Skip to main content

Интернационална академија за деловни асистенти

Page 1

Интернационална академија за деловни асистенти – напредно ниво International office administration academy – advanced level

Стопанската комора на Македонија Ве поканува да бидете дел од првата Интернационална академија за деловни асистенти која ќе Ви овозможи да ги издигнете своите вештини и знаења на високо професионално ниво и да придонесете за развојот на Вашата организација.

За методологијата на „Густав Кезер Тренинг Интернационал“ Интернационалната академија за деловни асистенти се реализира по методологијата на реномираната швајцарска консултантска куќа „Густав Кезер Тренинг Интернационал“. Истата е усовршувана во текот на 52 години постоење на ГКТИ и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на најголемите европски и светски компании. Покрај менаџерските и лидерските техники кои се неизоставен дел од овој тренинг, една од основните цели е промена на ставот и однесувањето на вработените. Програмата опфаќа комбинација на три клучни аспекти: техника, став и влијание, кои овозможуваат да се постигнат натпросечни резултати во комуникацијата со останатите. Со цел патот од теоретската подготовка до практична примена на наученото да доведе до мерливи резултати, учесниците прво мора да го откријат својот вистински потенцијал преку практични вежби. После секој интерактивен тренинг-ден, учесниците треба и самостојно да работат за постигнување на специфични цели поврзани со нивните индивидуални потреби и карактеристики. Вистинскиот пристап кон работата и обврските, со влијанието, кое како поединци го остваруваме во нашето опкружување, е онаа компонента која ги издвојува успешните вработени. Промената на ставот и свесната контрола на влијанието на другите е подеднакво важна задача на тренингот, како и самите техники. По остварување на резултатите во сите три области, добиваме вработени кои се спремни да ја насочат својата компанија во правец кој ќе и` донесе најдобри резултати.

Учесниците добиваат меѓународно признат сертификат од „Густав Кезер Тренинг Интернационал“

Организатор на Академијата:


Центар за едукација и развој на човечки ресурси PAGE 2 Распоред на тренинг-деновите

EMPLOYEE NEWSLETTER

Интернационалната академија за деловни асистенти е организирана во интервали, со цел учесниците да бидат во можност во пракса да ги применат работите кои ги виделе и научиле помеѓу тренингденовите. Во работните денови тренингот се одвива во периодот од 14:00 до 18:00 часот, со цел учесниците да ја задржат ефективноста и на работното место. Првиот тренинг-ден овозможува запознавање на групата и дефинирање на очекувањата од Академијата, а учесниците се подготвуваат за наредните тренинг-денови. Четвртиот тренинг-ден овозможува проценка на стекнатите резултати и напредокот на учесниците. Целта на викенд-тренингот е ослободување од секојдневните обврски и целосна концентрираност на Академијата како би се постигнал максимален ефект.

Прв тренинг-ден

9 ноември 2015 година (понеделник)

Стопанска комора на Македонија

Викенд-тренинг

14 - 15 ноември 2015 година (сабота – недела)

„Aurora Resort & Spa“ - Берово

Четврт тренинг-ден

27 ноември 2015 година (петок)

Стопанска комора на Македонија

Содржина 

Основи на организациски менаџмент (техники за комбинација на ресурси за завршување на работните задачи во дадените рокови, познавање на краткорочните и долгорочните цели, ефективно користење на ресурси за нивно постигнување, дефинирање на приоритети);

Комуникација (писмена и вербална комуникација, ефективни вербални и писмени презентациски вештини, крос-културна комуникација);

Подготвување извештаи;

Организирање и водење на состаноци;

Основи на проектен менаџмент (разбирање на управување со концептите и алатките во проектниот циклус);

Основи на тимско работење (работа во групи, разбирање на групни динамики, разбирање на модели на лидерство, итн.);

Менаџмент на конфликти (решавање проблеми, донесување одлуки, справување со комплицирани ситуации);

Управување со време ( користење на алатки за временско планирање на активности исполнување на крајни рокови);

Буџетирање (разбирање на основните финансиски извештаи, планирање и менаџирање на трошоци, финансиски проекции, напредни операции во Excel);

Организација на настани;

Администрација.


Центар за едукација и развој на човечки ресурси

Предавач Љупчо Георгиев, директор на „Густав Кезер Тренинг Интернационал Македонија“, лиценциран тренер на ГКТИ, со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи. Начин на работа: Предавачот не користи PowerPoint презентации за време на тренинг-деновите. Техниките и алатките се пренесуваат на специфичен и интерактивен начин согласно методологијата на ГКТИ. Секој учесник е вклучен во различни практични вежби.

Промотивна цена за првата група: 22.900 денари + ДДВ *5% попуст за втор и секој нареден учесник од иста компанија!

Што добива секој учесник?  Активно учество на четири тренинг-дена;  едно ноќевање (полн пансион) во еднокреветна или двокреветна соба во „Aurora Resort & Spa“ – Берово;  превоз Скопје - Берово - Скопје;  материјали за работа согласно методологијата на „Густав Кезер Тренинг Интернационал“;  мемориски картички согласно методологијата на „Густав Кезер Тренинг Интернационал“;  ЦД и дополнителна литература;  консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 3 недели и  меѓународно признат сертификат од „Густав Кезер Тренинг Интернационал“. Деталната програма за викенд-тренингот и агенда ќе Ви биде доставена на е-адреса по пријавувањето!

Краен рок за пријавување: 26.10.2015 година

(поради обврските поврзани со хотелот и

превозот нема можност за пријавување по истекот на крајниот рок).

Минимална група за реализација на академијата: 15 учесници. Контакт: Симона Ристоска

Анита Митревска

тел: 02 3244 067

тел: 02 3244 475

simona@mchamber.mk

anita.mitrevska@mchamber.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook