Skip to main content

Бизнис ИНФО број 83 од 02.02.2012 година

Page 1

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

Број 83 од 02.02.2012

БИЗНИС ИНФО

контакт call центар (02) 15015

1

www.mchamber.mk

Потрага по бизнис-партнери

ВЛАДИНО РОУД-ШОУ ВО ТУРЦИЈА, ПРИНЦОТ МАЈКЛ ОД КЕНТ ВО МАКЕДОНИЈА Успешното менаџирање и инвестирањето - спој за добри резултати и пласман на домашниот текстил на европскиот пазар

МОДА „MADE IN MACEDONIA„ ПРИОРИТЕТ ЗА ТЕКСТИЛНИОТ БИЗНИС

Словенечки експерти им порачуваат на македонските компании

„КОРИСТЕТЕ ГРАНТОВИ ОД ЕУ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ!“


БИЗНИС ИНФО

2

ПОДВЛЕЧЕНО ОД ЈУНИ СЕКОЈ ЌЕ МОЖЕ ДА СИ ИЗБИРА СНАБДУВАЧ НА ГАС Согласно Законот за енергетика, вршителите на регулираните енергетски дејности се должни да ги исполнуваат обврските за обезбедување јавна услуга и треба да обезбедат сигурна, квалитетна и непрекината испорака на енергија и енергенси на потрошувачите. Согласно информациите од Макпетрол Пром гас дооел Скопје, произлегува дека прекинувањето со испорака на природен гас е поради различните ставови меѓу Регулаторната комисија за енергетика и Пром гас дооел по прашањето на примената на тарифниот систем за продажба на природен гас на тарифни потрошувачи, со кој се создава негативна финансиска состојба во определен период. Регулаторната комисија за енергетика го следи функционирањето на енергетските пазари, па доколку утврди неправилности, донесува одлука со која се забранува определено однесување на вршител на енергетска дејност или се наложува преземање соодветни мерки. Во таа насока, Регулаторната комисија за енергетика ја донесе одлуката за забрана на прекинувањето на снабдување со природен гас на тарифните потрошувачи приклучени на системот за пренос на природен гас од страна на Макпетрол Пром гас и едновремено пристапи кон изменување и дополнување на тарифниот систем за продажба на природен гас на тарифни потрошувачи. Регулаторната комисија за енергетика активно работи на подзаконските акти од областа на природниот гас кои се предвидени со Законот за енергетика и планира истите да ги донесе заклучно со јуни 2012 година. Стапувањето на сила на подзаконските акти значи либерализација

на пазарот на природен гас, односно можност потрошувачите на природен гас самостојно да изберат свој снабдувач со природен гас. (Ваљон Сараќини, Министер за економија во Владата на Република Македонија)

НЕМА КЛИМА ЗА НАГРАДУВАЊЕ НА МЕНАЏМЕНТОТ СО АКЦИИ НА КОМПАНИЈАТА Идејата за наградување преку акции е одлична и своевремено презедовме чекори во таа насока.Но, за жал, не успеавме да ја реализираме. Се работи за несозреаноста на менталитетот кај акционерите за еден ваков тип стимулирање на менаџментот за да работи успешно. Ние пред неколку години откупивме сопствени акции на берза, токму со намера да ни служат како фонд за наградување на успешните менаџери, но наидовме на отпор кај некои постари акционери. Се побунија, сметајќи дека и тие треба да добијат акции ако веќе добива менаџментот. Изгледа сè уште не е созреан моментот за ваков тип наградување во Македонија, иако на Запад веќе е вообичаена практика. (Сашо Давитковски, генерален менаџер и претседател на Управниот одбор на Скопски пазар)

четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

ВО КРИЗА РАСТЕ ПОБАРУВАЧКАТА НА ЕФТИНИ ВИНА, А ТУКА Е ШАНСАТА ЗА МАКЕДОНИЈА Нашето вино се продава како македонско. На странските партнери многу им е важно каков е сертификатот. Затоа ние имаме проблем сега, бидејќи ги сменивме винските региони. Сега веќе имаме еден вински регион, Македонија, па тука се разви проблем затоа што на Германците, Повардарскиот регион веќе им стана како еден вид бренд. Но, тоа сега го нема, што мислам дека не е баш паметно. Виното се пакува во шишиња под назив Republic of Macedonia, но не можат да го декларираат винскиот регион. Постојано сум во комуникација со германските партнери, кои прашуваат: “Има ли нешто ново за законот?“, но не знам што да одговорам, затоа што не се знае дали државата може да го врати “Повардарски“ како географски регион. Но, ако државата не ја извојува битката, тие ќе се обидат барем да го вратат називот “Повардарски“ во употреба како бренд. Актуелната европска криза не може да се одрази негативно на извозот на вино, туку напротив, дури може да донесе и придобивки. Во време кога опаѓа стандардот на граѓаните во Европа, логично е тие да се свртат кон поевтините вина, во кои спаѓаат и македонските. Тезата на нашите партнери од Германија беше дека ако на Германецот му споменете само “к“ од “криза“, веднаш делува превентивно. Психозата е таква што тој што пиел вино од седум-осум евра веднаш се симнува на вино од две, три или четири евра. Затоа, во криза има зголемена побарувачка за вината кои се со пониска цена. (Ристе Маркудов, сопственик на винарницата „Риго Импекс“ од Гевгелија)

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнер за 2012 година

Покровители

на


четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

Владиното роуд шоу во Турција Истанбул

БИЗНИС ИНФО

Турција е земја со која традиционално имаме одлични односи и на поличко и на економско поле. Потенцијал има и не постојат пречки за нивно унапредување, а бизнис секторот е оној кој треба да ја има главната улога. Ова беше посочено на деловна вечера што премиерот Никола Груевски со економскиот владин тим ја имаше во Истанбул со претставници и претседатели

Средбата и презентациите во роуд – шоуто е историска можност за унапредување на економските односи, посочи тој и додаде дека очекува инвестициите од Турција наскоро во Македонија да достигнат до 500 милиони американски долари. Не постојат никакви пречки пред нас за развивање на соработкта и сметам дека бизнис секторот е тој кој ќе ја има главната улога, истакна Јирчали. Патот што го отворија премиерот на Македонија и Турција, според Хасан Хошбан претседател на Турскомакедонскиот деловен совет, треба да го следат бизнисните од двете држави.

на 120 турски компании. Пред нив ги претстави предностите што ги нуди Македонија како бизнис дестинација и ги повика да дојдат да ја посетат и да инвестираат, - пишува известувачот на МИА од Истанбул. - Ве поканувам да не посетите и лично да се уверите во поволната бизнис клима во нашата земја и искрено се надевам дека Македонија ќе биде вашиот следен избор како дестинација за водење бизнис, им порача премиерот Груевски и додаде дека од Владата ќе добијат поддршка во резлизирањето на нивната бизнис идеја. Врз основа на подобената бизнис клима и активностите за промоција на Македонија како атрактивна бизнис дестинација, премиерот рече дека Македонија успеа да привлече познати странски компании во Технолошко индустриските зони. Посочи и на тоа дека во последните месеци сме сведоци на нов силен инвестициски бран, особено на крајот на 2010 и почетокот на 2011 по олабавување на светската економска криза. Претседателот на Асоцијатацијата за надворешни економски односи Рони Јирчали посочи дека бизнис секторот од Турција ги следи реформите што се преземаат од страна на македонската Влада.

Македонија, истакна, за нас е мост кон Европа. Заложбите што ги прави Владата ги поздрави и министерот за за животна срдина и урбанизам Ердоган Бајрактар кој оцени дека Македонија е оаза за инвестирање. Ги унапредивте односите со соседите и со Европа, истакна тој и додаде просперитетот на Балканот е и просперитет на Турција. Односите меѓу двете земји се уште треба да се унапредуваат. Тој ги повика турските бизнисмени да инвестираат во Македонија и посочи дека

МАКЕДОНИЈА ОАЗА ЗА ТУРСКИ ИНВЕСТИЦИИ

3

БИЗНИС РЕЛАЦИИ има простор во областа на здравството, образованието, енергетиката... Турските инвестиции и досега се покажа како успешни и како значајни за Македонија. Од 1997 година до 2010 година вкупниот кумулативен прилив на странските директни инвестиции се 47,96 милиони евра што претставаат 1,43 проценти од вкупниот прилив на СДИ и се на 14-то место. Во првите 9 месеци од минатата година приливот на капитал од Турција изнесува 51,08 милиони евра што покажува тренд на раст на инвестициите од оваа земја. Турски капитал во битолската „Пивара“, „Алемакс“ во Струмица, „Силика“ од Гостивар, „Рамстор“, „Зорлу Холдинг“, „Зираат банка“, „Халк банка“, ТАВ во аеродромите... Се очекува изградба на производствен капацитет за алуминиумски профили за автомобилска индустрија и градежништво во износ од 20 милиони евра во ТИРЗ „Скопје“ од страна на „Бордтехник-отомотив“. Турција е дефинирана како една од целните земји од која е може да се очекуваат инвестиции како во производство на автомобилски компоненти, информатичкокомуникациска технологија, земјоделство и преработка на храна, потоа бизнисуслуги и аутсорсинг, фармацевтска индустрија и медицински помагала, енергетика и обновливи извори на енергија, туризам, градежништво и инфраструктура.

Кајсери МОЖНОСТИ ЗА СОРАБОТКА ВО ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА Можностите и предностите за инвестирање во Македонија, владиниот тим ги претстави пред стопанствениците во Кајсери, центар на дрвната индустрија во Турција. На бизнис-форумот се присутни 150 компании, главно од дрвната индустрија, прехранбената, градежништвото, електрониката... Поздравувајќи ги одличните


4

БИЗНИС РЕЛАЦИИ политички и економски односи кои владеат меѓу двете земји и осврнувајќи се на пазарот кој би бил обезбеден со евентуална инвестиција Груевски рече дека „важен импулс за зајакнување на билатералната трговска соработка е и склучениот Договор за слободна трговија. - Ако се земат предвид и можностите кои произлегуваат од другите договори за слободна трговија, тогаш оние кои ќе инвестираат и произведуваат во Македонија добиваат непречен пристап до над 650 милиони потрошувачи, истакна премиерот Груевски. Тој додаде дека на македонскиот пазар веќе се присутни огромен број турски бизнисмени чии одлични искуства се најдобриот аргумент дека Македонија брзо прераснува во мошне привлечна европска бизнис-дестинација. - Вашата земја не е само еден

од нашите најголеми сојузници, туку е и важен трговски партнер за Република Македонија, рече премиерот Груевски, изразувајќи надеж дека овој бизнисфорум ќе ја продлабочи економската соработка меѓу Турција и Македонија. Во рамки на форумот, претседателот на македонската Влада оствари средба со Хачи Бојдак, сопственик на „Бојдак холдинг“, една од најпознатите и најголеми турски компании која дејствува во сферите на текстилната и хемиската индустрија, маркетингот, железарската индустрија, енергетиката и информатиката при што беа разменети мислења за можностите за инвестиции на компанијата во Македонија. Делегацијата оствари и средби со други потенцијални инвеститори. Коња ПРИСАСТВО ОД НАД 400 КОМПАНИИ Присуството на презентацијата во Коња беше масовно - над 400 компании од метална и машинска индустрија, автомобилска, прехранбена, земјоделство, градежни материјали… Пред присутните премиерот Груевски потенцираше дека Владата во континуитет работи на подобрувањето на бизнис окружувањето и презентација на можностите за инвестирање во земјата. Тој, јави известувачот на МИА,

БИЗНИС ИНФО истакна дека најдобар пример за тоа какви поволности нуди нашата земја за странските инвеститори е „гласот на задоволните турски бизнисмени и инвеститори кои се веќе присутни во Македонија”. Наведе неколку причини зошто Македонија за краток период прераснува во една од најпривлечните бизнис дестинации во регионот - даночната политика, макроекономската стабилност, ниската инфлација, намалениот административен и регулаторен товар на

бизнисот..., а ги претстави и предностите на технолошко-индустриските развојни зони. - Ова се само дел од мерките и резултатите, а списокот е далеку од исцрпен. Секојдневно работиме на идентификување на бариерите за водење бизнис и, онаму каде што е изводливо, воведуваме нови механизми и поволности, со кои инвеститорите директно би ги почувствувале предностите за инвестирање во Македонија, потеницира премиерот Груевски во Коња. Тој истакна дека нашата надворешна трговија се карактериизра со исклучително висок степен на либерализација кој, како што рече, е близок на оној во индустриските пазарни економии. Најдобра оценка на македонските економски политики е тоа што според Светската банка, Македонија е највисоко рангирана во однос на која било економија од Централна, Источна и Југоисточна Европа, нагласи Груевски. Газиантеп НИЗ МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОПСКИОТ ПАЗАР Владиниот економски тим очекува зголемен интерес за инвестирање од турските компании во наредниот период, пред кои деновиве ги презентира можностите и предностите што ги нуди Македонија за странските инвеститори. Посетеноста на бизнис форумите е голема, а секторите во кои покажуваат интерес се металопреработувачката, автомобилската, дрвната, прехранбената индустрија. - Убедени сме дека од овие

четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

посети ќе има барем неколку инвестиции за што, се разбира, ќе биде потребно одредено време, но македонската Влада продолжува со интензивно презентирање на Македонија во други држави. Има интерес ма компании од лесната индустрија кои се прилично големи во Турција, имаат значителен извоз во европските земји, но бараат дестинации каде ќе формираат ново производство. Тука Македонија ја гледа својата шанса, бидејќи сме значително поблиску до Европа отколку Турција, изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски по презентацијата пред 220 компании во Газиантеп, еден од индустриските центри и најбрзорастечката општина во Турција. Повикувајќи ги турските стопанственици да инвестираат во Македонија, Пешевски им посочи дека тоа треба да го направат затоа што имаат пристап до пазар од 650 милиони купувачи преку склучените договори за слободна трговија со повеќе земји, има одлична геостратешка положба за влез на европскиот пазар, ниски даноци, макроекономска стабилност, она што е важно за секој бизнис. - Преземени се над стотици проекти за подобрување на бизнис климата - намалување на постапките, трошоците и директната интеракција меѓу државата и компаниите преку интернет, истакна Пешевски и додаде дека Владата во изминатите пет години со

низа активности овозможи Македонија да прерасне во земја која се повеќе наликува на европските. Претседателот на Тускон, Мехмет Али Мутафоглу, посочувајќи на важната геостратешка положба што ја има Македонија, на претставниците на компаниите им порача да ги искористат можностите и да инвестираат во Македонија пред другите странски инвеститори. - Наскоро се очекува Македонија да ги подобри односите со ЕУ и треба уште отсега да влеземе на тој пазар, што поскоро и навреме да се позиционираме. Мислам дека можеме да бидеме први и треба да ја искористиме шансата, изјави Мехмет али Мутафоглу.


четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

Средба Груевски-Ердоган СИЛНА ПОЛИТИЧКА И ЕКОНОМСКА ПОДРШКА ОД ТУРЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА Интеграцијата на Република Македонија во НАТО беше централна тема на средбата на претседателот на македонската Влада Никола Груевски со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган попладнево во Анкара. Средбата со Ердоган е дел од активностите на премиерот Груевски за презентација на националните интереси и на придобивките за секого од членството на Македонија во НАТО. - Покрај главната темазачленувањето во НАТО, разговаравме и за други прашања поврзани со економијата и за доаѓањето на турски инвеститори во Македонија. Го информирав премиерот Ердоган за презентацијата на можностите за инвестирање во Македонија што во изминатите неколку дена македонската владина делегација ги имаше во неколку градови во Турција, за средбите со турските бизнисмени и за нивниот голем интерес, изјави Груевски по средбата со Ердоган. Огромен е интересот на турските инвестори, потенцираше премиерот, додавајќи дека македонската делегација секаде била пречекана од голем број

инвеститори со голема заинтересираност за многу детали. - Многу од нив најавија дека ќе дојдат во Македонија за да ги испитаат можностите за инвестирање. Премиерот Ердоган кажа дека и понатаму ќе дава поддршка на ова поле. Како што знаете, тој во неколку наврати досега ги има јавно повикано турските инвеститори да вложуваат во Македонија и тоа имаше големо влијание во продвижувањето на инвестициите од Турција во Македонија, рече Груевски. Покрај политичката, истакна македонскиот премиер, останува силната турска поддршка и во економските односи. Груевски подвлече дека го запознал Ердоган со сите детали од досегашните напори што Македонија ги прави во сите сфери. Турција е голем стратешки пријател на Македонија и силен поддржувач во напорите да стане членка на НАТО и на ЕУ. Принципиелниот став на Турција и на премиерот Ердоган за

БИЗНИС ИНФО поддршка на Македонија за членство во НАТО ќе биде искажан и на Самитот во Чикаго, односно дека Анкара силно ќе застане зад интересите на Република Македонија. На неодамнешниот состанок на Северноатлански совет, Турција побара редефинирање на ставот на НАТО во однос на Република Македонија на Самитот во Чикаго. Процесот на лобирање и поддршка е во тек и трае и не е нешто што ќе се случи само во Чикаго. Тој се одвива на начин како што е договорен меѓу двајцата премиери при неодамнешната посета на Ердоган на Македонија. Владата спроведува координирана државна стратегија во која сите нејзини претставници, министри, дипломати... спроведуваат меѓународни активности за реализација на стратешките определби за членство во НАТО. Измир ОГОРМЕН ИНТЕРЕС ЗА ИНВЕСТИЦИСКИОТ ФОРУМ

ТРГОВСКО-

Потенцијалите и традиционално длабоките пријателски односи меѓу Македонија и Турција даваат причина повеќе да веруваме дека постојат огромни неискористени можности и токму овој форум може да биде вистинскиот чекор во насока на нивно идентификување. Вака премиерот Никола Груевски ги поздрави турските бизнисмени во Измир на трговско-инвестицискиот форум организиран од Тускон Конфередерација на турските стопански комори и ЕСИДЕФ - Стопанска комора на Измир, а на кој владиниот економски тим ги презентираше предностите за инвестирање во Македонија, јави известувачот на МИА. Повикувајќи ги бизнисмените да ја посетат Македонија и да се уверат во поволната бизнис клима, премиерот потенцира дека Владата во континуитет работи на подобрување на бизнис

амбиентот и условите за работа за домашните и странски компании. Нашите цели, додаде, се забрзан економски раст, развој на приватниот сектор и отворање на нови работни места. - Вашата земја прерасна во регионална економска сила, изгради многу мостови меѓу цивилизациите и активно учествува во промовирање на глобалната стабилност и мирот.

5

БИЗНИС РЕЛАЦИИ Република Турција несомнено е еден од најголемите сојузници на Република Македонија за што сведочи безрезервната и недвосмислената поддршка која ни ја дававте во изминатите децении. Покрај длабоките традицинални, историски и културни врски, нас не поврзува и импресивната економска соработка, како и долгогодишната меѓусебна доверба меѓу турските и македонските бизнисмени и реформската посветеност на нашите влади, потенцира премиерот Груевски. Потпретседателот на ЕСИДЕФ Мустафа Оскара оценувајќи го настанот како важен и што премиерот Никола Груевски лично е присутен, рече дека размената меѓу Македонија и Турција не е доволна и оти од сегашното ниво од околу 400 милиони американски долари треба да се оди чекор напред и да се работи да се достигне бројка од милијарда долари. Веќе 100-тина компании од Турција работат во Македонија, посочи министерот без ресор Хади Незир, посочувајќи дека се водат и разговори со уште неколку и оти се надева дека наскоро ќе може да се објави кои се тие. Гин повика присутните бизнисмени, меѓу кои и со потекло од Македонија, да дојдат да вложат и да ги посетат местата од каде потекнуваат нивните предци. Она што може да понуди Македонија и зошто може да веруваат, како што истакна министерот за странски инвестиции Веле Самак, е демонстрираната политичка, економска, финасиска и монетарна стабилност. Според него, турските компании може да ја искористат Македонија како мост кон Европа под услови како европските, а со многу пониски трошоци. Со економската политика на Владата и резултатите од неа ги запозна вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. Посетеноста и на овој форум беше масовна. Имаше околу 300 компании кои работат во овој регион од повеќе сектори главно земјоделство, прехранбената индустрија, градежништво и дрвна индустрија. Премиерот Никола Груевски во Измир се сретна со иселеници од Македонија кои живеат во тој регион. На средбата имаше претставници на здруженијата за солидарност и обединување на иселениците од Македонија во Измир - „Чамдиби“, „Гултепе“, „Маниса“, „Алтинддаг“ и на здружението за солидарност и култура на иселеници од Македонија во Егејска Турција, јави известувачот на МИА. Македонската делегација од Измир оди Бурса, каде што ќе се одржи и Турско-македонски бизнис-форум. (Подготовката на прилогот е врз основа на материјали на МИА)


6

ПОСЕТИ Принцот Мајкл од Кент во посета на Македонија

БИЗНИС ИНФО

Хотелиерството, рударството, банкарскиот сектор, телекомуникациите, се областите за кои покажуваат интерес за инвестирање дел од британските бизнисмени, кои го придружуваат принцот Мајкл од Кент при неговата посета на Македонија.

продлабочување на бизнис врските меѓу Британија и Македонија и сугурен сум дека ќе има резултати набргу по нејзиното завршување, изјави Пауер. Тој информира дека британската бизнис делегација која пред посетата на „Сковин“ престојуваше во Маврово се запознала со туристичките можности на Македонија, а ќе следат разговори и за можностите во земјоделството и во банкарскиот сектор. Марија Митева, извршен директор на винаријата „Сковин“ смета дека директните средби и преговори се најдобриот и најуспешен начин за

- Младоста, виталноста и енергијата што ја сретавме тука е нешто што не импресионира најмногу. Има значајни можности за инвестиции кои се надевем дека ќе се реализираат во наредните месеци. Ги разгледуваме можностите за инвестирање во хотелиерството, дел во рударството, банкарскиот сектор, како и во областа на телекомуникациите, изјави бизнисменот Алекс Дејвис при денешната посета на британската делегација предводена од принцот Мајкл на винаријата „Сковин“ во Скопје, а пренесува МИА. Британски и македонски бизнисмени на работен ручек во винаријата меѓу другото разговараа и за соработка во прехрамбената и винската индустрија. Според претседателот на Британската бизнис група Реј Пауер, веќе има значаен интерес за повеќе специфични области од страна на делегацијата. - Оваа посета е значајна за

презентација и продажба на домашните производи. „Сковин“, посочи Митева, годишно произведува околу 15 милиони литри вино од кои 80 проценти завршуваат на полиците на странските супермаркети и во ресторани најчесто во земјите во Европската унија. За жал, истакна, многу малку продаваме во Велика Британија и затоа сметаме дека ова е одлична можност да иницираме бизнис релации да можеме да склучиме зделки за пласман на нашето вино на овој пазар. Таа се надева дека претставниците на Владата ќе ги пренесет заклучоците од средбата и оти од наредната година освен субвенции во земјоделството домашните извозни компании кои произведуваат земјоделски производи исто ќе може да добијат поддршка и за извоз на своите производи. Принцот Мајкл од Кент во работна посета на Македонија имаше

ХОТЕЛИЕРСТВОТО, РУДАРСТВОТО, БАНКАРСКИОТ СЕКТОР, ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИТЕ - ИНТЕРЕСНИ ЗА БРИТАНСКИОТ БИЗНИС

четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

средби со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски. Иницијативата за зајакнување на економската соработка меѓу Велика Британија и Македонија е продолжение на минатогодишната средба меѓу британските и македонските стопански комори во Скопје.

Посета на винарската визба „Тиквеш“ „КРАЛСКО ВИНО“ ЗА КРАЛСКИОТ ПАЗАР Принцот од Кент и претставниците на британската бизнис заедница ја посетија винарската визба „Тиквеш“, ќе понесат врвно македонско вино. Тоа, како што изјави генералниот директор на „Тиквеш“ Игор Илиевски, е доказ дека Македонија умее да направи производ со највисок квалитет. - Членот на Британското кралско семејство при неговата посета на најголемата винарска визба во Југоисточна Европа доби уникатен примерок од црвеното вино „Тиквеш Бела Вода“, берба 2010 – првото и засега единствено вино од Македонија, но и од регионот, кое најпознатиот светски вински критичар Роберт Паркер го оцени со високи 94 поени, со што ова македонско црвено вино и официјално се вброи меѓу најценетите вина во светот, соопшти винарската визба, а пренесе МИА.

Според Иливески, „Бела Вода 2010“ отсега со право ќе може да се нарекува и „кралско вино“. Завременапрестојотвовинарска визба принцот од Кент придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, разговараше со менаџментот, инвеститорите, енелозите и лозаритепартнери на „Тиквеш“ за перспективите за развој и зголемен пласман на македонските вина на британскиот пазар. ВВ „Тиквеш“ и досега имаше забележителен настап на пазарот на вино во Британија. Тоа го потврдуваат


четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

БИЗНИС ИНФО

највисоките признанија и медали што вината на „Тиквеш“ секоја година ги добиваат на Лондонскиот саем на вино. - Ваквите посети и добивањето највисоки оценки за квалитет од реномирани светски вински критичари, ќе придонесат за натамошна засилена промоција и пробив на квалитетото македонско вино на најзначајните светски пазари, оценуваат од „Тиквеш“. Резултати од посетата БРИТАНСКА ХАЈ-ТЕК КОМПАНИЈА ЌЕ ИНВЕСТИРА ВО МАКЕДОНИЈА Британска хај-тек компанија ќе инвестира во Македонија, со што ќе се отворат од 50 до 200 нови работни места, најави министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески. - Претходниве два дена имавме интезивни и успешни преговори со бизнисмените кои дојдоа заедно со принцот Мајкл од Кент. Многу сме блиску до договарање за отворање на нов Call-центар во Македонија во високата технологија, изјави Павлески на хуманитарната гала вечер организирана во чест на официјалната посета на Македонија од принцот Мајкл од Кент. На инвестоторите, како што рече, претежно им се допаѓа тоа што Македонија има доста високо образована интелектуална работна сила. - Овој Call-центар е она на што работевме поинтезивно во последниве неколку месеци за развивање на информатичката технологија во Република Македонија. Овие работни места ќе дојдат од земји како Англија, Јужна Африка, Индија, Русија и други места, посочи Павлески. Според него, ова е многу значаен проект и покажува дека Македонија има доста висококвалитетна работна сила, посебно во информатичката технологија. Тој изрази надеж дека со овој проект Македонија ќе привлече уште позначајни и поголеми инвестиции во оваа сфера. Павлески информира дека со бизнисмените од Англија дискутрирале и за инвестиции во други сфери, во агрокултура, за градење на луксузни хотели во близина на некои од скијачките центри, а има заинтересираност и за концесии во рударството.

Британската бизнис групација ОТВОРЕНИ НОВИ КАНЦЕЛАРИИ ВО СКОПЈЕ Британската бизнис групација која работи на олеснување на деловните контакти меѓу бизнисмени од Велика Британија и од Македонија во Скопје во присуство на принцот Мајкл од Кент ги отвори своите нови канцеларии. - Досега беше тешко да се поврземе со луѓето и да не најдат, но сега

7

ПОСЕТИ добиваме место на кое заинтересираните македонски стопанственици може да наминат и да добијат првични информации за воспоставување бизнисконтакти во Британија, но во исто време и британските бизнисмени кои се заинтересирани за правење бизнис во Македонија, рече претседателот на Британската бизнис група Реј Пауер, а го цитира МИА. Тој е задоволен од посетата на високата бизнис-делегација предводена од принцот од Кент што престојува во Македонија на покана на оваа Групација. - Целта беше да се запознаат со можностите за инвестирање во Македонија и за воспоставување деловни контакти со македонските бизнисмени. Како што е вообичаено за бизнисите, потребно е време за донесување конечни одлуки за инвестиции. Сепак, значајно е да потенцираме дека во текот на минатата година значители напори посветивме на анализите на состојбите во економијата за оваа бизнис посета. Се надевам дека пред летово ќе ги имаме првите конкретни резултати од посетава, рече првиот човек на ББГ. Британската бизнис група делува веќе шест години во Македонија и досега функционираше на доброволна основа. За оваа година најавени се и повеќе активности за поттикнување на можностите на нови британски инвестиции во земјава, како и посети на македонски бизнисмени на Стопанската комора во Лондон.


8

АКТУЕЛНО Успешното менаџирање и инвестирањето - спој за добри резултати и пласман на домашниот текстил на европскиот пазар МОДА „MADE IN MACEDONIA„ ПРИОРИТЕТ ЗА ТЕКСТИЛНИОТ БИЗНИС Текстилната индустрија претставува една од водечките преработувачки индустрии во земјава со значителни резултати во формирањето на БДП, високото

апсорбирање на работната сила и извозот. За разлика од другите стопански дејности, во оваа област релативно повеќе дојдоа до израз претприемничките иницијативи на стопанствениците, остварени се повеќе деловни врски со странски партнери, што претставува основа за натамошен развој. Процесот на глобализацијата, се` поголемото вклучување во меѓународната економија, поставуваат голем број предизвици пред текстилната индустрија, како за националната економија, така и за земјата во целина. Трудоинтензивниот карактер и можностите што ги дава за порамномерен регионален развој се карактеристики на оваа индустрија. Со самиот процес на преструктуирање на оваа гранка во развиените земји на Европската унија и на селење на дел од нивното производство во други земји поволно се одрази и на Република Македонија, со што се почувствува зголемена побарувачка и поповолни услови за „ЛОН“-аранжманите.

БИЗНИС ИНФО Трендот на менување на производствениот процес од „ЛОН“систем кон изработка на финални домашни производи веќе почнува да станува приоритет за текстилниот бизнис. Успешна е приказната на текстилната фабрика од Прилеп, „Комфи Ангел“, која со целосно ориентирано извозно производство успеа да се докаже како на домашниот така и на англискиот пазар. Во 2011 година инвестирала 27 милиони денари во нова технологија, а вложно е и во едукација на човечки ресурси.

Во услови на криза за „Комфи Англе“ не се проблем ниту нови вработувања. Бројот на вработени лани е зголемен за повеќе од 60%. Во припелската фабрика во моментов работата околу 600 работници. Сопственичката Ирена Јакимовска на прес-конференција во

четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

Стопанската комора на Македонија (30.01.2012 година) изјави дека успехот на фабриката се должи во претприемничкиот дух, во намерата за нови инвестицони вложувања и инвестици во нови и млади креативни кадри. -За „Комфи Ангел“ кризата и не претставува голем проблем, - вели Јакимовска. Испланирани се сите ризици, обебзедени се пазари за нивните производи за целата 2012 година. Немаат потреба ниту од домашни кредити ниту од државна поддршка. Јакимовска единстевно посочи дека преку Економскосоцијалниот совет при локалната самоуправа во Прилеп ќе бараат промена на системот на плаќање на ДДВ. Односно, фирмите кои ќе докажат дека увезуваат суровини како репроматеријали со цел истите да ги доработат и извезат, да бидат ослободени од ДДВ. Според статистичките податоци, вкупниот вредносен извоз на текстилната индустрија од година во година се зголемува, од 357 милиони САД долари во 2000 година, достигна 766 милиони САД долари во 2008 година, а во 2010 година извозот изнесуваше приближно 620 милиони САД долари. Само за осум месеци од 2011 година извозот изнесуваше 482 милиони САД долари, со што учеството на извозот од текстилната индустрија во вкупниот извоз опаѓа од 30,9% во 1998 година на 17% за осум месеци од 2011 година. Во однос на вкупниот извоз од текстилната индустрија, извозот на текстилни ткаенини учествува само со околу 8%, а извозот на облека со околу 92% во вкупниот извоз на текстил за осум месеци од 2011 година. Висока е застапеноста на извозот преку „ЛОН“-форма, а реалниот извоз, односно извозот


четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

на новосоздадената вредност во вкупниот извоз се движи од 8 до 10%. На страната на увозот, во последните 10 години има нагло зголемување. Во 2007 и 2008 година, увозот на текстилни предива и ткаенини е значително зголемен, па дури и во 2010 година достигна 467 милиони САД долари. За осум месеци од 2011 година потрошени се 352 милиони САД долари, што значи се работи за увоз на репроматеријали кои се доработуваат во земјава и потоа се извезуваат како облека. Земјите, како Германија, Грција, Италија, Холандија, кои се јавуваат како најголеми во остварувањето на „ЛОН“-извозот на облека, се јавуваат кај нас како земји од кои најмногу се увезува текстил, односно репроматеријали. Но забележан е висок раст и на увозот на облека, во чии рамки увозот од Кина и Турција е многу поконкурентен за нашите производители на домашниот пазар. Само во 2011 година увозот на облека од Кина, Турција и Грција изнесува околу 50 милини САД долари.

БИЗНИС ИНФО

9

АКТУЕЛНО

ДОО „Комфи Ангел“ - Прилеп ЦЕЛОТО ПРОИЗВОДСТВО ЗА ИЗВОЗ! ДОО „Комфи Ангел“ од Прилеп е Македонско-британска компанија формирана во август 2004 година. Британскиот партнер е фирмата Comfy Quilts LTD која е формирана во 1971 година. Таа е една од најголемите произведувачи на јоргани, перници, прекривачи, еднобојна и печатена постелнина. Прилепската компанија е специјализирана за производсво на постелнина во различни дезени и од различни материјали, потоа, перници, јоргани, прекривачи, заштитници за јоги, вреќи за спиење, завеси, меѓу кои и производи сo водо-отпорни, анти-алергиски и огно-отпорни карактеристики. Фабрика се наоѓа на простор од околу 12000 м2.Има приближно 600 вработени.Производствениот капацитет е околу 200.000 единици неделно, со тенденција на

зголемување, заради постојаниот раст на побарувачките. Речиси 95% од производсвото се извезува, пред се, во Велика Британија, а помал дел и во други земји на Европа со тендеција за освојување на нови пазари. Прилепската компанија во 2011 година ги постигна следните резултати: - нови инвестиции во износ од 25.000.000 денари; - годишен обрт на средства од 270.000.000 денари, што е 65% повеќе од 2010 година; - за 69 отсто зголемен број на вработени.


10

ФОКУСИРАНО

БИЗНИС ИНФО

Претставници на словенечка и компоненти за HVAC-системите. „Хидриа“ на средба со Бранко Азески Бранко Азески, запознавајќи и компании-членки на Стопанската ги гостите со преструктуирањето на комора на Македонија Стопанската комора на Македонија во насока на самофинансирање од услуги „КОРИСТЕТЕ ГРАНТОВИ ОД ЕУ ЗА со оглед на доброволното членство, ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ!“ како и со тековните активности, истакна дека на македонското стопанство му се Претседателот на Стопанската потребни вакви фирми, кои успешно се комора на Македонија Бранко етаблирани на европскиот пазар. Азески имаше работна средба со „Имаме стручен кадар со претставници на „Хидриа“ д.д. од знаење во дејноста која ја работите, Република Словенија. Дијана Козадра, кој треба да се стави во функција директор за продажба во ЈИЕ, со своите на стратешките определби и задачи соработници, кои покрај зпознавањето во делот на животната средина, со развојот на компанијата, ги изнесе и енергетската ефикасност и, на крајот, можностите за соработка со македонски профитабилност на фирмите, пред се` преку заеднички работи со Вас на нашите пазари и на европскиот пазар. Стопанската комора Ви е целосно ставена на располагање во функција на интересите на нашите членки“, – додаде Азески. По средбата , во организација на Групацијата КГЛП при Стопанската претпријатија. комора на Македонија, а во соработка со Со повеќе од 50 години Министерството за животна средина и традиција, денес е една од водечките просторно планирање, претставниците европски и глобални корпорации од „Хидриа“ одржаа работна средба со во областа на климатските и заинтересираните македонски фирми автомобилските технологии. од областа на енергетската ефикасност Организационата структура се на кои им ги презентираа современите базира на два столба: достигнувања и решенија во областа § индустриски столб - на климатизацијата, греењето и кој се фокусира на истражување, вентилацијата. производство и продажба на иновативни Директорот за продажба на технологии во градењето решенија словенечката компанија „ХИДРИА“, за внатрешна клима и решенија во Дијана Козадра, најнапред ги запозна автомобилската индустрија; присутните со достигнувањата на § финансиски столб (Hidria корпорацијата во делот на греењето, FIN) - кој се занимава со инвестирање вентилацијата и климатизацијата, во Хидриа - бизнис-стратегијта, но кои се потврдени со продажбата на и со други инвестиции на пазарот производите во 80 земји во светот, - недвижности, преструктуирање на преку 38-те претставништва во компаниите, финансиска политика, повеќе држави, што, пак, говори за контрола итн. меѓународниот карактер на оваа Производите се продаваат во корпорација. Корпорацијата работи и 80 земји низ целиот свет, а особено: на истражување и развој на актуелните во Словенија, Германија, Франција, обновливи извори на енергија и ја Унгарија, Велика Британија, Данска и потенцираше потребата од активности Италија. за поголема конкретна реализација на Посебно, има забрзан проекти од оваа област. Во тој контекст, економски раст и последниве години е беше презентирана нивната опрема за една од најголемите европски компании конвертирање на сончевата енергија чија активност и развој се фокусираат на во електрична енергија. создавање потенцијал којшто се состои Словенечкото искуство во од решенија во областа на греење, користењето финансиски средства од вентилација и климатизација на згради претпристапните европски фондови

четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

за проекти од областа на енергетската ефикасност е позитивно и можностите што ги нудат овие фондови треба да се искористат и од страна на македонските компании. „Хидриа“, која со средства од ЕУ-фондовите ги покрила половина од трошоците за нивниот високотехнолошки Институт за климатизација, е подготвена да им помогне на нашите фирми во процесот на аплицирањето, како претставник на фирма од земја-членка на ЕУ. Поддршка на овој план, како и на сите активности со кои ќе се унапреди енергетската ефикасност ќе даде и Министерството за животна средина и просторно планирање, истакна д-р Соња Лепиткова, државен секретар во Министерството. Македонските стопански субјекти од областа на енергетската ефикасност можат да учествуваат во Конзорциумот, кој го формираат компании од Р. Словенија и Р. Србија, а отворен е за заинтересирани субјекти од сите останати држави од поранешна Југославија. Негова основна цел е концентрирање на капацитетот и финансиката сила за заеднички настап на трети пазари. Како една од можностите за соработка кои корпорацијата „Хидриа“ им ја понуди на македонските компании е и подготвеноста да инвестира во наши објекти, со тоа што средствата би се враќале од заштедата на енергија. Едукацијата на проектантите е важен предуслов за поуспешна примена на енергетската ефикасност, па во таа насока, претседателот на Групацијата КГЛП, Илија Тикваровски

побара стручни лица од корпорацијата „Хидриа“ да реализираат серија семинари за техничка едукација на помладиот инженерски кадар, што би се продолжило со стручен престој во Р. Словенија. Лоцираните пунктови за соработка се во интерес на двете страни, а словенечката „Хидриа“ е отворена за нови идеи и предлози за нејзино натамошно унапредување. З. Мешкова


четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

Регионалната комора со седиште во Прилеп ја посети Милорад Додевски, пратеник – претставник на македонската дијаспора од Австралија ИЗВОЗОТ ВО АВСТРАЛИЈА ПОРАСНАЛ 30 ОТСТО, МОЖНОСТИТЕ ЗА СОРАБОТКА ДАЛЕКУ ПОГОЛЕМИ Во работна посета на Регионалната комора со седиште во Прилеп, на 31.01.2012 година, престојуваше пратеникот во македонскиот парламент, претставник на македонската дијаспора од

Австралија, Милорад Додевски, со Горан Торбаков, советник на Претседателот на Владата на Република Македонија за странски инвестиции и соработка со дијаспората. Гостите беа примени од страна на извршниот директор на Регионалната комора со седиште во Прилеп, Ристо Најдоски и дел од членовите на Управниот одбор на Комората. Целта на работната посета на гостите беше да се запознаат со стопанските можности на Општина Прилеп, економската соработка со Австралија и можностите за странски инвестиции во регионот. Гостите беа поопширно информирани за успешното функционирање на Регионалната комора со седиште во Прилеп во рамките на Стопанската комора на Македонија и состојбите во стопанството, со посебен акцент на расположивите капацитети и ресурси во регионот што го покрива Комората. Посебно беше потенцирана успешната посета на бизнис-делегацијата од Прилеп во Австралија и резултатите од истата, со напомена дека во изминатиов период се зголеми економската соработка и извозот на производи од регионот за 30%. Носители на тој извоз се компаниите

БИЗНИС ИНФО АД „Витаминка“, „Прилепска пивара“ и „Дониа“ кои прераснаа во препознатливи брендови на австралискиот пазар. Во таа насока прилепскиот бизнис-сектор има интерес од продлабочување на економските релации со Австралија, меѓутоа и локалниот економски развој би можел да има придобивки со инвестициските потенцијали на австралискиот бизнис кој би можел да ги искористи даночните ослободувања кои во моментов се на располагање во земјава. Области во кои Македонците

од Австралија би нашле свој интерес за почеток на еден инвестициски циклус е градежништвото - особено со можностите за нова градежна експанзија во општинава, вложување во малите и средни претпријатија и изградба на производствени капацитети во слободните економски зони. За таа цел, од страна на директорот од Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко уредување Бранко Нешкоски на гостите им беше презентиран Генералниот урбанистички план на Општина Прилеп со посебен акцент на индустриската зона „Металец“, бесцаринската зона „Алинци„ и новата станбена населба „Градина“.

Во Прилеп претставен проектот „Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување“ ЧЕКОРИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНОСТА Стекнување на младите со вештини кои ќе им овозможат активно да се вклучат во пазарот на трудот е целта на проектот „Младинска мрежа за стекнување

11

НА САМОТО МЕСТО вештини за вработување“ што беше претставен пред локалните институции во Прилеп. Во проектот на УСАИД опфатени се три групи млади од 16 до 25 години, учениците кои учат во завршните години во средните училишта, невработените млади кои се пријавени во Агенцијата за вработување и невработените млади кои не се пријавени во Агенцијата. Според Јан Карович, директор на Центарот – ЈЕС – младинска мрежа за стекнување вештини за вработување, истражувањето во Македонија покажало дека треба да се преземат чекори да се намали големата невработеност на младите. - За младите е многу битно како се претставуваат пред работодавците, без разлика какво образование имаат. Повеќето млади се информирани дека е битно добро да се претстават пред работодавците, вели Карпович, a prenesuva MIA. Винета Иваноска од прилепската локална самоуправа посочи дека општината досега презела повеќе чекори како што се изработка и усвојување на повеќе плански документи од областа на вработувањата, како Локален акционен план вработување, ЛАП за вработување на Роми и Локална младинска стратегија каде посебно внимание е посветено на младинската невработеност. Проект се спроведува во четири општини во Македонија преку Центарот за развој на образованието, партнер на

УСАИД кој работи во 60 земји во светот. Последните четири - пет месеци со проектот се опфатени над 800 млади. Вакви обуки претходно имаше во Струмица за 19 невработени луѓе од кои четворица добија практикантски работи, а сега покрај во Прилеп се работи и во Битола и во Тетово.


12

БИЗНИС ИНФО

четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Реализација на Проектот „Парк на ветерни електрани Богданци“ ПОТПИШАН ДОГОВОР СО КОНЗОРЦИУМОТ „ТЕРНА – СИМЕНС“ ОД ГРЦИЈА АД „Електрани на Македонија“ потпиша договор со конзорциумот „Терна – Сименс“ од Грција, за реализација на лот 2 од меѓународниот тендер за изградба на паркот на ветерни електрани (ПВЕ) „Богданци“. Предмет на договорот е изградба на пристапен пат, поставување на трафостаница и на далновод што ќе го поврзуваат паркот на ветерни електрани со преносниот систем на Република Македонија. Предвидено е активностите

да започнат со изработка на проектна документација, а ќе се реализираат во рок од 13 месеци. Изградбата на ПВЕ „Богданци“, информираат од АД ЕЛЕМ, се реализира преку тендерска постапка која се состои од два лота, и тоа лот 1 – набавка и монтажа на опрема (ветерни турбини) и лот 2 – изградба на пат и поставување на трафостаница и на далновод за поврзување на ПВЕ со преносниот систем на Република Македонија. Средствата за реализација на овие активности се дел од кредитот обезбеден од германската КфВ банка, потпишан во април, минатата година. За проектот, чија проценета вредност е 55 милиони евра, германската КФВ Банка обезбеди 32,9 милиони евра, а останатите 22,6 милиони ќе ги обезбеди АД ЕЛЕМ од сопствени средства, - соопшти АД ЕЛЕМ. Целта на овој пилот-проект, се нагласува во соопштението, е да ја промовира енергијата на ветерот како возможен и остварлив извор на електрична енергија во Република Македонија. Со изградбата на ветерниот парк ќе се зголеми уделот на обновливите извори во производството на струја од АД ЕЛЕМ за околу 100 гигават-часа годишно.

АД ЕЛЕМ го сумира минатогодишното производство ХИДРОЕЛЕКТРАНИТЕ ПРОИЗВЕЛЕ 1.214 ЧАСОВИ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА Сите хидроелектрични централи во државата лани произвеле 1.214 гигават часови електрична енергија што е за 54 гигават часови или 4,4 проценти повеќе

од планираното, покажува енергетскиот биланс. Свој удел во тоа има и ХЕЦ „Шпилје“ кај Дебар, каде, според портпаролот на ЕЛЕМ Мирче Котески, се произведени 257 милиони часови електрична енергија што претставува остварување на годишниот план за околу 90 отсто. Неостварувањето на планот е последица на неповолната хидрологија на дебарското сливно подрачје. Во акумулацијата моментно има резерва на вода за производство на околу пет милиони киловат часови електрична енергија, а дотекот во просек е 12 кубни метри вода во секунда. Поради поволната хидрологија минатата година, ХЕЦ „Шпилје“ во четиридецениското постоење, оствари историско рекордно производство од околу 500 милион киловат часови електрична енергија. Пивара Скопје АД донираше облека и обувки на Црвениот крст на Република Македонија ПОМОШ ЗА ШТИТЕНИЦИТЕ НА ДОМОВИТЕ ЗА ДЕЦА И ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА Пивара Скопје АД донираше облека и обувки на Црвениот крст на Република Македонија наменети пред се` за штитениците на домовите за деца без родители и социјално загрозени семејства во Македонија. Во денешно време можеби

за некој купувањето чевли и облека не претставува никаков проблем, но ние сме свесни дека постојат деца и семејства за кои тоа се` уште претставува луксуз. Среќни сме доколку оваа донација внесе радост во нивните срца, изјави Катерина Хаџи-Ангелеска - Начевска, специјалист за односи со јавност во Пивара Скопје АД при примопредавањето на донацијата. Искажувајќи задоволство од хуманиот гест на Пивара Скопје АД, генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити рече дека обезбедувањето поддршка во задоволување на потребите на ранливото население е една од стратешките цели на Црвениот крист. Ќе сториме се` оваа донација да стигне до оние на кои им е најнеопходна, до децата од домовите без родители ширум земјата и до ранливите семејства на кои им е повеќе од неопходна, - истакна Саити. Бизнис академија Смилевски – БАС ВОСПОСТАВЕНА СОРАБОТКА СО ОБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ ОД РЕГИОНОТ Бизнис академијата Смилевски - БАС потпиша спогодби за соработка со повеќе високи стручни школи и факултети за бизнис и менаџмент од просторите на поранешна Југославија. По заокружувањето на еден полн циклус на додипломски и постдипломски студии, Академијата конечно се претстави пред сродните институции во регионот, истакна Цветко Смилевски, директор на БАС - Скопје. - Во Словенија потпишавме меморандуми за соработка со Високата школа за бизнис и претприемништво ГЕА Колеџ од Љубљана и со Високата школа за бизнис и менаџмент и Факултетот за бизнис економија од Ново Место. Во Хрватска воспоставивме соработка со Високата школа за бизнис и менаџмент „Балтазар Адам Крчелиќ“ од Запрешчиќ, а во Србија, склучивме спогодби со Факултетот за организациони науки и Високата школа за сметководство и берзанско работење од Белград. Договорени се заеднички учества на проекти, условите за мобилност на студентите и предавачите и заеднички настапи на научни конференции и собири, посочи Смилевски, а го цитира МИА. Бизнис академија Смилевски - БАС со потпишување Меморандум за соработка ја формализира и тригодишната соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и овозможи студентите на постдипломските студии по Стратегиски менаџмент на БАС да можат своето школување директно да го продолжат на докторските студии на Универзитетот ЈИЕ во Тетово.


четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

БИЗНИС ИНФО

13

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Патент.мк - нов проект на Министерството за образование и наука ЗАШТИТА И РЕГИСТРИРАЊЕ НА ИНОВАЦИИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА Министерството за образование и наука подготвува нов проект Патент.мк за стимулирање на заштитата и регистрацијата на изуми и иновации од македонски научници. Во тек е изработка на портал кој МОН ќе го промовира во јуни. - Во следниот период ќе има серија активности кои ќе придонесат за заштитата и регистрацијата на патентите. Тоа ќе биде и стимулација на иновациите во македонскиот научно-истражувачки сектор. Во подготовка е и портал каде што сите научници и истражувачи во Македонија ќе може да ги регистрираат и објавуваат своите патенти. Целта е да ја зголемиме транспарентноста и да ја запознаеме македонската јавност со научната дејност во нашата земја, рекол министерот Панче Кралев на прес-конференција, а пренесува МИА. Тој соопштил дека во координација со Државниот завод за интелектуална сопственост ќе се работи на подобрување на легислативата за заштита на иновациите

и патентите и нејзино усогласување со европските стандарди. За стимулирање на иновациите, МОН ќе соработува и со стопанските комори во Македонија. Цените на енергенсите во Македонија ГЕНЕРАЛНА ИНТЕНЦИЈА Е СОЗДАВАЊЕ ЦЕНА ШТО ЌЕ БИДЕ ПОВОЛНА ЗА СТОПАНСТВОТО Цената на бензините во Македонија не ја утврдува Владата, туку Регулаторната комисија за енергетика согласно методологијата која што е усвоена и се движи со меѓународната пракса. Во моментов таа е меѓу најниските во Европа, изјави на собраниска седница вицепремеиерот за економски прашања Владимир Пешевски одговарајќи на пратеничко прашање. Тој го појаснил начинот на формирање на цената која ја сочинуваат неколку компоненти - рафинериската цена на бензините, на која се додава ДДВ, акцизите, надомстоцитре за животна средина, за одржување на нафтените резерви, маржа за транспорт и маржата за дистрибутери. Ако се погледне влијанието на Владата, според него, тоа не е преголемо во секоја од овие компоненти на трошоците, но суштината е дека се почнува од рафинериската цена на

нафтата која е дефинирана со посебен анекс кон купопродажниот договор за приватизација на ОКТА и која до денес не е променета. - Историски во изминатите 12 години не е влезен параметар во пресметката за цената на нафтените деривати што ја прави РКЕ, освен покачување на надоместокот што Рафинерија го добива од 27 на 29 долари за преработка на нафтата во време кога министер беше Стевче Јакимовски. Останатиот дел не е променет иако ние како Влада настојуваме да ги смените тие цени во преговори, односно да повлијаеме колку што може да бидат пониски. За тоа ќе биде потребно да се седне на маса и согласност од другата страна, посочил Пешевски, а пренесува МИА. Владата, додаде, во делот на своите политики придонесува крајната цена на бензините да е на речиси најниско ниво во Европа. - Ако ги погледнете останатите европски држави, цените просечно најчесто се движат за 20-30 проценти повеќе отколку во Македонија, односно околу 1,5 евра за литар, а некаде и до 1,8 евра. Она што Македонија го има како цена на бензините е меѓу најниските цени во Европа, и тоа како определба во делот на трошоците што ги контролира Владата ќе остане и понатаму, бидејќи генералната интенција е да се создаде таква цена на бензините што ќе биде поволна за стопанството, посочи вицепремиерот. Тој, воедно, предупреди дека актуелните глобални трендови, укажуваат оти може да се очекува зголемување на берзанските цени на суровата нафта, што, вели, неминовно ќе се рефлектира на евентулано зголемување на цената на бензините во Македонија. Поради тоа, порачува, ќе биде потребно да се направат рационализации во претпријатијата и во домаќинставата во начинот на користењето на бензините. Една од компонентите кај цената на бензините, според вицепремиерот, е и одржувањето на нафтените резерви и во случај да се јави недостаток на нафтени резерви на светскиот пазар Владата ќе може да интревенира. - Доколку се работи за краткорочни покови тоа граѓаните ќе го осетат во мала мерка, но доклку тоа се должи на случувања на Блискиот Исток ќе се оди со рационално трошење, додал Пешевски. Во однос на цената на електричната енергија, посочил, ако се напрваи споредбена анализа со цените во регионот во Македонија тие и понатаму се на пониско ниво од некаков просек. - Има една или две држави со пониска цена, но тоа е заради нелиберализираниот пазар. Генерално гледано, пониската цена кај нас се должи на ефиаксното работење на МЕПСО и ЕЛЕМ, односно нивното учество во формирањето на цената во делот на производството и дистрибуцијата од страна на Регулаторната комисија за енергетика, рекол Пешевски. Во наредните години, додал, трендот оди кон покачување на цената на електртична енергија заради поголемиот степен на либерализација на пазарот на електрична

енергија, но уште повеќе на зголеменото ниво на инвестиции што се планираат и во МЕПСО и во ЕЛЕМ, бидејќи многу е важно за македонската економија да биде обезбедно квалитетно снабдувањето со овој енергенс. - За таа цел се почнати голем број проекти во делот на зајакнување на преносниот систем и негова автоматизација, односно пушатње на нови хидроцентрали, како и обновување на РЕК Битола за да се обезбеди дополнителн експлоататорски рок на термоелектраната од 20 година. Тенденција е зголемувањата на цента на електричната енергија да бидат колку што е можно пониски. Во оној дел што може да влијаеме како Влада, тоа ќе биде остварено, рекол Пешевски. Во делот на обновливите извори на енергија тој информирал дека во Македонија

се утврдени околу 400 можни локации за мали хидроцентрали, но реално исплатливи се стотина. Тие се објавуваат како можни локации за заинтересираните инвеститори. Владата размислува да воведе олеснување за локациите каде има релативно помало количество вода преку поголема повластена тарифа на цената на електричната енергија. - За уопотребата на енегрија од ветерот најголемиот проект веќе е во тек и е во сопственост на државната ЕЛЕМ. Се работи за ветерениот парк во Богданци, кој е прв сериозен ваков парк во Македонија... Во делот на искористување на минералните суровини од Владата е формиран посебен Комитет за минерални суровини чија цел е промена на законската рамка за да се зголеми ефикасноста на системот, како и за забрзување на постапката во делот на давање концесии, рекол вицепремиерот Пешевски. Во втората половина на февруари шестиот јавен повик за користење финансиски средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 МОЖНОСТ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СРЕДСТВА ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО Владата на Република Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат сите заинтересирани правни и физички лица дека во втората половина на февруари ќе се објави шестиот јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ. Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 во врска со


14

БИЗНИС ИНФО

четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА спроведување на овој јавен повик наменети се за инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за постигнување на стандардите на ЕУ, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Унијата и диверзификација

и развој на руралните економски активности. Огласот ќе трае 45 дена од денот на објавување на јавниот повик во дневните весници. Потребната документација за подготовка и поднесување барања, вклучително и упатствата за корисниците на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 ќе бидат ажурирани и објавени на веб-страната на Агенцијата во периодот до објавување на јавниот повик. Подетални информации можат да се добијат во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството. Почнува кампања за поголема безбедност на работниците во градежништвото „ГРАДИ БЕЗБЕДНО“ НА ПОЧЕТОКОТ ПРЕВЕНТИВНО, А ПОТОА СО КАЗНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБИТЕ „Гради безбедно“ е мотото на кампањата за безбедност и здравје при работа во градежништвото што ќе ја спроведуваат Државниот инспекторат за труд, Синдикат за градежништво, Организацијата на работодавачи на Македонија, Бизнисконфедерацијата на Македонија и Меѓународната организација на трудот. - Целта на кампањата е да се зголеми свеста за значењето на превентивните активности за безбедност и здравје на работниците во градежништвото, и да ја зголеми свеста кај работодавачите за подобрување на заштитата при работа, истакнал на прес-конференција министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, а пренесува МИА. Тој појаснил дека кампањата посебен акцент ќе стави врз работа на висина, на скелиња и на ископи, со оглед на тоа што, како што рече, анализите покажуваат оти најголем дел од несреќите се случуваат токму на овие работни места. - Во наредниот период нашите инспектори ќе делуваат превентивно и ќе

укажуваат на недостатоците кои треба да се отстранат, по што ќе следуваат интензивни инспекциски надзори и ќе бидат казнети тие што го злоупотребуваат трудот на работниците, не обезбедувајќи ја соодветната заштита и грижа за здравјето на работниците, - најавил министерот Ристовски. Павел Трендафилов од Синдикатот за градежништво смета оти е крајно време да се направи ред во овој сектор, да се заштитат работниците и да се казнат оние кои не ги почитуваат законите и ја злоупотребуваат нивната работа. - Имаме голем број работници „на црно“ врз кои се врши класична злоупотреба, тортура, што, пак, генерира и повреди и смртни случаи. МТСП преку државниот инспекторат треба конечно најостро и најригорозно да ги казнува сите работодавачи кои не ги почитуваат стандардите при работа и легислативата, - рекол тој.

Собранието ја има ратификувано Конвенцијата 94 која дава можност да им се одземе работата на оние работодавачи кои имаат вработени „на црно“, а добиваат работа од државата. - Треба така да почнеме да работиме и да им кажеме оти не е важен само бизнисот и профотот, туку и работникот оти тој го создава профитот, - порачал Трендафилов. Минатата година во земјава имало 12 повреди со смртни случаи, од кои 5 биде во секторот градежништво. Заокружен проектот „Поддршка на даночната реформа“ НАДЕЖ ДЕКА ЌЕ ПРИДОНЕСЕ ДА СЕ ПОДОБРИ НАПЛАТА НА ДАНОЦИТЕ Даночниот систем може да се осовремени само со постојани напори. Бара менување на менталитетот и на даночните обврзници и на вработените. Натамошниот развој на даночната управа да се заснова на доволно квалификуван персонал во Министерството за финансии и во Управата за јавни приходи, инвестиции во ИКТ за целосна електронска комуникација со даночните обврзници, обуки за вработените, за бизнис заедницата... Тоа се дел од идните активности за текот на даночните реформи во Македонија, изнесени на завршната конференција (25.1.2012 година) за проектот „Поддршка на даночната реформа“,финансиран од Европската унија со 1,3 милиони евра.

Во завршната оценка за проектот се наведува дека се исполнети неговите главни цели, но се потсетува на препораките од извештајот на ЕУ за 2011. Таму, меѓу другото, е оценето дека оперативниот капацитет за администрирањето на даноците продолжува да се подобрува, но сепак остануваат областите на присилната наплата, истрагите, даночните контроли, ИТ и екипираноста со персонал кои мораат да се надминат.

Во тек на проектот беа спроведени повеќе активности за поддршка на Министерството за финансии и Управата за јавни приходи и голем дел регионални дирекции и даночни одделенија на УЈП. Шеснаесет експерти во изминатите 21 месец ги помагаа усогласувањето на домашното со законодавството на ЕУ и зајакнувањето на даночната управа. Беа подготвени измени на Законот за персонален данок на доход и на Законот за данок на добивка, како и подзаконски акти, во согласност со директивите на ЕУ, кои треба да добијат поддршка од Парламентот. Компонентата од проектот за зајакнување на административните капацитети на УЈП опфати анализа на тековните закони, внатрешна ревизија, борба против даночната измама, комуникација, услуги на даночните обврзници, наплата на долговите, стратегија за присилна наплата и управување со човечките ресурси. - Целта на предизвиците на кои се укажува во извештајот од проектот не е критика и нешто негативно, туку обид да идентификуваат пропустите, односно тоа е наш обид како да им помогнеме на претставниците на власта, рекол на конференцијата Роберт Лидл, привремен вршител на должност шеф на миисјата на ЕУ во Македонија, а го цитира МИА. Според него, останува да се спроведат препораките, како и наскоро да бидат усвоени измените на законите за персонален данок на доход и на данокот на добивка, како значајни за економијата и за прибирање на приходите. - Пред нас стојат многу предизвици и за обичните луѓе и за деловните субјекти. Се надевам дека овие проекти ќе помогнат да се подобри наплатата на даноците и подобро да се користат средствата, навел Лидл. - Министерството за финансии останува посветено на исполнување на сите предизвици за целосна усогласеност и компатибилност на законодавството со Европската унија, истакнал Борче Смилевски, претставник на Министерството за финансии. Усогласувањето, посочи, ќе се одвива постепено зависно од динамиката на приближување на државата кон ЕУ.


четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

Општина Карпош ќе ги субвенционира инвеститорите на нискоенергетски објекти ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ УСЛОВ ЗА ГРАДЕЖНА ДОЗВОЛА Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски ја промовираше првата комерцијална нискоенергетска зграда, градена на територијата на оваа локална самоуправа. Се работи за приватна инвестиција на фирмата „ВЕНС Инженеринг“ која вградува високи стандарди во веќе изградениот објект на улица „Струшка“ бр. 11а и на другите два кои сега се во фаза на градба на истата улица, бр.9в и 8а.

Овие инвеститори, како што информира општина Карпош, се пионери и промотори на изградба на објекти кои користат обновливи извори на енергија за затоплување и кои прават заштеда на енергијата, или трошат помалку од 50 киловатчасови на метар квадратен енергија на годишно ниво. На презентацијата градоначалникот Јакимовски го најави и носењето на Правилникот со кој ги дефинира горните дозволени граници, кои инвеститорите на станбени и нестанбени објекти и реконструкциите, мора проектантски да ги применат (како мерки на термоизолација, врати и прозорци и употреба на обновливи извори на енергија), како услов за добивање на градежна дозвола. Општина Карпош како прва од единиците на локалната самоуправа ја донесе и ја реализира Програмата за енергетска ефикасност 2008 – 2012 година, според која веќе пет години се реализираат проекти во доменот на нејзината надлежност (улично осветлување, објекти на училишта и градинки и др.) . Во подготовка нова стопанска зона во Богданци ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА, СЕРВИСИ И СТОВАРИШТА НА 7.188 КВАДРАТНИ МЕТРИ Општина Богданци објави триесетдневна јавна анкета по Извештајот за стратегиската оценка за влијанието врз животната средина по урбанистичката планска документација за изградба на стопански комплекс во месноста Црквица, катастарска област Богданци. Документот го изготви Друштвото за еколошки консалтинг „Деконс Ема“ од Скопје, кое деновиве изведе јавна презентација и расправа по извештајот. Локално урбанистичката планска документација е изработена врз основа на Условите за планирање на просторот од

БИЗНИС ИНФО страна на Институтот за урбанизам, сообраќај и екологија „Инпума“ од Скопје и се однесува на просторот вон населено место за изградба на стопанска зона Богданци, на место викано „Грамади“, „Љушев брест“, „Црквица“ и „Сипка“ катастарска општина Богданци со површина од 30 хектари.

Проектираниот простор има површина од 7.188 метри квадратни, со класа на намена за лесна и незагадувачка индустрија, сервиси, стоваришта, на кои отпаѓа близу 90 одсто од локалцијата, а остатокот од 10 отсто се наменети за комунална инфраструктура. Во документот за стратегиска оценка на влијанието врз животната средина не се утврдени негативни реперкусии со активирањето од стопанската зона.Напротив, се очекува остварување на целите, а тоа е зголемено ангажирање на расположивата работна сила преку нови вработувања, особено ефектуирање на дел од сегашната популација на невработени во општината која изнесува близу илјада лица. Исто така, се очекува пораст на економските приходи на општината поради зголемено ангажирањње на компаниите за изградба на објектите и инфраструктурата во новата стопанска зона. Новиот докумет заедно со стратегиската оценка за животната средина се базира на Локалниот еколошки план на општината за 2004 година, Стратегијата за рурален развој на општина Богданци за 20092014, Профил и стратегија за локален развој на општина Богданци за 2009-2015, како и други национални програми, стратегии и меѓународни ратификувани конвенции во Република Македонија. Туристички мапи за локалитетот Вардарски рид БОГАТСТВОТО НА АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ МАМЕЦ ЗА ТУРИСТИТЕ Со проектот „Мапирање на турисичкиот локалитет Вардарски рид“ на овој значаен археолошки локалитет кај Гевгелија поставени се пет паноа со цел запознавање на посетителите со богатото културно наследство што го кријат во себе старите ѕидини и предмети најдени после низа векови наталожен замјен слој на терените од локалитетот. Учесници на проектот се ученици од Средношколскиот училишен центар „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, насока туризам, заедно со претставници од австрискиот непрофитен центар „Култур контакт“ кој работи во рамките на австриското Министерството за образование, култура и уметност и Австриската

15

ОПШТИНСКИ БИЗНИС Агенција за развој. Стратешката положба на Вардарски рид не била непозната дури и во Праисториско време.Овде подлабоко во тлото лежат корените на првите праисториски населби.Но сепак најинтересен е податокот за последниот македонски антички град Гортинија, кој опстојувал илјада години пред нашата ера и во кој владееле сите македонски кралеви од Филип Втори до Персеј. На мапите можат да се најдат податоци за градската јавна градба изградена уште од времето на Филип ИИ, која претставува своевиден центар, место каде се случувале сите поважни општествени настани во тоа време, наречена „Стоата“.Посетителите на археолошките ископини кај Вардарски рид од мапите можат да дознаат како изгледа Акрополата, градба што ја претставува последната сатаромакедонска населба што датира од третиот и вториот век пред нашата ера и истата да ја пронајдат на терените на локалитетот.Забележително е и претставувањето на таканаречената „Куќа на колекционерот“(вториот и првиот век п.н.е.), како и внатрешниот бедем со двете кули во

средиштето на комплексот, што на локалитетот му дава важно стратешко и одбрамбено значење. Тимот гевгелиски средношлколци заедно со координаторот на проектотпрофесорката Велика Бизоева успеаја на презентацијата да ги одбележат најзначајните пронајдени предмети на локалитетот, кои го рефлектираат животот од старо македонскиот град Гортинија. Поради историското и општественото значење на податоците што во себе ги носи овој локалитет истиот претставува не само културно богатство, туку и значајна туристичка дестинација, што е и основниот мотив за реализација на заедничкиот проект на СОУ „Јосиф Јосифовски“ со австриската Агенција за развој и непрофитниот центар „Култур контакт“.

Проект за развој на туризмот во граничкиот регион меѓу Македонија и Бугарија ВО ФУНКЦИЈА НА РАЗВОЈ И ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ТУРИЗМОТ Подобрување на квалитетот на понудените услуги во туристичкиот сектор, динамичен развој на туризмот, образување на кадри во туристичката индустрија, создавање на туристички продукт како алатка за нови форми на стручна обука од областа на туризмот во граничниот регион меѓу Република Македонија и Република Бугарија, е целта на проектот


16

ОПШТИНСКИ БИЗНИС „Електронски предизвик за современо образование“. Проектот е насочен кон вработени во туризмот, фирми и поединци кои нудат услуги поврзани со селскиот, еко и културен туризам, невработени лица, лица со посебни потреби, центри за професионална обука, економски организации и граѓански здруженија - (НВО). Организаторите најавија дека со активностите ќе се стави акцент на спроведување на обука во областа на туризмот преку исполнување на обучителниот онлајн модул, бесплатна обука и слободен и лесен пристап за секого која ќе трае три месеци и на крајот на сите кои успешно го завршиле курсот ќе им се доделат сертификати за дел од професијата. Проектот ќе заврши со спроведување на Прекуграничен форум во Ќустендил со создавање на пошироко партнерство на бизнис секторот, работни берзи и посредници, образовни институции и други од регионот Ќустендил - Крива Паланка. Проектот „Електронски предизвик за современо образование“ е финансиран од Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Активноста ја реализираат Алијанса за регионални и граѓански иницијативи (АРГИ) - филијала Благоевград, Република Бугарија и граѓанското здружение „Хендикеп Плус - група за поддршка на лица со посебни потреби“ од Крива Паланка, Република Македонија. Вредноста на проектот изнесува 76.726 евра.

БИЗНИС ИНФО Според него, вработените во Одделението за урбанизам треба да утврдат кои од парцелите од Програмата за градежно земјиште можат да се продаваат без проблеми и се во државна сопственост.Почетната цена од едно евро за метар квадратен ќе придонесе и за намалување на цената на градежните парцели за стопански објекти, кои ги нудат граѓаните. Алексов вели дека секој граѓанин доколку има парцела која е вклопена во урбанистичките планови може да се информира во општината за условите за градење, а кои се доста поволни благодарение на владините мерки за развој на стопанството. Крива Паланка дел од регионалниот одбор за управување со отпад во СИПР ЗА ПОЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА Советот на Општина Крива Паланка даде согласност за склучување договор за соработка за формирање регионален одбор за управување со отпад (РОУО) во Североисточниот плански регион (СИПР) кој ги опфаќа општините Крива Паланка, Ранковце, Кратово, Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Две транспортни фирми и една од текстилната индустрија се вселуваат во индустриската зона „Македонка“ во Штип НА ПОЧЕТОКОТ ВРАБОТУВАЊЕ НА 30 ЛИЦА Две транспортни фирми и една од текстилната индустрија се сопствениците на трите градежни парцели во индустриската зона „Македонка“ кои беа продадени по пат на јавна електронска лицитација.

Градоначалникот на Општина Штип Зоран Алексов е задоволен што фирмите се заинтересирани за градење нови објекти и што воедно ќе овозможат нови вработувања. - Ова е почетен сигнал кој најавува градежна офанзива годинава.Со продажбата на парцелите ќе имаме нови стопански објекти, а тоа ќе значи вработување на најмалку 30 лица во двата субјектa.Третиот, пак, има потенцијал за многу повеќе, изјави Алексов, а го цитира МИА.

Договорот за соработка за воспоставување на РОУО од кривопаланечка страна ќе го потпише градоначалникот Арсенчо Алексовски, а од состанатите општини се очекува да го потпишат градоначалниците на Рановце, Орце Тодоровски, на Кратово, Мите Андоновски, на Куманово, Зоран Дамјановски, Липково, Садула Дураку и на Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ. Целта за формирање на РОУО како еколошка алатка е општините од СИПР во иднина да остваруваат соработка за регионално интегрирано управување со отпадот, усвојување статут, решавање инвестициски прашања, организирање набавки и избор на добавувачи, градители и оператори на регионалниот систем на депонија за цврст отпад. Општините потписнички можат да даваат предлозии и сугестии во насока на ефикасно, ефективно, економично и експедитивно спроведување на регионалниот план за управување со отпадот, како и обезбедување финансиски средства.

четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

Средба на претставници на Скопскиот плански регион и Министерството за локална самоуправа

Соодветна распределба на финансиски средства од државниот буџет, решение за финансиската конструкција, зголемување на бројот на вработени, сместување на администрацијата во сопствена зграда се дел од барањата на Скопскиот плански регион до Министерството за локална самоуправа. Претседателот на Скопскиот плански регион и градоначалник на Ѓорче Петров, Сокол Митревски, пред средбата со државниот секретар во Министерството за локална самоуправа Сашо Стефаноски, посочи дека во овој плански регион има многу рурални општини, но оти финансиските средства што ги добиваат се симболични. Тој истакна дека ќе побараат од ресорното Министерство да се продолжи Законот за финансирање на регионите кој треба да трае до крајот на оваа година, како и проширување на бројот на вработени, бидејќи како што рече, нема стручни кадри за реализација на одредени проекти. Стефановски информира дека планските региони секоја година аплицираат до Министерството за проекти за осовременување на патната инфраструктура, за реконструкција, модернизација и проширување на системите за водоснабдување, за одведување и прочистување на отпадните атмосферски води, унапредување и заштита на животната средина... Скопскиот плански регион, како што рече, лани добил неколку проекти значајни за граѓаните на Град Скопје. Меѓу поважните ја посочи изработената Студија за мапирање и промоција на природното и културноисториското наследство, која, спроед него, првпат ќе ги евидентира и ќе направи база на податоци за сите историски и културни објакети во Скопје, а ќе се изработи и брошура за граѓаните и туристите да добијат податоци со какво богатство располага градот Скопје. Државниот секретар на најави дека е во тек изработка на Студија за мапирање на инвестициските потенцијали на Скопскиот регион, која ќе ги мапира инвестициските локациски потенцијали и ќе овозможи подобро позиционирање на регионот за потенцијалните инвеститори. Тој најави дека ќе биде промовирана и Стратегијата за развој на туризмот во Скопскиот плански регион. Во функција на туристичкиот развој ќе се реконструира и локалниот пат Драчево-мотел Китка.


четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

Вредност на договорени и извршени градежни работи во странство во 2012 година ВО СТРАНСТВО ЗАРАБОТЕНИ 2,2, МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ, 11 ОТСТО ПОМАЛКУ ОД ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-декември 2011 година, вкупната вредност на извршените градежни работи во странство изнесува 2 203 566 илјади

денари што е за 11,0% помалку во споредба со истиот период од претходната година. Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство договорила градежни работи во вкупна вредност од 2 459 242 илјади денари што е за 39,0% помалку во споредба со истиот период од претходната година. Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Италија, Албанија, Словенија, Хрватска и Украина, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Црна Гора и Франција. Вредносните податоци за периодот јануари - декември 2011/2010 година се дадени врз база на паритет 1 САД долар = 46,314 денари Деловни тенденции во преработувачката индустрија ИСКОРИСТЕНОСТА НА КАПАЦИТЕТИТЕ НИТУ 60 ОТСТО Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во декември 2011 година како поповолна во однос на претходниот месец, како и во однос на декември 2010

БИЗНИС ИНФО година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е на исто ниво како и претходниот месец. Обемот на производството во декември 2011

година бележи пад во споредба со претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, како и очекувањата за бројот на вработените. Во декември 2011 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во декември 2011 година се намалени во споредба со претходниот месец. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2011 година изнесува 59,8% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во декември 2011 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20,8%, недоволната домашна побарувачка со 17,4%, финансиските проблеми со 12,5% и неизвесното економско опкружување со 9,4%. Работници во индустријата БРОЈОТ ЛАНИ ПОРАСНАЛ ЗА 1,5 ОТСТО Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во декември 2011 година, во однос на декември 2010 година,

изнесува 98.6. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2011 година, во однос на декември 2010 година, бележи опаѓање од 0.5%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,5%, а во секторот Снабдување со електрична

17

СТАТИСТИКА енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.9%. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2011 година, во однос на декември 2010 година, бележи опаѓање кај Енергија за 2.5 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.8 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 4.4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.2%, додека кај Капитални производи индексот е на исто ниво. Индексот на бројот на работниците во периодот јануаридекември 2011 година, во однос на периодот јануари-декември 2010 година, изнесува 101.5. Промет во трговијата ПРОДАЖБАТА НА МОТОРНИ ВОЗИЛА ОПАДНАЛА ЗА 6,2 ОТСТО Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во секторот Трговија на големо и на мало и поправка

на моторни возила и мотоцикли, во ноември 2011 година, во однос на ноември 2010 година, изнесува 105.1. Гледано по оддели, во ноември 2011, во однос на ноември 2010, прометот бележи опаѓање во одделот Трговија на големо и на мало со моторни возила и мотоцикли, делови и прибор и нивно одржување и поправка за 6.2%, во одделот Трговија на големо е забележан пораст за 8.3%, а пораст е забележан и во одделот Трговија на мало за 4.0%

МЕЃУНАРОДНА СТАТИСТИКА Бројот на сиромашни во светот расте четири пати побрзо од бројот на богати ПРЕНАСЕЛЕНОСТА И БЕДАТА НОСАТ ГЛОБАЛНИ ПРОБЛЕМИ


БИЗНИС ИНФО

18

СТАТИСТИКА Светската

популација

во

октомври 2011 достигна цифра од седум милијарди, додека резервите за суровини на Земјата, според прогнозите на ОН, ќе се истрошат за 60 години, се истакнува во истражувањето на службата за аналитичка информатика на Меѓународната организација на кредитори. Додека населението на најсиромашните земји, според податоците на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во 2010 се зголемил за 2,1 отсто, жителите на богатите земји биле само за 0,6 отсто повеќе. Популацијата на најсиромашните земји на светот расте речиси четири пати побрзо од населението на богатите држави. Околу пет милијарди (72 отсто) луѓе на планетата живеат со просечни приходи, во земјите со високи приходи живеат 1,1 милијарда (16 проценти) жители, и приближно 800 милиони (12 отсто) луѓе живеат во најсиромашните земји на светот. Пренаселеноста носи со себе низа глобални проблеми, меѓу кои најсериозни се невработеноста и недостатокот на природни суровини. Нивото на вработеност на населението е еден од најважните показатели на благосостојбата на една земја. Максимална вработеност, според податоците на ММФ, е забележана во Кина, но како што се истакнува во истражувањето, почнувајќи од 2000 година невработеноста во најмногубројната земја на светот расте и надминува четири проценти. Што се однесува до африканските земји со високо темпо на раст на населението, на пример во Египет, стапката на невработеност е во границите од 10,5 отсто, а во Етиопија околу 20,5 проценти. Во услови на пренаселеност,

исклучително актуелно прашање се резервите на храна, вода и енергија, истакнува Меѓународната организација на кредитори. Најголем дел од природните добра во последните години искористиле САД и Кина. На останатите земји отпаѓа нешто повеќе од 50 отсто резетви на планетата. Кога е во прашање храната, по површина на земјоделско земјиште и шуми по жител Русија е безусловен лидер, а по неа следат Бразил и САД. Кина и Индија се аутсајдери поради високата густина на населението. Водечки во производството на житарки по жител се САД, а по нив следи Русија. Водата за пиење денес е еден од најдефицитарните природни добра, при што најбогати обновливи ресурси на вода има Бразил, а по него следи Русија. Најголемите светски резерви на нафта се наоѓаат во Саудиска Арабија и Венецуела. Со потврдените резерви и сегашната експлоатација, количините на нафта ќе бидат исцрпени за најмногу 50 години. По резервите на природен гас на прво место е Русија, а потоа следат Иран и Катар. При сегашната експлоатација, количините на овој енергенс ќе бидат доволни за најмногу 60 години. Меѓународната организација на кредитори резимира дека зголемувањето на светската популација е предизвик за владите на земјите во развој, кои директно се судираат со потешкотиите кои од тоа произлегуваат, како и за најразвиените земји, со оглед на тоа дека тие поседуваат технологија, средства и експерти со чија помош проблемите поврзани со зголемувањето

четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

на бројот на населението би можеле да се решат. Ново рекордно ниво на стапката на невработеност во еврозоната ШПАНИЈА И ГРЦИЈА ПРЕД СИТЕ Стапката на невработеност во 17-те земји-членки на еврозоната во текот на декември 2011 година достигна рекордно ниво од 10,4 проценти, покажуваат прелиминарните податоци на европската агенција за статистика Евростат. Инфлацијата во еврозоната во последните осум месеци е на ниво од над десет проценти, при што декемвриската стапка беше за 0,1 индексен процент повисока од ноемвриската, која изнесуваше 10,3 отсто. Според податоците на Евростат, во декември без работа биле 16,46 милиони работоспособни граѓани на земјите од еврозоната, што е за околу 20.000 повеќе во однос на ноември. Меѓу членките на еврозоната највисока стапка на невработеност во декември имала Шпанија од 22,9 отсто, пред Грција со 19,2 проценти. Од друга страна, најниска стапка на невработеност од 4,1 отсто имала Австрија, а по неа следуваат Холанидија со 4,9 и Луксембург 5,2 проценти. Најголемата економија во Европа, Германија во декември имала стапка на невработеност од 5,5 проценти, додека второто по големина стопанство во еврозоната, Франција 9,9 проценти. На ниво на цела ЕУ, стапката на невработеност во последниот месец од минатата година изнесувала 9,9


четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

БИЗНИС ИНФО

Трговскиот дефицит во Турција лани пораснал за 47,7 проценти НЕГАТИВА ОД 105,8 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Трговскиот дефицит на Турција во текот на 2011 година пораснал на годишно ниво за 47,7 проценти и достигна 105,8 милијарди САД долари, покажуваат податоците на турскиот статистички институт. Во текот на минатата година турскиот извоз пораснал за 18,5 проценти и достигнал 134,9 милијарди САД долари,

додека во исто време, увозот се зголемил за 29,8 отсто на 240,8 милијарди САД долари. Во првите три квартали од минатата година турската економија забележа раст од 9,6 проценти, што е најголем во светски рамки и е значително повисок од прогнозите на Владата во Анкара и експертите, кои очекуваа зголемување на БДП од осум отсто. Наспроти напорите на Централната банка на Турција, во текот на минатата година вредноста на турската лира се намали за 20 проценти во однос на американскиот долар, што резултираше со раст на инфлацијата чија стапка во декември достигна 10,45 проценти. Тоа е нејзино највисоко ниво во последните три години и двојно поголема стапка од предвидувањето на Владата. Турциja ја повлекува поддршката за Набуко ПРЕДНОСТ НА КОНКУРЕНТНИОТ ПРОЕКТ ТАНАП Турција веќе не го поддржува целосно Проектот Набуко за пренесување на природен гас од Каспиското Море кон Европа и наместо тоа дава предност на сопствениот конкурентен Проект ТАНАП, соопшти портпаролот на турското Министерство за енергетика. Портпаролот потврди дека Турција останува дел од конзоециумот од шест држави, кои го поддржуваат Набуко, но истакна дека сега за земјата приоритет е развојот на проектот

19

РЕГИОН СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР

Трансанадолски гасовод (ТАНАП), кој го разработува заедно со Азербејџан. - ТАНАП ќе биде далеку поевтин и полесен за реализација од Набуко, рече портпаролот, истакнувајќи ја огромната цена за Проектот Набуко, која вклучува изградба на гасовод, долг 4.000 километри, кој ќе транспортира 31 милијарда кубни метри годишно, преку Турција и Балканот до главниот центар за природен гас на Европа во Австрија. Србија од 27 јануари започнува со регистрација КИРИЛИЧЕН СРБ ДОМЕЈН Србија од 27 јануари започнува со регистрација на доменот .срб, кој наспроти доменот .rs ќе биде нејзиниот втор национален домејн. Во првите шест месеци, право на регистрација на .срб домејнот ќе имаат само сопствениците на постоечките .rs домени и тоа целосно бесплатно. По овој период, кириличен домејн ќе може да регистрира секој без разлика дали поседува одреден .rs домеjн или не.

Корисниците имаат право да регистрираат онолку .срб домеjни колку што имаат регистрирани .rs домеjни, со што .срб домеjните се регистрираат на една година, без оглед на колку години се регистрирани .rs домеjните. За време на првите шест месеци од почетокот на регистрацијата, за секој постоечки .rs домеjн корисникот ќе може да избере само еден .срб домејн. Србија ја откупи смедеревската Железарница за еден долар СЛЕДНИОТ ЧЕКОР БАРАЊЕ

Владата на Србија ја откупи Железарницата во Смедерево од американската компанија „Ју Ес Стил“ за еден американски долар,, соопшти српскиот премиер Мирко Цветковиќ. Тој на прес-конференцијата во Белград рече дека поради економската криза „Ју Ес Стил“ ја напушта земјата. - Немаме намера на долг рок да бидеме сопственици на железарницата, туку ќе бараме стратешки партнер, - рече тој.

Владата на Србија и американската компанија „Ју Ес Стил“ набргу ќе го потпишат договорот за откуп. Во Црна Гора постојан пораст на корисниците на мобилни телефони ПО ДВА МОБИЛНИ НА ГЛАВА НА ЖИТЕЛ Корисниците на мобилна телефонија во Црна Гора на крајот на минатата година биле околу 1,6 милиони, што е речиси два пати повеќе од бројот на жителите на земјата. Според последното пребројување населението во Црна Гора

брои 625.266 лица. Од вкупниот број сопственици на мобилни телефони 40,57 проценти се корисници на Теленор, 34,68 проценти на црногорскиот Телеком и 24,75 проценти на МТел.


20

РЕГИОН

БИЗНИС ИНФО

Се воведуваат е-сметки во Хрватска ПРЕКУ НЕТ И СО ДАНОЧНИТЕ ОРГАНИ

бројчано биле многу, но престојувале покусо од порано и трошеле помалку.

Во Хрватска, со измените за Правилникот за Данокот на додадена вредност (ДДВ), се легализирани електронските е-сметки (фактури), со што е овозможено прифаќање на есметки од позиција на даночниот систем и даночните органи.

Невработеноста во БиХ на четиригодишен максимум СЕКОЈ ВТОР РАБОТОСПОСОБЕН НЕВРАБОТЕН Бројот на невработени лица во Босна и Хецеговина во ноември минатата година се искачи на четиригодишниот максимум од 532.476 луѓе или 43,5 отсто од работоспособното население, соопшти Агенцијата за статистика на БиХ (БХАС). Во соопштението се наведува дека невработеноста, која сега е на

Е-сметката го заокружува процесот на вкупна информатизација на работењето и нуди многу побрзо, поефикасно и поевтино решение. Минатата година Албанија ја посетиле 4,1 милион туристи НЕЗАДОВОЛСТВО ОД ОСТВАРЕНИТЕ ПРИХОДИ Минатата година Албанија ја посетиле 4,1 милион туристи, што претставува продолжување на трендот на раст на туристи во изминатите неколку години, јави дописникот на МИА од Тирана. Од вкупниот број, 2.734.000 се странски туристи, додека останатите милион и 267 илјади се албански граѓани кои живеат надвор од земјата. Според Министерството за

туризам, млади и спорт, бројот на странските туристи бележи раст за 18,7 отсто споредено со претходната година или земјата ја постиле 430.751 повеќе странски туристи. Она што нив ги привлекува во Албанија не се само плажите, туку и историјата на земјата, бидејќи податоците говорат дека археолошките паркови ги посетиле над 373 илјади туристи. Без оглед на зголемиот број туристи, туристичките оператори се незадовлни од остварените приходи. Тие минатата година ја оценуваат како најлоша, поради послабата искористенот на капацитетите, зашто туристите

највисоко ниво од април 2007 година, во ноември 2011 пораснала за 2,6 проценти во однос на истиот месец 2010 година. Во БиХ постои голем обем на сива или паралелна економија во која работи значителен број на официјално невработени граѓани. Според податоци на БХАС, обемните анкети покажале дека реалната стапка на невработеност изнесува 27,6 проценти. БиХ погодена од економската криза во 2009 година забележа негативен економски раст од три отсто, додека во 2010 оствари скромен раст на економијата од 0,7 проценти. Податоците за 2011 година се уште не се објавени. Аналитичарите оценуваат дека политичката криза довела ди намалување на странските инвестиции во БиХ. Грција губи милијарди евра од нелегална трговија со горива ИГРА СО ФАКТУРИТЕ Грчки цистерни кои во декларациите наведуваат дека вршат извоз за соседни држави како Бугарија, Македонија, Турција и Албанија, учествуваат во нелегална трговија со горива. Од неа, Грција губи милијарди евра даноци, наведува во репортажа грчкото издание Зугла. Товарот на цистерните, кој не се одданочува, не ја напушта државата, се враќа на внатрешниот пазар и се продава. Годишно од нелегалната

четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

трговија приходите се над две милијарди евра. Центар е Солун односно Северна Грција, наведува весникот. Податоци на ОН покажуваат дека во 2009 година е декларирано дека Грција извезла за Македонија 222,9 илјади тони бензин за 134,5 милиони долари. Во исто време Македонија декларирала само 12,3 илјади тони увоз од Грција за 10,3 милиони долари. Во 2005 година, наведува весникот, извозот на грчки горива за Бугарија е во вредност од 64,6 милиони долари, а според податоци на бугарските власти тој е 39,7 милиони долари. Весникот наведува и други податоци. Напуштајќи ја Грција, цистерни декларираат повисоки количества горива, а реалните количини се појавуваат во државата за кои е извозот. Така, според весникот, се задоволуваат интересите на трговци во соседни држави, како Турција и Бугарија, каде заради раст на нелегална трговија има побарувачка на фактури. ОН дава табели за извозот за периодот 2001-2010 година и во нов може да се види дека во 2006 и 2010 година, во Бугарија се декларирани поголеми количества горива отколку што навеле грчки компании дека извезуваат. Во останатите години количествата се помали. Хрватската асоцијација на банките СООЧУВАЊЕ СО НОВА РЕЦЕСИЈА Хрватската економија е соочена со нова рецесија оваа година, главно заради кризата во ЕУ, а економскиот пад може да биде еден отсто од БДП, се вели во анализа на Хрватската асоцијација на банките. Шест економисти од најголемите хрватски банки прогнозираат економски пад од 1,3 отсто БДП, додека најголемите оптимисти очекуваат до еден отсто, а песимистите- околу два отсто пад. Според дел од анкетираните економисти, главните причини за пад во хрватската економија ќе биде должничката криза во ЕУ, а останатите посочуваат дека тоа се државните буџетски мерки. Според економисти од банките, оваа година може да се очекува буџетски дефицит од 4,9 отсто БДП. Неопволниот економски раст според анкетираните, ќе биде резултат главно од намалување на инвестициите, а новата рецесија ќе предизвика поголема невработеност. Анкетираните прогнозираат намалување на инвестициите за 2,7 отсто, невработеност меѓу 13,1 отсто и 16,4 отсто и зголемување на цените за 2,5 отсто. Очекувањата се и стабилен курс на куната спрема еврото.


четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

Членките на ЕУ постигнаа договор за фискалниот пакт ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И ЧЕШКА ОДБИЈА ПРИКЛУЧОК Земјите-членки на ЕУ, со исклучок на Велика Британија и Чешка, постигнаа прелиминарен договор за воспоставување фискален пакт, чиј иницијатор е Германија. Договорот, постигнат на вонреден Самит на ЕУ во Брисел на 31.1.2012 година, предвидува строги мерки на штедење за земјите кои претендираат на пристап до стабилизацискиот фонд вреден 500 милијарди евра, кој пак ќе им овозможи добивање на поволни кредити.

Потписничките на договорот за фискалниот пакт на еврозоната се обврзуваат на намалување на сопствените буџетски дефицити на ниво од под три отсто од бруто домашниот производ, а за непочитување на оваа обврска покрај тоа што губат пристап до средстрава од стабилизацискиот фонд, можат да заработат и тужби пред Европскиот суд на правдата поради пробивање на плафонот на буџетскиот дефицит. Потпишувањето на новиот договор за фискалниот пакт е најавено за следниот самит на Унијата кон крајот на март годинава, а тој ќе стапи на сила откако ќе го ратификуваат најмалку 12 земјипотписнички. Велика Британија одби да се приклучи кон новиот фискален пакт, но не се спротивстави на вклучувањето на некои општоевропски институции во спроведување на контрола на финансиската и буџетската дисциплина во евросзоната. Официјален Лондон, ваквиот став го најави уште на претходниот Самит на ЕУ во декември, кога побара гаранции дека нема да биде загрозена британската сувереност во делот на буџетот и финансиите. На вонредниот самит во Брисел, британскиот премиер Дејвид Камерон само ја потврди претходната позиција. Овојпат, како што јави дописникот на МИА од Лондон, тој не го блокираше новото решение, кое предвидува контролата на спроведувањето на фискалната дисциплина во еврозоната да ја вршат Европската комисија и Европскиот

БИЗНИС ИНФО суд на правдата, иако овие две институции дејствуваат во интерес на сите 27 земјичленки на ЕУ, а не само на оние од зоната на еврото. Во изјава за британските медиуми Камерон рече дека официјален Лондон ќе следи внимателно што ќе се случува и ќе реагира веднаш доколку бидат загрозени британските интереси. - Ние не сакаме да ја спречиме еврозоната да го направи она што е потребно за надминуивање на актуелната криза, но не сакаме ниту да им се наштети на нашите интереси, рече британскиот премиер, објаснувајќи дека Велика Британија се` уште има резерви кон некои правни решенија во договорот за фискалниот пакт. Освен Велика Британија, и Чешка реши да не се приклучи кон новиот фискален пакт, но оваа земја, која исто така не е во еврозоната, одбивањето го објасни со „уставни пречки“. Одлуката на Лондон и Прага околку пактот, според францускиот претседател Никола Саркози, не значат дека ЕУ се движи кон создавање на „Европа на две брзини“. - Седумнаесетте земји од еврозоната ќе продолжат самите да се справуваат со проблемите повразни со нивната валута. Но, тоа не значи дека ќе има неколку брзини и не значи дека некои земји ќе бидат оставени на страна. Тоа само значи дека ќе имаме различни степени на европска интеграција... и дека секој има право на избор, изјави Саркози по завршувањето на Самитот на ЕУ. Големо намалување на кредитирањето во еврозоната НАМАЛЕНА МЕЃУСЕБНАТА ДОВЕРБА НА БАНКИТЕ Стравувањата од криза на кредитниот пазар на еврозоната повторно се зголеми по објавувањето на податоците за острото намалување на одобрувањето на банкарски кредити на приватниот сектор во монетарната унија. Месечните податоци на Европската централна банка (ЕЦБ) покажаа дека растот на заемите на приватниот сектор во декември е намален на еден

21

ЕВРОПСКА УНИЈА процент од 1,7 отсто во ноември. ЕЦБ минатиот месец во рамки на серијата мерки за спречување на падот на кредитниот пазар на 17-те членки на монетарната унија ја покрена својата најдолгорочна програма на влевање на ликвидноста, со позајмување на банките во еврозоната на неограничена количини пари за периодот од три години по супер ниски камати. Независно од тоа постои стравување дека банките попрво би ја зголемувале и чувале таа готовина, отколку да им ја позајмуваат на деловниот сектор и домаќинствата, како што се ЕЦБ се надеваше дека ќе сторат. Податоците на ЕЦБ покажуваат дека банките даваат рекордни суми пари на еднодневни депозити на оваа централната банка, за разлика од вообичаената пракса толку често да не се депонира готовина во ЕЦБ и попрво каков било еднодневен вишок да им се позајмува на други банки, каде остваруваат поголема добивка. Аналитичарите укажуваат дека должничката криза во еврозоната ја намали меѓусебната доверба на банките, што значи дека тие институции попрво би се одлучиле за вложување пари во ултрасигурната ЕЦБ, отколку да прибегнуваат кон поризични позајмувања на други банки. - Острото успорување на растот на заемите на приватниот сектор во декември, пред се видниот пад на заемите на деловниот сектор, ја зголемува загриженоста од влошување на кредитните услови, што претставува закана за веќе и онака занишаната економска активност во еврозоната, укажа главниот економист во компанијата „ИХС Глобал инсајт“, Хауард Арчер. Баросо: Има пари за вработувања, но со услов ФОНДОВИТЕ СЕ ТУКА – ИСКОРИСТЕТЕ ГИ! Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо изјави на самитот на лидери на ЕУ дека во буџетот има уште 82 милијарди евра нераспределени фондови кои би можеле да бидат употребени за поттикнување на економскиот раст и отворање нови работни места, но со услов во рамки на националните планови за вработување да биде одделена исто толкава сума. - Фондовите се тука, искористете ги, укажа Баросо по разговорот со премиерот на Шпанија Маријано Рахој. Шпанија, според Баросо, би можела на тој начин да добие 10,4 милијарди евра, Италија осум милијарди, Грција 4,3 милијарди и Велика Британија, која не е членка на еврозоната 1,4 милијарди евра. Економската сила, Германија, би можела


22

ЕВРОПСКА УНИЈА да преземе 5,8 милијарди евра.

Тука, меѓутоа, постои еден услов - локалните влади да издвијат исто толку финансии, што нема да биде лесно, со глед на строгото буетско штедење. Порака на Вилијам Хејг, Британскиот министер за надворешни работи НЕМА ДА СЕ СПРОТИВСТАВИМЕ НА КОРИСТЕЊЕТО НА ЕУ ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ЕВРОЗОНАТА Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг изјави дека Велика Британија нема да се спротивстави, ниту да го блокира користењето на некои заеднички институции на ЕУ за земјите членки на новиот фискален пакт на еврозоната, јави дописникот на МИА од Лондон.

Во изјава за Би-Би-Си, Хејг рече дека официјален Лондон „изразува загриженост поради некои правни решенија“, како што е користењето на Европскиот суд на правдата, но дека „засега ќе остане само со резервираноста“ околу ова прашање. Шефот на британската дипломатија рече дека Велика Британија ќе реагира доколку проширеното користење на ЕУ институциите им се закани на британските интереси. Ваквата изјава на Хејг е сосема различна од тврдењето на министерот Иан Данкан Смит дека премиерот Дејвид Камерон и Велика Британија на денешниот самит на ЕУ одново ќе се спротивстават на планот на Брисел, Европската комисија и Европскиот суд за правдата, да се користат како централна

БИЗНИС ИНФО Влада и Врховен суд при спроведувањето и контролирањето на финансиската и буџетската дисциплина на земјите-членки на еврозоната. Спротивставените оценки на Хејг и Данкан Смит, обајцата поранешни лидери на ториевците и евроскептици, ја откриваат поделбата и несогласувањата во Владата меѓу конзервативните министри околу политиката кон ЕУ и случувањата во еврозоната. Од 27 членки на ЕУ се очекува 26 земји да го прифатат новиот фискален пакт на еврозоната. Само Велика Британија останува против, бранејќи го своето решение со недобиените гаранции дека тоа нема да му наштети на лондонскиот финансиски центар Сити. Опозициските лабуристи ја поздравија денеска изјавата на министерот Хејг, но го обвинија премиерот Камерон за „неразбирливо однесување“, кога на самитот на ЕУ во декември се спротивстави на фискалниот пакт, за да после еден месец го менува мислењето.

четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

и се разбира ако во меѓувреме оваа идеја не е отфрлена доколку на функцијата претседател на Франција биде избран друг кандидат. Синдикатите се противат на зголемувањето на ДДВ-то, но тоа е поддржано од организациите на работодавачите, а некои економисти сметаат дека зголемувањето на ДДВ-то во момент на криза и голема невработеност ќе биде нова дополнителна кочница за економскиот пораст. Никола Саркози исто така најави крај на 35-часовната работна недела во претпријатијата, каде мнозинството од вработените ќе се согласат да склучат нов договор за должината на законската работна недела. Во текот на август Саркози сака да започне да се спроведува наплатата на данокот врз финансиските трансакции од 0,1 отсто за претпријатијата, кои се на француската берза, што би требало да пренесе во државната каса околу една милијарда евра.

Шефот на француската држава Никола Саркози најави серија економски мерки ДДВ ОД 19,6 НА 21,2 ОТСТО Шефот на француската држава Никола Саркози, преку девет телевизсики канали им соопшти на Французите дека данокот на додадена вредност ќе се зголеми за 1,6 проценти, ќе се создаде банка за инвестиции во средните и малите претпријатија, како и дека ќе се воведе данок врз финансиските трансакции. Како што јави дописникот на МИА од Париз, зголемувањето ДДВ-то од од 19,6 отсто на 21,2 проценти, според Саркози има за цел да се финансира социјалната заштита. Имено тоа, според замислата, ќе треба да им овозможи на малите и средните претпријатија целосно или делумно ослободување од задолжителните социјални давачки за платите за најниските гарантирани примања. Со оваа мерка претседателот

се надева да изведе трансфер на околу 13 милијарди евра. Зголемувањето на ДДВ-то ќе почне да се спроведува од 1 октомври, период до кога треба да се прилагодат компјутерите

Во областа на станбената политика, според францускиот претседател, секој ќе може да го зголеми својот постоечки станбен простор, се разбира ако е сопственик, за 30 отсто без градежна дозвола. За невработеноста на младите, тој најави закон со кој ќе биде побарано од претпријатијата со повеќе од 250 вработени најмалку пет отсто да бидат млади лица, кои алтернативно учат и работат во претпријатието. Во текот на целото телевизиското интервју Саркози ги напаѓаше мерките на кандидатот на социјалистите Франсоа Холанд, без притоа да го именува. Саркози отворено не рече дека ќе биде кандидат на претседателските избори.

‘


четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

ММФ и` порача на Унгарија да го „затегне ременот“ ПРЕЗЕМАЊЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА ШТЕДЕЊЕ Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и` апелираше на Унгарија да преземе дополнителни мерки за штедење и да ги укине економските мерки воведени „ад хок“, се наведува во извештајот на оваа институција. Во извештајот објавен по редовната мисија за надгледување спроведена минатиот месец се наведува дека ММФ очекува оваа година унгарскиот бруто домашен производ (БДП) да се зголеми за 0,3 отсто, што е значително пониско од претходната проценка од 2,5 проценти. Покрај тоа, прогнозата за буџетскиот дефицит на Унгарија за 2012 година е ревидирана најмногу на 3,9 отсто од БДП, наспроти проценката во јуни од три отсто, што е значително над границата од три отсто која ја пропишува ЕУ, а поради што Брисел веќе сега и` се заканува со казни на официјална Будимпешта. Унгарската Влада очекува дека оваа година економијата на земјата ќе оствари раст од 0,5 отсто и буџетски дефицит од 2,5 проценти, шти би требало да биде постигнато со помош на мерките за штедење во вредност од 4,6 милијарди евра. Тврдење на ММФ БЕЛГИЈА Е ВО ЕКОНОМСКА РЕЦЕСИЈА Белгија е во економска рецесија се наведува во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), објави Ер-Те-Ел, неколку часа откако агенцијата „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на земјата од „АА+“ на „АА“. ММФ ги смета за недоволни предвидените за оваа година буџетски намалувања и го критикува автоматското индексирање на платите.

Професорот по финансии Бруно Колмант нагласува дека влегувањето во рецесија на прво место ќе влијае со намалување на работните места, како и со намалување на потрошувачката и

БИЗНИС ИНФО производството. Тој истакнува дека досега воведените владини буџетски мерки дополнително ја влошуваат оваа прогноза. Според ММФ, бруто домашниот производ на Белгија оваа година ќе остане во стагнација, пред очекуваното слабо зголемување идната година. Франција и Италија градат брза пруга ЛионТорино НАЈГОЛЕМ ПРОЕКТ ВО ЕВРОПА Франција и Италија потпишаа договор за изградба на брза пруга меѓу Лион и Торино што ќе биде најголем таков проект во Европа. Пругата која треба да биде изградена до 2023 година би го намалила времетраењето на патување со брз воз од Париз до Торино на нешто повеќе од 4 часа од сегашните седум. Патувањето од Лион до Торино би било намалено под два часа

од сегашните четири часа. Работите ќе почнат со ископување тунел долг 57 километри под Алпите. Франција, Италија и ЕУ заедно ќе ја финансираат изградбата на тунелот вредна 8,5 милијарди евра. Најавите се дека ЕУ ќе покрие 40 отсто од трошоците. При изградбата на пругата ќе бидат земени предвид и студиите за влијанието врз животот на луѓето и околината на италијанската страна каде лани беа одржани бурни протести. Минатата недела беа уапсени 40 луѓе, од кои 26 се во притвор поради насилни протести против изградбата на пругата кои беа одржани во јули. Тие се противат на планот истакнувајќи дека изградбата на тунелот би нанела штета врз животната средина. ЕК предлага вклучување на 15 дополнителни супстанци на листата на загадувачи на водите ЗА ПРВ ПАТ НА ЛИСТАТА И ФАРМАЦЕВТСКИ МАТЕРИЈАЛИ Европската комисија предложи денеска вклучување на уште 15 дополнителни супстанци на листата на загадувачи на водите.

23

ЕВРОПСКА УНИЈА - Подобрувањето на квалитетот на водите во ЕУ може да биде засегато од нови форми на хемиско загадување, нагласи ЕК. Новите супстанци вклучуваат индустриски хемикалии, хемикалии кои се користат во биоцидни и фармацевтски продукти, како и во препарати за заштита на растенијата. Овие супстанци се избрани врз основа на научни докази, според кои тие може да бидат опасни по здравјето. Анализа е извршена на влијанието на околу две илјади супстанци, во зависност од нивото на нивното присуство на површината на водите. За шест од 15-те нови супстанци предложената класификација бара тие постепено во следните 20 години да бидат исфрлени од водите. Петнаесетте дополнителни супстанци се аклонифен, бифеникс, циперметрин, дикофол, хептахлор, киноксифен, цибутрин, дихлорвос, тербутрин, перфлуорооктанс сулфурна киселина, хексабромциклосодекан, диоксин и неговите деривати, 17 алфа етинилестрадиол, 17 бета естрадиол и диклофенак. ЕК нагласува дека за прв пат на листата има и фармацевтски материјали. Предлогот не го става под знак прашалник медицинскиот квалитет на тие супстанци, туку негативните последици што тие ги имаат врз водните басени. Антимонополско законодаство ПОКРЕНАТА ИСТРАГА ПРОТИВ „САМСУНГ“ Јужнокорејската компанија „Самсунг“ претрпи пораз во борба против својот ривал, американската „Епл“, кога Европската унија објави дека ќе истражи дали „Самсунг“ на нелегален начин се обидува да ги опстриура конкурентите, додека Германија ја блокира продажбата на некои нивни таблет апарати. Компаниите „Самсунг“ и „Епл“ водат стратешка војна за патентите во многу земји ширум светот откако се обидуваат да го преземат пазарниот удел една на друга. Антимонополската комисија на ЕУ оцени дека јужнокорејската компанија можеби ги прекршила ограничувањата и порадии тоа покрена официјална истрага за тоа дали „Самсунг“ стратешки ги користи клучните патенти на 3Г бежичната технологија за да ги опструира конкурентите, вклучително и „Епл“. Во Германија Апелацискиот суд во одвоен случај донесе пресуда во корист на „Епл“, одлучувајќи дека „Самсунг“ не може да го продава својот „Галакси таб 10,1“ ниту „Галакси таб 9,8“ во таа земја бидејќи премногу е сличен на „Ајпед2“.


24

СВЕТ Светска банка ја зголемува помошта за земјите во развој АМОРТИЗАЦИЈА НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА ВО ЕВРОЗОНАТА Светска банка соопшти дека во следните две години ќе стави на располагање 27 милијарди долари финансиски средства за земјите во развој во Европа и централна Азија (ЕЦА)

погодени од кризата во Еврозоната. - Иако најголемо внимание во светот е насочено кон ефектите од кризата во Еврозоната на најголемите економии во западна Европа, кризата има значајно негативни ефекти на луѓето во земјите во развој во Европа и централна Азија, особено во најсиромашните земји на централна и југоисточна Европа, рече претседателот на Светска банка Роберт Б. Зелик. Според него, Светска банка ги зголемува финансиските средства достапни за тој регион така што земјите на кои им е потребно можат да се потпрат на тие ресурси за да ја премостат кризата. Должничката криза во Еврозоната влијае на регионот на Европа и централна Азија преку три канали – финансии, трговија и дознаки од странство, а значењето на секој од нив зависи од индивидуалните карактеристики на земјите. - Поради блиските врски со Еврозоната, земјите на централна и југоисточна Европа најверојатно ќе се соочат со пад на економските активности во 2012 година“, рече Филип Луру, потпреседател на Светска банка за земјите во развој во Европа и централна Азија. Дополнителната поддршка од Светска банка, додаде, ќе помогне земјите да одржат макрофискална рамка, да ги продолжат неопходните структурни реформи, да обезбедат кредитен прилив на мали и средни претрпијатија и да помогнат на најзагрозените слоеви на населението преку јакнење на системот на социјална заштита. Реакцијата на Групацијата Светска банка во регионот на Европа и централна Азија ќе се фокусира на структурни реформи

БИЗНИС ИНФО

четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

и поддршка на приватниот сектор за да се одржи растот на инвестициите, приходите и работните места, на советодавна и финансиска поддршка за земјите со осетливи банкарски системи и на заштита за најзагрозените преку јакнење на системот за социјална заштита.

приходите. Најновиот тренд речиси и го запре долгогодишниот тренд на преселување на американските компании во Кина.

Платите во Кина минатата година се зголемени за 20 проценти

ВИЕНА ПРЕД СИТЕ, СЛЕДАТ ТОКИО, ПАРИЗ...

НЕДОСТИГОТ НА РАБОТНА СНАГА ГИ ПРИТИСКА РАБОТОДАВАЧИТЕ

На првата Ранг-листа на паметни градови во светот, Виена го зазема првото место. Ова рангирање, кое ги оценува светските метрополи од Њујорк до Хонгконг, е дело на американскиот климатски стратег Бојд Коен.

Министерството за труд и социјална политика на Народна Република Кина објави дека платите во 2011-та година во земјата се зголемени за 20 проценти. Властите во кинескиот главен град Пекинг донесоа одлука за зголемување на минималната плата за 8,6 проценти од 1 јануари оваа година. Од 1 февруари овој пример ќе го следи и Шенжен, индустриска област во јужниот дел на земјата. Со тоа долната граница на платите во Кина, која е втората најголема економска сила во светот по САД, е зголемена на 1.500 јуани, односно околу 185 евра, јави „Дојче Веле“.

Експертот за домашен пазар на трудот Лиу Каиминг смета дека главна причина за раст на платите е зголемениот недостиг на работна сила во Кина. - Статистиката покажува дека од 2004-та година главна работна популација ја сочинуваат луѓето родени по 1980-та година. Но, поради строгиот план за раѓање бројот на работната сила значително се намалува, истакнува Каиминг. Недостигот на работна сила е особено забележителен во секторите на стопанството со ниски плати. Во текстилната индустрија, но и во индустријата на играчки, се поголем број фабрики поради растот на платите се одлучуваат производството да го пренесат во Виетнам, Камбоџа или Бангладеш. „Дојле Веле“ истакнува дека времето кога Кина беше земја со најниски плати е очигледно завршено, а властите во Пекинг активно го поддржуваат растот на

Прва Ранг-листа на паметни градови во светот

Рангирањето опфаќа различни индикатори за иновативност и одржливост. Во образложението за Виена се наведува дека австрискиот главен град си поставува амбициозни цели и систематски го следи напредокот, а основа за тоа нудат програмите за еколошки енегретски форми. Листата го истакнува и инволвирањето на различни интересни групи во процесот на граѓанско планирање, сообраќајно-политички и урбанистички мерки, како и промовирањето на градски еколошки технологии. На втората позиција на ранглистата се наоѓа Токио, на третата Париз, потоа следат Њујорк, Лондон, Токио, Берлин, Копенхаген, Хонгконг и Барселона. Проектот „Виена паметен град“ е заедничка активност на градот Виена, комуналните служби на градот, виенските компании и истражувачки центри кои ги поддржува градот Виена. ОН предупредува НЕМА КЛИМАТСКИ ДОГОВОР АКО КОМПАНИИТЕ НЕ СЕ ПРИДРУЖАТ Глобалниот договор за намалување на емисиите на штетни гасови нема шанси да биде склучен доколку компаниите не лобираат кај своите влади


четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

во корист на тој договор, изјави извршниот секретар на Конвенцијата на ОН за климатски промени, Кристијана Фигерес. Фигерес во говорот на Светскиот економски форум во Давос рече дека „иако владите на конференцијата на ОН за климатски пормени во Дурбан во декември изјавија дека следните три години ќе се посветат на преговорите за да до 2015 постигнат спогодба за законски обврзувачки договор, да бидеме искрени, тоа нема да се случи“.

БИЗНИС ИНФО Државата ќе плати дел од долговите, а за возврат граѓаните на кои ќе им се помогне ќе ја обештетат државата така што ќе уплатата една четвртина од својата плата и ќе ветат дека нема повеќе да се задолжуваат. Државата ќе им помогне на 6.830 граѓани кои вкупно должат две милијарди дирхами (545 милиони долари). Шеикот Нахајан минатиот ноември основа фонд од 10 милијарди дирхами (2,7 милијарди долари) како помош на граѓаните со ниски приходи во подмирувањето на заостанатите долгови на име на банкарски кредити. Обединетите Арапски Емирати, богати со нафта, се една од земјите со највисок приход по глава на жител во светот. Еу заинтересирана за создавање единствена енергетска мрежа на Гризија, Турција и Бугарија

- Тоа нема да се оствари ако само оние на врвот преземат мерки, туку дури тогаш ако се крене од дното, односно ако се вклучи приватниот сектор, изјави Фигерес и додаде дека „е потребен силен притисок од страна на потрошувачите, приватниот сектор и цивилното општество на владите“. Маратонските преговори во јужноафриканскиот град Дурбан минатиот месец се завршени со општа спогодба до 2015 година да биде склучен нов договор за намалување на емисиите на штетни гасови со ефект на стаклена градина, кои се сметаат за главен виновник на глобалното затоплување. Шеикот на Обединетите Арапски Емирати им помага на сонародниците да ги вратат кредитите НА 7.000 НАЈСИРОМАШНИ ПЛАТЕН ДОЛГОТ Претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Калиф бен Зајед Ал Нахајан одлучи да им помогне на приближно 7.000 свои сонародници да ги отплатат кредитите во вкупен износ од 545 милиони долари. Шеикот Нахајан побара да бидат ослободени сите граѓани кои се уапсени поради неподмирување на долговите. Шефот на државата „нареди отплата на сите долгови во максимален износ од еден милион дирхами (367.000 долари) за граѓаните кои не се во состојба да ги вратат“.

НА ДНЕВЕН РЕД - АГРИ Европската унија е заинтересирана за создавање единствена енергетска мрежа на Грузија, Турција и Бугарија, - изјави во Давос европскиот комесар за енергетика Гинтер Јотингер, цитиран од руските медиуми. Јотингер забележа дека „енергетиката е едно од клучните прашања на соработката на ЕУ со Грузија“, која е особено важна транзитна земја во регионот и поради тоа Брисел сака да соработува со Тбилиси во создавањето на единствена енергетска мрежа меѓу Грузија, Турција и Бугарија, „која ќе биде многу поволна за сите земји“. Ника Гилаури на средбата со Јотингер посочи дека бил разгледан и проектот АГРИ, што предвидува пренос на течен гас за Европа. Грузискиот премиер го истакна значењето на овој проект за сите учесници во него (Азербејџан, Грузија и Романија), како и за европските земји. Тој соопшти дека во следните месеци во Грузија ќе се организира конференција за АГРИ, на која ќе учествуваат претставници на Грузија, Азербејџан, Романија, Унгарија и ЕУ. Можно е и учество на Украина и некои земји од средна Азија. Проектот АГРИ предвидува пренос на азербејџански гас преку гасоводи на црноморското крајбрежје на Грузија, каде овој гас на специјален терминал ќе станува течен, по што со танкери ќе се доставува до романското пристаниште Констанца. По ова, течниот гас ќе се претвора во природен гас и преку гасната инфраструктура во земјата ќе се употребува во Романија и

25

СВЕТ другите европски земји. Голем проблем за Украина ШЕСТ МИЛИОНИ ЛУЃЕ РАБОТА НА ЦРНО Во Украина околу шест милиони работници работат на црно, изјави во Киев украинскиот премиер Николај Азаров. Тој на состанокот со активниот сеукраински синдикат истакна дека тие работници немаат социјална заштита, ниту здравствено осигурување, но и дека тие не плаќаат придонеси во пензискиот фонд. Азаров напомена дека Украина има околу 20 милиони пензионери и исто толку вработени лица, но официјално во работен однос се 14 милиони. - Тоа значи дека шест милиони луѓе работат без договор и без социјална заштита, така што неизвесно е како тие ќе остварат пензија. Тој проблем мора заеднички да биде решен, рече Азаров. Катар заинтересиран за две големи превземања во Турција ОКОТО ФРЛЕНО ВРЗ „ТУРК ТЕЛЕКОМ“ И „ДЕНИЗБАНК“ Катар пројавува интерес за две големи инвестиции во Турција, за „Турк телеком“ и за „Денизбанк“, пишува турскиот весник „Милиет“. Катарските власти, според весникот, имаат желба да ги купат акциите, кои ги поседува семејството на поранешниот премиер на Либан Рафик Харири Огер во турскиот телеком. Станува збор за 55 проценти од акции на „Турк телеком“. Вредноста на „Турк телеком“ изнесува околу 15,6 милијарди долари, а само споменатите акции на телекомуникациската компанија вредат 8,6 милијарди долари. Како што објави „Милиет“ проблем сепак може да се појави поради тоа што 35 проценти од акциите на Огер во турскиот телеком се во сопственот на „Сауди телеком“ и во случај на продажба на акциите на порашниот премиер право да дава понуда по се изгледа најпрво ќе има „Сауди телеком“. Катар исто така ја разгледува можноста да ја купи и „Денизбанк“, од која 50 проценти се во сопственост на Катарскиот инвестициски фонд. Цената на оваа инвестиција може да достигне околу шест милијарди долари.


26

ТРЕНДОВИ, ДВИЖЕЊА, ПРОГНОЗИ Драматични бројки од Светската банка ЕВРОПА ГУБИ ЕДЕН МИЛИОН РАБОТНИЦИ ГОДИШНО Светската банка во најновиот извештај предупредува дека Европа во следните пет децении ќе загуби по околу еден милион работници годишно и за решавање на проблемот со намалуавње на работната сила ќе биде потребен нов општествен консензус, соопшти институцијата во извештај по анализа на 45 држави во Европа. Со население кое старее и со намален наталитет, а без измени во политикита за вработување, имиграциии и пензии, Европа ќе изгуби околу милион работници годишно во следните пет

децении. Проекциите се дека работната сила во Европа ќе се намали од 325 милиони на 275 милиони, се вели во извештајот на Банката. Извештајот опфаќа 45 држави, меѓу кои и Македонија - 27 членки на ЕУ, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, осум кандидати за членство во ЕУ, како и шест држави од источното партнерство - Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија и Украина. Се укажува дека и покрај тоа, Европјаните го намалуваат работното време, а Американците денес работат месец дена повеќе во споредба со Холанѓаните, Французите, Германците и Швеѓаните. Мажите во Полска, Турција, Унгарија и Франција заминуваат во пензија повеќе од осум години порано отколку во средината на 60-те години, наведува Светската банка. Предурпедуваат дека тоа создава голем притисок врз јавните финансии кои се оптоварени со трошоци за сервисирање на големиот јавен долг. - Европа ќе мора да работи на повеќе фронтови, и да решава проблеми со недостиг од работна сила - да зголеми конкурентност на работни места, унапредување на мобилноста на работната сила и да ја преиспита имиграциската политика. За тоа е потребен нов општествен консензус, се

БИЗНИС ИНФО вели во извештајот на Светската банка. Интернет-економијата во земјите од Г-20 со рапиден раст ДВОЈНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ ДО 2016 ГОДИНА Интернет-економијата базирана на дигиталната технологија и телекомуникациските мрежи, до 2016 година во Групата 20 економски најразвиени земји во светот ќе достигне раст на 4,2 билиони САД долари или 1,8 пати над нивото од 2,3 билиони во 2010 година, објави компанијата „Бостон Консалтинг Груп“ (БСГ). Експертите од БСГ сметаат дека специфичниот развој на Интернет во иднина ќе има голема улога во земјите во развој. Интернет-економијата во некои земји со забрзан развој ќе обезбеди осум проценти од бруто домашниот производ (БДП), додека во Г-20 ќе учествува со 4,1 проценти од БДП. Во истражувањето се наведува дека бројот на интернет-корисници секоја година се зголемува за 200 милиони, додека за четири години на глобалната информатичка мрежа ќе бидат поврзани три милијарди луѓе на земјата, наспроти 1,9 милијарди корисници регистрирани во 2010 година. Најголем број корисници ќе има Народна Република Кина, 800 милиони, додека на глобално ниво меѓу активните корисници на интернет 70 проценти ќе бидат од земјите во развој.

Експертите од БСГ го истакнуваат значењето на интернетот во работењето, нагласувајќи дека вредноста на стоката што потрошувачите од земјите од Г-20 ја нарачуваат преку оваа мрежа достигнува 1,3 билиони САД долари или 2,7 проценти од вкупниот БДП на овие земји. БСГ предвидува мало намалување на популарноста на традиционалниот пристап до интернет преку компјутери и комуникациски врски. Според аналитичарите, 80 проценти од корисниците за четири години наместо персонални компјутери за поврзување со интернет ќе користат

четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

мобилни телефони. Друг значаен тренд ќе биде можноста на апсолутно секој електронски уред да се приклучи на интернет, а не само телефоните или компјутерите. Најголемите интернеткомпании во светот, според предвидувањата на БСГ ќе останат американските „Амазон“, „Епл“, „Фејсбук“ и „Гугл“, кинеските „Баиду“, „Тенцент“, како и руската „Јандекс“. Водечките светски банкари оптимисти за излез на еврозоната од должничката криза ОЧЕКУВАНИОТ БАНКРОТ НА ГРЦИЈА СО ПОМАЛИ ПОСЛЕДИЦИ Водечките светски банкари што учествуваат на Светскиот економски форум во Давос изразуваат оптимизам околу исходот на должничката криза во еврозоната и веруваат дека ќе биде постигнат договор со кој, според нив, очекуваниот банкрот на Грција, ќе предизвика помали последици. Водечките луѓе на банките „ЏејПи Морган Чејс“, „Барклиз“, „Ситигруп“ и УБС сметаат дека е постигнат напредок во решавањето на кризата во еврозоната, првенствено посочувајќи ја минатомесечната одлука на Европската централна банка да им понуди на банкарските институции кредити во вкупен износ од 500 милиони евра за период три години, што според нив, претставува можна точка на пресврт по тригодишниот хаос на берзите кој загрози и некои од водечките актери во банкарскиот сектори. - Минатата година беше година на голем страв (околу должничката криза). На стартот на 2012 година се чуствуваме малку попријатно поради остварениот напредок, изјави директорот на „Берклиз“, Боб Дајмонд. Според него, и покрај напредокот, сепак сите се се уште внимателни, бидејќи предизвиците пред кои се наоѓа еврозоната и натаму претставуваат закана за економскиот раст. Банкарите се задовволни и од напредокот што го напраби ЕУ


четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

БИЗНИС ИНФО

27

ТРЕНДОВИ, ДВИЖЕЊА, ПРОГНОЗИ со постигнувањето на договорот за создавање фискална унија во рамките на еврозоната, како и со надминувањето на проблемите со финансирањето и ликвидноста на европските банки. - Инјекцијата со тригодишните позајмици на ЕЦБ го отстрани огромниот ризик во врска со ликвидноста на банките, смета директорот на „Џеј-Пи Морган Чејс“, Џејми Димон.

Водечките светски бнкари се надеваат дека грчката должничка криза ќе остане специфичен и изолиран случај во рамките на еврозоната и дека таа ќе може да се надмине со прогласување на контролиран банкрот на земјата. - Меѓу нас постои консензус околу мислењето дека ќе дојде до контролиран банкрот на Грција. Што се однесува до останатите земји во еврозоната, не сме премногу загрижени, изјави директорот на швајцарската банка УБС, Серџо Ермоти. Индексот на економските индикатори во САД се зголеми во декември ВНИМАТЕЛЕН ОПТИМИЗАМ Индексот на идна економска активност во САД во декември се зголемил за 0,4 отсто што укажува дека најголемата економија во светот почнува да добива на сила во крајот на 2011 година, објави њујоршки Конференс борд. Таа приватна агенција за анализи објави вчера дека во ноември индексот се зголемил за 0,2 отсто, а во октомври за 0,6 отсто.

Спроед Конференс борд, податоците за декември поддржуваат внимателен оптимизам во врска со тоа какви економски резултати би се очекувале во САД во првата половина од 2012 година. Ли Даиквеј, советник на Кинеската централна банка НАЈВЕРОЈАТНО МАЛ ПАД НА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ Кина најверојатно ќе забележи мал пад на економскиот раст до 8,5 проценти во 2012 години во однос на 9,2 отсто што ги имаше минатата година, изјави Ли Даиквеј, советник на Кинеската централна банка. Тој истакна дека се очекува и инфлацијата да се намали на околу три проценти од 4,5 отсто во 2011 година. Ли предвидува и намалување на цената на недвижниот имот. Се очекува кинеската економија да биде засегната од проблемите во еврозоната. Треба да се изнајде многустрано решение за таквите проблеми и Кина треба да работи заедно со другите земји како Бразил и Индија, наведе Ли. Тој додаде оти тој е против идејата Кина да купи италијански или шпански државни обврзници.

„Мудис“ ја намали прогнозата на побарувачка на автомобили во Европа оваа година НАЈСЕРИОЗНА КРИЗА ВО ПОБАРУВАЧКАТА ВО ФРАНЦИЈА, ИТАЛИЈА И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Побарувачката на патнички автомобили во Западна Европа оваа година ќе опадне за 6,2 отсто во однос на 2011 како последица на слабеењето на главните економски показатели, додека во 2013 побарувачката во регионот ќе се опорави на три отсто, се истакнува во извештајот на меѓународната рејтинг агенција „Мудис“. - Очекуваме пад од 6,2 отсто на 13,4 милиони автомобили во 2012 година, додека во претходната септемвриска прогноза е очекуван нулта раст, изјави претставникот на агенцијата „Мудис“ Фолк Фреј. Тој додаде дека најсериозен пад се очекува во Франција од околу десет отсто, во Италија и во Велика Британија по седум проценти. Автомобилските концерни на тие земји ќе ги погодат мерките на штедење на нивните влади, но и тешката економска ситуација и падот на потрошувачката на расходите.

Наспроти намалувањето на прогнозите за европскиот пазар „Мудис“

задржа стабилни предвидувања кога е во прашање светската автоиндустрија. „Мудис“ ја зголеми проценката на раст на побарувачката на автомобили во Јапонија на 19,7 од 7,3 отсто, колку што прогнозираше во септември.

Производство на злато во Кина ПЕТА ГОДИНА ПО РЕД СО РЕКОРД Кина лани петта година по ред оствари рекордно производство на злато, станувајќи на тој начин најголем светски производител на овој благороден метал, соопшти кинеската асоцијација на производителите на злато. Производството на злато во Кина во 2011 година го надмина рекордното производство на Јужноафриканската Република од 2007 година. Кина, исто така, е најголем светски потрошувач на овој благороден метал. Курсот на златото во 2010 година е зголемен за околу 30 отсто, а лани за 10 проценти. Кина лани произведе 360,91 тон злато, што е за 5,89 отсто повеќе во

однос на претходната година. Околу 60 отсто од златната руда се наоѓаат во пет од вкупно 32 кинески провинции и региони.


28

КОРПОРАЦИИ Првата кинеска фабрика за автомобили во Европа се отвора во Бугарија на 21 февруари ПРОИЗВОДСТВО НА 50.000 ВОЗИЛА ГОДИШНО Кинеската автомобилска компанија „Грејт вил мотор“, на 21 февруари годинава ќе отвори нова фабрика во Бугарија, која е прв кинески погон за производство на автомибли во Европа. „Грејт вил мотор“, согласни договорот потпишан во 2009 година, проектот го реализира заедно со локалниот партнер „Литекс мотори“. Фабриката во северна Бугарија во селото Баховица уште од средината на ноември минатата година се наоѓа во фаза

на пробно производство. Кинеската компанија планира годишен капацитет од 50 илјади автомобили за Бугарија и европскиот пазар и ќе вработи до две илјади работници. Компанијата „Грејт вол мотор“ штотуку лансираше официјална маркетиншка кампања во Бугарија, која е членка на Европската унија, за три модели кои ќе ги произведува - спортско теренското возило „ховер х5“, пикапот „стид“ и градскиот автомобил „волекс Ц10“. Рекорден профит на „Хјундаи“ и „Киа“ СЛАБАТА ВРЕДНОСТ НА ДОМАШНАТА ВАЛУТА ГО ПОТИКНА ИЗВОЗОТ Двете најголеми јужнокорејски автомобилски индустрии „Хјундаи“ и „Киа“ забележаа рекордни профити, благодарејќи на растот на продажбата на возила на домашниот, но и на клучните светски пазари. Според официјалните податоци што ги објавија двете компании, „Хјундаи“ во третиот квартал од минатата година забележа раст на профитот од 38 проценти, а годишната заработка на „Киа“ е зголемена за 30,4 отсто. Нето профитот на „Хјундаи“ во периодот октомври-ноември 2011 година е зголемен на два билиони вони (1,8 милијарди долари), од 1,45 билиони заблежани во истиот период 2010 година.

БИЗНИС ИНФО Вкупниот профит на „Киа“ пак во 2011 година изнесувал 3,5 билиони вони (3,1 милијарди

долари).

Меѓу моделите на „Хјундаи“ најголема продажба забележа „Елантра“, чии испораки само на пазарот во САД се зголемени за 41 отсто. „Киа“ пак најголема продажба регистрирала кај моделите „Оптима“ и „Рио“. Вкупните испораки на „Киа“ во САД се зголемени за 36,3 проценти, во Кина за 29,9, на европските пазари за 12,2, а во останатите региони за 18,4 проценти. Аналитичарите проценуваат дека за успешното работење на двете компании придонела и релативно слабата вредност на јужнокорејската национална валута, со што производите на „Хјундаи“ и „Киа“ беа поевтини за купувачите во странство. Но, ваквиот раст на профитот на двете автомобилски индустрии е помал од предвидувањата на аналитичарите, што резултиташе со пад на вредноста на акциите на „Хјундаи“ и „Киа“ на берзата во Сеул од 3,7, односно 2,9 проценти. Успехот на „Епл“ работниците во Кина го плаќаат со своите животи НЕХУМАНО УСЛОВИ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА Американскиот весник „Њујорк тајмс“ на неколку страници ги разработи проблемите со работните услови во фабриките на „Епл“ во Кина, истакнувајќи дека цената на „АјФон“ и „АјПад“ често е платена со животот на кинеските работници кои работат и живеат во нехумани услови.

Во изминатата деценија „Епл“ прерасна во една од најголемите, најбогатите и најуспешните компании во светот. Дел од заслугата за тоа отпаѓа и на глобалните

четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

производствени процеси. „Епл“, како и десетици други американски компании, постигнаа завидно ниво на иновативност. Сепак, работните услови во фабриките во кои се произведуваат „АјФон“ и „АјПад“ се страшни. Толку страшни, што во тоа се согласуваат и самите вработени, активистите за човекови права и документите кои ги објавува самата компанија. Чест проблем се небезбедните работни услови поради кои доаѓа до експлозии, а поради незадоволството многу често доаѓа и до самоубиство на работниците. Лошите работни услови се регистрирани и во фабриките на „Дел“, „Хјулид Пакард“, „Aj-Би-Eм“, „Леново“, „Моторола“, „Нокиа“, „Сони“, „Тошиба“ и многу други. Вработените често работат и по седум дена во неделата, а живеат во простории во рамки на фабриката. Некои од вработените работат стоејќи на нозе се додека не им отечат и не изгубат рамнотежа. Многу често во фабриките работат и деца. Голем проблем претставува и несоодветното управување со опасниот отпад, како и фалсификувањето на документи за тоа. За мизерните услови сведочи и случајот од пред две години, кога 137 вработени беа отруени со хемикалија за чистење на екрани на „АјФон“. Само четири месеци подоцна во експлозија во фабрика во Ченгду загинаа четири работници, додека 77 беа повредени. Непосредно пред експлозијата „Епл“ беше предупреден на екстремно опасните услови за работа во оваа фабрика. Секојдневно работнциите во фабриките ги потсетуваат и натписите како „Дај се од себе денеска на работа“ или „Дај се од себе утре додека најдеш нова работа“. „Сони“ стана единствен сопственик на „Сони-Ериксон“ ЗАВРШНИЦА НА БАНКРОТОТ Јапонската компанија „Сони“ стана единствен сопственик на досегашната заедничка компанија со шведската „Ериксон“ - „Сони-Ериксон“. Европската комисија, како извршен орган на Европската унија, и одобри на „Сони“ да купи удел од „Ериксон“ за 1,05


четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

БИЗНИС ИНФО

29

КОРПОРАЦИИ милијарди евра. Производителот, како што е предвидени, ќе се вика „Сони“. Јапонскиот гигант планира да купи и пет вида патенти од стратешко значење. Компанијата „Интел“ во истовремено ја зголемува својата палета на патенти во светот на видеата, купувајќи 190 патенти од „РилНетворкс“ (RealNEtworks) за 120 милииони долари. „РилНетворкс“ сепак ќе го задржи корисничкото право на патенти. Грчки ОТЕ го продаде својот пакет акции во „Телком Србија“ ДОМИНАНТЕН СОПСТВЕНИК СТАНА ДРЖАВАТА „Грчката телекомуникациска организација“ (ОТЕ) и „Телеком Србија“ потпишаа договор за пренос на сопственоста над 20 отсто од акциите во овој телеком од грчката компанија на српската, за сума од 380 милиони евра Со овој пренос, 80 отсто од акциите на српскиот телеком стануваат сопственост на државата Србија, а останатите 20 отсто на

самата компанија „Телеком Србија“. „Телеком Србија“ подигна кредит во износ од 470 милиони евра, од кои поголемиот дел се наменети за откуп на 20 отото од неговите акции од ОТЕ, а останатата сума ќе биде искористена за рефинансирање на постојните задолжувања на компанијата. Договорот за продажба на акциите на ОТЕ во „Телеком Србија“ беше постигнат на почетокот на декември 2011 година во Атина, по што кон средината на истиот месец тој беше одобрен и од Управниот одбор и Собранието на акационери на српскиот телеком. Во 1997 година Србија им продаде 49 отсто од акциите на „Телеком Србија“ на „Телеком Италија“ и на ОТЕ за сума од 1,56 милијарди германски марки. По таа купопродажба Србија поседуваше 51 отсто од акциите во телекомот, „Телеком Италија“ 29, а ОТЕ 20 проценти. Во 2003 година државата Србија го откупи пакетот акции на „Телеком Италија“ за 195 милиони евра, со што стана сопственик на 80 проценти од компанијата.

Минатото лето Србија објави тенедер за продажба на 20 отсто од акциите на ОТЕ и на 31 проценти од своите хартии од вредност за минимална сума од 1,4 милијарди евра, но тендерот пропадна бидејќи единствената компанија што се јави на него, „Телеком Австрија“, на сакаше да даде повеќе од 950 милиони евра за стекнување на мнозинскиот пакет акции. „Нокиа“ продала 1,5 милијарди телефони од серијата 40 И ПОКРАЈ СЕ ЛАНИ СО ЗАГУБА Компанијата „Нокиа“ објави неодамна дека го продала 1,5 милијардиoт мобилен телефон од серијата 40. Телефонот е продаден во Сао Паоло во Бразил, а станува збор за моделот „Nokia asha 303“, со екран на допир и кверти тастатура кој е дизајниран за едноставно пребарување по Интернет и поврзување со социјалните мрежи. Телефонот поседува преинсталирани и забавни апликации, како што се игрите „лути птици“. Првиот телефон од серијата 40 беше „nokia 7110“ претставена во 1999 година. Оттогаш тоа семејство на мобилни телефони е толку унапредено, што се приближи до смарт телефоните, благодарение превенствено на иновациите кои „asha“ серијата телефони ги внесе во портфолиото. Телефоните од серијата 40 денеска ги бришат разликите меѓу мобилните и смарт телефоните со најнови иновации кои ги вклучуваат „Нокиа мапс“, „Нокиа пребарувач“, и „Веб апсс“ (Web Apps), „Нокиа мани“ (Nokia Money) или „Нокиа лајф тулс“ (Nokia Life Tools) алатки. Но, Финската компанија „Нокија“,

која се бори да ја задржи позицијата на најголем светски производител на мобилни телефони соопшти дека во последниот квартл од минатата година, како и целата 2011 година забележала големи загуби поради

намалените приходи од продажбата. Компанијата во 2011 година забележала нето загуба од 1,2 милијарди евра во однос на нето профитот од 1,8 милијарди од прретходната година. Во четвртиот квартл евидентирана е нето загуба од 1,07 милијарди евра, додека во истиот период во 2010 година остварен е профит од 745 милиони евра. Нето приходите во последните три месеци од минатата година намалени се за 21 отсто на годишно ниво на десет милијарди евра, додека приходите за цела година паднале за девет отсто на 38,66 милијарди евра. Изврштниот директор на „Нокија“ Стивен Елоп и покрај загубите истакна дека резултатите од четвртиот квартл претставуваат „значителен чекор во трансформацијата на компанијата“. Елоп во февруари минатата година најави згаснување на платформата „симбијан“ и соопшти дека „Нокија“ во иднина ќе соработува со „Мајкрософт“. Тој наведе дека е задоволен од лансирањето на првите телефони на „Нокија“ со „Мајкрософт“ платформа, моделите „лумија 800“ и „лумија 710“ во четвртиот квартл. „Нокија“ соопшти дека продала „над еден милион“ нови телефони од моделот „лумија“ од нивното лансирање во октомври. ДЕКРА „АУДИ А4“ НАЈДОБРО ПОЛОВНО ВОЗИЛО Моделот „Ауди А4“ се најде на првото место на вкупната ранг листа во извештајот за половни возила “ДЕКТРА Јузед Кар 2011“, како автомобил со најмалку дефекти. Ова е четврта година по ред во која модел на „Ауди“ се наоѓа на првото место на листата на најдобри половни возила. Експертите на ДЕКРА секоја година изработуваат ранглиста на најдобри половни возила во три категории, при што како главен критериум се зема бројот на дефекти на автомобилите. ДЕКРА е германска организација која се занимава со инсепкции, експертски анализи, индустриски и производни тестирања, консалтинг, оценка на квалитетот и заштитата на животната средина во автомобилската индустрија. Таа има претставништва во околу 50 земји и 25.000 вработени. Во 2010 година „ДЕКРА“ оствари приход од 1,8 милијарди евра.


30

КОРПОРАЦИИ ]апонската компанија НЕЦ укинува 10.000 работни места НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ СО ДЕСЕТИНА ПОМАЛКУ РАБОТНИ МЕСТА Јапонската електронска компанија НЕЦ објави дека ќе укине околу 10.000 работни места, односно околу десет отсто од нејзината вкупна работна сила, за да ги намали трошоците по објавените загуби од 87 милијарди јени (855 милиони евра) во текот на последните три месеци од 2011 година. Компанијата НЕЦ, која вработува 115.840 лица во светот, соопшти и дека реорганизациските трошоци ќе изнесуваат 40 милијарди јени (393 милиони евра) во една деловна година која се завршува на 31 март.

Одлуката е образложена со се посилната конкуренција на пазарот на телекомуникациска инфраструктура во Јапонија, слабата побарувачка за „паметни“ телефони - „смарфони“ и проблемот да се поттикне развојот на работење на компанијата во странство. Деловни резултати на информатичките и интернет компаниите „ЈАХУ“ СО ПРОФИТ ОД 296 МИЛИОНИ ДОЛАРИ „Ериксон“ во третиот квартал од 2011 година забележа нето профит од 1,5 милијарди шведски круни (170 милиони евра), додека во последниот квартл забележа нето профит од 4,4 милијарди круни што претставува пад од 66 отсто. Прометот е зголемен за еден отсто на 63,7 милијарди круни. „Јаху“ во последното тримесечие забележа нето профит од 296 милиони долари односно 24 центи по акција, додека една година претходно изнесуваше 312 милиони долари. Нето прометот достигна 1,17 милијарди долари додека во истиот период претходната година - 1,205 милијарди долари. „СТМајкроилектроникс“ во исто време забележа најголем пад на индексот ЦАЦ40 поради лошата деловна перспектива, додека САД во 2012 година предвидува оперативен профит од 5,05 до

БИЗНИС ИНФО 5,25 милијарди евра, а тој профит во 2011 година изнесуваше 4,71 милијарди евра. „Моторола“ со добри трговски резултати ПРОДАДЕНИ МИЛИОН ТАБЛЕТ УРЕДИ „Моторола“ продаде милион „таблет“ уреди минатата година, меѓу кои 200 илјади во изминатото тримесечие. ХТЦ истовремено го потврди намалувањето на својата палета на „паметни“ телефони. Тајванскиот произведувач призна дека неговата палета смартфони е преголема и оти ќе ја намали својата понуда оваа година. Унгарскиот „Малев“ повторно без пари ВЛАДАТА ВЕТИ ПОМОШ Унгарската државна авиокомпанија „Малев“ се соочува со недостиг на финасиски средства, а една од причините е тоа што мора да ја врати државната помош во висина од неколку стотици милиони долари од претходните години. Унгарската Влада најави дека ќе и помогне на компанијата. Само неколку часа, откако Владата почна да подготвува реструктурализација на долгогодишниот загубар со цел да го спречи банкротот, раководството на фирмата објави дека од февруари го нема решено финансирање. Владата оваа компанија ја смета од стратешко значење и најави помош. „Малев“ во годишниот промет на аеродромот во Будимпешта учествува со 40 проценти. Извршниот директор Лорант Лимбургер на состанокот на раководството го информира Управниот одбор дека и покрај подобрувањето на деловните резултати, финансирањето на претпријатието кон крајот на овој месец станало неодржливо и не е решено за понатаму. Ситуацијата на „Малев“ значително се искомплицира по неодамнешното соопштение на Европската комисија дека компанијата мора да ја врати државната помош од неколку стотици милиони долари, која ја добила во периодот од 2007 до 2010 година. Сумата, која фирмата треба да ја врати е еднаква на прометот на „Малев“ за цела 2010 година.

Во продажба првиот африкански таблет апарат „ВЕЈ-СИ“ СЕ ПРОБИВА НА ПАЗАРОТ Африка го доби својот прв таблет апарат за натпреварување со „ајпед“ и со сличните западни изуми, кој од од почетоков на месецов се наоѓа во продажба

четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

во Република Конго, соопшти неговиот пронаоѓач Верон Манкоу, сопственик на компанијара ВМК. - Го организиравме тимот и логистиката за продажба на таблет апаратите. Денес секој може да купи еден, рече 26-годошниот Манкоу. Таблетот е наречен „Веј-Си“, што назничи „светлост на ѕвезда“ на дијалект на северно Конго. - Во технолошка смисла, овој таблет апарат е еднаков на сите оние кои се наоѓаат на пазарот, истакна Манкоу мислејќи на „ајпед“ на американската компанија „Епл“ и неговите конкуренти. Манкоу наведе дека „Веј Си“ е дизајниран во Конго, каде првпат е претставен во јавноста во септември 2011 година, а составен е во Кина „од едноставна причини бидејќи во Конго нема фабрика, како и поради висината на цената. „Веј Си“ се продава по цена од 150.000 конгоански франци (229 евра). Очекувања на турскиот холдинг „Чалик“ НАД МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ ОД ПРОДАЖБА НА ВЕСНИКОТ „САБАХ“ И ТЕЛЕВИЗИЈАТА АВТ На тендерот за продажбата на една од најголемите турски медиумски групи, што е сопствeник на весникот „Сабах“ и на телевизијата АТВ, се дадени три понуди, утринава соопшти весникот „Заман“. Цената на двата медиума може да надмине милијарда долари. Интерес да ја купат медиумската група покажале инвестициската група „Тексас пацифик“, компанијата на медиумскиот магнат Руперт Мердок „Њуз корпорејшн“ и американскиот медиумски гигант „Тајм Ворнер“. Турската медиумска група во моментов е сопственост на турскиот холдинг „Чалик“, конгломерат раководен од зетот на премиерот Реџеп Таип Ердоган. „Чалик“ и неговите советници од „Голдман Сакс“ првично побараа понудите во тендерот да пристигнат до 18 јануари, но на крајот го продолжија рокот до крајот на јануари. Извор, запознат со процесот на продажба, изјави дека холдингот „Чалик“ сака за двата медиума сума од над милијарда долари, а понудите „се движат во овие рамки“. Процесот на продажба на медиумската група може да заврши уште следниот месец, посочува уште изворот.


четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

БИЗНИС ИНФО

31

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ

Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија преземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија

Назив на Проектот

Техничка помош на програмата за одржлив транспорт

Референца

EBRDZ73216

Финансиска референца

Краен рок за 9.3. 2012 година апликација Сектори

Градежништво-инженеринг Енергетика Урбан развој

Procurement ref: 35671

Опис на Проектот

Реконструкција на системот за ладење на водата во централата Бочац

Вид на набавка

Услуги

Контакт

Финансиер

ЕБРД

Земја

Albania, Armenia, Azerbaijan, Belarus, Bosnia and Herzegovina, Bulgaria, Croa�a, Estonia, Georgia, Hungary, Kazakhstan, Kyrgyz Republic, Latvia, Lithuania, Macedonia, Moldova, Montenegro, Poland, Romania, Russian Federa�on, Serbia, Slovakia, Slovenia, Tajikistan, Turkey, Turkmenistan, Ukraine, Uzbekistan

Електростопанство на Република Српска За Милорад Живковиќ Трг Републике Српске 8/VIII, 78000 Бања Лука, БиХ, Република Српска. Phone: +387 51343910/ 920. Fax: +387 51343929. E-mails: mzivkovic@ers.ba, z.milic@henavrbasu. com.

Назив на Проектот

MK-Скопје: Медицинска опрема

Референца

ECZ73358-земји кандидати

Финансиска референца

2012/S 19-031208

Вид на набавка

Испорака

Финансиер

Европска комисија

Земја

Македонија

Објавено на

28.01.2012 година

Објавено на

25.01.2012 година

Краен рок за 13 .02. 2012 година апликација Сектори Опис на Проектот Контакт

Банката сака да селектира повеќе искусни консултанти за промоција на транспортните стратегии во рзлични транспортни сектори h�p://www.ebrd.com/pages/workingwithus/procurement/no�ces/csu/contact_ sheet.doc

Назив на Проектот

BA - Бања Лука: Хидроцентрала Бочац

Референца

EIBZ73267

Финансиска референца

2012/S 17-025787

Вид на набавка

Изведбени работи

Финансиер

ЕУ

Земја

Босна и Херцеговина

Објавено на

26.01.2012 година

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА www.mchamber.mk

Краен рок за 12 .03. 2012 година апликација Сектори

Здравство

Опис на Проектот

Отворена процедура за јавна набавка на медицинска опрема за Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза

Контакт Министерство за здравство 50 дивизија бр.6 1000 Скопје Република Македонија Telephone: +389 23112500 +389 23112500 E-mail: tangelco@yahoo.comч marjanvitanov@gmail.com elokvenec@gmail.com Fax: +389 23113014 www.moh.gov.mk

Контакт М-р Ацо Спасовски тел. 3244044 факс.3244088 aco@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

32

СВЕТСКИ ПЕЧAТ Должничката криза И ГОДИНАВА ПРОБЛЕМИ

СО

ЛАНСКИТЕ

Првиот состанок во новата година на министрите за финансии на Европската унија донесува стари проблеми. Министрите на неколку полиња ќе се борат против должничката криза. На состанокот на министрите за финансии на ЕУ во понеделникот и вторникот во Брисел (23 и 24 јануари) разговорите повторно се вртеа околу истите теми како и минатата година: должничката криза во Грција, фискалниот пакет за Европа, реформите, отежнатиот пристап до свежи пари кај банките, пад на бонитетот на членките на ЕУ и банките, како и обемот на Фондот за помош на презадолжените држави. Министрите се обидуваат да продолжат да дејствуваат истовремено на повеќе фронтови. Грчкиот пациент Во овој момент т.н. Тројка, која ја сочинуваат експерти од Европската комисија (ЕК), Европската централна банка (ЕЦБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), повторно проверуваат дали Грција може да ги исполни целите како и тоа дали може да преземе одговорност за нова транша на кредит. Веќе е повеќе од јасно дека дефицитот на земјата е премногу висок, а стопанскиот раст пак премногу низок. Германската канцеларка Ангела Меркел неодамна изјави дека Грција дури во 2020 година ќе може да застане на свои нозе и да доаѓа до пари на финансиските пазари. Ако Грција до средина на март не добие свежи пари од ЕУ и ММФ, државата може да биде платежно неспособна. Меѓутоа, преговорите меѓу меѓународното здружение на банки и грчката влада течат исклучително бавно и веќе одамна требаше да бидат завршени. Се уште се спорни каматните стапки на обрзниците и роковите за отплата. А второ, некои доверители воопшто немаат интерес доброволно да ги отпишат нејзините долгови. И поради тоа шпекулираат за банкрот на земјата. Отписот на долгот е всушност

втор дел од пакетот помош кој Грција треба да ја спаси од банкрот. Се додека не се регулираат правата на приватните доверители, земјите на еврозоната не сакаат да исплатат втора транша кредит. За исплатата на втората транша кредит одлучуваат експерти на Тројката кои од минатата недела престојуваат во Грција. Банките во криза Тесно поврзана со должничката криза во еврозоната е и состојбата во европските банки. До 1 јули банките треба да добијат околу 100 милијарди евра дополнителен капитал за да се обезбедат за евентуално нови неуспеси на поле на државните обврзници. На некои од нив потребна им е помош од државата. Многу банки не веруваат едни на други. - Кредитната криза веќе е тука, оцени шефот на Институтот на германското стопанство, Михаел Хитер за „Зидојче цајтунг“. Сојузната асоцијација на германските банки ги отфрла таквите проценки. За да се одржи ликвидноста на банкарскиот сектор, ЕЦБ уште пред Божик на банките позајми околу 400 милијарди евра и тоа речиси без камати. Сламка за спас во немирното, кризно, разбранувано море е де факто ЕЦБ. Таа масовно купува државни обврзници на презадолжените земји, а на банките кои се во криза на располагање им дава неограничена количества пари. Таквиот курс може да доведе до девалвација на валутата, критикува пред сите Германската банка. Другите европски земји, како што се Италија, Шпанија и Франција, бараат уште поактивна улога на ЕЦБ. Но, нејзиниот претседател Марио Драги се уште одбива на пазарите да им стави на располагање голема сума пари и едноставно да испечати ново количистево на евра. А тоа е рецепт кој го користеа Федералните резерви на САД (ФЕД) и Англиската банка. (Дојче веле – Берлин) Богатството и праведноста во предизборна Америка КЉУЧНО ЗНАЧЕЊЕ ВО РЕИЗБОРОТ НА БАРАК ОБАМА Националната дебата за богатството и праведноста може да биде од клучно значење за реизборот на американскиот претседател Барак Обама, па не зачудува тоа што идејата за поправедно општество во кое богатите треба да направат повеќе за

четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

средната класа, беше централна тема на неговиот говор за состојбата на нацијата. Една третина од 100 најбогати луѓе во светот живеат во САД, а 400 најбогати Американци заработуваат исто колку што вкупно заработуваат 50 отсто сиромашни граѓани. За ова не се зборуваше многу се додека демонстрантите кон крајот на минатата година не излегоа на улиците прво во Њујорк, а потоа и во финансиските центри во цела Америка, а најновиот „бран“ на дебати го предизвика фаворитот на изборите за републикански претседателски кандидат Мит Ромни.

Ромни рече дека ќе плати (само) 6,2 милиона данок на приход од 42,5 милиони долари во изминатите две години и предизвика бурна реакција во американската јавност. Според мислењето на аналитичарите, таа изјава директно придонесе за неочекуваната победа на неговиот ривал Њут Гингрич на прелиминарните избори во Јужна Каролина. Фактот дека еден од најбогатите луѓе во Америка ќе плати сразмерно помал данок на своите приходи, за разлика од неговите сограѓани кои се во голем број, вклучувајќи го и претседателот Обама, повторно во центар на американската предизборна кампања го стави прашањето за продлабочувањето на јазот меѓу малиот број привилегирани и средната класа, т.е. праведноста на американскиот финансиски и даночен систем. Ромни ќе плаќа данок по стапка од 13,9 отсто за 2010 година, а за 15,4 отсто за 2011 година, соопшти неговиот изборен штаб. Гингрич кој и самиот е богаташ, непосредно пред изборите во Јужна Каролина соопшти дека лани платил данок од околу 2 милиона долари, т.е. по стапка од 31 отсто. Ромни истакнува дека се што направил било според законот и порачува дека на никого не му треба претседател кој плаќа поголеми даноци од што е должен: „Ќе плаќам


четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

даноци кои според законот треба да ги плаќам и ни долар повеќе. Мислам дека не ви треба кандидат за претседател кој плаќа поголем данок од што треба“. Причината зошто Ромни плаќа данок по пониска стапка на пример од претседателот Обама (26 проценти) или Њут Гингрич (повеќе од 30 проценти) е што на платите и инвестициите се применуваат различни даночни стапки – а даночната политика ги фаворизира инвеститорите. Обама и неговата сопруга Мишел во 2010 година платиле 450.000 долари данок на приход од 1,7 милиони, по стапка од 26 отсто. Меѓутоа, Ромни живее од приходи кои главно потекнуваат од инвестиции за кои важи даночна стапка од 15 отсто. За разлика од тоа, данокот на платата изнесува до 35 отсто, напоменува Би-Би-Си. Ова укажува на поширок проблем, кој ќе биде од централно значење на изборите во ноември. Се работи за прашањето кое прв го покрена милијардерот и инвеститор Ворен Бафет, оценувајќи дека даночните стапки не се фер и дека треба да се сменат, бидејќи тој процентуално плаќа помал данок на своите приходи од неговата секретарка.

Америка е еднаква за сите, порача во говорот пред Конгресот американскиот претседател, а една од гостите во ложата на првата дама Мишел Обама, беше токму Деби Босанек, секретарката на Бафет која од изјавата на познатиот милијардер стана еден вид симбол на нееднаквост во САД. „Не смееме да заборавиме дека милиони Американци кои вредно и чесно работат заслужуваат влада и финансиски систем кој функционира на ист начин. Време е да почнеме да применуваме исти правила за сите: нема пакети за помош, нема донации, нема изговори. Америка која е изградена да трае, мора да инсистира на тоа сите кои живеат во неа да се однесуваат одговорно“, истакна

БИЗНИС ИНФО Обама, пренесува „Глас на Америка“. Тој проблем не постои само во Америка. Според ОЕЦД, разликите во приходите на граѓаните во повеќето развиени земји се продлабочуваат. Развиените земји во текот на изминатите 30 години станаа побогати, но тоа подеднакво не го почувствуваа сите граѓани. Движењето „Да го Окупираме Вол Стрит“ тврди дека настапува во име на 99 отсто Американци наспроти 1 процент тие кои го контролираат поголемиот дел од богатството на земјата. Нееднаквоста е се поголема и е предмет на анализа. Службата за буџет на Конгресот на САД во октомври предизвика вистинска лавина од реакции објаснувајќи колку од 1970-тите пораснале приходите на најбогатите домаќинства, кои се 1 отсто од населението, за разлика од другите слоеви. Според анализата на Службата за буџет, вкупните приходи на американските домаќинства за 28 години пораснале за 62 отсто, земајќи ги предвид даноците и инфлацијата, но најголемиот дел од тоа зголемување отишло во џебовите на најбогатите. Приходите на најниско платените Американци во тој период пораснале за само 18 отсто, а приходите на домаќинствата со просечна заработка пораснале за само 37 отсто, значи далеку помалку од вкупното зголемување. Дури и повеќето најбогати домаќинства имале зголемување на приходите од само 67 отсто, едвај нешто повеќе од вкупниот просек. За разлика од тоа, приходите на 1 отсто најбогати американски домаќинства во тој период се зголемиле четири пати и пораснале за вртоглави 275 отсто. Актуелниот републикански фаворит Мит Ромни очигледно е припадник на таа последна група. Но, тој и неговиот ривал Њут Гингрич ако дојдат на власт зад себе би имале многу поголемо лично богатство од претходните американски претседатели. Приходите на Ромни во 2010 година изнесувале 21.600.000 долари. Гингрич во тој период заработил 3.142.066 долари. Според анализата која ја изготвила Би-Би-Си, приходите на поранешните американски претседатели во текот на нивните мандати биле значително помали. Ако не се смета претседателската плата,

33

СВЕТСКИ ПЕЧAТ а тогашните пари ако се прилагодат на денешната вредност на доларот, Роналд Реган имал годишен приход од 538.556 долари, Џорџ Буш сениор 924.810 долари, Бил Клинтон 420.366, а Џорџ Буш јуниор 580.350 долари.

Гугл планира да спои податоци од корисниците во нивните производи ПОДОБАР ПРИСТАП ЗА ОГЛАСУВАЧИТЕ НА РЕКЛАМИ

Гугл им најави на стотици милиони свои корисници на нивните производи, дека го менува начинот на третман на корисничките податоци, комбинирајќи ги со повеќето други информации кои ги има за нив преку сите свои производи, од Џимеил до Јутјуб. Интернет џинот за пребарување од вторникот го објави ова на својата домашна страна и почна да праќа мејлови до корисниците. Гугл вели дека промените ќе им обезбедат на корисниците подобро, попостојано искуство со производите на Гугл, и ќе им помогне на огласувачите на реклами подобар достап до корисниците кои се заинтересирани за нивните производи и услуги. Промената во политиката за приватност на Гугл, одговара на барањата од регулаторните тела низ целиот свет корисницие да

имаат поедноставен, пооконцизен начин Гугл да работи со нивните информации. Токму сега кориснците треба да се запознаат на веб страните за комплексниот систем на политиката за приватност и услови на услугите за различни производи на Гугл .


34

СВЕТСКИ ПЕЧAТ Од Гугл велат дека ги комбинираат информациите кои ги собираат за нивните кориснците, кои со години ги користат производите на Гугл, за да ги скрои резултатите од претрагите и рекламите во нивен интерес. Сега тоа може да го прави пошироко од било кога. На пример, ако барате нешто за скејтборд трикови на Гугл, и потоа се префрлите на Јутјуб, страната за видео шеринг ќе ви ги препорача понудите на скејтборд професионалецот Тони Хок. Од Гугл ветуваат дека корисниците се уште ќе можат да ги контролираат нивните информации преку контролната табла за приватноста и преку менаџерот за преферирање на рекламите.

Од Гугл велат дека им помагаат на корисниците. Но јасно е дека си помагаат и самите на себе, вели Дени Саливен, уредник на SearchEngineLand. com. „Ова може да предизвика повеќе критичари да се жалат дека не може да се избега од стапиците на Гугл“, вели Саливен. Но исто така може да фрли и повеќе масло врз веќе загреаната контроверзност околу неодамна пуштената алатка Google search plus Your World, која ги комбинира информациите од Гугл + и резултатите од пребарувањата. Под раководство на главниот менаџер Лери Пејџ, Гугл поагресивно тргна да ја искористи својата позиција како водечка интернет компанија, за да ја промовира својата социјална мрежа Гугл +. Ова иззгледа ќе го успори забревтаниот раст на Фејсбук, и истовремено да се користат лични податоци од Гугл + и од другите Гугл производи, за да се подобрат пребарувањата, мапите и рекламите. Ова е битка на веб суперсилите. Фејсбук, која е на прагот на добивање на јавна понуда која може да порасне и до 10 милијарди долари, и вредноста на компанијата од калифорнискиот Менло парк да се искачи до 100 милијарди долари, стреми да поседува сечиј онлајн идентитет, и досега покрај собраната огромна количина на информации за своите корисници,

БИЗНИС ИНФО има и длабок увид во нивните врски и итереси. За да се спротивстави на растечкото влијаие на Фејсбук, Гугл ги става своите масивни ресурси во реаранжирање на својот пристап кон мрежата, и истата да ја направи посоцијална. Како и другите големи интернет играчи, и Гугл оди по тенката линија помеѓу почитувањето на приватноста на корисниците и собирање што е можно повеќе инфорации за нив. Гугл направи грешки кои се однесуваат на прватноста. Минатата година доби прекор од Федералната комисија за трговија на САД во однос на 20 годишното непочитување на приватноста. Исто така доби тешки обвинувања и од регулаторите во Европа. Гугл неодамна започна кампања за приватноста, за да ги образува корисниците како да ги користат нивните информмации и како да се заштитат на мрежата. Адвокатот за приватност Рајан Кало, на кого му беше дозволено бегло да погледне во новата политика за приватност на Гугл, вели дека корисниците нема големи изгледи дека ќе го прочитаат ова. Политиките за приватност се обврзни според закон, но само малкумина обрнувааат внимание на нив, па дури и ако се како овие последните на Гугл: кратки, концизни и напишани на обичен англиски јазик, рече тој. „Звучи како досегашната пракса на Гугл дека нема да биде толку различна, туку повеќе изгледа дека Гугл самиот да си се води како да размислува и што да прави“, вели Кало, кој работи во Центарот за интернет и општество на правната школа на Стенфорд, која добива некакво финансирање од Гугл. Но тој е е скептичен дека Гугл не ризикува ако исклучи некои кориснции според она што тој го нарекува „чудовиштен“ фактор. На пример, Гугл вели дека еден ден можеби ќе може да ве посоветува на основа на вашата локација, на вашиот календар и на условите на локалниот соообраќај дека доцните на состанок. Според Гугл, „Корисниците на Гугл сепак ќе мораат да го поднесат потешкиот товар, и ние сакаме поефикасно да им помогне“. Дали Гугл навистина сака да го направи ова? Зависи, вели Кало. „Не е исто е ако одам на деловен состанок или во стриптиз бар“, рече тој. (Лос Анџелес тајмс)

четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

Гидо Вестервеле, министер надворешни работи на Германија СЕГА СМЕ НА ВИСТИНСКИОТ ПАТ

за

Сега сме на вистинскиот пат да се одлучиме да се фатиме во костец со главните причини за кризата, па повторно да ја придобиеме довербата на граѓаните и пазарот. Нашите заеднички напори европските финансии повторно да ги поставиме на цврста основа сега почнуваат да даваат резултати. Фискалната унија, за која сега интензивно се преговара, ќе постави обврзувачки правила за трајно јакнење на буџетската дисциплина. Структурните реформи кои ќе ги спроведе Грција и другите земји вредат за почит и нивното спроведување мора да биде ригорозно. Должничката криза се преобрази во најсериозна криза на довербата во историјата на Европската унија. Граѓаните и инвеститорите се прашуваат: дали Европа прави доволно да го спречи понатамошното продлабочување на кризата? Дали ќе успееме ЕУ доволно брзо да ја трансформираме во Унија на стабилност? Дали ние, посебно ние Германците, премногу бараме од партнерите на кои им поставуваме строги услови за постигнување на поголема буџетска дисциплина? Дали со тоа навистина го занемаруваме растот и конкурентноста во Европа? Една работа е јасна: Европа се најде во големи проблеми поради должничкиот менталитет кој тивко се појави во последната декада. За тоа време некои земји ја изгубија конкурентноста. Сите овие фактори истовремено не оптоваруваат, отежнувајќи ни го излезот од кризата. Сега сме на вистинскиот пат да се одлучиме да се фатиме во костец со главните причини за кризата, па повторно да ја придобиеме довербата на граѓаните и пазарот. Нашите заеднички напори европските финансии повторно да ги поставиме на цврста основа, сега почнуваат да даваат резултати. Фискалната унија, за која сега интензивно се преговара, ќе постави обврзувачки правила за трајно јакнење на буџетската дисциплина. Структурните реформи кои ќе ги спроведе Грција и другите земји вредат


четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

БИЗНИС ИНФО

35

СВЕТСКИ ПЕЧAТ за почит и нивното спроведување мора да биде ригорозно. Иако буџетската консолидација е од клучно значење, таа претставува само половина од работата. Сите напори да воспоставиме стабилност ќе ни бидат залудни, ако економиите на нашите земји не успеат да го вратат оддржливиот раст. Поради тоа од

клучно значење е стратегијата да не ја насочиме исклучиво на штедење туку и паметно да пружиме решенија и поттик за добар и одржлив раст. Од клучно значење е да ја зголемиме конкурентноста. На нејзиното јакнење мораме да се фокусираме пред да се поттикне брза економска експанзија која брзо ќе согори. Економските последици се јасни: без раст ризикуваме економијата да ни потоне во рецесија, ќе расте невработеноста, ќе се продлабочи должничката криза, а долгорочно гледано Европа сама себе ќе се маргинализира. Меѓутоа, постојат и политички прилози поради кои на нас во Европа ни треба поголем раст. Здрава економија која на секој граѓанин ќе нуди вистински можности, претставува основа за социјална кохезија додека на општеството му овозможува да ги прифати неопходните реформи. Покрај неопходната идна консолидација, наша задача оваа година е да покренеме амбициозен план за остварување на нашиот раст и конкурентност. Европа конечно мора да се ослободи од ланците со кои самата се окова и да ја искористи предноста од огромниот потенцијал, која може да се понуди во следните три подрачја: Внатрешниот пазар: во текот на 80-тите и 90-тите години од минатиот век, со ослободувањето на „четирите слободи“ се ослободи и голема сила. Сегашното ширење на внатрешниот пазар кон нови сфери повторно пружа нови можности. Тоа посебно се однесува на дигитализираната економија и трговијата со посредство на интернетот, енергетскиот сектор

во кој поголемата конкуренција ќе ги намали цените и ќе овозможи посигурно снабдување, како и на малите и средни претпријатија зајакнати од намалената бирократија и полесен пристап до ризичниот капитал. Европската комисија изнесе многу предлози за експанзија на внатрешниот пазар; сега треба да се преземат сите потребни напори за да ги оствариме истите. Општо гледано, треба да тестираме модел на раст со кој ќе препознаеме приоритетни проекти, како и да ја забрзаме процедурата на нивно усвојување во парламентите. Буџет за иднината: нашето мото во идните преговори за буџетот на ЕУ мора да биде „поголема конкурентност“. Мора да инвестираме таму каде најдобро ќе го промовираме одржливиот раст. Поради тоа треба критички да се преиспита структурната политика на ЕУ. Треба да се основа европски фонд за раст кој целно ќе користи неупотребени средства од Структуралните фондови, за да се даде поттик на растот во проблематичните земји. Од витално значење е буџетските приоритети да ни бидат образованието, истражувањата и иновациите. Слободна трговија: во текот на 2015 година 90 отсто од глобалниот раст ќе биде генериран надвор од Европа, најмногу во Азија, како и Северна и Јужна Америка. Ние Европјаните, мора да се трудиме повеќе од било кога, за да го зголемиме своето учество во растот. Слободната трговија ќе добива на значење. Поради тоа ЕУ мора да направи се што е во нејзина моќ, за да склучува што повеќе договори за слободна трговија, како со старите така и со новите центри на моќ. Тоа се однесува на САД, но и преговори со Јапонија. Што поскоро мора да се завршат и преговорите со Индија, земјите од Заливот, како и со Бразил. Меѓутоа, земјите членки мора и сами да создадат услови за раст – преку амбициозни реформи на пазарот на трудот, старомодните пензиски системи и инфраструктурата. Тоа не се однесува само на земјите кои посебно тешко се погодени од должничката криза. Реформите се ефектни, но и помалку болни ако се спроведуваат порано, а не во тек на криза. Никој тоа подобро не го знае од тие кои во моментот се носат со товарот на далекусежни реформи кои сред кризата се покажаа како неопходни. Тоа значи и дека сите ние

мораме да ги завршиме своите домашни задачи. Наспроти сегашните поволни економски прилики, дури ни Германија не може да ја избегне програмата за реформите кои се во тек, а кои се насочени на јакнење на растот и конкурентноста. Истовремено, ние Германците заедно со другите партнери чии економии се во добра состојба, треба да направиме се што можеме за да помогнеме на соседите во неволја. Во расправите кои се водат овие денови повремено може да се слушне тврдење дека консолидацијата

не е компатибилна со растот. Јас тие ставови ги отфрлувам. Овие две работи можат да се комбинираат, што Германија и многу нејзини северни и источни соседи впечатливо го покажаа. Ако до крајот на годината успееме да определиме правилен курс, ќе најдеме одржлив пат за излез од кризата. Со тоа ќе поставиме камен темелник за Европа која ќе биде политички обединета и која соочена со глобалните предизвици, ќе зборува во еден глас. (Побједа – Подгорица)


36

БИЗНИС ИНФО

четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 4.02.2012, 11.02.2012 и 18.02.2012 година во Бизнис-салата во Конгресниот центар на Скопски саем ОБУКА ЗА РАЗВОЈ НА ИНОВАЦИИ И БИЗНИС-ИДЕИ Со цел да се подигне подготвеноста на учесниците во Балканскиот инвестициски форум, што ќе се организира на 18 и 19.4.2012 година во Скопје, Балкан анлимитед, фондација за развој на иноваторството и претприемништвото, организира Обука за развој на иновации и бизнис-идеи, што ќе се одржи на 4.02.2012, 11.02.2012 и 18.02.2012 година во Бизнис-салата во Конгресниот центар на Скопски саем. Стопанската комора на Македонија ја поддржува иницијативата за соработка и обучување на македонски компании за подготвеност за инвестиции, преку промоција на Балканскиот инвестициски форум и поддршка во процесот на идентификација на соодветни компании. Oбуката за македонските компании е предвидена со цел да им се приближат концептите на македонските компании во делот на иновација, развој на производ, интернационална

комерцијализација, соработка со инвеститори, начин на комуникација. На обуката можат да учествуваат: претприемачи, иноватори, научни истражувачи, консултанти, студенти, специјалисти за развој на производи, професионалци за маркетинг, инвеститори и др. Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk

На 13 и 14 февруари 2012 година дводневен семинар „ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ, НИВНОТО „ПРАВИЛНО“ ТОЛКУВАЊЕ, ФИНАНСИСКО ПЛАНИРАЊЕ, МЕТОДИ ЗА ВРЕДНУВАЊЕ НА ИНВЕСТИЦИИ И ПРОЕКТИ, ВРЕДНУВАЊЕ НА СОПСТВЕНИОТ КАПИТАЛ И КОМПАНИЈАТА“ (Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат) Како работи мојата компанија? Како да го испланирам работењето за наредната година? Што ми покажуваат извештаите? Дали да инвестирам? Колку ме чини кредитот? Дали проектот ми е исплатлив или не? Подгответе се самите да го дадете одговорот на овие и уште неколку клучни прашања за успех на бизнисот.

Обуката е наменета за луѓе од бизнисот кои за првпат се соочуваат со позицијата финансиски менаџер, сопственици на мали бизниси пред кои стојат предизвиците за управување, професионалци кои имаат мало и недоволно познавање на оваа област. Главната и единствена цел е учесниците во текот на двете сесии да се стекнат со потребните теоретски знаења за оваа проблематика, а преку постојана анализа и решавање на примери од практиката со многу позначајните, практични вештини. Фокусот на обуката е поставен на финансиските извештаи, нивното „правилно“ читање, финансиското планирање, методите за вреднување на инвестиции и проекти, вреднување на сопствениот капитал и компанијата. Области без кои не може да се замисли работата на една компанија. Предавачи: проф. д-р Панче Јовановски, редовен професор на Европскиот универзитет - Скопје, м-р Васко Богдановски, асистент на Европскиот универзитет и Славко Гавриловски, асистент на Европскиот универзитет во Скопје. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 6 февруари 2011 година. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk Контакт: Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: lence@mchamber.mk

На 15 февруари 2012 година во Охрид еднодневен семинар “УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКИ ПОСТАПКИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И Е-АУКЦИИ” Семинарот е за стекнување знаење за успешно учество на постапките за доделување на договори кои се водат по електронски пат (пребарување на огласи, преземање тендерска документација, поднесување понуди, дигитално потпишување) и учество на електронски аукции. Обуката ќе се одржи од 11:00 до 16:00 часот, во просториите на Секторот за туризам и локален економски развој во Охрид. Поттикнати од фактот што на голем број компании-понудувачи не им се познати најновите текови во врска

со спроведувањето на јавните набавки по електронски пат и задолжителното користењето на електронските аукции – 100% во 2012 година, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар кој ќе придонесе за запознавање и оспособување на учесниците за користење на Електронскиот систем за јавни набавки и учество на е-аукции. Предавачи: Марија Јованоска и Горан Давидовски, вработени во Бирото за јавни набавки. Програма на семинарот: � Статус на е-набавките во Република Македонија; � Креирање на кориснички


четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

профили и претставување на функционалностите на профилот на економскиот оператор; � Пребарување на објавени тендери и договори; � Електронски систем за јавни набавки и е-аукции; � Дигитално потпишување на понудите; � Поднесување на понудите преку системот; � Учество на е-аукции каде критериум за доделување на договорот е најниска цена и економски најповолна понуда. Семинарот е наменет за сите деловни субјекти (економски оператори), кои учествуваат во постапките за јавни набавки, а особено за лицата кои електронски ги поднесуваат понудите и учествуваат на е-аукции и менаџментот кој одлучува за содржината на понудите. На семинарот ќе бидат разработени теми поврзани со електронските јавни набавки, како што се: � како да креирате кориснички профил; � основни функционалности на вашиот кориснички профил на системот; � како да комуницирате со договорниот орган преку ЕСЈН; � како најбрзо да добиете информација за новообјавените тендери; � како да учествувате во постапка која се спроведува по електронски пат; � што е електронска аукција и како да учествувате на неа? Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 14 февруари 2012 година. Учесниците на семинарот треба да донесат свој лаптоп, затоа што обуката ќе биде интерактивна со практични вежби и примери на тестниот електронски систем за јавни набавки. Групата ќе биде ограничена на 20 учесници. Сите учесници ќе добијат соодветен работен материјал и на крајот од обуката ќе се стекнат со сертификат како потврда за учество на истата. Контакт: Борис Тримчев Call Центар : (02) 15015 E-адреса: boris@mchamber.mk Од 16 до 19 февруари 2012 година во Република Грција МЕЃУНАРОДЕН САЕМ “HELEXPO SA 2012” ВО СОЛУН * За македонските компании е обезбедено бесплатен автобуски превоз, бесплатни влезници и бесплатен каталог на учесниците на Саемот

На 16 февруари 2012 година Стопанската комора на Македонија организира посета на Меѓународниот саем „Helexpo SA 2012”, (EnergyTech 2012, MarminStone 2012, Infacoma 2012), што ќе се одржи во Солун, Република Грција, од 16-19 февруари 2012 година.

За македонските компании е обезбедено бесплатен автобуски превоз, бесплатни влезници и бесплатен каталог на учесниците на Саемот. Во организација на грчкиот саемски промотор „Helexpo SA“,од 1619 февруари 2012 година ќе се одржат саемите: 1. Infacoma 2012 - 29. Меѓународен саем за градежништво, изолација, врати и прозорци, санитарна опрема и технологија; 2. EnergyTech 2012 - 4. Меѓународен саем за обновливи и конвенционални извори на енергија, заштеда на енергија, технологија и животна средина и 3. MarminStone 2012 - 36. Меѓународен саем за мермер, камен, минерали, конструкции, машини и опрема. „Helexpo SA“ (www.helexpo.gr), е водечкa организација за саеми во Грција која нуди квалитетни и иновативни услуги за бизнис-секторот. Секоја година „Helexpo SA“ организира ваков тип на саеми, со цел да создаде соодветна клима за развој и унапредување на бизнисот меѓу компаниите, да се остварат контакти и продажба на производи и услуги на локално, национално и на меѓународно ниво. На сите три меѓународни саеми на „Helexpo SA 2012“ се очекува да се претстават излагачи од Грција, но и од земјите од регионот од градежната индустрија, неметалната индустрија (мермер), металната и електроиндустријата и од енергетскиот сектор (мали хидроцентрали, ветерници, биоенергија). Стопанската комора на Македонија за македонските компании обезбедува бесплатен автобуски превоз Скопје – Солун - Саем и обратно, бесплатни влезници за Саемот и бесплатен каталог.

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk

Oд 18 до 25 февруари Меѓународен саем за јахти, системи и опрема за наутика во Република Турција “TUYAP ISTANBUL BOAT SHOW“ ВО ИСТАНБУЛ Организирана посета на Саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување. Во периодот од 18 до 25 февруари 2012 година, во Истанбул, Република Турција ќе се одржи 12. Меѓународен саем за јахти, системи и опрема за наутика “TUYAP ISTANBUL BOAT SHOW”. Станува збор за еден од најголемите меѓународни саеми од оваа област, на којшто свое учество ќе земат реномирани компании од поголем број земји.

На овогодинешното издание ќе бидат претставени најновите модели и иновации на: едрилици, јахти, моторни чамци, чамци на надувување, спортски чамци, сидра, синџири за сидра, пумпи, кранови, гасна турбина, дискови, алтернативни горива, пловни дискови, парни машини, резервни делови, системи за горива, како и друга опрема. Во делот на пропратните сектори ќе има излагачи од: мебел (ентериер), градежни материјали, опрема за навигација, расвета, заштитна опрема, електроника и електрични уреди и друго. Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „АДОНИС ГРУП“ организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 18-20 февруари 2012


38

БИЗНИС ИНФО

четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ година.

Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, влезници за саемот, трансфер од хотел до саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци (со сопствен превоз 45 евра административни трошоци), како и организационите трошоци кон Комората. Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 10 февруари 2012 година. Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk

Од 21 до 23 февруари 2012 година, во Тел Авив, Израел, МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ВИНО „ISRAEXPOWINE 2012“ Во периодот од 21 до 23 февруари 2012 година во Тел Авив, Израел, ќе се одржи 4. Меѓународниот саем за вино „ISRAEXPOWINE 2012“. „ISRAWINEXPO 2012“ како меѓународна професионална изложба, претставува место за средба на сите чинители во винската индустрија: производители, увозници, дистрибутери, специјализирани медиуми, претставници на ХОРЕКА-секторот, инвеститори и други.

На оваа специјализирана саемска манифестација ќе се претстават домашни и странски производители на различни видови на вино, со посебен акцент на израелската индустрија за вино, со дополнителна програма од прехранбената индустрија. Саемската манифестација ќе има продажен карактер, со присуство на професионална публика и посетители. На минатогодишното издание на овој саем, учествуваа над 300 домашни и странски излагачи, со повеќе од 20.000 посетители. Трошокот за регистрација за секој излагач изнесува 450 САД долари и 320 САД долари за дополнителен квадратен метар. Стопанската комора на Македонија организира посета и учество на македонски винарници и заинтересирани компании на оваа реномирана саемска манифестација. Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk

На 23 февруари 2012 година, во Грција ЦРНОМОРСКИ БИЗНИС-ФОРУМ ВО СОЛУН Стопанската комора на Македонија, во соработка со Канцеларијата за врски за Република Грција во Македонија, ве покануваат на Црноморскиот бизнис-форум на тема: “Зголемување на трговскиот обем и на инвестициите за постигнување на поголем раст”, што ќе се одржи на 23 февруари 2012 година (четврток), во хотелот „Холидеј Ин“ во Солун, Грција. Организатори на Црноморскиот бизнис-форум се Грчката федерација на претприемништво (СЕВ), Федерацијата на индустрии од Северна Грција (ФИНГ), грчката Меѓународна бизнис-организација (СЕВЕ) во соработка со УНДП-програмата за трговија на земјите од Црноморскиот регион и Програмата за промоција на инвестициите (УНДП/BSTIP), со поддршка на Сојузот на Црното Море и Касписката конфедерација на претприемништво (UBCCE). Целта на Форумот е да се обезбеди практична платформа за

претпријатијата од регионот за да се вклучат во билатералните разговори и деловни состаноци (Б2Б) за евентуална нова меѓусебна соработка, партнерство и договори. Учесници на Црноморскиот бизнис-форум ќе бидат: а) грчки компании кои произведуваат: храна и пијалаци, пакување, пластика, стакло, хемикалии, козметика, лекови, хигиенски производи и градежни материјали; б) компании од Албанија, Македонија, Бугарија, Романија, Србија, Русија, Украина, Азербејџан, Грузија и Ерменија, кои се увозници на големо, дистрибутери на горенаведените производи. Се очекува присуство на повеќе до 100 грчки компании и над 50-тина странски компании. За секоја компанија организаторите ќе подготват специфичен план на договорени состаноци (Б2Б), врз основа на профилот, интересот и барањата на компанијата. Работните сесии на Форумот ќе дадат можност за нови услуги и механизми со цел да се олеснат интернационализацијата, можноста за финансирање, да се воведат нови трендови и перспективи на пазарите. За успешна реализација на форумот, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес за соработка со грчките компании, преку пополнување на Пријавниот лист, што може да се превземе од веб порталот на Комората: www.mchamber.mk Ве молиме, Вашиот интерес да го најавите во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 13.02.2012 година. Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk


четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

БИЗНИС ИНФО

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 24 февруари 2012 година во Белград, Србија МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС-СРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ 2012 Европскиот информативен и иновативен центар и Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија организираат учество на меѓународните бизнис-средби од областа на туризмот, што ќе се одржат во рамките ма МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ ЗА ТУРИЗАМ 2012, во Белград, Србија, на 24.02.2012 година од 10:00 до 18:00 часот.

Цел на овие средби е поврзување и воспоставување деловна соработка меѓу компаниите од областа на туризмот. Ова е единствена прилика потполно бесплатно да воспоставите контакти и деловни врски со странски тур-оператори, туристички агенции, туристички организации, хотели, ресторани, хостели, ски-центри, бањи и слични субјекти. Деловните средби Ви нудат можност да остварите директни контакти со потенцијалните партнери, да ги сознаете новостите и трендовите во туризмот, да ја промовирате својата дејност и да размените искувства. На деловните средби во 2011 година учествуваа 115 компании од областа на туризмот од 9 земји. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk Од 1 до 3 март 2012 година, во Истанбул, Турција МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ПРОЗОРЦИ, ВРАТИ И СТАКЛО *Организирана посета на саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување. Во периодот од 1до 4 март 2011 година, во Истанбул, Република Турција се организираат три меѓународни саемски манифестации: - ISTANBUL WINDOW 2011 – 13.

Меѓународен саем за прозорци, профили, технологија за производство и машини, опрема, суровини и помошни средства; - ISTANBUL DOOR EXPO 2011 – 4. Меѓународен саем за врати, блендирани врати, панел, системи и помошни средства за врати и - ISTANBUL GLASS EXPO 2011 Саем за производи од стакло, технологија и машини за стакло, помошни производи и хемикалии. Станува збор за меѓународни саемски манифестации на кои свое учество земаат реномирани компании од повеќе земји од светот. Во делот за прозорци ќе земат учество: компании за преработка на ПВЦ профили, алумински профили, дрвени профили, за дополнителни профили, механизми за прозорци, ПВЦ столарски механизми, механизми за алумински прозорци, рачки за прозорци, обработка на прозорци, машини и додатна опрема, суровини за прозорци, компјутерски програми поврзани со производство и останато. Во делот на стакло ќе бидат изложени: производство на секаков вид стакло и стакленици, машини за обработка, машини за сечење и машини за пакување на стакло, изолационен материјал за стакло, брусење на стакло, резервни делови, компјутерски програми поврзани за продажба на стакло, хемикалии за стакло и останато.

Во делот на врати ќе биде застапено: производство на секаков вид врати, додатоци за врати, рачки за врати, рамки, технологија на врати, електро системи за врати, врати за градини, системи и механизми за блендирана врата и друго. Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „АДОНИС ГРУП“ организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 1 - 3 март 2012 година. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, влезница за саемот, трансфер од хотелот до саемот. Сместувањето е во реномирани хотели со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административни трошоци за саемскиот организатор Адонис во износ од 125 евра

по лице, со автобус (доколку е со сопствен превоз, само 45 евра административни трошоци). Уплатените средства до „ Адонис“ и Стопанската комора на Македонија не се рефундираат, доколку учесниците одлучат да го откажат патувањето после истекот на рокот за пријавување. Посетата е ограничена на максимум 2 претставници од една компанија. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 15 февруари 2012 година. Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт : Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk

На 6 март 2012 година, Скопје МАКЕДОНСКО-АНГЛИСКИ БИЗНИС ФОРУМ “THE UK AND MACEDONIAN BUSINESS TO BUSINESS (B2B) EVENT” Британската Амбасада во Скопје во соработка со коморите, спроведуваат проект за вмрежување меѓу британски и македонски компании. Проектот се спроведува како продолжение на претходниот Проект “UK Chamber to MK Chamber event”, каде што се оствари институционална соработка помеѓу 9-те стопански комори од Велика Британија и македонските стопански комори. Учеството на настанот е бесплатно и целта на овој настан е да се унапредат бизнис-поврзувањата меѓу британски и македонски компании, кои ќе бидат идентификувани од страна на британските


БИЗНИС ИНФО

40

четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ и македонските стопански комори. За таа цел, Ве покануваме за учество во проектот на 6 март 2012 година, преку номинирање на претставници од вашите компании, кои сметате дека одговараат на профилот на пријавените британски компании, со што ќе се овозможи успешно вмрежување. Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk На 9 март 2012 година на „ГАСТ“ во Сплит, Хрватска МЕЃУНАРОДНИ СРЕДБИ ЗА ТУРИЗАМ Стопанската комора на Македонија, со поддршка на Enterprise Europe Network организира 5. Меѓународни бизнис-средби “Tourism@GAST 2012”, што ќе се одржат на 9.3.2012 година (петок), со почеток во 9:30 часот, во рамките на Меѓународниот саем „ГАСТ“, што ќе се одржи од 7 до 11 март 2012 година во Сплит, Република Хрватска. Мултилатералните бизниссредби „Tourism@GAST 2012“ се продолжение на истоимените бизниссредби во рамките на Саемот „ГАСТ“, со учество на повеќе од стотина учесници. Саемот „ГАСТ“ е клучно место за средби и на бројни производители и трговци од секторот за храна, пијалаци, хотелска и угостителска опрема.

Ова е единствена прилика за средби со меѓународни компании од регионот и пошироко, на претходно договорени индивидуални состаноци, според Вашиот избор, и тоа во следните сектори: * тур-оператори и туристички агенции; * хотели, мотели и кампови; * здравствен и wellness-туризам; * селски, еко и активен туризам; * промет (автобуски, железнички и воздушен); * осигурување и финансии;

* туристички инвестиции; * угостителство, храна и пијалаци; * гастрономска понуда и побарувачка; * интернет-туризам и др. Учеството на средбите е бесплатно, а контакт-лицата од мрежата на Enterprise Europe Network Ви стојат на располагање во процесот на пријавување и во текот на состаноците. И оваа година се очекуваат партнери од Германија, БиХ, Србија, Црна Гора, Словенија, Македонија, Италија, Унгарија и од други земји. Здружение на угостителството и туризмот Лазо Ангелевски Стопанска комора на Македонија Ph: ++ 389 2 3244090 mob. ++ 389 70 387745 Fax: ++ 389 2 3244026 E-mail: laze@mchamber.mk Web: www.mchamber.mk

Меѓународен саем за компјутери од 6 до 10 март во Германија CEBIT FUTURE MATCH 2012 ВО ХАНОВЕР

Здружение на информацискокомуникациски технологии Лазо Ангелевски Стопанска комора на Македонија Ph: ++ 389 2 3244090 mob. ++ 389 70 387745 Fax: ++ 389 2 3244026 E-mail: laze@mchamber.mk Web: www.mchamber.mk

Од 16 до 19 март Меѓународен саем во Република Албанија “HORECA ALBANIA EXPO 2012” (ХОтели, РЕсторани, КЕтеринг) Стопанската комора на Македонија, организира посета и учество на македонски компании на заеднички штанд со организиран превоз и сместување. Во организација на грчкиот саемски промотор „Експолајн“, за првпат во Албанија ќе се одржи специјализираната саемска манифестација „ХОРЕКА Албанија Експо 2012“.

На саемска површина од околу 450 000 м² и со над 700 000 посетители CeBIT е најголем саем за компјутери во светот. Во рамките на Саемот што се одржува во Хановер, Германија, од 6-10 март 2012 година, Enterprise Europe Network ќе организира 14-ти меѓународни бизнис-средби.

Од 1999 година Future Match е можност за излагачите и посетителите на Саемот да најдат партнери за соработка, за развој на производите, истражување, заеднички вложувања, производство, маркетинг и лиценцни договори. Компаниите, универзитетите и истражувачките институти од ИКТ-секторот се исто така поканети за учество на Саемот. На www.futurematch.cebit. de можете да се регистрирате и да воспоставите контакти со CeBIT 2012.

Хорека-секторот, кој го опфаќа прехранбениот и услужните сектори (хотели, ресторани, кетеринг) ќе биде претставен на овој специјализиран саем во Албанија како земја со динамичен развој и посебно со растечки тренд во оваа специјализирана стопанска гранка. На овој Меѓународен саем се очекува да се претстават излагачи од Албанија, но и од земјите од регионот во следниве профилирани сектори: прехранбена индустрија со сите потсектори, професионална опрема за угостителство, прибор за готвење и додатоци, машини за перење и миење садови, специјализиран внатрешен и надворешен декор, текстил за домаќинство, теписи, ѕидни облоги, козметика, бањи, опрема за климатизација (ладење, греење), соларни системи, третман на вода, опрема за базени, врати и прозорци, архитектонски решенија, информацискии и комуникациски системи, хотелска и ресторанска компјутеризација,


четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

БИЗНИС ИНФО

41

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

безбедносни системи, опрема за спорт и рекреација и др. Саемот е од отворен карактер на кој се очекуваат професионални посетители и тоа: хотели, спа-центри, кафе-барови, ресторани и брза храна, пекарници, пабови и ноќни клубови, болници, големи трговски синџири, дизајнери, архитекти итн. Стопанската комора на Македонија, организира посета и учество на македонски компании на заеднички штанд со организиран превоз и сместување од 15 до 20 март 2012 година. Цената за изложбениот простор со стандардна опрема е 126 евра/м2 (плус ДДВ) . Трошоците за превоз и сместување се на товар на учесникот.

хемикалии, лепила, вградени плакари, лустери, светла, рефлектори, подни светилки, декоративно осветлување, индустриско осветлување, декоративен мебел, спални соби, детски соби, трапезарии, канцеларии,маси, столчиња, клупи, мебел за градини, огледала, слики, рамки, камини, антиквитети, декоративно стакло, керамика, порцелан,

Од 14 до 16 март 2012 година Меѓународен саем за керамика, бањи, кујни во Турција “UNICERA 2012” ВО ИСТАНБУЛ *Организирана посета на саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување. Во периодот од 14 до 18 март 2012 година, во Истанбул, Република Турција ќе се одржи 24. Меѓународен саем за керамика, бањи и кујни “UNICERA 2012”. Истовремено ќе се одржат неколку саемски манифестации и тоа: Меѓународен саем за осветлување, мебел и декорација -DEKOREKS и Меѓународен саем за кујни, бањи, мебел и вградени апарати - KITCHEN WORLD. Станува збор за еден од најголемите меѓународни саеми од областа на опрема за бањи, керамика и кујнски сетови, на кои свое учество ќе земат реномирани компании од поголем број земји. На овогодинешното издание на “UNICERA” ќе бидат претставени најновите модели и иновации на: керамика, мермер, гранит, мозаик, санитарни производи, бањи, џакузи, туш-кабини, керамички

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk

Од 23 до 25 март 2012 година Меѓународен саем и конференција за градежништво во Албанија “CONSTRUCTION EXPO 2012” ВО ТИРАНА

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk

метал, завеси, ролетни, декоративни предмети, декоративни зидови, тапети, гипсани калапи, паркет, теписи , украсни подни облоги, аудио визуелни системи, системи за безбедност, генератори,фитнес опрема, декоративни скали, прекривки, декоративни сепаратори, панели, зимски градини, базени, сауни, архитектура и декорација, услуги, внатрешна архитектура, дизајн компании и компании за уредување. Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „АДОНИС ГРУП“ организира посета со групен автобуски превоз на македонски компании на саемската манифестација од 14-16 март 2012 година. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, влезница за саемот, трансфер од хотел до саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 звезди. Посетителот ги покрива патните и административни трошоци за саемскиот организатор „Адонис“ во износ од 125 евра по лице, со автобус (доколку е со сопствен превоз 45 евра административни трошоци), како и организационите трошоци кон Комората. Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 15 февруари 2012 година.

Стопанската комора на Македонија организира посета и учество на македонски компании на заеднички штанд со специјален попуст и со организиран превоз и сместување. Во периодот од 23 до 25 март 2012 година, во Тирана, Република Албанија ќе се одржи 12. Меѓународен саем за градежништво “CONSTRUCTION EXPO 2012’’ . Во организација на грчкиот саемски промотор Њу Џенезис, за првпат во Албанија ќе се одржи специјализираната саемска манифестација “CONSTRUCTION EXPO 2012’’, која претходно се одржуваше во Грција и на Кипар. Станува збор за најголемиот меѓународен саем за градежништво во Албанија, на кој свое учество ќе земат реномирани домашни и странски компании од следниве сектори: • градежни материјали; • цивилно инженерство; • високо и нискоградба; • челични конструкции; • излациони материјали; • бои и лакови; • алуминиумски системи; • уреди за климатизација; • мебел за кујни; • енергетски и соларни системи. Истовремено, во рамките на саемската манифестација, на 23 март 2012 година ќе се одржи Меѓународна конференција за градежништво, енергетика и инфраструктура. Стопанската комора на Македонија, организира посета и учество на македонски компании на заеднички штанд од 100 м2, со организиран превоз и сместување од 15 до 20 март 2012 година. За македонските компании обезбеден е специјален попуст од 40% од регуларната цена за саемски настап (160 евра задолжително осигурување и 78 евра


42

БИЗНИС ИНФО

четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ - квадратен метар со вкалкулиран попуст). Стопанската комора на Македонија организира посета и учество на

македонски компании на заеднички штанд со организиран превоз и сместување од 22 до 26 март 2012 година. Трошоците за превоз и сместување се на товар на учесникот.

имаат учествувано повеќе од 300 готвачи од деветнаесет земји и тоа: Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија, Австрија, Италија, Швајцарија, Словенија, Чешка, Полска, Романија, Турција, Украина, Латвија, Молодавија, Албанија, Саудиска Арабија и Русија. Стопанската комора на Македонија и годинава организира учество на оваа манифестација за сите заинтересирани готвачи-натпреварувачи, ученици-готвачи и македонските компании кои би ги презентирале своите производи на заеднички бесплатен штанд. Учеството на македонските претставници е одлична можност за презентирање на македонската кујна, но истовремено и за претставување на производите на познати македонски компании на хрватскиот пазар.

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk

Од 28 март до 1 април 2012 година 7. Меѓународeн гастрономски фестивал во Република Хрватска „БИСЕР НА МОРЕТО 2012“ ВО СУПЕТАР НА БРАЧ Меѓународниот гастрономски натпревар „Бисер на морето“ ќе се одржи од 28 март до 1 април 2012 година, во хотелот „Кактус“ во Супетар на островот Брач во Република Хрватска. Организатор на седмата по ред традиционална манифестација и овојпат е Сојузот на готвачи од Медитеранот и европските региони со седиште во Сплит. „Бисер на морето“ претставува една од најзначајните гастрономски манифестации на Медитеранот. Во пет дена ќе се одржат: меѓународното натпреварување на професионални готвачи и ученици-готвачи од средните угостителски училишта, гастро-изложба на најдобрите хрватски ресторани, изложба на хрватските и странски производители на храна, работилници и предавања за гастрономијата. На оваа манифестација досега

За сите натпреварувачи, учениците, менторите, членовите на жири-комисијата како и медиумска екипа е обезбедено бесплатно сместување. Сите заинтересирани компании кои сакаат да земат учество на оваа гастрономска манифестација, своето учество треба да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 1 март 2012 година. Повеќе информации и пријавниот лист се објавени на вебпорталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk Контакт: Венера Андриевска тел: 3244 037; факс:3244 088 venera@mchamber.mk

Од 4 до 6 април 2012 година во Србија САЕМИ ЗА СОЛАРНА И ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА И ЗА КЛИМАТИЗАЦИЈА , ВЕНТИЛАЦИЈА И ГРЕЕЊЕ ВО НОВИ САД Компанијата ICM Interna�onal е организаторот на два саема.Главната цел на Саемот за соларна и обновлива енергија е да се создаде платформа за вмрежување и партнерство меѓу компаниите во индустријата на обновливи извори на енергија (локални, регионални и меѓународни), ширење на информации за соларна енергија и обновливи извори на енергија. Саемот за климатизација, вентилација и греење е фокусиран на напредни технологии и управување со енергијата во комбинација на струја и топлина. Саемот има за цел да им понуди иновативни решенија и нови методи за да одговори на предизвиците на пазарот на енергија и ја опфаќа индустријата поврзана со енергија, како и инсталации, материјали, алатки и др. Двата меѓусебно поврзани настана SOLAR & THERM 2012 ќе се одржат во периодот 4 до 6 април 2012 година, во Нови Сад, на Новосадскиот саем - МАСТЕР сала. Се очекуваме дека на Саемот ќе има излагачи од: Србија, Црна Гора , Словенија, Германија, Италија, Кина, Тајван, Хрватска, Грција, Македонија, Бугарија, Унгарија и Турција.

Контакт: Перо Авакумовски Тел: (02) 3244048 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: pero@mchamber.mk Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

четврток, 02 февруари 2012, Бр. 83

43

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Белгија нуди ИТ-решенија за осигурителни компании и банки во Република Македонија. Валидност до : 24.6.2012 година Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на кујнски мебел, опрема за бањи и разни декоративни елементи. Валидност до : 25.3.2012 година Компанија од Германија бара соработка со производители на зеленчук од Република Македонија како суровина за конзервната индустрија. Посебно се заинтересирани за пиперки од сортата куртовска капија, модар патлиџан и домати. Валидност до : 27.9.2012 година Компанија од Франција бара соработка со производители на столици и фотелји во Република Македонија наменети за кафеани и ресторани. Валидност до : 29.02.2012 година Компанија од Франција бара соработка со македонски производители на мебел. Валидност до : 30.6.2012 година Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на рачно изработен мебел од метал, пластика наменет за домови и градини. Валидност до : 30.6.2012 година Компанија од Република Македонија нуди градежни материјали за изградба или реновирање на Вашата куќа, зграда, стан или деловен простор, како и за трговија. За сите производи добивате и сертификати за квалитет на стоката. Компанијата е генерален застапник на производите на трите фабрики на Индустријата за градежни материјали „МЛАДОСТ“ од Србија, за најквалитетни ќерамиди и термички најдобри ќерамички блокови. Валидност до : 31.12.2012 година Компанија од Словенија заинтересирана е да соработува со производители на полипропиленски фолии и кеси, како хартиени ролни за фискални каси во Република Македонија. Валидност до : 31.12.2012 година Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на соларни црно-бели и полисиликонски панели кои при користење имаат многу висока ефикасност, соларни ќелии со повеќе од 17,5% реализација на ефикасноста и квалитетот “А +”. Производите се сертифицирани од страна на авторитетни TUV и CE и се извезуваат на меѓународните пазари, како што се Азија, Европа и САД. Валидност до : 31.12.2012 година

Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за плсман на маслинки. Валидност до : 20.5.2012 година

Компанија од Унгарија заинтересирана е да откупува до 50 тони бобинки од смрека во Република Македонија. Валидност до: 13.10.2012 година

Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на брашно и брашно обогатено со цералии, витамини и минерали. Валидност до: 20.5.2012 година

Компанија од Црна Гора бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на смрзнати пекарски производи. Валидност до: 13.4.2012 година

Компанија од Израел бара дистрибутер во Република Македонија за пласман суво црвено вино од калинка, порто вино од калинки, десертно вино од калинки, шампањ од калинки. Валидност до: 21.6.2012 година

Компанија од Босна и Херцеговина заинтересирана е за дистрибуција на диетална храна, чаеви, етерични масла во Република Македонија. Валидност до: 14.4.2012 година

Компанија од Израел бара соработка со македонски компании за пласман на брановидни челични лимови за кровови и ѕидови, синусоидни челични лимови за кровови и ѕидови, трапезоидни челични лимови за кровови и ѕидови, заварени подови и кровови, “Z” и “C” пресек на профили со различна дебелина и величина, рамни галванизирани/обоени челични лимови по нарачка/налог. Валидност до: 21.4.2012 година

Македонската компанија „Прогрес“ ги нуди на продажба објектите за преработка на пченица, магацини и административната зграда со вкупна површина од 3000м2 и 7000 м2 стопански двор. Објектот се наоѓа на магистралниот пат ШтипКочани, опремата за млинот за брашно е од Италија со капацитет 50 тони за 24 часа Валидност до: 17.10.2012 година

Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на бебешка опрема, колички, креветчиња, столчиња за јадење и др. Валидност до: 21.4.2012 година Компанија од Црна Гора бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на маслинови садници. Валидност до: 25.5.2012 година Компанија од Шпанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на системи и уреди за заштита од гром. Валидност до: 25.5.2012 година Компанија од Црна Гора бара изведувачи на занаетчиски работи во градежништвото во Република Македонија. Валидност до: 12.9.2012 година Компанија од Унгарија бара да откупува вишни и чоколадирани производи со вишни во Република Македонија. Валидност до: 12.10.2012 година Израелска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на иверка и панел-плочи. Валидност до: 13.4.2012 година Грчка компанија бара соработка со компании од Република Македонија за пласман на машини кои се користат во дејност на семенски и зрнести производи од сите видови ,овошје и зеленчук. Валидност до: 13.4.2012 година

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

Компанија од Босна и Херцеговина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на контејнери, електроди за заварување на челик и процесна опрема. Валидност до: 17.4.2012 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на кабли и ПВЦ-цевки. Валидност до: 17.4.2012 година Компанија од Романија бара соработка со трговци, дистрибутери на храна, пијалаци и цигари во Република Македонија. Валидност до: 18.5.2012 година Компанија од Босна и Херцеговина бара да откупува кожа од Република Македонија и да пласира конфекција од кожа. Валидност до: 18.4.2012 година Компанија од Турција нуди карго превоз на масовен товар на различни дестинации. Валидност до: 19.4.2012 година Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб портал www.mchamber.mk Контакт: Мирјана Коцева Е-адреса: Mirjana@mchamber.mk Тел:3244-035; Факс: 3244-088

тел: : (02) 3244036 savo@mchamber.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook