БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
Quality Management
СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642
bsi.
ISO 9001
Quality Management
years 5
192
FS 549642
2 - 201
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
Број 222
www.mchamber.mk
07.5.2015
Актуелните состојби во текстилната индустрија и проекции за наредниот период
ВЛОЖУВАЊЕ ВО СОВРЕМЕНА ОПРЕМА ЗА ДА СЕ ЗАДРЖИ КОНКУРЕНТНОСТА
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
Semejna kompanija
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
БИЗНИС ИНФО
3
ПОДВЛЕЧЕНО
ПОДОБРО ДА СИ ЛОВЕЦ ОТКОЛКУ ПЛЕН Во изминатата декада,„Алкалоид“ ги удвои најзначајните перформанси на работењето. Консолидираните приходи од продажба во 2005 година беа 53 милиони евра, а во 2014 година преку 120 милиони евра. Нето добивката во 2005. изнесуваше околу 5 милиони евра, а во 2014. надмина 10 милиони. И покрај сериозните влијанија на глобалната рецесија, европската должничката криза, влошената економска состојба на цели економии, нестабилноста на пазарите на капитал и на финансиските сектори, банкарските кризи, девалвациите на националните валути и, општо земено, зголемениот ризик во работењето, секоја година непрекинато и стабилно растеме. Растот и развојот на „Алкалоид“ се резултат на континуираните инвестиции во производите, технологијата, вработените, знаењето, новите пазари … „Алкалоид“ бележи постојан раст и развој со долгорочна определба за одржување и подобрување на квалитетот на производите, согласно највисоките светски стандарди, а под мотото: „Здравјето пред се“. Нашата индустрија е мошне динамична и доколку не сте доволно проактивни во барањето нови опции тешко е да се задржат позициите. Нашата примарна стратегија е поврзана со органскиот раст, но доколку сакаме да се развиваме во Европа, опцијата ни е и таргетирањето на компании кои се во состојба тоа да ни го овозможат. Секогаш е подобро да си ловец отколку да си плен.Свесни сме за неминовноста на глобализацијата, но во овој момент, како независни, ние сме флексибилни и многу побрзи во протокот на информации и донесувањето одлуки. Проактивноста е истовремено и нашата најголема конкурентска предност. Со јакнење на нашите позиции во регионот, со подобро позиционирање на пазарите на земјите на Европската унија, ЗНД и САД, „Алкалоид“ останува непрекинато отворен за изградба на нови синергии и партнерства, за специјализирање во определени групи на производи и за општо јакнење на брендот надвор од границите на Македонија. Европската унија ни е голем потенцијал бидејќи таму тукушто почнавме да се позиционираме, но тука се и земјите на ЦИС. Градиме портфолио во Грузија, Ерменија и Азербејџан и очекуваме придвижување кон подобро бидејќи таму стартната позиција ни е пониска. Во регионот ни е важно барем да ги задржиме позициите зашто притисокот на цените е голем. (Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид“ АД Скопје и потпретседател на Стопанската комора на Македонија во „Јутрањи лист“ од Хрватска)
БИЗНИС ИНФО
4
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
ПОДВЛЕЧЕНО
БРОЈОТ НА ПОПЛАКИ ЗА ТУРИСТИЧКИТЕ АРАНЖМАНИ Е СЕКОГАШ НАЈГОЛЕМ Во доменот на услугите кои се нудат на пазарот, статистиката на Организацијата на потрошувачите на Македонија покажува дека бројот на поплаки за туристичките аранжмани е секогаш најголем. А генерално е прилично голем во однос на другите поплаки во летниот период и за време на новогодишните празници кога најчесто граѓаните се решаваат да заминат на патување. Најчесто се работи за неисполнување на дел од аранжманот, кога понудата се состои од повеќе работи (на пример, поглед на море, пристап до приватна плажа, бесплатни оброци и пијалаци), а потрошувачот ќе добие само дел од тие понуди, иако претходно платил за целиот аранжман. Во тој случај потрошувачот има право да бара сразмерно намалување на цената во рок од 8 дена од денот кога се вратил од патувањето. Не би можеле и не смееме да одвоиме некоја агенција по бројот на поплаки. (Маријана Лончар-Велкова, претседателка на Организацијата на потрошувачи на Македонија во „Утрински весник“)
СО ТРАНСПОРТНИ БЕРЗИ СЕ ИЗБЕГНУВААТ ПРАЗНИ ВОЗЕЊА Транспортни берзи се корисно средство со кое се избегнуваат празни возења.Тоа се платформи на кои од страна на корисниците се внесуваат и нудат утовари или утоварен простор. Со тоа тука се спојуваат утоварите со утоварниот простор т.е налогодавачот со налогоземачот. Со помош на оваа платформа, корисниците можат во рок од неколку секунди да пронајдат понуди за утовари или да ги внесат во системот своите празни возила. Покрај подоброто искористување на капацитетите, корисниците на овој
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
БИЗНИС ИНФО
5
ПОДВЛЕЧЕНО начин добиваат подобар преглед на пазарот, како и голем број на потенцијални нови деловни партнери на национално и интернационално ниво. Како заклучок може да се истакне следното: Денес, секој кој сака да ги избегне празните возења, да заштеди на трошоци и ресурси, не може да ги одмине транспортните берзи. Битните критериуми при изборот на една транспортна берза се бројот на понуди, безбедносниот систем, интернационалноста и дополнителните услуги како на пример платформа за следење на возила независно од понудувачот, сеопфатни и одржувани профили на фирмите, корисни додатоци, поддршка на мајчин јазик. Со тоа TimoCom нуди целосен пакет. Освен тоа, редовно така ги оптимираме програмите да се соодветни со желбите и потребите на клиентите. (Тина Панџа, регионален менаџер за Југоисточна Европа, TimoCom Soft und Hardware во „Бизнис Инфо“)
ИЗНЕНАДЕН СУМ ОД КОЛИЧИНАТА НА ОТПАД ВО МАКЕДОНИЈА Мислам дека односот се’ уште еволуира меѓу животната средина и институциите, граѓаните и невладиниот сектор во Македонија. За време на мојата посета се сретнав со многу посветени луѓе, во владата и невладините организации и јавни претпријатија, па дури и на улица, кои ја почитуваат и ценат животната средина и кои сакаат да бидат добри заштитници на животната средина. Но, не е доволно само да го сакаат тоа - треба да се дејствува и акциите да зборуваат погласно од зборовите. На пример, бев изненаден од количината на отпад со кој се сретнав, како во руралните средини, така и на посебни места, како што е кањонот езеро Матка. Бев изненаден од тоа што го видов, дека канцелариите за шумарство немаат буџет за пресадување дрва на деградирани земјишта, за пошумување во областите кои се обесшумени. Невладините организации со кои се сретнав имаат добри идеи и проекти, но главно се финансирани однадвор, а не од Македонија. Затоа мислам дека врската се’ уште се развива, дека организациите и институциите и луѓето имаат добри намери и се надевам дека со текот на времето тие ќе ги зголемат своите инвестиции и ќе дејствуваат со намера да се грижат за земјата на Македонија. (Енди Гилеспи, експерт за животна средина, климатски промени и шумарство во „Утрински весник)
БИЗНИС ИНФО
6
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
ФОКУСИРАНО
Актуелните состојби во текстилната индустрија и проекции за наредниот период
НЕОПХОДНО ВЛОЖУВАЊЕ ВО СОВРЕМЕНА ОПРЕМА ЗА ДА СЕ ЗАДРЖИ КОНКУРЕНТНОСТА
Текстилната индустрија во Република Македонија е од особено значење, како по бројот на вработените, така и според извозот. Во овој сектор особено дојдоа до израз претприемничките иницијативи, кои создаваат солидна материјална основа. Во текстилната индустрија во Република Македонија преовладува „ЛОН“-работењето, кое се сведува главно на шиење како еден од најнедоходовните видови на соработка со странските партнери. Во вкупниот извоз „ЛОН“-работењето учествува со околу 93%, а на класичното производство на извоз отпаѓаат 7%. Според податоците за индустриското производство за 2014 година споредено со истиот период од 2013 година, кај производството на текстилни ткаенини има зголемување на производството за 6,5%, а додека кај производството на облека зголемување од 4,6%. Во првите два месеца од 2015 година кај производството на текстилни ткаенини има зголемување на производството за 0,9%, а додека кај производството на облека зголемување од 11,5%. Ова беше истакната на редовната прес - конференција во Стопанската комора на Македонија на тема „ Актуелните состојби во текстилната индустрија и проекции за наредниот период“ (4.5.2015 година). На оваа тема пред претставниците на медиумите зборуваше Ангел Димитров, претседател на Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата при Стопанската комора на Македонија. Според статистичките податоци, извозот на текстилни производи во 2014 година достигна 748 милиони САД долари, од кои 78,6 милиони САД долари извоз на текстилни ткаенини и 670 милиони САД долари извоз на готови текстилни производи, или 15,2% од вкупниот извоз на земјава. Во истиот период, увозот изнесуваше 604,7 милиони САД долари, од кои облека во износ од 79 милиони САД долари, а текстил во износ од 525 милиони САД долари, или 8,3% од вкупниот увоз во државава. За првите два месеца од 2015 година, извозот на текстилни производи изнесува 96,5 милиони САД долари, што е намалување во однос на истиот период од 2014 година кога извозот изнесуваше 112 милиони САД долари, додека увозот за првите два месеца од 2015 година изнесува 68 милиони САД долари, а за истиот период во 2014 година увозот изнесуваше 98 милиони САД долари. Бројот на вработени од година во година постепено се намалува, односно од 43.848 вработени во 2007 година, последните години се движи околу 35-36 илјади вработени во оваа дејност, односно во 2014 година 35.348 вработени, што сепак претставува голем процент на вработени, односно околу 40% од вработените во преработувачката индустрија. Очекувањата за 2015 година се дека ќе бидат на исто ниво како 2014 година, истакна Ангел Димитров, претседател на Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата при Стопанската комора на Македонија. Ваквиот раст најмногу се должи на два фактора: - на повисоките фази на обработка и доработка на производите каде што веќе дел од производствените операции се вршат во земјава (печатење, везење, пакување и сл.) и - заживување на економијата во Европската унија што доведе до продолжување на договорите и задржување на најзначајните партнери од западноевропските земји.
Сашо Деспотоски
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
БИЗНИС ИНФО
7
ПОДВЛЕЧЕНО ТРИБИНИ
ПОСИЛНА КАМПАЊА НА НИВО НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА
Практична примена на регулативите и воспоставување квалитетен систем за управување со електричната и електронска отпадна опрема
„Закон за електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема - како до успешна практична примена?“ беше темата на Конференцијата, што во организација на Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори се одржа во Стопанската комора на Македонија (6.5.2015 година). Во своето обраќање, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, го истакна значењето на успешната практична примена на регулативите и воспоставување квалитетен систем за управување со електричната и електронска отпадна опрема. Значењето и неопходноста од успешно справување со овој вид отпад го илустрираше со податокот дека во државите од Европската унија на годишно ниво се продаваат по 11 милиони тони електрични и електронски апарати. Во Република Македонија сме на почетокот од имплементацијата на Законот, а за натамошна успешна примена потребно е посилна кампања за неговото значење, и што е особено значајно, поголема улога на градоначалниците и на локалната самоуправа во воспоставување на инфраструктурата за прибирање на овој вид опасен отпад. Свое обраќање на Конференцијата имаше и амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија, д-р Јозеф Бенце, кој посебно го истакна значењето на секоја држава, на бизнис-секторот и на секој поединец во зачувување на животната средина. Република Унгарија успешно спроведува регулативи во делот на управување со отпад, како и со електричниот и електронски отпад, како вид на опасен, но и вреден отпад. Тој се заблагодари на можноста за учество на претставниците на Унгарската трговско-индустриска комора, која впрочем беше и соорганизатор на Конференцијата, како и за споделување на искуствата во справување со овој вид отпад.
БИЗНИС ИНФО
8
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
ТРИБИНИ
Согласно местото и улогата на локалната самоуправа во системот на постапување со отпадна електрична и електронска опрема свое обраќање имаше и Златко Ристески, претседател на Здружението на комунални дејности при Стопанската комора на Македонија. Со презентации и дискусии по предметната проблематика учествуваа и директорот на Инспекторатот за животна средина, Фируз Мемед, раководителот на Секторот за отпад во Управата за животна средина, А. М. Каранфиловска, кои ја презнетираа националната регулатива, а во името на двата лиценцирани колективни постапувачи со електричниот и електронски отпад, Фана Христовска од„Ел колект“ ги изнесе предностите од функционирањето на системите на колективно постапување со отпадна електрична и електронска опрема. Учесниците на Конференцијата имаа можност да се запознаат со начинот на справување со отпадна електрична и електронска опрема во Унгарија преку презентацијата на претставникот од „E-Elektra ZRT“ од Унгарија. Системот на управување со електричен отпад во Унгарија е сменет во 2012 година, односно Координативното тело е заменето со Државна агенција за стопанисување со отпад, а од оваа година постои и национална дирекција за стопанисување со отпад. Оваа агенција ја врши функцијата на собирање, третман и пласман на отпад, а се финансира од надоместокот што задолжително го плаќа секој обврзник. Во дискусијата беше изнесена оценката дека е потребно активно учество на сите чинители во процесот на управување со овој вид на опасен отпад, а за успешно имплементирање на Законот и постигнување на високите национални цели, за 2015 година да се собере по 0,5 кг електричен и електронски отпад по жител, беа донесени насоки, односно препораки како што се: поактивно учество на општините во примената на Законот, одредување на реален износ на надоместок како услов Законот да заживее, измени на регулативата со изземање на малите потрошувачи, како и успешно решавање на прашањето со таканаречениот историски отпад. Зорица Мешкова
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
БИЗНИС ИНФО
9
ПОДВЛЕЧЕНО ТРИБИНИ
ОД ПРЕЧИСТИТЕЛНИ СТАНИЦИ ЌЕ ЗАВИСАТ СМЕТКИТЕ ЗА ВОДА
Групацијата за водовод расправаше за Предлог-законот за утврдување на цените на воднитe услуги
Групацијата за водовод во рамките на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија, го разгледуваше Предлог-законот за утврдување на цените на воднитe услуги, чија цел, како што беше потенцирано од претставниците на Министерството за животна средина и просторно планирање, е да се обезбеди воспоставување на самоодржлив систем на водни услуги кој обезбедува висок стандард на дадените услуги со пристапна цена во согласност со целите на Националната стратегија за води на Македонија (6.5.2015 година). Законот, како што беа информирани присутните учесници на состанокот од јавните комунални претпријатија, исто така има за цел да обезбеди водните услуги финансиски да се достапни за населението, да се обезбеди одржливо користење на инфраструктурата за вршење на водните услуги, да се подобри ефикасноста на водните услуги, со крајна цел обезбедување на најдобри по квалитет водни услуги, како и целосна примена на начелото загадувачот плаќа, корисникот плаќа. Присутните на состанокот дадоа свое видување на предложениот текст на законот. Тие посочија серија несоодветни членови и предложија измени на дел од нив. Како што беше посочено, со некои од предложените членови ќе се доведат во незавидна положба јавните комунални претпријатија, бидејќи согласно овој закон тие ќе треба да испорачаат на граѓаните повисоки сметки за потрошена вода во сите оние општини, каде што нема изградено пречистителни станици, што како инфраструктурен зафат е обврска на локалните власти, а не на јавните водоводни, односно комунални претпријатија. Во таа насока, присутните на состанокот предлагаат новата давачка што ќе произлезе по донесувањето на законот за утврдување на цени на воднитe услуги, да не се наплатува од крајните корисници (граѓаните, фирмите и сите останати потрошувачи), преку сметките за вода, бидејќи првенствено, тоа нема да биде приход за водоводните фирми, туку целта е преку сметките за вода само да се канализира овој приход. Со зголемени трошоци ќе се соочат и потрошувачите во општините каде што е започнат процесот на изградба на пречистителна станица, но истата се` уште не е готова. Претставниците на Министерството информираа дека се размислува од овој закон да бидат изземени општините со помалку од 10.000 жители. Досега само 8 општини во Македонија имаат изградено пречистителни станици. Даниела Михајловска Василевска
БИЗНИС ИНФО
10
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
УСОГЛАСУВАЊА Здруженијата на хемиската индустрија и на трговијата расправаа за обврските на одговорните лица во маркетите согласно Законот за хемикалии
ДОПОЛНИТЕЛЕН ТРАНЗИЦИОНЕН ПЕРИОД ОД ЕДНА ГОДИНА ЗА ЦЕЛОСНА ПРИМЕНА НА CLP/ GHS-РЕГУЛАТИВАТА
На 5 мај 2015 година во Стопанската комора на Македонија се одржа заеднички состанок на Здружението на хемиската индустрија и Здружението на трговијата, на тема: Обврските на одговорните лица во маркетите согласно Законот за хемикалии и влегувањето во сила на CLP/GHS-регулативата. На состанокот, со кој раководеа претседателите на здруженијата, Соња Тасевска и Зоран Костовски, учествуваа компании-проиводители на хемиски производи и компании што тргуваат со хемиски производи, увозници, диструбутери и маркети. Се укажа дека од 1 јуни 2015 година во Република Македонија стапува на сила новиот систем на одбележување на хемикалиите кои во делокругот на работење на малопродажните објекти се препознатливи како куќна хемија, во која спаѓаат предметите за општа употреба, детергентите, средствата за омекнување, производите за белење, производите или артиклите кои содржат хемикалии, средства за одржување хигиена и средствата за дезинфекција. Состанокот се организираше во соработка со Агенцијата за лекови при Министерството за здравство. Раководителот на Секторот за хемикалии во рамките на Агенцијата за лекови, м-р Лидија Савиќ ги запозна стопанските субјекти со обврските и потребната документација, кои треба да ги исполнат при ставање во промет на споменатите производи, согласно Законот за хемикалии (,,Службен весник на РМ“ бр. 145/10, 53/11, 164/13) и согласно CLP/GHS-регулативите. Присутните, во своето активно учество во расправата, поставија прашања поврзани со предметната проблематика и укажаа на потребата од рационализација на трошоците при примената на обврските од законските одредби во оваа област во делот на регистрацијата на секој производ одделно. Присутните на состанокот, претставниците на двете здруженија и на Агенцијата за лекови, заеднички ја оценија потребата за интензивирање на започнатите активности за регистрација на правни субјекти за ставање во промет на хемикалиите, но заради комплексноста на процедурите, бројноста на фирмите и на производите, беше договорено да се даде дополнителен транзиционен период од една година за комплетно завршување на процесот. Беше дадена и можноста до 1 јули 2016 година да може да се ставаат во промет проиозводите на залиха кои ја носат ознаката за опасни хемикалии согласно старата класификација на хемикалиите. Двете здруженија ќе реализираат идни активности за натамошно информирање и едуцирање на стопанските субјекти до целосно завршување на процесот на регистрација на фирмите и хемиските производи согласно Законот за хемикалии. Лазо Ангелески Зорица Мешкова
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
БИЗНИС ИНФО
11
ОБУКИ
ГЕНЕРАЦИЈА НА МЕНАЏЕРИ, СО ОДЛИЧНИ ПРЕЗЕНТАЦИСКИ, ПРОДАЖНИ И ЛИДЕРСКИ ВЕШТИНИ
Учесниците од првата група стекнаа меѓународно признати сертификати од Академијата за продажни вештини
Секоја обука завршува со евалуација, па така и Академијата за продажни вештини и официјално успешно беше реализирана со последниот тренинг-ден кој се одржа на 29.4.2015 година. Учесниците од првата група стекнаа меѓународно признати сертификати од Академијата за продажни вештини. Но, пред и официјално да станат претставници од првите компании кои имаа можност да ја следат Академијата за продажни вештини на „Густав Кезер Тренинг Интернационал“ со поддршка на Стопанската комора на Македонија и Бизнис центарот за тренинг и обука, учесниците ги презентираа сите моменти кои им оставиле најголем впечаток. И додека секој од нив коментираше за омилените техники и методи на продажба, за начинот на кој се организирани тренинзите, методологијата која води до стекнување на вештините, како и вежбите за нивна практична примена, тренерот Љупчо Георгиев го набљудуваше напредокот на секој поединечно – Академијата ја доби првата генерација на менаџери, со одлични презентациски, продажни и лидерски вештини. Учесниците ќе се видат повторно на контролниот тренинг-ден, кога ќе бидат отворени пликоата со желбите за личен развој кои ќе можат да ги реализираат со помош на новите техники и ќе можат уште подобро да го проценат ефектот на Академијата за продажни вештини. Во меѓувреме, се креира програмата за напредно ниво од Академијата за која сите беа заинтересирани. Kоментарите на учесниците од првата група не` мотивираат да продолжиме со уште поголема посветеност и стручност во работата. „Обука на која секој присутен има шанса да научи преку презентации и активност на секој час. Одлична организација“. Ирина Куфалова, „Макпетрол“ АД. „Прекрасни презентации од страна на модераторот, многу добра организација, позитивна енергија.“ – Викторија Алексиевски Смичковска, „Транслог“ ДООЕЛ. „Едукативна, применлива обука која има за цел да остави трајни резултати.“ – Соња Николовска, „Макпетрол“ АД. „Супер предавач, исклучителен и посебен. Посебни техники на обуки, за почит. Уникатни содржини и методи.“ – Софче Јовановска, Стопанска комора на Македонија. „Од сите досегашни обуки добиени од различни институции, оваа обука веќе ја спроведувам во пракса со одлични перформанси и резултати.“ – Христина Чочкова, „АДРИАМЕД“. Академијата за продажни вештини содржи 5 тренинг-дена распоредени во временски период од три до четири месеци (меѓу секој тренинг-ден има пауза од три недели) и контролен ден кој се одржува по два месеца од последниот тренинг-ден. Паузите меѓу деновите на обуката се планирани со цел учесниците на своето работно место да го имплементираат наученото и во тој временски период да ги користат услугите на консултантот. Со наредниот тренинг-ден од обуката се засилуваат ставовите во врска со предавањата, се вршат модификации на наученото согласно реалните услови на работа на учесниците, а во континуитет се следат фактичките постигнувања и се мери резултатот на учиноците пред и потоа. Повеќе информации за втората група може да се добијат на веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk. Симона Ристоска
БИЗНИС ИНФО
12
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Регионалната комора со седиште во Прилеп организираше семинар за примената на Законот за работни односи
ЕЛАБОРИРАНИ ОТКАЗ НА ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, ЗАКОНСКИТЕ АКТИ И СУДСКАТА ПРАКСА
Регионалната комора со седиште во Прилеп на 30.4.2015 година организираше еднодневен семинар на тема: „Закон за работни односи - отказ на договор за вработување, законски акти и судска пракса“. Предавач на семинарот беше Петкана Јадровска, судија по трудово право со долгогодишно искуство при Апелациониот суд - Битола. На семинарот активно учество имаа претставници од „Витаминка“, Мермерниот комбинат, „Комфи Ангел“, „КС Ролоспас“ и „ДЕ-НИ Компани“ од Прилеп. Со цел правилно запознавање со нормативите и правните процедури, како и примери од судската пракса, судијата Петкана Јадроска пред присутните имаше опширно излагање за Законот за работни односи со посебен акцента на темата „Отказ на договор за вработување од лични причини, причини на вина, деловни причини, со понуда на нов ппроменет договор и засновање на работен однос на определено и неопределено време“. Од страна на присутните посебен интерес беше пројавен за практичната примене на Законот за работни односи и судската практика за неговата правилна имплементација за што судијката од незиното долгогодишно искуство на присутните им презентираше и голем број судски одлуки и пресуди за правилна имплементација на законската регулатива во областа на работните односи. За време на семинарот се водеше интерактивна дискусија по конкретни теми и предмети од секојдневното работење на компаниите од областа на работните односи. Ристо Најдоски
Семинар во Регионалната комора со седиште во Кичево
ПРЕЗЕНТИРАНИ КОНКРЕТНИ ПРИМЕРИ НА ФИРМИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ
Регионалната комора со седиште во Кичево на 30.4.2015 година организираше семинар за „Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 99/14 од 2.7.2014 година). Фирмите во регионот покажаа голем интерес за следење на обврските кои произлегуваат од Законот за архивско работење. За таа цел, по вторпат се органиираше семинар, на којшто присуствуваа компании кои се запознаа со конкретни примери кои ќе им
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
БИЗНИС ИНФО
13
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ послужат во натамошното постапување со архивскиот материјал. Предавач на семинарот беше м-р Валентина Тодоровска, со долгогодишно работно искуство во делот на архивирањето и архивското работење, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент. Учесниците на семинарот се запознаа и со новото Упатство за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење и посебно се разработија сите прашања кои се предмет на ова Упатство, а се од практично значење за неговата примена во канцелариското и архивското работење. Исто така, се презентираа најновите предлог-измени и дополнувања на Законот за архивски материјал по однос на Планот на архивски знаци, Листата на архивски материјал и Листата на документарен материјал со рокови за негово чување. Присутните компании ги разјаснија и ги усогласија нивниот начин на работење согласно обврските кои произлегуваат од Законот. Дијана Лазороска Јованоска
ПОКРЕНАТА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ФОРМИРАЊЕ ГРУПАЦИЈА
Средба на сметководители во Регионалната комора со седиште во Кичево
Регионалната комора со седиште во Кичево на 30 април 2015 година организираше информативна бизнис-средба со фирмите-членки во делот на сметководствените услуги од регионот со цел согледување на нивните потреби и начините на функционирање. Претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Игор Соколески од РЕК „Осломеј“, истакна дека средбата се организира со цел искажаната потреба на фирмите да се запознаат со правната рамка на делување и организирање на регионално ниво. На средбата присуствуваше и Наташа Стојаноска, директор на Дирекцијата на регионални комора и меѓународна соработка при Стопанската комора на Македонија, која истакна дека потребите на фирмите се согледуваат и на повисоко ниво во рамките на Здружението на деловно-интелектуалните услуги при Стопанската комора на Македонија. Како членки на тоа здружение си го остваруваат правото за целосно информирање од дејноста, како и правото за поднесување иницијативи за промена и дополнување на законски норми кои се пречка во нивното работење. Присутните покренаа иницијатива во рамките на Регионалната комора со седиште во Кичево да биде основана посебна форма на организирање и дејствување, во која ќе членуваат компании од областа на деловно-интелектуалните услуги, и на тој начин, заеднички и координирано да се работи за надминување на проблемите со кои се соочуваат сметководителите и сметководствените бироа од подрачјето на Кичево, како и да се покренуваат иницијативи за изменување на прописите со кои се уредува нивното работење. Дијана Лазороска Јованоска
БИЗНИС ИНФО
14
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Менаџментот на „Фени Индустри“ од Кавадарци и синдикалната организација го потпишаа третиот по ред Колективен договор
СЕКОГАШ ЧЕКОР НАПРЕД ВО УНАПРЕДУВАЊЕТО НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА
Менаџментот на „Фени Индустри“ од Кавадарци и синдикалната организација го потпишаа третиот по ред Колективен договор, со кој се доуредуваат правата и обврските на работодавачот и вработените. Договорот го потпишаа генералниот извршен директор на „Фени Индустри“, Константинос Даскалакис и претседателот на синдикалната организација на компанијата, Илија Хаџи-Николов. Како компанија која води сметка не само за основно почитување на законските обврски кон вработените, туку и за постојано надминување, односно подобрување на целокупните услови за работа, менаџментот смета дека заради ваквиот став, потпишувањето на колективен договор е обврска на секој одговорен работодавач. И синдикатот и менаџментот се задоволни, што уште еднаш успеаја, согласно досегашните релации градени врз основа на соработка, поддршка и доверба, во целост да ги усогласат своите ставови кои резултираа во потпишување на овој договор. По овој повод, директорот Даскалакис истакна дека како и досега, „Фени Индустри“ не само што во целост ги почитува работничките права, туку секогаш оди чекор понатаму, односно работи на нивно унапредување. Од своите вработени ја очекува истата посветеност кон работата, односно секогаш да ги извршуваат своите задачи коректно, професионално и со висок степен на интегритет. Тој исто така посака како и во минатото, секое прашање да се решава со добра волја на двете страни, што е всушност вистинскиот рецепт за градење релации на разбирање и поддршка. („Фени Индустри“)
Претставници на над 50 компании покажаа голем интерес за воведување енергетски менаџмент во своето работење на симпозиумот што го организираше ЕВН Снабдување
ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО И НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ЕНЕРГИЈА
Претставници на над 50 компании покажаа голем интерес за воведување енергетски менаџмент во своето работење на симпозиумот за енергетски менаџмент што го организираше ЕВН Снабдување. На симпозиумот компаниите што се снабдуваат со електрична енергија на слободен пазар можеа да се запознаат со можностите на енергетскиот менаџмент со чија примена се обезбедува поголема ефикасност во работењето и намалување на трошоците за енергија. Како што беше посочено, со имплементирање на енергетскиот менаџмент компаниите ќе ги намалат трошоците за електрична енергија во своето работење над 30 отсто, а на тој начин ќе ја зголемат нивната конкурентност и ќе ги зајакнат своите позиции на пазарите. - За компаниите од суштинско значење е секоја можност за намалување на трошоците и зголемување на ефикасноста
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
БИЗНИС ИНФО
15
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА во работењето, а токму енергетскиот менаџмент е вистински одговор за тоа. ЕВН Снабдување преку своите стручни тимови и во соработка со нашите партнери кои имаат огромно искуство во оваа област ќе им помогне на сите заинтересирани компании да ја имплементираат оваа алатка и да обезбедат сигурен развој за своите бизниси, истакна Нико Берберу, менаџер на „ЕВН Снабдување“. - Енергетскиот менаџмент преку енергетска ревизија која ја вршат специјализирани компании ги утврдува сите слабости во потрошувачката на електрична енергија во компанијата и нуди конкретни решенија за нивна промена, со што се овозможуваат сериозни заштеди. ЕВН Снабдување, додаде, преку своите ексклузивни партнери - компанијата Алплан, кои се со големо искуство во оваа област на пазарите во ЕУ, ќе ја направи оваа можност подостапна и за македонските компании. - ЕВН Снабдување, како дел од групацијата на ЕВН, има пристап до огромно искуство и „ноу-хау“ во работење на отворен пазар. Искуствата од групацијата сакаме да им ги направиме достапни на компаниите овде, на македонскиот пазар, рече Маркус Брандштетер, менаџер на „ЕВН Снабдување“. Тој посочи дека искуството од примена на енергетскиот менаџмент дава одлични резултати на пазарите во Југоисточна Европа. На симпозиумот пред претставниците на бизнис заедницата беа презентирани придобивките од примената на енергетскиот менаџмент од страна на компанијата „Џонсон Мети“. ЕВН Снабдување е лидер на слободниот пазар на електрична енергија во Македонија со над 60-отстотен удел од компаниите на слободен пазар приклучени на дистрибутивниот систем. Компанијата располага со стручен тим преку кој нуди услуги, експертиза и сервиси на компаниите на дневна основа, овозможувајќи им стабилен развој на нивните бизниси. ЕВН Снабдување е членка на „ЕВН Групацијата“ која има околу 8000 вработени и 14 милиони корисници во повеќе од 20 земји.(МИА)
ГОДИНАВА СЕ ПЛАНИРА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ОТКУПОТ И ДО 20 ОТСТО
„Тиквеш“ целосно ја исплати последната берба со дополнителен бонус за екстра квалитетното грозје
Винарската визба „Тиквеш“ заклучно со 30 април го исплати откупеното грозје од последната берба. Според компанијата, исплатата е извршена во рамки на предвидениот законски рок, а на лозарите за преземените 18 милиони килограми грозје исплатени им се 250 милиони денари. Иако неповолните временски услови имаа значајно влијание на квалитетот на грозјето, сепак ВВ „Тиквеш“ успеа да обезбеди квалитетна суровина за производство на вино при што задржано е високо ниво на просечна цена од 14 денари за килограм грозје, а воедно исплатен е и дополнителниот бонус за екстра квалитетното грозје. „Тиквеш“ најавува дека и оваа година ќе продолжи, преку најразновидни активности, стручни совети и едукација на лозарите за примена на современи агро - технички методи и практики во одгледување и заштита на лозовите насади, да креира услови за производство на грозје со одличен квалитет. Наведуваат дека доколку лозарите ги почитуваат насоките и упатствата, ВВ „Тиквеш“ го гарантира откупот на грозјето со висок квалитет и обезбедува дополнителен бонус при исплатата. Во зависност од квалитетот на грозјето, ВВ „Тиквеш“ планира зголемување и до 20 отсто на откупените количини од годинашната берба, што е во согласност со развојните планови на винарницата за зголемување на пласманот на вино, пред сè на странските пазари.(Тиквеш)
БИЗНИС ИНФО
16
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА „Вина од Македонија“ на петгодишнината од основањето со конкретна стратегија и визија до 2020 година
ПОЛОВИНА ОД ИЗВОЗОТ ДА БИДЕ ВИНО ВО ШИШИЊА, А ВРЕДНОСТА ДА ЗАБЕЛЕЖИ ПОРАСТ ОД НАЈМАЛКУ 45 ОТСТО
До 2020 година најмалку 50 отсто од вкупната количина извезено вино да биде во шише, а вредноста да забележи пораст од најмалку 45 проценти. Ова е целта на Здружението „Вина од Македонија“ кое одбележува пет години работење. Во стратегискиот план 2015 - 2020, Здружението ги таргетира пазарите во Европа (Англија, Германија, Бенелукс, Данска, Русија), САД со Канада и Азија (Кина и Јапонија). Предвидува и обезбедување поддршка за секторот, вклучувајќи развој на лозарството и винарството, за извозот преку заеднички маркетинг и промоција, градење на брендот и имиџот на македонските вина на регионалните и меѓународните пазари. - Македонија последниве десет години направи голем исчекор, произведува вина од светска класа, но сега е потребно тоа да се продаде за што е неопходен добар маркетинг, заедничко, здружено настапување и учество на најголемите саеми, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков кој присуствуваше на свечената седница со која беше одбележан јубилејот. Според Цветков, државата годинава одвои 500.000 евра поддршка за заеднички настап на винарниците на пазарите во Германија, Русија, Кина, САД... - За да бидеме што поконкурентни со поголемо и поквалитетно производство, мора да се здружиме, - порача министерот. Како што рече претседателот на „Вина од Македонија“ Ѓорѓи Петрушев, пред пет години, „Тиквеш“, „Сковин“, „Стоби“, „Бовин“, „Далвина“, „Камник“, „Дудин“, „Езимит“, „Попов“ и „Риго Импекс“ седнаа на заедничка маса, го најдоа својот заеднички интерес и прифатија дека предизвикот не е промоција на поединечните винарници, туку промоција на Македонија како винска земја, а тоа може да се направи само здружено. - Не верувавме дека ќе направиме толку голем прогрес, бевме премногу самокритични. Пет години потоа, би можел да кажам дека сме на вистинскиот пат, имаме солидна основа со поддршка на сите релевантни институции да оствариме уште поголеми резултати, - истакна Петрушев. „Вина од Македонија“, подвлече претседателот на Управниот одбор на „Тиквеш“ Светозар Јаневски, е создадено со визијата Македонија да стане препознатлива на глобалната винска мапа и водечка винска земја во Југоисточна Европа. - Уште повеќе, позиционирањето на Македонија како земја што произведува висококвалитетни вина, ги зајакнува позитивните атрибути и препознатливоста на интернационалните пазари по добро земјоделство, специфична, здрава и традиционална кујна, атрактивност од туристички аспект, свој идентитет и традиции, нагласи Јаневски во обраќањето, додавајќи дека за да се постигне поединечен успех на странските пазари најпрво мора заеднички да се работи на создавање перцепција за Македонија како винска земја од каде доаѓа врвно вино. Јаневски посочи дека постои нераскинлива врска меѓу брендот на земјата и развојот на категоријата „Вина од Македонија“. Секој од овие два чинитела придонесува за развој на другиот и тие треба да работат заедно кон позиционирање и развој. Во рамки на јубилејот, поделени беа и сертификатите за завршен втор степен на познавање вино според стандардите на Wine and spirits education trust од Лондон на првата генерација слушатели на едукативните програми во организација на „Вина од Македонија“. (МИА)
Рудник за бакар и злато во Иловица
ЕУРОМАКС РЕСУРСИС ОБЕЗБЕДИ КРЕДИТ ОД 215 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
Рудникот за бакар и злато во Иловица ќе добие кредит од 215 милиони долари од Société Générale S.A. UniCredit Bank AG и Unicredit Bank Austria AG. Германскиот гарантен фонд (UFK – Garantien für Ungebundene Finanzkredite) издаде мандатно писмо за начелна подобност и овластување за аранжман за финансирање на компанијата Еуромакс ресурсис за развој на проектот за бакар и злато – Иловица во Македонија, со кое се обезбедува аранжманот од 215 милиони долари за приоритетно финансирање на проектот.
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
БИЗНИС ИНФО
17
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Рокот за отплата на аранжманот за финансирање е 12 години, со каматна стапка со разлика од 3,75% - 4,25% пред завршување, односно разлика од 2,75% - 3,25% над ЛИБОР по завршување на проектот. Услов за добивање на аранжман за финансирање е склучување на договор со топилница во германска сопственост за преземање на бакарен концентрат. Дополнителни со мандатно писмо од Германскиот гарантен фонд UFK договорени се и услови со Caterpillar Financial („Cat Financial“) за аранжман за финансирање на опрема во вредност од најмногу 25 милиони американски долари. Овој аранжман за опрема се однесува на финансирање на било која опрема Cat купена за проектот Иловица во Македонија. Рокот на отплата на аранжманот за финансирање на опремата е 5 години со разлика од 4,50% - 5,50% над ЛИБОР. - Потпишувањето на овие мандатни писма во комбинација со УФК поддршката, е значително достигнувње во нашиот план за финансирање и покажува голем интерес за проектот Иловица. Во комбинација со Договорот за испорака на злато со Ројал голд, обезбедуваме 400 милиони американски долари за финансирање на изградбата на Иловица. Со вклучување на банките уште на почетокот на процесот ќе бидеме во можност да го спроведеме процесот на длабинска анализа паралелно со DFS/FEED а да се избегне одлагање при приемот на одобрението за градба во 2016 година. Со предвидената поддршка од УФК успеавме да обезбедиме поволен рок на отплата на кредитот до 12 години, така што нашите акционери ќе имаат корист од зголеменото задолжќување и ова драстчно ја зголемува внатрешната стапка на поврат на средства на проектот, изјави Варшан Гокул главен финансиски директор на Еуромакс ресурсис. Поддршката од Германскиот гарантен фонд се темелат на резултатите на Предфизибилити студијата за проектот Иловица, објавен од страна на компанијата во јуни 2014 година и се наменети за финансирање на проектот Иловица, заедно со Договорот за испорака на злато вреден 175 милиони американски долари објавен во октомври, 2014 година. Потпишувањето на мандатните писма ќе и овозможи на компанијата да продолжи со планот за завршување на потребната длабинска анализа, потребна за комплетирање на поддршката за проектниот аранжман и аранжманот за опрема, паралелно со завршувањето на конечната физибилити студија за Иловица која е во тек. Финансискиот аранжман и аранжманот за опрема е предмет на длабинската анализа која треба да ја извршат главните кредитори и Cat Financial, вклучувајќи финансиски, правни, технички, еколошки и социјални длабински анализи. Поддршка од Германскиот гарантен фонд ќе биде предмет на понатамошни длабински анализи и одобрување од страна на германската влада. Изградбата на рудникот за бакар и злато – Иловица, треба да заврши кон крајот на 2017 година. Неговата изградба ќе чини околу 500 милиони долари, а според плановите во новиот рудник ќе се вработат околу 400 лица. (Еуромакс ресурсис)
МНОГУ ПОВОЛНОСТИ И ИЗНЕНАДУВАЊА ЗА ПОСЕТИТЕЛИТЕ
ТА „Фибула“ на претстојниот Меѓународниот саем за туризам во Скопје
Туристичката агенција „Фибула“ на Меѓународниот саем за туризам,што ќе се одржи од 7-ми до 9-ти мај во халите на Скопски саем, ќе ги претстави и промовира своите актуелни туристички дестинации и услуги за 2015 година. За посетителите „Фибула“ подготви и уникатни изненадувања. Веднаш до штандот на ТА „Фибула“ ќе биде и штандот на хотел „Изгрев“ каде ќе бидат преставени сите поволности што хотелот ги нуди за време на летните одмори. На 8-ми мај, во периодот од 15 до 17 часот, сите оние кои ќе го посетат штандот на ТА „Фибула“,во хала 2, ќе добијат можност да учествуваат во Фибула happy hour и да добијат вредни и пријатни изненадувања поврзани со летните одмори. Посетителите кои ќе го искористат и саемскиот попуст на ТА „Фибула“ од 5 отсто на сите пакети и 20 отсто попуст на сите аранжмани за Грција и за Турција, од „Фибула“ ќе добијат и дополнителни промоции и привилегии како што се бесплатен престој за трето и четврто лице и 35 отсто попуст за рана резервација. Меѓународниот саем за туризам освен за посетителите, ќе биде од голема полза и за туристичките агенции и туроператорите каде ќе разменат искуства и информации со цел да им одговорат на барањата на нивните клиенти. (ТА „Фибула“)
БИЗНИС ИНФО СВЕТСКИ ПЕЧАТ
БИЗНИС ИНФО Скенирај и дознај повеќе
M
C
N IA
Што претставува сертификатот Excellent SME?
A
Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O
Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.
Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.
Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје
T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
E
S
E
БИЗНИС ИНФО
20
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-
Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот. Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој метод на обука, која вклучува микс од техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависност од Вашата потреба. Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и светски компании. Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас. Предавач: Љупчо Георгиев, директор на „Густав Кезер Тренинг Интернационал Македонија“, лиценциран тренер со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи.
Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија.
Уписите за обуката се во тек.
Сите учесниците добиваат: • материјали за работа • мемориски картици • ЦД и дополнителна литература • консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6 месеци • интернационално признат Сертификат од Густав Кезер Тренинг Интернационал и Сертификат од Бизнис Центар за Тренинг и Обука • контролен ден
За подетални информации контактирајте со нас: Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
21
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ – ОБУКА СО СТУДИСКО ПАТУВАЊЕ ВО ВИЕНА Во соработка со WIFI Институтот при Сојузот на кВо соработка со WIFI Институтот при Сојузот на комори на Австрија, Стопанската комора на Македонија преку својот Бизнис центар за тренинг и обука организира тренинг програма на тема:
За повеќе информации слободно контактирајте не: Симона Ристоска 02 32 44 067 simona@mchamber.mk
Борис Тримчев 072 207 091 boris@mchamber.mk
“Жени претприемачи” Програмата се состои од два дела, односно од теоретска обука со предавач од WIFI Институтот која се одржува во Скопје, а вториот дел е студиско патување во Сојузот на комори во Виена.
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Osnovana 1922
Искористете ја можноста за интернационален know - how трансфер и учете од најдобрите во Европа! Станува субвенционирана достапна цена.
збор програма
за по
Програмата трае 9 дена, од кои 6 тренинг дена во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје и 3 дена во Виена, Австрија и B2B средби. Средбите се организираат во зависност од Вашиот интерес и индустријата во која дејствувате. Престојот, семинарите и посетите се во организација на WIFI AUSTRIA. Сместувањето е во хотел, по двајца учесници во двокреветна соба. Уписите се во тек! Посетата во Виена, Австрија ќе се одржи по завршување на обуката и полагање на тестот.
Founded 1922
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
ТРЕНИНГ-ПРОГРАМА НА ТЕМА: „ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ“
WIFI AUSTRIA ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР
УСПЕХ СО WIFI Институтот за промоција на економскиот развој (The Institute for Economic Promotion – Wirtschaftsförderungsinstitute/WIFI) во рамките на Сојузот на комори на Австрија (Austrian Economic Chambers) е партнер на австрискиот бизнис на полето на едукација и развој на човечките ресурси, со регионална организација во сите девет области на Австрија и 80 претставништва ширум светот. Секоја година, 300.000 учесници посетуваат некој од понудените курсеви и семинари кои се повеќе од 25.000, на коишто предаваат 12.000 тренери ангажирани од WIFI, a избрани директно од бизнис-заедницата.
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР Тимот на WIFI задолжен за интернационален know-how трансфер обезбедува семинари и менаџмент курсеви ширум светот кои нудат дополнителна предност на тој начин што на учесниците кои успешно ќе ги завршат овие курсеви им овозможуваат директен контакт со австриски компании, со цел да имаат активна улога во економскиот развој на целните земји додека истовремено имаат активна улога и во отворањето на вратите за австрискиот бизнис.
22
БИЗНИС ИНФО
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Kомплетна обука согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија
„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“ Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со менаџментот и организацијата на човечките ресурси во компаниите. Истата содржи 80 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Програмата започнува со општ вовед во менаџментот на човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти на струката потребни за стекнување менаџерски вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за Програмата „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ кој е признат од Министерството за образование и наука. ТРЕНЕРИ: Доц. д-р Љупчо Ефтимов Доцент на Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на прв и втор циклус студии одржува настава по предметите Менаџмент на човечки ресурси, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на перформанси. Од 2013 година ја извршува функцијата раководител на студиската програма од втор циклус студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси. Член е на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Член е на Комитетот за човечки ресурси при Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Р. Македонија. Член е на Техничкиот комитетот за менаџмент на човечки ресурси при Институтот за стандардизација на Р. Македонија. М-р Драгана Томиќ Пилиповиќ Професионален консултант, основач и претседател на Центарот за општествено одговорно претприемништво (ЦООП) - Белград, а во текот на својата кариера работела на следните позиции: - заменик-претседател на Секторот за човечки ресурси и обучувач во AIESEC, Економски факултет – Белград; - консултант во областа на тренинг и менаџмент на човечки ресурси во „Срма Консалтинг“ – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во Ерсте Банка – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во „ФармаСвисс“ ДОО - Белград. Д-р Зоран Михајлоски Во текот на својата богата кариера д-р Зоран Михајлоски бил судија во Апелациониот суд во Скопје, во специјализираниот оддел за работни спорови од 2002 година, претседател на специјализираниот оддел за работни спорови на Апелациониот суд - Скопје, едукатор во Правната школа на постојни судии од Европската унија во Барселона, Шпанија, од областа на
националните работни законодавства, постојан предавач на постдипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и вонреден професор на Факултетот за правни науки при Универзитетот „Американ Колеџ“ - Скопје. Автор на повеќе научни и стручни трудови од областа на трудовото и деловното право.
Дополнителни информации: • Предавањата се распоредени во 10 тренинг дена (вкупно 80 школски часа) и се одржуваат два до три пати неделно. • Обуката започнува во периодот април – мај 2015 година. • Број на учесници во група: 10 – 20 учесници. • Во зависност од тематската целина предавањата се одржуваат на македонски или на српски јазик. • Сите учесници добиваат потврда за присуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија. • Услов за да се стекне Сертификатот за „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит. Котизација за учество: - 27.900 денари за 1 учесник; - 10% попуст за втор учесник од иста компанија и - 15% попуст за трет и секој следен учесник од иста компанија, невработени лица и студенти. Учесниците добиваат: - Материјали; - Освежување и - Сертификат.
Контакт: Симона Ристоска +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„AGROB2B@NSFAIR“ НА САЕМОТ ВО НОВИ САД
Бизнис-средби на 11.5.2015 година во Република Србија
Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери БИЗНИС-СРЕДБИ „AgroB2B@NSFair“ НА САЕМОТ ВО НОВИ САД Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија организираат учество на Меѓународните бизнис-средби „AgroB2B” во Нови Сад, Република Србија, на 11.5.2015 година. Овие средби ќе се одржат за време на одржувањето на Новосадскиот меѓународен саем за земјоделие. Главни теми на средбите ќе бидат: - трговијата и производството на храна и пијалаци; - земјоделска механизација и опрема; - хемиски производи за аграрот; - пакување; - обновлива енергија; - опрема за градинарство, како и - применетата наука и истражувањето во аграрот. Зошто да учествувате? Меѓународниот брокерски настан обезбедува дополнителна поддршка со цел компаниите да можат да најдат меѓународни партнери на Саемот. Учесниците имаат можност да ги најдат нивните потенцијални партнери според нивните потреби и интереси. Листата на учесниците е достапна пред почетокот на Саемот. Учеството на Бизнис-средбите „AgroB2B@NSFair” е бесплатно, а влезницата чини 5 евра. Аплицирај електронски / on-line http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1735&bet=17 Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
24
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ *На 12 мај 2015 година (вторник), од 10:00-15:00 часот, во Струмица *На 14 мај 2015 година (четврток), од 10:00-15:30 часот во Регионалната комора со седиште во Прилеп.
Oбука: ПОДГОТОВКА НА КОМПАНИИТЕ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ЕВРОПСКИТЕ ПРОГРАМИ „ХОРИЗОНТ 2020“ И „КОСМЕ 2014-2020“
Европската комисија за следниот седумгодишен период (2014-2020 година), креираше грантови во рамките на ЕУпрограмите „КОСМЕ“ и „ХОРИЗОНТ 2020“ за подигање на конкурентноста и иновативноста на компаниите зацртани во Европската стратегија 2020. Стопанската комора на Македонија од досегашното искуство во работењето на европските програми, утврди дека овие фондови се главната алатка со којашто ЕУ ги поддржува економскиот развој, социјалната кохезија и развојот на демократските вредности во земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати за членство. Со овие програми се поддржуваат истражувањето и иновациите, со цел поголема конкурентност и креирање нови работни места. Република Македонија е дел од земјите кои имаат целосен пристап до наведените програми.
Програмата„Косме“ има за цел да ја поттикне конкурентноста на компаниите преку обезбедување подобар пристап до финансии, бизнис-услуги за поддршка и промовирање на претприемништвото за мали и средни претпријатија, како и пристап до постојни и потенцијални претприемачи и бизнис-организации за поддршка и развој на бизнисите. Со цел поттикнување на иновативноста и конкурентноста на македонските компании за активно аплицирање и искористување на средствата од европските фондови со акцент на Инструментот за МСП, Стопанската комора на Македонија овозможува детална и сеопфатна дводневна обука - интензивен тренинг со теоретски и практични знаења кои се применливи во малите и средни претпријатија, невладиниот сектор, организациите, универзитетите, тренинг-центрите, консултантските организации. Сите заинтересирани за учество на обуката, можат да се пријават најдоцна до 11.05.2015 година, со целосна претходна уплата на сумата. Котизацијата за учество на обуката за по лице изнесува 2.000 денари + ДДВ, а за секој нареден втор учесник од компанија-членка на Комората се одобрува дополнителен попуст од 10 %. Котизацијата за не-членки по лице изнесува 3.500 денари+ ДДВ.
Програмата „Хоризонт“ поддржува финансирање на проекти за истражување и иновации, мобилност на истражувачи, трансфер на нови технологии, стекнување на нови знаења и експертиза, како и кофинансирање на одредени активности поврзани со развој на нови производи и воведување нови технолошки процеси. Од особен интерес за компаниите е новиот Инструмент за МСП како дел од Програмата „Хоризонт 2020“, кој е наменет исклучиво за мали и средни компании.
Напомена: Со извршена регистрација и уплата до 11.05.2015 година, апликацијата се зема предвид како валидна за учество на обуката. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL
ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL
ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:
Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач
БИЗНИС ИНФО
26
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 14 мај 2015 година, од 9:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
Обука: „ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА ЗА СОПСТВЕНИЦИ И МЕНАЏЕРИ ВО МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА“
- Како по пат на анализа на извештаите да се унапреди работењето во компанијата? - Поврзување на одредени позиции од финасиските извештаи, нивно меѓусебно комбинирање и користење на рацио-броеви и добивање конкретни одговори од предавачите дали секотрот за финансии од Вашата компанија адекватно го поддржува работењето на Вашата компанија?
Предавачи: 1. Дејан Ќирковиќ, финансиски консултант Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот во Белград. Кариерата ја започнал во EFG bank – Белград, во Секторот за управување со средствата. Во 2010 година преоѓа во Erste bank – Нови Сад, во Секторот за управување со ризици каде се специјализира за управување со ризиците кај правните лица. Понатамошната кариера ја продолжува во Sber бanka како сениор кредитен аналитичар. Од 2014 година е ангажиран во делот на финансиско советување во компанијата „Валор Гроуп“ ДОО - Белград. Неговите главни области на работење и усовршување се врзани со проблематиката за управување на кредитен ризик, финансиска анализа, корпоративни финансии и анализа на индустијата.
2. Небојша Поповиќ, финансиски консултант Дипломирал на Факултетот за информатика при Универзитетот во Манчестер (Computer Science Department of Manchester University), насока компјутерски инженеринг, а после тоа стекнал Мастер диплома на Економскиот факултет при Универзитетот во Шефилд (Business Administration and Economics Department of the University of Sheffield) во областа банкарство и финансии. Професионалната кариера ја започнува во Erste Bank – Нови Сад, од 2005 година, и тоа прво како раководител на Одделението за пазарни и оперативни ризици, а од 2008 година во рамките на Дирекцијата за управување на ризиците кај правните лица како дел од Секторот за управување со ризиците. Од 2014 година усовршувањето го продолжува како дел од компанијата „Валор Гроуп“ ДОО - Белград како финансиски консултант. Главните области на работење се врзани за финансискиот менаџмент на компаниите низ финансиска анализа и планирање, управување со кредитниот ризик, управување со наплата со додатен фокус на управување на организациско комплексни проекти. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Втората конференција на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија
„АРБИТРАЖАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – ПРЕДИЗВИЦИ ЗА РАЗВОЈ“ Конференцијата ќе се фокусира на идентификување на состојбата во арбитражното решавање на споровите во Република Македонија, како и на предизвиците за унапредување и развој на арбитражниот механизам за решавање спорови во нашиот правен систем. На Конференцијата ќе учествуваат претставници на повеќе арбитражни институции од регионот, но и реномирани експерти од областа на арбитражното право. ЗА СЕКОЈ УЧЕСНИК НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ МАТЕРИЈАЛИ. УЧЕСТВОТО НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА НАДОМЕСТОК ЗА КОТИЗАЦИЈА. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Татјана Штерјова Тел: ++ 389 2 3244065 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: tatjana@mchamber.mk Контакт: Владимир Бошњаковски, Тел. ++ 389 2 3244-043, Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 Е-адреса: vladimir@mchamber.mk;
Е
БЕЗ
На 15 мај 2015 година (петок), со почеток во 10:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на петти кат.
28
БИЗНИС ИНФО
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 15.05.2015 година, од 10:00-15:00 часот, во хотел „Милениум“ во Битола, семинарска сала.
Семинар: „ЗАКОН ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ - ОТКАЗ НА ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, ЗАКОНСКИ АКТИ И СУДСКА ПРАКСА”
Содржина на семинарот: 1. Закон за работни односи - Договор за вработување; - Договори за вработување на определено и неопределено време; - Начини на престанување на договорите за вработување; - Престанување на важност на договорите за вработување на определено време; Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работодавачот; -Причина и обврска за докажување. 2. Формални процедури при казна и отказ на договор за вработување Форма и содржина на отказот; - Основни причини за отказ - Откажување на договорот за вработување од лични причини на работникот - Откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните оврски со отказен рок - Откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните оврски без отказен рок - Парична казна 3. Приговори на одлуките за отказ и судска пракса - Приговори на одлуката за откажување на договорот за вработување без отказен рок или отстранување од кај работодавачот; - Приговори на одлуката за откажување на договорот за вработување со отказен рок; - Застареност;
- Информирање и консултирање на работниците; - Информирање и консултирање при колективни отпуштања од деловни причини; - Права и обврски во случај на отпуштање од деловни причини; - Испратнина - Понуда на нов променет договор пред отказ
Предавач: - Судија Петкана Јадровска, судија по трудово право со долгогодишно искуство при Апелационен суд Битола; Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Контакт: М-р Никола Димковски Регионална Комора Битола Тел: 047 225-088 Моб: 070 997-084 E-адреса: regiobt@mchamber.mk
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Семинар: ,,ПОСТАПКА ЗА ИЗДАВАЊЕ ДОЗВОЛА ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА И ДОЗВОЛА ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ РУДАРСКИ РАБОТИ СПОРЕД ДОПОЛНИТЕЛЕН РУДАРСКИ ПРОЕКТ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ И ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ ЗА НАПЛАТА НА КОНЦЕСИСКИ НАДОМЕСТОЦИ“ ПРОГРАМА I. ПОСТАПКА ЗА ИЗДАВАЊЕ ДОЗВОЛА ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА • Рокови за поднесување барање за издавање дозвола за експлоатација; • Потребна документација за издавање дозвола за експлоатација и • Најчести проблеми со кои се соочуваат концесионерите при комплетирањето на документацијата за издавање дозвола за експлоатација.
• • •
19.5.2015 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Видови на концесиски надоместоци; Рокови за наплата на концесиските надоместоци и Тарифник за утврдување на висината на надоместоците за издавање дозволи и концесии за вршење детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минерални суровини.
IV. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ ВО ПОСТАПКИТЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ ДОЗВОЛА ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА И ДОЗВОЛА ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ РУДАРСКИ РАБОТИ СПОРЕД ДОПОЛНИТЕЛЕН РУДАРСКИ ПРОЕКТ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ V. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ ПРИ НАПЛАТА НА КОНЦЕСИСКИ НАДОМЕСТОЦИ Предавачи: - м-р Eјуп Љативи, раководител на Секторот за минерални суровини при Министерството за економија и - м-р Александра Митровска, советник во Секторот за минерални суровини при Министерството за економија во Владата на РМ. Аплицирај електронски / on-line
II. ПОСТАПКА ЗА ИЗДАВАЊЕ ДОЗВОЛА ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ РУДАРСКИ РАБОТИ СПОРЕД ДОПОЛНИТЕЛЕН РУДАРСКИ ПРОЕКТ • Рокови за поднесување барање за издавање дозвола за експлоатација; • Потребна документација за издавање дозвола за експлоатација и • Најчести проблеми со кои се соочуваат концесионерите при комплетирањето на документацијата за издавање дозвола за експлоатација. III. ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ ЗА НАПЛАТА НА КОНЦЕСИСКИ НАДОМЕСТОЦИ
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
30
БИЗНИС ИНФО
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Бизнис-конференција „ДЕЛОВНО РАБОТЕЊЕ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН 2015“
22 мај 2015 година, Линчопинг, Шведска
- Инвестиции, добавување и трговија -
Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Република Македонија и Кралството Шведска, Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Република Македонија во Кралството Шведска и Министерството за надворешни работи на Македонија има чест да ве покани да присуствувате на Бизнис-конференцијата на тема: „Деловно работење во земјите од Западен Балкан 2015“ - Инвестиции, добавување и трговија, што ќе се одржи на 22 мај 2015 година во Линчопинг, Шведска. Главна цел на Конференцијата ќе биде претставување на потенцијалите за инвестирање во Република Македонија и поврзување на македонските компании како добавувачи за шведските бизниси во регионот на југоисточна Шведска. Бизнис-делегацијата на Република Македонија ќе биде предводена од високи државни претставници - министерот за инвестиции, господинот Павлески, директорот на Агенцијата за странски инвестиции, господинот Шекеровски, како и високи претставници на Стопанската комора на Македонија. Покрај Македонија, на Конференцијата ќе учествуваат и претставници на Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Пријавување до 15.05.2015. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Osnovana 1922
Founded 1922
БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија
Уписите се во тек!
32
БИЗНИС ИНФО
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„FRANCHISING EXHIBITION CROATIA“ ВО ОПАТИЈА
На 29 мај 2015 година Меѓународен саем за франшиза, финансиски и консултантски услуги – FEC и деловни средби во Република Хрватска
Меѓународниот саем за франшиза, финансиски и консултантски услуги - FEC (Franchising Exhibition Croatia - http://fec.hgk.hr)и деловните средби се организираат од страна на Стопанската комора на Хрватска и Enterprise Europe Network Croatia, a ќе се одржат на 28-29 мај 2015 година во Опатија, Хрватска. Во рамките на Саемот ќе се организираат брокерки средби. Главна цел на брокерскиот настан ќе биде успешно да се олеснат бизнисите со франшиза, како и провајдерите на финансиските и консултантски услуги да ги претстават своите потенцијали за франшиза и претприемништво. Тоа ќе биде единствена можност: - да се поврзат бизнисите за франшиза од различни земји; - да се поддржат компаниите за да откријат нови производи и услуги; - да ги проучат новите деловни можности и потенцијали преку пронаоѓање нови партнери за идна деловна соработка. Коорганизатор е Унијата на регионалните стопански, индустриски и аграрни комори на Венето, Италија. Краен рок за регистрација е 18 мај 2015 година. Аплицирај електронски / on-line: http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1736&bet=17 Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
БИЗНИС ИНФО
33
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„SE TEXTILE, FASHION & FAÇON EXPO“ ВО ТИРАНА
Од 4 до 6 јуни 2015 година, ќе се одржи најголемиот Саем за текстил во Албанија и деловни средби
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот преку својот економски промотор за Албанија и Косово, организира посета на овој саем. Се работи за саемска манифестација наменета за компании кои работат во текстилната индустрија на која ќе се презентираат: • ткаенини од волна, памук, свила; • кожа; • текстилни машини и опрема (машини за шиење и одржување); • работна облека; • воени униформи; • машка, женска и детска конфекција; • додатоци за облека и др. Во рамките на саемската манифестација ќе се овозможи промоција на нашите на компании пред сите релевантни комори и здруженија во Албанија, а ќе бидат организирани и деловни средби со компании-учеснички на Саемот. Трошоците за патување и сместување се на товар на самите компании. Пријавување до 5 мај 2015 година. Подетални информации можат да се добијат на: http://www.expodatabase.com/tradeshow/southeast-europe-textile-fashion-faon-expo-67944.html. Аплицирај електронски / on-line http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1737&bet=3 Контакт: Сашо Деспотоски Тел: ++ 389 2 3244089 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: saso@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
34
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Oд 6 до 9 јуни 2015 година во Иран
„IRAN SEE EXPO 2015“ ВО ТЕХЕРАН
Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Исламската Република на Иран во Скопје Ве информира дека во периодот од 6 до 9 јуни 2015 година ќе се одржи Третата меѓународна поморска изложба во Техеран, Иран. Изложбата се организира со поддршка на иранските пристаништа и поморски организации, како и со Организацијата на исламската бродска асоцијација (OISA) и Организацијата за исламска соработка (OIC). На овој професионален настан на интернационално ниво ќе бидат презентирани најновите светски достигнувања во поморската индустрија, креирање и промоција на соодветни можности за поголема соработка со морската елита, оптимално користење на расположливите морски капацитети во муслиманските земји и научни истражувања во делот на поморската индустрија. На изложбата ќе бидат претставени: достигнувањата во транспортот и индустријата за бродоградба, офшор-компании во индустријата за нафта и гас, морски и пристанишни услуги, океанографија, туризам, рибарство, институции за осигурување и кредитирање, универзитети и големи центри за наука, истражување и технологија, здруженија и асоцијации кои имаат различни работилници за обука и др. Посетителите на „IRAN SEE EXPO 2015“ ќе имаат можност да добијат нова идеја за проширување на својот бизнис, да се поврзат со нови клиенти и деловни партнери, да ги надградат стекнатите вештини, знаења и совети за поголема ефективност во работењето, да се поврзат со мрежа на клучни добавувачи на локално и на глобално ниво и др. За подетални информации посетете ја веб-страната: www.iranseaexpo.com/en Стопанската комора на Македонија нуди дополнителна логистичка поддршка на сите заинтересирани компании кои сакаат да го посетат овој настан.
Контакт: Ивона Каранфиловска Телефон: +389 2 324 4084 Е-адреса: Ivona@mchamber.mk
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
БИЗНИС ИНФО
35
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„ПАМЕТНО ГРАДЕЊЕ НА ПАМЕТНИ ГРАДОВИ“
Конференција и деловни средби на 10 и 11 јуни 2015 година во Виена, Република Австрија
Стопанската комора на Македонија заедно со Трговското одделение при Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија, организираат учество на бизнис-делегација од Македонија на Конференцијата и на деловните средби што ќе се одржа на 10 и 11 јуни 2015 година во Виена, Република Австрија, на тема: „Паметно градење на паметни градови “. Притоа, бизнисмените ќе имаат можност да се сретнат со 97 претставници на компании, владини институции, консалтингкомпании, асоцијации, универзитети, истражувачки институции, од следниве области: • инженеринг и планирање, архитектура и градежни услуги; • изградба / секундарни договори за работа; • градежни материјали / компоненти и склопови; • обновливи извори на енергија, климатизација и технологии за градење; • бизнис-агенции, кластери и асоцијации, креатори на јавна политика за планирање на нов и стар простор во градовите и сл. Учесниците ќе имаат одлична можност да се поврзат и да споделат искуства со еминентни личности од клучните носители на одлуки од над 15 земји, со над 100 учесници од: Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Германија, Грција, Унгарија, Норвешка, Полска, Португалија, Србија, Швајцарија и Турција. Самиот настан ќе биде проследен со организирани: • поединечни деловни средби и • ексклузивни посети во најиновативните австриски компании. Конференцијата и деловните средби се наменети пред се` за компаниите со цел тие да се запознаат со најновите австриски KnowHow технологии на веќе изградени згради, нивно реновирање и повторна употреба; нуди можности за проширување на својата меѓународна мрежа и наоѓање на нови деловни партнери; стекнување со знаења за нови пазари; презентирање, дискутирање и развивање нови проекти; како и иницирање на прекугранични контакти. Ве молиме, Вашиот интерес за учество на Конференцијата да го наведете во Пријавниот лист и да се регистрирате на следниов линк: www.b2match.eu/buildingsmart2015 . За првите 5 компании кои ќе се пријават за учество на Конференцијата, ќе бидат обезбедени две бесплатни ноќевања во хотел, од 9-11 јуни 2015 година или 10-12 јуни 2015 година. Пријавување до 28.5.2015 година. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
36
БИЗНИС ИНФО
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 10 до 12 јуни 2015 година 9-ти Светски коморски конгрес во комплексот - Лингото, во Торино, Република Италија
“КОМОРИТЕ ЗА ГЛОБАЛЕН НАПРЕДОК НА БИЗНИСОТ”
Светскиот коморски конгрес е организиран од страна на ICC World Chambers Federation (Светската федерација на комори).
Светскиот коморски конгрес се одржува на секои две години во различни земји. Тоа е единствен меѓународен форум за коморски и бизнис-лидери, место каде што се нуди можност да се споделат најдобрите практични искуства, место за размена на идеи, развивање на мрежи, да се воспостават контакти во интерес на најновите бизнис-прашања кои влијаат на заедниците од каде се доаѓа, како и да се добијат информации за нови иновации од коморите од целиот свет. Коморите во своите држави работат на корените на претприемничкиот развој, имајќи предвид дека компаниите се подготвени да се искачат на врвот преземајќи нови и смели бизнис-потфати за своите членки. Приматот го имаат малите и средни компании (МСП) кои се најбројни и се креатори на економското богатство и развојот на сите економии. Но тука се и големите компании кои се носечки за развојот за едно стопанство и истите се пример за малите и средни компании. Коморите играат клучна улога во олеснувањето на локалниот развој на бизнисот и идентификацијата на трговијата, инвестициите и деловните можности. Коморите им помагаат на своите членки да ја подобрат конкурентноста и да успеат во своите активности, значително придонесувајќи кон економскиот прогрес на една земја. Конгресот не е само монолог - еднонасочна комуникација, туку станува збор за интерактивна акција на делување. Во осум работилници за обука, експертите ќе им дадат практични совети на сите учесници, кои ќе им овозможат на коморите и бизнис-заедниците да ги подобрат и да ги унапредат своите услуги, како и да се стекнат со поголемо професионално и лично искуство по нивното враќање дома. Стопанската комора на Македонија заедно со компаниичленки ќе земе учество на овој конгрес, отворајќи одлична можност за проширување на деловните контакти, унапредување и стекнување на нови знаења, размена на искуства, можности за посета на древни остатоци од цивилицации, и секако дружење
и забава со останатите претставници кои ќе учествуваат од коморите од светот. 9. Светски коморски конгрес ќе се одржи во Линготокомплексот во Торино, кој претставува одличен пример за индустриски обновен објект пренаменет за други потреби. Всушност овој објект претходно бил првата фабрика за производство на автомобили „Фиат“ од познатиот архитект Рензо Пиано (Renzo Piano). Денес, тој е огромен комплекс, во кој се наоѓа и Центарот за конвенција, изложбен центар, каде што има хотели со 4 и 5 ѕвезди, 5500 м2 покриен паркинг-простор, масивен 8 галериски трговски центар со 90 продавници и 25 барови, ресторани, мултиплекс-кино со 11 театри, ексклузивни Bolla-сали за состаноци, со аеродром за хеликоптери (кој се наоѓа на покривот на Лингото-комплексот), уметничка галерија и еден ресторан кој се наоѓа на поранешната тестпатека на автомобилскиот бренд „Фиат“. Сите овие објекти меѓу себе се поврзани, нудат голема флексибилност и можат да се приспособат за различни типови на настани. Лингото конгресниот центар е голем, модерен објект, наменски изграден за конвенции со пространи изложбени сали и угостителски објекти и пет сали во непосредна близина. Регистрација - котизација Сите делегати ќе имаат можност да учествуваат на сите сесии и работилници во текот на 3 дена на 9. Светски коморски конгрес, а постои и можност да изберат учество на само еден или на два дена по свој избор, со цел да се приклучат на активностите на Конгресот кои се од значење за делегатот.
Пријавување до 20 мај 2015 година. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: natasa@mchamber.mk
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
БИЗНИС ИНФО
37
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„VINEXPO INTERNATIONAL“ ВО БОРДО
Меѓународен саем за вино и деловни средби на 16 и 17 јуни 2015 година во Франција
Саемот „Vinexpo International“ и деловните средби Ви овозможуваат да учествувате на најпознатиот светски настан за вино, со повеќе од 2400 излагачи и 48.000 професионални посетители, да ја проширите својата меѓународна мрежа и да ги идентификувате новите партнери, преку претходно одбраните потенцијални партнери. Саемот „Vinexpo International“ и деловните средби се брокерски настан за светски познатите вина и алкохолни пијалаци. Настанот нуди: За компаниите – проактивно учество на „Vinexpo“, каталог за купувачите и организиран тајминг за настанот и состаноците во ЕЕН мрежата, како и сите предности на matchmaking настанот – бесплатно! За купувачите – бесплатна, професионално организирана агенда за да се сретнете со претходно избраните мали и средни претпријатија, дегустација и откривање на прекрасни вина и алкохолни пијалаци, како и временски ограничени, организирани деловни средби. За дегустацијата е обезбедена сала од 300 м2 со 45 маси и професионална услуга. Зошто треба да учествувате? - Присуство на светски познатата изложба со повеќе од 2400 излагачи и 48.000 професионални посетители. - Активно учество на изложбата. - Проширување на својата меѓународна мрежа и идентификување нови партнери. - Организирани 30-минутни деловни средби со одбрани партнери. - Тоа е бесплатно! Регистрирајте се на www.b2match.eu/vinexpo2015
Аплицирај електронски / on-line: http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1734&bet=17 Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
38
БИЗНИС ИНФО
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„ПАТОТ НА СВИЛАТА“ Од 23 до 26 јули 2015 година во ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА Ксинџијанг - Урумки, во НР Кина ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА И „УРУМКИ“ - ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА УГОСТИТЕЛСТВО И КЕТЕРИНГ (За компаниите – членки на Стопанската комора на македонија обезбедени се бесплатно сметување, изложбен штанд, влезници и трансфер) Стопанската комора на Македонија во соработка со Ксинџијанг Меѓународниот саем и центар за конвенции организира учество на македонски компании на Вториот интернационален саем за прехранбена индустрија „Патот на свилата“ и „Урумки“ - Интернационалниот саем за угостителство и кетеринг. Двата настана ќе се одржат периодот од 23-26 јули 2015 година. Целта на организирањето на овие интернационални саеми е да се промовира соработка и да се работи на развојот на прехранбената индустрија меѓу сите области по должината на „Патот на свилата“ и Централна Азија, Западна Азија, земјите од АСЕАН и ЕУ. Воедно, целта е да се создадат „пет центри“ на економскиот појас на „Патот на свилата“, со цел да се промовира градот Урумки и да се интензивира економската соработка меѓу домашните и странските компании од прехранбената индустрија. „Патот на свилата“ - Интернационалниот саем за храна што се одржа во 2014 година и 4. Кинески саем за ХАЛАЛ храна и култура (SRIF), успешно беа одржани во „географскиот центар на азискиот континент“ - Урумки. Првиот SRIF-Саем бил организиран на површина од 40.000,00 м² со 1.200,00 интернационални стандардни штандови со повеќе од 780 учесници, од кои 153 странски компании од повеќе од 27 земји и региони од светот. Бројот на посетители достигнал 200.000,00 а вкупниот профит изнесувал 1.445 билиони јуани. Оваа година Саемот ќе се одржи на површина од 70.000,00 м² со 2.400,00 стандардни штандови и повеќе од 1.500,00 компании-учеснички, од коишто 30% се странски излагачи. Саемот ќе трае од 23-26 јули 2015 година, со следниот распоред за излагачи: • сместување: 21-22 јули 2015 година; • изложување: 23-26 јули, 2015 година; • ден за трговци: 23 јули 2015 година • отворен ден: 24-26 јули 2015 година • пакување: 26 јули 2015 година (после 17:30 часот). На Саемот ќе се најдат излагачи од повеќе различни сектори: • прехранбена индустрија: здрава храна, угостителство, кетеринг и сродни индустрии, домашен и странски
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
БИЗНИС ИНФО
39
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ • • • •
прехранбен сектор, франшизи; машини и опрема за прехранбената индустрија: машини за преработка и пакување во прехранбената индустрија, опрема за печење, кујнски прибор и опрема, земјоделски објекти, инсталација на ладилници и комори, опрема за пијалаци; некласифицирана храна: специјални шумски и овошни продукти, органска храна и пијалаци, суровини и ароми, жито, масло, зеленчук, морски плодови, локални продукти, чаеви и млечни продукти; хотелиерство: познати ресторани и хотели, украсување за свечености; синџир на претпријатија: синџир на компании од прехранбената индустрија, продавници и супермаркети и др.
Посетителите и излагачите на Саемот ќе имаат можност да бидат дел од три одделни секторски манифестации од прехранбената индустрија: 1. Интернационален саем за прехранбена индустрија (на 12.000,00 м²); 2. Саем за домашна прехранбена индустрија (на 24.000,00 м²) и 3. Саем за гурманска храна и култура (на 30.000,00 м²). За време на Саемот ќе бидат организирани и два бизнисфорума: Интернационален форум за прехранбената индустрија и промоција на инвестициите 2015“ и „Патот на свилата“ -„Урумки“ Форум за храна и култура, како и деловни средби за бизнисмени од повеќе различни сектори од прехранбената индустрија. Посетителите и излагачите за време на Саемот ќе имаат можност да присуствуваат на голем број дополнителни настани и активности организирани од страна на SRIF, како што се: „Кралот на храната“- интернационален настан од областа на гастрономијата, натпревари и доделување награди, Шангајско Гинисово шоу со јаболко, „Вкуси го Ксинџијанг“, промоција на туризмот и др. За компании членки на Стопанкста комора на Македонија , обезбедени се : • бесплатно сместување во Урумки за време на саемската манифестација (5 ноќевања); • бесплатни влезници за саемската манифестација; • бесплатни трансфер (од-до аеродром и саемот) и • бесплатен штанд за претставници на интернационални компании - површина од 9 м² Напомена: Доколку се пријават повеќе од 20 македонски учесници, постои можност за добивање бесплатен Национален павилјон - простор за изложување од 270 м² , односно простор за 30 засебни штанда. Посетителот ги покрива патните и организационите трошоци кон Комората (за членки на Комората 6.000 денари по лице, а за нечленки 9.000 денари по лице). Пријавување до 25.5.2015 година. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
40
БИЗНИС ИНФО
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Турска компанија заинтересирана е да соработува со туристички агенции во Република Македонија за хотелско сместување во Турција. Валидност дo 3.7.2015 годинa. Компанија од Бугарија нуди услуги во градежномонтажни работи во областа на енергетиката, машиноградбата, индустриската и станбена изградба и монтажа на метални конструкции. Валидност дo 29.6.2015 годинa. Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пластични и метални патенти за облека и галантерија. Валидност дo 29.6.2015 годинa.
Компанија од Шри Ланка заинтересирана е за пласман во Република Македонија на брикети за огрев од струганици од кокос. Валидност дo 29.6.2015 годинa.
Чешка компанија нуди високонапонски челични шишиња за технички гасови и сите видови додатоци поврзани со CNG употреба (EPC) - енергија: бојлери и котли под притисок (EPC) - резервоари за нафта, гасови и другo, топчести и надолжни резервоари (ЕПЦ) канализациони постројки и биогас станици опрема за комунални услуги и хемиски постројки (ЕПЦ) - металургија- садови за леење до 100 тони за сите гранки и дејности, на пр. петрохемиски, тешка машинска индустрија, нуклеарна енергија - механички делови за бродоградба - пренос на балвани, челични конструкции - опрема за производство на челик и печки (ЕПЦ). Валидност дo 29.6.2015 годинa.
Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на ласерски лампи и разни ласерски резервни делови наменети за воздухопловната и автомобилската индустрија, во салони за убавина, мода, медицина, микроелектроника. Компанија од Турција нуди комплет линија Валидност дo 29.6.2015 годинa. - машина за производство на влажни Компанија од Турција бара дистрибутер во марамчиња. Република Македонија за пласман на четки за Валидност дo 30.6.2015 годинa. бојосување. Валидност дo 3.7.2015 годинa.
Компанија од Израел бара да увезува од Република Македонија хидраулична опрема, посебно на хидраулични црева како: црева 1SN,
четврток, 07 мај 2015, Бр. 222
БИЗНИС ИНФО
41
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА 2SN, R4, R5, R7, 4SP, 4SH, R12, R13, црева за пареа, црева за воздух, црева за прскање хидраулични фитинзи, адаптери, мерачи, машини за спојки, машини за ковање, машини за сечење и др. Валидност дo 30.6.2015 годинa.
плaсман на кори за пити и колачи и смеса за овесни каши. Валидност дo 2.6.2015 годинa.
Компанија од Турција бара дистрибутер на хидраулични дигалки за товар и истовар на Компанија од Белорусија заинтересирана стока. е за соработка со градежни компании за Валидност дo 2.6.2015 годинa. поставување на лифтови во новоизградени објекти во Република Македонија. Компанија од Грција бара дистрибутер Валидност дo 2.6.2015 годинa. во Република Македонија за пласман на автомобилско стакло. Компанија од Белорусија заинтересирана е Валидност дo 3.6.2015 годинa. да пласира трактори и тракторска опрема во Република Македонија. Компанија од Литванија бара дистрибутер Валидност дo 2.6.2015 годинa. во Република Македонија за пласман на метални производи од нерѓосувачки челик. Компанија од Белорусија заинтересирана Валидност дo 3.6.2015 годинa. е да пласира автобуси, товарни приколки, камиони и камиони со кранови на македонскиот пазар. Валидност дo 2.6.2015 годинa. Контакт: Мирјана Коцева Компанија од Србија заинтересирана е за соработка со дистрибутери и увозници на прехрана во Република Македонија за
www.mchamber.mk
Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088