Skip to main content

Бизнис ИНФО број 237, 01.10.2015

Page 1

БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642

bsi.

ISO 9001

Quality Management

years 5

192

FS 549642

2 - 201

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 237

www.mchamber.mk

01.10.2015

Бизнис центарот за тренинг и обука е лидер во верификацијата на програмите за возрасни, со директно вклучување во поврзувањето на компаниите и невработените лица

НАЈГОЛЕМ ИНТЕРЕСОТ ЗА ЛИЧНИТЕ УСЛУГИ, ЕКОНОМСКАТА СТРУКА, УГОСТИТЕЛСТВОТО И ТУРИЗМОТ

ЈУБИЛЕИ

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, на 25-годишнината на „Макпрогрес“ од Виница ја отвори новата производна линија „Винчини 7“

СО ИНВЕСТИЦИЈАТА ОД 4,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОБЕЗБЕДЕНИ 50 НОВИ ПРОИЗВОДИ И 60 ВРАБОТУВАЊА

Цементарницата „УСЈЕ“ годинава прославува значајна годишнина

ШЕСТ ДЕЦЕНИИ УСПЕШНО РАБОТЕЊЕ И РАЗВОЈ


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

Semejna kompanija

ЕЗБЕД ОБ У

�

B

C

UR

O

НИКО

�

SE

WUDQVSRUW FRPSDQ\

Б

ЊЕ ВА

�

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО

ПОГОЛЕМО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА ПАЗАРИТЕ ОД ТРЕТИ ЗЕМЈИ Јас секогаш напоменувам дека е најбитно секој од нас чинителите во македонската економија, најпрвин да се запраша што може да стори кај себе дома, во сопствената компанија. Многу е битно компанијата да е спремна да извезува, да има квалитетен производ, да ги има потребните сертификати, да го познава пазарот… Најбитно е да се приспособи производот и да се направи конкурентна понуда за квалитетен производ по достапна цена. Во нашите напори да произведуваме интернационални производи наменети за извоз клучно е и да ги одржуваме системите и стандардите за квалитет како што се НАССР, ИСО9001:2008, Кошер, Халал и ИФС. Државата има создадено услови за извоз преку склучените договори за слободна трговија со ЦЕФТА, ЕФТА и Европската унија, со што нашите производи ги пласираме на нивните пазари без плаќање царински давачки. За да може нашата компанија да има поголем извоз сметам дека би помогнало да се искористи потенцијалот кој го нудат пазарите од т.н. трети земји, како што се земјите од Магреб и арапските земји. За таа цел, би требало да се работи на склучување дополнителни договори со арапските земји - Саудиска Арабија, ОАЕ, Јемен, Судан, земјите од Магреб, Египет, Либан, Сирија, Израел, со Руската Федерација и сите поранешни советски републики, Турција. Понатаму, сметам дека со поактивно вклучување на економските промотори во промоција на извозните македонски производи ќе има повеќе потенцијални клиенти за компаниите-извозници. И како друга мерка би напоменал дека би помогнало доколку Македонска банка за поддршка на развојот ги намали висините на премиите за осигурување на извозот да бидат поприфатливи и да се олабави политиката на одобрување на осигурувањето, бидејќи сме имале случаи за наш клиент кој кај други добавувачи има осигурување на долгот, кај нас се добива негативен одговор на барањето на осигурување. (Глигор Цветанов, извршен директор на компанијата „Макпрогрес“ во Виница за „Капитал“)


БИЗНИС ИНФО

4

четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

ПОДВЛЕЧЕНО

ГИ СЛЕДИМЕ СВЕТСКИТЕ ТРЕНДОВИ И ГИ ПРИЛАГОДУВАМЕ КОН НАШИТЕ ПОТРОШУВАЧИ Последните години во Бимилк сме фокусирани кон развој, унапредување на производството и стимулирање на м л е к о п р о и з в о д и те л и те како и кон освојувањето нови пазари. Инвестиравме повеќе од 10 милиони евра, а до 2018 се планирани уште 12 милиони инвестиции во производството. Познати сме по тоа што умееме да креираме нови производи и да го погодиме вкусот на потрошувачите. Но, нов бренд не се прави туку-така, потребна е повеќегодишна анализа, следење на трендовите и во согласност со потребите на потрошувачите. Во текот на оваа година Бимилк претстави неколку нови производи на пазарот и тоа Фит крем јогуртот, Баланс+ оброците и сите овие производи се навистина добро прифатени од потрошувачите, што значи дека повторно успеавме да докажеме дека кога креираме производи по мерка на потрошувачите, не можеме да згрешиме. Нашиот успех зависи од многу фактори, меѓу кои можам да ја потенцирам нашата способност истовремено да ги следиме светските трендови и да ги прилагодуваме кон потребите на нашите потрошувачи обезбедувајќи им млечни производи со одличен вкус и врвен квалитет. Нашиот успех се должи и на нашиот долгорочен, систематски и доследен однос со сите страни од интерес вклучувајќи ги и кооперантите, дистрибутерите, регулаторните тела, медиумите и, секако, нашите лојални потрошувачи. (Полексена Ристеска, маркетинг менаџер во Млекара АД Битола во „Вечер“)


четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

БИЗНИС ИНФО

5

ЈУБИЛЕИ

СО ИНВЕСТИЦИЈАТА ОД 4,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОБЕЗБЕДЕНИ 50 НОВИ ПРОИЗВОДИ И 60 ВРАБОТУВАЊА

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, на 25-годишнината на „Макпрогрес“ од Виница ја отвори новата производна линија „Винчини 7“

„Макпрогрес“ од Виница, која денес е лидер во кондиторската индустрија во Република Македонија, го прослави 25-годишниот јубилеј од своето постоење со отворање на новата производна линија „Винчини 7“. Линијата свечено ја отвори Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија. Со оваа линија виничката компанија на своето портфолио додава и 50тина нови производи и отвори 60 нови работни места. Вкупната инвестиција изнесува 4,5 милиони евра. - Со годишното производство од над 13.000 тони готови кондиторски производи и со асортиман од над 300 разновидни прехранбени производи групирани во 5 регистрирани трговски марки, од кои 78% се извезуваат во над 50 земји, „Макпрогрес“ стана вистински економски амбасадор на Република Македонија, гордо претставувајќи ја државата ширум светот, - истакна на отворањето Бранко Азески. - Дваесет и петгодишното успешно работење, согласно визијата за развој, компанијата го темели и на имплементирањето на голем број стандарди без кои денес ниту една компанија не може да го зголемува ниту извозот ниту својот раст. Интенцијата за проширување на извозот на нови пазари како предуслов за поголем раст и развој на компанијата, е препознаена од страна на директорот Глигор Цветанов, кој како претседател на Клубот на фирми за соработка со земјите од Блискиот Исток и Магреб при Комората, настојува преку взаемно информирање и промовирање, воспоставување коморска соработка и соработка со други деловни асоцијации да иницира активности за создавање поттикнувачки амбиент за соработка и за останатите извозно ориентирани компании. Континуираните инвестиции во имплементација на системите на квалитет во производните процеси (имплементација на ISO 9001:2008; HACCP-си¬с¬те¬мот за безбедна храна, KOSHER-стандардот, EMAS-стандардот за екологија; HALAL-стандардот, како и имплементација на стандардите за квалитет IFS и BRC наменети за пазарите во Австрија, Германија и Велика Британија), условија извозот на „Макпрогрес“ во 2014 година да биде зголемен за приближно 20% во однос на претходната година. За одбележување е и податокот дека компанијата „Макпрогрес“ континуирано ги одржува односите со заедницата и потрошувачите на многу високо ниво. Во изминатите 25 години, „Макпрогрес“ како еден од главните поддржувачи на Стопанската комора на Македонија и добитник на коморското призниние како компанија која инвестира во нови производни погони, се јавуваше и како иницијатор и помагач на многу активности од секоја сфера на општественото живеење и делување во Република Македонија преку разни донации, спонзорства, директна или индиректна соработка. Затоа, „Макпрогрес“ два пати е добитник на награда за општествено одговорна компанија - во 2011 година во областа на екологијата и во 2012 година во областа на односите со вработените. - Со моментална бројка од околу 500 вработени, за „Макпрогрес“ со сигурност може да се каже дека е лидер и стожер на локалниот економски развој во Виничко-кочанскиот регион и верувам дека компанијата и во иднина ќе го продолжи трендот на континуиран раст, чиј пример ќе го следат и останатите, - подвлече Бранко Азески. Саво Пејчиновски


БИЗНИС ИНФО

6

четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

ЈУБИЛЕИ Цементарницата „УСЈЕ“ годинава прославува значаен јубилеј

ШЕСТ ДЕЦЕНИИ УСПЕШНО РАБОТЕЊЕ И РАЗВОЈ

Цементарницата „УСЈЕ“ оваа година одбележува 60 години од почетокот со работа. - Овој јубилеј е важен за нас, бидејќи ни дава можност да се потсетиме на сите значајни достигнувања на нашата компанија, на она што го направиле нашите претходници и нивниот придонес за развојот на „УСЈЕ“, а со тоа и за развојот на земјата во целина, како и да покажеме што од нивното огромно наследство сме примениле досега и сме го вградиле во нашите идни развојни планови, - истакна Борис Хрисафов, извршен директор на Цементарницата „УСЈЕ“. Во рамките на одбележување на јубилејот беше организирана тематска конференција со цел да се иницира дијалог меѓу бизнис-секторот, институциите и стручната јавност околу влијанието на градежните материјали врз квалитетот на градбата во Република Македонија. - Можеби ќе ви прозвучи нескромно, но ние во Цементарница „Усје“ сме горди на нашите производи и вредноста што тие им ја нудат на нашите купувачи. Горди сме на нивниот квалитет, како и на фактот што тие се вградени во огромен број објекти за најразлична намена - станбени, деловни, комерцијални, индустриски, инфраструктурни, енергетски, капитални, стратешки и други. Со еден реченица, горди сме на тоа што нашите производи, веќе 60 години учествуваат во изградбата на Македонија. Затоа колку успешно го правиме сето ова, главниот збор го имате Вие и се разбира нашите купувачи и корисниците на нашите производи за кои ние работиме и постоиме и чија доверба се трудиме да ја одржиме и унапредиме, - истакна Хрисафов. На Конференцијата свои излагања имаа еминентни стручњаци од областа на градежништвото преку презентирање на стручни трудови за досегашната плодна соработка што ја имаат со Цементарница„Усје“. Посебен акцент во презентациите беше даден на стандардите, квалитетот на цементот, како и објекти кои се изградени со цементот на „Усје“, при што беше истакнато дека „цементот претставува срце на бетонот кој се вградува во објектите“. Марија Петроска


четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

БИЗНИС ИНФО

7

ПОДВЛЕЧЕНО ПРОЕКТИ

НАЈГОЛЕМ ИНТЕРЕСОТ ЗА ЛИЧНИТЕ УСЛУГИ, ЕКОНОМСКАТА СТРУКА, УГОСТИТЕЛСТВОТО И ТУРИЗМОТ

Бизнис центарот за тренинг и обука е лидер во верификацијата на програмите за возрасни, со директно вклучување во поврзувањето на компаниите и невработените лица

Стопанската комора на Македонија е социјален партнер во областа на образованието на возрасни и своите активности континуирано ги насочува кон иницирање нови програми за образование на возрасни, доставување предлози за подготовка на нови стандарди на занимања, вклучување во проекти со цел обезбедување на потребниот кадар на стопанството. Ова беше истакнато на редовната прес- конференција на Стопанската комора на Mакедонија на тема: „Инвестициите во човечкиот капитал како клучен фактор за зголемување на иновативноста и конурентноста на македонската економија“. Пред новинарите на оваа тема зборуваа Анета Трајковска, директор на Дирекцијата на други форми на организирање при Стопанската комора на Македонија и Ирена Милков, раководител на Одделението за изработување на стандарди, процедури и критериуми во ЦОВ. Стопанската комора на Македонија во 2012 година го формираше Бизнис центарот за тренинг и обука како прв приватен провајдер во Македонија. Бизнис центарот за тренинг и обука е лидер во верификацијата на програмите за возрасни, со цел директно вклучување во поврзувањето на компаниите и невработените лица преку обезбедување обуки за преквалификација и доквалификација на стручен кадар и обуки коишто водат до зголемени вештини. Бизнис центарот за тренинг и обука работи со верифицирани програми од Центарот за образование на возрасни и за секоја поединечна програма дополнително се верификува како установа преку Министерството за образование и наука на Република Македонија. На почетокот беа верифицирани 4 програми од областа на градежништвото, металната индустрија и угостителството. а во моментот Бизнис центарот брои вкупно 14 верифицирани програми од различни области кои покриваат побарувани занимања на пазарот на труд, а во постапка на одобрување се три програми. Во сите програми се вкучени компаниите како партнери при спроведување на практичниот дел од наставата. Верифицирани програми од различни области: Готвач во угостителски објект; Келнер – гастроном; Фасадер; Гипсер монтер; Монтер за сувомонтажни елементи; Аргон заварувач; Шивач во конфекциска индустрија; Фризер; Монтер за водоводна и санитарна инсталација; Туристичко-агенциски службеник; Службеник во книговодство; Рецепционер; Изработувач на бели печива и Менаџер на човечки ресурси. -Вкупниот број на пријавени учесници во Бизнис центарот за тренинг и обука за преквалификација и доквалификација зазема 20% од вкупниот број на учесници од сите понудувачи. Околу 33% од завршените учесници, успеале да обезбедат свое вработување преку програмите за преквалификација и доквалификација. Инвестициите во


8

БИЗНИС ИНФО

четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

ПРОЕКТИ човечкиот капитал е клучен фактот за зголемување на конкурентноста, намалување на невработеноста и обезбедување кадар потребен на стопанството. – подвлече Анета Трајковска. Интересот во изминатиот период на лицата кои се вклучуваат во ваков тип на обуки е насочен кон струките: лични услуги, економската струка, угостителството и туризмот. Но, со инвестициите на државата во образованието на возрасни преку Оперативниот план за активни мерки и програми, зголемен е интересот и на другите струки кои се дефинирани како дефицитарни. Се очекува поголема вклученост на невработените лицата во овие програми, а посебно во програмите за дефицитарните занимања, со цел нивно вработување и обезбедување кадар неопходен на стопанството. Радува фактот дека Центарот за образование на возрасни минатата година започна и со верификација на програми за возрасни кои водат до зголемени вештини (претприемнички вештини, компјутерски вештини, менаџерски вештини). - На почетокот од својата работа Центарот за образование на возрасни беше сконцентриран на заокружување на законската рамка со донесување на подзаконски акти и процедури, за да се создадат услови за отпочнување на процесот на верификација на посебните програми за образование на возрасните (програми за неформално образование). Овој процес започна во јануари 2012 година и досегашното искуство покажува дека голем број на понудувачи се заинтересирани да ги верификуваат своите програми во Центарот за образование на возрасни, истакна Ирена Милков, раководител на Одделението за изработување на стандарди, процедури и критериуми во ЦОВ. Постоењето на ваквиот систем овозможува подигнување на квалитетот на образованието на возрасните во делот на неформалното образование, а со цел задоволување на потребите на пазарот на трудот преку обезбедување кадар со потребните компетенции и вештини. Возрасните учесници, преку посебни програми, за краток период од неколку месеци ќе можат да се стекнат со одредена квалификација или дел од квалификација и со тоа да станат конкурентни на пазарот на трудот. По завршување на обуката, тие ќе се здобијат со државно признат сертификат за завршена обука, кој гарантира одредена стручност на учесниците. Нашето искуство, како што нагласи Ирена Милков, покажа дека постои голема заинтересираност меѓу понудувачите на услуги за верификување на посебните програми за образование на возрасните кои водат до квалификација или дел од квалификација и до сега се верификувани 133 програми. Министерството за образование и наука има верификувано 43 институции за образование на возрасни за 105 посебни програми. Програмите кои водат до квалификации се поделени по струки и тоа: во лични услуги Центарот има верификувано 32 програми, во угостителско-туристичка струка - 16 програми, во хемиско-технолошка - 6 програми, шумарско-дрвопреработувачка струка - 4, земјоделско-ветеринарна струка - 5, медицинска -7 програми, електротехничка струка - 5 програми, машинска - 17, сообраќајна - 5, градежна - 15 програми, економска - 6 програми, текстилно-кожарска - 10, графичка - 2 и обука за професионален обучувач за возрасни - 3 програми. Центарот за образование на возрасни минатата година започна со верификација на посебни програми кои водат до вештини и во изминатиов период верификувани се 10 програми од овој вид. Како најзастапени се јавуваат програмите за компјутерски вештини, странски јазици, менаџерски и претприемнички вештини. Од започнувањето со верификација на програми за образование на возрасни до сега реализирани се преку 60 обуки, кои успешно ги завршиле околу 550 учесници. Анета Трајковска


четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

БИЗНИС ИНФО

9

ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО

ЖЕНСКОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО ВО НОВАТА ЕРА - НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ЗАЖИВУВАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА

M-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија учествуваше на Меѓународната конференција на Здружението на бизнисжени и претприемачи во Белград, Република Србија

Меѓународната конференција на Здружението на бизнис-жени и претприемачи, насловена „Женското претприемништво во новата ера - нови можности за заживување на економијата во регионот“ и бизнис-средби меѓу компании од регионот, се одржаа на 25 и 26 септември 2015 година во Белград. Настаните беа во организација на Стопанската комора на Србија и Здружението на бизнис-жени на Србија. Коорганизатори од Република Македонија беа Стопанската комора на Македонија и Фондацијата„МИР“ од Скопје, а од регионот Европската мрежа на претприемништво (ЕЕН), Регионалниот центар за претприемачко учење на земјите од Југоисточна Европа и Регионалниот совет за соработка. Од Стопанската комора на Македонија учествуваа м-р Јелисавета Георгиева, извршен директор и Наташа Стојаноска, директор на Дирекција. На Конференцијата се оствари целта да се воспостават нови деловни контакти меѓу претприемачките од регионот, зајакнување на нивното влијание за менување на бизниссредината, создавање поголема регионална иницијатива за промовирање на женското претприемништво и нивно поврзување за заеднички настап. На бизнис-состаноците, организирани од Enterprise Europe Network – ЕЕН учествуваа стотина претставнички од мали и средни претпријатија од сите земји од регионот, меѓу нив и од десетина компании од Македонија, кои остварија значајни контакти со заинтересираните компании од другите зeмји. Конференција беше посветена на Регионалниот проект „Женското претприемништво во Југоисточна Европа“, кој е поддржан од страна на Регионалниот центар за претприемачко учење „SEECEL“, СИДА Канцеларијата и Регионалниот совет за соработка. На отворањето на Конференцијата, свој инспиративен говор имаше Вера Јовановска, амбасадорка на Република Македонија во Република Србија. Главната тема на Конференцијата беше посветена на застапувањето на женското претприемништво во регионот, за можностите и резултатите на вмрежни настапи, како и пристапот до финансиски средства, како предуслов за одржливоста на бизнисите на жените од Југоисточна Европа. На трибината учествуваа претставнички на релевантни институции и организациите на жени -претприемнички од регионот: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Косово и од земјата - домаќин Србија. Презентирани беа резултатите од Регионалниот проект „Женското претприемништво - мотор за создавање работни места во Југоисточна Европа“, а во дискусијата учествуваа претставнички од Регионалната организација на жени „SEECEL“, членка на Работната група за женско претприемништво, Институтот „Михајло Пупин“, претставнички


10

БИЗНИС ИНФО

четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

АКТУЕЛНО на партнерските организации на Проектот и координаторот на Комитетот за инвестиции на Регионалниот совет за соработка РСС (Сараево, Босна и Херцеговина). За одбележување е обраќањето на Нариндер Чаухан, амбасадорка на Република Индија во Република Србија и нејзината презентација на успешните примери на жени-претприемачки во Индија. Се презентираа и филмскиот проект „Жените претприемачи - мотор за создавање работни места во Југоисточна Европа“, имплементиран од страна „SEECEL“, се презентираа материјалите за обука и снимање промотивни филмови за најдобри практики, а беше проектиран и филм за примери на добра пракса, имплементиран од страна „SEECEL“. Плодна дискусија имаше за иницијативата за застапувањето на женското претприемништво во регионот, за резултатите и можностите на мрежните перформанси. Пристап до финансиски средства, како предуслов за одржливоста на бизнисите на жените беше фокусот на дискусијата на претставниците од Форум за развој на женското претприемништво и на претставниците на институции, организации, комерцијалните банки и претприемачи од регионот: Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (Скопје, Македонија), ЕБОР Србија, Стопанската комора на Србија, МНЕ Проектот за управување од Црна Гора и Бизнис-организацијата на жените на Албанија. Заклучоците од Конференцијата упатуваа на продолжување на заедничкиот пристап на сите организации на жените од регионот за рамноправно учество во економскиот и целокупниот општествен живот во сите држави во Југоисточна Еврпоа. Жените-сопственички и управувачки на мали и средни претпријатија од неколку стопански сектори беа во фокусот на брокерскиот настан. Се реализара основната цел на овој настан: да се најдат деловни партнери во Југоисточна Европа, да се воспостави деловна соработка, и на меѓународно ниво да се промовираат бизнисите на жените-претприемачки. Вториот предизвик на овие деловни средби беше да се пробијат регионалните бариери и да се направи можен и остварлив бизнис меѓу малите и средни претпријатија од Јужна и Северна Европа. Компаниите кои учествуваа на бизнис-средбите беа од повеќе сектори: трговија, земјоделство и производство на храна, информациски и комуникациски технологии, текстил, образование и консултантски услуги и други сектори. Како дел од програмата на Конференцијата, овој брокерски настан и биснис-средбите беа идеален настан за да се остварат контакти и да се подготват идните бизниси. Средбите им овозможија на учесничките од различни сектори заедно да имаат состаноци со деловни партнери на претходно закажани состаноци. Исто така, компаниите ја искористија можноста за презентација на услугите, капацитетите и можностите за интернационална соработка. Брокерскиот настан им овозможи на учеснички да направат плодни контакти со потенцијални бизнис-партнери и можности за интернационализација на бизнисот. Малите и средни компании ја искористија оваа единствена можност за меѓународни конракти и пронаоѓање потенцијални бизниспартнери во Југоисточна Европа, преку деловните средби. Лазо Ангелевски


четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

БИЗНИС ИНФО

11

ПОДВЛЕЧЕНО ПРЕДЛОЗИ

ДРЖАВНА ПОДДРШКА СО СУБВЕНЦИИ ЗА РАЗВОЈ НА СОФТВЕРСКИТЕ УСЛУГИ

Здружението на информатичкокомуникациските технологии за реализација на Националната краткорочна ИКТ Стратегија 2016-2017 и нејзиниот Акциски план

Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија, на својата редовна седница, одржана на 29.9.2015 година, расправаше за начинот на реализација и активното учество на членките од ИКТ-секторот во предвидените активности на донесената Национална краткорочна ИКТ Стратегија 2016-2017 и нејзиниот Акциски план. Здружението учествуваше во Работната група за изготвувањето на овој значаен документ и даде најмногу забелешки и мислења, кои се усогласени и инкорпорирани во усвоените документи. За оптимална реализација на целта на оваа Национална краткорочна стратегија за ИКТ-секторот и постигнување подобра глобална конкурентност на земјата, потребно е здружување и заеднички настап на сите македонски компании од секторот на информатичкокомуникациските технологии, истакна Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија. Работењето на ИКТ-компаниите е базирано на знаење, многу стручен и млад кадар, флексибилен и со постојано и интензивно учење. За искористување на огромниот потенцијал за ИКТ-индустријата, посебно во извозот потребна е и поддршка на државата, преку субвенции за развој на софтверските услуги, кои се со голема додадена вредност. Со тоа ќе се оствари значаен скок во економијата, за доброто на сите граѓани и на општеството. Во Националната краткорочна стратегијата за ИКТ-секторот се презентирани потребните упатства, инструменти и мерки за успех, за да се зголеми придонесот на ИКТ-индустријата во насока на одржлив економски развој и поддршка за создавање работни места во рамките на ИКТ и другите индустрии, со фокусирање на овие четири области: обезбедување поддршка на бизнисот за ИКТ-компании; промовирање на јавно-приватниот дијалог и подобрување на формалното и неформалното образование. Членките на Здружението бараат постојните проекти и иницијативи да бидат признаени и поддржани. Да бидат отворени и нови проекти и иницијативи. ИКТ-компаниите се препознаваат во рамките на оперативниот план и во мерките кои се дефинирани во документот на Стратегијата, како реализатори на индивидуалните задачи.


12

БИЗНИС ИНФО

четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

ПРЕДЛОЗИ

Развојот на напредно информатичко општество ја зголемува продуктивноста, ефикасноста и иновациите во јавниот и во приватниот сектор, што ќе доведе до генерирање и создавање работни места со повисока додадена вредност. ИКТ-индустријата е многу динамична, конкурентна и глобализирана. Врз основа на бројни анализи и истражувања, развиена ИКТ-индустрија е еден од клучните фактори за раст на макроекономската конкурентност. Членките на Здружението ќе бараат постојани инструменти и мерки за да се зголеми придонесот на ИКТ-индустријата во насока на одржлив економски развој и поддршка за создавање работни места во рамките на ИКТ и другите индустрии, со фокусирање на следните области: обезбедување поддршка на бизнисот за ИКТ-компании; промовирање на јавно-приватниот дијалог и подобрување на формалното и неформалното образование, вклучувајќи го доживотното учење. Постојано ќе се следи реализацијата на Стратегијата и Акциониот план, а ќе се предлага и нова листа на мерки со задачи и активности, во зависност од тековните потреби, вклучувајќи ги поединечните одговорности и задачи, приоритет, буџет, очекувани резултати, показатели на резултати, испораки, тајминг и организациска структура. Здружението на информатичкокомуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија го избра новиот состав на Управниот одбор. За претседател на Управниот одбор, а со тоа и претседател на Здружението на информатичкокомуникациските технологии повторно беше избран г-дин Благој Христов, а за потпретседател беше избран г-дин Герасим Ванчев. Лазо Ангелевски


четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

БИЗНИС ИНФО

13

ПОДВЛЕЧЕНО ПРЕДЛОЗИ

КОНТРОЛА НА ИСПРАВНОСТА НА Новоформираната Групација за ПРОТИВПОЖАРНИТЕ АПАРАТИ И противпожарна заштита до надлежните ОТСТРАНУВАЊЕ НА НЕЛОЈАЛНАТА со барањеоргани КОНКУРЕНЦИЈА На седница на Групацијата за противпожарна заштита одржана на 28.9.2015 година во Стопанската комора на Македонија, членките расправаа за актуелните состојби во оваа дејност и за активностите кои треба да се преземат за подобрување на амбиентот за стопанисување на стопанските субјекти од оваа област. Како проблеми во работењето беа посочени: недостаток на контрола на исправноста на противпожарните апарати и квалитетот на нивното сервисирање и нелојалната конкуренција. Исто така, беше издвоен и проблемот со дефинирање која институција ги спроведува и контролира уредите, опремата и средствата за гасење, во согласност со прописите за стандардизација, акредитација и оценка за сообразност. Во дискусијата беше истакнато дека за подобрување на работата на стопанските субјекти е неопходно да се изврши ревидирање на лиценците и да се провери нивната усогласеност со Законот за пожарникарство, како и ревидираната листа да се појави на сајтот на Дирекцијата за заштита и спасување. Беше истакнато дека е потребно поконкретно дефинирање на техничките нормативи и стандарди и да се укаже на задолжителните постапки при одржување, сервисирање и испитување на противпожарните апарати согласно со техничките нормативи, стандарди и упатства на производителот. Укажано беше и на потребата од донесување на поконкретни прописи од страната на Дирекцијата за заштита и спасување, за начинот, постапката и роковите во кои треба да се изврши испитувањето на противпожарната опрема. Исто така, неопходно е итна контрола од Дирекцијата за заштита и спасување да се изврши контрола на сите сервиси за противпожарна заштита, и тоа со каква опрема располагаат, начинот на сервисирање и сл. На седницата членовите на Групацијата донесоа Одлука за конституирање на Групацијата за противпожарна заштита како посебна форма на организирање и работење во рамките на Стопанската комора на Македонија со оглед дека од оваа Групација се оддели Групацијата за безбедност и здравје при работа. На пленарната седница на Групацијата беше избран нов Управен одбор, а за претседател е избран Милан Клопчевски од „Огнопревент инженеринг“ од Скопје, а за потпретседател Часлав Јовановиќ од „Превентива“ од Куманово. За разрешување на актуелните проблеми членките заклучија, до Групацијата при Стопанска комора на Македонија да се достават листи на сите проблеми со кои се соочуваат фирмите-членки и предлози за разрешување кои би се разгледале од страна на Управниот одбор на Групацијата, по што би се побарала средба со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување за разрешување на подолготрајните проблеми. Војкан Николовски


БИЗНИС ИНФО

14

четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

И официјално започна годинешната берба на јаболка во Ресен

ПОБОГАТА БЕРБА ОД ЛАНИ И ПОСИГУРЕН ПЛАСМАН

На 27.9.2015 година со свечениот чин на откинување на првото јаболко беше одбележана овогодинешната манифестација „Преспански јаболкобер 2015“ . Со тоа и официјално започна овосезонската берба на јаболка која оваа година се очекува да даде род од околу 100.000 тони. На овогодинешната манифестација која се одржа во овоштарникот на„Свислион Агроплод“ во Ресен присуствуваа и претседателот и заменик-претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски и Олгица Стојчевска. Во текот на настанот тие остварија и директни средби со градоначалникот на Општина Ресен, м-р Ѓоко Стрезовски, заменикминистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски и амбасадорот на Република Македонија во Република Албанија, Стојан Карајанов. Како тема на разговорите беа конкретните активности на меѓусебна соработка на институциите со цел поттик на економскиот развој и земјоделската дејност во Пелагониско-преспанскиот регион, достапните видови на помош од Владата на Република Македонија и ЕУ-програмите, како и пограничната соработка со општините и коморите од Република Албанија. Инаку, во споредба со ланската година во која се оствари род од околу 80.000 тони јаболка и извоз во вредност од околу 15 милиони евра, годинешната реколта се очекува да биде побогата, но и пласманот посигурен. Како еден од битните фактори за тоа е и неодамнешното отворање на новиот откупен центар „Епл Ленд“ со моментален капацитет од 5.000 тони, со вредност на инвестиција од 5 милиони евра, кој е наменет за пазарите на Блискиот и Средниот Исток. За следната година се очекува овој центар двојно да го зголеми својот капацитет со заокружување на вкупната инвестиција од 10 милиони евра. Во рамките на свеченостите во центарот на Ресен беше одржан и Саем на компании од регионот кои се занимаваат со производство и преработка на јаболка, земјоделска механизација и помошни апарати и препарати за овоштарството, како и организациите за поддршка на стопанството меѓу кои и Регионалната комора со седиште во Битола. М-р Никола Димковски


четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

БИЗНИС ИНФО

15

РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ

ВРВНО СЕРВИСИРАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ДАЛЕКОВОДИ

Традиционално одбележан Денот на компанијата „Мепос Оператива“ од Кавадарци

На 25.9.2015 година, традиционално беше одбележан Денот на компанијата „Мепос Оператива“ од Кавадарци, членка на Стопанската комора на Македонија. На прославата присуствуваа голем број претставници на фирми со кои соработуваат, добавувачи и претставници на компании за кои „Мепос Оператива“ врши монтажа на енергетски производи. Компанијата „Мепос Оператива“ произлезе од „ЕЛРО“ од Кавадарци, а од 02.02.1996 година се приватизира и делува како друштво со ограничена одговорност со вкупно 40 вработени. Годишниот просечен обрт на компанијата изнесува околу 70 милиони денари. Во изминатиот период фирмата инвестираше многу во опрема и во основни средства. Сега таа е комплетно опремена и поседува стручен кадар за извршување на договорените работи од областa на сервисирање и одржување на далеководи. Исто така, фирмата е оспособена да извршува поправка на далноводи во екстремно лоши временски услови, за што се посебно горди. Основна дејност на фирмата е изведба на далеководи, трафостаници до 400 Кв, громобрански инсталации, улични осветлувања, електрични инсталации во индустријата и во домаќинствата и сл. Од 2004 година во соработка со фирмата „Шнајдер-Електрик“ од Франција фирмата започна со монтажа на 10 и 20 Кв среднонапонски ќелии кои се монтираат во трансформаторски станици 10/0, КВ и 20/0,4 КВ и изработка на проектна документација. Фирмата најголема соработка остварува со „ЕЛЕМ“, „МЕПСО“, „ЕВН Македонија“, „Макстил“, „Дојран Стил“, „ФЕНИ индустри“ и со други фирми. За реализирање на своите активности компанијата ги обезбеди сите потребни А,Б,Ц - лиценци за проектирање, изведувач на градба и надзор. Војкан Николовски


16

БИЗНИС ИНФО

четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА По повод Светскиот ден на туризмот, 27 септември

НАГРАДЕНИ 30 НАЈУСПЕШНИ ТУРИСТИЧКО-УГОСТИТЕЛСКИ СУБЈЕКТИ

По повод Светскиот ден на туризмот, 27 септември, Министерството за економија награди 30 најдобри туристичкоугосителски субјекти за претходната година кои придонеле за подобрување на туристичката понуда во Македонија. За најуспешни хотели за 2014 година наградени се „Холидеј ин“ - Скопје, „Инекс Горица“ - Охрид, „Аурора ресорт и спа“ - Берово и „Буши ресорт и спа“ -Скопје. Во категоријата нова туристичка понуда во хотелиерството за најдобри се избрани: Хотел„ Изгрев“ од Струга, Хотел „Русија“ од Скопје, Хотел „Ибис“ од Скопје и Хотел „Мираж“ од Струга. Во категоријата туристички агенции наградени се пет агенции од Скопје: „Фибула ер травел“, „Карачи“, „Вардар-експрес“,„ Торија“ и „Атлас корпорејшн“, а во категоријата тур-оператори признанија добија „Аса-тур“ оператор и „Вас-тур“. За најдобри ресторани се избрани: „Стара куќа“, „Воденица“ и „Твинс“ од Скопје, „Стоби“ од Градско и „Артениј“ од Гостивар. За најдобри манифестации се прогласени „Охридско лето“, „Тетовско културно лето“ и „Скопско лето“, „Звуците на чаршијата“ и Фестивалот „Браќа Манаки“ - Битола. А епитетот најдобро уредена плажа го добија градските плажи во Дојран и во Преспа, „Голден бич“ од Охрид, плажата на Хотел „Дрим“ во Струга и плажата „Версус“, исто така во Струга. - Ова е мал гест на почит кон субјектите кои придонесуваат за развој на туризмот во нашата држава, - рече министерот за економија Беким Незири, на доделувањеto на признанијата во комплексот „Македонско село“. Тој соопшти дека во 2014 година бројот на туристи, во однос на 2013 година, бил зголемен за 6,5 отсто, а бројот на ноќевања за 7,6 проценти. Туристичкиот нето-девизен прилив лани бил 295 милиони САД долари и бележел зголемување од 2,3 проценти во споредба со 2013 година. Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Кристијан Џамбазовски истакна дека странските списанија и портали специјализирани за туризам во последните неколку години ја рангираат Македонија меѓу десет најатрактивни дестинации. - Тоа е резултат на агресивната кампања на Владата и на нашата Агенција, активно учество на саеми, странски туроператори и новинари, презентации во странство, субвенции и евтини линии, намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти, што доведе до раст во туризмот во Македонија, - рече Џамбазовски. Во последните осум години, додаде тој, се бележи раст повисок од 100 проценти и доколку продолжи трендот, во 2020 година бројот на туристи во Македонија може да биде над 1,2 милиони, кои ќе остварат повеќе од 3 милиони ноќевања.(С.П.)


четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

БИЗНИС ИНФО

17

ЧЛЕНКИ НА ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРАТА

СПОЈУВАЊЕ НА ЖИВОТНОТО ОСИГУРУВАЊЕ И ВЛОЖУВАЊЕ ВО ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНД

„Винер Лајф“ во партнерство со „ВФП Фонд менаџмент“ го создаде новиот производ „Лајфинвест“

„Винер Лајф“ во партнерство со „ВФП Фонд менаџмент“ го создаде новиот производ „Лајфинвест“ којшто претставува спојување на животното осигурување и вложување во инвестициски фонд чии акции котираат на американската, швајцарската и германската берза. Ова е прв и единствен од овој вид производ во Македонија, а меѓу првите и во регионот. „Лајфинвест“ е производ којшто отвора нови можности и бенефиции за осигурениците, така што корисникот е животно осигуран, но истовремено станува и инвеститор во хартии од вредност на реномирани светски компании. - „Винер Лајф“ како дел од VIG Групацијата на македонскиот пазар се обидува да ги донесе сите производи кои им се на располагање на граѓаните во развиените европски земји. Токму овој производ е дел од таа наша заложба. Како еден од поатрактивните осигурителни производи на странските пазари, посебноста што ја постигнува во Македонија е тоа што корисникот, физичките лица кај нас ја имаат ретката можност да вложат преку вредноста на акциите на најголемите светски компании и на тој начин да бидат во добивка за принос што може да биде значајно поголем од износот кој се добива со штедење во банка, - изјави Дарко Дедиќ, претседател на Управниот одбор на „Винер Лајф“. „Лајфинвест“ е единствен производ на македонскиот осигурителен пазар што ги претставува пред граѓаните огромните можности на Unitlinked производите, односно средствата се вложуваат во инвестициски фонд во водечки светски компании чии акции котираат на американската, швајцарската и германската берза. - При создавањето на овој производ го имавме искуството и знаењето од другите пазари каде успешноста се покажа како многу голема. Инвестициските фондови и странските пазари на хартии од вредност не се толку блиски, посебно за граѓаните на Македонија, па токму затоа овој заеднички производ е чекор понапред во информирање на граѓаните за бројните можности што ги имаат со проширувањето на понудата со различни и атрактивни производи, изјави м-р Руперт Штробл, генерален директор на WVP group од Австрија и Претседател на Одборот на директори на „ВФП Фонд Менаџмент“. Новиот производ „Лајфинвест“е веќе достапен во сите филијали на „Винер Лајф“ и партнерот за посредување и продажба, осигурителното брокерско друштво „ВФП“ АД - Скопје, каде што граѓаните можат да добијат и подетални информации. „Винер Лајф - Виена Иншуренс Груп“ – Скопје е осигурителната компанија за животно осигурување, основана во 2011 година, како дел од осигурителната групација „Vienna Insurance Group“. „Vienna Insurance Group“ е водечка осигурителна групација во Централна и Источна Европа во која оперираат над 50 осигурителни компании со годишна премија од над 9 милијарди евра. Македонската компанија во својата деловна стратегија се придржува кон строгите и прецизни деловни принципи. Со квалитетните и конкурентски производи, „Винер Лајф“ на своите клиенти им нуди финансиска сигурност и гарантира целосна безбедност на инвестираните средства. „ВФП Фонд Менаџмент“ АД - Скопје, Друштво за управување со инвестициски фондови, е дел од Групацијата за финансиско советување „WVP Group“ од Грац, Австрија. „WVP“ како групација е пионер во полето на напредни финансиски услуги, застапена на просторот на голем дел од Европа. Основана во 1985 во Грац, Австрија својата иновативност ја промовира и надвор од границите на Австрија каде прераснува во препознатлив бренд со докажана доверба. „WVP Group“ е лидер во посредување и продажба на осигурителни и финансиски продукти во 15 земји во Централна и Југоисточна Европа со повеќе од 30 години искуство. („Винер Лајф“)


БИЗНИС ИНФО

18

четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА УСАИД и ПроКредит банка ќе им помагаат на земјоделците да го модернизираат работењето

ФИНАНСИРАЊЕ НА МАЛИ ИНДИВИДУАЛНИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ КОИ ИМААТ ДОБРИ БИЗНИС ПЛАНОВИ

УСАИД потпиша петгодишен договор за заемски гаранции со ПроКредит банка со кој ќе се олесни пристапот на македонските земјоделци до кредити за капитални инвестиции и надградба на оперативното работење со намалување на колатералот што се бара од нив. - Целта е да работиме заедно со банките како ПроКредит за да овозможиме финансирање на мали, индивидуални земјоделци кои имаат добри бизнис планови за проширување на нивното земјоделско производство, а ги немаат средствата за обезбедување на кредитот кои вообичаено се потребни, - рече директорот на мисијата на УСАИД во Македонија Џејмс Стајн. Овие банкарски заеми треба да им помогнат и на земјоделците и учесниците во преработувачката индустрија кои сакаат да аплицираат за финансиската поддршка од ИПАРД и Националната програма за поддршка на земјоделството, програми кои функционираат на база на поврат на инвестираните средства. Тоа значи дека земјоделците сами треба да ја финансираат набавката на опрема пред да ја добијат финансиската помош. Во следните пет години, ПроКредит банка очекува да издаде кредити во вкупен износ од над шест милиони долари. УСАИД со поддршка на Владата на Македонија се надева дека оваа соработка ќе ја прошири и со другите заинтересирани банки. Сите заинтересирани земјоделци треба директно да ја контактираат ПроКредит банка.(МИА)

Регионалната „Кнауф“ Академија за првпат се одржа во Република Македонија

ПОСТОЈАНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ГРАДЕЊЕТО

Традиционалната „Кнауф“ Академија која има регионален карактер, годинава за прв пат се одржа во Македонија. Струга беше домаќин на околу двестотини архитекти, инженери и изведувачи во градежништвото од регионот, кои низ интерактивни работилници се информираа за најновите трендови, новитети, техники и производи кои излегуваат од гигантот во оваа индустрија – германскиот „Кнауф“. Годинешниот традиционален собир на професионалци од оваа сфера, го посетија и соработници и партнери на „Кнауф“ од земјите во регионот, од Србија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцегоцина, Црна Гора, Косово, како и домаќините од Македонија. - Ние во „Кнауф“ се гордееме со иновациски и развојно насоченото производството, затоа и многу внимание посветуваме на едукацијата на соработниците, која е неопходна од аспект на современ пристап кон работата и запознавање на новите производи, системи, алати и техники во работењето. На овој начин, архитектите, проектантите, трговците, изведувачите, партнерите, имаат можност и практично да се запознаат со новините од „Кнауф“, - изјави регионалниот директор на „Кнауф“ во Југоисточна Европа, Тодор Деловски. Регионалната „Кнауф“ Академија е практичен придонес на „Кнауф“ и членките на Групацијата, Knauf Insulation и AMF, за постојана едукација и информирање за најновите достигнувања во современото градежништво. Основната идеја на „Кнауф“ Академијата е континуирано да се иницираат теми и да се нудат конкретни решенија, чија цел е зголемување на квалитетот на градењето, а со тоа и унапредување на квалитетот на животот на граѓаните. („Кнауф“)


БИЗНИС ИНФО Скенирај и дознај повеќе

M

C

N IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

A

Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E


20

БИЗНИС ИНФО

четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Автомобилската индустрија и политиката

ПОСЕБНО БЛИСКИ ПРИЈАТЕЛИ

*Фолксваген е разоткриен дека ги манипулирал издувните гасови. Германската автомобилска индустрија е на удар на критиката. Колкава е одговорноста и на германската политика? Екс-шефот на Фолксваген Мартин Винтеркорн со канцеларката Ангела Меркел на саемот во Хановер годинава Автомобилската индустрија, заедно со машинската, се поим за германското стопанство дома и во странство. Кај големите производители на автомобили и нивните лиферанти работат околу еден милион луѓе. Оттука произлегува и големото влијание на концерните врз германската политика. Неколку примери добро отсликуваат колку се блиски личните врски. Екард фон Кледен од ЦДУ, по 20 години поминати како пратеник во Бундестагот, од пред две години работи во Дајмлер (концернот на кој припаѓа Мерцедес, н.з.) како раководител на Одделот за политика и надворешни односи, односно како врвен лобист. Матијас Висман (исто така од ЦДУ) беше прво министер за наука и истражувања, па министер за сообраќај, а потоа и претседател на парламентарната комисија за прашања во однос на ЕУ. Во 2007. година од политиката отиде во стопанството како претседател на Здружението на автомобилската индустрија (ВДА) - значи, главен лобист на автомобилската бранша. Јошка Фишер од Зелените, кој до 2005. година беше министер за надворешни работи, од 2009. беше советник на БМВ. А Томас Штег, денес главен лобист во Фолксваген, порано беше заменик-раководител на кабинетот на канцеларот Герхард Шредер (СПД), а подоцна кратко време и портпарол на канцеларот Ангела Меркел (ЦДУ). ФОЛКСВАГЕН - ПОСЕБЕН СЛУЧАЈ Кај најголемиот европски производител на автомобили Фолксваген врските меѓу претпријатието и политиката и онака се поблиски отколку на други места. Политиката е акционер во претпријатието, против нејзина волја не можат да се донесат никакви темелни решенија: во Надзорниот одбор на Фолксваген членови се покраинскиот премиер и министерот за стопанство на Долна Саксонија, покраина во која се наоѓа Волфсбург, седиштето на концернот. Покраината Долна Саксонија поседува 20 проценти од акциите со право на глас. Со тоа блокирачко малцинство таа може да спречи важни решенија, оти според законот Право на глас во Фолксваген


четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

БИЗНИС ИНФО

21

СВЕТСКИ ПЕЧАТ за Фолксваген од 1960. година, еден акционер може да има најмногу 20 проценти права на глас, дури и ако поседува повисок удел на акции. Во таа специфика не можеа ништо да променат дури ни две тужби на Комисијата на ЕУ пред Европскиот суд. ПРЕДНОСТИ И СЛАБОСТИ Со оглед на економското значење и тесната испреплетеност, претставниците на автомобилската индустрија не чекаат за да добијат термин кај политиката - само во тековниов легислативен период повеќе од 70 пати беа на разговори во кабинетот на канцеларот или во некое министерство. Податокот произлегува од одговорот на владата на прашање од пратеничката група на Зелените во Бундестагот. Чест гостин бил и сега веќе екс-шефот на Фолксваген Мартин Винтеркорн. Автоконцерните дури добиваат и пари од сојузни извори, барем за истражувачки цели. Според владини наводи, само Фолксваген во изминатите две години добил 12 милиони евра за таа намена. Таа испреплетеност на многумина Германци и не им изгледа спорна. Нивните аргументи се дека германските производители на автомобили се успешни во меѓународни рамки, заработуваат многу пари и вработуваат многу луѓе во земјата, па е нормално политиката да се грижи за тие да имаат добри услови во Германија. АВТОИНДУСТРИЈАТА ПИШУВА ЗАКОНИ Попроблематично е кога станува збор за еколошки прашања. Автомобилската бранша со години се бори против построги правила за издувните гасови и потрошувачката на гориво. Организацијата Германска еколошка помош (ДУХ), врз основа на интерни документи на Сојузното министерство за стопанство од 2013. година, докажа дека автомобилската индустрија понекогаш смее самата да пишува и закони. Конкретно станува збор за националното спроведување на регулативата на ЕУ за заштита на климата. Тоа се правело во блиска соработка со автомобилските концерни и нивното здружение ВДА, а според ДУХ, тие дури самите составиле еден дел од текстот на законот. Од тоа произлезе дека во 2012. година воведеното категоризирање, кое на купувачите всушност требаше да им служи за ориентација во однос на еколошката подобност на новите автомобили, ги прикажува многу поволно тешките германски автомобили кои трошат многу гориво, оти не го дава издувот на јаглероден диоксид (ЦО2) во апсолутна вредност, туку во релација со нивната тежина. Гласот на автомобилската индустрија се слуша и кај регулативата за регистрирање на возилата и за мерењето на издувните гасови. Таа му предлага правила за контролите на министерството за сообраќај, кое потоа се залага за нивно спроведување на меѓународно ниво. ОДГОВОРНОСТ НА ПОЛИТИКАТА Скандалот со манипулациите на издувните гасови од страна на Фолксваген излезе на виделина преку една американска општествена организација, која ги информира американските еколошки власти. Германскиот министер за сообраќај Александер Добринт рече дека и во Европа биле продавани возила на Фолксваген со софтвер за манипулација на тестовите на издувните гасови. Тие трикови се „свесно кршење на законите“, смета автомобилскиот експерт Фердинанд Дуденхефер од универзитетот Дуизбург-Есен. Зошто скандалот не беше откриен во Германија? Можеби е и сфатливо со оглед на блиските врски меѓу индустријата и политиката. Но, политиката сепак мора да даде Канцеларката Меркел меѓу шефот на Дајмлер Цече и лобистот Висман одговори на тоа.(ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)


БИЗНИС ИНФО

22

четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Бизнис хаварии

ЗАПОЧНА ДЕМОНТАЖАТА НА ФОЛКСВАГЕН

*Германското правосудство веќе работи врз случајот Фолксваген. За водечкиот европски производител на автомобили и за неговиот „довчерашен“ шеф Мартин Винтеркорн доаѓаат тешки времиња, смета Хенрик Беме.

Само еднаипол недела по откривањето на скандалот со манипулирањето на издувните гасови кај дизелвозила на Фолксваген, државното обвинителство во Брауншвајг веќе започна со истрага против Мартин Винтеркорн под сомнение за измама. А и самиот концерн поднесе пријава до обвинителството со цел да се разјасни кој е во крајна линија одговорен за вградувањето на манипулирана електроника во моторот и кој кога знаел за тоа. За шефот на најголемиот европски производител на автомобили, кој сакаше да го донесе концернот на самиот светски врв, тоа е најлошото што можеше да му се случи. Обработката на скандалот од страна на правосудните власти ќе има значително влијание врз животната есен на 68-годишниот Винтеркорн. Ако се докаже дека знаел за манипулациите, нема да му остане многу од милионите што ги заработи во Фолксваген, а од неговото животно дело - баш ништо. Цунами за Фолксваген Многу поважен дел е иднината на концернот Фолксваген. Кон него доаѓа цунами од тужби, илјадници судски постапки, казни изразени со милијарди евра, штета за имиџот која не може да се искаже во бројки. Притаената надеж во Волфсбург дека и други го правеле истото, досега не се остварува - Фолксваген е единствениот кој е откриен.


четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

БИЗНИС ИНФО

23

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Со скандалот со манипулирањето на издувните гасови, независно од неговиот исход, за Фолксваген започнува нова ера. Стратегијата на фирмата веќе не е да стане број еден во светот, туку да се спаси од разбивање. Оти истрага не е поведена само во Брауншвајг, туку ширум светот властите во разни земји ги испитуваат активностите на германскиот концерн на нивен терен. Особено жестоко секако ќе биде во САД, оттаму на Фолксваген му се заканува најголемата опасност. Безбројни сопственици на автомобили од негово производство се чувствуваат измамени и веќе поднесоа тужби, повеќе американски сојузни држави имаат намера заеднички да водат истрага против концернот. Меѓу тужителите е и еден пензиски фонд, кој од падот на вредноста на акциите на Фолксваген поради скандалот загубил стотици милиони долари. Фолксваген навистина има одвоено големи суми пари за вонредни ситуации, но тоа сепак веројатно нема ни од далеку да биде доволно за да се платат казните што можат да се очекуваат или надоместот за соодветни спогодби, за да се избегнат скапите судски процеси. Со оглед на согледливите енормни оптоварувања, големите рејтинг-агенции веќе го преиспитуваат категоризирањето на бонитетот на концернот. Нова структура, неизвесна реализација Успехот што пред околу половина година Мартин Винтеркорн го извојува во дуелот со неговиот поранешен патрон Фердинанд Пиех, сега дефинитивно се покажува како Пирова победа. Пиех ја согледа опасноста што произлегува од закоравените структури во царството на Фолксваген. Но, неговиот приод за решение на проблемот, сосем во стариот стил на патријарх - едноставно да се истера Винтеркорн - испадна истрел во празно. На концернот Фолксваген навистина му е потребна модерна структура. Надзорниот одбор минатиот петок веќе донесе такво решение. Но, крајно е неизвесно дали во Волфсбург во наредните месеци, можеби и години, ќе најдат сила и концентрација на таа нова структура навистина да и’ вдахнат живот. (ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL

ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL

ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач


четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-

Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!

Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот. Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој метод на обука, која вклучува микс од техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависност од Вашата потреба. Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и светски компании. Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас. Предавач: Љупчо Георгиев, директор на „Густав Кезер Тренинг Интернационал Македонија“, лиценциран тренер со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи.

Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија.

Уписите за обуката се во тек.

Сите учесниците добиваат: • материјали за работа • мемориски картици • ЦД и дополнителна литература • консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6 месеци • интернационално признат Сертификат од Густав Кезер Тренинг Интернационал и Сертификат од Бизнис Центар за Тренинг и Обука • контролен ден

За подетални информации контактирајте со нас: Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk


26

БИЗНИС ИНФО

четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Kомплетна обука согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија

„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“ Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со менаџментот и организацијата на човечките ресурси во компаниите. Истата содржи 80 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Програмата започнува со општ вовед во менаџментот на човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти на струката потребни за стекнување менаџерски вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за Програмата „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ кој е признат од Министерството за образование и наука. ТРЕНЕРИ: Доц. д-р Љупчо Ефтимов Доцент на Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на прв и втор циклус студии одржува настава по предметите Менаџмент на човечки ресурси, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на перформанси. Од 2013 година ја извршува функцијата раководител на студиската програма од втор циклус студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси. Член е на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Член е на Комитетот за човечки ресурси при Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Р. Македонија. Член е на Техничкиот комитетот за менаџмент на човечки ресурси при Институтот за стандардизација на Р. Македонија. М-р Драгана Томиќ Пилиповиќ Професионален консултант, основач и претседател на Центарот за општествено одговорно претприемништво (ЦООП) - Белград, а во текот на својата кариера работела на следните позиции: - заменик-претседател на Секторот за човечки ресурси и обучувач во AIESEC, Економски факултет – Белград; - консултант во областа на тренинг и менаџмент на човечки ресурси во „Срма Консалтинг“ – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во Ерсте Банка – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во „ФармаСвисс“ ДОО - Белград. Д-р Зоран Михајлоски Во текот на својата богата кариера д-р Зоран Михајлоски бил судија во Апелациониот суд во Скопје, во специјализираниот оддел за работни спорови од 2002 година, претседател на специјализираниот оддел за работни спорови на Апелациониот суд - Скопје, едукатор во Правната школа на постојни судии од Европската унија во Барселона, Шпанија, од областа на

националните работни законодавства, постојан предавач на постдипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и вонреден професор на Факултетот за правни науки при Универзитетот „Американ Колеџ“ - Скопје. Автор на повеќе научни и стручни трудови од областа на трудовото и деловното право.

Дополнителни информации: • Предавањата се распоредени во 10 тренинг дена (вкупно 80 школски часа) и се одржуваат два до три пати неделно. • Обуката започнува во периодот април – мај 2015 година. • Број на учесници во група: 10 – 20 учесници. • Во зависност од тематската целина предавањата се одржуваат на македонски или на српски јазик. • Сите учесници добиваат потврда за присуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија. • Услов за да се стекне Сертификатот за „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит. Котизација за учество: - 27.900 денари за 1 учесник; - 10% попуст за втор учесник од иста компанија и - 15% попуст за трет и секој следен учесник од иста компанија, невработени лица и студенти. Учесниците добиваат: - Материјали; - Освежување и - Сертификат.

Контакт: Симона Ристоска +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk


четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар: НОВИОТ ЗАКОН ЗА ОПШТА УПРАВНА ПОСТАПКА („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/2015 година)

1. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

- Рок за постапување по жалбата; - Достава на решението по жалба; - Повторување на постапката – причини; - Барање и рок за повторување на постапката; - Правни последици од повторувањето на постапката; - Менување и поништување на управен акт во врска со управен спор; - Управен приговор; - Постапка по управен приговор против реални акти и нивно пропуштање; - Постапка по управен приговор во случај на обезбедување јавни услуги од општ интерес.

2. НАДЛЕЖНОСТ - Стварна надлежност; - Месна надлежност; - Ограничување на месната надлежност; - Задолжителност на правилата за надлежност; - Судир на надлежности. 3. ОВЛАСТЕНО СЛУЖБЕНО ЛИЦЕ 4. СТРАНКА И НЕЈЗИНО ЗАСТАПУВАЊЕ - Законски застапник и провремен застапник; - Полномошник, заеднички претставник полномошник.

6.10.2015 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

заеднички

16. ВОНРЕДНИ СЛУЧАИ НА УКИНУВАЊЕ И ПОНИШТУВАЊЕ НА УПРАВНИ АКТИ

5. КОМУНИКАЦИЈА ПОМЕЃУ ЈАВНИТЕ ОРГАНИ И СТРАНКИТЕ

17. ИЗВРШУВАЊЕ - Извршување на управни акти, извршеник, време на извршувањето, видови на извршување, надлежност за спроведување на извршувањето, постапка за извршување, извршување преку други лица, извршување преку парични казни, извршување по пат на непосредна принуда, итно извршување, запирање и одлагање на извршувањето, надоместок.

и

6. РОКОВИ И ВРАЌАЊЕ ВО ПОРАНЕШНА СОСТОЈБА 7. ТЕК НА ПОСТАПКАТА 8. УТВРДУВАЊЕ НА ФАКТИТЕ И ДОКАЖУВАЊЕ - Изведување докази по службена должност; - Постапка за изведување на доказите по службена должност. 9. ТРОШОЦИ НА ПОСТАПКАТА - Распределба на трошоците. 10. ИЗВЕСТУВАЊЕ И ДОСТАВА 11. УПРАВНИ ДЕЈСТВИЈА 12. УПРАВЕН ДОГОВОР 13. ДРУГИ УПРАВНИ ДЕЈСТВИЈА 14. ПРАВНИ ЛЕКОВИ 15. ЖАЛБА - Содржина и форма на жалбата; - Рок за изјавување жалба и откажување од жалбата; - Предавање на жалбата, одложно дејство на жалбата ; - Работа на второстепениот орган по жалба; - Работа на првостепениот орган по целосно или делумно уважена жалба; - Жалба во случај на молчење на управата;

Предавачи: - м-р Едита Наскова, судија во Управен суд на Република Македонија и - доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

28

четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

8 октомври 2015 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат

Семинар: КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ

„Општ колективен договор од областа на стопанството, додатоци и надоместоци на плата, дисциплинска постапка и најновите измени на Законот за работни односи“

ПРОГРАМА: - Отказ на договорот за вработување поради неизвршување на работи надвор од договорот за вработување; - Прекувремена работа, работа на празник, трета смена и за неделен одмор и начин на плаќање, надоместоци; - Правилна примена на член 28 од Општ колективен договор за стопанството; - Правен основ за дисциплински орган негова постапка и одлука за сторена повреда, уредување на дисциплинска постапка, формирање и процесни дејствија и одлука на дисциплинската комисија; - Права и забрана за отказ на работникот во случај на бременост раѓање и родителство, прераспределба на работното време и - Последни измени и дополнување на Законот за работни односи. Предавачи: Миле Стојановски, државен советник и Злате Стојановски, раководител на сектор при Државен инспекторат за труд, сектор работни односи. Учесниците на обуката ќе добијат: - работен материјал - ручек и освежување - сертификат за присуство на семинарот Сите заинтересирани учесници за овој семинар можат да се пријават најдоцна до 6 октомври 2015 година. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета АндриевскаЕфтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Практична обука „ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ – ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ“

Успешно учество на постапките за доделување на договори кои се водат по електронски пат (пребарување огласи, преземање тендерска документација, поднесување понуди) и учество на електронски аукции (Обука наменета за економски оператори) ПРОГРАМА - Детално опишување на е-набавките и алатките што ги нуди ЕСЈН; - Претставување на новиот дизајн на ЕСЈН и новините кај профилите и функционалностите на економските оператори - Објаснување на новиот концепт на поднесување на понуди кај делливите набавки; - Креирање на кориснички профили и претставување и уредување на функционалноста на профилот на економскиот оператор; - Пребарување на објавени тендери и договори; - Поднесување на понудите преку системот; - Учество на е-аукции; - Претставување на случаи на „добра пракса” при спроведувањето на е-набавките и е-аукциите; - Интерактивни вежби! Секој од учесниците индивидуално ќе поднесе понуда и ќе учествува на електронска аукција. Обуката е наменета за сите економските оператори, приватни компании кои учествуваат на постапките за јавни набавки или имаат интерес за потенцијално учество на истите. Обучувачи Обучувачите се експерти за јавни набавки и е-набавки од Бирото за јавни набавки (Сектор за управување со ЕСЈН) кои учествувале во развојот на е-набавките во РМ.

8 октомври 2015 година 10:00- 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

- сертификат за присуство на семинарот. - примерок од најновото III издание на водичот „Примена на Законот за јавните набавки во пракса“ за учесниците кои ќе го нарачаат. Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Со оглед на видот на обуката – практични и интерактивни Контакт: Анита Митревска вежби и поминување на тест-сценарија, учесниците е Тел: ++ 389 2 3244057 потребно да понесат преносен компјутер (лап-топ). Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: E-адреса: anita@mchamber.mk - работен материјал; - ручeк и освежување;


30

БИЗНИС ИНФО

четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

9.10.2015 година, 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Семинар: НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ И УСОГЛАСУВАЊА НА ПЛАТНИОТ ПРОМЕТ СО ПРЕКРШОЦИТЕ“ ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПЛАТНИОТ ПРОМЕТ И ЗАКОНOT ЗА ПРЕКРШОЦИ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ БР. 124/2015)

Програма на семинарот: * Начело на законитост во определувањето на прекршоците и во пропишувањето на прекршочните санкции; * Прекршочни санкции; * За сторен прекршок под условите од овој закон, се изрекуваат: - прекршочни санкции за полнолетни сторители; - прекршочни санкции за правни лица; - посебни прекршочни мерки; - прекршок и прекршочна одговорност; - одговорност на правно лице; - Закон за платниот промет и - носители на платниот промет. Предавачи: - Јане Севдински даночен советник во „Некст левел“, член на Националниот совет за платни системи, министерство за финансии – финансиски системи; - доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - сертификат за присуство на семинарот. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

INTERMOB 2015 ВО ИСТАНБУЛ

Од 8 до 11.10.2015 година Меѓународен саем за мебел и технологии за обработка на дрво во Турција

Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за економија на Република Турција, организира посета на INTERMOB 2015 18th International Furniture Side Industry, Accessories, Forestry Products and Wood Technology Fair во Истанбул, Турција. Станува збор за еден од поголемите меѓународни саемски манифестации од овој тип на специјализирани дејности на којашто ќе земат учество голем број на реномирани компании од преку 40 земји од средна Азија, од Балканот, Блискиот Исток и од Северна Африка. Саемот се организира во рамките на купувачките мисии, во кои можат да учествуваат фирми заинтересирани за увоз на производи од Турција, под услов во изминатиот период да не учествувале на ваков настан. Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници и потенцијални партнери на голем број разновидни производи. За компаниите посетители на овој Саем обезбедени се: • бесплатно хотелско сместување, за еден претставник од компанија; • бесплатен трансфер од аеродром до хотел и обратно; • бесплатен локален трансфер; • организирани деловни средби и посета на компании, потенцијални партнери и • бесплатни влезници за Саемот. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите, кои може да се превземат од веб сајтот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk до наведениот рок во нив.. За повеќе информации: http://www.intermobistanbul.com/en/index.php. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Миле Стојчевски Тел: ++ 389 2 3244039 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mile@mchamber.mk


32

БИЗНИС ИНФО

четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 9 октомври 2015 година трет биснис- форум на босанскохрецеговската дијаспора во Република Српска

„BHDIAFOR 2015“ ВО БАЊА ЛУКА

Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Амбасадата на Босна и Херцеговина во Скопје ве покануваат на овој бизнис форум. Целта на овогодинешниот форум е : 1. Да се стимулираат инвестициите во БиХ од страна на дијаспората; 2. Да се поттикне бизнис соработката помеѓу домашните и странските компании и компаниите чиишто сопственици и вработени се дел од БиХ дијаспората; Покрај домашните компании на форумот ќе да се опфатат и компаниите од регионот за поинтензивна соработка и можност за заеднички настап на странски пазари. Оваа година учеството на форумот е бесплатно но селективно и со ограничен број на учесници, што значи дека по on-line пријавувањето на компаниите на следниот link: https://docs.google.com/forms/d/1-BlV252i_ YFgbn8nzSvEA1jXtDHEjRthapVImehcXrA/viewform?c=0&w=1, нашиот партнер и организатор на настанот ќе направи селекција на компаниите учеснички на форумот и ќе ги извести по пат на e-mail. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

БИЗНИС-СРЕДБИ НА САЕМОТ „АНУГА“ ВО КЕЛН

На 13 и 14 октомври 2015 година во СР Германија

Бизнис-средбите на „Ануга 2015“ се уникатна платформа за споделување на иновативни технологии, иницира прекугранична соработка и нови деловни партнери. Учесниците може да побараат претходно договорени состаноци еден-на-еден, според нивните интереси за соработка. На овој начин, можете да направите подобра организација на вашето време на Саемот „Ануга“. Бизнис-средбите ќе се одвиваат во уникатен амбиент во германското Сојузно министерство за храна и земјоделство. „Ануга“ не е само најголемиот саем за храна и пијалаци во светот; тоа е, исто така, секторски најважниот саем за нови пазари и целни групи. Главни теми: „Ануга“ ги поздравува претставници од сите сектори на трговијата и производството на храна и прехранбената индустрија https://www.b2match.eu/anuga2015

Како тоа функционира? 1.Регистрирајте се и објавете го вашиот профил за соработка. 2.Разгледајте ја листата на учесниците и одберете за кои компании сте заинтересирани. 3.Една недела пред настанот ќе го добиете вашиот личен распоред за бизнис-средби.

Зошто да учествувате? • Можете да ги одберете потенцијалните деловни партнери - и ќе се организираат состаноци за вас! • Можете да го изберете вашиот состанок пред да тргнете на пат

Вашиот избор се базира на прецизен профил на компанијата. • Имате поддршка пред, за време и по настанот, на пример, од помош да се формулира профилот, до информативна соработка или поддршка на вашиот состанок. Учеството на средбите е бесплатно. Влезницата за Саемот не е вклучена. Ве молиме да ја купите вашата влезница преку саемскиот веб-сајт: http:// www.anuga.com/anuga/for-visitors/Admission-ticket/index.php. Рокови: - 20 септември 2015 година - регистрација и поднесување на профили за соработка; - 5 октомври 2015 година - електронски избор на бизнис-состаноци; - 9 октомври 2015 година - финална испорака на распоредот на состаноци; - 13 и 14 октомври 2015 година - билатерални средби. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО

четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 14 и 15.10.2015 во Република Турција

ISTANBUL FASHION CONFERENCE & IAF WORLD FASHION CONGRESS

Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за економија на Република Турција, организира посета на 8. Istanbul Fashion Conference & 31.IAF World Fashion Congress во Истанбул, Турција. Саемската манифестација е организирана од страна на IAF - International Apparel Federation, каде претставниците ќе може да ги споделат искуствата со најголемите светски брендови. Станува збор за еден од поголемите меѓународни саемски манифестации од овој тип на специјализирани дејности на којашто ќе земат учество голем број на реномирани компании од преку 40 земји од средна Азија, од Балканот, Блискиот Исток, од Северна Африка. Саемот се организира во рамките на купувачките мисии, во кои можат да учествуваат фирми заинтересирани за увоз на производи од Турција, под услов во изминатиот период да не учествувале на ваков настан. Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници и потенцијални партнери на голем број разновидни производи. За компаниите посетители на овој Саем обезбедени се: • бесплатно хотелско сместување, за еден претставник од компанија; • бесплатен трансфер од аеродром до хотел и обратно; • бесплатен локален трансфер; • организирани деловни средби и посета на компании, потенцијални партнери и • бесплатни влезници за Саемот. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 29.9.2015 година. За повеќе информации: http://www.istanbulmodakonferansi.com/en/. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сашо Деспотоски Тел: ++ 389 2 3244089 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: saso@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

Обука на градежните работници за енергетска ефикасност UP Skills BEET - Builders’ Energy Efficiency Training

четврток, 01 октомври 2015, Бр. BUILD 237

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Во рамките на ЕУ-иницијативата BUILD UP Skills (http://www.buildupskills.eu), која има за цел подобрување на квалификациите и вештините на европските градежни работници за постигнување на зголемена енергетска ефикасност на објекти, во Македонија во тек е реализација и имплементација на втората фаза на проектот „BUILD UP Skills – Builders’ Energy Efficiency Training (BEET)”. Иницијативата е фокусирана на континуирано неформално образование за различни занимања вклучени за изградбата на објекти. Целта на Проектот е реализација на тренинг-програми за развој и унапредување на вештини на работниците од градежниот сектор за постигнување на зголемена енергетска ефикасност во објекти, за 5 (пет) занимања кои во Патоказот (http://www.buildupskills.mk/images/Publikacii/Roadmap/EN_Roadmap_BUS-MK.pdf ) се дефинирани како приоритетни. Како дел од проектните активности, Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност(BUILD UP Skills – BEET)”, организира

ПРЕПОЗНАВАЊЕ (ВЕРИФИКАЦИЈА) на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност на градежните работници и објавува

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

на кандидати за препознавање на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност за следните занимања: фасадери, кровопокривачи, столари, инсталатери на греење, ладење и вентилација и инсталатери на електрични инсталации I.Предмет на повикот Предмет на повикот е пријавување на кандидати кои поседуваат знаења и вештини стекнати со неформални обуки и/или работно искуство во градежни претпријатија. Во рамките на повикот ќе бидат препознаени знаења и вештини за следните занимања на градежни работници: 1. фасадери со вештини за енергетска ефикасност на згради; 2. кровопокривачи со вештини за енергетска ефикасност на згради; 3. столари со вештини за енергетска ефикасност на згради; 4. инсталатери за греење, ладење и вентилација со вештини за енергетска ефикасност и 5. инсталатери на енергетски ефикасни електрични инсталации.

IV.Резултати/придобивки од обуките 1.Вид на сертификат Со успешно завршување на постапката на препознавање на вештините, кандидатите ќе се стекнат со Сертификат за поседување на знаења и вештини за енергетска ефикасност, кој се однесува на определеното занимање. 2.Важност на сертификатите: • сертификатите ќе ги издава Сертификационото тело во рамките на Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност (BUILD UP Skills – BEET)”; • сертификатите ќе имаат важност во рамки на самиот Проект во Македонија, Хрватска и Словенија, како земји-учеснички во иста работна група од BUILD UP Skills иницијативата; • дополнително, сертификатите ќе бидат препорачани од страна на Проектот за отпочнување на процедура за нивна верификација од Центарот за образование на возрасните. 3.Стекнати компетенции Сертифицираните работници, по добивањето сертификат, ќе можат да аплицираат на тендери каде се барат работници со вештини за ЕЕ. V.Постапка на пријавување 1. Пријавувањето на кандидатите се врши електронски на еден од следните начини: • Доставување на документите во електронска форма на е-маил адреса: • За фасадери, е-маил: fasaderi@beet.mk, Контакт лица: Ивона Каранфиловска, тел: 02/3244-084, Симона Ристоска, тел: 02/3244-067 • За кровопокривачи, е-маил: е-маил: krov@beet.mk, Контакт адреса: ЦеПроСАРД, ул.Орце Николов 172, Скопје,тел: 02/3061-391 • За столари, е-маил: stolari@beet.mk, Контакт адреса: Факултет за бизнис економија, бул. 3та Македонска бригада 66А/1кат, Скопје Контакт лице: Слаѓана Стојановска, тел:02/2402-161, Љупчо Вангелски, тел: 02/2402-170 • За инсталатери за греење и климатизација, е-маил: hvac@beet.mk, Контакт лице: Даниела Тошевска, тел: 02/3216-903 • За инсталатери на енергетски ефикасни електрични инсталации, е-маил: elektro@beet.mk Контакт лице: Лихнида Стојановска-Георгиевска, тел 02/3099-174

Напомена: • Еден кандидат може да се пријави за препознавање на знаењата и вештини за ЕЕ за • Доставување на документи до сертифицираните тренери и акредитирани за одредени едно или повеќе занимања од горе наведените. региони во Република Македонија, или • Одборот за сертификација при Проектот Build Up Skillls BEET одлучува за издавањето на • Доставување на документите во печатена форма во Стопанската комора на Македонија, сертификат за поседување на знаења и вештини за ЕЕ. ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје. Постапката на препознавање целосно е финансирана од Проектот BUILD UP Skills – BEET. 2. Потребна документација: • пополнет ПРИЈАВЕН ЛИСТ; II.Услови за пријавување • копија од диплома за завршено образование; 1.Кандидатите треба да имаат завршено: • сертификати од обуки во неформалното образование (институции и приватни •основно или средно образование, или установи што организираат обуки за ЕЕ); •постсредно образование, т.е. мајсторски испит со V-Б степен на квалификации или • доказ за работно искуство во струката. Како доказ за работно искуство може •четиригодишно средно техничко образование со IV степен на квалификации или да се приложи заверена референтна листа, потврда од работодавач за ангажманот на •тригодишно средно стручно образование со III степен на квалификации. кандитатот со податоци за работната позиција и времетраењето. 2.Работно искуство: • најмалку 5 (пет) години во струката односно занимањето за кое се бара сертификат, од кои • најмалку 2 (две) години во спроведување на мерки за енергетска ефикасност.

3. Повикот за пријавување е отворен до 30 октомври 2015 година. За повеќе информации обратете се во Стопанската комора на Македонија, ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје.

III.Процес на препознавање на вештините Секој кандидат поднесува апликација за препознавање на претходното знаење и вештини за енергетска ефикасност, заедно со докази за работно искуство и стекнати квалификации. Поднесените апликации ги разгледува и оценува испитна комисија, составена од сертифицирани тренери (обучени во рамки на проектот). Во рамките на процесот на препознавање, доколку поднесените докази за компетентност се недовоолни, кандидатите може да бидат повикани на интервју и/или проверка на знаењата и вештините.

Партнери на Проектот:

Контакт лица: Ивона Каранфиловска Телефон: +389 2 324 4084 Е-адреса:: ivona@mchamber.mk Симона Ристоска Телефон: +389 2 3244 067 Е-адреса: simona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

36

четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бизнис-средби на 15 и 16 октомври 2015 година во Република Турција

„MATCH4IN

Четвртото издание на „Match4Industry“ за бизнис-поврзување ќе се организира на 15 и 16 октомври 2015 година и ќе се одржи во TOSB - Индустрискиот парк за автомобилски добавувачи во Кочаели, Република Турција. „Match4Industry“ настанот ќе биде организиран од страна на ABİGEM Исток Мармара и Комората за индустрија на Кочаели, во тесна соработка со Enterprise Europe Network - Луксембург, Стопанската комора на Големото Војводство Луксембург и многу други организации за професионална поддршка на бизнисот од Европа, Турција и пошироко. „Match4Industry“ е дел од “Бизнис на лице место”, уникатен концепт на бизнис-настани кои се организираат во посебна индустриска зона. Овој концепт е предвиден од страна на организаторите со цел олеснување на успешните преговори со истакнување на предноста на инфраструктурата и деловните активности во индустриската зона. Ова обезбедува цел спектар на услуги за развој на бизнисот со додадена вредност, со цел да се задоволат потребите за глобализација на компаниите. Покрај наведените билатерални средби што ќе се организираат во индустрискиот парк, предвидени се посети на компании, што ќе им бидат понудени на учесниците како изборна програма. Ова ќе помогне за оценување на бизнис-климата во регионот и за финализирање на преговорите. На настанот ќе бидат застапени следните сектори: § автомобилска индустрија; § метална и машинска индустрија; § пластика и гума; § хемиска индустрија (автомобилски бои и лакови); § градежништво и градежни материјали; § енергија; § животна средина; § електроника; § информатички и комуникациски технологии; § женско претприемништво и др. Котизација: 80 евра по учесник.


четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

NDUSTRY“ ВО КОЧАЕЛИ Партиципацијата вклучува: - организирани деловни состаноци; - помош пред, за време и по настанот; - локален трансфер; - превод – од англиски на турски, од турски на англиски јазик; - ручеци, освежување и вечера за добредојде. Трошоците за сместување (2 ноќевања во хотел со 5 ѕвезди) ќе бидат финансирани од Министерството за економија на Република Турција. Краен рок за пријавување: 30 септември 2015 година.

Подетални информации можат да се добијат на вебстраната: www.een-matchmaking.com/m4i2015 Контакт: Лазо Ангелевски Тел: (02) 3244090 laze@mchamber.mk


38

БИЗНИС ИНФО

четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

15-16 октомври 2015 година 9:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Дводневна практична обука: СТАНДАРДИ „УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИТЕ И СИСТЕМ МЕНАЏМЕНТИТЕ ОД АСПЕКТ НА ПРИМЕНА НА СТАНДАРДИТЕ ISO 9001:2015; ISO14001:2014; OHSAS 18001; ISO/CD 45001; ISO 31000 и ISO/IEC 31010“

ПРОГРАМА 16 октомври 2015 година Нов ISO концепт - Anex SL Најзначајни измени: • Организационен контекст; • Заинтересирана страна; • Документирани информации; • Управување со процесите; • Ризици ISO 9001; • Outsourse процеси и набавки. Ризици на систем менаџментот - CIA: • ISO 9001:2015 - ризик врзан за контекстот на организацијата; • Анализа на ризикот - барање на населението во врска со ISO 14001:2015; • ISO 27001:2013 - ризици поврзани со безбедност на информации.

• Цели на управување со ризикот. Моделирање и анализа на ризикот: • Идентификација на опасностите, ранливоста и можностите на ризикот; • Методи за идентификација на ризикот. Вежба 1 – Студија на случај: Идентификација на ризикот Вежба 2 – Студија на случај: Примена на избраната метода за проценка на ризикот Предавач: Игор Чика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. • Траење на обуката и начин на работа - Обуката трае два дена од 9:00 – 15:00 часот. - PowerPoint презентација, студија на случај, работилница со вежби и охрабрување на учесниците за конверзација и поставување прашања.

Аплицирај електронски / on-line Вештини за ефикасна проценка на ризикот и начин на одбирање на најпогодна техника: Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова • ISO 31000 Менаџмент на ризик – Принципи и упатства. Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 17 октомври 2015 година Контакт Центар : (02) 15015 Основни поими поврзани за ризик и разбирање на E-адреса: beti@mchamber.mk потребите: • Основни поими и дефиниции за анализа на ризикот и Контакт: Анита Митревска управување со ризикот; Тел: ++ 389 2 3244057 • Значење на организацијата за воспоставување процес за Факс:++ 389 2 3244088 управување со ризиците; Контакт Центар : (02) 15015 • Фази на управување со ризикот; E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Osnovana 1922

Founded 1922

БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија

Уписите се во тек!


40

БИЗНИС ИНФО

четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 19 до 22.10.2015 година во Техеран

“ХАЛАЛ ИРАН 2015“

“Халал Иран 2015“ е единствениот и најголем саем за халал каде што ќе бидат присутни претприемачи од халал индустрија и бизниси кои се заинтересирани за инвестирање во една од најбрзо растечките глобални индустрии. На овогодинешниот саем компаниите ќе имаат можност да стапат во контакт со компании, кои се дел од Халал индустрија од над 30 земји, вклучувајќи ја и Холандија, Турција, Германија, Малезија, Белгија, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Франција, Египет, Мароко, Пакистан, Данска, Гана, Тунис, Ирак, Алжир, Индонезија, Русија и др. Присутните компнаии ќе имаат можност да се сретнат со бројни производители на халал продукти и да стапат во директен контакт со истите преку биллатерални средби, панел дискусии и трибин со цел размена на информации и искуства, склучување стратешки партнерства и отварање на пазарот за пласман на нивните продукти и услуги. За подетални информации Ве молиме посетете го следниов линк: http://www.halalexpo.ir/en/ Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

БИЗНИС ИНФО

41

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Едукација: АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ ВО СОРАБОТКА СО ГУСТАВ КЕЗЕР ТРЕНИНГ ИНТЕРНАЦИОНАЛ - ВТОРА ГЕНЕРАЦИЈА – Стопанска комора на Македонија Ве поканува да бидете дел од втората генерација на Академијата за продажни вештини во соработка со Густав Кезер Тренинг Интернационал! Методологијата по која се реализира Академијата за продажни вештини е усовршувана во текот на 50 години постоење на Густав Кезер Тренинг Интернационал и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10.000 европски и светски компании. Програмата опфаќа комбинација на три клучни аспекти: техника, став и влијание, кои овозможуваат да се постигнат натпросечни резултати во комуникацијата со останатите. Вистинскиот пристап кон работата и обврските, со влијанието кое како поединци го остваруваме за нашето опкружување, е онаа компонента која ги издвојува успешните луѓе од останатите и истите се спремни да ја насочат својата компанија во правец кој ќе и донесе најдобри резултати.

Што содржи тренингот? - Важноста на пристапот; - Поттикнувачи на објективно и успешно ориентираното дејствување; - Преговарање, способноста за убедување на другите; - Комуникациски техники; - Конфликтите како можност; - Ефикасно управување со времето и - Предуслови за свесен однос спрема времето.

*Првата средба на групата ќе се одржи на 20.10.2015 година, пријавете се што побрзо!

Академијата за продажни вештини содржи 5 тренинг дена распоредени во временски период од три до четири месеци (помеѓу секој тренинг ден постои пауза од три недели) и контролен ден кој се одржува по два месеци од последниот тренинг ден. Паузите помеѓу деновите на обуката се планирани со цел учесниците на своето работно место да го имплементираат наученото и во тој временски период да ги користат услугите на консултантот. Со наредниот тренинг ден од обуката се засилуваат ставовите во врска со предавањата, се вршат модификации на наученото согласно реалните услови на работа на учесниците, а во континуитет се следат фактичките постигнувања и се мери резултатот на учиноците пред и потоа. Академијата започнува во октомври 2015 година. Точните датуми на одржување на тренинг деновите се определуваат заедно со учесниците и тренерот на првата средба која ќе се одржи на 20.10.2015 година. Коментари од учесниците на првата Академија за продажни вештини: „Многу сум позитивно изненадена од содржините и активностите на Академијата. Од сите досегашни обуки добиени од различни институции, оваа обука веќе ја спроведувам во пракса со одлични перформанси и резултати.“ - Христина Чочкова, АДРИАМЕД „Академијата ги надмина моите очекувања. Се што беше презентирано беше со добра основа, реално отсликување на секојдневите потешкотии предизвикани од неправилно поставени продажни вештини, за на крај да се заврши со поука како сето тоа да се исправи и подобри во иднина.“- Соња Николовска, Макпетрол АД „Прекрасни, спремни презентации од страна на тренерот, многу добра организација, позитивна енергија.“ – Викторија Смичковска, Транслог ДООЕЛ Аплицирај електронски / on-line Контакт: Симона Ристоска Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: simona@mchamber.mk


42

БИЗНИС ИНФО

четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 21 и 22 октомври во Гетеборг

КОМПАНИСКА МИСИЈА - ИКТ КОМПАНИИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА НА СРЕДБИ СО ИКТ КОМПАНИИ ОД ШВЕДСКА

Enterprise Europe Network Македонија и Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија се ко-организатор на компаниската мисија во Шведска, која ќе се фокусира на соработката помеѓу ИКТ компаниите од Југоисточна Европа и од Шведска. Во западниот дел од Шведска постои силен ИКТ сектор, со компании што се занимаваат првенствено на вградени системи, електроника, инфраструктура / облак, визуелизација, игри и мобилна технологија/. Организатори на настанот се Бизнис округот Гетеборг, во соработка со Инвест Македонија, Амбасадата на Република Бугарија и Српско-шведскиот бизнис совет. Во текот на оваа мисија, Enterprise Europe Network ќе организира средби за компаниите кои учествуваат. Ова ќе биде коорганизирана од ЕЕН партнери од Шведска, Македонија, Бугарија и Србија. Целта на мисијата е да се промовира соработка и партнерство меѓу компаниите кои учествуваат. Настанот ќе се фокусира на следните партнерства: - Трансфер на технологија - Партнерства во проекти - Подизведување / аутсорсинг - Дистрибуција и - Истражување

Бизнис средбите ќе се одржат на 21 октомври, 2015 година, од 13,00-16,00 часот, во Бизнис центар во Гетеборг. Учеството е бесплатно На 22 октомври ќе се одржи Семинар – Софвер ден за ИКТ соработка на компаниите од Југоисточна Европа со ИКТ компаниите од Шведска. На бизнис средбите и на семинарот ќе можете да се запознаете со нови партнери и да се информирате за најновите случувања во ИКТ секторите во Шведска, Бугарија, Србија и Македонија. Компании од ИКТ секторите од овие земји ќе уќествуваат на средбите и на семинарот. Искористете ја можноста за да ја проширите Вашата меѓународна мрежа, да истажите нови идеи, развивајте ги економските и проектните потенцијали преку учеството на овие средби и на семинарот http://softwareday.lindholmen.se/en . Контакт Лазо Ангелевски laze@mchamber.mk


четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

БИЗНИС ИНФО

43

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

РЕГИОНАЛНИОТ САЕМ ЗА ИНОВАЦИИ ВО АРАД Регионалниот саем за иновации што ќе се одржи на 21 октомври 2015 година, во Арад, Романија, има за цел промовирање на иновативни технологии и решенија, реализирање бизниссредби со истражувачи-професионалци, размена на искуства и можна соработка со компании од Романија и од цела Европа. https://www.b2match.eu/innomatch2015. Бизнис-средбите ќе обезбедат за да воспоставите прекугранична соработка во областа на ИКТ, автомобилската индустрија, трговијата и земјоделскиот сектор, кои ќе ви дадат лесен пристап до компании, корпорации, истражувачи и иноватори. Исто така, ќе бидете во можност да го посетите Регионалниот саем на иновации и да присуствувате на Регионалниот натпревар за награди за инвативност. Учеството е бесплатно. Фокус: • се изложуваат иновации за екосистеми на меѓународно ниво; • бизнис-средби меѓу романски и европски иноватори од областа на ИКТ, земјоделството и автомобилската индустрија ; • меѓународна соработка и вмрежување, со 30 минутни деловни средби; • промовирање на истражување и развој на понуди за компании. Билатерални средби: • дали сте во потрага по нови клиенти, партнери или пронаоѓачи за вашата компанија? • дали сте во потрага по нови потенцијални партнери за развој на бизнисот и истражувачки проекти? • или можеби само сакате да ја зајакнете својата иновативност? • деловните средби се идеална можност за нови деловни контакти. Главни теми: • Информациски и комуникациски технологии • Софтверски апликации, производи и услуги, софтверски инженеринг, интероперабилност, ИТ-безбедност, вградени системи, интернет на нештата (IoT), мобилност, консултантски услуги, аутсорсинг, услуги, ИТ-апликации за процесите на производство, енергетска ефикасност, бизнис-перформанси, транспорт и логистика; финансиски услуги, телекомуникации, трговија на мало, здравството и телемедицина, и др. • Автомобилска индустрија

•

• •

На 21 октомври 2015 година бизнис-средби во Романија

Методи на производство, производи и компоненти, материјали, суровини и полуготови производи, дизајн и развој, „зелени“ возила, одржливи згради, машини и електротехника, индустриска автоматизација и софтвер, контрола и мерење, индустриска електроника, електрична мобилност и опрема, роботиката, организации и услуги. Производство и трговија со храна Иновативни решенија за подобрување на перформансите во земјоделството, генетиката и помош за размножување и поддршка (култури и добиток), раси, семиња, заштита, технологии, жетва, природни екстракти, биопроизводи, технологии за прехранбената индустрија, одржлива преработка на храна, исхраната и здравјето, прехранбени производи и гастрономија.

* На барање на компаниите, може да се договорат билатерални средби и во другите сектори, со претходна најава, најдоцна 4 недели пред настанот. Зошто да учествувате? • Да ги покажете своите најповолни проекти, производи или know-how; • да воспоставите прекугранични контакти и соработка; • да реализирате бизнис-средби со потенцијални бизниспартнери на претходно закажани состаноци; • да најдете нови комерцијални, технолошки, истражувачки партнери; • да се запознаете со играчите за нови истражувања и развој; • да добиете информации за нови истражувања и бизнистрендови; • да ги презентирате вашите нови проекти. Како тоа функционира? • Да се регистрирате и да ги објавите своите желби за соработка; • потоа, да ги видите учесниците и да ги посочите компаниите за кои сте заинтересирани и • една недела пред настанот ќе го добиете вашиот распоред за бизнис-средби. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

44

четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Конференција На 22 и 23 октомври 2015 година, во хотел „Мона“, на Златибор во Република Србија

„КОН ОДРЖЛИВ ТРАНСПОРТ 2015“

Конференцијата ја организираат Стопанската комора на Македонија во соработка со Intico doo. и Агенцијата TransportLog од Република Србија. Oваа година се очекува присуство на повеќе од 200 учесници од регионот. Темите опфатени на овогодинешната конференција се: • Примената на информатичките системи во транспортот и логистиката; • Трендови во развојот на патниот транспорт; • Организирање на работното време на возачите; • Дистрибуција на стоки; • Релокација на транспортните и логистички процеси во бизнис-системите (аутсорсинг во дистрибуција на стоки; аутсорсинг активности за возни патркови); • Процесот на јавни набавки во транспортот и логистика; набавки и аутсорсинг; • Управување со возен парк; • Управување со трошоците во превозот; • Тркалезна маса: Решавање на постојните проблеми во транспортот, логистиката и возните паркови.

Пријавување до 13.10.2015 година .

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


45

БИЗНИС ИНФО

Обука на градежните работници за енергетска ефикасност 45 BUILD UP Skills BEET - Builders’ Energy Efficiency Training четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Во рамките на ЕУ-иницијативата BUILD UP Skills (http://www.buildupskills.eu), која има за цел подобрување на квалификациите и вештините на европските градежни работници за постигнување на зголемена енергетска ефикасност на објекти, во Македонија во тек е реализација и имплементација на втората фаза на проектот „BUILD UP Skills – Builders’ Energy Efficiency Training (BEET)”. Иницијативата е фокусирана на континуирано неформално образование за различни занимања вклучени за изградбата на објекти. Целта на Проектот е реализација на тренинг-програми за развој и унапредување на вештини на работниците од градежниот сектор за постигнување на зголемена енергетска ефикасност во објекти, за 5 (пет) занимања кои во Патоказот (http://www.buildupskills.mk/images/Publikacii/Roadmap/EN_Roadmap_BUS-MK.pdf ) се дефинирани како приоритетни. Како дел од проектните активности, Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност(BUILD UP Skills – BEET)”, организира

ПРЕПОЗНАВАЊЕ (ВЕРИФИКАЦИЈА) на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност на градежните работници и објавува

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

на кандидати за препознавање на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност за следните занимања: фасадери, кровопокривачи, столари, инсталатери на греење, ладење и вентилација и инсталатери на електрични инсталации I.Предмет на повикот Предмет на повикот е пријавување на кандидати кои поседуваат знаења и вештини стекнати со неформални обуки и/или работно искуство во градежни претпријатија. Во рамките на повикот ќе бидат препознаени знаења и вештини за следните занимања на градежни работници: 1. фасадери со вештини за енергетска ефикасност на згради; 2. кровопокривачи со вештини за енергетска ефикасност на згради; 3. столари со вештини за енергетска ефикасност на згради; 4. инсталатери за греење, ладење и вентилација со вештини за енергетска ефикасност и 5. инсталатери на енергетски ефикасни електрични инсталации.

IV.Резултати/придобивки од обуките 1.Вид на сертификат Со успешно завршување на постапката на препознавање на вештините, кандидатите ќе се стекнат со Сертификат за поседување на знаења и вештини за енергетска ефикасност, кој се однесува на определеното занимање. 2.Важност на сертификатите: • сертификатите ќе ги издава Сертификационото тело во рамките на Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност (BUILD UP Skills – BEET)”; • сертификатите ќе имаат важност во рамки на самиот Проект во Македонија, Хрватска и Словенија, како земји-учеснички во иста работна група од BUILD UP Skills иницијативата; • дополнително, сертификатите ќе бидат препорачани од страна на Проектот за отпочнување на процедура за нивна верификација од Центарот за образование на возрасните. 3.Стекнати компетенции Сертифицираните работници, по добивањето сертификат, ќе можат да аплицираат на тендери каде се барат работници со вештини за ЕЕ. V.Постапка на пријавување 1. Пријавувањето на кандидатите се врши електронски на еден од следните начини: • Доставување на документите во електронска форма на е-маил адреса: • За фасадери, е-маил: fasaderi@beet.mk, Контакт лица: Ивона Каранфиловска, тел: 02/3244-084, Симона Ристоска, тел: 02/3244-067 • За кровопокривачи, е-маил: е-маил: krov@beet.mk, Контакт адреса: ЦеПроСАРД, ул.Орце Николов 172, Скопје,тел: 02/3061-391 • За столари, е-маил: stolari@beet.mk, Контакт адреса: Факултет за бизнис економија, бул. 3та Македонска бригада 66А/1кат, Скопје Контакт лице: Слаѓана Стојановска, тел:02/2402-161, Љупчо Вангелски, тел: 02/2402-170 • За инсталатери за греење и климатизација, е-маил: hvac@beet.mk, Контакт лице: Даниела Тошевска, тел: 02/3216-903 • За инсталатери на енергетски ефикасни електрични инсталации, е-маил: elektro@beet.mk Контакт лице: Лихнида Стојановска-Георгиевска, тел 02/3099-174

Напомена: • Еден кандидат може да се пријави за препознавање на знаењата и вештини за ЕЕ за • Доставување на документи до сертифицираните тренери и акредитирани за одредени едно или повеќе занимања од горе наведените. региони во Република Македонија, или • Одборот за сертификација при Проектот Build Up Skillls BEET одлучува за издавањето на • Доставување на документите во печатена форма во Стопанската комора на Македонија, сертификат за поседување на знаења и вештини за ЕЕ. ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје. Постапката на препознавање целосно е финансирана од Проектот BUILD UP Skills – BEET. 2. Потребна документација: • пополнет ПРИЈАВЕН ЛИСТ; II.Услови за пријавување • копија од диплома за завршено образование; 1.Кандидатите треба да имаат завршено: • сертификати од обуки во неформалното образование (институции и приватни •основно или средно образование, или установи што организираат обуки за ЕЕ); •постсредно образование, т.е. мајсторски испит со V-Б степен на квалификации или • доказ за работно искуство во струката. Како доказ за работно искуство може •четиригодишно средно техничко образование со IV степен на квалификации или да се приложи заверена референтна листа, потврда од работодавач за ангажманот на •тригодишно средно стручно образование со III степен на квалификации. кандитатот со податоци за работната позиција и времетраењето. 2.Работно искуство: • најмалку 5 (пет) години во струката односно занимањето за кое се бара сертификат, од кои • најмалку 2 (две) години во спроведување на мерки за енергетска ефикасност.

3. Повикот за пријавување е отворен до 30 октомври 2015 година. За повеќе информации обратете се во Стопанската комора на Македонија, ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје.

III.Процес на препознавање на вештините Секој кандидат поднесува апликација за препознавање на претходното знаење и вештини за енергетска ефикасност, заедно со докази за работно искуство и стекнати квалификации. Поднесените апликации ги разгледува и оценува испитна комисија, составена од сертифицирани тренери (обучени во рамки на проектот). Во рамките на процесот на препознавање, доколку поднесените докази за компетентност се недовоолни, кандидатите може да бидат повикани на интервју и/или проверка на знаењата и вештините.

Партнери на Проектот:

Контакт лица: Ивона Каранфиловска Телефон: +389 2 324 4084 Е-адреса:: ivona@mchamber.mk Симона Ристоска Телефон: +389 2 3244 067 Е-адреса: simona@mchamber.mk


46

БИЗНИС ИНФО

четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Форум и голема Бизнис – конференција во Плоешти

(28-30 октомври 2015 година) Плоешти, Р. Романија

„20 ГОДИНИ ВОСПОСТАВУВАЊЕ ДИПЛОМАТСКИ ОДНОСИ ПОМЕЃУ Р. МАКЕДОНИЈА И Р. РОМАНИЈА“

Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Република Македонија во Република Романија и Комората за трговија и индустрија на Романија ве покануваат на голема Бизнис-конференција по повод „20 годинин воспоставување дипломатски односи помеѓу Р. Македонија и Р. Романија“. Настанот ќе се одржи во Плоешти, околија Прахова, Романија, од 28-30 октомври 2015 година. Целта на овој голем бизнис-настан е да присуствуваат градоначалниците и нивните заменици на општини од Р. Македонија, при што ќе се организираат деловни средби помеѓу општините на Р. Македонија и Р. Романија и деловни средби помеѓу компаниите кои ќе бидат дел од бизнис-делегацијата. На настанот ќе биде потпишана и Повелба за збратимување помеѓу сите општини што ги исполнуваат сите внатрешни процедури за збратимување. Овој настан е наменет за компаниите од областа на: - земјоделството и прехранбената индустрија; - туризмот; - металната и електроиндустријата; - металургијата; - градежништвото и градежната индустрија. Во периодот на оджување на Бизнис-конференцијата, од 28.10 до 1.11 2015 година во Будимпешта ќе се одржува Меѓународниот саем за земјоделство, хортикултура, лозарство и сточарство „ИНДАГРА“. Стопанската комора на Македонија во соработка со „ROMEXPO“ на сите компании заинтересирани за посета на Саемот им обезбедува бесплатни влезници. Патните трошоци и трошоците за сместување се на товар на компаниите. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

БИЗНИС ИНФО

47

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„ САЕМ ЗА ДИРЕКТНИ БИЗНИС СРЕДБИ 2015“

На 10 ноември 2015 година во Братислава, Република Словачка

(“Slovak matchmaking fair 2015”) Од 2007 година, Саемот за директни бизнис средби се организира еднаш годишно помеѓу словачки и странски компании, во организација на Словачката агенција за инвестиции и трговски развој под покровителство на Министерството за економија на Република Словачка. Овој настан на компаниите им нуди единствена можност за еден ден и на едно место да најдат нови бизнис партнери од Словачка и од странство. Оваа година настанот ќе биде со фокус на Азија и азискиот регион Централна Азија (Казахстан) и Кина. Саемот за директни бизнис средби 2015 е најголемиот Б2Б настан кој го организира Словачката агенција за инвестиции и трговски развој и им нуди единствена можност и на малите и средни претпријатија да најдат потенцијални бизнис партнери во странство и да навлезат во глобалниот пазар. Котизацијата за учество на овогодинешниот “Саем за директини бизнис средби 2015“ е 80 € за еден учесник од компанија. За секој нареден учесник од компанија се доплаќа дополнителнo 50 €.

- Пријавниот лист мора целосно да биде пополнет на англиски јазик и доставени до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 16.10.2015 година. - По доставување на пријавниот лист организаторот ќе изготви личен профил на Вашата компанија преку кој ќе можете да ги закажувате своите Б2Б средби по електронски пат, во периодот од 26.10.2015 до 02.11.2015. - Краен рок за уплата на котизацијата за настанот е 29 октомври 2015. Доколку некоја од компаниите го пријави своето учество на саемот а не ја изврши уплатата до 29 октомври 2015, на истата нема да и биде дозволено присуство на Б2Б средбите. - Котизацијата за организирање на настанот према Стопанската комора на Македонија изнесува 2.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании-членки и 4.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании нечленки на Стопанската комора на Македонија. - За втор учесник по фирма се доплаќа 1.990 денари, со вклучен ДДВ за фирми- членки и 2.990 денари со вклучен ДДВ за фирми нечленки.

Во котизацијата е вклучено: - Учество на Б2Б средби со компании од Ваш интерес - Објава на компанијата учесник во овогодинешниот “Каталог на учесници“ - Чаша вино за добредојде - Учество во паралени настани - Освежување за време на паузите

Сите детали во врска со електронското закажување на Б2Б средбите , ќе им бидат доставени на учесниците на e-адресата што ќе ја наведат во пријавата веднаш по нивната регистрација од страна на организаторот.

*Напомена: - Патните трошоци се на товар на компаниите, односно тие сами си организираат превоз. - Официјален јазик на бизнис-средбите е англиски.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

48

четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 6.12.2015 - 09.12.2015 година во Техеран, Иран

“9-ТИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА МЕЛНИЧКО -ПРЕРАБОТУВАЧКА И ПЕКАРСКА ИНДУСТРИЈА“ (IBEX)

Посетата на IBEX, се организира во соработка со Амбасадата на Исламската република Иран вo Скопје. Интернационалниот саем за мелничко - преработувачката и пекарската индустрија (IBEX) се смета за еден од најголемите и најважните настани во Иран. Со оглед на фактот дека Иран има повеќе од 77.000.000 население и по глава на жител на годишно ниво се трошат околу 165 килограми леб и пекарски продукти, иранската влада има за цел во наредните години значително да го подобри квалитетот на домашната пекарска индустрија. IBEX 2015 има за цел да ги претстави можностите за инвестирање во овој мултимилионски бизнис и да создаде платформа за интеракција и соработка помеѓу пертставниците на компаниите во мелничко- преработувачката и пекарската индустрија и да им обезбеди максимален капацитет за производство на домашните компании. Саемот ќе трае 4 дена, во периодот од 6 до 9 декември 2015 година во просториите на техеранскиот Интернационален саем и е организиран од страна на компанијата ИТГ – лидер во организација на саемски манифестации. За подетални информации Ве молиме посетете го следниов линк: http://ibex.ir/en/ Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

БИЗНИС ИНФО

49

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

,,НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“ ВО БЕЛГРАД

На 26 и 27 февруари 2016 година Меѓународна конференција и саем во Србија

На настанот „Новите технологии во образованието“ во 2015 година имаше повеќе од 2500 учесници кои имаа можност да слушнат повеќе од 100 говори од 50 предавачи од целиот свет. Исто така, се организираше и Саем со 40 излагачи каде се презентираа најновите технолошки решенија во образованието. Компаниите од ИКТ-секторот, издавачите, училиштата, универзитетите и другите образовни институции ја презентираа нивната компјутерска и аудиовизуелна опрема, мобилните уреди, софтвери, апликации, дигиталните учебници и другите производи што можат да придонесат за зголемување на квалитетот на образованието.

„Новите технологии во образованието 2016“ - Над 20 земји ќе пратат свои високи претставници од министерствата за образование. - Над 50 излагачи во 2016 година, и над 20 компании од Велика Британија. - Над 150 предавања и работилници. - 71% од излагачите потврдија продажни договори од настанот во 2015 година. - 79% од излагачите потврдија дека имаат воспоставено партнерства на настанот во 2015 година.

Над 4000 гости од 30 земји се очекуваат во 2016 година.

Конференцијата и саемот „Новите технологии во образованието 2016“ се отворени за компаниите од регионот кои обезбедуваат иновативно образование ИКТ-производи, услуги и решенија. Тие ќе имаат можност да ги покажат своите производи, да се создадат можности за партнерство со купувачите и со учесниците и да бидат во тек со новите случувања во областа на образованието и технологиите кои се внесуваат во образовниот систем во земјите во регионот. Во 2016 година веќе има потврда дека над 20 компании од Велика Британија ќе присуствуваат на овој настан и ќе ги презентираат нивните ИКТ-решенија и производи за образованието. Исто така, ќе присуствуваат високи претставници од министерствата за образование од: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово, Турција, Азербејџан, Казахстан, Русија, Израел, Украина, Молдавија, Грузија, Узбекистан , Словенија, Унгарија, Хрватска, Бугарија и Романија. Ова ќе биде можност за компаниите и за образовните институции за воспоставување партнерства и споделување идеи за иднината на образованието. Настанот се организира во соработка со Стопанската комора на Србија, Британската амбасада и други институции и организации.

Пријавување до 17 ноември 2015 година.

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


ИСКОРИСТЕТЕБИЗНИС ЈА МОЖНОСТА ЗА РЕКЛАМИРАЊЕ ИНФО

Пронајдете го Вашиот бизнис партнер со услугата E-Newsletter 1

ЕФЕКТИВНО доставување на Вашата E-mail порака bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Бидете постојано во контакт со Вашите клиенти ! Кои се причините да го употребите овој начин на рекламирање на Вашите производи: t ШТЕДИ ВРЕМЕ; t ЈА ЈАКНЕ ПОЗИЦИЈАТА НА БРЕНДОТ; E-mail МАРКЕТИНГ t РЕЗУЛТАТИТЕ ОД E-mail МАРКЕТИНГОТ СЕ ЛЕСНО МЕРЛИВИ; ИСКОРИСТЕТЕ ЈА t ШИРОКО РАСПРОСТРАНЕТ; МОЖНОСТА КОЈА t ПРИЛАГОДЛИВ СПРЕМА СЕКОЈ КОРИСНИК; t ГО ИЗДРЖУВА ТЕСТОТ НА ВРЕМЕТО.

ВИ ЈА НУДИМЕ

Со појавувањето на социјалните мрежи, начинот на рекламирање стана подостапен до секој корисник, НО ЗОШТО E-mail-от и понатаму останува прифатен од сите корисници на Интернет? t Затоа што знаете до кого го праќате и од кого да очекувате одговор! t Затоа што личното обраќање е моќно средство за комуникација со потенцијалниот купувач! t Затoа што сами можете да го обликувате и дизајнирате ! t Затоа што се` уште постои и ќе постои и понатаму како форма за комуникација прифатена од сите !

ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА ШТО ВИ ЈА НУДИМЕ: t t

Испратете ги Вашите маркетиншки пораки преку КОМЕРЦИЈАЛНИОТ E-newsletter на Стопанската комора на Македонија! Информирајте за Вашите битни случувања, успеси и настани! t Пораката ќе стигне до приматели на E-newsletter-от кои што се согласни да го добиваат! t Импозантен број на деловни приматели (директори на компании, институции, странски амбасади во Македонија, меѓународни организации во Македонија).

Со можност за тримесечен, шестмесечен или годишен Договор, добивате огромни попусти, за испраќање на Вашата рекламна порака до Вашите потенцијални партнери, потрошувачи ... Контакт: Стево Серафимов Тел. (02) 3244 032 Е-адреса. stevo@mchamber.mk Web: www.mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО


52

БИЗНИС ИНФО

четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА иновативен производ во рамките на врати и прозорци, мебел, декорација на ентериер и др. Валидност дo 18.11.2015 годинa. Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на лепила за етикети за хартиена, стаклена, метална и пет амбалажа. Валидност дo 18.11.2015 годинa. Компанија од Италија заинтересирана е да пласира галантерија за обувки, ситни метални производи (метални токи) во Република Македонија. Валидност дo 19.11.2015 годинa. Српска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на кожна галантерија. Моменталната производна програма се состои од машки и женски работни и модни чанти, други ситни предмети од кожа, патни и спезијализирани торби, како и школска програма на чанти и прибор. Валидност дo 19.11.2015 годинa. Чешка компанија бара соработка со градежни компании во Република Македонија за пласман Компанија од Турција бара дистрибутер на ролетни на дигалки, платформи, специјални лифтови кои наменети за гаражи, излози на продавници, како се употребуваат при градба. и мотори за нивно придвижување во Република Валидност дo 19.11.2015 годинa. Македонија. Компанија од Кина бара дистрибутер во Валидност дo 17.11.2015 годинa. Република Македонија за пласман на соларни Компанија од Германија заинтересирана е да црно-бели и полисиликонски панели кои при откупува мед од Република Македонија кој е користење имаат многу висока ефикасност, соларни ќелии со повеќе од 17,5% реализација рефус пакуван во количина од 300 кг. на ефикасноста и квалитетот “А +”. Производите Валидност дo 17.11.2015 годинa. се сертифицирани од страна на авторитетни TUV Компанија од Турција бара соработка со градежни и CE и се извезува на меѓународни пазари, во компании во Република Македонија за пласман Азија, Европа и САД. Валидност дo 19.11.2015 годинa. на оплати и скелиња. Валидност дo 18.11.2015 годинa. Компанија од Полска бара дистрибутер во Компанија од Италија нуди технологија за Република Македонија за пласман на сточна производство на ултра лесна пенаста композитна храна. материја која има примена за создавање Валидност дo 19.11.2015 годинa.


четврток, 01 октомври 2015, Бр. 237

БИЗНИС ИНФО

53

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на автоделови од пластика. Валидност дo 22.11.2015 годинa.

Компанија од Кина заинтересирана е за соработка со фирми од Македонија за пласман на безжични ѕвона за врата. Валидност дo 23.11.2015 годинa.

Компанија од Литванија бара дистрибутери на опрема за болници, болнички кревети во Република Македонија. Валидност дo 22.11.2015 годинa.

Компанија од Босна и Херцеговина бара дистрибутер за пласман на јаткасти плодови и сушено егзотично овошје во Република Македонија. Валидност дo 24.11.2015 годинa.

Компанија од Италија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на керамички Компанија од Полска бара дистрибутер за плочки. пласман на хигиенски средства за чистење во Валидност дo 22.11.2015 годинa. Република Македонија. Валидност дo 26.11.2015 годинa. Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на вештачки ѓубрива. Валидност дo 22.11.2015 годинa. Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Mакедонија за плсман на опрема за LED осветлување наменето за осветлување излози на продавници. Валидност дo 22.11.2015 годинa.

www.mchamber.mk

Контакт:

Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Бизнис ИНФО број 237, 01.10.2015 by Economic Chamber of Macedonia - Issuu