Skip to main content

Бизнис ИНФО број 218, 09.04.2015

Page 1

БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642

bsi.

ISO 9001

Quality Management

years 5

192

FS 549642

2 - 201

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Број 218

www.mchamber.mk

09.04.2015

Градежниците од регионот се договорија за соработка

ЗДРУЖЕНИ ПОЛЕСНО ЌЕ СЕ НАДМИНАТ ЗАЕДНИЧКИТЕ ПРОБЛЕМИ

Стопанската комора на Македонија Ви ги честита Велигденските празници!


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

четврток, 09 април 2015, Бр. 218

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

Semejna kompanija

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


четврток, 09 април 2015, Бр. 218

БИЗНИС ИНФО

3

ПОКРОВИТЕЛИ ЕВН Македонија сигурен и отворен партнер за соработка и развој на кариерата на младите и стручни кадри

ПАКЕТ ПРОГРАМИ ЗА ПОДДРШКА НА ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС

На саемот за вработување и пракса - „Контакт“ на Технолошко-Металуршкиот Факултет во Скопје, ЕВН Македонија ги презентира отворените програми за практикантска работа и за вработување млади и стручни кадри „Trainees 2015“. Интересот на студентите бил голем за програмите кои им се овозможуваат, бидејќи компанијата е веќе препознаена како сигурен и отворен партнер за соработка и развој на кариерата на младите и стручни кадри. Програмите се атрактивни и заинтересираните ќе можат да се пријават за посетување практикантска работа до 31.05.2015 на praktikum@evn.mk , а за „Trainees 2015“ до 30.04.2015 на work@evn.mk . Минатата година практикантска работа во ЕВН посетувале 57 студенти, од кои 23 беа дел од „Trainees“ програмата. Во моментот ЕВН Македонија стипендира вкупно 14 студенти. (ЕВН МАКЕДОНИЈА)

Седумнаесет нови практиканти започнаа пракса во ОКТА, како дел од нејзината соработка со високообразовните институции во земјава

КОМПАНИЈАТА ГИ ИЗБИРА И ЗАДРЖУВА НАЈДОБРИТЕ Седумнаесет нови студенти се дел од новиот циклус на програмата за практикантство во ОКТА. Кандидатите кои се завршна година од студиите или магистранти се избрани од десет факултети кои се блиски и сродни со оперативните сектори и дејности на компанијата: Економскиот, Правниот, Електротехничкиот, Машинскиот, Технолошкиот, Природноматематичкиот (отсек хемија), Градежен, Факултет за безбедност, Филолошки факултет, како и од приватниот факултет Американ Колеџ. -Компанијата ОКТА е дел од меѓународна групација каде младите кадри може да се стекнат со значајно искуство и знаење. Оваа пракса им овозможува полесно да се справат со новите предизвици што им следат во понатамошниот кариерен развој. Паралелно со тоа, новите и свежи идеи, иновативност, и креативноста се основната причина зошто продолжуваме со програмата за практикантство во ОКТА и оваа година. Од претходните два циклуси на оваа успешна програма го продолжуваме ангажманот на четворица практиканти кои се истакнаа со своите вештини, знаење и подготвеност за работа“, изјави Јанис Геруланос, главен извршен директор на ОКТА. Програмата за практикантство е дел од соработката на ОКТА со високообразовните институции во земјава која што се одвива во континуитет. Ангажманот на студентите е во траење од 3 месеци, период во кој ќе бидат целосно вклучени во работниот процес на ОКТА, со полно работно време. Компанијата обезбедува превоз и храна за практикантот за време на праксата, како и дополнителни финансиски средства. Нивниот ангажман во компанијата е под стручен менторски пристап од страна на менаџерите на одделите. Со оваа програма компанијата ја спроведува политиката за подмладување на својот кадарот, а истовремено давање можност на младите, образовани студенти да се стекнат со значајно работно искуство во една мултинационална компанија и со тоа дополнително да се оспособат за самостојно градење на професионална кариера и успешно позиционирање на пазарот на трудот. (ОКТА)


БИЗНИС ИНФО

4

четврток, 09 април 2015, Бр. 218

ПОДВЛЕЧЕНО

ГОДИНАВА ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ВРАБОТУВАЊА ВО ЗОНИТЕ Во моментов компанијата „Дијатек“ во Скопје, како и „Техникал Текстајлс“ во Штип се во фаза на завршување на градежните активности, во рамките април треба да пристигнат веќе и машините, што значи дека до крајот на вториот квартал тие ќе започнат со активна работа, бидејќи голем број од вработените веќе беа испратени на обука во Словачка и во Италија. Во Скопје исто така во моментов се гради и објектот на „Капкон“, а завршува со градба на втората фаза компанијата „Технохозе“. КСС во Кичево ги заврши сите активности потребни за градба во зоната. Заради временските услови, во следните 3 до 4 недели тие ќе започнат со активна изградба таму, а кон јуни или јули и ОДВ „Електрик“ ќе започне со изградба во зоната во Струга. Гентерм е во завршна фаза со проектот, што значи дека во мај очекуваме да започне и градбата на тој производствен капацитет. Со тоа ќе го заокружиме она што е планирано за почеток на изградба на овие компании кои минатата година донесоа одлука за инвестирање. Околу 13 илјади вработувања донесоа сите инвестиции дојдени во Македонија. Ако се земат предвид само зоните, крајот на минатата година го завршивме со вкупна бројка од 3.500 вработени, со што за оваа година се очекува дека бројката ќе надмине дополнително уште 1.500 луѓе. Тоа значи вработувања во веќе постоечките компании како и во новите капацитети. Но важно е да се каже кога сите овие компании активно ќе работат, до крајот на идната година, оваа бројка ќе биде двојно поголема од она што во моментов го имаме. Минатата година вкупната бројка беше 1 милијарда 170 милиони евра извоз од зоните. Дури и при крајот од минатата година, врз основа на проекциите на компаниите, ние прогнозиравме дека ќе има извоз од 20-тина проценти, но во првиот квартал гледаме дека има зголемена вредност од она што беше планирано. Јас сум оптимист дека оваа година ќе имаме дури и повеќе од 20% раст на извозот и на некој среден рок очекуваме да се урне бројката од 2 милијарди извоз. Нормално, овие компании увезуваат, но разликата помеѓу увозот и извозот е значително поголема отколку она што е во реалната економија на Македонија и директно нивните бројки влијаат кон зголемување на покриеноста на увозот со извоз. (Виктор Мизо, директор на Дирекција за технолошки индустриски развојни зони на Република Македонија за Македонска радио и телевизија)


четврток, 09 април 2015, Бр. 218

БИЗНИС ИНФО

5

ПОДВЛЕЧЕНО

ОПТИМАЛИЗАЦИЈА НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ За постоечки објекти, од страна на лиценцирана фирма, се прави Енергетска контрола со која се анализира објектот во смисол на утврдување на термичките карактеристики на градежните конструкции на надворешната обвивка на објектот (прозорци, ѕидови, плафони), се анализира состојбата на системите за греење, евентуално ладење и вентилација, и се прави анализа на трошоците и потрошувачката на енергија по потрошувачи и типови на енергија (греење, ладење, осветлување, санитарна топла вода, вентилација, опрема). Како резултат на овие анализи се изготвува Извештај за енергетска контрола во кој се дадени и мерки за подобрување на енергетската ефикасност, класифицирани според економската исплатливост или и по некој друг приоритет како што може да биде комфорот. Врз основа на овој Извештај од енергетска контрола Инвеститорот / Клиентот може лесно да донесе одлука за тоа кои мерки на енергетска ефикасност ќе ги примени на својот објект и со која динамика. Најдобро е најпрво да се применат градежните мерки: изолација на плафони и ѕидови, замена на прозорци, евентуални изолација и на подови, ако е технички и економски оправдана, па потоа да се оди кон замена на системот за греење бидејќи на овој начин се намалува инсталираната моќност на системите, заради намалените потреби на енергија на греење, а со тоа се намалува и инвестицијата. Но, може да се направи и оптимизација па да се изолира најкритичниот дел на конструкцијата, а да се постави високо енергетски ефикасен систем за греење, на пример топлински пумпи со висок COP, како што се системите на DAIKIN или еднакво вредни, и веќе во првата грејна сезона да се почуствуваат бенефитите и во финансиски смисол и во смисол на комфор. Или, да е појасно, два потполно исти објекти, изолирани на ист начин, со иста потребна енергија за греење, можат да имаат различна финална енергија за греење, а со тоа и различни класи во Енергетскиот сертификат. Објектот во кој е инвестирано во поефикасен систем на греење (на пр.: топлинска пумпа со висок COP) ќе има и повисока енергетска класа (на пр.: А или А+) и ќе биде поконкурентен на пазарот за продавање или издавање, а и поудобен за живеење. (Жанина Стаменкова, управител на „Делта проект “, компанија која се занимава со надзор, ревизии и енергетска ефикасност во областа на градежништвото во „Фактор“)


6

БИЗНИС ИНФО

четврток, 09 април 2015, Бр. 218

СОРАБОТКА

ДО ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ НА БИЗНИС – СЕКТОРОТ ВО СОРАБОТКА СО ДЕЛОВНАТА ЗАЕДНИЦА

Владата прифати сет од 32 мерки по предлог на Националниот совет за претприемништво и конкурентност

Олеснување на работењето на малите и средните претпријатија преку намалување на трошоците, поддршка за големите компании, поврзување на домашните фирми со странските инвеститори и формирање Фонд за развој на вештини во насока на унапредување на продуктивноста на работната сила, се само дел од сетот мерки за поголема конкурентност на бизнис секторот што ги прифати Владата по предлог на Националниот совет за претприемништво и конкурентност (НСПК). Како што изјави вицепремиерот за економски прашања, м- р Владимир Пешевски кој претседава со НСПК, Советот донесе вкупно 32 мерки поделени во девет области. Но, најбитно е, според неговите зборови, дека нивната реализација ќе биде заедничка, односно во неа, покрај државните институции, ќе бидат вклучени и компаниите, како и науката.

- Радува фактот што деловната заедница продолжува, веќе вторпат, да ги насочува своите предлози до Владата преку НСПК откако претходно беа координирани преку коморите и другите членки на Советот, - додаде Пешевски, нагласувајќи дека преку НСПК деловната заедница првпат ќе се вклучи во процесот на имплементација заедно со надлежните државни институции.


четврток, 09 април 2015, Бр. 218

БИЗНИС ИНФО

7

ПОДВЛЕЧЕНО СОРАБОТКА Сите предложени мерки од компаниите-членки на Советот, напомена Пешевски, беа прифатени и усвоени од Владата, а ќе се реализираат преку соработка со државните институции. Според него, ова е еден од најзначајните процеси на дијалог меѓу Владата и бизнис секторот. - Ваквиот начин на работа се покажа како многу успешен и ефикасен. Затоа продолжуваме преку дијалог со бизнис секторот, отвореност и соработка, заеднички да изнаоѓаме решенија за унапредување на работата на компаниите, но и заеднички да ги спроведуваме, - истакна Пешевски. НСПК предвидува поттикнување финансиски инструменти за пристап до капитал во рана фаза на развој на малите и средните претпријатија за унапредување на нивната ликвидност, изработување модел за гринфилд инвестиции од домашните компании со стимулативни мерки, доделување годишни награди за компаниите кои ќе примат најмногу работници... Посебен пакет мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост, како и за стратегиски инвестициски проекти, односно за подобрување на квалитетот на патната инфраструктура и железничкиот транспорт, додека во делот на образованието се планира формирање слободни економски зони за истражување и развој за домашни и странски компании, стимулативни мерки за изучување дефицитарни струки, како и поддршка на најдобрите студенти. М-р Јелисавета Георгиева, потпретседател на Стопанската комора на Македонија во името на деловната заедница, која е дел од Националниот совет за конкурентност и претпиемништво, изрази генерална поддршка и задоволство за прифатените мерки за подобрување на конкурентноста на националната економија. Претставниците на стопанските комори - членки на НСПК (кои заедно со универзитетската наука, другите институции, Организацијата на работодавачите, а на чело со Владините претставници, како дел од овој Совет) изразија задоволство што ќе бидат вклучени во реализација на 26 од вкупно усвоените 32 мерки за поголема конкурентност. Нивното спроведување ќе биде во точно утврдени рокови. М-р Јелисавета Георгиева посебно потенцираше дека радува фактот што Стопанската комора на Македонија, како претседавач на Асоцијацијата на балканските комори за 2015 година, ја прогласи токму оваа година за година на подобдување на конкурентноста на националната економија. Таа подвлече дека овие мерки се во корелација со програмските активности на Комората и ова е потврда за подршката и на Владата и НСПК во нивната натамошна реализација. - Владата прифати над 90 отсто од програмата што ја доставивме. За подобрување на конкурентноста има многу алтернативи, но она што ќе го работиме е ставено во неколку корпуси: подобрување на јавно-приватниот дијалог, подобрување на ликвидноста на компаниите, развој на повеќе финансиски поддршки не само на малите и средните, туку и на големите фирми, нивно секторско поврзување и поддршка за настап на други пазари заеднички со повеќе институции не само од земјата, туку и од странство, - додаде м-р Јелисавета Георгиева.


8

БИЗНИС ИНФО

четврток, 09 април 2015, Бр. 218

СОРАБОТКА Здруженијата за градежништво од регионот расправаа за меѓусебна соработка и заеднички настап на градежниот сектор на трети пазари

ПРОБЛЕМИТЕ СЕ ИДЕНТИЧНИ, А ПОЛЕСНО ЌЕ СЕ НАДМИНАТ СО ПОВРЗУВАЊЕ

Во организација на Здружението за градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија, на 7 април 2015 година се одржа тркалезна маса на тема: „Регионална соработка и заеднички настап на градежниот сектор на трети пазари“ на која присуствуваат претставници на здруженијата за градежништво од коморите на Хрватска, Босна и Херцеговина, Република Српска, Србија и Македонија, како и повеќе фирми од Регионот. Идеата за поврзување на компаниите од областа на градежништвото и индустријата на градежни материјали, како што беше истакнато и на претходните средби во Сараево и Белград, е пред се’, заради идентичните проблеми со кои се соочуваат компаниите во сите држави и тоа: - градежништвото е прилично расцепкано и меѓусебно неповрзано; одлив на висококвалификувани и стручни кадри и висока старосна граница на градежните работници; - тешкотии во добивање банкарски гаранции; - неадекватна политичка и дипломатска потпора од страна на државите; - отсуство на странските пазари придонесе за губење на референците коишто компаниите ги стекнуваа со години; непостоење на регионална политичка спогодба, како и национална политика; недостаток на поттикнување за образование на стручен кадар и специјализирани занимања за градежништвото, односно неадекватно школување на кадри потребни за реалниот сектор.


четврток, 09 април 2015, Бр. 218

БИЗНИС ИНФО

9

СОРАБОТКА За таа цел е компаниите се залагаат за: - неопходно е поврзување и меѓусебно препознавање на компаниите за потенцијалите со кои располагаат; - заеднички настап на тендери кои се однесуваат за територијата на земјите од регионот, односно во земји каде компаниите имаат свои референци; - како носители на активностите треба да бидат компаниите од која било република кои имаат референци во држави каде што ќе има тендери и имаат поголема стопанска и политичка поддршка од сопствената земја; - при учеството на тендерите единствен критериум да не биде цената, туку квалитетот; - хармонизација на прописите и меѓусебно признавање на атестите За наредниот период се предвидуваат инвестициони зафати во патната инфраструктура во Република Македонија, и тоа: - на Коридорот 10, се гради на делницата Демир Капија – Смоквица; - отпочната е изградбата на автопат од Миладиновци кон Штип; - исто така отпочната е изградба на автопат од Кичево кон Охрид; - се врши проширување на патот ВелесКадирфаково, од две на 4 ленти и - се прави реконструкција на автопатот ВелесСкопје Се поддржа предлогот за формирање база на податоци на компаниите од сите држави кои се заинтересирани за соработка, како што се референците, расположливите средства, стручниот кадар и сите податоци кои се потребни при исполнување на условите при објавувањето на тендери. На средбата беше потпишана Спогодба за соработка од страна на претставниците на коморите на Хрватска, Босна и Херцеговина, Република Српска, Србија и Македонија. Претставниците од Словенија и Црна Гора дополнително ќе ја потпишат. Спогодбата, како што беше истакнато, ќе ги постави рамките за заедничка соработка и ќе биде основа за продолжување и зацврстување на соработката меѓу компаниите. На средбата се остварија и билатерални средби средби меѓу компаниите под овие држави. Марија Петроска

ЗДРУЖУВАЊЕТО ГИ ЗГОЛЕМУВА ШАНСИТЕ Ние сме практично сервис за нашиште компании, да им помогнеме да се здружат за заеднички настап на нашите, но и на странските пазари. Многу малку засега можат смостојно да учествуваат на тендерите за поголемите инвестиции финансирани од странски извори. Ако се здружат, шансите се многу поголеми. Кога настапуваат надвор, пак, имаат проблем со банкарските гаранции, бонитетите но, здружени, со заеднички референтни листи, секако ќе бидат подобри, помоќни. (Никола Велковски, претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија)

НАЈГОЛЕМИ ШАНСИТЕ ЗА НАСТАП НА ДОСЕГАШНИТЕ ТРАДИЦИОНАЛНИ ПАЗАРИ Се соочуваме со расцепканост и неповрзаност во секторот, 95 отсто од фирмите се мали поради што одлучивме да се здружиме. Најголеми ни се шансите за настап на досегашните традиционални пазари, но сметам дека треба да бараме и други. Потенцијалот е голем, а се зависи од нас, од нашето здружување. Ќе одиме чекор по чекор, со помали проекти зашто прво мора прво да зајакнеме, дури потоа да правиме поголеми чекори. (Дамир Перцел, од Стопанската комора на Хрватска)


10

БИЗНИС ИНФО

четврток, 09 април 2015, Бр. 218

СТАНДАРДИ Имплементација на усвоените европски стандарди во областа на металургија во Република Македонија

ПРИМЕНАТА НА СТАНДАРДИТЕ ОБЕЗБЕДУВА ЗГОЛЕМЕНА КОНКУРЕНТНОСТ

Хармонизација на националната со европската стандардизација и имплементација на усвоените европски стандарди во областа на металургија во Република Македонија беше тема на презентацијата која на 8-ми април се одржи во Стопанската комора на Македонија, во организација на Здружението на металургијата и Институтот за стандардизација на РМ, а со поддршка на Сојузот на металурзи на Македонија.

- Презентацијата има за цел пред бизнис-секторот од оваа индустриска гранка да бидат претставени усвоените стандарди, а преку презентации од компаниите- членки на Здружението да овозможи рзмена на мислења и искуства од примена на конкретни стандарди од областа на металургијата, - истакна м-р Елена Милеска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија, при отворањето на конференцијата. Во своето поздравно обраќање, државниот советник во Министерството за економија, Блерим Златку го истакна значењето на примената на стандардите во работењето на компаниите од металуршкиот сектор, особено што станува збор за една од најзначајните индустриски гранки во државата. Поздравно обраќање имаше и директорот на Институтот за стандардизација на РМ, Љупчо Давчев кој го истакна значењето на примената на стандардите, како и начинот на нивната хармонизација со европските стандарди и пристапноста за нивното користење од страна на претставниците на бизнис - секторот. Степенот на хармонизација на националните со европските стандарди изнесува околу 80%. Компаниите- членки на Здружението, „Макстил“ , „Арцелор митал“ и РЖ „Техничка контрола“ ги презнетираа искуствата од примена на конкретни стандарди од областа на металургијата. Притоа, од расправата произлезе единствениот став на стопанствениците за неопходноста на примената на стандардите, без кои не е можен пласманот на производите на Европскиот пазар. Искуствата на стопанствениците ги потврдуваа бројните придобивки од нивното имплементирање, како што се: зголемување


четврток, 09 април 2015, Бр. 218

БИЗНИС ИНФО

11

СТАНДАРДИ на конкурентноста; намалување на веројатноста за грешки; зголемување на ефикасноста и намалување на трошоците; компатибилност на производите и олеснување на извозот на стоки. Во презентациите на м-р. Соња Черепналковска, раководител за стандарди во ИСРМ и на проф д-р Свето Цветковски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија и на Техничкиот комитет 37 метали и металургија (ИСРМ ТК 37), беа истакнати начинот на работење на Институтот, на работата на техничкиот комитет и на темата за стандардите и образованието. Дел од нивните излагања: Активностите на ИСРМ ТК 37, се насочени кон преземање на европските стандарди како македонски, што претставуваат приоритетен дел од целокупниот процес во остварувањето на националниот интерес и стратешката цел во однос на усогласувањето на нашето законодавство со законодавството на ЕУ. Во идните активности се планираат Електронско дописно работење, усвојување на стандарди во фаза на проекти, анализа на потенцијалните конфликтни национални стандарди, активно учество во работата на минимум еден европски Технички комитет, координација на активностите на комитетот со останатите технички комитети преку организација на заеднички средби и работилници заради размена на информации, организирање на работилници за усвоените стандарди од областа и делокругот на ИСРМ ТК 37, за постапките на националната стандардизација и правилата и праксата на европската и меѓународната стандардизација, постапки за активна соработка при подготовката на европските и меѓународните стандарди во европските и меѓународните технички работни тела. Едукацијата за стандардизација вклучува: како се подготвуваат стандардите, како да се учествува во процесот на страндардизацијата, што содржат стандардите и како да се влијае на нивната содржина, употребата и придобивките од стандардите, стратешката важност на стандардизацијата за бизнисот и конкурентноста на европскиот пазар. Процесот за едукација треба да биде резултат на заеднички сили на ИСРМ, државните органи, на стопанството, академската заедница, експертите и на разни асоцијации, се со цел да се обезбеди развој на стандардизацијата, економијата и стандардот на живеење. Зорица Мешкова


12

БИЗНИС ИНФО

четврток, 09 април 2015, Бр. 218

КОНКУРЕНТНОСТ Стандардите не претставуваат поголем трошок за компаниите, но придонесуваат за унапредување на металуршкото производство и раст на извозот

УСОГЛАСЕНОСТА СО ЕВРОПСКИТЕ ДИРЕКТИВИ ДОСТИГНА ДО 80 ОТСТО

Примената на стандардите во голема мерка придонесува за унапредување на производството на квалитетни и конкурентни производи, и за успешен пласман на меѓународниот пазар. Ова е особено значајно за металуршкиот, како целосно извозно ориентиран индустриски сектор. Ова беше истакнато на редовната прес конференција во Стопанската комора на Македонија на тема „Стандардите во функција на унапредување на металуршкото производство“ (6.4.2015 година). -Хармонизација на националната со европската стандардизација и имплементација на усвоените европски стандарди во областа на металургија во Република Македонија е тема на презентацијата која на 8-ми април ќе се одржи во Стопанската комора на Македонија, во организација на Здружението на металургија и Институтот за

стандардизација на РМ. Презентацијата има за цел пред бизнис-секторот од оваа индустриска гранка да ги претстави усвоените стандарди, а преку презентации од компаниите- членки на Здружението да овозможи рзмена на мислења и искуства од примена на конкретни стандарди од областа на металургијата, - истакна проф д-р Свето Цветковски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија. Бројни се придобивките од стандардизацијата за индустријата, додаде д-р Свето Цветковски. Тоа придонесува за: подобрување на производите или услугите; зголемување на конкурентноста; зголемување на довербата; намалување на веројатноста за грешки; зголемување на ефикасноста и намалување на трошоците; компатибилност на производите; олеснување на извозот на стоки; намалување на негативните влијанија врз животната средина и сообразност со регулативите. Значително за овој индустриски сектор е дека степенот на хармонизацијата со евроспките стандарди изнесува над 80 отсто. Производството на основни метали 2014 година ја заврши со благ пораст на физичкиот обем на индустриско производство од 1,4% во однос на 2013 година. Позабележителен пораст во истиот период се оствари кај вадење


четврток, 09 април 2015, Бр. 218

БИЗНИС ИНФО

13

КОНКУРЕНТНОСТ

метал од руди во висина од 11,6%. Стопанствениците очекуваат дека оваа година нема да има поголеми поместувања кај производството на основни метали од причина што истите се одраз на општата состојба на пазарот на основни метали, посебно кај челичната индустрија, додека инвестиционата активност во Европа се уште не е доволно заживеана. Во рамките на коморското здружение се работи на студија која има за цел да ги прикаже состојбите во металургијата во Репубилка Македнија во годините кога имаше максимални остварувања и во периодот на кризните години. Од студијата, која има за цел да ги прикаже и мулитипликативните ефекти што ги има металургијата врз вкупното стопанство, ќе произлезат и предлози за потребни мерките кои се неопходни за оваа индустрија, од аспект на нејзиното место во вкупната национална економија и извозот. Зорица Мешкова


БИЗНИС ИНФО

14

четврток, 09 април 2015, Бр. 218

МОЖНОСТИ Отпочна обуката на фасадери со вештини за енергетска ефикасност во рамки на Проектот BUILD UP Skills – BEET

КАНДИДАТИТЕ ЌЕ СЕ СТЕКНАТ СО СЕРТИФИКАТ ЗА ТРЕНЕР

Во рамките на проектот БЕЕТ – “Обука за градежни работници за енергетска ефикасност”отпочна реализација на обуката тренери за фасадери со вештини за енергетска ефикасност во Стопанската комора на Македонија (7.4.2015). Истовремено се отпочнати со реализација и останатите обуки од страна на пратнерите во проектот, a во склоп со тренинг-програмите за развој и унапредување на вештини на работниците од градежниот сектор со уште 4 занимања кои се дефинирани како приоритетни: кровопокривачи, столари, инсталатери за греење и климатизација и инсталатери на енергетски ефикасни електрични инсталации. Обуките на тренерите се целосно бесплатни за учесниците бидејќи се финансирани од Проектот BUILD UP Skills – BEET. Целта е да се обучат што поголем број на лица во Република Македонија како сертифицирани тренери кои по завршувањето на обуките ќе можат да аплицираат за вклучување во следните фази од Проектот, како тренери на Пилот-обуките за работници или оценувачи во процесот на препознавање на претходните знаења и вештини. Со успешно завршување на обуките кандидатите ќе се стекнат со сертификат за тренер, за обука на работници за вештини за енергетска ефикасност, кој се однесува на определеното занимање. Сертификатите ќе ги издава Сертификационото тело во рамките на Проектот. Сертификатите ќе имаат важност во рамките на самиот Проект во Македонија, Хрватска и Словенија, како во земји-учеснички во иста работна група од BUILD UP Skills иницијативата. Дополнително, сертификатите ќе бидат препорачани од страна на Проектот за отпочнување на процедура за нивна верификација од Центарот за образование на возрасните. Секоја обука е со времетраење од 10 дена и содржи теоретски и практичен дел и проверка на стекнатите знаења – испит. За постигнување на целите на Европската унија до 2020 година и за зголемување на конкурентноста на македонскиот градежен сектор, потребно е преку образование и обука во областа на енергетската ефикасност да бидат обезбедени едуцирани инженери и работници. Ангажирањето во остварувањето на Европските енергетски цели е преземање одговорност за подобрување на условите за живот на сегашните и идните генерации. Ирена Мојсовска


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Osnovana 1922

Founded 1922

БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија

Уписите се во тек!


БИЗНИС ИНФО Скенирај и дознај повеќе

M

C

N IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

A

Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E

S

E


четврток, 09 април 2015, Бр. 218

БИЗНИС ИНФО

17

МОЖНОСТИ Средба на Здружението на информатичко- комуникациските технологии со претставници на СИППО во Република Македонија

ИКТ СЕКТОРОТ ИМА ШАНСИ ЗА ИЗВОЗ

На 07.04.2015 година, во Стопанската комора на Македонија се одржа работен состанок на претседателот на Здружението на информатичко -комуникациските технологии, г-дин Благој Христов, со Наталија Пунтевска, претставник на Швајцарска програма за промоција на извозот-СИППО во Република Македонија и Валентина Нушкова, надворешен консултант. Тема на состанокот беше изготвувањето на Стратегија за развој на информатичко комуникациските технологии, со цел идно делување насочено кон унапредување на извозот на македонската ИТ индустрија, со фокус на софтверските апликации. Г-дин Благој Христов ја истакна потребата од конкретизирање на сите поединечни акции за успешни резултати во иднина. Во анализата на ИТ индустријата во Република треба да бидат утврдени главните пречки за ИТ извозот и да се предложат можните области на интервенции за надминување на овие пречки. Врз основа на дефинираните принципи, во следниот период ќе треба да се одвиваат идните активности. Состојбите на македонскиот софтвер и информатичко комуникациските технологии во Република Македонија покажуваат силни и слаби страни. Забележаните позитивности се: работа и познавање на различна и најнова технологија, широк спектар на функционална специјализација, вработени млади и стручни лица, но со искувство, со помали трошоци, со европска култура, флексибилно работно време, познавање на англиски јазик, присутност на странски пазари и свесност за потребата од имплементација на најновите стандарди релевантни за ИТ компании. Информатичко комуникацискиот сектор покажа и многу слабости: има претежно микро и мали претпријатија, со мал број на програмери за поголеми проекти на компанијата, соработката меѓу компаниите се уште не е доволно развиена, има недостаток на вертикална и функционална специјализација, постои недостаток на управување со проектни вештини и на софтвер во индустриското производство, недостаток на најбараните ИТ стандарди за квалитет и сертификација, недостаток на меѓународниот маркетинг, вештини и експертиза, можностите за работа за споделување во регионот кои нашироко не се користат, а маркетинг стратегиите не се планирани долгорочно. Беше укажано дека е неопходно да се искористат можностите на ИКТ секторот затоа што расте побарувачката за ИТ аутсорсинг услугите, зголемена е побарувачката за мобилните апликации, за што е неопходно да се зголеми соработката меѓу македонските ИТ компании. На состанокот беа истакнати неколку главни проблеми. Меѓународниот маркетинг е слабо развиен. Има тешкотии во пронаоѓањето на деловни партнери, недостаток на деловни контакти, недостасува меѓународен интерес и свест, недостаток на брендирање, недостаток на информации за пазарот и за извоз. Како посебен проблем се појавува достапноста на квалификувана ИТ работна сила, недостиг од квалификувани ИТ кадар и одливот на мозоци. Видлив е недостатокот на специфични организациски стандарди и индивидуалните технички вештини и сертификати во одредени области и во управување во компаниите. Здружението на информатичко комуникациските технологии ги понуди своите капацитети, капацитетите на своите членки, како и на Стопанската комора на Македонија, во целина, за реализација на натамошните активности што би произлегле за развојот на секторот на информатичко комуникациските технологии во Република Македонија. Ова особено се однесува на: развојот концептот на брендирање, вклучување на ИТ секторот во соодветни меѓународни форуми, експертски комисии итн, во соодветни меѓународни ИТ настани, како што се саеми, конференции, семинари, форуми, B2B средби, бизнис делегации, организација на обуки на теми вклучувајќи ги и техничките способности. Лазо Ангелевски


БИЗНИС ИНФО

18

четврток, 09 април 2015, Бр. 218

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Форум на работодавачи во Битола за активните мерки за вработување

ПРЕТСТАВЕН И ПРОЕКТОТ „МАКЕДОНИЈА ВРАБОТУВА“

На 6.3.2105 година во просториите на советот на Општина Битола, а во организација на одделението за локален економски развој (ЛЕР) при Општина Битола и со поддршка на Регионалната комора со седиште во Битола, како и na Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Република Македонија и Националниот совет за претприемништво и конкурентност беше одржан форум на работодавачи. Притоа, беше претставен оперативниот план за услуги на пазарот на трудот и активните мерки за вработување. Презентацијата на оперативните мерки за вработување во 2015 година беше направена од претставници на Агенцијата за вработување на Република Македонија и Центарот за вработување во Битола. Оперативниот план за 2015 година содржи осум мерки: • Практиканство • Обука со субвенционирано вработување • Обука кај познат работодавач • Вработување со ослободување до 29 години • Вработување на лица со социјален ризик • Поддршка во вработување на микор и мали претпријатија • Општествено корисна работа • Вработување со кредитирање Исто така беа презентирани и предлог новите мерки за вработување со ослободување од придонесите и тоа: до 29 годишна возраст, до 35 годишна возраст, од 35-50 годишна возраст, над 50 годишна возраст и над 58 години до пензионирање. На форумот присутните имаа можност да дискутираат околу владините мерки за намалување на невработеноста, но и да се запознаат со искуствата на оние фирми што се одлучиле да искористат некоја од понудените мерки со што обезбедиле работен кадар што им е неопходен. Мерките ќе важат и за постоечки и за новоотворени компании. По презентацијата присутните стопанственици поставија поголем број на практични прашања на кои добија одговор од презентерите на форумот. М-р Никола Димковски


четврток, 09 април 2015, Бр. 218

БИЗНИС ИНФО

19

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Tурска компанија од градежната индустрија ќе инвестира во Прилеп

ИЗГРАДБА НА СТАНБЕНО - ДЕЛОВЕН КОМПЛЕКС ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ

Tурска компанија од градежната индустрија е заинтересирана да гради станбено- деловен комплекс во централното градско подрачје. Најголем интерес имаат покажано за местото каде е лоцирана старата општинска зграда, а комлексот би се состоел од станбен и деловен простор со СПА центар, болница, катна гаража, детска градинка и дом за стари лица. Претставници на турската градежна компанија во повеќе наврати веќе го имаат посетено Прилеп и други градови во Република Македонија и на крај се одлучиле да градат неколку повеќекатници со пропратни содржини во Прилеп. Таквата одлука е донесена заради атрактивната локација и интересот на населението од овој регион. Оваа инвестиција, како и останатите, ќе придонесе кон заживување на локалната и регионалната економија, ангажирање на градежната оператива и отворање на нови работни места. Ристо Најдоски

Бизнис - средба со сметководители во Регионалната комора со седиште во Кичево

ПРЕЦИЗИРАНИ МОЖНОСТИТЕ ЗА СОРАБОТКА

Регионалната комора со седиште во Кичево организираше бизнис-средба со сметководителите од регионот. На средбата беа презентирани активностите на Стопанската комора на Македонија (7.4.2015 година). Претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Игор Соколески од фирмата РЕК „Осломеј“ , истакна дека средбата се организира со цел на прецизирање на можностите и интензивирање на соработката. Присуствуваа петнаесетина мали фирми кои имаа можност детално да се запознаат со активностите на Стопанската комора на Македонија и придобивките кои ги добиваат со членството во неа, особено во следењето на промените во законската легислатива. Во дискусијата на средбата се водеше расправа можностите и проблемите со кои се среќаваат сметководителите, како и за можноста за размена на искуствата. Дијана Лазороска Јованоска


20

БИЗНИС ИНФО

четврток, 09 април 2015, Бр. 218

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Александра Дилевска, директорката на маркетинг агенцијата „Публицис груп“ одликувана со орденот на уметности и книжевност на Франција

ПРИЗНАНИЕ ЗА ПРОМОЦИЈАТА НА КРЕАТИВНОСТА ВО БИЗНИСОТ

Директорката на маркетинг агенцијата „Публицис груп“, Александра Дилевска Симова, е одликувана со престижниот орден Витез од Редот на уметности и книжевност (Chevalier des Arts et Lettres), заради нејзините достигања во промоцијата на креативноста во бизнисот во Македонија, промоција на македонската креативност надвор од земјата и поддршка на промоцијата на француската култура во Македонија. Одликувањето, кое го доделува француското Министерство за култура и комуникации, спаѓа во четирите најважни одликувања во Франција. -Во животот работите и творите и се обидувате да го направите тоа на најдобар можен начин, и не секогаш очекувате награда или признание. Сепак, кога ќе пристигне вакво одликување, чувството е исклучително. Сметам дека наградите не се толку за тоа што сте го направиле, туку за она што допрва можете и треба да го направите, – изјави Дилевска. Александра Дилевска Симова покрај раководната улога во „Публицис груп“ Македонија, на чие чело е веќе 19 години, е член и на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, член на УО на Европската Бизнис Асоцијација и член на Ротари клубот. -Француската Влада сака да ѝ оддаде признание на г-ѓа Дилевска, посебно во областа на уметноста, комуникациите, развивањето на креативни идеи, за додавањето вредност во бизнисот и пошироко во заедницата во Македонија. Таа навистина има неверојатна кариера и со ова одликување Франција сака да ѝ покаже колку ја почитува нејзината работа и придонесот во промоцијата на француската култура, – изјави француската амбасадорка г-ѓа Лоренс Оер. Орденот се доделува на личности кои со своето дејствување влијаат на промените во својата сфера, кои поддржуваат развој на најразлични таленти и поставуваат највисоки стандарди во комуникациските и креативните вештини. Под нејзино водство агенцијата „Публицис“ прерасна во најголема комуникациска мрежа во земјата во изминатите години. Агенцијата е добитник на повеќе престижни регионални и интернационални награди од областа на креативноста и стратешкото комуницирање. Истовремено „Публицис“ е активен во кампањи од социјален карактер и за поддршка на културата, како што се кампањите за подигање на свеста против семејното насилство, Алцхајмеровата болест, Францускиот филмски фестивал, Cinedays и други. (Публицис) Одликувањето Витез од редот на уметности и книжевност се доделува од 1957 година и е едно од најпрестижните одликувања во оваа сфера. Одликувањето се доделува секоја година и го добиваат заслужни професионалци во Франција и исклучителни личности надвор од Франција. Во минатото одликувањето се доделувало само на француски државјани, а во поново време членови на Редот на уметноста можат да бидат и странски државјани, а некои од нив се и Кејт Бланшет, Џорџ Клуни, Шакира, Роберт Редфорд, Пол Остер и други. На церемонијата на доделување на орденот Витез во резиденцијата на француската амбасадорка беа присутни претставници од Француската амбасада, многу соработници, колеги и пријатели на Дилевска, како и претставници од бизнис заедницата. (Публицис)


четврток, 09 април 2015, Бр. 218

БИЗНИС ИНФО

21

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

ЕДНА ОД НАЈУСПЕШНИТЕ ДЕЛОВНИ ГОДИНИ

Триглав Осигурување АД Скопје лани оствари раст на премијата од 6 отсто

Триглав Осигурување во Македонија, како дел од Групацијата Триглав, во текот на минатата година обезбеди раст на бруто полисираната премија од 6 отсто во однос на лани. Пазарниот удел во осигурувањето на Македонија е 17 проценти. Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на седница ги потврди годишните извештаи на матичното друштво и на групацијата Триглав за 2014 година и работењето на групацијата го оцени како успешно. Надзорниот одбор и Управата на Заваровалница Триглав на седницата формулираа предлог, на акционерите на Заваровалница Триглав да се исплати дивиденда во висина од 2,5 евра бруто по акција. Според наведениот предлог, за дивиденда би се намениле 67 отсто од нето добивката на групацијата Триглав (сопственик на доминантното друштво) за 2014 година. Полисираната консолидирана премија од осигурување на групацијата во 2014 година изнесуваше 888,2 милиони евра, што е за 1 отсто помалку од претходната година. Пресметаните бруто износи на штети на Групацијата Триглав во износ од 615,7 милиони евра се за 2 отсто пониски отколку во 2013 година. - Една од најуспешните деловни години за Триглав Осигурување АД Скопје е зад нас. Тоа е година во која ја зајакнавме водечката позиција со пазарен удел од 17 отсто и остваривме раст на бруто полисираната премија од 6 проценти, споредено со претходната година, додека пазарот на неживотно осигурување во земјата оствари раст од 4 отсто. Во 2014 година Триглав Осигурување Скопје оствари профит пред оданочување за 69 проценти поголем од планираниот, во износ од речиси 1,1 милиони евра, а во делот на бруто ликвидираните штети, компанијата повторно имаше најголем пазарен удел, рече Сања Танчевска, извршен директор на Триглав Осигурување АД , Скопје.( МИА)

ОД СКОПЈЕ ДО ЖЕНЕВА ЗА 40 ЕВРА

ТАВ Македонија и швајцарската компанија „Свис“ ја промовираа новата авионска линија

Од скопскиот аеродром од утре почнува да се реализира авионската линија Скопје - Женева. Стартува со еден лет во неделата, а во текот на летната сезона се најавуваат два лета од Скопје кон Женева и обратно. Картата во еден правец ќе чини од 40 евра. Директорот на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски на промоција на новата директна авионска линија, која ќе ја опслужува швајцарската компанија „Свис“, рече дека таа е од интерес на иселениците од Македонија во оваа држава и дека ќе придонесе кон поттикнување на туризмот. - Ова е трета понуда на поврзување на Скопје со Швајцарција. Покрај Базел и Цирих сега се обновува линијата со Женева, рече Крстевски кој додаде дека од почетокот на годината е забележан пораст за 29 отсто на бројот на патници и за 17 отсто операциите. Како што посочи, во првите три месеци патувале 264.213 патници, а релаизирани се 2.932 полетувања и слетувања. Бернард Водл, директор на „Свис“ на промоцијата изрази задоволство што успеале во нивната мрежа, која постојано ја прошируваат, да го воведат и Скопје. Според него, со овој лет ќе се придонесе кон продлабочување на врските меѓу Македонија и Швајцарија. - Скопје станува се поинтересна туристичка дестинација, како и Охрид, и на овој начин очекуваме Македонија да ја приближиме на Швајцарија, истакна Водл. Тој додаде дека „Свис“ и натаму ќе продолжи да инвестира во своето присуство во Централна и Источна Европа. Швајцарската компанија од скопскиот аериодром до Женева ќе оперира во вторник попладне. (МИА)


22

БИЗНИС ИНФО

четврток, 09 април 2015, Бр. 218

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

„Фубила Група“ прослави значаен јубилеј

ДВЕ ДЕЦЕНИИ УНАПРЕДУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКИТЕ МОЖНОСТИ

Туристичката мрежа Фибула Група прослави 20 години постоење. На дводневниот собир во хотелот „Изгрев“ во Струга, на кој што учествуваа претставници на националните канцеларии на „Фибула Група“ од шест земји, како и партнерските тур-оператори од регионот, беа презентирани досегашните достигнувања на „Фибула“ во унапредување на туризмот, од основањето до денес, како во Македонија, така и во регионот. Пред повеќе од петстотини гости, соработници, туристички работници и бизнис партнери беа презентирани можностите на македонскиот влезен туризам. За туристичките капацитети на земјата и перспективите, пред гостите говореше претставникот од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, Маја Глигоровска. -Работиме заедно со македонските туристички агенции и тур оператори да ги промовираме потенцијалите во туризмот кои Република Македонија ги поседува. Бројот на странските тур-оператори и партнери на Македонија во туризмот секојдневно се зголемува, а ова е еден од начините за да се прошири зборот за Македонија и потенцијалните тур-оператори лично да се уверат во убавините што Македонија ги нуди како туристичка дестинација, - изјави Маја Глигоровска од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија. Најголемата туристичка мрежа на Балканот, која што ги вклучува „Фибула Турција„, „Фибула Босна и Херцеговина“, „Фибула Македонија“, „Фибула Косово“, „Фибула Романија“ и „Фибула Србија“, за прославување на својот дводецениски јубилеј ја избра Македонија и хотелот „Изгрев“, кој во 2014 година беше комплетно реновиран во хотел со 5 ѕвезди, како целосна и самостојна инвестиција на Групата. -Изминативе две децении, напорно работевме, континуирано вложувавме во капацитетите на нашите тимови и бевме иновативни во изнаоѓање решенија за да ги промовираме туристичките капацитети во земјите во кои што функционира Фибула Група. За одбележување на 20 години постоење ја избравме токму Македонија, заради значењето што го има за нашата мрежа, една од првите отворени канцеларии што придонесе за растење на мрежата, покажаниот нагорен тренд во туристичките потенција и вредната инвестиција што ја вложивме во реновирање на хотелот Изгрев. Цврсто веруваме дека овој успешен јубилеј е само мотив за сите национални канцеларии на туристичката мрежа да продолжат со веќе докажаните успеси и одличната работа,- изјави г-дин Ајхан Мавису, генерален менаџер на „Фибула Група“. Фибула е основана во 1995 година, со седиште во Анталија. Веќе во 1998 година, генералниот менаџер, г-дин Ајхан Мавису ја проширува мрежата на Фибула во земјите на Балканот, а од 1999 година вклучувајќи ја и Македонија. Работејќи како туристички оператор во земјите од регионот веќе 20 години, со повеќе од 150 вработени, Фибула во моментов е најголемата туристичка мрежа на Балканот. (Фубила Група)


БИЗНИС ИНФО СОРАБОТКА


БИЗНИС ИНФО

24

четврток, 09 април 2015, Бр. 218

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Процеси

КИНЕЗИТЕ ИМ ФРЛИЈА ОКО НА ГЕРМАНСКИТЕ ФАБРИКИ

* Поради поволните кредити, бројни крупни инвеститори се во потрага по преземање рентабилни претпријатија. Во фокусот се наоѓаат германските машинопроизводители. Пред се‘ кинеските инвеститори тука гледаат успешни зделки

Линго Конг седи на управувачкиот пулт на една мала постројка во Билефелд. Тој е еден од малубројните кинески работници на производителот на машини за шиење Диркоп Адлер. За фабриката, тој е незаменлив. Електроинженерот е важна поврзница со матичната фирма во Шангај. Ако се појави проблем при управувањето со монтажата, Конг може брзо и јасно да посредува. Тоа е јасна предност, истакнува шефот на управата на претпријатието, Дитрих Ајкхоф. Ајкхоф веќе со децении бил во претпријатието, кога шангајската Гонг-група во 2005 година го купила овој германски производител на машини за шиење. Навраќајќи се наназад, Ајкхоф истакнува-промената беше голема. „Оваа источновествалска директност која кај нас е традиционална, не е секогаш добро примена во Кина“. Затоа, било потребно постепено меѓусебно привикнување, раскажува шефот. Претпријатијата со произведуваат за цел свет

богата

традиција

Со машините за шиење од Диркоп Адлер се шијат седишта, ербег-перничиња за автомобили, сигурносни појаси, но и навлаки за мебел или облека. Над 90 проценти од машините се наменети за извоз. Се произведува во фабрики во Чешка или Романија. Но, развојот, крајната монтажа и

Дирк Ајкхоф има пофални зборови за Кинезите


четврток, 09 април 2015, Бр. 218

БИЗНИС ИНФО

25

СВЕТСКИ ПЕЧАТ контролата на квалитетот секогаш се вршат во Билефелд. Околу 300-те работници во погонот во Северна Рајна Вествалија се сите стручно обучени. На оваа работа со жиг на квалитет „меид ин Џерманик“ се потпираат и инвеститорите на ШангајГонгГруп. Се разбира, сомничавоста кон Кинезите беше голема, раскажува Јерг Бунте. Монтерот веќе 30 години е во Диркоп Адлер. „Се разбира, кај нас постоеја стравови за егзистенцијата. Дали ќе останеме во овој погон, дали ќе ги задржиме нашите работни места?“, тоа биле грижи кои ги мачеле вработените. Подоцна, овие стравувања се покажале неосновани, вели Бунте, тие со кинеската матична фирма работат исто како и претходно. Во купувачка треска Според истражувањата на консултантското друштво ПрајсВатерхаусКуперс од 2014 година, во фабриките за производство на постројки и машини во светски рамки има толку многу фузионирања и преземања како никогаш досега. Посебно паѓа во очи големиот удел на инвеститори од еврозоната во овие зделки. Но, лани била вистински рекордна година за кинеските производители на машини. За разлика од порано, Кинезите сега не се трудат само да преземаат патенти и купените производни погони да ги префрлат во сопствената земја. Денес кинеските инвеститори постапуваат како и мнозинството останати: ги користат евтините кредити и поволните финансиски средства на светските пазари за окрупнување. Овој интерес ја обединува цела машининска индустрија, потврдува и консултантот Мартин Тебен од ПрајсВатерхаусКуперс. Претпријатијата ја надминаа финансиската криза. „Тие повторно заработуваат многу пари“. А тие пари, според Тебен, се обидуваат да ги инвестираат и да купат други фабрики. Преземањата како спас Понекогаш инвеститорите се покажуваат и како финансиска потпора. На ваков ефект се надева и фабриката за производство на алати Гилдемајстер, исто така од Билефелд. Гилдемајстер веќе долго соработувала со јапонскиот концерн ДМГ Мори Сеики. Сега претстои преземање. Помош во криза, зашто поради падот на вредноста на рубљата и силниот швајцарски франк, раководството насетува големи тешкотии. Гилдемајстер тесно соработува со руски партнери и живее од извоз. Кај Диркоп Адлер кинескиот сопственик се покажа како спасител. Во 2008 година 155 години старата фирма се најде во тешка економска криза. Со милионските инвестиции и кредити, инвеститорот ШангГонг и‘ помогна на фабриката во Билефелд повторно да застане на нозе. ШангГонгГруп расте и натаму ШангГонг групата неодамна ги купи и производителот на машини за шиење Пфаф од Кајзерслаутерн и КСЛ од Лорш. Таму, исто како и во Билефелд, кинеското преземање немаше речиси никакво влијание врз производството и фабриките. Промените се забележливи повеќе на шефовските спратови: шефот на управата Ајкхоф работи врата до врата со финансиската директорка Јинг Женг. Соработката со неа веќе со години тече добро, раскажува Ајкхоф. Само на едно овој Германец не се навикнал: апсолутното сфаќање на хиерархијата од страна на колешката и безусловната послушност кон претпоставените. (ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)


БИЗНИС ИНФО

26

четврток, 09 април 2015, Бр. 218

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Досие: Грција

ЦИПРАС ЈА ВРТИ ГРЦИЈА КОН РУСИЈА, КИНА И ИРАН

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја врти Грција кон Истокот, пред се кон Русија, но и кон Кина и Иран, откако ЕУ остана цврсто на ставот дека нема да има попуштање кон Атина. Весникот, кој важи за близок до британските конзервативци, смета дека Грција и нејзниот левичарски премиер останале изолирани во Унијата во врска со барањето за отпис на грчкиот долг, но и осамени околу спротивставувањето на позицијата на Брисел нови пари за сервисирање на долгот и за покривање на грчката неликвидност да има само ако се спроведуваат еднаш договорените и прифатени реформи. Во вакви услови Владата на Грција се одлучила на едно „геостратешко салтомортале“, па Ципрас денеска престојува во Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин, на само еден ден пред обврската на Грција кон ММФ за исплата на рата од кредитот во износ од 448 милиони евра. Посетата, претходно, беше предвидена за мај, но нејзиното одржување е забрзано затоа што на Атина итно и се потребни пари кои партнерите од ЕУ не ги даваат без гаранции дека ќе се спроведуваат тешките, но неопходни реформи во домашната економија, а верува дека може да ги најде во Москва, оценува весникот. Врските на Грција и Русија имаат длабоки корени не само во православието, туку и во историјата кога рускиот цар Александар Први и помогна на Грција во ослободувањето на земјата од 400-годишното ропство под Отоманската Империја. Уште веднаш по победата на изборите во јануари годинава, Ципрас ги осуди санкциите на ЕУ кон Русија воведени поради украинската криза, а соноќа пред да тргне за Москва уште еднаш се спротивстави на санкциите нарекувајќи ги „пат што никаде не води“. Лондонскиот весник забележува дека грчко-руските односи, сепак, се нешто повеќе од усогласеноста околу санкциите на Западот. Тоа посебно се однесува на економската соработка и трговската размена меѓу двете земји, која минатата година достигна 10 милијарди долари најмногу поради големото користење на рускиот гас, што ја прави Русија најголем трговски партнер на Грција. Грчкиот министер за енергетика минатиот месец беше во Москва и побара од руските компании да се вклучат во истражувањето на нафта и гас во североисточниот дел на Егејското Море. Иако Москва ќе издвои „мал износ финансиска подршка“, Русија не е во состојба да и ги обезбеди на Грција парите што и се потребни за да остане во еврозоната. Грција има вкупен долг од 315 милијарди евра кои Русија не може ни приближно да ги обезбеди и да ги сервисира, особено сега кога поради падот на цената на нафтата, а од скоро и на гасот, како и санкциите од САД и ЕУ, земјата се најде во сериозна криза, а нејзината економија во рецесија. Дури Русија и да сака да ја внесе Грција во својата геополитичка сфера на влијание, не ќе може да го постигне она што на оваа земја и е потребно. Определбата на официјална Атина за свртување кон Кина има поинаква димензија од онаа со Москва, но ја покажува недоследноста на новата левичарска Влада.


четврток, 09 април 2015, Бр. 218

БИЗНИС ИНФО

27

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Кина уште со претходните грчки влади се договори да купи една третина од најголемото грчко пристаниште во Пиреја. Сириза, која тогаш беше опозиција, се спротивстави на„распродавањето на грчкото богатство“, а во предизборната кампања најавуваше преиспитување на веќе направените договори. Сега, меѓутоа, новата Влада бара од Кинезите да откупат други две третини од пирејското пристаниште, што останаа под државна контрола. Грчката Влада настојува по секоја цена да најде купувачи на нејзините краткорочни долгови, па тоа и е понудено и на Кина, која засега се одлучи само со инвестиција од 100 милиони евра, што се оценува како „гест на добра волја“. Атинската Влада бара и од Иран да помогне во сегашната ситуација, купувајќи дел од грчките обврзници, иако Техеран во овој момент се чува како резервна опција, додава лондонскиот весник. Најсилната критика за ваквото „погрешно и за Грција опасно“ вртење на Ципрас кон Исток доаѓа од претходниот премиер Андонис Самарас. - Кога сте во ЕУ, а барате Иранци, Руси и Кинези да ви го покријат вашиот дефицит, вие им праќате порака на другите во Унијата дека не сте вистинскиот Европеец, изјави Самарас. („ДЕЈЛИ ТЕЛЕГРАФ“)

РУСИЈА И НУДИ НА ГРЦИЈА КРЕДИТНА ЛИНИЈА И ГАС ПО ПОНИСКИ ЦЕНИ Русија е подготвена да и понуди на Грција кредитна линија и да и продава гас по пониски цени за да и помогне во сегашната ситуација со нејзните долгови, пишува московски „Комерсант“, повикувајќи се на неименуван висок руски функционер. Пишувањето на весникот се појави пред средбата во Москва на рускиот претседател Владимир Путин со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Грчката коалициска Влада на социјалисти, марксисти и националисти, предводена од Сириза се свртува кон Русија, барајќи алтернативни извори за пари во обид да го спречи банкротот на државата, наведува весникот. Понудата за кредитната линија за Грција веќе е на масата за преговори и останува да се види како на тоа ќе реагира грчката страна. - Ние сме подготвени да и даваме поевтин гас на Грција, како и нови заеми, но од Атина бараме реципрочни потези, рекол истиот извор за московскиот весник. „Комерасант“ не дава детали за тоа што руската страна би можела да побара, но другите московски медиуми откриваат дека Русија ја сака најголемата грчка компанија за гас ДЕПА, потоа акции во грчките железници, како и пристап кон двете најголеми грчки пристаништа во Пиреја и Солун. Грција засега ја подржува новата траса за рускиот гас кон Европа „Турски поток“, но од Атина нема најави што би можела да даде како возврат за руската финансиска интервенција. Посетата на Ципрас доаѓа на само неколку денови пред православниот Велигден, на што посебно се инсистира во Москва и во Атина, кога се зборува за старите врски меѓу двете земји, но и на само еден ден пред првата обврска на Грција да врати една рата од заемот на ММФ во износ од 448 милиони евра. По велигденските празници, грчката Влада ќе мора да издвои уште 1,7 милијарди евра за плати во јавниот сектор и за пензии. ЕУ стравува дека со грчкото свртување по пари кон Исток, атинската Влада може да го поткопа единството во Унијата околу одговорноста на Русија за нејзината вмешаност во украинската криза. Во Брисел се стравува дека Москва би можела да побара од Атина да стави вето во ЕУ за санкциите кон Русија. Руската влада како гест на добра волја, но и како помош, би можела за Грција да ја укине забраната за увоза на храна од земјите на ЕУ. („КОМЕРСАНТ“)


БИЗНИС ИНФО

28

четврток, 09 април 2015, Бр. 218

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!

АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-

Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот. Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој метод на обука, која вклучува микс од техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависност од Вашата потреба. Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и светски компании. Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас. Предавач: Љупчо Георгиев, директор на „Густав Кезер Тренинг Интернационал Македонија“, лиценциран тренер со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи.

Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија.

Уписите за обуката се во тек.

Сите учесниците добиваат: • материјали за работа • мемориски картици • ЦД и дополнителна литература • консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6 месеци • интернационално признат Сертификат од Густав Кезер Тренинг Интернационал и Сертификат од Бизнис Центар за Тренинг и Обука • контролен ден

За подетални информации контактирајте со нас: Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

четврток, 09 април 2015, Бр. 218

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ – ОБУКА СО СТУДИСКО ПАТУВАЊЕ ВО ВИЕНА Во соработка со WIFI Институтот при Сојузот на кВо соработка со WIFI Институтот при Сојузот на комори на Австрија, Стопанската комора на Македонија преку својот Бизнис центар за тренинг и обука организира тренинг програма на тема:

За повеќе информации слободно контактирајте не: Симона Ристоска 02 32 44 067 simona@mchamber.mk

Борис Тримчев 072 207 091 boris@mchamber.mk

“Жени претприемачи” Програмата се состои од два дела, односно од теоретска обука со предавач од WIFI Институтот која се одржува во Скопје, а вториот дел е студиско патување во Сојузот на комори во Виена.

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Osnovana 1922

Искористете ја можноста за интернационален know - how трансфер и учете од најдобрите во Европа! Станува субвенционирана достапна цена.

збор програма

за по

Програмата трае 9 дена, од кои 6 тренинг дена во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје и 3 дена во Виена, Австрија и B2B средби. Средбите се организираат во зависност од Вашиот интерес и индустријата во која дејствувате. Престојот, семинарите и посетите се во организација на WIFI AUSTRIA. Сместувањето е во хотел, по двајца учесници во двокреветна соба. Уписите се во тек! Посетата во Виена, Австрија ќе се одржи по завршување на обуката и полагање на тестот.

Founded 1922

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

ТРЕНИНГ-ПРОГРАМА НА ТЕМА: „ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ“

WIFI AUSTRIA ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР

УСПЕХ СО WIFI Институтот за промоција на економскиот развој (The Institute for Economic Promotion – Wirtschaftsförderungsinstitute/WIFI) во рамките на Сојузот на комори на Австрија (Austrian Economic Chambers) е партнер на австрискиот бизнис на полето на едукација и развој на човечките ресурси, со регионална организација во сите девет области на Австрија и 80 претставништва ширум светот. Секоја година, 300.000 учесници посетуваат некој од понудените курсеви и семинари кои се повеќе од 25.000, на коишто предаваат 12.000 тренери ангажирани од WIFI, a избрани директно од бизнис-заедницата.

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР Тимот на WIFI задолжен за интернационален know-how трансфер обезбедува семинари и менаџмент курсеви ширум светот кои нудат дополнителна предност на тој начин што на учесниците кои успешно ќе ги завршат овие курсеви им овозможуваат директен контакт со австриски компании, со цел да имаат активна улога во економскиот развој на целните земји додека истовремено имаат активна улога и во отворањето на вратите за австрискиот бизнис.


30

БИЗНИС ИНФО

четврток, 09 април 2015, Бр. 218

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Kомплетна обука согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија

„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“

Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со менаџментот и организацијата на човечките ресурси во компаниите. Истата содржи 80 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа.

Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Програмата започнува со општ вовед во менаџментот на човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти на струката потребни за стекнување менаџерски вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за Програмата „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ кој е признат од Министерството за образование и наука. ТРЕНЕРИ: Доц. д-р Љупчо Ефтимов Доцент на Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на прв и втор циклус студии одржува настава по предметите Менаџмент на човечки ресурси, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на перформанси. Од 2013 година ја извршува функцијата раководител на студиската програма од втор циклус студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси. Член е на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Член е на Комитетот за човечки ресурси при Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Р. Македонија. Член е на Техничкиот комитетот за менаџмент на човечки ресурси при Институтот за стандардизација на Р. Македонија. М-р Драгана Томиќ Пилиповиќ Професионален консултант, основач и претседател на Центарот за општествено одговорно претприемништво (ЦООП) - Белград, а во текот на својата кариера работела на следните позиции: - заменик-претседател на Секторот за човечки ресурси и обучувач во AIESEC, Економски факултет – Белград; - консултант во областа на тренинг и менаџмент на човечки ресурси во „Срма Консалтинг“ – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во Ерсте Банка – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во „ФармаСвисс“ ДОО - Белград. Д-р Зоран Михајлоски Во текот на својата богата кариера д-р Зоран Михајлоски бил судија во Апелациониот суд во Скопје, во специјализираниот оддел за работни спорови од 2002 година, претседател на специјализираниот оддел за работни спорови на Апелациониот суд - Скопје, едукатор во Правната школа на постојни судии од Европската унија во Барселона, Шпанија, од областа на

националните работни законодавства, постојан предавач на постдипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и вонреден професор на Факултетот за правни науки при Универзитетот „Американ Колеџ“ - Скопје. Автор на повеќе научни и стручни трудови од областа на трудовото и деловното право.

Дополнителни информации: • Предавањата се распоредени во 10 тренинг дена (вкупно 80 школски часа) и се одржуваат два до три пати неделно. • Обуката започнува во периодот април – мај 2015 година. • Број на учесници во група: 10 – 20 учесници. • Во зависност од тематската целина предавањата се одржуваат на македонски или на српски јазик. • Сите учесници добиваат потврда за присуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија. • Услов за да се стекне Сертификатот за „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит. Котизација за учество: - 27.900 денари за 1 учесник; - 10% попуст за втор учесник од иста компанија и - 15% попуст за трет и секој следен учесник од иста компанија, невработени лица и студенти. Учесниците добиваат: - Материјали; - Освежување и - Сертификат.

Краен рок за пријавување: 31 март 2015 година. Контакт: Симона Ристоска +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk


четврток, 09 април 2015, Бр. 218

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар: „ЗАКОНОТ ЗА ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА“

Примената на Законот за експропријација, симулација на постапки, анализа на случаи (case) во покренати постапки и нивно натамошно постапување

I. ЗАКОН ЗА ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА - Јавен интерес утврден со овој закон; - Потполна експропријација; - Непотполна експропријација; - Право на службеност; - Други ограничувања на правото на сопственост на земјиште; - Привремено заземање земјиште заради претходни работи; - Привремено заземање земјиште заради вршење детални геолошки истражувања на минерални суровини; - Привремено заземање на соседно земјиште; - Надоместок; - Експропријација на преостанат дел од недвижноста. II. ПОСТАПКА ЗА ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА - Предлагач на експропријацијата; - Предлог за експропријација; - Предлог по иницијатива за експропријација; - Постапка пред органот за експропријација; - Расправа за спогодување; - Решение за експропријација; - Владение на експроприраната недвижност; - Откажување од предлог за експропријација; - Поништување на правосилно решение за експропријација; - Постапка за востановување право на службеност и за други ограничувања на правото на сопственост на земјиште. III.ПОСТАПКА ЗА НАДОМЕСТОК - Надоместок за потполна експропријација; - Надоместок за службеност; - Надоместок за други ограничувања на правото на сопственост на земјиште; - Спогодба за надоместок; - Исполнување на обврската за надоместок. IV.ПОСЕБНИ ПОСТАПКИ - Запишување во катастарот на недвижности. V. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ VI. НАДЗОР VII.ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

15.04.2015 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат

Предавачи: - доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгите „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија” и „Ерозија на јавните финансии“ и - Слободан Содич, раководител на оддел за имотно-правни работи во „МЕПСО“ АД - Скопје. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

32

четврток, 09 април 2015, Бр. 218

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„ЛЕАРСТВО 2015“ ВО ПЛЕВЕН

На 16 и 17 април 2015 година Меѓународна научно-техничка конференција во Република Бугарија

Конференцијата претставува можност на едно место да се реализираат контакти на научници и на преставници на компании од различни земји, каде што тие би можеле да ги презентираат своите научни и технички достигнувања и да разговараат за проблемите од областа на леарството.Со свои презентации ќе учествуваат и претставниците на компании од областа на леарството кои ќе ги презентираат своите машини, опрема, технологии, материјали и услуги, кои тие ги нудат на пазарот. На годинешната конференција свое учество имаат пријавено над 30 компании од секторот леење на метали, од металургијата како и компании од областа на огноотпрони материјали. Здружението на металурзи на Македонија и Здружението на металургија при Стопанската комора на Македонија ги покануваат заинтересирните компании да учествуваат на XXII Меѓународна научно-техничка конференција “Леарство 2015”. За учесниците и посетителите од Република Македонија Здружението на металурзите на Македонија, како потписник на Меморандум за соработка со Машинско техничкиот сојуз на Република Бугарија обезбеди учество без плаќање котизација и поволни услови за сместување ( цена од 30 евра за ноќевање). Се надеваме дека ќе ја искористите можноста за запознавање со најновите достигнувања на науката и праксата во областа на леењето на металии и ќе ја посетите Конференцијата во Плевен. Воедно, организтаорите даваат можност да настапите со презентација и претставување на Вашата компанија. Вашто учество Ве молиме да го најавите до 7-ми Април 2015 година, на следните адреси: Zorica@mchamber.mk (тел. 02/3244 019); sveto@tmf.ukim.edu.mk (тел. 072 694 125) каде можете да добиете подетални информации за конференцијата. Контакт: Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: zorica@mchamber.mk


четврток, 09 април 2015, Бр. 218

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 22 и 23 април 2015 година Mеѓународен саем и конференција за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност во Р. Србија

„RENEXPO® WESTERN BALKANS“ ВО БЕЛГРАД

Стопанската комора на Македонија во соработка со REECO SRB од Нови Сад, организира посета на настанот. Експерти за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност од цела Европа се сретнуваат во Белград на 22 и 23 април 2015 година на најголемата енергетска платформа во регионот каде се отвораат можности за нова соработка. Во рамките на Investors-Business-Lounge, ќе се претстават повеќе од 200 проекти. Теми на годинешниов Саем и конференција се: • Биомаса - Српско-германско партнерство за биоенергија; • Развојни проекти за логистички центри за биомаса; • Горење на слама (работилница); • Енергија од водата - достапни проекти; • Фотонапонски панели - на кровови и на земја - достапни проекти; • Енергија на ветерот - достапни проекти; • Геотермална енергија - достапни проекти; • Енергетска ефикаснот (во згради, улично осветлување - проекти); • Македонија ги претставува обновливите извори на енергија; • Иновации; • Esco Corner и др. Во овие два дена се очекуваат околу 3000 посетители, 80 домашни и странски излагачи и 300 учесници на работилниците. Пријавување до 15.4.2015 година. За повеќе информации посетете го сајтот:http://renexpo-belgrade.com/start Аплицирај електронски / on-line Контакт: Перо Авакумовски Тел: ++ 389 2 3244048 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: pero@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО

четврток, 09 април 2015, Бр. 218

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ ТРЕНИНГ-КОНФЕРЕНЦИЈА: „ИНОВАТИВНА КОМПАНИЈА

– КАКО ДА ЈА ИСКОРИСТИТЕ КРЕАТИВНОСТА НА ВРАБОТЕНИТЕ И КЛИЕНТИТЕ“

22 април 2015 година, Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Стопанската Комора на Македонија, во соработка со Datastation- Белгија и Vision Consulting- Скопје, Ве покануваат на меѓународната тренинг-конференција „Иновативна компанија - како да ја искористите креативноста на вработените и клиентите“. Целта на оваа тренинг-конференција е да се потенцира значењето на иновациите за растот и развојот на сите приватни компании, нивната конкурентност , независно од нивната големина и дејноста која ја извршуваат. За успешно и профитабилно работење на долг рок, неопходно е постојано да се размислува за изнаоѓање нови целни групи потрошувачи, освојување нови пазари, воведување нови производи/услуги, иновативни начини на нивна промоција и сл. На оваа меѓународна тренинг-конференција свои излагања ќе имаат високи претставници од владиниот Фонд за иновации и технолошки развој, од EBRD, како и од компаниите Datastation, Vision Consulting и ЕВН. Тренинг-конференцијата на пристутните ќе им овозможи да се запознаат со нови методи и техники кои се применливи во практичното работење и на подолг рок се во насока на остварување на позитивни резултати. Фокусот ќе биде ставен: • Како да се искористи креативноста на вработените за подобрување на иновативноста на компанијата? • Како повратните информации од клиентите да придонесат за развој на нови иновативни производи/услуги? • Како да се креира идеа менаџмент систем за структурирано генерирање, собирање и евалуација на нови идеи добиени од вработените и клиентите? • Како да се максимизираат ефектите од имплементација на идеа менаџмент системот со помош на информациската технологија? Тренинг конференцијата е намената за топ и средниот менаџмент , особено од секторите маркетинг, производство и човечки ресурси. Тренинг-конференцијата ќе биде поделена во два дела. Прв дел: панел дискусија за важноста на иновациите, креативноста на вработените и собирањето повратни информации од клиентите, како и презентација на една студија на случај за веќе успешно имплементиран идеа менаџмент систем во Република Македонија Втор дел: практичен тренинг за неколку применливи алатки за развој на креативноста, како и за употреба на софтверско решение за еден ваков систем. Тренинг-конференцијата „Иновативна компанија - како да ја искористите креативноста на вработените и клиентите“ ќе се одржи на 22 април 2015 година (среда), со почеток во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на V кат. НАПОМЕНА: Учеството на оваа тренинг-конференција е без котизација и можат да се пријат максум 3 вработени од една компанија. Ве молиме, Вашиот интерес за деловни средби со компаниите да го најавите најдоцна до 20 април 2015 година. Контакт : Сања Николова Тел: 02 3244091 Факс: 02 3244088 sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL

ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL

ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач


36

БИЗНИС ИНФО

четврток, 09 април 2015, Бр. 218

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Советување: „СТРАТЕШКИ ОДНОС НА КОМПАНИИТЕ И БАНКИТЕ“ Советувањето го организира Стопанската комора на Македонија во соработка со „Валор Консалтинг“ и „Едукација“ ДОО – Белград. Програма: 1. ден: Модул I Финансиски сектор • Банкарскиот пазар и регулаторите во банкарскиот сектор; • Како работи банката? Модул II Како ве анализира банката? • Процес на одобрување на кредит; • Практични примери. Програма – 2. ден: Модул III Каматна стапка • На кој начин се пресметува каматата? • Рејтингот на компанијата и влијанието на висината на каматата; • Влијанието на ризикот на трансакцијата во формирањето на каматата; • Како да се подобри рејтингот на компанијата и поволно да влијае на финасирањето од банката? • Практични примери. Модул IV Документација и обработка на кредитното барање • Зошто е важно да се гради транспарентен однос со банката? • Дали банката е само финансиер или партнер во Вашата компанија? • Барањето за кредит да биде приспособено на Вашите потреби; • Индикативна понуда - на кои делови посебно треба да се обрати внимание? Модул V Одобрување на кредитното барање и натамошно преговарање • Кој одлучува за Вашиот кредит? • Дали може да се промени одлуката? • Практични примери. Модул VI Отплата на кредитот и идниот однос на компанијата кон банката • Можни проблеми при отплаќање на кредитот - како навремено да се препознаат и да се реагира? • Како и во тешки периоди да се одржи партнерски однос со банката? • Практични примери. Работен јазик на семинарот: српски јазик. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Предавачи: 1. Александар Василски, дипломирал во 2004 година на факултетот Grenoble

23-25 април 2015 година Хотел „Асториа”**** Белград, Р. Србија

Graduate Schoole of Business. Во банкарскиот сектор поминал 8 успешни години, работејќи во Raiffeisen banк i Erste банк. Од јуни 2013 година е директор на „Валор консалтинг и едукации“, компанија која нуди финансиски услуги и услуги за професионална едукација за финансискиот и реалниот сектор. Во текот на своето работење во банкарскиот сектор, господинот Василски соработувал со компании од реалниот сектор, каде се стекнал со големо искуство, кое истовремено работејќи и како консултант го пренесувал на своите клиенти. Неговите искуства во кредитирањето, наплатата, анализата на финансиските извештаи, ризиците во кредитирањето, се суштината на неговото стратешко согледување и искуство и развој на финансиските вештини кои сега успешно ги пренесува на своите едукативни настани. 2. Петар Томиќ, дипломирал во 2005 година на Економскиот факултет во Белград. Во Erste банка работи 8 успешни години, во Дирекцијата за управување со ризици на правни лица. Во текот на работењето се специјализира за кредитни ризици и станува член на организацијата PRMIA (Professional Risk Managers’ International Association). Цена на аранжманот во двокреветна соба изнесува 9.100 денари. За аранжман во еднокреветна соба изнесува 11.700 денари. Котизацијата за дводневниот семинар изнесува 8.248 денари (6.990,00 денари + ДДВ). Во цената на аранжманот е вклучено: • превоз со високотуристички минибус на наведената релација Скопје Белград - Скопје (тргнување на 23 април 2015 година, во 6:00 часот и враќање на 25 април 2015 година во попладневните часови); • превоз до „Валор консалтинг и едукација“ - Белград за предавањата и до шопинг-центарот; • 2 ноќевања со појадок во хотел „Асториа“; • организација на патувањето; • 1 ручек во „Валор консалтинг и едукација“ - Белград. Во цената на аранжманот не е вклучено: • патничко осигурување и индивидуални факултативни трошоци. Напомена: - минимален број за реализирање на ова советување е 15 учесници. Рок за пријавување: 10 април 2015 година. Контакт: Елизабета АндриевскаЕфтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


четврток, 09 април 2015, Бр. 218

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Меѓународни деловни средби и софтвер денови во Виена, Австрија

ИДНИНАТА НА ДИГИТАЛНИОТ БИЗНИС

Здружението на информатичко комуникациските технологии и Enterprise Europe Network Македонија Ве покануваат да учествувате на Меѓународните деловни средби и софтвер денови, што ќе се одржат во рамките на настанот „Иднината на дигиталниот бизнис“, на 27 и 28 април 2015 година во Виена, Австрија. На 27 април 2015 година ќе се одржат: - утринска сесија за трендовите, безбедноста и мобилните уреди, како и за глобалната перспектива за најновите технологии и трендови во дигиталниот бизнис и - билатерални средби, од 14:00 до 18:00 часот, за да најдете меѓународни партнери за соработка, за истражување, технологија и бизнис-проекти. На 28 април 2015 година – Селтик Плус настан за телекомуникации и за Smart поврзаниот свет. Ќе се презентираат резултатите од проектот, а ќе се реализира и изложба на идеи за 2015 година за повиците за проекти. Настанот е бесплатен и е наменет за компании и институции кои бараат бизнис-контакти. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


38

БИЗНИС ИНФО

четврток, 09 април 2015, Бр. 218

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

МАКЕДОНСКО-АВСТРИСКИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ

На 28 април 2015 година (вторник), со почеток во 12:30 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат.

Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение на Амбасадата на Австрија во Република Македонија организираат Македонскоавстриски деловни средби и презентација на австриски компании од различни сектори: • • • • • • • •

производство и продажба на индустриски штекери, дозни и приклучоци; производство на турбини, нивно проектирање и монтажа за мали хидроелектрани; производство и продажба на расветни тела; производство и целосни системски решенија за прочистителни станици за вода; производство и продажба на ин-витро дијагностички производи, тестови за детекција на антитела за ХИВ 1&2, сифилис, маларија, денга IgG, нетолерантност на глутен, тестови за плодност и бременост кај жените; производство и продажба на кондиторски производи; производство и продажба на сувомеснати производи; производство и продажба на преработен и конзервиран зеленчук.

Ве покануваме да земете учество на презентацијата на австриските компании и на деловните средби, на коишто ќе можете да воспоставите директни контакти, размена на искуства и натамошна бизнис-комуникација.

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


четврток, 09 април 2015, Бр. 218

БИЗНИС ИНФО

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„IRAN SEE EXPO 2015“ ВО ТЕХЕРАН

Oд 6 до 9 јуни 2015 година во Иран

Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Исламската Република на Иран во Скопје Ве информира дека во периодот од 6 до 9 јуни 2015 година ќе се одржи Третата меѓународна поморска изложба во Техеран, Иран. Изложбата се организира со поддршка на иранските пристаништа и поморски организации, како и со Организацијата на исламската бродска асоцијација (OISA) и Организацијата за исламска соработка (OIC). На овој професионален настан на интернационално ниво ќе бидат презентирани најновите светски достигнувања во поморската индустрија, креирање и промоција на соодветни можности за поголема соработка со морската елита, оптимално користење на расположливите морски капацитети во муслиманските земји и научни истражувања во делот на поморската индустрија. На изложбата ќе бидат претставени: достигнувањата во транспортот и индустријата за бродоградба, офшор-компании во индустријата за нафта и гас, морски и пристанишни услуги, океанографија, туризам, рибарство, институции за осигурување и кредитирање, универзитети и големи центри за наука, истражување и технологија, здруженија и асоцијации кои имаат различни работилници за обука и др. Посетителите на „IRAN SEE EXPO 2015“ ќе имаат можност да добијат нова идеја за проширување на својот бизнис, да се поврзат со нови клиенти и деловни партнери, да ги надградат стекнатите вештини, знаења и совети за поголема ефективност во работењето, да се поврзат со мрежа на клучни добавувачи на локално и на глобално ниво и др. За подетални информации посетете ја веб-страната: www.iranseaexpo.com/en Стопанската комора на Македонија нуди дополнителна логистичка поддршка на сите заинтересирани компании кои сакаат да го посетат овој настан.

Контакт: Ивона Каранфиловска Телефон: +389 2 324 4084 Е-адреса: Ivona@mchamber.mk


40

БИЗНИС ИНФО

четврток, 09 април 2015, Бр. 218

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Компанија од Холандија нуди ласерски базирани системи за on-line мерење на штетни гасови во атмосферата. Валидност дo 11.05.2015 годинa. Компанија од Велика Британија заинтересирана е да соработува со македонски производители на железариј, како на пример резиња и шарки со различна големина (100 квадратни милиметри или должина од 3 метри и широчина од 100 милиметри, произведени од челик). Потребно е компаниите да се способни површински да ги обработуваат производите, на пример да ги поцинкуваат, да нанесат црн прашкасти премаз или да нанесат премаз од цинк со потопување на производот во раствор од цинкова сол.Обемот на производство треба да биде од 1000 до 150 000 парчиња годишно. Валидност дo 12.05.2015 годин.a

за бришење, бањарки, папучи, фенови, мини бар, перници од пердуви и постелнина, машини за чистење на чевли, колички за носење на багаж и др. Валидност дo 15.05.2015 годинa. Компанија од Италија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на дрвени подови, паркет и ламинат. Валидност дo 15.05.2015 годинa. Компанија од Италија бара дистрибутер за пласман на индустриска опрема за перење: машини за перење, сушење алишта и за пеглање во Република Македонија. Валидност дo 15.05.2015 годинa.

Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на бебешки пелени и влажни Компанија од Полска бара соработка со стоматолошки марамици. ординации во Република Македонија за пласман на Валидност дo 16.05.2015 годинa. стоматолошки инструменти и материјали. Валидност дo 12.05.2015 годинa. Компанија од Грција бара соработка во областа на производство на хартија за печатење во Република Компанија од Литванија заинтересирани се за Македонија. соработка со хотели и спа центри од Република Валидност дo 16.05.2015 годинa. Македонија со понуда на хотелска козметика, крпи


четврток, 09 април 2015, Бр. 218

БИЗНИС ИНФО

41

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Компанија од Турција бара партнер за соработка за Македонија за пласман на постелнина, завеси и пласман на ПВЦ гранули во Република Македонија. декоративни платна. Валидност дo 19.05.2015 годинa. Валидност дo 16.05.2015 годинa. Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Компанија од Бугарија бара дистрибутер за Македонија за пласман на лимена и стаклена пласман на ролетни, гaражни врати и внатрешни и амбалажа за пакување на пијалоци. надворешни врати во Република Македонија. Валидност дo 19.05.2015 годинa. Валидност дo 17.05.2015 годинa. Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Компанија од Естонија бара дистрибутер во Македонија за пласман на туш кабини. Република Македонија за пласман на бојлери за Валидност дo 22.05.2015 годинa. загревање на вода за парно греење. Валидност дo 17.05.2015 годинa. Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на компресори. Компанија од Италија заинтересирана е да пласира Валидност дo 22.05.2015 годинa. соларни панели во Република Македонија. Валидност дo 17.05.2015 годинa. Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на електро опрема. Кинеска фирма специјализирана за производство Валидност дo 22.05.2015 годинa. и извоз на разни пластични материјали кои се користат како суровини, .вклучително гранули од експандиран полистирен, од полистирен за Контакт: Мирјана Коцева општа употреба и полистирен со висока отпорност Тел: (02) 3244-035 (ХИПС) бара потенцијални купувачи од Република Факс: (02) 3244-088 Македонија. mirjana@mchamber.mk Валидност дo 17.05.2015 годинa.

www.mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Бизнис ИНФО број 218, 09.04.2015 by Economic Chamber of Macedonia - Issuu