Issuu on Google+

ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

ЖЕНСКА ВИЗИЈА ОктомвриОктомври-Декември

Жените против семејното насилство Година 2012, бр.06

СОДРЖИНА Насилството е наша 2 реалност

Младите земјоделци 2 и пазарот на трудот Зошто жените остануваат во лоша врска?

3

Истражување од ЕСЕ

4

Во рамките на 16-те Меѓународни денови за борба против семејното насилство и родовата дискриминација како и повреда на човековите права кои се одржаа од 25ти ноември до 10ти декември 2012 година во Прилеп и Скопје, Синдикалната организација на жени при УНАСМ и Регионалната организација УНАСМ Прилеп спроведоа едукативни активности наменете за членовите, граѓаните, младите и жените за заштита на секој облик на насилство како и унапредување на човековите права. Во Скопје се организираше трибина на тема: „Семејно насилство и родова диксриминација“ на која учество зедоа голем број на заинтересирани граѓани, како и младата популација. Главната цел беше присутните да се запознаат со сите видови на насилство врз жените и девојките, но и ставање на акцент на институциите на системот за нивно активно вклучување во борбата на секој вид на насилство врз жените и

младите. Додека, Регионалната организација УНАСМ Прилеп во соработка со Граѓанската организација на жени „Орхидеја“ спроведоа две едукативни активности поврзани со овој вид на насилство врз женската популација. На едукативните средби зедоа голем број на присутни од образованието, НВО секторот, локалните институции, граѓаните и младите. На јавните средби се истакна дека во општина Прилеп секоја трета жена е жртва на семејно насилство, а секоја втора е жртва на физичко насилство. Прилеп повеќе години нема шелтер центар за заштита од семејното насилство, а со тоа се доведуваат жртвите да бидат препраќани во Битола и Скопје. Исто така во градот не функционира СОС телефон каде жртвите би можеле да побараат помош и поддршка во решавањето на овој проблем. Синдикалната организација на жени при УНАСМ, кампањата ја заврши со одбележување на Меѓународниот ден на човековите права, 10-ти декември, со акцент на унапредувањето на социјалниот дијалог меѓу Владата, бизнис секторот и синдикатите, како и борба против сите видови на насилство врз жените и младите и почитување на правата на работниците.


Насилството е наша реалност

На ден 30.11.2012 год. во просториите на РО УНАСМ Струга се одржа трибина на тема: „Насилството е наша реалност“ по повод 16 дена активизам за борба против семејното насилство. На трибината учество зедоа

претставници од невладини организации, здравствени институции, образовни институции, локална самоуправа, Центар за социјална работа, МВР, инспектори од одделението за организиран криминал Струга, инспектор од оделението за превенција СВР Охрид, Центар за стручно оспособување, АПРЗ Битола РЕ Струга, менаџери од различни институции, ПСШ Јабланица Струга, ПТТ Струга и членовите при УНАСМ Струга. Од страна на РО Струга беше промовирана и СОС линијата на УНАСМ за

пријавување на насилство, мобинг и прекршување на работничките права и поделен пропаганден материјал за елиминирање на насилството. Беше констатирано дека насилството бележи нагорна линија посебно на работните места. Од страна на присутните се донесе заклучок РО Струга да продолжи со вакви едукативни трибини за своето членство со цел подигање на јавната свест за пријавување на сите видови насилства посебно насилство на работните места и пречршување на работничките права.

Младите земјоделци и пазарот на трудот

Младинската синдикална организација при УНАСМ во рамките на ПМЕ програмата поддржана од CNV Internationaal од Холандија го реализира едукативниот семинар на тема: „Младите земјоделци и пазарот на трудот“ кој се одржа во периодот од 2124.12.2012 год. во Охрид. Креативноста и методите за реализација на овој семинар се доста значајни за младите земјоделци и е од голема суштина за нивната мотивација и поддршка на земјоделието во Република Македонија. Главната цел на семинарот беше да младите учесници се запознаат со

Стр.2

основните работи како употребата и заштитата од хербициди, улогата на екологијата врз земјоделското производство и насочување на младите во пазарот на трудот. Претседателот Антовски, истакна дека младите се оние кои треба да го дадат својот труд во развојот и унапредувањето на земјоделскиот сектор и стратешката определба за промоција на младиот фармер. Младите, исто така зедоа активно учество и во работните групи кои беа дадени од страна на организаторот. Учество на овој семинар зедоа експерти од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, Федерација на фармери, Агенцијата за потикнување и развој на земјоделието и агенцијата Партнер. Учесниците потенцираа дека вакви семинари треба да се организираат почесто на кои ќе се стави акцент на земјоделското производство и безбедност и заштита на младите во земјоделскиот сектор. Младинската синдикална организација упатува благодарност до донорот кои несебично ги поддржуваат иницијативите и проектите на младите од УНАСМ.

ЖЕНСКА ВИЗИЈА


Зошто жените остануваат во лоша врска? Жените остануваат во лоша врска, затоа што се плашат да бидат сами, се надеваат дека работите ќе се поправат, не сакаат да ги повредат децата, а често и ги обзема страв од тоа што носи разводот. Најчестата причина зошто жените не сакаат да ја прекинат лошата врска е затоа што се плашат да бидат сами. Тие подобро ќе трпат навреди и понижувања, отколку самите да се соочат со сето она што го носи животот. Некои од нив мислат дека самотниот живот е преценет, па се задоволуваат и со лоша врска. Страв од развод-Без разлика на тоа колку нивниот брачен живот е неподнослив, голем број жени ќе останат во лоша врска затоа што се плашат од реакцијата на средината. Разводот донесува одреден вид на проблеми со кои тие не се подготвени да се справат. Им отчукува биолошкиот часовникБиолошкиот часовник е една од причините поради кој жените трпат. После години вложување во љубовниот однос, подготвени се да поднесат и најголеми понижувања само за да добијат дете, особено ако поминале одредени години. Не сакаат да го повредат партнерот-Понекогаш проблемите во врската се гледаат уште на почетокот, но во фазата на заљубеност тешко е тоа да се види. Децата, заедничките години и убавите моменти кои заедно ги поминале, не им дозволуваат да го повредат партнерот иако знаат дека врската нема среќна иднина. Не сакаат да ги повредат децата -Разводот е исклучително болно искуство, особено за децата, па жените на таков чекор тешко се одлучуваат. Сакаат да им обезбедат нормален живот, а она што не го сакаат по никоја цена е да ги одвојат од таткото. Токму поради тоа се плашат да си одат и да се соочат со животот на самохрана мајка. Се надеваат дека работите ќе се поправат-Во некои ситуации едноставно е тешко да се отиде затоа што повторно има надеж дека

Година 2012, бр.06

работите ќе се подобрат. Сепак, можноста за такво нешто е мала. Наместо тоа можно е партнерот уште повеќе да почне да ја користи нивната добрина, а заканите дека жената ќе го напушти да ги игнорира. Мислат дека нема да најдат подобар-Тешко е да се појде во непознато, па припадничките на понежниот пол често се држат до она што го знаат, затоа што се плашат од она што следи. Ги занемаруваат маните на партнерот затоа што мислат дека нема да најдат подобар од него. Најважно е да се собере храброст и да се проба да се смени животот затоа што за својата среќа одговорни сме самите. Себе си се гледаат како дел од проблемотЛуѓето изневеруваат затоа што на тоа имаат право, затоа не треба да се презема дел од нивната вина. Имајте на ум дека наместо љубовница би можеле да одберат брачно советувалиште или развод. Ако попуштите, на крајот би можеле да ги спуштите критериумите, а партнерот и понатаму ќе ја искористува вашата добрина. Не знаат за подобро-Некои жени остануваат во лоша врска затоа што не знаат за подобро. Најчесто ги повторуваат истите грешки како што ги правеле и нивните родители, затоа што во нив го гледаат примерот. Таквата перцепција ги ограничува, па не ретко се помируваат со фактот дека за нив не постои ништо подобро. Притисок на околинатаПритисокот на семејството или пријателите често може да биде толку тежок, што жените подобро ќе останат во лош брак за да не треба да се носат со притисокот. Тие им наметнуваат одредени стандарди кои не се еднакви за сите, па за да не излезат помалку вредни, жените трпат за да успеат. Сепак, често не ја добиваат истата реакција од партнерот.

Стр.3


Истражување: „Институционален одговор кон психичкото вознемирување (мобинг) и сексуалното вознемирување на работното место“ Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ повеќе од 15 години работи на полето на унапредување и спроведување на женските човекови права и социјална правда во нашето општество. Во поткрепа на ова говорат и резултатите од досега спроведените сеофатните анализи и истражувања за фактичката положба на жената во РМ, во однос на повеќе теми од интерес: семејно насилство, сексуално и репродуктивно здравје, дискриминација врз жената, трговија со луѓе и др. Работиме и со жените врз кои е извршено насилство и чии права се прекршени. На тој начин им овозможуваме да дојдат до правдата и да ги променат условите во кои живеат. Од друга страна, ги менуваме законите и политиките кои влијаат на унапредување на женските човекови права. Со цел добивање на соодветни и во доволен обем на истражувачки податоци за појавите на психичко вознемирување (мобинг) и сексуално вознемирување со кои се соочува вработената жена во јавниот и приватниот сектор, изминатата година спроведовме теренско истражување над примерок од 809 испитанички на возраст од 15 до 64 години. Спроведувањето на истражувањето беше финансиски поддржано од организацијата CNV International од Холандија. Истражувачкиот примерок опфати жени кои се или биле во работен однос во последната година при што при определување на квотите се имаше предвид различната возраст, регион и населено место.

ЖЕНСКА ВИЗИЈА

Резултатите од истражувањето укажаа на висок стетен на застапеност на психичко вознемирување на работното место (57%), односно секоја втора испитаничка изјавила дека е жртва на истото, а пак 17,1 % од испитаничките изјавиле дека се жртви на сексуалното вознемирување на работното место. Како надополнение на веќе спроведеното истражување со финансиска поддршка од CNV International, Здружение ЕСЕ е во завршна фаза од спроведување на ново истражување кое се однесува на институционалниот одговор кон овие две појави (психичкото и сексуалното вознемирување на работното место). Целта на ова истражување е утврдување на постоењето на институционални

механизами за превенирање, процесуирање и правилно адресирање на случаите на психичко вознемирување и сексуално вознемирување на работното место. Покрај надлежните институции, ова истражување ќе ги опфати и организациите/ институциите од јавен и приватен сектор во однос на нивната организациска култура и развиени внатрешни постапки по

однос на случаите на дискриминација и насилство на работно место. Наведеното истражување ќе опфати и преставници од синдикалните организации, здруженијата на работодавачи, стопанските комори, како и здруженијата на граѓани кои работат на ова поле. Истото ќе се спроведе по пат на реализирање на интервјуа со претставници од горенаведените институции/ организации. Истражувањето има за цел да го пополни досегашниот вакум и остуство на јасна политика и пракса на собирање податоци и анализа на овие појави, како и отсуство на анализа на постапувањето на одделните институции, кои според законските прописи имаат мандат да постапуваат во случаи на психичко и сексуално вознемирување. Оттаму, честопати не е јасен мандатот, ниту пак организираноста на системот за заштита во случаи на ваков вид на насилство на работното место. Покрај улогата на државата и на другите државни институции од клучно значење се местото и улогата на работните организации (јавен и приватен сектор), синдикатот и граѓанските организации што можат да придонесат за превенирање и сузбивање на оваа појава. Анализата на нивното постапување и уште поважно нивното координирање е клучно за сеопфатна и соодветна заштита на жртвите. Истражувачките податоци и препораките кои ќе произлезат од истото ќе придонесат кон дефинирање на идните мерки и активности за градење капацитети и воспоставување механизми и постапки за унапредување на состојбите на ова поле.

Стр.4


www.ozunasm.weebly.com

СИНДИКАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИ ПРИ УНАСМ Ул. Васил Ѓоргов бр.39 1000 Скопје Република Македонија тел. +38923230307 СОС линија за помош на жртвите од моббинг +38923220252 email. ozunasm@gmail.com

за издавачот: издавач: уредува:

Дивна ЗМЕЈКОВСКА СООЖ при УНАСМ

Рубинчо АРИЗАНКОСКИ

Електронски информатор УНАСМ Билтен email. unasmbilten@gmail.com


Zenska Vizija-MK