СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БИЗНИС ИНФО
четврток, 4 октомври 2012, Бр. 109
1
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
Број 109 од 04.10.2012
контакт call центар (02) 15015
www.mchamber.mk
Претседателите на стопанските комори на Македонија и на Косово, Бранко Азески и Сафет Ѓерѓалиу ја анализираа трговската размена
РАЗМЕНАТА ОПАЃА АЛАРМОТ Е ВКЛУЧЕН!
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922
БИЗНИС ИНФО
2
ПОДВЛЕЧЕНО
НЕДОСТИГА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЗНАЕЊЕ
Нашите бизнисмени треба да сфатат дека без образование, имплементирање нови технологии, нема напредок. Не може да работат по старо, а да очекуваат да се случи нешто ново. Недостига инвестирање во знаење. Директорите не смеат да се однесуваат како диктатори. Тие се менаџери, треба да научат да менаџираат. Како во спортот, секој треба да си го знае своето место. Не може тренерот и да ја организира играта и да дава голови. Лидер е оној кој ги множи лидерствата, кој покажува отвореност за
четврток, 4 октомври 2012, Бр. 109
и ние треба да учиме од нив. Слични примери се ирската и кинеската дијаспора. Од друга страна, дел од иселеничките организации прават одлично политичко лобирање за Македонија и тоа може да повлече и економска соработка. Важно е што државата подаде рака за градење на искрени релации и ја враќа довербата кај македонската дијаспора за воспоставување на врската со Македонија. (д-р Златко Николоски, автор на првата докторска дисертација , ,Важноста на македонската дијаспората за развојот и мирот на Р.Македонијa”)
нови знаења, можности и примена на иновации. Свесни сме дека работите не можат да се сменат преку ноќ, но треба да се оди во тој правец и да се следат успешните примери. Дел од нив се странските инвестиции на „Џонсон контролс“ и „Џонсон Мети“. Препораката до странските инвеститори е дека има потенцијал во Македонија за нивните бизнис-интереси. Евтината работна сила и ресурсите што ги има Македонија во земјоделството, се дел од нив. На локалните бизнисмени им препорачувам повеќе да се насочат кон производи со повисока додадена вредност. Така ќе бидат поконкурентни. (Емил Христов, бизнисмен, кој има три фирми, во Америка, Канада и во Македонија, за градежништво и за соларна енергија)
ВАЖЕН Е СЕКОЈ ИСЕЛЕНИК ВО СТРАНСТВО Поголем е бројот на иселеници кои се влезени во економскиот систем на земјите на престој, да речеме во производство, но и во малото стопанство. Но, важен е секој наш иселеник во странство. Тој не мора да е сопственик на бизнис, но може да го запознае сопственикот со можностите во Македонија. Тоа е неговата улога таму. Познавам индивидуалци, на пример македонски менаџер на голема компанија во Јужна Африка, кој има големи идеи за работа во Македонија. Затоа е потребно да се развие трговска мрежа со иселениците, како што тоа го прави Израел, таму дијаспората направи држава
ДИЈАСПОРАТА МОЖЕ ДА ПОКАЖЕ КАКО СЕ КРЕИРААТ РАБОТНИ МЕСТА Постојат многу можности, вклучувајќи го менувањето на менталниот склоп во Македонија со цел да се негува американскиот начин на капитализам и слободниот пазар и збогување со остатоците на комунизмот и социјализмот. Дијаспората може да покаже како се креираат работни места и материјални добра во самата земја од страна на Македонците, преку постојните можности што не се искористени.... Има многу примери. Исто така, менторството на македонските претприемачи од страна на успешни бизнисмени од дијаспората е огромна можност што треба да се искористи. (Ендру Пејкоф Постариот, американски бизнисмен и член на Управниот одбор на „Македонија 2025“)
ЗЛАТЕН ПАРТНЕР
ПРЕМИУМ Покровители
Златен партнер
Покровители
на
четврток, 4 октомври 2012, Бр. 109
БИЗНИС ИНФО
3
НА САМОТО МЕСТО
Претседателите на стопанските комори на Македонија и на Косово, Бранко Азески и Сафет Ѓерѓалиу ја анализираа трговската размена
РАЗМЕНАТА ОПАЃА – АЛАРМОТ Е ВКЛУЧЕН !
Обемот на трговската размена меѓу Македонија и Косово во првите шест месеци од годинава е намален за 18,6 отсто. Анализата на причините кои довеле до падот беше тема на средбата меѓу претседателите на Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Косово, Бранко Азески и Сафет Ѓерѓалиу. На средбата што се одржа во Стопанската комора на Македонија и на која се расправаше за унапредување на трговската и инвестиционата соработка меѓу Република Македонија и Република Косово, присуствуваа и директорите на царинските управи на Македонија и на Косово, Ванчо Каргов и Наим Хургулица (2.10.2012 година). По работната средба, првите луѓе на коморите одржаа пресконференција. Бројките зборуваат дека вкупната трговска размена на Република Македонија со Косово во периодот јануари-јули 2012 година достигна вредност од 250,3 милиони САД $ и учествува со 4,2% во вкупната трговска размена на земјата. При тоа, остварен е извоз во вредност од 235,2 милиони САД $ со 10,3% учество во вкупниот извоз на РМ. Во структурата на извозот 45 % учествуваат нафтата и нафтените деривати (во првите 7 месеци 2011 учествуваше со 51%). Увозното салдо изнесува 15,1 милиони САД $ со учество од 0,4%. Евидентирано е позитивно трговско салдо со суфицит од 220,1 милиони САД $. Косово е осми најважен партнер во надворешно-трговската размена на Македонија. - Има пад за по околу три милиони американски долари на извозот од Македонија кон Косово на земјоделско-прехранбените производи,
тутунот, неметалите и црната и обоената металургија, додека поголем пад се бележи во делот на извозот на нафтата од Рафинеријата „ОКТА“, истакна претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. Заклучок е дека падот најмногу се должи на економската криза, но и на отворањето на автопатот од Косово кон Албанија со што пристаништето во Драч стана поатрактивно за косовските компании кои претходно го користеа пристаништето во Солун. - Влијание сигурно има и нереализирањето на железничката и патната инфраструктура на која инсистираме. Од косовска страна има најави дека до крајот на годинава ќе започне изградбата на автопатот од Приштина до македонската граница, а од премиерот Груевски добивме уверување дека идната година патниот правец до косовската граница од македонска страна ќе биде даден под концесија, - рече Азески. Во иднина, нагласи Азески, ќе инсистираме и на изградбата на далекувод меѓу Македонија и Косово, гасификацијата и на користењето на европските кредити во заеднички регионални проекти, а ќе продолжат и редовните состаноци меѓу бизнисмените од двете земји за изнаоѓање решенија за прблемите. Претседателот на Стопанската комора на Косово, Сафет Ѓерѓалиу истакна дека целта на средбата е да се најде копмромис и заеднички идеи како да се унапреди соработката меѓу двете земји. - Економската соработка ја гледаме
како клуч на успехот за прибилижувањето на двете држави и токму преку нашата соработка треба да ја зголемиме и атрактивноста и за останатите држави и инвеститори. Има некои проблеми, но тие се мали и се со преоден карактер, - додаде Ѓерѓалиу. Инфраструктурата, посочи, сигурно е една од главните причини за падот на продажбата на македонската стока на Косово, а свое влијание има и изградбата на автопатот кон Албанија. - Затоа мораме да вршиме притисок до властите на двете земји да се ориентираат кон изградба и модернизација на постојните патишта и да се вложува во градба на нови автопатишта како што е планирано, - рече Ѓерѓалиу. Наскоро, најави, ќе има нов договор за осигурување на инвестициите меѓу двете држави што ќе придонесе за ист третман на компаниите од двете земји при изведбата на јавните работи. Инаку, за унапредување на бизнисот и инвестиционата клима од Стопанската комора на Македонија сметаат дека од клучно влијание е да се преземат следните активности: • Со цел забрзување на протокот на стоки, да се пристапи кон имплементација на пред две години донесената одлука за вршење на заеднички царински контроли, а што двете комори го бараат од поодамна. Податокот на Светската банка е дека прекуграничните процедури на товарниот сообраќај меѓу Македонија и Косово траат најмалку 5 часа. • Да се продолжи со модернизација на прекуграничната инфраструктура која ќе ги следи барањата на современата логистика и на
4
НА САМОТО МЕСТО
транспортот. • Да се реализираат барањата на бизнисзаедницата од двете земји да имаат современи патишта за превоз на стока и патници, да се изврши обновување и модернизација на постојната инфраструктура, односно на патниот правец Стенковец - Приштина преку граничниот премин Блаце, како и на граничниот премин Јажинце, со проширување на патот Тетово - Јажинце и разгледување на можноста за градење на нов терминал за стоки, со цел олеснување на пристапот до пазарите во Македонија и Косово. Исто така, да се изврши реконструкција на патот Стенковец - Приштина, како и на патот кон граничниот
БИЗНИС ИНФО
премин Јажинце. Воедно, неопходна е и логистичка поддршка или зголемување на пропустната моќ на автопатот Косово Албанија и приклучување на коридорите 10 и 8 кон Јонската магистрала. • Соработката во областа на енергетиката не ги следи ниту потребите ниту трендовите. Неопходно е што поскоро потпишување на билатерален меморандум за соработка во областа на енергетиката, од којшто ќе произлезат повеќе активности. Овој документ ќе биде основа за подготвителните активности за изградба на нов 400 kV далновод, со кој ќе се поврзат двата електроенергетски система, што не е само од билатерално, туку е и од
четврток, 4 октомври 2012, Бр. 109
регионално значење. • Не треба да се занемари потребата од гасификација во двете земји и поврзување по таа основа, како битен елемент за конкурентноста на стопанствата. • Заедничкото делување во користењето на ЕУ-фондовите зависи од иницијативноста и капацитетот на владите, а согласноста за заедничко делување во тој правец е повеќегодишно.
Саво Пејчиновски
БИЗНИС ИНФО
четврток, 4 октомври 2012, Бр. 109
5
ДОСИЕ
ТРГОВСКА РАЗМЕНА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА КОСОВО
Економијата на Косово Во текот на изминатите неколку години економијата на Косово покажа значителен напредок од транзиција кон пазарен систем преку одржување на макроекономската стабилност, но сепак е високо зависна од техничката и финансиската помош на меѓународната заедница и од дијаспората. Дознаките од дијаспората – лоцирани главно во Германија и Швајцарија - се проценуваат на околу 10% од БДП, а финансиската помош од донаторските институции на околу 7,5%. Косовските граѓани се најсиромашни во Европа, со просечен годишен доход по глава на жител од само 6.500САД $. Невработеноста е околу 45% од населението и е главна причина која ја засилува надворешната миграција и „сивата“ економија. Поголемиот дел од населението живее во рурални средини надвор од главниот град. Со меѓународна помош, Косово успеа да приватизира 50% од претпријатијата во државна сопственост. Минерали и метали - вклучувајќи и лигнит, олово, цинк, никел, хром, алуминиум, магнезиум и широк спектар на градежни материјали - порано беа основната компонента на индустријата, но производството опадна поради застарената опрема и недоволните инвестиции. Ограниченото и несигурно снабдување со електрична енергија поради технички и финансиски проблеми е голема пречка за економскиот развој. Официјалната валута на Косово е еврото, но српскиот динар исто така се користи во српските енклави. Косово е една од најотворените економии во регионот, и продолжува да работи со меѓународната заедница на мерки за подобрување на бизнис-климата и привлекување на странски инвестиции.
Трговска размена Надворешно-трговската размена меѓу Република Македонија и Косово, се одвива согласно Договорот за изменување и пристапување кон Централноевропскиот договор за слободна трговија или ЦЕФТА 2006, потпишан меѓу Македонија, Албанија, БиХ, Србија, Црна Гора и УНМИК/КОСОВО, а чија имплементација започна на 21.11.2007 година. Согласно ЦЕФТА 2006, трговската размена меѓу Македонија и Косово е целосно либерализирана. Пред тоа, билатералната стопанска соработка со Унмник/Косово се одвиваше согласно Привремениот договор за слободна трговија со Времената административна мисија на ОН во Косово - УНМНИК, (1 август 2005 год. од страна на Косово, а 1 јануари 2006 година од страна на Република Македонија). Обем на трговската размена на Република Македонија со Косово во јануари – јули 2012 година
Во 000 САД $
ВКУПНО
СТРУКТУРА УЧЕСТВО ВО РМ
ИЗВОЗ
СТРУКТУРА УЧЕСТВО ВО РМ
УВОЗ
СТРУКТУРА УЧЕСТВО ВО РМ
БИЛАНС
250 296
4.2
235 209
10.3
15 087
0,4
+220 122
Вкупната трговска размена на Република Македонија со Косово во периодорот јануари – јули 2012 година достигна вредност од 250,3 милиони САД$ и учествува со 4,2% во вкупната трговска размена на земјата. При тоа, остварен е извоз во вредност од 235,2 милиони САД$ со 10,3% учество во вкупниот извоз на РМ. Увозното салдо изнесува 15,1 милиони САД$ со учество од 0,4%. Евидентирано е позитивно трговско салдо со суфицит од 220,1 милиони САД$. Во посочениот период, Косово е осми најважен партнер во надворешно-трговската размена на Македонија. Обем на трговската размена на Република Македонија со Косово во периодот јануари – јули 2012 / јануари – јули 2011 година Вкупна размена
Извоз
Во САД $
Увоз
2011
2012
Индекс
2011
2012
Индекс
2011
2012
Индекс
307.421.049
250.296.085
81,4
286.078.418
235.208.775
82,2
21.342.631
15.087.310
70,7
Споредбениот приказ на трговката размена со Косово во првите седум месеци од 2012 година укажува на пад како на вкупната размена (-18,6%), така и во извозот (-17.8%) и во увозот (-29,3%) на стоки. Трговска соработка меѓу Р. Македонија и Косово во 2011 година Извоз
Увоз
Во САД долари
Вкупно
Количина во кг
Сума во САД $
Количина во кг
Сума во САД $
Количина во кг
Сума во САД $
1.005.404.543,00
540.852.556,00
126.499.583,00
36.047.993,00
1.131.904.126,00
576.900.549,00
Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Косово во 2011 година достигна вредност од 576,9 милиони САД $, што претставува раст од 25,4% во однос на истиот период од претходната година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 540,8 милиони САД $ или раст од 23,5%, додека увозното салдо изнесува 36 милиони САД $, што е зголемување од 63,6% споредбено со истиот период од 2010 година. Евидентиран е позитивен биланс во трговската размена од 505 милиони САД $.
БИЗНИС ИНФО
6
ДОСИЕ
четврток, 4 октомври 2012, Бр. 109
Во вкупната надворешно-трговска размена, Косово е 8-ми трговски партнер во 2011 година. Најголемо учество во извозот на Република Македoнија во Косово имаат стоките: • нафтени масла, битумен од нафта течен бутан во износ од 302,9 милиони САД $, со учество од 56% во вкупниот извоз во Косово; • прехранбени производи, зеленчук и овошје. Во секторот прехрана најголемо учество имаат производите (вода, минерална и газирана; пекарски производи во износ од 56,8 милиони САД $ и учество од 10,5% во вкупен извоз; • градежни материјали - 32,2 милиони САД $, учество од 6% во вкупен извоз; • топло и ладно валани и други производи од железо и челик - 43 милиони САД $, 8 % учество; • цигари што содржат тутун – 11,3 милиони САД $.
Најголемо учество во увозот на Република Македoнија од Косово имаат стоките: • прехранбени производи, зеленчук и овошје- 5,5 милиони САД $; • градежни материјали – 17,6 милиони САД $.
Обем на трговската размена на Република Македонија со Косово 2008 – 2011 година
Во 000 САД $
Година
2008*
2009
2010
2010
2011
Извоз
501.700
314.590
437.772
437.771
540.852
Увоз
43.200
9.658
22.051
22.051
36.047
Вкупно
544.900
324.248
459.823
459.823
576.900
Суфицит
+ 458.500
+ 304.932
+ 415.721
+ 435,500
+ 504.800
* Податоците за 2008 година се апроксимативни и се изведени од вкупната размена со Р. Србија, според претходното учество на Косово во истата.
Анализа и препораки за унапредување на економската соработка
Падот на билатералната надворешно-трговска размена во првите шест месеци од 2012 година, во споредба со истиот период од 2011 година, укажува на запирање на овој тренд, имајќи ги предвид општите економски случувања како во регионот, така и пошироко. Состојбата бара дополнителни стимулативни мерки за да се сопре натамошното опаѓање на трговската размена, односно да се создадат услови за раст на трговијата. Во таа насока, приоритети на билатералната соработка треба да бидат унапредувањето на бизнисот и инвестиционата клима, подобрувањето на инфраструктурата (транспортната и енергетската) и заедничкото користење на ЕУ-фондовите.
Унапредување на бизнисот и на инвестиционата клима 1. Владите да бидат доследни во имплементацијата на ЦЕФТА, односно да се запре со воведување на протекционистички тарифни и нетарифни мерки, надвор од процедурите на ЦЕФТА, со што се запира слободното движење на стоки, се предизвикуваат загуби и се создава нестабилен трговски амбиент. Ваквата пракса испраќа порака до странските инвеститори дека отсуствува правна сигурност и одржлив деловен амбиент. Во последните три месеци, со поддршка на коморите, се надминаа неколку такви ситуации. Не ретко, поради недоволната информираност за царинските и други трговски процедури, се случува запирање на прекуграничното движење на стоки што, не ретко се перцепира како протекционистичка мерка или самоволие на службените органи. Затоа, коморите, во соработка со царинските, инспекциските и други прекугранични сервиси да се ангажираат во едукацијата на економските оператори. 2. Овозможување осигурување на фактурите од двете страни, пред се` од страна на осигурителните куќи, што влијае на сигурноста на наплатата на извозот. Ова прашање, во услови на општа неликвидност, бара итно решавање. 3. Дијагоналната кумулација на потеклото на стоки меѓу земјитепотписнички на ЦЕФТА и членките на ЕУ, е можна единствено со оние ЦЕФТА-земји кои имаат потпишано Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ. Со оглед на фактот дека Косово нема потпишано таков договор, земјите-потписнички на ЦЕФТА-договорот не се во можност да ја користат дијагоналната кумулација со ЕУ и со Косово. Но сепак, Косово може да користи бесцарински и без ограничување извоз во ЕУ преку имплементација на автономната Одлука на Европската комисија наречена „Посебни трговски мерки за земјите и териториите кои учествуваат или се поврзани со ЕУ-процесот на стабилизација и асоцијација“, која е со важност до 2015 година. Република Македонија, како и други земји-потписнички на ЦЕФТА, не е во можност да ја користи дијагоналната кумулација меѓу ЕУ и Косово, што значително влијае на извозниот капацитет на македонското стопанство во однос на Косово. Неопходно е итно иницирање од македонска страна кај косовските власти – Царината, да се разгледа можноста, унилатерално да и` се признае на Република Македонија, од страна на Косово, можноста за акумулација на инпутите со потекло од ЕУ во македонски производи наменети за извоз на Косово, без можност за извоз од Косово кон трети земји. 4. Што побрзо да се потпише спогодба за взаемна заштита и поттикнување на инвестициите. 5. Да се потпишат билатерални спогодби за фитосанитарна заштита и за соработка во областа на безбедноста на храната и ветеринарството. 6. Со цел забрзување на царинските и други прекугранични процедури, да се пристапи кон веќе донесената одлука за вршење на заеднички контроли.
четврток, 4 октомври 2012, Бр. 109
БИЗНИС ИНФО
7
ДОСИЕ
7. Да се зголеми ефикасноста на транспортот со железницата на трасата Скопје - Приштина, да се забрзаат контролните постапки и да се скрати задржувањето на вагоните и на стоката. 8. Да се продолжи со модернизација на прекуграничната инфраструктура, со цел да се создадат оптимални услови за забрзан проток на стоки.
Инфраструктура (транспортна и енергетска) 1. Унапредувањето на патната и железничката инфраструктура, поврзување на Република Македонија со автопатот Приштина - Скопје, оспособување на граничниот премин Јажинце за товарен сообраќај, не е само од билатерално значење, туку е и од регионално - побрзо поврзување со пристаништата во Бар и во Драч и пристаништето во Солун, а во иднина и поврзување со Јадранско-јонскиот коридор. 2. Да се забрза реализацијата на изградбата на интерконективната врска на далекуводот Македонија - Косово, како од аспект на регионално вмрежување, така и од аспект на оптимализација на енергетските извори, поврзано со климатските промени. 3. Приватниот сектор е заинтересиран за што побрзо обезбедување услови за изградба на мали хидроцентрали. 4. Гасификацијата и гасоводното вмрежување битно ќе влијаат врз конкурентноста на регионалната трговија и врз привлекувањето странски инвестиции.
Заедничко користење на ЕУ-фондовите Стопанската комора на Македонија предлага билатерално експертско тело коешто ќе ги следи ЕУ-повиците за аплицирање на ЕУ-програмите, со цел креирање на заеднички проекти, пред се` во областа на транспортната и енергетската инфраструктура, заштитата на животната средина, туризмот и унапредување на прекуграничното движење на стоките. Правна рамка за соработката меѓу двете земји Правната рамка за регулирање на трговскoекономската соработка меѓу Република Македонија и Република Косово ја сочинуваат: а) Република Македонија и Република Косово се потписнички на Договорот за основање на енергетска заедница меѓу земјите-потписнички на Атинските меморандуми, потпишан на 25.10.2005 година; б) Договорот за изменување и пристапување кон Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА 2006), склучен во декември 2006 година, со примена од 22 ноември 2007 година; в) Договорот за економска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово, склучен на 16 декември 2009 година, со примена од 24 јуни 2010 година (“Службен весник на Република Македонија” бр. 77/2010); д) Меморандумот на соработка во областа на стандардизацијата меѓу Институт за стандардизација на РМ и Институт на стандардизација на Косово; ѓ) Закон за ратификација на спогодбата меѓу меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово, за соработка и заемна помош по царинските прашања (“Службен весник на Република Македонија” бр. 157/2011). ж) Договорот за одбегнување на двојното оданочување и даночната евазија, меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово, (2012) з) Закон за ратификација на спогодбата меѓу меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за граничното регулирање на железничкиот сообраќај (“Службен весник на Република Македонија” бр. 157/2011).
БРОЈКИ И ФАКТИ Република Косово 1. Локација: Југоисточна Европа меѓу Србија и Македонија 2. Површина: • Вкупно: 10.887 км2 - Земјена површина:10.887 км2 - Водена површина: 0 км2 3. Граници: • Вкупно: 702 км • Земји со кои граничи: Албанија, Македонија, Црна Гора, Србија 4. Главен град: Приштина 5. Население: 2.126.708 6. Религија: Муслимани, Православни, Католици 7. Бруто домашен производ (БДП) БДП паритет на куповна моќ : 13,02 милијарди САД $ (2011) a. Стапка на пораст на БДП: 5% (2011) b. БДП по глава на жител: 6.500 САД $ (2011) c. БДП по сектори: - земјоделство: 12,9% - индустрија: 22,6% - услуги: 64,5% (2009) 9. Работна сила: 800.000 10. Стапка на инфлација: 8,3% (2011) 11. Стапка на невработеност: 45,3% (2011) 12. Индустрии: рударство, базни метали, градежни материјали, кожа и др. 13. Земјоделски култури: пченица, пченка, овошје, компири, пиперки, млечни производи, добиток. 14. Извоз: 419 милиони САД долари (2011) Извозни производи: руди, метални преработки, сурова кожа и производи од кожа,тутун, текстил итн. 15. Увоз: 3,3 милијарди САД долари (2011) Увозни производи: прехранбени производи, нафтени деривати, машини и опрема, хемиски производи, текстил, дрво и преработки од дрво. (Извор: ЦИА)
8
ПРОМОЦИЈА
БИЗНИС ИНФО
четврток, 4 октомври 2012, Бр. 109
Преку ЦЕФТА-ДИХК партнерскиот проект коморските промотори го претставија регионот на германските компании
ПОТЕНЦИЈАЛНА БИЗНИС И ИНВЕСТИЦИСКА ДЕСТИНАЦИЈА
Во рамките на Проектот ЦЕФТА-ДИХК стопанските комори од ЦЕФТА-земјите (Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Молдавија) преку организирани настани во периодот од 18 до 26 септември 2012 година од страна на стопанските комори од Берлин, Бремен, Потсдам, Хановер, Гера и Јена во Германија ги претставија своите економски можности за соработка меѓу компаниите и можностите за инвестирање во секоја од ЦЕФТА-земјите, истакна на Јадранка Аризанковска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија (1.10.2012 година). Презентации беа направени во седиштето на Унијата на германските индустриски и трговски комори - ДИХК во Берлин пред компании и експерти од областа на поврзување на компаниите и трговската размена, беа претставени услугите што ги нудат ЦЕФТА-коморите во делот на олеснување на пристапот до германскиот пазар на своите компании и беа разгледани можностите за зголемување на таа соработка. Беше потенцирана важноста од заеднички настап и претставување на регионот ЦЕФТА во целина, со што се зголемува можноста за соработка меѓу компаниите. Во Комората на Бремен се организираше Тркалезна маса, со учество на компании-членки кои покажаа интерес за соработка во областа на индустријата и тоа технологии за подобрување на животната средина (рециклирање, управување со отпад, пречистителни станици), како и во делот на инсталации на технологии од областа на обновливите извори на енергија (ветер, вода, сонце). Македонија ги презентираше своите можности за соработка и инвестирање во овие области и од страна на германските компании позитивно беа оцените можностите што ги нудиме во делот на даночните олеснувања, законската регулатива и институционалната инфраструктура за инвестирање во наведените области. Комората на Хановер организираше Форум за соработка со земјите од Југоисточна Европа, со учество на претставник на германската Агенција за трговија и извоз, кој ги презентираше видувањата на германското Министерство за економија за секоја од земјите и економските параметри и условите за бизнис за 2012 година и предвидувањата за 2012/2013 година. Македонија беше претставена како лидер во регионот со прогноза за позитивен економски раст и со ниско ниво на корупција. Од страна на германските компании беше пројавен интерес за процедурите за спроведување јавни набавки, можностите за отворање компанија во Македонија и беше истакната потребата од поголема присутност на македонските компании на саемите во Германија, - посочи Аризанковска. Членките на Комората на Потсдам, во рамки на организираниот Форум потенцираа дека германските компании немаат доволно информации за можностите за соработка и беше поздравена организацијата каде земјите од ЦЕФТА-регионот ги претставија своите економии. Интересот за соработка е во областа на трансфер на технологии и стандарди во областа на животната средина и повторно во областа на обновливите извори на енергија. Исто така, беше искажан и интерес за соработка во текстилната индустрија и
електрометалната индустрија. Во рамките на дискусијата во оваа, но и во останатите комори во Германија беше потенцирано дека во интерес на поголема соработка потребно е прво меѓусебно запознавање на компаниите, остварување на првични трговски зделки, а потоа разгледување на можности за инвестирање. Од дискусијата произлезе фактот дека перцепцијата за бизнисопкружувањето во кое работат компаниите од земјите-членки на ЦЕФТА е од огромна важност за германските бизнисмени, бидејќи самата конкурентност и иновативност на домашните компании и условите во кои тие работат ја отсликува и бизнис-климата за работење и на германските компании.
Во организација на Комората на Гера и Комората на Јена, каде беа присутни и осумте регионални комори од регионот Саксонија, Саксонија Анхалт и Турингиа, пред околу 90 германски компании беа презентирани можностите за трговска соработка меѓу компаниите од Германија и регионот на ЦЕФТА. Од германска страна особен интерес беше искажан за развивање на соработка во текстилната индустрија, производство и конкурентност на прехранбените компании, законската регулатива во делот на јавните набавки и енергетиката и информации за ЕУ-фондовите достапни на Македонија. Како резултат на средбите пред околу 250 германски компании, организирани во рамките на германските стопански комори, Аризанковска информираше дека интересот, пред се`, беше изразен за соработка во: текстилната, електрометалната, прехранбената, автомобилската индустрија; како и инвестиции во технологии за животната средина и во обновливи извори на енергија. Од аспект на инвестиционите можности Македонија несомнено покажа најдобри услови во регионот за инвестирање, пред се` во делот на даночната политика, институционалната поддршка и заштитата на странските инвеститори и беше посочена како земја од регионот со најдобри макроекономски параметри и најниско ниво на корупција.
четврток, 4 октомври 2012, Бр. 109
БИЗНИС ИНФО
9
ПРОМОЦИЈА
Како заклучок од реализираните презентации на потенцијалот на македонската економија пред германски бизнисмени се наведува фактот дека имплементацијата ЦЕФТА треба да продолжи со отворање на други сегменти освен во трговијата. Љубица Нури, виш советник во УО на Стопанската комора на Македонија, потенцираше дека во следниот период фокусот треба да се стави на услугите. Тоа што Германија реализира една третина од вкупниот извоз на македонските производи покажува дека постои интерес за продолжување и продлабочување на соработката. -Македонија пристапи кон регионална конвенција за Пан-евро медитеранските преференцијали (за потекло на стоките). Германија преку Европската унија е веќе дел од тоа. Значи, регионалната конвенција ни овозможува, доколку склопиме билатерални договори за слободна трговија со земјите од Медитеранот (северна Африка, источен Медитеран), примена на дијагонална кумулација и ширење на пазарите. Европската унија тоа може да го прави. На тој начин ние уште повеќе ќе бидеме интересни за германскиот пазар, - посочи Љубица Нури.
БРОЈКИ И ФАКТИ ТРГОВСКА РАЗМЕНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ГЕРМАНИЈА
Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Германија во првите седум месеци од 2012 година изнесува 1 010 459 илјади САД$, што претставува зафаќање од 16,9% во вкупната размена на Р.Македонија. Споредбено со истиот период од претходната година размената со Германија бележи пад од 9,1%. Извозот е 661,3 милиони САД$, или учество од 28,9 % во вкупниот извоз на земјата, со пад од 3,5%, а вредноста на увозот е 349,1 милиони САД$ или учество од 9,4% во вкупниот увоз, со пад од 17,9% споредбено со истиот пеиод од минатата година.. Евидентирано е позитивно трговско салдо со остварен суфицит од 312,2 милиони САД$. Германија е прв трговски партнер на Македонија во надворешно-тргоговската размена во првите седум месеца од 2012 година. Трговската размена со Германија во периодот 01-07.2012 година Извоз Увоз количина во кг сума во УСА$ количина во кг сума во УСА$ 66.951.905,00 661.320.695,00 68.962.392,00 349.138.009,00
Во увозното салдо најголемо учество имаат: • Моторни возила за превоз на лица, стока, друмски влекачи во вредност од 106,5 милиони САД долари • текстилни ткаенини, предива и материјали – 68,5 милиони САД долари • Прехранбени производи –29,4 милиони САД долари • Механички машини за индустрија, опрема и прибор- 67,5 милиони САД долари • Лекови, козметика – 20,2 милиони САД долари • Катализатори на струја – 11,4 милиони САД долари
Во САД долари Вкупно количина во кг сума во УСА$ 135.914.297,00 1.010.458.704,00
Споредбен приказ на трговската размена 01-07.2012 / 01-07.2011 година Во САД долари Вкупна размена Извоз Увоз 2010 2011 инд. 2010 2011 инд. 2010 2011 инд. 1.110.149.822 1.010.458.704 90,9 684.924.245 661.320.695 96,5 425.225.577 349.138.009 82,1
Во структурата на извозот во 2011 година, најмногу се застапени: • Готови текстилни производи, облека и обувки – 423,1 милиони САД долари • Катализатори на носачи со благородни метали-527,4 милиони САД долари • Машини и апарати за филтрирање и пречистување на течности или гасови – 102,7 милиони САД долари • Фероникел – 32 милиони САД долари • Прехранбени производи -36,9 милиони САД долари • Табли, плочи и други делови и прибор – 21,6 милиони САД
Трговската размена со Германија во 2011 година Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Германија во 2011 година изнесува 1.970.756 илјади САД$ и бележи раст од 51,2% во однос на претходната година. Извозот изнесува 1,241.870 илјади САД$ или зголемување од 79,4%, а увозот е 728.877 илјади САД$ со раст од 19,5%. Трговскиот биланс во 2011 година во размената со Германија е позитивен, при што остварен е трговски суфицит од 512,9 милиони САД долари. Германија е прв трговски партнер на Македонија во 2011 година во надворешно-трговската размена. Трговската размена со Германија во 2011 година Извоз Увоз количина во кг сума во УСА$ количина во кг сума во УСА$ 117.404.328,00 1.241.869.635,00 129.432.591,00 728.886.652,00
Во САД долари Вкупно количина во кг сума во УСА$ 246.836.919,00 1.970.756.287,00
Споредбен приказ на трговската размена 2011-2010 година Во САД долари Вкупна размена Извоз Увоз 2010 2011 инд. 2010 2011 инд. 2010 2011 инд. 1.302.625.046 1.970.756.287 151,2 692.526.883 1.241.869.635 179,4 610.098.163 728.886.652 119,5
10
БИЗНИС ФОРУМИ
БИЗНИС ИНФО
четврток, 4 октомври 2012, Бр. 109
Презентација и деловни средби на австриски компании специјализирани за производство на технологии за заштита на животната средина
ПОВИК ДО АВСТРИСКИТЕ СТОПАНСТВЕНИЦИ ДА ИНВЕСТИРААТ ВО УПРАВУВАЊЕТО СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
На 3.10.2012 година во Стопанската комора на Македонија се оджа презентација и деловни средби на австриски компании специјализирани за производство на технологии за заштита на животната средина. На средбата што ја организираа Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение на Амбасадата на Австрија во Република Македонија и Регионалната комора на Корушка од Австрија, учествуваа реномирани aвстриски фирми од областа на екологијата и значаен број македонски компании, заинтересирани за соработка во областа на животната средина. Форумот го отвори претседателот на Регионалната комора со седиште во Скопје, д-р Горан Рафајловски, кој во своето излагање посочи дека Австрија е значаен економски партнер на Македонија, истакнувајќи дека во услови на општопознатите кризни тенденции, во првите седум месеци од 2012 година, вкупната трговска размена меѓу Република Македонија и Република Австрија достигна вредност од 98,2 милиони САД $, што претставува раст од 0,2 % во однос на истиот
четврток, 4 октомври 2012, Бр. 109
БИЗНИС ИНФО
11
БИЗНИС ФОРУМИ
период од минатата година. Остварен е извоз во вредност од 28,9 милиони САД $, со раст од 22,4 %, додека увозното салдо изнесува 69,3 милиони САД $ или процентуално пад од 6,8 %. На присутните им се обрати и министерот за животна средина и просторно планирање , Абдилаќим Адеми, истакнувајќи дека Македонија ги усвои и целосно ги усогласи законите со истите од Европската унија. Но, во фазата на нивната имплементација потребна ни е поддршка од приватниот сектор, особено од земја-членка на Унијата која ги има имплементирано овие стандарди. Тој ги повика австриските стопанственици да инвестираат во управувањето со животната средина во Македонија. Добрата економската соработка меѓу Австрија и Македонија ја истакна и претседателот на Австриската комора од Корушка, Франс Пахер, при што ги посочи секторите за нејзино натамошно унапредување, како што се: животната средина, обновливите видови на енергија, пребаротката на отпад, пречистителните станици за отпадни води итн. На форумот беше презентирана првата лиценцирана македонска компанија за управување со отпад од пакување „Пакомак“, како и Регионалниот
еколошки центар и Асоцијацијата за секундарни суровини и рециклатори при Стопанската комора на Македонија. Презентациите покажаа дека во Република Македонија успешно се применуваат стандардите за заштита на животната средина и управување со отпад, што дава резултати, особено на планот на управувањето со отпад од пакувања и со секундарните отпадни суровини, а кои се значајни од повеќе аспекти - потребите на индустријата, заштитата на животната средина и природните ресурси и, секако, од социоекономски аспект. Македонските фирми, присутни на овој форум, остварија деловни средби со претставниците на австриските компани, од кои реално може да се очекува натамошна успешна соработка, имајќи го предвид долгогодишното позитивно австриско искуство на планот на управување со отпад. Перо Авакумовски
БИЗНИС ФОРУМ
12
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
БИЗНИС ИНФО
четврток, 4 октомври 2012, Бр. 109
Корисниците на Т-Мобиле префрлени на нови сервери
ЧЕТИРИ ПАТИ ПОГОЛЕМ КАПАЦИТЕТ ЗА РАЗГОВОРИ И СМС Од 1 октомври сите Т-Мобиле корисници ќе бидат префрлени на нови MSC Blade Cluster сервери, што значи дека капацитетот на мрежата за разговори и СМС ќе се зголеми до четири пати. Како што информира Т-Мобиле Македонија, проектот почна во јули годинава и за два месеци целата база на Т-Мобиле корисници од старите беше префрлена на новите сервери. - Овој проект е чекор напред до целосна модернизација на мрежата и е во склоп со модернизацијата на фиксната мрежа, проект со кој до крајот на 2013 година сите фиксни корисници треба да мигрираат на услуги целосно базирани на интернет, се вели во соопштението од Т-Мобиле Македонија. По завршувањето на овој проект, Т-Мобиле и Т-Хоме корисниците ќе имаат пристап до конвергирани услуги на мобилна и фиксна телефонија и интернет од најновата технологија. Со миграцијата на новите сервери Т-Мобиле ќе биде еден од малкуте оператори во светски рамки што ја имаат оваа напредна технологија. - Кога ја имате најголемата база на корисници, имате и голема обврска да им го овозможите најдоброто. Со оглед на зголемениот сообраќај првата наша задача беше да го зголемиме капацитетот на мрежата. Со новата технологија, за рекордно време добивме четири пати поголем капацитет за разговори и СМС, но и основа за услуги од новата генерација. Со овој проект одиме понатаму во чекор со операторите во светски рамки, изјави Жарко Луковски, главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија.
„Македонски телеком“ ги намали цените
ПРЕТПЛАТАТА ЗА БИЗНИС КОРИСНИЦИТЕ ПОНИСКИ ЗА ПОВЕЌЕ ОД 40 ПРОЦЕНТИ „Македонски телеком“ ја намали претплатата за телефонските услуги за бизнис корисниците за повеќе од 40 проценти и воведува новини во рамки на Office Complete и Office Complete Optic. Компаниите со октомвриските сметки ќе плаќаат 399 денари месечна претплата за телефонска линија со еден говорен канал и 694 денари месечна претплата за телефонска линија со два говорни канали. Во цената не е вклучено ДДВ. Корисниците на новите Office Complete и Office Complete Optic пакети нема да плаќаат еднократен надоместок за повеќегодишен договор и ќе добијат намалена месечна претплата за склучување договор на две години. Компаниите ќе имаат можност за приклучување на повеќе дополнителни линии со посебни погодности, бесплатни разговори меѓу линиите во пакетот и зголемен интернет сообраќај. Сите нови корисници на овие пакети ќе добиваат зголемен број вклучени минути во мрежата на „Македонски Телеком“ и на „Т-Мобиле“, вклучени минути разговор кон другите фиксни мрежи, намалена цена за повици кон мрежата на сите мобилни оператори, како и намалени цени за меѓународни повици
дури до 40 отсто. За корисниците на новите Office Complete и Office Complete Optic пакети, „Македонски Телеком“ ја намали и цената на МаxТV услугата која сега ќе биде достапна по 500 денари месечно.
Модернизација на „Македонски железници -Транспорт“ со заем на Европската банка за обнова и развој
ЗА НОВИ ПРЕВОЗНИ СРЕДСТВА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ 5О МИЛИОНИ ЕВРА Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри заем од 50 милиони евра на Националното претпријатие за железнички транспорт „Македонски железници -Транспорт“ (МЖТ), за истото да може да инвестира во нови возни средства и да ја зголеми енергетската ефикасност на своите активности. На тој начин, патувањето со воз во Македонија ќе стане полесно и поеколошко благодарение на финансирањето на амбициозната програма за модернизација од страна на ЕБОР, од која ќе имаат корист и патниците и превозниците во товарниот сообраќај, - соопштуваат од Европската банка. Во услугите на МЖТ, кои се реализираат на мрежа од вкупно 700 километри, инвестирано е многу малку од почетокот на деведесеттите години досега, а просечната старост на постојниот возен парк е меѓу 30 и 45 години. Како резултат на тоа, патничките и товарните услуги во Македонија се често несигурни и неефикасни од аспект на користење на горивото. Заемот на ЕБОР, кој е обезбеден со гаранција од државата и има период на отплатување од 15 години, ќе се искористи за набавка на шест нови патнички возови и 150 вагони, како и за поправка на три електрични локомотиви. Истиот ќе биде наменет и за подобрување на енергетската ефикасност на работилниците за одржување на МЖТ и за воведување систем за управување со енергетска ефикасност на ниво на целото претпријатие. Неповратните средствата за техничка помош од Специјалниот акционерски фонд на ЕБОР ќе помогнат во модернизацијата на начинот на кој работи МЖТ, со тоа што ќе се одделат патничкиот и товарниот превоз. Со неповратни средства ќе се поддржат и активностите на МЖТ поврзани со набавката на нови возни средства.
четврток, 4 октомври 2012, Бр. 109
БИЗНИС ИНФО
13
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
-Подобрувањето на квалитетот на железничките услуги во Македонија и намалувањето на потрошувачката на енергија се важни цели на овој прв проект на ЕБОР со МЖТ, од кој ќе има корист целата економија, -изјави Елена Урумовска, претставник на ЕБОР за Македонија. - ЕБОР со задоволство го поддржува институционалното зајакнувње на МЖТ преку спроведување на програмата за реформа на железничкиот сектор. -Со обновување на возните средства, МЖТ значително ќе ја подобри ефективноста и ефикасноста на нејзините активности поврзани со патничкиот и товарниот сообраќај, - рече генералниот директор на МЖТ, Оливер Деркоски. -Проектот ќе ни овозможи да го подобриме квалитетот на услугите што ги нудиме на клиентите и да стекнеме поголема доверба кај нив. Воедно, проектот ќе придонесе за намалување на емисијата штетни материи во воздухот и подобрување на енергетската ефикасност на нашиот возен парк. Потпретеседателот на Владата на РМ и министер за финансии, м-р Зоран Ставрески подвлече дека Железницата е најекономичниот вид на транспорт и едно од барањата на бизнис-секторот за подобрување на бизнис-климата во земјава е токму инвестирањето во неа. - Но, во желеницата има потреба од инвестиции, бидејќи она со што располагаме во моментот е далеку под нашите потреби. Затоа Владата почнува со еден инвестициски пакет во железничикиот сектор, - додаде м-р Зоран Ставрески. ЕБОР е веќе во голема мера вклучена во подобрувањето на железничкиот сообраќај во Македонија. Во 2010 година, Банката обезбеди заем на државата, во износ од 17,6 милиони евра за националното претпријатие за железничка инфраструктура, со цел да се финансира обновувањето на пругата долж клучните делници на Пан-европскиот коридор 10, во земјата. Ова е главната рута север-југ во Македонија, со која Македонија е поврзана со Србија и понатаму со Европа на север, како и со Грција на југ. Во август оваа година, ЕБОР му одобри заем од 46,4 милиони евра на истото претпријатие, Јавното претпријатие за железничка инфраструктура (ЈПЖИ), за да помогне во надградбата на 30-километарската железничка делница која е дел од Пан-европскиот железнички коридор 8, кој ја поврзува Македонија со Албанија на запад и со Бугарија на исток. До денес, ЕБОР има инвестирано над 1 милијарда евра во околу 80 проекти во Македонската економија, - соопштуваат од Банката.
Стопанска банка oпштествено одговорна компанија
ДОНАЦИЈА ЗА УЧИЛИШТЕТО ЗА ДЕЦА ПОПРЕЧЕНИ ВО ПСИХИЧКИОТ РАЗВОЈ “ИДНИНА“
Стопанска банка АД – Скопје заедно со Ротари клубот – Скопје, со донација за обновување на училишното окружување на посебното основно училиштето за деца попречени во психичкиот развој “Иднина“. Ротари клубот ќе ја обнови училишната ограда на училиштето додека Стопанска банка ќе донира училишна опрема, прибор, подароци и реквизити за училиштето и учениците. Ротари клубот како најстар клуб во Македонија и регионот продолжува да биде пример како се служи на заедницата, имајќи ги ви предвид основните принципи и цели на Ротари Интернационал кои се дефинирани уште во далечната 1920, како главни принципи на Ротаријанското делување: да изведуваат и подржуваат филантропско служење, како и да помогнат во градењето на добра волја, разбирање меѓу луѓето и обезбедување на мирот во светот. Стопанска банка како општествено одговорна компанија во континуитет соработува со организации како Ротари клубот, посебно за проекти кои се поврзани со децата во Македонија, иднината на нашето општество. Банката препознава проекти кои ќе имаат трајна вредност и ќе создадат позитивен напредок, посебно во образовните институции, а и во општеството генерално. Би издвоиле дел од таквите проектите реализирани во последните неколку години - Детскиот Креативен центар во Скопје, Домот за доенчиња во Битола, донацијата во Институтот Козле. Со овие проекти опфатени се едукативни, здравствени и еколошки теми кои се основа за подобар развој на најмладите.
ПроКредит банка започна со значајна подршка на органското производство
ПОВЛАСТЕНА КАМАТА ЗА БИЗНИСОТ ШТО ИМА ПОТЕНЦИЈАЛ
Органските производи имаат добар капацитет за домашно производство и висок потенцијал за извоз. ПроКредит Банка која е со најголемо кредитно портфолио во земјоделскиот сектор е првата банка во Македонија која нуди посебна прилагодена услуга за органските производители. Органското проиводство во земјата ќе го поттикнуваат преку повластените услови на кредитот за органско производство, како и преку нивниот директен контакт со бизнисите и земјоделците. Кредитот е денарски и може да се користи не само за примарно органско земјоделско производство, туку и за преработка на органски производи или откуп и трговија со органски производи, според сертифицирани стандарди за органско производство. Износите на кредитот се движат до 15.000.000 МКД и каматните стапки се од 7%. Рокот на отплата е продолжен до 10 години. – соопштуваат од ПроКредит банка. Како развојно ориентирана банка еден од значајните принципи на работење на банката е поддршката на бизнисите во насоки кои имаат висок потенцијал за развој. Органското проиводство според ПроКредит Банка е висока потенцијална бизнис можност која сеуште е во зародиш, но ќе биде водечки тренд за неколку години. Органското проиводство е и поздраво и повкусно, ја штити животната средина и е енергетски поефикасно. - Блиската соработка со земјоделците низ годините ни помогна да станеме банка од доверба и партнер во развојот на земјоделските активности. Во фокус ни се насоките во кои македонското земјоделство може да се развива. Тоа е нашата мисија како развојно ориентрана банка. Од друга страна сме банка која дирекно работи за заштита на животната средина и подигнување на свеста и инволвираноста на македонските бизниси во енергетско ефикасни бизнис процеси. Органското проиводство е токму тоа: здрава и сертифицирана храна, која ја штити природата и е резултат на енергетско-ефикасни процеси. – истакна Емилија Спировска, член на Управнот одбор на ПроКредит Банка Иако органското производтво кај нас е во својот зародиш, сепак бројот на сертифицирани производители и хектари површина од почетокот на 2005 до денес бележат пораст. Според последните податоци од 2011 година површината под сертифицирано земјоделско производство изнесува 6.560 хектари, а бројот на сертифицирани проиводители изнесува 780.
14
ЕДУКАЦИЈА
БИЗНИС ИНФО
четврток, 4 октомври 2012, Бр. 109
Македонска енергетска асоцијација
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПЛАНОТ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ, МОНИТОРИНГ, ИЗВЕСТУВАЊЕ И ВЕРИФИКАЦИЈА НА СТАКЛЕНИЧКИТЕ ГАСОВИ Во организација на Македонската енергетска асоцијација - МЕА при Стопанската комора на Македонија, на 2.10.2012 година се одржа презентација на Планот за воведување на мониторинг, известување и верификација на емисиите на стакленички гасови по Европската шема за тргување со емисии во Македонија.
Планот за воведување, мониторинг, известување и верификација на емисиите на стакленички гасови по EU ETS во Македонија е изготвен како дел од проект на Развојната програма на ОН и ги претставува активностите и мерките кои треба да се преземат за решавање на проблемите врзани со климатските промени во Македонија кои се врзани со Европската шема за тргување со емисии. Целта на овој план е Министерството за животна средина и просторно планирање обезбеди соодветен опис на приоди и чекори кои треба да се преземат за да се вклучат релевантни делови од европската легислатива за Европската шема за тргување со емисии во македонската национална легислатива. Овој документ исто така има за цел да даде насоки како да се преземат неопходните институционални промени за поддршка на спроведувањето на релевантните делови на ЕУ ЕТС-директивите, да се подготват клучните човечки и други ресурси потребни во Министерството за животна средина и просторно планирање и други институции за успешна имплементација на ЕУ ЕТС-директивите и да се обезбеди вклученост на заинтересираните страни во процесот. Планот за воведување, мониторинг, известување и верификација на емисиите на стакленички гасови по EU ETS во Македонија ја идентификува националната правна основа за ЕУ ЕТС и претставува анализа на повеќето релевантни законски и технички прашања кои ги карактеризираат Директивите 2003/87
четврток, 4 октомври 2012, Бр. 109
БИЗНИС ИНФО
15
ЕДУКАЦИЈА
и 2009/29 на ЕУ и нивната имплементација, како што се националните надлежни органи за издавање дозволи за испуштање на стакленички гасови; постапките за издавање дозволи; обврските на операторите кон ЕУ ЕТС-системот; барања кон телата за верификација и лабораториите кои треба да се користат за анализа на горивата, материјалите и производство, механизмите и органите за одржување на националниот ЕУ ЕТС-регистар. Основните обврски, вклучително и финансиските, од примената на овие регулативи ќе бидат на товар на стопанските субјекти, па затоа е потребно нивно навремено информирање и започнување на тренинзи за обука на кадри кои ќе се вклучат во трговијата со стакленички гасови. Стопанската комора на Македонија во соработка со надлежните институции ќе ги продолжи активностите на овој план, во интерес на своите членки. Пeрo Авакумовски
Семинар за Македонските и европските барања и услови во месната и кланичната индустрија
БЕЗБЕДНОСТА И КВАЛИТЕТОТ ВО ПРЕДЕН ПЛАН Со цел да се зајакне соработката и довербата меѓу Агенцијата за храна и ветеринарство и бизнис-заедницата и да се подобри безбедноста и квалитетот на месото и производите од месо во Р. Македонија, во Стопанската комора на Македонија на 27 септември 2012 година, беше организиран еднодневен семинар на тема: „Безбедност и квалитет на месо и производи од месо“. Присутните од месопреработувачкиот и кланичниот сектор во Република Македонија во оваа прилика подетално беа запознати со законските барања и услови за производство на безбедно месо и производи од месо. На семинарот беа презентирани и образложeни законските рамки во месната и кланичарската индустрија во однос на безбедноста и квалитетот на нивните производи. Предавачи на семинарот беа експерти од Агенцијата за храна и ветеринарство и сите подетално образложија тематики од својата област и тоа за: одгледување на бројлерите, за живината и животните за време на транспорт, потоа за прием во кланица и за услови за време на колење; микробиолошките критериуми за месо и месни производи, НАССР во месопреработувачките претпријатија; услови за увоз на месо и производи од месо и означување-етикетирање на финален производ.
ЕДУКАЦИЈА
16
БИЗНИС ИНФО
четврток, 4 октомври 2012, Бр. 109
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Еднодневен семинар
“АСПЕКТИ НА КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ И КОЛЕКТИВНОТО ДОГОВАРАЊЕ; ПОТРЕБАТА ОД ЗАЖИВУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА МИРНО РЕШАВАЊЕ НА РАБОТНИ СПОРОВИ” 5 октомври 2012 година , 09:30-15:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Во рамки на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со колективните договори и колективното договарање во Република Македонија. Воедно, ќе се направи обид за расчистување на одредени нејаснотии и дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика. ПРОГРАМА: - Поим на колективните договори; - Предмет и содржина на колективните договори; - Правна природа на колективните договори; - Страни на колективниот договор; - Видови колективни договори; - Постапка за склучување на колективните договори; - Односот на колективните договори со другите извори на трудовото право; - Идејата и потребата за мирното решавање на работни спорови; - Домашната регулатива и основите за мирно решавање на работните спорови; - Постапка за мирно решавање на работни спорови; - Индивидуални и колективни работни спорови; - Помирувачи и арбитри; Предавачи: д-р Зоран Михајлоски, судија на Апелациониот суд Скопје д-р Марко Андонов, универзитетски професор, Факултет за правни науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје Сите заинтересирани за учество на овој семинар, можат да се пријават најдоцна до 4-tи октомври 2012 година. Цената за еден учесник изнесува 5.310 денари за 1 учесник (4500+ДДВ) за компании членки и 7.080 денари за 1 учесник (6000+ДДВ) за компании кои не се членки Комората. Пријавниот лист и Агендата може да се превземат од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057, Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk
Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074, Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: beti@mchamber.mk
Семинар на 8 октомври 2012 година
“РАНИ ЗНАЦИ НА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВО ПРЕВЕНЦИЈАТА ОД СОЗДАВАЊЕ НА ЛОШИ ПЛАСМАНИ” Од 9:00 до 17:00 часот во Стопанска комора на Македонија, сала 1, на 5-ти кат
Стопанската Комора на Македонија во соработка со Академијата за банкарство и финансии од Република Србија, на 8 октомври 2012 година, организира еднодневен семинар на тема “Рани знаци на предупредување во превенцијата од создавање на лоши пласмани”. Цели на семинарот: За време на семинарот, учесниците ќе имаат можност да осознаат и да научат: • Сеопфатност на моделот на наплата на побарувањата за правните лица • Важноста од соодветна проценка на бонитетот на клиентите (кредитен рејтинг) • Критериумите за утврдување на потенцијално проблематичните клиенти • Начини на решавање на потенцијално проблематичните клиенти • Влијанието на потенцијално проблематичните клиенти во финансиските извештаи на доверителите. Целни групи: Вработени во банките кои работат во секторот- работа со правни лица (account и relationship менаџери), директори на филијали и вработени кои се занимаваат со управување со ризик и наплата на проблематични кредити. Содржина: • Важноста на наплатата на побарувањата во услови на криза • Целосен пристап за наплата на побарувања на клиентите • Анализа на рејтингот и нејзиното значење за потенцијалните проблеми во сервисирање на обврските на клиентите према банката • Важност на мониторингот на фаза детектирање на потенцијалните проблеми • Квалитативни и квантитативни знаци на предупредување • Третман на клиентот по откривање на потенцијални проблеми • Влијание на лошите пласмани врс финансиските извештаи на банката како доверител.
четврток, 4 октомври 2012, Бр. 109
БИЗНИС ИНФО
17
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Предавач: Александар Василски дипломирал на Факултетот за бизнис студии, Гренобл, Франција (Grenoble Ecole de Management, France). Тој ја започна својата кариера со Рајфајзен банка АД Белград, во секторот управување со ризици. Во 2007 година поминува во Ерсте банка АД Нови Сад, каде што во 2008 година стана директор на Дирекцијата за управување со ризици за правни лица. Неговите главни области на работа и усовршување се поврзани со прашањето за управување со кредитниот ризик, финансиска анализа, управување со наплатата, управување со стратегиски ризик. За време на неговиот професионални ангажмани, тој работел на многу проекти во земјата и во странство. Работен јазик се семинарот е српскиот јазик.
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: Ø работен материјал; Ø ручeк и освежување; Ø сертификат за присуство на семинарот. Рок за пријавување на учеството е до 28 септември 2012 година Контакт лице : Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054, Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: lence@mchamber.mk
Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074, Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: beti@mchamber.mk
Семинар на 9 и 10 октомври 2012 година
“ПРИМЕНЕТО ВРЕДНУВАЊЕ И ФИНАНСИСКО МОДЕЛИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА МЕТОДОТ НА ДИСКОНТИРАНИ СЛОБОДНИ ГОТОВИНСКИ ТЕКОВИ “ Од 9:00 до 16.00 часот во Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Обуката е наменета да обезбеди кај слушателите напредно разбирање на вреднувањето на проекти и компаниите и финансиско моделирање, преку стекнување на вештини за креирање на сеопфатни финансиски модели и анализи на вреднувањето. Семинарот се фокусира на финансиско моделирање на готовинските текови на компаниите со цел создавање на финансиски модели за вреднување на компании и инвестициони проекти - преку интеграција на финансиските извештаи на компаниите и дисконтирање на слободните готовински текови. Стекнатите знаења и вештини се применливи во повеќе области на финансиите - корпоративните финанси, финансиската анализа, оценка на инвестициите, спојувања и припојувања на компании, корпоративно банкарство, фондовите и консалтингот за вреднување. На семинарот ќе бидат опфатени следните теми: 1.Вреднување - Вреднување-поим, мотиви, митови и корисници - Улога на вреднувањето во корпоративни финансии - Пристапи кон вреднувањето 2.Модел на дисконтиран слободен готовински тек (Discounted Free Cash Flow) - Презентирање на моделот на ДСГТ - Ризикот и вреднувањето 3.Вреднување на инвестициони проекти - Предвидување на добивките - Одредување на слободен готовински тек (Free Cash Flow) - Утврдување на дисконтна стапка – метод на WACC - Вреднување на проекти со метод Тек-Главница (Flow to Equity) 4.Вреднување на компании - Имплементација на моделот на ДСГТ - Практично вреднување на компанија од МБИ-10 со метод на ДСГТ Семинарот е наменет за: Ø Повисокиот и средниот менаџмент на компаниите Ø Финансиски директори и вработени во секторот корпоративни финансии Ø Специјалисти од инвестиционо банкарство Ø Специјалисти за корпоративно банкарство Ø Кредитни аналитичари Ø Претприемачите Ø Специјалисти за управување со средства (Asset Management) Ø Специјалисти за управување со сопствен капитал и фондови Ø Проект менаџери Предавач: Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје и на Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Сите заинтересирани учесници за овој семинар можат да се пријават најдоцна до 5 -ти октомври 2012 година. Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057;Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 ;E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk
Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074, Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: beti@mchamber.mk
18
БИЗНИС ИНФО
четврток, 4 октомври 2012, Бр. 109
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар од 9 октомври до 27 декември 2012 година
“СЕОПФАТНА ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ ВО 3 МОДУЛИ” Финансискиот менаџмент е од витално значење за секоја компанија, особено за оние кои имаат цел подобрување на профитабилноста, ликвидноста и солвентноста. Целта на обуката е сеопфатна едукација на менаџерите за финансискиот менаџмент, неговиот јазик, алатки и техники, со цел стекнување знаења, вештини и компетенции за нивно ефективно користење во работењето. Обуката е организирана во три модули (нивоа), при што во првиот модул се даваат основите на финансискиот менаџмент и истата е наменета и за финансиски и не-финансиски менаџери. Вториот модул е продолжение на првиот модул и нуди средно ниво на знаења од областа на финансискиот менаџмент преку обработка на поголем број на области и теми, на ниво на додипломски студии на економските факултети. Третиот модул нуди напредни теми од областа на финансискиот менаџмент и обработка на специјални случаеви и анализа на најдобрите практики од оваа област, на ниво на напредни курсеви од областа на корпоративните финансии. Обуката се реализира со користење на алатките на Microsoft Excel и препорачливо е секој слушател да има свој notebook компјутер. За секоја тема се предвидени вкупно по три часа (два часа предавања и еден час практични вежби). На крајот на секој модул, сите учесници ќе се стекнат со Сертификат за успешно завршена обука за Финансиски менаџмент. МОДУЛ 1: На обуката за Финансиски менаџмент – модул 1: “Финансиски извештаи, финансиска анализа, финансиско планирање, контрола и левериџ“ ќе бидат опфатени следните теми: 1. Основи на финансискиот менаџмент - Цели и функции на финансискиот менаџмент - Претпријатието, капиталот и финансискиот менаџмент - Претпријатието и капиталот - Вложување, трошење и циркулација на средства 2. Финансиски извештаи - Елементи на финансиските извештаи - Биланс на состојба - Биланс на успех - Извештај за акумулирана добивка - Извештај за готовинските текови o Готовински текови од оперативни активности o Готовински текови од инвестициони активности o Готовински текови од финансиски активности - Данокот и цената на туѓиот капитал 3. Финансиска анализа - Анализа на финансиски показатели o Показатели на ликвидноста o Показатели на активноста o Показатели на задолженоста или показатели на левериџот o Показатели на покритието o Показатели на профитабилноста o Показатели на пазарната вредност o Анализа на трендот o Дипон (Du Pont) анализа o Компаративни показатели o Корисност и ограничувања на рацио-анализата 4. Финансиско планирање - Предвидување (планирање) на продажбата - Планирани (Про Форма) финансиски извештаи – Метод процент на продажба - Анализа на планирањето - Планирање на капацитет - Процес на финансиско планирање - Видови и структура на поединечните планови
5. Временска вредностна парите - Концепт на идна вредност - Период на вкаматување - Идна вредност на ануитет - Концепт на сегашна вредност - Сегашна вредност на серија различни и еднакви идни вредности - Пресметка на сегашна вредност на непрекинати парични текови - Пресметка на депозити - Амортизација на заеми - Пресметка на стапката на растеж и на каматната стапка 6. Финансиска контрола- буџетирање и левериџ - Анализа на оперативна преломна точка o Графикон на преломот o Пресметка на преломната точка o Готовинска оперативна преломна точка o Употреба на анализата на оперативната преломна точка - Оперативен левериџ - Финансиска преломна анализа - Графикон на преломот - Пресметка на преломот - Финансиски левериџ - Комбиниран оперативен и финансики левериџ - Употреба на левериџот и планирањето во контролата 7. Ризик и принос - Ризици и стапки на принос - Дефинирање и мерење на ризикот o Дистрибуција на веројатноста o Мерење на ризикот o Очекувана стапка на принос o Континуирани и дискретни дистрибуции на веројатноста o Стандардна девијација o Информации содржани во стандардната девијација o Просек на варијанса o Коефициент на варијација - Поимно дефинирање на портфолио - Ризик на портфолио - Коваријанса на приносите - Очекуван принос на портфолиото - Модел на карактеристичен правец o Системски ризик мерен со бета - Модел за одредување на цената на вложениот капитал –CAPM - Пазарна линија на хартија од вредност - Импликации врз вреднувањето на претпријатијата МОДУЛ 2: На обуката за Финансиски менаџмент – модул 2: “Финансиски пазари и инвестиции“ ќе бидат опфатени следните теми: 1. Вреднување на хартии од вредност - Вреднување на обврзници o Стапка на принос до достасувањето (YTM) - Вреднување на акции o Вреднување на приоритетни акции o Вреднување на обични акции 2. Планирање на долгорочни вложувања (капитално буџетирање) - Карактеристики на инвестиционото одлучување - Постапка за планирање на долгорочните вложувања - Kлучни компоненти на процесот на инвестиционо одлучување o Должина на периодот на експлоатација o Цена на капиталот наменет за вложување o Содржина на финансиските ефекти o Kомпоненти на готовинските текови на инвестицијата 3. Kритериуми за оценка на финансиската ефикасност на инвестиционите вложувања - Инвестициони критериуми кои не се базирани врз - концептот на временска вредност на парите o Период на враќање на инвестицијата o Просечна стапка на принос на инвестициите
четврток, 4 октомври 2012, Бр. 109
БИЗНИС ИНФО
19
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
- Инвестициони критериуми кои се базирани врз концептот на временска вредност на парите o Метода на нето сегашна вредност o Методот на индекс на профитабилноста. - Метод на интерна стапка на рентабилност - Ризикот и менаџерските опции за оценка на - исплатливоста на инвестицијата o Вкупен ризик на проектот o Метод на компјутерска симулација o Менаџерски опции 4. Долгорочно финансирање - Пазар на капитал o Функции на пазарот на капитал o Учесници на пазарот на капитал o Организација на пазарот на капитал и долгорочни - хартии од вредност - Пазар на долгорочни хартии од вредност o Улогата на инвестиционите банки на примарниот пазар на капитал o Привилегиран упис o Вредност на правото на акција o Почетно финансирање - Долгорочни обврски o Термински заеми o Лизинг o Долгорочни обврзници o Преференцијални акции (приоритетни) o Обични акции - Конвертибилни хартии од вредност - Опции o Опции за акции - Варанти 5. Менаџмент со обртен капитал и краткорочно финансирање - Трансформација на обртниот капитал и циклуси на конверзија - Менаџмент на готови пари и пазарни хартии од вредност - Кредитен менаџмент и управување со побарувањата - Стандарди за кредитирање и политика на наплата на побарувањата - Менаџмент на залихи - Извори на краткорочно финансирање o Спонтано финансирање o Обврски према добавувачите (Трговски кредит) o Договорно финансирање o Факторинг МОДУЛ 3: На обуката за Финансиски менаџмент – модул 3: “Трошок на капитал и напредни техники на вреднување и структура на капитал“ ќе бидат опфатени следните теми: 1. Трошок на капиталот - Одредување на безризична стапка - Трошок на долгот - Трошок на приоритетни акции - Трошок на сопственички капитал (главница) - Пристап со моделот на одредување на цената на вложениот капитал (CAPM) - WACC модел 2. Вреднување на хартии од вредност - Вреднување со модел на дисконтирани готовиснки текови o Дисконтирани слкободни готовински тековиСтапка на принос до достасувањето (YTM) - Релативно вреднување 3. Структура на капитал - Теоретски разгледувања за важноста на структурата на капиталот - Трошоци на банкротството - Менаџмент на структурата на капиталот 4. Политика на дивиденди - Пасивна во однос на активна политика на дивиденди o Неважност на дивидендите o Аргументи за важноста на дивидендите
- Политика на дивиденда - Дивиденди во акции и поделба на акциите - Откуп на акции - Исплата на дивиденди 5. Спојувања и други начини на реструктуирања на претпријатија - Извори на вредноста - Стратешко купување - Преземања, лицитациски понуди и одбрани - Дивестирање - Реструктуирање на сопственоста 6. Меѓународен финансиски менаџмент - Оценка на исплативоста на вложувањата и фактори на ризик - Менаџмент со курсните ризици o Фактори кои влијаат на движењето на курсевите 7. Специјални теми од областа на финансискиот менаџмент 8. Проверка на знаењето Обуките се наменети за: Ø Повисокиот и средниот менаџмент на компаниите Ø Финансиските директори и вработени во секторот финансии во бизнис секторот, јавната администрација и јавните претпријатија Ø Вработени во секторот сметководство во бизнис секторот, јавната администрација и јавните претпријатија Ø Претприемачите Ø Финансиските аналитичари Ø Бизнис стратези Ø Финансиски консулатнти Ø Специјалисти во секторт за интерна контрола и ревизија Ø Проект менаџери Ø Контролни и сметководствени аналитичари Ø Дипломирани на факултети за економија, бизнис администрација, информатика Ø Студенти на последипломски студии за економија, бизнис администрација, информатика Предавач: Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје и на Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Со оглед на фактот дека секој модул претставува заокружена целина, сите заинтересирани учесници можат да се пријават за учество на целиот пакет или ќе одберат пооделни модули зависно од потребите. Динамика на модулите: Октомври, Ноември, Декември 2012 година, (два пати неделно од 15-18.00 часот) , Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4-ти кат Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057;Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 ;E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074, Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: beti@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
20
четврток, 4 октомври 2012, Бр. 109
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Обука
“ЛИЦЕ ОДГОВОРНО ЗА УПРАВУВАЊЕ И/ ИЛИ ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД” 10 октомври – 28 ноември 2012 год., 10:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат)
Кои компании се задолжени да назначат управител со отпад? Согласно со членот 21 од Законот за управување со отпад компаниите кои во вршењето на својата дејност во текот на една календарска година создаваат повеќе од 200 килограми опасен отпад и/или повеќе од 150 тони неопасен отпад се должни да назначат најмалку едно стручно оспособено лице - управител за отпад. Кои се задачите на Управителот со отпад? • Да ја следи тековната состојба во управувањето со отпад и да се грижи за правилното постапување со отпад; • Да води евиденција и изготвува извештаи; • Да ја спроведува годишната програма на својата компанија; • Да го контролира видот и количеството на отпадот што се создава, преработува и отстранува и да презема мерки за намалување и отстранување на создадениот отпад; • Да ги информира раководните органи на својата компанија за можното загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето што е резултат на производството, третманот, преработката и отстранувањето на отпадот и да предлага конкретни решенија. Што треба да поседува Управителот со отпад? • Потврда за стручна оспособеност и • Уверение за положен стручен испит за вршење на управување со отпад. Управителот со отпад треба да поседува Уверение за положен стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање. За да се стекне со Уверение, потребно е да положи стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад. Но, за да се пријави за полагање на стручен испит, кандидатот задолжително треба да посетува Обука со која се стекнува со Потврда за стручна оспособеност за управување и /или постапување со отпад. Кој може да стане Управител со отпад? Услов за полагање на стручниот испит е кандидатот да има високо образование со тригодишно работно искуство или вишо образование со петгодишно работно искуство во постапувањето со отпад и /или животната средина. Што опфаќа наставата? Програмата за обуката за полагање на стручен испит за управување и/или постапување со отпад се реализира во вкупно траење од 50 часа. Во рамките на обуката ќе бидат детално разработени Законот за управување со отпад, Законот за пакување и отпад од пакување, Законот за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и сите правилници што произлегуваат од истите. Ќе биде опфатен и Законот за животна средина, посебно во делот на ИСКЗ дозволите. Сето тоа ќе биде придружено со практични примери релевантни за кандидатите, а посебен акцент ќе биде ставен на пополнувањето на обрасците и изготвувањето на програмата. Кој ја спроведува обуката? Стопанска комора на Македонија е овластено правно лице за спроведување на обуката. Обучувачи на семинарот ќе бидат докажани домашни експерти во областа на животната средина и особено во одржливото управување со отпад. Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават најдоцна до 5-ти октомври 2012 год. Времетраење на обуката: 8 недели, еднаш неделно во траење од 6 часа. Учесниците на обуката ќе добијат сеопфатен материјал за подготовка на стручниот испит и Потврда за учество во обуката за стручно оспособување за управување и/или постапување со отпад. Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk
Даниела Михајловска Тел: ++ 389 2 3244021 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: daniela@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
четврток, 4 октомври 2012, Бр. 109
21
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Семинар на 16 октомври
„БИОЦИДНИ ПРОИЗВОДИ - НАЧИН НА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ И НИВНА УПОТРЕБА“ (10:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат)
Со цел подобро запознавање на институциите, индустријата и потрошувачите со Законот за хемикалии, во делот на управувањето со биоцидните производи, како и запознавање со тоа што се биоцидни производи и нивна правилна употреба, Секторот за хемикалии во рамките на Бирото за лекови при Министерството за здравство на Република Македонија и Стопанската комора на Македонија, на 16 октомври 2012 година, организираат еднодневен семинар на тема: „Биоцидни производи - начин на ставање во промет и нивна употреба“. Биоцидни производи се супстанции и смеси кои содржат една или повеќе активни супстанции подготвени во конечен облик што се испорачуваат на корисникот. Истите се наменети за уништување, спречување на дејството или намалување на опасноста, за постигнување на контролирачки ефект на кој и да било штетен организам по пат на хемиски или биолошки начин; дефиниција за биоциден производ, БП, од Законот за хемикалии („Службен весник на РМ“ бр. 145/2010). Значењето на биоцидните производи секојдневно расте поради нивната широката примена насекаде во секојдневното живеење. Се користат за дезинфекција во домаќинствата, здравствените, јавните и индустриски објекти, прехранбената индустрија, во базени за капење, се користат за уништување на инсекти и глодари, како и во конзерванси за заштита на готови производи, во оригинално пакување, за заштита на дрво, кожа, хартија, текстил, за заштита на течностите во разладните процесни системи. Единствениот системот на управување со биоцидните производи на територијата на Република Македонија е воспоставен преку Законот за хемикалии, усогласен со европската Директива за ставањето на БП во промет, се` со цел да се обезбеди високо ниво на употреба на биоцидните производи кои треба да бидат доволно ефикасни да ги уништат штетните организми, при тоа да немаат штетно дејство врз здравјето на луѓето, животните и животната средина. Тоа се постигнува со проценка на активната супстанција и проценка на биоцидниот производ заради утврдување на нивното влијание врз здравјето на луѓето, животните и животната средина, нивната ефикасност и можните несакани ефекти на целните организми, како и соодветен систем на информирање на корисниците за безбедно користење на биоцидните производи. Одговорна институција за спроведување на постапката за ставање на биоцидните производи во промет, како и нивната контрола на употреба е Секторот за хемикалии, во Бирото за лекови при Министерството за здраство и истиот е усогласен со Европската директива за биоцидни производи. Предавач на семинарот е м-р Лидија Савиќ, раководител во Секторот за хемикалии при Бирото за лекови.
ПРОГРАМА: 1. Ставање на биоциден производ во промет, правна рамка: - правилно пополнување на упатството за потребната документација за добивање одобрение за ставање на биоциден производ во промет; 2. Видови на биоцидни производи и начинот на вклучување на активните супстанции во биоцидниот производ; 3. Регистер на биоцидни производи; 4. Разлика меѓу биоциден производ и препарат за заштита на растенијата
Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Заинтересираните за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 10 октомври 2012 година на наведените контакти. Елизабета А. Ефтимова тел: 02 32 44 074 факс: 02 32 44 088 beti@mchamber.mk
Анита Митревска тел: 02 32 44 057 факс: 02 32 44 088 anita.mitrevska@mchamber.mk
Еднодневен семинар
“ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИ ДРУШТВА; ПРЕОБРАЗБА НА ДРУШТВОТО ОД ЕДНА ВО ДРУГА ФОРМА” 18 октомври 2012 година , 09:30-15:00 часот , Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Стопанската комора на Македонија, на 18 октомври 2012 година, во просториите на Комората организира еднодневен семинар на тема: “Последните измени и дополнувања на Законот за трговски друштва; Преобразба на друштвото од една во друга форма” Во рамки на семинарот ќе бидат опфатени најзначајните аспекти од последните измени и дополнувања на Законот за трговски друштва. Воедно, ќе биде разгледан и последниот предлог за измени и дополнувања на Законот за трговски друштва од мај 2012 година. Во вториот дел од семинарот, акцентот ќе биде ставен на можностите за преобразба на друштво од една во друга форма. Сметаме дека актуелните состојби во Република Македонија, одат во прилог на посериозно разгледување на наведената можност која ја дава Законот за трговски друштва. Исто така, ќе стане збор и за преземањето на удел, односно акции, а од особена важност ќе биде да се утврди процесот на претворање удели во акции, односно акции во удели, како и правата на содружникот, односно акционерот по извршената преобразба на трговското друштво.
Програма: - Измени и дополнувања на ЗТД кои се однесуваат на заедничките одредби на трговските друштва - Измени и дополнувања на ЗТД кои се однесуваат на застапувањето, трговскиот регистар и постапката за упис и бришење од трговскиот регистар - Измени и дополнувања на ЗТД кои се однесуваат на друштвото со ограничена одговорност - Измени и дополнувања на ЗТД кои се однесуваат на акционерското друштво - Поим на преобразба на друштво - Одлука за преобразба на друштво - Услови под кои може да се врши преобразба
22
БИЗНИС ИНФО
четврток, 4 октомври 2012, Бр. 109
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
- Преземање удел, односно акции - Претворање на удели во акции, односно акции во удели
Предавачи: -д-р Марко Андонов, универзитетски професор, Факултет за правни науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје; -д-р Зоран Михајлоски, судија на Апелациониот суд Скопје Сите заинтересирани за учество на овој семинар, можат да се пријават најдоцна до 16-ти октомври 2012 година.
Од 17 до 20 октомври 2012 година во Романија
САЕМ ЗА ТЕХНИКА ВО БУКУРЕШТ Меѓународниот саем за техника во центарот ROMEXPO ќе се претстави заедно со Меѓународниот салон на пронајдоци (ИНВЕТИКА) и Меѓународниот саем за обновливи извори на енергија, конвенционална енергија, опрема и технологии за нафта и природен гас (ЕЕЕ). 38. Меѓународен саем за техника е посветен на следните дејности: • металопреработувачки машини; • индустриски роботи и алатки; • пумпи, компресори, хидраулични машини и алати; • металургија и заварување; • електротехника, електроника и автоматика; • мерење и контрола на уреди и индустриски ИТ-софтвер; • комуникации; • машини и опрема за обработка на пластика; • автомобилски инженеринг, транспорт и складирање. Минатата година ТИБ беше домаќин на над 10.000 посетители, со над 300 компании од 17 земји на 20.000 квадратни метри изложбен простор на којшто се презентираа компании со најнови технологии и машини. Оваа година ТИБ планира да обезбеди платформа за претставување на најновите технологии и техники за зголемување на квалитетот на производите и услугите по сектори и ефикасноста на специјализирани инвестиции во технологија и опрема. Сите заинтересирани може да се пријават за учество на Саемот најдоцна до 1 октомври 2012 година.
Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: natasa@mchamber.mk
Od 23 до 25 октомври 2012 година во Нови Сад, Република Србија
ПОСЕТА НА „INVESTEXPO 2012“ И НА ДЕНОВИТЕ НА ЕНЕРГЕТИКАТА „INVESTEXPO 2012“ ќе се одржи од 23 до 25 октомври 2012 година во Нови Сад. „Investexpo“ е бизнис-настан, кој им овозможува на компаниите полесно остварување на контакти, вмрежување, изнаоѓање нови партнери или инвеститори, како и промоција. „INVESTEXPO 2012“ е комбинација од два значајни настана: Саем на инвестиции и Денови на енергетиката. На Саемот за инвестиции се претставуваат/излагаат општини и градови од Србија и од регионот, стопански комори, агенции за развој и финансиски институции со цел да ги покажат потенцијалните и актуелните локални проекти на нивните влади, анализи кои се однесуваат на искуства, продлабочување на регионалната соработка, остварување на нови бизнис-врски, со цел да се овозможи поголем прилив на инвестиции со создавање на целокупната позитивна слика за побрз и полесен пристап до фондовите на ЕУ. На Деновите на енергетиката се претставуваат релевантни институции, компании и експерти од енергетскиот сектор со цел да се одговори на прашањата на инвестициите во енергетскиот сектор, искористување на обновливите извори на енергија, како и зголемување на енергетската ефикасност. Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064, 070/295-439, Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: natasa@mchamber.mk
Контакт: Перо Авакумовски Тел: ++ 389 2 3244048, Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: pero@mchamber.mk
четврток, 4 октомври 2012, Бр. 109
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 18 до 21 октомври 2012 година во Турција
САЕМ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО ВО АНТАЛИЈА Традиционално учесници на оваа меѓународна саемска манифестација се производители и дистрибутери на градежни материјали, градежна столарија и галантерија, системи за вентилација, електро и енергедски уреди и др. На површина од околу 15.000 метри квадратни, компаниите ќе имаат можност на исто место и во исто време да се сретнат со над 350 излагачи од Европа и пошироко и да остварат контакт со над 28.000 посетители од целиот свет. Ова претставува одлична можност за учесниците и самите посетители да се запознаат со најновите технолошки достигнувања во светот. Зашто баш Анталија??? Анталија е еден од најголемите побарувачи за градежни материјали во Турција. Во моментов има огромна побарувачка за градежни материјали, машини, производи и технологии.Во ово крајбрежен дел на Турција е планирано да се изградат илјадници туристички капацитети и преку 300.000 куќи да бидат реновирани.Нови згради, туристички центри и нови инвестиции се потребни.Оваа меѓународна организација ви ја дава можноста да бидете дел од овие проекти. Понудата на Саемот опфаќа производи, проекти, инвестиции и нови решенија во областа на градежништвото. Значаен сегмент на оваа манифестација го прават компаниите кои се занимаваат со производство и дистрибуција, градежна механизација, како и производители на врати, прозорци, браварија и столарија, компании кои се занимаваат со проектирање и софтверски инженеринг, издавачи и продавачи на стручна литература. Работната платформа на учесниците на манифестацијата им овозможува да ги презентираат своите производи, зајакнување на соработката со клиентите, позиционирање на пазарот, унапредување на бизнисот, продажба на производи и услуги, анализа на конкуренцијата. Сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 08 октомври 2012 година.
Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: natasa@mchamber.mk Семинар на 26 октомври
“СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ ОБВРСКИ ОД ЗАКОНОТ ЗА БЗР”
Размена на искуства од земјите од балканот – Србија, Бугарија, Хрватска и презентирање на имплементирање на законот на компанија од Македонија – наградена за добра пракса по препорака на ДИТ 10:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1, на 5-ти кат Со цел зголемување на капацитетите на претпријатијата за безбедност и здравје при работа, Стопанска комора на Македонија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) и ДИТ (Државниот инспекторат за труд), во октомври 2012 година ќе реализира тематска обука наменета за сите сектори. Цел на обуката е запознавање на стручните лица за безбедност и здравје при работа, раководителите и други лица засегнати од примената на прописите за БЗР, со начинот на примена на Законот во компаниите, залагање за исполнување на Законската регулатива и задоволување на критериум за инспекциски надзор. Обучувачи на семинарот ќе бидат предавачи од Државниот инспекторат на трудот, стручни лица од Државните институции на Македонија, како и претставници од Македонското здружение за заштита при работа. Тие на учесниците на обуката ќе им го претстават Закон за безбедност и здравје при работа од 2007 год., новите дополнувања и промени според ново излезените правилници кои недостасуваа во заокружување на законската легислатива. На овој семинар, новитет е учеството на експерти од регионот: Србија, Бугарија и Хрватска, воедно и презентацијата на компанија за начинот на спроведувањето на Законските одредби на ниво кое ги задоволува барањата на Државниот инспекторат за труд и истата е наградена за најдобра пракса од областа на БЗР во изминатиот период. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 22 октомври 2012 година. Агендата и Пријавниот лист може да се превземат од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074, Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057, Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
24
четврток, 4 октомври 2012, Бр. 109
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 1 до 3 ноември 2012 година во Турција
САЕМ ЗА ЗДРАВСТВЕН ТУРИЗАМ ВО АНТАЛИЈА Турција како земја домаќин која има голем број на природни термални извори, спа и велнес центри и високо развиени здравствени институции е спремна да даде голем допринос за развојот на здравствениот туризам и за таа цел го организира “Anfas Hetex 2012 4th International Health Tourism Exhibition” Оваа меѓународна манифестација ке биде домаќин на сите производители, трговци и корисници на медицинска и естетска опрема.Меѓународни осигурителни компании, здравствени организации, болници здравствени туристички агенции ќе се најдат на едно единствено место во исто време. На овој меѓународен саем како излагачи ќе се најдат Претставници на: • Здравствени установи • Национални и меѓународни осигурителни компании • Медицински центри • Орални и стоматолошки здравствена центри • Центри за трансплоатација на коса • Центри за диализа • Центри за вештачко оплодување • Центри за геријатрија • Spa & Wellness и таласо центри • Центри за третмани за слабеење • Термални центри • Центри за убавина • Офталмолошки Болниците • Фитнес центри • Spa & Wellness центри • Авиокомпании • Официјални институции и претпријатија • Поврзани здруженија и фондации Производители на: • медицински материјали и опрема • еколошки производи • дијабетски производи • производи за нега на коса • козметика • производи за нега на лице и тело • ортопедски материјали и опрема • производи за брза помош Оваа меѓународна саемска организација е местото каде ќе имате можност да се сретнете и да остварите контакти со: • Луѓе вработени во национални и странски осигурителни компании • Управници на болници и лекари • Туристички агенти во област на здравствениот туризам • Менаџери и сопственици на спа и велнес центри • Менаџери и сопственици на хотели • Фризери и козметичари • Нутриционисти • Претствници на спортски и здравствени центри • Менаџери на фарматцефски компании Присутните ќе имаат одлична можност да се запознаат со најновите производи и технологии во областа на медицинскиот туризам. Сите заинтересирани македонски компании и поединци да се пријават за учество на саемската манифестација најдоцна до 20 октомври 2012 година.
Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: natasa@mchamber.mk
четврток, 4 октомври 2012, Бр. 109
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 15 до 17 ноември 2012 година во Турција
САЕМ ЗА ТРГОВИЈА СО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК ВО АНТАЛИЈА Ова е единствениот меѓународен саем поддржан од сите турски увозни унии и провинциски дирекции за земјоделски култури, земјоделски комори и слични земјоделски асоцијации. Стопанската комора на Македонија, организира посета и учество на македонски компании со организиран превоз и бесплатно хотелско сместување. На овој саем ќе се сретнат производители и трговци од целиот свет, кои ќе имаат можност да создават нови партнерства и да ги споделат последните технолошки достигнувања. Главни области на кои ќе се базира овој саем ќе бидат целосниот спектар на продукти и технологии поврзани со производство и трговија на земјоделски култури. Неколку причини зошто треба да се посети овој саем: • единствен саем во Турција специјализиран за трговија со овошје и зеленчук; • универзална B2B платформа – можност лично да остварите контакт со сопственици и менаџери на ресторани, хотели, дистрибутери и потрошувачи; • место каде што се разгледуваат и се решаваат актуелните индустриски проблеми; • место каде што се разгледуваат најновите технолошки достигнувања; • Anfaş Fesh не обезбедува само штанд, туку и можност за евалуација и истражување на земјоделските култури; • илјадници производи кои ги покриваат сите потреби на индустријата; • професионална национална и интернационална промоција на активностите; • средба со различни групи на купувачи (сопственици на супермаркети, хотели, асоцијации и други). Ова се само дел од фактите зошто не треба да ја пропуштите можноста да бидете дел од овој саем! Сите заинтересирани македонски компании учеството може да го пријават најдоцна до 5 ноември 2012 година.
За сите учесници ќе биде обезбедено: • 2 бесплатни хотелски ноќевања со доручек; • слободен влез на саемот; • локални транспорт услуги помеѓу хотелот и саемот; • слободен влез во стручни семинари и активности. Трошоците за превоз се на товар на учесникот.
Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: natasa@mchamber.mk
Од 6 до 9 декември 2012 година во Турција
САЕМ ЗА МЕТАЛНА ИНДУСТРИЈА ВО БУРСА Традиционално учесници на оваа меѓународна саемска манифестација се производители и дистрибутери на машини за обработка на метали и луѓе од металната индустрија кој се занимаваат со производство и обработка на метали. На површина од околу 15.000 метри квадратни, компаниите ќе имаат можност на исто место и во исто време да се сретнат со над 370 излагачи од Европа и пошироко и да остварат контакт со над 32.000 посетители од целиот свет. Ова претставува одлична можност за учесниците и самите посетители да се запознаат со најновите технолошки достигнувања во област на металната индустрија. На овој саем ќе се сретнат производители и трговци од целиот свет, кои ќе имаат можност за реализирање нови партнерства и да ги споделат последните технолошки достигнувања.. Главни области на кои ќе се базира овој саем ќе бидат целосниот спектар на продукти и технологии поврзани со производство, обработка и трговија со обоени метали. Понудата на Саемот опфаќа производи, проекти, инвестиции и нови решенија во областа на металната индустрија. Работната платформа на учесниците на манифестацијата им овозможува да ги презентираат своите производи, зајакнување на соработката со клиентите, позиционирање на пазарот, унапредување на бизнисот, продажба на производи и услуги, анализа на конкуренцијата. Сите заинтересирани македонски компании може да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 25 ноември 2012 година.
Контакт лице : Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: natasa@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
26
четврток, 4 октомври 2012, Бр. 109
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Советување
“УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ЗА МЕНАЏЕРИ” 25-27 октомври 2012 година (четврток-сабота) Хотел “Queens Astoria Design Белград ****/www.astoria.rs
Инвестирањето во човечките ресурси претставува една од најзначајните инвестиции во компаниите, во таа насока, нејзиното управување е посебно значајно од апект на развојот и конкурентската позиција на компаниите. Со цел запознавање со техниките на управување со човечки ресурси, Стопанската комора на Македонија во соработка со Академијата за банкарство и финансии од Република Србија, 25 и 27 октомври 2012 година, во хотел “Queens Astoria Design****”,Белград, организира советување на тема “Управување со човечките ресурси за менаџери”. Цели на семинарот: Запознавање на менаџерите/раководителите во компаниите со процесот на управување со човечките ресурси, управување со ефектот и развојот на вработените, како и ефикасно водење на тимови и развојот на проактивна организациска култура.
Целни групи: Директори / менаџери на сите нивоа на управување со вработените во претпријатијата.
Содржина: Управување со човечките ресурси и вработување - Основна функција на управување со човечките ресурси - Планирање на кадарот - Вработување - Ориентација - Обука - Обука и развој на вработените - Обука на вработените - Развој на вработените - Ориентација - Управување со учинокот - Процес на управување со учинокот - Мониторинг на учинокот на вработените - Проценка на учинокот на вработените - Развој и управување со тимови - Мотивирање и инспирирање на соработниците - Тимски улоги и односи - Ефикасно управување - Лидерство - Успешно водење на состаноци - Развој на проактивна организациската култура
Предавач: Драгана Томиќ Филиповиќ е магистер по економија, а исто така има магистрирано на темата “Локален развој на Балканот” на Универзитетот во Тренто, Италија. Нејзината област на експертиза е управување со човечките ресурси, организациски развој и управување со промените, поддршка на локалните и регионалните иницијативи за развој, бизнис обука и предавања на организации и поединци. Драгана Томиќ Филиповиќ има покажано долгорочни резултати во успешното управување на човечки ресурси во големи системи (Ерсте банка Србија, Pharmaswiss), но исто така и во ангажманот со голем број на јавни и невладини организации, вклучувајќи го и Републичката агенција за развој на МСП со својата мрежа на регионални агенции, Стопанската комора на Србија, Стопанската комора на Белград, Регионалната стопанска комора- Ужице, Регионалната стопанска комора- Ваљево, РЕЦ и УНДП-ГЕФ, УСАИД.
Работен јазик се семинарот е српскиот јазик.
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот.
Напомена: Минимален број за реализирање на ова советување е 15 учесника.
Рок за пријавување 19 октомври 2012 година Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074, Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057, Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
четврток, 4 октомври 2012, Бр. 109 BSI
27
TM
ISO 9001:2008 FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА
Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на електро опрема Валидност до: 11. 03.2013 година
Ponuda Pobaruva~ka
Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на кекси Валидност до: 11. 03.2013 година
Компанија од Белгија бара соработка со текстилни фабрики и фабрики за производство на ташни во Република Македонија за пласман на копчиња Валидност до: 28.11.2012 година
Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машка и женска горна и долна облека Валидност до: 11. 03.2013 година Компанија од Кина бара диустрибутер во Република Македонија за пласман на опрема за осветлување на простории Валидност до: 11. 03.2013 година Компанија од Белгија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на чоколади во специјално пакување за различни намени Валидност до: 12. 02.2013 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на медицинска хартија,печатење на производи и додатоци во областа на здравството,метерелогијата, билети и етикети Валидност до: 12. 03.2013 година Компанија од Грција бара соработка со градежни компании и трговци на градежни материјали во Република Македонија за пласман на армирани бетонски зидови со термичка и сеизмичка заштита на објектите како и водена и звучна изолација Валидност до: 12. 03.2013 година Компанија од Шпанија заинтересирана е да пронајде единствен застапник за продажба на фитнес машини во Република Македонија Валидност до: 12. 02.2013 година Компанија од Америка бара да откупува бел мермер воедно и за соработка со компании кои извезуваат процесиран мермер или мермер во блокови од Република Македонија
Компанија од Германија бара дистрибутер за пласман на системи за печатење на етикети и бар кодови во Република Македонија Валидност до: 28.09.2012 година
Валидност до: 02.12.2012 година Компанија од Турција заинтересирана е да инвестира во Република Македонија во областа на здравството и градежништвото, заинтересиран е да инвестира во болницата 8 Септември да отвори оддел за рехабилитација, во Битола да гради стамбени објекти и во Виница да инвестира здравствените домови Валидност до: 23.12.2012 година Компанија од Србија бара да откупува катоден и отпаден бакар ,никел и калај од Република Македонија Валидност до: 25.10.2012 година Компанија од Република Македонија нуди правни, административни,финансиски консалтинг и организациски цели Валидност до: 25.05.2013 година Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија на мерни инструменти наменети за индустријата Валидност до: 25.09.2012 година Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за обработка на дрво Валидност до: 28.09.2012 година
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
Компанија од Чешка заинтересирана е за соработка со македонски партнери за трговски бизнис со фотоволтаични технологии, за јоинт-вентуре проекти во фотоволтаични бизниси, сопственици на земјиште погодно за градење на фотоволтаични постројки, партнери од секторот за обновлива енергија – фокусирани на фотоволтаични постројки Валидност до: 13.04.2013 година Компанија од Франција бара соработка со македонски производители на мебел Валидност до: 13.02.2013 година Компанија од Белгија нуди ИТ решенија за осигурителни компании и банки во Република Македонија Валидност до: 13.02.2013 година Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на адитиви за бетон Валидност до: 13.02.2013 година Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб портал www.mchamber.mk Контакт: Мирјана Коцева Е-адреса: Mirjana@mchamber.mk Тел:3244-035; Факс: 3244-088
тел: : (02) 3244036 savo@mchamber.mk
28
БИЗНИС ИНФО
четврток, 4 октомври 2012, Бр. 109
Месец на изненадувања: Во октомври го славиме роденденот на Дуна! Токму затоа, ќе понудиме големи попусти, промоции и поволности на сите наши корисници. Следете нѐ редовно и проверувајте го вашето сандаче за порака од Дуна за да бидете во тек со сите изненадувања до крајот на месецот! Од 1 - 6 октомври 2012 во продажниот салон Duna iStore обезбедуваме 11% попуст на сите производи од APPLE и додатоци од други производители. Посетете нѐ во текот на неделата за да го пронајдете вистинскиот производ за вас.