Skip to main content

Бизнис ИНФО број 173, 3 април 2014

Page 1

БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

СТОПАНСКА КОМОРА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈА Founded 1922 Quality Management

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi. FS 549642

ISO 9001

Quality Management

goodini

192

2 - 2014

FS 549642

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 173

www.mchamber.mk

3.4.2014

Порака на Стопанската комора на Македонија до малите и средни компании во земјава

ПРИКАЧЕТЕ СЕ НА ЕЕН-МРЕЖАТА ЗА ДА ПРОНАЈДЕТЕ ПАРТНЕРИ ЗА НОВИТЕ ЕУ-ПРОГРАМИ - „ КОСМЕ” И „ХОРИЗОНТ 2014-2020“!


2

БИЗНИС ИНФО

четврток, 3 април 2014, Бр. 173

ПОДВЛЕЧЕНО

ВО СТУКТУРАТА НА НЕФУНКЦИОНАЛНИ КРЕДИТИ ПОГОЛЕМО УЧЕСТВО ИМААТ КОМПАНИИТЕ Граѓаните и фирмите се повеќе се задолжуваат со цел да ја избегнат бездната настанатата од економска криза која се заканува по нивните имоти. Економската криза преку движечката сила на економијата, стопанството, премина и во рамките на банкарскиот сектор, пресликана во форма на нефункционални кредити и пренатрупаност од превземен имот. Бројките кои денес го отсликуваат банкарскиот сектор во делот на нефункционалните кредити преку направените испитувања покажуваат дека салдото на нефункционалните кредити во банките во Република Македонија се зголемило за 19 отсто или за 62 милиони евра, со што нефункционалните кредити изнесуваат 11 отсто од вкупното кредитно портфолио. Овој процентот од 11 отсто е сеуште толерантен во споредба со земјите од опкружувањето Србија и Хрватска со 20 отсто, Црна Гора со 18,5 отсто, Словенија со 13,2 отсто, Бугарија 23 отсто. Анализата на банките покажува дека во стуктурата на нефункционални кредити поголемо учество имаат кредитите земени од компаниите отколку оние од населението. Од друга страна, поради опаднатата финансиска кондиција за отплата на кредитите и компаниите покажуваат извесна претпазливост во однос на поднесување на барање(апликација) за кредити. (Димитар Ѓоршевски, Стопанска Банка Битола за „Фактор“)

ПАТОТ НА СТРУЈАТА ЗАВИСИ ОД ОДЛУКАТА НА ТРГОВЦИТЕ И ОПТИМИЗАЦИЈАТА НА ТРОШОЦИТЕ Трговијата со електрична енергија е специфична област, најмногу поради тоа што енергијата не може да се складира и е поврзана со работа и тргување на енергетски берзи во регионот. Секоја држава има специфична легислатива за енергетиката и ние мора да ги исполнуваме законските регулативи. За споредба, ако имате фирма со лиценца за трговија со енергија во ЕУ, таа фирма може да работи во било која држава на ЕУ, што не е истиот случај во Македонија. Во Македонија е потребно да се има посебна локална фирма и да се добие лиценца за трговија со електрична енергија, а за процесот на либерализација според легислативата се бара и додатна лиценца за снабдувач, што е редок случај и во соседните земји. Според географската положба, Македонија иако има четири географски граници, има само три енергетски граници и е држава која е нето увезувач на електрична енергија. Исто така, за разлика од останатите држави каде што државните фирми се многу инволвирани во трговијата со електрична енергија, во Македонија тоа не е многу застапено и мислам дека мора да се работи на овој случај и да се направат многу промени од страна на Регулаторната Агенција на РМ и надлежните институции. Во моментов цената на електричната енергија на пазарите на југоисточна Европа е повисока отколку во централна и западна Европа, при што природниот пат на напојување на земјите во опкружувањето е од Австрија и Словачка преку Словенија и Унгарија. Тука се и трите земји од регионот кои се со константен вишок на енергија – Романија, Бугарија и Босна и Херцеговина. Што се однесува до потрошувачите, тука се Грција и Романија. Македонија во 2012 година има произведено 5.813 гигават/ часови струја, а потрошувачката е на ниво од 8.488 гигават/часови. Трговците кои струјата ја транспортираат до Македонија, преку Србија и Бугарија, не значи и дека ја купиле од овие земји. Патот на струјата која стигнува до Македонија, преку Србија или Бугарија, можеби е од Германија, Австрија, Чешка или каде било во Европа, се зависи од одлуката на трговците и оптимизацијата на трошоците. (Сања Божиновска, директор на секторот трговија со електрична енергија во Руднап група во „Бизнис Инфо“)


четврток, 3 април 2014, Бр. 173

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО

НА КУПУВАЊЕТО МУ ДОДАДОВМЕ ДОПОЛНИТЕЛНА ВРЕДНОСТ Наша политика на работа е постојано да имаме некоја нова промоција, акциска продажба, наградни игри, односно на купувањето да му дадеме дополнителна вредност. Сето придонесува потрошувачите да ги препознаат заложбите на Жито Маркети за услужливоста кон своите купувачи и на тоа одговараат со поголема лојалност и доверба. Денешниот потрошувач, купувач има свои ставови и убедувања, сака да се чувствува пријатно и слободно при купувањето, но исто така сака и поголема вредност за средствата што ги дава. Пријатното чувство и позитивното искуство од првото влегување во комбинација со дополнителната вредност што ја добива за своите средства ќе го направат да се врати повторно и повторно. Токму овој начин на работа, идеологијата како и водењето грижа за сите свои потрошувачи и нивните потреби и барања, придонело да стигнеме до 25 години успешно позиционирање на пазарот. (Далибор Ѓошевски, генерален директор на „Жито маркети“ во „Бизнис Инфо“)

Можности и приоритети за зголемување на економската соработка со Република Франција

КОМПАНИИТЕ ИМААТ ИНТЕРЕС, НЕДОСТАСУВАAТ СТРАТЕШКА И АГРЕСИВНА ПРОМОЦИЈА И КОНТАКТИ

Агенцијата „Марили“ на 27.3.2014 година по 18-ти пат ги избра најуспешните жени менаџери од Македонија. Меѓу најуспешните менаџерки за 2013 година се прогласени Маријана Ангелоска од „Ариљеметал“, Марина БадаровскаМишевска од „Казино Фламинго“, Маја Димовска од „Чоколографија Македонија“, Тања Дејаноска од Дентал интернационал Дејаноски, Евгенија Зафировска од „Бестел“, Даниела Пиперкоска од „Луцерн ВИП“, Анета Антова-Пешева од „Унет Ултра“, Магдалена Симоновска од „Шевро“ и Славица Тодоровска од „Хемофарм“ од претставништвото во Скопје. Од општествениот сектор за најуспешна е избрана претседателката на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева. Агенцијата „Марили“, како општествено одговорна компанија оваа година одбележувајќи го своето полнолетство и 18-годишна традиција, организираше и хуманитарна акција, а средствата собрани од неа се наменети за апарат за биопсија и рана детекција на карциномот, кој ќе биде дониран на Клиниката за радиотерапија и онкологија. (МИА)


4

БИЗНИС ИНФО

четврток, 3 април 2014, Бр. 173

ПРЕЗЕНТАЦИИ ЕЕН мрежа за бизнисможности – помош за поддршка на малите и средни бизниси

ПРОНАОЃАЊЕ ПАРТНЕРИ ЗА НОВИТЕ ЕУ-ПРОГРАМИ „КОСМЕ И ХОРИЗОНТ 2014-2020“

Европската мрежа за бизнисможности (ЕЕН) е најголемата мрежа за подобрување на процесот на имплементација на иновациите во реалниот сектор, за интензивирање на бизнис-релациите, за поефикасна соработка на науката и индустријата, трансферот на технологии и користењето на резултатите од научните истражувања во стопанството. ЕЕН-мрежата е уникатен модел и во однос на својата широка географска зафатнина достигнува широк спектар на интегрирани услуги кои ги обезбедува за малите и средните компании и други деловни организации и асоцијации, факултети, универзитети, истражувачки центри и сл. Услугите на ЕЕН се достапни во повеќе од 35 милиони компании од ЕУ и од други земји што учествуваат во оваа мрежа. Ова беше истакнато на редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија на тема: ЕЕН-мрежата за бизнисможности – помош за поддршка на малите и средни компании во изнаоѓање партнери за новите ЕУ-програми „Косме“ и „Хоризонт 2014-2020“. ЕЕН-мрежата отпочина со работа во јануари 2008 година и денес обединува 600 локални партнерски организации кои вработуваат околу 3.000 лица - професионални кадри кои работат исклучиво за поддршка на конкурентноста на бизнисите во Европската унија. Тие се поврзани преку моќни бази на податоци - одлично направени софтверски решенија кои постојано ја ажурираат веб-страната интерно и екстерно соодветно на потребите и барањата на ЕЕН партнерите и ги проверуваат податоците за влез во базата на податоци што ЕЕН партнерите ги доставуваат. Во Македонија, Enterprise Europe Network Mecedonia (ЕИИЦМ) веќе 7-ма година во континуитет за македонските компании ги обезбедува следните услуги: • промотивни активности (промоција на можностите за учество на македонските компании во ЕУ-програмите, можности за меѓународна соработка, предлози за партнерство, промоција на нови услуги од ЕЕН-мрежата, написи во печатените или електронски медиуми; • организација на локални и регионални настани наменети за МСП (промотивни настани, настани во рамките на Европската недела за мали и средни претпријатија, информации за ЕУ-програми за финансирање, обуки за МСП); • информација за ефектите од имплементација на европската легислатива во Република Македонија (информациите од искуството на македонските компании при примената на европската регулатива се доставуваат електронски преку алатката за интерактивно креирање на политики на Европската комисија – Interactive Policy Making tool). Споменатата активност е дел од активностите за проценка на влијанието на регулативата на Европската унија во националните средини; • континуирано обезбедување информации за македонските МСП преку внатрешниот ИНТРАНЕТ-систем за комуникација на мрежата (МЕРЛИН); • реализација на директни средби со компании (кои претежно се вршат преку стопанските комори, каде што преку директна комуникација со компаниите се објаснуваат услугите и можностите кои ги нуди ЕЕН); • интернационализација на дејноста и поддршка на иновативните активности на македонските МСП (обезбедување заштита на правата на интелектуална сопственост, поддршка при учество во ЕУ-програми за иновативни активности – во HORIZON (2014-2020) и COSME (2014-2020); • организација на брокерски настани ( Б2Б - средби) и компаниски мисии кои имаат за цел да овозможат директни контакти на македонските компании со други компании од мрежата. Овие контакти имаат за цел создавање нови бизнис, технолошки и научно-истражувачки партнерства; • промоција на БЦД-профили за соработка на македонски компании во електронскиот систем на ЕЕН. Македонските компании


четврток, 3 април 2014, Бр. 173

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕЗЕНТАЦИИ кои се заинтересирани за меѓународна соработка бесплатно можат да станат дел од меѓународната база за бизнис-контакти и транфер на технологии. Секојдневно во мрежата се внесуваат стотици профили на компании за соработка од цела Европа, а базата на трансфер за технологии брои повеќе од 23.000 технолошки профили. Параметрите за минатата 2013 година укажуваат на потребата од помасовно користење на услугите од страна на компаниите: Параметрите за минатата година укажуваат на потребата од помасовно користење на услугите од страна на компаниите: • директна промоција на ЕЕН 1230 компании; • учество на регионални и на локални настани 213 компании; • прва средба со компании 116 компании; • компании кои учествувале на Б2Б 38 компании; • остварени средби за време на Б2Б средби 104 средби; • предлог-партнерски договори 43 договори; • барања добиени за соработка со македонски компании 36 барања; • заинтересирани компании за соработка 25 барања. Од јануари 2014 година Европската комисија отпочна со реализација на новите програми за истражување, развој и иновативност за следниот седумгодишен период 2014-2020: „ХОРИЗОНТ 2020“ и „КОСМЕ“, кои се од интерес на Стопанската комора на Македонија, компаниите и институциите во Македонија и чии фондови и можности за користење преку проекти ќе придонесат за зголемување на конкурентноста на компаниите. Реализацијата на овие програми за Европската комисија значи постигнување на целите и приоритетите зададени во Европската стратегија – Европа 2020, како продолжување на Лисабонската стратегија чии приоритети беа вклучени за финансиска реализација преку претходните програми „ЦИП“ и „ФП7“. Програмата „КОСМЕ 2014-2020“ е наследник во голем дел на Програмата „ЦИП 2007-2013“ и Европската комисија ќе ја финансира со буџет од 2,3 милијарди евра, што ќе бидат наменети за поттикнување на конкурентноста на малите и средни претпријатија во текот на следните седум години. „КОСМЕ“ има за цел зајакнување на конкурентноста и одржливоста на претпријатијата, охрабрување на претприемничката култура и главен акцент се става на пристапот до финансии за МСП каде со финансиски инструменти од 1,4 милијарди евра Европската комисија сака да им помогне на компаниите да дојдат полесно до неопходните финансии за нови инвестиции, развој и зголемување на конкурентноста. Останатите делови што ќе се поддржуваат преку оваа програма се пристап до нови пазари и интернационализација на МСП (ЕЕН, што исто така е поддржана финансиски со „КОСМЕ“, ќе биде главен извор на креирање на информации за МСП), како и поддршка на претприемачите, претприемништвото и претприемничката култура. Во моментот со цел поголема интерактивност на ЕЕН Македонија и компаниите, на располагање е новиот редизајниран веб-портал, којшто ги нуди сите сервиси достапни за македонските компании. Покрај сервисите за интернационализација, ЕЕН претставува инструмент на ЕУ за помош и поддршка на малите и средни компании во изнаоѓање партнери за новите ЕУ-програми „Косме“ и „Хоризонт 2014-2020“, каде што преку мрежата се обезбедуваат барања за партнерства во процесот на аплицирање на новите повици. За активностите околу трансферот на технологии и научните истражувања и корелациите со бизнисот зборуваа партнерите од Конзорциумот на ЕЕН Македонија, Габриела Костовска-Богеска и Виктор Стојмановски, проект менаџер на Проектот. Софче Јовановска


БИЗНИС ИНФО

6

четврток, 3 април 2014, Бр. 173

ЖИВОТНА СРЕДИНА Семинар за енергетска ефикасност на згради со практичен тренинг

АРХИТЕКТИ И ГРАДЕЖНИ ИНЖЕНЕРИ ИЗРАБОТУВАА ЕЛАБОРАТ ЗА ГРАДЕЖНА ФИЗИКА НА ОБЈЕКТ

Стопанската комора на Македонија, во соработка со д-р Петар Николовски, дипл.инж.арх, консултант по енергетска ефикасност на згради, организираше дводневен семинар на тема: „Изработка на елаборат за градежна физика за проектиран или изведен објект, согласно Правилникот за енергетски карактеристики на згради“. Семинарот се одржа на 26 и 27 март 2013 година, во просториите на Стопанската комора на Македонија. Целта да се продолжи со подлабоко навлегување во проблематиката на пресметките за енергетски карактеристики на згради, според Правилникот за енергетски карактеристики на згради, односно да се изработи комплетен елаборат за градежна физика за проект на некоја зграда, независно од тоа дали е изградена или допрва ќе се гради, беше договорена на претходните семинари оджани на оваа тема во 2012 година. Секој од учесниците изработи елаборат за објект (проектиран или изведен), по сопствен избор. Задоволство беше да се работи во атмосфера каде се разменуваа мислења, се поставуваа прашања и се пресметуваа сите физички големини, под менторство на д-р Петар Николовски. Со оглед на индивидуалниот карактер при работа на семинарот, максималниот број на учесниците изнесуваше 15 , а семинарот траеше два дена. Марија Петроска


четврток, 3 април 2014, Бр. 173

БИЗНИС ИНФО

7

ЖИВОТНА СРЕДИНА Цементарница „Усје“ се приклучи по шестти пат кон глобалната акција „Час на планетата Земја“

СИМБОЛИЧНА ЗАШТЕДА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА КОЛКУ 3.000 ДОМАЌИНСТВА ВО СКОПЈЕ

Во периодот од 20:30 – 21:30 часот на 29 март 2014 година, мелницата за цемент на Цементарница Усје беше исклучена на еден час. Освен мелницата за цемент во исто време беа исклучени од електрично напојување сите невитални објекти во кругот на фабриката. Со оваа акција Цементарница Усје АД Скопје се приклучи шестти пат кон глобалната акција „Час на планетата Земја“. Освен во кругот на компанијата, менаџментот и вработените на Усје се приклучија на акцијата „Час на планетата земја“ и лично исклучувајќи ги електричните уреди и светилките во своите домови. Освен тоа, по иницијатива на Усје на оваа глобална акција се приклучија и други компании кои се нејзини долгогодишни деловни партнери. Преку приклучувањето на оваа акција Цементарница Усје АД заштеди над 10 MWh електрична енергија со исклучувањето, што е еднакво на потрошувачката на електрична енергија на над 3000 домаќинства во Скопје. -Нашето приклучување кон глобалната акција „Часот на планетата Земја“ е симболично, но многу значајно, бидејќи со оваа акција се подигнува свеста за одговорноста на сите поединци, компании и институции. Сите ние имаме одговорност за подобрување на животната средина и тоа не само денеска. Цементарница Усје АД Скопје својата постојана грижа за околината ја докажува преку своите континуирани активности со нашите партнери. Во насока на подобра животна средина сме реализирале многу корисни поректи за зедницата и продолжуваме во таа насока, истакна Борис Хрисафов, главен извршен директор на Цементарница Усје АД. Денот на планетата Земја започна во САД по инцијатива на сенаторот Гејлорд Нелсон, по што стана глобална акција. За прв пат е одбележан во 1970 -та година. Годинава манифестацијата се одржуваше под мотото „Искористете ја Вашата моќност денеска, исклучете ги светилките, време е Планетата Земја да светне“. Оваа година, Цементарница УСЈЕ АД Скопје се приклучи и кон акцијата „Македонија – земја на розите“ со донирање на 3.000 рози кои менаџментот на компанијата и околу 30 вработени ги засадија на локација во општина Аеродром заедно со градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски и Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Соња Лепиткова. Цементарница Усје АД Скопје е меѓу компаниите кои во целост ја имплементираа Еколошката А дозвола уште пред крајниот рок во 2014 година. Оваа дозвола подразбира работење според највисоките принципи и регулативи за заштита на животната средина, како и постоење на систем на постојана контрола и унапредување на процесите. Од декември 2008, Цементарница Усје АД е локален член на Глобал Компакт договорот на Обединетите Нации. Со потпишување на овој договор, Цементарница Усје АД ги прифати десетте принципи на добро корпоративно управување, меѓу кои е и заштитата на животната средина. (Фактор и Цементарница Усје)


8

БИЗНИС ИНФО

четврток, 3 април 2014, Бр. 173

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА „ЕВН Снабдување“ потпиша договори за снабдување со над 120 квалификувани компании

ПОВОЛНА ЦЕНА, НО И ИСКУСТВОТО И СИГУРНОСТ ВО СНАБДУВАЊЕТО

„ЕВН Снабдување“ потпиша договори за снабдување со над 120 квалификувани компании кои првпат излегуваат на слободниот пазар за електрична енергија, информираат од компанијата. Оттаму велат дека компаниите кои им ја дадоа довербата ги имаат најповолните понуди што може да се добијат на почетокот на втората фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија. - Не само поволна цена, туку корисниците го добиваат и искуството и сигурноста во снабдувањето и од домашниот пазар и од Европскиот, каде што ЕВН веќе одамна е присутна снабдувајќи 3,3 милион корисници во Бугарија, Австрија и Македонија, наведуваат од ЕВН. Токму пристапот до сите европски берзи и пазари на електрична енергија, нагласуваат, и дава можност на ЕВН на компаниите да им ја олесни работата околу планирањето на потрошувачката. - Оние кои потпишаа договор со нас не мора воопшто да се грижат за тоа дали ќе ја потрошат целата побарана енергија или не, нашето искуство и екпертиза околу планирањето им стои на располагање. Балансирањето на потрошувачката ќе биде наша грижа, вели менаџерот на „ЕВН Снабдување“ Нико Беберу. „ЕВН Снабдување“ ја оформи и втората балансна група. Првата, најголема во земјава, е на регулираниот пазар на електрична енергија каде што ги снабдува тарифните потрошувачи, вклучувајќи ги и 700-те илјади домаќинства и малите бизниси, а втората за либерализираниот пазар каде се вклучени 70 отсто од компаниите кои од 1 април излегуваат на отворениот пазар.(МИА)

Значајно откритие на истражувачкиот тим на „Алкалоид“ во директна соработка со престижниот Макс Планк Институт од Штутгарт и Институтот за хемија при Природноматематичкиот факултет-Скопје

РЕШЕНА КРИСТАЛНАТА СТРУКТУРА НА СОЕДИНЕНИЕТО КОДЕИН ФОСФАТ СЕСКВИХИДРАТОТ

Истражувачкиот тим на „Алкалоид“ во директна соработка со престижниот Макс Планк Институт од Штутгарт и Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет-Скопје, првпат во светски рамки ја реши кристалната структура на соединението кодеин фосфат сесквихидрат, супстанца која зазема значајно место во фармацевтската индустрија и се употребува повеќе од половина век. Познавањето на кристалната структура на секое фармацевтски-активно соединение, соопшти „Алкалоид“ е од исклучителна важност за детално дефинирање на неговите физичкохемиски својства. Добиените резултати од ова значајно откритие се објавени во едно од трите најреномирани научни списанија во областа на хемијата на светско ниво - „Chemical Communications“. Резултатите се публикувани во вид на оригинален научен труд под наслов „On the hydrates of codeine phosphate: The remarkable influence of hydrogen bonding on the crystal size“. Главниот експеримент беше изведен во Институтот Макс Планк во Штутгарт, од страна на м-р Томче Рунчевски, научен соработник на „Алкалоид“. Овој исклучително значаен научен предизвик, чии резултати се плод на тригодишна континуирана систематска студија, како што се наведува, претставува огромен успех за „Алкалоид“ како македонска компанија, но и за целокупната домашна и светска научна јавност. Компанијата и во иднина ќе продолжи да ги поддржува проектите од овој тип, кои придонесуваат за дополнителна афирмација на Република Македонија во светот. Пред неполна година, истражувачкиот тим на „Алкалоид“, по иницијатива на д-р Ѓорѓи Петрушевски, првпат пред научната јавност ја презентираше кристалната структура на соединението фолкодин монохидрат, во соработка со две научно-истражувачки лаборатории, стои во соопштението од компанијата.(„Алкалоид“)


четврток, 3 април 2014, Бр. 173

БИЗНИС ИНФО

9

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА „Македонски телеком“ донесе одлука за исплата на дивиденда за 2013 година

БРУТО ИЗНОС ОД 2,7 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ ЌЕ ПОДЕЛАТ АКЦИОНЕРИТЕ

Собранието на „Македонски телеком“ донесе одлука за исплата на дивиденда за 2013 година во вкупен бруто износ од 2.716.252.939 денари. Бруто износот на дивидендата по акција е 31,49 денари. Исплатата на дивидендата за 2013 година ќе се врши во периодот помеѓу 23 и 30 април 2014 година. Собранието го одобри и работењето на членовите на Одборот на директори на „Македонски телеком“ за 2013, а го усвои и Годишниот извештај за работењето на Секторот за интерна ревизија за 2013 година. Собранието на !Т-Мобиле Македонија“ на состанокот одржан на 26.3.2014 година, и Собранието на „Македонски Телеком“ на својата седница на 27.3.2014 година ја констатираа оставката на Јанош Сабо и Михај Немет од позицијата неизвршни членови на Одборите на директори и го разрешија Тамош Вагани од позицијата независен неизвршен член на Одборите на директори, почнувајќи од 1 април, 2014 година. За нови неизвршни членови на Одборите на директори на двете Друштва се избрани Атила Кесег и Михаел Франк, а за нов независен незивршен член на Одборите на директори е избран Франк Полц, сите со мандат од четири години, почнувајќи од 1 април, 2014 година. На вонредните состаноци на Одборите на директори на „Македонски Телеком“ и „Т-Мобиле Македонија“, одржани на 26 март, донесени се одлуки за разрешување на главниот директор за техникаТорстен Алберс, кој ќе ја продолжи својата кариера во „Хрватски Телеком“. Божидар Полдругач е именуван за главен директор за техника на „Македонски Телеком“ и „Т-Мобиле Македонија“, почнувајќи од 1 мај 2014 година. Полдругач доаѓа од позицијата Главен директор за техника и ИТ од „Хрватски Телеком“, со богато дваесетгодишно искуство во областа на телекомуникациските и информатичките технологии.(МИА)

Постојан избран суд - Арбитража Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија e постојана арбитражна институција основана согласно со Законот за стопанските комори и Статутот на Стопанската комора на Македонија. Арбитражата при Стопанската комора на Македонија е надлежна за решавање спорови за

права со кои странките можат слободно да располагаат и за кои со закон не е пропишана исклучива надлежност на судовите на Република Македонија, доколку странките ја договорат нејзината надлежност. Контакт: М-р Татјана Штерјова; тел: +389 (02) 32 44 065; e-mail: tatjana@mchamber.mk bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА FS 549642

Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922


БИЗНИС ИНФО

10

четврток, 3 април 2014, Бр. 173

СТРАНСКИ ПЕЧАТ Хрватска е последна во користењето на ЕУ фондовите

КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА МИЗЕРНИТЕ 18 ОТСТО?

Според последните официјални анализи на Европската комисија за износите кои до сега се исплатени, во повлекување на средства од ЕУ фондовите Хрватска е најлоша во ЕУ. Податоците кои се достапни наназад неколку месеци, говорат дека процентот од исплатените средства во однос на тие кои биле на располагање во финансиската перспектива од 2007 до 2013 година за Хрватска изнесува мизерни 18 отсто. Работата да биде уште полоша, државите на чие пристапување се чудевме во текот на последните неколку години и сметавме дека нема што да бараат во Унијата, како што се Бугарија и Романија, пред нас направија значителен исчекор. Романија се наоѓа непосредно пред Хрватска, но нејзиниот процент на искористеност е значително повисок и изнесува за нас недосонувани 36 отсто исплатени средства. Бугарија е уште поуспешна и се наоѓа на 48 отсто искористеност, а за процентот на искористеност од 78 отсто кој го има Естонија, ние можеме само да сонуваме. Треба да се напомене даке Хрватска во финансиската перспектива за која Комисијата работеше на споредбата, го користеше претпристапниот програм ИПА, додека другите членки користеле структурни и други инвестициски фондови ЕСИ фондови, па самата оваа споредба по нешто е специфична, меѓутоа земете предвид дека финансиските алокации, т.е. износите кои се на располагање од ЕСИ фондовите, се значително поголеми од тие кои ги имавме во програмата ИПА. Така Хрватска веќе сега има прилика во просек да користи милијарда евра годишно за перспектива од 2014 до 2020 година, додека во ИПА програмата нешто помал износ имаше за цел седум годишен период. Иако владата редовно не уверува дека Хрватска ќе повлече максимален износ на средства и дека ќе биде успешна во користењето на ЕСИ фондовите, оправдано се прашуваме колку тие прогнози се реални, посебно кога гледаме дека во седум години не сме биле во состојба да искористиме износ кој сега ќе ни биде на располагање во една година. Треба да се биде чесен па да се каже дека нашиот процент на искористеност во програмата ИПА ќе се зголеми до 2016 година, бидејќи средствата ги користиме според посебно правило Н плус 3, меѓутоа се уште тоа ќе биде далеку од тоа што го посакувавме за период кој требаше да служи како подготовка или мало школо за апсорпција на вистински пари, а тоа се ЕСИ фондовите. Не ветуваат ниту коментарите кои ни ги праќа ЕК, а кои се однесуваат на квалитетот на подготвеноста на нашите стратешки документи кои се темел за користење на ЕУ фондовите за нова финансиска перспектива. Така неодамна сведочевме на многу негативниот коментар на Комисијата на доставената содржина на еден оперативен програм. Комисијата, во еден куртоазен допис, на Хрватска и забележа за недостиг на јасна стратегија при изработка на еден оперативен програм, спомнувајќи притоа дека нацртот остава отворени многу прашања, без чии одговори нема да може да се користат алоцираните средства. Најмногу приговори се однесуваа на фактот дека доставените документи се премногу општи и прешироко дефинирани, како и дека им недостасува конкретни чекори, т.е. причини поради кои е одлучено дека токму тие проекти ќе бидат финансирани. Слични коментари во текот на досега спроведените јавни консултации за изработка на оперативна програма упатија и многу водечки хрватски консултанти за ЕУ фондовите, кои секојдневно работа на терен и имаат јасен увид во потребите на потенцијалните и постоечките корисници на средствата, но очигледно е од коментарите на Комисијата, дека тие приговори сеуште не вродиле со плод. Освен за подготвеноста на стратешките документи, треба да се подготви цел систем и да се акредитира за прифаќање на средствата, бидејќи без тоа нема да биде можно да се потпишат договори во натпреварите кои ќе се распишуваат од средствата во новата финансиска перспектива, но тоа е сосема друга и уште поболна приказна која ќе ја решаваме откако ќе ги решиме стратешките документи. Последниот натпревар за малите и средни претпријатија, но и деловната инфраструктура покажува дека интересот на корисниците за ЕУ фондовите е исклучително голем, а дека нивото на подготвеност и одговор на тој силен интерес од страна на администрацијата се уште не е доволно. Ако продолжиме со ова темпо, ќе ни се случи сценарио во кој ќе страдаат финансиските алокации од 2014 и 2015 година, додека на тендерите од алокациите за другата половина на 2013 година, поради доцно распишување на тендерите, проектите мора да бидат завршени најдоцна до средината на 2016 година, со тоа дека уште не се знае кога договорите за тие проекти воопшто ќе бидат потпишани. Дали две години се доволни за спроведување на голем инфраструктурен проект според точно зацртаните правила, проценете сами. Покрај сето тоа, државата постојано не уверува дека се е под контрола и дека се оди според планот, па не ни преостанува ништо друго туку да се прашаме: Има ли капетан на овој брод? (Tportal.hr)


четврток, 3 април 2014, Бр. 173

БИЗНИС ИНФО

11

СТРАНСКИ ПЕЧАТ Инвеститорите загрижени заради Украина го занемаруваат вистинскиот проблем

ЗАБАВЕНАТА КИНЕСКА ЕКОНОМИЈА Е ОПАСНОСТ ЗА СВЕТОТ!

Што е пострашно ако сте инвеститор со поглед кон хоризонтот: Кризата во Украина или економското забавување на Кина? Ослепени од медиумите, најверојатно би ја одбрале укринската криза која започна минатиот месец, со протерувањето на корумпираниот и од Москва поддржаниот претстедател, и можеби сте го достигнале климаксот со анексијата на Крим од страна на Русија аншлус потегот на Владимир Путин. Но можеби климаксот допрва треба да се дојде. Инвеститорите во Северна Америка и во Европската Унија се силно загрижени дека санкциите кои се создадени да го казнат Путин и неговите полтрони, ќе прераснат во целосни трговски, инвестициски и банкарски санкции кои силно ќе и наштетат на руската економија, осмата наголема на светот. Широкоопфатните, одмазнички санкции можат да предизвикаат возвратни санкции кои можат да и наштетат на кревката ЕУ економија (но помалку на американската економија). Навестување дека можниот хаос ќе се случи е кога рускиот премиер Дмитриј Медведев се закани дека ќе ја покачи цената која Украина ја плаќа за природниот гас (веќе тоа и се случи – цената за Украина е зголемена), и ќе ја тужи земјата за долговите од 11 милијарди долари за Газпром, рускиот државен извозник на гас. Русија доставува околу една чевртина од гасот во ЕУ. Замислете ако намалат или сопрат со доставата на гас за ЕУ. Веднаш ќе настане енергетска криза, и двете страни ќе влезат во трка во рецесија. Дури и ако санкциите фунционираат добро - ми паѓа на ум Иран - тие стремат да функционираат помалку добро кога соседните економии се блиско поврзани, како што се Русија и ЕУ. Не се веројатни фатални санкции, иако сите адути се во игра ако почне убиствена војна во Украина. Но иако Украина доминира со насловите во медиумите, вистинската приказна е сепак бавното испарување на високите стапки на раст во Кина. Она што се случува во Украина ќе влијае на краток рок. Но она што се случува во Кина, повеќе ќе влијае на краток, среден и на долг рок. Скоро секој ден доаѓаат извештаи дека втората најголема економија на светот веќе не брка раст по секоја цена. Во 2007, годината пред финансиската криза која ја предизвика Леман брадерс, бруто домашниот производ на Кина се искачи на 14 проценти. Минатата година тој беше 7,7 проценти. Неделава, Годлман Сакс го намали своето предвидување за БДП-то за Кина од 7,6 на 7,3 проценти. Дури и овие бројки звучат оптимистички. Некои економисти проценуваат дека годинава растот во Кина ќе биде 6,5 проценти, иако какво било предвидување е мешавина од вистински податоци, извлекување заклучоци и вуду магија. Онолку добри како што се индикациите за Чајна Леап индексот на Мерил Линч - Бенк од Америка. Тие мерат седум компоненти кои заедно даваат претстава на широка економска активност - производство на енергија, челик и цемент, продажба на автомобили, изградба на нови домови, обртот на карго железницата, и средно до долгорочните заеми. Овој индекс го достигна врвот во 2009, со 12 проценти раст година по година. Последните показатели велат дека сега изнесува е пет проценти. Раст од пет на седум проценти е сон за северна Америка или ЕУ, посебно за ЕУ, која едвај да е излезена од рецесијата, со 10,8 проценти стапка на невработеност. Па зошто е тогаш важна стапката на раст на Кина, ако растот на БДП е стабилен во позитивна територија? Тоа многу значи. Во 2012, растот на Кина придонесуваше со 60 проценти во глобалниот раст. Кога растотот опаѓа, глобалната економија ќе треба да најде нов економски двигател, што најверојатно ќе биде јалов процес. Забавувањето на кинескиот раст се пренесува во опаѓање на стапките на инфлација. Европската централна банка веќе е во блага паника заради опаѓањето на инфлацијата - таа е далеку под целните два проценти во еврозоната - што води до претпоставката дека настапува верзијата на квантитативни олеснувања од типот на американските Федерални резерви. Забавената кинеска економија е посебно лоша за Канада, која е специјализирана во ископувањето минерали од земја и во нивен извоз. Кругот на размена на стоки „посилни за подолго“ и масивните инвестиции во ресурсите кои доаѓаат со него, се воглавно базирани на бескрајниот раст во Кина. Нештата кои се предобри да бидат вистинити се предобри да бидат вистинити. Комерцијално заработениот долар опаѓа заедно со стапката на инфлација. Отпишувањата ја треснуваат рударската индустрија во Канада и насекаде во светот. Цените на стоките за размена ќе продолжат да паѓаат. Мало покачување во побарувачката може да се преведе во големо паѓање на цените. Само во последниов месец, цените на бакарот паднаа за десет проценти. Инвеститорите кои играат на картата на раст, можеби треба да очекуваат уште лоши вести. Затоа што кредитниот балон го нарасна кинескиот јавен и приватен долг. Во 2007, вкупниот кинески долг беше околу 150 проценти од БДП; денес тој е околу 220 проценти. За да се намалат позајмиците пред да станат неодржливи, кинеските власти ќе треба да стават рампа за огромниот „банкарски систем во сенка“ (труст компаниите, осигурителните фирми, лизинг компаниите и слични на ним) кои пумпаат океани од кредити во економијата. Ќе дојде до пропусти во плаќањата на долговите, а тоа всушност и се случува. Исходот ќе биде понатамошно недогледно забавување на стапката на раст. Украина и поврзаните санкции против Русија не се она што му треба на светот. Новата Студена војна може да придонесе уште повеќе во ликвидацијата на надоаѓачките пазари. Но тоа е само мала сликичка во однос на големата слика, а тоа е стапката на раст на Кина, која преминува од исклучителна во обична. Портфолијата кои се изградени на вербата дека Кина е несопирливо економско чудо, сигурно ќе настрадаат. (Глоуб енд мејл – Торонто)


БИЗНИС ИНФО

12

четврток, 3 април 2014, Бр. 173

СТРАНСКИ ПЕЧАТ

ЕУ бара алтернативни извори на енергија

ЗАБРЗАНО ВО НАМАЛУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЗАВИСНОСТ ОД РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА

Одлуката на Русија да го припои Крим ја зголеми одлучноста на Европската унија да ја намали зависноста од рускиот гас и нафта. Лидерите на Европската унија се согласија да го забрзаат барањето за безбедни извори на енергија. Европа купува околу 30 отсто гас од Русија и многу политичари на Европската унија се плашат дека тоа на Москва дава преголемо влијание. Европската унија постигна напредок во поглед на енергетската безбедност по кризата со гасот во 2006 и 2009 година, кога споровите меѓу Киев и Москва по повод неплатените сметки доведоа до пореметување на извозот во западна Европа. Меѓутоа, Брисел до сега не успеа да го намали рускиот удел во европските енергетски резерви. - Денес испраќаме јасна порака дека Европа ги забрзува напорите да ја намали енергетската зависност, посебно од Русија и тоа со подобрување на енергетската ефикасност, диверсификација на изворите за снабдување до Европа и внатре во нејзините граници и ширење на извори на енергија, посебно обновлини – порача претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј. Европската унија се надева дека долгорочниот одговор на решавањето на проблемот со зависноста од рускиот гас може да се најде во северноамериканските резерви на шкрилци. САД моментално се најголем светски производител на природен гас и Европа сака Америка да почне да го транспортира преку Атлантикот како течен природен гас, т.е. ТПГ. - Многумина сметаат дека евентуалната одлука на САД да извезува гас добиен со фрекинг, за што им треба инфраструктура, може да биде основа за создавање на различни извори на енергија – рече германската канцеларка Ангела Меркел. Аналитичарите пак укажуваат на голем број на пречки. Течниот природен гас поради трошоците за транспорт би бил поскап од рускиот. Противниците на таа идеја во САД велат дека не треба да се извезува евтиниот гас од шкрилци, затоа што тој ја прави Америка поконкурентна. Диверсификацијата на енергетските извори сепак е клучна за промена на европскиот геополитички однос со Русија, вели проф. на Градскиот универзитет во Лондон, Ален Рајли. - Создавање на единствен пазар на гас, увоз на природен течен гас од Катар, можеби и американски во следните неколку години, префрлување на јаглен. Сега постои голема корист од американскиот јаглен, кој во САД ја замени гаста од шкрилци. Постојат многу опции. Иан Бонд од организацијата Центар за европски реформи се согласува. - Треба да се разгледаат други извори како Катар и Алжир, т.е. извори на течен природен гас. И можеби, подолгорочно гледано, треба да се убедат Германците повторно да ги активираат нуклеарните електрани, што значително би ја намалила побарувачката за руски гас. Грција минатиот јуни потпиша договор за изградба на гасовод, преку кој би се доставувал гас од Азербејџан до Европската унија, што претставува директна алтернатива на увозот од Русија. Меѓутоа, трансјадранскиот гасоводот т.е. ТАП нема да биде оперативен до 2019 година. Европа поради низа алтернативи, има предност, смета Иан Бонд. - Русија е многу зависна од приходите на продажбата на гас во Европа. Најмалку половина од националниот буџет е профитот од продажбата на јаглеводород на Европа. Точно е дека во зима Европа би се смрзнала попрво од што би банкротирал Гаспром, но во тек на летото континентот има поголемо влијание. Меѓутоа, многу аналитичари предупредуваат дека цената сепак е одлучувачки фактор за многу европски купувачи на гас. А Русија и понатаму ниди најевтин извор на енергија, дури и додека Европа ја критикува политиката на нејзината влада. (Гласот на Америка – Вашингтон)


БИЗНИС ИНФОИ ОБУКА БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Osnovana 1922

Founded 1922

БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата Бизнис академијата во декември 2013 од Светската академија за започнува контролинг “Controller Akademie” вогодина. Германија

Уписите се во во тек! тек! Уписите се


БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

БИЗНИС ИНФО

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ r ɴʗʢʤʚʦʚʜʑʤ ʡʢʚʙʟʑʤ ʠʖ ɯʚʟʚʣʤʗʢʣʤʓʠʤʠ ʙʑ ʠʒʢʑʙʠʓʑʟʚʗ ʚ ʟʑʥʜʑ ʟʑ ɳʗʡʥʒʝʚʜʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʚ ɢʔʗʟʨʚʹʑʤʑ ʙʑ ʓʢʑʒʠʤʥʓʑʻʗ ʟʑ ɳʗʡʥʒʝʚʜʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL

ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL

ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Гипсер – монтер Фасадер Аргон Заварувач


четврток, 3 април 2014, Бр. 173

БИЗНИС ИНФО

15

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

МЕЃУНАРОДEН ГАСТРОНОМСКИ НАТПРЕВАР „БИСЕР НА МОРЕТО“

Oд 9 до 13 април 2014 година во Супетар, Република Хрватска

Стопанската комора на Македонија во соработка со Сојузот на готвачи од Медитеранот и европските региони, организираат посета и учество на 9. Меѓународен гастрономски натпревар „Бисер на морето“, што ќе се одржи од 9 до 13 април 2014 година, во хотелот „Кактус“ во Супетар, на островот Брач во Република Хрватска. „Бисер на морето“ претставува една од најзначајните гастрономски манифестации на Медитеранот. Во пет дена ќе се одржат: меѓународното натпреварување на професионални готвачи и ученици-готвачи од високо образовните школи, средните угостителски училишта, хотели и ресторани, гастро-изложба на најдобрите хрватски ресторани, изложба на хрватските и странски производители на храна, работилници и предавања за гастрономијата. Во Супетар на едно место ќе се соберат готвачи од целиот свет. Минатата година, покрај готвачите од Хрватска, Србија, Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Италија и Албанија, Швајцарија, Словенија, Турција и Бугарија, учествуваа и мајсторите за готвење од земјава, кои покажаа и забележителни вештини во подготвувањето рецепти од македонското поднебје. Сто п а н с к а та комора на Македонија и годинава организира посета на оваа манифестација за сите заинтересирани готвачи-натпреварувачи, ученици-готвачи и македонски компании кои би ги презентирале своите производи. Учеството на македонските претставници е одлична можност за презентирање на македонската кујна. За натпреварувачите (готвачи, сениори) кои ќе се натпреваруваат во трите категории (предјадење, главно јадење и десерт), менторите и членот на жири-комисијата, како и за учениците, студентите кои ќе се натпреваруваат во една категорија, организирани преку Стопанската комора на Македонија обезбедено е: - бесплатно сместување - 4 ноќи, сo два оброка на ден во хотелот. Трошокот за организиран автобуски превоз е на товар на учесниците на настанот. Повеќе информации, Пријавниот лист на Комората, пријавите за учество за натпревар, упатството и правилата за натреварување може да се преземат од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт лице : Даниела Михајловска Василевска Тел: ++ 389 2 3244021 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: daniela@mchamber.mk

Контакт лице : Даниела Михајловска Василевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk


16

БИЗНИС ИНФО

четврток, 3 април 2014, Бр. 173

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

БИЗНИС-СРЕДБИ НА МАКЕДОНСКИ И ХРВАТСКИ КОМПАНИИ ОД ОСИЕК

На 10 април 2014 година во Стопанската комора на Македонија

Стопанската комора на Македонија и Регионалната комора на Осиек, организираат бизнис-средби со цел да се унапреди деловната соработка меѓу компаниите од Република Македонија и Република Хрватска. Во однос на дејноста што ја извршуваат и на понудата и побарувачката, компаниите од регионот на Осиек се заинтересирани за добавувачи, партнери и дистрибутери во следниве области: • добавувачи на свежо овошје и зеленчук; • филтерски единици за индустријата, центрифугални вентилатори, вентилација; • соларни системи за топлина, стаклена волна за инсталација; • ластик за производство на чорапи, ликра; • компании кои тргуваат со градежни материјали, градежни компании кои градат куќи „клуч на рака“; производители на дрвени и монтажни куќи (со употреба на нивни керамиди); • дистрибутери на микробиолошки препарати; • деловни партнери за дистрибуција и монтажа на понудени уреди во Македонија - уред за напојување на пумпа за централно греење, пумпа на соларен систем; • партнери за развој на софтвери и мултимедијални решенија и за продажба и дистрибуција на ИТ-производи; • понуда на пумпи за вода, агрегати за струја, индустриски базени и техника за базени; • побарувачка на печки и лимени ормари; • побарувачка на керамички тркала за брусење; машини за обработка на метал; • производство на производи од метал за детски игралишта, фитнес, кошеви, клупи, настрешници за автобуски постројки, рекламни витрини и други производи од метал за внатрешна и надворешна трговија преку посредник, кој ќе ги нуди производите во градовите и во општините низ Македонија; • дистрибуција на козметика, прибор и опрема за хотели текстил за хотели; • продажба на мало и на големо на машка и женска конфекција; текстил за домаќинството: крпи, фротирки, постелнина, прекривки и сл. • деловна соработка со туристички агенции, туристички агенти во областа на туризмот со Хрватска и Славонија; промоција на водечкиот бренд во делот на континенталниот туризам на Република Хрватска. Деловните средби ќе се одржат на 10 април 2014 година (четврток), со почеток во 9:45 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на на 5-ти кат.

Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите и да одредите со кои компании би сакале да стапите во контакт! Контакт лице : Огнен Гаревски Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ognen@mchamber.mk

Контакт лице : Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


четврток, 3 април 2014, Бр. 173

БИЗНИС ИНФО

17

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

САЕМ ЗА АВТОМЕХАНИКА Од 10 до 13 април 2014 година во Република Турција ИСТАНБУЛ 2014 (во организација на „Франкфурт саеми“) Еден од најголемите и најважни саеми на добавувачи во автомобилската индустрија во регионот, „Automechanika Istanbul 2014“, е во организација и под патронство на „Франкфурт саеми“, СР Германија, уште од 2001 година. Саемот годинава се фокусира на производители на оригинални делови и резервна опрема за автомобили со интенција да стане настан број еден за целиот регион под мотото „МОРА ДА СЕ БИДЕ“. На Саемот и оваа година ќе учествуваат сите релевантни професионалци од автомобилската индустрија од Турција, како и од регионот околу Турција. За таа цел, „Automechanika Istanbul 2014“ ги поканува компаниите од Република Македонија да се вклучат во групна изложба и да бидат дел од најголемиот регионален автомобилски саем оваа година, со можност да обезбедат поголем извоз и соработка со деловни партнери од регионот и пошироко. Организаторот на македонските компании им нуди можност за: учество како излагачи на заедничкиот штанд под чадорот на Југоисточна Европа, на којшто ќе бидат сместени и фирми од Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, по цена од 1.179,00 евра (со вклучен ДДВ);учество како посетители на Саемот, за што организаторот нуди: • бесплатни влезници за Саемот; • користење на просториите на Саемот; • можност за директни контакти со фирми (деловни средби). Посетителот ги покрива патните трошоци, трошоците за сместување, како и организационите трошоци кон Комората за учество и како посетител (2.950,00 денари со вклучен ДДВ по лице за членки на Комората, а 5.900,00 денари со вклучен ДДВ по лице за не-членки на Комората). Стопанската комора на Македонија посредува во обезбедување хотелско сместување и авионски резервации. На Саемот, којшто го посетуваат повеќе од 43.000 лица од над 110 земји, на 1300 штандови ќе бидат изложени разни видови производи од автомобилската индустрија. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 21.3.2014 година. За повеќе информации за „Automechanika Istanbul 2014“ - посетете ја веб-страната: www.automechanika.com.tr или контактирајте не`.

Рок за пријавување: 18 март 2014 година. Контакт лице : Даниела Михајловска Василевска Тел: ++ 389 2 3244021 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: daniela@mchamber.mk

Контакт лице : Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: zorica@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

18

четврток, 3 април 2014, Бр. 173

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 11.4.2014 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Семинар „ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА

ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД, НОВИНИ ВО 2014 ГОДИНА КАЈ ДАНОКОТ НА ДОБИВКА”

ПРОГРАМА

Предавачи:

I. Пренесување на даночна обврска - Промена на даночен должник - Фактурирање и евиденција кај подизведувач, изведувач и инвеститор

- Звонко Кочовски, овластен ревизор, овластен проценител, овластен судски вештак, експерт за сметководство, ревизија, даночен консалтинг, длабински анализи, проценки на друштва, експерт за ревизија на проекти финансирани од странски донации;

II. Одлука за определување нa добрата и услугите за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен промет од страна нa друг даночен обврзник Утврдена листа на промети при пренесување на даночната обврска

- Доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгата „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија”; автор на книгата „Ерозија на јавните финансии“.

III. Правилник за формата и содржината на извештајот за извршените промети Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен на добра и услуги за кои даночен должник е даночниот материјал и сертификат за учество. обврзник кон кого е извршен прометот Пријавување до 8.4.2014 година. - Пријавување на прометот во Извештајот ДДВ-ИПДО IV. Нова даночна пријава ДДВ-04 - Нов формат, содржина и нови полиња за пријавување на прометот и ДДВ

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

V. Новини во Законот за персонален данок на доход - Даночно олеснување на странско физичко лице во согласност со Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Меѓународните договори за одбегнување на двојното Тел: ++ 389 2 3244074 оданочување Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 VI. Новини во 2014 година кај данокот на добивка E-адреса: beti@mchamber.mk - Даночен третман на салдото на побарувања по заеми на 31.12.2014 година - Даночен третман на исплата на дивиденда во 2014 година


четврток, 3 април 2014, Бр. 173

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 15.4.2014 година Cеминар: „ФИНАНСИСКА 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, ПОМОШ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО, сала 4 на 5-ти кат ЗАКОН ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ“ ПРОГРАМА I. ЗАКОН ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛЕН РАВОЈ ФИНАНСИСКА ПОМОШ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО 1. Вовед 2. Општи одредби 3. Дефиниции 4. Значење на поимите 5. Цели на националната земјоделска политика II. ПЛАНИРАЊЕ, СЛЕДЕЊЕ И ПРОЦЕНА НА НАЦИОНАЛНАТА ЗЕМЈОДЕЛСКА ПОЛИТИКА 1. Национална стратегија за земјоделството и руралниот развој III. ПОЛИТИКА НА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА 1. Директни плаќања 2. Интегриран систем за администрација и контрола 3. Вкрстена сообразност за директни плаќања IV. ПОЛИТИКА ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ V. ПРОГРАМА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ ЗА 2014 ГОДИНА 1. Средствата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2014 година VI. УПАТСТВО ЗА КОРИСНИЦИ НА СРЕДСТВА ОД ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ ЗА 2014 ГОДИНА 1. Мерка помош за маркетинг на земјоделски производи и преработени земјоделски производи – специјализирани продавници за вино со потекло од Република Македонија 2. Критериуми кои треба да ги исполни барателот 3. Начин на кофинансирање VII. ЗАКЛУЧОЦИ Предавач: -Соњица Ѓорѓиевска, раководител на одделение во Секторот за рурален развој во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р. Македонија.

Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Пријавување до 14.4.2014 година.

Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

20

четврток, 3 април 2014, Бр. 173

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 15 април 2014 година 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Семинар: ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

-Обезбедување на тајност и заштита на обработкатата на личните податоци– Модул наменет за здравство и фармација Стопанската комора на Македонија го организира семинарот во соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци. Предавачи на семинарот се инспектори од Дирекцијата за заштита на личните податоци: - Мануела Станоевска Стоилковска - Марјана Поповска ПРОГРАМА 1. МОДУЛ 1: Генерички дел: • Заштита на личните податоци во Република Макеоднија • Имплементација на Законот за заштита на личните податоци 2. МОДУЛ 2: Специјализиран дел: • Инспекциски надзор • Технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци • Обврска на контролорите за регистрација на збирките на лични податоци во Централниот регистер на Дирекцијата за заштита на лични податоци и надлежностите на офицерот за заштитата на личните податоци • Видео надзор. Пријавување до 10 април 2014 година. Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


четврток, 3 април 2014, Бр. 173

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„CLOTHING MACHINERY 2014“ ВО ИСТАНБУЛ

Од 24 до 27.4.2014 година Меѓународен саем за конфекциски машини, машини за везење и нивни додатоци во Република Турција

Станува збор за една од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании. Водечки компании во текстилниот сектор ќе се сретнат со професионалци и инвеститори во „Tüyap“ – Истанбул. На Саемот посетителите ќе можат да видат: ткаенини, машини за шиење, машини за кроење, машини за пеглање, ласерски машини за сечење, машини за везење, дигитални печатарски машини, машини за чистење, контрола на квалитет, машини за мерење, етикети, предива и сл. Стопанската комора на Македонија во соработка со „Адонис – Tüyap“ ве кани да го посетите Саемот од 24 - 26 април 2014 година, со автобуски или авионски превоз и алтернативно во сопствена режија. Рокот за пријавување е 14 април 2014 година. За таа цел обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4* или 5*) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно) и - бесплатни влезници за Саемот. Саемот може да го посетат само двајца посетители од една компанија. Не е дозволена посета на малолетни деца и лица што не се вработени во компанијата. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон: - саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра); - како и организациските трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). За повеќе информации за „CLOTHING MACHINERY 2014“ посетете ја веб-страната http://www.clothingmachineryfair.com/

Контакт лице : Даниела Михајловска Василевска Тел: ++ 389 2 3244021 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: daniela@mchamber.mk

Контакт лице : Сашо Деспотоски Тел: ++ 389 2 3244089 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: saso@mchamber.mk


22

БИЗНИС ИНФО

четврток, 3 април 2014, Бр. 173

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 16.4.2014 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Семинар: „ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА ВОНСУДСКО СПОГОДУВАЊЕ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ ВРЗ ОБВРСКИТЕ НА ДОЛЖНИКОТ И ДОВЕРИТЕЛИТЕ”

ПРОГРАМА I. ЗАКОНОТ ЗА ВОНСУДСКО СПОГОДУВАЊЕ - Вовед - Субјекти врз кои се применува овој закон - Дефиниции II. ПОСТАПКА НА ВОНСУДСКО СПОГОДУВАЊЕ - Цели на постапката - Начела - Начина на известување - Одлуки во постапката - Правни лекови III. ОРГАНИ ВО ПОСТАПКАТА - Спогодбен совет - Повереник - Органите на управување на должникот IV. ОБВРСКИ НА ДОЛЖНИКОТ - Управување со ризиците во финансиското работење на економските оператори - Обврски на должникот во услови на неликвидност - Предлог за отворање на постапка - Содржина на предлогот V. СОДРЖИНА НА ПЛАНОТ ЗА РЕСТРУКТУИРАЊЕ - Опис на фактите и околностите кои укажуваат на постоење услови за отворање на постапка за вонсудско спогодување - Пресметка на недостигот на ликвидни средства на денот на приложените финансиски извештаи - Опис на мерките за финансиско реструктуирање - План на работењето за наредните пет години со детално образложение за секоја поединечна позиција од планот - Планирани биланси за наредните пет години - Предлог на вонсудска спогодба со: 1) Анализа на побарувањата по големина, категорија (приоритетни, разлачни, необезбедени), очекувано ниво на намирување и предлогрокови за намирување и Споредба со очекувано намнирување во случај на стечај 2) Пресметка на трошоците на реструктуирање ПОСТАПКА НА СПОГОДУВАЊЕ VI. ОТВОРАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ВОНСУДСКО СПОГОДУВАЊЕ - Решение за отворање постапка за вонсудско спогодување и негово објавување во ЦРМ - Постапка на пријавување и утврдување на побарувањата - Право на глас и мнозинство на одлучување VII. ЗАПИРАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ВОНСУДСКО СПОГОДУВАЊЕ - Услови за запирање на постапката VIII. ВОНСУДСКО СПОГОДУВАЊЕ - Предлог за склучување на вонсудска спогодба со прилози - Постапка кај нотар за прифаќање на вонсудската спогодба

- Решение за одобрување на вонсудската спогодба IX. СКРАТЕНА ПОСТАПКА ЗА ВОНСУДСКО СПОГОДУВАЊЕ - Услови за водење на скратена постапка X. ПРАВНИ ПОСЛЕДИЦИ ОД ОТВОРАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ВОНСУДСКО СПОГОДУВАЊЕ - Дозволени плаќања на парични обврски - Престанување на постапките за извршување и обезбедување - Сведување на побарувањата со денот на отворање на постапката за вонсудско спогодување XI. ПРАВНА СИЛА НА ВОНСУДСКАТА СПОГОДБА - Извршување на обврските согласно вонсудската спогодба - Обврска на должникот за тримесечно известување и доставување до ЦРМ за објавување - Уписи во Трговскиот регистар - Сметководствено спроведување на вонсудската спогодба - Трошоци на вонсудската спогодба XII. НАДЗОР - Надзор - Предвидени глоби за неспроведување на одребите од овој закон XIII. ОБВРСКИ НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ - Да го штитат сопствениот економски интерес - Да ја оценат реалноста на предложениот план за реструктуирање - Да го оценат процентот и роковите за намирување на своите побарувања Предавачи: 1. Правен експерт Снежана Петковска, Министерство за економија 2. Економски експерт Васил Павлоски, Министерство за економија

Пријавување до 14.4.2014 година. Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


четврток, 3 април 2014, Бр. 173

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 8-10 мај 2014 година (четврток-сабота) Советување Хотел „Парк” - Белград www.hotelparkbeograd.rs „АНАЛИЗА И УПРАВУВАЊЕ СО ПЛАСМАНИ И РАНИ ЗНАЦИ НА ПРЕВЕНЦИЈА ОД СОЗДАВАЊЕ НА ЛОШИ ПЛАСМАНИ“ Советувањето го организира Стопанската комора на Македонија, во соработка со Академијата за банкарство и финансии, едукација и консалтинг од Белград. За време на семинарот, учесниците ќе имаат можност да осознаат и да научат: • критериуми за идентификација на рани сигнали за предупредување; • модели за креирање на стратегија за наплата на пласманите со идентификувани нивоа на ризик; • техники на проценка на кредитната способност на компанијата; • следење на реализацијата од стратегијата за управување со потенцијално ризичните пласмани; • влијанието на потенцијално проблематичните пласмани во финансиските извештаи на доверителите. Содржина: • Оцена на кредитната способност - мислење за кредитен ризик • Оцена на бонитет и елементи на трансакција • Важноста на наплатата на побарувањата • Сеопфатен пристап во наплатата на побарувањата • Квалитативни и квантитативни знаци на предупредување • Анализа на рејтингот и неговото значење за потенцијалните проблеми во сервисирање на обврските на клиентите кон банката • Третирање на клиентите после идентификација на сигналите за предупредување Предавач: Уна Вукоје, магистер по банкарски и финансиски менаџмент. Нејзина стручна област е проценка на кредитниот ризик на стопанските субјекти и развој на методологија за проценка на кредитниот ризик. Од 2007 година работи во Комерцијална банка АД - Белград, како директор на Секторот за анализи на кредитниот ризик на правните лица. Петгодишното академско работно искуство го стекнува како асистент на предметите по Банкарство и Меѓународни финанасии, за редовни студенти, english devision за вработени и студенти на Алфа универзитет. Ангажирана е како интерен предавач за банкарска група, а често е домаќин на меѓународни обуки и состаноци во доменот на креирање работна стратегија на компаниите и нивна анализа, проценка и управување со кредитен ризик и др.

АРАНЖМАН Цена на аранжманот во двокреветна соба по лице изнесува 9.900 денари. За аранжман во еднокреветна соба се доплатува 2.000 денари и изнесува 11.900 денари по лице. Котизација за дводневниот семинар изнесува 8.900 + ДДВ (10.502 денари) •

• • • • •

Во цената на аранжманот вклучено е: превоз со високотуристички минибус на наведената релација Скопје – Белград - Скопје (тргнување на 8 мај 2014 година во 6:00 часот и враќање на 10 мај во попладневните часови); 2 ноќевања со појадок во хотел „Парк“ www.hotelparkbeograd.rs; организација на патувањето; 1 коктел за добредојде; 1 ручек; кафе и освежување за време на паузите.

Во цената на аранжманот не е вклучено: патничко осигурување и индивидуални факултативни трошоци. Минимален број за реализирање на ова советување е 15 учесници. Работен јазик се семинарот е српскиот јазик. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: работен материјал; ручeк и освежување; сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 30 април 2014 година Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


24

БИЗНИС ИНФО

четврток, 3 април 2014, Бр. 173

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 15 април до 5 мај 2014 година ќе се одржи најголемата саемска манифестација во НР Кина

„115TH CHINA IMPORT AND EXPORT FAIR - CANTON FAIR 2014”

Во периодот од 15 април до 5 мај 2014 година, во Гуангжу, во провинцијата Гуангдонг, ќе се одржи „115TH CHINA IMPORT AND EXPORT FAIR - CANTON FAIR 2014”. Повеќе од 150.000 видови производи, вообичаено се изложуваат на Саемот поделен во три фази. Се излагаат традиционално доминантните производи од лесната индустрија, како и производи од висока технологија и електромеханика. Кантонскиот саем каде оваа година кодомаќин е Министерството за трговија на НР Кина и Народната влада на провинцијата Гуангдонг, привлекува купувачи од целиот свет, со посетители од над 210 земји кои се среќаваат во Гуангжу, за да разменат информации и да ги набават познатите кинески брендови. Затоа на овој престижен саем се гледа како на „барометар на надворешната трговија на Кина”. ПРВА ФАЗА ОД 15 ДО 19 АПРИЛ Во националниот (домашниот) и меѓународниот павилјон изложени ќе бидат производи од секторите: • електроника и електрични апарати за домаќинство; • осветлување и опрема за осветлување; • возила и резервни делови за возила; • машини; • хардвер и аофтвер (алатки); • градежни материјали; • производи и декорации од железо; • СПА-опрема; • хемиски производи. ТРЕТА ФАЗА ОД 1 ДО 5 МАЈ Во националниот (домашниот) и меѓународниот павилјон изложени ќе бидат производи за: • канцелариски материјали; • торби за дигитална опрема и камери; • чанти; • производи за рекреација; • храна; • текстил и облека; • чевли;


четврток, 3 април 2014, Бр. 173

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ • • •

лекови; медицински помагала и здравствени производи.

Кинескиот увозно-извозен саем, познат како Кантонски саем е најголемата изложба во Кина со бруто изложбен простор од над 1,1 милион м2 и 55.000 штандови, во организација на Кинескиот центар за надворешна трговија. Сеопфатен во својата природа, ја има освоено наградата „Кинески саем број 1” за најдолга историја, обем на работа, најкомплетна изложбена понуда, најголемо присуство на купувачи и најголем промет во цела Кина. За таа цел, Стопанската комора на Македонија, во соработка Кинескиот центар за надворешна трговија, а со поддршка на Амбасадата на НР Кина во Македонија, организира посета на македонски компании на саемската манифестација “115th China Import and Export Fair - Canton Fair 2014“. За саемот се обезбедени: • бесплатни влезници за Саемот; • користење на просториите на Саемот; • можност за директни контакти со фирми (Б2Б средби); • локален трансфер од хотелот до Саемот и • официјална покана за Саемот како услов за аплицирање за кинеска виза (поканата мора да биде пополнета и доставена исклучиво од Стопанската комора на Македонија. Истата важи за пријавување и до 5 лица од една иста компанија). Стопанската комора на Македонија посредува во обезбедување хотелско сместување и авионски резервации обезбедени за групно патување по пониски цени.

Комората одобрува дополнителен попуст.

Посетителот ги покрива патните трошоци, трошоците за сместување, за виза (цената на визата е различна во зависност од видот на визата што се издава и се движи од 50 до 100 евра), како и организационите трошоци кон Комората (4.720,00 денари со вклучен ДДВ по лице за членки на Комората, а 7.080,00 денари со вклучен ДДВ по лице за не-членки на Комората). За втор или повеќе учесници од иста компанија, на организационите трошоци

Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 20.3.2014 година. За повеќе информации за “115th China Import and Export Fair - Canton Fair 2014“ - посетете ја вебстраната www.cantonfair.org.cn или www.cftc.org.cn или контактирајте не`. Даниела Михајловска тел. 02 3244 021 моб: 072 22 00 37 факс:02 3244 088 daniela@mchamber.mk

Војкан Николовски тел.02 3244 068 факс:02 3244 088 vojkan@mchamber.mk


26

БИЗНИС ИНФО

четврток, 3 април 2014, Бр. 173

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Компанија од Литванија бара дистрибутер за пласман на широк спектар на LED светилки, ленти, тела и нивни компоненти во Република Македонија. Валидност дo: 11.5.2014 година Компанија од Кина бара дистрибутер за пласман на сите видови на хартија за копирање, весникарска хартија, химизирана хартија, oфсет хартија и др. во Република Македонија. Валидност дo: 11.4.2014 година

во Република Македонија. Валидност дo: 12.5.2014 година Компанија до Турција заинтересирана е да соработува со градежни компании во Република Македонија за пласман на градежни машини. Валидност дo: 12.4.2014 година Компанија од Холандија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на користени машини за земјоделие. Валидност дo: 12.4.2014 година

Компанија од Полска бара дистрибутер за плaсман на паркет Компанија од Бугарија бара во Република Македонија. дистрибутер во Република Валидност дo: 12.5.2014 година Македонија за пласман на картонски кутии и етикети. Компанија од Турција бара Валидност дo: 12.4.2014 година дистрибутер за пласман на вештачки кожи за чевли, торби, Компанија од Романија бара облека, каиши, влечки и додатоци дистрибутер во Република

Македонија за плaсман на електрични мотори, генератори и трансформатори. Валидност дo: 12.5.2014 година Компанија од Романија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на хомогенизиранa храна, препарати и диететска храна. Валидност дo: 12.4.2014 година Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на специјални кеси за пакување на течности, вино, маслиново масло и др. пијалаци во 1,5 литарски ќеси, еквивалентно на 2 x 750 мл шишиња • 3 литарски кеси, еквивалентно на 4 х 750 мл шишиња. Амбалажата се рециклира и хартијата е со 80% пониска емисија на јаглен


четврток, 3 април 2014, Бр. 173

БИЗНИС ИНФО

27

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА диоксид и 90% помалку отпад од стакло, што ја прави еколошка. Валидност дo: 13.4.2014 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на квалитетни средства за лепење плочки, бука, водоотпорни изолациони производи, технички малтер, термална изолација и др. Валидност дo: 13.4.2014 година Компанија од Унгарија заинтересирана е да пласира филтер чај од разно овошје во Република Македонија. Валидност дo: 13.4.2014 година Компанија од Кина бара дистрибутер за пласман на гас за ладење фреон во Република Македонија. Валидност дo: 13.4.2014 година

Компанија од Хрватска заинтересирана е да соработува во областа на изработка на предмети од ковано железо, делови од ограда и цевки во Република Македонија. Валидност дo: 13.4.2014 година Компанија од Бугарија бара дистрибутер за пласман на еко дрвени пелети за горење во Република Македонија. Валидност дo: 14.5.2014 година Компанија од Австрија нуди услуги од областа на собирање, транспортирање, селектирање и складирање на комунален и индустриски отпад и бара соработка во Република Македонија во областа на управување со отпад од различни општини и градови и приватни фирми што се занимаваат со собирање/складирање на

различни видови отпад. Валидност дo: 14.6.2014 година Компанија од Бугарија бара дистрибутер за пласман на сладолед без конзерванси, вештачки ароми, боење и хидрогенизирани растителни масти со висок квалитет, состојки, дизајн и пакување со вкус на класична ванила, јагода, крцкава карамела, цреша, чоколадо и фстаци во Република Македонија. Валидност дo: 14.5.2014 година

Контакт: Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk

www.mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО Скенирај и дознај повеќе

M

C

N IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

A

Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E

S

E


БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОКРОВИТЕЛИ

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Бизнис ИНФО број 173, 3 април 2014 by Economic Chamber of Macedonia - Issuu