Skip to main content

Бизнис ИНФО, број 194, 09.10.2014

Page 1

БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642

bsi.

ISO 9001

Quality Management

goodini

192

2 - 2014

FS 549642

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Број 194

www.mchamber.mk

09.10.2014

Започнува реализацијата на Проектот „Обука за градежните работници за енергетска ефикасност“ чиј координатор е Стопанската комора на Македонија

ПРИДОНЕС ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРИОРИТЕТНИТЕ ЗАДАЧИ ОД СТРАТЕГИЈАТА 2020 НА ЕУ


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО

ФИНАНСИСКА ЗОНА ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ИМА ВИСОК КРЕДИТЕН РЕЈТИНГ Околу финансиските зони е клучно тоа што тие треба да бидат транспарентни и да бидат во рамки на позитивната законска регулативна во ЕУ која познава такви зони. Не треба да биде уникатна. Од првичните ефекти ќе се види дали и каква е перцепијата на странските инвеститори кон економската и политичката стабилност на земјата генерално. А добредојдени се средствата во државава кои понатаму можат да предизвикаат два позитивни ефекта, подигање на нивото на ‘ноу хау’ кај домашните вработени во зоните за тој тип на финансии, и второ, отвора малку простор за стопирање на одливот на луѓе кои би сакале да се занимаваат со таа работа, а сега тоа го немаат каде бидејки во Македонија освен банките нема алтернативни извори на финансирање. Не го гледам негативниот аспект ако биде направено транспарентно и во духот на позитивната законска регулатива во Европа. Ризик не може да има освен можеби кон банките кои пак поради високото ниво на профитабилност мислам дека ќе се справат со тоа. Мислам дека е вистинско време да се прави финансиска зона додека Македонија има висок кредитен рејтинг. Ако се прави во поинакви услови кога би имале рејтинг понизок од „ББ+“ тогаш би било дискутабилно. Еве, што не направи Грција на пример сега финансиска зона? (Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија за „Дојче Веле“)

СТРАНСКИТЕ ЕКСПЕРТИ НИ ПРЕНЕСУВААТ ДРАГОЦЕНИ ИСКУСТВА „Витаминка“ поседува врвна технологија и одлично обучени технолози, што го потврдивме со неодамнешната инвестиција токму во производството на чоколада. Но, доаѓањето на експертот, кој ни ги пренесе искуствата од врвните производители на чоколада, меѓу кои и „Нестле“, беше исклучително корисно за нас. Со господин Чемба работевме заедно на подобрување на вкусот и на конзистенцијата на чоколадата како и на рекомпонирањето на состојките на еден поинаков начин. Добивме значајно искуство и развивме одлична соработка, што има потенцијал да продолжи и понатаму, после оваа иницијална средба овозможена од Владата. Тоа е начин и метод што секако треба и во иднина да се практикува за сите компании. Секоја размена на мислења и искуства плус се значајни за секој бизнис. Нашата последна инвестиција е во делот на производството на чоколада за што набавивме и нова опрема. Инвестицијата е околу 3 милиони евра и со неа ќе бидеме лидери во регионот по модернизација на овој вид производство. Како компанија сме насочени кон модернизација и кон прифаќање на современите начини на производство, бидејќи никој во кондиторската индустрија не треба да го ризикува квалитетот. Мора да имате врвен квалитет на производите и да не се обидувате да се коцкате со довербата на потрошувачите. Тоа е наш приоритет и од тоа нема да отстапиме. (Сашо Наумоски, генерален директор на прилепска „Витаминка“ во „Утрински весник“)


4

БИЗНИС ИНФО

четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

ПОДВЛЕЧЕНО

НАТАМОШНА ПОДДРШКА НА КРЕДИТНИОТ РАСТ Последните расположливи податоци за депозитите и кредитите на банките кај приватниот сектор се однесуваат на август кога е остварен годишен раст на депозитите од 8 проценти и истовремен раст на кредитите од 8,7 отсто. Продолжуваат и поволните тенденции кај депозитите во однос на валутната структура изразени преку доминантен придонес на денарските депозити, како и поволните тенденции кај кредитите преку натамошно зајакнување на придонесот на кредитите на претпријатијата. Интензивирањето на кредитниот раст беше поддржано од подобрените согледувања на банките за ризиците во однос на окружувањето, растот на домашната економија и поволните придвижувања кај учеството на нефункционалните пласмани, како и мерките преземени од страна на НБРМ. Со цел натамошна поддршка на кредитниот раст, на последната седница на Советот на НБРМ беше продолжена важноста на одлуката за ослободување од обврската за задолжителна резерва за кредити одобрени на извозниот и енергетскиот сектор до крајот на 2015 година, а претходно беше до 2014 година, што, се надеваме, ќе даде придонес кон одржување на кредитниот раст. (М-р Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Република Македонија во „Дневник“)

ПОКАЖАВМЕ ДЕКА ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА ДАВААТ РЕЗУЛТАТИ! Прилепска пиварница е прогласена за Национален шампион на Европските бизнис награди спонзорирани од RSM International. На Европските бизнис награди, што оваа година се одржуваат по осми пат, земаа учество над 24 илјади бизниси од 33 европски земји. Да се биде една од избраните компании во ваков тип на натпревар за нас е одличен показател дека сме на вистинскиот пат. Досега вложивме многу како компанија, се одлучивме на промени кога малкумина се решаваа на инвестиции. Овој пат сме пример на компанија што покажа дека инвестициите за време на криза, ако правилно се спроведени со одлична стратегија дава резултати. Нашите 90 години на традиција одлично се искомбинираа со новиот изглед на Златен даб, со инвестициите во производството и не сместија во редот на најдобрите во Европа. Тоа значи дека сме македонска пиварница со светски квалитет. Иако ја имаме довербата на потрошувачите, ваков тип на награди е потврда на единствениот квалитет на нашите производи. Прилепска пиварница се покажа како најдобра во исполнувањето на критериумите поставени од European Business Awards. Ние се покажавме одлични во полето на иновациите, етичкиот пристап и финансискиот успех. Тоа беа критериумите за избор и добивање на наградата. Во сите три полиња Прилепска пиварница се покажа како лидер. Исполнувањето на високи стандарди во делот на иновациите е видлив и на теренот со секојдневната наша работа. Со воведувањето на нови иновативни производи, модернизација на производството, светски изглед на производите направивме вистинска промена на македонскиот пазар. Сето тоа доведе до одлични перформанси на компанијата. Ние, за разлика од некои други компании, за секој вложен денар во иновации и промоција не велиме дека се трошоци, туку тоа е инвестиција за одличен квалитет и производ што пак ни ја зголемува довербата кај потрошувачите. (Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепската пиварница во „Фактор“)


четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

БИЗНИС ИНФО

ИНИЦИЈАТИВИ

Скенирај и дознај повеќе

5

M

C

N IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

A

Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E

S

E


6

БИЗНИС ИНФО

четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

МОЖНОСТИ Започнува реализацијата на Проектот „Обука за градежните работници за енергетска ефикасност“ чиј координатор е Стопанската комора на Македонија

ПРИДОНЕС ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРИОРИТЕТНИТЕ ЗАДАЧИ ОД СТРАТЕГИЈАТА 2020 НА ЕУ

Во Стопанската комора на Македонија се одржа првиот состанок на Проектот „Обука за градежните работници за енергетска ефикасност“ (BUILD UP Skills - Builders’ Energy Efficiency Training – BEET), иницијатива на Европската унија, во рамките на Европската програма за конкурентност и иновативност на потпрограмата Интелигентна енергија (8.10.2014 година). Пред одржување на состанокот се одржа и прес конференција. - Проектот за обука на градежните работници за енергетска ефикасност претставува следна фаза по спроведените анализи поврзани со енергетската ефикасност во градежниот сектор. Во претходните фази беа идентификувани слабите страни кои се евидентни на пазарот во Република Македонија, а преку овој проект се фокусираме на надминување на недостатоците од квалификувана работна сила во областа на енергетската ефикасност. Имено, Стопанската комора на Македонија како координатор на Проектот се фокусира на комплетна координација на сите засегнати страни и битни чинители во зголемување на општото ниво на знаења поврзани со енергетската ефикасност во државата, - истакна м-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија. Покрај Стопанската комора на Македонија како координатор на Проектот вклучени се и Здружението на бизниси и консултанти „Креација”, Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ, ЦеПроСАРД, Факултетот за бизнис економија и Центарот за образование на возрасните на Република Македонија. Со цел да се остварат зададените таргети согласно Проектот, партнерите ќе ги реализираат едукативните програми за енергетска ефикасност од пет занимања: фасадери, столари, техничари за греење, ладење и климатизација, кровопокривачи и електричари. - Проектот ќе овозможи 1.000 работници од овие пет


четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

БИЗНИС ИНФО

7

МОЖНОСТИ занимања да бидат препознаени од постојните градежни работници и да добијат сертификат за претходно стекнато знаење и искуство од областа на енергетската ефикасност. Добиените сертификати, покрај во Република Македонија, ќе бидат признати и во Република Словенија и Република Хрватска. За остварување на таа цел со Проектот се предвидува и обука на 200 тренери, по 40 од секое од наведените пет занимања и 50 компании кои ќе можат да вршат трансфер на знаење во иднина и да продолжат во континуитет да обучуваат нови кадри неопходни за да може градежниот сектор да биде конкурентен, - додаде м-р Јелисавета Георгиева. - На овој начин во земјава ќе се формира одреден квантум на обучена работна снага со која ќе се подигне конкурентноста на македонскиот градежен сектор. Проектот, кој е во вредност од 400.000 евра, ќе трае 20 месеци, односно до март 2016 година. Д-р Христина Спасевска, од Факултетот за електротехнички и информациски технологии, ја подвлече новата можност во Република Македонија за 2 години да се препознаат 1.000 градежни работници кои имаат знаења и вештини од областа на енергетската ефикасност. За прв пат во регионот во овој случај ќе се користи и информалното образование, а што се однесува до знаења стекнати кај работниците при нивното секојдневно работење. - Притоа е битно да направиме кампања работодавачите да ни помогнат и да ни овозможат да ги препознаеме овие работници, додаде д-р Христина Спасевска. Линдита Ќазими, директор на ЈУ Центар за образование на возрасни на Република Македонија, посебно го издвои фактот дека овој проект треба и по неговото завршување да овозможи одржливост во регрутирањето на работници кои ќе се занимаваат со енергетска ефикасност. Д-р Ристо Иванов, проект менаџер, спомена дека е особено значајно за Република Македонија до 2020 година да се стекне со 16.000 градежни работници од областа на енергетската ефикасност. Со Проектот до 2016 година се очекува таа бројка да биде 4.600. Ова е неопходно бидејќи градежниот сектор до 2020 година треба да учествува со 36,13 отсто во заштедата на енергијата. Затоа, според Јадранка Аризанковска, проектен менаџер, при Дирекцијата за регионални комори и меѓународна соработка во Стопанската комора на Македонија, главната активност на Европската иницијатива Build up skills „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност“ е да им помогне на европските национални економии да ги подобрат капацитетите на работниците во градежниот сектор. Акцентот е ставен на обука и едукација на градежните работници за енергетска ефикасност, за да може и Република Македонија да ги постигне параметрите зададени со ЕУ Стратегијата 2020 за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Саво Пејчиновски


8

БИЗНИС ИНФО

четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

АКТУЕЛНО Во Стопанската комора на Македонија се одржа дводневна обука за подготовка на македонските компании за аплицирање за новите програми „Косме“ и „Хоризонт 2020“

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА ПОГОЛЕМО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ СРЕДСТВА

Во интерес на зголемување на капацитетите на македонските компании за користење на средства од европските фондови, Стопанската комора на Македонија организираше дводневна обука, речиси веднаш по потпишувањето на Договорoт за учество на нашата земја во Програмата „Косме“, наменета за конкурентност на мали и средни претпријатија. На обуката што се одржа на 1 и 2.10.2014 година, претставници на четириесетина македонски компании беа подготвувани за аплицирање за европските фондови „Косме“ и „Хоризонт 2020“. Република Македонија од 29.9.2014 година учествува во Програмата „КОСМЕ“, чиј буџет изнесува 2,3 милијарди евра. Македонскиот министер за економија, Беким Незири, во просториите на Европската комисија во европската престолнина, заедно со еврокомесарот за индустрија и претприемништво, Нели Ферочи, го потпишаа Договорот за учествo вo нашата земја во оваа програма на Европската унија за периодот од 2014 до 2020 година. Согледувајќи ја моменталната состојба и слабата искористеност на европските пари, а особено од страна на приватниот сектор, директорката на Дирекцијата за регионални комори и меѓународна соработка, Наташа Димеска Стојаноска посочи дека најстарата и најбројната деловна асоцијација во земјава во континуитет ќе организира слични обуки за ЕУ-фондовите, со цел тие да станат подостапни до македонските компании. - Стопанската комора на Македонија е подготвена директно да им помогне на македонските компании во аплицирање на овие проекти, а ја нуди и можноста за партнерства, додаде Стојаноска. На обуката се обратија и претставници на македонските институции надлежни за спроведување на европските програми во Република Македонија, и тоа од Европската делегација, Секретаријатот за европски прашања, Министерството за економија, Министерството за образование, како и националното контакт лице овластено од Европската комисија за спроведување на клучниот инструмент достапен во рамките на


четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

БИЗНИС ИНФО

9

АКТУЕЛНО ЕУ-Програмата „Хоризонт 2020“, Инструментот за МСП наменет исклучиво за малите и средни претпријатија. Преку европските програми „Косме“ и „Хоризонт 2020“, како клучни програми за компаниите кои имаат за цел зајакнување на конкурентноста и одржливоста на претпријатијата, охрабрување на претприемничката култура и можност за пристап до финансии за МСП, се отвора можност и за македонските компании да аплицираат со свои проекти и да искористат дел од овие фондови кои се достапни за сите европски компании. Главен фокус во рамките на дводневниот семинар беше ставен на Програмата „Хоризонт 2020“, како клучна економска програма за којашто компаниите имаат најголеми можности за аплицирање. Дирекцијата за регионални комори и меѓународна соработка при Стопанската комора на Македонија ќе понуди серија дополнителни услуги за своите членки со цел да им помогне полесно да аплицираат преку организирање работилници и семинари директно во компании кои имаат интерес за работа на проекти и на тој начин да им помогне во аплицирањето за програмите. Вакви слични еднодевни обуки ќе се одржуваат и во регионалните комори со седиште во Прилеп, Битола, Кичево, Охрид , Кавадарци и Велес со цел да се задоволи зголемениот интерес на компаниите. Јадранка Аризанковска

ВО ДЕКЕМВРИ ЌЕ СЕ ОРГАНИЗИРА ПРВ ЗАЕДНИЧКИ САЕМ, СО ТРИБИНИ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА КОМПАНИИ ОД ДВЕТЕ ЗЕМЈИ

Работна средба на раководствата на стопанските комори на Македонија и на Косово за подобрување на меѓусебната размена

Стопанската комора на Косово оствари работна посета на Стопанската комора на Македонија со цел продолжување на активностите и заложбите на двете комори за поттикнување, унапредување и проширување на трговската размена меѓу двете стопанства (2.10.2014 година). За таа цел, иницирано е заедничко организирање на првиот македонско-косовски саем кој е планирано да се одржи на почетокот на декември 2014 година. Воедно, овој настан ќе биде проследен и со организирани отворени трибини со претставници на институции од двете земји кои се од значење во креирањето на политиките и условите за поедноставно водење на бизнисите, како и организирање деловни средби. Овие активности се преземаат од страна на двете комори со цел да се подобрат состојбите во надворешно-трговската размена меѓу двете земји, која во изминатиов период бележи намалување. На саемската манифестација се планира да доминираат индустриите од областа на: производство и преработка на храна, производители и дистрибутери на машини за агросекторот и прехранбената индустрија, транспортери во прехранбената индустрија, текстилната, електрометалната, дрвната, градежната, хемиската индустрија, како и индустријата за пластика и пластични маси. Според последните статистички податоци вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Косово во првите седум месеци од тековнава 2014 година изнесува 153.027.770,00 САД $, што претставува пад од 13,5% споредено со истиот период 2013 година. Наташа Димеска Стојаноска


10

БИЗНИС ИНФО

четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

ФОКУСИРАНО „Кожувчанка“ од Кавадарци работи со девизата: Инвестициите во нови иновативни производи рецепт за лидерство на пазарот

НОВАТА ЕКО АМБАЛАЖА ГИ НАМАЛУВА ТРОШОЦИТЕ И ОВОЗМОЖУВА ПОАГРЕСИВЕН НАСТАП НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАЗАР

Земјоделско-прехранбениот сектор е еден од клучните сектори на македонската економија, и третиот најголем сектор по услугите и индустријата. Во периодот од 2005 до 2013 година учеството на земјоделскиот сектор во вкупниот БДП е околу 12%, а заедно со преработувачката индустрија на земјоделски производи, учеството се зголемува на 16%. Тој значително придонесува кон надворешната трговија. Релативниот удел на извозот на агро-прехранбени и рибни производи во вкупната трговија во периодот 2005 - 2013 година се движи од 16% до 19%. Еден од главните потсектори во прехранбената индустрија е индустријата за производство на алкохолни, безалкохолни пијалаци и вода, важен сегмент од агроиндустрискиот комплекс. Ова го истакна м-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија на редовната пресконференција на тема:„Инвестициите во нови иновативни производи рецепт за лидерство на пазарот“. На прес-конференцијата зборуваше и Митко Јанчев, генерален менаџер на компанијата „Кожувчанка“ од Кавадарци. Во Република Македонија во делот за производство на вода егзистираат 26 фирми со околу 1200 постојано вработени. Од нив 13 се домашни и се застапани со 24 брендови на вода, додека останатите се странски компании, главно од Србија, Хрватска, Италија, Грција и Косово. Индустријата во последните години покажува постојано зголемување на производството, најмногу поради зголемената побарувачка на домашниот пазар што е резултат на силната пенетрација на малопродажните синџири и промените во животните навики на населението. Во 2013 година производството на сокови во државата бележи раст од 8% во однос на претходната година, односно 9% споредено со 2011 година. Во истиот период производството на вода забележа раст од 6% во однос на 2012 година, односно 37% во однос на 2011 година. Вкупниот извоз на вода (обична, минерална, вода со додатоци) изминатата година забележа раст од 5%, гледано количински, односно 11% вредносно. Во исто време увозот на вода опадна за 27% (количински), односно 9% вредносно. „Кожувчанка“ е основана 1995 година како семејна компанија и прва приватна компанија за полнење минерална вода во Македонија. Денеска, во нејзиното производно портфолио постојат 4 бренда: „Кожувчанка“ минерална вода, „Изворска“ - негазирана столна вода, „Синалко“ - бренд газирани сокови по лиценца, „Синета“ - негазирани сокови по лицена и „Енерџи С“ од „Синалко“ - енергетските пијалаци. Воедно, тоа е и првата компанија која на домашниот пазар отпочна со продажба на литарско пакување во стаклена амбалажа. „Кожувчанка“ може да се пофали со константен раст од над 7% во изминатите 4 години. Во 2010 година дополнително се набави нова, комплетно автоматска линија за производство на пијалаци од Италија и Германија во вредност од 1,6 милиони евра. Дополнителните инвестиции во земјиште и погони во изминатите 3 години се над 3 мил. евра. „Кожувчанка“ последните неколку години покажа голема активност во своето работење, наложувајќи притоа високи етички правила и задржување на висок степен на квалитет на производите и услугите. - Инвестиравме 1,5 милиони евра во најнова технологија за производство на амбалажа. Со тоа се овозможува за 30 отсто помало користење на пластика. Истовремено и трошоците на производство ни се намалуваат за 30 до 40 отсто, со што нашиот производ добива на конкурентност и ќе може полесно да се пласира на регионалниот пазар, - подвлече Митко Јанчев. Новата еко амбалажа на „Кожувчанка“ воедно овозможува и драстично намалување на пластичниот отпад и лесно рециклирање од страна на секој корисник. - Во „Кожувчанка“ дваесет луѓе се ангажирани на подготовка на иновативни производи и една петина од годишниот обрт го вложуваме за оваа намена, - нагласи Јанчев. (С.П.)


четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

БИЗНИС ИНФО

11

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

НАД 70.000 КОМАПАНИИ ОЧЕКУВААТ ПОНИСКИ ЦЕНИ

Операторот на пазарот со електрична енергија - МЕПСО и Македонската енергетска асоцијација – МЕА организираа семинар за трета фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија

Операторот на пазарот со електрична енергија - МЕПСО, како одговорен за организирање и управување со пазарот на електрична енергија, во соработка со Македонската енергетска асоцијација – МЕА при Стопанската комора на Македонија, на 7.10.2014 година одржаа работилница на која пред трговците, снабдувачите и самостојните дирекните потрошувачи поврзани на електропреносниот систем беа презентирани искуствата, плановите и предизвиците во процесот на либерализација на пазарот на електрична енергија. Од 01.01.2015 година на слободниот пазар може да излезат сите потрошувачи на електрична енергија кои до 15 ноември 2014 година ќе изберат снабдувач и ќе склучат договор за снабдување со него. Доколку тоа не го сторат, ќе останат да бидат снабдувани од снабдувач во краен случај по регулирани цени определени од Реулаторната комисија за енергетика на Македонија. Во третата фаза на либерализација на пазарот ќе се појават над 70.000 потрошувачи со вкупна годишна потрошувачка од најмалку 950.000 MWh. Бенефитот што ќе го добијат компаниите е намалените трошоци за електрична енергија, се претпоставува за потрошувачи приклучени на II Тарифен степен, или околу 530.000 MWh годишна потрошувачка, да имаат околу 33% просечно намалување на цената. Во делот на потрошувачи приклучени на среден напон, потрошувачи со динамична потрошувачка на електрична енергија се очекува да имаат 12 - 17% намалување на цената. Во делот на потрошувачи приклучени на I Тарифен степен, потрошувачи со големи 15-минутни пикови во потрошувачката на електрична енергија се очекува да имаат околу 26% просечно намалена цена. Според проценките на ОПЕЕ во третата фаза учеството на електрична енергија што се тргува по пазарни цени ќе порасне за 20 отсто и ќе надмине 60 отсто од целата потрошувачка на електрична енергија во земјава. Перо Авакумовски


12

БИЗНИС ИНФО

четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА Предупредување од Групацијата на производители на керамички производи

ТУЛАНИТЕ ДОВЕДЕНИ ДО РАБОТ НА ОПСТАНОКОТ

Групацијата на производители на керамички производи, на седницата одржана на 7.10.2014 година, расправаше за состојбите во производството и пласманот на глинените производи, при што беше истакнато дека производството во фирмите се’ повеќе и повеќе се намалува и веќе е сведено и под граница на рентабилност. Меѓусебната нелојална конкуренција преку намалување на цената на производите, а поттикнати и од конкуренцијата од увозот, ги сведе капацитетите на минимум. Посебно во расправата беше потенцирано дека од некогашните 18 погони за производство на тули, сега се сведени само на 6-7 фабрики. Доколку продолжи овој тренд, беше предупредено дека може да се очекува дури и натамошно намалување. Во последните неколку години, во државата се увезени тули во вредност од околу 4 - 4,5 милиони САД долари, додека извоз воопшто не е остварен. Најголемо учество во увозот имаат производите од Србија, (преку 80%), потоа од Албанија, Бугарија и Грција. Претставниците на фирмите упатуваат апел до инвеститорите и до градежните компании да користат домашни производи, посебно во станбената изградба. Во обемната дискусија беа изнесени повеќе предлози за подобрување на состојбата во оваа гранка, а се предложи за оваа цел да се достави допис до ЈП за станбен и деловен простор, со препорака во изградбата на станови, било за пазар или за социјалните станови, да се вградуваат домашни производи. На седницата се иницираше заеднички настап на 7. Конгрес на современа индустрија на глинени производи во Србија, со меѓународно значење, што ќе се одржи од 15 до 17 октомври 2014 година во Врњачка Бања, Србија. Деталите за настапот дополнително ќе се договорат. Марија Петроска


четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

БИЗНИС ИНФО

13

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦИРАНИТЕ УПРАВИТЕЛИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Групација за домување со станбен и деловен простор

*Групацијата за домување со станбен и деловен простор, во соработка со Дирекцијата за заштита на лични податоци ќе помогне во прилагодување на лиценцираните управители да го усогласат своето работење согласно законот за заштита на лични податоци Лиценцираните управители за домување со станбен и деловен простор ќе го усогласуваат своето работење согласно законот за заштита на лични податоци. За таа цел на состанок на Групацијата за домување со станбен и деловен простор што се одржа во Стопанската комора на Македонија беше и претставник од Дирекцијата за заштита на лични податоци кој ги информираше присутните кои обврски им претстојат за да го усогласат своето работење во насока на заштита на личните податоци на станарите каде управуваат со влезовите во станбени и деловни објекти (2.10.2014 година). Управителите посочија и на неколку проблеми со кои се соочуваат во своето работење, за што бараат средби со надлежни државни институции во насока на решавање на проблемите пред се од аспект на почитување на законските прописи, а побараа и заштита од нелојалната конкуренција од некои компании кои на пазарот работата на како што велат нелегален начин, користејќи при тоа уплатници а не фактури за наплата на побарувањата од станарите, како и склучување на невалидни договори за извршување услуги во име на граѓаните. На состанокот беа присутни и претставници од регулаторната комисија за домување, кои беа информирани од директните учесници на пазарот за проблемите со кои секојдневно се соочуваат, како и за потребата за корекција на членови од матичниот закон во насока на подобрување на ефективноста на работата на лиценцираните управители. По исцрпната меѓусебна дискусија, претставниците на фирмите, лиценцирани управители за домување со станбен и деловен простор, заклучија дека во најкраток можен период Регулаторната комисија за домување ќе треба да ги опомени фирмите кои наместо фактури доставуваат уплатници за плаќање на обврските на станарите, како и да се организираат средби со претставници на надлежни државни институции за решавање на конкретни проблеми. На состанокот едногласно беше усвоена предлог одлука за конституирање на Групацијата за домување со станбен и деловен простор во комората, како посебна форма на организирање во рамки на Стопанската комора на Македонија, имајќи ја во предвид специфичноста на дејноста со која се занимаваат компаниите. Даниела Михајловска Василевска


БИЗНИС ИНФО

14

четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

ПРЕЗЕНТАЦИИ На Машинскиот факултет во Скопје

ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ОБЛИКУВАЊЕ СО ДЕФОРМАЦИИ И БРЗИ ПРОТОТИПИ

На Машинскиот факултет во Скопје на 3.10.2014 година, пред група стопанственици беше извршена јавна презентaција на новоакредитираната лабораторија за обликување со деформации и брзи прототипи. Деканот на факултетот, проф. д-р Атанас Кочов истакна дека лабораторијата е опремена со средства обезбедени од Владата на Република Македонија од Проектот за опремување на лаборатории за научно-истражувачка и апликативна дејност, кои ќе бидат во функција на стопанството. Проф. д-р Кочов воедно подвлече дека презентацијата е во организација на Министерството за образование, Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори и Стопанската комора на Северозападна Македонија. Лабораторијата за обликување со деформации и брзи прототипи располага со најмодерна јапонска опрема компјутерски водена и тоа за испитување на примероци со помал напречен пресек и тестирање на примероци со подебел напречен пресек. Лабораторијата е од три сегменти и тоа: испитување на механички карактеристики на материјали, брзи прототипи (кои ќе служат за испитување на пазарот пред да се пуштат во редовно производство) и вбризгување на пластични маси. Стопанствениците на оваа интерактивна презентација имаа прилика да се информираат за можностите и услугите што ги нуди лабораторијата за потребите на стопанството и разменија мислења со претставници на Факултетот. Притоа, беше нагласено дека компаниите можат за свои потреби да ја користат лабораторијата, со што би се обезбедила нејзината одржливост. Војкан Николовски


четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

БИЗНИС ИНФО

15

ПРЕЗЕНТАЦИИ

ЛАБОРАТОРИЈАTA ЗА ОПТИЧКИ КОМУНИКАЦИИ

На Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје

На Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, на 7.10.2014 година, пред група стопанственици беше извршена јавна презентaција на Лабораторијата за оптички комуникации. Притоа, беше истакнато дека лабораторијата е опремена со средства обезбедени од Владата на Република Македонија од Проектот за опремување на лаборатории за научно-истражувачка и апликативна дејност, кои се во функција и на стопанството. Институтот за акредитација на Р. Македонија во септември 2013 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии му издаде сертификат за акредитација на Инспекциското тело за електротехнички уреди, инсталации и опрема. Составен дел од Инспекциското тело на ФЕИТ е и Лабораторијата за оптички комуникации со две акредитирани методи, за мерење на слабеење и хроматска дисперзија на оптички влакна. Лабораторијата за оптички комуникации располага со следната опрема: Мултифункционална модуларна платформа EXFO FTB-1 со модул: EXFO - FTB-730 : Оптички рефлектометар (OTDR), Мултифункционална модуларна платформа EXFO FTB500 со следните модули: FTB-5240 S: Оптички спектрален анализатор (Optical Spectral Analyzer) , FTB-5800: Анализатор на хроматска дисперзија (Chromatic Dispersion-CD Analyzer)/Мерење на хроматска дисперзија во оптички влакна , FTB-5500B: Анализатор на поларизациска дисперзија (Polarization Mode Dispersion-PMD Analyzer /Мерење на поларизациска дисперзија во оптички влакна, Извор на светлина EXFO FLS-5 834A во C и L оптички опсег EXFO FVA-600 – Атенуатор (Ослабувач) и Sumitomo Splicer T-39LC. Лабораторијата за оптички комуникации ќе се користи во наставата, како и во научно-истражувачката и апликативна дејност на Институтот за телекомуникации и Факултетот за електротехника и информациски технологии. Поконкретно, Лабораторијата се користи за: сертификација на опрема за оптички комуникации, сертификација на лица во областа на оптичките комуникации, изведување на практичната настава на додипломските и постдипломските студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии, научно-истражувачка работа од областа на оптичките комуникации и развојно-истражувачки проекти во соработка со стопанството, пред се` мерења во оптичките комуникациски системи. Главни целни области и приоритети на лабораторијата се: анализа на оптичките мрежи и нивните перформанси, мерење на карактеристиките на оптичките компоненти (оптички влакна, ласери, диоди, оптички приемници), мерење на слабеења и дисперзија при имплементација на оптички телекомуникациски системи, мерења во постојни оптички телекомуникациски системи и тестирање на оптичка опрема која се користи кај големите телекомуникациски мрежи. Стопанствениците на оваа интерактивна презентација имаа прилика да се информираат за можностите и услугите што ги нуди лабораторијата за потребите на стопанството. Посебно се истакна дека и компаниите можат за свои потреби да ја користат лабораторијата.

Лазо Ангелевски


БИЗНИС ИНФО

16

четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

ПРЕЗЕНТАЦИИ Пред стопанственици од текстилната индустрија во Штип

ТЕКСТИЛНАТА ЛАБОРАТОРИЈА НА ТЕХНОЛОШКО -МЕТАЛУРШКИОТ ФАКУЛТЕТ ОД СКОПЈЕ

Претставници од Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје во просториите на Општина Штип, пред група стопанственици од текстилната индустрија ја промовираа и го презентираа функционирањето на текстилната лабораторија (7.10.2014 година). Стопанствениците од текстилните компании од овој регион имаа можност да се информираат за можностите и услугите што ги нуди оваа лабораторија, како и различните видови на услуги како: проверка на квалитетот на производите со спецификации, испитување на рекламации од купувачите, карактеризација на суровини, испитување на постојаноста на бои и степен на белина, испитување на физичко-механичките својства на текстилните материјали, анализа на содржината на примеси и др. Бенефициите за претпријатијата кои ќе ја користат оваа опрема главно се во користењето на нова високо квалитетна опрема за нивните потреби; користењето на стручниот и обучен кадар; пониски цени за лабораториските услуги споредбено со конкурентите кои имаат слична опрема, како и можност за учество на заеднички проекти. За создавање на сопствен производ, текстилните компании треба да го познаваат материјалот со којшто ќе работат. Она што беше истакнато е дека интересот за испитување од страна на текстилните компании се` уште е мал, иако лабораторијата постои повеќе од една година, само една до две компании појавиле интерес за испитување на ткаенината. Сашо Деспотоски

Презентирани можностите од либерализацијата на пазарот на електрична енергија пред компаниите од Регионалната комора со седиште во Кичево

ОД ИЗБОРОТ НА СНАБДУВАЧ ЗАВИСАТ И ТРОШОЦИТЕ ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Во организација на Регионалната комора се седиште во Кичево на 2.10.2014 година во просторите на хотел „Кичево“ на фирмата „Тајмиште“, се одржа презентација пред стопанствениците од страна на претседателот на Македонската енергетска асоцијација - МЕА, д-р Кочо Анѓушев. Присутните мали и средни компании се запознаа директно со можностите кои настанаа со процесот на либерализација на електричната енергија. За бенифициите во однос на намалување на трошоците за струја на компаните детално зборуваше д-р Кочо Анѓушев, кој истакна дека стопанствениците треба добро да ги анализираат условите пред да се одлучат за снабдувач со електрична енергија. Претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Игор Соколески, спомена дека треба да се искористи можноста на избор и планско работење на компаниите. Малите и средни претприојатија до 15 ноември 2014 година треба да го направат својот избор на лиценциран снабдувач на електрична енергија. Дијана Лазороска Јованоска


четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

БИЗНИС ИНФО

17

СВЕТСКИ ПРЕЗЕНТАЦИИ ПЕЧАТ

ЛАБОРАТОРИЈАТА ЗА ЕКОИНФОРМАТИКА ВО ФУНКЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО

Презентација на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје

На Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, на 8.10.2014 година беше извршена јавна презентaција на Лабораторијата за еко-информатика. Раководителот на лабораторијата проф. д-р Коста Митрески, истакна дека еколошките информациони системи се од особена важност за одржливиот развој на една држава, а и во светски рамки. Лабораторијата за еко-информатика е формирана уште во 2003 година со опрема набавена од сопствени средства од апликативната дејност и од сопствени средства од научноистражувачката дејност (меѓународни проекти). Потоа беше укажано дека лабораторијата е доопремена со средства обезбедени од Владата на Република Македонија од Проектот за опремување на лаборатории за научно-истражувачка и апликативна дејност, кои се во функција и на стопанството. Примената на информационите технологии и системи во екологијата и географските информациони системи и мобилните веб-сервиси се користат и се употребуваат на многу начини, особено во акумулацијата и дистрибуцијата на многу важни информации. Можат да бидат спроведени специфични процедури на операции, како што е мерењето на податоци од далечен објект за мониторинг, а подоцна и испраќање на специфични пораки за состојбата на еутрофизацијата за критичните алармантни вредности. За натамошното доопремување и усовршување на лабораторијата, добиени се дополнителна опрема (главно мерна опрема) и софтвер. Со новата опрема се доби следно: Компактен мерач на квалитет на воздух (Airpointer), Ултрасоничен инструмент за мерење на проток, ниво и притисок на течности и гасови, Софтвер за еколошки анализи, Софтвер за еколошки анализи – STELLA, Софтвер за еколошки анализи – OMNIDIA и Софтвер за еколошки анализи – GoldSim. Потенцијални корисници од стопанството на Република Македонија се најголемите индустриски и земјоделски производствени стопански субјекти, водостопанствата, еко-организациите, општините и многу други заинтересирани субјекти. Лазо Ангелевски


18

БИЗНИС ИНФО

четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

ИЗДВОЕНО Одбележана шеeсет и петгодишнината од постоењето на Градежниот факултет од Скопје

ДОСЕГА ИЗДАДЕНИ ПОВЕЌЕ ОД 3.000 НАУЧНИ ТРУДОВИ

Градежниот факултет од Скопје на 6.10.2014 година свечено ја одбележа шеесет и петгодишнината од постоењето.Пред голем број присутни членови на Владата, професори, студенти, претставници на разни институции и бизнисмени се обрати деканот на факултетот, проф. д-р. Милорад Јовановски. Тој истакна дека Градежниот факултет во Скопје е најстариот технички факултет во државата и е еден од неколкуте факултети кои го оформија Универзитетот „Свети Кирил и Методиј ”. Денот 6 октомври 1949 година е запишан како почеток на работењето на Техничкиот факултет кога е одржан првиот час. Во тој период на овој факултет постоеја два оддела, градежен и архитектонски, кои потоа прераснаа во два реномирани факултета. Денес на Градежниот факултет има запишано 1100 редовни студенти, околу 250 студенти се на постдипломски студии и 14 докторанти. За нив се ангажирани 36 наставници и 18 асистенти. Наставниот кадар во изминатите години има издадено повеќе од 3.000 научни трудови, а паралелно со тоа има континуирано иновирање на студиските програми во согласност со современите научни достигнувања, како и концепциска и организациона компатибилност со европскиот модел за високо образование. Пред присутните кратко обраќање имаа ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, министерот за животна средина и просторно планирање и други пријатели и соработници на Градежниот факултет. Успесите со кои се гордеат вработените на Факултетот, беа потенцирани и од страна на студентите кои имаат освоени награди на меѓународни натпреварувања. Од страна на Градежниот факултет од Скопје, на голем број соработници има беа доделени пригодни плакети и благодарници. Меѓу добитниците е и Стопанската комора на Македонија, а плакетата и` е доделена за успешна соработка и особен придонес за развој и афирмација на Факултетот. Марија Петроска


четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

БИЗНИС ИНФО

19

СВЕТСКИ ИЗДВОЕНО ПЕЧАТ

ИДНИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ УЧЕА ЗА АЛТЕРНАТИВНИТЕ ИЗВОРИ НА ФИНАНСИРАЊЕ НА НИВНИТЕ БИЗНИС-ИДЕИ

Трета регионална конференција за финансиска едукација за Европа и Централна Азија

Во рамките на Третата регионална конференција за финансиска едукација за Европа и Централна Азија, што се одржува од 1 до 4 октомври 2014 година во Скопје, паралелно се одржува и Младински регионален состанок со учесници од Европа и Централна Азија. Преку шеесет учесници не постари од 26 години во текот на тридневните активности ќе се запознаат со развојот на бизнис-идејата, начините на нејзиното финансирање, па се` до прераснување на старт ап компанијата во обемен и профитабилен бизнис. Стопанската комора на Македонија зеде активно учество во активностите поврзани со едукативните настани и работилници во текот на работните сесии. За таа цел, на 1 октомври 2014 година, во Народната банка на Република Македонија претставник од Комората одржа обука за начините за започнување бизнис и имплементација на идејата во пазарни услови. Идните претприемачи беа запознаени со активностите кои стопанските комори ги имплементираат со цел поддршка на старт ап бизнисите, и воопшто поддршката што ја даваат на целокупниот бизнис-сектор. Особен интерес кај учесниците побудија алтернативните начини на финансирање на бизнисактивностите, како и начините за рационализација на трошоците поврзани со истражување на домашните и меѓународни пазари. Борис Тримчев


БИЗНИС ИНФО

20

четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА „Алкалоид“ АД Скопје со обновен сертификат од Агенцијата за лекови на Романија

ПОТВРДА ЗА НАЈВИСОКИТЕ ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ ШТО КОМПАНИЈАТА ГИ ПРИМЕНУВА ВО СЕКОЈДНЕВНОТО РАБОТЕЊЕ

„Алкалоид“ АД Скопје доби обновен сертификат за Добра производна пракса (GMP) од Националната агенција за лекови и медицински помагала при Министерството за здравство на Романија, по извршената инспекција во погонот за производство на полусинтетски цефалоспорини. Ова е петта инспекција на погоните на „Алкалоид“ од страна на романските авторитети, што претставува уште една потврда за највисоките европски стандарди што компанијата ги применува во секојдневното работење, а се основа за стекнување и одржување на авторизациите за пласман на своите производи не само во Европската Унија, туку и пошироко. Со ова „Алкалоид АД“ Скопје се потврдува како високопрофесионален производител на фармацевтски производи со примена на најсовремени производствени технологии и деловни стандарди, сè со единствена цел – квалитетни, ефикасни и безбедни лекови. (Алкалоид)

Плановите на „Џонсон Мети“ во Македонија постојано растат

ВРЕДНОСТА НА ИЗВОЗОТ НАСКОРО НАД 1 МИЛИЈАРДА ЕВРА

Извоз од 800 до 900 милиони евра очекува да оствари компанијата „Џонсон Мети“ во Македонија за 2014 година, но не за долго време неговата вредност ќе надмине и една милијарда, вели главниот извршен директор на „Џонсон Мети“, Роберт Меклауд кој предводи делегација од членови на Управниот одбор на компанијата со седиште во Велика Британија, во посета на нивната фабрика лоцирана во ТИРЗ Бунарџик крај Скопје. - Работите течат добро, сепак тоа ќе зависи од условите на пазарот. Но, плановите за раст на компанијата се одвиваат според очекувањата, рече Меклауд на прес-конференција во просториите на фабриката и додаде дека се задоволни од резултатите што ги добиваат од инвестирањето во Македонија. Во однос на идните бизнис планови на компанијата, Меклауд вели дека тие во голема мера ќе зависат од случувањата на европскиот пазар на автомобили и со законодавството во автомобилската сфера. - Во моментов пазарот на автомобили работи доста добро, но се очекува нова легислатива и од неа ќе зависи дали и понатаму ќе го прошируваме производството или не. Ако новата легислатива е прифатлива и продолжи растот на пазарот на автомобили тогаш фабриката во Македонија е еден од нашите клучни капацитети за кои бордот ќе одлучува за идни чекори, рече Меклауд. Инаку, директорот на Диркцијата на ТИРЗ Виктор Мизо информира дека пред претставниците на бордот на „Џонсон Мети“ била одржана и презентација на инвестициските можности на Македонија со оглед дека голем дел од членовите на бордот се неизвршни членови односно не работат директно за „Џонсон Мети“, туку за други компании. - Од таа гледна точка многу е важно да се види нивниот потенцијален интерес и компании во кои тие работат за да ја имаат предвид Македонија како потенцијална дестинација за инвестирање. Високата делегација од „Џонсон Мети“ на 30.9.2014 година се сретнала со премиерот Никола Груевски и со други претставници од земјава и се задоволни од бизнис условите како и од поддршката од Дирекцијата за ТИРЗ и од другите владини институции. Задоволни се и од понудата на работната сила. Велат има недостиг во однос на кадри од областа на автоматиката и инжинерството, но со обука луѓето се оспособуваат за потребните вештини. Во моментов во фабриката во Бунарџик, која е нивна најголема прозводна единица во светот, работат 540 лица, но се очекува до крајот на годината нивната бројка да се зголеми на 650. Во врска со нивната втора инвестиција (фабриката во изградба во ТИРЗ Штип) работите се одвиваат според планираната динамика и со трошоци под предвидениот буџет, рече Меклауд. Од предвидените две производни линии првата е веќе целосно оперативна, а забрзано се работи на операционализирање и на втората линија. Проценките се дека тој процес треба да заврши за половина година, а најдоцна за една година. Извозот од ТИРЗ Бунарџик за првите осум месеци изнесуваше околу 760 милиони евра. (МИА)


четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

БИЗНИС ИНФО

21

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИСВЕТСКИ НА КОМОРАТА ПЕЧАТ

ВО СТРУГА СРЕДБА НА БИЗНИС-КЛИЕНТИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА

ПроКредит Банка со поддршка на регионалните можности и партнерства

ПроКредит Банка во рамките на својата развојно ориентирана мисија, на македонските бизниси со кои соработува, покрај финансиска услуга им нуди и дополнителна можност за развој на нови регионални бизнис-можности и партнерства. Клиентите на ПроКредит Банка имаат можност да остварат деловна соработка со бизниси од интерес преку серија на регионални бизнис-средби. Тие се организираат меѓу клиенти на ПроКредит банките во рамките на својата меѓународна групација на банки кои работат во 20 различни земји во светот. Како дел од серијата на регионални настани, во хотелот „Дрим“ во Струга се одржа втората регионална средба меѓу бизниси од Македонија и Албанија. Настанот беше организиран од ПроКредит банките од Македонија и Албанија за поддршка на локалните бизниси. На средбата присуствуваа околу 50 компании од двете земји кои се занимаваат со производство, преработка или трговија на прехранбени производи, како и комплементарни бизниси како супермаркети, дилери на машини за пакување и сл. Преку оваа средба ПроКредит Банка им даде на своите клиенти можност да ги промовираат своите производи пред бизнисите од регионот и да запознаат нови партнери. - Овие настани ги организираме за поддршка на локалните бизниси. ПроКредит Банка како активен поддржувач на бизнисите покрај финансиска поддршка, инвестира во нивна промоција и развој. На бизнисите кои учествуваа на овој настан им овозможивме да запознаат нови партнери, да пронајдат нови пазари за своите прозиводи и да го прошират своето работење во регионот. Односот меѓу бизнисите е значаен за развојот на нашата економија и ваквите настани ќе продолжиме да ги организираме, - изјави Александар Мирчов, директор на експозитура во Струмица. Најатрактивни за македонските трговци беа производителите на маслинки и маслиново масло и преработувачите на риба и конзервирани производи од риба. Албанските бизниси најзаинтересирани беа за машини за пакување, за македонските мелечни производи и слично. Серијата на настани продолжува со регионални средби меѓу бизнисите од Македонија, Србија и Косово. (ПроКредит Банка)

ОСТВАРЕН ПОЛОВИНА ОД ГОДИШНИОТ ПЛАН Турбините на хидроелектричната централа „Шпилје“, која претставува значаен електроенергетски објект, во деветте месеци од годинава произвеле 141 милиони киловат часови електрична енергија. -Во периодот јануари-септември произведени и испорачани во енергетскиот систем се 141 милион квч електрична енергија, што претставува 50 отсто од вкупниот план на годишно производство. Моментно во акумулацијата „Дебарско Езеро“ има резерва на вода за производство на над 20 милиони киловат часови, велат надлежните. Според нив, електраната работела според потребите на електроенергетскиот систем, а оствареното производство може да се оцени како солидно ако се има предвид фактот дека во првиот квартал од годинава хиролошката состојба била неповолна. Се нагласува и фактот дека по барање на инвеститорот и изведувачот на работите околу санацијата и реконструкцијата на „Мелнички Мост“ во летните месеци е намален дотекот на вода во акумулацијата до прифатливо ниво. (МИА)

Од ХЕЦ „Шпилје“ испорачани 141 милиони киловат часови електрична енергија


БИЗНИС ИНФО

22

четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Енергија

ТРАНСЈАДРАНСКИОТ ГАСОВОД НАПРЕДУВА БЕЗ МОСКВА

Европа од 2020 година преку Транјадранскиот гасовод ќе добива земен гас од Каспиското море. По почетните тешкотии, проектот почнува да добива контури. Централна точка - Москва е надвор од проектот. Преку Трансјадранскиот гасовод (ТАП) треба да се транспортира земен гас од Каспиското море преку северниот дел на Грција и Албанија се‘ до јужна Италија, од каде има приклучок за постоечката европска гасоводна мрежа. Русија при овој проект е заобиколена. Финансирањето на јужноевропскиот коридор за гас беше на климави нозе откако германскиот електро-гигант Еон и францускиот концерн Тотал минатиот февруари сигнализираа желба да се откажат од ТАП-проектот. Тие тоа и го сторија на крајот на минатиот месец. Но во меѓувреме има нов инвеститор Енагас, еден од најголемите лиферанти на гас во Шпанија презема големо парче од уделот на Еон. Најголем удел во ТАП-проектот, по 20%, и натаму имаат британскиот енергетски џин БП, норвешкиот Статоил, како и азарбејџанскиот државен концерн Сокар. „Се разбира дека жалиме што Еон и Тотал се откажаа, но секое претпријатие мора да процени дали оваа инвестиција одговара во неговото порфолио“, објасни во разговор за ДВ Луц Ландвер, еден од раководителите на ТАП. Според него, шпанскиот концерн Енагас е силен и ќе донесе конкретни, специфични искуства, што е добро за проектот. Прединвестициите, како за пристапните патишта, ќе почнат да течат веќе во 2015 година, изјави Ландвер на конференцијата за енергетика „Balkans and the Adriatic Oil & Gas Summit“ во Атина, што се одржа пред неколку дена (1.10). Првите количества гас од азарбејџанското гасно поле Шах Дениз најверојатно ќе тргнат на почетокот на 2020 година. Трансјадранскиот гасовод би требало да покрие до 20 проценти од европските потреби од гас. Клучна улога за Грција Од планираните 880 километри цевки, 540 се во Грција, со што земјата која е во криза добива клучна улога во спроведувањето на проектот. Уште во 2013 година Грција, Албанија и Италија во Атина потпишаа договор за изградба на ТАП и со тоа ја изразија својата јасна определба за политичка поддршка за проектот кој тежи милијарди евра. Сепак, се‘ уште има одолговлекувања и одлагања. Не е позната точната траса на гасоводот низ северна Грција, со оглед на тоа што повеќе градови, општини и граѓаснки иницијативи протестираат против плановите за изградба и бараат промена на планираната траса. Според грчкиот весник Та Неа, досега има околу 140 барања за промена на трасата. Конзорциумот на ТАП ветува дека внимателно ќе ги разгледа барањата и дека ќе спроведе „социјална инвестициска програма“ во договор со општините


четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

БИЗНИС ИНФО

23

СВЕТСКИ ПЕЧАТ за да се создаде малку поголем степен на прифаќање на инфраструктурниот проект. И процесот на издавање дозволи не одеше секогаш мазно. За иритации се погрижи и левичарскиот сојуз Сириза со најавата дека во случај на изборна победа ќе почне нови преговори околу ТАП. Министерот за енергија и климатски промени, Јанис Манијатис, за ДВ вели дека е незамисливо да се водат наново преговори за еден проект од европско значење. Пристап до европските енергетски мрежи Гасоводот ТАП се чини атрактивен не само затоа што нуди исплатлив пристап до резервите со гас во Капсиското море, туку и поради желбата на земјите кои се дел од гасоводот да се позиционираат наново на европскиот енергетски пазар. На пример, Албанија: земјата досега одвај да имаше неккава можност да учествува во европските енергетски мрежи. Луц Ландвер: ТАП може да покрие до 20 проценти од европските потреби од гас Сега тоа треба да се промени, оценува албанскиот заменик министер за енергетика и индустрија, Доријан Дука, во разговор за ДВ. „Со ТАП-проектот Албанија ќе стане дел од јужноевропскиот коридор за гас и со тоа и дел од енергетските мрежи во регионот“, вели тој. Гасоводот на Албанија треба да и‘ донесе и странски директни инвестиции во висина од околу една милијарда евра, како и нови работни места и повисоки приходи од даноци. Што е уште поважно, според долгорочните планови на Тирана, гасоводот ТАП во Албанија треба да се сретне со ЈонскоЈадранскиот гасовод (ИАП), кој треба да носи гас во мрежите на Западнобалканските држави. „Со тоа Албанија ќе стане јазол за натамошен транспорт на земен гас во насока на Западен Балкан, односно Црна Гора, Босна и Хрватска“, вели Дука. Слични размислувања има и во северна Грција. Оттаму, преку 180 километри долг грчко-бугарски гасовод би требало да се транспортира гас од Азарбејџан кон Бугарија, Романија и Унгарија. Несакана конкуренција за Русија? Останува да се расчисти уште прашањето - дали Русија на ТАП-проектот гледа како на конкуренција за Јужен поток. Речиси сите учесници на „Balkans and the Adriatic Oil & Gas Summit“ во Атина одговараа негативно на ова прашање. Во 2013 година Грција, Албанија и Италија во Атина потпишаа договор за изградба на ТАП Според грчкиот министер Манијатис, ова рашање не треба воопшто да се поставува, со оглед на тоа што во наредните години на Европа и онака ќе и‘ бидат потребни дополнителни 100 милијарди кубни метри гас, па секој нов транспорт на гас и секоја нова траса е добредојдена. На ист став е и Теодорос Цакирис од катедрата за геополитика на универзитетот Никозија. Јужен поток и проектот ТАП не се конкуренти, вели овој експерт за енергија. „Јужен поток не ја зголемува европската зависност од увоз на гас и не треба да освојува нов удел на пазарот, туку едноставно нуди алтернативна рута за веќе договорените испораки на гас. Во тој дел ТАП не е сериозна конкуренција. Тој има мал капацитет. Јужен поток лиферува годишно до 150 милијарди кубни метри гас, додека капацитетот на ТАП е максимум 20 милијарди кубни метри годишно и тоа во 2025 година.“ (ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)


БИЗНИС ИНФО

24

четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Доделена Нобеловата награда за физика Двајца Јапонци и еден Американец ја добија наградата за пронаоѓање на светлина што штеди струја.

Двајца јапонски научници и еден Американец со јапонско потекло ја добија Нобеловата награда за физика за 2014-та, за пронаоѓање на сина светлина од еколошки диоди што емитуваат сина светлина, познати како ЛЕД. Исаму Акасаки, Хироши Амано и Шуџи Накамура ја добиваат наградата за за нивната работа во 1990-те за креирање силна, бела светлина што штеди струја од полупроводници, успевајќи таму каде многу други научници претходно потфрлиле. Во соопштението од Стокхолм, Кралската академија на Шведска вели дека релативно новата технологија придонела за штедење на ресурсите на Земјата, и дава големо ветување за подобрување на квалитетот на живот за над 1,5 милијарди луѓе во светот на кои им недостига приод до електрична мрежа. Тројката ќе ја подели наградата од 1,1 милион долари. (ВОА – Глас на Америка)


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Osnovana 1922

Founded 1922

БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија

Уписите се во тек!


26

БИЗНИС ИНФО

четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!

АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-

Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот.

Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој метод на обука, која вклучува микс од техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде  ДодАЛИ ОБУКИТЕ достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависност Вашата потреба. КОИ СТЕ ГИ П

МЕРЕЊЕ НА РЕЗУЛТАТОТ ПРЕ

Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа  Д со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и АЛИ САКАТЕ ДА ИМАТЕ КОН светски компании. РЕАЛНА ПОТРЕБА НА ВАШЕТО

Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, ДАЛИ ПРОГРАМАТА КОЈА СЕ Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33  земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени РЕЗУЛТАТИ И КАЈ УЧЕСНИЦИТ тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании ПРИДОНЕСЕ И ЗА ВАШИОТ РА и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат се следат и кај нас. за Дозволете дадапридонесеме Лиценциран Густав Кезер тренер на програмата е Љупчо Георгиев со 18-годишно искуство во областа на продажбата и врвниот менаџмент.

АКАДЕМИЈА ЗА П

Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија . Уписите за обуката во октомври 2014 година се во тек.

ЦЕНАТА ОД 23 600 ДЕНАРИ ВКЛУЧУВА: • 5 тренинг дена; • материјали за работа, мемориски картици, ЦД и дополнителна литература; • консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6-8 месеци; • интернационален светски признат Сертификат; • допонителен , 1 контролен ден. За подетални информации контактирајте со нас: Борис Тримчев Тел: 072 20 70 91 Е-маил: boris@mchamber.mk Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk

-SALES

Кр дол вра доп пр Ов ком пр учи

Најуспешните компании ширум свет


четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар: „СОВРЕМЕНИ ТОЛКУВАЊА 14.10.2014 година, 10:00-16:00 часот НА ЗАКОНОТ ЗА АКЦИЗИТЕ СО ПРАКТИЧНА Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат ПРИМЕНА НА ЛЕГИСЛАТИВАТА И НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА И НЕГОВИ ТОЛКУВАЊА“ ПРОГРАМА

VII. АДМИНИСТРАТИВНИ ОБВРСКИ

I. ЗАКОН ЗА АКЦИЗИТЕ 1. Вовед; 2. Општи одредби; 3. Област на примена.

VIII. ПРЕКРШОЦИ

II. ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОИМИТЕ 1. Одделни поими; 2. Подлежност на акциза. III. ОДАНОЧУВАЊЕ 1. Постапка на непостоење на услови за настанување на акцизен долг; 2. Акцизен склад; 3. Услови за стекнување акцизна дозвола; 4. Барање за издавање акцизна дозвола; 5. Издавање на акцизна дозвола; 6. Обврски на имател на акцизна дозвола; 7. Престанување на важењето на акцизната дозвола; 8. Транспорт на добра низ акцизната територија при непостоење на услови за настанување на акцизен долг; 9. Акцизен документ. IV. АКЦИЗНИ ПОВЛАСТУВАЊА 1. Акцизно-повластено користење; 2. Услови за стекнување на одобрение за акцизно-повластено користење; 3. Барање за издавање одобрение за акцизно-повластено користење; 4. Издавање на одобрение за акцизно-повластено користење; 5. Обврски на имателот на одобрение за акцизно-повластено користење; 6. Престанување на важењето на одобрението за акцизно-повластено користење. V. АКЦИЗНИ ОСЛОБОДУВАЊА 1. Акцизни ослободувања за дипломатски и конзуларни претставништва и меѓународни организации; 2. Други акцизни ослободувања; 3. Враќање или неплаќање на акцизата. VI. МИНЕРАЛНИ МАСЛА, АЛКОХОЛ, АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛАЦИ, ПАТНИЧКИ АВТОМОБИЛИ

IX. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА 1. Oданочиви расходи 2. Даночен кредит 3. Оданочување на дивиденда X. ЗАКЛУЧОЦИ Предавачи: 1. Јане Севдински, Сектор за финансиски систем, Министерство за финансии; 2. Доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгата „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија“; автор на книгата „Ерозија на јавните финансии“. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Пријавување до 10.10.2014 година. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

28

четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 14.10.2014 година во СП „Борис Трајковски“ во Скопје

ПРВ САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Владата на Република Македонија, Министерство за труд и социјална политика и Агенција за вработување на Република Македонија во соработка со претставници на бизнис секторот меѓу кои и Стопанската комора на Македонија, организираат Саеми за вработување 2014. Целта на саемите е презентација на компании од повеќе индустрии како и поврзување со работен кадар од различни струки и квалификации. Сите заинтересирани компании можат да учествуваат на саемот на кој што ќе бидат распоредени штандови за бесплатно претставување на фирмите со нивен рекламен материјал, опрема и машини. Дополнително фирмите ќе можат одржат и кратка усмена презентација за својата дејност за група посетители или кратка видео презентација. Како посебна активност во рамките на настанот ќе се спроведе активноста Форуми со работодавачи, на која ќе им бидат презентирани услугите и можностите за вклучување во активностите на Агенцијата за вработување, а работодавачите ќе можат да поставуваат прашања, но и да даваат свои предлози, низ интерактивно учество во дискусии кои се однесуваат на пазарот на трудот и вработувањето во државата. Доколку сте заинтересирани за учество Ве молиме пополнете го пријавниот лист што може да се превземе од веб порталот на Стопанската комора на Македонија и испратете го на контактот подолу. Контакт лице: Симона Ристоска тел: + 389 2 3244 067 е-адреса: simona@mchamber.mk


четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 17.10.2014 година, 10:00-16:00 часот Семинар: „ЗАКОН ЗА ЗАДОЛЖНИЦА, Стопанска комора на Македонија, НЕГОВАТА ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА, УЛОГАТА сала 1 на 5-ти кат НА ПОВРЗАНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ПОСТАПКАТА И ПРОМЕНИТЕ КОИ СТАПУВААТ НА СИЛА ОД 01.01.2015 ГОДИНА”

(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/2012,12/2014 година)

ПРОГРАМА I. ЗАДОЛЖНИЦАТА И НАПЛАТАТА ЗАДОЛЖНИЦА 1. Вовед; 2. Општи одредби; 3. Задолжницата како исправа.

IX. ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПРАВА ОД ЗАДОЛЖНИЦА ВРЗ

ОСНОВА

НА

II. НОСИТЕЛИТЕ НА ПЛАТНИОТ ПРОМЕТ 1. Правни лица; 2. Должник; 3. Блокирани сметки. III. ПОИМИ И ИЗДАВАЊЕ НА ЗАДОЛЖНИЦА 1. Издавање на задолжница; 2. Елементи на содржина на задолжницата; 3. Должничко доверителски односи меѓу правните лица; 4. Трговскиот регистар кај Централниот регистар.

X. СТЕЧАЈ И ЛИКВИДАЦИЈА НАД ДОЛЖНИК XI. ДИСЦИПЛИНСКА ОДГОВОРНОСТ XII. КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ XIII. Заклучоци Предавачи: 1. Јане Севдински, Сектор за финансиски систем, Министерство за финансии; 2. Доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгата „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија“; автор на книгата „Ерозија на јавните финансии“.

IV. НОТАРСКА ЗАВЕРКА НА ЗАДОЛЖНИЦАТА 1. Kога се смета задолжницата за издадена; 2. Систем за водење на Регистарот; 3. Кога е евидентиран должникот?

Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

V. КЛИРИНШКАТА КУЌА ВО ПОСТАПКА 1. Трансакциска сметка; 2. Формата и содржината на задолжницата ги пропишува министерот за финансии; 3. Навремено подмирување на паричните обврски.

Аплицирај електронски / on-line

VI. ВО ЗАДОЛЖНИЦАТА ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЕ ВНЕСУВА 1. Основ за издавање; 2. Износ на побарување; 3. Каматна стапка; 4. Краен рок. VII. НАПЛАТА НА ОБВРСКИ ПО ДАТУМ НА ДОСТАСУВАЊЕ VIII. ПРИСИЛНО ИЗВРШУВАЊЕ НА ЗАДОЛЖНИЦАТА

Пријавување до 14.10.2014 година.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


30

БИЗНИС ИНФО

четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

21 октомври 2014 година, 10:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Презентација: „СИГУРНОСТА НА ИНФРАСТРУКТУРАТА НА ИНФОРМАЦИСКИТЕ СИСТЕМИ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА“

Компаниите Rittal и Optimal sistemi од Загреб, SysKon од Скопје и Клириншката куќа КИБС АД - Скопје, во организација со Стопанската комора на Македонија, ве покануваат на презентацијата, на која македонските компании ќе се запознаат со сигурноста на инфраструктурата која го овозможува функционирањето на информатичкиот систем, согласно стандардите ISO 27001 и TIA 942, нивната примена во ЕУ и последиците за компаниите, државната управа, инстиутуциите и сите оние коишто тесно соработуваат или во блиска иднина ќе соработуваат со институциите на НАТО и на ЕУ.

Учесниците на настанот ќе имаат можност да добијат информација и да се запознаат со решенија за сигурно сместување и сигурна инфраструктура за ИТ-системите, со принципите за изградба на компјутерски центри, со едноставни и практични решенија за различни корисници. Во пракса, компаниите од развиениот свет овој сегмент го регулираат преку стандарди, прописи и препораки. Имајќи предвид дека и Македонија е дел од глобалниот информатички свет, на презентацијата ќе добиете информации кои правила веќе важат и за што треба да се води сметка во иднина.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Даниела Михајловска Тел: ++ 389 2 3244021 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: daniela@mchamber.mk


четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Предавање: ПРИМЕНАТА НА ПОИМОТ 22 октомври 2014 година, од часот “ПРОИЗВОДИ СО ПОТЕКЛО“ И МЕТОДИ Стопанска10:00-16:00 комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат НА АДМИНИСТРАТИВНА СОРАБОТКА, СОГЛАСНО ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЦЕНТРАЛНО-ЕВРОПСКИОТ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА (ЦЕФТА 2006) Во насока на детално запознавање со измените на Централноевропскиот Договор за слободна трговија (ЦЕФТА 2006) година, Стопанската комора на Македонија во соработка со Царинската управа на Република Македонија на 22 октомври 2014 година организира предавање на тема: “Примената на поимот “производи со потекло“ и методи на административна соработка, согласно последните измени на овој Договорот, објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 131 од 04.09.2014 година, односно согласно донесениот Закон за ратификација на Протоколот кој се однесува на дефиницијата на поимот “производи со потекло“ и методи на административна соработка кон овој Договор. Предавачи: Лидија Лекоска, шеф на службата за потекло и царинска вредност и Ирина Нелковска, самостоен советник во службата за потекло и вредност.

Пријавување до 16 октомври 2014 година. Контакт: Митко Митевски тел: 02 32 44 015 факс: 02 32 44 088 mite@mchamber.mk


32

БИЗНИС ИНФО

четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 23 до 26 октомври 2014 година, Меѓународен саем за храна и машини за прехранбената индустрија во Република Турција

„FOODEX 2014“ ВО ИЗМИР

Оваа саемска манифестација е најзначајно стопанско и технолошко случување во сферата на прехранбената индустрија, што ги обединува на едно место производителите од млечната и месната индустрија, производителите на брашно и мелничко-пекарски производи, кондиторите, производители на растителни масла и маргарин, преработено овошје и зеленчук, компаниите кои се занимаваат со смрзната програма, конзервна индустрија, производители на кафе и чај, компании кои се занимаваат со кетеринг, производители на адитиви кои се употребуваат во исхраната, машини и технологии во агросекторот и прехранбената индустрија.

зголемување на извозот и производството во конкретните дејности. За посета на Саемот, Стопанската комора на Македонија во директна соработка со организаторот обезбедува: • 3 ноќевање (со појадок во хотел со 4*); • локален транспорт (Аеродром-Измир-Аеродром); • тридневна влезница за посета на Саемот; • преведувачи за олеснување на комуникацијата со турските компании; • можност за организирање деловни средби со учесниците на Саемот. Цената на аранжманот по лице од компанија-членка на Стопанската комора на Македонија изнесува 3.540,00 денари (со вклучен ДДВ). За останатите цената е 4.720,00 (со вклучен ДДВ). Напомена: Во цената не е вклучен транспортот до Измир, за што Стопанската комора на Македонија може да посредува за обезбедување авионски билет.

Рок на пријавување: 10 октомври 2014 година. Во соработка со Министерството за земјоделство и храна на Турција и регионалната дирекција за сточарство, Стопанската комора на Измир, Регионалната индустриска комора, Асоцијацијата на извозници од Измир, Федерацијата на преработувачи од Турција, асоцијациите на производители и преработувачи на кафе, чај, одгледувачи на стока, производители на месо и преработки од месо, како и Асоцијацијата на млади бизнисмени , организаторите на саемската манифестација предвидуваат како главна цел да поттикнат вмрежување на компаниите, запознавање со состојбите на пазарите од регионот и партнерства кои ќе влезат во нови договорни односи.

Аплицирај електронски / on-line

http://www.mchamber.mk Контакт: Васко Ристовски Тел: ++ 389 2 3244014 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vasko@mchamber.mk

Контакт: Војкан Николовски Тел: ++ 389 2 3244068 Факс:++ 389 2 3244088 Покрај презентирањето на технологијата и производите, Контакт Центар : (02) 15015 овој настан ќе придонесе и за создавање платформа за E-адреса: vojkan@mchamber.mk


четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„ИНДАГРА 2014“ ВО БУКУРЕШТ

Од 29 октомври до 2 ноември најголемиот и најважниот настан од областа на земјоделството во Романија

Најголемиот и најважниот настан од областа на земјоделството во Романија, „ИНДАГРА“, е организиран од страна на РОМЕСКПО во соработка со трговско-индустриските комори на Романија и под покровителство на Министерството за земјоделство и рурален развој. Оваа година, деветнаесеттиот саем ќе се одржува од 29 октомври до 2 ноември, во изложбениот центар „Ромекспо“. Настанот ќе се организира во седум хали и на сите надворешни платформи за изложување. Овој настан е најсеопфатен настан од ваков вид во Романија, а неговата цел е да го унапреди земјоделството во Романија, но и да го подобри потенцијалот на домашните органски и традиционални производи, одгледувањето добиток и меѓународно признаените сорти на вино од Романија. Истовремено со „ИНДАГРА 2014“ ќе се одржуваат и четири други настани во изложбениот центар „Ромескпо“, и тоа: „ИНДАГРА ХРAНА“ - меѓународен саем за прехранбената индустрија, „ОЛ ПЕК“, меѓународен саем за амбалажа и материјали за пакување, како и машини и поврзана опрема, „ЕКСПО ПИЈАЛАЦИ И ВИНО“ саем за вино, алкохолни и безалкохолни пијалаци и „АУТОЕКСПОТЕХНИКА“ - меѓународен саем за автомобилски делови и дополнителна опрема. Во 2013 година, саемот„ИНДАГРА“ постави нови рекорди: вкупно 453 фирми од 23 земји ги изложија своите производи и услуги на изложбена површина од 32.000 метри квадратни. На саемот имаше вкупно 60 000 посетители, а имаше и учесници од Франција, како и групи од Грција и Турција. Триесет и шест отсто од сите активности и посетители на настанот беа со меѓународен карактер.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Васко Ристовски Тел: ++ 389 2 3244014 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vasko@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО

четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

30 октомври 2014 година (четврток) 9:00 – 17:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Семинар: „ОСВРТ ВРЗ МЕЃУНАРОДНИТЕ ДОГОВОРИ И КАЛКУЛАЦИЈА НА ИЗВОЗНИ ЦЕНИ“

Согласно усвоената Програма на заедничкиот партнерски проект ЦЕФТА-ДИХК, Стопанската комора на Македонија организира семинар на тема: „Осврт врз меѓународните договори и калкулација на извозни цени”, што ќе се одржи на 30 октомври 2014 година (четврток), со почеток во 9:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат. Целта за организирање на ваков вид на семинар е подготовка на компаниите како подобро да ги унапредат своите извозни активности на странските пазари преку потпишување договори според меѓународни стандарди и правилно калкулирање на извозните цени. Формирањето цени на извозните производи претставува една од клучните одлуки при планирање за настап на странски пазар. Од таа причина, потребно е да се земат предвид сите параметри кои би можеле да влијаат врз формирање на оптималната цена на производот. Пресметувањето на реалните трошоци на производство е суштински елемент при утврдување на финансиската исплатливост за извозните активности. Предавањето ќе се реализира од страна на германскиот експерт, господин Хато Бренер, основач на консултантската компанија AWI International Services GmbH, која дава услуги на мали и средни претпријатија во 45 земји во светот. Во рамките на своето долгогодишно искуство и работа со менаџери кои имаат потреба да ги зацврснат своите позиции на странските пазари, господинот Бренер има напишано повеќе дела од областа на стратегиски извоз. Сите учесници кои навреме ќе го пријават своето учество ќе добијат и соодветен работен материјал. Семинарот ќе се одвива на германски јазик, но за цело времетраење на истиот обезбеден е превод на македонски јазик.

Пријавување до 22.10.2014 година. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Влатко Стојановски Тел: ++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk


четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ – ОБУКА СО СТУДИСКО ПАТУВАЊЕ ВО ВИЕНА Во соработка со WIFI Институтот при Сојузот на комори на Австрија, Стопанската комора на Македонија преку својот Бизнис центар за тренинг и обука организира тренинг програма на тема: “Жени претприемачи” Програмата се состои од два дела, односно од теоретска обука со предавач од WIFI Институтот која се одржува во Скопје, а вториот дел е студиско патување во Сојузот на комори во Виена. Искористете ја можноста за интернационален know - how трансфер и учете од најдобрите во Европа! Станува збор за субвенционирана програма по достапна цена. Програмата трае 9 дена, од кои 6 тренинг дена во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје (Модул 1 и 2) и 3 дена во Виена, Австрија за Модул 3 и B2B средби. Средбите се организираат во зависност од Вашиот интерес и индустријата во која дејствувате. Престојот, семинарите и посетите се во организација на WIFI AUSTRIA. Сместувањето е во хотел, по двајца учесници во двокреветна соба.* *Повеќе информации за самиот хотел во најкус можен рок по формирањето на групата. Курсот започнува на 20 октомври 2014 година. Распоред на одржување на модулите: Модул 1: Од 20.10.2014 до 22.10.2014 година Модул 2: Од 10.11.2014 до 12.11.2014 година Посетата во Виена, Австрија ќе се одржи во периодот декември 2014 – јануари 2015 година, по завршување на Модул 1 и 2 и полагање на тестот.

Од 4-ти до 6-ти декември 2014 година, Меѓународен Саем за пластика во Република Турција

За повеќе информации слободно контактирајте не: Симона Ристоска 02 32 44 067 simona@mchamber.mk

Борис Тримчев 072 207 091 boris@mchamber.mk


36

БИЗНИС ИНФО

четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 11 и 12 ноември 2014 година Меѓународен деловен форум за земјите од Југоисточна Европа во Република Словенија

„ЈИЕ: СРЕДБИ ВО ПОМУРЈЕ 2014 ГОДИНА“ ВО РАДЕНЦИ

„ЈИЕ: Средби во Помурје 2014“ како меѓународен деловен форум ќе биде најголемиот настан за реализирање деловни контакти и е наменет за директни средби меѓу фирми од сите стопански гранки кои се заинтересирани за трговија или за воспоставување партнерство со други фирми со цел да остварат трговска, финансиска или технолошка соработка. Форумот опфаќа повеќе стопански гранки, ќе трае два дена и ќе се одржат низа состаноци кои ќе се договорат однапред преку on-line регистрација која автоматски ќе изврши поврзување според интересите на компаниите. Компаниите-учеснички директно on-line се регистрираат и креираат свој деловен профил на вебстраницата (www.see-meet.eu). Сите учесници-фирми ќе добијат пристап до деловните профили на секоја регистрирана фирма откако ќе се отвори интернеткаталогот на сите регистрирани фирми. Учесниците, односно членовите на делегацијата, ќе можат да ги разгледуваат деловните профили на фирмите-учеснички и пред настанот да изберат каков вид состаноци сакаат да остварат, односно со кои фирми би сакале да се сретнат. Секој учесник на форумот ќе добие индивидуален распоред за состаноци врз основа на изборот за состаноци што го направил пред настанот. На денот на пристигнувањето, секој учесник ќе добие распоред на состаноци (секој состанок трае најмногу 25 минути, а може да се одржат најмногу 15 состаноци дневно).

• • •

изложбената сала; учество на Конференцијата; ручек на 11 и 12 ноември 2014 година; вечера за остварување деловни контакти, на 11 ноември 2014 година.

Во случај на откажување: • доколку учеството се откаже пред 20 октомври 2014 година, се враќа износот од 150,00 евра, без ДДВ; • доколку откажувањето е после 20 октомври 2014 година, уплатените средства не се враќаат.

Трошоците за превоз и сместување се на товар на компаниите, како и котизацијата за организација на За пакетот услуги треба да платат 150,00 евра без настанот кон Стопанската комора на Македонија (1.180,00 ДДВ (ДДВ во Словенија е 22%) на Регионалната агенција за денари со ДДВ за фирма-членка или 2.360,00 денари со ДДВ развој „Мура“. за фирма нечленка). Стопанската комора на Македонија ќе изврши резервација по повластени цени за пат и за хотел Пакетот содржи: на пријавените компании. • регистрација за Деловниот форум „ЈИЕ: Средби во Помурје, 2014“; Пријавување до 15.10.2014 година. • пристап до интернет-каталогот на фирми Аплицирај електронски / on-line регистрирани за Деловниот форум „ЈИЕ: Средби во Помурје 2014“ во временски период од една година; Контакт: Ванчо Спасески • 12 до 15 директни состаноци со фирми согласно Тел: ++ 389 2 3244095 Факс:++ 389 2 3244088 сопствените интереси и желби; Контакт Центар : (02) 15015 • пристап до стручни и меѓународни штандови во E-адреса: vanco@mchamber.mk


четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„ФОРУМ ЗА ИЗВОЗ 2014“

На 13 ноември 2014 година во хотел „Братислава“ во Словачка

Стопанската комора на Македонија во соработка со Словачката агенција за развој на трговија и инвестиции (САРИО), Центар за бизнис и иновации - Братислава, координатор за мрежата ЕЕН во Словачка, ве поканува на настанот „Форум за извоз 2014“, кој ќе се одржува на 13 ноември 2014 година во хотелот „Братислава“. Оваа година, партнери на „Форум за извоз 2014 година“ се Вишеградската група (В4) и Австрија.

ОВОГОДИНАШНИВЕ ТЕМИ СЕ: МАШИНОГРАДБА, АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА, ЕНЕРГЕТИКА И ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ. Овој настан нуди единствена можност на малите и средни претпријатија да најдат шанси за соработка во странство и да се пробијат на глобалниот пазар. Учесниците на форумот имаат шанса да се сретнат со бројни потенцијални соработници. Во фокусот на овој меѓународен настан се билатералните разговори помеѓу поединечни фирми, но и претставување на понуди за партнерства со подизведувачи, тендери, капацитети за производство, заедничко вложување со странски партнери и контакт со партнери за соработка, особено во секторот на автомобилската индустрија, машиноградба, енергија и ИКТ. Фирми коишто сакаат да учествуваат на овој форум може да се пријават, односно да се регистрираат најдоцна до 30 октомври 2014 година, а за услуги треба да платат 80,00 евра за едно лице, а за второ + 50,00 евра на Словачката агенција за развој на трговија и инвестиции (САРИО), Центар за бизнис и иновации - Братислава, а другиот денарскиот дел на Стопанската комора. Трошоците за превоз и сместување се на товар на компаниите, како и котизацијата за организација на настанот кон Стопанската комора на Македонија (1.180,00 денари со ДДВ за фирма-членка или 2.360,00 денари со ДДВ за фирма нечленка). Стопанската комора на Македонија ќе изврши резервација по повластени цени за пат и за хотел на пријавените компании.

Пријавување до 30.10.2014 година. Аплицирај електронски / on-line

http://www.mchamber.mk Контакт: Ванчо Спасески Тел: ++ 389 2 3244095 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vanco@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

38

четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 12 до 14 ноември 2014 година Меѓународен саем за медицина во Германија

„МЕДИКА 2014“ ВО ДИЗЕЛДОРФ

Во 2013 година овој саем имаше над 4600 учесници од кои 3600 од 66 земји. Во рамките на глобалниот настан број 1 во секторот на медицина, се организира бесплатен меѓународен брокерски, посреднички настан за сите субјекти што имаат интерес за средби за соработка со другите учесници на саемот. Цел на настанот е да им се помогне на претпријатијата, унуверзитетите и истражувачките институции во пронаоѓањето на партнери во Европа за развој на продукти и услуги и лиценцни договори, заеднички вложувања и на други форми на соработка. Меѓународниот брокерски настан од областа на здравството има 15 годишна традиција. Во 2013 година имаше 240 учесници од 25 земји и се одржаа повеќе од 800 состаноци. Зошто да се учествува? • Да го употребите настанот за иницијатива за нов бизнис • Да се сретните со понудувачи на иновативна технологија од Европа и пошироко • Да воспоставите контакт со потенцијални партнери за идна соработка Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија во соработка со Саемот од Диселдорф, посредува во обезбедување хотелско сместување и авионски резервации . Посетителот ги покрива патните трошоци, трошоците за сместување, влезници за саемот, како и организационите трошоци кон Комората за учество како посетител (2.950,00 денари со вклучен ДДВ по лице за членки на Комората, а 5.900,00 денари со вклучен ДДВ по лице за не-членки на Комората).

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

БИЗНИС ИНФО

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ПРВ МАКЕДОНСКО-КОСОВСКИ САЕМ ВО ПРИШТИНА

На 4 и 5 декември 2014 година во Косово

Стопанската комора на Македонија во соработка со Стопанската комора на Косово, организира Прв Македонско-косовски саем. Се работи за саемска манифестација на производи за широка потрошувачка од македонски и косовски компании, што ќе се одржи од 4 до 5 декември 2014 година, во Приштина, Косово, во новоизградената хала за саемски манифестации, која се простира на 6.000 м2. Целта на оваа саемска манифестација е да се поттикне, да се унапреди и да се прошири меѓународната трговска размена, како и да се продлабочи соработката меѓу компаниите од Р. Македонија и Косово. Воедно, овој настан ќе биде проследен со организирани деловни средби и со отворени трибини со претставници од институции од двете земји кои се од значење за креирањето на политиките и условите за меѓународна трговска размена (царинските управи, управите за јавни приходи, фитосанитарните инспекциски служби и агенциите за храна и ветеринарство). Во структурата на Саемот планирано е да доминираат изложбени штандови на индустриите од областа на производство и преработка на храна, производители и дистрибутери на машини од агросекторот и прехранбената индустрија, транспортери во прехранбената индустрија, текстилната, електрометалната, дрвната, градежната, хемиската индустрија, како и индустријата за пластика и пластични маси. Македонските компании кои сакаат да настапат како излагачи на оваа саемска манифестација, како и да остварат директни деловни средби со потенцијални партнери од Косово, својот интерес можат да го пријават најдоцна до 31.10.2014 година. После пријавувањето ќе бидете информирани за сите подетални активности за настанот. Стопанската комора на Македонија обезбедува бесплатен превоз за пријавените компании.

Контакт: Ванчо Спасески Тел: 02/ 03244 095 Е-адреса: vanco@mchamber.mk


40

БИЗНИС ИНФО

четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 4-ти до 6-ти декември 2014 година, Меѓународен Саем за пластика во Република Турција

„PLAST EURASIA ISTANBUL 2014“

2014

4 - 6.12.2014

Станува збор за еден од поголемите специјализирани Саемот може да го посетат само двaјца меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на кои посетители од една кoмпанија. ќе учествуваат реномирани странски и турски компании од индустријата на пластика. Обезбедени се: Стопанската комора на Македонија, во соработка со - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок „Адонис – Tüyap“, Ве поканува да ја посетите оваа саемска (во реномиран хотел со 4 или 5 звезди) манифестација. - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно, како и трансфери од хотел до саем) и На саемот посетителите ќе можат да видат: - бесплатни влезници за Саемот. -Машини за пластика,пластични фолии, жици, Посетителот ги покрива патните и гуми, пластични профили, гранулатор, машини за флексо административните трошоци кон печатење - саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со -Хемикалии и суровини за пластика, боја, ПВЦ автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз се плаќа додатоци, гума, полимери, ПВЦ соединенија, мастила за само 45 евра); печатење, полиетилен, пигменти, растворувачи - како и организационите трошоци кон Комората -Редуктори, роботски системи, магнет, четка машина (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за за производство нечленки на Комората). -Топлина и контрола на опрема, отпорници, сензори, индикатори, полимер, прецизни скали, статична опрема Пријавување до 25.11.2014 година. -Хидраулика и пневматика, хидраулични цилиндри, пумпи, рециклирање, машини за дробење на пластика, За повеќе информации за PLAST EURASIA ISTANBUL неподвижни системи, софтвер, миксер, кодирање и 2014 посетете ја веб страната http://www.plasteurasia.com брендирање или контактирајте не`. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 4-6.12.2014 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија (авион или возило).

Контакт: Зорица Мешкова Тел: + 389 2 3244019 Факс:+ 389 2 3244088 E-адреса: zorica@mchamber.mk


четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

БИЗНИС ИНФО

41

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„BURSA METAL PROCESSING TECHNOLOGIES FAIR“ Eден од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на кои ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании. Посетителите на овие саемски манифестации ќе се сретнат со водечки компании во секторот, со професионалци и инвеститори од металниот, електро, иновативниот и комуникацискиот сектор. Во рамките на „BURSA METAL PROCESSING TECHNOLOGIES FAIR“ посетителите ќе можат да видат: • преси, електромотори, индустриски печки, безбедносни системи, хидраулични и пневматски системи, машини и нивни резервни делови, компресори, хемикалии, индустриски роботи и др. Во рамките на „BELEX 2013“ посетителите ќе можат да видат: • производство на електрична енергија, генератори, алтернатори, акумулатори, трансформатори, регулатори, електромотори и резервни делови за струја, стартери, проводници, изолатори, кабли (енергетски, телефонски), дистрибуција на електрична енергија, електрична инсталација, индикатори, осветлување, светилки, громобранска заштита, помошна опрема, конектори, системи за пожарни аларми. Во делот на „BURSA SHEET METAL PROCESSING“ посетителите ќе можат да видат: • лим, цевки, профили, флексибилен лим, заварување, рачни алати, безбедност при работа и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемските манифестации од 4 до 7.12.2014 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија (авион или возило). Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Не е дозволена посета на малолетни деца и лица што не се вработени во Компанијата. Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 часот; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно, како и трансфери од хотел до саем) и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон - саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз – се плаќа само 45 евра); - како и организационите трошоци кон Комората (2.950

Oд 4 до 7.12.2014 година Меѓународен саем за обработка на метал и заварување во Бурса, Република Турција

денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората).

Пријавување најдоцна до 20.11.2014 година. За повеќе информации за Саемот за метал „BURSA METAL PROCESSING TECHNOLOGIES FAIR“ посетете ја веб-страната: www.bursametalprocessing.com или контактирајте не`.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Војкан Николовски Тел: ++ 389 2 3244068 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vojkan@mchamber.mk Контакт: Снежана Камиловска Тел: ++ 389 2 3244061 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: snezana@mchamber.mk


42

БИЗНИС ИНФО

четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Компанија од Израел бара дистрибутер во Република Македонија за пласман бакарни цевки за климатизација сплит системи и топлински пумпи, изолирани бакарни цевки за системи за греење, канализација, обложени бакарни цевки за гас системи. Валидност дo: 4.11.2014 година

Компанија од Турција заинтересирана е за соработка со компании од градежниот сектор во Република Македонија за пласман на постројки за греење, ладење и климатизација и е снабдувач на еколошки и иновативни технологии за обновлива енергија. Валидност дo: 4.11.2014 година

Компанија од Индија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на автоматски и полуавтоматски машини за пакување и решенија за пакување за различни индустрии како храна, пијалаци, вода, млеко, масло, фармацевтски, хемиски производи, козметика и др. Машините се користат за пакување зачини, чај, ориз, мирудии, кафе, шеќер, брашно, кари во прав, пестициди, храна, тестенини, суво овошје, зрнеста храна, ореви, сосови, сокови, вода, пестициди итн. Валидност дo: 4.11.2014 година

Компанија од Кина бара дистрибутер за пласман на комори за испитување климатски услови и печки, вклучително и комори за тестирање температури/ влажност, интегрирани комори, комори за испитување екстремни промени на високи и ниски температури во Република Македонија. Валидност дo: 4.11.2014 година

Компанија од Турција заинтересирана е да соработува со компании од металната индустрија во Република Македонија со понуда на суровини и хемиски адитиви за леење на железо и челик. Валидност дo: 4.11.2014 година

Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на бесшавни кружни челични цевки за машинска и општа намена. Валидност дo: 5.11.2014 година Компанија од Унгарија заинтересирана е да соработува со производители од Република Македонија на делови кои се користат во производство на менувачи на брзини со рачен пренос наменети за камиони, автобуси и комбиња. Валидност дo: 5.11.2014 година


четврток, 09 октомври 2014, Бр. 194

БИЗНИС ИНФО

43

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Унгарија заинтересирана е за соработка во градежниот сектор во Република Македонија како подизведувачи на градежни активности во нашата земја, и тоа во ѕидарство, малтерисување, суви конструкции, поставување плочки итн. Во моментов имаат капацитет од 20 до 50 луѓе. Валидност дo: 5.11.2014 година Компанија од Турција бара дистрибутер на мебел во Република Македонија, произведен со најсовремена технологија, софтвер за керамика и дизајн на мебел. Валидност дo: 5.11.2014 година Компанија од Германија нуди soft/hardwar индивидуални и системски, безбедносни решенија, како и комплет инструменти за безбедноста во сообраќајот во Република Македонија, кои се однесуваат на мерења на брзината и растојанието, безбедност во тунел, мониторинг на црвено светло, евалуација на сообраќајки, биометрика, опрема за контрола, читање и оценување на земјиштето. Валидност дo: 5.11.2014 година

www.mchamber.mk

Компанија од Турција заинтресирана е да соработува со медицински установи во Република Македонија за пласман на медицинска опрема и средства за дезинфекција . Валидност дo: 9.11.2014 година Компанија од Чешка заинтересирана е да увезува овошје и зеленчук од Република Македонија. Валидност дo: 9.11.2014 година Компанија од Србија бара дистрибутер на брусилки за внатрешно и надворешно кружно брусење во Република Македонија. Валидност дo: 9.11.2014 година Компанија од Словачка заинтересирана е за соработка во Република Македонија во областа на биолошки горива. Валидност дo: 9.11.2014 година

Контакт:

Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Бизнис ИНФО, број 194, 09.10.2014 by Economic Chamber of Macedonia - Issuu