Issuu on Google+

УНАСМ Билтен Електронски информатор unasmbilten@gmail.com

Година 2012, бр.09

ЛЕТНА ШКОЛА НА PERC

Од 19 до 21 септември во Гдањск, Полска се одржа Летната ш к о л а в о организација на PERC. На школата се дискутираше за предизвниците кои претстојат пред синдикатите во Европа во унапредување на социјалниот дијалог како и за

дефинирањето на идните активности за одржување на 9 -от Европскиот р е г ио н а л е н состанок на Меѓународната организација на трудот кој ќе се одржи во Ослово во март, 2013 година. На истоимениот состанок се очекува да се

р а з м е н а т информации од р а з л и ч н и национални ситуации како и за односите со работодавачите во д е л о т н а донесување на спогодби, одлуки и сл. Во текот на овогодишните активности од Ма ке д о н иј а учество зед оа претставниците од УНАСМ, ССМ и КСС. Оваа година летната школа ја о т в о р и Генералниот секретар на PERC, г-дин Бернад Сегол.

ИНФО Стат Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2012 година тврди дека активното население во Македонија брои 942.420 лица од кои вработени се 648.200 или 68.8 проценти, а 294.220 лица или 31.2 проценти се невработени. Стапката на активност во овој период е 56.5, стапката на вработеност 38.3, додека стапката на невработеност е 31.2 проценти.

Јули-Септември

СОДРЖИНА Машиновозачите во штрајк

2

Отворена порта во соработка со УНАСМ

3

Невработеноста кај младите ќе се влошува

4

Недоволна заштита за малолетните работници

5

Активности на Регионалните организации

6


Стр.2

УНАСМ Билтен

МАШИНОВОЗАЧИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ВО ПОВТОРЕН ШТРАЈК Вработените во Македонски железници одново доживеаја паника поради одлуката на директорот да подели 13 отказни решенија на нивни колеги кои го прекинаа железничкиот сообраќај барајќи исплата на плати. Секој инцидент кој ги засега правата на работниците претставува причина за загриженост и во останатите синдикални организации. Во оваа компанија во штрајк претходно стапија машиновозачите. Во овие јавни г-дин Ристо Пејовски претпријатија подолг период има Претседател на Независниот синдикат незадоволство поради доцнење на на машиновозачите при УНАСМ платите. „Тие одат исклучиво на таа карта, не одат на комуникација, не одат да се соочат директно со проблемот. Кога ќе се договори работодавец со претставник на синдикат дека плата ќе има до првата декада и работодавецот тоа да не го испочитува, па што може да очекува од еден синдикат каде што се организирано здружени за некои работнички права“, коментира Ристо Пејовски од Синдикатот на машиновозачите при УНАСМ. Професор Здравко Савески нагласи дека цел на строгите одредби е да отворат можност што повеќе еден штрајк да биде прогласен за нелегален. На тој начин едно важно средство на работниците е обезвреднето, оценува Савески. „Има постапка на помирување која мора да заврши пред да може да почне еден штрајк. Ако е така, тогаш може многу лесно штрајкот да биде прогласен за незаконски, а за незаконски организиран штрајк има парични казни кои се доста високи, особено за оние работници кои фактички се решиле на штрајк бидејќи им е загрозена материјалната егзистенција. “Експертите истакнаа дека со ваквите решенија единствен овластен да организира штрајк е Синдикатот. Но еден од проблемите е што има повеќе синдикати, а кога во една фирма има повеке синдикати значи дека нема единствена акција и тогаш е помала и силата на преговарање во однос на работодавачите, нагласи Савески.


Година 2012, бр.09

Стр.3

ОТВОРЕНА ПОРТА ЈА ПРОДОЛЖИ СОРАБОТКАТА СО УНАСМ Трговијата со луѓе долго време се поврзуваше најмногу со трговијата со луѓе заради сексуална експлоатација. Денеска откако одминаа години по воведувањето на Палермо Протоколот, каде за првпат се воведе сеопфатна дефиниција за трговија со луѓе и тоа во било каква форма и заради било каква цел, податоците за трговија со луѓе со цел трудова експлоатација освен за сексуалната експлоатација, се многу ограничени. Трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација е директно поврзана со прашањата за социјалните и работничките права , пристојната работа и плата. Според Меѓународната организација на трудот (МОТ), синдикатите треба да имаат поголем колективен глас, кој ќе овозможи сензитивизирање и мобилизирање на заедниците и владите,заради преземање акции против трговија со луѓе со цел трудова експлоатација. И додека на Европско ниво синдикатите доста активно се вклучуваат во националните и меѓународни дебати за трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација, имплементираат проекти и програми за информирање на рботниците или пак обезбедуваат конкретни услуги, во Македонија овој тренд отсуствува а синдикатите воопшто не се вклучени во преговорите, идентификацијата и упатување на лицата жртви на трговијата со луѓе. Недоволната вклученост на синдикатите во севкупните напори за спречување на трговија со луѓе заради трудова екслплоатација, ја наложува потребата за нивно зајакнување со цел унапредување на правата и услугите на лицата кои се трудова екслплоатирани. Отворена Порта во април 2012 потпиша договор за продолжување на едногодишниот проект ,,Превенција од екстремно прекршување на работничките права‘‘ финансиски подржан од CNV International од Холандија. Главната цел на проектот е да се зајакне системот за превенција, идентификација и упатување на жртви на принудна работа и трговијата со луѓе во Македонија преку соработка и заедничка акција на Отворена Порта и УНАСМ (Унија на независни и автономни синдикати на Македонија). Овој проект е предвиден да трае во следните 12 месеци и произлегува од активностите предвидени во тригодишниот заеднички акционен план на Отворена порта и УНАСМ за спречување на трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација. Главните активности вклучуваат создавање и обука на мобилни тимови во 4 града. Овие тимови ќе бидат составени од претставници на УНАСМ и невладиниот сектор кои ќе имаат главна задача да спроведуваат Директна (лице во лице) едукација на работниците за принудна работа, трговија со луѓе и достапни услуги. Мобилните тимови преку директна комуникација со работниците ќе ги информираат работниците за нивните права и ќе ги обезбедат со инфо материјали и контакти каде можат да побараат помош во случај на потреба. Повеќе од 400 работници ќе бидат опфатени со оваа активност. Примарниот фокус ќе биде ставен на работниците од ризичните сектори како што се текстил ,градежништвото, земјоделство и угостителство. Главните наоди од теренската работа ќе се споделат со клучните чинители за решавање на овој проблем. Во случај на повреда на работничките права, експлоатација или трговија со луѓе , трудовиот инспекторат и полицијата ќе бидат информирани. Проектот понатаму предвидува реализација на специфични едукативни сесии во повеќе градови помеѓу работниците на тема принудна работа и трговија со луѓе со цел трудова експлоатација, отворање на инфо центри за пред-вработување во 2 регионални канцеларии на УНАСМ за промоција на услугите на унијата и другите достапни услуги како и јавно застапување на правата на работниците и жртвите на принудна работа и трговија со луѓе. Организирање јавна дебата за воведување на проблемот на трговијата со луѓе за трудова експлоатација со владините оддели, синдикатите, меѓународни организации, невладини организации и други.


Стр.4

УНАСМ Билтен

НЕВРАБОТЕНОСТА КАЈ МЛАДИТЕ ЌЕ СЕ ВЛОШУВА Процентот невработени млади луѓе во светот ќе се влошува до 2017 година, бидејќи кризата во еврозоната се шири од развиените земји на новите брзорастечки економи. Ова се предвидувањата што Меѓународната организација на трудот (ILO) ги предвидува во студијата што во вторникот попладне ја лиферуваше до агенциите, по нејзиното претставување во седиштето на организацијата во Женева. „Иронично, само во развиените економии се очекува пад на пад на невработеноста на младите во годините коишто наидуваат, а тоа следеше поп големиот раст на невработеноста на младите во сите региони од избувнувањето на кризата, Прегледот на невработеноста во светот: тмурни изгледи за младите на пазарот на трудот", вели Екхард Ернст водечкиот автор во изготвувањето на студијата. Постепениот пад на невработеноста на младите ILO го очекува во развиените економии, каде што невработеноста од 17,5 отсто во 2012 година, би требало да падне на 15,6 проценти во 29017 година. Меѓутоа, сепак, оваа бројка е поголема до 12,5 отсто, колку што стапката на невработеност кај младите изнесуваше во 2007 година, пред избувнувањето на кризата. Во земјите од централна и источна Европа, во ILO предвидуваат пораст на невработеноста на младите од 16,9 на 17 отсто во 2017 година. Проценуваат дека предвидениот пад на невработеноста во развиените земји нема да биде последица на подобрувањата на пазарот на трудот, туку многу повеќе последица од откажувањето и исклучувањето на младите од пазарот на трудот. Втората важна прогноза е дека постепениот пад на невработеноста во развиените земји нема да биде доволен да го придвижи трендот на светско ниво. Затоа ILO предвидува глобална невработеноста на младите на 12,9 отсто во 2017 година, или за 0,2 отсто повеќе отколку во 2012 година. „Последиците ��д европската криза ќе се шири надвор од европските граници и ќе ги погаѓа економиите во источна Азија и Латинска Америка, бидејќи ослабува извозот во развиените земји", пишува уште во студијата на ILO. Невработеноста на младите, според овие предвидувања, ќе биде најголема во северна Африка и на Блискиот исток, повеќе до 25 отсто. Во северна Африка се предвидува невработеноста кај младите во 2017 година да изнесува 26,7 отсто, додека на Блискиот исток 28.4 проценти. Невработеноста на младата популација би требала, според студијата, да расне и во источна Азија и да се движи околу 12 отсто во супсахарска Африка. Во заклучоците на студијата, експертите на ILO ги повикуваат владите и социјалните партнери да ги поддржат младите работници, бидејќи тоа носи долгорочна полза за земјите. Да потсетиме, на годишната конференција во јуни 2012 година, ILO ја прифати Резолуцијата со којашто се повикува на моментална, насочена акција со цел да се намали невработеноста на младите, преку преземање различни мерки, од макроекономски политики до поттикнување на претприемништвото кај младите. Во студијата, меѓу другото, се напомнува и особено дека треба внимание да им се посвети на младите луѓе коишто се обесхрабрени и се откажуваат од барањето работа. Таквата категорија млади лица се одбележува со акронимот NEET (neither in employment, education or training), односно „ниту на пазарот на трудот, ниту во потрага по работа, ниту во образовниот процес". Експертите ги повикуваат државите да осмислат специјални програми за вработување на младите лица, какви што веќе се практикуваат во Австрија, Данска, финска, Норвешка и Шведска, потсетил Ернст на прес конференцијата во Женева, пренесе AFP. Во Шведска, програмата за младите стапи на сила уште во 1980-те години, а изменет е во 2007 година. Таа ги ослободува од плаќање даноци работодавачите коишто вработуваат млади луѓе. Ваквата програма ја чинеше Шведска помалку од 0,1 отсто од БДП-то во 2008 година, истакнуваат од ILO.


Година 2012, бр.09

Стр.5

НЕДОВОЛНА БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА МАЛОЛЕТНИТЕ РАБОТНИЦИ ОД СТРАНА НА ИНСТИТУЦИИТЕ НА СИСТЕМОТ На младите луѓе потребни им се можности за вработување, вклучување на разни социо -културни активности, но бидејќи имаат малку начини за да ги покажат своите способности, тие страдаат од недобивање работни активности. Во Република Македонија живеат речиси половина милион (483.448) млади луѓе на возраст од 15 до 29 години и сочинуваат 23.4% од вкупното население во државата. Од нив, повеќе од половина (51%) не учествуваат на пазарот на труд (најчесто заради поради образование и спаѓаат во неактивно население). Стапката на невработеност кај младите (која ја сочинуваат само оние кои активно бараат работа) на оваа возраст е 45.8%. Заштитата на младите работници во самиот работен процес е еден од најгорливите проблеми со кој што се соочуваат младите работници во македонското општество. За жал мора да констатираме дека денес и дваесет години после осамостојувањето трае еден ротрограден процес во кој место да има постојано унапредување на заштитата на младите работнци ним се повеќе им се кршат елементарните работнички права кои што се поврзани со безбедноста и заштитата на младите работници. Особено ова е е изразено во непочитувањето на прописите за ноќна работа, прописите за неизложување на младите работници на работа кои можат да влијаат негативно на нивниот психофизички развој, непочитување на прописите за соодветна здравствена заштита. Свесна манипулација на малолетни работници и ангажирање да работат малолетни деца под 15 годишна возраст што претставува груба експоатација на младите и нивна злоупотреба. Од ова произлегува неопходноста за активен однос од страна на синдикалните организации спрема овие прашања. А нема посоодветен начин за тоа освен еден активен однос на синдикатите спрема овие аверзии од страна на некои работодавачи спрема младите работнци, под активен однос се подразбира имање јасен, цврст и непоколеблив став дека синдикатите ќе се залагаат за сузбивање на овие проблеми но исто така дека би превзеле одговорност во смисла да ги едуцираат младите како да дејствуваат против овие неправилности со тоа што ќе им овозможат информации за се што е

поврзано со работните односи тука вклучувајќи ја и самата флексибилност во однос на пазарот на трудот и приспособување на младите работници во нивната професионална профилерација во согласност со потребите на пазарот на трудот. Затоа, истакнуваме дека флексибилноста на пазарот на труд не е важна заради тоа да го намали ризикот на претприемачите кога нудат вработување, но флексибилноста е важна поради тоа што ќе се обезбеди пазарната цена на трудот, а сето ова е доволен индикатор за мобилноста на пазарот на труд. Состојбата на младите на пазарот на трудот е феномен кој што се повеќе добива на значење и во земјите на Европската Унија каде што армија млади невработени до 25 години во цела ЕУ во мај 2012 била на ниво од 5,5 милиони лица, додека во целата ЕУ нивниот број бил 3,4 милиони. За една година има 282 илјади повеќе во ЕУ и 254 илјади повеќе во еврозоната. Најмалку млади невработени има во Германија, Австрија и во Холандија, додека најмногу во Шпанија и во Грција. Истовремено потенцираме дека инвестирањето во младите е од суштинско за формирањето на човечки капитал, како еден од факторите за економски и социјален напредок во земјата. Затоа, Младинската синдикална организација (МСО) при Унија на независни автономни синдикати (УНАСМ) го реализира проектот „Социјално сервисни клубови“ на територијата на Република Македонија во рамките на Секциите на млади во Регионалните организации при УНАСМ (Прилеп, Скопје, Делчево, Струга и Охрид). Проектот е поддржан од страна на Националната федерација на христијанските синдикални организации CNV Internationaal од Холандија. Проектот ќе придонесе да младата популација се запознае со синдикалното движење на национално и локално ниво преку клубовите во организирање на средби, семинари, работилници и други едукативноинформативни активности во подигање на свеста за промовирање и унапредување на синдикалните вредности и права во општеството. Во Република Македонија малку политики се однесуваат на младите, а и оние кои постојат се формираат и применуваат се изолирани едни од други.


Година 2012, бр.09

Стр.6

РО УНАСМ СТРУГА ВО БОРБА ПРОТИВ МОБИНГОТ И ДИСКРИМИНАЦИЈАТА На ден 17.08.2012 година во просториите на канцеларијана на РО УНАСМ Струга се одржа тркалезна маса на тема: “Заедно против мобинг, виктимизација и дискриминација на жените”. На тркалезната маса се дискутираше за сите видови на дискриминација со посебен акцент на виктимизацијата и мобингот на работното место. Исто така се објасна и концептот на недискриминација, Законот за спречување од дискриминација и Механизмите за заштита од дискриминација. На тркалезната маса се разгледаа и анкетите направени на сто испитаници од страна на РО УНАСМ Струга за оваа проблематика. Се донесе заклучок локалната администрација, синдикалните и невладините организации, а посебно работодавачите и работниците да посветат поголемо значење и полесно да го разберат толкувањето и примената на концептот на недискриминација и Законот за спречување и заштита од дискриминација. Збор на тркалезната маса зедоа пратеничката при Собранието на Република Македонија г-ѓа Лилјана Затуроска и д-р Драгица Буклиеска. Исто така на тркалезната маса присуство зедоа и претставници од Локална самоуправа, Центар за социјални работи Струга, претставници на образовни институции, работодавачи и членови на синдикатот. Заклучокот од тркалезната маса беше да и во иднина продолжат овие активности со цел поголемо информирање на граѓаните од општина Струга од страна на синдикатот.

ЕДУКАЦИЈА, ЛОБИРАЊЕ И ПРЕГОВАРАЊЕ ЗА ТЕКСТИЛНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ПРИЛЕП Регионалната организација УНАСМ Прилеп, согледувајќи ги проблемите на текстилната индустрија во Прилеп и потребата да им се помогне на текстилните работници да можат да ги остврат своите законски права во согласност со Законот за работни односи и другите закони од трудовата сфера, го реализира проектот под име „Синдикално организирање на текстилните работници во Прилеп“ поддржан од страна на CNV Internationaal од Холандија. Целтта на проектот е платено прекувремено работно време, почитување на потпишаниот Колективен договор со работодавачот и доследно спроведување на Законот за работни односи од страна на работодавачот. Целна група на проектот се вработените во текстилната индустрија во Прилеп од кои 90% се жени, а 10% мажи. Планирани активности на проектот се три обуки на тема: „Лобирање и Техники за лобирање“, „Трудово законодавство и Колективни договори“ и „Преговарање и Техники за преговарање“. Во текот на месеците јуни-јули се реализираа првите две обуки, каде за нивна реализација беа подготвени едукативни прирачници и пропаганден материјал кои за време на спроведувањето беа користени од страна на учесниците. Учество на обуките зедоа повеќе од 35 текстилни работници од повеќе текстилни компании во Прилеп.


Стр.7

УНАСМ Билтен

УНАСМ ЈА ЗАЈАКНУВА РЕГИОНАНАТА СОРАБОТК��ТА ПРЕКУ НОВИ ИНИЦИЈАТИВИ И ПРОЕКТИ

Во деновите 18 и 19 септември 2012 година во Трст, Италија се одржа семинар на тема: „Социјалниот дијалог во регионот на Западен Балкан-моменталната ситуација, предизвици и перспективи“. На овој семинар се работеше во неколку работни групи, УНАСМ како полноправна членка на EZA, од земјите на Западен Балкан беше определена да работи со Сојузот на синдикатите на Црна Гора. На работната средба УНАСМ и ССЦГ се договорија да работат на

проект кој ќе биде во соработка со синдикална организација од западна Европа, а потпогнати од CNV Internationaal од Холандија. Како синдикални организации се надеваме на успешноста на оваа иницијатива и им благодариме на CNV и EZA што наидоа за несебична помош и поддршка која ни ја даваат. Воедно, исто така на семинарот се даде осврт и на Студијата за социјален дијалог во земјите на Западен Балкан кои ги

нарача Генералната дирекција за вработување, социјални прашања и еднакви можности на Европската комисија, а ги спроведе Асоцијацијата за социјална политика и истражување (GVG). Студијата е спроведена во период од 2009-2011 година, анализата и наодите ја одсликуваат сликата од 2010 година која од тогаш секако е променета, но главните заклучоци и препораки се и понатаму валидни. Целтта на оваа студија е да се прошири знаењето за социјално партнерските организации и социјалниот дијалог во регионот на Западен Балкан. Студијата се концетрира на меѓусекторско ниво. Студијата опфаќа седум земји и тоа Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Слободан Антовски Претседател на УНАСМ


WWW.UNASMPP.WEEBLY.COM WWW.OZUNASM.WEEBLY.COM WWW.MSO-UNASM.MK

РЕГИОНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА УНАСМ ПРИЛЕП Ул: „СОТКА ЃОРЃИОСКИ“ ББ (х.Скопје) 7500 ПРИЛЕП, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Координатор: Гоце БЛАЖЕСКИ Тел: +38948410999 Email: unasmpp@gmail.com

УНИЈА НА НЕЗАВИСНИ АВТОНОМНИ СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА ул: „Васил Ѓоргов“ бр.39, 1000 Скопје, Република Македонија Тел: +38923230307 Email: info@unasm.org.mk за издавачот: Слободан АНТОВСКИ издавач:

УНАСМ

уредува:

Рубинчо АРИЗАНКОСКИ

Електронски информатор УНАСМ Билтен Email: unasmbilten@gmail.com

РЕГИОНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА УНАСМ СТРУГА ГРАДСКИ ПАЗАР ББ (на спрат) 6330 СТРУГА, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Координатор: Драгица ПОПОСКА Тел: +38946784495 Email: unasmstruga@yahoo.com

РЕГИОНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА УНАСМ ДЕЛЧЕВО СВЕТОЗАР МАРКОВИЌ ББ 92000 ДЕЛЧЕВО, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Координатор: Димитар МОМЧИЛОВ Тел: +38933410281 Email: unasmdelcevo@yahoo.com РЕГИОНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА УНАСМ ОХРИД БУЛЕВАР ТУРИСТИЧКА ЗГР. РЕМИС 2 – ЛОКАЛ 3 6000 ОХРИД, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Координатор: Благоја ИВАНОСКИ Тел: +38946251077 Email: unasm_ohrid@yahoo.com


UNASM Bilten br.09-MK