СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БИЗНИС ИНФО
четврток, 25 октомври 2012, Бр. 112
1
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
Број 112 од 25.10.2012
контакт call центар (02) 15015
www.mchamber.mk
Во Охрид отворени нови можности за соработка со дијаспората
СОЗДАДЕН МОСТ ЗА РАЗВОЈ И ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА BSI
TM
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА КОМОРА Osnovana 1922 ISO 9001:2008 FS 549642
НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Founded 1922
БИЗНИС ИНФО
2
ПОДВЛЕЧЕНО
четврток, 25 октомври 2012, Бр. 112
ЗДРАВИ И РАСТЕЧКИ ЛОКАЛНИ КОМПАНИИ МЛАДИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ ВО МАКЕДОНИЈА ПОВАЖНИ ОД СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ДА ГО УЧАТ АМЕРИКАНСКИОТ НАЧИН НА Повратните информации што ги добивме од самитот беа многу важни, особено за исполнување на целите што „Македонија 2025“ ги постави во почетокот - како да се зголеми вклученоста на дијаспората, да се промовира Македонија како посакувана земја за странски инвестиции и да им се помогне на локалните компании да бидат конкурентни. Ова треба да биде годишен настан и да стане традиција. Треба да се издигне нивото на комуникација и да се воспостават контакти со вистинските луѓе за да се остварат бизнис-целите. Не сакам да ја потценам важноста на странските инвестиции, но уште поважно е да се имаат здрави и растечки локални компании. Има многу добри бизниси, а сѐ што им треба се добри луѓе. Никогаш не било подобро да се инвестира во Македонија, ова е време на можности! Сѐ што е потребно во бизнисот е храброст, да се има страст и да се биде компетентен. (Мајк Зафировски, претседател на Одборот на директори на „Македонија 2025“)
КРЕИРАНА ОСНОВНА ЕКОНОМСКА МРЕЖА Овој самит, организиран од „Македонија 2025“, имаше цел да изгради мост со дијаспората, и тоа во период на светска економска криза. Во оваа ситуација самитот покажа две важни работи - дека мостот што го гради „Македонија 2025“ за поддршка на бизнисите не може да се направи без поддршка на дијаспората и дека е потребен процес на брз трансфер на знаење и нови технологии што се потребни во Македонија . Овде беше креирана основна економска мрежа, која, покрај тоа што ги поврзува странските инвестиции, ги поврзува и активностите на малите и на средните претпријатија, како и на големите компании во земјата. (Минчо Јорданов, член на Одборот на директори на „Македонија 2025“)
ВОДЕЊЕ БИЗНИС
Има најмалку две различни школи на мислења кој е најдобриот начин да и се помогне на Македонија со овој концепт со дијаспората. Едниот се директни странски инвестиции. Донесете пари и се’ ќе биде во ред. Не верувам во такво нешто. Тоа е моето мислење. Другото мислење е да почне да се менува начинот на размислување во Македонија, да размислува повеќе западно, да размислува повеќе за слободната иницијатива, повеќе капиталистички и да им ги отвори очите на младите македонски претприемачи за тоа како слободната иницијатива навистина функционира. Еден од проблемите кој јас го гледам, кога зборувам со луѓето овде во Македонија е образовниот систем. Сите професори беа образовани за време на комунизмот. Така, кај младите луѓе и кај професорите социјализмот се’ уште е во нивниот мозок, тоа е социјалистички начин на размислување. Но, социјализмот не функционира, тоа се докажа. Затоа, проблем е ако професорите веруваат во тоа и студентот верува во она што го учи професорот. А, тоа не може да функционира во слободно општество. Ние треба да ги промениме и двата процеси. Младите кандидати за претприемачи во Македонија да го учат американскиот начин на водење бизнис. Не мора да биде американскиот начин, туку концептот. Американскиот начин функционира. Можеби не е како канадскиот, германскиот или австралискиот, но јас знам дека американскиот работи и знам дека социјалистичкиот начин не функционира. Затоа треба да го смениме размислувањето кај луѓето. Порано, за се’ се грижеше владата, но ако дозволите такво нешто вие сте веќе загубени. Тоа е крај. Треба самите да ги засукате ракавите и да работите. (Ендрју Пејкоф, сопственик на „Нијагара ботлинг компани“)
ОХРАБРУВАЊЕ ДА СЕ РАЗВИЕ ДЕЛОВНАТА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ СКОПЈЕ И ДУБАИ Очекувам секаков вид луѓе да продефилираат на оваа дестинација. Голем број луѓе од Македонија веќе живеат во Дубаи. Знаеме дека Дубаи е добра транзитлокација за вашата дијаспора која ја има ширум светот. Исто така, ќе охрабруваме да се развие деловната соработка помеѓу Скопје и Дубаи и секако, ќе го искористиме овој момент да ја прикажеме вашата прекрасна земја на нашите потенцијални туристи кои би дошле и би сакале да ја посетат. (Гаит ал Гаит, генерален извршен директор на авиокомпанијата „Флај Дубаи“)
ЗЛАТЕН ПАРТНЕР
ПРЕМИУМ Покровители
Златен партнер
Покровители
на
четврток, 25 октомври 2012, Бр. 112
БИЗНИС ИНФО Глобалниот инвестициски самит во Охрид отвора нови можности
3
ВО ПРЕДЕН ПЛАН
СОЗДАДЕН МОСТ ЗА РАЗВОЈ И ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА
Под слоганот „Нови можности: Преку бизнис-дијаспората до зголемена трговија, инвестиции и економски раст“, во хотелот „Метропол“ во Охрид (од 18-21 октомври 2012 година), се одржа првиот Глобален инвестициски самит за Македонија. „Македонија 2025“, како организатор на Самитот, појде со иницијатива за поддршка и создавање на просперитетна економска клима во Република Македонија која ќе обезбеди поголеми можности за странските инвеститори и домашните компании. Мисијата е да се помогне во позиционирањето на македонската економија како преферирана дестинација за странски директни инвестиции, промовирање и зголемување на транспарентноста и создавање идни лидери во Република Македонија. Во воведното обраќање при официјалното отворање на Самитот, премиерот на Република Македонија, м-р Никола Груевски истакна дека ретка е приликата во која бизнис-елитата, македонската дијаспора, странските дипломати и македонскиот политички врв отворено разговаат за идниот изглед на македонската економија и за начините за зајакнување на нејзината конкурентност. За Владата дијалогот со бизнис-заедницата е исклучително важна платформа преку која се дизајнираат политики кои се пријателски насочени кон приватниот сектор. Во таа насока мора со заедничките цели поставени за овозможување на економски раст и развој, да се работи на надминување на влијанијата од глобалните предизвици, политиките за подобрување и одбрана на стандардот на граѓаните, интенцијата за создавање нови работни места. Премиерот Груевски пред присутните даде осврт за преземените реформи за најниските даноци во Европа, рамниот данок, реформите за поедноставување на процедурите за плаќање на даноците, регулаторната гилотина, намалувањето на социјалните придонеси..., се` во насока на подобрување на бизнис-климата. На отворањето се обратија и претседателот на Одборот на директори на „Македонија 2025“, Мајк Зафировси и директорот на Самитот, Зоран Мартиновски, кои истакнаа дека иако бизнисдијаспората досега немала конкретни инвестиции во земјата, сепак, логистички се вклучувала во воспоставување на директни контакти со потенцијални инвеститори. Генерално, Самитот беше насочен во дикусии за моменталната економска состојба во светот и предизвиците со кои ќе се соочуваат економиите во наредниот период. Заклучок од таа
4
ВО ПРЕДЕН ПЛАН
БИЗНИС ИНФО
четврток, 25 октомври 2012, Бр. 112
дискусија беше неможноста да се предвиди и точно да се определи до кога и со каков интензитет ќе продолжи сегашната економска состојба. Самитот беше поделен во шест панел-дискусии, водени од еминентни говорници, кои дискутираа за глобалните економски и политички перспективи, можностите за започнување бизнис во Македонија, инвестициската клима во Македонија како перспектива на постојните странски директни инвеститори, финансирање на инвестициите и извозот од микрофинансирање до капитални инвестиции, за глобално конкурентните македонски производи и услуги, односно успешни бизнис-модели на соработка и ангажирање на дијаспората за создавање економски можности. На пленарните сесии и работни панели учествуваа бројни бизнисмени од Македонија и од дијаспората, владини претставници и бизнис-лидери на познати меѓународни компании. Меѓу учесниците се јавија истакнати менаџери на светски реномирани компании, како „Нокиа-Сименс Нетворкс“, Рајфајзен Банка... Идентификувани сектори од кои треба да се очекуваат инвестиции во иднина се во областа на инфраструктурата, енергетски и природни ресурси, информатичко-компјутерски технологии, агробизнис и преработка на храна, градежништво, туризам и финансиски услуги. - Сите во својот сегмент од работењето да придонесат кон уште подобри резултати на македонската економија и насочување на eнергијата кон извоз на македонски производи, беше ставот на генералниот директор на „Алколоид“ АД - Скопје, Живко Мукаетов, при модерирање на сесијата „Успешни бизнис-модели на соработка“. Според него, тоа што Македонија е мал пазар, не треба да претставува хендикеп, туку предност за нас, а евидентно е и градењето на мостови меѓу домашните стопанственици и бизнис-дијаспората. Како успешен пример за влез на американскиот пазар, директорот на „Хербал Сајнс“ и „Алкалоид САД“, Вера Ставроф го посочи примерот со „Алкалоид“ АД - Скопје, каде пресудно за лансирање на палетата од чаеви присутни во над 20-тина американски држави е високиот квалитет и менаџерските способности на квалификуваниот кадар. На овој панел беа презентирани и низа успешни бизниз-приказни од домашни компании, меѓу кои и на „Макпрогрес“ од Виница. Според присутните, организирањето на Самит од ваков тип е голем чекор кон размена на идеи и знаења и не е доволно да се одржува само еднаш во годината. Потребно е да се работи на постојана промоција на можностите за инвестирање, но секако од голем приоритет е да се поддржуваат здравите и растечки локални компании. Самитот беше можност за над 300 учесници да дискутираат за глобалните економски политички перспективи, инветициската клима во Македонија, размена на искуствата од постојните инвеститори во земјата, соработка со дијаспората со цел унапредување на економските прилики, како и промовирање на транспарентно управување и корпоративни практики со цел креирање на просперитетна клима за претприемништво. Препораките и очекувања од врвните бизнис-лидери од Македонија и дијаспората, во форма на заклучоци кои произлегоа од Самитот ќе бидат искористени во насока да се поттикнат и унапредат напорите за инвестирање во земјава. Со минимален износ од половина милион американски долари по инвеститор, македонската дијаспора формира и фонд за инвестиции во земјава, наречен СЕАФ Македонија 1. Според најавите од учесниците на Глобалниот инвестициски форум, се очекува фондот првично да располага со 15 милиони САД долари, од кои 80 проценти веќе се обезбедени. Kако што вели претседателот на фондот и извршен директор на СЕАФ, Хубертус Јан Ван дер Варт, во почетокот ќе се поддржат 10 до 14 компании од областа на земјоделството, фармацијата, едукацијата и тренингот. Инвестицискиот самит беше заокружен со организирање на директни деловни средби меѓу присутните странски и домашни компании. Партнер на Охридскиот самит беше и Стопанската комора на Македонија, која имаше и штанд на кој беа презентирани услугите што ги нуди најстарата и најбројната деловна асоцијација во земјава. Биљана Пеева Ѓуриќ
четврток, 25 октомври 2012, Бр. 112
БИЗНИС ИНФО
5
ПОСЕТИ
Конференција со компании од СР Германија: Како до поуспешен развој на рударскиот и агробизнисот во Република Македонија?
СТОПАНСКИ ГРАНКИ СО ИЗГЛЕДНИ МОЖНОСТИ ЗА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ
СтопанскатакоморанаМакедонијавосоработка со Претставништвото на германското стопанство во Македонија и Kомората за индустрија и трговија од Кемниц, на 22.10.2012 година, во Скопје, организираше конференција на тема: „Како до поуспешен развој на рударскиот и агробизнисот во Република Македонија?“. Оваа конференција на едно место собра голем број значајни германски и македонски експерти и компании од оваа бранша. На Конференцијата присуствуваше и Бил Павлески, министер за странски инвестиции без ресор. Претседателот на Македонската асоцијација на рударство Николајчо Николов пред германските компании направи презентација на потенцијалите на минералните суровини во Македонија. Експлоатацијата на природните суровини гледано историски е од големо значење за Македонија. Резервите на метали изнесуваат 450 милиони тони, од кои најмногу е застапен цинкот и бакарот. Резервите на неметали изнесуваат 100 милиони тони. Рударството како стопанска гранка е застапено со 3,87 % во домашното производство и 7,46% при изработката на неметали во целокупното стопанство во Македонија. Во Македонија во овој сектор работат 0,2%, односно 176 компании, кои вработуваат повеќе од 5.000 лица, со 1,0% од вкупниот БДП. Проценките добиени од геолошките испитувања покажуваат дека ресурсите и резервите во делот на метали суровини изнесуваат 471 милиони тони и 106 милиони тони во неметални суровини. Според законската рамка, скоро сите фирми во рударскиот сектор се приватизирани со домашен или странски капитал. Според Николајчо Николов, претседател на Македонската асоцијација на рударство – МАР, во Македонија е пред донесување иновиран и ревидиран Закон за минералнио суровини, а со него е предвидено формирање на Геолошки завод. Во него ќе се соберат сите податоци од рударството во земјава и ќе се овозможи квалитетно и брзо давање на податоци на заинтересираните деловни партнери. Со 275 сончеви денови во годината, Македонија има одична клима за аграрниот сектор, а воедно и со својата местоположба има добри врски со Европа, па на тој начин овој сектор е атрактивен за вложувања. - Пред неколку месеци имавме успешен бизнис форум во Германија и врз основа на тоа овде денес имаме делегација на германски компании кои ги разгледуваат можностите за бизинис во Македонија. Заинтересирани се за производи кои се поврзани со изградба на пумпи, за рударството, прехранбената индустрија, за вложување во една од слободните индустриски зони, а има и компании заинтересирање за инвестирање и тргување со разни производи, изјави Павлески. Компаниите, нагласи, воглавно се запознати со предностите што ги нуди Македонија, а деновиве ќе имаат и дополнителни средби со македонските институции. - Се надевам дека некои од нив ќе се одлучат да започнат бизнис кај нас, рече Павлески. Хорст Рихтер од Стопанската комора Кемниц истакна дека целта на денешната посета е да видат колку Македонија е конкурентна во однос на другите земји. - Како покраина сме мали и немаме големи концерни, но имаме средни претпријатија кои имаат интерес да инвестираат во Македонија, рече Рихтер. Целта на конференцијата беше подобро запознавање на германските стопанственици со состојбите и можностите во овие две стопански гранки во Македонија, како и иницирање на бизнис-контакти меѓу германските и македонските компании и институции, – подвлече Михаел Шмит, директор на Претставништвото на германското стопанство во Македонија. На петте германските компании им беа презентирани секторите рударство и земјоделие, а беа запознати и со инвестициската клима во Македонија. Во рамки на Германско-македонскиот бизнис-форум беа реализирани и 40-тина билатерални средби.
6
ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
БИЗНИС ИНФО
МЕПСО стави под напон нови осум километри од 110 кВ далновод Вруток-Полог-Тетово
СТАБИЛНО НАПОЈУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА НА РЕГИОНОТ НА ПОЛОГ АД МЕПСО стави под напон новоизградени осум километри од 110 киловолниот далновод Вруток – Полог – Тетово. Со завршувањето на оваа делница се пушта во погон 110 киловолтниот далновод што го напојува Тетово и неговата околина со електрична енергија од ТЕЦ Осломеј и од ХЕЦ Вруток. За три месеци изградени се и ставени во функција нови челично – решеткасти столбови на 33 места на траса од осум километри. Новоизградениот
дел од далноводот веќе е целосно функционален и поврзан преку постоечки вод со трансформаторската станица Тетово 1. Од АД МЕПСО истакнуваат со ова дека се подготвени за престојниот зимски период кога се очекува зголемен конзум за електрична енергија во регионот на Полог. На завршните активности на реконструираниот далновод денеска присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за економија Ваљон Сарачини и генералниот директор на МЕПСО Дејан Бошковски. - Зафатот на оваа делница е дел од спроведувањето на стратегијата за развој на енергетиката во Македонија. Она што е карактеристично е тоа што градежните работи ги изведува ЕМО од Охрид и тоа се прави со највисок квалитет. Инвестициите што ги прави ЕЛЕМ и најавените и спроведени инвестиции на МЕПСО се доказ за спроведувањето на енергетската стратегија на државата што ќе отвори и нови работни места, изјави вицепремиерот Пешевски. Досега АД МЕПСО изгради и стави во функција 16 километри нов далновод на истата траса на која минува постоечкиот 110 киловолтен далновод. Напролет е планирано целосно завршување на последните 38 столбни места од третата секција каде во зависност од условите можат да се изведуваат градежни или електромонтажни работи. Со ставањето во погон на двата системи на овој далновод се очекува долгорочно да се решат потребите со снабдување со електрична енергија на Тетово и околните населени места, да се подобри доверливоста на системот и напонските прилики со што ќе се намалат и загубите на електрична енергија на преносната мрежа. Вкупната должина на овој двосистемски далновод е 33 километри, ќе бидат поставени вкупно 133 челично-решеткасти столбови, а инвестициската вредност на проектот е 3 милиони евра. - Станува збор за прва реконструкција на постоечкиот 110 киловолтен далновод што е во функција речиси 60 години. Досега се завршени 16 километри од новата траса и според најавите целиот далновод ќе биде готов и ставен во функција до средината на 2013 година, најави министерот
четврток, 25 октомври 2012, Бр. 112
Сарачини. Полог е регион со најбрз раст на конзумот за електрична енергија во Македонија, а воедно е регион со најголема просечна старост на водовите од преносната мрежа со која оперира АД МЕПСО. Со овие инвестициски зафати чија вредност надмунува 11,8 милиони евра, АД МЕПСО ќе обезбеди долгорочно и континуирано снабдување со електрична енергија и стабилност на електроенергетскиот систем за Тетово и неговата околина.
Винаријата „Стоби“ се пробива на пазарот во Холандија
ДЕГУСТАЦИЈА НА „ВРАНЕЦ ВЕРИТАС“ ЗА МАСТЕРКЛАС Во соработка со Македонската амбасада во Кралството Холандија, винарија „Стоби“ претстави свои 13 сорти на вино на саемот Персвејн во Хаг, меѓу кои и „Вранец веритас“ што беше дел од специјалната дегустација за Мастерклас. -Винарија „Стоби“ од своето постоење па до денес се движи во насока на презентирање на своите вина, а со тоа и на македонското вино, на странските пазари. Овој пат, го издвоивме „Вранец веритас“ одлежано во барик како врвно премиум вино за претставување пред потрошувачите и потенцијалните дистрибутери.- изјави Јадранка Клариќ Кимовска, комерцијален директор на Винарија „Стоби“. Овој настан е подржан од Македонската амбасада во Холандија, а наменет за презентација на македонското вино во кралството. Додека трае саемот вината ќе бидат изложени пред потрошувачите, љубителите на вино, но и пред увозниците, дистрибутерите и претставниците од ХоРеКа сегментот во Холандија. „Вранец веритас“ кој беше дел од специјалната дегустација Мастерклас на саемот во Хаг, е вино од бербата октомври 2011. Грозјето користено за производство на ова вино е од сопствените лозови насади на винаријата стари повеќе од 30 години, во Вардарското виногорје. Ова вино
е одлежано во дабови буриња во барикот на винаријата „Стоби“. Покрај специјалната дегустација на „Вранец веритас“ на настанот во Хаг беа претставени и други 13 сорти од винарија „Стоби“ меѓу кои „Пино ноар“, „Мерло“, „Кабарне сувињон“, „Аминта“, „Вранец“, „Шардоне барик“, „Стоби куве“, „Мускат отонел“, „Ркацители“, „Ризлинг“, „Жилавка“ и „Розе алегро“. Покрај винарија „Стоби“ на Персвејн во Хаг учествува и уште 10 други винарии од Македонија. По настанот во Хаг, Винарија „Стоби“ го презентира „Вранец Веритас“ во Варшава, Полска.
четврток, 25 октомври 2012, Бр. 112
БИЗНИС ИНФО
Владата донесе Стратегијата за иновации 2012-2020
КОНКРЕТНИ МЕРКИ ПОТКРЕПЕНИ СО ФОНД ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ
Зајакнување на склоноста на бизнис секторот за внесување иновации, на човечките ресурси за иновации и на протокот на знаења меѓу актерите во иновациите и создавање регулаторно окружување за поддршка на иновациите се поголемите поглавја од Стратегијата за иновации 2012-2020 година што ја донесе Владата на неодамнешната седница. Стратегијата е донесена заедно со Акциски план за нејзина реализација и го опфаќа периодот од 2013, 2014 и 2015 година. Таа, како што информира владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, е основниот круцијален документ врз основа на кој ќе се формулираат политиките, но и конкретните мерки и активности за поддршка на иновациите. - Стратегијата за иновации ќе донесе нов квалитет во развојот на бизнисот во Република Македонија, но и значајна поддршка за развојот на истражувачката и образовна дејност. Таа ќе биде од директна корист за развој на нови можности за компаниите, поддршка на образованието и зголемување на можностите, како и поголем профит на компаниите и поголемо вработување на граѓаните на Република Македонија во овие компании. Средствата се значителни и ќе овозможат конкретна подршка на определени политики, мерки и активности, истакна Ѓорѓиев. Таа, како што се оценува, е почеток на една нова ера во македонската бизнис заедница, и научно-образовната дејност како нејзина поддршка, нуди можности за подобрување на конкурентноста на бизнисите, поголема соработка, знаења и кадров потенцијал, подобра заработка и финансиска кондиција на компаниите преку искористувањето на опциите на иновациите. Дел од средствата ќе бидат обезбедени од буџетот на Република Македонија, а ќе бидат користени и средства од странски донатори со кои се направени иницијални контакти и имаат дадено поддршка на процесот, како и од специјализираните програми кои ги дава Европската унија за развој на иновациите и технолошкиот развој. Зајакнувањето на склоноста на бизнис-секторот за внесување иновации претставува столб на стратегијата, а нејзината цел е создавање Фонд за иновации и технолошки развој. - Фондот ќе има улога на централно тело креатор на политиките, координатор на системските активности и поддршка на компаниите, а ќе обезбедува техничка помош и консултантски услуги за ново-основани и постоечки претпријатија со цел зголемување на инвестициската подготвеност за воведување иновации и проширување на бизнисот. Фондот ќе врши финансирање и кофинансирање на истражувачи и иновациски проекти на претпријатието, а ќе има улога во комерцијализација на знаењето и науката преку формирање универзитетски спин ново-основани компании од страна на студенти, научни работници и претприемачи-инвеститори, појасни владиниот портпарол. Фондот ќе помага и во остварување пристап до регионални финансиски инструменти и меѓународни фондови за иновации, а за негово формирање и почетно функционирање, тој информира дека Владата обезбедила еден милион евра. Во ова поглавје предвидено е зголемување на свеста на малите и средните претпријатија за користа од иновациите преку организирање на настани за промоција на придобивките од иновациите, расположливите
7
ПАРТНЕРИ
симулации и добрите практики во управувњето со нив, натпревари за почнување бизнис со цел да се зголеми бројот и квалитетот на иновативните почетни бизниси основани од студенти и млади претприемачи и поттикнување партнерства по принципот на троен хеликс меѓу науката, бизнисите и Владата, преку организирање натпревар на кој најдобрите проекти добиваат техничка и финансиска помош за натамошен развој. Третата поента од ова поглавје, како што истакна Ѓорѓиев, е охрабрување на приватните инвестиции во истражување и развој која опфаќа поддршка за увозот на опрема за истражување и развој преку намалување или ослободување на даночните и царинските давачки при увоз на опрема за истражување и развој и поддршка за олеснување на пристапот на малите и средните претпријатија до банкарски кредити од деловните банки наменети за комерцијализација на иновациите кај малите и средни претпријатија. Зајакнувањето на човечките ресурси за иновации вклучува инвестиции во образовниот сектор и зголемување на неговата продорност во насока на инвентивноста. - Предвидено е воспоставување Национален совет за високо образование, наука, иновации и технологии како тело кое ќе ги преземе надлежностите на Советот за научноистражувачка дејност, Националниот комитет за научно-истражувачка дејност, Комитетот за технолошки развој и Одборот за етичност. Се предвидува и прилагодување на наставните програми и квоти кон потребите на економијата, стимулативни мерки за образовен развој на талентирани ученици, за задржување на домашните истражувачи и привлекување странски докторанти и истражувачи, часови за иновации и обука на студентите за знаење, вештини и способности од областа на претприемништвото, практикантски програми во траење од три до шест месеци во текот на студиите за високо образование или веднаш по неговото завршување..., рече Ѓорѓиев. Зголемувањето на протокот на знаење помеѓу актерите во иновациите и опфаќа поттикнување на бизнис мрежите и кластерите и на соработката помеѓу истражувачките институции и бизнисите. Вградување на СДИ во Националната стратегија за иновации преку поврзување на мултинационалните претпријатија со домашните добавувачи и со домашните вештини на пазарот на труд и зајакнување на врските со Дијаспората преку електронска платформа за поврзување на домашната истражувачка заедница со научната Дијаспора, поттикнување и кофинансирање на кратки престои на македонската истражувачка дијаспора во матичната земја и поддржување на истражувачката соработка помеѓу македонските истражувачи во државата и странство. Поттикнување на бизнис мрежите и кластерите, според Ѓорѓиев, е со цел да се овозможи развој на одржливи кластери, создавање на работни места и зголемени можности за иновации во нив, како и обезбедување субвенции за учество на трговски саеми и меѓународни бизнис настани на кластерите, мрежите и поединечните фирми. Зголемувањето на соработката меѓу истражувачките институции и бизнисите ќе се овозможи преку зголемување на капацитетите на претпријатијата и универзитетите за пристап и употреба на надворешни средства и формирање електронски регистар на лаборатории и истражувачи, како и веб портал за научно - индустриска соработка, создавање на технолошки паркови при универзитетите и користење на лабораториите за проширувања на производството, адаптација на технологиите и тестирање на производите и основање на центри за трансфер на податоци и инкубатори при универзитетите, кои ќе пружат поддршка за патентирање и ќе помагаат во создавањето спиноф и лиценцирање на технологии.
8
ПАРТНЕРИ
БИЗНИС ИНФО
четврток, 25 октомври 2012, Бр. 112
Американската компанија „Кемет електроникс“ официјално почна со производство во Бунарџик
ИНВЕСТИЦИЈА ОД 20 МИЛИОНИ ЕВРА, ЦЕЛОТО ПРОИЗВОДСТВО ЗА ИЗВОЗ Американската компанија „Кемет електроникс“ официјално почна со производство во фабриката во ТИРЗ Скопје 1. Инвестицијата вредна 20 милиони САД долари отвори сто нови работни места која за неколку години треба да постигне 500 вработувања. Ќе произведува електронски производи кои се користат во авионската, воената, автомобилската и друга индустрија. Фабриката се простира на површина од 11 илјади метри квадратни и 9 илјади метри квадратни производствен капацитет. Во моментов има две производни линии, а треба да се пуштат уште седум. Моментално се 100 вработени, до март 2013 година треба да достигнат 150, до крајот на 2013 - 250, а до заокружување на инвестицијата со дополнителни 10-15 милиони САД долари ќе достигне 500 вработувања. Официјално фабриката ја отвори премиерот м-р Никола Груевски со целиот владин економски тим, извршниот директор на „Кемет електронкикс“ Пер Луф и американскиот амбасадор во земјава Пол Волерс. - За нешто помалку од две години откако почнаа разговорите, а за неполна година од почетокот на изградбата, „Кемет електроникс“ веќе има функционална фабрика во Македонија која почна со производство. Тоа е одлика на добар тим и на одлична организација, рече премиерот Груевски, обраќајќи се на официјалното отворање на фабриката во ТИРЗ Скопје 1. Од особено значење за Македонија е тоа што „Кемет електроникс“ е еден од најголемите светски брендови за изработка на високософистицирани производи кои се користат во речиси сите електронски уреди. - Присуството на „Кемет“ во Македонија претставува и своевидна покана за многу други фирми со кои соработува, меѓу кои се ХП, „Сименс“, „Филипс“, „Нокиа“, „Бош“, „Ериксон“, „Алкател“, „Моторола“, „Циско“ и многу други. Верувам дека голем број од нив ќе го следат примерот на „Кемет електроникс“ и ќе ја разгледаат Македонија како своја следна дестинација, - рече премиерот. - Владата е тука да им овозможи што полесни услови за бизнис, ниски даноци, намалени трошоци, кратки процедури и сето она што претставува интерес на компаниите и нивните менаџменти. Главниот извршен директор на „Кемет електроникс“ Пер Луф потенцира дека за инвестирање во Македонија се заинтересирале пред две години и дека ја одбрале оваа локација за изградба на нивната нова фабрика за што постоеле и други локации на друго место заради мудрата и паметна маркетинг-тактика на македонската Влада. Според него, еден од клучните фактори да инвестира бил и квалитетот на луѓето во земјава. Американскиот амбасадор Пол Волерс посочи дека искуството на „Кемет електроникс“ покажува дека Македонија може да биде добро место за водење бизнис. - Се` повеќе станува јасно дека Македонија е вистински конкурент на светската бизнис-сцена дури и во овие тешки економски времиња, - рече Волерс. Извозот од „Бунарџик“ лани бил 16,3 отсто од вкупниот извоз на Македонија. „Кемет електроникс“ е првата од трите компании што треба да започнат со производство во зоната до крајот на годинава до кога во сите зони во Македонија ќе има 1.300 нови вработувања за разлика од лани кога имало само 500 вработувања. Досега седум компании одлучија да инвестираат во ТИРЗ Скопје 1 и да вложат над 225 милиони евра и да овозможат околу две илјади нови вработувања.
Државата преку оглас нуди земјоделско земјиште во рок од 20 до 50 години
ПОД ЗАКУП 5.670 ХЕКТАРИ
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави оглас за давање под закуп на 5.670 хектари државно земјоделско земјиште. Земјиштето се наоѓа во Струмица, Гевгелија, Делчево, Валандово, Пробиштип, Радовиш, Берово, Битола, Неготино, Крива Паланка, Штип, Крушево, Демир Хисар, Кичево, Охрид, Чаир, Кратово, Македонски Брод, Виница, Карпош, Гостивар и Тетово. Право на учество имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и да се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. На огласот можат да аплицираат и трговци поединци, но, услов е ним земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност. Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавниот оглас доколку имаат регистрирано подружници во Македонија. Лицата кои ги немаат подмирено обврските по основ на закупнина за претходно склучени договори немаат право да учествуваат на огласот, исто како и правните лица за кои е отворена стечајна постапка. Законска можност да аплицираат за овој оглас немаат ниту непрофитните организации. Покрај апликацијата, заинтересираните физички и правни лица должни се да достават и понуда за износот на годишната закупнина. Понудите треба да го достават до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од 20 дена од денот на објавување на огласот. Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето за подигање на маслинарници е за период до 50 години, а за долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години. За спортско-рекреативни активности и за рурален туризам, огласените површини ќе се даваат под закуп до 30 години, а за рибници до 20 години. Петнаесет години, согласно критериумите во огласот, е предвидено да изнесува времетраењето на закупот на државното земјоделско земјиште за одгледување на други земјоделски култури и за ливади. Податоците за секоја површина од земјоделското земјиште може да се видат на огласна табла во подрачната единица во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Гевгелија, која е надлежна за огласената површина. Образецот за учество на јавниот оглас може да се подигне во подрачните единици на Министерството, а дополнителни информации да се добијат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или на веб страницата www.mzsv.gov.mk.
четврток, 25 октомври 2012, Бр. 112
БИЗНИС ИНФО
9
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Семинар од 9 октомври до 27 декември 2012 година
“СЕОПФАТНА ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ ВО 3 МОДУЛИ”
Финансискиот менаџмент е од витално значење за секоја компанија, особено за оние кои имаат цел подобрување на профитабилноста, ликвидноста и солвентноста. Целта на обуката е сеопфатна едукација на менаџерите за финансискиот менаџмент, неговиот јазик, алатки и техники, со цел стекнување знаења, вештини и компетенции за нивно ефективно користење во работењето. Обуката е организирана во три модули (нивоа), при што во првиот модул се даваат основите на финансискиот менаџмент и истата е наменета и за финансиски и не-финансиски менаџери. Вториот модул е продолжение на првиот модул и нуди средно ниво на знаења од областа на финансискиот менаџмент преку обработка на поголем број на области и теми, на ниво на додипломски студии на економските факултети. Третиот модул нуди напредни теми од областа на финансискиот менаџмент и обработка на специјални случаеви и анализа на најдобрите практики од оваа област, на ниво на напредни курсеви од областа на корпоративните финансии. Обуката се реализира со користење на алатките на Microsoft Excel и препорачливо е секој слушател да има свој notebook компјутер. За секоја тема се предвидени вкупно по три часа (два часа предавања и еден час практични вежби). На крајот на секој модул, сите учесници ќе се стекнат со Сертификат за успешно завршена обука за Финансиски менаџмент. МОДУЛ 1: На обуката за Финансиски менаџмент – модул 1: “Финансиски извештаи, финансиска анализа, финансиско планирање, контрола и левериџ“ ќе бидат опфатени следните теми: 1. Основи на финансискиот менаџмент - Цели и функции на финансискиот менаџмент - Претпријатието, капиталот и финансискиот менаџмент - Претпријатието и капиталот - Вложување, трошење и циркулација на средства 2. Финансиски извештаи - Елементи на финансиските извештаи - Биланс на состојба - Биланс на успех - Извештај за акумулирана добивка - Извештај за готовинските текови o Готовински текови од оперативни активности o Готовински текови од инвестициони активности o Готовински текови од финансиски активности - Данокот и цената на туѓиот капитал 3. Финансиска анализа - Анализа на финансиски показатели o Показатели на ликвидноста o Показатели на активноста
o Показатели на задолженоста или показатели на левериџот o Показатели на покритието o Показатели на профитабилноста o Показатели на пазарната вредност o Анализа на трендот o Дипон (Du Pont) анализа o Компаративни показатели o Корисност и ограничувања на рацио-анализата 4. Финансиско планирање - Предвидување (планирање) на продажбата - Планирани (Про Форма) финансиски извештаи – Метод процент на продажба - Анализа на планирањето - Планирање на капацитет - Процес на финансиско планирање - Видови и структура на поединечните планови 5. Временска вредностна парите - Концепт на идна вредност - Период на вкаматување - Идна вредност на ануитет - Концепт на сегашна вредност - Сегашна вредност на серија различни и еднакви идни вредности - Пресметка на сегашна вредност на непрекинати парични текови - Пресметка на депозити - Амортизација на заеми - Пресметка на стапката на растеж и на каматната стапка 6. Финансиска контрола- буџетирање и левериџ - Анализа на оперативна преломна точка o Графикон на преломот o Пресметка на преломната точка o Готовинска оперативна преломна точка o Употреба на анализата на оперативната преломна точка - Оперативен левериџ - Финансиска преломна анализа - Графикон на преломот - Пресметка на преломот - Финансиски левериџ - Комбиниран оперативен и финансики левериџ - Употреба на левериџот и планирањето во контролата 7. Ризик и принос - Ризици и стапки на принос - Дефинирање и мерење на ризикот o Дистрибуција на веројатноста o Мерење на ризикот o Очекувана стапка на принос o Континуирани и дискретни дистрибуции на веројатноста o Стандардна девијација o Информации содржани во стандардната девијација o Просек на варијанса o Коефициент на варијација - Поимно дефинирање на портфолио - Ризик на портфолио - Коваријанса на приносите - Очекуван принос на портфолиото - Модел на карактеристичен правец o Системски ризик мерен со бета - Модел за одредување на цената на вложениот капитал –CAPM
- Пазарна линија на хартија од вредност - Импликации врз вреднувањето на претпријатијата
МОДУЛ 2: На обуката за Финансиски менаџмент – модул 2: “Финансиски пазари и инвестиции“ ќе бидат опфатени следните теми: 1. Вреднување на хартии од вредност - Вреднување на обврзници o Стапка на принос до достасувањето (YTM) - Вреднување на акции o Вреднување на приоритетни акции o Вреднување на обични акции 2. Планирање на долгорочни вложувања (капитално буџетирање) - Карактеристики на инвестиционото одлучување - Постапка за планирање на долгорочните вложувања - Kлучни компоненти на процесот на инвестиционо одлучување o Должина на периодот на експлоатација o Цена на капиталот наменет за вложување o Содржина на финансиските ефекти o Kомпоненти на готовинските текови на инвестицијата 3. Kритериуми за оценка на финансиската ефикасност на инвестиционите вложувања - Инвестициони критериуми кои не се базирани врз - концептот на временска вредност на парите o Период на враќање на инвестицијата o Просечна стапка на принос на инвестициите - Инвестициони критериуми кои се базирани врз концептот на временска вредност на парите o Метода на нето сегашна вредност o Методот на индекс на профитабилноста. - Метод на интерна стапка на рентабилност - Ризикот и менаџерските опции за оценка на - исплатливоста на инвестицијата o Вкупен ризик на проектот o Метод на компјутерска симулација o Менаџерски опции 4. Долгорочно финансирање - Пазар на капитал o Функции на пазарот на капитал o Учесници на пазарот на капитал o Организација на пазарот на капитал и долгорочни - хартии од вредност - Пазар на долгорочни хартии од вредност
10
БИЗНИС ИНФО
четврток, 25 октомври 2012, Бр. 112
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ o Улогата на инвестиционите банки на примарниот пазар на капитал o Привилегиран упис o Вредност на правото на акција o Почетно финансирање - Долгорочни обврски o Термински заеми o Лизинг o Долгорочни обврзници o Преференцијални акции (приоритетни) o Обични акции - Конвертибилни хартии од вредност - Опции o Опции за акции - Варанти 5. Менаџмент со обртен капитал и краткорочно финансирање - Трансформација на обртниот капитал и циклуси на конверзија - Менаџмент на готови пари и пазарни хартии од вредност - Кредитен менаџмент и управување со побарувањата - Стандарди за кредитирање и политика на наплата на побарувањата - Менаџмент на залихи - Извори на краткорочно финансирање o Спонтано финансирање o Обврски према добавувачите (Трговски кредит) o Договорно финансирање o Факторинг
МОДУЛ 3: На обуката за Финансиски менаџмент – модул 3: “Трошок на капитал и напредни техники на вреднување и структура на капитал“ ќе бидат опфатени следните теми: 1. Трошок на капиталот - Одредување на безризична стапка - Трошок на долгот - Трошок на приоритетни акции - Трошок на сопственички капитал (главница) - Пристап со моделот на одредување на цената на вложениот капитал (CAPM) - WACC модел 2. Вреднување на хартии од вредност - Вреднување со модел на дисконтирани готовиснки текови o Дисконтирани слкободни готовински тековиСтапка на принос до достасувањето (YTM) - Релативно вреднување 3. Структура на капитал - Теоретски разгледувања за важноста на структурата на капиталот - Трошоци на банкротството - Менаџмент на структурата на капиталот 4. Политика на дивиденди - Пасивна во однос на активна политика на дивиденди o Неважност на дивидендите o Аргументи за важноста на дивидендите - Политика на дивиденда - Дивиденди во акции и поделба на акциите - Откуп на акции - Исплата на дивиденди 5. Спојувања и други начини на реструктуирања на претпријатија - Извори на вредноста - Стратешко купување - Преземања, лицитациски понуди и одбрани - Дивестирање - Реструктуирање на сопственоста 6. Меѓународен финансиски менаџмент - Оценка на исплативоста на вложувањата и фактори на ризик - Менаџмент со курсните ризици o Фактори кои влијаат на движењето на курсевите 7. Специјални теми од областа на финансискиот менаџмент 8. Проверка на знаењето
Обуките се наменети за: Повисокиот и средниот менаџмент на компаниите Финансиските директори и вработени во секторот финансии во бизнис секторот, јавната администрација и јавните претпријатија Вработени во секторот сметководство во бизнис секторот, јавната администрација и јавните претпријатија Претприемачите Финансиските аналитичари Бизнис стратези Финансиски консулатнти Специјалисти во секторт за интерна контрола и ревизија Проект менаџери Контролни и сметководствени аналитичари Дипломирани на факултети за економија, бизнис администрација, информатика Студенти на последипломски студии за економија, бизнис администрација, информатика Предавач: Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје и на Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Со оглед на фактот дека секој модул претставува заокружена целина, сите заинтересирани учесници можат да се пријават за учество на целиот пакет или ќе одберат пооделни модули зависно од потребите. Динамика на модулите: Октомври, Ноември, Декември 2012 година (два пати неделно од 15-18.00 часот) Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4-ти кат
Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074, Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057, Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk
четврток, 25 октомври 2012, Бр. 112
БИЗНИС ИНФО
11
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Семинар на 26 октомври
“СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ ОБВРСКИ ОД ЗАКОНОТ ЗА БЗР”
Размена на искуства од земјите од балканот – Србија, Бугарија, Хрватска и презентирање на имплементирање на законот на компанија од Македонија – наградена за добра пракса по препорака на ДИТ 10:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1, на 5-ти кат Со цел зголемување на капацитетите на претпријатијата за безбедност и здравје при работа, Стопанска комора на Македонија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) и ДИТ (Државниот инспекторат за труд), во октомври 2012 година ќе реализира тематска обука наменета за сите сектори. Цел на обуката е запознавање на стручните лица за безбедност и здравје при работа, раководителите и други лица засегнати од примената на прописите за БЗР, со начинот на примена на Законот во компаниите, залагање за исполнување на Законската регулатива и задоволување на критериум за инспекциски надзор. Обучувачи на семинарот ќе бидат предавачи од Државниот инспекторат на трудот, стручни лица од Државните институции на Македонија, како и претставници од Македонското здружение за заштита при работа. Тие на учесниците на обуката ќе им го претстават Закон за безбедност и здравје при работа од 2007 год., новите дополнувања и промени според ново излезените правилници кои недостасуваа во заокружување на законската легислатива. На овој семинар, новитет е учеството на експерти од регионот: Србија, Бугарија и Хрватска, воедно и презентацијата на компанија за начинот на спроведувањето на Законските одредби на ниво кое ги задоволува барањата на Државниот инспекторат за труд и истата е наградена за најдобра пракса од областа на БЗР во изминатиот период. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 22 октомври 2012 година. Агендата и Пријавниот лист може да се превземат од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074, Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057, Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk
Дводневен семинар
“КОНТРОЛА НА ТРОШОЦИТЕ”
(9 -10 ноември 2012 година, 9:00-16:30 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1, на 5-ти кат) Предавач Јасмина Очко, магистар по банкарски и финансиски менаџмент од Р. Хрватска Стопанската Комора на Македонија во соработка со Консултанската куќа “Когноско” од Република Хрватска, на 9 и 10 ноември 2012 година, организира дводневен семинар на тема: “Контрола на трошоците”. Цел на семинарот: Трошоците мора да се управуваат, а не само да се намалуваат (по секоја цена). Врз основа на цврсти економски знаења контролирањето проценува кои деловни потези треба да се преземат за да се поправат неправилностите и да се постигнат саканите резултати. Врз основа на практични знаења, контролорите полесно можат да ги разберат методите со кои се управува со трошоците. Оваа работилница многу практично го опишува начин на размислување на контролорите при донесувањето одлуки кои имаат влијание врз трошоците. Целна група: Сопственици на мали, средни и големи компании, интерни ревизори, врвни менаџери, менаџери за продажба и маркетинг, менаџери на производство, менаџери за логистика или набавка, сметководители, особено за оние кои се заинтересирани за сметководствен менаџмент. Начин на реализација: Интерактивни предавања со презентација, дискусија, работилница - решавање на задачи во групи; анализа на презентирани модели; примери од пракса на контролори; презентација на студии на случаи. Содржина: Прв ден Модул 1 - Преглед на контролорот на трошоците, методи кои се применуваат за разбирање на трошоците; Модул 2 - Управување со трошоците (АБЦ анализа на трошоците, ФТ наспроти ВT, симулација на модели); Модул 3 - Различни услови на продажба (одредување попусти и рокови на плаќање, симулација на прогноза на добивка); Модул 4 - Контролирање на профитни центри; Модул 5 - Каталошка и телефонска продажба, теренска, продажба преку застапник, продажба на мало (што треба да се предвиди пред воведување на нов
БИЗНИС ИНФО
12
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
четврток, 25 октомври 2012, Бр. 112
канал за продажба); Модул 6 - Како да се планираат активности кои се избрани по сите најважни деловни сегменти и кои ја следат бизнис-стратегијата на фирмите; Модул 7 - Деловна политика (што навистина сакаме и кои ни се конкурентски предности - предност во цената наспроти диференцијација, растот наспроти профитабилноста, маржата наспроти коефициентот на обртот, диференцијација на асортиманот - тесен наспроти широк, диференцијација на дистрибутивните канали. Втор ден Модул 1 - Контрола на производството (презентација на случај); Модул 2 - Управување со трошоците на производството; Модул 3 - Аспекти на контролата за следење на залихите - по групи производи, по старост, по рентабилност / коефициент на обртот; Модул 4 - АБЦ анализа, оптимизација на залихите; Модул 5 - Потребни и оптимални залихи, рентабилни и нерентабилни производи на залиха, модели на управување со залихите (симулација на модели); Модул 6 -Коефициент на обрт по групи производи и неговото влијание врз Рентабилноста; Модул 7 - БГЦ матрица на производите - инструмент за управување со залихите; Модул 8 -Залихи и деловна стратегија на компанијата; Модул 9 - Како да се применат техниките на финансиска анализа во областа на залихите и како да се управува со залихите? Предавач:
Јасмина Очко е магистар по банкарски и финансиски менаџмент. Петнаесет години била раководител на контрола во компанијата „Mozaik knjiga“ d.o.o – „Grupa Mladinska Knjiga Zalozba”. Работела на имплементација и развој на контрола на функциите во филијалите на „Младинска книга“ во БиХ, Србија и во Македонија. Од 2002 година се занимава со едукација од областа на контрола и до денес одржала преку 200 тренинзи, работилници, предавања и едукација за менаџмент и контрола на разни колеџи и школи ( RRF, Hrvatska Gospodarska Komora, PUMA - Hrvatska udrga poslodovaca, WIFI, IMC, Verlag Dashofer, Altius sovjetovanje, Experta, Poslovna Izvrsnost, Poslovna akademija, Mirakul, SWOt, InOptium, TEB, Hrvatsko mjeriteljsko drushtvo). Во 2008 година започнува со сопствена претприемничка активност како консултант од областа на контрола, сметководствен менаџмент, управување со трошоците, планирање и буџетирање. Сопственик е на компанијата „Когноско”, која е специјализирана за давање услуги од областа на контролата. Од 2007 - 2008 година придружник е на водечката светска Академија за контрола “Controller Akademie” Munchen ( CA privates Institut fur Unternehmensplanung und Rechnungswesen AG). Во 2010 година добива звање предавачка од областа на општествените науки, односно станува предавачка на RRIF- Високата школа за финансиски менаџмент. Во 2011 година стручно се усовршува во Америка (New York City). Посетувала бројни едукации од областа на менаџментот, менаџерско сметководство и контрола на најпознатите американски деловни институти во рамките на AMA – American Management Association. Во текот на својата кариера посетува многубројни кратки едукации од областа на контролата, внатрешната ревизија и сметководството во земјата и во странство. Завршила едукација од областа на психологија, педагогија, методика и дидактика при Учителската Академија во Загреб. Коавтор е на книгата „Контрола – управување зад сцената”, издадена во Загреб 2009 година и на Програмата за едногодишно школување за стекнување на звањата менаџер за контрола и финансиско-сметководствен менаџер. Предавачка е на бројни конгреси и конференции наменети за контролорите на високиот и среден менаџмент, како и на деловното училиште „Експерта” и тренер е на WIFI - Хрватска, Институт за унапредување на стопанството во сопственост на Австриската стопанска комора.
Работен јазик на семинарот е хрватскиот јазик. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: • работен материјал; • ручeк и освежување; • сертификат за присуство на семинарот.
Напомена: Минимален број за реализирање на овој семинар е 15 учесника.
Рок за пријавување: 6 ноември 2012 година Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074, Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057, Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk
четврток, 25 октомври 2012, Бр. 112
БИЗНИС ИНФО
13
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Семинар
“ПРВИЧНИ ЗНАЦИ НА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВО ПРЕВЕНЦИЈАТА ОД СОЗДАВАЊЕ НА ЛОШИ ПЛАСМАНИ” 16 ноември 2012 година, 9:00-17:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1, на 5-ти кат Стопанската Комора на Македонија во соработка со Академијата за банкарство и финансии од Република Србија, на 16 ноември 2012 година, организира еднодневен семинар на тема “Првични знаци на предупредување во превенцијата од создавање на лоши пласмани”. Цели на семинарот: За време на семинарот, учесниците ќе имаат можност да осознаат и да научат: • Сеопфатност на моделот на наплата на побарувањата за правните лица • Важноста од соодветна проценка на бонитетот на клиентите (кредитен рејтинг) • Критериумите за утврдување на потенцијално проблематичните клиенти • Начини на решавање на потенцијално проблематичните клиенти • Влијанието на потенцијално проблематичните клиенти во финансиските извештаи на доверителите. Целни групи: Вработени во банките кои работат во секторот- работа со правни лица (account и relationship менаџери), директори на филијали и вработени кои се занимаваат со управување со ризик и наплата на проблематични кредити. Содржина: • Важноста на наплатата на побарувањата во услови на криза • Целосен пристап за наплата на побарувања на клиентите • Анализа на рејтингот и нејзиното значење за потенцијалните проблеми во сервисирање на обврските на клиентите према банката • Важност на мониторингот на фаза детектирање на потенцијалните проблеми • Квалитативни и квантитативни знаци на предупредување • Третман на клиентот по откривање на потенцијални проблеми • Влијание на лошите пласмани врс финансиските извештаи на банката како доверител. Предавач: Александар Василски дипломирал на Факултетот за бизнис студии, Гренобл, Франција (Grenoble Ecole de Management, France). Тој ја започна својата кариера со Рајфајзен банка АД Белград, во секторот управување со ризици. Во 2007 година поминува во Ерсте банка АД Нови Сад, каде што во 2008 година стана директор на Дирекцијата за управување со ризици за правни лица. Неговите главни области на работа и усовршување се поврзани со прашањето за управување со кредитниот ризик, финансиска анализа, управување со наплатата, управување со стратегиски ризик. За време на неговиот професионални ангажмани, тој работел на многу проекти во земјата и во странство. Работен јазик се семинарот е српскиот јазик. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: • работен материјал; • ручeк и освежување; • сертификат за присуство на сем инарот.
Рок за пријавување: 9 ноември 2012 година Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074, Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057, Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk
14
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
четврток, 25 октомври 2012, Бр. 112
Oд 29 ноември до 2 декември 2012 година во Република Турција
„PLAST EURASIA ISTANBUL 2012“ *Стопанската комора на Македонија и „Адонис Груп“ ве носат на саемот со обезбедено бесплатно сместување ( две ноќевања со појадок во реномиран хотел), локален трансфер ( од aeрoдpoм до хотел) и влезници за Саемот Mеѓународeн саем за пластика „PLAST EURASIA ISTANBUL 2012“ е еден од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани турски и странски компании. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да ги видат производите што турските и странските компании ќе ги пласираат од областа на: - пластични профили и цевки, гуми, машини за вајарство, пластични филм-машини, машини за термообликување, гранулати, машини за флексопечатење, миксер-машини; - инженеринг- пластика, ПВЦ-адитиви, хемикалии за гуми, инженеринг полимери, ПВЦ-соединенија, термопластични еластомери, масла, полиетилен, пигменти, растворувачи; - завртки, редуцири, системи за роботика, разладни кули, хопер сушилници, магнет и метални сепаратори; - резистори, сензори, индикатори, електронски скали, статична опрема, индустриски грејни елементи; - пластични калапи, ПВЦ-калапи, калапи за амбалажа; - хидраулични цилиндри, пумпи, опрема и додатоци, компресори; - технологија за рециклирање на пластика, машини за дробење на пластика, пластични системи за филтрирање. На Саемот ќе учествуваат ексклузивни, меѓународни трговски брендови и познати реномирани компании од Турција, кои ќе се претстават со своите најдобри производи. Оваа година Саемот ќе се одржи во 10 хали, каде што ќе учествуваат над 1000 компании од 50 земји. Компаниите на Саемот ќе ги презентираат нивните најнови технологии и машини за пластика. Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 29 ноември - 1 декември 2012 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел); - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел); - како и бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки, а 5.900 денари за нечленки на Комората). Стопанската комора на Македонија и „Адонис Груп“ ги покануваат сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 9.11.2012 година. За подетални информации за „PLAST EURASIA ISTANBUL 2012“ контактирајте не`.
Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: natasa@mchamber.mk
четврток, 25 октомври 2012, Бр. 112
БИЗНИС ИНФО
15
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 6 до 9 декември 2012 година во Турција
САЕМ ЗА МЕТАЛНА ИНДУСТРИЈА ВО БУРСА Традиционално учесници на оваа меѓународна саемска манифестација се производители и дистрибутери на машини за обработка на метали и луѓе од металната индустрија кој се занимаваат со производство и обработка на метали. На површина од околу 15.000 метри квадратни, компаниите ќе имаат можност на исто место и во исто време да се сретнат со над 370 излагачи од Европа и пошироко и да остварат контакт со над 32.000 посетители од целиот свет. Ова претставува одлична можност за учесниците и самите посетители да се запознаат со најновите технолошки достигнувања во област на металната индустрија. На овој саем ќе се сретнат производители и трговци од целиот свет, кои ќе имаат можност за реализирање нови партнерства и да ги споделат последните технолошки достигнувања.. Главни области на кои ќе се базира овој саем ќе бидат целосниот спектар на продукти и технологии поврзани со производство, обработка и трговија со обоени метали. Понудата на Саемот опфаќа производи, проекти, инвестиции и нови решенија во областа на металната индустрија. Работната платформа на учесниците на манифестацијата им овозможува да ги презентираат своите производи, зајакнување на соработката со клиентите, позиционирање на пазарот, унапредување на бизнисот, продажба на производи и услуги, анализа на конкуренцијата. Сите заинтересирани македонски компании може да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 26 ноември 2012 година.
Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: natasa@mchamber.mk
САЕМ
БИЗНИС ИНФО
16 BSI
четврток, 25 октомври 2012, Бр. 112
TM
ISO 9001:2008 FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА
Компанија од Полска бара соработка со компании во Република Македонија во областа на рециклирање на пластика. Валидност до: 9.3.2013 година
Ponuda Pobaruva~ka
Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на специјални ѓубрива и други иновативни производи за овоштарство, раноградинарство и земјоделство. Валидност до: 9.02.2013 година
Компанија од Германија подготвена е за соработка со компании од Република Македонија во областа на изработка, снабдување со резервни делови, сервисирање, како и консултантски услуги за железнички системи. Валидност до: 18.3.2013 година
Компанија од Израел заинтересирана е да соработува со производители на домати во Република Македонија. Валидност до: 9.02.2013 година Компанија од Хрватска заинтересирана е за партнер во Република Македонија во текстилната индустрија за производство на долна облека. Валидност до: 10.4.2013 година Компанија од Бугарија заинтересирана е да соработува со производители на прехрамбени производи во Република Македонија за пласман на машини за пакување. Валидност до: 12.3.2013 година Компанија од Унгарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на апарати за дијализа наменети за здравствени установи. Валидност до: 12.3.2013 година Компанија од Унгарија заитересирана е да соработува со македонски транспортни компании за набавка на инструменти, сензори и прекинувачи за возила. Валидност до: 12.3.2013 година Компанија од Република Македонија овластен ексклузивен дистрибутер на реномирана фабрика за LEDосветлување од Кина (www.sheenly. com) бара дистрибутери на LEDпроизводите за територијата на Република Македонија ,Србија и Косово: LEDпанели; LED down lighter; LEDцевки; LEDсијалици. Валидност до: 12.10.2013 година Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на облека, зa сценски настап, традиционални носии, костими за циркус, новогодишни облеки и др. Валидност до: 15.3.2013 година Компанија од Колумбија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на цвеќе. Валидност до: 15.4.2013 година Реномирана компанија од Р. Македонија продава комплет фабрика со автоматска линија за производство на чист природен течен јаглен двеоксид, квалитет наменет и за производство на CocaCola, Pepsi Cola, со капацитет од cca 1.000 kg / h готов производ, со машина за полнење на течен јаглен двеоксид во боци од 2,5 – 50 литри, со две
Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на разни сензори наменети за производители на мотори, градежни машини, земјоделски машини, товарни возила, автобуси и компресори. Валидност до: 18.3.2013 година
статични цистерни и една најмодерна цистерна за превоз на течниот гас до купувачите, со два извора ( бунари ) на вода и со сопствена концесија за земјиштето. Цена по договор. Локацијата на објектот е во околината на Битола, до границата со Грција. Валидност до: 5.10.2013 година Турска компанија заинтересирана е да увезува лековити билки од Република Македонија. Валидност до: 17.10.2013 година Компанија од Република Македонија застапник на компанијата на украинската компанија ‘TERMIA’ за просторите на Балканот: Македонија, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина бара дистрибутери за пласман на грејни тела, панели, радијатори и бојлери. Валидност до: 17.10.2013 година Компанија од Република Македонија нуди на продажба комерцијален објект од 1200m2 , на самиот магистрален пат Струмица – Скопје. Валидност до: 17.10.2013 година Компанија од Република Македонија продава производствена хала од 3200 м2 на земјишна површина од 7700 м2, целосно опремена за шивалница, но може да се користи и за други комерцијални цели. Халата се наоѓа во Индиустриската зона север, с. Василево, Струмица Валидност до: 17.10.2013 година Компанија од Израел бара дистрибутер во Република Mакедонија за пласман на алат и прибор за изградба во градежништвото. Валидност до: 18.3.2013 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на различни видови на оловнокиселински и NiCd батерии, главно специјализирани батерии за железнички возила. Валидност до: 18.3.2013 година
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
Компанија од Германија заинтересирана е за соработка со градежни компании во Република Македонија во областа на соларната технологија, фотоволтаични системи и нивно вградување во текот на изградба и техничка инсталација. Валидност до: 18.02.2013 година Грчка компанија отвори нов изложбен центар во индустриска зона на Sindos, Солун – Грција. Изложбениот центар зафаќа површина од 11.000 квадратни метри, има капацитет за 35.000 изложбени штандови и е достапен за сите заинтересирани македонски компании за изложување на своите производи. Учеството во изложбениот центар е бесплатно, регистрациите веќе се започнати од сите професии и сектори, без исклучок, кои можат да учествуваат и да бидат застапени во новиот изложбен центар. Изложбата ќе трае 16 години, ќе работи само секоја сабота во текот на годината, а влезот за јавноста ќе биде бесплатен. Валидност до: 19.10.2028 година Компанија од Израел бара да увезува дрвени ролетни од Република Македонија или во саработка со македонски компании со заедничко вложување да произведува дрвени ролетни. Валидност до: 19.3.2013 година Компанија од Хрватска бара соработка со македонски компании во областа на градежништво, проектирање и трговија со градежни материјали. Валидност до: 19.6.2013 годинa
Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб портал www.mchamber.mk Контакт: Мирјана Коцева Е-адреса: Mirjana@mchamber.mk Тел:3244-035; Факс: 3244-088 тел: : (02) 3244036 savo@mchamber.mk
четврток, 25 октомври 2012, Бр. 112
БИЗНИС ИНФО
17
18
БИЗНИС ИНФО
четврток, 25 октомври 2012, Бр. 112