БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
Quality Management
СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642
bsi.
ISO 9001
Quality Management
years 5
192
FS 549642
2 - 201
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 253
www.mchamber.mk
04.02.2016
Kако до подобри квалификации во соработка со работодавачите?
УСОГЛАСУВАЊЕ СО ПОТРЕБИТЕ НА РЕАЛНИОТ СЕКТОР И ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
четврток, 04 февруари 2016, Бр. 253
ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
WUDQVSRUW FRPSDQ\
WUDQVSRUW FRPSDQ\
WUDQVSRUW FRPSDQ\
ЕЗБЕД ОБ У
�
B
SE
C
UR
O
НИКО
� Б
ЊЕ ВА
�
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
четврток, 04 февруари 2016, Бр. 253
БИЗНИС ИНФО
3
ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО
УСОГЛАСУВАЊЕ СО ПОТРЕБИТЕ НА РЕАЛНИОТ СЕКТОР И ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ
Kако до подобри квалификации во соработка со работодавачите?
Стопанската комора на Македонија, како социјален партнер и како најголема бизнисасоцијација во Република Македонија е вклучена од самите почетоци на подготовката на Македонската рамка на квалификации (МРК), преку своите расположливи ресурси и преку директно вклучување на компаниите. МРК претставува важен сегмент во процесот на реформи во образовниот систем на Македонија и истата треба да обезбеди за поединецот корисно вработување, мобилност, развој на кариерата и соодветна награда, за општеството - образовани и активни граѓани, квалификувана работна сила, вработување и мобилност, а за компаниите Македонската рамка за квалификации треба да овозможи: регрутирање, создавање на способни, одговорни и приспобливи кадри, вработени кои ќе обезбедат поврат на инвестицијата и создавање квалитетен производ или услуга. Ова беше истакнато на редовната пресконференција во Стопанската комора на Македонија на тема: „Kако до подобри квалификации во соработка со работодавачите?“. На прес-конференцијата се обратија Спиро Ристовски, заменик-министер за образование и наука и м-р Анета Трајковска, директор на Дирекцијата на други форми на организирање и работење при Стопанската комора на Македонија. На прес-конференцијата присуствуваа и Наташа Јаневска, државен советник во Министерството за образование и наука и Борчо Алексов, претседател на Националниот одбор за Македонската рамка за квалификации и помошник-раководител во Секторот за високо образование. Инаку, Европската рамка на квалификации (ЕРК) е усвоена во април 2008 година и од тогаш до сега 25 земји од Европа ги референцирале своите национални квалификации со
4
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 февруари 2016, Бр. 253
АКТУЕЛНО европските, од кои 21 земја се членки на ЕУ, а останатите 4 не се членки. Бенефитите од процесот на референцирање се повеќекратни за развојот на образовниот систем на Р. Македонија и за зголемување на конкурентноста на економијата, пред се` негово усогласување со потребите на реалниот сектор и пазарот на трудот. -Значајно е да се спомене дека во Република Македонија за прв пат во рамките на проектот кој го имплементира Стопанската комора на Македонија: „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност“ беше воспоставен и имплементиран процес на препознавање на претходното знаење со што им се даде можност на работниците кои имаат стекнати искуства, вештини и знаења, но немаат сертификат за да го докажат своето знаење, да се здобијат со сертификат со што би се зголемила нивната конкурентност на пазарот на труд. За таа цел, на 12.02.2016 година ќе биде свеченото доделување првите сертификати (процес на препознавање на претходното знаење и вештини) за првите 1000 работници за 5 занимања. Затоа, нашата задача во иднина, како најголема бизнис-асоцијација ќе биде да го дадеме нашиот придонес за заживување на МРК, преку вклучување на компаниите (домашни и странски) и нивно запознавање со улогата која ја имаат во МРК, преку организирање презентации по дејности и региони, - истакна м-р Анета Трајковска. Стопанската комора на Македонија, според Трајковска, ќе работи на унапредување на соработката меѓу партнерите, унапредување на капацитетите на секторските комисии, со цел адекватно да се дефинираат потребите на пазарот на трудот и потребите на бизнисот, како значаен механизам за обезбедување квалитет во образованието со единствена цел образовниот систем на РМ да создава кадри според реалната потреба на пазарот на трудот, кој може лесно да се вработи, т.е. кадар баран од индустријата. Преку вклучување на компаниите во секторските комисии и преку организирање презентации по дејности и региони ќе се анализираат состојбите и тенденциите на пазарот на труд, ќе се предлагаат квалификации, ќе се анализираат постојните квалификации и ќе се предлагаат приоритети за развој на нови или дополнување на постојни квалификации.
четврток, 04 февруари 2016, Бр. 253
БИЗНИС ИНФО
5
ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО -Република Македонија презеде активности да изготви своја рамка на квалификации, како можност за мобилност на учесниците во процесот на образование и обука, а работниците и бизнисите да оперираат во уште поглобални пазари, - истакна Спиро Ристовски. Тој презентираше што е постигнато досега во системот на квалификации: - усвоена е Македонската рамка на квалификации (октомври 2013 година); - усвоен е Законот за Национална рамка на квалификации (октомври 2013 година); - формиран е и работи Националниот одбор за МРК (ноември 2015 година); - воспоставен е и достапен на веб-страната: www.mrk.mk Каталог на квалификации, кој подоцна ќе прерасне во Регистар на квалификации; - продолжува развојот на квалификациите во тригодишното образование; - започната е анализа на постојните квалификации во 4-годишното стручно образование и нивно редизајнирање врз основа на резултати од учење; - одржани се повеќе работилници за јакнење на капацитетите на засегнатите страни; - започнат е процесот за развој на ИКТ и угостителско-туристичкиот сектор; - усвоен е Концепт за неформално образование и информално учење; - подготвен е Извештај за упатување на МРК кон ЕРК и самопотврдување на рамката за високообразовните квалификации. Донесувањето на Македонската рамка на квалификации претставува важен сегмент во процесот на реформи што ги презеде Република Македонија. МРК претставува национален стандард кој го регулира стекнувањето и користењето на квалификациите, што ќе овозможи поголема мобилност, како во образованието и обуката, така и на пазарот на труд. Таа е инструмент за комуникација и реформи, алатка за доверба и поддршка на работодавачите и останатите заинтересирани страни за градење на системот на квалификации, преку активно учество на сите засегнати страни, – подвлече Ристовски. Но, како да заживее МРК? Тоа е можно, како што нагласи Ристовски, само со вклучување на сите заинтересирани страни. Значаен придонес за процесот е систематско вклучување на работодавачите. Важно е да се напомене дека улогата на работодавачите започнува со описот на работното место во нивната организација што го даваат во изготвувањето на стандардите за занимања преку учеството во работните групи, во развивањето на нови квалификации, со учество како членови во секторските комисии и во усвојувањето на квалификациите со учеството во највисокото тело за МРК, како членови на Националниот одбор за МРК. – истакна Спиро Ристовски. -Но, тука не застануваме. Наша понатамошна активност ќе биде вклучување на работодавачите во имплементацијата и промени во практиката. Да се обезбедат квалификации кои ќе обезбедат можности за вработување и развој на кариера, социјална инклузија, конкурентност и раст. М-р Анета Трајковска
6
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 февруари 2016, Бр. 253
УСОГЛАСУВАЊА Групацијата на води во рамки на Здружението на комуналните дејности расправаше за Законот за утврдување на цени на водните услуги
РАСЧИСТЕНИ ДИЛЕМИ ОКОЛУ КОНКРЕТНАТА ПРИМЕНА
Имплементација на Закон за утврдување на цени на водните услуги кој е веќе објавен во „Службен весник на Република Македонија бр. 7/2016 беше тема на седницата на Групацијата на води во рамки на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија. На состанокот, освен членките на Групацијата, претставници на посебните водоводни и комуналните претпријатија, кај кои покрај другите дејности е вклучен и водоводот, учествуваа и Јадранка Иванова, претставник од Министерството за животна средина и просторно планирање и претставници на Регулаторната комисија за енергетика. Таа веќе доби законски надлежности во иднина да ја регулира цената на водните услуги која се дистрибуира до крајните корисници. Јадранка Иванова ги објасни и причините за носење на Законот потенцирајќи дека со новиот начин на пресметка на цената на водата ќе се обезбеди поголема издржливост на системите, намалување на загубите на вода и можност за нови и поголеми инвестиции во осовременување на водоводните и канализационите системи во општините ширум земјата. Одлуката Регулаторната комисија за енергетика да биде регулатор на цената е преземено искуство од многу европски земји, каде на исти начин
четврток, 04 февруари 2016, Бр. 253
БИЗНИС ИНФО
7
УСОГЛАСУВАЊА ПОДВЛЕЧЕНО се дефинира цената. Таа ги информираше присутните за обврските кои согласно овој Закон ќе почнат да важат за комуналните водоводни претпријатија. Имено, периодот од први ноември 2016 година до 31 декември 2017 година ќе биде период во кој водоводните претпријатија ќе треба да отпочнат постапка за утврдување на тарифата за вода и тарифните планови. Од 1 јануари 2018 година во општините со над 10.000 жители ќе се применува тарифата за водни услуги, а со оние под 10.000 жители, обврската започнува со примена од 1 јануари 2019 година. Претставниците на Регулаторната комисија за енергетика ја презентираа рамката согласно која водоводните претпријатија ќе треба да ја креираат предлог - цената. Притоа, беше напоменато дека во следниот период ќе бидат реализирани низа контакти и работни состаноци со цел изработка на подзаконските акти, правилници и други норми, за да може да профункционира системот на пресметка на цената на водата. Регулаторната комисија за енергетика, како што посочија претставниците од ова независно регулаторно тело, веќе има позитивно искуство од соработката со енергетските претпријатија, изразувајќи подготвеност истото да го применат и во случајот со регулирање на цената на водните услуги. Претставниците на водоводните претпријатија имаа серија прашања, пред се, до креаторот на Законот, претставникот на Министерството за животна средина и просторно планирање, во насока на предочување и расчистување на дилемите околу функционирање на дел од законските одредби. На состанокот беше заклучено Групацијата на водовод да ја продолжи соработката со споменатите надлежни органи, во насока на расчистување на дилемите, креирање на подзаконските акти, а доколку има потреба ќе бидат поднесени и предлог -измени и дополнувања на веќе донесениот Закон за утврдување на цени на водните услуги. Инаку, Законот во форма на предлог во април 2015 година беше предмет на анализа и дебата на Групацијата на водовод и беа предложени и неколку забелешки. Дел од нив беа усвоени, особено во делот на намалување на надоместокот за Регулаторната комисија за енергетика кој првично беше предложено да зафаќа до 0,4% од вкупниот приход, а се сведе на најмногу 0,1%. Друга забелешка на Групацијата која беше прифатена, се однесуваше на комуналните претпријатија кои опстојуваат со повеќе комунални дејности, а кај нив како вкупен приход да се третира само приходот на водоводната единица. Даниела Михајловска Василевска
БИЗНИС ИНФО
8
четврток, 04 февруари 2016, Бр. 253
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Прес- конференција во Прилеп за обука на невработените лица кај работодавачите со субвенционирано вработување
МОЖНОСТ КОМПАНИИТЕ ДА ДОЈДАТ ДО ДЕФИЦИТАРНИ КАДРИ
Врз основа на Mеморандумот за соработка меѓу Регионалната комора со седиште во Прилеп и локалната самоуправа и градоначалникот Марјан Ристески, на 27.01.2016 година се одржа заедничка прес - конференција. Пред новинарите се зборуваше за објавениот оглас од страна на Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) за обука на невработените лица кај работодавачите со субвенционирано вработување. Ова се совпаѓа со еден од заклучоците донесен од страна на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Прилеп одржана на 25.12.2015 година. Имено, од страна на поголем број од членовите на Управниот одбор беше укажано дека во регионот има недостаток на обучени стручни кадри, особено од областа на занаетите, како што се: електричари, бравари, заварувачи и други занимања. Недостасуваат и обучени високостручни лица од техничките науки, кои воедно тешко и бавно се вклучуваат во тековното работење на компаниите. За таа цел АВРМ, врз основа на незиниот оперативен план за активните мерки
четврток, 04 февруари 2016, Бр. 253
БИЗНИС ИНФО
9
РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ за вработување и услуги на пазарот на трудот, објави јавен оглас до работодавачите за вработување на лица со вклучување на мерката Обука за работно место со субвенционирано вработување. Целта на прес конференцијата пред медиумите беше навремено да се информираат работодавачите и компаниите од регионот кои имаат потреба за вработување на содветни лица по предходно реализирана обука во траење од три месеци. Таа ќе се спроведува во работните простории и погони на работодавачите. За време на обуката АВРМ ќе покрива паричен надоместок во износ од 6.200 денари месечно, со вклучено осигурување во случај на несреќа при работата и професионално заболување. После завршувањето на обуката на работното место, работодавачите се обврзани да ги вработат сите обучени лица за што ќе добиаат субвенција за вработувањето во форма на финансиска поддршка за бруто плата од 19.000 денари месечно за период од шес месеци. Од нив, 14.000 денари се за невработеното лице и 5.000 денари за работодавачот, како надоместок за направените трошоци за подготовката на лицето за работниот однос.Работодавачите има обврска да ги задржи на работа субвенционираните работници во наредните дванаесет месеци и да не го намалат бројот на вработените на неопределено време. Ристо Најдоски
10
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 февруари 2016, Бр. 253
ФИНАНСИИ
ЕИФ и „Групацијата ПроКредит“ потпишаа договор за финансирање на иновативни компании во седум земји
ЗАЕМИ И ЗА МАКЕДОНСКИТЕ МАЛИ И СРЕДНИ БИЗНИСИ ПО ПОВОЛНИ УСЛОВИ
Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) и групацијата „ПроКредит“ потпишаа договор со кој ќе се овозможи поголем пристап до финансии за иновативни мали и средни претпријатија (МСП) преку програмата InnovFin – програма за финансирање за иноватори од ЕУ, иницијатива поддржана од страна на Европската комисија. Новиот договор овозможува на групацијата„ПроКредит“, преку своите ПроКредит банки во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Молдавија, Романија и Србија да обезбеди финансии за иновативни компании во вкупен износ од 250 милиони евра. Банките ќе бидат поддржани со гаранција обезбедена од ЕИФ и поддржана согласно „Хоризонт 2020“, Рамковната програма за истражување и иновации на ЕУ. Ова е првиот потпишан договор за InnovFin гаранција за МСП кој ги опфаќа овие земји,
четврток, 04 февруари 2016, Бр. 253
БИЗНИС ИНФО
11
ПОДВЛЕЧЕНО ФИНАНСИИ овозможувајќи им на овие „ПроКредит“ банки на иновативните компании да им понудат дополнително финансирање по поволни услови. -Задоволство ми е што го потпишувам овој договор за InnovFin гаранцијата за МСП со Групацијата „ПроКредит“ во корист на иновативните компании. Имаме претходно искуство со групацијата „ПроКредит“ и сигурни сме дека ќе ги поддржат иноватините и растечки бизниси на кои има се потребни финансиски средства. – истакнува Пјер Луиџи Џилиберт, извршен директор на ЕИФ. -Договорот поддржан од ЕУ кој се потпишува денес е отворен за мали и средни претпријатија од земјите членки на РУ како и земјите поврзани со проектот „Хоризонт 2020“ од Југоисточна Европа. Целта е да се поттикнат инвестиции во иновативни компании кои создаваат работни места и развој. - изјави Карлос Моедас, Европски комесар за истражување, наука и иновации. Борислав Костадинов, член на Управниот одбор на „ПроКредит Холдинг“ додава: -Горди сме што ’ПроКредит‘ е првата групација на банки која го потпишува InnovFin гараниот договор за МСП за ПроКредит Банките во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Молдавија, Романија и Србија. Ова ќе стимулира иновативни идеи и инвестиции кај нашите клиенти и на тој начин ќе им овозможи да ја зголемат нивната конкурентност. Како водечка матична банка за мали и средни претпријатија во овој регион, знаеме дека модерната технологија, иновативното размислување и бизнис делување кое е насочено кон грижа за животната средина се клучни фактори за понатамошен развој. Ова подеднакво се применува како во работата со нашите клиенти, така и на нашето работење како банки. Целта на InnovFin гаранцијата за МСП е да ги поттикне банките или другите финансиски институции да доделат заеми на малите и средни претпријатија (фирми со помалку од 500 вработени) на кои им е потребен фиксен и/или обртен капитал за финансирање на истражувања, развој и иновативни активности, со финансиска помош од ЕУ. Финансиските институции се избрани од страна на ЕИФ по повикот за интерес за финансиски посредници ширум Европа. За InnovFin гаранцијата за МСП InnovFin гаранцијата за МСП обезбедува гаранции и контра-гаранции за должничко финансирање меѓу 25.000 и 7,5 милиони евра, со цел подобрување на пристапот со финансирање за иновативни мали и средни претпријатија (со најмногу 499 вработени). InnovFin гаранцијата за МСП се спроведува од страна на Европскиот инвестициски фонд и ќе се одвива преку финансиски посредници (банки и други финансиски инвестиции) во земјите–членки и земјите-партнери на ЕУ. Согласно In-
12
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 февруари 2016, Бр. 253
ФИНАНСИИ novFin гаранцијата за МСП, финансиските посредници ќе имаат гаранција од ЕИФ на дел од нивните загуби предизвикани од финансирање на долгот. InnovFin гаранцијата за МСП е дел од проектот InnovFin – финансирање за иноватори од ЕУ, нов опсег на производи од Групацијата ЕИБ (вклучувајќи ги ЕИФ и ЕИБ) за олеснување на пристапот до финансии за иновативни бизниси. Оваа трансакција е поддржана со финансиска поддршка од Европската унија согласно „Хоризонт 2020“ финансиските инструменти.
За ЕИФ Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) е дел од групацијата на Европската инвестициска банка. Неговата централна мисија е да ги поддржи европските микро, мали и средни бизниси (МСП) со тоа што ќе им помогне во пристапот до финансии. ЕИф осмислува и развива форми на вложување и раст на капиталот, гаранции и инструменти за микрофинансирање кои посебно го таргетираат овој дел од пазарот. Во оваа улога, ЕИФ ги поттикнува целите на ЕУ за поддршка на иновациите, истражувањата и развојот, претприемништвото, растот и вработувањето.
БИЗНИС ИНФО Скенирај и дознај повеќе
M
C
N IA
Што претставува сертификатот Excellent SME?
A
Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O
Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.
Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.
Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје
T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
E
S
E
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Osnovana 1922
Founded 1922
БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија
Уписите се во тек!
четврток, 04 февруари 2016, Бр. 253
БИЗНИС ИНФО
15
ПОДВЛЕЧЕНО ФИНАНСИИ За групацијата „ПроКредит“ „ПроКредит Холдинг Аг & Ко. КГаА“ (ProCredit Holding AG & Co. KGaA), со седиште во Франкфурт на Мајна, Германија, е компанија-мајка на групацијата „ПроКредит“, која опфаќа банки кои работат во земјите во развој и економиите во подем, како и„ПроКредит“ банката во Германија. Заклучно со 30 ноември 2015 година, вкупните средства на групацијата изнесуваат 6,1 милијарди евра. Вкупниот кредитно портфолио беше 4,6 милијарди евра наспроти депозитите од клиентите кои изнесуваа 4,1 милијарда евра. Вкупниот основен капитал на групацијата изнесуваше 612 милиони евра. „ПроКредит Холдинг Аг & Ко. КГаА“ претставува „јавно-приватно партнерство“ чиишто главни акционери се стратешки инвеститори ИПЦ и „ ProCredit Staff investment’’ (инвестициско средство за членовите на персоналот на „Прокредит“), холандската фондација „ДОЕН“, Германската развојна банка „КфВ“ (KfW) и „ИФЦ“ (IFC - Групацијата на Светската банка). Повеќе информации може да се најдат на: www.procredit-holding.com. За „Хоризонт 2020“ На 1 јануари 2014 година, Европската унија започна нова програма за финансирање на истражувања и иновации наречена „Хоризонт 2020“. Во текот на следните седум години речиси 80 милијарди евра ќе бидат инвестирани во проекти за истражувања и иновации со цел поддржување на европската економска конкурентност и проширување на границите на човечкото знаење. Буџетот за истражувања на ЕУ е фокусиран главно на подобрување на секојдневниот живот во области како здравје, животна средина, транспорт, храна и енергија. Истражувачките партнерства со фармацевтските, воздушните, автомобилските и електронските индустрии, исто така, поттикнуваат инвестиции во приватниот сектор како поддршка на понатамошниот раст и отворањето работи места со високи квалификации. InnovFin – финансирање за иноватори од ЕУ, новата генерација на финансиски инструменти и советодавни услуги на ЕУ беше развиена согласно„Хоризонт 2020“ за да им помогне на иновативните фирми полесно да пристапат кон финансии. InnovFin – финансирање за иноватори од ЕУ ќе помогне да се внесат максимум до 48 милијарди евра во истражувања и иновации низ Европа. (Групација ПроКредит)
16
БИЗНИС ИНФО
четврток, 17 декември 2015, Бр. 248
СВЕТСКИ ПЕЧАТ Каде оди економијата на најголемата држава во светот, и уште поважно, каде оди јуанот?
„И’ ОБЈАВУВААТ ВОЈНА НА КИНЕСКАТА ВАЛУТА? ХАХА!“
* Сигналите за економското забавување на Кина го зајакнуваат убедувањето на аналитичарите дека тоа ќе доведе до натамошен пад на националната валута. Големите „хеџ-фондови“ веќе се обложуваат на таа можност Кинеската економија имаше тежок почеток на 2016 година. Тргувањето на националната берза беше на двапати прекинато за да се спречи паника, а вредноста на националната валута- јуанот, падна на најниска вредност во однос на доларот во последните пет години. На почетокот на неделава активноста на огромниот индустриски сектор падна на најниско ниво во последните 13 години, зголемувајќи ги стравувањата дека на економијата и се заканува голем пад. И покрај напорите на Кинеската централна банка да го зајакне јуанот, најчесто поставуваното прашање меѓу економските експерти е каде оди кинеската економија, и уште поважно, каде оди јуанот? Според весникот „Вол Стрит Џрнал“, повеќе оператори на големите американски „хеџфондови“ се обложуваат на натамошен пад на јуанот. Кајл Бас од „Хајман Капитал Менаџмент“, на пример, инвестирал речиси 85 проценти од своето портфолио „во опцијата за пад на вредноста на јуанот и на хонгкошкиот долар во следните три години“. Бас очекува вредноста на јуанот да падне за околу 40 проценти во тој период. Познатиот инвеститор и шпекулант Џорџ Сорос, кој создаде богатство шпекулирајќи против британската фунта во 1992 година, исто така најави дека се обложува против јуанот и други азиски валути.„За Кина тешкиот пад е неминовен“, изјави Сорос на Светскиот економски форум во Давос, пред две недели. Секако, Сорос и други трговци се надеваат дека на тој начин ќе ја зголемат поддршката за обложување против јуанот. Колку повеќе луѓе стават таков облог, толку поголем притисок
четврток, 17 декември 2015, Бр. 248
БИЗНИС ИНФО
17
СВЕТСКИ ПОДВЛЕЧЕНО ПЕЧАТ врз валутата. Само во последните шест месеци, надворешните девизни резерви на Кина се намалија за рекордни 500 милијарди долари. Силен противник Но кинеската Централна банка се уште има на располагање 3,300 милијарди долари. Продажбата на дел од овие резерви може да го зајакне јуанот. Овој куп пари е гаранција за кинеските властодржци дека шпекулантите како Сорос можат да се контролираат.„Објавуваат војна против кинеската валута? Хаха!“ гласеше насловната страница на „Народниот весник“, официјалниот орган на комунистичката партија на Кина. Мнозинството експерти верува дека Кина ќе ја намалува вредноста на јуанот „бавно и методично“. Кинеската економија минатата година порасна за 6,9 проценти, најниската стапка во последните 25 години. Без интервенциите на Централната банка, јуанот веројатно дополнително ќе ослабеше во однос на доларот. Некои сметаат дека слабиот јуан е во интерес на Кина затоа што го поефтинува извозот, и ја стимулира економијата. Не очекува валутна војна? Но кинеската Централна банка не се фокусираше само на девизниот курс до доларот, вели Фанг Синхаи, директор на меѓународниот економски оддел во Групата за финансиски и економски прашања, дел од Централниот комитет на комунистичката партија во Пекинг. „Кина порано беше врзана за американскиот долар. Тоа значеше фиксен курс, и повремени поместувања“. „Сега целта е да се префрли на принцип на кошничка“, вели Фанг. Принципот на кошничка не опфаќа само една, туку повеќе валути со кои се одржува рамнотежа. Во случајот на Кина, во „кошничката“ доминираат валутите на најголемите трговски партнери: американскиот долар, јапонскиот јен, еврото и корејскиот вон. Кинеската валута „е доста стабилна во однос на оваа кошничка, и тоа не само сега, туку и во последните неколку месеци“, рече во Давос, Кристин Лагард шефицата на ММФ. Кинеските власти заслужуваат честитки за начинот на кој ја изведоа транзицијата на економијата базирана врз домашната потрошувачка, вели Реј Далио, основач на „Бриџвотер Асосиејтс“, американска инвеститорска фирма со 169 милијарди долари на располагање. Но, со оглед на слабата светска економија, ниските каматни стапки и лабавата монетарна политика на повеќето централни банки, тој очекува повеќе конфликти на пазарите на валути. „Затоа што не можете да ги менувате каматните стапки, повеќе ги разменувате валутите. А тоа мириса на валутна војна, а не валутна соработка“, рече тој во Давос. (ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
БИЗНИС ИНФО
18
четврток, 17 декември 2015, Бр. 248
СВЕТСКИ ПЕЧАТ Преговори за договорот за слободна трговија (ТТИП)
СО СОПКИ ДО ТРАНСПАРЕНТНОСТ
* Преговорите за договорот за слободна трговија (ТТИП) траат од 2013 година, но на германските парламентарци од неодамна им беше дозволено да ги читаат документите. Тие се достапни во само една соба. Во ноември минатата година претставниците на коалицијата „Стоп ТТИП“ се сретнаа пред Бранденбуршката порта со претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц и му предадоа петиција со речиси 3,3 милиони потписи против договорот. Речиси половината од потписниците беа Германци. Критиката кон трансатлантскиот договор за трговија и инвестиции го надминува антиглобализациското движење и веќе се прели и кај традиционално конзервативните групи: повеќе од 2 илјади мали и средни германски претпријатија веќе се приклучија кон иницијативата против ТТИП. Слични иницијативи постојат и во други европски земји, во Англија, на пример. Големо влијание, голема тајност Постои една точка во која сите критичари се согласуваат: тие ги обвинуваат преговарачите од обете страни на Атлантикот за тајност. Јавноста знае многу малку за трговското партнерство и има пристап само до одбрани информации. Притоа, ТТИП ќе има огромно влијание врз развојот на националните политики, како што се техничките или социјалните стандарди или даночната политика. Европската Комисија се обидува да одговори на масовните критики преку ПР кампањи. Како и секогаш, се тврди дека преговорите за ТТИП се максимално транспарентни. Последниот чекор кон поголема транспарентност во конфузниот маратон на преговори е отворањето на собата за читање во просториите на германското министерство за економија. Од понеделникот, 1 февруари, три групи луѓе ќе имаат
четврток, 17 декември 2015, Бр. 248
БИЗНИС ИНФО
19
СВЕТСКИ ПОДВЛЕЧЕНО ПЕЧАТ можност да ги видат документите: членови на германската влада, членови на горниот дом на германскиот парламент (Бундесрат) и членови на долниот дом (Бундестаг). Конечно, токму тие и ќе треба да гласаат за договорот. Но условите се обременети со неверојатна недоверба во претставниците на народот и стриктни правила: пратениците не можат да влегуваат со мобилни телефони, лаптопи или други електронски уреди во просторијата. Документите можат да ги читаат само под надзор. Парламентарците можат да запишуваат белешки, но не смеат да ги копираат документите.
Собата за „читање“ на Договорот ТТИП Пратеничката од Партијата на Зелените, Катерине Дроге, наведува уште едно ограничување. „Ние сме принудени да потпишеме дека се обврзуваме на целосна тајност за содржината на документите“, вели таа. Доколку некој ја открие содржината на документите, се соочува со затворска казна. Мал интерес за информации На презентацијата на собата за читање во петокот, германскиот министер за економија Зигмар Габриел призна дека посакувал поотворен пристап до документите. Но, Европската Комисија и САД не го дозволувале тоа. Габриел говореше за добар, прв чекор кон транспарентност, но секако не и последен. Габриел секако знае за што зборува: откако Партијата на Зелените постави прашање во парламентот во 2014 година, владата мораше да признае дека нема информации за преговарачките документи. Дури во мај 2015 година беше отворена соба за вработени во владата- но во просториите на американската амбасада во Берлин, и под истите услови како и сега во министерството. Според Катерине Дроге, ни таа не била користена многу често. Собата за читање во амбасадата на САД ја посетиле само 37 лица, а само еднаш министер во германската влада.(ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
БИЗНИС ИНФО
20
четврток, 17 декември 2015, Бр. 248
СВЕТСКИ ПЕЧАТ Не се на повидок подобри времиња, конкуренцијата отиде далеку напред
ДОЈЧЕ БАНК НА РАБОТ ОД ПРОПАСТА
* Со загуба од 6,8 милијарди евра во 2015. кулминира кризата на Дојче Банк. Опстанокот на банката е доведен во прашање, смета Хенрик Беме. На Џон Крајан, шефот на Дојче Банк, мора да му се признае дека дава се’ од себе. За други веројатно би било повеќе од непријатно, но тој самиот обелодени дека нема да добие бонус за изминатата деловна година, како ни колегите од управниот одбор. Крајан се покажува како борец, оптимист; тој енергично воведува ред - оти Дојче Банк и нема никаква друга шанса.
Очајна состојба За да се сфати целата катастрофа треба да се наведат добивките на конкурентите, сите од САД: ЏејПи Морган - 24 милијарди долари, Ситигруп 17 милијарди, Бенк од Америка 16 милијарди. Во таа лига едно време сакаше да игра и Дојче Банк. Но, таа забележа загуба од речиси 7 милијарди евра во исто опкружување: и другите мораа да платат драстични казни, и за нив важат строгите обврски наметнати од регулаторите, и тие мораа да се борат за враќање на довербата. На Дојче Банк масовно и’ бегаат вложувачите. Откако Џон Крајан минатото лето стапи на функцијата, и онака веќе посниот курс на акциите на банката практично се преполови. На сета мака уште и една од рејтинг-агенциите веќе го намали рејтингот на Дојче Банк со оцена за негативна
четврток, 17 декември 2015, Бр. 248
БИЗНИС ИНФО
21
СВЕТСКИ ПОДВЛЕЧЕНО ПЕЧАТ перспектива. Ако се појде од берзанската вредност, Дојче Банк веќе ја нема меѓу првите 50 во светот. Нејзината пазарна вредност од 20 милијарди евра практично ја прави кандидат за некој да ја преземе. Но, во Франкфурт не треба да се грижат: кој би купил фирма која токму талка во потрагата по вистински деловен модел, која ја бара оправданоста, смислата на постоењето. Сака ли навистина да остане универзална банка? Или, нели би било сепак подобро банката да се подели? Како да се пресретнат предизвиците од дигитализацијата на браншата? На овие прашања новото раководство досега не даде одговори.
Хенрик Беме Немаш никаква шанса. Значи, искористи ја! Се разбира, ова се горки времиња. Загуба од речиси седум милијарди евра е катастрофа, која ја загрозува супстанцата, погодува до коска. А на банката токму итно и’ требаат пари за да може да го изврши гигантското преструктуирање. Згора на тоа, никој не може да одговори колку скапи уште можат да испаднат сите правни спорови што се во тек. Вистинско гау (најголема претпоставена катастрофа, од терминологијата кај атомските централи - н.з) би било банката да ја загуби лиценцата за работа во САД. Тоа и не е толку неверојатно оти Американците и не им се токму многу благонаклонети на Германците, што се гледа и од примерот со Фолксваген. Точно е дека има и неколку светли моменти. Можеби веќе годинава Дојче Банк повторно ќе оствари некаква заработувачка. Но, на тоа ниеден од членовите на раководството не би ја ставил на облог својата куќа. А за Германија сепак би било толку важно Дојче Банк повторно да биде глобален играч. Каква светлина врз Германија како успешна извозничка нација фрла тоа, што таа веќе нема голема, меѓународно успешна банка? Врз Дојче Банк сега може да се истура многу злоба, но исто така и да се искаже надеж дека таа повторно ќе застане на нозе. Она што сега банката го има најмалку, се време и доверба. Пазарот е безмилосен. Џон Крајан и неговиот тим всушност немаат никаква шанса. Но, како што е во спортот: можеби токму во тоа се крие нивната шанса?! (ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL
ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL
ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:
Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач
четврток, 04 февруари 2016, Бр. 253
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Семинар: ,,ЗАПОЗНАВАЊЕ СО НОВИНИТЕ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ И НАСОКИ ЗА НИВНО ПРАВИЛНО СПРОВЕДУВАЊЕ“ Содржина на актуелни теми: - Права и обврски на економските оператори во постапките до склучување на договор за јавни набавки; - Права и обврски на договорните органи во постапките до склучување на договор за јавни набавки; - Насоки за подготвување на квалитетна прифатлива понуда согласно актуелните законски прописи; Насоки за успешно спроведување на постапките за јавни набавки согласно актуелните законски прописи; - Детално опишување на е-набавките и алатките што ги нуди ЕСЈН; - Поднесување на понудите преку ЕСЈН и учество на е-аукции; - Спроведување на постапка до склучување на договор за јавна набавка преку ЕСЈН; - Претставување на случаи на „добра пракса“ при спроведувањето на е-набавките и е-аукциите; - Жалбена постапка и - Други прашања од интерес на учесниците.
9 февруари 2016 година (вторник) 10:00 - 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат
- примерок од најновото III издание на водичот „Примена на Законот за јавните набавки во пракса“; - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Контакт: Емилија Тодоровска Тел: ++ 389 2 3244047 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: emilija@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Обучувачите се експерти од Бирото за јавни Факс:++ 389 2 3244088 набавки. Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
БИЗНИС ИНФО
24
четврток, 04 февруари 2016, Бр. 253
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ ВО АНТАЛИЈА
Од 10 до 13 февруари 2016 година во Република Турција
Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Експо центар“ - Анталија, ве покануваат да земете учество на оваа исклучително значајна саемска манифестација која се одржува во просториите на „Експо центарот“ во Анталија. 23. Интернационален саем за храна и пијалаци е најголемиот меѓународен настан што ќе се одржува во Турција, на којшто минатата година учествуваа повеќе од 400 излагачи од повеќе од 12 земји ширум светот, а го посетија повеќе од 47.400 посетители од 49 земји од регионот и пошироко. Турција претставува атрактивен пазар со големи можности особено во прехранбениот сектор. Вкупниот износ на храна што се консумира во рок од една година во повеќе од 1200 туристички капацитети низ цела Турција, е над 1 милион тони, додека износот на конзумирани пијалаци е над 600 илјади тони. Низ туристичките капацитети во рок од една година, во Турција се конзумираат преку 58 илјади тони црвено месо и околу 40 илјади тони бело месо.
хотелиерството; • готвачи и бармени - угостителски работници; менаџери на синџири на маркети; • менаџери на ресторани, ресторани за брза храна, барови и кафулиња; • трговци со храна на големо; • инспектори за храна, пијалаци, козметика; • менаџери на хемиски и индустриски компании; • менаџери на тендерски комисии за набавки во приватниот и јавниот сектор; • директори на болнички кантини; • раководители на јавни организации и институции; • раководители во државни и приватни образовни структури и хостели; • команданти на воени објекти и раководители на одделенија за набавки; • директори и менаџери на фабрики за пакување на храна; • производители на зеленчук, овошје и стакленички производи.
Со цел да се развие и да се продлабочи контактот и да се отворат нови можности за соработка помеѓу турски Стопанската комора на Македонија на компаниите им компании и компании од светот, овогодинешниот 23. овозможува: • бесплатни влезници за Саемот; Интернационален саем за храна и пијалаци има за цел • бесплатни трансфери од аеродром до хотел и обратно; на едно место да собере: • бесплатни трансфери од хотел до саем и обратно; • производители на житни култури, зачини и масла; • бесплатно сместување во хотел со 3* или 4* (зависно од • производители на месо и месни производи; расположливите капацитети на хотелите во Анталија); • печива; • специјални цени за компании коишто сакаат да земат • адитиви; учество на Саемот како излагачи; • кондиторска индустрија; • за сите заинтересирани компании коишто сакаат да земат • млеко и млечни производи; учество на Саемот, задолжително е пополнувањето на • чај, кафе и опрема; пријавниот лист; • трговија на големо- дистрибуција на храна и пијалаци; • Саемот можат да го посетат само двајца учесници од една • опрема за ладење, ладилници за превоз на производи; компанија. • замрзната и конзервирана храна; • свежи земјоделски производи и опрема; Контакт: Сања Николова • лаборатории за испитување на храна; Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 • конзервирана храна; Контакт Центар : (02) 15015 • медиуми и др. E-адреса: sanja@mchamber.mk Саемот е отворен за: • директори, менаџери
во
угостителството
и
четврток, 04 февруари 2016, Бр. 253
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ДЕЛОВНИ СРЕДБИ НА МАКЕДОНСКИ И ЧЕШКИ КОМПАНИИ
На 10 февруари 2016 година во просториите на Министерството за надворешни работи на Република Македонија Почеток во 10:00 часот!
Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Чешка, Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија организираат деловни средби на македонски и чешки компании. Билатералните средби ќе се одржат во рамки на официјалната посета на Министерот за надворешни работи на Република Чешка, Н.Е. Лубомир Заоралек на Република Македонија. При посетата на Министерот како дел од делегацијата ќе бидат присутни и еминентни чешки бизнисмени од различни области со коишто Македонските компаниии ќе имаат можност да оставарат директни бизнис средби. Учество на настанот можат да пријават компании од областа на: -Градежништвото -Изградба на патишта и друга инфраструктура -Производство на порцелански продукти -Фармацевтската индустрија -Информатичката технологија -Енергетиката -Осветлување на аеродроми и др.
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
26
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 февруари 2016, Бр. 253
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Дводневен семинар УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ
- пристапи за ефикасна искористеност на ресурсите, минимизирање на ризиците и трошоците од работењето и создавање можност за подобри финансиски резултати на организацијата – На дводневниот семинар учесниците ќе се запознаат со потребните алатки и техники кои овозможуваат успешно управување со промени и ќе стекнат основа за создавање динамични организации со организационен и индивидуален капацитет, кои можат да функционираат и да се менуваат согласно промените. Прашања кои ќе бидат одговорени за време на семинарот: - Зошто ни се потребни промени во една организација? - Какви стратегии ни се потребни за правилно да ги имплементираме и одржуваме промените? - На кој начин да го намалиме отпорот на вработените и да ги пренесеме низ сите организациони нивоа? - Каков импакт имаат промените врз целокупното функционирање на организацијата? - Дали се интегрирани вистинските стратегиите за постигнување на организационата цел? - Како да се надминат пропустите и недоследностите во организацијата? - Како да се приближи организацијата кон глобалните трендови? Програма на семинарот: - Анализа на организација; - Анализа на тренд на работна сила (сега и во иднина компаративно); - Акции за иницирање на организациски промени; - Воспоставување современа организациона култура; - Методи за намалување на отпорот на вработените кон промените; - Модел на управување со компетенции на вработените; - Правилна употреба на ИТ системите; - Модел на управување со резултати – интеграција на организациските цели, таргети и перформансите на вработените и - Интеграција на трите столба на организациска одржливост: Луѓе – Процеси – Технологија. Придобивките на организациите на кои управување со промени им е редовен процес: - Основа за долгорочен раст и развој на организацијата;
11-12.02.2016 година (четврток-петок) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
- Подобра алокација и искористеност на ресурсите; - Прилагодливост на динамичната средина; - Подобрување на моралот на вработените; - Мотивација и ефективно следење на резултатите од работењето; - Намалување на организациските трошоци; - Побрз одговор на побарувачката од околината; - Подобар поврат на инвестиции; - Компаративна предност пред конкурентите и - Следење на глобалните трендови. Предавач: Наташа Алексовска - основач и деловен консултант во Компанијата Вивендум Рацио Солушнс, компанија посветена на подршка на клиенти во воспоставување на функција на човечки ресурси, структурна транформација на функција на човечки ресурси од оперативен во стратешки модел, деловни промени и трансформација на организации, програми за намалување на трошоци, имплементација на системи и подобрување на оперативната ефикасност. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
28
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 февруари 2016, Бр. 253
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Oд 11 до 14 февруари 2016 година Меѓународни саеми во Република Грција
„INFACOMA 2016“ И „AQUATHERM 2016“ ВО СОЛУН
Стопанската комора на Македонија во соработка со „HELEXPO“ и Канцеларијата за економски и трговски врски на Република Грција во Република Македонија ве покануваат да бидете дел од „Infacoma 2016“ (33. Интернационален саем за градежни материјали за изолација, врати и прозорци, пред-фабрикувани конструкции и технологии и санитарна опрема) и „Aquatherm 2016“ (1. Интенационален саем за греење, вентилација, климатизација, снабдување со вода, санитарии, еколошки технологии и обновливи извори на енергија). Саемските манифестации ќе се одржат во периодот од 11 до 14 февруари 2016 година во Солун, Р. Грција. Саемот „Infacoma“ како секоја, така и оваа година, како водечки саем во градежниот сектор, има за цел да ги промовира новите технологии, апликации и материјали, кои се однесуваат на надградба на објекти, заштеда на енергија и модерна архитектура. Во рамките на „Infacoma“ оваа година за прв пат ќе се одржи и Саемот „Aquatherm“, наменет за сите компании коишто се занимаваат со инстлирање и одржување на системи за греење, вентилација, климатизација, еколошки технологии и обновливи извори на енергија. Саемот се организира секоја година од 2004 година во повеќе од 13 градови, во 12 зејми ширум светот, а од 2016 година за прв пат ќе се организира и во Солун. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 04 февруари 2016, Бр. 253
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„ХИСТРИА 2016“ ВО ПУЛА
Од 12 до 14 февруари 2016 година Меѓународен саем за храна и пијалоци во Република Хрватска
Учеството на оваа саемска манифестација го организираат Стопанската комора на Македонија во соработка со Стопанската комора на Хрватска. Првиот саем ХИСТРИА е проект на Стопанската комора на Хрватска- Регионална канцеларија во Пула лансиран во 1994 година, со цел да се препознае креативноста и иновативноста на малите производители (кои често имаат ограничени опции за настап на саемски манифестации), односно презентација на квалитетот на хрватските производи, воглавно храната и пијалоците, коишто се потешко се пробиваат на пазарот. Со текот на годините саемот го потврди својот квалитет и стана место за традиционален собир на изложувачи од цела Хрватска со можност за поврзување на земјоделскиот сектор и прехранбената индустрија со туризмот и трговијата. Како и секоја, така и оваа година како излагачи на саемот ќе се претстават мали, средни и големи бизниси, знаетчии и фармери што се занимаваат со производство и продажба на храна, алкохолни и безалкохолни пијалоци, пакување, текстил за угостителство и сл. Исто така, присутни ќе бидат и
претставници од областа на туризмот (ресторани, хотели), носители на “Еко“ етикета на производот, “Хрватска квалитета“, “Изворно хрватско“, “Оточни производ“ итн, како и други субјекти, чии производи се вклопуваат во целокупниот концепт на саемската манифестација. По повод долгогодишната соработка, Стопанската комора на Хрватска и Стопанската комора на Македонија оваа година организираат учество на саемот на Македонски компании со цел промоција на нашиот домашен квалитет и пласирање на македонските производи на хрватскиот пазар. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
30
четврток, 04 февруари 2016, Бр. 253
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ 15 февруари 2016 година, 10:00 – 16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
„НАЈВАЖНИ НОВИНИ СО ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ, ПРИВАТИЗАЦИЈА НА ГРАДЕЖНО НЕИЗГРАДЕНО ЗЕМЈИШТЕ ВРЗ ОСНОВА НА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА И ПРОЛОНГИРАЊЕ НА РОКОВИТЕ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЕЈКТИ“
Измените во Законот за катастар на недвижности, Законот за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост и Законот за постапување по бесправно изградените објекти, донесени во текот на 2014 и 2015 година имаат влијание врз постапките поврзани со недвижностите вбројувајќи ги и инфраструктурните објекти. Имено, станува збор за воведување на повеќе новини, од кои во во рамките на Законот за катастар на недвижности како позначајни се издвојуваат: Воведувањето на можност приватизацијата на градежно неизградено земјиште за кое не е поведена постапка за приватизација пред Управата за имотноправни работи, да се реализира во Агенцијата за катастар на недвижности; Постапка за усогласување на фактичката состојба на катастарската парцела со состојбата запишана во катастарот на недвижностите (исправање на гранична линија); Премер на недвижностите по службена должност за примателите на социјална и постојана парична помош и на лицата со ниски бруто примања во постапката на утврдување правен статус на бесправно изградени објекти; Усогласување со Законот за правосуден испит во делот на полагањето за добивањето овластување за овластен геодет и други. Од измените во Законот за приватизација на градежно земиште ќе се елаборираат: - Постапката за промена на корисничко право во право на сопственост пред Агенцијата за катастар на недвижности; - Пролонгирање на роковите за бришење на корисничкото право по службена должност и други. Од измените во Законот за постапување по бесправно изградени објекти како позначајни ќе бидат изложени: - Овозможувањето на спроведувањето на постапките за утврдување на правен статус на бесправни објекти изградени во заштитен појас на државен и локален пат и железничка пруга; - Промена на барател за утврдување на правен статус на бесправен објект; - Пролонгирање на рокот за легализација и други.
Наведените законски измени влијаат и на постапките кои правните и физичките лица во најголем дел ги реазлизирааат и пред Министерството за транспорт и врски, Управата за имотно-правни работи и единиците на локалната самоуправа. Семинарот има за цел претставниците од стопанските субјекти од областа на енергетиката, телекомуникациите, сообраќајната инфраструктура, комуналните дејности, единиците на локалната самоуправа и други заинтересирани страни кои ќе го посетат семинарот да се запознаат со најновите законски измени, како и со постапките преку кои истите може да се реализираат, во функција на запишување на недвижностите со кои тие располагаат. ПРОГРАМА 1.Воведно излагање на директорот на Агенцијата за катастар на недвижности господин Славчо Трпески; 2.Најважни новини со измените на Законот за катастар на недвижности во 2014 и 2015 година; 3.Приватизација на градежно неизградено земјиште пред Агенцијата за катастар на недвижности врз основа на измените на Законот за приватизација; 4.Пролонгирање на роковите за легализација на безправно изградени обејкти и нивното влијание врз постапката на приватизација пред Агенцијата за катастар на недвижности; 5.Дискусија. Презентерите се претставници од Агенцијата за катастар на недвижности: Неша Петрушевска, државен советник за правни работи и Соња Димова, државен советник за геодетски работи. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 E-адреса: anita@mchamber.mk
четврток, 04 февруари 2016, Бр. 253
БИЗНИС ИНФО
31
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Семинар: „ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА ПРИ ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ВРСКА СО ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНO ЗЕМЈИШТE“ ПРОГРАМА Јавен интерес: - Дефинирање на јавниот интерес согласно Законот за експропријација; - Потполна експропријација; - Непотполна експропријација; - Право на службеност согласно Законот за експропријација; Постапка за експропријација: - Предлог за експропријација; - Предлог по иницијативата за експропријација; Решение за експропријација: - Надомест за потполна експропријација; - Надомест за право на службеност; - Спогодба за надоместокот; - Упис во Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија. Отуѓување и давање под долготраен закуп на градежно земјиште во сопственост на РМ со непосредна спогодба наменето за изградба на објекти од јавен интерес: - Начин на поднесување на барање; - Потребна документација прилог на барањето; - Договор за давање под долготраен закуп градежно земјиште сопственост на Република Македонија; Утврдување право на службеност согласно Законот за градежно земјиште: - Поведување на постапката; - Докази во прилог на барањето; - Решение за утврдување право на службеност; - Клаузула за поништување на решението.
25 февруари 2016 година 9:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Предавач: - Адвокат Мери Младеновска-Ѓорѓиевска.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
32
четврток, 04 февруари 2016, Бр. 253
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Обука 29 февруари 2016 година, 9:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
„БИЗНИС-ЛОГИСТИКА – УПРАВУВАЊЕ СО СИНЏИРОТ НА СНАБДУВАЊЕ“
ПРОГРАМА
Управување со синџирот на снабдување: •Поим синџир на снабдување; •Димензија на логистиката – микро и макро димензија на логистиката; •Моделирање на логистичкиот систем; •Логистичка стратегија – планирање на синџирот на снабдување, планирање на испораката, планирање на системот на транспорт, распоредување и ротирање на возилата и складиштето; •Правила за остварување на стратегијата; •Проектирани логистички мрежи; •Управување со побарувачката; •Задоволување на купувачите; •Управување со набавките. Предавач: Игор Чика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001.
Траење на обуката и начин на работа - Обуката трае еден ден, од 9:00 – 16:00 часот. - PowerPoint презентација, студија на случај, работилница. - Работен јазик на обуката: српски.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Osnovana 1922
Founded 1922
БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија
Уписите се во тек!
34
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 февруари 2016, Бр. 253
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
На 26 и 27 февруари 2016 година Меѓународна конференција и саем во Србија
,,НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“ ВО БЕЛГРАД
На настанот„Новите технологии во образованието“ во 2015 година имаше повеќе од 2500 учесници кои имаа можност да слушнат повеќе од 100 говори од 50 предавачи од целиот свет. Исто така, се организираше и Саем со 40 излагачи каде се презентираа најновите технолошки решенија во образованието. Компаниите од ИКТ-секторот, издавачите, училиштата, универзитетите и другите образовни институции ја презентираа нивната компјутерска и аудио-визуелна опрема, мобилните уреди, софтвери, апликации, дигиталните учебници и другите производи што можат да придонесат за зголемување на квалитетот на образованието.
„Новите технологии во образованието 2016“ - Над 20 земји ќе пратат свои високи претставници од министерствата за образование. - Над 50 излагачи во 2016 година, и над 20 компании од Велика Британија. - Над 150 предавања и работилници. - 71% од излагачите потврдија продажни договори од настанот во 2015 година. - 79% од излагачите потврдија дека имаат воспоставено партнерства на настанот во 2015 година.
Над 4000 гости од 30 земји се очекуваат во 2016 година.
Конференцијата и саемот „Новите технологии во образованието 2016“ се отворени за компаниите од регионот кои обезбедуваат иновативно образование ИКТ-производи, услуги и решенија. Тие ќе имаат можност да ги покажат своите производи, да се создадат можности за партнерство со купувачите и со учесниците и да бидат во тек со новите случувања во областа на образованието и технологиите кои се внесуваат во образовниот систем во земјите во регионот. Во 2016 година веќе има потврда дека над 20 компании од Велика Британија ќе присуствуваат на овој настан и ќе ги презентираат нивните ИКТ-решенија и производи за образованието. Исто така, ќе присуствуваат високи претставници од министерствата за образование од: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово, Турција, Азербејџан, Казахстан, Русија, Израел, Украина, Молдавија, Грузија, Узбекистан , Словенија, Унгарија, Хрватска, Бугарија и Романија. Ова ќе биде можност за компаниите и за образовните институции за воспоставување партнерства и споделување идеи за иднината на образованието. Настанот се организира во соработка со Стопанската комора на Србија, Британската амбасада и други институции и организации. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
четврток, 04 февруари 2016, Бр. 253
БИЗНИС ИНФО
35
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„HORECA 2016“ И „WEDDING SHOW“ ВО ТИРАНА
Од 3 до 6 март 2016 година во Република Албанија
Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Тирана Експо Центар“ ве покануваат и оваа година да бидете дел од оваа саемска манифестација што ќе се одржи во просториите на најголемиот центар за развој на саеми во земјата - „Тирана Експо Центар“. Оваа година се очекува на Саемот да има повеќе од 140 компании во својство на излагачи, од коишто повеќе од 40% ќе бидат од земјите од регионот и пошироко. Во изминатите години „HoReCa“ стана апсолутен лидер за компаниите од оваа бранша во земјата и во регионот. „HoReCa“ претставува ексклузивен настан каде што на едно место можат да се сретнат сите компании и крајни потрошувачи на услугите во секторот на угостителството и хотелиерството, при што се создаваат услови за креирање нови и иновативни услуги креирани според желбите и потребите на потрошувачите. Годинава, покрај останатите бројни изненадувања, во рамките на Саемот „HoReCa“ ќе се одржи и првото издание на Саемот „Wedding Show“ посветен исклучиво на свадбени свечености. Организирајќи ги овие две манифестации во ист период и на иста локација ќе се создаде синергија помеѓу заедничките сектори, претворајќи го целиот настан во една од најважните дестинации за средба на илијадници професионалци во дадените сектори од регионот и пошироко. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
36
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 февруари 2016, Бр. 253
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
На 9 март 2016 година во Лондон, Велика Британија
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ВО РАМКИТЕ НА „ECOBUILD“
*Меѓународни деловни средби во рамките на Саемот „EcoBuild“ - EEН - http://www.b2match.eu/ecobuild2016 Стопанската комора на Македонија во организација на ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на деловните средби на најголемиот саем во светот за одржливо градежништво „EcoBuild“. На овој настан главен акцент ќе се даде на: европските можности на градба, влијанието на енергетската ефикасност врз градбите, новини и трансфер на технологии во енергетиката, како и рециклажата. Деловните средби обезбедуваат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка како добавувачи, изведувачи, дистрибутери со цел да се откријат нови и иновативни производи и услуги од меѓународниот пазар, како и можност за поврзување со нови производители, подизведувачи и тоа со: архитекти, изведувачи, дистрибутери, агенти, трговци, градители, истражувачки центри и универзитети. Исто така, ќе може да се доставуваат предлози и да се реализираат можности за вмрежувања на организации и фирми со цел создавање конзорциуми во рамките на ЕУ-Програмата „Хоризонт 2020“ во области за градење на енергетски ефикасни објекти со нови технологии и идеи на градба. Меѓународните деловни средби во рамките на Саемот „EcoBuild“ ќе се одржат на 9 март 2016 година, во Лондон, Велика Британија. Учеството на деловните средби на Саемот е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://www.b2match.eu/ecobuild2016/registration до 3 март 2016 година. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Влатко Стојановски Тел: ++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
четврток, 04 февруари 2016, Бр. 253
БИЗНИС ИНФО
37
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
БИЗНИС-СРЕДБИ НА САЕМОТ ЗА ЕВРОПСКО ДОГОВАРАЊЕ И ИНЖЕНЕРСТВО „ESEF“
Утрехт, Холандија, од 15-18 март 2016 година.
Enterprise Europe Network Македонија, Здружението на информатичко-комуникациски технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да воспоставите контакти со нови деловни партнери Ве информираме дека од 15 до 18 март 2016 година се организираат нови бизнис-средби на Саемот „Јаарбеус“ во Утрехт, Холандија. „ESEF“ е најголемиот и најважниот саем во Бенелукс во областа на снабдувањето, склучувањето договори и инженерство. Еднаш на секои две години, производителите на оригинална опрема (ОЕМ), програмерите и купувачите го посетуваат Саемот„ESEF“ за да најдат инспирација во најновите случувања, да остварат нови деловни контакти, размена на знаења и да инвестираат. Повеќе информации за „ESEF“ се достапни на www.esef.nl. За време на одржувањето на „ESEF“ можат да се реализираат: • деловни состаноци; • областа за деловни состаноци се наоѓа во центарот на Саем; • широка меѓународна мрежа на партнери и помош на компаниите пред настанот; • стручна помош на самото место за време на настанот. Подетални информации за настанот може да се најдат на веб-страната: www.een-matchmaking.com/esef2016. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
38
четврток, 04 февруари 2016, Бр. 253
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
7 април 2016 година, Софија, Република Бугарија
БИЗНИС-СРЕДБИ „INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2016“
Enterprise Europe Network Македонија, Здружението на информатичкокомуникациски технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да воспоставите контакти со нови деловни партнери
конференции за учесниците. Информациите во врска со претходните изданија на изложбата се на располагање на горенаведените веб-сајтови. Целна група се претставници на светски компании кои работат во секторите за автоматизација, роботика, машиноградба, металургија, леење и алати, електротехника, индустриска електроника, компоненти, мерење, телекомуникации, услуги и др. Консултантски компании и посредници, без техничка експертиза во соодветните сектори не се целна Ве информираме дека Enterprise Europe Network во соработка со Интер Експо Центар ги повикува група на овој настан. заинтересираните индустриски компании да учествуваат на годишниот брокерски настан, со однапред договорени Предности за претставници на компании: • директни средби со нови партнери и клиенти, со можност деловни средби, „INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2016“ на 7 април однапред да се организираат деловни состаноци; 2016 година (четврток), од 10: 30-18: 00, во Софија, Република • можност за влез на нови пазари и претставување на сектори и земји; Бугарија. Деловните состаноци ќе се одржуваат за време • стекнување на нови прекугранични контакти; на меѓународните изложби „MachTech & Innotech 2016“ и • промовирање на технологии и знаења; • дознајте ги најновите трендови во машинската и „Булконтрола 2016“. Саемот „MachTech & Innotech“ (http://machtech.bg/ електроиндустријата; en ), што ќе се одржи од 5-8 април 2016 година, е најголемиот • контакти меѓу изложувачите и посетителите на саемот; меѓународен саем на машини, технологии и индустриска • стручна помош и совети од страна на персоналот на координаторот пред, за време и по настанот. опрема. Целни сектори: - „MachTech“: машини за сечење метал, опрема за Учеството на овие деловни средби е бесплатно. Работен заварување, пумпи, компресори, хидраулични машини и јазик: англиски. алатки, пневматски машини и алатки, ласерска опрема; - „Innotech“: индустриска автоматизација и софтвер, системи За регистрација можете да ја посетите вебза автоматизација, контрола и мерење, опрема, индустриска страницата: http://www.b2match.eu/imm2016 електроника, опрема, роботика. Целни сектори на „Булконтрола“ (http://bulcontrola.com/en/bulcontrola), што ќе се одржи од 5-8 април Аплицирај електронски / on-line 2016 година, се: контролни и мерни уреди, аналитичка и лабораториска опрема, софтвер, електроиндустрија и Контакт: Лазе Ангелевски индустриски електрична опрема, системи за мониторинг, Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 заштита на животната средина. Оваа година се дава можност за учество во E-адреса: laze@mchamber.mk различни придружни настани, како работилници и
четврток, 04 февруари 2016, Бр. 253
БИЗНИС ИНФО
39
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
САЕМ ЗА БИЗНИС И РЕКРЕАТИВЕН ТУРИЗАМ 2016 (CXSRITE)
Од 22 до 24 април 2016 година во Сиан, НР Кина
Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година има чест да ве покани да земете учество или да го посетите 3. Интернационален саем за бизнис и рекреативен туризам 2016 (CXSRITE), што ќе се одржи во Сиан, Народна Република Кина. Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, а воедно и да ги промовира некогаш актуелните програми и пакети за патувања по Патот на свилата. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми. Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 30 држави, а се очекуваат и над 50.000 посетители од целиот свет. Саемот е наменет за сите компании што се занимаваат со туристичко-угостителска дејност. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество или за посета на Саемот најдоцна до 1.4.2016 година (петок). Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
40
БИЗНИС ИНФО
четврток, 04 февруари 2016, Бр. 253
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Германска компанија една од најдобрите производители на чоколадо во светот нуди широк асортиман на своите производи за да се најдат на прaвата адреса на сладокусците и познавачи на најдобрите чоколадни пралини. Валидност до 8.4.2016 година. Компанија од Полска нуди голем асортиман на пекарски сурувини и готови производи без глутен и бара соработка со сродни компании од Р. Македонија. Валидност до 8.4.2016 година. Компанија од Полска бара соработка со компанија од Р. Македонски и нуди суровини за пекарската индустрија без глутен и готови производи без глутен, како леб, кекси, колачи и сл. Валидност до 8.4.2016 година. Реномирана компанија од Германија бара компании за пласман на медицинска електронска опрема (мерачи за притисок, шеќер и сл.). Валидност до 31.3.2016 година. Компанија од Португалија бара компании од Р. Македонија за соработка и нуди системи за наводнување во земјоделието. Валидност до 29.02.2016 година. Германска компанија со долга традиција, присутна на европскиот пазар и во сите светски региони, позната по своите креативни и иновативни кондиторски производи како подароци. Нудат богат асортиман на кондиторски, креативни производи за секоја пригода. Валидност до 8.4.2016 година.
Компанија од Португалија бара соработка со фирми од Р. Македонија во областа на замјоделието и сточарството. Валидност до 29.02.2016 година.
Компанија од Португалија бара соработка со фирми од Р. Македонија во областа на пчеларството - опрема за пчеларство, продажба на мед и други производи, поддршка во развојот на нови пчелари. Германска компанија нуди чоколадни производи Валидност до 29.02.2016 година. од премиум класа, од сопствено производство! Кондиторски производи кои се наменети за Компанија од Португалија бара компании од Р. определн временски период од годината по повод Македонија за соработка во областа на пчеларството големи празници Велигден, Ноќта на вештерките и и нуди амбалажа, опрема и средства за заштита и Божиќ. нега на пчелните семејства. Валидност до 8.4.2016 година. Валидност до 29.02.2016 година.
четврток, 04 февруари 2016, Бр. 253
БИЗНИС ИНФО
41
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Германија бара фирми од Р. Македонија Компанија од Португалија заинтересирана за за соработка и пласман на опрема за пчеларство. соработка со компании од Р. Македонија. Нуди Валидност до 29.02.2016 година. семиња, вештачко ѓубриво, производи за заштита на растенијата, земјоделска опрема и машини; Компанија од Португалија заинтересирана за пластеници, системи за наводнување, заштитна соработка со компании од Р. Македонија, нуди опрема, решенија со помош на соларна енергија, комплетен асортиман на опрема за пчеларство, како раноградинарство, риболов, се` она што е потребно и пчеларски производи. за традиционалното земјоделство, како и за тие што Валидност до 29.02.2016 година. бараат иновации и имаат за цел да го модернизираат своето производство. Компанија од Португалија заинтересирана за Валидност до 29.02.2016 година. соработка со фирми од Р. Македонија и нуди средства за одгледување и нега на пчели и пчеларски производи. Контакт: Ванчо Спасески Валидност до 29.02.2016 година. Компанија од Полска бара заинтересирани фирми во Република Макеоднија за соработка, нуди комплетна опрема за пчеларство, одгледување пчели и добивање пчеларски производи. Валидност до 22.02.2016 година.
www.mchamber.mk
Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-095 Факс: +389 2 3244-088 vanco@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088