на петте мали електрани – Белица 1, Белица 2, Охрид 1, Охрид 2 и Охрид 3 со вкупна инсталирана моќност од 3 мегавати „Фероинвест“ во изминатите 18 месеци инвестираше 7,3 милиони евра, од кои дел се обезбедени преку рефинансирање од страна на Шпаркасе банката. За потребите на хидроелектраните изградени се два цевковода со вкупна должина од 15 километри, од кои 12 километри во струшкиот регион и три километри во охридскиот. Обврската на „Проаква“ во проектот е регулирање на имотно-правните односи, а според договорот во следните 40 години ќе добива по 31 отсто од остварената добивка од работењето на хидроелектраните во Охрид и 18 отсто од добивката на хидроелектраните во Струга. - Во струшкиот дел има две електрани Белица 1 и Белица 2 кои ќе произведуваат по 5 гигавати електрична енергија или вкупно 10 милијарди киловатчасови електрична енергија, а електраните во охрискиот дел 4 милијарди киловатчасови електрична енергија. Овие пет електрани се први во Македонија кои се изградени согласно најновата законска регулатива за енергетиката и први што се градат по принципот на јавноприватно партнерство на транспарентна меѓународна постапка и поддржан со проектно финасирање од банките, - истакна Кочо Анѓушев, генералниот директор на „Фероинвест“, нагласувајќи дека сите пат хидроелектрани се веќе пуштени во употреба. Тој посочи, како што наведува МИА, дека „Фероинвест„ ќе гради уште девет мали хидроелектрани, од кои две самостојно и седум во партнерство со „Гранит„ кои се добиени на тендерот за изградба на 400 мали хидроцентрали спроведен од Министерството за економија. Првите две од нив треба да бидат готови до средината на идната година, а останатите до крајот на 2012 година. Директорот на „Проаква“ Бранислав Трпчески рече дека примарна цел на меѓуопштинското претпријатие е да се обезбеди здрава вода за пиење за двата града и затоа главна грижа им било да не се влоши квалитетот на водата во цевководите. Тоа, како што кажа е постигнато со вградување најквалитетни материјали во цевководите и турбините кои придонеле водата да не загуби ништо од квалитетот. - Со цевководите кои ги зафаќаат водите на реките Белица и Летница се добиваат по дополнителни 400 литри вода во секунда во Струшко и 300 литри во секунда во Охридско, што е доволно за задоволување на потребите со квалитетна вода за пиење за двата града вон туристичката сезона. Дополнителна придобивка со јавно-приватното партнерство е што меѓуопштинското претпријатие воопшто нема трошоци за електрична енергија, - рече Трпчески. Петте нови хидроелектрани годишно ќе пласираат по 14.000 мегават часови електрична енергија што е доволно да се задоволат годишните потреби на еден помал град во Македонија.
РЕКОРДИ ХЕЦ „Шпилје“ кај Дебар
ГОДИШНИОТ ПЛАН НАТФРЛЕН ЗА 60 ОТСТО За единаесет месеци од годинава ХЕЦ „Шпилје“ кај Дебар произведе рекордни 461 милион киловат-часови електрична енергија. Оствареното производство е за дури 60 отсто поголемо од планираното за годинава. Годишниот план на производство во овој значаен електроенергетски објкет изнесува 290 милиони квч. – објавува МИА. Ваквите резултати се должат на поволната хидрологија на дебарското сливно подрачје, но и на максималната подготвеност на електромашинската опрема. Последните обилни и интензивни дождови условија зголемен дотек на вода во акумулацијата „Дебарско Езеро“ и максимално дневно производство од околу два милиони квч. Средниот дотек изнесува 140 метри кубни во секунда. Во аумулацијата има резерва на вода за производство на 33 милиони квч. До максималната кота има уште околу три метри.
четврток, 09 декември 2010
БИЗНИС ИНФО
Прес конференција за партнерството меѓу Стопанската комора на Македонија и Царинската управа на РМ во функција на бизнисот
7
СОРАБОТКА
ИНТЕНЗИВНАТА СОРАБОТКА ГО ОЛЕСНУВА ПРОТОКОТ НА СТОКИ
“Партнерството меѓу Стопанската комора на Македонија и Царинската управа на РМ во функција на бизнисот“ беше тема на редовната прес конференцијата во Стопанската комора на Македонија (6.12.2010 година). За степенот, квалитетот и погледите за досегашната соработка на Царинската управа и бизнис заедницата, свое видување дадоа претставниците на бизнисот и на Царинската управа на Република Македонија. Оценето беше дека како што одминува времето, Царинската управа ја покажува својата вредност на вистински фактор и двигател на развојот на трговска размена на Република Македонија со странство, ставајќи акцент на еднаква важност, како на интересите на државата, така и на интересите на бизнис заедницата. Од претставниците на бизнисот беше дадена оценка дека соработката се продлабочува во позитивна насока.Царинската управа на Република Македонија следејќи ги трендовите на современото царинско работење, успеа за краток период да се прилагоди на барањата што ги диктираат меѓународните стандарди за квалитетно царинско функционирање и да покаже дека може да застане на патот на сето она што се нарекува нелегална трговија и незаконско работење, не запирајќи го започнатиот процес на перманентно унапредување на соработката со непосредните учесници-стопанствениците. Институционално поврзување на партнерска основа меѓу Стопанската комора на Македонија, како претставник на бизнисот и Царинската управа на Република Македонија, од форамален аспект, датира од 21 април 2005 година со потпишувањето на Протокол за соработка. Со него од поблизу се утврдува начинот на соработката, посебно истакнувајЌи ја соработката на полето на меѓусебна размена на информации, примената на царински процедури, документи и прописи, соработка во постапките на утврдување на царинската политика, мерки и регулативи според заедничкиот интерес, организирање оперативни средби и состаноци, преземање заеднички активности на планот на обука и едукација од областа на царинските постапки, развивање партнерство во проекти коишто се однесуваат на олеснување на трговијата и транспортот и др. На 22 фебруари 2006 година, следеше потпишување на Меморандум за соработка и партнерство и меѓу Царината и Групацијата на меѓународни шпедитери и логистички опеатори
– МИФА, на која основа беше формирано и заедничко оперативно тело-Царинско шпедитерски комитет, кое потоа еволуираше во Советодавно тело чиј состав е од претставници на поширокиот круг стопански дејности непосредно инволвирани во царинските, шпедитерските и надворешно-трговските операции, а чија функција е унапредување на меѓусебната оперативна соработка меѓу царината и бизнисот. Воспоставувањето на потесна соработка меѓу царината и бизнисот е базирана и на еден од стратешките безбедносни стандарди на Светската царинска организација –WCO (СЦО), како неминовна потреба за поефективно градење на капацитетот на Царинската управа, кои предвидуваат дека секоја царинска администрација треба да воспостави партнерство со приватниот сектор со цел истиот да се вклучи во обезбедување на сигурност и безбедност на меѓународниот трговски синџир на снабдување. Беше нагласено дека соработката се остварува на повеќе полиња и во повеќе форми, од кои посебен белег дава функционирањето на Советодавното тело, како и заедничкото организирање на работилници, семинари, обуки и сл., коишто се во функција на подигнување на квалитетот на знаењето на економските оператори. Напредокот на воспоставената соработка меѓу македонската Царина и бизнис заедницата доби меѓународна верификација и на конференцијата на директорите на Царинските управи од европскиот регион на Светската царинска организација, што се одржа во Охрид, во март оваа година, на која, покрај другото, достојно внимание беше посветено и на соработката и партнерството на царините со бизнис заедницата, како еден од дефинираните стандарди на делување на WCO. Ставот на бизнисот е дека трендот на воведување на квалитетни содржини во царинското работење не треба да застане, туку да продолжи и перманентно да се усовршува, придонесувајќи за подобрување на конкурентноста на компаниите на странските пазари, како значаен елемент во процесот на европското интегрирање, а особено продолжување на трендот на натамошно усовршување на основната функција на царината за овозможување на брз проток на стоките, луѓето и капиталот преку граница. Митко Митевски
Одржани работилница во Струмица и Богданци за надворешно-трговското и царинското работење
ПОЛЕЗНА ЕДУКАЦИЈА ЗА АКТУЕЛНИТЕ ЗАКОНСКИ ПРОПИСИ
Во рамките на циклусот на организирање Покрај предавањата на планираните теми, работилници за проблематика стопанствениците имаа можност од надворешно-трговското во непосредна комуникација со и царинското работење за претставниците на Царинската стопанските субјекти од земјата, управа и Стопанската комора на 30 ноември 2010 година во на Македонија да постават хотел “Сириус“ – Струмица и на прашања и да добијат одговори 03.12.2010 година во Богданци, за актуелностите поврзани со во организација на Стопанската проблематиката од наведените комора на Македонија и теми, како и за поширок круг Царинската управа на Република на актуелности и проблеми Македонија, беше одржана со коишто се среќаваат во работилница-семинар, на којашто преку предавања и тековното работење. дискусија беа опфатени следните теми: Во тој контекст, стопанствениците наметнаа дискусија за повеќе отворени прашања коишто влијаат 1. Потекло на стоките во Регионот на ЦЕФТА; на квалитетот на надворешно-трговското и царинското 2. Презентација на модулите за царинско и работење, како што се: потребата за преиспитување деловно електронско учење (Е-learning); на критериумите за контрола на ризик; надминување 3. Поедноставени постапки на царинското на проблемот на недоволен број царински работници работење и на самиот граничен премин во шпиц-деновите (петок); 4. АТА-карнет – улога, предности, одговорности можност за групирање на транспортните документи и права. за увоз-извоз со цел за побрз проток на камионите
8
СОРАБОТКА
БИЗНИС ИНФО
во конвој; попрецизно разграничување на функциите на царината и граничната полиција во насока на намалување на административните процедури; потребата од подобрување на дискретноста при контролата на луѓето и возилата на граничните премини и сл. Решението за надминување на значаен дел од отворените прашања и проблеми коишто ги успоруваат царинските процедури, според Царината се наоѓа
четврток, 09 декември 2010
во примената на посовремените начини на комуникација со царинските органи, а пред се’ преку примената на поедноставените постапки, со што значајно ќе се придонесе за забрзување на царинските формалности. Ова е едно од решенијата и за надминување на проблемите поврзани со оптоварување и гужви на царинските терминали. Посебно внимание беше посветено на информирањето на компаниите за корисноста, практичноста и потребата од примената на АТА-карнетите што ги издава Стопанската комора на Македонија, документи коишто ја забрзуваат постапката за привремен увоз и извоз на стоки во земјата и странство. И во оваа прилика беше нагласена корисноста од одржување на настани од ваков карактер, коишто се во функција на непосредно осознавање на отворените прашања и проблеми од тековното работење на компаниите, како и за навремено едуцирање за актуелна стопанска проблематика која има тенденции на брзо менување. Митко Митевски
МОЖНОСТИ Национален натпревар за бизнис-компетенции - Лига на шампиони 2010
НАЈДОБРИТЕ ПАТУВААТ НА ШАМПИОНАТ ВО ВИЕНА
На 26 ноември 2010 година во Стопанска комора на Македонија се одржа првиот Национален натпревар за бизнис-компетенции – Лига на шампиони 2010. - На натпреварот учествуваа вкупно 36 натпреварувачи, поделени во три категории: ученици, студенти и млади претприемачи. Натпреварувачите можеа да го покажат своето знаење во повеќе теми, како сметководство, трговско право, анализа на трошоци и цени, бизнисплан, глобализација и глобална конкуренција,информираше Афродита Кермичиева Пановска, директор на Националната канцеларија на EBC*L за Македонија на пресконференцијата во Стопанската комора на Македонија (2.12.2010 година). Во категоријата ученици први тројца беа Михаела Михајловска, Младенка Спасова и Алберта Санева, кај студентите Димитар Мишев, Дане Јосифовски Љубиша Пановски, а кај млади претприемачи Дарко Иљоски, Анета Тодоровска и Александра Ѓорѓиевска. Првите три места од секоја категорија одделно покрај право на учество на интернационалниот
натпревар, во Виена, Австрија, каде сите трошоци ќе им бидат покриени, добија и други вредни награди. На сите учесници на Националниот натпревар за бизнис-компетенции им беа доделени сертификати за учество. European Business Competence* Licence (EBC*L) е етаблирана европска и меѓународна квалификација која докажува дека лицето кое го поседува сертификатот има основно знаење кое е потребно да започне или да води бизнис, да менаџира или да води одделение во средна, односно голема компанија. EBC*L сертификатот е доказ кој демонстрира б и з н и с компетенции. За Сертификатот може да се полага во преку 30 земји низ целиот свет, меѓу кои од 2007 година и во Република Македонија. На најголемиот натпревар за бизнискомпетенции во Европа, покрај Македонија, право на учество имаат најдобрите и од уште други 32 земјиучесници. Официјален партнер на проектот е Стопанската комора на Македонија.
четврток, 09 декември 2010
БИЗНИС ИНФО
Новоизбраниот копретседавач на Македонско-турскиот деловен совет, Хасан Хошбен, во Комората
ВО НАРЕДНИТЕ ДВЕ ГОДИНИ АКЦЕНТ ВРЗ ПРИВЛЕКУВАЊЕ ТУРСКИ ИНВЕСТИТОРИ -Во наредните две години, колку ќе трае мојот нов мандата на ко претседавач на турскиот дел на Турско-македонскиот/Македонскотурскиот деловен совет, сaкам целосно да се посветам на поддршка во реализацијата на конкретни деловни и инвестициони иницијативи на нашите членки, но и на другите компании. Оваа поддршка сакам да ја реализираме заеднички во соработка со Стопанската комора на Македонија, - нагласи Хасан Хошбен, новоизабраниот копретседател на Советот, на првата средба со Бранко Азески, копрестедавач на македонскиот дел на Советот. Средбата меѓу двајцата копретседатели се одржа во Стопанската комора на Македонија, на 2 декември 2010 година. -Нашите бизнисмени треба да се охрабрат да дојдат во Македонија. Искуствата не се секогаш најдобри, пред се`, во однос на административните процедури при реализирањето на деловната одлука во формирањето на реална компанија. Искуствата на веќе постоечките турски компании во Македонија зборуваат за низа проблеми: постојано менување на регулативата, тешко добивање работни дозволи, времен престој, бавни судски разврски итн. Тоа, несомнено, ги одвраќаат новите потенцијални
9
РЕЛАЦИИ
инвеститори. Затоа сакам со Комората да реализираме посети на помали групи на бизнисмени, нив правилно да ги информираме и да бидеме нивна логистика се` додека не им профункционира компанијата, - додаде Хасан Хошбен. Бранко Азески целосно ги поддржа ставовите за индивидуализирање на поддршката на турските компании со цел да започнат бизниси во Македонија. - Советот во наредниот период треба да се фокусира на три работи: елиминација на сите админстративни и други нетарифни бариери меѓу двете земји, а особено на оние кои го попречуваат процес на отпочнување на функционирање на едно новоосновано претпријатије. Потребно е уште повеќе да ги афирмираме добрите практики, како што е поддршка на Турција во промовирањето на македонското стопанство на турскиот пазар. Исто така, неопходно е да се иницираат повеќе активности кои ќе бидат во функција на давање точни и правовремени информации и овозможување на директни, таргетирани контакти меѓу компаниите. Само така можеме да влијаеме на зголемување на трговската рзамена и инвестициите, и да го елеминираме постојаниот трговски дефицит на македонската страна, - истакна Бранко Азески. Двајцата копретседавачи се договорија до крајот на месецот да се подготви програма за работа на Советот за периодот 2011-2012 година. Инаку, една од основните задачи на ТОББ Унијата на турските комори е унапредување на вкупните економски односи со странство. Во таа функција, во 1986 година, од страна на 9 недржавни асоцијации, е формиран ДЕИК - Одделот за економски односи со странство (Foreign Economic Rela�ons Board - ДЕИК), чие седиште е во Истанбул. Меѓу другото, оваа функција на ДЕИК се одвива преку формираните деловни совети со коморите од околу 50 држави од целиот свет. Еден од нив е Македонскотурскиот деловен совет, односно Турско-македонскиот деловен совет, кој е основан на 8 ноември 1995 година. Љубица Нури
ПОСЕТИ Во организација на Стопанската комора на Македонија и „Адонис груп“ македонски компании на Меѓународниот саем за метал и енергетика во Бурса, Турција
ОТВОРЕНА ВРАТА ЗА СОРАБОТКА СО ТУРСКИТЕ КОМПАНИИ
Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор – „Адонис груп„, реализирше посета на македонски компании на 9. Меѓународен саем за метал и енергетика, од 1 до 3 декември 2010 година, во Бурса, Турција. На саемската манифестација над 55 посетители од 22 македонски компании ги посетија саемите. “BURSA METAL PROCESSING TECHNOLOGIES FAIR 2010’’, за машини за обработка на метал, за заварување, за рачен алат, пневматика и хидраулика; 8. Меѓународен саем за електрична енергија, електронска автоматизација, просветлување и комуникација – „ELECO 2010“; 2. Меѓународен саем за лим, цевки и нивна обработка – „BURSA SHEET METAL TECHNOLOGIES 2010“ и Бурса хардвер и безбедност на работното место – „BURSA HARDWARE AND JOB SECURITY FAIR“.
При посетата на саемот, стопанствениците имаа можност да стапат во контакт и да се запознаат со најновите технологии и трендови на реномираните компании производители на машини за обработка на метал, електроника за водење на индустриски процеси, производители на опрема за безбедност при работа и др. Стопанствениците остварија бројни контакти со повеќе познати компании, како што се: Baykal, Ermaksan, TAV-SANHidropir, Eurometal, Vera, A.S.C.Motor, VERATescom, EKT, AKSA generator и други компании. Изразувајќи го своето задоволство од посетата, стопанствениците истакнаа дека оваа посета отвори големи можности за соработка со турските компании како за набавка на опрема, така и за остварување на заедничко производство, односно изработка на склопови и потсклопови за вградување во машините. Воедно, на Саемот беа финализирани и неколку претходни активности, пред се`, за набавка на опрема од познатата фабрика за производство на преси, ножици и алатни машини „Бајкал“ од Бурса. Војкан Николовски
РЕЗУЛТАТИ Заврши вториот јавен повик за ИПАРД средствата
ДОСТАВЕНИ 112 БАРАЊА
Вкупно 112 барања за користење ИПАРД средства се доставени до Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој на вториот јавен повик, од 30 септември до 29 ноември годинава. Апликациите се однесуваат на трите мерки, инвестиции во преструктурирање и надградба на земјоделските стопанства, инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски производи, како и диверзификација и развој на рурални економски активности. - Изразуваме задоволство од големиот број примени барања за ИПАРД средствата и од овој јавен повик што е јасен
сигнал за заинтересираноста на македонските земјоделци и економски субјекти од руралниот сектор за искористување на понудените фондови и нивна економична примена, -соопштува Агенцијата. Со вториот оглас беа понудени 40 милиони евра, од кои 75 отсто се европски пари, а 25 проценти се средства од Буџетот на Република Македонија. Финансиската проекција е од ИПАРД Програмата 2007-2013, но го опфаќа периодот заклучно со 2010 година. Платежната агенција информира дека на првиот ИПАРД повик, од склучените 27 договори за кофинансирање, пет инвестиции се веќе реализирани. Моментно течат контролите на терен, а идниот месец ќе бидат исплатени првите средства.
10
ФИНАНСИИ, БАНКАРСТВО, ЛИЗИНГ
БИЗНИС ИНФО
Одржан семинар на АЦИ Македонија
„ЛИЦЕ ВО ЛИЦЕ, БАНКАРСКИТЕ ДИЛЕРИ И КОМПАНИИТЕ“
Во просториите на Стопанската комора на Македонија, АЦИ Македонија Здружение на финаниски пазари, на 6.12.2010 година, организираше еднодневен панел-семинар на тема: “ЛИЦЕ В ЛИЦЕ, банкарските дилери и компаниите” На семинарот беа проследени неколку стручни презентации од Дарко Стојковски, SPARKASSE Банка АД- Скопје, член на Извршниот одбор на АЦИ Македонија и Бојан Цветановски, НЛБ Тутунска банка АД – Скопје, член на Надзорниот одбор на АЦИ Македонија. Преку отворена конструктивна панелдискусија се дискутираше за следните теми: 1. Девизен пазар (констатации, прашања, континуитет, прогрес...); 2. Дополнителни можности при тргувањето (проширување на гледиштата во однос на користење на корисни финансиски инструменти) технички аспекти, правна рамка и целосен финансиски третман; 3. Дискусија со повод (нови законски и подзаконски решенија, комбинирани области, потреби и сл.); 4. Предлог-план - конструктивна дискусија, како идејна насока за наредни активности на АЦИ Македонија ЗФП, во интерес и за потребите на клиентите (презентации, семинари, работилници...). На овој семинар учествуваа претставници од финансиските оддели од компаниите и оперативни претставници од деловните банки (Тreasury - Одделите за тргување со финаниски инструменти: девизен пазар, депозити, записи и слично), како активни членови на АЦИ Македонија). Идејата за ваков тип на семинар е да се оствари конструктивна панел-дискусија за тековните, стратешките и регулативните потреби, согласно тематиката. Целта е олеснување на оперативното работење и поттик за развој на финансискиот пазар во смисла на воведување и користење на нови финансиски инструменти. Анита Митревска
Можност за корисниците на Телеком, Т - Мобиле и Стопанска банка
ЕЛЕКТРОНСКО ПЛАЌАЊЕ НА СМЕТКИТЕ
Телекомуникациските оператори „Македонски телеком“ и Т-Мобиле Македонија во соработка со Стопанска банка воведоа електронско плаќање на сметките за нивните услуги, – објавува МИА. Со електронското плаќање корисниците на двете телекомуникациски компании имаат можност да ги плаќаат месечните сметки за интернет, телефон и телевизија, преку интернет и преку мрежата банкомати на Стопанска банка. Притоа,електронското плаќање се врши лесно и едноставно, без провизија и дополнителни трошоци, а потребен е само интернет пристап до веб страната „Мој Телеком“ и платежни картички Виза и Мастер Кард, издадени од која било банка во светот, или платежни картички од домашни банки, кои се користат за електронски плаќања. - Воведувањсето нови автоматски услуги на нашите корисници ќе им го поедностави и олесни начинот на плаќање на своите сметки, така што сега им овозможуваме да ги платат преку интернет и со помош на платежни картички преку банкоматите, а не да одат на шалтер, рече на прес-конференција Никола Керметчиев, извршен директор за управување со производи за деловни корисници при Т-Мобиле. Услугата електронско плаќање на сметките е достапна 24 часа на 109 банкомати на Стопанска банка, насекаде низ Македонија. Во исто време, на сите банкомати на оваа банка, со внесување платежна картичка може во неколку чекори да се реализираат плаќања и да се направат други банкарски трансакции исто како на шалтер: плаќање рати за кредити и картички, трансфер на средства, преглед на мини месечни извештаи за картички и слично.
Според магазинот Македонија
четврток, 09 декември 2010
„The Banкer“ во 2010 година во
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА НА ГОДИНАТА
Комерцијална банка прогласена за банка на годината за 2010 во Македонија од економскиот магазин „The Banкer“. Комерцијална банка петти пат е прогласена за Банка на годината за Македонија, од професионалниот светски банкарски и финансиски магазин, издание на групацијата Financial Times, читан во 150 земји во светот, соопшти Комерцијална банка. Избрана е за банка на годината и во 2001, 2002, 2004 и 2005. Критериуми за избирање на победниците вклучуваат поврат на средства на акционери, стратегиски предности во однос на конкуренти, проценти на пораст на капитал, актива и нето добивка.
НЛБ Лизинг од Скопје прослави деценија од работењето на македонскит пазар
СКЛУЧЕНИ НАД 10 ИЛЈАДИ ДОГОВОРИ ЗА ФИНАНСИСКИ И ОПЕРАТИВЕН ЛИЗИНГ
НЛБ Лизинг одбележа 10 години од работењето на македонскиот пазар. Во изминатава деценија НЛБ Лизинг склучиле над 10 илјади договори за финансиски и оперативен лизинг, од кои 60 проценти за финансирање возила, 22 за финансирање опрема, а 13 проценти за комерцијални возила, односно влекачи и камиони. Над 65 проценти од пласманите на НЛБ лизинг се кај правните лица. Но, од компанијата соопштуваат дека минатогодишниот пад на лизинг пласманите продолжува и годинава. Предупредено е дека пласманите на лизинг компаниите минатата година забележаа пад за 50 отсто. Според генералната директорка на НЛБ Лизинг Маја Лапе, вкупните лизинг пласмани оваа година ќе изнесуваат од 9 до 10 милиони евра, а во најдобрите години од работењето пласманите достигнувале до 24 милиони евра. Маја Лапе оценува дека покрај глобалната економска криза на намалените пласмани влијаела и владината мерка за увоз на половни возила од март годинава. Годинава во земјава се увезени околу 60 илјади возила, од нив многу малку се нови, а токму нив најчесто граѓаните ги купуваат на лизинг. Во НЛБ лизинг, како што информираа на прес-конференција, а пренесува МИА, претежно пристигнуваат барања за лизинг на возила од ниска и средна класа, а поради тоа што се поевтини, граѓаните редовно ги исплаќаат. Оваа лизинг компанија досега одзела 40-тина возила од сопственици кои навреме не си го отплаќале долгот, што, според Маја Лапе, не е случај кај конкурентните лизинг компании на чии плацеви можат да се видат од 100 до 200 возила кои се на продажба бидејќи се одземени од сопствениците. Од НЛБ лизинг ја поздравуваат намерата на Владата за измени во Законот за лизинг кои треба да го зајакнат мониторингот, не само врз банките, туку и врз другите финансиски институции. Се надеваат дека ќе се формира регулаторно тело кое ќе ги контролира лизинг компаниите.
Празничен шопинг со УНИ банка
„СЕЗОНА НА КАРТИЧКИ“
УНИ банка АД - Скопје од овој месец до 15 јануари идната година стартува со нова празнична кампања насловена како: „Сезона на картички”. На своите кленти им нуди четири бонус-програми за празничен шопинг со картичките на УНИ банка. Сите клиенти за секоја направена трансакција во трговијата во земјава со картичка од УНИ банка во износ над 1.000 денари, на својата сметка ќе можат да заработат 1 отсто. Корисниците на кредитните картички од Банката ќе можат да подигнуваат готовина без провизија од сите банкомати на банката. За направена трансакција во трговија над 100 денари, следува бесплатна СИМ картичка од Вип оператор со време на разговор. Секоја новоиздадена кредитна картичка ќе биде со кредитен лимит до 3 плати, без членарина за првата година и без провизија за подигнување на готовина од банкомат до 31 март 2011 година.
четврток, 09 декември 2010
БИЗНИС ИНФО
Обем на стоковната размена на Република Македонија со странство, јануари-октомври 2010 година
ТРГОВСКИОТ ДЕФИЦИТ 1,6 МИЛИЈАРДИ САД ДОЛАРИ
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари-октомври 2010 година изнесува 2 639 866 илјади САД долари, а на увозот 4 305 573 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 61.3%. Трговскиот дефицит во периодот јануари-октомври 2010 година изнесува 1 665 707 илјади САД долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на производите од железо и челик (валани производи), облеката, фероникелот и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија. Во периодот јануари-октомври 2010 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (61,3%) и земјите од Западен Балкан (31,2%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите- членки на ЕУ 27 (53,5%) и земјите во развој (27,2%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, Бугарија и Италија (44,1% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји). Број на издадени одобренија за градење во октомври 2010 година
ПРЕДВИДЕНА ИЗГРАДБА НА 26.106 КВАДРАТНИ МЕТРИ СТАНБЕНА ПОВРШИНА
Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2010 година се издадени 191 одобрение за градба, што е за 29 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 538 379 илјади денари, што е за 19,3% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 158 (82,7%) се наменети за објекти од високоградбата, 12 (6,3%) за објекти од нискоградбата и 21 (11,0%) за објектите за реконструкција. Од вкупно 191 објект, во 151 (79,1%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а во 40 објекти (20,9%) инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 273 станови, со вкупна корисна површина од 26 106 м2.
11
СТАТИСТИКА
Енергетски биланси, 2009 ( претходни податоци)
ДОМАЌИНСТВАТА И НАТАМУ НАЈГОЛЕМИ ПОТРОШУВАЧИ
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2009 година, вкупното примарно производство на енергија во Република Македонија изнесува 1.606.956
тое или 57,6% од вкупно потребната енергија. Вкупната потребна енергија за 2009 година изнесува 2.791.367 тое. Најголеми финални потрошувачи на енергија во 2009 година се: индустријата со 25%, домаќинствата со 32,1% и сообраќајот со 25,6% (од расположливата финална потрошувачка). Биланс на нафта, 2009 (претходни податоци )
УВЕЗЕНИ 998,4 ТОНИ СУРОВА НАФТА
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2009 година, во Република Македонија се увезени 998.488 тони сурова нафта потрошени за производство на нафтени продукти. Расположливите нафтени продукти изнесуваат 731.445 тони и тоа: 62.932 тони ТНГ, 120.539 тони моторен бензин, 2.795 тони керозин и млазни горива, 369.248 тони дизел и гориво за ложење, 90.410 тони мазут, 49.962 тони нафтен (петролејски) кокс и 35.559 тони други нафтени продукти. Најголеми потрошувачи на нафтените продукти во 2009 година се: сообраќајот со 410.294 тони, индустријата со 161.502 тона и 164.785 тони за енергетска трансформација (производство на топлинска и електрична енергија). Биланс на јаглен, 2009 (претходни податоци )
ИСКОПАНИОТ ЛИГНИТ 97,7 ОТСТО ЗА СТРУЈА
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2009 година, во Република Македонија
се увезени 101.528 тони јаглен и тоа: 5.340 тони камен јаглен (антрацит, коксен, битуминозен), 94.313 тони лигнит (суб-битуминозен, мрк, лигнит, тресет) и 1.875 тони кокс. Вкупното бруто-производство на лигнит во 2009 година изнесува 7.426.052 тони. Од вкупната потребна количина на лигнит од 7.479.870 тони, 97,7% се користи во термоцентралите за производство на електрична енергија, 0,3% во индустриските енергани за производство на топлинска и електрична
12
Посети
БИЗНИС ИНФО
енергија, 0,2% во котларите за производство на топлинска енергија и 1,8% за финална енергетска потрошувачка. Најголеми финални потрошувачи на јаглен од 124.865 тони се индустриските сектори и тоа: 5.340 тони камен јаглен, 117.232 тони лигнит и 2.293 тони кокс. Биланс на електричната енергија, 2009 (претходни податоци )
ПОВЕЌЕ ОД ЧЕТРИ ПЕТТИНИ ОД СТРУЈАТА ОД ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2009 година, во Република Македонија, од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија во износ од 8.265.837 MWh, 82,6% се обезбедени од домашно производство, а 17,4% од увоз. Најголеми потрошувачи на електрична енергија во 2009 година се домаќинствата со 39,9%, индустриските сектори (енергетски сектор плус индустрија) со 21,2% и останатите сектори со 18,5% од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија. Сопствената потрошувачка (во производство, пренос и дистрибуција) на електрична енергија во 2009 година изнесува 6%, а загубите во пренос и дистрибуција изнесуваат 14,4% од бруто- домашната потрошувачка на електрична енергија.
четврток, 09 декември 2010
Индекси на цените на мало и на трошоците на животот, ноември 2010
ЗЕЛЕНЧУКОТ ГИ АМОРТИЗИРА ТРОШОЦИТЕ
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во ноември 2010 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.3, а индексот на трошоците на животот 100.4. Порастот на трошоците на животот од 0.4% е резултат на повисоките индекси на зеленчукот за 6.1%, јајцата за 1.2%, преработките од месо за 1.1%, рибата за 1.0%, мастите за 0.7%, свежото и киселото млеко и безалкохолните пијалаци за 0.4%, производите од жито за 0.3% и преработеното овошје за 0.2%. Во ноември, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај комунално-станбените услуги и предметите за домаќинството за 2.1%, козметичките
Биланс на топлина, 2009 ( претходни податоци )
ОД НАФТЕНИ ПРОДУКТИ 68,2 ОТСТО
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2009 година, во Република Македонија се произведени 5.378.850 ГЈ топлинска енергија и тоа: 5,8% од јаглен, 68,2% од нафтени продукти, 25,2% од природен гас и 0,8% од биомаса.
Потрошувачката на топлинска енергија во производството е 4,9%, а загубата во дистрибуцијата е 7,1% од вкупното производство. Најголеми потрошувачи на топлинска енергија во 2009 година се: индустријата со 1.933.620 ГЈ и домаќинствата со 1.501.435 ГЈ.
производи за 1.4%, средствата за хигиена за 1.2%, нафтените деривати за 1.0%, услугите за образование за 0.8%, садовите и приборот за домаќинството за 0.5%, облеката за 0.4%, мебелот и храната и пијалаците во ресторани и хотели за 0.2%. Намалување на индексот на трошоците на животот во ноември 2010 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај овошјето за 6.2%, кондиторските производи за 1.3% и преработениот зеленчук за 0.2%. Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано кај обувките и другите средства за образование за 0.2%. Индексот на цените на мало во ноември 2010 година, во споредба со ноември 2009 година, бележи пораст од 3.4%, а трошоците на животот бележат пораст од 2.9%. Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство, пресметана врз основа на цените на мало, во ноември 2010 година изнесува 12 212 денари и во однос на претходниот месец е повисока за 0.9%.
четврток, 09 декември 2010
БИЗНИС ИНФО
Црна Гора ја интензивира борбата против „сивата“ економија на пазарот на труд
НА УДАР И „ЦРНИТЕ“ СЕЗОНЦИ ОД МАКЕДОНИЈА
Владата на Црна Гора спроведува низа активности за спречување на „сивата„ економија која има директна штета по нелегално вработените лица. Тие првенствено се осакатени заради немање задолжителното социјално осигурување, а се соочуваат и со други проблеми во делот на неможноста за остварување на други права од работниот однос. Сивата„ економија негативно влијае и на остварувањето на државните приходи, бидејќи се губи значаен дел од буџетските средства. Спроведени се низа активности за спречување на оваа појава. Меѓу нив се: измените и дополнувањата на Законот за работни односи, потпишување на колективниот д о г о в о р , дефинирање на минималната плата и спроведување на засилен инспекциски надзор. Укажано е на потребата од интензивирање на соработката на сите надлежни органи, односно министерствата за: финансии, труд и социјални грижи, даночните и инспекциските служби на трудот, синдикатот, Унијата на работодавачите и Стопанската комора на Црна Гора. Министерството за труд и социјални грижи задолжено е, доколку процени, да направи измени и дополнување на Законот за работни односи во делот на унапредување на овие активности, а Министерството за финансии да ја следи примената на решенијата од колективниот договор и да направи анализа во делот кој се однесува на смалување на „сивата„ економија на пазарот на труд. Даночната и Инспекцијата на трудот треба да направат бела листа на компаниите кои ги почитуваат одредбите на работното законодавство, а инспекторите добиле задача да ја интензивираат контролата кај компаниите кај кои е регистрирано кршење на законот. Ова посебно може да ги погоди работниците од земјава. Имено, на нелегалниот пазар на труд во Црна Гора се ангажирани голем број сезонски работници од Република Македонија, кои секоја година редовно работат во земјоделството, градежништвото, угостителството и слично. Проценките на Министерството за труд и социјални грижи на Црна Гора се дека една четвртина од вкупниот број на сезонски работници доаѓаат од
13 РЕГИОН
Република Македонија. За 2011 година се проценува дека на Црна Гора ќе и` бидат потребни околу 26.000 сезонски работници, од кои од Република Македонија ќе пристигнат од 7 до 8 илјади.
НБС: Надворешниот долг на Србија изнесува 23,1 милијарда евра
НА ГРАНИЦАТА НА ВИСОКА ЗАДОЛЖЕНОСТ На крајот на септември оваа година вкупниот надворешен долг на Србија изнесува 23,1 милијарда евра, од кои долгот на јавниот сектор е 8,9 милијарди, додека висината на приватниот долг 14,2 милијарди евра, објави Народната банка на Србија (НБС). НБС во „Анализата на долгот на Република Србија“ објавен на нејзината Интернет страница, наведува дека вкупниот надворешен долг е намален во третото тромесечје за околу 1,5 отсто или 342 милиони евра, а доколку се земе предвид и јакнењето на еврото во однос на останатите валути застапени во структурниот надворешен долг, намалувањето изнесува 383 милиони евра. Односот на надворешниот долг и бруто домашниотпроизвод(БДП),штоукажувананадворешната солвентност на државата, е незначително под нивото на висока задолженост од 80 отсто и кон крајот на септември изнесува 77,1 процент што претставува намалување од 0,8 отсто во споредба со крајот на јуни. Надворешниот долг на јавниот сектор кон крајот на септември достигнува 8,9 милијарди евра со што државно гарантираниот надворешен долг достигнува 768,4 милиони евра.
Надворешниот долг на приватниот сектор кон крајот на септември изнесува 14,2 милијарди евра од кои долгот на банките изнесува 31,1 отсто, а на компаниите 86,9 отсто.
14 СВЕТ Самит ЕУ – Русија
БИЗНИС ИНФО
ОБНОВЕН РАСТОТ НА ТРГОВИЈАТА Заедничките предизвици со коишто се соочуваат ЕУ и Русија, како што е глобалната економска ситуација и климатските промени, е во фокусот на 26-от Самит ЕУРусија, што се одржа на 7 декември 2010 година, во Брисел. На средбата беа разгледани билатералните односи, вклучувајќи го и Партнерството за модернизација, како и актуелни регионални и меѓународни прашања. Првите девет месеци од 2010 година покажуваат обновен раст во трговијата на ЕУ со Русија, со растечки извоз од 48 милијарди евра во првите девет месеци во 2009 година до 61 милјарда евра во истиот период од 2010 година, а увозот од 83 милијарди евра до 113 милијарди евра. За тоа зборуваат најновите податоци за трговската размена меѓу Русија и ЕУ објавени од страна на Еуростат, во пресрет на 26-от Самит ЕУ-Русија. Меѓу 27-те земји-членки на ЕУ, Германија со (18,8 милијарди евра или 31% од извозот на ЕУ) е далеку најголем извозник во Русија во првите девет месеци на 2010 година, по што следува Италија (5,6 милијарди евра или 9%), Франција (4,4 милијарди евра или 7%) и Холандија (4,3 милијарди евра или 7%). Германија со (21,8 милијарди евра или 19%) е исто така најголем увозник, а потоа следува Холандија (15,9 милијарди евра или 14%), Полска (9,7 милијарди евра или 9%), Италија (9,4 милијарди евра или 8%) и Франција (9,1 милијарда евра или 8%). Околу 85% од извозите на 27-те земји-членки на ЕУ во Русија во првите девет месеци од 2010 година беа индустриски производи, додека енергијата изнесува речиси три четвртини од увозите, според податоците на Еуростат. Повеќето земји-членки бележат дефицити во трговијата со Русија во првите девет месеци од 2010 година. Најголеми дефицити има Холандија (-11,7 милијарди евра), Полска (-6,1 милијарди евра), Франција (-4,7 милијарди евра) и Италија (-3,8 милијарди евра). Суфицитите се скромни, највисоки се забележани во Данска и Австрија (и двете со +0,4 милијарди).
Светската економска ситуација и прогноза за 2011
ОН ПРЕДВИДУВА ЗАБАВУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКОТО ЗАЗДРАВУВАЊЕ
Заздравувањето на светската економија од финансиската криза од 2008 година оди забавено, при што растот, кој е погоден од мерките за штедење во развиените земји, не е доволен за во следните две години да се надополни досегашната загуба на 30 милиони работни места, соопштуваат од ОН. Во годишниот извештај на ОН, насловен како „Светската економска ситуација и прогноза за 2011“, се наведува дека „по годините на слабо и нерамномерно заздравување, порастот на светската економија сега почна да забавува и наведува на песимистичка прогноза за во иднина“. ОН очекува дека по глобалниот економски пораст оваа година од 3,6 отсто, кој е подобар од очекуваниот, растот во 2011 година да се забави на само 3,1 процент, што е нешто полошо од прогнозите на ОН во мај, додека во 2012 година повторно
четврток, 09 декември 2010
ќе се зголеми на 3,5 отсто. Овие предвидувања се главно согласно прогнозите кои во изминативе два месеца ги објавија Меѓународниот монетарен фонд и Организацијата за економска соработка
и развој, кои следната година очекуваат раст на светската економија од 4,2 отсто. За заздравувањето на светската економија и понатаму најмногу ќе придонесат земјите во развој, на чело со Кина, Индија и Бразил, кои од крајот на 2009 година учествуваа во глобалната експанзија со повеќе од 50 отсто, но се очекува дека дури и нивниот економски пораст во следните две години да забави на околу шест проценти годишно. БЕРЗИ
РЕКОРДНА ЦЕНА НА БАКАРОТ Цената на бакарот за испорака за три месеци, на Лондонската берза на метали (ЛМЕ) достигна нов рекорд од 8.970 долари за тон. И цените на алуминиумот, цинкот, оловото, никелот и калајот исто така бележат раст. Цената на златото на светските берзи достигна деновиве историски рекорд. На затворањето на најголемата Њујоршка берза на злато на 6.12.2010 година фина унца (31,1 грам) достигна цена од 1.415,8 долари односно порасна за 9,5 отсто. Во текот на тргување цената на фина унца забележа раст и до 1.422,4 долари.
четврток, 09 декември 2010
БИЗНИС ИНФО
Трговскиот дефицит на Полска до септермври годинава пораснал за цели 2 милијарди евра
15
СОСТОЈБИ
РАЗМЕНАТА СО РАЗВИЕНИТЕ ВО ПОЗИТИВА
Трговскиот дефицит на Република Полска во периодот јануари -септември 2010 година изнесува 9,1 милијарди евра, – соопшти Државниот статистички завод. Во истиот период лани регистриран е трговски дефицит од 7,1 милијарди евра. Извозот во овој период изнесува 85,9 милијарди евра, што во однос на истиот период во 2009 година, претставува зголемување од 20,4%. Увозот пак изнесува 95 милијарди евра, што во однос на соодветниот период од претходната година претставува зголемување од 21,1%. Негативно салдо е регистрирано во размената со земјите во развој (-14,04милијарди евра) и во размената со државите од Средна и Источна Европа (-4,4 милијарди евра), додека во размената со развиените земји регистрирано е позитивно салдо од 9,3 милијарди евра. Учеството на развиените земји во вредноста на вкупниот извоз изнесува 84,7%, додека пак учеството на развиените земји во вкупниот увоз изнесува 66,8%. Учеството во извозот на најголемиот трговски партнер – Германија, е помало за 0,4% во однос на истиот период од 2009 година и изнесува 26%, додека учеството во увозот е помало за 0,9% и изнесува 21,7%. Во размената со Германија регистрирано е позитивно салдо од 2,3 милијарди евра (во истиот период од 2009 година позитивното салдо изнесуваше 1,1 милијарда евра). Извозот бележи раст во следните најзначајни полски трговски партнери – Русија, Шпанија, Шведска, Унгарија, Чешката Република, Велика Британија и Холандија, додека раст бележи увозот од следните најзначајни трговски партнери: Русија, САД, НР Кина, Чешката Република, Холандија, Франција, Велика Британија и Република Кореја.
ЕНЕРГИЈА Рекордни вложувања на Норвешка во нафтениот сектор
ВО 2011 ГОДИНА 25 МИЛИЈАРДИ САД ДОЛАРИ
Инвестициите на Норвешка во секторот за нафта би можеле следната година до достигнат рекордни 150,8 милијарди круни (25 милијарди САД долари) поради зголемените трошоци на компанијата за одржување на експлоатација од стари наоѓалишта. Овогодишните инвестиции како што оценува норвешката Агенција за статистика ќе изнесува 133 милијарди круни (околу 22 милијарди САД долари). Вложувањето во норвешкиот сектор за нафта во 2010 година есента се проценети на 139,4 милијарди круни (228 милијарди САД долари), но неизвесноста по прашањето на цената на тој енергенс во 2009 година ја одложи реализацијата на планираниот проект на разработка на наоѓалишта, се наведува во соопштението на Агенцијата. Трошоците за истражување годинава ќе бидат на ниво од 27,3 милијарди круни (околу четири милијарди САД долари), а следната година 31,5 милијарди (5,1 милијарди САД долари), прогнозираат норвешките експерти. За разработка на нови нафтени наоѓалишта во 2011
година како што се очекува ќе бидат потрошени 32,9 милијарди круни (мад пет милијарди САД долари). Норвешка како седми светски произведувач на нафта ги
повикува компаниите на својот пазар да инвестираат што повеќе во одржување експлоатација на стари наоѓалишта. Агенцијата за статистика проценува дека во активните ноаѓалишта следната година ќе бидат вложени 80,8 милијарди круни.
Проект на десет земjи од ЕУ
ЕДИНСТВЕНА МРЕЖА ЕЛЕКТРАНИ НА ВЕТЕР
Министрите за енергетика на десет држави-членки на Европската унија кои излегуваат на брегот на Северното Море или во соседството, во Брисел потпишаа Меморандум за реализација на проект за изградба на заедничка мрежа на генератори на ветер со вкупна сила од 140 гигавати, - изјави претставник на Европската асоцијација на енергија на ветер. Меморандумот го потпишаа министрите за енергетика на Белгија, Данска, Франција, Германија, Ирска, Луксембург, Холандија, Норвешка, Шведска и Велика Британија. Потписниците на меморандумот исто така се договорија дека ќе соработуваат на идентификација и отстранување на препреките на патот на прекуграничната трговија со струја. Експерти од ЕУ оценија дека меморандумот е долго очекуван и значаен чекор на патот кон формирање заеднички електроенергетски пазар во Унијата.
16 ДОСИЕ Италија во криза
БИЗНИС ИНФО
четврток, 09 декември 2010
РИЗИЧНА КАКО ПОРТУГАЛИЈА, ПООПАСНА ОД ШПАНИЈА Иако италијанската економска слабост не е како ирската или грчката, тамошната економија страда од структурни девијации слични на оние во Португалија. Сепак, италијанската економија е за половина поголема од шпанскaта и кога би „паднала„ европскиот фонд за спасување не би бил во можност да ја финансира. Иако Италија, трета по големина европска економија, со своите слабости не е слична на ослабената Грција и Ирска, но за жал, наликува на проблематичната Португалија, пишува „The Wall Street Journal„. Колумнистот Ирвин Стелзер од Институтото Хадсон, наведува дека Италија, како и Португалија, членки на еврозоната, коишто на европските инвеститори им се чинат како следни жртви на должничката криза, покажуваат исти, предупредувачки симптоми и економски слабости кои се наоѓаат пред нив. Италија, слично како и Португалија, засега избегна колапс во секторот за недвижнини и во банкарскиот сектор во ирско-грчки размери, но е изложена на многу бавен раст и намалување на буџетските приходи од даноци, коишто земјата може лесно да ја доведат до точка на несолвентност, односно неможност да се платат долговите. Уште поголем проблем, истакнува Стелзер, е што италијанската економија е речиси двојно повисока од шпанската, па уште поголема е заканата дека европскиот фонд за спас едноставно не би бил во можност да го финансира излезот од банкрот на таа земја. Неодржливост на економијата Еднакво неодржлив економски раст во Италија и во Португалија во првата половина на оваа година покажа и извештајот на Европскиот центар за политика во Брисел. Центарот го изработува европскиот индекс за одржливост на економијата, во чии рамки ги класифицира 27-те членки на Европската унија според критериумите на економскиот раст, буџетскиот дефицит и нивото на долгови, конкуретноста, корупцијата и очекуваните трошоци за пензии. Според овој индекс, Грција добила најниски оценки во скоро сите категории и нејзината економија го добила статусот на “неодржлива”, а во истата категорија се и Италија и Португалија. Од друга страна пак, според индексот на одржливост, Шпанија е рангирана меѓу подобро позиционираните земји – на чии економии допрва „им се заканува опасност да станат неодржливи„. “Грција е посебен случај и се наоѓа во најлоша позиција, и според краткорочните и според долгорочните показатели. Бидејќи пазарите и официјалните лица се` повеќе се фокусираат на долгорочни показатели, вниманието се` повеќе го привлекува и Италија. Португалија, исто така, несомнено има долгорочни структурни проблеми”, се истакнува во извештајот. Умешноста на гувернерот Релативно добрата финансиска состојба на Италија е последица на компетентноста на банкарските регулатори и на способноста на гувернерот, Марио Драги. За жал, нивниот успех не значи дека сè е во ред во италијанската економија. Поточно, гувернерот Драги во своите јавни изјави жали дека Италија е “неспособна за постигнување на одржлива стапка на раст” и дека “очигледно ја губи конкурентноста во однос на своите главни европски партнери”. Во периодот од 1998 до 2008 година Германија ја зголеми продуктивноста за 22 отсто, Франција за 18 отсто, а Италија само 3 отсто. Покрај стагнацијата на продуктивноста, италијанската економија нема да може да расте со стапка поголема од 1 отсто, колку што Владата проектира за оваа и за следната година. Во секој случај, најави Организацијата за европска економска соработка (OEEC), даночните приходи во буџетот ќе се намалат и Владата не ќе може да го достигне предвидениот буџетски дефицит. Поразителна слика на врвот Новите бизниси и вложувања, коишто и` се потребни н аИталија за да генерираат иновациие, продуктивност и раст, се под силен притисок и речиси се уништени. Кредитирањето на економијата е блокирано од страна на мрежата на „шпагети„ бирократијата, корупцијата, даночните структури коишто ја поттикнуваат мотивацијата за даночно затајување и груба државна администрација. Голем проблем е и депресивната слика што ја гледа бизнисзаедницата во владините кругови. Светски познатите секс-скандали на премиерот Силвио Берлускони, за Италијанците не се интересни. Се очекува дека на гласањето за доверба на италијанската влада, најавено за 14 декември, премиерот кој што досега “одработи” три мандати, може да
четврток, 09 декември 2010
БИЗНИС ИНФО
17 ДОСИЕ
биде принуден да си поднесе оставка. Италијанските бизнисмени, без оглед на резултатите од гласањето, не веруваат дека државниот врв е способен за воведување ред во Неапол, град којшто функционира под контрола на мафијата или за ефикасно спроведување на структурните реформи кои се неопходни за економијата. Тамошната бизнис-заедница ја мачи сосема оправдано чувство на беспомошност. Италијанците не можат да воспостават курс којшто им е потребен за да станат конкурентни, посебно во споредба со кинескиот, бидејќи тие одамна националната валута ја заменија со еврото. Исто така, Италија не може да ги одредува каматните стапки кои одговараат на нејзините економски околности, бидејќи ги утврдува Европската централна банка, под силно влијание на Германија. Исто така, не можат да ги контролираат ни цените на енергентите, бидејќи нив ги одредува картелот ОПЕК во оваа членка на евро-зоната којашто е премногу зависна од нафтата. Падот на Венеција Она што останува како главен мотор на италијанската економија се малите и средните претпријатија кои произведуваат висококвалитетни производи за широка потрошувачка. Сепак, овие трудоинтензивни индустрии се соочуваат со фактот дека пазарот за квалитетна стока со високи цени е проголтан од страна на неквалитетни и далеку поевтини производи произведени од кинески работници во Кина и во Италија. На пример, Венеција, градот на фамозните дизајнери и производители на стакло, се сомнева дека уште долго ќе може да ја преживее нелојалната конкуренција од кинески производи. Венецијанската традиционална индустрија за преработка на злато и скапоцени камења, исто така, се намалува, додека производителите од Далечниот Исток го преземаат тој пазар. Така, судбината на овие индустрии и на семејните компании во ништо не се разликува од португалската индустрија за обувки, којашто ја “збриша” евтиниот увоз од Кина. Но конкуренцијата не доаѓа само од далечната Азија. Многу производи кои некогаш ги изработуваа италијанските мајстори, сега ги произведуваат колонии на кинески имигранти, кои работат со часови по цена со која Италијанците не можат или не сакаат да конкурираат. Улиците на многу италијански градови се преплавени со кинески продавници во коишто се продава стока од познати брендови како Гучи и Прада. Затоа, Олеснување на прекуграничното работење италијанските производители и трговци се многу скептични кога станува збор за нивниот опстанок. Во голем притисок поради долг Во моментов, Грција, Ирска, Португалија и Шпанија плаќаат повисоки премии, кои се движат од 5 до 7 отсто, во споредба со 10-годишната германска обврзница. Но, Италија, која сега дава повисока премија за само 1,7 отсто на хартиите од вредност, наскоро ќе падне жртва на високо очекуваните стапки на премии за ризик, доколку не се обезбедат зголемени стапки на економски раст од ппрогнозираниот 1 отсто. Пред сè, со јавниот долг, кој достигна 120 отсто од БДП, Италија е во многу поголем притисок од Португалија, чиј вкупен долг изнесува околу 85 од брутодомашниот производ. Понатаму, Светската банка во глобалното рангирање на земјите според едноставноста на работењето, Португалија ја подреди веднаш под Израел и Холандија, додека Италија е рангирана на 80-то место. Тоа имплицира дека во Италија на претприемачите им е потешко да работат отколку, на пример, во Монголија или Замбија, и многу малку полесно отколку на Јамајка, во Албанија и Пакистан.
ЕДИНСТВЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА КОМПАНИИТЕ
Европската комисија започна јавна расправа за воведување на единствен телефонски број за компаниите од земјите-членки на ЕУ, со што би требало да се олесни нивното прекугранично работење. Во моментот европските компании имаат различни телефонски броеви во секоја земја-членка на ЕУ, со што според Eврокомисијата се отежнува развојот на услугите на европско ниво. - Ги повикувам сите заинтересирани страни да ни помогнат во осмислувањето на пристап, што ќе им одговара на потребите на компаниите и ќе им овозможи полесен пристап на клиентите, изјави еврокомесарот за дигитална агенда Нели Крус. Досега за олеснување на својата работа европските компании ги користеа националните или т.н. „негеографски“ броеви, како оние што почнуваат на 0800, но немаа единствен број во сите земји во кои работат. Ваквата практика, според Европската комисија, им создава дополнителни трошоци на компаниите, но и на нивните клиенти и го попречува развојот на внатрешниот пазар во Унијата. Поради ова Комисијата започна јавна расправа што ќе трае до крајот на февруари и има за цел да и помогне во изработката на предлог со кој ова прашање ќе се регулира на ниво на ЕУ. Европската комисија смета дека овој проблем би можел да биде решен на два начини - со воведување на краток број на европско ниво кој би бил наменет само за компаниите или пак со воведување на европски „предброј“ 3883 по што би следел телефонскиот број на компанијата кој би бил ист во сите држави членки на ЕУ.
БИЗНИС ИНФО
18 МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ
четврток, 09 декември 2010
Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија
Назив на проектот
MK-Skopje: Градежни работи
Референца
ECZ61371-Земји кандидати
Финансиска референца.
2010/S 235-358956
Вид на набавка
Изведбени работи
Финансиер
Европска комисија
Земја
Македонија
Објавено на
3.12.2010
Краен рок за апликација 24.01.2011 Сектори
Градежништво-инжинеринг:
Опис на проектот
Градежни и градежно-занетчиски работи за изградба на административна зграда за Агенцијата за електронски комуникации во согласност со проектот во сите фази
Контакти
Agency for Electronic Communica�ons, Contact: Vladimir Ristevski, Violeta PopAceva, A�n: Violeta PopAceva 13 Dimitrie Cupovski Street, 1000 Skopje, REPUBLIC OF MACEDONIA Tel. +389 23280212 +389 23280212, Fax +389 23224611 E-mail: violeta.popaceva@aec.mk, Internet address(es) h�p://aec.mk
Назив на проектот
MK-Skopje: изградба на катна гаража
Референца
ECZ60900-Земји кандидати
Финансиска референца.
2010/S 220-337212; 2010/S 236-359007
Вид на набавка
Услуги, набавки, изведбени работи
Финансиер
Европска комисија
Земја
Македонија
Објавено на
04.12.2010
Краен рок за апликација
12.01 2011
Сектори
Градежништво-инжинеринг: Информациона технологија: - Hardware / Equipment / So�ware Јавна администрација: Транспорт:
Опис на проектот
Градежни работи за изградба на катна гаража 5-13 Мал Ринг во Скопје Рок за прием на барања : 12.1.2011 (12:00). Рок за прием на тендерска документација: 12.1.2011 (12:00). Отварање на тедерската документација: 12.1.2011 (12:00).
Контакт
Јавно претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, Орце Николов 138, Република Македонија, Скопје. Aleksandra Pecova, Tel. +389 72241151, Fax +389 23111195 E-mail: aleksandra.pecova@jpssdp.gov.mk
Назив на проектот
Проект за регионални и локални патишта
Референца
EBRDZ50063
Финансиска референца.
6253-GPN-40153 (6046-GPN-40153
Вид на набавка
Services, Works
Финансиер
Европска банка за обнова и развој
Земја
Албанија
Објавено на
30.11. 2010
Краен рок за апликација
29.11. 2011
Сектори
Градежништво-инжинеринг: градежни работи, рушење - главни патишта,патишта, мостови, тунели - Обновување и одржување, Програма-менаџмент со ресурси: Транспорт: политика,планирање, модели - патишта, јавен транспорт сигурност
Опис на проектот
Вредноста на проектот е 100 милиони евра, со цел за изградба на регионални и локални патишта. Цели на проектот се подобрување на приоритетните правци на рмрежата на регионални патишта подобрување на приоритетните правци на мрежата на локални патишта вклучување на приватниот секторво одржување на мрежата на регионални и локални патишта зајакнување на управувањето и менаџментот на регионалните и локални патишта
Контакт
Albanian Development Fund A�n: Ms. Valen�na Kazanxhi, Legal and Procurement Unit Rr. “Sami Frasheri”, Nr. 10, Tirana, Albania. Tel: +355 4 22 35 597/8 Fax: +355 4 22 34 885 E-mail: adf@albaniandf.org Web site: www.albaniandf.org
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Контакт М-р Ацо Спасовски тел. 3244044 факс.3244088 е-маил-aco@mchamber.mk www.mchamber.mk
четврток, 09 декември 2010
БИЗНИС ИНФО
19 ПРЕЗЕНТАЦИИ, САЕМИ, СЕМИНАРИ
На 15 декември во Стопанската комора на Македонија
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ДУНАВСКОТО ПРИСТАНИШТЕ ЛОМ, ВО БУГАРИЈА
Стопанската комора на Македонија, како репрезент на бизнис-заедницата, секојдневно ги разгледува сите аспекти на деловното опкружување и прави напори да создаде стабилна клима за поттикнување на трговската размена и инвестициите меѓу земјите од регионот.Во таа насока во наредниот период продолжуваме со серијата презентации на меѓународните пристаништа од земјите во регионот. Така, по пристаништата во Бар, Драч, Бургас, Варна, Ѓурѓу во Романија и солунското пристаниште, Стопанската комора на Македонија во соработка со пристанишниот оператор “Комплекс Лом”, организира презентација на дунавското пристаниште Лом, Република Бугарија. Со својата геостратешка положба на реката Дунав во централна Бугарија, пристаништето Лом претставува пресечната точка на двата паневропски коридора 4 и 7, која ги поврзуваЗападна со Источна Европа преку Северното и Средоземното Море, преку Црното Море со земјите од Азија. Како важен европски транспортен центар, ова модерно мулти-функционално пристаниште за насипни, стандардни и специјални товари, е отворено за транзитен сообраќај на стоките од и кон Македонија како алтернативен воден транспорт на солунското пристаниште. Стопанската комора на Македонија, ги поканува сите заинтересирани компании за учество на презентацијата на дунавското пристаниште Лом, со цел согледување на потенцијалите за негово користење, од функционален, технички и економски карактер.
Според однапред пријавениот интерес на македонските компании, по презентацијата ќе бидат организирани и билатерални средби со менаџментот на пристанишниот комплекс Лом. Бесплатната презентацијата ќе се одржи на 15 декември 2010 година (среда), со почеток во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат. Контакт: Влатко Стојановски Тел: 3244 004 факс: 3244 088 vlatko@mchamber.mk
Митко Митевски Тел: 3244 015 факс: 3244 088 mite@mchamber.mk
Oд 21 до 23 јануари 2010 година во Вировитица, Република Хрватска
„ ВИРОЕКСПО 2011„
Стопанската комора на Македонија организира настап и посета на заинтересирани македонски компании на 16. Меѓународен саем на економијата, занаетчиството и земјоделството „ВИРОЕКСПО 2011„ во Вировитица, Република Хрватска, на којшто нашата земја учествува како земја-партнер. Просторот за стопанственицитеизлагачи од Македонија ќе биде бесплатен, а големината на изложбениот простор ќе зависи од потребата и бројот на излагачите Во периодот од 21 до 23 јануари 2011 година ќе се одржи 16. Меѓународен саем на економија, занаетчиство и земјоделство „ВИРОЕКСПО 2011„, во Вировитица. Манифестацијата е под покровителство на Владата на Република Хрватска, министерствата за економија и регионален развој, Стопанската комора на Хрватска и другите комори и е најзначајна саемска манифестација во Република Хрватска
На Вировитичкиот саем секоја година учествуваат голем број земји од цела Европа и од регионот и е втор по големина во Хрватска, по Загребачкиот велесаем. „ВИРОЕКСПО„ е одлична прилика за средба на деловни посетители и придонесува пред се` за развојот на економијата, занаетчиството и земјоделието во Вировитица, Вировитичко-подравската жупанија, како и на поширокиот регион, создавајќи добри услови за поголем развој на економската размена и проток на стоки, како во регионот и пошироко во Европа. Производите од металната, текстилната, градежништвото и дрвната индустрија, земјоделските и прехранбените производи, како и најновите достигнувања во автомобилската индустрија, како и понудите на услужните дејности од областа на банкарството и туризмот, традиционално се присутни на овој саем во количина и асортиман, кои ги задоволуваат глобалните бизнис-потреби на излагачите. Во рамките на одржувањето на Саемот се планира да се одржи и бизнис-форум, доколку постои интерес од македонските компании, за што е потребно претходно известување до организаторот, како и културни случувања. Стопанската комора на Македонија ги повикува сите заинтересирани македонски компании да го пријават своето учество на Саемот „ ВИРОЕКСПО 2011“ , најдоцна до 15 декември 2010 година. Контакт: Венера Андриевска Тел: 3244 037 факс: 3244 088 venera@mchamber.mk
Влатко Стојановски Тел: 3244 004 факс: 3244 088 vlatko@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
20
четврток, 09 декември 2010
ПРЕЗЕНТАЦИИ, САЕМИ, СЕМИНАРИ
Еднодневен семинар на 20 декември 2010 година
„ЗАСНОВАЊЕ И РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОГОВОРНО ЗАЛОЖНО ПРАВО“ од 10-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат
Актуелноста на поставената тема за семинарот произлегува од постоечките економски услови за стопанисување меѓу стопанските објекти и глобализација на кризата, што директно влијае при кредитирањето, односно добивањето средства за работа. Кредиторите, најчесто банкарсите организации при доделување кредити, бараат да се изврши обезбедување на побарувањето преку договорно заложно право, како акцесорна обврска. Имајќи предвид дека во овој домен се јавуваат правни проблеми и се создаваат спорни ситуации, како и интересот кај правните субјекти да се организира тематски семинар, Стопанската комора на Македонија, на 20 декември 2010 година , со почеток во 10 часот, во просториите на Комората организира еднодневен семинар. ПРОГРАМА 1.Вовед во темата за договорно заложно право и правните проблеми Д-р Фиданчо Стоев, судија во пензија 2.Засновање на договорно заложно право: - условите; - содржина на договорите; - правата и обврските на страните; - последици. Прашања и дикусија Д-р Фиданчо Стоев, судија во пензија 3.Реализација на договорно заложно право: -постапка; - условите за продажба и определување на цената; -права на другите доверители; -последици. Прашања и дикусија Ранко Максимовски, судија во пензија 4.Судска заштита при реализација на договорно заложно право: -средства за заштита; -тужби; -времени мерки; -последици. Прашања и дискусија Теофил Томановиќ, судија во пензија Заинтересираните лица за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 16 декември 2010 година. Цената за учество изнесува 4.720 денари за 1 учесник (4000+ДДВ) за компании членки и 7.080 денари за 1 учесник (6000+ДДВ) за компании кои не се членки на Комората. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: 3244 074 факс: 3244 088 be�@mchamber.mk
Ленче Зикова Тел: 3244 054 факс: 3244 088 lence@mchamber.mk
ПОКАНА ЗА РАБОТИЛНИЦАСЕМИНАР на теми од надворешно-трговското и царинското работење:
- Збогатете ги знаењата од областа на надворешнотрговското и царинското работење; - Подобрете ја конкурентноста преку подоследна примена на правилата за трговска размена со земјите од ЦЕФТА-Регионот - Дознајте повеќе за корисноста на АТА-карнетот - Поедноставете ги царинските процедури За овие и за други актуелни прашања од секојдневното меѓународно трговско и царинско работење повеќе ќе дознаете на еднодневната работилница-семинар што во организација на Стопанската комора на Македонија и Царинската управа на Република Македонија ќе се одржи на 10 декември 2010 година (петок), со почеток во 11:00 часот, во Хотел “ЕПИНАЛ“ - Битола, , на која ќе бидат опфатени следните теми: 1. Потекло на стоките во Регионот на ЦЕФТА; 2. Презентација на модулите за царинско и деловно електронско учење (Е-learning); 3. Поедноставени постапки на царинското работење и 4. АТА карнет – улога, предности, одговорности и права Предавањата по точките 1, 2 и 3 ќе ги реализира стручна екипа од Царинската управа на Република Македонија, а по точка 4 излагање ќе има претставник на Стопанската комора на Македонија. Интерактивниот карактер на работилницата на присутните ќе им овозможи непосредно да поставуваат прашања и да се добијат одговори за актуелностите поврзани со проблематиката од наведените теми. Присуството на работилницата-семинарот е БЕСПЛАТНО. Од 22 до 30 јануари 2011 година во Дизелдорф, Германија
САЕМ ЗА БРОДОВИ И ЈАХТИ “BOOT 2011”
Oд 22 до 30 јануари 2011 година, во Дизелдорф, Германија, ќе се одржи саемската манифестација , “BOOT 2011” - Меѓународен саем за бродови, јахти, и опрема”. На oваа саемска манифестација, ќе бидат изложени најновите модели на: • бродови; • јахти; • мотори и моторна техника; •опрема за бродови и јахти; •услуги; •кајак и кану; • скијање на вода; •сурфање; •риболов и тн. Стопанската комора на Македонија организира посета на македонските компании на саемската манифестација “BOOT 2011” по претходно пополнета пријава за учество на настанот. Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004;Факс:(02) 3244088 E-адреса: vlatko@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
четврток, 09 декември 2010
21 Стопанска комора на Македонија – ЕИИЦМ
На 16 и 17 февруари 2011 Саем и Настан за технолошка и бизнис-соработка, во Шпанија
EGÉTICA-EXPOENERGÉTICA 2 ВО ВАЛЕНСИЈА
Стопанската комора на Македонија - ЕИИЦМ организира посета на Вториот саем за технолошка и деловна соработка. Настанот ќе се одржи во Валенсија на 16 и 17 февруари 2011 година, за време на заедничките меѓународни саеми: - EGÉTICA-EXPOENERGÉTICA: Саем за енергии; - ECOFIRA: Саем за вода, почва, воздух, отпад и нивни технологии и услуги и - EFIAQUA: Саем за ефикасно водостопанство. Настанот ќе се состои од меѓународна платформа која им овозможува на компаниите и организациите од секторот на енергија, вода и отпад, да се среќаваат со цел да се споделат иновативните технолошки предлози, да бараат решенија за технолошки предизвици и да започнат бизниссоработка. Области на интерес: - Одржливо производство и дистрибуција; - Новите технолошки решенија (енергија и животна средина); - Ефикасност во градежништвото; Ефикасност во транспорт и одржлива мобилност; - Урбанистичко и индустриско управување со отпад; - Управување со системи за животната средина: - Оценување на индустриски отпад; - Потврдување, рециклирање; - Еко-производи; - Третманот на отпадните води; - Колекционирање и третман за прочистување на водата; - Набавка и дистрибуција на вода; - Контрола на поплави; - Крајбрежната заштита; - Проекти за финансирање. Рокови: - до 3 февруари 2011 година: регистрација и поднесување на профили; - до 9 февруари 2011 година: барања за билатерални средби. Повеќе информации за саемите: EGÉTICA - EXPOENERGÉTICA: www.ege�ca-expoenerge�ca.com ECOFIRA: www.feriavalencia.com / ecofira EFIAQUA: www.feriavalencia.com / efiaqua Веб-сајт на Вториот настан за технолошка и деловна соработка: h�p://www.enterprise-europe-network.ec.europa.eu/public/bemt/home.cfm?even�d=2460 Влезот и учеството на саемот се бесплатни. Контакт: Лазо Ангелевски, проектен консултант тел: (02) 3244090 laze@mchamber.mk
Софче Јовановска, проектен консултант тел: (02) 3244060 sofce@mchamber.mk
Од 26 до 28 јануари 2011 година во Турција
МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА БРОДОГРАДБА SMM ВО ИСТАНБУЛ
Стопанската комора на Македонија – ЕИИЦМ организира посета и учество на Меѓународниот саем за бродоградба SMM во Истанбул, од 26 до 28 јануари 2011 година Брокерскиот настан ќе биде организиран во текот на второто издание на SMM-Истанбул саем, кој ќе се одржи во Истанбул, „Љутфи Кирдар“ изложбен центар на 26 до 28 јануари 2011 година. Првото издание во Истанбул на саемот (SMM) беше успешно организиран во 2009 година. Тогаш Саемот беше домаќин на повеќе од 4000 посетители од 66 земји и 150 излагачи од 30 земји. Настанот - партнерство ќе се одржи во текот SMM - Истанбул 2011 година во една специјална област во салата подготвена за билатерални средби. Настанот има за цел да донесе професионалци во областа на: • бродоградбата и бродоградилиштата; • науката за поморство и технологија; • навигацијата и позиционирањето; • пристанишната технологија; • зелениот превоз; • услугите во поморството. Веб-сајтот на брокерскиот настан е: h�p://techmatch.aia-istanbul.org/smmistanbul Учеството на брокерскиот настан е бесплатно. Контакт: Лазо Ангелевски, проектен консултант тел: (02) 3244090 laze@mchamber.mk
Софче Јовановска, проектен консултант тел: (02) 3244060 sofce@mchamber.mk
САЕМИ ВО ЈАНУАРИ И ФЕВРУАРИ
Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, во Стопанска комора на Македонија, го организира Вашиот настап на саемите и бесплатно ќе Ве поврзе со сите странски учесници на некој од следниве настани каде е организатор партнер на ЕЕН мрежата: Jaнуари 2011 година
Февруари 2011 година
12/01/2011 InnoBuildTech at BUDMA 2011 Fair Poznan (Poland)
01/02/2011
Mee�ngpoint “Learning and IT” at LEARNTEC 2011 Karlsruhe (Germany)
19/01/2011 BROKERAGE EVENT TOURISM FITUR 2011 MADRID (Spain)
02/02/2011
MicroMountains iNNOVATION fORUM for Micro Technology 2011 Villingen-Schwenningen (Germany)
25/01/2011 BE2WEEN@TERRATECT/ENERTEC 2011 Leipzig (Germany)
04/02/2011
Life Sciences Brokerage Event Edinburgh (United Kingdom)
26/01/2011 Biomass Business Talks 2011 Graz (Austria)
10/02/2011
b2fair SME Forum 2011 Luxembourg (Luxembourg)
26/01/2011 SMM Istanbul 2011 Interna�onal Partnering Event Istanbul (Turkey)
10/02/2011
Fruit Logis�ca 2011 Brokerage Event Berlin (Germany)
14/02/2011
Mobile World Congress Brokerage Event 2011 Barcelona (Spain)
16/02/2011
EGÉTICA-EXPOENERGÉTICA: II Technology and Business Coopera�on Event – Energy, Water and Wastes Valencia (Spain)
22/02/2011
Eilat-Eilot Renewable Energy Conference & Exhibi�on 2011 Eilat (Israel)
БИЗНИС ИНФО
22
четврток, 09 декември 2010
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Грчка компанија бара застапник во Република Македонија за пласман на дрвен и метален канцалариски мебел Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:9.04.2011 Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за производство на сладолед Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:9.04.2011 Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на сладолед во прав, млеко во прав и преливи Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:9.04.2011 Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на хидраулични системи за лифтови Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:9.03.2011 Компанија од Азербејџан бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на чоколадни производи Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:10.02.2011 Компанија од Шпанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на ортопедски помагала Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:11.03.2011 Турска компанија бара соработка со бензиски пумпи за набавка на опрема Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:15.03.2011 Македонска компанија нуди на продажба на објекти лоцирани на 14 км од градот Делчево, во с. Бигла на 800 м надморска височина, постојат 3 производствени погони и повеќе услужни објекти ( портирница,ресторан со кујнаи магацин,котларница за јаглен и магацин за готови производи) Локацијата зафаќа површина од 1.850 м2 под објекти и вкупна површина на останато земјиште од 26.841м2. Вид на соработка: Берза на инвестиции Област на соработка : Трговија на недвижности,изнајмување Валидност до:15.11.2011 Компанија од Хрватска бара соработка со трговци на прехранбени производи за пласман на жестоки пијалоци, пиво и природни сокови Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:17.03.2011
Македонска компанија нуди на продажба фабрика лоцирана во градот Гостивар 60 км од Скопје фабриката е соодветно поврзана со патишта и железница во рамките на Македонија и меѓународно преку соседните земји Грција,Бугарија,Србија, Црна Гора и Албанија,комплексот зафаќа површина 147.000 м2 а опфаќа производни,услужни и административни објекти со вкупна површина од 30.095 м2 и вкупна површина на останато земјиште од 115.100м2.Во рамките на локацијата е изградена и станица за складирање, дистрибуција и полнење на течен нафтен гас(пропан -бутан) сопственпост на компанијата Вид на соработка: Берза на инвестиции Област на соработка : Трговија на недвижности,изнајмување Валидност до:15.11.2011 Компанијата ИМПУЛС ДОО Скопје од Република Македонија-компанија за телекомуникации бара соработници за отварање свое претставништво во Белград, Приштина и Тирана за дистрибуција и продажба на мобилни телефонски апарати на големо и мало Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:18.11.2011 Компанија од Босна и Херцеговина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на кожна галантерија, машки и зенски кожени чанти, каиши,ракавици, новчаници и кожа на метража Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:18.03.2011 Австриска компанија бара соработка со македонски компании кои произведуваат лимови,шипки и цевки во Република Македонија Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:22.04.2011 Македонска компанија нуди на продажба ексклузивен објект од 600 м2 на ексклузивна локација во Скопје, кој може да биде пренаменет за хотел, лабораторија, амбуланта или др. Дејност Вид на соработка: Изнајмување деловен простор Област на соработка : Трговија на недвижности,изнајмување Валидност до:20.09.2011 Хрватска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за продажба на големо на копчиња за облека Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:22.04.2011 Хрватска компанија бара соработка со македонски производители на конфекција за пласман на копчиња Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Производство на текстил И текстилни производи Валидност до:22.05.2011
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
Грчка компанија бара соработка со македонски производители на обоено предиво (acrylic hand kni�ng dyed yarns on balls) за увоз во Грција Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Производство на текстил И текстилни производи Валидност до:23.11.2011 Германска компанија нуди услуги во развој и во одржливо снабдување со електрична енергија и начини на заштеда на ефикасно користење на енергијата Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:18.02.2011 Грчка компанија бара застапник во Република Македонија за пласман на дрвен и метален канцалариски мебел Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:9.04.2011 Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за производство на сладолед Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:9.04.2011 Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на сладолед во прав, млеко во прав и преливи Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:9.04.2011 Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на хидраулични системи за лифтови Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:9.03.2011 Компанија од Азербејџан бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на чоколадни производи Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:10.02.2011 Компанија од Шпанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на ортопедски помагала Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:11.03.2011
Контакт: Мирјана Коцева Е-адреса: Mirjana@mchamber.mk Тел:3244-035; Факс: 3244-088
тел: : (02) 3244036 факс: (02) 3244088 savo@mchamber.mk