БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
Quality Management
СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642
bsi.
ISO 9001
Quality Management
years 5
192
FS 549642
2 - 201
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 246
www.mchamber.mk
03.12.2015
Бизнис-заедницата со конкретна реакција за тарифата за користење авторски музички дела
НЕДОСТАСУВА ЕКОНОМСКИОТ ПРИСТАП И ТРАНСПАРЕНТНОСТ
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
WUDQVSRUW FRPSDQ\
WUDQVSRUW FRPSDQ\
WUDQVSRUW FRPSDQ\
ЕЗБЕД ОБ У
�
B
SE
C
UR
O
НИКО
� Б
ЊЕ ВА
�
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
БИЗНИС ИНФО
3
ПОДВЛЕЧЕНО
И ВО МАКЕДОНИЈА ИМА МОЖНОСТ ДА СЕ РАЗВИЕ БИЗНИС Миграција имаше и порано. Луѓето студираат или работат во различни земји, тоа е дел од глобалната економија што оди напред. Овде на конференцијата сретнав луѓе кои заминале надвор, живеат во Канада, во САД, некои се вратиле во Македонија, бидејќи ја сакаат земјата. Битно е да се разбере дека ако се студира во странство, не значи и дека ќе се остане таму. Некои остануваат поради можностите што им се нудат, поради приходите или поради можноста да се работи во мултинационални компании, чие седиште на пример е во Чикаго, или во Стокхолм итн. и можноста да се напредува. Но, исто така, има глобални бизниси и во Македонија, а има и многу можности да се развие сопствен бизнис, да се направат пари на успешен начин и да се остане во Македонија. Тоа е една од работите за која се залагаме во „Македонија 2025“ и во таа насока ќе продолжиме да поврзуваме Македонци кои живеат тука со Македонците во дијаспората. Мислам дека секое семејство треба да донесе сопствена одлука. Овде прашав еден од банкарите кои учествуваше на конференцијата, што прават луѓето со заштедите. Вели, купуваат недвижности, купуваат имот. Сретнав и еден друг човек, кој живее во странство пет години, но кој се вратил и отворил два ресторани во Скопје. Така што, точно е дека многу од парите одат во потрошувачка, но исто така и дека некогаш семејствата заштедите или парите што ќе ги добијат или заработат во странство, ги инвестираат и во Македонија. (Џон Битов помладиот, успешен бизнисмен и еден од основачите на „Македонија 2025“ во „Утрински весник“)
ОТКУПОТ НА ТУТУНОТ ЌЕ ЗАПОЧНЕ ПОРАНО Министерството ќе им излеземе во пресрет на тутунарите за откупот на тутунот да започне порано, но за да се направи тоа треба да бидат подготвени и тутунарите и откупните компани. Согласно Законот за тутун, рокот за отпочнување на откупот на тутун е 15-ти декември, но доколку некој од откупувачите има обезбедено финансиски средства, согласно законот, ние ќе дозволиме да почне откупот. За да им се олесни на откупувачите да обезбедат финасиски средства за откуп на целокупните количества договорен тутун, Владата на РМ достави измени и дополнување на Законот за тутун, што е барање на откупувачите и на тутунските здруженија и со кое решение откупувачите ќе бидат ослободени од банкарските издатоци за обезбедување на финансиските средства. (Михаил Цветков, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на РМ во „Фактор“)
БИЗНИС ИНФО
4
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
ПОДВЛЕЧЕНО
ХРАНА ПОДАРЕНА ОД СРЦЕ Кампањата „Храна подарена од срце“ е општествено одговорна платформа на Жито Лукс, односно компаниска определба за постојано присутна и активна грижа за заедницата. Тоа значи дека посебно внимание посветуваме на помош за заедницата, за поединци или групи, а тоа вклучува константни донации. Нашиот општествен ангажман не се појавува само повремено или со повод за некои празници, туку е нешто што го спроведуваме постојано. Така, кампањата „Храна подарена од срце“ се спроведува во континуитет со донации во повеќе различни центри или социјално згрижувачки установи. Конципирана е со цел да ја помогнеме нивната работа и да го подобриме квалитетот на животот на штитениците, дали се тоа деца или возрасни, социјално ранливи категории. Досега се започна со годишни донации на леб или брашно во Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари, Заводот за рехабилитација Рето Надеж и Интернатот за деца од социјално загрозени семејства Гоце Делчев во село Љубанци, а ќе продолжи и понатаму соодветно на тоа каде ќе ги детектираме најургентните потреби. Воедно, секогаш излегуваме пресрет и на инцидентни потреби од помош, како што беше помошта за жителите од поплавените подрачја, а доследни сме и на традицијата за донации со празничен повод. Сето ова говори дека Жито Лукс има воспоставено цврста врска со заедницата, ние сме дел од оваа средина и проблемите со кои се соочуваат граѓаните се и наши проблеми, па соодветно, на секој можен начин се обидуваме да помогнеме. (Лидија Трајковска Ристовска, маркетинг менаџер во Жито Лукс во „Денар“)
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
БИЗНИС ИНФО
5
ПОДВЛЕЧЕНО
ВО КРУШЕВО НЕМА СТОПАНСКИ КАПАЦИТЕТИ Наша најголема болка е тоа што го немаме реалниот сектор, немаме стопански капацитети, немаме можности за вработување на младите во секторот кој создава нови вредности, каде што имаме само два капацитета од текстилната индустрија. Нашата нова надеж во оваа смисла ја гледаме во новата индустриска зона лоцирана во подножјето на градот, која е наменета за лесна, незагадувачка индустрија. Ние го донесовме урбанистичкиот план за зоната, а сега ни претстои период на нејзино инфраструктурно уредување, во што ги имаме помошта и поддршката на Владата и на Агенцијата за просторно планирање. Живееме во надеж дека ќе се јават инвеститори кои ќе изградат свои стопански капацитети во нашата зона и така ќе му дадат нов импулс на Крушево. Имаме околу 1.200 вработени од кои само 150 се во двата стопански капацитети. Се’ друго е вработено во општествените дејности: образование, здравство, полиција, општина... Неможноста младите да најдат работно место го зголеми и го забрза одливот на младите од родните огништа. И младите од Крушево си ја бараат шансата на други места кои нудат повеќе можности за опстанок. Крушевчани главно мигрираат кон Скопје, а во Словенија се иселија цели семејства. На оваа појава може да и’ се застане на пат само со отворање нови капацитети и со реални работни места, па во таа смисла велам дека наша голема надеж е индустриската зона. (Ѓорѓи Дамчески, градоначалник на општина Крушево во „Утрински весник“)
ГО ФОРСИРАМЕ ПРОЕКТНОТО ФИНАНСИРАЊЕ Шпаркасе Банката веќе повеќе години работи на полето на проектното финансирање, користејќи ги моделите и стандардите по кои работи нашата Групација, секако прилагодени на нашите домашни услови. Овој тип на финансирање се базира на самиот проект, а не на финансискиот потенцијал на постоечката фирма. Проектот треба да е сам по себе одржлив. Накратко, потребни се добра идеја, добар проект и почетен капитал, кој се движи просечно од 25% до 35% од вкупната вредност на проектот. Овде најчесто станува збор за проекти од областа на обновлива енергија, но не исклучува и друг тип на бизниси. (Елена Богданова , директор на сектор за управување со корпоративни клиенти во Шпаркасе банка во „Вечер“)
БИЗНИС ИНФО
6
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
ПОДВЛЕЧЕНОСкенирај и
дознај повеќе
M
C
N IA
Што претставува сертификатот Excellent SME?
A
Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O
Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.
Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.
Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје
T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
E
S
E
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
БИЗНИС ИНФО
7
УСОГЛАСУВАЊА
НАДОМЕСТОК СОГЛАСНО ЕКОНОМСКАТА СОСТОЈБА ВО ЗЕМЈАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО ТРОШЕЊЕТО НА СРЕДСТВАТА
Бизнис-заедницата со конкретни забелешки по Предлог-правилникот со тарифа за користење авторски музички дела
Здружението на угостителството и туризмот, Здружението на трговијата и Здружението на информатичкокомуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија, на поединечно организирани расправи, секој во рамките на своето здружение, како и на заедничка седница одржана на 24.11.2015 година, го разгледаа Предлог-правилникот со тарифа за користење авторски и музички дела од Здружението за заштита на авторски музички права - ЗАМП, кој беше објавен на веб-страната на ЗАМП по одржување на Собранието на Здружението на 28.10.2015 година, како и во весникот „Нова Македонија“ на 31.10.2015 година, за кој согласно законските обврски засегнатите страни имаа можност во рок од 30 дена од денот на објавување на јавниот повик да достават свои писмени мислења до организацијата, во спротивно ќе се смета дека се согласни со Предлог-тарифата. Ова беше истакнато на прес-конференцијата во Стопанската комора на Македонија на тема: „Бизнисзаедницата со конкретни забелешки по Предлог-правилникот со тарифа за користење авторски музички дела“. На оваа тема зборуваа: м-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија, Благој Христов, претседател на Здружението на информатичко-комуникациските технологии и Даниела Михајловска Василевска, од Стопанската комора на Македонија. Стопанската комора на Македонија и засегнатите здруженија на 27.11.2015 година доставија поединечни и заеднички забелешки до ЗАМП. Овие дописи се доставени и до надлежните државни институции - Министерството за култура и Комисијата за посредување во авторското право и сродните права именувана од Владата на Р. Македонија. Членките на Стопанската комора на Македонија потенцираат дека го почитуваат односот кон користењето на творештвото и обврската да се плаќа надомест, како и за сите други производи и услуги, особено ако нивното користење директно или индиректно влијае врз остварувањето на приход кај корисниците. Сепак, алармираат дека е потребно да се согледа и економскиот ефект од оптоварувањето на корисниците кои се должни да ја исполнат оваа обврска, особено поради фактот што во дејностите во кои опстојуваат, по разни основи произлегуваат и други обврски, односно трошоци поврзани со природата на дејноста. Во таа насока, заедничка е констатацијата дека во Предлог-правилникот, се направени многу мали
8
БИЗНИС ИНФО
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
УСОГЛАСУВАЊА корекции согласно постојниот Правилник, за кој речиси две години постојат и насоки од надлежните институции да биде променет, а остануваат големите финансиски оптоварувања за обврзниците по истиот. Здружението на угостителството и туризмот при Комората доби поддршка и од Асоцијацијата „ХОТАМ“, која со писмен допис ги достави своите забелешки до Здружението, во насока на конструктивно решавање на проблемот. Кабелските оператори, членки на Стопанската комора на Македонија, кои добија поддршка од други здруженија на кабелски оператори, како „МК нет“, значи сите релевантни оператори и тоа „Македонски Телеком“, „Оне.Вип“ („Близу“ и „Оне“), „Телекабел“, „Тотал ТВ“, забележуваат дека надоместоците кои ги плаќаат по правилник и по договор изнесуваат дури 67 % од вкупните приходи на ЗАМП, што како информација може да се добие од Годишниот извештај на ЗАМП за 2014 година. Од Здружението на информатичкокомуникациските технологии посочуваат дека е направена и споредбена анализа со други европски земји кои плаќаат не само по обврската за авторски музички дела, туку за сите видови на права кои ги користат операторите. Имајќи го предвид бруто националниот производ, анализата покажува дека во Македонија оваа финансиска давачка е неколкупати поголема. Од годишните извештаи што ЗАМП ги објавува на својата веб-страна може да се согледа дека во делот што им се наплаќа на хотелите и угостителските објекти, по основ на апарати за механичка музика и дел за „жива“ музика, приходите на ЗАМП во 2013 година изнесуваат 8.990.920,00 денари, а во 2014 година 11.114.842,00 денари, што е зголемување за 23,6 %. С о г л а с н о реализираните состаноци, здруженијата на угостителството и туризмот, на трговијата и на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија ги доставија следните Мислења и предлози по Предлог-правилникот со тарифа за користење авторски музички дела. Во рамките на Здружението на угостителството и туризмот: 1. Да се исклучи плаќање на надомест за користење авторско дело во објекти и сместувачки капацитети каде што се вршат здравствени услуги, за лицата кои од здравствени причини користат сместувачки капацитети во бањите. 2. При организирање на прослави во угостителски објекти од надвор, обврската кон ЗАМП да ја плаќа организаторот на прославата, забавата и друг вид манифестација. 3. Вредноста на бодот во тарифниот дел од Правилникот од сегашните 4 денари, да биде максимум 2 денари. 4. Да се пресметува 8 %, односно 10 % од приходот од реализирана забава, но само од вредноста на договорената музика за соодветната забавна приредба. 5. Основ за пресметка во угостителските објекти да биде остварениот приход, за што доказ е завршната сметка што правниот субјект (угостителскиот објект) ја доставува до Управата за јавни приходи, односно до Централниот регистар најмалку еднаш годишно.
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
БИЗНИС ИНФО
9
УСОГЛАСУВАЊА ПОДВЛЕЧЕНО 6. Хотелите да не плаќаат за реализирани ноќевања, бидејќи за една иста активност се наплатува двојно па и повеќе пати. ЗАМП веќе наплатува од кабелските оператори и од државниот радиодифузен јавен сервис МРТВ. Имајќи предвид дека хотелско-угостителската дејност не е еднакво атрактивна во сите региони од земјата, Здружението на угостителството и туризмот остава можност да се разговара, во деловите каде обемот на работа и по вредност и по активности е значително помал, трошоците за плаќање да бидат намалени. Во рамките на Здружението на трговијата: 1. Просторот кој трговските синџири го даваат под закуп да не биде нивна обврска за плаќање кон ЗАМП. 2. Да се намали бројот на бодови согласно кој се тарифира обврската кон ЗАМП, за што се предлагаат две алтернативи, или намалување на бројот на бодови или воведување една големина на бодот за сите површини. 3. Да се намали за 100 % бројот на бодовите кога се организира користење музички дела на отворен простор. Во рамките на Здружението на информатичко-комуникациските технологии: 1. За соопштување на музички дела по пат на телефон надомест да се плаќа месечно во износ од 0,5 % од приходот остварен по овој основ според бројот на тарифни единици. 2. Доколку со договор не е поинаку утврдено, авторскиот надомест за емитување на авторски музички дела за дистрибуција на радио и телевизиски програми во кабелска мрежа, кабелските оператори плаќаат надомест во висина од: 0,8 бод по претплатник, месечно. Оттука, сублимирано, Стопанската комора на Македонија преку засегнатите здруженија бара од ЗАМП: 1. Ревидирање на Предлог-правилникот со тарифа за користење авторски музички дела, согласно поединечни забелешки од здруженијата на угостителството и туризмот, на трговијата и на информатичко комуникациските технологии. 2. Одговор дали технички, институцијата ЗАМП е подготвена да наплаќа такса од сите правни субјекти на кои се однесува оваа давачка - хотели, угостителски објекти, кабелски оператори, трговски синџири и останати правни субјекти. 3. За кои се` авторски музички права ЗАМП на годишно ниво исплатува средства? Во годишниот извештај стои како збирен износ, но наше барање е да добиеме одговор кои точно субјекти добиваат и во колкав износ средства кои ЗАМП ги прибира од хотелите и угостителите? Даниела Михајловска Василевска
БИЗНИС ИНФО
10
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
ФОКУСИРАНО
СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ СО РАКОВОДСТВАТА НА БАНКАРСКИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со Гувернерот на Народната банка на Република Македонија, г. Димитар Богов и со раководните структури на банкарскиот сектор во Република Македонија. На средбата, беа разменети мислења и информации околу актуелните случувања во економијата, претприемништвото и банкарскиот сектор. Соговорниците разменија мислења и околу импликациите на светската економска криза врз стабилноста на банкарскиот систем, како и за влијанието на внатре - политичката состојба, бегалската и мигрантската криза врз севкупната економска политика во Република Македонија. Посочувајќи ја улогата и значењето на банкарскиот систем за економскиот раст на земјата, претседателот Иванов истакна дека единствено стабилниот финансиски систем може да доведе до јакнење на довербата на економските субјекти. Во таа насока, македонскиот претседател ги поздрави мерките преземени од Народната банка, како и севкупната банкарска регулативна мерка, која придонесе банките успешно да се справат со ризиците во периодот на кризата. Раководните структури на банките го информираа претседателот Иванов за нивните активности, за можностите за натамошно олеснување на пристапот до кредити, како и за постигнатите резултати и придонесот во конкурентноста на македонската економија. Покрај условите за кредитирање, македонскиот претседател им порача на претставниците на банкарскиот сектор, дека не смеат да го запостават и штедењето на населението како значаен извор на финансирање на банките. Претседателот Иванов, посочи дека банкарскиот сектор мора да изнајде начин за натамошна поддршка на стопанството, особено на иновативните идеи и „start up” бизниси на младите претприемачи. Претставниците на банкарскиот систем изразија задоволство од средбата со претседателот Иванов, како и од континуираната поддршка на македонскиот претседател на бизнис заедницата во Република Македонија, а со цел унапредување на севкупната економска состојба во земјата. Соговорниците ја поздравија економската дипломатија на претседателот Иванов во рамки на неговите посети на странски држави, а со цел афирмација на економските поволности во Република Македонија и привлекување на странски инвестиции, како и редовните средби на македонскиот претседател со претставници на стопанските комори и бизнис заедниците, со цел поттикнување на домашните економски и инвестициски потенцијали. (Кабинет на претседателот на РМ) Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија работи интегрирано во рамките на Комората од 1977 година и во него членуваат сите банки кои постојат во нашата држава. Одличната соработка на ова здружение со сите надлежни државни институции ќе продолжи и во иднина.
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
БИЗНИС ИНФО
11
ПОДВЛЕЧЕНО ТРИБИНА
ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ТРЕТИОТ ПАКЕТ НА ЕУ ДИРЕКТИВИТЕ ЗА ВНАТРЕШЕН ПАЗАР НА ЕНЕРГИЈА
Македонската енергетска асоцијацијa – MEA расправаше за Предлогзаконот за енергетика
Македонската енергетска асоцијација при Стопанската комора на Македонија на 26.11.2015 година одржа седница на која се разгледуваше Предлог-законот за енергетика. Министерскиот совет на енергетската заедница на 6 ноември 2011 година донесе Одлука со која е утврдено дека Третиот пакет на законодавството на Европската унија за внатрешен пазар на енергија за земјите-потписнички на Договорот за основање на Енергетската заедница ќе биде обврска започнувајќи од 1 јануари 2015 година. Третиот пакет се состои од две директиви и две регулативи кои се однесуваат на електрична енергија и на природен гас и тоа: • Директива 2009/72/ЕС за заеднички правила за внатрешен пазар на електрична енергија; • Регулатива N.714/2009 за условите за пристап на мрежите за прекугранична размена на електрична енергија; • Директива 2009/73/ЕС за заеднички правила за внатрешен пазар на природен гас и • Регулатива N.715/2009 за условите за пристап до системите за пренос на природниот гас. Третиот пакет на внатрешен пазар на енергија придонесува за: • подобрување на конкуренцијата на пазарите на електрична енергија/ природен гас; • недискриминаторен пристап на трети страни на системите за пренос;
БИЗНИС ИНФО
12
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
ТРИБИНА
• • • •
•
привлекување на нови инвестиции; зајакнување на независноста на Регулаторната комисија за енергетика; заштита на потрошувачите; воведување на универзална услуга/јавен интерес која може да покрива прашања поврзани со сигурноста во снабдување, квалитет на услуга, цена, заштита на животна средина и енергетска ефикасност и регулаторните тела да соработуваат со ECRB со цел гарантирање компатибилност на регулаторната рамка во регионот.
Спроведувањето на барањата од Третиот пакет на ЕУ бара разделување на производството на електрична енергија/природен гас и активностите за снабдување од активностите за пренос; • ефикасно раздвојување на операторите на електропреносните системи/ операторите за пренос на природен гас од другите дејности, како и правно и организационо раздвојување на дистрибутивниот систем-оператор ДСО од другите активности; • унапредување на независноста на Регулаторната комисија за енергетика во поглед на нејзините права и надлежностите. Законодавството на Европската унија предвидува три модели на ефективно раздвојување, и тоа: • сопственичко раздвојување (Ownership unbundling - OU); • независен оператор на системот (Independent system operator- ISO); • независен преносен оператор (Independent transmission operator - ITO). Кај моделот со независен систем-оператор - ISO, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе има обврска да ја контролира врската помеѓу ISO и МЕПСО, односно: • да ги одобрува договорите помеѓу ISO и МЕПСО;
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
БИЗНИС ИНФО
13
ПОДВЛЕЧЕНО ТРИБИНА • •
да ги мониторира врските и комуникацијата помеѓу ISO и МЕПСО; да учествува во надминување на споровите помеѓу МЕПСО и ISO.
Моделот со независен оператор на преносниот систем - ITO, предвидува сопственикот на мрежата може да биде назначен како ITO, меѓутоа активностите се спроведуваат целосно независно од државата. Операторот на пазарот треба правно да се издвои од АД „МЕПСО“ во посебна фирма. Сите задачи со управувањето на преносниот систем ќе бидат обврска на ITO, а ITO не смее да споделува ИТ-системи, опрема, канцеларии или сигурносен влез на системот на друг дел од вертикално интегрираното претпријатие. Сметките на ITO треба да се ревидираат од независни ревизори, а ITO треба да донесе програма за усогласеност, која треба да биде одобрена од РКЕ. Службеник за следење на програмата за усогласеност (физичко или правно лице), е предмет на одобрување на РКЕ. Кој модел и да се одбере е предмет на сертификација, а истата ја спроведува Регулаторната комисија за енергетика и за истото го информира Секретаријатот на енергетската заедница. Сертификацијата се одвива во три фази: • I фаза – избор на модел на сопственичко раздвојување; • II фаза – изменување и дополнување на законската и подзаконската регулатива со цел целосна имплементација на избраниот модел; • III фаза – сертификација. Во рамките на Седницата на МЕА се разви плодна дискусија после која се донесе заклучок да се достави мислење до Министерството за економија по Предлог-законот за енергетика, со сите забелешки и мислења кои присутните ги дадоа во текот на дискусијата.
Перо Авакумовски
БИЗНИС ИНФО
14
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
ПОСЕТИ Н.Е. Бунијан Саптомо, амбасадор на Индонезија во Република Бугарија во Стопанската комора на Македонија
И ПОКРАЈ ГОЛЕМИТЕ МОЖНОСТИ, РАЗМЕНАТА СЕ` УШТЕ МАЛА
Во посета на Стопанската комора на Македонија беше Н.Е. Бунијан Саптомо, амбасадор на Индонезија (30.11.2015 година). Во негова придружба беа министерот -советник за политички и социјални прашања, господинот Јоханес Мангисела и третиот секретар задолжен за економски прашања, госпоѓата Амита Прамасуфи. На средбата, Бунијан Саптомо потенцираше дека Амбасадата на Република Индонезија во Република Бугарија од средината на 2016 година ќе биде надлежна и за Република Македонија, наместо нивната Амбасада во Република Унгарија како што беше досега. Тој, исто така, потенцираше дека манифестацијата „Трејд експо“ која секоја година во месец октомври се одржува во Џакарта е одлична можност за македонските компании да остварат соработка со индонезиски компании. Амбасадор спомена дека визниот режим помеѓу двете земји претставува проблем, бидејќи индонезиските компании поради долгиот процес на добивање виза го одложуваат планот за посета, како на Република Македонија, така генерално и за други европски земји. Јадранка Аризанковска, виш советник во Дирекцијата за регионални комори и меѓународна соработка, забележа дека соработката во последниве години помеѓу двете земји е на многу ниско ниво и дека постојат огромни можности за нејзино интензивирање. Со гостите беше договорена повторна посета на третиот секретар задолжен за економски прашања госпоѓа Амита Прамасуфи, со цел да се направи презентација и да се промовира манифестацијата „Трејд Експо“ пред македонските компании. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Индонезија во периодот јануарисептември 2015 година достигна вредност од 12,54 милиони САД $, што претставува пад од 62,26 % во однос на истиот период од претходната година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 1,97 милиони САД $ или пад од 15,59%, додека увозното салдо изнесува 10,57 милиони САД $ или намалување од 65,78% споредено со истиот период од 2014 година. Во вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија со Република Индонезија за периодот јануари-септември 2015 година, остварен е трговски дефицит од 8,6 милиони САД $. Република Индонезија е 43-ти трговски партнер на Република Македонија за периодот јануари-септември 2015 година.
Јадранка Аризанковска
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
БИЗНИС ИНФО
15
ПОДВЛЕЧЕНО ПОСЕТИ
НАСКОРО ЌЕ СЕ ФОРМИРА РЕГИОНАЛНА АСОЦИЈАЦИЈА НА ПАЗАРИ
Групацијата на пазари на Регионална конференција во Белград, Република Србија
Групацијата на пазари при Здружението на комуналните дејности во рамките на Стопанската комора на Македонија, со група претставници од неколку компании, организатори на пазари, учествуваше на Регионалната конференција за дејноста пазари, што се одржа на 26.11.2015 година во Белград, Р. Србија. На Конференцијата, покрај домаќините, организатори на пазари од Србија, учествуваа и организатори од Црна Гора и од Република Српска. На Конференцијата секоја земја поединечно ги претстави условите во кои стопанисуваат пазарите, законската рамка, перспективите за развој. Беа разменети искуства околу начините и можностите за нови инвестиции преку јавно приватно партнерство, аплицирање на проекти од ЕУ-фондови и сл., согласно веќе реализираните јавни приватни партнерства и моделот на приватизирање на пазарите. Со цел користење на светските искуства, бенефициите, доделување грантови, аплицирање за средства од фондови и сл., на Конференцијата беше потенцирано дека регионот мора да стане член во Светската асоцијација за пазари, од каде би се добивале соодветни и навремени информации за можностите за обезбедување финансиски средства за нови инвестиции, начини на модернизација, примена на меѓународни стандарди, процедури и сл. Во таа насока, беше договорено во следниот период, три асоцијации за пазарите, да се здружат во регионална асоцијација која понатаму во таков облик ќе аплицира за членство во Светската асоцијација. Во рок 6 месеци ќе треба да се реализира нов регионален состанок на кој би се официјализирала регионална асоцијација. Во рамките на дводневната посета на Белград, беше реализирана и посета на два модернизирани пазара во главниот град на Р. Србија, со кои стопанисува ЈП „Пазари“ - Белград. Целта беше да се согледаат начините на кои пазарите се модернизирани, со цел примена на искуството на пазарите во Македонија. Во рамките на оваа активност, организирана преку Групацијата на пазари при Здружението на комуналните дејности во рамките на Стопанската комора на Македонија, учествуваа 12 претставници од 6 комунални претпријатија и трговски друштва. Ваквите активности во рамките на Групацијата на пазари се со цел и во Македонија да се изготви стратегија за пазарите. За да се реализира оваа идеја, потребно е инволвирање од повеќе засегнати страни, како и обезбедување финансиска поддршка (преку проект, донација и сл.), со цел дефинирање на улогата и значењето на пазарите во рамките на вкупната економска и трговска активност во земјата. Во оваа насока, на регионално ниво Групацијата на пазари при Комората изминатите две до три години активно одржува контакти со пазарите од регионот, се реализираат состаноци, работилници, со цел модернизација на дејноста согласно светските трендови. Даниела Михајловска Василевска
16
БИЗНИС ИНФО
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Во Белград се одржа традициналната годишна манифестација ,,Најпопуларна и најомилена жена на 21-виот век“
МЕЃУ ЛАУРЕАТИТЕ И АНЕТА ПЕШЕВА ОСНОВАЧ НА ГРУПАЦИЈАТА „УЛТРА-УНЕТ“
Во „Белиот Двор“, на имотот на кралското семејство Караѓорѓевиќ, на 27.11.2015 година во Белград се одржа традициналната годишна манифестација ,,Најпопуларна и најомилена жена на 21-виот век“, каде во различни општествени и професионални категории се наградени препознатливи жени за своите високи достигнувања од Србија и од регионот. На оваа манифестација, госпоѓа Анета Антова Пешева, основач на Групацијата „УлтраУнет“ ДОО - Скопје се закити со титулата најпочитувана жена за своите достигнувања од областа на ИТ-бизнистехнологии. Привилегијата на оваа титула е од национално и општествено значење, имајќи предвид дека Пешева е лидер на македонска компанија која успешно работи веќе 27 години. Покрај бизнис-достигнувањата, Пешева е истакнат активист на полето на женското лидерство, иницијатор на бројни проекти од општествено-социјален карактер и чинител на филантропски кампањи наменти за ранливи и социјално загрозени деца. Оваа престижна манифестација е организирана од Агенцијата „Аирли Ниво“ од Србија, предводена од Слаѓана Обрадовиќ Петровиќ која препознава дела и проекти на жени од регионот од областа на: медицината, туризмот, бизнисот, естетиката, уметноста, културата, јавните дејности, новинарството. Покрај Анета Пешева, во останатите категории наградени беа и околу 20-тина жени од регионот меѓу кои: Мира Бањац, Билјана Обрадовиќ, Весна де Винца, Неда Украден, Ана Бекута, Ана Књажовиќ-Мијаловиќ, Сузана Манчиќ, Јасмина Трумбетас Петровиќ и други. (Ултра-Унет)
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
БИЗНИС ИНФО
17
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРАТА
ОГРОМЕН УСПЕХ ВО ОБЛАСТА НА КЛЕТОЧНА ФИЗИОЛОГИЈА И МЕТАБОЛИЗАМ НА СВЕТСКО НИВО
Во соработка со „Алкалоид“ во „Nature Medicine“ објавен труд на проф. д-р Мирко Трајковски, еминентен научник со македонско потекло
Во „Nature Medicine”, едно од најреномираните светски научни списанија е објавен оригинален научен труд под наслов „Отстранувањето на микрофлората промовира потемнување на белото масно ткиво и ја редуцира дебелината“. Ова откритие е дело на истражувачки тим на научници од Одделот за клеточна физиологија и метаболизам при Медицинскиот факултет на Универзитетот во Женева, предводени од проф д-р Мирко Трајковски, еминентен научник со македонско потекло, во соработка со „Алкалоид“. Ова е исклучително значајно откритие во светски рамки и ја отвора сферата на сосема нови третмани против дебелината, со истражување алтернативни начини на супресирање - менување на микрофлората со ефикасни клинички третмани против дебелината. - Поголемиот број „беж“ клетки, што се појавуваат во белото масно ткиво, овозможуваат поголемо согорување на калориите, што укажува дека стимулирањето на нивниот раст доведува до редукција на дебелината. Отсуството на микробиотата активира изненадувачки метаболички механизам, па белите масни клетки – што кога се вишок, предизвикуваат дебелина и намалена чувствителност кон инсулинот – почнуваат да се трансформираат во таканаречени „беж“ клетки, слични на кафеавите масни клетки, кои пак штитат и од дебелината и од последиците предизвикани од неа, - изјави професор Трајковски. За истражувачкиот тим ова научно достигнување претставува огромен успех во областа на клеточната физиологија и метаболизам на светско ниво. Има посебно значење и за македонската наука бидејќи претставува пионерско истражување од овој тип за чии цели се користени производи од портфолиото на „Алкалоид“, како и стручна научна експертиза од фармацевти од компанијата предводени од фарм. спец. Мирослава Илиeвска. И за „Алкалоид“ ова е дополнителен поттик за понатамошна соработка со научни институции од светски ранг, како и поддршка на проекти од овој тип кои придонесуваат за дополнителна афирмација на земјата во светот.(„Алкалоид“)
Одлични резултати од работењето на „Винер Осигурување“ заклучно со третиот квартал од годинава
ДОБИВКАТА ТРОЈНО ЗГОЛЕМЕНА
Осигурителната компанија „Винер - Виена Иншуренс Груп“ заклучно со третиот квартал од годинава остварила раст на добивката од 304 отсто во однос на истиот период од минатата година. Истовремено, компанијата го зголемила нивото на капиталните инвестиции за високи 140 милиони денари споредено со лани. - Одличните резултати кои во континуитет ги прикажуваме се плод на нашите успешни заложби да обезбедиме врвно ниво на услуга и сигурност за нашите клиенти. Тоа ни го овозможува активното реинвестирање на профитот на компанијата во создавање дополнителна вредност за клиентите која се огледува во најадекватните цени за најопфатно осигурително покритие, најефикасната и најдинамичната исплата на штети и вредните подароци за секоја полиса, – истакна Зоран Нарашанов, генерален директор на „Винер Осигурување“. Во компанијата споменуваат дека клучот на нивниот успех е компактниот тим составен од врвни и докажани професионалци во струката и талентирани млади луѓе, кои од ден на ден го вложуваат сиот свој личен и деловен капацитет во задоволството на секој клиент на „Винер“. Инаку, само оваа година бројот на вработени во компанијата преку проектот „Кариера во „Винер“ е зголемен за 30 луѓе, со што вкупниот број на вработени ја надмина границата од 200. Покрај ова, компанијата започна да работи во уште поголеми простории лоцирани на булеварОТ „Борис Трајковски“, кои се подостапни за клиентите и соодветствуваат на динамичниот развоен план на компанијата.(„Винер Осигурување“)
18
БИЗНИС ИНФО
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
KB Прво пензиско друштво АД Скопје со значајно признание
НАГРАДА ЗА НАЈДОБАР ПЕНЗИСКИ ФОНД ЗА 2015 ГОДИНА ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА
На свечена церемонија во Барселона, Шпанија одржана на 19.11.2015 година, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје ја доби престижната и посакуваната награда за “Најдобар Пензиски Фонд за 2015 година во Централна и Источна Европа”во организација на реномираниот финансиски магазин IPE (Investment & Pensions Europe). Јанко Тренкоски, генерален директор на КБ Прво пензиско друштво, поврзано со наградата, изјави: -Наградата претставува исклучителен успех за нас и за реформираниот пензиски систем во Р. Македонија. Станавме дел од навистина компетентно друштво на наградени пензиски фондови од цела Европа. Во конкуренција на фондови од Романија, Латвија, Естонија, Полска, Хрватска, итн., го освоивме првото место. Ова е награда посветена на сите членови на фондот, наши сограѓани. Друштвото, со ова уште еднаш докажа дека ги постави темелите на една успешна приказна, која ветува дека ќе продоложи да ја гради и во иднина. (KB Прво пензиско друштво)
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
БИЗНИС ИНФО
19
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРАТА
ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦАТА СО И БЕЗ ХЕНДИКЕП ОД ТЕАТАРОТ БЕЗ ДИСКРИМИНАЦИЈА „ИГРИ БЕЗ МАСКИ“
„Жито Лукс“ донираше свои производи
Пакетчиња со производи од „Жито Лукс“, додели компанијата за повеќе од 200 деца со и без хендикеп дел од Театар без дискриминација „Игри без маски“. Со ова „Жито Лукс“ го одбележа 20-ти Ноември, Светскиот Ден на детето. Пакетчињата им беа врачени на децата за време на дводневниот национален избор на традиционалниот драмски фестивал кој се одржа на 22 и 23 ноември 2015 година во Драмски театар Скопје. - Целта на оваа донација е да го одбележиме Светскиот Ден на детето и да се обидеме овој ден да го направиме посебен за децата, без дискриминација. На повеќе наврати со и без повод, „Жито Лукс“ дава помош за деца, посебно за оние згрижени во установи, за кои што и ја создадовме кампањата „Храна подарена од срце“, што опфаќа донации во вакви и слични центри. Овој пат, нашата поддршка ја дадовме на Театарот без дискриминација „Игри без маски“ и со тоа сакаме да испратиме порака дека секој заслужува еднакви можности, да се социјализира, да ужива во животот и да биде дел нови доживувања, - изјави Лидија Трајковска Ристовска, одговорно лице во секторот за маркетинг на „Жито Лукс“ АД - Скопје. Театарот „Игри без маски“ е прв драмски фестивал од ваков вид на Балканот, со единствена цел, инклузија на лицата со инвалидност и отворена можност за нивно креативно изразување, во организација на Здружението на граѓани за промоција и развој на регионите „Свет на различни а еднакви“, Скопје. Оваа донација е само една од активностите што ги презема „Жито Лукс“ за подобрување на квалитетот на животот на социјално загрозените категории. Како резултат на овие заложби, компанијата ја создаде кампањата „Храна подарена од срце“, наменета за помош на институции за згрижување на социјално ранливите категории и се спроведува во континуитет со донации во повеќе различни центри или социјално згрижувачки установи. Со ваквиот ангажман, компанијата ја покажува својата општествено одговорна страна и ја продолжува низата на активности од хуманитарен карактер како дел од стратешките цели на својата работа, секогаш излегувајќи во пресрет на потребите на социјалните институции во Македонија. („Жито Лукс“)
20
БИЗНИС ИНФО
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
СВЕТСКИ ПЕЧАТ До 2050 година светот може речиси целосно да помине на обновлива енергија
МОЖНА Е ЕНЕРГЕТСКА (Р)ЕВОЛУЦИЈА!
*Напуштање на користење нафта, јаглен и гас како енергенси и премин кон обновливи енергии е услов за ограничување на промената на климата. Можен е пресврт? Да, и тоа до 2050. година, вели едно актуелно сценарио. До 2050. година светот може речиси целосно да премине на снабдување со енергија од обновливи извори. Тоа би било технички изводливо и финансиски атрактивно, а згора на тоа уште би создало и милиони нови работни места. Сценариото за енергетска (р)еволуција го изработија еколошката организација Гринпис и Германскиот центар за воздухопловство и вселенски летови (ДЛР) и се базира врз мноштво поединечни студии. Тоа е во моментов најобемното глобално сценарио за одржливо и климатски благопријатно снабдување со енергија и на самитот за климата во Париз му нуди факти за можниот пат. Напуштањето на фосилно енергетско стопанство се смета за важен елемент за ограничување на затоплувањето на климата на помалку од два степена. На глобално ниво денес три четвртини од гасовите што предизвикуваат ефект на оранжерија настануваат при експлоатација и согорување на јаглен, нафта и гас, а другиот дел од уништување на шумски површини и од земјоделството. „Во меѓувреме е созреана технологијата за обновливите енергии и може да им конкурира на штетните за климата термоцентрали на погон на јаглен и ризичните атомски централи.“, вели Свен Теске од Гринпис, главен автор на студијата. „Во сите сектори е изводлива целосна преориентација кон обновливи енергии. Сега мораме бргу да појдеме по патот на чиста, безбедна и економична енергетска иднина“. Сценариото на 364 страници опишува еден економичен пат кон чиста енергија со се’ помали емисии на ЦО2 во областите електрична енергија, греење и сообраќај. Студијата не третира други извори на емисии на ЦО2, како меѓународниот воздухопловен и поморски сообраќај, и емисиите условени од индустриски процеси, кои, на пример, настануваат при производството на цемент. „Нивниот удел во глобалните емисии на ЦО2 изнесува околу десет проценти. Но, тие не се вклопуваа во обемот на студијата“, а и „потешко е да се оценат“ мерките за далекусежна редукција на ЦО2, рече Томас Прегер од ДЛР. Соларен парк во Кина Но, затоа пак авторите многу прецизно истражуваа различни технологии и различен развој во сите региони на светот. Тие покажуваат како може до 2050. година да се овозможи одржливо снабдување со енергија за 9,5 милијарди луѓе. Помали трошоци и повеќе работни места Голем поттик за производство на енергија без ослободување на ЦО2 првенствено дава бумот на соларна и на енергија добиена од ветер: само во минатата година во нив во светски рамки беа инвестирани 250 милијарди долари (234 милијарди евра). Намалените трошоци го забрзуваат натамошното ширење, а особено кај соларната енергија не е на повидок крај на паѓањето на цените. Поради тоа авторите сметаат дека ширењето на климатски благопријатните енергии ќе напредува побрзо отколку досега. За глобален енергетски пресврт, според сценариото, до 2050. година се потребни инвестиции од просечно илјада
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
БИЗНИС ИНФО
21
СВЕТСКИ ПОДВЛЕЧЕНО ПЕЧАТ милијарди долари годишно. Истовремено би биле заштедени трошоци за горива во износ од околу 1070 милијарди годишно. Според студијата, преориентацијата би била позитивна и за пазарот на работна сила. До 2030. година би можеле да настанат 19 милиони дополнителни работни места. Без забрзан енергетски пресврт, бројката на вработените во енергетската бранша во светот до 2030. година благо би опаднала на 27 милиони; забрзан пресврт кон 100-процентно обновливи енергии би придонесол во 2030. во таа бранша да работат 46 милиони луѓе.
Како до помалку ЦО2? Инфографика
Струја наместо нафта и во сообраќајот Авторите гледаат голем предизвик и во редукцијата на ЦО2 во сообраќајот. Околу 14 проценти од глобалните емисии на тој гас настануваат со согорување на гориво во моторите и турбините. „Потребна ни е револуција во транспортот - не само електроавтомобили, туку мора да развиваме и нови транспортни технологии и синтетички горива од обновливи енергии“, вели Теске. Базичниот принцип гласи струја наместо нафта. Со помош на струја добиена од сончева енергија, ветер или вода, можат не само да возат автомобили и возови на батерии, туку можат да се произведуваат и синтетички горива технологија која веќе денес функционира. Синтетички произведени горива ќе ја направат веќе непотребна нафтата, која е штетна за климата. Пилот-фабрика за гас во Швајцарија За пресврт во сообраќајот авторите на студијата препорачуваат политиката да донесе соодветни мерки за на луѓето, на пример, да им стане примамливо користењето на помали автомобили, а и транспортот мора да биде поефективен. Важен чекор секако е јакнењето на јавниот сообраќај со автобуси и возови. Дејствување со добивка Со сценариото Гринпис покажува дека е можно одржливо снабдување со енергија за 9,5 милијарди луѓе до 2050. година и дека „нема поголеми економски и технички пречки“. Авторите препорачуваат побрзо и порешително дејствување на политиката - сега е битно индустријата, потрошувачите и пазарите да се стимулираат за поголемо користење обновливи енергии и поголема енергетска ефективност. Важен чекор е и брзо укинување на субвенциите за јаглен, нафта и гас. Минатата година тие стари енергии, според Меѓународната агенција за енергетика, добија од државните буџети речиси 500 милијарди долари. Куми Наиду, челник на Гринпис, го препорачува сценариото како лектира првенствено на скептиците, кои сметаат дека не е можен брз енергетски пресврт: „Овде се дознава дека тоа е можно, дека мора да биде направено и оти на крајот сите ќе профитираат од тоа“.(ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
22
БИЗНИС ИНФО
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
СВЕТСКИ ПЕЧАТ
Правила, ама погрешни
ЗОШТО САМИТОТ ЗА КЛИМАТА НЕМА ДА УСПЕЕ?
*Преговорите во Париз на самитот на ОН за климата ќе претрпат неуспех оти се погрешни правилата на играта, велат економисти. А се’ би можело да биде многу едноставно ако се применува принципот на взаемност. Меѓународната заедница речиси две децении не успева да постигне глобален договор за заштита на климата. Дури и протоколот од Кјото од 1997. година со задолжителните цели во однос на климата го потпишаа само 37 индустриски држави. Оттогаш имаше многу самити, драматични апели за дејствување - и никакви резултати. За самитот во Париз постапката предвидува секоја земја да изработи сопствени планови за заштита на климата, кои потоа редовно ќе бидат проверувани. И тоа ќе доживее неуспех, смета Дејвид Мекеј од универзитетот Кембриџ. „Постојано се повикува да се дејствува за заедничката цел и таа да биде ставена над сопствените интереси“, вели Мекеј за ДВ. Но, тој укажува дека 40-годишното научно проучување за формите на соработка покажало оти секоја земја всушност има силни мотиви самата да презема колку што е можно помали напори во таа смисла. Меѓу сопствена полза и несебичноста Изјавите за намерите, што уште пред самитот во Париз ги поднесоа 146 земји, се чини дека му даваат право на Мекеј. „Многу земји го ветуваат само она, што ионака би го направиле поради соспствениот интерес“, вели тој. „Кина, на пример, и онака мораше да го ограничи користењето на јаглен, за да ги намали здравствените проблеми кај населението“. Кристина Фигерес, која е на чело на еколошката организација на ОН, ги пофали плановите како „значителни напори“, но мораше да признае дека тие не се доволни за да се ограничи затоплувањето на земјината клима на помалку од два степена Целзиусови. Таа искажа надежа дека изјавите за намерите „не се и последен збор“. Мекеј и економистите Питер Кремтон, Аксел Окенфелс и Стивен Стафт сметаат дека може едноставно
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
БИЗНИС ИНФО
23
СВЕТСКИ ПОДВЛЕЧЕНО ПЕЧАТ да се премости јазот помеѓу националните интереси и глобалната заштита на климата. Иста цена на ЦО2 за сите Наместо бесконечно ценкање околу целите за емисиите на издувни гасови, светската заедница би требало да преговара за единствена глобална цена за емисиите на јаглероден диоксид и притоа да го почитува принципот на взаемност. „Тоа значи, јас ќе се согласам ако и ти се согласиш. Ако ти не се согласиш, нема ни јас“, вели Мекеј. Секоја земја сама за себе треба да реши како ќе ја воспостави цената на ЦО2 - со трговија со права на емисии на гасот или преку данок за него. „ЦО2 е интересен извор на приходи и за земји на кои всушност им е се’ едно за промената на климата“, смета Мекеј. „Ако сакаат, пак, можат за возврат да ги намалат другите даноци“. Наместо бесконечно ценкање околу целите за емисиите на издувни гасови, светската заедница би требало да преговара за единствена глобална цена за емисиите на јаглероден диоксид Потрага по рамнотежа И покрај тоа, земји како Кина и Индија ќе пледираат за колку што е можно пониска цена за ЦО2. со аргумент за нефер оптоварување на нивните стопанства, дотолку повеќе што нивното загадување по глава на жител и натаму е далеку под она во индустриските земји. Мекеј и неговите колеги поради тоа предлагаат фонд за климатско порамнување, во кој би уплатувале побогатите земји, а од кого пари би добивале посиромашните. „Ако меѓусебно се поврзат тие механизми, тогаш и за земја како Индија би имало мотив да гласа за повисока цена на ЦО2, оти тогаш би добила повеќе пари од фондот за компензација“. Обратно, пак, богатите земји така ќе сакаат колку што е можно пониски компензациони исплати и би гласале за нешто пониска цена за ЦО2. Значи, во преговорите би требало да се дојде до оптимална цена за која сите би се согласиле, вели Мекеј. Десет долари за тон „Кога би можеле да се согласат за глобална цена од најмалку десет долари за тон ЦО2, ефектот веќе би бил поголем отколу она што веројатно ќе биде постигнато во Париз“, убеден е тој. Дејвид Мекеј, до лани врвен научен советник на британското министерство за енергетика и климатски промени, и неговите колеги го објавија предлогот во стручното списание „Нејчр“, но немаат многу надежи дека тој ќе биде земен предвид на конференцијата за климата. „Ако во Париз не биде постигнат голем успех, можеби наредниот пат ќе се сетат на нашата позитивна порака“, вели тој.„Правилата на играта можат така да се променат, што сопствените интереси на сите засегнати би биле усогласени со големата цел“. Тогаш ни преговорите за климата веќе не би биле толку компликувани. (ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
БИЗНИС ИНФО
24
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
СВЕТСКИ ПЕЧАТ
Концепти
НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА ИТНО И‘ ТРЕБААТ ИНВЕСТИЦИИ
*На југоистокот на Европа итно се потребни инвестиции. Ова е заклучокот на експертите на економскиот форум во Виена, кој се занимаваше со проблемот на стопанската соработка во регионот.
На европското стопанство му се потребни големи реформи. Херберт Степиќ е уверен во тоа. Тој е задолжен за инвестиции во Југоисточна Европа во банката Рајфајзен. „Европа мора да размисли за своите високи даноци. Даночните стапки од 40 проценти можат да бидат фактор кои ги одбиваат инвеститорите и да ги натераат да одат на друго место, каде што даноците се пониски“, изјави тој на Виенскиот економски форум. Членови на форумот, покрај домаќинот Австрија, се и државите од Западниот Балкан, како и земји од средна и источна Европа. Притоа, токму на југоистокот на Европа му се потребни инвестиции, и до нив мора да дојде без бирократски пречки за да може да се делува на ниво на целиот континент, а не само на ниво на ЕУ. Само на тој начин Европа може да остане конкурентна на меѓународен план и само на тој начин европскиот пазар е доволно голем за да му биде конкурентен на американскиот и азискиот. На тоа укажува и Ерхард Бусек, претседател на Форумот. „Во прв ред потребно е да се оствари размена и добри односи меѓу самите држави од тој регион, кои потоа, во пакет, би можеле да биде поврзани со ЕУ и така да придонесат за севкупниот стопански раст“, вели Бусек. Во југоисточна Европа има повеќе сектори погодни за инвестиции. Експертите кои се собраа на форумот се едногласни во тоа. Тоа се првенствено инфраструктурни проекти, енергетскиот сектор, секторот на телекомуникациите и туризмот. На тој план е активна Европската банка за обнова и развој во која за регионот на Западниот Балкан е задолжен Холгер Муент.
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
БИЗНИС ИНФО
25
СВЕТСКИ ПОДВЛЕЧЕНО ПЕЧАТ „Ние сме ангажирани на поврзување на тие држави со патишта, железница и на поврзување на електроенергетските системи. Токму минатата година во Македонија завршивме еден голем проект во железницата, на коридорот 8, кој го поврзува истокот и западот на Балканот“. Годинава се активни на сличен проект во Косово. „Во однос на патните врски се надеваме дека до крајот на годинава ќе завршиме уште еден проект за изградба на коридорот 5Ц во БиХ“, вели Муент.
Холгер Муент
Подобра сертификација на производите Овие коридори ќе се поврзат со важните европски коридори, што ќе ги приближи земјите од регионот до европските пазари. Но во принцип, се работи на тоа да се создаде простор на кој добро ќе функционира интерната размена на стоки и услуги. Експертите сметаат дека има простор и за подобрување на сертификацијата и регистрацијата на производите. Доколку некој производ има сертификат за Бугарија, нема причина да му биде потребен нов сертификат за Романија. Напредокот на тоа поле како и создавањето на добра политичка клима е задача која е на дневниот ред на т.н. Берлински процес, кој организира состаноци на политичките лидери и менаџери. Тие работат на подобрување на стопанските врски и привлекување инвестиции во земјите од Западниот Балкан. Некои фирми веќе профитираат од тоа. Подобрувањето на патните врски доведе до зајакнување на позициите на австриската пошта во регионот. Таа е во меѓувреме присутна во Хрватска, Словачка, Турција, Србија, Црна Гора и БиХ. Во тие држави оваа фирма има 17 илјади возила за испорака на пакети. Се отвораат шанси и за фирмите од југоистокот на Европа. Подобрите сообраќајни врски и‘ одат од рака на бугарската фармацевтска компанија Софарма. Менаџерот на оваа фирма Огњан Донев вели: „Кога бевме мал Ерхард Бусек производител имавме само 200 работници. Денес, кога сме активни и на полето на пружање медицински услуги, имаме 1.200 работници“. Софарма во меѓувреме префрли дел од производството во Украина, Србија и Белорусија. „Решавачки фактор на успехот беше тоа што транспортот на нашите производи преку границите се одвиваше без проблеми“, вели Донев. Сепак, еден проблем е и натаму присутен, дури и со подобрени сообраќајни врски и интензивирана стопанска соработка. „Европа едноставно има премногу граници“, вели банкарот Херберт Степиќ. Во интерес на сите Европејци би било кога тие не би биле пречка за стопанството. (ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL
ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL
ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:
Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-
Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!
Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот. Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој метод на обука, која вклучува микс од техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависност од Вашата потреба. Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и светски компании. Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас. Предавач: Љупчо Георгиев, директор на „Густав Кезер Тренинг Интернационал Македонија“, лиценциран тренер со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи.
Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија.
Уписите за обуката се во тек.
Сите учесниците добиваат: • материјали за работа • мемориски картици • ЦД и дополнителна литература • консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6 месеци • интернационално признат Сертификат од Густав Кезер Тренинг Интернационал и Сертификат од Бизнис Центар за Тренинг и Обука • контролен ден
За подетални информации контактирајте со нас: Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk
28
БИЗНИС ИНФО
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Kомплетна обука согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија
„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“ Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со менаџментот и организацијата на човечките ресурси во компаниите. Истата содржи 80 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Програмата започнува со општ вовед во менаџментот на човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти на струката потребни за стекнување менаџерски вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за Програмата „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ кој е признат од Министерството за образование и наука. ТРЕНЕРИ: Доц. д-р Љупчо Ефтимов Доцент на Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на прв и втор циклус студии одржува настава по предметите Менаџмент на човечки ресурси, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на перформанси. Од 2013 година ја извршува функцијата раководител на студиската програма од втор циклус студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси. Член е на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Член е на Комитетот за човечки ресурси при Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Р. Македонија. Член е на Техничкиот комитетот за менаџмент на човечки ресурси при Институтот за стандардизација на Р. Македонија. М-р Драгана Томиќ Пилиповиќ Професионален консултант, основач и претседател на Центарот за општествено одговорно претприемништво (ЦООП) - Белград, а во текот на својата кариера работела на следните позиции: - заменик-претседател на Секторот за човечки ресурси и обучувач во AIESEC, Економски факултет – Белград; - консултант во областа на тренинг и менаџмент на човечки ресурси во „Срма Консалтинг“ – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во Ерсте Банка – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во „ФармаСвисс“ ДОО - Белград. Д-р Зоран Михајлоски Во текот на својата богата кариера д-р Зоран Михајлоски бил судија во Апелациониот суд во Скопје, во специјализираниот оддел за работни спорови од 2002 година, претседател на специјализираниот оддел за работни спорови на Апелациониот суд - Скопје, едукатор во Правната школа на постојни судии од Европската унија во Барселона, Шпанија, од областа на
националните работни законодавства, постојан предавач на постдипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и вонреден професор на Факултетот за правни науки при Универзитетот „Американ Колеџ“ - Скопје. Автор на повеќе научни и стручни трудови од областа на трудовото и деловното право.
Дополнителни информации: • Предавањата се распоредени во 10 тренинг дена (вкупно 80 школски часа) и се одржуваат два до три пати неделно. • Обуката започнува во периодот април – мај 2015 година. • Број на учесници во група: 10 – 20 учесници. • Во зависност од тематската целина предавањата се одржуваат на македонски или на српски јазик. • Сите учесници добиваат потврда за присуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија. • Услов за да се стекне Сертификатот за „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит. Котизација за учество: - 27.900 денари за 1 учесник; - 10% попуст за втор учесник од иста компанија и - 15% попуст за трет и секој следен учесник од иста компанија, невработени лица и студенти. Учесниците добиваат: - Материјали; - Освежување и - Сертификат.
Контакт: Симона Ристоска +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Семинар: РАБОТНИ ОДНОСИ „ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СТОПАНИСУВАЊЕТО НА ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРАВАТА ОД РАБОТЕН ОДНОС“
10.12.2015 година 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат
ПРОГРАМА: Прв дел - Промените во правниот институт на јавниот оглас; - Промени во начинот на воспоставување на систем на задолжително социјално осигурување; - Договорна слобода и договорно ограничување. Втор дел - Продолжување на договорот за вработување по нов основ; - Електронска евиденција на работното време и воведување на прекувремена работа во даден референтен период подолга од утврдената со Закон; - Промени во начинот на остварување на правото на годишен одмор. Трет дел - Право на отсуство од работа по посебен основ; - Продолжување на правото на надоместок на плата и по истекот на договорот за вработување на определено време; - Право на замена на работник отсутен поради користење на право на платено породилно без обврска за плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување. Четврт дел - Промени во системските решенија за суспендирање на можноста за ангажирање на работник на работа без договор за вработување и без социјално осигурување; - Проширување на ингеренциите на инспекциските органи; - Промени во казнената политика за повреда на Законот за работните односи; - Посебна заштита на правата од работен однос при статусни промени на работодавачот. Предавачи: - Миле Стојановски, државен советник и - Злате Стојановски, раководител во Државен инспекторат за труд, сектор работни односи. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
БИЗНИС ИНФО
31
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Дводневен семинар: „МОДЕЛИ НА ЗАРАБОТКА И МЕТОДИ ЗА ПРОЦЕНКА НА РЕЗУЛТАТОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ“
14 - 15.12.2015 година (понеделник - вторник) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5ти кат
Програма (прв ден): - основи на фиксни и варијабилни модели на заработка; - практична анализа на моделите на заработка; - користа од воведувањето системи за мерење на работниот учинок; - поврзување на системи на заработка и структури за исплата; - модели за мерење на учинок и процес на воведување на системот. Програма (втор ден): - анализа на прашалници; - анализа на модели на системи за мерење на учинок на вработените; - исплатливост на воведување систем за мерење на учинок; - методи на критични случувања; - Check листи; - дефинирање на клучните индикатори за успех; - развој на компетенции. Предавач: Иван Марковиќ, сениор партнер во „iConsult“ – Белград и „Zaposlenje Org“ – Белград, раководител на тимот за изработка на системи за мерење на учинок на вработените. Работен јазик на семинарот: српски. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Работна група: минимум 7 – максимум 20 учесници Аплицирај електронски / on-line Контакт: Симона Ристоска Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: simona@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
32
БИЗНИС ИНФО
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
16 декември 2015 година 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4 кат
Семинар: „УРЕДУВАЊЕ НА СТОПАНСКИТЕ ДОГОВОРИ СО МЕЃУНАРОДЕН ЕЛЕМЕНТ И ПРАВНА ЗАШТИТА ВО СЛУЧАЈ НА НИВНО НЕПОЧИТУВАЊЕ“
Програма - Правните рамки на меѓународното стопанско право; - Основни начела на меѓународната трговија; - Тековен развој на процесот на унификацијата (воедначувањето) на меѓународното стопанско право; - Минимум елементи и фази при склучувањето на меѓународните трговски договори; - Разработка на видовите меѓународни стопански договори; - Средства за обезбедување на меѓународните стопански договори; - Начини на решавање на споровите произлезени од непочитувањето на склучените меѓународни стопански договори: * судски и * вонсудски - Предности на арбитражата како начин на решавање на споровите * специфичности на постапката пред Постојаниот избран суд -Арбитража.
Прашањата за арбитражата како начин на решавање на споровите ќе бидат презентирани од проф. д-р Арсен Јаневски, Претседател на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручек и освежување; - сертификат за присуство на семинарот.
Овој семинар е наменет за: управителите, правните служби во кои работат правните лица, адвокатите, како и за сите оние кои склучуваат меѓународни стопански Аплицирај електронски / on-line договори и имаат потреба од проширување на своите знаења од предметната тема за разработка. Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Предавачи: Факс:++ 389 2 3244088 - м-р Тања Петковска, адвокат од областа на Контакт Центар : (02) 15015 граѓанските и стопанските спорови, застапувач E-адреса: anita@mchamber.mk на компаниите при склучување на меѓународни договори, а има магистрирано на темата: Меѓународно Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова право и меѓународна политика, со специјалност Тел: ++ 389 2 3244074 Меѓународно право и Факс:++ 389 2 3244088 - Слаѓана Серафимова, адвокат од областа на Контакт Центар : (02) 15015 граѓанските и стопанските спорови и застапувач на E-адреса: beti@mchamber.mk компании при склучување меѓународни договори.
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
БИЗНИС ИНФО
33
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
УНГАРСКО-МАКЕДОНСКИ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ
На 16 и 17декември 2015 година во Будимпешта
Стопанската комора на Македонија во соработка со Стопанската комора на Унгарија и Министерството за надворешни работи на Унгарија, Ве покануваат да земете учество на Унгарско-македонски економски форум и билатерални средби, што ќе се одржат во Будимпешта, Р. Унгарија, во периодот од 16 -17 декември 2015 година. Билатералните средби ќе се одржат како дел од програмата на 3. Унгарскомакедонски економски мешовит комитет, кој оваа година за главна цел има да ги покрие мултисекторските релации помеѓу Македонија и Унгарија со акцент на: • управувањето со води и отпад; • енергетиката; • градежништвото; • транспортот; • туризмот; • заштитата на животната средина; • земјоделството; • прехранбената индустрија; • осветлувањето и др. Целта на билатералните средби, што ќе се одржат на 16 декември 2015 година, е да се сретнат компании од горенаведените сектори и да разменат искуства од досегашната работа во дадените индустрии, како и да остварат директно поврзување, продлабочување и интензивирање на соработката. Сите заинтересирани компании од горенаведените индустрии, своето учество на билатералните средби, како и интересот за посета на одредени унгарски компании (според дејноста или назив на компанијата) можат да го искажат со пополнување на пријавниот лист, најдоцна до 4 декември 2015 година (петок). Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
34
БИЗНИС ИНФО
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 13 до 16 јануари 2016 година во Анталија, Република Турција
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ХОТЕЛСКА ОПРЕМА И УГОСТИТЕЛСТВО
*Стопанската комора на Македонија, во соработка • бесплатно сместување во хотел со 3* или 4* (зависно со „Експо центар“ - Анталија, ве покануваат од расположливите капацитети на хотелите во да бидете дел од саемската манифестација по Анталија); исклучителнои повластени услови! • специјални цени за компании коишто сакаат да земат учество на Саемот како излагачи; Интернационалниот саем за хотелска опрема и • за сите заинтересирани компании коишто сакаат угостителство „Aнфас“ претставува место коешто да земат учество на Саемот, задолжително е им овозможува на сите хотелиери и угостители да пополнувањето на пријавниот лист; се здобијат со нови иновативни идејни решенија за • Саемот можат да го посетат само двајца учесници од одржување на конкурентноста и подобрување на една компанија. постојните капацитети според најновите трендови во индустријата. Овој саем на годишно ниво го Стопанската комора на Македонија ги поканува сите посетуваат преку 33.811 посетители од цела Европа, заинтересирани компании да се пријават за учество при што имаат можност да стапат во директен на Саемот со пополнување на пријавниот лист контакт со повеќе од 400 излагачи и претставници најдоцна до 30.12.2015 година (среда). на реномирани производители на хотелска опрема и опрема за угостителство. Овогодинешниот 27. Интернационален саем за хотелска опрема и угостителство има за цел на едно место да ги собере сите: - производители на кујни и опрема за кујни; - производители на машини за перење; - производители на текстилна опрема за хотелиерство; - производители на мебел; - опрема за чистење; - униформи за персонал; - компјутерски системи; - апарати за безбедност при работа; - материјали за базени, бањи и спа-центри. Стопанската комора на Македонија на компаниите им овозможува: • бесплатни влезници за Саемот; • бесплатни трансфери од аеродром до хотел и обратно; • бесплатни трансфери од хотел до саем и обратно;
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
БИЗНИС ИНФО
35
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
,,НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“ ВО БЕЛГРАД
На 26 и 27 февруари 2016 година Меѓународна конференција и саем во Србија
На настанот„Новите технологии во образованието“ во 2015 година имаше повеќе од 2500 учесници кои имаа можност да слушнат повеќе од 100 говори од 50 предавачи од целиот свет. Исто така, се организираше и Саем со 40 излагачи каде се презентираа најновите технолошки решенија во образованието. Компаниите од ИКТ-секторот, издавачите, училиштата, универзитетите и другите образовни институции ја презентираа нивната компјутерска и аудио-визуелна опрема, мобилните уреди, софтвери, апликации, дигиталните учебници и другите производи што можат да придонесат за зголемување на квалитетот на образованието.
„Новите технологии во образованието 2016“ - Над 20 земји ќе пратат свои високи претставници од министерствата за образование. - Над 50 излагачи во 2016 година, и над 20 компании од Велика Британија. - Над 150 предавања и работилници. - 71% од излагачите потврдија продажни договори од настанот во 2015 година. - 79% од излагачите потврдија дека имаат воспоставено партнерства на настанот во 2015 година.
Над 4000 гости од 30 земји се очекуваат во 2016 година.
Конференцијата и саемот „Новите технологии во образованието 2016“ се отворени за компаниите од регионот кои обезбедуваат иновативно образование ИКТ-производи, услуги и решенија. Тие ќе имаат можност да ги покажат своите производи, да се создадат можности за партнерство со купувачите и со учесниците и да бидат во тек со новите случувања во областа на образованието и технологиите кои се внесуваат во образовниот систем во земјите во регионот. Во 2016 година веќе има потврда дека над 20 компании од Велика Британија ќе присуствуваат на овој настан и ќе ги презентираат нивните ИКТ-решенија и производи за образованието. Исто така, ќе присуствуваат високи претставници од министерствата за образование од: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово, Турција, Азербејџан, Казахстан, Русија, Израел, Украина, Молдавија, Грузија, Узбекистан , Словенија, Унгарија, Хрватска, Бугарија и Романија. Ова ќе биде можност за компаниите и за образовните институции за воспоставување партнерства и споделување идеи за иднината на образованието. Настанот се организира во соработка со Стопанската комора на Србија, Британската амбасада и други институции и организации. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ ИНФОИ ОБУКА САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Osnovana 1922
Founded 1922
БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија
Уписите се во тек!
БИЗНИС ИНФО
Обука на градежните работници за енергетска ефикасност BUILD UP Skills BEET - Builders’ Energy Efficiency Training
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
37
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Во рамките на ЕУ-иницијативата BUILD UP Skills (http://www.buildupskills.eu), која има за цел подобрување на квалификациите и вештините на европските градежни работници за постигнување на зголемена енергетска ефикасност на објекти, во Македонија во тек е реализација и имплементација на втората фаза на проектот „BUILD UP Skills – Builders’ Energy Efficiency Training (BEET)”. Иницијативата е фокусирана на континуирано неформално образование за различни занимања вклучени за изградбата на објекти. Целта на Проектот е реализација на тренинг-програми за развој и унапредување на вештини на работниците од градежниот сектор за постигнување на зголемена енергетска ефикасност во објекти, за 5 (пет) занимања кои во Патоказот (http://www.buildupskills.mk/images/Publikacii/Roadmap/EN_Roadmap_BUS-MK.pdf ) се дефинирани како приоритетни. Како дел од проектните активности, Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност(BUILD UP Skills – BEET)”, организира
ПРЕПОЗНАВАЊЕ (ВЕРИФИКАЦИЈА) на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност на градежните работници и објавува
ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
на кандидати за препознавање на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност за следните занимања: фасадери, кровопокривачи, столари, инсталатери на греење, ладење и вентилација и инсталатери на електрични инсталации I.Предмет на повикот Предмет на повикот е пријавување на кандидати кои поседуваат знаења и вештини стекнати со неформални обуки и/или работно искуство во градежни претпријатија. Во рамките на повикот ќе бидат препознаени знаења и вештини за следните занимања на градежни работници: 1. фасадери со вештини за енергетска ефикасност на згради; 2. кровопокривачи со вештини за енергетска ефикасност на згради; 3. столари со вештини за енергетска ефикасност на згради; 4. инсталатери за греење, ладење и вентилација со вештини за енергетска ефикасност и 5. инсталатери на енергетски ефикасни електрични инсталации.
IV.Резултати/придобивки од обуките 1.Вид на сертификат Со успешно завршување на постапката на препознавање на вештините, кандидатите ќе се стекнат со Сертификат за поседување на знаења и вештини за енергетска ефикасност, кој се однесува на определеното занимање. 2.Важност на сертификатите: • сертификатите ќе ги издава Сертификационото тело во рамките на Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност (BUILD UP Skills – BEET)”; • сертификатите ќе имаат важност во рамки на самиот Проект во Македонија, Хрватска и Словенија, како земји-учеснички во иста работна група од BUILD UP Skills иницијативата; • дополнително, сертификатите ќе бидат препорачани од страна на Проектот за отпочнување на процедура за нивна верификација од Центарот за образование на возрасните. 3.Стекнати компетенции Сертифицираните работници, по добивањето сертификат, ќе можат да аплицираат на тендери каде се барат работници со вештини за ЕЕ. V.Постапка на пријавување 1. Пријавувањето на кандидатите се врши електронски на еден од следните начини: • Доставување на документите во електронска форма на е-маил адреса: • За фасадери, е-маил: fasaderi@beet.mk, Контакт лица: Ивона Каранфиловска, тел: 02/3244-084, Симона Ристоска, тел: 02/3244-067 • За кровопокривачи, е-маил: е-маил: krov@beet.mk, Контакт адреса: ЦеПроСАРД, ул.Орце Николов 172, Скопје,тел: 02/3061-391 • За столари, е-маил: stolari@beet.mk, Контакт адреса: Факултет за бизнис економија, бул. 3та Македонска бригада 66А/1кат, Скопје Контакт лице: Слаѓана Стојановска, тел:02/2402-161, Љупчо Вангелски, тел: 02/2402-170 • За инсталатери за греење и климатизација, е-маил: hvac@beet.mk, Контакт лице: Даниела Тошевска, тел: 02/3216-903 • За инсталатери на енергетски ефикасни електрични инсталации, е-маил: elektro@beet.mk Контакт лице: Лихнида Стојановска-Георгиевска, тел 02/3099-174
Напомена: • Доставување на документи до сертифицираните тренери и акредитирани за одредени • Еден кандидат може да се пријави за препознавање на знаењата и вештини за ЕЕ за региони во Република Македонија, или едно или повеќе занимања од горе наведените. • Доставување на документите во печатена форма во Стопанската комора на Македонија, • Одборот за сертификација при Проектот Build Up Skillls BEET одлучува за издавањето на ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје. сертификат за поседување на знаења и вештини за ЕЕ. Постапката на препознавање целосно е финансирана од Проектот BUILD UP Skills – 2. Потребна документација: BEET. • пополнет ПРИЈАВЕН ЛИСТ; • копија од диплома за завршено образование; II.Услови за пријавување • сертификати од обуки во неформалното образование (институции и приватни 1.Кандидатите треба да имаат завршено: установи што организираат обуки за ЕЕ); •основно или средно образование, или • доказ за работно искуство во струката. Како доказ за работно искуство може •постсредно образование, т.е. мајсторски испит со V-Б степен на квалификации или да се приложи заверена референтна листа, потврда од работодавач за ангажманот на •четиригодишно средно техничко образование со IV степен на квалификации или кандитатот со податоци за работната позиција и времетраењето. •тригодишно средно стручно образование со III степен на квалификации. 2.Работно искуство: • најмалку 5 (пет) години во струката односно занимањето за кое се бара сертификат, од кои • најмалку 2 (две) години во спроведување на мерки за енергетска ефикасност. III.Процес на препознавање на вештините Секој кандидат поднесува апликација за препознавање на претходното знаење и вештини за енергетска ефикасност, заедно со докази за работно искуство и стекнати квалификации. Поднесените апликации ги разгледува и оценува испитна комисија, составена од сертифицирани тренери (обучени во рамки на проектот). Во рамките на процесот на препознавање, доколку поднесените докази за компетентност се недовоолни, кандидатите може да бидат повикани на интервју и/или проверка на знаењата и вештините.
Партнери на Проектот:
3. Повикот за пријавување е отворен до 30 октомври 2015 година. За повеќе информации обратете се во Стопанската комора на Македонија, ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје.
Контакт лица: Ивона Каранфиловска Телефон: +389 2 324 4084 Е-адреса:: ivona@mchamber.mk Симона Ристоска Телефон: +389 2 3244 067 Е-адреса: simona@mchamber.mk
38
БИЗНИС ИНФО
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на земјоделски машини. Валидност до 31.12.2015 година. Компанија од Словачка бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на индустриски пумпи. Валидност до 31.12.2015 година. Компанија од Литванија бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на котли за бојлери. Валидност до 31.12.2015 година. Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на инвалидски колички. Валидност до 31.12.2015 година. Компанија од Литванија нуди фотоволтаични панели со највисок квалитет кои ги исполнуваат глобалните стандарди и се заинтересирани за нивен пласман во Република Македонија. Валидност до 31.12.2015 година Компанија од Италија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на мебел, Компанија од Италија бара дистрибутери опрема за осветлување, опрема за бањи и во Република Македонија за пласман на спа-центри. преработки од овошје и зеленчук. Валидност до 31.12.2015 година. Валидност до 31.12.2015 година. Компанија од Италија бара дистрибутер Компанија од Литванија заинтересирана во Република Македонија за пласман на е за соработка со компании во Република кујни, бањи, камини, скали, надворешни Македонија со понуда за инсталирање на декоративни панели од мермер, гранит, соларни келии. кварц и керамика. Валидност до 31.12.2015 година. Валидност до 31.12.2015 година. Компанија од Полска бара дистрибутер Компанија од Германија бара дистрибутер во во Република Македонија за пласман на Република Македонија за пласман на зачини. внатрешни и надворешни врати. Валидност до 31.12.2015 година. Валидност до 31.12.2015 година.
четврток, 03 декември 2015, Бр. 246
БИЗНИС ИНФО
39
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Литванија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на медицински шприцеви. Валидност до 31.12.2015 година. Компанија од Литванија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на автомобилски и индустриски масла. Валидност до 31.12.2015 година. Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на јаткасти плодови. Валидност до 31.12.2015 година. Компанија од Босна и Херцеговина бара дистрибутер за пласман на зачини во Република Македонија. Валидност до 31.12.2015 година.
www.mchamber.mk
Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на земјоделски машини, прскалки, пумпи за наводнување и резервни делови. Валидност до 31.12.2015 година.
Контакт: Ванчо Спасески Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-095 Факс: +389 2 3244-088 vanco@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088