БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
Quality Management
СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642
bsi.
ISO 9001
Quality Management
years 5
192
FS 549642
2 - 201
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 233
www.mchamber.mk
03.9.2015
ФОКУСОТ НА ИНФРАСТУКТУРАТА И ЕНЕРГЕТИКАТА
Стопанските комори од земјите на Западен Балкан со предлози за креирање ланци на вредности на регионално ниво во функција на реализирање на заклучоците од Бизнис - самитот одржан во Виена
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
WUDQVSRUW FRPSDQ\
WUDQVSRUW FRPSDQ\
Semejna kompanija
ЕЗБЕД ОБ У
�
B
C
UR
O
НИКО
�
SE
WUDQVSRUW FRPSDQ\
Б
ЊЕ ВА
�
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
БИЗНИС ИНФО
3
ПОДВЛЕЧЕНО
ИДНИНАТА Е ВО ПРОИЗВОДСТВО НА ВРВНИ ВИНА Најбитно е да се дефинира која е нашата стратегија како држава и како сакаме да се перципира Македонија во светот? Во моментов, Македонија е препознатлива како производител на висококвалитетна суровина и на наливно вино со просечен квалитет, наместо по финален производ со врвен квалитет. Македонската винска индустрија може долгорочно да се развива само ако има винарници кои произведуваат врвни вина чија автентичност и квалитет ќе бидат препознаени во светски рамки. Овде би сакал да истакнам дека треба како држава да се фокусираме на производство на автентични вина од автентични региони кои понатаму ќе ги промовираме како врвни вина на светскиот пазар. Ако виното не е со соодветен квалитет и не може да се пласира како високо квалитетно вино во шишиња, една од алтернативите е и преработка во вински дестилат, кој со одлежување добива на вредност и може да служи за сузбивање на притисокот врз винарството и лозарството што се јавува секоја година при откупот. За да го оствариме тоа неопходно е сите целосно да се посветиме на квалитетот како наш императив во сите сегменти на нашето работење. Ова го вклучува и производството на квалитетно грозје. Големи се штетите доколку дозволиме тоа квалитетно грозје и понатаму да излегува надвор од земјата како суровина која винарниците од соседните земји ја обработуваат и брендираат, а со кои многу често сме директна конкуренција на регионалните и најпознатите светски вински пазари. Добра е мерката за поддршка на извозот на вино во шишиња и се надевам дека ќе мотивира се’ поголем број производители и дека со тек на време ќе се изгради посакуваниот имиџ за македонското вино. Се разбира квалитетот подразбира постојани и обемни инвестиции и многу посветена работа. На пример, ние во „Тиквеш“, континуирано инвестираме во достигнување на неопходното ниво на квалитет. Досега, во изминатите 10 години инвестиравме преку 30 милиони евра. Ценовната политика е составен дел од нашата долгорочна развојна стратегија. За да ги оствариме своите амбиции – да бидеме препознаени како еден од најпознатите и најценетите производители на вино од овој регион во светот, на „Тиквеш“ му е неопходен квалитет. Ние знаеме каде и како да го обезбедиме и соодветно да го наградиме. Затоа, годинава објавивме цени кои во просек ќе бидат повисоки од минатогодишните. Минатата година просечната цена беше 14,2 денари и беше повисока од 2013, а оваа година очекуваме да биде повисока токму заради ценовната политика за наградување на квалитетот. Долгорочно, потребно е Македонија да произведува висококвалитетно грозје од висококвалитетни сорти. Затоа, ние континуирано ги стимулираме лозарите за садење на овие сорти што се гледа и преку нашата ценовна политика во изминатите години. За висококвалитетните сорти ние плаќаме повисоки цени од странските пазари со цел да се стимулира производство на висок квалитет на сите во синџирот. Дополнително, ги наградуваме лозарите за грозјето со екстра квалитет преку бонусите кои секоја година им ги исплаќаме на нашите долгорочни партнери. (Игор Илиевски, генерален директор на винарската визба „Тиквеш“ од Кавадарци во „Утрински весник“)
4
БИЗНИС ИНФО
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
ПОДВЛЕЧЕНО
МОЖЕ ДА СЕ ОЧЕКУВА УСПЕШНА ЛЕТНА СЕЗОНА
Македонија веќе се вбројува во дестинации кои претставуваат препознатлив бренд во Европа со што од година во година се зголемува бројот на посетителите. Рано е да се направи оценка на летната сезона, но, според податоците заклучно со јуни може да се очекува успешна летна сезона. Кога ќе земеме во предвид дека најкритичниот месец јуни со оглед на турбуленциите кои ги имавме за период мај-јуни забележавме раст, тогаш можам слободно да прогнозирам двоцифрен раст во проценти до крајот на годината. Резултатите кои можам да ги прокоментирам се однесуваат на периодот јануари-јуни со оглед на тоа што обработените податоци се за тој период. Во периодот јануари-јуни 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на странски туристи е зголемен за 11,6 проценти што значи дека 22 илјади туристи повеќе ја посетиле Македонија во однос на истиот период минатата година што потврдува дека мерките кои беа превземени по заклучоците на итната седница на Советот на Агенција за туризам каде членуваат туристичките комори беа во вистинска насока. Вкупниот прилив по основ туризам во Република Македонија, според НБРМ, изнесува 300 милиони долари, додека разликата помеѓу приливот и одливот по истиот основ е 146 милиони долари што го вбројува туризмот во најуспешните извозни индустрии која бележи годишен раст од околу 15 милиони долари.Тоа е потврда, дека е исплатливо да се инвестира во туризам бидејќи туризмот има моќ да ја раздвижи целата економија, да донесе нови вработувања, да ја зголеми потрошувачката, да го подобри платниот биланс, а да не ја заборавиме и неговата функција – да го подобри имиџот на државата во меѓународни рамки. (Кристијан Џамбазовски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за МИА)
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
БИЗНИС ИНФО
5
АКТУЕЛНО
ФОКУСОТ НА ИНФРАСТУКТУРАТА И ЕНЕРГЕТИКАТА
Стопанските комори од земјите на Западен Балкан со предлози за креирање ланци на вредности на регионално ниво во функција на реализирање на заклучоците од Бизнис самитот одржан во Виена
Во рамките на Самитот (Vienna Western Balkans Summit 2015), стопанските комори од земјите на Западен балкан (ЗБ), одржаа неколку коморски настани под покровителство на Австриската федерална стопанска комора, информираше м-р Јелисавета Георгиева, потпретседател на Стопанската комора на Македонија на денешната прес конференција (31.8.2015 година). Бизнис активностите во Виена почнаа со „Деловниот појадок за земјите од ЗБ“ на кој присуствуваше и д-р Јоханес Хан, комесар за проширување и соседска политика на ЕУ заедно со претседателите од Коморите и министрите за економија од Владите од ЗБ, а се оддржа и Регионалниот коморски состанок на кој освен коморите учествуваа и деловните асоцијации од Италија, Франција и Германија. Стопанската комора на Македонија во Виена учествуваше на сите коморски настани. Претседателот Азески имаше излагање на тема: „Регионално поврзување и учество во регионални проекти и финансирање на приоритетите на земјите од Западен Балкан“. На оваа тема, стопанските комори од Западен Балкан изминатиот период интензивно работеа во насока на креирање на ланец на вредности на регионално ниво, преточен во конкретни регионални проекти за економска соработка, со што ќе се овозможи ефикасно вклучување на деловните заедници на земјите од регионот во реализација на тековните и идните инфраструктурни и други проекти од значење за нивниот економскиот раст. Потпретседателот на Стопанската комора на Македонија и претседател на УО на Шпаркасе банка Македонија, д-р Глигор Бишев, учествуваше во делот на претставување на најдобрите автстриски инвестиции во земјите од Западен Балкан. Во рамки на агендата на активности се одржа и настанот на тема тема “Fixing the Energy Sector” - соработката
6
БИЗНИС ИНФО
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
АКТУЕЛНО која ја остваруваат земјите од Западниот Балкан во енергетскиот сектор, како и одбележувањето на 10 годишниот јубилеј од Енергетската заедница (Energy Union), на кој присуствуваа д-р Кочо Анѓушев, потпретседател на Стопанската комората на македонија и претседател на Македонската енергетска асоцијација и г-дин Гунтер Брамбук, заменик претседател за регулаторни прашања на групацијата ЕВН. Настанот на коморите беше заокружен со прослава на 60 години делување на Унијата на трговско индустриски комори на Германија-ДИХК на кој се обрати германската канцеларка, Ангела Меркел. На средбите во Виена стопанските комори на земјите од Западен Балкан се согласија дека улогата на коморите е постојано да предлагаат конкретни мерки за подобрување на бизнис-климата, да се фокусирани на раст на продуктивноста, извозот и инвестициите, да ги поттикнуваат активностите за поголема интернационализација на стопанствата и поголема соработка со стопанствата на другите држави, особено со Европската Унија. 1. Едногласно се потенцираше важноста на понатамошниот развој на партнерството меѓу стопанските комори преку заеднички коморски активности, соработка и координирани активности, со цел да се изгради основа за одржлив раст на регионот на ЗБ согласно приоритетите посочени во Берлинскиот процес. 2. Сите страни се согласија дека т.н. „Берлинска агенда“ донесе нови перспективи за регионот на ЗБ. Се поздравува одлуката економските и општествените прашања да играат клучна улога кај Владите во Берлинската иницијатива. 3. Сите страни се согласија дека е од огромна важност EUROCHAMBRES-Унијата на европски комори, да пренесе порака до високите структури на ЕУ за важноста на непрекинатата соработка меѓу стопанските комори од ЗБ за постигнување економска стабилност и развој на регионот како целина. 4. Коморите од земјите од Западен Балкан потпишаа договор за основање на Коморски инвестициски форум. Активностите на Коморскиот инвестициски форум на ЗБ ќе овозможат поефикасна вклученост на фирмите во реализацијата на тековните и претстојните инфраструктурни проекти и други проекти клучни за економскиот напредок на регионот. Официјално беше основан Управниот одбор на ЗБ КИФ, во кој членуваат претседатели на стопанските комори. Постојаните тематски работни групи (Сообраќајна и енергетска инфраструктура и комунални дејности, Подобрување на деловното и инвестициското опкружување, Развој на приватниот сектор) ќе ги следат инвестициските активности во регионот. 5. Имајќи го предвид фактот дека претседателите на коморите од ЗБ имаа средба на 16 јуни 2015 година за организиран настап и заеднички активности во рамките на Берлиснкиот процес, и дека досега е направен Акциски план на шестте комори од Западен Балкан кој содржи 26 проекти како предлози од сите комори. Коморите на состанокот во Виена за почеток издвоија три проекти на кои ќе биде насочено вниманието на заеднички активности.
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
БИЗНИС ИНФО
7
ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО Тоа се: - Коморски инвестициски форум (КИФ), - Заеднички форум на стопанските комори од Западен Балкан за програмирање на регионалните проекти финансирани од фондовите на ЕУ и - проектот на Регионална платформа за јакнење на малите и средни бизниси. 6. Со оглед на тоа што приоритетите за развој на Западен Балкан се фокусирани на поттикнување инвестиции, зголемување на извозот и подобрување на стручното образование и обуката на претприемачи, заедничките проекти на коморско ниво ќе се насочат кон давање придонес за остварувањето во овие сектори. 7. Сите претседатели се договорија дека платформа за учество во заедничките проекти ќе биде основаниот Регионален Центар за развој на претприемачките способности за земјите од Југоисточна Европа (СЕЕЦЕЛ, центар формиран на барање на 8 земји од Југоисточна Европа-Алабнија, БиХ, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција). Овој Центар стратешки работи со Акциониот план за претпиемништво на ЕУ 2020 и е финансиран од ЕУ со 30 милиони евра со изградба на Центар со седиште во Загреб каде сите основачи односно членки ќе имаат свои канцеларии. Мисијата на СЕЕЦЕЛ е насочена на систематски развој на доживотно претпиемачко учење во склад со политиката и праксата на ЕУ. 8. Фирмите од регионот поединечно не се доволно големи и јаки да настапат самостојно, па со оглед на тоа позначајни резултати за стопанствата на Западен Балкан може да се очекуваат само ако коморите ги поврзат и им дадат вистински и правовремени информации за можностите за учество во реализацијата на големи инфраструктурни проекти. 9. Следниот коморски состанок и состанок на Коморскиот инвестициски форум ќе се одржи еден ден пред Петтата годишна конференција со наслов „Ефикасноста на процесот за пристапување кон ЕУ и подобрување на регионалната конкурентност“, кој ќе се одржува на 22 и 23 октомври 2015 година во Будва, Црна Гора. Потписниците (Унијата на стопански комори на Албанија, Надворешно-трговската комора на БиХ, Стопанската комора на Србија, Стопанската комора на Косово, Стопанската комора на Црна Гора, Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Хрватска и Стопанската комора на Словенија) на 27 август 2015 год., во Виена, го склучија Договорот за основање на Коморски инвестициски форум чии што главни цели се: • Споделување информации за тековните и за планираните инвестициски проекти, што се дефинираат, меѓу другото, преку сеопфатните листи на најважни инфраструктурни проекти на владите на земјите од регионот; • Предлагање мерки за зголемување на нивото на инвестиции и подобрување на деловното опкружување и климата за инвестиции на територијата на Западен Балкан; • Вклучување на деловните заедници од Западен Балкан во спроведувањето на инвестициски проекти, предвидени со Инвестициската рамка за Западен Балкан на ЕУ; • Создавање услови за забрзан економски разво и • Преземање иницијатива за поефикасно поврзување и посилни деловни врски; Со потпишувањето на овој Договор и преку неговите активности ќе се настојува да се обезбеди поефикасно вклучување на деловните заедници од земјите во Регионот во спроведувањето на тековните и предвидените инфраструктурни проекти, како и во проекти од други области значајни за економскиот напредок на Западен Балкан. Преку него, Коморите ќе се залагаат за исполнување на една клучна цел, а тоа е да се стави фокус на развојот на конкурентноста на стопанствата од регионот на Западен Балкан под покровителство на организацијата во чии
8
БИЗНИС ИНФО
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
АКТУЕЛНО рамки се обединуваме- EUROCHAMBRES, и тоа преку заеднички коморски активности, соработка и координирано работење. Коморите ја препознаа важноста на избраните сектори за исполнувањето на поставените цели и се согласија Управниот одбор на инвестицискиот форум да основа тематски работни групи како приоритетни и тоа за: Сообраќајна и енергетска инфраструктура и комунални дејности; Подобрување на деловното и инвестициското опкружување и Развој на приватниот сектор. Претседателите на стопанските комори од земјите на Западен Балкан на состанокот на 27.8.2015 година во рамките на Vienna Western Balkans Summit 2015, истакнаа дека формирањето на Коморскиот инвестициски форум ќе придонесе за јакнење на регионалната соработка и привлекување на инвестиции. Во оваа прилика беше нагласено дека за да се постигнат резултати, треба да се работи на заеднички инвестициски проекти. Како што главната транспортна мрежа на Унијата ги поврзува нејзините главни градови, главните економски центри и големите пристаништа, така и на Западен Балкан му е потребна забрзана реформа и дополнителни инфраструктурни инвестиции за клучните коридори. За Македонија секако приоритет е целосна функционалност на Коридорите 8 и 10. Во моментов активно се работи на изградба на преостанатиот дел од автопатската делница од Коридор 10, Демир Капија – Смоквица, како и на изградба на дел од автопатот од коридорот 8: Кичево – Охрид и Скопје-Штип. • Со натамошен развој на Коридорите 8 и 10, пред се’, видно ќе се подобрат инфраструктурните и другите објективни услови за зголемување на странските инвестиции, со што ќе се отворат можности за подинамичен развоен циклус на целиот регион. Кога станува збор за инвестициски проекти кои би требало да се реализираат за овие два коридора, треба да се размислува и на прашањето за изработка на заеднички регионални проекти за изградба и на приклучната инфраструктура од која гравитираат стоките кон овие коридори. • Меѓу останатото, на Самитот се упати и порака дека е неопходно што поитно спроведување на мерки и активности за забрзување на процесот на хармонизација и меѓусебно унифицирање на патните такси. Побарано беше отстранувањето на сите нетарифни бариери кои го успоруваат протокот на стоките низ коридорите ќе овозможи непречен проток на стоките, намалено време на чекање на граничните премини и сл. • Многу значајно е и прашањето за енергетската поврзаност, па затоа беше потенцирано дека Македонија е отворена за соработка со земјите од регионот и пошироко во однос на сите понудени решенија за изградба на гасоводни интерконекции и обезбедување на природен гас. Во таа насока, успешно се вклучивме со два наши проекти во иницијативата за гасно поврзување на Централна и Југоистична Европа, која има за цел поголема диверзификација на снабдувањето со природен гас и сигурност во снабдувањето во регионот, по пат на унапредување на регионалната инфраструктура и подобрување на интеграцијата на пазарите, преку заедничко ангажирање на сите земји членки на ЕУ и на договорните страни на Енергетската заедница.
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
БИЗНИС ИНФО
9
ФОКУСИРАНО ПОДВЛЕЧЕНО
ОДБЕЛЕЖАНИ И 35 ГОДИНИ ГОДИНИ ОД ОТВАРАЊЕ НА РУДНИКОТ И 10 ГОДИНИ НА „СОЛВЕЈ“ ВО „БУЧИМ“
Централната прослава на Денот на рударите во Македонија - 28 август одржана во рудникот „Бучим“ во Радовиш
Во рудникот „Бучим“ – Радовиш беа одбележани три јубилеја: 35 години од отварањето на „Бучим„ 10 години на „Солвеј“ во „Бучим“ и централната прослава на Денот на рударите во Македонија - 28 август. Во своето обраќање, господин Николајчо Николов, заменик генералниот директор на „Бучим“ и претседател на Македонската асоцијација за рударство при Стопанската комора на Македонија - МАР, изрази задоволство што централната прослава на Денот на рударите се одржа во „Бучим“, во годината кога овој рудник ги одбележува своите два јубилеја - 35 години од работа на „Бучим“ и 10 години работа на рудникот во состав на компанијата „Солвеј“. -Во изминатиот период е остварен вкупен приход од 346 милиони евра, остварена е добивка од 54 милиони евра, исплатени се бруто плати од 37 милиони евра и концесиски надомест од 7,5 милиони евра. Во „Бучим“ се вработени околу 700 работника, нето исплатена плата за 2014 година е 440 евра, а вкупните инвестициони вложувања се над 51 милион евра, - истакна Николов, додавајќи дека целокупната реализација е за извоз, а значителни суми се издвоени и за поедините фондови во општината и државата, што говори за важноста на овој рудник за економијата во Радовиш и поширокиот регион. За одбележување на јубилејот на „Бучим“, беше промовирана монографија – 10 години на Солвеј во „Бучим“, која, како што се истакна, ќе остане да говори за успесите кои се постигнати од во овој период на постоење и работење на рудникот. На свеченоста се обрати и министерот за економиај, господинот Беким Незири, кој истакне дека рударскиот сектор, е движечки во македонската економија, со учество од 1,5 проценти во БДП на земјата. - Во рударскиот и во придружните сектори што го опслужуваат, работно се ангажирани 13.000 лица, кои придонесоа за раст на производството минатата година од околу 10 отсто. И најновите статистички показатели се позитивни, односно прометот во индустријата во секторот „рударство и вадење камен“ во јуни годинава, во однос на јуни 2014 година, бележи пораст од 21,9 проценти, а индексот на индустриско производство во овој сектор, во јуни годинава, исто така, бележи пораст од 9,2 отсто, во однос на јуни минатата година, рече Незири на свеченоста. „Признанија за најуспешните“ во форма на плакети денеска беа доделени на 16 рудари номинирани од нивните работодавачи според достигнувањата во изминатата година на централната прослава на Денот на македонските рудари во рудникот „Бучим“. Покрај 150-те рудници кои работат активно, во текот на годинава се доделени 15 концесии за детални геолошки истражувања и 35 концесии за експлоатација на минерална суровина. Потенцирајќи ја важноста на човечкиот потенцијал, кој работи во рудниците, рече дека рударите претставуваат бесценет човечки ресурс и порача оти сме должни да им обезбедиме што подобри услови за работа. Со цел да ги наградиме за нивната професионална предаденост и одговорност и оваа година им доделуваме пригодни плакети, - рече министерот, кој ги врачи плакетите на 16-те најуспешни рудари од повеќе рудници од нашата земја. Денот на рударите, со пригодни свечености беше одбележан и во сите останати рудници во Македонија. Марија Петроска
10
БИЗНИС ИНФО
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
ДОКУМЕНТИ
УНАПРЕДУВАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ Усвоена Националната краткорочна ИКТ Стратегија НА ИНФОРМАТИЧКОТО ОПШТЕСТВО 2016-2017 и нејзиниот Акциски план И СОЗДАВАЊЕ ЕКОНОМИЈА БАЗИРАНА НА ЗНАЕЊЕ Владата на Република Македонија, на својата седница одржана на 19-ти август 2015 година, ја усвои Националната краткорочна ИКТ Стратегија 2016-2017 и нејзиниот Акциски план. Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија активното учествуваше во работната група за изготвувањето на овој значаен документ. Здружението на информатичко-комуникациските технологии и на своја редовна седница го разгледа текстот на Нацрт-националната стратегија за развој на информатичкокомуникациските технологии во Република Македонија, за периодот 2016-2017 година и даде најмногу забелешки и мислења, кои се усогласени и инкорпорирани во усвоените документи. Целта на оваа национална краткорочна стратегијата за ИКТ-секторот е постигнување подобра глобална конкурентност на земјата. Ова може да се направи преку промоција на економијата базирана на знаење, искористувајќи го огромниот потенцијал за извоз на ИКТ-индустријата, а со тоа остварување значаен скок во економијата. Националната краткорочна ИКТ-стратегија го покрива периодот до 2017 година и претставува прв чекор кон создавање долгорочна стратегија. Ова треба да биде добра основа за Националната стратегија за ИКТ (до 2020 година), која ќе и` помогне на Република Македонија во унапредувањето на развојот на информатичкото општество и да се создаде економија базирана на знаење. Во Националната краткорочна стратегијата за ИКТ-секторот се презентирани потребните упатства, инструменти и мерки за успехот, за да се зголеми придонесот на ИКТ-индустријата во насока на одржлив економски развој и поддршка за создавање работни места во рамките на ИКТ и другите индустрии, со фокусирање на овие четири области: обезбедување поддршка на бизнисот за ИКТ-компании; создавање на информатичко општество; промовирање на јавноприватниот дијалог и подобрување на формалното и неформалното образование.. Предвидено е постојните проекти и иницијативи да бидат признаени и поддржани. Ќе бидат отворени и нови проекти и иницијативи, според оваа стратегија. Во рамките на оперативниот план, мерките кои се дефинирани во документот на стратегијата ќе се операционализираат во индивидуални задачи. Секоја задача се состои од неколку активности кои треба да се спроведат за да се постигнат резултатите од соодветната задача. Процесот на градење на напредно информатичко општество ја зголемува продуктивноста, ефикасноста и иновациите во јавниот и приватниот сектор, што ќе доведе до генерирање и создавање работни места со повисока додадена вредност. ИКТ-индустријата е многу динамична, конкурентна и глобализирана.
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
БИЗНИС ИНФО
11
ПОДВЛЕЧЕНО ДОКУМЕНТИ Многу земји имаат дадено големо значење на ИКТ-секторот како централен столб на нивните економски и општествени стратегии за развој. Врз основа на бројни анализи и истражувања, развиена ИКТ-индустрија е еден од клучните фактори за раст на макроекономската конкурентност на земјата. - Во 2013 година ИКТ-секторот придонесе со 450 милиони евра, а од 2010 до 2013 година бележи и најмногу вработувања, над 138 отсто повеќе. Тоа значи дека потенцијал имаме и тоа го препознаваат странските компании, - напомена министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски. Вкупниот број вработени во ИКТ-секторот во Македонија, околу 16.000, кој воедно претставува 2,4 отсто од вкупниот број вработени во земјава, придонесуваат со 4,1 процент во додадената вредност. Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија придонесе во унапредување на текстот на Националната краткорочна ИКТ Стратегија 2016-2017 и нејзиниот Акциски план, со следниве предлози и сугестии: - Ваучери за ИКТ иновации, зголемување на конкурентноста преку обезбедување на ваучери за ИКТ иновации за воведување на иновативни ИКТ решенија во компаниите. - Вклучување на ИКТ компании во проекти за меѓународна соработка, потпишување на Меморандуми за соработка на Стопанските комори со универзитетите за вклучување на македонски ИКТ компании во проекти за меѓународна соработка. - Зголемување на конкурентноста на домашните ИКТ компании преку обуки за менаџмент, организирање соодветни меѓународно признаени и обуки за менаџерите на компаниите. - Даночно олеснување за ИТ компании кои извезуваат софтвер и услуги, спроведување на финансиска анализа за влијанието на ИТ компаниите во Македонија кои извезуваат софтвер и услуги заради доставување на препораки за даночно олеснување - Користење ЕУ фондовите HORIZON 2020 гоина и CОСМЕ, стимулативни мерки за подобро користење на овие фондови. - Искористување на можностите на Enterprise Europe Network, промовирање на Enterprise Europe Network како платформа за МСП во пронаоѓање на бизнис можности во земјите од ЕУ и надвор од нив. - Зголемување на медиумското покривање на националните и меѓународните примери на добри практики, зголемување на јавната свест за значењето и потенцијалот на ИКТ преку прикажување на национални и меѓународни примери на добри практики во областа на онлајн start-up бизниси и нови бизнис модели. - Поттикнување на јавно-приватно партнерство во процесот на дизајнирање на е-услуги, имплементација на е-услуги по принцип на јавно-приватно партнерство. - Воспоставување на нова единица - оддел во рамките на Македонската академија на науките и уметностите, за научниците кои потекнуваат од Македонија, воспоставување на оддел во рамките на МАНУ, заради собирање на научниците со потекло од Македонија, кои работат во целиот свет. За благовремено организирање и подготовка на активностите и реализација на поставените задачи и проекти, Здружението на информатичко-комуникациските технологии наскоро ќе ги стави на своја редовна седница овие значајни документи. Лазо Ангелевски
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Osnovana 1922
Founded 1922
БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија
Уписите се во тек!
БИЗНИС ИНФО
Обука на градежните работници за енергетска ефикасност BUILD UP Skills BEET - Builders’ Energy Efficiency Training Во рамките на ЕУ-иницијативата BUILD UP Skills (http://www.buildupskills.eu), која има за цел подобрување на квалификациите и вештините на европските градежни работници за постигнување на зголемена енергетска ефикасност на објекти, во Македонија во тек е реализација и имплементација на втората фаза на проектот „BUILD UP Skills – Builders’ Energy Efficiency Training (BEET)”. Иницијативата е фокусирана на континуирано неформално образование за различни занимања вклучени за изградбата на објекти. Целта на Проектот е реализација на тренинг-програми за развој и унапредување на вештини на работниците од градежниот сектор за постигнување на зголемена енергетска ефикасност во објекти, за 5 (пет) занимања кои во Патоказот (http://www.buildupskills.mk/images/Publikacii/Roadmap/EN_Roadmap_BUS-MK.pdf ) се дефинирани како приоритетни. Како дел од проектните активности, Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност(BUILD UP Skills – BEET)”, организира
ПРЕПОЗНАВАЊЕ (ВЕРИФИКАЦИЈА) на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност на градежните работници и објавува
ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
на кандидати за препознавање на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност за следните занимања: фасадери, кровопокривачи, столари, инсталатери на греење, ладење и вентилација и инсталатери на електрични инсталации I.Предмет на повикот Предмет на повикот е пријавување на кандидати кои поседуваат знаења и вештини стекнати со неформални обуки и/или работно искуство во градежни претпријатија. Во рамките на повикот ќе бидат препознаени знаења и вештини за следните занимања на градежни работници: 1. фасадери со вештини за енергетска ефикасност на згради; 2. кровопокривачи со вештини за енергетска ефикасност на згради; 3. столари со вештини за енергетска ефикасност на згради; 4. инсталатери за греење, ладење и вентилација со вештини за енергетска ефикасност и 5. инсталатери на енергетски ефикасни електрични инсталации.
IV.Резултати/придобивки од обуките 1.Вид на сертификат Со успешно завршување на постапката на препознавање на вештините, кандидатите ќе се стекнат со Сертификат за поседување на знаења и вештини за енергетска ефикасност, кој се однесува на определеното занимање. 2.Важност на сертификатите: • сертификатите ќе ги издава Сертификационото тело во рамките на Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност (BUILD UP Skills – BEET)”; • сертификатите ќе имаат важност во рамки на самиот Проект во Македонија, Хрватска и Словенија, како земји-учеснички во иста работна група од BUILD UP Skills иницијативата; • дополнително, сертификатите ќе бидат препорачани од страна на Проектот за отпочнување на процедура за нивна верификација од Центарот за образование на возрасните. 3.Стекнати компетенции Сертифицираните работници, по добивањето сертификат, ќе можат да аплицираат на тендери каде се барат работници со вештини за ЕЕ. V.Постапка на пријавување 1. Пријавувањето на кандидатите се врши електронски на еден од следните начини: • Доставување на документите во електронска форма на е-маил адреса: • За фасадери, е-маил: fasaderi@beet.mk, Контакт лица: Ивона Каранфиловска, тел: 02/3244-084, Симона Ристоска, тел: 02/3244-067 • За кровопокривачи, е-маил: е-маил: krov@beet.mk, Контакт адреса: ЦеПроСАРД, ул.Орце Николов 172, Скопје,тел: 02/3061-391 • За столари, е-маил: stolari@beet.mk, Контакт адреса: Факултет за бизнис економија, бул. 3та Македонска бригада 66А/1кат, Скопје Контакт лице: Слаѓана Стојановска, тел:02/2402-161, Љупчо Вангелски, тел: 02/2402-170 • За инсталатери за греење и климатизација, е-маил: hvac@beet.mk, Контакт лице: Даниела Тошевска, тел: 02/3216-903 • За инсталатери на енергетски ефикасни електрични инсталации, е-маил: elektro@beet.mk Контакт лице: Лихнида Стојановска-Георгиевска, тел 02/3099-174
Напомена: • Доставување на документи до сертифицираните тренери и акредитирани за одредени • Еден кандидат може да се пријави за препознавање на знаењата и вештини за ЕЕ за региони во Република Македонија, или едно или повеќе занимања од горе наведените. • Доставување на документите во печатена форма во Стопанската комора на Македонија, • Одборот за сертификација при Проектот Build Up Skillls BEET одлучува за издавањето на ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје. сертификат за поседување на знаења и вештини за ЕЕ. Постапката на препознавање целосно е финансирана од Проектот BUILD UP Skills – 2. Потребна документација: BEET. • пополнет ПРИЈАВЕН ЛИСТ; • копија од диплома за завршено образование; II.Услови за пријавување • сертификати од обуки во неформалното образование (институции и приватни 1.Кандидатите треба да имаат завршено: установи што организираат обуки за ЕЕ); •основно или средно образование, или • доказ за работно искуство во струката. Како доказ за работно искуство може •постсредно образование, т.е. мајсторски испит со V-Б степен на квалификации или да се приложи заверена референтна листа, потврда од работодавач за ангажманот на •четиригодишно средно техничко образование со IV степен на квалификации или кандитатот со податоци за работната позиција и времетраењето. •тригодишно средно стручно образование со III степен на квалификации. 2.Работно искуство: • најмалку 5 (пет) години во струката односно занимањето за кое се бара сертификат, од кои • најмалку 2 (две) години во спроведување на мерки за енергетска ефикасност. III.Процес на препознавање на вештините Секој кандидат поднесува апликација за препознавање на претходното знаење и вештини за енергетска ефикасност, заедно со докази за работно искуство и стекнати квалификации. Поднесените апликации ги разгледува и оценува испитна комисија, составена од сертифицирани тренери (обучени во рамки на проектот). Во рамките на процесот на препознавање, доколку поднесените докази за компетентност се недовоолни, кандидатите може да бидат повикани на интервју и/или проверка на знаењата и вештините.
Партнери на Проектот:
3. Повикот за пријавување е отворен до 30 октомври 2015 година. За повеќе информации обратете се во Стопанската комора на Македонија, ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје.
Контакт лица: Ивона Каранфиловска Телефон: +389 2 324 4084 Е-адреса:: ivona@mchamber.mk Симона Ристоска Телефон: +389 2 3244 067 Е-адреса: simona@mchamber.mk
14
БИЗНИС ИНФО
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
СВЕТСКИ ПЕЧАТ
И покрај славениот економски пресврт
ТЕМНАТА СТРАНА НА ИРСКОТО ЕКОНОМСКО ОПОРАВУВАЊЕ
*Многумина ја сметаат за светол пример на европските мерки за штедење, но и покрај славениот економски пресврт Ирска има една мрачна тајна: конфискацијата на приватните имоти. А проблемот допрва ќе се влошува. Емоциите се сe уште силни кога Ендру Бредшо зборува за случувањата од минатата година кога беше набркан од семејната куќа. „Мојата и девојка јас ја напуштавме куќата кога, од спротивната страна, се разминавме со конвој од 8 возила- комбиња, џипови, полициски возила. Знаев дека доаѓаат по мене, па се вратив“. Претчувството на Бредшо беше точно. Конвојот имал задача насила да го исфрли 40-годишникот од неговиот дом во малото гратче Мулингар, западно од Даблин. Бредшо не можел да ги исплаќа ратите од кредитот за куќата која ја купил во 2012 година. Тоа е типична приказна која се случува низ цела Ирска речиси секојдневно. За разлика од порано, кога за конфискацијата одлучувале судовите во Даблин, овие денови локалните судови објавуваат листи низ целата земја за конфискации и пресуди за иселување. Во некои градови се споменуваат 40 до 50 конфискации дневно. Проблемот е меѓу водечките теми во Ирска, но малкумина знаат за него во странство. Во 2011, Тришн Барнет ја формираше Групата против иселување, национална организација која се бори против конфискацијата на имотот. И покрај добрите вести за ирската економија, вели Барнет, и натаму голем број луѓе ги губат своите домови. „Можеби мислите дека нештата се подобруваат, но кога разговарате со луѓето, сфаќате дека не е подобро“, вели Барнет која и самата го загубила домот во 2010 година. Лутината меѓу борците против конфискацијата достигна ново ниво откако беше откриено дека ирската банка „Перманент ТСБ“ неточно ги калкулирала каматите на недвижниот имот во времето на најдлабоката финансиска криза. Грешката довела до тоа 1.300 клиенти да плаќаат превисоки суми за нивните хипотеки и голем број семејства ги загубиле имотите. „Доколку ТСБ е само една од банките кои го правеле Ендру Бредшо тоа, тогаш што е со другите?“ се прашува Барнет.
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
БИЗНИС ИНФО
15
СВЕТСКИ ПЕЧАТ „Келтскиот феникс“ Во меѓувреме, во Брисел, Ирска е фалена како една од успешните европски приказни во рамките на програмата за штедење. Во октомври минатата година, германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле јавно ја фалеше земјата, велејќи дека е „љубоморен“ на нејзиниот успех. Опоравувањето на земјата во медиумите се нарекува „Келтскиот феникс“, во контекст на претходниот период кога беше означувана како „Келтски тигар“. Протести против конфискацијата на имоти Но пресвртот не успеа да го реши долготрачниот проблем создаден од ирскиот „хипотекатерн балон“, поради кој потрошувачите мораат да преземаат огромни хипотеки на, со години, преценетиот имот. Во таква ситуација, кога нешто ќе тргне наопаку, а во случајот на Ендру Бредшо тоа беше несреќа поради која не може веќе да работи, хипотеките брзо стануваат невозможни за отплаќање. „Ирска во моментов има одлични бројки“, вели даблинскиот економист Константин Гурџиев. „Но, три четвртини од растот на земјата е благодарение на мултинационалните компании и на оптимизацијата на данокот“. „Во суштина, оценката за опоравувањето би била 4 од можни 10“, вели тој. Негативен тренд Според Гурџиев, 27.000 конфискации се случиле во Ирска од почетокот на економските проблеми во 2008 година, а стапката се зголемува во првиот квартал од 2015 година. Експертот, кој е на чело на Ирската организација на сопственици на имот под хипотека, вели дека проблемот ќе се влошува. Иако банките ги реструктирале кредитите за дел од потрошувачите, објаснува Гурџиев, тоа најчесто биле најлесните случаи, а оние потешките се оставени настрана. Сега, откако пазарот на недвижности во Ирска конечно се опоравува, Гурџиев вели дека некои банки намерно ја одложуваат конфискацијата на имотите, за да можат подоцна да добијат повисока цена за имотите. „Тие уживаат и чекаат цените на куќите да пораснат за потоа да можат да вршат конфискација на имоти со повисока вредност. Во меѓувреме, семејствата се‘ уште плаќаат неодржливи рати и на крајот тоа нема да им донесе ништо“, вели Гурџиев. За некои како Ендру Бредшо, најголемото олеснување е кога конечно сe ќе заврши. „Уморен сум од борба. Тоа можеби ќе се промени следниот месец или година. Но чувствувам дека во моментов треба да оставам Константин Гурџиев сe и да продолжам со својот живот“, вели човекот кој пет години се обидувал да ја спаси својата куќа.(ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
16
БИЗНИС ИНФО
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
СВЕТСКИ ПЕЧАТ Приказната за успехот и заштитата на животната средина
ГЕРМАНИЈА ЗАРАБОТУВА МИЛИЈАРДИ ЕВРА ОД ОТПАД
*Се‘ додека економијата не беше присилена на рециклирање се сметаше дека отпадот е безвреден. Граѓаните започнаа да го одделуваат отпадот. И тука почнува приказната за германскиот успех... Багери туркаат планина од ѓубре и едноставно во земја го закопуваат она што се собрало во кантите за смет на обичните луѓе. На небото прелетуваат големи јата птици. Малку подоцна, на депонијата можат да се забележат луѓе со пластични кеси. Тие го собираат се’ она што сметаат дека е вредно. Такви сцени можеа да се видат и во многу германски градови до средината на осумдесеттите години на минатиот век. Рециклирање тогаш беше непознат поим. Нешто подоцна, капацитетите на депониите речиси не беа доволни за сите количества отпад. Историски слики - депонија во Санкт Аугустин во 1985 година Започна расправа за недостаток од суровини - и започна да се менува начинот на размислување. Во 1991 година се донесе закон за пакување, кој одредува дека секој производител мора да преземе одговорност за својот производ и откако ќе го продаде. Индустријата затоа го смисли одвоеното собирање и рециклирање на отпад, кое го нарече дуален систем. Негов претпознатлив знак беше симбол на затворен тек - „зелена точка“. Тој и денес се наоѓа на сите производи кои може да се рециклираат. Граѓаните го одделуваат отпадот Настанаа различни начини на одделување, а кантите за смет станаа разнобојни. Во сините контејнери се собира хартија, во жолтите пакувања од сите видови - од фолии до пластични чаши за јогурт. Таков принцип дотогаш не постоеше во светот. Луѓето почнаа да го одделуваат отпадот, за подоцна тој да може да се рециклира. Стаклените шишиња ги носеа во контејнери поставени на јавни површини или во продавниците во кои ги купиле.
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
БИЗНИС ИНФО
17
СВЕТСКИ ПЕЧАТ Денес се враќаат не само стаклените шишиња, туку и лименките и пластичните шишиња Како поттик за одвојување на стаклените шишиња послужи воведувањето кауција. На оној кој по испивањето на пијалокот ќе го врати шишето, му враќаат дел од парите од вкупната цена. Тоа остана така до денес. „Ангажманот на луѓето од почеток беше голем“, вели Норберт Фел од Дуалниот систем на Германија (ДСД). За тоа се заслужни милионите вложени во рекламни кампањи. Одделувањето на отпадот беше тема дури и во книгите за деца. Авантурата наречена преработка Но, економијата се најде пред уште еден проблем. Имено, за да се рециклира отпад, потребно е сосема прецизно да се оддели, а во кантите за ѓубре се наоѓаше се’ и сешто. На пример, пластичните чаши од јогурт често беа проблем: чашата е направена од пластика, а капачето од тенок алуминиум. За да се рециклира, тие два материјали треба да се одделат. Но, како? На почеток одделувањето се одвиваше рачно, но тоа беше прескапо. Се експериментираше со техники на сортирање од рударството и земјоделството. Тие економски гранки имаат посебни сита во кои компир или јаглен се одделуваат по големина. Со текот на годините, процесот на сортирање на отпадот се усоврши со употреба на инфрацрвени сензори и магнети. Рециклирање на висококвалитетни суровини Денес рециклирањето стана „хај-тек“ индустрија. Научници и инженери работат на подобрување на технологијата, а веќе и во текот на процесот на дизајнирање на производите се води сметка за тие подоцна полесно да се рециклираат. Денес 40 отсто од собраната пластика прецизно се сортира по видови. Се произведува 21 милион тони нова пластика. Додека еден тон нова пластика чини меѓу 1.200 до 1.400 евра, рециклираната е само 500 евра. Постигнатиот квалитет на обработениот отпад со користење на Дуален систем - во Германија речиси стандардизирани постапки овозможува создавање на многу рециклирани нема кому не му е познато значењето на производи, кои порано не можеше ни да се замислат. Фирмата „Релума“ на пример, произведува пластични насипи за спречување на ерозија на овој знак брегот на Балтичкото море. Некогашните дрвени насипи брзо ги нагризуваа школки - пластичните траат многу подолго. Извоз на отпадот Рециклираните материјали се три до четири пати повредни од отпадот од кој настануваат. Така и во Германија настана просперитетна гранка во индустријата со годишен промет од повеќе од 200 милијарди евра. Таа економска гранка годишно расте за 14 отсто и обезбедува работа за околу 250.000 лица. Најголемиот светски саем за обработка на отпад „ИФАТ“, кој ќе се одржи во Минхен во јуни 2016 година, очекува голем број посетители. Германското рециклирање е извозен хит. Азија увезува се’ повеќе рециклиран суров материјал „Made in Germany“. Кога Германците пред 30 години започнаа да одделуваат отпад со користење на разнобојни канти за смет, тоа никој не го ни сонуваше.(ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL
ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL
ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:
Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
БИЗНИС ИНФО
19
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-
Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!
Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот. Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој метод на обука, која вклучува микс од техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависност од Вашата потреба. Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и светски компании. Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас. Предавач: Љупчо Георгиев, директор на „Густав Кезер Тренинг Интернационал Македонија“, лиценциран тренер со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи.
Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија.
Уписите за обуката се во тек.
Сите учесниците добиваат: • материјали за работа • мемориски картици • ЦД и дополнителна литература • консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6 месеци • интернационално признат Сертификат од Густав Кезер Тренинг Интернационал и Сертификат од Бизнис Центар за Тренинг и Обука • контролен ден
За подетални информации контактирајте со нас: Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk
20
БИЗНИС ИНФО
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Kомплетна обука согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија
„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“ Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со менаџментот и организацијата на човечките ресурси во компаниите. Истата содржи 80 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Програмата започнува со општ вовед во менаџментот на човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти на струката потребни за стекнување менаџерски вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за Програмата „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ кој е признат од Министерството за образование и наука. ТРЕНЕРИ: Доц. д-р Љупчо Ефтимов Доцент на Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на прв и втор циклус студии одржува настава по предметите Менаџмент на човечки ресурси, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на перформанси. Од 2013 година ја извршува функцијата раководител на студиската програма од втор циклус студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси. Член е на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Член е на Комитетот за човечки ресурси при Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Р. Македонија. Член е на Техничкиот комитетот за менаџмент на човечки ресурси при Институтот за стандардизација на Р. Македонија. М-р Драгана Томиќ Пилиповиќ Професионален консултант, основач и претседател на Центарот за општествено одговорно претприемништво (ЦООП) - Белград, а во текот на својата кариера работела на следните позиции: - заменик-претседател на Секторот за човечки ресурси и обучувач во AIESEC, Економски факултет – Белград; - консултант во областа на тренинг и менаџмент на човечки ресурси во „Срма Консалтинг“ – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во Ерсте Банка – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во „ФармаСвисс“ ДОО - Белград. Д-р Зоран Михајлоски Во текот на својата богата кариера д-р Зоран Михајлоски бил судија во Апелациониот суд во Скопје, во специјализираниот оддел за работни спорови од 2002 година, претседател на специјализираниот оддел за работни спорови на Апелациониот суд - Скопје, едукатор во Правната школа на постојни судии од Европската унија во Барселона, Шпанија, од областа на
националните работни законодавства, постојан предавач на постдипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и вонреден професор на Факултетот за правни науки при Универзитетот „Американ Колеџ“ - Скопје. Автор на повеќе научни и стручни трудови од областа на трудовото и деловното право.
Дополнителни информации: • Предавањата се распоредени во 10 тренинг дена (вкупно 80 школски часа) и се одржуваат два до три пати неделно. • Обуката започнува во периодот април – мај 2015 година. • Број на учесници во група: 10 – 20 учесници. • Во зависност од тематската целина предавањата се одржуваат на македонски или на српски јазик. • Сите учесници добиваат потврда за присуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија. • Услов за да се стекне Сертификатот за „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит. Котизација за учество: - 27.900 денари за 1 учесник; - 10% попуст за втор учесник од иста компанија и - 15% попуст за трет и секој следен учесник од иста компанија, невработени лица и студенти. Учесниците добиваат: - Материјали; - Освежување и - Сертификат.
Контакт: Симона Ристоска +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
БИЗНИС ИНФО
21
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Семинар: „НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ, ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРОШОЦИ, ЗАКОНОТ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА И ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА“ ПРОГРАМА ДЕЛ I • НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИ („Службен весник на РМ“ бр.124/15) • Видови на глоба за сторители на прекршок согласно новиот Закон за прекршоци; • Забрзани постапки – мандатен платен налог и прекршочен платен налог и • Методологија на одредување на висината на глобата за сторителитена прекршокот. ДЕЛ II • ПОСЛЕДНИ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ („Службен весник на РМ“ бр. 129 од 31.07.2015 година) • Примена на забрзана постапка при повреда на одредбите од ЗРО; • Нови управни мерки на надлежниот орган во случај на работа без договор за вработување; • Начин и критериуми за одмерување на глобата за правните лица, одговорните лица и работодавач физичко лице за прекршоците од ЗРО кога првпат е сторен прекршок и при повторување на прекршокот во даден рок; • Жалба на решението на надлежниот инспектор и • Подзаконски акт за прекршочен платен налог. ДЕЛ III • ПОСЛЕДНИ ИЗМЕНИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА („Службен весник на РМ“ бр. 129 од 31.07.2015 година) • Задолжителна претходна постапка пред поднесување на прекршочно барање; • Начин и критериуми за одмерување на глобата за правните лица, одговорните лица и работодавач
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
• • •
10 септември 2015 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат
физичко лице; Управни мерки на надлежниот орган при повторување на прекршок во одреден законски рок; Задолжителна евиденција за сторениот прекршок како основ за иземање на претходната постапка и Жалба на решението на надлежниот инспектор.
ДЕЛ IV • ПОСЛЕДНИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОН ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА („Службен весник на РМ“ бр. 129 од 31.07.2015 година ) • Исклучување на управната мерка укажување при сторен прекршок за неисплатена минимална плата; • Управни мерки на надлежниот орган за неисплатена минимална плата; • Управни мерки на надлежниот орган при повторување на прекршок во одреден законски рок; • Жалба против решение на трудов инспектор и прекршочен орган. Предавачи: *Миле Стојановски, државен советник при и *Злате Стојановски, раководител на сектор при Државен инспекторат за труд, сектор работни односи. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување и - сертификат за присуство на семинарот. Аплицирај електронски / on-line
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
22
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Советување 10-13.9.2015 година (четврток-недела) Хотел „Олимп“, Златибор, Р. Србија www.hotelolimp.com
„НАЈНОВИ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ОД ОБЛАСТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО, ДАНОЦИТЕ И ДЕЛОВНОТО ПРАВО СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДДВ, ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА, ЗАКОНОТ ЗА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ“
Содржина на актуелни теми: * Измени на Законот за трговските друштва; * Обврски и рокови согласно Законот за Финансиска дисциплина и негова примена; * Престанок на обврски настанати со облигациони односи; * Примена на Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност; * Нови обврски за правните и физички лица при продажба или закуп на недвижност; * Надомест на штета; * МСС 17 и ОДДЕЛ 23 од МСФИ за МСЕ – Наеми; * Вложување во туѓи основни средства од аспект на ДДВ; * Распределба на добивката (дивиденда од даночен и сметководствен аспект); * Примена на член 14 од Законот за данокот на додадена вредност - ДДВ содржан во услуги; * Основици за пресметка на придонеси согласно Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување; * Даночно ослободување или олеснување согласно Меѓународните договори за одбегнување на двојното оданочување при пресметување на персоналниот данок за приходот кој го остварува странско физичко лице - Нерезидент на РМ; * МСС 16 и ОДДЕЛ 17 од МСФИ за МСЕ - Недвижности, постројки и опрема; * Даночен и сметководствен третман на донации и спонзорства; * Даночен и сметководствен третман на дадени и примени заеми. Предавачи: - Д-р Горан Рафајловски, директор и управител на „Рафајловски Консалтинг“. - Јасмина Рафајловска, даночен и сметководствен консултант во
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
„Рафајловски Консалтинг“. - Иван Стојанов, даночен и сметководствен консултант во „Рафајловски Консалтинг“. АРАНЖМАН Цена на аранжманот во двокреветна соба по лице изнесува 14.570 денари. За аранжман во еднокреветна соба по лице се доплатува 2.210 денари и изнесува 16.678денари. Котизација за дводневниот семинар изнесува 4.602 (3.900 + 18% ДДВ); секој втор и нареден учесник од иста компанија добива 40 % попуст на котизацијата и истата изнесува 2.761 денари (2.340 + 18% ДДВ). За пријавување до 15 август 2015 година се добива дополнителен попуст од 10 % на котизацијата. Во цената на аранжманот е вклучено: - превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје - Златибор - Скопје (тргнување на 10 септември 2015 година, во 3:30 часот и враќање на 13 септември 2015 година во вечерните часови); - 3 ноќевања на база ноќевање со доручек и вечера; - 2 кафе-паузи за време на семинарот. Во цената на аранжманот не е вклучено: • патничко осигурување и индивидуални факултативни трошоци. Рок за пријавување: до 27 август 2015 година. Минимален број за реализирање на ова советување е 25 учесници. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - сертификат за присуство на семинарот.
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Трилатерален бизнис форум помеѓу македонски, турски и сенегалски компании во рамки на партнерскиот проект на Стопанската комора на Македонија и ДЕИК, Македонско-турскиот деловен совет
„МОЖНОСТ ЗА ПРОБИВАЊЕ НА НОВИ ПАЗАРИ - СЕНЕГАЛ“ Развивањето на партнерските односи на Република Турција со земјите од Африка започна во 2008 година, кога Турција ја промовираше иницијативата на Турскоафриканското партнерство - соработка на економски, политички, културен, образовен, здравствен и на воен план. Во 2003 година, Република Турција имаше 13 амбасади на африканскиот континент, а денес бројот е зголемен на 34 амбасади. Билатералната трговска размена достигна вредност од 23 милијарди САД $ во 2013 година, а проектирано е трговска размена да се зголеми на 50 милијарди САД $ до 2018 година. Турските инвестиции во субсахарска Африка изнесуваат 2,6 милијарди САД $.
15 септември 2015 година Унија на стопански комори на Турција – ТОББ Истанбул, Р. Турција
Најголеми индустрии на Сенегал се во делот на преработка на риба, рударство-фосфати, производството на вештачки ѓубрива, рафинирање на нафта, градежни материјали, како и бродоизградба. Истовремено Сенегал е и голем произведувач на земјоделски култури, како што се: кикирики, шеќерна трска, памук, боранија, индустриски домат, шери домати, лубеница и манго. Главни извозни производи на Сенегал се: риба, памук, масло од кикирики, злато, нафта, мазут, цемент, фосфорна киселина, челик и железо; додека оваа држава најмногу увезува ориз, производи од млеко, пченица, шеќер, масло од соја, фармацевтски производи, челик и железо, јаглен, автомобили и автомобилски делови и тешки машинерии. Бизнбис-форумот ќе се одржи на 15 септември 2015 година (вторник), со почеток во 09:00 часот, во хотел Istanbul Wyndham. По завршувањето на официјалниот дел предвидено е да се одржат билатералните средби мегу македонските, сенегалските и турските компании присутни во следниве области:
Турско-сенегалскиот деловен совет при ДЕИК е основан во 2015 година со цел унапредување на бизнис односите меѓу двете земји. Мисија на советот е да организира серија на активности како што се бизнисфоруми, посети на бизнис делегации, B2B средби и семинари со цел подобрување на економските односи помеѓу двете земји. Неговата главна цел е турските и сенегалските бизниси со заедничка соработка да создадат нови стабилни партнерства и можности за бизнис. Денес Сенегал е еден од најважните трговски партнери на Турција со големи трговски достигнувања, особено во последната деценија кога обемот на трговската размена е зголемeн петкратно достигнувајќи 125.000.000 $ во 2013 година од само 19.400.000 $ во 2002 година.
1. Земјоделие и прехранбена индустрија (мелничкопреработувачка, конзервна, производство на тестенини, производство на храна за живина); 2. Материјали за пакување во прехранбена индустрија; 3. Транспорт и логистика; 4. Метална и електро индустрија. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
24
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Дводневен семинар
„ШТО СЕ МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАТЕ ОД ИЗМЕНИТЕ И ПРЕМИНУВАЊЕТО ВО СТАНДАРДИТЕ ISO 9001:2015 И ISO 14001:2015?” 16-17 септември 2015 година, 9:00-15:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
ПРОГРАМА Прв ден (16 септември 2015 година) ISO 9001:2015 •
Структура и терминологија; • Нов ISO концепт-прилог SL; • Главни измени-комплетен споредбен преглед (барање по барање) ISO 9001:2008 и ISO 9001:2015 и причини за промена на истиот; • Најзначајни измени- детално за секоја промена и начин на нивно решавање кој може да се
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ примени во пракса: - Организационен контекст; - Заинтересирани страни; - Документирани информации; - Управување со процесите; - Ризици; - Аутсорсинг процеси и снабдување.
2 ден (17 септември 2015 година) ISO 14001:2015 • Структура и терминологија; • Нов ISO концепт-прилог SL; • Главни измени-комплетен споредбен преглед (барање по барање) ISO 9001:2008 и ISO 9001:2015 и причини за промена на истиот; • Целта и намената на новото издание на стандардот за управување со квалитет; • Преглед на барањата на ISO 14001:2015; • Описна ревизија на стандардот заснован на драфт верзијата на стандардот ISO 14001:2015; • Анализа на ризиците-барања од населението.
Предавач:
Игор Чика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за системи за управување со квалитет. Начин на работа - PowerPoint презентација, студија на случај, работилница со вежби и охрабрување на учесниците за интерактивност и поставување прашања. Аплицирај електронски / on-line
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
26
БИЗНИС ИНФО
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 16 до 19.9.2015 година Меѓународен конгрес во комплексот „Св. Констатин и Елена“ во Варна, Р. Бугарија „
МАШИНИ, ТЕХНОЛОГИИ, МАТЕРИЈАЛИ – ИНОВАЦИИ ОД НАУКАТА ЗА ИНДУСТРИЈАТА“ Претставници на науката од повеќе земји ќе ги презнетираат резултатите од своите истражувања пред колегите од индустријата, а истите ќе бидат објавени во Интернационалното научно – техничко списание „Машини, технологии и материјали“. Здружението на металурзи на Македонија во соработка со Здружението на металургија за претставниците на заинтересираните компании обезбеди учество на Конгресот без плаќање котизација. Презентер на конгресот од Р. Македонија ќе биде проф.д-р Свето Цветковски, кој воедно е и модератор на првиот ден на Конгресот. Цената за сметување е 35 Евра за еднокревента односно 45 евра во двокреветна соба. Подетални информации и пријавување до: Здружение на металурзи на Македонија, проф Д-р Свето Цветковски, тел. 072/ 694 125, e-mail: sveto@tmf. ukim.edu.mk Аплицирај електронски / on-line Контакт: Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: zorica@mchamber.mk Контакт: Војкан Николовски Тел: ++ 389 2 3244068 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vojkan@mchamber.mk
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Семинар: „ОБВРСКИТЕ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ВО ПРЕВЕНЦИЈА И СПРАВУВАЊЕ СО ПРОФЕСИОНАЛНИ БОЛЕСТИ И ПОВРЕДИ ПРИ РАБОТА“ -Здравјето на работниците како составен дел од Законот за безбедност и здравје при работа-
ПРОГРАМА • Koja e главната цел на медицинските прегледи? • Начини да се утврдат оштетувањата на здравјето? • Идентификување на професионални болести во релација со националната легислатива ? • Да се идентификуваат болестите во врска со работата ! • Начини за откривање – детектирање на повредите при работа; • Како инспекторите ги контролираат спроведените мерки потребни за одржување и зајакнување на здравјето од Законот за БЗР? • Што подразбира донесувањето на мерки за здравје при работа, дали е тоа посебен акт – пропишан, дали е доволно да има доказ за обучено лице за прва помош, договор со здравствена установа и сандаче за прва помош? • Што се случува со претходните прегледи, дали работникот сам ги извршува на свој финансиски трошок или работодавачот по примање на работа ги надоместува трошоците или тој ги врши по селекција кој ќе биде примен на оглас за работно место? • Кој ја води евиденцијата и извештаите за повреди, несреќи и професионални болести и болести поврзани со работата? • Постапка за пријавување на повреда при работа? • По враќање на работникот на работно место, по подолго отсуство -боледување, на кој вид прегледи се праќа, ако насочените се дефинирани за прегледи на работно место со зголемен ризик? • Кои се мерките за прва помош кои треба да се донесат? • Што треба да содржи сандачето за прва помош? • Дали работодавачот треба да обезбеди лекарски прегледи на практиканти и студенти на практична настава или волонтери вработени на одреден временски период во компаниите? • Кои се казните и санкциите за неспроведување на делот здравје од Законот за безбедност и здравје при работа и за работодавачот и за вработените?
17 септември 2015 година 10:00- 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат
Предавачи: - Слаѓана Андоновска, раководител на секторот за БЗР во Државен инспекторат за труд. - Д-р Сашо Столески од Институтот за медицина на трудот на РМ, Колаборативен центар на СЗО. - Д- р Драган Мијаковски од Институтот за медицина на трудот на РМ, Колаборативен центар на СЗО.
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручек и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
28
БИЗНИС ИНФО
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Бесплатна презентација, 22.9.2015 година, Стопанска комора на Македонија, (сала 4 на 5-ти кат)
„TХK”- ЈАПОНСКА КОМПАНИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО И ПРОДАЖБА НА МАШИНИ ЗА ПОВЕЌЕ ИНДУСТРИИ Стопанската комора на Македонија како ваш бизнис-партнер, ве поканува на бесплатна презентација на јапоската компанија „THK CO., LTD.”, која се занимава со производство и продажба на делови за одредени видови на машини за патниот и железничкиот сообраќај, автомобилската и машинската индустрија, медицинските помагала и роботиката. „TХK” е основана во 1971 година во Токио, Јапонија. Во текот на 44-годишното постоење, има отворено 18 претставништва во различни земји на 3 континенти во светот, со изградени фабрики во: Јапонија, Америка (САД и Мексико), Азија (Кина, Кореја, Тајланд, Виетнам и Малезија) и Европа (Франција и Ирска). „TХK” користи оригинална технологија и иновативни идеи во процесот на производство на машини, со континуирано истражување и развој на истите. Корпоративната филозофија на јапонската „TХK” е: обезбедување иновативни производи во светот и генерирање на нови трендови со цел да се придонесе кон создавање на побогато општество и напредок на сите засегнати страни. Развојот на бизнис-можностите се во делот на: • технологии и уреди за сеизмичка изолација; • инвалидски колички со електрична дигалка; • електронски уреди за автомобилската индустрија; • универзален дизајн на кујни; • ротирачки автомобил за играње на игри; • систем за јавен транспорт со лизгачки механизам; • национална астрономска опсерваторија на Јапонија и др.
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Покрај тоа, „TХK” работи на проширување на производи и бизнис-уреди, со цел раст на пазарот во иднина. Побарувачката за машини во овие региони особено во Кина постојано расте, поради намалувањето на CO2 кое е од суштинско значење за заштита на глобалната животна средина, а со тоа во голема мера ќе се зголеми и побарувачката на производите на „ТХК“. Со глобализацијата и развојот на нови пазари,„ТХК“ бара натамошно зголемување на профитабилноста и се стреми кон зголемена корпоративна вредност. „ТХК“ нуди ексклузивна можност за компаниите од Македонија од следниве области: - производители на индустриски машини; - производители на медицински уреди; - производители во областа на воздухопловството; - производители на автомобилски делови; - производителите на железници; - производители на роботи; - производители на храна, фармацевтски производи, електронски апарати; - проектантски бироа, архитекти, професори за сеизмичка технологија; - дистрибутери и др. Аплицирај електронски / on-line: http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1848&bet=8 Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
30
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 23 до 27 септември 2015 година Национален есенски саем за земјоделство и прехранбена индустрија во Унгарија
„OMЕK 2015“ ВО БУДИМПЕШТА
Стопанската комора на Македонија организира посета на саемската манифестација во соработка со Амбасадата на Унгарија во Република Македонија и Унгарската национална трговска куќа. „OMЕK“ е национален саем со 77-годишна традиција. Главната цел на најголемиот земјоделски и прехранбен саем во Унгарија е да ги презентира начините на модерно, ефикасно и еколошко земјоделство и да ги информира потрошувачите за унгарските производи кои гарантираат висок квалитет и безбедност на храната. Во рамките на овој настан ќе бидат организирани квизови, интерактивни атракции, пропратени со традиционална храна, пијалаци и фолк елементи. На овој настан ќе бидат присутни водечките производители на земјоделски производи од Унгарија и од други европски земји. - Котизацијата за посета на настанот изнесува 2.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании-членки и 4.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании нечленки на Стопанската комора на Македонија. - За втор посетител од иста фирма се доплаќа 1.990 денари, со вклучен ДДВ за фирми-членки и 2.990 денари со вклучен ДДВ за фирми нечленки. Трошоците за патување и сместување за време на саемот ги сносат самите компании.
Пријавување до 14.9.2015 година (понеделник).
Сите дополнителни информации може да ги најдете на линкот: http://omek.gotohungary.com/ Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
БИЗНИС ИНФО
31
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„КОМПЛЕКСНА ПРОДАЖБА – МАПА ДО УСПЕХОТ“ (Complex Sales ROADMAP to Success) Содржина на обуката: - Избор на тековни можности за продажба со цел учење и примена на концептите - Идентификување на „Мапата на продажба“ - Развивање на индивидуални вредности со цел клиентот да ги препознае - Препознавање на клучните играчи во рамките на организацијата и нивната улога во донесувањето на одлуката за склучување на договорот - Воспоставување комуникација и ниво на доверба - Развивање на компетативна стратегија - Развивање на акциски план за елиминирање на слабостите и поттикнување на предностите - Стекнување доверба и посветеност од клиентот - Менаџирање на времето со цел постигнување на цели на краток, среден и долг рок Предности од работилницата - Склучување на попрофитабилни договори и продажби со фокусирање на специфичните барања и вредности на клиентот - Оптимизирано користење на ресурсите со фокусирање на вистинските клиенти - Подобрен рејтинг - Попрецизни предвидувања - Пократок продажен циклус - Помалку напор при продажба - Подобра тимска продажба - Поголема лојалност на клиентите - Размислување надвор од кутијата Предавач: Љупчо Георгиев, единствен лиценциран тренер на „Густав Кезер Тренинг Интернационал” во Македонија со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи. Gustav Käser Training International е компанија основана во Цирих, Швајцарија во 1963 година. Денес претставува компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се
Дводневна обука во соработка со Густав Кезер Тренинг Интернационал 24-25 септември 2015 година 14:00- 18:00 часот Стопанска комора на Македонија сала 1 на V кат.
потврдува повеќе од 50 години. Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz се само дел од компаниите кои ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас. Учесниците на дводневната обука ќе се стекнат со меѓународно признат сертификат од Густав Кезер Тренинг Интернационал. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
* работен материјал и Мапа на можности; * ручeк и освежување.
Пријавување до 21.09.2015 година. Работна група: 10 – 15 учесници Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
32
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Бизнис-средби на 25 09. 2015 година
„ЖЕНИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ” ВО БЕЛГРАД
Enterprise Europe Network Македонија, Здружението на информатичко-комуникациски технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да воспоставите контакти со нови деловни партнери Овој брокерски настан е организиран од Enterprise Europe Network, со главен фокус на жените-претприемачи и ќе се одржи во рамките на Втората меѓународна конференција „Жените претприемачи на новото време: нови можности за регионална економска преродба“, која ќе се одржи од 24-25 септември 2015. Сектори: · трговија,земјоделство и производство на храна; · информациски и комуникациски технологии; · текстил; · образование и консултантски услуги и др. Втората меѓународна конференција „Жените-претприемачи на новото време: нови можности за регионална економска преродба“ има за цел да ги промовира најдобрите практики за застапување на женското претприемништво, а воедно на жените претприемачи да им обезбеди можност за бизнис-вмрежување врз основа на методологијата на Enterprise Europe Network (ЕЕН). На Конференцијата примарни теми ќе бидат политиката на застапување и развој на бизнисот меѓу жените-претприемачи, со цел да се подобри поддршката на женитепретприемачи во регионот, како и развивање на нови деловни врски меѓу жени-сопственички на разни бизниси. Како дел од програмата на Конференцијата, овој брокерски настан и бизнис-средбите се идеален настан за да се остварат контакти и да се подготват идните бизниси. Настанот ќе им овозможи на учесниците од различни сектори да реализираат состаноци со деловни партнери, на претходно закажани состаноци, како и можност за презентација на сопствени компании. Поединечните билатерални средби ќе бидат резервирани однапред и ќе бидат претходно средени и помагани од страна на персоналот на Enterprise EuropeNetwork. Искористете ја оваа единствена можност за малите и средни претпријатија и претприемачи во ЕУ да најдете потенцијални бизнис-партнери во Југоисточна Европа! Учеството е бесплатно, а ќе има и други погодности за учесниците. Времетраењето на секој состанок е 20 минути. Можни се максимум 6 деловни средби. За да се регистрирате за деловните средби или да добиете дополнителни информации, посетете ја следната веб-страна: http://www.b2match.eu/ Регистрацијата е до 15 септември 2015 година. Селекцијата за деловните средби ќе се врши од 16-24 септември 2015 година. Билатералните средби ќе се реализираат на 25 септември 2015 година. Место на одржување: Трговска и индустриска комора на Србија, Белград, со почеток во 10:00 часот. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
БИЗНИС ИНФО
33
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„ДУНАВСКИ РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС-ФОРУМ“ ВО ВИЕНА
На 1 и 2 октомври 2015 година во Република Австрија
Главната тема на Бизнис-форумот, петти по ред, е „Формирање синџири за снабдувачи за транспорт и логистика во Дунавскиот регион“. Посетителите ќе имаат можност да се сретнат со над 500 претставници на компании, со повеќе од 50 говорници од 15 различни земји, каде ќе се организираат повеќе од 20 тркалезни маси за решавање на прашања и предизвици на повеќеполарен свет, поврзуваајќи го Дунавскиот регионот на регионално и на глобално ниво со целиот свет, од следниве области: • Формирање синџири за снабдувачи; • Транспорт и логистика; • Информирање за статусот на стратегијата на Дунавскиот регион на макро и на регионално ниво во однос на приоритетните области на „Глобална поврзување, мобилност и мултимодалност”; • ЕУ-грантови и субвенции; • Најнови информации за регионот; • Деловни средби. На Бизнис-форумот ќе имате можност да се запознаете со вашите потенцијални партнери од индустријата, транспорт, логистика, од академски и владини институции, компании и стеикхолдери преку индивидуални деловни средби. Исто така, ќе имате можност да научите како да добиете пристап до Иницијативата за инвестиции од Европската унија (Juncker Investment Initiative), како и да учествувате на повеќе од 20 тркалезни маси. Учесниците ќе имаат одлична можност да се поврзат и да споделат искуства со еминентни личности од клучните носители на одлуки во земјите од Дунавскиот регион: Германија, Австрија, Словачка, Унгарија, Србија, Романија, Хрватска, Бугарија, Молдавија, Украина, Чешка, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, но исто така и од Кина, Тајланд, Виетнам, Индија, Обединетите Арапски Емирати, Турција, Русија, Грција, Северна Африка, како Тунис, Мароко, Алжир, Јужна Америка. Настанот е финансиран преку go-international, иницијатива на Сојузното министерство за наука на Австрија, истражување и економија и Австриската стопанската комора. Ве молиме, Вашиот интерес за учество на овој форум да го наведете во online формата на следниов линк: http://danuberegionbusinessforum.com/ , за да одредите со кои од наведените компании-учесници на Форумот би сакале да остварите бизнис-средби. Учеството на форумот е органичено, затоа пријавете се веднаш. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
34
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
На 7 октомври 2015 година Стопанска комора на Австрија, Виена
Бизнис-средба со австриски фирми - производители на прехранбени производи и интернационални трговци на големо и мало
„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ ВО ВИЕНА
Стопанската комора на Македонија заедно со Трговското одделение при Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија и Стопанската комора на Австрија, организираат учество на бизнис-делегација од Македонија на деловни средби со австриски фирми - производители и интернационални трговци на храна и пијалaци. „MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ е настан со најголема посетеност и 10-годишна традиција, на којшто присуствуваат компании од целиот свет. Настанот ќе се одржи на 7.10.2015 година (среда), во Стопанската комора на Австрија во Виена. Ве покануваме на овој настан, со цел да реализирате соработка со австриските производители и со останатите учесници на деловните средби. „MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ нуди ексклузивна можност за компаниите од Македонија и од светот да ја зголемат својата мрежа на контакти, да пробаат нови производи, да запознаат нови добавувачи, да разменат нови идеи и да остварат соработка со врвни компании и експерти за производство и трговија на големо и мало со храна и пијалаци од целиот свет. Учеството на 675 компании и нивото на организација на настанот можете да ги видите на краткото видео во прилог: http://youtu.be/zhnJ2PKFJMw . Сите заинтересирани за учество на овој настан треба да го пополнат Пријавниот лист и да се регистираат на следниот линк: https://www.b2match.eu/food2015 . Искористете ја оваа можност и посетете го овој настан, кој ќе се одржи неколку дена пред најголемиот саем за прехранбени продукти ANUGA (10-14 Октомври 2015) во Келн. Пријавниот лист да се достави до лицата за контакт, најдоцна до 30.6.2015 година. За компаниите кои ќе се пријават за учество на деловните средби обезбедени се: - бесплатни две ноќевања со појадок, во хотел со 4 ѕвезди; Трошоците за превозот Скопје - Виена - Скопје го сносат самите компании. Бројот на места е ограничен. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
БИЗНИС ИНФО
35
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
БИЗНИС-СРЕДБИ НА САЕМОТ „АНУГА“ ВО КЕЛН
На 13 и 14 октомври 2015 година во СР Германија
Бизнис-средбите на „Ануга 2015“ се уникатна платформа за споделување на иновативни технологии, иницира прекугранична соработка и нови деловни партнери. Учесниците може да побараат претходно договорени состаноци еден-на-еден, според нивните интереси за соработка. На овој начин, можете да направите подобра организација на вашето време на Саемот „Ануга“. Бизнис-средбите ќе се одвиваат во уникатен амбиент во германското Сојузно министерство за храна и земјоделство. „Ануга“ не е само најголемиот саем за храна и пијалаци во светот; тоа е, исто така, секторски најважниот саем за нови пазари и целни групи. Главни теми: „Ануга“ ги поздравува претставници од сите сектори на трговијата и производството на храна и прехранбената индустрија https://www.b2match.eu/anuga2015
Како тоа функционира? 1.Регистрирајте се и објавете го вашиот профил за соработка. 2.Разгледајте ја листата на учесниците и одберете за кои компании сте заинтересирани. 3.Една недела пред настанот ќе го добиете вашиот личен распоред за бизнис-средби.
Зошто да учествувате? • Можете да ги одберете потенцијалните деловни партнери - и ќе се организираат состаноци за вас! • Можете да го изберете вашиот состанок пред да тргнете на пат
Вашиот избор се базира на прецизен профил на компанијата. • Имате поддршка пред, за време и по настанот, на пример, од помош да се формулира профилот, до информативна соработка или поддршка на вашиот состанок. Учеството на средбите е бесплатно. Влезницата за Саемот не е вклучена. Ве молиме да ја купите вашата влезница преку саемскиот веб-сајт: http:// www.anuga.com/anuga/for-visitors/Admission-ticket/index.php. Рокови: - 20 септември 2015 година - регистрација и поднесување на профили за соработка; - 5 октомври 2015 година - електронски избор на бизнис-состаноци; - 9 октомври 2015 година - финална испорака на распоредот на состаноци; - 13 и 14 октомври 2015 година - билатерални средби. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
Бизнис-средби на 15 и 16 октомври 2015 година во Република Турција
„MATCH4IN
Четвртото издание на „Match4Industry“ за бизнис-поврзување ќе се организира на 15 и 16 октомври 2015 година и ќе се одржи во TOSB - Индустрискиот парк за автомобилски добавувачи во Кочаели, Република Турција. „Match4Industry“ настанот ќе биде организиран од страна на ABİGEM Исток Мармара и Комората за индустрија на Кочаели, во тесна соработка со Enterprise Europe Network - Луксембург, Стопанската комора на Големото Војводство Луксембург и многу други организации за професионална поддршка на бизнисот од Европа, Турција и пошироко. „Match4Industry“ е дел од “Бизнис на лице место”, уникатен концепт на бизнис-настани кои се организираат во посебна индустриска зона. Овој концепт е предвиден од страна на организаторите со цел олеснување на успешните преговори со истакнување на предноста на инфраструктурата и деловните активности во индустриската зона. Ова обезбедува цел спектар на услуги за развој на бизнисот со додадена вредност, со цел да се задоволат потребите за глобализација на компаниите. Покрај наведените билатерални средби што ќе се организираат во индустрискиот парк, предвидени се посети на компании, што ќе им бидат понудени на учесниците како изборна програма. Ова ќе помогне за оценување на бизнис-климата во регионот и за финализирање на преговорите. На настанот ќе бидат застапени следните сектори: § автомобилска индустрија; § метална и машинска индустрија; § пластика и гума; § хемиска индустрија (автомобилски бои и лакови); § градежништво и градежни материјали; § енергија; § животна средина; § електроника; § информатички и комуникациски технологии; § женско претприемништво и др. Котизација: 80 евра по учесник.
БИЗНИС ИНФО
NDUSTRY“ ВО КОЧАЕЛИ Партиципацијата вклучува: - организирани деловни состаноци; - помош пред, за време и по настанот; - локален трансфер; - превод – од англиски на турски, од турски на англиски јазик; - ручеци, освежување и вечера за добредојде. Трошоците за сместување (2 ноќевања во хотел со 5 ѕвезди) ќе бидат финансирани од Министерството за економија на Република Турција. Краен рок за пријавување: 30 септември 2015 година.
Подетални информации можат да се добијат на вебстраната: www.een-matchmaking.com/m4i2015 Контакт: Лазо Ангелевски Тел: (02) 3244090 laze@mchamber.mk
38
БИЗНИС ИНФО
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
*Првата средба на групата ќе се одржи на 20.10.2015 година, пријавете се што побрзо!
Едукација: АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ ВО СОРАБОТКА СО ГУСТАВ КЕЗЕР ТРЕНИНГ ИНТЕРНАЦИОНАЛ - ВТОРА ГЕНЕРАЦИЈА –
Стопанска комора на Македонија Ве поканува да бидете дел од втората генерација на Академијата за продажни вештини во соработка со Густав Кезер Тренинг Интернационал! Методологијата по која се реализира Академијата за продажни вештини е усовршувана во текот на 50 години постоење на Густав Кезер Тренинг Интернационал и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10.000 европски и светски компании. Програмата опфаќа комбинација на три клучни аспекти: техника, став и влијание, кои овозможуваат да се постигнат натпросечни резултати во комуникацијата со останатите. Вистинскиот пристап кон работата и обврските, со влијанието кое како поединци го остваруваме за нашето опкружување, е онаа компонента која ги издвојува успешните луѓе од останатите и истите се спремни да ја насочат својата компанија во правец кој ќе и донесе најдобри резултати.
Што содржи тренингот? - Важноста на пристапот; - Поттикнувачи на објективно и успешно ориентираното дејствување; - Преговарање, способноста за убедување на другите; - Комуникациски техники; - Конфликтите како можност; - Ефикасно управување со времето и - Предуслови за свесен однос спрема времето.
Академијата за продажни вештини содржи 5 тренинг дена распоредени во временски период од три до четири месеци (помеѓу секој тренинг ден постои пауза од три недели) и контролен ден кој се одржува по два месеци од последниот тренинг ден. Паузите помеѓу деновите на обуката се планирани со цел учесниците на своето работно место да го имплементираат наученото и во тој временски период да ги користат услугите на консултантот. Со наредниот тренинг ден од обуката се засилуваат ставовите во врска со предавањата, се вршат модификации на наученото согласно реалните услови на работа на учесниците, а во континуитет се следат фактичките постигнувања и се мери резултатот на учиноците пред и потоа. Академијата започнува во октомври 2015 година. Точните датуми на одржување на тренинг деновите се определуваат заедно со учесниците и тренерот на првата средба која ќе се одржи на 20.10.2015 година. Коментари од учесниците на првата Академија за продажни вештини: „Многу сум позитивно изненадена од содржините и активностите на Академијата. Од сите досегашни обуки добиени од различни институции, оваа обука веќе ја спроведувам во пракса со одлични перформанси и резултати.“ - Христина Чочкова, АДРИАМЕД „Академијата ги надмина моите очекувања. Се што беше презентирано беше со добра основа, реално отсликување на секојдневите потешкотии предизвикани од неправилно поставени продажни вештини, за на крај да се заврши со поука како сето тоа да се исправи и подобри во иднина.“- Соња Николовска, Макпетрол АД „Прекрасни, спремни презентации од страна на тренерот, многу добра организација, позитивна енергија.“ – Викторија Смичковска, Транслог ДООЕЛ Аплицирај електронски / on-line Контакт: Симона Ристоска Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: simona@mchamber.mk
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
БИЗНИС ИНФО
Скенирај и дознај повеќе
39
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
M
C
N IA
Што претставува сертификатот Excellent SME?
A
Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O
Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.
Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.
Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје
T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
E
S
E
БИЗНИС ИНФО
40
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
На 21 октомври 2015 година бизнис-средби во Романија
РЕГИОНАЛНИОТ САЕМ ЗА ИНОВАЦИИ ВО АРАД
Регионалниот саем за иновации што ќе се одржи на 21 октомври 2015 година, во Арад, Романија, има за цел промовирање на иновативни технологии и решенија, реализирање бизниссредби со истражувачи-професионалци, размена на искуства и можна соработка со компании од Романија и од цела Европа. https://www.b2match.eu/innomatch2015. Бизнис-средбите ќе обезбедат за да воспоставите прекугранична соработка во областа на ИКТ, автомобилската индустрија, трговијата и земјоделскиот сектор, кои ќе ви дадат лесен пристап до компании, корпорации, истражувачи и иноватори. Исто така, ќе бидете во можност да го посетите Регионалниот саем на иновации и да присуствувате на Регионалниот натпревар за награди за инвативност. Учеството е бесплатно. Фокус: • се изложуваат иновации за екосистеми на меѓународно ниво; • бизнис-средби меѓу романски и европски иноватори од областа на ИКТ, земјоделството и автомобилската индустрија ; • меѓународна соработка и вмрежување, со 30 минутни деловни средби; • промовирање на истражување и развој на понуди за компании. Билатерални средби: • дали сте во потрага по нови клиенти, партнери или пронаоѓачи за вашата компанија? • дали сте во потрага по нови потенцијални партнери за развој на бизнисот и истражувачки проекти? • или можеби само сакате да ја зајакнете својата иновативност? • деловните средби се идеална можност за нови деловни контакти. Главни теми: • Информациски и комуникациски технологии • Софтверски апликации, производи и услуги, софтверски инженеринг, интероперабилност, ИТ-безбедност, вградени системи, интернет на нештата (IoT), мобилност, консултантски услуги, аутсорсинг, услуги, ИТ-апликации за процесите на производство, енергетска ефикасност, бизнис-перформанси, транспорт и логистика; финансиски услуги, телекомуникации, трговија на мало, здравството и телемедицина, и др. • Автомобилска индустрија
•
• •
Методи на производство, производи и компоненти, материјали, суровини и полуготови производи, дизајн и развој, „зелени“ возила, одржливи згради, машини и електротехника, индустриска автоматизација и софтвер, контрола и мерење, индустриска електроника, електрична мобилност и опрема, роботиката, организации и услуги. Производство и трговија со храна Иновативни решенија за подобрување на перформансите во земјоделството, генетиката и помош за размножување и поддршка (култури и добиток), раси, семиња, заштита, технологии, жетва, природни екстракти, биопроизводи, технологии за прехранбената индустрија, одржлива преработка на храна, исхраната и здравјето, прехранбени производи и гастрономија.
* На барање на компаниите, може да се договорат билатерални средби и во другите сектори, со претходна најава, најдоцна 4 недели пред настанот. Зошто да учествувате? • Да ги покажете своите најповолни проекти, производи или know-how; • да воспоставите прекугранични контакти и соработка; • да реализирате бизнис-средби со потенцијални бизниспартнери на претходно закажани состаноци; • да најдете нови комерцијални, технолошки, истражувачки партнери; • да се запознаете со играчите за нови истражувања и развој; • да добиете информации за нови истражувања и бизнистрендови; • да ги презентирате вашите нови проекти. Како тоа функционира? • Да се регистрирате и да ги објавите своите желби за соработка; • потоа, да ги видите учесниците и да ги посочите компаниите за кои сте заинтересирани и • една недела пред настанот ќе го добиете вашиот распоред за бизнис-средби. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
БИЗНИС ИНФО
41
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„КОН ОДРЖЛИВ ТРАНСПОРТ 2015“
Конференција На 22 и 23 октомври 2015 година, во хотел „Мона“, на Златибор во Република Србија
Конференцијата ја организираат Стопанската комора на Македонија во соработка со Intico doo. и Агенцијата TransportLog од Република Србија. Oваа година се очекува присуство на повеќе од 200 учесници од регионот. Темите опфатени на овогодинешната конференција се: • Примената на информатичките системи во транспортот и логистиката; • Трендови во развојот на патниот транспорт; • Организирање на работното време на возачите; • Дистрибуција на стоки; • Релокација на транспортните и логистички процеси во бизнис-системите (аутсорсинг во дистрибуција на стоки; аутсорсинг активности за возни патркови); • Процесот на јавни набавки во транспортот и логистика; набавки и аутсорсинг; • Управување со возен парк; • Управување со трошоците во превозот; • Тркалезна маса: Решавање на постојните проблеми во транспортот, логистиката и возните паркови.
Пријавување до 13.10.2015 година .
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
42
БИЗНИС ИНФО
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
На 10 ноември 2015 година во Братислава, Република Словачка
„ САЕМ ЗА ДИРЕКТНИ БИЗНИС СРЕДБИ 2015“
(“Slovak matchmaking fair 2015”) Од 2007 година, Саемот за директни бизнис средби се организира еднаш годишно помеѓу словачки и странски компании, во организација на Словачката агенција за инвестиции и трговски развој под покровителство на Министерството за економија на Република Словачка. Овој настан на компаниите им нуди единствена можност за еден ден и на едно место да најдат нови бизнис партнери од Словачка и од странство. Оваа година настанот ќе биде со фокус на Азија и азискиот регион Централна Азија (Казахстан) и Кина. Саемот за директни бизнис средби 2015 е најголемиот Б2Б настан кој го организира Словачката агенција за инвестиции и трговски развој и им нуди единствена можност и на малите и средни претпријатија да најдат потенцијални бизнис партнери во странство и да навлезат во глобалниот пазар. Котизацијата за учество на овогодинешниот “Саем за директини бизнис средби 2015“ е 80 € за еден учесник од компанија. За секој нареден учесник од компанија се доплаќа дополнителнo 50 €.
- Пријавниот лист мора целосно да биде пополнет на англиски јазик и доставени до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 16.10.2015 година. - По доставување на пријавниот лист организаторот ќе изготви личен профил на Вашата компанија преку кој ќе можете да ги закажувате своите Б2Б средби по електронски пат, во периодот од 26.10.2015 до 02.11.2015. - Краен рок за уплата на котизацијата за настанот е 29 октомври 2015. Доколку некоја од компаниите го пријави своето учество на саемот а не ја изврши уплатата до 29 октомври 2015, на истата нема да и биде дозволено присуство на Б2Б средбите. - Котизацијата за организирање на настанот према Стопанската комора на Македонија изнесува 2.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании-членки и 4.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании нечленки на Стопанската комора на Македонија. - За втор учесник по фирма се доплаќа 1.990 денари, со вклучен ДДВ за фирми- членки и 2.990 денари со вклучен ДДВ за фирми нечленки.
Во котизацијата е вклучено: - Учество на Б2Б средби со компании од Ваш интерес - Објава на компанијата учесник во овогодинешниот “Каталог на учесници“ - Чаша вино за добредојде - Учество во паралени настани - Освежување за време на паузите
Сите детали во врска со електронското закажување на Б2Б средбите , ќе им бидат доставени на учесниците на e-адресата што ќе ја наведат во пријавата веднаш по нивната регистрација од страна на организаторот.
*Напомена: - Патните трошоци се на товар на компаниите, односно тие сами си организираат превоз. - Официјален јазик на бизнис-средбите е англиски.
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
БИЗНИС ИНФО
43
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
“9-ТИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА МЕЛНИЧКО -ПРЕРАБОТУВАЧКА И ПЕКАРСКА ИНДУСТРИЈА“ (IBEX)
Од 6.12.2015 - 09.12.2015 година во Техеран, Иран
Посетата на IBEX, се организира во соработка со Амбасадата на Исламската република Иран вo Скопје. Интернационалниот саем за мелничко - преработувачката и пекарската индустрија (IBEX) се смета за еден од најголемите и најважните настани во Иран. Со оглед на фактот дека Иран има повеќе од 77.000.000 население и по глава на жител на годишно ниво се трошат околу 165 килограми леб и пекарски продукти, иранската влада има за цел во наредните години значително да го подобри квалитетот на домашната пекарска индустрија. IBEX 2015 има за цел да ги претстави можностите за инвестирање во овој мултимилионски бизнис и да создаде платформа за интеракција и соработка помеѓу пертставниците на компаниите во мелничко- преработувачката и пекарската индустрија и да им обезбеди максимален капацитет за производство на домашните компании. Саемот ќе трае 4 дена, во периодот од 6 до 9 декември 2015 година во просториите на техеранскиот Интернационален саем и е организиран од страна на компанијата ИТГ – лидер во организација на саемски манифестации. За подетални информации Ве молиме посетете го следниов линк: http://ibex.ir/en/ Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
44
БИЗНИС ИНФО
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
На 26 и 27 февруари 2016 година Меѓународна конференција и саем во Србија
,,НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“ ВО БЕЛГРАД
На настанот „Новите технологии во образованието“ во 2015 година имаше повеќе од 2500 учесници кои имаа можност да слушнат повеќе од 100 говори од 50 предавачи од целиот свет. Исто така, се организираше и Саем со 40 излагачи каде се презентираа најновите технолошки решенија во образованието. Компаниите од ИКТ-секторот, издавачите, училиштата, универзитетите и другите образовни институции ја презентираа нивната компјутерска и аудиовизуелна опрема, мобилните уреди, софтвери, апликации, дигиталните учебници и другите производи што можат да придонесат за зголемување на квалитетот на образованието.
„Новите технологии во образованието 2016“ - Над 20 земји ќе пратат свои високи претставници од министерствата за образование. - Над 50 излагачи во 2016 година, и над 20 компании од Велика Британија. - Над 150 предавања и работилници. - 71% од излагачите потврдија продажни договори од настанот во 2015 година. - 79% од излагачите потврдија дека имаат воспоставено партнерства на настанот во 2015 година.
Над 4000 гости од 30 земји се очекуваат во 2016 година.
Конференцијата и саемот „Новите технологии во образованието 2016“ се отворени за компаниите од регионот кои обезбедуваат иновативно образование ИКТ-производи, услуги и решенија. Тие ќе имаат можност да ги покажат своите производи, да се создадат можности за партнерство со купувачите и со учесниците и да бидат во тек со новите случувања во областа на образованието и технологиите кои се внесуваат во образовниот систем во земјите во регионот. Во 2016 година веќе има потврда дека над 20 компании од Велика Британија ќе присуствуваат на овој настан и ќе ги презентираат нивните ИКТ-решенија и производи за образованието. Исто така, ќе присуствуваат високи претставници од министерствата за образование од: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово, Турција, Азербејџан, Казахстан, Русија, Израел, Украина, Молдавија, Грузија, Узбекистан , Словенија, Унгарија, Хрватска, Бугарија и Романија. Ова ќе биде можност за компаниите и за образовните институции за воспоставување партнерства и споделување идеи за иднината на образованието. Настанот се организира во соработка со Стопанската комора на Србија, Британската амбасада и други институции и организации.
Пријавување до 17 ноември 2015 година.
Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
46
БИЗНИС ИНФО
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА соработува во областа на филтирање на вода, управување на мрежи за водоснабдување, складирање на вода и прочистување на вода во Република Македонија. Валидност дo 12.10.2015 годинa. Компанија од Романија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на градинарски машини, електрични косилки за трева, коси за трева на бензин, грeбла и др. Валидност дo 13.10.2015 годинa. Компанија од Грција бара соработка со компании во Република Македонија кои се заинтересирани за разни решенија и услуги во следните области:рекламирање,организирање настани, организирање свечености, менаџирање со трговски центри, кино комплекс, организирање на големи настани (концерти, стадиони и сл.), маркетинг услуги. Валидност дo 13.10.2015 годинa. Компанија од Чешка бара соработка со компании во Република Македонија во областа на проектирање, изградба и ремонт на сите видови на разладни кули како и други активности во проектирање и изградба Компанија од Италија заинтересирана е да пласира на индустриски згради, монолитни бетонски конструкции, ремонт и изградба на цистерни за соларни панели во Република Македонија. вода, постројки за обработка на вода и мали хидро Валидност дo 11.10.2015 годинa. електрани. Компанија од Израел заинтересирана е да пласира Валидност дo 13.10.2015 годинa. машини за секундарно пакување на производи во Компанија од Италија бара дистрибутер во Република Република Македонија. Македонија за пласман на паркет Валидност дo 11.10.2015 годинa. Валидност дo 14.10.2015 годинa. Компанија од Унгарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на средства за чистење и дезинфекција на машини и простории во објекти на прехранбената индустрија, средства за чистење канцелариски простор, средства за чистење возила и камиони. Валидност дo 11.10.2015 годинa.
Компанија од Украина заинтересирана е за соработка со дистрибутери во Република Македонија за пласман на хомогена мешавина на добиточна храна. Валидност дo 14.10.2015 годинa.
Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на храна од органско Компанија од Германија заинтересирана е да производство, кои не содржат штетни материи како што се конзерванси, вкусови, емулгатори, вештачки
четврток, 03 септември 2015, Бр. 233
БИЗНИС ИНФО
47
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА бои. Валидност дo 14.10.2015 годинa.
Компанија од Чешка заинтересирасна е да пласира жица, шипки и мрежа за армирање на бетон. Валидност дo 18.10.2015 годинa.
Компанија од Словенија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на уреди за Компанија од Полска бара дистрибутер за пласман автоматско заварување со електроди. на канцалариски мебел од метал во Република Валидност дo 15.10.2015 годинa. Македонија Валидност дo 18.10.2015 годинa. Компанија од Кина заинтересирана е за пласман на уреди за мерење ,мерни системи,мерна опрема, Белгиска компанија бара дистрибутер во Република медицински ваги, делови за уреди за мерење во Македонија за пласман на динамички UPS системи Република Македонија. кои се користат за непрекината моќ во снабдување Валидност дo 15.10.2015 годинa. на (електрична енергија) наменета за банки, аеродроми, болници, како и специјално во т.н. Компанија од Грција заинтересирана е да оствари центри за податоци. соработка со трговци или производители на Валидност дo 18.10.2015 годинa. вештачки ѓубрива во Република Македонија. Валидност дo 15.10.2015 годинa. Компанија од Белорусија производител на силоси за складирање жито од брановиден галванизиран челик бара нивни пласман во Република Македонија. Валидност дo 15.10.2015 годинa.
www.mchamber.mk
Контакт:
Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088