Skip to main content

Бизнис ИНФО, број 269

Page 1

БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

bsi.

ISO 9001

goodini

Quality Management

192

2 - 2016

FS 549642

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Број 269

www.mchamber.mk

02.06.2016

ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО ИНОВАТИВНИ ПРОИЗВОДИ - РЕЦЕПТ ЗА ЛИДЕРСТВО НА ПАЗАРОТ Одржани Македонско-либански деловни средби

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СО ЛИБАНСКО-МАКЕДОНСКИОТ СОВЕТ НА БИЗНИСМЕНИ

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

четврток, 2 јуни 2016, Бр. 269

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

ЕЗБЕД ОБ У

B

SE

C

UR

O

НИКО

Б

ЊЕ ВА

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


четврток, 2 јуни 2016, Бр. 269

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ ПОДВЛЕЧЕНО Интензивирање на директните средби помеѓу македонските и австриските компании

ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО ИНОВАТИВНИ ПРОИЗВОДИ - РЕЦЕПТ ЗА ЛИДЕРСТВО НА ПАЗАРОТ Пресот го водеше д-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанска комора на Македнија која на почетокот потенцира дека и во ситуации кога компаниите се соочуваат со предизвици дали поради проблемите со ликвидноста или наметнати фатори од окружувањето или пошироко, Комората се гордее со компаниите и секторите кои инвестираат не само во земјата, туку и во странство.

-Земјоделско-прехранбениот сектор е еден од клучните сектори на македонската економија, и третиот најголем сектор по услугите и индустријата. Во периодот 20052015 година учеството на земјоделскиот сектор во вкупниот БДП е околу 12%, а заедно со преработувачката индустрија на земјоделски производи, учеството се зголемува на 16%, - истакна д-р Георгиева. Овој сектор има значителен придонес во вкупната надворешно-трговска размена, а релативниот удел на извозот на агропрехранбени производи во последните 10 години се движи од 16% до 19%. Еден од главните потсектори во прехранбената индустрија е индустријата за производство


4

БИЗНИС ИНФО

четврток, 2 јуни 2016, Бр. 269

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ на алкохолни, безалкохолни пијалаци и вода. Индустријата во последните години покажува постојано зголемување на производството, најмногу поради зголемената побарувачка на домашниот пазар. -Според статистичките податоци, во 2015 година производството на сокови во државата бележи раст од 4% во однос на 2014 година. Во истиот период производството на вода забележа зголемување од 25% во однос на 2014 година, - потенцираше д-р Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија. Д-р Георгиева додаде дека во Република Македонија во делот за производство на вода работат 26 компании со околу 1200 постојано вработени лица. Од нив, 13 се домашни компании со 24 различни брендови на вода, додека останатите се странски компании, во најголем дел од Србија, Хрватска, Италија, Грција и Косово.

-Денес со нас се присутни претставници на компанијата „Кожувчанка“ ДОО од Кавадарци, која е основана во 1995 година како семејна компанија и која е првата приватна компанија за полнење минерална вода во Македонија. На чело на оваа компанија е господинот Митко Јанчев, кој е воедно и претседател на Регионалната комора со седиште во Кавадарци - Комора отворена пред 2 години и Комора која е многу значајна за тој регион, особено како регион со голем извозен потенцијал. Во производното портфолио на „Кожувчанка“ постојат 5 бренда во кои компанијата


четврток, 2 јуни 2016, Бр. 269

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ ПОДВЛЕЧЕНО

контунуирано инвестира и во иновации и промоција, како основен предуслов за создавање производи со одличен квалитет, со цел зголемување на довербата кај потрошувачите и одговарање на предизвиците и барањата на европските стандарди. Последните инвестиции на компанијата според нивните податоци, изнесуваат околу 400.000 евра, - истакна д-р Георгиева. Со своите 125 вработени, компанијата има приближно 28% учество во вкупното производство на вода во Македонија и во текот на минатата година оствари учество од 10% во вкупниот извоз на вода која е застапена на пазарите во Либија, Израел, Австралија, Јордан, Ирак, Египет, САД и Канада. „Кожувчанка“ во изминатите 4 години евидентира континуиран раст од над 7% и перманентно инвестира во производниот процес со цел одржување и унапредување на степенот на квалитетот на производите и услугите, истовремено покажувајќи висока свест и грижа за природата и за намалувањето на произведениот отпад. -Инвестициите во иновативните производи се во делот на ласерското одбележување на амбалажата, првично кај „Изворска“, а потоа и кај другите брендови, во системот на свежо точено пиво директно од пиварницата, во новата амбалажа на ладните чаеви и на газираните пијалаци кои отсега ќе се продаваат и во лименка, подвлече Ратко Мицев, раководител за маркетинг, планирање и унапредување на продажбата во „Кожувчанка“ ДОО – Кавадарци. Васко Ристовски


БИЗНИС ИНФО

6

четврток, 2 јуни 2016, Бр. 269

АКТУЕЛНО Интензивирање на директните средби помеѓу македонските и австриските компании

ВО ФУНКЦИЈА НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ОБЕМОТ НА МЕЃУСЕБНАТА ДЕЛОВНА СОРАБОТКА Со цел да се овозможат директни бизнис-контакти, Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение при Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија организираа прес-конференција во Стопанската комора на Македонија (31.5.2016 година), претставувајќи ги актуелните состојби во деловната соработка помеѓу Република Македонија и Република Австрија, а воедно и најавувајќи ги билатералните средби со цел унапредување и интензивирање на економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Австрија.

- Република Македонија и регионот имаат потреба од соработка на економски план, особено во партнерство со јака економија, како што е австриската, истакна Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија. - Во Македонија доаѓа најголема австриска бизнис-делегација досега која е заинтересирана да воспостави соработка со македонските компании. Не станува збор за


четврток, 2 јуни 2016, Бр. 269

БИЗНИС ИНФО

7

ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО

директни инвестиции, туку за пронаоѓање бизнис-партнери и дистрибутери, истакна Герхард Шлатл, економско аташе на Република Австрија во Република Македонија. На билатералниот бизнис-форум, што ќе се одржи на 7 јуни 2016 година во Стопанската комора на Македонија, ќе се претстават компании од различни области, и тоа компании кои се занимаваат со преработка на дрво, производство на алати, машини и опрема кои се потребни за производство на технички профили, производство на теренски возила и снабдување со решенија за електрични спојки, како и компании коишто се занимаваат со рехабилитација на болни лица и старечки домови и кои произведуваат специјализирана козметика. Република Австрија е четиринаесетти трговски партнер на Република Македонија за 2015 година и втор најголем инвеститор во Македонија, но простор за соработка има и треба да се поттикне и да се интензивира соработката меѓу австриските и македонските компании со цел да се зголемени трговска размена од двете страни, бидејќи евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 17 милиони САД $. Вкупната трговска размена во првите 3 месеци од тековната 2016 година изнесува 39,86 милиони САД $, што претставува раст од 10% споредено со истиот период минатата 2015 година. Извозот изнесува 11 милиони САД $, што претставува значително зголемување од 51%, додека увозното салдо изнесува 28 милиони САД $, или намалување од 0,6% во споредба со истиот период минатата година. Јадранка Аризанковска


БИЗНИС ИНФО

8

четврток, 2 јуни 2016, Бр. 269

БИЗНИС СРЕДБИ Одржани Македонско-либански деловни средби

ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СО ЛИБАНСКОМАКЕДОНСКИОТ СОВЕТ НА БИЗНИСМЕНИ Во Стопанската комора на Македонија се одржаа Македонско-либански деловни средби, на коишто стопанственици од двете земји се запознаа со меѓусебните потенцијали и можности за идна деловна соработка (2.6.2016 година).

- Стопанската комора на Македонија е домаќин на еминентна деловна делегација од Либан. Овој настан воедно претставува извонредна можност домашните компании да воспостават директни средби со нови потенцијални партнери и од овие средби посакуваме да произлезат конкретни партнерства и деловни зделки во интерес на бизнисмените од двете земји, потенцираше Антони Пешев, претседавач на Собранието


четврток, 2 јуни 2016, Бр. 269

БИЗНИС ИНФО

9

БИЗНИС ПОДВЛЕЧЕНО СРЕДБИ на Стопанската комора на Македонија при отворањето на Македонско-либанските деловни средби. Една од основните цели на настанот беше потпишувањето на Договорот за соработка помеѓу Стопанската комора на Македонија и Либанско-македонскиот совет на бизнисмени, кој ќе биде дополнителен основ за заедничка соработка и градење доверба меѓу двете институции, што во крајна линија ќе резултира и со динамизирање на меѓусебните деловни односи. Договорот за соработка помеѓу двете


БИЗНИС ИНФО

10

четврток, 2 јуни 2016, Бр. 269

БИЗНИС СРЕДБИ

институции го потпишаа господинот Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија и господинот Самер Суфан, претседател на Либанско-македонскиот совет на бизнисмени. - Се надеваме дека релациите помеѓу двете земји значително ќе се зголемат во блиска иднина, бидејќи на тоа укажуваат и статистичките податоци. Иако трговската размена помеѓу Македонија и Либан е на незначително ниво, постојат можности коишто можат да се искористат за интензивирање и продлабочување на бизнисрелациите помеѓу двете земји, -додаде Антони Пешев. - Со вложување на заеднички напори, Либанско-македонскиот совет на бизнисмени и Стопанската комора на Македонија ќе се стремат кон зајакнување на релациите помеѓу Либан и Македонија, и постојано интензивирање на комуникацијата помеѓу бизнис-заедниците со организирање заеднички бизнис-форуми, конференции и постојана размена на информации и искуства, - истакна Самер Суфан, претседател на Либанско-македонскиот совет на бизнисмени. Денешните деловни средби се искористија во насока на размена на информации и согледување на можностите за настап и поголем извоз на македонски производи на пазарот во Либан. Таква можност им беше овозможена на компаниите од областа на земјоделско-прехранбениот сектор, алтернативните извори на енергија, угостителството, туризмот и секторот на недвижности. М-р Сања Николова


БИЗНИС ИНФО

Бизнис центар за тренинг и оБука Bussines center for traning and education bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА FS 549642

Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922

Бизнис акаДеМиЈа за контроЛинг МенаЏер настаВна ПрограМа од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија

Уписите се во тек!


БИЗНИС ИНФО

12

четврток, 2 јуни 2016, Бр. 269

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Регионална комора со седиште во Охрид

ДУАЛНИОТ СИСТЕМ НА ОБРАЗОВАНИЕ ПРЕДИЗВИК ЗА БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА И ЗА СРЕДНИТЕ СТРУЧНИ УЧИЛИШТА ВО ОХРИД На седницата на Регионалната комора со седиште во Охрид, одржана на 31.5.2016 година, беше презентиран Извештајот од спроведеното истражување за дуалниот модел на средно стручно образование. Истражувањето беше спроведено во текот на првиот квартал од 2016 година, а целта на Комората преку овие активности е да придонесе во поуспешна имплементација на искуствата и методите на дуалните принципи на образование во системот на средно стручно образование, во соработка со бинзис-секторот. Резултатите од истражувањето детално ги елаборираше м-р Борис Тримчев од Регионалната комора со седиште во Охрид, при што нагласи дека постои првичен интерес кај компаниите да се вклучат во процесот на дуалното образование. Претставници на компаниите во текот на консултативниот процес истакнаа дека треба


четврток, 2 јуни 2016, Бр. 269

БИЗНИС ИНФО

13

РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ подетално да се запознаат со моделот на дуално образование, со цел поуспешно нивно вклучување во овој процес. Воедно, беа презентирани добиените резултати за идентификуваните дефицитарни кадри кои спаѓаат во електромашинската и металната струка, текстилната струка, угостителството и туризмот и во рударско-геолошката струка. Оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија, м-р Елена Милевска Штрбевска ги информираше присутните за преземените активности на Стопанската комора на Македонија и актуелните иницијативи поврзани со оваа тема на регионален план и укажа на тоа дека и стопанските комори од регионот, организирани во Коморскиот инвестициски форум, се вклучени во низа активности и во соработка со Федералната комора на Австрија (каде успешно функционира овој систем), во наредниот период ќе спроведат конкретни пилотпроекти. На седницата на Регионалната комора со седиште во Охрид се утврдија активностите за наредниот период и истите ќе бидат насочени кон унапредување на соработката со локалната самоуправа, организирање деловни средби со компании од пограничните региони (Албанија и Грција), како и спроведување на едукативни и проектни активности насочени кон подобрување на условите за водење бизнис и информирање за актуелните законски прописи. Воедно, на седницата беа претставени и предностите на Арбитражата како алтернативен метод за решавање на споровите меѓу деловните субјекти, како што се брзината на постапката, автономијата на волјата на странките, непристрасноста во одлучувањето, стручноста на арбитрите, помалите трошоци на постапката, едностепеноста на постапката, како и почитувањето на начелото на доверливост. М-р Борис Тримчев


БИЗНИС ИНФО

четврток, 2 јуни 2016, Бр. 269

ЈУБИЛЕИ

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА

ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА СТАТИСТИКА И 71-ГОДИШНИНА ОД ПОСТОЕЊЕТО НА ОВАА ИНСТИТУЦИЈА Државниот завод за статистика го одбележа 1 јуни - Денот на македонската статистика со што ја прослави 71-годишнината од постоењето. На одбележувањето на јубилејот беше истакнато дека статистиката е многу повеќе од бројки: тоа е водење на официјалната статистика со прибирање, споредување, усогласување, анализирање, разменување и дисеминирање на податоци од најразлични области на социоекономскиот живот во повеќе од 300 статистички истражувања; тоа е фокусирање кон целта податоците што се користат да бидат точни, а применетата методологија сигурна за да се обезбедат најдобри можни информации за сите корисници; тоа е и координирање и воспоставување на стандарди за статистиките што се водат во други државни органи и институции. Сето тоа се должи на посветеноста на многуте генерации статистичари кои својот труд го вградија во она што е денес е Државниот завод за статистика.


четврток, 2 јуни 2016, Бр. 269

БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРАТА

ЕВН Македонија

СЕМЕЈСТВО ОД ПРИЛЕП ДОБИТНИК НА ВАУЧЕР ОД 100.000 ДЕНАРИ ОД НАГРАДНАТА НА ЕВН МАКЕДОНИЈА Семејството Цветаноски од Прилеп се добитници на првата награда или вредносен ваучер од 100.000 денари, од второто коло од наградната игра на ЕВН Македонија „Награди за штедлив дом“. - Среќата е голема и верувам дека рационално ќе го искористиме ваучерот и ќе одбереме енергетски ефикасни апарати, вели Нада Цветаноска и препорачува на сите да ги ажурираат податоците и редовно да ги плаќаат сметките кон ЕВН, зошто шансите за добивка за сите се еднакви. Извлекувањата на наградите се реализираат во емисијата „На гости кај“, секој понеделник од 20.15 на МТВ и секој вторник од 23.25 на Алсат ТВ. До сега се реализирани извлекувања од девет кола и доделени се над 210 награди. Во наградната игра право на учество имаат потрошувачи од категоријата домаќинства и мали бизнис корисници со ажурирани податоци во базата на ЕВН, кои секоја недела можат да бидат добитници на вредносен ваучер од 100.000 или 30.000 денари, наменет за купување апарати за домаќинство или сет за енергетска ефикасност. Ажурирањето на податоците се прави со пополнување на формулар за ажурирање на личните податоци достапен на веб-страната evn.mk, пополнување на формулар во кој било наплатен пункт или приемна канцеларија на ЕВН Македонија или пополнување на формуларот што ќе пристигне со фактурите за електрична енергија.


БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

БИЗНИС ИНФО

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија; • Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка; • Сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници. За повеќе информации: Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk

Симона Ристоска Тел. +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Гипсер – монтер Фасадер Аргон Заварувач


четврток, 2 јуни 2016, Бр. 269

БИЗНИС ИНФО

17

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

7 јуни 2016 година Стопанска комора на Македонија

МАКЕДОНСКОАВСТРИСКИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ

Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Австрија, Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение на Амбасадата на Австрија во Република Македонија организираат Македонско-австриски деловни средби. Билатералните средби ќе се одржат во рамките на трговската мисија на Амбасадата на Р. Австрија, а како дел од делегацијата ќе бидат присутни и еминентни австриски бизнисмени со коишто македонските компаниии ќе имаат можност да оставарат директни бизнис-средби од различни области и тоа: • преработка на сурово дрво; • производство на машини и опрема за преработка на помали колични млеко и месо, пред се` наменени за ресторани и кантини; • лечење и рехабилитација на болни лица и старечки домови; • производство на специјализирана козметика; • производство на алати, машини и опрема кои се потребни за производство на технички профили од стандардни материјали како (PVC, WPC, PP, PE, ABS etc.); • снабдување на решенија за електрични спојки, пренос и кондиционирање на енергија, како и на сигнали и податоци во индустриски средини; • производство на теренски возила. Македонско-австриските деловни средби ќе се одржат на 7 јуни 2016 година (вторник), со почеток во 12:30 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk

Контакт: Марија Дукоска Тел: ++ 389 2 3244035 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk


18

БИЗНИС ИНФО

четврток, 2 јуни 2016, Бр. 269

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Дводневна обука: 7-8 јуни 2016 година ( вториник-среда) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

МАГAЦИН И ДИСТРИБУЦИЈА

Стопанската комора на Македонија на 7-8 јуни 2016 година организира дводневна обука на тема: МАГИЦИН И ДИСТРИБУЦИЈА. Целта на семинарот е запознавање на учеснците со: - Како поефективно да управуваат со магацинот? - Што е совршена дистрибицја/испорака? - Како да се подобри ажурноста (точноста) на залихите? - Како ефективното водење на магацинот може да помогне за подобрување и зголемување на продажбата, профитот и на готовинскиот ток? - Како да се користи „benchmarking“ во магацин? - Што е „cross dockin“? - Како да се зголеми продуктивноста? - Како ефикасно да се користи повратна логистика? Семинарот е наменет за сите вработени кои се вклучени во магацинско работење и дистрибуција и тоа: - Warehouse менаџерите; - директорите на логистика и набавка; - раководителите во магацините и со логистичката поддршка со претприемачите; - сите оние кои се дел од орагнизацијата и кои сакаат да ја унапредат ефективноста во секторот на магацин, логистика и дистрибуција. Предавач: Игор Чика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


четврток, 2 јуни 2016, Бр. 269

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

7 - 8 јуни 2016 година Скопје, Р. Македонија

САЕМ НА ИНДУСТРИЈА И ОБРАЗОВАНИЕ

Република Македонија, ве поканува да бидете дел од Саемот на индустрија и образование, што ќе се одржи од 7 - 8 јуни 2016 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Примената и користењето на стандардите претставува битен услов за подигање на квалитетот на производите и на услугите, како и за конкурентно и рамноправно учество на македонските стопански субјекти на домашниот, но и на европскиот и на светските пазари. На настанот се очекува присуство на претставници од околу 60 земји и преку 250 претставници на земјите-членки на CEN и CENELEC. Помеѓу учесниците и гостите на Генералното годишно собрание се наоѓаат и директори и еминентни претставници од најголемите европски компании. Во организацијата на овој настан ИСРМ предвиде можност македонските компании и стопански субјекти како и високообразовните институции од државата да ги претстават своите компании, производи, услуги и институции пред ваков европски аудиториум. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 1 јуни 2016 година (среда).

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk

Контакт: Марија Дукоска Тел: ++ 389 2 3244035 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

20

четврток, 2 јуни 2016, Бр. 269

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Еднодневна практична обука 9 јуни 2016 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

СОВРЕМЕНИ МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ

На оваа обука учесниците ќе се запознаат со вештните кои се потребни да се надминат предизвиците на современите организации. Оваа обука е наменета за менаџери, шефови на оддели и организациони единици, шефови на смени, водачи на тимови, супервизори и за други лица на раководни позиции. Обуката дава приказ на современите функции на менаџментот, како и на методите со кои вработените ефективно се раководат.

Прашања кои ќе бидат одговорени за време на обуката:

-

Која е разликата помеѓу менаџер и лидер? Какви вештини се потребни за управување со современите организации? Како да ги мотивираме вработените за да оствариме подобри резултати? Како се промовира позитивно однесување во рамките на цела организација? Како да се справиме со проблематични вработени? Каде најчесто грешат менаџерите? Како да поставиме SMART цели? Што се` може да се делегира за да се олесни работата на менаџерите? Што опфаќа контролата? Кои се алатките за ефикасна контрола и мониторинг? Како функционира коучингот и кои се неговите придобивки?

Предавач Наташа Алексовска, основач и деловен консултант во компанијата „Вивендум Рацио Солушнс“

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


четврток, 2 јуни 2016, Бр. 269

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

VII МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕТАЛУРГИЈАТА, МАТЕРИЈАЛИТЕ И ЗАШТИТАТА - ММЕ

Од 9 до 12.6.2016 година во Охрид, Република Македонија

Организатори се Здружението на металурзите и Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, со поддршка од Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија. Конгресот е поддржан од владини институции и од македонската индустрија. Претседателот на Организациониот комитет, проф. д-р Свето Цветковски ги повикува авторите од универзитети, истражувачки центри, институти, како и претставници на индустријата да ги пријават своите студии за широкиот спектар на разни теми.

Теми: • Физичка и механичка металургија (PMM); • Екстр активна металургија (ЕМ); • Пластична деформација и обработка на метали (PDMP); • Заварување (W); • Леење на метали (КО); • Electrometallurgy (Е); • Корозија и заштита на метали (CPM); • Процес инженерство и менаџмент (PEM); • Nanomaterial и Нанотехнологија (НН); • Нови и напредни материјали (ДНЗ); • Заштита на животната средина (ЕП); • Минимизирање на отпадот и рециклирање (WMR); • Огноотпорни материјали (РМ); • Образование (EDU).

Котизацијата за конгресот изнесува 100 евра по учесник. Во цената е вклучено: - коктел за добредојде;- претставување документи; - работни материјали и - свечена вечера. Дополнителни информации: cmum16@tmf.ukim.edu.mk www.tmf.ukim.edu.mk/cmum16


D CE ON IA

M

A

БИЗНИС ИНФО

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME


четврток, 2 јуни 2016, Бр. 269

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

СОПСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА КОМПАНИСКИ НАСТАНИ (EVENT MANAGEMENT) И ЈАВНО ГОВОРНИШТВО

Еднодневна обука 15.6.2016 година 9:30 до 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 ,5-ти кат

Предавачи: Татјана Стојановска, водител и презентер Михаил Китановски, консултант со искуство во организација на настани ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА? Обуката на тема: Сопствена организација на компаниски настани (Event Management) и јавно говорништво е наменета за лица кои работат во секторите маркетинг, односи со јавноста, продажба, развој, како и за останати лица кои се поврзани со промоцијата на компанијата и брендот. МЕТОДОЛОГИЈА ЗА РАБОТА Оваа обука се базира на отворена дискусија во рамките на темата, каде активно учество ќе земат и учесниците и предавачите. Покрај погоренаведеното, на обуката ќе биде даден одговор на прашањата кои ќе бидат поставени од учесниците, а кои се однесуваат на оваа област. ПРИДОБИВКИ ОД ОБУКАТА Од обуката за Сопствена организација на компаниски настани (Event Management) и јавно говорништво, слушателите треба да стекнат знаењa за креирање на компаниски настани како и јавното говорење.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 2 3244088 Контакт: Зорица 389 Мешкова Тел:Контакт ++ 389 2 Центар 3244019 : (02) 15015 Факс:++ 389 2anita@mchamber.mk 3244088 E-адреса: E-адреса: zorica@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

24

четврток, 2 јуни 2016, Бр. 269

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Еднодневна обука 16.6.2016 година (четврток) 9:30 до 16:30 часот Стопанска комора на Македонија сала 1, 5-ти кат

ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ КАКО ФУНКЦИЈА, ОДГОВОРНОСТИ И ЕКСПЕРТИЗА ВО РАБОТЕЊЕТО

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА? Обуката на тема: Деловен асистент како функција, одговорности и експертиза во работењето е наменета за лица кои работат на позиција деловен асистент, административно работење, асистенти на менаџери и сопственици и раководители, како и останати лица кои се вработени во администрацијата и во секторот финансии. МЕТОДОЛОГИЈА ЗА РАБОТА Оваа обука се базира на отворена дискусија во рамките на темата, каде активно учество ќе земат и учесниците и предавачите. Покрај погоренаведеното, на обуката ќе биде даден одговор на прашањата кои ќе бидат поставени од учесниците, а кои се однесуваат на оваа област.

ПРИДОБИВКИ ОД ОБУКАТА Како придобивки од оваа обука се следните: - поголема ефикасност во работата; - подобрени комуникациски способности; - управување со работата во секојдневните активности; - зголемена ефикасност и знаење за работата; - подобрување на целокупниот процес.

ПРЕДАВАЧ: Михаил Китановски е консултант за организација и менаџмент повеќе од 15 години, и во овој период има стекнато интернационално искуство во оваа област. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


четврток, 2 јуни 2016, Бр. 269

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Тренинг обука 23.06.2016 - 02.09.2016 Стопанска комора на Македонија

согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија по Решение бр.11-20103/2-14 од 09.01.2015 година

Методологија Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со менаџментот и организацијата на човечките ресурси во компаниите. Истата содржи 80 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Програмата започнува со општ вовед во менаџментот на човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти на струката потребни за стекнување менаџерски вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за Програмата „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ кој е признат од Министерството за образование и наука. Целна група: Обуката можат да ја посетуваат лица кои се ориентирани кон градење кариера во делот на управување со човечки ресурси, вработени од секторите за управување со човечки ресурси во компаниите кои сакаат да го надградат своето знаење или истото да го потврдат и да стекнат сертификат признат од Министерството за образование и наука.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Контакт: Зорица Мешкова 389 2 3244088 Тел: ++Факс:++ 389 2 3244019 Контакт Факс:++ 389 2Центар 3244088: (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk E-адреса: zorica@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

26

четврток, 2 јуни 2016, Бр. 269

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Mеѓународни деловни средби 28-29 јуни 2016 година, Ливерпул, Англија

ФИНАНСИРАЊЕ ЗА СОРАБОТКА ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА КРЕАТИВНИТЕ ИНДУСТРИИ

Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за надворешни работи на РМ, а во организација на Стопанската комора на Англија, преку ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве поканува да учествувате на брокерскиот настан на тема „Финансирање за соработка за истражување и развој на креативните индустрии“, на 28-29 јуни 2016 година, во Ливерпул, Англија. Настанот „Финансирање за соработка за истражување и развој во креативниот сектор”, ќе има за цел поттикнување на соработката и обезбедување финансиски средства за развој на креативни и дигитални проекти во различни индустрии со директни бизнис-средби. Овие ЕЕН-средби се совршена можност за размена на знаења, идентификување на потенцијалните партнери за соработка, со цел да се обезбедат начини за финансирање и инвестиции преку директни средби со компании кои ќе помогнат за побрз и подобар развој на иновативни проекти, производи и услуги. На овој дводневен настан главен акцент ќе се даде на следните сектори: - дизајн: архитектура, мода, графички дизајн, дизајн на производи; - медиуми: дигитални медиуми, аудио-визуелни, телевизија, музика, филмови, телевизиски продукции, апликации; - уметност: визуелни уметности, изведувачки уметности, музика; - автомобилската индустрија, авиоиндустријата, градежништвото, образованието, животната средина, инженерингот, здравството, ИКТ, технологијата на материјали, текстилот и туризмот.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


четврток, 2 јуни 2016, Бр. 269

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ПРВ ИНТЕР-БАЛКАНСКИ ФОРУМ ВО СОЛУН

На 7 и 8 јули 2016 година во Р. Грција

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Министерството за надворешни работи на Македонија, ве поканува да бидете дел 1. Интер-балкански форум. Овој форум ќе се одржи во периодот од 7 – 8 јули 2016 година, во просториите на саемот HELEXPO во Солун, Р. Грција. Земји-учесниснички на Форумот се: Грција, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Македонија, Романија и Србија. Со оглед на динамичниот развој на индустријата за храна и пијалаци кој води кон подобрување на бизнис-климата, Интер-балканскиот форум ги повикува сите истакнати индивидуалци од светот на политиката и Балканската бизнис-заедница да учествуваат во дебатата, на којашто ќе ги утврдат проблемите со цел да ги подобрат своите уникатни производи кои би отвориле можности за инвестиции. Главен акцент на форумот ќе биде ставена на можностите за инвестирање кои можат да бидат поддржани од меѓугранични партнерства и примена на нови технологии на полето на програмите за рурален развој, државната помош и мерките за финансирање. Теми на коишто ќе се дискутира на Интер-балканскиор форум: • Меѓугранична економска соработка; • Можностите за зголемување на просперитетот и одржливиот развој; • Презентација на секторите за храна и пијалаци од страна на државите учесници и потенцијални можности за инвестиции; • Промоција на истражувања; • Промоција на производи; • Бенифициите на медитеранската храна; • Презентација и проучување на успешни бизнис-идеи; • Проблемите кои го засегаат банкарскиот сектор (програми за финансирање, програми за развој на руралниот сектор, државна помош итн.). Во рамките на Форумот ќе бидат организирани и деловни средби. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Форумот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 10 јуни 2016 година (петок).

Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk

Контакт: Марија Дукоска Тел: ++ 389 2 3244035 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk


28

БИЗНИС ИНФО

четврток, 2 јуни 2016, Бр. 269

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 26 до 28 август 2016 година во Сиан, НР Кина

САЕМ ЗА БИЗНИС И РЕКРЕАТИВЕН ТУРИЗАМ 2016 (CXSRITE)

Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година има чест да ве покани да земете учество или да го посетите 3. Интернационален саем за бизнис и рекреативен туризам 2016 (CXSRITE), што ќе се одржи во Сиан, Народна Република Кина. Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, а воедно и да ги промовира некогаш актуелните програми и пакети за патувања по Патот на свилата. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми. Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 30 држави, а се очекуваат и над 50.000 посетители од целиот свет. Саемот е наменет за сите компании што се занимаваат со туристичко-угостителска дејност. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество или за посета на Саемот најдоцна до 1.4.2016 година (петок). Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 2 јуни 2016, Бр. 269

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ, ВОДОВОДИ И САНИТАРНИ ТЕХНОЛОГИИ

Саем 21-25 септември 2016 година Будва, Р. Црна Гора

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Јадранскиот саем, ве поканува да бидете дел од Саемите за градежништво, енергетика и води, водоводи и санитарни технологии. Овогодинешните манифестации ќе се одржуваат во периодот од 21 - 25 септември 2016 година, во Будва, Р. Црна Гора. Во овој период ќе бидат организирани повеќе манифестации: • на Саемот за градежништво оваа година на јавноста ќе и` бидат претставени нови производи и технологии, како и можноста за директно воспоставување соработка на сите нивоа во рамките на оваа диманична стратешка гранка. На оваа манифестација ќе се претстават сегменти од градежната индустрија, како и најистакнатите претставници од сите области на градежната дејност; • Саемот за енергетика е можност да ги престават своите нови технологии и достигнувања компаниите, државните и академските институции, стручните и професионалните здруженија и поединци кои се насочени кој истражување, развој, производство, пренос, дистрибуција и разионализација на користењето на енергијата; • саемската платформа и компаративната предност која ја нуди Саемот за води, водоводи и санитарни технологии претставува прилика за унапредување на бизнисите и остварување на добри комерцијални резултати. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 5 септември 2016 (понеделник).

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk

Контакт: Марија Дукоска Тел: ++ 389 2 3244035 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk


30

БИЗНИС ИНФО

четврток, 2 јуни 2016, Бр. 269

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Компанија од Хрватска која произведува урбана опрема со вградени фотоволтаични ќелии, бара компании од Р. Македонија за соработка или врз основа на франшиза или дистрибуција на територијата на Македонија. Валидност до 22.7.2016 година. Реномирана компанија од Р. Македонија продава или дава под наем комплет

фабрика со автоматска линија за производство на чист природен течен јаглен двеоксид, во која машините се од производителот - фабриката „TPI“ од Монца -Италија. Квалитетот на производот е наменет и за употреба во производство на „Coca-Cola“, „Pepsi Cola“ и други видови газирани сокови. Капацитет на производната линија е cca 1.000 кг / ч готов производ - течен јаглен двеоксид, со машина за полнење на течен јаглен двеоксид во челични боци од 2,5 – 50 литри, со две статични цистерни секоја од по 50 тони капацитет и една најмодерна цистерна за превоз на течниот гас до купувачите од 18 -19 тони капацитет, со два извора (бунари) на вода и со сопствена концесија за земјиштето. Оваа наша фабрика за течен CO2 се нуди: 1) да се продаде комплетната опрема, градежниот објект и двата извора (бунари) на вода и пренос на сопствената концесија за земјиштето; 2) да се продаде само опремата за производство, со вклучени две статични цистерни и една најмодерна цистерна за превоз на течниот гас до купувачите; 3) во заедничко производство, со годишен договор за откуп на произведената количина и 4) давање под наем на целиот објект и опремата, за да може наемопримачот


четврток, 2 јуни 2016, Бр. 269

БИЗНИС ИНФО

31

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА самиот да произведува течен јаглен двеоксид. Цена по договор. Валидност до 30.6.2016 година. Компанија од Полска која врши преработка на зеленчук (сушен и смрзнат), бара компании од Р. Македонија за соработка и пасман на своите производи. Валидност до 8.7.2016 година. Компанија од Полска која произведува голема палета на производи од компир, бара компании од Р. Македонија за соработка и за пласман на своите производи. Валидност до 8.7.2016 година.

www.mchamber.mk

Компанија од Полска која преработува компири и произведува готови производи и полупроизводи од компири, бара компании од Р. Македонија за соработа и пласман на своите производи. Валидност до 8.7.2016 година.

Контакт: Ванчо Спасески Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-095 Факс: +389 2 3244-088 vanco@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Бизнис ИНФО, број 269 by Economic Chamber of Macedonia - Issuu