БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
Quality Management
СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642
bsi.
ISO 9001
Quality Management
goodini
192
2 - 2014
FS 549642
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 189
www.mchamber.mk
04.9.2014
Состојби и можности за пласман на земјоделски прехранбени производи во Руската Федерација
СО КВАЛИТЕТ И ЦЕНИ МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ЗНАЧИТЕЛНО ДА ГО ЗГОЛЕМИ ИЗВОЗОТ ВО РУСКИТЕ РЕГИОНИ
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
четврток, 04 септември 2014, Бр. 189
БИЗНИС ИНФО
3
ПОДВЛЕЧЕНО
ТУРБОЛЕНЦИИТЕ НА СТРАНСКИТЕ ПАЗАРИ ТРЕБА ДА СЕ ИСКОРИСТАТ, НО ЛИМИТИРАНИ СМЕ СО МОЖНОСТИТЕ На пазарот, понудата и побарувачката ги диктираат цените. Факт е дека актуелните тубуленции ќе се одразат на пазарот. Има две причини што предизвикуваат промени на пазарот, прво тоа е рускоевропското ембарго, а второ последиците од поплавите што ги зафатија Србија и Босна и Херцеговина. Нормално е ако се намали понудата да има зголемување на цените, но кај нас можеби не во голема мера оти ние не сме големи потрошувачи. Кај преработките од зеленчук нема да има корекции на цените оти се работи за производи кои имаат поголеми рокови на трајност и имаме залихи. Но сметам дека ќе дојде до поскапување на дел од свежиот зеленчук, бидејќи се работи за производ кој не трае долго и сега големи количества ќе одат за извоз. Вакви можности ретко се случуваат и треба да се искористат. Но ние делумно ја искористиме оваа можност, бидејќи не затекна неподготвени, никој не можеше да предвиде дека ќе дојде до тоа да имаме толку голема побарувачка. Мислам дека во моментов ние имаме капацитет двојно да го зголемиме производство, но толку повеќе не можеме. Нашите капацитети за преработка на овошје и зеленчук работат со 50 до 60 отсто искористеност, ние можеме 100 процентно да ги искористиме повеќе не можеме, толку се фабриките. Треба да имаме постојано резерви за да можеме во вакви сотојби да влетуваме. Значи можеме да го дуплираме производството, но и тоа зависи од суровината, а производството на суровината од временските услови. Ако се добри тогаш имаме зголемени количини на суровина и зголемено производство на преработки од зеленчук. Сегашните дождови може да ги поремтат ваквите планови, оти лошо влијаат посебно на црвената пиперка која е наша основна суровина. (Виктор Петков, директор на компанијата “Випро” за „Фактор“)
ЗАЕДНИЧКИ СО КЛИЕНТОТ ГИ УТВРДУВАМЕ РАБОТИТЕ КОИ НЕМА ДА ГО ПРЕЗАДОЛЖАТ БИЗНИСОТ Нашиот пристап е преку заеднички дијалог и детална анализа да ги утврдиме токму оние работи кои нема да го презадолжат бизнисот, туку ќе му овозможат здрава основа за развој. Банката користи специфична кредитна технологија и токму затоа нивото на нефункционални кредити (кои не можат клиентите да ги отплатат) е 2,59% од вкупното портфолио, далеку под нивото на банкарскиот сектор од 11,51 %. Од нашето досегашно искуство проблемите потекнуваат најчесто од несоодветното усогласување на изворите на финансирање со намената на тие средства. Практично кажано, бизниси кои своите долгорочни инвестиции (машини, објекти, опрема) ги финансираат со краткорочни кредити (со рок на отплата пократок од 3 години), најчесто ратата е преголема за да се сервисираат обврските со месечниот профит, да се набават материјали и да се подмири тековното работење, со што бизнисот го намалува својот обртен капитал. Долгорочно ова сериозно може да го загрози бизнисот и да доведе до згаснување на самиот бизнис. (Мартин Димитриевски, советник за бизнис клиенти во ПроКредит банка за „Бизнис Инфо“ )
БИЗНИС ИНФО
4
четврток, 04 септември 2014, Бр. 189
ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕДНОСТИ НА ПАРИЧНИТЕ ФОНДОВИ Најчесто користена алтернатива е слободните средства да се чуваат на трансакциска сметка. Таа овозможува голема ликвидност и лесен достап до парите. Меѓутоа, оваа услуга во никој случај не е бесплатна. Користењето на трансакциската сметка за извршување на плаќања и добивање на приливи повлекува редовен месечен надомест кон банката за водење на сметката, како и дополнителни трансакциски провизии за секое извршено плаќање. Од друга страна каматата која се добива за средствата кои одлежуваат определено време на сметката е незначителна, (речиси еднаква на 0) дури и занемарлива. И бидејќи здравата економска логика налага да очекувате разумен приход на Вашите пари, следно кое би го избрале од финансиското мени е орочениот депозит каде каматните стапки се далеку повисоки од оние на трансакциските сметки. Недостатокот на орочениот депозит е што ги врзува средствата за определен период, односно Вашите пари не се веќе слободни до моментот додека не се разорочат. А бизнисот и плаќањата во денешно време се толку динамични и непредвидливи… Главната предност на паричните фондови е флексибилноста која тие ја овозможуваат. Паралелно со неа доаѓа и добивката која е еднаква или повисока од каматите на орочените депозити. Поради тоа, нашиот КД Кеш Депозит е соодветен како за физички лица кои бараат алтернатива на банкарскиот депозит со високо ниво на сигурност, така и за фирми кои можат да го искористат за тековно управување со слободните средства. (М-р Лазе Камчев, инвестициски советник и главен извршен директор на КД Фондови АД Скопје во „Фактор“)
МАКЕДОНСКА ВАРИЈАНТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ БУРГЕРИ Понудата на брза храна во Скопје горе – долу беше еднолична, па токму затоа одлучив дека во концептот на брза храна има простор за нова идеја која може да успее. Од таму дојде идејата, на која и претходеше една година изучување – што мене би ме одвоило од конкуренцијата. Цело време брзаме и сме во гужва, се подоцна се почнува со работа, веќе не е како порано. Сега се почнува од 9 и се работи до 17, 18 часот, па се помалку време има за готвење дома и има помодерни мајки и домаќинки. Затоа го развивме концептот од брза храна до достава, тоа што ќе го произведеме и ќе го направиме да им биде полесно доставено до дома. Royal Burger се разликува по концептот. Идејата е да продаваме таканаречени американски бургери како на големите корпорации. Целото мени е искомбинирано и така е направено – најпродаваните сендвичи во светски рамки зачинети со македонска идеја. Првата работа по која се разликуваме од останатите е препознатливиот вкус на сосовите и квалитетот. Нашиот успех се базира на квалитетот на тоа што го понудивме по достапна цена. Кај нас за прикладна цена потрошувачот може да добие најквалитетен производ. (Спаско Јовановски, сопственик на Royal Burger во „Бизнис Инфо“ )
четврток, 04 септември 2014, Бр. 189
БИЗНИС ИНФО
ИНИЦИЈАТИВИ
Скенирај и дознај повеќе
5
M
C
N IA
Што претставува сертификатот Excellent SME?
A
Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O
Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.
Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.
Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје
T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
E
S
E
6
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 септември 2014, Бр. 189
АКТУЕЛНО Состојби и можности за пласман на земјоделски прехранбени производи во Руската Федерација
СО КВАЛИТЕТ И ЦЕНИ МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ЗНАЧИТЕЛНО ДА ГО ЗГОЛЕМИ ИЗВОЗОТ ВО РУСКИТЕ РЕГИОНИ
Со воведување на едногодишна забрана од страна на Руската Федерација за увоз на земјоделски прехранбени производи од ЕУ, САД, Норвешка, Канада и Австралија, се отвора можност за извоз на македонски производи, при што неопходно е во најкраток можен рок да се изнајде начин како да се пласираат домашните производи на тамошниот пазар во што поголеми количества. За таа цел, Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија при Стопанската комора на Македонија заедно со Македонско-руската стопанска комора ги истражуваат можностите за зголемување на надворешно-трговската размена меѓу Република Македонија и Руската Федерација. За ова на прес-конференција зборуваа Васко Ристовски, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија и Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора (1.9.2014 година). Ако се погледнат податоците за меѓусебната размена за 2013 година, може да се констатира голем дефицит на македонската страна. Вкупната размена изнесува 195,2 милиони САД долари, при што од Република Македонија се извезени производи во вкупна вредност од 31,5 милиони САД долари, додека во истиот период од Руската Федерација се увезени производи во вредност од 163,6 милиони САД долари. Извезени се земјоделско-прехранбени производи во вредност од 9,6 милиони САД $ (доминира овошјето со 4,8 милиони САД$, виното со 1,4 милиони САД$, грозјето е на трето место со 1,8 милиони САД$ и зеленшукот со 1,2 милиони САД$), а најголем дел од извозот отпаѓа на лекови (10,5 милиони САД$ ) и производи од машинската индустрија (7,3 милиони САД $). Извозот на земјоделски производи во Руската Федерација во однос на вкупниот извоз на производи од овој сектор изнесува 1,5%. Во делот на увозот доминираат енергенсите (115,8 милиони САД $ нафта и гас), металургија (7,1 милиони САД $), минерални суровини (8,5 милиони САД $). Вкупната трговска размена на Република Македонија со Руската Федерација во првата половина од 2014 година достигна вредност од 74,7 милиони САД$. При тоа, остварен е извоз во вредност од 17,7 милиони САД$, додека увозното салдо изнесува 60,9 милиони САД$. Споредено со истиот период во 2013 година, обемот на вкупната надворешно-трговска размена е намалена за 65,3 милиони САД$, што претставува пад од 46,7%. Извозот во 6-те месеци од 2014 година е зголемен за 2 милиона САД$, или споредбено со истиот период во 2013 година бележи раст од 17,3%, додека увозот е намален за 67,4 милиони САД$, што претставува пад од 52,5%. Во делот на земјоделството и прехранбената индустрија извезени се производи во вредност од 3,7 милиони САД$, при што најмногу се извезува зеленчук (2,3 милиони САД$), овошје (1,1 милион САД$) и вино (0,2 милиона САД$). Извозот на земјоделски производи во Руската Федерација во однос на вкупниот извоз на производи од овој сектор во првата половина од 2014 година изнесува 1,3%. Евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 47,2 милиони САД$. Во првите шест месеци од 2014 година Русија е наш 10-ти надворешно-трговски партнер во вкупната размена која ја има
четврток, 04 септември 2014, Бр. 189
БИЗНИС ИНФО
7
АКТУЕЛНО Македонија со светот. На рускиот пазар Република Македонија може да понуди многу повеќе зеленчук отколку овошје имајќи го предвид фактот дека поголем дел од извозот отпаѓа на градинарски култури. По согледување на вишоците со кои располагаме со завршувањето на есенската берба, ќе се знае точно што и колку ќе може Република Македонија да и` понуди на Русија. Факт е дека се работи за огромен пазар кој тешко можат да го задоволат и земји со далеку поголем капацитет од Република Македонија. Сепак, сметаме дека е ова одлична можност за домашните компании од земјоделско-прехранбениот сектор и истата треба да се искористи. Што се однесува до компаниите и зделките кои тие може да ги направат со руските добавувачи, не гледаме некои посебни пречки и проблеми. Руските увозници се свесни за капацитетот на одредени земји и не случајно тие започнаа преговори со голем број земји како Турција, Аргентина, Бразил, Кина, Еквадор, Чиле, Казахстан, Узбекистан и др. за увоз на земјоделски производи. Освен за земјоделски, забраната се однесува и за одредени прехранбени производи, како млеко и млечни производи, месо, риба, морски плодови и маслодајни производи. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Руската Федерација во првата половина од 2014 година достигна вредност од 74,7 милиони САД$. При тоа, остварен е извоз во вредност од 17,7 милиони САД$, додека увозното салдо изнесува 60,9 милиони САД$. Споредено со истиот период во 2013 година, обемот на вкупната надворешно-трговска размена е намален за 65,3 милиони САД$, што претставува пад од 46,7%. Извозот во 6-те месеци од 2014 година е зголемен за 2 милиона САД$, или споредбено со истиот период во 2013 година бележи раст од 17,3%, додека увозот е намален за 67,4 милиони САД$, што претставува пад од 52,5%. Евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 47,2 милиони САД$. Во првите шест месеци од 2014 година Русија е наш 16-ти надворешно-трговски партнер во вкупната размена која ја има Македонија со светот. Со цел унапредување на соработката меѓу Република Македонија и Руската Федерација, Стопанската комора на Македонија и Македонско-руската стопанска комора, на последниот свој состанот иницираа отворање на дистрибутивен центар во областа Самара. Доколку се`уште постои интерс од срана на македонските компании за ваквата иницијатива, треба да се работи на платформа со конкретни барања во насока на олеснување и унапредување на билатералните трговски односи, кои се во надлежност на Владата. Васко Ристовски
БИЗНИС ИНФО
8
четврток, 04 септември 2014, Бр. 189
ПОСЕТИ Состојби и можности за пласман на земјоделски прехранбени производи во Руската Федерација
ТРАСИРАЊЕ НА ПАТОТ ЗА УШТЕ ПОГОЛЕМА МЕЃУСЕБНА СОРАБОТКА
Компании од областа на градежниот сектор од НР Кина и Република Македонија имаа средба во Стопанската комора на Македонија (3.9.2014 година). Стопанската делегација од Далечниот Исток ја предводеше Чи Чангаи, претседател на Асоцијацијата за градежништво во Кина, а пред присутните претставници на значајни градежни компании од двете земји се обрати м-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија. Пренесувањето на искуството стекнато на големи проекти во НР Кина од страна на кинеските компании ќе биде добредојдено за македонските градежни компании. Долгогодишното градителско искуство на просторите во нашата земја и во странство едновремено се очекува да биде предизвик и за заедничка соработка на веќе отпочнати проекти во земјата, но и на други кои се најавуваат, - беше оценето во Стопанската комора на Македонија. -Градежништвото во Република Македонија, во последните неколку години има тренд на зголемување на активностите. Неговото учеството во БДП на земјава постојано се зголемува (2010 година - 5,6%, 2011 година - 6,5%, 2012 година - 6,8% и 2013 година - околу 7,0% ). Ова учество го остваруваат 4.322 компании со околу 45.000 вработени. Градежните компании учествуваат со околу 6,1% во вкупно активните компании во државата. Од страна на Владата на РМ, обезбедени се средства и почнати се поголеми инвестициони зафати во изградба на автопатиштата: Коридорот 10, на делницата Демир Капија - Смоквица, автопатите од Миладиновци кон Штип, од Кичево кон Охрид, потоа проширување на патот Велес - Кадирфаково, од две на 4 ленти, како и реконструкција на автопатот Велес - Скопје. Вкупната вредност на овие инвестиции изнесува околу 860 милиони евра. Пократ тоа, се планира доизградба на железничката пруга кон Бугарија, на низа објекти во здраството во Клиничкиот центар во Скопје, и слично, - истакна м-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија, претставувајќи го градежниот сектор во земјава. Чи Чангаи пред присутните подвлече дека потпишаниот Договор за соработка во градежништвото меѓу двете земји, треба да претставува предизвик за компаниите, со цел создавање и на повисоки форми на соработка. Вкупната трговска размена на Република Македонија со НР Кина во првите шест месeци од 2014 година достигна вредност од 237,4 милиони САД$, што претставува пораст од 0,62 % во однос на истиот период од 2013 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 27 милиони САД$ или пад од 42,3%, додека увозното салдо изнесува 210 милиони САД$, или зголемување од 11,2% споредбено со истиот период од 2013 година. Евидентиран е негативен биланс на страна на Република Македонија во трговската размена од 183 милиони САД$. Во вкупната надворешно-трговска размена, НР Кина е седми трговски партнер на Република Македонија во периодот јануари-јуни 2014-2013 година. Во поглед на застапеноста на производите во размената, во периодот јануари-јуни 2014 година, во структурата на извозот се застапени: • фероникел - 19,7 милион САД$; • мермер и травертин - 1,6 милиони САД$; • делови на шински локомотиви и возила - 1,3 милиони САД$; • машини со посебни функции - 1,2 милиони САД$; • вино од свежо грозје - 761 илјада САД$. Во увозното салдо, најголемо учество имаат: • телефонски апарати, вклучувајќи и телефони за целуларни мрежи или за други безжични мрежи - 24,5 милиони САД$; • преносливи машини за автоматска обработка - 14 милиони САД$; • апарати за комуникација во жичана или безжична мрежа - 5, 2 милиони САД$; • ткаенини со 85% памук или повеќе, белени, обоени, печатени или на друг начин изработени, од предива во различни бои - 5 милиони САД$;
четврток, 04 септември 2014, Бр. 189
БИЗНИС ИНФО
9
ПОСЕТИ • приемни апарати за телевизија, апарати за снимање или репродукција на звук или слика - 4,8 милиони САД$; • полиетилентерфталат - 4,5 милиони САД$; • фотоосетливи проводнички елементи, диоди за емитирање на светлина - 3,3 милиони САД$. Податоците покажуваат дека дури 11 милијарди евра вложила Кина во балканските држави само во 2010 година. Од најважните инвестиции, три милијарди евра се потрошени за концесија и модернизација на пристаништето во Пиреј во Грција, 200 милиони евра за изградба на мост преку реката Дунав во Србија, стотици милиони евра се искористени за изградба на енергетски и инфраструктурни објекти, фабрики, трговски центри, хотели во речиси сите земји во регионот. На Самитот на шефовите на влади на земјите од Централна и Источна Европа и НР Кина, што се одржа во Букурешт на 5.12.2013 година, Република Македонија и НР Кина потпишаа Договор за економска и техничка соработка во областа на инфраструктурата. Претставници на Владата на Република Македонија и кинеската компанија „Синохидро“ потпишаа договори за изградба на автопатските делници Миладиновци - Штип и Кичево - Охрид, со што се создадоа предуслови за реализирање на клучни проекти од областа на инфраструктурата, не само за Република Македонија, но и за целиот регион. Претставниците на компаниите од двете земји на средбата во Стопанската комора на Македонија, поодделно се претставија, разменија контакти. Забележливо беше дека и дел од компаниите веќе меѓусебно се познаваат и имаат остварено соработка и работат на инфраструктуните проекти кои се почнати со градба во Република Македонија. Претседателот на Асоцијација за градежништво во НР Кина, ја искористи средбата, официјално да ги покани македонските компании на Меѓународниот форум за градежништво и инфраструктурни инвестиции што ќе се одржи во јуни 2015 година во НР Кина.
ИНТЕРЕС ЗА СОРАБОТКА СО ВИНАРСКИОТ СЕКТОР
Марија Петроска Саво Пејчиновски
Делегација од покраините Сан Хуан и Мендоза во Аргентина во посета на Стопанската комора на Македонија
Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, со своите соработници, прими делегација од Аргентина и тоа од покраините на Сан Хуан и Мендоза, составена од министрите за рударство на овие покраини, како и пратеници во Парламентот и новинари (29.8.2014 година). Во своето обраќање, Бранко Азески истакна дека заради далечината на двете земји, досега не е остварена соработка на нашите компании. Меѓутоа, тоа не значи дека, ако има интерес, дека нема да се иницира и да се создадат услови за соработка меѓу компаниите. Бранко Азески во кратки црти ја презентираше поставеноста и улогата на Стопанската комора на Македонија, при што истакна дека во Комората членуваат компании кои учествуваат со околу 90% во БДП, со исто толкаво учество со бројот на вработени во земјата, а и со околу 95% со профитот на индустријата. Комората има добра соработка со Владата и со институциите, каде што преку разговори и издржани предлози се донесуваат решенија кои се во интерес како за бизнис-заедницата, така и за државата. Посебен интерес од страна на аргентинската делегација беше искажан за странските вложувања во нашата земја, кои бенефиции се даваат за зголемување на вложувањата и какво е нивното влијание врз економијата на државата. Посебен интерес беше искажан за рударскиот сектор, какво влијание имаа рестартирањето на рудниците за метали, како што се за олово, цинк и бакар. Развојот на регионите каде се активни овие рудници е евидентен, преку зголемување на бројот на вработените, кое се рефлектира и врз целокупното стопанство во државата. Претставниците на делегацијата, покрај рударството, предложија соработка со наши компании од областа на винарството, за што дополнително ќе се преземат заеднички активности.
Марија Петроска
БИЗНИС ИНФО
10
четврток, 04 септември 2014, Бр. 189
ДОСТИГНУВАЊА Доделени сертификатите за доквалификација и преквалификација на кадар на учесниците на обуките за образование на возрасните
СТЕКНАТО КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ И ПРИМЕНЛИВО ЗНАЕЊЕ
Во Стопанската комора на Македонија беа доделени сертификатите на учесниците на втората група од обуката „Готвач во угостителски објект”, кои се стекнаа со стручна квалификација и го надградија своето знаење од областа на готварството (1.9.2014 година). Учесниците успешно ја завршија обуката во времетраење од четири месеци, од кои еден месец посетуваа теоретска настава, еден месец посетуваа практична обука, а останатите два месеца учесниците реализираа практична работа. Обуката за стручната квалификација „Готвач во угостителски објект” започна со реализација во месец април оваа година. Станува збор за верификувани програми признати од Министерството за образование и наука на Република Македонија. Струката „Готвач во угостителски објект” беше финансирана од Оперативниот план за активни мерки за вработување од 2014 година. Во реализацијата на планот беа вклучени Агенцијата за вработување на Република Македонија, UNDP, Центарот за стручно образование, Центарот за образование на возрасните, како и приватни провајдери на обуките. Практичната обука и работа учесниците ја реализираа под менторство на добро познатиот македонски готвач Љупчо Гиевски во рамките на Хотел „Александар Палас“ - Скопје и притоа имаа можност да учат во врвни услови и со високи стандарди. Учесниците своето стекнато знаење го потврдија и со успешно полагање на финален испит по што се стекнаа и со сертификат којшто е признат од Министерството за образование и наука. Бизнис центарот за тренинг и обука е првиот приватен провајдер во Македонија кој нуди акредитирани обуки за образование на возрасни. Заинтересираните лица можат да посетуваат неколку обуки од градежно-геодетска струка (фасадер, гипсер-монтер), од угостителско-туристичка струка (келнер-гастроном, готвач во угостителски објект), како и од машинска струка (аргон-заварувач), а во најбрз можен рок ќе имаат можност да посетуваат повеќе обуки и од други струки. Сите обуки се во соработка со врвни компании од земјата и средни стручни училишта кои можат да обезбедат вистинско и применливо знаење. Симона Ристоска
четврток, 04 септември 2014, Бр. 189
БИЗНИС ИНФО
11
ДОСТИГНУВАЊА
ЗАСЛУЖУВААТ ШТО ПОДОБРИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА И ПОВИСОКИ ПЛАТИ
Во рамки на одбележувањето на 28. Август – денот на рударите на свеченост во „Ренова“ доделени признанија на 20 најуспешни рудари
По повод 28 август - Денот на рударите, министерот за економија во Владата на Република Македонија, Беким Незири, на 20 најуспешните рудари од повеќе компании им додели признанија на свеченост што се одржа во „Ренова“ во Џепчиште (1.9.2014 година). Притоа, тој нагласи дека рударите што работат во рудниците се како бесценет човечки ресурс, па затоа должност на државата е да им обезбеди што подобри услови за работа. Во своето обраќање министерот Незири посочи дека годинешниот домаќин на манифестацијата, фабриката „Ренова“ во Џепчиште, со своето работење и резултатите кои ги постигнува претставува уште еден доказ за успешноста на концесионерите на минерални суровини. Имено, „Ренова“, покрај трите рудници за експлоатација на минерални суровини во Република Македонија, го прошири своето производство и во соседните земји, а производите од оваа фабрика се прочуени по својот квалитет дури и во земјите од Блискиот Исток. -Во земјата има и над 150 рудници што активно работат при што дел од нив се за експлоатација на металите олово, цинк, бакар, сребро и злато. Исто така, се поголем интерес има за експлоатација на украсните камења, како што се мермерот, гранитот, травертинот и ониксот, а вредни за споменување се минералните, термоминералните и термалните води кои се поатрактивни за инвестирање. – додаде Незири. На свеченоста, пред присутните се обрати и Николјачо Николов, претседател на Македонската асоцијација за рударство – МАР при Стопанската комора на Македонија. Тој нагласи дека во земјава во овој сектор има над 12.500 вработени и тоа во рударските компании и компаниите кои се дел од услугата на овој сектор. Се очекува во следниот период да се донесат два закони - за геологија и рударство, а во постапката на донесување се очекува да биде вклучена и Македонската асоцијација на рударството, односно да продолжи и натаму долгогодишната соработка на Министерството за економија и МАР. -Во последните години, се уште не е отворен нов рудник за експлоатација на метали од причина што за овој сектор, односно за поголем развој на рударството потребен е голем капитал, но и поддршка од сите структури во државата – порача Николов. Министерот Незири, на претседателот на Македонската асоцијација на рударството – МАР, Николајчо Николов, по повод успешната соработка со Министерството за економија, му врачи Благодарница, при што и двајцата се залагаат за нејзино уште поголемо продлабочување. Марија Петроска
БИЗНИС ИНФО
12
четврток, 04 септември 2014, Бр. 189
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Листа на 500 најголеми компании во централна Европа, на Deloitte
ОКТА ПОВТОРНО ЕДИНСТВЕНА ОД МАКЕДОНИЈА МЕЃУ НАЈГОЛЕМИТЕ
На листата на 500 најголеми компании во централна Европа, на Deloitte, од Македонија и годинава се најде само Рафинеријата Окта, која во рангирањето е на 404 место, според приходи и продажба реализирани во 2013 година. На врвот на листата и годинава нема промени, односно првите три позиции ги заземаа две компании од енергетскиот сектор, полски PKN Orlen и унгарски MOL, додека на третото место е чешка Skoda. Од регионот на листата Deloitte на оваа година се најдоа вкупно 42 компании од Србија, Хрватска, Македонија, Словенија и Босна и Херцеговина. Најдобра компанија во регионот, според оваа листа е хрватски „Агрокор“ на Ивица Тодориќ кој во 2013 година остварил вкупни приходи од продажба од 3,97 милијарди евра Најмногу претставници од регионот на оваа листа има Словенија или вкупно 16, по што следи Хрватска со 12, Србија со 10, БиХ со два, а Македонија со една компанија на листата. Вкупниот приход на сите 500 водечки компании во Централна Европа минатата година изнесувал вкупно 712 милијарди евра, што е пад за 0,4% споредено со претходната година. ( Deloitte)
ФИЛТЕРСКА ПОСТРОЈКА ВО ПОГОНОТ ЧЕЛИЧАРНИЦА ВО ФУНКЦИЈА ДО КРАЈОТ НА ОКТОМВРИ
„Макстил“ ќе ги исполни еколошките стандарди до крајниот рок
„Макстил“ очекува целосно да ги заокружи активностите за заштита на животната средина во договорените рокови. На компанијата и беше проголонгиран рокот за реализација на оперативниот систем до 31 октомври 2014 година. Сите активности за реализирање на новата филтерска постројка во погонот Челичарница се одвиваат според однапред предвидената динамика. Посочуваат дека со ставањето во функција на оваа постројка, во целост ќе бидат исполнети најстрогите европски норми за емисии во воздух. Според договорот со надлежните институции, производните активности по целата технолошка линија во текот на реализацијата на проектните активности се редуцирани на ниво од 30 проценти од инсталираните капацитетни можности, што значи дека и степенот на емисиите до конечното завршување на проектот ќе биде во значителна мерка ограничен. Носител на проектот е италијанската компанија СТГ, специјализирана за проектирање и изведба на вакви системи. Градежните работи ги изведува домашната градежна фирма „Бетон“, а изработката на челичните конструкции, на цевководниот систем и поголем дел од останатата опрема, заедно со комплетната монтажа, ги работи исто така домашната компанија „Факом“. (Макстил)
БИЗНИС ИНФО
„Жито Паста" ДООЕЛ увоз-извоз од с. Аргулица, општина Карбинци
СО ДОМАШНИОТ БРЕНД „ТЕСТЕНИНИ ГЛОРИЈА“ ЌЕ СЕ ОСВОЈУВА ПАЗАРОТ Компанијата „Жито Паста" ДООЕЛ увоз-извоз од с. Аргулица, општина Карбинци, основана е на 15.3.2014 година. Нејзина основна дејност е производство на макарони, њоки, кус-кус и слични производи од тесто. -По завршување на обемната анализа на пазарот во Република Македонија, донесовме заклучок дека повеќето тестенини кои се наоѓаат на нашиот пазар се од увоз и токму од тука се јави идејата за инвестирање во производствена полуавтоматска линија која е од познатиот и реномиран италијански бренд "ItalPast". По остварување на примарната цел, производство на квалитетна тестенина која ќе може да се носи со големата конкуренција на нашиот пазар, а сепак да биде ценовно прифатена од потрошувачите, „Жито Паста“ одлучи да инвестира во познатиот бренд „Тестенини ГЛОРИЈА". Овој производ кој подолго време не е присутен на домашниот пазар, сепак, оставил позитивна слика за квалитетна и вкусна тестенина, а тоа дава надеж дека компанијата ќе обезбеди што повеќе потрошувачи, – соопштуваат од „Жито Паста“.
БИЗНИС ИНФО
14
четврток, 04 септември 2014, Бр. 189
СВЕТСКИ ПЕЧАТ Фармерството во Холандија
ЕМ БЕЗ ЗЕМЈИШТЕ, ЕМ ПОМУДРИ
*Холандските фармери додаваат одржливост на нивната завидна продуктивност На самиот влез на фармата „Hoeve Rosa“, во јужната Холандска провинција на Лимбург, има знак кој предупредува дека може да наидете на машини кои не се управувани од луѓе. Оваа фарма ја водат роботи. Тие хранат 180 крави, го следат нивното здравје, ги чистат шталите и ги молзат во момент кога самите крави ќе посакаат. Фонс Керстен, сопственикот на ова место, само треба да внимава на неговиот телефон. Апликација му сигнализира кога некоја од кравите има потреба од човечко внимание. Откако ја наследи фармата, Керстен во 2008 година инвестираше 500.000 евра во машини, со што тој двојно го зголеми бројот на грлата, го зголеми приносот на млеко по крава за 10-15 % и го намали количеството на залудно фрлена храна. Фармерите кои се поткрепени со технологија, како Керстен и неговите роботи, го менуваат земјоделството во Холандија и во светот. Земјиштето и работната рака се скапи во северна Европа. За да бидат конкурентни, холандските научници и бизнисмени отсекогаш работеле заеднички за да се подобри продуктивноста и да се развијат приноси од голема вредност. Како резултат на тоа, семенскиот материјал за домати кој е третиран од „Инкотек“, вреди буквално двојно повеќе колку што тежи - во злато. Холандските крави сега даваат два пати повеќе млеко споредено со 1960 година. Резултатите покажуваат дека Холандија според вредноста на извозот на земјоделски производи е втора, само по Америка, земја која е 200 пати поголема од неа. Сега Холанѓаните сакаат да продадат не само нивна храна, туку и нивна експертиза на странските фармери кои се загрижени поради ограничените ресурси и контрола на квалитетот. Роботите на Керстен беа развиени од страна на „Lely“, холандска компанија која извезува во 70 земји. Во февруари Универзитетот „Вагенинген“, лоциран во срцето на долината на храната во земјата, го посла црвениот тепих за да и` посака добредојде на најголемата кинеска млекара „Yili“. Оцрнета од скандали во врска со храната за новороденчиња, кои ги префрлија нејзините потрошувачи во рацете на странските брендови, компанијата го избра „Вагенинген“ за нејзин европски центар за истражување и развој. Не е само безбедноста на храната тоа што ја продава. Потрошувачите се` повеќе се интересираат за тоа дали фармерите практикуваат производство со заштита на животната средина. Овде, холандските фарми имаа лоша репутација. Четвртина од земјата е под морското ниво. Земјиштето со исушување се претвори во монокултурно само за одгледување добиток. Холандија има едно од најниските нивоа на разновидност на живиот свет во Европа, исто како и земјите како Малта, остров кој во најголем дел е сочинет од карпи. Резултат што го „постигнуваа“ фармите кои стануваа се` поголеми и попродуктивни во 1970-тите, без строги ограничувања во врска со животната средина, беше деградација на почвата. Со лошото работење со прекривање на рамните полиња со органско ѓубриво (измет) и ѓубрива се контаминираа и полињата и водата. Многу работи се променија, вели Алберт Јан Маат, претседател на холандската Асоцијација на фармери. Нејзините членови сега настојуваат да имаат одржливо и интензивно земјоделство. Под притисок на Владата и на потрошувачите, со новата технологија и подобрените техники на фармерство се расчистуваат холандските фарми. Најновите штали се изградени на тој начин што изметот веднаш се отстранува со подземни подвижни ленти. Со 14 килограми по грло, годишната емисија на амонијак - мерка за тоа колку ефективно фармерите ракуваат со вишокот на отпад - Холандија е сега втора, веднаш после Данска и многу подобра од просекот на Европската унија од 25 килограми. Најновите машини кои се развиени во холандските лаборатории, се потпираат на камери со способност да вшмукуваат воздух и да им сигнализираат кои садници на домати имаат потреба од доза на пестициди, намалувајќи го употребувањето на пестицидите за најмалку 85%. Некои стакленици имаат соларни панели и се производители на енергија наместо потрошувачи: емисиите на јаглерод диоксид се намалени поради одличната изолација која води сметка за вишокот на топлина што може да се рециклира и да се складира за зимата со загревање на подземни води, или да ја претвори во енергија за соседните куќи. Преку 10% од електричната енергија во Холандија се произведува на овој начин. Во 2050 година населението во светот ќе се зголеми за една третина. Проценките на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации се дека емисиите на јаглерод диоксид од земјоделството до тогаш може да се зголемат за повеќе од 30%. Традиционалните начини на фармерство, како што се практикуваат во најголем дел од светот, се и скапи и штетни за животната средина, - вели Харалд вон Витзке од Универзитетот „Хумболдт“ во Берлин. Одржливото и интензивно производство на храна, сектор во кој Холанѓаните се во водство, вели тој, е „единствената патека кон напредокот“. (Економист)
Превод: Анета Окулиќ
четврток, 04 септември 2014, Бр. 189
БИЗНИС ИНФО
15
СВЕТСКИ ПЕЧАТ
КРИЗА И ОЧАЈ
Грција
*Отпуштање работници, банкроти, корупција - Грците со години слушаат за едни исти работи. Многумина не можат да го издржат притисокот. Бројот на самоубиства во земјата е висок како никогаш досега. Костас Диамантис тагува по својот пријател и колега. Стефанос си го одзел животот кога останал без работа. 49-годишникот извршил самоубиство од страв дека ќе заврши како питач. „Беше многу горд, толку горд што не гледаше друг излез. Не можеше да се соочи со тоа да го загуби достоинството како невработен“, вели Диамантис. Исто како Стефанос, во Грција дневно двајца до тројца си го одземаат животот, а 15 до 20 се обидуваат да се самоубијат. Попот Серафим раководи со малата атинска заедница Илуполис. Порано, вели, самоубијците не се закопувале на гробиштата. Самоубиството е грев во очите на црквата. Со оглед на големата криза, црквата отстапи од својот цврст став. Попот Серафим објаснува: „Денес самоубијците ги третираме како лица кои го загубиле разумот, како психички лабилни, како болни. Иако се‘ уште важат старите правила, црквата прави исклучок и луѓето ги закопуваме со љубов.“ Психолозите од атинскиот Универзитет „Пантеон“ ги истражуваат последиците од финансиската криза. Порано депресијата и самоубиствата биле многу ретки во грчкото општество. Во последните години, меѓутоа, бројот е значително зголемен - изнесува 12%, а и натаму расте. Лили Пепу, психолог од универзитетот „Пантеон“, вели: „Поради долготрајната финансиска криза и мерките на штедење во Грција, секој е соочен со висок ризик да стане депресивен. Секојдневно живееме со страв дека ќе потонеме уште подолу, дека може да биде уште полошо. Тоа создава атмосфера на беспомошност и безнадежност.“ Во 2012 се водеа вистински улични борби, денес Грците се очајни и немаат сила за револт. Никос Брисолакис секој ден вози по два часа за да ја негува сопругата во болница. Кога останала без работа Елени се обидела да се самоубие. Преживеала со тешки повреди. Никос, кој е во предвремена пензија, нон-стоп ја негува. Морал да плати медицински персонал, а за тоа неговата мала пензија не стигнува. На местото на несреќата, со солзи во очите, вели: „Овде беше, токму на ова место, овде падна и заврши на паркингот таму долу. Не можам да сфатам. На ова место заврши нашиот живот.“ Многумина Грци, исто како Никос, се чувствуваат оставени на цедило од страна на државата. Упатени се на приватни донации. Овде, кај Пиреј, хуманитарната организација „Лекари на светот“ има мала амбуланта со луѓе кои работат доброволно. Оној кој денес во Грција две години е без работа, го губи здравственото осигурување. Така е и со Јоргиа Донаи: „Не можам веќе здравствено да ја згрижам малечката и поради тоа имам лоша совест. Слушнав за оваа организација и сакам барем да ја вакцинирам. Тоа ми е многу важно.“ Во Грција стана тивко, луѓето се исцрпени. Времето на отпор и масовни протести мина. Само пред две години, во април 2012 година, на плоштадот Синтагма пред парламентот се водеа вистински улични борби. Повод беше едно самоубиство. Еден пензионер се самоуби среде плоштад од протест против мерките на штедење. Во прошталното писмо до својата ќерка тој напиша: „Сакам достоинствено да го завршам животот, не сакам да завршам како питач.“ Ќерката Еми Хрисула денес констатира: „Татко ми сакаше да пренесе порака дека човек мора да се спротивстави. Тој го искористи правото на отпор. Се застрела пред грчкиот парламент, затоа што сакаше да ги растресе луѓето, општеството кое и покрај неправдата која му се нанесува - не реагира.“ Тој во писмото ги повикува младите Грци на борба против владата и од сопругата и ќерката се збогува со љубов. Но, неговиот чин не стана сигнал на промени. Борбата за преживување им ја зема на луѓето силата за револт. Психолог од Лили Пепу оценува: „Луѓето ја загубија надежта. Финансиската криза во земјата почна во 2009 година. Веќе пет години ситуацијата секој ден станува се‘ полоша. Тоа не остава енергија за протести. Ние веќе не протестираме, бидејќи веруваме дека сето ова е судбина. Луѓето се толку очајни, што веќе не излегуваат од дома.“ Така кризата на луѓето им ја одзема цела животна сила - очајна Грција.
БИЗНИС ИНФО
16
четврток, 04 септември 2014, Бр. 189
СВЕТСКИ ПЕЧАТ МОМЕНТОТ НА ВИСТИНАТА ЗА ГРЦИЈА СЕ ОДЛОЖУВА Се си има свој крај, дури и програмата за помош за Грција. Но на земјата ќе и биде потребна помош и откако на крајот од 2014. ќе истече сегашната програма. Наскоро се навршуваат пет години откако презадолжената Грција ја турна европската монетарна унија во длабока криза. Потоа во насока на Атина истекоа полни 240 милијарди евра во кредити кои ги издвоија Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд. Освен тоа приватните инвеститори мораа да се откажат од 107 милијарди евра кои Грција никогаш нема да им ги врати. Сето тоа малку помогна. Владата во Атина денес ја притиска долг од 320 милијарди евра. Тоа одговара на вредост од 170 проценти од вкупниот Брутодомашен производ на грчката економија. Стапката на задолженост така е многу поголема отколку пред избувнувањето на кризата. Во оваа планина од долгови, примарниот суфуцит во грчкиот државен буџет од 1,5 милијарда евра изгледа како капка во море. „Во Грција се’ уште владее најголема стапка на невработеност во ЕУ. Имаме економија која уште од 2008. година се наоѓа во рецесија. Со слабиот примарен суфицит во буџетот мора да се отплаќаат камати и долгови. Тоа нема да функционира“, тврди Макс Оте, економист и менаџер на еден акциски фонд. На Грција не и е суден нов почеток И Јоахим Шајде од Институтот за светска економија со седиште во Кил верува дека по завршувањето на програмата за помош, Грција нема да биде во состојба самостојно да излезе на крај со планината од долгови. Тој се залага за дополнително простување на долговите на оваа земја, и тоа радикално: „Попрво мора да сметаме на простување на половина од долговите, отколку да зборуваме за само 10 или 20 проценти.“ Простувањето на долговите мора да го следат мерки како што се водење на солидна буџетска политика и реформи на структурна економија. За самите Грци тоа, за почеток, би било големо олеснување. „Тогаш би морале да се концентрираат на други проекти кои би имале за цел економски раст. Тоа навистина би можел да биде нов почеток“, тврди Шајде. Сепак, на Грците не им е суден нов почеток. „Веројатно се стравува дека тој пример би можел да поттикне некои други земји на слични идеи“, продолжува Шајде. Се’ во стил на прашањето: А што ќе ни се случи нам ако натрупаме долгови кои не можеме да ги платиме? Макс Оте има уште едно објаснување зошто долговите едноставно не можат да се отпишат: „Долговите се сопственост на банките и на големите финансиски фондови. Секако дека тие се спротиставуваат на тоа, а политиката нема сила тоа туку- така да го истурка.“ Лекот е во „скриено отпишување на долговите“? На крајот од краишата, земјите од еврозоната во пролета 2012. година им ветија на инвеститорите дека тогашното отпишување на долговите на Грција е еднократен потег кој нема да се повтори. Во меѓувреме половина од грчките државни обврзници се наоѓаат во рацете на јавно-правните институции во државите од ЕУ. Поради тоа има малку смисол расправата за ново отпишување на долгови без учество на државите од ЕУ и на Европската централна банка. Како што владите на земјите донатори не можат да си дозволат нивните избирачи да им префрлаат дека парите ги фрлаат во буре без дно, така нема да биде едноставно да се „спакува“ трет пакет помош за Грција. „Смислена е нова стратегија која подразбира дека во сето ова повеќе нема се вовлекуваат директно и даночните обврзници“, наведува Шајде. Новата стратегија гласи: намалување на каматите и продолжување на рокот за исплата на постоечките кредити. Експертите тоа го нарекуваат „скриено отпишување на долговите“. Овие мерки се веќе применети неколку пати, така што има малку простор за дополнително намалување на каматите или одложување на плаќањето. Просечниот кредит за Грција веќе сега има рок на исплата од 32 години. Со други зборови: тешко дека некој политичар кој е денес на функција навистина ќе доживее исплата на тие кредити, чии рокови за плаќање, теоретски гледано, можат да траат до недоглед. „Политичката реалност е таква што во случај да е потребна помош, се прави се за да се најде такво ‘решение’ кое само ја продолжува постоечката состојба“, вели Макс Оте. Јоахим Шајде изнесува појаснување кое не е толку дипломатско: „Моментот на вистината за Грција само се поместува понатаму во иднина“. („Дојче веле“)
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Osnovana 1922
Founded 1922
БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија
Уписите се во тек!
18
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 септември 2014, Бр. 189
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Семинар: „УПАТСТВОТО ЗА НАЧИНОТ И ТЕХНИКАТА НА ПОСТАПУВАЊЕ СО АРХИВСКИОТИ ДОКУМЕНТАРНИОТ МАТЕРИЈАЛ ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО И АРХИВСКОТО РАБОТЕЊЕ - ОСНОВА ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ И УРЕДБАТА ЗА КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ” 5.9.2014 година (петок) 9:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
И овој семинар, како и сите други претходни семинари кои претходно ја презентираа новата современа правна рамка за уредување на прашањата за канцелариското и архивското работење, на учесниците ќе им овозможи непосредно да ги елаборираат, разгледаат, коментираат и дискутираат овие прашања. Предавачи 1. М-р Љупчо Фармакоски, дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, а магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, отсек: Менаџмент на човечки ресурси. 2. Д-р Зоран Алексов, раководител на сектор во Државниот архив на Република Македонија. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: • работен материјал; • ручeк и освежување; • сертификат за присуство на семинарот. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
четврток, 04 септември 2014, Бр. 189
БИЗНИС ИНФО
19
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 10 до 15 септември .2014 година ве покануваме да го посетите познатиот Меѓународен саем за занаетчиство и мали бизниси во Република Словенија
“МОС 2014” ВО ЦЕЉЕ
*Обезбедени бесплатни влезници и бесплатен штанд за промотивен материјал компании/посетители на саемот
на македонските
МОС со години прерасна во деловен веленастан и не го покрива само занаетчиското претприемништво, туку и целокупното стопанство. Станува збор заеден од најголемите саеми во Словенија на кој се претставуваат повеќе од 1700 излагачи од повеќе од 30 земји на 65 илјади метри квадратни изложбена површина.Секоја година го посетуваат околу 300.000 посетители од Словенија и странство. На годинешната саемскамани фетстација ќe земат учество изложувачи од преку 30 земји од Европа и светот од следниве стопански гранки: -Деловни услуги и сервиси (ИТК индустрија,телекомуникации, банкарски сектор итн -Опрема за дрвна и метална индустрија - Мебел -Градежни материјали - Обнивливи извори на енергија -Прехрамбена индустрија - Бела техника -Туризам - Текстил и облека - Автомото индустрија и др. Трошоците за превоз и сместување се на товар на компаниите/ посетители на саемот и се во зависност од бројот на пријавените посетители. Во рамките на одржување на Саемо тпредвидено е и одржување Б2Б средби меѓу заинтересираните компании – директно on-line аплицирањена следниов линк (www.b2match.eu/slovenia2014/contact).
Контакт: Јадранка Аризанковска Тел: ++ 389 2 3244038 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: jadranka@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
20
четврток, 04 септември 2014, Бр. 189
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 12.09.2014 година (петок) Семинар: “ПРАВАТА НА 10:00-16:00 часот на Македонија, ДАНОЧНИОТ ОБВРЗНИК, ПОИМ Стопанскасалакомора 1 на 5-ти кат И СОДРЖИНА НА ДАНОЧНОПРАВЕН ОДНОС ПРИ ВРШЕЊЕ НА КОНТРОЛАТА, ДАНОЧЕН НАДЗОР, ДАНОЧНИОТ ПРЕКРШОК И НЕГОВОТО ОДМЕРУВАЊЕ ВО ДАНОЧНАТА ПОСТАПКА И ВО УПРАВНАТА ПОСТАПКА” ПРОГРАМА I. ЗАКОН ЗА ДАНОЧНА ПОСТАПКА II. ДАНОЧНА ПОСТАПКА, ДАНОЧЕН ДОЛГ III. ЗАКОН ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИ ПЛАЌАЊА IV. ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА Предавачи: 1. Доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, - Лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгата „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија”; автор на книгата „Ерозија на јавните финансии“. 2. М-р Едита Насковска, судија во Управен суд на Република Македонија. Интересна група за семинарот се директорите/раководителите на финансиско-сметководствените сектори во компаниите, вработените во компаниите задолжени за финансиско работење и други заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на советувањето.
Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 9 септември 2014 година.
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот.
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
четврток, 04 септември 2014, Бр. 189
БИЗНИС ИНФО
21
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Саем за автомобилската индустрија во Германија * Од 16 до 20 септември 2014 година во Франкфурт „Automechanika Frankfurt 2014“ е еден од најпознатите и најголеми меѓунардони настани од областа на автомобилството, автомобилските делови, услуги, сервисни станици, автомобилски резервни делови, додатоци и автомобилска електроника и др.. Компаниите од Република Македонија преку учество на Саемот ќе имаат можност да обезбедат поголем извоз и соработка со деловни партнери од Европа и пошироко. Организаторот, на македонските компании им нуди можност за: Учество како излагачи на штанд од минимум 9 м2, по цена од 2800 евра (со вклучен ДДВ) во зависност од местоположбата и отвореноста на штандот. Во цената е вклучено и објавување на податоците за фирмата во каталог на изложувачи, прикажување на веб-страната на Саемот, прикажување на посебен деловен портал, вклучување во Компас системот кој овозможува побрзо пронаоѓање на фирмата, како и претставување во АПП-каталогот за мобилни телефони кој го користат голем број посетители на Саемот (во прилог: предлог-брошура); • учество како посетители на Саемот, за што организаторот нуди: • влезници за Саемот по цена од 26 евра за ден или 47 евра за сите денови, доколку се обезбеди преку организаторот. Цената е 30% пониска од цената на билетите на самиот Саем; • можност за директни контакти со фирми (деловни средби), со посредство на организаторот. Посетителот ги покрива патните трошоци, трошоците за сместување, како и организационите трошоци кон Комората за учество како посетител, (2.950,00 денари со вклучен ДДВ по лице за членки на Комората, а 5.900,00 денари со вклучен ДДВ по лице за не-членки на Комората). Стопанската комора на Македонија во соработка со Саемот од Франкфурт, посредува во обезбедување хотелско сместување и авионски резервации. На Саемот, којшто го посетуваат повеќе од 150.000 лица од над 120 земји, ќе бидат изложени разни видови производи од автомобилската индустрија. Делови и компоненти: Погонски механизам, шасијата, стандардни делови, внатрешни работи, алтернатива на оригиналната опрема на возни единици, галантерија за полнење, регенерирање, реставрирани и обновени делови за автомобили и комерцијални возила, делови и услуги за возила, возила за гроздобер, институции од индустријата и издавачи. Електроника и системи: Електроника на моторот, осветлување на возилото, електричен систем, системи за помош на возачот, безбедност на возилото, удобност на електроника,
„AUTOMECHANIKA FRANKFURT 2014“ институции од индустријата и издавачи. Додатоци и подесување: Општи додатоци за моторни возила, подесување, системи на перформанси, подобрување на дизајн, имиџ, специјални возила, опрема и модификации, алтернативни единици за возење, гуми, системи за контрола на притисокот, приколки за автомобили и мали реклами, резервни и помошни делови за приколки, институции од индустријата и издавачи.
Поправка и одржување: Гаражна опрема и алат, репарирање и поправки, заштита на бојата од корозија, возила за лесна и тешка категорија, комунални возила, нови возила, приколки, влечна служба, возила за брза помош, мобилни услуги, возила за отстранување на отпад, опрема за посредничка агенција, основна обука и обука пред користење, реставрација и одржување на автомобили за гроздобер, институции од индустријата и издавачи. ИТ и управување: Посреднички агенции за планирање и градежништво, финансии, концепт на франшиза, патентно барање за управување и контрола, дилер на системи за управување, маркетинг агенции, интернет сервис провајдери, кластерски иницијативи, концепт на мобилност, институции од индустријата и издавачи. Сервис и миење на автомобили: полнење гориво, перење и одржување, масла и мазива, инфраструктура за патарини, институции од индустријата и издавачи.
Контакт: Војкан Николовски Тел: ++ 389 2 3244068 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vojkan@mchamber.mk Контакт: Снежана Камиловска Тел: ++ 389 2 3244061 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: snezana@mchamber.mk
22
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 септември 2014, Бр. 189
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„CONSTRUCT HOME 2014“ ВО КИШИЊЕВ Изложбената програма на Саемот вклучува: Опрема за уредување на домот: • санитарна опрема; • системи за греење, котли и грејачи на вода; • системи за водоснабдување и санитарни системи; • клима; • систем „паметен дом”; • автоматски системи за контрола. Удобност: • проекти на индивидуално домување; • внатрешен и надворешен дизајн; • завршни материјали: керамички плочки, подни облоги, бои и лакови, ролетни; • осветлување: светилки, рефлектори; • опрема за бањи; • декоративен текстил; • тенди; • шахти и додатоци; • елементи за внатрешни работи; • дрвени куќи (фински и канадски); • сауни, базени и додатоци; • печки и скари за во градина; • просторно планирање и пејзажно уредување Безбедност: • брави и додатоци; • прозорци, врати, гаражни врати, раздели индустриски врати, ролери, ролетни; • автоматски и далечински контролирани врати; • комуникациски технологии; • скали и огради; • огноотпорни материјали; • осигурување. Ефикасност: • финансиски услуги, кредити; • системи за прочистување на водата; • обновливи извори на енергија; • технологии и материјали за ниска потрошувачка на енергија; • обложувања, заштитни материјали; • прекривки, материјали за хидро и топлинска изолација.
Контакт: Марија Петроска Тел: ++ 389 2 3244017 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija@mchamber.mk
Од 17 до 21 септември 2014 година, Меѓународен саем за архитектонски дизајн, градежни материјали, технологии и опрема за модерни домови во Молдавија
Во соработка со организаторот „IEC MOLDEXPO“, Стопанската комора на Македонија може да организира претставување на Вашата компанија како изложувач на Саемот. Саемот на учесниците како изложувачи им ги нуди следните услови: • надоместок за котизација - 130 евра (вклучува натпис во официјалниот каталог на Саемот - до 300 карактери, црнобело лого на компанијата), основни податоци на компанијата на интернет-порталот www.allexpo.md, рекламна кампања на Саемот и друго; • опремен затворен простор (стандардна кабина) - 120 евра/за метар квадратен; (стандард OCTANORM кабина (9 квадратни метри) вклучува: изложбен простор, монтажа / демонтажа на кабина, табла со натпис, 1 закачалка, 1 приклучок, 1 маса, 2 столици, 1 корпа за отпадоци, 1 светлосно тело на секои 4 квадратни метри, подна покривка, чистење, целокупно осветлување и општа безбедност на павилјонот; • неопремен затворен простор по 110 евра / за метар квадратен (вклучува: изложбен простор, подна покривка, целокупно осветлување, чистење и општа безбедност на павилјонот); • отворен изложбен простор - 50 евра / за метар квадратен (вклучува: изложбен простор, табла со натпис, чистење и ноќно обезбедување). За учесниците и за посетителите на Саемот, Стопанската комора на Македонија во соработка со организаторот може да обезбеди и хотелско сместување, согласно понудата во прилог на оваа покана. Заинтересираните учесници и посетители самостојно го организираат патувањето до Кишињев. Посетителот и учесникот ги покрива и административните трошоци кон организаторот - Комората (1.500 денари за членки по лице, а 3.000 денари за нечленки на Комората по лице). Повеќе информации за оваа позната саемска манифестација може да се најдат на следниов веб-порталот: http://en.construct-home.moldexpo.md/
Контакт: Татјана Штерјова Тел: ++ 389 2 3244065 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: tatjana@mchamber.mk
четврток, 04 септември 2014, Бр. 189
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 18 до 20 септември 2014 година два меѓународни саеми во Р. Турција
„EURASIA PACKAGING 2014 ISTANBUL“ и „ISTANBUL FOOD-TECH 2014“
Во делот на машини за пакување посетителите ќе можат да видат: системи за автоматизација, баркодови машини, компресори, транспортни ленти и системи, машини за пополнување, флексо машини за печатење, машини за пакување храна, машини за печатење, инџект системи, ласерски систем за сечење, регулатори апарати, машини за режење, вакуум пумпи и др. Во делот на пакување на производи се очекува да се понудат: алумински плочи, ремени, касети, индустриски миксери, индустриски роботи, картони, хемикалии за пакување, пластични филмови, фолии, пластични суровини, мастила за печатење, смоли, текстилни производи, метални суровини и др. Во делот на системи за пакување ќе има: тесни кутии, алуминиум пакување, капсули, картони за пакување, каси, флексибилни пакувања, стаклени пакувања, херметичко пакување, тегли, етикети, метално пакување, цврсти пластични амбалажи, резервоари, дрвени пакувања и др. На саемските манифестации ќе се понудат и консултатски услуги, лаборатории, системски софтвер и софтвер апликации и др. Во делот на технологија на храна посетителите ќе можат да се запознаат со: технологија за пијалоци, технологија за преработка на овошје, филтрација, цевки, пумпи, вентили, машини за кафе и чај, автомати за пијалоци, машини за мраз, технологија за млеко и млечни производи, опрема за молзење, опрема за собирање на млеко, пастеризација на млеко, системи за ладење на млеко, резервоари за млеко и др. Во делот на технологија за месо ќе има: производи од риба, месо и живина, машини и системи за кланица, сечење и опрема за замрзнато месо, машини за обработка на месо, машини за мелење на месо, преси, колички и др. Во делот на технологија за кондиторски производи и пекара: рерни за печење, помошма опрема, ладење, вентилација, системи за ладење, фрижидери за длабоко замрзнување, прехрамбени адитиви, ароми, зачини, засладувачи, витамини и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемските манифестации од 18-20.9.2014, со автобуски превоз. Посетителите може превозот да го организираат во сопствена режија (авион или возило).
Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно, како и трансфери од хотел до саем) и бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон : - саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз – се плаќа само 45 евра); - како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Напомена: Под наведените услови саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Не е дозволена посета на малолетни деца и лица што не се вработени во Компанијата. За повеќе информации за EURASIA PACKAGING 2014 ISTANBUL -посетете ја веб страната http://www.packagingfair.com/ или контактирајте не. Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 zorica@mchamber.mk
Васко Ристовски Тел: ++ 389 2 3244014 Факс:++ 389 2 3244088 vasko@mchamber.mk
24
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 септември 2014, Бр. 189
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„MARMOMACC 2014“ ВО ВЕРОНА Marmomacc 2014 нуди комбинација на саемско изложување и професионални посети на саемот, контакти и пристап на странски пазари, посетеност од страна на бројни и квалификувани делегации на меѓународни купувачи, презентација на студии, истражувања, конвенции и деловни иницијативи кои го анализираат пазарот на мермер, што го прави Marmomacc најважниот настан во 2014 година посветен на компаниите од мермерниот сектор. Marmomacc се организира на изложбен простор од 73.889 м2, на кој во минатата година учествуваа 1.425 изложувачи од целиот свет, и повеќе од 56.000 посетители од 143 земји од светот. Саем за мермер – изложбена програма: • Машини и технологии за мермер и гранит • Продажбата на мермер технологии и машини • Изнајмување на мермер Машини за обработка на природен камен за обработка на потрошен материјал • Производители на мермерни материјали • Продажбата на мермер, природен камен и агломерација • Недвижен имот компании • истражувачки институти и универзитети се вклучени во мермер сектор • Професионалци , консултанти, дизајнери и даватели на услуги За посетителите на Саемот, Стопанската комора на Македонија во соработка со организаторот обезбедува: • Хотелско сместување за едно лице од компанија во хотел**** во еднокреветна соба со пристигнување на 23.09.2014 година и одјавување на 26.09.2014 година. (доколку повеќе лица од иста компанија се заинтересирани за учество на саемот, вториот учесник сам ги доплаќа трошоците за сместување и храна) • Ручек и вечера во деновите на престој; • Свечена вечера за сите делегации на саемот; • ВИП влезници за саемската манифестација и можност за користење на ВИП просториите на саемот; • Трансфер од хотелот до саемот; Во рамките на саемот, посетителите можат да закажат и директни деловни средби со претставниците на компании-излагачи на саемот (12-15 B2B состаноци), кои може да се закажат директно на страницата на саемот – www.marmomacc.com (службениот јазик на состаноците ќе биде англиски).
Контакт: Марија Петроска Тел: ++ 389 2 3244017 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija@mchamber.mk
Од 24 до 27 септември 2014 година, Меѓународен саем за мермер, машини за обработка на камен во градежништво, дизајн и технологија во Италија Трошоците за пат ги покриваат посетителите самостојно. Патувањето учесниците можат да го организираат самостојно ( сопственост превоз или можност за авионски превоз Скопје-Рим-Верона преку Alitalia). Доколку постои заинтересираност од учесниците, Стопанската комора на Македонија може да организира автобуски превоз Скопје-Верона-Скопје (цената на превозот ќе зависи од бројот на пријавените учесници – истите би изнесувале приближно 10.500 денари ако се пријават минимум 15 учесници, или 9.000 денари ако се пријават најмалку 30 учесници).
Посетителот ги покрива и административните трошоци кон организаторот - Комората (1.500 денари за членки по лице, а 3.000 денари за нечленки на Комората по лице). Повеќе информации за оваа позната богата саемска манифестација може да се најдат на следниов веб-портал: http://www.marmomacc.com/en Доколку сте заинтересирани за учество на оваа саемска манифестација, Ве молиме пополнете го Пријавниот лист за посета на Саемот, кој е даден во прилог, и истовремено пополнете ја електронската пријава на следниот линк http://hub.veronafiere.it/en/ buyersClub/registrazione/faircode/MDM14/ (при пополнувањето на пријавата, Ве молиме внимавајте на посочените датуми за пријавување и одјавување од хотелот – IN:23.09.2014, OUT: 26.09.2014). Напомена: за посета на саемот можат да се пријават само компании чија дејност е поврзана со програмата на саемот, при што Вашата електронска пријава ќе треба да биде дополнително одобрена од страна на организаторот на саемот.
Контакт: Татјана Штерјова Тел: ++ 389 2 3244065 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: tatjana@mchamber.mk
четврток, 04 септември 2014, Бр. 189
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 18 до 20 октомври 2014 година во хотелот „Ака Антедон“ во Анталија, Република Турција
МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕКОНОМИЈА
Здружението за економија наТурција со објават во зборник на трудови. задоволство ја најавува 4. Меѓународна конференција Во рамките на Конференцијата ќе се за економија, што ќе се одржи од 18 до 20 октомври 2014 година во хотелот „Ака Антедон“ - Анталија организираи посета на историските места во регионот на Средоземното Море по достапни цени. (http://www.akkaantedon.com). Повеќе информации во врска со регистрацијата, Насловот на главната тема на резервациите, можностите за превоз и посетите на Конференцијата,која е поддржана од Меѓународното историски места можете да најдете на http://teaconздружение за економија е „Стабилности развој gress.org. на глобално ниво и состојбите во економијата“. Конференцијата, се очекува да создаде основа за Контакт: Çiğdem Akkaya дискусии меѓу економисти од целиот свет во рамките E-mail : tektrtr@gmail.com на организирани интерактивни седници. Повеќе Tel : + 90 312 468 2589 (DuringOffice Hours) информации за говорниците и за седниците можете Faks : + 90 312 468 2599 да најдете на http://teacongress.org. Контакт: Софче Јовановска Изборот на трудови кои се испраќаат за Тел: ++ 389 2 3244060 Факс:++ 389 2 3244088 презентација на Меѓународната конференција Контакт Центар : (02) 15015 за економија ќе се врши врз основана резимеата E-адреса: sofce@mchamприкачени на официјалната веб-страница за ber.mk таа намена, http://teacongress.org. Комисијата за организациско-научни работи ќе ги разгледува резимета од сите полиња на економијата. Избраните трудови што ќе се презентираат на Меѓународната конференција ќе бидат објавени во „Економи-тек“ http://ekonomitek.org, публикација на Здружението за економија на Турција. Покрај тоа, одредени трудови кои нема да бидат објавени во „Економи-тек“ ќе се
26
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 септември 2014, Бр. 189
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„СИАЛ 2014“ ВО ПАРИЗ
Од 19 до 23 октомври 2014 година Меѓународен саем за храна во Франција
Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија организира посета на најголемиот светски Саем за храна „СИАЛ 2014“, што оваа година ќе се одржи од 19 - 23 октомври во Париз, Франција. Во 2013 година на Саемот изложувале над 5890 изложувачи од 100 земји, а го посетиле над 150.000 посетители од 200 земји. Оваа година Саемот е посветен на прехранбената индустрија, трговијата на мало со храна и на услугите на комерцијалните угостители. На Саемот ќе се сретнете со производители и трговци на прехранбени производи, услуги со храна, вински професионалци, со продавачи и купувачи од целиот свет. Саемот е чекор напред во иновациите во производството, услугите, готварството и трговијата со храна и вино! Саемот „СИАЛ“ овозможува пристап до глобалната понуда на храна, трендовите и иновациите. Тоа е крстопат меѓу купувачите и добавувачите, место за контакти и донесување одлуки, одлична можност да најдете нови добавувачи, купувачи и партнери, со нови производи од сите делови на светот, со цел да ја одржите конкурентската предност на пазарот и да привлечете нови клиенти. Особено се застапени секторите: производи и опрема за угостителски услуги, кујна и кулинарство, вино и прехрамбена индустрија. Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија посредува во обезбедувањето хотелско сместување и авионски резервации (поаѓање на 19.10.2014 година, враќање на 22.10.2014 година). Здружението на трговијата може да договара и средби со компании и од Бразил, учесници на Саемот. Посетителот ги покрива патните трошоци, трошоците за сместување, влезници за Саемот, како и организационите трошоци кон Комората за учество како посетител (2.950,00 денари со вклучен ДДВ по лице за членки на Комората, а 5.900,00 денари со вклучен ДДВ по лице за нечленки на Комората).
Пријавување до 10 септември 2014 година. Контакт: Лазо Ангелевски laze@mchamber.mk Тел. 32 44 090
четврток, 04 септември 2014, Бр. 189
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 4-ти до 6-ти декември 2014 година, Меѓународен Саем за пластика во Република Турција
ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ – ОБУКА СО СТУДИСКО ПАТУВАЊЕ ВО ВИЕНА
Во соработка со WIFI Институтот при Сојузот на За повеќе информации слободно контактирајте не: комори на Австрија, Стопанската комора на Македонија преку својот Бизнис центар за тренинг и обука организира Симона Ристоска тренинг програма на тема: “Жени претприемачи” Борис Тримчев 02 32 44 067 Програмата се состои од два дела, односно од 072 207 091 теоретска обука со предавач од WIFI Институтот која се simona@mchamber.mk одржува во Скопје, а вториот дел е студиско патување во boris@mchamber.mk Сојузот на комори во Виена. Искористете ја можноста за интернационален know - how трансфер и учете од најдобрите во Европа! Станува збор за субвенционирана програма по достапна цена. Програмата трае 9 дена, од кои 6 тренинг дена во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје (Модул 1 и 2) и 3 дена во Виена, Австрија за Модул 3 и B2B средби. Средбите се организираат во зависност од Вашиот интерес и индустријата во која дејствувате. Престојот, семинарите и посетите се во организација на WIFI AUSTRIA. Сместувањето е во хотел, по двајца учесници во двокреветна соба.* *Повеќе информации за самиот хотел во најкус можен рок по формирањето на групата. Курсот започнува на 20 октомври 2014 година. Краен рок за пријавување 20 септември 2014 година. Распоред на одржување на модулите: Модул 1: Од 20.10.2014 до 22.10.2014 година Модул 2: Од 10.11.2014 до 12.11.2014 година Посетата во Виена, Австрија ќе се одржи во периодот декември 2014 – јануари 2015 година, по завршување на Модул 1 и 2 и полагање на тестот.
БИЗНИС ИНФО
28
четврток, 04 септември 2014, Бр. 189
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„МЕДИКА 2014“ ВО ДИЗЕЛДОРФ
Од 12 до 14 ноември 2014 година Меѓународен саем за медицина во Германија
Во 2013 година овој саем имаше над 4600 учесници од кои 3600 од 66 земји. Во рамките на глобалниот настан број 1 во секторот на медицина, се организира бесплатен меѓународен брокерски, посреднички настан за сите субјекти што имаат интерес за средби за соработка со другите учесници на саемот. Цел на настанот е да им се помогне на претпријатијата, унуверзитетите и истражувачките институции во пронаоѓањето на партнери во Европа за развој на продукти и услуги и лиценцни договори, заеднички вложувања и на други форми на соработка. Меѓународниот брокерски настан од областа на здравството има 15 годишна традиција. Во 2013 година имаше 240 учесници од 25 земји и се одржаа повеќе од 800 состаноци. Зошто да се учествува? • Да го употребите настанот за иницијатива за нов бизнис • Да се сретните со понудувачи на иновативна технологија од Европа и пошироко • Да воспоставите контакт со потенцијални партнери за идна соработка Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија во соработка со Саемот од Диселдорф, посредува во обезбедување хотелско сместување и авионски резервации . Посетителот ги покрива патните трошоци, трошоците за сместување, влезници за саемот, како и организационите трошоци кон Комората за учество како посетител (2.950,00 денари со вклучен ДДВ по лице за членки на Комората, а 5.900,00 денари со вклучен ДДВ по лице за не-членки на Комората).
Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
четврток, 04 септември 2014, Бр. 189
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 4-ти до 6-ти декември 2014 година, Меѓународен Саем за пластика во Република Турција
„PLAST EURASIA ISTANBUL 2014“
2014
4 - 6.12.2014
Станува збор за еден од поголемите специјализирани Саемот може да го посетат само двaјца меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на кои посетители од една кoмпанија. ќе учествуваат реномирани странски и турски компании од индустријата на пластика. Обезбедени се: Стопанската комора на Македонија, во соработка со - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок „Адонис – Tüyap“, Ве поканува да ја посетите оваа саемска (во реномиран хотел со 4 или 5 звезди) манифестација. - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно, како и трансфери од хотел до саем) и На саемот посетителите ќе можат да видат: - бесплатни влезници за Саемот. -Машини за пластика,пластични фолии, жици, Посетителот ги покрива патните и гуми, пластични профили, гранулатор, машини за флексо административните трошоци кон печатење - саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со -Хемикалии и суровини за пластика, боја, ПВЦ автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз се плаќа додатоци, гума, полимери, ПВЦ соединенија, мастила за само 45 евра); печатење, полиетилен, пигменти, растворувачи - како и организационите трошоци кон Комората -Редуктори, роботски системи, магнет, четка машина (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за за производство нечленки на Комората). -Топлина и контрола на опрема, отпорници, сензори, индикатори, полимер, прецизни скали, статична опрема Пријавување до 25.11.2014 година. -Хидраулика и пневматика, хидраулични цилиндри, пумпи, рециклирање, машини за дробење на пластика, За повеќе информации за PLAST EURASIA ISTANBUL неподвижни системи, софтвер, миксер, кодирање и 2014 посетете ја веб страната http://www.plasteurasia.com брендирање или контактирајте не`. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 4-6.12.2014 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија (авион или возило).
Контакт: Зорица Мешкова Тел: + 389 2 3244019 Факс:+ 389 2 3244088 E-адреса: zorica@mchamber.mk
30
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 септември 2014, Бр. 189
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА
Компанија од Шпанија бара дистрибутер во производство, дизајнирање и изработка на разни Република Македонија за плaсман на безбедносни видови алатки. Валидност дo: 12.10.2014 година каси/сефови. Валидност дo: 9.10.2014 година Компанија од Индија бара дистрибутер во Компанија од НР Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на автоматски и Република Македонија за пласман на лимунска полуавтоматски машини за полнење и пакување. киселина, натриум бензонат и каустична сода во Валидност дo: 12.10.2014 година лушпи и топчиња. Компанија од НР Кина бара дистрибутер во Валидност дo: 9.10.2014 година Република Македонија за пласман на патнички Компанија од НР Кина бара дистрибутер во торби и ранци за патување. Република Македонија на мерни инструменти Валидност дo: 12.10.2014 година наменети за индустријата. Компанија од Грција бара дистрибутер во Валидност дo: 9.10.2014 година Република Mакедонија за пласман на прехранбени Компанија од Босна и Херцеговина нуди топлотни производи, кафе, шеќер, дехидрирано овошје и котли на палети, TK и TKV топловодни котли, како лешници, зрнести производи, како и конзервирана храна. Планираат да основаат компанија во РМ и комбинирани бојлери. за трговија со истите производи, како и извоз на Валидност дo: 9.10.2014 година македонски производи во Грција. Германска компанија бара соработка со Валидност дo: 12.10.2014 година македонски компании во областа на машинската индустрија, нудат услуги во процесот на Компанија од Литванија заинтересирана е да
четврток, 04 септември 2014, Бр. 189
БИЗНИС ИНФО
31
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА пласира биохумус во Република Македонија. Валидност дo: 13.10.2014 година
неоргански производи. Валидност дo: 14.10.2014 година
Компанија од Бугарија заинтересирана е да пласира сливи и друго органско овошје во Република Македонија. Валидност дo: 13.10.2014 година
Компанија од Германија заинтересирана е за соработка во областа на медицинска ИТ-технологија во Република Македонија. Валидност дo: 14.10.2014 година
Компанија од Грција бара дистрибутер за пласман на керамички плочки, керамички гранит, лепаци и фуги, опрема за бањи, мебел за кујни и домаќинства во Република Македонија. Валидност дo: 13.10.2014 година
Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман врати за домови и канцеларии, рамки од дрво за прозорци за застаклување, градежни производи, дрвени палети за греење и мебел од дрво. Валидност дo: 14.10.2014 година
Компанија од НР Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на ЕКГ, монитори, ултразвук, уреди за инфузија, дефибрилатори, инструменти за ветеринарна медицина и секаков вид на дополнителна опрема за овие уреди. Валидност дo: 14.10.2014 година
Хрватска компанија бара соработка со депониите во Република Македонија за пласман на возила за собирање отпад и одржување на депониите. Валидност дo: 15.10.2014 година
Компанија од Грција бара соработка со македонски производители на етикети за стаклена амбалажа. Компанија од Шпанија заинтересирана е да Валидност дo: 15.10.2014 година пласира мермер и природни камења во Република Македонија. Контакт: Валидност дo: 14.10.2014 година Мирјана Коцева Компанија од НР Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на хемиски органски и
Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk
www.mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088