БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
Quality Management
СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642
bsi.
ISO 9001
Quality Management
goodini
192
FS 549642
2 - 2014
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
Број 202
www.mchamber.mk
04.12.2014
Иницијатива за унапредување на регионалната соработка во областа на градежништвото
ИНСТИТУЦИOНАЛНО ПОВРЗУВАЊЕ И ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП ВО РЕГИОНОТ И НА ТРЕТИ ПАЗАРИ Е ШАНСАТА ЗА РАЗВОЈ Македонската енергетска асоцијацијa (МЕА) го разгледа Предлог-енергетскиот биланс на Република Македонија за периодот од 2015 до 2019 година.
ГОДИНИ НА КОНСТАНТЕН ПОРАСТ НА ПОТРОШУВАЧКАТА НА ЕНЕРГИЈА
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
четврток, 04 декември 2014, Бр. 202
ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
Semejna kompanija
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
четврток, 04 декември 2014, Бр. 202
БИЗНИС ИНФО
3
ПОДВЛЕЧЕНО
ПРОДОЛЖУВАМЕ СО ИНВЕСТИРАЊЕ БИДЕЈЌИ БИЗНИС КЛИМАТА Е ДОБРА Неодамна донесовме одлука за проширување на нашата првична инвестиција од 2012 година, со што двојно ги зголемивме капацитетите во Македонија. Веќе почнавме да регрутираме луѓе и се надевам дека ќе достигнеме бројка од околу 680 вработени до 2016 година. Инвестицијата на Џонсон Мети во Македонија изнесува 130 милиони евра. Бизнис климата генерално е добра. Имаме многу успешна приказна, затоа и се одлучивме да инвстираме повторно. Ако не е нешто успешно, нема да инвестирате повторно. Нашето искуство покажува дека бизнис моделот тука добро функционира. Мислам дека тоа може да се примени и во било кој друг бизнис. Неодамна и бордот на директори на Џонсон Мети ја посетија Македонија и беа импресионирани од работата тука во оваа фабрика. Беа импресионирани од квалитетот на работната сила. Ако ги погледените сите критериуми за успешен бизнис- сe е добро! (Џатин Такрар, извршениот директор на „Џонсон Мети“ за Македонија во „Економски лидер“)
БАНКАТА ИМ ПОМАГА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ДА ГИ ИЗВЕЗАТ СВОИТЕ ПРОИЗВОДИ Банката им помага на земјоделците да ги пласираат своите производи на пазарите надвор од Македонија. Таквиот систем ја прави ПроКредит банка поразлична во поглед на услугата кон бизнис секторот. Преку регионални и домашни собири за вмрежување на клиенти, сите тие имаат можност за остварување на бизнис контакти, дополнителен пазар за своите производи, афирмација во земјата и регионот. Такви средби организираме редовно, помеѓу клиенти на ПроКредит Банките во рамки на нашата меѓународна групација. Само оваа година преку 100 македонски бизниси кои се поврзани со земјоделието и прехрабената индустрија имаа можност да оставарат соработка со партнери од Србија, Косово и Албанија преку настани за вмрежување кои ПроКредит ги организира. Дополнително сме присутни на сите релевантни агро настани кои ни овозможуваат да ги следиме сите иновации во агро бизнисот. Нашите клиенти имаат можност да учествуваат на релевантни агро саеми во регионот како што е агро саемот во Нови Сад или на светски реномирани агро саеми како што е Fruit Logistikaво Берлин. Од сето ова произлегува и најголемиот бенефит за клиентите – партнерска и долгорочна соработка во насока на развој на бизнисот. (Емилија Спировска, член на управниот одбор на ПроКредит банка за „Бизнис Инфо“)
4
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 декември 2014, Бр. 202
ПОДВЛЕЧЕНО
НА ПОВИДОК СЕ МНОГУ СЕРИОЗНИ ТУРСКИ ИНВЕСТИЦИИ Македонија и Турција имаат на највисок степен развиени политички односи, секако кога меѓу двете земји има толку развиени политички односи и економските односи би требало да бидат на највисоко ниво. Се стремиме и двете страни, и турската и македонската економија да дојде до тој степен. Интересот за инвестирање е затоа што после толку напорното работење на Владата и премиерот Никола Груевски и посетата на многу турски градови и индустриски зони во Турција е еден од предизвиците и македонските индустриски зони, односно турската заедница да дојде да изгради една слободна зона. Значајна е и географската положба на Македонија која е раскрсница и потпишаните слободни трговски односи со многу држави, така да преку Македонија може да се влезе на еден многу голем пазар. Секако и дека близината меѓу двете држави е една од привилегиите, а јасно и ниските даноци кои ги има во Македонија. Многу фирми во моментот го анализираат пазарот во Македонија, на повидок има неколку сериозни инвестиции. Една од посериозните инвестиции би била градбата на „Лимак“ која е позади „Рамстор“ во центарот на Скопје, инвестиција која би била доста голема и значајна за Македонија. (Ајдован Адемовски, бизнисмен и почесен конзул на Република Турција во Република Македонија за Македонската радио и телевизија)
ГОЛЕМА НЕГРИЖА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Најдобро чување на животната средина значи воопшто да не ја загадуваме. Тоа е најдобро, но и најевтино решение. Затоа што санирањето на штетите од загадувањето на воздухот, водата, почвите е многу потешко, посложено и поскапо од преземањето превентивни мерки. Кај нас, мора да почне да функционира практиката, секој што загадува да има обврска состојбата на животната средина да ја врати во првобитна положба, односно да инвестира во екологија. Тоа важи и за загадувачите капацитети, но и за граѓаните. Лоша слика создаваме за странците кои доаѓаат во нашата земја и кои прво што забележуваат е ѓубрето и нашето невнимание кон чистотата. Последните десетина и повеќе години во Македонија се забележува голема негрижа за животната средина. Пред нашите очи се случува страшно уништување на шумите, неконтролирана сеча на дрвјата, каква што не се помни во историјата на земјата. Ова е регистрирано особено на Шар Планина и Скопска Црна Гора. Јас сум долгогодишен планинар и ги познавам македонските планини. Кога пред некоја година отидов на Шара не можев да ја препознаам. Не само што граѓаните постапуваат несовесно со шумскиот фонд, очигледно е дека не функционираат ниту шумарските служби, кои не можат да се справат со ситуацијата. А, последиците можат да бидат катастрофални. Ерозијата на земјиштето, поплави, свлечишта и уништување на инфраструктурата неминовно ќе следат доколку не се стави крај на незаконската сеча на шумите. (Ѓорѓи Филиповски, академик во „Утрински весник“)
четврток, 04 декември 2014, Бр. 202
БИЗНИС ИНФО
5
ПОДВЛЕЧЕНО
Скенирај и дознај повеќе
M
C
N IA
Што претставува сертификатот Excellent SME?
A
Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O
Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.
Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.
Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје
T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
E
S
E
БИЗНИС ИНФО
6
четврток, 04 декември 2014, Бр. 202
ФОКУСИРАНО Стопански комори и компании на средба во Белград покренaa иницијатива за унапредување на регионалната соработка во областа на градежништвото
РАЗВОЈ СО „ГРАДЕЊЕ“ ИНСТИТУЦИНАЛНО ПОВРЗУВАЊЕ И ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП ВО РЕГИОНОТ И НА ТРЕТИ ПАЗАРИ
Поттикнати од економската криза, а и од драстичното намалување на градежните активности на пазарите во земјите каде што градежната оператива од републиките на поранешна Југославија настапуваа, како што се земјите на Блискиот Исток, Ирак, Либија, Алжир, Египет, како и земјите на поранешниот Советски Сојуз, но и во сопствените земји, градежните компании заедно со стопанските комори на Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија, покренуваат иницијатива за нивно меѓусебно поврзување, повторно воспоставување контакти, се` со цел да се надминат одредени проблеми со кои се соочуваат фирмите во тековното работење. Ова беше истакнато на пресконференцијата во Стопанската комора на Македонија на 1.12.2014 година и на која беше проследена информацијата од состанокот на претставниците на стопанските комори на Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија, одржан во Белград на 27.11.2014 година. На прес-конференцијата зборуваа Никола Велковски, претседател на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите и Марија Петроска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија. Состојбата се отсликува скоро секаде идентично и тоа: • градежништвото е прилично расцепкано и меѓусебно неповрзано; • одлив на висококвалификувани и стручни кадри и висока старосна граница на градежните работници; • тешкотии во добивање банкарски гаранции; • неадекватна политичка и дипломатска потпора од страна на државите; • отсуство на странските пазари придонесе за губење на референците коишто компаниите ги стекнуваа со години; • непостоење на регионална политичка спогодба, како и национална политика; • недостаток на поттикнување за образование на стручен кадар и специјализирани занимања за градежништвото, односно неадекватно школување на кадри потребни за реалниот сектор. Ангажираноста на градежните компании е сведена околу 50-60%, а покрај тоа бројот на вработените драстично се намалува (на пример, во Хрватска од 115.000 работници пред 5-6 години, сега се сведени на 70.000 работници, во Србија скоро е иста состојбата итн.). Досега се одржани три заеднички состаноци или како што се наречени тркалезни маси на тема: „Унапредување на регионалната соработка во областа на градежништвото и институционално поврзување за заеднички настап на пазарите во земјите од регионот како и на трети пазари“, на коишто се детектирани проблемите кои се скоро идентични во сите републики. Македонија
четврток, 04 декември 2014, Бр. 202
БИЗНИС ИНФО
7
ФОКУСИРАНО учествува прв пат, од причина што првиот состанок бил иницијативен и не бевме информирани, потоа во Сараево во март оваа година, од оправдани причини не бевме во можност да присуствуваме и сега на 27 ноември 2014 година бевме присутни во Белград. Покрај претставникот на Стопанската комора на Македонија, присуствуваа претставници на фирмите „Гранит“, „Жикол“, „Инком инженеринг“, а „Бетон“ од оправдани причини не можеше да присуствува. Од македонска страна беше истакнато дека македонското градежништво, за среќа, кризата не ја почувствува така драстично, од причина што од страна на Владата имаше вложувања, со скоро максимално ангажирање на градежната оператива, така што, и учеството на градежништвото во БДТ во Македонија имаше пораст во последните години, за споредба со другите републики каде што има опаѓање. Во обемната дискусија од страна на претставниците на компаниите беше истакнато следното: • неопходно е поврзување и меѓусебно препознавање на компаниите за потенцијалите со кои располагаат; • заеднички настап на тендери кои се однесуваат за територијата на земјите од регионот, односно поранешните Јурепублики, Албанија, Бугарија, како и во земјите од северна Африка, Арапскиот Полуостров, земјите на Европската унија и други; • како носители на активностите треба да бидат компаниите од која било република кои имаат референци во држави каде што ќе има тендери и имаат поголема стопанска и политичка поддршка од сопствената земја; • при учеството на тендерите единствен критериум да не биде цената, туку квалитетот; • хармонизација на прописите и меѓусебно признавање на атестите. Се постави прашањето како да може да се учествува на тендерите во сопствените земји и тоа: • на тендери кои се финансирани со средства од Светската или Европската банка, каде се дефинирани условите на самите тендери (за што мора државите да се изборат да можат условите да се приспособат на нашето градежништво); • како и за инвестиции кога државата зема кредити – и таа би требало да поставува услови, каде ќе се предвиди приоритет во изведувањето на работите, да имаат ангажман домашните компании. Во наредниот период се очекува да се усогласат заклучоците со давање приоритет за формирање конзорциуми кои ќе можат да одговорат на сите барања на инвеститорите од јавниот или приватниот сектор. За таа цел, е предложено да се пристапи и кон формирање база на податоци на компаниите од сите републики кои се заинтересирани за соработка и учество во конзорциуми, како што се референците, расположивите средства, стручниот кадар, годишниот обрт, се` со цел, да се исполнат условите на објавените тендери. Се очекува, како што беше предложено, следниот состанок да се одржи во Стопанската комора на Македонија. Марија Петроска
8
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 декември 2014, Бр. 202
СУГЕСТИИ Македонската енергетска асоцијацијa - МЕА го разгледа Предлогенергетскиот биланс на Република Македонија за периодот од 2015 до 2019 година
СЛЕДНАТА ГОДИНА ПОТРОШУВАЧКАТА НА ФИНАЛНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ ПОРАСНЕ ЗА 6,2 ОТСТО
Македонската енергетска асоцијација при Стопанската комора на Македонија, на 1.12.2014 година, одржа седница на којашто се разгледуваше Предлог-енергетскиот биланс на Република Македонија за периодот од 2015 до 2019 година. Со седницата претседаваше д-р Кочо Анѓушев, претседател на МЕА. Енергетскиот биланс е изработен во согласност со Законот за енергетика и со Правилникот за енергетски биланси и енергетска статистика. Енергетскиот биланс е индикативен плански документ и во истиот се прикажуваат потребите од вкупните количества на енергија и од одделни видови енергија во Македонија и можностите за нивно обезбедување со производство од домашните капацитети и од увоз, во периодот до 2019 година. Енергетскиот биланс е изработен врз основа на податоците за предвидените потреби за одделните видови енергија и енергенти добиени од субјектите. За секој вид енергија е подготвен биланс за задоволување на предвидената потрошувачка. Врз основа на податоците од одделните биланси пресметани се финалната потрошувачка и потребите од примарна енергија за обезбедување на финалната потрошувачка. ФИНАЛНА ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА И ЕНЕРГЕНТИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 2011 ДО 2014 ГОДИНА Од прикажаните податоци за финална потрошувачка на енергија и енергенти се гледа дека финалната потрошувачка во 2014 година е на ниво со потрошувачката во 2013 година. Реализираната вкупна финална потрошувачка во 2014 година е за 4,0% помала од планираната, при што кај сите видови енергија се јавува намалување во однос на планираните количини, со исклучок кај коксот, лигнит и јаглени и нето увозот на електрична енергија, каде потрошувачката е поголема од планираната. Најголемо влијание врз пониската вкупна финална потрошувачка имаат отстапувањата кај природниот гас (26,6%), електричната енергија (5,9%) и нафтените деривати (3,9%). Најголемо учество во финалната потрошувачка имаат нафтените деривати (меѓу 40,9% и 41,9%) и електричната енергија (меѓу 38,8% и 41,6%), додека сите останати облици на енергија имаат вкупно учество што се движи меѓу 16,8% и 19,8%. ПОТРОШУВАЧКА НА ПРИМАРНА ЕНЕРГИЈА ВО ПЕРИОДОТ ОД 2011 ДО 2014 ГОДИНА Потрошувачката на примарна енергија во 2014 година се зголемува за 2,5% во однос на 2013 година. Пораст на потрошувачката на примарна енергија е регистриран кај лигнитот и јагленот (9,4%), природниот гас (6,4%), геотермална енергија (6,2%) и огревното дрво (1,4%), додека кај сите други има пониска потрошувачка и тоа кај електричната енергија (11,4%), коксот (7,6%) и суровата нафта и нафтените деривати (0,8%). Во однос на предвидувањата за потреби од примарна енергија во Енергетскиот биланс за 2014 година, реализацијата е помала за 9,9%, како резултат на тоа што кај одредени облици на енергија се јавуваат намалувања во однос на планирањата и тоа кај природниот гас (48,2%) пред се` поради многу малото производство на електрична енергија од „ТЕ-ТО“ - Скопје во однос на планираното, геотермалната енергија (32,7%), потоа кај суровата нафта и нафтени деривати (1,3%) и лигнитот и јагленот (14,5%). Во структурата на примарната енергија може да се забележи дека доминантно учество во примарната енергија во периодот од 2011 до 2014 година имаат: јагленот (од 42,5% до 48,8%) и суровата нафта и нафтените деривати (од 27,7% до 30,3%). Останатите облици на
четврток, 04 декември 2014, Бр. 202
БИЗНИС ИНФО
9
СУГЕСТИИ енергија учествуваат со 23,5% до 27,2%. Во периодот од 2011 до 2014 година учеството на домашните извори на енергија во вкупните потреби од примарна енергија се движат од 52,4% до 58,9%, додека во истиот период нето увозот е од 41,1% до 47,6%. ПРЕДВИДЕНА ФИНАЛНА ПОТРОШУВАЧКА ВО ПЕРИОДОТ ОД 2015 ДО 2019 ГОДИНА Потрошувачката на финална енергија во 2015 година ќе биде повисока во споредба со 2014 година за 6,2%. Во 2015 година се предвидува пораст на потрошувачката за сите енергенти и тоа на природниот гас за 44,1%, геотермалната енергија за 15,8%, лигнити и јаглени за 18,7%, електричната енергија за 6,5%, коксот за 5,0%, нафтените деривати за 2,4% и огревното дрво за 2,3%. До 2019 година кај сите видови енергија се очекува константен пораст, при што најголем просечен пораст ќе има кај природниот гас (12,1 %/годишно), кај геотермалната енергија (9,2 %/ годишно), кај коксот (4,1 %/ годишно), лигнит и јаглен (5,0 %/годишно), додека нафтените деривати ќе растат со 1,2 % годишно во просек. Порастот на потрошувачката на природниот гас во најголема мерка се должи на најавената потрошувачка на природен гас од страна на „ТЕ-ТО“ - Скопје, проширувањето на дистрибутивните системи на природен гас во Куманово и Струмица, како и поради зголемување на бројот на потрошувачи во Скопје. Слично како и во минатото, структурата на финалната потрошувачка нема значително да се промени. Најголемо учество ќе имаат нафтените деривати (од 38,9% до 39,9%) и електричната енергија (од 38,6% до 38,9%), додека сите останати облици на енергија ќе учествуваат од 21,2% до 22,5%. ПОТРЕБИ ОД ПРИМАРНА ЕНЕРГИЈА ЗА ПЕРИОДОТ ОД 2015 ДО 2019 ГОДИНА Вкупните потреби од примарна енергија ќе раснат во текот на целиот период со просечна стапка (во однос на 2014 година) од 2,5%/годишно. Најголем пораст се очекува кај природниот гас (16,6%/ годишно), а за електричната енергија се очекува зголемување со просечна стапка од 0,3%/годишно. Високиот пораст на потребите од природен гас се должат на најавената потрошувачка на природен гас кај „ТЕ-ТО“ - Скопје, како и поради зголемувањето на потрошувачката кај дистрибутивните потрошувачи во Куманово и во Струмица. Примарната енергија во 2015 година ќе биде повисока во однос на 2014 година за 4,0%. Ова зголемување ќе биде резултат на зголемувањето кај природниот гас од 98%, геотермалната енергија од 15,8%, електричната енергија од 6,7%, додека кај лигнитот и јагленот ќе има намалување од 5,3%. Како резултат на зголемувањето на потрошувачката на природен гас почнувајќи од 2015 година, учеството на сите останати облици на енергија ќе се намалува. Но, и понатаму најголемо учество во примарната енергија ќе имаат цврстите горива (лигнит и јаглен) во границите од 41,3% до 44,4%, потоа следат суровата нафта и деривати со учество од 27,2% до 28,4% и природниот гас (од 9,9% до 10,2%). Останатите облици на енергија ќе имаат вкупно учество што ќе се движи во границите од 18,5% до 20,4%. Учесниците на седницата ги донесоа следниве Заклучоци: • Потрошувачката на енергија во 2014 година е на исто ниво од 2013 година, но не е иста по структура. • Енергетскиот биланс треба да дава слика на структурата на домашното производство. • Зголемената потрошувачката на дизелот е поради намалената потрошувачка на екстаралесното масло. • Да се изготви подолгорочна стратегија за користење на лигнит и јаглен во Македонија. • Да се подобри квалитетот на податоците кои фирмите ги доставуваат до Агенцијата за енергетика, со цел да се добијат пореални предвидувања во енергетскиот биланс. По завршувањето на расправата, беше одржана пресконференција на којашто д-р Кочо Анѓушев ги презентираше Заклучоците од седницата на Македонската енергетска асоцијација. Перо Авакумовски
10
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 декември 2014, Бр. 202
ЕКОЛОГИЈА Интегрирано спречување и контрола на загадувањето во Република Македонија
ПРЕЗЕНТИРАНА ПРВАТА ФАЗА ОД СТУДИЈАТА ЗА ОПАСЕН ОТПАД
Денес во Стопанската комора на Македонија се одржа тркалезна маса на која се презентираше Првата фаза од Студијата за опасен отпад во Република Македонија, изготвена во рамките на Проектот на Министерството за животна средина и просторно планирање „Интегрирано спречување и контрола на загадувањето во Република Македонија“ (1.12.2014 година). Во воведниот збор, господин Нурхан Изаири, министер за животна средина и просторно планирање ја посочи целта на презентацијата - да ги информира пошироката заинтересирана јавност и претставниците на индустријата околу подготовката на физибилити студијата за постапување со опасниот отпад кој се генерира во Република Македонија. -Потребно е да се дадат насоките во кои ќе се движат идните политики за управување со опасен отпад во државата и да се дадат прецизни податоци во однос на количините кои се генерираат, како и можните начини за постапување, - истакна министерот Изаири. Податопците од првата фаза на студијата покажуваат дека во моментот постои недостаток на соодветен систем за управување со опасниот отпад, недоволен институционален капацитет и реална примена на прописите од оваа сфера, - посочи тој понатаму во своето обраќање. Актуелниот начин на постапување со опасен отпад, за жал, во Република Македонија може да се карактаризира како суб стандарден од аспект на човечки и финансиски ресурси, како и заради непостоење на соодветен систем за известување, односно следење на опасниот отпад, што во крајна линија може да резултира со значително загадување на животната средина и загрозување на човековото здравје. Проектот е финансиран од Владата на Кралството Норвешка, имплементатор е Центарот за климатски промени, а претставникот на „Норск Енереџи“, господин Ханс Борсхениус, истакна дека од овој проект очекува да ги даде одговорите за генераторите на опасниот отпад, анализа на можните начини за негов третман, како и да ја проектира идната состојба со опасен отпад. Норвешкото искуство со индустриските емисии е релевантно за Македонија од причина што Норвешка е првата земја во ЕУ која во 1970 година има основано Министерство за животна средина, норвешките политики за животната средина се значително амбициозни, а структурата на индустријата на двете земји е исто така слична од аспект на енергетски екстензивната индустрија - црната и обоената металургија. Презентацијата на првата фаза од Студијата за опасен отпад во Република Македонија ја даде проф. д-р Дејан Мираковски, кој пред присутните претставници на индустријата и другите заинтересирани даде пресек на постојната состојба со опасен отпад во државата, а отвори и прашање околу тоа каков систем на управување со опасен отпад ни треба, по принципот на отворен пазар на ЕУ или принципот на близина. Тој посочи дека за овој вид отпад потребно е да се донесе национална стратегија и поврзување на регионално ниво. Зорица Мешкова
четврток, 04 декември 2014, Бр. 202
БИЗНИС ИНФО
11
ЕКОЛОГИЈА
ОЗНАКА СО ВЛИЈАНИЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА КОМПАНИИТЕ
На семинар во Стопанската комора на Македонија беа презентирани законската рамка и процедурите за еколошко означување на производите и услугите во Македонија
На семинарот на тема: „Еко означувањето во улога на унапредување на Вашата еколошка одговорност“, пред повеќе од 20 претставници на компании од хемиската, текстилната и индустријата на хартија, индустријата на мебел и на туристичкиот сектор, беше презентирана законската рамка и процедура за еколошко означување на производите и услугите во Македонија (27.11.2014 година). Семинарот се одржуваше во рамките на Проектот финансиран од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, реализатор е Центарот за развој на култура и животна средина, а Стопанската комора на Македонија, согласно интересот на своите членки, даде целосна негова поддршка. Еколошкото означување на производите и услугите претставува значајна доброволна алатка со која се идентификуваат производите и услугите кои имаат намалено влијание врз животната средина, истакна во своето водено обраќање раководителот на сектор за ЕУ во рамките на Министерството за животна средина и просторно планирање. Еколошки означените производи помагаат во заштитата на животната средина, произведуваат помалку отпад, ја минимизираат употребата на штетни по здравјето на луѓето супстанци, придонесуваат кон помало користење на енергија и вода, укажуваат на општествената одговорност на компанијата и обезбедуваат поголем пласман на производите во Европа и во светот. Покрај презентирањето на законската рамка и процедура за еколошко означување, Владо Каровски, раководител на одделение во сектор за ЕУ во Министерството за животна средина и просторно планирање, презентираше и критериуми за екоозначување на текстилни производи, мебел и на сапуни и шампони. Посебна презентација имаше менаџерот за екологија на Цементарница „УСЈЕ“ АД, Наташа Кормушоска, која го истакна значењето на еко-означувањето на производите, ја изнесе иницијативата на раководниот тим на компанијата за изготвување правилник со критериуми за еколошко означување на цементот и производите од цемент. На семинарот беа разменети информации кои се однесуваат на висината на надоместоците за еко-означување на производите, за делови од процедурите за нивно добивање, практичната применливост на дел од критериумите преземени од ЕУ-законодавството за кои реално нема можност да се применат во наши услови и сл. Иако во Република Македонија критериумите за еколошко означување на осум групи производи (детергенти за рачно миење садови, сапуни, шампони и кондиционери за коса, бои и лакови кои се употребуваат во затворени простории, обувки, текстил, мебел, хигиенска хартија и за туристичко сместување) се донесени во 2005 година, досега нема доделено ниту една еколошка ознака. Во таа насока е и пораката од семинарот за поголема промоција на придобивките од примената на еколошкото означување на производите и услугите, со цел да се поттикнат компаниите да ги применат истите, а со тоа и да ги користат придобивките и да создадат поголема конкурентност на своите производи. Зорица Мешкова
БИЗНИС ИНФО
12
четврток, 04 декември 2014, Бр. 202
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Регионалната комора со седиште во Кавадарци одржа семинар за даночното право
ОБУКА ЗА ПРАВИЛНОТО УТВРДУВАЊЕ, ПРЕСМЕТУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ НА ДАНОЦИТЕ
Имајќи го предвид значењето и важноста на правилното утврдување, пресметување и плаќање на даноците, Регионалната комора со седиште во Кавадарци, на 2.12.2014 година организираше еднодневен семинар на тема: Нов правилник за нормирани износи на кало, растур, крш и расипување ( Пресметка на данокот на добивка, Концепт на оданочување на непризнаени расходи и помалку искажани приходи од поврзани лица). Учесниците на семинарот имаа можност да ги продлабочат своите знаења и да ги споделат искуствата поврзани со најзначајните прашања кои беа третирани, пред се`, практичните искуства во примената на даночните прописи. На семинарот се посвети големо внимание на измените и дополнувањата на Законот за добивка, правилникот за утврдување на дозволената висина на кало, на компарацијата меѓу стариот и новиот правилник за нормирани износи итн. Присутните имаа можност да добијат конкретни одговори и појаснувања од страна на предавачот, доц. д-р Костадин Дуковски. Александра Велкова
Регионална комора со седиште во Прилеп
ОБУКА ЗА НОВИНИТЕ ВО ЦАРИНСКОТО РАБОТЕЊЕ
Во Прилеп, на 27.11.2014 година, во хотелот „Салида“ беше одржана обука на тема: Поедноставени царински постапки, документи кои се приложуваат кон царинската декларација и новини во царинското работење. Oбуката беше реализирана од страна на претставници на Царинската управа на Република Македонија - Митко Димитровски, управник на Царинарница – Скопје и Димче Аџиоски, началник на Одделението за транзитни и гранични формалности за документите кои се приложуваат кон царинската декларација. Претставниците на Царинската управа пред локалната бизнис-заедница ги презентираа новините во царинското работење кои се однесуваат на: Интегрираните тарифни системи кои ги воведува Царинската управа, Поедноставените царински постапки; Документите кои се приложуваат кон царинска декларација и др. Присутните претставници на реномирани компаниите од прилепскиот регион добија конкретни информации, но и корисни совети од претставниците на Царинска управа во делот увозната, извозната и транзитната царинска постапка. Валентина Цветковска
четврток, 04 декември 2014, Бр. 202
БИЗНИС ИНФО
13
УСПЕСИ
ПОБЕДНИЦИ ВЕТЕРИНАРНИОТ Во рамките на СУГС „Браќа ТЕХНИЧАР ГОРАН МЛАДЕНОВСКИ Миладиновци“ – Скопје се одржа натпреварот „Лидер во струката“ И ТЕХНИЧАРОТ ЗА ХОРТИКУЛТУРА за учениците од завршните години МАРТИНА МОМИРОВСКА ПОБЕДНИЦИ ВЕТЕРИНАРНИОТ ТЕХНИЧАР ГОРАН МЛАДЕНОВСКИ И ТЕХНИЧАРОТ ЗА ХОРТИКУЛТУРА МАРТИНА МОМИРОВСКА Во рамките на СУГС „Браќа Миладиновци“ – Скопје се одржа натпреварот „Лидер во струката“ за учениците од завршната година на учење преку кој ги искажаа своите знаења и вештини стекнати во текот на образовниот процес. Натпреварот се одржа на 26.11.2014 година и на истиот се натпреваруваа ученици од земјоделсковетеринарната струка од средните училишта СУГС „Браќа Миладиновци“ – Скопје и СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе. Училиштата организираа интерни натпревари со цел да ги изберат најдобрите претставници кои имаа можност да ја освојат титулата Лидер на струката. Учениците од образовните профили Техничар за хортикултура и Ветеринарен техничар своето знаење го презентираа најпрво преку писмен, теоретски тест, а потоа и преку практична изведба под постојан надзор од страна на професорите и комисијата. Стопанската комора на Македонија како активен социјален партнер и поддржувач на бројни настани, манифестации и други видови активности поврзани со формалното и неформалното образование, имаше свој претставник како дел од Државната централна комисија која го спроведе самиот натпревар. Натпреварот се реализираше во одлична атмосфера со огромна посветеност од страна на Центарот за стручно образование и обука, како и двете училишта кои ја препознаа можноста на своите ученици да им помогнат да ги потврдат стекнатото знаење и вештини. Овој натпревар претставува одлична можност за поттикнување и промовирање на средните стручни училишта како најдобар начин за подготовка на квалитетни кадри за клучни и побарувани занимања во државата. Стопанската комора на Македонија им честита на победниците Горан Младеновски – Ветеринарен техничар и Мартина Момировска – Техничар за хортикултура и им посакува многу успех во натамошното образование и кариера. Симона Ристоска
14
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 декември 2014, Бр. 202
ДОСТИГНУВАЊА
Според престижниот финансиски магазин „The Banker“
НЛБ ТУТУНСКА БАНКА НАЈДОБРА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2014 ГОДИНА
Финансискиот магазин „The Banker“ ја прогласи НЛБ Тутунска банка за најдобра банка во Македонија за 2014 година. Магазинот ги додели глобалните и регионалните награди за најдобри во банкарството во 2014 година во 149 земји во светот. Оваа година наградата за најдобрите банки се базира на постигнатите финансиски резултати во услови на засилена конкуренција, нови пазарни иницијативи и се уште неизвесна економска активност во повеќето земји во светот. НЛБ Тутунска банка во 2013 година оствари добивка од 10,2 милиони евра или 11 проценти поврат на капиталот. (НЛБ Тутунска банка)
НЛБ Нов пензиски фонд добитник на престижна награда
НАЈДОБАР ПЕНЗИСКИ ФОНД ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА ЗА 2014 ГОДИНА
На свечената церемонија којашто се одржа на 20 ноември 2014 година во Виена и на која беа присутни претставници од најголемите пензиски фондови од 30 држави од Европа, угледниот финансиски магазин “IPE – INVESTMENTS&PENSIONS EUROPE“ додели награди на најдобрите пензиски друштва во повеќе категории. Наградите кои ги доделува магазинот „IPE“ се едни од најпрестижните награди за друштвата за управување со пензиски фондови во Европа. НЛБ Нов пензиски фонд АД - Скопје ја доби наградата “Најдобар пензиски фонд во Централна и Источна Европа за 2014 година”, регион во кој функционираат голем број пензиски фондови во повеќе држави. Реномираниот магазин „IPE Publishers“ од Лондон, при изборот на победникот зема во предвид мноштво фактори кои на НЛБ Нов пензиски фонд АД - Скопје му го придаваат епитетот на лидер во регионот на Централна и Источна Европа. Меѓу факторите кои Комисијата на „IPE“, составена од судии реномирани претставници на индустријата и академската јавност, покрај остварените приноси оценети од перспектива на преземените ризици, во предвид ги земаат и филозофијата, квалитетот, активниот пристап и иновативноста во управувањето со средствата, квалитетот на управувањето со ризиците, соодветниот систем на корпоративно управување, квалитетот на човечкиот капитал, како и мноштво други фактори кои говорат за позицијата на Друштвото во регионот. Оваа награда, не е само огромно признане за НЛБ Нов пензиски фонд АД - Скопје, НЛБ Групацијата, туку и потврда за Република Македонија за успешно функционирање на целокупниот систем на капитално финансирано пензиско осигурување. Истата е големо признание за Друштвото, кое во годините од своето основање преку напорна работа на целокупниот професионален тим на вработени воведе највисоки стандарди, иновативен и современт систем на управување со пензиските фондови. Наградата воедно поставува уште поголема одговорност за Друштвото, кое ќе продолжи и во иднина да ги поместува границите на квалитет во работењето во интерес на своите членови. ( НЛБ Нов пензиски фонд)
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
РЕГИОНАЛНИ СВЕТСКИ КОМОРИ ПЕЧАТ
BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Osnovana 1922
Founded 1922
БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија
Уписите се во тек!
16
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 декември 2014, Бр. 202
СВЕТСКИ ПЕЧАТ Најголемиот германски енергетски концерн Еон има намера во иднина да произведува еко-струја
ОД ПРОТИВНИК ДО ПРЕДВОДНИК ЗА ОБНОВЛИВИ ЕНЕРГИИ
*Најголемиот германски енергетски концерн Еон има намера во иднина да произведува еко-струја. Тоа не го прави за да ја заштити климата, туку за да преживее, оценува Хенрик Беме. Тоа сигурно не беше намерно. Непосредно пред почетокот на овогодишната Светска конференција за климата во Лима, најголемиот германски енергетски концерн Еон најави збогување од атомската енергија и термоенергијата. Она што ги натера шефовите на концернот на ваква одлука сигурно не беше загриженоста за светската клима, туку големата планина долгови под кои стенка претпријатието и може да се „скрши“. Долговите се од времето кога овој енергетски џин беше толку дебел и богат што се расфрлаше со пари околу себе и купуваше ширум светот. Тогаш во Еон не се грижеа за иднината. Од раскошното седиште на концернот во Диселдорф им се потсмеваа на проблемите на производителите на постројки за производство на струја од ветер или соларна енергија. Сопствените електрани, пред се‘ оние со нуклеарни прачки, произведуваа сигурно енергија и носеа дебели добивки на капитал. Последиците од енергетскиот пресврт Тогаш, во 2011 година, се случи катастрофата во Фукушима. Германската влада донесе одлука за напуштање на атомската енергија. Беше роден енергетскиот пресврт и оттогаш светот гледа кон Германија - дали една од најголемите економии на светот ќе успее во догледно време да произведува енергија само од ветер, сонце и вода, без јаглен и нуклеарни централи? Не дека Еон, но и другите големи германски енергетски коцнерни како РВЕ, ЕнБВ и Ватенфал, ги затворија очите пред ваквиот развој сосема. Еон, на пример, во изминатите осум години инвестираше околу десет милијарди евра во обновливи енергии. Но до денес не успеа да препознае дека на крајот на ваквиот развој никому веќе нема да му бидат неопходни огромни концерни, туку за испорака на струјата на иднината ќе бидат потребни децентрализирани структури. Сега тоа се менува. Иако конкурентот на Еон, РВЕ, побрза да соопшти дека не планира поделба на коцернот, може да се смета со тоа дека и кај нив сигналите за аларм се вклучени. Ватенфал и онака е во процес на повлекување од Германија и има намера да ја тужи германската влада за неколку милијарди евра поради откажувањето од атомската енергија, исто како што сака и да ги продаде своите јагленокопи во Лаузиц, во источниот дел на Германија. За енергетскиот пресврт во Германија, свртувањето на Еон, и покрај се‘, е добар знак. Сега концернот, како што се вели, треба да стане предводник во еколошкото Хенрик Беме производство на струја. За такво нешто во Еон нема доволно идеализам. Како што се вели: на самиот почеток имаше една претприемачко-политичка одлука... Но констатацијата на шефот на Еон, Јханес Тејсен, дека досегашниот деловен модел веќе не одговара на реалноста, зборува многу. Еон беше предводник на отпорот против напуштање на нукеларната енергија, а сега го префрла таквиот бизнис во нешто како „бед бенк“. Останува надежта дека ќе има доволно пари за да може да се заврши долгиот и скап процес на демонтирање на атомските централи. Во спротивно, на крајот, можеби трошоците за тоа сепак ќе мора да ги сносат даночните обврзници. (Дојче Веле)
четврток, 04 декември 2014, Бр. 202
БИЗНИС ИНФО
17
СВЕТСКИ ПЕЧАТ
АДУТОТ ВО АТОМСКАТА ЕНЕРГИЈА
Турција сака да прерасне во извозник на енергија
*Додека многу земји во ЕУ се’ повеќе инвестираат во обновливи енергии, во Турција се планираат три нови атомски централи. Со тоа земјата од увезувач на енергија сака да прерасне во нејзин извезувач. Турција географски се наоѓа во непосредна близина на преку 70 проценти од светските резерви со нафта и гас. Секоја година илјадници цистерни превезуваат до 150 милиони тони нафта преку Босфор и Дарданелите од Црното Море до Средоземното Море во правец на Западна Европа. Исто така и сопствената потреба за енергија Турција ја покрива претежно со увоз. Меѓутоа земјата сега сака да се развие во „енергетски извозник“, појасни министерот за енергија Танер Јилдиз: До 2023 година 30 проценти од националната потреба од струја треба да бидат покриени преку локалните обновливи енергетски извори. Освен ова Анкара полага во енергијата од атомските централи. Амбициозниот план гласи: три атомски централи во Турција до 2023 година. Побараувачката за енергија расте со огромна брзина Потрошувачката на струја во изминатата деценија од 130 милијарди киловатчасови речиси се удвои на 240 милијарди киловатчасови. Турција имено по Кина е земјата со втора по големената потрошувачка на земјен гас и струја. „Нашата потреба ќе се удвои и во наредната деценија. Сега се’уште увезуваме 72 проценти од нашата потреба на енергија, но нема да мораме да увезуваме ниту третина од денешниот импорт на земјен гас, штом ќе можат да бидат вклучени нашите атомски централи“, вели турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. „Нашата сметка за земјен гас ќе се намали за 7,2 милијарди долари. Притоа се нуди и можност да се извесува енергија“. Се планира изградба на три атомски централи Турскиот министер за енергија полага во енергија добиена од атомски централи Неодамна Турција склучи спогодба вредна 22 милијарди долари со еден јапонско-француски конзорциум за изградба на втора атомска централа во провинцијата Синоп крај Црното Море. Изградбата на првата атомска централа беше договорена уште во 2010 година со руската фирма „Росатом“. Таа треба да стартува во 2019 година. Во април во Истанбул се одржаа демонстрации против планираната централа - но на нив учествуваа само 50 луѓе. За разлика од многу други западноевропски земји за атомската енергија речиси и да не доаѓа критика од населението. „Демонстрации против атомската енергија речиси и да не наоѓаат одѕив и секако нема да донесат ништо“, вели Танај Сидки Ујар, раководител на одделот за енергија на Мармара универзитетот во Истанбул и претседател на Европското здружение за обновливи енергии, Еуросолар. Тој самиот е член на турската партија на Зелените, но за разлика на пример од Германија, оваа партија во Турција не е застапена во парламентот. Неопходна е зголемена енергетска ефикасност Во Турција со огромна брзина се зголемува побарувачката за енергија, нагласува д-р Фатих Бирол, главен економист во Меѓународната агенција за енергија. „Само во однос на струјата Турција мора да дополни според проценките 45 гигавати дополнителен капацитет - повеќе од секоја друга земја во Европа“. Турската влада форсира продукција на енергија во сопствената земја преку атомски централи, јаглен, земјен гас и обновливи енергии, подвлекува Бирол. Меѓутоа тогаш енергијата би морала „да се користи на поефикасен начин долгорочно да се намалат трошоците и проблемите со животната средина“, нагласува економистот. Исто така и Танај Сидки Ујар е за мерки за штедење на енергијата. Првиот чекор за решение на проблемот би било редуцирање на вкупната потрошувачка на енергија. „Енергетската ефикасност на домаќинствата со европски стандарди - на пример во Германија тие трошат помалку од 50 киловатчасови на метар квадратен. Домаќинствата во Турција трошат до 300 киловатчасови за метар квадратен.“
18
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 декември 2014, Бр. 202
СВЕТСКИ ПЕЧАТ Инвестиции во обновливи енергии Неодамна во северо-западната провинција Баликешир беше пуштен во употреба најголемиот ветерен парк во Турција. Инвестиција од 153 милиони евра спроведена во соработка на германската фирма Е.ОН и Сабанчи холдинг, едно од најголемите турски претпријатија. Централата треба да произведува до 500 милиони киловатчасови струја и да ја покрива потребата за струја на, според проценките, 170.000 турски домаќинства. Исто така и во градот Конија во централна Анадолија во моментов инвестираат околу 57 меѓународни фирми на површина од 60 милиони квадратни километри, во црпење на второто по големина наоѓалиште со јаглен во Турицја и да се продуцира соларна енергија. Меѓутоа инвестициите во обновливи енергии не се доволни. Развојот на Турција е побрз од порастот на инвестициите во овој сектор, вели министерот за енергија Јилдиз. „Турција мора да го диверзифицира енергетскиот сектор. Во иднина мора да продуцираме двојно повеќе струја отколку сега. Оттука се важни планираните атомски централи“, вели Јилдиз. „Двоен морал на турскиот енергетски сектор“ Голем проблем е доделувањето на лиценци во Турција, вели Танај Сидки Ујар за Дојче веле. „Доколку сакаш да изградиш термоцентрала на јаглен или атомска централа, многу брзо ќе добиеш Проф. д-р Танај Сидки Ујар лиценца за тоа. Кај ветерните турбини тоа е потешко. И тоа во една од најветровитите земји во Европа. Тоа е двоен морал“, вели Ујар во разговор со ДВ. Од 2007 година во Турција немаше нов конкурс за добивање на лиценца за ветерни турбини. Тоа е поради тоа што турската влада „за добивање на енергија во иднина полага во атомските и термоцентралите на јагелен“, вели Ујар. Според негово мислење Турција и без атомски централи може да се развие во извозник на енергија: со комбинација на ефикасност и обновливи енергии. (Дојче Веле)
Повеќе американски купувачи се префрлаат на пазарување на Интернет
РАСТ НА КИБЕРНЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА
*Внимателно се следи кибернетската економија, зашто до сега купувањето во реални продавници покажало опаѓање во однос на лани. Американската празнична сезона за шопинг започна минатиот четврток, но бројот на луѓе кои сакаат да купуваат за време на попусти опаднал во однос на лани. Петокот по Денот на благодарноста традиционално е најголемиот ден за шопинг во годината, и време кога трговците прават доволно пари да преминат од загуба во профит. Сметководителите ги бележат загубите со црвено мастило, а добивката со црно, што е основа за терминот „црн петок“ во овој клучен дел на бизнис-годината. Националната трговска федерација вели дека повеќе од 133 милиони Американци лично купувале или преку Интернет од четвртокот. Тоа е намалување за повеќе од пет проценти од истиот период минатата година. Трговците внимателно ја следат продажбата во понеделник, на „кибернетскиот понеделник“ зашто ова е ден кога најмногу се купувало изминативе четири години со се` поголем број купувачи кои се приклонуваат на овој вид шопинг наместо да бидат во турканици во продавниците. КомСкор, што ја следи трговијата на Интернет, вели дека првите недели во ноември забележале поголемо купување на Интернет отколку истиот период лани. (ВОА – Гласот на Америка)
БИЗНИС ИНФО
ХАЛКБАНК АД Скопје нуди поволни стапки за штедење во Евра Сакате да обезбедите безбедна и сигурна финансиска иднина? - Време е да направите вистински потег. - ХАЛКБАНК Ви нуди можност за орочување на слободните парични средства каде Вашиот влог ќе расте сигурно и стабилно. - Штедете во евра со исклучително поволни каматни стапки. Искористете го нашиот депозитен калкулатор: http://halkbank.mk/depoziten-kalkulator-nov.nspx
За подетални информации посетете ја нашата Веб страна, контактирајте нé на е-маил или телефонски на 02/3287-532.
Со почит,
Ваша ХАЛКБАНК АД Скопје
20
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 декември 2014, Бр. 202
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-
Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот.
Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој метод на обука, која вклучува микс од техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде ДодАЛИ ОБУКИТЕ достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависност Вашата потреба. КОИ СТЕ ГИ П
МЕРЕЊЕ НА РЕЗУЛТАТОТ ПРЕ
Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа Д со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и АЛИ САКАТЕ ДА ИМАТЕ КОН светски компании. РЕАЛНА ПОТРЕБА НА ВАШЕТО
Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, ДАЛИ ПРОГРАМАТА КОЈА СЕ Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени РЕЗУЛТАТИ И КАЈ УЧЕСНИЦИТ тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании ПРИДОНЕСЕ И ЗА ВАШИОТ РА и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат се следат и кај нас. за Дозволете дадапридонесеме Лиценциран Густав Кезер тренер на програмата е Љупчо Георгиев со 18-годишно искуство во областа на продажбата и врвниот менаџмент.
АКАДЕМИЈА ЗА П
Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија . Уписите за обуката во октомври 2014 година се во тек.
ЦЕНАТА ОД 23 600 ДЕНАРИ ВКЛУЧУВА: • 5 тренинг дена; • материјали за работа, мемориски картици, ЦД и дополнителна литература; • консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6-8 месеци; • интернационален светски признат Сертификат; • допонителен , 1 контролен ден. За подетални информации контактирајте со нас: Борис Тримчев Тел: 072 20 70 91 Е-маил: boris@mchamber.mk Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk
-SALES
Кр дол вра доп пр Ов ком пр учи
Најуспешните компании ширум свет
четврток, 04 декември 2014, Бр. 202
БИЗНИС ИНФО
21
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ – ОБУКА СО СТУДИСКО ПАТУВАЊЕ ВО ВИЕНА
Од 4-ти до 6-ти декември 2014 година, Меѓународен Саем за пластика во Република Турција
Во соработка со WIFI Институтот при Сојузот За повеќе информации слободно контактирајте на кВо соработка со WIFI Институтот при Сојузот не: на комори на Австрија, Стопанската комора на Македонија преку својот Бизнис центар за тренинг и Симона Ристоска Борис Тримчев обука организира тренинг програма на тема: 02 32 44 067 072 207 091 simona@mchamber.mk boris@mchamber.mk
“Жени претприемачи” Програмата се состои од два дела, односно од теоретска обука со предавач од WIFI Институтот која се одржува во Скопје, а вториот дел е студиско патување во Сојузот на комори во Виена.
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Osnovana 1922
Искористете ја можноста за интернационален know - how трансфер и учете од најдобрите во Европа! Станува субвенционирана достапна цена.
збор програма
за по
Програмата трае 9 дена, од кои 6 тренинг дена во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје и 3 дена во Виена, Австрија и B2B средби. Средбите се организираат во зависност од Вашиот интерес и индустријата во која дејствувате. Престојот, семинарите и посетите се во организација на WIFI AUSTRIA. Сместувањето е во хотел, по двајца учесници во двокреветна соба. Уписите се во тек! Посетата во Виена, Австрија ќе се одржи во периодот декември 2014 – јануари 2015 година, по завршување на обуката и полагање на тестот.
Founded 1922
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
ТРЕНИНГ-ПРОГРАМА НА ТЕМА: „ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ“
WIFI AUSTRIA ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР
УСПЕХ СО WIFI Институтот за промоција на економскиот развој (The Institute for Economic Promotion – Wirtschaftsförderungsinstitute/WIFI) во рамките на Сојузот на комори на Австрија (Austrian Economic Chambers) е партнер на австрискиот бизнис на полето на едукација и развој на човечките ресурси, со регионална организација во сите девет области на Австрија и 80 претставништва ширум светот. Секоја година, 300.000 учесници посетуваат некој од понудените курсеви и семинари кои се повеќе од 25.000, на коишто предаваат 12.000 тренери ангажирани од WIFI, a избрани директно од бизнис-заедницата.
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР Тимот на WIFI задолжен за интернационален know-how трансфер обезбедува семинари и менаџмент курсеви ширум светот кои нудат дополнителна предност на тој начин што на учесниците кои успешно ќе ги завршат овие курсеви им овозможуваат директен контакт со австриски компании, со цел да имаат активна улога во економскиот развој на целните земји додека истовремено имаат активна улога и во отворањето на вратите за австрискиот бизнис.
22
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 декември 2014, Бр. 202
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 11 декември 2014 година, од 10:00-16:00 часот, во Регионалната комора со седиште во Прилеп.
Семинар во Прилеп: ДАНОЧНО ПРАВО
“Закон за данокот на добивка, измени во Закон за добивка - Правилник за нормирани износи на кало, растур, крш и расипување “ - Анализа на Правилникот за утврдување на за дозоволената висина на кало, растур, крш и расипување, над нормираните износи - Концепт на оданочување на непризнаени расходи и помалку искажани приходи СТАНДАРДНИ ТРОШОЦИ Утврдување стандарди за производствените трошоци Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ристо Најдоски Тел: ++ 389 48 415536 Факс:++ 389 48 415536 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: regiopr@mchamber.mk
четврток, 04 декември 2014, Бр. 202
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Еднодневна обука: КРЕИРАЊЕ ПРОФИТАБИЛЕН РАСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ СО СТРАТЕГИЈАТА „СИН ОКЕАН“ Дали Вашата компанија се соочува со засилена конкуренција на домашниот и на меѓународниот пазар? Морате постојано да ги намалувате цените со цел да ги задржите купувачите, додека истовремено трошите многу средства на рекламирање кое се чини нема долгорочен ефект? Постојано сте фокусирани на намалување на трошоците наместо на иновација и раст? Набројте ги клучните компетативни предности на Вашата компанија и споредете ги со оние на конкуренцијата. Дали во суштина се исти? Доколку одговоривте потврдно на повеќето од овие прашања, Вашата компанија плива со ајкулите во „црвениот океан“. Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија организираат еднодневна обука на која ќе имате можност да дознаете повеќе за стратегијата „син океан“ која Ви нуди начин да испливате од „црвениот океан“, да се ослободите од конкуренцијата и да пливате во сосема нов простор на пазарот. Обуката се состои од 5 тематски целини во кои се обработува современата стратегија„син океан“. Времетраењето на обуката е 8 часа и таа претставува комбинација од теоретски предавања, дискусии во група, давање на реални примери од компании кои припаѓаат на различни индустрии во светот и анализа на случаи. Се започнува со вовед во стратегијата „син океан“, потоа се објаснуваат аналитичките алатки и рамки кои се користат во формулирањето и спроведувањето на оваа стратегија, а посебно внимание е посветено и на принципите за успешно формулирање и спроведување на стратегијата „син океан“. По презентирањето на теоретските основи на оваа стратегија, вниманието на учесниците ќе биде насочено на реални примери на стратегијата „син океан“ во практиката. 1. Вовед во стратегијата „син океан“: • Дефинирање на поимите „црвен океан“ и„син океан“; • Креирање „сини океани“; • Иновација на вредноста; • Карактеристики на стратегијата„црвен океан“ наспроти карактеристиките на стратегијата „син океан“. 2. Аналитички алатки и рамки: • Стратегија платно; • Рамка на четири акции; • Мрежа на елиминирање-намалување-зголемување-креирање; • Карактеристики на добра стратегија „син океан“. 3.Принципи за успешно формулирање и спроведување на стратегијата „син океан“: • Принципи за формулирање на стратегијата „син океан“; • Принципи за спроведување на стратегијата „син океан“.
12.12.2014 година 8:30 - 17:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3ти кат
4. Стратегијата „син океан“ во практиката. 5. Која боја е Вашата стратегија? Предавачи: 1) доц. д-р Виолета Цветкоска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет – Скопје Доцент по организациони науки и управување (менаџмент) по предметот наука за менаџмент. Во рамките на академската кариера д-р Виолета Цветкоска има учествувано на голем број меѓународни конференции, симпозиуми, семинари, обуки и работилници, а за збогатување на нејзиниот научно-едукативен идентитет посебен придонес имаат и реализираните студиски престои. Член е во повеќе уредувачки и рецензентски одбори на престижни меѓународни списанија. 2) доц. д-р Љупчо Ефтимов, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет – Скопје Доцент по предметот Менаџмент на човечки ресурси, на истоимениот факултет го предава и предметот Управување со резултати на прв циклус на студии, а на втор циклус на студии ги предава Стратегиски менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на перформанси. Доц. д-р Љупчо Ефтимов е раководител на студиската програма од втор циклус на студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси. Покрај бројните активности и работни ангажмани во Македонија, тој е и меѓународно активен и признат во областа менаџментот на човечки ресурси, за што сведочат неговите членства во разни уредувачки и рецензентски одбори на влијателни меѓународни научни списанија.
Пријавување до 5.12.2014 година. Попуст од 10% за сите пријавени до 26.11.2014 година. Учесниците на обуката добиваат: - материјали; - освежување; - сертификат за учество; - инспирација за нови бизнис идеи. Контакт: Симона Ристоска Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: simona@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
24
четврток, 04 декември 2014, Бр. 202
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 2.12.2014 година, Деловни простории на „Кожувчанка“ во Кавадарци, 10:00-16:00 часот
Семинар во Кавадарци: ДАНОЧНО ПРАВО
“Закон за данокот на добивка, измени во Законот за добивка -нов правилник за нормирани износи на кало, растур, крш и расипување” - Анализа на Правилникот за утврдување на дозоволената висина на кало, растур, крш и расипување, над нормираните износи - Концепт на оданочување на непризнаени расходи и помалку искажани приходи - Стандардни трошоци - Утврдување стандарди за производствените трошоци
Учесниците на семинарот ќе имаат можност да ги продлабочат своите знаења и да ги споделат искуствата поврзани со најзначајните прашања кои ќе бидат третирани и пред се` практичните искуства во примената на даночните прописи. Предавач: доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгите„Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија“ и „Ерозија на јавните финансии“. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Контакт: Александра Велкова и Анета Околиќ Тел: ++ 389 43 415 044 Факс:++ 389 43 415 044 E-адреса: regionalnakavadarci@mchamber.mk
четврток, 04 декември 2014, Бр. 202
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Советување: ,,ЗАПОЗНАВАЊЕ СО НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И НАСОКИ ЗА НИВНА ПРАВИЛНА ПРИМЕНА” Честите промени на прописите за јавни набавки бараат од понудувачите дополнителни напори и обука за да можат да поготват и поднесат квалитетна понуда. Последната година во законот се воведоа неколку суштински мерки кои значително влијаат врз процесот на јавни набавки. Станува збор за доста обемни интервенции, така што учесниците на семинарот ќе имаат одлична можност подетално да се запознаат со нив. Лицата што работат во оваа област од страна на договорните органи треба да се запознаат со суштинските промени на законот кои значително влијаат врз процесот на јавни набавки. Советот за јавни набавки веќе ги извршува своите надлежности и одлучува по барањата за согласност, а во овој период се формира неопходната пракса како треба да се постапува во оваа нова средина. Учесниците ќе се запознаат подетално со нивните права и обврски во постапките за јавни набавки. На обуката ќе се споделат досегашните искуства, начин на подготовка кај негативните референци каде се воведуваат повеќе обврски за комисиите за јавни набавки, како и казнени одредби соодветно на овие нови обврски. Исто така, има значајни новини при користењето на рамковните спогодби кои со најновите измени влегуваат во режимот на согласности што ги издава Советот за јавни набавки. При тоа, учесниците ќе имаат можност да се запознаат и со новините поврзани со обврските за обезбедување согласност од Советот за јавни набавки кај техничките спецификации и условите за утврдување способност, но и проширениот опфат на овие согласности кај постапките со преговарање без објавување оглас. Ќе се презентираат начинот на регистрација на ТЕД (Tenders Electronic daily) и задолжителната објава на огласите над 50.000 евра за стоки и услуги и над 200.000 евра за работи, новите функционалности во Електронскиот систем за јавни набавки, како и планираните интервенции во идниот период. Ќе се споделат и повеќе практични совети за квалитетна подготовка на понудите, а ќе се потенцираат и измените во однос на можноста за дополнување на документацијата при евалуација на понудите, што е особено значајно, како за понудувачите, така и за договорните органи. Целта на семинарот е економските оператори – приватни компании кои учествуваат или имаат интерес да учествуваат на постапките за јавни набавки да ги осознаат новините во јавните набавки, а ќе имаат можност да научат како успешно да подготват понуда и да учествуваат во постапките за јавни набавки и договорените страни со оглед на фактот дека во изминатиов период законот за јавни набавки претрпе доста измени и дополнувања. Исто така и договорни органи ќе имаат можност да научат кои се и како да ги извршат потребните активности пред објавување на огласот и како да ја спроведат постапката согласно актуелните законски одредби. ПРОГРАМА: • Новини во прописите; • Насоки за подготвување на квалитетна и успешна понуда и на што да се внимава при учество во постапките за јавни набавки согласно актуелните законски прописи;
Од 5 до 7.12.2014 година, во хотел „Асториа****” Белград, Р. Србија
• Насоки и начини на анализа на пазарот и спроведување на постапките; • Објавување на ТЕД (Tenders Electronic daily) http://ted.europa.eu/ • Електронски набавки и фунционалности што ги нуди ЕСЈН, е-аукции/ конечна цена; *Обучувачите се експерти од Бирото за јавни набавки. АРАНЖМАН Цена на аранжманот во двокреветна соба по лице изнесува 10.400 денари. За аранжман во еднокреветна соба по лице се доплатува 2.090 денари и изнесува 12.490 денари. Котизација за дводневниот семинар изнесува 5.310 (4.500+ 18% ДДВ); секој втор и нареден учесник од иста компанија добива 20% попуст на котизацијата и истата изнесува 4.248 денари (3.600 + 18% ДДВ). Во цената на аранжманот вклучено е: - превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје Белград- Скопје (тргнување на 5 декeмври 2014 година, во 6:00 часот и враќање на 7 декември 2014 година во попладневните часови); - 2 ноќевања на база ноќевање со доручек и ручек на 6 декември 2014 во Хотел „Асториа****”; - организација на патувањето; - кафе и освежување за време на паузите. Во цената на аранжманот не е вклучено: • патничко осигурување и индивидуални факултативни трошоци. * Пријавување до 28 ноември 2014 година. Минимален број за реализирање на ова советување е 25 учесници. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - сертификат за присуство на семинарот.
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
26
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 декември 2014, Бр. 202
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Во Регионалната комора со седиште во Кавадарци обука за подготовка и аплицирање на Европски проекти и запознавање со новите Европски програми 2014-2020 достапни за компаниите
На 12 декември 2014 година, деловни простории на „Кожувчанка“, од 10:30-17:00 часот
“ХОРИЗОНТ 2020 И КОСМЕ И МОЖНОСТИТЕ ЗА УЧЕСТВО И ПОДГОТОВКА НА ЕВРОПСКИ ФИНАНСИРАНИ ПРОЕКТИ’’ Успешното користење на ЕУ фондовите е условено со имање на соодветни механизми и знаења за планирање, менаџирање и имплементирање на средствата од овие фондови.
Пријавување до 10 декември. Контакт: Александра Велкова/Анета Околиќ Тел: ++ 389 43 415 044 Факс:++ 389 43 415 044 E-адреса: regionalnakavadarci@mchamber.mk
четврток, 04 декември 2014, Бр. 202
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Економски форум во Белград, Република Србија „ТРЕТ СОСТАНОК НА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА ВЛАДИТЕ НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА СО НР КИНА“
16 декември 2014 година во Центарот „Сава“,
Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Република Србија, Ве информираат дека ќе се одржи Третиот економски форум меѓу земјите од Централна и Источна Европа со Кина. Економскиот форум има за цел да ја продлабочи и да ја зајакне соработката на Кина со земјите од Централна и Источна Европа, за чија цел започнаа овие средби во Будимпешта во 2011 година, во Варшава во 2012 година и во Букурешт во 2013 година. Главен акцент е ставен на унапредувањето на економската соработката во делот на инфраструктурата, енергетиката, индустријата, транспортот, туризмот и ИТ-секторот, за што се смета дека постојат голем број неискористени можности. На форумот ќе учествуваат претставници од: Македонија, Албанија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Чешка Република, Естонија, Унгарија, Црна Гора, Латвија, Литванија, Полска, Романија, Словачка, Србија и Словенија, чија цел ќе биде да се разгледаат можностите за соработка и инвестиции. Учесниците ќе бидат поделени во групи според полето на интерес каде ќе може да дискутираат и да остварат директна комуникација и можност за идна соработка. Сите заинтересирани компании ќе можат да се пријават електронски на следната веб-страна: http://china-ceec-summit.gov.rs.
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
28
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 декември 2014, Бр. 202
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
На 22.12.2014 година, од 9:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
Семинар: „УПРАВУВАЊЕ СО КОЛАТЕРАЛИТЕ ВО КОНТЕКСТ НА ВКУПНОТО УПРАВУВАЊЕСО КРЕДИТНИОТ РИЗИК“
ПРОГРАМА: Вовед во управување со колатерали: – Дефиниција и намена на колатералите; вредностите на различните групи на колатерали - типови на недвижен имот и имот, колкаво е нивото на колатерализација на неколатеризираните пласмани? – Дефиниција на “collateral risk-a”. Вреднување на колатерали – од (надворешна) проценка до ефективни вредности на колатерали: – Контрола на методологијата на надворешните проценителивоспоставување на минимален критериум за прифатливост од страна на надворешните проценки за комерцијалната банка; – Вредностите на различните групи на колатерали - типови на недвижен имот и имот, колкаво е нивото на колатерализација на неколатеризираните пласмани? – Состав на корективните фактори (“haircut-ови”) - влијание на специфичните локалните регулативи; – Пресметка на интерното барање за минимална колатерализација врз основа на проценка на кредитниот ризик. Рангирање на квалитетот на колатералот: – Фактори кои влијаат на кавлитетот на колатералот; – Искуства од „индустријата”. Влијание на колатералите на квалитетот на кредитното портфолио: – Влијание на наплатата - ликвидација на колатералите (влијание на најопортунистичките моменти на почетоците, трошокот и времето потребно за ликвидација, ликвидација на колатералите и претстечајно порамнување); – Влијание на регулаторната прифатливост на колатералите на вреднување на активата и адекватноста на капиталот; – Реструктурирање на билансот на успех. Оптимизација на колатералите како не-до-крајотстандардизирана функција: – Сценарио и отпорност (вредност на колатералите) на стрес; – Што е оптимален”colateral mix”? Оптимална структура на реконструкција на побарувањата: – Потенцијални примарни и секундарни извори за наплата; – Од контрола на планот за работењето до активната асистенција при изработка на план за наредниот период; – Воспоставување на ефективен надзор за наменско трошење на средства.
Функција на управување со колатерали: – Каталог на колатерали – задолжителни елементи; – Стандардизација collateral worflow евиденција и ажурирање на податоци, барања и задолженија, интеракција со рејтингот внатре во процесот на кредитните одобрувања, известување и други; – Одговорностите и главните функции за управување со колатерали. ПРЕДАВАЧ: Стјепан Аниќ од Република Хрватска, реномиран регионален стручњак од областа на управувањето со ризици во финансиски институции и предавач со долгогодишно искуство во земјата и во странство. Во Erste & Steiermärkische банка работел како проект-менаџер на Базел II и како директор на Дирекцијата за квантитативни истражувања. Во Кредитна банка - Загреб ја извршувал функцијата член на управа надлежна за управување со ризици и контролни функции на банката, а моментално во Централна банка - Загреб ја извршува функцијата прокурист и е извршен советник на управата надлежна за управување со ризици и контролни функции. Работен јазик на семинарот: хрватски. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
четврток, 04 декември 2014, Бр. 202
29
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL
ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL
ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:
Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач
30
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 декември 2014, Бр. 202
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА
Компанија од Романија бара добавувачи на бакарен Компанија од Република Македонија нуди на продажба имот во Кавадарци кој е лоциран на ул. концентрат од Република Македонија. Нов Белград, бр. 11, евидентиран во имотен лист Валидност дo 2.02.2015 година. број 3251, со вкупна земјишна површина од 20.964 Компанија од Хрватска бара дистрибутер во м2 и 13.849 м2, изградена површина. Република Македонија за пласман на дизел мотори Валидност дo 3.9.2015 година. и резервни делови. Компанија од Германија бара дистрибутер Валидност дo 2.02.2015 година. во Република Македонија за пласман на Компанија од Хрватска заинтересирана е да пласира висококвалитетни системи за амбалажа кои се опрема за фарми за одгледување говеда, овци, кози употребуваат при пакување земјоделски производи. Валидност дo 3.02.2015 година. и свињи во Република Македонија. Валидност дo 2.02.2015 година. Компанија од Литванија бара дистрибутер во Компанија од Турција заинтересирана е за соработка Република Македонија за пласман на стаклени со дистрибутери на текстилни производи, крпи, шишиња. бањарки и постелнина за хотели во Република Валидност дo 4.02.2015 година. Македонија. Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Валидност дo 9.02.2015 година. Македонија за пласман на стаклени садови за чување Компанија од Хрватска бара дистрибутер во храна, разни форми на чаши за пиење и вазни од Република Македонија за пласман на машини за обоено стакло. печатење, еднобојни, двобојни и тробојни тампон Валидност дo 4.02.2015 година. машини. Компанија од Германија бара дистрибутер во Валидност дo 9.02.2015 година. Република Македонија за пласман на темно стакло. Валидност дo 4.02.2015 година.
четврток, 04 декември 2014, Бр. 202
БИЗНИС ИНФО
31
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА како и поддршка и услуги за одржување. Заинтересирана е за соработка со текстилни фабрики од Република Македонија и со компании кои би ги претставувале нејзините производи и услуги во оваа област (софтверски компании или компании за продажба на текстилни производи). Компанија од Германија заинтересирана е Валидност дo 5.02.2015 година. да соработува со медицински установи во Македонија во областа на нуклеарно-медициска Компанија од Литванија бара дистрибутер во дијагностика и депонирање на ниско и средно Република Македонија за пласман на земјоделски трактори. радиоактивен отпад. Валидност дo 9.02.2015 година. Валидност дo 5.02.2015 година. Кинеска компанија заинтересирана е за пласман на опрема за тестирање производи која создава различни атмосферски услови при тестирањето во Република Македонија. Валидност дo 5.02.2015 година.
Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на сечени цвеќиња. Валидност дo 5.02.2015 година. Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на печки за греење. Валидност дo 5.02.2015 година. Компанија од Грција нуди софтверски решенија за производствени процеси, машини за производство и опрема во текстилната индустрија,
www.mchamber.mk
Компанија од Германија бара соработка со фармацевтската индустрија во Република Македонија за пласман на стаклена амбалажа за пакување лекови од 10 до 1000 мл. Валидност дo 9.02.2015 година.
Контакт:
Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088