Page 1

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2011

1

Членка на: Број 48 од 07.04.2011

контакт call центар (02) 15015

www.mchamber.mk

Порака на бизнис-заедницата до политичките партии во земјава

ИЗБОРНА КАМПАЊА СО СООЧУВАЊА НА РАЗЛИЧНИТЕ ЕКОНОМСКИ ПРОГРАМИ! МОЖНОСТИ

ТРЕНДОВИ Наплив на регионални економски иницијативи

КРИЗАТА ГИ ЗБЛИЖУВА БАЛКАНСКИТЕ ЕКОНОМИИ

Формирана Асоцијација за здравство при Стопанската комора на Македонија

СЕРИОЗЕН ПАРТНЕР ЗА ЕКОНОМСКИТЕ АСПЕКТИ НА ЗДРАВСТВЕНАТА ДЕЈНОСТ


БИЗНИС ИНФО

2

четврток, 7 април 2011

ПОДВЛЕЧЕНО ГОЛЕМИ ВО РЕГИОНОТ – ГОЛЕМИ ВО СВЕТОТ! Регионот има голем потенцијал ако се гледа како пазар од 22 милиона луѓе. Државите поединечно се мали. Здружени заедно сме посериозни и како трговски партнери и како потенцијален пазар за странските

инвеститори . „Алкалоид“ многу инвестираше во изградба на својот бренд на локалните пазари. Кога ќе станете голем играч на регионалниот пазар, тогаш можете лесно да се ширите на тие пазари. (Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид“ - Скопје)

ИДНИНАТА НА МАКЕДОСКАТА ИТ- ИНДУСТРИЈА Е ВО РАЗВОЈОТ НА СОФТВЕРСКИ РЕШЕНИЈА Бидејќи Македонија е мала земја, ние не можеме да се пофалиме со голем број информатичари или информатички фирми, но треба да се

пофалиме со квалитетот што го имаат македонските фирми. Ние како влада имаме инвестирано во апликации во софтверски решенија што ги имаат изработено македонски фирми, со тоа што и се овозможува на македонската фирма кога ќе добие референца дека изработиле едно вакво решение, како што е е-Влада, е-Парламент, едозволи за увоз и извоз во Царинската управа, е-јавни набавки, е-даноци, тоа се сите крупни проекти за кои кога ќе конкурираат на тендер во друга земја, имајќи ја референцата дека работеле

за друга влада, нивната врата многу полесно се отвора, односно посериозно ја сфаќаат како фирма. Мојата визија е дека македонската ИТ-индустрија има најголем потенцијал токму во развојот на софтверски решенија. Генерално земено, додадената вредност на продуктот е најголема од која било индустрија во развојот на софтверот. Затоа што за тоа е потребно само памет. Колку пософистициран е вашиот софтвер, толку повеќе вреди. Јас неколку пати сум кажал дека не ја гледам Македонија како дестинација за аутсорсинг по принципот на лон-

систем на некој начин како што е во текстилната индустрија. Ние треба повеќе да се посветиме на развој на софтверот и на развој на услуги. (Иво Ивановски, Министер за информатичко општество и администрација во Владата на Република Македонија)

НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ЗА ПРОНАОЃАЧОТ СЕ ПАРИТЕ

За иновација се потребни талент и работа, но најголем проблем за пронаоѓачот се парите. Проблем е и организирањето, т.е. примената на пронајдоците во земјава зашто луѓето можеби имаат потреба да искористат некоја иновација, а не знаат дека таа постои. Помакотрпно за пронаоѓачот е да најде средства за да ги реализира моделите, прототиповите на иновациите. Порано имавме каква-таква индустрија што донираше и прифаќаше доста од иновациите. Приватниот сектор сега почнува да финансира. Затоа сакаме да кажеме јавно дека финансирањето е еден од главните проблеми, и тоа не само за прототиповите, туку и за целото организирање на иноваторството во Македонија. (Мито Златаноски, претседател на Сојузот на пронаоѓачите и авторите на технички унапредувања на Македонија - СПАТУМ)

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнер за 2011 година

Покровители

на


четврток, 7 април 2011

БИЗНИС ИНФО

3

ФОКУСИРАНО Презентирана економската програма на Либерално-демократската партија (ЛДП) во Стопанската комора на Македонија

ИЗБОРНА КАМПАЊА СО СООЧУВАЊА НА РАЗЛИЧНИТЕ ЕКОНОМСКИ ПРОГРАМИ

Претстојната изборна кампања да се искористи за разговори меѓу јавниот и приватниот сектор и да биде соочување на различни економски програми и проекти за подобрување на животот на граѓаните, порачаа претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и лидерот на ЛДП, Јoван Манасиевски. На иницијатива на Либерално-демократската партија на Македонија (ЛДП) беше извршена презентација на нивната економска програма во Стопанската комора на Македонија, по што беа дадени и изјави за претставниците на медиумите (1.4.2011 година). Според Бранко Азески, оптимистички е фактот што во предвечерието на изборите сите политички партии го ставаат фокусот на економијата: - Тоа за нас е многу добро. Во последните петшест години е направен значаен исчекор на тој план, односно економијата доаѓа во прв план. Бранко Азески го изнел ставот на Комората дека сакаа пресврт во економијата, пред се` во темелните принципи на организирање на пазарното стопанството, заштитата на сопственоста и прашањата за елиминирање на „сивата“ економија и за подобрување на ликвидноста. - Македонија мора да тргне во правец на висока стапка на економски раст за да се постигнат и да бидат видливи резултатите на напредокот во делот на стандардот на компаниите и на луѓето, порача претседателот на Комората, а го цитира МИА. Претседателот на најстарата и најбројната деловна асоцијација во земјава беше запрашан дали е задоволен за направеното на економски план од актуелната власт во изминатите пет години. Бранко Азески наведе дека е направно многу, но оти остануваат уште прашања за решавање: - Низа од клучните барања беа прифатени, бевме консултирани за економски закони, беа прифатени многу од нашите идеи околу намалувањето на цената на градежното земјиште, укинати се многу давачки, но останаа прашања за разрешување кои треба да добијат свое место понатаму. Јован Манасиевски, претседател на ЛДП, соопшти дека партијата целиот свој фокус го става исклучиво на економијата. Изготвиле низа конкретни предлози и проекти со точна динамика и план за промена на економската состојба, пред се` за намалување на оптоварувањето на приватниот сектор. Дел од конкретните мерки што ги предлагаат се нулта стапка на Данокот на добивка во период од десет години, укинување на Данокот на вкупен приход на микро претпријатија, намалување на придонесите од 32 проценти на 27.... На средбата станало збор и за моделот на наплата на побарувањата во државата.

СТАВ НАЈДОБРО ЗА ЕКОНОМИЈАТА Е ШТО ПОБРЗО ДА ЗАВРШАТ ИЗБОРИТЕ Најдобро за економијата е што побрзо да завршат изборите и да се формира нова влада која ќе ја презентира својата четиригодишна програма и ќе ги објави своите политики. Верувам дека тој процес ќе се заврши на фер и демократски начин и дека ќе можеме да зборуваме во следните четири години за економија и само за економија затоа што од тоа се подобрува животниот стандард на граѓаните. (М-р Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии во Владата на Република Македонија) БИЗНИС КЛИМАТА Е ПОД СИЛНО ВЛИЈАНИЕ НА ПОЛИТИКАТА Стапките на бруто инвестиции во македонската економија особено во периодот до 2003 година беа многу ниски (помеѓу 14% до 18% од БДП), наспроти стапки поголеми од 25% од БДП во други земји во транзиција. Ваквата состојба, пак е условена, од дејството на бројни фактори од економска природа: мал пазар, лоша економска структура (со доминантно учество на традиционални гранки со мала додадена вредност и ниска акумулативност), бавни и недоволно квалитетни структурни реформи, а во тој контекст и неповолна инвестициона клима (слаба заштита на сопственичките права, административно-бирократски пречки, корупција, неповолен пристап на бизнисите до средства за финансирање на растот ). Дополнително, нема ниту странски директни инвестиции. Бизнис климата е под силно влијание и на политиката инволвирање на партиите во бизнисите, се поддржуваат менаџери блиски на партиите на власт, а им се поставуваат административно - бирократските “сопки” на другите. Сето ова и корупцијата ја “расипуваат” бизнис - климата и ги обесхрабруваат подеднакво, и домашните и странските инвеститори. (Академик Таки Фити)


4

БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2011

МОЖНОСТИ Формирана Асоцијација за здравство при Стопанската комора на Македонија СЕРИОЗЕН ПАРТНЕР ЗА ЕКОНОМСКИТЕ АСПЕКТИ НА ЗДРАВСТВЕНАТА ДЕЈНОСТ Повеќе од 20 стопански субјекти, значајни репрезенти во фармацевтската и здравствената дејност во Република Македонија, на основачкото собрание одржано на 30.3.2011 година, ја конституираа Асоцијацијата за здравство при Стопанската комора на Македонија. Целта на нејзиното основање, како што истакна претседателот на Здужението на хемиската индустрија, Зоран Костовски, кој воедно ги иницираше активностите за формирање на Асоцијацијата, е првенствено да ги третира економските аспекти од работењето на членките. Преку дијалог меѓу членките на Aсоцијацијата, развивање на соработка со другите стопански, професионални и општествени организации, соработка со централната и локалната власт, вклучувајќи дебати по предлог-закони и подзаконски акти, како и соработка со потрошувачите и корисниците на услугите Асоцијацијата ќе ги следи и ќе помага во економскиот дел од живеењето на стопанските субјекти. Токму поради тоа, ќе се оствари тесна соработка со стручните еснафски организцаии, коморите на фармацевти и на лекари во функција на остарување на целите и интересите од заеднички интерес, односно унапрдување на здравствената дејност.

Асоцијацијата ќе делува како посебна форма на организирање на заинтересираните домашни и странски правни лица - членки на Стопанската комора на Македонија, кои во својата стопанска дејност вршат активности во: производството, увозот, прометот и користењето на фармацевтски производи, медицински помагала и медицинска опрема и вршат здравствени услуги во приватни здравствени установи. Треба да се одбележи податокот дека основачи на Асоцијацијата се претставници на: производителите на фармацевстки производи, најголемите дистрибутивни ланци на лекови – веледрогериите, претставници на трговија со лекови на мало, производители на хербални лекови, застапен е сегментот на дијагностика и лаборатории и што е особено значајно - приватните здраствени установи кои зеземаат значајно место во здравствениот систем во државата. Владимир Индов

Асоцијацијата е отворена и кон неа можат да пристапат заинтерисираните субјекти чија дејност е во корелација со здравствената дејност во целина. На коснтитутивната седница се усвои Статутот на Асоцијацијата за здравство. За претседател е избран Владимир Индов од „Алкалоид“ АД – Скопје, а двајцата потпретседатели се: Елизабета Миланковска од Специјалната болница „Филип Втори“ - Скопје и Миленка Шаровиќ од „Кемофарм“ - Скопје. Промоција на новоформираната Асоцијација за здраство беше извршена и на редовната прес конференција во Стопанската комора на Македонија (4.4.2011 година). На средбата со новинарите, меѓу другото, беше потенцирано и дека фармацевтската дејност е со стабилно производство и бележи пораст од осум отсто во првите два месеца од годинава во однос на минатата година. З. Мешкова Што покажа Меѓународната трговска академија наErochambres што се одржа во Брисел кон крајот на март ? ЕВРОПСКАТА ЕКОНОМСКА ДИПЛОМАТИЈА СО НОВА СТРАТЕГИЈА

Асоцијацијата на европски комори – EUROCHAMBRES, во периодот од 27 до 30 март 2011 година, во Брисел, по осми пат, организираше Трговска академија, фокусирана на трговската политика и интернационализација на услугите. Академскиот Форум создаде платформа за анализа и евалуација на последните трендови и развои во меѓународната трговија, царинските прашања, како и идентификување на најдобрите практики за коморите. Оваа Академија добива на своето значење и со самиот податок дека за прв пат имаше присуство на претставници од коморите и други бизнис-асоцијации од 26 земји (Аргентина, Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Белгија, Боливија, Босна и Херцеговина, Коста Рика, Хрватска, Финска, Македонија, Грузија, Германија, Индија, Италија, Јордан, Луксембург, Мексико, Молдавија, Црна Гора, Холандија, Перу, Србија, Тунис, Турција и Украина). Според информациите од EUROCHAMBRES, проблемите со коишто во овој момент најмногу се соочува економијата на Европа, се врзани за пазарите во развој преку зголемена конкурентност, губење на пазарниот удел на брзо растечките пазари, отстранување на технолошкиот јаз, економската криза која доведува до зголемен протекционизам, раст на нетарифните бариери и фалсификувања, како и релативната слабост на малите и средни претпријатија од ЕУ на глобалните пазари. Предизвиците, како што се: земји во развој, раст на трговскиот дефицит, конкурентноста, МСП и интернационализацијата, водат кон нова стратегија, која ќе се спроведува преку европската економска дипломатија (европски бизнис-центри и европски комори во светот). Европските бизнис-центри се иницирани од Европската комисија, ќе се фокусираат на испорака на услуги на компаниите од ЕУ, а ќе бидат финансирани од фондовите на ЕУ, додека странските европски комори ќе бидат создадени од т.н. билатерални комори (пр. Германија со Виетнам,


четврток, 7 април 2011

БИЗНИС ИНФО

5

МОЖНОСТИ слично на моделот на AmCham коморите во светот) или ЕУ- асистира во наоѓање извори на информации и поддршка, компании, фокусирани на лобирање и мрежно поврзување, помош во интерпретирање на собраните информации финансирани од приватни фондови. во релација на соодветниот производ, развој на самата стратегија и имплементирање на истата. Според податоците на „Grant Thornton“ за 2010 година, првите 10 земји во развој кои највисоко котираат на листата се: Кина, Индија, Русија, Мексико, Бразил, Турција, Полска, Малезија, Индонезија и Тајланд. Статистиката за земјите во развој покажува дека тие претставуваат 75% од светската популација, 30% од светската економија, дека Кина ќе биде најјака економија во однос на БДП до 2030 година, а земјите од БРИК ќе придонесуваат со 61% од глобалниот раст до 2014 година. Во рамките на Академијата подетално беа разработени начините за водење бизнис во земјите во развој како и разбирањето, респектирањето и менаџирањето со културните разлики во меѓународните бизнис-релации. Во однос на трговските документи кои ги издаваат Идентификување на најдобрите практики за коморите, како сертификатите за потекло и АТА-карнетите, коморите, беше една од целите на Академијата, за што направени се повеќе анализи во кои се наведени одредени сите претставници имаа можност да презентираат по една забелешки, но и предлози како да се унапреди работењето иновативна трговска услуга. Голем дел од презентираните со нив. Дел од слабостите на АТА-карнетите се однесуваат услуги се веќе составен дел од секојдневното работење на намалената свест на Коморите дека карнетите бараат на сите комори, вклучувајќи ја и Стопанската комора постојан маркетинг, слаб развој на електронскиот АТА- на Македонија, која во оваа прилика ја презентираше карнет и специфичните барања од одредени земји кои својата најнова услуга – Имплементација на развојни идеи, излегуваат надвор од рамките на карнетот. Најголем услуга која се изработува во соработка со Групацијата на тренд кај трговските документи е дигитализацијата на консултанти во рамки на Комората. сертификатот за потекло. Во моментов постојат три нивоа При посетата на Европската комисија, на на дигитализација: електронска апликација со издавање претставниците на Академијата им беше презентирана на сертификат (се применува во многу земји), електронска најупотребуваната алатка за извоз на производите во апликација со електронско издавање на сертификатот (веќе земјите-членки на Европската унија, позната како Exсе применува во Белгија, ВБ, Холандија) и електронска port helpdesk. Станува збор за бесплатна on-line услуга апликација со електронско издавање на сертификатот и на Европската комисија, која треба да им биде алатка на верификација од трета страна (напредна фаза која ќе се економските оператори од земјите во развој, на кои им развива дополнително). е потребен брз и сигурен пристап до информации за тоа Анализираните податоци од спроведената анкета како да ги извезуваат своите производи во ЕУ. На оваа вебна EUROCHAMBRES за трговските услуги кои ги реализираат страна се дадени информации за потребните документи коморите во 26-те земји, кои учествуваа на Академијата, неопходни за спроведување на царинската постапка покажаа дека скоро ниту една комора како приоритет не ја (специфични законски или пазарни барања за одреден зема трговската политика, бидејќи истата не е од стратешко производ и даноци – ДДВ и акцизи кои се различни во значење за нив. Анкетата покажа дека приоритетни пазари секоја земја на ЕУ), увозни тарифи и други увозни мерки за компаниите членки од овие земји се старите земји- (тарифи за најповластени нации, преференцијални увозни членки на ЕУ (15), по што следуваат новите членки на ЕУ (12), тарифи, како и квоти и анти-дампинг мерки), трговска Источна Европа, Русија, Северна Америка, Средниот Исток и статистика (трговските движења меѓу ЕУ и трети земји), земјите од Голфот, а подолу на листата е Далечен Исток и преференцијален третман (трговските спогодби на ЕУ со Кина. Во сите комори, како најзначајни услуги се издвојуваат: земјите во развој, извозни документи и правила за потекло) извозната промоција за компаниите, трговските документи, и линкови (корисни контакти за европските и националните едукација, советување и консултантски услуги. трговски власти, меѓународни трговски тела и бизнисСогласно податоците дека извозот е клучната алатка директориуми). за унапредување на економијата, тука улогата на коморите Билјана Пеева-Ѓуриќ е најзначајна во водењето на компаниите за развој на стратегија која ќе им овозможи да создадат сигурен и профитабилен бизнис во земјите во развој. Пред се`, тука се мисли на изработка на анализа дали соодветната компанија е спремна да го извезува својот производ/услуга, да се


6

БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2011

КОНСТАТАЦИИ Македонска асоцијација на рударство – МАР ја пофали транспарентнара распределба концесиите за деталните геолошки истражувања ОСТАНУВА УШТЕ ДА СЕ НАДМИНАТ ОДРЕДЕНИ ЗАКОНСКИ НЕДОРЕЧЕНОСТИ

на

Македонската асоцијација на рударството на седницата одржана на 6.4.2011 година, во присуство на претставници на Министерството за економија од Секторот за минерални суровини и на Државниот инспекторат за техничка инсекција од Рударската инспекција, расправаше за извршената распределба на концесии за детални геолошки истражувања и нивно влијание врз работењето на компаниите, како и за одделни проблеми поврзани со имплемантација на законската и подзаконската регулатива за минерланите суровини. Во обемната и конструктивна дискусија, на почетокот беа изнесени пофалби за Секторот за минерални суровини за максималното нивно залагање за транспарентното работење, посебно на последната распределба на концесиите за детални геолошки истражувања, а истовремено на задоволство на компанииите, максимално почитување на законските одредби за концесионерството.

Во наредниот период се очекува да се надминат одредени законски недоречености, како и намалување на целокупната постапка при администрирањето и координацијата со другите министерства во обезбедување на мислења за локациите кои се предмет на концесијата, со измени и дололнувања на законот за минералните суровини. Во дискусијата беше потенцирано дека треба да се има во предвид и да се води сметка за предимство на добивање на концесиите, посебно при проширувањето на концесијата. Во делот на законската регулатива се побара да се направи пречистен текст на Законот за минерални суровин и на Тарифникот, кои во последните неколку години имаат претрпено повеќе измени и дополнувања. Како посебно прашање се наметна мерната единица кај варовниците, бидејќи во Тарифникот е предвидено да се плаќа по тон, а накаде се евидентира по м3, за што е договорено да се преиспитаат сите

можности кои ќе бидат во интерес на фирмите, како поставување на ваги или да се има кантарска белешка. Исто така, треба да се направи усогласување на концесиските договори со Тарифникот во делот на плаќањето на концесиите, заради еднакво толкување со УЈП. Марија Петроска Рудникот за бакар и злато „Бучим“ во Радовиш ќе отвори прва фабрика за лужење руда во Македонија ИСКОРИСТУВАЊЕ НА РУДНИОТ ОТПАД БЕНЕФИТ И ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Во радовишкиот рудник за бакар и злато „Бучим“ ќе се отвори фабрика за лужење и производство на катоден бакар. Заменик-менаџерот на „Бучим“, Николајчо Николов, најавува отворање на фабриката на Денот на рударите. - Опремата е нарачана, почнати се подготовките. Фабриката е монтажна зграда во која ќе биде инсталирана опремата и очекуваме со работа да почнеме на крајот на август, вели во изјавата за МИА, Николајчо Николов. „Бучим“ произведува сулфидна бакарна руда, која се преработува по пат на флотација, по што се добива бакарен концентрат, а новата фабрика ќе биде за преработка на оксидната руда, која досега не се преработуваше и како историски отпад стоеше во кругот на рудникот. - Имаме и ново рудно тело „Вршник“, каде што има околу 7 милиони тони оксидна руда и 7 милиони тони сулфидна руда. Оксидната руда се наоѓа над сулфидната руда и треба да се извади и за да не се фрла, разработивме технологија за лужење. Што значи растворање на бакарот, односно оксидната руда е растворлива со вода и тоа го објаснува бојата на водите, кои излегуваат од рудникот, - појаснува Николајчо Николов. Тој додава дека со помош на електролиза се добива чист катоден бакар, кој како готов производ ќе се продава на светските берзи. Отворањето на новата фабрика и новиот начин на производство на катоден бакар е технологија, која за првпат ќе се примени во земјата. Новата инвестиција на „Бучим“ ќе донесе искористување на рудниот отпад, кој со години се зголемува, а од аспект на заштита на животната средина водите на Меденска Река нема да бидат обоени со боја на бакар.


четврток, 7 април 2011

БИЗНИС ИНФО

7

РЕГИОНАЛНИ ИНИЦИЈАТИВИ Србија, Хрватска и Словенија заеднички на трети пазари КОМБИНИРАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА КОНКУРЕНТСКА ПРЕДНОСТ Српскиот претседател Борис Тадиќ и премиерите на Хрватска и на Словенија, Јадранка Косор и Борут Пахор во Смедерево се договорија за заеднички настап на трети пазари. Соработката се однесува на проекти и сектори каде што економски субјекти од Србија, Хрватска и Словенија ќе имаат можност да ги комбинираат своите капацитети. Можности за такви соработки констатирани се, пред се`, во областите на градежништвото, одбранбената и безбедносната индустрија, автомобилската, дрвопреработувачката и прехранбената индустрија, како и во сферите на транспортот и комуникациите.

Комуникацијата, како што е предвидено, ќе се одвива со посредство на копретседавачки комисии за економска соработка од трите држави, а ќе биде воспоставена и работна група за соработка на трети пазари. Соработката подразбира и размена на деловни и економски информации од заеднички интерес и формирање ад хок конзорциуми, организирање заедничко претставување на трети пазари, како и соработка на дипломатските претставништва за промовирање на заеднички проекти во странство. Заеднички настап на Македонија, Србија, Хрватска и Словенија на меѓународниот туристички пазар СО „БАЛКАНСКА ТУРА“ ВО ЛОВ НА ГОСТИ Туристички организации од Македонија, Хрватска, Србија и Словенија на средба во Струга се договориле на меѓународниот туристички пазар во иднина да настапуваат со заеднички производ т.н. „Балканска тура“. - Идејата е преку оваа Балканска тура на странците да им ја продадеме нашата заедничка приказна која е дел од нашето минато, историја и култура по што сме многу блиски, изјави Радислав Станковиќ, директор на Националната асоцијација

на туристички агенции од Србија (ЈУТА), а го цитира МИА. Туристичките тури ќе почнуваат некогаш од Белград, а некогаш од Љубљана или Охрид. Не се исклучува можноста во иднина дел од овој проект да бидат и Албанија, Грција и Романија. Понудата ќе биде презентирана на следната Туристичка берза што ќе се одржи од 27 до 29 април 2011 година во Скопје. Интерес за оваа понуда се очекува од туристи од подалечните дестинации како што се Египет, Тунис, Русија итн. Радислав Станковиќ додава дека намерата не е само преку новата асоцијација (ИСТА) да се обединат тур-операторите од регионот, туку и идејата е заеднички да се работи и со хотелиерите и авиопревозниците кои веќе имаат свои здруженија, а непосредно придонесуваат за поквалитетно креирање и пласман на идните туристички производи. - Верувам дека ќе успееме, бидејќи јасно ни е дека ниту Словенија, ниту Македонија, ниту Србија ни Хрватска поединечно не може ништо посериозно да сторат на светскиот туристички пазар, така што ова е вистинската можност за реализација на таков заеднички настап, - рекол Станковиќ. Членот на Управниот одбор на Здружението на хрватски патнички агенции (УХПА), Микеле Башанесе, ја нагласил потребата од заедничка, проширена туристичка програма. Како потврда на тоа Башанесе го посочил податокот дека на неодамна одржаните туристички саеми во Шангај и Њу Делхи, на големиот азиски туристички пазар речиси и немало интерес за летување во Хрватска, туку тамошните тур-оператори барале конкретно повеќедневно патување низ регионот, со вклучени повеќе дестинации во повеќе држави. - Пазарот тоа го диктира и тоа така функционира. Кинезите не доаѓаат седум дена да се бањаат во Хрватска туку бараат три дена Јадранско Море, три дена Златибор, три дена Охрид. Ние како хрватски тур-оператори можеме да ја нудиме и продаваме Хрватска, но тоа за светскиот пазар не е доволно. Тука сме за да создаваме нов заеднички производ, што ќе го нудиме пред светот, - порачал Башанесе. Ова е трета по ред средба на претставници на националните туристички агенции и тур-оператори од регионот, после одржаните состаноци во Пула и Златибор. Четвртата средба ќе се одржи во Словенија.


8

БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2011

РЕГИОНАЛНИ ИНИЦИЈАТИВИ

Земјите од Западен Балкан со предлог до Брисел за ИПА-фондовите ДО ВЛЕЗОТ ВО ЕУ ПОВЕЌЕ СРЕДСТВА, ПОТОА СКУСУВАЊЕ! Претставници на пет земји од регионот на Западен Балкан постигнаа договор да побараат од Европската унија поголеми средства од претпристапните фондови (ИПА), со услов овие средства по влезот во Унијата да бидат сразмерно намалени, - изјавил потпретседателот на српската Влада Божидар Ѓелиќ. Српски координатор за ИПА-фондовите од ЕУ, изјавил, како што пренесува МИА, дека земјитекандидати за влез во ЕУ сега можат да сметаат на десет пати помали средства од фондовите на Унијата, што пет земји-членки на ЕУ ќе се обидат да го променат со

предлогот на Брисел овие средства да се зголемат пред влезот во Унијата. Овие средства ќе бидат потрошени за изградба на инфраструктурата, подобрување на условите за работа во земјоделството, индустријата и зголемување на животниот стандард на граѓаните, објаснил Ѓелиќ, истакнувајќи дека на состанокот се договорени неколку принципи кои би требало да бидат усвоени со потпишување на заеднички документ на 10 мај 2011 година во Загреб. Првиот од овие принципи ќе се однесува на зголемување на средствата од фондовите на ЕУ, пред влезот на земјите-кандидати во нејзиното членство, а додека за возврат по приемот на новите членки средствата би биле сразмерно намалени. Вториот принцип се однесува на тоа земјитекандидати за членство во Унијата, како и полноправните земји-членки на ЕУ ќе ги прикажат своите буџети пред усвојувањето, а за возврат ќе им биде овозможен пристап до пазарот на капитал во Унијата, каде рокот за отплата на кредитите се до 20 години, а каматите од еден до два процента на годишно ниво.

Дојран и Кукуш заеднички во заштита на Дојранското езеро ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТ ЗА ПРЕД ЕВРОПСКИТЕ ФОНДОВИ Градоначалникот на Општина Дојран, Глигор Чабулев оствари средба со началникот на Префектурата Кукуш од Грција, Христос Гоубисповис, за заедничка соработка околу заштитата на водениот свет и природната средина на Дојранското езеро. Иницирана е заложба од двете страни да се подготви заеднички проект со кој ќе се аплицира пред европските финансиски фондови за заштита на природниот животински свет во езерото кое претрпува промени несвојствени за постојната биолошка рамнотежа. Веќе неколку месеци наназад забележан е пораст на водите во езерото, кои предизвикаа промена на климатските фактори, а со тоа и промени во однос на одржувањето на флората и фауната. Топлите езерски води ја намалија температурата за неколку степени со дотекот на природните планински водотеци и врнежите. Тоа ги измени условите за вегетација на водената трска која претставува биофилтер за водата и закрила за рибите. Охрид и Марибор ја конкретизираат соработката ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ СО ЕВРОПСКИ ПАРИ Изготвување анализа за изводливост и финален проект за изградба на жичарницата на планината Галичица, обезбедување бесплатен безжичен интернет за граѓаните и посетителите на Охрид, изведба на проекти од сферата на енергетската ефикасност и заштеда на енергија, заеднички проектни апликации за користење на финансиски средства од транснационалните програми на Европската унија биле договорени на втората одржана средба на градоначалниците на Охрид и на Марибор, Александар Петрески и Франц Канглер. Како што се наведува во соопштението на охридската локална самоуправа, а пренесува МИА, градоначалникот Александар Петрески кој ја предводел општинската делегација во Марибор, изразил благодарност за поддршката на градската власт на Марибор, но и оптимизам дека гаранција за реализирањето на планираните проекти е искуството на нивната администрација за користење средства од фондовите на ЕУ. На средбата било договорено што поскоро да започне подготовката на заедничките проекти за кои ќе бидат задолжени тимови од Секторот за туризам и локален економски развој од Охрид и од Секторот за економски развој од Марибор.


четврток, 7 април 2011

БИЗНИС ИНФО

9

ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО Смирувачки тонови од централната банка за компаниите вкупниот депозитен потенцијал се зголеми за 13,2 ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА И ЕНЕРГИЈАТА ГИ „ТУРКААТ“ ЦЕНИТЕ, проценти на годишна основа, при забележан посилен НО ИНФЛАЦИЈАТА ЗАСЕГА СЕ КОНТРОЛИРА раст кај денарските депозити. На кредитниот пазар, по минатомесечната стагнација на кредитната активност, во Растот на цените во домашната економија засега февруари годинава вкупните кредити на банките повторно е контролиран, соопштува Советот на Народната банка оствариле солиден месечен раст. Сепак, годишната стапка на Македонија. И покрај растот на вкупната инфлација, на раст на вкупните кредити во февруари изнесуваше базичната стапка на инфлација во последните четири 7,2 отсто и е речиси еднаква со таа од крајот на минатата месеци е релативно стабилна и во февруари изнесувала 1 година. процент на годишна основа. Податоците за инфлацијата укажуваат на Кредитните линии што моментно натамошно умерено зголемување на општото ниво на им се нудат на македонските мали и средни потрошувачките цени, главно заради растот на цените на претпријатија од повеќе финансиски храната и на енергијата на светските берзи. институции во земјава - Со тоа, просечната годишна стапка на инфлација ФИНАНСИРАЊЕ НА ПОГОЛЕМА ПРОФИТАБИЛНОСТ, во периодот јануари-февруари 2011 година изнесува ИЗВОЗ И КОНКУРЕНТНОСТ 3,6 отсто, при годишна инфлација во февруари од 3,9 проценти. Инфлациските движења во досегашниот период Поголема енергетска ефикасност, поттикнување од годината, заедно со очекувањата за движењата на на вработувањето, воведување високи меѓународни детерминантите на инфлацијата на краток рок, покажуваат стандарди особено во областа на екологијата и квалитетот на дека стапката на инфлација ќе го надмине проектираното производите и услугите со цел зголемена профитабилност, ниво за 2011 година од јануарската проекција, информира конкурентност, подобрување на ликвидноста и Советот на НБРМ по седницата на која расправаше за интензивирање на извозот, овозможуваат кредитните макроекономските проекции. линии што моментно им се нудат на македонските мали Централната банка посочува дека констатацијата и средни претпријатија од повеќе финансиски институции оти растот на цените во во земјава. домашната економија Како што беше речено на работилницата „Пристап засега е контролиран се до извори на финансирање“, од која известува МИА, потврдува со стабилните Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) од движења на девизниот сопствениот капитал обезбедува инвестициски кредит за пазар. И покрај финансирање мали и средни претпријатија до 500.000 јануарското значително евра со рок на отплата 8 години, една година грејс период влошување на трговското и 8 отсто фиксна каматна стапка, кредитна линија за салдо на годишна основа, во првите два месеца на поддршка на извоз со максимален износ од два милиона годинава НБРМ остварила мал нето-откуп на девизи. Тоа евра, 12 месеци отплата и соодветствува со остварувањата на менувачкиот пазар, 7 проценти камата, како каде што во текот на првите два месеца на годинава, нето- и кредитна линија за откупот продолжи умерено да расте на годишна основа за трајни обртни средства до 3,5 проценти. 300.000 евра, три години На крајот на февруари, бруто девизните резерви рок на отплата и 8 отсто изнесувале 1.702,5 милиони евра и забележале мало фиксна каматна стапка. намалување од 12 милиони евра во однос на крајот на Банката со поддршка на странски капитал минатата година, што се должи на ефектот од курсните реализира и кредитни линии за енергетска ефикасност, за разлики и ценовните промени на златото. обновливи извори на енергија, како и за зголемување на - Сепак, остварувањата и понатаму укажуваат на вработеноста. подобра вкупна позиција на билансот на плаќања во однос Преку „ААГ Комуникации“ (Analysis and Advisorна очекувањата. Имено, наспроти оцените во јануарската ing group) достапна е кредитната линија за поддршка на проекција за намалување на девизните резерви во мали и средни претпријатија доколку инвестираат во првото тримесечје, податоците укажуваат на нивно подобрување на еколошките стандарди, стандардите за речиси непроменето ниво, со исклучен ефект од курсните безбедност при работа или во подобрување на квалитетот разлики и ценовните промени на златото, се подвлекува на производите и услугите. во соопштението. - Целта на овој кредит е да се зголеми капацитетот Во првите два месеца од годинава физичкиот на претппријатијата во однос на подобрувањето на обем на индустриското производство забележа раст стандардите во нивното еколошко функцинирање, од 8,5 проценти на годишна основа, што претставува да се обидат да направат инвестиција што ќе значи продолжување на поволните тенденции од последниот усогласување со националното законодавство, но и со квартал на претходната година, кога беше забележан европските директиви посебно во заштитата на животната највисок квартален реален раст на БДП во минатата година. средина, безбедноста при работа и поголемиот квалитет на Сепак, со оглед на ниската споредбена основа од првиот производите и услугите, истакнала Верица Хаџивасилева квартал од претходната година, остварените движења во Марковска од „ААГ Комуникации“. реалниот сектор од економијата треба внимателно да се Кредитната линија за која се обезбедени 15 протолкуваат, укажува НБРМ. милиони евра, почна во август минатата година и трае 30 Движењата во банкарскиот сектор, соопштува месеци. На фирмите им се даваат две можности: првата централната банка, упатуваат на одржување на стапките е да користат техничка помош од консултанти за да се на раст на вкупните депозити и вкупните кредити на подготват да земат кредит, а втората е заемот. банките кај приватниот сектор. Во февруари годинава Развојната фондација Кримсон нуди кредитни


БИЗНИС ИНФО

10

четврток, 7 април 2011

ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО програми, но само за проекти или правни субјекти кои имаат американски партнер со најмалку 25 отсто сопственост. Притоа, американскиот партнер мора да докаже профитабилност и да има има искуство во ваков тип активности. - Обезбедуваме заем од два до 250 милиони долари со фиксна каматна стапка до 15 години. Поголем дел од средствата, 65 отсто, се за финансирање нови проекти, а 35 проценти се за поддршка, односно проширување на постојните, објаснил Дарко Арсов од „Кримсон Капитал Македонија“. WeBSEFF или Програма за финансирање одржлива енергија за Западен Балкан е кредитна линија од Европската банка за обнова и развој и Европската комисија фокусирана на инвестиции во индустриска енергетска ефикасност (грејни системи, процеси и објекти), во енергетска ефикасност на комерцијални објекти и во обновливи извори на енергија. - Целта е да се обезбедат до два милиона евра за фирми од Западен Балкан со значителен потенцијал за заштеда на енергија или за искористување обновливи извори на енергија. Кредитите би требало да им помогнат на стопанствениците да ги намалат трошоците за енергија и да ја зголемат својата конкурентност, а се достапни преку домашните партнерски банки во Македонија, Србија и БиХ, информирала Македонка Димитрова од WeBSEFF. Проектите финансирани преку WeBSEFF, по завршувањето, зависно од реализираната инвестиција, имаат право на паричен надомест од 15 до 20 отсто.

Нови поволности од УНИ Банка НАМАЛЕНИ КАМАТИ ЗА СТАНБЕНИ, ХИПОТЕКАРНИ И ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ УНИ Банка за физичките лица подготви нова понуда со намалена каматна стапка на станбените, хипотекарните и потрошувачките кредити. За станбените и хипотекарните кредити каматната стапка е од 6,75 отсто на годишно ниво, фиксна за првите 24 месеци со грејс период од 6 до 12 месеци. Банката нуди на корисниците и атрактивни подароци како годишно осигурување на имот со вклучен ризик од земјотрес, годишна проценка на имотот, кредитни картички со дозволен лимит и дебитна картичка без членарина. За вработените во јавната администрација и акционерски друштва со плата преку УНИБанка одобрува потрошувачки ненаменски кредити со каматна стапка од 8 отсто со рок на отплата до 8 години. - Овие два типа кредитни продукти за население кои имаат за цел прилагодување кон потребите на клиентите, нудат екстра поволни услови, со ниски годишни каматни стапки, едноставна процедура и исклучително кратко време на одобрување по кредитните барања, изјавила Александра Керметчиева, директор на Дирекцијата Кредитирање на мало, а ја цитира МИА.

Здружение на банкарство - СООПШТЕНИЕ ЗА КОРИСНИЦИ НА УСЛУГИ ОД БАНКИ И ШТЕДИЛНИЦИ Во име на Здружението на банкарство при Стопанската Комора на Македонија, Ве информираме, дека согласно важечката законска регулатива во Република Македонија, сите банки/штедилници при воспоствување на деловен однос или вршење на трансакција спроведуваат идентификација, потврдување и ажурирање на идентитетот на клиентот. Овој процес опфаќа идентификација и потврдување на идентитетот на клиентот физичко или правно лице преку соодветни валидни документи за нивна идентификација (важечка лична карта или пасош за физички лица и тековна состојба не постара од 6 месеци за правни лица) и пополнување Апликација за идентификација/ажурирање на клиент, која во идентична форма се употребува во секоја банка/штедилница. Податоците добиени од овој процес мора да се ажурираат на редовна основа, најмалку секои 2 години. Важечката законска регулатива во Република Македонија предвидува обврска сите банки и штедилници да ја ажурираат базата на своите постојни клиенти со валидни податоци за нивна лична идентификација најдоцна до мај 2012 година. Бидејќи потврдување и ажурирање на податоците за своите клиенти на овој начин го забавува редовното работење на шалтерите во банките и штедилниците и е обемна работа, која одзема време, а со цел исполнување на горенаведените законски обврски, Здружението на банкарство при Стопанската Комора на Македонија, донесе заклучок за поставување сопствен рок за спроведување на оваа акција за ажурирање на податоци (01.05.2011 година) и ги повикува сите физички и правни лица во РМ кои имаат отворено сметки во банките и штедилниците, да пристапат кон истите со цел ажурирање на нивните податоци. Во насока на наведеното, најљубезно ги замолуваме и ги повикуваме, сите наши клиенти, физички и правни лица, соодветно да се идентификуваат во нивните банки и штедилници, односно истото да не го одложуваат и да го извршат при нивната наредна посета во банката/штедилницата и заклучно со 01.05.2011 да ги ажурираат своите податоци. По истекот на наведениот рок, работењето со сметките не ќе може непречено да се одвива, се до моментот на целосна идентификација и потврда на идентитетот на клиентот од страна на банката/штедилницата. Банките и штедилниците ги бараат Вашите лични податоци и податоците за вашата трансакција, единствено со цел да ги почитуваат барањата на важечката законска регулатива, без можност и дискреционо право да постапат поинаку. Воедно, сакаме да Ве известиме дека ажурирањето на овие податоци е и во Ваш интерес, бидејки банките и штедилниците ќе бидат во можност да донесат издржана одлука базирана на повеќе валидни информации и по однос на сите Ваши барања, ќе можат навремено и на точни адресни податоци да ги испраќаат месечните извештаи, соопштенијата и дополнителните материјали со кои се олеснува соработката, меѓу клиентите и нивната банка/ штедилница. Со почит,

ЗДРУЖЕНИЕ НА БАНКАРСТВО ПРИ СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА


четврток, 7 април 2011

МЕПСО ќе го утврдува капацитетот на преносната електроенергетска мрежа за 11 земји од ЈИЕ ПРИЗНАНИЕ ЗА КВАЛИТЕТОТ, КАПАЦИТЕТОТ И РЕФЕРНЦИТЕ НА ИНЖЕНЕРСКИОТ ТИМ НА КОМПАНИЈАТА АД МЕПСО ќе ги пресметува и утврдува капацитетите на преносната електроенергетска мрежа на 11 држави од Југоисточна Европа (ЈИЕ). Таква одлука со консензус донесоа претставниците на електроенергетскиот преносни систем оператори од 11 земји на ЈИЕ, на состанок во Скопје (31.3.2011 година). Во пресметката, соопштува МЕПСО, ќе бидат вклучени сите нови далноводи во овие 11 држави кои ќе бидат изградени до 2020 година согласно 10-годишниот план за развој на преносната мрежа на ЈИЕ. Од идните македонски далноводи во овој план се вклучени 400 киловолтни далноводни поврзувања на Македонија со Косово, Србија и со Албанија. На работната средба во Скопје, присуствуваа сите претставници на Регионалната група на

БИЗНИС ИНФО нашата компанија, со што се задоволуваат стандардите на Европската асоцијација на преносни систем оператори, - се вели во Соопштението. На состанокот во Скопје беше дефинирана и листа на идни инвестиции во далноводи кои се од стратешко значење на регионот на ЈИЕ во периодот до 2020 година. Листата ја составуваат претставници на сите оператори кои учествуваат во работната група, со тоа што ги истакнуваат идните проекти на своите компании кои се од значење за преносната мрежа на европско ниво. На работниот состанок се утврдени и индикаторите предложени од ЕНТСО-Е за проценка на проектите на преносните систем-оператори. Врз основа на тие индикатори ќе се изготвува Студија за преносната мрежа на ЈИЕ до 2020 година. На претставниците на преносните систем-оператори им беа презентирани и резултатите од Студијата за пазар на електрична енергија за земјите од ЈИЕ до 2020 година. ЕНТСО-Е е организација во која членуваат повеќе од 40 преносни систем-оператори од европските земји. АД МЕПСО, како македонски преносен систем-оператор, е полноправен член на оваа организација, ја претставува Република Македонија и учествува во креирањето и спроведувањето на политиките на организацијата на европски преносни систем-оператори. „Виталиа“ рамо до рамо со светските производители на здрава храна ПОЧНУВА ИЗВОЗОТ ЗА СКАНДИНАВСКИТЕ ЗЕМЈИ И ТУРЦИЈА

Комитетот за развој на електроенергетскиот систем во кој членуваат компаниите електроенергетски преносни системоператори од Македонија, Грција, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Словенија, Унгарија и Италија. Регионалната група работи во рамките на Европската асоцијација на електропреносни систем оператори ЕНТСО-Е. Капацитетот на преносната електроенергетска мрежа на регионално и на национално ниво е најважен индикатор за сите инвеститори кои вложуваат во производство на електрична енергија. Основен предуслов за вложување во капацитет за производство на електрична енергија е инвеститорите да знаат колкав е капацитетот на мрежата преку која до потрошувачите ќе се пренесува произведената електрична енергија. - Работата што ЕНТСО-Е му ја довери на МЕПСО (во групата на 11 држави од Југоисточна Европа) е потврда дека го цени и високо го вреднува квалитетот, капацитетот и референците на инжинерскиот тим на

„Виталиа“ почнува со извоз во Шведска и Финска, но го подготвува и првиот пласман во Турција. Компанијата - синоним за здрава храна информира дека склучи договори со партнери од овие земји чиј пазар е речиси 90 милиони население. - Насочени сме кон креирање иновативни производи со врвен квалитет и дизајн кој ги задоволува современите потреби на консументите во насока на здрав начин на исхрана. Како македонски бренд застануваме рамо до рамо со светски познатите производители. Со новите договори за пласман на нашите производи во Скандинавија и Турција, очекуваме пораст на извозот за најмалку 15 отсто, истакнува Искра Ветаџокоска, менаџер за маркетинг и продажба во „Виталиа“. „Виталиа“ има сертификати за производство на безбедна храна под строго контролирани услови и целосно ги исполнува строгите меѓународни стандарди за извоз. Здравите производи на оваа компанија се дел од

11 ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА понудата во големите синџири маркети како „Кора“, „Аухан“, „Метро“, „Спар“ и „Керфур“. Покрај новите договори за извоз, „Виталиа“ под сопствен бренд веќе три години во Унгарија и Романија успешно продава палета од преку 50 производи во сегментот мусли и диететика. Лани беа извезени 45 проценти од вкупното производство.

Искра Ветаџокоска Производите на „Виталиа“ се присутни во Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и во маркети во Израел, Африка, Канада, Австралија, САД. Планот на компанијата е да ги зајакне своите позиции како етаблиран производител на здрава храна во регионот.

МЖ Транспорт ПРОМЕНИ ВО ВОЗНИОТ РЕД МЖ „Транспорт“ од понеделник го менува возниот ред на дел од возовите. За релацијата Скопје-Гевгелија и обратно се поместува времето на тргнување на возот број 3901 кој од станицата во Скопје наместо во 19:43 часот ќе тргнува во 16:40. Пристигнувањето во станицата во Гевгелија е во 19:10 часот. На истата релација се поместува времето на тргнување на возот број 1902 (3902). Од станицата Гевгелија наместо во 16 часот ќе тргнува во 16:48, а пристигнувањето во Скопје е предвидено за 19:22 часот.

Оливер Деркоски, директор на МЖ Транспорт На релацијата Скопје-Табановци и обратно, се поместува времето на тргнување на возот број 1902 (2904) од станица Скопје, наместо во 19:30 ќе тргнува во 18:30 со пристигнување во станица Табановци во 19:25 часот. Се поместува и времето на тргнување на возот број 2903 од станица Табановци, кој наместо во 20:12 часот. ќе тргнува во 19:40, со пристигнување во станицата Скопје во 20:35 часот. На релацијата Велес-Скопје се укинува возот број 8934.


12 АКТУЕЛНО

БИЗНИС ИНФО

Климатските промени сериозен ризик за македонското земјоделство - најзагрозени доматите и грозјето ЗАШТИТАТА МОРА ДА ПОЧНЕ ВЕДНАШ Климатските промени се сериозна закана за земјоделското производство, водните ресурси, прехранбената сигурност и руралното живеење во Македонија. Иако се уште се прават проценки кои култури ќе бидат најпогодени, се смета дека ризикот е најголем за доматите во Струмичко и грозјето во Повардарие. Како што порачаа експертите од Светска банка на Конференцијаta за Национална дисеминација и градење консензус во рамки на Регионалната програма за намалување на последиците од климатските промени во земјоделскиот сектор, а од која известува МИА, спроведувањето на мерките за заштита од климатските промени треба да почне веднаш. Особено мора да се посвети внимание на рационалното искористување на водата за наводнување, како и на мордернизација на иригациските системи. - Климатските промени се комплексно, глобално

прашање чие влијание се очекува да предизвика хронични проблеми во земјоделскиот сектор кој се издвојува како еден од најважните во стопанството особено поради неговото значење за социјалната сигурност и намалувањето на сиромаштијата. Имајќи го предвид овој факт, ќе преземеме иницијатива за спроведување на политиките на ублажување на негативните влијанија од климатските промени, рекол министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во обраќањето. Долгорочното влијание на климатските промени, предвидените негативни ефекти врз земјоделството, шумарството, водните ресурси, храната и биолошката разноводинсот, како и препораките за најсоодветен пристап во намалувањето на чувствителноста и прилагодувањето, напоменал Димовски, ќе се вбројат меѓу приоритетите на Министеството. Според анализите на Светска банка, во Македонија како резултат на климатските промени веќе се забележуваат зголемувања на средната температура, дефицити на влага и потенцијални опасности од екстремни појави како суши, топлотни бранови и шумски пожари. Проекциите за следните неколку децении се зголемување на средната годишна температура за 1,9 степени, намалување на врнежите за пет отсто и поголема изложеност на нови штетници и заболувања на земјоделските култури, шуми и стока. - За справување со климатските промени е неопходно ефикасно искористување на водните рeсурси, рехабилитирање и надградба на системите за наводнување и навремено предвидување на временските услови. Многу е важна и обуката на земјоделците за примена на најсоодветни техники при производството, како и добивање точни информации за пазарите каде би се реализирал пласман, истакнал Вилиам Сатон, експерт од Светска банка. Од исклучително значење, додаде Сатон, е и истражувањето со цел изнаоѓање сорти и култури отпорни на повисоки температури, сушни услови и нови заболувања. Македонија е вклучена во Регионалната студија за утврдување приоритетни можности за прилагодување на земјоделството кон климатските промени. На терен воедно се преземаат мерки за заштита од климатските промени, но се уште стихијно. - За да се направи нешто конкретно, неопходно е да се вклучат повеќе институции, советодавни служби, институти. Последици од климатските промени веќе се чувствуваат, особено се карактеристични сушите кои ги намалуваат приносите,

четврток, 7 април 2011

подвлекла Весела Ламбевска Домазетова од Мрежата за рурален развој на Република Македонија. Инвестирање во инфраструктура, едукација, подобрување на системите за рано предупредување, често објавување и дистрибуција на земјоделски прогнози, краткорочни и сезонски, подобрување на расите добиток, употреба на квалитетно семе, воведување нови техники за наводнување, се само дел од препораките на Светска банка за справување со ризиците од климатските промени. Како посебно ранливи во Македонија се посочуваат руралните подрачја поради ниската продуктивност што, пак, велат експертите, е поврзано со недостатокот на капацитети за прилагодување кон сегашните климатски услови. ДОСТИГНУВАЊА Амбасадори на Комората: Национални ансамбл „Танец“ ПРОМОВИРАНО НОВОТО ЦЕ-ДЕ „НЕЗАБОРАВ“ Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ промовираше некомерцијално це-де „Незаборав“, кое ќе биде прво од серија изданија од овој тип што националната установа планира да ги објави. Се работи за компилација од 19 композиции, повеќето неслушнати во етерот. Исполнители се осум солисти, машки, женски и мешани пејачки групи, а има и две инструментални - со чалгиски и народни инструменти. Промовирајќи го цедето, етнокореологот Владимир Јаневски, кој е и претседател на Управниот одбор на „Танец“, рече дека нумерите се собрани од приватни колекции на постари членови на Ансамблот или од странство, зашто старите песни на „Танец“ ги нема во продажба во Македонија. - Најбитните работи на „Танец“ се случуваа во 1960-тите и 1970-тите, кога Ансамблот имаше плодна продукција на музички материјал. Тогаш беа објавени над 30 плочи, рече Јаневски, а пренесува МИА. Директорот Зоран Џорлев ја претстави Програмата за 2011 година. Од идниот месец Ансамблот ќе одржува бесплатни концерти во малите градови - на 15 април ќе настапи во Македонска Каменица, а на 16 април во Делчево. Џорлев најави соработка со другите национални установи од областа на културата - со МНТ е договорено да му биде отстапена салата секоја недела во месецот за едукативни концерти. Простор на „Танец“ ќе му отстапи и Македонската опера и балет, а прва соработка им е концертот „Земјо македонска“ на 20 април 2011 година, по повод 10 години од смртта на Васка Илиева. Заеднички проекти ќе има и со Македонската филхармонија, а нова концертна локација за Ансамблот годинава ќе биде и Музејот на современа уметност. Зоран Џорлев Два големи концерта ќе одржи Националниот ансамбл за народни игри и песни оваа година кога Република Македонија одбележува 20 години независност - на 1 август на локалитетот Хераклеја ќе ја затвори манифестацијата „Илинденски денови“, а на 11 октомври во Прилеп ќе гостува по повод 70 години од почетокот на антифашистичкото востание. „Танец“ ќе соработува и со други институции и манифестации, како Дирекцијата за култура и уметност - Скопје, со која ќе договара настап на Есенските музички свечености, како и со Средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ и со факултетите за музичка уметност во Скопје и Штип. Почнато е и реновирање на објектот во кој е сместен Ансамблот.


четврток, 7 април 2011

БИЗНИС ИНФО

Потпишани договорите за финансиска поддршка на втората фаза од Проектот „Наводнување на Јужна Долина на Реката Вардар“ ВОДА ЗА 3900 ХЕКТАРИ ВО 13 НАСЕЛЕНИ МЕСТА Со 10,3 милиони евра исклучително поволен заем и еден милион евра грант од Сојузна Република Германија преку KFW банката е затворена финансиската конструкција за Проектот „Наводнување на Јужна Долина на Реката Вардар - фаза 2“. Проектот ќе обезбеди наводнување на 3900 хектари во 13 населени места од гевгелиско-валандовскиот регион и од него бенефит се очекува да имаат 5500 земјоделски семејства. Вкупната сума за реализација е 21,7 милиони евра, 4,7 милиони ќе обезбеди Владата, а 5,7 милиони евра водните заедници.

13 ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА негово уште поголемо развивње. Токму целта на втората фаза, обнова и изградба на системите за наводнување, ќе ја зголеми продуктивноста во земјоделството, рекла германската амбасадорка Урлике Кноц. Како што истакнал директорот KFW банката Јирген Велшов, имплементацијата на Проектот ќе стартува многу брзо: - Од целиот Проект, вклучувајќи ја и првата фаза, придобивките ќе го почувствуваат вкупно 11.000 семејства или 50.000 луѓе. Ефикасносто искористување на водата за наводнување ќе го зголеми производството, а тоа ќе се одрази позитивно врз понудата и побарувачката и економијата генерално. Првата фаза од Проектот „Наводнување на Јужна Долина на Реката Вардар - фаза 2“ чија цел беше зголемување на продуктивноста на земјоделските посеви, успешно се реализираше исто така со поддршка на KFW банката од 6,7 милиони евра, а опфати 2.600 хектари. Република Македонија избрана од ЕК за најдобар пример за 2010 година во делот на воведување на дигиталните тахографи МЕЃУ ПРВИТЕ ВО РЕГИОНОТ СО ДОБРА ПРАКСА ВО МЕЃУНАРОДНИОТ ПАТЕН ПРЕВОЗ

- Заемот и` е доделен на Република Македонија под исклучително поволни услови, со рок на отплата 20 години и пет години грејс период, а каматната стапка е фиксна и изнесува 2,5 проценти. За крајните корисници условите ќе бидат уште поповолни, водните заедници ќе го отплаќаат заемот, исто така за 20 години и пет години грејс период, но со каматна стапка од само 0,75 отсто годишно. Разликата во каматната стапка ќе ја субвенционира државата преку буџетот на Министерството за земјоделство, рекол вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на прес-конференција по потпишување на договорите за заем за финансирање на Проектот, а го цитира МИА. Проектот, нагласи, е од големо значење за општините и селата во гевгелиско-валандовскиот регион, ќе овозможи целосно и подобро искористување на особено плодните обработливи површини во овој дел на Македонија. Станува збор за исклучително важен регион каде што земјоделското производство е подигнато на повисоко ниво. - Повеќе од 11.500 корисници за три години ќе ги почувствуваат ефектите од редовното снабдување со квалитетна вода за наводнување. Целосно ќе се заборави досегашното неекономично површинско наводнување со бразди. Новиот систем вграден уште во првата фаза е еден од најсовремените и овозможува максимално искористување на водотеците од Кожуф и подземните води од реката Вардар, истакнал министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. Според него, ова претставува сигурна основа земјоделците да вложуваат во сопственото производство и во системите за наводнување капка по капка. За овие инвестиции Министерството секоја година дава 50 отсто поддршка. - Македонското земјоделство има голем потенцијал и со реализацијата на овој проект ќе придонесеме за

Организацијата за „Техничка помош и размена на информации“ (TAIEX), при Европската комисија одлучи да ја претстави Република Македонија како најдобар пример за 2010 година, во делот на воведувањето на дигиталните тахографи. Како што соопштува Министерството за транспорт и врски, примерот на Република Македонија како пример за добра пракса ќе биде вклучен во извештајот на активности кој секоја година го издава ЕК на повеќе јазици. Република Македонија меѓу првите земји во регионот го заокружи процесот на имплементирање на одредбите од Европската спогодба за мобилните работници во меѓународниот патен превоз (АЕТР). Во рамките на овој процес, посочуваат од Министерсттвото, беше изработен Закон, подзаконски акти, Национална политика и спроведување на постапка за издавање на картички и овластување на работилници за дигитални тахографи. Исто така, веќе е започнат процесот на издавање на мемориските картички за дигиталните тахографи за возачите од Република Македонија. Имено, веќе се издаваат четири вида на мемориски картички за дигиталните тахографи: возачка картичка, картичка на превозникот, работилничка картичка за овластените сервиси и контролна картичка. - Воведувањето на дигиталните тахографи овозможува да се постигне вистинската цел на Законот за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, а тоа е да се подобрат условите за работа на возачите кои учествуваат во превозот на стоки и патници. Со тоа ќе се зголеми и безбедноста на патниот сообраќај, а целта на ЕУ е со воведување на прописите кои се имплементирани во овој закон, да дојде до изедначување на конкуренцијата, но исто така и да се поттикне зајакната контрола, - се вели во соопштението.


БИЗНИС ИНФО

14 ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА Од 4 април почна евидентирањето на партнерите за соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство УРЕДУВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКИТЕ ПАЗАРИ СО ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од 4 април ја започне постапката за евидентирање на социјалните и економските партнери на Министерството, со цел воспоставување соработка заради уредување на заедничките пазари со земјоделски производи.

За социјални партнери со кои Министерството за земјоделство ќе воспостави соработка, а за кои согласно Законот за земјоделство и рурален развој ќе се води евиденција, се сметаат здруженијата на граѓани кои се основани за унапредување на социјалниот интерес од областа на заштитата на животната средина, агроекологијата и агробиодиверзитетот, заштитата на природното, културното и традиционалното наследство на руралните средини, како и за заштита на интересите и улогата на младите земјоделски производители или жените-земјоделци. За партнери на Министерството ќе се сметаат и здруженијата на граѓани кои се основани заради заштита на интересите на жителите од руралните средини за подобрување на квалитетот на животот на руралното население, како и оние формирани за промоција на улогата на руралната жена за развој на земјоделството и руралните средини. Во категоријата економски партнери на Министерството се сметаат здруженијата на граѓани основани за унапредување на економските интереси на производителите, преработувачите и трговците со земјоделски производи, задруги, задружни сојузи од областа на земјоделството, како и групациите при стопанските комори. Од Министерството за земјоделство денеска информираат дека активностите за евидентирање на социјалните и економските партнери се во согласност со Законот за земјоделство и рурален развој и во насока на формирањето на потсекторски постојани групи за уредување на пазарот со одделни земјоделски производи или група на производи. Покрај Советот за земјоделство и рурален развој постојаните потсекторски групи ќе бидат една од поважните форми на партнерство во областа на земјоделството со кои ќе соработува ресорното Министерство за земјоделство заради планирање, следење и спроведување на националната земјоделска политика. Улогата на потсекторските постојани работни

четврток, 7 април 2011

групи е развој на земјоделските пазари, поддржување на процесот на континуирана комуникација меѓу учесниците на земјоделските пазари на одделени земјоделски производи или на група производи во поглед на понудата и побарувачката и движењето на откупните цени. Тие, во соработка со институциите на системот треба да учествуваат во креирањето политики, планови и програми за развој на земјоделството, да ги утврдуваат понудата, побарувачката и движењето на откупните цени на земјоделските производи, како и да предлагаат решенија за надминување на одделни пазарни состојби. Постојаните потсекторски работни групи треба да учествуваат во изработувањето на програма за техничка поддршка на производството на одделни земјоделски производи или на група производи. Членовите на потсекторската постојана група со право на глас, согласно одредбите на Законот за земјоделство и рурален развој, задолжително ќе бидат претставници од економските партнери кои се евидентирани во Министерството. Ова се однесува на земјоделските производители, преработувачи или трговци со земјоделски производи, задруги и задружни сојузи од областа на земјоделското производство како и групации за земјоделство и за преработка на земјоделски производи во рамките на стопанските комори, - се вели во Соопштението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Земјоделците на потег ПОЧНА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА ГОДИНЕШНИТЕ СУБВЕНЦИИ Почнува аплицирањето за директни плаќања за мерките од растително производство по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2011 година, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Од 4 април заклучно со 31 мај годинава земјоделците ќе можат да поднесат барања за финансиска поддршка за обработливи земјоделски површини со поледелски култури, градинарско производство, одржување постоечки лозови и овошни насади, како и подигнување нови лозови и овошни насади. Како што информира Агенцијата, а пренесува МИА, почнува и поднесувањето барања за новововедената финансиска поддршка за одгледување ориз и сончоглед, како и за користење сертифициран семенски материјал, за производство на градинарски култури под контролирани услови. До 31 мај земјоделците можат да поднесуваат барања за директни плаќања за грла маторици, регистрирано презимено пчелно семејство, фармерско одгледување на ноеви, полжави и подигнување нови површини под медоносна флора. Од 4 април до 29 април годинава трае рокот за поднесување барања за произведено и продадено кравјо,


четврток, 7 април 2011

БИЗНИС ИНФО

15

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА овчо и козјо млеко во период од 1 октомври до 31 декември 2010 година. Барањата по овие мерки се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. При поднесување на барањата земјоделците треба да имаат комплетна документација, како и до денот на поднесување на барањето да ги имаат подмирено обврските за користење на државно земјоделско земјиште и јапонската помош.

финансии особено во смисла на формулација на стратегија за раст, бизнис планирање, идентификација на проекти, што води до ситуација на намален прилив на добри проекти кои финансиските институции би ги поддржале. Протокот на информациите меѓу банките и приватниот сектор се покажало дека не е на задоволително ниво и како резултат на тоа банките честопати нудат иновативни финансиски производи кои не им се познати на претприемачите и автоматски не се доволно искористени. Во рамки на проектот е работено со над 200 компании, а успешно добиле финансии 116 компании. Резултати од финансиската платформа Услугата што се нудела е тоа што дел од трошоците за на Проектот на УСАИД ангажирање консултанти ги покрива УСАИД, а дел фирмата. ЗА 116 КОМПАНИИ НАД 43 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Овозможено е во рамки на проектот и да посетуваат многубројни обуки со цел зајакнување на нивниот капацитет Сто и шеснаесет македонски компании добија во посредување на зделки. финансиска поддршка од 43,7 милиони американски долари преку финансиската платформа на проектот на УСАИД, кој се спроведуваше од 2009 година. На презентација на Унијата на германските комори за индустрија резултатите од проектот, од која известува МИА, беше и трговија очекува годинава силен раст на трговијата посочено дека овие средства на фирмите им овозможија со Источна Европа нови инвестиции во вкупна КОМПАНИИ ЈА СКЕНИРААТ МАКЕДОНИЈА вредност од 75,8 милиони ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ американски долари, кои пак отворија нови 1.066 Во првите три месеци од годинава повеќе германски работни места, а извозот компании побарале трговски партнери во регионот. Од нив се зголеми за 33,5 милиони две ја скенираат Македонија како потенцијален пазар за американски долари. инвестирање, соопшува Унијата на германските комори за Добиените индустрија и трговија - претставништво Скопје. Германскиот финансии им овозможија на извоз кон источна Европа лани достигна рекордни нивоа компаниите да инвестираат и веќе бележи пораст за речиси една четвртина. Во 2010 е во нови технологии, да извезена стока со вкупна вредност од 146 милјарди евра што отворат нови работни места, е зголемување за 23 отсто или 27 милјарди евра. значително да го подобрат -Регионот на Источна Европа може да се спореди со својот извоз и да ја зајакнат интернационалните економски својата конкурентна сили, САД (65 милијарди евра), позиција на регионалните Кина (53 милијарди), Јапонија и глобални пазар, рече амбасадорот на САД Филип Рикер (13 милијарди), Бразил (10,5 кој им честиташе на претприемачите кои покажаа решеност милијарди евра) и Индија (9,3 за развој и проширувње и кои на глобалната криза гледаат милијарди евра), смета Унијата. повеќе како на можност, отколку како на предизвик. Досега најдобра година Проектот создаде група на финансиски консултанти за германските извозници која одигра клучна улога за успехот на компаниите помагајќи кон источна Европа беше им да подготват издржани бизнис планови кои ќе им 2008 година кога беше извезена стока во вредност од 166 овозможат пристап до локално достапните финансиски милијарди евра. Постигнување на овие бројки се очекуваа производи, како и да го прошират своето деловно најдоцна до 2012 година. работење. Според Заводот за статистика на Сојузна Република Компаниите кои учествуваа во проектот високо ја Германија, извозот на германските фирми лани во однос оценуваат помошта како за финансиското инженерство, така на кризната 2009 година се зголемил за вкупно 19,5 отсто и и за менаџмент консалтинг. изнесувал 960 милјарди евра. Увозот, пак, пораснал за околу Финансиската платформа како проект почна со 21 отсто и достигнал 806 милјарди евра. Најголем пораст во работа во јуни 2007 година како петгодишна активност 2010 година има извозот кон Украина (24,5 отсто), Русија (28 финансирана од УСАИД чии што активности главно беа проценти), Словачка (34 отсто) и Азербејџан (70 проценти). насочени кон интервенции кои придонесуваат за нови Намалување покажа германскиот извоз кон Казахстан, инвестиции, креирање на нови работни места и зголемување Србија и Хрватска. на извозот. Главниот предуслов за секое од погоре наведените - Впечатливо е дека германската трговија со земјите е пристапот до финансии. од Источна Европа е речиси изедначена. Извозот од 146,6 Пилот фазата беше спроведена во јуни 2008 година милијарди евра речиси се израмнува со увоз од регионот кој чија главна цел беше да се одредат пречките на компаниите изнесува 140,6 милијарди евра. Водечки германски стоки што им оневозможуваат пристап до финансии. Резултатите за извоз се традиционалните машини и опрема, моторните покажаа дека компаниите не се обраќаат до банките и другите возила и нивните компоненти, како и хемиски производи, финансиски институции за финансирање на инвестициските оценуваaт од Унијата на германските комори за индустрија проекти пред се заради лошата перцепција која ја имаат за и трговија. условите под кои работат локалните банки особено во поглед Здружението за 2011 година очекува силен на барањата за обезбедување и проценка на имотот. Потоа економски раст во Источна Европа и натамошно зголемување компаниите покажале лошо познавање на корпоративни на извозот.


16

БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2011

ОПШТИНСКИ БИЗНИС Во општина Кавадарци објавени тендерите од 2-та фаза на Проектот за реконструкција на патишта ЗА ДВА ПАТНИ ПРВАЦА 1,66 МИЛИОНИ ЕВРА Од локалната самоуправа во Кавадарци изразуваат задоволство од досега објавените тендери од втората фаза на Проектот за реконструкција на патишта во државата. Првиот тендер е за реконструкција и проширување на локалниот патен правец Кавадарци-Ресава-Бегниште во должина од 6 километри, со што целосно ќе се реконструира и ќе се прошири делот од спојот со регионалниот пат Кавадарци - Возарци до над селото Ресава со должина од 6 километри од патот и негово проширување од сегашните 4 на 5,5 метри. Вкупната сума која ќе биде вложена е 950.000 евра. Општината минатата година со сопствени средства интервенираше на овој патен правец во должина од 200 метри кога беше саниран најкритичниот дел на пропустот на поројницата „Мелци“. Вториот тендер со вредност од 712.000 евра се однесува за реконструкција на патниот правец Ладно Доче – Страгово – Крњево со вкупна должина од 8 километри и на проширување на патот од сегашните 4 на 5,5 метри. Изградбата треба да биде завршена до крајот на оваа градежна сезона, информираа , како што наведува МИА, од локална самоуправа на Кавадарци, со што ќе се подобри патната структура на Општина Кавадарци со помош на Владата на две мошне значајни, фреквентни и критични патни правци.

Стопанска соработка меѓу Кочани и полскиот град Мишчунов ПОЛСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ОРАНЖЕРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО Посетата на стопанската делегација од Кочани на полскиот град Мишчунов резултиираше со размена на искуства, но и со договор за заеднички вложувања во земјоделство, посебно во оранжериското производство. Директорот на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани, Љупчо Папазов, кој беше дел од стопанската делегација, ја истакна подготвеноста на градоначалникот и стопанственици од Мишчунов за вложувања во геотермалниот потенцијал со кој располага општина Кочани. – пишува МИА. - За таа цел општина Кочани без финансиски надомест го доби проектот за бањски спа центар, кој ќе

биде искористен за изградба на ваков центар во општината, во комплексот кај сегашниот градски базен, изјавил тој. Неготино и Демир Капија со заеднички проект УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Реализирани се дел од активностите во општините Неготино и Демир Капија планирани со проектот на УНДП за меѓуопштинска соработка „Меѓуопштинска база на податоци за управување со животната средина и мониторинг, абдејтување и печатење ажуриран Локален еколошки акционен план“. Околу 500.000 денари се обезбедни од донации, а со свои финансии ќе учествуваат и двете општини. Од локалната самоуправа на Неготино информираат дека е во тек мониторинг, абдејтување и ажурирање на постојниот ЛЕАП за оваа општина при што до денес е спроведена анкета на примерок од 700 испитаници. Во рамки на проектот се одржа и јавна расправа за документот ЛЕАП со извршена презентација од страна на Адвисент ДООЕЛ кој во изминатиот период заедно со локалната група работеше на постоечкиот документ. Покрај ова, преку проектот е обезбедена компјутерска опрема за двете општини за подобрување на условите за работа за вработените во областа на животната средина, како и соодветен софтвер, а почнато е и креирање база на емитери во животната средина. Проектот овозможи и воспоставување соработка меѓу општините Неготино и Демира Капија со што се создадени услови за продолжување и унапредување на соработката не само во животната средина, туку и во други области. Општина Василево со кредит од Светска банка ГРАДБА НА ВОДОВОД ВО ЧАНАКЛИЈА Советот на општина Василево донесе одлука за долгорочно задолжување кај Светска банка во износ од 25 милиони денари за изградба на водовод во населеното место Чанаклија. - Општината го исполнува неопходниот услов да влезе во втората фаза на фискалната децентрализација и да има бонитет за долгорочно задолжување, односно да располага со соодветен кредитен рејтинг. Кредитот од Светска банка е со рок на отплата од максимум девет години, со грејс период од три години и со каматна стапка од околу еден отсто, изјавил градоначалникот на Василево Ване Стојанов, а го пренесува МИА. Според проектната документација што ја изготви локалната администрација, со овој комунален зафат се предвидува изградба на потисен цевковод со пумпна станица, резервоар и водоводна дистрибутивна мрежа во населеното место. Преку водоводниот систем и филтер-станицата Добрашинци – Нова Маала, системот ќе користи вода од браната Турија. Овој капитален објект е влезен во долгорочниот план за развој на општина Василево.


четврток, 7 април 2011

БИЗНИС ИНФО

17

СТАТИСТИКА Обем на стоковната размена со странство, јануари - февруари 2011 година ПОКРИЕНОСТА 54,6 ОТСТО Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари-февруари 2011 година изнесува 599 115 илјади САД долари, а на увозот 1 097 068 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 54,6%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-февруари 2011 година, изнесува 497 953 илјади САД долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, производите од железо и челик (валани производи), облеката, фероникелот и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени

или во прав, благородните метали во колоидна состојба; нивните органски и неоргански соединенија; амалгамите на благородни метали, суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија. Во периодот јануари-февруари 2011 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (65,4%) и земјите од Западен Балкан (22,2%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (57,3%) и земјите во развој (26,5%). Според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Русија, Србија и Бугарија (50,8% од вкупната надворешнотрговска размена се врши со овие пет земји). Индекс на цените на угостителските услуги во март 2011 година ПОЕВТИНО НОЌЕВАЊЕ Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во март 2011 година, во споредба со февруари 2011 година, е намален за 1,0%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,1%, Алкохолни пијалаци за 0,7% и Безалкохолни пијалаци за 0,7%, додека во групата Ноќевања е забележано намалување за 5,0%. Индексот на цените на угостителските услуги во март 2011 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 0,2%. Кумулативниот индекс на цените на угостителските

услуги за периодот јануари-март 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, е намален за 0,5%, додека во однос на декември 2010 година е намален за 0,3%. Индекси на цените на мало и на трошоците на животот во март 2011 ХРАНАТА ЈА „ХРАНИ“ ИНФЛАЦИЈАТА Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во март 2011 година, во однос на претходниот месец, изнесува 101,3, а индексот на трошоците на животот 101,7. Порастот на трошоците на животот од 1,7% е резултат на повисоките индекси на зеленчукот за 12,7%, производите од жито за 6,6%, овошјето за 5,1%, преработеното овошје за 1,7%, свежото и киселото млеко за 1,6%, другите прехранбени производи за 1,3%, млечните производи за 1,0%, безалкохолните пијалаци за 0,8%, јајцата за 0,7%, рибата за 0,6%, преработките од риба за 0,5% и месото за 0,3%. Во март, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај електричната енергија за 5,4%, нафтените деривати и течните горива и гасот за 3,8%, деловите за сообраќајни средства за 2,6%, храната во ресторани и хотели за 1,5%, лековите и садовите и приборот за домаќинствата за 0,9%, облеката за 0,7%, услугите за нега и хигиена и пијалаците во ресторани и хотели за 0,6% и Останати услуги неспомнати на друго место за 0,2%. Намалување на индексот на трошоците на животот во март 2011 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај мастите за 0,5%, преработките од месо за 0,3% и алкохолните пијалаци за 0,2%. Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано и кај бањските услуги за 5,6%, превозот на патници за 3,5%, мебелот, средствата за образование и туристичките аранжмани за 0,4% и обувките за 0,3%. Индексот на цените на мало во март 2011 година, во споредба со март 2010 година, бележи пораст од 4,7%, а трошоците на животот бележат пораст од 5,2%. Број на издадени одобренија за градење во февруари 2011 година ОБЈЕКТИ ЗА 1,5 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2011 се издадени 173 одобренија за градба што е за 18.4% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 424 180 илјади денари што е за 27.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 132 (76.3%) се наменети за објекти од високоградба, 14 (8.1%) за објекти од нискоградба и 27 (15.6%) за објекти


БИЗНИС ИНФО

18

четврток, 7 април 2011

СТАТИСТИКА за реконструкција. Од вкупно 173 објекти, на 140 (80.9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 33 објекти (19.1%) инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 376 станови со вкупна корисна површина од 30 036 м2. Цени на станови за кои е договорена изградба во РМ ПРОСЕЧНАТА ЦЕНА 52.125 ДЕНАРИ ЗА 1 МЕТАР КВАДРАТЕН БЕЗ ДДВ Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната цена на 1м2 станбена површина во 2010 изнесува 52 125 денари и е за 0,9% повисока во однос на 2009 година.

(7.6%) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (5.8%). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари 2011 изнесува 30 902 денари. Во јануари 2011 година, 2.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата. Државниот завод за статистика, на почетокот на оваа година, ја примени новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2). за прибирање и обработка на податоците за просечната месечна исплатена брутоплата. Месечните индекси на просечната исплатена брутоплата по вработен за 2010 година се преработени според новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2). Нето - плата

Во Скопје, просечната цена на 1м2 изнесува 64 127 денари што е за 12,9% повеќе во споредба со 2009 година, додека во останатите населени места во државата, таа изнесува 44 163 денари што е за 6,5% повеќе во споредба со 2009 година. Што се однесува до просечната цена на 1м2 во второто полугодие од 2010, таа е зголемена за 9,5% во однос на првото полугодие, а во Скопје зголемувањето е за 6,7%. Наведените просечни цени за 1м2 станбена површина се без данок на додадена вредност.

Бруто и нето - плата по вработен во јануари 2011 година ПРОДОЛЖУВА КОНТИНУИРАНИОТ ПОРАСТ Бруто-плата Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто плата по вработен, во јануари 2011 година, во однос на јануари 2010 година, изнесува 103.2. Ваквото зголемување се должи, пред сe, на зголемувањето на просечната месечна исплатена брутоплата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21.8%), Други услужни дејности (18.1%) и Образование (6.1%). Најголем пораст на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (16.1%), Уметност, забава и рекреација

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2011 година, во однос на јануари 2010 година, изнесува 103.4. Ваквото зголемување се должи, пред сe, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нетоплата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (24.7%), Други услужни дејности (17.8%) и Образование (6.2%). Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.4%), Уметност, забава и рекреација (7.4%) и Транспорт и складирање (4.2%). Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2011 изнесува 21 029 денари. Во јануари 2011 година, 2.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата. Државниот завод за статистика, на почетокот на оваа година, ја примени новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2). за прибирање и обработка на податоците за просечната месечна исплатена нето-плата. Месечните индекси на просечната исплатена нето-плата по вработен за 2010 година се преработени според новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2).


четврток, 7 април 2011

БИЗНИС ИНФО

19

СТАТИСТИКА Промет во трговијата на мало и на големо во четврто тримесечје од 2010 година ПОТРОШУВАЧКИТЕ КРЕДИТИ НАЈМНОГУ СЕ ПРОДАДЕНИ МОТОРНИ ВОЗИЛА Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот октомври-декември 2010 година, во трговијата на мало е остварен промет од 25 273 милиони денари, а во трговијата на големо е остварен промет од 39 365 милиони денари. Во периодот октомври-декември 2010 година, во однос на истиот период од 2009 година, прометот во трговијата на мало е зголемен за 5.8%, а прометот во трговијата на големо е зголемен за 10.4%.

Најголем дел од прометот во трговијата на мало, според начинот на плаќање, е остварен за готови пари (91.0%). Со потрошувачки кредит најмногу се продадени моторни возила (12.3% од вкупната продажба на возила). Анкета за мислењето на потрошувачите во март 2011 ПЕСИМИЗАМ ЗА СЕМЕЈНИОТ БУЏЕТ И ЗА ШТЕДЕЊЕТО Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на индикаторот на доверливост во март 2011 е намалена за 5.3 процентни поени во однос на вредноста од претходниот месец. Намалувањето е резултат на неповолните очекувања за финансиската состојба на домаќинствата, како и очекувањата за веројатноста во поглед на штедењето во наредните 12 месеци. Очекувањата за веројатноста во поглед на штедењето во следните 12 месеци, во март 2011 се понеповолни во споредба со очекувањата од претходниот месец. Очекувањата за финансиската состојба на домаќинствата во следните 12 месеци, во март 2011 се понеповолни во споредба со нивните очекувања од претходниот месец, како и во однос на март 2010 год. Во март 2011 година, домаќинствата оцениле дека економската состојба во државата, како и невработеноста, во следните 12 месеци ќе бидат понеповолни во споредба со нивната оценка од претходниот месец.

Индекс на бројот на работниците во индустријата во февруари 2011 година ПОРАСТ ОД 0,9 ОТСТО Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во февруари 2011 година, во однос на истиот месец од претходната година, изнесува 101.9. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2011 година, во однос на февруари 2010 година, е зголемен за 3.8%, во Преработувачката индустрија е зголемен за 1.7% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е зголемен за 2.7%. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2011 година, во однос на февруари 2010 година, бележи пораст во групите: Енергија за 2.0%, Интермедијарни производи, освен енергија за 5.6% и Капитални производи за 6.4%. Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - февруари 2011 година, во однос на периодот јануари - февруари 2010 година, изнесува 100.9.

МЕЃУНАРОДНА СТАТИСТИКА Население во Бугарија НАМАЛУВАЊЕ ЗА ОКОЛУ 580.000 ЖИТЕЛИ ВО ИЗМИНАТАТА ДЕЦЕНИЈА Бугарија има 7.351.234 жители и нивниот број е намален за 581.750 во споредба со 2001 година, покажуваат податоците објавени од Националниот институт за статистика на Бугарија. Според податоците на Институтот, 51 процент од жителите на Бугарија се жени, што значи дека во земјата на 1.000 мажи има 1.053 жени. Во градовите во Бугарија живеат 72,9 проценти од населението, а додека во селата 27,1 процент или 1.993.000 жители. Од Бугарија во изминатите 20 години емигрирале 410.000 луѓе, најголемиот дел во земјите од Западна Европа. Главниот град на Бугарија го зголемил бројот на жители за 185.000 и сега во Софија живеат 1.359.000 луѓе. Малолетни Бугари има 1.170.000 или 17 проценти од вкупниот број на жители, од 18 до 64 годипна старост има 4,7 милиони, а постари од 64 години се околу 1,3 милиони жители. Пет бугарски градови имаат зголемување на бројот на население, Софија, Варна, Благоевград, Бургас и Големо Трново. Бројот на населението е најмногу намален во градовите Видин, Ловеч, Разград и Габрово. Според податоците на Националниот институт за статистика, во Бугарија е значително забележливо демографското стареење на населението. Бројот на малолетни во Бугарија во 2001 година изнесувал 19,4 проценти во споредба со сегашните 17 проценти, а бројот на постари од 64 години е зголемен од 16,8 на 18,9 проценти од вкупниот број на население.


20

БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2011

РЕГИОН Македонија и Косово потпишаа Договор за одбегнување на двојното оданочување ОТВОРЕН ПАТОТ ЗА УШТЕ ПОГОЛЕМА ТРГОВСКА РАЗМЕНА Република Македонија и Република Косово потпишаа Договор за одбегнување на двојното оданочување и заштита од фискална евазија. Од македонска страна Договорот го потпиша вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, а од косовска министерот за финансии Бедрик Хамза. Потпишувањето на Договорот, јавува известувачот на МИА, овозможува граѓаните на двете држави да не плаќаат двапати данок на доход и данок на капитално остварените приходи. Според двајцата министри, Договорот треба да ги зголеми инвестициите, да ја зголеми трговската размена, да ги унапреди односите меѓу двете земји и да ја подобри бизнисклимата. - Во иднина фирмите од Македонија и Косово нема да бидат двојно оданочени. Тоа е голема придобивка за бизнисите и за зголемување на трговската размена меѓу Македонија и Косово, изјави Ставрески по потпишувањето на Договорот. Ставрески потенцира дека ова било долгогодишно барање на бизнисмените од двете земји и дека треба да придонесе во наредните три години трипати да се зголеми трговската размена и да достигне една милијарда евра. Косовскиот министер го оцени како многу значаен Договорот и дека нема да има негативни импликации врз буџетот, туку, напротив, поради зголемените инвестиции и размена ќе се зголемат и приходите во буџетот. Потпишувањето на денешниот Договор е продолжување на потпишување на повеќето договори меѓу двете земји. Пред два месеца е потпишан Договорот за царинска соработка, а наскоро се планира да се потпише и договор за заштита на инвестициите. Турција треба да потпише спогодба за слободна трговија со Косово УСЛОВ - РАЗМЕНАТА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ТРИ ПАТИ Рифат Хисарчиклиоглу, претседавач на Унијата на комори и берзи на Турција (ТОББ), на 28.3.2011 година изјавил дека потпишувањето на спогодба за слободна трговија и одбегнување на двојно оданочување меѓу Турција и Косово е стратешка цел да се обезбеди мир и стабилност на Балканот. Хисарчиклиоглу, кој воедно е и претседавач на Бордот за економски односи со странство, бил домаќин на ручекот во чест на косовскиот премиер Хашим Тачи, кој учествуваше на Самитот на лидери за промена во Истанбул. Тој изјавил дека било неопходно да се поттикне трговијата за да се подобри

благосостојбата на Балканот, укажувајќи на ситуацијата во северна Африка, како пример каде високата стапна на невработеност доведува до граѓанска непослушност и немири:

- Овие случувања уште еднаш ја потврдија важноста на бизнисмените. Должност на бизнисмените е да вработуваат луѓе. Стратешка цел на Турција е да обезбеди мир и стабилност на Балканот. Тој додал дека тие ќе бидат домаќини на Инвестиционата конференција за Косово во Турција во следните денови. Косовскиот премиер Тачи, од своја страна, рекол дека тој ќе им ги даде сите видови на поддршка на турските бизнисмени кои сакаат да инвестираат во неговата земја. Садула Сипахиоглу, претседавач на Турско-косовскиот деловен совет, изјавил дека обемот на трговија, којшто во моментов е 300 милиони САД долари, може да се зголеми до 1 милијарда САД долари ако Турција и Косово потпишат спогодба за слободна трговија.

Град Скопје. Отворањето на Канцеларијата и Инфо-центарот е резултат на соработката меѓу Градот Скопје и Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Енергерска ефикасност при Германското друштво за интернационална соработка, а во рамките на Регионалниот проект за „Градење на капацитетите за управување со енергијата во градовите“. Италијанските железници заинтересирани за Коридорот 10 ЗА ИЗГРАДБАТА НА БРЗИ ПРУГИ ПОТРЕБНИ 4,6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Италијанската железничка компанија „Трениталиа“ е заинтересирана за учество во изградбата на железничкиот Коридор 10 и за развој на железничката мрежа од Бар кон Белград, Темишвар и Киев од Коридорот 11, изјавил генералниот директор на италијанските железници Мауро Морети. Мауро Морети, кој е и потпретседател на Меѓународната железничка унија и претседател на Заедницата на европските железници, во изјава за Танјуг нагласил дека Италија сака да помогне во развојот на железничкиот транспорт на Балканот, со цел земјите од

Скопје, Загреб, Анкара, Подгорица, Белград, Сараево, Тирана и Фрајбург потпишаа Писмо на намери „МРЕЖА НА ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ГЛАВИ ГРАДОВИ“ Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски и неговите колеги од Загреб, Анкара, Подгорица, Белград, Сараево, Тирана и Фрајбург, во Загреб потпишаа Писмо на намери, со што официјално станаа директни учесници во продолжувањето на Проектот „Градење на капацитетите за управување со енергијата во градовите“. Со вклучувањето на трите нови градови, Белград, Тирана и Анкара, како што соопшува Одделението за односи со јавност на Град Скопје, Проектот ќе добие ново име „Мрежа на енергетски ефикасни главни градови“, со што ќе се опфатат поголем дел од главните градови во Југоисточна Европа. Градот Скопје во октомври 2009 година потпиша Меморандум за разбирање со Загреб, Фрајбург, Сараево и Подгорица, за соработка во рамките на заедничкиот Проект за „Градење на капацитетите за управување со енергијата во градовите“, познат уште и под неформалното име „Иницијатива на главните градови“, а дел од обврските што ги презеде со потпишувањето на овој документ е и изработката на Акциониот план за градот Скопје. Работната верзија на Акциониот план за градот Скопје неодамна беше промовирана, а отворени се и Канцеларија и Инфо-центар за енергетска ефикасност на

регионот да се поврзат со остатокот од Европа, каде, како што рекол, се создава единствен пазар на транспортни услуги. Првиот човек на „Трениталиа“ најави дека Италија во најскоро време ќе обезбеди најсовремени возови кои ќе сообраќаат на релација Белград Венеција. Српскиот министер за инфраструктура и енергетика Милутин Мркоњиќ неодамна најавил дека очекува железничкот дел од Коридорот 10 да биде целосно завршен до 2020 година, кога сите пруги од оваа траса би биле прилагодени за возови кои се движат со брзина од 160 километри на час и би биле со два колосека и електрифицирани. За изградбата на железничкиот Коридор 10 се потребни околу 4,6 милијарди евра. Основната траса на паневропскиот Коридорот 10 започнува во Салцбург и преку Љубљана, Загреб, Белград, Ниш, Скопје и Велес, завршува во Солун. Овој Коридор има и четири придружни краци и тоа крак А: Грац - Марибор - Загреб, крак Б: Будимпешта - Нови Сад - Белград, крак Ц: Ниш - Софија - Пловдив - Истанбул и крак Д: Велес - Прилеп - Битола - Лерин Игуменица.


четврток, 7 април 2011

БИЗНИС ИНФО

21

ЕВРОПСКА УНИЈА Бугарија го „замрзна“ нуклеарниот проект „Белене“ СУСПЕНЗИЈА НА ТРИ МЕСЕЦИ, ОД ЈУНИ ПРОДОЛЖУВА РАБОТАТА Реализацијата на нуклеарниот проект „Белене“ е замрзната на три месеци поради загриженоста околу безбедноста, што се интензивираше по нуклеарната криза во Јапонија, - соопштија бугарските власти. Во соопштението на бугарското електроенергетско претпријатие НЕК се наведува дека оваа фирма и руската нуклеарна компанија „Атомстројекспорт“, на кои им е доверена изградбата на нуклеарката „Белене“ со два реактора со капацитет од по 1.000 мегавати, се согласиле да ја одложат работата на проектот до крајот на јуни. Спомнатите две компании потпишаа меморандум за разбирање според кој ќе бидат прекинати градежните работи на локацијата на централата на Дунава и одложени нарачките на нова опрема за бугарската нуклеарка. Напорите на Јапонија да избегнат нуклеарна катастрофа во целиот свет поттикнаа страв од опасност за нуклеарната енергетика и ја натераа Бугарија да побара нови детали и гаранции за безбедност. Речиси половина од Чесите се сметаат за сиромашни МАКРОЕКОНОМСКИТЕ ИНДИКАТОРИ СЕ ПОДОБРУВААТ, ГРАЃАНИТЕ НЕ ЧУСТВУВААТ Иако економската криза се смирува, а макроекономските индикатори се подобруваат речиси половина од граѓаните на Чешка сметаат дека откако ќе ги платат сите даноци имаат исти примања како пред една година, покажала најновата анкета на агенцијата СТЕМ. Од Чесите кои имаат свои сопствени примања, дури 42 проценти се изјасниле дека годинава заработиле помалку, а само 10 проценти имале зголемени примања споредено со 2010 година, јавува дописникот на МИА од Прага. Вкупно 44 проценти од анкетираните изјавиле дека имаат чувство дека се сиромашни, што според социолозите е рекорден пораст во последните десет години. По прашањето за животните услови, истражувањата покажуваат дека најчесто за сиромашни се сметаат луѓето кои имаат завршено основно или средно образование. Дури 54 проценти од Чесите со завршено основно училиште тврдат дека се на работ на егзистенцијата. Интересни се резултатите од анкетите кои покажуваат дека

посиромашни се чувствуваат семејствата кои имаат помалку членови. На пример, 53 проценти од луѓето кои живеат сами сметаат дека се сиромашни, додека од петчлените или повеќечлените семејства само 35 проценти се изјасниле дека мислат дека се сиромашни. Две третини од Бугарите сметаат дека живеат лошо РАСТЕ ПЕСИМИЗМИОТ Двајца од три жители на Бугарија сметаат дека живеат полошо отколку во истиот период лани, се вели во социолошко истражување на агенцијата АФИС. Дека државата не оди во правилна насока сметаат 57 отсто Бугари, додека 26 отсто имаат спротивно мислење. Во јануари тој сооднос бил 45 спрема 37 отсто.

Социолозите сметаат дека тоа е поради растот на цените, политичките скандали и надворешнополитички конфликти. Според податоците, регистриран е и раст на песимизмот како губење верба во подобра иднина. Невработеноста во еврозоната опадна под десет отсто ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО БЕЛЕЖИ ОСОБЕНО СИЛНО ЗАЗДРАВУВАЊЕ Стапката на невработеност во 17 земји кои како валута го користат еврото во февруари опаднала под десет отсто, прв пат по повеќе од една година, покажаа најновите податоци на агенцијата на Европската унија за статистика, Евростат. Во соопштението на агенцијата се наведува дека бројот на невработени во еврозоната во февруари е намален за 89.000 лица, што помогна стапката на невработеност да се спушти на 9,9 отсто од десетте отсто во јануари, пренесоа агенциите. Ова е прв пат уште од декември 2009 година невработеноста да опадне под нивото од десет отсто и уште еден знак дека земјодејството на еврозоната доживува особено силно заздравување и покрај должничките проблеми во некои земји. Аналитичарите сметаат дека ниската невработеност, што главно резултира со растот на потрошувачката, ќе биде клучна за заздравувањето во еврозоната да стане самоодржливо.


22

БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2011

СВЕТСКА ЕКОНОМИЈА Во 2012 година истекува правното дејство на Протоколот од Кјото ПРАВНАТА ПРАЗНИНА МОРА ДА СЕ ПОПОЛНИ Обврската на повеќето развиени земји дека ќе ја намалат емисијата на штетни гасови во атмосферата веројатно ќе заврши кон крајот на идната година, без нови правно обврзувачки ветувања, предупреди шефот на ОН за клима, Кристин Фигуерес. Таа изјави дека владите треба да почнат со подготовки за празнината што ќе настане со завршувањето на ветувањата дадени според Протоколот од Кјото, што ја сочинуваат основата за светските настојувања дека ќе се намали емисијата на јаглерод диоксид кои се посочени за глобалното затоплување. -Владите мораат да се соочат со фактот дека е неверојатно да се избегне празнината (правна) во тие напори, нагласила Кристин Фигуерес во Бангкок во текот на првата рунда од разговорите на ОН за климата во оваа година, пренесуваат агенциите. Во 2011 година, како што се наведува, „тие мораат да пронајдат начин како да го решат ова прашање, и како да се оди понатаму во заедничкиот и обврзувачки правец. Со решавањето на тоа ќе се создаде поцврста основа за уште поголеми колективни желби за намалување на емисиите“. Протоколот од Кјото, потпишан во 1997 година, покажа дека повеќето развиени земји се согласни со правно обврзувачкиот договор за намалување на емисијата на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина. Оваа обврска истекува кон крајот на 2012 година. Јапонија и Русија цврсто се спротивставуваат на продолжувањето на протоколот бидејќи со него не се опфатени двата најголеми светски загадувачи - Кина и САД, и со самото тоа документот потрива само 30 отсто од светските емисии. Меѓународната агенција за атомска енеггија (МААЕ) НЕОПХОДНИ ПОЦВРСТИ БЕЗБЕДНОСНИ СТАНДАРДИ Светот, по катастрофата во Фукушима, не може да има вообичаен пристап до нуклеарната енергија, изјави Јукијо Амано, директорот на Меѓународната агенција за атомска енеггија (МААЕ) -Кризата во нуклеарната централа во Фукушима-Даичи има толку големи импликации врз нуклеарната енергија и сите нас не соочува со огромен предизвик, истакна Амано отворајќи ја специјалната десетдневна конференција посветена на нуклеарната безбедност, што се оддржуваше деновиве во Виена . -Ситуацијата во Фукушима и натаму е сериозна, рече Амано на петиот состанок на Конвенцијата за нуклеарна безбедност (ЦНС). ЦНС е спогодба што ја потпишаа 72 земји и што е составена по катастрофата во Чернобил, за да се осигура безбедноста на светските нуклеарни реактори. Редовната конференција се оддржува секоја трета година и последната средба беше планира многу порано, пред драматичните настани во Јапонија, потсетуваат светските агенции. Најважен приоритет во Фукушима е да се „надмине

кризата и реакторите да се стабилизираат“, нагласи Амано и додаде дека мораат да почнат со процес на „размислување и проценки“. -Стравувањата на милиони луѓе ширум светот за тоа дали нуклеарната енергија е безбедна или не мораат сериозно да бидат сфатени, изјави Амано и нагласи дека „ се поцврстите меѓународни безбедносни стандарди и целосната транспарентност, во добри и во лоши времиња, се витални за враќањето и оддржувањето на довербата на јавноста во нуклеарната енергија“. Амано заклучи дека „верува дека многу вредни лекции ќе бидат извлечени од несреќата во нуклеарката Фукушима-Даичи кои ќе донесат суштински подобрувања во областа на нуклеарната безбедност“. Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ЕКОНОМСКИОТ РАСТ ВО Г7 ПОГОЛЕМ ОД ОЧЕКУВАНИОТ Економскиот раст на земјите членки на Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7), без погодената од земјотресот Јапонија, во првите месеци на 2011 година изгледа поголем од очекуваното, соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Како резултат на тоа, ОЕЦД предвидува дека растот во Г7, без Јапонија, би можел да изнесува околу три проценти на годишно ниво во првата половина од годината. Организацијата, со седиште во Париз која ги опфаќа најразвиените светски економии, укажува дека невработеноста во ОЕЦД и натаму е повисока за два процентни поени од предкризното ниво и покрај подобрената состојба на пазарот на труд. Зголемување бележи и инфлацијата поради растот на цените на суровините, се наведува во извештајот и се истакнува дека нестабилноста во Севенра Африка и на Блискиот Исток која ги зголемува цените на нафтата, би можела да делува како пречка на економските активности на краток рок. Според ОЕЦД, актуелната должничка криза во еврозоната, особено во нејзините економски послаби земјичленки, претставува уште една причина за загриженост. Сепак, позитивно е тоа што финансиската ситуација во нефинансиските компании изгледа здраво и тоа би можело да даде поттик за економски раст преку приватни инвестиции. - Развојот на ситуацијата на пазарот на трудот и покрај големата невработеност во многу земји, изгледа подобро од тоа што се очекуваше пред неколку месеци, што може да има позитвен ефект врз приватната потрошувачка, се наведува во извештајот. - Генерално, сегашниот замав во економскиот раст во голем број земји е посилен од очекуваното, оценува ОЕЦД. Врз економскиот раст на Јапонија големо влијание ќе има катастрофалниот земјотрес, но јапонската економија би можела повторно да почне да зајакнува во третиот квартал благодарение на обновата и изградбата, смета организацијата. Се уште е тешко да се даде проценка за земјотресот, цунамито и нуклеарната криза, но ОЕЦД во својата прва прогноза очекува растот на јапонската економија да биде намален за 0,2 до 0,6 процентни поени во првиот квартал и за 0,5 до 1,5 процентни поени во вториот. - Обновата се очекува да започне релативно брзо, што може да го компензира негативното влијание веќе во третиот квартал, се наведува во изшештајот на ОЕЦД.


четврток, 7 април 2011

БИЗНИС ИНФО

23

СВЕТСКА ЕКОНОМИЈА Јапонската катастрофа ги „кочи“ фабриките за автомобили НА ПОВИДОК ПРЕКИН НА ПРОИЗВОДСТВОТО Главните европски произведувачи како што се „Фолксваген“ (VW) и „Пежо-Ситроен“ (PSA) би можеле да бидат соочени со прекин на производството во следните недели бидејќи e нарушено снабдувањето со автомобилски делови од Јапонија. Францускиот „Пежо“, европски втор по големина произведувач на автомобили, објави дека би можел да ја запре монтажата на автомобили во следните неколку недели, бидејќи многу јапонски произведувачи на делови се` уште не успеаја да ги придвижат фабриките по катастрофалниот земјотрес. Поради немање делови производството на здружените компании „ПСА“ би можело да падне до 60 отсто поради недостаток на делови за дизел моторите од „Хитачи“. Карлос Гон, извршниот директор на „ПСА“ и „Нисан“ изјави дека околу 40 произведувачи на автомобилски делови во Јапонија се загрозени од силниот земјотрес од 11 март кој ги оштети фабриките и сообраќајната инфраструктура. „Опел“, кој се наоѓа во сопственост на американскиот „Џенерал моторс“ (ГМ), е првиот германски произведувач на автомобили кој укина една смена бидејќи неопходните електронски делови не стигнале од Јапонија. Компанијата која исто така го суспендираше производството во Шпанија, се` уште бара алтернативни извори на снабдување во САД. Немањето делови и прекинувањето на производството поради јапонскиот земјотрес и цунамито, ги принуди глобалните произведувачи да разгледаат како да го оживеат ланецот на снабдување. Многу компании како што се американскиот „ГМ“, „Форд“, „Тојота“ и „Хонда“ веќе затвориле еден број фабрики или го прекинаа производството заради немање делови од Јапонија. Институтот „ИХС автомотив“ проценува дека во наредните шест недели би можело да дојде до паѓање на производствот за 30 проценти. „Тојота“ во вторникот ги информирала дилерите во Северна Америка да ги намали нарачките за повеќе од 200 резервни делови како што се управувачкиот систем, амортизери, и делови за воздушните перничиња, бидејќи не може да обезбеди адекватно снабдување. „Хонда“ најави дека од денеска привремено ќе го прекине производството во америкнаските и канадските погони, но не наведе детали. Дилерите велат дека „Тојота“ не е во состојба да испорачува делови за моделите „лексус“ и „сцион“ како и за „седан“ средна големина „камри“, хибридот „пријус“ и хибридната верзија на спортскиот теренец „хајлендер“. Околу 70 проценти од автомобилите и камионите на „Тојота“ кои се продаваат во САД се изработуваат во Северна Америка, но од Јапонија се увезува секој четврти дел. „Тојота“, „Нисан“ и „Хонда“ ОБНОВА НА ПРОИЗВОДСТВОТО КОН СРЕДИНАТА НА АПРИЛ Трите јапонски автомовбислки гиганти, „Тојота“, „Нисан“ и „Хонда“ најавија дека планираат кон средината на овој месец да го возобноват производството во своите погони во Јапонија, кое беше запрено по катастрофалниот земјотерс и цунамито од 11 март. „Тојота“ планира да ги стартува машините во 15 свои фабрики, „Нисан“ во „најскоро време“ ќе ја пушти во работа главната фабрика за производство на мотори во Иваки, додека „Хонда“ е при крај со ремонтот во погоните во Точиги, каде по

земјотресот избувна пожар. Проценките на трите автогиганти говорат дека порад прекинот на работата по земјотресот нивното овогодишно производство ќе биде намелено и тоа за 200.000 возила на „Тојота“, 55.000 на „Нисан“ и 45.000 на „Хонда“. Напоредно со прекинот на работата во погоните во Јапонија, трите компании поради недостиг на делови бележат намалување на производството и во нивните фабрики во САД, Канада и Мексико. Поради недостиг на делови увезувани од Јапонија, намалување на производството има и во фабриките на „Џенерал Моторс“, „Форд“ и „Пежо-Ситроен“. Турција е лидер според економскиот раст во Европа ПРИХОДИТЕ ПО ГЛАВА НА ЖИТЕЛ ЗГОЛЕМЕНИ НА 10.079 САД ДОЛАРИ Турција е лидер според економскиот раст во Европа откако во последното тримесечје од 2010 година забележа раст од 9,2 проценти, објави турската телевизија НТВ, повикувајќи се на податоци на Турскиот институт за статистика. Во првото тримесечје од минатата година економскиот раст на Турција бил подобрен од 11,8 на 12 проценти, во второто од 10,2 на 10,3 проценти, а во третото од 5,5 на 5,2 проценти се наведува во податоците на институтот за статистика. Економскиот раст на земјата во текот на цела 2010 година изнесува 8,9 проценти, покажуваат објавените податоци. Телевизијата истакнува дека овој раст е најголемиот на годишна основа од 2004 година. Турската економија во 2010 година била речиси 736 милијарди САД долари, а приходите по глава на жител се зголемиле на 10.079 долари. Русија може да ја продолжи забраната за извоз на житни култури ПО ГОДИНАШНАТА ЖЕТВА ЌЕ СЕ ОДЛУЧУВА Русија би можело да ја продолжи забраната за извоз на житни култури, која во голема мерка го предизвика зголемувањето на цената на храната во светот, до крајот на годината, - изјави рускиот прв заменик-премиер Виктор Зубков. - Моментниот став на Владата е дека извозот нема да биде обновен до крајот на оваа година,- изјави Зубков. Руската министерка за земјоделство Елена Скриник минатата седмица изјави дека ембаргото ќе трае до октомври кога ќе може да се изврши проценка на обемот на овогодинешниот род. Русија во август минатата година по силниот бран на суши и пожари го забрани извозот на житми култури, бидејќи жетвата беше намалена од предвидените 95 милиони на 60 милиони тони. Забраната за извоз, според првичните планови, требаше да трае до декемрви 2010 година, а подоцна беше продолжена


24

БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2011

СВЕТСКА ЕКОНОМИЈА до средината на 2011 година, што предизвика поскапување на пченицата на светскиот пазар, со оглед на тоа дека Русија е третиот по големина производител на житни култури во светот.

Рускиот премиер Владимир Путин неодамна изјави дека Русија оваа зима поради неповолните временски услови има посеано 20 проценти помалку житни култури од планираното и дека ќе биде потребно пролетната сеидба да биде значително зголемена.

Руските девизни резерви надминаа 500 милијарди долари БЛАГОДАРЕНИЕ НА ВИСОКАТА ЦЕНА НА НАФТАТА Руските резерви на девизи и злато минатата недела нараснаа на 504 милијарди долари, официјално соопшти Централната банка на Русија. На нивото од 500 милијарди долари руските девизни резерви беа на 18 март и за една недела се зголемија за четири милијарди долари. Благодарение на високата цена на нафтата, главниот руски извозен производ, тенденцијата на раст на резервите на девизи и злато е присутна веќе петта недела по ред. Руските девизни резерви, трети по ред во светот по јапонските и кинеските, во летото 2008 година беа на историскиот максимум од 598 милијарди долари. Во периодот на глобалната финансиска криза тие опаднаа до 376 милијарди долари.

во Русија треба да бидат изградени вкупно 3,099 милиони метри квадратни трговски центри. На второ место на листата се наоѓа Турција со 1,773 милиони метри квадратни, а потоа следуваат Италија со нешто над еден милион, Франција со 891.000 и Шпанија со 697.000 метри квадратни површина на трговски центри во изградба. Над 500.000 метри квадратни има уште само Полска, со вкупно 594.000 квадратни мерки трговски центри во изградба, со што се најде на шестото место на листата, а по неа следуваат Велика Британија со 314.000, Германија и Хрватска со околу 300.000 и Романија со 256.000 метри квадратни. Според анализата на „Кашман и Веквилт“, во текот на 2011 и на 2012 година ќе претстои зголемување на изградбата на нови трговски центри во споредба со лани, кога беше регистриран најголем пад во изградбата од 1983 година. Лани во Европа беа изградени околу 5,2 милиони метри квадратни површина на трговски центри, што претставува намалување во однос на 2009 година за речиси 30 проценти. Доколку во текот на 2011 година бидат изградени сите планирани 6,9 милиони метри квадратни трговски центри, тогаш ќе биде остварен раст од околу 33 проценти во однос на лани. Во целина во Европа лани биле изградени 165 трговски центри, од кои 63 биле во државите во Средна и Источна Европа, наведува „Кашман и Веквилт“.

Намален бројот на фалсификувани производи на Интернет ЖРТВИ 172 БРЕНДОВИ Продажбата на фалсификувани производи преку Интернет минатата година е намалена наспроти зголемувањето на продажбата на фалсификувана „хај-тек“ опрема, особено со појавата на првите фалсификувани „Епл“ таблет уреди „Ај пед“, објави француската компанија за електронска трговија „ПрајсМинистер“.

Повторно почна интензивното инвестирање во изградба на трговски центри во Европа РУСИЈА ШАМПИОН, ТУРЦИЈА ЈА СЛЕДИ Русија се најде на првото место според површината на трговски центри што треба да бидат изградени во текот на 2011 и 2012 година, на листата што ја објави меѓународната консултанска куќа „Кашман и Векфилт“. Според оваа листа, во текот на оваа и во следната година

Се работи за истражување кое се однесува на откривање на обиди за продажба на фалсификувани производи преку Интернет страницата „ПрајсМинистер“, и кое покажа дека во 98 проценти од случаите овие производи не се ставени во продажба. Во текот на 2010 година, „ПрајсМинистер“ блокирал 1.503 кориснички барања поради фалсификувања или склучување договори со мрежи за селективна дистрибуција на производи додека во 2009 година тој број изнесувал 2.625 барања. Жртви на фалсификувања во 2010 година биле 172 брендови, додека во 2009 година тој број изнесувал 242 компании. „Хај-тек“ производите, како што се телефони, МП3 плеери и софтвер, сепак претставувале околу 34 проценти од фалсификатите, што претставува зголемување од 17 проценти во период од една година.


БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2011

25

СВЕТСКА ЕКОНОМИЈА Во Кина откриено големо наоѓалиште на скандиум РЕЗЕРВИ ОД НАД 70 ТОНИ СО ВРЕДНОСТ ОД 10,6 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Во источниот дел на Кина откриено е големо наоѓалиште на скандиум, метал на ретката земја, што се применува во високотехнолошкото производство. Резерви од над 70 тони с к а н д и у м откриени се во провинцијата Джечанг по повеќегодишно истражување. Наоѓалиштето, чија локација не се открива, богато е и со сребро (800 тони), со олово,

со цинк и со кадиум. Вкупната вредност на откриените метали, според експертите, се проценува на повеќе од 10,6 милијарди долари. Скандиумот е драгоцена суровина за секторот на висока технологија, посебно за производство на современата телекомуникациска опрема и за хибридните автомобили. Цената на златото достигна ново рекордно ниво ОДРАЗ НА КРИЗАТА ВО ПОРТУГАЛИЈА

Цената на златото на Њујоршката берза неделава достигна нов рекорд од 1.450 долари за унца (31,1 грам), бидејќи намалувањето на португалскиот кредитен рејтинг ги насочи инвеститорите кон посигурни инвестиции.

На зголемување на цената на златото влијаше и растот на цената на „брент“ нафтата која го достигна највисокото ниво во изминатите две и пол години од 122 долари за барел. Агенцијата за кредитен рејтинг „Мудис“ го намали рејтингот на Португалија за еден степен, од А3 на БАА 1, истакнувајќи дека новата португалска влада по изборите закажани за 5 јуни ќе мора да побара итна финансиска помош од Европската унија. По објавувањето на соопштението на агенцијата „Мудис“ каматните стапки на португалските десет годишни обврзници, кои минатата година изнесуваа 5,8 проценти се искачија на нов рекорд во еврозоната од 9,03 проценти, додека акциите на берзата во Лисабон се намалија за еден процент.

„Фич“ со намалена прогноза за растот на светската економија ТРГНУВА ГЛОБАЛНАТА ИНФЛАЦИЈА Меѓународната агенција за кредитни рејтинзи „Фич“ ја намали прогнозата за раст на светската економија во 2011 година поради јакнење на цената на нафтата и разорниот земјотрес во Јапонија.Фич ја зголеми прогнозата за глобална инфлација. - Зголемувањето на цената на нафтата како резултат од ескалацијата на немири на Блискиот исток го успорува опоравувањето на глобалната економија, се вели во кварталниот извештај. Таа агенција растот на светскиот БДП во 2011 година и 2012 година го проектираше на 3,2 отсто по зголемувањето од 3,8 отсто во 2010 година. Прогнозата на растот на американската економија е намалена на три отсто во 2011 година и на 2,8 отсто во идната година од претходно проектираните 3,2 односно 3,3 отсто. Економијата на еврозоната ќе бележи раст од 1,2 отсто во 2011 односно 1,6 отсто во 2012 година што значи ревидирање на претходно прогнозираните 1,6 односно 2,1 отсто. Намалена е и проекцијата на раст во Бразил, Кина и Индија во оваа и следната година, но истовремено се очекува раст на руската економија благодарение на јакнењето на цената на нафтата. Бил Гејтс: Ќе бидеме сведоци на технолошкиот напредок во земјите од Третиот свет КРУПНИ ПРОМЕНИ ВО НАРЕДНАТА ДЕЦЕНИЈА Основачот на компанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс изјавил дека во следните десет години ќе се случи голем технолошки напредок во земјите од Третиот свет. Гејтс ова го изјави во Стразбур како одговор на прашањето на европратеникот од групата на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите, Ивајло Калфин. Основачот на „Мајкрософт“, кој реализира хуманитарни проекти во најсиромашните земји во светот, говореше на заедничкото заседание на комисиите на ЕП за развој, за буџет и политичките предизвици. Според него телефоните и интернетот значително ќе го подобрат животот на луѓето во Африка, бидејќи тие ќе можат да се консултираат за суштински прашања и да се организираат за реализација на идеи од јавен интерес. - Технологиите би помогнале за подобрување на плаќањето на данокот, што пак ќе го подобри функционирањето на државите, додал Гејтс.

Бил Гејтс

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс е ангажирана во проект во САД, со кој се истражува како технологиите можат да помогнат во мотивирањето на децата да учат надвор од училниците. Семејството Гејтс е на турнеја низ Европа за да ја презентира програмата „Докажано од животот“, која има за цел да привлече повеќе хуманитарни донатори. Посетата на Стразбур е поврзана со преговорите во европските институции за финансиската рамка за следниот буџетски период. ЕУ е најголемиот хуманитарен донатор во светот, а фондацијата на Гејтс е најголемиот приватен донатор.


26

БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2011

НОВИ ПРОИЗВОДИ И ТЕХНОЛОГИИ Автомобилите на иднината ќе се произведуваат од банани? НОВА БИОЛОШКИ РАЗГРАДЛИВА ПЛАСТИКА *Со преработка на банани и ананас се добиваат наноцелулозни влакна, од кои се произведува нова пластика. Целулозата е градежен блок на клеточниот ѕид на растенијата. Новата пластика биолошки се разградува, полесна е и неколку пати е посилна од денешната пластика! Проблемот од се уште недоволно развиената навика за рециклирање и се поголемиот број производи направени од пластика се поттик за мерки како забрана за користење на најлон кеси за купување. Некои отидоа чекор подалеку и за производство на автомобили предложија банани, пренесува Њиред. Наноцелулозните влакна слични на Кевлар Бразилските научници развија постапка во која влакната од растенија како што се банана, ананас или кокос се претвараат во нов вид на пластика, која е полесна и посилна од таа која се прави со преработка на нафта. Наноцелулозните влакна, како што ги нарекоа, можат да се споредат со Кевлар, со тоа што изворот за суровиот материјал (бананата) е обновлив, а завршниот производ е поволен за рециклирање и биолошки се разградува. Се верува дека новата пластика во поширока употреба може да се примени веќе за неколку години. -Својствата на оваа ‘пластика’ се неверојатни“, тврди Алсидес Лао, член на тимот од Државниот Универзитет во Сао Паоло. - Многу е лесна, но исклучително силна – околу 30 отсто е полесна од нормалната пластика, но 3-4 пати е посилна. Таков материјал значително ќе ја намали тежината на новите возила, што за возврат ќе ја намали потрошувачката на гориво. На пример, Форд своите автомобили се обидува да ги направи полесни за 80-200 килограми, експериментирајќи со примена на нанотехнологија. Освен спомнатите предности, наноцелулозата е пластика поотпорна на високи температури, бензин и вода, што значи дека за почеток, може да се применува во производство на инструментарни плочи, одбојници и некои делови кои денес се произведуваат од алуминиум. Ананасот и бананите како градежни блокови на автомобилите Целулозата е основен градежен блок на клеточниот ѕид на растенијата и е најраспространето органско соединение во природата. Нема мирис и вкус и не се топи во вода. Со преработка на дрвото и останатите растителни материи може да се добијат наноцелулозни влакна со толку мал размер што на човечко влакно можат да застанат дури 50.000. Така подготвена се додава на други материјали за да се произведе нова пластика.

Од разните растенија се чини најповолни се ананас и бананата, а следат кокосот и агавата. Нивните лисја и стебла се варат во уреди налик на експрес лонци, со што се добива материја која изгледа како пудра. Процесот е скап, но за сега не е познато колку би чинело производството, бидејќи моментално се работи на помали количини во лабораторија, но Лао тврди дека цената на производството ќе се намалува пропорционално со растот на примената. Од половина килограм наноцелулоза може да се добијат 50 килограми нова пластика. За сега тимот се бави со примена на овој производ во автомобилската индустрија, но планираат да работат и на замена на челичните и алуминиумските делови на моторите. Дали сето ова некого го потсетува на коноп? „Киа“ претстави концепт на електричен автомобил NAIMO НА СТРУЈА ЌЕ РАЗВИВА 150 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС КИА на Сеулскиот салон за автомобили претстави нов електричен концепт на возило Naimo. Должината на тој Crossover u�lity vehicle е 3,9 метри. Освен обликот како кутија, ЛЕД светла има тркала од 20 инчи и гуми со ниски отпор при движење. Внатрешноста е едноставна, воглавно обложена со дрво, а може да се превезат четворица патници. Naimo го движи ПМСМ (Permanent Magnet Synchronous Motor) електричен мотор со 109 КС. и вртежен момент од 280 Нм. Поседува 27 кВч литиум-јонски батерии сместени под багажникот. Највисоката брзина му е 150 км/час. Опремен е и со систем за брзо полнење на батериите - до 80 отсто за само 25 минути. Гугл воведува супербрз Интернет ЕДЕН ГИГАБАЈТ ВО СЕКУНДА Претставниците на компанијата Гугл најавија дека Канзас Сити ќе биде првиот град, во кој бесплатно ќе се изгради оптичка мрежа, која на корисниците ќе им овозможи супербрз Интернет, еден гигабајт во секунда. Гугл овој град го нарече проектот „фајбр сити“ - мошне брз Интернет, а Канзас Сити е избран на конкурс, на кој се пријавиле над илјада американски градови. - Целта ни е да ја зголемиме брзината на Интернетот за сто пати, изјавил еден од потпретседателите на Гугл, Мајло Медин. Канзас Сити е избран меѓу повеќе од илјада градови да биде пионер на новата генерација на Интернет врските, пред се поради тоа што развил одлична соработка меѓу општествените и приватните организации. - Имаме многу искуство со Наскар трките, изградбата на трговски центар и фудбалски стадион. Многу научивме за соработката на приватниот и општествениот сектор, изјавил градоначалникот на Канзас Сити, Џо Рирдон.


четврток, 7 април 2011

БИЗНИС ИНФО

27

НОВИ ПРОИЗВОДИ И ТЕХНОЛОГИИ „Интел“ лансира нов хард диск со „флеш“ меморија ВНЕСУВАЊЕ ПОВЕЌЕ ПОДАТОЦИ И ПОНИСКИ ЦЕНИ Американската компанија „Интел“ на пазарот претстави нова палета тврди дискови со „флеш“ меморија, што на корисниците им овозможува зголемени можности за читање и внесување на податоци по значително намалени цени. Изработени во 25-нанометарска технологија, новата серија дискови се со за 30 проценти помала цена во споредба со сегашните хард дискови на пазарот. Меѓу новите модели од третата генерација на ССД дискови, покрај веќе стандардните модели од 40, 80, 120, 160 и 300 гигабајти меморија, се наоѓа и модел од 600 гигабајти. Дисковите се опремени со интефејс САТА со брзина од 3 гигабита во секунда. Брзината на читање и внесување на податоци на овие дискови изнесува околу 270 и 220 мегабајти во секунда. На тој начин се подобрува мултифункционалноста со што се овозможува слушање на музика и преместување на видео содржини без намалување на брзината на работа. Новите дискови се достапни за нарачка од 1.000 примероци за 89 долари за моделот од 40 гигабајти, за 159 долари за моделот од 80 гигабајти, за 209 долари за моделот од 120 гигабајти, за 289 долари за моделот од 160 гигабајти, за 529 долари за моделот од 300 гигабајти и за 1.069 долари за моделот од 600 гигабајти. Американците и Русите заедно ќе градат вселенски брод ЛЕТ ДО МАРС НА НУКЛЕАРЕН ПОГОН Руската федерална вселенска агенција (Роскосмос) и американста Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) ќе разговарат за производство на вселенско летало на нуклеарен погон, најави директорот на Росксомос, Анатолиј Перимонов. Како што пренесе московската телевизија РТ, Перимонов истакна дека на преговорите за производство на ова летало, што ќе се оддржат на 15 април, ќе учествуваат и петставници од држави кои имаат развиена технологија на производство на реактори, како што се Јапонија, Германија, Франција и можеби Кина. За вселенските бродови на нуклеарен погон се размислува заради можни летови на Марс, но и подалеку од него. Целта е до 2012 година да се произведе мотор на нуклеарен погон во вредност од 600 милини долари, рече Перимонов. Според него, поголемиот дел од средствата за овој проект би ги обезбедила руската Државна корпорација за нуклеарна енергија „Росатом“.

КОРПОРАЦИИ Рускиот алуминиумски гигант „Русал“ во 2010 година оствари профит поголем од очекуваниот ТРИИПОЛ ПАТИ ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ВО КРИЗНАТА ГОДИНА Рускиот алуминиумски гигант, компанијата „Русал“, минатата година ја зголеми добивката пресметана според меѓународните сметководствени стандарди, за 3,5 пати во споредба со кризната 2009 година, надминувајќи ги прогнозите на аналитичарите. „Русал“ во 2010 година оствари нето профит од 2.867 милијарди долари во однос на 821 милиони долари во претходната година , што е многу повеќе од прогнозите на аналитичарите кои очекуваа 1,96 милијарди долари, соопшти компанијата. „Русал“ минатата година ги зголеми приходите на 10,979 милијарди долари од 8,165 милијарди долари во 2009 година, додека корегираната EBITDA (заработка пред плаќање на данокот, каматите и амортизацијата) нарасна за 336 проценти, на 2,597 милиони длари. Во четвртиот квартал од минатата година компанијата оствари нето добивка од 1,45 милијарди долари во однос 1,65 милијарди долари во истиот период од 2009 година.

СТО: „Боинг“ добил 5,3 милијарди долари незаконска државна помош ФИНАЛЕ НА НАЈДОЛГИОТ И НАЈСКАПИОТ СТОПАНСКИ СПОР Американскиот производител на авиони „Боинг“ добил незаконски државни субвенции од најмалку 5,3 милијарди долари, соопштила Светската трговска организација (СТО) во Женева. Помошта на „Боинг“ и е давана главно во вид на трошоци за истражување и развој, преку сметката на Агенцијата за вселенски истражувања (НАСА), се наведува во извештајот на СТО од четвртокот. Ваквиот заклучок на СТО е веројатно последниот чин во шест години долгиот спор на лидерите во областа на авиоиндустријата – „Боинг“ и „Ербас“. Станувз збор за најобемниот и најскапиот стопански спор на светот, пренесуваат агенциите. Двете компании долго време меѓусебно се обвинуваат дека имаат незаконска помош од владите. СТО, минатата година, донесе слично решение и против „Ербас“. Официјални лица од Вашингтон иод Брисел во 1992 година потпишаа спогодба за правилата на државната помош за производителите на цивилни авиони. САД ја повлекоа спогодбата и во 2004 пред СТО ја обвинија Европската унија за давање недозволена помош за Ербас. Европскиот производител на авиони, од своја страна, тврди дека заради недозволената помош што ја добива американскот ривал, изгубил порачка вредна 45 милијарди долари. -Дојде време Боинг да престане да ги демантира или минимизира огромните незаконски субвенции што ги добива, рече директорот на Ербас Рајнер Охлер.


28

БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2011

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Работниците во најмногубројната нација на светот бараат дел од колачот на „економското чудо“ и зголемување на платите НЕМА ВЕЌЕ ЕВТИНА КИНЕСКА ОБЛЕКА Наскоро изгледа ќе дојде крај на евтината облека од Кина, а

производството ќе биде преместено во други азиски земји. Кинеските работници, исто така, сакаат дел од колачот на „економско чудо“ и бараат повисоки плати. Звучи апсурдно, но, пред се’, самоубиствата на очајните кинески работници ги поттикнаа кинеските производители, како и владата во Пекинг, да го променат ставот. Покрај тоа, дојде до пораст на цените за потрошувачите во Народната Република, како и повисоко ниво на образование кај младите Кинези. Затоа, петгодишниот план на Народниот конгрес донесе одлука за покачување на минималната плата за 13 отсто годишно. -Кинескиот извоз на текстил во светот константно расте. Некои фирми во индустриските центри на источниот брег воведуваат поголеми покачувања од 20 отсто, па дури до 70 отсто поголема плата. Се разбира, тоа не им се допаѓа на претпријатијата, чие производство е лоцирано во Кина. Имено, со тоа растат и трошоците за производство.

Тоа ги засега сите бранши, пред се’, модната индустрија, - вели Јирген Матес од Институтот на германското стопанство во Келн. -Вистина е дека текстилната индустрија, најмногу модната индустрија - има различни етапи во производството, а најинтензивната етапа е шиењето, што е задача на модната индустрија - многу зависи од порастот на

трошоците за работната сила, оти се работи со голем интензитет. Тоа тешко може да се рационализира. Според статистиките, светскиот волумен на кинескиот извоз на текстил константно расте. Според модната асоцијација „Џерман гешн“, Германија во 2010 година дала налог за производство на 10 отсто повеќе облека отколку во претходната година. Глобалната побарувачка ги доведува кинеските фабрики до границите на нивните капацитети. Свен Ерискат од Генералното здружение „Текстил и мода“ изразува загриженост. „Покрај цената за работната сила, нас не’ загрижува и нејзината застапеност.“ Во Виетнам се отвораат нови капацитети за производство. Поради тоа, економските експерти сметаат дека производителите на облека ќе преминат во други земји каде што може поевтино да произведуваат. Во Азискиот регион сега може да се забележи преместување на карванот во земјите, со значително пониски трошоци за работната сила, тоа се земјите кои, исто така, заостануваат во развојот. Такви се, на пример, Лаос, Камбоџа и Виетнам. Од генералното здружение „Текстил и мода“, кое застапува 1.300 претпријатија од текстилната бранша, сметаат дека ваквиот развој нема да влијае врз германските претпријатија. -Поради нејзините норми за квалитет, тие зависат од кинеските производители краткорочно и среднорочно, со одредени последици и за купувачите во Европа, - вели Свен Ерискат. - Мал број земји во светот нудат ваква длабочина на производствениот процес, а со тоа и добар квалитет. Кинеските претпријатија повеќе не можат да го компензираат порастот на трошоците за плати и суровини. Потрошувачите ќе почувствуваат одредени последици, но сметам дека нема да има масовно повлекување од Кина во другите региони. „Адидас“ и понатаму ќе произведува во Кина. Ако се земе предвид огромниот кинески пазар со своите 1,3 милијарди консументи, токму поради тоа нема да дојде до повлекување. Сепак, курентноста на пазарот е предност и за модната индустрија. За производителот на спортска облека и обувки „Адидас“,

земјата, во меѓувреме, стана втор по големина пазар. Некои производи на „Адидас“ се произведуваат и во други азиски земји. Но, една третина од производството на концернот од Херцогенаурах е во Кина. -Кина, како и досега, ќе остане најголемиот производител на спортски обувки, само поради порастот на индустријата за спортски производи и на нашето претпријатие, потребни се и нови производствени капацитети, кои ќе се отворат во другите азиски земји, како што се, на пример, Индонезија, Камбоџа или Виетнам. Тоа значи сегашното производство на обувки во Кина останува, но ако нашите лиферанти отвораат нови производствени постројки, тогаш тоа ќе биде во другите азиски земји. Тоа, всушност, е генерален тренд, - вели Јан Рунау, портпарол на „Адидас“. Значи, и во 2011 година нема да има голема преселба, барем што се однесува до германските производители на облека. Може да се случи евтините фармерки наместо 19 евра, наскоро да чинат 25 евра, но можеби нема да дојде до поскапувања. Имено, повеќе кинески лиферанти сега засилено планираат да произведуваат во сиромашните делови во внатрешноста на земјата. Тамошните работници се’ уште не бараат толку високи плати. Лиферантот на „Епл“, Фокскон, веќе го направи првиот чекор - 200.000 работни места наскоро треба да се преселат од источниот брег во внатрешниот дел на Кина. (Дојче веле) Европската комисија со насоки за големи вложувања во сообраќајот до 2050 година „БЕЛАТА КНИГА“ БАРА ИНВЕСТИЦИИ ОД 1.500 МИЛИЈАРДИ ЕВРА!

Европската комисија објави насоки за развој на транспортот до 2050 година и на земјите-членки им препорача да најдат 1.500 милијарди евра за инвестирање во инфраструктурата и возилата на иднината до 2050 година.


четврток, 7 април 2011

БИЗНИС ИНФО

29

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Во т.н. „бела книга“, која нема законска сила, се наведува дека е потребно да се воведат големи промени во транспортниот систем, на пример, да се спречи застојот во сообраќајната мрежа, да се инвестира во еколошки возила,

да се изградат брзи пруги и дел од сообраќајот да се префрли на железниците. Белата книга нема сила на прописи, но европскиот комесар за транспорт Сим Калас рече дека Комисијата ќе работи на примена на препораките. Предлозите имаат за цел од градовите во целост да се исфрлат автомобилите кои се движат на гориво, во авионскиот сообраќај уделот на гориво со мала содржина на јаглерод да се зголеми на 40 отсто, за 40 отсто да се намали емисијата на јаглендвооксид во поморскиот сообраќај и 50 отсто во патниот товарен и патнички сообраќај од средни и долги дестинации да се префрли на железницата. Благодарение на тие мерки, би било можно за 60 отсто да се намали емисијата на штетни гасови со ефект на стаклена градина во секторот за транспорт, до средина на овој век. - Сметам дека оваа цел може да се оствари, - рече комесарот. Транспортот е ноќен кошмар за комесарот за климата Кони Хедегард сметајќи дека емисиите на штетните гасови одговорни за климатските промени, се во постојан пораст. Во 2008 година забележана е зголемена емисија за 23,6 отсто. Франција, Италија и Шпанија се одговорни за 76 отсто емисија на штетни гасови во транспортниот сектор во ЕУ. Во ЕУ постои и проблем со старата инфраструктура. Улиците на Брисел, главниот град на европските институции се полни со дупки кои сопствениците тешко можат да ги поправат поради недостиг на пари. Иднината е во самофинансирањето, бидејќи државни пари ќе има се` помалку и помалку, вели

комесарот за транспорт Калас. - На инфраструктурните проекти потребен е период на стабилност од 30 години, - додава тој. Во предлогот на Комисијата се истакнува дека голем проблем е и застојот на патиштата, кој како што наведе, Европа ја чини 1 отсто од БДП, секоја година. Според податоците на ЕК, се очекува товарниот транспорт да се зголеми за 51 отсто до 2050 година, како во патниот така и во авионскиот сообраќај. Еколошката организација Гринпис го критикуваше предлогот поради недоволните мерки во поглед на животната средина и поради тоа што не се предвидени доволни мерки ЕУ да се заштити од нестабилните цени на нафтата. Во соопштението на таа организација се наведува дека Комисијата не предложила сеопфатна стратегија за намалување на емисијата на штетни гасови и дека позначајните измени ги одложила за повеќе децении. Во предлогот се наведува, емисијата на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина до 2050 година да се намали за 60 отсто во однос на 1990 година, но поголемиот дел од предвидениот ангажман е одложен за периодот по 2030 година. Се проценува дека тогаш во 2030 година, во сообраќајот емисиите и понатаму ќе бидат за 8 отсто поголеми отколку во 1990 година. Калас истакна дека било потребно да се направи баланс меѓу еколошките и другите цели и правата на мобилност: - Слободата на патувањата е едно од основните права на нашите граѓани и е од суштинско значење за развој на бизнис-секторот во Европа. Намалената мобилност не е можност. („Европски репортер„ – Подгорица)

СПОРОТ ЗА ИМЕТО СЕ ПОЈАВИ НА ВИНСКИТЕ ШИШИЊА

Во големите челични резервоари на Винарницата „Сковин“ полека созреваат 17 милиони литри питко црвено и бело вино. Овој производител на вино е неочекуваната жртва на спорот околу името меѓу Македонија и Грција, долгогодишно несогласување што во моментов се наоѓа пред меѓународни судии. Сместена во близина на македонскиот главен град Скопје, Винарницата „Сковин“ е една од најголемите производители во земјата. Откако е готово, виното се продава со едноставни ознаки „Македонско црвено“ или „Македонско бело“. Но, продажбата од неодамна падна кај најголемиот европски купувач Германија. Грција, која има северна провинција што се вика Македонија, ги притисна

германските увозници да престанат да го земаат виното тврдејќи дека имаат авторски права врз поимот Македонски уште од 1989 година. -Се однесуваме многу заштитнички кон имињата „Македонско црвено“ и „Македонско бело“, - вели Миле Костов, комерцијален директор на „Сковин“. - Ние сме горди на името и фактот што сме Македонци. Ако ги изгубиме нашите германски партнери, тоа би претставувало смрт за македонскиот вински бизнис. Ова за Винарницата беше првата голтка од спорот меѓу Македонија и Грција што трае повеќе од 20 години. Кога Југославија почна да се распаѓа во 1991 година, нејзината најјужна република прогласи независност под името Република Македонија. Грција приговори затоа што северната провинција Македонија била некогаш центар на големо и моќно античко кралство и Грците се гордеат со името. Атина кажа дека Република Македонија


30

БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2011

СВЕТСКИ ПЕЧАТ има територијални аспирации кон северна Грција. Двете страни конечно постигнаа договор во 1995 година, според кој меѓународните институции ќе го користат терминот Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ). Но, на гнев на Грција, земјата го задржа своето уставно име Република Македонија. Напорите да се изнајде заедничко прифатливо име се неуспешни. На НАТО-самитот во 2008 година прашањето повторно пламна. Скопје очекуваше покана за влез во Алијансата, но НАТОчленката Грција го блокираше тоа, барајќи нејзиниот северен сосед да го промени своето име. НАТО донесе одлука дека спорот мора да се реши пред малата балканска земја да се приклучи. Властите во Скопје беа бесни и тврдеа дека Атина ја прекршила Спогодбата од 1995 година. Ја тужеа Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Судот во моментов ги слуша аргументите од двете страни и ќе донесе одлука за случајот при крајот на годината. Надежите на Македонија за влез во Европската унија се исто така на почек. Атина стави вето на почетокот на пристапните преговори се` додека не се реши прашањето за името. - Ние не сакаме да имаме наметнато решение за името на нашата земја креирано од страна на Грција, - вели македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски. - Ние ќе треба да живееме со тоа име, а во прашање е и достоинството на нашите граѓани. Дојде време Грција да признае дека постоиме, дека сме Македонци, дека имаме длабоки корени на оваа почва и дека Македонците немаат лоши мисли или скриени агенди против Грција. А што со тврдењето на Грција дека Македонија има територијални претензии? -Тоа може да биде тема за некоја научнофантастична книга, вели тој. –Единствената окупација претставуваат македонските туристи во текот на летото во грчките хотели на прекрасното егејско крајбрежје. Сепак, Атина тврди дека Скопје ја прекршило Спогодбата од 1995 година преку охрабрување на

земјите-членки на ОН да го признаат името Република Македонија и преку присвојување на грчката култура. Скопскиот аеродром неодамна беше преименуван во „Александар Велики“, а во градот набгру ќе биде поставена огромна статуа на античкиот водач. Менување на историјата Македонија вели дека има право да му оддаде чест на Александар бидејќи бил роден во античка Македонија. Но, Грција тврди дека нема етнички континуитет меѓу големиот водач и македонските словени, обвинувајќи го Скопје дека ја менува историјата. - Политиката на Скопје со Александар Велики се користи како инструмент за национализам и тоа е многу опасно, вели портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи, Грегори Делавекурас. Во изминатите 18 години ПЈРМ не се помрдна ни за сантиметар. Грција е подготвена за решение на овој спор со цел Скопје да продолжи со процесот на пристапување кон ЕУ. Грчката граница се наоѓа на два часа возење јужно од Скопје. Знакот на границата гласи: Добредојдовте во Грција. Добредојдовте во Македонија. Подлабоко во Грција, на крајбрежјето на регионалниот главен град Солун гордо е поставена статуа на еден човек: Александар Велики. - Ова е Македонија, - вели локалниот жител Пари и покажува кон земјата. Никогаш нема да прифатиме тие да го користат името Македонија. Тоа претставува наше наследство, наше потекло, наша историја. Не може да влезат во НАТО и не може да влезат во ЕУ. А што е името? Сепак, некои велат дека преку спречување на европската интеграција на сиромашната Македонија спорот му оди во прилог на европскиот блок кај кој постои умор од проширувањето. - Што прави Германија, зошто ја затвораат устата?, - прашува Лидија Димова, аналитичар од Скопје. - Што прави Франција? Што прави Обединетото Кралство? Можеби ова е многу погодно за

ЕУ бидејќи преку овој глупав спор можат да го одложат прашањето на проширување. Претставува само прашање на време кога луѓето овде ќе изгубат доверба во ЕУ. А што е името? За овие две земји тоа е длабоко врзано со нивниот идентитет и нивната историја, им значи многу. Меѓународната заедница бара компромис. Но среќавањето на полпат во еден од најтврдоглавите конфликти во Европа нема да биде лесно. Како и да се нарекува земјата, основата на спорот има име: национална гордост. А тоа е тешко да го проголта која било од страните. („Би-Би-Си“ – Лондон) Како Гугл по 13 години работење стана најскап светски бренд ОД ГАРАЖА ВО СЕКОЈ СТАН ВО СВЕТОТ Како и многу други големи

информатички компании и Гугл настана во гаража, а инвеститорите немале слух за револуционерен пристап на пребарувањето на податоци кое на основачите на Гугл им овозможи да станат милијардери, а на корисниците многу да им ја олеснат употребата на веб сервисот. Креирањето на револуционерниот алгоритам за пребарување, непостоењето на традиционален менаџерски слој, единствената деловна филозофија, стимулацијата на вработените да експериментираат и да работат на проекти по избор, само се избор од некои причини поради кои компанијата Гугл за само 13 години стана најскап светски бренд. Во информатичкото општетство се занимаваме со историјатот на оваа компанија, обидувајќи се да дадеме одговор на прашањето кои аспекти од работењето доведоа до толку голем раст на овој интернет гигант. Револуционерниот алгоритам Работејќи на проблемот за


четврток, 7 април 2011

БИЗНИС ИНФО

31

СВЕТСКИ ПЕЧАТ наоѓање на соодветни информации од огромната база на податоци, двајцата стенфордски постдипломци Сергеј Брин и Лари Пејџ, во 1996 година развија оригинален метод за анализа на врските (линковите) на веб страниците. Наместо релевантноста на секоја страница

во однос на бараниот поим да се утврдува само врз основа на содржината, како тогаш посточките пребарувачи, Сергеј и Лари посебна тежина дадоа на линковите. Поедноставно кажано, ако преку страница А одите на страница В, тогаш тоа е еден глас на страницата А за страницата В. Колку повеќе гласови на страници ќе собере, толку нејзината релевантност е поголема, а нејзиниот глас потежок. Алгоритмот кој го развија, познат како „рангирање на страници“ (Page Rank), со време се усовршуваше, така што денес релевантноста на секоја страница се определува врз основа на 500 милиони различни параметри. Нивната прва верзија на интернет пребарувачот BackRub колегите од Универзитетот го оценија многу пофално и почнаа да циркулираат позитивни критики на интернет. Со оглед на тоа дека немале доволно пари, потребниот хардвер Лари го монтирал од евтини компоненти (првиот печатар имал куќиште од Лего коцки). Првиот продор го направиле во 1998 година, кога купиле околу 1000 гигабајти компјутерска меморија по багателни цени и целиот хардвер го сместиле во спалната соба на Лари. Собата на Сергеј станала нивна прва канцеларија. Постојано полирајќи ја својата технологија, истовремено почнале да бараат спонзори, со оглед на тоа дека многу брзо им станало јасно дека самите не можат да се справат со трошоците. Се, се, но гаража Прво се обратија на еден од основачите на Јаху, Дејвид Фајлоу, но без некој успех. Меѓутоа, Енди

Бехтолшајм еден од основачите на Sun Microsystems, веднаш им напишал чек на 100.000 долари и го потпишал на Google Inc. Под ова име не постоела фирма, така што чекот во моментот на издавањето бил ненаплатлив. Гугл официјално почнал да работи на 7 октомври 1998 во една гаража во Менио парк во Калифорнија. Кон крајот на истата година им стигнало прво големо признание - „ПЦ магазин“ ги сместува на листа на 100 најдобри сајтови и машини за пребарување. Во февруари во 1999 година Гугл со десетина вработени се сели во Паоло Алто. Веб сајтот тогаш имал 500.000 кориснички пребарувања дневно. Редхет, најголем светски дистрибутер на Линукс станува прв комерцијален муштерија, делумно бидејќи Гугл користел само Линукс на своите сервери. Големите играчи им се приближуваат, а неколку години гигантот од Силиконската долина инвестира 25 милиони долари за право на глас во управниот одбор. Фирмата се сели во Маунтин Вју во Калифорнија, во своите денешни простории, т.н. Googleplex. За разлика од сличните компании кои се основаа во 1996 и 1997 година со идеја да станат „Јаху наместо Јаху“, Гугл од почетокот сметал дека со развојот на интернетот, ефикасната машина за пребарување со соодветни резултати ќе стане покорисна од бескрајно разгранетите каталози во стилот на Јаху. Организација Интерната организација на компанијата е многу специфична. Наместо класична пирамида на чиј врв се наоѓа неприкосновениот сопственик, а на дното армија анонимни „мравки и ударници“, со повеќеслоен раководен апарат, чија компетентност паѓа од подножјето кон врвот, Гугл се определи за работа во мали тимови од по два – три рамноправни членови, елиминирајќи го менаџерскиот слој. Вработените се стимулирани да експериментираат и резултатите од своите истражувања да ги стават на увид на корисниците во релативно рана фаза. Неуспешниот проект сам по себе не донесува негативни поени на тие кои учествувале во неговата реализација, бидејќи лошите резултати се третираат како позитивно искуство за следните

проекти. Ниту еден почнат проект нема непосредна комерцијална основа. Основната девиза на Гугл уште од првите денови на основањето била – ако има интерес, парите ќе дојдат сами по себе (во првите 18 месеци од постоењето на Гугл, не заработиле ни еден цент). Додека траел развојот, не се размислувало за пари. Кога собрале доволен број корисници, парите веќе ќе почнале да капат. Филозофија Со ваква деловна филозофија Гугл стана најпосакуван работодавец за најдобрите млади научници во светот, а условите за работа кои оваа компанија ги овозможува на работниците, како што тврдат вработените, се најдобри на планетата. Компанијата така со максимална мотивација на вработените успеа релативно за кусо време да развие голем број на водечки интернет сервиси како што се Гугл Ерт, Гугл Апс, но и сосем нови производи како што е Гугл ТВ. Вредноста на акциите на берзата растеше од година во година, а минатата недела Гугл официјално стана и најскап бренд во светот. Популарноста на овој бренд е непобитна и на нашите простори, па така глаголот „гугла“ стана општо прифатен, а се појавија и (нови) народни поговорки од типот – кој нема во глава има во Гугл. Името е добиено од збор кој во математиката означува број со сто нули Гугл го добил името со модифицирање на зборот googol кој во математиката означува единица зад која стојат сто нули. Ова математичко име е неформално, веројатно затоа што е кованица на Милтон Сирот, девет годишен внук на математичарот Едвард Каснер. Ова е многу голем број и во вселената не постои ништо во googolпримерок. Дури и ако ги преброите сите ѕвезди на небото, зрната песок во Сахара и штедните влогови на пропаднатите банки заедно, повторно се помалку од еден googol. За тие кои се подготвени за учество во некој квиз, нека знаат дека постои и googolplex, број кој има една единица и googol нули. (Побједа – Подгорица)


БИЗНИС ИНФО

32

четврток, 7 април 2011

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија

Назив на Проектот

Регионален советник за животна средина за Среден Исток

Референца

USAID263-11-500

Финансиска референца Вид на набавка

Услуги

Финансиер

УСАИД

Земја

Bahrain, Cyprus, Egypt, Iran Islamic Republic, Iraq, Israel, Jordan, Kuwait, Lebanon, Libya, Oman, Qatar, Saudi Arabia, Syria, Turkey, United Arab Emirates, West Bank and Gaza, Yemen, Republic of

Објавено Краен рок за апликација

20.4. 2011 година

Контакт Агенција за државни патишта ул. Даме Груев.14, 1000 Скопје, република Македонија лице, Мишко Арсов Tel: +389 2 3118 044 ; Fax: +389 2 3220 535; Назив на Проектот

MK-Скопје: марки, чекови, банкноти, вредносни сертификати, промотивен трговски материјал, каталози, прирачници Надополнување

Референца

ECZ58988-земји кандидати

Финансиска референца

2010/S 170-260961; 2010/S 174265123; 2010/S 177-269176

Вид на набавка

Испораки

Финансиер

Европска комисија

Земја

Македонија

Сектори животна средина Управување со програми

Објавено на Краен рок за апликација

19.5. 2011 година

Опис на Проектот Професионална, административна и менаџерска поддршка

Сектори

Општествени услуги

Контакт

Контакт Народна банка на Република Македонија бул. Кузман Јосифовски Питу, бр.1 Контакт: Јован Јанковски 1000 Скопје Република Македонија Tel. +389 23108363 +389 23108363 E-mail: jankovskij@nbrm.mk Fax +389 23108366 Internet address(es) www.nbrm.mk

Nancy G. Rofael, HR Assistant nrofael@usaid.gov Phone: 202-2522-7182 Fax: 202-2516-4628

Опис на Проектот Набавка на банкноти од 10 денари

Назив на Проектот

Проект за регионални и локални патишта

Референца

EBRDZ64028

Финансиска референца

6341-IFT-39311

Назив на Проектот

Проект за пренос на електрична енергија

Вид на набавка

Градежни работи

Референца

WB1578-796/11

Финансиер

ЕБРД

Project Id: P096207

Земја

Македонија

Финансиска референца

Објавено на

24.3. 2011 година

Вид на набавка

Испораки

Краен рок за апликација

9.5. 2011 година

Финансиер

Светска банка

Земја

Украина

Сектори

Градежништво - инженеринг

Опис на Проектот LOT 1. градежни работи за рехабилитација на патишта во Западниот регион на 66 општински патишта во 45 општини со вкупна должина од 124,38 km LOT 2.градежни работи за рехабилитација на патишта во Источниот регион за 36 општински патишта во 25 оопштини со вкупна должина од 76,95 km

Објавено на Краен рок за апликација

1.6. 2011 година

Сектори

Енергетика

Опис на Проектот Испорака на високонапонски прекинувачи за 750 KV потстаници


БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2011

33

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија

Контакт NPC “Ukrenergo”. Kominternu Str. 01032 Kyiv Ukraine. -A�n: Mr. Lyssykh, Head of Investment and Credit Policy Division. Tel: (380-44) 238-3493, 238-3938, 238-3014. Fax: (380-44) 238-3981. E-mail: Office@nec.energy.gov.ua. -A�n: Mr. Ilienko, Deputy Chief Engineer for Moderniza�on and Reconstruc�on of Power Facili�es. Tel: (380-44) 238-3145

Сектори

Назив на Проектот

MK - Пробиштип: физибилити студија за производство на електрична енергија и за иригација на Проектот Злетовица

Назив на Проектот

Проект за испорака на социјални услуги

Референца

EIBZ64179

Референца

WB1616-797/11 (WB1609-797/11)

Финансиска референца

2011/S 66-105886

Финансиска референца

Loan No. IBRD 7690-AL; Project Id: P055383

Вид на набавка

Услуги

Вид на набавка

Испораки

Финансиер

ЕИБ

Финансиер

Светска банка

Земја

Македонија

Земја

Албанија

Објавено на

5.4.2011 година

Објавено на

1.4. 2011 година

Краен рок за апликација

Отворен

Краен рок за апликација

13.5. 2011 година

Сектори

Градежништво - инженеринг Општествени служби

Опис на Проектот Опрема за зградата на Институтот за социјално осигурување Контакт Project Coordina�on Unit (PCU). Social Services Delivery Project (SSDP). SOCIAL INSURANCE INSTITUTE (SII). Rr: “Durresit”, Nr. 83. Tirana, Albania. Tel/Fax: (355-42) 23-23-31. A�n: Aida Guxho . E-mail: ssdp.issh@gmail.com. A�n: Elma Dogani. E-mail: doganie@gmail.com Назив на Проектот

План за управување во рибарството

Референца

UNDPZ64138

Финансиска референца

RFQ 10/2011

Вид на набавка

Услуги

Финансиер

УНДП

Земја

Македонија

Објавено на

1.4.2011 година

Краен рок за апликација

25.4. 2011 година

Земјоделство - рурален развој, управување со програми

Опис на Проектот Прекуграничен план за управување со рибарството за Преспанското Езеро Контакт h�p://www.undp.org.mk/content/tenders

Сектори - Енергетика; -заштита на околината; -управување со програми; -урбан развој. Опис на Проектот Физибилити студија за производство на електрична енергија и за иригација на системот Злетовица Контакт Јавно претпријатие ХС Злетовица Стојан Миланов директор ул Цветко Тонев бб, Пробиштип, Македонија Tel +389 32481520

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Контакт М-р Ацо Спасовски тел. 3244044 факс.3244088 е-маил-aco@mchamber.mk www.mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 20 и 21 јуни 2011 година при официјалната посета на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, на Република Австрија АВСТРИСКО-МАКЕДОНСКИ БИЗНИС-ФОРУМ ВО ВИЕНА Во рамките на најавената официјална посета на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, на Република Австрија, на 20 и 21 јуни 2011 година, планирано е одржување на Австриско-македонски бизнис- форум, во Виена, доколку за истиот постои интерес од страна на македонските компании. Бизнис-форумот претставува можност за продлабочување на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Австрија, како и развивање на деловните односи меѓу компаниите од двете земји. Во рамките на оваа посета ќе се одржат билатерални средби меѓу македонски и австриски компании. За успешна реализација на настанот, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес за соработка со австриски компании најдоцна до 13.4.2011 година, преку пополнување на пријавниот лист кој може да се превземе од веб порталот на Стопанската комора на Македонија www.mchamber.mk, со цел конкретна финализација на билатералните средби. Врз основа на наведениот интерес на македонските компании, ќе бидат идентификувани посочените сектори и соодветно на тоа ќе се обезбеди учество на австриски компании.

производители на мебел и теписи од МК); • производство на текстил (средба со текстилна индустрија); • туризам (заеднички вложувања во туризмот во МК); • хемиска индустрија (увоз и дистрибуција во МК;) • производство на ПВЦ-столарија (увоз и дистрибуција во МК); • медиа дизајн (соработка со фирми од МК); • производство на опрема за болници (средба со болници, увозници и дистрибутери од МК); • производство на пластика за домаќинство (увоз и дистрибуција во МК); • осигурување (средба со компании заинтересирани за заеднички инвестиции во енергетски сектор); • медицинска лабораториска опрема (соработка за инвестиции во производство во МК); • рачна изработка на мебел и украси (соработка со производители од МК); • изградба на „greenhouse“ (заеднички вложувања за изградба на „greenhouse“ во МК).

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk

Бизнис-форумот претставува можност за унапредување на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Турција, како и за воспоставување повисоки облици на соработка и развивање на деловните односи меѓу компаниите од двете земји. За успешна реализација на настанот, првенствено е неопходно македонските компании да го идентификуваат својот интерес за соработка со турските компании, преку пополнување на пријавниот лист, со цел конкретна финализација на билатералните средби. Деловните средби со компаниите од Турција ќе се одржат на 14 април 2011 година, со почеток во 10:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат. Пријавниот лист, агендата и списокот на компаниите од Турција можат да се преземат од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија. Пријавувањето е најдоцна до 8.4.2011 година (четврток). Учеството за македонските компании е бесплатно.

На 14 април 2011 година во Стопанската комора на Македонија ДЕЛОВНИ СРЕДБИ СО КОМПАНИИ ОД ТУРЦИЈА

Контакт: Лазo Ангелевски laze@mchamber.mk , Тел: +389 (02) 3244090 Софче Јовановска sofce@mchamber.mk, Тел: +389 (02) 3244060

Во организација на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, преку трите партнери: Стопанската комора на Македонија, Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје и Агенцијата за поддршка на претприемништвото во Република Македонија, а со цел воспоставување директни контакти и запознавање со потенцијални македонски партнери, реномирани компании од Газијантепе од Турција во организација на Трговската комора на Газијантепе, ќе се одржат деловни средби на 14 април 2011 година, во просториите на Стопанската комора на Македонија. Во составот на делегацијата од Трговската комора на Газијантепе, пријавени се компании од следните дејности: • производство на мебел (бара увозници и дистрибутери во Македонија); • машинска индустрија (заинтересирани за заеднички вложувања во МК); • прехранбена индустрија (увоз и дистрибуција во МК); • машинска индустрија (бара средба со авто-сервиси од МК); • метало-преработувачка индустрија (увоз и дистрибуција во МК); • конзервна индустрија (заедничко вложувања); • опрема за домаќинство (увоз и дистрибуција во МК); • производство на мебел и додатна опрема (средба со

Можност за македонските компании во Република Турција КУПУВАЧКИ МИСИИ ВО ИЗМИР И ТРАБЗОН * Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција! Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира две купувачки мисии за компаниите од Македонија и тоа: - Купувачка мисија во Трабзон, од 27 до 30.4.2011 година, во рамките на 2. Самит на патот на свилата, наменет за компании од секторите: земјоделие, прехрана, градежни материјали, машини и опрема и - Купувачка мисија во Измир, од 10 до 13.5.2011 година, наменет за компании од секторите: земјоделие, прехрана, градежни материјали, дрвна индустрија и мебел, текстил и конфекција, автомобилска и машинска индустрија. Во рамките на овие мисии планирани се билатерални средби со турски


четврток, 7 април 2011

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ компании, извозници на гореспоменатите производи. Во купувачките делегации можат да земат учество само компании кои се заинтересирани за увоз од Турција и кои претходно не учествувале во ваква мисија организирана од страна на Амбасадата на Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании потребно да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија (преземанје од веб порталот на Стопанската комора на Македонија - www.mchamber.mk) и да ги достават до Стопанската комора на Македонија, најдоцна до наведените рокови во нив. Контакт: Влатко Стојановски Тел: 3244 004; факс: 3244 088 vlatko@mchamber.mk Од 13 до 15 април 2011 година Конференција и Меѓународен саем, во Софија, Република Бугарија ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ, ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, РЕЦИКЛИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД Во периодот од 13 до 15 април 2011 година, во Софија, Република Бугарија, ќе се одржат Конференција и Меѓународен саем за енергетска ефикасност, обновливи извори, рециклирање и управување со отпад. Станува збор за најголем настан оваа година во Југоисточна Европа од оваа област, на којшто ќе учествуваат повеќе од 200 реномирани излагачи од 21 земја од целиот свет, кои ќе ги претстават најновите достигнувања и иновации во областа на енергетска ефикасност, обновливи извори, рециклирање и управување со отпад и екологија. Истовремено ќе бидат одржани повеќе специјализирани конференции, панел-сесии и билатерални средби со учество на врвни експерти и реномирани предавачи од неколку земји. Меѓународниот саем ќе се одржи од 13 до 15 април 2011 година, во Изложбениот и конгресен центар во Софија, Р.Бугарија. Стопанската комора на Македонија, организира посета на Меѓународниот саем и учество на Конференцијата на заинтересираните македонските компании со организиран автобуски превоз и хотелско сместување. Трошоците за превоз и сместување паѓаат на товар на учесникот. Стопанската комора на Македонија ги повикува сите заинтересирани македонски компании да го пријават своето учество на Саемот најдоцна до 4 април 2011 година. Контакт : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk Од 14 до 16 април 2011 година во Охрид МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ТЕХНИКА ЗА ЛАДЕЊЕ Во покануваме на 4. Меѓународна конференција за техника за ладење (климатизација и топлински пумпи) во организација на Машинскиот факултет - Скопје и Меѓународниот институт за ладење (Interna�onal Ins�tute of Refrigera�on - Paris). Подготвена е и прелиминарната програма со трудови од врвни

светски експерти. Искористете ја оваа можност да се информирате за вистинските насоки на развојот на ладилната технологија, со оглед на потресите во оваа област предизвикани од глобалните закани: климатските промени и оштетувањето на озонска обвивка. Исто така, ќе имате можност да се сретнете и да размените искуства со експерти од водечките фирми за ладење и климатизација: GEA, Johnson Controls/Sabroe, Mayekawa, Bal�more Aircoil, Evapco, LU-VE, Guentner, Alfa Laval, Axima, Star Refrigera�on, Ingersoll Rand, Emerson Climate Technologies, Zudek, Unilever, Kra� Foods Global, од познати универзитети и истражувачки институции. Подетални информации можете да најдете на веб-страницата на Конференцијата www.mf.edu.mk/web_ohrid2009/ohrid-2009.html Претседател на Организациониот одбор, проф. д-р Ристо Цицонков (тел. 3064-762; 070 379-366, ristoci@ukim.edu.mk). Контакт: Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: zorica@mchamber.mk Еднодневен семинар „ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА СТРУЧНИТЕ ЛИЦА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА“ 19 април 2011 година, 8:30-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат Со цел зголемување на капацитетите на претпријатијата за безбедност и здравје при работа, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира стручна тематска обука од областа на безбедноста и здравјето при работа. Цел на обуката е запознавање на стручните лица за безбедност и здравје при работа, раководителите и други лица засегнати од примената на прописите за безбедност и здравје при работа (БЗР), со основните минимални законски барања од областа на безбедностa и здравјето при работа кои треба да се применуваат на работните места. Обучувачи на семинарот ќе бидат: eминентниот предавач од Државниот инспекторат за труд, Слоботка Таушанова-Стојановска, додека од МЗЗПР ќе бидат дипломираниот инженер по ЗПР, Борче Стојчевски, стручно лице за безбедност при работа, како и Игор Стојчески, стручно лице за безбедност при работа. Тие на учесниците на обуката ќе им го претстават Законот за безбедност и здравје при работа, со посебен осврт врз правата и обврските на работодавачите и работниците. Во делот на законските акти и прописи, присутните ќе имаат можност да се запознаат со толкувањето на најважните барања од:


БИЗНИС ИНФО

36

четврток, 7 април 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Законот за безбедност и здравје при работа; Правилникот за инспекциски надзор; Правилникот за проценка на ризик и подзаконските акти што ќе произлезат како прашања на самата обука. Подготвувањето на изјавата за безбедност и проценката на ризик, се сметаат за една од најголемите новини на Законот за БЗР, па затоа и на оваа обука посебно внимание ќе се посвети на оваа тема, а воедно ќе биде презентиран и Европскиот водич за проценка на ризик на работно место. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 15 април 2011 година. Сите учесници на обуката ќе добијат збирка на материјали со важечки законски прописи и важни документи од областа на БЗР во Македонија, брошура за ОНЅАЅ 18001, презентација за ОНЅАЅ 18001, а на крајот од обуката ќе се стекнат со сертификат како потврда за учество. Пријавниот лист и Агендата може да се превземат од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber .mk Контакт: Ленче Зикова тел: 02 32 44 054 факс: 02 32 44 088 e-mail:lence@mchamber.mk

Анита Митревска тел: 02 32 44 057 факс: 02 32 44 088 anita.mitrevska@mchamber.mk

Од 20 до 22.4.2011 година во Република Црна Гора САЕМ ЗА ЕКОЛОГИЈА ВО БУДВА Саемот е наменет за презентација и комерцијализација на опрема, уреди и средства за рециклажа и заштита на животната средина, алтернативни извори на енергија, обновлива енергија, опрема и средства за заштита и уредување на урбаните населби, природни реткости и културно богатство. Интерес за учество на овој саем посебно изразуваат креатори на еко-проекти, производители на еко-храна, еколошки сојузи и стручни здруженија.

Посебен интерес за оваа саемска манифестација има и кај креаторите на политиките за животна средина, од ресорни министерства, до специјализирани агенции, јавни претпријатија и институции. Низ претставување на проекти за мониторинг-системи за заштита на животната средина, како и стратегии и едукативни програми, значително се придонесува кон зголемување на свеста за екологијата, како предуслов за општествено-економскиот развој. Во рамките на оваа манифестација, традиционално ќе се одржи и 6. Саем за вода, водовод и санитарна технологија. Заинтересираните за подетални информации може да го контактираат саемскиот организатор на тел. +382 33 410 405 или на e-mail: marke�ng@jadranskisajam.co.me

Контакт: Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: zorica@mchamber.mk Од 7 – до 11.5.2011 година во Република Италија САЕМ ЗА ХРАНА “TUTTOFOOD 2011” ВО МИЛАНО Во периодот од 7 до 11 мај 2011 година, Стопанската комора на Македонија организира посета на македонски компании на Меѓународниот саем за храна “TUTTOFOOD 2011” во Милано, Република Италија. Оваа саемска манифестација со својата разновидна концептуалност, професинална публика и излагачи, меѓу кои и најголемите светски трговски синџири го зазeма приматот на една од најзначајните манифестации од меѓународен карактер за прехранбена индустрија. “TUTTOFOOD 2011” ќе ги собере на едно место водечките локални и светски производители на сите видови прехранбени производи и тоа: - леб, замени за леб и пекарски производи; ориз, житарки и додатоци; какао, шеќер и засладувачи; кафе; млечни производи; кондиторска индустрија и додатоци; слаткарство; диететска и храна за бебиња; месо, сувомесни производи, јајца и масла за јадење; свежа и замрзната храна; гастрономија; здрава и органска храна; суровини, полупроизводи и адитиви; вино, алкохолни безалкохолни пијалаци; кетеринг-услуги и др. Идеалниот амбиент за ваков реномиран настан може да биде само Италија, каде што потрошувачката на храна претставува еден

од најважните економски извори на земјата, а посебно Милано, кој е познат како светски гастрономски центар. Стопанската комора на Македонија организира заедничка посета на македонски компании на овогодинешното издание на “TUTTOFOOD 2011”, со организиран авионски превоз и хотелско сместување. Посетата на Саемот ќе се одржи од 7 до 11 мај 2011 година (четири ноќевања), а трошоците за превоз и сместување ги покриваат учесниците. Сите заинтересирани компании своето учество на Меѓународниот саем за храна во Милано, можат да го пријават најдоцна до 6.4.2011 година. Контакт : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk


четврток, 7 април 2011

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 12 - 14.5.2011 година САЕМ ЗА КАЛАПИ ВО БУРСА, РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА Организирана посета на Саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување Во периодот од 12 до 15 мај 2011 година, во Бурса, Република Турција, ќе се одржат четири меѓународни саемски манифестации: • 5. Саем за технологија на калапи; • 10. Саем за пакување, пластика и гумена индустрија; • 4. Саем за автомобилска индустрија, гаражи и опрема, бензински пумпи и нивна опрема и ЛПГ-системи и • Саем за безбедносни системи и индустриско чистење.

Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор, АДОНИС ГРУП, организира посета на саемската манифестација со групен автобуски превоз од 12-14 мај 2011 година. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, трансфер од аеродром до хотел и од хотел до саем, како и бесплатни влезници за Саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци за саемскиот организатор Адонис, 95 евра по лице со автобус (доколку е со сопствен превоз 35 евра административни трошоци), како и организационите трошоци кон Комората. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 15 април 2011 година. Пријавен лист и детали на веб сајтовите: www.mchamber.mk и h�p://www.mouldeurasia.com/ Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk Од 14 - 21.5.2011 година во Република Србија МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ВО НОВИ САД *Стопанската комора на Македонија организира учество на македонските компании на заеднички штанд од 100 м2 под повластени услови ! Меѓународниот саем за земјоделие во Нови Сад е најважен саемски настан во регионот и еден од најголемите во Европа од агроиндустрискиот сектор. Новосадскиот саем на едно место ги собира најзначајните компании од Европа од земјоделскиот сектор, аграрното производство, механизацијата, најдоброто во сточарство итн. На овогодинешното издание на Саемот ќе бидат претставени стопански сегменти од областа на: прехранбената индустрија; органска храна; земјоделски производи; вино ; земјоделска механизација; сточарство; агрохемија и билкарство; индустриски машини и градежништво; амбалажа и пакување и др.

Се очекува оваа година да настапат над 1500 излагачи од преку 60 земји и тоа најзначајните компании од агроиндустријата, земјоделското производство, агромеханизацијата, сточарството, прехранбената индустрија и др. За време на манифестацијата ќе бидат одржани повеќе од сто стручни предавања, промоции, едукативни семинари и советувања. Оваа година, земја-партнер на Саемот е Португалија. Стопанската комора на Македонија, имајќи ја предвид одличната соработка со Новосадскиот саем, обезбеди заеднички штанд од 100 м2 под повластени услови за македонските компании (10% попуст за неопремен штанд во хала 3 и 80 евра попуст за задолжителна објава во каталог (како соизлагач). Стопанската комора на Македонија организира учество на Меѓународниот саем за земјоделство во Нови Сад за заинтересираните македонски компании со организиран превоз и сместување. Вкупните трошоци за превоз и сместување, како и на внатрешното уредување (стандардната опрема) на штандот се на товар на секој учесник/фирма. Стопанската комора на Македонија ги повикува заинтересираните македонски компании да го пријават своето учество на Саемот најдоцна до 12 април 2011 година. Контакт : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт : Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk Од 10 до 12 мај 2011 година Втор меѓународен саем на производители на авто компоненти на Југоисточна Европа во Република Србија „SEE AUTO COMPO NET 2011“ ВО КРАГУЕВАЦ Од 10 до 12 Мај 2011 година во Крагуевац, Република Србија, ќе се одржи Втор меѓународен саем на производители на авто компоненти на Југоисточна Европа „SEE Auto Compo Net 2011“. На овој саем ќе се престават нај еминентните производители, добавувачи, купувачи и корисниците на производите и услуги за производство на компоненти од Србија и Југоисточна Европа. Со неговото повторно одржување овој саем станува централно место на кое учествуваат добавувачи, купувачи и монтажери, производители на опрема и машини заедно со корисниците на производите и услуги за производство, одржување и сервисирање на автомобили и комерцијални возила. Саемот „SEE Auto Compo Net 2011“ ќе се одржи на 1.600 м2 изложбен простор. Саемот ќе трае три дена, при што е планирано во рамките на истиот да се организираат и одржат многубројни манифестации од типот на тркалезни маси, презентации, програм за развој на добавувачите, средби со купувачи и сл. Со учество на оваа манифестација на која производителите на компоненти можат да


38

БИЗНИС ИНФО

четврток, 7 април 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 15 април 2011 година. Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk

ги презентираат своите производи, ќе можат да остварат деловно комерцијални резултати. На првиот ден на Саемот ( 10 мај 2011 година) како централен настан се најавува „Средба со купувачите“, што ќе го привлече вниманието на производителите на компоненти од земјата поради можноста за директни деловни средби со производителите од Југоисточна Европа. Исто така, во рамките на саемот ќе се одржи средба на коморите и автомобилските кластери од регионот. Подетални информации може да се добијат во Стопанска комора на Македонија. Контакт: Војкан Николовски, тел.02 3244068 E-mail vojkan@mchamber.mk Од 18 до 21.5.2011 година во Република Косово САЕМ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА, ТЕХНИКА, ДРВНА ИНДУСТРИЈА „EXPOKOS 2011“ ВО ПРИШТИНА *За излагачите 10 отсто попуст на саемскиот аранжман *За посетителите на Саемот што ќе патуваат со Стопанската комора на Македонија обезбедени бесплатни влезници Стопанската комора на Македонија, во соработката со CEO – Congress & Event Organiza�on, организира учество и посета на македонски компании на најголемиот Меѓународен саем за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија „EXPOKOS 2011“ во Приштина, Косово. „EXPOKOS 2011“ ќе ги собере на едно место водечките локални и светски производители на: градежни материјали, градежни системи и опрема, градежни полуфабрикати, хемиски помагала за индустријата, керамика, врати и прозорци, изолација, греење и санитарна технологија, електрична инсталација, обработка на метални декорации, метална и неметална опрема, обработка на масивно дрво, домашен и канцелариски мебел, бела техника, санитарен мебел, паркет и дрвени подови, куќи од дрво, декорации од дрво, патишта, електроиндустрија, алтернативни извори на енергија како што се вода, ветер, сонце, гас, јаглен, масла, мерни инструменти и опрема, автоматика и роботика, хемиска и пластична индустрија, телекомуникации, транспортна опрема и др. Воедно,во рамките на Саемот ќе се одржат и прес-конференции, заедничка вечера на сите излагачи, доделување сертификати на излагачите, а ќе се организираат и бизнис-средби, кои ќе создадат поволни услови за поттикнување на комерцијални ефекти. Стопанската комора на Македонија организира посета на заинтересирани компании на Саемот, но ќе биде и логистичка поддршка на заинтересираните за учество на Саемот како излагачи. Компаниите својот интерес за учество и посета на овој Саем можат

Од 28 до 31 мај 2011 година Меѓународен саем за текстил, предива, трикотажа и машини во Република Турција “TEXPO EURASIA 2011’’ ВО ИСТАНБУЛ

*Организирана посета за македонски компании на Саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување ! Во периодот од 28 до 31 мај 2011 година, во Истанбул, Република Турција, ќе се одржат три меѓународни саемски манифестации и тоа: • 28. Саем за текстил, ткаење, предива, плетење, везење, трикотажа и машини за текстил „TEXPO EURASIA 2011“; • 8. Меѓународен саем за предива „INTERNATIONAL ISTANBUL YARN RAIR“ и • Саем за ткаенини „FABRIC EXPO 2011“. Станува збор за еден од поголемите меѓународни саемски манифестации на којашто ќе земат учество голем број реномирани турски и странски компании и производители на: текстилни ткаенини, текстилни предива, трикотажа, машини за шиење, везење, боење и печатење, текстил за домаќинство, теписи и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор АДОНИС ГРУП, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 28-30 мај 2011 година, со автобуски превоз. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, трансфери од хотел до саем и бесплатни влезници за саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 звезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 95 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 35 евра), како и организационите трошоци кон Комората. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 25 април 2011 година. Контакт: Влатко Стојановски Андриевска Тел.02 3244 004 Факс:02 3244 088 mail: vlatko@mchamber.mk

Венера тел.02 3244 037 факс:02 3244 088 mail: venera@mchamber.mk

Регионалната комора со седиште во Скопје, ве води на Меѓународниот саем за висока технологија во НР Кина, од 18 do 21 мај 2011 година „CHITEC 2011” ВО ПЕКИНГ Обезбеден бесплатен штанд за излагачите! Во периодот од 18 до 21 мај 2011 година, Регионалната комора со седиште во Скопје, во соработката со Стопанската комора на


четврток, 7 април 2011

БИЗНИС ИНФО

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Белград и Стопанската комора на Пекинг, организира учество и посета на македонски компании на најголемиот Меѓународен саем за висока технологија “CHITEC 2011”, во Пекинг, Народна Република Кина.

Саемот за висока технологија во Пекинг е исклучителен настан во својата област, се простира на површина од преку 60 илјади м2, а на кој преку 2000 организации и компании вообичаено учествуваат секоја година. Саемската манифестација ја посетуваат над 200 илјади луѓе од Кина и од светот. На Саемот се излагаат најновите достигнувања во индустријата на високата технологија, вклучувајќи ја електрониката, комуникациските и информатичките технологии, енергијата и заштитата на животната средина, во биомедицината, технологијата за автомобилската индустрија, индустријата за рециклажа, зелени и иновативни технологии, а присутни се и компании кои бараат инвеститори и вложувања во постојни проекти. Регионалната комора со седиште во Скопје врз основа на својата соработка со Стопанската комора на Белград и Стопанската комора на Пекинг, која е еден од организаторите на Саемот, обезбеди бесплатен штанд за излагачи кои ќе се претстават на колективниот штанд на Стопанската комора на Белград. Покрај тоа, на сите излагачи им се нуди можност за организирање деловни средби со кинески стопанственици и презентација на нивните производи, идеи, проекти и изнаоѓање на адекватни партнери за соработка. Компаниите својот интерес за учество и посета на овој Саем можат да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 1 април 2011 година. Пријавниот лист, регистрациониот формулар и програмата може да се преземат од веб-порталот на Комората: www.mchamber.mk Контакт: Венера Андриевска Тел:02 3244037; Факс:02 3244088 venera@mchamber.mk Од 4 до 13 ноември 2011 година во Швајцарија САЕМ ЗА ПРЕХРАНА И ПИЈАЛАЦИ „COMPTOIR BROYARD” ВО ПАЈЕРН * Доколку постои интерес за настап на македонски компании, Управниот комитет на Саемот во Пајерн, ќе ја прифати Р. Македонија како земја-партнер на овогодинешниот саем и на македонските компании ќе им ги понуди специјални повластени услови за настап Во периодот од 4 до 13 ноември 2011 година, Стопанската комора на Македонија, организира учество на македонски компании на 6. Регионална саемска манифестација за прехрана и пијалаци „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија. Доколку постои интерес за настап на македонски компании, Управниот комитет на Саемот во Пајерн, ќе ја прифати Р. Македонија како земја-партнер на овогодинешниот саем и на македонските компании ќе им ги понуди следните услови: бесплатен неуреден изложбен простор од 80м2, со можност за негово проширување; во еден од рестораните, простор од околу 200 м2, кој

ќе биде определен за промоција на македонски специјалитети и пијалоци; за лицата кои ќе бидат ангажирани во ресторанот (двајца готвачи и 2 келнера, облечени во народна носија), бесплатно сместување и храна; за лицата кои ќе бидат присутни на штандот во текот на целата саемска манифестација,ќе има голем попуст за хотелското сместување и храна (истите ќе бидат околу 60 франци дневно). „COMPTOIR BROYARD“ е една од најголемите специјализирани регионални саемски манифестации во Пајерн и клучно место каде се среќаваат многубројни производители и трговци од областа на прехраната и пијалаците и тоа: месо и месни производи, опрема за месна ндустрија и месарници; млеко и млечни производи; риба; какао, бонбони, чоколади, сладолед; брашно и производи од брашно; диетална, макробиотичка храна; производители на здрава, био и органска храна; пакување (хартија, фолија, пластика); конзервирана храна; природна минерална и изворска вода; безалкохолни и енергетски пијалаци; сокови сирупи и екстрати; пиво, суровини и опрема за индустријата за пиво; вина од сите винарски земји и региони; вински и овошни ликери, овошни и други ракии; јаки алкохолни пијалаци, опрема и машини за производство; опрема и машини за винарство. Програмата на „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија. покрај промоција на производителите на храна и пијалаци, нивно дегустирање и продавање, нуди и можност на учество и во други програмски содржини. Целта на оваа заедничка соработка е промоција и изнаоѓање деловни можности за македонските компании кои се занимаваат со производство и продажба на производи и услуги од областа на прехранбенатаиндустрија. Саемската регионална манифестација „COMPTOIR BROYARD”, претежно е наменета за производители на храна, пијалаци (алкохолни и безалкохолни) туристички агенции, хотелско-угостителски објекти, производители на здрава, био и органска храна. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании својот интерес за учество за излагање на Саемската регионална манифестација „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија, да го пријават најдоцна до 15.3.2011 година. Контакти: Венера Андриевска тел:3244037; факс:3244088 E-mail:Venera@mchamber.mk

Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: (02) 3244034; Факс:(02) 3244088 biljana@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

40

четврток, 7 април 2011

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Хрватска бара соработка со производители на конзервирани производи во Република Македонија. Валидност до:21.12.2011 година Компанија од Црна Гора заинтересирана е за соработка со македонски производители на мебел за продажба во Црна Гора. Валидност до:22.12.2011 година Романска компанија бара да откупува македонско вино за потребите во 2011 година 5.000.000 литри бело и црвено вино со следните карактеристики: бело вино околу 2.000.000 литри ферментирано, но под контролирана температура свежо, богато по вкус, арома и мирис минимум 11,5% алкохол; црно вино 3.000.000 литри индекс на бојата најмалку 7-8 пoени минмум 11,5% алкохол. Бараат достава на мостри и по нивната анализа на мострите се заинтересирани да ги посетат сите винарски визби за идна соработка. Валидност до:2.12.2011 година Македонска компанија ориентирана во соларната индустрија нуди сончеви системи и решенија за каква било апликација на системите кои наоѓаат примена во домаќинствата, индустријата, комерцијалните објекти. Со нивните производи и услуги главни цели им се да се доближат до клиентите остварувајќи заеднички успех. Валидност до:23.12.2011 година

систем со повеќе електрични приклучоци, наменет е за лабаротории, болници, индустриски простории каде што се користат поголем број приклучоци што се поставуваат на ѕид Валидност до:1.7.2011 година

кои дистрибуираат лекови, односно бараат пласман на најнов производ MEDPOD уред за навремено користење на лекови од страна на пациентите кои имаат тешки и хронични болести. Валидност до:25.9.2011 година

Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на алуминиумски носачи на кабли. Валидност до:1.7.2011 година

Компанија од Индија заинтересирана е да инвестира во изградба на спа- центар во Република Македонија. Валидност до:28.12.2011 година

Компанија од Грција бара соработка со македонски фирми во областа на рециклажа на пластика. Валидност до:2.9.2011 година

Компанија од Индија заинтересирана е да инвестира во градежништво во Република Македонија. Валидност до:28.12.2011 година

Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на болнички кревети, кревети за интензивна нега, кревети специјални за пренос на пациенти, кревети за операција. Валидност до:13.6.2011 година

Германска компанија заинтересирана е за биопроизводство на житни култури, малини, боровинки и др. видови овошје во Република Македонија. Валидност до:28.12.2011 година

Компанија од Бугарија бара претставик за продажба во Република Македонија на цевки и приклучоци за греење и снабдување со вода на станбени објекти и канцеларии: -инсталации за топла и ладна вода; -инсталации во патнички бродови и прегради на тренери; -заварување апарати и опрема; -за изградба на водовод и поправки, како и широк опсег на статии во горенаведените области. Валидност до:15.4.2011 година

Македонска компанија нуди соларни пумпи за вода кои се користат во снабдување со вода и овозможуваат ниски трошоци. Работата на пумпите е обезбедена преку користење на електрична енергија добиена од фотоволтаични панели кои ја претвораат сончевата енергија во електрична. Соларните пумпи се погодни за места каде нема доведено електрична мрежа, а има извор на вода: река, бушотина, бунар, езеро и сл. Валидност до:23.12.2011 година

Турска компанија бара да увезува јагнешка, овча и говедска кожа од Република Македонија. Валидност до:16.12.2011 година

Компанија од Израел бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на природна сол за јадење од Мртвото Море. Валидност до:24.12.2011 година

Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на системи за следење и мониторинг на такси возила. Валидност до:21.5.2011 година

Турска компанија заинтересирана е да најде застапник во Република Македонија за пласман на копчиња, дрикери, платнени,картонски и кожни етикети за облека. Валидност до:24.3.2011 година

Компанија од Грција бара застапник за продажба на машки чевли во Република Македонија. Валидност до:2.7.2011 година

Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на специјални кеси за пакување на течности,вино, маслиново масло и др. пијалоци: 1,5 литарска вреќа, еквивалентно на 2 x 750 мл шишиња и 3 литарска вреќа, еквивалентно на 4 х 750 мл шишиња. Амбалажата се рециклира и хартија со 80% пониска емисија на јаглен диоксид и 90% помалку отпад од стакло, што го прави еколошки. Валидност до:28.7.2011 година Компанија од Србија бара пласман во Република Македонија на дистрибутивен

Компанија од Пакистан бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на памучни крпи, бањарки, постелнини и прекривки и памучни ткаенини. Валидност до:16.5.2011 година

Компанија од Србија бара пласман на опрема за наводнување во Република Македонија. Валидност до:2.8.2011 година Компанија од Србија бара пласман на амбалажа за пакување во кондиторската индустрија, козметика, зачини во Република Македонија. Валидност до:2.7.2011 година Компанија од Хрватска бара партнери за соработка во Република Македонија за пласман на лекови, козметика, чаеви и средства за општа употреба. Валидност до:3.9.2011 година Компанија од Америка производител на медицински уреди за здравствениот сектор бара соработка со македонски компании

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

Компанија од Германија бара соработка за користење на 100 ха земјоделско земјиште за одгледување на култури потребни за нивното производство Валидност до:29.12.2011 година Компанија од Германија бара застапник во Република Македонија за пласман на ефикасни комбинирани електрани за топлинска и електрична енергија со јачина од 10 до 400 KW(el), а врши и нивно одржување. Валидност до:29.6.2011 година Грчка компанија бара соработка со фирми во Република Македонија кои произведуваат печки и бојлери на биомаса и порцелански плочки. Валидност до:30.4.2011 година Компанија од Белгија бара соработка со фирми од Република Македонија кои се занимаваат со градежништво, градба со камен на грандиозни цркви, вили, градба на хотели од резбан бел камен. Валидност до:30.6.2011 година Компанија од Црна Гора бара ангажман на градежни работници од Република Македонија (25 тесари и 25 армирачи) за работа во наредните 4 месеци со дневница од 2,5 евра до 3 евра за час, со обезбеден стан и храна, фирмата ги пријавува работниците. Валидност до:1.8.2011 година Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на козметички препарати, парфеми, дезодоранси. Валидност до:1.5.2011 година

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб портал

www.mchamber.mk

Контакт: Мирјана Коцева Е-адреса: Mirjana@mchamber.mk Тел:3244-035; Факс: 3244-088 тел: : (02) 3244036 факс: (02) 3244088 savo@mchamber.mk

Бизнис ИНФО број 48 од 07.04.2011 година  

Економски Бизнис Информатор на Стопанската комора на Македонија

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you