Issuu on Google+

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БИЗНИС ИНФО

четврток, 14 јуни 2012, Бр. 102

1

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

www.mchamber.mk Број 102 од 14.06.2012

контакт call центар (02) 15015

www.mchamber.mk

Управен одбор на Стопанската комора на Македонија

КРИЗАТА МОЖЕ ДА СЕ АМОРТИЗИРА СО МАКСИМАЛНА ПОДДРШКА НА ПРОИЗВОДСТВОТО И ИЗВОЗОТ Промените во трговијата по пристапувањето на Хрватска во Европската унија

Регионално поврзување на железничкиот сообраќај во Југоисточна Европа

ПРИОРИТЕТНА ЗАДАЧА НА АЛИЈАНСАТА Е РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА КОРИДОРОТ 10

НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА РЕГИОНОТ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922


2

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

БИЗНИС ИНФО

четврток, 14 јуни 2012, Бр. 102

„Македонски Телеком“ АД и „Т – Мобиле Македонија“

ТУРИСТИЧКО ВОВЧЕ ЗА ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ВО СКОПЈЕ

Зоолошката градина доби ново туристичко вовче, донација на „Македонски Телеком“ АД и „Т – Мобиле Македонија“. Возот е долг десетина метри, има два вагона и е со капацитет од вкупно 36 седишта, а чини околу 5.000.000 денари. Туристичкиот воз е со современ дизајн и е единствен од ваков тип во регионот, наменет е за едукативни прошетки низ зоолошката градина во Скопје, има добро озвучување, а за туристичките прошетки ќе биде ангажиран и водич. Според главните извршни директори на „Македонски Телеком“ и на „Т-Мобиле Македонија“, Даниел Сас и Жарко Луковски, успешното завршување на еден ваков проект е резултат на долгогодишната работа, партнерство и огромна посветеност на двете компании во проекти од интерес за општеството. Компаниите веруваат дека со оваа акција демонстрираат пример за бизнис-секторот да поддржува активности, кои се од важност и помагаат во подобрување на квалитетот на живеење на сите граѓани на Македонија. - Вовчето пред се` е наменето за превоз на децата што ќе можат организирано да се возат, полесно да ги посетуваат и да се едуцираат за животните во ЗОО - Скопје. Со возот во иднина ќе може да се реализираат и посебни едукативни роденденски забави, но ние ќе ги разгледаме и другите можности што ги нуди вовчето и ако нивната реализација значи поголема атракција за нашите посетители, а пред се` за децата, секако дека уште веднаш ќе ги спроведеме, рече в.д. директорот на ЗОО - Скопје, Татјана Стаменов. Градоначалникот Коце Трајановски, изразувајќи задоволство за донацијата, рече дека возот што го донираат „Т-Мобиле“ и „Македонски Телеком“ ќе придонесе за поголема посетеност на ЗОО - Скопје, зашто ќе се зголеми атрактивноста на ова наше животинско катче. - Градот Скопје и натаму ќе одвојува финасиски средства од Буџетот, но и ќе ги поддржува фирмите што сакаат да донираат за Зоолошката градина, сметајќи ги за општествено одговорни компании, - истакна Трајановски.

ПРАШАЊЕ И ОДГОВОР

ПОДВЛЕЧЕНО

МАКЕДОНСКИТЕ ПРОИЗВОДИ ТРЕБА ДА БИДАТ ПОКОНКУРЕНТНИ

Дали со пониската камата за новиот станбен кредит од 5,85 отсто, Стопанска банка сериозно и’ конкурира на акцијата на Владата „Купи куќа купи стан“ за кој каматата е до 5 отсто?

Mакедонските производи треба да бидат поконкурентни како во смисла на цената, во смисла на квалитетот, стандардите кои Европската унија ги бара од мали земји кои имаат аспирации да станат големи извозници во рамките на нејзиниот голем пазар, меѓутоа исто така и во смисла на брзината и ефикасноста со која македонските производи ги преминуваат границите со соседните земји, а на тоа влијаат инфраструктурата, брзината на транспортот, брзината со која се завршуваат царинските постапки и така натаму. Така што, тоа е цела една низа на работи кои може да се подобрат. Дел од нив се под контрола на македонските власти, како што се ограничувањата на инфраструктурата, царината, стандардите итн. Останатите, пак, се однесуваат на надворешната средина, побарувачката за производи извезени од Македонија во Европската унија сега е намалена, и јас мислам дека македонскиот извоз како процент од БДП е највисок во регионот на западен Балкан, околу 35 проценти. Значи, тоа се добри вести, а во изминатиот период сме виделе позитивен развој на состојбата, со доаѓањето на одредени високо профилни странски директни инвестиции кои извезуваат производи надвор од Македонија, би сакале да видиме повеќе такви примери. Навистина, во сите овие земји, вклучувајќи ја и Македонија извозот би можел да биде на многу повисоко ниво од сегашното. Ако ја споредиме, на пример, Македонија со некоја од другите мали земји со слични географски и други ограничувања. Да ги земеме за пример балтичките држави, или Словенија, или Малта, или Кипар, тие имаат многу повисок однос помеѓу извозот и БДП и тие можат да ги искористат овие поголеми пазари многу поефикасно. Во принцип, нема ништо што би ја спречило Македонија да го прави истото, и мислам дека ова е нешто на кое владата би можела уште повеќе да се фокусира во иднина, сметам дека тоа е голем неискористен потенцијал. (Жељко Богетиќ, главен економист на Светска банка за Западен Балкан)

Понудата на Стопанска банка во никој случај не може да се смета како конкуренција на постојната понуда за проектот на Владата „Купи куќа купи стан“, туку, напротив, како надополнување на понудата со што се овозможуваат поповолни услови за оние клиенти кои не успеале да се квалификуваат во рамки на проектот на Владата „Купи куќа, купи стан“. Дотолку повеќе што клиентите кои конкурираат за добивање субвенциониран станбен кредит, покрај исполнување на кредитните критериуми на банката, треба да се вклопат и во рамки на критериумите предвидени согласно со законската регулатива за добивање субвенција што од своја страна врши дополнителна елиминација на заинтересираните клиенти за овој проект. Секако, понудата на станбен кредит за проектот на Владата „Купи куќа, купи стан“ останува најповолна за сите оние што ќе се вклопат во дефинираните критериуми, не само од аспект на најповолна ценовна понуда на станбен кредит, туку и на износот на субвенцијата кој клиентите го добиваат. (Милица Чапаровска, директорка на Секторот за управување со производи во Стопанска банка)

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнер

Покровители

на


четврток, 14 јуни 2012, Бр. 102

БИЗНИС ИНФО

3

СУГЕСТИИ

Управен одбор на Стопанската комора на Македонија

НЕОПХОДНА ПОДДРШКА НА ПРОИЗВОДСТВОТО И ИЗВОЗОТ

КРИЗАТА МОЖЕ ДА СЕ АМОРТИЗИРА СО МАКСИМАЛНА ПОДДРШКА НА ПРОИЗВОДСТВОТО И ИЗВОЗОТ Во функција на заштита на интересите на своите членки, а со цел изнаоѓање најдобри решенија, Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, согласно јавно-приватниот дијалог со Владата на РМ, на седницата одржана на 7.6.2012 година, констатира дека:

1. негативните тенденции во македонската економија продолжуваат и понатаму; 2. клучен ограничувачки фактор за намалувањето на економските активности е хроничниот проблем со неликвидноста и високиот степен на внатрешна задолженост. Владата на Република Македонија оценувајќи ја актуелната состојба во домашната економија деновиве промовираше две економски мерки кои ги поддржа Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија: - обезбедување нова транша од 100 милиони евра од Европската инвестициона банка за компаниите кои ќе бидат оперативни во првата недела од јули 2012 година и - докапитализација на Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) со нови 10,7 милиони евра. Сепак, Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија оцени дека годинава ќе биде тешко да се задржи нивото на економските активности од минатата година, доколку не се преземат определени системски активности за поддршка на производните и извозно ориентираните дејности од реалниот сектор. За таа цел, бизнис-секторот ги дава следните сугестии за размислување:

Според податоците од Централниот регистар на Република Македонија, македонските претпријатија од нефинансискиот сектор, 2011 година ја завршија, односно 2012 година ја започнаа без работен капитал, односно со вкупни обврски од 609.757,00 милиони денари, кои се за 2,4% повисоки од вкупните тековни средства во износ од 595.336,00 милиони денари. - Краткорочните обврски во износ од 450.581,00 милиони денари (кои се 74% oд вкупните обврски, а дури 47% од вкупните раходи во 2011 година) се 75,7% од вкупните тековни средства. - Краткорочните побарувања од 319.413,60 милиони денари се 54% од вкупно тековните средства, а дури 33,3% од вкупните приходи во 2011 година.

1. Имајќи ја предвид загрижувачката неликвидност и внатрешната задолженост на македонското стопанство, неопходно е во соработка со Владата на РМ и НБРМ, да се разгледаат можностите за изнаоѓање соодветни решенија на тој план. 2. Примена на мерки за заштита на домашното производство, кои во кризни услови добиваат се` поголемо значење. 3. Обезбедување на потрошувачки кредити со субвенционирани камати за набавка на стоки за широка потрошувачка од домашно производство. 4. Формирање на Гарантен фонд за обезбедување на дополнителни гаранции, коишто на производните претпријатија ќе им овозможат полесен пристап до кредити при аплицирање кај комерцијалните банки. 5. Поттикнување на стопанските активности преку целосна реализација на капиталните инвестиции, п��и што јавните набавки да бидат целосно ставени во функција на активирање на домашните компании, водејќи сметка за почитување на правниот систем и преземените меѓународни обврски. Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија е на мислење дека доколку дојде до натамошно влошување на ситуацијата, неопходно ќе биде да се разгледа можноста за преземање на вертикални мерки во одредени сектори кои се носечки столбови во нашата економија. За таа цел, Стопанската комора на Македонија од денес континуирано ќе биде присутна директно во компаниите, како би ги обезбедила најрелевантните показатели за состојбите, потребни при концепирањето на мерките од страна на носителите на економската политика.


БИЗНИС ИНФО

4

ПРОЕКТИ

Регионално поврзување железничкиот сообраќај Југоисточна Европа

на во

ПРИОРИТЕТНА ЗАДАЧА НА АЛИЈАНСАТА Е РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА КОРИДОРОТ 10

Унапредувањето на транспортот и транспортната инфрастуктура согласно насоките на транспортната политика на ЕУ беше тема на неодамнешната седница на Македонската транспортна асоцијација (МТА) во рамки на Стопанската комора на Македонија. Ова во голема мера е поврзано и со промовирање на Алијансата за ревитализација на Коридорот 10 која е одговор токму на оваа политика, односно е резултат на она што значи регионално поврзување, конкретно во железничкиот сообраќај. Во регулативата на Европската комисија за Конективна Европа, наведена е потребата од исполнувањето на новите предизвици во транспортот, кој е основа за силна европска економија и за кој е очекуван раст до 2050 година и тоа во зголемување на товарниот сообраќај за 80% и патничкиот сообраќај за 50%. Исполнувањето на овие предизвици е можно: • со подобра интеграција, повеќе иновативност и висока технологија кон раст на транспортот за да се задоволат растечките потреби и да се намали емитувањето на ЦО2; • решенија на барањата за кохерентност на инфраструктурата (географски разлики) во однос на постигнување непречен, безбеден, сигурен, висококвалитетен транспорт;

• создавање мрежа на политики и управување како основа за напредок и транспарентност за идентификација на проекти и • силен акцент на територијалната интеграција за да се има балансиран пристап кон пазарите на ЕУ. Обновениот пристап кон соработка во транспортот дефинира дека:

• со зајакнување на транспортната соработка, ЕУ ќе ги поддржува зајакнувањето на економскиот развој и политичката стабилност на соседите; • со помош на транспортната политика до поефикасни прекугранични, покуси и побрзи поврзувања и либерализација на пазарите = олеснување на протокот на стоки и луѓе преку границите на ЕУ; • од изразена амбиција и подготвеност на

четврток, 14 јуни 2012, Бр. 102

секоја земја за поголема интеграција со ЕУ, ЕУ ќе одговори со техничка и финансиска поддршка. Во документот на ЕУ: Обновен пристап за соработка во транспортот со соседите, се подразбира создавање на регионални транспортни мрежи како инструмент за побрзо приспособување и интегрирање во транспортните мрежи на ЕУ што е наведено и во нашата Национална транспортна стратегија, посебно во однос на Коридорот 10, а со цел негова ревитализација, формирана е Алијанса на националните железнички оператори од Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Република Српска и Македонија. Алијансата е формирана за да се овозможи подобра конкурентност која е можна доколку се отстранат главните пречки, а тоа е редуцирање на слабиот квалитет на извршување на услугите (предолго возно време, некомплетни логистички услуги, слаб проток на стока на транспортниот пат поради долги задржувања на границите, слабо следење на пратките и слаба искористеност на возните средства) и неконкурентност спрема патниот транспорт, истакна Марјан Масиќ, на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија (11.6.2012 година). Во 2010 година, како што рече, вкупната размена на стока меѓу државите од Алијансата изнесувала 62,5 милиони тони, односно за 21,4 проценти повеќе во однос на 2004 година. Пазарниот удел на железниците во овој регион изнесува околу 20 проценти, а во поширокиот регион (Турција, Грција, Германија) достигнува до шест проценти. Според Масиќ, моментни пречки за подобра конкурентност се слабиот


четврток, 14 јуни 2012, Бр. 102

БИЗНИС ИНФО

квалитет за извршување на услугите изразен со предолго возно време, некомплетни логистички услуги, слаб проток на стока на транспортниот пат како резултат на долгите задржувања на граничните премини, слабо следење на пратките и искористеноста на возните средства. Треба да се подобри и конкурентноста кон патниот транспорт и да се отстранат и пречките со многу посредници во работењето и делумната контрола на транспортот, со оглед дека секоја железница го контролира својот дел. Наспроти заложбите на Алијансата да го истакне значењето на железничката траса – Коридорот 10, паралелно без поголеми пречки функционира железничкиот сообраќај по Коридорот 4. Предностите на тој коридор е што минува низ земји, сите членки на Европската унија, што значи нема царински бариери, а има и следливост на стоките, предности кои недостасуваат на Коридорот 10. Токму и тоа е улогата на Алијансата да го потенцира значењето на Коридорот 10 кој по целата должина е за 500-тини километри пократок од Австрија до Грција, во однос на Коридорот 4. Масиќ како претставник на Словенски железници, која заедно со Хрватски железници се основачите на Алијансата, на прес-конференцијата потенцираше дека Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Република Српска и Македонија по должина на пругите учествуваат со 4, 1% во вкупната железничка мрежа на Европската унија, 3% во однос на електрифицирани пруги, 5,1% во вкупниот број на вагони во Европа, со што Алијансата е битен дел на железничкиот меѓународен пазар. Активностите на Алијансата се реализираат преку работата на работни групи и тоа за анализа на пазарот, нови производи, погранична соработка, размена на податоци, погранична логистика, оптимизација на транспортот – возовите, оптимизација на искористеност на колскиот парк, со крајна цел постигнување квалитет во железничкиот превоз. На последното проширување на Алијансата, во членството се приклучи и „Македонски железници транспорт“ ад - Скопје, а интерес е пројавен од страна на грчкиот превозник „TRAINOSE Cargo“ и италијанскиот превозник „Treno Italia Cargo“.

5

ДОСТИГНУВАЊА

Во ХЕЦ „Шпилје“ остварено половина од планираното производство за годинава

ПРОИЗВЕДЕНИ НАД 110 МИЛИОНИ КИЛОВАТ ЧАСОВИ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА Поволната хидрологија, посебно во последните два месеца, присутна на дебарското сливно подрачје, кое го сочинуваат реките Радика и Црн Дрим, условија зголемено произвoдство во ХЕЦ„Шпилје“, кај Дебар . Во изинатиот период од годинава, произведени се над 110 милиони киловат часови електрична енергија што претставува оставрување на годишниот план за околу 50 отсто. Средниот дотек на вода во акумулацијата моментно изнесува 80 кубни метри во секунда, а во акумулацијата има резерва на вода за производство на 37 милиони киловат часови. До максималната кота, која изнесува 580 метри, останува помалку од еден метар. Како што објавува МИА, ХЕЦ „Шпилје“ работи според потребите на системот и во просек, дневно се поизведуваат по милион киловат часови елекрична енергија. Во 2011 година во овој значаен електроенергетски објект произведени беа 257 милиони киловат часови и планот e остварен со 90 отсто. Историски рекордно производство, од околу 500 милиони киловат часови беше остварено во 2010 година, поради исклучително поволната хидрологија, која се случува еднаш на сто години.


БИЗНИС ИНФО

6

ДОКУМЕНТИ

четврток, 14 јуни 2012, Бр. 102

Претседателите на стопанските комори од поранешните југословенски републики расправаа за промените во трговијата по пристапувањето на Хрватска во Европската унија

НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА РЕГИОНОТ - НЕОПХОДНА УШТЕ ПОГОЛЕМА ЕКОНОМСКА ИНТЕГРАЦИЈА

Деветнаесеттиот состанок на претседателите на стопанските комори од поранешните југословенски републики (Загреб,12.6.2012 година) беше посветен на унапредувањето на регионалната соработка во контекст на влегувањето на Република Хрватска во ЕУ. Претседателите на коморите ги поздрави Невен Мимица, потпретседател на Владата на Република Хрватска за внатрешна, надворешна и ЕУ-политика, кој инаку ќе биде и повереник на Хрватска во Европската унија. Невен Мимица нагласи дека без оглед што влегувањето на Хрватска во ЕУ нема подеднакво да се одрази врз секоја земја-потписничка на ЦЕФТА-договорот, сепак со хрватското придружување регионот оди чекор напред во својот развој и се отвораат нови предизвици. Успешната регионална економска соработка и нејзиниот раст, во рамките на ЦЕФТА, беа индикатори за одржлив економски развој и политичка стабилност на регионот, а што пак влијае на реалната перспектива на ЕУ и на регионот. Процесот на трансформацијата на ЕУ и регионалната соработка имаа ефект врз капацитетот на земјите од регионот во справувањето со последиците од финансиската и економската криза. Земјите од регионот како свој фокус треба да го имаат подигнувањето на конкурентноста н�� своето стопанство, одржувањето на финансиската дисциплина, владеењето на правото и уредувањето на пазарот. Сето тоа, несомнено, ќе влијае на економскиот раст, односно на зголемувањето на инвестициите и намалување на ефектите од глобалните ризици. Разменувајќи ги меѓусебно информациите за економските состојби во регионот, констатирано е дека сите параметри

во сите ЦЕФТА-држави, вклучувајќи ја и Словенија, укажуваат на отворање на процесот на рецесија. Сите претседатели на коморите од поранешните југословенски републики констатираа дека ЦЕФТА се покажа како успешна приказна и дека токму подоследната поддршка од страна на владите би дала побрзи ефекти во однос на регионалното интегрирање на стопанствата. Коморите и понатаму треба да бидат платформи за најдобри практики. Како што истакна Надан Видошевиќ, претседател на Стопанската комора на Хрватска, обврска на коморите е да укажуваат на реалноста и да ја менуваат – тоа е единствениот начин да влијаат врз националниот економски и општествен развој, но и на развојот на регионот. За натамошен развој на регионалната соработка, а во услови на општа рецесија во регионот, претседателите заклучија дека е потребно фокусирање и преиспитување на заедничките капацитети за регионален настап на трети пазари. Постигнатата либерализација на трговијата со ЕУ во рамките на договорите за стабилизација и асоцијација се основите на идните трговски режими со Хрватска. Соодветно на тоа, и хрватските производи ќе имаат поинакви билатерални трговски режими од досегашните базирани врз основа на ЦЕФТА-договорот. Во однос на Македонија, реципрочно и натаму ќе биде слободен извозот и увозот на индустриските производи. Извозот од Македонија во Хрватска, како и во ЕУ, во целост е либерализиран, освен за бејби-биф, шеќер, риба и преработки и вино. Како што е познато, за овие производи се предвидени квоти и примена на намалени царини во случај ако тие се пополнат. Во однос на виното не е можен

извоз вон квотата. Увозот на одредени производи од тарифните глави 1- 24 од Хрватска, односно од ЕУ е во рамките на бесцаринските квоти, или се наплатуваат целосни или намалени царини. Генерално, трговскиот режим ќе биде ист како и за производи при увозот од ЕУ, а тоа значи дека ќе се укине трговската либерализација за земјоделско-прехранбени производи постигната во рамките на ЦЕФТА. Од јуни 2013 година Република Македонија ќе ужива асиметричен трговски режим во однос на Хрватска. Со оглед дека Молдавија и Косово немаат договори за стабилизација и асоцијација, извозот од тие земји кон Хрватска ќе биде бесцарински, освен квотите за бејби-биф, шеќер, риба и преработки и вино. Тоа е согласно посебните трговски мерки воведени од страна на ЕУ кон земјите во процесот на стабилизација и асоцијација и Косово и Молдавија, но стоките со хрватско потекло, при увозот во овие две земји ќе бидат целосно царинети. Со влегувањето во ЕУ, Хрватска ќе се придружи на дијагоналната кумулација со ЦЕФТА и Турција, но ќе излезе од дијагоналната кумулација на ЕФТА, Македонија, Албанија и Србија. Од страна на Европската комисија, а на барање на Република Хрватска се очекува иницирање на прилагодување на договорите за стабилизација и асоцијација, што е во врска со влегувањето на Хрватска во ЕУ. Или, поконкретно, ќе се отвори можност за договарање транзиционен период во однос на промената на трговските режими во рамките на ЦЕФТА во согласност со договорите за стабилизација и асоцијација.

Љубица Нури

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922


четврток, 14 јуни 2012, Бр. 102

Стопанска комора на Хрватска

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПРОМЕНИ ВО ТРГОВИЈАТА ПО ВЛЕГУВАЊЕТО НА ХРВАТСКА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА Промените во трговијата по пристапувањето на Хрватска во Европската унија Во рамките на Проектот ЦЕФТА-ДИХК во Хрватската стопанска комора во Загреб, на 11 јуни 2012 година, се одржа Тркалезна за промените во трговијата по пристапувањето на Хрватска во Европската унија, чија цел беше да се разговара отворено, на експертско ниво, да се разговара за очекуваните резултати по пристапувањето на Хрватска во ЕУ, за излегувањето од ЦЕФТА, како и за предностите, но и предизвиците со коишто регионот ќе се соочи идната година, кога Хрватска ќе стане полноправна членка на ЕУ. На настанот учествуваа: Игор Равен, претставник на Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина, Лидија Рмуш и Миљан Шестовиќ, претставници на Стопанската комора на Црна Гора, Љубица Нури, претставник на Стопанската комора на Македонија, Зоран Бојовиќ и Жељко Брозовиќ, претставници на Стопанската комора на Србија, заедно со претставниците на Стопанската комора на Хрватска - Ружица Гело, Божица Марковиќ, Лидија Шваљек, Сунчаница Скупњак – Капиќ, Трпимир Журиќ, Јошко Миличиќ и Даниела Печевски. По завршувањето на излагањата и дискусиите по претходно утврдениот дневен ред, се донесоа следните

ЗАКЛУЧОЦИ Земјите од овој регион меѓусебно една на друга се важни економски партнери, особено во однос на надворешно-трговската размена. Досегашната економска соработка во регионот се темелеше пред се` на билатералните економски односи, а целта е во иднина меѓусебно да се поврзат и заеднички да излезат на трети пазари. Со влегувањето на Република Хрватска во Европската унија ќе дојде до значителни промени во надворешно-трговскиот режим меѓу земјите од регионот, имајќи предвид дека Хрватска ќе го напушти постојниот ЦЕФТА-договор и ќе применува индивидуални договори за стабилизација и асоцијација на одделни земји со ЕУ. Стопанските комори од земјите од регионот ги препознаа предностите, но и предизвиците со коишто ќе се соочат стопанствениците од регионот со излегувањето

БИЗНИС ИНФО на Република Хрватска од ЦЕФТА и ќе продолжат со информирање на деловната и политичката заедница во врска со очекуваните промени. Со цел информирање на што пошироката заедница за сите промени што ќе настанат како резултат на процесот на пристапување на Хрватска во ЕУ, стопанските комори меѓусебно ќе соработуваат и ќе се поврзуваат. Иако очигледно има големо намалување на побарувачката во регионот, поради што е тешко да се проектира движењето на трговската размена во иднина, се очекува да се зголеми трговската размена на Хрватска со земјите-членки на ЕУ, покрај намалувањето на трошоците и поедноставените извозни процедури, а и поради тоа што добар дел од индустриските производи веќе се либерализирани. Земјите од регионот неизбежно и понатаму ќе останат значаен надворешно-трговски партнер. Членството на Хрватска во ЕУ ќе донесе и одредени промени во царинските постапки, документи и сертификати, поради што е неопходно меѓусебно разменување на информации, како и информирање на деловната заедница.

Со цел да се овозможи слободен проток на индустриски стоки, неопходно е да се работи на усогласување на националните стандарди со европското законодавство и да се усвојуваат нови стандарди. Земјоделско-прехранбениот сектор е еден од секторите на коишто влегувањето на Хрватска во Европската унија ќе се одрази најмногу и ќе предизвика најмногу промени, поради што во тој сегмент неопходно е веднаш да се информираат деловната и политичката заедница, со цел изнаоѓање на прифатливо решение за сите страни. Тешко е да се утврди какви промени ќе се случат во земјоделско-прехранбениот сектор, бидејќи има големи разлики од земја до земја, од производ до производ. Сите производи кои во рамките на ЦЕФТА-договорот беа под одреден степен на заштита, ќе останат и во рамките на ЕУ, при извоз во земјите на ЦЕФТА, со што Хрватска ќе се најде во понеповолна положба во споредба со сегашната ситуација. Во слободниот проток на стоки од земјоделско-прехранбениот сектор, клучен предизвик, освен промената на трговскиот режим, при извозот од земјите на ЦЕФТА во Хрватска, односно на единствениот пазар на Европската унија ќе биде исполнувањето на ветеринарните, санитарните и фитосанитарните стандарди и услови на ЕУ. Стопанските комори ќе се залагаат за едукација на стопанството и на надлежните институции од областа на ветеринарната, санитарната и фитосанитарната политика во ЦЕФТА-

7

ДОКУМЕНТИ земјите, од страна на хрватски експерти. Хрватската страна искажа неопходност за измена на постојните договори за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и земјите од регионот, земајќи ги предвид постојните концесии во рамките на ЦЕФТА-договорот. Преговорите, како и во претходните две рунди за проширување ги води Европската комисија. Хрватската страна изрази надеж дека земјите-потписнички на ЦЕФТА-договорот ќе имаат разбирање за хрватските интереси, а со цел одржување и подобрување на постојните економски односи. Во процесот на преговарање и пристапување кон Европската унија, Стопанската комора на Хрватска со стопанските комори на земјите од поранешна Југославија ќе ги размени своите досегашни искуства во врска со улогата и задачите на коморите во процесот на преговорите за пристапување во ЕУ. Како најрепрезентативни претставници на деловниот сектор, коморите ќе ги застапуваат интересите на своите членки, со цел да им се олесни приспособувањето на стандардите и правилата на Европската унија. Стопанската комора на Хрватска е подготвена на коморите од регионот да им го понуди своето искуството од својот претпристапен период, кое е единствено и применливо и во земјите од регионот. Стопанските комори меѓусебно ќе разменуваат искуства за активностите и услугите кои успешно се применуваат во коморскиот систем, а и ќе работат заедно на едукација на своите членки. Стопанските комори ќе поддржуваат активности насочени кон регионална соработка, за што заеднички ќе предлагаат проекти во рамките на регионалните иницијативи и низ програми на Европската унија, наменети за Југоисточна Европа. Хрватска со своето членство во ЕУ може да биде носител на проекти и тука има простор за дополнителна соработка. Стопанските комори од земјите од поранешна Југославија ќе ја продолжат нивната меѓусебна соработка со цел да го олеснат настапот на своите членки на пазарите на земјите од поранешна Југославија, а ќе се залагаат и за повеќе долгорочни форми на економска соработка. Стопанските комори од земјите од поранешна Југославија ќе се залагаат за заеднички настап на трети пазари, во коишто некои од потписничките имаат воспоставено добри односи, а други потписнички имаат можности и интерес за настап. За таа цел, стопанските комори ќе лобираат кај своите влади за да може, колку е можно побрзо, да се создадат услови за спроведување на Регионалната конвенција за спроведување на Пан-евро-мед преференцијалната кумулација за потекло на стоките. Стопанските комори и понатаму ќе продолжат со својата работа во рамките на поткомитетите за спроведување на ЦЕФТА-договорот 2006, со цел за унапредување на трговијата и отстранување на нетарифните бариери.

Загреб, 11 јуни 2012 година


8

УСОГЛАСУВАЊА

БИЗНИС ИНФО

четврток, 14 јуни 2012, Бр. 102

Обврските на правните субјекти од имплементација на Законот за хемикалии, европската регулатива за управување со хемикалиите – REACH и ставањето на биоцидни производи во промет

СОРАБОТКА СО ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА УСПЕШНО МЕНАЏИРАЊЕ СО РИЗИКОТ ОД ХЕМИКАЛИИ Во организација на Здружението на хемиската индустрија при Стопанската комора на Македонија, на 13 јуни 2012 година, се одржа состанок на претставниците на бизнис-заедницата со претставници на институциите. На состанокот се дискутираше за обврските на правните субјекти од имплементацијата на Законот за хемикалии, европската регулатива за управување со хемикалиите – REACH и ставањето на биоцидни производи во промет. Целта на состанокот, како што истакна претседателот на Здружението на хемиската индустрија, Зоран Костовски, е да им се овозможи на претставниците на бизнис-секторот подетално запознавање со оваа значајна проблематика од работењето, како и да разменат мислења со претставниците на надлежните институции. Хемикалиите, директно или индиректно, се застапени во речиси сите индустриски процеси, а состанокот токму беше да им помогне во процесот на успешното управување со хемикалиите. Директорот на Бирото за лекови, м-р Илчо Захариев го потенцираше значењето за успешно имплементирање на Законот за хемикалии во кој се

транспонирани одредби и директиви од европското законодавство. Во таа насока, тој изрази целосна подготвеност да го чуе гласот на стопанството и да ја продолжи и унапреди соработката со цел да се надминат евентуалните пречки, било од административна или финансиска природа. На состанокот беше даден акцент, покрај на Обврските за бизнис секторот од Законот за хемикалии („Сл. весник на РМ“ бр.145/2010; 53/2011) и на задолжителните обврски по основ на меѓународни договори од областа на хемикалиите, разграничување на надлежностите на институциите во спроведувањето на обврските во управувањето со хемикалии, можните пунктови за финансиско и административно олеснување на бизнис-секторот во извршувањето на обврските од Законот и за Класификација на хемикалиите – обврска на индустријата и другите учесници во синџирот на движење на хемикалиите, што ќе стартува од 2013 година. Во директен дијалог со претставниците на институциите во чија надлежност е спроведувањето на регулативите од областа на хемикалиите, како

што се Царинската управа на РМ, Фитосанитарната управа, Агенцијата за храна и ветеринарство, од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Министерството за животна средина и просторно планирање, беа актуелизирани одреден број прашања околку примената на регулативите од оваа област, како што е функционирањето на ЕКСИМ-системот при увоз на хемикалии, дозволите од Бирото за лекови, движењето на прекурзорите, висината на таксите за регистрирање на хемикалиите, поедноставената постапка за фитосанитарна контрола, роковите за увоз на конвенционални бои и лакови и сл. Ценејќи ја средбата како особено корисна, беше договорено дијалогот на бизнис-секторот со надлежните институции на оваа тема да продолжи во насока на создавање услови за успешно функционирање на системот за менаџирање со ризикот од хемикалии, а сите натамошни отворени прашања сврзани со оваа проблематика ќе се актуелизираат преку Здружението на хемиската индустрија. Зорица Мешкова

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Регионалната комора со седиште во Битола учествуваше на 5. Интернационален економски форум „Марица 2012“ во Пловдив

ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА БИЗНИСИТЕ ОД ДВАТА РЕГИОНA

Регионалната комора со седиште во Битола, по покана на Трговско-индустриската комора од Пловдив, На 6 и 7 јуни 2012 година учествуваше на 5. Интернационален економски форум „Марица 2012“. Главни теми кои беа презентирани на економскиот форум пред повеќе од 250 учесници од Бугарија и странство беа: Регионалниот развој; Јавно-приватното партнерство – како алтернатива на европските фондови; Енергетската ефикасност; Можностите за инвестирање во општините на Југоцентралниот регион на Бугарија; Прехранбената индустрија и земјоделство и Машино-градежната индустрија. Форумот беше официјално отворен во конгресен центар на Меѓународниот саем во Пловдив по тригодишен прекин. Во фокусот на бизнисот,

администрацијата, невладиниот сектор и медиумите, вклучени во настанот, беше презентирано создавањето на кластери како група од меѓусебно поврзани компании кои работат во една област. Меѓународниот економски форум „Марица" беше свечено отворен од окружниот управник на Пловдив, Здравко Димитров. За прв пат за време на форумот беа доделени награди за инвеститор на Пловдивската област, како и за општината во делот кој нуди најмногу - подобри услови за развој на бизнисот. Комбинатот за обоени метали од Пловдив беше одликуван со наградата „Инвеститор за 2011 година“ во категоријата на големи претпријатија. Во категоријата „Инвеститор на годината кај малите и средни претпријатија" победник беше "EVN Бугарија Топлофикација". Наградата за најдобар динамички развој кај малите и средни претпријатија ја доби „Иксетик" - Пловдив ДООЕЛ, што произведува хидраулична и вакуумска опрема, а во истата категорија кај големите претпријатија оваа награда отиде кај „ТЕД-БЕД ЕАД“ - најголемиот производител на душеци на Балканот. Производството се извезува во повеќе од 20 земји во светот. Општина Марица од Пловдив беше прогласена за општина која обезбеди најдобри услови за инвестиции во 2011 година. На отворањето на форумот присуствуваа претставникот на Европската банка за обнова и развој, Стефка Славова, управителите на Пловдив и Смолјан, и градоначалниците на општините Пазарџик и Марица. Претставниците на Регионалната комора со седиште во Битола зедоа учество на повеќе тркалезни

маси организирани на форумот со теми од јавноприватното партнерство, регионалниот развој и новите програми за периодот од 2014-2020 година, како и за развојот на прехранбената индустрија и земјоделството. Беше остварена и средба со извршниот директот на Трговско-индустриската комора од Пловдив, Ангел Хронев. Во текот на разговорот беа нагласени сличностите на регионот на Пловдив со регионот на Битола од аспект на планираните проекти за развој на инфраструктурата и програмите за агро-секторот. Заклучено беше дека соработката треба да се продлабочи со посета на бизнис-делегации во двата региона, како и организирана посета на многубројните манифестации на Саемот во Пловдив. Заклучено е комункацијата на двете комори да продолжи и да се продлабочи во иднина. М-р Никола Димковски


четврток, 14 јуни 2012, Бр. 102

НБРМ оценува дека последните макроекономски движења се релативно поволни

БЛАГО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА НА КОРПОРАТИВНИОТ СЕКТОР

Последните макроекономски движења во македонската економија, од монетарен аспект, се релативно поволни. На девизниот пазар, и покрај проширувањето на трговскиот дефицит во април и исплатата на поголем износ дивиденда на странски акционер, поголеми притисоци врз девизниот курс не се забележуваат, оцени Советот на Народната банка на Република Македонија (НБРМ). Неповолните ефекти од овие фактори делумно се ублажени со натамошниот раст на нетоприливите од менувачкото работење, кои го надминуваа�� проектираното ниво, се вели во соопштението од НБРМ. - И покрај стабилниот амбиент за монетарната политика, ризиците поврзани со неизвесноста околу надминувањето на должничката криза во евро-зоната и ефектите врз глобалната и домашната економија се` уште се присутни и дополнително нагласени, заради бројните тековни шпекулации за можните сценарија за Грција и евро-зоната. Оттука, останува потребата од натамошно претпазливо водење на монетарната политика и постојано следење на макроекономските остварувања, на домашен и на глобален план, заклучи Советот на центарлната банкa. Во текот на април и мај годинава девизните резерви забележаа умерен пад, што сепак е во согласност со нивната проектирана патека од последниот циклус на проекции. Тие и натаму се одржуваат на соодветно ниво, обезбедувајќи доволен простор за амортизација на евентуалните неповолни шокови. Од аспект на инфлацијата, по растот во април, главно условен од фактори со еднократен карактер, инфлацијата во текот на мај забави и се сведе на 2 отсто на годишна основа. Ваквата динамика на инфлацијата, се прецизира во соопштението од НБРМ, не отстапува значително од проекциите за овој период. Притоа, краткорочните показатели за економската активност упатуваат на натамошно отсуство на инфлациски притисоци создадени преку побарувачката. Показателите за домашната побарувачка укажуваат на забавување и на личната и на инвестициската побарувачка. Воедно, податоците за индустриското производство за април покажуваат годишен пад на активноста во индустријата во осум последователни месеци, а помалку поволни во однос на претходниот период се и движењата во останатите сектори. Ваквите сигнали за анемична економска активност, контролирани инфлациски движења, како и стабилниот девизен пазар се во согласност со последните промени на монетарните услови. На почетокот на мај, Народната банка одлучи да ја намали основната каматна стапка за 25 базични поени на 3,75 отсто, давајќи им на тој начин поддршка на кредитната активност и на растот на домашната економија. Податоците за кредитниот пазар на банките за април покажуваат благо зголемување на финансиската

БИЗНИС ИНФО поддршка на корпоративниот сектор. Годишниот раст на вкупните кредити во април забрза достигнувајќи 8,5 отсто (од 8 проценти во март), при што најголема улога во новиот раст на кредитите има корпоративниот сектор. Во текот на април продолжи зголемувањето на искористеноста на депозитниот потенцијал на банките за кредитирање, при позасилен раст на коефициентот кредити/депозити, во однос на минатиот месец, соопшти НБРМ.

Македонските производи добија безвизен режим со ЕУ

АКРЕДИТАЦИСКОТО ТЕЛО ДЕЛ ОД ЕВРОПСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА

Македонски производи и услуги акредитирани од македонскиот Институт може слободно да се најдат на европските пазари без дополнителни технички барања. Ова го овозможува потпишаниот Договор на македонскиот Институт за акредитација за заемно признавање на акредитациите со Европската организација на акредитација и Договорот за мултилатерално признавање на акредитациите во областа на тестирање и калибрација со светската организација за акредитација - Меѓународна организација за акредитација на лаборатории. - Ова беше долг процес кој траеше повеќе од четири години и успешно заврши, рече директорот на Институтот за акредитација на Македонија Трпе Ристоски, на одбележување на Светскиот ден на акредитацијата (13.6.2012 година) под мотото „Поддршка за безбедна храна и чиста вода за пиење“. Тој додаде, како што пренесува МИА, дека ова претставува пасош за трговијата, а бизнис-заедницата го нарекува безвизен режим за нивните производи. Државниот секретар во Министерството за екномија Анче Трифунов истакнувајќи ја важноста на квалитетот на производите и услугите истакна дека квалитетот го обезбедува токму акредитацијата. - Ако акредитацијата е синоним за доверба, квалитет и сигурност, ние во Македонија имаме квалитет, кој го испорачуваме и надвор од нашите граници, а сега веќе и без технички бариери под знакот на Институтот за акредитација на Република Македонија, - рече Трифунов.

Според Томас Факлон, претставник од Европската организација за акредитација ова е силна порака за поттик на пазарот, а производите и услугите ќе бидат прифатени секаде. - Ова значи осигурување на производите со квалитетот, а со тоа се штитат и потрошувачите, истакна Факлон, кој додаде дека нареден чекор е да се стане дел на меѓународниот форум за акредитација. Придонес кон ова даде и проектот за изградба на капацитетот на Институтот спроведен од 1 февруари минатата година преку ИПА програмата. Лукас Мелка, претставник од ЕУ, рече дека Институтот ги изгради капацитетите, целта е постигната од проектот и оти ова е

9

ФИНАНСИИ пример за успешна соработка, која натаму ќе продолжи и во други области преку поддршка на конкурентноста и градењето партнерски односи со бизнис заедницата меѓу Македонија и ЕУ, како и примена на европските стандарди нопходни за интеграција на нашата држава на заедничките европски пазари.

МЕПСО и електроенергетските системоператори од девет држави од Југоисточна Европа формираа заедничка компанија

ОЛЕСНУВАЊЕ НА ТРГОВИЈАТА СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО ЈИЕ

МЕПСО и електроенергетските системоператори од девет држави од Југоисточна Европа на 13.6.2012 година потпишаа договор со кој се формира заедничка компанија која ќе организира координирани аукции за закуп на далноводни капацитети за прекуграничен пренос на електрична енергија. Новата компанија „Канцеларија за координирана аукција на Југоисточна Европа“ (СЕЕ ЦАО) треба да го оптимизира закупот на преносните капацитети и да ги намали досегашните трошоци за прекуграничен пренос на електрична енергија со што ќе ја олесни трговијата со електрична енергија во ЈИЕ. Во име на МЕПСО договорот во Бечиќи, Црна Гора, во присуство на црногорскиот министер за економија Владимир Кавариќ и Славчо Нејков, директор на Секретаријатот на Енерегетската заедница, го потпиша генералниот директор Дејан Бошковски. На потпишувањето на договорот присуствуваа и високи претставници на регулаторните тела од овие држави, а Македонија ја претставуваше Димитар Петров,претседателот на РКЕ. Седиштето на компанијата, која треба да почне да работи за 12 месеци, а ќе има годишен буџет од 1,2 милиони евра и шестмина вработени, ќе биде во Подгорица. - Од еден центар ќе се организират аукции за закуп на електрична енергија наместо, како досега, кога секој од електроенергетските систем-оператори организираше сопствени аукции на кои нудеше капацитети за прекуграничен пренос, се појаснува во соопштението од МЕПСО. - СЕЕ-ЦАО претставува инструмент за интеграција и ќе овозможи електричната енергија во регионот на ЈИЕ да се пренесува лесно и со помалку бирократија. Тоа ќе гарантира ефикасно снабдување на овие пазари со електрична енергија, потенцираше Гинтер Отингер, комесарот за енергетика во ЕУ во своето видеообраќање на потпишувањето на договорот. СЕЕ-ЦАО, сопственост на електроенергетските систем-оператори од Црна Гора, Македонија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Романија, Грција, Турција и Косово и Албанија е еден од основачите на новата компанија.


10

ИНТЕРВЈУ

БИЗНИС ИНФО

четврток, 14 јуни 2012, Бр. 102

Горан Антевски, директор на „Раде Кончар - ТЕП“ за „Утрински весник“

МАКЕДОНСКИТЕ МЕНАЏЕРИ ВИРТУОЗИ ВО КРИЗНИ ВРЕМИЊА

* Кризата удри пожестоко отколку што сите очекуваа. Бизнисот се жали дека не само што се тешки условите во првата половина од годината, туку ќе биде исто и во другиот дел од 2012 година, затоа што фирмите немаат нарачки. Колку е сериозна ситуацијата? Од почетокот на годинава е евидентно дека ликвидноста на компаниите е загрозена во сите сектори, не само во електро и во металскиот сектор. Таа се чувствува и во сите останати дејности. Недостигот од финансиски средства ги прават банките нефлексибилни за нови проекти, а истовремено ги поскапува и влезните материјали, бидејќи цената на суровините расте поради одложеното плаќање. Па, крајниот купец плаќа поскапо во однос на претходната година. Овој круг на неликвидност, зголемување на цените, намалената продажба и намалено производство, сигурно ќе се зголемува и во текот на втората половина на оваа година и во поголемиот дел од идната. Мора да се бараат алтернативи на материјали, добавувачи и коминтенти за да се задржи и да се зголеми сегашното работење. * Од кои земји најмногу се откажуваат нарачките и дали е тоа сигнал дека токму тие економии се и најзагрозените? Економската криза не се чувствува само во Македонија, таа исто така е присутна и во соседните држави и на пазарите на ЕУ. Но, секако потребата за нови пазари и задржување на постојните е приоритет за секоја компанија. Така и ние во „Раде Кончар“-ТЕП, каде што се произведува голем асортиман на метални и на електропроизводи од секаков вид, се надеваме дека со малку повеќе ангажирање и воведување нови производи ќе успееме да ги задржиме сегашните позиции и ќе освоиме нови пазари. Моментално голем пад се чувствува на п��зарите на поранешна Југославија и, секако, во Грција. Но, затоа се’ повеќе и повеќе ни се отвораат скандинавските пазари.

* Како треба во оваа ситуација да реагираат македонските менаџери за побезболно да се преброди кризата? Македонските менаџери и стопанственици се виртуози во своето работење. За да успееш на вака мал пазар да произведуваш и да извезуваш на пазари, а мораш да се потпреш само на сопствени сили, тоа навистина е тешко. Затоа морам да кажам дека сите успешни менаџери се во некоја рака херои, бидејќи и тие придонесуваат многу за развојот и просперитетот. Неопходно е само да се изгради конкурентно стопанство и да се оттргнеме од она диригираното кое го наследивме. Самото работење во конкуренција ќе ги исфрли на површината успешните компании и ќе овозможи да се постигне побрз развој. * Владата предложи нови мерки, едната што е директно насочена кон фирмите е евтината кредитна линија. Колку таа ќе помогне да се намали неликвидноста или да се влезе во нови инвестиции? Мерките се само една од можностите за подигање на ова колабирано стопанство. Сепак, кредитната линија претставува голема можност за инвестирање. Поволните кредити треба да се искористат што е можно подобро и побрзо. Оваа шанса Владата треба да им ја дава на стопанствениците и во иднина, со колку што е можно повеќе средства и со уште поголемо намалување на каматите. Тој тренд ќе треба да го следат и комерцијалните банки со што ќе се внесат свежи средства во економијата. * Дали Вашата компанија до сега користела средства од оваа кредитна линија, ќе аплицирате ли наскоро со нови програми? Да, ние сме првата компанија која доби кредит преку оваа кредитна линија во износ од 750.000 евра и овие средства се искористија за купување современи и модерни машини кои ни го отворија патот кон скандинавските пазари и се надеваме дека во наредниот период ќе ни овозможат пристап и до други ЕУ- пазари, како и Русија и Блискиот Исток. Би сакале повторно

да аплицираме, но потребно е да се затвори прво овој кредит, па потоа да се почне со нов. *Владата најави и нови кредити за вработувања. Колку се тие предизвик за компаниите ако се знае дека фирмите се борат да ги задржат и постојните вработени? Во секој случај тоа е една позитивна акција, бидејќи има сегмент од компании или невработени кои ќе ја искористат и оваа можност. Дел од невработените со претходната транша искористија да се самовработат и да отворат бизнис, но тоа треба да се поддржи и во наредните години со некакви стимулации. Бидејќи, сите знаеме колку е тешко да се почне и да се одржи нов бизнис. Исто така, многу треба да се инвестира во образованието и специјализацијата на кадрите што е неопходно за развој. * Колку вработени има „Раде Кончар - ТЕП“ и дали поради кризата се планираат отпуштања? Во моментов вработуваме 45 лица од кои 11 се со високо образование додека останатите се специјализирани за својот дел на работење. Тоа е неопходно бидејќи станува збор за специјални ЦНЦ машини, кои се високо софистицирани. Веќе се етаблиравме како компанија со висок квалитет, брз рок на испорака и ниски цени. Но, сето тоа можевме да го оствариме со големо инвестирање во оваа и во претходните години. Вложивме во машини, опрема, кадар и маркетинг. Тоа ни овозможи брз пробив на македонскиот пазар и константен пораст на извозот во други земји. Во изминатиот период од 2 години го зголемувавме бројот на вработените и се надеваме дека тој тренд ќе продолжи. Секако, ќе видиме како ќе дејствува општата неликвидност и дали ќе најдеме можност за константен раст. За таа цел се грижиме сите вработени да ги специјализираме и за нови работи и задачи, со цел да го зголемиме производството. * Нов производ три пати во годината За успешен настап на нови пазари секогаш е потребно да имате нов и интересен производ за купувачот. Поради тоа, „Раде Кончар - ТЕП“ се стреми постојано да внесува нови производи во асортиманот со препознатливиот бренд. „Си поставивме за цел, на секои четири месеца да имаме нов производ, кој ќе не’ разликува од конкуренцијата или според цена или по квалитет. Тука е и развојот на неколку патенти на нови производи, кои ќе бидат двигател на компанијата во наредните години“, вели Антевски.


БИЗНИС ИНФО

четврток, 14 јуни 2012, Бр. 102

11

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 21 јуни 2012 година

МАКЕДОНСКО-ТУРСКИ БИЗНИС-ФОРУМ СО АСОЦИЈАЦИЈАTA НА ИНДУСТРИЈАЛЦИ И БИЗНИСМЕНИ ОД ТРАБЗОН, ТУРЦИЈА (13:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 и 4 на V кат)

Делегација од дваесетина турски компании, членови на Асоцијацијата на индустријалци и бизнисмени од Трабзон, на 21 јуни 2012 година ќе ја посетат Република Македонија. Нивната цел е да воспостават деловни контакти со македонски компании од различни стопански дејности. Во рамките на Европската мрежа на бизнис можности (Enterprise Europe Network), Стопанската комора на Македонија организира Македонско-турски бизнис-форум, со цел воспоставување билатерални деловни средби со македонски компании, кои би се јавиле како нивни потенцијални деловни партнери. По завршување на официјалниот дел на Бизнис-форумот, планирани се билатерални разговори меѓу компаниите од повеќе стопански сектори: електрика и електроника, текстил, градежништво и градежни материјали, автоиндустрија, прехрана, нафта и гас, медицина, индустриски машини и опрема, трговија и друго. Македонско-турскиот бизнис-форум и деловните средби ќе се одржат на 21 јуни 2012 година (четврток), со почеток во 13:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 и 4 на V кат. Контакт: Влатко Стојановски Тел:++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса:vlatko@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел:++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса:irena.mojsovska@mchamber.mk

Од 21 до 25 јуни 2012 година, во Каиро, Египет

17. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ И КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ГРАДЕЖНИШТВО “INTERBUILD 2012” “INTERBUILD 2012” во Каиро, Египет (Меѓународен конференциски центар (CICC) во Каиро)

Стопанската комора на Македонија Ве поканува да го посетите најпознатиот Саем на градежна индустрија на Блискиот Исток и во Северноафриканскиот регион. На Саемот за градежништво “Interbuild 2012”, во Каиро, Египет, на површина од околу 30.000 квадратни метри ќе се претстават 1030 излагачи во повеќе од 30 категории, а се очекуваат над 150.000 посетители. Најновите статистики покажуваат дека Египет е еден од најголемите и брзорастечки пазари на Блискиот Исток и доколку се одлучите да почнете да работите на овој пазар, можете да ги искористите предностите што ви ги нуди Саемот за градежништво “Interbuild 2012”, во Каиро, Египет. За успешна реализација на настанот, Ве молиме, Вашиот интерес да го најавите во Стопанската комора на Македонија преку пополнување на Пријавниот лист, кој може да се преземе од веб- порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk http://interbuildegypt.com/ http://interbuildegypt.com/interbuild%20magazine/index.html

Контакт: Ирена Мојсовска Тел:++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса:irena.mojsovska@mchamber.mk

Контакт: Марија Петроска Тел:++ 389 2 3244017 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса:marija@mchamber.mk


12

БИЗНИС ИНФО

четврток, 14 јуни 2012, Бр. 102

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 22 јуни 2012 година еднодневен семинар

„АКТУЕЛНИ АСПЕКТИ НА ТРУДОВО-ПРАВНОТО ЗАКОНОДАВСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА” (10:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат)

Предавачи: - д-р Зоран Михајлоски, судија во Апелациониот суд во Скопје -д-р Марко Андонов, универзитетски професор при Универзитетот Американ Колеџ -Скопје Во рамки на семинарот ќе бидат опфатени повеќе актуелни аспекти поврзани со новиот трудово-правен институт во македонското законодавство, поврзан со престанување на договорот за вработување врз основа на судска пресуда. Ќе бидат разгледани и анализирани сите специфични карактеристики на овој работно-правен институт и расчистување на дилемите кои се јавуваат во пракса, особено во делот на правење на јасна дистинкција меѓу измената на договорот за вработување и понудата на нов променет договор пред отказ, како и правниот статус на менаџерите и менаџерските договори. За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 22 јуни 2012 година организира еднодневен семинар на тема: „Актуелни аспекти на трудово-правното законодавство на Република Македонија”. ПРОГРАМА I. Значајни елементи на договорот за вработување и постапките за негово склучување II. Сличности и разлики меѓу трудово-правните институти III . Измена на договорот за вработување и понуда на нов променет договор пред отказ (презентација на конкретни примери) IV. Престанување на важноста на договорот за вработување врз основа на судска пресуда V. Правниот статус на менаџерите и менаџерските договори Семинарот е наменет за лица вработени во правните сектори, како и во секторите за човечки ресурси во трговските друштва. Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 20 јуни 2012 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел:++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса:beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел:++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса:anita.mitrevska@mchamber.mk

На 26 јуни 2012 година еднодневен семинар на тема:

“ВИНОТО - ТРАДИЦИЈА, КУЛТУРА И УМЕТНОСТ” (Како да ги презентирате вината на Вашите гости) (10:00-16:00 часот, Стопанска ком��ра на Македонија, сала 1 на 5-ти кат)

Предавач: Венера Гелебешева Крстиќ, главен енолог и директор на производство во „Сковин“ АД - Скопје Традицијата на правење вино на овие простори е многу долга благодарение на комбинацијата од почвата и климатски услови. Во современиот живот на човекот виното се` повеќе зазема значајно место, во дружењето, во презентирањето на културата и историјата на нашата земја, во економскиот развој на земјата, но зборува и за одредена култура на живеење. Но, виното претставува и наука. Овој благороден пијалак е резултат на многу научни истражувања, кои никогаш не запираат. Целта на овој семинар е да дознаеме нешто повеќе за виното, за неговата култура на консумација, за начините на комбинирање на виното со храната, за начините на послужување на виното. Постојат многу прашања на кои ги знаеме одговорите и уште повеќе за кои мислиме дека знаеме. Но, виното е неисцрпна тема.


БИЗНИС ИНФО

четврток, 14 јуни 2012, Бр. 102

13

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Што е виното? Класификација на вината? Која е соодветната температура за послужување на виното? Кое вино во каква чаша? Кое вино со која храна? И уште многу прашања ќе бидат одговорени на овој семинар. Покрај теоретското предавање, семинарот ќе изобилува и со практична презентација. Семинарот е наменет за вработени во барови, угостителски објекти и хотели. Предавач: Венера Гелебешева Крстиќ, главен енолог и директор на производство во „Сковин“ АД - Скопје. Дипломирала на Земјоделскиот факултет во Скопје, а магистрирала на Земјоделскиот факлутет во Земун, Србија. Има работено како стручен соработник на Катедрата за лозарство и винарство на Земјоделскиот факултет во Скопје, во Институтот за лозарство и винарство. Од 2001 година работи во производство на вино, во „Сковин“ АД - Скопје, „Фонко вино“, ВВ „Попова Кула“, а од 2010 година доаѓа на работно место директор на производство во „Сковин“. Има завршено повеќе специјализации од областа на винарството: 2000 година во Атина за енологија и лозарство; 2007 година во Кина специјализација за производство и апликација на ензими; 2008 година - Тренинг-курс за примена на алтернативни методи со даб во виното; 2009 година во Баварија – Германија има посетувано обука за европски стандарди за производство на вино и алкохолни пијалаци, а 2011 година во Тулуз - Франција, има посетувано школа за јаболчно-млечни бактерии. Има учествувано во изработка на повеќе научни трудови објавени во земјава и во странство. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 22 јуни 2012 година. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Контакт: Анита Митревска Тел:++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 anita.mitrevska@mchamber.mk

Контакт: Ленче Зикова Тел:++ 389 2 3244054 Факс:++ 389 2 3244088 lence@mchamber.mk

На 26 јуни 2012 година еднодневен семинар

„СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО ФУНКЦИЈА НА МАРКЕТИНГ АЛАТКИ И ТЕХНИКИ ЗА ОГЛАСУВАЊЕ” (9:30-16:30 часот, Стопанска комора на Македонија, сала1 на 5-ти кат)

Социјалните мрежи (Facebook.com, Twitter, LinkedIn, YouTube и др.) се бесплатни online-сервиси кои им овозможуваат на корисниците комуникација и сопствена презентација пред повеќе од една милијарда луѓе. Само социјалната мрежа Facebook денес има повеќе од 900 милиони корисници и тој број расте за 25% годишно. Во Македонија има околу 900 илјади регистрирани корисници чиј број постојано се зголемува. Социјалните мрежи, особено Facebook, денеска се користат за најразлични цели, од обична секојдневна комуникација меѓу пријателите до афирмација, рекламирање и промовирање на голем број компании, институции, производи и услуги. Бројни студии кои ги анализирале компаниите со брз и висок раст во минатиот период е констатирано дека се активни на социјалните мрежи. Трендовите во вложувањето во маркетингот за малите и средни компании покажуваат дека социјалните мрежи ќе бидат уште позастапени во нивните комуникациски активности. Со цел компаниите да ги согледаат значењето и потенцијалите од примената на социјалните мрежи, Стопанската комора на Македонија, на 12 јуни 2012 година, организира еднодневен семинар на тема: “Социјалните мережи во функција на маркетинг-алатки и техники за огласување” Цели и придобивки од тренинг-програмата: • осознавање и градење на маркетиншкиот идентитет на интернет; • откривање на најдобрите начини за on-line промоција и продажба; • разбирање на е-комуникацијата и апликативноста на друштвените медиуми; • развивање на on-line маркетинг-стратегија за продажба; • стекнување на знаење за зголемување на бројот на вашите купувачи. Тренинг-програмата е наменета за: • маркетинг-менаџери; • продажни менаџери; • претприемачи; • маркетинг-специјалисти; • Интернет-продавачи; • Web developers; • Web дизајнери. На семинарот ќе бидат опфатени следните теми:  Пазарот на Интернет огласување во Македонија и светот;  Основи на Интернет-маркетинг, интернет огласување, ценовни модели и начини на продажба преку интернет;


БИЗНИС ИНФО

14

четврток, 14 јуни 2012, Бр. 102

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

 Видови на огласи и стандарди, огласувачки циклус и мерење на ефектите од огласувањето  Facebook.com, Twitter, LinkedIn, YouTube (карактеристики, предности и недостатоци, огласување, креирање на рекламни кампањи, статистики, примери од пракса);  Студија на случај - примери од пракса на реномирана македонска компанија;  Практична работа – креирање на Facebook.com Интернет-маркетинг кампања;  Презентација и feed-back сесија. Предавачи на семинарот: -Димитар Јовевски, асистент Економски факултет - Скопје Е-бизнис Департман, -гостин-предавач од реномирана македонска компанија. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 11 јуни 2012 година. Учесниците треба да донесат свој лаптоп затоа што обуката ќе биде интерактивна со практични вежби и примери. Контакт: Ленче Зикова Тел:++ 389 2 3244054 Факс:++ 389 2 3244088 lence@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел:++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 anita.mitrevska@mchamber.mk

На 29 и 30 јуни 2012 година, семинар во Загреб, Хрватска

„МЕЃУЛАБОРАТОРИСКИ СПОРЕДБЕНИ ИСПИТУВАЊА И КОМПЕТЕНТНОСТ НА ПЕРСОНАЛОТ“ Хрватски завод за стандарди, сала „Славољуба Пенкале”

Со цел запознавање на лабораториите кои функционираат во Република Македонија со меѓулабораториските споредбени испитувања и компетентноста на персоналот, Стопанската комора на Македонија, од 29 и 30 јуни 2012 година, во соработка со КРОЛАБ -Хрватска, организира дводневен семинар на тема: „Меѓулабораториски споредбени испитувања и компетентност на персоналот“. Семинарот ќе се реализира во Хрватскиот завод за стандарди, во салата „Славољуба Пенкале”. Обезбедување на квалитет на резултатите од испитувањата е еден од важните елементи за довербата во испитните резултати, како и стекнување и задржување на статус на акредитирана лабораторија. Еден од начините за обезбедување на квалитетни резултати од тестот е редовно да се учествува во меѓулабораториски споредбени испитувања. Целта на овој семинар е да им се обезбеди на учесниците информации, за тоа зошто и како да се организира и учествува во меѓулабораториските споредбени испитувања и што со добиените разултати. На овој семинар исто така ќе бидат презентирани некои решенија од лабораториската пракса и ќе бидат пренесени искуства од евулутивните пракси. Компетентност на персонал е еден од основните елементи на компетентност не само на лабораториите, туку и на секоја организација. Токму поради тоа барањата поврзани со обука и стручност на персоналот се наведени во стандардите за квалитет на системите за управување (ISO 9001), животната средина (ISO 14001), за оспособеност на инспекциски тела (ISO / IEC 17020), за оспособеност на сертификациските тела (EN 45011, ISO / IEC 17024), за оспособеност на испитните и мерните лабаратории (ISO / IEC 17025), за оспособеност на медицинските лаборатории (EN ISO 15189) итн. Оваа обука дава преглед на барањата од наведените норми, приказ на конкретните решенија на секое такво барање. Програма:  Што претставува меѓулабараториски споредбени испитувања, а што испитување на оспособеност?  Како адекватно да се спроведат меѓулабораториски споредбени испитувања и како сами да го организирате?  Процедура и трошоци;  Обработка и тајност на резултатите;  Примери од пракса (испитувања на градежни материјали, храна и пијалоци, нафтени производи и тврди горива, споредбени испитувања кај мерните лабаратории);  Улогата на компетентност на персоналот и компетентност на лабораториите, инспекциските и сертификационите куќи, барањата на релевантните стандарди;  опис на работни места, одговорности и овластувања, образовни планови, оценување на ефикасноста на спроведените обуки и ревизија на компетентноста на персоналот;  Искуство од градежните лабаратории и сертификацијата на градежните производи, ветеринарните лаборатории и инспекции и медицински лаборатории. Семинарот е наменет за:


БИЗНИС ИНФО

четврток, 14 јуни 2012, Бр. 102

15

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

• раководители на лаборатории, инспекциски и сертификациски куќи; • раководители за квалитет; • вработени лица во лаборатории, инспекциските и сертификациски куќи; • вработени во одделот за човечки ресурси; • интерни ревизори; • понудувачи на меѓулабораториски споредбени испитувања и оние кои што размислуваат за тоа. Предавачи на семинарот се видни експерти од Хрватскиот завод за стандарди. Учесниците на првиот ден на семинарот (29 јуни 2012 година) ќе имаат можност да разменат искуство со други лаборатории и субјекти од регионот, кои исто така ќе бидат учесници на истиот. Вториот работен ден (30 јуни 2012 година) е посветен само на лабораториите од Република Македонија. Подетални информации за настанот може да се добијат на веб-страната: www.crolab.hr. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 20 јуни 2012 година. Минимален број на учесници за реализација на дводневниот семинар е 15 лица. Контакт: Анита Митревска Тел:++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 anita.mitrevska@mchamber.mk

Контакт: Ленче Зикова Тел:++ 389 2 3244054 Факс:++ 389 2 3244088 lence@mchamber.mk

Од 4 до 6 јули 2012 година, во Софија, Бугарија

БИЗНИС-ФОРУМ НА ФРАНЦУСКИ СО ПРЕТПРИЕМАЧИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА Стопанската комора на Македонија организира бизнис-средби што ќе се одржат 2 дена, од 4-6 јули 2012 година во хотел „Хилтон“ во Софија, Бугарија. Македонските компании ќе имаат можност да остварат директни средби со околу 150 француски претприемачи и со други компании од десет други земји во Југоисточна Европа кои прават бизнис со Франција, со земјите на ЕУ и со претприемачи од соседните земји. Бизнис-форумот нуди можност за директно воспоставување деловни партнерства со најголемите француски компании и со други компании од Југоисточна Европа, како и за зајакнување на нивните понуди на производи и услуги во регионот. За да воспоставите повеќе трговски, финансиски, технолошки или инвестициски партнерства, приклучете се на повеќе од 150 француски и странски компании кои учествуваат во оваа динамична бизнис-средина. На форумот ќе учествуваат компании од различни сектори: туризам, хотелиерство, земјоделие, инфраструктура, енергетика, животна средина, производи за широка потрошувачка, франшиза, услуги, итн. За успешна реализација на Бизнис-форумот, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес, преку пополнување на пријавниот лист.

Контакт: Влатко Стојановски Тел:++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса:vlatko@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел:++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса:irena.mojsovska@mchamber.mk

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922


БИЗНИС ИНФО

16

четврток, 14 јуни 2012, Бр. 102

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Хрватска бара автопревозници во Република Македонија кои поседуваат товарни возила со зафатнина од 120 м3, за превоз на реалација Хрватска – Германија. Валидност до: 6.12.2012 година Компанија од Египет бара да увезува од Република Македонија компјутерска галантерија, маси и столици за компјутери и разни видови лесен мебел. Валидност до: 6.10.2012 година Компанија од Египет бара дистрибутер во Република Mакедонија за пласман на мермер и гранит и репроматеријали за производство на стакло. Валидност до: 6.10.2012 година Компанија од Германија заинтересирана е за соработка со градежни компании во Република Македонија во областа на проектирање и инженеринг. Валидност до: 6.10.2012 година Се нуди хотел на продажба на Преспанското Езеро во туристичката населба Отешево со површина од 9000м2 и плац со површина од 15.000м2. Во рамките на хотелот има приватна плажа, со 80 соби со панорама кон езеро, ресторан, бар, куглана, базен, тераса, конференциски сали и голема парк-шума со разновидна флора и фауна. Хотелот треба да се реновира комплет. Сместен е на самото крајбрежје на Преспанското Езеро, во подножјето на планината Галичица. Има комплетна документација. Постои можност за доградба на уште едно крило од околу 70 соби со подготвен проект за доградба. Валидност до: 7.6.2013 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на фармацевтски производи, ампули, шприцеви,таблети капсули за лечење болки – остеопороза. Валидност до: 7.9.2012 година Компанија од Република Македонија бара инвеститор за изградба на станбен објект со бруто изградена површина од 15.000 м2, на атрактивна локација во Скопје. Валидност до: 7.6.2013 година Компанија од Република Македонија нуди градежно земјиште во Република Македонија и Скопје за изградба на згради, индустриски објекти, магацини, фабрики, продажни салони, спортски терени, хотели, трговски центри и др. Валидност до: 7.6.2013 година Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пластични црева. Валидност до: 7.9.2012 година Компанија од Босна и Херцеговина нуди машини за свиткување на челични конструкции, хидраулична машина за мотање лим, специјална машина за свиткување цевки. Валидност до: 7.9.2012 година Германска компанија бара дистрибутер во Република

Македонија за еко-производи за чистење со висок квалитет. Валидност до: 8. 9.2012 година Компанија од Србија бара пласман на амбалажа за пакување во кондиторската индустрија, козметика, зачини во Република Македонија. Валидност до: 8.9.2012 година

Ponuda Pobaruva~ka

Бугарска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на хартија за производство на картон. Валидност до: 8.9.2012 година Компанија од Бугарија заинтересирана е да откупува стара техника од затворени фабрики во Република Македонија. Валидност до: 8.11.2012 година Компанија од Бугарија бара дистрибутер за пласман на хидраулични цилиндри, опрема за рудници и каменоломи, редуктори ,транспортери за пренос на руда, јаглен и камен, од опрема лагери, лесни и товарни гуми, челични јажиња и товарна опрема во Република Македонија. Валидност до: 8.11.2012 година Компанија од Хрватска бара соработка со македонски компании кои се заинтересирани да набавуваат материјали за амбалажа. Валидност до: 8.11.2012 година Компанија од Босна и Херцеговина бара да откупува кожа од Република Македонија и да пласира конфекција од кожа. Валидност до: 8.11.2012 година Турска компанија заинтересирана е да соработува со туристички агенции во Република Македонија за хотелско сместување во Турција. Валидност до: 8.11.2012 година Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за обработка на дрво и гравирање. Валидност до: 11.9.2012 година Германска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на радиоактивни и нерадиоактивни ин витро реагенси за дијагностицирање на разни болести. Валидност до: 11.9.2012 година Компанија од Бугарија бара да откупува отпадна електрична и електронска опрема (WEEE): компјутери, телефонски централи, печатени кола (ПХБ) и друга техничка опрема што се наоѓа на територијата на Република Македонија со нивно товарење, истоварување и транспорт. Валидност до: 6.9.2012 Компанија од Грција бара дистрибутер за пласман на делови за лифтови и комплетни системи за лифтови во Република Македонија. Валидност до: 4.10.2012 година

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

Компанија од Грција бара дистрибутер за пласман на сигурносни врати во Република Македонија. Валидност до: 4.10.2012 година Компанија од Германија заинтересирана е да пласира висококвалитетни резервоари до 3000 литри изработени од челик наменети за индустријата во Република Македонија. Валидност до: 4.10.2012 Компанија од Турција заинтересирана е за заедничка соработка со македонски компании во областа на произвоство на хартија и картонска амбалажа. Валидност до: 4.9.2012 Компанија од Украина бара соработка со компании и бизнисмени од Република Македонија за реализација на Проект за комплетна преработка на тврд отпад, комплетна изведба во однос на изработка, проектирање, производство на опремата, изведување на градежно-монтажни работи, обучување на персоналот. Изградба на една ваква фабрика трае 1 година, а инвестицијата е повратна за 2 години. Валидност до: 5.12.2012 Бугарска компанија нуди канцалариски мебел за пласман во Република Македонија. Валидност до: 5.10.2012 Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на делови и компоненти од пластика изработени од стаклени влакна. Валидност до: 5.10.2012 Компанија од Словенија заинтересирана е за соработка во металната индустрија во Република Македонија за отворање на леарница или откуп на отпад за рециклажа на метал. Валидност до: 5.10.2012 Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб портал www.mchamber.mk Контакт: Мирјана Коцева Е-адреса: Mirjana@mchamber.mk Тел:3244-035; Факс: 3244-088 тел: : (02) 3244036 savo@mchamber.mk


Бизнис ИНФО број 102 од 14 Јуни 2012 година