БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
БИЗНИС ИНФО Број 274
www.mchamber.mk
bsi.
ISO 9001
Quality Management
goodini
192
2 - 2016
FS 549642
08.07.2016
ТРЕТ САМИТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН
КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ - ПРИМЕР ЗА ОДЛИЧНА СОРАБОТКА ВО РАМКИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН, КАКО ИНСТРУМЕНТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ НА РЕГИОНАЛНО НИВО
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
WUDQVSRUW FRPSDQ\
WUDQVSRUW FRPSDQ\
WUDQVSRUW FRPSDQ\
ЕЗБЕД ОБ У
B
SE
C
UR
O
НИКО
Б
ЊЕ ВА
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
БИЗНИС ИНФО
3
ПОДВЛЕЧЕНО ПРОМОЦИИ
ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈАТА ЗА ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА „СЕЌАВАЊА“ ОД Г-Н КИРИЛ САМАРЏИОСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА Во Стопанската комора на Македонија на 6.7.2016 година (среда) пред околу 150 присутни, пријатели, соработници и медиуми, г-дин Кирил Самарџиоски, претседател на Управниот одбор на Прилепска пиварница направи промоција на монографијата „Сеќавања“ за Прилепска пиварница. Поттикнат од самите почетоци на работењето на Прилепска пиварница, г-дин Самарџиоски со многу факти, податоци, информации корисни за самата фабрика, но и за економијата на нашата земја, даде осврт преку текст и слики преточени во книга - монографија пишувана неколку години, од срце инспириран од првиот ден на почетокот на неговата работа, па сè до сега. Ги потенцираше предизвиците со кои оваа компанија се има соочувано низ времето и достигнувањата и позицијата на компанијата во која се наоѓа сега. „Монографијата ќе ги афирмира бизнисот и економијата, во контекст на политиките и на идеологиите низ времето, но ако читателот се загледа подлабоко, ќе проникне во филозофијата на еден живот во кој низ процесот на себепреиспитување и на одговорност, афирмирана е смислата на човековото живеење и дејствување
4
БИЗНИС ИНФО
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
ПРОМОЦИИ
преку личносни релации во заедништво, застапувајќи ја вечната смисла на човековата лична и заедничка егзистенција, но да оставам читателот да цени...“, истакна господин Самарџиоски за своето дело. Пред присутните за монографијата се обрати претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, кој истакна дека Стопанската комора на
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
БИЗНИС ИНФО
5
ПОДВЛЕЧЕНО ПРОМОЦИИ Македонија е горда што ја има за членка оваа компанија, која е основана во 1924 година. Стопанската комора на Македонија, подвлече претседателот Азески, е горда на Прилепска пиварница која како извозно ориентирана компанија продолжува да придонесува како за регионот во кој опстојува, така и за целата држава. Дотолку повеќе што менаџерскиот тим кој го наследува актуелниот претседател на УО на компанијата продолжува по истите стапки. Во продолжение претседателот Азески цитираше повеќе мисли кои ја отсликуваат монографијата: „ТОА ШТО ЌЕ ГО ЗАДРЖИШ ЗА СЕБЕ – ГО ГУБИШ, ТОА ШТО ЌЕ ГО СПОДЕЛИШ СО ДРУГИТЕ - ОСТАНУВА ЗАСЕКОГАШ“ „КАКО СТАРИТЕ КОПАЧИ НА ЗЛАТО, МОРАШ ДА СЕ ПОМИРИШ СО ТОА ДЕКА ТРЕБА ДА ИСКОПАШ МНОГУ ПЕСОК ОД КОЈ ПОТОА ТРПЕЛИВО ЌЕ ИЗМИЕШ НЕКОЛКУ СИТНИ ЗРНЦА ЗЛАТО“ „УСПЕХОТ ДОАЃА КАЈ ОНИЕ КОИ СЕ ОСМЕЛУВААТ И ДЕЈСТВУВААТ, А НЕ КАЈ ОНИЕ КОИ СЕ ПЛАШАТ ОД ПОСЛЕДИЦИТЕ“ На крајот претседателот ги подвлече неколку од аманетите апострофирани во книгата од г-дин Кирил Самарџиоски кои се оставени како аманет на неговите деца кои раководат со компанијата: ЗЛАТНИ ПРАВИЛА – ТАТКОВСКИ АМАНЕТ * Без исклучок, навреме и во целост да ги надмирувате законските обврски кон државата * На секој „први“ во месецот да исплаќате плата на вработените, ако „први“ биде неработен ден, платата да се исплати еден ден порано, а не еден ден подоцна * Да избегнувате авансно плаќање * Бидете пристојни донатори, особено кога се работи за изградба на верски храмови, за помош при лекување деца или за наши вработени * Што може еден работник, не ставајте двајца, работата ќе остане незавршена * Почитувајте ја конкуренцијата, можете да научите нешто
6
БИЗНИС ИНФО
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
ПРОМОЦИИ
* Откако ќе им дадете налог на вашите подредени, задолжително барајте повратна информација * Посебно обрнете внимание на„малите работи“ на големите се подразбира дека ќе внимавате * Откако ќе донесете голема одлука, барем една вечер преспијте пред да ја поттпишете - „утрото е попаметно од ноќта“ * Менаџирањето, како и животот, е проста математика (збирање, множење, вадење и делење) подобро е повеќе да знаете збирање и множење, отколку вадење и делење Во име на г-дин Сашко Самарџиоски, генерален директор и во сопствено име, како дел од раководниот тим и како дел од семејството Самарџиоски се обрати Панде Самаџиоска, заменик генерален директор на Прилепска пиварница.
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
БИЗНИС ИНФО
7
ПОДВЛЕЧЕНО ПРОМОЦИИ
ФАКТИ ЗА ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА Почетоците на пиварницата од 1924 година се период кога работењето на компанијата се карактеризирало со мануелно производство и скромна продажба. Вкупниот годишен капацитет изнесувал околу 5.000 хектолитри пиво или еден милион шишиња. Во текот на нејзиното работење се среќава со финансиски тешкотии, па во 1928 година се зголемува бројот на акционери заради прибирање на дополнителен капитал и вкупниот број на ортаци изнесува 13 и прераснува во акционерско друштво наречено „Браќа Грдановиќ и компанија“ - Прилеп. Пиварницата работела до крајот на 1940 година (пред Втората светската војна), кога, повторно заради финансиски тешкотии морала да го прекине производството на пиво. Со одлука на Народниот одбор на Општина Прилеп, пиварницата повторно била активирана во 1952 година, кога и се извршила позначајна реконструкција, по што и го добила името „Парна пивара“. Со преземањето на раководството од страна на млади високообразовани кадри, во средината на 70тите години, кое се совпаѓа до преземањето на директорската функција од страна на господин Кирил Самарџиоски, започнува брзиот раст и развој на Прилепска пиварница и во наредните неколку години производството се утростручува и достигнува 250.000 хектолитри или 50 милиони шишиња пиво годишно. Во 1979 година пиварницата потпиша договор за франшиза со интернационалната компанија Pepsi Co International од Њујорк – Соединетите Американски Држави. Во месец мај 1980 година беше пуштена новата фабрика за производство на светските брендови Pepsi и Mirinda, за да во 1990 година добие признание за најголема продажба на Pepsi пијалаците во апсолутен волумен во поранешна Југославија. Во почетокот на новиот милениум Прилепка пиварница го лансираше својот бренд „Златен даб“ на пазарот, кој стана неразделив дел од секојдневието на потрошувачите. Тогаш започнува новата ера во развојот на пиварницата, која резултираше со значителен раст на производството и продажбата на „Златен даб“. Но, зад сето тоа стојат големи инвестиции во технологија, опрема, маркетинг, како и исполнување на врвните стандарди за квалитет и безбедност, што не остана незабележано од референтни светски организации, институции и асоцијации. Во контекст на реченото, набавена е најсовремена опрема за бескиселгурна мембранска филтрација од американската компанија „PALL“, која патем речено ја имаат само неколку пиварници во светот. И дополнително на тоа, набавена е најсовремена автоматска линија за производство на пиво од германската компанија „KRONES“. Во 2013 година, Прилепска пиварница формира прва Академија за пиво во Македонија, со намера да ја едуцира македонската популација за вариететите и бенефитите на пивото, кога одговорно се консумира. Потврда за квалитет на менаџерскиот тим, компанијата ги заокружува со меѓународни и домашни признанија, како Високата награда од американската компанија „Пепси-кола“ – Њујорк - Претседателски круг на шампиони (Chairman’s Circle of Champions) и Високото признание од Синодот на Македонската православна црква Орден „Св. Климент Охридски“ од втор ред. - Денес Прилепска пиварница е во приватна сопственост. Инвестициите во високата технологија ја направија една од најмодерните пиварници на Балканот. Годишниот капацитет на варилницата е повеќе од 500.000 хектолитри (100 милиони шишиња) пиво годишно. Бројот на вработени изнесува 262.
БИЗНИС ИНФО
8
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ
ТРЕТ САМИТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН
: КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ ПРИМЕР ЗА ОДЛИЧНА СОРАБОТКА ВО РАМКИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН, КАКО ИНСТРУМЕНТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ НА РЕГИОНАЛНО НИВО Третиот самит за Западен Балкан, што се одржа во Париз во рамките на „Берлинскиот процес“, има огромно значење, не само од економски аспект, бидејќи Европа праќа јасна порака дека за Западен Балкан не постои друга алтернатива. Сите земји од регионот на Западен Балкан имаат исти цели, но и исти проблеми, како што е невработеноста, но против ова може да се дејствува само преку посветеност на патот кон европската интеграција на регионот, поголема посветеност за развојот на економијата и создавање поволен амбиент за уште поголеми инвестиции во поволна економска клима креирана од страна на владите во земјите од регионот, што беше и главна порака на Самитот. Во име на Коморскиот инвестициски форум до учесниците на Самитот беше упатена порака дека моментот на случувањата со Брегзит треба да се искористи за намалување на бариерите, промовирање на партнерства и соработка, како и формирање на конзорциуми во рамките на регионот за настап на нови пазари. Европската унија навлегува во тешка фаза, но сепак постои европска перспектива за земјите од Западен Балкан, а процесот на пристапување кон Европската унија не е само процес на усогласување на законодавствата во земјите, туку фокусот треба да биде и на економијата, економскиот развој, зголемување на конкурентноста, јакнење на инфраструктурното поврзување на земјите од регионот и подобрување на инвестициската клима, истакна Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, на прес-конференцијата на Комората (8.7.2016 година). Поврзувањето не се однесува само на изградба на инфраструктура, туку и нејзино максимално искористување, бидејќи и самите инвестиции без реформи немаат смисла. Така и во енергетиката нема смисла да се инвестира во преносни системи, доколку земјите немаат волја да тргуваат со енергијата, за да се обезбеди стабилност во снабдувањето и намалување на потребата од додатни скапи извори на енергија. Ова ќе го направи регионот „зелен“, бидејќи струја би се добивала од обновливи извори на енергија.
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
БИЗНИС ИНФО
9
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ ПОДВЛЕЧЕНО Што се однесува до инфраструктурните проекти, отворањето на пазарот на железничкиот сообраќај многу полесно ќе привлече нови инвеститори, бидејќи така би имале пристап не само на одредени национални сегменти, туку и преку цели коридори низ Западен Балкан. Пред учесниците на Третиот самит за Западен Балкан беа претставени досегашните активности на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и плановите за развој на регионалната платформа којашто ги обединува осумте комори од регионот (од Македонија, Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и од Словенија), кои се моќен репрезент на економиите од овие земји со 350.000 компании. Знаејќи дека извозот на секоја земја од Западен Балкан заедно со Хрватска и Словенија е мал и затоа мора да соработуваме заеднички во регионот, да се здружиме и преку заеднички конзорциуми, да се освојуваат нови пазари и да се зголемува извозот, а тоа е една од целите на Коморскиот инвестициски форум, истакна Софче Јовановска, советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија и член на Секретаријатот на Коморскиот инвестициски форум. Учеството на Коморскиот инвестициски форум на Третиот самит за Западен Балкан во Париз претставува успешен пример за приближување на политичките процеси кон светот на бизнисот, со што се даде придонес во создавањето на додадена вредност на економската димензија на Самитот. По завршување на работниот дел на Самитот, во Комората на Франција се одржа и состанок на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум, каде што покрај претседателите на коморите од регионот, учествуваа и Бернард Бруне, раководител во Генералниот директорат за проширување на Европската унија, Дирк Вантигем, оперативен директор на Европската асоцијација на коморите, Доминик Брунин, директор за меѓународна соработка, индустрија и иновации од Комората на Франција, како и Горан Свилановиќ,
БИЗНИС ИНФО
10
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ генерален секретар на Регионалниот совет за соработка. На состанокот беше усвоена Заедничка декларација за натамошните активности и проекти кои се дел од Акциониот план на Коморскиот инвестициски форум. Историски гледано, секогаш економијата е таа која прва гради мостови на поврзување меѓу земјите, а во завршниот говор на Самитот од страна на францускиот министер за економија Емануел Маркони, токму соработката во рамките на Коморскиот инвестициски форум е пример за одлична соработка во рамките на Западен Балкан, како инструмент за привлекување нови инвестиции на регионално ниво. Вкупната трговска размена на Република Македонија со земјите-членки на ЕУ во периодот јануари-април 2016 година изнесува 2.403.177.451,00 САД $, што претставува раст од 2,9% споредено со истиот период од 2015 година, а Европската унија е најголем трговски партнер на Република Македонија. Од друга страна, вкупната надворешнотрговска размена на Република Македонија со земјите од Западен Балкан во периодот јануари-април 2016 година достигна вредност од 484.754.270,00 САД $, што претставува раст од 6,58% во спoредба со истиот период од 2015 година. Бројките потврдуваат дека иднината е во заедничката соработка на земјите од Западен Балкан, но и заеднички настап на трети европски пазари. На крајот, уште еднаш ќе потенцирам дека со сите наши активности во рамките на КИФ и нашето активно учество на овие конференции за подобрување на соработката на Западен Балкан со ЕУ, ја потврдува нашата заложба и решеност како комори да го направиме регионот на Западен Балкан поконкурентен и доследен на ЕУ-стандардите, - истакна Софче Јовановска, член на Секретаријатот на Коморскиот инвестициски форум. Софче Јовановска
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
БИЗНИС ИНФО
11
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ ПОДВЛЕЧЕНО
ДОБРА ТУРИСТИЧКА ПОНУДА - ПРЕДИЗВИК ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО И ТУРИЗМОТ Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – април 2016 година, во Македонија престојувале 172 684 туристи, што е за 14,4% поголем број туристи споредено со истиот период лани. Според класификацијата, кај домашните туристи има раст од 17,9%, а кај странските 12,5 насто. Бројот на ноќевањата во истиот споредбен период во просек е зголемен за 18,6%, односно кај домашните туристи за 27,7%, а кај странските за 12,6%, беше истакнато на прес-конференцијата на Стопанската БРОЈ НА ТУРИСТИ I - IV 2016/I I - IV 2015 I - IV 2016 - IV 2015 комора на Македонија (4.7.2016 година). Според статистиката од вкупниот број Домашни 52 079 61 385 117,9 111 299 112,5 туристи што се евидентирани во периодот Странски 98 928 Вкупно 151 007 172 684 114,4 јануари – април 2016 година, најголем број го посетиле Скопје. Во оваа статистика БРОЈ НА НОЌЕВАЊА I - IV 2016/I езерскиот туризам е на второ место, но ако I - IV 2015 I - IV 2016 - IV 2015 се има предвид дека станува збор за првите Домашни 122 489 156 401 127,7 4 месеци од годината, се очекува сликата по Странски 184 157 207 328 112,6 летниот период да биде поинаква, односно Вкупно 306 646 363 729 118,6 процентот на странски туристи но и Извор: Државен завод за статистика домашни кои се евидентираат во езерскиот туризам да биде многу поголем, изјави Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија. Топ пет земјите од каде најмногу доаѓаат туристи во првите 4 месеци од годината се Турција, Србија, Грција, Бугарија и Албанија. Во евиденцијата изостанува Холандија, бидејќи туристите од Холандија почнуваат да доаѓаат од април, но најмногу од мај, а голем број туристи има и од Косово, речиси идентично како од Албанија во истиот период. Статистиката евидентира дека од март и април почнуваат да доаѓаат мал број туристи од Холандија и од Данска, а во месеците јануари и февруари има посетеност на туристи од Соединетите Американски Држави. Македонија станува интересна туристичка дестинација и за туристи од Романија, Велика Британија.
БИЗНИС ИНФО
12
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ Туристи
Вкупно
Ноќевања
Вкупно
Домашни
Странски
Вкупно
Домашни
Странски
172 684
61 385
111 299
363 729
156 401
207 328
Вид на туристичко место Скопје Бањи
60 356 (35%)
6 774 (11,04%)
53 582 (48,14%)
109.770 (30,18%)
10.309 (6,59%)
99.461 (47,91%)
7.197 (4,17%)
6.605 (10,76%)
592 (0,53%)
58.809 (16,17%)
55.189 (35,29%)
3.620 (1,75%)
Планини
17.884 (10,36%)
12.722 (20,72%)
5.162 (4,64%)
40.161 (11,04%)
30.166 (19,29%)
9.995 (4,82%)
Езерски места
45 443 (26.32%)
18 741 (30,53%)
26 702 (24%)
82.635 (22,72%)
36.301 (23,21%)
46.334 (22,35%)
Други места 41 804 (24,21%) Извор: Државен завод за статистика
16 543 (26,95%)
25 261 (22,7%)
72.354 (19,89%)
24.436 (15,62%)
47.918 (23,11%)
Од мај оваа година, започнаа чартерите од Холандија, потоа во јуни чартерите од Белгија и Израел, како и автобуските чартер-групи, истакна Асим Меџедовиќ, сопственик на ТА„Фибула“ и член на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија. Има туристи кои доаѓаат од соседството од регионот и од земјите од далечниот исток. На работните средби организирани во Амстердам беа потпишани нови тригодишни договори помеѓу „Корендон“ од Холандија, „Фибула Травел“ и хотелиерите од Охридскострушката ривиера. Договори потпишаа хотелите: „Метропол“, „Турист“, „Силекс“, „Десарет“, „Дипломат“, „Дрим“, „Београд“, „Изгрев“ и „Макпетрол“. - Во овие специфични околности, потпишаните договори навистина имаат огромно СТРАНСКИ ТУРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА значење бидејќи во наредниот Јануари – април 2016 година Земја Број на туристи Број на ноќевања период во Охрид и во Струга ќе Турција 17.673 26.583 доаѓаат нови 25.000 туристи од Србија 11.599 23.651 Грција 11.459 19.472 Холандија, - посочи Меџедовиќ. Бугарија 10.275 16.226 Се дефинираат и чартерАлбанија 6.540 12.237 дестинации со автобуски Извор: Државен завод за статистика превоз. Сето ова укажува дека по позитивните сигнали за лоцирање на Македонија како туристичка дестинација за странските гости, се јавува и потребата за подобрување на условите во туризмот. За таа цел, во следниот период потребно е да работи на: * елиминирање на нелојалната конкуренција, од фирма човек туристички агенции, кои особено се активни во шпицот на туристичката сезона, за што е потребна координирана активност на инспекциските служби; * инвестирање во автопатот Гостивар – Кичево, како и подобрување на патната инфраструктура на патот Гостивар – Дебар преку Маврово, со цел зголемување на
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
БИЗНИС ИНФО
13
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ ПОДВЛЕЧЕНО планинскиот, бањскиот и еко-туризмот, како и подобро поврзување со Албанија преку Дебар и излез на море преку Драч; * се јавува потреба од квалификуван работен кадар со познавање на јазиците од каде што доаѓаат голем број туристи. Се предлага воведување на факултативно изучување на јазиците и пилот-програми во средните туристички училишта и факултетите за туризам особено во Охридско-струшкиот регион. Заменик-претседателот на Здружението на угостителството и туризмот, Славе Сирачевски, информираше за дестинациите каде што оваа година ќе летуваат македонските туристи. При тоа, тој посочи дека во Турција годинава ќе летуваат македонски туристи за што се обезбедени повеќе од 100 чартери за 4 месеци од јуни до септември. Со тоа е потврдено дека Турција и покрај случувањата во Истанбул, е безбедна за туризам и македонските туристи ја одбираат како дестинација за ова лето. Сепак, од вкупниот број македонски туристи што ќе заминат летово надвор од Македонија, речиси 50% ја одбираат Грција како туристичка дестинација. Дел од граѓаните заминуваат во Хрватска, Бугарија, Црна Гора, Албанија, но многу малку има туристи за ексклузивните дестинации Маврициус, Сејшели, Куба, Тајланд... Годинава не се организираат тури за Хургада, Тунис, Шарм ел-Шеик, а Сицилија и Сардинија поради напливот на туристи од Русија, за Македонија се многу скапи дестинации. Сирачевски и Меџедовиќ потенцираа дека странските туристи се задоволни од престојот во Македонија и согласно интерните анкети што се прават тие немаат големи забелешки. Задоволни се од храната, од природата, од културно-историските знаменитости што ги посетуваат. Но сепак, туристичките работници алармираат дека треба да се работи на туристичка понуда за туристите кои само транзитираат низ Македонија, бидејќи попатно има малку ресторани и тоалети. При тоа, голем проблем се и депониите што се среќаваат речиси на секој чекор по патиштата низ земјата, што остава грда слика пред странските туристи. Даниела Михајловска Василевска
14
БИЗНИС ИНФО
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
Разгледани можностите за соработка со компании од Јапонија
СОРАБОТКА ВО ОБЛАСТА НА ХОТЕЛИЕРСТВОТО, МЕТАЛУРГИЈАТА, МЕТАЛНАТА И ЕЛЕКТРОИНДУСТРИЈА Во Стопанската комора на Македонија се оствари средба со стопанска делегација од Јапонија. Целта на средбата беше да се промовираат можностите и потенцијалите кои Република Македонија им ги нуди на потенцијалните инвеститори со посебен осврт во секторот металургија, метална и елетро индустрија и хотелиерството. Оваа средба може да биде основа за продлабочување на понатамошната соработка помеѓу Македонија и Јапонија, како на стопанско, така и на институционално ниво која во моментов недостасува, истакна Билјана Пеева Ѓуриќ, директор во Стопанската комора на Македонија.
Г-ѓа Јунко Курхара искажа особено задоволство од присуството во Република Македонија напоменувајќи дека таа е иницијатор за организирањето на оваа стопанска делегација, бидејќи веќе имала сознанија за потенцијалите на Македонија вклучително и за
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
БИЗНИС ИНФО
15
МЕЃУНАРОДНА ПОДВЛЕЧЕНО СОРАБОТКА
угостителско туристичката дејност. При тоа беше потенцирано, дека, за да се развива туризам и за да се привлечат повеќе туристи од Јапонија, Македонија треба да ги задржи и да ги негува природните убавини, што значи истите да не се уништуваат со масовна урбанизација на атрактивните туристички дестинации. Таа констатираше дека според нејзините првични согледувања Македонија поседува голем потенцијал за развој на туризмот и дека се надева оти оваа средба ќе биде продуктивна со можност за отпочнување и подиректна соработка во секторот. Д-р Митко Кочовски, претседател на Здружението за металургија при Стопанската комора на Македонија, напомена дека Јапонија претставува поим за индустриска развиеност, особено ако се земе во предвид фактот дека немаат многу природни ресурси, но имаат добра работна сила и високо развиена технологија и прецизност. Тој посочи дека иако Македонија е мала земја, имајќи го во предвид фактот дека има повеќе договори за слободна трговија кои и отвараат врати кон повеќе пазари, таа претставува добар партнер за Јапонија која може да ги инвестира своите технологии и знаење во Република Македонија. Марија Дукоска
16
БИЗНИС ИНФО
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
Коморски Инвестициски Форум (КИФ)
ДЕЛЕГАЦИЈА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА, ЗАЕДНО СО ОСТАНАТИТЕ КОМОРИ-ЧЛЕНКИ НА КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ, УЧЕСТВУВАШЕ НА ТРЕТИОТ САМИТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН Делегација на Стопанската комора на Македонија, заедно со останатите комори-членки на Коморскиот инвестициски форум, учествуваше на третиот Самит за Западен Балкан, кој се одржa во рамките на „Берлинскиот процес“ во Париз, Франција. Пред учесниците на Самитот беа претставени досегашните активности на Коморскиот инвестициски форум и плановите за развој на регионалната платформа којашто ги обединува осумте комори од регионот ( Македонија, Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Словенија), кои се моќен репрезент на економиите од овие земји со 350.000 компнании. Знаејќи дека извозот на секоја земја од Западен Балкан заедно со Хрватска и Словенија е мал и затоа мора да соработуваме заеднички во регионот, да се здружиме и преку заедничку конзорциуми, да се осовојуваат нови пазари и да се зголемува извозот, а тоа е една од целите на Коморскиот инвестициски форум. На Самитот заедно со коморите – членки на Коморскиот инвестициски форум, учествуваа и компании од Македонија, кои дебатираа на посебните паралелни сесии за транспорт и инфраструктура, енергетика и развој на дигитално ошстество. Самитот во Париз има огромно значење, не само од економски аспект, бидејќи Европа праќа јасна порака дека за Западен Балкан не постои друга алтернатива. Сите комори од регионот имаат исти цели, но и исти проблеми, како што е невработеноста, но против ова може да се дејствува само преку посветеност на патот кон европската интеграција на регионот, поголема посветеност за развојот на економијата, и создавање на поволен амбиент за уште поголеми инвестиции во поволна економска клима креирана од страна на владите во земите од регионот, што беше и главна порака на Самиот. Моментот на случувањата со Брегзит, треба да се искористи за намалување на бариерите, промовирање на партнерства и соработка во регионот и формирање на конзорциуми во рамките на регионот за настап на нови пазари, а ова беше и една од пораките којашто во име на Коморскиот инвестициски форум беше упатена до учесниците на Самитот. Во завршниот говор на Самитот од страна на францускиот министер за економија Емануел Маркони, токму соработката во рамките на Коморскиот инвестициски форум е пример за одлична
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
БИЗНИС ИНФО
17
МЕЃУНАРОДНА ПОДВЛЕЧЕНО СОРАБОТКА
сорботка во рамките на Западен Балкан, како инструмент за привлекување на нови инвестиции на регионално ниво. На Самитот во Париз учествуваа и високи претставници на Европската унија, министрите за економија на земјите од регионот, претставниците на европските финансиски институции, Светска банка и компании од регионот на Западен Балкан и Франција. Европскиот комесар Јоханес Хан, во своето обраќање на Самитот истакна дека и покрај тоа што во овој период, Европската унија навлегува во тешка фаза, сепак постои европска перспектива за земјите од Западен Балкан, но процесот на пристапување кон Европската унија не е само процес на усогласување на законодавствата во земјите, туку фокусот треба да биде и на економијата, економскиот развој, зголемување на конкурентноста, јакнење на инфраструктурното поврзување на земјите од регионот и подобрување на инвестициската клима. Министерот за финасии на Франција, Мишел Сапен истакна дека е многу важно да се задржи европската прескпектива на земјите од Западен Балкан, но и самиот факт дека во регионот скоро во сите земји економскиот раст достигнува скоро три одсто, претставува мотив уште повеќе за во иднина да се посвети внимание и на развојот на инфраструктурата, транспортот и енергетиката, што ќе придонесе за уште поголема конкурентност во земјите и привлекување на нови инвестиции. По завршување на работниот дел на Самитот, во Комората на Франција се одржа и состанок на Управниот одбор на Коморскиот инвестицсиски форум, каде што покрај претсадетлите на коморите од регионот, учествуваа и Бернард Бруне, раководител на Генералниот Директорат за проширување на Европската унија, Дирк Вантигем, оперативен директор на Европската асоцијација на коморите и Горан Свилановиќ, генерален секретар на регионалниот совет за соработка. На сосатнокот беше усвоена заедничка декларација за понатамошните активности и проекти кои се дел од Акциониот план на Коморскиот инвестициски форум.
18
БИЗНИС ИНФО
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ОД РК ШТИП И РК КАВАДАРЦИ ЗАПОЧНA СО ОРГАНИЗАЦИЈА И ОДРЖУВАЊЕ НА ЦИКЛУС НА БЕСПЛАТНИ СЕМИНАРИ ЗА МЕДИЈАЦИЈА Стопанската комора на Македонија ја поддржува медијацијата, со главна цел популаризација на овој ефикасен начин на вонсудско решавање на споровите. Со популаризација на медијацијата ќе се намалат непотребно долгите и скапи судски постапки и ќе се зголеми ефективноста во надминување на конфликтите во ставовите на страните, преку наоѓање решенија прифатливи за двете страни и нивна идна соработка поради доверливоста на постапката. Оттука, согласно потребите на компаниите од една страна како, и заради поголема афирмација на оваа ефикасна алатка, од друга страна, Стопанската комора на Македонија, како најголема и најбројна бизнис-асоцијација во Република Македонија, започна со креирање и нудење на нова услуга во своето портфолио на
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
БИЗНИС ИНФО
19
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ
активности, односно воведе поддршка за вршење на Медијација како за членките, така и нечленките. Со цел најпрво да се информираат компаниите за законските измени на ЗПП кои се поврзани за медијацијата, за текот на постапката на медијацијата, како и за можностите за тоа кои спорови се медијабилни и да се поттикне користењето на доброволната медијација, Стопанската комора на Македонија започна со циклус на бесплатни семинари кои ги реализира со предавачи – лиценцирани медијатори, согласно последните промени на Законот за Медијација. Така, првите семинари за промоција на медијацијата беа одржани на 1-ви и 2-ри јули во Штип, односно Кавадарци пред голем број на компании од тие региони. На семинарите беа потенцирани предностите на медијацијата, беше детално објаснета медијацијата во РМ согласно законските прописи, акцент беше ставен на тоа кои се медијабилни/немедијабилни предмети, како и се даде осврт и на медијацијата во работните спорови, и заштитата на потрошувачите во постапката за медијација. Од активната дискусија која се разви на семинарите произлегуваат и одредени дилеми кои се јавуваат при практична примена на медијацијата и потребата од усогласување на повеќе закони со Законот за медијација. Стопанската комора на Македонија од сите забелешки дадени од учесниците ќе подготви информација до носителите на законските решенија со цел отстранувања на пречките или разјаснување на процесите а се со цел целосна поддршка и поголема апликативност на медијацијата.
20
БИЗНИС ИНФО
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Како информација наведуваме дека со донесување на Законот за изменување и дополнување на Законот за парнична постапка („Службен весник на РМ“, бр.124./15) со член 47 од Законот, извршена е измена на член 461 од пречистениот текст на ЗПП според кој: „ Во стопанските спорови за парично побарување чија што вредност не надминува 1.000.000 денари, а по кои постапката се поведува со тужба пред суд, странките се должни, пред поднесување на тужбата, да се обидат спорот да го решат по пат на медијација. При поднесување на тужбата тужителот е должен да приложи доказ издаден од медијатор дека обидот за решавање на спорот по пат на медијација не успеал. Тужбата кон која не е приложен доказот од ставот (2) на овој член судот ќе ја отфрли”. Оваа одредба од ЗПП е влезена во сила од 1-ви февруари 2016 година. Според новиот Закон за медијација и неговите измени и дополнувања („Службен весник на Република Македонија“ бр. 188/13, 148/15, и 55/16), постапките за медијација може да ги спроведува единствено медијатор на кого му е издадена лиценца за вршење на медијаторски работи согласно член 46 од Законот за медијација, од страна на Министерството за правда на Република Македонија – Одбор за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата. Медијаторот врши работи согласно ЗПП и погоре потенцираната законска одредба, како и спроведување на постапки за решавање на сите видови медијабилни спорови за кои спротивставените страни ќе изјават волја доброволно, спорот да го решат по пат на медијација.
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
БИЗНИС ИНФО
21
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ
Следната недела Комoрата продолжува со семинари за медијација кои ќе се одржат на 8-ми јули во Кичево и 9-ти јули 2016 година во Охрид. За сите информации во врска со Медијацијата можете да се јавите во Комората на тел. 023244031. д-р Јелисавета Георгиева
22
БИЗНИС ИНФО
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ИНФОРМАЦИЈА - СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНУВА СО ЦИКЛУС НА БЕСПЛАТНИ СЕМИНАРИ НА ТЕМА: „МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА ВОНСУДСКО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“ Со донесување на Законот за изменување и дополнување на Законот за парнична постапка („Службен весник на РМ“, бр.124./15) со член 47 од Законот, извршена е измена на член 461 од пречистениот текст на ЗПП според кој: „ Во стопанските спорови за парично побарување чија што вредност не надминува 1.000.000 денари, а по кои постапката се поведува со тужба пред суд, странките се должни, пред поднесување на тужбата, да се обидат спорот да го решат по пат на медијација. При поднесување на тужбата тужителот е должен да приложи доказ издаден од медијатор дека обидот за решавање на спорот по пат на медијација не успеал. Тужбата кон која не е приложен доказот од ставот (2) на овој член судот ќе ја отфрли”. Оваа одредба од ЗПП е влезена во сила од февруари 2016 година. Според новиот Закон за медијација и неговите измени и дополнувања („Службен весник на Република Македонија“ бр. 188/13, 148/15, и 55/16), постапките за медијација може да ги спроведува единствено медијатор на кого му е издадена лиценца за вршење на медијаторски работи согласно член 46 од Законот за медијација, од страна на Министерството за правда на Република Македонија - Одбор за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата. Медијаторот врши работи согласно ЗПП и погоре потенцираната законска одредба, како и спроведување на постапки за решавање на сите видови медијабилни спорови за кои спротивставените страни ќе изјават волја доброволно, спорот да го решат по пат на медијација. Динамиката на бизнисите, трендот на интензивно намалување на трошоците, зголемување на ефикасноста, технолошките придобивки со можности за моментален трансфер на информации, мобилност во сите сегменти од живеењето, ја наметнуваат потребата да се надмине традиционалното водење на судските постапки и да се бараат нови начини за ефикасно разрешување на споровите и конфликтите преку иницирање постапки со ефикасни начини на решавање на споровите како што е медијацијата. Стопанската комора на Македонија ја поддржува медијацијата, со главна цел популаризација на овој ефикасен начин на вонсудско решавање на споровите. Со популаризација на медијацијата ќе се намалат непотребно долгите и скапи судски постапки и ќе се зголеми ефективноста во надминување на конфликтите во ставовите на страните, преку наоѓање решенија прифатливи за двете страни и нивна идна соработка поради доверливоста на постапката, што не е случај во најголем дел од споровите кога се води јавна судска постапка. Оттука, согласно потребите на компаниите, Стопанската комора на Македонија, како најголема
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ и најбројна бизнис-асоцијација во Република Македонија, започнува со креирање и нудење на нова услуга во своето портфолио на активности, односно воведува поддршка за вршење на Медијација како за членките, така и нечленките, согласно горенаведените одредби. Со цел најпрво да се информираат компаниите за законските измени на ЗПП, текот на постапката за медијација, како и за можностите за тоа кои спорови се медијабилни, Стопанската комора на Македонија започнува со циклус на бесплатни семинари кои ги реализира со предавачи - лиценцирани медијатори, согласно последните промени на Законот за Медијација, за компаниите на тема: „МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА ВОНСУДСКО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“. Во прилог е дадена табела со распоредот на одржување на семинарите: Датум Место 1 јули 2016 година (петок) Хотел „Оаза“ - Штип 2 јули 2016 година (сабота) „Кожувчанка“ ДОО - Кавадарци 8 јули 2016 година (петок) Хотел „Арабела“ - Кичево 9 јули 2016 година (сабота) Мала сала во зградата на Општина Охрид 2 септември 2016 година (петок) Хотел „Салида“ - Прилеп 3 септември 2016 година (сабота) Хотел „Милениум“ - Битола 14 септември 2016 година (среда) Стопанска комора на Македонија
Час 10:30-14:00 10:30-14:00 10:30-14:00 10:30-14:00 10:30-14:00 10:30-14:00 10:30-14:00
ПРОГРАМА НА СЕМИНАРОТ: * Запознавање со поимот на медијацијата (предности на медијацијата); * Медијацијата во Република Македонија согласно законските прописи: - Медијабилни предмети - предмети погодни за медијација; - Медијацијата согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за парнична постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/2015); - Медијацијата во работните спорови – решавање на работните спорови според Законот за медијација и Законот за мирно решавање на работните споровите; - Надомест на штета и медијацијата; - Заштита на потрошувачите во постапка за медијација; - Придобивките од медијацијата. ЦЕЛНА ГРУПА: менаџери на компаниите, раководители на правен сектор, раководители на сектор за човечки ресурси... Контакт: Елизабета А. Ефтимова тел: 02 32 44 074 Е-адреса: beti@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија
• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија; • Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка; • Сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници. За повеќе информации: Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088
Акредитирани програми кои можете да ги следите: • • • • • • •
Готвач во угостителски објект; Гипсер – монтер; Фасадер; Аргон заварувач; Келнер – гастроном; Изработувач на бели печива; Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси;
•
• • • • •
Специјалистички курс за стекнување вештини за архивско и канцелариско работење; Рецепционер; Службеник во книговодство; Туристичко - агенциски службеник; Фризер - основен курс; Шивач и кројач на конфекциски материјали.
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ЕДНОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: „ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ И ДАНОЧНА РЕГУЛАТИВА“
11.7.2016 година (понеделник) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Цел на работилницата
Целта на работилницата е стекнување практични знаења за правилната имплементација на законската регулатива која го уредува готовинското денарско и девизно благајничко работење со посебен акцент на пресметка, исплата и евиденција на дневниците за службено патување во земјата и во странство, како и давачките. Со работилницата на сите учесници ќе им се овозможи правилно да се едуцираат и да ги применуваат законските одредби од оваа област, а ризикот ќе го сведат на минимум на изречување глоби при инспекциски надзори и трпење на прекршочни санкции. Предавачи: - М-р Симонида Георгиевска, косопственик и раководител на секторот за финансиски и сметководствени работи во Друштвото за даночен консалтинг „Каунт“ ДООЕЛ - Скопје, со 17-годишно работно искуство во областа на даночниот менаџмент, сметководството и деловното планирање, магистер по економски науки од областа на сметководството на тема: „Хармонизација на финансиското известување во Република Македонија, базирано на МСФИ и МСФИ за МСЕ“; - М-р Билјана Патлиџанковска, раководител на секторот за организациски работи во Друштвото за даночен консалтинг „КАУНТ“ ДООЕЛ – Скопје, со 15-годишно работно искуство во областа на административното и благајничкото работење. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
26
БИЗНИС ИНФО
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ЕДНОДНЕВЕН СЕМИНАР:„НОВИОТ ЗАКОН ЗА ИЗВРШУВАЊЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЗАПОЧНЕ СО ПРИМЕНА НА 20 АВГУСТ 2016 ГОДИНА“ Стопанската комора на Македонија на 12.7.2016 година организира еднодневен семинар на тема: „Новиот Закон за извршување кој треба да започне со примена на 20 август 2016 година“. Прв дел - Воведни напомени за извршувањето и организација на извршителите; - Новините во законот при поднесување на барање за извршување и приговор за незаконитости при извршувањето; - Против извршување; - Одлагање и запирање на извршувањето; - Тарифа за награда и надоместок на другите трошоци за работата на извршителите. Втор дел - Извршување врз паричните побарувања на должникот; - Извршување врз подвижни предмети; - Извршување врз недвижности; - Специфичности на реализацијата на хипотека и реализацијата на залог врз објекти запишани во имотен лист за предбележување на градба; - Вонсудска наплата на долгови по основ на веродостојна исправа.
12.7.2016 година (вторник) 10:00-14:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат
Трет дел - Претходни дејствија за отпочнување на присилно извршување на правосилни одлуки за повреда на Законот за работни односи; - Извршување заради враќање на работник на работа. Предавачи: - Миле Стојановски, државен советник и - Антонио Коштанов, извршител. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ЕДНОДНЕВЕН СЕМИНАР НА ТЕМА: „ФУНКЦИЈАТА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ КАКО СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА“
14.7.2016 година (четврток) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Општо прифатено мислење за функцијата човечки ресурси е дека професионалците од оваа област се занимаваат со огласување на работни места, пресметка на плата, ажурирање на персонални досиеја, создавање и имплементација на организациони политики и други видови на административна работа. Сепак, современите трендови на деловно работење бараат еден друг вид на функционирање на човечките ресурси, а тоа е стратешка улога во организациите. Ова значи дека наместо добивање насоки од страна на извршните раководители, професионалците за човечки ресурси му помагаат и го водат раководството кон изнаоѓање начини на градење на ефективна организациона структура и култура и начини на кои стратегиите ќе бидат исполнети. Овој семинар на професионалците од областа на човечки ресурси ќе им даде алатки и идеи кои при имплементација во организацијата ќе ја придвижат функцијата на човечките ресурси од административна во стратешка. На семинарот ќе се зборува за начините на кои активностите на човечки ресурси можат да се вградат во визијата и мисијата на организацијата и начини на кои можат да се предвидат идните потреби на организацијата, односно за методологија на анализа на работно место, стратегии за регрутација, воведување на нововработен, управување со резултати и квaлитет во работењето, обука и развој. Дополнително ќе се зборува за начини на кои може да се зголеми мотивацијата и ангажираноста на вработените и градење на стратешка организациона култура. Овој семинар е наменет за сите професионалци од областа на човечки ресурси чија стратешка определба е трансформација на функцијата на човечките ресурси во нивните организации од административен во стратешки модел. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
28
БИЗНИС ИНФО
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 26 до 28 август 2016 година во Сиан, НР Кина
САЕМ ЗА БИЗНИС И РЕКРЕАТИВЕН ТУРИЗАМ 2016 (CXSRITE)
Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година има чест да ве покани да земете учество или да го посетите 3. Интернационален саем за бизнис и рекреативен туризам 2016 (CXSRITE), што ќе се одржи во Сиан, Народна Република Кина. Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, а воедно и да ги промовира некогаш актуелните програми и пакети за патувања по Патот на свилата. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми. Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 30 држави, а се очекуваат и над 50.000 посетители од целиот свет. Саемот е наменет за сите компании што се занимаваат со туристичко-угостителска дејност. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество или за посета на Саемот. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
САЕМ ЗА ХРАНА И КЕТЕРИНГ „CHINA FOOD & CATERING EXPO 2016“ - 9-12.9.2016 НР КИНА
9 – 12 септември 2016 година Чангша, Народна Република Кина
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Амбасадата на Република Македонија во Пекинг и Министерството за надворешни работи на Република Македонија, ве поканува да бидете дел од Саемот за храна и кетеринг „China Food & Catering Expo 2016“. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 9 – 12 септември 2016 година, во просториите на Хунан Интернационалниот центар за конференции и саеми (Hunan International Conferece & Exhibition Center) во Ченгша, Народна Република Кина. „China Food & Catering Expo“ е еден од најпрофесионалните и најзначајни трговски настани посветени на индустријата за кафе во Кина. Накратко, Саемот на своите посетители ќе им понуди подлабоко разбирање на развојот на индустријата за кафе во Кина, како и нејзината голема потреба од висококвалитетно кафе. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 19 август 2016 година (петок). За подетални информации во врска со настанот и сите поволности за учесниците, ве молиме контактирајте со:
- Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk
- Марија Дукоска, телефон: +389 32 44 035 е-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
30
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
21-25 септември 2016 година Будва, Р. Црна Гора
САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ, ВОДОВОДИ И САНИТАРНИ ТЕХНОЛОГИИ
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Јадранскиот саем, ве поканува да бидете дел од Саемите за градежништво, енергетика и води, водоводи и санитарни технологии. Овогодинешните манифестации ќе се одржуваат во периодот од 21 - 25 септември 2016 година, во Будва, Р. Црна Гора.
Во овој период ќе бидат организирани повеќе манифестации:
• на Саемот за градежништво оваа година на јавноста ќе и` бидат претставени нови производи и технологии, како и можноста за директно воспоставување соработка на сите нивоа во рамките на оваа диманична стратешка гранка. На оваа манифестација ќе се претстават сегменти од градежната индустрија, како и најистакнатите претставници од сите области на градежната дејност; • Саемот за енергетика е можност да ги престават своите нови технологии и достигнувања компаниите, државните и академските институции, стручните и професионалните здруженија и поединци кои се насочени кој истражување, развој, производство, пренос, дистрибуција и разионализација на користењето на енергијата; • саемската платформа и компаративната предност која ја нуди Саемот за води, водоводи и санитарни технологии претставува прилика за унапредување на бизнисите и остварување на добри комерцијални резултати. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 5 септември 2016 (понеделник).
За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со:
- Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk
- Марија Дукоска, телефон: +389 32 44 035 е-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
БИЗНИС ИНФО
31
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ПРВ ЕКОНОМСКИ, ТРГОВСКИ И КУЛТУРЕН ФОРУМ
27-29 септември 2016 година Шенжен, Народна Република Кина
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Кинеските совет за промоција на меѓународна трговија во Шенжен, Кинеската комора за меѓународна трговија во Шенжен и Економската и културна асоцијација за Централна и Источна Европа во Шенжен, ве поканува да бидете дел од Првиот економски, трговски и културен форум. Манифестација ќе се одржи во периодот од 27-29 септември 2016 година во Шенжен, Народна Република Кина. Целта на овој форум е темелна имплементација на националната стратегија за развој „One belt, One road“, како и зајакнување на пријателството и соработката со државите од Централна и Источна Европа. Покрај тоа, главен акцент ќе биде ставен на промоцијата на градот Шенжен и сите неговите потенцијали за економска и културна соработка. На Форумот се очекува учество да земат околу 100 претприемачи од земјите од Централна и Источна Европа. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 26 август 2016 година (петок). За подетални информации во врска со настанот и сите поволности за учесниците, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091 е-адреса: sanja@mchamber.mk - Марија Дукоска, телефон: +389 32 44 035 е-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk
32
БИЗНИС ИНФО
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
5-6 октомври 2016 година Краков, Р. Полска
7. МЕЃУНАРОДЕН ТРГОВСКИ САЕМ ЗА КОМПОЗИТНИ МАТЕРИЈАЛИ, ТЕХНОЛОГИИ И ПРОИЗВОДИ „KOMPOZYT – EXPO“
Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Targi w Krakowie“, ве поканува да бидете дел од 7. Меѓународен трговски саем за композитни материјали, технологии и производи „Kompozyt – Expo“. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 5-6 октомври 2016 година во Краков, Р. Полска. Седмиот меѓународен трговски саем за композитни материјали, технологии и прозиводи е еден од најзначајните настани за индустријата за композитни материјали, во Полска и во Централноисточна Европа. Меѓународни посетители, бројни индустриски новитети, машини, зона за техничка презентација – се само мал дел од понудата на оваа манифестација. „Kompozyt Expo“ дава можност за реализирање деловни контакти, проследени со демонстрирање на машини, како и богата програма на семинари и престижни награди за учесниците. Саемот е наменет за оние кои се занимаваат со: • суровини и материјали; • меѓупроизводи; • композитни производи; • животната средина; • истражување и развој; • машини и алати; • услуги. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да изложуваат на Саемот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 9 септември 2016 година (петок). За сите заинтересирани што сакаат да го посетат Саемот, рокот за пријавување е до 16 септември 2016 година (петок). За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk - Марија Дукоска, телефон: +389 32 44 035 е-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
БИЗНИС ИНФО
33
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„31. TRADE EXPO INDONESIA“
12-16 октомври 2016 година Џакарта, Р. Индонезиjа
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Амбасадата на Републик Индонезија, ве поканува да бидете дел од „31. Trade Expo Indonesia“. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 12-16 октомври 2016 година во Џакарта, Република Индонезија. Како и изминатите години, Саемот има за цел да ги прикаже најдобрите извозни производи на Индонезија од индустријата, рударството, земјоделието, па се` до секторот за ракотворби. Минатата година настанот успешно привлекол повеќе од 10.000 посетители од повеќе од 100 земји од светот и генерирал трансакции со обрт од повеќе од 900 милиони САД$. Фактот дека илјадници купувачи од повеќе земји од светот доаѓаат секоја година да го посетат саемот докажува за големата посветеност на трговските партнери низ светот. Саемот е наменет за оние кои се занимаваат со: • производство на добра и услуги; • монтажни куќи и мебел за градина; • храна и пијалаци; • мода, животен стил и креативни производи; • висококвалитетни производи за мали и средни претпријатија. Стопанската комора на Македонија на прво-пријавените учесници им овозможува: • 2 бесплатни ноќевања; • трансфер (аеродром – хотел - саем и обратно); • вечери организирани од страна на Амбасадата на Република Индонезија со претставници од бизнис-заедницата на Индонезија со цел да се зголемат шансите за потенцијална соработка помеѓу двете држави. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании за посета на Саемот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 31 август 2016 година (среда). За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk - Марија Дукоска, телефон: +389 32 44 035 е-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk
34
БИЗНИС ИНФО
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
18-20 октомври 2016 година Краков, Р. Полска
21. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА МАШИНИ, АЛАТИ, УРЕДИ И ОПРЕМА ЗА ПРЕРАБОТКА НА МАТЕРИЈАЛИ – „EUROTOOL“
Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Targi w Krakowie“, ве поканува да бидете дел од 21. Меѓународен саем за машини, алати, уреди и опрема за преработка на материјали –„Eurotool“. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 18-20 октомври 2016 година во Краков, Р. Полска. Меѓународниот саем за машини, алати, уреди и опрема за преработка на материјали – „Eurotool“ е еден од најзначајните настани кој на едно место ги обединува професионалците од Источна и Централна Европа. Секоја година овој саем ги отвора своите врати за водечките компании од Полска и од странство за да го презентираат своето портфолио. Саемот е наменет за оние кои се занимаваат со: • машини за редуктивна обработка; • машини за пластика; • алати; • мерни и контролни инструменти и уреди; • опрема за машини; • опрема за индустриски работилници; • услуги и други консултации и др. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да бидат дел од овој саем да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 30 септември 2016 година (петок). За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk - Марија Дукоска, телефон: +389 32 44 035 е-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
БИЗНИС ИНФО
35
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Меѓународен форум „Building Green Connections“
2-3 ноември 2016 година, Копенхаген, Данска
Стопанската комора на Македонија, во соработка со ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на деловните средби на Форумот за градежништво „Building Green Connections“, најголем во Европа. На овој форум главен акцент ќе се даде на зелените градби: одржливи градби, дизајн, како и влијанието на животната средина врз градбата. „Building Green Connections“ кој по петти пат се одржува во Данска, ги собира на едно место сите иновативни компании и организации кои сакаат да воспостават взаемна комерцијална и технолошка соработка. Досега на овој форум присуствувале повеќе од 350 компании од 16 европски земји кои имаат остварено околу 620 средби. Билатералните средби на учесниците обезбедуваат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка со цел да се откријат нови и иновативни производи и услуги, како и можност за поврзување со нови производители, подизведувачи и тоа: градежни компании, архитекти, изведувачи, дистрибутери, трговци, развојно истражувачки центри и универзитети. Меѓународните деловни средби во рамките на „Building Green Connections“ ќе се одржат на 2-3 ноември 2016 година, во Копенхаген, Данска. Учеството на деловните средби и на Форумот е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://www.b2match.eu/greenconnections2016/contact.
Аплицирај електронски / on-line
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
36
БИЗНИС ИНФО
петок, 8 јули 2016, Бр. 274
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Македонија. Валидност до 2.9.2016 година. Компанија од Кина која произведува спортска опрема за пливање, маски, перки, дишалки и сл. бара компании за соработка од Р. Македонија, за дистрибуција и пласман на своите производи. Реномирана Валидност до 2.9.2016 година. Компанија од Р.Хрватска нуди сликарски платна кои се нов и иновативен производ и бара компанија за дистрибуција на платната за територијата на Р. Македонија и за други соседни земји. Валидност до 2.9.2016 година. Компанија за превод и толкување од Македонија, како една од најголемите агенции за јазични услуги во Република Македонија со над 35-годишно искуство во преведувачката дејност, нуди квалитетни услуги по поволни цени: превод и толкување од/на сите европски јазици, заверка на документи од овластен судски преведувач, лекторирање и уредување. Валидност до 29.7.2016 година. холдинг компанија од Романија која може да обезбеди комплетни решенија за енергетска контрола, консултантски услуги за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија; програми, дизајн и специјализирани инженеринг услуги, претприемништво за сложени електрични инсталации, производство на среден и низок напон, опрема, електрична опрема, практичната примена на обновливите извори на енергија (ОИЕ), бара соработка со компании од Р.
Контакт: Ванчо Спасески Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-095 Факс: +389 2 3244-088 vanco@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
BSI
TM
Quality Management
ISO 9001:2008
FS 549642 FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088