Issuu on Google+

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БИЗНИС ИНФО

четврток, 03 мај 2012, Бр. 96

1

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

www.mchamber.mk Број 96 од 03.05.2012

контакт call центар (02) 15015

www.mchamber.mk

Мултимедијална презентација на трговскоекономскиот и туристичкиот потенцијал на Украина

РАЗМЕНАТА ТРИ ПАТИ ЗГОЛЕМЕНА, НО МОЖНОСТИТЕ НИТУ ОДДАЛЕКУ НЕ СЕ ИСКОРИСТЕНИ Фондови

Стратегии

Новини и можности на ИПАРД-програмата за 2012 година

Совети на Чип Демпси, извршен директор и главен за стратешки инвестиции во групацијата „Морган Стенли“ во САД

ИНТЕРЕСОТ СЕ’ ПОГОЛЕМ, AMA СО ГАРАНТЕН ФОНД БИ СЕ ПОВЛЕКЛЕ ДАЛЕКУ ПОВЕЌЕ ЕВРОПСКИ ПАРИ

JАК ФИНАНСИСКИ ПАЗАР ЗА ПОГОЛЕМ ИНВЕСТИЦИСКИ ЦИКЛУС

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922


БИЗНИС ИНФО

2

ПОДВЛЕЧЕНО Две децении Царинска управа на Република Македонија ПЕРМАНЕНТНО ПОЕДНОСТАВУВАЊЕ И ОЛЕСНУВАЊЕ НА ЦАРИНСКИТЕ ПОСТАПКИ Должност на Царинската управа е да ги поедноставува и да ги олеснува царинските постапки, но не само царинските, туку и другите постапки кои влијаат врз трошоците во меѓународната трговија и перманентно да ги преиспитува истите и можностите за унапредување. Воведено е 24-часовно царинење на повеќе

гранични премини на кои постојат услови и зголемена е присутноста на инспекциски служби, воведени се електронски системи за обезбедување документи во царинските постапки и перманентно се промовираат т.н. локално царинење во просториите на самите економски оператори. Исто така, должност на Царинската управа е перманентно и навреме да ги провомовира и да ги информира економските оператори за можностите и за новините во царинското работење, како и зголемување на транспарентноста и отвореноста за соработка со бизнис-заедницата. Покрај перманентната непосредна соработка со економските оператори, воспоставено е Советодавното тело со сите стопански комори и асоцијации на економските оператори, кое работи на перманентна основа, воведени се електронски системи за комуникација со економските оператори, електронско учење, напредна интернетстраница, граѓански дневник, како и многу други форми на соработка со бизнис-заедницата. Царинската управа е свесна дека економските оператори се водат од профитните интереси и затоа се посветува на организирано информирање на економските оператори за погодностите од царинските постапки кои би можеле да влијаат врз зголемување на нивниот бизнис и профит.

(Ванчо Каргов, директор на Царинската управа на Република Македонија) ONE STOP SHOP ЗА ИЗВОЗНА ПРОМОЦИЈА Носител на активноста во поглед на подготовка на Стратегијата за промоција на извозот беше Светска банка, а ние помогнавме во изготвувањето на Акциониот план за нејзино имплементирање и голем дел од активносите во Акциониот план за извозна промоција ќе бидат имплементирани со наша поддршка и финансирање. Бизнисзаедницата го бара токму тоа - поголема операционализација на оваа стратегија за промоција на извозот. Исто така, ние со нашите активности ги подобруваме услугите кои им ги дава Агенцијата на фирмите. Секако, сакам да истакнам дека голем дел од нашите активности за промоција на извозот се целосно поддржани од вработените во Агенцијата и од промоторите кои работат во одделни земји. На фирмите им е потребно државата да застане зад нив кога одат на саеми, на бизнис-средби и сл. Не толку финансиски, бидејќи компаниите можат и сами да си ги платат трошоците. Повеќе им треба поддршката од државата во делот на инфраструктурата и институцијализацијта

на целата таа извозна промоција. Понатаму, во подготовка сме на еден софтвер кој ќе функционира во рамките на Агенцијата за промоција на извозот и преку кој ќе може сите прашања, проблеми, активности, мерки да бидат “постирани“ таму и сето тоа ќе биде достапно преку Интернет за користење од страна на заинтересираните фирми. Тоа ќе биде портал кој ќе биде one stop shop за сите информации поврзани со извозната промоција. Главните забелешки на бизнис-заедницата беа насочени токму кон тоа дека недостига поголема информираност и поддршка од државата, и дури и тогаш кога таа поддршка е возможна таа да биде соодветно претставена и лесно

достапна. Во јуни заедно со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот ќе организираме дебата со бизнис-заедницата, на која ќе бидат претставени и ставени на разгледување плановите и активностите на Агенцијата за следната година. Целта е да се слушне што очекува да добие бизнис-заедницата како поддршка или услуга од Агенцијата. Овој предлог наиде на големо одобрување кај бизнис-заедницата. (Александар Шахов, директор на Проектот за унапредување на инвестирањето и извозот (IDEAS)

МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА СЕ ЕТАБЛИРА КАКО ИКТ-БРЕНД Институционалната поддршка, вклучително и директната поддршка на стопанството е неминовна во вакви услови, и тоа е нормална појава што веќе ја практикуваат дури и најсилните европски и светски економии. Оваа практика е добро да ја примени и нашата влада, со соодветна поддршка на малите и на средните ИKТфирми бидејќи, во спротивно, тие ќе се соочат со нерамноправна конкуренција од странските компании.

Во таа насока, една од мерките што МАСИТ ја предлага е да се стимулира извозот на софтвер и ИТ-услуги од страна на владата. МАСИТ во јануари 2010 година ја направи Стратегијата за извоз на софтвер и ИТ-услуги чија цел е Македонија да се етаблира како препознатлив бренд за специјализирани, квалитетни услуги за аутсорсинг и софтверски производи во Европа, врз основа на системска конкурентност, извонредност на компаниите и супериорна вредност за потрошувачот. Оваа стратегија треба да ја зголеми конкурентноста на македонската

четврток, 03 мај 2012, Бр. 96

индустрија за софтвер на одржлива основа и да се зајакне нејзината улога како катализатор на растот, продуктивноста и иновациите во македонското стопанство. (Игор Бимбиловски, претседател на Управниот одбор на МАСИТ)

ИНФОРМАТИКАТА НЕ Е САМО МАШКА ПРОФЕСИЈА! Кога се работи за застапеноста на девојките на ИКТ-факултетите, жените вработени и жените на високи менаџерски позиции во ИКТ-секторот, како и бројот на жени - научници и иноватори во овој сектор, едно е јасно. Во светот постои стереотип дека ИКТ е машка професија. И факт дека девојките потешко носат одлука за кариера во овој домен. Во Македонија во последната учебна година, на сите јавни и приватни ИКТ- факултети се запишани 72,8% машки и 27,2% женски студенти. Но интересен е

податокот дека кога се работи за успешност на студиите, значително е поголем процентот на женски студенти во споредба со нивната застапеност. Половината од најдобрите студенти со просек над 9, кои неодамна добија стипендии од Владата на Р. Македонија, се женски. Тоа ми дава за право да заклучам дека девојките имаат потенцијал и покажуваат дури подобри резултати доколку се решат за образование во оваа индустрија. (Марта Арсовска Томовска, заменик-министерката за информатичко општество)

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнер

Покровители

на


четврток, 03 мај 2012, Бр. 96

БИЗНИС ИНФО

3

МОЖНОСТИ

Мултимедијална презентација на трговско-економскиот и туристичкиот потенцијал на Украина

РАЗМЕНАТА ТРИ ПАТИ ЗГОЛЕМЕНА, НО МОЖНОСТИТЕ НИ ОДДАЛЕКУ НЕ СЕ ИСКОРИСТЕНИ Македонија и Украина во континуитет развиваат се` подобри економски односи и тој тренд треба да продолжи и во иднина. Ова беше оценето на мултимедијалната презентација за трговско-економскиот и туристичкиот потенцијал на Украина што се одржа во Стопанската комора на Македонија (27.4.2012 година).

-За Украина македонскиот пазар е битен и без оглед на тоа што тој е 22 пати помал од украинскиот пазар, сепак постојат можности што треба рационално да се искористат, подвлече Гончарук. Првиот секретар во Амбасадата на Украина, Валериј Кокот, направи мултимедиална презентација со која на

Во изминатиот период Украина се потруди не само да извезува во Македонија, туку и да увезува со зголемено темпо и мислам дека во иднина треба да се потрудиме да понудиме повеќе производи за да бидеме конкурентен партнер на Украина, - нагласи Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија. Тој ја поздрави и одлуката на Владата на РМ, со која од 15 март 2012 стапи на сила привремената суспензија на визниот режим од Владата на Република Македонија за граѓаните на Украина, која ќе трае до 15 март 2013 година. -Значајно е што трговската размена е зголемена за над 300 проценти е, а радува фактот дека Украина внимава таа да биде избалансирана. Според украинскиот амбасадор во Македонија Јуриј Гончарук, постојат основи за натамошна соработка кои треба да се искористат.

присутните компании им ја претстави Украина со можниот трговскоекономски и туристички потенцијал и им порача на македонските компании да остварат контакти со компании од помалите региони и градови во Украина. Посебен акцент беше ставен

и на Европското првенство чиј домаќин е Украина, кој се смета за настан на годината, а што е шанса и за пласман на македонски производи. Според Валериј Кокот, Македонија најмногу извезува прехранени производи, феросиликоманган, феросилициум и електрична опрема, а увезува моторни возила, полупроизводи од железо, топло и ладно валани производи од железо и челик и други производи со помала вредност. Вкупната трговска размена меѓу двете држави во 2011 година достигна вредност од 253,4 милиони американски долари што претставува раст од 83,8 проценти во однос на истиот период од минатата година. Притоа, остварен е извоз од 95,8 милиони американски долари или раст од 357 проценти, додека увозното салдо изнесува 157,6 милиони САД долари односно зголемување од 35,3 проценти. Денешната мултимедијална презентација која се одржа во Стопанската комора на Македонија имаше за цел да ги претстави трговските, економските и туристичките потенцијали на Украина, како и да ги охрабри македонските компании да се заинтересираат за украинскиот пазар кој има 44 милиони потрошувачи, со големи природни и стопански ресурси. Огнен Гаревски


БИЗНИС ИНФО

4

ДОСИЕ

четврток, 03 мај 2012, Бр. 96

Стопанската соработка меѓу Република Македонија и Украина Економијата на Украина Украинската економија зависи од увозот на енергија, особено од природниот гас, од околу 85% од нејзините годишни енергетски побарувања. Набрзо после независноста во декември 1991 година, Украинската влада ги либерализираше поголемиот дел од цените, но широко распространетата резистентност за реформи во владата, ги запре напорите кои доведоа до враќање на чекор наназад. Зависноста на Украина од Русија за електрична енергија и недостатокот на значајни структурни реформи, ја доведоа Украинската економија во лоша позиција од страна на надворешните влијанија. Реформите во политичките осетливи области на структурни реформи и приватизација на земјата се сеуште проблем. БДП во 2000 година покажа високо базиран извозен пораст од 6%, а индустрискиот пораст се зголеми за 12.9%. Економијата продолжи да се зголемува во 2001 година со пораст на БДП од 9% и пораст на индустрискиот аутпут од 14%. Генерално овој пораст е како резултат на силната домашна побарувачка, ниската инфлација и довербата на потрошувачите и инвеститорите. Билатералната трговска размена Надворешно трговска размена меѓу Република Македонија и Украина се одвива согласно Договор за слободна трговија меѓу Република Македонија и Украина (Сл весник на РМ бр.53/2001). Договорот е реципрочен со предвиден транзиционен период на трговската либерализација за индустриските производи и концесиони листи за земјоделските производи. Со Договорот за слободна трговија се овозможува асиметричен пристап во трговијата со индустриски производи во полза на Република Македонија. Од 1 јануари 2005 година се применува целосна либерализација на македонскиот извоз на индустриски производи во Украина. Во однос на трговијата со земјоделски производи, со Протоколот Б на Договорот за слободна трговија дел од нив можат да се разменуваат без квоти и се целосно ослободени од царински давачки. Надворешно трговска размена меѓу Република Македонија и Украина се одвива согласно и Генерален систем на преференцијали кои развиените земји ги дават на земјите во развој (сертификат за потеклото ФОРМ А кој го издава Стопанска комора на Македонија). За сега овој преференцијален третман на стоките, македонските стопанственици го користат пасивно - на барање на украјинскиот партнер - поради не располагање со преференцијалната шема на производи који подлежат на овој третман. До колку оваа шема би била достапна на македонските производители, сог;ласно на нејзе тие би можеле да ја креираат проактивна деловна политика и би исползувале погодности по нејзиниот основ. НАДВОРЕШНО ТРГОВСКА РАЗМЕНА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА УКРАИНА Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Украина во 2011 година достигна вредност од 253,4 милиони САД$, што претставува раст од 83,8% во однос на истиот период од минатата година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 95,8 милиони САД$, или раст од 357 %, додека увозното салдо изнесува 157,6 милиони САД$ т.е.зголемување од 35,3. Евидентиран е негативен биланс во трговската размена со остварен дефицит од 61,8 милиони САД$. Интересен е податокот дека извозното салдо е зголемено за цели 74,5 милиони САД долари, што претставува раст од 357%. Тоа се должи на фактот на зголемиот извоз на феросиликоманган (56,8 милиони САД долари) и феросилициум (23,3 милиони САД долари). Трговска размена за периодот 2011 година Во САД долари

Извоз

Увоз

Вкупно

количина во кг

сума во УСА$

количина во кг

сума во УСА$

количина во кг

сума во УСА$

65.347.332,00

95.833.897,00

233.967.263,00

157.622.793,00

299.314.595,00

253.456.690,00

Споредбен приказ на трговската размена 2011-2010 година Вкупна размена

Извоз

Во САД долари Увоз

2010

2011

Индекс

2010

2011

Индекс

2010

2011

Индекс

137.871.408,00

253.456.690,00

183,3

21.270.530,00

95.833.897,00

457,1

116.600.878,00

157.622.793,00

135,3


БИЗНИС ИНФО

четврток, 03 мај 2012, Бр. 96

5

ДОСИЕ

Во структурата на извозот во 2011 година, најмногу се застапени: • Прехранбени производи -2,5 милиони САД долари • феросиликоманган 56,8 милиони САД долари • феросилициум - 23,3 милиони САД долари. • Електрична опрема – 12,2 милиони САД долари. Во увозното салдо најголемо учество имаат: • Моторни возила –14,3 милиони САД долари • полупроизводи од железо – 108,8 милиони САД долари • топло и ладновалани производи од железо и челик – 5,8 милиони САД долари • и други производи со помала вредност Обем на трговската соработка во милиони САД долари

Година

2001

2002

2003

2004

2005

2006

2007

2008

Извоз

0,27

0,16

1,39

1,60

1,60

1,26

2,03

2,94

Увоз

84,57

70,24

86,27

72,51

72,51

103,54

102,93

202,96

Вкупно

84,84

70,40

87,36

74,11

74,11

104,80

104,96

205,9

Суф./деф.

-84,30

-70,08

-84,88

-70,91

-70,91

-102,28

-100,9

-200

ПРЕГЛЕД на инвестициите од Украина во Република Македонија 2010-2004 година Во милиони евра 2010 2009 2008 2007 2006 2005 2004

Во милиони евра

2010

2009

2008

2007

2006

2005

2004

-14,8

0,01

1,88

3,27

3,55

6,41

1,80

Украинците во Македонија без визи Македонија го укина визниот режим за Украина на една година. Украинците можат без визи да патуваат во земјава за кратки посети, пишува “Киев Пост”. - Од 15 март 2012 стапи на сила привремената суспензија на визниот режим од Владата на Република Македонија за граѓаните на Украина, која ќе трае до 15 март 2013, соопшти портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Александар Дукусаров. Македонија и Украина и досега имаа реципрочни договори за укинување на визите во текот на летните месеци за полесно стратешко партнерство, соработка во трговијата и образованието. Според информациите кои можат да се најдат на веб-сајтот на македонското Министерство за надворешни работи, сега за државјаните на Република Македонија за патување во Украина се применува Спогодбата од 2010, според која двострано, визи не се потребни за носители на дипломатски пасоши, при патувања заради остварување на деловни контакти, размена во научно-техничка, образовна, културна, спортска област и новинарска дејност, краткорочен студиски престој, лекување, како и посета на роднини или познати, до 90 дена, врз основа на покана и за туристички патувања до 30 дена. Покрај Украина, одлуката важи и за Русија, Азербејџан и Казахстан за период до 90 дена од денот на првото поминување на границата на Република Македонија во текот на шестмесечен период. Меѓу Македонија и Русија веќе е отворено и прашањето за потпишување спогодба за укинување на визите за влез во Русија за македонските граѓани. Државјаните на земјите-членки на Европската унија и потписнички на Шенген-договорот можат да влегуваат во Република Македонија и со важечка лична карта издадена од надлежните органи на таа земја. За носители на патни исправи на ООН не е потребна виза. • ЈСП инвестира во обнова на возниот парк со набавка на 39 нископодни автобуси од украинската фирма „ЛАЗ“. Автобусите од Украина се набавени со средства од Владата на Република Македонија.


6

ДОСИЕ / БРОЈКИ И ФАКТИ / Површина вкупна Локација Главен град Граници Локација Население Религии Етнички групи Природни ресурси Јазици

четврток, 03 мај 2012, Бр. 96

603,700км2 Источна Европа, граничи со Црното Море, меѓу Полска, Романија и Молдавиј на запад и Русија на исток Киев Вкупно 4,663 км2 (Белорусија 891 км, Унгарија 103 км, Молдавија 939 км, Полска 526 км, Романија (јужно) 169 км, Романија (запад) 362 км, Русија 1,576 км, Словачка 97 км) Источна Европа, граничи со Црното Море, меѓу Полска, Романија и Молдавија на запад и Русија на исток 45,700,336 (јули 2009 година) Православни - Киевска патријаршија 19%, Православни 16%, Московска патријаршија 9%, Украинско-грчки католици 6%, Протестанти, Евреи и атеисти 38% (2004) Украинци 77,8%, Руси 17,3%, Белоруси 0,6%, Молдавци 0,5%, Татари 0,5%, Бугари 0,4%, Унгарци 0,3%, Романци 0,3%, Полјаци 0,3%, Евреи 0,2%, други 1,8% (2001 год.) јаглен, манган, природен гас, нафта, сол, сулфур, графит, титаниум, магнезиум, каолин, никел, гума и обработлива земја Украински (официјален) 67%, Руски 24%; Романски, Полски и Унгарски

Економски показатели БДП куповна моќ БДП стапка на пораст БДП по жител БДП по сектори Работна сила Невработеност Индустрија Индустриска стапка пораст Земјоделски производи Извоз Извозни производи Извозни партнери Увоз Увозни производи Увозни партнери

БИЗНИС ИНФО

329 милијарди САД $ (2011) 5,2% (2011) 7,200 САД $ (2011) земјоделие 9,3%; индустрија 34,7%; услуги: 56,1% (2011) 22 милиони (2011) 7,9% (2011) јаглен, електрична енергија, метали, машини и транспортна опрема, хемикалии, преработка на храна (особено шеќер) на 6,5% (2011) шеќерна репа, сончогледово семе, зеленчук, говедско и млеко 60,67 милијарди САД $ (2011) метали, гориво и производи од петролеј, хемикалии, машини и транспортна опрема, прехрамбени производи Русија 24,1%, Турција 5,9%, Италија 4,7%, (2010) 72,1 милијарди САД $ (2011) енергија, машини и опрема, хемикалии Русија 33,9%, Кина 8,5%, Германија 8,1%, Полска 5,4% (2010)

Правна рамка во која се одвива (одвивала) стопанската соработка меѓу Република Македонија и Република Украина (поважни спогодби) 1. Договор меѓу македонската влада и украинската влада за трговска и за економска соработка (Сл. весник на РМ бр. 50/97); 2. Спогодба меѓу Владата на РМ и Владата на Украина за одбегнување на двојното оданочување и за заштита на фискална евазија по однос на даноците на доход и на капитал (Сл. весник на РМ бр. 21/98); 3. Спогодба меѓу Владата на РМ и Кабинетот на министерите на Украина за соработка во областа на туризмот (Сл. весник на РМ 55/00); 4. Договор за слободна трговија меѓу РМ и Украина (Сл. весник на РМ бр. 53/01); 5. Договор меѓу Владата на РМ и Кабинетот на министри на Украина, за превоз на патници и стоки во меѓународниот патен сообраќај (Сл. весник на РМ бр.100/02); 6. Договор меѓу Владата на РМ и Кабинетот на министерите на Украина, за соработка во областа на железничкиот транспорт (Сл. весник на РМ бр 110/05)


четврток, 03 мај 2012, Бр. 96

Новини и можности на ИПАРДпрограмата за 2012 година ИНТЕРЕСОТ СЕ` ПОГОЛЕМ, СО ГАРАНТЕН ФОНД БИ СЕ ПОВЛЕКЛЕ ДАЛЕКУ ПОВЕЌЕ ЕВРОПСКИ ПАРИ ИПАРД-програмата наменета за компаниите кои се занимаваат со прехранбена индустрија и базичните земјоделски производители има за цел да го подигне капацитетот и да се подобри конкурентноста на самите компании. Користењето на овие средства значи финасии за подготовка на компаниите да ги достигнат европските стандарди и подготовка за влез на нивните производи на европските пазари, кои се крајно ригорозни и пребирливи кога станува збор за прехранбени производи.

Ова беше нагласено на редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија за новините и можностите на ИПАРДпрограмата за 2012 година, а по објавениот прв повик ( 27.4.2012 година). Македонските компании полека ги надминуваат проблемите околу обезбедувањето на потребната документација за аплицирање која беше најголема пречка за компаниите. Потенцијалните корисници се` повеќе се запознати со условите и критериумите, па не се плашат да поднесуваат барања, ниту се откажуваат од планираните проекти. Компаниите се повикуваат да аплицираат на тековниот последен повик кој е објавен на 31-ви минатиот месец, чиј краен рок е 15 мај 2012 година. Како што беше речено на пресконференција во Стопанската комора, и натаму најатрактивни за повлекување европски пари се инвестициите во лозарството и овоштарството, градинарството, преработката на овошјето и зеленчукот, како и економскиот развој на руралните

БИЗНИС ИНФО средини. - До овој момент Агенцијата има склучено договори за кофинансирање во вредност од околу седум милиони евра. Рокот за реализација на инвестиците се` уште трае, а исплатата се одвива тековно, информираше Дејан Стојанов од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Во тек се промени на мерките со цел поголема апсорпција на ИПАРД средствата кои треба да бидат координарини со Европската унија и достапни за македонските компании од следната година. . Најголемата ИПАРДинвестиција досега, вредна 800.000 евра, е насочена во делот преработка и конзервирање на овошје и зеленчук. За што поголемо искористување на ИПАРД фондовите се залага и Стопанската комора на Македонија, со организирање конкретни активности, најмногу обуки за апликантите околу пополнувањето и доставувањето на потребната документација. Комората и натаму останува на барањето да се формира национален гарантен фонд што ќе им овозможи на компаниите полесно да ги обезбедат потребните средства за кофинансирање. До крајот на годинава Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој планира да распишат уште два до три ИПАРД огласи. Јадранка Аризанковска

Енергетската ефикасност – потреба и законска обврска за општините ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ ВЕЌЕ ИМА, ПОТРЕБНО Е ТИЕ ДА СЕ ШИРАТ На барање на повеќе општини, во Стопанската комора на Макеоднија (26.4.2012 година) се одржа едно дневен семинар насловен: „Енергетска ефикасност – Актуелниот момент и обврски на локалната самоуправа“. Павлина Здравева од УНДП, ги презентираше постигнатите разултати од проект што во последните неколку години го спроведуваа во соработка со општините. Формирани се тимови

7

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА за енергетска ефиаксност во секоја општина, при што заедно се изработени локални програми за енергетска ефикасност во општините Прилеп, Тетово и Кратово. Исто така, беше

презентиран реализираниот проект – градинката „Срничка - Калинка“ во општина Аеродром. За законската регулатива, а која се однесува на единиците на локалната самоуправа, свое обраќање имаш Игор Панчевски од Агенцијата за енергетика на Република Македонија. Тој истакна дека, покрај Законот за енергетика, Стратегијата за унапредуавње на енергетската ефикасност во Република Макеоднија до 2020 година, како и подзаконски акти, посебно е значајно и Упатството за евалуација на предлог - програмите за енергетска ефикасност во единиците на локалната самоуправа, со кое се даваат насоки за унифицирање на методот на оценување на програмите од страна на Агенцијата за енергетика. Посебно внимание во дискусијата се посвети на подготовката на програмите, како и потребата од дополнителни упатства од страна на Агенцијата и УНДП, но и одржување на едукатуивни семинари, каде ќе бидат презнтирани сите параметри и методи како се подговува програмите, но и едуцирање на кадарот во општините, кои се задолжени за спроведување на енергетската ефикасност во општините. -Енергетската ефикасност на згради е мултидисциплинарна област во која се вклучени експерти од повеќе дисциплини (урбанизам, проектирање, машинство, електрика, екологија). Меѓутоа, основата за добри или лоши енергетски карактеристики на зградите лежи во објектот и ефикасноста на неговите градежни конструкции. Факт е дека областа градежна физика и процедурите за


8

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА пресметка на топлинските својства на зградите во согласност со важечките македонски (МКС EN ISO) стандарди многу малку или воопшто не се изучува на факултетит. - истакна обучувачот на семинарот, д-р Петар Николовски, дипломиран инженер архитект. На семинарот беа презентирани ЕУ директивите и стандардите, кои се донесени како законски или подзаконски акти, кои континуирано имаат измени и дополнувања. Напорите се да се постигне основната цел – заштеда на енергија, поголема енергетка ефикасност, со користење на современите техничко-технолошки мерки при градба на нови згради и санација на постоечките, со примена на знаење и употреба на нови материјали и системи, пред се, изолациски. Преку изведени објекти во земјата и странство, беа презентирани примери, како со користењето на обновливите извори на енергија, нови современи материјали, веќе има објекти кои се спаѓаат во нискоенергетски згради, пасивни згради, но и нула енергетски згради, каде потошувачката на енергија само за греење е сведена на најниско ниво. Презентираните практичните примери со вградување на современи материјали за санација на старите, но и за изградба на новите објекти, претставуваат појдовна основа за примена и во останатите објекти, а намалувањето на потрошувачката на енергијата, ќе биде приоритет и на секоја општина. Како што беше истакнато во презентираните податоци, најгоелмо учество во потрошувачката на енергија е кај зградите од околу 39%, од кои само во станбените згради изнесува 31%, а во останатите згради околу 9%. Семинарот предизвика интерес кај присутните, се разви конструктивна дискусија, се поставуваа прашања, кои се од интерес за општините, а исто така се потенцираше потребата од одржување на едукативни семинари, во соработка со општините и УНДП. Марија Петроска

БИЗНИС ИНФО Студенти од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во најстарата и најбројната деловна асоцијација во земјава ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО „КУЌАТА НА БИЗНИСОТ“ На 27 април 2012 година, дваесеттина студенти од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста беа во студиска посета на Стопанската комора на Македонија. Имајќи ја предвид добрата соработка со медиумите, најстарата и најбројната стопанска асоцијација во земјава со задоволство ги отвори стоите врати за идните новинари. Студентите беа поканети да присуствуваат на мултимедијалната презентација на тема: “Трговскоекономскиот и туристичкиот потенцијал на Украина”, што беше организирана во Комората. Презентацијата беше организирана во соработка со Амбасадата на Украина во Република Македонија, а

на неа присуствуваше и украинскиот амабасадор Јуриј Гончарук. Во оваа прилика, Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, посебно ги поздрави идните нов��нари и им посака многу успешни новинарски известувања во нивната идна професија. Идните новинари, при нивниот претстој во „куќата на бизнисот“ ја следеа и редовната прес-конференција на Комората, за да видат таа практично остварува соработка со медиумите и ги известува за најзначајните теми од областа на бизнисот и економијата во земјава. По завршувањето на пресконференцијата, студентите од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста имаа работна средба со Стојмирка Тасевска, виш советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија и со Софче Јовановска, директор на Дирекцијата за меѓународна соработка,

четврток, 03 мај 2012, Бр. 96

промовирање и информирање. Стојмирка Тасевска ги запозна студентите со улогата и работењето на Стопанската комора на Македонија, за нејзиното значење за стопанството на Македонија. Стопанската комора на Македонија е невладина, непартиска деловно стручна организација на правните субјекти. Нејзината основна мисија е унапредување на стопанството. За таа цел има неколку законски и статутарни задачи, што впрочем секоја комора во сите земји од светот ги има, без разлика на општественополитичкиот систем во кој делува. Тие, генерално се однесуваат на: претставување на интересите на членките пред носителите на економската политика, поради што и многу милуваат да ја наречат „гласот на стопанството“; претставување на македонската економија во странство; унапредување на соработката меѓу одделни здруженија и групации, како орагнизациони тела на членките во рамките на Комората; промоција и презентација на македонскaта економија во странство и поврзување на фирмите од двете страни, како почеток за нивни заеднички деловни соработки; како и едукација на членките во различни сегменти од нивниот интерес. Софче Јовановска ги објасни сервисите на Комората во областа на меѓународнaта соработка, информирањето и промоцијата. Таа им ги предочи новите трендови во дигиталните медиуми, користење на маркетингот преку социјалните мрежи на комуникација и предноста од макисмална искористенотс на информатичко-комуникациските технологии во публикување на содржини и изнаоѓање на извори на информации. Студентите заинтересирано ги следеа излагањата, што резултираше со низа поставени прашања. Станка Дамјановска


четврток, 03 мај 2012, Бр. 96

Владата усвоила мерки за укинување на Наредбата за забрана за вршење промет, откуп и извоз на отпадоци и остатоци од метали НАБРЗО НОВИ ПРАВИЛА ЗА ОТПАДИТЕ

БИЗНИС ИНФО

Владата на седницата од 25.4.2012 година ги усвои предложените мерки за укинување на Наредбата за забрана за вршење внатрешен промет, откуп и извоз на отпадоци и остатоци на производи од железо, челик, алуминиум, бакар, олово, цинк, калај, бронза и месинг, информира министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми по средбата

механизација пред Владата. Инаку, Министерството во рок од 15 дена треба да подготви измени во Законот за управување за создавање правна рамка за примена на предложените мерки. Во делот на прекршочните и кривичните санкции предвидено е да се воведат прекршочни и казнени мерки - одземање дозволата за вршење дејност, конфискација на имот и забрана за издавање нова дозвола за нов правен субјект, како и забрана за вршење на дејност постапување со отпад за истиот сопственик во рок од три години, заради избегнување на фискални манипулации.

со претставници на Здружението на црната и обоената металургија и Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори при Стопанската комора на Македонија. Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори при Стопанската комора на Македонија позитивно ги прифати усвоените мерки, кои според претседателот Владо Момировски, ќе придонесат за намалување на кражбите на предмети од јавно значење и изрази подготвеност за соработка и нивна примена. Тој упати апел до Владата да ја укине забраната на следната седница, за како што рече, да може да продолжат со работа, а со тек преку имплементација на мерките да се видат и резултатите. - Не можеме да ги видиме позитивните резултати од мерките ако не работиме и не ги применуваме. Се` додека стои забраната не можеме да ги видиме резултатите од мерките, - нагласил Момировски. Тој истакнал, како што пренесува МИА, дека доколку не се укинат мерките на следната владина седница од следниот месец ќе ги отпуштат од работа сите вработени и ќе организираат радикални протести со блокирање на граничните премини и пред Владата, но и со целата

Воедно, предложено е да се забрани исплата во готово за откупениот отпад од физички лица, односно да се воведе плаќање преку трансакциска сметка врз основа на склучен договор на дело. За физичко лице при продажба на отпад во лична сопственост да се воведе ограничување до 20.000 денари годишно, во спротивно ќе треба да се достави барање за добивање дозвола за вршење дејност трговија со отпад. Правните лица кои сакаат да добијат дозвола за постапување со отпад при аплицирање, како што истакна, треба да се воведе услов за обезбедување финансиска гаранција или соодветно осигурување чиј корисник ќе биде МЖСПП која ќе може да се активира доколку се откријат неправилности во работењето на правниот субјект. Според Адеми, предвидено е да се востановат две категории дозволи, за правни лица кои ќе вршат преработка, третман, складирање и извоз на отпад и за правни лица кои ќе вршат само преработка, третман, складирање и внатрешна трговија и да се утврдат условите за нивно стекнување. Како мерка е предвидено да се утврдат услови во кои зони нема да биде

9

УСОГЛАСУВАЊА дозволено изградба на инсталации за преработка, третман и складирање отпад, но и да се утврди минимална површина на просторот за собирање отпад. Услов за добивање дозвола за работење со отпад е воведување задолжителна употреба на софтвер кој ќе биде поврзан со ресорното Министерството преку кој ќе се води евиденција на сите исплати за откупен отпад од индивидуални собирачи. Исплатата на откупениот отпад од индивидуални собирачи треба да се врши исклучиво преку трансакциски сметки, со што, рече Адеми ќе се врши контрола од каде е добиен тој отпад, но и каде ќе се продава. - Товарењето на отпад во транспортни возила ќе биде дозволено само на одредени локации кои треба да добијат посебна дозвола за тоа каде, за што ќе треба да поседуваат специјален 24часовен видео надзор за мониторирање на постапката за товарење. Видео надзорот ќе биде поврзан со серверот на Министерството и да биде со минимална брзина која ќе овозможува добро и јасно пренесување на сликата, како и да се обезбеди 24-часовно следење на видео надзорот од Државниот инспекторат за животна средина, а инспекторите ќе имаат право да вршат надзор заради преглед и остранување на отпадот од дворовите, како и одземање на најдениот отпад, истакнал Адеми. Видео надзор кој ќе биде поврзан со софтверот во Министерството ќе има и во леарниците и во железарниците. Тој додаде дека предвидено е да се воведе и задолжително означување на возилата за трансопрт на отпадот со посебни ознаки и да се утврди овластување на министерот за животна средина и просторно планирање за пропишување на начинот и формата на означувањето. Министерот Адеми посочил дека е предвидено и да се донесе правилник за изменување на формата и содржината на дозволата, барањето и регистарот за издадени дозволи за трговија со неопасен отпад, начинот и постапката за издавање дозвола, начинот на водење на евиденцијата, како и условите за начинот за вршење на дејноста трговија со неопасен отпад во кој ќе се воведе исплата за откупениот отпад од индивидуални собирачи и физички лица да се исплатува само преку трансакциски сметки. Царинската управа, како што нагласил Адеми, треба да определи гранични премини на кои единствено ќе може да се извезува отпад и ќе се воведе систем за мерење на возилата и контрола на транспортните формулари за отпад.


10

ФОКУСИРАНО Средба со Чип Демпси, извршен директор и главен за стратешки инвестиции во групацијата „Морган Стенли“ во САД JАК ФИНАНСИСКИ ПАЗАР ЗА ПОГОЛЕМ ИНВЕСТИЦИСКИ ЦИКЛУС Јак финансиски пазар, системска поддршка на малите бизниси и поагресивни ризични капитални вложувања може да ја покренат економијата во нагорна линија, порачува Чип Демпси, извршен директор, главен за стратешки инвестиции во групацијата „Морган Стенли“ во Соединетите Американски Држави.

БИЗНИС ИНФО поттикне процесот на инвестирање. Прво, финансискиот пазар да биде јак, второ, да има конструктивна, системска поддршка на малите бизниси и трето, да се поттикнуваат капиталните инвестиции (venture capital) . Според извршниот директор во Групацијата „Морган Стенли“ несигурноста е исто така еден од клучните фактори што ги одвраќа инвеститорите. По инвестицискиот бум на пазарот на капитал што се случи пред 5 години и крахот на светските берзи, сега е потребно многу ангажман да се врати довербата во брокерите вели тој. Во меѓувреме добро е да се види искуството на Турција, Бразил и другите развиени

четврток, 03 мај 2012, Бр. 96

Америка е дека нови работни места може да генерираат исклучиво ново формирани компании. Во САД на пример компаниите кои постојат најмногу до 5 години на пазарот во услови на криза биле генератори на најмногу нови работни места. Дебатата со извршниот директор во „Морган Стенли“ во Стопанската Комора на Македонија беше организирана во соработката со Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија. Инаку, Демпси е извршен директор, главен за стратешки инвестиции во Групацијата „Морган Стенли“. Работи исклучиво на вложувања во „пазарна структура”, како што се новите видови размена, сродни технологии и пос-трговски услуги. Пред да се приклучи на Групацијата „Морган Стренли“, Демпси работел како консултант, фокусирајќи се на лансирањето стратегии за развој на бизнисот, во клириншки куќи во развиените и др. Работел и во Клириншката корпорација, најстарата централна договорна страна во САД. Даниела Михајловска Василевска

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Во Стопанската комора на Македонија, Чип Демпси дебатираше (2.5.2012 година) со домашни бизнисмени на тема „Како до квалитетни финансиии за инвестирање во услови на криза?“. Акцент беше ставен на неколку прашања: квалитетни финансии на глобално ниво, можност за финансирање на бизнисите во македонски услови, како во услови на криза да се намали неликвидноста на реалниот сектор и како до побрз економски развој наспроти светските искуства. Пораката што ја прати Депмси до македонските бизнисмени е дека потребно е да бидат исполнети три фактори за да се

земји каде инвеститорите ги користат инвестициските фондови за кои постои државна гаранција и се координирани од системски институции. Според сознанијата што тој ги има за Македонија реален е проблемот со кој се соочуваат домашните компании со намалениот степен на ликвидност особено во услови кога државата се јавува во улога на бизнисмен и обезбедува голем дел од работата за домашните компании. Доколку бидат исполнети посочените фактори надополнети со процесот на иновативност ќе следи процес на отворање нови бизнис. Искуството во

Регионалната комора со седиште во Битола и Бизнис Старт Ап Центарот организираа средба со МСП секторот БЕНЕФИТИТЕ ОД ЧЛЕНСТВОТО ВО НАЈСТАРАТА И НАЈБРОЈНАТА БИЗНИС-АСОЦИЈАЦИЈА ВО ЗЕМЈАВА Во организација на Регионалната комора со седиште во Битола, а со поддршка и во просториите на Бизнис Старт Ап Центарот од Битола, на 30.4.2012 година се одржа информативна средба со претставници од МСП секторот на регионот на југозападна Македонија. На средбата пред околу 20-тина фирми беа презентирани можностите и услугите на Стопанската комора на Македонија за малите и средни претпријатија. Присутните компании беа запознати со тоа што значи да се биде член на Стопанската комора на Македонија. Претставени беа придобивките, начините на соработка и групирање со останатите компании-членки, начините на дејствување и изнесување на мислења, соработка со локалната и централната власт преку асоцијациите и групациите во склоп на Стопанска комора на Македонија. Подетално беа претставени услугите на Комората како што се: имлементација на ИСО и НАССР стандардите, запознавање со законска легислатива и арбитража, сертификати на потекло и АТА карнети, помош при


четврток, 03 мај 2012, Бр. 96

апликација на разни ЕУ програми, консултантски услуги, помош при пребарување на понуда и побарувачка во земјата и во странство, електронска комерција, како и услуги за организација за посета на саеми, разни конференции и едукативни семинари. Беше претставен и проектот во соработка на Стопанската комора на Македонија со СловакАИД и Братиславската регионална комора, „Бизнис Инфо Центар“, којшто функиционира во рамките на Регионалната канцеларија во Битола, како и адекватната брошура која е издадена за таа намена за помош на претприемачите и малите и средни претпријатија со наслов:

„Како да започнете и да управувате со Вашиот бизнис?“. Во рамките на соработката со странство, на присутните им беше презентирана исклучиво богатата соработка со коморите од пограничните региони од Грција и Албанија, но исто така и со комори од Србија, Турција, Украина, Романија итн. Во тој контекст, се разви и дискусија за пројавениот интерес за учество на Б2Б средби на компании од регионот со соодветни компании од странство кои се заинтересирани за соработка. Беше нагласен и пофален организациониот удел на Стопанската комора на Македонија, како и Регионалната комора со седиште во Битола, на овој вид на средби и тоа токму од дел од присутните кои веќе имале можност да учествуваат на истите. На присутните компании им беа поделени и поголем број промотивни и информативни материјали за подобро запознавање со веќе споменатите услуги, со надеж дека наскоро оние кои не се членки би можеле да се придружат на бројното семејство компании-членки на Стопанската комора на Македонија, организација која веќе 90 години е стожер на стопанското здружување и промоција на бизнис-климата во Македонија. М-р Никола Димковски

БИЗНИС ИНФО ЧЛЕНКИ И ПОКРОВИТЕЛИ Од 1 мај „Македонски телеком“ ги намали цените на услугите до 20 отсто ЕМ ПОЕФТИНО, ЕМ СО НОВИ ПАКЕТИ И ДОПОЛНИТЕЛНИ СОДРЖИНИ Македонски Телеком а.д. Скопје од 1 мај 2012 година ги намали цените на фиксното портфолио до 20 проценти и воведе нови пакети, како и дополнителни содржини во постојните. - Со комплетното ревидирање на портфолиото се опфатени сите услуги од фиксната телефонија, говорни и интернет услуги и телевизијата. Посветени сме на остварување на нашата стратегија за зголемување на употребата на интернетот во земјата и сметам дека она што го правиме е голем придонес кон таквите промени. Покрај намалување на цените ќе ја збогатиме вредноста и содржината опфатена со тие цени и пакети, рече Даниел Сас, главен извршен директор на МТ, а го цитира МИА. Со намалување на цените на услугите од нашето портфолио го следиме пазарот, но пред се ги пресретнуваме барања на корисниците за поголема достапност на нашите услуги, додаде Сас. Според најавените новини, корисниците на 3 Max пакетите од 1 мај добиваат намалување на цената до 20 отсто и неограничен MaxADSL интернет и бесплатни разговори.

Компанијата воведе и нов 2 Max Basic пакет кој вклучува говорни услуги и MaxTV телевизија, за 799 денари месечно, како и нова опција за корисниците на MaxTV „ТВ-тека“ со која ќе можат да ја гледаат програмата од последните три дена која што ја пропуштиле. Во 3 Max Comfort пакетот со новините МТ вклучува и мобилен интернет со сообраќај од 2GB, бесплатен НВО пакет, како и неограничени бесплатни разговори од фиксната мрежа кон 50 држави. Од 1 мај во месечната претплата од 499 денари за фиксна телефонија се вклучени и неограничени бесплатни разговори во мрежата на МТ. МТ ја намали цената и го зголеми

11

ФОКУСИРАНО интернет сообраќајот во Call & Surf пакетите, услуга која може да се добие за 799 денари.

Ненаменски кредити од ТТК Банка КАМАТНА СТАПКА ОД САМО 7,5 ОТСТО ТТК Банка воведе нови промотивни каматни стапки за ненаменските кредити достапни за новите корисници. Новите каматни стапки се воведуваат во рамките на Премиум Смарт и Премиум Вип пакетите за приматели на плата во банката. Корисниците на Премиум Смарт и Премиум Вип пакетот можат да добијат понсика каматна стапка за ненаменски хипотекарен кредит со само 7,50% годишна каматна стапка, и рок на враќање 8 години.

Корисниците на Премиум Смарт пакетот ќе добијат најповолни каматни стапки за: ненаменски потрошувачки кредит 9,50% годишна каматна стапка, без жиранти во зависност од висината на платата и износот на кредитот и пониска провизија за одобрување. Корисниците на Премиум Вип пакетот ќе добијат пониски каматни стапки за ненаменски ВИП кредит 8,50% годишна каматна стапка, олеснето обезбедување – без жиранти и без административна забрана и најмала провизија за одобрување од само 1% од износот . Исто така, корисниците на Премиум Смарт и Премиум Вип пакетите можат да ги користат и поволностите на Visa Classic кредитна картичка, 10,50% годишна каматна стапка, без жиранти во зависност од висината на платата и износот на кредитот. – соопштуваат од Банката.


12

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ

БИЗНИС ИНФО

четврток, 03 мај 2012, Бр. 96

Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија преземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија

Назив на Проектот Референца Финансиска референца Вид на набавка Финансиер Земја Објавено на Краен рок за апликација Сектори

Контакти Назив на проектот Референца Финансиска референца Вид на набавка Финансиер Земја Објавено на Краен рок за апликација Сектори Контакт Назив на Проектот Референца Финансиска референца Вид на набавка Финансиер

MK - Скопје, фармацевтски производи ECZ75853 – земји-кандидати 2012/S 70-117149 Испораки Европска комисија Македонија 11.4.2012 година 22.5.2012 година Здравство Испорака на лекови кои ги надоместува и кои не ги надоместува Фондот за здравство www.juzr.org.mk MK-Скопје: ИПА - реконструкција и проширување на пречистителната мрежа во Прилеп, дополнување EuropeAid/130914/D/WKS/MK

Изведбени работи Европска комисија Македонија 11.4.2012 година 12.7.012 година Градежништво -инженеринг Урбан развој Прецизирање на условите во тендерот h�p://cfcd.finance.gov.mk/ ME-Подгорица: ИПА - испорака на опрема за Институтот за трансфузија EuropeAid/132851/C/SUP/ME

Испорака Европска комисија

Земја Објавено на Краен рок за апликација Сектори

Црна Гора 11.4.2012 година Отворен

Назив на Проектот Референца Финансиска референца. Вид на набавка Финансиер Земја Објавено на Краен рок за апликација Сектори

ЕУ-поддршка на регионален економски развој EuropeAid/132792/L/ACT/XK Budget line: IPA 2011/022939/02.22.04

Контакти

Информатичка технологија Здравство Испорака на лабораториска опрема и ИКТ-опрема

Грант Европска комисија Косово 2.4.2012 година 9.7.2012 година Економски развој Консолидација на 5 економски региони и креирање на регионална развојна рамка h�ps://webgate.ec.europa.eu/europeaid/ online-services/index.cfm European Union, represented by the European Commission, on behalf of and for the account of the beneficiary country, Podgorica, MONTENEGRO. 6

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА www.mchamber.mk Контакт: М-р Ацо Спасовски тел. 3244044 факс.3244088 aco@mchamber.mk


четврток, 03 мај 2012, Бр. 96

БИЗНИС ИНФО

13

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 9 мај 2012 година eднодневен семинар „УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКИ ПОСТАПКИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И Е-АУКЦИИ” (10:00 - 15:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат) Семинар за успешно учество на постапките за доделување договори кои се водат по електронски пат (пребарување огласи, преземање тендерска документација, поднесување понуди, дигитално потпишување) и учество на електронски аукции. Поттикнати од фактот што на голем број компании - понудувачи не им се познати последните измени и дополнувања на Законот за јавни набавки („Службен весник на РМ“ бр. 185 од 2011 година) и најновите текови во врска со спроведувањето на јавните набавки по електронски пат и задолжителното користењето на електронските аукции – 100% во 2012 година, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар кој ќе придонесе за запознавање и оспособување на учесниците за користење на Електронскиот систем за јавни набавки и учество на е-аукции. Предавачи: експерти од областа за електронски постапки за јавни набавки и е-аукции. Програма на семинарот: • Закон за изменување и дополнување на ЗЈН („Службен весник на РМ“ бр.185/11); • портал за мали јавни набавки (задолжително објавување на малите јавни набавки); • воведување технички дијалог со деловната заедница; • негативни референци; • квалификациски системи; • користење на ЕСЈН и е-аукции; • креирање на кориснички профили и претставување на функционалностите на профилот на економскиот оператор; • пребарување на објавени тендери и договори; • задолжителни 100% е-аукции; • дигитално потпишување на понудите; • доднесување на понудите преку системот; • учество на е-аукции каде критериум за доделување на договорот е најниска цена и економски најповолна понуда. Семинарот е наменет за сите деловни субјекти (економски оператори), кои учествуваат во постапките за јавни набавки, а особено за: • лицата кои електронски ги поднесуваат понудите и учествуваат на е-аукции и • менаџментот кој одлучува за содржината на понудите.

На семинарот ќе бидат разработени теми поврзани со електронските јавни набавки, како што се: • како да се креира кориснички профил; • основни функционалности на вашиот кориснички профил на системот; • како да комуницирате со договорниот орган преку ЕСЈН; • како најбрзо да добиете информација за новообјавените тендери; • како да учествувате во постапка која се спроведува по електронски пат; • што е електронска аукција и како да учествувате на неа и др.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 8 мај 2012 година. Учесниците треба да донесат свој лаптоп, затоа што обуката ќе биде интерактивна со практични вежби и примери на тестниот електронски систем за јавни набавки. Групата ќе биде ограничена на 20 учесници. Сите учесници ќе добијат соодветен работен материјал и на крајот од обуката ќе се стекнат со сертификат како потврда за учество на истата. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: be�@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk Од 10 до 13 мај 2012 година во Измир, Република Турција МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ПЛАСТИКА, ПАКУВАЊЕ И ТЕХНОЛОГИЈА 2012 • Стопанската комора на Македонија во соработка со Саемот во Измир организира учество и посета на македонски компании, со бесплатно хотелско сместување, 2 ноќевања, бесплатни влезници за Саемот и трансфер од аеродром - хотел - саем. Меѓународниот саем за пластика, пакување и технологија, во организација

на саемскиот организатор од ИЗФАС од Измир, ќе се одржи од 10 до 13 мај 2012 година. На оваа меѓународна саемска манифестација ќе има изложувачи од над 60 земји од целиот свет, со производи од областа на: пакувањето, машини за пакување, автоматски машини, материјали за пакување, пластика и пластични производи, врати и прозорци, системи за рециклирање, производи на хемиската индустрија, производи за градежништвото, пластични производи за автомобилската индустрија, производи за пакување на прехранбени производи, индустријата за печатење и др. Саемот претставува добра можност македонските компании да се запознаат со странските производители и со стопанските потенцијали на земјите кои ќе настапат на овој реномиран саем. За време на манифестацијата, ќе бидат одржани повеќе промоции и бизниссредби. Минатогодишното издание на Саемот го посетиле над 500.000 посетители, а учествувале 1500 излагачи од 60 земји од

целиот свет. Стопанската комора на Македонија организира посета на заинтересирани компании на Саемот, но ќе биде и логистичка поддршка на заинтересираните за учество на Саемот како излагачи, за што е неопходно да се пополни пријавниот лист и да се достави до Комората најдоцна до 3 мај 2012 година. Пријавниот лист може да се преземе од веб-порталот на Комората: www.mchamber.mk Контакт: Станка Дамјановска Тел: ++ 389 2 3244 016 Факс:++ 389 2 3244088 stanka@mchamber.mk Од 8 до 12 мај 2012 година Меѓународен саем за водостопанство, отпад и отпадни води, суровини и технологии за заштита на животната средина во Германија IFAT ENTSORGA 2012 ВО МИНХЕН Организирана посета на Саемот со превоз и хотелско сместување !


14

БИЗНИС ИНФО

четврток, 03 мај 2012, Бр. 96

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Во периодот од 8 до 12 мај 2012 година, во Минхен, Република Германија, ќе се одржи светскиот водечки Саем за технологии за заштита на животната средина, за водостопанство, отпад и отпадни води, суровини IFAT ENTSORGA 2012. Саемот IFAT ENTSORGA 2012 за прв пат ќе биде поставен во сите хали на Минхенскиот саем. Како и досега, најзастапени ќе бидат следниве сектори: водовод и канализација, третман на отпад и рециклажа. Нова област која ќе биде опфатена на овогодишниот саем е геотермалната енергија, за прв пат со заеднички штанд и со свој конгрес во рамките на саемот. Атрактивни дополнителни програмски содржини Актуелните трендови, најновите технологии и развојот на пазарот – сето ова ќе биде во фокусот на големиот број конференции, симпозиуми, работилници и форуми што се планирани во рамките на саемот. Стопанската комора на Македонија организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 8 до 12 мај 2012 година, со автобуски и авионски превоз.

Цената за автобуски превоз со хотелско сместување (две ноќевања) изнесува 320 евра по лице. Сместувањето е во хотел со 3 sвезди „Hotel Zur Post„. Посетителот ги покрива патните и сместувачките трошоци, како и организационите трошоци кон Комората. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 30 април 2012 година. Контакт: Влатко Стојановски Тел.02 3244 004 Факс:02 3244 088 vlatko@mchamber.mk

Од 14 до 18 мај 2012 година, Меѓународна коференција на Европската асоцијација за компјутерска графика во Италија „EУРОГРАФИК 2012” ВО КАЉАРИ * Организирано Конференцијата сместување

со

учество на хотелско

Во периодот од 14 до 18 мај 2012 година, во Калјари, Република Италија, ќе се одржи 22. Меѓународна конференција „EУРОГРАФИК 2012”, во организација на Европската асоцијација за компјутерска графика и Универзитетот во Калјари.

Стопанската комора на Македонија во соработка со Enterprise Europe Network - Македонија, организира учество на Конференцијата и воедно на билатералните средби меѓу пријавените компании, со организирано хотелско сместување. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за учество најдоцна до 5 мај 2012 година, преку пополнување на пријавниот лист даден во прилог. Контакт: Влатко Стојановски Тел: ++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт: Огнен Гаревски Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: ognen@mchamber.mk

Како паралелен настан на Конференцијата, ќе се одржат one-toone средби, на 16 и 17 мај, на коишто заинтересирани посетители и учесници ќе се сретнат на средби, кои ќе бидат претходно организирани, а чиј интерес ќе биде изразен преку виртуелен каталог на нивните проекти. Како главни сектори се идентификувани следниве: • компјутерска графика; • 2D/3D; • слики, фотографии и видеа; • текстура & бои; • анимација и забава; • апликации во урбана средина; • урбано моделирање; • Large point cloud compu�ng; • GPU clusters; • графички процесор на кластери; • HPC преку GPGPU; • стриминг и нетворкинг; • дигитално културно наследство и друго. На овој бесплатен настан, учеството се потврдува преку електронска регистрација (на страната: h�p://www. b2match.eu/eurographics2012), на која се одбираат партнерите за деловните средби. Зошто да учествувате ? • Пронајдете техничка соработка и можности; • европски R & D проекти и наоѓање нови партнери; • промовирање договори за лиценцирање; • заедничко вложување; • продажба и дистрибуција и др.

На 15 мај 2012 година eднодневен семинар „ВНАТРЕШНАТА РЕВИЗИЈА КАКО АЛАТКА НА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА И ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат Додека во развиениот свет внатрешната ревизија претставува алатка за поддршка на развојот на компаниите, една година по нејзината примена кај нас, истата е се` уште во својот зародиш. Од друга страна, потребите од иновативни решенија за намалување на оперативниот ризик, стандардизирање на процесите и процедурите, подобро планирање и сл., година по година растат се` повеќе и повеќе. Верувајќи дека знаењето е делива категорија, а со цел создавање ефективен контролен мониторинг, Стопанската комора на Македонија на 15 мај 2012 година, организира еднодневен семинар на тема: „Внатрешната ревизија како алатка на трговските друштва и јавните претпријатија во Република Македонија“.


четврток, 03 мај 2012, Бр. 96

БИЗНИС ИНФО

15

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Програма: - Предуслови за добра внатрешна ревизија; - Улогата на внатрешниот ревизор; - Внатрешната ревизија како менаџмент алатка; - Практична изработка на акти за внатрешна ревизија; - Фази на внатрешна ревизија; - Видови на внатрешна ревизија; - Ревизорски вештини и техники. Семинарот е наменет за компаниите, aкционерските друштва, јавните претпријатија, јавните установи и другите правни лица кои се во државна сопственост или во кои државата е акционер. Предавач: Александар Бужаровски, обучувач за финансиски менаџмент и внатрешна ревизија на MF I MDF на Холандија и надворешен соработник во Друштвото за консалтинг СФиД. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал, и сертификат за учество. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 11 мај 2012 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 be�@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 anita.mitrevska@mchamber.mk Од 16 до 18 мај 2012 година во Босна и Херцеговина МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНВЕСТИЦИИ „САРАЕВО БИЗНИС-ФОРУМ 2012“ Во периодот од 16 до 18 мај 2012 година, во Сараево, Босна и Херцеговина, ќе се одржи 3. Меѓународна конференција за инвестиции „Сараево бизнис-Форум 2012“. На овогодинешното издание се очекува учество на голем број реномирани учесници од политичка и економска провениенција, со голема медиумска промоција. Конференцијата е од меѓународен карактер, на којашто ќе се презентираат потенцијалите за странски инвестиции во регионот, како и за пронаоѓање деловни партнери. Работниот дел на конференцијата ќе се одвива три дена, преку организација

на пленарни и тематски сесии и билатерални средби меѓу компаниитеучеснички. Стопанската комора на Македонија ги поканува македонските компании да учествуваат на оваа реномирана меѓународна манифестација, за што е предвидено организиран превоз и хотелско сместување.

Се покануваат заинтересираните компании да го пријават своето учество најдоцна до 24 април 2012 година. Повеќе информации за настанот на: h�p://www.sarajevobusinessforum.com

градежни системи и опрема, градежни полуфабрикати, хемиски помагала за индустријата, керамика, врати и прозорци, изолација, греење и санитарна технологија, електрична инсталација, обработка на метални декорации, метална и неметална опрема, обработка на масивно дрво, домашен и канцелариски мебел, бела техника, санитарен мебел, паркет и дрвени подови, куќи од дрво, декорации од дрво, патишта, индустрија на електрична енергија, алтернативни извори на енергија како што се вода, ветер, сонце, гас, јаглен, масла, мерни инструменти и опрема, автоматика и роботика, хемиска и пластична индустрија, телекомуникации, транспортна опрема и др. Воедно,во рамките на Саемот, ќе се одржат и прес-конференции, заедничка вечера на сите излагачи, доделување на сертификати на излагачите ,а ќе се организираат и бизнис-средби, кои ќе создадат поволни услови за поттикнување на комерцијални ефекти.

Контакт: Влатко Стојановски Тел.02 3244 004 факс:02 3244 088 vlatko@mchamber.mk Од 16 до 19 мај 2012 година, Меѓународен саем за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија во Косово „ЕКСПОКОС 2012“ ВО ПРИШТИНА Стопанската комора на Македонија ве носи на Саемот за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија „EXPOKOS 2012“ во Приштина, Република Косово, од 16 до 19 мај 2012 година. ЗА ИЗЛАГАЧИТЕ 15 ОТСТО ПОПУСТ НА САЕМСКИОТ АРАНЖМАН *За посетителите на Саемот што ќе патуваат со Стопанската комора на Македонија обезбедени бесплатни влезници и бесплатен превоз. Во периодот од 16 -19 мај 2012 година, Стопанската комора на Македонија, во соработката со CEO – Congress & Event Organiza�on, организира учество и посета на македонски компании на најголемиот Меѓународен саем за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија „EXPOKOS 2012“ во Приштина - Косово. „EXPOKOS 2012“ ќе ги собере на едно место водечките локални и светски производители на: градежни материјали,

Стопанската комора на Македонија организира посета на заинтересирани компании на Саемот, но ќе биде и логистичка поддршка на заинтересираните за учество на Саемот како излагачи. Контакт : Станка Дамјановска Тел: ++ 389 2 3244016 Факс:++ 389 2 3244088 На 18 мај 2012 година еднодневен семинар “СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО, ОДГОВОРНОСТ НА ОРГАНИТЕ НА УПРАВУВАЊЕ И НАДЗОР НА АКЦИОНЕРСКОТО ДРУШТВО” (10:00-15:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат Предавачи: Д-р Зоран Михајлоски, судија во Апелациониот суд во Скопје Д-р Марко Андонов, универзитетски професор при Универзитетот Американ Колеџ -Скопје Во рамки на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со организацијата и одржувањето


16

БИЗНИС ИНФО

четврток, 03 мај 2012, Бр. 96

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ на собранието на акционерското друштво, согласно Законот за трговски друштва, како и одговорноста на членовите на органот на управување, односно членовите на органот на надзор на акционерското друштво, при што ќе биде направена јасна дистинкција меѓу неколкуте видови на одговорност на членовите на споменатите органи во АД, со сите нивни специфични карактеристики.

Семинарот е наменет за: членови на органите на управување и надзор со АД, како и за лица вработени во правните сектори во акционерските друштва, кои меѓу другото, се задолжени за организација на собранија на АД. Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 15 мај 2012 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: be�@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk

Воедно, ќе се направи обид за расчистување на одредени нејаснотии и дилеми кои се јавуваат во праксата, вклучително и одредбите поврзани со ништавноста на одлуките на собранието, како и одлуките кои се подобни за побивање. За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 18 мај 2012 година организира еднодневен семинар. ПРОГРАМА Генерални аспекти на собранието на АД: - собранието како обврзен орган на АД; - видови собранија на АД; - надлежност на собранието на АД. Свикување собрание на АД: - одржување собрание на АД; - учество во работа на собранието; - претходни дејства потребни за одржување на собранието; - презакажување на собранието; - водење на собранието; - гласање во собранието; - влегување во сила на одлуките на собранието; - посебно собрание. Неважност на одлуките на собранието на АД: - ништовни одлуки на собранието; - одлуки на собранието подобни за побивање. Одговорност на органите на управување и надзор на АД: - статусна одговорност; - имотна (граѓанска) одговорност на членовите на органот на управување на АД; - посебна одговорност на членовите на органот на управување на АД спрема доверителите.

На 21 мај 2012 година еднодневен семинар „МЕНУВАЧКОТО РАБОТЕЊЕ И ВРШЕЊЕТО УСЛУГИ БРЗ ТРАНСФЕР НА ПАРИ“ (9:45-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат) Проблематика и дилемите поврзани со надзорот над спроведување на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари и прописите донесени врз основа на него, како во постапката за лиценцирање, во известувањата за измени во податоците и документите, водењето на евиденцијата, доставувањето на извештаите, така и при вршењето на услугата брз трансфер на пари се јавуваат актуелни и значајни прашања поврзани со правилното вршење на оваа услуга од страна на давателите на услуги брз трансфер на пари и субагентите. За таа цел, Стопанска комора на Македонија, на 21 мај 2012 годинa со почеток во 9.45 часот , во сала 4 на 5ти кат организира еднодневен семинар на тема: „Менувачкото работење и вршењето на услуги брз трансфер на пари“. ПРОГРАМА : Услови за добивање дозвола за вршење менувачки работи: Проме��а на условите, податоците и документите во врска со веќе издадени дозволи за вршење менувачки работи. Начин на вршење на менувачките работи: - евиденција на трансакциите од менувачки работи и извештаи; - надзор и мерки.

- Услови за добивање дозвола за вршење на услугата брз трансфер на пари (трговско друштво/банка); - услови за склучување договор меѓу давател на услугата брз трансфер на пари и субагент. Начин и услови за вршење на услугата брз трансфер на пари: - водење евиденција на трансакциите брз трансфер на пари, известување и извештаи; - надзор и мерки. Предавачи: Царка Накова, самостоен советник; Зора Петровска, самостоен советник супервизор; Елеонора Симовска, супервизор; м-р Милена Делева, помлад супервизор. Предавачите се практичари во сферата на лиценцирањето и следењето како на менувачкото работење, така и на вршењето услуги брз трансфер на пари во Народната банка на РМ. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен материјал и сертификат за учество на истиот. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 18 мај 2012 година. Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 anita.mitrevska@mchamber.mk Од 22 – 24 мај 2012 година, во Бидгозч, Полска „WOD-КАН“ - МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА МАШИНИ И КАПАЦИТЕТИ ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ И КАНАЛИЗАЦИЈА Во периодот од 22-24 мај 2012 година, во Бидгозч, Полска, ќе се одржи „WOD-КАН“ - Меѓународен саем на машини и капацитети за водоснабдување и канализација. Саемот има 20-годишна традиција и игра важна улога во заштитата на животната средина во Европа и пошироко. Стопанската комора на Македонија ве поканува да учествувате на најпознатиот саем за снабдување со вода и канализациони системи во Полска. „WOD-КАН“ - Меѓународниот саем ќе ги опфати следниве области во делот на саем на машини и капацитети за водоснабдување и канализација за заштита на животната средина: • системи и опрема за климатизација на вода; • Технологии на вода климатизација и третман на отпадни води;


четврток, 03 мај 2012, Бр. 96

БИЗНИС ИНФО

17

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

• мерење на опрема за климатизација, третман на отпадни води, техника на мерење, контрола и анализи; • машини и апарати за градежништво, поправка и одржување на водоводна и канализациона мрежа; • хидраулични единици, пумпи и водоводен прибор; • регенерација на снабдување со вода и канализациона мрежа и длабоки бунари; • модерни технологии за реновирање на снабдување со вода и канализациони системи; • цевки, фасонски делови и бунари за изградба на водоснабдителни и канализациони системи; • безбедност и опрема за спасување; • софтвер за водоснабдување и канализација на компании, за управување со економијата и техничката инфраструктура; • дизајн, технологија и опрема на базени.

Сите посетители на саемот ќе добијат бесплатни влезници и бесплатен каталог. Доколку се пријавите за учество на саемот ќе имате можност да учествувате бесплатно на бизнис-средбите (Б2Б) кои ќе се одржат на 23 мaj 2012 година во Торун, Полска. Оддалеченоста од градот Бидгозч, Полска, каде ќе биде „WOD-КАН“ саемот и градот Торун, Полска, каде што ќе се одржат бизнис-средбите е околу 50 км или околу 55 минути. Бизнис-средбите имаат за цел на компаниите да им овозможат: • средба со други компании што доаѓаат од ЕУ; • да се запознаат со најновите технолошки и комерцијални трендови со цел да изнајдат нови технолошки решенија; • да запознаат потенцијални деловни партнери како и партнери за проекти за соработка со Европските проекти за развој и истражување; • да најдaт и да воспоставaт прекугранични контакти. За успешна реализација на саемот и бизнис-средбите, неопходно е македонските компании да го пријават својот интерес, преку пополнување на Пријавниот лист, даден во прилог. Посетителот ги покрива

патните и сместувачките трошоци, како и организационите трошоци кон Комората. Ве молиме, Вашиот интерес да го најавите во Стопанската комора на Македонија. Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 irena@mchamber.mk

Од 23 мај до 11 јули 2012 година oбука „ЛИЦЕ ОДГОВОРНО ЗА УПРАВУВАЊЕ И/ ИЛИ ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД” 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат Времетраење на обуката: 8 недели, еднаш неделно по 6 часа дневно. Кои компании се задолжени да назначат управител со отпад? Согласно член 21 од Законот за управување со отпад, компаниите кои во вршењето на својата дејност во текот на една календарска година создаваат повеќе од 200 килограми опасен отпад и/или повеќе од 150 тони неопасен отпад, должни се да назначат најмалку едно стручно оспособено лице - управител за отпад. Кои се задачите на управителот со отпад? • Да ја следи тековната состојба во управувањето со отпад и да се грижи за правилното постапување со отпад; • да води евиденција и изготвува извештаи; • да ја спроведува годишната програма на својата компанија; • да го контролира видот и количеството на отпадот што се создава, преработува и отстранува и да презема мерки за намалување и отстранување на создадениот отпад; • да ги информира раководните органи на својата компанија за можното загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето што е резултат на производството, третманот, преработката и отстранувањето на отпадот и да предлага конкретни решенија. Што треба да поседува управителот со отпад? • Потврда за стручна оспособеност и • Уверение за положен стручен испит за вршење на управување со отпад. Управителот со отпад треба да поседува уверение за положен стручен испит за вршење на работите за

управување и/или постапување со отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање. За да се стекне со уверение, потребно е да положи стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад. Но, за да се пријави за полагање на стручен испит, кандидатот задолжително треба да посетува обука со која се стекнува со потврда за стручна оспособеност за управување и /или постапување со отпад. Кој може да стане управител со отпад? Услов за полагање на стручниот испит е кандидатот да има високо образование со тригодишно работно искуство или вишо образование со петгодишно работно искуство во постапувањето со отпад и /или животната средина. Што опфаќа наставата? Програмата за обуката за полагање на стручен испит за управување и/или постапување со отпад се реализира во вкупно траење од 50 часа. Во рамките на обуката ќе бидат детално разработени Законот за управување со отпад, Законот за пакување и отпад од пакување, Законот за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Законот за управување со електрична и електронска опрема и

отпадна електрична и електронска опрема и сите правилници што произлегуваат од истите. Ќе биде опфатен и Законот за животна средина, посебно во делот на ИСКЗ дозволите. Сето тоа ќе биде придружено со практични примери релевантни за кандидатите, а посебен акцент ќе биде ставен на пополнувањето на обрасците и изготвувањето на програмата. Кој ја спроведува обуката? Стопанската комора на Македонија е овластено правно лице за спроведување на обуката. Обучувачи на семинарот ќе бидат докажани домашни експерти во областа на животната средина и особено во одржливото управување со отпад.


18

БИЗНИС ИНФО

четврток, 03 мај 2012, Бр. 96

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават најдоцна до 20 мај 2012 год. Учесниците на обуката ќе добијат сеопфатен материјал за подготовка на стручниот испит и Потврда за учество во обуката за стручно оспособување за управување и/или постапување со отпад. Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 anita.mitrevska@mchamber.mk Контакт: Даниела Михајловска Тел: ++ 389 2 3244021 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: daniela@mchamber.mk На 30 и 31 мај 2012 година дводневен семинар „УПРАВУВАЊЕ СО ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ ПРОМЕНИ ВО РЕЦЕСИЈА И ВЕШТИНИ НА ПОТТИКНУВАЊЕ ЦИКЛУС НА РАСТ НА ПАЗАРОТ ВО РЕЦЕСИЈА“ (9:00-17:00 часот, Стопанска комора на Македонија,сала3 на 3-ти кат) Што кога започнуваме процес на промени во моменти на криза? Кој е одговорен за управувањето со промени, а кој е носител на целиот процес? Кои се алатите со кои успешно ќе управувате со промените во рецесија? Кои се најчестите грешки? Кои се проактивните стратегии? Кои се стратегии на раст во услови на рецесија? Каков мора да биде лидерот за да обезбеди раст на својата компанија? Обуката е наменета за сите нивоа на менаџментот, а пресудна е за врвниот и средниот менаџмент во целина, како и за сопственици на помали компании. Целта на овој тренинг е да се запознаат учесниците

ресурси и варијабли неопходни за успешна реализација на деловниот раст. Учесниците ќе имаат прилика да се запознаат со сетот на компетенции и вештини кои се неопходни за лидерите на системот кои сакаат да растат спротивно од можностите на опкружувањето. Предавач: Сабина Шкртиќ, Р. Хрватска, експерт оо финансиии и организациски промени Едукација: 2010 - EBU – HRM and Change Management, Geneva, Swiss 2004 - MBA Henley Management College, Oxford 2003 - Diploma in Management - Henley Management College, Oxford 2001 - Execu�ve Cer�ficate, Henley Management College, Oxford 1991 - 1996 Универзитет во Осиек - Економски факултет - Финансиски менаџмент Работно искуство: - директор за човечки ресурси во ХРТ (Хрватска Радио Телевизија); - директор на друштвото EKS d.o.o.; - корпоративен директор за човечки потенцијали на ADRIS GRUPA d.d.; - директор за човечки потенцијали во TVORNICA DUHANA - Ровињ; - раководител на заводот за вработување HZZ – Осиек; - стручен соработник за финансии, заменик на Директорот на финансии; стручен соработник за управување со човечките потенцијали SAPONIA d.d.

Станува збор за еден од најголемите меѓународни саеми од овој тип во Евроазискиот регион во 2012 година, на којшто ќе земат учество голем број реномирани турски и странски компании и производители на: конфекциски машини, машини за везење, за кроење, ласерски машини за кроење, за пакување, за чистење, контрола на квалитет и машини за мерење, машини за пеглање, за печатење дизајн, машини за шиење и везење предива, додатни материјали како етикети, еластични ленти и останато. Во 2010 година, на Саемот се претставија над 370 учесници од преку 30 земји од целиот свет, а над 40.000 посетители ги видоа најновите достигнувања. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 31 мај до 2 јуни 2012година, со автобуски превоз.

Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 23 мај 2012 година. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал, и сертификат за учество. Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 anita.mitrevska@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 be�@mchamber.mk

со основниот „категоријален апарат“ за управување со промените во рецесија; како ефективно да ги мобилизираат вработените и целокупниот менаџмент за да се обезбеди неопходна синергија за остварување на деловните резултати во рецесиското опкружување. Ќе бидат истакнати неколку типови на можни стратегии со кои може да се поттикне раст во ограничувачки околности, запознавање со критичните

- 8. Меѓународен саем за ткаенини – „FABRIC EXPO 2012“ и - 23. Меѓународен саем за конфекциски машини, машини за везење и модни додатоци – „CLOTHING MACHINERY 2012“.

Од 31 мај до 2 јуни 2012 година, во Истанбул, Турција МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ТКАЕНИНИ И МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА КОНФЕКЦИСКИ МАШИНИ Организирана посета на Саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување ! Во периодот од 31 мај до 3 јуни 2012 година, во Истанбул, Република Турција, ќе се одржат две меѓународни саемски манифестации и тоа:

Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, трансфери од хотел до саем и бесплатни влезници за саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската


четврток, 03 мај 2012, Бр. 96

манифестација најдоцна до 4 мај 2012 година. Контакт: Влатко Стојановски Тел: ++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088 vlatko@mchamber.mk Контакт: Огнен Гаревски Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 ognen@mchamber.mk Од 6 до 9 јуни 2012 година во Косово МЕЃУНАРОДЕН ОПШТ САЕМ „ПРИШТИНА 2012“ Стопанската комора на Косово, во соработка со Министерството за трговија и индустрија на Косово, организира Меѓународен саем „Приштина 2012”, што ќе се одржи од 6 до 9 јуни 2012 година во просториите на Трговскиот центар „Планета”, во Приштина. На површина од 4060 м2, Меѓународниот општ саем „Приштина 2012” е настан на којшто ќе се претстават компании од Косово, од регионот и од

други земји. Саемот е еден од најголемите економски настани што се организира во Косово. Саемот претставува добра можност македонските компании да се запознаат со странските производители и со стопанските потенцијали на земјите кои ќе настапат на овој реномиран саем. За време на манифестацијата, ќе бидат одржани повеќе промоции и бизниссредби. Стопанската комора на Македонија организира посета на заинтересирани компании на Саемот, но ќе биде и логистичка поддршка на заинтересираните за учество на Саемот како излагачи, за што е неопходно да се пополни пријавниот лист и да се достави до Комората најдоцна до 15 мај 2012 година. Контакт: Станка Дамјановска Тел: ++ 389 2 3244016 Факс:++ 389 2 3244088 stanka@mchamber.mk

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ


БИЗНИС ИНФО

20

четврток, 03 мај 2012, Бр. 96

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Полска бара соработка со македонски производители на работна облека кои би произведувале по нарачка или пак имат свој производ, кој би ги задоволил нивните критериуми и би ги откупувале од нив за пласман на својот пазар. Валидност до: 9.9.2012 година Компанија од Хрватска бара соработка со производители на чорапи, долна облека,костими за капење и пижами во Република Македонија. Валидност до: 9.9.2012 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на термостати за радијатори со чија помош се штедат милиони тони нафта или кубни метри природен гас и придонесуваат за намалување на емисиите на СО2. Валидност до: 9.7.2012 година Компанија од Турција бара застапник во Република Македонија за пласман на декоративни платна. Валидност до: 10.9.2012 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на градежни и земјоделски машини, багери, ровокопачи, сеалки и носачи на сено. Валидност до: 10.7.2012 година Компанија од Германија нуди услуги за изградба на биогас постројки во Република Македонија. Валидност до: 10.6.2012 година Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на хемиски органски и неоргански производи. Валидност до: 10.8.2012 година Компанија од Црна Гора заинтересирана е да соработува со производители на квалитетен и луксузен мебел во Република Македонија за пласман на црногорскиот пазар за уредување на апартмани или станови купени од руски државјани. Валидност до: 11.12.2012 година Компанија од Америка бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на масла од пченка, соја и сончоглед. Валидност до: 11.5.2012 година

Компанија од Пакистан бара соработка со македонски текстилни фабрики за набавка на користени машини за производство на текстил. Валидност до: 12.8.2012 година Македонска компанија нуди на продажба ексклузивен објект од 600 м2 на ексклузивна локација во Скопје, кој може да биде пренаменет за хотел, лабoраторија, амбуланта или др. Дејност. Валидност до: 12.12.2012 година Компанија од Австрија бара дистрибутер во Република Макдонија за пласман на грејни апарати на биомаса. Валидност до: 12.8.2012 година Компанија од Босна и Херцеговина нуди топлотни котли на палети,TK и TKV топловодни котли и комбинирани бојлери. Валидност до: 12.8.2012 година Компанија од Грција заинтересирана е да соработува со компании од Република Македонија кои користат пластика како суровина во својот процес на производство, амбалажа за храна, делови за автомобили. Валидност до: 27.7.2012 година Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на лимонска киселина, натриум бензонат и каустична сода во лушпи и топчиња. Валидност до: 27.7.2012 година Компанија од Франција бара соработка со производители на печурки во Република Македонија за пласман во Франција. Валидност до: 27.9.2012 година

по капка и филтер производители - соларни панели, уреди за греење и ладење, компресори, вентилација - системи за гаснење пожар, како и соработка со фирми посебно во делот на агробизнисот и сточарството, соларна енергија, вентилација. Валидност до: 06.7.2012 година Компанија од Турска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на опрема за бензински пумпи и танкери за гориво, како проток метри, пумпи за гориво (спирална опрема, внатрешна опрема, ротирачки вентили), црева, спојки (camlocks), филтри. За бензин на бензинските станици; пумпи, вртливи зглобови, неповратни вентили, воздушни компресори и автоматска поправка и услуги. Валидност до: 9.8.2012 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на маслиново масло. Валидност до: 6.7.2012 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на автоприколки, амортизери, куки и резервни делови. Валидност до: 6.7.2012 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на медицински препарати за живина и агросектор, лекови за живина, како што се антибиотици витамини и минерали. Дистрибутери на вакцините за живина (Pfizer Animal Health poultry vaccines.) Валидност до: 6.7.2012 година

Компанија од Црна Гора заинтересирана е за набавка на амбалажа за пакување на кондиторски производи од Република Македонија, како и пласман на истите. Валидност до: 27.9.2012 година

Компанија од Америка бара да откупува бел мермер, воедно и нуди соработка со компании кои извезуваат процесиран мермер или мермер во блокови од Република Македонија. Валидност до: 2.12.2012 година

Копанија од Унгарија бара дистрибутер во Република Македонија нa пластични фитинзи за цевки, апарати за заварување, спојки за цевки, резервоари, базени. Валидност до: 27.9.2012 година

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб портал www.mchamber.mk

Компанија од Турција бара увозници и дистрибутери за пласман на македонскиот пазар на системи за наводнување - капка

Контакт: Мирјана Коцева Е-адреса: Mirjana@mchamber.mk Тел:3244-035; Факс: 3244-088

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036 savo@mchamber.mk


Бизнис ИНФО број 96 од 03.05.2012 година