Skip to main content

ИНФОРМАТОР ЗА КОМОРСКИТЕ МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ

Page 1

1

www.mchamber.mk

ИНФОРМАТОР ЗА КОМОРСКИ МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ

ИНФОРМАТОР ЗА КОМОРСКИ МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ (бизнис форуми, саемски манифестации, конференции, презентации)

Јуни 2011


www.mchamber.mk

КАЛЕНДАР НА МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА 07.06.2011 (Седница) Покана за седница на Клубот на фирми за соработка со земјите од Блискиот Исток и од Магреб - 7 јуни 2011 година 30.06.2011 (Саем) Посета на 6. Mеѓународниот саем за бебе, детска облека и детски потреби во Бурса, Република Турција 08.09.2011 (Форум) Стопанската комора на Македонија организира учество на македонски компании на Евро - Кина бизнис-форум 2011, пријавување до 27 мај (петок) 28.09.2011 (Саем) Меѓународен саем за храна и пијалоци „CULINARIA FINE FOOD„ -Белград, Р.Србија

ИНФОРМАТОР ЗА КОМОРСКИ МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ

2


3

www.mchamber.mk

07.06.2011 ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА КЛУБОТ НА ФИРМИ ЗА СОРАБОТКА СО ЗЕМЈИТЕ ОД БЛИСКИОТ ИСТОК И ОД МАГРЕБ Клубот на фирми за соработка со земјите од Блискиот Исток и од Магреб, при Стопанската комора на Македонија, на 7. јуни 2011 година (вторник), ќе одржи редовна седница која ќе бидат објавени информации за официјална посета на Емирот од Катар на Република Македонија.

ИНФОРМАТОР ЗА КОМОРСКИ МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ

На истата, компаниите ќе бидат информирани за тековните движења во билатералната трговската размена и тенденциите во меѓусебната економска соработка со земјите од Блискиот исток и од Магреб (Јордан, Палестина, Либан, Сирија, Ирак, Иран, Кувајт, Обединети Арапски Емирати, Катар, Бахреин, Саудиска Арабија, Египет, Либија, Тунис, Алжир и Мароко ). На состанокот ќе биде разгледано барањето за поедноставување на процедурите за заверка на извозно-увозни документи. “Зираат Банка” ќе ја презентира финансиската поддршка на трговската размена со овие земји преку нивните филијали во светот. Предвидено е учество на претставници од: министерството за надворешни работи, министерството за економија, министерството за правда и Царинската управа на Република Македонија. Седницата ќе се одржи на 7. 6. 2011 година (вторник), со почеток во 10:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на V кат. За Вашето учество на седницата , Ве молиме да не информирате најдоцна до 3.06. 2011 година. Напомена: Материјалите за седницата ќе бидат доставени по е-пошта согласно потврденото присуство на седницата

Агенда Пријава

Контакт лице : Љубица Нури Тел: ++ 389 2 3244045 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: nuri@mchamber.mk

Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk


4

www.mchamber.mk

30.06.-02.07.2011 ПОСЕТА НА 6. MЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ ЗА БЕБЕ, ДЕТСКА ОБЛЕКА И ДЕТСКИ ПОТРЕБИ ВО БУРСА, РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА Во периодот од 30 јуни до 3 јули 2011 година, во Бурса, Република Турција, ќе се одржи 6. Меѓународен саем за бебе, детска облека и детски потреби. Станува збор за еден од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани турски и странски компании за: • бебешка и детска облека; • постелнини, бањарки, пелени; • образование и обука; • друга дополнителна опрема и додатоци; • мебел и декорација; • играчки; • бебешки и детски игралишта; • хигиенски производи; • козметика; • храна и слатки производи; • здравствени установи; • забавишта; • консултантски услуги и психолошки центри; • осигурување и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 30.6. до 2.7. 2011 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, локален трансфер, како и бесплатни влезници за Саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 звезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 95 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 35 евра), како и организационите трошоци кон Комората. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 15 јуни 2011 година. Агенда Пријава

Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk

Контакт лице : Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk

ИНФОРМАТОР ЗА КОМОРСКИ МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ

Организирана посета на Саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување.


5

www.mchamber.mk

08-10.09.2011

СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ОРГАНИЗИРА УЧЕСТВО НА МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ НА ЕВРО - КИНА БИЗНИС-ФОРУМ 2011, ПРИЈАВУВАЊЕ ДО 27 МАЈ (петок) Обезбедено бесплатно хотелско сместување за македонските компании !

ИНФОРМАТОР ЗА КОМОРСКИ МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ

Во периодот од 8 до 10 септември 2011 година, во градот Чангчун, регион на Јилин, НР Кина, ќе се одржи Евро-Кина бизнис-форум, на којшто учествуваат голем број реномирани европски и кинески компании. Стопанската комора на Македонија, во делот на коорганизација и промоција на настанот пред македонските компании, се јавува како партнер на организаторот на настанот - Macro Euro-China Entrepreneurs Club (MECEC) и локалната кинеска влада, а во соработка со стопанските комори и професионални асоцијации од над 20 европски земји. За време на Бизнис-форумот ќе се одржат билатерални деловни средби меѓу компании од Европа и од Кина, по принцип на електронско поврзување според сродни или слични стопански дејности. Целта на Бизнис-форумот е да се развијат компетитивни трговски релации со Кина, да се воспостават најсоодветни бизнис-канали со кинески компании и да се обезбеди поволна трговска платформа за влез на кинескиот пазар. Евро-Кина бизнис-форумот 2011 е брз, современ и ефективен начин на пронаоѓање на соодветен и сигурен деловен партнер од странство преку претходно автоматско поврзување (business match-making) од исти или слични стопански сектори. Настанот претставува одлична прилика компаниите заинтересирани за проширување на своите деловни активности во брзорастечката економска сила Кина да остварат директни средби со потенцијални партнери: извозници, увозници, дистрибутери, што од своја страна ќе придонесе за склучување деловни договори, договори за застапување, заемни активности во трети земји, трансфер на know-how технологии, истражување и развој итн. Кои се предвидените стопански сектори? • автомобилската индустрија; • железница и железнички компоненти; • опрема и машини за индустрија; • животна средина; • земјоделие и прехранбена индустрија; • дрвна индустрија и мебел; • ИТЦ (информатичко-телекомуникациски сектор); • финансиски сектор и банкарство и др. За времетраење на настанот предвидени се организирани посети на високотехнолошки развојни зони, фабрики за автомобилска индустрија, индустриски центри итн. Место на одржување: Јилин е кинеска провинција која се наоѓа во североисточна Азија, (900 километри од Пекинг) и е еден од најбрзо растечките региони и кинески центар на автоиндустријата. Стопанската комора на Македонија, како овластен национален координатор на македонските компании за Бизнис-форумот, Ве поканува да го пријавите Вашиот интерес за учество, најдоцна до 27 мај 2011 година. За македонските компании пријавени преку Стопанската комора на Македонија обезбедено е бесплатно хотелско сместување (3 ноќевања, бесплатни локални трансфери, официјален преведувач, приемен коктел и свечена вечера. Целокупните логистички активности (хотелско сместување, авионски превоз, визи) ќе бидат организирани од страна на Стопанската комора на Македонија. Повеќе информации на : www.euro-china.net

Агенда Пријава

Список Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk

Контакт лице : Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk


6

www.mchamber.mk

28.09.2011 МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ „CULINARIA FINE FOOD„ - БЕЛГРАД, Р.СРБИЈА Купувачите на храна и пијалоци Ве бираат

ЗАЕДНИЧКИ ШТАНД НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ПО ПОВЛАСТЕНИ УСЛОВИ Стопанската комора на Македонија организира групно учество на македонските компании на зеднички штанд под повластени услови и единствена можност за средба со светски познатите синџири на маркети, како „ЛИДЛ“, „ТЕСКО“, „МЕТРО“ и други. Специјализираниот саем „Culinaria Fine Food“ ќе се одржи од 28-30 септември 2011 година, во конгресниот Белекспо-центар во Белград, Република Србија. Оваа саемска манифестација не е наменета за широка публика, посетители, веќе за професионалните купувачи кои однапред имаат договорени средби со излагачите. Ова саемска манифестација на добра храна и пијалаци се одржува по втор пат и ги спојува водечките производители и клучните купувачи од регионот и од Европа, а со цел снабдување големи трговски синџири, меѓународни организации, специјализирани работилници за деликатесна храна, институции и кетеринг-компании, хотели и ресторани. • Одделни компании ќе се претстават преку национални павилјони (Италија, Грција, Хрватска, Словенија, Турција ...). • Саемскиот концепт овозможува непосредна комуникација и остварување средби меѓу излагачите и домашните и странски купувачи (Lidl, Tesco UK, Globus, Supreme Group, Ax Food, Horeca, НАТО, малопродажни трговски синџири, увозници итн.) врз основ на селекција од страна на купувачите. • Ќе бидат организирани дегустации и натпревари на различни национални кујни. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за организирано учество на Саемот, најдоцна до 17 јуни 2011 година.

Агенда Пријава

Список Контакт лице : Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk

Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk

ИНФОРМАТОР ЗА КОМОРСКИ МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ

Oд 28 до 30 септември 2011 година „CULINARIA FINE FOOD“ во „БЕЛЕКСПО – центарот“ во Белград, Република Србија


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook