Skip to main content

Бизнис ИНФо број 186, 3.7.2014

Page 1

БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642

bsi.

ISO 9001

Quality Management

goodini

192

2 - 2014

FS 549642

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 186

www.mchamber.mk

3.7.2014

Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на северозападна Македонија предлагаат мерки за зголемување на протокот на стоки долж коридорите 8 и 10

ФОРМИРАЊЕ МЕЃУНАРОДЕН КОНЗОРЦИУМ ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА ТРГОВИЈАТА ВО РЕГИОНОТ


СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


четврток, 3 јули 2014, Бр. 186

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО

ПОМАЛИТЕ ФИРМИ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОНИСКИ КАЗНИ Оваа мерка е донесена по барање на бизнис заедницата. Казните некогаш беа многу ниски, па драстично се зголемија. Ние сега ја правиме најзначајната корекција. Фирмите кои имаат мал број на вработени и низок промет, ќе плаќаат драстично помали глоби. Одмерувањето на висината на глобата за правните лица и трговците поединци ќе се врши врз основа на следните критериуми: вкупен приход остварен во претходната фискална година, просечен број на вработени, врз основа на состојбата на крајот на претходниот месец и претходно поведение на сторителот. На пример, прекршок кој чини 10.000 денари, од сега фирма која има промет до 500.000 и до 9 вработени, ќе плати само 1500денари. Голема фирма со над 250 вработени, ќе ја плати вкупната сума на казната, односно 10.000 денари. Ова е фер и коректно кон бизнис заедницата. Очекуваме да нема негативни ефекти какви што имаше од претходната санкциона политика. За одредени прекршоци имаше високи казни. Без лиценца ако продавате алкохол казната е 8000 евра. Ако ваков прекршок направи дуќан со еден вработен тоа ќе значеше затворање на дуќанот и 1 социјален случај. Сега фирмата ќе може да опстане заради помалата казна. (М-р Владимир Пешевски, вицепремиер задолжен за економски прашања на „Сител“)

МАКЕДОНСКИОТ ОРИЕНТАЛЕН ТУТУН Е НАЈКВАЛИТЕТЕН Македонскиот ориентален тутун е исклучително квалитетен и затоа за нас е многу важно да се задржи стабилноста на неговото производство и испораката да продолжи. Ориенталниот тутун кој во голем процент е составен дел на ТДР-овите цигари е препознаен од потрошувачите кои се навикнати на неговите специфики, и оттука секое намалување на производството би се одразило и на цената на цигарите. И покрај прилично тешката економска ситуација во која се наоѓа регионот, ТДР ја задржува водечката позиција во регионот. На хрватскиот пазар држиме 60% од уделот, во БиХ - 32%, потоа во Црна Гора - 15%, Косово и Србија со 10%, а исклучително сме задоволни од постигнатиот резултат во Македонија каде оваа година за прв пат од нашето работење достигнавме над 7% удел на пазарот, приходите и количината на 510 милиони продадени цигари. Во Буџетот на Македонија ТДР уплаќа околу 16,3 милиони евра годишно. Лани ТДР откупи 1.050 тони тутун, што е раст од 5% во однос на претходната година. Пазарот на цигари во Македонија е стабилен на што најмногу влијаеше фактот што во изминатите седум години немаше раст на акцизата, а учеството на прометот на неоданочениот тутун е занемарливи 2%, додека во регионот е близу до 20%, токму поради зголемувањето на акцизите. Десетгодишниот календар на македонската Влада за зголемување на акцизите за цигари е добар чекор, бидејќи на производителите им нуди предвидливост потребна за бизнисот и цените. Важно е што ваквиот чекор ќе го контролира и нелегалниот пазар на цигари, бидејќи Македонија и со ова покачување на акцизата повторно ќе има ниско оптоварување на цената на име даноци и акцизи во однос на Европската унија. Минималното оптоварување во Македонија сега е 26,8 евра на илјада парчиња цигари, а во Унијата 77 евра. За десет години давачките во Македонија ќе пораснат на 55 евра за илјада парчиња, а во државите на ЕУ оптоварувањето ќе биде 90 евра. (Мато Задро, претседател на Управата на хрватскиот тутунски производител ТДР во „Вечер“)


БИЗНИС ИНФО

4

четврток, 3 јули 2014, Бр. 186

ПОДВЛЕЧЕНО

НЕ ОЧЕКУВАМЕ ПРОБЛЕМИ СО ИСПЛАТА НА К-15 Па со оглед на тоа што претходно договоривме со Организацијата на работодавачи висина на износ ние сметаме дека нема да има проблем во делот на исплаќањето. Што се однесува до санкциите, тие се утврдени во Законот за работни односи, може да изнесуваат до 4 илјади евра, но исто така санкциите се уште поголеми доколку некој пак се осуди да не ги реализира тие свои обврски и да започне некој судски процеси каде што навистина дополнително ќе го чини доста пари и доста труд. Станува збор за право кое е утврдено и кое е неспорно кое е задолжително така да мислам дека компаниите ќе го почитуваат тоа што го договоривме и дека регресот за годишен одмор ќе биде исплатен во целост. Во однос на тоа дали очекуваме да има проблеми во исплатата, сметам дека досегашната анализа покажа дека на почетокот имаше исплата на некаде околу 5000 работници, охрабрува што бројката од ден на ден се зголемува, а еве неполни два дена каде започнуваат обврските, а некаде бројката стигнува од 8000 до 10 000 работници кои примале регрес за годишен одмор, така да , не очекувам дека ќе има поголеми проблеми. Ако има поголеми проблеми, Сојузот на Синдикати на Македонија со здружените синдикати е спремен веднаш да излезе на терен. Ние ќе имаме работно лето, ќе имаме работна кампања која ќе се однесува со посети на претпријатија , со посета на градови. Така да ќе бидеме спремни и со Министерството за труд и социјална политика да интервенираме таку каде што треба и да обезбедиме на нашите работници да го примаат ова право. (Живко Митревски, претседател на ССМ )

LETSFUNDIT.MК ПЛАТФОРМА КОЈА ГИ ПОДДРЖУВА КРЕАТИВНИТЕ УМОВИ ВО МАКЕДОНИЈА Во Македонија, но и во целиот регион, групното вложување, за жал, е многу малку застапено и речиси да не постои. Тоа ни дава поголема мотивација и предизвик за поставување нови димензии во преприемништвото не само во Македонија, тука и во регионот. Генерално македонските граѓани не беа запознаени со овој начин на групно вложување во проекти и бизниси. Сепак еден мал дел од младите луѓе со кои сме се сретнале во изминатите пет месеци ни кажуваат дека имаат чуено за овој поим, а некои од нив ги имаат посетувано и имаат вложувано во проекти поставени на американските платформи за групно вложување. Во последниве две години неколку граѓани на Македонија се обиделе и да соберат средства за нивните проекти на странски crowdfunding платформи, но тие обиди биле неуспешни, пред сé затоа што концептот на групно финансирање најчесто успева тогаш кога креаторите се обидуваат да соберат средства за локални проекти во кои локалното население би вложувало, односно една од главните причини за успех е мрежата на пријатели, познаници и поддржувачи со кои располагаат креаторите. Дополнително мотивот кај локалните поддржувачи е поголем доколку бизнисот или проектот директно ги засега нив и нивното опкружување. Letsfundit.mk како платформа е многу функционална и едноставено направена и за вложувачите и за креаторите на проекти. Од креаторите се бара да снимат 2-3 минутно видео за визуелно да го престават својот проект на своите потенцијални вложувачи, накратко со 300 до 500 зборови детално да го објаснат проектот, да ги наведат предизвиците и ризиците со кои би можеле да се соочат и секако да напишат кратка биографија за нив, бидејќи вложувачите сакаат да знаат каде и на кого ги даваат средствата. Имајќи предвид дека Letsfundit.mk е традиционална платформа за групно вложување, можност за собирање на средства имаат само проекти и бизниси кои имаат свој почеток, крај и конкретни резултати. Токму затоа платформата не прифаќа донациски проекти. Марко Георгиевски (прв од лево на сликата) – координатор на платформата letsfundit.mk и Виктор Митевски (шести од лево на сликата ) – претседател на СВТ Алумни Македонија во „Бизнис Инфо“


четврток, 3 јули 2014, Бр. 186

БИЗНИС ИНФО

5

ИНИЦИЈАТИВИ

ПРЕДЛОЖЕНО ФОРМИРАЊЕ МЕЃУНАРОДЕН КОНЗОРЦИУМ ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА ТРГОВИЈАТА ВО РЕГИОНОТ

Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на северозападна Македонија расправаа за зголемувањена протокот на стоки долж коридорите 8 и 10

Стопанската комора на Македонија ќе иницира предлог до коморите на земјите низ кои поминуваат коридорите 8 и 10 да се анимираат нивните надлежни органи за формирање Конзорциум како меѓународно оперативно тело составено од претставници на Министерствата за транспорт, Царинските управи и стопанските комори. Целта на Конзорциумот е следење и зголемување на проодноста на стоковните текови низ Коридорите 8 и 10 и сигнализирање за проблемите и отворените прашања кои го спречуваат нормалното функционирање на истите, со предлагање на мерки и активности за нивно надминување. – ова го истакна Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија на расправата за „Олеснување на трговијата – насоки за зголемувањена протокот на стоки долж коридорите 8 и 10“. На оваа тема се дебатираше на заедничката седница на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на северозападна Македонија. На седницата презентација на темата имаше Биљана Пеева – Ѓуриќ, директор на Дирекцијата на здруженија според дејности. Во расправата двете комори оценија дека за земјата од Проблеми што влијаат на интензитетот на проодноста на стоки и исклучителна важност е да има соодветна и функционална патници низ целата траса на Коридорите 8 и 10 патна инфраструктура која ќе обезбеди непречен • Степенот на развиеност на патната инфраструктура; проток на стоки и услуги. Стопанствениците сметаат • Степенот на развиеност на граничните премини и нивната дека за подобро да се одвива размената со земјите од техничка опременост; нашето опкружување како прв чекор потребно е да се • Времетраењето и брзината на спроведувањето на царинските подобрат и поедностават царинските процедури кои процедури; преставуваат главна бариера. • Степенот на техничката опременост на царинските служби; -За нас како комапнија од исклулчителна • Бројни дозволи кои се бараат за стоки во транзит преку подрачјето важност е да се скрати времетраењето на чекање низ на Република Македонија, а кои претставуваат кочница за царионските терминали. Ние сме како изолирана конкуретноста на македонската логистика во регионов; држава. За еден трансформатор од Приштина да стигне • Воспоставениот режим на сообраќај меѓу земјите од Регионот, во во Скопје на ремонт треба да чекам помеѓу 5 до 7 од аспект на употребата на дозволите и другите прекугранични дена. За нас границата и царината преставуваат главна документи; бариера, се пожали Аце Антевски, директор на „Раде • Висината на патните такси и давачки; Кончар-сервис“. • Недоволната меѓусебна комуникација и техничка поврзаност Меѓутоа, според Иван Петровски, директор во меѓу надлежните државни органи, соодветните институции, „Фершпед“, македонската царина работи според сите инспекциските служби и други инволвирани страни во увозноевропски стандари и се придржува кон сите регулативи извозните процедури; кои се неопхдони за непречено работење. • Нецелосно усогласена правна легислатива со прописите на ЕУ. -Убеден сум дека доколку комапниите дирекно пред Царината ги посочат потешкотии со кои се соочуват

МНОГУ ПРИЧИНИ ЗА СПОРОСТ


БИЗНИС ИНФО

6

четврток, 3 јули 2014, Бр. 186

ИНИЦИЈАТИВИ при транспиртот на своите произоди тие ќе најдат начин да им излезат во пресрет. И Костадин Барзов од штипска „Баргала“ истакна дека локалното царинење што го уведе Царинската управа на Република Македонија придонесе за олеснување на преминот на стоката преку границите. Иако едногласна беше констатацијата дека од суштинска важност е што по интензивно да се работи на финализирање на Коридорите 8 и 10, сепак, сосема е очигледно дека тој процес ќе трае сигурно уште неколку години . Токму затоа Џемаил Даути од Стопанската комора на Северозападна Македонија побара да не се изостануваат и Коридорите 6 и 9. Пристаниште Солун Но, исто така, забележа дека паралелно треба да се работи и на модернизирање на железничката инфраструктура. Слично мислење дели и Антони Пешев , претседавач на Собаранието на Стопанската комора на Македонија: -Потребно е доградба на Коридорот 6, кој води кон Приштина. Со тоа пристаништата Драч и Бар би биле одлична алтернатива за Солунското пристаниште. Треба да се биде реален, бидејќи • Подобрување на царинските процедури (продолжување на сосема е јасно дека изградбата на Коридорите 8 и 10 присуството на царинските службеници во текот на вечерните ќе потрае. Нема ниту една причина зошто би имале часови во работната недела и за време на утринските часови затворени „сообраќајни вени“ кон која било од земјите во текот на викендите, со цел зголемување на приемот и од нашето окпружување особено што дел од нив веќе испораката на стока); се членки на ЕУ. Добрата транспортна поврзаност е • Корекции во тарифникот за користење на услугите на од исклучителана важност и за мобилноста на работна пристаништето - можност за потпишување на поединечни сила. договори по намалени стапки за конвенционален товар; Целта на предложениот Конзорциумот • Унапредување на соработката со грчката железница, со цел би било следење и зголемување на проодноста подобрување на услугите и намалување на давачките од на стоковните текови низ Коридорите 8 и 10 и континуирано користење на истите; сигнализирање за проблемите и отворените прашања • Набавка на нова машинска опрема за карго товарање, кои го спречуваат нормалното функционирање на растовар и ракување, и истите, со предлагање на мерки и активности за нивно • Додавање на дополнителен контејнерски простор за надминување. Во тие рамки посебно се предвидува складирање во слободната зона на пристаништето. Конзорциумот да иницира: • изработка на заеднички регионални проекти за изградба и осовременување на Коридорите 8 и 10 (со кои би се конкурирало за парични средства од европските фондови и програми Хоризонт 2020 и светските финансиски институции ЕИБ, Светска банка); • мерки и активности за забрзување на процесот на хармонизација и меѓусебно унифицирање на патните такси и усмерување на дел од нив во унапредување на транспортната инфраструктура; • отстранување на сите нетарифни бариери кои го успоруваат протокот на стоките низ коридорите (дозволи, протекционистички практики, и сл.), давајќи приоритет на хармонизирање на комплетната легислатива со прописите на ЕУ, што ќе овозможи непречен проток на стоките, намалено време на чекање на граничните премини и сл.;

ПОДОБРУВАЊЕ НА ЦАРИНСКИТЕ ПРОЦЕДУРИ, КОРЕКЦИИ ВО ТАРИФНИКОТ, НАБАВКА НА НОВА МАШИНСКА ОПРЕМА ...

1. Зголемување на капацитетот на граничниот премин Богородица (тесно грло во периоди кога има сезонски извоз на расиплива стока од земјоделско потекло). За негово оптимално функционирање потребно е Министерството за транспорт и врски на РМ да даде приоритет во реализацијата на функционалната транспортна стратегија со цел истиот


четврток, 3 јули 2014, Бр. 186

БИЗНИС ИНФО

7

ИНИЦИЈАТИВИ

2.

3.

4.

5.

да се прошири и да овозможи капацитет за непречена фрекфенција на камионите. Да се пристапи во подготовка на соодветни проекти за инфраструктурно опремување на дефинираните национални мултимодални јазли (Кичево, Трубарево, Јурумлери и Бунарџик). Во овој процес, за кој А) Релација Истанбул – Драч (Коридор 8) е надлежно Министерството за транспорт и • релација - 1.140 километри; врски, неопходна е вклученоста на бизнис • просечно време на превоз во една насока - околу 2,5 дена; заедницата и тоа од два аспекти: прво, • вклучувајќи ги сите трошоци, просечната цена на превозот во една од аспект на унапредување на услугите насока e околу 2.000 евра; на дејноста сообраќај и второ, од аспект *** конкурентниот патен правец на релација Истанбул-Драч преку Грција е со должина на заживување на концептот на јавноод 1.055 километри, со подобра состојба на патиштата, преку кој временската должина на приватно партнерство. превозот е околу 2 дена Комисијата задолжена за фунционирањето на EXIM – системот (Царинска Управа, Б) Релација Белград – Солун (Коридор 10) инспекциски служби, Комора) да направи • релација - 625 километри; анализа дали воопшто одредени дозволи/ • просечно време на превоз во една насока - околу 2 дена; согласности за увоз-извоз на некои видови • вклучувајќи ги сите трошоци, просечната цена на превозот во една на стока треба да постојат, со оглед дека насока изнесува 850-900 евра; дел од нив немаат никаква оправданост, а дел од нив се дуплираат во издавањето од двa или повеќе надлежни органи. Со средства од ИПА-фондовите врз основа на изготвени проекти, да се пристапи кон техничко доопремување на граничните премини, со што би се решил дел од инфраструктурните проблеми со кои се соочуваат инспекциските служби и на границите и на аеродромите, со што ќе се забрзаат постапките за инспекциска контрола. Отворањето на контејнерски терминали на граничните премини и поинтензивна примена на контејнерскиот транспорт согласно меѓународните технички стандарди и прописи. Во таа насока треба да се изготви соодветен проект со точно дефинирање на изворите на средствата за финансирање на истиот, во кој ќе биде вклучена и можноста за финансирање по основ на јавно-приватно партнерство.

Горазд Чомовски

СИМУЛАЦИЈА НА ЕДНА РУТА НА КАМИОН ПРЕКУ КОРИДОРИТЕ 8 И 10


БИЗНИС ИНФО

8

четврток, 3 јули 2014, Бр. 186

ФОКУСИРАНО

ПОМАЛА ОПТОВАРЕНОСТ НА ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ, ПОГОЛЕМА БРЗИНА И ТОЧНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ

Државниот завод за статистика го започнува проектот Е-стат

Статистичките институции сe соочени со ризиците и предизвиците што ги носат новите информатичко комуникациски технологии. Огромна количина достапни информации се генерира секоја секунда низ целиот светa, a технолошките промени влијаат и на начинот на прибирање на податоци - нови извори, нови методи, нови начини на прибирање, нови алатки, нови производи. Од огромната количина на информации да се филтрираат релевантни статистички податоци е многу сложен и скап процес. Со оглед на ваквата состојба, директорката на Државниот завод за статистика, д-р Благица Новковска, на прес - конференција во Стопанската комора на Македонија на тема „Стандардизација и модернизација на статистичките процеси, со примена на ИКТ во прибирање на податоците“, истакна дека за намалување на оптовареноста на давателите на податоци ДЗС ги следи добрите пракси од Европскиот статистички систем (30.6.2014 година). -Постои ЕУ стандарден модел на трошоци кој оптовареноста на деловните субјекти ја изразува преку финансискиот трошок од потрошеното време за сите извештаи што бизнис секторот треба да ги достави според барањата од државната администрација. Во ЕУ измерената оптовареност со барања од статистиката е навистина мала, во најголем број случаи од 1 до 2% . – истакна Новковска. Во времето на брзи промени во информатичко комуникациските технологии и огромната количина на достапни информации кои се генерираат секоја секунда низ целиот свет (паметни телефони, таблети, кредитни картички, социјални и други мрежи…) очекувањата од статистиката за релевантни, прецизни и навремени податоци се многу поголеми од кога и да е. При тоа се очекува намалување на користените ресурси и потребното време за производство на статистиките, со истовремено намалување на оптоварувањето на давателите на податоци. Тоа е можно само со стандардизација и модернизација на статистичките процеси, а пред се со промени во процесот на прибирање на податоци. Директорката на Дирекцијата за регионални комори и меѓународната соработка Софче Јовановска истакна дека инфраструктура за примена на ваквите системи постои, врз основа на официјалните податоци за користењето на ИКТ од страна на правните субјеки. Според ДЗС, во земјава интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 91.5% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени, 57.4% од деловните субјекти за своите вработени обезбедиле далечински пристап до системот на е-пошта, документите или апликациите на претпријатието, и 32.4% од вработените во деловните субјекти со 10 или повеќе вработени при вршењето на работните задачи користеле компјутер најмалку еднаш неделно. Директорката Новковска истакна дека во ЕУ се спроведува истражување за мерење на администартивниот товар односно оптовареноста на бизнис секторот со барањата за различни извештаи од страна на државната администрација. Анализата покажува дека известувањето за статистички потреби е неспоредливо помал товар споредено со сите други извештаи кои се доставуваат. Сепак, перцепцијата за оптовареност е многу поголема од реалниот товар. Промените во процесите тука можат да дадат најбрз и видлив резултат. Затоа ДЗС во последниот квартал од оваа година ќе започне со прибирање податоци преку електронски прашалници. -Се работи за комплексен ИТ систем кој има многу предности, а пред се визуелно поедноставен и помал прашалник што ќе придонесе за скратување на потребното време и напор за пополнување. Ново е и тоа што секој деловен субјект ќе има своја персонализирана веб страна со многу корисни информации, меѓу кои потсетување за обврските и календарот на доставување податоци. Ова претствува голем исчекор за Заводот во реализацијата на визијата за европска статистика, - додаде Новковска. На заедничката прес конференција на Стопанската комора на Македонија и Државниот завод за статистика беше истакнато дека во наредниот период во план се и други мерки за намалувањето на оптовареноста на деловните субјекти. -Најголемо намалување на товарот од административното известување, ќе се случи тогаш кога деловните субјекти за потребите на различни институции ќе доставуваат автоматски генерирани извештаи од своите ИТ системи, - рече Новковска. Горазд Чомовски


четврток, 3 јули 2014, Бр. 186

БИЗНИС ИНФО

9

БАРАЊА

ПРЕЦИЗИРАЊЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ И ЗГОЛЕМЕНИ КОНТРОЛИ

Групација за домување со станбен и деловен простор

Претставниците на Групацијата за домување со станбен и деловен простор при Стопанската комора на Македонија на дискутира за повеќе проблеми со кои се соочуваат во своето работење (27.6.2014 година). Како една од клучните, е дефинирање на обврските согласно законот за ДДВ, според кој Управителите на станбени згради се јавуваат како даночни обврзници за што е побарано и толкување од министерството за финансии и Управата за јавни приходи. Управителите алармираат и бараат од Регулаторната комисија за домување да ги контролира сите иматели на лиценци дали согласно законот го имаат исполнето условот да располагаат со 5.000 евра влог. За управителите, непочитувањето на оваа одредба ги става во подредена положба сите оние кои го почитуваат законот. Претседателот на регулаторната комисија за домување Душко Кадиевски, ги информираше претставниците на компаниите, Управители на станбени згради, дека нивното барање ќе биде разгледано и во најкраток можен рок ќе бидат потсетени сите фирми што не го исполниле условот, да се прилагодат согласно законот. За овие компании чија дејност е одржување на станбените и деловни простории, имаат забелешки и на законот со кој се товарат и се бара одговорност од нив во врска со техничката исправност односно неисправност на лифтовите. На Инспекторите од техничката инспекција присутни на состанокот им беше предочено, дека Управителите само работат во име и за сметка на граѓаните и дека е невозможно тие да сносат одговорност ако граѓаните жители на една зграда, односно влез, не сакаат или пак немаат можност да платат за сервисирање и технички преглед на лифтот. За таа цел се бара прецизирање на законските прописи со кои се уредува овој дел од работењето на Управителите. Овие компании алармираат и на проблемите кои може да им се јават со примена на Законот за финансиска дисциплина, пред се, во деловните релации со ЕВН и Водоводните претпријатија на ниво на општини, бидејќи како што велат, сметките за потрошена струја во влезовите стигаат во различни делови од државата во различни периоди од месецот и до моментот на наплата на сметките (поради нередовно плаќање на обврските од страна на граѓаните), може да помине и до 3 месеци. За таа цел бараат односите со ЕВН и водоводните фирми да се договорат на посебен начин, за што од Групацијата за домување со станбен и деловен простор при Комората ќе биде испратен посебен допис до овие компании со цел подетално уредување на меѓусебните должничко - доверителски односи. Даниела Михајловска Василевска


БИЗНИС ИНФО

10

четврток, 3 јули 2014, Бр. 186

БАНКАРСТВО

СТАНБЕН И ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ ПО НАЈПОВОЛНИ УСЛОВИ НА ПАЗАРОТ Во Комерцијална банка АД Скопје од почетокот на месецов може да се добие станбен и потрошувачки кредит со најповолни услови на пазарот. Станбениот кредит е со каматна стапка од 4,85% годишна, фиксна за првите 5 години и 6,65% годишна променлива каматна стапка за остатокот на периодот за отплата на кредит со ЕУР клаузула. Потрошувачкиот кредит е со 6% годишна фиксна каматна стапка за првата година и 7,65% годишна променлива за остатокот на периодот на отплата за кредитот до 10.000 евра со ЕУР клаузула. Комерцијална банка продолжува и со промотивниот период за одобрување и администрирање без надомест на сите новоодобрени потрошувачки и станбени кредити со ЕУР клаузула до 31.12.2014 година. За сите новоодобрени потрошувачки кредити со ЕУР

клаузула во промотивниот период од 01.07-31.12.2014 година, нема да се наплатуваат трошоци за одобрување и администрирање. Без надомест за одобрување и администрирање и без трошоци за процена на вредноста на инструментот за обезбедување, Банката овозможува и за сите новоодобрени станбени кредити со ЕУР клаузула, во промотивниот период од 01.07-31.12.2014 година. За одобрен потрошувачки кредит наменет за рефинансирање на постоечки потрошувачки кредити во Банката, како и за одобрен станбен кредит наменет за рефинансирање на постоечки станбен кредит во Банката ќе се пресметува и наплатува надомест согласно актите на Банката. Повеќе информации околу условите за кредитите на веб страната на Банката www.kb.com.mk (Комерцијална банка)

ДОЗВОЛЕНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА - OVERDRAFT НЛБ Тутунска банка како постојан промотор и поддржувач на растот на компаниите во Македонија, со цел задоволување на нивните потреби, ја прошири понудата за правни лица со нов продукт – дозволено пречекорување на трансакциска сметка - overdraft. Дозволеното пречекорување им овозможува на компаниите одржување на ликвидноста и задоволување на потребата од дополнителни средства во даден момент, без потреба од дополнителни кредитни процедури. Исто така, се овозможува и надминување на одредени сезонски флуктуации во паричните текови, како и премостување на одреден период се до наплата на побарувањата од своите купувачи. Предноста на дозволеното пречекорување е во брзата процедура за добивање и едноставниот пристап до потребните средства.

Комерцијална банка АД Скопје

НЛБ Тутунска банка воведе нов продукт за правните лица

Дозволеното пречекорување е со поволна каматна стапка која се плаќа само на искористениот износ. Отплатата се врши со секој прилив на сметката на друштвото без провизија, зависно од можностите, без потреба од стриктен план за плаќање на рати. Дозволеното пречекорување се обновува годишно, додека износот се утврдува врз основ на просечните месечни приливи на фирмата во последната година. Дополнителни информации клиентите можат да добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефон 02/15 600 или на веб страната: www.nlbtb.com.mk (НЛБ Тутунска Банка)

ЕЛЕКТРОНСКО ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ

ПроКредит Банка со нова електронска услуга за клиентите

ПроКредит Банка започна со електронско потпишување на договори за бизнис клиентите кои во банката користат рамковен договор кој опфаќа користење на сите кредитини услуги од банката. Со оваа новина договорите за кредит, акредитив, гаранција, кредитна линија или краткорочно користење на средства клиентите ќе можат да ги потпишат од нивната канцеларија. ‘’Очекуваме оваа новина значително да го забрза и поедностави начинот на работа со клиентите. На клиентот еднократно му се одобрува рамковниот договор, а потоа секоја услуга ја потпишува електронски и на тој начин ја остварува комуникацијата со банката.’’ изјави Стевче Кузмановски, директор на секторот за мали и средни претпријатија во ПроКредит Банка Со додавање на оваа услуга ПроКредит Банка овозможи чекор плус во поедностаeн пристап до финансиските услуги од банката. Клиентите електронски ги потпишуваат договорите, ги добиваат средствата на својата сметка побрзо, а сите плаќања можат да ги извршуваат преку системот за електронско банкарство. (ПроКредит банка)


четврток, 3 јули 2014, Бр. 186

БИЗНИС ИНФО

11

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

ВОВЕДЕНО СВЕТСКОТО ВОДЕЧКО РЕШЕНИЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

„Алкалоид“ го надгради SAP системот

„Алкалоид“ го надгради својот корпоративен систем со едно од најкомплексните и водечки решенија за управување со човечки ресурси во светски рамки, со цел подигнување на нивото на безбедност и здравје при работа и унапредување на професионалниот развој на вработените, синхронизирајќи ги целокупните веќепостоечки бази на податоци. Конкретно постоечкиот SAP ERP систем - Enterprise Resource Planning (брендиран од страна на „Алкалоид“ под името AlkaSAP), кој претставува систем за целосно управување со базите на податоци на компанијата, е надграден во деловите: организациски менаџмент, персонална администрација, персонален и развој на вработените, менаџирање на професионални обуки и настани, безбедност и здравје при работа и менаџирање на патувања. Иако станува збор за еден од посложените проекти од овој тип, тимот на „Алкалоид“ успеа да го реализира за мошне краток период од шест месеци, имплементирајќи ги во целост сите пет фази од него. Согласно стратегијата за инвестирање во напредна технологија, која „Алкалоид“ ја негува речиси осум децении, овој чекор претставува огромен напредок во процесот на создавање додадена вредност од страна на компанијата, за задржување на водечката позиција на македонскиот пазар и уште поуспешен глобален настап. Во таа насока, според долгорочниот стратешки план, „Алкалоид“ во следниот период ќе го имплементира AlkaSAP решението во уште неколку свои претставништва во странство. („Алкалоид“)

QUDAL – QUALITY ЗА „ВИТАМИНКА“

Признаније за компанијата која е симбол за македонски квалитет

„Витаминка“ е добитник на признането Qudal - Quality meDAL кој е симбол за квалитет. Тоа е дополнителна потврда за довербата на потрошувачите. - Радува фактот што признанието се однесува и целосно на компанијата како симбол за македонски квалитет, а и за еден од нашите најпознати бренда. Во производното портфолио кое го сочинуваат многу производи, приоритетен е квалитетот и неговото одржување. Затоа нашата постојана стратегија е инвестирање во опрема, технологија и висококвалитетни состојки со цел постигнување поголем квалитет на нашите производи, изјави Сашо Наумоски, генерален извршен директор на „Витаминка“. Признанието е доделено во две категории - за компанија со најдобар квалитет кога станува збор за производи и услуги на македонскиот пазар, како и во категоријата кечап за апсолутно најдобар квалитет на македонскиот пазар. Qudal се доделува врз основа на истражување спроведено од Меѓународното здружение за сертификација со седиште во Цирих, Швајцарија. („Витаминка“)


12

БИЗНИС ИНФО

четврток, 3 јули 2014, Бр. 186

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

„ЗАЕМНА ЕНЕРГИЈА-ОДРЖЛИВО ПАРТНЕРСТВО“

ЕВН ја одбележа Европската недела на одржлива енергија во Македонија

Под мотото „Заемна енергија-одржливо партнерство“ ЕВН ја одбележа Европската недела на одржлива енергија во Македонија. Европската недела се одбележа на хидроцентралата Матка на 26.6.2014 година, една од најстарите во Македонија. Со дополнителни инвестиции на ЕВН, оваа хидроцентрала има зголемено производство од 4,2 MW на 9,7 MW. Оваа хидроцентрала годишно произведува околу 30 GW/h и од неа се снабдуваат над 5.000 домаќинства. - Имајќи предвид дека одржливата енергија е основа за развој, ЕВН инвестираше околу 230 милиони евра во изградба на нова дистрибутивна мрежа и реконструкција на постојната. Како што рековме минатата година, ЕВН ќе продолжи да инвестира во дистрибутивната мрежа и со тоа да го подобрува квалитетот на снабдувањето, изјави Вернер Хенгст, претседател на Управниот одбор на ЕВН. Освен дистрибутивниот систем во Македонија, ЕВН управува и со 11 мали хидроцентрали, меѓу кои и хидроцентралата Матка. Со либерализацијата на пазарот на електрична енергија во семејството на ЕВН е и новата компанија „ЕВН Снабдување“ која има најголем удел од над 70 отсто на слободниот пазар на електрична енергија во Македонија. - Стабилен систем и одржлива енергија се два концепта кои се од голема важност за компаниите, особено на отворен пазар. Во вакви услови од клучно значење е доверлив и стабилен партнер кој ќе понуди добра поддршка и најдобри услови. Компаниите тоа го препознаа во нас и ние и во следниот период ќе имаме најдобра понуда за одржлив бизнис, особено во следната фаза од процесот на либерализација, истакна Нико Берберу, менаџер на ЕВН Снабдување. Од септември годинава над 67.000 потрошувачи ќе можат да изберат свој снабдувач на електрична енергија. Европската недела на одржлива енергија првпат почна да се одржува во 2006 година на иницијатива на Европската комисија. Оттогаш, во рамки на Европската недела на одржлива енергија се одржуваат настани, конференции и манифестации посветени на концептот на одржлива енергија, како и натпревар на проекти од оваа област. Оваа година Европската недела на одржлива енергија се одржува од 23 до 27 јуни.(МИА)

ГРАЃАНИТЕ СЕ ЗАПОЗНАА СО ПОСТИГНАТИОТ НАПРЕДОК НА КОМПАНИЈАТА

Отворен ден во „Фени Индустри“

Во фабриката за фероникел „Фени Индустри“ во Кавадарци на 27 јуни 2014 година се организираше седмиот„Отворен ден“. Заинтересираните граѓани имаат можност да се запознаат со постигнатиот напредок на фабриката во изминатите години, со производството, инвестициите... - Овој отворен ден има тројна придобивка. Настанот има информативно-едукативен карактер и ги опфаќа сите засегнати страни. Овојпат посетители се младинците на Кошаркарската академија Фени Индустри, уште еден општествено одговорен проект на ФЕНИ кој го поддржува спортот и младите луѓе, и на кои ФЕНИ се посебно горди оваа година бидејќи го освоија третото место на македонскиот национален шампионат, рече Борка Петровска, менаџер на администрација. Таа информира дека посетители се и практикантите кои во моментов извршуваат пракса во компанијата, а се од различни профили, како инжинери металурзи, машинци, електро инжинери, економисти, информатичарии... - Практикантите се третата општествено одговорна категорија опфатена со овој настан, со што ФЕНИ ја демонстрира својата поддршка кон создавање стручно образувани и квалификувани кадри, рече Петровска. (МИА)


четврток, 3 јули 2014, Бр. 186

БИЗНИС ИНФО

13

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

СИСТЕМОТ ПРОПАДНА БИДЕЈЌИ СE’ БЕШЕ ЗАВИСНО ОД САД

Бретон Вудс и новиот светски поредок

* На 1 јули пред 70 години во скијачкиот центар Бретон Вудс во американската сојузна држава Њу Хемпшир се состанаа водечките економисти од 44 држави за да воспостават нов светски монетарен поредок. Кога почна конференцијата на 1. јули 1944 година во Бретон Вудс, светот по двете Светски војни, стопански и финансискополитички се наоѓаше пред огромни проблеми. Државите одамна се простија од т.н. златен стандард, односно нивните валути повеќе не беа врзани за цената на златото. Во крајна линија, двете војни беа финансирани со дополнително печатење пари и со свест дека тоа ќе предизвика зголемена инфлација. „На крајот тоа доведе до еден вид монетарна војна“, вели Јирген Матес од Институтот за германско стопанство (ИВ). Сите сакаа своите добра да ги продадат ефтино и да профитираат од другите. Светската трговија беше уништена. Учесниците на конференцијата во Бретон Вудс беа согласни дека на светот му е потребен нов монетарен и трговски поредок. Два концепти беа ставени на дискусија. Британскиот економист Џон Мајнард Кејнс во еден од концептите предлага создавање на депозитна валута преку која партнерите ќе тргуваат. „Кејнс не сакал Американците да ја имаат комплетната одговорност и контролата врз глобалниот валутен систем“, вели Доминик Геперт, историчар на Универзитетот во Бон. Доларот ја менува фунтата Планот на Кејнс бил осуден на пропаст. Имено, светот од една страна не бил подготвен за мултилатерно решение, а од друга, Кејнс уште од почетокот имал слаба преговарачка позиција. Дополнителен проблем за Кејнс било и тоа што кај Американците сакал да реагира и за висината на британскиот воен долг. На крајот, сепак, минал планот на соработникот на американското министерство за финансии Хари Декстер Вајт. Неговиот план предвидувал меѓународен монетарен поредок со доларот како водечка валута. Тоа значи дека сите земји се обврзале своите валути, во одредена мерка да ги врзат за доларот, а за возврат САД гарантирале дека доларот ќе го гарантираат со резерви во злато. На оваа конференција основани се Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Во 1947 година потпишан е Генералниот договор за царина и трговија (ГАТТ). Сето тоа станало дел од бретонвудскиот систем кој, без сомнение, придонел за заживување на светската трговија. Но, во истовреме, самиот факт што најголемиот дел од светската трговија била вршена во долари, значел и зголемена побарувачка за доларот. Тоа е всушност и контрадикторноста на бретонвудскиот систем: како да се обезбеди повторната размена за злато, доколку се печатат сѐ повеќе долари? Долгови на сметка на другите Американците брзо сфатија дека можат да печатат колку сакаат долари, благодарение на неговиот статус на резервна валута. И таа привилегија често и ја користеа, дури и кога тоа значеше зголемување на трговскиот дефицит. Тие трошеа повеќе одошто произведуваа, а војната во Виетнам, само ја зголемуваше буџетската дупка. Прв на таквата политика се спротивстави францускиот претседател Шарл де Гол. Тој повеќе не сакаше да ја финансира американската војна во Виетнам, и почна да ги разменува француските резерви на долари во злато. Де Гол дури испрати и подморница да го донесе златото во Париз. Ова, на некој начин, го означи крајот на системот од Бретон Вуд. На 15 август 1971 година, американскиот претседател Ричард Никсон ја укина одлуката со која доларот се поврзува со златото. По т.н. „Никсонов шок“, неколку западни централни банки се обидоа да го реформираат системот, но попусто. Особено за Германија, сумите потребни за валутни интервенции станаа астрономски. Во март 1973, владата на Вили Брант соопшти дека повеќе не го поддржува доларот. И други земји го следеа германскиот пример, со што беше означен крајот на системот од Бретон Вудс. „Системот од Бретон Вудс пропадна бидејќи сѐ беше зависно од САД. А Вашингтон, не успеа да спроведе монетарна политика насочена кон стабилност, особено за време на војната во Виетнам“, вели Јирген Матес. Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка го преживеаја распадот на системот, додека ГАТТ подоцна прерасна во Светска трговска организација. (Дојче Веле)






БИЗНИС ИНФО

14



четврток, 3 јули 2014, Бр. 186



 



   

          

    

  

                                                                                    



 

                                

                                                                                                           

                                                                                                                                                                                            

                                             




четврток, 3 јули 2014, Бр. 186



БИЗНИС ИНФО



15

        

      



   

                                                                                 

  



   

 

                                                                                                                                                                    

                                                                                                                                                                                         

      

   

                                                                   


БИЗНИС ИНФО

16

четврток, 3 јули 2014, Бр. 186

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА” 11 јули 2014 година, 10:00 - 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Семинар -Конкретни појаснувања за неговата примена од страна на Министерството за финансии и ЕУ директивите-

Предавачи: 1. Јане Севдински, Сектор за финансиски систем, Министерство за финансии; 2. Доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгите „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија“ и „Ерозија на јавните финансии“. ПРОГРАМА: Примена на Законот за финансиска дисциплина • Навремено исполнување на паричните обврски: - Носители на финансиска дисциплина; - Работна и дистерсна репрограма на побарувањата; - Реструктуирање на побарувањата и работењето; - Закрепнување на должниците; - Регулаторска преферирана терминологија резервациски третман на различни типови на финансиски обврски. • Јурисдикцијата на финансиската дисциплина: - Деловни трансакции; - Eкономските оператори; - Jавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор; • Поимите што се употребуваат во законите: - Деловна трансакција; - Субјекти од јавен сектор; - Економски оператори од приватниот сектор; - Парична обврска; - Фактура; - Задоцнето плаќање; - Законска казнена камата; - Надоместок за доцнење во исполнувањето на паричната обврска;

- Одговорно лице во субјект од јавниот сектор; - Одговорно лице во економски оператор од приватниот сектор. • Рокот за исполнување на паричните обврски: - Kога должникот ја примил фактурата; - Kога доверителот ја исполнил својата обврска; - Истекот на рокот за преглед и потврдување на стоките и услугите. • Правото на надоместок за доцнењето: - Паричните обврски кои не се исполнети во роковите; - Право на каматата; - Делумно ги намирил паричните обврски. • Надзор над спроведувањето: - Финансиската инспекција во јавниот сектор. * Пријавување до 8 јули 2014година. * За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел:++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса:beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел:++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса:anita@mchamber.mk


четврток, 3 јули 2014, Бр. 186

БИЗНИС ИНФО

17

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Oд 11 до 14 септември 2014 година Меѓународен саем за информатичко –комуникациски технологии во Република Турција

“CEBIT EURASIA” ВО ИСТАНБУЛ

“CeBIT Еуразија” претставува најважен саем на ИКТ секторот во цела Евроазија и форма на меѓународен центар за поголемиот број на ИКТ пазари на Турција, Југоисточна Европа, Средниот Исток и регионот на Црно Море.Со ова е создаден најголем пазар со тесно поврзаните сектори ИКТ, радиодифзија и сателитска комуникација. На “CeBIT Еуразија” учествуваат излагачи и посетители, кои се активни во следниве области: • Светот на бизнисот (телекомуникаци, комуникациски и интернет услуги, автоматизација на канцеларија, картичка технологија, системски софтвер/ услуги); • Потрошувачка електроника (комуникациска технологија, РФИД-технологија, мобилни картички системи, GPS и навигација, управување со сообраќајоот); Webcity / Е-здравје; дигитален живот (мобилни комуникациски и HD-светот). • телевизија, радиодифузија и сателитски комуникациски услуги и опрема (видео, аудио и осветлување, кабли, радио комуникациски системи, комуникациски услуги). Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија во соработка со Саемот од Истанбул, посредува во обезбедување хотелско сместување и авионски резервации. Посетителот ги покрива патните трошоци, трошоците за сместување, влезници за саемот, како и организационите трошоци кон Комората за учество како посетител (2.950,00 денари со вклучен ДДВ по лице за членки на Комората, а 5.900,00 денари со вклучен ДДВ по лице за не-членки на Комората). Во организација на ЕЕН мрежата, можете да се пријавите и на Б2Б бизнис средби кои се бесплатни. Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 15.7.2014 година. Контакт: Лазо Ангелевски laze@mchamber.mk Здружение на информатичко-комуникациски технологии СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА


БИЗНИС ИНФО

18

четврток, 3 јули 2014, Бр. 186

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Повик за учество на „Marketplace Austria“ на 15.10.2014 година

БИЗНИС-СРЕДБИ СО АВСТРИСКИ ФИРМИ - ПРОИЗВОДИТЕЛИ

Стопанската комора на Австрија организира деловни средби на австриски фирми - производители на прехранбени производи со интернационални увозници на прехранбени производи. „Marketplace Austria“ е настан со најголема посетеност на компании од цела Европа и истиот ќе се одржи на 15.10.2014 година во Стопанската комора на Австрија во Виена. Ве покануваме на овој настан, со цел да остварите контакти со австриски производители. Во прилог е линкот од веб-страната, каде што можете да се регистрирате за учество, да ги видите пријавените фирми и да ја видите програмата за настанот. http://www.b2match.eu/food2014 Доколку сакате да учествувате на овие средби, треба задолжително да се регистрирате на следнава веб-страна: http:// www.b2match.eu/food2014 . Видео од настанот „Marketplace Austria“ што беше одржан во 2013 година во Виена можете да видите на: http://wko. tv/play.aspx?c=3181 . Искористете ја оваа можност и посетете го овој настан, којшто ќе се одржи неколку дена пред големиот саем за прехранбени производи SIAL на 19.10.2014 година во Париз.

Пријавување до 4.8.2014 година.

Tрошоците за престој се бесплатни (две ноќевања со појадок во хотел со 4 ѕвезди и една вечера), додека превозот Скопје – Виена - Скопје е на ваш товар. Бројот на места е ограничен. За сите дополнителни информации Ви стоиме на располагање. Контакти: Амбасада на Австрија во Скопје Трговско одделение при Австриската Амбасада во Скопје Максим Горки број 1 T +389 2 310 92 32 F +389 2 313 19 68 skopje@advantageaustria.org www.advantageaustria.org/mk Стопанска комора на Македонија Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Osnovana 1922

Founded 1922

БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија

Уписите се во тек!


20

БИЗНИС ИНФО

четврток, 3 јули 2014, Бр. 186

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„AUTOMECHANIKA FRANKFURT 2014“ „Automechanika Frankfurt 2014“ е еден од најпознатите и најголеми меѓунардони настани од областа на автомобилството, автомобилските делови, услуги, сервисни станици, автомобилски резервни делови, додатоци и автомобилска електроника и др.. Компаниите од Република Македонија преку учество на Саемот ќе имаат можност да обезбедат поголем извоз и соработка со деловни партнери од Европа и пошироко. Организаторот, на македонските компании им нуди можност за: • учество како излагачи на штанд од минимум 9 м2, по цена од 2800 евра (со вклучен ДДВ) во зависност од местоположбата и отвореноста на штандот. Во цената е вклучено и објавување на податоците за фирмата во каталог на изложувачи, прикажување на веб-страната на Саемот, прикажување на посебен деловен портал, вклучување во Компас системот кој овозможува побрзо пронаоѓање на фирмата, како и претставување во АПП-каталогот за мобилни телефони кој го користат голем број посетители на Саемот (во прилог: предлог-брошура); • учество како посетители на Саемот, за што организаторот нуди: • влезници за Саемот по цена од 26 евра за ден или 47 евра за сите денови, доколку се обезбеди преку организаторот. Цената е 30% пониска од цената на билетите на самиот Саем; • можност за директни контакти со фирми (деловни средби), со посредство на организаторот. Посетителот ги покрива патните трошоци, трошоците за сместување, како и организационите трошоци кон Комората за учество како посетител, (2.950,00 денари со вклучен ДДВ по лице за членки на Комората, а 5.900,00 денари со вклучен ДДВ по лице за не-членки на Комората). Стопанската комора на Македонија во соработка со Саемот од Франкфурт, посредува во обезбедување хотелско сместување и авионски резервации. На Саемот, којшто го посетуваат повеќе од 150.000 лица од над 120 земји, ќе бидат изложени разни видови производи од автомобилската индустрија.

Саем за автомобилската индустрија во Германија * Од 16 до 20 септември 2014 година во Франкфурт Делови и компоненти: Погонски механизам, шасијата, стандардни делови, внатрешни работи, алтернатива на оригиналната опрема на возни единици, галантерија за полнење, регенерирање, реставрирани и обновени делови за автомобили и комерцијални возила, делови и услуги за возила, возила за гроздобер, институции од индустријата и издавачи. Електроника и системи: Електроника на моторот, осветлување на возилото, електричен систем, системи за помош на возачот, безбедност на возилото, удобност на електроника, институции од индустријата и издавачи. Додатоци и подесување: Општи додатоци за моторни возила, подесување, системи на перформанси, подобрување на дизајн, имиџ, специјални возила, опрема и модификации, алтернативни единици за возење, гуми, системи за контрола на притисокот, приколки за автомобили и мали реклами, резервни и помошни делови за приколки, институции од индустријата и издавачи. Поправка и одржување: Гаражна опрема и алат, репарирање и поправки, заштита на бојата од корозија, возила за лесна и тешка категорија, комунални возила, нови возила, приколки, влечна служба, возила за брза помош, мобилни услуги, возила за отстранување на отпад, опрема за посредничка агенција, основна обука и обука пред користење, реставрација и одржување на автомобили за гроздобер, институции од индустријата и издавачи. ИТ и управување: Посреднички агенции за планирање и градежништво, финансии, концепт на франшиза, патентно барање за управување и контрола, дилер на системи за управување, маркетинг агенции, интернет сервис провајдери, кластерски иницијативи, концепт на мобилност, институции од индустријата и издавачи. Сервис и миење на автомобили: полнење гориво, перење и одржување, масла и мазива, инфраструктура за патарини, институции од индустријата и издавачи.

Пријавување до 15.7.2014 година. Контакт: Војкан Николовски Тел: ++ 389 2 3244068 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vojkan@mchamber.mk


четврток, 3 јули 2014, Бр. 186

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„CONSTRUCT HOME 2014“ ВО КИШИЊЕВ Изложбената програма на Саемот вклучува: Опрема за уредување на домот: • санитарна опрема; • системи за греење, котли и грејачи на вода; • системи за водоснабдување и санитарни системи; • клима; • систем „паметен дом”; • автоматски системи за контрола. Удобност: • проекти на индивидуално домување; • внатрешен и надворешен дизајн; • завршни материјали: керамички плочки, подни облоги, бои и лакови, ролетни; • осветлување: светилки, рефлектори; • опрема за бањи; • декоративен текстил; • тенди; • шахти и додатоци; • елементи за внатрешни работи; • дрвени куќи (фински и канадски); • сауни, базени и додатоци; • печки и скари за во градина; • просторно планирање и пејзажно уредување Безбедност: • брави и додатоци; • прозорци, врати, гаражни врати, раздели индустриски врати, ролери, ролетни; • автоматски и далечински контролирани врати; • комуникациски технологии; • скали и огради; • огноотпорни материјали; • осигурување. Ефикасност: • финансиски услуги, кредити; • системи за прочистување на водата; • обновливи извори на енергија; • технологии и материјали за ниска потрошувачка на енергија; • обложувања, заштитни материјали; • прекривки, материјали за хидро и топлинска изолација.

Контакт: Марија Петроска Тел: ++ 389 2 3244017 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija@mchamber.mk

Од 17 до 21 септември 2014 година, Меѓународен саем за архитектонски дизајн, градежни материјали, технологии и опрема за модерни домови во Молдавија

Во соработка со организаторот „IEC MOLDEXPO“, Стопанската комора на Македонија може да организира претставување на Вашата компанија како изложувач на Саемот. Саемот на учесниците како изложувачи им ги нуди следните услови: • надоместок за котизација - 130 евра (вклучува натпис во официјалниот каталог на Саемот - до 300 карактери, црнобело лого на компанијата), основни податоци на компанијата на интернет-порталот www.allexpo.md, рекламна кампања на Саемот и друго; • опремен затворен простор (стандардна кабина) - 120 евра/за метар квадратен; (стандард OCTANORM кабина (9 квадратни метри) вклучува: изложбен простор, монтажа / демонтажа на кабина, табла со натпис, 1 закачалка, 1 приклучок, 1 маса, 2 столици, 1 корпа за отпадоци, 1 светлосно тело на секои 4 квадратни метри, подна покривка, чистење, целокупно осветлување и општа безбедност на павилјонот; • неопремен затворен простор по 110 евра / за метар квадратен (вклучува: изложбен простор, подна покривка, целокупно осветлување, чистење и општа безбедност на павилјонот); • отворен изложбен простор - 50 евра / за метар квадратен (вклучува: изложбен простор, табла со натпис, чистење и ноќно обезбедување). За учесниците и за посетителите на Саемот, Стопанската комора на Македонија во соработка со организаторот може да обезбеди и хотелско сместување, согласно понудата во прилог на оваа покана. Заинтересираните учесници и посетители самостојно го организираат патувањето до Кишињев. Посетителот и учесникот ги покрива и административните трошоци кон организаторот - Комората (1.500 денари за членки по лице, а 3.000 денари за нечленки на Комората по лице).

Пријавување до 20.8.2014 година. Повеќе информации за оваа позната саемска манифестација може да се најдат на следниов веб-порталот: http://en.construct-home.moldexpo.md/

Контакт: Татјана Штерјова Тел: ++ 389 2 3244065 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: tatjana@mchamber.mk


22

БИЗНИС ИНФО

четврток, 3 јули 2014, Бр. 186

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„EURASIA PACKAGING 2014 ISTANBUL“ и „ISTANBUL FOOD-TECH 2014“ Во делот на машини за пакување посетителите ќе можат да видат: системи за автоматизација, баркодови машини, компресори, транспортни ленти и системи, машини за пополнување, флексо машини за печатење, машини за пакување храна, машини за печатење, инџект системи, ласерски систем за сечење, регулатори апарати, машини за режење, вакуум пумпи и др. Во делот на пакување на производи се очекува да се понудат: алумински плочи, ремени, касети, индустриски миксери, индустриски роботи, картони, хемикалии за пакување, пластични филмови, фолии, пластични суровини, мастила за печатење, смоли, текстилни производи, метални суровини и др. Во делот на системи за пакување ќе има: тесни кутии, алуминиум пакување, капсули, картони за пакување, каси, флексибилни пакувања, стаклени пакувања, херметичко пакување, тегли, етикети, метално пакување, цврсти пластични амбалажи, резервоари, дрвени пакувања и др. На саемските манифестации ќе се понудат и консултатски услуги, лаборатории, системски софтвер и софтвер апликации и др. Во делот на технологија на храна посетителите ќе можат да се запознаат со: технологија за пијалоци, технологија за преработка на овошје, филтрација, цевки, пумпи, вентили, машини за кафе и чај, автомати за пијалоци, машини за мраз, технологија за млеко и млечни производи, опрема за молзење, опрема за собирање на млеко, пастеризација на млеко, системи за ладење на млеко, резервоари за млеко и др. Во делот на технологија за месо ќе има: производи од риба, месо и живина, машини и системи за кланица, сечење и опрема за замрзнато месо, машини за обработка на месо, машини за мелење на месо, преси, колички и др. Во делот на технологија за кондиторски производи и пекара: рерни за печење, помошма опрема, ладење, вентилација, системи за ладење, фрижидери за длабоко замрзнување, прехрамбени адитиви, ароми, зачини, засладувачи, витамини и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемските манифестации од 18-20.9.2014, со автобуски превоз. Посетителите може превозот да го организираат во сопствена режија (авион или возило).

Од 18 до 20 септември 2014 година два меѓународни саеми во Р. Турција

Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно, како и трансфери од хотел до саем) и бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон : - саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз – се плаќа само 45 евра); - како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Напомена: Под наведените услови саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Не е дозволена посета на малолетни деца и лица што не се вработени во Компанијата. Пријавување до 1-ви септември 2014 година. За повеќе информации за EURASIA PACKAGING 2014 ISTANBUL -посетете ја веб страната http://www.packagingfair.com/ или контактирајте не. Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 zorica@mchamber.mk

Васко Ристовски Тел: ++ 389 2 3244014 Факс:++ 389 2 3244088 vasko@mchamber.mk


четврток, 3 јули 2014, Бр. 186

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„МЕДИКА 2014“ ВО ДИЗЕЛДОРФ

Од 12 до 14 ноември 2014 година Меѓународен саем за медицина во Германија

Во 2013 година овој саем имаше над 4600 учесници од кои 3600 од 66 земји. Во рамките на глобалниот настан број 1 во секторот на медицина, се организира бесплатен меѓународен брокерски, посреднички настан за сите субјекти што имаат интерес за средби за соработка со другите учесници на саемот. Цел на настанот е да им се помогне на претпријатијата, унуверзитетите и истражувачките институции во пронаоѓањето на партнери во Европа за развој на продукти и услуги и лиценцни договори, заеднички вложувања и на други форми на соработка. Меѓународниот брокерски настан од областа на здравството има 15 годишна традиција. Во 2013 година имаше 240 учесници од 25 земји и се одржаа повеќе од 800 состаноци. Зошто да се учествува? • Да го употребите настанот за иницијатива за нов бизнис • Да се сретните со понудувачи на иновативна технологија од Европа и пошироко • Да воспоставите контакт со потенцијални партнери за идна соработка Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија во соработка со Саемот од Диселдорф, посредува во обезбедување хотелско сместување и авионски резервации . Посетителот ги покрива патните трошоци, трошоците за сместување, влезници за саемот, како и организационите трошоци кон Комората за учество како посетител (2.950,00 денари со вклучен ДДВ по лице за членки на Комората, а 5.900,00 денари со вклучен ДДВ по лице за не-членки на Комората).

Пријавување до 20. август 2014 година. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


24

БИЗНИС ИНФО

четврток, 3 јули 2014, Бр. 186

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„PLAST EURASIA ISTANBUL 2014“

2014

Од 4-ти до 6-ти декември 2014 година, Меѓународен Саем за пластика во Република Турција

4 - 6.12.2014

Станува збор за еден од поголемите специјализирани Саемот може да го посетат само двaјца меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на кои посетители од една кoмпанија. ќе учествуваат реномирани странски и турски компании од индустријата на пластика. Обезбедени се: Стопанската комора на Македонија, во соработка со - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок „Адонис – Tüyap“, Ве поканува да ја посетите оваа саемска (во реномиран хотел со 4 или 5 звезди) манифестација. - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно, како и трансфери од хотел до саем) и На саемот посетителите ќе можат да видат: - бесплатни влезници за Саемот. -Машини за пластика,пластични фолии, жици, Посетителот ги покрива патните и гуми, пластични профили, гранулатор, машини за флексо административните трошоци кон печатење - саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со -Хемикалии и суровини за пластика, боја, ПВЦ автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз се плаќа додатоци, гума, полимери, ПВЦ соединенија, мастила за само 45 евра); печатење, полиетилен, пигменти, растворувачи - како и организационите трошоци кон Комората -Редуктори, роботски системи, магнет, четка машина (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за за производство нечленки на Комората). -Топлина и контрола на опрема, отпорници, сензори, индикатори, полимер, прецизни скали, статична опрема Пријавување до 25.11.2014 година. -Хидраулика и пневматика, хидраулични цилиндри, пумпи, рециклирање, машини за дробење на пластика, За повеќе информации за PLAST EURASIA ISTANBUL неподвижни системи, софтвер, миксер, кодирање и 2014 посетете ја веб страната http://www.plasteurasia.com брендирање или контактирајте не`. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 4-6.12.2014 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија (авион или возило).

Контакт: Зорица Мешкова Тел: + 389 2 3244019 Факс:+ 389 2 3244088 E-адреса: zorica@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО Скенирај и дознај повеќе

M

C

N IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

A

Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E

S

E


26

БИЗНИС ИНФО

четврток, 3 јули 2014, Бр. 186

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Компанија од Хрватска бара да увезува грав во суво зрно (шарен,бел и зелен) и свеж лук во пакување од Република Македонија. Валидност дo:22.08.2014 година Компанија од Бугарија бара дистрибутер за пласман на хартиени палети за пакување на овошје и зеленчук. Валидност дo:22.07.2014 година Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на безбедносна опрема за надзор. Валидност дo:22.07.2014 година Компанија од Грција заинтересирана е за соработка со текстилни фабрики во Република Македонија кои изработуваат чипка и чаршави за маса. Валидност дo:23.07.2014 година Компанија од Турција бара дистрибутер за пласман на детска облека во Република Македонија. Валидност дo:23.07.2014 година

Компанија од Кина бара соработка во областа на индустријата за пластика во Република Македонија за пласман на калапи и пластични производи, произведени по принципот леење со вбризгување. Валидност дo:23.07.2014 година Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на средства за премачкување за подобра звучна и топлинска изолација која обезбедува подобрување на енергетската ефикасност при изградба на згради. Валидност дo:23.07.2014 година Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на лимена и стаклена амбалажа за пакување на пијалоци. Валидност дo:23.07.2014 година Компанија од Германија заинтересирана е за пласман на изолациони цевки и цевки спроводници за развивање на алтернативни извори на енергија за греење и ладење во Република Македонија. Валидност дo:24.07.2014 година


четврток, 3 јули 2014, Бр. 186

БИЗНИС ИНФО

27

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на електрични машински алатки за градежништво и опрема за транспорт. Валидност дo:24.07.2014 година Компанија од Словачка бара дистрибутер на женска плетена трикотажа од италиански конец за пласман во Република Македонија. Валидност дo:24.07.2014 година Компанија од Шведска бара партнери за соработка од Република Македонија за пласман на земјоделски трактори и приклучни машини. Валидност дo:24.07.2014 година Турска компанија бара дистибутер во Република Македонија за пласман на термоизолациони системи. Валидност дo:24.07.2014 година Компанија од Турција бара партнер за соработка за пласман на ПВЦ гранули во Република Македонија. Валидност дo:24.07.2014 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на кабли за телефон, камери, мрежа (податоци-пренос), аларм, коаксијални, сигнал команда, пожар, ниско напонски енергетски кабли. Валидност дo:25.07.2014 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на соларни системи и панели. Валидност дo:25.07.2014 година Компанија од Италија бара пласман на професионална опрема за готвење (печки, пржилници, плочи за пржење, шпорети, тави) и секакви видови на комерцијални машини за миење садови во Република Македонија. Валидност дo:25.07.2014 година Компанија од Чешка бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на широк спектар на порцелански сетови за јадење со модерен дизајн, одлична издржливост, од брендот Langenthal. Валидност дo:25.07.2014 година Компанија од Грција бара да соработува со производители на пастеризирано млеко и млечни производи во Република Македонија за пласман во Грција. Валидност дo:25.07.2014 година Контакт:

Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk

www.mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Бизнис ИНФо број 186, 3.7.2014 by Economic Chamber of Macedonia - Issuu