БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
Quality Management
СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642
bsi.
ISO 9001
Quality Management
years 5
192
FS 549642
2 - 201
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 238
www.mchamber.mk
08.10.2015
Перспективата за македонските компании е во извозот
РЕЗУЛТАТИ ЗАВЕРЕНИ НА СТРАНСКИТЕ ПАЗАРИ
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
WUDQVSRUW FRPSDQ\
WUDQVSRUW FRPSDQ\
Semejna kompanija
ЕЗБЕД ОБ У
�
B
C
UR
O
НИКО
�
SE
WUDQVSRUW FRPSDQ\
Б
ЊЕ ВА
�
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
БИЗНИС ИНФО
3
НА САМОТО МЕСТО
РЕЗУЛТАТИ ЗАВЕРЕНИ НА СТРАНСКИТЕ ПАЗАРИ
Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија во посета на „ИМБ Млекара“ и Фабриката за квасец и алкохол во Битола и во „Свисслион-Агроплод“ во Ресен
Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија со своите соработници беше во посета на успешни извозни компании во Битола и во Ресен (5.10.2015 година). Во Битола разговори беа водени во „ИМБ Млекара“ и во Фабриката за квасец и алкохол, а во Ресен во „Свисслион-Агроплод“. - Остваруваме добри финансиски резултати во последните две години што е реткост меѓу македонските млекарници. Тоа е резултат на нашата стратегија ориентирана кон извоз. Посебно е за одбележување што во последните две години значајно го зголемивме извозот во САД, каде што пласираме цврсти сирења, - истакна Златко Буревски, менаџер за национална продажба во „ИМБ Млекара“ – Битола. - Успехот на странските пазари и позитивата на компаниското конто се должат на инвестициите за подобрување на квалитетот на производите со воведување на нови технологии, поголема безбедност на нашите продукти и намалување на трошоците. Кон крајот на 2007 година„ИМБ Млекара“ - Битола стана дел од системот на Млекарската индустрија „Danube Foods Group“, односно дел од Инвестицискиот фонд „Salford“. Инвестицијата од 38 милиони eвра на оваа групација беше резултат на големите производни потенцијали на„ИМБ Млекара“ АД - Битола, добриот имиџ и изградената доверба кај македонските потрошувачи. Во февруари 2015 година беше потпишан договор за преземање на„Danube Foods Group“ чиј дел беше и „ИМБ Млекара“ - Битола, од страна на Инвестицискиот фонд „Mid Europa Partners“. По преземањето се очекува да се зголемат инвестициите во млекарницата, а со тоа уште повеќе да се унапреди нејзиното работење и да се зацврсти лидерската позиција на пазарот. Од 2007 година до денес „ИМБ Млекара“ има вложено над 3 милиони eвра за унапредување на примарното производство, обезбедувајќи „know-how“ искуства од европските пазари и уште 10 милиони eвра во нови технологии со цел подобрување и стандардизација на квалитетот на своите производи. Со растот на капацитетот на млекарницата како и откупените количини на млеко, „ИМБ Млекара“ -
4
БИЗНИС ИНФО
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
НА САМОТО МЕСТО Битола бележи континуирано зголемување на количините на производи наменети за извоз. Само во САД се извезени 170 тони цврсто сирење. Бранко Азески посочи дека „ИМБ Млекара“ - Битола е пример кој покажува дека шансата на македонските компании е ако влезат во мултинационални компании, со што се добиваат нови технологии, но и се применуваат принципи на современо раководење. - Трошоците ги следиме на дневно ниво и веќе во цената на чинењето на производството се доближуваме до европско ниво. Значително помалку трошиме во сите сегменти - од вода до енергија. Рационализацијата ја правиме и со зголемено производство. На пример, порано во погонот за сирење преработувавме 10 до 15 тони млеко, а сега 120 тони со намалени трошоци за производство дури и до 70 отсто, - објасни Сашо Василевски, директор на производство во „ИМБ Млекара“ - Битола. Од „ИМБ Млекара“ - Битола истакнуваат дека Македонија може да биде конкурентна во извозот на европскиот пазар со овчото млеко. Но за тоа е потребна државна стратегија со која би било предвидено зголемување на основното стадо со нови раси на овци кои даваат значително повеќе млеко. - Субвенционирањето е одлична мерка, но таа треба да се подобри. Субвенциите треба да се даваат според големината на стадото и според квалитетот на испорачаното млеко. Потребно е окрупнување на сточниот фонд, воведување на фармерско производство и развивање на задругарството, - смета Драган Илиевски, директор на контрола на квалитетот во „ИМВ Млекара“ - Битола. И Фабриката за квасец и алкохол во Битола дури 70 отсто од своето производство
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
БИЗНИС ИНФО
5
НА САМОТО МЕСТО
го пласира на странските пазари. Во Фабриката се работи во три смени и производниот процес се одвива непрекинато. Минатата година е остварен обрт од 8,5 милиони евра со 134 работници, кои се и акционери на компанијата. - Извезуваме во Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Италија, Русија, Германија, Данска. Сега ни се појавува шанса да извезуваме во Турција, а преку неа и во Австрија. Подготвени сме да вложиме во проширување на производниот капацитет, бидејќи целата добивка од минатата година акционерите одлучија да се употреби за реинвестирање. Но, проблем се јавува со нерешените имотноправни односи при приватизацијата на земјиштето, - истакна Иванчо Велјановски, генерален извршен директор на Фабриката за квасец и алкохол во Битола. „Свисслион-Агроплод“ од Ресен е членка на Групацијата „Свисслион“ која делува на подрачјето на поранешните југословенски републики. Над 65% од производството се извезува во Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, БиХ, Хрватска, Словенија, Унгарија, Романија, Шведска, САД, Австралија и на други пазари, а преостанатото се пласира на домашниот пазар. Компанијата се здоби и со ХАЛАЛ-стандардот и се очекува освојување и на пазарите на Блискиот Исток. Во 2014 година компанијата оствари вкупно приходи од 658.433.140,00 денари (10,7 милиони САД $) и нето-добивка од 45.552.553,00 денари (0,7 милиони САД $). - Сосема ни е јасно дека за успехот на компанијата најважен е извозот. Затоа сме во перманентно инвестирање. Моментално вложуваме 200 илјади евра во опрема од Германија за екструдирани производи солена и слатка варијанта. Новите производи ќе се придружат на палетата од 200 производи кои излегуваат од нашите погони. Инвестициите компанијата ги реализира исклучиво со сопствени средства, - истакна Олгица Стојчевска, управител на „Свисслион-Агроплод“. Таа воедно порача дека за успехот на една компанија многу е важна тимската работа, а за „Свисслион-Агроплод“ голема среќа е што има победничка деловна екипа. Саво Пејчиновски
6
БИЗНИС ИНФО
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
РЕЗУЛТАТИ Завшена првата фаза од Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност” – Buil Up Skills чиј кординатор е Стопанската комора на Македонија
ДОДЕЛЕНИ ПРВИТЕ 200 СЕРТИФИКАТИ ЗА ТРЕНЕРИ
Во рамките на Европската иницијатива на проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност” – Buil Up Skills, беа доделени првите сертификати за 200 тренери за градење на енергетско ефикасни објекти во Стопанската комора на Македонија (1 октомври 2015 година). Стопанската комора на Македонија како координатор на овој проект ја спроведува ЕУ-иницијативата за постигнување на енергетските цели до 2020 година и со тоа Македонија е единствената земја надвор од ЕУ-земјите која е вклучена во Проектот, - истакна Јадранка Аризанковска, проект менаџер на Проектот. Со особено внимание го работиме Проектот и ги едуцираме тренерите, а понатаму и работниците во земјава за да ги достигнат целите зацртани во Стратегијата за енергетска ефикасност на Република Македонија и на Југоисточна Европа за намалување на потрошувачката на енергија, - посочи Јадранка Аризанковска, виш советник при Стопанската комора на Македонија. Таа истакна дека градежните објекти се класифицирани како најголеми потрошувачи на електрична енергија. Во делот на процесот за препознавање на вештините и знаењата, проф. Χристина Спасевска од Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје (ФЕИТ) како партнер во Проектот, истакна дека моделот за препознавање на знаењата и вештините прв пат се применува во Македонија, а е на зачеток и во Европската унија. - Првата фаза од Проектот е завршена со тоа што се сертифицирани 200 тренери во различни области. Сега продолжуваме со втората фаза од Проектот, а тоа е препознавање на вештините и знаењата за енергетска ефикасност на 1.000 работници од градежниот сектор, со што цел е да им се препознаат дипломите, односно нивните претходни знаења и вештини. Тоа е тежок процес бидејќи станува збор за една стопанска област во која има многу работници кои имаат знаења и вештини и работат на објектите, а од друга страна немаат формално образование, - рече Спасевска. Центарот за образование на возрасни како партнер во Проектот и Министерството за образование и наука понатаму ќе имаат задача да го имплементираат моделот за препознавање на знаењата и вештините со што ќе се имплементира како дел од процесот за препознавање и за други области во државата. - Луѓето кои денеска добија дипломи се оспособени да ја завршат следната фаза на овој проект. Кандидатите за
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
БИЗНИС ИНФО
7
ПОДВЛЕЧЕНО РЕЗУЛТАТИ
тренери беа високостручни инженери чие знаење требаше да биде надополнето од областа на дидактиката, односно пренесување на знаењето на работникот и нивното оценување, - рече Жанина Стаменкова. - Тренерите се стекнаа со соодветни теоретски и практични обуки со соодветни прирачници и разни тренингматеријали. Отворен е повикот за пријавување на градежните работници за препознавање на претходни вештини и знаења од областа на енергетска ефикасност во рамките на кој со активно учество на веќе сега сертифицираните тренери ќе имаат можност да се здобијат со сертификат за едно од петте занимања за кои би аплицирале, - рече Штипјанов. - Како директен ученик во оперативниот дел во градежништвото, сметам дека оваа обука има особено значење и секторот за енергетска ефикасност го издигнува на едно повисоко рамниште. Ова знаење ќе го имплементираме во градежниот сектор и со тоа ќе станеме поконкурентни на домашниот, но и на надворешните пазари, - рече Пандил Милошевски од „Тензор“ ДООЕЛ. - Во нашата компанија имаме доста интерни обуки, но тие важат само во делот на нашите простории и нашата дејност. Сепак, за да се верифицираат треба да бидат во рамките на државата и затоа го поздравуваме Проектот. Сметаме дека идните тренери ќе ги обучат столарите правилно да ги извршуваат своите оперативни работи во делот на енергетската ефикасност, рече Бранко Индов од „Рехау“ - Скопје. Ирена Мојсовска
БИЗНИС ИНФО
8
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
ФОКУСИРАНО Иницијатива за изменување на Правилникот со тарифа за користење авторски музички дела
НАМАЛУВАЊЕ НА ДАВАЧКИТЕ НА ХОТЕЛИТЕ И УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ КОН ЗАМП
Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, веќе подолго време на своите состаноци расправа за висината на надоместокот за авторски музички дела што хотелите и угостителските објекти по основ на Правилникот со тарифа за користење авторски музички дела, согласно Законот за авторското и сродните права, ги плаќаат кон Здружението за заштита на авторски музички права - ЗАМП, а кој за хотелско-угостителските субјекти се спорни од два аспекта: 1. Во делот на тоа за што се` се пресметува надоместок кон ЗАМП, согласно Правилникот со тарифа за користење авторски музичко дела, спорни се тарифите 2, 3, 4 и 5 кои се однесуваат за забавни, други приредби, за угостителските објекти и за хотелите. Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија меѓу другото, предлага драстично намалување на процентот кој е предвиден во тарифниот број 2. За угостителите и хотелиерите, неприфатливо е да плаќаат по 12% од приходот во случај на организација на забавна приредба. 2. Хотелите и угостителските објекти алармираат дека овој трошок претставува голем финансиски товар во нивното работење. За таа цел, Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, направи анкета меѓу своите членки со цел да се добијат подетални и конкретни информации за висината на давачките по овој основ. Согласно анкетите може да се заклучи дека трошокот за правните субјекти достигнува и до 12.000 евра на годишно ниво, односно има примери, каде еден просечен хотел со 30% искористен на капацитетот на годишно ниво, има обврска да плати кон ЗАМП на дневна основа по 1200 денари. Според податоците во годишните извештаи за работата на ЗАМП, документи кои се јавно достапни на сајтот на ЗАМП, може да се забележи дека во 2014 година има драстично зголемување на вкупните приходите на ЗАМП. Во делот по основ на апарати за механичка музика и дел за „жива“ музика (во кој им се наплаќа и на хотелите и угостителските објекти), приходите во ЗАМП се зголемиле за 23,6%. Или, од 8.990.920,00 денари собрани по основ на апарати за механичка музика и од „жива“ музика во 2013 година, во 2014 година по овие два основа биле собрани 11.114.842,00 денари. Во делот на исплата на средства од прибраните износи на сметката на ЗАМП, дадени се само во вкупен износ средствата што се исплаќаат за користење авторски музички дела, но нема детален извештај на кои се` субјекти им се исплатени овие средства. Дополнително нема ниту информација колку од вкупните хотели и угостителски објекти, односно правните субјекти од секторот угостителство и туризам подлежат на плаќање на давачките кон ЗАМП, што е исто така еден голем проблем, од аспект на селективност, односно несоодветно оптоварување со давачките на сите правни субјекти. Согласно сето ова погоре наведено, Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија изминатите неколку години во континуитет се обидува да го надмине проблемот со високите давачки кон ЗАМП. Хронолошки активностите течеа по следниот редослед: - Здружението на угостителството и туризмот преку Комората има доставувано до ЗАМП и до Министерството за култура Забелешки и по Предлог-правилникот со тарифа за користење авторски музички дела уште на 31.12.2013 година. - На 14.01.2014 година повратно преку Министерството за култура е добиен допис со кој сме информирани дека Комисијата за посредување во авторското право и сродните права именувана од Владата на РМ ги има разгледано
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
БИЗНИС ИНФО
9
ФОКУСИРАНО ПОДВЛЕЧЕНО Забелешките и дава предлози како да се постапи по истите. Согласно Забелешките, се предлага да се направат корекции во деловите на тарифните броеви, 2, 3,4 и 5 (тарифни броеви кои ги засегаат хотелиерите и угостителите). До денеска не е постапено по овие Забелешки. - Имајќи предвид дека од јануари 2014 година до сега нема направено корекции во Правилникот со тарифа за користење авторски музички дела, а членките на Здружението на угостителството и туризмот при Комората алармираат за високите износи со кои ги задолжува ЗАМП со фактурирање, во јули годинава направена е работна средба на претседателот и заменик-претседателот на Здружението на угостителството и туризмот Соња Бибановска и Славчо Сирачевски со директорот на ЗАМП Зоран Васковски, на кој присуствуваше и претседателот на УО на ЗАМП Живоин Глишиќ. Бидејќи состанокот не ги даде очекуваните резултати, на 15.7.2015 година Здружението достави повторно допис до Министерството за култура како надлежно за спроведување на Законот за авторското и сродните права, со цел добивање повеќе информации, од каде добивме повратен одговор дека Постапката за давање согласност на Предлог-тарифата на Здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП се` уште е во тек. Согласно сето погоре кажано, би сакале да сублимираме дека Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија бара од ЗАМП: 1. целосно ревидирање на Правилникот со Тарифа за користење авторски музички дела и тоа: - намалување на вредноста на бодот од 4 денари на 2 денара, или за цели 100%; - да се пресметува трошок на искористен капацитет во хотелите, а не на целиот објект; - да се намалат и другите основи кои се земаат предвид при пресметка на вкупниот трошок; - драстично намалување на процентот од приходот во случај на организација на забавни приредби, за коишто сега се наплатува 12 %. 2. Дали технички, институцијата ЗАМП е подготвена да наплаќа такса од сите хотели, угостителски објекти и останати правни субјекти од секторот туризам и угостителство. 3. За кои се` авторски музички права ЗАМП на годишно ниво исплаќа средства? Во годишниот извештај стои како збирен износ, но, наше барање е да добиеме одговор кои точно субјекти добиваат и во колкав износ средства кои ЗАМП ги прибира од хотелите и угостителите? Во таа насока, а согласно досегашните активности, како и фактот дека во меѓувреме се доставуваат фактури и за оваа 2015 година по постојниот Тарифник, како Здружение на угостителството и туризмот покренуваме - ИНИЦИЈАТИВА за вклучување на бизнис - секторот (хотелиерите и угостителите како директно засегнати страни), за изменување на правилникот со тарифа за користење авторски музички дела, со цел намалување на давачките на хотелите и угостителските објекти кон ЗАМП. Во таа насока, би сакале да ве информираме дека по однос на ова прашање Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија оствари комуникација и со ХОТАМ и при тоа заедничка е констатацијата дека хотелите и угостителските објекти се нереално оптоварени со давачки кон ЗАМП и дека е потребно нивно намалување, за што ќе следат и заеднички активности на здружението при комората и ХОТАМ. Даниела Михајловска Василевска
10
БИЗНИС ИНФО
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
ИНИЦИЈАТИВИ
ПРЕЗЕНТИРАНА СТУДИЈА ЗА Здружение на металургијата РАЗВОЈНИОТ ПРОИЗВОДСТВЕН при Стопанската комора Македонија ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЧЕЛИЧНАТА ИНДУСТРИЈА ВО ЗЕМЈАВА Денешната седница, пред членките на Здружението на металургијата при Стопанската комора Македонија беше презентирана Економската импакт анализа и студија за развојниот производствен потенцијал на челичната индустрија во Република Македонија, од авторите д-р Митко Кочовски и д-р Дарко Лазаров. Опсежното истражување, кое резултираше со изработка на Студијата, има за цел да го прикаже значењето на индустријата на основни метали, нејзиното директно влијание, како и индиректните мултипликативни ефекти врз националната економија, истакна претседателот на Здружението на металургијата, Митко Кочовски. Преку анализа на внатрешните репродукциски процеси Студијата ја квантификува улогата на металургијата во македонската економија. Во истражувањето се опфатени 12 компании, од челичната индустрија, феролегурите, леарската дејност, при што квантификациите се направени за две години и тоа: 2007 година како година со најизразени економски перформанси за оваа индустрија и кризната 2014 година, кога металургијата најсилно ја почувствува намалената побарувачка во светски рамки. Местото и улогата на челичната индустрија се прикажани низ следните параметри: целата индустрија на метали учествува со 30% во бруто додадената вредност на ниво на вкупната индустрија, учествово
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
БИЗНИС ИНФО
11
ИНИЦИЈАТИВИ ПОДВЛЕЧЕНО
во извозот е повеќе од една четвртина, вработувањата во индустријата на метали во 2014 година, кога е евидентирано значително намалување на производните активности, не се намалуваат во однос на 2007 година, во поглед на даноците и општествената корпоративна одговорност евидентни се исто така значителни мултипликативни ефекти. Имено, еден денар во индустријата на основни метали создава 3,19 денари бруто додадена вредност. За појаснување на значењето на овие параметри, д-р Дарко Лазаров го даде податокот дека мултипликаторите во нашата индустрија на метали се речиси исти со оние во САД. Во прилог на потенцирање на значењето на индустријата на основни метали, како стожер на македонската индустрија и економија, во Студијата се дадени и следните параметри: еден вработен во металургијата произведува 8,82 милиони денари на годишно ниво, на еден милион денари создадени во металургијата за државата одат 24.000,00 денари, 65% од факторите на производството што ги ангажира металургијата се од домашно производство и металуршкиот сектор генерира уште 25.000 вработени. Ако нето-ефектот што индустријата за основни метали го генерира во економијата биде квантифициран како процентуално учество во БДП на земјата, значи дека оваа индустрија придонесува (директно или индиректно) во националната економија со 24 % и 5,7 %, во 2007 и 2014 година. Ова претставува јасен аргумент дека индустријата на основни метали преку своето директно учество и уште повеќе преку индиректно учество во креирање на БДП е главниот столб и носечки сектор на македонската економија во изминатиот период, констатираа авторите на Студијата. Членките на Здружението очекуваат дека податоците и констатациите изнесени во Студијата се повеќе од доволен аргумент за менување на односот на надлежните органи кон овој индустриски сектор во насока на соодветна поддршка на истиот, особено во надминување на постојните проблеми и ограничувачки фактори во делот на деловната бизнис-клима, третманот на домашните компании и посебно на компаниите од индустријата на основни метали, потоа во делот на инфраструктурата (транспорт и енергетика), како и во финансискиот сектор поради присутниот ограничен пристап до финансии. Зорица Мешкова
БИЗНИС ИНФО
12
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
ИНИЦИЈАТИВИ
Здружение на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали
ПОДДРШКА НА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ЕВРОКОДОВИТЕ
На седницата на Управниот одбор на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали одржана на 6.10.2015 година, се расправаше по Информацијата за имплементирање на Еврокодовите во Република Македонија, добиена од Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РМ, како и за покренување иницијатива за изменување и дополнување на Законот за јавни набавки. Во врска со Еврокодовите беше истакнато дека е потребно да почне постепено процесот на имплементација во почетокот во делот на проектирањето, а потоа и во изведбата. Досегашните одржани еднодневни советувања од страна на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РМ е само информативно, па затоа се потребни повеќедневни обуки на инженерите. Во обемната дискусија беше нагласено дека целиот процес на едукација треба да се врши од страна на експерти/професори кои активно работат на оваа проблематика. Исто така, беше истакнато дека во програмите на факултетите треба да се изучуваат Еврокодовите, а за веќе завршените инженери треба да има континуирана едукација. Во реализација на едукативниот процес, неопходни се финансиски средства кои треба да бидат обезбедени од страна на Владата на РМ, како и од Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РМ. Заради поголем координираност и размена на информации за досегашни и наредни активности, се заклучи да се одржи средба со претставници на Здружението и претставници на Комората, со цел заеднички да се промовираат и реализираат активностите околу Еврокодовите. На седницата беше истакнато дека треба да се покрене иницијатива за изменување и дополнување на повеќе членови од Законот за јавни набавки, а посебно за гаранциите за понуда во тендерска документација и други прашања кои и досега беа изнесувани и доставувани до Бирото за јавни набавки, а за нив немало позитивни одговори. На седницата се заклучи наредните седници да бидат тематски и на првата наредна седница да се разгледаат одредбите од Законот за градежни производи. Марија Петроска
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
БИЗНИС ИНФО
13
ИНИЦИЈАТИВИ ПОДВЛЕЧЕНО
СТРАТЕГИЈА ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА НИВОТО НА КВАЛИТЕТОТ НА ПРОИЗВОДИТЕ И УСЛУГИТЕ ШТО СЕ НУДАТ НА ПАЗАРОТ
Здружение на трговијата
На 30.09.2015 година, Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија одржа седница на која се расправаше за Предлог-стратегијата за заштита на потрошувачите и подобрување на квалитетот на производите и услугите за периодот 2016-2020 година, со годишни програми и Акционен план. Во воведните напомени, претставниците од Министерството за економија укажаа дека со оваа предлог-стратегија се утврдуваат основните цели кои ќе се преземат во областа на заштита на потрошувачите, за да се потикне подобрувањето на квалитетот на производите и услугите со што тие ќе станат поконкурентни на пазарот, а воедно и да се зголеми свеста кај компаниите дека потрошувачот секогаш треба да e на прво место. Политиката на заштита на потрошувачите директно може да придонесе за јакнење на економијата. Оваа политика подразбира поттикнување на потрошувачите за активно учество на пазарот, за што е потребно нивното познавање на потрошувачките права и интереси. Потрошувачи кои можат да донесат адекватни одлуки врз основа на квалитетни информации ја поттикнуваат конкуренцијата, со што се стимулира и стопанскиот раст. Меѓутоа, за да се оствари ова, потрошувачите треба да се сигурни на пазарот и да имаат доверба во неговото функционирање. Тоа значи дека на потрошувачите треба да им се обезбеди да ги остварат своите права кои се однесуваат на безбедноста, образование и информирање, заштита на економските интереси, навремено решавање на потрошувачките спорови и застапување на нивните интереси, како и достапност до основните стоки и услуги. Предуслов за ова е создавање систем во којшто потрошувачите се свесни за своите права и одговорности, имаат пристап до информации и совети, свесни се дека се безбедни на пазарот и дека постојат ефикасни механизми за откривање на нечесно пазарно однесување на пазарот. Тоа, исто така значи дека на потрошувачите им се достапни ефикасни средства на правна заштита, како и соодветен надомест на штета. Со оглед дека заштитата на потрошувачите е мултидисциплинарна област и е уредена со повеќе закони, правата и интересите на потрошувачите се во надлежност на повеќе министерства и државни институции. Членките на Здружението на трговијата укажаа дека компаниите од областа на трговијата можат активно да придонесат во изготвувањето на овие стратешки документи. Трговските субјекти имаат иста цел како и потрошувачите - подигнување на нивото на квалитетот на производите и услугите што ги нудат на пазарот. Поради тоа, тие интензивно ја подобруваат продажбата и вршат анализа на процесот на продажба и стекнување техники и алатки кои ќе овозможат унапредување на резултатите, креираат конкретни стратегии, применуваат концепт и организација за унапредувања на продажбата, го подобруваат квалитетот на продажниот процес на компанијата, воспоставуваат комуникација и ниво на доверба и посветеност од клиентот. Посебно внимание посветуваат на просторот во продавницата, истиот да биде оптимално снабден, обележан и уредно пополнет со квалитетни производи, се прави оптимален избор, категоризација и редење на полиците, со континуи-рани промотивни и продажни активности. Во работењето на секторот трговија големо влијание имаат и други законски регулативи, за кои членките бараат поефикасни решенија: регулирањето на прометот со прехранбените производи, работното време, разните давачки од приходот и придонесите од платите на вработените во компаниите, стручноста на државната администрација и потребата од нивна обука за сервисирање на стопанските субјекти, заштита на интелектуалните права, како и спречување на „сивата“ економија, намалување или укинување на одделни акцизни и други давачки. Лазо Ангелевски
БИЗНИС ИНФО
14
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
ПОСЕТИ Амбасадорот на Демократска Народна Република Лаос во Стопанската комора на Македонија
МАКЕДОНСКИТЕ ВРВНИ ВИНА ИНТЕРЕСНИ ЗА ДАЛЕКУИСТОЧНИОТ ПАЗАР
На 30 септември Стопанската комора на Макеодонија ја посети новоназначениот aмбасадор на Република Лаос за Република Македонија, Н.Е Пукао Помавонгса. Во негова придружба беше и вториот секретар на Амбасадата, г-дин Тонгсават Пантавонг и тие разговараа со домаќините за подобрување на економските односи меѓу двете семји. Средбата се оставари по повод превземањето на акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор од страна на претседателот на Р. Македонија, д-р Ѓорге Иванов. На средбата во Стопанската комора на Македонија се разговараше за поинтензивна соработка меѓу Република Лаос и Република Македонија. Гостите информираа дека веќе е договорено интензивирање на соработката во областа на образованието и едукацијата, а во земјава веќе се присатни првите студенти од Република Лаос. Н.Е Пукао Помавонгса напомена дека можности за соработка има особено во прехрамбената идустрија. Имено, компаниите од Република Лаос се занимаваат исклучиво со производсттво на био продукти, како што се: био кафе, чај, ориз и разни зачини и природни продукти коишто би можеле да се пласираат на македонскиот пазар. Од друга страна, пак, на пазарот во Лаос свој пласман би можеле да најдат врвните македонски вина. Можности за соработка има и во други области, при што беше споменат туризмот. Со оглед на фактот што трговската размена помеѓу двете земји е многу ниска, Наташа Стојаноска, директор на Дирекцијата за регионални комори и меѓународна соработка, предложи по повод 20 годишнината на одличната дипломатска соработка помеѓу двете земји, да се организра посебен ден на културата на Лаос во Стопанската комора на Македонија. Притоа, компаниите од оваа земја би имале можност да се претстават пред македонските бизнисмени и воедно да се оствари поголемо меѓусебно запознавање и размена на информации за можностите за унапредување на деловните односи. Сања Николова
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
БИЗНИС ИНФО
15
ПОДВЛЕЧЕНО ТРЕНИНЗИ
БИЗНИС – КОМУНИКАЦИЈАТА НИЗ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ
Сем Вакнин во Стопанската комора на Македонија
На 1 и 2 октомври 2015 година во Стопанската комора на Македонија се одржа дводневен тренинг со господинот Сем Вакнин, светски признат писател, аналитичар и консултант. Господинот Вакнин говореше на две клучни теми кои предизвикаа огромен интерес кај бизниссекторот. Првиот ден беше посветен на темата: „Како да се справите со проблематични вработени и нивното пасивно - агресивно однесување?“, а вториот ден овозможи стекнување нови искуства и знаења на тема: „Теорија и пракса од работење со странски пазари: Вештини за развој на крос-културна сензитивност“. Присутните имаа можност да слушнат бројни примери од пракса, односно од секојдневната бизнискомуникација, како и начини за справување со „проблематичните“ вработени кои ја нарушуваат тимската работа, корпоративната култура и работниот амбиент. За време на вториот ден господинот Вакнинг говореше за крос-културната сензитивност и на присутните им пренесе практични алатки кои можат да им помогнат во развивањето на професионални односи и воспоставување соработка со бизнис-ентитети кои припаѓаат на различни култури. Дводневниот тренинг беше организиран во соработка со госпоѓа Нела Јолеска, извршен директор на „EQ Exellence“, која на настанот го промовираше првиот Водич за развој на работните способности „СМАРТ ПРОФИЛ“ и најави дека специјално за учесниците на настанот ќе бидат изработени бесплатни СМАРТ профили. Симона Ристоска
16
БИЗНИС ИНФО
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
БАНКАРСТО И ОСИГУРУВАЊЕ Понуда од Алфа Банка во соработка со „ОКТА“ за корисниците на картичките American Express
СЕДУМ ОТСТО БОНУC ПРИ КУПУВАЊЕ ГОРИВО НА БЕНЗИНСКИТЕ ПУМПИ
Алфа Банка АД - Скопје за корисниците на картичките American Express нуди 7% бонус, односно поврат на средства при секое купување гориво на бензинските пумпи на „ОКТА“ АД - Скопје. Ова е нова понуда од Алфа Банка АД - Скопје и „ОКТА“ АД Скопје, во контекст на долготрајната и успешна соработка меѓу двете компании. Понудата е дел од иновативната програма „Твој Бонус” на Алфа Банка, која нуди значајни придобивки за корисниците на картичките American Express. Поточно, секоја трансакција со картичките American Express извршена на бензинските пумпи на „ОКТА“, вклучува дополнителен бонус од 4,5%, покрај веќе редовниот од 2,5%. Вкупниот поврат на средства од 7% се пресметува согласно цената на горивото, која важи во моментот на купување. На пример, ако горивото на денот на полнење е 72 денари за литар, повратот на средства што корисникот ќе го добие изнесува 5 денари за секој литар. Вкупниот износ се депонира на сметката на имателот на картичката American Express, наредниот месец. Месечниот максимален износ за кој може да се добие дополнителен бонус при купување гориво, изнесува МКД 4.000,00. - Оваа нова понуда претставува уште една придобивка од лепезата на производи и услуги кои ги нуди нашата Банка, не само во насока на исполнување на барањата и потребите на нашите клиенти, туку претставува и мал придонес во домашниот буџет на корисниците на картичката American Express. Секако, во иднина програмата „Твој Бонус” ќе овозможи уште многу вакви поволности, - изјави Димитриос Папајоану, главен извршен директор на Алфа Банка АД Скопје. (Алфа Банка)
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
БИЗНИС ИНФО
17
БАНКАРСТО И ОСИГУРУВАЊЕ ПОДВЛЕЧЕНО
СУПЕР С - НОВ НЕНАМЕНСКИ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ СО ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ
Шпаркасе Банка во рамките на своето стратешко партнерство со „Винер Лајф“ ја лансираше новата понуда
Шпаркасе Банка во рамките на своето стратешко партнерство со „Винер Лајф“ ја лансираше новата понуда за ненаменски потрошувачки кредит „Супер С“ со максимален износ до 1.200.000 денари, фиксна каматна стапка за првата година почнувајќи од 5,9% и рок на отплата до 10 години. Новитетот во оваа понуда на ненаменски потрошувачки кредит е дополнителниот осигурителен пакет од „Винер Лајф“ кој вклучува полиса за животно осигурување. -„Супер С“ кредитот е уште еден производ со кој продолжуваме да градиме долгорочен однос на соработка со граѓаните и воедно да им понудиме финансиски решенија кои ќе им овозможат и дополнителна вредност од областа на осигурувањето.Од тие причини креиравме поволна понуда која вклучува животно осигурување во соработка со „Винер Лајф“. Стратешкото партнерство со Wienna Insurance Group и поддршката од нашата матична банка Штаермеркише Шпаркасе од Грац, Р. Австрија, се голем мотив да развиваме вакви иновативни производи и услуги кои ќе вклучуваат уникатни пакет понуди од банкарскиот и осигурителниот бизнис, - изјави Викторија Јовановска, директор на секторот Управување со физички лица во Шпаркасе Банка Македонија. - „Винер Лајф“ ја интензивира својата соработка со Шпаркасе Банка Македонија со цел преку заеднички настапи и производи на граѓаните да им овозможиме услуги со повеќе поволности. Во таа насока е и создавањето на „Супер С“ кредитот којшто во пакет со животна полиса им овозможува максимален износ на кредит до 1.200.000 денари. Ваквите заеднички настапи се добри и од аспект на стимулирање на пазарот и во банкарскиот и во осигурителниот сектор и на тоа се гледа како проширување со новитети и можности за клиентот на едно место да добие цел спектар на различни финансиски услуги, - изјави Дарко Дедиќ, претседател на Управниот одбор на „Винер Лајф“. Клиентите можат да аплицираат за ненаменскиот потрошувачки кредит „Супер С“ преку експозитурите на Шпаркасе Банка Македонија, каде можат да се информираат и за полиса за животното осигурување преку „Винер Лајф“. „Супер С“ кредитот има максимален рок на отплата до 10 години и промотивен период за одобрување без провизија најдоцна до 31 декември. Шпаркасе Банка Македонија АД - Скопје дел од Шпаркасе и Ерсте Групацијата која се состои од 47 штедни банки и која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија. Воедно, таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. Шпаркасе Банка Македонија заедно со останатите банки-ќерки во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот. Штаермеркише Шпаркасе Групацијата со својата билансна сума од 14,4 билиони евра, 6.200 вработени, 500 експозитури и регионални центри и 14.000 банкомати опслужува околу 2,4 милиони клиенти во Југоисточна Европа. „Винер Лајф – Виена Иншуренс Груп“ – Скопје е осигурителната компанија за животно осигурување, основана во 2011 година, како дел од осигурителната групација Vienna Insurance Group. Vienna Insurance Group е водечка осигурителна групација во Централна и Источна Европа во која оперираат над 50 осигурителни компании со годишна премија од над 9 милијарди евра. Македонската компанија во својата деловна стратегија се придржува кон строгите и прецизни деловни принципи. Со квалитетните и конкурентски производи, „Винер Лајф“ на своите клиенти им нуди финансиска сигурност и гарантира целосна безбедност на инвестираните средства. (Шпаркасе Банка)
18
БИЗНИС ИНФО
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
БАНКАРСТО И ОСИГУРУВАЊЕ Банка со работно време 24/7, брза и ефикасна услуга и пониски провизии за македонските бизниси и граѓани
ПРОКРЕДИТ БАНКА ВОВЕДЕ НОВ КОНЦЕПТ ВО БАНКАРСТВОТО ЗОНА 24/7
ПроКредит Банка денес го претстави новиот концепт на банкарска услуга - Зона 24/7. Во бизнис-експозитурата на Банката во Автокоманда беа претставени новите автомати и функционалности според најсовремена технологија во банкарството во Европа, кои во Македонија се имплементирани за прв пат од страна на оваа германска банка. Оваа технологија нуди различни можности за уплата и исплата на готовина во денари. Денес за прв пат во Македонија беше овозможена опцијата за уплата и исплата на евра на трансакциска и штедна сметка преку автомат. ПроКредит е првата и засега единствена банка која нуди услуга со работно време 24 часа, 7 дена во неделата и располага со ваква современа технологија. - Како германска банка специјализирана за претпријатија, за прв пат во Македонија воведовме технологија која нуди значајни придобивки за клиентите: достапност на банкарската услуга 24/7, заштеда на времето кое клиентите го трошеа за извршување на услугите и пониски трошоци за провизии. Сега клиентите секоја услуга ја извршуваат за 2 минути, провизиите на автомат се 0 во секое време и самите одбираат кога ќе ја посетат банката. Услугата им е достапна насекаде низ Македонија, - изјави Емилија Спировска, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка. Амбасадорката на СР Германија во Република Македонија, д-р Кристине Алтхаузер изрази задоволство што германска банка е лидер во иновации во македонскиот банкарски систем. Таа направи паралела помеѓу Македонија и Германија. - Ова што го претставува ПроКредит денес е истото она што можам да го видам во банките во Германија. ПроКредит навистина понуди значаен напредок во банкарската технологија и услугите за клиентите. Бизнисите во Германија за работа со готовина најчесто користат автомати. 47% од плаќањата во Германија се направени безготовински, а секој втор Германец работи преку електронско банкарство. Банката засега располага со 3 типа на автомати со различни функсионалности, а во иднина најавуваат дополнителни. Најкористен е банкоматот за уплата и исплата. Зоната 24/7 најмногу ја користат бизниси кои се занимаваат со трговија - супермаркети, продавници, дрогерии, книжарници, транспортни компании, ресторани и други услужни дејности и професионалци со динамично работно време и обврски, кои сакаат да си завршат работа во банка по своето работно време или за време на викенд. До сега над 27% од трансакциите на банкоматите за уплата се направени после 16:00 часот. Од Банката велат дека овој процент постојано расте, што потврдува дека клиентите ја препознаваат придобивката од неограниченото работно време на Банката. Зоните се достапни во речиси сите експозитури на ПроКредит Банка, на 20 локации - во Скопје и Македонија. (ПроКредит Банка)
БИЗНИС ИНФО Скенирај и дознај повеќе
M
C
N IA
Што претставува сертификатот Excellent SME?
A
Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O
Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.
Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.
Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје
T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
E
20
БИЗНИС ИНФО
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
ОСТВАРУВАЊА Германската компанија „Маркарт“ официјално ја отвори својата фабрика во индустриската зона Караслари во Велес
ИНВЕСТИЦИЈА ОД 25 МИЛИОНИ ЕВРА И ВРАБОТУВАЊЕ НА 170 ЛИЦА
На свеченото отвoрање на „Маркарт“ во Велес беше извршена презентација на фабриката и капацитетот кој истата го има (7.10.2015 година). Фабриката се протега на површина од околу 15.000 метри квадратни и очекуваат од јуни односно јули 2015 година да го сертифицираат и стандардот за квалитет ISO/TS 16949 кој е исклучително значаен за автомобилската индустрија. На отворањето присуствуваа голем број претставници на Собранието и Владата на Република Македонија, претставници на локалната самоуправа, како и деловни луѓе од бизнис-секторот, меѓи кои и претседавачот на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев и потпретседателот на Стопанската комора на Македонија, м-р Јелисавета Георгиева. На настанот се обрати претседателот на Владата на РМ, Никола Груевски, кој посочи дека оваа инвестиција е исклучително значајна, како за државата, така и за Општината Велес и дека очекува оваа инвестиција да биде почеток на создавање нови фабрики во овој регион. Тој посочи дека „Маркарт“ е компанија која е една од лидерите меѓу добавувачите на автомобилски делови во светот и токму нивниот влез во Македонија ќе придонесе за подобар имиџ на земјата во поглед на овој сектор. Свое излагање имаше и сопственикот на „Маркарт“, д-р Харалд Маркарт, кој посочи
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
БИЗНИС ИНФО
21
ОСТВАРУВАЊА
дека оваа инвестиција е вредна повеќе од 35 милиони евра и е со развојна компонента во однос на вработувања. Очекувано е до крај на 2015 година да има 200 вработени, веќе во 2016 година тој број да достигне до 400 вработени лица, а пак во 2018 година тој број да се искачи на 800 лица. Во однос на одлуката да се инвестира во Македонија, господинот Маркарт истакна дека клучен фактор била добрата локација и сигурноста на владините мерки и политики. Вицепремиерот за економски прашања, м-р Владимир Пешевски посочи дека „Маркарт“ е технолошки најсофистицирана фабрика која се отвора во Македонија и со тоа се отвора можност за вработување на стручен кадар, како и споделување на нови вештини и знаења. Министерот за странски инвестиции, Веле Самак, укажа на тоа дека преговорите со „Маркарт“ започнале уште во 2008 година и после долги преговори вродила со плод инцијативата за нивно привлекување во Македонија. Славчо Чадиев, градоначалникот на Општина Велес, се надева дека ова ќе бида само почеток на влез на нови странски инвеститори во Општина Велес и дека индустриската зона ќе прерасне во зона во која голем број на велешани ќе можат да најдат работа. Фабриката „Маркарт“ постои на пазарот точно 90 години и започнала како семеен бизнис кој сега вработува повеќе од 8.800 вработени на светско ниво. Фабриката во Македонија се наоѓа во индустриската зона Караслари во Велес. М-р Снежана Камиловска
22
БИЗНИС ИНФО
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
ОСТВАРУВАЊА „Витаминка“ со позитивна, корисна и продуктивна кампања за целата публика
„ЦЕВИТАНА“ ВО НОВО РУВО ЗА ОБИЧНИТЕ СУПЕРХЕРОИ
Новиот супер херој на секојдневието ве чека зад аголот! Од сите нас, „Цевитана“ направи херои на новиот ден. Тоа е пијалакот за сите генерации! Со неодамнешното ребрендирање и со новата комуникациска стратегија, „Витаминка“ ја доближи „Цевитана“ до пошироката јавност, доловувајќи им ги на потрошувачите и низ слики супер хероите од соседството. Тие се меѓу нас, доволна е една чаша освежителна „Цевитана“. Тоа го говорат и новите видео реклами за добро познатиот бренд, преку коишто се пресликуваат и се раскажуваат херојствата на обичните луѓе, фаќајќи се во костец со предизвиците на секојдневието. Во нив, на интересен и уникатен начин, со помош на дневната доза од девет витамини, потрошувачите на „Цевитана“ полесно се справуваат со проблематичните ситуации во животот и секојдневните обврски, притоа претставувајќи се себеси како вистински супер херои. Кампањата и слоганот „За обичните супер херои“ само дополнително ја потврдија позицијата на „Цевитана“ како омилен освежителен пијалак кај сите генерации, целосно посветен на нивните желби и потреби. Новото пакување на„Цевитана“ кое е карактеристично по светлите и разиграни бои, внесе нова свежина и препознатливост во јавноста, а промената во амбалажата се појави како oчекуван резултат од развојот на компанијата и на брендот, дополнето со вербата на менаџерскиот тим во квалитетот и во потенцијалот на овој инстант витамински производ. - Покрај нашата визија и амбиција за иднината на„Цевитана“, новите времиња и новите интереси кај потрошувачите беа еден од главните предуслови за ребрендирањето, секако, приспособувајќи се кон потребите на консументите и трендовите на пазарот. Паралелно со развивањето и со позиционирањето на брендот на македонскиот пазар, „Витаминка“ вложуваше и во унапредување на технологијата, со што постојано го подобрува и квалитетот на витаминскиот пијалак. Но, и покрај иновативната промена на амбалажата, ја задржавме суштината на „Цевитана“, таа да остане и да продолжи да биде пијалак што е дел од секојдневнието на сите граѓани, - истакна Владимир Трпаноски, комерцијален директор на „Витаминка“. Оваа промена во дизајнот и изгледот на амбалажата не е прво ребрендирање на „Цевитана“. Производот низ годините помина неколку фази на трансформација што овозможија тој да се претвори во подобар, помодерен и поквалитетен пијалак. Ставањето акцент на промените што асоцираат на здравје, виталност и свежина кај оние кои секојдневно го пијат овој производ, во минатото, а и сега, се покажа како позитивна, корисна и продуктивна кампања за целата публика. „Цевитана“ е добитник на наградата „Супербренд“ и со својот квалитет претставува еден од најпознатите македонски производи присутен во секојдневието на граѓаните, снабдувајќи ги со потребната доза на витамини во текот на целиот ден. И вие сте дел од тимот на обичните супер херои. Знаете, ви треба само една чаша „Цевитана“! („Витаминка“)
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
БИЗНИС ИНФО
23
ОСТВАРУВАЊА
„MARLBORO FLAVOR PLUS“ ПРОИЗВЕДЕН ВО МАКЕДОНИЈА
Партнерството помеѓу „Филип Морис“ и Тутунски комбинат - Прилеп го донесува познатиот бренд
Компанијата формирана како стратешко партнерство меѓу „Philip Morris International“ и Тутунски комбинат АД - Прилеп продолжува да носи новости на македонскиот тутунски пазар. Неколку месеци по успешното поставување на новите машини во Тутунски комбинат – Прилеп (ТКП), заедничката компанија „Филип Морис ТКП“ започна со производство на една од најновите понуди на светски познатиот бренд „Марлборо“ во Македонија. „Marlboro Flavor Plus“ е уникатна и иновативна понуда, како во поглед на производот, така и во дизајнот на пакувањето, што е произведена во Македонија во постојните капацитети на ТКП кои беа дополнително зајакнати и модернизирани со поддршка на стратешкиот партнер „Philip Morris International“. Во текот на изминатата година, партнерите започнаа со соработка, модернизација и размена на најдобри практики, со цел да обезбедат одржлив комерцијален успех. - Конечно започнавме со производство на „Marlboro Flavor Plus“ во Македонија. Ова е една од најиновативните понуди од нашиот премиум бренд. Долгоочекуваното производство на „Марлборо“ во Македонија ја покажува нашата верба во партнерството и дека тоа се движи во правилна насока. Истовремено, ја претставуваме на пазарот нашата прва понуда на тенки цигари: „FineTouch XL“, кои се увезени од една од врвните светски фабрики на „Philip Morris International“. Двете нови понуди се иновации во поглед на нивното уникатно пакување и карактеристики на производот. Со ова, ние им нудиме производи од светска класа на возрасните пушачи во Македонија, - изјави генералниот менаџер на ПМТКП, Емре Козлу. Според генералниот менаџер на Тутунски комбинат - Прилеп, Александар Дерменџиев, производството и лансирањето на „Marlboro Flavor Plusе“ е многу важен чекор за фабриката во Прилеп, проследено со производството на уште еден интернационален бренд на „Philip Morris International“, „BondStreet“. - Модернизацијата на Фабриката беше клучна за новите потфати. Значително го подобривме квалитетот и ефикасноста на производството. Оваа иницијатива е голем чекор за ТКП, но и голем чекор за Македонија, - додаде Дерменџиев. „Marlboro Flavor Plusе“ е иновативен производ, кој содржи 3-зонски филтер со тутунски дел. Пакувањето на производот има подобрена заштита со неговиот патентиран систем за отворање и е меко на допир. Достапно е на пазарот по цена од 130 денари. Од друга страна, „Marlboro FineTouch XL“ е првата тенка цигара понудена од „Марлборо“ во Македонија, дизајнирана да има послаб мирис поради нејзиниот уникатен микс, а со цена во малопродажба од 90 денари. За само една година постоење, заедничката компанија „Филип Морис ТКП“ направи значителни чекори во менувањето на тутунската индустрија во Македонија. Производство на неколку интернационални брендови во Македонија, влезот на висококвалитетни светски брендови, како „Честерфилд“, реструктуирање на Фабриката и модернизацијата со партнерот ТКП се само неколку од успесите кои вреди да се споменат од изминатиот период. (ТКП)
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL
ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL
ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:
Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-
Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!
Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот. Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој метод на обука, која вклучува микс од техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависност од Вашата потреба. Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и светски компании. Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас. Предавач: Љупчо Георгиев, директор на „Густав Кезер Тренинг Интернационал Македонија“, лиценциран тренер со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи.
Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија.
Уписите за обуката се во тек.
Сите учесниците добиваат: • материјали за работа • мемориски картици • ЦД и дополнителна литература • консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6 месеци • интернационално признат Сертификат од Густав Кезер Тренинг Интернационал и Сертификат од Бизнис Центар за Тренинг и Обука • контролен ден
За подетални информации контактирајте со нас: Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk
26
БИЗНИС ИНФО
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Kомплетна обука согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија
„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“ Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со менаџментот и организацијата на човечките ресурси во компаниите. Истата содржи 80 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Програмата започнува со општ вовед во менаџментот на човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти на струката потребни за стекнување менаџерски вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за Програмата „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ кој е признат од Министерството за образование и наука. ТРЕНЕРИ: Доц. д-р Љупчо Ефтимов Доцент на Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на прв и втор циклус студии одржува настава по предметите Менаџмент на човечки ресурси, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на перформанси. Од 2013 година ја извршува функцијата раководител на студиската програма од втор циклус студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси. Член е на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Член е на Комитетот за човечки ресурси при Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Р. Македонија. Член е на Техничкиот комитетот за менаџмент на човечки ресурси при Институтот за стандардизација на Р. Македонија. М-р Драгана Томиќ Пилиповиќ Професионален консултант, основач и претседател на Центарот за општествено одговорно претприемништво (ЦООП) - Белград, а во текот на својата кариера работела на следните позиции: - заменик-претседател на Секторот за човечки ресурси и обучувач во AIESEC, Економски факултет – Белград; - консултант во областа на тренинг и менаџмент на човечки ресурси во „Срма Консалтинг“ – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во Ерсте Банка – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во „ФармаСвисс“ ДОО - Белград. Д-р Зоран Михајлоски Во текот на својата богата кариера д-р Зоран Михајлоски бил судија во Апелациониот суд во Скопје, во специјализираниот оддел за работни спорови од 2002 година, претседател на специјализираниот оддел за работни спорови на Апелациониот суд - Скопје, едукатор во Правната школа на постојни судии од Европската унија во Барселона, Шпанија, од областа на
националните работни законодавства, постојан предавач на постдипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и вонреден професор на Факултетот за правни науки при Универзитетот „Американ Колеџ“ - Скопје. Автор на повеќе научни и стручни трудови од областа на трудовото и деловното право.
Дополнителни информации: • Предавањата се распоредени во 10 тренинг дена (вкупно 80 школски часа) и се одржуваат два до три пати неделно. • Обуката започнува во периодот април – мај 2015 година. • Број на учесници во група: 10 – 20 учесници. • Во зависност од тематската целина предавањата се одржуваат на македонски или на српски јазик. • Сите учесници добиваат потврда за присуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија. • Услов за да се стекне Сертификатот за „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит. Котизација за учество: - 27.900 денари за 1 учесник; - 10% попуст за втор учесник од иста компанија и - 15% попуст за трет и секој следен учесник од иста компанија, невработени лица и студенти. Учесниците добиваат: - Материјали; - Освежување и - Сертификат.
Контакт: Симона Ристоска +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
БИЗНИС-СРЕДБИ НА САЕМОТ „АНУГА“ ВО КЕЛН
На 13 и 14 октомври 2015 година во СР Германија
Бизнис-средбите на „Ануга 2015“ се уникатна платформа за споделување на иновативни технологии, иницира прекугранична соработка и нови деловни партнери. Учесниците може да побараат претходно договорени состаноци еден-на-еден, според нивните интереси за соработка. На овој начин, можете да направите подобра организација на вашето време на Саемот „Ануга“. Бизнис-средбите ќе се одвиваат во уникатен амбиент во германското Сојузно министерство за храна и земјоделство. „Ануга“ не е само најголемиот саем за храна и пијалаци во светот; тоа е, исто така, секторски најважниот саем за нови пазари и целни групи. Главни теми: „Ануга“ ги поздравува претставници од сите сектори на трговијата и производството на храна и прехранбената индустрија https://www.b2match.eu/anuga2015
Како тоа функционира? 1.Регистрирајте се и објавете го вашиот профил за соработка. 2.Разгледајте ја листата на учесниците и одберете за кои компании сте заинтересирани. 3.Една недела пред настанот ќе го добиете вашиот личен распоред за бизнис-средби.
Зошто да учествувате? • Можете да ги одберете потенцијалните деловни партнери - и ќе се организираат состаноци за вас! • Можете да го изберете вашиот состанок пред да тргнете на пат
Вашиот избор се базира на прецизен профил на компанијата. • Имате поддршка пред, за време и по настанот, на пример, од помош да се формулира профилот, до информативна соработка или поддршка на вашиот состанок. Учеството на средбите е бесплатно. Влезницата за Саемот не е вклучена. Ве молиме да ја купите вашата влезница преку саемскиот веб-сајт: http:// www.anuga.com/anuga/for-visitors/Admission-ticket/index.php. Рокови: - 20 септември 2015 година - регистрација и поднесување на профили за соработка; - 5 октомври 2015 година - електронски избор на бизнис-состаноци; - 9 октомври 2015 година - финална испорака на распоредот на состаноци; - 13 и 14 октомври 2015 година - билатерални средби. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
28
БИЗНИС ИНФО
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
14.10.2015 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Oбука: БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ
„Благајничко работење, благајнички извештај - задолжителна деловна книга, пресметка на дневници за службени патувања и даночна регулатива“
ПРВ ДЕЛ - Готовинско благајничко работење - Готовинско благајничко работење (подигање, плаќање, наплата и исплата во готови пари); - Утврдување на благајнички максимум и одлука за благајнички максимум; - Главна, помошна и девизна благајна; - Денарска благајна за материјални и патни трошоци: - Прием на готовински пари во благајна – каса прими; - Исплата на готовински пари од благајна – каса исплати; - Врз основа на кои законски документи и до кој износ се врши готовинска исплата од благајна; Благајна за дневен промет: - Врз основа на кои документи се прави прием на готовински пари од дневен промет; - Во кој законски рок готовинскиот дневен промет се уплатува на трансакциска сметка во деловните банки; Девизна благајна: - Врз основа на кои документи се врши откуп и подигање на девизи; - За кои трошоци се наменети девизните средства; - Прием и исплата на готови девизи. ВТОР ДЕЛ - Благајнички извештај - задолжителна деловна книга - Благајнички извештај за материјални и патни трошоци; - Благајнички извештај за дневен промет; - Девизен благајнички извештај - двојна евиденција во девизи и во денарска противвредност. ТРЕТ ДЕЛ - Пресметка на дневници за службени патувања во странство во 2015 година - Дневници за службени патувања; - Утврдување на висината на дневниците за службени патувања во земјата; - Право на дневници за службени патувања во странство; - Последните измени на Уредбата за дневници за службени патувања во странство, се враќаат старите правила кои важеа до 21.6.2010 година; - Уредба за службено патување и селидби во странство; - Решение и налог за службено патување; - Патен налог за службено патување во меѓународен транспорт; - Издатоци за сместување, исхрана, превоз и друго за службени патувања во странство;
- Трошоци за службени патувања во меѓународен транспорт; - Износ на дневница за исплата; - Утврдување на бројот и висината на дневниците; - Пресметка на трошоците искажани во странска валута. ЧЕТВРТ ДЕЛ - Благајничкото работење во однос на даночните регулативи во РМ - Закон за даночна постапка; - Закон за ДДВ; - Закон за персонален данок на доход; - Закон за данок на добивка. ПЕТТИ ДЕЛ - Практични примери за пресметка на дневници и трошоци за службени патувања во странство; - Практични примери за пресметка на дневници и трошоци за службени патувања во земјата. Предавачки: - м-р Симонида Георгиевска, косопственик и раководител на Секторот за финансиски и сметководствени работи во Друштвото за даночен консалтинг „КАУНТ“ ДООЕЛ - Скопје, со 17годишно работно искуство во областа на даночниот менаџмент и деловното планирање. - м-р Билјана Патлиџанковска, раководител на Секторот за организациски работи во Друштвото за даночен консалтинг „КАУНТ“ ДООЕЛ – Скопје, со 15-годишно работно искуство во областа на административното и благајничкото работење. Учесниците на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ISTANBUL FASHION CONFERENCE & IAF WORLD FASHION CONGRESS
На 14 и 15.10.2015 во Република Турција
Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за економија на Република Турција, организира посета на 8. Istanbul Fashion Conference & 31.IAF World Fashion Congress во Истанбул, Турција. Саемската манифестација е организирана од страна на IAF - International Apparel Federation, каде претставниците ќе може да ги споделат искуствата со најголемите светски брендови. Станува збор за еден од поголемите меѓународни саемски манифестации од овој тип на специјализирани дејности на којашто ќе земат учество голем број на реномирани компании од преку 40 земји од средна Азија, од Балканот, Блискиот Исток, од Северна Африка. Саемот се организира во рамките на купувачките мисии, во кои можат да учествуваат фирми заинтересирани за увоз на производи од Турција, под услов во изминатиот период да не учествувале на ваков настан. Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници и потенцијални партнери на голем број разновидни производи. За компаниите посетители на овој Саем обезбедени се: • бесплатно хотелско сместување, за еден претставник од компанија; • бесплатен трансфер од аеродром до хотел и обратно; • бесплатен локален трансфер; • организирани деловни средби и посета на компании, потенцијални партнери и • бесплатни влезници за Саемот. За повеќе информации: http://www.istanbulmodakonferansi.com/en/. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сашо Деспотоски Тел: ++ 389 2 3244089 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: saso@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
БИЗНИС ИНФО
Обука на градежните работници за енергетска ефикасност UP Skills BEET - Builders’ Energy Efficiency Training
четврток, 08 октомври 2015, Бр. BUILD 238
31
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Во рамките на ЕУ-иницијативата BUILD UP Skills (http://www.buildupskills.eu), која има за цел подобрување на квалификациите и вештините на европските градежни работници за постигнување на зголемена енергетска ефикасност на објекти, во Македонија во тек е реализација и имплементација на втората фаза на проектот „BUILD UP Skills – Builders’ Energy Efficiency Training (BEET)”. Иницијативата е фокусирана на континуирано неформално образование за различни занимања вклучени за изградбата на објекти. Целта на Проектот е реализација на тренинг-програми за развој и унапредување на вештини на работниците од градежниот сектор за постигнување на зголемена енергетска ефикасност во објекти, за 5 (пет) занимања кои во Патоказот (http://www.buildupskills.mk/images/Publikacii/Roadmap/EN_Roadmap_BUS-MK.pdf ) се дефинирани како приоритетни. Како дел од проектните активности, Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност(BUILD UP Skills – BEET)”, организира
ПРЕПОЗНАВАЊЕ (ВЕРИФИКАЦИЈА) на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност на градежните работници и објавува
ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
на кандидати за препознавање на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност за следните занимања: фасадери, кровопокривачи, столари, инсталатери на греење, ладење и вентилација и инсталатери на електрични инсталации I.Предмет на повикот Предмет на повикот е пријавување на кандидати кои поседуваат знаења и вештини стекнати со неформални обуки и/или работно искуство во градежни претпријатија. Во рамките на повикот ќе бидат препознаени знаења и вештини за следните занимања на градежни работници: 1. фасадери со вештини за енергетска ефикасност на згради; 2. кровопокривачи со вештини за енергетска ефикасност на згради; 3. столари со вештини за енергетска ефикасност на згради; 4. инсталатери за греење, ладење и вентилација со вештини за енергетска ефикасност и 5. инсталатери на енергетски ефикасни електрични инсталации.
IV.Резултати/придобивки од обуките 1.Вид на сертификат Со успешно завршување на постапката на препознавање на вештините, кандидатите ќе се стекнат со Сертификат за поседување на знаења и вештини за енергетска ефикасност, кој се однесува на определеното занимање. 2.Важност на сертификатите: • сертификатите ќе ги издава Сертификационото тело во рамките на Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност (BUILD UP Skills – BEET)”; • сертификатите ќе имаат важност во рамки на самиот Проект во Македонија, Хрватска и Словенија, како земји-учеснички во иста работна група од BUILD UP Skills иницијативата; • дополнително, сертификатите ќе бидат препорачани од страна на Проектот за отпочнување на процедура за нивна верификација од Центарот за образование на возрасните. 3.Стекнати компетенции Сертифицираните работници, по добивањето сертификат, ќе можат да аплицираат на тендери каде се барат работници со вештини за ЕЕ. V.Постапка на пријавување 1. Пријавувањето на кандидатите се врши електронски на еден од следните начини: • Доставување на документите во електронска форма на е-маил адреса: • За фасадери, е-маил: fasaderi@beet.mk, Контакт лица: Ивона Каранфиловска, тел: 02/3244-084, Симона Ристоска, тел: 02/3244-067 • За кровопокривачи, е-маил: е-маил: krov@beet.mk, Контакт адреса: ЦеПроСАРД, ул.Орце Николов 172, Скопје,тел: 02/3061-391 • За столари, е-маил: stolari@beet.mk, Контакт адреса: Факултет за бизнис економија, бул. 3та Македонска бригада 66А/1кат, Скопје Контакт лице: Слаѓана Стојановска, тел:02/2402-161, Љупчо Вангелски, тел: 02/2402-170 • За инсталатери за греење и климатизација, е-маил: hvac@beet.mk, Контакт лице: Даниела Тошевска, тел: 02/3216-903 • За инсталатери на енергетски ефикасни електрични инсталации, е-маил: elektro@beet.mk Контакт лице: Лихнида Стојановска-Георгиевска, тел 02/3099-174
Напомена: • Доставување на документи до сертифицираните тренери и акредитирани за одредени • Еден кандидат може да се пријави за препознавање на знаењата и вештини за ЕЕ за региони во Република Македонија, или едно или повеќе занимања од горе наведените. • Доставување на документите во печатена форма во Стопанската комора на Македонија, • Одборот за сертификација при Проектот Build Up Skillls BEET одлучува за издавањето на ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје. сертификат за поседување на знаења и вештини за ЕЕ. Постапката на препознавање целосно е финансирана од Проектот BUILD UP Skills – 2. Потребна документација: BEET. • пополнет ПРИЈАВЕН ЛИСТ; • копија од диплома за завршено образование; II.Услови за пријавување • сертификати од обуки во неформалното образование (институции и приватни 1.Кандидатите треба да имаат завршено: установи што организираат обуки за ЕЕ); •основно или средно образование, или • доказ за работно искуство во струката. Како доказ за работно искуство може •постсредно образование, т.е. мајсторски испит со V-Б степен на квалификации или да се приложи заверена референтна листа, потврда од работодавач за ангажманот на •четиригодишно средно техничко образование со IV степен на квалификации или кандитатот со податоци за работната позиција и времетраењето. •тригодишно средно стручно образование со III степен на квалификации. 2.Работно искуство: • најмалку 5 (пет) години во струката односно занимањето за кое се бара сертификат, од кои • најмалку 2 (две) години во спроведување на мерки за енергетска ефикасност. III.Процес на препознавање на вештините Секој кандидат поднесува апликација за препознавање на претходното знаење и вештини за енергетска ефикасност, заедно со докази за работно искуство и стекнати квалификации. Поднесените апликации ги разгледува и оценува испитна комисија, составена од сертифицирани тренери (обучени во рамки на проектот). Во рамките на процесот на препознавање, доколку поднесените докази за компетентност се недовоолни, кандидатите може да бидат повикани на интервју и/или проверка на знаењата и вештините.
Партнери на Проектот:
3. Повикот за пријавување е отворен до 30 октомври 2015 година. За повеќе информации обратете се во Стопанската комора на Македонија, ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје.
Контакт лица: Ивона Каранфиловска Телефон: +389 2 324 4084 Е-адреса:: ivona@mchamber.mk Симона Ристоска Телефон: +389 2 3244 067 Е-адреса: simona@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
32
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Бизнис-средби на 15 и 16 октомври 2015 година во Република Турција
„MATCH4IN
Четвртото издание на „Match4Industry“ за бизнис-поврзување ќе се организира на 15 и 16 октомври 2015 година и ќе се одржи во TOSB - Индустрискиот парк за автомобилски добавувачи во Кочаели, Република Турција. „Match4Industry“ настанот ќе биде организиран од страна на ABİGEM Исток Мармара и Комората за индустрија на Кочаели, во тесна соработка со Enterprise Europe Network - Луксембург, Стопанската комора на Големото Војводство Луксембург и многу други организации за професионална поддршка на бизнисот од Европа, Турција и пошироко. „Match4Industry“ е дел од “Бизнис на лице место”, уникатен концепт на бизнис-настани кои се организираат во посебна индустриска зона. Овој концепт е предвиден од страна на организаторите со цел олеснување на успешните преговори со истакнување на предноста на инфраструктурата и деловните активности во индустриската зона. Ова обезбедува цел спектар на услуги за развој на бизнисот со додадена вредност, со цел да се задоволат потребите за глобализација на компаниите. Покрај наведените билатерални средби што ќе се организираат во индустрискиот парк, предвидени се посети на компании, што ќе им бидат понудени на учесниците како изборна програма. Ова ќе помогне за оценување на бизнис-климата во регионот и за финализирање на преговорите. На настанот ќе бидат застапени следните сектори: § автомобилска индустрија; § метална и машинска индустрија; § пластика и гума; § хемиска индустрија (автомобилски бои и лакови); § градежништво и градежни материјали; § енергија; § животна средина; § електроника; § информатички и комуникациски технологии; § женско претприемништво и др. Котизација: 80 евра по учесник.
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
БИЗНИС ИНФО
33
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
NDUSTRY“ ВО КОЧАЕЛИ Партиципацијата вклучува: - организирани деловни состаноци; - помош пред, за време и по настанот; - локален трансфер; - превод – од англиски на турски, од турски на англиски јазик; - ручеци, освежување и вечера за добредојде. Трошоците за сместување (2 ноќевања во хотел со 5 ѕвезди) ќе бидат финансирани од Министерството за економија на Република Турција. Краен рок за пријавување: 30 септември 2015 година.
Подетални информации можат да се добијат на вебстраната: www.een-matchmaking.com/m4i2015 Контакт: Лазо Ангелевски Тел: (02) 3244090 laze@mchamber.mk
34
БИЗНИС ИНФО
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
15-16 октомври 2015 година 9:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Дводневна практична обука: СТАНДАРДИ „УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИТЕ И СИСТЕМ МЕНАЏМЕНТИТЕ ОД АСПЕКТ НА ПРИМЕНА НА СТАНДАРДИТЕ ISO 9001:2015; ISO14001:2014; OHSAS 18001; ISO/CD 45001; ISO 31000 и ISO/IEC 31010“
ПРОГРАМА 16 октомври 2015 година Нов ISO концепт - Anex SL Најзначајни измени: • Организационен контекст; • Заинтересирана страна; • Документирани информации; • Управување со процесите; • Ризици ISO 9001; • Outsourse процеси и набавки. Ризици на систем менаџментот - CIA: • ISO 9001:2015 - ризик врзан за контекстот на организацијата; • Анализа на ризикот - барање на населението во врска со ISO 14001:2015; • ISO 27001:2013 - ризици поврзани со безбедност на информации.
• Цели на управување со ризикот. Моделирање и анализа на ризикот: • Идентификација на опасностите, ранливоста и можностите на ризикот; • Методи за идентификација на ризикот. Вежба 1 – Студија на случај: Идентификација на ризикот Вежба 2 – Студија на случај: Примена на избраната метода за проценка на ризикот Предавач: Игор Чика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. • Траење на обуката и начин на работа - Обуката трае два дена од 9:00 – 15:00 часот. - PowerPoint презентација, студија на случај, работилница со вежби и охрабрување на учесниците за конверзација и поставување прашања. Аплицирај електронски / on-line
Вештини за ефикасна проценка на ризикот и начин на одбирање на најпогодна техника: • ISO 31000 Менаџмент на ризик – Принципи и упатства. 17 октомври 2015 година Основни поими поврзани за ризик и разбирање на потребите: • Основни поими и дефиниции за анализа на ризикот и управување со ризикот; • Значење на организацијата за воспоставување процес за управување со ризиците; • Фази на управување со ризикот;
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
БИЗНИС ИНФО
35
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Едукација: АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ ВО СОРАБОТКА СО ГУСТАВ КЕЗЕР ТРЕНИНГ ИНТЕРНАЦИОНАЛ - ВТОРА ГЕНЕРАЦИЈА – Стопанска комора на Македонија Ве поканува да бидете дел од втората генерација на Академијата за продажни вештини во соработка со Густав Кезер Тренинг Интернационал! Методологијата по која се реализира Академијата за продажни вештини е усовршувана во текот на 50 години постоење на Густав Кезер Тренинг Интернационал и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10.000 европски и светски компании. Програмата опфаќа комбинација на три клучни аспекти: техника, став и влијание, кои овозможуваат да се постигнат натпросечни резултати во комуникацијата со останатите. Вистинскиот пристап кон работата и обврските, со влијанието кое како поединци го остваруваме за нашето опкружување, е онаа компонента која ги издвојува успешните луѓе од останатите и истите се спремни да ја насочат својата компанија во правец кој ќе и донесе најдобри резултати.
Што содржи тренингот? - Важноста на пристапот; - Поттикнувачи на објективно и успешно ориентираното дејствување; - Преговарање, способноста за убедување на другите; - Комуникациски техники; - Конфликтите како можност; - Ефикасно управување со времето и - Предуслови за свесен однос спрема времето.
*Првата средба на групата ќе се одржи на 20.10.2015 година, пријавете се што побрзо!
Академијата за продажни вештини содржи 5 тренинг дена распоредени во временски период од три до четири месеци (помеѓу секој тренинг ден постои пауза од три недели) и контролен ден кој се одржува по два месеци од последниот тренинг ден. Паузите помеѓу деновите на обуката се планирани со цел учесниците на своето работно место да го имплементираат наученото и во тој временски период да ги користат услугите на консултантот. Со наредниот тренинг ден од обуката се засилуваат ставовите во врска со предавањата, се вршат модификации на наученото согласно реалните услови на работа на учесниците, а во континуитет се следат фактичките постигнувања и се мери резултатот на учиноците пред и потоа. Академијата започнува во октомври 2015 година. Точните датуми на одржување на тренинг деновите се определуваат заедно со учесниците и тренерот на првата средба која ќе се одржи на 20.10.2015 година. Коментари од учесниците на првата Академија за продажни вештини: „Многу сум позитивно изненадена од содржините и активностите на Академијата. Од сите досегашни обуки добиени од различни институции, оваа обука веќе ја спроведувам во пракса со одлични перформанси и резултати.“ - Христина Чочкова, АДРИАМЕД „Академијата ги надмина моите очекувања. Се што беше презентирано беше со добра основа, реално отсликување на секојдневите потешкотии предизвикани од неправилно поставени продажни вештини, за на крај да се заврши со поука како сето тоа да се исправи и подобри во иднина.“- Соња Николовска, Макпетрол АД „Прекрасни, спремни презентации од страна на тренерот, многу добра организација, позитивна енергија.“ – Викторија Смичковска, Транслог ДООЕЛ Аплицирај електронски / on-line Контакт: Симона Ристоска Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: simona@mchamber.mk
36
БИЗНИС ИНФО
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
На 21 и 22 октомври во Гетеборг
КОМПАНИСКА МИСИЈА - ИКТ КОМПАНИИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА НА СРЕДБИ СО ИКТ КОМПАНИИ ОД ШВЕДСКА
Enterprise Europe Network Македонија и Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија се ко-организатор на компаниската мисија во Шведска, која ќе се фокусира на соработката помеѓу ИКТ компаниите од Југоисточна Европа и од Шведска. Во западниот дел од Шведска постои силен ИКТ сектор, со компании што се занимаваат првенствено на вградени системи, електроника, инфраструктура / облак, визуелизација, игри и мобилна технологија/. Организатори на настанот се Бизнис округот Гетеборг, во соработка со Инвест Македонија, Амбасадата на Република Бугарија и Српско-шведскиот бизнис совет. Во текот на оваа мисија, Enterprise Europe Network ќе организира средби за компаниите кои учествуваат. Ова ќе биде коорганизирана од ЕЕН партнери од Шведска, Македонија, Бугарија и Србија. Целта на мисијата е да се промовира соработка и партнерство меѓу компаниите кои учествуваат. Настанот ќе се фокусира на следните партнерства: - Трансфер на технологија - Партнерства во проекти - Подизведување / аутсорсинг - Дистрибуција и - Истражување
Бизнис средбите ќе се одржат на 21 октомври, 2015 година, од 13,00-16,00 часот, во Бизнис центар во Гетеборг. Учеството е бесплатно На 22 октомври ќе се одржи Семинар – Софвер ден за ИКТ соработка на компаниите од Југоисточна Европа со ИКТ компаниите од Шведска. На бизнис средбите и на семинарот ќе можете да се запознаете со нови партнери и да се информирате за најновите случувања во ИКТ секторите во Шведска, Бугарија, Србија и Македонија. Компании од ИКТ секторите од овие земји ќе уќествуваат на средбите и на семинарот. Искористете ја можноста за да ја проширите Вашата меѓународна мрежа, да истажите нови идеи, развивајте ги економските и проектните потенцијали преку учеството на овие средби и на семинарот http://softwareday.lindholmen.se/en . Контакт Лазо Ангелевски laze@mchamber.mk
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
БИЗНИС ИНФО
37
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
РЕГИОНАЛНИОТ САЕМ ЗА ИНОВАЦИИ ВО АРАД Регионалниот саем за иновации што ќе се одржи на 21 октомври 2015 година, во Арад, Романија, има за цел промовирање на иновативни технологии и решенија, реализирање бизниссредби со истражувачи-професионалци, размена на искуства и можна соработка со компании од Романија и од цела Европа. https://www.b2match.eu/innomatch2015. Бизнис-средбите ќе обезбедат за да воспоставите прекугранична соработка во областа на ИКТ, автомобилската индустрија, трговијата и земјоделскиот сектор, кои ќе ви дадат лесен пристап до компании, корпорации, истражувачи и иноватори. Исто така, ќе бидете во можност да го посетите Регионалниот саем на иновации и да присуствувате на Регионалниот натпревар за награди за инвативност. Учеството е бесплатно. Фокус: • се изложуваат иновации за екосистеми на меѓународно ниво; • бизнис-средби меѓу романски и европски иноватори од областа на ИКТ, земјоделството и автомобилската индустрија ; • меѓународна соработка и вмрежување, со 30 минутни деловни средби; • промовирање на истражување и развој на понуди за компании. Билатерални средби: • дали сте во потрага по нови клиенти, партнери или пронаоѓачи за вашата компанија? • дали сте во потрага по нови потенцијални партнери за развој на бизнисот и истражувачки проекти? • или можеби само сакате да ја зајакнете својата иновативност? • деловните средби се идеална можност за нови деловни контакти. Главни теми: • Информациски и комуникациски технологии • Софтверски апликации, производи и услуги, софтверски инженеринг, интероперабилност, ИТ-безбедност, вградени системи, интернет на нештата (IoT), мобилност, консултантски услуги, аутсорсинг, услуги, ИТ-апликации за процесите на производство, енергетска ефикасност, бизнис-перформанси, транспорт и логистика; финансиски услуги, телекомуникации, трговија на мало, здравството и телемедицина, и др. • Автомобилска индустрија
•
• •
На 21 октомври 2015 година бизнис-средби во Романија
Методи на производство, производи и компоненти, материјали, суровини и полуготови производи, дизајн и развој, „зелени“ возила, одржливи згради, машини и електротехника, индустриска автоматизација и софтвер, контрола и мерење, индустриска електроника, електрична мобилност и опрема, роботиката, организации и услуги. Производство и трговија со храна Иновативни решенија за подобрување на перформансите во земјоделството, генетиката и помош за размножување и поддршка (култури и добиток), раси, семиња, заштита, технологии, жетва, природни екстракти, биопроизводи, технологии за прехранбената индустрија, одржлива преработка на храна, исхраната и здравјето, прехранбени производи и гастрономија.
* На барање на компаниите, може да се договорат билатерални средби и во другите сектори, со претходна најава, најдоцна 4 недели пред настанот. Зошто да учествувате? • Да ги покажете своите најповолни проекти, производи или know-how; • да воспоставите прекугранични контакти и соработка; • да реализирате бизнис-средби со потенцијални бизниспартнери на претходно закажани состаноци; • да најдете нови комерцијални, технолошки, истражувачки партнери; • да се запознаете со играчите за нови истражувања и развој; • да добиете информации за нови истражувања и бизнистрендови; • да ги презентирате вашите нови проекти. Како тоа функционира? • Да се регистрирате и да ги објавите своите желби за соработка; • потоа, да ги видите учесниците и да ги посочите компаниите за кои сте заинтересирани и • една недела пред настанот ќе го добиете вашиот распоред за бизнис-средби. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
38
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Конференција На 22 и 23 октомври 2015 година, во хотел „Мона“, на Златибор во Република Србија
„КОН ОДРЖЛИВ ТРАНСПОРТ 2015“
Конференцијата ја организираат Стопанската комора на Македонија во соработка со Intico doo. и Агенцијата TransportLog од Република Србија. Oваа година се очекува присуство на повеќе од 200 учесници од регионот. Темите опфатени на овогодинешната конференција се: • Примената на информатичките системи во транспортот и логистиката; • Трендови во развојот на патниот транспорт; • Организирање на работното време на возачите; • Дистрибуција на стоки; • Релокација на транспортните и логистички процеси во бизнис-системите (аутсорсинг во дистрибуција на стоки; аутсорсинг активности за возни патркови); • Процесот на јавни набавки во транспортот и логистика; набавки и аутсорсинг; • Управување со возен парк; • Управување со трошоците во превозот; • Тркалезна маса: Решавање на постојните проблеми во транспортот, логистиката и возните паркови.
Пријавување до 13.10.2015 година .
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Osnovana 1922
Founded 1922
БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија
Уписите се во тек!
БИЗНИС ИНФО
40
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 28 и 29 октомври 2015 година во Скопје, Република Македонија Од 11 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
БИЗНИС-ДЕЛЕГАЦИЈА ОД СРБИЈА ВО ПОСЕТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
Официјалната посета на бизнис-делегацијата е во насока на натамошно градење односи на економска поврзаност и кооперативност, врз основа на географската близина и комплементарноста на стопанствата со цел продлабочување на досегашната соработка. Во работната програма на планираната посета, ќе биде ставен акцент на разгледување на можностите за унапредување на трговската соработка и интензивирање на партнерските релации во областа на текстилната и кожарската индустрија, како и комплементарните индустриски гранки. На деловните средби српските и македонските компании ќе имаат можност: - да стапат во директен контакт со потенцијални партнери и да склучат нови партнерства и нови форми на соработка; - да разменат сопствени знаења и искуства од досегашната работа во индустријата на домашниот и на странскиот пазар. Бизнис-делегацијата од Р. Србија ќе престојува во Македонија и на 29 октомври 2015 година, при што би можело да се организира и директна посета, доколку некоја од заинтересираните македонски компании не е во можност да присуствува на деловните средбите закажани за 28 октомври 2015 година, во Стопанскат комора на Македонија. Македонските компании кои сакаат да учествуваат на деловните средби, своето учество можат да го пријават најдоцна до 26 октомври 2015 година (понеделник), за да можат да се обезбедат соодветни партнери. Ве молиме, за Вашиот интерес да не` информирате преку пополнување на пријавниот лист кој може да се превземе од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk Контакт: Сашо Деспотоски Тел: ++ 389 2 3244089 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: saso@mchamber.mk
41
БИЗНИС ИНФО
Обука на градежните работници за енергетска ефикасност 41 BUILD UP Skills BEET - Builders’ Energy Efficiency Training четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Во рамките на ЕУ-иницијативата BUILD UP Skills (http://www.buildupskills.eu), која има за цел подобрување на квалификациите и вештините на европските градежни работници за постигнување на зголемена енергетска ефикасност на објекти, во Македонија во тек е реализација и имплементација на втората фаза на проектот „BUILD UP Skills – Builders’ Energy Efficiency Training (BEET)”. Иницијативата е фокусирана на континуирано неформално образование за различни занимања вклучени за изградбата на објекти. Целта на Проектот е реализација на тренинг-програми за развој и унапредување на вештини на работниците од градежниот сектор за постигнување на зголемена енергетска ефикасност во објекти, за 5 (пет) занимања кои во Патоказот (http://www.buildupskills.mk/images/Publikacii/Roadmap/EN_Roadmap_BUS-MK.pdf ) се дефинирани како приоритетни. Како дел од проектните активности, Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност(BUILD UP Skills – BEET)”, организира
ПРЕПОЗНАВАЊЕ (ВЕРИФИКАЦИЈА) на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност на градежните работници и објавува
ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
на кандидати за препознавање на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност за следните занимања: фасадери, кровопокривачи, столари, инсталатери на греење, ладење и вентилација и инсталатери на електрични инсталации I.Предмет на повикот Предмет на повикот е пријавување на кандидати кои поседуваат знаења и вештини стекнати со неформални обуки и/или работно искуство во градежни претпријатија. Во рамките на повикот ќе бидат препознаени знаења и вештини за следните занимања на градежни работници: 1. фасадери со вештини за енергетска ефикасност на згради; 2. кровопокривачи со вештини за енергетска ефикасност на згради; 3. столари со вештини за енергетска ефикасност на згради; 4. инсталатери за греење, ладење и вентилација со вештини за енергетска ефикасност и 5. инсталатери на енергетски ефикасни електрични инсталации.
IV.Резултати/придобивки од обуките 1.Вид на сертификат Со успешно завршување на постапката на препознавање на вештините, кандидатите ќе се стекнат со Сертификат за поседување на знаења и вештини за енергетска ефикасност, кој се однесува на определеното занимање. 2.Важност на сертификатите: • сертификатите ќе ги издава Сертификационото тело во рамките на Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност (BUILD UP Skills – BEET)”; • сертификатите ќе имаат важност во рамки на самиот Проект во Македонија, Хрватска и Словенија, како земји-учеснички во иста работна група од BUILD UP Skills иницијативата; • дополнително, сертификатите ќе бидат препорачани од страна на Проектот за отпочнување на процедура за нивна верификација од Центарот за образование на возрасните. 3.Стекнати компетенции Сертифицираните работници, по добивањето сертификат, ќе можат да аплицираат на тендери каде се барат работници со вештини за ЕЕ. V.Постапка на пријавување 1. Пријавувањето на кандидатите се врши електронски на еден од следните начини: • Доставување на документите во електронска форма на е-маил адреса: • За фасадери, е-маил: fasaderi@beet.mk, Контакт лица: Ивона Каранфиловска, тел: 02/3244-084, Симона Ристоска, тел: 02/3244-067 • За кровопокривачи, е-маил: е-маил: krov@beet.mk, Контакт адреса: ЦеПроСАРД, ул.Орце Николов 172, Скопје,тел: 02/3061-391 • За столари, е-маил: stolari@beet.mk, Контакт адреса: Факултет за бизнис економија, бул. 3та Македонска бригада 66А/1кат, Скопје Контакт лице: Слаѓана Стојановска, тел:02/2402-161, Љупчо Вангелски, тел: 02/2402-170 • За инсталатери за греење и климатизација, е-маил: hvac@beet.mk, Контакт лице: Даниела Тошевска, тел: 02/3216-903 • За инсталатери на енергетски ефикасни електрични инсталации, е-маил: elektro@beet.mk Контакт лице: Лихнида Стојановска-Георгиевска, тел 02/3099-174
Напомена: • Доставување на документи до сертифицираните тренери и акредитирани за одредени • Еден кандидат може да се пријави за препознавање на знаењата и вештини за ЕЕ за региони во Република Македонија, или едно или повеќе занимања од горе наведените. • Доставување на документите во печатена форма во Стопанската комора на Македонија, • Одборот за сертификација при Проектот Build Up Skillls BEET одлучува за издавањето на ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје. сертификат за поседување на знаења и вештини за ЕЕ. Постапката на препознавање целосно е финансирана од Проектот BUILD UP Skills – 2. Потребна документација: BEET. • пополнет ПРИЈАВЕН ЛИСТ; • копија од диплома за завршено образование; II.Услови за пријавување • сертификати од обуки во неформалното образование (институции и приватни 1.Кандидатите треба да имаат завршено: установи што организираат обуки за ЕЕ); •основно или средно образование, или • доказ за работно искуство во струката. Како доказ за работно искуство може •постсредно образование, т.е. мајсторски испит со V-Б степен на квалификации или да се приложи заверена референтна листа, потврда од работодавач за ангажманот на •четиригодишно средно техничко образование со IV степен на квалификации или кандитатот со податоци за работната позиција и времетраењето. •тригодишно средно стручно образование со III степен на квалификации. 2.Работно искуство: • најмалку 5 (пет) години во струката односно занимањето за кое се бара сертификат, од кои • најмалку 2 (две) години во спроведување на мерки за енергетска ефикасност. III.Процес на препознавање на вештините Секој кандидат поднесува апликација за препознавање на претходното знаење и вештини за енергетска ефикасност, заедно со докази за работно искуство и стекнати квалификации. Поднесените апликации ги разгледува и оценува испитна комисија, составена од сертифицирани тренери (обучени во рамки на проектот). Во рамките на процесот на препознавање, доколку поднесените докази за компетентност се недовоолни, кандидатите може да бидат повикани на интервју и/или проверка на знаењата и вештините.
Партнери на Проектот:
3. Повикот за пријавување е отворен до 30 октомври 2015 година. За повеќе информации обратете се во Стопанската комора на Македонија, ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје.
Контакт лица: Ивона Каранфиловска Телефон: +389 2 324 4084 Е-адреса:: ivona@mchamber.mk Симона Ристоска Телефон: +389 2 3244 067 Е-адреса: simona@mchamber.mk
42
БИЗНИС ИНФО
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Форум и голема Бизнис – конференција во Плоешти
(28-30 октомври 2015 година) Плоешти, Р. Романија
„20 ГОДИНИ ВОСПОСТАВУВАЊЕ ДИПЛОМАТСКИ ОДНОСИ ПОМЕЃУ Р. МАКЕДОНИЈА И Р. РОМАНИЈА“
Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Република Македонија во Република Романија и Комората за трговија и индустрија на Романија ве покануваат на голема Бизнис-конференција по повод „20 годинин воспоставување дипломатски односи помеѓу Р. Македонија и Р. Романија“. Настанот ќе се одржи во Плоешти, околија Прахова, Романија, од 28-30 октомври 2015 година. Целта на овој голем бизнис-настан е да присуствуваат градоначалниците и нивните заменици на општини од Р. Македонија, при што ќе се организираат деловни средби помеѓу општините на Р. Македонија и Р. Романија и деловни средби помеѓу компаниите кои ќе бидат дел од бизнис-делегацијата. На настанот ќе биде потпишана и Повелба за збратимување помеѓу сите општини што ги исполнуваат сите внатрешни процедури за збратимување. Овој настан е наменет за компаниите од областа на: - земјоделството и прехранбената индустрија; - туризмот; - металната и електроиндустријата; - металургијата; - градежништвото и градежната индустрија. Во периодот на оджување на Бизнис-конференцијата, од 28.10 до 1.11 2015 година во Будимпешта ќе се одржува Меѓународниот саем за земјоделство, хортикултура, лозарство и сточарство „ИНДАГРА“. Стопанската комора на Македонија во соработка со „ROMEXPO“ на сите компании заинтересирани за посета на Саемот им обезбедува бесплатни влезници. Патните трошоци и трошоците за сместување се на товар на компаниите. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
БИЗНИС ИНФО
43
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„ САЕМ ЗА ДИРЕКТНИ БИЗНИС СРЕДБИ 2015“
На 10 ноември 2015 година во Братислава, Република Словачка
(“Slovak matchmaking fair 2015”) Од 2007 година, Саемот за директни бизнис средби се организира еднаш годишно помеѓу словачки и странски компании, во организација на Словачката агенција за инвестиции и трговски развој под покровителство на Министерството за економија на Република Словачка. Овој настан на компаниите им нуди единствена можност за еден ден и на едно место да најдат нови бизнис партнери од Словачка и од странство. Оваа година настанот ќе биде со фокус на Азија и азискиот регион Централна Азија (Казахстан) и Кина. Саемот за директни бизнис средби 2015 е најголемиот Б2Б настан кој го организира Словачката агенција за инвестиции и трговски развој и им нуди единствена можност и на малите и средни претпријатија да најдат потенцијални бизнис партнери во странство и да навлезат во глобалниот пазар. Котизацијата за учество на овогодинешниот “Саем за директини бизнис средби 2015“ е 80 € за еден учесник од компанија. За секој нареден учесник од компанија се доплаќа дополнителнo 50 €.
- Пријавниот лист мора целосно да биде пополнет на англиски јазик и доставени до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 16.10.2015 година. - По доставување на пријавниот лист организаторот ќе изготви личен профил на Вашата компанија преку кој ќе можете да ги закажувате своите Б2Б средби по електронски пат, во периодот од 26.10.2015 до 02.11.2015. - Краен рок за уплата на котизацијата за настанот е 29 октомври 2015. Доколку некоја од компаниите го пријави своето учество на саемот а не ја изврши уплатата до 29 октомври 2015, на истата нема да и биде дозволено присуство на Б2Б средбите. - Котизацијата за организирање на настанот према Стопанската комора на Македонија изнесува 2.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании-членки и 4.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании нечленки на Стопанската комора на Македонија. - За втор учесник по фирма се доплаќа 1.990 денари, со вклучен ДДВ за фирми- членки и 2.990 денари со вклучен ДДВ за фирми нечленки.
Во котизацијата е вклучено: - Учество на Б2Б средби со компании од Ваш интерес - Објава на компанијата учесник во овогодинешниот “Каталог на учесници“ - Чаша вино за добредојде - Учество во паралени настани - Освежување за време на паузите
Сите детали во врска со електронското закажување на Б2Б средбите , ќе им бидат доставени на учесниците на e-адресата што ќе ја наведат во пријавата веднаш по нивната регистрација од страна на организаторот.
*Напомена: - Патните трошоци се на товар на компаниите, односно тие сами си организираат превоз. - Официјален јазик на бизнис-средбите е англиски.
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
44
БИЗНИС ИНФО
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 12 до 14 ноември 2015 година Хотел „Парк“ – Белград, Р. Србија /www.hotelparkbeograd.rs
Советување: „МОЖНОСТИ И НАЧИНИ НА НАПЛАТА НА СПОРНИТЕ ПОБАРУВАЊА ОД ДОМАШНИТЕ И СТРАНСКИТЕ ПАРТНЕРИ“
Теми кои ќе се обработуваат на советувањето: - Договарање соработка на домашниот и на странски пазари; - Можности за препознавање партнери кои ги извршуваат обврските; - Причини за настанување на спорни побарувања, внатрешни причини на должникот, надворешни причини, опструкции од страна на должникот; - Реструктуирање на финансиите во компаниите, стечај, ликвидација, извршна постапка, неуспешни приватизации; - Реорганизација и реструктуирање на финансиите во компаниите како начин на наплата на побарувањата; - Значење на благовремена идентификација на спорно побарување од домашни и странски партнери; - Преговори со должникот и договарање за наплата на средствата; - Максимално обезбедување во домашниот и меѓународниот бизнис; - Проблеми во праксата и решенија за наплата на домашните и странските побарувања; - Реални примери од пракса. Програма: - Познавање на состојбите на пазарот, познавање на вообичаеното однесување на должникот, сопственост над капиталот и плаќањето на долговите; статусни промени; значењето на благовременото утврдување на спорните побарувања; промени во однесувањето на должникот и околности кои одлучувачки влијаат на работењето на должникот; интерни причини и екстерни причиниза кои го оневозможуваат плаќањето на побарувањата; - Проверка на расположливите јавни податоци; отворање постапка за ликвидација, стечај, располагање со имотот; реструктуирање на компаниите, положбата на доверител во постапката за реструктуирање; планови за реорганизација во стечај и однапред подготвени планови за реорганизација; репрограмирање на однапред подготвен план за реорганизација во стечај; - Извршна постапка, средства за обезбедување - добри и лоши страни; меница, хипотека, залог на движен имот и права, банкарска гаранција, кауција; преговарање со должникот, договори со други поверители, заедничко настапување на поверителите; блокада на сметка и можни последици, идентификувани проблеми на наплата на спорни побарувања во пракса; преговори, значење на наплатата на побарувањето и задржување на клиентот, правна поддршка во наплата на спорни побарувања и др. Предавач: * Д-р Лилјана Рајновиќ, експерт за бизнис и финасиско право, консултант во процесот на реструктуирање, статусни промени, приватизација, фузија и аквизација, берза и хартии од вредност, ликвидација на трговски друштва, застапување на странски арбитражи.
Сместување: - Цена за сместување во двокреветна соба по учесник изнесува 105 евра. - Цена за сместување во еднокреветна соба по учесник изнесува 146 евра. (* Плаќањето е по добиена про-фактура од Хотел „Парк“ – Белград на ваша електронска пошта) Превоз - Цена за организиран превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје - Белград - Скопје по учесник 2.400,00 денари. (тргнување на 12 ноември 2015 година, во 6:00 часот и враќање на 14 номеври 2015 година во попладневните часови) Котизација за семинар: - Котизацијата за дводневно советување изнесува 4.900 денари + 18% ДДВ (5.782 денари); • Секој трет и нареден учесник добива 20% попуст на котизацијата. Во цената на сместувањето е вклучено: - 2 ноќевања со појадок во Хотелот „Парк“ www.hotelparkbeograd.rs; - организација на патувањето; - 1 коктел за добредојде; - 1 ручек; - кафе и освежување за време на паузите. Во цената на аранжманот не е вклучено: • патничко осигурување и индивидуални факултативни трошоци. Рок за пријавување: 26 октомври 2015 година. Минимален број за реализирање на ова советување е 15 учесници. За сите учесници на советувањето ќе биде обезбедено: - работен материјал; - сертификат за присуство на советувањето. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
БИЗНИС ИНФО
45
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„Бизнис-делегација од Република Македонија во посета на Стопанската комора на Ленинградска област
ДЕЛОВНИ СРЕДБИ НА МАКЕДОНСКИ И РУСКИ КОМПАНИИ
18 ноември 2015 година Санкт-Петербург, Руска Федерација (Стопанска комора на Ленинградска област)
Посетата ја организира Стопанската комора на Македонија во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија и нивниот економски промотер во Санкт-Петербург. При посетата, покрај инвестициите, ќе се посвети внимание и на промоцијата на извозните можности на Република Македонија во Руската Федерација. На настанот ќе бидат организирани и билатерални деловни средби со компании од областа на прехранбената индустрија, при што ќе бидат присутни претставници од седум големи синџири на супермаркети кои оперираат во Северозападната област на Русија и тоа: „Азбука вкуса“; „Торговый Дом - ЛЭНД“; „X5 Retail Group“ (лидер на рускиот пазар на трговија на мало, сопственици на 3 синџири на супермаркети: „Пятерочка“, „Перекресток“ и „Карусель“); „Лента“; „Prizma“; „7я семья“ и „Metro C&C“. Покрај претставниците на големите синџири на супермаркети, на средбите присуство најавија и увозници и дистрибутери на овошје, зеленчук и на алкохолни пијалаци. Учество на настанот можат да пријават сите извозно ориентирани компании од областа на прехранбената индустрија, вклучувајќи: • извозници на свежо овошје и зеленчук; • винарници; • претставници на конзервната индустрија; • производители на замрзната храна; • производители на алкохолни пијалаци и др. Македонските компании кои сакаат да учествуваат на овие деловни средби своето учество можат да го пријават најдоцна до 11 ноември 2015 година (среда), за да можат да се обезбедат соодветни партнери. За подетални информации заинтересираните компании ќе бидат дополнително информирани. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
46
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 6.12.2015 - 09.12.2015 година во Техеран, Иран
“9-ТИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА МЕЛНИЧКО -ПРЕРАБОТУВАЧКА И ПЕКАРСКА ИНДУСТРИЈА“ (IBEX)
Посетата на IBEX, се организира во соработка со Амбасадата на Исламската република Иран вo Скопје. Интернационалниот саем за мелничко - преработувачката и пекарската индустрија (IBEX) се смета за еден од најголемите и најважните настани во Иран. Со оглед на фактот дека Иран има повеќе од 77.000.000 население и по глава на жител на годишно ниво се трошат околу 165 килограми леб и пекарски продукти, иранската влада има за цел во наредните години значително да го подобри квалитетот на домашната пекарска индустрија. IBEX 2015 има за цел да ги претстави можностите за инвестирање во овој мултимилионски бизнис и да создаде платформа за интеракција и соработка помеѓу пертставниците на компаниите во мелничко- преработувачката и пекарската индустрија и да им обезбеди максимален капацитет за производство на домашните компании. Саемот ќе трае 4 дена, во периодот од 6 до 9 декември 2015 година во просториите на техеранскиот Интернационален саем и е организиран од страна на компанијата ИТГ – лидер во организација на саемски манифестации. За подетални информации Ве молиме посетете го следниов линк: http://ibex.ir/en/ Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
БИЗНИС ИНФО
47
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
,,НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“ ВО БЕЛГРАД
На 26 и 27 февруари 2016 година Меѓународна конференција и саем во Србија
На настанот „Новите технологии во образованието“ во 2015 година имаше повеќе од 2500 учесници кои имаа можност да слушнат повеќе од 100 говори од 50 предавачи од целиот свет. Исто така, се организираше и Саем со 40 излагачи каде се презентираа најновите технолошки решенија во образованието. Компаниите од ИКТ-секторот, издавачите, училиштата, универзитетите и другите образовни институции ја презентираа нивната компјутерска и аудиовизуелна опрема, мобилните уреди, софтвери, апликации, дигиталните учебници и другите производи што можат да придонесат за зголемување на квалитетот на образованието.
„Новите технологии во образованието 2016“ - Над 20 земји ќе пратат свои високи претставници од министерствата за образование. - Над 50 излагачи во 2016 година, и над 20 компании од Велика Британија. - Над 150 предавања и работилници. - 71% од излагачите потврдија продажни договори од настанот во 2015 година. - 79% од излагачите потврдија дека имаат воспоставено партнерства на настанот во 2015 година.
Над 4000 гости од 30 земји се очекуваат во 2016 година.
Конференцијата и саемот „Новите технологии во образованието 2016“ се отворени за компаниите од регионот кои обезбедуваат иновативно образование ИКТ-производи, услуги и решенија. Тие ќе имаат можност да ги покажат своите производи, да се создадат можности за партнерство со купувачите и со учесниците и да бидат во тек со новите случувања во областа на образованието и технологиите кои се внесуваат во образовниот систем во земјите во регионот. Во 2016 година веќе има потврда дека над 20 компании од Велика Британија ќе присуствуваат на овој настан и ќе ги презентираат нивните ИКТ-решенија и производи за образованието. Исто така, ќе присуствуваат високи претставници од министерствата за образование од: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово, Турција, Азербејџан, Казахстан, Русија, Израел, Украина, Молдавија, Грузија, Узбекистан , Словенија, Унгарија, Хрватска, Бугарија и Романија. Ова ќе биде можност за компаниите и за образовните институции за воспоставување партнерства и споделување идеи за иднината на образованието. Настанот се организира во соработка со Стопанската комора на Србија, Британската амбасада и други институции и организации.
Пријавување до 17 ноември 2015 година.
Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
ИСКОРИСТЕТЕБИЗНИС ЈА МОЖНОСТА ЗА РЕКЛАМИРАЊЕ ИНФО
Пронајдете го Вашиот бизнис партнер со услугата E-Newsletter 1
ЕФЕКТИВНО доставување на Вашата E-mail порака bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Бидете постојано во контакт со Вашите клиенти ! Кои се причините да го употребите овој начин на рекламирање на Вашите производи: t ШТЕДИ ВРЕМЕ; t ЈА ЈАКНЕ ПОЗИЦИЈАТА НА БРЕНДОТ; E-mail МАРКЕТИНГ t РЕЗУЛТАТИТЕ ОД E-mail МАРКЕТИНГОТ СЕ ЛЕСНО МЕРЛИВИ; ИСКОРИСТЕТЕ ЈА t ШИРОКО РАСПРОСТРАНЕТ; МОЖНОСТА КОЈА t ПРИЛАГОДЛИВ СПРЕМА СЕКОЈ КОРИСНИК; t ГО ИЗДРЖУВА ТЕСТОТ НА ВРЕМЕТО.
ВИ ЈА НУДИМЕ
Со појавувањето на социјалните мрежи, начинот на рекламирање стана подостапен до секој корисник, НО ЗОШТО E-mail-от и понатаму останува прифатен од сите корисници на Интернет? t Затоа што знаете до кого го праќате и од кого да очекувате одговор! t Затоа што личното обраќање е моќно средство за комуникација со потенцијалниот купувач! t Затoа што сами можете да го обликувате и дизајнирате ! t Затоа што се` уште постои и ќе постои и понатаму како форма за комуникација прифатена од сите !
ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА ШТО ВИ ЈА НУДИМЕ: t t
Испратете ги Вашите маркетиншки пораки преку КОМЕРЦИЈАЛНИОТ E-newsletter на Стопанската комора на Македонија! Информирајте за Вашите битни случувања, успеси и настани! t Пораката ќе стигне до приматели на E-newsletter-от кои што се согласни да го добиваат! t Импозантен број на деловни приматели (директори на компании, институции, странски амбасади во Македонија, меѓународни организации во Македонија).
Со можност за тримесечен, шестмесечен или годишен Договор, добивате огромни попусти, за испраќање на Вашата рекламна порака до Вашите потенцијални партнери, потрошувачи ... Контакт: Стево Серафимов Тел. (02) 3244 032 Е-адреса. stevo@mchamber.mk Web: www.mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
50
БИЗНИС ИНФО
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА култури кои се прикачуваат на трактори. Валидност дo 25.11.2015 годинa. Компанија од Романија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на дрвени палети. Валидност дo 25.11.2015 годинa. Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на диетални производи, храна за дијабетичари и здрава храна. Валидност дo 25.11.2015 годинa.
Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на урбана опрема за детски игралишта. Валидност дo 24.11.2015 годинa. Компанија од Кина бара дистрибутер за пласман на инустриски гумени црева во Република Македонија. Валидност дo 24.11.2015 годинa.
Продажба на градежна парцела за лесна индустрија во Охрид. Се нуди на продажба имот во Охрид кој е лоциран на кружниот тек на излезот од Охрид кон Битола, до Здружението на возачи. Земјиште по Имотен лист 91272, со површина од 4000 м2, во делот од К.П. 4310/5, со површина 2452 м2, според ДУП за Урбана заедница Градинар 11, дел од плански опфат 7.72, вцртана е Градежна парцела со површина 1569 м2, од кои за градба 1313 м2, со бруто површина 5252, катност П+3 и висина 13,8 м. Намената е за лесна индустрија со компатибилност кон мали комерцијални и деловни намени, големи трговки единици, сервиси, стоваришта и со предвиден паркинг за 53 возила. Лице за контакт: Никола Паункоски, телефон: 070 363386. Валидност дo 31.12.2015 годинa.
Грчка компанија бара соработка со македонски на прехранбена Компанија од Бугарија бара соработка компании во областа со македонски компании во областа на индустрија и индустријата за пијалоци за градежништво за пласман на сендвич панели пласман на адитиви Валидност дo 1.12.2015 годинa. (полиуретан и минерална волна). Валидност дo 25.11.2015 годинa. Компанија од Германија бара соработка Компанија од Литванија бара пласман на со компании во Република Македонија во товарни приколки за пренос на земјоделски областа на технологија за греење. Валидност дo 1.12.2015 годинa.
четврток, 08 октомври 2015, Бр. 238
БИЗНИС ИНФО
51
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Австрија нуди широка палета на производи, целосни и комплетни системски решенија во следниве области: - техники за одводнување; - техника и опрема за вода за пиење; - третирање и управување со отпадни води (комунални и индустриски); - пречистителни станици за отпадни води. Валидност дo 1.12.2015 годинa
проширување на постојниот капацитет, во човечки ресурси и машини за изработка на потребните производи. Валидност дo 24.12.2015 годинa.
Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на LED светилки со можност за нивно далечинско управување на јачината на светлоста. Валидност дo 1.12.2015 годинa.
Компанија од Унгарија бара дистрибутер за пласман на алуминумски кутии со патент брави за пренос на документи во Република Македонија. Валидност дo 13.11.2015 годинa.
Компанија од Канада заинтресирана е за соработка со компании во Република Македонија кои произведуваат дрвени и тапацирани столици, тапацирани кревети за спиење за извоз во Канада. Доколку се воспостави соработка со некоја компанија, партнерот е спремен да вложи во
www.mchamber.mk
Компанија од Унгарија заинтересирана е за пласман на самолепливи траки за пакување, растеглива фолија и кеси за пакување на осетливи производи од кршење. Валидност дo 13.11.2015 годинa.
Контакт:
Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088