БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО Број 293
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
www.mchamber.mk
03.02.2017
Здружение на металургија при Стопанската комора на Македонија
АКТУЕЛНИ СОСТОЈБИ ВО ИНДУСТРИЈАТА НА МЕТАЛИ ISO 9001:2015
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015
Стопанската комора на Македонија, по повод 95-годишнината од коморското организирање во Македонија, ќе организира тркалезна маса на тема: „ПОЗИЦИЈАТА НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ ВО МЕЃУНАРОДНАТА ЕКОНОМИЈА - ПРЕДНОСТИ И НЕДОСТАТОЦИ“
goodini
192
2 - 2017
2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
петок, 3 февруари 2017, Бр. 293
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
ЕЗБЕД ОБ У
B
SE
C
UR
O
НИКО
Б
ЊЕ ВА
СИЛВЕР Покровители
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
петок, 3 февруари 2017, Бр. 293
БИЗНИС ИНФО ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ КОМОРИ
Здружението на металургија при Стопанската комора на Македонија
АКТУЕЛНИ СОСТОЈБИ ВО ИНДУСТРИЈАТА НА МЕТАЛИ Силното влијание на приликите на глобален план, но и неадекватните системски мерки се причината за неповолните состојби во индустријата на основни метали, истакна д-р Митко Кочовски, претседател на Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија, на денешната средба со новинарите во Комората. Поразителни се резултатите во физичкиот обем на производството и на извозот во 11-те месеци од 2016 година, посочи тој во своето обраќање. Статистичките показатели се следните: во периодот јануари – ноември 2016 година физичкиот обем на производството
на руди на метал бележи опаѓање за 8% во однос на истиот период од претходната година, производството на метали опаѓа за 11%. Само во ноември минатата година производството на основни метали е намалено за над 20% во однос на ноември 2015 година. Значително е намален и извозот на метални руди и на основни метали. Во периодот јануари - октомври 2016 година реализиран е извоз во вредност од 384,47 милиони САД долари (519,23 47 милиони САД долари во истиот период од 2015 година) што претставува намалување од 26% . Нешто помало опаѓање на реализиран извоз, од 18%
4
БИЗНИС ИНФО
петок, 3 февруари 2017, Бр. 293
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ бележат металните руди. Поврзано со состојбите на глобален план, а како последица на континуираното опаѓање на цените на металите во изминатите неколку години, состојбите во металуршките капацитети се следните: - во „Фени индустри“ како најголем производител на основни метали и воедно најголем нето-извозник во државата, поради паѓањето на берзанската цена на никелот извршено е значително редуцирање на производството. Компанијата беше принудена да го намали бројот на работниците за 12%. Со актуелната цена на никелот од 9.500 САД долари по тон, во моментот работи со нешто помалку од 50% од вкупниот капацитет. Со ваков намален капацитет на производство драстично се зголемуваат фиксните трошоци, со зголемена цена на електрична енергија, на транспортот... За следниот период нема прогнози на движење на цената на никелот, што ја зголемува неизвесноста на производството во тековната година. - Во „Бучим“ поради неможност за редуцирање на производството поради природата на работата, работењето е со однапред пресметана загуба, но на ниво на цела година остварени се позитивни резултати. - Во „Макстил“ повеќе години по ред се работи со преполовен капацитет во Валавницата и уште пониско производство на сопствен челичен полуфабрикат во Челичарницата, а кон крајот на годината и почетокот на 2017 година се забележи пораст на побарувачката и производството. - Во „Арцелор-Митал“ производството и извозот во 2016 година се одвиваат непречено, со добар интензитет. Очекуваат ваков тренд и во тековната година. Леарницата „Железник“ бележи една од најлошите години од своето постоење. Со позитивни резултати завршија производителите на цевки и профили - ФЗЦ „11 Октомври“ и „ИГМ Трејд“ („ИГМ Трејд“ забележа пораст на производството и извозот), како и „Дојран Стил“, кој имаше континуирано производство со позитивни резултати на ниво на 2016 година. Позитивните трендови ги очекуваат и во оваа година. Редуцирањето на производството во дел од погоре споменатите капацитети не предизвика подрастично намалување на работната сила и отпуштање на работниците. Во минатата година, наспроти исклучително неповолните состојби на светскиот пазар, фиксните трошоци на работење заради специфичниот карактер на производниот процес се и натаму исклучително високи, со нагласено влијание врз конкурентската положба на пазарите на земјите во потесното и поширокото опкружувањето. На ова се надоврзуваат и ограничувањата од неповолни системски решенија, за кои Здружението на металургијата во повеќе наврати се обрати до Владата на Република Македонија. Но, остануваат отворени покренатите прашања и тоа: од енергетските прашања - високиот процент на зафаќање по основ на таканаречената зелена енергија, високите трошоци за транспорт на електрична енергија, високите цени на природниот гас и обврска за плаќање акциза за користење на
БИЗНИС ИНФО
5
петок, 3 февруари 2017, Бр. 293
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ
петрол коксот иако важи за еколошки енергенс. Се` уште не се решени прашањата поврзани со цената на железничката возарина која се одржува на неспоредливо повисоко ниво, во однос на цената на камионскиот превоз. Наметнатите регулативи за еколошко усогласување на металуршките капацитети ангажираа големи износи на средства во услови на криза, иако реално постоеше можност за пролонгирање на одредени рокови условени со интегрираните еколошки дозволи, административните процедури, нерешеното прашањето со водата и земјиштето на компаниите од кругот на поранешната „Железарница“. Имајќи ги предвид улогата и економскиот импакт што индустријата за основни метали го генерира во рамките на националната економија како нејзино директно влијание и уште повеќе преку мултипликативните ефекти, анализирано и квантификувано во коморската студија „Економската импакт-анализа и студија за развојните потенцијали на индустријата на основни метали во РМ“, јасно е дека актуелните состојби ќе имаат силно негативно влијание не само врз металуршкиот сектор, туку и врз поврзаните индустрии и вкупните макроекономски движења во државата: БДП, фискалните приходи, извозот, вработеноста. Согласно тоа, претставниците на металуршкиот сектор ќе побараат Владата на Република Македонија да даде свое стратешко видување на идниот индустриски развој на државата со посебен осврт на оваа базична индустриска дејност и во таа насока да преземе системски мерки кои би овозможиле рамноправни услови за развој на индустријата на основни метали. Стратегијата за развој на металната индустрија е неопходна за планирање на идниот развој на индустриските капацитети од овој сектор. Посебно внимание на средбата со новинарите беше посветено на состојбите во „Југохром Алзар“ - Јегуновце. - Заради наложените ограничувања, работењето во 2016 година беше сведено на само две од седумте печки кои се во кондиција, што претставува само со 30% од расположливиот капацитет, а кон крајот на годината, поради тоа што во целост не се имплементирани еколошките стандарди, врз основа на решение од Државниот инспекторат за животна средина, дојде до целосен прекин на производството, - истакна генералниот директор на комбинатот, Васил Скендеровски. Иако е големо економското и социјалното влијание на комбинатот врз економијата во општината, законската регулатива дава можност за пролонгирање на рокот за еколошко усогласување до април 2019 година, а загадувањето со веќе тримесечното неработење на овој капацитет не е намалено, за што директорот Скендеровски очекува пролонгирање на забраната за работа. Последиците од ова се далекосежни, а реално е да се очекува и отпуштање на работниците во текот на овој месец. Зорица Мешкова
БИЗНИС ИНФО
6
петок, 3 февруари 2017, Бр. 293
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Групација за безбедност и здравје при работа
ДЕФИНИРАНИ ПРОГРАМСКИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА 2017 ГОДИНА Членките на Групацијата за безбедност и здравје при работа, на состанокот одржан на 31.01.2017 година во Стопанската комора на Македонија, расправајќи за Предлог-програмските активности на Групацијата за безбедност и здравје при работа како приоритетни активности ги нагласија активностите за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, како и измени и Согласно моменталните актуелни состојби, фирмите од оваа дејност се соочуваат со сериозни проблеми во своето работење кои произлегуваат од сегашната законска регулатива и донесените правилници. Во дискусијата се посочи дека сегашната законска регулатива не соодветствува со моменталните актуелни состојби во дејноста, за што се сугерира системски измени на сегашниот Закон и подзаконските акти или донесување на нов Закон за заштита при работа. Во расправата повторно се актуелизираа одредбите од Правилникот за висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа, при што се истакна дека со истиот се утврдуваат минималните и максималните цени за извршување на стручните работи за безбедност при работа, кои не кореспондираат со трошоците кои ги имаат фирмите за извршување на својата дејност. Исто така, во Правилникот не се опфатени дел на работи кои се извршуваат при мерења за имплементирање за безбедност и здравје при работа. Исто така, беше нагласено дека со примената на овој правилник забележани се и некои неправилности при објавувањето на тендери за имплементирање на овие стандарди во определени компании и установи кои цени се под минимумот од утврдените со важечкиот Правилник. Како приоритети за работа во 2017 година се нагласија: - промена на законската регулатива за безбедност и здравје при работа и нејзино повторно приближување кон законодавството на ЕУ, особено во начинот на полагање на стручен испит за стручно лице за безбедност при работа, начинот и условите за овластување на правните субјекти, начинот на контрола над нивната работа како и ослободување на пазарот (сега постои ценовник на услугите дефиниран од Министерството); - промена на подзаконските акти кои се недоречени, несеопфатни и наместа конфузни и носење на нови за областите кои не се целосно опфатени; - поголемо вклучување на сите учесници во безбедноста и здравјето при работа при носење на стратешки документи и законски решенија кои треба да бидат базирани на реалните состојби, а не на желби на поединци или групации. Војкан Николовски
петок, 3 февруари 2017, Бр. 293
БИЗНИС ИНФО ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Здружение на угостителството и туризмот
БАЊИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА СО ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ Групацијата на бањи во рамките на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, одржа седница на која се разговараше за тековните активности на бањите, како од аспект на здравствената дејност која ја вршат, така и од аспект на позицијата дека стануваат се` попрепознатлива дестинација и за туристите. Во таа насока, членките на Групацијата констатираа дека во следниот период ќе работат многу повеќе на афирмација на бањите и како место за одмор и рекреација, нудејќи спа и велнес содржини, за рекреација, а не само како дел од болничко лекување. Во Македонија во моментов во функција се 4 бањи: Негорски Бањи во Гевгелија, „Цар Самоил“ во Струмица, Катлановска Бања во Скопје, и во Дебар - Бања „Баниште“ и „Косоврасти“.
На седницата на Групацијата беше избрано и ново раководство, бидејќи на старото, согласно Правилата за организација и начинот на работа на Групацијата на бањи му истече мандатот од 2 години. За таа цел, за нов претседател на Групацијата на бањи беше избран Трим Кемаљи од Дебарски Бањи, а за заменик досегашниот претседател на Групацијата д-р Мишо Михајловски. Даниела Михајловска Василевска
БИЗНИС ИНФО
8
петок, 3 февруари 2017, Бр. 293
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Во Битола се одржа информативен настан на тема
„МОЖНОСТИ ШТО ГИ НУДИ ИПАРД ПРОГРАМАТА 2014-2020” На 2-ри февруари 2017 година во малата сала на Центарот за култура во Битола се одржа информативен настан на тема: „ Можности кои ги нуди ИПАРД Програмата 2014-2020”. Инфо денот беше во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенција за поттикнување на развој на земјоделството и Платежната Агенција (АФПЗРР) како и со поддршка на Регионалната комора со седиште во Битола. Целта на информативниот ден беше да се информираат потенцијалните апликанти за можностите кои ги нуди новата ИПАРД Програмата 2014-2020. На овој настан акцент се стави на две мерки : “Инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи” и “Диверзификација на земјоделските стопанства и развој на бизниси” од ИПАРД Програмата 20142020 и се разгледуваат прифатливи инвестиции, критериуми, потребни документи за поднесување на барања, склучување на договори, поднесување на барања за исплата, проблеми од претходниот програмски период ИПАРД 2007-2013 година. Освен инфо деновите што се организираат за заинтересираните, за нивните потреби на располагање им се и 120 земјоделски советници. Иако за разлика од претходниот период има промени во критериумите за аплицирање кои се олеснети, сепак на располагање на земјоделците им стојат советниците од АПРЗ кои ќе им помогнат на заинтересираните полесно да ги пополнат потребните обрасци за аплицирање. Овој настан е дел од серијата настани кои претходно се одржаа во Прилеп и Могила и во понатамошниот период ќе се одржуваат во останатите региони на Република Македонија. Регионалната комора со седиште во Битола и понатаму им стои на располагање за сите заинтересирани за добивање на подетални информации за оваа како и за сите други програми достапни за поддршка на стопанството. М-р Никола Димковски
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ИНФО
10
петок, 3 февруари 2017, Бр. 293
ЈУБИЛЕЈ 95 години
Проф. д-р Кочо Анѓушев, професор и успешен македонски бизнисмен и претприемач, еден од учесниците на тркалезната маса „ПОЗИЦИЈАТА НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ ВО МЕЃУНАРОДНАТА ЕКОНОМИЈA - предности и недостатоци“ Проф. д-р Кочо Анѓушев е потпретседател на Стопанската комора на Македонија, главен извршен директор на „ФЕРО ИНВЕСТ“ ДОО - Скопје и „EДС“ ДОО - Скопје, претседател на Бордот на директори на „БРАКО“ - Велес и професор на Машинскиот факултет во Скопје. Во 1992 година, дипломира на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На истиот факултет магистрира во 1995 година, а докторира во 1998 година. Таму ја започнува и својата кариера како доцент. Во моментот, тој е редовен професор на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1996 година тој работи како научен истражувач - гостин на Машинскиот факултет во Ахен, СР Германија, каде ја подготвува својата докторска дисертација, додека пак во 1999 година своето работно искуство како професор го проширува во Лавборо, Англија, каде работи како визитинг професор на тамошниот Машински факултет од областа на Динамика на машини. Од 2000 до 2002 година, проф. д-р Анѓушев ја извршува функцијата помошен генерален директор за производство и управување во „Електростопанство на Македонија“ (ЕСМ), каде бил одговорен за организирање на производството во сите електрани, управувал со електроенергетскиот сектор на Република Македонија и трговијата и размената на електрична енергија, а воедно го
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
1922
goodini
2017
… ГОЛЕМИТЕ глобализираат, малите СОРАБОТУВААТ … www.mchamber.mk
11
БИЗНИС ИНФО
петок, 3 февруари 2017, Бр. 293
ЈУБИЛЕЈ 95 години организирал и инвестициското одржување на електраните и рудниците и спроведувал проекти за нивна модернизација и рехабилитација. 2003 година е најактивна и најпродуктивна година за проф. д-р Кочо Анѓушев. Во овој период тој го основа „ФЕРОИНВЕСТ“ ДОО, а неколку месеци подоцна „ФЕРОИНВЕСТ“ ДОО станува сопственик на 50% од капиталот на компанијата „БРАКО“, чија дејност е производство на производи од жица, медицински мебел, помошни медицински направи, телекомуникациска инфраструктура, товарни приколки, транспортни ленти итн. Проф. д-р Кочо Анѓушев е член на Управниот одбор на Обединетото Електростопанство на Европа (UCTE), член на Генералното собрание на Обединетото Електростопанство на Европа (UCTE), на Генералното собрание и на Извршниот комитет на Електростопанство на Југоисточна Европа (SUDEL) и на Генералното собрание на Меѓународната федерација за машини и механизми (IFToMM). Проф. д-р Кочо Анѓушев има издадено повеќе од 100 научни трудови во меѓународни и домашни научни и стручни списанија, а има реализирано повеќе од 50 проекти во индустријата, од областа на машинството. Со своето учество на тркалезната маса се очекува дека проф. д-р Кочо Анѓушев ќе даде значаен придонес во развојот на теоретската мисла на овој план, збогатена со богатото практично искуство стекнато во долгогодишната работа на повеќе полиња од економскиот живот, а пред се` од аспект на менаџирањето со капиталот и вработените, решителноста во креирањето на деловната политика во пресрет со предизвиците и ризиците, организационото и управувачко делување, како и од други аспекти што го красат еден врвен бизнисмен. м-р Елена Милевска Штрбевска
БИЗНИС ИНФО
12
петок, 3 февруари 2017, Бр. 293
ЈУБИЛЕЈ 95 години
Господинот Светозар Јаневски, менаџер од светски размери - учесник на тркалезната маса „ПОЗИЦИЈАТА НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ ВО МЕЃУНАРОДНАТА ЕКОНОМИЈA предности и недостатоци“ Господинот Светозар Јаневски е менаџер кој зад себе има богата кариера во областа на производството, истражувањето и развојот, продажбата и маркетингот. Тој e динамичен и претприемнички ориентиран инвеститор. По завршувањето на Технолошкиот факултет во Скопје во 1976 година, се вработува во Пивара „Скопје“ - Скопје, каде што извршува разни должности во областа на производството, развојот и инвестициите. Како генерален директор од 1986 година, се фокусира кон стратешкиот развој на компанијата, што резултира со тоа Пивара „Скопје“ - Скопје да стане една од најголемите и најпрофитабилни компании во земјата и во регионот, атрактивна за партнерство со меѓународни компании како „Кока Кола“ и „Хајнекен“. Во текот на својата богата кариера господинот Светозар Јаневски ги извршуваше и функциите претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, член на Советот на НБРМ, копретседавач на Националниот совет за претприемништво и конкурентност. Тој е член на Советот на Стопанската комора на Македонија, добитник на повеќе општествени признанија за својот придонес во економскиот развој и претприемништвото во Република Македонија.
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
1922
goodini
2017
… ГОЛЕМИТЕ глобализираат, малите СОРАБОТУВААТ … www.mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
13
петок, 3 февруари 2017, Бр. 293
ЈУБИЛЕЈ 95 години Во 1998 година, заедно со своите колеги ја основа Групацијата „М6“, како еден од почетоците на инвестициони фондови во Република Македонија, вложувајќи во разни бизниси, како и во хотелскоугостителски објекти на Охридското Езеро. Проширувајќи ги своите инвестиции, во 2003 година инвестира во најголемата винарница на Балканот „Тиквеш“, трансформирајќи ја во модерна и пазарно ориентирана компанија, која се вбројува во редот на првите 30 најиновативни винарници во светот, како и меѓу 100-те светски растечки брендови. Член е на Деловниот совет за Југоисточна Европа и Евроазија, кој произлезе од Пактот за стабилност, поборник за социјални и организациски промени, филантроп во областа на економскиот развој и развојот на човечките ресурси во регионот на Југоисточна Европа. Со своето учество на тркалезната маса се очекува дека господинот Светозар Јаневски ќе даде значаен придонес во развојот на теоретската мисла на овој план, збогатена со богатото практично искуство стекнато во долгогодишната работа на повеќе полиња од економскиот живот, а пред се` од аспект на менаџирањето со капиталот и вработените, решителноста во креирањето на деловната политика во пресрет со предизвиците и ризиците, организационото и управувачко делување, како и од други аспекти што го красат еден врвен бизнисмен. Васко Ристовски
БИЗНИС ИНФО
14
петок, 3 февруари 2017, Бр. 293
ЈУБИЛЕЈ 95 години bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
ПОЗИЦИЈАТА НА ВО МЕЃУНАРОДНА
Стопанската комора на Македонија на 17 февруари 2017 година (петок) ќе одбележ Македонија. По тој повод, продолжувајќи ја традицијата на организирање значајни настан организира тркалезна маса на тема: ПОЗИЦИЈАТА НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ ВО МЕЃУНА На тркалезната маса ќе учествуваат домашни и странски реномирани претставници порано, сега и понатаму... Тркалезната маса ќе биде организирана во еден несекојдневен амбиент, со просл на Стопанската комора на Македонија.
Дел од учесниците на
Мило Ѓукановиќ
Стипе Месиќ
црногорски државник
хрватски државник
Проф. д-р Александар Влаховиќ
Д-р Владимир Глигоров
Проф. д-р Драган Микеревиќ
Џемал Инаишвили
главен организатор на Копаоник бизнис форумот во регионот познат како „Српскиот Давос“
државник и професор од Босна и Херцеговина
... ГОЛЕМИТЕ глобализираат,
меѓународен економски експерт од Виенскиот Институт за меѓународни економски студии
претседател на Конфедерацијата на азиско-пацифичките трговскоиндустриски комори и член на Генералниот совет на Светската коморска федерација
м-р Сава Далбоков Член на управниот одбор на „Steiermärkische Bank und Sparkassen AG“, Австрија
петок, 3 февруари 2017, Бр. 293
БИЗНИС ИНФО ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ЈУБИЛЕЈ 95 КОМОРИ години
А МАЛИТЕ ЗЕМЈИ АТА ЕКОНОМИЈА
2017
1922 goodini
жи значаен јубилеј - 95 годишнината од коморското организирање и работење во Република ни на овој ден, поврзани со реализација на клучните коморски иницијативи, Комората ќе АРОДНАТА ЕКОНОМИЈА - предности и недостатоци и од бизнисот, научната и стручната јавност, значајни за политичкиот и економскиот живот
ледување на излагањата од учесниците од страна на најуспешните 1000 компании-членки
а тркалезната маса: Бранко Роглиќ „Орбико“
Светозар Јаневски ВВ „Тиквеш“
хрватски милијардер, водечки европски дистрибутер
македонски бренд во бизнисот и менаџерството
Санди Чешко „Студио Модерна“
Проф. д-р Кочо Анѓушев
најбогат Словенец 2013-2015, творец на најголемиот TV shop бренд „Top Shop“
„Енерџи Деливери Солушнс“ ЕДС професор и успешен македонски бизнисмен и претприемач
Марко Чадеж
Проф. д-р Сафет Ѓерѓалиу
претседател на Стопанскa коморa на Србија
претседател на Стопанскa коморa на Косово
прв српско-косовски бизнис тандем
Проф. д-р Глигор Бишев Модератор на тркалезната маса ќе биде проф. д-р Глигор Бишев, потпретседател на Стопанската комора на Македонија и главен извршен директор и претседател на управниот одбор на „Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје“
прв српско-косовски бизнис тандем
малите СОРАБОТУВААТ ...
БИЗНИС ИНФО
16
петок, 3 февруари 2017, Бр. 293
ЈУБИЛЕЈ 95 години
Стопанската комора на Македонија, по организирање во Македонија, ќе о „ПОЗИЦИЈАТА НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ В ПРЕДНОСТИ И Н
goodini
192
2 - 2017
Кои се нашите очекувања од тркалезната маса? Големите држави и нивните големи деловни субјекти често знаат да ја искористат својата моќ на меѓународните пазари и со тоа да ги стават малите држави и нивните деловни субјекти во нерамноправна положба. Исто така, на малите земји често им се наметнуваат, при нивното меѓународно интегрирање, такви мерки кои можат негативно да влијаат врз нивните бизниси и деловните иницијативи, без да се направи критички осврт што значат овие мерки за деловното
опкружување. Очекуваме дека врз основа на излагањата и дискусиите на оваа тркалезна маса, проследена од домашната деловна заедница организирана преку Комората, ќе се утврдат конкретни заклучоци кои ќе имаат значајна улога во дефинирањето на идните чекори насочени кон обединување на напорите за соработка на претприемачите и малите држави меѓусебно и дефинирање на предизвиците, решенијата и активностите за градење единствени вредности за сите претприемачи од малите држави и унапредување на капацитетот на претприемачите од малите држави. Очекуваме дека активностите на планот на поврзување на претприемачите од малите земји нема да завршат ни потоа. Тркалезната маса ќе биде првиот чекор кон реализација на нашата повисока цел: организација на првиот самит на претприемачите од малите држави. Тој самит треба да ja прикаже моќта на здружувањето со директно состанување на најдобрите претприемачи од малите земји. Секој самит ќе се одржува еднаш годишно во различна мала земја. Планираме првиот состанок да се одржи во 2017 година во Скопје, а вториот во 2018 година на Арапскиот Полуостров. Разликата во споредба со останатите деловни состаноци и конференции
петок, 3 февруари 2017, Бр. 293
БИЗНИС ИНФО ЈУБИЛЕЈ 95 години
о повод 95-годишнината од коморското организира тркалезна маса на тема: ВО МЕЃУНАРОДНАТА ЕКОНОМИЈА НЕДОСТАТОЦИ“ ќе биде во тоа што ова нема да биде самит со говорници, каде намерата е да се слуша и учи, ова нема да биде академско излагање на разни теми. Ова е создавање на организација со две мисии кои претходно ги образложивме: унапредување на економската соработка меѓу малите земји и унапредување на економската соработка меѓу претприемачите од тие земји. Суштина на иницијативата ќе биде непрекинатата активност. Во функција на првиот самит ќе се изработи меѓународна студија за состојбата на бизнисите од малите држави на меѓународниот пазар која ќе даде одговор на следните прашања: тековната состојба; кои се предностите и недостатоците, кои се идеите и мерките за подобрување на состојбата, како најдобро да се вклучат политичките елити кон оваа иницијатива за да се остварат подобри резултати? Во таа насока ќе се изработи и посебна стратегија за комуникација за континуирано дејствување после првиот самит. Основните цели на стратегијата ќе се состојат во создавање услови каде претприемачите ќе можат слободно да дискутираат за своите гледишта, да се сретнат со партнери од другите земји и да разменат информации, како и создавање услови за промена на менталитетот и размислувањата на луѓето во малите држави. Нашите очекувања се големи, но не се неостварливи... секако, со помош на претприемачите од малите земји и нивните идеи и предизвици кои обично се поголеми од нашите... Затоа, нема сомнежи дека нема да успееме во нашите намери. М-р Елена Милевска Штрбевска
18
БИЗНИС ИНФО
петок, 3 февруари 2017, Бр. 293
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ ПРЕТПРИЕМАЧИ
КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИПРЕТПРИЕМАЧИ продолжува со редовните активности - одржано предавање на тема:
„Energy Management“ Една од главните активности на Клубот на менаџери – претприемачи, покрај КЛУБ НА организирање на едукативни настани кои СКМ ♦ КМ МЕНАЏЕРИ ќе ги задоволат потребите на менаџерите ПРЕТПРИЕМАЧИ за нови информации и пренос на добри практики, е вмрежувањето во насока на креирање можности за бизнис соработка и размена на контакти. Следејќи ја својата годишна програма за 2017 година, a со цел обезбедување сè поголеми предности и бенефиции за своите членови, на 03.02.2017 година како дел од агендата на Клубот, беше реализирано предавањето “Energy Management” во соработка со предавачот г-ѓа Марина Анчевска, која е НЛП Мастер практикувач и професионален бизнис тренер со долгогодишно искуство како холистички терапевт и јога учител кој во комбинација на двете техники овозможува промени во корпоративната култура со кои може да се искористи целосниот потенцијал на компанијата и пред сè луѓето кои работат во неа. Оваа програма е специјално дизајнирана да постави баланс помеѓу личниот и професионалниот живот, помеѓу нашиот внатрешен и надворешен свет, помеѓу телото и умот. Учесниците за време на настанот имаа можност да се запознаат што всушност значи “Energy management” и дека во зависност од тоа како се справуваме и ги менаџираме времето, парите и емоциите на истиот начин ги филтрираме сите информации кои што ги воспремаме преку сетилата. Односно дали нашите превземени акции ни го даваат посакуваниот резултат и што е тоа што не мотивира, а што ни ја одзема сета енергија?
петок, 3 февруари 2017, Бр. 293
БИЗНИС ИНФО КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ ПРЕТПРИЕМАЧИ
Овој процес за секој од нас е уникатен, затоа што сите ние имаме различни верувања и вредности, различни искуства, случки и на различен начин донесуваме одлуки во животот. Следејќи ги трендовите во европските земји од една, но и потребите и барањата на нашите компании од друга страна, преку Клубот на менаџери-претприемачи се креираше алатка која ги поврзува сите бенефити на едно место и услуги се` со цел поддршка на малите и средни компании во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, пронаоѓање партнери. Тоа е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контакти кои Стопанската комора на Македонија ги има со домашните и странски институции кои нудат информации, анализи, едукација но и пронаоѓање партнери. Валентина Цветковска
20
БИЗНИС ИНФО
петок, 3 февруари 2017, Бр. 293
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 8 февруари 2017 година (среда), 11:00 – 13:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
„ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ВО ХОТЕЛИТЕ,ОСВЕТЛУВАЊЕ,BMSУПРАВУВАЊЕ И ФИНАНСИРАЊЕ ЗА ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ“
Компаниите „И-Импулс“ (www.i-impuls.com.mk) и „Кабтел“ (www.kabtel.com.mk) во соработка со Стопанската комора на Македонија, организираат бесплатна презентација на имплементација на проекти за енергетска ефикасност во хотели и други угостителски објекти за сместување, финансиска поддршка за проекти за енергетска ефикасност и хотелски BMS-решенија - Интелигентоно управување со хотели за висок комфор и ниски трошоци. „И-Импулс“ повеќе од 10 години работи во областа на проектирање и е специјализирана за професионално енергетски ефикасно осветлување со користење на иновативна LED-технологија и традиционални решенија за сите типови на објекти. Македонската компанија „Кабтел“ повеќе од 15 години е активна на пазарот во областа на комуникациите, телефонијата, поврзувањето, ППдојава, јавен разглас и иновативни БМС-системи, со посебно внимание на хотелските иновативни решенија. Подетални информации ќе бидат дадени на презентацијата која ќе се одржи на 8 февруари 2017 година (среда), со почеток во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат. Вашиот интерес за присуство на презентацијата, Ве молиме, да го најавите најдоцна до 6 февруари 2017 година. Контакт: Даниела Михајловска Василевска, тел: 32 44 021; е-адреса: daniela@mchamber.mk
петок, 3 февруари 2017, Бр. 293
БИЗНИС ИНФО
21
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
СОВРЕМЕНИ МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ, ПОСТАВУВАЊЕ ЦЕЛИ, МОТИВИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИ, ДЕЛЕГИРАЊЕ ОБВРСКИ И КОНТРОЛА
8-9.02.2017 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4-ти кат
На дводневниот семинар учесниците ќе се запознаат со вештините кои се потребни за да се
надминат предизвиците на современите организации. Овој семинар е наменет за менаџери, шефови на оддели и организациони единици, шефови на смени, водачи на тимови, супервизори и за други раководни позиции. Семинарот дава приказ на современите функции на менаџментот, како и на методите по кои вработените ефективно се раководат. Предавач:
Наташа Алексовска, основач и деловен консултант во компанијата „Вивендум Рацио Солушнс“,
компанија посветена на поддршка на клиенти во воспоставување функцијата на човечките ресурси, структурна транформација на функцијата на човечките ресурси од оперативен во стратешки модел, деловни промени и трансформација на организации, програми за намалување на трошоци, имплементација на системи и подобрување на оперативната ефикасност. Наташа Алексовска е професионалец во областа на човечките ресурси со повеќе од 10-годишно искуство од областа, вклучувајќи меѓународни средини во јавни и приватни претпријатија, како и поранешни јавни претпријатија трансформирани во приватни ентитети. Докажано и успешно лидерство во компании кои го менуваат начинот на раководење преку развој и примена на современи практики за човечките ресурси кои водат до блиски врски на деловните партнери со целите на компанијата по пат на регрутирање, развој на кадри, управување со таленти, управување со ефективност во работењето, информатички системи за човечки ресурси, консалтинг со извршното раководство, сè со цел да се постигне оптимално планирање, управување и искористување на внатрешните потенцијали и ресурси. Широко познавање и практично искуство во законската регулатива, буџетирање, анализи и иницијативи за заштеда на средства, организациско порамнување, управување со промени и односи со синдикати и вработени.
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
22
петок, 3 февруари 2017, Бр. 293
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 20.2.2017 година (понеделник) 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
КОНТРОЛИНГ ВО НАБАВКИТЕ
Стопанската комора на Македонија на 20 февруари 2017 година организира еднодневен
семинар на тема: „Контролинг во набавките“. Контролингот ги обединува сите процеси од работењето на компанијата, преку него менаџментот може да добие квалитетни информации за сите активности на компанијата и врз основа на истите да креира деловни одлуки кои го унапредуваат работењето.
Цел на семинарот:
Запознавање на учесниците на семинарот со:
• Управувањето со набавките; • учесниците во набавките – купувачи и добавувачи; • интерна комуникација во организацијата – набавка наспроти магацин; • комуникација со добавувачите; • приоритети во набавката; • WIN-WIN стратегија за стратешко поврзување со добавувачите; • оценување на добавувачите – критериуми за оценување.
За кого е наменета обуката?
Обуката е наменета за сите кои на кој и да било начин се вклучени во управување на
процесите на набавка – раководители на набавката, менаџери на набавка, како и оние чии работни задачи вклучуваат логистика во организацијата (организирање на набавките, магацинско работење, транспорт и сл.).
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
петок, 3 февруари 2017, Бр. 293
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ
21 февруари 2017 година (вторник) 10:30-14:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
По циклусот на успешно реализираните бесплатни семинари во 2016-та година на тема:
„МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“, кои се одржаа во Штип, Кавадарци, Кичево, Охрид, Прилеп, Битола, Скопје, Велес, Куманово, Тетово, Струмица и Виница каде присуствуваа повеќе од 300 учесници-преставници од приватниот и јавниот сектор, Стопанската комора на Македонија и во 2017-та година продолжува со зацртаната агенда за оранизација и реализација на нов циклус на бесплатни семинари и други промотивни активности за промоција на медијацијата кои ќе ги реализира со предавачи-лиценцирани медијатори согласно последните промени на Законот за медијација, како и со експерти со долгогодишно искуство од областа на медијацијата низ сите градови во Македонија.
Оттука, согласно големиот интерес за семинарите за медијација, Ве информираме дека новиот
циклус на бесплатни семинари за 2017-та година на тема:„МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“ започна од јануари 2017-та година, со првиот семинар кој се одржа на 24-ти јануари.
По завршување на овој циклус на бесплатни семинари во Скопје, од април 2017-та година активно ќе продолжиме со реализација на нови циклуси на бесплатни семинари како со други активности за промоција на медијацијата не само во Скопје туку и во другите градови и регионални канцеларии на Стопанската комора на Македонија, се` со цел запознавање на сите заинтересирани учесниците со предностите на медијацијата. Дополнително, навремено, ќе Ве информираме за агендата за сите активности поврзани со медијацијата. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
АПМ
БИЗНИС ИНФО
24
петок, 3 февруари 2017, Бр. 293
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 24.02.2017 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ОПТИМИЗАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВОТО И ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ
Оптимизација на производството и управување со проекти во реална околина, претставува
клучен предизвик за многу компании кои како главни процеси имаат различни типови на производство, поради фактот дека во 2017 година потребно е да се реализира баланс помеѓу одржувањето на тековните деловни процеси (профитабилност, квалитет на услугите, односи со клиентите, продуктивност, компетентност на вработените итн.), од една страна, а од друга страна т.н. деловен напредок и имплементација на интерни промени, кои ќе дадат максимален придонес.
PRINCE2 претставува една од корисните алатки и знаење во сите клучни процеси во
компанијата, посебно во делот на производството. Клучните ефекти во работењето на една компанија можат да се добијат преку имплементација на систем на работење кој има за цел трансформација (во континуитет на работењето) од управување на бизнисот во управување на проектно работење во реална и контролирана околина. Целта на овој семинар е учесниците да се стекнат со клучни знаења за PRINCE2 методологијата и истите да ги применат во реалното работење земајќи ги предвид реалните услови во Македонија. Речиси во секој производствен процес постои потреба за проектно управување и имплементација на знаење и создавање на мултифункционални тимови.
Овој семинар е наменет за проектни менаџери и раководители на проекти, раководители на
набавка, раководители на производство, интерни проверувачи (контрола на квалитет), раководители во големопродажба, како и за сите оние кои сакаат да го надградат своето знаење.
Рок за пријавување: 21.02.2017 година. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
петок, 3 февруари 2017, Бр. 293
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
6. МЕЃУНАРОДНИ ДЕНОВИ НА ЕНЕРГЕТИКАТА И ИНВЕСТИЦИИТЕ
2 - 3 март 2017 година Нови Сад, Република Србија
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Новосадскиот саем, ве покануваат да бидете дел од 6. Меѓународни денови на енергетиката и инвестициите, собир на енергетсккиот сектор и инвестициите, што ќе се одржи во периодот од 2 - 3 март 2017 година во Нови Сад, Република Србија. Настанот 6. Меѓународни денови на енергетиката и инвестициите има за цел да ги поттикне бизнис контактите и соработката помеѓу сите релевантни чинители во областа на енергетиката, градежништвото, заштитата на животната средина и локалниот развој во Србија и во регионот, како и да се стимулира поголема инвестиција во овие области. Настанот ќе се одржи во пресрет на 5 Март - Денот на енергетската ефикасност. Целта е да се обезбедат презентации на проекти и изнаоѓање соодветни финансиски и технички партнери за нивно спроведување Во фокусот на Меѓународниот ден на енергијата и инвестициите ќе бидат темите во областа на енергетиката, финансирањето и изградбата, како и специјални градежни обврзници и енергија преку енергетската ефикасност во зградите. Исто така, посебен акцент ќе биде ставен на најактуелната тема денес - борбата против климатските промени. Настанот на сите учесници им нуди единствена можност за дводневна презентација на своите компании, технологии и проекти пред компании инволвирани во енергетскиот сектор, како што се претставници од локалната самоуправа, агенции, здруженија, како и воспоставување директна цврста врска со посетителите и учесниците на настанот.
Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават
за посета на настанот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 16.02.2017 година (четврток).
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
26
петок, 3 февруари 2017, Бр. 293
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 3.3.2017 година (петок) 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА
Стопанската комора на Македонија на 3 март 2017 година организира еднодневен семинар на
тема: „Оптимизација и уредување на работното место по 5С методологија“.
5С методологијата е една од основните алатки за изградба на KAIZEN филозофијата, како и
воспоставување на LEAN системот во производствените и непроизводствените претпријатија.
5С е структуиран пристап за развој на работната дисциплина. Всушност, 5С е јапонска
методологија развиена од страна на „Toyota“. Тоа е техника во 5 чекори која служи за промена на свеста на вработените во работното опкружување. Оваа методологија можеби изгледа како една од техниките за чистење, но не е само тоа, заднината е подлабока! 5С помага да се идентификуваат и елиминираат некорисните работи/отпад на работното место. Помага во воспоставување на попродуктивно и поквалитетно работно опкружување. Ја поттикнува компанијата да ги следи објектите/прашањата кои често се занемарени. 5С е алат за оптимизација на работните места.
Суштинската корист која 5С методологијата треба да ја донесе во компанијата е промена на
однесувањето или промена на навиките на вработените во целите на оптимизација на работата во работните места, а со самото тоа и оптимизација на работата на компанијата.
Тоа подразбира запознавање со нејзините 5 принципи: Сортирање и класификација
(Sort), Функционално распоредување или уредување (Set in Place), Чистење (Shine & Sweep), Стандардизирање (Standardise) и Прием и одржување (Sustain).
За кого е наменета обуката:
Обуката е наменета за сите кои на кој и да било начин се вклучени во работните или
производните системи на организацијата, како и лица кои се на раководни позиции во компанијата, а посебно доколку компанијата во која работат е класифицирана како добавувач во автомобилската индустрија.
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
петок, 3 февруари 2017, Бр. 293
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„WIN EUROASIA METALWORKING“ САЕМ ЗА МЕТАЛОПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА
9 - 12 февруари 2017 година Истанбул, Република Турција
Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Hannoover fairs Turkey“, ве покануваат да бидете дел од „WIN EUROASIA Metalworking“ - Саем за металопреработувачката индустрија. Овогодинешниот саем ќе се одржува во периодот од 9 - 12 февруари 2017 година, во Истанбул, Р. Турција. Саемот „WIN EUROASIA Metalworking“, како секоја, така и оваа година на едно место ќе ги собере водечките компании од металопреработувачкиот сектор. Саемот на сите посетители и учесници им нуди можност на едно место да ги видат сите најнови видови технологии поврзани со браварството, заварувањето и третманот на металните производи. Овогодинешниот Саем о отворен за сите компании од металопреработувачката индустрија и сите комплементарни индустрии и сектори. Стопанската комора на Македонија на компаниите им овозможува: • бесплатни влезници за Саемот; • бесплатни трансфери од аеродром до хотел и обратно; • бесплатни трансфери од хотел до саем и обратно; • бесплатно сместување во хотел со 4* или 5* (зависно од расположливите капацитети на хотелите); • организиразни билатерални деловни средби со компании • посета на компании и фабрики. Саемот можат да го посетат максимум двајца учесници од една компанија. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за посета на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 23.01.2017 година (понеделник).
За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: Сања Николова, телефон:+ 389 322 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
28
петок, 3 февруари 2017, Бр. 293
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
21.03.2017 година (вторник) 10:30-14:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ
По циклусот на успешно реализираните бесплатни семинари во 2016-та година на тема:
„МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“, кои се одржаа во Штип, Кавадарци, Кичево, Охрид, Прилеп, Битола, Скопје, Велес, Куманово, Тетово, Струмица и Виница каде присуствуваа повеќе од 300 учесници-преставници од приватниот и јавниот сектор, Стопанската комора на Македонија и во 2017-та година продолжува со зацртаната агенда за оранизација и реализација на нов циклус на бесплатни семинари и други промотивни активности за промоција на медијацијата кои ќе ги реализира со предавачи-лиценцирани медијатори согласно последните промени на Законот за медијација, како и со експерти со долгогодишно искуство од областа на медијацијата низ сите градови во Македонија.
Оттука, согласно големиот интерес за семинарите за медијација, Ве информираме дека новиот
циклус на бесплатни семинари за 2017-та година на тема:„МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“ започна од јануари 2017-та година, со првиот семинар кој се одржа на 24-ти јануари.
По завршување на овој циклус на бесплатни семинари во Скопје, од април 2017-та година активно ќе продолжиме со реализација на нови циклуси на бесплатни семинари како со други активности за промоција на медијацијата не само во Скопје туку и во другите градови и регионални канцеларии на Стопанската комора на Македонија, се` со цел запознавање на сите заинтересирани учесниците со предностите на медијацијата. Дополнително, навремено, ќе Ве информираме за агендата за сите активности поврзани со медијацијата. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
петок, 3 февруари 2017, Бр. 293
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ГОДИШЕН ИНВЕСТИЦИСКИ СОБИР Тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата
2-4 април 2017 година Дубаи, Обединети Арапски Емирати
Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Annual Investment Meeting“, ве поканува да бидете дел од Годишниот инвестициски собир на тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата. Манифестација ќе се одржи во периодот од 2-4 април 2017 година во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Годишниот инвестициски собир е еден од најочекуваните настани кој на едно место ги поврзува инвеститорите, експертите и практичарите од целиот свет. Фокусот на конференцијата е промените кои настанале во периодот од една година и новите форми на инвестирање кои се на располагање. На настанот во Дубаи фокусот ќе биде на новите политики кои ќе бидат имплементирани. Воедно, ова е погодно место за истражување на нова законска регулатива којашто ќе помогне да се стимулира локалната економија преку нови можности за инвестирање. Дополнително, настанот претставува можност да се погледнат најдобрите практики во индустријата и некои од иновациите кои се на повидок. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да учествуваат на настанот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 26 март 2017 година. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
30
петок, 3 февруари 2017, Бр. 293
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
24-28 април 2017 година во Хановер, Германија
„Global Business & Markets“
Enterprise Europe Network Македонија при Стопанската комора на Македонија ви овозможува
да воспоставите контакти со нови деловни партнери
Бизнис средби „Global Business & Markets“ 24-28 април 2017 година во Хановер, Германија
Тринаесеттото издание на меѓународните средби во Хановер, водечки светски индустриски настан, ќе се одржи од 24-28 април 2017 година. Над 23.000 деловни средби меѓу повеќе од 3.000 компании биле организирани во рамките на овој брокерски настан од 2005 година до денес.
Меѓународните деловни средби ќе се организираат од страна на Европската мрежа за
поддршка на бизнисот (Enterprise Europe Network) и многу други професионални организации од целиот свет во соработка со Форумот „Глобалните бизниси и пазари“ на Саемот во Хановер.
На Саемот и на средбите ќе учествуваат компании од сите сектори. Но, оваа година посебна
соработка е воспоставена со иницијативата “Младите Tech претпријатија” од Хановер, со цел да се нагласи учеството на иновативните старт-ап компании. Целта на оваа нова иницијатива на Саемот е да се охрабрат старт-ап компаниите да ги зголемат своите контакти и да го привлечат вниманието на потенцијалните клиенти и инвеститори. Повеќе информации може да се најдат на следните веб-страни:
www.b2fair.com/hannovermesse2017 и на
www.een-matchmaking.com/hannovermesse2017.
Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
BSI
TM
Quality Management
ISO 9001:2008
FS 549642 FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088