Еко-училиште Кој ја спроведува оваа програма? ЗЗдружениетонаграѓаниОХОесоздаденово1998годинасомишјадагиподдржува,имплементираираспространува принципите и вредностите на ЕУ во Република Македонија како и да ја промовира регионалната и меѓусебната поврзаност и соработка. 10X0 ги промовира и воведува вредностите на неговата мисија во процесот на реформите кои се одвиваат во Република Македонија а кои се однесуваат на образованието, јавната администрација, локалната самоуправа, квалитетот на животот и животната средина, како и развојот на политики засновани врз експертски истражувања. "10д јуни 2007 година 0X0 влезе во Меѓународната мрежа на организации наречена ФЕЕ која постои од 1981 година со цел да ја подигне свеста за заштитата на животната средина и да направи ефективни промени во однесувањето на човекот преку едукација. И двете цели се насочени кон долг и одржлив развој и опстанок на планетата Земја. Оваа програма е дизајнирана со цел да ги инволвира сите земји во светот и граѓаните од сите возрасти преку формалното и неформалното образование. ^ОХО е национален координатор на оваа програма во Република Македонија за сите заинтересирани училишта кои сакаат да бидат дел од оваа програма. Кој е нашмот мотив за спроведување на оваа програма? »Денес светот незапирливо се движи кон еден од оние трагични моменти кој ќе ги наведе историчарите од иднината да се запрашаат зошто ништо не било сторено навреме? Поради тоа е важно се повеќе да расте граѓанската свест за важноста на секој поединец кој може на различен начин да го даде својот придонес во менувањето на односот кон животната средина, кон општеството и кон светот. . Ова е мотивот според кој ние во 0X0 се водевме изминатите десет години. Тој постојано не води и не поттикнува да креираме нови материјали во оваа област бидејќи на тој начин инвестираме во децата и нивното образование како најисплатлива инвестиција за иднината. • Благодарејќи на училиштата и ентузијазмот на наставниците досега, 0X0 со својата добро позната програма „Немаме резервна планета" успеа кај децата да отвори нов прозорец кон светот, да делува на нивното однесување кон животната средина и да овозможи оваа програма да стане реалност за многу деца, наставници, родители, баби идедовци. . Меѓутоа, знаењето може да се измери само тогаш кога истото може да се примени и во праксата. Доколку знаењето остане само за нас или пак од нас до учителот што не оценува, тогаш слободно можеме да кажеме дека не станува збор за знаење туку за меморирање на информациите и според тоа тие не можат да ни служат за нешто корисно. . Програмата „Еко-училиште" е еден од проектите на едукативната програма „Немаме резервна планета" и има цел стекнатото знаење на темата животна средина да се примени и во пракса. Преку оваа програма ќе се подигне свеста на учениците, наставниците, техничкиот персонал, родителите и сите други кои се вклучени директно или индиректно во училишната заедница на темата заштита на животната средина, а со тоа ќе се овозможи теоретското знаење да се примени во секојдневниот живот.