БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
Quality Management
СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642
bsi.
ISO 9001
Quality Management
years 5
192
FS 549642
2 - 201
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
Број 226
www.mchamber.mk
04.6.2015
Советот на странски инвеститори и Машинскиот факултет во Скопје во заедничка мисија
СОРАБОТКА ЗА СОЗДАВАЊЕ КАДАР ПО МЕРКА НА СТОПАНСТВОТО
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
Semejna kompanija
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
БИЗНИС ИНФО
3
ПОДВЛЕЧЕНО
„ИНТЕРНЕТ НА НЕШТАТА“ ВО ИДНИНА ЌЕ ВЛИЈАЕ НА РАЗВОЈОТ НА СИТЕ АСПЕКТИ НА МОДЕРНОТО ЖИВЕЕЊЕ Како логична еволуција на интернетот и комуникациите, феноменот „Интернет на нештата“ („ИоТ“) е од исклучително значење и во иднина ќе влијае на развојот на сите аспекти на модерното живеење. Овој глобален концепт се базира на идејата сите уреди да станат достапни за менаџирање и контрола, а ризиците на многу домаќинства и бизниси ќе се сведат на минимум. Ова се нешта кои се чинат технолошки далеку, но и деловните и приватните корисници во Македонија брзо ја прифаќаат оваа идеја поради големите придобивки што со себе ги носи.„ИоТ“- апликациите се нудат веќе некое време на нашиот пазар, а ние се трудиме и натаму да развивме апликации и производи за нови, подобри „ИоТ“- решенија, како Флит- менаџмент, Смарт-вајн и други. Македонски телеком континуирано поттикнува иновации во својата индустрија со цел да им го збогати деловниот и приватниот живот на своите корисници. Ние веруваме во иновативноста на македонските компании. Препознаени сме во „Дојче Телеком“ како една од компаниите во која иновативноста е на највисоко ниво. Континуирано се обидуваме да креираме производи и услуги во телекомуникацискиот сегмент кои ќе им овозможат на нашите корисници дополнителна вредност и надвор од доменот на телекомуникациите. Нашата заложба е Македонија да стане дестинација за развивање на иновативни производи и услуги, а „Македонски телеком“ како обезбедувач на услуги е во можност да го поддржи нивниот развој и да им помогне да направат исчекор и кон други пазари. Така развивачите ќе можат да ги измерат силите на европска сцена и да постигнат меѓународен успех, а убедени сме дека тоа ќе биде една од причините талентираните млади луѓе да добијат можност да работат на креативни проекти со потенцијал да извршат регионално, па и глобално влијание. (Манче Трендафилов, директор на секторот за маркетинг за деловни корисници на „Македонски телеком“ во „Утрински весник“)
ПАРИТЕ ОД ДИЈАСПОРАТА И ЗА ИНВЕСТИЦИИ, А НЕ САМО ВО ПОТОШУВАЧКА Дијаспората во Македонија праќа значителен износ на финансиски средства. Луѓето ги користат овие пари за да ги плаќаат секојдневните трошоци или за да заштедат. Но според истражувањата на одредени финансиски институции, само мал дел од овие пари е наменет за инвестиции. Ова ни покажува дека парите од дијаспората ја поддржуваат економијата на Македонија и дека, од друга страна, има потенцијал за тие пари да бидат инвестирани. Во Македонија не постои традиција на големи капитални инвестиции што доаѓаат од дијаспората, како што е случај со други земји. Инвестирањето бара време, финансиска експертиза, инфраструктура и други важни предуслови. Повеќето претставници од дијаспората кои не контактираат се заинтересирани да инвестираат во отварање на мали и средни компании во Македонија. Затоа земјата треба да изгради стратегија на привлекување и поттикнување на инвестиции од мали и средни компании. Тие се мошне значајни за долгорочен развој. Македонија2025 нема свој инвестициски фонд бидејќи тоа не е дел од работата на организацијата. Но, во тој поглед, ние го инициравме, го промовираме и на индивидуална база учествуваме со инвестции во фондот СЕАФ Мак 2. Во
4
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
ПОДВЛЕЧЕНО моментов има 8 успешни бизнисмени со македонско потекло кои инвестираа. Фондот ќе реазлира инвестции во средни компании кои имаат стратегија за развој на бизнисот и план за извоз на странски пазари. Дополнително, ја поддржуваме и платформата Homestrings.org која овозможува да се инвестира со помали износи како и следење на состојбата на фондот. Знаеме дека неколку Македонци од Дијаспората веќе инвестирале преку интернет. Ова е прв ваков фонд во светот, каде УСАИД дава гаранција за инвестираните средства. Македонците од дијаспората треба да ја разгледаат оваа опција и да инвестираат во портфолиото со неколку надежни мали и средни компании во Македонија. (Мајк Зафировски, коосновачот на „Македонија2025“ во „Капитал“)
СО АВТОПАТИШТАТА ЈА ГРАДИМЕ ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА Во полн ек е изградбата на автопатот Миладиновци- Штип .Моментално 80% од трасата е пробиена, интензивно се работи на овој виадукт, очекувам дека во следните шест месеци ќе биде комплетно завршен. Се работи на целиот потег, над 500 градежни работници, инженери се инволвирани. Како поминува времето, така се зголемува и бројката. Јас очекувам дека согласно динамиката ќе стигнеме во определениот временски рок, односно договорот што го имаме потпишано со „Синохидро“. Ме радува што се зголемува бројката, бидејќи со овие автопатишта ја градиме иднината на Македонија. Тоа е најважно од се. Моментално тука има 500 градежни работници, на Демир Капија- Смоквица има 700, на Охрид- Кичево веќе стигнуваме до 1.000. Исто така и на Велес- Кадрифаково, на Велес- Катланово, на другите локални патишта кои се во изградба, постојано се згоелмува обртот на механизација, постојано се зголемуваат градежните работници. Очекувам како поминува динамиката на работа, така да се зголемуваат градежните активности, а воено овој период е најдобар и се отвора голем фронт за работа. Очекувам уште повеќе да се зголемува, а наредната година претпоставувам и мислам дека овие бројки ќе бидат двојно зголемени. А втопатот Миладиновци- Штип треба да го завршиме за три години. Имавме проблеми со врнежите. Моментално веќе една година работиме на трасата. Освен со врнежите имавме големи проблеми со снегот што падна, но затоа и сега темпото е зголемено, за она време што поминало да го стигнеме. Затоа и постојано надзорот пристиска за постојано да се работи, за да можеме да го исполнеме договорот и за да можеме да ги исплатиме луѓето што работат, односно компаниите кои работат на овој потег. (Владо Мисајловски, министер за транспорт и врски во Владата на Република Македонија за Македонската – радио и телевизија)
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
БИЗНИС ИНФО
5
ПОДВЛЕЧЕНО
Скенирај и дознај повеќе
M
C
N IA
Што претставува сертификатот Excellent SME?
A
Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O
Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.
Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.
Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје
T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
E
S
E
БИЗНИС ИНФО
6
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
СОРАБОТКА Советот на странски инвеститори и Машинскиот факултет во Скопје во заедничка мисија
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ЗА СОЗДАВАЊЕ КАДАР ПО МЕРКА НА СТОПАНСТВОТО
На прес-конференцијата што се одржа на 1.6.2015 година во Стопанската комора на Македонија, се презентираше воспоставената соработка меѓу Советот на странски инвеститори (ФИЦ) и Машинскиот факултет при Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со цел создавање квалитетен образован кадар скроен по мерка на стопанството. Претседателот на Советот на странски инвеститори, господинот Јуан Педро Јименез Наварро, посочи дека проблемот на недоволен стручен кадар за потребите на стопанството и недоволната ефикасност на пазарот на труд се од најголема важност, не само за стопанските субјекти во остварувањето на нивните развојни планови и за вклучување во процесите на глобализацијата со изострена конкуренција, туку и за земјата во целина. Потребно е да се актуелизираат проблемите и прашањата поврзани со вработувањето во стопанството, а кои се однесуваат на ефикасноста на пазарот на труд, понудата и побарувачката на работна сила на пазарот, обезбеденоста со квалитетни стручни кадри кои ги продуцира образовниот систем, предусловот приватниот сектор да биде креатор за создавање нови работни места, пречките во мобилноста на работната сила, обезбедувањето со зголемени вештини и знаења. Господинот Наварро посочи дека токму со потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу овие две институции ќе се врши заедничка размена на информации за
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
БИЗНИС ИНФО
7
ПОДВЛЕЧЕНО СОРАБОТКА
академските активности и за планираниот универзитетски развој и ќе се организира учество на научни и професионални состаноци, конференции, симпозиуми и други форми на образование. Основната цел е да се обезбеди квалитетна практична работа за студентите на Машинскиот факултет при компаниите-членки на Советот и размена на искуства и најдобри практики преку гостувања на претставници на ФИЦ во наставата на Машинскиот факултет. Деканот на Машинскиот факултет, проф. д-р Атанас Кочов, посочи дека овој меморандум ќе биде основа за воспоставување соработка со членките на Советот на странски инвеститори и ќе се овозможи практична работа за студентите во секоја една од компаниите. Проф. д-р Кочов посочи дека Машинскиот факултет веќе соработува директно со компаниите и токму преку овој вид на соработка се утврдуваат и потребите на стопанството. Токму поради тоа, овој факултет е во тек со сите светски текови во машинството. Исто така, д-р Кочов сподели дека Машинскиот факултет редовно прави истражувања за вклученоста на студентите во работниот процес по завршување на студиите и истакна дека за 2014 година, 75% од дипломираните студенти биле вработени, од кои околу 12-15% во компании со странски капитал. Овој податок се однесува само за таа календарска година и не опфаќа флуктуација од компанија во компанија. На прес-конференцијата се истакна дека потпишаниот Меморандум за соработка претставува почетен механизам за официјализирање на оваа соработка и се очекува веднаш да се започне со негово имплементирање со цел исполнување на утврдените цели. М-р Снежана Камиловска
8
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
РЕЛАЦИИ
Македонско-унгарски деловен форум
СО ДОБРА ИНФРАСТРУКТУРА И ИЗГРАДБАТА НА БРЗА ПРУГА ЌЕ СЕ ИНТЕНЗИВИРА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА
Република Македонија има значаен интерес за продлабочување на стопанската соработка со Република Унгарија и оваа соработка треба да продолжи да се интензивира со заедничка помош. И двете земји имаат одлични пријателски врски и треба објективно да се согледаат можностите за деловна соработка како во делот на земјоделското производство и во размената на производи со вклучување на успешни практични и иновативни решенија, така и во делот на инфраструктурата, енергетиката и минералните суровини. Ова беше истакнато на Македонско-унгарскиот деловен форум што се одржа во Стопанската комора на Македонија (3.6.2015 година). На неа присуствуваа Н.Е. Јожеф Бенце, амбасадор на Република Унгарија во Република Македонија, Ервин Сел, економско аташе од Амбасадата и Сашо Јанакиевски, генерален директор на Унгарската национална трговска куќа во Скопје. - Унгарија е земја од која може само да се научи и се залагаме да се искористи нивното знаење и искуство. Во економските односи со неа настапуваме секторски, а има можности и за додадена вредност во меѓусебните економски односи и за заеднички настап на трети пазари, - истакна Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија. – Само со добра инфраструктура и изградба на брза пруга која би одела од Грција преку Македонија до Србија и Унгарија, ќе се намалат трошоците на транспортните услуги, и ќе се интензивира извозот во повеќе сектори, особено во прехранбениот сектор, кој претставува клучен фактор за зголемување на соработката меѓу македонските и унгарските компании. На средбата беше оценето дека постојат можности за подобрување на трговската размена меѓу Македонија и Унгарија, и тоа во делот на конфекционирање на животински отпад, осигурување на земјоделството од природни непогоди, системи за наводнување, во семенарството, рибарството, како и во делот на примарното сточарство (живинарство, говедарство и свињарство), бидејќи во сите овие области Унгарија е меѓу водечките земји во ЕУ. - Недостигот на упорност и иницијативност за решавање на вакви конкретни проблеми, треба да се надмине со конкретни активности, кои ние заеднички треба да ги предложиме, со цел да им помогнеме на компаниите од двете земји тие да се остварат, - додаде Бранко Азески. Н.Е. Јожеф Бенце, амбасадор на Република Унгарија во Република Македонија, спомена дека во Трговската комора на Унгарија фигурира оддел задолжен за Западен Балкан, а сега се настојувањата да се унапреди соработката на регионалните комори од двете земји.
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
БИЗНИС ИНФО
9
ПОДВЛЕЧЕНО РЕЛАЦИИ - Во Унгарија постои и силна Аграрна комора, во која е задолжително членството. Токму во земјоделството и во прехранбениот сектор има големи шанси да се зголеми меѓусебната економска соработка. На унгарскиот пазар има место за македонските компании, но и во Македонија може да се најдат земјоделски производи од Унгарија, но не како конкуренција туку во делот на оние кои земјата ги увезува од странство. Се разбира, постои место и за заеднички настап на трети пазари. Затоа е добро Стопанската комора на Македонија да потпише меморандум за соработка со Унгарската аграрна комора. Д-р Јожеф Бенце најави дека на претстојниот „Агрофуд“ на Скопски саем, ќе учествуваат повеќе унгарски компании, а ги повика македонските деловни луѓе од овој сектор масовно да го посетат и Саемот за земјоделство и храна што во септември се одржува во Будимпешта. На оваа средба во Комората беше претставена и Унгарската национална трговска куќа во Скопје, чија улога е поврзување на малите и средни претпријатија од Македонија и од Унгарија и која во моментов има околу 3000 фирмичленки. Исто така, беа претставени и можностите за набавка на опрема и нови технологии и трансфер на знаења од земјоделско-прехранбената дејност од Унгарија, настап на саемски манифестации во Унгарија, како и заедничко аплицирање на компании од двете земји на проекти од Програмата на ЕУ „Хоризонт 2020“. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Унгарија во првите три месеци од 2015 година достигна вредност од 18,4 милиони САД $, што претставува пад од 23,60% во однос на истиот период од 2014 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 4 милиони САД $, односно значителен пораст од 107,24%, додека увозното салдо изнесува 14,3 милиони САД $ или намалување од 35,17% споредбено со истиот период во 2014 година. Трговскиот дефицит на македонска страна изнесува 10,3 милиони САД $ во првите три месеци од 2015 година. Инаку, вкупната ланска трговска размена изнесувала 102,3 милиони САД $, што претставува раст од 60,9% споредено со 2013 година. Извозот изнесувал 17,8 милиони САД $, што претставува зголемување од 115,8%, додека увозното салдо изнесувало 84,5 милиони САД $, или зголемување од 52,7% во споредба со 2013 година. Трговскиот дефицит на македонска страна изнесувал 66,7 милиони САД $ за 2014 година. Република Унгарија била 27-ми трговски партнер на Република Македонија во 2014 година. Саво Пејчиновски
БИЗНИС ИНФО
10
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
ПРЕЗЕМЕНО Интервју на м-р Јелисавета Георгиева, потпретседател на Стопанската комора на Македонија за „Утрински весник“
БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА СО НОВИ ИНИЦИЈАТИВИ
*„Предлагаме да се отвори расправа дали курсот на денарот е реален и доволно стимулативен за развој на бизнисот. Отворање расправа и дали регулаторните тела се навистина независни и зошто учеството на бизнисот во нив е сведено на минимум“, вели Јелисавета Георгиева, потпретседател на Стопанската комора на Македонија Стопанската комора на Македонија излезе со став дека состојбата во економијата засега не е вознемирувачка. Но, дека на секој нареден предизвик ќе реагира онака како што е потребно, во интерес на компаниите. Затоа Комората предлага спроведување на повеќе реформски иницијативи во наредните пет години. Може ли да ни откриете кои се тие? Стопанската комора на Македонија ќе го испорача новиот сет предлози за подобрување на бизнисклимата. Комората ова ќе го направи преку промовирање во јавните гласила на комплетни иницијативи за подобрување на бизнис-амбиентот и економските слободи за наредните 5 години и оваа редовна активност ја направивме пред 5 години, а тогаш во делот за предлагање на нов модел на економски развој. Стопанската комора на Македонија уште во 2010 година предложи нов модел на економски развој, со предлог за забрзани стапки на економски раст, обезбедување на реиндустријализација и развојна компонента во буџетот за сериозни бенефити и за компаниите и за граѓаните. Овој пат се работи за повеќе иницијативи врзани за сериозни реформи во пензискиот систем, здравствениот систем, предлози за независност на регулаторните тела, реорганизација на Македонската банка за поддршка на развојот, мерки врзани за извозот, прашањето на домашните и странските компании и слично. Кои ќе бидат првите иницијативи кои ќе ги промовирате, односно кои се најважни за компаниите да го пребродат овој кризен период? Предлагаме да се отвори расправа во државата дали курсот на денарот е реален и доволно стимулативен за развој на бизнисот. Отворање расправа дали регулаторните тела се навистина независни и зошто учеството на бизнисот во нив е сведено на минимум. Промена на методологијата на пресметка на обврските спрема фондот за ПИОМ и Фондот за здравство. Не може веќе фирмите само да даваат во фондовите, а да нема никаков поврат на средствата. На пример, ќе бараме да се укине законското ограничување на највисокиот износ на пензија. Промена на член 211 од Законот за извршување поради кој компаниите никако не можат да ги наплатат своите побарувања од општините и јавните претпријатија. Барање за реорганизација на Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР) во функција на компаниите или нејзино укинување. Расчистување со парафискалните давачки спрема компаниите кои секојдневно се зголемуваат. Изработка на специјална програма за државна поддршка на големите
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
БИЗНИС ИНФО
11
ПОДВЛЕЧЕНО ПРЕЗЕМЕНО (водечки) компании. Ограничување на можноста странските компании да ги преземаат готовите и обучени кадри од домашните компании. Промена на Законот за трговски друштва за отворање можност за формирање класични „холдинг друштва“, и многу други предлози... Дали новите иницијативи ќе значат заокружување на системот на економски слободи? Во 2015 година предлагаме заокружување на системот на економски слободи во функција на натамошен развој на бизнисот во Република Македонија. Всушност, се работи за иницијативи за изработка на сериозни анализи на сите носители на економската политика кои ќе придонесат да се разјаснат некои прашања за кои ние сметаме дека се кочница за развој на бизнисот, со цел подобрување на деловното опкружување во земјата. Стопанската комора на Македонија преку оваа анализа, дискутирана во последните 3 месеци во органите и усвоена од УО и Собранието на Комората, има за цел да ги презентира клучните области на дејствување во текот на 2015 година. Тие се идентификувани преку потребите, барањата и иницијативите на бизнис-заедницата, а во насока на подобрување на бизнис-климата, раст на реалниот сектор и индустријата, унапредување на конкурентската позиција на странските пазари, отворањето нови работни места... Ние ја иницираме изработката на тие анализи во име на Стопанската комора на Македонија како најбројна комора во државата, со близу 15.000 фирми-членки и како најзначаен репрезент и застапник на интересите на стопанството која има капацитет и обврска за исполнување на наведените цели на дејствување. Ова се поткрепува и со фактот дека во рамките на Комората членуваат компании од 20 различни стопански гранки. Само во органите на Стопанската комора на Македонија (Собрание, УО, НО, потпретседатели, Совет на Комората), вклучувајќи ги и органите на сите облици на организирање и работење во рамки на Комората, вклучени се претставници од над 950 компании-членки. А постојат и 128 облици на други форми на организирање и работење во рамките на Стопанската комора на Македонија, со структура на голема репрезентативност и моќ. Според податоците за 200-те најголеми компании во Македонија за 2013 година, согласно со завршните сметки, од 200-те најголеми компании во Македонија за 2013 година, според критериумот „вкупен приход“, 114 компании се членки на Стопанската комора на Македонија. А согласно со податоците од 200-те најпрофитабилни компании во Македонија во 2013 година, според остварената добивка, 122 компании се членки на Стопанската комора на Македонија. Овие податоци ја покажуваат таа моќ. Ова се сетот реформи што ќе треба да се преземат на домашен план, но што ќе преземете како Комора за да ја подобрите позицијата на компаниите на меѓународен план? Што се однесува до мерките и активностите кои Комората ги презема на меѓународен план во следниот период, а се од суштинско значење за компаниите-членки на Комората, тие се поврзани, пред се’, со воспоставување механизми за унапредување на регионалната соработка на земјите од Балканот и земјите кои гравитираат и соработуваат со овој регион. Исто така во наредниот период, максимално работиме на продолжување на активностите на македонските компании, во соработка со турските компании за настап на африканскиот пазар, како и обезбедување услови за директен заеднички настап на компаниите на африканскиот пазар и на пазарите на Средниот Исток. И секако активноста која е поврзана со неодамна формираниот Деловен совет со седиште во Варшава, Полска преку кој Стопанската комора на Македонија учествува во директната поддршка на македонските компании за соработка со Кина и земјите од Централна и Источна Европа. На членството му помагаме на овој начин преку олеснување на контактите и поврзување со други пазари, со цел олеснување и остварување на можностите со кои располагаат македонските компании. Комората ќе продолжи да го прави тоа и во следниот период по барање и од интерес на фирмите. Стопанската комора во овој период го заокружува и процесот на изборните активности на членовите во органите и телата. До каде е постапката? Собранието на Стопанската комора на Македонија како највисок орган на управување избра нови 85 члена. Исто така, се докомплетира и изборот на нови потпретседатели на Комората, како и нови членови на Управниот одбор кој сега има 35 члена. Се екипираат и претседателствата и управните одбори на регионалните комори кои ги има 16 на број низ цела држава, како и на други оперативни тела составени од значајни претставници на бизнисот. (Утрински весник)
БИЗНИС ИНФО
12
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
ПРЕВЗЕМЕНО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ПРОЕКТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ЗА ПРОМОВИРАЊЕ ВО „УТРИНСКИ ВЕСНИК“ НА УСПЕШНИТЕ МЕНАЏЕРИ И КОМПАНИИ-ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА, НОВИТЕ ОРГАНИ И ТЕЛА НА КОМОРАТА И ПРЕДЛОГ ИНИЦИЈАТИВИ
02.06.2015 Стопанската комора на Македонија во месец јуни ги промовира успешните компании и менаџери - членки на Комората, новите органи и тела и предлог-иницијативи Примерот на „Кожувчанка“ која годинава прославува 20 години постоење
ПОСТОЈАНО ИНВЕСТИРАЊЕ И ПРОДУЦИРАЊЕ БРЕНДОВИ - ФОРМУЛА ЗА СИГУРЕН РАСТ
Оваа година „Кожувчанка“ ДОО слави 20 години од своето постоење во кое се радува на сопствените достигнувања, како во областа на развојот на комплетно нови, квалитетни и препознатливи домашни брендови, така и во областа за производство на еден од најстарите меѓународни брендови на газирани и негазирани сокови. Годинава е од посебно значење за „Кожувчанка“ затоа што помести многу граници и почна со производство на пиво. На пазарот веќе 2 месеца го промовира и го воведува „НАШЕ МАКЕДОНСКО пиво“, светло пиво со премиум вкус. Со новата домашна инвестиција од 1,2 милиона евра, на површина од 1.200 м2, со нови 25 вработени за почеток, се роди нов бренд, нов производ на македонскиот пазар, со капацитет од 5 милиони литри пиво годишно, но со план за производство на 25 милиони литри пиво годишно. Менаџерскиот тим на „Кожувчанка“ интензивно и континуирано инвестира во млади луѓе, веќе имаат 120 вработени, а со новите инвестиции им се придружуваат и нови. „Кожувчанка“ ДОО од Кавадарци е производител на водите „Кожувчанка“ и „Изворска“, како и на еден од најстарите брендови за производство на газирани и негазирани сокови bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
„Синалко“ од СР Германија, кој оваа година прославува значаен јубилеј - 110 години постоење. Компанијата е формирана во 1995 година од браќата Никола и Стојче Јанчеви со 100 % приватен капитал. На денешната локација, која е сопственост на ова семејство, претходно имало римски бањи, односно болница, каде што имало извор наречен „Кисела вода“, вода која била препознатлива по својот вкус и по позитивните банеолошки дејства. Во 1995 година компанијата добива дозвола и концесија за експлоатација на минерална вода и од тука почнува развојот на „Кожувчанка“. Првите четири години од добивање на дозволата, минералната вода „Кожувчанка“ се произведуваше во стаклена амбалажа, а во 1999 година компанијата набави италијанска опрема за производство на вода во пластични шишиња. Во 2001 година беше инвестирано и во нова линија за производство на минерална вода според потребите на пазарот, со што „Кожувчанка“ го зголеми значително својот капацитет, за во 2002 година да стане лидер на пазарот, препознатлив по својот бренд и квалитет, лојалност и флексибилност кон купувачите.
ПОКРОВИТЕЛИ
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
Митко Јанчев, генерален менаџер на `Кожувчанка` ДОО
Компанијата „Кожувчанка“ е долгогодишна членка на Стопанската комора на Македонија, активно вклучена во активностите на Комората. Компанијата е премиум покровител на Комората. Господинот Митко Јанчев, генерален менаџер на компанијата е нов член на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија во мандатниот период 2015 -2020 година и е претседател на Регионалната комора со седиште во Кавадарци.
на Стопанската комора на Македонија
ПРЕМИУМ Покровители
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
INDUSTRIES
Semejna kompanija
Стопанска комора на Македонија, тел: (02) 3244000
www.mchamber.mk
Е-адреса: ic@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
03.06.2015
Стопанската комора на Македонија во месец јуни ги промовира успешните менаџери и компании - членки на Комората, новите органи и тела и предлог-иницијативи
Сашо Наумоски и Штефан Петер новите двајца потпретседатели на Комората Господин Штефан Петер, со електрична енергија во претседател на Управниот Република Македонија, одбор на „ЕВН Македонија“, најважна цел на „EВН е новиот потпретседател Македонија“ е сигурно и на Стопанската комора на квалитетно снабдување на Македонија во мандатниот корисниците со електрична период 2015 – 2020 година. енергија по конкурентни цени. „ЕВН Македонија“ АД Веднаш по приватизацијата - Скопје е долгогодишна на „ЕВН Македонија“ од активна членка и покровител страна на „EVN AG“ во 2006 на Стопанската комора година започна реорганизација на Македонија, редовно на компанијата со големи учествува во работата и инвестициски вложувања, на Управниот одбор на современа организациска Комората, Здружението на и раководна поставеност енергетиката, Македонската и користење на најновите енергетска асоцијација технолошки достигнувања во Дипл. инженер Штефан Петер, МБА Претседател на Управниот одбор (МЕА), како и во електроенергетската дејност. Од на ЕВН Македонија АД - Скопје активностите во рамките на влезот на Групацијата „EVN“ во регионалните комори при Македонија, инвестирани се Стопанската комора на Македонија. повеќе од 200 милиони евра, изградени или „ЕВН Македонија“ како дел од групацијата модернизирани се повеќе од 2.000 километри „EVN AG“ од Австрија, е јасно препознатлив мрежа, 1.000 трафостаници, а инсталирани бренд и пример за модерна компанија се и 700.000 нови дигитални броила. Во која за своето целокупно работење доби сопственост на „ЕВН Македонија“ се 11 многу признанија и награди. Тргнувајќи од мали хидроцентрали кои се ревитализирани и главната дејност, дистрибуција и снабдување целосно автоматизирани.
Господинот Сашо Наумоски, приватизирана компанија. генерален извршен директор Компанијата денес има на „Витаминка“ АД - Прилеп, 14 производни линии во е новиот потпретседател сегментот чоколада, чаеви, на Стопанската комора супи, прашкасти зачини, кекси, на Македонија и член на кафе, пелети итн., како и околу Собранието на Комората, во 400 асортимани на производи. мандатниот период 2015 – Во 2014 година како резултат 2020 година. на стратегијата да се оди чекор „Витаминка“ АД - Прилеп e понапред во создавањето долгогодишна активна членка на производи со совршен Дипл. економист Сашо Наумоски и покровител на Стопанската квалитет, „Витаминка“ ја Генерален извршен директор комора на Македонија, унапреди својата линија за на „Витаминка“ АД – Прилеп редовно учествува во работата производство на чоколадо на Здружението на земјоделството и прехранбената и чоколадирани производи, со инсталирање на индустрија при Комората, како и во активностите нова опрема од швајцарскиот бренд „БИЛЕР“, на Управниот одбор на Регионалната комора со инвестиција вредна 2,5 милиони евра. Користењето седиште во Прилеп. на висококвалитетни состојки за производство Прилепска „Витаминка“ од фабрика за на чоколадите, „Витаминка“ го надополнува производство на мелен црвен пипер од основањето со овие машини кои се користат од страна на во 1956 година, прерасна во компанија - лидер во сите швајцарски производители на чоколада. Со прехранбената индустрија на македонскиот пазар, оваа инвестиција, компанијата дополнително го но и со се` поголемо присуство на странските забрзува производниот процес со што придонесува пазари, каде што моментално пласира околу 45% да се зголеми капацитетот на производството за од своето годишно производство во околу 30 земји три пати. во светот. Од 1999 година, „Витаминка“ е целосно bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Osnovana 1922
Founded 1922
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПОКРОВИТЕЛИ
на Стопанската комора на Македонија СТАНДАРД Покровители
ПРЕМИУМ Покровители
СИЛВЕР Покровители
INDUSTRIES
Semejna kompanija
Стопанска комора на Македонија, тел: (02) 3244000
www.mchamber.mk
Е-адреса: ic@mchamber.mk
04.06.2015 Стопанската комора на Македонија во месец јуни ги промовира успешните менаџери и компании - членки на Комората, новите органи и тела и предлог-иницијативи
Иницијативи за изработка на сериозни анализи од страна на сите носители на економската политика
ПРЕДЛАГАМЕ ДА СЕ ОТВОРИ РАСПРАВА ДАЛИ КУРСОТ НА ДЕНАРОТ Е РЕАЛЕН И ДОВОЛНО СТИМУЛАТИВЕН ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ
Во Република Македонија деценија и пол се спроведува политика на стабилен курс на денарот во однос на еврото која се покажа како најсоодветна за нашето стопанство, без разлика на турбуленциите кои го следеа и присутните ризици врз стопанскиот развој и стабилноста на економијата. Фиксниот девизен курс сите овие години, претставува основно номинално сидро на економската политика и се брани со сите инструменти на економската политика во кои клучна е монетарната политика. Во јавноста, одвреме навреме, се пласира дилемата дали да се остане на оваа политика на стабилен девизен курс или нешто да се промени? Главните дилеми се јавуваат околу фиксен, флуктуирачки или раководено флуктуирачки курс. Такви дискусии се водат веќе подолго време и во ММФ, но и таму постојат различни мислења за различни земји во зависност од степенот на развој и постигнатата макроекономска стабилност. Нашето стопанство е увозно зависно, со континуиран трговски дефицит. Земјите-членки на ЕУ - 28 учествуваат во извозот на РМ во 2014 година со 76,6%, а во увозот на стоки со 63,5%. Растот на БДП минатата година беше 3,8%, а за периодот 2015-2017 година се планира просечен пораст од 4,2%. Врз нашето стопанство има негативни импликации bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Osnovana 1922
Founded 1922
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
од економската и финансиската криза во поблиското и поширокото опкружување и сé уште незаздравените економски состојби кај нашите позначајни стопански партнери, особено од Европската унија и еврозоната. Клучното прашање е дали курсот е реален и доволно стимулативен за стопанството во целина, без нереални очекувања дека курсот е некое магично стапче кое може да доведе до повисоки стапки на раст и економска благосостојба. Извозниците, поаѓајќи од своите интереси, бараат оваа политика на стабилен курс на денарот да се
ПОКРОВИТЕЛИ
промени, но увозниците се на ставот истата да остане непроменета. Анализите што се прават од Народната банка на Република Македонија, покажуваат дека овој курс сé уште е реален и доволно стимулативен. Тоа мислење го споделуваат во најголем број и членките на Комората, имајќи ги предвид интересите на стопанството во целина. За нашата економија во која применуваме политики на отворено пазарно стопанство, најефикасен начин за постигнување и одржување на ценовна стабилност е преку одржување стабилен девизен курс. Спроведувањето на политиката на стабилен девизен курс на денарот истовремено е и силен позитивен сигнал до сегашните и потенцијални странски инвеститори за стабилноста на бизнис-климата во земјата. Но, сепак, со цел да се аргументираат и да се разјаснат овие залагања, за што поширок круг на стопанственици, Стопанската комора на Македонија, заедно со Народната банка на Република Македонија и другите носители на економската политика ќе организираат стручна трибина со учество на експерти по монетарна политика, банкарство, како и бизнизмени извозници и увозници и ќе иницира изработка на анализа во врска со тоа.
на Стопанската комора на Македонија СТАНДАРД Покровители
ПРЕМИУМ Покровители
СИЛВЕР Покровители
INDUSTRIES
Semejna kompanija
Стопанска комора на Македонија, тел: (02) 3244000
www.mchamber.mk
Е-адреса: ic@mchamber.mk
14
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Живко Мукаетов и годинава е дел од четвртиот собир на успешни бизнис-лидери и политичари од Југоисточна Европа: „Самит 100 - Договор за новата ера“
ПОВРЗУВАЊЕ И ЗАЕДНИЧКО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ И КОМПАНИИТЕ ОД РЕГИОНОТ
Генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, воедно и потпретседател на Стопанската комора на Македонија, м-р Живко Мукаетов и годинава беше дел од четвртиот собир на успешни бизнис-лидери и политичари од Југоисточна Европа: „Самит 100 - Договор за новата ера“. Во рамките на Самитот кој годинава се одржуа во Порторож, Словенија, Мукаетов, заедно со Ивица Мудриниќ од „Дојче Телеком“ го модерираа панелот со градоначалниците на четири регионални метрополи: Љубљана, Сараево, Загреб и Подгорица. Во рамките на пленарниот панел насловен: „Паметни градови за одржлив развој: Претворање на регионалните метрополи во попаметни иновативни центри“, челниците на четирите главни градови ги споделија своите искуства, презентирајќи ги реализираните и тековните проекти во напорот да го зголемат одржливиот развој на метрополите со кои управуваат. Градоначалниците на Љубљана и на Загреб, кои како градови предничат во регионот во однос на исполнување на целите за одржлив развој, во текот на панелот имаа конструктивна дискусија околу дополнителните ресурси (капитални и човечки), кои би им биле потребни со цел да ги направат градовите поекономични, поефикасни и попријатни за живеење за граѓаните. - Како член на управните одбори на неколку еминентни економски институции во Македонија и надвор од нејзините граници, но и како директор на „Алкалоид“, компанија која успешно извезува во над 30 земји во светот, сметам дека настаните од овој тип се од огромно значење за промовирање на регионалната соработка и унапредување на бизнис-операциите. Токму можноста за поврзување и заедничко дејствување на државите и компаниите од регионот, му даваат додадена вредност на овој меганастан. За полесен и поуспешен пристап до нови надворешни пазари, на компаниите им е неопходно здружување, - вели Мукаетов. Според него, „Самит 100“ е одлична иницијатива за остварување на овие цели, а во исто време и солидна платформа за структуирање на развојни програми кои регионот би го донеле чекор поблиску до исполнувањето на мисијата за градење на моќна бизнис-заедница која би била генератор на поголем економски раст. Самитот продолжува и во текот на денешниот ден, со теми од секторот банкарство и финансии, туризам, подобрување на конкурентноста на компаниите, зголемување на извозот и заеднички настап на регионалните компании на трети пазари. (МИА)
PayNet во соработка со НЛБ Тутунска банка
ПЛАЌАЊЕ СМЕТКИ ПРЕКУ ПЛАТЕЖНИ ТЕРМИНАЛИ ВО ГОТОВИНА И СО КАРТИЦИ
Сметките за водовод и канализација, радиодифузна такса, за мобилна и фиксна телефонија, кабловска телевизија и интернет од операторот One и од Blizoo, како и за плаќање на јавни давачки - такси, казни и даноци отсега може да се платат и преку платежни терминали. Услугата ја овозможува за македонските граѓани компанијата PayNet. Може да плаќаат во готовина или со платежни картички. Платежните терминали се достапни 24 часа и 365 дена во годината, а ќе бидат поставени на територијата на целата земја, најпрвин во централните градски подрачја, а потоа и во руралните области. Од компанијата уверуваат дека станува збор за високо безбеден уред за самоуслужување кој функционира многу едноставно. На мониторот на платежниот терминал се врши избор на услугата за која се врши плаќањето, а потоа се внесува
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
БИЗНИС ИНФО
15
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА корисничкиот број од сметката или бројот на фактура. Во терминалот се внесува готовина, брзо се процесира наплатата, по што излегува испечатена потврда за извршено плаќање. По завршување на тансакцијата, која трае помалку од една минута, се добива конфирмација за извршеното плаќање на сметка по пат на смс порака. - Секојдневно, голем дел од граѓаните во Македонија се оптоварени со чекање во долги редици за да платат сметки. Нашата цел е да го решиме овој проблем и да го направиме процесот на плаќање многу полесен, посигурен и да овозможува комодитет. Нашиот систем е наменет за сите граѓани - за оние кои го преферираат користењето на готовина ги воведовме платежните терминали, а за оние кои веќе користат платежни картички и електронско банкарство за плаќање сметки го воведовме е-паричникот. Kреиравме и бесплатна мобилна апликација (за iOS и Android) и веб страна за граѓаните да имаат полесен пристап до својата сметка. PayNet постојано работи на обезбедување на нови услуги и функционалности на системот, изјави Темирмалик Шомансуров, извршен директор на PayNet, Македонија. Платежните терминали функционираат по модел базиран на провизија која се наплаќа од процесираната сума. Најголем дел од услугите се без провизија, односно таа се наплаќа од страна на давателите на услугите. Но, постојат и услуги за кои се наплаќа провизија од корисниците, односно тие што го вршат плаќањето, како што се јавните давачки. Проектот е овозможен во соработка со НЛБ Тутунска банка.(МИА)
ПЕТ МАКЕДОНСКИ ВИНАРНИЦИ ОСВОИЈА 6 ЗЛАТНИ И 3 СРЕБРЕНИ МЕДАЛИ
На Меѓународниот натпревар за вино во Букурешт, Романија
Пет македонски винарници беа наградени на Меѓународниот натпревар за вино во Букурешт. Овој успех претставува уште една одлична промоција на високиот квалитет на македонските вина не само во Романија, туку и во светски рамки. На овој најголем натпревар за квалитетно вино, после натпреварот во Диселдорф, македонските производители „Бовин“, „Тиквеш“, „Сопот“, „Камник“ и „Попова Кула“, освоија 6 златни и 3 сребрени медали. Овој успех претставува уште една одлична промоција на високиот квалитет на македонските вина не само во Романија, туку и во светски рамки. На Меѓународниот натпревар за вино во Букурешт, кој се одржа од 21 до 24 мај 2015 година, во конкуренција од над 1000 вина од рекорден број производители, меѓународната жири-комисија, составена од судии од Австралија, Австрија, Бугарија, Швајцарија, Франција, Израел, Италија, Полска, Португалија, Молдавија, Романија, Русија, Србија, Шпанија и САД, на македонските вина им додели 6 златни и 3 сребрени медали. Меѓу наградените винарници се: „Бовин“ со 3 медали, „Тиквеш“ и „Сопот“ со по 2 и „Камник“ и „Попова Кула“ со по еден медал. Два златни медала беа доделени на вината од винарницата „Бовин” и два златни медала освоија вината од винарницата „Тиквеш”, додека вината од винарниците „Камник” и „Попова Кула” освоија по еден златен медал. Исто така, вината на винарницата „Сопот” освои 2 сребрени медала, а вино од винарницата „Бовин” освои 1 сребрен медал. Инаку, Меѓународниот натпревар за вино Букурешт, ова е дванаесетто издание, стана еден од најголемите и најважните меѓународни натпревари за вино во Централна и Источна Европа и, ако остане сегашниот тренд на раст, веројатно ќе биде еден од најмоќните во светот. Наградите на македонските производители на овој Меѓународен натпревар на вино се мошне значајни за промоција на македонските вина ширум светот. Зошто на овој натпревар, покрај судиите се присутни и странски новинари на специјализирани медиуми од повеќе земји, како од САД, Германија, Полска, Израел, Хонг Конг, Холандија, Швајцарија, Франција, Италија, Велика Британија итн. Тие со своето пишување веќе го запознаваат светот за наградените квалитетни вина. Исто така, Романија како земја со винска традиција и култура, претставува голем пазар кој е отворен за тестирање на нови вина, па и за наградените македонски вина.
БИЗНИС ИНФО
16
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Конституиран Економскиот совет на Општина Кичево
Во Кичево се одржа Првата конститутивна седница на Економскиот совет, на која учествуваa и претставници од Регионалната комора со седиште во Кичево (2.6.2015 година). Претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Игор Соколески го поздрави формирањето на Економскиот совет и оцени дека е значаен фактор за развој на бизнисот и се надева дека ќе произлезат конкретни мерки со кои ќе се подобри климата за инвестирање во регионот. Делегирани се 21 член, при што се застапени различни дејности карактеристични за стопанството во регионот. За претседател на Економскиот совет на Општина Кичево е избран Рамиз Реџепи, секретар на Општина Кичево, а за потпретседател на Економскиот совет на Општина Кичево е избран Алија Зулбеароски од „Еурофикс“, инаку потпретседател на Регионалната комора со седиште во Кичево. Од страна на бизнисзаедницата, членови на Економскиот совет на Општина Кичево се фирмите: „Еуро фикс“, „Т謬¬¬м инженеринг“,„Хидринг“, АД „Тајмиште“, „Ризмани“ ДООЕЛ, „Арабела“, „Атва“, „Баљи Комерц“, „Мирсат Комерц“ и „Пињоли“, кои се и членови на Регионалната комора со седиште во Кичево. Дијана Лазороска Јованоска
АКТИВНО УЧЕСТВО И НА ЧЛЕНКИТЕ НА РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
БИЗНИС ИНФО
17
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL
ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL
ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:
Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач
БИЗНИС ИНФО
18
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
СВЕТСКИ ПЕЧАТ Кина го зголемува своето влијание
ВРАЌАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ВРВ
*Кина сака да се врати на светскиот врв. Одговорот на Европа и на Западот мора да биде - поврзување на Кина, барем во сферите каде што тоа е можно, оценува Филип Билски. Пораката беше јасна: “You go!”, односно „Исчезнете“! Кинеската морнарица осум пати во текот на изминатава недела побара повлекување од американски авион за набљудување. Американскиот воен авион леташе над регионот на Јужнокинеското море, кој Кина го смета за свој дел. Морски регион во кој народната република се обидува да создаде факти преку изградба на вештачки острови. Сето тоа на оддалеченост од повеќе од 1000 километри од кинескиот брег и проследено со остри протести од страна на повеќе соседни земји, како и САД. Кина во регионот ги застапува своите ставови значително поофанзивно отколку пред неколку години. Водечкиот германски тинк-тенк за Кина, Институтот за кинески студии Меркатор во Берлин, дури оценува дека станува збор за крај на кинеската политика на отворање. Основните столбови на политиката од изминатите три и пол децении, што ја започна Денг Ксијаопинг, сега во мандатот на Ши Џинпинг се уриваат еден по еден, а меѓу нив е и досегашната надворешна политика на воздржаност. Темелна промена во кинеската надворешна политика? Многу работи одат во прилог на оваа теза. Робустното однесување во Јужнокинеското море е само еден пример. Кина, освен тоа, се обидува со својот нов проект „пат на свилата“ да создаде инфраструктурна мрежа во Азија, во чиј центар ќе биде Кина. Пекинг создава и нови меѓународни институции во кои Кина ќе има поголема тежина. Ваквите постапки се проследени со преструктуирање на кинеската економија надвор од земјата. До 2049 година Кина сака да стане индустриска супер-сила, да не биде веќе работилница за светот, туку да биде центар на иновации и ефикасност. Кина сака да се врати таму, каде што според поимите на Пекинг историски припаѓа - на светскиот врв! Дали тоа ќе успее е се‘, само не разбирливо само по себе. Зашто, листата на предизвици се чини нема крај. Најголемиот предизвик од аспект на кинеската влада Филип Билски, автор на коментарот е да се одржи ветувањето што во текот на изминатите децении и‘ даваше легитимност на Комунистичката партија кај населението - на Кинезите денес да им оди економски подобро отколку вчера. Утре да им оди подобро отколку денес. Одржувањето на тоа ветување, со оглед на неопоходното комплетно ново себепронаоѓање на кинескиот економски модел, посматрано однадвор понекогаш се чини речиси навозможно. Кина сака да го зголемува влијанието Но тоа се прашања на наредната деценија. Во моментов е сигурно дека Кина го зголемува своето влијание. Што тоа значи за Европа, што за Западот? Тој треба да се обиде, секогаш кога е тоа можно, да соработува со Кина и да ја поврзува таа земја. Неодамна впечатливо на примерот на САД се покажа она што не функцонира, имено да се потисне кинеското влијание и Кина да се минимизира. Кога Пекинг ја иницираше Азиската инфраструктурна инвестициска банка (АИИБ), САД се обидоа да ги убедат своите партнери да се држат понастрана од новата институција. Тоа за Вашингтон беше дипломатска катастрофа. Една земја по друга се приклучуваше кон кинеската иницијатива, меѓу другото аргументирајќи и дека збор може да се добие само ако се седи на една маса. Вистински чекор. Сепак, јасно е и дека онаму каде интересите се директно спротивставени едни на други тешко може да се замисли некаква соработка. Јужнокинеското море е најдобар пример за тоа. Кина сака да го зголеми своето влијание таму, покрај останатото и поради тоа што регионот, од аспект на Пекинг, има енормно стратешко значење за економскиот развој на земјата. САД, од друга страна, сметаат дека е загрозена нивната досегашна позиција во регионот. И соседните земји со загриженост гледаат кон доминацијата на Пекинг која е можна наскоро. На повидок нема решение за ова прашање. Идни конфликти се програмирани веќе денес.(ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
БИЗНИС ИНФО
19
СВЕТСКИ ПЕЧАТ
ПОЛИТИЧКИТЕ ТУРБУЛЕНЦИИ, СЕПАК, ОСТАВААТ ТРАГА
Грција стравува за туризмот
Грција годинава очекува рекорден број посетители. Но, политичките турбуленции од изминатите недели не го одминаа и оставија трага врз туризмот, влечната сила за пораст на грчкото стопанство. Лани Грција ја посетија рекордни преку 24 милиони луѓе. Со тоа само туристичката бранша создаде 50 илјади нови работни места во земјата и придонесе за Грција да оствари мал стопански пораст по шест последовно години рецесија. За прв пат по 1948 година Грција имаше буџетски суфицит. Годинава цел е да биде поставен нов рекорд од 25 милиони посетители. Германските туристички агенции во изминатите месеци ја нудат Грција како врвна понуда зе претстојното лето. Но, прогнозите се помрачени од се’ уште отворениот спор во врска со натамошното кредитирање на презадолжената земја, укажува Андреас Андреадис, шеф на Здружението на грчката туристичка индустрија (СЕТЕ): „Во последните два месеца бележиме одредено намалување на резервациите, токму и во Германија“. На годишно ниво намалувањето на резервациите од Германија во моментов изнесува 2 процента, вели Андреадис во разговор за ДВ, повикувајќи се притоа на најновата анкета на германското Друштво за истражување на потрошувачката. Економската нестабилност негативно влијае и врз туризмот. Така Грција не ќе може целосно да го искористи потенцијалот како врвна туристичка цел во Европа. Но, благодарение на поволниот менувачки курс, барем кај британските туристи Грција е на врвот според омиленост, вели шефот на СЕТЕ. Лутина поради планираното покачување на данокот Збрка предизвикуваат и шпекулациите за скорешно покачување на данокот на додадена вредност за туристичките услуги. Наводно за тоа притискаат меѓународните кредитори, за така да се затнат новите финансиски дупки во грчкиот буџет. Но, информациите во врска со тоа се прилично противречни: час владата размислува за повисок данок на грчките острови кои нудат луксузен туризам, час се демантира тоа. Според весникот „Та неа“, од необјасниви причини како луксузни туристички цели наводно се класификувани и малку посетувани острови, како Лерос или Икариа, додека за космополитскиот остров Крф не е предвиден повисок данок на додадена вредност. Според весникот, во игра е ивоведување данок за луксузни сместувалишта, можеби уште во текот на летото, но веројатно сепак дури на есен. Се разбира, и туристичката бранша мора да придонесе за што е можно побрзо надминување на кризата, смета Андреадис, но предупредува и дека данокот во Грција не смее да биде повисок отколку кај директните конкуренти во областа на туризмот: „Италија, Шпанија и Франција сега во туризмот имаат данок од 10 проценти, Турција и Кипар дури и уште помалку, а на Канарските острови воошто и не се плаќа данок на додадена вредност. Ако ние го покачиме тој данок на 13-14 проценти, практично ќе бидеме исфрлени од игра, дотолку повеќе што во Грција потешко се доаѓа и до банкарски кредит отколку на други места во Европа“. Андреадис, кој и самиот управува со луксузџен хотел на полустровот Халкидики, укажува и дека од такви мерки во прв ред не би биле погодени луксузните хотели или големите синџири од хотели, туку малите и средни, кои го сочинуваат ’рбетот на грчкото туристичко стопанство. Здружението за фаст-фуд угостителство дури бара и намалување на данокот на додадена вредност. Преку 6500 претпријатија отидоа во стечај откако во 2011 година тогашната коалициона влада го покачи данокот за нив, се жали Танасис Папаниколау, шеф на тоа здружение, во изјава за весникот „Катимерини“. Со тоа 40 илјади луѓе останаа без работа, вели тоа и бара данокот на додадена вредност во Грција да не биде повисок отколку кај соседите во Југоисточна Европа. „Неопходно ни е да има договор до јуни“ Но, и за грчката туристичка бранша над се’ стои прашањето, дали наскоро претстои договор со кредиторите. Клучен ден е 5. јуни, кога Грција мора на Меѓународниот монетарен фонд да му отплати кредитна рата од околу 300 милиони евра. Дотогаш би морал а биде постигнат договор со кредиторите. „Едноставно е неможно и не е во ничј интерес да не биде постигната согласност. Тоа би била катастрофа, не само за Грција“, смета Андреадис. Тој реагира посебно иритирано на прашањето дали враќањето кон драхмата како платежно сртедство во Грција би донело предност во цената на грчката туристичка индустрија: „Грексит не би бил кризна помош, туку сосем напротив, би претставувал тежок удар за нас“. За туристичкиот менаџер Андреадис „летување во Грција“ значи и средби и размени на мислења меѓу домашните жители и посетителите. Затоа Грција би морала помалку да конкурира преку цената, а повеќе преку квалитетот; не би имало воопшто никаква смисла да се востановуваат туристички гета за богатите во една инаку осиромашена земја, укажува Андреадис.(ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
БИЗНИС ИНФО
20
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-
Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот. Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој метод на обука, која вклучува микс од техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависност од Вашата потреба. Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и светски компании. Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас. Предавач: Љупчо Георгиев, директор на „Густав Кезер Тренинг Интернационал Македонија“, лиценциран тренер со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи.
Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија.
Уписите за обуката се во тек.
Сите учесниците добиваат: • материјали за работа • мемориски картици • ЦД и дополнителна литература • консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6 месеци • интернационално признат Сертификат од Густав Кезер Тренинг Интернационал и Сертификат од Бизнис Центар за Тренинг и Обука • контролен ден
За подетални информации контактирајте со нас: Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
21
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ – ОБУКА СО СТУДИСКО ПАТУВАЊЕ ВО ВИЕНА Во соработка со WIFI Институтот при Сојузот на кВо соработка со WIFI Институтот при Сојузот на комори на Австрија, Стопанската комора на Македонија преку својот Бизнис центар за тренинг и обука организира тренинг програма на тема:
За повеќе информации слободно контактирајте не: Симона Ристоска 02 32 44 067 simona@mchamber.mk
Борис Тримчев 072 207 091 boris@mchamber.mk
“Жени претприемачи” Програмата се состои од два дела, односно од теоретска обука со предавач од WIFI Институтот која се одржува во Скопје, а вториот дел е студиско патување во Сојузот на комори во Виена.
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Osnovana 1922
Искористете ја можноста за интернационален know - how трансфер и учете од најдобрите во Европа! Станува субвенционирана достапна цена.
збор програма
за по
Програмата трае 9 дена, од кои 6 тренинг дена во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје и 3 дена во Виена, Австрија и B2B средби. Средбите се организираат во зависност од Вашиот интерес и индустријата во која дејствувате. Престојот, семинарите и посетите се во организација на WIFI AUSTRIA. Сместувањето е во хотел, по двајца учесници во двокреветна соба. Уписите се во тек! Посетата во Виена, Австрија ќе се одржи по завршување на обуката и полагање на тестот.
Founded 1922
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
ТРЕНИНГ-ПРОГРАМА НА ТЕМА: „ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ“
WIFI AUSTRIA ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР
УСПЕХ СО WIFI Институтот за промоција на економскиот развој (The Institute for Economic Promotion – Wirtschaftsförderungsinstitute/WIFI) во рамките на Сојузот на комори на Австрија (Austrian Economic Chambers) е партнер на австрискиот бизнис на полето на едукација и развој на човечките ресурси, со регионална организација во сите девет области на Австрија и 80 претставништва ширум светот. Секоја година, 300.000 учесници посетуваат некој од понудените курсеви и семинари кои се повеќе од 25.000, на коишто предаваат 12.000 тренери ангажирани од WIFI, a избрани директно од бизнис-заедницата.
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН KNOW-HOW ТРАНСФЕР Тимот на WIFI задолжен за интернационален know-how трансфер обезбедува семинари и менаџмент курсеви ширум светот кои нудат дополнителна предност на тој начин што на учесниците кои успешно ќе ги завршат овие курсеви им овозможуваат директен контакт со австриски компании, со цел да имаат активна улога во економскиот развој на целните земји додека истовремено имаат активна улога и во отворањето на вратите за австрискиот бизнис.
22
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Kомплетна обука согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија
„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“ Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со менаџментот и организацијата на човечките ресурси во компаниите. Истата содржи 80 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Програмата започнува со општ вовед во менаџментот на човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти на струката потребни за стекнување менаџерски вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за Програмата „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ кој е признат од Министерството за образование и наука. ТРЕНЕРИ: Доц. д-р Љупчо Ефтимов Доцент на Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на прв и втор циклус студии одржува настава по предметите Менаџмент на човечки ресурси, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на перформанси. Од 2013 година ја извршува функцијата раководител на студиската програма од втор циклус студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси. Член е на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Член е на Комитетот за човечки ресурси при Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Р. Македонија. Член е на Техничкиот комитетот за менаџмент на човечки ресурси при Институтот за стандардизација на Р. Македонија. М-р Драгана Томиќ Пилиповиќ Професионален консултант, основач и претседател на Центарот за општествено одговорно претприемништво (ЦООП) - Белград, а во текот на својата кариера работела на следните позиции: - заменик-претседател на Секторот за човечки ресурси и обучувач во AIESEC, Економски факултет – Белград; - консултант во областа на тренинг и менаџмент на човечки ресурси во „Срма Консалтинг“ – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во Ерсте Банка – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во „ФармаСвисс“ ДОО - Белград. Д-р Зоран Михајлоски Во текот на својата богата кариера д-р Зоран Михајлоски бил судија во Апелациониот суд во Скопје, во специјализираниот оддел за работни спорови од 2002 година, претседател на специјализираниот оддел за работни спорови на Апелациониот суд - Скопје, едукатор во Правната школа на постојни судии од Европската унија во Барселона, Шпанија, од областа на
националните работни законодавства, постојан предавач на постдипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и вонреден професор на Факултетот за правни науки при Универзитетот „Американ Колеџ“ - Скопје. Автор на повеќе научни и стручни трудови од областа на трудовото и деловното право.
Дополнителни информации: • Предавањата се распоредени во 10 тренинг дена (вкупно 80 школски часа) и се одржуваат два до три пати неделно. • Обуката започнува во периодот април – мај 2015 година. • Број на учесници во група: 10 – 20 учесници. • Во зависност од тематската целина предавањата се одржуваат на македонски или на српски јазик. • Сите учесници добиваат потврда за присуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија. • Услов за да се стекне Сертификатот за „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит. Котизација за учество: - 27.900 денари за 1 учесник; - 10% попуст за втор учесник од иста компанија и - 15% попуст за трет и секој следен учесник од иста компанија, невработени лица и студенти. Учесниците добиваат: - Материјали; - Освежување и - Сертификат.
Контакт: Симона Ристоска +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Практична обука: „ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ – ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ“
9 јуни 2015 година 10:00- 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат
Успешно учество на постапките за доделување спроведувањето на е-набавките и е-аукциите; на договори кои се водат по електронски пат • Интерактивни вежби! Секој од учесниците (пребарување огласи, преземање тендерска индивидуално ќе поднесе понуда и ќе учествува на документација, поднесување понуди) и учество на електронска аукција. електронски аукции Обуката е наменета за сите економските оператори, Обука наменета за економски оператори) приватни компании кои учествуваат на постапките за јавни набавки или имаат интерес за потенцијално учество на На обуката која е наменета за сите економски оператори – истите. приватни компании кои учествуваат или имаат интерес да учествуваат на постапките за јавни набавки, учесниците на Обучувачи интерактивен начин подетално ќе се запознаат со алатките Обучувачите се експерти за јавни набавки и е-набавки од што ги нуди ЕСЈН и самите практично ќе имаат можност Бирото за јавни набавки (Сектор за управување со ЕСЈН) да поднесат понуда преку системот и да учествуваат на кои учествувале во развојот на е-набавките во РМ. електронска аукција. Имајќи го предвид воведувањето на задолжителноста на е-набавките (во последната измена Со оглед на видот на обуката – практични и интерактивни на Законот се предвидува задолжително користење вежби и поминување на тест-сценарија, учесниците е на е-набавките почнувајќи од 2016 година – во 30% од потребно да понесат преносен компјутер (лап-топ). постапките, 2017 година – 50% и 2018 година – 100%), ваквата обука е од исклучителна важност за лицата инволвирани За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: во јавните набавки. - работен материјал; - ручeк и освежување; На обуката учесниците ќе имаат единствена можност да - сертификат за присуство на семинарот. дискутираат и да ги искористат искуствата на експерти за јавни набавки кои учествувале во создавањето и развојот Аплицирај електронски / on-line на Електронскиот систем за јавни набавки, и кои што веќе неколку години спроведуваат постапки целосно по Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова електронски пат. Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 ПРОГРАМА Контакт Центар : (02) 15015 • Детално опишување на е-набавките и алатките што ги E-адреса: beti@mchamber.mk нуди ЕСЈН; • Креирање на кориснички профили и претставување Контакт: Анита Митревска и уредување на функционалноста на профилот на Тел: ++ 389 2 3244057 економскиот оператор; Факс:++ 389 2 3244088 • Пребарување на објавени тендери и договори; Контакт Центар : (02) 15015 • Поднесување на понудите преку системот; E-адреса: anita@mchamber.mk • Учество на е-аукции; • Претставување на случаи на „добра пракса” при
БИЗНИС ИНФО
24
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
На 11.06.2015 година, од 10 до 16 часот, во Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
Обука: „ЕФЕКТИВЕН СИСТЕМ ЗА ПРОДАЖБА, КОМУНИКАЦИСКИ И ПРЕГОВАРАЧКИТЕ ВЕШТИНИ И КРИТИЧКО РАЗМИСЛУВАЊЕ ВО ПРОДАЖБАТА“
THE RELATIONSHIP CENTRIC METHODOLOGY - Зголемување на продажбата на Вашите производи / услуги - Развивање на вештини за вешто слушање и скратување на продажниот циклус, организирање за оптимално користење на времето за продажба - Развивање на нов начин на размислување и поставување на нови продажни таргети за годината која што е пред Вас и како на најдобар можен начин можете да дојдете до нив и дофат на нови клиенти - Научете како луѓето донесуваат одлука за купување, справување со тешки купувачи - Креирање на месечни и годишни планови за продажба - Анализа на продажбата, развивање на остварлив план за продажба, планирање на финансиските алатки за продажба - Поголема продуктивност во продажбата и решавање на продажни проблеми и донесување на одлуки - Подобрување на оперативната ефикасност Обуката “Ефективен систем за продажба, развој на комуникациски и преговарачки вештини и критичко размислување на продажба” е дизајнирана со цел да произведе пораст на продажбата, преку давање конкретни совети и решенија за остварување на резултати во сите елементи од процесот на продажба. Научете како да изградите свое сопствено, единствено продажно решение. На нашата обука за системскиот дел на продажба и развој на продажни вештини, ќе научите примена на некое од најновите размислувања и сведување на перформансите за продажба на целосно ново ниво. Оваа обука не е стандардна и таа ќе биде прилагодена на потребите и целите на учесниците. Обуката е наменетa за раководител на продажба, раководител на комерција, раководител на набавка, вработени во продажба, комерција, набавка. Оваа обука се базира на отворена дискусија во рамките на темата, каде активно учество ќе земат и учесниците и предавачите. Во рамките на обуката ќе бидат опфатен и теоретски дел од оваа побласт, каде ќе бидат презентирани ефективни методи и алатки кои се користат во областа на управување со документацијата. Покрај другото, на обуката ќе биде даден одговор на прашањата кои ќе бидат поставени од учесниците а кои се однесуваат на оваа област. ПРЕДАВАЧИ *Јасмина Илиевска, вработена како консалтинг менаџер во компанијата Д2ЕМ Консалтинг од Скопје. *Михаил Китановски, електро инжињер со последипломски студии на Institute for Sociological, Political and Juridical Research. Аплицирај електронски / on-line
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
“КОМОРИТЕ ЗА ГЛОБАЛЕН НАПРЕДОК НА БИЗНИСОТ” Светскиот коморски конгрес е организиран од страна на ICC World Chambers Federation (Светската федерација на комори).
Светскиот коморски конгрес се одржува на секои две години во различни земји. Тоа е единствен меѓународен форум за коморски и бизнис-лидери, место каде што се нуди можност да се споделат најдобрите практични искуства, место за размена на идеи, развивање на мрежи, да се воспостават контакти во интерес на најновите бизнис-прашања кои влијаат на заедниците од каде се доаѓа, како и да се добијат информации за нови иновации од коморите од целиот свет. Коморите во своите држави работат на корените на претприемничкиот развој, имајќи предвид дека компаниите се подготвени да се искачат на врвот преземајќи нови и смели бизнис-потфати за своите членки. Приматот го имаат малите и средни компании (МСП) кои се најбројни и се креатори на економското богатство и развојот на сите економии. Но тука се и големите компании кои се носечки за развојот за едно стопанство и истите се пример за малите и средни компании. Коморите играат клучна улога во олеснувањето на локалниот развој на бизнисот и идентификацијата на трговијата, инвестициите и деловните можности. Коморите им помагаат на своите членки да ја подобрат конкурентноста и да успеат во своите активности, значително придонесувајќи кон економскиот прогрес на една земја. Конгресот не е само монолог - еднонасочна комуникација, туку станува збор за интерактивна акција на делување. Во осум работилници за обука, експертите ќе им дадат практични совети на сите учесници, кои ќе им овозможат на коморите и бизнис-заедниците да ги подобрат и да ги унапредат своите услуги, како и да се стекнат со поголемо професионално и лично искуство по нивното враќање дома. Стопанската комора на Македонија заедно со компаниичленки ќе земе учество на овој конгрес, отворајќи одлична можност за проширување на деловните контакти, унапредување и стекнување на нови знаења, размена на искуства, можности за посета на древни остатоци од цивилицации, и секако дружење
Од 10 до 12 јуни 2015 година 9-ти Светски коморски конгрес во комплексот - Лингото, во Торино, Република Италија
и забава со останатите претставници кои ќе учествуваат од коморите од светот. 9. Светски коморски конгрес ќе се одржи во Линготокомплексот во Торино, кој претставува одличен пример за индустриски обновен објект пренаменет за други потреби. Всушност овој објект претходно бил првата фабрика за производство на автомобили „Фиат“ од познатиот архитект Рензо Пиано (Renzo Piano). Денес, тој е огромен комплекс, во кој се наоѓа и Центарот за конвенција, изложбен центар, каде што има хотели со 4 и 5 ѕвезди, 5500 м2 покриен паркинг-простор, масивен 8 галериски трговски центар со 90 продавници и 25 барови, ресторани, мултиплекс-кино со 11 театри, ексклузивни Bolla-сали за состаноци, со аеродром за хеликоптери (кој се наоѓа на покривот на Лингото-комплексот), уметничка галерија и еден ресторан кој се наоѓа на поранешната тестпатека на автомобилскиот бренд „Фиат“. Сите овие објекти меѓу себе се поврзани, нудат голема флексибилност и можат да се приспособат за различни типови на настани. Лингото конгресниот центар е голем, модерен објект, наменски изграден за конвенции со пространи изложбени сали и угостителски објекти и пет сали во непосредна близина. Регистрација - котизација Сите делегати ќе имаат можност да учествуваат на сите сесии и работилници во текот на 3 дена на 9. Светски коморски конгрес, а постои и можност да изберат учество на само еден или на два дена по свој избор, со цел да се приклучат на активностите на Конгресот кои се од значење за делегатот.
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: natasa@mchamber.mk
26
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Меѓународен саем за вино и деловни средби на 16 и 17 јуни 2015 година во Франција
„VINEXPO INTERNATIONAL“ ВО БОРДО
Саемот „Vinexpo International“ и деловните средби Ви овозможуваат да учествувате на најпознатиот светски настан за вино, со повеќе од 2400 излагачи и 48.000 професионални посетители, да ја проширите својата меѓународна мрежа и да ги идентификувате новите партнери, преку претходно одбраните потенцијални партнери. Саемот „Vinexpo International“ и деловните средби се брокерски настан за светски познатите вина и алкохолни пијалаци. Настанот нуди: За компаниите – проактивно учество на „Vinexpo“, каталог за купувачите и организиран тајминг за настанот и состаноците во ЕЕН мрежата, како и сите предности на matchmaking настанот – бесплатно! За купувачите – бесплатна, професионално организирана агенда за да се сретнете со претходно избраните мали и средни претпријатија, дегустација и откривање на прекрасни вина и алкохолни пијалаци, како и временски ограничени, организирани деловни средби. За дегустацијата е обезбедена сала од 300 м2 со 45 маси и професионална услуга. Зошто треба да учествувате? - Присуство на светски познатата изложба со повеќе од 2400 излагачи и 48.000 професионални посетители. - Активно учество на изложбата. - Проширување на својата меѓународна мрежа и идентификување нови партнери. - Организирани 30-минутни деловни средби со одбрани партнери. - Тоа е бесплатно! Регистрирајте се на www.b2match.eu/vinexpo2015
Аплицирај електронски / on-line: http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1734&bet=17 Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ЕКОНОМСКИ ФОРУМ ЗА ЗЕМЈИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА: „БАЛКАНСКИ МОСТ НА ТРГОВИЈАТА 2015“ Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија и Министерството за економија на Република Бугарија, организираат Економски форум за земјите од Југоисточна Европа на тема: „Балкански мост на трговијата 2015 година“ - поврзување на трговските компании од Југоисточна Европа. Европскиот економски форум е под покровителство на Министерството за економија на Република Бугарија и има за цел да обезбеди платформа за деловни разговри за идните бизнис-можности на земјите од Југоисточна Европа. Конференцијата и деловните средби се наменети пред се`за високи претставници, менаџери и сопственици на компании увозно ориентирани и дистрибутерски компании, како: синџири на продавници за малопродажба; - машинско инженерство; - производители на метални производи; - производители на градежни материјали; - ИТ-компании; - електронски и електричен инженеринг; - хемиска индустрија и др.
На 18 и 19 јуни 2015 година, во хотелот „Кемпински“, Софија, Република Бугарија
„Кемпински“, во Софија, Република Бугарија. За учесниците на Економскиот форум Министерството за економија на Р: Бугарија обезбедува две бесплатни ноќевања за 1 претставник од компанија (кои можат да се искористат во периодот од 18-20 јуни 2015 година), како и покривање на патни трошоци во висина од 200 евра.
Ве молиме, Вашиот интерес за учество на Економскиот форум да го наведете во Пријавниот лист– (Buyer’s Application Form) и да го доставите на е-адресата: office@biforum.org, или го испратите по фах: 00359 2 953 29 24.
Контакт: Ивона Каранфиловска На Економскиот форум ќе присуствуваат менаџери Тел: ++ 389 2 3244084 и сопственици на компании од 15 земји од Балканот Факс:++ 389 2 3244088 и пошироко, а учесниците ќе имаат можност да се Контакт Центар : (02) 15015 сретнат со над 500 високи претставници на компании, E-адреса: ivona@mchamber.mk владини институции, меѓународни финансиски и други интернационални институции, со можност Контакт: Ирена Мојсовска да разменат мислења за актуелните економски Тел: ++ 389 2 3244009 прашања. Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 Економскиот форум за земјите од Југоисточна Европа E-адреса: irena@mchamber.mk ќе се одржи на 18 и 19 јуни 2015 година, во хотелот
БИЗНИС ИНФО
28
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
На 19.6.2015 година, од 10:00-14:00 часот, во деловни простории на „Кожувчанка“ во Кавадарци
Советување: „ПРАВИЛА НА ПОТЕКЛО НА СТОКИТЕ”
Советувањето Стопанската комора на Македонија го организира во соработка со Царинската Управа на Република Македонија. ПРОГРАМА I. Правила за стекнување преференцијално потекло на стоката II. Дијагонална кумулација Предавачи: Ø Лидија Лекоска, Царинска Управа на Република Македонија. Ø Ирина Нелковска, Царинска Управа на Република Македонија. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Александра Велкова Тел: + 389 43 415 044 Факс:+ 389 43 415 044 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: regionalnakavadarci@mchamber.mk Контакт: Александра Велкова Тел: + 389 43 415 044 Факс:+ 389 43 415 044 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: regionalnakavadarci@mchamber.mk
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Дводневна обука: ПОДГОТОВКА НА КОМПАНИИТЕ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ЕВРОПСКИТЕ ПРОГРАМИ „ХОРИЗОНТ 2020“ И „КОСМЕ 2014-2020“ Европската комисија за следниот седумгодишен период (2014-2020 година), креираше грантови во рамките на ЕУ-програмите„КОСМЕ“ и„ХОРИЗОНТ 2020“ за подигање на конкурентноста и иновативноста на компаниите зацртани во Европската стратегија 2020.
Стопанската комора на Македонија од досегашното искуство во работењето на европските програми, утврди дека овие фондови се главната алатка со којашто ЕУ ги поддржува економскиот развој, социјалната кохезија и развојот на демократските вредности во земјите-членки на ЕУ и земјитекандидати за членство. Со овие програми се поддржуваат истражувањето и иновациите, со цел поголема конкурентност и креирање нови работни места. Република Македонија е дел од земјите кои имаат целосен пристап до наведените програми. Програмата „Хоризонт“ поддржува финансирање на проекти за истражување и иновации, мобилност на истражувачи, трансфер на нови технологии, стекнување на нови знаења и експертиза, како и кофинансирање на одредени активности поврзани со развој на нови производи и воведување нови технолошки процеси. Од особен интерес за компаниите е новиот Инструмент за МСП како дел од Програмата „Хоризонт 2020“, кој е наменет исклучиво
На 24 и 25 јуни 2015 год , од 10:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат
за мали и средни компании. Програмата „Косме“ има за цел да ја поттикне конкурентноста на компаниите преку обезбедување подобар пристап до финансии, бизнис-услуги за поддршка и промовирање на претприемништвото за мали и средни претпријатија, како и пристап до постојни и потенцијални претприемачи и бизнисорганизации за поддршка и развој на бизнисите. Со цел поттикнување на иновативноста и конкурентноста на македонските компании за активно аплицирање и искористување на средствата од европските фондови со акцент на Инструментот за МСП, Стопанската комора на Македонија овозможува детална и сеопфатна дводневна обука - интензивен тренинг со теоретски и практични знаења кои се применливи во малите и средни претпријатија, невладиниот сектор, организациите, универзитетите, тренинг-центрите, консултантските организации. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
30
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„ПАТОТ НА СВИЛАТА“ Од 23 до 26 јули 2015 година во ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА Ксинџијанг - Урумки, во НР Кина ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА И „УРУМКИ“ - ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА УГОСТИТЕЛСТВО И КЕТЕРИНГ (За компаниите – членки на Стопанската комора на македонија обезбедени се бесплатно сметување, изложбен штанд, влезници и трансфер) Стопанската комора на Македонија во соработка со Ксинџијанг Меѓународниот саем и центар за конвенции организира учество на македонски компании на Вториот интернационален саем за прехранбена индустрија „Патот на свилата“ и „Урумки“ - Интернационалниот саем за угостителство и кетеринг. Двата настана ќе се одржат периодот од 23-26 јули 2015 година. Целта на организирањето на овие интернационални саеми е да се промовира соработка и да се работи на развојот на прехранбената индустрија меѓу сите области по должината на „Патот на свилата“ и Централна Азија, Западна Азија, земјите од АСЕАН и ЕУ. Воедно, целта е да се создадат „пет центри“ на економскиот појас на „Патот на свилата“, со цел да се промовира градот Урумки и да се интензивира економската соработка меѓу домашните и странските компании од прехранбената индустрија. „Патот на свилата“ - Интернационалниот саем за храна што се одржа во 2014 година и 4. Кинески саем за ХАЛАЛ храна и култура (SRIF), успешно беа одржани во „географскиот центар на азискиот континент“ - Урумки. Првиот SRIF-Саем бил организиран на површина од 40.000,00 м² со 1.200,00 интернационални стандардни штандови со повеќе од 780 учесници, од кои 153 странски компании од повеќе од 27 земји и региони од светот. Бројот на посетители достигнал 200.000,00 а вкупниот профит изнесувал 1.445 билиони јуани. Оваа година Саемот ќе се одржи на површина од 70.000,00 м² со 2.400,00 стандардни штандови и повеќе од 1.500,00 компании-учеснички, од коишто 30% се странски излагачи. Саемот ќе трае од 23-26 јули 2015 година, со следниот распоред за излагачи: • сместување: 21-22 јули 2015 година; • изложување: 23-26 јули, 2015 година; • ден за трговци: 23 јули 2015 година • отворен ден: 24-26 јули 2015 година • пакување: 26 јули 2015 година (после 17:30 часот). На Саемот ќе се најдат излагачи од повеќе различни сектори: • прехранбена индустрија: здрава храна, угостителство, кетеринг и сродни индустрии, домашен и странски
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
БИЗНИС ИНФО
31
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ • • • •
прехранбен сектор, франшизи; машини и опрема за прехранбената индустрија: машини за преработка и пакување во прехранбената индустрија, опрема за печење, кујнски прибор и опрема, земјоделски објекти, инсталација на ладилници и комори, опрема за пијалаци; некласифицирана храна: специјални шумски и овошни продукти, органска храна и пијалаци, суровини и ароми, жито, масло, зеленчук, морски плодови, локални продукти, чаеви и млечни продукти; хотелиерство: познати ресторани и хотели, украсување за свечености; синџир на претпријатија: синџир на компании од прехранбената индустрија, продавници и супермаркети и др.
Посетителите и излагачите на Саемот ќе имаат можност да бидат дел од три одделни секторски манифестации од прехранбената индустрија: 1. Интернационален саем за прехранбена индустрија (на 12.000,00 м²); 2. Саем за домашна прехранбена индустрија (на 24.000,00 м²) и 3. Саем за гурманска храна и култура (на 30.000,00 м²). За време на Саемот ќе бидат организирани и два бизнисфорума: Интернационален форум за прехранбената индустрија и промоција на инвестициите 2015“ и „Патот на свилата“ -„Урумки“ Форум за храна и култура, како и деловни средби за бизнисмени од повеќе различни сектори од прехранбената индустрија. Посетителите и излагачите за време на Саемот ќе имаат можност да присуствуваат на голем број дополнителни настани и активности организирани од страна на SRIF, како што се: „Кралот на храната“- интернационален настан од областа на гастрономијата, натпревари и доделување награди, Шангајско Гинисово шоу со јаболко, „Вкуси го Ксинџијанг“, промоција на туризмот и др. За компании членки на Стопанкста комора на Македонија , обезбедени се : • бесплатно сместување во Урумки за време на саемската манифестација (5 ноќевања); • бесплатни влезници за саемската манифестација; • бесплатни трансфер (од-до аеродром и саемот) и • бесплатен штанд за претставници на интернационални компании - површина од 9 м² Напомена: Доколку се пријават повеќе од 20 македонски учесници, постои можност за добивање бесплатен Национален павилјон - простор за изложување од 270 м² , односно простор за 30 засебни штанда. Посетителот ги покрива патните и организационите трошоци кон Комората (за членки на Комората 6.000 денари по лице, а за нечленки 9.000 денари по лице). Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
32
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
На 7 октомври 2015 година Стопанска комора на Австрија, Виена
Бизнис-средба со австриски фирми - производители на прехранбени производи и интернационални трговци на големо и мало
„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ ВО ВИЕНА
Стопанската комора на Македонија заедно со Трговското одделение при Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија и Стопанската комора на Австрија, организираат учество на бизнис-делегација од Македонија на деловни средби со австриски фирми - производители и интернационални трговци на храна и пијалaци. „MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ е настан со најголема посетеност и 10-годишна традиција, на којшто присуствуваат компании од целиот свет. Настанот ќе се одржи на 7.10.2015 година (среда), во Стопанската комора на Австрија во Виена. Ве покануваме на овој настан, со цел да реализирате соработка со австриските производители и со останатите учесници на деловните средби. „MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ нуди ексклузивна можност за компаниите од Македонија и од светот да ја зголемат својата мрежа на контакти, да пробаат нови производи, да запознаат нови добавувачи, да разменат нови идеи и да остварат соработка со врвни компании и експерти за производство и трговија на големо и мало со храна и пијалаци од целиот свет. Учеството на 675 компании и нивото на организација на настанот можете да ги видите на краткото видео во прилог: http://youtu.be/zhnJ2PKFJMw . Сите заинтересирани за учество на овој настан треба да го пополнат Пријавниот лист и да се регистираат на следниот линк: https://www.b2match.eu/food2015 . Искористете ја оваа можност и посетете го овој настан, кој ќе се одржи неколку дена пред најголемиот саем за прехранбени продукти ANUGA (10-14 Октомври 2015) во Келн. Пријавниот лист да се достави до лицата за контакт, најдоцна до 30.6.2015 година. За компаниите кои ќе се пријават за учество на деловните средби обезбедени се: - бесплатни две ноќевања со појадок, во хотел со 4 ѕвезди; Трошоците за превозот Скопје - Виена - Скопје го сносат самите компании. Бројот на места е ограничен. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
34
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА надворешно и внатрешно осветлување, за заштеда на електрична енергија. Валидност дo 23.7.2015 годинa. Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на медицински препарати. Валидност дo 24.6.2015 годинa. Компанија од Естонија заинтересирана е за соработка со индустриски објекти за пласман на производни транспортни линии при процес на производство на одредени производи во Република Македонија. Валидност дo 24.7.2015 годинa. Компанија од Хрватска бара да соработува со текстилни фабрики во Република Македонија за плaсман на гумени прстени. Валидност дo 24.7.2015 годинa. Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на бои и лакови. Валидност дo 24.7.2015 годинa. Компанија од Германија заинтересирана е за Компанија од Бугарија бара дистрибутери во пласман на деликатесни производи за исхрана. Република Македонија за пласман на широка Валидност дo 24.7.2015 годинa. палета на опрема за високо квалитетно ладење и замрзнување наменета за трговски и индустриски Компанија од Германија заинтересирана е да пласира готови јадења со месо. објекти. Валидност дo 25.7.2015 годинa. Валидност дo 20.7.2015 годинa. Компанија од Литванија бара дистрибутер за пласман Компанија од Хрватска заинтересирана е за соработка со македонски компании производители на печатачи и скенери во Република Македонија. на мебел. Валидност дo 23.7.2015 годинa. Валидност дo 26.7.2015 годинa. Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на транспортни дигалки за Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на семки од пренос на товар. сончоглед, подготвени за печење со висок квалитет Валидност дo 23.7.2015 годинa. и чистота - мин. 99,5%, Влага - макс. 8%; големина Компанија од Кина бара дистрибутер во Република над 3,5 милиметарски круг, Кол: 3-5 полни контејнер Македонија за пласман на ЛЕД-производи за во пакување: 20-25 кг во пластични кеси ткаени. Валидност дo 26.7.2015 годинa.
четврток, 04 јуни 2015, Бр. 226
БИЗНИС ИНФО
35
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Германија бара партнери за соработка во Република Македонија во областа на соларна енергија Валидност дo 26.07.2015 годинa
Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на маси, столици, опрема за училишта и болнички кревети. Валидност дo 2.8.2015 годинa.
Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Компанија од Романија заинтересирана е да пласира Македонија за пласман на бојлери на дрва за постелнина во Република Македонија. загревање. Валидност дo 2.8.2015 годинa. Валидност дo 26.7.2015 годинa. Компанија од Република Македонија нуди објект за Израелска компанија бара соработка со македонски продажба или изнајмување на магистралниот пат увозници на овошје за пласман на манго и калинки, Скопје – Софија - Истанбул или поточно Куманово како и алат за вадење семки од калинки. - Крива Паланка оддалечен од Куманово на 15 Валидност дo 27.7.2015 годинa. километри. Објаектот е новоизграден со површина од 1300 м2 погоден за секаков вид на производство, Компанија од Србија заинтересирана е да магацински простор, како и дел за деловен пласира во Република Македонија прашкасти, простор. зрнести производи, зачини и други прехранбени Валидност дo 2.12.2015 годинa. производи. Валидност дo 27.7.2015 годинa. Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман механички рачни алати. Валидност дo 27.7.2015 годинa.
www.mchamber.mk
Контакт:
Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088