Skip to main content

Бизнис ИНФО број 87 од 01.03.2012 година

Page 1

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БИЗНИС ИНФО

четврток, 01 март 2012, Бр. 87

1

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

www.mchamber.mk Број 87 од 01.03.2012

контакт call центар (02) 15015

www.mchamber.mk

Стопанската комора на Македонија инсистира да се фати чекор со европското инфраструктурно поврзување

ПРИКЛУЧОК ЗА ПОВИСОКА КОНКУРЕНТНОСТ

Средба на претседателите на стопанските комори на Македонија и на Косово, Бранко Азески и Сафет Ѓерѓалиу

СО ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТИ ПО ЕВРОПСКИ ПАРИ


БИЗНИС ИНФО

2

ПОДВЛЕЧЕНО

четврток, 01 март 2012, Бр. 87

„Комерцијална банка“ со рекорд во 2011 година ОДОБРЕНИ 700 МИЛИОНИ ЕВРА КРЕДИТИ

изнесува 40,83 милијарди денари, а лани таа изнесува да омаловажувам, но страшно е тоа што образованите 42,97 милијарди денари. Ова покажува дека таа банка воспитувачки во градинките земаат помали плати од ја задржала тенденцијата да ги зголемува кредитните водоинсталатерите и електричарите. „Комерцијална банка“ лани на своите пласмани барем за 2 милијарди денари на годишно клиенти дала 700 милиони евра кредити, покажуваат ниво. Тоа се случило помеѓу 2009 и 2010 година исто (Савка Тодоровска, официјалните податоци објавени од менаџментот како и помеѓу 2010 и 2011 година. претседателка на СОЖМ) на таа банка достапни на интернет страницата на Комисијата за хартии од вредност. ЗА ЧЕБРЕН И ГАЛИШТЕ ЌЕ ПРИЧЕКАМЕ Ова е рекордно највисок износ на издадени ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ДА БИДАТ СПОКОЈНИ, УШТЕ НЕКОЕ ВРЕМЕ кредити за една година. Досега рекордот го држеше СУБВЕНЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ ИСПЛАТЕНИ скопска Стопанска банка со 10 милиони евра помалку Проектот Чебрен и Галиште, верувале или во 2010 година. Нема да отстапиме од она што е предвидено не, постои веќе 40-45 години, не сум сигурен. Оваа Според тие податоци оваа банка лани во изборната програма и покрај тешкотиите кои влада направи многу за да ги олесни условите и направи издава 42,97 милијарди денари во кредити (на нето дојдоа поради новата европска должничка криза. добра тендерска документација за да привлече многу основа) на своите коминтенти. И со тоа го надминала Минатата година повеќе потенцијални инвеститори, да кажеме. Во рекордот на издадени кредити кој досега го држеше беа доделени консултации со компаниите ние го продолживме 115 милиони рокот до 15 декември, по нивно барање за да може евра, а годинава да достават понуди. Тоа време не зафати и кризата во 130 милиони за еврозоната. Искрен да бидам, очекувавме една понуда, субвенции за што немаше да биде услов за добивање на тој тендер земјоделството. да кажеме, но до 15 декември, до кога беше рокот, ние То а добовме две сериозни понуди, од страна на грчката ќе се реализира. Програмата е усвоена и објавена и ПБС компанија и од страна на кинеската компанија. независно како ќе се одвиваат економските текови И двете понуди беа навистина квалитетни. Морам на подобро или полошо земјоделците може да бидат да споменам дека главен и единствен услов беше спокојни дека ќе ги примат средствата. процентот кој ќе го понуди компанијата за учество на (М-р Никола Груевски, претседател на Владата на ЕЛЕМ во конзорциумот, Стопанска банка Скопје кој беше поставен во 2010 Република Македонија ) но имаше и други година кога оваа банка објави дека дала 42,44 предуслови кои исто така милијарди денари (690,2 милиони евра) во кредити на се битни за комисијата населението и на компаниите во земјава. Засега може ПЛАТИТЕ НА МАЖИТЕ ДВЕ ТРЕТИНИ да направи сериозна и да се констатира дека Комерцијална банка досега е ПОВИСОКИ ОД НА ЖЕНИТЕ квалитетна евалуација на рекордер во издадени кредити на годишно ниво. Се понудите. очекуваат податоците за лани и на другите две големи Купчето плати за мажи е за две третини Ние отворивме широка дебата на седница банки Стопанска банка Скопје и Тутунска банка. поголемо од купчето плати за жени. Од вкупниот број на влада, после добивањето на евалуациите, но Според расположивите податоци од бизнисмени во државата само 4 отсто се жени, а и од владата одлучи да почекаме уште некое време додека ревидираните извештаи за 2010 година, трите нив во 2 отсто од случаите зад бизнисот стојат само комисијата не обезбеди уште некои други стручни најголеми банки во земјава: Тутунска банка, Стопанска имиња на жени, а го водат мажи. анализи за понудите. Имајќи предвид дека се работи банка Скопје и Комерцијална банка убедливо држат над Истражувањето што за навистина комплексен и сериозен проект, проект 70 отсто од пазарот на кредити во земјава. Трите банки го направивме во 50 кој ќе значи иднина за енергетската состојба во во 2010 година заедно издале кредити во вредност од рурални средини Република Македонија и затоа мислиме дека подобро 116,2 милијарди денари (речиси 2 милијарди евра). покажа дека само е да почекаме уште некое време, но сериозно да ја Податоците покажуваат дека, во услови два отсто од жените анализираме ситуацијата за да на крај одлучиме, се на светска финансиска криза, сите банки, со мали се сопственици надевам позитивно, да се изгради фамозниот проект исклучоци, имаат тренд на пораст на кредитните на имот и тие се Чебрен и Галиште, кој ќе значи многу за економската и пласмани. „Комерцијална банка“ во 2008 година на возраст над 50 за енергетската состојба во Република Македонија. пласирала 35,13 милијарди денари во кредити, а години, што значи во 2009 година 38,85 милијарди денари. Во 2010 дека го наследиле (Ваљон Сараќини, министер за економија година тенденцијата продолжила и сумата во кредити од мажот. Не сакам во Владата на Република Македонија)

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнер за 2012 година

Покровители

на


четврток, 01 март 2012, Бр. 87

БИЗНИС ИНФО

3

АКТУЕЛНО

Стопанската комора на Македонија инсистира да се фати чекор со европското инфраструктурно поврзување

ПРИКЛУЧОК ЗА ПОВИСОКА КОНКУРЕНТНОСТ

Директни трговски трошоци – транспортните и други трошоци во меѓународната трговија се важни одредници за способноста на една земја целосно да учествува во светската трговија. Глобалните истражувања констатираат дека тврдата инфраструктура (патишта, железница, пристаништа, аеродроми, енергетика, водени ресурси...) има битно влијание врз чинењето и развојот на трговијата. Но ништо помало не е и влијанието врз ефикасноста на трговијата, извозот и привлекувањето на странски инвестиции, на таканаречената мерка инфраструктура (процедури, ИКТ-поврзаност, делување на институциите, регулативата...). Тоа

инфраструктура ги изолираат земјите и го попречуваат нивното учество во глобалната производна мрежа. Цел свет е во процес на либерализација на трговијата, но неадекватната инфраструктура гизголемува трошоците на трговијата и тоа, во некои случаи има поголем ефект на заштита отколку самата тарифа. Не треба да се оди подалеку од нашиот пример (Регионот ЦЕФТА, либерализирана трговија, немање комуникации, неповрзаност на транспортната, енергетската, ИКТ...). Истражувањата на Светската банка велат дека континентално затворените земји во основа имаат помала трговија за 30% во однос на земјите со излез на

значи дека развојот на трговијата, извозот и привлекувањето на инвестиции директно зависат и од развиеноста на инфраструктурата. Истражувањата покажуваат дека трошоците за трговија на континенталните земји, земји без излез на море, како што е Република Македонија, во старт се поголеми за 30%. Ова го истакна Љубица Нури, директор на Дирекцијата за меѓународна соработка, промовирање и информирање, на редовната прес-конференција на тема: „Инфраструктурата во функција на зголемување на конкурентноста“ (27.2.2012 година). Притоа, беше објаснето зошто инфраструктурата е мото на Стопанската комора на Македонија во 2012 година:

море, но доколку ја подобрат својата инфраструктура за 25%, тогаш тој процент може да се зголеми за 10%. Трошоците за транспорт по единица производ, по вода, во просек, за 6,5 илјади километри се еднакви на трошоците за 1,5 илјада километри по копно. • Инфраструктурата го следи синдромот што е постаро – јајцето или кокошката? За да се вложува во инфраструктурата треба да се има економија која со експлоатацијата на оваа инвестиција ќе успее да ја поврати, но исто така за да се развива економијата - потребна е инфраструктура. • Инфраструктурата има повеќекратно влијание врз развојот на економијата и на општествата: • интегративниот фактор во однос на внатрешноста на земјата, во однос на регионот и интернационално; • инфраструктурата ја поттикнува

• Оддалеченоста и неразвиениот транспорт, комуникациите и друга

и ја развива размената на стоки, услуги и луѓе; • ја овозможува интернационализацијата на трговијата и услугите; • таа ги поттикнува производството и потрошувачката; • креира нови работни места; • овозможува влез и имплементација на новите технологии; • овозможува зголемување на конкурентноста на државите. • КОНЕКТИВНА ЕВРОПА стратегијата на ЕУ да го оствари својот раст и конкурентност до 2020 година преку Предлог-регулативата Воспоставување услови за конективна Европа, потврдена во јуни 2011 година во Парламентот на ЕУ, воспоставува правила како ќе се финансира, во периодот од 2014 – 2020 година, синергија меѓу транспортната, енергетската и телекомуникациската политика и нивна имплементација. Целосното функционирање на единствениот пазар на ЕУ зависи од модерно и високо перформансно поврзување во областа на транспортот, енергетиката и телекомуникациите. Досегашното искуство покажува дека во националниот фокус на планирање, ЕУ-членките не ја покажале потребната предност, приоритет за меѓудржавна соработка во инфраструктурата и за прекугранични инвестиции, како би се комплетирале инфраструктурните потреби на единствениот пазар. Затоа, единствена стратегија за унапредување на трите инфраструктурни области ќе обезбеди подобар пристап на внатрешниот пазар и ќе придонесе за поголема конкурентност на пазарната економија на ЕУ, согласно Стратегијата Европа 2020. Стратегијата за конективна

Европа треба да се реализира во периодот 2014 – 2020 во вредност од 950 милијарди евра, од кои две третини ќе обезбеди јавниот, а една третина приватниот


4

АКТУЕЛНО сектор. За енергетска инфраструктура е планирано да се потрошат 200 милијарди евра; за транспортна инфраструктура 500 милијарди евра и за ИКТ 250 милијарди евра. Еден од пристапите ќе бидат прекуграничните конекции кои ќе се развиваат кон внатрешноста на земјата.

Во Анексот на Регулативата се дадени идентификуваните проекти во сите три области, меѓу кои е и изградба на железничка конекција од Софија кон границата на Република Македонија. Исто така се предвидува железничка конекција Софија кон границата на Србија и Темишвар (Романија) кон границата на Србија. Сите три идентификувани проекти се во фаза на изработка на студијата. Дунавскиот коридор Стразбур – Констанца - пристаниште на Црното Море и Сулина - пристаниште на влезот на Дунав во Црното Море ќе биде поддржан со изградба и подобрување на железничките пристапи од внатрешноста на земјата кон дунавските порти. Изборот на видовите на транспорт ги рефлектира високите приоритети на ЕУ во заштитата на животната средина што придонесува кон борба против климатските услови. Од листата на 30 приоритетни проекти во транспортната ифраструктура на ЕУ - 18 се железнички проекти, 3 се комбинирани железница - пат, 2 се однесуваат на внатрешен речен сообраќај и еден се однесува на морски сообраќаај. ЕУ со подеднакво внимание ќе ги гради коридорите исток – запад и север - југ, иако во моментот правецот на движење на стоките во ЕУ главно е во правецот запад - исток. Иновирање на менаџментсистемот во транспортот, конкурентни транспортни синџири, интермодалниот транспорт и неговата интеграција - со еден збор транспорт моделиран според потребите на корисниците се стратешки цели кои ќе се постигнат. Со транспортната конективност треба да се обезбеди: • отстранување на тесните грла и премостување на неповрзаноста; • обезбедување одржлив и ефикасен транспорт за подолг период; • оптимална интеграција и

БИЗНИС ИНФО поврзаност на транспортните видови и зголемување на интероперабилноста, безбедноста и сигурноста на транспортните услуги. Развојот и изградбата на приоритетните енергетски коридори и области стратешки се фокусирани на развојот на обновливите енергии, оптимализација на трансмисијата на нивото на ЕУ и сигурноста во испораката. Енергетската инфраструктура е насочена на повеќе проекти кои ја спојуваат Западна и Централна Европа со Балтичката, Јадранската, Егејската и Црноморска област, а преку нив и со Каспискиот Басен, но и кон подобрување на капацитетите на конективност на земјите од Западна Европа за преземање на електричната енергија од обновливи извори од медитеранските земји нечленки на ЕУ.

четврток, 01 март 2012, Бр. 87

јавни услуги. Цел во 2017 година е 50% од граѓаните на ЕУ и 85% од деловните луѓе да користат он-лине јавни услуги. Во 2020 година 60% од граѓаните и 100% од деловните луѓе да ја користат оваа е-услуга. Исто така, се очекува во 2017 година, 80% од граѓаните и деловни луѓе да користат прекугранични јавни услуги по електронски пат, а во 2020 година тоа да биде 100%. Со ИКТ конективност треба да се обезбеди: •забрзување на развојот на брза и ултра-брза широкопојасна мрежа и нејзино разбирање, вклучувајќи ги и малите и средни компании; •промовирање на интерконекцијата и интероперабилноста на националните јавни сервиси он-лине, како и пристап кон такви мрежи. Европската унија ја иновира транспортната соработка со соседните суб-региони ПОМОШТА ЌЕ ЗАВИСИ ОД ИНДИВИДУАЛНИТЕ ИНИЦИЈАТИВИ

Со енергетската конективност треба да се обезбеди: •промоција на идната интеграција на внатрешниот енергетски пазар и интероперабилност на електричната и гасоводна мрежа преку граница, со гаранција дека ниту една земја-членка нема да биде изолирана од оваа европска мрежа; • зголемување на сигурноста за енергетско снабдување на ЕУ; • придонес кон одржливиот развој и заштита на животната средина преку форсирање на интергација на енергијата од обновливи извори во трансмисиона мрежа и создавање на јагленодиоксидни мрежи. Во однос на телекомуникациите, стратегијата на ЕУ е овозможување на граѓаните пристап до широкопојасен интернет, интероперабилна дигитална инфраструктура - овозможување интелигентна електронска дистрибуција на услугите и мобилизирање на приватни и идни јавни инвестиции во дигитална инфраструктура. Освен зголемување на продуктивноста на стратешките интервенции, во овој сектор ќе се отворат 3,99 милиони нови работни места. Во 2010 година, 41,2% од граѓаните на ЕУ и 75,5% од деловните луѓе користеле он-лине

Европската унија е главен политички и економски партнер на соседните земји и региони. Со зајакнување на соработката во инфраструктурата (транспорт, енергетика, ИКТ) се дава поддршка на овие земји за да бидат економски појаки и политички постабилни. Граѓаните и деловната заедница во ЕУ и во земјите и регионите, како и нејзините соседи се директни корисници на подобрената инфраструктура и соработка во областа на транспортот и енергетиката, со што се зголемува и ефикасноста на нивните стопанства. Потесната пазарна интеграција, заедно со инфраструктурно поврзување, создава нови развојни можности, како за ЕУ, така и за соседите.

Стратегијата за соработка во областа на транспортот односно разграничувањето на трансевропските приоди кон соседите, Европската комисија ја има потврдено во 2007 година. Таа се однесува на соработка со земјите-кандидати: Хрватска,


четврток, 01 март 2012, Бр. 87

Македонија, Црна Гора, Србија и Турција; потенцијални кандидати: Албаниа, Б и Х, Косово (УН 1244/99) и источните соседи: Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија, Украина; јужните соседи: Алжир, Египет, Израел, Јордан, Либан, Либија, Мароко, Окупираната Палестинска териториа, Сирија и Тунис. Ова е покриено со Програмата за Европска соседска политика, којашто отвора простор за натамошни проширувања. Стратегијата Европа 2020 дава значење на унапредувањето на надворешните фактори со директно влијание врз внатрешната политика на ЕУ, а се` со цел зајакнување на економскиот раст на ЕУ. Конкретно, тоа се остварува и преку транспортната политика, ефикасни гранични премини, покуси и побзри конекции и либерализација на пазарите, што овозможува проток на стоки и луѓе преку границите на ЕУ. Во контекст на Стратегијата Европа 2020, Европската комисија во јуни 2011 година, до Советот на ЕУ и до ЕУ Парламентот достави документ „ЕУ и нејзините соседни региони: иновиран пристап кон транспортната соработка“. Со него се воспоставува единствена рамка за ЕУ во односите со соседите, партнерските земји и се предлагаат новите одговорности на соседите во однос на промени кај нив. Во контекст на овој документ, транспортната соработка ќе биде креирана според потребите на секој суб-регион одделно. ЕУ ќе бара повисока диференцијација во секторот транспорт соодветно на амбицијата и подготвеноста на секоја земја поблиску да се интегрира со ЕУ. Финансиската поддршка на ЕУ за инфраструктурно поврзување или поголем пристап кон пазарот на ЕУ, ќе биде моделирана и условена со напродок во соседните земји. Неодамна Комисијата ја ревидираше политиката на ТЕН-Т (ТransEuropean Тransport Network) во смисла на подобро поврзување на ТЕН-Т со мрежата на инфраструктурата на соседните земји. Својата макро-регионална стратегија ЕУ ја иновинараше со вметнување на макрорегионални стратегии – (на пример, Стратегија за Дунавскиот регион), со цел подобрување на мобилноста меѓу регионите, вклучувајќи некој од соседните земјите. Дел од стратегијата за проширување во рамките на договорите за асоцијација на земјите - источни партнери со ЕУ, со земјите од Западен Балкан и со јужните соседи преку Евромедитеранската слободна трговска зона, ЕУ ја поддржува унификацијата и соработката во секторот на транспорт

БИЗНИС ИНФО преку апроксимација на националните законодавства со законодавството на ЕУ за да се постигне крајната цел – а тоа е транспортна интеграција со соседите. Тоа подразбира интеграција во авиосообраќајот, патниот, железничкиот, водениот и морскиот транспорт. Преговорите за договорот за транспортна заедница со Западен Балкан се завршени и во 2013 година се очекува негово потпишување. Овој ќе биде прв мултилатерален договор за разлика од другите кои се билатерални. Договорот предвидува воспоставување одделни дозволи од страна на Унијата, кои ќе им овозможат на камионите од регионот пристап на транспортниот пазар на ЕУ. Соработката со земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Турција, треба да доведе до сеопфатна југоисточно европска регионална транспортна мрежа. Со Турција, ЕУ го постигна ова билатерално. Активностите на Европската комисија во однос на воспоставување на транспортната соработка со Евро-медитеранските соседи треба да доведе до воспоставување на Тр а н с - м е д и т е р а н с к а т а транспортна мрежа. Ова е пат за инфраструктурна поврзаност на ЕУ со соседите, надминување на тесните грла и ситуација во функција на зголемување на конкурентноста на ЕУекономијата, но и на економијата на соседите. Европската комисија сугерира финансирањето на создавањето услови – инфраструктура за реализација на стратегијата Конективна Европа, да биде од различни буџетски линии на ЕУ, но под единствен сет на правила. Во Западен Балкан тоа да биде Западнобалканска инвестициона рамка (WBIF), комбинирана од грантови од различи извори со заеми врзани за кофинансирање на проекти во однос на животната средина, енергетиката и транспортната инфраструктура. Комисијата ќе дава приоритети за финансирање на проекти кои ќе бидат во функција на развојот, а ќе ја имаат предвид сеопфатната Југоисточна европска регионална транспортна мрежа. Западнобалканската инвестициона рамка веќе има потврдено 22 транспортни проекта за кои се одвоени грантови во вредност од 37 милиони евра, кои како база би можеле да мобилизираат додатни значајни инвестициони средства. Понатаму, инструментот за претпристапна поддршка (ИПА) обезбедува финансирање на проекти кои се во функција на повзување на регионалната транспортна

5

АКТУЕЛНО мрежа во Западен Балкан со ТЕН-Т. Со цел интегрирање на соседните земји во единственото европско небо, ЕУ ќе основа девет функционални воздушни блока, за да може колективно да се креираат и рационализираат воздушниот простор и рутите, со што оптимално ќе се одговори на потребите на воздушниот сообраќај. Од Западен Балкан, Хрватска и Б и Х се членови на таквиот функционален блок во рамките на ЦЕИ (Централно европската иницијатива), додека Албанија, Египет и Тунис имаат асоцијативен статус, додека Јордан и Либан се со статус на набљудувачи во функционалниот воздушен блок BLUE MED иницијативата. Се очекува создавање и други блокови. Македонија е веќе членка во Европската организација за безбедност во воздушната навигација (Еуроконтрол). Во однос на Стратегијата на ЕУ за подунавскиот регион, Б и Х, Хрватска и Србија, покрај Молдавија и Украина, се соседни земји директно се вклучени во ревитализацијата на овој воден коридор. Во патниот сообраќај, приоритети ќе се даваат на проекти од заеднички интерес меѓу ЕУ и соседните земји, но ќе треба да се дел од регионалната мрежа и да имаат за цел отстранување на тесни грла во однос на меѓународниот сообраќај, за да се подобри поврзувањето со ТЕН-Т. И овде проектите треба да обезбедат зголемување на интеграцијата и интероперабилност меѓу транспортните системи на ЕУ и соседните земји, да влијаат на намалување на трошоците и времето на транспорт, да го олеснат меѓународниот товарен сообраќај и да ја зголемат безбедноста и сигурноста на транспортот водејќи сметка за заштитата на животната средина. Клучното прашање е слободен пристап до патен транспортен пазар – отстранување на квантитативните ограничувања за возврат на имплементација на стандардите кои гарантираат квалитет на транспортните патни услуги меѓу Унијата и соседните земји, а кои досега не беа вклучени во постојните билатерални режими. Во железничкиот товарен сообраќај најексплоатираниот правец е исток – запад. Во последната декада, железничкиот товарен сообраќај од ЕУ кон Белорусија, Украина и Молдавија е зголемен за 7%. До 2020 година се планира железничкиот транспортот со источните соседи да се зголеми за 40%. Железничкиот сообраќај останува најконкурентен вид на сообраќај на ЕвроАзиските коридори, но тој се соочува со многубројни физички и нефизички бариери (недоволна и неадекватна физичка инфраструктура, отсуство на интероперабилност на различни


БИЗНИС ИНФО

6

АКТУЕЛНО железнички системи, недостаток на нови технологии, проблеми во врска со безбедноста, сигурноста, заштитата на животната средина, различни тарифни системи...). Во соседните земји, освен за проекти во физичка инфраструктура, потребни се реформи кои ќе го доближат железничкиот сообраќај кон стандардите

и политиките на ЕУ. Таквите реформи ќе отворат пат и кон инвестиции во железничката инфраструктура. На Западниот Балкан и во Турција овие процеси се иницирани и треба да имаат приоритет. Во регионот, реформата на железничкиот сообраќај е координирана од страна на Советот за регионална соработка со седиште во Сараево.

работи на гас, изјавил по седницата вицепремиерот и министер за финасии м-р Зоран Ставрески, а пренесува МИА. Доколку има интерес од концесионери, потенцира, на локација која е веднаш до сегашната термоелектрана Неготино, во иднина ќе се понуди изградба на уште една електрана на гас. - Веќе имаме конкретна понуда од руска компанија, која од страна на Владата на Руската Федерација е определена за партнер на Македонија во реализацијата на овој проект, што значи дека веќе е завршена фазата на технички разговори, каде ќе минува трасата и колку ќе чини. Сега Владата се определи за оваа траса како приоритетна, а во натамошните фази ќе се реализираат и останатите траси од магистралниот гасовод кои ќе ја опфатат делницата што ќе помунува преку Хамзали, Струмица, Валандово

Љубица Нури

Економски совет на Владата на Република Македонија ПРИОРИТЕТ ГАСИФИКАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА И ОБНОВА НА ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА Разгледување на Проектот за гасификација на Република Македонија, определување приоритети во патната инфраструктура и преструктуирање на Проектот за концесија на Коридорот 8 се двете точки кои се разгледаа на редовната седница на владиниот Економски совет (27.2.2012 година). - Во однос на гасификацијата, Економскиот совет донесе одлука дека Република Македонија треба да го реализира како приоритетен правецот од Клечовце преку Штип до ТЕЦ Неготино со средствата кои се обезбедени од Клириншкиот долг, односно од средствата кои Русија и` ги должи на Македонија. Намерата е со првиот крак што ќе се изгради од гасоводот да опфатиме околу 96 километри должина на делница која е стратешки значајна за да се донесе гас до централното подрачје на Македонија, да се донесе енергенс кој е еколошки чист и на тој начин да се создадат услови за трансформација на ТЕЦ Неготино од мазут, како што сега

до границата со Грција, како и делот од Скопје, Тетово, Гостивар во однос на кои средства ќе добиеме од Европската банка за обнова и развој до крајот на следната година, - истакнал Ставрески. Со Европската банка за обнова и развој, како што рече, Владата е во преговори, се прават студии, како и документација која е неопходна. - Но, веќе имаме согласност од Европската банка за финансирање на тие делници, - потенцирал Ставрески. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески информирал дека Економскиот совет ги разгледал можните варијанти за натамошна изградба на патните правци кои биле дел од концесиите во Македонија. - Во однос на патниот правец Гостивар - Кичево беше заклучено да се оди повторно со концесија на патиштата, согласно сообраќајот и оваа делница се смета дека е најповолна. За патниот правец Кичево - Охрид кој е постојан магистрален мат како приоритет се зема дека во оваа фаза е неопходно да се направи рехабилитација со проширување, што значи дека во најголем дел од самиот патен правец ќе има проширување со една лента, - рекол Јанакиески.

четврток, 01 март 2012, Бр. 87

Во однос на патниот правец Скопје - Блаце, истакна, одлучено е да се контактира со Министерството за транспорт и со други релевантни институции од Косово и заеднички да се настапи пред меѓународните финансиски институции, пред се` за концесија, а доколку не успее концесијата, да се оди со обезбедување средства од меѓународни финансиски институции. За патниот правец Куманово - Деве Баир - граница со Бугарија, исто така е заклучено да се оди со проширување и реконструкција. Во однос на патниот правец Штип - Свети Николе, рекол Јанакиески, одлучено е да се оди со задолжување кај меѓународни финансиски институции. - Во наредниот период ќе продолжиме со соработка со Министерството за финансии. Веќе имаме доставено апликација до Европската банка за обнова и развој да ни помогне при финалната анализа и натамошно обезбедување средства за реализација на овие цели на Владата, - рекол Јанакиески. Одговарајќи на новинарски прашања, Јанакиески рекол дека патниот правец Миладиновце - Штип согласно проектната програма чини околу 250 милиони евра. За овој патен правец има изготвено главен проект, ќе се разговара со ЕБРД и согласно нивните постапки би требало да се изготви дополнителна студија за животна средина која, според Јанакиески би треала околу 9 месеци. Ставрески додаде дека за реализацијата на овој патен правец и на сите други патни правци, задолжувањето нема да се случи во една година.

- Со ЕБРД ќе направиме напор да ги имплементираме фазно овие проекти. Таму каде имаме готови проекти ќе може побрзо да се почне, но таму каде е потребна дополнителна студија што ја бараат ЕБРД и останатите меѓународни финансиски институции ќе биде потребно за некои патни правци веројатно уште 12-тина месеци, - рекол Ставрески.


БИЗНИС ИНФО

четврток, 01 март 2012, Бр. 87

Средба на претседателите на стопанските комори на Македонија и на Косово, Бранко Азески и Сафет Ѓерѓалиу СО ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТИ ПО ЕВРОПСКИ ПАРИ Годинава стартуваше со два билатерални документа кои ќе имаат влијание врз подобрување на трговската размена и инвестициониот амбиент меѓу Република Македонија и Република Косово. Тоа е Договорот за одбегнување на двојното оданочување и заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход и на капитал и Спогодбата за граничното регулирање на железничкиот сообраќај. Првиот ќе влијае врз поголема сигурност на бизнисите, а втората има за цел поедноставување на граничното регулирање на железничкиот сообраќај и намалување на времето за задржување на граничните железнички премини. Спогодбата овозможува и примена на поедноставена процедура на заедничкото прифаќање на релевантни документи во однос работењето на железничкиот сообраќај, како во теретниот, така и во патниот сообраќај. Се` уште не се спроведуваат заеднички царински контроли иако е тоа повеќегодишно барање на бизнисот. Бизнис-заедницата очекува дека набргу ќе се донесе и билатералната спогодба за взаемна заштита и поттикнување на инвестициите. Ова го сумираа претседателите на двете деловни заедници, Бранко Азески и Сафет Ѓерѓалиу, на прес-конференција во Стопанската комора на Македеонија на која ги сумираа активностите и резултатите

постигнати во периодот по нивната средба од пред шест месеци (24.2.2012 година). Стопанските комори на Македонија и на Косово, порачаа двајцата претседатели, во иднина ќе работат на заеднички проекти финансирани од фондовите на Европската унија. За таа цел предлагаат формирање посебно тело во рамките на двете влади кое ќе

ги координира активностите. Најавија и изработка на стратешки планови за трговијата и инвестициите, а на средбата во Скопје се договорија да ги свикаат и прокомитетите за подобрување на транспортот и проодноста на границите со цел да се утврди дали постои некоја пречка што треба да се отстрани. - Многу е значајно да се подготви трговска стратегија за соработка на нашава земја со Косово, со оглед дека се работи за голем трговски партнер на македонските компании, - посебно порача Бранко Азески. - Има активности за обезбедување на земјиштето за изградба на автопат Скопје - Блаце, а за патниот правец Тетово - Јажинце се работи физибилити студија и за овој проект се обезбедени средства во Буџетот за 2012 година. Исто така, се работи и на физибилити студија за надградба на постојниот 220 киловолтен

7

ПОСЕТИ далновод којшто ќе биде многу значаен за стопанствата во Македонија и во Косово и за транзит на струја низ нашата земја. Сафет Ѓерѓалиу посебно подвлече дека односите меѓу двете земји, а посебно меѓу коморите, се всушност модел како треба да се соработува во регионот, но неопходно е економските односи да се подигнат на повисоки форми на размена и реализирање на заеднички проекти. Тој посебно ги демантираше тврдењата објавени во средствата за јавно информирање дека почвата во Косово е контаминирана и врз таа основа се проблематичните и тамошните производи. Инаку, вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Косово во 2011 година достигна вредност од 576,9 милиони САД $, што претставува раст од 25,4% во однос на 2010 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 540,8 милиони САД$ или раст од 23,7%, додека увозното салдо изнесува 36 милиони САД $, што е зголемување од 63,6% споредбено со 2010 година. Евидентиран е трговски суфицит на Македонија во меѓусебната размена во износ од 505 милиони САД $. Претседателите на коморите сметаат дека овој дефицит на косовската страна треба да се надмине со зголемување на македонските инвестии во соседната земја, но и со развој на преработувачките капацитети на Косово. Промоција на Меѓународниот саем за градежништво, енергетика и рударство, техника и дрвна индустрија „ЕКСПОКОС“ во Стопанската комора на Македонија ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ПОВЛАСТЕНИ УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО!

Во Стопанската комора на Македонија пред дваесетина заинтересирани македонски компании се одржа промоција на Меѓународниот саем за градежништво, енергетика Трговска соработка помеѓу РМакедонија и Косово во 2011 година и рударство, техника Извоз Увоз Вкупно и дрвна индустрија количина во кг сума во УСА$ количина во кг сума во УСА$ количина во кг сума во УСА$ „ЕКСПОКОС“, што ќе се 1.005.404.543,00 540.852.556,00 126.499.583,00 36.047.993,00 1.131.904.126,00 576.900.549,00 одржи од 16 до 19.5.2012 година во Приштина,

Обем на трговската размена на Република Македонија со Косово во периодот 2011 – 2010 година Извоз

Увоз

Вкупно

2010

2011

Индекс

2010

2011

Индекс

2010

2011

Индекс

459.823.033,00

576.900.549,00

125,4

437.771.751,00

540.852.556,00

123,7

22.051.282,00

36.047.993,00

163,6


БИЗНИС ИНФО

8

ПОСЕТИ

четврток, 01 март 2012, Бр. 87

6. Религија: Муслимани, Правславни , Католици 7. Бруто домашен производ (БДП) БДП стапка на размена : 6,7 милијарди САД $ (2011) a. Стапка на пораст на БДП: 5.3% (2011) b. БДП по глава на жител: 6.400 САД $ (2010) c. БДП по сектори: - Земјоделство: 12.9% - Индустрија: 22.6% - Услуги: 64.5% (2009) 9. Работна сила: 310.000 10. Стапка на инфлација: 8,3% (2011) 11. Стапка на невработеност: 45.3% (2011) Косово. Промоцијата беше извршена од страна на претставниците на водечката саемска куќа ЦЕО од Косово. „ЕКСПОКОС“ е едно од најважните економски случувања од областа на градежништвото, енергетиката и дрвната индустрија. Ова се клучните сектори за соработка на компаниите меѓу Македонија и Косово, истакнаа претставниците на ЦЕО. Македонија претставува голем партнер за Косово, за што многу придонесува близината меѓу двете земји, ниската стапка на транспортот, поволната трговска размена на двете земји, како и конкурентните цени и услуги. На саемската манифестација на површина од 20.000 квадратни метри ќе учествуваат компании од над 20 земји, меѓу кои и светски најпознати брендови од овие области. „ЕКСПОКОС“ секоја година бележи се` поголем пораст во однос на бројот на пријавени учесници на Саемот, бидејќи е место кај што се сретнуваат значајни деловни луѓе, се водат бизнисразговори и се склучуваат договори за соработка. За времетраењето на Саемот, како што истакнаа организаторите, ќе се организираат паралелни манифестации: бизнис-средби, тркалезни маси, интерактивни панел-дебати кои ќе создадат поволни услови за поттикнување на комерцијални ефекти и поголема трговска размена меѓу двете земји. Венера Андриевска

Бројки и факти

12. Индустрии: Рударство, базни метали, градежни материјали, кожа и др.

РЕПУБЛИКА КОСОВО

13. Извоз: 500 милиони долари (2011)

1. Локација: Југоисточна Европа меѓу Србија и Македонија 2. Површина: • Вкупно: 10.887 км2 - Земјена површина: - Водена површина:

10.887 км2 0 км2

3. Граници: • Вкупно: 702 км • Земји со кои граничи: Албанија, Македонија, Црна Гора, Србија 4. Главен град: Приштина 5. Население: 2.126.708

• Извозни партнери: Босна и Херцеговина-13.1%, Италија – 10.9%, Германија – 9.9%, Австрија -5,4%, Македонија- 5,1% • Извозни производи: руди, метални преработки, сурова кожа и производи од кожа, машини итн. 14. Увоз: 3,3 милијарди долари (2011) • Увозни партнери: Германија 12.2%, Италија-9.5%, Унгарија-6.8%, Унгарија-6.8%, Словенија -6.6% . •

Увозни производи: прехрамбени производи, нафтени деривати, машини и опрема, хемиски производи, дрво и преработки од дрво.


четврток, 01 март 2012, Бр. 87

Посета на Н.Е г-дин Мухамад Харон Шаукат, новоименуваниот амбасадор на Пакистан во Република Македонија на Стопанската комора на Македонија РЕСТАРТИРАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА -Одличните политички односи меѓу Пакистан и Р.Македонија, не се финализираат и на економски план. Исламската Република Пакистан е меѓу првите земји што ја призна под уставното име Република Македонија, но треба се зајакнат и интензивираат билатералните односи меѓу двете земји.– истакна Н.Е

г-дин Мухамад Харон Шаукат новиот вонреден и ополномоштен амбасадор на Исламската Република Пакистан со седиште во Анкара, при неговата средба во Стопанската комора на Македонија. На средбата во Комората заеднички беше нагласена потребата од динамизирање и конкретизирање на економската соработка, како и за зголемување на трговската размена и искористување на потенцијалите на двете земји. Амбасадорот ги потенцираше интересот на Р.Македонија како поволна земја за водење бизнис и за инвестирање од страна на пакистанските компании, кој оттука би го освојувале регионот и европскиот пазар. Текстилниот сектор, увозот на текстилни ткаенини и предива кои би се интегрирале во готовите текстилни производи наменети за европскиот пазар, високотехнолошка опрема и машини од Пакистан, пренос на ноу-хоу технологии, металопреработувачката индустрија се посочени како приоритетни сектори за динамизирање на економската соработка меѓу двете земји. Со популација од 190,3 милиони население и работна сила од 58 милиони работниси, пакистанската економија е дисперзирана во поголем број индустриски сектори, почнувајќи од текстил и облека, прехрана, градежни материјали, хемикалии

БИЗНИС ИНФО до високотехнолошка опрема и машини и хај-тек индустрија. Во 2011 вкупниот извоз на Пакистан бил 31 милијарди САД долари и увоз од 40 милијарди САД долари. Љубица Нури, директор на Дирекцијата за меѓународна соработка, промовирање и информирање при Стопанската комора на Македонија ги објасни процесите на либерализација на трговијата што Република Македонија ги има спроведено преку склучување на билатерални и мултилатерални договори за слободна трговија. Дијагоналната кумулација на потеклото на стоките што ги пружаат ваквите договори за слободна трговија меѓу Македонија земјите од Европската унија и Турција, пакистанските компании треба да ги искористат за нивно економско интегрирање на регионално и интернационално ниво. Комплицираниот и долг процес на добивање виза за престој во двете земји е посочен како една од поголемите пречки за поголем број посети на бизнисмени од едната и другата страна. Исто така треба, владите во двете земји треба да ја разгледаат можноста за склучување на договори за економска соработка, како и конвенции за взаемна поддршка на инвестиции и одбегнување на двојното оданочување и одбегнување на даночната евазија како дел од можностите за интензивирање на економските односи и унапредување на билатералната трговска размена. Во поглед на билатералната трговска размена во 2011година достигна вредност од скромни 5 милиони САД долари, и тоа главно во делот на увоз на производи од Пакистан кои се состои исклучиво од увоз на текстилни ткаенини и предива. Оваа протоколарна посета, амбасадорот на Пакистан , ја оцени како прв чекор за воспоставување институционални контакти како и основа за градење и за развивање повисоки облици и мрежа на соработка во наредниот период. На средбата, воедно, беше искажана целосна подготвеност за натамошно унапредување на пријателските односи, за унапредување на севкупната соработка, особено на соработката на економски план. На 24.2.2012 година амбасадорот ги предаде копиите од акредитивните писма во македонското министерство за надворешни работи. Влатко Стојановски

9

ВО ПОТРАГА ПО БИЗНИС ПАРТНЕРИ Средба на претседателот на МАР, Николајчо Николов, со претставници на Центарот за геолошки истражувања од Фрајберг ИСКАЖАН ИНТЕРЕС ЗА СОРАБОТКА И ИНВЕСТИЦИИ ВО РУДАРСТВОТО Николајчо Николов, претседател на Македонската асоцијација на рударство – МАР при Стопанската комора на Македонија, на 28.02.2012 година, на средбата што ја оствари со делегацијата од Германија составена од членови на УО на Центарот за геолошки истражувања од Фрајберг, ги истакна потенцијалите и можностите за заеднички вложувања, како и размена на искуства и технологија при истаржување и експлоатција на минералните суровини, посебно кај металичните минерали. За потенцијалите одделно по локалитети во државата и по видови на минералните суровини, како и конкретни податоци за истражени резерви, посебен интерес кај гостите предизвика презентaцијата подготвена од страна на Стопанската комора на Македонија, при што се истакна дека детално ќе ја разгледаат и со дополнувањата од денешниот разговор, се надеваат дека ќе се создадат можности за заедничка соработка, а и вложувања.

Интерес беше искажан и за законската регулатива, односно постапката за добивање концесии за детални геолошки истражувања, но и за експлоатација на минералните суровини., потоа за обврската за рекултивација на искоритените простори на минерални суровини, како и законската регулатива за заштита на животната средина. Од страна на германската делегација беше потенцирано, дека се надеваат, оти набрзо ќе се остварат повеќе контакти, но и ќе направат посета на рудници во Република Македонија, што предложи Николајчо Николов. Марија Петроска


10

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА Стопанската комора на Македонија предупредува дека поскапата цена на бензините ќе ги зголеми производните трошоци на компаниите и предлага УКИНУВАЊЕ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА РЕЗЕРВА ЗА НАФТА И НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ ЗА 2011 ГОДИНА Зголемувањето на цените на бензините кои достигнаа највисоко ниво досега, преставуваат сериозен проблем и се одразуваат на работата на македонските компании. Цената на бензините, како инпут во производните процеси и воопшто како инпут во домашниот производ има влијание врз крајните цени. Факт е дека цената на бензините, Регулаторната комисија за енергетика ја формира врз база на

цената на суровата нафта на светските берзи и понискиот курс на денарот во однос на доларот. Но, имајќи во предвид дека драстичното зголемување на цените на бензините се случува во време кога стопанството се соочува со влошена ликвидност овие два фактора може да имаат сериозни негативни импликации на домашната економија во следниот период и да ги усложнат стопанските процеси. Цената на бензините ќе биде предмет на анализи меѓу членките во Стопанската комора на Македонија и согласно нивните укажувања ќе бидат преземени соодветни чекори. Пред една година, во Март 2011-та, поради истите проблеми ( континуирано зголемување на цената на бензините во услови на влошена ликвидност и забавен економски раст ), Стопанската комора на Македонија побара да се донесе ОДЛУКА ЗА УКИНУВАЊЕ НА ДАВАЧКАТА ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНИ РЗЕРВИ НА НАФТА И НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ ВО 2011 ГОДИНА ЗА ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ИНДУСТРИЈАТА, ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И СООБРАЌАЈОТ.

БИЗНИС ИНФО Министерот Иво Ивановски на средба со бизнис-секторот во Битола за четвртата фаза на „Регулаторната гилотина“ „ПРЕДНОСТ НА МАЛИТЕ“ ШАНСА ЗА СИМНУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ БАРИЕРИ Во организација на Министерството за информатичко општество и администрација и во соработка со oпштина Битола и Регионалната комора со седиште во Битола, на 23 февруари 2012 година, се одржа трибина при што присутните беа запознаени со четвртата фаза од Проектот „Регулаторна гилотина“ наречен и „Предност на малите“. Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, нагласи дека претходните

четврток, 01 март 2012, Бр. 87

од четвртата фаза се очекува да овозможат надминување на сегашните административни бариери со кои се соочуваат компаниите. Министерот Ивановски ги повика присутните претставници од бизнис-секторот да предложат нови идеи, мерки и проекти до Министерството за информатичко општество и администрација кое до крајот на април ќе ги анализира и потоа ќе ги проследи до Владата на Република Македонија. -Основна цел е да им се помогне на бизнисмените, да ги направиме нивните компании да бидат поефективни, но и да изградиме и администрација која ќе биде поефикасен сервис за граѓаните, истовремено градејќи подобра економија, - истакна

три фази од Проектот „Регулаторна министерот Ивановски. гилотина“ беа под ингеренции на Присутните беа запознаени со заменик-претседателот на Владата на можностите на порталот Е-демократија Република Македонија задолжен за преку кој секоја институција може да ги економски прашања додека оваа четврта фаза од проектот ќе се имплементира од страна на Министерството за информатичко општество и администрација. Тој, исто така, истакна дека првата фаза од овој проект е 100 процентно реализирана, а втората и третата со над 70 отсто. Мерките кои ќе произлезат


четврток, 01 март 2012, Бр. 87

поставува своите стратегии, закони и предлог-закони и системот ЕНЕР кој е електронскиот регистер на прописи во кој секоја институција при подготовка на закони истите ги поставува во нацртверзија и потоа секое физичко или правно лице во Република Македонија може да ги коментира предложените закони и директно да учествува во креирање на легислативата, наведе министерот Ивановски. Претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Благој Стојчев, го поздрави Проектот „Регулаторна гилотина“ и овој вид на комуникација со извршната власт. Како бизнис-сектор секогаш сме излегувале во пресрет на барањата за дијалог со Владата на Република Македонија и во иднина ќе ја поддржуваме секоја иницијатива за продлабочување на таа соработка,истакна претседателот Стојчев. Тој посебно спомена дека донесените позитивни прописи и правни акти се за поздравување, но постои проблем во нивната имплементација од страна на администрацијата. Сепак, нагласи, постои простор тоа да се подобри и ја истакна подготвеноста на бизниссекторот од регионот за соработка на тоа поле бидејќи е тоа од взаемен интерес за сите. Градоначалникот на општина Битола, Владимир Талевски, ја истакта токму општинската администрација како пример за ефикасна организираност и посветеност кон услужување на граѓаните и стопанството. Како битни фактори ги наведе обуката и оценувањето на работата на службениците. -Сепак, при секое оценување на работата на службениците потребно е да се земе предвид и фактот на задоволството на исходот на постапката од страна на клиентот за да не дојде до добивање на погрешна оценка,нагласи градоначалникот Талевски М-р Никола Димковски

БИЗНИС ИНФО Комисијата за нормативно - правни и економски работи при Здружението за комунални дејности СОЦИЈАЛАТА ГО „ЈАДЕ“ БУЏЕТОТ НА КОМУНАЛНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА Комисијата за нормативно - правни и економски работи (НПЕР) при Здружението за комунални дејности во Стопанската комора на Македонија ја одржа првата седница годинава (22.2.2012). На почеток беше избрано ново раководство, согласно одлуката на Здружението за комунални дејности на состанокот одржан на 1.02.2012 година, а заради барањето на досегашниот претседател на Комисијата да му престане мандатот. Истовремено, беше донесена и одлука да се зголеми составот на комисијата од 6 на 15 членки. За претседател на Комисијата за НПЕР е избрана Светлана Трајкова од „Комунална хигиена“ од Скопје, а за потпретседатели Предраг Милосављевиќ од АД „Скопски пазар“ Скопје и Горан Кузмановски од ЈП „Комуналец“ од Кавадарци. На состанокот беше анализирана и состојбата со (не)плаќањето на комуналните услуги од страна на семејствата што се социјални случаи. Претставниците од комуналните претпријатија посочија дека овој проблем постои веќе со години и досега безуспешно завршувале обидите проблемот да го решат заедно со надлежните државни органи. Беше посочено дека бројката на овие социјални семејства не е мала и дека нивното неплаќање, а истовремено

11

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА фактурирање на трошоците кон нив, се непризнаена загуба за комуналните претпријатија. Според проценките, годишно тие не успеваат да наплатат дури до 20% од фактурираните сметки, при што најчести се објаснувањата дека семејствата се социјални случаи. Математиката зборува дека за период од 5 години едно јавно претпријатие губи цел еден буџет. Како заклучок од оваа точка беше констатирано: “Комуналните претпријатија кои сепак го решиле овој проблем со надлежната општина да го приложат предлог решението до Комисијата и истото да биде разгледано на следната седница закажана за средината на март”. Не се исклучува и можноста, за решавање на овој проблем, освен со министерството за труд и социјална политика, да се побара средба и со Заедницата на единиците на локалната самоуправа ( ЗЕЛС ). За одлуката на Уставниот суд од 15.02.2012 година со која се поништи одредба од Законот за јавни службеници во делот на општините, заеднички беше констататацијата дека по оваа точка беспредметно е да се разговара се додека истата не биде објавена во „Службен весник“. Членовите на Комисијата донесоа одлука, кога ќе се објави одлуката на Уставен суд во „Службен весник“, да биде повикан и претставник од Министерството за информатичко општество со цел да ги образложи натамошните активности и постапувања на јавните претпријатија. Даниела Михајловска Василевска


12

БИЗНИС КЛИМА Задолжница – новиот владин инструмент за наплата на побарувањата меѓу фирмите стартува од 1 септември БЕЗ ПРИМЕНА НА ДОЛГОВИТЕ НА ДРЖАВАТА КОН ПРИВАТНИОТ СЕКТОР Задолжницата е новиот инструмент кој го воведува државата, а со кој приватните компании ќе може да ги наплаќаат побарувањата во должничко-доверителските односи. Ќе стартува од 1 септември годинава, а се очекува да има позитивни ефекти врз финансиската дисциплина на фирмите. Ова го соопшти вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој рече дека Законот усвоен на последната владина седница, е една од мерките предвидени со Програмата на Владата за да им се излезе во пресрет на барањата на стопанствениците за воведување нов, ефикасен инструмент за наплата на побарувањата, кој ќе придонесе за намалување на пристигнатите неплатени обврски, подобрување на ликвидноста на стопанството и засилување на економската активност во државата. Се работи за проект кој е подготвуван подолго време и во кој беа вклучени сите заинтересирани и инволвирани субјекти – бизнис-заедницата, науката, банките, Централниот регистар, министерствата. Широката дебата и консултации беа потребни за да се утврдат потребите на бизнис-заедницата, да се предвидат и надминат можните предизвици и проблеми и да се дизајнира функционален, сигурен и едноставен инструмент за обезбедување на наплатата на побарувањата, истакнал министерот, а го цитира МИА. Тој појаснил дека новиот инструмент задолжница претставува исправа со која должникот - трговско друштво регистрирано согласно Законот за трговски друштва, дава согласност плаќањето на неговите обврски кон одреден доверител да се изврши по присилен пат од сите негови сметки кај сите носители на платен промет. Доколку не се наплати од паричните средства, задолжницата како извршна исправа, може да се наплати и од друг имот. Задолжницата нема да се користи како инструмент за наплата на приватнит сектор со државата. – Инструментот се однесува на должничко доверителските односи меѓу фирмите каде степенот на информираност за постоењето на податоци за состојбата на должникот не е од такво ниво како што е кога станува збор за државата. Државата е субјект во тој однос се знаат сите параметри за финансиската состојба, рекол министерот и додал дека државата редовно ги измирува своите обврски кон компаниите. За тоа колкави се долговите меѓу фирмите нема официјални податоци, а за тоа во кои сектори е според него е во делот на услугите, но и во сите други сектори.

БИЗНИС ИНФО Министерот не може да предвиди колкав ќе биде интересот за овој инструмент кај компаниите. - Наше е, на барање на стопанството да создадеме инструмен кој може да го користат. Верувам дека оние должници кои имаат чесни намери, кои имаат намера да

Стопанската комора на Македонија со подршка на Задолжницата, но и со предлог РОКОВИ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИТЕ, НО ДА ВАЖАТ И МЕЃУ ЈАВНИТЕ И ПРИВАТНИТЕ ПРАВНИ ЛИЦА Задолжницата како инструмент за обезбедување и наплата на меѓусебните побарувања, која како мерка е содржана и во Програмата за работа на Владата за периодпт 2011-2015 година, е подржана од членките на СКМ, но со укажување дека не е доволна за зајакнување на финансиската дисциплина во наплатата кај комерцијалните трансакции. Бараното Преземање на Директивата на Парламентот на ЕУ и Советот од 29 јуни 2000 година, за спречување на доцнењето во плаќањето на сите комерцијални трансакции, од 2010 и 2011 година е содржано и во иницираниот предлог за промената на моделот за економски развој, минатата година, кај сегментот на мерки за подобрување на деловниот амбиент. Истиот делумно ќе се реализира со Проектот „Задолжница“, како нов инструмент за обезбедување и наплата на меѓусебните побарувањата на фирмите и подобрување на финансиската дисциплина и ликвидноста. Имено, во услови на намалена побарувачка од странство, а ограничена побарувачка на домашниот пазар (се случува продавачите на стока или услуга, да не се осмелуваат да прашаат кога ќе им се плати за да не го изгубат купувачот, кога нема друг на кого да понудат), неопходно е, согласно наведената регулатива, да се донесе закон со кој ќе се утврдат роковите за исполнување на паричните обврски и правните последици од неисполнување на истите, или: - рокот на исполнување на паричните обврски во договорот, да се утврдува до 60 дена, со дадена можност во одредени случаи да може да се договори и подолг рок на исплата; - но ако во договорот не е договорен рок за исполнување на паричната обврска, должникот да мора, без доверителот да го повика, да ја исполни паричната обврска во рок до 30 дена, од денот кога ја примил фактурата, или друго соодветно барање за исплата; - наведените рокови за исполнување на обврските да се однесуваат и за договорите меѓу приватните и јавните правни лица.

четврток, 01 март 2012, Бр. 87

влезат во должничко доверителски односи со цел да ги испочитуваат сопствените обврски на крајот нема да имаат проблем во издавањето задолжница и тоа ќе го зголеми нивниот кредибилитет, - рече министерот. Процесот на издавање задолжница е целосно автоматизиран и се одвива преку системот на Централниот регистар. Задолжницата ја составува нотар преку Регистарот на задолжници што го води Централниот регистар. Регистарот проверува дали постојат законски пречки за издавање на задолжницата, односно дали износот на задолжницата е во рамките на лимитот од 30 отсто од остварениот вкупен приход на должникот во минатата година, дали сметката на должникот е блокирана или пак е поведена стечајна или ликвидациска постапка над должникот, дали му се изречени санкции за забрана за вршење дејност. Доколку не постојат законски пречки, на нотарот му се дозволува пристап до Регистарот на задолжници. Нотарот електронски ја пополнува задолжницата и ја печати. Должникот и доверителот ја потпишуваат печатената задолжница, а нотарот ја заверува и му ја предава на доверителот. Истовремено, нотарот става електронски печат на електронската задолжница и ја евидентира во Регистарот на задолжници. Издавањето на задолжницата е доброволна, а фирмата нема да може да го надмине лимитот од 30 проценти бидејќи нотарот ќе има увид во регистарот во реално време. Лимитот е еден од елементите за сигурноста на доверителите. Воведен е, како што посочил, со цел да се избегне презадолжување на фирмите, со што всушност се штитат доверителите од лоши должници. Друг елемент на сигурност е заверката од нотарот кој го проверува идентитетот на потписниците и овластувањето на органот надлежен за донесување одлуки за задолжувањето со што се избегнуваат судски постапки за докажување на овластувањата. Задолжницата се издава во еден примерок кој му се предава на доверителот. Тој ја поднесува во банката на должникот во одредениот рок на задолжницата и банката е должна да изврши пенос на средства од сметката на должникот на сметката на доверителот во висина на износот на побарувањето. Доколку нема доволно средства на сметката на должникот, банката ја блокира сметката, а наплатата може да се изврши од сите сметки, денарски и девизни, што должникот ги има во другите банки. Ако и на другите сметки на должникот нема доволно средства, задолжницата може да се изврши и од движен и недвижен имот на должникот. Издавањето задолжница без покритие е квалификувано како кривично дело, за кое е предвидена казна затвор до три години.


четврток, 01 март 2012, Бр. 87

НБРМ лани оствари нето-добивка ОД ЦЕНОВНИ И КУРСНИ РАЗЛИКИ НА ЗЛАТОТО И ДЕВИЗИТЕ 1,95 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ Народната банка на Република Македонија минатата година оствари нето-добивка во износ од милијарда и 950 милиони денари, во најголем дел како резултат на пресметаните приходи од ценовните и курсните промени на златото и девизните средства. Тоа го п о к а ж у в а Финансискиот резултат на Централната банка за 2011 година за чија распределба донел одлука Советот на НБРМ на седница и ги одобрил Годишната сметка и финансиските извештаи за 2011 година. Финансискиот резултат за распределба за 2011 година по извршените прилагодувања е нето позитивен и изнесува 75 милиони денари. Од тој износ, 52,5 милиони денари се распределуваат во општите резерви на Народната банка и 22,5 милиони денари во државниот Буџет. На крајот на минатата година вкупните средства, односно обврските и капиталот на Народната банка изнесуваат 167 милијарди 619 милиони денари и се повисоки за 50 милијарди и 575 милиони денари во однос на состојбата во декември 2010 година. Според мислењето на независниот ревизор, финансиските извештаи на Народната банка на Република Македонија од сите материјални аспекти даваат вистинска и објективна слика на финансиската состојба заклучно со 31 декември 2011 година, финансиската успешност и паричните текови за годината којашто завршува на 31.12.2011 година, во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ), соопштуваат од НБРМ. КХВ даде одобрение на ПроКредит Банка да издаде нова емисија акции ВКУПНАТА ВРЕДНОСТ 3 МИЛИОНИ ЕВРА Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на ПроКредит Банка АД - Скопје и` даде одобрение да издаде 357.351 обични акции по пат на приватна понуда. Како што стои во соопштението, вкупната вредност на четвртата емисија

БИЗНИС ИНФО на акции е 3.000.000 евра. Емисијата на ПроКредит Банка АД - Скопје се врши заради прибирање финансиски средства потребни за извршување на активностите на банката. Акциите се наменети за ПроКредит Холдинг, кој ќе купи 312.682 акции, со вкупна продажна вредност од 2.625.000 и Европската банка за обнова и развој, која ќе купи 44.669 акции со продажна вредност од 375.000 евра. Комисијата за хартии од вредност му одобри на Евроинс Осигурување АД - Скопје да ја издаде шестата емисија на акции по пат на приватна понуда, наменета за институционалниот инвеститор Евроинс Иншуранс Груп ЕАД. Друштвото ќе издаде 1.000 обични акции, а вкупниот износ на емисијата изнесува 31.500.000 денари.

Промени во УО на Шпаркасе банка Македонија САВА ДОЛБОКОВ НОМИНИРАН ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија донесе одлука да го номинира Сава Далбоков за нов претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банката Македонија. Оваа номинација, како што стои во соопштението, се уште е предмет на одобрување во согласност со интерните процедури во Банката, како и одобрување според регулативата на Народната банка на Република Македонија, за добивање согласност од страна на Централната банка. Назначувањето ќе стапи во сила по добивање на потребните одобренија. - Сава Далбоков (39) е со 15 години меѓународно банкарско искуство во рамките на групацијата на Ерсте и Шпаркасе и имаше врвни менаџерски позициии, од член на УО на Ерсте & Steiermärkische Банка во Хрватска, како и претседател на УО во Erste Банка Србија се до сегашните одговорности од 20 октомври 2010 година, каде е член на Управниот одбор на Steiermärkische Sparkasse AG во Грац, стратешкиот сопственик на Шпаркасе Банка Македонија и чија одговорност се однесува на развој на деловните активности на пазарот во Југоисточна Европа, се наведува во соопштението од Шпаркасе Банка Македонија . Сегашниот претседател на Управниот одбор на Банката, Срѓан Крстиќ

13

ФИНАСИИ И БАНКАРСТВО останува во Банката со цел да го осигура континуитетот на квалитетот и стабилноста во работењето на Банката. - Последниве две години, во период полн со предизвици, Крстиќ одигра многу важна улога во позитивниот раст на Банката и нејзината оперативна профитабилност. Како признание за значителниот придонес за развој на Банката, надзорниот одбор го номинираше Крстиќ, како дел од интензивната програма за размена на знаења со другите членки во Ерсте и Шпаркасе, со цел зајакнување на неговите професионални квалификации и релации во Групацијата, се вели во соопштението. Одлуката за професионален ангажман на Крстиќ во рамките на Групацијата ќе биде донесена по завршување на оваа програма. Со овие промени Steiermärkische Sparkasse има цел да го забрза трансферот на знаење и најдобри практики, поддржувајќи ја Шпаркасе Банка Македонија како сигурен партнер на своите клиенти и значаен партнер на Групацијата. - Ова е потврда за целосна поддршка од страна на групацијата Steiermärkische Sparkasse, за зацврстување на позицијата на пазарот на Банката како една од водечките банки во државата, чија позиција е потврдена и преку зголемување на капиталот од 30 милиони евра, што во изминатите шест месеци Steiermärkische Sparkasse ги инвестираше во Шпаркасе Банка Македонија, стои во соопштението. Шпаркасе Банка Македонија БЕЗ ПРОВИЗИЈА ПОДИГАЊЕ СРЕДСТВА ОД БАНКОМАТ ВО СТРАНСТВО

Со вклучувањето на Шпаркасе Банка Македонија во системот АТМ EB Group Price Model, клиентите ќе можат без провизија да повлекуваат средства со дебитните картички Маестро и Виза Електрон од странските банкомати. Ваквата можност е достапна преку следните банки од групацијата: Ceska Sporitelna (Чешка), Slovenska Sporitelna (Словенија), Erste Bank Hungary incl. Postabank (Унгарија), Banka Comerciala Romana (Романија), Erste Bank Serbia (Србија), Erste Bank Ukraine (Украина), Erste Bank AD Podgorica (Црна Гора), Erste Bank Bosna I Hercegovina (БиХ), Banca Comerciala Romana Chisinau (Молдавија) и преку Erste&Steiermärkische Bank и Erste Bank and Sparkassen (Австрија).


14

МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА Обелоденета Стратегијата за винскиот сектор со која домашните винарници заеднички ќе освојуваат нови пазари НАЈГОЛЕМИ ШАНСИ НА ПАЗАРИТЕ НА ХОЛАНДИЈА, СЛОВЕНИЈА, ШВАЈЦАРИЈА И ПОЛСКА Заеднички настап на македонските винарници за освојување нови пазари со цел успешен пласман на македонските вина, е клучниот заклучок од презентираната Стратегија за винскиот сектор, како маркетинг-план за извоз на вино од Македонија. Анализите покажуваат дека најголем потенцијал за успешен пласман на македонските вина има на пазарите во Холандија, Словенија, Швајцарија и Полска. Тие пазари се покажале како најпотенцијални врз основа на параметрите големина на пазарот, потрошувачка на вино по глава на жител, очекуван раст, можни бариери и можна пенетрација на пазарот, достапност, приемливост за нови вина и можни закани за македонското вино. Според заклучоците од Стратегијата, за годинава е предвидено здружување и заеднички настап на македонските винарници преку деловни здруженија, промоција на Македонија и македоонските вина на таргетираните пазари, развој на ознаки за георграфско потекло и развој на винскиот туризам. Холандскиот е првиот пазар на кој во мај годинава ќе почнат заеднички активности, а до крајот на годината и на останатите пазари. Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димоски, заеднички настап на странските пазари на македонските винарници е од исклучително значење за успешен пласман, што во голема мера ќе го подобри извозт на виното како стратешки национален извозен производ. - Стратегијата за извоз на македонското вино и нејзиниот основен заклучок за заеднички настап на македонските винарски визби целосно се

совпаѓа со одредбите на Стратегијата за развој на лозарството и винарството во Македонија за периодот 2010 – 2015, што ја донесе Министерството за земјоделство, рекол министерот Димоски, а го цитира МИА. Тој најавил поддршка на проекти, со кои, како што посочи, постојано се надградува јавно-приватното партнерство во овој сектор и се подобрува имиџот на Македонија како земја на виното. Минатата

БИЗНИС ИНФО година е една од најуспешните во пласманот на македонското вино, и покрај економската и должничката криза, информирал Димоски, а наскоро Министерството ќе објави и официјални показатели за тоа. Експеротот за вино и консултант за стратегијата Марко Тигелман порачал дека заедничкиот настап на македонските компании е единствениот начин за освојување на пазарите за извоз. - Пазарот на вина во Европа е многу конкурентен и речиси е невозможно за една индивидуална винарија успешно да се продаде поради што за Македонија ова е единствениот начин за освојување на пазарите за извоз, - укажал Тигелман. Македонскиот вински сектор, посочи, има многу добри вина. Направени се многу големи инвестиции во последните години и е обучен кадар што претставува добра основа за успешен настап на странските пазари. Според Ѓорѓи Петрушев, извршен директор на Здружението „Вина од Македонија“, за подобрување на извозот првин треба да се постигне висок квалитет, којшто треба да биде проследен со промоција на Македонија како винска земја. - Почнуваме со промоција. Пред две години утврдивме дека поединечните напори нема да вродат со плод многу бргу и одиме понатаму. Веќе неколку промоции се направени успешно и Македонија почнува да биде забележувана на светската винска карта, изјави Петрушев и додаде дека се` повеќе има поддршка од државата. Во последниоте две години имаме големо разбирање и во креирањето на политиките за поддршка и во реализација на самите програми, посочил Петрушев. За квалитетот на македонското вино треба да дознае целиот свет, нагласила холандската амбасадорка Мариет Шурман. Преземени се многу индивидуални иницијативи од многу винарии, но, наведе Шурман, од клучно значење е целиот сектор да работи заедно ако навистина сакате да го зголемите потенцијалот за извоз и конкурентноста на македонските вина. Во Стратегијата за винскиот сектор се анализирани негови различни аспекти, можностите за извоз и потенцијалите и карактеристиките на странските пазари. Ја изработија стручни тимови од 10-ина винарници членки на Здружението „Вина на Македонија“ кои учествуваат со 90 проценти во вкупниот извоз на вино од државава, како и експерти од МЗШВ, со поддршка на холандската агенција CBI и АгБиз програмата на УСАИД. Лозарството и производството на вино во македонскиот земјоделски бруто домашен производ учествуваат со околу 20 проценти. Виното е на прво место во извозот на алкохолни пијалаци, а на второ место од сите земјоделски производи во однос на остварен девизен прилив.

четврток, 01 март 2012, Бр. 87

Прекинува кризната енергетска состојба ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА И НАТАМУ РАЗУМНО ДА СЕ КОРИСТИ Комисијата за кризна енергетска состојба заклучи дека нема потреба од продолжување на кризната енергетска состојба по истекот на првично предвидениот рок 29 февруари до 24:00 часот и ЕВН Македонија да започне процедура да се врати јавното осветлување во нормала. Претседателот на Комисијата и директор на АД ЕЛЕМ Влатко Чингоски на прес-конференција информирал дека од воведувањето на мерките за штедење на електрична енергија до денеска само од исклучувањето на уличното осветлување и намалувањето на рекламите се заштедени 6.000 мегават-часови електрична енергија или околу 1,5 проценти од потрошувачката на струја во Македонија. - Не постојат услови за продолжување на енергетската криза во Република Македонија, што значи дека ќе предложиме кризата да заврши до планираниот рок, 29 февруари на полноќ. Во изминатите денови електроенергетскиот систем на Македонија се одржа на стабилно ниво, транзитот на енергија се одвиваше во нормална состојба, во Македонија не беа воведени рестрикции кај потрошувачите и немаше нарушувања на нормалната испорака на електрична енергија за квалификуваните потрошувачи, рекол Чингоски. - Препораките од Комисијата ќе и` бидат доставени на Владата. Останува апелот електричната енергија и понатаму разумно да се користи особено во делот на греењето. Најголема потрошувачка од 27.139 мегават-часа, е забележана на 14 февруари, а најмала на 25 февруари од 21.584 мегават-часа. - Потрошувачката на електрична енергија мора да се сведе на разумно ниво и да се намалат сите непродуктивни трошења, особено во делот на греењето. Дотокот во акумулациите постепено расте, во овој момент се` уште се на ниско ниво, но се значително подобрени во однос на почетокот на кризата. Тоа се` уште не овозможува да имаме нормално обезбедување на системски услуги во системот, но сепак значително ја релаксира состојбата, - истакнал Чингоски. Поучени од стекнатото искуство од Комисијата заклучиле да им препорачаат на општините во летниов период во соработка со ЕВН Македонија да направат корекција на приклучоците на уличното осветлување за деловите од јавното улично осветлување кај


четврток, 01 март 2012, Бр. 87

кои имаше проблем поради што не можеа селективно да се исклучат до безбедносно ниво одреден број светилки и мораше тоа да се направи целосно. ЕВН Македонија ќе им препорача на градоначалнците да се заложат при изградбата на нови улици јавното осветлување да биде соодветно направено за да нема проблеми во иднина доколку пак биде неопходно селективно исклучување. Чингоски прецизира дека нема да се реализира ЛОТ 2 од тендерот за набавка на електрична енергија од странство за периодот од 1 до 15 март. Извршената набавка на електрична енергија според ЛОТ 1 во периодот од 15 до 29 февруари засега нема да предизвика покачување на цената на електричната енергија. Дали и колку ќе влијае на цената за наредната година, ќе се знае по анализите што ЕЛЕМ ќе ги направи во октомври годинава, кога треба да ги достави своите пресметки за трошоците до Регулаторната комисија за енергетика. Развиен нов портал за индустријата за преработки од зеленчук ИНТЕРАКТИВНО НА WWW.MAP.ORG.MK Македонската асоцијација на преработувачи (МАП), со подршка од програмата АгБиз на УСАИД, разви интерактивен веб портал, www.map.org.mk со цел да им се помогне на компаниите од агробизнисот да ја зголемат конкурентноста и продажбата. Порталот нуди лесен пристап до информации за пазарот, заедничко презентирање и понуда, што ќе ја подобри конкурентноста и ќе отвори нови можности на пазарот. Порталот ќе овозможи вертикално и хоризонтално поврзување во индустријата и ќе им помогне на компаниите да развијат нови можности за продажба. - Идејата произлезе од потребата за поефикасна комуникација, соработка и видливост на македонските компании за преработка на зеленчук, вели директорот на канцларијата за економски раст на УСАИД, Џосеф Лесард. Порталот вклучува брокерска алатка која им овозможува на учесниците во синџирот на вредност на преработки од зеленчук да ги постават нивните количини за продажба засебно или колективно, да разменат производи што се нудат или бараат и автоматски да примаат надворешни прашања во врска со трговијата. Порталот ќе им помогне на компаниите да бидат во чекор со најновите индустриски трендови и глобални мрежи, надградувајќи ги силните врски кои се веќе воспоставени од македонските компании за преработки од зеленчук и МАП со партнерските организации, како и компаниите од регионот и од ЕУ. УСАИД го подржува МАП од 2003 година. Програмата АгБиз на УСАИД ја вклучи Македонската консултантска групација (МЦГ)

БИЗНИС ИНФО како главен фасилитатор за синџирот на вредност на преработки од зеленчук. Со германска помош ќе се подобрува конкурентноста на македонските компании ЗА „УНАПРЕДУВАЊЕ НА ИНВЕСТИЦИИТЕ И ИЗВОЗОТ“ УШТЕ 1,9 МИЛИОНИ ЕВРА Македонските компании во секторите текстил и облека, добавувачи на автомобилски делови и информациски технологии со германска помош во износ од 1,9 милиони евра до декември годинава ќе можат да ја подобрат меѓународната конкурентност. Тоа им го овозможува потпишаната Спогодба за спроведување на втората фаза од проектот „Унапредување на инвестициите и извозот“ меѓу македонското Министерство за економија и Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ). Проектот се имплементира во рамките на билатералната германскомакедонска развојна соработка од страна на ГИЗ по налог на германското сојузно Министерство за економска соработка и развој. Започнат е во март 2008 година и во првата фаза што се спроведуваше до декември 2009 година македонските компании имаа на располагање 600.000 евра за подобрување на конкурентноста. Покрај Министерството за економија партнери во спроведувањето се и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Кластерот за текстил и МАСИТ. - Целта на проектот е да се подобри меѓународната конкурентност на нашите компании во секторите текстил и облека, добавувачи на автомобилски делови и ИТ индустријата, односно подготовка на софтвер каде имаме детектирано дека постои голем потенцијал за генерирање на нови работни места, инвестиции и извоз, рекол министерот за економија Ваљон Сарачини по потпишувањето на Спогодбата, а го цитира МИА. Проектот, нагласи, ќе се спроведува на три нивоа - макро ниво во рамките на кое ќе се подготви Стратегија за унапредување на инвестициите и извозот, мезо ниво каде ќе се работи на зајакнувањето на капацитетот на компаниите и микро ниво кое ќе биде ориентирано на консултантски услуги, средби, организирање на меѓународни саеми, манифестиции и публикување на промотивни материјали. - Со овој проект значително ќе се зајакне меѓународната конкурентност на нашите компании кои со помош на овие средства ќе можат да бидат поконкурентни како на домашниот, така и на меѓународниот пазар, рекол Сарачини. Директорот на ГИЗ за Македонија Михаел Небелунг истакна дека Германија ја поддржува Македонија уште од 1992 година и оти секогаш во фокусот на соработката бил економскиот развој на земјава.

15

МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА - Сме ја давале нашата поддршка и во зајакнувањето на капацитетите и на Владата, а имаме и проекти за развој на регионите во Македонија, прецизирал Небелунг. Сојузна Република Германија од 1992 година до сега за Македонија издвоила 61 милон евра со кои биле поддржани повеќе области меѓу кои животната средина, одржливиот развој, децентрализацијата, демократизацијата, доброто раководење, водите, енергијата,... Доделени сертификати за соларни техничари на триесетина македонски занаетчии И ЗАНАЕТЧИСТВОТО МОЖЕ ДА ПОНУДИ НОВИ ТЕХНОЛОГИИ Триесетина македонски занаетчии кои успешно ја завршија обуката за соларни техничари добија сертификати за соларен експерт од Занаетчиската комора Кобленц, Германија. Обуката се реализира во периодот од ноември 2011 до јануари 2012 година во три модули, секој со времетраење од пет дена, во соработка со Занаетчиската комора на Македонија, а во рамките на Проекотот „Стопанска соработка на покраината Рајланд Фалц и Југоисточна Европа“, финасиран од Федералното министерство за стопанска соработка и развој на Германија. Два од модулите беа теоретски на тема „Фотоволтаик“ и „Соларна термија“, а третиот практична обука и тестирање со локални експерти и експерти од Германија. Теориската обука се спроведе во Скопје и Штип во Македонија, а практичната во Пловдив, Бугарија, во Школската лабораторија за соларна енергија. - Целта на обуката е да покажеме дека и занаетчиството може да понуди модерни занимања и нови технологии. Сигурен сум дека трендот на обуки ќе продолжи и во иднина, рече Борис Прванов, претставникот на Занаетчиската комора Кобленц по доделувањето на сертификатите.

Тој нагласи дека цел на проектот е да се обезбеди одржливост поради што се обучени локални обучувачи кои, како што кажа, успешно им го пренеле своето знаење стекнато на претходната обука спроведена во 2009 и 2010 година во Германија на занаетчиите кои денеска добија сертификати.


16

ОПШТИНСКИ БИЗНИС Владата обезбеди дополнителни 38 милиони евра од Светската Банка НАМЕНСКИ СРЕДСТВА ЗА ПОДРШКА НА ОПШТИНИТЕ ВО ДЕЛОТ НА ИНФРАСТРУКТУРАТА Владата уште пред неколку месеци се обрати до Светска банка (СБ) за да се обезбедат дополнителни средства за поддршка на општините во делот на инфраструктурата. Одговорот од СБ е позитивен и не само што ќе биде добиен втор заем за поддршка на општините, туку тој ќе биде поголем од претходниот и ќе изнесува 38 милиони евра. Ова го истакнал вицепремиерот и министер за финансии, м-р Зоран Ставрески во одговор на пратеничкото прашање во македонското Собрание, дали Владата прави напори да обезбедни нови средства за поддршка на општините за реализација на инвестициски проекти?

- Таков проект веќе имавме со Светска банка. Во изминатите години беа обезбедени 15 милиони евра со кои се финансиираа проекти во 23 општини во Република Македонија. При тоа главно беа реализирани проекти во патната инфраструктура, водоводната мрежа и атмосферска канализација, енергетската ефикасност, набавка на возила за јавните комунални претпријатија, реконструкции на улици, патишта и мостови и се друго што општините го определиле како приоритет, рекол Ставрески и додаал дека проектот се покажал како успешен и предизвикал голем интерес кај општините. Вицепремиерот прецизирал дека за 12 март се закажани преговори со Светска банка за деталите околу условите за новиот заем, а на 10 мај годинава и дискусија на Бордот на СБ за овој кредит. - Веднаш после тоа ќе биде потпишан Договорот за заем. Моите очекувања се дека до крајот на јуни годинава средствата ќе бидат на располагање на општините. Основната цел на средствата повторно ќе биде иста - поддршка на инфраструктурни проекти, рекол Ставрески, а пренесува МИА. Каматната стапка за новиот кредит што ќе го добие Владата, истакна, ќе биде

БИЗНИС ИНФО 6-месечен еуролибор кој во моментов изнесува 1,4 проценти, а рокот на враќање 15 години со три години грејс период. - Под истите услови ќе им се одобрува на општините, потенцирал вицепремиерот и министер за финасии. На дополнителното прашање поставено од пратеникот Милошоски, дали општините со финансиски проблеми и блокирана сметка ќе можат да поднесат барање за искористување на ваквите средства, Ставрески одговорил дека се прават напори во таа насока. - Работиме на два колосека за да им се помогне на општините кои се соочуваат со поголеми финансиски проблеми заради наследените финансиски обврски од претходните градоначалници кои се со блокирани сметки или со многу мал буџет. Едниот е да се измени Законот кој сега забранува да се задолжуваат општините со блокирани сметки, рекол Ставрески. Тие, додал, сега едниствено може да се задолжуваат за реализација на инвестициски проекти, но за нив е значајно да можат да позајмат средства од каде било и за тековните обврски кои се достасани а не платени кои во голем дел се наследени. Во март треба да излеземе со предлог што ќе овозможи на долг рок да се реши прашањето со блокираните сметки на општините. - Можност да се обезбедат средства преку кредитот од СБ ќе има и за општините со мал буџет. Постојат критериуми до која висина може да се задложи секоја општина, а тоа отприлика е 30 проценти од оперативните приходи во буџетот од претходната година. Тоа е кредитниот плафон што го дозволуваме за секоја општина во рамките на кој и помалите општини и општините кои имаат финансиски потешкотии можат да аплициаат и да се задолжат со средства од кредитот на СБ, појаснил вицепремиерот Ставрески. Пелагониски плански регион УТВРДЕНИ ПРИОРИТЕТНИТЕ ПРОЕКТИ Градоначалниците на деветте општини од Пелагонискиот плански регион ги утврдија приоритетните проекти за реализација во 2012 година, и истите ќе ги претстават пред Националниот Совет и Бирото за регионален развој. Битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој воедно претседава со Советот за развој на овој регион, на прес конференција посочи дека проектите имаат регионално значење бидејќи поврзуваат две и повеќе општини, а се изработени од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион со седиште во Битола.

четврток, 01 март 2012, Бр. 87

- Општините Битола и Демир Хисар ќе реализираат проект со кој се овозможува набавка на животоспасувачка опрема за противпожарните станици во Пелагонискиот регион, проект со кој ќе се изврши темелна реконструкција на Зоолошката Градина во Битола, изработка на урбанистички план за манастирот „Св. Илија“ во Демир Хисар, реализација на проект за заштита на еден природен извор во селото Дебреште, изградба на пешачка

патека на магистралниот пат што минува низ општина Кривогаштани, преадаптација и опремување на кино салата во Центарот за културата „Марко Цепенков“ во Прилеп, изработка на урбанистички планови и документација за индустриските зони „Петилеп“-Могила, „Макази“-Ресен и во општина Новаци, истакна Талески, а го цитира МИА. Во Пелагонискиот плански регион партиципираат општините Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево, Могила, Новаци, Кривогаштани и Долнени, кои со поддршка на Јапонската амбасада годинава ќе го реализираат и проектот за изработка на хидрантска мрежа по одобрената апликација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. Почнува изградбата на откупнодистрибутивен пункт за земјоделски проиводи ПРВО СТРАНСКО ВЛОЖУВАЊЕ ВО БОГДАНЦИ ПО 22 ГОДИНИ Заменик-министерот за земјоделство Зоран Коњановски, германскиот инвеститор Томас Шварц и градоначалникот на општина Богданци Ристо Ичков, во присуство на голем број граѓани и претставници на бизнисзаедницата, поставија камен-темелник на нов откупно-дистрибутивен пункт. Ова прво странско вложување во Богданци по 22 години, ќе претставува комплекс со површина од над 4000 метри квадратни, а ќе содржи современ ладилник, магацински простор, товарна рампа и административни простории. - Задоволство ми е што како сопственик на фирмите „Шварц“ од Германија, на фирмата „Салата Фармс“ од Дубаи и фирмата „Таурус Шварц“


четврток, 01 март 2012, Бр. 87

од Германија можам да инвестирам во изградбата на нов откупно-дистрибутивен и преработувачки пункт во Богданци, истакнал Шварц, а го цитира МИА. Изразувајќи задоволство од, како што рече, поволната бизнис-клима во Македонија, Шварц најави нови вложувања во објект за обработка на 250 илјади тони компир годишно и произведување 100 илјади тони помфрит, како и инвестиции од страна на негови деловни партнери во милионски износи. Тој се осврна и на донацијата за локалната заедница изградба на детска градинка во Богданци, како и на донација за изградба на црквата Свети Апостол и Павле кај месноста Паљурци.

БИЗНИС ИНФО Ренч и Бурен Шарлар, која престојува во општина Кичево, денеска оствари средба со градоначалникот Благоја Деспотоски, како и со локални бизнисмени. На средбата градоначалникот Деспотоски им ги објасни поволностите што ги нуди индустриската зона во Кичево за инвестирање. Раководителот на секторот за економски развој во Кичево, Дарко Белески изјави дека било договорено во април годинава во турскиот град Ескешир да се одржи работна средба со бизнисмените од овој град, на која ќе бидат презентирани поволностите за инвестирање што ги нуди општина Кичево. Во Кичево во тек се активности за проширување на индустриската зона поради зголемениот интерес за инвестирање, пред се од домашни бизнисмени.

17

ОПШТИНСКИ БИЗНИС Наташа Ицева од Организација на жени Штип, а ја цитира МИА. Во текот на реализацијата на проектот ќе се изработи и студија на туризмот во источниот регион, како и политиките за развој на туризмот. Со помош на оваа студија ќе се креира детална слика за бизнис-можностите во областа на туризмот во овој регион која ќе помогне за

Организацијата на жени од Штип започна со спроведување Проектот РАЗВОЈ НА РУРАЛНИОТ И ПЛАНИНСКИ ТУРИЗАМ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА

Ова е втора по големина агроинвестиција во Македонија по влезот на хрватски „Агрокор“. Инвестиција ќе овозможи поголема вредност на квалитетните македонски земјоделски производи, заложби кои во континуитет ги овозможува Владата со финансиска поддршка на земјоделското производство, од седум милиони евра во 2005 година до 130 милиони евра во 2012 година. Ова е доказ дека чекориме по вистински пат за развој на земјоделското производство и поддршката што ја овозможуваме преку својата аграрна политика, истакнал заменик-министерот Зоран Коњановски. Според градоначалникот Ристо Ичков, новата инвестиција ќе овозможи откуп и дистрибуција на производите од богданскиот крај и пошироко, но бенефит ќе биде и подготвеноста на фирмата „Таурус Шварц“ да вложи во бесплатна едукација на земјоделците за правилно одгледување на културите. Бизнис делегација од Турција во посета на Кичево ПРЕД БИЗНИСМЕНИ ОД ЕСКЕШИР ЗА ПОВОЛНОСТИТЕ НА ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА Делегација на Стопанската комора од Република Турција, предводена од Арда

Организацијата на жени од Штип започна со имплементација на Проектот за развој на руралниот и планински велосипедски туризам меѓу Бугарија и Македонија, со развивање на руралниот туризам. Проект-партнер од Бугарија е Трговско-индустриската комора од Благоевград. Целта на Проектот е насочен кон зголемување на локалното богатство на проектниот регион и неговата способност да го репродуцираат со сопствени ресурси, зголемување на неговата туристичка атрактивност, зачувување на животната средина и промовирање на локалните традиции во регионот со примена на современи методи и технологии. За реализација и постигнување на целите на проектот предвидени се повеќе активности, како промоција на регионот, подобрување на обуките за едукација на кадрите во секторот за туризам, привлекување приватни инвестиции и промоција на технологии и методи кои се еколошко одржливи, како употреба на рециклирани материјали од природата, користење обновливи извори на енергија, едукација за важноста од зачувувањето на животната средина и како тоа да се постигне. - Имплемантацијата на овој проект и можностите што ги нуди ќе придонесат за развој и промоција на туризмот во овој регион, како и развој на компаниите во прекуграничниот регион и привлекување нови инвестиции. Проектот е особено од голема корист за локалните компании од туристичкиот сектор кои преку него ќе можат да ги промовираат своите услуги и да ја зголемат својата понуда, изјави

правилно насочување на сите расположиви ресурси. Паралелно ќе биде организирана кампања за туристичко промовирање на регионот и привлекување туристи. Од овие активности директно зависи и зголемувањето на нивото на приходи во туристичкиот сектор како битен стимул за развивање на оваа стопанска гранка. Покрај тоа е предвидено и изработка на студија за бизнис-можностите за мали приватни инвестиции и студија за јавните транспортни врски во областа, создавање заеднички туристички производи. Проектот за промоција на руралниот и планински/велосипед туризам меѓу Македонија и Бугарија е финансиран од Европската унија преку Програмата за прекугранична сорабокта 2007 – 2013 меѓу овие две земји, како инструмент за претпристапна помош. Текстилните компании од Гевгелија бараат погодности во увоз на материјал и погони за рециклажа ТЕКСТИЛНИОТ ОТПАД ВО ПРОИЗВОДСТВО, НАМЕСТО НА ДЕПОНИЈА Во општина Гевгелија и околниот јужен регион постојат 20-тина објекти од текстилната индустрија од кои половината се странски капитал, претежно од соседна Грција и повеќе години деловно егзистираат ангажирајќи значаен дел од домашната работна сила. Во услови на светска економска криза и последиците кои се`уште се чувствуваат во однос на ликвидноста на


18

ОПШТИНСКИ БИЗНИС текстилните компании значаен е секој потег кој може да придонесе до намалување на цената на производот заради задржување на конкурентноста на странските пазари. За таа цел очекуваат соодветни мерки од страна на владините тела и општинските органи, од првите во поглед на царинските олеснувања, а од вторите во однос на обезбедување на објекти за рециклажа на отпадните материјали.

- За работењето на погонот во Гевгелија вршиме времен увоз на текстилен материјал од Грција, каде се наоѓа седиштето на нашата текстилна корпорација. Карактерот на „времениот увоз“ до изработка на нашиот финален производ не спречува да го извеземе надвор неискористениот материјал кој може понатаму да подлежи на рециклажа и со тоа да ја намалиме цената на памукот што е основна суровина во нашиот бизнис, вели Јанис Кјакос, директор на текстилната корпорација „Меркјури“, а го цитира МИА. Од друга страна, вели тој, Гевгелија како современ град треба да ги искористи европските норми за заштита на животната средина и да обезбеди современ објект за рециклажа на отпадоците од амбалажа (картон, хартија, најлон, па и текстил) за да не се таложат истите на градската депонија. Ниската цена на трудот во државата, а

БИЗНИС ИНФО особено во текстилниот сектор каде важи односот 1:3 и понатаму е привлечен фактор за преселба на текстилните погони од Грција во Гевгелија. Конфекцијата Меркјури својот прв погон го отвори во 2004 година, а по неа следуваа „Котон текстил“, „Зорбас“ и други. По седумгодишно опстојување и растеж на „Меркјури“ од првите 20, па до сега вработените 250 шивачки, деловните планови одат во правец во Гевгелија, во новата стопанска зона „Блокотехна“ да бидат преселени и преостанатите две дејности, ткајачница и фарбачница, кои сега функционираат во Солун. Во тој прилог одат и ангажманите на Општината која од минатата година доби ингеренции самостојно да менаџира со државното неизградено градежно земјиште, со намера да биде олеснета постапката за привлекување на странски инвеститори. Во Тетово претставен проектот за микро и мали претпријатија на УСАИД и Центарот за развој на претприемачи и менаџери СО 80 ДО 100 ИЛЈАДИ ЕВРА ЌЕ СЕ ПОДРЖАТ ДВАЕСЕТИНА МАЛИ ФИРМИ ВО ЗЕМЈАВА УСАИД во соработка со Центарот за развој на претприемачи и менаџери денеска во Тетово пред претставници на повеќе компании од малото и средното стопанство од полошкиот регион го претставија својот нов проект за микро и мали претпријатија. Директорот на проектот Јован Маџовски во име на организаторите истакнал, како што пренесува МИА, дека очекуваат со развојот на ваквите стопански капацитети да се влијае на подобрување на економскиот раст и отворање нови работни места во регионот и пошироко. Освен во Полошко, овој проект ќе се спроведе и во Скопскиот, Вардарскиот,

четврток, 01 март 2012, Бр. 87

источниот и југоисточниот регион во Македонија. Проектот предвидува три делови – специфични програми

за претприемачи, услуги на ниво на претпријатија за бизнис поддршка за подобрување на производите и услугите и директни инвестиции преку капитал и заеми. Инвестициите ќе изнесуваат од 80 до 100 илјади американски долари, ќе се поддржат околу дваесеттина мали претпријатија од целата држава до 10 вработени за кои ќе се процени дека имаат голем потенцијал за развој со околу половина милион евра годишен приход. Целта е за 3 до 5 години да продолжат да функционираат кога ќе имаат и обврска за враќање на заемот. - Очекуваме дека од септември одбраните компании да почнат да ги користат средставата за унапредување на својот бизнис, изјавил Маџовски. Проект за развој на мали и микро претпријатија УСАИД веќе спроведува на регионално ниво во Романија, Србија, Албанија и Косово, така што македонските претпријатија вклучени во него на овој начин можат да создат своја мрежа за пристап до нови знање, експертиза и алатки за успех во бизнисот.


четврток, 01 март 2012, Бр. 87

БИЗНИС ИНФО

Индекси на индустриското производство ЈАНУАРИ СО ПАД ОД 8 ОТСТО Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јануари 2012 година, во однос на јануари 2011 година, изнесува 92.0. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2012 година, во однос на јануари 2011 година, бележи опаѓање од 12.1%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 4.6%, а

19

СТАТИСТИКА Нето-плата Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2011 година, во однос на декември 2010 година, изнесува 99,8. Ваквото намалување се должи, пред сè на намалувањето

на големо е забележан пораст за 11.8%, а пораст е забележан и во одделот Трговија на мало за 16.4%. Просечна исплатена месечна плата по вработен БРУТО 31.338 ДЕНАРИ, НЕТО 21.415 ДЕНАРИ Бруто-плата

во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 20.4%. Според главните индустриски групи, производството во јануари 2012 година, во однос на јануари 2011 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.6%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 22.6 %, Капитални производи за 9.1%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 34.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.8%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2011 година, во однос на декември 2010 година, изнесува 99,7. Ваквото намалување се должи, пред сè на намалувањето на просечната месечна исплатена брутоплата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (9,9%), Информации и комуникации (5,3%) и Административни и помошни услужни дејности (2,8%).

Деловни тенденции во преработувачката индустрија ПРОЛЕТТА НОСИ ОПТИМИЗАМ

Индекси на прометот во трговијата И НАТАМУ ОПАЃА ТРГОВИЈАТА СО ВОЗИЛА Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во секторот Трговија на големо и на мало и поправка на моторни возила и мотоцикли, во декември 2011 година, во однос на декември 2010 година, изнесува 112.9. Гледано по оддели, во декември 2011, во однос на декември 2010 , прометот бележи опаѓање во одделот Трговија на големо и на мало со моторни возила и мотоцикли, делови и прибор и нивно одржување и поправка за 4.8%, во одделот Трговија

на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (8,8%), Информации и комуникации (6,4%) и Преработувачка индустрија (2,2%). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (44,1%), Стручни, научни и технички дејности (22,5%) и Административни и помошни услужни дејности (13,3%). Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2011 година, изнесува 21 415 денари. Во декември 2011 година, 3,0% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (39,9%), Стручни, научни и технички дејности (17,8%) и Административни и помошни услужни дејности (12,9%). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2011 изнесува 31 338 денари. Во декември 2011 година, 3,0% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во јануари 2012 година како поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на јануари 2011 година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството во јануари 2012 година е на исто ниво како и претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, како и


20

СТАТИСТИКА очекувањата за бројот на вработените. Во јануари 2012 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во јануари 2012 година се намалени во споредба со претходниот месец. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2012 година изнесува 59,5% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производство во јануари 2012 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 22,2%, недоволната домашна побарувачка со 18,5%, финансиските проблеми со 12,0% и неизвесното економско опкружување со 8,7%.

БИЗНИС ИНФО со 3,8%, учеството на субјектите со 20-49 вработени е 2,3 %, со 1,6% учествуваат субјектите со 50-249 вработени и само 0,3% од активните деловни субјекти се со над 250 вработени.

Во светот има шест милијарди корисници на мобилни телефони СЕКОЈА ГОДИНА БРОЈКАТА РАСТЕ ЗА 13 ОТСТО

МЕЃУНАРОДНА СТАТИСТИКА Според руската Служба за статистика РУСИЈА НА ПРВО МЕСТО ПО РАСТ НА БДП ВО Г-8 По раст на БДП од 4,3 отсто, Русија во 2011 година е на првото место во Групата осум (Г-8) најразвиени држави во светот и на трето место во БРИК, објави руската Служба за статистика.

Во 2011 година активни биле 73.118 деловни субјекти НАЈЗАСТАПЕНА И НАТАМУ ТРГОВИЈАТА Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на активните деловни субјекти во Република Македонија во 2011 година изнесува 73 118. Најголемо учество во структурата имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 27 468 субјекти или 37,6% и Преработувачка индустрија со 8.155 субјекти или 11,2%. Најмала застапеност имаат секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 98 субјекти или 0,1% и Рударство и вадење на камен со 176 субјекти или 0,2%. Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 82.9% имаат деловните субјекти со 1-9 вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени (или субјектите не го прикажале податокот за вработени) со 9,1%, па субјектите со 10-19 вработени

четврток, 01 март 2012, Бр. 87

Во БРИК пред неа се Кина со економски раст од 9,2 отсто, а на второ место е Индија со 7,4 отсто. Бразил лани имал раст на БДП од 2,9 отсто. Најголем раст на БДП меѓу Г-8 имала Германија од три отсто. БДП на Канада се зголемил за 2,3 отсто, САД за 1,7 отсто, а на Франција за 1,6 отсто. Следат Велика Британија со економски раст од 0,9 отсто и Италија 0,5 отсто. БДП на Јапонија е намален за 0,9 отсто. Најголема инфлација лани имало во Бразил и Индија - 6,5 отсто, а следат Русија 6,1 отсто и Кина 4,1 отсто. Во Г-8 најголема инфлација имале во Велика Британија 4,2 отсто. Најниска стапка на невработеност во 2011 година во Г8 имало во Јапонија каде само 4,6 отсто работоспособно население е без работа. Следат Германија (5,5 отсто) и Русија (6,1 отсто). Најголемо ниво на невработеност има во Франција - 9,9 отсто. Споредбените податоци, руската Служба за статистика ги сумирала врз основа на публикации од ММФ, ОЕЦД, Евростат и оперативни податоци на националните статистички служби.

Во светот има шест милијарди претплатници на мобилни телефони, соопшти телекомуникациската компанија „Ериксон“, што фактички значи дека мобилната телефонија ја користат нешто повеќе од четири милијарди луѓе. Бројот на претплатниците се разликува од фактичките корисници, бидејќи едно лице може да има повеќе броеви на мобилни телефони, прецизираше компанијата. Поаѓајќи од фактот дека вкупната светска популација брои седум милијарди луѓе, според проценките на „Ериксон“ 60 проценти од населението користи мобилни телефони. „Ериксон“ нагласува дека бројот на претплатниците секоја година се зголемува во просек за 13 проценти, а според темпото предност имаат земјите со најмногу жители, Индија и Кина. Во тие земји живеат 35 проценти од сите лица кои се претплатници на мобилни телефони во последниот квартал на 2011. Меѓу петте земји со најголем раст на бројот на корисниците се и Бразил, Индонезија и Бангладеш. Иако една третина од мобилните телефони продадени минатата година се смартфони, нивниот удел се уште е скромен и нив ги поседуваат само еден од десет корисници на мобилни.


четврток, 01 март 2012, Бр. 87

Србија минатата година заработила една милијарда долари од туризам СЕЛСКИОТ ТУРИЗАМ СО УЧЕСТВО ОД 27 ОТСТО Србија минатата година остварила околу една милијарда долари приход од туризам, соопшти министерот за економија Небојша Ќириќ. Во споредба со 2010 година приходот од туризмот е зголемен за 15 до 18 проценти, изјави Ќириќ.

БИЗНИС ИНФО копуцијата, намалување на бирократските процедури и ефикасна администрација, кои често се решавачки за изборот на местото за инвестиции, рече премиерот. Цветковиќ подвлече дека само со соработка на земјите од регионот може да се обезбеди стабилност и долгорочен просперитет во Југоисточна Европа. Тој дополни дека државите од регионот се добро место за инвестиции, што се потврдува од интересот на големи инвеститори од Германија, Италија, Јужна Кореја, Америка и други земји во екот на кризата.

21

РЕГИОН (1.305 евра) и Хрватска (2.549 евра), но помалку отколку во Чешка (3.796 евра). Вториот најплатен човек во БиХ, управникот на оддел на една банка во просек месечно зарботува 2.080 евра. Просечната плата на директорите и менаџерите во БиХ изнесува 1.834 евра, наведува „Портал“, нагласувајќи дека нивните колеги во Србија просечно заработуваат 1.687 евра, во Хрватска 2.294, а во Чешка 2.461 евро.

Србија сака да ја продаде железарницата во Смедерево на „Арселор Митал“ ИНДИЕЦОТ ПОДГОТВЕН ДА РАЗГОВАРА ЗА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО

Министерот истакна дека развојот на селскиот туризам е алтернатива за подобрување на животот и зголемување на приходот на руралните региони. Тој нагласи дека 27 проценти од туристичката дејност во Србија се реализира во селските региони, каде изминатата година се пријавени 2,3 милиони од вкупно 7 милиони ноќевања. Србија е регионален лидер во однос на странските инвестиции СО НАД 700 ЗАКОНИ ДО ПРИЈАТЕЛСКА БИЗНИС КЛИМА Српскиот премиер Мирко Цветковиќ неодамна изјави дека Србија во текот на минатата година била регионален лидер во однос на директните странски инвестиции, што надминале две милијарди долари, пренесе Танјуг. -Многу од овие инвестиции уште оваа година ќе доведат до зголемување на производството, извозот и вработувањата, рече Цветковиќ на отворањето на форумот „Јуоисточна Европа - регион со поволна бизнис клима“. Српскиот премиер истакна дека Србија вложила огромни напори во областа

Српската Влада сака што поскоро да ја продаде железарницата во Смедерево на металуршкиот гигант „Арселор Митал“ на индискиот „крал на челикот“ Лакшми Митал, тврди белградскиот весник „Блиц“. Српската Влада неодамна за еден долар ја купи смедеревската железарница од компанијата „Ју-Ес Стил“, откако американскиот гигант најави дека планира затворање на своите погони во Смедерво. „Блиц“, повикувајќи се на владини извори, тврди дека Владата „замолила еден водечки српски бизнисмени да воспостави контакт со Лакшми Митал“, кој е петтиот најбогат човек во светот. - Добивме потврда дека Митал е подготвен да разговара за евентуално стратешко партнерство со железарницата во Смедерево, изјави истипт извор за „Блиц“. Претходно, беше соопштено дека за евентална продажба на смедеревската железарница, српската Влада контактирала и со украинскиот „крал на челикот“ и сопственик на фудбалскиот клуб „Шахтиор“, Ринат Ахметов. „Блиц“ наведува дека Ахметов не е целосно исфрлен од играта за купување на железарницата во Смедерево, но потенцира дека во моментов украинскиот бизнисмен повеќе е заинтересиран за преземање на металуршкиот завод во словачкиот град Кошице, кој сега е во сопственост на “Ју-Ес Стил“. Инаку, „Арселор Митал“ е сопственик и на дел од поранешната скопска железарница. Најплатени професии во БиХ ДИРЕКТОР НА СТРАНСКА ФИРМА СО 3.074 ЕВРА

на законодавството и од јули 2008 година до декември 2011 година донела над 700 закони, вклучувајќи и закони што создаваат регулаторна рамка за поволна бизнис клима. -Освен законските рамки голема улога за привлекување на инвестиции имаат и органите на локалната самоуправа, полагајќи напори за елиминирање на

Највисока плата во Босна и Херцеговина прима еден директор на странска фирма, а веднаш зад него е раковдител во една банка, објави босанскиот интернет портал „Плата“. Истражувањето на порталот покажува директорот на странската фирма со највисока плата во БиХ во просек месечно заработува 3.074 евра, што е повеќе отколку што заработуваат неговните колеги во Србија

Најмала плата во БиХ примаат хигиеничарите, кои во просек добиваат по 279 евра. Хигиеничарите во Србија просечно заработуваат 251 евро, а во Хрватска 555 евра. Истражувањто на „Плата“ покажало дека највисоки приходи во БиХ имаат нотарите, но заради специфичниот начин на работа, нивните палти не се вклучени во споредувањето со остантите професии. Нотарите во БиХ во просек заработуваат 5.635 евра месечно.

Албанскиот наворешен долг на рекордно ниво од над 2 милијарди долари ПОСЛЕДНИТЕ ЗАДОЛЖУВАЊА СО СЕ ПОЛОШИ УСЛОВИ Надворешниот долг на Албанија лани во септември за првпат ја минал бројката од две милјарди евра, јави дописникот на МИА од Тирана. Официјалните податоци од Владата покажуваат дека повеќе од половина од долгот е направен по 2007 година, посебно во периодот 2008-2009. Различно од претходните кредити за развој, кои биле земани од донатори со ниски камати, позајмиците од последните години главно се трговски кредити со пазарни камати и со покус период на враќање. Лани, како што пренесува весникот „Шќип“, Владата на премиерот Сали Бериша, потрошила 0,6 отсто од БДП за подмирување на долговите. Но, во наредните три години, бројката ќе расте и во 2014 година ќе достигне 1,3 отсто од БДП или речиси 200 милиони долари од сегашните 76 милиони долари. Во тоа влегува само основицата, но не и каматите кои Владата ги плаќа за долговите. Доколку се додадат и каматите тогаш во 2014 година, според предвидувањата на самата Влада, државниот буџет треба да плати 756 милиони долари или 4,9 отсто од БДП за подмирување на јавниот долг.


22

ЕВРОПСКА УНИЈА Според најновите податоци на ОЕЦД: Најмногу работат Грците и Унгарците НАЈМАЛКУ ХОЛАНЃАНИТЕ И ГЕРМАНЦИТЕ Во Европа според најновите податоци на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој) најмногу работат во државите пред банкрот - Унгарија и Грција, а најмалку во Холандија, Германија и Норвешка. Од податоците се заклучува дека економиите во одделни држави не се подобруваат со поголем број часови на работници на работа и во државите со најголема продуктивност луѓето работат најмалку. Грците со 2.017 часа годишно на работа по работник ги надминнуваат само Чилеанците и Јужнокорејците. Унгарците работат 1.956, а во Полска 1.939 часа.

Најмалку работни часа годишно според ОЕЦД одработуваат во во Холандија 1.377 часа, Германците 1.408 и Норвежаните 1.413 часа. Податоциоте покажуваат дека просечен Грк работи цели 40 отсто повеќе отколку просечен Германец. Според табелата на ОЕЦД, сите десет европски држави чии жители одработуваат во просек најмалку часови, се меѓу десетте држави со најголема продуктивност на трудот. За околу 1,6 милиони вработени во британските општински служби ТРЕТА ГОДИНА ПО РЕД ПЛАТИТЕ ПОД МРАЗ Вработените во јавните служби во општините во Англија, Велс и Северна Ирска, трета година по ред ќе имаат „замрзнати“ плати, соопшти британското Министерство за локалната самоуправа. Замрзнувањето на платите и покрај зголемената инфлација, јави дописникот на МИА од Лондон, е прифатено од општинските совети, но синдикалната унија на работниците во јавниот сектор ја осуди таквата политика на Владата. Според синдикатите, станува

БИЗНИС ИНФО збор за „чисто политичко решение“, а не за економска одлука, за да може да се оправда непокачувањето на општинските даноци. Претставник на Асоцијацијата

на општините изјави дека го поддржува замрзнувањето на платите, објаснувајќи го како изнудено решение во сегашната ситуација. Доколку би се одмрзнале платите на општинарите, ќе има уште повеќе отпуштања од работа и скратување на општинските услуги, што и онака се намалени со владините мерки за кратење на буџетските тршоци. Синдикатите денеска побараа да се дозволи зголемување на платите на оние вработени во општините кои се најмалку платени. Замрзнувањето на платите е направено врз основа на проекцијата со инфлација од два отсто. Таа последниве години постоајно расте и сега е повеќе од двапати повисока од проекцијата на Владата и на Банката на Англија. Чешка ќе воведе данок за богати и ќе ги „замрзне“ пензиите СЕ ПОДГОТВУВААТ И МЕРКИ ЗА ИМПУЛС НА ЕКОНОМИЈАТА Чешка се подготвува на драстично штедење и планира годинава да ги „замрзне“ буџетските трошоци за 23 милијарди круни (920 милиони евра), јави дописникот на МИА од Прага.

Според чешкиот премиер Петр Нечас, се планира зголемување на данокот на додадена вредност (ДДВ), валоризација на пензиите,

четврток, 01 март 2012, Бр. 87

намалување на растот на социјалните трошоци и воведување на данок за најбогатите. - Можно е да се воведе единствен данок на додадена вредност од 19 или 20 проценти, со исклучок на книгите и лековите, рече Нечас. Тој оцени дека доколку дојде до замрзнување на пензиите, би се зголемил данокот за луѓето со највисоки примања, што според него е покажување солидарност во заедницата. - За годинава планираме само обврзувачки трошоци, за да го задржиме буџетскиот дефицит и дефицитот на јавните финансии на 3,5 проценти од БДП, изјави Нечас. Чешкиот премиер додаде дека неговиот Кабинет подготвува и мерки за импулс на домашната економија. ЕУ планира да ги намали долговите на земјите од Северна Африка ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОМЕНИТЕ Владите на земјите-членки на Европската унија планираат намалување на долгот на некои земји од Северна Африка, меѓу кои и Египет, тврдат извори од седиштето на ЕУ.

- Земјите-членки ќе ги разгледаат можностите да биде намален долгот, со цел да се покаже дека во односите кон земјите јужно од Средоземното Море се случиле промени, се наведува во проект за одлука на самитот на ЕУ на 1 и 2 март. За првпат можностите за намалување на долгот на некои земји од Северна Африка ќе биде разгледан на состанокот на постојаните претставници на земјите членки на ЕУ во Брисел на 27 февруари. Според европските дипломати намалувањето на долгот ќе биде обврзано со извршувањето на демократските реформи и обезбедувањето на трговски олеснувања за ЕУ. Дипломатите истакнуваат дека се уште не може да се зборува за конкретни бројки, но дека станува збор за милијарди евра.


четврток, 01 март 2012, Бр. 87

Словенија има буџетска дупка од 550 милиони евра ПОЧНУВА ПЕРИОД НА СТРОГО ШТЕДЕЊЕ Словенечкиот премиер Јанез Јанша изјави дека неговата Влада открила „голема дупка“ од 550 милиони евра непланирани државни трошоци за оваа година, поради кои би можела да биде ставена под знак прашалник исплатата на платите во државниот сектор кон крајот на 2012 година. - Решивме да стиснеме кочница и веќе ниту една влада нема да може да троши повеќе од тоа, што ни го дозволуваат приходите, изјави Јанша.

Според него штедењето е само 50 проценти од излезот од економската криза. Другата половина треба да биде обезбедена со иницијативи за отворање нови работни места и инвестициски олеснувања. Словенечкиот премиер изјави дека ќе се обиде да обезбеди договор со синдикатите, работодавците и останатите социјални партнери за потребното штедење, а потоа ќе започне со структурни реформи и ќе преземе мерки за заживување на економијата. Јанша нагласи дека неговата влада ќе инсистира даночните должници да бидат јавно објавени. Тој истакна дека ќе се залага заштедите од 10 милијарди ерва на словенечките граѓани во странство да бидат привлечени како инвестиции во локалната економија. Личниот имот на Германците изнесува 1,5 билиони евра ПОВЕЌЕ СЕ ШТЕДИ, ОТКОЛКУ ШТО СЕ ИНВЕСТИРА Најновите статистички податоци покажуваат дека жителите на Германија имаат личен имот во рекордна вредност која надминува

БИЗНИС ИНФО десет билиони евра, сума која според експертите, е доволна да се покријат државните долгови на сите членки на еврозоната, наведува германското радио Дојче Веле. Радиото нагласува дека дури и ако се одбијат кредитните обврски на Германците, кои изнесуваат 1,5 билиони евра, тогаш произлегува дека реалниот имот на Германците изнесува околу 8,5 билиони евра, но во таа сума не е вклучен движниот имот, како што се возила, мебел и апарати за домаќинство, накит и уметнички колекции. Традиционално Германците се повеќе наклонети кон штедење во банките и ретко се решаваат за ризични берзански инвестиции, тврдат германски финансиски експерти. Експертите нагласуваат дека податоците за имотот на Германците за 2011 година, што ги објави Федералната организација на германските банки, покажува дека реалното богатство на жителите на Германија е четирипати поголемо од државниот долг на земјата. Со овие средства теоретски би можеле да се покријат државните долгови на сите 17 земји-членки на еврозоната, кои според податоците на Евростат, изнесуваат вкупно 8,2 билиони евра. Вкупните долгови на сите 27 земји-членки на Европската унија изнесуваат 10,3 билиони евра, што е на ниво на номиналното богатство на Германците. Од вкупната сума на богатството на Германците повеќе од две третини опфаќаат банкарските заштеди и депозити и полисите за животно осигурување, а само пет проценти се средства вложени во хартии од вредност. Аналитичарите проценуваат дека овој податок укажува оти Германците не се наклонети кон инвестиции од висок ризик каде има шанси за поголем профит, туку повеќе се заинтересирани на зголемување на своето богатство на посигурен начин, а во помал обем. Статистичките податоци покажуваат дека во последните две децении вкупните заштеди во Германија се речиси тројно зголемени од 1,75 билиони евра во 1991 на нешто над 4,7 билиони во 2011 година. - По воведувањето на германската марка во 1960 година заштедите на жителите на Германија изнесуваа само 165 милијарди марки или околу 80 милијарди евра, вели финансискиот експерт и автор на

23

ЕВРОПСКА УНИЈА книгата за историјата на парите во Германија, Бернд Шпренгер. По 30 години, пред обединувањето на Германија во 1990 година сумата на заштедите достигна околу 2,8 билиони германски марки (околу 1,4 билиони евра), што значи дека Германците биле посветени на штедењето во последните 60 години, истакнува Шпренгер. Најновите предвидувања на Еврокомисијата полоши од ноемвриските БЛАГА РЕЦЕСИЈА ВО ЕУ ВО 2012 ГОДИНА Европската комисија соопшти дека очекува во текот на 2012 година ЕУ да забележи намалување на стапката на економски раст, додека економијата во еврозоната да се намали за 0,3 отсто. Ваквите предвидувања, како што јави дописникот на МИА од Брисел, се полоши од предходните прогнози објавени во ноември 2011 година, кога Европската комисија прогнозираше дека економијата во еврозоната ќе забележи раст од 0,5 отсто. Еврокомисијата соопшти дека ги ревидирала своите проценки поради „неочекуваното доцнење во наплатата на долговите кон крајот на 2011 година“. - Тоа ќе предизвика само блага рецесија во еврозоната, но на повидок се првите знаци на стабилизација. Најголемиот товар на монетарната унија и натаму е Грција, каде се очекува намалување на економската активност за 4,4 отсто во 2012 година. Сепак во поширокиот контекст на 27те земји-членки на ЕУ, економијата нема да биде променета, се додава во соопштението. Грција и Португалија досега беа единствените држави од кои Комисијата очекуваше да се усогласат со прогнозите од ноемврискиот извештај, но сега оваа листа е дополнета и со Белгија, Шпанија, Италија, Кипар Холандија и Словенија. - Економското расположение се уште е на ниско ниво, но стресот на финансиските пазари се смирува. Низ цела Европа се преземаат мерки кои се од суштинско значење на финансиската стабилност и раст, изјави еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен.


24

СВЕТ Кина и Турција потпишаа договори вредни 4,3 милијарди долари ЗА 11 ГОДИНИ 24 ПАТИ ЗГОЛЕМЕНА РАЗМЕНА Кинескиот заменик-премиер Кси Џинпинг изјави на неодамнешниот Турскокинески бизнис-форум во Истанбул дека кинески и турски компании потпишале економски и трговски договори во вредност од 4,3 милијарди САД долари. Кси Џинпинг истакна дека Турција станала една од најпривлечните земји во светот и додаде дека трговската размена меѓу Турција и Кина значително се зголемила.

БИЗНИС ИНФО бидат инвестирани милијарди долари. Тридневната посета на Кси Џингпинг на Турција беше посветена на зајакнувањето на трговските односи, зголемувањето на инвестициите и на разгледување на регионалните прашања. Двете страни вчера потпишаа неколку спогодби за соработка во областа на финансиите и земјоделството. Трговската размена меѓу Турција и Кина се зголеми од една милијарда долари во 2000 година на 24 милијарди во 2011. Турција и Кина беа меѓу земјите со најбрз економски раст во светот минатата година. Турција е 16-та економска сила во светот, но има амбиции да влезе меѓу првите десет до 2023 година, за стогодишнината од турската република, додека Кина е втора економска сила во светот. Доколку не спроведе големи реформи во следните 20 години НА КИНА И СЕ ЗАКАНУВА ОПАСНОСТ ОД ЕКОНОМСКА КРИЗА

- Кина покажува голем интерес за турските суровини за хемиската индустрија и за земјоделските производи, додаде Кси Џинпинг. Тој напомена дека двете земји уште повеќе ќе ја зајакнуваат стратешката соработка и рече дека оваа година во Кина ќе биде прогласена годината на Турција, додека следната година ќе биде годината на Кина во Турција. Кинескиот заменик-премиер изјави дека турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ќе го посети Пекинг во април во знак на зголемената доверба меѓу двете земји, кои во минатото имаа спротивставени интереси во Централна Азија. Турција се стреми да го развива секторот на нуклеарната енергија и да ја намали зависноста од увоз на нафта и гас и веројатно тоа ќе биде и една од темите при посетата на Ердоган на Пекинг, која веќе начелно беше разгледана и на средбата со Кси Џинпинг, пишуваат турските весници. Весникот „Сабах“ објави дека Кина покажува интерес за изградба на нуклеарна централа во Турција во вредност од 20 милијарди САД долари. Турција веќе побара експертиза од Јапонија и Јужна Кореја за тој проект. Турскиот министер за економија Зафер Чаглајан, кој исто така присуствуваше на Бизнис-форумот, изјави дека кинеските фирми покажале интерес и за инфраструктурните проекти за трет мост на Босфорот и за канал, кој ќе ги поврзува Црното и Мраморното Море, во кои ќе

Кина би можела да се соочи со економска криза доколку не спроведе големи реформи во следните 20 години, објави денеска американскиот весник „Волстрит журнал“, повикувајќи се на извештајот на Светската банка и кинеските владини истражувачи. Извештајот „Кина 2030“, кој би требало да биде објавен во понеделник, предупредува дека економскиот раст се соочува со опасноста од ненадејно забавување, што би можело да предизвика сериозна криза во втората најголема светска економија. Во извештајот на СБ се наведуваат

бројни препораки за реструктуирање на кинескиот модел на економски раст, вклучувајќи намалување на нејзините големи и моќни државни претпријатија, како и препораки како да работат како комерцијални компании. Во извештајот исто така се бара од Пекинг да ги истражи локалните владини финансии и да ги промовира конкурентноста и претприемништвото. Извештајот, кој би требало да го претстави претседателот на Светската

четврток, 01 март 2012, Бр. 87

банка Роберт Зелик на конференција во Пекинг, има за цел да влијае на следните генерации лидери во Кина, кои ќе почнат да ја преземаат власта кон крајот на оваа година во текот на големата транзиција. Извештајот, кој е изготвен од СБ и кинескиот Истражувачки центар за развој го критикува кинеското регулаторно тело на државните компании, за кое се очекува дека ќе се обиде да го блокира неговото усвојување. Пекинг ги забранува или ги ограничува странските инвестиции во стратешките сектори, како што се автомобилскиот, енергетиката, финансиите, банкарството и телекомуникациите. На домашниот пазар приватните компании често пати се жалат поради недостигот на конкурентност и фактот дека немаат пристап до финансиите на комерцијалните банки, кои попрво би им позајмиле пари на големите државни претпријатија. Кинеските лидери често говорат за потребата да го реформираат економскиот модел на земјата, така што делумно ќе ја намалат нејзината голема зависност од извозот и ќе ја зголемат домашната потрошувачка. Американски банки ЗАРАБОТКАТА ДОСТИГНА ПЕТГОДИШЕН МАКСИМУМ Федералната компанија за осигурување депозити соопшти дека минатата година 63 отсто американски банки објавиле за раст на заработката, а само 19 отсто биле непрофитабилни со што 2011 година е најпрофитабилна за изминатите пет години. Банките со имот поголем од 10 милијарди долари Бенк оф Америка, Ситигруп, ЈПМорган Чејс и Велс Фарго лани придонеле во вкупниот раст на заработка. Најголем број банки се опоравија благодарение на федералниот пакет помош и рекордно ниските стапки за задолжувања. Во последниот квартал од 2011 година, банкарската заработка пораснала на 26,3 милијарди долари што е за 23 отсто повеќе во однос на истиот квартал во 2010 година. Во 2011 година приходите се зголемиле на 119,5 милијарди долари што е за 40 отсто повеќе отколку во 2010 година.


БИЗНИС ИНФО

четврток, 01 март 2012, Бр. 87

Американската компанија „Мартин Локид“ НАЈГОЛЕМ ПРОДАВАЧ НА ОРУЖЈЕ ВО СВЕТОТ Стокхолмскиот институт за мир „СИПРИ“ соопшти дека компанијата „Мартин Локид“, со седиште во САД, е најголемиот продавач на оружје во 2010 година, со испорака на вооружување и воена опрема во вредност од 35,75 милијарди долари, пренесуваат агенциите. Мировната истражувачка групација ја објави анализата според која во 2010 година е забележан пад од еден отсто на стапката на раст кај 100-те најголеми

производители на вооружување во светот, во споредба со продажбата во 2009 година што била нарасната за четири отсто и за повеќе од 10 отсто во претходната година. Американскиот „Локид“ ја задржа позицијата на најголем продавач на вооружување, пред британскиот „БАЕсистеми“ и „Боинг“. Сузан Џексон, експерт на СИПРИ за прашањата на индустријата за вооружување, изјави дека повлекувањето на трупите од Ирак придонесе за помалиот раст кај компаниите кои нудат воени услуги, како што се системите за поддршка, обука, логистика. Таа нагласи дека глобалната економска криза немала значајни последици врз воените буџети во 2010 година. Според листата на СИПРИ за 10те најголеми продавачи на вооружување од пред две години, британскиот „БАЕсистеми“ испорачал воена опрема за 32,88 милијарди долари, а американскиот „Боинг“ за 31,36 милијарди долари. На четврто место се најде американската компанија „Нортрап граман“ со продажба вредна 28,15 милијарди долари , а е следена од,исто така, американската „Џенерал дајнамик“ со продажба вредна 23.94 милијарди долари... Редовен годишен избор на „Потрошувачки магазин“ „СУБАРУ“ НАЈДОБАР ПРОИЗВЕДУВАЧ, „ТОЈОТА“ СО ПЕТ НАГРАДИ Јапонскиот

„Субару“,

една

од филијалите на групата „Фуџи хеви индастрис“, е прогласен за најдобар произведувач во редовниот годишен избор на „Потрошувачки магазин“ за 2012 врз основа на тестот на сигурност и потрошувачка на 275 возила. Претходниот лидер на компанијата „Хонда“, опадна на четврто место, иако и понатаму произведува сигруни возила. „Субару“ доби 75 од сто можни поени за неговите седум модели на американскиот пазар, објави „Информатор“ на свеченоста на Националниот прес клуб во Вашингтон. Компанијата со седиште во Токио обезбеди највисока позиција за производство на „безбедни возила со погон на четири тркала и со едноставен ентериер“. На второ место се најде „Мазда“ со седиште во Хирошима со 74 поени, пред „Тојота“ и „Хонда“ која минатата година беше четврта, наведе списанието. „Форд мотор“ кој успешно работеше минатата година, падна на десетто место од петто во 2011. „Потрошувачкиот информатор“ ја критикуваше компанијата од Дарбуран во Мичиген заради електронската инфраструктура и системот на трансмисија. „Џенерал моторс“ (ГМ) се најде на 12-то место. Групата „Крајслер“ која се наоѓа меѓу 13 компании, доби осум поени повеќе отколку минатата година што е „добар знак за компанијата затоа што со тоа покажува дека ги унапредува своите возила“. „Тојота“ има најмногу модели кои магазинот ги препорача за купување, 22 од 26 тестрирани автомобили. „Нисан“ беше втор со 13 од 20 анализирани модели. „Потрошувачкиот информатор“ ги проценува автомобилите по тоа како се однесуваат во возењето, квалитетот на внатрешноста на колата, економичноста на потрошувачката и сигурноста. Магазинот добива податоци за сигруноста на возилот од околу 1,3 милиони претплатници, врз основа на тоа е објавено овогодишното рангирање. „Информатор“ објави извештај за најдобар и најлош автомобил по категорија, од вкупно 13 автокомпании врз основа на тестови на патиштата и сигурноста. Најдобар меѓу автомобилите со пет врати (хеџбек) и најекономичен е „Folksvagen golf TDI“, додека најлошт е „Smart for tu passn“. Од помалите возила со пет

25

КОРПОРАЦИИ врати најдобра е „Honda fit sport“, а најлош „Scion xD“, а од помалите вагони предност има „Folksvagen golf“ додека „Mini kuper klabmen“ оценете е како лош. Најдобар вагон е „Mazda 5 grand turing“, а најлош BMW 325xi, а од компактни седана предност имаа „Hjundai aksent GLS“, ако лош оценет е „Нисанов“ модел „Versa SV“. „Subaru impreza“ е најдобар помал седум, а „VW dzzeta“ најлош“. Од луксузните седана најуспешен е „Audi A6“ со мотор со зафатнина од 3,0 литри и погон на четири тркала, а најлош „volvo S80 3,2“. „Subaru impreza“, редизајнирана за 2012 година е најдобар избор меѓу помалите автомобили, наведе „Аутомотив њуз“. „Тојота“ доминираше во пет од десет производни сегменти, со што стана прва автокомпанија во последните десет години. „Информатор“ наведе дека „Субару“ со вкупен збри од 74 пеони, два повеќе отколку претходната година, успешна работа направ со редизајнираниот „imprezom“ како и моделите „legasi“ и „autek“. Зад „Субару“ се најдоа компаниите „Мазда“, „Тојота“, „Хонда“, „Нисан“, „Волво“, „Хјундаи“, БМВ и „Фолксваген“. Четирите најдобри произведуваччи ги поделија местата со по еден поен разлика. „Субару“ беше прв, „Мазда“ втора со вкупно од 74 поени, „Тојота“ треба со 73 и „Хонда“ четврта со 72 поени. „Крајлсер“ сенајде на последното место со 51 поен. Просечна оценка на „Субару“ за однесување на пат, 82 поени, е најголема спроед анализите на „Информатор“ кои ги препорачува неговите модели кои ги тестирал. „Тојота“ која се наоѓа меѓу трите најдобри произведувачи пет години ред по ред, се уште произведува многу возила кои се над просечната сигурност. Компанијата многу доби од редизајнираниот седан „kamri“ за 2012 година, а нејзините возила се најдоа во најтесен избор на магазинот во пет од десет пазарни сегменти - семеен


26

КОРПОРАЦИИ седан, помал спортски теренец, „зелен автомобич“, семеен теренац и сегмент на повеќе наменски возила. „Мазда“ покажа најголем напредок и нејзиниот вкупен резултат е поправен за девет поени, заради што се најде на второ место. Во тоа помогнаа унапредените модели „Мазда 3“, теренец „трибјут“ и спортскиот автомобил RX-8. „Волво“ постигна најдобар резулат од сите европски автокомпании, благодарејќи на редизајнираниот седан S60, се наведува во магазинот. „Хјулит пакард“ ПРОФИТОТ ОПАДНАЛ ЗА 44 ОТСТО Нето профитот од најголемиот светски произведувач на компјутерска техника на американската компанија „Хјулит пакард“ (ХП), опадна за 44 отсто во првиот квартал во 2012 од финансиската година, завршена на 31 јануари, на 1,47 милијарди долари, објавено е на Интернет страницата на компанијата.

БИЗНИС ИНФО фунти.

БПС“ овозможува автоматизација и оптимилност во банкарското работењето. Како што соопштил раководителот на Одделот за развој на „Асеко СЕЕ“, Ненад Мариќ, новиот софтвер бил многу добор примен од страна на странските претставници присутни на собирот во Барселона. Британски „Лојдс“ оствари загуба од 3,5 милијарди фунти ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА КРЕДИТИТЕ НА ДОЛЖНИЦИТЕ ЈА ОПУСТОШИЈА КАСАТА Британската „Лојдс Банкинг Груп“ минатата година забележа загуба од 3,5 милијарди фунти, соопшти оваа банкарска институција, нагласувајќи дека главната причина за негативните резултати во работењето е законската обврска за покривање на посебниот фонд за обезбедување на кредитите на должниците за што се издвоени 3,2 милијарди фунти. Како што јави дописникот на МИА од Лондон, групацијата „Лојдс“, која 41 отсто се наоѓа под владина контрола по

Според податоците на ХП, профитот од една обична акција бил 0,73 долари, што е за 38 проценти помалку отколку во истиот период минатата година. Компанијата очекувала добивка меѓу 0,61 и 0,64 долари по акција. Приходот на компанијата во првиот квартал на 2012 година опаднал за седум отсто на 30 милијарди долари, од што околу 66 отсто се остварени вон границите на САД. Во земјите на групацијата БРИК (Бразил, Русија, Индија и Кина), ХП обезбедил десет отсто од приходите. ИТ компанија „Асеко СЕЕ“ од Србија ПРОМОВИРАН НОВ СОФТВЕР ЗА БАНКАРСКО РАБОТЕЊЕ Српската компанија „Асеко СЕЕ“ на Самитот за финансии и осигуруцање ЕМС ИИГ во шпанскиот град Барселона, промовираше ново софтверско решение за банкарско работење. Новиот софтвер наречен „АСЕБА

четврток, 01 март 2012, Бр. 87

интервенцијата со буџетските средства за покривање на неликвидноста на банката во 2008 година, во 2010 година имаше профит од 281 милиони фунти. Банката за бонуси на вработените има издвоено 375 милиони фунти, што е за 30 отсто помалку во споредба со 2010 година. Просечниот износ на бонусите за 2011 година, за сто илјади вработени во банкарската групација изнесува 3.900

„Лојдс“ претходно соопшти дека нема да им ги исплати веќе одобрените бонуси од два милиони фунти на 13-те извршни директори на банката, меѓу кои и на поранешниот генерален директор Ерик Даниелс. Во состав на групацијата „Лојдс“ се банките ТСБ, „Халифакс“ и „Банката на Шкотска“. Оваа голема британска банкарска групација се наоѓа во обемна реорганизација, намалувајќи околу 15 илјади вработени, како и затворајќи 632 експозитури во земјата и во странство. „Фолксваген“ лани возеше во „четврта“ ПРОФИТОТ ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕН Германскиот „Фолксваген“, најголемиот европски производител на автомобили, денеска соопшти дека минатата година повеќе од двојно го зголемил нето профитот, кога вкупната продажба на компанијата во светот првпат надминала осум милиони возила. „Фолксваген“ имал нето профит од 15,799 милијарди евра во 2011 година, во однос на 7,266 милијарди евра во 2010 година. По исплатата на малцинските акционери профитот изнесувал 15,4 милијарди евра, во споредба со 6,835 милијарди во претходната година, објави европскиот авто гигант. Групацијата повторно обезбедила

рекорден профит во една фискална година. Поради добрите резултати од работењето „Фолксваген“ најави дека ќе исплати поголеми дивиденди од по 3,00 евра за обична акција и по 3,06 евра за преференцијални акции за 2011 година, во споредба со 2,20 односно 2,26 евра исплатени во 2010 година. Со испорака од над осум милиони возила во светот „Фолксваген“ лани ја надмина јапонската „Тојота“, некогаш најголемиот производител на автомобили во светот. Првата позиција ја има американскиот „Џенерал моторс“.


четврток, 01 март 2012, Бр. 87

Интервју на Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија и директор на „Унет“ за „Утрински весник“ КОМОРАТА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ЗАМЕНА ЗА ОПОЗИЦИЈАТА * Господине Пешев, јавноста има впечаток дека бизнисмените се многу воздржани во критиките кон Владата. Иако постојано се истакнува дека Коморите кројат мерки и преговараат со Владата, се добива впечаток дека малку од вашите идеи добиваат зелено светло? Мислам дека оној кој го има овој впечаток или не е доволно информиран или има потреба да ја втурне Комората, најстарата и најреномираната асоцијација на македонското стопанство, во политички води. Не се критикува се’ и секогаш, и кога треба и кога не треба. Ние имаме авторитет и капацитет да дојдеме до остварувањето на целите на своите членки, на софистициран начин, со конструктивен

дијалог и присутност секаде и на секое место. Нашиот глас е силен и јасен (Loud and clear). И покрај честите дебати и противења на некои претставници на Владата, значаен дел од нашите предлози за измени на закони и одлуки се прифатени и вградени во документите. За оние за кои не успеавме да се избориме, ви ветувам дека ќе продолжиме да се бориме, да лобираме и тоа ќе го презентираме секоја во пригода. *Дали бизнис-секторот треба похрабро да настапува и поотворено, јавно да зборува за своите проблеми, во смисла на подобрување на наплатата, за ликвидноста... Се добива впечаток дека бизнисмените се плашат да говорат за состојбите? Немам впечаток дека некоја членка премолчила или си ја подвиткала опашката пред претставниците на власта. Да не заборавиме дека Комората, барем додека сум јас таму, комуницирала барем со 4 различни влади и 4 премиери. Некои сакале да комуницираат, некои не многу. Некои ги прифаќаа нашите сугестии, а

БИЗНИС ИНФО некои не. Оцената за тоа, сепак, на крајот ја даваат граѓаните на изборите, кога ги ценат платформите и програмите на партиите. Но, едно е сигурно. Веќе нема политичка платформа која детално не ја обработува економијата. Нема ТВ-дневник, телевизија или печатен медиум без специјален дел одвоен за економски проблеми, нема интернет- портал кој нема свој специјален дел наменет на економијата...Е па, не беше така пред десетина години. *Веќе изјавивте дека не само оваа, туку наредната година ќе биде многу тешка за нашата економија. Колку е подготвен бизнисот за ударот од европската криза? Ќе стојам на таа изјава и ќе образложам. По големата криза во САД и речиси целиот свет, а сега и сличните случувања, но со поинаква заднина, со примеси на заемна нечесност и криминал што ја тресат Европската унија, не треба да се биде генијалец и логично е да се заклучи дека треба да очекуваме дел од таа криза да се прелее и кај нас. Македонија, според повеќе светски аналитичари, спаѓа во групата на земји со средновисок коефициент на издржливост, повисок од поголем дел на земји во нашето опкружување. Поедноставено, можеме да издржиме подолго економска криза отколку соседите. Нашиот народ вели, на маката се познаваат јунаците. Знам дека во оваа година на големото пропаѓање, граѓаните на Македонија ќе бидат испровоцирани да ги извадат своите скриени заштеди... Ама сегазасега, енигма ми е дали ќе бидеме мудри да најдеме околу половина милијарда странски инвестиции или кредити за онаа следната година со бројот 13 во себе? Што се однесува до Комората, ние сме подготвени да помогнеме, пред се’ заради иднината на нашите млади генерации, а малку и заради нашиот македонски инает, да опстанеме. *Во кои сектори кризата најмногу ќе се почувствува? Мислам кај производството на храна, енергијата, инфраструктурата, пред се’ заштита на водите и водните извори, производството на минерали, материјалите за заштеда на енергијата... *Имате ли конкретни мерки како да се заштитат компаниите од потешки последици? Веќе споменавте дека во вакви ситуации е неопходна поддршка од државата. Каде треба таа да биде фокусирана? Неопходна е поддршка за извозноориентираните гранки, ако треба

27

ПРЕНЕСЕНО и со стимулации, директна промоција на економијата, секогаш и секаде во светот, либерализација на условите за стопанисување во државата, намалување на драконските глоби и, ако имаме среќа, барем влез на уште некоја странска банка, инвестициски фонд, инвестициски „ангели“ и останати извори на средства кои досега ги немаме ниту видено. Клучната улога мора да ја има државата, која спротивно досегашните доктрини на слобода на пазарот, мора да ги стави своите раце внатре „hands on“, како што тоа го направија САД пред неколку години. Да не се разбереме погрешно, правилата на игра мора да бидат јасни. Кратко рацете внатре, и по некое време задолжително рацете надвор „hands off“. Точно е дека по правило државата е лош стопан, но и ова што се случува со економијата во светот последниве години е без преседан.

*Банките се’ помалку даваат кредити за стопанството, а поголем дел од компаниите се’ уште бараат кредити само за да ги вратат старите долгови. Дали вината е и кај фирмите, можеби самите тие не сакаат да ризикуваат да влезат во нов инвестициски циклус? Нормално е што компаниите не сакаат да ризикуваат. Ние сме мал пазар, имаме пречести промени на правилата на игра, се стравува од објективност на правосудниот систем. Кај нас перфектно изведената операција би изгледала вака: ниски даноци плус фискална дисциплина. Звучи примамливо, но неизвесноста и хроничната неликвидност го земаат својот данок. Мала утеха ни е тоа што нашиот банкарски сектор е профитабилен. Ако е тој толку профитабилен, тогаш реалниот сектор е сиромав. Спомнав колку многу ни се потребни нови банки и конкуренција во тој сегмент. Тој сектор е заштитен подобро од белите мечки. Искрено се надевам дека оваа моја досадна фраза што ја споменувам речиси 10 години, некој ќе ми ја избие од моите текстови и дебати.


28

ПРЕНЕСЕНО

БИЗНИС ИНФО

четврток, 01 март 2012, Бр. 87

*Со оглед на ваквата ситуација кога стопанството е во грч, на колкав раст можеме реално да се надеваме годинава? Дали владините проекции се преоптимистички, со оглед на тоа што НБМ проектираше раст од 2,4 отсто, а слични се прогнозите и на меѓународните финансиски институции? Останувам на мојата лична, конзервативна оцена дека, со оглед на се’ што се случува во светот и околу нас, ќе бидам многу среќен ако оваа година ја завршиме во елитната група на држави со позитивен раст. Само да не влеземе во рецесија, затоа што во услови на намален прилив на т.н. социјални трансфери, не сум сигурен дека ќе имаме многу механизми на располагање за справување со инфлацијата. Ако знаеме дека едно од битните економски сидра беше и е фиксниот курс на денарот, потпрен на девизните резерви. *Дава ли добри резултати досегашната стратегија за привлекување странски инвестиции, владините роуд-шоуа, бизнис-форуми и слично, ако се има предвид дека Македонија е се’ уште на дното на скалата според висината на инвестициите во споредба со регионот и пошироко? Нема да давам оцени на сите овие мерки. Ќе кажам само дека ги поддржувам, дури и кога веднаш не носат директен бенефит. На долги патеки, ќе имаат позитивен импакт на економијата поволностите кои државата ги дава за странските инвеститори, како и зголемената препознатливост на Македонија како земја во која е добро да се инвестира. Со години политичките елити се однесуваа кон реалниот сектор како кон нешто што е тука, постои и мора да го трпиме бидејќи го полни буџетот. *Дали Владата е премногу насочена кон привлекување странски инвестиции, а недоволна е поддршката на македонските компании кои би можеле да повлечат поголем извоз? Целосно се согласувам. Инвеститор е инвеститор, домашен или странски. Тоа се луѓе, компании кои решиле својата судбина да ја делат со нас, трошат свои пари или се задолжиле во банка, вработуваат, произведуваат, бараат пазари за своите производи, а можеле и да чекаат некој друг да им го решава животот. Сите тие луѓе, домашни или странски, се херои во моите очи. Да им помогнеме да останат тука и да имаат голем успех. Ќе потсетам, инвеститорите не треба само да ги доведеме кај нас, туку и да им помогнеме да останат, по секоја цена.

*Повеќе бизнисмени се вклучија директно во политичките води. Му помогна ли тоа поконкретно на бизнис-секторот или тие личности се претопија во класични политичари? Не се чувствувам повикан да ги судам кариерите на луѓето кои од една или друга причина влегле во политиката. Јас влегов во неа со мисла дека во политиката треба да си кусо време, да дадеш се’ од себе, нека те паметат, ако е тоа можно, повеќе по добро отколку по лошо. Ништо не ми беше тешко и сакав, верувам како и многу други, да направам работи кои барем малку ќе им го олеснат животот на луѓето. *Бевте првиот министер кој поднесе оставка. Значи ли тоа дека кога се влегува во политиката треба да се понесе и одговорност? Секако, кога на себе ја преземате честа, мора да ја преземете и одговорноста. Младоста не е изговор, лошата среќа уште помалку. Кога заминував од позицијата знаев дека ми претстои период кој личи на оној од делата на Данте Алигиери. Бремето на одговорноста, и покрај тоа што во конкретниот случај се докажа дека немав вина, следи до крајот на животот, а секој е должен да докажува дека направил се’ за да не дојде до тоа. Искрено работев така, мојата ангажираност да биде целосно во интерес на граѓаните на Македонија. *Стопанската комора на Македонија одбележа 90 години од своето постоење. Дали овој вид на здружување на фирмите дава доволни резултати за бизнисклимата или потреби се реформи?

Да, да и да. Стопанската комора слави голем јубилеј. Посакувам и искрено се надевам дека сите ќе бидеме сведоци и на еден век коморско здружување. За целиот тој период, со помали или поголеми успеси, Комората била гласот на економијата. Последниве десетина години таа е стожерот и куќата на македонското стопанство, големо и мало. Со својата дејност таа покажа дека може и сака да биде местото од кое проговорува бизнисот, место во кое се учи многу, на кое се наоѓаат најточните податоци за економијата и нејзините најзначајни трговски партнери, точката која мора да се посети ако навистина сте дошле во Македонија да правите бизнис. *Се добива впечаток дека некако се држите настрана од политиката. Дали целосно се откажавте од неа за сметка на бизнисот? Бев многу млад кога влегов во политиката. Во тоа време некои мудри луѓе ми советуваа да не го правам тоа. Тогаш на државата и’ беа потребни млади и храбри луѓе. И денес, гледам, станува практика многу млади луѓе да се определуваат за политика. Но, би сакал да ги предупредам, политиката само за многу мал број на луѓе може да биде животна определба. Јас мислам дека сите ние треба да придонесеме за иднината на државата, таму каде што сме најкорисни. Мислам дека во еснафот и генерално бизнисот, постигнав поголеми резултати и добив поголема општествена сатисфакција.


четврток, 01 март 2012, Бр. 87

Интервју на м-р Златко Симоновски, генерален директор на „Факом“ за „Капитал“ ИНВЕСТИЦИИТЕ И ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА НÈ ОДРЖАА ВО ДОБРА КОНДИЦИЈА “Од криза компаниите излегуваат на три начини: ослабени; пропаѓаат, односно воопшто не излегуваат од кризата и посилни, односно кризата ја користат за зајакнување на своите технолошки и човечки капацитети. Ние правиме сè за да излеземе посилни од оваа криза“ Златко Симоновски, генерален директор на ФАКОМ, за себе вели дека е човек што претпочита да ја преточува практиката во наука, а не обратно. Симоновски, инаку правник по вокација, магистер по менаџмент, чијашто докторска дисертација по деловно планирање е речиси готова, токму затоа реши своето искуство како директор на ФАКОМ, а претходно и од менаџерските позиции во поранешното Електростопанство, сега ЕВН-Македонија, да ги преточи во книгата “Лидерство и одлучување во компаниите“.

Вели дека е голем предизвик да се раководи со ФАКОМ, компанија со голема традиција, формирана пред повеќе од 50 години, којашто по влегувањето на новиот инвеститор во 2006 година доживува своевидна преродба. Сепак, светската криза, која почна пред 3-4 години и добива нови продолженија, пред менаџментот на ФАКОМ постави нови задачи: да ја преструктурираат, постојано да иновираат, да ја зголемуваат продуктивноста, сето тоа проследено со континуирани инвестиции. Со Симоновски разговаравме за тоа како ФАКОМ - чиишто главни дејности, кои

БИЗНИС ИНФО сочинуваат заокружен систем, се: изработка на комплетна проектна документација за сите видови челични конструкции и процесна опрема за индустријата, нивно производство, како и монтажа – одолева на турбуленциите на светскиот пазар, каде што компанијата настојува да пласира најголем дел од своето производство. Г-не Симоновски, резултатите што ги објави ФАКОМ за првите три квартали лани покажаа зголемување на оперативните приходи и на нето-добивката, што беше своевиден индикатор дека 2011 била подобра година од кризната 2010. Какви се проекциите за 2012 година? Точно е дека финансиските резултати во 2011 година покажуваат евидентно зголемување на оперативните приходи и на нето-добивката во споредба со 2010 година, но тоа не значи дека 2011 година не беше кризна година. Суштината е во тоа што ние како компанија успеавме да се преструктурираме и да ја искористиме 2010 година за воведување нови технологии, кои ни овозможија поголема финализација на нашиот краен производ, а со тоа и поголема додадена вредност на производот, што на пазарот носи поголем профит. За илустрација, производството на опрема е зголемено за 173% во однос на 2010 година, а производството на конструкции за 150%. Сево ова резултира со зголемување на вкупниот приход за 42% и физичкиот обем на производство за 20% и задоволителни резултати. Истовремено, 2010 година ја искористивме за освојување на нови пазари каде што ќе ги пласираме нашите производи, успеавме да направиме промоција на компанијата во повеќе земји надвор од државата, да придобиеме нови клиенти и партнери кои се носители на голем број проекти во Европа и надвор од неа, па отидовме дури дотаму со некој од нив партнерски да учествуваме на неколку меѓународни тендери. Ова беше неопходно да се направи со оглед на фактот дека најголем број од нашите традиционални партнери коишто ни ги „полнеа погоните“ до 2009 година катастрофално ги погоди кризата и останаа без работа или беа принудени да откажат или да сторнираат голем број од започнатите проекти. Сега нова криза се надвисна над индустријата во Европа и во регионот, па како очекувате да се одрази тоа врз нарачките за ФАКОМ? Проекциите за 2012 година се димензионирани на ниво на 2011 година, но и покрај тоа што предвидуваме дека 2012 година ќе биде тешка и неизвесна,

29

ПРЕНЕСЕНО по нашите очекувања може и потешка од 2011 година (некаде на ниво на 2010), ние си поставивме амбициозни цели за да ни бидат дополнителен мотив за целосна посветеност и максимален ангажман на сите вработени за да ги оствариме. Очекуваме намалени нарачки, максимално ќе се ангажираме да ги оптимизираме трошоците во сите сегменти, но ќе продолжиме со инвестиции само во она што ни ја зголемува конкурентската предност на пазарот. Ние имаме разработено план и стратегија како да се однесуваме и во случај да дојде до намалување на планираните нарачки, но и за случај да дојде до поголеми количини нарачки од планираните, бидејќи и за првиот и за вториот случај треба да бидеме подготвени брзо и ефикасно да реагираме. Со оглед на тоа дека се работи за компанија формирана пред повеќе од 50 години, како битен момент во нејзиниот развој мора да се спомене и влегувањето на нов сопственик во 2006 година. Може ли накратко да објасните што значеше тоа за ФАКОМ? Во првите десет години од основањето, во 1960 година, ФАКОМ имал диригирана развојна стратегија, условена пред сè од потребите на Железарницата. Експлозивниот подем во почетокот на 70-тите години со набавка на тогаш најсовремени технологии и капацитети и со амбициозен исчекор во земјата и во странство, дополнет со висока кадровска компетентност на сите нивоа, како и изградба на новата фабрика во средината на 80-тите години, во голема мера го зацртаа денешниот производен асортиман на ФАКОМ. Пазарите што ги загубивме поради кризата брзо ги заменивме со нови Кои се клучните пазари за ФАКОМ во моментов? Каде компанијата остварува најголем дел од продажбите? ФАКОМ е извозноориентирана компанија. Во 2007 и 2008 година меѓу 70% и 80% од вкупното производство на компанијата беше наменето за извоз. Со доаѓањето на светската криза и рецесијата во поголем број од земјите каде што ги пласиравме нашите производи овој процент почна да опаѓа и постигна најниска вредност во 2010 година, кога извезовме околу 40% од вкупното производство. Брзата реакција на менаџментот на компанијата успеа да донесе нови клиенти и нови пазари, така што само за една година успеавме да го зголемиме извозот за околу 20% и во 2011 година извезовме околу 60% од


30

ПРЕНЕСЕНО производството. Покрај традиционалните клиенти, освоивме нови пазари и нови клиенти во Италија, Франција, Холандија, Германија, Словенија, Албанија. На добар пат сме да склучиме договори со нови клиенти. Радува фактот што голем број од нив сами не контактираат и бараат наши услуги, дознавајќи за нас преку проектите кои сме ги реализирале. Повторно се потврдува дека реализираните проекти се најдобра реклама за една компанија. Последниве години ФАКОМ е во подем со здобивањето референции и доверба кај странските партнери. ФАКОМ најтесно соработува со релевантни европски компании, со кои на најрзличен начин (конзорциум, joint venture, подизведувач, изведувач итн.) учествува на меѓународни тендери и тоа со Фресине, Штрабаг, Дивидаг и други, перманентно работи за ИХЦ Холандија, Финкантиери Италија, Фресине Франција, Тисен круп Германија, ТАКРАФ Германија и други. ФАКОМ е силна компанија, во исто време и еластична и засега успешно го менаџира ризикот и неизвесноста. Важен фактор за деловниот успех на ФАКОМ во иднина е читање на сигналите на пазарот што е можно порано. Имајќи ја предвид кризата пред распаѓањето на поранешна Југославија, а потоа фактот дека целокупниот период на транзиција по 90-тите години, па сè до 2007 година е период на кризи и опстојување и период кога не се резлизирани практички никакви инвестиции во нови технологии и опрема, произлегува дека во моментот на промена на сопственичката структура, на крајот на 2006 година, ФАКОМ располагал со технологија и опрема со технолошко заостанување од најмалку дваесет години и како последица на тоа, без новини во производствената програма. Целосен пресврт настанува по 2006 година со промената на сопственичката структура, кога настапува период на засилени инвестиции во нова, компјутерски водена, техничка опрема. Колку е инвестирано во ФАКОМ досега, откако влезе нов сопственик пред шест години? Каков е планот за годинава? Во последниве пет години инвестиравме повеќе од 10 милиони евра во најсовремени машини, опрема и нови технологии, дигалки со голем капацитет и перформанси, инвестиравме во современ софтвер (BIM/FIM – Building Informa�on Modeling/Fabrica�on Informa�on Modeling), во софистицирани ласерски инструменти за метрологија и геодезија, софтвер за 3D мерење, моделирање, софтверска симулација и современи CNC машини со висока прецизност.

БИЗНИС ИНФО

четврток, 01 март 2012, Бр. 87

Со овие инвестиции, и тоа во услови на глобална економска криза, но со длабока посветеност да се надомести техничкото заостанување во изминатиот речиси дведецениски период, како и да се задржи и да се надгради статусот на водечка компанија во металопреработувачката индустрија за челични конструкции и специјална индустриска опрема во регионот на Југоисточна Европа. Оваа година планираме инвестиции од околу 1,3 милиони евра и тоа само во работи кои ни носат конкурентска предност, а инвестициите се ставени во една динамичка рамка која ќе зависи од финансиската состојба. Знаете, во услови на криза и неизвесност, принудени сме да се фокусираме на „оваа недела, овој месец, овој квартал“ и тоа може да резултира со дебаланс меѓу сегашните и идните интереси на фирмата. Ние досега успешно правиме баланс меѓу

со околу 2-3 кг по жител на годишно ниво, за разлика од повеќето земји од ЕУ, со најмалку 6-7 кг по жител во Грција, до околу 30 кг по жител во Финска, Холандија и во Луксембург. Таквата ориентација, за жал, останува и денес. На прсти можат да се избројат капиталните јавни објекти: Трговски центар - Скопје, Новата железничка станица, пливачки базен Карпош, Арена Филип II, каде што во проектирањето е дадена предност на челичната конструкција пред армирано– бетонската. Во областа на мостоградбата ситуацијата е уште понеповолна. Таму постои апсолутна доминација на бетонот и на градежните компании. И покрај традицијата во железничката мостоградба, каде што најмногу се застапени челичните мостови, на новата пруга со Бугарија проектите не предвидуваат ниту еден челичен мост. Ист е случајот и со автопатот Демир Капија–

краткорочните и долгорочните интереси на фирмата, што значи постигнуваме задоволителни резултати и вложуваме и ги зголемуваме компаниските перформанси, што ни носи конкурентска предност и ни овозможува да ја задржиме лидерската позиција во нашата дејност. Понекогаш е уметност или наука да се решат тензиите меѓу краткорочните и долгорочните приоритети, коишто не се секогаш во иста насока. Но, сепак, принципот е јасен: инвестирај и планирај на среден рок, експериментално ставајќи влог на долг рок, испорачувајќи на краток рок. Мора да се работи во сегашноста за да се добие право да се инвестира во иднината.

Смоквица. Во тој правец, компаниите од нашата индустрија, заедно со Комората, мора да ги менуваме работите и да ја градиме статусната положба на металопреработувачката индустрија во нашата земја. Но, сите заедно многу малку правиме во тој правец. ФАКОМ потпиша рамковен договор со Машинскиот и со Градежниот факултет за научно-техничка соработка во областа на развојот и унапредувањето на челичните конструкции и воопшто, подигнување на статусот на металопреработувачката индустрија и во таа насока ги здруживме сите ресурси со коишто располагаме за да ја подобриме положбата на металопреработувачката индустрија. Но, тука е потребен и поширок општествен ангажман. Чинам дека нашите напори со факултетите не се доволни.

Како би го оцениле пазарот на металопреработувачката индустрија во Македонија? Пазарот во Македонија, иако објективно мал, се карактеризира со исклучително ниска примена на челик во конструкции,

Во една пригода изјавивте дека домашните компании би можеле да


четврток, 01 март 2012, Бр. 87

реализираат поголеми проекти, за коишто државата ангажира странски изведувачи, но нема банка што може да ги поддржи со гаранции. Какви се заложбите на ФАКОМ, заедно со другите компании што ги имаат овие проблеми, да се стори нешто за нивно надминување? Сè уште стоиме на ставот дека одреден број капитални проекти во државава може да бидат реализирани со комплетно учество на домашни компании, се разбира, доколку зад нив стојат банките со услови за проектно финансирање, блиско на странските банки кои ги даваат на нивните клиенти. Почнувајќи од фазата на проектирање, преку набавката на материјалите, изработката и монтажата. Големите проекти бараат и големи финансиски гаранции, кои ние сами како фирма не можеме да ги обезбедиме, значи говориме за проекти од повеќе десетици милиони евра. За да можеме да се носиме со такви проекти потребно е здружување на повеќе наши компании и потребно е таквиот проект финансиски да биде поддржан од банките. Но, во услови на глобална економска криза и состојбата на металопреработувачката индустрија во нашата земја, за жал, не можеме да постигнеме таков договор. Да правиш профит е потребно, но да си ликвиден е задолжително Неликвидноста претставува најголем проблем за македонските компании во моментов. Како ФАКОМ ги менаџира овие предизвици? Денес да правиш профит е потребно, но да си ликвиден е задолжително. Да се обезбеди ликвидноста е многу тешка задача за секого, особено во денешни услови на стопанисување. Наши тимови прават економски симулации менаџирајќи ги наплатата на побарувањата, исплатата на обврските, целите и роковите за набавките, залихите, штедењето и рационализацијата на трошоците и слично. Ние засега успеваме успешно да ја менаџираме оваа проблематика со ликвидноста и се надеваме дека така ќе продолжиме и понатаму. За одржување на ликвидноста ФАКОМ нема користено никаков кредит. Нашиот индикатор на тековната ликвидност се движи од коефициенти 1,8 до 2,6, што покажува дека ФАКОМ е способен да ги покрие сите свои обврски и потреби. Ние сме вклучени во голем „проект“ како транспортниот систем во РЕК–Битола, каде што работевме со ТисенКруп од Германија, како и на багерот SRS 2000 со ТАКРАФ– Германија, но само како подизведувач и тоа

БИЗНИС ИНФО во делот на производството и монтажата. Македонските компании преку своите стопански комори досега повеќепати предлагаа мерки до Владата, што ќе им помогнат да ги ублажат ефектите од кризата? Кои мерки најмногу би му помогнале на ФАКОМ конкретно? За да се биде поконкурентен на пазарот потребно е да се користи што подобра опрема и технологија со која ќе произведуваме производ со поголема додадена вредност и ќе оствариме поголем девизен прилив, па така подобрената конкурентност ќе ни овозможи и освојување на нови пазари. За таа цел, потребно е постепено да се заменува технологијата која е стара и троши многу пати повеќе енергија по единица производ, дури четири до седум пати повеќе од некои земји на ЕУ. Државата треба да ја стимулира оваа промена на технологијата и зголемувањето на извозната активност со конкретно укинување на давачките при увоз на нова опрема и технологии и тоа не само на царината (од 2013 година), туку и данокот и сите други давачки. Покрај тоа, државата треба да го стимулира извозот и сразмерно со остварениот извоз, извозниците да ги ослободи од некој данок или давачка, што на јасен начин ќе ја покаже својата намера за стимулација на извозот и ќе ја покаже својата волја за замена на старата технологија и машини со нови, современи и на таков начин ќе даде свој придонес кон зголемување на конкурентноста и на извозот во нашата држава, кои според мене, се две клучни места за општо подобрување на состојбата на македонското стопанство. Се разбира, тука треба да се преземат и дополнителни опративни мерки за олеснување и поедноставување на сите процедури при сукцесивен увоз на опрема; привремен увоз на репроматеријали и производи кои повторно се извезуваат; употреба на ознаката CE, која се однесува на готов производ, но практички, има проблеми со нејзината примена кога се работи за увоз на репроматеријали и полупроизводи и др. Кои се корпоративните вредности кои ги негува ФАКОМ како компанија која опстојува повеќе од 50 години? ФАКОМ веќе пет децении опстојува на пазарот и подолго време е водечка компанија во металопреработувачкиот сектор во Југоисточна Европа. Тоа значи дека ФАКОМ континуирано веќе подолго време вложува во својот корпоративен идентитет, градејќи традиција и вредности, за што сведочи долгогодишното

31

ПРЕНЕСЕНО опстојување во својата гранка. ФАКОМ долго време е препознатлив бренд во Европа и во светот, а денес е модерна компанија со речиси 700 вработени, која континуирано инвестира во нивното стручно усовршување (последипломски и докторски струдии), обука (курсеви за заварувачи) и стипендира идни инженери од Машинскиот и од Градежниот факултет, со кои планира да ги екипира своите тимови во иднина. ФАКОМ негува традиција на беспрекорен квалитет, континуирано инвестирање во нови и современи технологии и одржување долгогодишна партнерска соработка со ствоите клиенти. Тимска работа, одлична комуникација меѓу сите вработени, професионалност и трудољубивост се основните постулати на успешната петдецениска приказна на ФАКОМ. Кои се менаџерските принципи врз коишто вие ги темелите своите одлуки во секојдневното управување со ФАКОМ? За да се раководи компанија како што е ФАКОМ потребно е внимателно и континуирано стратешко планирање и спроведување на планираните стратешки активности, поставување стабилна организациска структура во работењето и нејзина континуирана контрола со примена на корективни мерки и обезбедување атмосфера за непречена комуникација меѓу менаџментот и вработените, јакнење на мотивацијата кај вработените и стимулирање на ефикасноста, ефективноста и иновативноста кај секој од вработените. Секој успешен раководител или менаџер има професионален и докажано успeшен тим околу себе, чии меѓусебни релации се засновани на исклучителна доверба, лојалност и професионална соработка. Наметнавме деловна филозофија на перманентно подобрување на сите процеси на работа и тоа кај сите вработени, од работникот на машина до топ-менаџментот. Да се раководи со компанија од ваков профил во услови на економска и финансиска нестабилност на глобалниот пазар, со тенденција да се намалува процентот на извоз, е предизвик на којшто сериозно треба да погледнеме и да одговориме со подобрување на нашата позиција на пазарот, зголемување на конкурентноста на производите, за сето тоа да резултира со зголемување на профитабилноста. Убеден сум дека со одговорна работа и максимално ангажирање на целиот тим ќе ги постигниме очекуваните резултати.


32

СТРАНСКИ ПЕЧАТ Зошто пониските корпоративни даноци нема да создадат повеќе работни места во САД КОМПАНИИТЕ ЌЕ СЕ ВРАТАТ ДОМА АКО ИМА ВЕШТА РАБОТНА РАКА И АКО ВЕРУВААТ ВО РАСТ НА ПАЗАРОТ!

Претседателот Обама го најави долгоочекуваниот предлог за намалување на корпоративните даноци во Америка, за кој бизнисите во САД одамна се жалат дека се премногу високи во споредба со меѓународните стандарди. Предложената реформа има за цел да спречи корпорациите да ги преселат операциите и заработувачките во земјите кои важат за даночни раеви (преупредување за Мит Ромни!), и наместо тоа да ги охрабри компаниите да се вратат во САД, каде ќе се создадат нови работни места, а со тоа и економски раст. Она што недостасува во сето ова е дека дебатата за корпоративните даноци и дебатата за работните места се две различни работи. Еве зошто. Америка има втора по големина стапка на корпоративни даноци во светот. Но, повеќето американски бизнси не ги плаќаат овие даноци. Претседателот предлага стапката на корпоративни даноци да се намали од 35 на 28 отсто. Но, како што мојот колега Фарид Закарија напиша пред неколу месеци во „Тајм“, само неколку од најголемите американски бизниси сега ја плаќаат таа стапка, а вистина, повеќето бизниси плаќаат многу помалку - во изминатите пет години 115 од компаниите на листата 500 на Стандард и Пурс платиле помалку од 20 отсто даноци. А 39 фирми плаќаат помалку од 10 проценти. Ова не води до клучната тема. Во основа, пониските даноци не се причина бизнисите да се решат да инвестираат или да не инвестираат во некоја земја. Помислата дека американските бизниси се во голем хендикеп во однос со остатокот од светот, е затоа што корпоративните даноци, според мене, се надувани. Во 50ите и 60-ите, корпоративните даноци беа 52 отсто и остварувавме секаква корист (од работните места). Точно е. Всушност, се повеќе и повеќе можеме да го увидиме фактот дека бизнисите не се лоцираат во некоја земја само затоа што таму е поевтино. Земете ја предвид неодамна објавената студија на Бизнис школата на Харвард која ги истражуваше одлуките за изнесување и

БИЗНИС ИНФО внесување на бизиси меѓу 10.000 водечки компании кои ја водат американската економија. Главната причина за изнесување на некој бизнис не е цената на работната сила, туку комбинацијата на трошоци, пристапноста до пазарите и (она најважното) подобрите работни вештини кои постојат

надвор. Со цел Америка да создаде работни места дома, треба да направиме длабок лифтинг за реформирање на образованието и да создадеме работници кои ќе можат да извршуваат работи за кои им се потребни на бизнисите. (На овој план, го поздравувам начинот на кој претседателот се обидува да ги поврзе образовните реформи со зајакнување на американското производство). Ова не води кон конечната поента, а тоа е: за почеток, зошто некои компании држат толку голем дел од своите профити во странство надвор според некои пресметки тие изнесуваат 1,5 билиони долари. Можете да бидете сигурни дека е тоа заради тоа што не сакаат да бидат оданочени со 35 проценти. Но, нема причина да се мисли дека под нашата сегашна компликувана данчна структура, дека тие нема да најдат начин да го заобиколат ова исто како што го прават и со заработувачките во САД. И што е уште поважно, како што вели Бафет, никој не престанал да инвестира заради високите даноци. Компаниите престануваат да инвестираат заради тоа што во основа не веруваат во можностите за раст на пазарот. Се согласувам со Бафет, дека не смееме да им дозволиме на американските фирми да ги враќаат нивните профити од странство без да платат данок, затоа што е тоа морална опасност. Но, ќе биде интересно да се види колкав дел од тие пари ќе се вратат во САД, ако стапката на даноци е 20 или 12,5 проценти, како што е во Ирска. Тоа ќе ни покаже многу, не само за вербата (или нејзиното отсуство) на корпоративна Америка во споделување во жртвувањето, туку и за нивната верба (или нејзиното отсуство) во американската економија. (Тајм – Њујорк)

четврток, 01 март 2012, Бр. 87

Немојте да одите во пропаст СПАСУВАЈТЕ ЛУЃЕ, А НЕ БАНКИ Српските експерти се согласни со чудотворецот од Аргентина Начинот на кој Европа се обидува да и помогне на Грција целосно е спротивен на она што би требало да го прават и неминовно претставува одење во пропаст. А сломот на Грција скапо ќе ги чини и другите земји во еврозоната и надвор од неа... Ова да го порачаше било кој друг, веројатно и не би било причина за голема загриженост. Меѓутоа, драматичното предупредување го изрече Роберто Лавања, поранешен министер за економија на Аргентина, човек кој можеби единствен во светот знае како економски мртва земја, на работ на целосен колапс, да ја дигне на нозе и да ја претвори во стопански џин. Изгубена контрола Лавања тврди дека со пакетите за строги мерки за штедење, кои и се наметнуваат на Грција, се спасуваат само

банките, но не и луѓето. Грција, вели тој, треба да го преземе моделот на Аргентина, бидејќи така ќе се извлече од долгови и ќе тргне напред како неговата земја пред десет години. Предуслов за тоа е откажување од економската политика која ја наметнува ММФ. - Пакетите за штедење не се неопходни, бидејќи постои опасност кредитите никогаш да не бидат вратени, а грчкиот буџетски дефицит сега е поголем од што беше пред првата транша помош од ММФ, потенцира Лавања. Тој појасни дека со таквата политика се спасуваат банките, а не народот кој е принуден да ги враќа кредитите за недвижниот имот. Првата работа која своевремено ја направи Аргентина, потсети Лавања, беше да ги продолжи роковите за исплата на долговите на граѓаните, иако претставниците на ММФ му рекоа дека ги кршат суштинските правила на капитализмот. ММФ заборава дека осиромашените луѓе веќе не се потрошувачи, а така не се поттикнува стопанскиот раст, вели поранешниот аргентински министер.


четврток, 01 март 2012, Бр. 87

Лавања смета дека излез од кризата е можен без решенија од ММФ, кој предлага секогаш ист тип на договори за буџетската политика. - Тоа е намалување на парите кои му се даваат на народот, платите, пензиите, државната помош, но исто така и редуцирање на јавните дејности, кои овозможуваат отварање на нови работни места, што е целосно апсурдно. ММФ на Грција и нуди модел според кој треба да се откажат од се, во корист на банките, вели Лавања. Аргентинскиот експерт истакнува дека Грција е преокупирана со исти економски проблеми со кои се соочуваше Аргентина пред 10 години – буџетски дефицит, вртоглав пад на БДП, презадолженост и експлозија на невработеност. Меѓутоа, тој наведува дека Грција е во подобра социјална положба од Аргентина која беше изолирана држава, додека таа е членка на една од најсилните светски економски унии. Тој верува и дека не е добро што Грците се врзаа за еврото, бидејќи така изгубија контрола над својата монета. - Грција, наместо да ги отплатува долговите, треба да вложува во образованието, науката и технологијата, да финансира инфраструктура и да ја поттикне продуктивноста и тоа пред се во услужниот и туристичкиот сектор, заклучи Лавања. Професорот од Факултетот за банкарство Зоран Грубишиќ вели дека Лавања е во право, но дека треба да се раздвои јавното штедење од приватното. Преку грбот на граѓаните - Тоа јавно штедење не треба да оди преку грбот на граѓаните, т.е. намалување на платите и пензиите, што се бара од Грција. Треба да се штеди, но не на овој начин. Се поставува прашањето, каде е тука стопанството и како ќе влијае на растот на производството. На пример, треба да се штеди на огромната администрација и тие луѓе полека да се префрлат во стопанскиот сектор, а никако на инвестиции кои отвараат нови работни места, потенцира Грубишиќ и додава дека препораката да се инвестира во образованието и науката е оправдана и дека државата која има проблеми со јавниот долг не треба да троши пари на спасување на банките. Со тоа се согласува и професорот од Економскиот факултет Љубодраг Савиќ. - Идејата државата да помага на банките нема смисла. Ако тоа можеше да доведе до зајакнување на стопанството, до поголема вработеност и раст на извозот, би било оправдано. Од што државата ќе го враќа долгот, ако не се сврти кон реалниот сектор и производството кои се извозно

БИЗНИС ИНФО

ориентирани, вели Савиќ. Кругман: Штедењето ја притиска економијата Професорот на Универзитетот во Принстон, нобеловецот Пол Кругман, исто така смета дека планот на ЕУ за спас на Грција од банкрот не е реален. - Политиката на штедење во толкава мера ја притиска економијата, што ги уништува сите фискални предности, платите се намалуваат, како и БДП, па односот на долгот кон БДП фактички станува се полош, смета Кругман. Совети на Лавања – како да се излезе од кризата 1. Да се продолжат роковите за исплата на долговите на граѓаните 2. Да се инвестира во образованието, науката и технологијата 3, Да се финансираат инфраструктурни проекти 4. Да се откажат од економската политика која ја наметнува ММФ 5. Пакети за строги мерки за штедење не се неопходни 6. Врзувањето за еврото е непотребно и штетно (Прес – Белград) АКТА и Карл Маркс КАПИТАЛИЗМОТ МОЖЕ ДА СЕ СПАСИ СО ПОГОЛЕМА РЕПРЕСИЈА И КРШЕЊЕ НА СЛОБОДИТЕ

Каква врска имаат полемиките и судирите околу АКТА со науката на Карл Макрс?! Многумина ќе се изненадат, но имаат суштинска врска. Познатата Марксова концептуализација за судирот на производната сила и производните односи, со кој се објаснува историската динамика и промената на општествено-економскиот систем, совршено се кристализира во барањата и апелите на правата во врска со АКТА.

33

СТРАНСКИ ПЕЧАТ Како вовед, поедноставено и кусо ќе ја изложам наведената концептуализација, за на крај да ги извлечам директните врски со суштината на судирот околу АКТА. Значи, Марксовиот концепт на судирот на производните сили и производните односи, вели дека до промена на историско општествено-економскиот систем доаѓа кога производната сила, која ја претставуваат доминантните начини, техниката и технологијата на производство на стока во одредено општество, доаѓаат во непомирлив судир со сопственичките односи на кои се темели производството. Феудализмот како институционален режим кој одговарал со едноставни, органски техники на производство, почнал да станува ограничувачки кога се развила трговијата и се проширила мануфактурната поделба на трудот и специјализацијата. Новите производни сили повеќе не се спојувале со производните односи какви што владееле во феудализмот и таа неповрзаност почнала да се појавува како ограничување на основните права и слободи на растечката буржоазија и наемните работници кои зависеле од неа. Новата општествена класа која била поврзана со новите техники на производство и режимите на акумулација дошла во судир со феудалните права на кои се повикувала црквата и аристократијата. Дошло до судир на нови и стари права, а тој судир всушност се водел околу интерпретацијата на самиот поим право. Судирот бил однапред решавачки бидејќи стариот феудален режим повеќе не можел да ги спречи силите кои полека се развиле и за чиј понатамошен развој феудалниот режим на сопственост почнал да претставува главна пречка. Феудалните односи на производството морале да бидат укинати и заменети со таков институционален режим кој ќе одговара на новите производни сили, а тој режим и ден денес го знаеме како капитализам. Тоа секако не се случило одеднаш, но логиката на развојот кон тоа била иревирзибилна. Значи, самиот капитализам како општествено-економски систем не настанал одеднаш, па од тој момент останал непроменет, туку историски се развива и внатре во него етапно доаѓа до промени во доминантниот начин на производството. Маркс пишувал и за индустрискиот капитализам, темелно анализирајќи ги неговите форми на производство и акумулација. Марксовите анализи јасно покажале дека вредноста во капитализмот создава и акумулира врз основ на специфичниот облик на експлоатација на работната сила низ наемен однос. Ескплоатацијата на работникот


34

СТРАНСКИ ПЕЧАТ

БИЗНИС ИНФО

четврток, 01 март 2012, Бр. 87

права.

овозможува специфична кодификација и имплементација на знаење, во вид на технологија и организација на производството, бидејќи експлоататорите користат позиција на пристап на знаење кое на експлоатираните структурно им е оневозможено. Во фаза на индустрискиот капитализам за кој пишува Маркс, кодификацијата на знаењето се темели на одвојување на интелектуалниот од мануелниот труд, каде интелектуалната работа се однесува на управувачките функции и научниот развој на техниката на производството и самата машинерија, значи фиксен капитал, додека мануелниот труд се сведува на парцијално и пасивно опслужување на фиксниот капитал од страна на работниците во наемен однос. Фордовата работа на лента е парадигма на таквата поделба на трудот и кодификацијата на знаењето. Она што беше главна карактеристика на таквата поделба на трудот и кодификацијата на односот знаење/моќ е квантитативната концепција на продуктивноста. Таа значи дека создавањето на вредноста се темелело на централната улога на материјалниот труд и намалување на потребното работно време. Продуктивноста не се темела толку на знаењето и вештината на работниците, колку што се темелела на развиените нови технологии и начини на управување кои ќе ги заменат работниците и/или ќе го намалат времето на производство на производите. Сепак, со ширење на општото образование почнаа да се менуваат и улогата и позицијата на знаењето во процесите на производство и акумулацијата на капиталот. Органскиот и колективниот аспект на знаењето, кое Маркс го нарекол „општ интелект“ постепено станува главна сила и основна

претпоставка на продуктивноста. Самиот поим продуктивност на тој начин се менува, бидејќи продуктивноста се повеќе зависи од укинувањето на старата поделба меѓу интелектуалниот и мануелниот труд. Во индустриската фаза на капитализмот знаењето пред се било втемелено во физичкиот капитал. Во новата фаза на капитализмот економиите темелени на знаење, општото образование широко развило способност на интерпретација и мобилизација на информации, па појавата на комуникациско-информатичката технологија обезбеди услови за непречен раст на значењето на т.н. „неопиплив“ капитал. Она што е клучно да се потенцира е општиот карактер на тоа знаење кој произлегол од неговата јавна трансмисија и достапност. Со тоа, знаењето не станало само интелектуална сила на производството, туку и претпоставка на субјективен развој и со тоа елементарна човечка потреба. Проблемот и противречноста со јавниот карактер на знаењето се гледа во тоа што тоа воедно станало услов за акумулација на капиталот во режим на постоечките односи на производството. Од една страна капиталот не може да обезбеди извлекување на вишокот на вредност ако знаењето не се комодифицира и подведе под режимот на интелектуалната сопственост, но таквото извлекување од пристапот на знаењето можно е да се оствари само по цена на намалување на општото ниво на образованието на работната сила. Од друга страна, конкурентноста на капиталот зависи токму од соодветното ниво на „општиот интелект“ чиј развој се темели на слободната размена на знаење кое нема да биде ограничено од сопственичките

Од другата стока, знаењето се разликува по тоа што неговата употребна вредност не се намалува со неговото користење. Со самото тоа, тоа суштински не е прикладно за комодификација која поаѓа од ексклузивитетот на потрошувачката и исклученоста на другите како претпоставка на максимална реализација на употребната вредност. Ограничувањето на ширење на знаењето по пат на негова комодификација е стратегија на капиталот за да ја задржи општествената моќ. Низ реструктуирање на правото на интелектуална сопственост, капиталот вештачки генерира реткост на знаење и примат на разменската над употребната вредност. Основната цел на интелектуалната сопственост е остварување на позициска рента, а тоа се остварува низ ограничување на ширење на знаењето и создавање на вештачки недостиг на тој клучен ресурс. Оправдувањето кое капиталот притоа го нуди, се сведува пред се на нужноста на праведен надомест на трошоците на интелектуалниот труд, а потоа и на создавање на услови за стимулација на иновации. Но, тој маневар се темели на крајно проблематичен обид на „објективно“ одвојување на индивидуалниот, интелектуален придонес од „општиот интелект“ во чии рамки настанал и од кој бесплатно преземал клучни знаења. Трошоците за производство на знаење поради тоа се во категорија со голем знак прашалник, со оглед на мерката на придонесот која треба оправдано приватно да се надомести, додека трошоците за репродукција на знаењето практично се нула, што зборува силно во прилог на барањето дека сите добра темелени на знаење треба да бидат бесплатни (т.е. треба да се надомести само трошокот на нивната материјална продукција). Исто така, не е докажан односот меѓу постоењето на правото на интелектуална сопственост и стимулација на иновациите. Парадоксалноста на патентните права се искажува во сфаќањето како оправдување за воведување на систем каков што го наметнуваат патентите, да обезбедат поголем технолошки напредок за дифузија. Е сега, спротивставените позиции во врска со АКТА можат да се сведат на следново. Заговорниците на АКТА велат дека таа треба да обезбеди подобро спроведување на заштита на интелектуалните права на сопственоста на интернет. Противниците на АКТА се согласуваат со оправданоста за заштитата на интелектуалната сопственост, но сметаат дека спроведувањето на АКТА многу лесно


четврток, 01 март 2012, Бр. 87

може да прерасне во кршење на правата на слободна комуникација. Мислам дека од претходниот дел на излагањето, може да се сфати дека самите интелектуални права на сопственост значат основно ограничување на слободната комуникација и дека тие се нужно арбитрарни во обид на „објективно“ разграничување на приватниот придонес на развојот на знаењето од „општиот интелект“ од кое се обидуваат да направат ексклузивитет. На тој начин тие права служат за ограничување на производството и дисеминација на знаењето, а таа постапка мнозинството ја чувствуваат како кршење на личната слобода. Велам ја „чувствуваат“ бидејќи според поимот и концептуално сеуште не е јасно дека самото интелектуално право на сопственост во сите денес важечки облици, никако не може да се спои со слободата која луѓето со развојот на „општиот интелект“ и достапноста на знаење, информации и култури, почнаа да ја сфаќаат како неотуѓива. Интернетскиот медиум е нова технологија и производна сила која обезбеди претпоставки за незапамтен развој и доминација на „општиот интелект“. Самиот „општ интелект“ не е определено знаење, туку потенцијалност на сите знаења како јавни и колективни резерви, како и живо и развојно ткиво на индивидуални компетенции и субјективни идентитети. Ограничувањето на слободната размена на знаење, информации и култура чија употребна вредност не се намалува, туку се зголемува со нејзиното ширење, луѓето со право ја доживуваат како кршење на личната слобода. Она што е во сржта со интелектуалните права на сопственост е обид на капиталот да го парализира и извлече вишокот од производните сили, кој го надминаа и на чиј развој тој денес станува главна пречка. Тие нови производни сили развиваат продуктивност која зависи од слободната размена и надградба на знаење, на знаење како јавен ресурс и нова фигура на колективниот труд. Судирот околу АКТА е предвесник на ново разбирање на правото и слободата кое произлегува од употребата на новите технологии. Офанзивата која ја почнува капиталот со заострување на режимот на интелектуалната сопственост е обид за интегрирање на нови технологии во стари режими на акумулација. Со тоа се негира самата смисла и употребна вредност на новите технологии. Таа смисла и таа вредност е развој на човекот и неговите слободи по пат на достапност на знаење, информации и култура. Бунтот против АКТА е бунт против капитализмот. Капитализам кој својата

БИЗНИС ИНФО превласт може да ја продолжува само со се поголема репресија и намалување и кршење на слободите. Нема да може Пантиќу! (Политика – Белград)

Кинески автомобили од Бугарија

Во Бугарија поради ефтината работна сила е отворена фабрика за кинески автомобили која ќе произведува 50.000 возила годишно. Тоа е прва кинеска фабрика за автомобили на тлото на Европската унија. Поради ефтината работна сила европските производители на автомобили одеа во Кина. Меѓутоа, Кина сега цврсто зачекорува на европско тло. Во Бугарија е отворена прва кинеска фабрика за автомобили во Европа, која ќе произведува 50.000 возила годишно. По стапките на јапонските и јужнокорејските автомобилски гиганти, тргнаа и Кинезите. Првата фабрика за автомобили на територијата на Европската унија, со симболично име „Грејт вол“ – Голем ѕид, ја отворија во Бугарија која е најсиромашна членка на Унијата, со најниски плати и даноци. Работниците во фабриката велат дека работата е добра и дека автомобилите

35

СТРАНСКИ ПЕЧАТ се квалитетни, а мило им е што нивната земја ќе стане позната по автомобили. Така Бугарија по 17 години ја заживеа својата автомобилска индустрија. За да се задоволи кинескиот инвеститор, властите мораа да изградат нов пат до погонот во градот Ловеч, на северниот дел на земјата. - Многу сум среќен што оваа фабрика доби европска лиценца дека ги исполнува потребните технички и еколошки стандарди. Тоа значи дека нашата земја ќе заработува пари од секој извезен автомобил, вели бугарскиот премиер Бојко Борисов. Кинезите во првата фаза на производството во фабриката инвестираа 32,5 милиони евра. Во почетокот ќе се монтираат три видови автомобили, а во следните пет годин се планира производство на цела линија – од патнички автомобили до теренски возила. - Ќе се работи во две смени и ќе се произведуваат 50.000 автомобили годишно. Планираме да вработиме 2.000 работници, а тој број можеби ќе се зголеми ако се произведуваат и други модели, порача Александар Крамб, директор на фабриката за автомобили. Компанијата „Грејт вол“ е најголем производител на теренски возила во Кина и работи и во Русија, Украина, Индонезија, Египет. Нашиот автомобил е најквалитетен во Кина. Веруваме дека скромните цени на нашите модели ќе го освојат не само бугарскиот, туку и европскиот пазар, смета Ванг Фенг Џинг, директорка на компанијата „Грејт вол“. Цените на возилата се движат од 8 до 12.000 евра. Првите автомобили ќе се појават на пазарот до крајот на годината и тоа прво во Македонија, Црна Гора и Албанија, а најавени се и преговори за продажба и во Србија. (РТС – Белград)


36

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ

БИЗНИС ИНФО

четврток, 01 март 2012, Бр. 87

Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија преземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија

Назив на Проектот

Изградба на автопат Бања Лука - Добој

Референца

EBRDZ74072

Финансиска референца

6596-EOI-41370

Вид на набавка

Услуги

Финансиер

ЕБРД

Земја

Босна и Херцеговина

Објавено на

21.02.2012 година

Краен рок за апликација

14 .3. 2012 година

Сектори

Градежништво инженеринг

Опис на Проектот

Консултантски услуги за надзор над градежните работи

Контакти Dusan Topic, General Manager Public Company “Autoputevi Republike Srpske” Banja Luka Veselina Masleše br. 22 78000 Banja Luka, Republic of Srpska, Bosnia and Herzegovina Tel: +387 51 233 670 Fax: +387 51 233 700 Email: dtopic@autoputevirs.com

Контакт European Union, represented by the European Commission, on behalf of and for the account of the beneficiary country, Pris�na, KOSOVO

LOT 1. Methadone LOT 2. Buprenorphine

Контакт Министерство за здравство 50 дивизија бр.6 За Ангелчо Трајановски 1000 Скопје Република Македонија Telephone: +389 23112500 +389 23112500 E-mail: tangelco@yahoo.com Fax: +389 23113014 www.moh.gov.mk

Назив на Проектот

Менаџмент со басенот на реката Брегалница

Референца

SDCZ74115

Финансиска референца

No�ce no. 726783

Вид на набавка

Услуги

Назив на Проектот

Хидроцентрала Бошков Мост Дополнување

Финансиер

Швајцарска агенција за развој

Референца

EBRDZ63316

Земја

Македонија

Финансиска референца

6322-GPN-41979

Објавено на

22.02.2012 година

Краен рок за апликација

24.4. 2012 година

Вид на набавка

Услуги, испораки, изведбени работи

Финансиер

ЕБРД

Сектори

Земјоделстворурален развој Јавна администрација Законодавство Урбан развој

Земја

Македонија

Објавено на

24.02.2012 година

Краен рок за апликација

Отворен

Воспоставување рамка за управување на македонското законодавство со законодавството на ЕУ

Сектори

Градежништво инженеринг Енергетика

Опис на Проектот

Инженерски услуги со дизајн, набавки и изведбени работи

Опис на Проектот

Назив на Проектот

RS-Приштина: ИПА — поддршка на контролата за заштита од животински болести во Косово

Референца

EuropeAid/132546/C/SUP/ XK

Контакт Министерство за животна средина и просторно планирање За Љупка Димовска Бул Гоце Делчев бб 1000 Скопје, Република Македонија Telephone: +389 2 3251 400, Fax: +389 2 3220 165, E-mail: l.dimovska@moepp.gov.mk

Вид на набавка

Испораки

Назив на Проектот

MK - Скопје: Медицинска опрема, фармација и средства за лична заштита

Финансиер

Европска комисија

Референца

Земја

Косово

ECZ74262 – земјикандидати

Објавено на

21.02.2012 година

2012/S 39-063587

Краен рок за апликација

Отворен

Финансиска референца

Испораки

Сектори

Земјоделство - рурален развој

Вид на набавка Финансиер

Европска комисија

Опис на Проектот

Испорака на вакцини

Земја

Македонија

Објавено на

24.02.2012 година

Краен рок за апликација

2 .4. 2012 година

Сектори

Здравство

Финансиска референца

Опис на Проектот

Контакт Иван Трпески ЕЛЕМ11 Октомври бр.9 1000 Скопје Република Македонија Tel: +389 (2) 3149115 Fax: +389 (2) 3224 492 Email: ivan@elem.com.mk

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА www.mchamber.mk Контакт М-р Ацо Спасовски тел. 3244044 факс.3244088 aco@mchamber.mk


четврток, 01 март 2012, Бр. 87

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 6 март 2012 година, Скопје МАКЕДОНСКО-АНГЛИСКИ БИЗНИС ФОРУМ “THE UK AND MACEDONIAN BUSINESS TO BUSINESS (B2B) EVENT” Британската Амбасада во Скопје во соработка со коморите, спроведуваат проект за вмрежување меѓу британски и македонски компании.

Проектот се спроведува како продолжение на претходниот Проект “UK Chamber to MK Chamber event”, каде што се оствари институционална соработка помеѓу 9-те стопански комори од Велика Британија и македонските стопански комори. Учеството на настанот е бесплатно и целта на овој настан е да се унапредат бизнис-поврзувањата меѓу британски и македонски компании, кои ќе бидат идентификувани од страна на британските и македонските стопански комори. За таа цел, Ве покануваме за учество во проектот на 6 март 2012 година, преку номинирање на претставници од вашите компании, кои сметате дека одговараат на профилот на пријавените британски компании, со што ќе се овозможи успешно вмрежување. Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk На 8 март 2012 година, во хотел „Александар Палас“ – Скопје, МАКЕДОНСКО-КИНЕСКИ БИЗНИС-СРЕДБИ Стопанската комора на Македонија со цел да ги поддржи активностите на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИ), ги поканува своите членки да земат учество во Македонско-кинеските бизнис-средби. Македонско-кинеските бизниссредби ќе се одржат на 8 март 2012 година (четврток), со почеток во 13:00 часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Целта на Македонско-кинеските бизнис-средби е да се оствари трговска соработка меѓу двете земји. Во текот на посетата кинеските бизнисмени ќе имаат прилика да се запознаат со можностите за инвестирање во Македонија, да ја посетат Технолошкоиндустриската развојна зона - Скопје 1 и да остварат средби со македонската бизнисзаедница. Како резултат на добрата досегашна соработка меѓу Република Македонија и НР Кина и можноста за подобар развој на досегашните бизнисрелации, Амбасадата на НР Кина во РМ преку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИ), достави список на кинески компании кои ќе земат учество на претстојниот бизнис-форум. Околу 40-тина кинески компании се заинтересирани да остварат средба со македонски компании во делот на електромеханичката индустрија и тоа во

(ИТ-секторот) хардвер; опрема за воздушен компресор, кабли и алуминиумски материјали, контрактори, трансфер прекинувач, разводни плочи и кутии, пумпи, фабрика за производство на филтри за хемиската индустрија, лифтови, машини за мотори, противпожарна опрема (ППО), машини за пакување на храна и текстил. За успешна реализација на Бизниссредбите, неопходно е македонските компании да го пријават својот интерес за средба со кинеските компании, преку пополнување на Пријавниот лист, што моѓе да се превземе од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www. mchamber.mk Ве молиме, Вашиот интерес да го пријавите во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 2.3.2012 година. Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 E-адреса: vlatko@mchamber.mk

На 9 март 2012 година на „ГАСТ“ во Сплит, Хрватска МЕЃУНАРОДНИ СРЕДБИ ЗА ТУРИЗАМ Стопанската комора на Македонија, со поддршка на Enterprise Europe Network организира 5. Меѓународни бизнис-средби “Tourism@GAST 2012”, што ќе се одржат на 9.3.2012 година (петок), со почеток во 9:30 часот, во рамките на Меѓународниот саем „ГАСТ“, што ќе се одржи од 7 до 11 март 2012 година во Сплит, Република Хрватска. Мултилатералните бизниссредби „Tourism@GAST 2012“ се продолжение на истоимените бизниссредби во рамките на Саемот „ГАСТ“, со учество на повеќе од стотина учесници. Саемот „ГАСТ“ е клучно место за средби и на бројни производители и трговци од секторот за храна, пијалаци, хотелска и угостителска опрема. Ова е единствена прилика за средби со меѓународни компании од регионот и пошироко, на претходно договорени индивидуални состаноци, според Вашиот избор, и тоа во следните сектори: * тур-оператори и туристички агенции; * хотели, мотели и кампови; * здравствен и wellness-туризам; * селски, еко и активен туризам; * промет (автобуски, железнички и воздушен); * осигурување и финансии; * туристички инвестиции; * угостителство, храна и пијалаци; * гастрономска понуда и побарувачка; * интернет-туризам и др.

Учеството на средбите е бесплатно, а контакт-лицата од мрежата на Enterprise Europe Network Ви стојат на располагање во процесот на пријавување и во текот на состаноците. И оваа година се очекуваат


38

БИЗНИС ИНФО

четврток, 01 март 2012, Бр. 87

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ партнери од Германија, БиХ, Србија, Црна Гора, Словенија, Македонија, Италија, Унгарија и од други земји. Здружение на угостителството и туризмот Лазо Ангелевски Стопанска комора на Македонија Ph: ++ 389 2 3244090 mob. ++ 389 70 387745 Fax: ++ 389 2 3244026 E-mail: laze@mchamber.mk

Меѓународен саем за компјутери од 6 до 10 март во Германија CEBIT FUTURE MATCH 2012 ВО ХАНОВЕР На саемска површина од околу 450 000 м² и со над 700 000 посетители CeBIT е најголем саем за компјутери во

светот. Во рамките на Саемот што се одржува во Хановер, Германија, од 6-10 март 2012 година, Enterprise Europe Network ќе организира 14-ти меѓународни бизнис-средби. Од 1999 година Future Match е можност за излагачите и посетителите на Саемот да најдат партнери за соработка, за развој на производите, истражување, заеднички вложувања, производство, маркетинг и лиценцни договори. Компаниите, универзитетите и истражувачките институти од ИКТ-секторот се исто така поканети за учество на Саемот. На www.futurematch.cebit. de можете да се регистрирате и да воспоставите контакти со CeBIT 2012. Здружение на информацискокомуникациски технологии Лазо Ангелевски Стопанска комора на Македонија Ph: ++ 389 2 3244090 mob. ++ 389 70 387745 Fax: ++ 389 2 3244026 E-mail: laze@mchamber.mk Web: www.mchamber.mk

На 12 март 2012 година, во Стопанската комора на Македонија еднодневен семинар „БИЗНИС ПЛАН: ИТАР ПЕЈО VIS-À-VIS ПАЗАРНАТА ЕКОНОМИЈА!“ (12 март 2012 година, 8:30-14:30 часот) Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат Дали на мојата компанија и` е потребен бизнис-план? Дали и итроштината може да се стави на парче хартија? Дали во Македонија е потребно да се користат ресурси за изработка на бизнис-план, особено кога се знае дека станува збор за мал пазар каде секој со секого се знае? Дали бизнис-планот е корисна алатка само за големите корпорации? Одговорот на овие и уште неколку клучни прашања е клучот за успех на Вашата фирма. Обуката е наменета за луѓе од бизнисот пред кои стојат предизвиците за управување, професионалци кои имаат мало и недоволно познавање на оваа област. Главната и единствена цел е учесниците да се стекнат со потребните теоретски знаења за оваа проблематика, а преку постојана анализа и решавање на примери со многу позначајните, практични вештини. Фокусот на обуката е поставен на подготовката на бизнис-планови, нивното „правилно“ читање и оживотворување во практиката - области без кои не може да се замисли работата на една компанија.

Предавач: проф. д-р Панче Јовановски, редовен професор. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 9 март 2012 година. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057 Факс:(02) 3244088 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: be�@mchamber.mk 12 март 2012 година, во Стопанската комора на Македонија БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА САЕМСКИТЕ МАНИФЕСТАЦИИ НА НОВОСАДСКИОТ САЕМ (12.3.2012 година, 13:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат) Промоција на Меѓународниот саем за земјоделство и саемите: „Lorist”, Туризам, и „HorseVille” со повластени услови за учество на македонските компании на Новосадскиот саем. Со цел поблиско запознавање со овогодинешните саемски манифестации на, Новосадскиот саем, од страна на претставници на водечката саемска куќа во Србија, на 12 март 2012 година, во 13:00 часот, во Стопанската комора на Македонија ќе се одржи бесплатна саемска презентација пред заинтересираните македонски компании.

Главен акцент на презентацијата ќе биде ставен на 79-то издание на Меѓународниот саем за земјоделие, што ќе се одржи од 12 до 18 мај 2012 година. Оваа саемска манифестација прерасна во најголем регионален саем и најважен агробизнис настан во Југоистона Eвропа со најголема и најдолга традиција. Како што се очекува, оваа година ќе настапат над 1.500 излагачи од преку 60 земји и тоа најзначајните компании од агроиндустријата, земјоделското производство, агромеханизацијата, сточарството, прехранбената индустрија и останатите пратечки сектори. Целта на презентацијата е заинтересираните македонски компании да се запознаат со условите, можностите и бенефитите од настап на Меѓународниот саем за земјоделие, како и за воспоставување нови деловни контакти и афирмација на меѓународниот пазар. Во таа прилика ќе бидат претставени и предностите на


четврток, 01 март 2012, Бр. 87

БИЗНИС ИНФО

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

меѓународните саеми за лов, риболов и спорт „Лорист” , Саемот за туризам и Саемот за коњи “HorseVille”. Според изразениот интерес, предвидени се билатерални разговори на компаниите со менаџментот на Новосадскиот саем. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да присуствуваат на бесплатната презентацијата, што ќе се одржи на 12 март 2012 година во Стопанската комора на Македонија, со почеток во 13:00 часот, сала 1 на 5-ти кат.

- Агенцијата на НАТО за снабдување и одржување. За успешна реализација на презентацијата, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес за соработка. Ве молиме, Вашиот интерес да го најавите во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 7.3.2012 година.

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 E-адреса: vlatko@mchamber.mk

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 E-адреса: vlatko@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk Презентација на 14 март 2012 година, во Стопанската комора на Македонија „БИЗНИС СО НАМСА, ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ – ТЕНДЕРИ” НАМСА - АГЕНЦИЈА НА НАТО ЗА СНАБДУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ (14 март 2012 година, во 10:00 часот, Стопанска комора на Македонија) Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и Мисијата на Република Македонија при НАТО, ве покануваат на презентација на тема: „Бизнис со НАМСА за јавни набавки – тендери“. Презентацијата ќе се одржи на 14 март 2012 година, со почеток во 10:00 часот, во Стопанската комора на Македонија. Целта на презентацијата е да се запознаат македонските компании со условите на НАМСА, за тоа како да учествуваат на тендерите за јавни набавки што ги објавува НАМСА. Презентацијата претставува можност за македонските компании да воспостават деловна соработка со НАМСА

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk

На 2 април 2012 година, во Сараево, Босна и Херцеговина МАКЕДОНСКО-БОСАНСКИ БИЗНИССРЕДБИ Стопанската комора на Македонија заедно со Надворешнотрговската комора на Босна и Херцеговина, ве покануваат на Македонско- босански бизнис-средби, што ќе се одржат на 2 април 2012 година во Сараево, Република Босна и Херцеговина.

Македонско-босанските бизниссредби претставуваат одлична можност за воспоставување взаемна економската соработка, за идни инвестициски можности и поголем поттик за трговска размена меѓу Република Македонија и Република Босна и Херцеговина. Целта на овие бизнис-средби се идното и взаемно развивање на деловните односи меѓу компаниите од сите сектори, од двете земји. За успешна реализација на Бизниссредбата, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес за соработка со босанските компании, во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 15 март 2012 година. Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088

E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Од 16 до 19 март Меѓународен саем во Република Албанија “HORECA ALBANIA EXPO 2012” (ХОтели, РЕсторани, КЕтеринг) Стопанската комора на Македонија, организира посета и учество на македонски компании на заеднички штанд со организиран превоз и сместување. Во организација на грчкиот саемски промотор „Експолајн“, за првпат во Албанија ќе се одржи специјализираната саемска манифестација „ХОРЕКА Албанија Експо 2012“. Хорека-секторот, кој го опфаќа прехранбениот и услужните сектори (хотели, ресторани, кетеринг) ќе биде претставен на овој специјализиран саем во Албанија како земја со динамичен развој и посебно со растечки тренд во оваа специјализирана стопанска гранка. На овој Меѓународен саем се очекува да се претстават излагачи од Албанија, но и од земјите од регионот во следниве профилирани сектори: прехранбена индустрија со сите потсектори, професионална опрема за угостителство, прибор за готвење и додатоци, машини за перење и миење садови, специјализиран внатрешен и надворешен декор, текстил за домаќинство, теписи, ѕидни облоги, козметика, бањи, опрема за климатизација (ладење, греење), соларни системи, третман на вода, опрема за базени, врати и прозорци, архитектонски решенија, информацискии и комуникациски системи, хотелска и ресторанска компјутеризација, безбедносни системи, опрема за спорт и рекреација и др. Саемот е од отворен карактер на кој се очекуваат професионални посетители и тоа: хотели, спа-центри, кафе-барови, ресторани и брза храна, пекарници, пабови и ноќни клубови, болници, големи трговски синџири, дизајнери, архитекти итн. Стопанската комора на Македонија, организира посета и учество на македонски компании на заеднички штанд со организиран превоз и сместување од 15 до 20 март 2012 година. Цената за изложбениот простор со стандардна опрема е 126 евра/м2 (плус ДДВ) .


БИЗНИС ИНФО

40

четврток, 01 март 2012, Бр. 87

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Трошоците за превоз сместување се на товар на учесникот.

и

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk

индустриско осветлување, декоративен мебел, спални соби, детски соби, трапезарии, канцеларии,маси, столчиња, клупи, мебел за градини, огледала, слики, рамки, камини, антиквитети, декоративно стакло, керамика, порцелан, метал, завеси, ролетни, декоративни предмети, декоративни зидови, тапети, гипсани калапи, паркет, теписи , украсни подни облоги, аудио визуелни системи, системи за безбедност, генератори,фитнес опрема, декоративни скали, прекривки, декоративни сепаратори, панели, зимски градини, базени, сауни, архитектура и декорација, услуги, внатрешна архитектура, дизајн компании и компании за уредување.

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk

Од 14 до 16 март 2012 година Меѓународен саем за керамика, бањи, кујни во Турција “UNICERA 2012” ВО ИСТАНБУЛ *Организирана посета на саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување. Во периодот од 14 до 18 март 2012 година, во Истанбул, Република Турција ќе се одржи 24. Меѓународен саем за керамика, бањи и кујни “UNICERA 2012”. Истовремено ќе се одржат неколку саемски манифестации и тоа: Меѓународен саем за осветлување, мебел и декорација -DEKOREKS и Меѓународен саем за кујни, бањи, мебел и вградени апарати - KITCHEN WORLD. Станува збор за еден од најголемите меѓународни саеми од областа на опрема за бањи, керамика и кујнски сетови, на кои свое учество ќе земат реномирани компании од поголем број земји. На овогодинешното издание на “UNICERA” ќе бидат претставени најновите модели и иновации на: керамика, мермер, гранит, мозаик, санитарни производи, бањи, џакузи, туш-кабини, керамички хемикалии, лепила, вградени плакари, лустери, светла, рефлектори, подни светилки, декоративно осветлување,

Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „АДОНИС ГРУП“ организира посета со групен автобуски превоз на македонски компании на саемската манифестација од 14-16 март 2012 година. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, влезница за саемот, трансфер од хотел до саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 звезди. Посетителот ги покрива патните и административни трошоци за саемскиот организатор „Адонис“ во износ од 125 евра по лице, со автобус (доколку е со сопствен превоз 45 евра административни трошоци), како и организационите трошоци кон Комората. Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 15 февруари 2012 година. Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk

Од 23 до 25 март 2012 година Меѓународен саем и конференција за градежништво во Албанија “CONSTRUCTION EXPO 2012” ВО ТИРАНА Стопанската комора на Македонија организира посета и учество на македонски компании на заеднички штанд со специјален попуст и со организиран превоз и сместување. Во периодот од 23 до 25 март 2012 година, во Тирана, Република Албанија ќе се одржи 12. Меѓународен саем за градежништво “CONSTRUCTION EXPO 2012’’ . Во организација на грчкиот саемски промотор Њу Џенезис, за првпат во Албанија ќе се одржи специјализираната саемска манифестација “CONSTRUCTION EXPO 2012’’, која претходно се одржуваше во Грција и на Кипар. Станува збор за најголемиот меѓународен саем за градежништво во Албанија, на кој свое учество ќе земат реномирани домашни и странски компании од следниве сектори: • градежни материјали; • цивилно инженерство; • високо и нискоградба; • челични конструкции; • излациони материјали; • бои и лакови; • алуминиумски системи; • уреди за климатизација; • мебел за кујни; • енергетски и соларни системи.

Истовремено, во рамките на саемската манифестација, на 23 март 2012 година ќе се одржи Меѓународна конференција за градежништво, енергетика и инфраструктура. Стопанската комора на Македонија, организира посета и учество


четврток, 01 март 2012, Бр. 87

БИЗНИС ИНФО

41

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

на македонски компании на заеднички штанд од 100 м2, со организиран превоз и сместување од 15 до 20 март 2012 година. За македонските компании обезбеден е специјален попуст од 40% од регуларната цена за саемски настап (160 евра задолжително осигурување и 78 евра - квадратен метар со вкалкулиран попуст). Стопанската комора на Македонија организира посета и учество на македонски компании на заеднички штанд со организиран превоз и сместување од 22 до 26 март 2012 година. Трошоците за превоз и сместување се на товар на учесникот. Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk Од 28 март до 1 април 2012 година 7. Меѓународeн гастрономски фестивал во Република Хрватска „БИСЕР НА МОРЕТО 2012“ ВО СУПЕТАР НА БРАЧ Меѓународниот гастрономски натпревар „Бисер на морето“ ќе се одржи од 28 март до 1 април 2012 година, во хотелот „Кактус“ во Супетар на островот Брач во Република Хрватска. Организатор на седмата по ред традиционална манифестација и овојпат е Сојузот на готвачи од Медитеранот и европските региони со седиште во Сплит.

„Бисер на морето“ претставува една од најзначајните гастрономски манифестации на Медитеранот. Во пет дена ќе се одржат: меѓународното натпреварување на професионални готвачи и ученици-готвачи од средните угостителски училишта, гастро-изложба на

најдобрите хрватски ресторани, изложба на хрватските и странски производители на храна, работилници и предавања за гастрономијата. На оваа манифестација досега имаат учествувано повеќе од 300 готвачи од деветнаесет земји и тоа: Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија, Австрија, Италија, Швајцарија, Словенија, Чешка, Полска, Романија, Турција, Украина, Латвија, Молодавија, Албанија, Саудиска Арабија и Русија. Стопанската комора на Македонија и годинава организира учество на оваа манифестација за сите заинтересирани готвачи-натпреварувачи, ученици-готвачи и македонските компании кои би ги презентирале своите производи на заеднички бесплатен штанд. Учеството на македонските претставници е одлична можност за презентирање на македонската кујна, но истовремено и за претставување на производите на познати македонски компании на хрватскиот пазар. За сите натпреварувачи, учениците, менторите, членовите на жири-комисијата како и медиумска екипа е обезбедено бесплатно сместување. Сите заинтересирани компании кои сакаат да земат учество на оваа гастрономска манифестација, своето учество треба да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 1 март 2012 година. Повеќе информации и пријавниот лист се објавени на вебпорталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk Контакт: Венера Андриевска тел: 3244 037; факс:3244 088 venera@mchamber.mk Од 28 до 30 март 2012 година, во Софија, Бугарија МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ, ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, РЕЦИКЛИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД Во периодот од 28 до 30 март 2012 година, во Софија, Република Бугарија, ќе се одржи специјализирана Конференција и Меѓународен саем за енергетска ефикасност, обновливи извори, рециклирање и управување со отпад. Станува збор за најголем настан оваа година во Југоисточна Европа од оваа област, на којшто ќе учествуваат повеќе од 200 реномирани излагачи од над 16 земји од Европа и светот, кои ќе ги претстават најновите достигнувања и иновации од енергетска ефикасност, обновливи извори, рециклирање и управување со отпад и екологија. Истовремено ќе бидат

одржани и повеќе специјализирани конференции, панел-сесии и билатерални средби со учество на врвни експерти и реномирани предавачи од неколку земји и тоа за: управување со отпадни води, рециклирање, енергетска ефикасност, биоенергија и друго. Меѓународниот саем ќе се одржи од 28-30 март 2012 година во изложбениот и конгресен центар во Софија, Бугарија.

Сите регистрирани компании ќе можат да учествуваат на посочените конференции и панел-сесии, како и да остварат билатерални средби со другите учесници. Регистрацијата за учество се врши електронски, на порталот на саемскиот организатор: www.eco.viaexpo.com . Стопанската комора на Македонија организира посета на Меѓународниот саем (со бесплатен влез) и учество на конференциите за заинтересираните македонските компании со организиран автобуски превоз и хотелско сместување. Трошоците за превоз и сместување се на товар на учесникот. Стопанската комора на Македонија ги повикува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на Саемот најдоцна до 10 февруари 2011 година. Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

42

четврток, 01 март 2012, Бр. 87

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 12 до 14 април 2012 година, во Истанбул, Турција МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА МЕДИЦИНА “EXPOMED 2012” *Организирана посета на Саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување Во периодот од 12 до 14 април 2012 година, во Истанбул, Република Турција, ќе се одржи Меѓународниот саем за медицина , “EXPOMED 2012”. Истовремено ќе се одржат неколку саемски манифестации и тоа: • 19. Традиционален меѓународен саем за медицина, рехабилитација, технологија и опрама за болници – EXPOMED; • 15. Меѓународен саем за лабораториска технологија и опрема –LABTECH; • 2. Саем за термални бањи, центри за рехабилитација и опрема - EXPO THERMAL и • 2. Саем за индустриско чистење за безбедноста на здравјето - ICSM EXPO 2012. Станува збор за еден од најголемите меѓународни саеми од областа на медицината, медицинска опрема, бањи и центри за рехабилитација, на кои свое учество ќе земат реномирани компании од поголем број земји од светот. На Саемот посетителите ќе можат да ги видат најновите технолошки достигнувања и промоции и тоа: а) во делот на технологија на медицина: - електро и машински уреди и системи, високи технолошки решенија во медицинската технологија, дијагностички графички производи, медицинска дијагностичка опрема, ендоскопски и лапароскопски уреди и системи итн.; б) во делот на физиотерапијата и ортопедските производи: - ортопедски помагала и протези, физиотераписка рехабилитација, амбулантски возила, уреди и системи за хирургија, хирушки рачни алати, инвалидна опрема и уреди; в) во делот на лаборатории: - аналитичка опрема и системи, опрема за хроматографија, опрема за електрофореза, спектрофотометри, фотометри, хемиски лаборатории, лабораториски материјали итн.; г) во делот на термални бањи: - термо бањи, природно здравствени рехабилитациони центри, спа-центри, фитнес и гимнастички центри, производи и опрема за бањи, уреди за хидротерапија, уреди и опрема за масажи, опрема за естетика и убавина итн.

чистење:

д) во делот на индустриско

- машини и опрема за индустриско чистење, хемикалии за чистење, средства за дезинфекција, медицинско собирање и уништување на медицински отпад, дератизација, чистење на подови под висок притисок, суви средства за чистење итн.

Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор АДОНИС ГРУП организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 12 до 14 април 2012 година. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, влез за саемот, трансфер од хотелот до саемот и влезница за саемот. Сместувањето е во реномирани хотели со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административни трошоци од човек за саемскиот организатор „Адонис“ во износ од 125 евра со автобус (доколку е со сопствен превоз, само 45 евра административни трошоци). Уплатените средства до „Адонис“ и Стопанската комора на Македонија не се рефундираат, доколку учесниците одлучат да го откажат патувањето после истекот на рокот за пријавување. Посетата е ограничена на максимум 2 претставници од една компанија. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 15 март 2012 година, преку пополнување на пријавниот лист што може да го превземето од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk Повеќе информации за самиот саем на веб-страната: h�p://www.tuyap. com.tr Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 E-адреса: vlatko@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk На 17 април 2012 година, во Стопанската комора на Македонија МАКЕДОНСКО-ЧЕШКИ БИЗНИС-СРЕДБИ Стопанската комора на Македонија заедно со Чешката стопанска комора, Ве покануваат на Македонскочешки бизнис-средби. Македонско-чешките бизниссредби ќе се одржат на 17 април 2012 година во Стопанската комора на Македонија. Бизнис-средбите претставуваат можност за спојување на македонските и чешките компании, продлабочување на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Чешка, како и развивање на деловните односи меѓу компаниите од двете земји. Околу 10-тина чешки компании се заинтересирани да остварат средба со македонски компании во делот на индустријата за енергетика (разладни кули, мали хидроелектрани), потенцијални градежни компании за соработка, системи за контрола на пристапот – агенции за безбедност, дистрибутери на системи за контрола на пристапот, сигурносни кутии за безбедност во банки, агенции за безбедост, сегашни и потенцијални извозници и инвеститори во Македонија, со клиенти за договори за јавно-приватно партнерство (локална самоуправа), партнери за трговски бизнис со фотоволтаични технологии, партнери за joint-venture проекти во фотоволтаични бизниси, сопственици на земјиште погодно за градење на фотоволтаични постројки и партнери од секторот за обновлива енергија – фокусирани на фотоволтаични постројки. За успешна реализација на бизниссредбите, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес за соработка со британските компании. Ве молиме, Вашиот интерес да го најавите во Стопанската комора на Македонија. Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 E-адреса: vlatko@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

четврток, 01 март 2012, Бр. 87

43

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Германија заинтересирана е да соработува во областа на готварството во Република Македонија со понуда на каталози за избор на опрема и прибор за готвење, како и врвни рецепти за готвење, Валидност до: 14.7.2012 година Компанија од Швајцарија заинтересирана е да инвестира во изградба на бензиски пумпи, изградба на патишта, хотели и казина и друг интерес во Република Македонија. Валидност до: 14.8.2012 година Компанија од Кипар заинтересирана е да инвестира во изградба на еколошки погон за рециклирање на гума и пластика. Валидност до: 14.12.2012 година Компанија од Црна Гора бара соработка со македонски градежни компании каде може да најми 20 камиони-кипери за изведба на автопатот Приштина - Сува Река кај Малешево на Косово. Валидност до: 15.9.2012 година Компанија од Словенија бара соработка со македонски кланици за извоз на јагнешко, говедско и овчо месо на трети пазари во арапските земји. Валидност до: 15.7.2012 година Компанија од Белгија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пластични делови во медицинската и автомобилската индустрија. Валидност до: 16.7.2012 година Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Македонија или застапник за пласман на котли, дизајнирани камини за централно греење, шпорети на цврсти горива. Валидност до: 16.7.2012 година Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за градежништво, земјодество и индустрија. Валидност до: 16.6.2012 година

производи да ги пласираат во Србија и Босна и Херцеговина. Валидност до: 20.6.2012 година Македонска компанија нуди специјализирани висококвалитетни преведувачки услуги (писмен превод) од англиски/српски на македонски јазик, во следниве области: превод на техничка документација – упатства за употреба за различни видови машини и уреди; превод на документи од областа на информатичката технологија; превод на документи од областа на правото – регулативи, директиви, договори, записници, закони; превод на документи од областа на економијата и финансиите - тендерска документација, сметководствени документи, финансиски извештаи; судски превод – овластен судски превод од англиски, српски, германски, шведски, албански и турски на македонски јазик и обратно; проверка и корекција на превод на македонски јазик - стилска и јазична обработка на преводот и отстранување на граматичките и правописните грешки; локализација на веб-страници на македонски јазик; титлување на филмови, серии и документарни програми (од англиски и српски на македонски јазик). Секој превод подлежи на проверка од најмалку еден преведувач и лектор. Валидност до: 20.2.2013 година Компанија од Хрватска заинтересирана е да соработува со фирми во Република Македонија кои се занимаваат со продажба на автоделови за повеќе видови возила. Валидност до: 21.7.2012 година Компанија од Германија заинтересирана е да соработува во областа на производство на грејни котли на дрво и течни горива во Република Македонија. Валидност до: 21.7.2012 година

Компанија од Грција бара соработка со македонски производители на дрвени брикети за увоз во Грција. Валидност до: 16.6.2012 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на грејни печки на цврсти и течни горива, а заинтересирани се да соработуваат со фирми кои произведуваат котли во земјава. Валидност до: 21.8.2012 година

Компанија од Србија бара соработка со македонски компании кои сакаат своите

Компанија од Грција бара соработка со компании во Република Македонија чија

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

дејност е опрема за хотели и ресторани, лифтови (врати и кабини), обичи и соларни бојлери, декоративни апликации, резервоари за сите течности, машини за производство на храна и пакување, опрема за животниски фарми, болничка и операциона опрема и елементи за автомобилска индустрија. Валидност до: 22.6.2012 година Компанија од Грција бара соработка со хотели, ресторани во Република Македонија кои би биле заинтересирани да користат мебел штоф и завеси. Валидност до: 22.6.2012 година Македонска компанија издава простор од 3000 м2 наменет за инвестирање за каква било намена во Крива Паланка. Просторот е делив и се наоѓа во централното градско подрачје. Има свој паркинг, вода и струја. Валидност до: 8.02.2013 година Македонска компанија бара соработка во областа на обновлива енергија, располага со сопствено земјиште и простор на кој може да се инсталираат фотоволтаични модули за производство на електрична енергија. Просторот е на површина од 8000 м2 и има своја трафостаница со моќност од 1200KW. Валидност до: 8.02.2013 година Македонска компанија издава фабрика за производство на чевли комплет опремена за „ЛОН“-производство, што е лоцирана во близина на централното градско подрачје (во Индустриската зона), на ул. Маршал Тито бр.7 во Крива Паланка. Опремена е со видео-надзор, портирница, паркинг за непречен влез и излез на тешки товарни возила до 70 тона. Фабриката е обезбедена со струја и вода, а целиот објект е со површина 2000 м2, со можност за проширување. Валидност до: 8.02.2013 година Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб портал www.mchamber.mk Контакт: Мирјана Коцева Е-адреса: Mirjana@mchamber.mk Тел:3244-035; Факс: 3244-088 тел: : (02) 3244036 savo@mchamber.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook