Skip to main content

Менаџмент академија

Page 1

Интернационална менаџмент академија Стопанската комора на Македонија во соработка со Густав Кезер Тренинг Интернационал Ви нуди можност да бидете дел од првата Интернационална менаџмент академија, која се спроведува согласно метологијата на една од најдобрите консултантски куќи во светот и којашто е призната и користена од голем број врвни компании.

За методологијата на „Густав Кезер Тренинг Интернационал“ Интернационалната менаџмент академијата се реализира по методологијата на реномираната швајцарска консултантска куќа „Густав Кезер Тренинг Интернационал“. Истата е усовршувана во текот на 52 години постоење на ГКТИ и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на најголемите европски и светски компании. Со цел патот од теоретската подготовка до практична примена на наученото да доведе до мерливи резултати, учесниците прво мора да го откријат својот вистински потенцијал преку практични вежби. После секој интерактивен тренинг - ден учесниците треба и самостојно да работат за постигнување на специфични цели поврзани со нивните индивидуални потреби и карактеристики. Покрај менаџерските и лидерските техники кои се неизоставен дел од овој тренинг, една од основните цели е промена на ставот и однесувањета. Програма опфаќа комбинација на три клучни аспекти: техника, став и влијание, кои овозможуваат да се постигнат натпросечни резултати во комуникацијата со останатите. Вистинскиот пристап кон работата и обврските, со влијанието, кое како поединци го остваруваме во нашето опкружување, е онаа компонента која ги издвојува успешните вработени. Промената на ставот и свесната контрола на влијанието на другите е подеднакво важна задача на тренингот, како и самите техники. По остварување на резултатите во сите три области, добиваме вработени кои се спремни да ја насочат својата компанија во правец кој ќе и` донесе најдобри резултати. Учесниците добиваат меѓународно признат сертификат од „Густав Кезер Тренинг Интернационал“

Организатор на Академијата:


Центар за едукација и развој на човечки ресурси PAGE 2

Детална програма на академијата

EMPLOYEE NEWSLETTER

1. Предуслови за успешно лидерство со практично користење во секојдневно работење 

Значењето на емоционалната и социјалната интелигенција во работата и управувањето

Како да се управува во вистинска смисла?

Што ги мотивира најдобро менаџерите?

Начини за добивање идеи и предлози од вработени

Дали создаваме резултати или задоволни вработени?

Успехот на организацијата

Дефинирање надневни приоритети и цели и долгорочно планирање

„Делегирање“ на одговорноста на вработените, алатки и техники

За делот поставување лични цели и конципирање на конкретни цели за своите вработени, се работи првиот ден, кога се дефинираат процени на лична ситуација 1, 2 и 3 , врз база на кој се гледаат долгорочните промени кај секој менаџер

Дефинирање конкретни цели за своите вработени и мерливи критериуми за мерење на поставените цели

2. Вклучување на своите вработени во остварување на целите на организацијата и целосно искористување на нивниот потенцијал како главна цел на секој менаџер 

Поттикнување

Пофалби

Идеи, иновации и нивна примена во секојдневие

Идеи, иновации и нивна примена во секојдневие како основа за постигнување на цели на пракса

Како до корисна идеја и предлог

Секогаш влијаеме

Закони на влијание

Влијание на потсвеста и нејзина примена при комуникација со вработени од различни нивоа

Како до целта со различни типови вработени

Лична одговорност

Начин на работа: Предавачот не користи PowerPoint презентации за време на тренинг деновите. Техниките и алатките се пренесуваат на специфичен и интерактивен начин. Секој учесник е вклучен во различни практични вежби.


Центар за едукација и развој на човечки ресурси 3. Алатки за самомотивација и мотивација на вработени преку препознавање и развој на предностите и квалитетите на вработените, со цел постигнување на ефектот на додадена вредност за организацијата                                 

Личниот став спрема себе, спрема своите соработници Личниот став спрема работата, положбата и функцијата на работното место Личниот став спрема статусот и бизнис целите на организацијата Личниот став спрема сопствениот потенцијал Лично преземање на одговорноста Проблеми при преземањето на одговорноста на раководителите за резултатите на тимот Зошто се потребни воопшто топ-менаџери? Парадокс на успехот Специфична одговорност на напредниот менаџмент Проблемите на напредните менаџери во 21. век Успехот = IQ+EQ+SQ Правило 20-70-10 Правило 55-38-7 /feedback со цел унапредување на меѓусебни односи и раст Секогаш влијаеме/позитивно однесување кон себе и своите соработници Улогата на потсвеста во меѓусебната комуникација Како да се комуницира во вистински (=мој) правец? Како до целта со различни типови вработени Лична одговорност Успешна и ефикасна организација, пренос на знаење Идеи, иновации и нивна примена во секојдневие Претприемачки став како основа за постигнување на целите на организацијата Лично влијание (исто ниво, подреден , надреден) Моќта на самопрограмирањето Дали воопшто можеме да ги мотивираме соработниците? Мотивирање преку конструктивен дијалог Позитивен став кон себе и своите соработници Како да го мотивираме својот вработен за успешно извршување на поставени задачи Ефикасна меѓусекторска комуникација Повратна информација (feedback) и начини на нејзино ефикасно користење Мотивирање при работа под притисок Создавање на позитивна клима Ефикасно и ефективно решавање на специфични ситуации Како да се соопшти непријатно ( како се пренесуваат негативни ситуации)

Предавач Љупчо Георгиев, директор на „Густав Кезер Тренинг Интернационал Македонија“, лиценциран тренер со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи.


Центар за едукација и развој на човечки ресурси PAGE 4

EMPLOYEE NEWSLETTER

Распоред на тренинг - деновите Интернационалната менаџмент академијата содржи 5 тренинг дена распоредени во временски период од три до четири месеци (помеѓу секој тренинг - ден постои пауза од три недели) и контролен ден кој ќе се одржи по два месеци од последниот тренинг - ден. Паузите помеѓу деновите на обуката се планирани со цел учесниците на своето работно место да го имплементираат наученото и во тој временски период да ги користат услугите на консултантот. Со наредниот тренинг ден од обуката се засилуваат ставовите во врска со предавањата, се вршат модификации на наученото согласно реалните услови на работа на учесниците, а во континуитет се следат фактичките постигнувања и се мери резултатот на учиноците пред и потоа.

Дополнителни информации: Академијата започнува во ноември 2015 година. Точните датуми на одржување на тренинг деновите се определуваат заедно со учесниците и тренерот на првата средба која ќе се одржи на 30.10.2015 година.

Промотивна цена за првата група: 36.000 денари + ДДВ  5% попуст за втор и секој нареден учесник од иста компанија

Сите учесниците добиваат: 

Материјали за работа;

мемориски картици;

ЦД и дополнителна литература;

консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6 месеци;

интернационално признат сертификат од „Густав Кезер Тренинг Интернационал“ и

дополнителен, бесплатен контролен ден (4 часа работа) во период од два месеци по последниот тренинг - ден.

Краен рок за пријавување: 26.10.2015 година Контакт: Симона Ристоска

Елизабета А. Ефтимова

тел: 02 3244 067

тел: 02 3244 074

simona@mchamber.mk

beti@mchamber.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Менаџмент академија by Economic Chamber of Macedonia - Issuu