1 НАСОКИ ЗА ВРШЕЊЕ НАДЗОР ПРЕКУ ИНТЕГРАЛНА ЕВАЛУАЦИЈА ВО ПОДРАЧЈЕТО УЧЕЊЕ И НАСТАВА Подрачјето учење и настава опфаќа неколку потподрачја во кои треба да се насочи работата и тоа: Планирањата на наставниците Наставниот процес Искуствата на учениците од учењето Задоволувањето на потребите на учениците Оценувањето како дел од наставата Известувањето за напредокот на учениците А) За планирањата на наставниците - Се проверува дали наставниците вршат дневно планирање според своите наставни планови и програми и дали секојдневно се подготвуваат за настава; -Дали времето на наставниот час е добро испланирано и реализирано; -дали задачите се дизајнирани на начин кој обезбедува сите ученици да почувствуваат предизвик и доза на успех, односно дали учениците може да ја комплетираат задачата во расположивото време; -дали наставникот обрнува доволно внимание на изборот на методи и активности за да го промовира учењето кај учениците,да ги мотивира учениците за квалитетно учење, особено кај оние со специјални потреби, надарените и слабите ученици; -Дали училиштето има системи за следење на планирањето на наставниците; -колкава слобода имаат наставниците во планирањето на нивната работа и во промените на наставните планови и програми; -каков вид на подршка им дава училиштето на наставниците за да им помогне тие ефикасно да ги планираат часовите; -Како наставниците ги разменуваат своите искуства и информации за учениците-преку какви форми(пр. дали има програмирани состаноци, поединечни дискусии, писмени извештаи). Како извори на податоци инспекторот може да користи: - Писмени документи за планирањето на наставниците (наставен план и програма годишно планирање, тематско планирање, неделно планирање, дневно оперативно планирање на наставникот, план за наставен час, планирање на тестови, испити,примери на повратни информации: изработени тестови, испитни задачи, испитни ливчиња, писмени работи, семинарски работи, дипломски работи, практични проекти, домашни задачи; - Посета на час; - Разговор со наставници, педагошко-психолошка служба и стручни активи.
2
Б)За наставниот процес - Посета на часови(увиди на часови).Треба пред посетата на часот да се почитуваат одредени правила и тоа: треба да се сретне инспекторот претходно со наставниците чии часови ќе бидат посетени и ќе им се објасни целта на увидот; се собираат основни информации за паралелката(број на ученици, пол, етничка припадност, мајчин јазик, насока,ученици со посебни потреби); на часот се влегува на време, а не откако тој веќе почнал; од училницата не треба да се излегува пред да заврши часот; не се искажуваат никакви свои оценки пред учениците и наставникот; - Увидите на часот се фокусираат на атмосверата за учење на часот, наставната практика и учеството на учениците.Приодот на ваквите увиди е општ за сите различни наставни предмети. -
Што треба да се гледа при посетата на часот - -Распоредот на седење на ушениците и вниманието на -
-
-
-
-
наставниците(може да се направи шематски приказ на паралелката); -Се следи движењето на наставникот(инспекторот може да става испрекинати линии за движењето на наставникот и да става стрелки на крајот од секоја линија кога наставникот застанува до некој извесен ученик),односно се следи дали наставникот обрнува внимание подеднакво на сите ученици; -Се следи учеството на учениците на часот(инспекторот прави табела и штиклира колку пати извесен ученик е повикан од наставникот да излезе на табла, колку се вклучува спонтано во текот на часот, или колку ракува со материјалите за учење); -се следи кому наставникот му посветува посебно внимание во групната работа, кои посебни деца добиваат посебни и различни задачи во текот на часот; -се следи односот помеѓу наставникот и учениците, дали истиот е премногу затегнат или премногу опуштен; дали учениците покажуваат мотивираност, дали работат добро со наставниците во атмосфера на взаемна почит и пријателска соработка или учениците се немотивирани и не гледаат поента во нивната работа; -дали дисциплината е добра на часот, а ако не е добра каконаставникот се справува со таквата проблематика; -дали учениците се сигурни во знаењето и разбирањето,односно дали успеваат на часотда ги завршат задачите;
3 -
-
-
-дали учениците го разбираат она што го прават и дали можат да го применуваат она што го научиле во непознати ситуации или се премногу зависни од упатувањата на наставникот; се следи какви наставни форми и методи користи наставникот на часот, односно дали постои разновидност на адекватни наставни форми и методи(на пр. работа во групи, предавања, индивидуална работа, практични активности, користење на ресурси-средства и материјали); -се следи дали наставниците користат различни форми за интеракција со учениците како на пример: поставување прашања, водење дискусии, индивидуална настава, повратни информации или други методи и дали тие наставни методи се соодветни за ситуацијата и времето што го имаат на располагање и дали ги задоволуваат потребите на поединешни ушеници, групи ушеници и класот како целина; -колку и како наставникот посветува внимание на надарените ученици; -се следи дали наставникот води сметка работата на часот да има цел и да биде добро подредена; дали наставникот редовно го следи степенот до кој учениците го разбираат она што им се предава, односно дали се обрнува внимание на развојот на клучни вештини на учениците; -инспекторот за време на увидот на часот обрнува внимание и на изожените предмети,слики,постери и трудови на учениците по зидовите на училницата.
Во делот за наставниот процес инспекторот моше да користи извори на податоци и преку водење на разговор со наставници, педагошко-психолошката служба , директорот,совет на родители) и тоа особено за ; - -Колку училиштето ја оценува работата на наставниците; - -Како резултатите од ваквото оценување се користат во планирањето на професионалниот развој на наставниците и давањето поддршка на нивните образовни потреби; - -Како се користи екстерното оценување за да се подобрува наставниот процес. - Кои стратегии користат наставниците за работа со ученици со различни способности во училницата и нивното оценување и следење; - Кои се очекувањата на наставниците за постигањата на учениците. Во делот за наставниот процес инспекторот може да користи извори на податоци и преку дискусии(разговор) со ученици.Инспекторите можат да замолат 5 или 6 ученици да останат по завршувањето на часот, почитувајќи го соодносот во поглед на полот, етничката припадност и способностите.Прашањата што им се поставуваат на учениците се неформални и може да ги покриваат следниве подрачја:
4 1. 2. 3. 4.
Што ним им се допаѓа во тој наставен предмет? Што научуваат? Дали понекогаш работат во парови или во групи? Дали наставникот води грижа за нивните различни способности и применува различни стратегии и активности? 5. Дали наставникот ги третира сите ученици на еднаков начин? 6. Дали тие знаат кому треба да му се обратат ако имаат некаков проблем Како извори на податоци за наставниот процес инспекторот може да користи и пишани документиод училиштето и тоа: - Главни гниги за учениците,Дневник на паралелката, Дневник за работа на училиштето и друга педагошка евиденција и документација; - Извештаи од извршени увиди во наставата - Извештаи од инспекциски увиди - Примери на анализи, реакции на учениците за воспитно- образовната дејност во училиштето; - Примери на забелешки, заклучоци,препораки за воспитно- образовната дејност во училиштето од страна на родителите; - Извештаи од работата на Советот на родителите; - Извештаи од работата на Училишниот одбор; - Извештаи за работата на Наставничкиот совет(паралелки, години, училиште) - Програми, планови и извештаи за работата на надарени-талентирани ученици; - Примери за работата со ученици со пречки во развојот; - Теоретски материјали(книги, списанија за образовниот хардвер и софтер (користење на форми, методи, наставни средства, материјали/образовна технологија); - Извештаи од учество на семинари,советувања; - Примери на изготвени / објавени трудови, соопштенија од наставници, ученици; - Примери на анкети, истражувања, вклученост во истражувачки проекти
В) За искуствата на учениците од учењето -
Се проверува каков пристап има училиштето во мотивирањето на учениците за учење?На кој друг начин, освен преку оценките, училиштето им оддава признание на учениците за нивните постигања и способности/надареност?Дали и на некој друг начин се врши истакнување и информирање за нивните„други резултати„ ?
5 -
Дали во училиштето се изложуваат трудовите на учениците и дали се изложуваат трудови на ученици со различни способности за учењето? Колку училишната средина ги стимулира и ги мотивира учениците? На кој начин учениците се охрабруваат да превземаат лична одговорност самостојно да размислуваат и активно да се вклучуваат во учењето /наставата?
За ова потподрачје се користат следните извори на податоци: -
Разговор со наставници, директор, педагошко-психолошка служба, ученици, родители; Пишани документи Посета на часови Увид во вон-школските активности Трудови од ученици Еевиденцијата што наставниците ја имаат за учениците и за нивниот напредок.
Г)За задоволувањето на потребите на учениците -
-
Се проверува дали наставниците ги прилагодуваат задачите и активностите според способноста на учениците; Како наставниците обезбедуваат учениците да ги работат своите задачи, да учествуваат во активности и да користат ресурси според нивните потреби и стилови на учење, а особено во групи на ученици со различни способности; На кој друг начин се организира работата со надарени ученици; Како се оценуваат и како се води грижа за учениците со посебни образовни потреби; Каква подршка им се дава на наставниците за да можат да ги задоволуваат индивидуалните образовни потреби на учениците?
Како извори на податоци се користат:увидите на часови, разговори со ученици, наставници, документацијата на училиштето и дневниците на паралелките, организацијата на училишниот ден, долгорочните планирања што се прикажани во годишното планирање, воннаставните активности,записници од стручни активи во училиштето. Д)За оценувањето на учениците како дел од наставата
6 -
-
-
-
Се проверува какви методи и форми на оценување се користат за евидентирање на напредокот на учениците; Дали наставникот планира оценување кое ги препознава разликите помеѓу поединците; Дали методите и формите на оценување се базирани на очекувања кои се јасни, реалистични и разбрани од страна на учениците? Дали работата на учениците редовнои правилно се оценува и дали се истакнуваат јаките страни и недостатоците? Дали целта на домашната работа јасно се објаснува, дали зададената работа е соодветна на потребите на учениците, дали го зајакнува и проширува нивното знаење и разбирање, а на наставниците им дава показатели за нивниот напредок; Дали претходно стекнатите знаења се земени во предвид при изборот на наставни методи и предметни содржини? Дали наставникот јасно ги дефинира критериумите за евалвација на учениците? Дали наставникот оценува тестови, домашни задачи и проекти согласно јасно разбрани критериуми? Дали на почетокот на учебната година учениците се запознати од страна на наставникот со целите на наставата по предметот што го предава наставникот, односно што ќе учат во тој период и што ќе треба да знаат по наговото завршување и од кои наставни(програмски) целини ќе се врши сумативното проверување и оценување Колкучесто се врши проверување и оценување од страна на наставниците и на кој начин се проверуваат постигнувањата на учениците?Дали се користат различни начини на проверување(усно, писмено, со тестови на знаења,со писмени состави,разни изработки, изведби и сл.)? Дали оценките се внесуваат во педагошката евиденција? Дали се прави и на кој начин се прави разлика во оценувањето на ученици со различни способности? Каква помош им се дава на наставниците во поглед на методите за оценување, а особено во врска со формативното оценување? Дали учениците знаат дали добро напредуваат и што им треба за да се подобрат? Дали има приговори на оценки од страна на ученици и родители и како е одлучено по истите?
Како извори на податоци се користат:постојната законска и подзаконска регулатива, посета на час, планирања на часовите, испитни листови/задачи, разговори со наставници, ученици, родители,педагошка евиденција и документација во училиштето, полугодишен и годишен извештај за работа на училиштето...
7 Ѓ)За известувањето за напредокот на учениците -
Се проверува како учениците добиваат информации за својот напредок. Дали редовно им се дава повратна информација на учениците за нивниот напредок и колку често се прави тоа?
-
Како и колку често се информираат родителите за напредокот на учениците? Дали постојат отворени врски со родителите поврзани со напредокот на учениците ?
-
Како училиштето реагира за ставовите и интересирањето на родителите за напредокот на нивните деца? Колкава е стапката на исклучување на ученици и кои се причините за тоа? Какви постапки се користат при исклучување на учениците?
-
Како извори на податоци се користат: постојната законска и подзаконска регулатива ,педагошката евиденција и документација во училиштето ,записници од одржани родителски средби, разговор со наставници, родители, ученици, записници од Совет на родители, разговор сопедагошко-психолошка служба...