Skip to main content

Бизнис ИНФО број 100 од 31.05.2012 година

Page 1

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БИЗНИС ИНФО

четврток, 31 мај 2012, Бр. 100

1

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

www.mchamber.mk Број 100 од 31.05.2012

контакт call центар (02) 15015

www.mchamber.mk

Интервју

ДАНИЕЛ САС, главен извршен директор на „Македонски Телеком“ и претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија

ВО „БЕЛАТА КНИГА“ ЌЕ ДЕФИНИРАМЕ ПРИОРИТЕТИ И МЕРКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА БИЗНИС-ОПКРУЖУВАЊЕТО Расте употребата на меѓународната трговска арбитража, пракса на која треба да се угледаат и домашните компании

СПАС ОД СУДСКИТЕ ЛАВИРИНТИ

Економската криза во Италија не го намалува трговскиот интерес за Македонија

КОРИДОРОТ 8 ВО ФУНКЦИЈА НА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ИТАЛИЈАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

Стопанската комора на Македонија ги повикува компаниите помасовно да учествуваат нa повикот за Програмата ЦИП Еко-иновации за 2012 година

ЕВРОПСКИ ПАРИ ЗА ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ ПРЕКУ НОВИ ИНОВАТИВНИ ТЕХНОЛОГИИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922


БИЗНИС ИНФО

2

ПОДВЛЕЧЕНО ДОКОЛКУ ПРОДОЛЖАТ НЕГАТИВНИТЕ СЛУЧУВАЊАТ ВО ОКОЛИНАТА ЛОГИЧНО Е ДА НАВЛЕЗЕМЕ ВО РЕЦЕСИЈА! Мислам дека целата европска зона веќе е навлезена или набрзо ќе навлезе во рецесија, а бидејќи Македонија е речиси целосно отворена кон светот незаобиколно е надворешните н е п о в ол н и влијанија да влијаат и врз нас, Доколку продолжат негативностите во опкружувањето можно е да се случи да влеземе во рецесија, меѓутоа треба да се почекаат првите показатели за остварувањето на БДП во првиот кваратал па потоа да се даде оценка дали може да се очекува такво нешто. Грчкото сценарио е далеку од Македонија и воопшто во која било друга балканска земја. Ниту една земја не е приближно во таква лоша ситуација како што е Грција, така што нема место за споредување. И ребалансот на Буџето е логична последица на одредени придвижување на економијата во друга насока од она што се очекуваше. Направеното кратење е доволно, меѓутоа ако неповолностите продолжат можеби ќе треба да се размислува за ново дополнително кратење. Меѓутоа да ги сочекаме остварувањата во следните месеци и да дадеме конечна оценка за она што се случува или би можело да се случува. (Д-р Томе Неновски, професор на „Америкен колеџ“) КАПИТАЛИЗИРАНА ЦЕЛАТА ДОБИВКА Интензивирањето на должничката криза во втората половина од 2011 година го загрози глобалното заздравување со зголемување на ранливоста и притисокот врз еврозоната. Меѓутоа, и покрај негативните глобални трендови во индустријата на финансиски услуги, Стопанска банка а.д. – Скопје остана одлично капитализирана банка, со висока ликвидност и избалансирана финансиска структура составена исклучиво од домашни депозити. Банката

нема никаква изложеност кон ризични државни обврзници и поради тоа не е изложена на потенцијален негативен ефект од должничката криза.

Неодамнешниот стрес-тест, кој беше изведен под многу строги критериуми, докажа дека банката е стабилна, адекватно капитализирана, со висока ликвидност, со прудентни политики за управување со ризик и без никаква изложеност кон проблематичните средства. Сите ризици се соодветно управувани од страна на банката, а капиталната сила и резервите се повеќе од адекватни за да може да апсорбираат потенцијална загуба од кредитното портфолио. Исто така, вредно е да се спомене дека Стопанска банка е финансиски независна од Националната банка на Грција, а НБГ ја поддржува Стопанска банка преку обезбедување оперативна поддршка со цел да се постигне поголема профитабилност. Доказ за тоа е и фактот што континуирано во последните години НБГ како главен акционер на акционерските собранија одлучува да ја капитализира целокупната добивка и со тоа да ја зголеми капиталната сила на Стопанска банка. Таа одлука беше донесена и на Собранието на акционери кое се одржа во петокот. (Диомидис Николетопулос, заменик-генерален директор за финансиско и оперативно работење во Стопанска банка)

СТРАНСКИ ТУРИСТИ ИМА СЕ ПОВЕЌЕ, ТРЕБА ДА СЕ „ПОРАБОТИ“ НА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ДОМАШНИТЕ Отсекогаш Охрид важел за град кој носи најмногу пари од туризам, но Скопје веќе предничи, особено кога се во прашање странските посети.

четврток, 31 мај 2012, Бр. 100

Проектот „Скопје 2014“ придонесува за тоа. Kога станува збор за Охрид, годинава првпат се најавуваат гости од Белгија. Руските туристи се исто така интересни. Инаку, во стратегијата имаме зацртано пет кластери за туризам. Езеро, култура, рурален туризам, планините и винскиот туризам. Немаме море, немаме големи песочни плажи, немаме услови за тој масовен туризам, но имаме услови на туристите да им понудиме нешто ново. Сепак, околу 70 отсто од светскиот туризам се морето и масовниот туризам. Во останатите 30 отсто ние треба да го најдеме својот интерес, каде што можеме да се промовираме. Kога правевме анкета меѓу Холанѓаните и Финците, рекоа дека најмногу им се допаѓаат таканаречените кружни тури кои вклучуваат повеќе места. Да ги наполнат батериите во Охрид, но да пробаат и тиквешко вино. Само интересен туристички пакет може да привлече странски, но и домашни туристи. (Зоран Ниkоловсkи, раkоводител на сеkторот за туризам при Министерството за еkономија)

БЕЗ МЕНАЏЕРСКИ ЗНАЕЊА СЛАБ УСПЕХ НА КОМПАНИИТЕ

Истражувањата укажуваат на тоа дека имплементирање на посебни интернационално утврдени бизнис-модели се уште не е пракса на многу голем број од компаниите. Уште и потврдено е дека интуитивното раководење кое не се базира на факти и знаење е една од главните причини, ако не и најголемата, за слабиот успех на многу компании. Сепак, постојат примери кои веќе ги практикуваат принципите на бизнис извонредност што е причина за подобрување на ефективноста во работењето. (Eлена Mладеновска Jеленковиќ, проект менаџер на БЕС)

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнер

Покровители

на


четврток, 31 мај 2012, Бр. 100

БИЗНИС ИНФО

3

ИНТЕРВЈУ

ДАНИЕЛ САС, главен извршен директор на „Македонски Телеком“ и претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија

ВО „БЕЛАТА КНИГА“ ЌЕ ДЕФИНИРАМЕ ПРИОРИТЕТИ И МЕРКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА БИЗНИСОПКРУЖУВАЊЕТО

- Македонија може да биде успешна, само доколку е успешна и нејзината економија! Затоа, соработката меѓу бизнис-заедницата и Владата е неопходна со цел заеднички како партнери да најдеме решенија за одредени законски, даночни или други пречки во работењето на компаниите со странски капитал. Тоа ќе придонесе да се подобри работењето на странските компании коишто веќе вложиле во Македонија, но ќе привлече и нови инвеститори, - ова го нагласува Даниел Сас во интервјуто за „Бизнис Инфо“ и вебпорталот на Стопанската комора на Македонија веднаш по неговиот избор за претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија. * Неодамна станавте претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија. Кои се Вашите планови за идните активности на Советот? Советот на странски инвеститори се фокусира на заштита на интересите на постојните и идните инвеститори, а од друга страна и на обезбедување на постојан прогрес, просперитет и повисок животен стандард во Македонија. Иако Македонија е мала земја, таа има голем потенцијал за развој и за привлекување на странски инвестиции. Оттука, ние активно

ќе работиме и ќе го споделиме нашето интернационално искуство за развојот на македонското општество. Наша обврска е да обезбедиме експертиза, да ја зајакнеме нашата поврзаност со надлежните институции во државата, да утврдиме добра и прецизна стратегија за наредните неколку години за да им го олесниме влезот на потенцијалните странски инвеститори. На овој начин планираме да ја унапредиме конкурентноста на земјата, да го подигнеме животниот стандард на граѓаните, со цел Македонија да стане цврста, сигурна и успешна земја, остварувајќи го своето право на рамноправно членство во Европската унија.

*Во кој сегмент Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија планира соработка со Владата? Соработката меѓу бизнисзаедницата и Владата е неопходна со цел заеднички како партнери да изнајдеме решенија за одредени законски, даночни или други пречки во работењето на компаниите со странски капитал. Во претходните години имаше проблеми во областа на даноците, извозните процедури, приватизацијата на градежното земјиште итн. На овие проблеми треба сериозно да се фокусираме и да ги решаваме во од. Но, истовремено


4

ИНТЕРВЈУ мора да одиме уште понапред и да ги детектираме слабите точки во системот со цел во иднина да обезбедиме што поповолна бизнисклима. Тоа ќе придонесе да се подобри работењето на странските компании коишто веќе вложиле во Македонија, но ќе привлече и нови инвеститори. Ние сме сигурни дека само со континуирани мерки ќе се зголеми бројот на странски директни инвестиции, ќе се имплементираат нови иницијативи, ќе се намали невработеноста, ќе се обезбеди постојана и одржлива средина, стабилност и зацврстување на меѓусебните релации меѓу бизнисзаедницата и Владата. * Колку Вашите претходни искуства како претседател на Советот на странски инвеститори на Црна Гора може да приднесат за поголеми активности на Советот на странски инвеститори во Македонија? Што од тамошното делување и од Вашето богато искуство би пренеле овде?

Иако секоја земја има своја

БИЗНИС ИНФО специфична економија, законодавство и економски прилики, искуството во Советот за странски инвестиции во Црна Гора ќе придонесе во смисла на изнаоѓање на нови алатки и практики за подобрување на бизнисклимата. Еден од добрите примери за детектирање на пречките при работењето на странските инвеститори е издавањето на публикацијата „Бела книга“, во која се информира за бизнис-климата во Црна Гора и можностите како и условите за работа на странските инвеститори. Оваа годишна публикација е многу корисна за сите сегашни и идни инвеститори. Таа дава опис на условите за бизнис, но содржи и совети за надминување на пречките за полесно водење на бизнисот. Исто така, дел од искуствата од Црна Гора во однос на инвеститорите, се применливи и во Македонија. Јас сметам дека економски развој може да се постигне единствено доколку македонската Влада со бизниссекторот работат заеднички како партнери кон поедноставување и модернизирање на процедурите во законодавството, за да се постигнат

четврток, 31 мај 2012, Бр. 100

добри услови за привлекување на нови странски инвестиции и задржување на актуелните. *Колку искуствата од постојните инвеститори можат да бидат охрабрувачки за влез на свеж капитал? Потенцијалните инвеститори можат да имаат голема корист од искуствата од компаниите коишто веќе се присутни во Македонија. „Македонски Телеком“, на пример, е една успешна приказна за влез на странски капитал, којшто опстојува веќе повеќе од 12 години. Оттука, отворениот дијалог со успешни компaнии, на потенцијалните странски инвеститори ќе им даде информации од „прва рака“ за можностите, работењето, но и за предизвиците. Затоа, сметам дека Советот на странски инвеститори во овој дел може да има клучна, пред сè советодавна улога. Во таа насока, Советот во наредниот период планира да го анализира пазарот во Македонија, да утврди кои се предностите или


четврток, 31 мај 2012, Бр. 100

слабостите на системот, со што на инвеститорите ќе им помогнеме како на најлесен начин да ја остварат својата цел, а на државата да ги лоцира и отстрани недостатоците. Искуствата од постојните инвеститори ќе ни бидат добра основа за правење на т.н. „Бела книга“ на препораки, којашто се покажа како многу корисна од моето искуство во Црна Гора. На овој начин ние ќе се обидеме да ја прикажеме вистинската слика за бизнис-опкружувањето, односно ќе ги детектираме проблемите со коишто се соочуваат инвеститорите во Македонија, без разлика дали станува збор за прашања во делот на регулативата, администрацијата, лоцирањето на корупцијата, или пак некои други суштински елементи. Откако ќе го скенираме пазарот, во „Белата книга“ ќе ги дефинираме приоритетите, односно ќе предложиме сет на мерки кои ќе ги доставиме до надлежните институции во државата, сè со цел да се унапреди и подобри бизнис-опкружувањето. Преку нашите препораки и активни економски политики ќе придонесеме Македонија да одржува чекор со регионалниот развој, да стане атрактивна дестинација за инвестирање и да ги користи бенефитите од Европската помош за развој.

БИЗНИС ИНФО

5

ИНТЕРВЈУ Токму како резултат на странските вложувања, се забележува развој во енергетскиот сектор, ИТиндустријата, телекомуникациите, автомобилската индустрија. Но, мислам дека се` уште има простор за подобрување. Останува да се решат бројни предизвици кои можат да бидат пречка за потенцијалните инвеститори. Овде, пред се`, мислам на продлабочување на реформите во администрацијата, зголемување на ефикасноста на правосудниот систем, неопходни се и реформи во фискалната, монетарната и даночната политика со ЕУ, развој на инфраструктурата, хармонизирање на стручното образование со потребите на економијата. На овој начин ќе се зајакне довербата кај странските инвеститори, што ќе придонесе голем број компании да ја стават Македонија на листата на потенцијални земји за вложување.

* Во Македонија сте веќе една година, кога дојдовте на функцијата главен извршен директор на „Македонски Телеком“. Од Вашето досегашно искуство, како Вие лично ја оценувате бизнис-климата во државава?

*Владата во последниот период е активна во обидите да привлече инвеститори. Колку промоцијата на капацитети и потенцијали е важен предуслов за странските компании да одлучат да инвестираат во Македонија?

Македонија има големи потенцијали за инвестирање и развој. Но, тие не се доволно искористени. Иако бројот на странски компании кои вложиле во Македонија не е за потценување, сметам дека државата треба дополнително да го олесни влезот на инвеститорите. Во изминатите години се направени сериозни и големи реформи во системот за привлекување на странските компании. Ефектите од овие чекори се видливи, бидејќи многу познати компании веќе го прошириле својот бизнис во Македонија. Во Македонија се присутни над 100 компании со доминантен странски капитал. Според податоците, инвеститорите доаѓаат од речиси 70 различни држави, коишто со своето работење ја помагаат и ја зајакнуваат македонската економија. Па така, од вкупните бруто-инвестиции во Македонија, странските инвестиции учествуваат со 5,2 отсто во бруто домашниот производ. Само во 2011 година вкупните странски инвестиции изнесуваа над 300 милиони евра, што е речиси двојно повеќе од 2010 година кога во Македонија се слеале 159 милиони евра инвестиции.

Она што Владата го прави во моментот околу промоцијата на потенцијалите пред идните инвеститори, претставува сериозен чекор којшто треба да се поздрави. Многу инвеститори нема сами да дојдат во Македонија доколку не знаат кои се можностите кои државата ги нуди и каде може да го вложат својот капитал. Промоцијата на можностите на Македонија од страна на Владата, ги зголемува потенцијалите за привлекување на нови инвеститори. Се надевам дека промотивните активности ќе бидат позитивно прифатени и ќе бидат охрабрувачки за голем број инвеститори, имајќи го предвид фактот дека како држава Македонија се` уште има голем потенцијал на полето на енергетиката, земјоделството, информатичката технологија, туризмот и други сектори. Јас верувам дека сите можеме да придонесме за економскиот и севкупниот успех на Македонија. Македонија навистина може да биде успешна, само доколку е успешна и нејзината економија! Јадранка Аризанковска Саво Пејчиновски


6

ПАРАЛЕЛИ

БИЗНИС ИНФО

четврток, 31 мај 2012, Бр. 100

Расте употребата на меѓународната трговска арбитража, пракса на која треба да се угледаат и домашните компании

СПАС ОД СУДСКИТЕ ЛАВИРИНТИ Последните случувања во меѓународната трговска арбитража и арбитражата како поефикасен и побрз начин на решавање на споровите, беше тема на инфо-средбата која се одржа во Стопанската комора на Македонија на 23.5.2012 година. Предавањето беше реализирано во организација со „Рокас и партнери” и потпретседателот на Стопанската комора на Македонија и претседател на УО на Стопанска банка АД - Скопје, д-р Глигор Бишев. Инаку, „Рокас и партнери” има 15 канцеларии во Југоисточна Европа и во Австралија. Во Република Македонија со своја канцеларија се присутни од 1999 година. Свое видување на темата за најактуелните случувања во меѓународната трговска арбитража даде д-р Антониос Цавдаридис, партнер во Адвокатското друштво „Рокас“, кој воедно е и шеф на Одделот за меѓународна арбитража од 2011 година. Д-р Цавдаридис е еминентен и докажан професионалец во областа на правото, кој своето образование го стекнал на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, каде што дипломирал во 1989 година и на Лондонската школа за економија, а воедно е и професор по меѓународно трговско право на Правниот факултет на Универзитетот „Демокритус“. Професорот Цавдаридис има стекнато пракса во областите на арбитража и судски постапки, меѓународно трговско право, осигурување и реосигурување, корпоративно и комерцијално право, поморско и воздухопловно право и конфликт на закони. Според професорот Цавдаридис споровите настанати од еден договор може да се решат на неколку начини. Имено, правилата кои ги поставува националната држава важат единствено само за таа односна држава, но во случај на спор во кој има меѓународен елемент, со цел поедноставување и усогласеност на постапката, се воспоставуваат и меѓународни правила за решавање на споровите. Арбитражното решавање на споровите е токму таков инструмент поставен во рацете на меѓународното право. Арбитражата е пандан на судското решавање на споровите, но предностите се многубројни и доведуваат до се` поголема негова примена во праксата. Има три вида меѓународна арбитража, пред се` ad-hoc арбитража, која се воспоставува од случај во случај. Поточно, страните при склучувањето на договорот и наведувањето на одредбата за овој тип на арбитража ги наведуваат и останатите

услови потребни за воспоставување на истата и со тоа таа ќе се воспостави само за конкретниот спор. Вториот вид е институционална арбитража во која правилата се воспоставени согласно правилниците на секоја една арбитража и при подведување на спорот на некоја од институционалните арбитражи, странките во спорот се согласни на правилата кои самата конкретна арбитража ги воспоставува и, на крај, квази-арбитража која е еден вид на институционална арбитража. Имено, најчесто овој тип на арбитражи постои кај коморските здружувања каде арбитражите се дел од овие институции, односно имаат свои правила и институцијата е само инструмент преку кој истите и ги спроведуваат, наведе д-р Цавдаридис. Критериумите за постоење на арбитража се воспоставени во меѓународното право и во многубројни регулативи кои опстојуваат во оваа област. Акти кои се најрепрезентативни во оваа област и беа презентирани од страна на професорот Цавдаридис се UNCITRAL Модел законот за меѓународна трговска арбитража; UNCITRAL Арбитражни правила; IBA Правила на собирање докази по меѓународната арбитражa; Меѓународната комора за трговија 2012 Арбитражни правила и Њујоршката конвенција за признавање и

извршување на странските арбитражни. Арбитражното судење е алтернатива на судењето од страна на државните судови, и е приватен начин на решавање на спорови, кој својата основа ја има во согласноста на странките. Волјата на странките има клучно влијание во обликувањето на арбитражната постапка и завршува со донесување на одлука која е обврзувачка за

странките и е призната од правниот поредок на државата,- истакна проф. д-р Арсен Јаневски, претседател на Постојаниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора на Македонија. Во 2011 година Постојаниот избран суд Арбитража при Стопанската комора на Македонија своите активности ги насочи кон целосно реформирање на работата на Арбитражата, што се состои од нормативни, организациони, технички и кадровски промени. Направените реформи во работата на Арбитражата се во функција на унапредување на нејзината работа и промоција пред компаниите, заради што поголемо користење и согледување на конкретните придобивки од арбитражниот начин на решавање спорови наспроти решавањето на споровите пред редовните судови. Според проф. д-р Јаневски предности на арбитражното судење се: брзината на постапката, помалите трошоци, непристрасност во одлучувањето, стручност на арбитрите, автономија на волјата на странките, едностепеност на постапката и доверливост. Нов Правилник на Постојаниот избран суд - Арбитража е донесен на 20.4.2011 година. Истиот се применува на сите постапки кои се започнати по неговото влегување во сила. Правилникот воведува значајни промени во однос на: постигнување на поголема автономија на Постојаниот избран суд - Арбитража, неговата организација и постапката на конституирање на арбитражниот суд. Во арбитражна постапка можат да се решаваат спорови со и без меѓународен елемент. Во Република Македонија како спорови со меѓународен елемент ќе се сметаат сите спорови во кои барем една од странките има живеалиште или трајно престојувалиште, односно седиште надвор од територијата на Република Македонија во времето кога се склучува арбитражната спогодба, или местото каде што треба да се изврши значителен дел од обврските на трговскиот однос или местото со кое предметот на спорот е во најблиска врска не се наоѓа на територијата на Република Македонија.


четврток, 31 мај 2012, Бр. 100

БИЗНИС ИНФО

7

ПОСЕТИ

Економската криза во Италија не го намалува трговскиот интерес за Македонија

КОРИДОР 8 ВО ФУНКЦИЈА НА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ИТАЛИЈАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ Општата економска криза во ЕУ, како и кризата во Италија, битно не влијаеле на билатералната трговска размена, што има постојан раст во текот на минатата година, но и во првите три месеци од оваа - е заедничка оценка на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија и Фабио Кристиани, амбасадор на Република Италија во Република Македонија, при неговата посета на Комората (25.5.2012 година). Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Италија во првите 3 месеци од 2012 година изнесува 138,5 милиони САД долари, што претставува раст од 9,5% во однос на истиот период од претходната година. Извозот e 60,7 милиони САД долари и е зголемен за 10,9%, а увозот од 77,8 милиони САД долари бележи раст 9,8%. Остварен е негативен трговски биланс од 17,2 милиони САД долари. Италија е шести најголем трговски партнер на Република Македонија во овој период од годината. Амбасадорот на Италија се интересираше за моменталните стопански состојби во Македонија, за кои го запозна претседателот Азески и за кои амбасадорот Кристиани констатира дека слични се состојбите на корпоративно ниво и во Италија, но дека во Италија БДП е во постојано опаѓање. Тој се интересираше за можноста да се зголемат италијанските инвестиции во Македонија, особено во аграрот и во преработувачката индустрија. И гостинот и домаќинот констатираа дека недовршениот Коридор 8, како и се` уште недовршената гасификација влијаат на привлекувањето на италијанските инвеститори. Гостинот исто така е на мислење дека нема доволно информации за Македонија кај деловниот свет во Италија, за разлика од традицијата за деловната соработка со Србија. Постоењето на италијанска банка во земјата би придонело за развој на билатералните трговски односи, но и на привлекувањето инвестиции. Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија и Фабио Кристиани, амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, разговараа и за заедничките активности во функција на унапредување на претприемничката соработка. Љубица Нури

ДОСИЕ

Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Република Италија

Стопанската размена меѓу Република Македонија и Република Италија се одвива согласно Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ. Трговска соработка меѓу Р. Македонија и Р. Италија во периодот 01-03.2012 година ИЗВОЗ УВОЗ ВКУПНО БИЛАНС 60 675 77 844 138 518 -17 209 Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Италија во првите 3 месеци од 2012 година изнесува 138,5 милиони САД долари, што претставува раст од 9,5% во однос на истиот период од претходната година. Извозот e 60,7 милиони САД долари и е зголемен за 10,9%, а увозот од 77,8 милиони САД долари бележи раст 9,8%. Остварен е негативен трговски биланс од 17,2 милиони САД долари. Италија е шести најголем трговски партнер на Р. Македонија во овој период од годината. Трговска соработка меѓу Р. Македонија и Р. Италија во 2011 година Во САД $ ИЗВОЗ УВОЗ ВКУПНО Количина во кг Сума во САД$ Количина во кг Сума во САД$ Количина во кг Сума во СА$Д 102.788.889,00 289.745.833,00 122.086.609,00 418.823.089,00 224.875.498,00 708.568.922,00


БИЗНИС ИНФО

8

ПОСЕТИ

четврток, 31 мај 2012, Бр. 100

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Италија во 2011 година изнесува 708.5689,22 милиони САД долари, што претставува раст од 26,1% во однос на истиот период од претходната година. Извозот e 289,7 милиони САД долари и е зголемен за 23,5%, а увозот од 418,8 милиони САД долари бележи раст 27,9%. Остварен е негативен трговски биланс од 129,1 милиони САД долари. Италија е шести најголем трговски партнер на Р. Македонија во 2011 година. СПОРЕДБЕН ПРИКАЗ НА ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА 2011-2010 Вкупна размена Извоз 2011 Индекс 2010 2011

2010 561.861.981

708.568.922

126,1

234.578.642

289.745.833

Индекс

2010

Увоз 2011

123,5

327.283.339

418.823.089

Индекс 127,9

Во структурата на извозот во 2011 година, најмногу се застапени: обувки и нивни делови во вредност од 60,2 милиони САД $; готови текстилни производи и облека во вредност од 30,4милиони САД $; прехранбени производи во вредност од 23,5 милиони САД $ (овчо месо-14 милиони САД долари); силициум - 8 милиони САД $, феросилициум – 15,4 милиони САД$, фероникел – 95,3 милиони САД $, плоснато-валани производи од железо или нелегиран челик – 31,6 милиони САД $, апарати за загревање – 4,6 милиони САД $, мермер и травертин од 2,6 милиона САД $. Во увозното салдо најголемо учество имаат: прехрана – 18,1 милиони САД $, лекови и козметика 9,1 милиони САД $, кожа (обработена ) -24,6 милиони САД $, хартија и картон – 7 милиони САД $, текстилни предива, ткаенини и суровини - 66,6 милиони САД$;, нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали – 38,8 милиони САД $ , оригинални скулптури и кипови- 9,2 милиони САД $, моторни возила за превоз на лица и стока - 10 милиони САД$; облека – 4 милиони САД $ , делови од обувки – 6,5 милиони САД $ и друго. Недовршениот Коридор 8 пречка за повеќе италијански инвестиции. Недовршениот Коридор 8, како и лошата инфраструктута во земјава воопшто е една од главните пречки за малкуте италијански инвестиции во Македонија. За разлика од земјава, Албанија која има многу подобри патишта, е мека за италијанските инвеститори. Сепак, Италијанците во последниот период покажуваат интерес за инвестирање во Македонија. Велат, предноста на земјава била во постарата претприемничка култура. Конкретни зделки можат да се очекуваат дури на есен. Приоритет се контактите меѓу малите и средни претпријатија, но има најави дека Италијанците сакаат да инвестираат во изградба на мали хидроцентрали. Во вкупниот обем на странски инветсиции во земјава засега Италија е слабо застапена. Најмногу вложувања од оваа земја имало во 2008 година, над 55 милиони евра, но тоа е само 2% од вкупните инвестиции во Македонија. Коридорот 8 треба да биде врската преку која стоките од Бугарија, Македонија и Албанија преку Јадранското Море побрзо ќе стигаат до Италија, а со тоа и до западна Европа.

Приказ на директни инвестиции од Италија во Македонија 2010

2009

2008

2007

Во мил.евра 1,92

3,44

55.544.960

46.504.316

2006

2005

Во евра 44.386.691 37.688.220

2004

2003

32.094.957

14.966.520

* Извор: Народна банка (Вложувања евидентирани според податоците од платниот промет на деловните банки и царински декларации)

Според интересот, Италијанците се заинтересирани за вложувања во енергетиката - обновливи и алтернативни извори, градежништвото, заштита на животната средина и инфраструктура во земјата.

Италијанската компанија „TекноХосе„ инвеститор во Бунарџик

По две години одложување „ТекноХосе“ влегува на македонскиот пазар. Италијанската автомобилска компанија која се занимава со производство на армирани гумени цевки треба да почне идната година. Инвестицијата е десет милиони евра, а ќе се вработат 150 луѓе.


БИЗНИС ИНФО

четврток, 31 мај 2012, Бр. 100

БРОЈКИ И ФАКТИ

9

ПОСЕТИ

ИТАЛИЈАНСКА РЕПУБЛИКА

Површина

Вкупно: - земјена површина - водена површина

Локација

Јужна Европа, полуостровот се простира се` до центарот на Средоземното Море, североисточно од Тунис

Главен град

Рим

Население

58,126,212 (Јули 2009)

Религии

Римски католици 90 %, останати 10%(протестанти, евреи, муслимани)

Природни ресурси

јаглен, жива, цинк, мермер, азбест, флуорит, (сулфур), природен гас и сурова нафта, риба, обработливо земјиште

Јазици

Италијански

301,230 км2 294,020 км2 7,210 км2

Економски показатели БДП куповна моќ

1.822 трилиони САД $ (2011)

БДП стапка на пораст

0,4% (2011)

БДП по жител

30.100 САД $ (2011)

БДП по сектори

земјоделство 1,9%, индустрија 25,2%, услуги 72,9% (2011)

Работна сила

25 милиони (2011)

Невработеност

-0,8% (2011)

Индустрија

Туризам, машини, железо и челик, хемикалии, преработката на храна, текстил, моторни возила, облека, обувки, керамика

Индустриска стапка на пораст

6,7% (2011)

Земјоделски производи

Овошје, зеленчук, грозје, компири, шеќерна репка, соја, жито, маслинки, говедско месо, млечни производи, риба

Извоз

522 милијарди САД $ (2011)

Извозни производи

Високотехнолошки производи, текстил и облека, машини за производство, моторни возила, опрема за транспорт, хемикалии, храна, пијалаци , тутун, минерали и обоени метали

Извозни партнери

Германија 13%; Франција 11,6%; Шпанија 5.9%; САД 6%; В. Британија 5,2 (2011).

Увоз

556,4 милијарди САД $ (2011)

Увозни производи

Високотехнолошки производи, хемикалии, транспортна опрема, енергетски производи, минерали и обоените метали, текстил и облека, храна, пијалоци и тутун

Увозни партнери

Германија 16,1%, Франција 8,8%, Кина 7,8%, Холандија 5,4%, Шпанија 4,6%, (2011)

ИТАЛИЈАНСКА ЕКОНОМИЈА Италија има диверзифицирана индустриска економија, која е поделена на индустриски развиениот север, каде што доминантни се приватни компании, и на помалку развиениот, земјоделски југ, со висока стапка на невработеност. Италијанската економија е придвижена во голем дел од производството на висококвалитетни производи за широка потрошувачка од страна на малите и средни претпријатија, во фамилијарна сопственост. Италија, исто така има доста голема „сива“ економија, којашто изнесува околу 17% од БДП. Италија е трета по големина економија во еврозоната. Јавниот долг постојано се зголемува од 2007 година, достигнувајќи 120% од БДП во 2011 година, при што државниот долг се зголемил на рекордно ниво. Во текот на втората половина на 2011 година Владата донесе серија од три пакет-мерки за штедење со цел да го избалансира буџетот до 2013 година и за намалување на јавниот долг. Овие мерки вклучуваат раст на данокот на додадена вредност, реформите во пензискиот систем и намалување на јавната администрација. Владата, исто така се соочува со притисок од инвеститорите и европските партнери за решавање на долгогодишните структурни проблеми како што се нефлексибилниот пазар на труд и широко распространетото даночно затајување. Светската финансиска криза дополнително ги влоши условите на пазарот на труд во Италија, при што невработеноста од 6,2% во 2007 година достигна 8,4% во 2011 година. Кризата во еврозоната криза заедно со италијанските мерки за штедење доведе до намалување на извозот и на домашната побарувачка, а со тоа и до забавување на економскиот раст. БДП-то на Италија се` уште е 5% помало од тоа во 2007 година пред кризата).

Листа на дел од меѓународни договори и акти меѓу Република Македонија и Италија Закон за ратификација на Спогодбата меѓу македонската Влада и Владата на Италија за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал и за заштита на фискална евазија – МД – 34/97 – 230. Закон за ратификација на Спогодбата меѓу македонската Влада и италијанската Влада за поттикнување и заемна заштита на инвестици -34/97. Закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на РМ и Владата на Република Италија за заемно уредување на меѓународниот патен превоз на патници и стока со моторни возила – МД – 44/99 – 31. Закон за ратификација на Спогодбата за редовен воздушен сообраќај меѓу македонската Влада и

Владата на Италија - 28/1997. Закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Македонија и Владата на Италија за реципрочно признавање на конверзијата на возачките дозволи – МД – 59/97 – 1. Закон за ратификација на Спогодбата за заемна административна помош за спречување, истраги и санкционирање на царински прекршоци меѓу Владата на РМ и Владата на Република Италија – МД – 44/99 – 47. Закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Македонија и Владата на Италија за консолидирање на одредени долгови – МД – 16/98 – 337. Закон за ратификација на Договорот за соработка во областа на туризмот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Италија – МД – 13/03 – 17.


10

МОЖНОСТИ

БИЗНИС ИНФО

четврток, 31 мај 2012, Бр. 100

Стопанската комора на Македонија ги повикува компаниите помасовно да учествуваат на објавениот 4-ти повик за програмата ЦИП Еко-иновации за 2012 година

ЕВРОПСКИ ПАРИ ЗА ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ ПРЕКУ НОВИ ИНОВАТИВНИ ТЕХНОЛОГИИ

Европската комисија го објави 4-тиот повик за Програмата ЦИП Еко-иновации за 2012 година, наменет за компаниите кои имаат намера да инвестираат во проекти со цел да ја подобрат својата конкурентност и да ги решат еколошките проблеми со внесување нови иновативни технологии. Повикот е објавен на 8 мај, a се затвора на 6 септември годинава. Ова го нагласи Јадранка Аризанковска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија (28.5.2012). Приоритетни области во овој повик, како што посочи Јадранка Аризанковска, се: - рециклирање и зелена економија; - вода; - одржливи градежни материјали и градежна индустрија; - прехрана и пијалаци. Според проектот, се кофинансира 50% од вредноста на Проектот. За 2012 година, Европската комисија одвои 34,5 милиони евра и се очекува да бидат одобрени 45 до 50 проекти. Овие средства се достапни за сите проекти кои ќе аплицираат. Аплицирањето е директно во Брисел по електронски пат. Стопанската комора на Македонија, порача Аризанковска, оваа програма ја третира како важна затоа што се овозможува на проектот да аплицира и една компанија сама ( без обврска да биде дел од поголем конзорциум). Европската комисија го објави и Извештајот за 2011 година кога Македонија учествуваше со 5 проекти, но ниту еден проект не доби поддршка. Според статистиката, во 17 отсто од вкупниот број проекти, компаниите аплицирале самостојно, без конзорциум. Кај останатите во просек аплицирале 3 до 4 фирми заедно.

Заедничка седница на Здружението на металната и електроиндустријата и Асоцијацијата за секундарни суровини и рециклатори

НАВРЕМЕНЕНА ПОДГОТОВКА НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПРИМЕНА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД Со влегувањето во сила на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електорнска опрема („Сл. весник на РМ“ 06/12) целосно се заокружува процесот на хармонизација на националното законодавство во областа на управување со отпадот и посебните видови на отпад и се придонесува кон процесот на приближување на земјата кон воспоставување модерен и сеопфатен систем за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електорнска опрема, беше истакнато од претставниците на Министерството за животна средина и просторно планирање, на заедничката седница на Здружението на металната и електроиндустријата и Асоцијацијата за секундарни суровини и рециклатори, одржана на 30.5.2012 година во Стопанската комора на Македонија. Со овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина кои треба да ги исполнат правните и физичките лица кои произведуваат и пуштаат на пазарот во земјата електрична и електронска опрема и кои постапуваат со отпадната електрична и електронска опрема, ограничувањето на употребата на одредени опасни супстанции во производството на електрична и електронска опрема, начинот на собирање, третман, преработка и одстранување на ваков вид на отпад. Со донесување на овој закон се предвидува намалување до најмало можно ниво на негативното влијание на отпадната електрична и електронска опрема врз животната средина и врз човековото здравје, унапредување на стандардите за заштита на животната средина од страна на производителите, трговците и крајните корисници, особено при третманот, преработката и отстранувањето на отпадната електрична и електронска опрема, постигнување на високо ниво на повторна употреба, рециклирање и на овој вид на отпад, воспоставување и развој на пазар за повторна употреба и рециклирање и остварување на други цели. Во Република Македонија во моментов повеќе од 90% од отпад од електрична и електронска опрема завршува на директно депонирање без никаков третман кој има големо влијание врз животната средина и здравјето на луѓето, а со влегувањето во сила на Законот се очекува негово собирање, селектирање и искористување на неговите корисни компоненти, преку повторна упортеба. Одредбите на овој закон се применуваат на електрична и електронска опрема на големи и мали домашни апарати, опрема за информатичка технологија и телекомуникација опрема за широка потрошувачка и забавна електроника, опрема за осветлување, електрични и електронски апарати, електрични и електронски играчки и опрема за забава и спорт, медицински апарати (освен апарати кои можат да предизвикаат радијација или инфекција), инструменти за следење и контрола и автомати. Исто така, на седницата беа истакнати процедурите за регистрација на производителите и трговците кои за прв пат пуштаат на пазар или увезуваат како крајни корисници опрема, преземањето на отпадната опрема, функционирањето на самостојниот и колективниот постапувач, како и финансиските импликации кои произлегуваат од овој закон. Во дискусијата се истакнаа повеќе отворени прашања кои произлегуваат од примената на Законот, пред се` висината на надоместокот кој би се плаќал по килограм на производот доколку фирмата не склучи договор со колективниот постапувач, со оглед дека во производите како што се електрични шпорети, бојлери, разладна опрема, најголемиот дел од тежината се метали, а мал дел отпаѓа на електричната опрема, каде ќе се враќа опремата доколку производителот или трговецот ги затворат фирмите и сл. Присутните искажувајки го задоволството од навременото отпочнување и запознавање со имплементацијата на овој закон ги договорија натамошните активности, со цел успешна подготовка на стопанството за примена на Законот, што влегува во од 2013 година. В. Николовски


четврток, 31 мај 2012, Бр. 100

БИЗНИС ИНФО

11

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Финализирана продажбата на градежно земјиште во индустриската зона „Прилеп -1“

СВЕЧЕНО ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ

Во присуство на голем број стопанственици и претставници на медиумите, .градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески и извршниот директор на Регионалната комора со седиште во Прилеп, Ристо Најдоски, официјално им ги предадоа договорите за купродажба на градежното земјиште во индустриската зона „Прилеп – 1“, на компаниите кои учествуваа и дадоа најдобри понуди на електронската аукција за продажба на градежното земјиште. На одржаните две електронски аукции и потоа со потпишувањето на договорите за сопственост на градежно неизградено земјиште во зоната се стекнаа следниве компании: Мартекс, Дониа, Гинис, Кули, Депелиор, Марфил, Автопоинт и СтаклоУнион.

Ристо Најдоски

Cеминар за „Бренд менаџмент“ во Регионалната комора со седиште во Прилеп

ПОДГОТОВКА НА ТЕКСТИЛНИТЕ КОМПАНИИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА СОПСТВЕНИ МАРКИ

Во организација на Министерството за економија и Регионалната комора со седиште во Прилеп, на 28.5.2012 година се организираше еднодневен семинар на тема: „Бренд менаџмент“. Семинарот кој се одржа во просториите на Регионалната комора, се организираше во соработка со Проектот “Промоција на инвестициите и извозот“, кој се спроведува од страна на Германското друштво за интернационална соработка - ГИЗ. Семинарот беше во функција на подготовка на текстилните компании за премин од „ЛОН“производство во производство на сопствени производи кои ќе прераснат во препознатливи брендови на компаниите. Присуствуваа поголем број компании од текстилната индустрија и конфекции од регионот: „Кули“, „Хатра“, „Мартекс“, „Котекс“, „Баки Комерц“, „Кулитекс“, „Мокел“ - Битола, „МГИ“ и други. Предавачот, д-р Николина Трајаноска, обработи актуелни теми во однос на тоа како се гради бренд, како брендот креира вредност за компанијата, негово менаџирање и правна рамка за заштита на брендот. Ристо Најдоски

Регионалната комора со седиште во Струмица

ПРАКТИЧНА РАСПРАВА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА На ден 29.05.2012 година Регионалната комора со седиште во Струмица организираше седница на која присуствуваа компании од Струмичкиот регион. Со седницата раководеше претседателот Трајче Заев. На оваа седница присутните можеа да дознаат многу повеќе околу ИПАРД програмата од претставникот на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, Виктор Младеновски кој ги презентираше начинотот и условите за користење на оваа програма. Имено, присутните во отворената дискусија имаа можност да дознаат како треба да ги поднесат своите проекти до министерството за да ги користат ИПАРД фондовите. Претставникот на Стопанска комора на Македонија, Ленче Зикова, пред присутните изврши презентација на активностите и услугите на комората. Целта на оваа презентација беше да се запознаат компаниите со сите нови активности кои ги има Стопанска комора на Македонија, а кои се од посебно значење за нивното секојдневно работење. На седницата на Регионалната комора со седиште во Струмица беше извршена и презентација на Постојаниот избран суд- Арбитража при Стопанската комора на Македонија од страна на м-р Снежана Камиловска, соработник во Стопанската комора на Македонија. Претставниците на компаниите од овој регион беа запознаени со предноста од користење на арбитражното судење. Промовиран беше и Информаторот за прописи од значење за бизнисот, кое е ново издание на Комората.


12

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ

БИЗНИС ИНФО

четврток, 31 мај 2012, Бр. 100

Медали за вината на „Тиквеш“ во Велика Британија

БРОНЗЕН МЕДАЛ ЗА „ТЕМЈАНИКА SPECIAL SELECTION“ 2011 Белото вино „Темјаника Special Selection“ на винарската визба „Тиквеш“ доби медал на годинешниот традиционален натпревар Decanter во Лондон, Велика Британија. Виното, како што соопшти компанијата, од оваа сорта од бербата 2011-та е наградено со бронзен медал, со што го повтори минатогодишниот успех на ова вино од бербата 2010-та. Дополнително, натпреварувачката комисија на годинешниот натпревар, како особено квалитетни ги истакна тероар - вината на „Тиквеш“ „Бела Вода” (црвено) и „Барово” (бело) и двете од бербата 2010-та година. Бронзен медал за „Темјаника Special Selection“ 2011 е доделен и на Меѓународниот вински натпревар IWC - International Wine Challenge, кој исто така, се одржува во Лондон и на кој традиционално секоја година се натпреваруваат над 10 илјади мостри од висококвалитетни сорти и видови вина од целиот свет. - Значаен успех за една винарница е кога нејзините вина од различни берби, од година во година, добиваат високи светски награди. Тоа е потврда за конзистентноста во одржувањето на високиот квалитет, што е особено важно за градење на довербата во квалитетот на брендот, но и на винарницата, кај љубителите на врвните вина. Затоа овие награди на нас во „Тиквеш“, како најголем македонски производител на вино, ни значат исклучително многу, не само за нашата репутација, туку и за севкупниот имиџ на македонските вина во светот“, вели Игор Илиевски, генерален директор на винарската визба „Тиквеш“, а го цитира МИА. Покрај „Темјаника“, медали на IWC 2012, добија и црвеното вино „Барово“ од бербата во 2010-та, како и белото вино „Р’кацители” од 2011-та, а пак белото вино „Бела Вода” од минатогодишната берба доби високото сребрено одличие, со што уште еднаш се потврди дека тероар - вината на „Тиквеш“ произведени од грозје од локалитетите Бела вода и Барово се исклучително ценети, не само од љубителите на квалитетните и уникатни вина, туку и од врвните светски енолози. Стручната комисија на IWC 2012 им додели специјални признанија за квалитет на дополнителни четири вина на „Тиквеш“ „Мускат Отонел 2011“, „Барово (бело) 2011”; „Бела Вода (црвено) 2010” и „Вранец Special Selection 2010”.

Дипломатскиот кор во „Алкалоид“

ЗАПОЗНОВАЊЕ СО СТРАТЕГИЈАТА ЗА НАТАМОШНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА БИЗНИСОТ

Работен појадок со дипломатскиот кор во Република Македонија организираше компанијата „Алкалоид“ заедно со Министерството за надворешни работи (30.5.2012 година). - Целта ни беше заедно со напорите кои ги правиме во делот на економската дипломатија за промоција на Македонија како интересна дестинација за странски инвеститори, исто така да ги запознаеме претставниците на дипломатскиот кор во Македонија со македонски компании кои се присутни на надворешните пазари и кои се заинтересирани да инвестираат надвор, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски, а пренесува МИА. Клучните прашања кои беа поставени беа околу бизнис-климата во Македонија и можностите за развој, ефектите од економската криза и интересот кој постои кај инвеститорите за македонски фирми. - Сметаме дека овие можности и овие размислувања се добра платформа за поврзување на бизнис-заедниците и отворање можности за нови пазари. Во тој дух ќе продолжиме и во следниот период со поголем број македонски фирми кои се значителни и присутни на странски пазари, да го поврзуваме дипломатскиот кор и да бидат дел од активностите за промовирање, како на Македонија како успешна дестинација за инвестиции, така и на наши фирми присутни на странски пазари и создавање нови можности, - додаде Попоски. Генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, рече дека ваквите средби се можност и за други компании кои има што да покажат, да се презентираат пред целиот дипломатски кор, да ги објаснат стратегиите и активностите за натамошно функционирање и ширење во делот на бизнисот.

„ЕВН“ почнува кампања за плаќање на заостанатите долгови за електрична енергија

МАЛИТЕ БИЗНИС-КОРИСНИЦИ МОЖЕ ДА СЕ РАСЧИСТАТ НА ЧЕТИРИ РАТИ

„EВН Македонија“ почнува нова кампања за плаќање на заостанатите долгови за електрична енергија. Од 1 јуни до 31 август годинава корисниците ќе имаат можност по поволни услови да „го избришат долгот“ за струја. Компанијата нуди поволности за отплаќање на тужените и нетужените побарувања од 1 јануари 2006 година па наваму. Тужените корисници, како што соопшти „ЕВН Македонија“, имаат можност преку спогодба да го платат во целост основниот долг и со тоа ќе им бидат отпишани каматата за задоцнето плаќање, судските трошоци, како и трошоците за нотар и извршител. Постапката за тужење и извршување ќе биде запрена веднаш по плаќањето. Оние корисници што имаат актуелен долг кон „ЕВН Македонија“, односно нетужени побарувања, ќе може да го платат на рати и без пресметка на дополнителна камата. Домаќинствата што ќе потпишат спогодби во јуни ќе имаат можност да плаќаат најповолно, на шест рати, а во јули на четири рати. Корисниците што ќе потпишат спогодби во август нетужените долгови ќе може да ги платат на две рати. Малите бизнис-корисници нетужените долгови може да ги расчистат на четири рати во јуни и на две рати во јули. Дополнителна поволност ќе имаат корисниците што ќе го платат нетужениот долг одеднаш во една рата – ќе бидат ослободени од каматата за задоцнето плаќање и веќе (претходно) вкалкулираната (впишаната, пресметана) камата. Дополнителни информации може да се добијат во Центарот за односи со корисници, на 0890 12345 или на info@evn.mk


БИЗНИС ИНФО

четврток, 31 мај 2012, Бр. 100

13

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Еднодневен семинар CASH FLOW АНАЛИЗА И ИЗВЕШТAИ (1 јуни 2012 година, oд 09:00 до 17:00 часот) Стопанска комора на Македонија

Предавач: Александар Василски

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: работен материјал; ручeк и освежување; сертификат за присуство на семинарот. Рок за пријавување: 25 мај 2012 година Контакт: Елизабета А.Ефтимова тел: 02 32 44 074 факс: 02 32 44 088 beti@mchamber.mk

Анита Митревска тел: 02 32 44 057 факс: 02 32 44 088 anita.mitrevsk@mchamber.mk

На 5 и 6 јуни 2012 година дводневен семинар „ЕУ - преференцијалниот царински систем и правилата на Генералниот систем на преференцијали (GSP) во функција на зајакнување на конкурентноста на компаниите” (сала 4 на 5-ти кат, Стопанска комора на Македонија) Во функција на иновирање на знаењата на стопанските субјекти во примената и користењето на правилата за потеклото на стоките, Стопанската комора на Македонија, со ЦЕФТА Партнерскиот проект, поддржан од Унијата на германските трговски и индустриски комори, организира дводневен семинар на тема: „ЕУ - преференцијалниот царински систем и правилата на Генералниот систем на преференцијали (GSP) во функција на зајакнување на конкурентноста на компаниите”. Комората го организира семинарот со цел да се охрабрат компаниите да го користат потеклото на стоки како инструмент кој овозможува набавка и вградување на бесцарински или со намалени царини суровини и репроматеријали и бесцарински извоз на производи наменети за пазарите на ЦЕФТА, ЕУ, Турција, ЕФТА и земјите-донатори на GSP. Правилното користење на потеклото ја подигнува конкурентноста на производите на странските пазари, но може да поттикнува и развој на домашното производство. Развојот на ЦЕФТА и` овозможи на Република Македонија освен билатерална, и имплементација на дијагоналната кумулација на потеклото: Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Турција и ЕУ и Македонија, Србија, Хрватска, Албанија и ЕФТА. Со учество на семинарот, учесниците ќе се информираат кои се правилата за преференцијално потекло на стоките, како се докажува потеклото на стоките, користењето на дијагоналната кумулација, а ќе добијат одговори и на сите други прашања врзани за потеклото, а се однесуваат на нивното конкретно увозно-извозно работење. Интерактивниот карактер на семинарот дава можност и за билатерални разговори со експертот, што може да се наведе и во самата пријава. Предавањето ќе биде реализирано од страна на Хелмут Бернд, виш царински експерт за единствениот царински систем на ЕУ и за потекло на стоките, од Берлин, СР Германија. Предавањето ќе биде на англиски јазик, со обезбеден консекутивен превод на македонски. ЦЕФТА - Партнерскиот проект со поддршка на Унијата на германските трговско-индустриски комори (ДИХК), со овој семинар има цел да ги поттикне компаниите во секојдневната пракса да ги користат бенефитите од договорите за слободна трговија и да го изградуваат партнерскиот капацитет за интернационализација на трговијата и ЕУ-интеграција. Заинтересираните лица за учество на дводневниот семинар можат да се пријават најдоцна до 1 јуни 2012 година (петок). Сите учесници кои навреме ќе го пријават своето учество ќе добијат и соодветен работен материјал и сертификат за присуство. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел:++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса:beti@mchamber.mk Контакт: Ленче Зикова Тел:++ 389 2 3244054 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса:lence@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

14

четврток, 31 мај 2012, Бр. 100

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 5 до 8 јуни 2012 година, во Тузла, Босна и Херцеговина МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГИЈА, РУДАРСТВО И ИНДУСТРИЈА И МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ЕНЕРГА“ Во периодот од 5 до 8 јуни 2012 година, во Тузла, Босна и Херцеговина, ќе се одржи Меѓународниот саем за енергија, рударство и индустрија. Тоа е специјализиран саем, единствен во регионот по својата програма и карактер. Организаторот очекува присуство на над 80 компании од БиХ и од странство, како и институции од областа на енергетиката. Во рамките на Саемот, на 7 и 8 јуни 2012 година ќе се одржи и Меѓународната конференција „Енерга“. Предвидено е Конференцијата да се одржи во четири сесии и најголемиот број на теми ќе се однесуваат на обновливите енергетски извори и на подрачјето на енергетска ефикасност. Конференцијата ќе се одржи во 4 сесии: • Енергетска политика; • Обновлива енергија и комбинирано производство; • Менаџмент на енергија и енергетска ефикасност и • Модели на финансирање енергетски проекти. Конференцијата е можност за експерти од практиката, претставници на невладини организации, владини институции, меѓународни истражувања и развој, како и образовни институции да ги презентираат своите мисли, цели и достигнувања во спроведувањето на основните одредници во енергетскиот сектор. Вистинските прашање, престижот и репутацијата на учесниците на Конференцијата за енергија, како и атрактивните услови за нејзино одржување, ќе го стимулира интересот и ќе претставува мотивација за учество на Конференцијата. Планирањето модернизација на рудниците за јаглен, инвестирање во обновливи извори на енергија, градењето фарми со ветерници и мини-хидроцентрали, како и користењето на соларната енергија, се големи можности за натамошен развој на индустриското производство. Контакт: Станка Дамјановска Тел:++ 389 2 3244016Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса:stanka@mchamber.mk Од 7 до 9 јуни 2012 година, во Бурса, Република Турција МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА СПОРТ, СТРЕЛАШТВО, ЛОВ, РИБОЛОВ И ОПРЕМА ЗА КАМПУВАЊЕ „BURSA NATURE, HUNTING 2012“ Организирана посета на саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување. Во периодот од 7 до 10 јуни 2012 година, во Бурса, Република Турција ќе се одржи 4. Меѓународен саем за спорт, лов, стрелаштво, риболов и опрема за кампување „BURSA NATURE, HUNTING 2012“. На Саемот ќе бидат претставени следниве производи, дисциплини и отворени спортски активности: • (јавање, нуркање и костими за нуркање, скијање на вода, планинарење, голф); • лов и опрема за лов (огнено оружје, античко огнено оружје, пушки за лов, пиштоли, патрони и муниција, лак и стрела и др.); • ножеви и алатки (џебни ножеви и ножеви за лов); • кучиња за лов (ветеринарски служби, кафези, храна и куќички за кучиња); • риболов и опрема за риболов (храна и производи за риболов, рибарски алишта); • надзор помагала и електронски помагала (радари, компаси, опрема за навигација, двогледи, фотографска опрема, ламби, факели); • теренски возила, велосипеди, возила за лов, јахти, чамци додатоци за лов (витамини, минерали, спортска исхрана); • спортски часовници, часовници за нуркање, фитнес часовници и др. Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „АДОНИС ГРУП“ организира посета со групен автобуски превоз на македонски компании на саемската манифестација од 7 до 9 јуни 2012 година. Обезбедено е бесплатно сместување за две ноќевања со појадок, трансфери од хотел до


четврток, 31 мај 2012, Бр. 100

БИЗНИС ИНФО

15

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

саем, трансфери при авионски превоз и бесплатни влезници за саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 sвезди. Посетителот ги покрива патните и административни трошоци од човек за саемскиот организатор Адонис од 125 евра со автобус (доколку е со сопствен превоз 45 евра административни трошоци), како и организационите трошоци кон Комората. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании, спортски здруженија, ловечки друштва и поединци да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 4 јуни 2012 година. Контакт: Влатко Стојановски Тел:++ 389 2 3244004Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса:vlatko@mchamber.mk НА 12 јуни 2012 година еднодневен семинар „СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО ФУНКЦИЈА НА МАРКЕТИНГ АЛАТКИ И ТЕХНИКИ ЗА ОГЛАСУВАЊЕ” (9:30-16:30 часот, Стопанска комора на Македонија, сала1 на 5-ти кат) Социјалните мрежи (Facebook.com, Twitter, LinkedIn, YouTube и др.) се бесплатни online-сервиси кои им овозможуваат на корисниците комуникација и сопствена презентација пред повеќе од една милијарда луѓе. Само социјалната мрежа Facebook денес има повеќе од 900 милиони корисници и тој број расте за 25% годишно. Во Македонија има околу 900 илјади регистрирани корисници чиј број постојано се зголемува. Социјалните мрежи, особено Facebook, денеска се користат за најразлични цели, од обична секојдневна комуникација меѓу пријателите до афирмација, рекламирање и промовирање на голем број компании, институции, производи и услуги. Бројни студии кои ги анализирале компаниите со брз и висок раст во минатиот период е констатирано дека се активни на социјалните мрежи. Трендовите во вложувањето во маркетингот за малите и средни компании покажуваат дека социјалните мрежи ќе бидат уште позастапени во нивните комуникациски активности. Со цел компаниите да ги согледаат значењето и потенцијалите од примената на социјалните мрежи, Стопанската комора на Македонија, на 12 јуни 2012 година, организира еднодневен семинар на тема: “Социјалните мережи во функција на маркетинг-алатки и техники за огласување” Цели и придобивки од тренинг-програмата: • осознавање и градење на маркетиншкиот идентитет на интернет; • откривање на најдобрите начини за on-line промоција и продажба; • разбирање на е-комуникацијата и апликативноста на друштвените медиуми; • развивање на on-line маркетинг-стратегија за продажба; • стекнување на знаење за зголемување на бројот на вашите купувачи. Тренинг-програмата е наменета за: • маркетинг-менаџери; • продажни менаџери; • претприемачи; • маркетинг-специјалисти; • Интернет-продавачи; • Web developers; • Web дизајнери. На семинарот ќе бидат опфатени следните теми:  Пазарот на Интернет огласување во Македонија и светот;  Основи на Интернет-маркетинг, интернет огласување, ценовни модели и начини на продажба преку интернет;  Видови на огласи и стандарди, огласувачки циклус и мерење на ефектите од огласувањето  Facebook.com, Twitter, LinkedIn, YouTube (карактеристики, предности и недостатоци, огласување, креирање на рекламни кампањи, статистики, примери од пракса);  Студија на случај - примери од пракса на реномирана македонска компанија;  Практична работа – креирање на Facebook.com Интернет-маркетинг кампања;  Презентација и feed-back сесија.

Предавачи на семинарот: -Димитар Јовевски, асистент Економски факултет - Скопје Е-бизнис Департман, -гостин-предавач од реномирана македонска компанија.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 11 јуни 2012 година. Учесниците треба да донесат свој лаптоп затоа што обуката ќе биде интерактивна со практични вежби и примери.

Контакт: Анита Митревска Тел:++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 anita.mitrevska@mchamber.mk

Контакт: Ленче Зикова Тел:++ 389 2 3244054 Факс:++ 389 2 3244088 lence@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

16

четврток, 31 мај 2012, Бр. 100

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

НА 13 јуни 2012 година еднодневен семинар на тема „ПРАВИЛНИК ЗА СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ НА СТРУЧНИ ЛИЦА ОД ОБЛАСТА НА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА“ (10:00-15:00 часот, M6 Eдукативен центар Скопје, Aмфитеатар бр. 1) Врз основа на член 47, а во врска со член 18 став 4 од Законот за безбедност и здравје при работа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 92/07 и 136/11), министерот за труд и социјална политика, на 7 мај 2012 година, донесе Правилник за континуирана едукација на стручните лица од областа на безбеднот при работа. Со овој правилник се пропишуваат начинот и видот на стручното усовршување на стручните лица од областа на безбеднот при работа. Со цел подобро запознавање со настанатите промени, Стопанската Комора на Македонија и МЗЗПР организираат еднодневен семинар на тема: „Правилник за стручно усовршување на стручни лица од областа на безбедност при работа“ кој ќе се реализира во просториите на М6 Едукативен центар, Aмфитеатар бр. 1 - Скопје. На овој настан покрај домашни експетри, свое излагање, примери и искуства ќе споделат експерти од Велика Британија и Словенија. Предавачи на настанот се: - Hazel Harvey – IOSH – Кралски институт за БЗР од Велика Британија; - Gizela Derrick – IOSH - Кралски институт за БЗР од Велика Британија; - Ales Jug – Словенија и - Агим Шакири – Државен инспекторат за труд. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 10 јуни 2012 година. Контакт: Анита Митревска Тел:++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 anita.mitrevska@mchamber.mk

Контакт: Ленче Зикова Тел:++ 389 2 3244054 Факс:++ 389 2 3244088 lence@mchamber.mk

Од 21 до 25 јуни 2012 година, во Каиро, Египет 17. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ И КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ГРАДЕЖНИШТВО “INTERBUILD 2012” “INTERBUILD 2012” во Каиро, Египет, (Меѓународен конференциски центар (CICC) во Каиро) Стопанската комора на Македонија Ве поканува да го посетите најпознатиот Саем на градежна индустрија на Блискиот Исток и во Северноафриканскиот регион. На Саемот за градежништво “Interbuild 2012”, во Каиро, Египет, на површина од околу 30.000 квадратни метри ќе се претстават 1030 излагачи во повеќе од 30 категории, а се очекуваат над 150.000 посетители. Најновите статистики покажуваат дека Египет е еден од најголемите и брзорастечки пазари на Блискиот Исток и доколку се одлучите да почнете да работите на овој пазар, можете да ги искористите предностите што ви ги нуди Саемот за градежништво “Interbuild 2012”, во Каиро, Египет. За успешна реализација на настанот, Ве молиме, Вашиот интерес да го најавите во Стопанската комора на Македонија преку пополнување на Пријавниот лист, кој може да се преземе од веб- порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk http://interbuildegypt.com/ http://interbuildegypt.com/interbuild%20magazine/index.html Контакт: Ирена Мојсовска Тел:++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk

Контакт: Марија Петроска Тел:++ 389 2 3244017 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: marija@mchamber.mk

На 22 јуни 2012 година еднодневен семинар „АКТУЕЛНИ АСПЕКТИ НА ТРУДОВО-ПРАВНОТО ЗАКОНОДАВСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА” (10:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат) Предавачи: - д-р Зоран Михајлоски, судија во Апелациониот суд во Скопје -д-р Марко Андонов, универзитетски професор при Универзитетот Американ Колеџ -Скопје Во рамки на семинарот ќе бидат опфатени повеќе актуелни аспекти поврзани со новиот трудово-правен институт во македонското законодавство, поврзан со престанување на договорот за вработување врз основа на судска пресуда. Ќе бидат разгледани и анализирани сите специфични карактеристики на овој работно-правен институт и расчистување на дилемите кои се јавуваат во пракса, особено во делот на правење на јасна дистинкција меѓу измената на договорот за вработување и понудата на нов променет договор пред отказ, како и правниот статус на менаџерите и менаџерските договори. За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 22 јуни 2012 година организира еднодневен семинар на тема: „Актуелни аспекти на трудово-правното законодавство на Република Македонија”.


четврток, 31 мај 2012, Бр. 100

БИЗНИС ИНФО

17

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ПРОГРАМА I. Значајни елементи на договорот за вработување и постапките за негово склучување II. Сличности и разлики меѓу трудово-правните институти III . Измена на договорот за вработување и понуда на нов променет договор пред отказ (презентација на конкретни примери) IV. Престанување на важноста на договорот за вработување врз основа на судска пресуда V. Правниот статус на менаџерите и менаџерските договори Семинарот е наменет за лица вработени во правните сектори, како и во секторите за човечки ресурси во трговските друштва. Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 20 јуни 2012 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел:++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса:beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел:++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса:anita.mitrevska@mchamber.mk

Од 4 до 6 јули 2012 година, во Софија, Бугарија БИЗНИС-ФОРУМ НА ФРАНЦУСКИ СО ПРЕТПРИЕМАЧИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА Стопанската комора на Македонија организира бизнис-средби што ќе се одржат 2 дена, од 4-6 јули 2012 година во хотел „Хилтон“ во Софија, Бугарија. Македонските компании ќе имаат можност да остварат директни средби со околу 150 француски претприемачи и со други компании од десет други земји во Југоисточна Европа кои прават бизнис со Франција, со земјите на ЕУ и со претприемачи од соседните земји. Бизнис-форумот нуди можност за директно воспоставување деловни партнерства со најголемите француски компании и со други компании од Југоисточна Европа, како и за зајакнување на нивните понуди на производи и услуги во регионот. За да воспоставите повеќе трговски, финансиски, технолошки или инвестициски партнерства, приклучете се на повеќе од 150 француски и странски компании кои учествуваат во оваа динамична бизнис-средина. На форумот ќе учествуваат компании од различни сектори: туризам, хотелиерство, земјоделие, инфраструктура, енергетика, животна средина, производи за широка потрошувачка, франшиза, услуги, итн. За успешна реализација на Бизнисфорумот, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес, преку пополнување на пријавниот лист. Контакт: Ирена Мојсовска Тел:++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса:irena.mojsovska@mchamber.mk

Контакт: Влатко Стојановски Тел:++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса:vlatko@mchamber.mk

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922


БИЗНИС ИНФО

18

четврток, 31 мај 2012, Бр. 100

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Турција заинтересирана е да инвестира во Република Македонија во областа на пекарската индустрија за заедничко вложување. Валидност do: 23.12.2012 година Компанија од Германија заинтересирана е за соработка во областа на медицинска ИТтехнологија во Република Македонија. Валидност do: 21.09.2012 година Компанија од Турција заинтересирана е да инвестира во Република Македонија во областа на здравството и градежништвото. Заинтересиранa е да инвестира во болницата „8 Септември“ да отвори оддел за рехабилитација, во Битола да гради станбени објекти и во Виница да инвестира во здравствените домови. Валидност do: 23.12.2012 година Компанија од Грција бара дистрибутер за пласман на цемент во Република Македонија. Валидност do: 25.10.2012 година Компанија од Србија бара да откупува катоден и отпаден бакар, никел и калај од Република Македонија. Валидност do: 25.10.2012 година Компанија од Република Македонија нуди правни, административни,финансиски консалтинг и организациски услуги. Валидност do: 25.5.2013 година

Република Македонија. Валидност do: 28.9.2012 година Компанија од Белгија бара соработка со текстилни фабрики и фабрики за производство на чанти во Република Македонија за пласман на копчиња. Валидност do: 28.11.2012 година Компанија од Грција бара дистрибутер за пласман на швајцарски кавијар, чоколади, рачно изработени кубански пури и француски вина во Република Македонија. Валидност do: 28.9.2012 година Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на кујнски лавабоа. Валидност do: 29.9.2012 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија на конзервирани печурки. Валидност do: 29.9.2012 година Компанија од Холандија заинтересирана е да истражува во експлоатација на рудни богатства во Република Македонија. Валидност do: 29.9.2012 година Компанија од Белгија заинтересирана е за заедничко вложување во областа на металната индустрија во Република Македонија. Валидност do: 29.9.2012 година

Ponuda Pobaruva~ka

котли на дрва и течни горива во Република Македонија. Валидност до: 21.7.2012 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на грејни печки на цврсти и течни горива, а заинтересирани се да соработуваат со фирми кои произведуваат котли во земјава. Валидност до: 21.8.2012 година Компанија од Грција бара соработка со компании во Република Македонија чија дејност е опрема за хотели ресторани, лифтови (врати и кабини), обични и соларни бојлери, декоративни апликации, резервоари за сите течности, машини за производство на храна и пакување, опрема за фарми за животни, болничка и операциона опрема и елементи за автомобилската индустрија. Валидност до: 22.6.2012 година

Компанија од Турција бара соработка со здравствени установи во Република Македонија за пласман на лабораториска опрема. Валидност do: 29.9.2012 година

Компанија од Грција бара соработка со хотели, ресторани во Република Македонија кои би биле заинтересирани да користат мебел штоф и завеси. Валидност до: 22.6.2012 година

Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за обработка на дрво. Валидност do: 28.9.2012 година

Компанија од Хрватска заинтересирана е да соработува со фирми во Република Македонија кои се занимаваат со продажба на автоделови за повеќе видови возила. Валидност до: 21.7.2012 година

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб портал www.mchamber.mk

Компанија од Германија бара дистрибутер за пласман на системи за печатење на етикети и бар-кодови во

Компанија од Германија заинтересирана е да соработува во областа на производство на грејни

Контакт: Мирјана Коцева Е-адреса: Mirjana@mchamber.mk Тел:3244-035; Факс: 3244-088

Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија на мерни инструменти наменети за индустријата. Валидност do: 25.9.2012 година

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036 savo@mchamber.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Бизнис ИНФО број 100 од 31.05.2012 година by Economic Chamber of Macedonia - Issuu