Skip to main content

Бизнис ИНФО, број 270

Page 1

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БИЗНИС ИНФО Број 270

www.mchamber.mk

bsi.

ISO 9001

goodini

Quality Management

192

09.06.2016

Македонско-австриски деловни средби во Стопанската комора на Македонија

БИЗНИС-ПАРТНЕРСТВА ЗА ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА ЈУБИЛЕЈ

ДЕСЕТ ГОДИНИ СОВЕТ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 bsi.

ISO 9001

Quality Management

ПРИ СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2 - 2016

FS 549642

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

ЕЗБЕД ОБ У

B

SE

C

UR

O

НИКО

Б

ЊЕ ВА

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

БИЗНИС ИНФО

3

БИЗНИС ПОДВЛЕЧЕНО СРЕДБИ Македонско-австриски деловни средби во Стопанската комора на Македонија

БИЗНИС-ПАРТНЕРСТВАТА МОЖЕ ДА ЈА ИНТЕНЗИВИРААТ РАЗМЕНАТА

Стопанските комори на Македонија и на Австрија организираа Македонскоавстриски деловни средби, со цел поттикнување на соработката меѓу компаниите од двете земји (7.6.2016 година). Австриската бизнис-делегација имаше можност да се запознае со можностите за соработка со македонските компании. Со оглед на составот на бизнис-делегацијата од Австрија, овојпат соработката со македонските фирми беше фокусирана на компании од различни сектори, и тоа компании кои се занимаваат со преработка на дрво, производство на алати, машини и опрема кои се потребни за производство на технички профили, производство на теренски возила и снабдување со решенија за електрични спојки, како и компании коишто се занимаваат со рехабилитација на болни лица и старечки домови и кои произведуваат специјализирана козметика.


4

БИЗНИС ИНФО

четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

БИЗНИС СРЕДБИ

Република Македонија е наш долгогодишен пријател и стратешки партнер, а оваа посета, како и останатите посети на австриските бизнисмени, е позитивен одговор на интересот за соработка од двете страни, изјави Герхард Шлатл, економско аташе на Република Австрија во Република Македонија. Од особена важност за Стопанската комора на Македонија е да се создадат можности за воспоставување директни средби меѓу македонски и австриски компании со цел обезбедување извоз на македонските производи на европските пазари, особено што Република Македонија и регионот имаат потреба од соработка на економски план, особено во партнерство со јака економија, како што е австриската, истакна Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија. Во Македонија доаѓа најголема австриска бизнис-делегација досега која е заинтересирана да воспостави соработка со македонските компании. Не станува збор за директни инвестиции, туку за пронаоѓање бизнис-партнери и дистрибутери,


четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

БИЗНИС ИНФО

5

БИЗНИС ПОДВЛЕЧЕНО СРЕДБИ истакна Герхард Шлатл, економско аташе на Република Австрија во Република Македонија. Преку шеесетина претставници на 40 македонски компании беа присутни во Стопанската комора на Македонија и имаа средба со австриските компании од различни сектори и тоа од: дрвната и машинската индустрија, опрема и машини за производство на технички профили, физикална и специјализирана козметика. Република Австрија е четиринаесетти трговски партнер во надворешнотрговската размена на Република Македонија во 2015 година и втор најголем инвеститор во Македонија, но простор за соработка има и треба да се поттикне и да се интензивира соработката меѓу австриските и македонските компании со цел да се зголемени трговска размена од двете страни, бидејќи евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 17 милиони САД $. Вкупната трговска размена во првите 3 месеци од тековната 2016 година изнесува 39,86 милиони САД $, што претставува раст од 10% споредено со истиот период во 2015 година. Извозот изнесува 11 милиони САД $, што претставува значително зголемување од 51%, додека увозното салдо изнесува 28 милиони САД $, или намалување од 0,6% во споредба со истиот период минатата година. М-р Ирена Мојсовска


6

БИЗНИС ИНФО

четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

ОБРАЗОВАНИЕ И БИЗНИС

СОРАБОТКА МЕЃУ ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР СО ЦЕЛ КРЕИРАЊЕ ЈАВНО-ПРИВАТНИ ПАРТНЕРСТВА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВИСОКОКВАЛИТЕТНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА Согласно Програмските насоки на Стопанската комора на Македонија за 2016 година, една од приоритетните активности е унапредување на системот на образование во согласност со потребите на бизнисот. - Обезбедување на квалификувана работна сила за потребите на стопанството е еден од клучните предизвици во Македонија. Притоа, средното стручно образование има потенцијал да го подобри преминот од училиште во работниот свет и да им понуди на младите перспектива за планирање на кариерата, а со самото тоа и за пронаоѓање на сопствената улога во општеството. Заради тоа, иновациите и вложувањата во средното стручно образование се клучни предуслови за подготовка на општествата за иднината, истакна Софче Јовановска, советник на Управниот одбор на Стопанската комора, на прес-конференцијата на Комората (6 јуни 2016 година). Во своето излагање таа додаде дека една од активностите на Стопанската комора на Македонија се однесува и на премин од системот на средното стручно образование кое се заснова на училиште, кон втемелување на т.н. „дуални принципи“ на средно стручно образование. Терминологијата „дуален систем“ или „дуални принципи“ не е целосно препознатлива и општоприфатена кај нас, а често пати е и збунувачка. „Дуалноста“ во суштина се однесува на наизменично учење и во компанијата и во училиштето, односно на начинот на соодветна комбинација и на теоријата и на праксата. Во земјите каде што функционира системот на дуално образование стапката на невработеност е помала од 10 отсто. Целта е да се произведат профилирани кадри кои стекнатото теоретско знаење во училиштето ќе го унапредат, проверат и ќе го спроведат и практично, преку директна практична работа во компаниите, притоа водејќи сметка за потребите на работна сила на пазарот. Активното вклучување на


четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

БИЗНИС ИНФО

7

ОБРАЗОВАНИЕ ПОДВЛЕЧЕНО И БИЗНИС

бизнис-заедницата е конкретен придонес во усогласувањето на наставните програми со потребите на бизнисот, што ќе има директни импликации и врз намалувањето на стапката на невработеност. Постојат доста потенцијали за унапредување на актуелниот систем на средно стручно образование и на нив, забрзано работат и државните институции, а и Комората е директно вклучена во работата на повеќе органи и тела во овој сегмент со: - Министерството за образование и наука; - Центарот за образование на возрасни; - Советот за стручно образование и обука; - Советот на работодавачи при АВРМ; - Националниот совет за подготовка на Националната рамка на квалификации и други. Забрзаната реформа на системот на средно стручно образование би помогнала да се подобри делотворноста и усогласеноста на образованието со потребите на пазарот на трудот. Во однос на постојната состојба, некои од работите треба да се менуваат и можат да се идентификуваат како постојни недостатоци, а тоа се: - малиот број на ученици во помалку атрактивните профили, кои се барани на пазарот на трудот; - неусогласеноста на понудата и побарувачката на работна сила, што влијае и на зголемување на стапката на невработеност;


8

БИЗНИС ИНФО

четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

ОБРАЗОВАНИЕ И БИЗНИС

- образовните профили не се ажурирани согласно постојните трендови и потреби; - недостатокот на пракса во компаниите; - компаниите не се или се делумно определени за прифаќање практична обука на поголем број ученици. Имајќи ја предвид нераскинливата врска помеѓу образовните институции и компаниите во моделот на дуалното образование, Стопанската комора на Македонија во текот на првите два месеца (јануари и февруари) од 2016 година реализираше истражување насочено кон компаниите со цел да се испита нивната подготвеност за учество во дуалниот модел на средно стручно образование. Во текот на истражувањето беа опфатени компании низ цела територија на Република Македонија. Општ став согласно добиените резултати е постоењето на првичен интерес кај компаниите да се вклучат во процесот на дуалното образование. Сепак, идентификувани се поедини празнини во поглед на информираноста за моделот на дуално образование. Имајќи ги предвид добиените податоци од реализираниот анкетен прашалник, 60% од испитаниците се изјаснија дека немаат остварено соработка со некое средно училиште. Задоволителен е и процентот на вработување на учесниците кои завршиле практична настава, а потоа се вработиле во истата компанија. Резултатите покажуваат дека над 40% од компаниите вработиле по двајца и по тројца од практикантите, а само


четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

БИЗНИС ИНФО

9

ОБРАЗОВАНИЕ ПОДВЛЕЧЕНО И БИЗНИС 9% од компаниите одговориле дека вработиле по 6 лица од практикантите. Во моментот на спроведување на анкетата, во делот поврзан со подготвеноста на компаниите да вложуваат дел од сопствените средства во профилирање на потребните кадри преку моделот на дуално образование постои интерес за вложување од страна на 54% од компаниите. Воведувањето на дуалното образование е потреба на новото време со цел зголемување на конкурентноста на претпријатијата, но и намалување на стапката на невработеност. Искуството од Австрија треба да се пренесе и во земјите од Западен Балкан, со максимална ангажираност на компаниите преку нивните комори и училиштата, во градење на јавноприватно партнерство. Во областа на дуалното образование, особено развиени и функционални системи се воспоставени во Германија, Австрија и Швајцарија. Од досегашните искуства, може да се претпостави дека не постои лесен и брз начин системот на средно стручно образование да се пренесе од една во друга земја. Пренесувањето на системот на средно стручно образование од една во друга земја не е само просто копирање на изворниот систем, туку е повеќе процес на избор и приспособување од страна на потенцијалните земји каде што би се имплементирало средното стручно образование. Треба да се искористат австриските или германските странски инвеститори, кои се дел од системот на дуално образование во Австрија или Германија, да го пренесат во земјите на Западен Балкан, каде имаат свои инвестиции, но и преку размена на искуства со земјите од Југоисточна Европа ќе може да се пренесат искуства и да не се повторуваат грешки во процесот на воведување на системот на дуалното образование. Главни прашања во имплементацијата на системот на дуално образование се: како да се привлечат индивидуите (учениците) да се заинтересираат за компаниите и како да се привлечат компаниите за да бидат дел од овој процес? Единствено решение не постои, во секоја земја постојат посебни предуслови. Со цел да се добие одржлив систем неопходно е да се има долгорочна соработка со компаниите, а тие да бидат финансиски стимулирани од државата. Од друга страна, главниот мотив за компаниите не треба да биде финансиската помош, туку фактот дека тие после обуката имаат спремен кадар да работи кај нив, а компанијата нема да губи време во дополнителна обука на нововработениот.


10

БИЗНИС ИНФО

четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

ОБРАЗОВАНИЕ И БИЗНИС Учениците после завршување на дуалното образование со полагање на приемен испит исто така можат да продолжат на високо образование. Според статистиките скоро 70% од топ менаџерите во светот биле дел од дуалното образование. - Илузија е ако се мисли дека веднаш ќе се креираат нови работни места со дуалниот систем, ова е долгорочен процес и треба да се отпочне со мали проектни ииницијативи, но и да се демистифицира односот кон чираштвото во земјите на ЈИЕ. Затоа треба да се доближи компанијата до ученикот, преку организирање посети на ученците во компаниите, да видат одблиску како изгледа еден процес во компанија. Но истовремено да се работи и на едукација на професорите, бидејќи ако се искористи постојниот кадар во средните училишта, ќе се соочиме со проблем дека им предаваат професори кои завршиле факултет и знаат теорија, но немаат ниту ден пракса во

својата кариера, изјави Наташа Јаневска, државен советник во Министерството за образование и наука. Во реализацијата на дуалното образование треба да се примени принципот на „пристап воден од побарувачка“ каде ќе се најде начин како да се привлече индивидуата - ученикот, а да се заинтересира компанијата, бидејќи подобро е да создаде свој специјализиран кадар, отколку на пазарот да бара скапа висококвалификувана работна сила која им е потребна. На прес-конференцијата беше презентирана и Заедничката декларација одобрена од страна на учесниците на Конференцијата на тема: „Градење Западнобалканска


четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

БИЗНИС ИНФО

11

ОБРАЗОВАНИЕ ПОДВЛЕЧЕНО И БИЗНИС алијанса за учење преку работа“, одржана на 18 мај 2016 година во Виена, Република Австрија, во рамките на Берлинскиот процес, кадешто претставниците на субјекти од јавниот и од приватниот сектор на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија, покрај Австрија, Хрватска, Франција, Германија, Италија и Словенија, како и претставниците на Европската комисија, меѓународните финансиски институции и други мултилатерални и билатерални институции, кои што нагласија дека поттикнуваат поинтензивна соработка меѓу јавниот и приватниот сектор со цел подобро да се разбере улогата што секој од партнерите ја има во создавањето пазар на труд, кои се насочени кон обезбедување висококвалитетно стручно образование и обука (СОО). Заедничката изјава ќе биде претставена на третиот Состанок за Западен Балкан, кој ќе се одржи на 4 јули 2016 година, во Париз (во прилог: линк до декларацијатата). Врз основа на заеднички начела на декларацијата, земјите од Западен Балкан се дел од нов процес за соработка со цел да прерасне во носечки столб на Берлинскиот процес и да придонесе кон остварувањето на целите од стратегиите ЕУ 2020 и ЈИЕ 2020, како и на дефинираните цели за одржлив развој, особено целта, која се стреми да обезбеди инклузивно, рамноправно и квалитетно образование, како и да ги подобри можностите за доживотно учење за сите. Да се поттикнат механизмите за посилни регионални партнерства меѓу претставниците на приватниот сектор, владите, институциите за СОО и граѓанското општество, со што ќе се подобри соработката, ќе се препознаат и ќе се искористат можностите за соработка во рамките на постојните активности. Главна цел на Комората е и привлекување фирми коишто би се вклучиле во активностите за учење преку работа и градење на капацитетите на локалните приватни сектори со цел да служат како партнери за СОО, како и прикажување на моќната, позитивна улога што би можеле да ја имаат иновативните партнерства меѓу приватниот сектор и институциите што спроведуваат СОО. Република Македонија преку своите институции кои се дел од образовниот процес во соработка со коморите, работодавачите и училиштата преку реализација на повеќе проекти кои се во тек, активно работи на воведување на системот на стручното образование и обука преку работа во компаниите. Во оваа фаза со активно вклучување на компаниите обучени се и 359 ментори од компнаиите кои се задолжени да ја водат практичната работа во компнаиите, но исто и 161 наставник од средните стручни училишта задолжени за практичната настава. За имплементирање на целиот порцес многу е битно да се промени и јавната свест за ваков вид на образование, за поинтензивна соработка на релација ученик – родител – компанија – училиште. Софче Јовановска


12

БИЗНИС ИНФО

четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ

ПО ПОВОД 10 ГОДИНИ НА СОВЕТОТ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ПРИ СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ГУРМАНСКА НЕДЕЛА ВО ГРАДСКИ ПАРК Советот на странски инвеститори при Стопанска комора Македонија го прослави својот 10 годишен јубилеј на невообичаен начин зачинет со многу автентични гурмански специјалитети од 11 различни земји. Љубителите на добрата храна и расположение дојдоа во огромен број заеднички да го прослават овој роденден и воедно да бидат дел од хуманата намера на настанот, бидејќи храната се послужуваше за симболична цена од 100 денари, парични средства кои ќе се подарат на народната кујна во црквата Св. Апостол Петар и Павле и во Хуманитарно здружение „Ел-Хилал“. Странските инвеститори во државава кои доаѓаат од САД, Австрија, Велика Британија, Грција, Белгија, Турција, Италија, Швајцарија, Франција, Холандија и Германија ја искористија можноста да се дружат со граѓаните и да ја промовираат културата на земјите од каде потекнуваат преку најавтентичните рецепти од нивните национални кујни. Денот беше збогатен и со содржини за целото семејство, со многу музика и забава, а за децата беа предвидени едукативни и интерактивни игри. „Ова е прекрасна глетка, одлично чувство и мотивирачка синергија, која ми укажува на тоа дека го креиравме вистинскиот начин како да ги прославиме 10те години поминати во посветена работа, пред сé насочена кон унапредување на пазарното стопанство, претприемништвото и конкурентноста во работењето на македонските компании. Ние веруваме дека до подобрување на севкупните општествени и економски придобивки може да се дојде само со партнерство и заеднички, транспарентен


четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

БИЗНИС ИНФО

13

СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ ПОДВЛЕЧЕНО дијалог со локалното население, бизнис партнерите, но и со надлежните институции што севкупно ќе обезбеди одржливи вредности и резултати за целото општество во иднина. Среќен сум што прославуваме со граѓаните на Македонија и што имаме привилегија со нив да ги делиме нашите успеси.“, изјави г. Петер Штефан, Претседател на Советот на странски инвеститори . Извршниот директор на Стопанската комора на Македонија д-р Јелисавета Георгиева подвлече дека Советот на странски инвеститори при Комората со неговата работа преку сите компании членки во ова тело и преку сите свои проекти во 10-те години на работа и постоење покажа дека во земјава има добри услови за инвестирање и воедно претставува поттик и за привлекување на други инвестиции. Еден од значајните проекти на Советот е соработката со домашните компании, нивно вмрежување и создавање на ланец на добавувачи со македонските компании. Денешниот 10 годишен јубилеј Советот го оддбележа промовирајќи ја својата култура и традиција преку автентичните кујни, приближувајќи ги до граѓаните и компаниите со хуманитарен карактер, додаде Георгиева. Комората и во иднина ќе дава силна поддршка на своите членки-странските како и домашните компании. Овој настан беше одлична можност да се прослави долгогодишната посветена работа на Советот во нашата земја и ветување за понатамошни успешни проекти, настани и случувања кои ќе ја зајакнат нивната позитивна слика во нашето општество. Советот на странските инвеститори при Стопанската комора на Македонија е основан во 2006 година заради обезбедување консултативни и советодавни мислења, предлози и прашањата во насока на поттикнување на инвестирањето во македонската економија. Во Советот членуваат над 118 компании со странски капитал чија активност е насочена кон унапредување на пазарното стопанство, претприемништвото и конкурентноста во работењето. Влатко Стојановски


14

БИЗНИС ИНФО

четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТРИЕМАЧИ

Клубот на менаџери-претриемачи продолжува со редовни активности

ПРЕДАВАЊЕ НА ТЕМА: „ТРИ НАЧИНИ ДА СТАНЕТЕ АВТЕНТИЧЕН ЛИДЕР“

Членовите на Клубот на менаџери-претприемачи, на 3.6.2016 година, присуствуваа на предавањето на тема: „Три начини да станете автентичен лидер“, што се одржа во соработка со Елена Антоновска Едизер, сертифициран професионален коуч на „Ериксон“ Колеџот од Канада, лиценциран предавач за методата „Pranic Healing“ за Македонија, Србија и Албанија, енерготерапевт и консултант. Учесниците на настанот беа дел од едно поинакво предавање за оваа нова и интересна тема, притоа збогатувајќи го своето знаење со нови начини за да постигнуваат високи бизнис-перформанси преку градење лидерски стил и моќна визија со која автентично ќе ги водат вработените и ќе бидат нивна инспирација. Менаџерите разменија искуство и знаење со реални примери од праксата и ја завршија оваа работна недела со техники за намалување на стресот.


четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

БИЗНИС ИНФО

15

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТРИЕМАЧИ ПОДВЛЕЧЕНО

Клубот на менаџери-претприемачи претставува мрежа на мали и средни претпријатија, во кој членуваат претставници од менаџерскиот тим на компаниите, кои ги користат бројните поволности во рамките на Клубот во делот на: пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, учество на едукативни настани со врвни предавачи од земјата и од странство и експерти од компаниите, користење на арбитражата за решавање на стопанските спорови и брза наплата на ненаплатените побарувања, давање правна поддршка и консултантски услуги, давање стручни анализи од реномирани домашни и меѓународни центри за истражување и сл. Покрај мали и средни претпријатија, во Клубот членуваат и големи компании со цел поттикнување на размена на контакти, информации и искуства, а особено во насока на отворање можности за деловна соработка. Ивона Каранфиловска


БИЗНИС ИНФО

16

четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

АКТУЕЛНО

Групација на производители на заштитни врати

ЗАОСТРУВАЊЕ НА КОНТРОЛАТА НА УВОЗОТ НА ЗАШТИТНИ ВРАТИ На седницата на Групацијата на производители на заштитни врати при Стопанската комора на Македонија, одржана на 9.6.2016 година, се расправаше за актуелните состојби, проблеми и трендови во работењето на компаниите од дејноста производство на заштитни врати, како и за постојната нелојална конкуренција. На состанокот се истакна дека во изминатиот период утврдувањето на квалитетот на заштитните врати се врши во акредитираната лабораториоја на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер. Во изминатиот период акредитираната лабораторија вршеше испитување на заштитните врати во делот на статиката, динамиката и насилното отворање на вратите за шест класи. Врз база на извршената постапка на реализираното тестирање се дава сертификат за противнасилно отворање и која класа ја задоволува заштитната врата. Претставниците на Групацијата ги потенцираа проблемите со кои се соочуваат, како што се квалитетот на заштитните врати од увоз кои се карактеризираат со низок квалитет, за што се предложи да се побара од надлежните државни институции да се овласти тело (во кое што свое учество ќе земат и производителите), кое ќе врши контрола на квалитетот и ќе издава атести за квалитет. Донесувањето на правната регулатива која би ја регулирала оваа дејност е од посебен интерес и за производителите на опремата, а и за самата држава. Со правната регулатива производителите ќе се заштитат од нелојалната конкуренција, додека интересот на државата е намалување на последиците од пожари и други несакани активности. Претставниците на Групацијата истакнаа дека Државниот пазарен инспекторат треба и понатаму да врши контрола на секој увозник на заштитни врати, како и испитување на исправноста на документација која се приложува при увоз на овие производи. Војкан Николовски


четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

БИЗНИС ИНФО

17

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРАТА

„МАКПРОГРЕС“ СО БРЕНДОТ „ВИНЧИНИ“

ДВЕ ДЕЦЕНИИ СЛАТКА ПРИКАЗНА ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ Производите на „Винчини“ може да се најдат на полиците во маркетите ширум светот, дури до Грендланд, Австралија и Северна Америка. „Светот падна на „Винчини“ беше насловот што осамна во еден наш медиум по информацијата дека производите со голема брзина и леснотија ги освојуваат светските пазари. Духовито во текстот пишуваше: „Да знаат во Јужна Америка какви слатки се произведуваат во Македонија извесно е дека и тие ќе побараат каде е Виница на географската карта. Тоа е единствениот континент чии жители засега не ги вкусиле тортичките и ролатите „Винчини“, кои со години се произведуваат во виничката фирма „Макпрогрес“. Успехот на овој македонски бренд кој се најде на светски пазари се должи на динамичниот развој во последните неколку години, храбрите менаџерски одлуки, како и трудот и професионалноста на вработените. Производите на „Винчини“ се добро познатите слатки задоволства на сите генерации. Речиси и да не постои роденденска прослава, семеен излет или ужинка без вкусните тортички и колачиња на македонскиот бренд „Винчини“, производна линија на кондиторскиот лидер во Македонија и регионот – „Макпрогрес“. „Макпрогрес“ минатата година одбележа 25 години постоење со титулата - Најголемата компанија во кондиторската индустрија со најголем извоз во преку 50 земји во светот! „Макпрогрес“ е успешен семеен бизнис, што поставува високо посакувани стандарди за квалитет во прехранбената индустрија. Денес, компанијата претставува дом и семејство на 550 вработени за кои не постојат граници во унапредување на вкусот и квалитетот на своите 350 производи поделени во 5 брендирани линии. Производите на „Винчини“ може да се најдат на полиците во маркетите ширум светот, дури до Грендланд, Австралија и Северна Америка. Иако во јавноста често се говори дека недоволно ги цениме македонските производи и попрво би купиле некој странски бренд, производите на „Винчини“ со квалитет и добра понуда го покажаа спротивното. Во анкета која ја спроведе fakulteti.mk беше поставено прашањето токму кои се омилени македонски производи на младите луѓе. Слатките задоволства на „Винчини“ заслужно се најдоа на врвот на листата. Производите на„Винчини“ се популарни кај сите генерации. Домаќинките на социјалните мрежи се фалат како ги усовршиле рецептите за подготовка на торти, благодарение на готовите кружни кори на „Винчини“. А тортиците и ролатите ги заблажуваат возрасните на прослави, настани и пријателски собири.


БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk


четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

СОПСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА КОМПАНИСКИ НАСТАНИ (EVENT MANAGEMENT) И ЈАВНО ГОВОРНИШТВО

Еднодневна обука 15.6.2016 година 9:30 до 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 ,5-ти кат

Предавачи: Татјана Стојановска, водител и презентер Михаил Китановски, консултант со искуство во организација на настани ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА? Обуката на тема: Сопствена организација на компаниски настани (Event Management) и јавно говорништво е наменета за лица кои работат во секторите маркетинг, односи со јавноста, продажба, развој, како и за останати лица кои се поврзани со промоцијата на компанијата и брендот. МЕТОДОЛОГИЈА ЗА РАБОТА Оваа обука се базира на отворена дискусија во рамките на темата, каде активно учество ќе земат и учесниците и предавачите. Покрај погоренаведеното, на обуката ќе биде даден одговор на прашањата кои ќе бидат поставени од учесниците, а кои се однесуваат на оваа област. ПРИДОБИВКИ ОД ОБУКАТА Од обуката за Сопствена организација на компаниски настани (Event Management) и јавно говорништво, слушателите треба да стекнат знаењa за креирање на компаниски настани како и јавното говорење.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 2 3244088 Контакт: Зорица 389 Мешкова Тел:Контакт ++ 389 2 Центар 3244019 : (02) 15015 Факс:++ 389 2anita@mchamber.mk 3244088 E-адреса: E-адреса: zorica@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

20

четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Еднодневна обука 16.6.2016 година (четврток) 9:30 до 16:30 часот Стопанска комора на Македонија сала 1, 5-ти кат

ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ КАКО ФУНКЦИЈА, ОДГОВОРНОСТИ И ЕКСПЕРТИЗА ВО РАБОТЕЊЕТО

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА? Обуката на тема: Деловен асистент како функција, одговорности и експертиза во работењето е наменета за лица кои работат на позиција деловен асистент, административно работење, асистенти на менаџери и сопственици и раководители, како и останати лица кои се вработени во администрацијата и во секторот финансии. МЕТОДОЛОГИЈА ЗА РАБОТА Оваа обука се базира на отворена дискусија во рамките на темата, каде активно учество ќе земат и учесниците и предавачите. Покрај погоренаведеното, на обуката ќе биде даден одговор на прашањата кои ќе бидат поставени од учесниците, а кои се однесуваат на оваа област.

ПРИДОБИВКИ ОД ОБУКАТА Како придобивки од оваа обука се следните: - поголема ефикасност во работата; - подобрени комуникациски способности; - управување со работата во секојдневните активности; - зголемена ефикасност и знаење за работата; - подобрување на целокупниот процес.

ПРЕДАВАЧ: Михаил Китановски е консултант за организација и менаџмент повеќе од 15 години, и во овој период има стекнато интернационално искуство во оваа област. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ КУРС ЗА СТЕКНУВАЊЕ ВЕШТИНИ ЗА АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ“

Обуката започнува на 21 јуни 2016 година Стопанска комора на Македонија

согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија по Решение УП1 бр.12-279 од 02.03.2016 година Методологија Главната цел на програмата е кандидатите да се стекнат вештини за канцелариско и архивско работење применливи во различен тип на организации. Програмата е составена од четири тематски целини во кои се разработуваат функциите и активностите поврзани со канцелариското и архивското работење во една компанија. Според наставниот план обуката трае 50 часа, во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со функционирањето на организациските единици во една компанија, практична примена на Законот за архивски материјал и Уредбата за канцелариско и архивско работење, како и следење на новите трендови на електронско канцелариско и архивско работење со користење на софтвери и примена на Меѓународни стандарди (1589 за Record Мanagement, ISAT (G), ISAAR, MOREK. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за стекнати вештини за канцелариско и архивско работење кој е признат од Министерството за образование и наука. Целна група: Специјалистичкиот курс може да го посетуваат лица вработени во организациона единица за архивско работење, како и сите други заинтересирани лица кои имаат желба да ги прошират своите знаења и вештини во областите од наведенава тематика и да се стекнат со сертификат признат од Министерството за образование и наука.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт: Зорица Мешкова Тел:Контакт ++ 389 2 Центар 3244019 : (02) 15015 E-адреса: Факс:++ 389 2beti@mchamber.mk 3244088 E-адреса: zorica@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

22

четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

21.6.2016 година (вторник) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат

УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ЈАВНИОТ И ВО ДРЖАВНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО БАРАЊАТА ВО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ДРЖАВНИОТ И ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО БАРАЊАТА ВО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени и од референтни предавачи разработени повеќе категории прашања во врска со управувањето со ризик, односно процесот во кој компанискиот персонал врши идентификација, проценка и степенување по важност на ризиците, проследено со координирана и економски одржлива примена на превентивно- заштитни ресурси за да се минимизира, надгледува и контролира веројатноста и/или влијанието на инцидентните настани. Цели на семинарот: Ризикот континуирано и директно влијае врз вредностите, а консеквенциите од неговите несакани дејствија манифестирани во форма на пропусти, грешки, незгоди, несреќи, прекршоци и кривични дела, делуваат на стабилноста и на успешноста. Ризиците се негативни фактори и непожелни настани кои може да продуцираат загуби, а посебно доаѓаат до израз кога во управувањето постојат или се манифестирани слабости. За да се редуцираат овие чувствителни точки во административниот - деловен процес неопходно е организацијата да имплементира комбинирани превентивни контра-мерки. Предавачи: д-р Зоран Доревски, менаџер за безбедност и Милијана Георгиевска, координатор за безбедност.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„ПРАВНИ ИНСТИТУТИ ОД РАБОТНИТЕ ОДНОСИ КОИ ЧЕСТОПАТИ ПОГРЕШНО СЕ ПРИМЕНУВААТ И СЕ ПРЕКРШУВААТ ОД СТРАНА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ И ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ВО СМИСЛА НА НЕЈЗИНО УРЕДУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ И ИЗРЕКУВАЊЕ ДИСЦИПЛИНСКИ МЕРКИ“

23 – 25 јуни 2016 година Хотел „Солемио“ Нови Сад (www.hotelsolemio.rs)

Стопанската комора на Македонија од 23 до 25 јуни 2016 година во хотелот „Солемио“ – Нови Сад, Република Србија, организира советување на тема: „Правни институти од работните односи кои често погрешно се применуваат и се прекршуваат од страна на работодавачите и дисциплинска постапка во смисла на нејзино уредување, водење и изрекување дисциплински мерки“. Целта на советувањето е на учесниците да им бидат образложени законските решенија во однос на одредени правни институти од областа на работните односи, а дополнително ќе имаат можност да бидат советувани од страна на експерти и за сите тековни проблеми и дилеми што се јавуваат при примена на законодавството од областа на работните односи во тековното работење. Советувањето е наменето за сите вработени во правните служби, адвокатите и останати законски застапници, менаџери во компаниите, вработени во секторите за управување со човечки ресурси, како и за сите останати кои сакаат да го надградат своето знаење или истото да го потврдат во делот на работните односи. Организација Ова дводневно советување е организирано по принцип на тренинг-обука, со цел учесниците низ предавања и практични примери од пракса да се стекнат со нови и да ги унапредат постојните знаења во областа на работните односи.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија

• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија; • Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка; • Сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници. За повеќе информации: Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk

Симона Ристоска Тел. +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088

Акредитирани програми кои можете да ги следите: • • • • • • •

Готвач во угостителски објект; Гипсер – монтер; Фасадер; Аргон заварувач; Келнер – гастроном; Изработувач на бели печива; Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси;

•

• • • • •

Специјалистички курс за стекнување вештини за архивско и канцелариско работење; Рецепционер; Службеник во книговодство; Туристичко - агенциски службеник; Фризер - основен курс; Шивач и кројач на конфекциски материјали.


четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Тренинг обука 23.06.2016 - 02.09.2016 Стопанска комора на Македонија

согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија по Решение бр.11-20103/2-14 од 09.01.2015 година

Методологија Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со менаџментот и организацијата на човечките ресурси во компаниите. Истата содржи 80 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Програмата започнува со општ вовед во менаџментот на човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти на струката потребни за стекнување менаџерски вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за Програмата „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ кој е признат од Министерството за образование и наука. Целна група: Обуката можат да ја посетуваат лица кои се ориентирани кон градење кариера во делот на управување со човечки ресурси, вработени од секторите за управување со човечки ресурси во компаниите кои сакаат да го надградат своето знаење или истото да го потврдат и да стекнат сертификат признат од Министерството за образование и наука.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

26

четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

29 јуни 2016 година (среда) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ШТО ВЛЕГУВА ВО СИЛА ОД 1 АВГУСТ 2016 ГОДИНА

-Компарација на стариот и новиот Закон за градежно земјиште -Начин на водење на постапките за отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп, давање на трајно користење, засновање на стварна службеност и пренесување на право на сопственот („Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/15, 98/15, 193/15, 226/15 и 31/16). Со Законот за градежно земјиште се уредуваат правата и обврските во поглед на градежното земјиште, уредувањето на градежното земјиште, условите и начинот на располагање со градежното земјиште, како и други прашања од областа на градежното земјиште. Целта на семинарот е да се разработи новиот начин на водење на постапките предвидени во Законот, како и сите теми и случаи кои се појавуваат како основ за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија. Предавач: - Анета Јорданова, дипломиран правник, Раководител на Сектор за документирање и управување со градежно земјиште при Министерството за транспорт и врски.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПОДГОТОВКИ ЗА ПОЛАГАЊЕ СТРУЧЕН ИСПИТ ПО БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

28 јуни 2016 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Со цел да им се овозможи соодветна стручна подготовка на лицата кои се имаат пријавено за полагање стручен испит по безбедноста и здравјето при работа, Стопанската комора на Македонија на 28 јуни 2016 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира еднодневна обука на тема: МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПОДГОТОВКИ ЗА ПОЛАГАЊЕ СТРУЧЕН ИСПИТ ПО БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА („Службен весник на Р. Македонија“ БР.138). Врз основа на член 46, став 2 од Законот на безбедност и здравје при работа („Сл. весник на Р. Македонија“ бр. 92/07), донесен е Правилник за условите, начинот и програмата за полагање сручен испит за безбедност и здравје при работа. Обучувачи на оваа обука ќе бидат: Претставници на Држaвен Инспекторат за труд, инженери и стручни лица за безбедност при работа, кои работат и делуваат секојдневно во областа на безбедноста и здравјето при работа во сите индустриски гранки и доктор по медицина на труд.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до: 23 јуни 2016 година.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

28

четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Mеѓународни деловни средби 28-29 јуни 2016 година, Ливерпул, Англија

ФИНАНСИРАЊЕ ЗА СОРАБОТКА ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА КРЕАТИВНИТЕ ИНДУСТРИИ

Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за надворешни работи на РМ, а во организација на Стопанската комора на Англија, преку ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве поканува да учествувате на брокерскиот настан на тема „Финансирање за соработка за истражување и развој на креативните индустрии“, на 28-29 јуни 2016 година, во Ливерпул, Англија. Настанот „Финансирање за соработка за истражување и развој во креативниот сектор”, ќе има за цел поттикнување на соработката и обезбедување финансиски средства за развој на креативни и дигитални проекти во различни индустрии со директни бизнис-средби. Овие ЕЕН-средби се совршена можност за размена на знаења, идентификување на потенцијалните партнери за соработка, со цел да се обезбедат начини за финансирање и инвестиции преку директни средби со компании кои ќе помогнат за побрз и подобар развој на иновативни проекти, производи и услуги. На овој дводневен настан главен акцент ќе се даде на следните сектори: - дизајн: архитектура, мода, графички дизајн, дизајн на производи; - медиуми: дигитални медиуми, аудио-визуелни, телевизија, музика, филмови, телевизиски продукции, апликации; - уметност: визуелни уметности, изведувачки уметности, музика; - автомобилската индустрија, авиоиндустријата, градежништвото, образованието, животната средина, инженерингот, здравството, ИКТ, технологијата на материјали, текстилот и туризмот.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ПРВ ИНТЕР-БАЛКАНСКИ ФОРУМ ВО СОЛУН

На 7 и 8 јули 2016 година во Р. Грција

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Министерството за надворешни работи на Македонија, ве поканува да бидете дел 1. Интер-балкански форум. Овој форум ќе се одржи во периодот од 7 – 8 јули 2016 година, во просториите на саемот HELEXPO во Солун, Р. Грција. Земји-учесниснички на Форумот се: Грција, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Македонија, Романија и Србија. Со оглед на динамичниот развој на индустријата за храна и пијалаци кој води кон подобрување на бизнис-климата, Интер-балканскиот форум ги повикува сите истакнати индивидуалци од светот на политиката и Балканската бизнис-заедница да учествуваат во дебатата, на којашто ќе ги утврдат проблемите со цел да ги подобрат своите уникатни производи кои би отвориле можности за инвестиции. Главен акцент на форумот ќе биде ставена на можностите за инвестирање кои можат да бидат поддржани од меѓугранични партнерства и примена на нови технологии на полето на програмите за рурален развој, државната помош и мерките за финансирање. Теми на коишто ќе се дискутира на Интер-балканскиор форум: • Меѓугранична економска соработка; • Можностите за зголемување на просперитетот и одржливиот развој; • Презентација на секторите за храна и пијалаци од страна на државите учесници и потенцијални можности за инвестиции; • Промоција на истражувања; • Промоција на производи; • Бенифициите на медитеранската храна; • Презентација и проучување на успешни бизнис-идеи; • Проблемите кои го засегаат банкарскиот сектор (програми за финансирање, програми за развој на руралниот сектор, државна помош итн.). Во рамките на Форумот ќе бидат организирани и деловни средби. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Форумот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 10 јуни 2016 година (петок).

Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk

Контакт: Марија Дукоска Тел: ++ 389 2 3244035 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk


30

БИЗНИС ИНФО

четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 26 до 28 август 2016 година во Сиан, НР Кина

САЕМ ЗА БИЗНИС И РЕКРЕАТИВЕН ТУРИЗАМ 2016 (CXSRITE)

Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година има чест да ве покани да земете учество или да го посетите 3. Интернационален саем за бизнис и рекреативен туризам 2016 (CXSRITE), што ќе се одржи во Сиан, Народна Република Кина. Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, а воедно и да ги промовира некогаш актуелните програми и пакети за патувања по Патот на свилата. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми. Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 30 држави, а се очекуваат и над 50.000 посетители од целиот свет. Саемот е наменет за сите компании што се занимаваат со туристичко-угостителска дејност. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество или за посета на Саемот. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ, ВОДОВОДИ И САНИТАРНИ ТЕХНОЛОГИИ

Саем 21-25 септември 2016 година Будва, Р. Црна Гора

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Јадранскиот саем, ве поканува да бидете дел од Саемите за градежништво, енергетика и води, водоводи и санитарни технологии. Овогодинешните манифестации ќе се одржуваат во периодот од 21 - 25 септември 2016 година, во Будва, Р. Црна Гора. Во овој период ќе бидат организирани повеќе манифестации: • на Саемот за градежништво оваа година на јавноста ќе и` бидат претставени нови производи и технологии, како и можноста за директно воспоставување соработка на сите нивоа во рамките на оваа диманична стратешка гранка. На оваа манифестација ќе се претстават сегменти од градежната индустрија, како и најистакнатите претставници од сите области на градежната дејност; • Саемот за енергетика е можност да ги престават своите нови технологии и достигнувања компаниите, државните и академските институции, стручните и професионалните здруженија и поединци кои се насочени кој истражување, развој, производство, пренос, дистрибуција и разионализација на користењето на енергијата; • саемската платформа и компаративната предност која ја нуди Саемот за води, водоводи и санитарни технологии претставува прилика за унапредување на бизнисите и остварување на добри комерцијални резултати. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 5 септември 2016 (понеделник).

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk

Контакт: Марија Дукоска Тел: ++ 389 2 3244035 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk


32

БИЗНИС ИНФО

четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА на обновливите извори на енергија (ОИЕ), бара соработка со компании од Р. Македонија. Валидност до 2.9.2016 година. Компанија од Кина која произведува спортска опрема за пливање, маски, перки, дишалки и сл. бара компании за соработка од Р. Македонија, за дистрибуција и пласман на своите производи. Валидност до 2.9.2016 година. Компанија од Р.Хрватска нуди сликарски платна кои се нов и иновативен производ и бара компанија за дистрибуција на платната за територијата на Р. Македонија и за други соседни земји. Валидност до 2.9.2016 година. Компанија од Македонија која се занимава со производство на слатко, кое е изработено по сите стандарди во строго контролирани услови и по НАССР Реномирана холдинг компанија од Романија систем бара компании за соработка и која може да обезбеди комплетни решенија дистрибуција во Европа и пошироко. Нуди традиционални македонски слатка со за енергетска контрола, консултантски препознатлив вкус кој со векови се сервира услуги за енергетска ефикасност и на македонските трпези, а тоа се слатката обновливи извори на енергија; програми, од смокви (зелени и зрели) и од тиква. дизајн и специјализирани инженеринг Исто така, произведува и слатко со вкус услуги, претприемништво за сложени на капини, портокал, рендана тиква со електрични инсталации, производство сусам, вишна и јагода, кои спакувани во на среден и низок напон, опрема, уникатна амбалажа нудат прекрасно вкусно електрична опрема, практичната примена


четврток, 9 јуни 2016, Бр. 270

БИЗНИС ИНФО

33

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА доживување. - Слатко од зелени смокви/пакување 900 и 350 гр. - Слатко од зрели смокви / пакување 900 гр. - Слатко од зрели смокви / пакување 350 гр. - Слатко од тиква / пакување 900 гр. / 350 гр. - Слатко од рендана тиква со сусам/ пакување 350 гр. - Слатко од портокали / пакување 900 гр./350 гр. - Слатко од вишни / пакување 350 гр. - Слатко од капина / пакување 350 гр. - Слатко од јагода/ пакување 350 гр. Валидност до 2.9.2016 година. Компанија за превод и толкување од Македонија, како една од најголемите

www.mchamber.mk

агенции за јазични услуги во Република Македонија со над 35-годишно искуство во преведувачката дејност, нуди квалитетни услуги по поволни цени: превод и толкување од/на сите европски јазици, заверка на документи од овластен судски преведувач, лекторирање и уредување. Валидност до 29.7.2016 година.

Контакт: Ванчо Спасески Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-095 Факс: +389 2 3244-088 vanco@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook